36
УНИВЕРЗИТЕТ “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ” СКОПЈЕ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ДИПЛОМСКА РАБОТА -ФИЛОЗОФИЈАТА НА НЕГАТИВНА УТОПИЈА- “ХРАБРИОТ НОВ СВЕТ” 1

Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

УНИВЕРЗИТЕТ “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

СКОПЈЕ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

ДИПЛОМСКА РАБОТА

-ФИЛОЗОФИЈАТА НА НЕГАТИВНА УТОПИЈА-“ХРАБРИОТ НОВ СВЕТ”

Ментор: Автор:Проф. Д-р. Ферид Мухиќ Ивица Манасиевски

1

Page 2: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

,,Патот до пеколот е поплочен со добри намери,,

Данте

,,Сакав да го променам светот,но открив дека единственото нешто

што човек може да го промение самиот себе си,,

Хаксли

Вовед

Денес повеќе од кога и да е проблемот на негативната утопија не заслепува со својата актуелност. Целокупната историја на дваесетиот век е континуирана реализација на најсмелите анти-утописки идеи. Она што во четириесетите години од минатиот век беше сметано за исцело неадекватна тема која неможе да привлече сериозна критичка љубопитност и оспорувано како естетика на сензационалното, денес е етаблиран жанр кој непрекинато еволуира а неговите квалитети се сурова реалност.

Ако антиципаторите и пионерите на негативната утопија биле инспирирани од развојот на науката и технологијата и идејата за прогрес, денешните утописти се затечени од резултатите на тој незапирлив процес. Реализацијата на тој прогрес е кошмарот на негативната утопија. Времето потребно за конкретизација на нечија

2

Page 3: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

утописка мисла од ден во ден станува се пократко. Ако во минатото бил потребен еден век, неколку децении, смена на генерации за остварување на една визија, денес лесно можеме да си претставиме ситуација на автор кој штотуку го завршил делото и се наградил себе си со добар сон после неколку непроспиени ноќи - утрото да го разбуди кошмарот на остварената фантазија од ТВ-приемникот.

Негативна утопија

Негативната утопија како романескна литературна продукција се јавува во рамките на фантастичната литература или фикшнот, а нејзина надгрупа е сајенсфикшнот.Сајенсфикшнот може да се каже дека е стар колку и литературата воопшто, но во онаа форма нам денес позната, која имагинативно сциентистички го лоцира постои од неодамна. Несомнено ова се поврзува со равојот на науката и технологијата и нивниот импакт врз човекот и општеството. Со технологизацијата на општеството се проблематизира односот човек - техника, се гради и се брани нов општествен поредок со нови општествени односи при што традиционалните вредности, претстави и идеали первертираат или се губат. Ова имплицира различни етички дилеми, психолошки, социјални и филозовски преиспитувања. Сите тие размисли стануваат плодно тло на кое се развива негативно - утописката мисла, радикално критички настроено кон новата реалност. Во овој контекст Џ. Х. Велс експлицитно укажува дека времето на идеални утопии е дефинитивно изменето така што идните утопии нужно ќе имаат за свој предмет загледување на одредени конфликти.

3

Page 4: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Суштинска разлика помеѓу анти - утопијата, утопијата и С.Ф. не постои, постојат разлики во однос на тематиката. Карактеристично за целиот жанр е немиметичноста. Креацијата, имагинативното надвладува над дескриптивното. Два конститутивни моменти ја обликуваат приказната: дистанцирање од стандардното, постоечкото (време, простор, закони) и воведување на нови различни процеси, логики односно трансцендирање на реалноста. Варијации на овие постапки се ескапизмот, спацијалниот егзотизам, контакт со екстратерестријални форми, средба со непознатото (стара цивилизација, планета итн.). Во анализата на постапките карактеристични за жанрот, свој придонес дале теоретичарите Анри Боден и Цветан Тодоров. Првиот зборува за три постапки: 1. зголемување (предимензионирање) на нештата; 2. вткајување на секојдневното и фантастичното; 3. психичко бомбардирање (коренито менување на психолошките обрасци од секојдневието).Цветан Тодоров упатува на три други постапки типични за фантастиката: 1. ефектот на страното, туѓото; 2. ефектот на фантастичното и 3. ефектот на чудесното. Анри Боден развива и три критичко - теориски пристапи за испитување на С.Ф. 1. теориска перспектива; 2. интелектуалистичка и 3. литературна, при што клучни критериуми се принципот на научна веројатност и уметничката вредност. Тука се поставува прашањето и за односот на субмисија меѓу научното (рационалното) и имагинарното (креативното). Еден од авторите кој се бави со суштинските особини на жанрот е Стенберг. ,,Во директна асоцијација со Кант фантастиката се прашува за вечните неразрешливи дилеми на сопствениот идентитет; кои сме?, зошто сме?, од каде сме?, што може да знаеме?, што може да правиме? Не е

4

Page 5: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

битно тоа што С.Ф. се користи со технолошки иновации, што прибегнува кон научна аргументација - сето тоа е само сценографска фатаморгана. Темелите на С.Ф. се нејзините основни и неразделни опсени кон кои стреми: животот, смртта, просторот, времето, апсолутот,,. Може да резимираме дека фантастиката е засебно литературно подрачје со свои подвидови (утопија, негативна утопија, научна фантастика, сајбер панк, окултистика и др.); има сопствен формално методолошки апарат и специфични постапки а тоа се дистанцирање, трансцендирање и критика. Уметничката вредност и визијата се пресудни за вредноста на овој жанр.

