40
број 107 септември 2014 50 ден www.ffrm.org.mk Комфорно работно место син јазик Чери домати Аронија во Лера Калемење на кинеска урма одгледување на чорбаџиска пиперка

Moja zemja septemvri 2014

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Moja zemja septemvri 2014

број 107септември 201450 денwww.ffrm.org.mk

Комфорно работно место

син јазик

Чери домати

Аронија во Лера

Калемење на кинеска урма

одгледување на чорбаџиска пиперка

Page 2: Moja zemja septemvri 2014

КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Page 3: Moja zemja septemvri 2014

Поч‌‌итувани‌ч‌‌итатели,‌сите‌сугестии,‌забелеш‌‌ки,‌праш‌‌ања‌и‌критики,‌Ве‌молиме,‌да‌ги‌испраќ‌‌‌‌‌‌‌‌ате‌на‌маил‌адресите‌наведени‌во‌импресумот.‌Со‌тоа‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌‌е‌влијаете‌на‌квалитетот‌на‌содрж‌‌ината‌и‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌е‌добиете‌информации‌за‌Ваш‌‌е‌подобро‌и‌поквалитетно‌земјоделско‌производство‌или‌развој‌на‌средината.‌Затоа,‌редакцијата‌Ве‌охрабрува‌да‌ни‌пиш‌‌увате.

УРЕДНИЧКИ‌ЗБОР

Земјоделството‌е‌една‌од‌најзначајните‌стопански‌гран‌ки‌и‌ тоа‌ не‌ само‌ кај‌ нас‌ туку‌ и‌ во‌ регионот.‌Тре‌ба‌да‌се‌работи‌и‌во‌поглед‌на‌иновативноста,‌заш‌титата,‌здружувањето,‌зголемувањето‌на‌при­хо‌дите,‌правната‌регулатива.Европските‌ пазари,‌ може‌ да‌ се‌ каже‌ дека‌ се‌посакувана‌ дестинација‌ за‌ државите‌ од‌ Југо‌ис­точ‌на‌Европа,‌но‌за‌да‌се‌биде‌конкурентен‌и‌за‌да‌се‌настапи,‌треба‌да‌се‌прилагоди‌производството‌на‌ЕУ‌стандардите‌и‌регулативите.Млекопроизводството‌е‌една‌од‌болните‌точки‌во‌зем‌јоделството.‌Поскапување‌на‌сточна‌храна,‌не­достиг‌на‌количество‌млеко,‌појава‌на‌болести‌ка­ко‌што‌е‌син‌јазик.‌Треба‌доста‌да‌се‌работи‌на‌ова‌по‌ле‌во‌делот‌на‌квалитет,‌исхрана,‌хигена.Јаболкопроизводството‌ е‌ еден‌ од‌ најпогодените‌из‌возни‌ сектори,‌ особено‌ во‌ делот‌ пласман‌ и‌ште‌ти‌кои‌се‌направени‌со‌климатските‌промени.‌Град‌от‌оваа‌година‌го‌уништи‌родот‌во‌преспанско­ре‌сенскиот‌регион.‌Овоштарството‌е‌еден‌од‌важните‌сектори‌во‌РМ,‌на‌којшто‌треба‌посебно‌да‌се‌работи‌во‌поглед‌и‌на‌пласманот,‌но‌и‌во‌делот‌на‌користење‌на‌со­вре‌мени‌технологии‌и‌побарувани‌сорти.Доматот‌и‌другите‌градинарски‌култури‌се‌обе‌леж­је‌на‌македонското‌земјоделство.‌И‌оваа‌гранка‌се‌соочува‌со‌слични‌проблеми‌како‌и‌останатите.Економскиот‌развој‌и‌тоа‌како‌е‌потребен‌за‌се‌ла­та,‌а‌тоа‌и‌директно‌ќе‌влијае‌на‌аграрот.Лозарството‌ е,‌ исто‌ така,‌ извозно‌ орентирана‌гран‌ка‌за‌која‌треба‌да‌се‌работи‌и‌на‌квалитет‌на‌гроз‌јето‌и‌на‌поголема‌промоција‌на‌нашите‌вина.

Со‌работката‌ со‌ општините‌ е‌ неопходна‌ за‌руралниот‌развој.Тоа‌е‌она‌на‌што‌треба‌да‌се‌работи‌или‌потребно‌е‌ уште‌многу‌да‌се‌наведува‌или‌можеби‌само‌малку?!Владините‌и‌невладините‌институции,‌фармерите,‌ преработувачите‌ и‌ дру‌ги‌инволвирани‌ страни‌ треба‌ да‌ ра‌бо‌тат‌на‌постигнување‌решенија‌кои‌вис‌тин­

ски‌ќе‌се‌извршуваат.Ова‌е‌едно‌мое‌видување,‌кое‌на‌сите‌ни‌е‌јасно,‌но‌треба‌повеќе‌да‌работиме‌на‌реа‌лизацијата.

Со‌почитм­р‌Билјана‌Петровска­Митревска

СОДРЖИНА

З Е М Ј О Д Е Л С Т В О

6

12

24

26

30

Посета на земјоделски саем на отворено во реПублика турција

агро алтернативаШтир - растение Што наликува на човечка

клетка

интервју томислав николовски

- Претседател на ветринарна комора

Поледелствосо каПка По каПка до четири Пати Поголеми Приноси на сончоглед

Пчеларствоорганска заШтита на Пчелите

моја земја, септември 2014 издавач :ФФрм медијаул. гиго михаловски бр. 3,1000 скопјеуправител: благојче најдовскител/Факс: 02 3099042e-mail: [email protected]број на ж иро сметка:380-1-645333 001-46, Прокредит банка

главен и одговорен уредникбилјана Петровска митревска[email protected]Печати: Пропоинтул.скупи-20 бр.3 1000 скопјеПечатен на 03.09.2014 Tираж 2500 примероциMаркетинг и дистрибуцијаблагојче најдовски 070/[email protected]

Фото вест - насловнаблагојч е најдовскилекторверица неделкоска

стручни соработници Проф. д-р драги танески, асс. д-р александара мартиновска стојчевска, асс. д-р ивана јанеска стаменковска, раде каранфиловски, стојан глигоров, благојче димитриев, благој Шоповски, соња николова, сашо николовски, лазо Папучкоски, ванчо захариев, ламбе куциноски, иван мицковски

дизајн: бригада дизајн [brigada.mk]

Списанието „Моја земја” из ле гу­ва месеч но и е во соп ст веност на Федерација та на фармери те на Репуб ли ка Ма кедонија. Првиот број из лезе како орга ни зациски бил тен на ФФРМ во април 2003 година, а од декември 2006 се ди с т ри бу ира како ме сеч но спе­ци јализирано спи са ние за зем ­јо делство и ру ра лен раз вој.

Page 4: Moja zemja septemvri 2014

4 | МОЈА ЗЕМЈА

ФФРМ

Одгледувачи на овци, членови на ФФРМ, присуствуваа на реги-оналната манифестација „Денови на одгледувачи на овци и кози“, која по деветти пат се организираше на падините на Бистра, во Маврово.

На манифестацијата присуствуваше и претседателот на ФФРМ, Никола Стаменов, кој истакна дека ваквите манифестации се нео-пходни за промоција на овчарството и поттикнување на неговиот развој.

Фармерите-членови на ФФРМ зедоа учество во натпреварите за стрижење овци, молзење овци и избор на најдобро сирење кое се подготвува на традиционален начин. Покрај натпреварите, на-станот беше збогатен со борби на пеливани и програма со тради-ционална, народна музика.

Имено, во Македонија постои тенденција на намалување на бројот на овци – од 778.000 во 2010 на 730.000 во 2013 година. Неко-гаш овој број изнесувал и повеќе од 2 милиони овци и токму овчар-ството е сектор по кој е препознаена нашата држава. Треба доста да се работи, посебно на модернизирање и изнаоѓање начини за загарантиран пласман на производите. l

Федерацијата на фармерите на РМ потпиша Мемо-рандум за соработка со осигурителната компанија „Три-глав“ и „ПроКредит банка“ во насока на развој на земјо-делството за поголема искористеност на осигурувањето како мерка за заштита на самите фармери од климатски-те промени и поволности и попусти во делот на кредит-ната политика за инвестиции во аграрот.

Токму со двете деловни институции, ФФРМ планира да реализира промотивни настани и спроведување на заеднички активности во насока на развој на аграрот и справување со предизвиците на овој сектор, како што се климатските промени од една страна и создавањето конкурентен производ преку иновативни технологии, кои се значајни инвестиции за македонското земјоделство. l

ФФРМ потпиша меморандум за соработка со „Триглав“ и „ПроКредит банка“

Лозарите и винарите кои присуствуваа на средбата не постигнаа договор за откупната цена на грозјето.

Став на визбите е да се задржат минатого-дишните цени, а производителите бараат два денари повеќе.

Според лозарите, родот на грозјето е препо-ловен, болестите, а посебно племеницата, на-правија големи штети врз родот, така што освен трошоци, големи приходи оваа година ќе нема. 

Лозарите годинава бараат 11 до 13 денари за килограм „смедеревка“ и 13 до 15 денари за сортата „вранец“ што за винарите е префорси-рана цена.

Имено, претставници на Федерацијата на фармерите на РМ присуствуваа на средбата во Министерството за земјоделство каде што се разговараше за откупната цена на грозјето. l

Лозарите и винариите не постигнаа договор за цената

Промоција и загарaнтиран пласман на овчото сирење

Page 5: Moja zemja septemvri 2014

СЕПТЕМВРИ 2014| 5

ФФРМ

ЈИЕ Протокол за поддршка и Водичот за добри практики се едни од значајни-те алатки кои се развиени во рамките на проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претприја-тија на растителното и сточарското производство АГРО-СТАРТ“ кои се пуб-ликувани во седум држави (Романија, Бугарија, Грција, Италија, Словенија, Македонија, Албанија) од страна на 12 организации.

Федерацијата на фармерите на РМ учествуваше во процесот на нивната подготовка преку собирање информа-ции и добри практики со единствена цел – да се помогне на организациите за бизнис-поддршка, на компаниите кои нудат услуги, на малите и средни пре-тпријатија, организации со добри прак-тики за развој на нивните бизниси и да се овозможи развој на земјоделството во Југоисточна Европа каде што рас-тителното и сточарското производство играат важна улога и имаат исти про-блеми и предизвици: мало користење на иновации, технологии, механизација, слаба едукација, мала инволвираност на млади луѓе, директно влијание на економската криза, проблеми во креи-рањето конкурентни производи на до-машниот, регионалниот и европскиот пазар. ФФРМ ги публикува овие алатки на македонски јазик и ќе ги достави до засегнатите субјекти кои се целни групи во проектот.

ЈИЕ Протоколот за поддршка е алат-ка која дава сугестии за тоа како да се промовираат и да бидат достапни ино-вативните пристапи за малите и средни претпријатија за сточарско и растително

производство во ЈИЕ. Базиран на за-еднички пристап на учење, во него се користат добри практики и резултати кои ќе овозможат користење на успеш-ни, преносливи, иновативни пристапи. Главниот партнер на проектот, Нацио-налната федерација на синдикати за земјоделство, храна, тутун, земјишта и слични услуги, АГРОСТАР, Романија, во соработка со останатите партнери, го подготви ЈИЕ Протоколот за поддршка кој нуди алатки за поддршка како што се транснационална база на податоци на земјоделски мали и средни претприја-тија и компании кои даваат услуги за поддршка на развојот на сточарскиот и растителниот сектор, автодијагности-цирање, пакет за поддршка, ЈИЕ вирту-елен пазар.

ЈИЕ Протоколот за поддршка е ин-тегриран и синергетски овозможува употреба на сите алатки на проектот, кои ќе бидат тестирани од страна на партне-рите и засегнатите страни, а се органи-зираат и курсеви преку е-учење.

