105
ПРОЕКТ Неосновано притворени – правни и буџетски импликации АНАЛИЗА НА ПРАВНИТЕ И БУЏЕТСКИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА НЕОСНОВАНОТО ПРИТВОРАЊЕ Автори: Проф. д-р Гордана Лажетиќ – Бужаровска Проф. д-р Ванчо Узунов Доц. д-р Неда Здравева Доц. д-р Бобан Мисоски Координатор на проектот: Саше Димовски Спроведувач: ЗГ „СВЕДОК“ – Скопје Истражувањето финансиски е поддржано од:

ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

  • Upload
    lequynh

  • View
    241

  • Download
    10

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

ПРОЕКТ

Неосновано притворени – правни и буџетски импликации

АНАЛИЗА НАПРАВНИТЕ И БУЏЕТСКИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА

НЕОСНОВАНОТО ПРИТВОРАЊЕ

Автори:Проф. д-р Гордана Лажетиќ – БужаровскаПроф. д-р Ванчо УзуновДоц. д-р Неда ЗдравеваДоц. д-р Бобан Мисоски

Координатор на проектот:Саше Димовски

Спроведувач:ЗГ „СВЕДОК“ – Скопје

Истражувањето финансиски е поддржано од: Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија

Скопје, јануари 2017 година

Page 2: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

СОДРЖИНАВОВЕД..........................................................................................................................................................................5

1. МАТЕРИЈАЛНО-ПРАВНИ АСПЕКТИ....................................................................................................................9

1.1. Основи за одговорност за штета поради неосновано или незаконито лишување од слобода или поради неоправдана осуда според ЗКП..............................................................................................................9

I. Неосновано и незаконито лишување од слобода...............................................................................11

II. Неоправдана осуда.................................................................................................................................15

III. Други права според ЗКП.........................................................................................................................19

1.2. Одговорност за штета според ЗОО........................................................................................................20

1.2.1. Штетник и оштетен.........................................................................................................................22

1.2.2. Штета...............................................................................................................................................23

1.2.3. Надоместување на штета...............................................................................................................25

2. ПРОЦЕСНО-ПРАВНИ АСПЕКТИ........................................................................................................................32

2.1. Управна постапка пред Министерството за правда............................................................................32

2.2. Рокови на застарување на правото за надомест на штета.................................................................33

2.3. Граѓанскоправна постапка.....................................................................................................................34

2.3.1. Надлежност на судовите за спорови за надомест на штетата...................................................34

2.3.2. Странки во споровите....................................................................................................................35

2.3.3. Вредност на спорот (плаќање такси и состав на судот).............................................................35

2.3.4. Вештачењето кај споровите за надомест на штета како специфика на постапката................36

2.3.5. Редовни и вонредни правни лекови............................................................................................37

3. ЕМПИРИСКА АНАЛИЗА....................................................................................................................................40

3.1. Анализа на судската практика од казнен аспект.................................................................................40

3.1.1. Параметри поврзани со притворот...............................................................................................40

3.1.2. Анализа на кривичните дела за кои се воделе кривичните постапки.....................................46

3.2. Анализа на судската практика од граѓанскоправен аспект................................................................53

3.2.1. Видови штета кои се побаруваат..................................................................................................53

Page 3: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

3.2.2. Определување на надоместот на штета......................................................................................53

3.3. Анализа на судската практика од буџетски аспект..............................................................................55

3.3.1. Трошоци за водење на кривичната постапка за неосновано притворените лица..................55

3.3.2. Трошоци за притворање на неосновано притворените лица....................................................56

3.3.3. Трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица.........................................57

3.3.4. Вкупни трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица............................62

4. ЗАШТИТА ОД НЕСОНОВАНО ЛИЧУВАЊЕ ОД СЛОБОДА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА.64

4.1. Надомест на штета според чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП....................................................................................64

4.1.1. Основ...............................................................................................................................................64

4.1.2. Ефикасна заштита на правото на надомест на штета.................................................................65

4.1.3. Видови на штета што се надоместува..........................................................................................66

4.1.4. Висина на надоместокот................................................................................................................67

4.2. Надомест на штета според членот 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП........................................................68

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ........................................................................................................................................70

Користена литература..............................................................................................................................................74

Page 4: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Листа на кратенки:

ВСРМ Врховен суд на Република Македонија

ДЗСРМ Државен завод за статистика на Република Македонија

ЕКЧП Европска конвенција за човековите права

ЕСЧП Европски суд за човековите права

ЗКП- стар ЗКП

- нов ЗКП

Закон за кривичната постапка„Службен весник на Република Македонија“ бр.15/2005-пречистен текст)„Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2010, 100/2012 и 142/2016

ЗООЗакон за облигационите односи(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013)

КЗ Кривичен законик

КПУ Казнено – поправна установа

РМ Република Македонија

СЈОЈавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

УИС Управа за извршување санкции

УРМ Устав на Република Македонија

Page 5: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

ВОВЕД

Истражувањето презентирано овде е спроведено во периодот октомври 2015 – септември 2016. Истражувањето опфаќа два сегмента и тоа: анализа на закодавството во Република Македонија со кое што е уредено прашањето на притворањето и одговорноста за несоновано притворање и анализа на практиката преку анализа на судски пресуди и дискусии со фокус групи.

Анализата на законодавството опфаќа анализа на прописите со кои што е уредена кривичната постпака и со кои се уредува граѓанскпоравната одговорност за штета. При анализата користен е нормативниот метод.

Анализата на практиката е направена преку собирање податоци за судската практика за надоместување на нематеријална штета во периодот од 2011-та до 2015-та година, нивна обработка и анализа на податоците. Обработката на податоците се врши од казненоправен аспект и тоа во поглед на: а) параметри поврзани со притоворот – кривични дела и времетраење на притворот и на: б) оснoви поради кои може да се побарува надомест на штета. Од граѓанскоправен аспект анализата е напрaвeнa според: а) видовите на штета која се побарува, и б) начинот на кој се определува надоместокот на штета, односно застапеност на вештачење како доказно средство и за кои параметри судот води сметка при определување на висината на надоместокот на штета. Со оглед на тоа што анализата опфаќа и оценка на буџетските импликации, анализата на висината на досудените надоемстоци се прави во овој дел.

Репрезентативност на примерокот. Поаѓајќи од податоците на Државниот завод за статистика на РМ, ДЗСРМ, произлегува дека во периодот од 2011 до 2015 година вкупно 138 лица се стекнале со право да бараат надомест на штета поради неосновано лишување од слбоода (55 лица на кои им била определена мерката притвор, а подоцна им била отфрлена пријавата односно била запрена истрагата, и 83 лица кои биле обвинети и притворени, а не биле прогласени за виновни). Со цел истражувањето на судската практика во судовите во РМ од различни инстанци (основни, апелациони и Врховен суд на РМ) да го издржи тестот на репрезентативност со 95% сигурност и +/- 5% статистичка грешка, според Sample Size Calculator репрезетнативниот примерок на пресуди изнесува 57 пресуди1. Во истражувањето предмет на анализа беа вкупно 74 пресуди и тоа: 54

1 Според калкулаторот за пресметување репрезентативен примерок достапен на: http://smarquest.ro/en/ resources.html.

Page 6: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

пресуди донесени во периодот 2011 – 2015 година, 11 пресуди донесени во периодот 2007-2011 година и 9 пресуди донесени во 2016 година.

Во поглед на бројот на анализираните пресуди во однос на инстанците, од Графиконот 1 може да се забележи дека се анализирани 37 пресуди на основните судови, девет пресуди на ВСРМ и 28 пресуди на апелационите судови. Притоа, разбирливо е согласно обемот на работа на судовите, најголем дел од анализирани пресуди ги има донесено Апелациониот суд во Скопје – 12.

Графикон 1: Преглед на предмети според судските инстанци

12

37

6

7

3 9

Ас Скопје ОС

Ас Штип Ас Битола

Ас Гостивар ВСРМ

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Географска покриеност на судовите. Во поглед на географската покриеност на судовите, од Графиконот 2 може да се утврди дека се анализирани пресуди на 17 основни судови. Имајќи го предвид бројот на основни судови во Република Македонија – 27, и доколку се одземе кривичниот Основен суд Скопје 1 – Скопје, произлегува дека се анализирани пресуди од повеќе од две третини од основните судови, односно пресуди на 17 основни судови.

Графикон 2: Преглед на пресуди од oсновните судови

Гости

вар

Скопје 2

Битола

Велес

Гевгелија

Делчево

Кичево

Кочани

Крива Паланка

КумановоОхр

ид

Прилеп

Свети Николе

Струга

Шти

п

Струмица

Тетово

0

5

10

15

20

25

4

21

5 41 1 1

41

7

2

8

2 3 35

2

Page 7: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Дополнителен аргумент во поткрепа на репрезентативноста на примерокот е и фактот дека во дел од преостанатите судови поретко се изрекува мерката притвор која што е основ за постапката за надомест на штета, бидејќи овие основни судови имаат релативно мал број кривични предмети за коишто тие водат постапка имајќи ја предвид ограничената стварна надлежност. Ваквата состојба се должи на две околности: првата, на овие подрачја има релативно мал број сторени кривични дела, а со тоа и мал број кривични постапки. Како илустрација на оваа околност би можело да се спомене дека, на пример, во Основниот суд во Крушево во 2015 вкупно во работа имало 47 кривични предмети, од кои биле решени 39 предмети.2 Втората околност се темели врз фактот дека се работи за основни судови за основна надлежност кои што судат за кривични дела за кои е предвидена парична казна или казна затвор до 5 години, па изрекувањето на мерката притвор поретко се практикува.

Од друга страна, пак, во рамките на анализираните пресуди се опфатени пресудите на сите основни судови со проширена надлежност.

Графикон 3: Преглед на пресуди од основни судови по апелациони подрачја

7

3418

15 Апелационo подрачје Гостивар

Апелационо подрачје Скопје

Апелационо подрачје Битола

Апелационо подрачје Штип

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Погорниот Графикон 3 се однесува на распореденоста на пресудите на судовите според апелационите подрачја. Според опфатот на апелационото подрачје, очигледно и

2 Подетално, стр. 4 од Годишниот извештај, достапен на:http://www.oskrusevo.mk/cms/FCKEditor_Upload/File/%D0%93%D0%9E%D0%94%D0%98%D0%A8% D0%95%D0%9D%20%D0%98%D0%97%D0%92%D0%95%D0%A2%D0%A8%D0%A2%D0%90%D0%88%202015 %20%D0%B3%D0%BE%D0%B4.pdf .

Page 8: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

разбирливо е најзастапено да биде апелационото подрачје на Апелациониот суд Скопје, а најмалку пресуди да бидат анализирани од судовите на подрачјето на Апелациониот суд Гостивар. Ваквиот распоред одговара на оптовареноста со предмети на апелационите судови во Република Македонија.3

Верификациони работилници беа одржанини за четирите апелациони подрачја, а нивна цел беше да се презенираат првичните резулати од истражувањето но и да се добијат непосредни сознанија од учесници во постапките за нивниот тек и начиниот на кој правата се остваруваат во практиката, потешкотиите со кои што се соочуваат и тоа како стручната јавност гледа на ова прашање. Беа одржани 4 работилници со повеќе од 40 учесници (судии, адвокати, државни правобранители и невропсихијатри).

Врз основа на податоците добиени со анализите, а презентирани овде истражувачкиот тим донесе заклучоци и дава свои предлози за унапредување на правната рамка и практиката која што ќе овозможи заштита на интресите на поединците во кривичната постапка, но и заштита на интересите на државата преку спречување одлевање финасиски средства заради неосновано притворање.

3 Види: Оценки и заклучоци на Врховниот суд на РМ по извештаите за работа на судовите во РМ , достапни на: http://www.vsrm.mk/Opsti_podatoci.aspx

Page 9: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

1. МАТЕРИЈАЛНО-ПРАВНИ АСПЕКТИ

1.1. ОСНОВИ ЗА ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ПОРАДИ НЕОСНОВАНО ИЛИ НЕЗАКОНИТО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА ИЛИ ПОРАДИ НЕОПРАВДАНА ОСУДА СПОРЕД ЗКП

Согласно Уставот на РМ, УРМ, слободата на човекот е неприкосновена (чл. 12), спаѓа во личните права и ужива заштита во смисла на какви било постапувања со кои таа се ограничува или лицето се лишува од слобода, освен кога е тоа дозволено согласно одредбите од кривичното процесно законодавство. Правото на слобода не е апсолутно и може да се ограничи секогаш кога тоа го оправдува борбата со криминалитетот, заштитата на јавниот интерес, но само во постапка пропишана со закон, рокови и времетраење утврдено со закон и од страна на надлежен орган согласно закон. Ваквите ограничувања и потребата таксативно, прецизно и јасно да биде пропишано кој надлежен орган, во кои случаи, според кои основи и за кое времетрање би можел да ја ограничи слободата односно да лиши од слобода определено лице, се неопходни имајќи ги предвид последиците што ги трпи засегнатиот поединец.

Правото на надомест на штета поради неосновано лишување од слобода односно неоправдана осуда е предмет на заштита, како со чл. 13 ст. 2 од УРМ, така и со меѓународни инструменти за основните човекови права и слободи:

незаконито или неосновано лишување од слобода или притворање - ЕКЧП во чл. 5 ст. 5 пропишува обврска за државата во домашното законодавство да обезбеди правен механизам со кој ќе се оствари правото за надомест на штета за секое лице кое било жртва на противзаконито апсење или притворање;

правото за надомест на штета заради погрешна осуда (wrongful conviction) - содржано во чл. 3 од Протокол бр. 7 кон ЕКЧП од 1984 - може да се остварува кога некое лице, со една правосилна одлука е осудено за сторено кривично дело, а подоцна со друга правосилна осуда ќе биде ослободен од вина или ќе биде донесена одбивателна пресуда. Новата пресуда претставува нов или новооткриен факт што неспорно укажува дека се работело за судска грешка, освен ако не се докаже дека лицето во целост или делумно е одговорно за донесување на првичната осудителна пресуда. Гаранциите од чл. 3 не се применува во случаите кога поволна одлука во однос на обвинетиот донел првостепениот односно повисокиот суд по основ на вложена жалба.

обете права се содржани во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (1966) - во чл. 9 ал. 5 се гарантира право на компензација на лице кое било жртва на незаконито апсење или притворање, а заштитата се доразработува во чл. 14 ст. 6 каде што е предвидена заштита во случај на неоправдана осуда, па кога подоцна

Page 10: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

таквата судска одлука ќе биде поништена, засегнатото лице има право на обештетување.

Одредбите од ЗКП во однос на надомест на штета претставуваат lex specialis во однос на ЗОО во смисла на основите по кои засегнатото лице може да стекне основ за надомест на штета. Покрај стварно претрпената штета (damnum emergens) и загубената заработувачка (lucrum cesans), засегнатото лице според одредбите на ЗКП може да бара и надомест на трошоци на постапката, трошоци за одбрана, јавно објавување на пресудата односно одлуката, враќање на права од работен однос и сл.4 Причината за постоење на ваквите одредби во ЗКП се должи на доследното почитување на начелата на законитост во постапувањето со кое се засега во личната слобода и безбедност на поединецот како важен аспект на владеењето на правото, којшто, пак, претставува една од темелните вредности врз кои почива нашиот правен поредок. Правичното постапување, владеењето на правото, законитоста и правната сигурност бараат во секој случај да се постапува без повреда на основните човекови слободи и права, а со оглед на фактот што државата има должност да ги обезбеди слободите и правата што се прокламирани со уставните одредби, за неа постои и должност да обезбеди инструменти во облик на правни механизами за нивно успешно остварување.5

Основите за надомест на штета пропишани во ЗКП се, всушност, резултат од објективната одговорност на државата за предизвикана штета без да се утврдува конкретна, индивидуална, грешка за состојбата која е основ за надомест на штета, односно одговорност на државата за штета без вина. Одговорноста на државата произлегува од ризикот од штета и затоа не сноси одговорност некој државен орган или поединец што презел определено дејствије, туку државата. Пресудно за основаноста на барањето, односно тужбата, е да постои штета што настанала како резултат од определени дејствија кои не може да се подведат под несовесно и противзаконито работење.6 Имотната состојба на оштетениот е ирелевантна при одлучувањето за надомест на штетата, бидејќи основот е во неоправданата осуда односно лишување од слобода, а не во намалениот имот на засегнатото лице. Во иста смисла, видот и висината на надоместокот не е условен со должината на изречената кривична санкција односно времетраењето на лишувањето од слобода.7

4 П.Марина, Коментар на Законот за кривичната постапка, Култура, Скопје, 1979, стр. 467.5 М.Grubač, Naknada štete za neopravdanu osudu i neosnovano lišenje slobode, Savremena administracija, Beograd, 1979, стр. 21-22.6 М.B.Мarković, Osnov odgovornosti za štetu zbog neosnovanog lišenja slobode i neosnovane osude , PRAVO – teorija i praksa, br. 01-03/2014, стр. 40-52.7 T. Vasiljeviċ/M. Grubač, Komentar Zakonika o krivičnom postupku, deseto izмenjeno i dopunjeno izdanje, IPD Justinijan, Beograd, 2005, стр. 880.

Page 11: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

I. НЕОСНОВАНО И НЕЗАКОНИТО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ (НЕ)ЗАКОНИТО И НЕОСНОВАНО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

Неоснованото лишување од слобода и неоснованото притворање се оценуваат од аспект на крајниот исход на постапката, а не од аспект на исполнување на законските основи во моментот на лишувањето од слобода. Законитоста се оценува според моментот кога е донесена одлуката за лишување од слобода односно притворање.

Од графичкиот приказ станува уште појасна разликата помеѓу законитоста на одлуката за лишување од слобода којашто се донесува во моментот на лишувањето од слобода и одлуката дали е таа основана или не, ценејќи од аспект на исходот на постапувањето или одлуката на судот по завршување на кривичната постапка.

Законитото лишување од слобода односно законито определениот притвор може да доведат до основ за надомест на штета во зависност од тоа дали била поведена кривична постапка или таа била запрена односно во зависност од одлуката што судот ја донел по завршувањето на постапката.

Незаконитото лишување од слобода односно притворање, по правило, води кон негова неоснованост и претставува основ за барање надомест на штета, освен во случај кога по незаконитото лишување од слобода следело определување мерка притвор и ако вкупниот период на лишување од слобода бил засметан во изречената казна.

НЕОСНОВАНО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

Во ЗКП изречно се наведени неколку позитивни претпоставки кои овозможуваат засегнатото лице да го оствари право на надомест: I. Прва позитивна претпоставка – лишување од слобода односно определена мерка притвор, а крајниот исход е поволен за засегнатото лице:

o постапката не била поведена - лицето што било лишено од слобода од страна на полицијата (чл. 158 од ЗКП) ќе има основ да бара надомест на штета ако кривичната пријава била отфрлена (чл. 288 од ЗКП);

Page 12: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

притворениот ќе има основ да бара надомет на штета кога му бил определен притвор во скратена постапка пред поднесување на обвинителен предлог (чл. 470 од ЗКП);

o постапката била запрена со првосилно решение - кога јавниот обвинител се откажал од обвинителниот акт во фаза на негова оцена (чл. 341 од ЗКП) или пред започнување на главната расправа (чл. 352 од ЗКП) или запирање на повторена постапка по основ на вонредниот правен лек повторување на постапка (чл. 455 од ЗКП);

o донесена е правосилна одбивателна пресуда или o донесена е правосилна ослободителна пресуда.

Во ЗКП се предвидени неколку негативни претпоставки кои го исклучуваат право засегнатото лице да бара надомест на штета:

во случај кога со своите недозволени постапки придонело за донесување одлука за лишување од слобода. Фактичко прашање е кои дејствија и однесувања може да се подведат под терминот „недозволени постапки“ и оставено е на оцена на судијата во секој конкретен случај. Оваа негативна претпоставка би била исполнета во случај кога лицето било лишено од слобода поради сторено кривично дело Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие или Напад врз службено лице при вршење работи на безбеденоста и сл.8 Во компаративната судска пратика може да се најдат примери за дејствија односно однесувања кои се подвеле под терминот „недозволени постапки“ - оние постапки со кои лицето против кое се води кривична постапка на било кој начин недвосмислено го изразува својот негативен став во смисла на завршување на постапка, одбегнување на одговорноста, оневозможување на постапката во однос на инкриминираното кривично дело, како на пример, кога невино лице се обидува да избега од државата поради страв од притворање; кога уништува документи; сокрива докази и сл., но не и околноста која се состои во пропустот лицето да ја пријави измената на престојувалиштето;9

ако одбивателната пресуда била донесена поради откажување од гонење на приватниот тужител односно ако оштетениот се откажал од предлогот (чл. 62 од ЗКП);

ако била констатирана ненадлежност ќе постои основ за надомест на штета само ако обвинителот не започнал гонење пред надлежниот суд во законски предвидениот рок; или

ако постапката е запрена поради смрт на обвинетиот (чл. 23 од ЗКП).

