29
1 ГЛАВА 6 Трошоците се вредносен (паричен) израз на потрошените елементи на производството.Трошоците набљудувани од овој аспект претставуваат трошоци во потесна смисла на зборот.Поимот трошоци во поширока смисла ги опфаќа покрај трошоците на елементите на процесот на производството и сите расходи и издатоци направени за одредено производство. Трошоците претставуваат во пари изразено трошење на средствата и трудот и издатоци кои претставуваат составни делови на цената на чинење на учиноците. Расходите се поширок поим од трошоците. Деловни расходи – расходи кои се непосредна функција на стопанската дејност на претпријатието Неделовни расходи – расходи чие настанување не е поврзано со основната стопанска дејност на претпријатието. Само деловните расходи можат да се изедначат со трошоците. Издатоците претставуваат плаќање на пари. Расходите и издатоците можат да се изедначат со трошоците само доколку бидат направени поради производството и можат да се искажат во пари. Поделби на трошоците Основна поделба на трошоците Поделба на трошоците според нивната зависност од обемот на производството Поделба трошоците според начинот на нивно пресметување Други поделби на трошоците Основна поделба на трошоците Трошоци на средствата на работа o Амортизација o Инвестиционо одржување o Осигурување Трошоци на предметите на работа o Потрошени суровини o Потрошени материјали Трошоци на работната сила – платите на работниците (вкалкулирани бруто плати) Трошоци за туѓи услуги Трошоци за даноци и придонеси – трошоци кои претпријатието ги пресметува и плаќа врз основа на законски прописи

ekonomika-tret kolokvium

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ekonomika-tret kolokvium

1

ГЛАВА 6

Трошоците се вредносен (паричен) израз на потрошените елементи на производството.Трошоците

набљудувани од овој аспект претставуваат трошоци во потесна смисла на зборот.Поимот трошоци во

поширока смисла ги опфаќа покрај трошоците на елементите на процесот на производството и сите расходи и

издатоци направени за одредено производство.

Трошоците претставуваат во пари изразено трошење на средствата и трудот и издатоци кои претставуваат

составни делови на цената на чинење на учиноците.

Расходите се поширок поим од трошоците.

Деловни расходи – расходи кои се непосредна функција на стопанската дејност на претпријатието

Неделовни расходи – расходи чие настанување не е поврзано со основната стопанска дејност на

претпријатието.

Само деловните расходи можат да се изедначат со трошоците.

Издатоците претставуваат плаќање на пари.

Расходите и издатоците можат да се изедначат со трошоците само доколку бидат направени поради

производството и можат да се искажат во пари.

Поделби на трошоците

• Основна поделба на трошоците

• Поделба на трошоците според нивната зависност од обемот на производството

• Поделба трошоците според начинот на нивно пресметување

• Други поделби на трошоците

Основна поделба на трошоците

• Трошоци на средствата на работа

o Амортизација

o Инвестиционо одржување

o Осигурување

• Трошоци на предметите на работа

o Потрошени суровини

o Потрошени материјали

• Трошоци на работната сила – платите на работниците (вкалкулирани бруто плати)

• Трошоци за туѓи услуги

• Трошоци за даноци и придонеси – трошоци кои претпријатието ги пресметува и плаќа врз основа на

законски прописи

Page 2: ekonomika-tret kolokvium

2

Трошоци според зависноста од степенот на ангажираност на капацитетите

• Фиксни (постојани)

• Варијабилни(променливи)

Основна карактеристика на фиксните трошоци е таа што се независни од степенот на ангажираност на

капацитетот односно од обемот на производство.Постојат и кога претпријатието не работи.

Фиксните трошоци се нарекуваат уште и трошоци на капацитетот.

Претпријатијата со поголема маса на постојани средства имаат поголеми фиксни трошоци

Фиксните трошоци во нивниот вкупен износ се постојани и независни од обемот на производство

Во однос на единица производ фиксните трошоци се променливи

Ако обемот на производство расте износот на фиксните трошоци по единица производ се намалува и

обратно.

Релативно фиксни трошоци се оние трошоци чија висина е непроменета во одделни зони на ангажираност на

капацитетот.

Релативно фиксните трошоци по единица производ при преминување од една во друга зона на ангажираност

на капацитетот се зголемуваат а додека во една зона се намалуваат.

Релативно фиксните трошоци по единица производ на последниот степен на ангажираност на капацитетот во

претходната зона се пониски од релативно фиксните трошоци на почетниот степен на ангажираност на

капацитетот во новата зона

Варијабилни трошоци се оние трошоци коишто во потполност се зависни од степенот на ангажираност на

капацитетот односно од обемот на производство.

Во однос на промените на обемот на производство варијабилните трошоци можат да бидат:

• Пропорционални

• Дегресивни

• Прогресивни

Пропорционални се оние трошоци што пропорционално се менуваат со промените на обемот на

производство.

Износот на пропорционалните трошоци по единица производ е констатен ,непроменет бидејки тие

сразмерно се зголемуваат при зголемување на производствотот и се смалуваат при негово

Page 3: ekonomika-tret kolokvium

3

смалување.Најтипични претставници се материјалите за изработка и платите на работниците во

производството

Дегресивни трошоци – трошоци кои се зголемуваат побавно во однос на зголемување на обемот на

производството.По единица производ дегресивните трошоци се намалуваат со зголемување на степенот на

ангажираност на капацитетот

Прогресивни трошоци – трошоци кои се зголемуваат побрзо во однос на зголемување на обемот на

производството.Нивното појавување е знак дека во претпријатието дошло до преангажираност на

капацитетот ,до пореметување во односите на производствениот процес.

Вкупните трошоци (фиксни и варијабилни) поминуваат низ три зони

• Зона на дегресија

Зона во која вкупните трошоци се зголемуваат побавно во однос на зголемување на производството а

трошоците по единица производ се смалуваат.До дегресивно движење на вкупните трошоци доаѓа поради

дејството на фиксните трошоци

Трошоците по единица поризовд се се смалуваат поради : смалување на фиксните трошоци по единица

производ и смалување на дегресивните варијабилни трошоци по единица производ а додека

пропорционалните трошоци по единица производ остануваат исти

Дегресијата е најизразена на почетокот на зоната

Обемот на производството каде што престанува смалувањето на трошоците претставува граница на зоната на

дегресијата.Просечните трошоци по единица производ се најниски на овој степен на ангажираност на

капацитетот

• Зона на оптималност

Зона во која вкупните трошоци пропорционално се зголемуваат со зголемувањето на производството а

трошоците по единица производ остануваат непроменети т.е се најмали.