Водичот на добри практики е ди-зајниран врз основа на петте тематски работилници, на кои партнерите ги презентираат најдобрите примери на иновативни добри практики во своите матични држави. Водичот е подготвен од италијанскиот универзитет UNIMOL и содржи 31 добра практика од кои две се македонски: ИПАРД онлајн-алатка за информации, изработена од Центарот за промоција на одржливи земјоделски практитки и рурален развој – ЦеПро-Сард, пристап до финансиите во агро-бизнисот и алатката „Обезбедување на квалитет за мали производители

на храна (ГЛК) во рамките на проектот „Безбедност на храната во Југоисточна Европа 2012 – 2013“, изработена од Ин-тернационалната фондација Балкан Нет. Водичот на добри практики ја содржи работата од петте тематски работилници на кои партнерите ги избраа најдобрите примери на иновација и претприемни-штво во секторите на растително и сто-чарско производство од нивните земји.

Темите на петте тематски работилни-ци се:

l Ефективни пристапи за услугите за дијагностицирање и проценка на ино-вативни и/или ефикасни процеси на производство и работење за целните сектори;

l Ефективни пристапи на алатките за финансиска поддршка за МСП во стари-те, новите земји-членки и земјите-кан-дидати и како да се обезбеди поддршка за МСП за нивната достапност и прис-тапот до нив (финансиска поддршка за претприемачи, за иновативни пристапи итн.);

l Ефективни пристапи за технологија и транфер на иновации за МСП;

l Ефективни пристапи за промови-рање и потпомагање на претприемни-штвото во целните сектори;

l Ефективни пристапи на проценка при влез на нови пазари, достигнување на европски стандарди за квалитет, промоција на производи и олеснување на интернационализацијата на МСП. l

ПубЛиКувани ЈиЕ ПРоТоКоЛ за ПоддРшКа и водичоТ за добРи ПРаКТиКи

Page 6: Moja zemja septemvri 2014

6 | МОЈА ЗЕМЈА

Федерацијата на фармерите на РМ

постојано организира посети на саеми во

регионот, па така 75 фармери присуствуваа на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција, каде што на 120.000

квадратни метри беа презентирани

новитети од областа на земјоделската

механизација, семенски материјали, сточарство.

Станува збор за еден од поголемите саеми на отворено кој е организиран

со поддршка на DLG Fuarcilik.

ФФРМ

Примената на новите техноло-гии е од неопходна важност за развојот на земјоделствто, но од друга страна, станува збор

за инвестиции за кои секој фармер сака добро да ја знае придобивката пред да започне да вложува. За таа цел, едни од најдобрите средства за успешна пре-зентација и укажување на важноста на новите технологии се саемите. Феде-рацијата на фармерите на РМ постојано организира посети на саеми во регио-нот, па така 75 фармери присуствуваа на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција, каде што на 120.000 квадратни метри беа презентирани новитети од областа на земјоделската механизација, семенски материјали, сточарство. Ста-нува збор за еден од поголемите саеми на отворено организиран со поддршка на DLG Fuarcilik. Она што е карактерис-тично за овој саем е тоа што земјодел-ците може на демонстративен начин да ги видат придобивките и резултатите од новите земјоделски машини. Тука беа презентирани најразлични тракто-ри, комбајни, приклучни машини кои се неопходен и значаен дел од земјодел-ството.

„Во последните пет години, во орга-низација на ФФРМ, преку 800 фармери од нашата држава присуствувале на земјоделските саеми во турските гра-дови Истанбул, Бурса, Адана, Измир и Текирдаг. Преку овие саемски посети се донесени и доста новитети кај нас како што се новите сорти ореви, кои истата година ги садеш и береш, нови сорти

ТЕРЕНСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

круши, презентација на турски потпорни системи, презентација на турски земјо-делски компании“, потенцира Благојче Најдовски, еден од организаторите од ФФРМ за ваквите саемски посети.

„За нас, земјоделците, се посебно значајни ваквите саемски посети, по-себно за поледелството и сточарството, бидејќи станува збор за сектори каде што се бара вложување за да се има добар и квалитетен производ. Знаеме дека во текот на жетвата помали загу-би ќе имаме ако имаме нови комбајни и добра механизација. Истото важи и за млекото – ако имаме добра и правилна исхрана и хигиена, ќе имаме квалитетен производ. Ваквите саеми овозможуваат да видиме нешто ново и тоа да го при-менеме на нашите фарми“, вели Сте-ванче Јорданоски, фармер и член на УО на ФФРМ од пелагонискиот регион.

на зеМјоделСка Механизација

Page 7: Moja zemja septemvri 2014

СЕПТЕМВРИ 2014 | 7

ТЕРЕНСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Покрај земјоделските производители од Македонија, на саемот присуствуваа и државниот секретар во Министерството за земјоделство на Република Македо-нија, Бесир Јашари, како и претседа-телот на ФФРМ, Никола Стаменов, кои имаа поздравни говори за време на све-ченото отворање на саемот.

Според државниот секретар, ваквите саеми кои се резултат на соработката по-меѓу асоцијациите на фармери, претста-вуваат одлична можност за размена на искуства и се од големо значење за унапредување на македонското земјо-делство.

„Се гледа една висока технологија, модерна технологија којашто нас и тоа како нè интересира. Затоа сме дојдени. Исто така, веќе направивме и одредени договори, а го закажавме и првиот соста-нок со организаторите кој треба да се ре-

ализира во втората половина на септем-ври по што ќе се обидеме да направиме еден ваков саем во Република Македо-нија со цел германско-турските искуства да им ги пренесеме и на нашите фарме-ри“, истакна Бесир Јашари, државен се-кретар во Министерството за земјодел-ство, шумарство и водостопанство.

За претседателот на ФФРМ, Нико-ла Стаменов, присуството на еден ваков саем е многу значајно бидејќи фармерите имаат можност да се запознаат со сè што е ново во земјоделското производство.

„Федерацијата на фармерите веќе десетина години наназад ги следи слу-чувањата на повеќе саемски манифес-тации ширум Европа со цел фармери-те одблиску да се запознаат со новите технологии во производството и истите да ги применат кај нас, во Република Македонија. Последните пет години сè

почесто сме присутни во Република Тур-ција каде што се организираат саемите на отворено. За нас овие саеми се по-себно интересни бидејќи на лице место може го да видиме целиот процес на производство, почнувајќи од семе, па сè до готов производ. Овие искуства се многу важни бидејќи тука точно може да се види целиот процес – како треба да се работи и кои техники да се применат за да се дојде до едно европско производ-ство“, рече Никола Стаменов, претседа-тел на ФФРМ.

За време на неколкудневниот прес-тој во Турција, претставници од ФФРМ остварија и повеќе значајни средби со претставници од турското министерство за земјоделство, претставници од земјо-делскиот институт во Текирдаг, а ја по-сетија и фабриката за производство на трактори „Хатат“. l

на зеМјоделСка Механизација

Page 8: Moja zemja septemvri 2014

8 | МОЈА ЗеМЈА

Чорбаџиска лута и блага - барани на пазарот

Одгледување на пиперкиАПРЗ – ГРАДИНАРСТВО

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Чорбаџиската пиперката полека зафаќа поголеми површини кај нас и засега се одгледува на отворено. станува збор за многу родна сорта за која имаат голем интерес индустриските капацитети и

која се употребува претежно за киселење. се среќава како блага и лута чорбаџиска пиперка. таа заслужува да биде застапена на уште поголеми површини бидејќи е доста отпорна, дава висок принос, а со тоа и повисок приход.

пиперката е топлољубиво растение. Оптималната температура за никнување е 22-25°C, а минималната температура за 'ртење е 15°C. Најмногу цветови и најдобро оплодување има кога се одгледува на температура 25-30°C, а ноќната температура е 15-21°C. На температура преку 32°C и под 15°C доаѓа до опаѓање на цветовите.

Најмногу светлина бара од никнувањето, па сè до физиолошката зрелост. при производството од расад, фолијата мора да биде чиста за да пропушта повеќе светлина. Многу е битно да се внимава на калењето на расадот, односно на неговото привикнување на дневна светлина.

поради големите потреби за вода и релативно слабата развиеност на кореновиот систем, најмногу вода бара помеѓу 12 и 14 часот. Ако нема доволно влажност во овие периоди, лесно доаѓа до појава на ожеготини на листот и плодот. Оптималната влажност е 70-80%. Ниската влажност и високите температури резултираат со опаѓање на цветовите и плодовите.

За пораст и развој на пиперката, потребни се повеќе хранливи елементи во почвата, како органски, така и минерални ѓубрива. во фазата на полно зреење, потребен е фосфор и калиум. при недостиг на фосфор се појавуваат темнозелени листови до виолетова нијанса, опаѓање на цветовите и неправилно формирање на плодовите. при недостиг на калиум и калциум се намалува отпорноста на пиперката. треба да се избегнуваат места и почви каде што се јавуваат доцни есенски мразеви. треба да се избегнуваат подрачја кои често се проследени со град и подземни води.

Како плодоред или добри претпосеви се едногодишните легуминози, стрните жита и новообработени површини.

Лоши претпосеви за пиперката се: домат, компир, тутун, краставица. по основната обработка на површината, таа се доработува со тањирачи и фрези. семето пред сеидба мора да биде третирано поради избегнување на разни болести. по производството на квалитетен и здрав расад се поминува кон расадување. расадувањето е од 10 до 25 мај на отворено. расадувањето на чорбаџиската пиперка треба да се изврши на добро подготвена и наѓубрена површина. растојанието е 50х20 см. Длабочината на расадување е 5-6 см.

пред сеидба, препорачливо е да се употреби еден од почвените инсектициди кои се дозволени за употреба. во текот на вегетацијата, обработката се однесува на: окопување, наводнување, прихрана, заштита и берба. производството на пиперка не може без наводнување. потребите за наводнување се зголемуваат посебно во фаза на цветање и оплодување. вкупните потреби за вода варираат. во наши услови просечно се наводнува 8-12 пати во текот на вегетацијата. постојат повеќе начини на наводнување, а најдобар е системот капка по капка.

Бербата се изведува рачно, во посебна амбалажа од каде што понатаму се носи на пазарите и фабриките за преработка на зеленчук. пиперката чорбаџиска најчесто се употребува во индустријата за преработки, поточно за киселење. приносот во наши услови се движи од 30 до 35 т/ха. во текот на производството, производителот е должен да применува добра земјоделска и хигиенска практика. l

Page 9: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014| 9

Производство на чери-домати АПРЗ – ГРАДИНАРСТВО

производството чери-домати се изведува во два периода и тоа пролетно производ-ство и рано есенско про-

изводство со тоа што пластеникот е целосно искористен.

Чери-доматите кај нас се среќаваат во повеќе региони каде што успешно се одгледуваат.

плодовите најчесто се среќаваат во продажба во маркетите, пазарите и хотелите каде што се употребуваат најчесто како декорација. инаку, на пазарите достигнува висока цена би-дејќи се смета дека чери-доматите содржат доста антиоксиданси и спаѓа во групата минијатурни и лековити плодови.

постојат различни хибриди и сорти на чери-домати, различни по голе-мина и боја. плодовите се со тежина 10-12 грама, а на една цветна гранка може да има и до 150 плода. На отво-рено поле на едно растение може да се остават 4-5 цветни гранки или тоа е околу 5-6 кг по стебло. Најчесто се одгледува во пластеници во зашти-тен простор каде што се оставаат 7-8 цветни гранки или ако се пресмета во родност или принос, 10-12 кг по стеб-ло. во некои држави се одгледува во текот на целата година, на пример, во израел каде што климатските услови се погодни за одгледување во текот на целата година.

Кај нас може да се одгледува од по-четокот на март, па сè до крајот на ок-томври.

има исклучително сладок вкус и многу добро избалансиран однос на шеќери и вкупни киселини и затоа има вистински мирис на домат.

технологијата на производство на че-ри-доматите е скоро иста како и произ-водството на обичниот домат. Обично на 1.000 м2 се засадуваат 3.000 растенија, колку и обичните домати.

Негата на посевот е идентична со обичните домати, но чери-доматот има многу повисок принос, посладок вкус и поздрав е за во исхраната, достигнува висока цена и доста е погоден за деко-рација.

