22
Универзитет Св. Климент охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство - Охрид Семинарска работа по предметот: Turisti~ka Geografija На тема: Alternativen Turizam

geografija - alternativen turizam

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: geografija - alternativen turizam

Универзитет Св. Климент охридски - Битола

Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Семинарска работа по предметот:

Turisti~ka Geografija

На тема:

Alternativen Turizam

Ментор: Изработил:

Проф.д-р. Naume Marinoski Андреј Павловски 12

067

Page 2: geografija - alternativen turizam

Охрид 2011

2

Page 3: geografija - alternativen turizam

Лани една мала група француски новинари-авантуристи дојде да ја посети Македонија. Неколкуте дена кои ги поминаа овде тие ги искористија за истражување на нашите потенцијали во однос на алтернативниот туризам. Особено се интересираа за велосипедските тури по нашите планини и другите видови екстремни спортови, за кои нашава земја има идеални услови. Тие не заминаа во нашите "традиционални"дестинации, повеќе ги интересираа до-сега неискористените туристички ресурси. За нив многу поинтересни беа падините на високите планини, кои ги освојуваа со помош на своите велосипеди, отколку плажите на езерата. По-доцна нивните впечатоци беа прето чени во написот кој го објавија фран цуските списанија. Овој мој текст е пре мал за во него да се прераскажат сите позитивни работи, кои тие ги на пишаа за Македонија и за нејзините природни убавини. Нашава држава тие ја нарекоа "послед-ното неоткриено парче земја во Европа". Многу искрено, и секако не од обична куртоазија, француските но винари не штедеа комплименти за нашиот потенцијал за алтернативен туризам. Овој потенцијал е малку, или речисивоопшто не е искористен. Туризмот веќе одамна не е само сонце и вода. Денешните туристи од младата генерација се многу пољубопитни, сакаат да истражуваат. Тие едноставно се заситени од регуларната туристичка понуда и сакаат нешто повеќе. Тоа е новиот тип на туристи-авантуристи. Тие се интересираат за екстремните спортови. За нив добро поминат одмор не е оној со мирно лежење на плажите, туку напротив, оној кој ќе биде исполнет со многу возбуда и зголемен адреналин. Екстремен велосипедизам, рафтинг, кањонинг, сноуборд, параглајдерство се само некои од новите туристички термини, кои станаа актуелни последниве десеттина години. Македонија ги има сите природни предуслови за развој на ваквиот туризам. Тука се кањонот Матка, пештерите во Порече, падините на Бистра и на Кораб, терените на Шар Планина. Никакви посебни подготовки на терените не се потребни, бидејќи за екстремните спортови недопрената природа сама по себе е доволна инфра-структура. Сепак, како и за сите други работи, кога во државава ќе треба ние сами нешто да направиме, тука некако целата работа се кочи. Имено, алтернативниот туризам кај нас сe уште е на почеток. Без речиси никаква поддршка од институциите, оставен е само намала група ентузијасти, кои се обидуваат на своја рака нешто да направат. Првите резултати веќе се видливи, но има уште многу да се работи. Потребна е државна стратегија за развој на ваквиот вид туризам. Неопходна е и агресивна маркетингшка промоција на потен цијалите на Македонија во странските медиуми и на Интернет. Моментната состојба на ова поле е повеќе од загрижувачка. Туристичките проспекти за Македонија се застарени и сe уште се употребуваат речиси истите брoшури, кои се користеле за

