32
Т Р Г О В С К О П Р А В О ПРЕДАВАЊЕ - 1 -

Т Р Г О В С К О П Р А В О

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Т Р Г О В С К О П Р А В О

ПРЕДАВАЊЕ

- 1 -

Page 2: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Договор за градење

Еден од поважните договори кој што се применува во трговскиот промете договорот за градење, како и другите договори така и овај така и овај вид на договор е составен првенствено од две договорни странки: нарачател на работите (инвеститор) и изведувач на работите.Поаѓајќи од тоа, договорот за градење согласност законот за облигациони односи е дефиниран како договор за дело според кој изведувачот на работите во предвидениот рок според однапред изготвен проект да изврши градба на определено земјиште на било каков вид на објект, а нарачателот односно инвеститорот за тоа треба да плати надоместок.Со самиот договор за градба, произлегуваат права и обврски кој што се регулираат со самиот договор. Договорот за градба во практиката, а во зависнот од извршените градежни работи се појавува во неколку вида:

o Договор за градба во поширока смислаo Договор за градба во потесна смислаo Договор за градба под клучo Договор за инженери

Првиот вид подразбира таков вид на договор во кој што во себе ги опфаќа, ги сумира сите инвестициони работи на проектот кој е предмет на изградба или резимирано тоа значи изградба на инвестициониот објект, пуштање на објектот во работа, обучување или едукација на определен кадар, контрола на квалитетот и квантитетот, на градежниот материјал во објектот како и технички прием на самиот објект.Вториот вид подразбира таков вид на договор со кој што се врши изведување на градежни, занаетчиски и друг со нив поврзани работи.Третиот вид тој е потполно сличен со првиот вид на договор со тоа што таму самото предавањето на клучевите од страна на нарачателот на самиот инвеститор значи и симболично предавање на самиот објект.Четвртиот вид кој што во основа претставува специфичен договор кој што покрај другите споменати елементи значи и пробно пуштање на објектот во работа и гарантирање на изведувачот на работите дека тој објект е изграден според сите технички нормативи и стандарди, поради што гарантира дека тој објект може да се пушти во тековна употреба. За разлика од другите договори, кај договорот за градба имаме одредени специфичности кој се огледуваат во следното:

1. Тој секогаш без исклучок се заклучува во писмена форма2. Од неговиот почеток па до неговото извршување определени права и

обврски има и државата, се работи за обврски на државата кои произлегуваат од управно правните прописи како што се:

- издавање на локација- издавање одобрение за градба

- 2 -

Page 3: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

3. Битни елементи на овај договор и правата и обврските на договорните странки сe:

- Предметот (објектот)- Цената

Поаѓајки од овие елементи следуваат следните обврски како на изведувачот (извршителот). Обврски на изведувачот се:

1. Изградба на објектот согласност изработената инвестициона – техничка документација

2. Изведување во пределен рок3. Обврска за предавање на изградениот објект по протекот на рокот

односно по неговата изградба

Наспроти овие обврски на изведувачот постојат следните обврски на инвеститорот (нарачателот). Кај обврските на инвеститорот спаѓаат и оние обврски кои произведуваат правни провиси и тоа:

1. Да изработи инвестициона техничка документација2. Да обезбеди одобрение за градба3. Да обезбеди доволно средства – финансии за изградба на објектот

Што се однесува на останатите обврски, тие се следните:

1. Обврска да ја плати договорената цена на градбата. Самиот начи на плаќање се утврдува во самиот договор

2. Да го прими објектот доколку тој е изграден согласно самиот договор така и согласно градежните прописи. Доколку при прием на објектот инвеститорот забележи одредени отстапувања предведени било во самиот договор, било отстапувања согласно прописите, на негово располагање му стојат следните средства:

- поднесување на приговор – рекламација и одредување на рок во кој што недостатоците треба да се отстранат

- доколку тоа остане безуспешно следно институционално средство е водење на судски спор.

Договор за застапување

Еден од позначајните договори кој што има подеднакво значење како во рамките на домашниот промет така и во меѓународниот промет, претставува договорот за застапување.Основна цел на овој договор е тоа што застапникот се обврзува за сметка на својот налогодавач да склучи определени договори со трети лица од областа на трговските дејности.

- 3 -

Page 4: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Тргнувајќи од овие генерални поставки и според нашиот закон за облигациони односи како основен правен пропис го одредува овај договор токму на начинот кој беше претходно.Во голем број на европски и вон европски земји договорите за застапување и договорите за посредување се сметаат за единствени договори.Нашиот правен систем отстапува од тој принцип и тоа сосема оправдано сметајќи дека договорот за застапување и договорот за посредување се автономни договори од проста причина што тие се диференцираат според својата правна природа, со други зборови, разликите помеѓу нив се состојат во следното:

1. Застапникот склучува договор за име и за сметка на својот налогодавач, а додека пак сосема е поинаква улогата на самиот посредник.

2. Имено посредникот секогаш настапува во свое име и своја сметка

Според нашите прописи и примената на определени критериуми можат и се разликуваат неколку видови на застапништво. Според карактеристиката на територијата која покрива застапникот, тие можат да бидат:

- локални- регионални- генерални- континентални

Според карактеристиката обем на овластување застапништвото може да се појави како: специјално и генерално.Специјално е таков вид кога налогодавачот го овласти каков вид, на кој начин, и обем на кој начин да заклучи трговски договор.Вториот вид нема такво ограничување што значи дека застапникот не е посебно лимитиран каков вид на кој начин и во кој обем.Според тоа овие видови на застапништва се присутни со практиката и како такви се доста променливи и во домашниот и меѓународниот промет. Она што нив ги разликува е тоа што договорот за застапништво во домашен промет е неформален договор – може да биде заклучен во било која форма, наспроти тоа во меѓународниот промет без исклучок овие форми се склучуваат во писмена форма. Од самата содржина на договорот последователно следуваат обврски и права. Обврски на застапникот – тие обврски во зависност од видот на договорот можат да бидат различни но генерално тие се синтетизирани во неколку групи.