Што се однесува до набавка на семе

и саден материјал во наредниот период се очекува да има доволно количество семе од чери-домати и ќе бидат пону-дени повеќе хибриди и сорти по облици и боја на пазарот и тоа од топчести до крушковидни форми.

Заштитата во текот на производство-то е иста како и кај обичните домати. Значи, генерално може да се каже дека постојат сорти многу отпорни на болести, а и сорти кои мора редовно да се заш-титуваат.

потребно е да се знае дека семето од хибридните сорти не е препорачливо да се употребува во наредната година би-дејќи родноста ќе биде минимална. За-тоа, за најдобрите хибриди кои имаат и до 150 плодови на китка семето мора да се набавува секоја година.

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Мали црвени и лековити плодови

Page 10: Moja zemja septemvri 2014

10 | МОЈА ЗеМЈА

ГРАДИНАРСТВО

Слаба заинтереСираноСт за Чери-домати

и покрај низата позитивни осо-бини, кај нас заинтересираноста за производство на чери-домати од страна на производителите сè уште мала. според изјавите на некои про-изводители кои веќе нај,авуваат од-редена заинтересираност за произ-водство, за поголемо производство, покрај одгледувањето, доста е отеж-ната и бербата. Бидејќи плодовите се ситни, потребна е и поголема работна сила. Засега главно чери-доматите се одгледуваат во домаќинствата за домашни потреби и сосема малку за продажба. Многу подобро би било земјоделските производители кои се занимаваат со градинарство и имаат повеќечлена фамилија да за-почнат со производство на чери-до-мати за продажба на пазари бидејќи исплатливоста ќе им биде повисока, а нормално - и профитот поголем. Чери-доматите содржат: бета каро-тин (жолтите), ликопен (црвените), а црните антоцијани. сите три вида се јаки оксиданси. Ликопенот може да се внесе во организмот само со до-мат. сите домати содржат ликопен, но цревените чери-домати го имаат најмногу. l

Page 11: Moja zemja septemvri 2014

Правилна заштита на зелката

Совет „Хемомак“ пестициди ЗАшТИТА

септевМри 2014| 11

Зелката во овој период од годи-ната е најактуелна. За произ-водство на добра и квалитетна зелка треба да се посвети вни-

мание на неколку болести и штетници. Меѓутоа, пред сè, треба да се внимава и на плевелите со тоа што ќе се употреби ефикасен хербицид. За сузбивање на плевелите во зелката пред расадување се користат еден од двата хербицида, STOMP AQUA или STOMP 330 E. Овие хербициди се користат за сузбивање на едногодишни тревни и широколисни плевели. STOMP AQUA се карактери-зира со висока ефикасност на плевел-ната флора и висока толерантност на одгледуваната зелка. Овие карактерис-тики му обезбедуваат универзалност и со тоа го сместуваат на самиот врв на листата на хербициди. Овој хербицид има широк спектар на дејство. Главните плевели што ги сузбива се дивото про-со Echinochloa crus-galli, дивата лобо-да Chenopodium album, мувар Setaria spp, штирот Amaranthus retroflexus, прстенестото просо Diditaria spp, диви-от сирак Sorghum halepense, обичната ветрушка Apera spica – venti, ѕвез-денката Stellaria media, дивиот пипер Poligonum spp и многу други тревни и

широколисни плевели. STOMP AQUA е во формулација на водорастворливи микро и макрокапсули со активна ма-терија pendimetalin 455 g/l и се користи во доза од 3 л/ха, додека STOMP 330 E содржи активна материја pendimetalin 330 g/l и се користи во доза од 5 л/ха. За решавање на овие заболувањета треба да се употребат неколку фунгици-ди. ORVEGO е нов системичен инова-тивен фунгицид наменет за сузбивање на пламеници кај повеќе култури, како и кај зелка во доза од 1 л/ха. ORVEGO е одличен фунгицид за сузбивање и на Pythium spp (сечењето на расад). Нов модерен и веќе докажан фунгицид од компанијата BASF против пламеници е фунгицидот ENERVIN кој се користи во доза од 2 кг/ха. тој е комбиниран системичен фунгицид кој се користи кај разни видови култури во текот на целата вегетација. SIGNUM е системи-чен превентивен фунгицид со широк спектар на дејство. Кај зелката се упо-требува во доза од 1 кг/ха. се користи против разни заболувања како што е сивото гниење, белото гниење, црната дамкавост, сивата дамкавост. За суз-бивање на пламеници се препорачува и новиот бакарен фунгицид CUPROZIN.

Бакарниот фунгицид CUPROZIN е во формулација на бакарен оксихлорид 350 г/кг и се користи во доза од 3-5 кг/ха. Освен од габични заболувања, зел-ката може да биде нападната и од го-лем број инсекти како што се големиот зелкар Pieris brassicae, малиот зелкар Pieris rapae, зелковиот молец Plutella spp, совицата Plusia spp, зелковата мува. За сузбивање на овие инсекти е новиот системичен и високоефикасен инсектицид ALVERDE кој се користи во доза од 1 л/ха. Овој инсектицид има контактно и дигестивно дејство на ин-сектите. ALVERDE е потполно нов ин-сектицид кој се одликува со одлично дејство на ларвата во сите стадиуми и на имагото на инсектите, како и со ис-клучителна селективност кон одгледу-ваната култура. Новиот механизам на дејство на ALVERDE доведува до ди-ректно дејствување на ензимите и го блокира протокот на јони низ натриум-скиот канал во нервниот систем на ин-сектот. Каренцата за зелка е само три дена. Други два препорачани инсекти-циди за сузбивање на штетниците кај зелката се NURELLE D кој се употребу-ва во доза од 1 л/ха и PERFEKHTION кој се користи во доза од 1-1,5 л/ха. l

Пишува: дипл. земј. инж. Благојче Димитриев

Page 12: Moja zemja septemvri 2014

12 | МОЈА ЗеМЈА

АМАРАНТУС (шТИР)АГРОАЛТЕРНАТИВА

Штирот (Amaranthus sp.), чие име во буквален пре-вод значи бесмртност, е растение од кое на свет-

ско ниво се одгледуваат голем број видови за разно-разни цели и се создаваат сè повеќе сорти за произ-водство на храна за стоката и човекот. Кај нас е познат видот Amaranthus retroflexus (див штир) кој се користи за храна за животните. ретко кој знае дека има уникален состав со лекови-ти својства. семето содржи 16-18% белковини, количество поголемо од пченицата и со квалитативен состав кој го надминува оној на млекото.

Ова соединение е блиско по состав со човечката клетка и во присуство на вода го врзува кислородот од неа и со него ги снабдува ткивата и органите на човечкото тело. се знае дека кисло-родот ја овозможува поинтензивната преработката на хранливите материи во организмот на човекот со што се избегнуваат причините за разно-раз-ни заболувања.

Недостигот на кислород и разрушу-вањето на клетките од недостиг на ок-сиданти се смета за основна причина за настанувањето на ракот кај човекот.

На штирот му се утврдени следниве позитивни својства: противканцеро-гено, противрадијациско, противмик-робно, противгабно со истовремено нормализирање на ткивното дишење.

Ова растение било познато одамна и денешните културни видови потек-нуваат од Јужна Америка каде што се одгледувало пред повеќе од 6.000 години и од тогашните народи било нарекувано златно божјо зрно. сепак, интересот од современата наука за него почнува поинтензивно од 1972 година кога австралиски експерти по физиологија на растенијата откриле

дека зрното на оваа култура содржи многу повеќе белковини од пченицата, пченката, оризот и други жита.

посебно внимание кај експерти-те привлекло ова растение откако е утврдено дека и припаѓа на групата со четири Ц тип на фотосинтеза кои усвојуваат 2-2,5 пати повеќе јаглерод диоксид од растенијата, кои не се со тој тип фотосинтеза, рационално ја ко-ристат водата и даваат растеж и про-дукција при високи температури, од-носно кога другите растенија умираат или се сушат, штирот опстојува и дава принос.

Денес се најраспространети видовите Amaranthus caudatus и Amaranthus paniculatus од кои се создаваат сорти за производство на зрно и Amaranthus gangeticus и Amaranthus mangostanus од кои се одгледуваат сорти за зеленчук.

создавањето сорти е насочено кон сорти за производство на семе, за комбинирана употреба и за зелена маса. растението штир е едногодишно високорасно (до 3 м) зелјесто растение со листови со разни форми и големи-ни, зашилени на врвот. Цветовите се собрани во различни соцветија, во зависност од видот и сортата. семето

е многу ситно, бочно сплесканао, со дијаметар 1-1,5 мм, со различна боја и апсолутна тежина од 0,4 г. 'ртливоста ја задржува до 4 години. едно расте-ние може да даде половина милион семиња. приносот на зрно се движи до 3 т/ха кај сортите за зрно и до 70 тони кај сортите за зелена маса.

вегетацијата е до првите појаки мразеви за сортите за зелена маса и до 120 дена за зрно. во наши услови за цела вегетација посевот за зелена маса може да даде 2-3 приноса. Шти-рот успева скоро на сите почвени ти-пови и многу подобро ја поднесува сушата и топлината од културите што ги одгледуваме за сточна и човечка исхрана.

Штирот се сее кога почвата на дла-бочина од 4-5 см е загреана на околу 6°C и е доволно влажна.

За сеидба почвата треба да биде подготвена за ситни семиња.

се сее на растојание 45-70 см меѓуредово и 10-20 см во редот со околу 1-2 кг/ха семе, во зависност од тоа дали сортата е за зрно или за зе-лено, од плодноста на почвата и од климатските услови. l

Штир - растение што наликува на човечка клетка

НА ШтирОт Му се утврДеНи сЛеДНиве пОЗитивНи свОЈствА: прОтивКАНЦерОГеНО, прОтиврАДиjАЦисКО,

прОтивМиКрОБНО, прОтивГАБНО, сО истОвреМеНo НОрМАЛиЗирАње НА тКивНОтО ДиШење. тОЈ вО

присуствО НА вОДА ГО врЗувА КисЛОрОДОт и Ги сНАБДувА ОрГАНите НА ЧОвеЧКОтО теЛО

Пишува: Ванчо Захариев, д.з.и. дипломиран земјоделски инженер

Page 13: Moja zemja septemvri 2014

За високи приноси потребно е соодветно количество ѓубре, околу 50 т/ха арско или 300-500 кг/ха NPK ѓубриво, така што по секое косење кај сортите за зелена маса по 100-150 кг/ха амониум нитрат или уреа. За зелена маса се коси во моментот на искласување, а за зрно кога соцветието е при крај на созревање.

лековити СвојСтвапокрај големата содржина на белковини, и избалансираноста на аминокисе-

линскиот состав (влегуваат 13 заменливи и 9 незаменливи аминокиселини) му дава диеталност поради што семето од растението се употребува во продукти за исхрана на децата.

Минералниот состав се состои од калциум, железо, фосфор и значително ко-личество од другите макро и микро елементи. содржината на калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум е поголема од таа во млекото, а содржината на ка-лиум и железо е три пати повеќе од таа во пченицата. содржината на масти е 5-9% од кои 77% незаситени масни киселини, од кои 50 % отпаѓа на линолната киселина која организмот не може да ја создава. содржината на јагленохидрати е 63%, главно скроб и малку шеќери. Од витмини застапени се: витамин А, Б-комплекс, витамин е и витамин Д.

содржината на растителни влакна во зрното кои се од големо значење за хра-нопроводниот систем на човекот во современиот начин на живеење е поголема од таа во овесот и пченицата. Зрното не содржи глутен поради што е значајна алтернатива во исхраната на луѓето кои имаат проблеми со него. Штирот содржи 8-15% сКвАЛеН (никаде и од никој извор не може да се најде во такво количе-ство), освен во маслото кое се добива од семето на штир. инаку, скваленот се јавува како основна компонента на човечката кожа.