Потекло на негативната утопија

Поимот и предметот на негативната утопија во претходното излагање беше разработен во корелација со неговите сродни видови. Во овој контекст беше речено дека С.Ф. литературата е стара колку и самата литература. Анри Боден првата утопија ја врзува за сумерскиот еп за Гилгамеш а потрагата по првата негативна утопија не води кон пророчките книги од стариот завет и тоа до книгата на пророкот Исаија. Меѓутоа за антиципаторите на негативната утопија во вистинска смисла се сметаат три автори:Семјуел Батлер со ,,Erewhon,, , Едвард Белами со ,,Looking backward,, и Вилијам Морис со ,,News from nowhere,, . Првиот е под екстремно влијание на Дарвин, чија теорија на еволуција ја проширил и на анорганскиот свет - машините со што станал антиципатор на идејата за андроидите, киборзите и сајбер панкот. Другите двајца се социјално

5

Page 6: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

ангажирани а нивните социјалистички идеи ги аплицираат во творештвото. Делото на Белами иако е модерна утопија преку укажување на низа парадокси кои се јавуваат при изградбата на неговото идеално општество влијаел врз негативната утопија. Автор кој е несомнено најреферентен за негативната утопија е Џ. Х. Велс. Влијанието на Велс е експлицитно потврдено и од страна на мајсторот на жанрот Замјатин кој во неговата земја дури бил нарекуван “англичанецот”. Исто така неговите дела биле пресудни и за Хаксли и тоа во негативна смисла и причина за ремек делото ,,Храбриот нов свет,, . ,, Лектирата ,,Луѓето слични на боговите,, предизвика во мене една речиси патолошка реакција во смисла на циничен анти - идеализам. Многу пред да ја завршам книгата решив под нејзино влијание, да напишам една пародија која би звучела како подбивање со оваа најоптимистичка од сите утопии на Велс. Но, штом го согледав проблемот на создавањето на негативната утопија, на пресвртената утопија, можев да забележам, фасциниран, дека побудата ја надиграла секаква литературна и психолошка можност, така што книгата на Велс наполно ја заборавив, посветувајќи му се, со најголема сериозност на создавањето книга што подоцна ќе стане позната под името “ Храбриот нов свет”.Марк Хилегас со студијата ,, Иднината како кошмар ,, е еден од авторите кои го фаворизираат значењето на Велс. Според него ,,Времеплов,, претставува прва добро изведена имагинативно кохерентна презентација на иднината што е полоша од сегашноста и воедно тоа е прва целосно негативно утописка слика во сите свои тенденции. Безрезервниот ентузијазам на Хилегас ги прогласува сите негативно утописки автори за епигони или инфериорни во однос на творештвото

6

Page 7: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

на Велс. Неговото мислење е дека сите значајни теми на негативната утопија се јасно антиципирани или разработени во делата на Велс. Главната тема - потребата од етичка контрола на развитокот на науката и технолошките иновации во целост е најавена со ,,Невидливиот човек,, . Ваквиот став делумно го дели Бернард Беркцони кој во ,,Островот на доктор Моро,, ја пронаоѓа клучната одлика на негативната утопија а тоа е нејзината скептичка, дури и отворено песимистичка визија на темелните поими на цивилизацијата: прогресот, митото, хуманоста. Логична последица вели тој на ваквиот менталитет е развивањето игнорантски однос кон авторитетите, а песимизмот и антиавторитарноста се столбови на негативната утопија.

Појавата на Хаксли

Три дела од антологијата на утописката мисла се издвојуваат како најреферентни во формирањето на негативната утопија: ,,Ние,, (1922) на Евгениј Замјатин; ,,1984,, (1949) на Џорџ Орвел и ,,Храбриот нов свет,, (1932) на Олдос Хаксли. Значењето на овие дела ја трансцендира чисто антологиската вредност и ги инагурира во некој вид етички коректив на општествената свест иако секое од овие дела длабоко критички интонирани кон општествениот реалитет од своето време извршиле актуелен импакт. ,,Храбриот нов свет,, со својата визија за иднината и сериозната антиципативна моќ на денешнината се издвојува од ова тројство. Техно реалноста, напуштањето на

7

Page 8: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

националните милитарни, тоталитарни режими и нивна замена со софистициран мек тоталитаризам е актуелна реалност но и разработена идеја во ХНС на која се должи неверојатната комуникација со современиот човек. Темата на ХНС не е напредокот на науката како таков туку влијанието на напредокот на науката врз човекот. Краток преглед на биографијата на авторот ќе биде корисен во согледувањето на проблемите кои ги третира делото. Олдос Хаксли е роден на 26 јули 1894 во Godalming во областа Surrey, Англија. Доаѓа од интелектуалната аристократија на англиското општество. Од неговото семејство потекнуваат неколку врвни интелектуалци. Неговиот дедо по таткова линија е познатиот биолог и физичар Томас Хенри Хаксли, застапник на концепцијата на ,, космички песимизам ,, која директно влијаела на Велсовото творештво. Неговиот татко е еминентен литерат а по мајчина линија е во сродство со писателката Пери Огаста Ворд и внук на поетот и есеист Метју Арнолд. Неговиот брат Џулијан Хаксли бил водечки зоолог. Извонредните генетски предиспозиции ги надградува со врвно образование прво во Итон а потоа во Оксфорд каде студира англиска литература и филологија. Фамилијарниот бекграунд го припрема за вариетет на интереси од антропологија до зоологија и од медицина до мистицизам. Неговата очна болест го спречува да се бави со наука, но не и да ги ,,види,, нештата и она позади нив. Дваесетите години патува со својата жена низ Италија каде што ги зачнува корените на ХНС инспириран од Мусолиниевата тоталитаризација на државата. Во истиот период патува два пати околу светот, потоа ја посетува Индија и централна Америка, престојува во Франција а во 1937 се населува во Калифорнија

