80
Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is co financed by European Union through - IPA CROSS- BORDER PROGRAMME CCI Number 2007CB161P0007

Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

  • Upload
    others

  • View
    3

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

Project title:

Feasibility Study for Trans-border

Biosphere Reserve Osogovo

Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047

This project is co financed by European Union through

- IPA CROSS- BORDER PROGRAMME

CCI Number 2007CB161P0007

Page 2: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

2

СОДРЖИНА

СПИСОК НА КРАТЕНКИ ...................................................................................................... 4

АВТОРИ ............................................................................................................................... 6

1. ВОВЕД ......................................................................................................................... 7

2. ПОТЕНЦИЈАЛОТ ДА СЕ ЗАШТИТИ ПРИРОДНАТА И КУЛТУРНАТА РАЗНОВИДНОСТ

НА ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ ..................................... 10

2.1. Физичката средина ........................................................................................ 10

2.2. Природна вегетација – Флора ...................................................................... 11

2.3. Важни места за заштита на разновидноста ................................................ 16

2.4. Социоекономски контекст ............................................................................ 19

2.5. Културно значење .......................................................................................... 21

2.6. Тековна состојба во туристичкиот сектор ................................................... 22

3. ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СЕ ПРОМОВИРА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .......................................... 23

3.1. Земјоделство .................................................................................................. 23

3.2. Шумарство ...................................................................................................... 24

3.3. Водни ресурси ................................................................................................ 25

3.4. Користење на земја и урбанизација ............................................................ 26

3.5. Екстракција на рудни минерали .................................................................. 29

3.6. Можности за одржлив развој ....................................................................... 31

4. ПОТЕНЦИЈАЛОТ ДА СЕ ПРОМОВИРА ИСТРАЖУВАЊЕТО, СЛЕДЕЊЕТО,

ЕДУКАЦИЈАТА И ОБУКАТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .................................... 38

5. ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ................................................... 42

5.1. Свест за концептот на биосферен резерват ................................................... 42

6. ЗАКОНСКА РАМКА И РЕСУРСИ ....................................................................... 43

6.1. Потенцијални извори на финансиски, материјални и човечки ресурси ..... 43

7. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ .............................................................................. 45

7.1. Развој на визија и цели на управување .......................................................... 55

7.2. Пристапи на кои треба да се насочи вниманието ......................................... 61

7.3. Начинот да се оди напред и очекувањата ..................................................... 64

8. АНЕКС 1: ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ .................................................... 67

8.1. Институционална организација и соодветни засегнати страни ................... 67

8.2. Поврзани проекти и интервенции .................................................................. 69

Page 3: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

3

9. АНЕКС 2. ЗАКОНСКА РАМКА ........................................................................................ 72

9.1. Законодавство за сточарското производство: ............................................... 72

9.2. Законодавство за производството на култури:.............................................. 76

9.3. Законодавство поврзано со шумарството: .................................................... 77

9.4. Заштитени области во прекуграничниот регион Осоговски Планини ......... 78

Page 4: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

4

СПИСОК НА КРАТЕНКИ

Кратенка Дефиниција

БГ Бугарија

БГН Бугарски лев

ЦАРДС Помош на Заедницата за реконструкција, развој и стабилизација

ПГС Прекугранична соработка

ДЛС Државна организација за лов

ЕК Европска комисија

ЕЕО Европска економска област

ЕЕЗ Европска економска заедница

ЕИА Процена на влијание врз животната средина

ЕУ Европска Унија

ЕУНИС Европски информативен систем за природа

ДЗП Добра земјоделска пракса

БДП Бруто домашен производ

ГИС Географски информациски систем - ГИС

ГМО Генетски модификувани организми

ГПС Глобален систем за позиционирање

HACCP Анализа на опасности и критични контролни точки

ИБА Важни подрачја за птици

ЗПП Значајни подрачја за птици

ИЦЦ Меѓународен совет за координација

ИПА Инструмент за претпристапна помош

ИСО Меѓународна организација за стандардизација

МСЗП Меѓународен сојуз за заштита на природата

Page 5: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

5

Кратенка Дефиниција

ЛАГ Локални акциони групи

МАБ Програма „Човек и биосфера“

МК Македонија

МКД Mакедонски денар

НВО Невладина организација

ФС Физичка средина

ПИ Промоција на истражување

РМ Република Македонија

СЕМ

СДЦ

Скенирачки електронски микроскоп

Швајцарска агенција за развој и соработка

МСП Мали и средни претпријатија

ДЗС Државен завод за статистика

УНЦБД Конвенција за биолошки диверзитет на ОН

УНЕСКО Oрганизација за oбразование, наука и култура на ООН

Page 6: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

6

АВТОРИ

Методија Велевски

Наталија Меловска

Оливер Аврамовски

Васо Хаџиевски

Симана Марковска

Станислава Захова

Димитар Сабев

Материјалот го собрал:

Љубомир Димовски - EPICENTAR International

Оваа публикација е изготвена во рамките на проектот "Истражување на потенцијалот на

Осоговските Планини за прекуграничен биосферен резерват”, со кратко име TRANSBIORES, со

помош на Европската Унија од Инструментот за претпристапна помош Програмата за

прекугранична соработка Бугарија - Македонија. Содржината на оваа публикација е

единствена одговорност на Бугарска фондација за биодиверзитет - филијала Беласица и

Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна -

регионална канцеларија во Струмица, и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на

Европската Унија.

Page 7: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

7

1. ВОВЕД

1.1 Основа на физибилити студијата

Во текот на минатата деценија Осоговскиот регион беше предмет на бројни проекти и

активности што создадоа можности за подобро разбирање на вкупниот регион и потребата да се

заштитат одредени области што треба да се управуваат правилно, за да се зачуваат природните и

културните вредности на Осоговските Планини. Претходните напори беа насочени кон истражување

и едукација, а воглавно ги вршеа еколози во соработка со академски институции и други локални

засегнати страни.

Меѓутоа, заради природата на теренот и големиот потенцијал на регионот што беше

неопходно да се истражат понатамошно, соработката беше проширена надвор од националните

граници со меѓународни експерти кои придонесоа кон една попрецизна процена на вредностите,

можностите и предизвиците во целиот Осоговски регион. Долгорочно, ова се покажа многу важно за

правилната имплементација на сите претстојни дејства наменети за иден развој на регионот, на

начин на кој нема да се ставаат во опасност вредностите и ресурсите на Осоговските Планини.

Заради тековните тенденции на зголемена побарувачка на енергија и природни ресурси, заедно со

порастот на населението како и глобализацијата на економијата, селските области се постојано

експлоатирани за рационално користење на ресурсите, често без суштински план. Оваа пракса

предизвикува неповратно оштетување и значајно влијание, не само врз разните еко-системи во

областа, туку исто така, му се заканува на квалитетот на живеење на локалното неселение преку

постојано менување на нивното опкружување, што ќе предизвика долгорочни и неизбежни промени

на нивните традиционални и тековни извори на храна и приход.

Од овие причини, оваа физибилити студија има како замисла потенцијално прогласување на

прекуграничен биосферен резерват „Осоговски Планини“ како долгорочно решение за одржлив

развој на регионот.

1.2 Цели и подрачје на физибилити студијата

Чекорот кон прекуграничен биосферен резерват не е необичен кога се работи за правење

обид за заштита на областа што има огромно природно и културно богатство, кое треба да се воведе

во симбиотичен сооднос со локалното население и нивните секојдневни активности, како и со чести

посети од туристи заинтересирани за културните и природните предели што ги нуди регионот.

Целта на оваа студија е да ја оцени вкупната изводливост на имплементацијата на биосферен

резерват во регионот на Осоговските Планини во рамките на програмата на УНЕСКО „Човек и

биосфера“. Овој процес треба да биде проследен со развој на детална стратегија за формирање на

биосферен резерват во прекуграничниот регион на Осоговските Планини. Оваа физибилити студија

го одредува поголемиот дел од податоците потребни за развој на стратегијата.

Процената на регионот во оваа физибилити студија се заснова на вкупното разбирање на

предностите и предизвиците во однос на исполнувањето на трите функции на биосферниот резерват:

1) заштита; 2) развој и 3) логистичка поддршка. Исто така, треба да обезбеди рамка за дејства и идно

ефикасно управување, како и стратешки одлуки насочени кон сите вклучени сектори и нивните

потенцијали и предизвици што се однесуваат на заштитата на вредните природни ресурси, културни

предели и подобрување на животниот стандард на локалното население.

Page 8: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

8

1.3 Пристап и методологија

Оваа студија го следи пристапот развиен од Ланге (2008)1 која прифаќа пет димензии на

изводливост за формирање на биосферен резерват:

(i) Природен и културен потенцијал: • Репрезентативни биогеографски системи•

Области со постепено човечко користење • Доволна големина за да се исполнат

функциите • Заштита на биолошката и културната разновидност • Поделба во

средишни зони, заштитни зони и зони за развој • Инвентар на природни и културни

добра

(ii) Одржлив развој и користење на земјиште: •Промоција на одржлив развој • Примарен

сектор: еколошки исправно користење на земјиштето; секундарен сектор: енергетска

потрошувачка, потрошувачка на суровини, управување со отпад; терцијарен сектор:

туризам и транспорт; регионални економски циклуси и ланци на вредност; концепти

за намалување на сообраќајот

(iii) Информирање и учество на засегнатите страни: • Утврдување на централни

информации • Континуирани јавни односи за граѓаните, посетителите • Промоција на

(еколошка) едукација за одржлив развој. • Учество на сите засегнати страни • Развој

на регионални и локални мрежи; утврдување на платформи за комуникација;

создавање на советодавни одбори • Споделување на пристап и придобивки

(iv) Истражување и следење • Утврдување на програми за истражување •

Публикација/споделување на резултати од истражувањата • Програми за еколошко

следење • Истражувачко фокусирање врз истражувањето на содејствата од

програмата „Човек и биосфера“ (MAБ) • (меѓу)национална истражувачка соработка

(v) Закон и финансирање: • Биосферните резервати остануваат во надлежност на

државата • Законска заштита на средишната и заштитната зона • Озаконување во

националното законодавство

За целите на оваа студија беа ангажирани седум експерти, како македонски, така и бугарски,

кои беа одговорни за осум различни сектори што се компатибилни за поопсежна процена на

природното, културното и историското наследство, потенцијалот за одржлив економски развој, како

и социјалната и демографската структура на целиот Осоговски регион. За подготовка на студијата

беше неопходна широка соработка меѓу сите вклучени експерти. Експертите одржаа три

координативни средби, на кои се дискутираше за структурата на студијата, поодделните

одговорности и беа споделени податоците и заедничките визии, иницијативи и цели за одржлив

развој.

Беше постигнат договор за развој на 8 различни експертски студии што го опфаќааат вкупниот

регион на Осоговските Планини во однос на: флората, фауната, шумарството, економијата, туризмот,

културата и социологијата. Материјалите презентирани во оваа физибилити студија претставуваат

збир од сите главни наоди и заклучоци до кои дојдоа сите поединечни експерти.

Студијата се спроведе преку комбинација на примарни и секундарни извори на податоци, со

примена на истражувачки методи што вклучуваат анализи на статистички податоци, минати

истражувања за економијата на Осогово, белешки од терен, интервјуа со клучни општински експерти

и неструктуирани интервјуа со членови на локалното население. Резултатите од истражувањето на

1Lange, S. (2008): Leitfaden zur Prüfung der Eignung eines Gebietes als Biosphärenpark. Studie im Auftrag des

Österreichischen MAB-Komitees - Kurzfassung

Page 9: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

9

терен беа презентирани во голем број експертски извештаи што се фокусираа на (1) утврдување на

основните информации за Осоговските Планини; (2) инвентар на екосистемските видови и

потенцијалната природна вегетација; (3) преглед на важните хабитати и значајноста на

биодиверзитетот; (4) анализа на водните екосистеми и мочуриштата; (5) студија за дивиот живот; (6)

процена на културната значајност на Осоговскиот регион, особено неговиот културен предел и

елементите на конзервација; (7) преглед на природните и културните потенцијали и нивните закани;

и (8) процена на моменталната состојба во туристичкиот сектор и можностите за негов развој.

1.4 Постапка за прогласување на биосферни резервати

Членот 4 од Законската рамка на Светската мрежа за биосферни резервати ги опишува

следните општи критериуми според кои една област може да се квалификува како биосферен

резерват.

• Треба да вклучува мозаик од еколошки системи карактеристични за големи биогеографски

региони, вклучувајќи степенување на човечките интервенции

• Треба да биде значаен за заштита на биолошката разновидност

• Треба да даде можност за истражување и да покажува пристапи кон одржлив развој на

регионален размер

• Треба да има соодветна големина за да им служи на трите функции на биосферните резервати

опишани во членот 3: заштита, развој, логистичка поддршка

• Треба да ги вклучува овие функции, и преку соодветна поделба на зони да распознава:

(а) законски одредена средишна област или области посветени на долгорочна

заштита согласно целите за заштита;

(б) заштитна зона или зони, јасно определени, околни или во продолжение на

средишната област или области, каде што може да се извршуваат само активности

компатибилни со целите за заштита;

(в) една надворешна преодна област каде се промовираат и развиваат практики за

одржливо управување со ресурси

• Треба да се подготват организациски спогодби за вклученоста и учеството на погоден опсег од,

меѓу другото, јавни власти, локални заедници и приватни интереси, во плановите и

имплементацијата на функциите на биосферен резерват

• Дополнително, треба да се обезбедат:

(а) механизми за управување со човековото користење и активности во заштитната

зона или зони;

(б) политика за управување или план за областите како биосферен резерват;

(в) да се назначи орган или механизам за имплементација на оваа политика или план;

(г) Програма за истражување, следење, едукација и обука.

Согласно член 5, постапката за прогласување е опишана како што следи:

• Биосферните резервати се кандидираат за вклучување во Мрежата од Меѓународниот совет за

координација (ИЦЦ) на програмата МАБ според следните постапки:

(а) Државите, преку Националните комисии на МАБ (каде што постојат), ги испраќаат

во секретаријатот своите предлози со придружната документација, откако ги

Page 10: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

10

разгледале потенцијалните локации, земајќи ги предвид критериумите како што е

одредено во член 4;

(б) Секретаријатот ги прегледува содржината и придружната документација: во случај

на нецелосен предлог, секретаријатот ги бара од државата што се кандидира,

информациите што недостасуваат;

(в) Советодавната комисија за биосферни резервати ќе ги разгледа предлозите, што

потоа ќе ги препорача кај ИЦЦ;

(г) ИЦЦ на програмата МАБ ќе одлучи за предлозите за прогласување;

Генералниот директор на УНЕСКО ќе ја извести засегнатата држава за одлуката на ИЦЦ.

• Државите се поттикнуваат да ја испитаат и подобрат адекватноста на било кој постоен биосферен

резерват, и да предложат продолжување како што е соодветно, со цел да ја овозможат неговата

целосна функција во рамките на Мрежата. За предлозите за продолжување се следи истата

постапка опишана погоре за нови кандидатури.

• Биосферните резервати што се кандидирале пред усвојувањето на тековната Законска рамка се

смета дека се веќе дел од Мрежата. Затоа, одредбите од Законската рамка исто така важат и за

нив.

2. ПОТЕНЦИЈАЛОТ ДА СЕ ЗАШТИТИ ПРИРОДНАТА И КУЛТУРНАТА РАЗНОВИДНОСТ НА ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

2.1. Физичката средина

Јадро на Осоговскиот регион е планината Осогово која се протега на површина од 1.535,57 м2, од

кои три четвртини се наоѓаат во југоисточниот дел на Република Македонија, а една третина во

горниот северозападен дел на Република Бугарија. Северно, планината завршува во плодното

Славишко Поле (МК) и Каменишка Котлина (БГ); западно се наоѓа текот на Крива Река и

Пробиштипско-Злетовскиот басен (МК); на југ, Кочанската Котлина (МК); на исток - котлината на

Ќустендил и долината на реката Струма (БГ).