Штир - растение што наликува на човечка клетка

Придобивки од квинојатасемето од квинојата не содржи глутени од тие причини е значајно од здравствен аспект во исхраната на луѓето кои имаат глутенска алергија.семето се одликува со добри нутритивни вредности (13-16%) сурови протеини, 5% масти 60% БеМ, 4% сурови влакна). и претставува здрава алкалана храна. содржината на есенцијалните аминокиселини е исто така висока и разновидна (лизин, леуцин, изолеуцин, фенилаланина, тирозин, триптофани и др.) lспоред статутот на ФФрМ, постојат

два типа на членови во ФФрМ:Групни членови - регистрирана и опе-ративно и финансиски активна група на фармери - земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва формирани од земјоделски здруженијаиндивидуални членови - секој жител на Македонија, инволвиран или за-интересиран за земјоделството кој го исполнува основниот критериум - да е евидентиран фармер во единствениот регистар за земјоделци на МЗШв, или е член на земјоделско стопанство. индивидуалниот член може да одлучи дали ќе членува во некоја од социјал-ните мрежи на ФФрМ.Членарината за групните членови во зависност од бројот на членови изнесува од 6000 до 12000 денари , а за индивидуалните членови изнесува 920 денари.покрај редовните членови ФФрМ воведува и статус на придружни чле-нови, тоа се правни и физички лица кои можат да ги користат услугите на организацијата, но немаат право на глас.Контакт: Главна Канцеларијаул „Христо смирненски“ бр 15, 1000 скопјетел/факс: 389-02-3099-042

како да станам член во ФФрм

Page 14: Moja zemja septemvri 2014

14 | МОЈА ЗЕМЈА

Контрола на квалитет на производитеЗАшТИТА

Пишува: м-р Крсте Ташев – Држав-на фитосанитарна лабораторија

Пестицидите играат важна улога во производството на храната од растително поте-кло. Тие ги заштитуваат рас-

тенијата од непосакуваните болести и штетници (инсекти, габични, бак-териски и вирусни заболувања) со што се добива поголем и поквалите-тен принос. Од друга страна, пак, ос-татоците од пестицидите (резидуите) имаат негативен ефект при консуми-рањето, особено ако не се почитува пропишаната каренца. Максимал-ното дозволено ниво на резидуи (МРЛс) е дефинирано согласно доз-волените европски максимални ни-воа на резидуи кои се прифатени во законската регулатива во Република Македонија.

За безбедноста на храна во Ре-публика Македонија подеднакво се одговорни фармерите, откупните и преработувачките центри, дистрибу-тивните мрежи како и институциите во системот за контрола на безбеднос-та на храна која како главна цел има контрола на безбедноста на храна во целиот синџир од нива до трпеза.

Консумацијата на безбедна и здрава храна од растително потекло подразбира и нејзино производство на органски начин без употреба на пестициди. Органското производ-ство е единствен систем кој опфаќа сертификација, инспекција и анали-за на растителните продукти за да се осигура дека не се употребувани пестициди при одгледувањето како и дека не се присутни резидуи од пестициди.

Државната фитосанитарна лабо-раторија (ДФЛ) е во состав на Ми-нистерството за земјоделство, шу-марство и водостопанство (МЗШВ) и е дел од системот за безбедонст на храна во кој спаѓаат и Фитоса-нитарната управа (ФУ) и Агенција-та за храна и ветеринарство (АХВ). Статутарните надлежности на ДФЛ, односно на Одделението за хемиски испитувања (ОХИ), овозможуваат контрола на квалитетот на произ-водите за заштита на растенијата по авторизација за употреба во Ре-публика Македонија во согласност со годишната мониторинг програма, како и анализа на резидуи од пести-циди, како во органското, така и во конвенционалното растително про-изводство.

Лабораториските анализи што ги спроведува ДФЛ имаат за цел за да се зголеми контролата на употре-бата на пестициди и контролата на нивниот квалитет и тоа ќе резултира со: поголем принос во растителното производство, поквалитено расти-телно производство, контролирана употреба на пестициди за заштита, контрола на квалитетот на пести-цидите во однос на активната суп-станца, производство на безбедна храна, поголем извоз на храна од растително потекло на ЕУ-пазарите и зголемена доверба на фармерите и крајните потрошувачи.

ДФЛ е единствената акреди-тирана лабораторија од страна на Институтот за акредитација на Ре-публика Македонија (ИАРМ) за мул-

анализа на резидуи од пестициди

Page 15: Moja zemja septemvri 2014

тирезидуална метода (http://www.iarm.gov.mk/files/Akreditirani-tela/Laboratorii/OB05-25_LT-036.pdf). Oд-делението за хемиски испитувања во ДФЛ располага со современа и софистицирана опрема за анали-за на резидуите од пестициди, а тоа е LC/MS/MS (UPLC Agilent 1290 & TripleQuadMS 6420), со кој во мо-ментот покриваме околу 120 пес-тицидни резидуи со тенденција на постојано зголемување на бројот на

резидуи. Границите на детекција и квантификација на присуството на пестициди потполно ги исполнуваат ЕУ-барањата, така што границите на квантификација на пестицидите изнесуваат 0,01 mg/kg. Исто така, покриваме околу 32 земјоделски култури, овошје и зеленчук (домат, пиперка, крaставица, диња, јабол-ка, круша, кајсија, банана, цреша, праска, кромид, праз, карфиол, бри-селско зелје, зелка, брокули, марула,

спанаќ, босилек, грозје, лимон, ман-дарина, портокал, јагода, боровинка, малина, црна рибизла, црвена ри-бизла, бела рибизла, киви, ананас и др.). Во согласност со нашите по-литики за квалитет и однос кон кли-ентите се трудиме да им излеземе во пресрет на нивните барања за на-времена и точна анализа и согласно динамиката на работа што ја имаме воспоставено, резултат од анализата се добива за 2-3 дена. l

ТеСТиРања за оРганСко пРоизводСТво

Со поддршка на еУ-проек-тот за „органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи“ кој има за цел да придонесе кон развојот на земјоделскиот сектор во земјата преку зајакнување на институ-ционалните и административ-ните капацитети за земјодел-ство и преку спроведување на политиката за рурален развој, дФл ќе ги изведува потребните тестирања поврзани со орган-ското производство и тоа во од-нос на присуството на резидуи, со што директно е вклучена во сертификацијата и контролата на органското производство.

СЕПТЕМВРИ 2014| 15

Page 16: Moja zemja septemvri 2014

садници – Пушти го да раСте

Магнум – садници за јаболкаАПРЗ ОВОшТАРСТВО

во поново време на пазарот се појавија садници „let in grow“ (пушти го да расте) или „magnum“, кои претставуваат последен збор од технологијата во производството на садници. според своите

карактеристики, тие се подобри дури и од двегодишните „knip“ садници. садниците „magnum“ имаат вретеновидна форма и се обрастени со кратки родни гранчиња. веќе од втората година можат да дадат и по 40 тони на хектар, а во третата дури и 70 тони по хектар. Бидејќи садниците се калемени на слабо бујна подлога, задолжително треба да се постави потпорна конструкција. потребно е да се постави и систем за наводнување капка по капка, со кој истовремено ќе се врши и исхрана – фертиригација.

Кај овошните насади се применуваат повеќе системи на одгледување, но со појавата на нови технологии во овоштар-ството, тие системи постојано се модификуваат. Денес најчест систем на одгледување е – витко вретено. со оваа технологија се засадуваат над 1.000 садници по хектар и е едноставен за одгледување. во изминативе неколку години во светски рамки се одгледуваат супер густи насади со околу 4.000 садници по хектар. Овие садници се калемени на слабо бујни подлоги од типот М-9 и подлоги со слична бујност како што се: јорк, сапор, емла и др. при ваквиот начин на одгледување доаѓа до зголе-мување на приносите во квалитет и квантитет. во вакви ово-штарници полесно се контролираат работните операции, како и извршувањето на агропомо и фитозаштитните мерки.l

Пишува: дипл. агр. Ламбе Куциноски

секој нов претплатник добива комплет од претходно објавените изданија на списанието.

едноставен и брз начин на претплата

1. пополнување на уплатница и плаќање во банка

2. по уплатата контактирајте ја редакцијата на списанието „Моја земја” на телефонот 070 937 132.

Контакт лице Благојче Најдовски сè со цел да се ажурира вашата адреса за домашна достава на списанието.уште побрзо и едноствнопретплатување во петте регионални канцеларии на ФФрМ во скопје, прилеп, Гостивар, Кочани и струмица.Може да уплатите за > шестмесечна претплaта- 300 денари> годишна претплата-550 денари

Претплата на „моја земја”

доколку сакате да добивате „моја земја’’, единствено списание за земјоделство и рурален развој може да се претплатите и да станете дел

од актуелните збидувања во аграрот.

Page 17: Moja zemja septemvri 2014
Page 18: Moja zemja septemvri 2014

18 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Лазо Папучковски

Кинеската урма води потекло од азиските земји од поладни и влажни клими во Кина од каде

што го добила името кинеска урма. Ја има во Русија, во последно

време се шири во Бугарија, а веќе се одгледува и во Македонија каде што дава одлични резултати и успева како домашно автохтоно растение. Во Ма-кедонија кинеската урма ја работеше Институтот за лозароовоштарство кој имаше опитни полиња кои сè уште ег-зистираат.

Постојат повеќе вариетети кои из-држуваат ниски температури до минус 15 Целзиусови степени, а има варие-тети кои издржуваат ниски температу-ри и под минус 30 Целзиусови степени.

Калемењето се врши на сеанци на изданоци од коренот на дива драка чалија PALIURUS SPI-NA CHRISTI. Најдобри резултати се постигнуваат ако се калеми на заспана пупка по 15 август на добро подготвени подлоги и калем гранки. За успешно прифаќање треба растението да се наводнува и пред и по калемењето.

ОВОшТАРСТВО

кинеСкаТа УРМакалемена на ДРАКА

Одгледување на азиски плодови

Во однос на големината на пло-довите, постојат вариетети со ситни округли плодови и други вариетети кои се со покрупни и издолжени плодови. Ги има во форма на голема крупна маслинка, издолжени пло-дови во вид на желад, а некои ка-леми имааат крушковидна форма и се големи колку рани летни крушки.

Кинеската урма има плиток ко-рен и затоа бара доста влага и на-воднување, но доколку се калеми на драка како подлога, таа издржува и успева и на аридни површини што се должи на добро развиениот коре-нов систем на драката.

Листот е светлозелен, мазен, сјаен, сложено пераст и со негови-от декоративен изглед е одлична

два различни калеми на исто дрво

Page 19: Moja zemja septemvri 2014

СЕПТЕМВРИ 2014 | 19

декорација за урбани средини како паркови и градско зеленило. Ви-сината на едно растение може да достигне од 3 до 5 метри во зави-сност од режењето. Цвета од јуни до крајот на август со ситни жолти цветови кои излегуваат од пазуви-те на листот во гроздови од три до четри цвета, зрее од крајот на ав-густ до октомври во етапи и тоа како што и цвета така и зрее. Таа е добро медоносно растение кое е масовно посетено од пчелите.кинеската урма се размножува:

1. Генеративно, со семе кое не ги пренесува сите особини на родите-лите и кај некои растенија постојат бодликави трнови на гранките,

2. Со изданоци од коренот3. Со калемењеРазмножувањето со калемење

се врши на сеанци на изданци од коренот на дива драка чалија PALIURUS SPINA CHRIST. Најдобри резултати се постигнуваат ако се ка-леми на заспана пупка по 15 август на добро подготвени подлоги и ка-лем-гранки. За успешно прифаќање треба растението да се наводнува и пред и по калемењето.

Калемењето на драката, која кај нас расте покрај патиштата и рид-ските терени, се врши во Април кога е во тек сокодвижењето на расте-нието. Се калеми под кора со седло и без седло на калем-гранката.

