38
Годишен извештај 2011

македонски (pdf 2 mb)

  • Upload
    hanhan

  • View
    259

  • Download
    2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: македонски (pdf 2 mb)

Годишен извештај

2011

Page 2: македонски (pdf 2 mb)

постоиме за васи вашата сигурност

Го чуваме вашиот имот, се грижиме за вашиот бизнис, за вашата иднина, а во време на неволја

ние сме тука да ви подадеме рака.

Page 3: македонски (pdf 2 mb)

АД “Осигурителна полиса” - Скопје на осигурителниот пазар во Р.Македонија се појавува како ново друштво за осигурување во 2005 год. Друштвото има добиено Решение за издавање на дозвола за вршење на работи на осигурување бр.11-8020/8 од 04.05.2005 год. од страна на Министерот за финансии на Р.Македонија. Со решение Трег. Бр. 2320/2005 од 09.05.2005 год. донесено од Основниот суд Скопје 1 – Скопје извршен е упис на Друштвото во Трговскиот регистар. Друштвото е членка на Националното биро за осигурување врз основа на Одлука на Собранието на Бирото бр. 0201-794/05 од 06.07.2005 год.

Вкупно запишаната главнина изнесува 3.009.010 евра и е содржана од 300.901 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција.

Вкупниот број на иматели на акции е 43.

Во Декември 2011 година седиштето на друштвото е пререгистрирано на ул. Климент Охридски бб-Скопје.

Друштвото има вкупно 129 вработени.

Управувањето и раководењето на Друштвото се остварува преку Собранието на акционери, Одборот на директори и Извршниот директор.

Одборот на директори е составен од три члена, од кои еден е извршен и двајца се неизвршни членови, и тоа:

Васил Влашки-претседател

Стеван Томовски-неизвршен член

Владимир Тошевски-извршен член

Во текот на 2011 година Одборот на директори одржа 19 седници на кои беше разгледувана деловната политика, резултатите од работењето и беа донесувани општи акти на друштвото.

Ревизијата на финансиските извештаи и годишната сметка за 2011 година ја изврши ревизорската куќа Мур Стивенс Доо-Скопје.

профил на друштвотоправен статус и седиште на друштвото

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 3

Page 4: македонски (pdf 2 mb)

претседател на одборот на директори

постои само еден пат до успехот, трудо убивост и целосна посветеност кон работата.

Претседател на Одборот на директори,

Васил Влашки

4 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 5: македонски (pdf 2 mb)

Дами и господа,

А.Д. Осигурителна полиса го продолжува својот деловен од и во 2011 година. Годишниот извештај за деловната година што истече го потврдува патот на тој развоен од.

Ми претставува задоволство да ги известам акционерите и деловните партнери дека АД Осигурителна полиса заврши уште една успешна деловна година.

Во услови кога во опкружувањето значително се почувствуваа последиците на економската рецесија и кога последиците од пошироката општа економска криза во светот предизвикаа редукција во обемот на производството и услугите и кај економските субјекти во Република Македонија, АД Осигурителна полиса со зголемена деловна активност на менаџментот, вработените и сите надворешни соработници го одржа и го надгради својот економски потенцијал.

И во специфичен економски амбиент кога јавната потрошувачка бележи пад, економските перформанси од нашето работење се движат во насока на задржување на обемот и профитабилноста во работењето од претходните години.

Ја користам приликата да изразам благодарност и признание за напорот што го вложија моите соработници, за да го одржиме планираното и очекувано ниво на полисирана премија и сурогатите од неа, да го подобриме степенот на наплата на приходите, и да обезбедиме штедливо работење и заштита на правата на клиентите преку динамиката на исплата на штети.

Со внимателна селекција на договорените аражмани, нашата активност и во 2011 година ги поднесе притисоците и влијанијата на кризата, но тоа не треба да не наведе на самозадоволно чувство дека сме постигнале максимум. Развојот на настаните во економијата на државата и опкружувањето сè уште се закануваат да предизвикаат и нови негативни последици.

Резултатите кои ги постигнавме во деловната 2011 година нè обврзуваат на трајна посветеност на целите на нашата компанија, како и на интересите на клиентите и на акционерите, за одржување и унапредување на стандардите во работењето што објективно ќе овозможат позабележителен раст. Верувам дека имаме сила да се соочиме со таквиот предизвик.

Очекувам дека резултатите кои ги постигнавме во 2011 година, ќе создадат услови во иднина да надминеме некои од покажаните слабости во работењето и дека ќе стимулираат интерес кај нашите постојни клиенти, но и кај нови, за да ги вклучиме во семејството на АД Осигурителна полиса како резултат на уште поуспешно работење.

Ви благодарам

обра а е нагенералниотдиректор

Генерален директор Владимир Тошевски

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 5

Page 6: македонски (pdf 2 mb)

стратеГија на работе ето

сиГурност

Во секој момент од вашиот живот потребен е некој на кој ќе можете да се потпрете, компанија во која ќе имате потполна доверба.

Наша цел е да ви обезбедиме највисоко ниво на стабилност и сигурност.