8

Page 9: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

каде што останува до крајот на својот живот. Комуницира со многу водечки автори од тој период, другарува со Д. Х. Лоренс, се допишува со Керуак и Гинзберг. Во 1916 година ја објавува првата збирка поезија а во 1921 година го пишува првиот роман ,, Crome Yelloy ,, кој го етаблира како автор. Други позначајни романи се: ,, Point conter point,, (1928), ,,Brave new world,, (1932), ,,Eyeless in Gaza,, (1936), ,,After many a summer dies the swan,, (1939), ,,Island,, (1962). Хаксли важел за многу подобар есеист отколку новелист. Неговите новели поради желбата да се соопшти, да се влијае на другите се сметаат за премногу дидактички. Во есеите тој е ослободен од драматуршките бариери да ги искаже своите мисли. Попознати негови збирки есеи се: ,,Do what you will,, (1929), ,,Ends and means,, (1937), ,,The perennial philosophy,, (1945), ,,Brave new world revisited,, (1958). Пишувал и поезија, драми, сценарија, журналистика, биографија, социјална, научна и интелектуална историја. Напишал вкупно 47 книги а инспирирал несомнено многу повеќе. Неговиот дух може да се определи како иконокластички а неговата формула е ,,нема последен одговор, сe е под прашање! Ерго да се прашуваме.,,

Историска перспектива

,,Можеби овој свете пекол на друга планета,,

Хаксли

9

Page 10: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Времето кога ХНС за прв пат ја здогледува светлината на денот е време на супстанцијална светска криза. Големи политички, економски и филозовски промени се случуваат во Европа и Америка. Тоа е период на големата економска депресија во капиталистичките општества. На интернационалната политичка сцена егзистира болшевичката револуција, диктаторскиот режим на Мусолини во Италија и нацистичкото движење во Германија. За Хаксли човековата слобода и независност од секогаш биле врвни вредности а во појавата на нацизмот и фашизмот кои индивидуата ја ставаат секогаш под и во функција на државата ја гледа опасноста истите да бидат загрозени. Оваа дехуманизација и деградација на човекот во тоталитарниот режим станува и една од главните теми во ХНС. Економските промени во тој период во индивидуалните земји се огромни. Се градат повеќе и поголеми фабрики, производството расте, се случува напредок на масовното производство на автомобили. Човекот експлоатиран од големите бизниси и индустријата воопшто станува важен не само како произведувач туку и како конзумент. Хаксли ова го инагурира во главна човекова вредност - способноста на човекот да продуцира и конзумира производи и го користи како идеја во градењето на совршената држава. Со миграцијата на луѓето во големите градови се менува и начинот на кој човекот ја согледува стварноста. Како еден од толпата, индивидуалецот не чувствува одговорност кон себе си како ни кон другите. Губењето на индивидуалноста го води кон губење на респект кон индивидуалното. Униформноста станува реалност. Хаксли овој момент го проицира во изградбата на неговиот кастински систем и форматирањето на кастинската свест. Тоа е исто така период на широко инплементирање на

10

Page 11: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

утилитарните вредности и тоа во највулгарната варијанта што резултира со смена на идеалот на вистина и убавина со идеалот на комфор и среќа. Хаксли од 1932 година малку верува во човекот, во неговата воља да оди спроти брановите и да ја зачува слободата и достоинството. Ваквиот сомнеж во човештвото резултира со крајно песимистичка визија на светот во ХНС.

Реакции на јавноста

Од објавувањето во 1932 книгата и авторот се предмет на контроверзни коментари и критики. Првите критики биле изненадувачки лоши и мнозинството од нив ја отфрлиле книгата како слаба во заплетот и карактеризацијата, празна, механичка во структурата и монотона. Поентата пак била оценета како не доволно релевантна, не доволно алармантна и не доволно оригинална. За воља на вистината се појавиле и позитивни критики но во мал број и крајно воздржани. Големата економска депресија и подемот на фашизмот и нацизмот можеби ја доближиле книгата до читателот но самиот Хаксли бил далеку од своето време. Фактот дека повеќе од седум декади е читана, реинтерпретирана и доживеала смена на неколку генерации говори за вредноста сама по себе. Самиот автор во предговорот напишан после петнаесет години вели дека не би ја напишал одново но дека направил клучен превид а тоа е отсуството на нуклеарната фисија. Сепак признава дека како литературно дело има свои недостатоци.Она што ја конституира ХНС во ремек дело на анти-утопијата и на С.Ф. воопшто не се литературните квалитети туку имагинативната визија. Профетичките елементи во ХНС придонесуваат за континуираната популарност

11

Page 12: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

бидејќи година за година гледаме сe повеќе и повеќе како Хакслиевата фантазија станува реалност. Самиот Хаксли во споменатиот предговор коментира дека се движиме во правец на утопијата многу побрзо отколку што некој може да замисли. ,,Денес изгледа многу веројатно дека хоророт ќе не затекне за само еден век,,. Во времето на пишување на делото само неколку истражувачи во науката биле загрижени за генетското условување, важноста на наследството и средината и ефектот на хемиски дисбаланс во физичкиот и ментален развој. Денеска владите, образовните институции, дури и цели индустрии ги експлоатираат резултатите од научните истражувања во овие области.