Калемењето може да се изведе и со расцеп на подлогата на кале-мените растенија кои се без боцки со покрупни плодови и подекора-тивни. Од моето лично искуство од падините на Скопска црна гора, во Кучково, добри резултати на раз-множување на кинеската урма се постигнуваат со калемење на драка на расцеп и калемење под кора со и без седло на височина од 10 до 15 сантиметри од земјата. Предност на ова растение е тоа што не се прска и дава органски плодови кои се от-порни на болести и инсекти. Едно дрво во полна родност дава и до 50 килограми плодови. l

ЛЕКовиТи своЈсТваплодот е богат со витамини, шеќери и минера-

ли и се препорачува за дијабетичари, а кај народот е познат како добар афродизијак. поради високата содржина на корисни состојки и витамин ц, плодо-вите на кинеската урма се употребуваат за снижу-вање на крвниот притисок, за лечење на грчеви во желудникот, за ублажување на кашлицата и против несоница, за забавување на стареењето на органи-змот. плодовите се користат за јакнење на имуно-лошкиот систем на организмот на човекот. плодо-вите може да се јадат свежи, сушени или за разни

преработки. листовите, кората и растителната маса се користат во фармацијата за подготовка на разни лекови, сирупи и чаеви. листот, исто така, содржи многи лековити состојки: богат е со катехини, рутин, кумаринови материи, шеќери, витамин Б1, како и други материи кои се користат во медицината.

плодовите на кинеската урма може да се корис-тат веднаш кога ќе добијат карактеристична боја, бидејќи постепено созреваат и до крајот на октом-ври почнуваат да се збрчкуваат и да паѓаат. Месото е со беложолта боја и пријатен киселкасто-сладок вкус, малку сув и со арома на јаболко. во плодот има семка која е со издолжена форма.

калемена кинеска урма

на род

Page 20: Moja zemja septemvri 2014

20 | МОЈА ЗеМЈА

Битолското село Лера е лоцирано во првата зона на заштита на езерото стрежево во чиста и незагадена средина. самото ме-сто дава посебна привлечност и има одлични услови за орган-ско производство. тоа било мотив за Александар павловски

кој заедно со неговиот брат Зоран и таткото Дени започнале со произ-водство на органска аронија на површина од 2 хектари.

„За лековитите својства на аронијата слушнавме од пријатели и пред 4 години решивме да подигнеме насад. пријателот од Жабени имаше посадено аронија на мала површина и ни помогна на почетокот. почетокот беше тежок затоа што немавме искуство со овоштарство. парцелата беше расцепкана на повеќе делови и беше камењар, така што за да ја подобриме структурата на почвата донесовме 2000 кубици плодна земја и тоа од оние парцели кои ги зафати браната стрежево. префрлањето на земјата го правевме со камиони на низок водостој на поплавените површини од браната. потоа на површината направивме длабоко орање, направивме анализа на почвата, а дополнително на двата хектари ставивме над 100 тони арско ѓубриво. со длабок плуг за риголовање ги направивме редовите на растојание од 4 метри, за да може насадот да се бере машински со комбајн за берење аронија, за кој веќе сме во преговори да го набавиме од полска преку ипАрД програмата“, раскажува Александар за своите први почетоци.

зрнеСти витамини во лера

Пишува: Билјана Петровска-Митревска

алекСандар ПавловСки заедно Со неговиот брат зоран и таткото дени Произведуваат органСка аронија на Површина од 2 хектари

во битолСкото Село лера. карактериСтиЧно за органСкото ПроизводСтво на аронијата е тоа што не Се ПрСка Со хемиСки

ПреПарати. ПриноСт Се движи од 5 кг По Стебло на наСад на Четиригодишна СтароСт на дрвцето, а цената е 2 евра од килограм.

Органско производство на аронијаОВОшТАРСТВО

Page 21: Moja zemja septemvri 2014

МАрт 2014 | 21

садниците ги набавиле од полска и една садница ги чи-нела 2 евра. тие се посадени на растојание од 80 до 160 сан-тиметри, од една до друга садница и моментално на двата хектари има 3.500 садници.

„Откако се направија редовите, најдолу ствивме арско ѓу-бре и врз него ставивме слој земја и започнавме со садење на садниците. по садењето, во пролетта инсталиравме сис-тем за наводнување „капка по капка“, во меѓувреме насадот го сертифициравме да биде органски и ги применувавме сите агротехнички мерки за органско производство на аро-нија“, вели Александар.

Карактеристично за органското производство на аронија-та е тоа што не се прска со хемиски препарати. Александар истакнува дека аронијата нема поголема потреба од хемиска заштита освен од рутавата буба, штетник кој се јавува за вре-ме на цветањето.

„против неа се бориме рачно со собирање по дрвцата и со мамци и тоа пластични чаши од кисело млеко наполнети со вода со цимет и бонбони „негро“ во кои штетниците се дават, привлечени од мирисот. Оваа сезона на целиот насад ставивме 3.000 чаши како мамци“, вели Александар.

со плевелите, исто така, се справуваат рачно, со пле-вење, а помеѓу редовите со мулчирање. Наводнувањето е битен предуслов за аронијата која бара многу вода.

„За нас олеснителна околност се трите мали акумулации кои ги имаме на самата парцела до реката Шемница, но и фактот дека на парцелата имаме струја која го поевтинува наводнувањето, затоа што наводнувањето со пумпи на струја е десетина пати поевтино од она на дизел-гориво. имаме инсталирано тајмер така што насадот се наводнува само во ноќните часови за да избегнеме термички шокови“, раска-жува Александар.

пред берба од голема важност е насадот секојдневно да се наводнува од што зависи и квалитетот на плодовите. при-носот се движи од 5 кг по стебло на насад на четиригодишна старост на дрвцето, а цената е 2 евра од килограм. За да има-ат подобра заработувачка, направиле комора за чување на плодовите од 60 кубни метри во свежа состојба и до 5 месеци на температура од 0 до 2 Целзиусови степени. тие планираат да започнат да произведуваат и сок од аронија, затоа што лековитите својства на аронијата најмногу доаѓаат до израз со консумирање сок од аронија. l

карактериСтики на аронијата

аронијата е овошје со бо-бичеста форма кое најм-ногу наликува на плод од боровинка и затоа ја на-рекуваат сибирска боро-винка. таа е растение кое расте во облик на грмушка. нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и по два месеци откако ќе созрее. Според дипл. агр. мирјана милинг, за аронијата не е потребно прскање бидејќи не може да заболи од боле-сти или вошки.

„аронијата е култура која не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. таа е адаптибилна и на сува и на влажна кли-ма, но подобри резултати дава во реони со поумере-на влажност во почвата и воздухот. во текот на зи-мата надземниот дел издр-жува температури пониски од -30 до -35°C. во наши услови ретко се случуваат вакви температурни екце-си, па поради тоа, гледано од овој аспект, оваа култу-ра е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. за оптимален раз-вој на џбунчињата во текот на вегетацијата, потребно е температурната сума да биде над 10°C и од 120 до 150 дена период без поја-ва на мразеви“, потенцира милинг.

Page 22: Moja zemja septemvri 2014
Page 23: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014| 23

Page 24: Moja zemja septemvri 2014

пОЛEДеЛствО Активност за Проектот за експанзија на мали бизниси - УСАИД

СО КАПКА ПО КАПКА ДО чЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ НА СОНчОГЛЕДПишува: Иван Мицковски – Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

24 | МОЈА ЗеМЈА

според првичниот опит на про-ектот на усАиД за експанзија на мали бизниси за наводну-вање и ѓубрење на сончоглед

со систем капка по капка се добие-ни позитивни резултати во делот на приносот. Ферхан Биберовиќ од село Горно Оризари во 2014 стана првиот земјоделец во Македонија кој одгле-дува консумен сончоглед на поле од еден хектар со систем капка по кап-ка. Ферхан го доби системот како донација од усАиД за да се испита разликата во приносите која може да се постигне со помош на оваа техно-логија и соодветните агротехнички протоколи. почвата на која е поса-ден сончогледот е од шеста класа, но и покрај тоа Ферхан оваа година очекува рекордни резултати. според мерењата на масата на семето и гу-стината на насадот две недели пред жетвата, тој очекува да добие принос до 4 т/ха – 2,6 тони повеќе од неговиот највисок претходен принос и од на-ционалниот просек. веднаш до оваа парцела Ферхан има друга парцела со сончоглед која не е наводнувана. разликата во приносите и квалитетот може да се види со голо око. според теренските мерења, на ненаводнува-ната парцела ќе се добие принос од само околу 0,7 т/ха.

„имам наводнувано само два пати, а разликата е невидена. подобро е да имаш еден хектар со капка по капка отколку 20 ненаводнувани хектари“, вели Ферхан. Неговото задоволство од системот капка по капка е огромно, па затоа веќе има план од наредната година да го прошири на уште десе-тина хектари. Квалитетот на семето е, исто така, драстично подобрен и е со проценета парична вредност по килограм која е повеќе од два пати повисока од просечната откупна цена во Македонија.

Page 25: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014 | 25

Активност за Проектот за експанзија на мали бизниси - УСАИД

СО КАПКА ПО КАПКА ДО чЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ НА СОНчОГЛЕД

Пад на ПроизводСтвото на СонЧоглед

Од 1991 година Македонија бележи константен и значителен пад во домашното производство на сончоглед. Додека во 1990 година со сончоглед биле посадени 30.000 хектари, во 2012 година таа бројка опаѓа на само 4.000 хектари. поради ниското домашно производство, Македонија годишно увезува 30.000 тони сурово сончогледово масло и во процесот губи 34 милиони евра. Овој податок не е изненадувачки кога ќе се земе предвид дека домашното сурово масло чини 49 денари за килограм, а увезеното 34 денари.

причините за ниското произ-водство се многубројни, од на-малување на можностите за на-воднување поради стареењето на водоснабдувачките системи, до засилувањето на конкуренцијата со странските производители. сепак, сржта на проблемот е стагнацијата на приносите на сончоглед на на-ционално ниво поради застарените методи на одгледување.

просечниот принос во Македонија од 2007 до 2012 година изнесува 1.453 килограми на хектар, споредбено со 1.763 килограми (22% повеќе) во европската унија. Оваа разлика делумно се должи на начинот на наводнување и ѓубрење кој се користи во Македонија наспроти дел од земјите на европската унија. светската пракса и истражувањата за наводнување на сончоглед го издвојуваат системот капка по капка како најефикасниот начин за наводнување на оваа култура. Опитите на Факултетот за земјоделство при египетскиот универзитет Ал-Захар во 2005 и 2006 година кои ја споредуваат ефикасноста на наводнувањето по бразди наспроти наводнувањето со систем капка по капка покажуваат максимални приноси на сончоглед наводнуван по бразди од 2,5 т/ха, додека максималните приноси на сончоглед наводнуван со систем капка по капка изнесуваат 3,2 т/ха (27% повеќе). важно е да се напомене дека овие приноси се добиени во оптимални услови за одгледување на сончоглед.

1. парцела наводнувана со систем капка по капка

2. Ненаводнувана парцела

Освен на сончогледот, Ферхан има поставено систем капка по капна и на еден хектар со пченка како дел од иницијативата на усАиД за модерни-зација на производството на оваа кул-тура во Македонија. тој очекува значи-телно зголемување на приносите и на оваа парцела, па затоа аплицираше за поддршка во рамките на национална-та мерка „50/50“ за проширување на системот на дополнителни 5 хектари во наредната година. системот кап-ка по капка чини околу 2.500 евра за првиот хектар, но благодарение на зголемените приноси и зголемениот

квалитет, инвестицијата може да се врати за само една до една и пол го-дина. Доколку при набавувањето на системот се искористат средствата од мерката „50/50“, овој период може да биде уште пократок.