8 П.Марина, op.cit., стр. 472-473.9 Врховен суд на Хрватска, одлука Rev 1408/81 од 22.12.1981, цитирано според J. Brežanski., Odgovornost države za štetu u slučaju neopravdane osude ili neosnovanog uhićenja, стр. 12.

Page 13: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Определен законит притвор во случај на обвинение за повеќе кривични дела – во случај кога против обвинетиот се водела постапка за повеќе кривични дела можни се следниве модалитети:

има право на надомест на штета ако лицето било притворено само за едно од повеќето кривични дела, па подоцна за истото тоа кривично дело била донесена ослободителна пресуда, се смета дека лицето било неосновано притворено;10

има право на надомест на штета во случај кога лицето било обвинето за повеќе кривични дела, а потоа за еден дел од кривичните дела била донесена правосилна ослободителна пресуда, а за другиот дел од кривичните дела била донесена правосилна одбивателна пресуда.11

нема право на надомест на штета кога обвинетиот бил во притвор за три кривични дела, а потоа за две од нив е ослободен, а за третото условно осуден и во казната му е засметано времето поминато во притвор, тоа лице нема право да бара надомест на штета по основ на неосновано притворање.12

II.Втора позитивна претпоставка - ако лицето имало статус на осудено лице и било на издржување ефективна казна затвор, а по вложен вонреден правен лек судот донел одлука:

o да му изрече ефективна казна затвор во пократко траење од казната што веќе ја издржал;

o да му определи вонзатворска кривична санкција; или o да го прогласи за виновен, но да го ослободи од казна;

III.Трета позитивна претпоставка – ги опфаќа случаите на неосновано и незаконско лишување од слобода во случај кога лицето било лишено од слобода поради грешка или незаконита работа:

o на овластеното лице што го лишило од слобода без постоење законски основ. Законитоста на лишувањето од слобода ја цени судот во случај кога лицето лишено од слобода е изведено пред суд (чл. 162 од ЗКП) или кога лицето кое смета дека со преземањето на некое од дејствијата кои се во рамките на овластувањата на полицијата и на другите органи со истражни овластувања, му е повредено некое право, па ќе поднесе жалба до судијата на претходна постапка, кој е должен со решение да одлучи за законитоста на преземеното дејствие односно мерката (чл. 290 од ЗКП); или

10 Vasiljević/Gubač, op.cit., стр. 884.11 Brežanski, op.cit., стр. 15.12 Vasiljević/Gubač, op.cit., стр. 884.

Page 14: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

o на некој вработен во притвореничкото одделение на казнено-поправната установа односно во затворот каде што издржувал казна затвор, па поради ваквите дејствија оштетениот бил лишен од слобода односно неосновано подолго се задржал во притвор односно во затвор. Овој основ за надoмест на штета би постоел кога лишувањето од слобода е погрешно засметано во паричната казна или условната осуда; во случај на погрешно или незаконско упатување во установа за издржување мерки на безбедност или во случај на подолго задржување во вакви установи; во случај кога не се правилно земени предвид одлуките за условен отпуст, амнестија, помилување и сл.;

IV. Четврта позитивна претпоставка - кога оштетениот поминал во притвор подолго време отколку времетраењето на изречената казна затвор на која е осуден. Во ваков случај на оштетениот му следува надомест поради несразмерно долго траење на мерката притвор, односно затоа што судот не водел сметка за сразмерноста од чл. 164 ст. 3 од ЗКП.

НЕЗАКОНИТО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

Незаконитото лишување од слобода претставува основ за надомест на штета во случај кога лишувањето од слобода е преземено без постоење соодветен законски основ за лишување од слобода. За постоење на незаконито лишување сосема е неважно како завршила постапката, бидејќи ниту еден краен исход до постапката не може да доведе до конвалидација на незаконитото лишување од слобода во законито.

Постојат две позитивни претпоставки за засегнатото лице да оствари основ за надомест на штета:

o ако по лишувањето од слобода воопшто не бил определен притвор; и o кога времето за кое засегнатото лице било лишено од слобода не е засметано

во изречената казна за кривично дело или за прекршок.

Единствен исклучок постои ако по незаконитото лишување од слобода следело определување мерка притвор и ако вкупниот период на лишување од слобода бил засметан во изречената казна.

Потребно е да се прави разлика помеѓу незаконит притвор од аспект на основите по коишто бил донесен, надлежен орган што одлучувал, пречекорено времетраење пропишано со ЗКП и сл., од процедурални пропусти во постапката за определување притвор. И според ставот на Европскиот суд за човековите права секој недостаток во постапката за донесување решение со кое се определува мерката притвор не води кон заклучок дека притворот бил незаконит. Имено, во еден случај каде што према апликантот

Page 15: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

била определена мерка притвор, но во постапката за определување мерка притвор првостепениот суд ги повредил одредбите од ЗКП, бидејќи не бил присутен бранителот на обвинетиот, а во повторената постапка спрема обвинетиот повторно бил определен притвор со доследно почитување на одредбите од ЗКП, определениот притвор бил оценет како законит.13

II. НЕОПРАВДАНА ОСУДА

Во рамките на позитивните претпоставки за остварување право на надомест на штета врз основа на неоправдана осуда потребно е кумулативно да бидат исполнети следниве три услови:

Прв услов: донесена правосилна пресуда со која: обвинетиот бил правосилно осуден и му била изречена

кривична санкција, обвинетиот бил прогласен за виновен, а ослободен од казна;14

Втор услов: искористен вонреден правен лек како резултат на којшто дошло до укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно одлучување;

Трет услов: резултатот од обновената кривична постапка: постапката била запрена со решение кое станало правосилно, донесена била ослободителна пресуда, донесена била одбивателна пресуда.

13 Case of Hadži v. Croatia, Application no. 42998/08, Judgment, 01.07.2010.14 Врз основа на одредбите од Кривичниот Законик на РМ, („Службен весник на РМ“, бр. 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015 и 226/2015, виновниот сторител на кривично дело може да биде ослободен од казна во следниве случаи: врз основа на изречна одредба предвидена во КЗ (чл. 42 од КЗ); кога е сторено кривично дело од небрежност, а последиците од делото особено го погодиле сторителот што изрекувањето казна не одговара на целите на казнувањето (чл. 43 од КЗ); или, кога под особено олеснувачки околности е сторено кривично дело казниво со парична казна или затвор до 3 години, а кога во услови на постоење согласност од оштетениот сторителот до завршување на кривичната постапка ја вратил одземената корист, ја надоместил штетата или на друг начин ги надоместил или поправил штетните последици од кривичното дело (чл. 43-а од КЗ).

Page 16: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графички приказ на условите за надомест на штета поради неоправдана осуда

ЗКП пропишува и негативна претпоставка како коректив на претходно наведените позитивни претпоставки за остварување на правото за надомест на штета. Имено, осудениот нема право на надоместок на штета ако со свое лажно признание или на друг начин намерно придонел да биде донесена пресудата со која е тој осуден и којашто станала правосилна, па по основ на вонреден правен лек во повторената постапка е донесена поволна одлука за осудениот, освен ако не докаже дека бил присилен на таквото однесување. Осудениот е должен да докаже дека бил присилен на наведените дејствија пред судот со што ќе го убеди судот дека присилбата, заплашувањето, загрозеноста што му се заканувала на осудениот или негово блиско лице биле причините поради коишто тој бил присилен да даде лажно признание односно друго дејствие кое довело до осудителна пресуда.

Запрена постапка и одбивателна пресуда се основи за надомест на штета, но само за кривични дела што се гонат ex officio - надомест на штета за неоправдана осуда во случај на запрена постапка или одбивателна пресуда може да се бара само за кривични дела што се гонат ex officio и за коишто овластен тужител е само јавниот обвинител. Сосема е логично дека државата не може да сноси објективна одговорност за дејствија што во правосудниот систем ги презема приватниот тужител како овластен тужител или оштетениот со предлог за гонење. Во оваа смисла, за кривични дела што се гонат по приватна тужба и оние што се гонат по предлог од оштетен, со оглед на фактот што јавниот обвинител тие дела ги застапува во постапката но само по основ на предлог од оштетен, не може да се бара надомест на штета за неоправдана осуда ако приватниот тужител

Page 17: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

односно оштетениот се откажат од приватната тужба односно од предлогот за гонење, согласно чл. 62 од ЗКП.

Одбивателна пресуда поради здравствена состојба на обвинетиот не е основ за

надомест на штета поради неоправдана осуда - не следува надомест на штета поради неоправдана осуда во случаите кога во повторената постапка е донесена одбивателна пресуда поради откажување на јавниот обвинител од обвинение поради состојба на трајна душевна болест на обвинетиот. Станува збор за состојби во коишто обвинетиот во времето на сторување на кривичното дело (tempore criminis) бил пресметлив и започнала редовна односно скратена кривична постапка, а во текот на постапката (per procedendi) се утврдило дека кај обвинетиот настапила трајна душевна болест поради којашто тој не е способен да го следи судењето. Во ваков случај, јавниот обвинител се откажува од обвинителниот акт односно обвинителниот предлог и поднесува предлог за изрекување мерка на безбедност, а лицето кому му е изречена мерка на безбедност не може да остварува право на надомест на штета.

Одбивателна пресуда поради правни пречки за гонење е основ за надомест на штета поради неоправдана осуда – во случај кога во повторената постапка била донесена правосилна одбивателна пресуда поради акт на амнестија, помилување или поради настапена застареност на кривичното гонење, засегнатото лице има право да бара надомест на штета.15

Одлука по жалба не е основ за надомест на штета - за да се оствари основот за надомест на штета поради неоправдана осуда потребно е да биле донесени две правосилни одлуки, при што донесената одлука по спроведена обновена кривична постапка да биде во полза на обвинетото лице. Овој основ не може да се применува во случаите кога поволна одлука во однос на обвинетиот донел првостепениот односно повисокиот суд по основ на редовен правен лек - жалба.

Новата поповолна одлука донесена само поради ненадлежност е основ за неоправдана осуда ако обвинителот не започнал гонење – судот е должен да води сметка за својата стварна надлежност во текот на целата постапка. Во случај на превид или законски измени на стварната надлежност, кога пред отпочнување на главната расправа судот ќе утврди дека нема стварна надлежност да постапува по предметот должен е да се

15 Слична е практиката и во Хрватска. Општинскиот суд во Пула во својата одлука P-2027/99 од 08.01.2002 утврдил дека во случај кога во новата кривична постапка било одбиено обвинението и постапката правосилно завршила со одбивателна пресуда, лицето има право на надомест на штета при што е сосема ирелевнанто што причина за одбивање на обвинението било настапувањето на апсолутната застареност на кривичното гонење. Подетално, Brežanski Ј., Odgovornost države za štetu u slučaju neopravdane osude ili neosnovanog uhićenja, www.vsrh.hr/, стр. 6.

Page 18: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

прогласи за ненадлежен и предметот да го достави до надлежниот орган. Ако стварната ненадлежност е констатирана по отпочнување на главната расправа, судот е должен да донесе одбивателна пресуда. Вака донесените одлуки на судот не се основ за остварување право на надомест на штета поради неоправдана осуда, но само доколку јавниот обвинител во рок од три месеци откако ја примил одлуката на судот, не го започнал гонењето пред надлежниот суд. Во ваков случај, основот за надомест на штета може да се оствари дури откако стварно надлежниот суд ќе донесе одлука, ако се кумулативно исполнети претходно наведените услови. Но, ако јавниот обвинител во наведениот рок не го започнал гонењето пред надлежниот суд, неосновано осуденото лице има право на надомест на штета.

Поблага правна квалификација е основ за надомест на штета поради неоправдана осуда само ако угледот бил потешко повреден - ако по основ на вонреден правен лек во новодонесената пресуда била изменета правната квалификација на кривичното дело во поблаг вид (на пример, од основен или квалифициран во привилегиран облик на делото; основен облик наместо квалифициран облик; тешка телесна повреда наместо обид за убиство и сл.), на осудениот не му следува надомест на штета поради неоправдана осуда. Само во случај кога поради правната квалификација во поранешната пресуда бил потешко повреден угледот на осуденото лице, му следува право на нематеријална сатисфакција. Нематеријалната сатисфакција се состои во објавување на одлуката за неоснованоста на претходната осуда во средствата за јавно информирање и таа да биде доставена до други лица. Степенот колку бил повреден угледот на осуденото лице е фактичко прашање што судот ќе го цени во секој одделен случај во зависност од конкретните околности.

Кривични дела сторени во стек – во случај кога правосилната пресуда се однесува на дела сторени во стек, а со вонредниот правен лек се оспорува пресудата само за дел од кривичните дела и повторената постапка се однесува само на тој дел од кривичните дела сторени во стек, осудениот може да оствари право на надомест на штета само за делот од кривичните дела сторени во стек на коишто се однесува новата судска одлука.

Бришење на неоправданата осуда по службена должност – првостепениот суд кој постапувал во предметот каде што се остварил основот за надомест на штета за неоправдана осуда е должен да донесе решение со кое ќе го поништи впишувањето на неоправданата осуда од казнената евиденција на осуденото лице. Од фактот што оваа обврска по службена должност мора да ја преземе првостепениот суд што постапувал произлегува дека е сосема ирелевантно дали неосновано осуденото лице има намера да го оствари своето право на надомест на штета или не. Донесеното решение за поништување на впишувањето на неоправдана осуда, согласно позитивното

Page 19: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

законодавство, се доставува до органот надлежен за водење на казнената евиденција, односно, согласно чл. 106 ст. 1 од Кривичниот Законик на РМ, до првостепениот суд надлежен според местото на раѓање на осудениот. Со поништување на впишувањето се воспоставува правна претпоставка дека лицето никогаш не било осудено.

III. ДРУГИ ПРАВА СПОРЕД ЗКП

ПРАВА НА НАСЛЕДНИЦИТЕ

Во рамки на другите права што според ЗКП произлегуваат од основите по кои може да се бара надомест на штета поради неоснованата осуда, незаконито или неосновано лишување од слобода, спаѓаат и правата на наследниците на оштетеното лице и тоа:

го наследуваат само правото на оштетеното лице на надоместок на имотна штета; може да ја продолжат постапката само во границите на барањето за надоместок на

имотна штета што го поднел оштетениот; да поведат постапка ако осуденото лице починало пред истекот на рокот на

застареноста, но не се одрекло од барањето.

ЈАВНО ОБЈАВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА НЕОПРАВДАНА ОСУДА

Јавното објавување на пресудата претставува рехабилитација во облик на нематеријална односно морална сатисфакција што може да ја ползува оштетено лице што било неоправдано осудено или неосновано односно незаконито лишено од слобода или притворено. Примената на овој член следува во случаите кога случајот со осудата односно лишувањето од слобода на лицето било изнесено во средствата за јавно информирање што предизвикало реакции во јавноста, поради што особено се наштетило на неговиот углед.

Моралната сатисфакција се остварува преку: објавување соопштение во печатените или електронските медиуми за одлуката

дека оштетеното лице било неоправдано осудено односно неосновано или незаконито лишено од слобода. Во случај ако осуденото лице починало, право да бараат објавување на одлуката имаат брачниот односно вонбрачен другар на починатото осудено лице, неговите деца, родители, браќа и сестри; и/или

доставување соопштение до работодавецот на оштетеното лице.Објавувањето на соопштението за одлуката дека оштетеното лице било неоправдано осудено односно неосновано или незаконито лишено од слобода е комплементарно на правото да се бара надомест на штета, тие се независни едно од друго, не се исклучуваат и само од диспозицијата на оштетеното лице зависи дали ќе ги ползува обете законски можности или само едно од нив.

Page 20: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Рок за остварување – правото на бара јавно објавување на одлуката оштетеното лице може да го оствари со поднесување барање во рок од шест месеци од моментот кога била донесена судската одлука којашто служи како основ за барањето.Надлежен орган - барањето се поднесува до првостепениот кривичен суд што судел и ја донел пресудата во која е содржана неоправданата осуда. Барањето треба да биде прифатено од страна на кривичниот совет на судот (чл. 25 ст. 5 од ЗКП), којшто е должен да провери дали во конкретниот случај постои некоја од негативните претпоставки поради кои ниту лицето има право да бара надомест на штета поради неоправдана осуда, ниту му следува право да бара морална сатисфакција.

Права од работен однос и социјално осигурувањеНеоправданата осуда и неоснованото односно незаконито лишување од слобода

предизвикуваат и социјални ефекти неповолни за оштетеното лице. Од овие причини, законодавецот пропишал можност оштетеното лице да ги оствари правата од работен однос и социјалното осигурување како облик на реституција.

Ова само во случај кога осудата односно лишувањето од слобода биле причините поради коишто на оштетеното лице му престанал работниот однос односно го загубил социјалното осигурување.

На оштетеното лице му се признава работниот стаж, односно стажот на осигурување како да бил на работа за времето за кое поради неоправданата осуда или неоснованото лишување од слобода го загубил стажот, а во стажот се засметува и времето на невработеност до којашто дошло поради неоправданата осуда или неоснованото лишување од слобода, а која не настанала по вина на оштетеното лице.Постапката за враќање на правата од работниот однос и социјалното осигурување следува по постапката за надомест на штета поради неоправдана осуда односно неосновано лишување од слобода. Реституцијата на наведените права се остварува на два начина:

по службена должност (ex officio) ја врши државниот орган односно правното лице; со деклараторна тужба од оштетениот до надлежниот првостепен граѓански суд со

која бара да се утврди дека признавањето на работниот стаж и социјалното осигурување настапило по сила на закон (ex lege). Во овој случај кумулативно пасивно се легитимирани државниот орган или правното лице и Република Македонија.

Реституцијата на стажот се врши на начин што соодветниот точно утврден износ потребен за покривање на признаениот стаж се исплатува од Буџетот на РМ на име на оштетеното лице. Засметаниот стаж во целост се засметува во пензискиот стаж на оштетеното лице.

Page 21: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

1.2. ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА СПОРЕД ЗОО

Законот за кривичната постапка како една од последиците на неоснованото лишување од слобода ја определува одговорноста за штета која што ја претрпело лицето кое неосновано било лишено од слобода. Постапувањето на државните органи кое што ќе се смета за неправедно или неосновано ограничување на слободата доведува до граѓанскоправна одговорност на државата. Граѓанскоправната одговорност е одговорност за „недозволено дејствие (чинење или пропуштање) со кое на друг се предизвика штета, и кој создава обврска за сторителот на деликтот или друго одговорно лице да ја надомести причинетата штета“16 или за „дејствија кои се спротивни на правниот поредок сфатен најшироко (прописи, правни начела, морал) доколку со нив се причинуваат штети на другого“17, односно „постапка која е штетна по туѓите имотни и неимотни добра„18 или “однесување (чинење или пропуштање) со кое на друг се предизвикува штета и кое предизвикувачот (или оној кој за него одговара) го обврзува на надомест на штета“19. Без разлика дали на деликтот се гледа како на дејствие, постапка или однесување од сите дефиниции произлегуваат дека станува збор за (а) активност или пропуштање кои резултираат со повреда важечка граѓанскоправна норма (б) од што произлегува штета и соодветно на тоа (в) обврска истата да се надомести.

Во македонското законодавство, одредби со коишто се утврдува обврската за учесниците во правниот промет да се воздржат од постапки со кои на друг може да се предизвика штета и со обврската за надомест на штета ова прашање пред се наоѓаме во Законот за облигационите односи20 (член 9, Забрана за предизвикување штета и член 141, Основи на одговорноста). Така, „Од предизвикување штета на другите мора да се воздржат сите, а ако сепак до неа дојде настанува облигационен однос за надомест на т.н. вондоговорна или деликтна штета“21. Деликтната одговорност, до која што доаѓа во овие случаи кои се предмет на наш интерес, може да се дефинира како одговорност до која доаѓа заради намалување нечиј имот, спречување негово зголемување или повреда на неговите лични права. Со предизвикување на штета настанува обврска за надомест на штета. При тоа, под штета се подразбира само она оштетување кое го признава правото. Тоа е она оштетување кое некое лице го претрпело на правно заштитени добра, кои може да бидат лични или

16 Д. Попов, Грађанско право, општи део, Службени гласник, Београд, 2005, стр. 34917 А. Групче, Имотно (граѓанско) право – општ дел, 1983, стр. 13018 Z. Rašović, Građansko pravo, Podgorica, 2006, стр. 336 19 O. Stanković/V.V. Vodinelić, Uvod u građansko pravo, Belgrad, 1996, стр. 21520 Закон за облигационите односи, Закон за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013)., во понатамошниот текст ЗОО 21 Б. Мораит, Облигационо право, Књига прва, „Атлантик ББ“ Бања Лука, 1997, стр. 59-61

Page 22: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

имотни. На тој начин, поедноставено кажано, настанува облигационен однос со причинување штета. Во теоријата ќе сретнеме различни дефиниции за облигациониот однос што настанува со причинување штета и од него права и обврски за страните - за страната на штетникот произлегува обврска да ја надомести причинетата штета, а за оштетениот произлегува правото да бара да му биде надоместена таа штета“22.

