11
Тема: Мајка Тереза Мајка Тереза

Majka Tereza

Embed Size (px)

Citation preview

Тема:

““Мајка ТерезаМајка Тереза””

Кратка биографија:

Mајка Тереза е родена на 27 август 1910 год. како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. Гонџа (цветна пупка) израснала во добро ситуирано албанско католичко семејство. Од своите родители бела воспитувана мошне религиозно. На возраст од десет години нејзиниот татко ненадејно починал; тогаш таа уште повеќе и се посветила на својата вера. На возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка. Оваа желба консеквентно ја почитувала и на возраст од 18 години молела за прием во редот Лорето.

Овој редот заедно со своите членови се ангажираше посебно во наставата во Бенгал/Индија. Но, таа не започна веднаш со работа во Индија, туку беше повикана во централата на редот Лорето во Ирска. На 28 септември 1928 отпатува од Скопје за Ирска. По само два месеца таа си ја исполни својата желба и се приклучи кон редот Лорето во Бенгал. Во Калкута ја даде својата прва заклетва. Потоа беше активна 17 години во училиштето St. Mary´s School во Калкута. Најпрво беше наставничка, а потоа унапредена во директор.

На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна доби дозвола да го напушти редот. Тереза беше ексклаузирана, тоа значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живееше со најсиромашните во предградијата на Калкута. Еден нејзин портрет во магазинот LIFE, кој стана славен, и го даде прекарот "Saint of the Gutters".

Во 1949 год. самата стана Индијка и во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој редот мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола. Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепра. Денес редот на мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, беше Нобеловата награда за мир од 1979 год. [кон говорот при доделувањето на Нобеловата награда].

На честопати големиот недостаток на медицинско образование на своите соработници Мајка Тереза милуваше да одврати со: „Не успехот, туку верноста во верата е важна.“ Покрај признанието од целиот свет за нејзината работа, нејзиното конзервативно убедување беше критикувано. Така, во политиката на абортирање на многу земји таа го гледаше „најголемото загрозување за мирот во светот“. Кога во Ирска

требаше да се гласа за тоа дали одлуката треба да се легализира, таа ги повика Ирците да гласаат со „Не“.

Неколку дена по смртта на принцезата Дијана што за неа беше огромна тага, Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 год. Беше погребана во Калкута во присуство на голем дел од светската јавност.

Kaлкута-град на бедата и радоста

Мајка Тереза им помагаше на најсиромашните. Такви во Калкута имало и има доволно. Овој во иста мера фасцинантен како и страшен град го претставува бекграундот за делото на Мајка Тереза за делувачката љубов кон ближниот. Следниве два дела даваат впечаток за Калкута.

Град на бедата и радоста

Калкута- метропола во криза

Град на бедата и радоста

На малечки печки на јаглен жените готват ориз во лимени садови, децата чепкаат по корпите за ѓубре, барајќи остатоци од зеленчук, слаби кучиња и големи црни птици чекаат, да падне нешто и за нив. На улиците се мачат оштетени автомобили, веспи што силно брмчат и велосипеди-киши, низ загушливиот воздух со смог.

Калкута, главниот град на државата-унија Западен Бенгал, претставува море на бедата. А, струјата од сиромашните, кои од околината доаѓаат во градот не прекинува. Никој не знае точно колку жители има најголемата и најмладата метропола на Индија. Најверојатно барем 11 милиони, дневно се придодаваат уште 2000, кои бараат место на преполните тротоари.

Во центарот на бедата, Мајка Тереза, која беше погребана во саботата, ја отвори куќата на  својот ред „Мисионерки на љубовта кон ближниот“ во 1949 год. Калуѓерките на гладните им даваа еден топол оброк, на оние пред умирање кревет, и - што им беше најважно - тие сочувствуваа и ја споделуваа нивната судбина.

Куќата на редот се наоѓа во една сива камена градба директно покрај храмот на како „крволочно“ озлогласената божица Кали. Порано нејзе и беа принесувани луѓе како жртви; денес хиндусите пред храмот на брегот на Хугли, еден од сливовите на светата река Ганг, ги горат своите мртви.

Според Кали беше наречено и рибарското село Каликата, што за првпат е спомнато кај еден бенгалски поет во 1495 год. Од селото израсна пристанишната метропола Калкута, во 1690 год. била основана од Англичаните како претставништво источно-индиската трговска компанија. Од 1773 до 1912 год. Калкута беше главен град на Британска Индија. Во текот на колонизацијата започна економскиот подем на градот. Се создадоа прекрасни англиски градби со индиски елементи, како што е „Victoria Memorial“. Најголем број од некогашните вили се денес, сепак, распаднати. Со надеж дека ќе најдат работа сẻ поголем број населеници од селата се преселени во метрополата. Голема плима на бегалци дојде во 1947 во Калкута, кога муслиманскиот Пакистан (Источен Пакистан е денешен Бангладеш) по тешки борби се одделил од Индија.