една од многуте предности на сис-темот капка по капка е можноста за негово користење на повеќе култури кои се соодветни за меѓусебна рота-ција, како сончогледот и пченката. На тој начин системот, кој има просеч-но времетраење од седум години, се искористува максимално без да има потреба од големи промени при по-

ставувањето од година во година. со цел модернизација на одгледувањето на сончогледот и пченката во Македо-нија, проектот на усАиД за експан-зија на мали бизниси ќе продолжи со финансирање на инсталации на сис-теми капка по капка за дополнителни 120 хектари со пченка и сончоглед во 2015 година. l

Page 26: Moja zemja septemvri 2014

26 | МОЈА ЗеМЈА

Д-р томислав Николовски e претседател на ветеринарната комора. тој е роден во Битола,

каде што завршува основно и средно образование и

дипломира на Факултетот за ветеринарна медицина при

универзитетот во Загреб, република Хрватска. Од 1999

работи во една од првите формирани ветеринарни

клиники во република Македонија, во петровец,

скопје. За него функцијата претседател на ветеринарната

комора на р. Македонија од аспект на нејзин носител, пред

сè, претставува општествена и професионална одговорност кон членството кое го избрало

и му ја доверило улогата на нејзино вршење во еден

четиригодишен мандат со сите предизвици кои реално

се наметнуваат во рамките на нашето работење и

дејствување. „императив на ваквото дејствување е постојаната заложба да ја

унапредуваме личната и професионалната положба

на докторите по ветеринарна медицина во р. Македонија. Оваа одговорна позиција е

прифатена од моја страна и поради фактот дека вршењето

на професијата доктор по ветеринарна медицина

претставува еден вид јавна одговорност и нераскинлив

дел во унапредувањето на јавното здравје и развојот

на модерното фармерство и сточарство во нашата земја“,

потенцира Николовски.

ИНТЕРВјУ СО ТОМИСЛАВ НИКОЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЕТЕРИНАРНАТА КОМОРА

во рм се регистрирани слу-чаи на листериоза. на што треба да се внимава и кои се вашите совети за справу-

вање со овој проблем?Листериозата во последниов пе-

риод е актуелна и особено чувстви-телна тема особено поради фактот што како последица на појава на ху-мана листериоза имаме и починати лица во државата. Листериозата не е непозната во светски рамки, па и во европа, каде што таа се појавува релативно ретко со фатален исход на болеста и ниво на смртност до 30% кај човечката популација. сепак во денешно време инфекцијата од лис-терија се лечи доста успешно ако навремено се дијагностицира и ако лекувањето почне во рана фаза од појавата на болеста.

Листеријата е бактерија која е ши-роко распространета во природата. се наоѓа во почвата, силажата, добиточ-ната храна, птиците и цицачите. За нас е позначајно нејзиното присуство во храната од животинско потекло (свежо месо и месни производи), свеж зелен-чук и приготвена храна. Заштитни мер-ки на кои треба особено да внимаваме се: редовно миење на рацете и одржу-вање лична хигиена, сигурно чување на храната, складирање на храната и остатоците од храна во фрижидер, одржување на чисти работни просто-рии и простории кои се наменети за обработка на храна од животинско или растително потекло, придржување на операторите на храна кон правилници-те кои ги одредуваат заштитните мер-ки за манипулација со храна, редовни контроли за утврдување на присуство-

Подготви: Билјана Петровска - Митревска

ЗА ЗДрАв ДОБитОК важно е правилно лекување

Page 27: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014 | 27

то на оваа бактерија како за домашните производители така и за увозниците на храна и континуирана едукација на сите инволвирани страни според степенот на ризик и нивно учество во ланецот на производство на храна наменета за кон-сумирање од страна на населението.

на што треба најмногу да се внима-ва за да имаме квалитетен производ и здрав добиток?

Ова е една комплексна проблематика која опфаќа сегменти кои меѓусебно се надополнуваат. За здрав добиток, освен спроведување на пропишаните мерки за здравствена заштита на животни-те кои секоја година се пропишуваат во Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна Аген-цијата за храна и ветеринарство, многу важен дел е спроведувањето на курати-вата, односно лекувањето на животните. тоа треба да биде вршено од страна на овластени и стручни лица – доктори по ветеринарна медицина. Лекувањето од страна на нестручни лица или од самиот сопственик не само што може да донесе штетни последици по животното, туку носи значителни здравствени ризици. тука треба да се спомене и благосостој-бата на животните, т.е. почитување и спроведување стандарди пропишани во соодветниот закон. стандардите во кратки црти би опфатиле правилна нега, чување и сместување на животните, ре-довната консултација на фармерите со експерти од областа на здравјето, ис-храната, менаџмент на добитокот, како и едукацијата на фармерите со новите светски трендови во делот на сточар-ството.

бруцелоза и маститис се секогаш актуелни проблеми кај земјоделците. на што треба да обрнат внимание на-шите фармери?

Бруцелозата е заразна болест кај животните и луѓето. предизвикана е од бактерија од родот Brucellа која нанесу-ва огромни економски штети и претста-вува значаен здравствен проблем кај луѓето, кој остава трајни последици. Болеста се пренесува директно со кон-такт на плацента, абортирани плодови,

крв, а интересен е фактот дека мажјакот преку семената течност ја пренесува болеста цел живот. индиректната за-раза настанува ако на паша се мешаат здрави со заразени стада или со око-лина која е заразена со инфективен материјал. Многу битна информација е излачувањето на бактеријата преку млекото која е директна зараза за под-младокот како и за луѓето кои би кон-сумирале млеко и производи од млеко заразени со бруцелоза. Државата има посебна програма во однос на здрав-ствената заштита на животните по пра-шање на бруцелозата, која опфаќа ре-довна контрола со земање мостри крв или вакцинација на подмладокот до 6 месеци. Она на што треба да обрне вни-мание секој фармер е редовна контрола на движењето на добитокот кое не смее да биде без сертификат за здравстве-на состојба на животното издаден од овластениот ветеринар, при купување добиток да се внимава да биде утврден здравствениот статус на животното и неговото потекло. Доколку постои сом-неж за појава на блуцелоза во стадото, фармерот е должен да го извести вете-ринарниот лекар со кого има потпиша-но договор за здравствена заштита на животните.

Маститисот е инфекција на виме-то предизвикана од различни причи-нители, најчесто бактерии. Неговата појава предизвикува големи штети во сточарството поради неупотребливоста на млекото, намалување на производ-ството, како и настанување на тотална инактивност на заболеното виме, што претставува основа за шкартирање на грлото. Како основна причина за него-вата појава се хигиенските услови во фармата и хигиенските услови при мол-зењето. За негова превенција важно е подигање на нивото на технологијата на молзењето што би опфатило: дезинфек-ција на вимето, дезинфекција на маши-ните за молзење, чистење на вимето по молзењето, правилно измолзување и редовна контрола на вимето. Блиската соработка помеѓу одгледувачот и докто-рот, како и следење на сите инструкции дадени од страна на докторот се клучен фактор за превенција и успешно леку-вање на маститисот.

кои се активностите на ветеринар-ната комора?

во претстојниот период вКМ има за цел да се зафати со решавање на суштински прашања од делокругот на својата работа, нејзиното функциони-рање и унапредувањето на соработка-та и контактите со сродни институции во државата, како и надвор од неа. во овој период значајно е да се истак-не зголемениот ангажман што го има комората во делот на намалување на ДДв-то за ветеринарните услуги и медицински препарати. Комората ќе се сконцентрира на решавање на про-блемите што нè тангираат нас ветерни-нарите, и тоа финансиите кои се повр-зани со активностите од јавен интерес. Ова е толку значајно што во иднина ќе претставува основа за финансиска консолидација на ветеринарните друштва кои се овластени за вршење на тие активности. l

Потпишавте и меморандум за соработка со ФФрм. што значи тоа за вас како ветеринарна комора?

потпишувањето на меморандумот за соработка со ФФрМ е еден многу логи-чен и целисходен чекор на воспоставување соработка помеѓу две многу тесно поврзани дејности, сточарството и ветеринарното здравство. сметам дека тој формален чин, кога ќе се спроведе на дело, ќе придонесе за унапредување на сточарството и ветеринарното здравство со цел полесно справување со пре-дизвиците со кои се соочуваат сточарите и докторите во реалноста. со дого-ворот се воспоставува еден партнерски однос помеѓу сточарите и докторите преку нивните институции, ФФрМ и Комората, и ќе се настојува заеднички да се работи кон подобрување на здравствената заштита на животните и развој на сточарството, со цел обезбедување на конкуретно производство и добивање на здрав и квалитетен производ кој го користи широката популација. Лично, како претседател на ветеринарната комора, соработката со ФФрМ ја сметам за клуч-на за реализација на професионалните интереси на докторите по ветеринарна медицина и следење на модерните текови во ветеринарната медицина, што во крајна инстанца е од огромно значење за сточарството. Најзначајно и под број еден во сточарското производство е здравиот добиток.

Page 28: Moja zemja septemvri 2014

28 | МОЈА ЗеМЈА

кај акутниот облик прв знак е температура 41-42°C (6-7 дена) и отежнато, забрзано дишење. вториот или третиот ден се појавува црвенило на слузниците на устата и носот (краста), лигавење, пена на устата и солзење. на устата, јазикот и на пределот на вратот се појавува оток. во потешки случаи јазикот е толку отечен што излегува од устата, а може да биде темносин со жолти дамки од страните. зафатените делови во пределот на устата се осетливи и болни и често крварат. исцедокот од носот е засушен и прави проблеми во дишењето. Понекогаш се јавува пролив, обично крвав, што претставува неповолен прогностички знак.

Син јазик

(Bluetongue)

Катарална треска кај овциСТОчАРСТВО

Пишува: ДВМ, доктор по ветеринарна медицина Соња Николова

Болеста син јазик е акутна, инфективна, неконтагиозна болест кај овци, а можат да заболат и говеда и кози. Не

заболуваат луѓе, односно не е зооно-за. прв пат се појавила во Африка, а подоцна се проширила и на другите континенти. во европа е присутна во португалија, Шпанија, турција и Гр-ција, a повремено и кај нас.

се појавува сезонски а ја прене-суваат инсекти кои се хранат со крв (комарци од родот Culicoides, крлежи, хематофагни муви).

причинител на болеста син јазик е вирус (20 различни серотипови), кој е отпорен на околните влијанија, осо-

бено на ниски температури. релатив-но е отпорен на греење. вирусот кај животните го пренесуваат комарци од родот Culicoides. во телото на заразе-ниот комарец може да се намножат од 100.000 до милион заразни честички. специфичните географски и климат-ски прилики (влажност, температура) влијаат на размножувањето на ин-сектите кои, пак, влијаат значајно на епизоотиологијата на болеста, која се јавува во влажни годишни периоди. Болеста се појавува кај овците, гове-дата, козите и дивите преживари. во најтешка форма се јавува кај овците со намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушу-вање во растот на волната и можна смртност. постари овци реагираат со потешки клинички симптоми на ин-фекцијата од јагнињата. Најтешки промени има на ткивата кои се ди-

ректно изложени на околината и кои имаат пониска температура од оста-натите ткива (слузницата на устата, кожата, папците).

инкубацијата кај овци е 7 дена. Кај акутниот облик прв знак е температура 41-42°C (6-7 дена) и отежнато, забрза-но дишење. вториот или третиот ден се појавува црвенило на слузниците на устата и носот (краста), лигавење, пена на устата и солзење. На устата, јазикот и пределот на вратот се поја-вува оток. во потешки случаи јазикот е толку отечен што излегува од устата, а може да биде темносин со жолти дам-ки од страните. Зафатените делови во пределот на устата се осетливи и болни и често крварат. исцедокот од носот е засушен и прави проблеми во дишењето. понекогаш се јавува про-лив, обично крвав, што претставува неповолен прогностички знак.

Page 29: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014 | 29

леЧење и ПревентиваСпецифична етиолошка терапија нема. Се дава серум за да се подигне општата отпорност на животните. хигиената треба да биде на ниво, се уништуваат преносителите на болеста–комарците и се спречува контактот помеѓу комарците и животните (контрола на преносителите на болеста).

Се вакцинираат овци постари од 3 недели и тоа околу 4 недели пред очекуваната појава на инсекти. гравидни овци не е препорачливо да се вакцинираат поради појава на накази.

во ендемските подрачја/земји болеста нанесува големи економски штети заради забраната зa трговија како и трошоците за имплементација на програмите за надзор, дијагностичките испитувања и вакцинацијата.

болеста Син јазик е на A-листата на Светската организација за здравје на животните (оие) на болести кои подлежат на задолжително пријавување.