1. Да се склучи договор2. Да се грижи и заштитува за интересите на својот налогодавач3. Да го известува за сите превремени дејствија во текот на процедурата

која што е во примена од неговото склучување до неговото престанување4. Да се придржува до налогот кој што е добиен од страна на

налогодавачот, меѓутоа нашите правни прописи како и голем број европски прописи ја допуштаат можноста односно ширината на застапништвото да проценува како во конкретен случај е најисправно да се постапи.

- 4 -

Page 5: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

5. Да ја чува деловната тајна6. Да води деловна книга односно да издаде потврда за заклучениот

договорОбратно од обврските следуваат следните видови на права: Како права според законот за облигациони односи се:

- правото на провизија – нејзината висина се определува со самиот договор а таа вобичаено зависи од обемот на извршените работи

- право на надоместок на трошоците- заложно или реденционо право

Застапникот има право да задржи при себе извесни предмети (материјали или парични) се додека не се наплатат побарувачките на застапникот од својот налогодавач.

Престанок на договорот

Прв начин е непочитување, неправилно исполнување значи можност за негово модифицирање или раскинување.

Договор за посредување

Договор за посредување претставува таков вид на договор со кој лицето именуван како посредник се обврзува да пронајде и го доведе во врска својот налогодавач со лице кое што би преговарало за склучување на определен вид трговски договор.Исто како и кај застапништвото и кај овај вид на договор различна е улогата помеѓу онај кој се остварува во домашниот и меѓународниот промет. Особено неговото значење почнува интензивно да расте после втората светска, особено кога започна трговската размена помеѓу Сад, Европските држави и Азиските држави – Јапонија. Всушност тоа е периодот кога самата категорија на посредништво се повеќе добива во својата економска улога изразено на начин што поекономично и порационално помага во остварување на таа трговска размена. Како кај договорот за застапништво така и кај овај договор се забележува определена разлика во однос на формата на неговото склучување. Во домашниот промет овај договор е неформален додека во меѓународниот промет со оглед на тоа што тој е посложен тој договор се склучува во писмена форма.Од самата пригода на овој договор произлегуваат определени обврски и права на самиот посредник. Основни обврски на посредникот се:

1. Да се бара трето лице - тоа значи дека посредникот со внимание на добар стопанственик треба да најде трето лице, својот налогодавач да може да склучи договор од областа на трговската дејност

2. Извршување на налогот на својот налогодавач3. Посредникот да се труди да му гарантира да му најде партнер на својот

налогодавач

- 5 -

Page 6: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

4. Чување на деловна тајна која посебно се изразува во заштита на интересите на својот налогодавач

5. Водење на дневник во кој што се евидентира сето она што е преземено како дејствие, кој треба да произлезат од природата на самиот договор

Издавање на посреднички лист или потврда со која што се известува својот налогодавач за сите преземени дејствија. Права на посредникот – исти како и кај застапникот. За разлика од застапниците посредниците не се разликуваат според тие критериуми туку според природата која ја вршат.

Престанок на договорот за посредување

Начинот на престанок на овој договор е сосема истоветен како и договорот за застапување.

Договор за комисион

Спаѓа во групата на трговски договори кои што имаат специфична улога изразена во тоа што со договор се вршат трговските услуги. Самиот поим на договорот е уреден со законот според кој комисионерот се обврзува од свое име и за сметка на својот комитент да изврши една или повеќе трговски работи а должен е да прати определен надоместок. Договорот за комисион нема некое поголемо економски значење во рамките на домашниот промет за сметка на тоа во меѓународниот промет тој е еден од ретките договори кој што заедно со договорот за меѓународна купопродажба имаат свое посебно значење. Самиот предмет на овај договор може да биде различен но најчесто неговата употреба е кога се врши купување или продавање на определени стоки и услуги. Овај вид на договор многу се разликува од претходните два договори (договор за застапување и договор за посредување) со тоа што постојат земји како што е според англо – саксонското право, овие три вида на договори да се споени во еден единствен и субјект така наречен агенти. Договорот за комисион спорд европското право (француското и германското) се подредени како независни. Нашиот систем го прифаќа системот на европското право и затоа овај договор според напите прописи се третира како автономен, самостоен договор.Според тоа договорот за комисион спаѓа во група на консензуални договори (двострано обврзувачки) и во групи на неформални договори, со таа разлика што во меѓународното трговско право се отстапуваа од таа неформалност односно според сите меѓународни конвенции како и претходните два овај договор се смета за формален (за заклучува во писмена форма).Содржина на договорот за комисион произлегуваат определени правни обврски како помеѓу комисионерот и комитентот така и односи спрема трети лица. Всушност се поставува прашањето за правата и обврските помеѓу комисионерот и самиот комитент или поедноставно кажано се поставува прашањето кои се основни обврски на комисионерот? Тие обврски се:

- 6 -

Page 7: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

- Обврски да склучи определена работа со трети лица- Обврски да се застапува според налозите на својот комитент

За разлика од претходните видови на договор содржината на самите налози се точно и прецизно определени во самиот налог што го издава комитентот, точно е утврдено што треба да направи самиот комисионер.