3

Page 4: geografija - alternativen turizam

Шаховската олимпијада во Скопје од 1972 година. Иста е и ситуацијата со Интернет презентацијата. Нашите сајтови за туризам се оскудни, со малку информации. Ова е неприфатливо во ситуација кога користењето Интернет во областа на туризмот секаде веќе е втемелен стандард. Преку Интернет се прават резер-вации, се купуваат билети, се планира одморот. Тоа што во светот веќе е вообичаена работа, кај нас е научна фантастика.Уште еден пример за тоа што мислат странците за нашата земја е Интернет страницата изработена од еден Полјак, посветена на Македонија. Имено, извесниот Станислав Пигон овде престојувал неколку месеци, и многу му се допаднало. По враќањето во својата татковина тој изработил прекрасен сајт за убавините и за историјата на нашата земја. Токму оваа Интернет страница е многу подобра и посодржинска од многу овдешни. И повторно, по не знам кој пат, ни се повторува познатиот синдром од кој страдаме-другите да работат заМакедонија повеќе од нас самите. Ваквата ситуација мора итно да се промени доколку сакаме да станеме сериозна туристичка дестинација. Денес туризмот е една од највносните економски гранки. Во некои држави од нашето опкружување годишните девизни приливи од туризмот се мерат со милијарди. Ние, секако, не можеме преку ноќ да станеме туристичка велесила. Но, сепак треба да се обидеме и ние да откинеме парче од огромниот профит. Според мене, токму алтернативниот туризам треба да биде нашиот најсилен адут. Во овој контекст повторно би пот-сетил на една малку подзаборавена идеја за фомирање Министерство за туризам. Една ваква државна институција многу би помогнала во организацијата и во промоцијата на туризмот. Би одел и чекор понапред, формирање специјализирана Агенција за алтернативен туризам, во која би можело да се вработат и странски експерти во оваа област. На крај сакам да кажам дека мерадуваат почетните успеси на еден друг вид алтернативен туризам, кој срамежливо почна да се развива кај нас пред неколку години - винскиот туризам. Ова е добар пример како приватната иницијатива и претприемничкиот дух во комбинација со мала помош од државата дава добри резултати.

ПЕШТАНИ

Рибарско село,  лоцирано  на подножјето на планината Галичица во мала клисура, 12км од Охрид на патот кој води кон манастирот Св.Наум.

Пештани е развиен и модерен туристички центар со убави ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни хотели.

Приватните сместувања ( групни или индивидуални ) се наоѓаат покрај самото езеро, кое е прекрасно место создадено за одмор за оние кои сакаат да бидат близу езерото и да уживаат во водените спортови.

Во Пештани можете да ја пробате традиционалната кујна на овие простори,прекрасна охридска риба,и да ги запознаете старите жители на Охрид од

4

Page 5: geografija - alternativen turizam

кои дел сеуште грижливо го негуваат традициналниот начин на живеење на овие простори.

 

ВЕЛЕСТОВО

Селото се наоѓа високо во падините на планината Галичица.

Одејќи по тревните и камените патеки на ова речиси пустинско село, можете да најдете секаков вид на богатство.

Поминете малку време во малата црква од 15 век со прекрасни фрески и уживајте во панорамата која го одзема здивот, набљудувајќи го езерото и стариот дел од градот Охрид.Во урбаниот дел на Охрид ,и некои приватни хотели можете да се информирате во секое време за специјалните екскурзии до руралните села во Охридско кон планината Галичица мегу кои е и ова село.Еколошката храна со единствен вкус,е она сто овде не смеете да го пропуштите како и прошетката по Галичица чии убавини се под заштита на УНЕСКО:

 

ВЕЛГОШТИ

Велгошти е приградска населба на градот Охрид, во која сеуште може да се види и почуствува уникатното традицонално живеење на овие простори.

Позиционирано источно од планината, ова село дава можност да го почуствувате планинскиот воздух и да го запознаете руралниот живот на жителите,нивната кујна,и убавините на типичниот рурален живот кој со години се негува.

Над селото се наоѓа манастирот Св.Петка, кој нуди нуди сместување во текот на целата година, во мирна околинаи и со прекрасен поглед.

Малку погоре во планината се наоѓаат црквите Св.Илија и Св.Никола.

Во овие храмови  времето оставило ретки белези за значењето на верата на лугето и во најтешките времиња.

 

ЕЛЕШАНИ

Ако барате мирен селски живот, покрај прекрасно езеро и разгалена природна убавина, посетете го Елешани.

5

Page 6: geografija - alternativen turizam

Овде сеуште продолжува традиционалниот живот. Секоја фамилија поседува свое лозје, се чуваат домашни животни, а сеуште се практикува и традиционалниот процес на дестилација за добивање на ракија. Овде резбарите на дрво и бочварите сеуште го негуваат својот занает.

Елешани нуди прекрасно сместување, продавници за храна и пијалок.

Локалната туристичка организација нуди голема листа на организирани активности со водачи во планинските предели и околината.