Претпријатието на овој степен остварува најголема економичност.

• Зона на прогресија

Зона во која вкупните трошоци растат побрзо од растењето на производството а трошоците по единица

производ исто така растат.

До прогресија на трошоците доаѓа поради преангажираност на капацитетот.

Причини за преангажираност на капацитетот

1. Ненавремено извршување на планските задачи

2. Зголемена побарувачка на пазарот

Page 4: ekonomika-tret kolokvium

4

Трошоци според начинот на нивно пресметување

• Директни (непосредни,поединечни) - трошоци за кои уште при нивното настанување се знае за кој

производ се однесуваат и кои поради тоа можат да се пресметаат директно во цената на чинење на

производот

• Индиректни(посредни,општи) – трошоци кои при нивното настанување не се знае за кој производ се

однесуваат туку се однесуваат за повеќе производи или за претпријатието во целина. Карактеристика

на овие трошоци е тоа што тие често треба да се распределат на производите можеби на само едно

одделение а често и на производите на целото претпријатие.Распределбата се врши со примена на

разни клучеви .Основно е распределбата да биде што пореална.

Трошоци според начинот на нивно утврдување

• Стварни – трошоци кои ја претставуваат висината на фактичките настанати трошоци,Тие се база за

утврдување на резултатите на работењето и за правилна репродукција на елементите на

производствениот процес.Нивното утврдување и целисходна примена условено е од организираноста

на книговодствената евиденција

• Плански – трошоци кои се предвидуваат однапред за еден определен период обично една година.

Одредувањето на на нивната големина се врши врз база на остварените трошоци во минатото а во

предвид може да се земат и предвидувањата за можните промени и движења на трошоците за период

за кој се врши планирањето.Основна функција е да послужат како инструмент на утврдување на

степенот на остварена економичност.

• Стандардни – трошоци кои се предвидуваат истотака однапред.Тие покажуваат колку треба да

изнесуваат стварните трошоци.Се утврдуваат врз база на научна анализа со примена на најсовремени

средства и методиза мерење на трошоците.

Трошоци според нивната сложеност

• Едноставни (оригинални) – трошоци кои се искажуваат како природни видови на трошоци.Тие се

викаат и оригинални бидејки не се изведени од други трошоци ниту можат да се расчленуваат

• Сложени- трошоци кои се составени од повеќе едноставни трошоци.

Трошоци според нивната важност

• Главни – трошоци за набавка на средства за работа

• Споредни – трошоци за монтажа,за превоз итн...

Трошоци според нивната улога и значење за одвивање на процесот на производство

• Економски – трошоци кои се нужни и без нив не може да се организира производство

• Неекономски – не се нужни за организирање на производство.Трошоци врз база на законски прописи

Page 5: ekonomika-tret kolokvium

5

Трошоци според основните дејности на претпријатието

• Трошоци на производство – трошоци непосредно поврзани со производство

• Трошоци на промет – трошоци што се однесуваат на набавката и производството

Гранични трошоци

Граничните трошоци се дополнителни просечни трошоци за новопроизведената количина производи.

Граничните трошоци претставуваат просечни трошоци на оствареното производство помеѓу два сукцесивни

степени на ангажираност на капацитетот.

Не претставуваат самостоен вид на трошоци.Покажуваат колку дополнителни трошоци се прават за една

дополнителна единица производ и се утврдуваат со помош на одредена пресметка.

Граничните трошоци претставува количник помеѓу дополнителните трошоци и граничниот производ.

Граничниот производ претставува разлика во обемот на производството помеѓу два сукцесивни степена на

ангажираност на капацитетот.

За утврдување на граничните трошоци се користат вкупните трошоци а можат да се користат и варијабилните

трошоци

Се додека просечните варијабилни трошоци опаѓаат граничните трошоци се пониски од нив и кривата на

граничните трошоци се наоѓа под кривата на просечните варијабилни трошоци

Точката во која се сечат кривите на просечните варијабилни трошоци и на граничните трошоци го означува

обемот на производство при којшто просечните варијабилни трошоци се најниски.

На оној обем на производство на кој се изедначуваат просечните вкупни трошоци и граничните трошоци ,

просечните трошоци се најниски.

Зошто е значајно испитувањето на движењето на граничните трошоци

• Определување на најниско ниво на продажни цени

• Диференцирање на цени и определување на дампинг цени

• Обезбедување на некој дел или производ преку сопствено производство или со набавка од друг

субјект

• Спроведување на некоја организациона мерка.

Page 6: ekonomika-tret kolokvium

6

Трошоци и приходи

Добивката како израз на финансискиот резултат претставува разлика помеѓу вкупниот приход и вкупните

трошоци.

Од посебна важност за претпријатието е да се знае

• Кој е минималниот обем на производство што обезбедува работење без загуба (праг на рентабилност)

• Од кој до кој обем на производство може да се работи со добивка ( зона на рентабилност)

• На кој обем на производство може да се остварува најголема добивка

Граничната добивка претставува дополнителна добивка која се остварува со производство и продажба на

секоја дополнителна единица производ.Таа претставува разлика помеѓу граничните трошоци и граничниот

приход.Таа може да биде позитивна,негативна или може да биде еднаква на нула.

Се додека постои гранична добивка економски е оправдано да се зголемува производството бидејки тоа

значи дека граничниот приход е поголем од граничните трошоци за производство на една дополнителна

единица производ.

При водење на краткорочна политика на цени појдовна основа претставуваат граничните трошоци

Продажните цени треба да бидат така определени што да овозможат покривање на вкупните трошоци и

остварување на позитивен финансиски резултат.

Доколку продажната цена не ги покрива вкупните трошоци излезот се бара во

• Водење на еластична политика на цени

• Прифаќање на порачки и по цени пониски од просечните трошоци а повисоки од граничните

трошоци.

Калкулација

Калкулација претставува метод за пресметка на трошоците заради утврдување на цени на учиноците.