Општините што вклучуваат територии од Осоговските Планини, и на тој начин го формираат

Осоговскиот регион се:

- во Македонија (по азбучен редослед): Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Кратово,

Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Ранковце

- во Бугарија (по азбучен редослед): Ќустендил и Невестино.

На Осоговските Планини доминираат шумите (58%), од коишто пасиштата зафаќаат околу 24%.

Обработливото земјиште и урбаните области опфаќаат значително помала површина; сепак, нивниот

удел е многу поголем ако се земе предвид вкупната територија на општините.

Општина Целосна

територија

Шуми Пасишта Обработлива

земја

Page 11: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

11

Чешиново-

Облешево

124 м2 8,5% 34,60% 53,40%

Делчево 423 м2 48% 11,60% 34,40%

Кочани 339 м2 40% 23,50% 22,60%

Кратово 376 м2 32% 32% 27,80%

Крива Паланка 480 м2 35,80% 25,30% 31%

Македонска

Каменица

189 м2 44,50% 20,80% 24,55%

Пробиштип 329 м2 20% 36,50% 35,40%

Ранковце 239 м2 26,30% 23,90% 36,66%

Ќустендил 959 м2 42,20% 19% 28,60%

Невестино 442 м2 51,80% 20% 23,11%

Фигура 1 - Вкупна територија и користење на земја

Надморската висина во регионот се движи од 375м до 2.252 м. Во Осоговските Планини постојат

преку 50 врва со висина над 1.000 м, а врвот Руен (2.252 м, на границата меѓу МК и БГ) е највисокиот.

Од највисоката точка на планината започнуваат седум била и се шират во различни правци, одделени

меѓусебно со длабоки речни клисури. Она што е интересно за Осогово е што истовремено

претставува втора најголема планина во Македонија според површина и четврта највисока планина

во Бугарија. Пошироката осоговска област (вкупните територии на соседните општини), исто така ги

вклучуваат планините Герман (МК, планина Герман 1.388 м.н.в), Билино (МК, планина Стража 1.547

м.н.в) и Коњавска (БГ, планина Виден 1.487 м.н.в) Меѓу специфичните релјефни форми на

Осоговските Планини се трите кружни вдлабнатини на надморска висина од 1.850 - 2.000 м во

бугарскиот дел; една голема кружна вдлабнатина северно од Царев Врв и неколку помали источно од

билото Китка во македонскиот дел (сите се над 1.700 м.н.в); интересни глацијални морени и

крајречни камењари во двете земји. Вреди да се спомнат голем број водопади, како оние на

Злетовската, Кратовската, Оризарската и Дурачката Река и нивните притоки во македонскиот дел; и

на притоките на реката Струма во БГ.

2.2. Природна вегетација – Флора

Алги - На Осоговските Планини беа евидентирани вкупно 253 дијатомејски таксони. Од нив,

повеќе од 40 таксони не беа соодветно одредени и не може да се вклучат во познати видови, заради

разликите во морфологијата и големината на валвите, во споредба со веќе опишаните таксони.

Неопходни се дополнителни истражувања со СЕМ (скенирачки електронски микроскоп) за соодветен

третман на овие таксони. Збировите на силикатни алги во тресетиштата се мошне различни и

Page 12: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

12

содржат неколку ретки вида (на пр. Gomphosphaenia tackei; Adalafia suchlandtii, Chamaepinnularia

soehrensis var. hassiaca итн.), за првпат евидентирани во Р. Македонија. Горните делови на реките

Крива, Станечка, Злетовска и Каменичка се населени со типична олиготрофна диатомејска флора. По

правило, овие заедници се претставени од космоплитиски видови чија дистрибуција се намалува

заради човечкиот фактор (еутрофикација). Затоа, некои од нив се сметаат за ранливи или загрозени.

Во текот на овие набљудувања беа забележани вкупно 11 ретки, 30 загрозени и 3 веројатно нови

дијатомски вида. Дополнително, повеќе од 40 таксони не беа целосно одредени и потребни се

понатамошни испитувања за да се утврди нивниот точен идентитет. Прелиминарните испитувања на

водните тела во Осоговските Планини покажуваат дека постојат најмалку 15 локации (водни тела,

хабитати) на кои им е потребна заштита. Предложена е највисока заштита за мочуриштата во Слаба

Бара и блиските извори на реките Станечка, Естерац и Зеленградска. Врз основа на разновидноста на

видовите (статус на заштита, реткост, ендемичност итн.) некои локалитети може да се посочат како

многу важни за заштитата на силикатните алги. Беше извршена карактеризација на одредени водни

тела или хабитати врз основа на присуството на ретки, загрозени и потенцијално нови видови, како и

врз основа на бројот на одредени видови присутни во локациите од кои се земени примероци.

Водните хабитати добија оцена 1 кога беа сметани како „високо загрозени, ретки и богати со

разновидност“, кога хабитатот е редок и загрозен (климатски промени, човечки влијанија,

влошување итн.) и постои голема веројатност за негово менување или исчезнување; и има голема

разновидност на силикатни алги и водни безрбетници (макроинвертебрати) (особено видови

присутни во меѓународниот список и конвенциите на ЕЗ); Водните хабитати добија оцена 2 кога беа

сметани за „загрозени и богати со разновидност“. Таквите хабитати се почесто присутни во

истражуваната област и општо во Македонија, и се наоѓаат под закана од измена и исчезнување.

Овие хабитати се исто така биолошки богати и обезбедуваат животен простор за многу видови

силикатни алги и водни безрбетници. Хабитатот или водното тело доби оцена 3 и беше сметано како

„ранливо и богато со разновидност“ кога се наоѓа под човечки притисок (како црпење вода,

еутрофикација, измени итн.) и има богата флора и фауна.

Васкуларна флора - Богатството на флората на Осоговските Планини е предодредено од

фактичките еколошки услови, како и од геолошките и климатски промени на кои флората беше

изложена во минатото. Тоа е последица од географската особеност на планината - географска

позиција, надморска висина, релјеф, геолошка структура и геолошко минато.

Вкупно се регистрираа 1045 вида и се класификуваа во 86 семејства. По валоризацијата, за која беа

употребени меѓународни конвенции и директиви, се изведоа следните статистички податоци за

важните васкуларни растенија:

• 29 вида се ендемични за Балканот;

• 2 вида се наведени во Бернската конвенција; и

• 1 вид е внесен во Прилогот 4 од Директивата за хабитати

Земајќи ги предвид различните национални закони во секоја земја, како и фактот дека Бугарија има

национална Црвена книга, а Македонија не, некои видови мораше да се валоризираат одделно, па

еве ги резултатите:

Бугарија

• 10 вида се наведени во националната Црвена книга (1 VU, 6 R и 3 EN)

• 7 вида се спомнати во Националниот закон за биолошка разновидност

• 2 вида се наведени како локални

• 3 вида се национално ендемични

Македонија

• 2 вида се национално ендемични (локална класификација)

Page 13: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

13

• 10 вида се ретки и најдени само во една локација

• 1 вид е редок и најден само во две локации

Нема јасни докази за какви било специфични закани за важните видови растенија наведени во

табелата погоре. Некои други растителни видови (што не се наведени како важни), на пр.

боровинките, лековити растенија, се наоѓаат под посериозна закана од човекот, но постои недостиг

на знаење за значајноста на оваа закана. Но, заканите за растителните видови на Осоговските

Планини постојат и вклучуваат закани за нивните хабитати. Затоа, заканите за растенијата и

препораките за нивно зачувување се дадени во делот за хабитати.

Габи - На Осоговските Планини се познати приближно 342 видови на габи. Најголемиот број

видови им припаѓа на групите Basidiomycota, а следат Ascomycota и неколку вида лишаи и лигави

габи. Најголемиот број видови (околу 48%) се најдени во буковите шуми, а следат дабовите (околу

20%) и четинарските шуми (околу 11%), додека останатите видови беа најдени во шуми со

врби/јасики и разни мешани шуми вдолж реките и потоците. Надвор од шумските заедници, само

неколку вида (околу 10%) се познати од планинските пасишта, ливадите, шумските рабови итн. Кога

се работи за прашањето на заштита на габите, главен проблем претставува огромниот интерес за

комерцијално собирање габи, и исто така зголемен број купувачи што се занимаваат со откуп на диви

габи. На Осоговските Планини постојат повеќе од четириесет вида габи што се јадат. Во минатите 10-

15 години, интересот за одредени видови габи како извор на економска корист е доста зголемен.

Големи количества габи се собираат во шумите и се продаваат за извоз во Западна Европа. Заради

ниската закупна цена, недостигот на законски регулативи за заштитата на габите или нивна

неимплементација, постои огромен притисок од западните европски земји врз овој регион.

Непланираниот и неконтролиран откуп во одредени области веќе достигна катастрофални размери.

Од 48 познати вида комерцијални габи, 15 се извезуваат за потребите на меѓународните пазари, 8

вида често се наоѓаат на националниот пазар, додека 33 се присутни на локалниот пазар. Речиси сите

овие 48 вида се собираат за лична употреба и 11 од нив не се присутни на пазарите, но претставуваат

потенцијално комерцијални видови. Од сите евидентирани видови на Осоговските Планини, околу

31% имаат природен генетски фонд што може да служи како соодветен избор на видови за

фармацевтската индустрија. Сѐ на сѐ, што се однесува на хранливите/токсичните одлики на габите,

можеме да го потврдиме следново: 17% од видовите најдени на Осоговските Планини може да се

користат за човечка исхрана, додека 8% од видовите се отровни. Валоризацијата на видовите габи во

Осогово се базира врз национални и меѓународни критериуми. Според МСЗП, два вида се

категоризирани како „критично загрозени“ само во Бугарија; три се „загрозени“ и осум се

категоризирани како „ранливи“; три вида се категоризирани како „речиси под закана“, но само во

Македонија. Македонија има своја национална Црвена листа на габи објавена во 2000г, според

критериумите на МСЗП. Некои од видовите што не се наведени во Европската црвена листа или не се

категоризирани во МСЗП, наведени се во македонската Црвена листа. Шест вида габи се наведени во

Македонската црвена листа и 10 беа предложени за заштита, додека 4 вида се класификувани како

особено ретки видови во Македонија. Врз основа на разновидноста на видовите (број на видови, статус на заштита, реткост), некои места и

хабитати може да се истакнат како многу важни за зачувувањето на микодиверзитетот во

Осоговските Планини. Бидејќи распространетоста на габите е главно поврзана со шумите, важно е да

спомнеме дека голем број збирови се вклучени во Резолуцијата бр. 4 на Бернската конвенција и од

Директивата за хабитати - Прилог 1, како на пример: Festuco heterophyllae-Fagetum Em 1965,

Calamintho grandiflorae-Fagetum Em 1965, Salicetum albae-fragilis Issler 1926, Orno-Quercetum petraeae

Em 1968, Quercetum frainetto-cerris Ht. (1959) и Querco-Carpinetum orientalis macedonicum Rud. 1939

apud. 1946. Буковите и дабовите шуми се важни хабитати во смисол на економијата и заштитата на

Page 14: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

14

миколошката разновидност. Заради неповолните климатски услови планинските пасишта не се толку

богати со разновидни габи.

Хабитати - Со примена на системот на ЕУНИС за класификација на хабитати, во областа на

истражување беа регистрирани 50 хабитати. Приоритетните видови хабитати наведени во

Директивата за хабитати, а регистрирани на Осоговските Планини, не може да се сметаат како

доминантни видови хабитати на овие планини, судејќи по областа што ја опфаќаат и значајноста што

ја имаат.

Екосистеми - Согласно глобалната практика за зачувување, постојат чести разговори за

разновидност на екосистем, обично за да ѝ се припише вредност на една област што вреди да се

зачува. Всушност, терминот разновидност на екосистем произлегува од самата дефиниција на

биолошката разновидност. И покрај тоа, терминот со текот на времето се употребува сѐ помалку

заради фактот што не постои опсежна, детална и точна класификација на екосистемите и неговите

видови. Дополнително, не се очекува развој на таква класификација, заради фактот што описот и

систематизацијата на видови на екосистем треба исто така да ги вклучува основните одлики на

екосистемите - размена на нивната маса-енергија и рамнотежа. Сепак, потребата да се дефинираат и

класификуваат видови на екосистеми постојано расте, особено заради воведувањето на новиот

концепт за оценување и заштита на биолошката разновидност - екосистемски услуги. Спротивно на

екосистемите, хабитатите во светот, а особено во Европа, се опфатени со детална и мошне опширна

класификација. Бидејќи хабитатите се дефинираат главно според нивната флорална компонента и во

основа се хомологни со екосистемите, можеме да сметаме дека класификацијата на хабитати е

слична на онаа на екосистемите. Меѓутоа, разновидноста на екосистемите може да биде уште

поголема, бидејќи одредени разлики во фазите на виталност или деградација на даден хабитат

претполагаат различна рамнотежа на маса-енергија или различен екосистем. Од практични причини,

видовите екосистеми треба да се генерализираат до онаа мера до која практиките за зачувување ќе

бидат применливи. Генерализацијата неизбежно води до одредување на таканаречените „клучни

екосистеми“. Хиерархиски одредената класификација на европските хабитати според системот

ЕУНИС може да послужи како основа за таква генерализација.

Фауна - Вкупно, на географската граница на Осоговските Планини се познати околу 1.300 вида

животни, со недоволно испитан број на таксономски групи. Од вкупниот број на 1.300 вида животни,

1.030 се безрбетници и 271 'рбетници (и уште 63 видови птици што се во нерепродуктивен период).

Фауната на безрбетници е мешавина од видови карактеристични за централна Европа, (под)

медитеранскиот регион, северна Европа и алпскиот појас. Само некои групи се добро проучени, а за

многу други постои голем недостиг од знаење. Евидентирани се 61 вида мекотели, од кои 60 се

полжави. Седум од нив се ендемични за Балканот. Пајаците се добро проучени и досега се познати

590 вида. Околу 60 се ендемични за Балканот, а некои се ендемични за Осоговските Планини, додека

еден вид е со посебно значење за Европа. Евидентирани се околу 20 вида вилински коњчиња, од кои

два вида се наоѓаат на Црвената листа на МСЗП како ранливи. Познати се сто и пет правокрилци, од

кои 17 имаат конзервациска вредност, а 13 се ендемични. Дневните пеперутки се застапени со

најмалку 120 вида, од кои 8 се важни. Бугарскиот дел од Осогово е Главна област на пеперутки во

Европа. На крај, евидентирани се околу 280 вида земјени тврдокрилци, што е меѓу највисокиот број

во која било балканска планина. Еден од нив се наоѓа на Глобалната црвена листа (речиси загрозен).

Дваесет вида се ендемични. Од вертебратната фауна (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи), за

околу 180 вида постои конзервациска загриженост (7 се под закана на глобалната Црвена листа на

МСЗП, 7 на Европската црвена листа на МСЗП, 36 се набројуваат во Анексот 1 на Директивата за

Page 15: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

15

птици, 17 во Анексот 2 на Директивата за хабитати, 159 се наведени во Прилогот 2 на Бернската

конвенција и 76 во Додатоците А 1 и 2 на Бонската конвенција. 178 се заштитени согласно бугарското

национално законодавство, додека 72 се заштитени со македонското национално законодавство.