Политичка констелација

,, Технолошкиот прогрес едноставно нe снабдува со поефикасни средства

за движење наназад.,,Хаксли

Хаксли дејствието на ХНС го сместува во алтернативен временски ток а тоа е во 632 година од фордовата ера или 2540 година. Времето се смета од појавата на првиот фордов модел ,,Т,,. Државата е распростанета на целата планета и го носи името ,,Светска држава,, . По своето политичко уредување е беневолентна диктатура: статична, ефикасна, тоталитарна држава на благосостојба. Може да се каже дека се работи за еден облик на технократија. Со државата управуваат десет светски контролори чии гласноговорник е Мустафа Монд кој е управувач на западна Европа. Општеството е детерминирано од владата преку сиентистичкиот кастински систем. Постојат пет касти градирани по своите

12

Page 13: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

интелектуални и физички капацитети: алфи (облечени во сиво, интелектуалци во општеството, завземаат лидерски позиции, изведени се од една јајце клетка, од нивните редови се регрутираат светските управувачи, индoктринирани од власта, за разлика од другите кои се генетски програмирани), бети (облечени во темно црвено, високо интелигентни, често работат како механичари), гами (облечени во зелено семи интелигентни), делти (облечени во кафеаво, семи интелигентни, немаат индивидуалност), епсилони (облечени во црно, неписмени, семи морони). Кастинскиот систем како модел на управување бил искористен во Платоновата ,, Држава ,, а Платон го превзел од Египет. Во случајот на Хаксли поверојатно е дека е инспириран од Индискиот кастински систем. Светската држава го контролира секој аспект од индивидуалниот живот. Предестинаторите од владиното биро за општествено предодредување одлучуваат за позицијата на единката во хиерархијата. Децата се одгледани и кондиционирани од државната бирократија. Почитта постои единствено кон општеството како целина. Граѓаните не смеат да се вљубуваат, женат и да имаат деца. Лојалноста постои само во однос на државата. Државата се базира на манипулација и апсолутна контрола. Слоганот на државата е первертиран од слоганот на француската револуција ,, Слобода, еднаквост, братство ,,. Тој гласи: ,, Заедница, идентитет, стабилност,, при што стабилноста е владеачки принцип. Светската држава изискува потреба од единствена политичка идеологија и единствен поглед на светот. Оваа цел ја истакнува потребата од комформизам во политичкиот, социјалниот и личниот живот. Единката е секогаш во функција на заедницата. Таа е заменлива во секое време ,,во секое време можеме да создадеме нова, без

13

Page 14: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

никакви компликации и тоа колку сакаме. Некомформизмот загрозува нешто повеќе од животот на една единка; тој го удира самото општество.,, Вториот принцип од тројството е идентичноста која е сведена на физичко - хемиска еднаквост на луѓето. За реализирање на клучниот принцип и постигнување на состојбата на стабилност, индивидуалноста мора да биде жртвувана. ,,Нема цивилизација без социјална стабилност. Нема социјална стабилност без индивидуална стабилност.,, Индивидуалната стабилност се креира со униформност во мислењето и изгледот на луѓето. Задоволувањето на овие услови продуцира среќни луѓе задоволни од нивниот едноставен живот. ,, Ние не сакаме да се менуваме, секоја промена е загрозување на стабилноста.,, Деперсонализацијата и дехуманизацијата се цената на таа утописка ,,идила,,.

Механизми на контрола

Технологијата има клучна улога во механизмите на контрола и манипулација. Постојат неколку типови на социјална контрола, генетска контрола и контрола на репродукцијата. Природниот начин на репродукција е забранет поради непредвидливоста на генетскиот квалитет на индивидуата. Принципот на масовно производство е применет во генетскиот инжињеринг кој се одвива по стандардизирани правила наметнати од државата. Кондиционирањето започнува од оплодувањето низ сите фази до самото раѓање. Процесот започнува со бокановскизација (од една јајце клетка со пупење се добиваат 96 идентични единки) преку неколкуте фази на предестинација (контрола на дотокот на кислород на ембрионот, рентгенско зрачење, термичка обработка итн.) а

14

Page 15: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

резултатот е единка предодредена да го завзема соодветното место во општеството. ,, Бидејќи тие не се задоволуваат само со излегнувањето на ембрионите, тоа би го можела и секоја крава. Ние покрај тоа предодредуваме и кондиционираме. Ние нашите деца ги испорачуваме како социјализирани човечки суштества. Кондиционирањето продолжува во контрола на умот и бихевиористичка контрола. Хипнопедијата се користи за ,,морално воспитување кое во никој случај не смее да биде рационално,,. Хипнопедиските заповеди доаѓаат во вид на кратки слогани специјално напишани од емоционалните инжињери. Таа доаѓа непосредно по бихевиористичката контрола ,, обработката без зборови е груба и премногу воопштена, со неа неможе во свеста да се влеат пофини разлики, неможе да се всадат коплексни системи на однесување. За такво нешто се потребни зборови но зборови лишени од смисол. Накратко хипнопедија. Најголема морализаторска и социолизаторска сила на сите времиња,,. Павловиот метод на условни рефлекси е аплициран во обработката на децата од пониските касти. Делтите симултано се запознаваат со книги и цвеќиња но и со гласна бука и електрични шокови ,,книгите и продорната бука, цвеќето и електричните удари - овие парови во детската свест се поврзани; а после двеста повторени лекции исти или слични ќе бидат нераскинливо поврзани. Она што човек ќе го соедини природата е немоќна да го раздвои.,, Оваа обработка нема само за цел да ги заштити единките од несакани рефлекси туку и висока економска логика ,, јагликата и пејзажите, имаат еден голем недостаток: бесплатни се. Љубовта кон природата не дава работа во фабрика. Затоа било решено љубовта кон природата да се укине, макар и во