1. општо економско опкружува е ...............................................82. деловна политика ........................................................................92.1 политика на управува е со ризик ...........................................102.2 сметководствени политики ......................................................132.3 развојни политики .....................................................................13

Page 7: македонски (pdf 2 mb)
Page 8: македонски (pdf 2 mb)

Во текот на 2011 година продолжи економското закрепнување на светската економија, предизвикано од високите стапки на раст на голем број брзорастечки економии и земји во развој. Меѓутоа, глобалната неизвесност и понатаму се зголемува, што подразбира и потенцијално зголемени ризици за домашните економии. Од тука се наметнува и потребата од внимателно следење на состојбите, со цел навремено и соодветно прилагодување на новонастанатите прилики.

Најновите економски движења кај земјите од регионот и од Западен Балкан се прилично дивергентни, но заздравувањето продолжува со скромни стапки на раст.

Менаџментот на Друштвото вложи огромни напори да го задржи и следи трендот на развој на БДП во Република Македонија низ остварената продукција.

Нагласената зголемена конкуренција на осигурителниот пазар доведе до зголемување на трошоците за реализација на полисите за осигурување.

Менаџментот на Друштвото посвети значајно внимание на управувањето со ризиците, усоглаување со бројните измени во Законот за супервизија на осигурување и останатата подзаконска регулатива, особено во делот на техничките резерви, што дава сигурност дека Друштвото во секој момент ќе може да ги сервисира настанатите обврски за штети и сите останати доспеани обврски.

1. општо економско опкружува е

8 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 9: македонски (pdf 2 mb)

2.деловна политика

АД “Осигурителна полиса” своето работење го организира за вршење на работи на осигурување, и тоа:

склучување и исполнување на договори за неживотно осигурување;

склучување и исполнување на договори за соосигурување;

склучување и исполнување на договори за пасивно реосигурување.

Во рамките на осигурителната дејност, Друштвото ги врши следните работи директно поврзани со осигурувањето, и тоа:

посредување во договарање на осигурување и реосигурување,

операции со фјучерс договори, опции, како и други слични финансиски инструменти, доколку истите се користат како обезбедување од ризици настанати како резултат на флуктација на девизниот курс и каматните стапки,

снимање на ризици,

снимање и проценка на штети,

посредување при продажба и продажба на остатоци од осигурени оштетени предмети,

воведување мерки за спречување, намалување и отстранување на штетите и ризиците кои претставуваат опасност во неживотното осигурување,

укажување правна помош во осигурувањето и

укажување на други интелектуални и технички услуги поврзани со работи на осигурување.

Согласно Решението за издавање на дозвола за вршење на работи на осигурување, Друштвото врши работи на осигурување во рамките на следните класи на осигурување:

осигурување од последици од несреќен случај - незгода (вклучувајќи и индустриски повреди и професионални заболувања) во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда;

здравствено осигурување;

осигурување на моторни возила (каско);

осигурување на шински возила (каско);

осигурување на воздухлоплови (каско);

осигурување на пловни објекти (каско);

осигурување на стока во превоз (карго);

осигурување на имот од пожар и природни незгоди;

други осигурувања на имот;

осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;

осигурување од одговорност од употреба на воздухлоплови;

осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;

општо осигурување од одговорност;

осигурување на финансиски загуби и

осигурување на туристичка помош.

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 9

Page 10: македонски (pdf 2 mb)

2.1 Политика на уПравува е со ризик

АД ‘‘Осигурителна полиса‘‘, Политиката на управување со ризик ја креира согласно прописите за управување со ризик уредени со Законот за супервизија на осигурувањето, водејќи при тоа постојано сметка за потребното ниво на обемот на капиталот, маргината на солвентност, техничките резерви и нивното вложување.

Вкупниот капитал на Друштвото изнесува 249.457.556 денари односно 4.053.125 евра.

Технички резерви на 31.12.2011

Ред.Бр. Опис Износ

1 Резерва за преносни премии - осигурување 258.813.243

2 Резерва за преносни премии - реосигурување 26.310.590

3 Резерва за бонуси и попусти 15.287.096

4 Резерва за штети - осигурување 222.018.338

5 Резерва за штети - реосигурување 17.602.023

6 Други технички резерви (мкш)

7 Вкупни технички резерви (1 - 2 + 3 + 4 - 5 + 6) 452.206.064

денари евра

1 Акционерски капитал 184.696.368 3.000.901

2 Резерви 67.090.865 1.090.076

3 Долгорочни нематеријални средства 2.329.677 37.852

Вкупно капитал (1+2+3) 249.457.556 4.053.125

1 Потребно ниво на маргина на солветност 89.826.328

2 Капитал 249.457.556

3 Гарантен фонд (3,000,000 евра) 184.640.913

4 Вишок на капитал во однос на гарантен фонд 4=(2-3) 64.816.643

5Вишок на капитал во однос на потребно ниво на маргина на солветност 5=(2-1) 159.631.299

Друштвото активно управува со своите финансиски средства имајќи ги во вид лимитите одредени со ЗСО, со цел усогласување на паричните текови на средствата и обврските.

Обврската за вложување на средства барем во висина на пресметаните технички резерви целосно е исполнета.