- Обврски да ги штити интересите на својот комитент- Да го известува за сите дејствија- Да направи пресметка на цената на извршените услуги

Наспроти овие обврски на комисионерот следуваат определени обврски на комитентот. Тие се:

- Обврски да се плати провизијата- Обврски да се платат трошоците- Заложно право

Од самата природа на тие обврски во практиката и применета на овај договор постојат следните видови комисиони работи.Првиот вид е така наречен куповен комисион под, кој треба да се подразбере таков вид каде што комисионерот се обврзува за определена провизија т.н. награда да ја купи определен вид стока во име и за сметка на својот налогодавач.Вториот вид е продажен – обратно од куповниот. Посебен вид кој особено има значајна улога во меѓународниот промет поаѓајќи пред се од степенот на одговорноста што комисионерот ја носи спрема својот комитент, а се изразува во тоа што нема само да склучи договор, туку воедно и ќе гарантира дека третото лице уредно и навремено ќе ги исполни сите обврски утврдени со тој договор. Што се однесува до обврските спрема третото лице тие се директна последица на видот на самите комисиони работи, трето лице може да се појавува како посредни и непосредни лица во овај договор. Како непосредни луѓе тие се јавуваат како лица со кои се склучува определен вид на договор додека како посредни кога било комитентот, било комисионерот пренесуваат определени обврски и права во врска со извршување на самиот договор.

Престанок

Со правилното негово исполнување се разбира и со неправилното исполнување на правните опции на едната и другата страна .

Договор за складирање

Договорот за складирање (т.н. складишен договор) претставува таков вид каде што едниот субјект во вид на складиштар се обврзува да прими на чување определен вид на стока на секој депонент а за тоа депонентот си плаќа определен надоместок. Складиштарите се специјализиран вид на трговски

- 7 -

Page 8: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

субјекти кај што во зависност од видот на стоката што ја примаат на чување, локацијата каде што се сместени, целта на нивното оснивање можат да бидат поделени по неколку групи:Првиот вид се т.н. царински складишта, што е карактеристично тоа што тие се осниваат само на места каде што постои царинарници. Во нив се сместува стока наменета за увоз – извоз која што не се царини односно нејзиното царинење настанува кога стоката го напушта царинското складиште. Вториот вид е консигнациони складишта – за овај вид карактеристични се следните компоненти:

1. По правило без исклучок тие се јавуваат како застапници на странски фирми во определена држава.

2. Привремено се сместува стоката на странско трговско друштво која што е наменета за продажба на домашен пазар

3. Стоката не се царини4. Се додека е сместена стоката во складиштето таа се наоѓа под царински

надзор 5. Нејзиното продавање значи почеток на отпочнување на царинска

постапка. Царинската постапка започнува со поднесување на царинска декларација.

Трет вид – слободни царински зони се посебен вид на складишта кои што има не само економско туку и политичко значење затоа што нивното отварање – оснивање не зависи само од економски причини туку е резултат на повеќе политички односи помеѓу државата каде што тие се основани.Под слободни царински зони согласност законот се подразбира дел од Македонското царинско подрачје врз кое се применуваат определени царински олеснувања. Тие олеснувања значат мотивираност да определена странска држава инвестира во рамките на друга држава. Во слободната зона се сместуваат различни видови на царински стоки увезени од странство на оние држави кој што се заинтересирани да ја продаваат својата стока и на дотичното подрачје. Секоја современа земја конципира таква царинска политика која што за да привлече странски капитал вообичаено царинските давачки – тарифи се далеку пониски во однос на сите останати тарифи, се применуваат за други останати видови. Самиот договор за складирање создава права и обврски за двете страни. Тука се побитни обврските на складиштарот а тие се:

- Да прими секаков вид на стока депонентот без било каков вид на дискриминација под услов ако за тоа има соодветен складишен простор

- Како специјализирање трговското друштво стручно и професионално да ја чува стоката

- На својот депонент да му издаде т.н. складишница која што претставува посебен вид на хартија од вредност затоа што депонентот со поседувањето на складишницата може слободно да ја продава стоката на пазарот, без физички да ја поседува

- Да ја осигури стоката според сите домашни и меѓународни прописи складиштарот може да ја продаде стокатапод услов ако таа започнала да се оштетува, уништува

- 8 -

Page 9: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Права на складиштарот:

- Право на провизија (награда)- Надоместок на трошоците - Ретенционо право

Договор за стоки и услуги

Преставува таков вид на договор според кој едната договорна страна како извршител на работите се обврзува во интерес на другата договорна страна, нарачател на работите да изврши контрола на стоките и услугите и за тоа да издаде сертификат за извршената контрола. Самата контрола се однесува на квалитетот и квантитетот односно се работи за специфични стоки и услуги кои што договорните странки не се до тој степен доволно стручни, затоа бараат помош од определени стручни специјализирани трговски друштва во однос на тој квантитет. Обврска на вршителот на контролата е тоа да го изврши најстручно, најкомпетентно.