15

Page 16: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

најниските касти, но да се задржи тенденцијаата на користење на сообраќајни услуги,,.,,Ги обработуваме масите да ја мразат природата, но паралелно со ова ги обработуваме да ги сакаат сите спортови под ведро небо. Во исто време уредивме да бавењето со секој од тие спортови повлекува употреба на компликувани направи. И така тие стануваат потрошувачи како на индустриска роба така и на сообраќајни услуги,,. Истата потрошувачка логика ја следат и бизарните детски игри во кои е загарантирана употребата на машини. Такви игри се центрифугална лора, електронски голф со бариери, електронски бадмингтон. Овие моменти само ја нагласуваат детерминираноста на единката од државата во овој случај економската. Дехуманизацијата во новиот свет продолжува во насока на контрола и гушење на емоциите - главниот елемент кој човека го прави хуман и уникатен. Тие се горивото кое го води човекот да делува, да верува, сонува, да созрева и научи да сака. Жителите на новиот свет се интелектуално возрасни но емотивно се сеуште деца - деца кои никогаш не созреваат. Владата ги сузбива сите болни емоции односно секое длабоко чувство, секоја страст е елиминирана. Забранет е заедничкиот живот и подолгите врски а промискуитетот е активно поттикнуван - ,, секој му припаѓа на секого ,,. Со деструкцијата на семејството се уништува и најголемиот извор на емоции: семејната љубов. Нема мајка, татко, брат, сестра, роднина. Сите се смешани во гигантска генеричка маса во името на стабилноста и прогресот.

Контролата и кондиционирањето на свеста се карактеристични и за односот кон смртта. “ Привикнувањето на смртта почнува кога ќе наполнат 18 месеци. Секое бебе поминува две

16

Page 17: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

претпладниња во седмицата во умиралиштето. Таму се чуваат најубавите играчки, а кога некој ќе умре им се дели сладолед од чоколада. Така учат да ја примат смртта како нормален настан”. Стравот од смртта не постои бидејќи нема страв од распаѓање. Староста е победена а со тоа и сите знаци кои укажуваат на крајот. Луѓето и на шеесет години се витални и го прават истото што и на триесет работат, се парат, немаат време за размисла за смртта ,, немаат одмор од задоволства, ни момент да седнат и размислат - а ако по некој несреќен случај во цврстата материја на нивната забава се појави пукнатина на време тука е секогаш сома, извонредна сома, пола грам за полупразник, полн грам за викенд, два грама за пат до волшебниот ориент, три за темна вечност на месечината; а кога оттаму ќе се вратат се наоѓаат на другата страна на пуканатината сигурни на цврстото тло на секојдневната работа и забава, трчаат од тактилоскоп до тактилоскоп, од една пневматична девојка до друга, од теренот за електромагнетски голф до...,, . Единката е среќна што по смртта телото ќе биде рециклирано а ослободениот фосвор ќе биде искористен како ѓубриво ,, убаво е да се помисли дека сме корисни и после смртта. Ги ѓубриме растенијата,, .

За понатамошна стабилизација на општеството сексуалната слобода е легализирана. Слободните сексуални активности се поттикнувани кај сите особено кај најмладите во вид на еротски игри со цел да се потисне секој вид на љубов. Поттикнати на сексуални релации во најмала возраст луѓето нема никогаш да го вреднуваат чинот на љубов и чувствата инволвирани во него. Вистинската љубов би водела во невроза и естаблишмент на семејната љубов што се коси со заедницата и стабилноста. Затоа индивидуата го користи сексот

17

Page 18: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

како лажица, телефон, автомобил - бидејќи е потребен во одреден момент. Сексот исто така ги елиминира емотивните тензии кои можат да генерираат креативен или деструктивен импулс. Со отстранувањето на тензиите и немирот државата може подобро да ги контролира граѓаните.

Сома

Анти - утопискиот аспект на технологијата е најдобро симболизиран во дрогата наречена сома. Тоа е технологијата свртена против самиот човек која ги изгубила хуманите цели, го ограничила изборот на човекот и го поробила својот господар. Сомата е фундаментален имиџ на социјалната и бихевиористичката контрола. Таа е ,,совршена,, дрога. Зборот сома има значење во преку 40 јазика, но Хаксли веројатно бил инспириран од ведската света печурка сома која браманите ја користеле за да го достигнат единството со Бога. ,, Еуфорична, наркотична, благо халуциногена,,; ,,Сите предности на христијанството и алкохолот ни еден од неговите недостатоци,,; ,,Сега човек може да земе отсуство од стварноста кога и да посака и да се врати без мамурлук или митологија,,; ,,Со тоа стабилноста беше обезбедена,,; ,,Еден кубен сантиметар лечи 10 црни мисли,,; Државата масивно ја дистрибуира сомата во секојдневно следување во сите касти. Луѓето масовно се охрабруваат да ја користат при налет на емоции кога се сами или во слободно време кога има можност да се појават креативните импулси. Воопшто тогаш кога индивидуата станува свесна за својата индивидуалност. Наспроти Марксовата максима дека религијата е опиум на народот во ХНС сомата е религија на народот. ,,Сомата може да одземе неколку години

18

Page 19: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

од објективното време - продолжи докторот, но помислете само колку бескрајно многу субјективно време добивате под нејзино дејство. Секој сома празник пружа дел од она што нашите предци го нарекувале вечност,,. Сомата е исто така и супститут за слободата. “Различни мислења нема, сите се така обработени да неможат а да не го прават она што треба. А она што треба да се прави, во целина е така пријатно, толку слобода им е дадено на изживувањето на природните импулси да нема искушенија на кои треба да им се спротивставиш. А ако по некоја зла среќа се случи нешто непријатно: тука е секогаш сома која овозможува да се побегне од стварноста. Секогаш е тука сома која го смирува бесот која измирува со непријателите, која дава стрпливост и издржливост. Во минатото такво нешто можело да се постигне само со огромни напори и години интензивна морална обука. А денес - ќе се напиете две, три таблети од пола грам, и сe се средува. Доблеста е сега достапна на сите. Барем половина од моралот секогашго имата покрај вас во шишенце. Христијанство без солзи - ете што е сома.”