Евидентирани се вкупно 21 вид риби, главно во поголемите реки што ги опкружуваат планините

(Крива Река, Злетовска Река, Брегалница, Банштица, Лисијска и Струма и нивните притоки). Бидејќи

Осоговските Планини им припаѓаат на два различни речни слива (Вардар во Македонија и Струма во

Бугарија), беа забележани некои разлики во рибната фауна – присуство на Alburnusmacedonicus,

Chondrostomavardarense, Squaliusvardarensis само во македонските реки и Barbusstrumicae,

Cobitisstrumicae, Phoxinus strymonicus и Salmomacedonicus само во бугарските реки. Привремено

присуство во бугарските реки имаат девет вида, а 14 во македонските. Сѐ на сѐ, нивната

конзервациска значајност е висока заради присуството на ендемичните таксони наведени погоре, и

конзервациските приоритети треба да се насочат кон критично загрозениот Alburnusmacedonicus,

загрозениот вид Phoxinusstrymonicus и ранливиот Chondrostomavardarense. Вкупно, во Осоговскиот

регион досега се евидентирани 12 вида водоземци - 11 на бугарската страна на планината и 10 на

македонската. Алпскиот тритон и источниот гребенест тритон се најдени само во Бугарија, додека

зелената крастава жаба само во Македонија. Се очекува дека сите три вида се присутни во двете

земји. Не постојат глобално или регионално загрозени видови водоземци (Црвени листи на МСЗП),

меѓутоа, сите овие се наведени во Прилогот 2 (пет вида) или Прилогот 3 (седум вида) на

Конвенцијата за конзервација на дивите хабитати и видови - Бернска конвенција. Исто така, два

вида се наведени во Прилогот 2 на Директивата за хабитати на ЕС и шест вида во Прилогот 4. Пет

вида се заштитени со бугарското законодавство и шест со македонското (вкупно девет вида). Вкупно,

во Осоговските Планини се евидентирани 24 вида влекачи - 17 на бугарската страна на планината и

21 на македонската. Ова е првата група 'рбетници кај која постојат значајни разлики меѓу двете

земји, заради присуството на потопли, суви делови во југоисточниот дел на планините во

Македонија, со присуство на неколку медитерански вида.

Еден вид најден на бугарската страна, ливадскиот гуштер Darevskia praticola, сѐ уште не е најден во

македонската фауна. Еден вид, Грчката желка, што постои само во Македонија, се смета како

загрозена на глобално ниво, додека четири вида (еден вид на смок, еден гуштер, една водна желка и

една желка - што претставуваат единствени заеднички видови за двете земји) се речиси загрозени.

Шеснаесет вида се вклучени во Прилогот 2 на Бернската конвенција, а останатите осум се наведени

во Прилогот 3. Четири вида се вклучени во Прилогот 2 на Директивата за хабитати и тие четири,

заедно со уште тринаесет, се вклучени во Прилогот 4. Бугарскиот Закон за разновидност заштитува

осум од видовите евидентирани во оваа земја, додека македонскиот Закон за заштита на природата

заштитува 15 од евидентираните 21 вид. На крај, два вида се сметаат како загрозени на национално

ниво во Бугарија.

Во осоговскиот регион се регистрирани вкупно 209 вида птици. Од нив, 146 се најдени во

репродуктивниот период (домашни или преселни видови). Во продолжение, сите анализи се

претставени само за оваа подгрупа. Сто триесет и еден вид се евидентирани на бугарската страна, а

на македонската 118. Еден вид (Руменка Carpodacus erythrinus) најден во Бугарија, никогаш не бил

регистриран во македонската фауна. Разликите во авифауната меѓу двете земји се очигледни и

произлегуваат главно од климатските фактори (во Македонија се евидентирани повеќе

медитерански видови) и шумските практики (во постарите борови и букови шуми во Бугарија се

наоѓаат некои видови што не се најдени во Македонија). Вкупно, во Македонија се размножува еден

глобално загрозен вид, египетскиот орел мршојадец (еден пар), како и еден-два пара царски орел.

Присутни се триесет и шест видови наведени во Прилогот 1 на Директивата за птици, како и 112

наведени во Прилогот 2 на Бернската конвенција (и уште 27 вида во Прилогот 3). Исто така, во

Page 16: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

16

прилогот 1 на Бонската конвенција се вклучени и два глобално загрозени вида, а уште 52 се наведени

во Прилогот 2 на истата конвенција. На национално ниво, 29 вида регистрирани во Македонија се

заштитени со Законот за заштита на природата, додека 117 од оние најдени во Бугарија се заштитени

со Законот за заштита на биодиверзитетот (македонското законодавство не е во потполна

сообразност со законодавството на ЕУ, па затоа се јавува толкава разлика во броевите). На

национално ниво девет видови се загрозени во Бугарија и 20 се ранливи. Средишната област на

Осогово на македонската страна од планината (комплексот Раткова Скала) и пониските делови во

близина на реката Злетовица се одредени како Значајни подрачја за птици во Европа (Velevski et al.

2010). Целиот дел на планините на бугарската страна е Значајно подрачје за птици и Специјално

заштитено подрачје според Директивата за птици.

Териофауната во осоговскиот регион е подобро проучена на бугарската страна на планините, каде се

евидентирани 66 вида, во споредба со 41 на македонската страна. Разликите не завршуваат тука – во

Бугарија се најдени дури три вида лилјаци: Myotis alcathoe, Myotis aurascens и Myotis brandti никогаш

не биле евидентирани во фауната на Македонија, и покрај тоа што постојните податоци покажуваат

дека најверојатно се присутни. Само два вида евидентирани на македонската страна не беа најдени

на бугарската - еден од нив, муфлонот, се чува како дивеч, а вториот, лилјакот Pipistrellus е веројатно

дека може да се потврди во Бугарија. Од конзервациски аспект, бугарската териофауна е исто така

побогата, со присуството на кафеавата мечка и евроазискиот рис, главни видови за зачувување на

природата. На глобално ниво, само шарениот твор (документиран на бугарската страна) се смета за

ранлив, додека четири видови лилјаци (три потврдени само на бугарската страна) и видрата се

речиси загрозени. Дури 26 видови се наведени во прилогот 2 од Бернската конвенција и уште 23 во

Прилогот 3. Сите лилјаци (Chiroptera, 22 видови) се наведени во Прилогот 2 на Бонската конвенција.

Од видовите евидентирани во Бугарија, 27 се заштитени со бугарското национално законодавство,

додека видовите најдени во Македонија, само пет се заштитени или строго заштитени (што зборува

понатаму за неизедначеноста на македонското законодавство со законодавството на ЕЗ). Од

видовите евидентирани во Бугарија, еден, евроазискиот рис, се смета критично загрозен на

национално ниво, три (дивата мачка, кафеавата мечка и куната златка) се загрозени, и дури девет

вида се ранливи.

2.3. Важни места за заштита на разновидноста

Шумарство

Шумските предели доминираат во Осоговскиот планиниски венец и претставуваат место каде

различни видови шумски екосистеми се одликуваат со важни природни вредности: структурата,

составот, возраста и други одлики што ја поддржуваат високата биолошка разновидност и другите

природни вредности што го одликуваат овој регион. Шумските екосистеми играат важна улога во

заштитата на биодиверзитетот во областа, па затоа, неопходна е примена на соодветни практики за

нивна промоција и заштита. Во овој контекст, потребно е да се примени повисок степен на заштита

на старите шуми, крајречните шуми, шумите со мезофилни дабови и буки, заедниците на стари шуми

и на сите шуми со висока конзервативна вредност. Планинскиот масив се одликува со голема

природна разновидност и значајни разлики во смисол на клима, вегетација и земјиште. Големата

висинска поделба придонесе за јасна поделба на шест области во регионот што се разликуваат

според климата, вегетацијата и земјиштето, што последично води до поголема биолошка

разновидност. Дополнително на прекрасниот природен и живописен предел, и специфичните

регионални одлики што се должат на традиционалните културни и историски практики, се

Page 17: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

17

подвлекува значајноста на оваа област на регионално и глобално ниво. Во овој контекст, важно е да

се продолжи со истражување на шумските ресурси и со регистрација и заштита на важните шумски

екосистеми. Дополнително, неопходно е да се преземат соодветни мерки за заштита и промоција на

начелата за одржливо и еколошки приспособено управување со шумите. Создавањето на биосферен

резерват ќе помогне да се зачуваат и промовираат природните вредности на областа и да се

применат помодерни и зелени стандарди во заштитата и управувањето со шумските екосистеми, и

како резултат на тоа, за зачувување на биодиверзитетот.

Флора

Заедниците што се дел од хабитатите во шумските блата и тресетишта - Sphagnum comm.

(НАТУРА 2000:7140), како и вегетацијата на алпските и подалпските високи лековити растенија

(НАТУРА 2000:6430), што им припаѓаат на заедницата Cirsion appendiculati, се типично присутни кај

силикатните планини, како што е случајот со Осоговските Планини. Тие се развиваат вдолж извори и

планиниски потоци на поголема висина, што значи дека можни водоводни зафати поврзани со

зафаќање на водите на поголеми висини може да има спротивно влијание на овие живеалишта.

Намаленото сточарство и значителното намалување на бројот на добитокот ќе доведе до загуба на

живеалиштето, и во брдските пасишта и во подалпските зони за пасење (веќе се надраснати од

Chamaecytisus absinthoides, Pteridium aquilinum и други видови).

Отворањето рудници, отфрлањето неплодна почва (отпад) и бројните пристапни патишта

севкупно предизвикуваат фрагментација на живеалиштата на заедниците во брдскиот и

планинискиот појас. Од аспект на присуство на значајни живеалишта со тревна вегетација

претставени во насловот „Важни области што треба да се заштитат“, посебно внимание мора да му се

даде на подалпскиот дел на Осоговските Планини (на висина 1.600-2.250 м.) и на интегралниот начин

на заштита на групите живеалишта (шумски блата, подалпски пасишта, грмушки, места со силикатни

карпи), особено на врвовите Султан Тепе и Руен.

На овие два планински врва, исто така постојат и некои ретки видови растенија (Genista fukarekiana,

Dianthus microlepis, Anthyllis aurea, Thymus balcanus, Geum rivale, Cardimine glauca итн.). Кога

одредуваме зони, овие области мора да се вклучат во зоната со строга заштита, бидејќи освен

нивното живеалиште, вегетација, флорална вредност, тие исто така претставуваат прекрасен предел.

Согласно стандардниот образец на НАТУРА 2000, Осоговските Планини во Бугарија се заштитена зона

(со шифра BG0001011) на европската и еколошката мрежа во Бугарија. Во неа се заштитени 27

природни живеалишта - речиси 1/3 од сите постојни во Бугарија.

Фауна

Бидејќи на македонската страна на Осоговските Планини не постојат заштитени области, се

обидовме да дадеме преглед на најважните региони во однос на таксономските групи.

Следните видови живеалишта покажуваа поголема конзервациска вредност за правокрилците:

• Групи на степовидно-тревни збирови што наликуваат на медитерански ксерофити на варовник

(ридски појас, 400-600 (700) м.)

• Групи на трево-грмушести збирови што наликуваат на медитерански ксерофити и ретки насади

од Quercus pubescens и Carpinus orientalis на карпеста почва (ридски појас, 400-700 м.)

• Ксерофитни и мезоксерофитни (псевдо-)подалпски ливади (1.600-2.250м.)

Постојат седум локалитети/места со конзервациско значење на бугарската страна во областа на

Осоговските Планини;

• Хисарлук-Памука (620-1.350 м.)

Page 18: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

18

• долината на реката Новоселска од вештачкото езеро до с. Слокоштица и Две Реки (јужно од Ново

Село) (620-960 м.)

• долината на реката Елешница, помеѓу селата Ваксево и Раково (560-860 м.)

• долината на реката Елешница, помеѓу Чаканецки Мост и селото Сажденик (940-1.400 м.)

• долината на реката Бистрица, од клисурата над селото Гурљано до рудникот Руен (1.100-1.600

м.)

• областа меѓу планинските домови Осогово и Трите Буки и врвот Човека (1.520-2.020 м.)

• областа меѓу изворот Бегбунар и врвот Руен (1.820-2.251 м.)

Постојат неколку места на македонската страна на Осоговските Планини што се одредени како важни

за разновидноста на пајаците:

• областа околу селото Бели, над Кочани

• ридовите на Осоговските Планини во близина на селото Соколарци

• долината на реката Каменица

• врвот Руен

Следните области може да се спомнат како најважни за разновидноста на земјените

тврдокрилци на македонската страна во областа на Осоговските Планини

• високите зони со висина меѓу 1.600 и 2.200 м. (Султан Тепе-Сокол-Руен вклучувајќи ја Слана Бара,

гребенот Калин Камен и областа над рудникот Тораница)

• клисурата на Злетовска Река

• областа на селото Јастребник

• областа на селата на Дурачка Река и Станци

• мочуриштето Кундино и околните ливади

• ниските области (Лешки-Бели-Рајчани-Пантелеј-Соколарци)

Седум локалитети беа одредени како важни на бугарската страна на планините, кои се

преклопуваат со местата за пајаци.

На бугарската страна на планините, три региони беа одредени како најважни за заштита на

водоземците и влечугите:

• Две Реки - ја вклучува областа на сливовите на реките Новоселска и Скокова, над селото Ново

Село (34T 0638689 4670828).

• езерце вдолж патот кон врвот Руен - големи езерца под врвовите Ќунек.

• Реката Новоселска во маалото Ореховица - подолниот дел на една безимена притока на реката

Новоселска, до 500 м спротивно на течението.

Во Македонија, заради присуството на медитерански видови во пониските делови на

планината, одредени се три места со различни одлики:

• регионот на селата Турско Рудари и Шталковица

• околината на селото Соколарци

• регионот на селата Гратче и Оризари

На бугарската страна на планините, следните региони беа одредени како најзначајни:

• клисурата на реката Бистрица над реката Грљано, до вкрстувањето со Лева Река во реката

Бистрица

Page 19: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

19

• врвот Руен и околните територии во правец на врвот Каменец, територијата на стариот рудник

Руен

• резерватот „Црна Река“, во своите сегашни граници

• шумите во регионот на планинарските домови Осогово, Три Буки и Профилакториум

• долината на реката Елешница

Во Македонија, најважните региони се одредени како Значајни подрачја за птици и ја

вклучуваат околината на Злетовска Река - с. Лесново - Синковица и Пониква (ЗПП Осогово) и

планинските села Трипатанци и Соколарци (ЗПП Злетовска Река). Дополнителниот регион околу

врвот Руен (Руен, Царев Врв, Слаба Бара) кој вклучува подалпско живеалиште одредено на

бугарската страна, исто така е предложен за некаков вид заштита. Некои од цицачите се големи

видови (особено меѓу унгулатите и месојадците), на кои им се потребни големи области за одржливи

популации. За заштита на унгулатите, шумите со широки лисја, како клисурата на реката Бистрица, се

од особено значење за месојадите. На македонската страна, тоа се регионите Пониква, Горно

Кратово, Голем Рид, регионот меѓу селата Нежилово, Старо Мушково, Кошарица, со врвот Крмила,

врвот Лисец-Мачја Глава, долината на Каменица спротивно на течението на Тораница и долината на

Крива Река над маалото Јачевци, со сливот на потокот Градишки Дол и клисурата (долината) на

сливот со Киселичка Река и Крива Река (до селото Жидилово). Лилјаците имаат посебни барања за

заштита - пештери (или вештачки подземни живеалишта) и стари шуми. Следните региони беа

одредени како најважни во Осоговските Планини за разновидноста и заштитата на лилјаците:

1. Големата пештера (Голема, Илијска)

2. напуштените руднички ходници во селото Сажденик

3. пештерата Мечкина Дупка (Лисичја Дупка) се наоѓа во регионот на селото Страдалово

Голема густина на медитерански видови исто така беше најдена во населени места вдолж реката

Струма

2.4. Социоекономски контекст

Осогово е ретко населен регион, но на неговите брда се наоѓаат неколку поголеми градови -

Ќустендил во Бугарија и Кочани и Крива Паланка во Македонија. Десет општини се простираат во

Осоговскиот регион - осум во Македонија и две во Бугарија. Нивното вкупно население во 2013

изнесуваше 172 илјади жители, а просечната густина на население е 44 жители на км². Осогово е

опкружено со општини чии граници се шират на териториите на соседните географски региони, како

рамнината на Ќустендил на север и Кочанската рамнина на југ, како и општината Невестинодо

планината Влаина на исток. „Јадрото“ на територијата на Осогово е речиси четири пати помало од

вкупната област на општините што опфаќаат делови од Осогово.