 

ТРПЕЈЦА

Типичен пример за рибарско населено место покрај брегот на Охридското Езеро, со куќи кои се изградени на стрмните падини од ридот.Во селото постојата прекрасни викендици во кои можете да изнајмите апартмани и соби за сместување доколку претпочитате вистински мирен одмор навечер.Од секоја кука во Трпејца го гледате езерото како на дланка.Во Трпејца има и прекрасна плажа со ретки шарени камења,и одлични традиционални ресторани до самата плажа.

Овде може да го вкусите вистинскиот вкус на свежа пастрмка, како и останатите домашни локални специјалитети.

Близу до селото е црквата Св.Богородица Заумска изградена во 1361 год. Црквата се наоѓа на падините на планината Галичица и до неа се доага  единствено  со брод по Охридското езеро.

 

 

ТРЕБЕНИШТЕКај селото Требениште се наоѓа еден од најатрактивните археолошки локалитети во Македонија. Овдешните археолошки пронајдоци се влезени во светските антологии. Најкарактеристични се требенишките златни маски од кои по две, за жал, се наоѓаат во музеите во Белград и Софија. Маските потекнуваат од крајот на VI век и почетокот на V век п.н.е., а со нив биле погребувани требенишките кнезови што им припаѓале на античките Македонци.

 

 

За љубителите на планинскиот туризам  кои пристигнале во Охрид постојат единсвени патеки и локации на самата Галичица.

6

Page 7: geografija - alternativen turizam

 

Пешачка патека Асан Џура

Се наоѓа во централниот дел на Националниот парк со должина од 15 км 

Велосипедска патека ...

Пештера „Саматска дупка“

Долга е 224 м, широка 6м и височината на таваницата 2 до 10 м. Во пештерата застапени се украсите ,,салви“, „драперии“ и „пештерски бисери“

 

Видиковец „Гога“

Видиковец ,,Гога“. Се наоѓа на 1735 м надморска височина и од него може да се видат Охридското и Преспанското Езеро и планините кои ги опкружуваат.

 

„Бачило“ - Планинска куќа

,,Бачило“ Традиционален објект за летно високопланинско сточарење и преработка на овчо млеко

1. Pe[terski crkvi

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и

несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат

пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги

врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик

представуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за

сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок

феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да

го привлечат вниманието и на светската јавност.

За пештерни цркви обично се користеле природни пештери,

понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно,

7

Page 8: geografija - alternativen turizam

можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен.

Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни

цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници.

Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот

помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно

да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните

мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи". Тоа биле иконописци кои

припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски

школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа

фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-

сликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така

преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли

можат да се следат уметничките тенденции кои провејуваат во

средновековното сликарство.

Тоа дава печат на дел од некогашниот средновековен живот во

Македонија. Постојат записи дека во некои од пештерните

цркви, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со

мистика, чудотворство и пророкување.

Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани

извори, па денеска поради недостапноста на повеќето од нив,

како и поради продирањето на атмосверските влијанија во

внатрешноста, отежнато е нивното проучување, анализирање и

евентуална заштита.

Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското

Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на

територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните

текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија.

8

Page 9: geografija - alternativen turizam

Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро,

Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св.

Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем

зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен) Монашка пештера и

Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Особено околу Охридското Езеро никнувале црквички - пештери

во кои живееле и дејствувале исихастите. Тука се вбројуваат:

Свети Атанасие - село Калишта, Струшко

Свети Стефан - Панцир

Свети Архангел Михаил - село Радожда, Струшко

Свети Еразмо - Охрид

Света Богородица - Пештанска

Исто така пештерни цркви има и во Тиквешијата во околината на

Тиквешкото Езеро од кои најпознати се:

Свети Лазар во близина на селото Бегниште

Свети Никола во близина на селото Драдња

Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското

Езеро, над с. Радожда, во природните пештери што се наоѓаат

една над друга, високо во карпите, била изградена пештерната

црква посветена на војсководителот на Небесните Сили -

Архистратигот Михаил.

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од 14 век, а посебно се

истакнува единствената сочувана композиција од 13 век, со претстава "Чудото

во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.

9

Page 10: geografija - alternativen turizam

Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен

мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички

идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.

Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на 14. век, кога во

Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот

на сликарските работилници.

Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од

пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од

14. век.