Цената на храбриот нов свет

Во светот во кој слободата е жртвувана во име на среќата нема место ниту за уметност, наука, историја и религија. Со укинување на индивидуалноста и емоциите, индивидуалната експресија е ретардирана. Без литература луѓето се неспособни за мислење и учење. Придобивката e стабилно општество каде што ништо никогаш не се менува но по цена на креативноста и способноста на мислење. ,, Нема трагедии без општвена нестабилност,,.

19

Page 20: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Високата уметност е жртвувана во име на среќата. Наместо неа постои индустрија за забава чии продукти се тактилните филмови, мирисните оргуљи и синтетичката музика. Креатори на оваа хај тек забава се емоционалните инжињери за кои Шекспир е ,,само,, уште еден генијален емотивен манипулатор.

Ако уметноста не постои, науката опстојува строго цензурирана во напредокот на идеите и нивната апликација. Бидејќи не само уметноста туку и науката е неспоива со среќата. Таа може да ја уништи верата во среќата како најголемо добро и да ги наведе повисоките касти да поверуваат дека целта на животот не е во одржувањето на состојбата на удобност туку во јакнење и прочистување на свеста во некое проширување на знаењата. Затоа делокругот на научните истражувања е строго ограничен и науката се бави само со проблемите кои во дадениот момент се итни.

Во христијанството животот, делата и учењата на Исус се извор на инспирација и вистина. Во утопијата на Хаксли животот, делата и учењата на Форд се извор на инспирација и вистина. Бог е заменет со Форд - богот на масовното производство. Дури и крстот е заменет со ,,Т,, - ознака на моделот на автомобил кој ја означил новата ера. Бог е неспоив со машините, медицинската наука или општата среќа и според зборовите на Мустафа Монд кој не се сомнева во неговата егзистенција денес тој ,, Се прикажува со своето отсуство како воопшто да го нема,, понатаму тој вели ,, Од Господ може да се биде независен само додека човек е млад и напредува. Независноста нема безбедно да ве доведе до крајот. Епа ние сега имаме младост и напредок до

20

Page 21: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

самиот крај. Што од тоа произлегува? Очигледно тоа дека можеме да бидеме независни од Бога. Чувството на вера ни ги надокнадува сите губитоци, но ние немаме губитоци; чувството на вера е одвишно,,. Сепак светската држава го препознава религиозниот импулс и го става во своја функција. Мисата на солидарноста е пародија на христијанската миса и е сведена на ослободување на емотивните тензии низ оргијастички танц проследен со синтетичка музика и конзумирање на сома.

Светот е стабилен

Како што и критиката оценила, Хаксли не бил заинтересиран за креирање карактери туку за креирање на идеи и нивна експресија. Ова е воедно и одлика на негативно - утопискиот жанр - карактерот да се стави во функција на идејата која се елаборира како гласноговорник на авторот. Џон или дивјакот и Мустафа Монд се ликовите низ кои Хаксли размислува. Џон е мостот меѓу двете култури и познавајќи ги и двата начина на живот има привилегирана позиција да споредува и просудува. Неговите верувања и вредности се комбинација на христијанството и тотемизмот, но пред се тој е личност со строг морален код. Делата на Шекспир се азбуката низ која дивјакот го кодифицира својот морал. Шекспир е форма на нормативен критицизам, гласот на нормативниот критицизам кој го пронаоѓа патот до храбриот нов свет низ Џон и предизвикува различни конфликти. Шекспир е за дивјакот еден вид на библија која му помага да си го објасни новиот свет. Карактеристично за дивјакот како и за протагонистите на негативната утопија е неговиот силен морален конфликт, но исто така и социјалниот конфликт кој се должи на

21

Page 22: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

неприфаќањето во резерватот и силен емотивен конфликт поврзан со чувствата кон својата мајка, како и чувствата кон Ленина. Соочен со изборот меѓу комформитетот и анихилацијата а неможејќи да го симулира стариот начин на живот во новиот свет ја одбира смртта. Шеснаесет години подоцна Хаксли во неговиот предговор за ХНС вели дека денес би му понудил трет избор на дивјакот а тоа е животот во егзил на островот кој би бил своевидна утопија. Тука е зачната идејата за неговиот утописки роман ,,Остров,, каде сите неправди би биле измирени. Значаен е и дивјаковиот обид за бунт и ослободување на жителите на новиот свет кој сепак завршува несреќно.Мустафа Монд е единствената индивидуа во новелата со право на слободен избор. Своето право и го отстапува на државата во име на општата среќа. Тој е владетелот кој го има неприкосновеното право да ги крши сопствените закони. Неговата интелигенција и ерудиција доаѓаат до израз во контактот со другата индивидуа - дивјакот, што Хаксли го користи за да ги искаже причините за новиот свет, ,,И самиот Форд направи многу за да нагласокот се помери од вистина и убавина на удобност и среќа. Тоа го бараше масовното производство. Индустријата се развива нормално во услови на општа среќа а не на вистина и убавина и се разбира кога и да масите ја освојат политичката власт среќата станува поважна од вистината и убавината,, како и неговото совршенство: ,,А сега светот е стабилен; Народот е среќен; Имаат сe што сакаат а она што го немаат нема ни да го посакаат; Имотни се, безбедни се, никогаш не боледуваат, не се плашат од смртта, живеат во блажено незнаење за страста и староста; Не им висат на врат ни мајки ни татковци; немаат ни жени ни

22

Page 23: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

деца, ни љубовници; никого према кого би гаеле емоции; така се обработени да практично и неможе а да не се однесуваат онака како што треба да се однесуваат. А ако нешто зашкрипи, тука е секогаш сома,, .