во случај на сомнеж и појава на болеста Син јазик на територијата на република македонија, агенцијата за храна и ветеринарство издава решение за преземање на мерки. од страна на агенцијата формирана е работна група за спроведување на мерки за контрола и сузбивање на болеста Син јазик и согласно Програмата за сузбивање и искоренување на болеста Син јазик која е во целост усогласена со директивата на еу („Службен весник на република македонија“ бр. 104/07).

промените на нозете настапува-ат кога немаат температура и папци-те се болни и топли на притисок, па животните не сакаат да одат, од-носно претежно лежат или стојат ис-кривени во грбот. ушите, исто така, може да бидат отечени и обесени. Кожата по целото тело е често зацр-венета или само на муцката, усните, ушите и препоните. волната слабо

расте и опаѓа во прамени. поради пареза на хранопроводот, настапува аспирациска пневмонија која често е директна причина за смрт. Мортали-тетот многу варира, 2-30%. Кај кози-те се јавува во многу блага форма.

Болеста кај говеда има акутен, су-бакутен и хроничен тек. се појавува висока температура од 41°C и плит-ко и забрзано дишење. има ерозии

и чиреви на денталната плоча, по ја-зикот и носот, а повремено и на ви-мето. Болните грла многу се лигават, кожата им е задебелена и испукана, а влакната опаѓаат. Животните се вкочанети, а во некои случаи доаѓа и до отпаѓање на папците. интрауте-рина инфекција доведува до хидро-цефалус кај телињата. Леталитетот е 1-3%. l

Page 30: Moja zemja septemvri 2014

30 | МОЈА ЗеМЈА

Работа во пчеларникотПчЕЛАРСТВО

Од август почнува новата пчеларска година, а со тоа почнуваат работите за успешно пчеларење во наредната година. Народната изрека „Она што ќе посееш во есента, тоа ќе жнееш наредната

година“, важи и за во пчеларството. со други зборови, пчелите треба успешно и во што поголема бројност да ја презимат зимата и како многубројни (25-30 илјади) единки успешно да го почнат пролетниот развој, а со тоа успешно да ги искористат и најраните ранопролетни паши, па и натаму сите други паши до ноември. За да го

постигнеме тоа, треба да направиме доста подготовки, а најважно од сè е да обезбедиме во друштвото: здрави и долговечни пчели, доволно храна, што поголема бројност, добра вентилација и др. во ова време добра е заштитата со мравја киселина, млечна киселина и тимол. Бидејќи сега се одгледуваат зимските пчели, тие треба да се недопрени од вароата, а со тоа ќе бидат здрави и витални со долговечност. токму затоа во ова време треба да се направи и заштитата. Да се исполни тоа, вароата ја уништуваме со средства кои се содржат и во медот.

ОрГАНсКА ЗАШтитА НА пчелите Пишува: Раде Каранфиловски, Апицентар – Битола

млеЧна киСелинаОваа киселина ја има во млекото, месото, сирењето, киселата зелка,

медот, пергата и друго. Нејзината ефикасност при заштита од вароа е 80-90%, а се користи како воден раствор со концентрација 13-15%. треба да се употреби седум недели пред медособирот, а нејзината ефикасност без легло е 94-99%. Дејствува слично како оксалната киселина, апитолот и перицинот. во присуство на легло, се третира 3-5 пати годишно, температурата да е повисока од 7oс.

За апликација, користиме по 5 ml 15% од секоја страна на рамката со пчели при л.р. и ф.р. и 8 мл за д.б. рамки.

Да се избегнува третирање при: дождливи денови, голема влажност, лошо распрснување и др. растворот се става во пумпа (пулверзатор) (сл.3) и се прска поединечно секоја страна од рамката зафатена со пчели. по третирањето, кошницата се затвора и се гледа што побрзо да се исушат пчелите од течноста. Оваа заштита е многу макотрпна и бара многу време. Неа можат да ја прават пчеларите кои имаат помал број кошници.

раствор од 15% се добива ако:а) 1 кг 90% млечна киселина ја раствориме во 6 литри вода;б) 1 кг 80% млечна киселина ја раствориме во 5,2 литри вода;в) 1 кг 70% млечна киселина ја раствориме во 4,3 литри вода;г) 1 кг 60% млечна киселина ја раствориме во 3,4 литри вода.

постојат уште методи за заштита од вароата со етерични масла, КАс-81 и други, но за нив во друга пригода. За КАс-81 би кажал дека е добро да се употребува заедно со есенската прихрана на пчелите, ако пчеларите ја практикуваат.

тимолтимолот е сличен по дејство на мравјата киселина, но неговата цена на

чинење е доста висока и оваа заштита е условена со температура која треба да биде помала од 25oс, исто како и за мравјата киселина. третирањето е пожелно да се изведува доцна навечер, кога температурата ќе падне под 25oс. Дејството на тимолот е многукратно. покрај уништувањето на вароата, тој дејствува и против варно легло, восоков молец, ноземоза, трулеж и парализа кај пчелите. Може да се третира на температура 8-25oс. врз вароата дејствува дезориентационо и таа го губи инстинктот за храна, а како гладна брзо изумира.

при работа со тимол треба да се избегнуваат: густо населени пчеларници, павилјони, беспашен период, време пред дожд, седум дена пред селење, температура повисока од 25oс, слаби друштва со помалку од 3 рамки.

тимолот е алтернатива за киселините. Неговата ефикасност е до 80% во прав и се дава по 0,25 грама по секоја улица со пчели, односно на 10 улици 2,5 грама тимол.

постапката е следната: се рони тимолот во прав и се прави некоја мерица која ќе собира 2,5 грама. На пчеларникот се отвора кошницата и со цедилка за чај (сл.2) се сее над сите рамки со пчели па се затвора кошницата. со тимол во скандинавските земји ја искорениле доста упорната ноземоза. тимолот може да се користи и растворен во алкохол, па со дозата се мачка поклопната штица однатре и се затвора кошницата.

Page 31: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014 | 31

мравја киСелинаОва е доста јака органска

киселина за која при работата се потребни заштитни средства (ракавици, очила и во работата секогаш да се има при рака кофа чиста ладна вода). Како заштита е многу евтина и чини околу 5 денари по друштво. пред да се оди на пчеларник, подготвуваме парчиња крпи кои се употребуваат во домаќинството. една таква крпа (19х19 см) е доволна да ја прими пропишаната доза од мравја киселина (сл.1). За секоја крпа треба да се има парче најлонска фолија поголема од крпата (25х25 см) кое ќе се постави над крпата со мравја киселина да не може истата да ја оштетува поклопната штица (ја прави порозна). Шприц кој може да го прими потребното количество киселина (25 мл) и има продолжеток од пластично црево да стигнува до дното на шишето со киселина. Киселината е 85%, се чува 24 часа во фрижидер за длабоко замрзнување да се излади убаво (не мрзне). пред одење на пчеларникот ја пакуваме во кутија која ќе ја

задржи ладна (туристички термос) во кој има амонијачни вошки за одржување ниска температура. Штом ќе се стигне над пчеларникот, се отвораат кошниците (капаците) до поклопната штица. Кога на термометарот ќе се покаже температура од 25oс, ја вадиме поклопната штица од кошницата и:

Ја виткаме крпата на половина и ја ставаме над сатоносите од рамките во втората задна половина од кошницата гледано откај летото.

Го полниме шприцот со 25 мл мравја киселина и полека ја истиснуваме содржината на шприцот на крпата

веднаш потоа над крпата ставаме пластична фолија и ја покриваме кошницата со поклопната штица, па доаѓа капакот и така со ред на сите кошници.

пред да се постави киселината во друштвото, убаво да се отворат сите отвори на кошницата, за да има доволно вентилација и издувување на пареата од мравјата киселина надвор. по поминување на пет кошници се враќаме назад за да видиме како се однесуваат пчелите.

Доколку се случи сите пчели да излезат од кошницата надвор и да почнат да лазат по земја, дозата е голема или температурата (надворешната) е повисока од 25oс. во ваков случај, веднаш се вадат крпите со киселина. ваквата работа многу ретко се случува, но сепак треба да се внимава. при ставањето на ладната киселина на крпата, таа полека, како што ќе се загрева, така и ќе започне да испарува, нема да започне наеднаш да испарува, а со тоа да им прави шок на пчелите. пчелите, чувствувајќи го мирисот од киселината, започнуваат да вентилираат и ја исфрлаат киселината надвор. по три дена, оваа постапка се повторува. треба да имаме вкупно 3-4 пати третирање, најмалку три пати. Заштитата со мравја киселина ја има таа предност што ја уништува вароата и во леглото – продира низ порозната капачка на леглото.

вАЖНО: со мравја киселина не смеат да се третираат друштва со матици помлади од 2 месеци, ни друштва кои одгледуваат матичници (излегуваат лоши матици).

Page 32: Moja zemja septemvri 2014
Page 33: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014| 33

АГРОБИЗНИС

Главна цел на земјоделските стопанства во совре-мени услови е остварување профит. профита-билноста ја покажува способноста за заработка од продажба на земјоделски производи и услуги.

предуслов е водење евиденција на фармата, која поната-му преку аналитичка калкулација овозможува пресметка на цена на чинење, анализа на профитабилноста на одре-дена линија на производство или целосен успех на ниво на фарма.

под калкулација се подразбира методолошка постапка за утврдување на трошоците на производството. Калкулацијата треба да исполни две задачи: прво, да ги опфати сите трошоци и второ, правилно да ги распореди

по носители, т.е. по линии на производство. таа е алатка на фармерот и може да се изработи пред, за време и по производството. За да биде од корист, калкулацијата мора: (а) да се базира врз редовна евиденција на фармата, (б) да биде целосна, прегледна и уредно составена и (в) да се придржува кон однапред одреден формат за групирање и утврдување на приходите и трошоците на сите линии на производство за да може да се обезбеди споредливост.

при утврдување на елементите на калкулацијата за пресметка на профитабилноста и цената на чинење одредена линија на производство, предвидени се следниве чекори:

Пишуваат: проф. д-р Александра Мартиновска Стојческаасс. м-р Ивана јанеска Стаменковска

ЧЕКОР 1: Како да го утврдам приходот?вредноста на производството произлегува како резултат од количеството (приносот) и познатата пазарна цена на производите по одделна линија на производство. приходот, како потесна категорија, е паричен израз кој се добива кога продаденото количество ќе се помножи со цената на реализација (продажната или откупната цена). покрај приходот од реализирање на производството, фармата може да оствари и дополнителен приход, врз основа на субвенции и слично.

ЧЕКОР 2: Како да ги утврдам трошоците?трошоците ја претставуваат вредноста на потрошените средства за обезбедување инпути во производството, како и другите парични издатоци настанати со цел да се добијат производите или да се реализираат услугите.висината на настанатите трошоци во најголема мера зависи од остварениот обем на производство, односно од количеството на добиени готови производи. вкупните трошоци различно реагираат на различен обем на производство и поради тоа се делат во две групи: варијабилни и фиксни трошоци. варијабилните трошоци зависат од промената на обемот и интензивноста на земјоделското производство. тоа се трошоци кои се директно поврзани со производството, така што ако нема производство, нема да има ни варијабилни трошоци. вообичаено се определуваат сезонски. Најчести примери на варијабилни трошоци во растително производство се трошоците за семенски материјал, средства за исхрана на растенијата – ѓубрива, средства за заштита на растенијата – пестициди, амбалажа, вода за наводнување, гориво и подмачкувачи за механизацијата и слично. Најкарактеристични трошоци во сточарското производство се оние за добиточна храна – кабеста и концентрирана, но тука спаѓаат и лековите, ветеринарните трошоци, средствата за одржување хигиена итн. Фиксните трошоци најчесто се однесуваат на целата фарма и тешко може директно да се распределат само на една линија на производство. тие не се менуваат со обемот на производство. се јавуваат и во случај кога нема производство. тука, пред сè, спаѓаат каматите за набавка на постојаните средства, амортизацијата на постојаните средства, разните даноци, закупнина, дозволи, полиси, како и дел од трошоците за енергија, телефонија и сл.