Видови средства кои ги покриваат техничките резервиВложување на

31.12.2011

1 Парични средства во благајна и средства на банкарски сметки 8.445.416

2 Депозити во банки кои имаат дозвола од НБРМ 293.677.156

3 Хартии од вредност кои ги издава Република Македонија или НБРМ 98.271.485

4 Акции со кои се тргува на регулиран пазар на ХВ во РМ 5.321.982

5 Недоспеана премија 20% од нето преносна премија 46.499.025

10 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 11: македонски (pdf 2 mb)

Трити договори

Класи на осигурување Тип на договор Самопридржај Лимит

1 Зелена карта 10 X/L 350,000 еур Неограничено

2 Каско 03 QS 150,000 еур 300,000 еур

3 Имот 08 QS + Surplus 400,200 еур667,000 еур

10,005,000 еур

4 Имот 09

• Кршење машини, објекти во градба, објекти во монтажа QS + Surplus 233,100 еур

388,500 еур6,995,000 еур

• Кражба и разбојништво QS + Surplus 201,000 еур335,000 еур335,000 еур

• Земјотрес QS 750,000 еур 10,000,000 еур

5 Транспорт 07 QS 240,000 еур 400,000 еур

6 Одговорност на возарот-ЦМР 10 QS 200,000 еур 400,000 еур

7 Одговорност 13 QS 250,000 еур 500,000 еур

8Одговорност на ФИФА менаџери 13 QS 100,000 цхф 200,000 цхф

земете во предвид дека голема убов и големите достигнува а вклучуваат голем ризик. непознат автор

Согласно член 99 од Законот за супервизија на осигурувањето, во 2011 година Друштвото пренесе во реосигурување дел од обврските од договорите за осигурување кои се над износот што со Табелата за максимално покритие е предвидено да ги покрие Друштвото со сопствени средства.

Во деловната 2011 година Друштвото склучи договори за реосигурување за оние класи на осигурување и ризици за кои не можеше со сопствениот приоритет (самопридржај) целосно да покрие евентуален поединечен штетен настан.

Склучени се годишни (трити) договори и факултативни договори за реосигурување со следните карактеристики:

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 11

Page 12: македонски (pdf 2 mb)

Во текот на 2011 Друштвото ги има склучено следните факултативни договори за реосигурување:

1) Факултативно реосигурување на воздухоплов LEAR JET 60 кое покрива авио-каско, авио-одговорност и незгода на екипажот и патниците во воздухоповот

Сума на осигурување:

а) каско воздухоплови 13.000.000 USD

б) одговорност 50.000.000USD

в) незгода

• за смрт од незгода 26.030 EUR по седиште • за траен инвалидитет 52.050 EUR по седиште• Учество на реосигурувачот: 100%

2)Факултативно реосигурување кое покрива транспорт на 2 хелихoптери

• Сума на осигурување: 20.000.000USD• Учество на реосигурувачот: 100%

3) Факултативно XL реосигурување од одговорност према трети лица и за производите

• Сума на осигурување: 10.000.000 USD по штетен настан• Самопридржај: 250.000 USD по штетен настан

Со помош на наведените договори, а во согласност со Програмата за реосигурување за 2011 година, Друштвото ги постигна следните цели:

заштита на капиталот на Друштвото,

зголемување на капацитетот на Друштвото за прием во осигурување на ризици кои се над сопствениот самопридржај.

12 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 13: македонски (pdf 2 mb)

2.2 сметководствени Политики

Друштвото го води своето сметководство и поднесува Годишна сметка, на начин определен со Законот за трговските друштва, a врз основа на Законот за супервизија на осигурувањето и Статутот на Друштвото Одборот на директори на АД Осигурителна полиса - Скопје има донесено Одлука за сметководствени политики, составена врз основа на Меѓународните сметководствени стандарди, Меѓународните стандарди за финансиско известување и другите законски прописи што се во сила, како и врз основа на современите сознанија за работењето на Друштвото.

Основно начело на искажувањето на податоците во финансиските извештаи и деловните книги на Друштвото е точното и фер презентирање на средствата, обврските, основната главнина, приходите, расходите и резултатите од работењето на Друштвото.

Сметководствените политики се применуваат конзистентно и доследно се до моментот додека не се донесе друг акт кој ги уредува овие прашања.

2.3 развојни Политики

Основните развојни политики на Друштвото се во правец на профитабилно работење и јакнење на позицијата на пазарот на осигурување, преку современа технологија, квалитетни производи и врвни услуги спрема клиентите.

Друштвото постојано инвестира во набавка на нова опрема и технологија во насока на обезбедување на сигурност и тајност на податоците, непрекината функција на системот, а со тоа и на бизнисот во било какви услови, воспоставување на процедури за превентивно делување и почитување на техничките аспекти на опремата.

Во 2011 започна и изгради сопствена административна зграда во Скопје за потребите на Главната дирекција. Вкупна вредност на објектот е 84.929.347,00 денари. Друштвото купи деловен простор во Куманово за потрбите на својата експозитура во вредност од 4.140.358,00 денари.

Друштвото во 2011 год. нема создадено долгорочни обврски и во иднина не планира долгорочни задолжувања на терет на основната главнина, освен кога може да се постигнат посебни погодности за Друштвото, при набавка и обезбедување на недвижности и во други случаи, согласно интересите на Друштвото и важечката законска регулатива.

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 13

Page 14: македонски (pdf 2 mb)

ЧовеЧки ресурси

3. организациона структура и број на вработени. .............................................................................164. експозитури и канцеларии ........................................................18

доверба

Секој наш клиент е и наш агент, промотор и носител на нашата услуга.