- Да издаде сертификат со кој се гарантира и се штитат интересите на својот нарачател на самата контрола

Правата се исти како и кај претходниот договор

Договор за осигурување

Осигурувањето како институција се повеќе и повеќе зазема свое место во системот на осигурување како на имотот така и на лице. Самиот систем на осигурување се остварува со заклучување на договор со кој што осигурувачот од трговското друштво се обврзува доколку се случи осигурениот настан т.с. ризикот на осигурување на осигурениот на да му ја наплати договорената сума – оштета. Според природата во практиката можат да се појават неколку вида на осигурување, најбитни се:

- Според предметот и лицата- Според методот на осигурувањето и тоа според нашите прописи

осигурување врз доброволна основа на договор (доброволно осигурување) и принудно осигурување – врз основа на пропис

Самото склучување на договорот настанува не само со склучување на договор туку тој се смета за заклучен со издадена полиса. Од самата природа на договорот произлегуваат следните елементи на осигурување:

- Ризик на осигурување (претставува иден неизвестен настан)

- 9 -

Page 10: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

- Премија претставува паричен износ кој што осигуреникот е должен да го плати како надоместок доколку настапи ризикот на осигурување

- Сума на осигурување (е износ кој што осигурувачот е должен на осигуреникот да му ја наплати причинетата штета

Обврски на осигуреникот и осигурувачотОсигуреникот е должен да го известува осигурувачот за секоја промена која настанува во врска со предметот на осигурување. Обврска на осигурувачот е да создаде полиса

- да ја плати договорената полиса

Договори за превоз на патниот сообраќај

Договорите за превоз воопшто во сообраќајот во зависност од видот на превозот се поделени како договор во патниот сообраќај, железничкиот, поморскиот, воздушниот, речниот. Во областа на патниот сообраќај тој е таков вид на договор во кој што превозникот се обврзува за соодветна награда да изврши превоз на стока од едно до друго место на кого што му го предава испраќачот а треба да го прими примачот. Со оглед на територијата на кој се одвива овај вид на превоз тој се дели како:

- Домашен- Меѓународен сообраќај

Како и другите видови на договори така и овај договор создава права и обврски за едната и за другата договорна страна. Сигурно е дека најзначајни и најбројни обврски се на самиот превозник. Обврски:

1. Да го стави возилото на располагање на испраќачот2. Да ја преземе стоката3. Да издаде товарен лист – во рамките на тој товарен лист претходно се

опишуваат податоци за самиот превозник, податоци за видот на стоката, податоци за испраќачот, податоци за примачот.

Меѓународен товарен лист покрај што има значајна економска улога се третира како посебна хартија од вредност со една ограда дека не ги содржи сите обележја што ги имаат хартиите од вредност. Особено во кругот на обврски посебна улога имаат одговорноста на превозникот, правилно и навремено да го изврши превозот и посебно да се грижи од било какво штетување и оштетување на стоката. Особено според меѓународните сообраќајни прописи сите овие превозници кои ставаат на располагање превозни средства треба да се технички исправни како еден од предусловите за правилно извршување на превозот. Одговорноста значи според меѓународните прописи е далеку поголема со повисок степен на одговорност што е сосема нормално.

- 10 -

Page 11: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Обврски на испраќачот и на примачот

Обврска на испраќачот е да ги плати превозните трошоци, најчесто според меѓународните прописи. Тоа е приоритетна обврска, тоа е обврска на испраќачот но не се исклучува и тоа да биде и примачот во услов ако е внесена клауза во самиот договор. Посебна обврска на примачот е не само право туку и обврска да ја прими стоката под услов ако значи правилно исполнување на самиот договор. Според прописите примачот нема право да го одбие приемот без за тоа да постојат оправдани причини. Примачот има право да одбие само тогаш кога доколку за тоа постојат оправдани причини, а тие секогаш се ценат во секој конкретен случај.

Договор за шпедиција

Договор за шпедиција т.е. експедирање значи дека шпедитерот според договорот се обврзува да вклучи најчесто договор за превоз во има и за сметка на својот налогодавач, да склучи други видови на договори кои што во конкретниот случај се потребни да биде извршено трговска размена, најчесто купопродажба на стоки помеѓу продавачот и купувачот.Шпедицијата за разлика од други видови договори спаѓа во групата на посложени договори, бидејќи таа во основа се третира како услужна дејност, како дејност во својата работа ги поврзува производителите и потрошувачите, со тоа што таа е дејност со која што се врши увоз, извоз и транзит на стоки и услуги.Шпедитерските трговски друштва претставуваат специјализирани трговски друштва, чие што значење особено во меѓународната трговија постојано расте од едноставна причина што таа (шпедицијата) и до ден денес остана како незаменлива дејност која што го организира опремувањето, значи извозот или допремување – увозот на стоката од или во странство. Тргнувајќи од тоа особено е значајна улогата на меѓународната шпедиција која што првенствено ги заклучуваат договорите за превоз, го определуваат превозниот пат – инстрадиција и посебно меѓународниот шпедитер значајна улога има во изборот на самиот превозник. Со други зборови одговорноста на шпедитерот во тој избор се сведува на превозот да биде извршен со што помали ризици од нејзино оштетување или уништување. За ваквите обврски на шпедитерот соодветно одговараат и определени видови на права:

1. Право на провизија, надоместок за извршените шпедитерски работи, особено улогата на шпедитерот е особено значајна во рамките на царинската постапка а таа улога од толку што секој увоз, извоз е поврзан со спроведување на таква постапка, а неговата улога се сведува да ги припреми сите царински документи кои што се различни и доста бројни во зависност од видот на стоката што се увезува или извезува.

- 11 -

Page 12: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

2. Надоместок на трошоците – неспорно е дека во меѓународниот превоз/промет кога стоките поминуваат голем број на земји се прават и определени трошоци кои што пак се различни од земја до земја согласно нивните домашни прописи, поради што шпедитерот води т.н. шпедитерска книга во која што ги евидентира сите видови на трошоци, посебно нивната висина. За таа цел има обврска да му презентира на својот комитент преглед на сите видови на направени трошоци.