Тоталитарно тројство

Сличноста во структурата на ХНС со ,,Ние,, и ,,1984,, се наметнува сама по себе. Тоталитарна држава со варијации на олигархија кај Орвел и технократија кај Хаксли. Анти - херој со силен конфликт во себе си и со општеството кој по низа перипетии се соочува лично со владетелот (добротворот во ,,Ние,, ,О`Брајан како персонификација на големиот брат во ,,1984,, и Мустафа Монд -еден од десетте). Притоа владетелот ги елаборира причините за постоење на системот, начинот на кој функционира и неопходноста на истиот во интерес на повисока цел. Во трите дистопии постои организиран отпор (,,Мефи,, кај Замјатин, фантомското ,,братство,, кај Орвел) со исклучок кај Хаксли каде во бунтот на дивјакот кој е повеќе афектиран отколку планиран се приклучува единствено неговиот пријател Хелмхолц. Судбината на главните ликови е идентична: морална деградација и духовна смрт а во ,,1984,, и ХНС тоа е и физичка смрт. Темите кај сите три автори се испреплетуваат при што некоја од нив кај едниот е поразвиена. Хедонизмот кај Замјатин, Хаксли го развива до крајни консеквенци. Цензурата и нејзината методологија имлицирани во ХНС се детално разработени во ,,1984,, . Односот поединец - општество, слобода - доминација останува најдобро тематизиран во ,,Ние,,. Екстерната контрола карактеристична за ,,Ние,, (чуварите и сеприсутните хиликоптери) и за ,,1984,,

23

Page 24: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

(мисловната полиција и телевизиските екрани) во ХНС не постои.

Главен елемент кој ги поврзува овие три новели е стравот од анти - утописката иднина. Хаксли во предговорот на ХНС пишува дека имаме само две алтернативи за избор, ,,национален милитарен тоталитаризам кој го има коренот во теророт на атомската бомба и деструкцијата на цивилизацијата или пак супра - национален тоталитаризам кој се развива од потребата за ефикасност и стабилност во благодетна тиранија на утопијата,,. Орвел вели дека ,,1984,, е предупредување а Замјатин и Хаксли анти - утопијата ја гледаат како возможен призвод на технолошкиот развиток на дваесетиот век. Токму јасната визија за развојот на технологијата и безбројните можности за нејзина злоупотреба е она што го одвојува Хаксли од другите.

Huxley versus Huxley

Хаксли верувал дека индивидуата а не прогресот е најважна. Во својата колекција на есеи ,,Повторно во ХНС,, (1958) насловена како ,,Есеи за слободата,, ги разработува темите на пренаселеност, централизација на власта, пропаганда и убедување (кондиционирање). Хаксли предупредува дека пренаселеноста води во економска несигурност и социјална нестабилност што ја зајакнува контролата на владата и концентрацијата на политичка и економска моќ. Концентрацијата на моќта во рацете на малкумина води во експлоатација на мноштвото. Премногу организација ги трансформира луѓето во автомати, го гуши креативниот дух и ја намалува можноста за слобода.

24

Page 25: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Во однос на пропагандата констатира дека тој што го контролира масовниот медиум, пропагандата има огромна контрола врз индивидуата. Во иднина масовните медиуми можат да бидат искористени за контрола на мислења, ставови или правец на одредени акции како во ХНС. Во дискусијата за различните форми на убедување Хаксли вклучува хемиско, потсвесно и убедување по хипнопедиски пат. Хаксли предупредува дека сите три форми на убедување се ефективни и имаат потенцијал за добро или зло.Овие есеи немаат песимистичка нота. Ако имаме воља да бараме одговори и да работиме на солуции, тогаш индивидуата и индивидуалноста можат да бидат спасени.

Во еден друг есеј ,,Наука, слобода и мир,, (1946) Хаксли се залага за децентрализација бидејќи таа го редуцира потенцијалот за злоупотреба на моќта. Во истиот есеј го промовира ненасилството како клучен принцип на акција по примерот на Ганди.Неговото последно дело ,,Остров,, објавено 1962 год. злото за кое нe предупредува во неговите есеи (пренаселеноста, милитаризмот, механизацијата, деструкцијата на околината, обожувањето на науката) го наоѓа својот опозит во нежната и проколната утопија Пала. Книгата е насочена по потрага по смислата на човековата егзистенција. Неговиот интерес за источните филозофии и мистицизмот започнува во дваесетите под влијание на делата на Блејк. Тој интерес е причина и за патот околу светот во 1925 година, а подоцна опседнатоста со темата продолжува со збирката есеи ,,Перенијална филозофија,, (1945) за да кулминира во експериментите со психотропни супстанци. Жителите на Пала демонстрираат принципи од будизмот, таоизмот, хиндуизмот и