Page 15: македонски (pdf 2 mb)
Page 16: македонски (pdf 2 mb)

3. орГанизациона структура и број на вработени

39%

ВСС 90%

ВСС 45%

ССС 7,5%ВШС 2,5%

дирекција 30%

експозитури 70%

Структура на вработени

Полова структура на вработени

Однос на вработени дирекција - експозитури

Квалификационата структура на вработениекспозитури

Квалификационата структура на вработенидирекција

61%

ВШС 0,1%

ССС 54,9%

16 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 17: македонски (pdf 2 mb)

Посебно внимание друштвото посвети на одржувањето и подобрувањето на човечките ресурси, јакнење на капацитетите за управување со работните процеси и прилагодување на внатрешната организација согласно потребите на утврдената деловна политика.

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 17

Page 18: македонски (pdf 2 mb)

Скопје

Свети Николе

Берово

Пехчево

Тетово

Охрид

Струга

Битола

Кавадарци

Неготино

Куманово

Штип

Струмица

Прилеп

Гевгелија

Велес

Кичево

Кочани

Гостивар

Ресен

Радовиш

Виница

Делчево

Крушево

Крива Паланка

ЛЕГЕНДА

ЕКСПОЗИТУРИ

ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА

4. ексПозитури и канцеларииад осиГурителна Полиса

СКОПЈЕекспозитура адреса менаџер телефон

Дирекција бул.Климент Охридски бб Душко Андонов 02 3244 634

Дирекција 1 ул.Максим Горки бр.8/1-3 Наташа Манова 02 3256 894

Аеродром бул.Јане Сандански бр.54-1/6-10 Јадранка Шендeр 02 2403 191

Центар ул.Вељко Влаховиќ бр.24 Б Слаѓана Младеновска 02 3215 144

Беверли ул.Народен Фронт бр.21/2 лок.2 Соња Прентовска 02 3121 501

Беверли 2 ул.Скупи бб Соња Прентовска 02 3066 040

Тафталиџе ул.Багдадска бр.15 Коста Трповски 02 3070 576

Карпош бул.Партизански одреди бр.152 Зоика Фунду 02 3061 515

Макотекс ул.Никола Парапунов бб Зоика Фунду 02 3091 284

Универзална ул.Петар Поп Арсов бр.2 Славка Цанева 02 3245 841

Капиштец ул.Народен Фронт бр.5 Весна Петровиќ 02 3214 789

Гази Баба - Ченто ул. Антон Попов бб Слаѓана Младеновска 075 284 642

Page 19: македонски (pdf 2 mb)

експозитура адреса менаџер телефон

БИТОЛА ул.Буковски Мост бб Перо Паришко 047 233 360

БИТОЛА ул.Климент Охридски бб Перо Паришко 047 203 592

БЕРОвО ул.Маршал Тито бр.24 Звонко Андонов 033 470 471

вЕЛЕС ул.Владимир Назор бр.4 Јорданка Андреева 043 212 940

вЕЛЕС 2 ул.Моша Пијаде бр.13 - 043 212 449

вИНИцА ул.Маршал Тито бр.111 Ленче Стоименова 033 360 011

вИНИцА 2 ул. Браќа Миладинови бр.36 - 033 521 686

вЕвчАНИ с.Вевчани бб Марина Поповска 046 701 018

ГЕвГЕЛИјА ул.Ристо Фршинин бр.20 Сашо Поцков 034 211 140

ГОСТИвАР ул.Борис Кидрич бр.174 Среќко Јовановски 042 213 062

ГОСТИвАР 2 ул.Илинденска бб Среќко Јовановски 075 280 271

ДЕЛчЕвО бул.Македонија бб Ленче Стоименова 033 412 200

КАвАДАРцИ бул.Едвард Кардељ бб - 043 400 920

КИчЕвО бул.Ослободување бб лок17 Синка Ѓурчевска 045 224 666

КОчАНИ ул.29-ти Ноември бр.2 Ленче Стоименова 033 271 116

КРИвА ПАЛАНКА ул.Маршал Тито бр.242 Слаѓана Младеновска 031 377 530

КРУшЕвО ул.Илинденска бр.101 Жарко Бошкоски 048 476 820

КУмАНОвО ул.Доне Божинов бр.29 Лидија Ј.Трајковска 031 437 534

КУмАНОвО 2 ул.Доне Божинов бр.15 Звонко Андонов 031 413 555

КУмАНОвО 3 ул. Железничка бб Лидија Ј.Трајковска 031 430 600

НЕГОТИНО ул.Јане Сандански бр.6 Петар Витанов 043 371 564

ОхРИД бул.Мак.Просветители бб - 046 230 515

ПЕхчЕвО ул.Борис Кидрич бр.3/2 Ленче Стоименова 033 441 132

ПРИЛЕП ул.Јоска Јорданоски бр.3 Жарко Бошкоски 048 401 100

ПРИЛЕП 2 ул.Кузман Јосифовски Питу бр.8 Жарко Бошкоски 048 426 926

РЕСЕН ул.Корчуланска бб - 047 452 555

СТРУГА ул.15-ти Корпус бр.13 а Марина Поповска 046 784 081

СТРУмИцА ул.Маршал Тито бб Звонко Андонов 034 346 501

СТРУмИцА ул.Климент Охридски бб Звонко Андонов 075 221 839

СТРУмИцА 3 ул.Јанко Цветинов бр.14 Звонко Андонов 034 348 501

ТЕТОвО ул.Маршал Тито бр.14 Ацо Деспотовски 044 351 800

шТИП ул.Сутјеска бб Владимир Радев 032 393 031

Ги чуваме вредностите

Page 20: македонски (pdf 2 mb)

основни карактеристики за работе етона друштвото

дострели

Секое големо достигнување на почетокот ни се чини невозможно. Но кога сме фокусирани и посветени целосно на целта, безрезервно верувајќи во нашиот труд и работа, тогаш е само прашање на време, кога на визијата ќе и го дадеме конкретниот облик.