Највисоката густина на население е испитана во општината Кочани - 105 жители на км², што

претставува многу голем број според регионалните стандарди (во општината Дупница густината

достига 150 жители/км², но таа претставува исклучок). Најгусто населен град во регионот е

Ќустендил, со речиси 50.000 жители и претставува центар на област во Бугарија. Најгусто ненаселена

територија во Осогово, исто така се наоѓа во Бугарија, а тоа е општината Невестино, со густина од

помалку од 5 жители по км². Во пограничните македонски општини Делчево и Македонска

Каменица, густината на населението е речиси десет пати поголема од Невестино. Според

статистичкиот извештај, етнички доминантно население се Македонци со малечки малцинства на

Роми во Крива Паланка и Кратово. Дополнително на многу високата споредбена густина во

Page 20: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

20

општината Кочани, значајно е дека бројот на населението таму е релативно стабилен. Од 1980-тите,

во Кочани сѐ уште постои намалување на населението од 20%.

Селењето од помали населби во општинските центри е вообичаена појава во руралните

области на Осоговскиот регион. На македонската страна сѐ уште постои демографски ресурс за да се

одржи таквото движење, додека демографскиот потенцијал на локалните заедници околу Ќустендил

и општината Невестино се чини дека е речиси исцрпен. Постојат околу 14.000 луѓе со постојано

место на живеење, но тековната адреса им е надвор од општината Ќустендил. Најголем дел од нив

се работни емигранти и нивното враќање дома може во иднина да ја подобри демографската

ситуација - но таа перспектива е многу несигурна. Поголемата густина во македонските општини

не важи за целиот Осоговски регион. Согласно студијата за валоризација (за создавање заштитена

област во Осогово, 2012), во македонскиот дел на Осогово, вклучувајќи 4 града, постојат 70 населби

со вкупно население од 52.000 жители. Исклучувајќи го градското население што живее во

перифериите на Осогово, во руралната област живеат 11.902 жители. Густината на населението што

произлегува е 12 жители на км². Во 1960-тите, највисоката демографска точка беше надмината

речиси три пати од овој број. Земајќи предвид дека бугарската страна на планините е значително

помала и помалку населена, вкупното население во јадрото на Осоговските Планини, веројатно не ја

надминува бројката од 15.000 жители, и просечната густина е сигурно под 10 жители на км².

Економијата на Осогово е поразновидна од она што би се очекувало за една оддалечена рурална

област. Земјоделството е подобро претставено во македонскиот дел на планините, очигледно заради

поповолната динамика на населението. Кочанската рамнина е горда за интензивното производство

на ориз, а богатите пасишта на поголеми висини поддржуваат значаен број на добиток. Во Бугарија,

Ќустендил е познат по своите цреши, но понекогаш производството има проблеми да стигне на

пазарот. Шумарството е подобро развиено во бугарскиот дел од Осогово, заради вакуумот создаден

од опаѓањето на бројот на населението. Во Македонија, пасиштата што ги користи добитокот

овозможуваат собирање на големи количества боровинки. На македонската страна постојат три

активни рудници за железо и цинк, и постои намера да се вршат понатамошни истражувања за нови.

На бугарската страна, во моментот нема активна рударска дејност. Производствената индустрија

беше релативно добро развиена во Ќустендил во времето на социјализмот, но од 2009, притисоците

на пазарот извршија остри ограничувања на поголемиот дел од претпријатијата. Според Локалниот

план за развој на општина Ќустендил, вкупните приходи од 244 производствени претпријатија во

2012 достигнаа до 130 милиони БГН, со 6 милиони БГН2 нето добивка. Во 2014, три нови странски

инвестиции во Кочани овозможија вработување на 500 луѓе. Хидролошкиот потенцијал на регионот

се чини дека не е целосно искористен. Кочани користи геотермална енергија за затоплување на

јавните згради и стаклените градини каде се произведува ран зеленчук. Во Ќустендил, до 1920-тите

постоеја пет активни минерални бањи. Податоците за бруто производот на општинско ниво се

ограничени. Според статистичките податоци од NUTS 3 на ЕУРОСТАТ, бруто домашниот производ за

целата област на Ќустендил со актуелните пазарни цени во 2011 беше 2.900 евра по жител. Во

македонскиот источен регион, соодветната сума изнесуваше 3.400 евра, а во североисточниот 2.400

евра. Може да се заклучи дека нема значајни разлики во животниот стандард на двете страни на

границата, иако цените за некои производи може да се разликуваат. Просечниот БДП по глава на

жител во Европската унија за истата година беше 25.100 евра. Стапката на невработеност во

општината Ќустендил во 2014 беше 15%, а најниската стапка на невработеност беше достигната во

2008 кога изнесуваше 8,5%. Во општината на селото Невестино, стапката на невработеност е 21,3%.

Според Државниот завод за статистика на Македонија, стапката на невработеност во

21 ЕУР = 1,9558 БГН

Page 21: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

21

североисточниот регион во 2013 беше 44,9%, а стапката на нови вработувања изнесуваше само

29,9%. Во источниот регион условите на работниот пазар се малку подобри - стапката на

невработеност е 19,5% , а на вработеност 49,1%. Треба да се земе предвид дека барем дел од

невработените во овие два македонски статистички региони бараат различни видови работни

активности преку самовработување. Но воглавно, може да се изведе заклучок дека Осогово е ретко

населен регион со ниски примања и многу висока стапка на невработеност.

2.5. Културно значење

Регионот Осогово, како единствен планиниски венец, главно може да се одреди како

соединета единица во смисол на историско и културно наследство, со одредени варијации што

произлегуваат од државните граници утврдени во некои временски периоди. Во поширок смисол,

регионот, вклучувајќи ги вкупните територии на општините Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани,

Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип и Ранковце од македонската страна, и

Ќустендил и Невестино од бугарската страна, не е толку хомоген бидејќи исто така опфаќа делови од

други географски единици како планините Коњавска и Малешевска, Пијанец итн. Регионот има

долга, бурна и мошне интересна историја. Беше населен уште од праисториски времиња и постојат

вредни остатоци од новото камено, бакарното, бронзеното и железното доба. Од посебен интерес е

локалитетот Цоцев Камен во близина на селото Шопско Рударе, општина Кратово во Македонија, со

цртежи на карпите кои датираат од пред 25.000 години. Римското наследство е најбогато во

регионот, а скапоцениот камен во круната несомнено е градот Пауталиа (денешен Ќустендил), со

втор најголем асклепион (лекувалиште) во Римскиот свет. Средновековното наследство е помалку

застапено, иако е доста сигурно дека областа не била помалку населена во тоа време.

Црквата Св. Ѓорѓи во Ќустендил е една од најубавите примери од тој период. Средновековни кули се

издигнуваат во областа како белези на историјата. Такви се кулите во градовите Кратово и Кочани,

селото Чифлик (општина Делчево) и Пиркова Кула во Ќустендил. Знаменит средновековен симбол е

Кадин Мост во селото Невестино. Скапоцени камења на религиското наследство се несомнено

манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка и манастирот Св. Гаврил Лесновски во селото

Лесново, општина Пробиштип. Меѓу другите религиски места, други што покажуваат интерес е

манастирот Св. Пантелејмон во селото Пантелеј, општина Кочани;таканаречениот манастир Еленец

над селото Цера, општина Македонска Каменица; црквата Ѓорѓи Кратовски во Кратово; црквата

Успение Богородично во Ќустендил и многу други. Меѓу 10-те општини во регионот на истражување,

Ќустендил е несомнено град на музеите, и покрај тоа што градот Кратово е нашироко познат како

најголем отворен музеј во областа. Личното наследство на еден од најголемите балкански и

европски уметници од раниот 20ти век, Владимир Димитров-Мајсторот, заслужува особено

внимание. Музеите во македонскиот дел од регионот: историскиот музеј во Кратово, Делчево и

Крива Паланка и музејската колекција во Кочани и Пробиштип имаат вредни примероци од

наследството во регионот. Фолклорното наследство на областа е дел од етнографската област

Шоплук / етнос Шопи и тесно поврзано со него. Вклучува разни верувања и обреди поврзани со

секојдневни работи и настани од животот (вклучувајќи раѓање, смрт, свадби итн.); специфични

празници и прослави што претставуваат шарена мешавина од христијански верувања и стари

пагански обреди (на пр., Бадник, Сурва, Бабинден, Приклади, Тодорица, Велигден и многу други).

Музиката и танцовите се типични за групата Шопи, но во периферијата почнуваат да се јавуваат и

други етнографски влијанија, како на пример малешевското влијание на југот на Делчево. Локалните

носии се веројатно еден од најдобро зачуваните делови на наследството. Културните настани во

Page 22: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

22

областа се доста богати и разновидни. Има фолклорни настани (фестивали, натпревари) што го

промовираат локалниот фолклор, но исто така привлекуваат учесници од други делови на Балканот.

Такви се Голачките фолклорни средби во Делчево, меѓународниот фестивал Св. Јоаким Осоговски во

Крива Паланка, фестивалот Балканска черга во Шишковци, и фестивалот Струма пее во Невестино.

Разни уметнички настани се дел од големиот збир културни настани, вклучувајќи ги ДАФ (Драмскиот

аматерски фестивал) во Кочани, Меѓународниот театарскиот фестивал Св. Јоаким Осоговски во Крива

Паланка, уметничките детски колонии во Кочани,Кратово, Крива Паланка (заедно со копаничарската

колонија и школото за архитектура), Лесновскиот манастир.

Современата музика е исто така присутна во културните настани, како рок-фестивалот Џојфест во

Крива Паланка, фестивалот на улична култура Т.С.О.К „Вистинскиот звук на Каменица“ или јулската

Бела ноќ во Пробиштип. Некои настани се многу специфични, и како такви, мора да им биде дадено

особено внимание - на пр., Фестивалот на црешата и Празникот на плодноста во Ќустендил, Свадбата

во Пијанец, Малешево што се одржува во Делчево, Невестинското поклонение на Тодорица во

црквата Св. Теодор Тирон во селото Конопница, општина Крива Паланка, Националната средба на

здруженијата на пензионери во манастирот Еленец (село Цера, општина Македонска Каменица) со

натпреварот „Бабина баница“.

2.6. Тековна состојба во туристичкиот сектор

Рангирањето на Бугарија и Македонија на туристичката карта на стариот континент се менува,

но и покрај тоа, тие се наоѓаат во првата половина на табелата според бројот на посетители и

приходи од туризмот. Уделот на глобалниот пазар на Европа како целина е над 50%, но Бугарија и

Македонија се доста назад во споредба со Франција и Шпанија. Уделот на пазарот на Бугарија и

Македонија во Европа е меѓу 1 и 2%. Стапката на пораст на посетители во Бугарија се менува од две

главни причини. Правата е дека Бугарија се промовира и е нашироко позната како дестинација на

масовен туризам за сонце и море, и масивните градби вдолж брегот на Црното Море не можат да се

поврзат со добар одмор. Истото важи и за скијачкиот туризам. Втората причина е што со порастот на

вредноста на работната сила, сите цени полека растат и земјата ја губи единствената главна предност

над соседните Турција и Грција - поевтини пакети. Во околината на Осогово постои очигледна

несразмерност во снабдувањето со основни туристички услуги (сместување и угостителство).

Најголемата концентрација на такви услуги постои во општината Ќустендил, особено во самиот град

Ќустендил, додека во соседната општина Невестино речиси не се нудат никакви туристички услуги.

На македонската страна, услугите се исто така сконцентрирани во општинските центри.

Несразмерноста е исто така видлива и кај постојните видови сместување - хотелите и мотелите се

најчести, додека пансионите (особено во руралните области) се практично отсутни. Постојните

капацитети можеби се чинат ретки надвор од Ќустендил, но факт е дека тие не се користат ефикасно.

Исто така, има доста голем број постојни патеки за пешачење на територијата на Осоговскиот регион,

но овие патеки не се одржуваат и промовираат заеднички и на нив не се гледа како на мрежа. Добро

е што исто така постојат можности за велосипедизам, и покрај тоа што помошната инфраструктура за

овој вид туризам не е присутна (на пр., поправка на велосипеди и услуги за одржување). Состојбата

на ознаките и белезите на патеките, како и нивната безбедносна состојба, исто така бара големо

подобрување. Во овој момент, дополнителните туристички услуги во Осоговскиот регион се

недоволно развиени. Услугите на туристички водичи, забава и толкување на наследство се практично

отсутни. Од посетителите се очекува едноставно да одат и сами да гледаат разни локалитети, што

најпрво бара подобра социјализација на локалитетите, и второ, не носи пари во локалната

Page 23: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

23

економија. Не се нудат никакви презентации, дегустации или драматизација. Постои доволен

локален капацитет за да се почне организиран и структурен развој на Осоговскиот регион како

туристичка дестинација. Навистина, во моментов постои недостаток на искуство, знаење и вештини,

но со високо ниво на мотивација и здружување, може да се постигнат добри резултати.

3. ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СЕ ПРОМОВИРА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Биосферните резервати се јавија од потребата да се усогласат заштитата со одржливиот развој.

Биосферниот резерват е концепт на одржливост што се обидува да ги хармонизира развојот,

човечката добросостојба и одржувањето на здрави екосистеми, преку учење како да се управува со

взаемното влијание на човекот и природата на земјата. Ова поглавје опишува клучни економски

сектори, цврсто поврзани со користењето на природните ресурси, особено во однос на тековни

активности, практики, пристапи и тенденции. Главната цел на ова поглавје е да прикаже до која

мера да се истражуваат тековните економски активности во регионот што се компатибилни со

принципите на одржливиот развој. Особено внимание ќе се посвети на користењето на земјата,

земјоделството, шумарството и користењето на водните ресурси, но исто така и на потенцијалот за

развој на еко-туризам и други одржливи можности за развој. Истражувањето на оваа студија може

да ги истакне недостатоците во одржливоста што би можеле да го отежнат прогласувањето на

биосферен резерват, како на пример откопувањето руда.

3.1. Земјоделство

Земјоделството не е само знак на препознавање за одреден регион, туку исто така игра голема

улога во неговото одржување преку производните системи. Така, интензивните системи вршат голем

притисок врз средината преку загадување на неговите медиуми, со што ѝ се закануваат на

разновидноста, ги намалуваат важните живеалишта и видови, емитуваат амонијак и така натаму.

Интензивното пасење води до прекумерно користење на пасиштата, што предизвикува

исчезнување на пожелни тревни заедници и формирање на други или замена со грмушеста

вегетација.

Притисокот од прекумерно пасење предизвикува ерозија, намалена плодност на почвата, губење на

органската материја и нејзиниот капацитет да ја задржува водата и така натаму. Од друга страна,

целосното отсуство на пасење исто така влијае врз биодиверзитетот бидејќи помага да се рашири

грмушестата вегетација и дрвата, и на тој начин се губат пасиштата. За разлика од тоа, екстензивните

системи, како екстензивното пасење на говеда, овци и друг добиток, управувани на традиционален

начин со умерено користење на пасиштата, се клучни во создавањето и одржувањето на вредни

предели и антропогени природни вредности. Исто така, значајна е и превенцијата на шумски пожари

преку пасење на добиток во заштитните појаси.

Оттука, намената на оваа презентација е да се даде слика за сточарското производство и

производството на култури во Осоговскиот регион, преку кое може да се видат идните последици од

овие активности на територијата на регионот и иднината на еден биосферен резерват. Интензивното

земјоделско производство во Осоговскиот регион на пониска надморска висина е организирана на

големи полиња, оддалечени од градовите. Ова производство е целосно пазарно ориентирано, се

заснова на големи вложувања и интензивно користење на механизација. Во близина на градовите и

селата преовладува мозаичен предел од мали размери. Се состои од семејни градини и мали ниви

околу и во внатрешноста на населбите, со мали традиционални овоштарници, дрва и домашни лозја.