2. Pe{terski turizam

Пештерата Бела Вода се наоѓа во Демикапирската Клисура, од десната страна

на реката Вардар. Создадена е со варовници со јурска старост. Пештерата се

состои од два канала (долен и горен). Должината на долниот канал изнесува

722 метри, а горниот 233 метри, односно вкупната должина на оваа пештера

достигнува 955 метри. Со оваа своја должина, Бела Вода е најголема од досега

истражените пештери во Република Македонија. Во неа, мошне ретко се

сретнуваат пештерски украси. На крајот од долниот канал, под отсек висок 6

метри, се наоѓа подземно езеро. Всушност, тоа е сифон исполнет со вода. Во

пештерата Бела Вода истражувана е и рецентната пештерска фауна.

Пештерата Убавица се наоѓа планината Буковиќ, над стариот пат Гостивар -

Кичево, во близина на селото Горна Ѓановица. Создадена е вдолж раседна

линија, во правец север - југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за

што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во

поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85м), присутен е

постојан подземен водотек. Покрај многубројните и разновидните пештерски

украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско

10

Page 11: geografija - alternativen turizam

проширување (10 x 13м), во која се наоѓа подземен водопад висок 5 - 6

метри. Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна,

при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies,

наречен Ceutnophiesboukoviki.

Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска

Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Создадена е

во доломитски мермери со проблематична старост. Вкупната истражена

должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои, 705 припаѓаат на главниот

пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски

столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 x 15м) создадени

се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува подземна река во должина

од 557 метри, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во

кои е констатирана присутност на пештерските ракчиња. Според должината,

разновидната внатрешност и локацијата на која се наоѓа, пештерата Слатински

Извор има извонредни можности за туристичка намена.

3. Planinski turizam

Баба Планина е планина што се наоѓа во југозападниот дел на Република

Македонија, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува

и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според

површината која ја зафаќа (436 км2) таа тринаесетта, а според височината

(Пелистер, 2.601 м) трета планина во Република Македонија.

Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното

значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со

површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк.

11

Page 12: geografija - alternativen turizam

Баба се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската Котлина на запад. Таа,

всушност, претставува хорст помеѓу овие две котлини, поточно помеѓу

Битолското Поле на исток и Ресенското Поле и Преспанското Езеро на запад.

Северната граница на Баба е превалецот Ѓавато (1.169 м), кој ја одвојува од

планината Бигла, како и малата Цапарска Котлина. На југ, планината

продолжува во Грција се до превалецот Бигла (1.505 м), кој ја одвојува од

Нередската Планина (Вич, 2.125 м), лоцирана во Грција. Преку нејзиниот

јужен дел, односно преку врвот 'Ржана (2.334 м), се протега западниот дел на

македонско-грчката граница. Приближно 65% од планинскиот масив на Баба се

наоѓаат на територијата на Република Македонија, додека 35% на територијата

на Грција.

Баба има правец на протегање од север кон југ, а исто така, се карактеризира со

симетричен изглед, бидејќи планинското било е подеднакво оддалечено и од

Преспанската Котлина и од Пелагонија.

Баба е млада верижна планина. По својата тектонска положба и составот на

карпите Баба и припаѓа на геотектонската целина Западно-македонска зона.

Масивот на Баба е најјужниот дел на Родопскиот планински систем со алпски

карактер. Планинското било е голо, извиено, нерасчленето и има должина од

25 км.

Испресечена е со повеќе надолжни, како и попречни раседи, кои формирале

повеќе блокови на неа. Главната тектонска дислокација се протега на источната

страна, на која се наоѓаат и минерални извори. На североисток, оваа

дислокација се спојува со длабински расед, кој претставува граница помеѓу

Западно-македонската зона и Пелагониската зона. Расед со меридијански правец

на протегање поминува покрај западниот раб и ја одвојува од Преспанската

котлина. На северната страна се наоѓа севернопелистерскиот расед.

Баба е поделена на повеќе гребени. Главниот гребен започнува на север со

врвот Вртешка, а на југ завршува на територијата на Грција. Овој гребен ги

12

Page 13: geografija - alternativen turizam

разделува Јадранскиот и Егејскиот речен слив. На исток и запад од главниот

гребен се раздвојуваат повеќе споредни гребени, кои се издвоени меѓусебно со

речни долини. Од врвовите Пелистер, Козји Камен и Широка, издвоените

гребени стрмно се спуштаат кон север до малата Цапарска Котлина. На исток,

има постепено спуштање на гребените на Неолица и Дебели Рид кон долината

на Драгор и Братиндолска Река. На запад, пак, поважни гребени се Марушица,

'Ржана и Порта, кои стрмно се спуштаат во долината на Брајчинска Река.