5. Цели на работе е ......................................................................226. анализа на работе ето .............................................................23 премија ......................................................................................24 штети ..........................................................................................25

Page 21: македонски (pdf 2 mb)
Page 22: македонски (pdf 2 mb)

Поставените долгорочни цели на работење, Друштвото ги остварува и реализира преку:

• Брз и современ организационен развој на деловниот систем,

• Востановување на голем број на Организациони единици во Скопје и на целата територија на Република Македонија,

• Квалитетен избор на потребни кадри и нивна планска и стручна обука и усовршување,

• Осмислена маркетиншка презентација пред јавноста, како на Друштвото така и на продажните продукти,

• Постојан раст на обемот, видот и квалитетот на осигурителните услуги, производи и портфолио,

• Обезбедување на стручна примена на условите за осигурување и тарифите на премии, како и на останатите упатства, правилници и други интерни акти на Друштвото,

• Редовност и успешност во наплатата на премијата,

• Стручен, коректен и брз пристап во ликвидирањето на настанатите штети и нивна правовремена исплата,

• Објективна и реална проценка на резервираните штети и настојување за нивна побрза ликвидација,

• Креирање на оптимална реосигурителна програма,

• Вложување на слободните средства на капиталот на Друштвото и на средствата кои ги покриваат техничките резерви во најсигурни и најповолни пласмани,

• Постојана грижа за одржување и зголемување на вредноста на капиталот, резервите на сигурност и техничките резерви на Друштвото,

• Обезбедување услови за одржување и зголемување на ликвидноста и солвентноста на Друштвото,

• Обезбедување на позитивен меродавен технички резултат по видови на осигурување,

• Обезбедување на рентабилно, економично и продуктивно работење, како на ниво на Друштво така и на ниво на Организациони единици и по вработен, со цел обезбедување позитивен финансиски резултат и добивка, со можност за зголемување на обемот на капитал и на резервите на Друштвото.

5. цели на работе е

Основните стратешки цели на Друштвото се профитабилно работење и јакнење на позицијата на пазарот на осигурување, преку современа технологија, квалитетни производи и врвни услуги спрема клиентите.

22 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 23: македонски (pdf 2 mb)

6.анализа на работе ето

Во 2011 година Друштвото оствари полисирана премија од 571.218 илјади денари, што е поголем износ во однос на планираното за 2,48%, а поголем износ од 3,22% во однос на претходната година.

0

20

40

60

80

100

120

140

Удел во полисираната премија по експозитури 2011/2010

Удел во полисираната премија 2011 Планирано-остварено 2011/2010

0.000.000 200.000.000 400.000.000 600.000.000

План на продукција за 2011

Остварено во 2011

Остварено во 2010

Експозитури

Дирекција

Во мил. денари

Ди

ре

кци

ја

Це

нта

р

Ае

ро

др

ом

Ка

рп

ош

Ка

вад

ар

ци

Би

тол

а

Пр

ил

еп

Стр

уми

ца

Ге

вге

ли

ја

Те

тово

Охр

ид

Стр

уга

Ве

ле

с

Шти

п

Кум

ан

ово

Ко

чан

и

Го

сти

вар

Де

лче

во

Ки

чево

Ди

ре

кци

ја 1

Не

готи

но

Бе

вер

ли

Хи

лс

Кр

ива

Па

ла

нка

Те

х. С

тан

. Ка

рп

ош

Пе

хче

во

Ка

пи

ште

ц

Ун

иве

рза

лн

а

Та

фта

ли

џе

2

Остварено во 2011

Остварено во 2010

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 23

Page 24: македонски (pdf 2 mb)

Полисираната премија во 2011 година во однос на 2010 година по класи на осигурување и број на полиси е дадена во табелата:

2010 2011 2011/10 %

КЛАСА НА ОСИГУРУВАЊЕ Број на полиси

Бруто-премија

Број на полиси

Бруто-премија

Број на полиси

Бруто-премија

Незгода 1.296 48.377 1.616 46.237 124,69 95,58

Здравствено осигурување 684 2.917 1.006 4.301 147,08 147,45

Каско - патнички возила 3.979 73.188 3.891 74.598 97,79 101,93

Каско - воздухоплови 3 788 1 827 33,33 104,95

Каско - пловни објекти 1 13 1 13 100,00 100,00

Стока во превоз(карго) 352 2.166 585 2.319 166,19 107,06

Имот од пожар 2.190 17.375 3.609 20.948 164,79 120,56

Останати осигур. на имот 2.019 40.400 568 19.863 28,13 49,17

Авто одговорност 57.648 343.402 65.753 380.213 114,06 110,72

Одговорност од упототреба на воздухоплови 26 288 10 501 38,46 173,96

Одговорност од упототреба на пловни објекти 166 576 120 420 72,29 72,92

Општо осигурување од одговорност 291 8.818 289 7.778 99,31 88,21

Осигурување на туристичка помош 26.433 15.088 26.243 13.200 99,28 87,49

ВКУПНО 95.088 553.396 103.692 571.218 109,05 103,22

Премија

Храброста не е отсуство на страв, туку пресуда дека нешто друго е поважно од стравот. Ambrose Redmoon

во 000 денари

24 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 25: македонски (pdf 2 mb)

Состојбата на штети во 2011 година во однос на 2010 година е дадена во табелата, од која се гледа дека износот на резервирани штети во 2011 година е зголемен за 30,80% во однос на 2010 година, а износот на ликвидирани штети во 2011 година е поголем за 0,35% во однос на 2010 година.