Во случаите на неосновано лишување од слобода, спецификите на односот се јавуваат кај страните на тие односи и кај видот на штета која што настанува, па тука посебно ќе бидат анализирани.

1.2.1. ШТЕТНИК И ОШТЕТЕН

ШТЕТНИК Во теоријата, прифатена е дефиницијата дека штетник е страната во облигациониот

однос кој одговара за причинетата штета. Во случаите на одговорот за штета заради неосновано лишување од слобода одговара државата Република Македонија. Ваквото дефинирање на штетникот е поради фактот што органите на државата (правосудните органи) со своите дејствија довеле до тоа на оштетениот да му биде ограничено правото на слобода.

ОШТЕТЕН

Отштетниот се дефинира како страната на која и е причинета штета. Таа е страна на доверител, односно носител на правото да бара од штетникот штетата да биде надоместена, согласно правилата за надомест на штета. Страна на оштетен во овие случаи секогаш ќе се јави физичко лице, а тоа, имајќи ги предвид одредбите на ЗКП, ќе биде лицето кое што било неосновано лишено од слобода. Теоретски дефинирано ова лице ќе биде директен оштетен. Се поставува прашањето дали и како лишувањето од слобода на едно лице може да доведе до повреда на правата на други, нему блиски лица и оттука за нив да настранат права да побаруваат надомест на штета? Погледано од поширок, социјален аспект, несомнено лишувањето од слобода на едно лице во семејството ги погаѓа и другите членови на семејството, како од личен аспект така и од материјален. Но, ЗКП како оштетен единствено го препознава директно оштетениот. Во овој поглед и ЗОО е релативно рестриктивен кога за оштетени со дејствие кое што му е директно причинето на едно лице ги признава и неговите блиски23. Прашањето на тоа дали овие лице може да се јават како директно оштетени со дејствија кои што ги преземале државните органи, а се вон границите на нивното постапување, е посебно прашање. Имено, во конкретните

22 Г. Галев/Ј. Дабовиќ Анастасовска, Облигационо право, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2008, стр. 523; слично д. Поп Горгиев, Облигационо право, Скопје 1990, стр. 413 23 Член 190, ЗОО: Справедлив паричен надоместок во случај на смрт или тежок инвалидитет

Page 23: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

случаи на одговорност за штета заради неосновано лишување од слобода за штетно дејствие (како општ услов за настанување на облигациониот однос) се зема лишувањето од слобода кое немало соодветен законски основ, па оттука се смета за противправно кон лицето кое е лишено од слобода. Но, кога лишувањето од слобода е направено на начин што органите на прогонот ги пречекориле своите овластувања кои произлегуваат од соодветните законски и подзаконски акти со кои се уредува нивното постапување од службена должност, теоретски можеме да зборуваме за одговорност за штета заради тоа постапување. Овде одговорноста нема да произлегува од неоснованото лишување од слобода туку од начинот на кој се преземени службените дејствија и кон лицето кое што е било лишено од слобода и кон неговите блиски.

1.2.2. ШТЕТА

ОПШТО ЗА ШТЕТАТА И ВИДОВИТЕ ШТЕТА Штетата, наједноставно кажано е последица на штетното дејствие. Во теоријата таа

се дефинира на следниов начин „Штетата преставува секој неповолен резултат на штетното дејствие на некое лице (штетникот) врз имотните и неимотни права (добра) и правно заштитените интереси на некое лице (оштетениот) кој настанува без негова согласност (волја) и кој штетникот е должен да го отстрани (надомести)“24. Согласно македонското законодавство (ЗОО, член 142), штетата претставува намалување на нечиј имот (обична штета) и спречување на неговото зголемување (испуштена корист) како и повреда на личните права (нематеријална штета).

Постојат различни класификации на штетата: материјална и нематеријална штета; обична штетата и испуштена корист; сегашна и идна штета; предвидлива и непредвидлива штета, директна и индиректа штета, конкретна и апстрактна штета, и позитивна и негативна штета25.

24 Г. Галев, Штета, Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први во Скопје во чест на Стрезо Стрезовски, том 41, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, 2006, стр. 4125 Од аспект на временскиот фактор штета се дели на сегашна и на идна штета. Сегашна штета е она штета (материјална или нематеријална) која е настаната - постои како последица на штетното дејствие. Идна штета е онаа штета што се уште не е настаната, но извесно е дека ќе настане, при што не е познато точното време на настанувањето на штетата, нејзиното траење и нејзиниот обем. Во зависност од тоа дали штетата можела да се предвиди во времето на преземање на штетното дејствие или не таа се дели на предвидлива и непредвидлива штета. Предвидлива штета е она штета што штетникот требал (морал) да ја предвиди во моментот на сторување или пропуштање, со оглед на фактите што тогаш му биле познати или морале да му бидат познати. Непредвидлива штета е онаа штета чие настанување не можело да се предвиди во време на преземање на штетното дејствие, со оглед на околностите кои во тој момент постоеле. во кои било преземено штетното дејствие. Дали штетното дејствие е директна причина за настанувањето на штетата или таа настанува посредно, е критериумот за квалификација на штета како директна и индиректна. Директна штета е штетата настаната како непосредна последица на штетното дејствие без разлика дали станува збор за сторување или пропуштање. Индиректната штета е штетата која настанува посредно како последица на веќе настанатата директна штета. Според начинот на кој се утврдува надоместат на штетата, односно кои околности влијаат на определувањето на надоместат штета, уште се дели и на конкретна и апстрактна штета.

Page 24: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Ако се земе предвид видот на повреденото добро штета се дели на материјална и на нематеријална штета. Така, материјалната штета таа е она штета што се појавува како повреда на имотните права и правно заштитените имотни интереси на оштетениот, додека нематеријалната штета,е повреда на личните права на оштетениот. Како подвидови на материјалната штета се појавуваат обичната штета и испуштената корист. Обичната штета (damnum emergens) преставува намалување на нечиј имот26. Всушност, таа е разликата (негативна) помеѓу вредноста што имотот на оштетениот ја имал пред преземањето на штетното дејствие од страна на штетникот и вредноста што тој имот ја имал по неговото преземање. За испуштената корист (lucrum cessans), говориме во ситуациите кога со преземање на штетното дејствие е оневозможено односно спречено зголемување на имотот на оштетениот27. За да се смета дека овој вид штетата постои потребно е оштетениот да очекувал да дојде до зголемување на неговиот имот (субјективен критериум) и тоа да било извесно според редовниот тек на работите или според посебни околности (објективен критериум)28.

Нематеријална штета се дефинира како повреда на личните права на оштетениот. Законот за облигационите односи во член 9-а ги определува личните права на физичките и на правните лица, при што дава една т.н. отворена листа на лични права. Така, во кругот на лични права на физичките лица се вбројуваат правата на живот, телесно и душевно здравје, чест, углед, достоинство, лично име, приватност на личниот и семејниот живот, слобода, интелектуално творештво и други лични права.. кај физичките лица, односно угледот, честа, правото на претпримеништво и сл. кај правните лица.

Во теоријата и во практиката се поставува прашањето дали за постоење на нематеријалната штета е потребно, покрај повредата на личните права, тоа оштетениот да го доживува како одредена физичка и психичка болка или да се појави во вид на страв од поголем интензитет. Одговорот на теоријата, законодавствата и практиката по ова прашање е различен. Така се издвојуваат две концепции – објективна и субјективна. Според објективната концепција со утврдувањето на повредата на правно заштитениот интерес се претпоставува постоењето на штетата. Субјективната концепција е на стојалиште дека услов за да се смета дека настанала нематеријална штета е оштетениот да ги чувствува последиците на состојбата во која се нашол. Двете концепции,

Конкретна е она штета, која се утврдува во зависност од конкретните околности во дадениот случај и се надоместува во така утврдениот износ. Апстрактна штета е она штета која се утврдува во однапред определен износ (тарифа) без оглед колку таа реално изнесува. Овие два вида на штета, по својата суштина и не преставуваат штета, туку преставуваат два одделни начини на утврдување на износот на напред наведениве видови на штета. Види повеќе кај Галев Г., op.cit., стр. 42 - 5026 Член 142, ЗОО, ....намалување на нечиј имот (обична штета)“27 Член 142, ЗОО, „ ... спречување на неговото зголемување (испуштена корист).“28 Ова произлегува од член 178, став 3 од ЗОО, според кој „При оцената на височината на испуштената корист се зема предвид добивката што можела основано да се очекува според редовниот тек на работите или според посебни околности, а чие остварување е спречено со штетниковото дејствие или пропуштање.“

Page 25: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

спротивставени една на друга, на одреден начин се помируваат во концепцијата којашто определува дека повредата на лично право претпоставува постоење на нематеријална штета, но на висината на надоместокот ќе влијае силината и интензитетот на почувствуваните последици, како и нивното времетраење. На ова стојалиште е и македонското законодавство, а како тоа се рефлектира во поглед на определувањето на висината на надоместокот на нематеријална штета ќе биде обработено подолу во анализата.

ВИДОВИ ШТЕТА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НЕОСНОВАНО ПРИТВОРАЊЕ

Како што видовме во претходните делови на анализата неоснованото притворање доведува до повреда на личното право на слобода на лицето. Оттука примарно доведува до настанување на нематеријална штета. Но, истовремено лицето чијашто слобода е одземена или ограничена трпи и негативни имотни последици односно материјална штета која што ќе се јави и како обична штета (губење плата и права од плата, трошоци поради неодржувани земјоделски поседи, трошоци поврзани со спроведување мерката притвор и сл.) но и како испуштена корист ( губење изгледи за напредување во кариера, загуби на реколта и сл.). Овие лични и имотни загуби ќе се јават како директна последица на повредат ана слободата. Но, она што е карактеристично за овие случаи е можноста за настанување индиректна штета односно преку повредата на правото на слобода да дојде до повреда и на други права и тоа особено правото на телесен и душевен интегритет, правото на чест, углед и достоинство, повреда на приватноста и сл., кога постапувањето во текот на постапката ги повредува законските гаранции на првата и на слободите на граѓаните во кривичната постапка и извршувањето на санкциите.

1.2.3. НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ШТЕТА

ПОИМ НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Надоместувањето на штета претставува отстранување на штетните последици од причинувањето на штета. Обврската за надомест на штета настанува во согласност со правилата на објективното право и во принцип не зависи од волјата на одговорното лице, ниту од волјата на оштетениот. По исклучок, штетникот и оштетениот може да се договорат дека за оштетениот нема да настане обврска за надомест на штета или таа обврска нема да се ефектуира (на пример, простување на долг).

Обврската за надомест на штета, според нашата теорија и законодавството, настанува во моментот на предизвикувањето на штетата.29 Улогата на судот се состои во констатирање на постоењето на обврската и во определувањето на висината на надомест.

29 Види член 175: Обврската за надомест на штетата се смета за стасана од моментот на наста-нувањето на штетата.

Page 26: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Но, таа (улогата) на судот не е секогаш неопходна. Заинтересираните лица, т.е. одговорното и оштетеното лице, можат и сами да ја определат висината на надоместокот на штета и тоа во практиката е чест случај, се разбира, доколку постоењето на оваа обврска не е спорна, или не произлегува нешто друго од законот. Во случаите на одговорност за штета од неосновано и неправедно лишување од слобода, всушност постои обврска станите да се обидат да постигнат спогодба за надоместување на штета како процесна претпоставка за евентуален судски спор, на кое прашање повеќе ќе се осврнеме подолу во анализата. Кога висината на надоместокот го определува судот, тој го прави тоа во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи (но не е исклучено да се одлучува и според посебен закон, ако тој за одредени случаи содржи посебни одредби). Правилата како судот во даден случај ќе постапи, во голема мера за-висат од видот на штетата што треба да се надомести.

НАДОМЕСТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

Надоместувањето на материјалната штета претставува отстранување на штетните последици настанати врз имотот на оштетениот. Притоа, со надоместувањето имотот треба да се доведе во онаа натурална или вредносна состојба во која бил пред да настане штетата.

Материјалната штета се надоместува материјално при што тоа може да се изврши на два начина: преку враќање на имотот во состојбата во којашто бил пред да настане штетата (натурална реституција) или преку враќање на имотот во она вредносна состојба во којашто бил пред да настане штетата (парична реституција). Воспоставувањето на пора-нешната состојба е на одреден начин правило претпочитано од ЗОО30. Законот ги определува правилата кога може да дојде до замена на натуралната реституција со парично надоместување. Така согласно член 174, став 3 и 4 до замена на натуралната со парична реституција може да дојде: а) кога не е возможна натуралната реституција, б) кога судот ќе најде дека натуралната реституција не е нужна, и в) кога тоа го бара оштетениот, освен ако околностите на дадениот случај го оправдуваат воспоставувањето на поранешната состојба.

Согласно член 178, став 1 од ЗОО оштетениот има право како на надомест на обичната штета, така и на надомест на испуштената корист. Определувањето на обичната штета е релативно едноставно, а кога станува збор за испуштената корист треба да се утврди дали: оштетениот имал намера да ја оствари користа31 и дали постоела реална

30 Така, во член 174, се вели: „ (1) Одговорното лице е должно да ја воспостави состојбата што била пред да настане штетата. (2) Доколку со воспоставувањето на поранешната состојба не се отстранува штетата наполно, одговорното лице е должно за остатокот на штетата да даде надомест во пари.“ Тоа иде оттаму што натуралното надоместување доведува до најцелосно воспоставување на првобитната состојба во имотната сфера на оштетениот што постоела пред настанувањето на штетата, а што е и цел на самото надоместување.31 Притоа, намерата на оштетениот за остварување на користа се претпоставува кога се работи за корист што се остварува во процесот на вршењето на професионалната дејност на оштетениот. Види кај Д. Поп Георгиев,

Page 27: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

можност таа корист да биде остварена. Во одредени случаи, по исклучок, обемот на надоместувањето на материјалната штета значи надоместување на целокупната штета, а тоа значи надоместување на обичната штета, на испуштената корист и на штетата што оштетениот ја претрпел поради настапување на определени околности после причинувањето на обичната штета и испуштената корист. Со таквото надоместување на причинетата штета се отстрануваат сите последици од причину-вањето на штетата.

По прашањето на висината на надоместот на материјалната штета треба да се каже дека таа се поставува како прашање само кога надоместувањето се врши во пари. Притоа, начинот на определувањето на висината на надоместокот е различен во зависност од тоа дали се надоместува обична штета или испуштена корист. Висината на надоместу-вање на обичната штета се определува според цените во времето на донесувањето на судската одлука, доколку со закон не е предвидено поинаку (член 178, став 2, ЗОО). Кога станува збор, за висината на надоместокот на испуштената корист, тогаш висината на надоместот се определува според висината на користа што оштетениот не ја остварил, но што ќе ја остварел доколку не му била причинета штетата (член 178, став 3, ЗОО).

Како што рековме, неоснованото лишување од слобода може да доведе до повреда на здравјето и од тоа да произлезе материјална штета. Оваа штета се состои од трошоците за лекувањето и другите потребни трошоци во врска со тоа, како и заработката загубена поради неспособноста за работа за време на лекувањето (член 184, став 1). Но, ако повредениот, поради целосна или делумна неспособност за работа ја губи заработката или потребите му се трајно зголемени, или можностите за негово натамошно развивање и напредување се уништени или намалени, одговорното лице е должно да му плаќа на повредениот определена парична рента, како надомест за таа штета (член 184, став 2)32.

НАДОМЕСТУВАЊЕ НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

Законот за облигационите односи се приклонува кон модерните закони (законици) кои дозволуваат надоместување на нематеријална штета. При тоа, тоа надоместување, согласно член 187 може да биде нематеријално (морална сатисфакција) и материјално (материјална сатисфакција) и се досудува во случаите предвидени со закон. По правило, нематеријалната штета се надоместува нематеријално. Во определени случаи се досудува справедлив паричен надоместок. Во теоријата, претежно се истакнува

Облигационо право, Скопје, 1990, стр. 455.32 Паричната рента во случај на спор ја утврдува надлежниот суд. Судот може да ја зголеми висината на таа рента во иднина по барање на оштетениот или да ја намали или укине, по барање на штетникот, ако поз-начително се променат околностите што судот ги имал предвид при донесувањето на претходната одлука (член 185). Правото на надомест на штета досудена во вид на парична рента не може да се пренесе на друго лице (член 186). Тоа во оваа смисла е непреносливо право. Меѓутоа, втасаните износи на надоместот може да се пренесат врз друг под услов износот на надоместот да е определен со писмена спогодба на страните или со правосилна судска одлука.

Page 28: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

дека ова надоместување нема функција на компензација, ами на сатисфакција – овозможување на некои други задоволства поради претрпените повреди. Надоместот може да ја опфати и веќе настанатата (сегашна) штета, но и идната нематеријална штета.33

Нематеријалното надоместување на нематеријална штета уште се нарекува и морална сатисфакција, бидејќи како што се истакнува во теоријата, на оштетениот му дава определено морално задоволување. Моралната сатисфакција во нашето законодавство се чини е примарниот начин на начин на надоместување на нематеријалната штета. Ова иде оттаму што Законот, со член 188, предвидува тоа да биде наредено од страна на судот по барање на оштетениот, при што освен исполнетост на условите за настанување на облигационите односи со причинување штета, други услови за тоа не поставува. Моралната сатисфакција се состои во објавување на пресудата, односно на исправката, на трошок на штетникот, или повлекување на изјавата со која штетникот ја сторил сторена повредата, или нешто друго со што може да се оствари целта која се постигнува со надоместот. Надоместувањето на нематеријалната штета во вид морална сатисфакција често пати тешко е остварливо. Но и покрај тоа, на овој начин надоместувањето на нематеријалната штета има големо значење затоа што зад себе го има авторитетот на судот. Моралната сатисфакција треба да се сфати како воспоставување на онаа општествена и правна состојба која за оштетениот постоела пред причинувањето на штета.