Page 24: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

24

Општо земено, производството на овие мешани фарми е многу екстензивно и наменето за лична

потрошувачка. Во областите со поголема висина земјата е покриена со пасишта, шуми и житарици

(јачмен, овес) или полиња со компир. Вкупната област, земајќи ја предвид категоријата на

користење, е поделена на култивирана земја и пасишта. Согласно последниот извештај на Државниот

завод за статистика (ДЗС), вкупната култивирана земја во Осоговскиот регион во 2014 опфати 55.192

ха, додека пасиштата се протегаат на 51.235 ха, што претставува 8% и 7% редоследно, од вкупната

култивирана земја и пасишта во Република Македонија. Најголемиот дел на земјоделска земја им

припаѓа на општините Кратово и Крива Паланка, а повеќето пасишта се наоѓаат во општините Кочани

и Крива Паланка. Во Бугарија, до 2010 постоеја 2.259 мали индивидуални фарми во Ќустендил, што

опфаќаа помалку од 1 ха секоја поединечно. Овоштарниците околу Ќустендил во текот на таа година

опфаќаа 1.200 ха, од кои 70% беа посадени со цреши. Во последниве години, во пораст е интересот

за јаболка и сливи, со зголемување на земјата покриена за 115 ха, како што е покажано во локалниот

план за развој. Согласно изјавите за медиумите на Бугарското национално хортикултурно здружение

од 2014, црешите во регионот на Ќустендил покриваат 1.600-1.800 ха и произведуваат 5.000-8.000

тони овошје. Постојат намери да се развие органско производство околу градот и крајниот рок за

сертификација е 2018. Земјоделската земја во најголемата општина во регионот е 45.600 ха, а се

култивираат 27.400 ха. Во општината Невестино, пасиштата покриваат 43.970 ха, а култивираната

земја изнесува околу 10.000 ха. Согласно најновите официјални статистички податоци, само 20 ха од

земјоделската земја во ова општинско село се засадени со овошје - цреши, јаболка и круши.

3.2. Шумарство

Шумите и шумските ресурси на Осоговските Планини се важен природен ресурс кој има голем

потенцијал. Затоа, тие долго биле предмет на интерес и користење на луѓето. Во текот на

историскиот развој, односите се изменија, како и потребите од шумите или шумските ресурси се

зголемија.

Историски, шумите на Осоговските Планини во далечното минато беа експлоатирани во корелација

со потребите на локалното население за греење и други шумски производи, и експанзијата на

земјоделска земја и области со пасишта. Затоа, голем дел од областа беше деградирана и

претворена во шуми со расади, грмушки или други облици на деградација. Во последните неколку

децении, во сите делови на Осоговските Планини се користи планирано управување со шумите,

заради кое квалитетот и структурата на шумите постојано се подобрува. Покрај тоа, евидентно е дека

постои зголемување на шумските области како резултат на поинтензивна култивација на насади и

природно пошумување, кои се случуваат на сметка на напуштените полиња и друго обработливо

земјиште во планинските и брдските области. Подобрувањето на односот кон заштитата,

планирањето и развојот нашумите и другите корисни шумски практики придонесоа кон заштитата на

значаен дел од шумите што денес се одликуваат со високи природни вредности. Таквите природни

вредности на Осоговските Планини веќе се признаваат во националните и меѓународните

документи. Биодиверзитетот во оваа област е претставена со голем број видови. Природните букови

шуми, подалспките пасишта и тресетиштата во Осоговските Планини вреди да се заштитат.

Различните, често неадекватни практики што се применуваат во и околу шумските екосистеми во

некои делови од областа, треба да се приспособат кон концептот на одржливост, кој ќе ги земе

предвид економските, еколошките и социјалните функции на шумите.

Page 25: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

25

Во категоријата на заштитени области на биосферен резерват, економските активности и разни

практики на користење земја, како и одржливото управување со шуми и шумски ресурси се исто така

дозволени. Меѓутоа, потребна е особена грижа кога се планираат и вршат шумски практики во

териториите каде постојат загрозени, ендемични и потенцијални видови под исчезнување.

Активностите треба да се вршат на начин и до мера што нема да ги наруши живеалиштата и нивниот

интензитет нема да претставува закана на нивниот развој. Во одредени делови што се од особена

важност, неопходно е да се исклучат сите активности за да се зачува природната средина и за да

може да се следи динамиката на последователните природни процеси. Со формирање на

прекугранична заштитена област, може да се обезбеди поефикасна заштита на биодиверзитетот и

одржливото користење на ресурсите на Осоговските Планини, и да се обезбедат услови за одржлив

економски развој во регионот, бидејќи Осоговскиот регион ги исполнува основните критериуми на

програмата „Човек и биосфера“ создадена од УНЕСКО (Oрганизација за oбразование, наука и култура

на ООН). Соодветниот облик на природна заштита и поддршка и негување на човечките активности

во регионот под закрилата на УНЕСКО е од огромна важност во прекуграничен контекст. Особено

бидејќи овој вид на заштита на природни и културни вредности неизбежно води кон подобрување на

социјалниот и економскиот развој на регионот и дава услови за користење на фондови од разни

национални и европски фондови и програми. Со овој регионален концепт ќе се постигне долготраен

и одржлив развој, преку кој, од една страна може да се зачуваат природните одлики и вредности, ак

од друга страна ќе бидат земени предвид другите социоекономски функции на шумите како

природен ресурс, кои имаат поголема улога во одржливиот развој на областа.

3.3. Водни ресурси

Иако создавањето живеалишта за опортунистички видови (безрбетници, водоземци, влекачи и

водни птици) локално може да го зголеми бројот на присутни видови, акумулациските езера и

вештачките бари имаат ограничена значајност за зачувување на фауната, бидејќи нивното создавање

(водното тело, пристапните патишта и друга инфраструктура, итн.) може да уништи некои значајни

живеалишта. Промените на хидрологијата на природните екосистеми и последователните промени

во воздухот и влажноста на почвата имаат значајно влијание на безрбетниците. Типичен пример е

конструкцијата на хидросистемот Злетовица и браната на реката во местото Кнежево. Браната

уништи крајречни живеалишта (појаси со врби) и влажни ливади вдолж Злетовска Река на надморска

висина меѓу 1.000 и 1.100 м. Развојот на вештачки бари, езера, извори, поила за добиток итн.,

создадоа водни живеалишта што се користат за репродукција на некои видови водоземци, како и за

некои влечуги (Emysorbicularis, Natrixnatrix). Таквите брани се поволни за овие групи само ако не се

воведат предаторски видови риби, што се хранат со јајца, ларви и понекогаш со возрасни видови.

Создавањето на мали акумулациски системи и мали хидроцентрали го менува природниот карактер

на живеалиштето и водниот режим. Има негативно влијание, особено врз населението од видот

Ranagraeca, бидејќи тој вид директно го дели своето население по создавањето брана на реката и

пренасочувањето на водата. Овој развој исто така влијае и врз водните безрбетници, а ракот

Austropotamobius torentium се наоѓа во најголема опасност.

Негативни активности може да се очекуваат со промените во собирањето на вода во канали вдолж

патиштата (што сега се најповолни за репродукцијата на водоземците), сушење на привремени бари

итн. Поврзана, но слабо евидентирана закана е зголемувањето на интензитетот на сообраќајот, што

води до зголемување на убивањето животни на патиштата. Нема информации за влијанијата на

речното загадување врз фауната, иако мала акумулација на тешки метали што се должи на

Page 26: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

26

ископувањето руда и седиментација е веројатна. Оваа закана треба да се изрази количински за да

може да се распределат и воведат мерки за намалување. Згора на тоа, постојат неколку случаи на

големо прелевање на отпадни води, едно од нив, во рудникот Саса во 2003, доведе до одлевање на

20.000 м3 отпадна вода од јаловиштето во езерото Калиманци, чии води се користат за наводнување

на плодната Кочанска Рамнина. Исто така, тогаш се загади и водата за пиење, и се пресмета дека

нанесените штети чинеа милијарди евра. Некои од останатите стари јаловишта продолжуваат да ги

загадуваат почвата и водите. Затоа, пред да се почне со производство на чиста храна од големи

размери, треба внимателно да се испита влијанието од рударството во Осоговскиот регион. За да се

подобри квалитетот на водата, со специјален акцент на некои реки, може да се дадат неколку

препораки. Едно е сигурно - следењето на квалитетот на водата на речните екосистеми треба да

продолжи и во иднина, врз основа на истражувањето на дијатомите. Потоа, треба да се врши

редовно следење на квантитетот на водата, особено во мочуриштата на високите планини и

изворите. Изворите не смее да се продлабочуваат или акумулираат. Оваа промена ќе предизвика

функционални промени во биолошките процеси. Освен тоа, конструкцијата на единица за третман на

отпадни води за водите што се отфрлаат од рудникот Тораница е многу препорачлива. Рибниците и

барите се друго човечко уништување за коешто треба да се погрижиме со имплементација на

соодветно управување со посебно внимание на отфрлањето на отпадни води.

3.4. Користење на земја и урбанизација

Во сите општини, освен Чешиново-Облешево и Пробиштип каде што доминантни насади се

житариците, највисоката пропорција на земја што се користи за земјоделство е под пасишта. Во

северниот дел на регионот, по пасиштата следат ливади. Најголемиот дел од производството на

зеленчук и фуражни култури е лоциран во јужниот дел на регионот (Чешиново-Облешево).

Во 2014, беа собрани житарици од 13.579 ха. Поголемиот дел од областа им припаѓа на

општините што се наоѓаат во долниот дел на Осоговските Планини, главно Чешиново-Облешево

(4.751 ха), Кочани (3.342 ха) и Пробиштип (2.329 ха). Во близина на Крива Паланка и Македонска

Каменица, житарици се одгледуваат само на 222 и 470 ха редоследно. Вкупното производство на

житарици во регионот е блиску 127,5 т/ха.

Доминантни житарици во регионот се оризот и пченицата; меѓутоа, видот на културата, областа и

просечните берби се многу различни. Речиси 90% од производството на ориз во Македонија е

лоцирано во општините во осоговскиот регион. Ориз се одгледува на 4.559 ха, главно распоредени

во Чешиново-Облешево (2.582 ха) и Кочани (1.933 ха). Во мала област во Пробиштип (44 ха)

просечниот род е 6 т/ха. Најголема просечна берба од сите житарици се постигнува во општината

Чешиново-Облешево. Главната причина е плодната почва и достапноста на вода од иригацискиот

систем. Пченица се одгледува главно во областите Ранковце, Кратово и Пробиштип. Најголемиот дел

од обработливата земја во Македонска Каменица се користи за одгледување јачмен и 'рж, а во

Крива Паланка за пченка и овес.

Област и вкупно производство на индустриски култури - Осоговскиот регион не е типичен

регион за производство на индустриски култури. Во 2014, сончоглед се одгледуваше само во

општината Пробиштип на само 8 ха, со просеча берба 700 кг/ха, многу пониска од просечните берби

во Република Македонија. Тутунот е застапен во регионот Чешиново-Облешево на 19 ха, а во други

региони на мали области, со пониска берба од македонскиот просек.

Област и вкупното производство на зеленчук - Зеленчукот во областа на Осоговските Планини

се одгледува на 3.000 ха. Речиси за сите култури, главни производни региони се Кочани и Чешиново-

Облешево. Компирот е доминантна зеленчукова култура во Осоговскиот регион, а следи гравот,

освен во Пробиштип, каде лубениците и дињите растат во иста област со компирите, и на поголема

Page 27: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

27

област во останатите општини. Крива Паланка е регион познат по своето производство на компир

(424 ха во 2014). Кромидот и лукот се одгледуваат на големи површини во кратовскиот регион,

додека леќа се произведува само во Македонска Каменица. Најголемата просечна берба речиси за

сите култури е регистрирана во Чешиново-Облешево, каде бербата на зелка е поголема дури и од

просекот на земјата.

Област и вкупно производство на фуражни култури - Луцерката и глушината за производство

на сено е најзастапената фуражна култура во Осоговскиот регион. Луцерката е присутна на 40 ха во

општината Чешиново-Облешево, со просечна берба повисока од вкупниот просек на земјата. Во

регионот на Кочани се одгледува на 280 ха. Глушината се одгледува само во Кратово, Крива Паланка

и Ранковце. Најголемата берба беше евидентирана во Крива Паланка (5.000 ха). Фуражниот грашок е

главно застапен во општината Пробиштип, но со бербата е мала. Исто така се одгледува во мали

области во Кочани и Чешиново-Облешево. Постигнатата берба во овие општини е многу повисока од

просечната на земјата.

Ливадски области, пасишта и вкупно производство на сено - од вкупната област со

земјоделска намена, пасиштата се доминантни во сите општини освен Чешиново-Облешево и

Пробиштип. Кратово има најголема област со ливади во регионот (3.480 ха) и се одликува со

најголемо производство на сено (1.845 кг/ха), а следи општината Крива Паланка. Останатите делови

од регионот имаат доста помал дел на земји под ливади.

Област и вкупно производство на овошни култури - во Осоговскиот регион постојат

овоштарници на речиси 1.100 ха. Главни овошни култури се сливите, со најголемо производство во

сите општини освен Чешиново, Облешево и Пробиштип, каде вишните се доминантна овошна

култура. Засадувањето на нови овоштарници со лешници и бадеми се јави во последните години,

како што се забележува од малиот број дрва во некои општини. Најголемиот дел од културите

постигнуваат голем род во областите Чешиново-Облешево и Кочани.

Област и вкупно производство на грозје и вино - виното не е производ типичен за

осоговскиот регион, и распореден е главно во областите Кочани и Пробиштип. Родот е речиси колку

просекот на земјата и поголемиот дел од произведеното грозје се употребува за производство на

вино. Податоците претставени во текстот погоре се од Државниот завод за статистика и се

однесуваат само на земјоделските култури што растат на повеќе од 1 ха во секоја општина.

Земјоделското производство е интензивно, организирано на големи полиња, овоштарници, лозја и

оранжерии. Изборот на култури и сорти е ориентиран кон пазарот. Најголем дел од фармерите

користат сертификувано семе, бидејќи тоа е предуслов за добивање субвенции. Култивацијата на

култури е ориентирана кон добивање плодови со високо влужување капитал и работна сила и

примена на модерни земјоделски практики. Од една страна, интензивното земјоделско

производство дава стабилен пораст на берба и ја подобрува безбедноста на понудата на храна. Но

од друга страна, користењето на хемикалии и монокултури имаат најголемо влијание врз

природните ресурси и разновидноста. Овие процеси често водат кон прекумерна експлоатација и

деградација на екологијата на почвата. До неодамна, фармерите користеа само хемиски ѓубрива и

хербициди за производство на житарици. Во последните неколку години, заради климатските

промени започна зголемена примена на фунгициди. Зеленчукот, особено доматот, краставиците и

пиперките, се одгледуваат главно во оранжерии, а во пониските области на осоговскиот регион во

стаклени бавчи. Овој тренд за заштитено земјоделство се шири, бидејќи стаклените бавчи се греат со

жешка вода од блиските топли извори. Владата исто така дава субвенции за новозасадени

овоштарници. Овие мерки за поддршка имаа како резултат зголемување на површините со засадено

овошје, главно лешници и бадеми.