Камена река на Баба

Релјефот на Баба е разновиден. На височина од 1.660 до 1.900 м се наоѓаат

зарамнети делови, расчленети со повеќе паралелни долини. Камените реки се

карактеристичен рејлефен облик на Пелистер и тие се протегаат на висичониа

од 1.300 до 2.000 м. Тие се најизразени на северната страна на возвишението

Црвена Стена и над месноста Копанки. Од флувијалните релјефни облици

застапени се плавините. Понатаму, постои појас од плавини на северното,

источното и западното подножје. На нив се наоѓаат повеќе села: Драгош,

Велушина, Бистрица, Буково, Лавци, Трново, Магарево, Кажани, Крани итн.

Исто така, застапени се и глацијални релјефни форми, кои потекнуваат од

плеистоценот, кога на високите делови на Баба се наоѓале глечери. Од

глацијалните форми, застапени се циркови и морени. Циркови има на

надморска височина над 2000 м, а два од нив се исполнети со вода - Големото

и Малото Езеро, кои од народот се наречени Пелистерски Очи. Големото Езеро

се наоѓа на 2421 м н.в., со должина 233 м, широчина 162 м и длабочина

13

Page 14: geografija - alternativen turizam

14.5 м. Малото Езеро се наоѓа на 2280 м н.в. и е со размери - 79 м должина,

68 м широчина и 2.6 м длабочина. Нивните басени се преградени со морени.

Други карактеристични релјефни облици на Баба се камените мориња и

слизнатите блокови.

Климата на Баба е планинска, и како таква погодна е за развој на планински

туризам (зимски и летен). Туризмот започнал да се развива меѓу Првата и

Втората Светска војна. На падините на планината се изградени повеќе

туристичко рекреативни, планинарски и спортски објекти. Најатрактивен е

хотелот Молика, додека постојат и планинарските домови Копанки и Големо

езеро. На самиот врв се наоѓа и антенскиот предавател на МТВ, постои работна

организација капацитет од 200-300 деца, жичница од Бегова чешма до

Копанки, ски лифтови, неколку туристички капацитети на работни организации,

а над селото Ниже Поле зимсколетен рекреативен центар на ХМС “Стрежево”‚

со хотелско сместување, посебна жичница и скијачка патека.

Шар Планина (Шара) е еден од најголемите и највисоките планински масиви

во Македонија. Неговата должина изнесува 80 km, а широчината од 10 до 25

km. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи

висорамнини - Враца и Рудока. На билата се издигнуваат повеќе врвови

повисоки од 2000 метри, а од нив најпознати се Титов Врв, висок 2747 m,

кој е највисок врв на Шара и втор по височина во Македонија, потоа

14

Page 15: geografija - alternativen turizam

Бориславец, висок 2662 m, Езерска Чука (2604 m), Црн Врв (2578 m), Баба

Асаница (2533 m), Љуботен (2498 m), Плоча (2450 m), и др.

Шар Планина настанала за време на алпиското набирање во текот на терциерот.

Во геолошката градба на планината преовладуваат палеозојски шкрилци,

варовници и доломити. За време на дилувиумот таа била зафатена со активна

глацијација, така што во нејзиниот релјеф денес се среќаваат повеќе циркови,

валови и моренски материјал. Шара е богата со вода, а тоа го потврдуваат 27

планински езера, 100 поголеми извори, изворишта на 20 поголеми планински

реки (Пена, Маздрача, Лешочка Река, Ракита (позната и како Вратничка река;

составена од Ливадичка и Љуботенска река), Беловишка река, Бистрица,...),

потоа богата е со шуми, пасишта итн.

На Шар Планина се развиени зимскиот и летниот туризам, за што

придонесуваат голем број атрактивни локалитети, како Попова Шапка,

Лешница, Јелак, Маздрача, Три Води, Љуботен и др. На овие локалитети има

доста спортисти кои се занимаваат со планинарење и логорување.

15

Page 16: geografija - alternativen turizam

Koristena literatura:

◦ www.volanskopje.blog.com.mk

◦ www.wikipedia.org

◦ razni enciklopedii po geografija

16

Page 17: geografija - alternativen turizam

17