3. Право на реденција – заложно право со тоа што бидејќи оваа дејност е посложена и самата залага не може генерално да се однесува на сите негови побарувања спрема комитентот, туку само единствено на оние побарувања кои што се поврзани со неисполнување на оние обврски од страна на комитентот.

Во однос на престанокот важат истите правни правила кои што се однесуваат на сите видови на договори, а посебно на договорот за комисион.

Поим, улога, значење и видови на хартии од вредност

Хартиите од вредност се посебно уредени или регулирани со еден нов закон донесен во 2005, во кој што точно и прецизно се утврдува самиот поим, самата улога, како и самите видови на хартиите од вредност.Според овој закон под поимот хартии од вредност се подразбира каков договорен, од еднаш чија што цел е остварување на добивка врз основа на некој претприемачки односно менаџерски труд. Според својата форма односот според нивната вредност во рамките на хартиите од вредност, вклучено е и имотно правно побарување кое што е во тесна и нераскинлива корелација со поседувањето на самата хартија од вредност.Самата улога на хартиите од вредност во зависност од нивниот вид е различна, но по правило тие служат како средство за плаќање (чек, меница).

- Како средство за обезбедување кредит- Тие служат како средство за обезбедување и зајакнување на

самиот договор

Според начинот на кој што е определен нејзиниот титулар, хартиите од вредност се делата на:

- Хартии кои гласат на име- Хартии кои гласат на наредба- Хартии кои гласат на доносител

Хартиите од вредност според своите права, кои што многу полесно и поедноставно се врши пренесување од еден титулар на друг, многу потешко во правниот промет, а кога се врши пренос на побарување најчесто изразено парично кој во рамките на граѓанското право се третираат како цесија.

Значење на хартиите од вредност

- 12 -

Page 13: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Генерално хартиите од вредност имаат големо значење во трговскиот промет кој што обезбедува многу полесно и побрзо остварување.

Видови на хартии од вредност

Според споменатиот закон на хартии од вредност, постојат следните видови на хартии од вредност:

- Акции како хартии од вредност- Обврзници- Благајнички, комерцијални и државни записи- Сертификати за депозит- Финансиски деривати

Акции

Акциите претставуваат во рамките на трговското право особено во услови на приватизација, една од најзначајните и најприменуваните во практика.Според законот за хартии од вредност, самите акции имаат трајно значење и тоа:

1. Се дел од основната главнина од АД2. Членство во друштвото3. Не по ранг – акцијата значи потврда на нејзиниот имател дека поседува

влог – удел во рамките на АД (сопственичка акција).

Според самата вредност вообичаено акцијата има своја капитална вредност, номинална и тоа е онаа која што е најзначајна во самата акција.Втор вид на билансни акции, кои што се блиски до првите, но и се разликуваат затоа што нивното зголемување или намалување е директна последица од билансот на работењето на самото трговско друштво. Трет вид, пазарна акција, која што со неа се тргува, таа се купува односно продава на трговски пазар.Според самиот титулар, акциите можат како и сите хартии од вредност на име и на доносител.Според начинот односно редоследот на издавање акции се поделени во две големи групи:

- Основачки акции (кога се основа ТД)- Подоцнежни акции

Според правата кои произлегуваат од самите акции – т.н. обични и приоритетни акции.

Правата кои произлегуваат од двете се разликуваат според обем и според квалитетот на самите права. Имено обичната акција на нејзиниот имател му носи многу помали во обем права, а уште повеќе поквалитетот на тие права.Сведено на правен речник, правата кои произлегуваат од обичните акции се однесуваат на управувањето со други само на дел од добивката.

- 13 -

Page 14: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Наспрема обичните, приоритетните и по квалитет и по квантитет носат сосема поинакви права.

Приоритетните акции главно ги носат следните права:

- Право на првенство во наплатување на побарувањата.- Право на првенствена наплата во случај на стечај на самото

друштво- Право на повеќе гласови во рамките на ТД

И обичните и приоритетните акции како законски категории останаа и до денес како такви без било какви промени.Според начинот, односно според вредноста и цената на нивното стекнување акциите се поделени на:

- Бесплатни- Акции со овластена цена

Обврзници

Обврзниците исто како и акциите претставуваат посебен вид на хартии од вредност со помош на кои ТД, посебно АД покрај издавањето на акциите, заради обезбедување на парични средства издаваат т.х. обврзници.Обврзниците според својата форма претставуваат писмени иправи со сите оние податоци почнувајќи од нејзиниот издавач, па се до нејзината содржина.Тргнувајќи од одредбите на законот за хартии од вредност, обврзниците можат да се поделат на неколку групи:

1. Според начинот на обезбедување на правата тие се делат на две групи:- Гарантирани- Негарантирани

2. Според начинот на доспеаност на обврските начинот тие можат да се поделат на 2 групи:

- Краткорочни- Долгорочни

4. според обемот или квалитетот на правата содржани во нив се делат на две групи:

- каматни- бескаматни

Kако под група на овај вид каматните можат да бидат варијабилни и фиксни.

5. Според начинот на остварување на правата можат да бидат:- Еднокатно платени- Плаќање во рати

6. Според т.н. посебни права, тие можат да се поделат на:- Обични обврзници- Партиципативни обврзници

- 14 -

Page 15: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Самата евиденција на хартии од вредност ја води централниот депозитар на хартии од вредност.

Благајнички, комерцијални и државни записи

Сите овие три наведени, значи дека нивниот издавач има обврска на нивниот примател да му го испати номиналниот износ на кој што гласат овие записи.Благајничките и комерцијалните записи се карактеристични хартии од вредност кој што ги издава најчесто АД со та што и НБ на РМ согласно законот за народни банки може да издава од исти услови само благајнички записи како и самите ТД.Државните записи ги издава државата (владата). Останатите карактеристики на овие записи се слични како и кај самите обврзници.