25

Page 26: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

конфучијанизмот. Во главниот дел општеството е базирано од комбинација на махајана будизмот без ритуали и западната наука лишена од ограничениот фокус. Тоа е обид за формирање на нова култура во која рационализмот и мистицизмот ќе се обединат. Живот овде и сега. ,,Остров,, е кулминација на животното дело на Хаксли и сублимат на неговите искуства, уверувања и вредности. Сепак и во ова негово дело песимизмот и циничниот однос кон човештвото победува. Утопијата градена сто години бива уништена во една единствена ноќ. Во последните десет години од животот Хаксли е инволвиран во експерименти со халуциногеници: мескалин, псилоцибин и ЛСД, под супервизија на лекар. Како резултат на овие експерименти и неговите визионерски искуства се појавуваат две книги: ,,Врати на перцепцијата,, и ,,Рај и пекол,,. Овие две книги содржат фундаментални опсервации за есенцијата на визионерското искуство во корелација со светската културна историја, во креацијата на митот, потеклото на религијата и креативните процеси од кои произлегува уметноста. Овие идеи се аплицирани во новелата ,,Остров,, каде дрогата мокша (на санскрит ослободување) припремена од печурка има силна улога во животот на популацијата на Пала. Дрогата се користи во критични моменти од животот: за време на иницијација; во кризни периоди придружена со психотерапевтски дијалог со спиритуален пријател. Исто така мокша помага во процесот на умирање да се напушти смртното тело за да бесмртното премине во друга егзистенција. Самиот Хаксли на смртната постела побарал од неговата жена Лора Хаксли да му го олесни преминот со интрамускуларно вбризгување на 100ммг ЛСД.

26

Page 27: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

Заклучок

Влијанието на Хаксли е евидентно. За време на шеесетите луѓето експлицитно се обидувале да го рекреираат утопискиот свет претставен во ,,Остров,, вклучувајќи ги експериментите со халуциногени супстанци. Но тоа беше своевидна еуфорија. Остатоци од комуните и денеска егзистираат обидувајќи се да го инкорпорираат ,,Остров,, во нивните животи. Лора Хаксли запрашана во едно интервју која од утопиите е повеќе валоризирана во последните 30 години одговара дека на еден човек кој го прочитал ,,Остров,, веројатно доаѓаат стотина кои го прочитале храбриот свет. За жал времето покажа дека анти - утопијата на Хаксли е вреднувана повеќе од неговата утопија што е сериозна опомена за светот.

Визијата на Хаксли денес е сурова реалност. Пробивањето на генетскиот код резултираше со неверојатно брзиот развој во генетскиот инжињеринг. Денес клонирањето на човекот е факт, единствено останува отворена етичката дилема. Масовна продукција на идентични единки во медицински цели - да или не? Размислувајќи за актуелните и проектираните напредоци на генетичките и репродуктивни технологии во неврологијата и психофармакологијата и развојот на артифициелните органи и компјутерски чип - импланти за човечкиот мозок, ние јасно ги препознаваме новите употреби на биотехничката моќ кои се далеку од традиционалните медицински цели на лечење и ослободување од болката. Човечката природа лежи на операционата маса подготвена за редизајн. Моментално ние се наоѓаме во фазата на опивка

27

Page 28: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

исчекувајќи го финалниот рез. Хаксли ги антиципираше овие процеси. Ја предвиде виртуелната реалност со тактилните филмови но не и одговорот на човекот пред оваа бесконечна стварност. Ја предвиде електронската музика со т.н. синтетичка музика. Исто така ја предвиде и масовната употреба на синтетичките дроги МДМА и прозакот.

Дехуманизацијата која Хаксли ја портретира во храбриот свет нема потреба од деспотизам или екстерна контрола. Напротив општеството од иднината ќе го донесе она што луѓето најмногу го сакаат: здравје, сигурност, комфор, задоволство, мир и тоа по свој слободен избор. Нема потреба од светски управувачи. Само дадете ни технолошки императив, либерално - демократско општество, морален плурализам, слободен пазар и можеме сами во новиот храбар свет. Ако ви се потребни докази само погледнете наоколу.

28

Page 29: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

_________________________________________________________

С О Д Р Ж И Н А

I ВОВЕД.................................................................

II ФИЛОЗОФИЈАТА НА НЕГАТИВНАТА УТОПИЈА НЕГАТИВНА УТОПИЈА.............................................1

ПОТЕКЛО НА НЕГАТИВНАТА УТОПИЈА.......................2

ПОЈАВАТА НА ХАКСЛИ.............................................4

ИСТОРИСКА ПЕРСПЕКТИВА.....................................6

РЕАКЦИИ НА ЈАВНОСТА...........................................7

ПОЛИТИЧКА КОНСТЕЛАЦИЈА..................................8

МЕХАНИЗМИ НА КОНТРОЛА.................................... 10

СОМА.......................................................... 13

ЦЕНАТА НА ХРАБРИОТ НОВ СВЕТ.......................... 14

СВЕТОТ Е СТАБИЛЕН ..............................................15

ТОТАЛИТАРНО ТРОЈСТВО........................................ 17

Huxley versus Huxley...........................................18

III ЗАКЛУЧОК.........................................................21

29

Page 30: Filozofija Na Negativnata Utopija- Finalna

_________________________________________________________

Б И Б Л И О Г Р А Ф И Ј А

1. Barroughs, William, Goli rucak, Prosveta, Beograd, 19862. Campbell, Courtney, The terrors of techno utopia, internet, 19973. Gibson, William, Neuromancer, Plato, Beograd, 2001 4. Huxley, Aldous, Vrli novi svet, Mana Press, 20015. Huxley, Aldous, Brave new world,Perennial Classic, 19986. Huxley, Aldous, Culture and individual, internet 19637. Huxley, Aldous, Island, internet 19628. Hofmann,Albert,Meeting with Aldous Huxley,internet,9. Hope, Ronald, Aldous Huxley`s philosophy, internet 200110.Kass, Leon, First things, internet 200211.Martin, Bryan, Technology for non violent struggle,internet 200112.Muhic, Ferid, Filozofija na ikonoklastikata, Makedonska Kniga,

Skopje 198313.Orwell, George, 1984, August Cesarec, Zagreb 198314.Zamjatin, Jevgenij, Mi,Prosveta, Beograd 1969

30