Таа служи и за контрола на трошоците и за контрола на економичноста. За да ги оствари овие цели треба да

исполни две задачи:

• Да ги опфати трошоците – пресметка на трошоците според одреден критериум

• Правилно да ги распореди трошоците – пренесување на трошоците на одделни учиноци

Сознанијата добиени врз основа на калкулацијата им користат на органите на управување за донесување

деловну одлуки

Структура односно шема на цената на чинење

1. Материјал за изработка

Page 7: ekonomika-tret kolokvium

7

2. Плати за изработка

3. Амортизација

4. Општи трошоци за изработка

5. Општи трошоци на управата и продажбата

o Ова претставува цена на чинење

6. Финансиски резултат

7. Данок на додадена вредност

o 1 до 5 + 6 и 7 претставува продажна цена

Принципи за изработка на калкулација

• Калкулацијата треба да биде точна и да ги опфати сите трошоци кои се направени за еден производ

• Калкулацијата треба да биде документирана

• Во калкулацијата трошоците треба да се пресметуваат диференцирано според видовите,местата и

според носителите на трошоците

• Калкулацијата треба да биде ажурна односно на време составена и прегледна

• Калкулацијата треба да е споредлива

• Калкулацијата треба да е економична

Видови на калкулација

• Според местото на трошоците

• Според времето на составување

• Според методите на составување

Калкулации според времето на составување

• Претходна или планска калкулација

Се составува пред започнување на производството и нејзина задача е

o Да ги утврди трошоците пред започнувањето на производството

o Да даде евентуални варијации на цената на чинење на предвидениот производ

Кај оваа калкулација е важен аналитичкиот дел

• Дополнителна или пресметковна калкулација

Page 8: ekonomika-tret kolokvium

8

Се составува по довршувањето на производот.Таа се базира на книговодствени и други статистички

сведенија.Ги утврдува стварните трошоци.Кај оваа калкулација од огромно занчење е книговодството.Од него

зависи дали ке биде точна или неточна калкулацијата

Калкулации според методот на составување

• Калкулација врз основа на поделба на трошоците или делбена односно дивизиона калкулација

o Чиста дивизиона калкулација – сите видови на трошоци се собираат а потоа добиениот број се

дели со произведената количина производи.Составувањето е едноставно и не бара особени

способности.Овој метод е погоден во случај ако калкулацијата се однесува само на еден вид

производи.

o Дивизиона калкулација со помош на еквивалентни броеви – се применува при производство на

повеќе видови на ист производ.Производите се резултат на ист технолошки процес но се

разликуваат по димензиите,квалитетото и др.слични особини.Трошоците за производство на

разни видови на еден производ се наоѓаат во одреден однос,пропорција така што може со

примена определни еквивалентни броеви количините на сите производи да се сведат на

заеднилка мерка и да се изразат заедно.

• Додавна калкулација

Се состои во тоа што заедничките односно општите трошоци се делат на разните производи што се

изработуваат.Овие трошоци се делат на производите според однапред утврден клуч.

Оваа метода уште се нарекува и калкулација врз основа на пресметување на додатоци.

Додавната метода се смета како најдобар метод со помош на кој општите трошоци најправилно се делат на

одделните производи..Кај оваа метода е важно да се подвлече значењето на поделбата на заедничките

односно општите трошоци.

• Калкулација на врзани производи

Се применува при пресметка на трошоците во она производство каде постојат главни и споредни производи.

Сите трошоци се пресметуваат во калкулација на главниот производ.Утврдениот износ на трошоци се

намалува за вредноста на споредниот производ (цената според која ке се изврши негова релаизација на

пазарот).Разликата претставува цена на чинење на главниот производ.Ако таа се подели со бројот на

производи ке се добие цената на чинење по единица производ.

• Direct costing метода

При составување на оваа калкулација се тргнува од поделбата на вкупните трошоци на фиксни и варијабилни

За разлика од предходните методи кои во предвид ги земаат вкупните трошоци и утврдуваат полна цена на

чинење кај оваа метода се пресметуваат само варијабилните трошоци додека фиксните се третираат како

расход на пресметковниот период и се покриваат од добивката

Page 9: ekonomika-tret kolokvium

9

Финансискиот резултат според двете методи (direct cost и полна цена на чинење) ке биде ист кога оствареното

производство е се поклопува со остварената реализација во пресметковниот период.

Кога производството е поголемо од реализацијата финансискиот резултат според методата direct costing ке

биде помал од финансискиот резултат пресметан според полна цена на чинење и обратно.

ГЛАВА 8

Степенот на успешноста на претпирајтиетово остварувањето на поставените цели го претставува квалитетот

на неговата економија.

Квалитетот на економијата квантитативно се изразува како однос помегу резултатите на репродукцијата и

вложувањето за нивно остварување.

Квалитетот на економијата е право пропорционален од остварените резултати , а обратно пропорционачлен

од направените вложувања за нивно остварување.

Квалитетот на економијата ке биде подобар ако :

• Се остваруваат поголеми резултати со исти вложувања

• Ако растат и резултатите и вложувањата , но стапката на пораст на резлутатите е поголема од стапката

на пораст на вложувањата

• Ако се намалуваат и резултатите и вложувањата, но намалувањето на вложувањата де помало од

намалувањето на резлутатите

Парцијални економски принципи за следење на квалитетот на економијата се :

• Продуктивноста – настојување да се оствари одреден обем на производство ( учинок ) со минимални

потрошоци на работната сила

• Економичноста – настојување да се произведе одредена вредност со минмални потрошени вредности

• Рентабилноста – настојување да се оствари максимална добивка со минимум ангажирани средства

ПРОДУКТИВНОСТ

Продуктивноста како економски принцип претставува настојување да се дојде до што поголеми ефекти во

работата со што помали потрошоци на работната сила. Продуктивноста пак како парцијален израз на

квалитетот на економијата ја изразува , ја мери ефикасноста на трошењето на работната сила во создавање на

употребни вредности.

Доколку продуктивноста расте, и ефикасноста на трошењето на работната сила е поголема и обратно.

Дивергентнни сфакања за продуктивноста :

• Сфакање на продуктивноста како продуктивност на факторите на производството

Page 10: ekonomika-tret kolokvium

10

Се заснова на дефиницијата што ја дава мегународното биро на трудот во Женева. Според неа одредено

производство се остварува со користење на одреден број фактори од кој секој има свое значење.Односот

помегу оствареното производство и еден од тие фактори се вика производност на набљудуваниот фактор.

Според Европската Асоцијација за економска соработка продуктивноста е коефициент кој се добива со

утврдување на однос помегу производството и еден од факторите на производството.

• Сфакање на продуктивноста како продуктивност на вкупно потрошениот труд

Според ова сфакање продуктивноста претставува однос помегу производството и вкупно потрошениот труд

на човекот – и жив и минат труд.

Минатиот труд се јавува само како фактор кој влијае на порастот на продуктивноста , но не и како елемент ,

компонента кој неа ја определува.

Сфакањето на продуктивноста како принцип при којшто подеднакво доагаат до израз минатиот и живиот труд

ја изедначува продуктивноста со принципот на економичноста.

Сите земји го сметаат потрошениот жив труд на човекот како основа за изразување и мерење на

продуктивноста.