Сертификати за депозит

Според законот за хартии од вредност, сертификатите за депозити се специфични од аспект на тоа што со овој закон единствено овластени субјекти за нивното издавање се банките и штедилниците.Во однос на другите карактеристики се сосема истоветни со оние што беа наведени за обврзниците.

Тргување со хартии од вредност

Самото тргување со хартии од вредност според законот се појавува како тргување со краткорочни хартии од вредност и како тргување со долгорочни хартии од вредност. За првиот вид (краткорочни) – карактеристично е тоа што се врши усогласување помеѓу понудата и побарувачката.Кај вториот вид (долгорочни) – карактеристично е тоа што тргувањето се врши на берзи со посебни институционизирани облици – брокерски куќи – брокери.Бидејќи, и кај овој вид на тргување се појавија одредени манипулации, законските прописи ги заострија условите кој може да биде брокер, под какви услови, и со издавање лиценца за нивно вршење.Брокерските куќи претставуваат посебен вид на АД и заради тоа за нивно основање и функционирање, поголемо значење имаат посебните прописи отколку законот за трговски друштва кои се однесуваат за така нарешени обични АД.

Централен депозитар за хартии од вредност и комисија за хартии од вредности

- 15 -

Page 16: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Се работи за две многу значајни институции поврзани со хартии од вредност со тоа што секоја од нив има посебно место и удел која што е прецизно регулирана со законите и подзаконските прописи.Централниот депозитар претставува посебно правно економска институција, која што има многу значајна улога за издавањето на сите погоре спомнати хартии од вредности.Примарната негова улога односно негово основање е првенствено мотивиран за утврдување и порамнување на обврските кои што произлегуваат од трансакциите од хартија од вредности и тоа како за нивните издаватели, така и за нивните корисници.Централниот депозитар се оснива како посебен вид на друштво во рамките на кое се води евиденција на сите издадени и сите тргувани хартии од вредност, преку берзите со посредство на брокерските куќи.Освен евиденција, централниот депозитар за сите лица кои што имаат правен интерес добиваат известување за видот и обемот на емисиите, видот и обемот на порамнувањата и даваат стручни известувања на сите субјекти кои што се заинтересирани како за нивните издавачи и нивните иматели.Комисијата за хартии од вредност, претставува втор вид на институции која што има посебна улога кај споменатите хартии од вредност. Таа пред се е колегијално тело, составено од определен број членови чија што главна функција е да врши контрола врз сите учесници кои што се занимаваат со тргувањето/трансакциите со споменатите видови на хартии од вредност. За да се обезбеди правна сигурност на самата комисија, законот и дава својство на самостојно правно лице, се со цел колку е таа можно да се обезбеди нејзината самостојност во своето работење.За својата работа комисијата одговара пред собранието како централна институција се со цел да го извести собранието за сето она што се случува со тргувањето со хартии од вредност или со финансискиот пазар.

Меница

Меницата претставува една од најзначајните хартии од вредност поаѓајќи пред се од нејзиното значење што го има во домашниот промет како и во меѓународниот промет.Тргнувајќи од тоа самата улога на меницата е регулирана како со домашните прописи така и со три меѓународни конвенции, со кои што се уредува режимот на нејзиното издавање, правата и обврските на сите учесници во меницата како евентуалните спорови кои излегуваат од самите права, начинот на нивно разрешување и правните средства со што се употребува во случај на повреда на тие права и обврски.Во нашиот правен систем, меницата како хартија од вредност е регулирана со посебен системски закон поаѓајќи пред се од нејзината улога.Според одредбите на овој закон, самиот поим на меницата е дефиниран на следниот начин: Таа претставува безусловна наредба, кој ја издава трасантот, кој што е упатена на трасантот да исплати определен паричен износ на нејзиниот корисник – ренитент.Тргнувајќи од ваквото појмовно определување, според законот улогата на меницата, главно се сведува на следното:

- 16 -

Page 17: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

1. Таа е средство за добивање кредит2. Таа е средство за плаќање3. Таа е средство за есконтирање (пренос)

Нашиот закон за меница е компатибилен и усогласен со познатите 3 меѓународни конвенции кој што се усвоени во 1930, во Женева а тие се:

1. Конвенција за еднообразен меничен закон2. Конвенција за евентуалните судири на норми во областа на меничното

право3. Конвенција за таксите во областа на меницата

*Исто и кај чекот

Со овие конвенции се изврши унификација првенствено на европското право со една единствена цел, прометот и начинот на плаќање се одвива врз било какви потешкотии, односно врз било какви формални процедури.

Нашиот закон за меница ги разликува следните видови:

1. Т.н. трасирана или влечена меница (соло) – Тоа е таков вид на меница која што нејзиниот издавач трасантот му дава налог на трасатот во времето на доспеаноста на побарувањето на меницата, му ја исплати меничната парична сум на ренитентот, нејзиниот корисник

2. Сопствена или соло меница – Претставува таков вид каде што нејзиниот издавач се обврзува во време на нејзината доспеаност да му исплати на ренитентот сума која што е означена во самата меница

3. Бланко меница – Која што се карактеризира со тоа што во моментот на нејзиното издавање не ги содржи сите суштествени елементи

4. Стоковна меница – Меница која што се употребува при купопродажба на стоки и услуги

5. Деловна меница – Иста како стоковната6. Кредитна меница – Меница која што се употребува при барање и