број на пријавени штети

број на резервирани штети

износ на резервирани штети

број на ликвидирани штети

износ на ликвидирани штети

КЛАСА НА ОСИГУРУВАЊЕ 2010 2011 2010 2011 2010 2011 2010 2011 2010 2011

Незгода 856 690 236 189 14.911 11.514 698 588 34.499 34.204

Здравствено осигурување 5 3 2 1 71 13 1 1 31 13

Каско - патнички возила 1.032 1.002 251 185 15.792 9.790 916 952 45.320 41.705

Каско - воздухоплови 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

Каско - пловни објекти 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

Стока во превоз (карго) 0 0 0 0 0 0 1 0 13 0

Имот од пожар 48 75 19 21 455 6.517 20 36 406 2.261

Други осигур. на имот 767 707 275 231 6.186 10.242 538 538 14.203 13.532

Одговорност од употреба на моторни возила 2.553 2.866 833 825 145.947 102.770 2.117 2.282 142.829 147.528

Општо осигурувањеод одговорност 57 67 20 18 424 12.208 35 45 2.607 780

Осигурување на туристичка помош 168 269 24 39 423 1.705 92 190 1.956 3.000

ВКУПНО 5.486 5.679 1.660 1.509 184.209 154.759 4.418 4.632 241.864 243.023

штети ликвидирани штети

во 000 денари

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 25

Page 26: македонски (pdf 2 mb)

Финансиски резултати

7. финансиски резултат ................................................................288. финансиска состојба ................................................................30

знае е и искуство

И покрај врската со традицијата, ние сепак сме отворени кон иновации. Знаеме дека никогаш не е многу од знаење, исто така свесни сме за вредноста на искуството.

Токму затоа горди сме на она што го правиме.

Page 27: македонски (pdf 2 mb)
Page 28: македонски (pdf 2 mb)

7.Финансиски резултатПодатоците од билансот на успех покажуваат дека:

• наплатената премија е зголемена во 2011 за 5,37% во однос на 2010 година• заработената премија е зголемена за 8,64% во однос на 2010 година

во 000 денари

Категорија - позиции 2011 31.12.2011 31.12.2010

план остварено остварено% на оства-рено/план

% на 2011/2010

Преносна премија од претходна година 269.800 259.576 236.576 96,21 109,72

Полисирана премија 557.400 571.218 553.396 102,48 103,22

Наплатена премија 581.000 619.157 587.579 106,57 105,37

% наплат / полис прем 104,23 108,39% 106,18% 1,04 102,08

Преносна премија за наредна година 244.712 258.813 259.576 105,76 99,71

ПРИХОДИ

1. Премија - заработена 582.488 572.056 526.574 98,21 108,64Намалување на премија (попусти за плаќање) -12.343 -6.041 -15.049 48,94 40,14

2. Работи од РЕО (провиз и лик + рез штети) 53.019 47.386 65.128 89,38 72,76

Резерви на приходи од Реоод профит провиз од Рео 761 0,00

3. Регреси 17.466 5.667 22.291 32,45 25,42Резерви на приходи од резер штети во ГФ на НБ

4. Резерви на штети (пренос од мината година) 7826 11.091 70,56

5. Резерви на бонуси (пренос од мината година)

6. Приходи од финансирање 20.831 28.307 25.933 135,89 109,15

7. Резерви за ненаплатени побарувања -65.624 -37.690 -22.221 57,43 169,61

8. Приходи од отпишани побарувања 6.575 2.893 44,00

9. Други приходи од минати години 14.862 19.323 22.542 130,02 85,72

ВКУПНИ ПРИХОДИ 618.035 639.727 636.289 103,51 100,54

0 130 260 390 520 650

Наплатена премија Заработената премија

план 2011

остварено 2011

20112010

мил. денари

остварено 2010

0

100

200

300

400

500

600

мил. денари

8,6

4%

20

11

/20

10

5,3

7%

20

11

/20

10

28 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 29: македонски (pdf 2 mb)