Кога станува збор за поимот на продуктивноста мислиме пред се на продуктивноста на живиот човечки труд ,

подразбирајки ја неа како однос помегу оствареното производство и потрошениот жив труд.

Производство претставува количина или вредноста на произведеното производство.

Продуктивноста на трудот се изразува како однос помегу количината или вредноста на производството и

потрошената работна сила , и покажува колкаво производство се остварува на една единица потрошен труд.

Зголемувањето на продуктивноста на трудот има приоритетна важност.

Со зголемување на продуктивноста на трудот е поврзано зголемувањето на :

• Зголемување на производството и зголемување на националниот доход

• Подобрување на животниот стандард

• Намалување на трошоците на производството

• Подобрување на конкурентната способност на претпријатието и на неговата позиција на пазарот

За задоволување на зголемените потреби на пазарот претпријатието има на располагање 3 можности :

• Да го продолжи работното време

• Да вработи нови работници

• Да го зголеми работниот учинок на работниците односно да ја зголеми продуктивноста на трудот

Групирање на факторите на продуктивноста се врши според следните критериуми :

Page 11: ekonomika-tret kolokvium

11

• Според потеклото на факторите

o Интерни ( внатрешни ) – влијаат во самото претпријатие

o Екстерни ( надворешни ) – доагаат од средината на претпријатието

• Според можноста претпријатието да влијае на нив

o Објективни фактори – фактори на кои претпријатието не може да влијае и тие дејствуваат

независно од него

o Субјективни фактори – фактори на кои претпријатието може да влијае

• Според тоа дали за нивното активирање и искористување се потребни нови вложувања или не

Мерките за зголемување на продуктивноста треба да се засноваат на целосно согледување на факторите на

продуктивноста и нивнотот влијание врз основа на т.н студија на факторите на продуктивноста.

Студијата на факторите на продуктивноста на трудот во едно претпријатие треба да придонесе пред се :

• За запознавање на сите фактори кои влијаат во едно такво претпријатие да се има ниска или висока

продуктивност , значи да се има определено ниво на продуктивноста на трудот

• За диференцирање на факторите на продуктивноста според нивната важност, според степенот на

влијанието на секој од нив врз даденото ниво на продуктивноста

• За давање насока во преземање мерки за зголемување на продуктивноста на трудот

ИНТЕРНИ ФАКТОРИ НА ПРОДУКТИВНОСТА

Интерните фактори на продуктивноста се поврзани со основните елементи на производството и се групираат

во четири групи

• Фактори поврзани предметите на работа

Предметите за работа влијаат на продуктивноста преку количината и квалитетот и тоа на индиректен начин

• Фактори поврзани со средствата за работа

Средствата за работа влијаат на продуктивноста бидејки имаат улога на посредник помеѓу работникот и

предметите за работа.Доколку се зголемува учеството на средствата за работа во елементите на

производствотот релативно се намалува учеството на живиот труд а и со тоа потрошокот на труд по единица

учинок

Фактори на производството поврзани со средствата за работа се

o Техничката опременост на трудот – однос помеѓу вредноста на опремата и бројот на

работниците.Значајни фактори претставуваат механизацијата и автоматизацијата на

производствените процеси

Page 12: ekonomika-tret kolokvium

12

o Степенот на искористување на капацитетот – Секое зголемување на искористување на

капацитетот доведува до зголемување на продуктивноста и обратно.Влијанието на степенот на

искористеност на капацитетот врз зголемување на продуктивноста се изразува преку две

типични ситуации

� Зголемување на продуктивноста како последица на подобро искористување на

капацитетот без нови вработувања

� Зголемување на продуктивноста како последица на подобро искористување на

капацитетот со нови вработувања.Продуктивноста ке се зголемува само под услов

зголемувањето на производството да биде со поголем интензитет ид зголемувањето на

бројот на вработените

• Фактори поврзани со работната сила

o Квалификуваноста на работниците – влијае непосредно и посредно

o Работното искуство – со зголемување на работниот стаж се зголемува и работното искуство и

влијанието на тоа искуство врз продуктивноста.Продуктивноста не се зголемува до крајот на

работниот век – причината е опаѓање на умствената и физичката кондиција која настанува со

зголемување на годините на работа.

o Интензитет на работа – се подразбира степен на трошење на работната сила во единица

време.Зголемувањето на интензитетот на работата придонесува за зголемување на

продуктивноста само во одредени граници.

o Мотивацијата на работникот – работникот ке биде мотивиран за поголеми остварувања ако

висината на неговата плата зависи од резултатите на неговата работа

o Општествената положба на работниците – влијае индиректно.Зависи од односот на работниците

спрема средствата за работа и распределбата на резултатите на работата.

o Флуктацијата на работниците - негативно влијае на продуктивноста

o Меѓучовечките односи -

• Организациони фактори (фактори поврзани со организација на трудот) – Влијае на времето потребно

за извршување на работата.Специфика на овој фактор е тоа што таа претставува внатрешна резерва

која може да се активира и да придонесе за зголемување на продуктивноста без нови вложувања на

средства.Таа може да интервенира кај

o Техничката поделба на работата заради подобра организација и распоред на работните места

o Техничка подготовка на работата заради попрецизно и појасно одредување на операциите

o Внатрешниот транспорт – избегнување на празни движења на транспортните средства и

снабдување на работните места со потребните материјални ресурси

Page 13: ekonomika-tret kolokvium

13

o Организацијата на производството – унапредување со воведување на на разни облици на

специјализација,стандардизација и типизација

o Системот на управување и раководење – подобрување на процесот на одлучување

o Систем на информации

o Организацискиот модел на претпријатието

ЕКСТЕРНИ ФАКТОРИ НА ПРОДУКТИВНОСТА

Екстерните фактори се сметаат како објективни фактори – фактори на кои претпријатието не може да влијае.

Екстерните фактори се групираат во две групи

• Природни фактори

• Општествени фактори

Најважни природни фактори се:

• Земјата (влкучувајки ја и водата) – особено влијае на претпријатијата од земјоделството

• Природното богатство – збир на материјални добра кои ги дава природата.Влијае во

рударството,металургијата,шумарството и дрвната индустрија преку количината,квалитетот и начинот

на искористување.