Традиционално земјоделство - Речиси 30-50% од локалното население во селата ги чуваат

старите локално адаптирани видови и локалните видови земјоделски култури. Обично, во

Page 28: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

28

домаќинствата каде може да се најдат стари локално адаптирани видови, жените одржуваат

различни култури зеленчук. Мажите се одговорни за житариците или фуражните култури ако имаат

добиток. Во некои домаќинства се чуваат една или неколку култури, најчесто тикви, пиперки, грав и

лубеници. Во 80% од случаите, возраста на овие фармери е од 50-75 години. Многу ретко, помладите

возрасни лица на возраст од 30-50 чуваат стари локално адаптирани култури што ги наследиле од

нивните предци. Зеленчукот и пченката се одгледуваат само во бавчите наменети за самите

фармери, иако има некои фармери што чуваат неколку добро познати сорти за продажба на

локалните специјализирани пазари (грав, пиперки, праз, тикви, леќа, леблебии и афион). Поголемиот

дел од фармерите применуваат традиционални практики и садење; наводнувањето и бербата се

вршат рачно. Плевелот се контролира со плевење или корнење, паразитите (доколку ги има) се

контролираат со прскање со син камен (бакар сулфат), ферментиран раствор од коприва или млеко.

Доколку постои, за ѓубрење се користи шталско ѓубриво, а многу ретко се применуваат хемиски

ѓубрива. Во бавчите редовно се применува плодоредот (ротација на култури). Обично, најдобрите

плодови се означуваат за да се зачува семе и многу малку фармери чуваат семе од првите плодови

со цел да избегнат слободно опрашување. Семињата се чуваат во хартиени кеси, пластични кутии

или складишта во темни и суви места, често на тавани или плевни. Бидејќи еден фармер чува семе од

неколку локално адаптирани култури (дињи, пиперки), различните семиња обично јасно се

разликуваат. Житариците и фуражните култури се одгледуваат во полињата на мали парцели (0,5-10

ха) често распоредени во оддалечени места. Тие се одгледуваат со користење на механизација, иако

неколку земјоделски практики се вршат рачно (прскање). Житариците не се наводнуваат, а

фуражните култури и полскиот грав се одгледуваат на наводнувани полиња.

Главни носители на управувањето со шумите и шумските ресурси на територијата на

Осоговските Планини: Основната дејност на државното претпријате „Македонски шуми“, Скопје, чии

филијали се наоѓаат во Кочани, Кратово, Крива Паланка и Делчево е пошумувањето, заштитата и

искористувањето на шумите. За стопанисувањето со шумите во бугарскиот дел на планината,

одговорни се Државното шумарско претпријатие (ДГС), Невестино и Државното ловечко

претпријатие (ДЛС), Осогово, подредени на Југозападното државно претпријатие (ЮЗДП) со центар

во Благоевград; контролата ја врши Регионалната дирекција за шумарство (РДГ) - Ќустендил, која

претставува огранок на Извршната агенција за шумарство. Двете претпријатија, освен основните

активности, во помала мера се занимаваат и со други активности, но нивните главни приходи

произлегуваат од продажбата на шумски сортименти, главно огревно дрво и дрвената индустрија.

Двата субјекти ги вршат своите дејности согласно десетгодишните планови за управување со секоја

шумска единица поединечно. Освен тоа, овие претпријатија исто така управуваат со други шумски

производи што може да се соберат во областа, како диво овошје и зрнести плодови, печурки,

ароматични и медицински билки. Сепак, главните приходи на двете претпријатија што управуваат со

шумите во Осоговските Планини се остваруваат од продажбата на дрво од шумските области.

Користењето на шумските области има огромна важност за обезбедување на специфичните потреби

на населението (средства за живеење, потрошувачка на вода, здравје итн.), па така, најголемиот дел

од шумите се користат за таа цел; така, шумите имаат посебна вредност за развојот на руралниот

регион, заради големата зависност од користењето на шумскиот ресурс. Најголемиот дел од

шумската област се користи за:

• дрво за домашна употреба

• пасишта и сточна храна - сено и лисја

• печурки

Page 29: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

29

• други недрвени производи - медицински билки, зрнести плодови, полжави, производи од лов и

друго (недрвени шумски производи што може да се продадат, вклучувајќи заробени животни,

смола, овошја итн.)

• управување со дивеч

• водоснабдување (вода за пиење и секојдневни потреби) итн.

И покрај големото биоеколошко значење на шумите и шумските предели, тие се често предмет на

специфично планирање или непланирана урбанизација и присвојување. Тоа се манифестира преку

конструкција на летниковци на шумска земја, патна инфраструктура и други градежни работи и

активности што често ги нарушуваат шумските предели и екосистемот

Конструкција на нови патишта - потребата за развој на патна мрежа и изградбата на други

постројки (како мали хидроцентрали), придонесуваат за загуба и фрагментација на живеалиштата, и

го зголемуваат нарушувањето на средината. Најпогодени ќе бидат шумите, пасиштата и водните

живеалишта (реки, бари), вклучувајќи ја односната фауна. Понекогаш, таквите патишта се/ќе бидат

изградени во региони што претходно биле недостапни, и тие го прават полесен пристапот на човекот

за многу други цели полесен. Ова ќе го зголеми нарушувањето, особено за поголемите цицачи и

некои птици. Убивањето на влекачи и водоземци на патиштата ќе биде неизбежно. Градењето на

човечки населби, туризмот и индустриските капацитети, водат до подобрувања на електричната

мрежа, што во моментов има небезбеден облик за слетување на птиците.

Постојат неколку проекти што се фокусираат на урбанизацијата на македонската страна на

планините:

• општината Македонска Каменица работи на стратегија за развој на туризмот и некои

инфраструктурни проекти, како асфалтирање на патот од рудникот Саса до рудникот Тораница

(општина Крива Паланка).

• општината Крива Паланка планира нова туристичка населба Алтан Чешма, регионален пат до

Пробиштип преку Кратово, регионален пат до Кочани преку Пониква, асфалтиран пат до селото

Дренак, пристапен пат до рекреативната област Калин Камен, две мали хидроцентрали итн.

• општината Кочани работи активно на просторен план за туристичка населба Пониква, скијачки

центар Пониква, систем за слевање води за туристичката населба Пониква, конструкција на

браната „Речани“ и регионален пат до Пробиштип.

• општината Пробиштип планира спортски центар во Арамиска Чешма на Пониква. Општината

Кратово работи на планирање на зимско одморалиште, урбанизација на туристичката локација

Лисец, викенд населба Кнежево, нови асфалтирани патишта од Кратово преку Лисец до браната

Кнежево и преку Луково до браната Кнежево.

3.5. Екстракција на рудни минерали

Експлоатацијата на минерални и неминерални материјали (рудници и каменоломи) се

активности типични за регионот на Осоговските Планини, бидејќи голем број луѓе од регионот се

вработуваат и имаат ресурси што се користат интензивно. Интензивната експлоатација често

предизвикува оштетување на шумите и другите екосистеми и има штетни влијанија врз севкупната

средина.

Осоговските Планини се добро познати по рудата во античките времиња и по

средновековните саксонски рудари (наречени „Саси“ од локалните луѓе ) За време на отоманското

владеење, рудниците за сребро во Кратово обезбедуваа значителни приходи, и дури имаа и

Page 30: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

30

ковачница за пари. На бугарската страна на планинскиот венец, геолошките истражувања наоѓаат

руди што содржат злато, олово и цинк. Во 2002, со приватизацијата на „Осогово“ ЕАД - Ќустендил беа

затворени активните рудници за олово и цинк, кои беа навистина профитабилни претпријатија пред

падот на цената на металите на пазарот на стока во крајот на 1990-тите. Со затворањето на

рудниците, 1.200 луѓе останаа невработени, и многу од нив живеат во Ќустендил, а пограничните

села сѐ уште се борат за да најдат постојано вработување. Постојат случаи на искусни бугарски

рудари кои нашле работа во рудникот Саса во Македонија. Значајна одлука беше донесена со

формирањето на зона на Натура во 2006, со која бугарската страна на Осогово ќе се користи главно за

заштита на природата и таму нема да бидат дозволени ископување руда и прекумерно градење или

орање на пасишта. Министерството за животна средина и води тогаш сметаше дека помеките

сектори, како туризмот или традиционалното земјоделство, нема да страдаат од ограничувањата, и

дека тие дури може да имаат придобивки од осоговската зона на Натура. Треба да се спомне дека

рударството не е неопходно во противречност со биосферниот резерват, и во важни стратешки

документи што се занимаваат со одржливиот развој на планинските региони прифатено е дека

рударските дејности треба да бидат еколошки чувствителни и локалните луѓе треба да добиваат

пристоен дел од добивката.

Во македонската страна на Осоговските Планини рударски дејности се вршат во три рудници:

Саса во Македонска Каменица, Тораница во Крива Паланка и во општините Злетово и Пробиштип.

Два од нив, имено Тораница и Злетово, се под управа на „Indo Minerals and Metals“, рударска

компанија со седиште во Лондон, која исто така има топилница во Мароко. IMM е „филијала“ на

индискиот производен конгломерат Binani Industries LTD со седиште во Мумбај. Според компанијата,

таа е еден од најголемите странски инвеститори во Македонија со повеќе од 1 милијарди МКД

вложени за реновирање на рудникот Злетово. Рудникот Саса, најголемиот од трите, е во сопственост

на руската компанија „Solway Group“. Концентратот од олово и цинк што го произведува во својата

постројка за флотација, се транспортира за понатамошна обработка во топилницата KCM во близина

на Пловдив во Бугарија. Сега, производството на руда во Осогово надминува 1,5 тон, што претставува

значајна количина споредена со вкупното производство од 0,6 милиони тони за 2012 во многу

поголемата планина Родопи во Бугарија, со 2-3 милиони тони за време на најпродуктивниот период

во 1980. Освен тоа, рударските дејности во македонската Осоговија растат. Според Државниот завод

за статистика на Македонија, производството на концентрат на олово и цинк во земјата од 2012 до

2014 се зголеми за 12% и единствените македонски рудници за олово и цинк се наоѓаат во Осогово.

Меѓутоа, еколошката репутација на рудниците во Осогово е контроверзна. Има неколку

случаи на прелевање на отпадни води и загадување на водите со тешки метали. Долните делови на

рамнините во кои се произведува храна се изложени на постојана опасност од загадување од

рудниците, а исто така во опасност е и водата за пиење. На 30.08.2003 во Саса се случи хаварија од

големи размери. Старото јаловиште проби и огромна количина јаловина, наводно со висина од 10 м.,

истече во Каменичка Река, која се влева во езерото Калиманци. Ова е најголемото езеро во источна

Македонија што содржи 127 милиони м3 вода која служи за наводнување на земјата, вклучувајќи ја и

онаа што се користи за интензивно производство на ориз во Кочанската Рамнина. Преку реката

Брегалница, овој инцидент можеби влијаеше и врз квалитетот на водата за пиење во градовите

Кочани и Штип, кои ги задоволуваат своите потреби за вода од извори во алувијалниот хоризонт на

Брегалница (В. Мирчовски. 2003). Во тоа време, Министерството за животна средина ја оцени

нанесената штета во висина од 100 милијарди МКД (повеќе од 1,5 милијарди евра). Количината на

отпадни води што се слеа во реката беше 160.000 м3. Голем дел од оваа количина, веројатно 20.000

м3 стигнаа до езерото Калиманци. Во 1993, се случи слична хаварија во јаловиштето во Злетово, кое

загади 750 ха земјоделска земја во општината Пробиштип. Поминаа повеќе од 20 години, но

концентрациите на кадмиум, олово, манган и други тешки метали во почвата што не дозволуваат

Page 31: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

31

никакво производство на производи за јадење, се сѐ уште високи; не е дозволено ниту производство

на биогорива, бидејќи концентрацијата на отровен материјал е поголема од толеранцијата на

растенијата.

Придонесот на трите рудници за локалниот приход е доста големо, но сѐ уште двосмислено. Тие

даваат работа за повеќе од 1.500 луѓе во регионот со голема стапка на невработеност. Работните

услови во рудниците на македонското Осогово не се задоволителни, но во последниве години беа

направени некои позитивни промени. Според извештајот на синдикатот, месечната плата на рудар

во рудникот Саса е 25.000 МКД3 (410 евра), а некој ако сака да заработи 35.000 МКД, треба да работи

во ноќни смени и празници. Во случај на смртна несреќа, компанијата ги отштетува семејствата на

рударите со 50.000-100.000 евра. Синдикатот тврди дека ако овие „смртни казни“ навремено се

инвестираа во мерки за заштита, несреќите воопшто не би се случувале. Со подароци во вид на храна

или разни прослави, или пак со донации за некакви активности на општинско ниво, компаниите се

обидуваат да ја гарантираат лојалноста на локалното население. Сепак, не се преземаат мерки за

ниските плати и лошите работни услови. Во последните неколку години, во рудникот Саса имаше

седум жртви. Според македонскиот закон, најмалку 70% од парите што се плаќаат како концесија, се

пренесуваат во општинските буџети. Општината има обврска да потроши 15-30% од оваа сума за

заштита на природата. Во случајот на рудникот Саса, општината Македонска Каменица прима 80% од

концесијата, што изнесува 12 милиони МКД (200.000 евра) годишно. Според „Solwey Group“, тие

придонесуваат кон националниот буџет на Македонија со 400 милиони МКД годишно (околу 6,5

милиони евра), а вредноста на извезените количества концентрати достигнува 33 милиони евра.

Постојат тековни планови да се зголеми годишното производство на руда од рудникот Саса на 1

милион тони.

Рударскиот сектор е многу важен за Македонија бидејќи претставува голем удел од

нејзиното индустриско производство (околу 12%). Инвестициите во рударството се поттикнуваат од

многу високо политичко ниво, со особена поддршка на странски компании за откопување руда. Во

последните години се издадени повеќе од 400 дозволи за испитување на теренот за руда и други

минерални ресурси. Постојат намери за отворање на уште еден рудник за олово и цинк во општината

Крива Паланка, и руската компанија „Solwey Group“, регистрирана во Никозија во Кипар) веќе ги

доби повеќето неопходни дозволи. Офшор инвеститорот тврди дека оваа работа придонесува во

голема мера кон „интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија“. Старото јаловиште

беше рекултивирано, се изгради ново и се доби сертификат ISO 14 001. И покрај сите овие мерки,

локалното население во Македонска Каменица се сигурни дека секои неколку месеци водата се

загадува. Неметалните минерални ресурси во Осоговските Планини сѐ уште не се целосно испитани.

Проценето е дека наслагите од битуменски плочи во близина на Пробиштип содржат 2 милиони м3

резерви. Некои од градежните карпи и наслагите од кварцит и опалит веќе се експлоатираат. Во

општината Кочани неодамна се оствари германска инвестиција, која има за цел да изврши истрага за

габро, темни карпи што воглавно се користат за обложување, и понекогаш содржат доста големи

количества хром, никел, кобалт, бакар и др. И покрај 2-та милиони евра инвестирани во

подготвителните работи, геолошката структура на наслагите се докажа економски неисплатлива.

3.6. Можности за одржлив развој

Социјални

3 1€=61,52 МКД

Page 32: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

32

Последниот попис на населението во Бугарија во 2011 и оној во Македонија во 2002 покажаа

тенденција за зголемување на населението во двете земји, а процентот расне во последниве години.

Во прекуграничната област Осогово, постои тенденција на негативен природен и механички развој,

со поголемо влијание на првото, и соодветно стареење на населението. Главни причини за

негативните вредности на природниот развој во општините се високи стапки на смртност и ниски

стапки на раѓање. Исто така, постои тенденција на значајно иселување, особено интензивно во

Македонија, согласно податоците од источниот и североисточниот регион на Македонија.