Материјалното надоместувањето на нематеријална штета (материјална сатисфакција) се состои во обврска на штетникот да плати определена сума пари – справедлив паричен надоместок. Kaj паричното надоместување на нематеријалната штета треба да се определи во колкав обем и во која висина тоа треба да се направи. Изреката на член 189, став 2 на Законот за облигационите односи на Република Македонија дава јасни насоки за тоа што треба да се земе предвид при определувањето на висината на справедливиот паричен надоместок. Така судот треба да води сметка за: 1) силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физички болки, душевни болки и страв, 2) целта за која служи надоместокот, и 3) за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествената цел. При тоа ова е условено со тоа судот да најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа (член 189, став 2, ЗОО). По прашањето за силината и траењето на повредата, односно траењето на физичките и душевните болки во судската практика по правило се предмет на вештачење, иако во теоријата се истакнува дека ова не секогаш треба да биде случај. При оценувањето всушност се оценува инвалидноста, степенот на телесно оштетување, општата животна активност, претрпената болка, страв и естетска изменетост како посебни категории34. Инвалидност во правна смисла е поим врзан за 33 Види повеќе I. Crnić, Neimovisnka šteta, Zagreb, 2006, стр. 175 – 176.34 А. Дума/А. Гутевска, Судско-медицинско вештачење на последиците на телесните повреди во рамките на граѓанското право кај Миленков Д. ( уред.), Нематеријална штета (семинарски материјал), Академик, Скопје, 2006, стр. 85-103; M. Goreta, I. Peko-Čović, N. Buzina, Psihijatriska vještačenja – Zbirka

Page 29: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

инвалидското осигурување, па неговиот законски израз го дава Законот за пензиско и инвалидско осигурување (во понатамошниот текст ЗПИО)35. Инвалидност постои кога (кај осигуреникот), поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност (професионална неспособност за работа ), односно ќе настане трајно губење на работната способност (општа неспособност за работа) (член 38, ЗПИО). Инвалидноста се категоризира според простаната работна способност во I, II, III категорија. Телесното оштетување е исто така дефинирано со ЗПИО (член 82). Според оваа дефиниција, телесно оштетување постои кога (кај осигуреникот) ќе настане загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголеми усилби во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност. Иако се однесуваат на остварување на правото на надоместок од инвалидско осигурување истите се користат и во судската практика, каде утврдениот процент на инвалидност е важен критериум за определување на висината на справедливиот паричен надоместок36. Намалувањето на животна способност претставува намалување на функционалноста на организмот и се јавува како губење, односно намалување на некоја животна активност или како засилени напори во вршењето на некоја животна активност. Таа постои тогаш кога поради претрпена телесна повреда кај повредениот ле настапи неможност или намалување на можноста на функционирање на органите, така што со тоа е намалена функционалноста на организмот. При тоа теоријата за залага оцената на намалувањето на општата животна способност да биде дескриптивна со оглед на тоа што е посложена категорија37. Физичката болката е специфична сетивна функција, таа е чувство кое е предизвикано од различни дразби на сензибилните нерви. Таа се јавува од различен интензитет и е условена од дразбата што ја предизвикува, од видот на повреденото ткиво, од регионалната или индивидуалната осетливост на повреденото лице. Душевната болка претставува одредено интимно трпење и истата се манифестира како жалост, грижа, потиштеност, неспокојство, незадоволство и сл. И за физичката и за психичката болка е карактеристично дека претставуваат нарушување на

ekspertiza, Knjiga druga: Građansko pravo, Naklada Zadro, 2006, str.23; Б.Чадиковки/П. Кировски,/М. Левенски, Надоемст за стравот, болката и психичкото страдање, Македонска ревија за казнено право и криминологија, бр. 1, Здружение за кривично право и криминологија на Република Македонија, Скопје, 1998, стр. 99-11135 Закон за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993; 3/1994; 14/1995; 71/1996; 32/1997; 24/2000; 96/2000; 5/2001; 50/2001; 85/2003; 50/2004; 4/2005; 84/2005; 101/2005; 70/2006; 153/2007; 152/2008; 161/2008; 81/2009; 156/2009; 83/2010; 156/2010; 24/2011 и 51/2011)36 М.Ристова, Надоемст на нематеријална штета причинета со деликти, Деловно право , Година Х, бр. 20, Здружение на правниците, Скопје, 2009, стр. 17037 А. Дума/А. Гутевска, op.cit., стр. 90

Page 30: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

психичко-емоционалната рамнотежа. Стравот е негативна реакција на надворешна дразба која се оценува како закана. Во практиката се разликуваат различни категоризации на стравот (примарен и секундарен страв; вознемиреност, страв и потешки облици на страв – страв од болест, од смрт и сл.). При тоа не е од значење дали лицето претрпело физичка повреда. Целта за која служи надоместокот и неговата природа се всушност прашање за целите, функциите и задачите на надоместувањето. При тоа како што кажавме, целата на сатисфакција треба да се сфати како механизам којшто ќе овозможи или придонесе за враќање на рамнотежата во состојбата на личните права на оштетениот, односно на нарушената емотивна рамнотежа преку обезбедување определени материјални добра. Во литературата се истакнува дека паричниот надоместок не смее да се сфати како враќање на она што е изгубено38, односно можност за постигнување на некои лукративни цели ко би довеле до комерцијализација на морални вредности39. Судот ќе води сметка за времето кое поминало од настанувањето на штетата до нејзиното досудување со оглед на тоа што правото втасува на денот на правосилноста на пресудата (член 192а, ЗОО) .

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија, Рев. Бр. 283/80 од 17.06.1980 год.40 Висината на надоместот на нематеријалната штета се утврдува со оглед на состојбата на отштетното добро во време на оштетувањето, а според неговата вредност во време на пресудувањето. Поради тоа не е повредено материјалното право кога по истиот основ еднаш судот досудил помал износ, а при повторно судење по подолг временски период, досудил поголем износ ако првата пресуда била укината по жалба на тужениот.

Надоместокот на нематеријална штета, во секој случај, ќе се досуди независно од надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Покрај овие правила, согласно член 189, став 4 од ЗОО, во одделни случаи, кога тоа со друг закон поинаку е уредено ќе се применуваат и правилата од тој закон. При определувањето на висината на справедливиот паричен надоместок предвид се земаат надоместоци добиени по други основи само кога го одмерува износот поради намалена животна активност.

Заклучок од советувањето на граѓанските и граѓанско-стопаснките одделенија на Сојузниот суд, врховните судови на републиките и на покраините и Врховниот воен суд, одржано 15 и 16.10.1986 год.41

38 В. Коцо, Надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки поради намалување на животнатата активност кај Миленков Д. (уредник), Нематеријална пштета ( семинарски материјла), Академик, Скопје, 2006, стр. 4639 И. Јанковец, члан 200 кај С. Перовић, Коментар закона о облигационим односима, Књига прва, Савремена администрација, Београд, 1995, стр..46940 Г. Галев./Ј.Дабовиќ Анастасовска, Op.cit., стр. 142 41 Г. Галев./Ј.Дабовиќ Анастасовска, Op.cit., стр. 147

Page 31: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Паричен надомест за телесно оштетување (инвалиднина) се зема предвид само кај одмерувањето на надоместот на душевни болки поради смалени животни активности.

Начелен став бр. 3/85 донесен на 28 заедничка седница на Сојузниот суд, врховните судови на републиките и на покраините и Врховниот воен суд, одржана на 6 и 7 ноември 1985 год.42 При утврдување на висината на праведниот паричен надоместок за претрпени душевни болки поради намалување на животни активности судот ќе го земе предвид и надоместот за телесно оштетување на кое оштетениот има право според прописите на инвалидското осигурување, па врз основа на сите околности на случајот по слободна оценка ќе утврди до која мера надоместокот за телесно оштетување ќе влијае на висината на паричниот надоместок за овој вид нематеријална штета. Висината на надоместокот се утврдува на ист начин и во случај кога судот правичниот надоместок поради намалување на животната активност ќе го досуди во облик на парична рента.

Правото на оштетениот за надоместок за телесно оштетување се зема предвид и кога оштетениот одбива да поведе постапка кај надлежниот орган заради остварување на надоместокот по тој основ. Во тој случај судот како претходно прашање сам ќе го утврди правото на оштетениот на надоместокот на телесно оштетување, ако од природата и степенот на телесното оштетување произлегува дека оштетениот според прописите од инвалидско осигурување би можел да го оствари тој надоместок.

Во судската практика овие начелни одредби, кои кореспондираат со решенијата на член 200 ЗОО/78, се дополнително разработени од што појасно произлегува кои се критериуми се земаат предвид при определувањето на висината на справедливиот паричен надоместок. Така на пример, а релевантна за оваа анализа, е прецизирањето на значењето на поимот „околности на случајот“при одмерувањето на висината на справедливиот паричен надоместок заради незаконито лишување од слобода се

Заклучок од советувањето на граѓанските и граѓанско-стопаснките одделенија на Сојузниот суд, врховните судови на републиките и на покраините и Врховниот воен суд, одржано 15 и 16.10.1986 год.43 ....... За ова штета се досудува еден износ на надомест при чие одмерување судот ги зема предвид сите околности на случајот (угледот кој оштетениот го уживал во својата средина, односот на средината кон него после осудата односно лишувањето од слобода, тежината и природата на кривичното дело, време на траење на лишување од слобода и сите други околности кои влијаеле на природата, тежината и траењето на психичките болки.

42 Г. Галев./Ј.Дабовиќ Анастасовска, Op.cit., стр. 14843 Г. Галев./Ј.Дабовиќ Анастасовска, Op.cit., стр. 144

Page 32: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Согласно Законот за облигационите односи на Република Македонија, член 193, став 1, побарувањето на надомест на нематеријалната штета преминува врз наследникот само ако е признаено со правосилна одлука или со писмена спогодба

Page 33: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

2. ПРОЦЕСНО-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Во ЗКП се содржани одредби кои ја регулираат постапката за надомест на штета. Таа нужно минува низ два стадиума:

управна постапка пред Министерството за правда и парнична постапка пред граѓански суд.

2.1. УПРАВНА ПОСТАПКА ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

Првиот чекор што е должно да го преземе засегнатото лице кое сака да го оствари своето право за надомест на штета е да се обрати со барање до Министерството за правда.

Барањето, всушност, претставува предлог да се постигне спогодба за два кумулативни аспекти:

да се констатира дека е исполнет некој од основите за надомест на штета и да се постигне спогодба за видот и висината на надоместокот.

Во случај кога станува збор за барање кое се однесува на неоправдана осуда, а основот се исполнил со донесување одлука за ненадлежност, клучен е фактот дали јавниот обвинител презел гонење пред надлежен суд. Ако ова не е сторено иако поминале три месеци од одлуката на судот донесена поради констатирана ненадлежност, нема пречки во Министерството за правда да се пристапи кон разгледување и одлучување по барањето од засегнатото лице.

Но, ако јавниот обвинител, за кого што сите пропишани рокови имаат инструктивно дејство односно не се губи правото да го преземе дејствието и по истек на законски пропишаниот рок, го започнал гонењето по истек на наведените три месеци, во Министерството за правда се прекинува постапката за надомест на штета сè додека не заврши кривичната постапка пред надлежниот суд.

Доколку се случи јавниот обвинител да започне гонење пред надлежен суд, а во меѓувреме била завршена постапката за надомест на штета, било со спогодба со Министерството за правда или со пресуда во парнична постапка, одлуката за тоа што од

Пример од судската практика:

Не се губи правото на поднесување тужба за надомест на штета, иако барањето за надомест на штета тужителот го доставил до Министерството за правда по поднесување на тужбата (ВСРМ, Рев.бр. 958/2008, 28.05.2009, Збирка на судски одлуки 2004-2014, стр. 394-395).

Page 34: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

договорениот односно пресудениот износ може да се задржи, а што не, се одлучува со примена на соодветните одредби од Законот за облигационите односи.

Молчењето е одбивање – ако три месеци од денот на поднесување на барањето од оштетеното лице Министерството за правда не донесе одлука, се смета дека барањето не е усвоено и оштетениот се стекнува со право да поднесе тужба пред надлежен суд.

Делумна спогодба – во случај ако е постигната спогодба само во поглед на дел од барањето, оштетениот го задржува правото да поднесе тужба до надлежен суд во однос на остатокот од барањето.

Прекин на рокот за застареност – додека трае постапката пред Министерството за правда не тече рокот за застареност.

2.2. РОКОВИ НА ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Засегнатото лице може да бара остварување на правото за надомест на штета во определени рокови, по истек на коишто неговото право застарува.

Објективниот рок на застарување изнесува три години, а се пресметува на следниов начин:

од моментот кога бил исполнет основот по кој може да се бара надомест на штета; или

од денот на приемот на одлуката на повисокиот суд ако основот се исполнил откако по жалба решавал повисокиот суд, рокот од три години се пресемтува.

Рокот за застареност се прекинува со поднесување барање за постигнување спогодба за надомест на штета пред Министерството за правда и не тече додека трае постапката.

Тужбата пред надлежниот суд мора да биде поднесена пред истекот на рокот од три години. Во спротивно таа ќе биде отфрлена како недозволена односно задоцнета поради настапена застареност на правото да се бара надомест на штета.

2.3. ГРАЃАНСКОПРАВНА ПОСТАПКА

Ако управната постапка останала без успех, по истек на три месеци од денот кога е поднесено барањето до Министерството за правда, оштетениот се стекнува со право да поднесе тужба до надлежниот суд против Република Македонија како тужена страна по основа за надомест на штета.

Постапката може да се поведе од страна на оштетеното лице во три случаи: Министерството за правда воопшто не се произнело во рок од три месеци, при

што молчењето се смета за одбивање на барањето;

Page 35: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Министерството за правда донело решение со кое го одбило поднесеното барање како неосновано;

Спогодба е постигната за само некое од барањата на оштетениот.

Потребно е да се укаже дека основот по којшто со тужбата ќе се бара надомест на штета, воопшто не мора да коинцидира со основот содржан во барањето за постигнување спогодба за надомест на штета што оштетениот го доставил до Министерството за правда, ниту во однос на висината на надоместокот, ниту во однос на видот на штетата чиешто надоместување се бара.

Се поставува прашање како треба да постапи граѓанскиот суд којшто добил тужба за надомест на штета поради неоправдана осуда или неосновано лишување од слобода, а оштетениот претходно не се обратил до Министерството за правда. Од одредбите на ЗКП недвосмислена е должноста на оштетениот првин да иницира управна постапка, а потоа да поднесе тужбата.

Правната заштита на субјективните права е уредена со Законот за парничната постапка44 (во понатамошниот текст: ЗПП). На барање на овластен субјект правната заштита се дава само кога субјективното право не може да се оствари спонтано, по вообичаен пат, односно во случаите на одговорност за штета заради неосновано лишување од слобода кога управана постапка ќе остане без успех.

2.3.1. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОВИТЕ ЗА СПОРОВИ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТАТА Надлежноста на судовите во Република Македонија е определена според Законот

за судовите45 (во понатамошниот текст ЗС). Во судскиот систем на Република Македонија, судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија. Граѓанското правосудство го вршат основните судови, апелационите судови и Врховниот суд на Република Македонија.

Основните судови (вкупно 27), согласно со стварната надлежност определена со закон, судат во прв степен и се основаат како основни судови со основна надлежност и основни судови со проширена надлежност . Во споровите за надомест на штета, во прв степен одлучуваат судовите со основна надлежност за отштетни побарувања до 15.000 евра во денарска противвредност, односно судовите со проширена надлежност во ситуациите кога вредноста на спорот го надминува овој износ. Апелационите судови (во Битола, Гостивар, Скопје и Штип) се стварно надлежни да решаваат по жалби против одлуките на основните судови од своето подрачје. Врховниот суд на Република Македонија е стварно надлежен да решава по вонредните правни лекови против правосилните одлуки на судовите кога е тоа определено со закон. Месната надлежност за

44 Закон за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).45 Закон за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008 и 150/2010).

Page 36: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

судење во спорови за надомест на штета се определува според ЗПП и тоа правилата за општата месна надлежност, а можат да дојдат предвид и правилата за некои посебни месни надлежности. Така според правилата за општата месна надлежност, тужителот е должен да ја поднесе тужбата до судот на чие подрачје тужениот има свое живеалиште, односно престојувалиште, доколку тужениот е физичко лице (член 39 од ЗПП). Доколку тужениот е правно лице, општо месно надлежен е судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното лице (член 40 од ЗПП). Во овие спорови предвид доаѓа и посебното правило за определување на месната надлежност во спорови за надомест на штета според кое за судење во спорови за вондоговорна одговорност за штета, покрај судот од општата месна надлежност, надлежен е и судот на чие подрачје е извршено штетното дејствие или судот на чие подрачје настапила штетната последица.

2.3.2. СТРАНКИ ВО СПОРОВИТЕ Во парничната постапка во која се решаваат спорови за надомест на штета активно

легитимирано (тужител) е лицето кое тврди дека му е причинета штета од страна на лице кое тужителот тврди дека е одговорно за причинувањето штета. Најчесто во споровите тужителите се застапувани од адвокати.

Во предмените случаи тужител е лицето кое што било неосновано лишено од слобода, а тужбата е насочена против Република Македонија. За операционализација на тужбените барања во смисла на тужен во практиката тужените упатуваат на Министерството за правда. Тужениот, согласно член 2 во врска со член 5 од Законот за државното правобранителство е застапуван од државното правобранителство кое е надлежно за правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

2.3.3. ВРЕДНОСТ НА СПОРОТ (ПЛАЌАЊЕ ТАКСИ И СОСТАВ НА СУДОТ) Вредноста на предметот на спорот (вредноста на главното барање) е важна од

аспект на за утврдување на составот на судот и правото на изјавување ревизија, но истовремено и поради плаќањето такса.

Имено, за судот да постапува по тужба ниту да преземе друго дејствие, тужителот најнапред треба да ја плати судската такса. Таа, за основното дејствие на поднесување тужба може да изнесува од 2.000 денари (за спорови чија вредност е преку 60.000 до 100.000 денари) односно за преку 100.000 уште 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари. Законот за судските такси, иако предвидува такса да не плаќа Република Македонија кога е тужител, односно предвидува случаи на иззмеање на определени лица од плаќање такса за определени спорови, тоа не го овозможува кога станува збор за спорови за надомест на штета поради неосновано лишување од слобода46.

46 Види член 10 и 11 од Закон за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 114/2009, 148/2011, 106/2013 и 166/2014).

Page 37: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Правилата за составот на судот определуваат дали во еден конкретен случај треба да суди судија поединец или суд во зборен состав (судски совет). Во парничното процесно право на Република Македонија важи правилото дека судовите судат во совет. Со закон може да се предвиди дека во одредени работи може да суди судија поединец. Така, судија поединец суди спорови за имотноправни барања кога вредноста на предметот на спорот не го надминува износот од 600.000 денари. Во текот на постапката странките можат да се спогодат имотноправните спорови да ги суди судија поединец, без оглед на вредноста на спорот. Кога суди во совет, советот на основниот суд е составен од еден судија и двајца поротници. Апелационите судови како второстепени судови, кога одлучуваат по жалба против одлуките на првостепените судови одлучуваат во совет составен од тројца судии. Кога суди во втор степен на расправа, советот на второстепениот суд е составен од двајца судии и тројца судии поротници. Кога одлучува за вонредниот правен лек ревизија, Врховниот суд на Република Македонија суди во совет од пет судии.

2.3.4. ВЕШТАЧЕЊЕТО КАЈ СПОРОВИТЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА КАКО СПЕЦИФИКА НА

ПОСТАПКАТА Споровите за надомест на штета се решаваат според правилата на редовната

парнична постапка уредена со ЗПП. Како и секоја друга парнична постапка и парничната постапка за надомест на штета се поведува со тужба (кондемнаторна тужба), при што со ЗПП е определена задолжителната содржина на тужбата како поднесок. Парничната постапка во Република Македонија има неколку стадиуми: подготвување на главната расправа, главна расправа и донесување на одлуката. Во стадиумот на подготвување на главната расправа, во споровите за надомест на штета нема посебни специфики. Во главната расправа во овие спорови, специфично е прашањето на докажувањето (доказната постапка) и доказните средства. Несомнено, во постапката за надомест на штета, можат се користат сите доказни средства, кои вообичаено се користат во парничната постапка. При тоа специфично е прашањето на вештачењето и начинот на кој тоа ќе се користи.

Имено, прашањето на одговорноста за штета, особено прашањето на причинската врска помеѓу дејствието и штета, по правило е прашање на експертиза. Оттука, во постапките за надомест на штета, заради утврдување или разјаснување на фактите, односно изведувањето на доказите за спорен факт од особено значење ќе биде вештачењето, коешто ќе му овозможи на судот да се стекне со стручното знаење со кое тој не располага.

Во постапките за надомест на штета вештачењето се користи и при определувањето на видот и обемот на материјалната и на околностите релевантни за определувањето на висината на нематеријалната штета. Во поглед на материјалната штета вешатачењето ќе одговори на прашањето кој имот се намалил, на кој начин се намалил и во кој обем. Во постапките за надомест на нематеријална штета кои се однесуваат на повредата на

Page 38: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

личното право на живот и на здравје, вештачења ги вршат лицата од медицинската област. По прашањето на повредите на физичкиот интегритет соодветно на видот на повредите, вештачењето го вршат соодветни специјалисти од струка. Согласно правилата на практиката вештачењето на повреди кои се однесуваат на душевниот интегритет го вршат невро-специјалсти од соодветната област во медицината. Во литературата се сретнува дека вештачењето во вакви случаи, особено кога станува збор за физички болки всушност треба да биде двојно. Невропсихијатриското вештачење и овозможило сознанија за личноста, времето на настанување на болките и калвитетот на болките, додека трауматолошкото би дало сознанија за континуитетот на болките и дејството на средствата за смирување. Во теоријата сепак се потенцира дека не секогаш е нужно вклучување на вештаци во постапката. Пример за тоа се болките кои оштетениот ги трпи заради смрт на блиско лице, или повредата на душевниот интегритет до која што дошло по пат на објавување информации во медиумите, односно други животни ситуации кога е евидентно постоење на нематеријална штета.

2.3.5. РЕДОВНИ И ВОНРЕДНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ Против одлуките донесени во постапката за надомест на штета, странките можат да

ги изјават сите правни лекови кои се предвидени во редовната парнична постапка (редовни-жалба и вонредни-ревизија и повторување на постапката).