добивање на кредит7. Домицилна меница – Е таков вид на каде што местото на нејзиното

плаќање или издавање е она каде што живее трасатот8. Циркуларна меница – Е таа меница која што циркулира, се пренесува во

прометот помеѓу меничните должници и меничните доверители9. Трасирана – влечена меница – Се состои во тоа што издавачот на себе си

влечи меница, на себе си дава налог и тој ја исплаќа меницата

Менични начела

Меничните работи имаат свои битни карактеристики односно принципи или начела врз кои тие се остваруваат во практиката. Тие начела се:

1. Начело на писменост – значи дека и меницата секогаш се издава во писмена форма и тоа со закон пропишано

- 17 -

Page 18: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

2. Начело на инкорпорација – значи дека сите права и обврски кои произлегуваат од неа се тесно поврзани со нејзиното постоење и поседување. Содржи два вида на права:

- право од меница- право на меница

Право од меница е вид облигационо право, содржи побарување.Право на меница е сопственичко право на побарување.

3. Фиксна менична обврска – значи дека сето она што е содржано во меницата недвосмислено мора да произлегува од неа.

4. Менична строгост – меницата е хартија од вредност кај која важат најстроги правни правила, како во рамките на домашното право така и во меѓународното трговско право во рамките на споменатите конвенции.

Меницата е сложена хартија од вредност, во исто време таја е една од ретките која многу лесно се докажува во случај на спорови. Таа строгост на меницата според законот има свој формален и материјален аспект.Формалниот се однесува на нејзината форма, исклучиво писмена.Материјалниот - самата содржина на меницата

5. Менична солидарност – значи дека сите менични должници се солидарно одговорни за исполнување на обврските на меницата спрема нејзиниот имател.

6. Начело на менична непосредност – значи дека се состои во тоа што секој од меничните должници непосредно одговара на обврските на својот меничен доверител.

7. Менична самостојност – се состои во тоа што секој должник со ставање на потписот создава своја автономна обврска независна спрема сите останати должници

Менични елементи кај трасираната (влечена) меница

Според законот за меница главно овај вид на меница ги има следните елементи, битни (суштински) и останати (несуштински). Самиот закон за меница точно ги наведува следните елементи:

1. Ознака дека е меница2. Име на трасатот, оној на кој што се дава налогот да ја плати3. Безусловна наредба да се плати определен паричен износ4. Време на доспеаност на меницата (пристигнување)5. Место каде треба да се изврши плаќање6. Име на ренитентот7. Ден и место на издавање8. Потпис на трасантот, онај што ја издава

Сите овие елементи можат да се разликуваат според својата природа како: Општи елементи, персонални, географски и календарски.

- 18 -

Page 19: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

Општи – е условот дека таа е меница.Персонални – трасантот и ренитентот.Географски – местото на издавање и местото на плаќањеКалендарски – времето или рокот на исполнување на меничните обврски и остварување на меничните права.

Според законот за меница предвидени се четири вида на доспеаност, исплата:

- По видување- Определено време по видување- Определено време од датумот на издавање- На одреден ден

Меница по видување значи дека таја е платлива веднаш.По проток на одредено време од видување има мала процедура која се состои во следното: меницата му се поднесува на трасатот да се изјасни дали го прифаќа налогот од трасантот. Вообичаено се внесува клаузула која што плативоста на меницата да се врши за определено време. Тоа е по изминување на определено време, значи да се плати во рок од 20 дена, 3 месеци ...На определен ден – денот е точно назначен.

Незадолжителни

Од самото издавање на меницата како хартија од вредност па се до нејзиното остварување како на правата и обврските можат да се појават и така наречени незадолжителни – факултативни елементи.Или според законот се работи за лица покрај оние глави (трасат, трасант, ренитент) и следните:

- Индосант – претставува лице кое што пренесува најчесто определени права и обврски (ренитентот е прв индосант)

- Аварист – гарант – лице кое што гарантира дека ќе биде исполнета меничната обврска

- Домицил – е таков субјект кој што врши улога на благајник (плаќање - исплаќање)

- Акцептант – лице кое што со својот потпис ја прифаќа меничната обврска на некој од меничните должници

- Интервенист и инструментални сведоци

Менични клаузули

Освен овие елементи законот пропишува т.н. менични клаузули. Во оваа грипа спаѓаат:

- 19 -

Page 20: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

- Клаузула на менични примероци 1,2,3,...- Клаузула на монети- Клаузула по наредба- Презентациона клаузула- Клаузула на извештај- Клаузула на протест- Клаузула на покритие- Клаузула на камата- Кредитна клаузула- Девизна клаузула

Сопствена меница

Според законот за меницата, спаѓа во групата на најважните видови на меници. Самиот поим на овој вид меница според законот е дефиниран како: сопствените меници претставуваат безусловно ветување превземено од трасантот, како трасат, дека ќе ја исполни својата менична обврска спрема ренитентот кој што е наведен во неа. Кај овај вид законот за меница ги предвидува скоро истите елементи кој што треба таа да ги содржи односно разликата помеѓу нив е во тоа што овде имаме само трасант и корисник на меница.

Менични дејствија

Од самото подавање на меницата започнуваат да се применуваат определени менични дејствија. Првото и најважно е самото и нејзино издавање а сите натамошни менилни дејствија кој што се превземаат или треба да се превземаат зависат од видот на самата меница како и природата на правата и обврските кој што се остваруваат со нејзиното издавање.