Социолошкото истражување покажа проблем со иселувањето на младото население од Осоговскиот

регион, а тенденцијата е еднакво изразена и во Бугарија, и во Македонија. Општинските експерти

коментираа дека селата се напуштаат заради фактот што населението се упатува кон поголемите

градови, или пак дури и надвор од двете земји. Недостатокот на силна и стабилна економија, ниски

приходи, сиромаштија и високата стапка на невработеност се причините за иселувањете на младите

луѓе од регионот. Проблемот може да се реши преку транзиција во економски стабилни општини, со

што би се дале можности за развој на млади и добро образовани луѓе, кои подоцна ќе се вратат во

своите родни места. За одржлив развој на регионот, неопходно е да се искористат сите можности за

бугарските и македонските општини. Регистрираните можности ги вклучуваат следните:

• активно да се користи членството на Бугарија во ЕУ за да се добијат инвестиции во

прекуграничниот Осоговски регион;

• да се развие соработка меѓу општините во регионот за заеднички проекти за економски

развој во регионот;

• да се развие секторот на МСП поврзан со индустријата за преработка врз основа на

земјоделското производство;

• да се развие туризмот - еколошки, селски и религиозен - како главна економска гранка во

областа;

• да се организира структура за заедничко управување за економскиот развој на регионот (за

двете земји);

• да се искористат добро постојните транспортни инфраструктури;

• да се создадат услови за развој на секундарна индустрија - преработувачка;

• да се подобри постојното земјоделство, овоштарството на бугарската страна и одгледувањето

ориз на македонската;

• да се искористат можностите што ги нудат постојните заштитени области во регионот, кои

може да поддржат развој на одржлив туризам.

Економија

Општините во близина на Осоговските Планини не само што го делат планискиот масив, туку

и многу заеднички економски и демографски одлики. Целиот регион се соочува со раселување,

негативна стапка на природен развој, дури и за демографскиот шампион Кочани. Платите се многу

ниски, пазарот на работна сила е мал и постојат некакви мали деловни очекување во врска со

туризмот и покрај големите инфтрастуктурни недостатоци. Но, овие фактори се донекаде заеднички

одлики на планинските и граничните региони на Балканот. Од друга страна, постојат многу разлики,

кои може да имаат како резултат различни интереси за двете страни, но исто така и совпаѓања и

позитивни резултати.

Земјоделството на македонската страна во регионот на истражување е подобро развиено

како целина. Бугарската страна има предност само во две култури: производство на овошје, особено

цреши, и производство на пченица. Последното е наједноставен начин да се искористи земјата и да

се биде во сообразност со европските субвенции, со оглед на ниските родови и присуството на

Page 33: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

33

попрофитабилни можности што ги дава климата и почвата. На македонската страна, земјоделството

е насочено кон производство на ориз, зеленчук и одгледување на добиток, со околу десет пати

повеќе ферални животни отколку Бугарија. Поголемиот дел од 60.000 овци во македонскиот

Осоговски регион пасат на високи пасишта во летните месеци. Квалитетот на произведеното месо и

домашните млечни производи е доста добар и може да се одреди како „природен“ и „органски“, и

покрај тоа што означувањето со зелена етикета се чини дека е преголем товар за осоговските

производители. Ова екстензивно одгледување на добиток ги намалува шумските подрачја, но од

друга страна овозможува собирање на големи количини боровинки и печурки. На бугарската страна,

напуштањето на стадата добиток имаше како резултат напредување на производството на дрво и

зајакнување на шумарскиот сектор. На бугарските пасишта растат ниски грмушки и нудат пасишта за

некои македонски фармери, што би можело да претставува заеднички корисна иницијатива.

Регионалните стратегии за рудниците во бугарскиот и македонскиот дел на Осоговскиот регион, исто

така се разидуваат. Отворањето нови рудници во Македонија се смета дека е добар поттик за

создавање работни места и зголемување на животниот стандард во понеповолните области. Се

очекува дека биосферниот резерват ќе ја ограничи можноста да се вложат инвестиции во нови

рудници, и на тој начин ќе ја попречи благосостојбата во овој сиромашен регион. Еден подетален

елаборат на оваа тема ги истакнува лошите работни услови, ниските плати и лошата еколошка

репутација. Сепак, постои силна опозиција за какво било ограничување на истражувањето за

проширување на рударската дејност. Според студијата за валоризација, повеќе од 1.500 лица работат

во рудниците, веројатно околу 10.000 возрасни лица работат во официјалниот и неофицијалниот

сектор поврзан со секторот на рударството (една петтина од населението на планискиот регион, и

можеби повеќе од една третина од економски активното население). Рударската индустрија добива

поддршка на највисоко државно ниво. Одлуката што се донесе во Бугарија е дека Осогово ќе се

фокусира на меките сектори, како производство на овошје и голем број облици на туризам и нема да

се обиде повторно да ги отвори своите стари рудници за олово и цинк. Ќустендил се обидува да

постигне изглед на чист и здрав спа центар. Секој обид за повторно отворање на рудниците ќе се

соочи со силна јавна опозиција. Затворените рудници на бугарската страна, во најдобар случај може

да се користат како туристичка атракција. Така, во една прекугранична област се јавуваат спротивни

интереси во секторите. Ширењето на рударските дејности, што е намера на руските и индиските

компании кои работат во Македонија, не треба да им се спротивставува на помалите, но одржливи

сектори, како што се алтернативниот туризам или производството на храна. Во Осогово постојат два

вида призводствени претпријатија. Некои од нив играат улога во странски ланци за снабдување, па

затоа е многу тешко да се замисли регионална соработка и идни меѓусебни врски. Другите користат

локални ресурси и постои можност да се дополнат нивните производи и пазари преку поголема

интеграција на локално ниво, а истовремено да се создадат интегрирани прекугранични локални

ланци на вредност. Ова особено важи за прехранбената индустрија, бидејќи на само 100 км

оддалеченост се наоѓаат огромните и незаситените пазари на Софија и Скопје, и резервните

капацитети за производство во Ќустендил. Производните капацитети може да се искористат со

купување квалитетно месо од Македонија, нудејќи им добри цени на производителите, што

претставува профитабилна зделка за сите страни.

Туризам

Одржлив туризам – Осоговскиот регион има толку значајни природни ресурси, што се

доволно вредни за да се формираат неколку заштитени области. Тие се капитал од меѓународна

важност, способни да привлечат дел од пазарот на посетители, кој постојано се зголемува во

последниве години. Освен тоа, се работи за туристи кои ја почитуваат локалната средина, култура и

луѓе, и подготвени се да платат добро за богата туристичка услуга.

Page 34: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

34

Услуги за еко-туризам што може да се организираат во Осоговскиот регион се:

• програми за набљудување на дивите птици, цвеќиња, пеперутки, водоземци и влекачи итн.

• патеки за пешачење, подолги и пократки (за искусни и понеискусни посетители), добро

означени и обележани, безбедни, по можност со водичи, со неопходна инфраструктура, како

места за одмор, информативни табли итн.

• велосипедски патеки, добро означени и обележани, со дополнителни услуги за

велосипедисти.

• историски патеки (кратки, кружни, со тема) со неопходните инфраструктури и обучени

водичи/толкувачи, да се нудат во близина на места каде се сконцентрирани други туристички

услуги.

• програми за авантури, како: планинарење, сплаварење, параглајдерство итн.

• програми за еколошко образование за деца од двете земји.

• Одржлив културен туризам - услуги за културен туризам што може да се организираат во

Осоговскиот регион:

• посети со толкувачи на културни и историски места, со изработени програми за толкување и

обучени толкувачи.

• археолошки работни кампови со елементи на образование и придонес кон локалната

валоризација на наследството.

• презентации на занаети како грнчарство, ковање железо, правење кошници, ткаење итн.

• хоби-курсеви за занаети за кои постои веројатност да се зголеми интересот; на пример, без

разлика колку интересно е производството на камења што беше типично за селото Лесново,

таков курс за сечење на камен е малку веројатно дека ќе инспирира доволен број посетители

• презентации на локален фолклор со акцент на одликите што се различни од другите региони

- пеење, танцови, обреди или народни носии

• курсеви за песна и танц - особено интересни за странските посетители

• специјални туристички пакети што се базираат на традиционалниот начин на живеење како

„Патот на виното“, од сечење на грозјето до флаширање на виното, или „Патот на лебот“, од

орање на полињата до печење на лебот

• кулинарски курсеви за локални рецепти, вклучувајќи ја подготовката на зимски конзервирани

оброци (лутеница, ајвар итн.)

• туристички настани што се базираат на локалната културна програма, или нови, специјално

дизајнирани, но организирани за посетителите (не за локалното население), кои ќе се

рекламираат соодветно

Одржлив селски туризам - Под „селски“ туризам мислиме на туризмот што се заснова на

традиционалниот селски начин на живеење и во кој главна мотивација на посетителот да патува

е да научи за овој начин на живеење. Услуги за селски туризам што може да се организираат во

Осоговскиот регион:

• престој во селски пансиони за обична релаксација во чиста и мирна средина и здрава храна

• селски активности, како собирање лековити треви и печурки; собирање селско овошје и

правење мармалад; молзење на домашни животни и правење путер и сирење итн.

Одржлив здравствен туризам - Под „здравствен“ туризам подразбираме туризам што се

заснова на главната мотивација на посетителите да се релаксираат, да ја подобрат својата општа

здравствена состојба или да се излечат од некое заболување.

Услуги за здравствен туризам што може да се организираат во Осоговскиот регион:

Page 35: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

35

• пакети за бањи засновани врз богатството на минерални води.

• специјални туристички пакети за добросостојба што се засноваат врз лековитите влијанија на

планините, физичката вежба и, можеби, минералните води.

• програми за слабеење (еден од акутните проблеми на модерното урбано општество).

Други видови туризам - Според територијата, секој вид туризам може да се развие на одржлив

начин, дури и оние видови што обично се смета дека се крајно спротивни. Типичен пример е

скијачкиот туризам, за кој некој може да тврди дека едноставно не може да биде одржлив, бидејќи е

неопходно да се изменат планинските терени од нивната природна во вештачка состојба (уништена

од човекот). Вистината е дека секогаш ќе има луѓе што сакаат зимски спортови, и зимските спортови

мора некаде да се развијат. Навистина, некои вредни терени ќе мора да ја изменат својата природна

состојба, но ист е случајот и со земјоделството, патиштата и било кој друг вид на човечки развој. Има

места, вклучувајќи го и Осоговскиот регион, во кои инфраструктурата е веќе развиена до одреден

степен. Најдобриот начин да се обидеме да го направиме скијачкиот туризам што поблиску до

одржлив е:

• да ја искористиме максимално веќе постојната инфраструктура, со подобро одржување,

мали подобрувања каде што се неопходни и добар маркетинг за да обезбедиме стабилен

проток на посетители;

• да ја ограничиме потребата / користењето на машини за производство на снег, бидејќи е

штетно не само за разновидноста во регионот, туку исто така и за локалното население, кога

хемиските средства се разложуваат во изворите со вода за пиење;

• да се направи реална економска процена на потенцијалниот развој на туризмот, а не онаква

каква би ги задоволила инвеститорите;

Тоа значи да се процени реалниот број на посетители што би сакале да дојдат да ја посетат

областа за скијање, наспроти потребната инвестиција и нејзиното влијание врз локалните заедници

и нивната средина.

Култура

Регионот Осогово, како единствен планиниски венец, пошироко може да се дефинира како

заедничка единица во смисол на историско и културно наследство, со одредени варијации што

произлегуваат од минувањето на граници на одредени точки. Но, општиот проблем е, дека и покрај

тоа што е многу богат во смисол на култура и историја, тој е многу непризнат и непромовиран.

Богатото наследство не е доволно валоризирано.

Ако ги сумираме наодите тука, би го вклучувале следното:

Историја -Регионот има долга, бурна и многу интересна историја, која ниту е добро проучена,

ниту пак се пренесува и промовира. Дел од недостатоците се должат на Железната завеса,

недоволниот развој и долгата изолацијата на оваа цела гранична област во 20от век, што следеше по

период на соседски конфликти, војни и ограничувања наметнати врз локалното население од

поголемите сили на денешницата. Ова е поле каде постојат големи можности за соработка. Археологија - Регионот беше населен уште од праисториски времиња и постојат вредни

остатоци од новото камено, бакарното, бронзеното и железното доба, кои сѐ уште не се претставени.

Од посебен интерес е локалитетот Цоцев Камен во близина на селото Шопско Рударе, општина

Кратово во Македонија, со цртежи на карпи кои датираат од пред 25.000 години. Римското

наследство е најбогато во регионот, а скапоцениот камен во круната несомнено е градот Пауталиа

Page 36: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

36

(денешен Ќустендил), со Акропол на брдото Хисарлака, бројните остатоци од убави градби со

мозаици и декорации, и се разбира, вториот најголем асклепион во Римскиот свет.

Постојат и други места од таа ера што исто така заслужуваат внимание, како на пример, трите

локации во општината Кочани – Бела Црква (Оризари), Долно Градиште и Локубија (во градот Кочани)

или локалитетот Калата кај браната Калиманци, во општината Македонска Каменица. Како добар

пример за тврдините од римско време, би можеле да го спомнеме локалитетот Градиште, во близина

на селото Опила во општината Ранковце. Од огромен историски интерес е рударската традиција во

регионот, која исто така има корени во римскиот период, со евидентирани остатоци во општините

Пробиштип, Македонска Каменица и Ќустендил. Средновековното наследство е помалку застапено,

иако е доста сигурно дека областа не беше помалку населена во тоа време. Средновековниот град

Велбажд (во близина на римска Пауталиа), несомнено имаше многу важна улога во врските преку

Балканот. Црквата Св. Ѓорѓи во Ќустендил е една од најубавите примери од тој период. Во областа се

распрскани уште неколку средновековни цркви, помалку или повеќе зачувани, како оние во селото

Раждавица (општина Ќустендил) и во селото Пастух (општина Невестино).

Средновековни кули се издигнуваат во областа како белези на историјата. Такви се кулите во

градовите Кратово и Кочани, селото Чифлик (општина Делчево) и кулата Пиркова во Ќустендил.

Рударската традиција беше одржувана и развивана во средниот век, и од неа постојат траги

(вклучувајќи и топилници) во општините Македонска Каменица, Кратово и Крива Паланка. Историјата

на целата област на Македонска Каменица е тесно врзана со народот Саси, кои дојдоа од Германија и

Унгарија во средниот век и се населија тука; тие беа познати по своите рударски вештини. Знаменит

средновековен симбол од годините на отоманското владеење е Кадин Мост во селото Невестино.

Мостот не е само знак на општината и историски белег; тој е средиште на легенди и митови, како и

модерно место за настани. Архитектура - Во регионот се сочувани примероци од традиционалната архитектура од

преродбениот период, иако некои од нив, особено оние во селата, се во многу лоша состојба и

наскоро може да се загубат. Постојат места каде овие културни споменици беа одржани и

реновирани низ годините, како некои од музеите во Ќустендил или традиционалните куќи во

Кратово. Исто така, постојат специфични примероци на интересна архитектура како Дервиш Бањата и

џамијата Ахмед Бег во Ќустендил.

Религиозни места - Доцниот преродбен период беше означен со желбата на локалните

христијани да ја претстават својата вера преку конструкција на бројни цркви и манастири, од кои

голем број беа изградени на темелите на постари храмови. Највредни остатоци од религиозното

наследство се несомнено манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка и манастирот Св. Гаврил

Лесновски во селото Лесново, општина Пробиштип. Двата светци беа мошне почитувани од

локалното население, и постојат голем број легенди за нивните добри дела и достоинство.

Меѓу другите религиски места, следните се од особен интерес: манастирот Св. Пантелејмон во селото

Пантелеј, општина Кочани; таканаречениот манастир Еленец над селото Цера, општина Македонска

Каменица; црквата Св. Ѓорѓи Кратовски во Кратово; црквата Успение Богородично во Ќустендил и

многу други. Важни се, не само заради нивното место меѓу историските белези, туку тие му се драги и

на локалното население бидејќи се испреплетени со нивниот модерен живот низ многу настани,

религиозни или секуларни, кои се одржуваат тука.

Музеи - Меѓу 10-те општини во регионот на истражување, Ќустендил е несомнено град на

музеите, и покрај тоа што градот Кратово е нашироко познат како најголемиот отворен музеј во

областа. Регионалниот историски музеј на Ќустендил е важна институција и центар на историско и

етнографско знаење за Осогово и пошироката област.