Калкута не е „град што умира“, како што во една пригода го нарече Раџив Ганди, последниот премиер на династијата Нехру-Ганди. Калкута е исто така и центар на индиските интелектуалци и уметничката авангарда. Во „градот на радоста“ живееше францускиот писател Доминик Лапиер, кој во својот роман-бестселер запиша дека во бедните квартови почувствувал толку љубов, споделување и среќа какви што не нашол на ниедно друго место во светот.

Калкута- метропола во криза

„Зошто да не се напише песна за куп „гомненици“, како Бог ги пуштил да падне и ги нарекол Калкута. Како тоа живее, смрди и станува сẻ поголемо.“ Гинтер Грас, од кого овие зборови потекнуваат не е единствениот, кого поранешниот главен град на британска Индија го доведе до своите естетски, морални и психички граници. Уште првиот генерален гувернер на Калкута, Роберт Клајв во градот го гледаше најуништеното место во целиот свет. Maхатма Ганди го означи како град на умирање, а и за индиско-карипскиот писател В.С. Најпаул Калкута е град без иднина, кога пишува: „Сите нејзини страдања се страдања на смртта. Јас, всушност, не познавам друг град, кој би бил уште побезнадежен.“

Речиси секое претставување на еден голем милионски град од т.н. „Трет свет“ би можело да го носи називот „метропола во криза“. Но, со ниту еден друг град претставата за сиромаштија, болест, беда, смрт, распаѓање и безнадежност не е толку тесно поврзана како со Калкута, главниот град на сојузната индиска држава Западен Бенгал. Културниот шок што го доживува посетител од Западот, е премногу силен - во потполна смисла на зборот, бидејќи бедата и хаосот на Калкута ги опфаќа сите сетила. Тоа можеби придонело до фактот што телевизијата, писателите или новинарите почесто информираат за Калкута отколку за други градови - што воопшто не им се допаѓа на Индијците, кои се жалат на тоа дека на Западот се нагласуваат претежно негативните страни на земјата. Така гледаа и на доделувањето на Нобеловата награда за мир на Мајка Тереза, која дотогаш во Индија беше во голема мера непозната, со измешани чувства, вниманието на светот беше, сепак, свртено кон темните страни на Калкута, па и филмот направен врз база на еден француски бестселер, кој го опишува животот во предградијата на Калкута, најпрво беше спречен од владата, па беа побарани толку голем број на измени што едвај и да остана нешто задржано од првичната книга.

Уште почувствително реагираа самите жители на Калкута - тука се мисли на бенгалскаа средна класа и интелектуалците. Кога Раџив Ганди ја нарече Калкута град на умирање, со што даде одраз на мислењето на многу Индијци, предизвика бура на повеќедневни дебати во парламентот на Западен Бенгал. Граѓаните на Калкута фактички го сакаат својот град и веќе децении на резигнација живеат со застарените живеалишта, потиснувачката теснина, недостатокот на водоснабдување, прашината, секојдневните снемувања на струја,

преполните транспортни возила. За нив Калкута е најиндискиот од сите градови.

Оваа Калкута која денес ни ги демонстрира нерешливите проблеми на градскиот развој во „Третиот свет“, до независноста и поделбата на Индија кон Лондон беше втор по големина град на британскито кралство во светот, најголем и најбогат град во Индија, најважното пристаниште и најзначајната индустриска локација. Тоа беше колонијалниот град „par excellence“, главата на мостот меѓу Британците и Индијците, од каде беше експлоатиран внатрешниот дел од Индија, па и во корист на индиските елити во Калкута.

Осиромашувањето на внатрешниот дел и експлозијата од население го натераа бедното население од селата да отиде во градот. Струјата на доселеници беше уште повеќе зајакната по поделбата на Индија од страна на бегалците од Источен Бенгал. Но, економијата во градот стагнираше и не понуди нови работни места, рамнотежата меѓу бројот на жители и можностите за живот беа уништени. Порано планирано од страна на Британците за еден милион жители, ноќната мора на Калкута експлодира од секој врзол. Во период од 30 години бројот на жители порасна на 4,4 милиони во 1961 на преку 12 милиони денес. Како во некое море што не може да прими повеќе вливања, дојде и до „преливање“ на Калкута.