Пренесување на меницата

Пренесувањето на меницата или пренесување на правата и обврските што таа ги содржи претставуваат најважни менични дејствија. Самото пренесување на меницата според законот се врши според два начини:

- Пренесување по пат на индуцирање - Пренесување по пат на просто предавање на самата меница

Првиот начин претставува редовен, најчесто практикуван и најсигурен начин затоа што со законот за меница точно е регулирана самата постапка што треба да биде остварена. Нејзината суштина се состои во следното: лицето кое што пренесува одредени права се вика индосант а лицето врз кое се пренесуваат индосант. Според својата природа и содржина индосирањето може да се разликува како пренос на донател, пренос на име и пренос по наредба. Со оглед

- 20 -

Page 21: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

на формата која се практикува тој може да биде: полн индосамент, бланко индосамент и ректа индосамент.Втор начин (цесија) која што главно меничните должници и меничните обврзници вршат порамнување на своите права и обврски.

Акцептирање на меница

Претставува најважно менично дејство. Акцептирањето или прифаќањето се изразува на начин со зборовите признавам или прифаќам. Лицето кое што прифаќа се нарекува акцептар, односно тоа е субјектот кој ја прифаќа меничната должност да ја исплати меничната сума.

Менична гаранција

Претставува дејствие со кое што лице наречено аварист кој гарантира дека ќе биде исплатена меничната обврска од меничниот должник.

Интервенција

Претставува едно од најзначајните дејствија кое се состои да меничниот доверител интервенира кај меничниот должник во сите наведени случаеви да ја исплати меничната сума. Самата интервенција може да биде по покана, спонтана интервенција поради неплаќање. Самата покана значи и презентирање на самата меница.

Мерки за зачувување на меничните права

Со законот за меница предвидени се неколку видови на мерки:

- Протест поради неплаќање меница, значи јавна исправа со која се потврдува дека определени менични дејствија од страна на меничните субјекти не се исполнети. Најчесто протестот може да биди поради неаксептирање на меницата, не плаќање, така наречен амортизационен протест.

- Регрес кај меницата – значи сето она што го кажавме кај солидарноста

- Правни средства – како правни средства кој што се употребуваат поради ненавремено исполнување како на меничните права така и на меничните обврски, пред нив стојат можност за употреба менични приговори и менични тужби

Меничните приговори претставуваат интерни правни средства т.с. тие служат како правен субстракт, правна основа да можат да се подигнат така наречени менични тужби. Како и кај секој вид на тужби така и кај овај во прашање се

- 21 -

Page 22: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

спорови кој што ги решаваат надлежните судови. Законот за меници предвидува два вида на такви тужби: редовни и регресни.

Редовни се таков вид кој што вообичаено се употребуваат поради не плаќање на акцептирање на меницата од страна на лицата кои биле должни тоа да го направат.Регресни се таков вид кој што се поднесуваат спрема сите регресни должници од страна на онај должник кој што ја исплатил меничната сума.

Поим, улога и значење на чекови

Како и меницата така и чекот претставува хартија од вредност која има големо економско и правно значење.Чекот претставува таква хартија од вредност кај која што нејзиниот издавач – трасантот, му дава налог на трасатот од сопственото покритие да му се исплати наведената парична сума на корисникот – комитентот.Самата улога на чекот е голема а тоа се состои во неколку сегменти:

1. Пар својства место сопствениците да ги чуваат ги ...... и за тоа2. Доставуваат камата3. Со помош на чековите се вршат различни плаќања како во домашниот

ака и во меѓународниот промет

Самиот режим на човекот како хартии од вредност е уреден со посебен закон за чек при што во рамките на законот има една правна клауза која вели одредбите на овај закон ќе се применуваат само за оние дејствија кој се специфични за чекот, а се друго останато врз неговата примена се применуваат одредбите од законот за меница.Еден од тие е најважна, специфичниот е претставуват видовите на чекови.Според овај закон ако се меѓународните конвенции утврдено е дека чекови може да се поделат во основа според:

1. Начинот на нивното издавање2. Според формати на намената на чекот

Според начинот се разликуваат видовите на чекови:

- Чекови кои гласат на име- Чекови по наредба- Чекови на доносител- Сопствено – трасирани чекови, каде што трасантоти трасатот е

едно лице

Вториот вид е алпе... чија сума се огледа во клаузулата.Покрај името на корисникот – имателот стои и клаузулата на донесителот.Рента чек кад имало само клаузулата не по наредби.Според вториот формат наменети според законот за чек постојат следните видови:

- 22 -

Page 23: Т Р Г О В С К О  П Р А В О

- Испратен чек (испратлив)- Т.н. варијабилен чек (наплатата се врши исклучуво преку банки)- Циркуларен чек- Доцнен... чек

Како и кај меницата така и законот за чек ги определува следните битни елементи без чие постоење нема полноважна, правна важност самиот чек како хартија од вредност, а тие се:

1. Ознака дека е чек2. Назив и седиште на трасантот3. Без условни наплати на паричниот износ4. Место каде се поднесува самата чековна наплата5. Место и датум на издавање6. Потпис на трасантот – издавач

Издавањето на чекови исто како и кај меницата претставува прво менилно дејство, она што е карактеристично за чекот тој се остварува само на банка. Карактеристично дејствие, пренесување на чекот. Самото пренесување на чекот се врши врз исти правни основи како и кај меницата.

Исплата на чекот

Самата исплата на чекот се врши од страна на банкарска институција преку формалната матрица, на самиот ренитент.

Одповикување на чекот

Според одредбите за законт за чекот, одповокувањето а чекот може да настане под услови ако:

1. Ако истекол рокот на неговата наплата2. Трасантот му го врачил на трасатот, чекот кога нема ...

- 23 -