ЧЕКОР 3: Што е тоа бруто-маржа и како да ја пресметам?Бруто-маржата покажува колкава е бруто-добивката при одгледување на некоја култура или вид добиток на ниво на варијабилни трошоци или

бруто маржа = вкупен приход – варијабилни трошоци

износот на бруто-маржа не е комплетен показател на профитабилноста, односно не е чиста добивка.

ЧЕКОР 4: Дали сум профитабилен - нето маржа и како да ја пресметам?Нето-маржата може да биде позитивна (добивка) или негативна (загуба) и е главен показател на профитабилноста. се пресметува како разлика меѓу приходите и трошоците. производството се смета за рентабилно односно профитабилно само доколку се остварува позитивен финансиски резултат. За подобра споредба со другите линии на производство, резултатот од претходните години или, пак, со другите фармери, нето-маржата може да се изрази процентуално:

нето профитна маржа (%) = добивка х 100/вкупен приход

ЧЕКОР 5: Колку ме чини производството?Основен показател преку кој може да се пресмета колку чини производството е цената на чинење. Цената на чинење претставува однос помеѓу трошоците за производство и приносот, односно произведеното количество. Цената на чинење може да се одреди на ниво на варијабилните трошоци и на ниво на вкупните трошоци (полна цена на чинење). постапката е едноставна кај линии на производство кои имаат еден аутпут - главен производ. Кај линиите на производство кои имаат повеќе производи како аутпут (како во сточарството), вкупните трошоци треба да се распределат по производ според учеството на секој производ во вкупниот приход. понатаму, распределените трошоци по производ се делат со соодветниот принос за да се добие цената на чинење за секој поединечен аутпут. повеќе во: „Моја земја“ во рубриката Агробизнис, текстовите се подготвени во соработка со Катедрата за Агроекономија на Факултетот за земјоделски науки и храна во скопје и се извадоци од прирачникот за млади фармери подготвен од Здружението за агроекономисти. повеќе за оваа тема може да прочитате во прирачникот за млади фармери: Започнување на бизнис во земјоделството, ЗАеМ 2014 година

Колку ме чини моето производство?

Page 34: Moja zemja septemvri 2014

е светски признат бренд на концернот AGCO.

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ

Палета на тракториод 20 - 400 KS

250.000 произведенитрактори годишно

Првиот самооден комбајнна пазарот

Палета на комбајниод 176 - 500 KS

TЕЛ. 00 385 99 22 98 415w w w . a u s t r o d i e s e l . a tMassey Ferguson дистрибутери под:

НОВОAUSTRO DIESEL

КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК

MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL32 години успешна соработка

(Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска,Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)

50.000 сервисирани MF трактори2.000 сервисирани MF комбајни

Најголема компетентност за резервни делови

Одговорни за 10 земји од централна Европа

Page 35: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014| 35

Комфорно работно место

Квалитетна кабина – MASSEY FERGUSON МЕХАНИЗАЦИјА

Кабината mASSEY FERGUSoN останува верна на својата филозофија и нуди комфор и лесно управување од високата класа, a сега и во понискиот сегмент на трактори. ентериерот е на ниво на серијата mF 7600 и моделите од серијата mF 6600, со што на операторот

му се нуди едноставно ракување со најдобра ергономија и многу тивко работно окружување.

високо квалитетната кабина е опремена според највисоките стандарди и благодарејќи на големото предно ветробранско стакло и тесниот поклопец на моторот нуди извонреден преглед на работните површини. Кабината е опремена со многу дополнителни функции кои го намалуваат работното оптоварување и го зголемуваат работниот капацитет. За кабина како избор стојат на располагање две варијанти на опрема –Essential и Efficient со што тракторот може прецизно да се прилагоди на сите барања и потреби на клиентот.

Целокупната серија опционално може да биде опремена со механичка суспензија, а сите 4-цилиндрични модели можат да бидат со потполно нова суспензија на предна оска која е комплетно интегрирана во рамките на блокот. На ваков начин е зголемено растојанието од земјата и подобрен е аголот на управување и удобноста на возењето. l

Пишува: Сашо Николовски

е светски признат бренд на концернот AGCO.

НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТРАКТОРИ

Палета на тракториод 20 - 400 KS

250.000 произведенитрактори годишно

Првиот самооден комбајнна пазарот

Палета на комбајниод 176 - 500 KS

TЕЛ. 00 385 99 22 98 415w w w . a u s t r o d i e s e l . a tMassey Ferguson дистрибутери под:

НОВОAUSTRO DIESEL

КAКO ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК

MASSEY FERGUSON и AUSTRO DIESEL32 години успешна соработка

(Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска,Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора)

50.000 сервисирани MF трактори2.000 сервисирани MF комбајни

Најголема компетентност за резервни делови

Одговорни за 10 земји од централна Европа

квалитетни MF 5600тракторите од серијата mF 5600 се специјално развиени и во

комбинација со предниот натоварувач серија mF 900 нудат оптимални карактеристики кај транспортот на материјали. совршена комбинација - потполна интеграција на елементите се врши во фабрика со што се гарантираат оптимални перформанси. Мноштво специјални обележја на дизајнот ги прават моделите од серијата mF 5600 најдобри предни тракторски натоварувачи во својата класа (без исклучоци) дури и најспецифичните примени на предниот натоварувач.

Page 36: Moja zemja septemvri 2014

36 | МОЈА ЗеМЈА

Нега на житни комбајниМЕХАНИЗАЦИјА

Како да се одржува

Пишува: проф. д-р Драги Таневски, Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

системот за ладење служи за одведување на топлината од деловите на моторот кои за време на неговата работа се загреваат, со цел да се одржи температурата на

овие делови во дозволените граници (работна температура на моторот).

специфичните услови како голема топлина, прашина, мала брзина на движење во кои работи комбајнот условуваат и посебна конструкција и режим на работа на системот за ладење. системот за ладење се состои од: заштитник на ладилникот, ладилник, вентилатор, пумпа за течност и термостат.

Затегнатоста на ременот има мошне важна улога бидејќи ако ременот е премногу затегнат се преоптоваруваат лежиштата на пумпата за течност, а ако е лабав доаѓа до лизгање, поради што пумпата и вентилаторот бавно се вртат и како последица на тоа течноста се прегрева. истовремено и напонот на алтернаторот или динамо-машината опаѓа. поради тоа, почесто треба да се контролира затегнатоста на ременот. проверувањето се изведува на тој начин (сл. 106) што се врши притискање на ременот на средината меѓу ременицата на вентилаторот и ременицата на коленестото вратило со прст, при што налегнувањето на ременот треба да биде од 10.....20 мм. Ако налегнувањето не е во дозволените граници, потребно е да се изврши затегнување на ременот. Затегнувањето се врши со соодветно поместување на алтернаторот по својот носач со претходно ослободување на завртките.

термостат. термостатот служи за одржување на температурата на течноста за ладење во оптималните граници за работа на моторот (работна температура) без оглед на разликата на оптоварувањето на моторот и надворешната температура. работната температура за секој мотор се дава во соодветни упатства.

работата и векот на траењето на моторот зависи од исправноста на системот за ладење. Ако моторот е загреан, не треба да се одвртува капачето од ладилникот, бидејќи постои опасност да дојде до прскање на течноста која е под извесен притисок и при наглото отворање доаѓа до интензивно излегување на прегреаната пареа која може да нанесе изгореници на телото од човекот.

Надворешната предна површина на ладилникот треба да се чисти од прашина и инсекти, со чиста вода, но треба да се внимава млазот да не се насочува директно во ладилникот бидејќи може да дојде до искривување на лимовите кои се поставени помеѓу цевчињата. За време на ниски температури, ако не се употребува средство против замрзнување, водата мора постојано да се испушта од моторот.

систЕмОт за лаДЕњЕ на мОтОРОт

Page 37: Moja zemja septemvri 2014

септеmври 2014 | 37

заштитник на ладилникотЗа време на работата на комбајнот, големо

количество прашина и ситна плева лебди околу комбајнот, што ги влошува условите за ефикасно работење на системот за ладење. За да се спречи лепењето на прашината и плевата на ладилникот, на него се поставува заштитник изработен од лим и жична мрежа. На долниот дел од заштитникот има капак, кој се отвора кога се чисти или мие ладилникот. Бидејќи за време на работата се собира (лепи) извесно количество плева и прашина на жичната мрежа од заштитникот, овие нечистотии треба повремено да се исчистат, бидејќи во спротивно ќе дојде до прегревање на моторот. Чистењето најдобро се врши со празна вреќа, при што претходно моторот задолжително треба да се изгасне.

ладилникЛадилникот има задача да изврши размена

на топлината од загреаната течност за ладење на воздухот. тој претставува топлински изменувач во кој од една страна протекува течност за ладење, а од друга страна воздух. се состои од долно и горно казанче, а помеѓу нив е сместен изменувачот на топлина. саќето на ладилникот претставува најважен дел на изменувачот на топлина, бидејќи во него се извршува ладење на течноста.

Вентилаторвентилаторот се поставува помеѓу ладилникот

и моторот и служи да го потиска или да го влече воздухот низ ладилникот. Кај моторите вградени на комбајните вентилаторот директно добива погон преку ремен од ременицата на коленестото вратило и постојано се врти, бидејќи комбајнот бавно се движи и природното струење на воздухот е послабо.

Пумпа за течностпумпата за течност служи да ја зголеми брзината

на циркулацијата на течноста со што се зголемува ефикасноста на ладењето и се спречува создавање пареа во загреаните зони на цилиндарската глава.

систем за ладење со течност

Затворен систем за ладење со течност

Page 38: Moja zemja septemvri 2014

38 | МОЈА ЗеМЈА

ПРИХРАНА

Кога се применува ѓубривото кај зелката

За правилен развој на зелката најважна е големата употреба на фосфорот и тоа по расадувањето кај раните сорти. Основен услов за добро усвојување на хранливите материи е задоволување на

потребите за рамномерно и постојано снабдување со вода. Зелката која се произведува за консумација во свежа состојба треба да се обезбеди со поголемо количество азот.

Калиумот, исто така, има значајна улога во развојот и формирањето на главиците, лисните и розетите. услов за добро складирање на зимните сорти зелка е високото ниво на суви материи, за што е потребно високо ниво на калиум. Зелките се главно осетливи на недостиг на

микроелементи и затоа е потребно да се води сметка за надополнување со бор, молибден и манган.

Затоа посебно внимание треба да се обрнува на ѓубрењето. Основното ѓубрење е рано напролет со плитко инкорпорирање во почвата и тоа во вегетативниот период, прилагодено на целите за производство и потребите на сортите. во секој случај се препорачува плитка инкорпорација, а потоа залевање. Фолијарното ѓубрење започнува од расадувањето, истовремено со примена на средствата за заштита на растенијата, на секои 10-14 дена. За подобро заврзување на главицата и формирање лисна маса потребно е да се употреби organo Bor 8% со што се скратува и периодот до берба. l

период на апликација/цел на апликацијата Начин на примена Ѓубриво Количество ѓубриво

при производство на расад(за подобра отпорност на расадот)

Фолијарна апликација

Agrosal 2% Zn со NPK 3-5-7+Agrosal 1,5 % Fe со NPK 3-5-7

0,1 % раствор 100 mL во 100 L вода+0,1 % раствор 100 mL во 100 L водасо 1-2 апликации

Од расадување до 30-тиот ден по расадувањето

Фолијарна апликација

15-20 дена по расадувањето

Agrosal NPKB 10-6-8-0,5 + mE

0,2 % раствор 200 mL во 100 L водасо 1 апликација

Од 31. ден по расадување до пред берба

Фолијарна апликација 20 дена по првата

апликација

Agrosal NPKB 9-0-6 + 10 % Cao + 2 % mgo

0,3 % раствор или 300 mL во 100 L водасо 1 апликација

Пишува: Дипл. инж. агроном Благој шоповски

Page 39: Moja zemja septemvri 2014
Page 40: Moja zemja septemvri 2014