Категорија - позиции 2011 31.12.2011 31.12.2010

план остварено остварено% на оства-рено/план

% на 2011/2010

РАСХОДИ

I. Техничка премија -388.600 -414.473 -415.596 106,66 99,73

1. Надомест на штети 225.785 225.108 229.274 99,70 98,18

2. Резерви на штети - ПРИЈАВЕНИ 27.424 39.440 17.881 143,82 220,57

3. Резерви на штети - НЕПРИЈАВЕНИ 4.577 2.423 34.562 52,94 7,01

4. Надомест на бонуси 17.215 17.915 17.257 104,07 103,81

5. Резерва на бонуси 17.476 8.843 1.157 50,60 764,30

6. Премија за Рео 63.138 85.239 79.223 135,00 107,59

7. Расходи за неосигурени возила - ГФ на НБ 17.070 19.175 20.047 112,33 95,65

8. Законски давачки од осигурување 11.442 12.297 11.592 107,47 106,08

9. Трошоци за Агенцијата за супервизија 4.473 4.033 4.603 90,16 87,62

II. РЕжИСКА ПРЕмИјА -170.966 -179.884 --176.583 105,22 101,87

1. Плати и трошоци на вработени 66.132 66.661 65.857 100,80 101,22

2. Реклама и пропаганда 10.706 6.379 10.028 59,58 63,61

3. Репрезентација 3.644 5.231 5.058 143,55 103,42

4. Материјали и енергија 7.098 9.269 6.534 130,59 141,86

5. Услуги 20.977 49.697 48.972 236,91 101,48

6. Амортизација 5.844 5.735 7.079 98,13 81,01

7. Застапување и посредување во осигурување 30.641 34.580 29.501 112,86 117,22

8. Други неспомнати трошоци 25.923 2.332 3.554 9,00 65,62

ВКУПНИ РАСХОДИ -559.566 -594.357 -592.179 106,22 100,37

ДОБИВКА 58.469 45.370 44.110 77,60 102,86

Режиски трошоци / полисирана премија 30,67% 31,49% 31,91%

Режиски трошоци / наплатена премија 29,43% 29,05% 30,05%

Режиски трошоци / заработена премија 29,35% 31,45% 33,53%

Техничка премија/полисирана премија 69,72% 72,56% 75,10%

Техничка премија/наплатена премија 66,88% 66,94% 70,73%

Техничка премија/заработена премија 66,71% 72,45% 78,92%

Техничка премија/вкупни приходи 62,88% 64,79% 65,32%

Добивка/вкупни приходи 9,46% 7,09% 6,93%

Добивка/Влог 31,66% 24,56% 23,88%

сите нешта се тешки пред да бидат лесни. томас фулер

во 000 денари

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 29

Page 30: македонски (pdf 2 mb)

8. Финансиска состојба

СРЕДСТВА 2010 2011 2010/11

Тековни средства

Парични средства 13.142 8.445 64,26

Депозити во банки 423.738 462.690 109,19

Побарувања по основ на осигурување 209.654 176.008 83,95

Дадени заеми 14.660 12.154 82,91

Останати тековни средства и АВР 16.177 17.013 105,17

вкупно тековни средства 677.371 676.310 99,84

Нетековни средства

Вложувања 20.374 20.855 102,36

Аванси за нематеријални вложувања 37.352 46.150 123,55

Нематеријални средства 1.798 2.330 129,59

Материјални средства 29.820 89.086 298,75

вкупно нетековни средства 89.344 158.421 177,32

вКУПНО СРЕДСТвА 766.715 834.731 108,87

ОБВРСКИ,ТЕХНИЧКИ РЕЗЕРВИ И КАПИТАЛ

Тековни обврски

Обврски по основ на надомести на штети 15.496 11.226 72,44

Обврски по основ на РЕО 6.362 3.268 51,37

Останати тековни обврски 21.280 25.644 120,51

Пасивни временски разграничувања 363 283 77,96

вкупно тековни обврски 43.501 40.421 92,92

Преносни премии 259.650 258.812 99,68

Резервации за штети и бонуси 189.731 239.543 126,25

Технички резерви 449.381 498.355 110,90

КАПИТАЛ

Акционерски капитал 184.696 184.696 100,00

Резерви на сигурност 46.545 67.091 144,14

Добивка(загуба) во финансиската година 42.592 44.168 103,70

Вкупно капитал 273.833 295.955 108,08

вкупно технички резерви и капитал 723.214 794.310 109,83

вКУПНО ОБвРСКИ,ТЕхНИчКИ РЕЗЕРвИ И КАПИТАЛ 766.715 834.731 108,87

Податоците од Билансот на состојба укажуваат на фактот дека:

• вкупните средства во 2011 година се зголемени за 8,87% во однос на 2010 година• вкупните тековни обврски се намалени за 7,08%• техничките резерви се зголемени за 10,90%• вкупниот капитал е зголемен за 8,08%

во 000 денари

30 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 31: македонски (pdf 2 mb)

Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите од осигурување со 486.817 илјади денари или 8,82%.

Во расходите од осигурување најголемо е учеството на надоместоците на штети од осигурување со 237.658 илјада ден или 46,72% во однос на вкупните расходи.

Добивката пред оданочување во 2011 година е за 2,89% поголема во однос на 2010 година, а добивката по оданочување е за 3,73% поголема во однос на 2010 година.

Приходи

расходи

Финансиска разлика

( во 000 ден )

ПРИХОДИ Остварено 2010 Остварено 2011 % 2011/2010

Заработени премии, нето 447.350 486.817 108,82

Останати приходи од осигурување 22.428 27.169 121,14

Останати оперативни приходи 28.256 11.370 40,24

Приходи од вложувања 26.141 28.662 109,64

ВКУПНИ ПРИХОДИ 524.175 554.018 105,69

( во 000 ден )

РАСХОДИ Остварено 2010 Остварено 2011 % 2011/2010

Ликвидирани штети,нето 221.855 237.658 107,12

Резервирања за штети, нето 16.207 14.883 91,83

Останати расходи од осигурување 65.254 79.855 122,38

Останати оперативни расходи 176.476 175.988 99,73

Расходи од вложувања 273 250 91,24

ВКУПНИ РАСХОДИ 480.065 508.634 105,95

( во 000 ден )

Остварено2010 Остварено 2011

Вкупни приходи 524.175 554.018

Вкупни расходи 480.065 508.634

Добивка (загуба) пред оданочување 44.110 45.384

Данок од добивка (1.518) (1.202)

Добивка (загуба) пo оданочување 42.592 44.182

Заработка по акција (денари за 1 акција) 142 147

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 31

Page 32: македонски (pdf 2 mb)

Финансиски извештаи

Прецизност

Свесни за нашите активности, кои се косоздавачи на сегашноста и иднината на амбиентот на работење на осигурителниот пазар, ја превземаме целата одговорност на нашата мисија.