• Климатските услови

Најважни општествени фактори се:

• Пазарот – фи набавува потребните ресурси и ги продава производите и услугите

• Економската политика

• Остварено ниво на стопански развиток

• Меѓународни економски односи

Мерење на продуктивноста

Ако ни се познати оствареното производство и потрошената работна сила продуктивноста може да се

пресмета:

• Со пресметување на односот помеѓу оствареното производство и потрошената работна сила P= Q/L

Со помош на оваа формула ја утврдуваме количината на производство што ја остварува еден работник во

единица работно време.Ова претставува количинско изразување на продуктивноста

• Со пресметување на односот помеѓу потрошената работна сила и оствареното производство P=L/Q

Page 14: ekonomika-tret kolokvium

14

Со помош на оваа формула ја утврдуваме количината на потрошена работна сила за производство на

единица производ.Ова претставува временско изразување на продуктивноста.

Мерењето на продуктивноста се сведува на давање на одговор на две прашање:

• Како да се изрази производството како елемент на продуктивноста

• Како да се изрази потрошокот на работната сила како елемент на продуктивноста

ИЗРАЗУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ПРОДУКТИВНОСТА

За изразување на производството како елемент на продуктивноста се користат неколку методи

• Натурален метод

Се изразува во натурални односно физички единици.Може да се применува онаму каде што се произведуваат

еден вид на производи. Односно постои еднородно производство.Резултатите добиени со оваа метода

најдобро ја изразуваат продуктивноста.Доколку претпријатието нема хомогено ,еднородно производство

главниот производ се зема како репрезентативен производ и се мери продуктивноста на истиот и истата се

смета како продуктивност на споредните производи.Степенот на точност на продуктивноста зависи од

учеството на репрезентативниот производ во вкупното оставрено производство

• Натурално-условен метод

Се користи за мерење на продуктивноста во оние претпријатија кои произведуваат повеќе исти или сродни

производи кои се разликуват по квалитетот,димениите,изгледот и сл.Остварените количина на секој производ

треба да се изразат во еден т.н условен производ.Изразувањето на количините на производите во количините

на условниот производ се врши со помош на т.н коефициенти на еквивалентност.Коефициентот на

еквивалентност може да се пресметаврз основа следната формула - Ке = норматив на трудот за

производ за кој се утврдува коефициентот / норматив на трудот на условниот производ

• Трудов метод

Суштината на овој метод се состои во тоа што производството како елемент на продуктивноста се изразува во

потрошен труд односно во потрошено работно време за негово остварување.Формулата за пресметување на

продуктивноста според трудовиот метод изгледа вака P = Q/L ( обем на производство во норма часови /

ефективни потрошени работни часови )

• Вредносен метод

Се користи кај претпријатија кои имаат широк асортиман на различни производи.Производството се изразува

во вредност односно во пари.Остварените количини на секој производ се множат со соодветните цени и така

добиената вредност се дели со потрошениот труд ( број на работници или број на работни часови ) P =

∑QxCq / L

При употреба на вредносниот метод битен е изборот на цената за вредносно изразување на производството.

Page 15: ekonomika-tret kolokvium

15

Постојат два вида цени: пазарни и постојани или стандардни цени.

При употреба на пазарните цени се јавува недостаток а се состои во тоа што при ист физички обем на

производство ако се променат пазарните цени вредноста на производството може да се зголемува или

намалува а со тоа и продуктивноста.Во овој случај реалната продуктивност на трудот е непроменета.Овој

недостаток на пазарнаите цени се елиминира со примена на постојани или стандардни цени.Како постојани

цени се земаат цените од некој базичен производ или планскиѕе цени.

ИЗРАЗУВАЊЕ НА ТРУДОТ (РАБОТНАТА СИЛА) КАКО ЕЛЕМЕНТ НА

ПРОДУКТИВНОСТА

При утврдување на потрошениот труд потребно е да се објаснат две прашања

• Кои работници да се вклучат во мерењето на продуктивноста

Најчесто како количина на потрошен труд се смета просечниот број на вкупно вработени лица.За

поаналитичи цели се земаат и други категории како работници кои директно учествуваат во производството ,

работници кои директно не се вклучени во производството и вкупниот број на работници

• Во какви временски единици може да се изразува потрошокот на трудот

o Часовна продуктивност – учинокот што работникот го остварува за еден час ефективна

работа.Работниот час најдобро го изразува потрошокот на трудот

o Дневна продуктивност – учинокот што работникот го остварува во текот на работниот ден.Битно

е работникот да е присутен на работа а не колку работиПресметувањето на дневната

потрошувачка се врши така што се утврдува односот помеѓу оствареното производство и

бројот на вработени кои биле на работа на одреден ден.

o Месечна продуктивност – просечен учинок што го остварува работникот во текот на еден

месец.Се изразува преку просечниот број на работници во текот на месецот без оглед колку

работниците го искористувале работното време.Месечната продуктивност по правило е помала

од дневната и часовната.

o Годишн апродуктивност – просечниот учинок што работникот го остварува во текот на

годината.Како едница мерка се зема просечниот број на работници во претпријатието во текот

на годината.

ЕКОНОМИЧНОСТ

Економичноста како економски принцип претставува стремеж или настојување да се произведе што поголема

вредност,да се создадат што поголеми резултати со што помали трошења на сите три елементи на

производствотот.

Економичноста како парцијален израз на квалитетот на економијата го покажува степенот на ефикасноста на

трошењето во процесот на создавањето на вредноста.

Page 16: ekonomika-tret kolokvium

16

Доколку економичноста расте и ефикасноста на трошењето на елементите на производството е поголема и

обратно

Економичноста може да се изразува натурално и вредносно

Натиралниот израз на економичноста ја покажува ефикасноста на трошењата во фазата на производствотот.

Вредносниот израз на економичноста ја покажува ефикасноста на трошењата во сите фази на репродукцијата

и е поширок и посоодветен показател во однос на натуралниот израз на економичноста.

Коефициент на економичноста претставува однос помеѓу остварениот вкупен приход и направените трошоци.