Согласно член 337, став 1 од ЗПП, против пресуда донесена во прв степен странките можат да изјават жалба. Жалбата изјавена во законскиот рок, спречува пресудата да стане правосилна во делот што се побива со жалбата. За жалбата против пресудата одлучува второстепениот суд. Со жалбата, пресудата може да се побива: 1) поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка47, 2) поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба48 и 3) поради погрешна примена на материјалното право49. Второстепениот суд може, согласно член 35 од ЗПП, да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозволена50, да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првостепената пресуда51, да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење52, да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда53. Второстепениот суд може да ја укине пресудата и кога странката бара нејзино преиначување, а може да ја преиначи пресудата иако странката бара таа да се укине.

47 Види чл. 343, ЗПП48 Види чл. 344, ЗПП49 Види чл. 345, ЗПП50 Види чл. 356, ЗПП51 Види чл. 357, ЗПП52 Види чл. 358-360, ЗПП53 Види чл. 360-361, ЗПП

Page 39: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Ревизија, како вонреден правен лек, странките можат да изјават против правосилна пресуда донесена во втор степен, ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000 денари (член 372 ст. 1 и 2, ЗПП). Законот определива, кога ревизијата е секогаш дозволена без оглед на вредноста на спорот54. За ревизијата одлучува Врховниот суд на Република Македонија и може да се изјави поради ограничен број случаи на суштествени повреда на одредбите на парничната постапка и под одредени услови, како и поради погрешна примена на материјалното право. Ревизија не може да се изјави поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба. При тоа, ако утврди основаност на наводите, ревозирскиот суд може да ја укине во целост или делумно пресудата на второстепениот и на првостепениот суд и предметот да го врати на повторно судење или ако ревизискиот суд утврди дека материјалното право е погрешно применето, со пресуда ќе ја усвои ревизијата и ќе ја преиначи побиваната пресуда.

Странка во спорот може да бара повторување на постапката која што со одлука на судот е завршена правосилно, по правило ако: 1) при донесувањето на одлуката учествувал судија, односно судија-поротник кој според законот морал да биде изземен, односно кој со решение на судот бил изземен; 2) на некоја странка со незаконито постапување, а особено со пропуштање на доставувањето не и била дадена можност да расправа пред судот; 3) во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка во постапката или ако странката која е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако парнично неспособната странка не ја застапувал законски застапник, или ако законскиот застапник, односно полномошник на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, доколку водење на постапката, односно вршење на одделни дејствија во постапката не било дополнително одобрено; 4) одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; 5) одлуката на судот се заснова врз исправа што е фалсификувана или во која е заверена невистинита содржина; 6) до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата-поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; 7) странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; 8) одлуката на судот се заснова врз друга одлука на суд или врз одлука на некој друг орган, а таа одлука ќе биде правосилно преиначена, укината, односно поништена; 9) странката узнае за нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка и 10) со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката

54 Види чл. 372, ст. 3 и 4, ЗПП

Page 40: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

на судот55. За повторувањето на постапката одлучува судот пред кого истата се водела (првостепениот или второстепениот суд, во зависност од тоа која постапка се бара да се повтори поради постоење на некоја од наведените причини).56

55 Види чл. 392-394, ЗПП56 Види чл. 395 – 399, ЗПП

Page 41: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

3. ЕМПИРИСКА АНАЛИЗА

3.1. АНАЛИЗА НА СУДСКАТА ПРАКТИКА ОД КАЗНЕН АСПЕКТ

3.1.1. ПАРАМЕТРИ ПОВРЗАНИ СО ПРИТВОРОТ

Проблемот со пречестото изрекување на мерката притвор го привлекува вниманието на правосудната и научната јавност, но и на јавноста во целина, заради фактот што со неговата примена се суспендираат фундаментални човекови слободи и права. Практичната примена на притворот се движи по една тенка линија меѓу настојувањето да се обезбеди присуство на лицето за кое постои сомневање дека сторило кривично дело, од една страна, и начелото дека секој треба да се смета за невин сè додека неговата вина не се докаже со правосилна судска одлука, од друга страна. При определување на мерката притвор потребно е правилно да биде проценет балансот меѓу потребата од ефикасност на кривичната постапка со најблаго засегање во човековите права на засегнатите лица. Практично до започнување со работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), притворот беше примарна и неизбежна мерка за обезбедување присуство во сите сложени случаи и случаи на организиран криминалитет. За првпат во случаи на организиран криминалитет во кои што како осомничени фигурираат поранешни високи функционери на владеачката партија судот започна по основ на барањата за определување мерка од притвор да определува мерки за претпазливост или да оцени дека воопшто нема потреба од определување каква било мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката.

Зачудуваат некои случаи во Македонија каде мерка притвор се определува иако минало подолго време од сторување на делото; не може да поминат без реакција случаи каде после неколкумесечен притвор на обвинетите им се изрекува условна осуда, единствено со цел да се оневозможи основ за надомест на штета заради неосновано лишување од слобода; како контроверзни треба да се третираат случаите кога на обвинетите им се изрекува казна затвор со времетраење идентично со времето минато во притвор, по што се наметнува едно основно прашање – дали во тие случаи воопшто постоела вина или целта е да се „покрие“ притворот и да се одбегне неоснованоста на лишувањето од слобода како основ за надомест на штета и сл.57

57 Г.Бужаровска/А.Мифтари/М.Цаца – Николовска/Ј.Нича, Прирачник за примена на мерката притвор, Здружение на судии на Република Македонија, јануари 2009; Г.Бужаровска/В.Узунов, Притвор - основи, практична примена и чинење, Зборник во чест на проф. д-р Владимир Митков, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, 2010, стр. 323-350; Г.Лажетиќ – Бужаровска/А.Тумановски/С.Андреевска, Примена на мерката притвор според Законот за кривичната постапка од 2010 година - правна анализа , 2015, ЗКПКМ и ОБСЕ Мисија во Скопје.

Page 42: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Некритичкото определување на мерката притвор ја констатирало и Јавното обвинителство на РМ во својот годишен извештај од 2011 година, каде што е наведено дека мерката притвор од јавните обвинители е предлагана, а од судиите прифаќана по сите основи од ЗКП од што се наметнува заклучок дека ниту јавните обвинители ниту пак судот, имале рестриктивен однос кон секоја точка одделно и дека станува збор за формализирање на основите без во секој случај се бидат дадени релевантни податоци за основаноста на нивната примена.58

Во друго релевантно истражување кое се заснова на анкета меѓу обвинителите спроведена во периодот мај – јуни 2014 година, изведен е заклучок дека ниту еден предлог за определување на мерката притвор не бил одбиен како неоснован од страна на судот, иако обвинителите биле искрени и истакнале дека многу често располагаат единствено со доказите што ги добиле во прилог на кривичната пријава, дека честопати ги немаат вештачењата од МВР, дека нема доволно материјални докази кон кривичната пријава и сл., а сето ова укажува на леснотијата со која судијата го прифаќа предлогот без доволни докази што го оправдаат основаното сомневање и основите за кои се бара определување на мерката притвор.59

Податоци за притворени лица. Во Република Македонија притворенички одделенија постојат во казнено-поправните установи од полуотворен вид односно во: Затвор Скопје, Затвор Битола, Затвор Прилеп, Затвор Тетово, Затвор Гевгелија и Затворот за деца во Охрид.

Во годишните извештаи на УИС достапни се податоци поврзани со бројот на притворените полнолетни и малолетни лица само за периодот 2012-2014 година.60 Од Табела 1, евидентно е дека на крајот од секоја година од анализираниот период, бројот на притворените лица бележи незначителни осцилации. Во однос на половата структура на притвореничката популација, таа во 96% е машка популација, со учество на жените притворенички помалку од 3% и незначително учество на притворени малолетниците – 0.9%.

58 Извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2011 година, Скопје, април 2012, стр. 12, достапен на: http://jorm.gov.mk/. 59 Г.Лажетиќ – Бужаровска/А.Тумановски/С.Андреевска, Примена на мерката притвор според Законот за кривичната постапка од 2010 година - правна анализа, 2015, ЗКПКМ и ОБСЕ Мисија во Скопје, стр. 48. 60 Достапни на: http://www.pravda.gov.mk/tekstoviuis.asp?lang=mak&id=godizv.

Page 43: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Табела 1: Број на притворени лица во КПУ и ВПД

Извор: Годишни извештаи на УИС

Притворени лица што се стекнале со право да бараат надомест на штета. Од достапните податоци во годишните извештаи на ДЗСРМ во однос на лицата кои биле пријавени и биле во притвор, прикажани подолу во Табела 2, може да се забележи дека во периодот од 2011 до 2015 година од вкупно 1994 пријавени лица на кои им била определена мерката притвор, за 55 од нив не било поднесено обвинение, односно тие се стекнале со право на надомест на штета поради неосновано лишување од слобода – пријавата била отфрлена односно истрагата била запрена.

Од вкупно 2342 обвинети лица, 83 лица или 3,5% не биле прогласени за виновни, а кон нив била определена мерката притвор и тие се здобиле со право да бараат надомест на штета за неосновано лишување од слобода од аспект на крајниот поволен исход на постапката.

Page 44: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Табела 2: Процесна одлука кај пријавени и обвинети полнолетни лица на кои им била определена мерката притвор

Извор: Статистички годишници на ДЗСРМ

Од податоците достапни во годишните извештаи за работата на јавните обвинителства на Република Македонија, претставени подолу во Табела 3 може да се забележи дека близу 6.700 обвинети лица не биле прогласени за виновни. Од нив за 1.700 обвинети лица судот донел ослободителни пресуди, а во однос на близу 3.000 лица судот го одбил обвинението. Обвинителот по поднесено обвинение го искористил правото да го повлече поднесеното обвинение, и тоа во однос на 1.535 лица. Сите овие бројки говорат за голем број граѓани кои биле инволвирани во кривично-правниот систем без да бидат прогласени за виновни од страна на судот.

Page 45: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Табела 3: Донесени судски одлуки по основ на поднесени обвиненија

Извор: Годишни извештаи на ЈОРМ

Времетраење на определениот притвор. Податоците од ДЗСРМ во однос на пријавени и обвинети полнолетни лица на кои им била определена мерката притвор (види Табела 2 погоре) нудат можност посебен предмет на анализа да биде времетраењето на притворот за оваа категорија лица.

На Графикон 4 подолу прикажано е процентуалното учество на одделните интервали на траење на притворот во периодот од 2011 до 2015 година. Мора да се забележи дека 1/5 од лицата биле во притвор над 15 до 60 дена, што се чини предолго, а особено загрижува податокот дека имало пријавени лица за кои била отфрлена пријавата или запрена истрагата, а поминале во притвор подолго од 2 месеца, па дури и подолго од 3 месеци. Тоа е предолг период на време што зборува во прилог на фактот дека притворот се предлага и кога обвинителството не располага со доволно докази, а ваквите предлози судот некритички ги прифаќа.

Page 46: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графикон 4: Времетраење на притвор кај пријавени лица за кои била отфрлена пријавата или запрена истрагата според вкупното процентуално учество во периодот 2011-2015 година

до 3 д. над 3 до 15 д.

над 15 до 30 д.

над 30 до 60 д.

над 60 до 90 д.

над 90 д.0.0%

5.0%

10.0%

15.0%

20.0%

25.0%

30.0%

35.0%

16.4%

29.1%

21.8% 21.8%

7.3%

3.6%

Извор: Статистички годишници на ДЗСРМ

Доколку се анализираат податоците во однос на притворените обвинети лица што не биле прогласени за виновни (види Табела 2 погоре), во смисла на учеството на секој одделен интервал на траење на притворот во однос на вкупно определените мерки притвор (претставени на Графикон 5 подолу), евидентно е дека најголем број од обвинетите лица кои биле во притвор, а потоа не биле прогласени за виновни, се наоѓале во притвор над 15 до 30 дена (31,3%), но загрижува трендот на зголемување на времетраењето на притворот започнувајќи од најмалку 90 дена па до максималното траење. Определување на мерката притвор и нејзино продолжување без релевантни аргументи само ги мултиплицира основите по коишто засегнатите граѓани се стекнуваат со право да бараат надомест на штета од државата.

Сериозен методолошки недостаток е што траењето на притворот над 180 дена не е специфицирано, иако притворот по влегување во сила на обвинителниот акт може да изнесува една година, односно две години, во зависност од пропишаната казна затвор за односното кривично дело. Временскиот интервал за траење на притворот над 180 до 730 дена претставува енигма зад којашто се затскрива вистинското траење на притворот. Статистичките слабости во овој правец оневозможуваат да се утврди вистинското траење на притворот во однос на 1/5 од засегнатите лица.

Page 47: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графикон 5: Времетраење на притвор кај обвинети лица кои не биле прогласени за виновни според вкупното процентуално учество во периодот 2011-2015 година

до 3 д. над 3 до 15 д.

над 15 до 30 д.

над 30 до 60 д.

над 60 до 90 д.

над 90 до 180 д.

над 180 д.0.0%

5.0%

10.0%

15.0%

20.0%

25.0%

30.0%

35.0%

1.2%

21.7%

31.3%

7.2%4.8%

14.5%

19.3%

Извор: Статистички годишници на ДЗСРМ

Податоците од УИС (Графикон 6 подолу) го поткрепуваат аргументот дека доминира долготрајност на определениот притвор. Од достапните податоци очигледно е дека во 2013 година една третина од сите притворени лица се наоѓале во притвор најмалку 150 дена односно пет месеци, а во 2014 процентуалната застапеност на притворениците кои се наоѓале во притвор најмалку пет месеци се зголемил на 38%. Воедно, во 2014 зголемување бележи и процентуалната застапеност на лица кои се наоѓале во притвор меѓу 120 и 150 дена. Слично како и извештаите на ДЗСРМ, и извештаите на УИС не содржат релевантни податоци за вистинското траење на притворот за периодот од 150 дена до максимално можните 730 дена. И ним може да им се упатат истите забелешки како и во однос на податоците претставени на Графикон 5 погоре.

Page 48: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графикон 6: Времетраење на мерката притвор

повеќе од 150 д.

од 120 до 150 д.

од 90 до 120 д.

од 60 до 90 д.

од 30 до 60 д.

до 30 д.

0 20 40 60 80 100 120 140 160 180

153

50

32

53

72

45

124

40

39

60

90

67

2013 2014

Извор: Годишни извештаи на УИС

3.1.2. АНАЛИЗА НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ЗА КОИ СЕ ВОДЕЛЕ КРИВИЧНИТЕ ПОСТАПКИВо рамките на анализата на кривичните аспекти на надоместот на штета за лицата

што биле неосновано или незаконито лишени од слобода или неоправдано осудени, неминовно се наметнува и потребата од разгледувањето на кривичните дела за кои се воделе овие постапки. Согласно анализираните податоци во Табелата 4 подолу е поместен пописот на кривичните дела за кои биле водени кривични постапки во кои обвинетото лице било неоправдано осудено или неосновано или незаконито лишено од слобода. Притоа, интересно е да се наведе дека во определени пресуди на граѓанските судови во кои била донесена одлуката за надомест на штета, не е нотирано кривичното дело за кое била водена кривичната постапка. Односно, од вкупно анализирани 74 пресуди, граѓанскиот суд основот за водењето на кривичната постапка го елаборирал во 61 случај.

Табела 4: Кривични дела за кои се водела кривичната постапка

Назив на кривичното дело (член од Кривичен законик) Број

Убиство (чл. 123) 4Телесна повреда (чл. 130) 1Повреда на слободата на определување на избирачите (чл. 160) 3Силување (чл. 186) 1Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години (чл. 188) 4Подведување и овозможување полови дејствија (чл. 192) 1Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, 4

Page 49: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

психотропни супстанци и прекурсори (чл. 215)Тешка кражба (чл. 236) 4Разбојништво (чл. 237) 8Затајување (чл. 239) 1Измама (чл. 247) 3Прикривање (чл. 261) и Злосторничко здружување (чл. 394) 1Криумчарење (чл. 278) 2Фалсификување или уништување деловни книги (чл. 280) 1Загрозување на безбедноста во сообраќајот (чл. 297) 1Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353) 7Примање поткуп (чл. 357) 5Фалсификување исправа (чл. 378) 5Насилство (чл. 386) 1Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи (чл. 396) 1Фалсификување на огнено оружје (чл. 396-а) 1Криумчарење мигранти (чл. 418-б) 2

Вкупно: 61

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

При анализата на видот на кривичните дела, генерален е впечатокот дека претставената зачестеност на кривичните дела речиси не отстапува од динамиката на криминалитетот во РМ во текот на анализираниот период.61

Притоа, може да се констатира дека, во рамките на истражуваните пресуди, покрај кривичното дело Разбојништво од чл.237 од КЗ во осум случаи, второ најфреквентно кривично дело за кое било побаран надомест на штета било кривичното дело од членот 353 од КЗМ – Злоупотреба на службената положба и овластување и тоа во седум случаи, односно, малку повеќе од 12% од сите кривични дела отпаѓаат овие двекривични дела.

Причините за зачестеноста на кривичното дело разбојништво во анализираните пресуди за надомест на штета во однос на останатите дела, може да се пронајдат и во фактот дека честопати во практиката ова дело, како насилнички облик на криминалитет, се извршува од страна на повеќе лица и на повеќето од сторителите или и на сите сторители на почетокот од истрагата им се определува мерката притвор. Сепак, за дел од осомничените лица, не е ретка практиката во текот на истрагата да се прецизира

61 Овој аргумент се темели врз основа на податоците утврдени во Статистичките годишници издадени од страна на Државниот заводот за статистика на РМ, достапни на: www.stat.gov.mk.

Page 50: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

процесното својство во извршување на делото, со што дел од нив се ослободуваат од обвинение, јавниот обвинител се откажува од гонење или одлучува да ги гони за полесни облици на кривични дела, па мерката притвор станува непотребна.

Имајќи ги предвид прешироко поставени обележја што го чинат битието на кривичното дело од членот 353 – Злоупотеба на службената положба и овластување, кое во себе содржи низа специфики во однос на откривањето и докажувањето на инкриминираните дејствија, не зачудува фактот што за ова кривично дело, кривичните судови направиле најмногу „грешки“ во однос на ограничувањето на правото на слобода на обвинетото и/или осуденото лице.

Во однос, на групите на кривични дела, може да се констатира дека најбројни се кривичните дела од групата против имотот, што кореспондира со динамиката на кривичните дела во Република Македонија, додека веднаш по нив се кривичните дела против службената должност.

Интересен е податокот дека за постапките што се воделе за кривичното дело од членот 215 од КЗ - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, што е прилично фреквентно дело во практиката на македонските судови, нема преголем број пресуди за надомест на штета во текот на анализираниот период (само 4 од анализираните 61 пресуда). Веројатно ова, во дел, се должи на фактот што делото го вршат лица коишто и претходно се јавуваат како сторители на кривични дела, дел од нив се наоѓаат на издржување казна затвор за други или слични кривични дела, па не ги исполнуваат основите да бараат надомест на штета за неосновано лишување од слобода односно, не е исклучено дека тие во голем број случаи самите придонесуваат за лишување од слобода и поради негативната претпоставка од чл. 553 ст. 3 од ЗКП.

3.1.3. Основи за надомест на штета во анализираните судски одлуки Покрај кривичните дела, истражувачкиот тим ги анализираше и основите по кои

биле поднесени барањата за надомест на штета.Притоа, основите беа поделени во четири групи, согласно податоците од пресудите за надомест на штета. И тоа: Неосновано лишување од слобода како резултат на запрена кривична постапка; Неосновано лишување од слобода како резултат на донесена пресуда со која се одбива обвинението; Неосновано лишување од слобода како резултат на донесена ослободителна пресуда и Неоправдана осудуваност. За жал, во значаен дел од анализираните пресуди (21 %), истражувачкиот тим не беше во можност да го утврди основот поради кој настапило неоснованото или неправилното лишување од слобода.

Графикон 7: Основ за поведување на постапка за надомест на штета

Page 51: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

НЛС одбиено обвинение

31%

Нема наведен основ НЛС/НО

22%

НЛС ослободен од обвинението

30%

НО 11%

НЛС запрена постапка7%

Извор: Анализирани пресуди на истражувачкиот тим

Во однос на податоците од Графиконот 7, од податоците може да се заклучи дека најчесто основи за поведување на постапката за надомест на штета биле пресудите со кои се одбива обвинението или ослободителните пресуди и тоа во 61% од анализираните предмети. Притоа, во првиот случај, односно во случаите на одбивање на обвинението овие пресуди биле донесени најчесто како резултат на откажувањето на јавниот обвинител од обвинението.