9. ревидирани финансиски извештаи биланс на успех .........................................................................34 биланс на состојба ....................................................................35

Page 33: македонски (pdf 2 mb)
Page 34: македонски (pdf 2 mb)

9. ревидирани Финансиски извештаи

Белешка2011

(000) МКД 2010

(000) МКД

ПРИХОДИ

Заработени премија 8 486,818 447,350

Приходи од вложувања 9 36,711 33,03

Останати осигурително технички приходи 10 27,169 37,045

Останати приходи 11 3,321 6,738

вкупни приходи 554,019 524,176

РАСХОДИ

Надомест на штети, нето 12 (206,646) 181,593

Промени во резервирања за штети, нето 13 39,855 42,509

Трошоци за спроведување на осигурувањето 14 177,575 176,310

Трошоци од вложувања 251 274

Останати осигурително технички трошоци 15 46,617 51,292

Загуби поради обезвреднување на побарувања 23 37,690 28,142

Останати трошоци - - -

вкупно расходи 508,634 480,066

ДОБИвКА ПРЕД ОДАНОчУвАњЕ 45,385 44,110

Расход за данок од добивка 16 1,202 1,518

НЕТО ДОБИвКА (ЗАГУБА) ЗА ПЕРИОДОТ 44,183 42,592

ЗАРАБОТУвАчКА ПО АКцИјА (мКД ЗА 1 АКцИјА) 17 147 142

биланс на усПех

Одборот на директорите на АД „Осигурителна полиса“ ги одобрил овие финансиски извештаи за објавување и му ги предложил на Собранието на акционерите заради нивно усвојување, а во нивно име ги потпишал:

34 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 35: македонски (pdf 2 mb)

биланс на состојба

СРЕДСТВА Белешки 2011 (000)МКД 2010 (000)МКД

Нематеријални средства 18 2,330 1,799

Материјални средства 19 102,600 41,976

Финансиски вложувања:

Финансиски вложувања кои се чуваат до доспевање 20 15,000 31,224

Финансиски вложувања расположливи за продажба 21 91,854 -

Финансиски вложувања за тргување - -

Депозити заеми и останати пласмани 22 392,115 427,548

Дел за реосигурување во технички резерви 46,150 38,274

Побарување од осигурување 23 176,323 209,654

Однапред платени трошоци и друго 24 3,183 4,022

Парични средства и парични еквиваленти 25 8,447 13,143

вКУПНО СРЕДСТвА 837,993 767,640

ГЛАВНИНА И ОБВРСКИ

Главнина

Акционерски капитал 26 184,696 184,696

Резерви 67,131 46,545

Ревалоризациони резерви 3,221 -

Акумулирана добивка (загуба) 44,183 42,592

вКУПНО ГЛАвНИНА 299,231 273,833

ТЕХНИЧКИ РЕЗЕРВИ

Преносни премии 8 258,813 259,651

Резервации за штети и бонуси 27 239,542 190,653

вКУПНО ТЕхНИчКИ РЕЗЕРвИ 498,355 450,304

ОБВРСКИ

Обврски спрема осигуреници 11,227 15,496

Обврски спрема застапници и посредници 1,518 1,772

Останати обврски од осигурување 28 3,398 3,714

Обврски по основ реосигурување 2,861 6,362

Останати обврски 28 21,403 16,159

Вкупно обврски 40,407 43,503

вКУПНО ГЛАвНИНА И ОБвРСКИ 837,993 767,640

АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011 35

Page 36: македонски (pdf 2 mb)

СОДРжИНА Страна

Профил на друштвото ............................................................................................. 3Претседател на Одборот на директори ............................................................... 4Обраќање на Генерален директор ........................................................................ 5

СТРАТЕГИЈА НА РАБОТЕЊЕТО

1. Општо економско опкружување ........................................................................ 82. Деловна политика ................................................................................................. 92.1 Политика на управување со ризик ................................................................ 102.2 Сметководствени политики ............................................................................ 132.3 Развојни политики ............................................................................................ 13

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

3. Организациона структура и број на вработени ........................................... 164. Експозитури и канцеларии ............................................................................... 18

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВОТО

5. Цели на работење ............................................................................................... 226. Анализа на работењето ..................................................................................... 23

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

7. Финансиски резултат ......................................................................................... 288. Финансиска состојба ......................................................................................... 30

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

9. Ревидирани Финансиски извештаи ................................................................. 34

36 АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

Page 37: македонски (pdf 2 mb)

АД Осигурителна полиса бул. Климент Охридски бб Скопје Р. Македонија

Page 38: македонски (pdf 2 mb)

АД ,,Осигурителна полиса“

бул. “Климент Охридски“ бб Скопје Р. Македонија

тел. ++389 2 3244 600 фах. ++389 2 3290 789

[email protected];

www.osiguritelnapolisa.com.mk