Коефициентот на економичност ни покажува колку се добива вкупен приход на 1 парична единица направени

трошоци

Суштината и содржината на економичноста се состојат во стремежот да се:

• Остварат што поголеми резултати со што помали трошоци на работна сила,средства за работа и

предмети за работа

• Да се оствари такво функционирање на претпријатието кое со квалитетот и другите особини на

производите и услугите ке ги задоволат потребите на пазарот

Зголемување на економичноста имаме кога:

• Со исти трошоци се остваруваат поголеми резултати

• Со помали трошоци се остваруваат исти резултати

• Резултатите и трошоците се зголемуваат но интензитетот на пораст на резултатите е поголем

• Резултатите и трошоците се намалуваат но намалување на трошоците е поинтензивно

• Резултатите се зголемуваат а трошоците опаѓаат

Додатни фактори на економичноста :

• ФАктори поврзани со потрошоците на предметите и средствата за работа

• Фактори поврзани со набавката на предметите и средствата за работа

• Фактори поврзани со продажбата на готовите производи

Фактори поврзани со потрошоците на предметите и средствата за работа

Според можноста работниците да влијаат на потрошоците се деллат на :

• Објективни

• Субјективни

Page 17: ekonomika-tret kolokvium

17

Според нивниот карактер се диференцираат на :

• Фактори кои се однесуваат на трошењето на предметите за работа

• Фактори кои се однесуваат на трошењето на средствата за работа

Факторите поврзани со потрошоците за предметите за работа се разликуваат :

• Според времето во кое дејствуваат

o Заштеди на пердметите за работа при проектирање и конструкција на производот

o Заштеди на предметите за работа во непосредното производство

• Според карактерот на дејството

Најважни фактори кои на различен начин дејствуваат врз потрошоците на предметите за работа се :

• Квалитетот на материјалот

• Карактеристиките на производот

• Карактеристиките на средствата за работа

• Карактеристики на технолошкиот процес

• Карактеристики на условите за работа

Најважни фактори кои го детерминираат трошењето на средствата за работа

• Карактеристики на средствата за работа

• Карактеристики и квалитетот на предметите за работа

• Работниците

• Карактерот на производство од аспект на видот на организација на производството

• Одржување на средствата

Ако факторите на трошење на факторите и средствата ги набљудуваме заедно тогаш некои се :

• Објективно условени – на нив претпријатието не може да влијае и да ги менува

• Субјективно условени – резултат се на разни организациони слабости на претпријатието и нивното

дејство може да се менува

Фактори поврзани со набавка на предметите и средствата за работа

Овие фактори имаат најчесто објективен карактер и на нив претпријатието по правило не може да влијае.

Page 18: ekonomika-tret kolokvium

18

Факторите поврзани со набавката на предметите и средствата за работа се манифестираат пред се преку

набавните цени на предметите за работа.Кај средствата за работа како специфичен фактор на економичност

се јавува амортизацијата.

Фактори поврзани со продажбата

Овие фактори влијаат на економичноста преку реализацијата на готовите производи и услуги.

Дејството на овие фактори доага до израз преку :

• Продажните цени на производот – зголемувањето или намалувањето на продажните цени влијае на

зголемувањето или намалувањето на вкупниот приход а со тоа при останати исти услови и на

зголемување или намалување на економичноста

• Количината на продадените производи – фактори кои ги одредуваат се понудата и побарувачката на

производите и другите пазарни услови

• Трошоци за магационирање на готовите производи

o Трошоци за осигурување на магацинскиот простор

o Трошоци за чување на залихите

o Каматите за ангажирање туги средства во залихите и сл

• Трошоци за економска пропаганда - тие имаат двојно дејство врз економичноста

Економичноста може да се мери на два начина :

• Натурална

НАтурално набљудувана економичноста се мери со помош на односот помегу оствареното производство

изразено во физички единици и потрошоците на сите елементи на производството. Економичноста натурално

не може да се емри од аспект на сите елементи на производството туку само од стојалиште на одделни

елементи на репродукцијата.Овие поединечни показатели на економичноста претставуваат коефициенти на

искористување на одделните фактори на репродукцијата.

• Вредносна

Претставува утврдување на однос помегу вредноста на оствареното производство и трошоците на сите три

елементи на репродукцијата направени за тоа производство.

Вредносно изразената економичност ни дава слика за остварената економичност во вкупниот процес на

репродукцијата и во производството и во прометот.

Показателот на економичноста добиен од односот C/T покажува колку парични единици вкупен приход се

добива на една парична единица направени трошоци во производството.Доколку овој показател е поголем

поголема е и економичноста.

Page 19: ekonomika-tret kolokvium

19

Вредносното мерење на економичноста може да се утврди со помош на :

• Пазарни цени

• Постојани – стандардни цени

РЕНТАБИЛНОСТ

Рентабилноста како економски принцип претставува стремеж или настојување да се оствари ѓто поголема

добивка што помаку ангажирање на средства во репродукцијата.

Рентабилноста како парцијален израз на квалитетот на економијата ја изразува ефикасноста на ангажираните

средства во создавањето на добивката на претпријатието.

Рентабилноста се изразува со односот помегу добивката и ангажираните средства.

Обично се множи со 100 така што се изразува во облик на одредена стапка на рентабилниост. Стапката на

рентабилност покажува колку парични единици добивка создаваат 100 парични единици ангажирани

средства.

Рентабилноста зависи од висината на остварените приходи и направените расходи ,од една страна и , од

сумата на ангажираните средства, од друга страна.

ФАКТОРИ НА РЕНТАБИЛНОСТ

Разликуваме две групи фактори на рентабилност :

• Фактори поврзани со добивката

o Физичкиот обем на производството – може да влијае директно врз рентабилноста и индиректно

( преку намалување на фиксните и релативно фиксните трошоци по единица производ )

o Продажните цени на производите

o Потрошоците на предметите и средствата за работа

o Набавните цени на предметите и средствата за работа – влијаат врз висината на нивните

трошоци

• Фактори поврзани со ангажираните средства

o Големината на ангажираните средства

o Времето на ангажираните средства

Факторите на рентабилноста според своето потекло се делат на:

• Надворешни - претпријатијата многу малку или воопшто не можат да влијаат

• Внатрешни – зависат од активностите и процесите што се извршуваат во самите претпријатија

Page 20: ekonomika-tret kolokvium

20

Поделбата на факторите на рентабилноста според своето потекло е идентична со поделбата на објективни и

субјективни.

ГЛАВА 9

Резултатите на претпријатието претставуваат излезни елементи (аутпути) на трансформационите процеси над

влезните елементи (инпути) на претпријатието како систем.

Резултатите на функционирање на претпријатието најчесто се изразуваат во три облика:

• Физичкиот обем на производствотот

• Вкупен приход

• Добивка

ФИЗИЧКИ ОБЕМ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

Физичкиот обем на производството претставува израз на произведените употребни вредности (производи и

услуги произведени во определн временски период) со кои се задоволуваат одредени потреби на луѓето.

Елементи на физичкиот обем на производството се:

• Квантитетот - физичкиот обем на произведените употребни вредности и главно се изразува во

физички единица мерка

• Квалитетот – зависи од степенот на прилагоденост на производот на пазарот.Произлегува од одредени

технички карактеристики

• Асортиманот – претставува одредена структура на различни производи и услуги на претпријатието.

Физчкиот обем на производството претставува изворен облик на остварените резултати

Вкупниот приход и добивката се изведени облици кои за основа на своето изразување го имаат физичкиот

обем на производството.