Ослободителните пресуди, во анализираните случаи, најчесто биле донесени поради недостиг од релевантни докази кои би го поткрепиле поднесеното обвинение, односно обвинителот не успеал да ја докаже вината вон секакво разумно сомневање. Интригантен за анализа е фактот што во анализираните случаи се бележи релативно низок број на пресуди во кои бил определен надоместокот на штета како резултат на неоправдана осуда. Се наметнува дилемата дали навистина во многу помал број од предметите судот направил грешка или пак, при одлучување по вонреден правен лек судовите водат сметка за одбегнување на основите за надомест на штета поради неоснована осуда со широка, и честопати некритичка, примена на алтернативната мерка – условна осуда.

Загрижува фактот што јавниот обвинител застапувал обвиненија кои не биле поткрепени со доволно докази или за дела кои што не биле кривични дела, а за кои судот донел ослободителна пресуда (и тоа во 30 % од анализираните пресуди). Од друга страна, судот донел формална – одбивателна пресуда, во 1/3 од случаите, како последица, во дел, од откажувањето од гонење на јавниот обвинител, којшто ваквата одлука ја донел по отпочнување на главната расправа.

Page 52: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Водењето на постапка не е основ за надомест на штетаИ покрај фактот што одредбите во ЗКП за неоправдана осуда се сосема јасни и од

нив недвосмислено произлегува дека фактот што против определено лице била водена кривична постапка не е основ да се бара надомест на штета за неоправдана осуда, сепак во практиката се среќаваат пресуди на пониските судови кои и во вакви случаи пресудиле надомест на штета, а Буџетот на РМ бил заштитен со одлука по Ревизија на ВСРМ:

според одлуката на ВСРМ, пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога тужбеното барање на тужителката за надомест на нематеријална штета делумно го усвоиле, а во нејзиниот случај првостепената неправосилна пресуда била изменета по основ на поднесена жалба од страна на второстепениот суд поради што не биле исполнети условите за надомест на штета врз основа на неоснована осуда (ВСРМ, Рев.бр. 707/2005, Збирка на судски одлуки 2004-2014, стр. 282-285);

ВСРМ правилно утврдил дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога досудиле надомест на нематеријална штета поради неосновано и незаконско судење, при што го сметале за ирелевантен фактот што спрема тужителот не била донесена правосилна пресуда со која е изречена санкција, или со која тој е огласен за виновен, како и тоа дека против тужителот не била определена мерка притвор и тој воопшто не бил лишен од слобода. Пониските судови прифатиле дека правото на надомест на нематеријална штета поради неосновано и незаконско судење тужителот го има и како лице, спрема кое правосилно е одбиено обвинението, затоа што во текот на правосилната постапка пред првостепениот суд застапникот на обвинението до завршувањето на главниот претрес се откажал од кривично гонење, односно била донесена правосилна пресуда со која обвинението према тужителот за кривичното дело - „Обљуба со злоупотреба на положбата“, било одбиено. Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека во конкретниот случај не се исполнети условите од Законот за Кривичната постапка, за надомест на нематеријална штета на тужителот (ВСРМ, Рев.2 бр. 630/2011 од 30.05.2013);

ВСРМ правилно одлучил дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право и ги преиначил пресудата на основниот и на апелациониот суд, во случај кога тие спротивно на одредбите од ЗКП, досудиле надомест на нематеријална штета во износ од 1.240.000,00 денари заради претрпени душевни болки поради повреда на угледот и честа и поради претрпен страв и 32.800,00 денари на име трошоци на постапката поради тоа што против тужителката била водена кривична постапка во којшто таа била прогласена за виновна за кривично дело Примање на поткуп и првостепениот суд изрекол условна осуда, а апелационен суд, по жалба, донел ослободителна пресуда. Притоа, спрема

Page 53: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

тужителката воопшто не била определена мерката притвор, туку се бранела од слобода. (ВСРМ, Рев.бр. 707/2005 од 01.11.2006).

Нема основ за надомест на штета ако постапката била запрена, а не била определена мерка притвор Судот правилно одлучил кога во една пресуда целосно го одбил тужбеното барање

на лице кое било приведено во полициска станица заедно со уште 13 осомничени за кривично дело Криумчарење мигранти. Имено, судот оценил дека на лицето не му следува надомест на нематеријална штета поради претрпени душевни болки заради неосновано лишување од слобода кога од страна на специјална единица на МВР бил лишен од слобода и задржан 24 часа па изведен пред судија, а потоа истрагата против него била запрена, а не била определена мерка притвор. Подоцна со решение на Основен суд Скопје 1 оддел за организиран криминалитет истрагата против тужителот била запрена поради недоволно докази дека тој учествувал во сторувањето на наведеното кривично дело. Судот оценил дека самиот престој во полициска станица не може да се смета како доволен основ за надомест на штета, бидејќи е спротивен на одредбите од ЗКП – според кои надомест на штета му следи на лице кое било во притвор а не дошло до поведување кривична постапка или постапката е запрена со правосилно решение. (Основен суд Куманово, П1 бр. 386/2012 од 28.12.2012)

Надомест на штета во случај на судење во отсуство(неоправдана осуда)Во практиката се забележува дека постојат случаи кога обвинетиот е осуден во

отсуство на затворска казна, а по неговото пронаоѓање, најчесто врз основа на потерница, тој веднаш бил спроведен во КПУ за издржување казна затвор. Осудениот во отсуство веднаш поднесува барање за повторување на постапката, коешто судот без исклучок го дозволува поради гаранциите што одбраната ги ужива согласно чл. 6 од ЕКЧП, а имплементирани преку чл. 5 и чл. 456 од ЗКП. Сепак, лицето поминува определен период на време во затвор – најчесто додека не се донесе одлука за повторување на постапката, а во некои случаи (во зависност од тежината на кривичното дело за кое се водела постапката во којашто е осуден во отсуство) по одобреното повторување на постапката ако му е определена мерка притвор, лицето се пренесува во притвореничко одделение во коешто останува, по правило, до донесување пресуда во повторената кривична постапка. Судењето во отсуство не треба да се смета за негативна претпоставка за надомест на штета по основ на неоправдана осуда во случај кога повторената постапка била запрена со решение, била донесена ослободителна или одбивателна пресуда, или била донесена осудителна пресуда со казна затвор во пократко траење од претходната пресуда што е ставена вон сила, или е изречена алтернативна мерка што не се состои во лишување од

Page 54: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

слобода или лицето е огласено за виновно, но ослободено од казна (чл. 42, 43 или 43-а од КЗ).

Од анализираните пресуди од основните судови се забележува дека тие правилно постапуваат кога досудуваат нематеријална штета во случај кога лицето во отсуство било осудено на затворска казна, а по повторената постапка обвинението било одбиено (така на пример, Основен суд Тетово, П бр. 500/12 од 14.03.2013; Основен суд Струга, П1 бр. 165/11, од 17.11.2011; Основен суд Битола, П4 бр. 155/13 од 17.12.2013 и др.).

Сепак, во практиката не секогаш има воедначен став помеѓу пониските судови и ВСРМ во однос на тоа дали лице кое е судено во отсуство има право да бара надомест на штета или пак во ваков случај треба да се смета дека е исполнета негативната претпоставка од чл. 553 ст. 3 од ЗКП и на ова лице не му следува надомест на штета поради недозволени постапки коишто ги презел и коишто довеле до негово лишување од слобода.

Во еден случај основниот и апелациониот суд го одбиле барањето на тужителот за надомест на нематеријална штета, а ВСРМ ги преиначил обете пресуди и досудил нематеријална штета со образложение дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога заклучиле дека за да се надомести штетата потребно е да постои вина на страна на тужениот (РМ), која вина, во конкретниот случај, според оцената на пониските судови, не била утврдена. Имено, кривичната постапка се водела во отсуство на тужителот – обвинетиот кој станал недостапен, за кривично дело Разбојништво, па бидејќи тој бил во бегство, по оцена на пониските судови, самиот придонел за донесување на осудителна правосилна пресуда со изречена затворска казна. Според пониските судови штетата настанала по вина на тужителот – обвинетиот кој станал недостапен, бидејќи самиот се довел во состојба кај него да настане тешка емоционална состојба. Пониските судови погрешно сметале дека негативната претпоставка која е пречка за надомест на штета во случај на неосновано лишување од слобода може да се примени и во случај на неоправдана осуда. Оттука, ВСРМ правилно оценил дека на лицето судено во отсуство му припаѓа правото на нематеријална штета поради неоправдана осуда. (ВСРМ, Рев.2 бр. 745/2010 од 12.04.2012).

Оцена на факти за претрпена штета и во случај кога лицето се наоѓа во установаПогрешно постапиле основниот и апелациониот суд во Штип кога на тужителот

целосно му го одбиле тужбеното барање за материјална штета, нематеријална штета и трошоци во постапката без да се произнесат за решителните факти, единствено поради околноста што тужителот-малолетник во моментот кога му била определена мерка притвор (а подоцна била донесена одбивателна пресуда), веќе се наоѓал во Воспитно-поправна установа поради определена воспитна мерка за друго кривично дело од друг основен суд. Со право ВСРМ оценил дека се сторени суштествени повреди на постапката,

Page 55: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

притоа обете пресуди ги оценил како нејасни и контрадикторни бидејќи не содржат образложение за решителните факти. ВСРМ поточно утврдил дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право и донеле пресуди без целосно да биде утврдена фактичката состојба, односно фактот што тужителот бил неосновано лишен од слобода за времетраење на воспитна мерка не го ослободува судот од обврската да изведува докази од кои со сигурност ќе се утврди дали тој претрпел штета или не. Фактичката состојба останала неутврдена во делот дали тужителот додека траела мерката притвор останал во Воспитно-поправната установа или бил сместен во притвореничко одделение; судот воопшто не утврдил дали додека бил во притвор тужителот-малолетник бил заедно со возрасни притвореници или бил одвоен и сместен во самица; во пресудите од пониските судови воопшто не било утврдено и за кое кривично дело на тужителот му била определена мерката притвор и сл. (ВСРМ, Рев.бр. 702/06, од 14.11.2007).

3.2. АНАЛИЗА НА СУДСКАТА ПРАКТИКА ОД ГРАЃАНСКОПРАВЕН АСПЕКТ

Од граѓанскоправен аспект анализата е напрaвeнa според: а) видовите штета која се побарува и б) определување на надоместокот на штета.

3.2.1. ВИДОВИ ШТЕТА КОИ СЕ ПОБАРУВААТ Во пресудите кои што се предмет на анализа во периодот 2011 – 2015 година се

забележува доминација на барањата за надомест на нематеријална штета, како што е прикажано во Табела 5. Имено во сите случаи, тужителите побарувале надоместување на нематеријална штета, додека во 20 од нив (приближно 38% ) го кумулирале тужбеното барање со барање за надомест и на материјална штета. При тоа, степенот на успешност во спорот исто така е значително повисок кај барањата за надомест на нематеријална штета. Имено, кај барањата за материјална штета успешни биле нешто повеќе од 1/3 од тужителите, додека кај нематеријална таквите барања имаат значително повисок степен на успешност.

Табела 5: Видови штета

Побарана Досудена Материјална штета 20 7Нематеријална штета 54 46

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

3.2.2. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОТ НА ШТЕТАВо сите спорови во кои се побарувал надомест на нематеријална штета судот води

сметка за 1) силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физички болки,

Page 56: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

душевни болки и страв, 2) целта за која служи надоместокот, и 3) за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествената цел.

Во поглед на силината и траењето на повредата судот својата оценка ја темели на вештачење од стручни лица од областа на невропсихијатријата, кое што е застапено во сите спорови во кои што се побарува надомест на нематеријална штета. Вештачењето се однесува најчесто на состојбата на душевниот интегритет, односно силината и траењето на душевните болки кои што ги претрпел оштетениот. Оваа проценка најчесто се прави во врска со наводите на тужбените барања за претрпена повреда на угледот и честа до која што дошло поради неоснованото лишување од слободата. Имено во најголем број од случаите оштетените како основ на побарувањето го истакнуваат токму нарушениот углед и повредата чест која што тие ја уживале во околината, а што кај нив довело до неповолни психички состојби. Ваквата состојба е особено истакната онаму каде спроведувањето на кривичната постапка е проследено со медиумски интерес, што дополнително придонесува за уназадување на севкупното душевно здравје на оштетениот. Бројот на случаите каде што тужителите се повикуваат, а судот пресудува заради непосредната повреда на правото на слобода е помал од 10% од вкупниот број анализирани пресуди. Во пресудите само во еден случај тужителот наведува и нарушување на физичкото здравје во текот на притворот и за тоа побарува надомест на штета. Во поглед на целта за која случи надоместокот и интенцијата истиот да не е спротивен со неговата природа и цел, многу често во пресудите како образложение за определената висина на сатисфакцијата судот наведува дека надоместокот нема и не смее да има лукративна цел.

Генерално земено, во пресудите моралната сатисфакција се изразува како единствен надоместок за сите повреди на личните права кои тужителот ги претрпел со неоснованото лишување од слобода, но недостасува детално образложение како во случаите е определена висината на надоместокот. Како што ќе се види и од анализата од буџетски аспект, но и како што произлезе од дискусиите со стручната јавност, вообичаената висина на материјалниот надоместок на нематеријална штета изнесува околу 2.500 до 3.500 денари. Ваквото изедначување има своја оправданост доколку се однесува само на непосредната повреда на правото на слобода со оглед на фактот дека слободата како вредност е еднаква за сите. Но, ако се земе предвид дека тужбените барања се поднесуваат не само на повредата на слободата туку и на нарушувањето на угледот и честа, нарушување на душевното здравје и сл., тогаш дополнително се потенцира потребата за индивидуализиран пристап на судот во секој од случаите.

Во ниту еден од анализираните случаи оштетените не побаруваат а со тоа судот и не досудува каква било морална сатисфакција за сторената повреда.

Page 57: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Висината на материјалната штета која што ја претрпеле оштетените се определува според поднесени докази за обичната штета, а онаму каде се побарува и испуштена корист се користи вештачење за определување на висината (на пример вештачење за очекувани приноси од насади кои што пропаднале заради тоа што оштетениот бил во притвор).

3.3. АНАЛИЗА НА СУДСКАТА ПРАКТИКА ОД БУЏЕТСКИ АСПЕКТОвој дел од анализата се однесува на буџетските импликации од неоснованото

притворање во Република Македонија. Во основа, анализата го опфаќа периодот 2011 – 2015 година, освен таму каде податоците се однесуваат на малку поразличен временски интервал. Основен појдовен параметар за анализата се во рамките на ова истражување анализираните 51 пресуди за неосновано притворени лица во РМ во овој период, на што се додадени и податоците кои беа обезбедени од државниот правобранител на РМ.

Буџетските трошоци за неоснованото притворање се делат на три вида:1. Трошоци за водење на кривичната постапка за неосновано притворените лица2. Трошоци за притворање на неосновано притворените лица3. Трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица

3.3.1. ТРОШОЦИ ЗА ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ЗА НЕОСНОВАНО ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА

Согласно законските одредби, трошоците за водењето на кривичните постапки опфаќаат: а) трошоци за сведоци, вештаци, преведувачи, толкувачи и стручни лица, за визуелно-тонско снимање и препис на снимките и трошоци на увидот; б) превозни трошоци за обвинетите лица; в) издатоци за приведување на лицата кои се лишени од слобода; г) превозни и патни трошоци на службените лица; д) трошоци за евентуално лекување на обвинетите за време додека се во притвор; ѓ) паушален износ; е) награда и нужни издатоци на бранителите, издатоци на приватните тужители законски застапници; и ж) издатоци на оштетените и на нивните законски застапници. При тоа, во случај кога ќе се запре кривичната постапка, или кога ќе се донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението, нужните трошоци на обвинетите и издатоците и наградите на нивните бранители паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија (освен во случаите наведени под точките б, в, г и д).

Имајќи го ова во предвид, од податоците кои беа расположливи за оваа анализа не може да се дојде ниту до приближно проценување на направените трошоци за водење на кривичните постапки за неосновано притворените лица во РМ во периодот 2011 – 2015

Page 58: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

година. Меѓутоа, заради релативно малиот број на случаи на водени кривични постапки за неосновано притворени лица во однос на вкупниот број кривични постапки, може да се смета дека овој вид на трошоци не придонесува за значително дополнително оптоварување на судскиот буџет во Република Македонија.

3.3.2. ТРОШОЦИ ЗА ПРИТВОРАЊЕ НА НЕОСНОВАНО ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА

Податоците за буџетските трошоци за притворањето на неосновано притворените лица се претставени во Табелата 5. Наведената калкулација се базира на следните претпоставки:

Согласно податоците од ДЗСРМ, бројот на притворените лица согласно траењето на мерката притвор е претставен според интервали на траење на притворот (до 3 дена; над 3 до 15 дена; над 15 до 30 дена; итн.). Во тој случај, за да може да се пресмета, барем со прифатлива апроксимативност, вкупниот број на притворенички денови, тоа е искалкулирано како производ меѓу просечниот број на денови во секој интервал и вкупниот број на притвореници во секој интервал, за целиот петгодишен период;

Цената, односно буџетскиот трошок за еден притворенички ден, се претпоставува во висина од 1.000 денари. Појдовна основа е одредбата од чл. 47 ст. 3 од КЗ, каде што е пропишано дека времето поминато во притвор се засметува во изречената казна, при што еден ден притвор се изедначува со 20 евра во денарска противвредност, што изнесува 1.230 денари. Нашата претпоставка е дека, при определувањето на тој паритет на конверзија“, законодавецот ги имал во предвид буџетските издатоци/трошоци за притворенички/затворски ден, а и дека се тие зголемени за одредена маргина. Оттука, во отсуство на официјален податок за чинење на притворенички ден, поаѓаме од претпоставката дека буџетскиот издаток за притворенички ден реално се апроксимира на нивото од 1.000 денари, во што влегуваат сите трошоци на притворот: храна, хигиена, здравствена заштита, затоплување, ангажирани во сектор за обезбедување, сектор за ресоцијализација и сл.).

Page 59: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Табела 6.

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Добиените податоци покажуваат дека вкупниот број на притворенички денови за неосновано осудени лица во периодот 2011 – 2015 изнесува 10.316 дена. По цена на притворенички ден од 1.000 МКД, вкупниот буџетски издаток за притворањето на неосновано притворените лица во анализираниот период изнесува над 10 милиони денари. Односно, во вкупниот буџет за работење на КПУ за целиот петгодишен период, тоа изнесува 0,42%.

Од друга страна, ако се направи споредба со висината на просечните плати кои се исплатувани во РМ во анализираниот период, наведениот износ на трошоци за притворање на неосновано притворените лица е еднаков на околу 500 просечни месечни плати. Или, ако се направи споредба со просечната плата која ја примаат речиси 80% од вработените во РМ (15.000 ден), истиот износ покрива околу 700 плати. Или пак, ако се направи споредба со висината на минималната гарантирана плата во РМ (10.080 денари), тој износ е еднаков на над 1.000 плати. Конечно, ако се направи споредба и со минималната плата (од 9.000 денари) која се исплаќа во трудоинтензивните дејности (текстилната индустрија и сл.), износот на буџетски трошоци за мерката притвор на лицата што биле неосновано лишени од слобода е еднаков на 1.150 плати, што пак значи дека, за целиот петгодишен период (вкупно 60 плати по лице), целосно би биле покриени платите на околу 20 лица.

Page 60: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

3.3.3. ТРОШОЦИ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА НА НЕОСНОВАНО ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА

Третиот дел од буџетските трошоци за неоснованото притворање се оние кои се наменети за надомест на штетата која ја претрпуваат тие лица. Анализата на овој вид трошоци е направена според достапните јавно објавени и/или добиени пресуди. При тоа, од вкупниот број пресуди, доволен број податоци за оваа анализа има кај 42 пресуди.