Драматичните последици од ваквото бризантно мешање на експлозија на насеение и економски пад можат да се забележат на секој чекор. Со Делхи, Калкута спаѓа во седумте града со најлошо загадување на воздухот. Убиствената, спарно-жешка клима заедно со воздухот обременет со издувни гасови доведе до тоа, речиси половина од граѓаните да страдаат од бронхитис, воспаление на гради, отворена туберкулоза и други видови заболувања на дишните патишта. Како воздухот, така и водата за пиење содржи олово, бидејќи цевките од градската водоводна мрежа потекнуваат уште од минатиот век. Како и да е, во мрежата се приклучени само половината од жителите. Канализација има само во центарот на градот, така што секоја година во времето на монсуните улиците се преплавени со вода со фекалии. Така, прекинувањето на електричната мрежа што се случува повеќепати дневно веќе не му пречи никому.

Највпечатливи беа, сепак, последиците на безнадежната пренаселеност. На еден квадратен километар се туркаат повеќе од 30.000 луѓе. Две третини од населението живеат во официјални, од страна на владата признаени предградија, т.н. „Bustees“. За некои 5 ГМ несечно тие живеат во примитивни колиби од глина, лим и стари дрвени кутии. Мрежата на социјални врски што е тесно поврзана во предградијата и барем неколку санитарни простории им даваат на овие

луѓе за право да спаѓаат во привилегирани. Овде спаѓаат т.н. „Squatters“, кои живеат како населеници во бедни услови во зданија од штоф и пластични кутии, кои во ноќта ги ставаат на ѕидовите од куќите. Најнечисти во вистинска смисла на зборот се, сепак, 1 милион луѓе, кои освен еден лим поседуваат само една со ѓубре покриена, лежалка. На тротоарите, во влезовите од куќите, под кочиите што ги влечат волови, покрај ридови ѓубре и отворени канали, со глувци и нечисти кучиња, го живеат својот живот.

Бучава, смрдеа, масовна беда и познатиот темперамент на жешки глави на Бенгалите направија од Калкута „буре на вештерките“. Никаде на друго место расположението не е е толку затегнато како тука. А сепак! Калкута, овој град на ноќната мора како да се тресе од живот. Оптимизам, виталност, хумор, креативност ја карактеризираат животната филозофија на Бенгалите, мислејќи притоа со оваа желба за живот со оглед на катастрофата, истото и физички да се почувствува. Никаде во Индија не се слави и смее толку опуштено, не се дебатира толку интензивно и контроверзно. Една индиска поговорка вели она што Бенгал денес го размислува утре го прави цела Индија, вели. Татковината на првиот добитник на Нолбеовата награда, Рабиндранат Тагоре, графот на филозофот Рамакришна, Вивекананда и Сри Ауробиндо, високиот замок на индиските интелектуалци и револуционери важи за културна и уметничка метропола на потконтинентот. Никаде не се снимаат повеќе уметничко амбициозни филмови, стотици литературни магазини што се читаат, стотици театри, голем дел со актери-аматери, годишен саем на книги со два милиони посетители, најголем дел од нив од Калкута и многумина, кои не можат да си дозволат да купат книга. Накратко: духовен живот каков што нема во ниту еден друг индиски град. Независно од тоа, колку често во последните децении на Калкута му се претскажува пропаѓање, Бенгалците се горди на својот главен град.

Цитати, молитви и говори на Мајка Тереза

Teкстот на визит-картата на мајка Тереза: Забелешка од мајка Тереза:

Едноставниот патПлодот на тишината е молитвата.

Плодот на молитвата е верата. Плодот на верата е љубовта.Плодот на љубовта е служењето. Плодот на служењето е мирот!

„Сепак“ на Мајка Тереза:

Луѓето се неразумни, нелогични и свртени кон себеси,сепак, сакај ги.

Кога правиш добро, ќе ти префрлат дека се водиш од егоистични мотиви и мисли,сепак, прави добро.

Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели,сепак, биди успешен.

Доброто што го правиш, ќе биде утре заборавено,сепак, прави добро.

Искреноста и отвореноста те прават повредлив,сепак, биди искрен и отворен.

Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ,сепак, гради.

Твојата помош навистина е потребна, но луѓето можеби ќе те нападнат ако им помогнеш,сепак, помагај им.

Дај му го на светот најдоброто од себе, а тој ќе ти ги скрши забите,сепак, дај му го на светот најдоброто од себе.

.

ДРУГИ ЦИТАТИ:

Радосно срцe вообичаено се создава само од едно срце, кое гори од љубов.

Осаменоста и чувството да се биде непосакуван е најлошата сиромаштија.

Секое дете е скапоцено. Секое е творештво на Бога. Да се предадеш самиот себеси е подобро отколку само да даваш. Само жената може да создаде семејство. Но семејството може и

да се урне заради неа. Никогаш не дозволувај да сретнеш некого што по заедничката

средба со тебе нема да биде посреќен.