Примената на физичкиот обем на производството како облик на изразување на резултатите е лесна и

едноставна во случаи кога претпријатието произведува еден вид производ.

Физичкиот обем на производството на различни производи заеднички се искажува со примена на

определена методолошка постапка врз основа на:

• Натурално-условни единици

• Трудови единици

• Вредносни единици

Page 21: ekonomika-tret kolokvium

21

ВКУПЕН ПРИХОД

Вкупниот приход е вредносен израз на остварените резултати во претпријатието.

Бруто производ – претставува вкупната вредност на оствареното производство и извршените услуги на

претпријатието во одреден временски период најчесто една година.Таа вредност се пресметува кога

остварената количина производи ке се помножи со нивните продажни цени.

Вкупниот приход на претпријатието го сочинуваат вредноста на продадените производи и услуги други

вредности што се остваруваат во работењето во одреден период,независно од продажбата на производите и

услугите.

Утврдување на вредноста на продадените производи и услуги може да биде:

• Принцип на наплатена реализација

• Принцип на фактурирана реализација (производот да е продаден,фактурата доставена на купувачот и

настанати должничко-доверителни односи)

Структурата на вкупниот приход може да се набљудува од два аспекта:

• Аспект на формирање на вкупниот приход

• Аспект на распределба на вкупниот приход

Структурата на формирање на вкупниот приход ги прикажува приходите според основите

(изворите) на стекнување и тоа:

• Приходи остварени од основна активност

o Приходи од продажба на производи,услуги и стоки на домашен и странски пазар

o Приходи и од продажба на производи,услуги и стоки на поврзани субјекти

o Приходи од наемнина

o Приходи по основа на употреба на сопствени производи,услуги,стоки и материјали – интерна

реализација

o Приходи од продажба на материјали,резервни делови,ситен инвентар и амбалажа

o Останати приходи од продажба на производи,услуги,стоки и материјали

Приходите од извршување на стопанската активност се пресметуваат врз основа на продажните цени на

производите,услугите и стоките

Висината на продажните цени и другите услови на продажбата зависи од односите што се формираат помеѓу

понудата и побарувачката на пазарот.

Page 22: ekonomika-tret kolokvium

22

• Приходите од финансирање – приходи кои произлегуваат од различни финансиски трансакции што ги

извршува претпријатието

o Приходите од финансиските односи што претпријатието ги воспоставува со други претпријатија

,заедно учествувајки во финансирање на некоја активност

o Приходи од финансиски вложувања кои претпријатието ги прави со давање на краткорочни и

долгоролни кредити.Каматата е финансиски приход што претпријатието ја добива од должникот

o Други приходи од финансирање

• Вонредни приходи – приходи кои не се резултат на работењето на основната стопанска дејност,туку

настануваат како последица на настани кои се јавуваат повремено и непредвидливо.За нивно

настанување не се прават расходи.

o Приходи од вонредна продажба на значаен дел на постојаните средства

o Приходи од наплатени отпишани побарувања на доверителите

o Остварени приходи од поранешни години

o Други вонредни приходи

Структурата на вкупниот приход од аспект на неговата распределба ја сочинуваат:

• Вкупните расходи

• Добивката

Вкупните расходи се состојат до

• Расходи направени за извршување на основната дејност (редовни-деловни расходи) – ги опфаќаат сите

оние трошоци кои настанале и се составен елемент на цената на чинење на продадените учиноци

o Материјални трошоци

o Амортизација

o Нематеријални трошоци

o Вкалкулирани бруто плати

o Набавната вредност на продадените стоки и материјали

• Расходи од финансирање – расходи во претпријатието кои настануваат како последица на идредени

финасиски трансакции

o Расходи на финансирање од односите со поврзаните субјекти

Page 23: ekonomika-tret kolokvium

23

o Расходи за камати

o Расходи за негативни курсни разлики

o Договорено намалување на вредноста на долгорочните финансиски вложувања

• Вонредни расходи – расходи како последица на вонредни околности и не се резултат на извршување

на основната активност на претпријатието.

o Штети

o Отпис на ненаплатени побарувања

o Расходи од поранешните години

ДОБИВКА

Добивката претставува втор дел на вкупниот приход.Таа заедно со со вкупните расходи ја претставува

структурата на вкупниот приход.

Системот на доход претставува кога од вкупниот приход на претпријатието се надоместуваат материјалните

трошоци и амортизацијата. VP-(MT+A) = D. Остварениот доход се распоредува за задоволување на општите

и заедничките потреби на државата и делот од доходот што останува после тоа како чист доход самостојно го

распоредува претпријатието.

Системот за добивка – при утврдување на резултатите на претпријатието од вкупниот приход треба да се

надоместат сите трошоци на сите елементи на производството а не само на предметите и средствата за

работа..Системот на добивка се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на

претпријатието

Do=VP-VR

Do=(DP+PF+VP) – (ROD+RF+VR)

Со покривање на вкупните расходи се остварува проста репродукција.Додека со добивката може да се

финансира проѓирена репродукција.

Ако вкупните расходи се поголеми од вкупните приходи тогаш велиме дека претпријатието има негативен

финансиски резултат односно загуба

Загубата може да се покрие:

• Со дотации на основачите на претпријатието

• Со отпишување на побарувањата од доверителите на претпријатието

• Со намалување на неноминираниот капитал – употреба на средствата за резерви и средствата за

заедничка потрошувачка за намалување на загубата

Page 24: ekonomika-tret kolokvium

24

• Со намалување на сопствениот капитал преку продажба на имот на претпријатието

Ако загубата не може да се покрие тогаш се покренува стечајна постапка во рамките на која може да дојде и

до ликвидација на претпријатието

Државата со законски прописи го регулира прашањето на санација на претпријатијата кои деловната година ја

завршуваат соз агуба.

Добивката е предмет на распределба

Добивката се распределува за задоволување на:

• Општата и заедничката потрошувачка – за даноци и придонеси

• Репродукционата потрошувачка – издвојување на дел од добивката за акумулација

• Личната потрошувачка – издвојување на дел од добивката за плати и за заедничка потропувачка

Остварената добивка се дели на:

• Даноци и придонеси

Се издвојуваат од добивката и служат за покриување на трошоците на државната управа и за покривање на

трошоците за заедничко задоволување на потребите од областа на здрваството,образованието,науката итн.