Трошоците за надомест на штета се делат на три вида: Надомест на материјална штета Надомест на нематеријална штета Надомест на трошоците направени за водење на постапката

Прв наод од анализата на овој вид трошоци согласно ова истражување е фактот дека, при донесувањето на пресудите, судовите се „штедливи во однос на оптоварувањето на буџетот“. Овој заклучок беше потврден во повеќе наврати и при разговорите со фокус-групите на испитаници кои беа направени во рамките на ова истражување. Во таа смисла, според податоците од анализираните пресуди е видливо дека:

вкупниот износ на побарани надоместоци за материјална штета изнесувал 8.512.485 денари, а вкупниот досуден износ на надомест на материјална штета кај истите пресуди изнесува 3.864.864 денари; значи дека, како материјална штета е признаен износ од 45% од бараната сума;

вкупниот износ на побарани надоместоци за нематеријална штета изнесувал 65.486.050 денари, а вкупниот досуден износ на надомест на материјална штета кај истите пресуди изнесува 15.480.281 денари; тоа значи дека, како нематеријална штета е признаен износ од 23,6% од бараната сума;

вкупниот износ на побарани надоместоци за трошоци на постапките изнесувал 2.106.405 денари, а вкупниот досуден износ за трошоци за постапките кај истите пресуди изнесува 1.807.036 денари; што значи дека, како материјална штета е признаен износ од 86% од бараната сума;

вкупниот износ на побарани надоместоци за вкупна штета (материјална + нематеријална штета + трошоци за постапки) изнесувал 76.104.940 денари, а вкупниот досуден износ на надомест на штети кај истите пресуди изнесува 21.152.181 денари; или, како вкупна штета е признаен износ од 28% од бараната сума, што е малку повеќе од една четвртина од побаруваниот износ;

Бидејќи карактерот на трошоците за претрпената материјална штета и за трошоците на постапката е таков што претпоставува (бара) фактичко докажување на

Page 61: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

штетата, посебно интересен дел за анализа се трошоците за нематеријална штета. Во таа смисла, податоците претставени на графиконите 8, 9, 10 и 11 – кои ја покажуваат дистрибуцијата на досудените износи за нематеријална штета во анализираните пресуди по еден притворенички ден – ги овозможуваат следните наоди:

Досудените износи за надомест на нематеријална штета на неправедно притворените лица по еден притворенички ден се групираат во релативно хомогена шема на дистрибуција; односно, од 42 анализирани случаи, се појавуваат само 5 случаи на досуден значително поголем износ на нематеријална штета од просечниот (Графикон 8);

Ако се земат во предвид сите случаи, просечниот износ за надомест на нематеријална штета изнесува 5.122 денари по ден притвор; но, од таквиот износ многу голем дел од досудените износи отстапува значително под тој просек (Графикон 9);

Просечниот дневен износ за надомест на нематеријална штета од 5.122 денари е висок заради релативно малиот испитуван примерок. Ако се изземе малиот број највисоки износи, просечниот износ за надомест на нематеријална штета изнесува 3.399 денари по ден притвор (Графикон 10); меѓутоа, просечното отстапување и од тој просек не е занемарливо и изнесува 1.026 денари; значи дека, во голем дел на случаи, просечниот дневен износ како надомест на нематеријална штета изнесува околу 2. 300 денари, односно околу 40 ЕУР;

Графикон 8

0

2.000

4.000

6.000

8.000

10.000

12.000

14.000

16.000

18.000

20.000

22.000

24.000

26.000

28.000

30.000

32.000

34.000

дена

ри

Пресуди (случаи)

Дистрибуција на досудените износи за надомест на нематеријална штета во анализираните пресуди (во МКД по ден)

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Page 62: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графикон 9

-5.000-3.000-1.0001.0003.0005.0007.0009.000

11.00013.00015.00017.00019.00021.00023.00025.00027.00029.000

дена

ри

Пресуди (случаи)

Отстапувања од просечниот дневен износ од 5.122 МКД како надомест на нематеријална штета

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Графикон 10

-2.500

-2.000

-1.500

-1.000

-500

0

500

1.000

1.500

2.000

2.500

3.000

3.500

дена

ри

Пресуди (случаи)

Отстапувања од просечниот дневен износ од 3.399 МКД како надомест на нематеријална штета

Извор: Анализирани пресуди од истражувачкиот тим

Разликите меѓу бараниот и досудениот износ за надомест на нематеријална штета, нормално, се разликуваат кај секоја пресуда; притоа, податоците од Графиконот 11 покажуваат дека само кај 4 пресуди нема отстапувања, кај 6 пресуди намалувањето е за 100% од бараната сума, а кај останатите пресуди износот на намалување е меѓу тие две крајности (Графикон 11);

Page 63: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Графикон 11

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

Проц

енти

Пресуди (случаи)

Намалувања на бараните износи за надомест на нематеријална штета (во %; по лице, по ден;)

Анализата покажа дека просечен, т.е. најчесто досуден износ како надомест на нематеријална штета по притворенички ден на неосновано притворените лица во РМ изнесува околу 40 ЕУР, што е само два пати повисок износ од законски определениот износ за кој се засметува притвор во изречената казна (20 ЕУР). Се поставува прашањето, дали праведната (соодветната) „цена“ за ден неосновано лишување од слобода, претрпени болки и страв и нарушен углед, може и треба да биде само двојно поголема од „цената“ за засметување на притворот во изречената казна? Сметаме дека тука не може да се навлезе во целосно издржана дебата за оправданоста (соодветноста) на тој износ како правичен просечен надомест на нематеријална штета. Меѓутоа, ќе го наведеме ставот кој беше искажан и во разговорите со фокус-групите на испитаници кои беа направени во рамките на ова истражување, согласно кој праведниот износ на надомест на нематеријална штета за неосновано притворање би требало да изнесува толку колку што секој притвореник би бил спремен и способен да плати за да не биде во притвор. Така искалкулираниот износ на нематеријална штета има издржана економска логика, која е неопходна кога се говори за пресметување на надомест на нематеријална штета. Таа логика е различна од постојната практика, согласно која неосновано притворените лица бараат (и „докажуваат“) одредена сума како надомест на нематеријална штета и, при тоа, се разбира дека се тие мотивирани да бараат колку што може повеќе, а судовите го намалуваат тој износ, до ниво кое на нив им изгледа „правично“. Се разбира дека тука станува збор само за начин на размислување, а конкретното постапување во практиката создава и голем број практични дилеми, кои треба да бидат соодветно анализирани. Но, тоа не е цел на оваа анализа.

Page 64: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

3.3.4. ВКУПНИ трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица

Калкулирањето на збирните трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица во РМ во периодот од 2011 до 2015 година е обременето со посебни тешкотии. Имено, за потребите на оваа анализа, беа добиени податоци од страна на Државното правобранителство на Република Македонија. Но тие, прво, се однесуваат на периодот 2009 – 2014 година и, второ, не се целосни (отсуствуваат податоци за случаите на државното правобранителство од повеќе градови/области). При тоа, таквите податоци покажуваат дека вкупните трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица изнесуваат 28.999.395 денари, односно околу 470.000 ЕУР. Во таа смисла, ако тој износ да се смета за апроксимативен и за периодот 2011-2015 година, во кој имало 138 неосновано притворени лица со вкупен број од 10.316 притворенички денови, произлегува дека просечниот вкупен надомест на штета по притворенички ден изнесува околу 2.800 денари. Или, просечно по неосновано притворено лице, вкупниот надомест на штета изнесува околу 210.000 денари.

Алтернативно, ако наодите за досудените трошоци за надомест на штета на неосновано притворените лица од нашиот примерок од 42 анализирани случаи, бидат екстраполирани како типични врз вкупниот број од 138 притвореници, вкупниот буџетски издаток за отштета на неосновано притворените лица во анализираниот период ќе изнесува околу 63,5 милиони денари. Во таа смисла, во споредба со висината на просечните плати кои се исплатувани во РМ во анализираниот период, тој износ изнесува околу 3.000 просечни плати. Ако се направи споредба со просечната плата која ја примаат околу 80% од вработените во РМ (15.000 ден), тогаш тој износ изнесува околу 4.200 плати. Ако пак, ако се направи споредба со висината на минималната гарантирана плата во РМ (10.080 денари), тој износ е еднаков на над 6.300 плати, а ако се направи споредба со минималната плата (од 9.000 денари) која се исплатува во претпријатијата од трудоинтензивните дејности (текстилната индустрија и сл.), износот на буџетски трошоци за отштета на неосновано осудените лица е еднаков на над 7.000 плати. Тоа значи дека, за целиот петгодишен период, со тоа би биле целосно (за 5 години по 12 месечни плати) покриени платите на околу 120 лица.

Page 65: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

4. ЗАШТИТА ОД НЕСОНОВАНО ЛИЧУВАЊЕ ОД СЛОБОДА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Практиката на ЕСЧП во однос на неоснованото лишување од слобода ќе биде анализирана низ практиката на Судот во однос на чл. 5 ст. 5 и во однос на чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП.

4.1. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА СПОРЕД ЧЛ. 5 СТ. 5 ОД ЕКЧППравото за надомест на штета на лицата што се незаконски или неосновано лишени

од слобода е уредено и во чл. 5 од ЕКЧП.

4.1.1. ОСНОВСо чл. 5 од ЕКЧП се воспоставува обврската за државите потписнички во

националното право да предвидат надомест на штета како за лицата што се лишени од слобода спротивно на националните закони, така и во случаите кога е констатирана повреда на одредбите од ставовите 1 до 4 од чл. 5 од ЕКЧП. 62 Притоа, повредата може да биде констатирана било од националните судови,63 било од ЕСЧП во Стразбур.64

Дотолку повеќе, применливоста на чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП не зависи од фактот дали националните судови утврдиле дека при лишувањето од слобода на лицето имало определени незаконитости или дека воопшто притворањето било спротивно на законот, ниту пак е потребно да се докаже претпоставката дека во отсуство на ваквите повреди на правата на лицето лишено од слобода, тоа во текот на кривичната постапка би се бранело од слобода.65 Токму ваквото парафразирање на основот за примена на чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП е

62 Види ги на пример случаите: Kushch v. Ukraine, Application no. 53865/11, Judgment 3 December 2015, каде како основ за примена на ставот 5 од членот 5 од ЕКЧП се јавува повредата на ставот 1 од членот 5 од ЕКЧП; или Пресудата во предметот Vachev v. Bulgaria, Application no. 42987/98, Judgment, 8 July 2004, каде судот нашол повреда на ставовите 3 и 4 од членот 5 од ЕКЧП, па сходно на тоа и повреда и на ставот 5 од членот 5, иако според националното законодавство во Р. Бугарија, не било предвиден надомест за неосновано лишување од слобода за лицата што неосновано биле во куќен притвор 5 дена; како и пресудата Şahin Çağdaş v. Turkey, Application no. 28137/02, Judgment, 11 April 2006.63 Види го параграфот 89 од пресудата: Taran v. Ukraine, Application no. 31898/06, Judgment, 17 October 201364 Види: Харис, О`Бојл и Варбрик, Право на Европската конвенвија за човекови права, Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 197, како и ЕСЧП, во случаите: N.C. v. Italy, Application no. 24952/94, Judgment, 11 January 2001 во параграфот 49 од пресудата; или пресудата во предметот Michalák v. Slovakia, Application no. 30157/03, Judgment, 8 February 2011, во параграфот 204.65 Види: Харис, О`Бојл и Варбрик, оп. цит., стр. 197; како и: Guide on Article 5 of The Convention, Right to Liberty and Security, Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014, достапно на: www.echr.coe.int, стр. 34. Во таа насока, интересен е и случајот Lagunov v. Russia, Application no. 40025/10, Judgment, 1 March 2016, каде националниот суд го лишил од слобода лицето Лагунов, за сторен прекршок и го задржал во полициска станица 2 часа. Потоа второстепената комисија утврдила дека нема место за одговорност за сторен прекршок на лицето. Согласно националното право на Русија, надомест за несоновано лишување од слобода е предвиде само за кривичните постапки, а не и за административните престапи. Спротивно на ова Судот во Стразбур има пошироко толкување на примената на ставот 5 од членот 5. Односно, применувајчи

Page 66: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

преточен во пресудите: Blackstock v. the United Kingdom66 во параграфот 51; како и Waite v. the United Kingdom67 во параграфот 73. Што значи дека за примена на овој став е доволно ЕСЧП да утврдил повреда само на некој од ставовите од 1 до 4 од членот 5 од ЕКЧП.68

Ваквата практика на судот е засилена со ставот утврден во пресудата Brogan and Others v. United Kingdom69, дека и во случај кога националните судови утврдиле дека лишувањето од слобода било законито, а ЕСЧП утврдил повреда на некој од ставовите од членот 5, тогаш на лицето му следува надомест на штета од чл. 5 ст. 5.70

4.1.2. ЕФИКАСНА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТАЕСЧП утврдил дека повреда на чл. 5 ст. 5, постои доколку во националните системи

ова право не е предвидено со голема доза на сигурност,71 односно дека надоместокот реално им следува, а не само да постои теоретски. За да се смета дека надоместокот ќе може реално да се ползува потребно е тој да биде предмет на одлучување со соодветни судски пресуди, согласно параграфот 74 од пресудата Dubovik v. Ukraine..72 ЕСЧП смета дека националните судови постапуваат во согласност со чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП доколку постапките што се водат во државите членки се брзи, без преголема бирократизираност и доколку се зема предвид достапната јудикатурата на ЕСЧП за ставовите од 1 до 4 од чл. 5.73

Имајќи го предвид ваквиот став на ЕСЧП, донесена е и пресудата Велинов против РМ.74 Во овој случај ЕСЧП утврдил дека постои повреда на ст. 2 и ст. 5 од чл. 5 од ЕКЧП. Имено, во овој случај е утврдено дека полицајците го лишиле од слобода г-дин Велинов без притоа да го известат за причните за лишувањето од слобода. Причините за лишувањето од слобода биле утврдени дополнително, односно откако г-дин Велинов бил одведен во затворот во Штип, врз основа на упатниот акт за издржување на казна

го за било кој облик на повреда на правото на слобода уредено во членот5 од ЕКЧП. 66 Blackstock v. the United Kingdom, Application no. 59512/00, Judgment, 21 June 2005.67 Waite v. the United Kingdom, Application no. 53236/99, Judgment, 10 December 2002.68 Како на пример во пресудате: Harkmann v. Estonia, Application no. 2192/03, Judgment, 11 July 2006; или: Nechiporuk and Yonkalo v. Ukraine, Application no. 42310/04, Judgment, 21 April 2011, во параграфите 232-234.69 Види ги параграфите 66 и 67 од пресудата Brogan and Others v. United Kingdom, Application no. 11209/84; 11234/84; 11266/84; 11386/85, Judgment, 29 November 1988.70 Така и во пресудата: Didov v. Bulgaria, Application no. 27791/09, Judgment, 17 March 2016. 71 Види: Харис, О`Бојл и Варбрик, op.cit., стр. 198, како и практиката на судот за првпат утврдена во пресудата: Ciulla v. Italy, Application no. 11152/84, Judgment, 22 February 1989; или во пресудите: Lobanov v. Russia, Application no. 16159/03, Judgment, 16 October 2008, во параграфот 54; или параграфот 42 и 43 од пресудата: Özçelik v. The Netherlands, Application no. 69810/12, Judgment, 28 June 2016.72 Види: Dubovik v. Ukraine, Applications nos. 33210/07 and 41866/08, Judgment, 15 October 2009.73 Види го параграфот 84 од пресудата: Dzhabarov and others v. Bulgaria, Applications nos. 6095/11, 74091/11 and 75583/11, Judgment, 31 March 2016, каде судот го одбил тврдењето на Р. Бугарија дека тужителот нема право на надомест на нематеријална штета единествено поради фактот дека во тужбата немало доставено медицинско вештачење за нематеријалната штета, аргументирајќи дека ваквото одлучување на националниот суд претставува преголемо бирократизирање на правото гарантирано во ставот 5 од членот 5 од ЕКЧП.74 Види: Velinov v. Macedonia, Application no. 16880/08, Judgment, 19 September 2013.

Page 67: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

колузионен затвор (затвор поради неплатена парична казна). Причините за издавањето на овој упатен акти биле тривијални, односно, се лоцирани во фактот дека г-дин Велинов не ја доставил уплатницата од платената парична казна во судот, па судот погрешно сметал дека истата не била платена. Понатаму, поднесеното барање од страна на г-дин Велинов за надомест на штета по основ на противзаконито лишување од слобода, било одбиено од страна на Министерството за правда на РМ со образложение дека тој не поднел доказ дека бил погрешно осуден или притворен. Апликантот во тужбата до судот приложил вештачењето, кое потврдило дека тој претрпел нематеријална штета (ментална болка и вознемиреност) како резултат од лишувањето од слобода и спроведување во КПУ. И покрај фактот дека претставникот на РМ тврдел дека апликантот не ги искористил сите национални средства за остварување на своето право за надомест на штета,75 ЕСЧП, со цел да го одбегне преголемиот товар на апликантот за остварување на неговото право на надомест на штета преку повторното излагање на предметот пред националните инстутуции, а имајќи ја предвид констатираната повреда на правото на слобода, констатирал дека постои и повреда на правото уредено во чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП, 76 па определил соодветен правичен паричен надомест во износ од 1.500 Евра, и покрај побараните 9.900 Евра.77

4.1.3. ВИДОВИ НА ШТЕТА ШТО СЕ НАДОМЕСТУВАЕСЧП утврдил дека постоењето на материјална односно нематеријална штета како

последица од повредата на правата утврдени во ставовите од 1 до 4 од членот 5 од ЕКЧП, претставува неопходен предуслов за да се констатира повреда на чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП врз основа на којашто ќе биде определен соодветен финансиски надомест.78

Во оваа смисла, ЕСЧП во пресудата на предметот Wassink v. the Netherlands79, утврдил дека апликантот можеби во конкретниот случај бил жртва на неоносваното лишување од слобода, но за да настапи обврската за определување на финансискиот надомест, неопходно е да се утврди дека кај апликантот настапила материјална или нематеријална штета. Притоа, ЕСЧП утврдил дека пред определувањето на висината на штетата, државата може да побара доказ за причинетата материјална или нематеријлна штета од лицето што било незаконски или неосновано лишено од слобода80.

Низ практиката на ЕСЧП е утврдено и дека засметувањето на времето поминато во притвор како издржан дел од досудената ефективна казна затвор не може да се смета како адекватен и доволен надомест за лицето што е незаконски или неосновано лишено

75 Op.cit., види го параграфот 71 од пресудата.76 Op.cit., види го параграфот 74 од пресудата.77 Op.cit., види го параграфот 100 од пресудата.78 Види: Лич Филип, Поднесување предмети пред Европскиот суд за човекови права, Табернакул, Скопје 2010, стр. 241 .79 Види: Wassink v. the Netherlands, Application no. 12535/86, Judgment, 27 September 1990.80 Оп. цит. Wassink v. the Netherlands, параграф 38.

Page 68: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

од слобода. Односно, доколку лицето лишено од слобода поднесе доволно докази дека претрпел определена материјална или нематеријална штета, тогаш ЕСЧП може да го прифати ваквото образложение и да утврди повреда на чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП81.

4.1.4. ВИСИНА НА НАДОМЕСТОКОТВо однос на висината на надоместокот за незаконитотo лишување од слобода,

ЕСЧП нема развиено практика преку која би биле утврдени посебни правила за одмерување на висината на оштетата. Сепак, толкувајќи го правото од чл. 5 ст. 5 од ЕКЧП, ЕСЧП утврдил дека висината на оштетата не би требало да биде премногу ниска, ниту во диспропорција со сериозноста на претходно утврдените повреди,82 ниту премногу ниска во однос на претходно досудените надоместоци во сличните случаи.83

Притоа, во сите случаи при донесувањето на одлуката за висината на надоместокот ЕСЧП смета дека, самото утврдување на повредата на правото не е доволен противнадоместок, туку е неопходно потребно и определување на дополнителен правичен финансиски надоместок.84

При одмерувањето на висината на материјалната штета за ЕСЧП неопходно е претходно да ја утврди причинската врска помеѓу повредата на правата на апликантот уредено во ЕКЧП и побараната материјална штета.85

Додека пак, при одмерување на висината на нематеријалната штета, водејќи се од критериумите на правичност, ЕСЧП ги зема предвид и околностите како што се: дискирминација, стрес,86 душевна болка,87 страв, несигурност, фрустрации и анксиозност,88

како и тежината на повредите на правото на слобода на лицето лишено од слобода.89 Во однос на барањата за надомест на трошоци, ЕСЧП нивната висина ја определува

согласно реално причинетите трошоци за коишто апликантот ќе обезбеди соодветни докази.