• Нето добивка – добивка по одданочување и се распределува за:

o Акумулација –зголемување на трајниот капитал трајните вложувања

o За дивиденди и други надоместоци на вложувачите

o За резерви

o За бруто плати на вработените – во вид на стимулативна компонента на добивката

o За заедничка и друга потрошувачка

o Нераспределена добивка

При разпредлбата на нето добивката се поставуваат следните прашања:

• Колкав дел од добивката да се издвои за акумулација односно за зголемување на трајниот капитал и на

трајните вложувања

• Колкав дел да се издвои за плаќања на сопствениците на капиталот како нивна заработувачка

• Колкав дел да се издвои од нето добивката за вработените во претпријатието

Page 25: ekonomika-tret kolokvium

25

ГЛАВА 10

Тежиштето на економиката на одделните функции во претпријатието е во нејзината успешност ,мерена и

изразена преку односот на остварените резултати и направените трошоци на односнота функција.

Економиката на функции опфаќа повеќе елементи

• Постојаниот третман на економиката на функциите

• Трошоците на одделни функции

• Методологијата за утврдување на трошоците на одделни функции

• Показатели на економиката на функции и нејзино следење

Економиката на функции може да се мери и изразува преку:

• Вредносни показтели

• Физички натурални показатели

Економика на управувањето

Економиката на функцијата на управувањето е настојување за остварување на што поповолен однос помеѓу

вкупниот приход,добивката и вкупните трошоци на управувањето

Важни групи на трошоци на функцијата на управувањето се:

• Трошоците за изработка и донесување на општи акти

• Трошоците за одржување состаноци на органите на управување

• Трошоци за известување на вработените

• Платите на работниците кои работат за органите на управувањето

• Надоместоци за плати на членовите на органите на управувањето – за време на отсуство од работа

заради учество на седниците

Економика на раководењето

Важни трошоци на раководната функција

• Трошоци на претпријатието за раководење

• Трошоци за туѓи услуги ( особено ПТТ)

• Трошоци за службени патувања на раководителите

• Трошоци за репрезентација за потребите на раководителите

Page 26: ekonomika-tret kolokvium

26

• Трошоци за амортизација кои отпаѓаат на раководителите

• Плати за раководителите

Економика на финансиско-сметководствената функција

Финансиско-сметководствената функција ги остварува своите задачи преку извршување на одделни групи на

работи поврзани со:

• Финансиска оператива

• Сметководство

• Пресметка на плати

• Финансиска контрола и др

Финансиската оператива обезбедува потребни финансиски средства за нормално одвивање на работните

процеси.Таа ги опфаќа овие активности

• Обезбедување финансиски средства

• Навремено плаќање на обврските

• Навремена наплата на побарувањата

• Извршување на работата во врска со ликвидација на документите и касата

Книговодството – води евиденција на средствата и изворите на средствата, се регистрираат сите промени и

се пресметува финансискиот резултат на работењето.Исто така ги снабдува со информации органите на

управувањето, државните органи и ревизорите.

Пресметката на плати – се врши врз основа на мерила и критериуми утврдени со правилници, во предвид

земајки ги остварените резултати

Финансиската контрола – опфаќа задачи со кои се остварува контрола на сите финансиски документи во

претпријатието.

Економиката на финансиско-сметководствената функција се согледува во создавање за почитување на

следните принципи:

• Минимално ангажирање на средствата и нивно најефикасно искористување

• Обезбедување на оптимални финансиски средства за нормален тек на процесот на репродукција со

навремено плаќање на обврските и наплата на побарувањата

Page 27: ekonomika-tret kolokvium

27

• Сведување на побарувањата на што помали износи со најкратки рокови и ликвидирање на обврските

во предвидените рокови

• Побрзо вртење на обртните средства

• Наплата на затезна камата,парични казни и сл.

Значајни трошоци на финасиско-сметководствената функција се:

• Платите,надоместоците на вработените во финансиско-сметководствената функција

• Каматите на кредитите и заемите

• Затезните камати за ненавремено плаќање на обврските

• Платените пенали за ненавремено исполнување на задачите

• Други трошоци на финансиско-сметководствената функција

Економика на набавната функција

Целите на набавната функција можат да се поделат на:

• Непосредни – смалување на трошоците на набавната функција во однос на вредноста на остварените

учиноци а со тоа и оптимализирање на трошоците во однос на учиноците

• Посредни – набавка на средства за работа и предмети за работа од добар квалитет, во потребната

количина и во право време по економски оправдани цени , со правилен избор на набавката и со што

пониски трошоци.

Економика на производствената функција

Содржината на производствената функција ја сочинуваат:

• Обликување на производот

• Подготовка на производството

• Подготовка на работните места

• Непосредно извршување на производството

Page 28: ekonomika-tret kolokvium

28

• Техничка контрола

• Одржување на средствата

Економиката на производствената функција се состои во намалување нна трошоците на оваа функција во

однос на количината и вредноста на остварените учиноци.

Најважни трошоци на производствената функција се:

• Платите и надоместоците на вработените во производството

• Трошоци за истражување и развој на производите

• Трошоци за проектирање и конструкција н апроизводите

• Трошоци на техничката подготовка на производите

• Трошоци на оперативната подготовка на производите

• Трошоци на непосредна изработка на производите

• Други трошоци на производството

За оценување на економиката на производствената функција постојат:

• Натурални показатели - Се подобрува економиката на производствената функција доколку

o Се зголемува количината на произведените учиноци на едно лице вработено во

производството

o Се зголемува процентуалното учество на вработените во производството во вкупниот број на

вработени во претпријатието

• Вредносни показатели - Се подобрува економиката на производствената функција доколку:

o Растат трошоците на производството во однос на вкупните трошоци

o Ако се намалуваат остварените трошоци на производството во однос на нивните планирани

износи

o Ако се намалуваат вкупните трошоци на производствотот во однос на остварениот вкупен

приход и добивката на претпријатието

o Ако се зголемува учеството на остварените плати во производството во вкупните плати на

претпријатието

Вистинска оценка за достигнатото ниво на економиката и успешноста на производствената функција може да

се донесе преку

• Временско споредување

Page 29: ekonomika-tret kolokvium

29

• Просторно споредување

• Планско споредување

Економика на продажната функција

Непосредна цел и задача на економиката на продажбата се состои во намалување на трошоците на

продажната функција во однос на вредноста на остварените учиноци,збначи оптимализација на трошоците во

однос на учиноците кои ги постигнува продажбата како функција.

Посредните цели се состојат во задоволување на платежно способната побарувачка за производите на

претпријатието,забрзување на процесот на продажбата,змалување на ризикот на продажбата и др.Овие цели

економиката на продажбата ги остварува со продажба на производи од добар квалитет во потребни

количина, во право време,по економско оправдани цени и со испорака на право местои со што пониски

трошоци