81 Види: Macovei Monica, The right to liberty and security of the person, A guide to the implementation of Article 5 of the European Convention on Human Rights, Council of Europe, 2002, стр. 68; како и пресудата во предметот Włoch v. Poland (no. 2), Application no. 33475/08, Judgment, 10 May 2011.82 Види: Guide on Article 5 of The Convention, Right to Liberty and Security, Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014, оп. цит.83 Види дословно во параграфите 159 и 160 од пресудата: Yaroshovets and others v. Ukraine, Applications nos. 74820/10, 71/11, 76/11, 83/11, and 332/11, Judgment, 3 December 2015.84 Види го на пример параграфот 40 од пресудата: Sahakyan v. Armenia, Application no. 66256/11, Judgment, 10 November 2015.85 Види параграф 105 од пресудата Rehbock v. Slovenia, Application no. 29462/95, Judgment, 28 November 2000.86 Види го на пример параграфот 86 од пресудата: Waite v. the United Kingdom, оп. цит.87 Види го на пример параграфот 114 од пресудата: Strogan v. Ukraine, Application no. 30198/11, Judgment, 6 October 2016.88 Види го на пример параграфот од пресудата: Blackstock v. the United Kingdom, оп. цит., или параграфот 102 од пресудата: Taran v. Ukraine, оп. цит. 89 Види го на пример параграфот 61 од пресудата: S.A. v. Turkey, Application no. 74535/10, Judgment, 15 December 2015.

Page 69: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Конечно во поновите предмети,90 ЕСЧП дури го определува и надоместокот без да наведе определни дополнителни вербални образложенија на својата одлука, туку истите ги дава во вид на табеларен приказ притоа повикувајќи се врз долгата, непротивречна и добро етаблирана традиција на постапување на ЕСЧП во сличните случаи.

4.2. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА СПОРЕД ЧЛЕНОТ 3 ОД ПРОТОКОЛОТ 7 КОН ЕКЧПСпоред чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП, е предвидено правото за надомест на

штета во случаи на погрешна, односно неправична осуда (wrongful conviction). Притоа, за да постои ова право, неопходно е потребно лицето да било правосилно осудено, а потоа со друга правосилна пресуда да биде ослободен од вината или да биде донесена пресуда со која се одбива обвинението. Според толкувањето дадено од Советот на Европа, за примена на овој член е неопходно потребно судската пресуда со која апликантот е осуден да станала правосилна, односно неотповиклива. Ова подразбира дека оваа пресуда според одредбите во националниот правен систем не може да биде обжалена со редовните правни лекови односно неопходно е претходно овие правни средства да биле исцрпени или да истекле роковите за нивно поднесување.91

Тоа значи дека гаранциите утврдени во чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП не се применуваат во случаите кога во однос на обвинетиот била донесена поволна одлука било од првостепениот било од повисокиот суд во постапката по жалба.

Во таа насока е и одлуката на ЕСЧП во случајот Наков против РМ,92 со која се одбива предметот на г-дин Наков, со образложение дека на апликантот не му биле повредени правата согласно чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП, а по основ дека правичниот надомест за штета бил прениско определен од страна на националните органи, што според него претставува погрешна односно неправична осуда. Имено, апликантот се обратил до ЕСЧП за повреда на неговото право од чл. 3 од Протоколот 7, поради фактот што апликантот сметал дека националните судови не му го заштителе соодветно правото на надомест на штета поради неоправдано лишување од слобода. Според околностите на случајот апликантот останал незадоволен од висината на досудениот надоместок од страна на националните судови, досуден за времето поминато во притвор од триесет дена во текот на истрагата, која подоцна била запрена по службена должост од Вишото јавно обвинителство поради истекот на роковите за апсолутна застареност на кривичното гонење. Притоа, апликантот навел дека ваквото однесување на националните судови, всушност претставува неправична осуда. Во овој случај ЕСЧП зазел став дека не може да одлучува како касационен орган во однос на националните судови, при што ЕСЧП утврдил 90 Види ја пресудата: Ushakov and others v. Russia, Applications nos. 46871/07, 55534/07, 7503/09, 62699/10 and 56828/11, Judgment, 22 September 2016.91 Види го параграфот 22 од Автентичното толкување на Протоколот 7 од ЕКЧП, достапно на: https://rm.coe.int/CoERMPublicCommonSearchServices/DisplayDCTMContent?documentId=09000016800c96fd 92 Види ја одлуката: Nakov v. Macedonia, 3-rd section Decision as to the Admissibility of Application no. 68286/01.

Page 70: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

дека на апликантот не му биле сторени тешки неправди како резултат од дефект во судската постапка.93

Дополнителен факт што е condition sine qua non за примена на чл. 3 од Протоколот 7, е потребата да се работи за нов факт што не му бил познат на осудениот во моментот кога била донесена правосилната осудителна пресуда.94 Имено, токму врз основа на овој нов факт се води и новата постапка, која завршува со правосилна пресуда со која осуденото лице е ослободено од вина или пресуда со која се одбива обивнението, со што неспорно се потврдува фактот дека се работи за грешка на судот при донесувањето на првата осудителна пресуда.

Притоа, согласно толкувањето на овој член, ЕСЧП нема интенција да воведува дефиниција за неправична осуда, ниту, пак, да воведе правила за поведување на постапки во државите за оценување на неправичните/неправилните осуди.95

Имајќи ја предвид рестриктивноста во примената на заштитата на правото за надомест на штета уредено во чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП, очекувана е и ограничената јуриспруденција на ЕСЧП. Имено, во последните пет години според овој основ била донесена само една пресуда и тоа во случајот Poghosyan and Baghdasaryan v. Armenia96. Судот во овој случај утврдил повреда на овој член бидејќи согласно фактите, во националното право на Ерменија не била предвидена можноста за надомест на нематеријалната штета за неправилно осудените лица, туку само надомест на материјална штета. Токму затоа, ЕСЧП утврдил повреда на правото од чл. 3 од Протоколот 7 кон ЕКЧП, бидејќи во конкретниот случај на апликантите од страна на националните судови им била досудена само материјална штета поради тоа што биле правосилно осудени за кривично дело убиство и силување, за кое и започнале да ја издржуваат казната затвор, а пресудата била донесена од страна на првостепениот суд која се засновала врз признанија на обвинетити, кои биле дадени со примена на дејствија на тортура врз нив од страна на полицајците кои го изнудиле признанието. Ваквиот факт бил утврден од страна нанационалните судови во Ерменија, кога во друга истрага се утврдиле вистинските сторители на кривичното дело за кое претходно биле осудени апликантите, а подоцна со судска пресуда од страна на судовите во Ерменија се потврдила тортурата од страна на полициските службеници врз апликантите со која го изнудувале нивното признание.

93 Види: Харис, О`Бојл и Варбрик, оп. цит. Стр. 750.94 Види го параграфот 24 од Автентичното толкување, оп. цит.95 Op.cit., параграф 23.96 Види: Poghosyan and Baghdasaryan v. Armenia, Application no. 22999/06, Judgment, 12 June 2012.

Page 71: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ

Врз основа на спроведената анализа на законодавството и на практиката се изведуваат следните заклучоци:

Правната рамка во Република Македонија овозможува заштита на правото на слобода на граѓаните во случаите кога тоа е нарушено од државата поради водење кривична постапка. Законот за кривичната постапка ги дефинира основите кога лице кое било неосновано лишено од слобода (незаконито и неосновано притворено, односно неоправдано осудено) може да побарува надомест на штета и остварување други права. Законот за облигационите односи го препознава правото на слобода како лично права и дава основ штетата настаната со негова повреда да се надомести дури и без постоење на посебните основи во ЗКП. Од овај аспект ЗКП ќе се јави како посебен закон во однос на ЗОО па судот својата одлука примарно ќе ја темели на нормите на ЗКП а за определување на надоместокот на штета ќе се раководи по ЗОО. Законите не исклучуваат можност тужбеното барање да опфаќа надомест и поради повреда на други лични права до кои дошло со неоснованото лишување од слобода.

Споредбата на бројот на лица кои што имаат право на надомест на штета со бројот на повредени случаи (според информациите до кои што дојде тимот) покажува дека ова право не го остваруваат сите лица. Споровите се водат како редовни спорови за надомест на штета и о

Постапката за надомест на штета започнува како управна постапка за склучување спогодба помеѓу лицето кое бара надомест на штета и Министерството за правда. Но, ова се покажува како целосно неефективен дел од постапката за надомест на штета. Министерството за правда има игнорантски однос кон барањата за надомест на штета, со оглед на фактот што подносителите на барањето не добиваат никакво известување по основ на поднесеното барање. Со ова се придонесува за одолговлекување на постапката за надомест на штета. Имајќи го предвид фактот дека судот при одлучувањето за висината на справедливиот паричен надоместок, го зема предвид и времето изминато од настанувањето на штетата до донесувањето на одлуката, ако должината на чекањето на сатисфакцијата и другите околности го оправдуваат тоа, оваа оддолжување е на товар на државата. Слично и кај материјалната штета се зголемува времетраењето на течење на камати. Оттука, секое пролонгирање на донесување на одлука за надоместувањето на штетата го зголемува износот што конечно треба да биде исплатен на оштетеното лице.

Page 72: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Околноста што обвинетиот станал недостапен за органите на прогонот и му било судено во отсуство не смее да се цени како негативна претпоставка поради која осудениот во отсуство го губи правото да бара надомест на штета по основ на неоправдана осуда во случај кога повторената постапка била запрена со решение, или била донесена ослободителна односно одбивателна пресуда. Погрешна е примената на материјалното право кога пониските судови сметаат дека со бегството осудениот самиот придонел за донесување правосилна осудителна пресуда со изречена казна затвор. Од анализата произлезе впечаток, иако овој аспект беше недоволно елабориран во анализираните пресуди, дека во дел од случаите во повторената постапка била донесена одбивателна пресуда поради застареност на кривичното гонење. Имено, не се исклучени случаите кога осудениот во отсуство тактизира со моментот кога ќе бара повторување на постапката со цел во повторената постапка да настапи застареност на кривичното гонење и да оствари право за надомест на штета поради неоправдана осуда или и поради неоправдана осуда и поради неосновано лишување од слобода;

Сознанието дека „цената“ за ограничување на слободата во РМ е многу ниска и дека судиите во граѓанските судови имаат етаблирана практика за досудување мали и незначителни износи за надомест на штета, негативно се одразува врз судиите во кривичната постапка некритички да определуваат мерка притвор. Дополнително, изедначувањето на висината на материјалната сатисфакција за сите кои тоа го побаруваат има своја логика само кога се одлучува за надоместокот за повреда на правото на слобода. Имајќи го предвид фактот дека притворот влијае на душевното и на физичкото здравје, загубата на приватноста и во одредени случаи медиумската експонираност, начинот на кој лицето се реинтегрира во средината во која што живее, односно на неговиот углед и чест, овие околности судот треба да ги цени засебно и индивидуално;

Остварувањето на правото за оштетените дополнително се отежнува со тоа што одлуките на судовите не се извршуваат доброволно. Според информациите од Државното правобранителство само во еден од случаите пресудата е извршена од страна на Министерството. Во сите други случаи дошло до присилно извршување. Отсуството на подготвеност доброволно да се исплати досудениот износ на име надомест на штета поради неосновано лишување од слобода или неоправдана осуда од страна на Министерството за правда, придонесува за зголемување на трошоците поради ангажирање извршител за присилна наплата;

Page 73: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Врз основа на заклучоците ги даваме следните препораки:

Министерството за правда да ја преиспита својата улога во постапките за склучување спогодба за надомест на штета. Онаму каде прашањата не се спорни, Министерството треба доследно да ја остварува задачата што му е доверена со Закон. Секое одлговлекување на постапките е на штета на лицата кои што се оштетени и истовремено на штета на даночните обврзници во Република Македонија;

Мерката притвор е само една од мерките за обезбедување присуство во кривичната постапка, па на тој начин и треба да се гледа на неа. Некритичкото определување на мерката притвор е спорно како од аспект на заштита на првата и на слободите на граѓанските така и од аспект на заштита на имотните интереси на Република Македонија и нејзините даночни обврзници;

Судовите треба да го преоценат системот на изедначување на надоместоците за сите лица кои имаат право и да го индивидуализираат пристапот согласно спецификите и околностите на секој случај одделно;

Имајќи ги предвид одредбите од ЗОО (чл. 193), се чини дека треба да се преиспита постоењето на одредбата во ЗКП (чл. 552) во однос на правата на наследниците. ЗОО дозволува налетување на барањето за надомест на нематеријална штета ако е поведена постапка, додека ЗКП е порестриктивен;

Законот за парничната постапка да се преиспита од аспект на дозволеност на ревизија во овие спорови. Имено, од анализа на пресудите се наметна прашањето дали висината на предметот на спорот е неопходен услов за ревизија во овие спорови. Имено, во неколку од анализираните пресуди Буџетот на РМ неизбежно би претрпел штета ако до ВСРМ по основ на ревизија не стасал предметот каде што основниот и апелациониот суд досудиле надомест на штета само заради водење на кривична постапка, со што на погрешен начин ги примениле одредбите од ЗКП. ЗПП овозможува исклучоци односно дозволува ревизија без оглед на вредноста на спорот (чл. 372, ст. 3), па сметаме дека треба да се преоцени дали истата треба да се дозволи и во овие случаи;

Законот за парничната постапка и Законот за судските такси наметнуваат обврска за плаќање такса и во овие спорови. Со оглед на тоа дека повод за спорот, во својата есенција, е повреда на човековите права од страна на државата, сметаме

Page 74: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

дека одредбите на Законот за судските такси треба да се ревидираат така што ќе се овозможи ослободување од обврска за плаќање такса во овие спорови.

Page 75: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

D. Kos/ D. Novosel/S. Nola/H. Božiċ/G. Klariċ/A. Koridej/A. Pavičiċ, Zakon o kaznenom postupku i drugi izvori kaznenog postupovnog prava, Narodne novine, Zagreb, 2014;

I. Crnić, Neimovisnka šteta, Zagreb, 2006

J.Brežanski, Odgovornost države za štetu u slučaju neopravdane osude ili neosnovanog uhićenja, www.vsrh.hr/;

M. Goreta, I. Peko-Čović, N. Buzina, Psihijatriska vještačenja – Zbirka ekspertiza, Knjiga druga: Građansko pravo, Naklada Zadro, 2006

M. Мacovei, The right to liberty and security of the person, A guide to the implementation of Article 5 of the European Convention on Human Rights, Council of Europe, 2002.

T. Vasiljeviċ/M. Grubač, Komentar Zakonika o krivičnom postupku, deseto izмenjeno i dopunjeno izdanje, IPD Justinijan, Beograd, 2005;

А. Дума/А. Гутевска, Судско-медицинско вештачење на последиците на телесните повреди во рамките на граѓанското право кај Миленков Д. ( уред.), Нематеријална штета (семинарски материјал), Академик, Скопје, 2006

Б.Чадиковки/П. Кировски,/М. Левенски, надомест за стравот, болката и психичкото страдање, Македонска ревија за казнено право и криминологија, бр. 1, Здружение за кривично право и криминологија на Република Македонија, Скопје, 1998

В. Коцо, Надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки поради намалување на животнатата активност кај Миленков

Г. Галев, Штета, Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први во Скопје во чест на Стрезо Стрезовски, том 41, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, 2006

Г. Галев/Ј. Дабовиќ Анастасовска, Облигационо право, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2008

Г. П. Илић/М. Мајић/С. Бељански/ А. Трешњев, Коментар Законика о кривичном поступку, Службени Гласник, 2012;

Д. Поп Горгиев, Облигационо право, Скопје 1990, стр. 413

М. Шкулиќ, Коментар Законика о кривичном поступку, Службени гласник, Београд, 2007;

М.B.Мarković, Osnov odgovornosti za štetu zbog neosnovanog lišenja slobode i neosnovane osude, PRAVO – teorija i praksa, br. 01-03/2014, str. 40-52;

Page 76: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

М.Grubač, Naknada štete za neopravdanu osudu i neosnovano lišenje slobode, Savremena administracija, Beograd, 1979;

М.Ристова, Oснови за надомест на штета на лица незаконито лишени од слобода, притворени или незаконито осудени, 04.06.2013, http://www.vsrm.mk/Strucni_dela.aspx?delo=9;

М.Ристова, надомест на нематеријална штета причинета со деликти, Деловно право , Година Х, бр. 20, Здружение на правниците, Скопје, 2009, стр. 170

Н. Матовски/Г. Лажетиќ Бужаровска/Г. Калајџиев, Казнено процесно право, второ изменето и дополнето издание, Академик, Скопје, 2011;

П.Марина, Коментар на Законот за кривичната постапка, Култура, Скопје, 1979;

Ф. Лич, Поднесување предмети пред Европскиот суд за човекови права, Табернакул, Скопје 2010.

Харис, О`Бојл, Варбрик, Право на Европската конвенвија за човекови права, Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009.

Meѓународни документи:

Европска конвенција за основните човекови права и слободи, Совет на Европа, 1950; International Covenant on Civil and Political Rights, United Nations, Treaty Series no. No.

14668; Protocol No. 7 to the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental

Freedoms, Strasbourg, 22.XI.1984, European Treaty Series - No. 117.Автентичното толкување на Протоколот 7 од ЕКЧП, достапно на:

https://rm.coe.int/CoERMPublicCommonSearchServices/DisplayDCTMContent?documentId=09000016800c96fd

Guide on Article 5 of The Convention, Right to Liberty and Security, Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014, достапно на: www.echr.coe.int

Пресуди на Европскиот суд за човековите права:

Kushch v. Ukraine, Application no. 53865/11, Judgment 3 December 2015Vachev v. Bulgaria, Application no. 42987/98, Judgment, 8 July 2004.Şahin Çağdaş v. Turkey, Application no. 28137/02, Judgment, 11 April 2006.

Page 77: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

Taran v. Ukraine, Application no. 31898/06, Judgment, 17 October 2013.N.C. v. Italy, Application no. 24952/94, Judgment, 11 January 2001.Michalák v. Slovakia, Application no. 30157/03, Judgment, 8 February 2011.Lagunov v. Russia, Application no. 40025/10, Judgment, 1 March 2016.Blackstock v. the United Kingdom, Application no. 59512/00, Judgment, 21 June 2005.Waite v. the United Kingdom, Application no. 53236/99, Judgment, 10 December 2002.Harkmann v. Estonia, Application no. 2192/03, Judgment, 11 July 2006; Nechiporuk and Yonkalo v. Ukraine, Application no. 42310/04, Judgment, 21 April 2011.Brogan and Others v. United Kingdom, Application no. 11209/84; 11234/84; 11266/84;

11386/85, Judgment, 29 November 1988.Didov v. Bulgaria, Application no. 27791/09, Judgment, 17 March 2016. Ciulla v. Italy, Application no. 11152/84, Judgment, 22 February 1989.Lobanov v. Russia, Application no. 16159/03, Judgment, 16 October 2008.Özçelik v. The Netherlands, Application no. 69810/12, Judgment, 28 June 2016.Dubovik v. Ukraine, Applications nos. 33210/07 and 41866/08, Judgment, 15 October 2009.Dzhabarov and others v. Bulgaria, Applications nos. 6095/11, 74091/11 and 75583/11,

Judgment, 31 March 2016.Velinov v. Macedonia, Application no. 16880/08, Judgment, 19 September 2013.Wassink v. the Netherlands, Application no. 12535/86, Judgment, 27 September 1990.Włoch v. Poland (no. 2), Application no. 33475/08, Judgment, 10 May 2011.Yaroshovets and others v. Ukraine, Applications nos. 74820/10, 71/11, 76/11, 83/11, and

332/11, Judgment, 3 December 2015.Sahakyan v. Armenia, Application no. 66256/11, Judgment, 10 November 2015.Rehbock v. Slovenia, Application no. 29462/95, Judgment, 28 November 2000.Strogan v. Ukraine, Application no. 30198/11, Judgment, 6 October 2016.S.A. v. Turkey, Application no. 74535/10, Judgment, 15 December 2015.Ushakov and others v. Russia, Applications nos. 46871/07, 55534/07, 7503/09, 62699/10 and

56828/11, Judgment, 22 September 2016.Nakov v. Macedonia, 3-rd section Decision as to the Admissibility of Application no. 68286/01.Poghosyan and Baghdasaryan v. Armenia, Application no. 22999/06, Judgment, 12 June 2012.

Закони Закон за облигационите односи, Закон за облигационите односи („Службен весник на

Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013)

Закон за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).

Закон за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993; 3/1994; 14/1995; 71/1996; 32/1997; 24/2000; 96/2000; 5/2001;

Page 78: ВОВЕДsvedok.org.mk/uploads/documents/121/ANALIZA NEOSNOVANO... · Web viewАмбасадата на Кралството Холандија во Македонија Скопје,

50/2001; 85/2003; 50/2004; 4/2005; 84/2005; 101/2005; 70/2006; 153/2007; 152/2008; 161/2008; 81/2009; 156/2009; 83/2010; 156/2010; 24/2011 и 51/2011)

Закон за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008 и 150/2010).

Закон за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 114/2009, 148/2011, 106/2013 и 166/2014).