Останатите пет музеи со кои раководи ја дополнуваат сликата на богатото минато и

сегашноста во регионот. Личното наследство на еден од најголемите балкански и европски уметници

Page 37: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

37

од ранот 20ти век, Владимир Димитров-Мајсторот, заслужува особено внимание. За жал, неговото

дело, уметничката галерија што го носи неговото име и неговата куќа-музеј во селото Шишковци не

го добиваат вниманието што го заслужуваат. Музеите во македонскиот дел од регионот ги вклучуваат историските музеи во Кратово, Делчево и

Крива Паланка и музејските колекции во Кочани и Пробиштип, кои имаат вредни примероци од

наследството во регионот, но за жал тешко е да се посетат, а некогаш дури и да се најдат.

Фолклор – Фолклорното наследство на областа е дел од етнографската област на Шоплук /

етносот Шопи и тесно поврзано со него. Наследството можеби не е оригинално, но интересно е и

вреди да се зачува. Вклучува разни верувања и обреди поврзани со секојдневни работи и настани од

животот (вклучувајќи раѓање, смрт, свадби итн.); специфични празници и прослави што претставуваат

шарена мешавина од христијански убедувања и стари пагански обреди (на пр., Бадник, Сурва,

Бабинден, Приклади, Тодорица, Велигден и многу други). Митовите и легендите од некои делови од

областа, неодамна беа истражени и архивирани. Меѓутоа, истото треба да се стори и во другите

делови, во спротивно голем дел од специфичното фолклорно наследство на Осогово ќе се изгуби.

Музиката и танцовите се типични за групата Шопи, но во периферијата почнуваат да се јавуваат други

етнографски влијанија, како што е малешевското влијание на југот на Делчево. Локалните носии се

веројатно најдобро зачуваните делови од наследството - сѐ уште постојат многу семејства кои ги

зачувале овие носии; музеите имаат добри колекции; и фолклорните ансамбли исто така ги

презентираат и промовираат традициите.

Културна програма - Културната програма на областа е навистина богата и разновидна. Има

фолклорни настани (фестивали, натпревари) што го промовираат локалниот фолклор, но исто така

привлекуваат учесници од други делови на Балканот. Такви се Голачките фолклорни средби во

Делчево, Меѓународниот фестивал во Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, фестивалот Балканска

черга во Шишковци, и фестивалот Струма пее во Невестино. Разни уметнички настани се дел од

големиот процент на културни настани, вклучувајќи ги ДАФ (Драмскиот аматерски фестивал) во

Кочани, Меѓународниот театарски фестивал Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, уметничките

детски колонии во Кочани, Кратово, Крива Паланка (заедно со копаничарската колонија и школото за

архитектура), Лесновски манастир. Современата музика е исто така присутна во културните настани,

со рок-фестивалот Џојфест во Крива Паланка, фестивалот на улична култура Т.С.О.К „Вистинскиот звук

на Каменица“ или јулската Бела ноќ во Пробиштип. Меѓународната академија за камерна музика во

Ќустендил исто така заслужува внимание. Дополнително, се организираат Денови на општините и на

одделни градови и села што имаат своја културна програма, вклучувајќи концерти, натпревари,

панаѓури и други весели настани за граѓаните. Речиси секоја општина има некој голем спортски

натпревар. Некои настани се многу специфични, и како такви, мора да им биде дадено особено

внимание - на пр., Фестивалот на црешата и Празникот на плодноста во Ќустендил, Свадбата во

Пијанец, Малешево што се одржува во Делчево, Невестинското поклонение на Тодорица во црквата

Св. Теодор Тирон во селото Конопница, општина Крива Паланка, Националната средба на

здруженијата на пензионери во манастирот Еленец (село Цера, општина Македонска Каменица) со

натпреварот „Бабина баница“. Таков натпревар исто така се одржува и во Пробиштип.

Традиционален начин на живеење - Многу традиционални локални практики на живеење се

изгубија со минувањето на времето, но исто така, многу се зачуваа. Ова особено важи за локалната

кујна која е превкусна, атрактивна и ги надминува сите локални производи.

Page 38: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

38

4. ПОТЕНЦИЈАЛОТ ДА СЕ ПРОМОВИРА ИСТРАЖУВАЊЕТО, СЛЕДЕЊЕТО, ЕДУКАЦИЈАТА И

ОБУКАТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Географската локација на осоговскиот регион, иако сериозна препрека, во не толку далечниот

период на Железната завеса, е доста голем капитал во модерниот свет на нациите што се

обединуваат. Регионот е лесно пристапен од сите страни; има предност што обединува две земји и е

особено блиску до главните градови на двете земји, со аспект на најголемите домашни пазари и

влезовите за странски пазари преку меѓународните аеродроми во Софија и Скопје. Досега,

Осоговските Планини овозможуваа услови за успешна имплементација на еколошка обука и

едукација. Тие привлекоа професионални лица и студенти од домените на биодиверзитетот, но исто

така и ентузијасти и љубители на природата. Потенцијалот во овој правец не е искористен на никаков

начин. Во поширокиот регион се основаа оддели на двата универзитети (огранок на скопскиот

универзитет во Пробиштип, Универзитетот Гоце Делчев во Штип), и растојанието до скопскиот

универзитет не е премногу големо. Во општините во близина на Осоговските Планини на

македонската страна, постојат седум средни и 15 основни училишта. Се градат информативни и

образовни центри во селата Сталковица (Пробиштип) и Јастребник (Кочани).

Шумарство

Со правилно користење на потенцијалите и подобрување на практиките за управување

соодветни на функциите и вредностите на шумата, како и со воспоставување на концептот за

одржливо управување со шумите што ги следи принципите за заштита на биодиверзитетот и нивно

одржливо користење кои ја дефинираат врската меѓу заштитата, одржливото користење на

природни ресурси и одржливиот човечки развој, поставени со УНЦБД - „Конвенција за биолошки

диверзитет на ОН“ (1992), ќе се даде значаен придонес кон исполнувањето на критериумите за

формирање биосферен резерват во регионот на Осоговските Планини. Меѓутоа, за да се постигнат

овие цели, неопходни се истражувања и обука на сите релевантни фактори со цел да се управува со

ресурсите во областа. Едукацијата и воведувањето на високи природни вредности достапни во

областа треба да бидат основа за нивно препознавање, заштита и идна промоција. Воведувањето на

принципите за одржлив развој може да се постигне само со користење на сите потенцијали,

насочувајќи ги кон вредностите и придобивките што го дозволуваат концептот на биосферен

резерват.

Флора

Неизбежно треба да се планира и оствари едукација на локалните жители за значајноста на

водните екосистеми и биота. Иако истражувањето на разновидноста на габите во осоговскиот регион

беше недоволно, тоа сепак дава доволно податоци за да се направат некои препораки во корист на

заштитата и одржливото користење на видовите габи во Осоговските Планини. Бидејќи забележавме

дека празнината во знаењето може да биде причина за многу други закани за разновидноста на

габите, препорачуваме да се направи еден инвентар на видовите габи и ресурсите, бидејќи тоа е

неопходна основа за нивното правилно управување и заштита. Некои важни активности треба да се

фокусираат особено на:

• набројување на видовите габи во важните живеалишта

• вршење постојано набљудување на продуктивноста на економски важните габи во клучните

живеалишта. Ова ќе помогне да се подобри вредноста на екосистемските услуги што може да се

добијат од габите, како и одржливо користење на габите како еден од природните ресурси.

• следење на заштитата на важни габи со препораки за заштита на живеалиштата што се важни за

разновидноста на габите, како клучен фактор за заштитата на биодиверзитетот и природните

Page 39: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

39

ресурси. Габите се особено чувствителни на промените во живеалиштето и тоа е една од

главните закани за нивната заштита. Во овој смисол, следните мерки се особено препорачливи:

o Строга сообразност со ограничувањата наведени во Натура 2000 „BG0001011 Осогово“ за

живеалиштата 9110, 9130, 9150, 91W0

o Ограничување на сечењето дрва

o Користење на добри практики во шумарските активности, на пр. да се ограничи и избегне

изобличувањето на слоевите земја кога се вршат активности, да се избегне навлегувањето на

тешка опрема во шумата; да се изврши претворање на еднолични во различни насади.

o Во шумата треба да се остави доволно количество различни варијанти на дрва. Ова

обезбедува да постојат видови на непаразитски габи што предизвикуваат гниење на дрвата.

o Да се ограничи садењето на: неавтохтони видови во планините, видови несоодветни за

висинските појаси и да се ограничи постепената замена за постојните растенија со

неавтохтони видови.

o Едукацијата како пристап што ќе овозможи заштита на разновидноста на габите и ресурсите

преку развој и имплементација на специјални програми за обука.

Што се однесува до заштитата на живеалиштата, неопходно е да се направи студија за

потенцијалните закани што произлегуваат од користењето на боровинките и останатите лековити

билки. Постои недостаток на знаење за значајноста на овој вид закани за флората и останатите

видови во овие живеалишта на Осоговската Планина. Од друга страна, не е практично и соодветно да

се забрани собирањето боровинки, бидејќи тоа е една важна економска активност за локалното

население и неговата забрана може да предизвика сериозен конфликт. Мора да се воведе одржливо

управување, но за тоа е потребно знаење. Помалку се знае за останатите видови од економска

важност, како лековитите билки. Следењето на нивното собирање е уште полошо од забраната за

собирање боровинки.

Дополнително, имплементацијата на директивите за заштита на Осоговските Планини од

македонската страна, предложени во студијата за заштита на Осогово направена од Македонското

еколошко друштво во текот на минатите 7 години, мора да стане приоритет. Важно е да се

имплементира одржливо користење на брдата и планинските пасишта за одгледување на добиток.

Ова е комплексна активност што вклучува многу засегнати страни, нешто што е тешко да се постигне,

но важно а за одржување на живеалиштата во тревните области.

Фауна

Постои потенцијал за изучување и образование на населението за различните групи фауна,

од кои најатрактивни се 'рбетниците и пеперутките. Постои недостаток на знаења за сите групи

фауна, во однос на процена на индексите на разновидност, густина и големина на населенијата,

користење на просторот и заштита (вклучувајќи образовни активности). Сигурно се очекува еден број

на неопишани видови. Почетните активности за следење треба да се фокусираат на областите во

јадрото, следејќи ја состојбата на населението на приоритетните видови, како унгулати, лилјаци,

некои големи месојадци, грабливи птици итн. Ова следење, во почетокот треба да се заснова на

концептот на граѓанско знаење, а постепено да се развива длабоко знаење со особено

заинтересирани учесници и за приоритетни таксони. Студентите на информатички инженеринг може

да се вклучат во образовни и истражувачки проекти преку развивање и создавање бази на податоци

и апликации за паметни телефони, кои ќе им бидат од корист на управниците на локации. Ќе треба

да се направат инвестиции во теренска опрема, и да се договорат условите за нивното користење со

учесниците во образовните програми и програмите за следење. Некои делови од оваа опрема ќе

Page 40: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

40

бидат поскапи (детектори за лилјаци, телескопи, микроскопи и стерео-микроскопи), а другите

подостапни (ГПС-апарати или апарати за нивна замена како паметни телефони со ГПС антени,

таблети, двогледи, фотографски камери). Ќе треба да се обезбеди соодветен простор за складирање

на некои од материјалите (хербариум, инсектариум), но примероците ќе треба да се собираат само

откако ќе се изврши координација и договор со управникот (иците) на локацијата, и согласно со

Законот за природата и Законот за биоразновидноста. Ќе треба да се утврдат протоколи со

истражувачките институции (факултети, музеи) за пренос и изучување на собраните материјали,

секогаш кога ќе има потреба од знаење на надворешни експерти. Треба да се земе предвид изградба

на регионални и културни музеи. Образованието, истражувањето и долгорочноти следење

претставуваат врска што промовира една повторлива и образовна интеракција меѓу политиката и

праксата. Затоа, постои потреба од иницијативи за истражување и создавање на средини за

истражување и како тие ги исполнуваат потребите за управување со биосферниот резерват.

Социјални

Социолошките истражувања меѓу испитаниците од Осоговскиот регион покажаа дека, покрај

веќе тековните долгорочни прекугранични програми за соработка што се изведуваат во двете земји,

сепак постои потреба за размена на искуства и обука на експертско ниво за да се оди кон одржлив

развој на регионот. За време на истражувањето, поголемиот дел од интервјуираните лица

коментираа за можностите за обука на луѓето и размена на добри практики во прекуграничната

област како алатка за постигнување локален и регионален одржлив развој. Примерите за таква обука

беа поврзани со соработката во следните сектори: туризам, развој на преработувачката индустрија,

развој на мали и средни претпријатија. Тие исто така ја истакнаа потребата за еколошко образование,

кое ќе даде одговори поврзани со зголемените можности на регионот назначен како поголема

заштитена територија.

Економија

Пресудно е да се загарантира вклученоста на локалното население и да се вклучат клучните

засегнати страни како сојузници во процесот на имплементација. Треба да се очекува лобирање

против биосферниот резерват од некои органи на власта и веројатно од некои силни локални

претприемачи. Пристапот од долу нагоре треба да се дополни со категорична поддршка од

централната власт и да се предвиди доста образовна работа со локалното население. Со други

зборови, учеството на локалното население треба да се совпаѓа со надворешната поддршка. И на

крај, но не помалку важно е дека различниот просторен развој во бугарскиот и македонскиот дел на

Осоговскиот регион може да биде од голем научен интерес, бидејќи еден заеднички географски

капитал под два различни системи на управување разви видливи и новонастанати одлики.

Историјата на Осогово овозможува суштинска студија на политичките влијанија врз развојот на

просторниот и економскиот сектор.

Туризам

Пределот на Осоговските Планини можеби не е уникатен за Балканот, но има доволно

интересни одлики што може да се искористат како туристички ресурс - постојат седум видови

предели што може да се претстават лесно и атрактивно. Самата планина и пошироката област на

блиските општини се дом на некои многу специфични места што може да послужат како средиште

на туристичкиот интерес. Климата во Осоговскиот регион не е помалку или повеќе поволна од кои

било други планиниски делови на Балканот. Овозможува доволно добри услови за развој на какви

било видови туризам. Водните ресурси во регионот овозможуваат потенцијал за развој на разни

Page 41: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

41

видови туристички услуги, вклучувајќи водни спортови, риболов, бањи и едноставното задоволство

што го нуди рекреацијата. Растителните видови во Осогово, како туристички ресурс, имаат голем

степен на привлечност кој може да служи како основа за определување на современи туристички

услуги и производи. Исто така, Осоговската област има голем потенцијал да развие туристички

производи врз основа на разновидноста и вредностите на животинските видови. Има привлечни

видови што се од општ интерес, не само за набљудувачите на птици или други клиенти со посебни

интереси, но и за општата публика.

Заштитените природни територии се знак дека одредено место има нешто вредно, значи има нешто

интересно да понуди. Тие често се средиште на современиот туризам. Поширокиот Осоговски

регион има добар потенцијал да развие производи и услуги поврзани со неговите заштитени области

и локации. Осоговскиот регион е богат со археолошки и религиозни локации од различни историски

периоди,а некои од нив имаат особена вредност. Знаменитите локации и локациите соодветни за

туристички посети се доста квалитетни и бројни за да се обликува опсежен туристички производ.

Мрежата на музеи во регионот можеби не е доволно развиена, но постојат музеи од вистински

интерес и потенцијал. Треба да спомнеме дека градот Ќустендил е единствен исклучок од општата

слика, бидејќи има еден од најдобрите музејски мрежи во Бугарија за град со средна големина.

Фолклорното наследство на Осоговскиот регион е богато и разновидно и доволно зачувано како

туристички ресурс, но треба да се искористи многу внимателно кога се организираат пакети со

туристички услуги за да се развие производ што може да се рекламира. Културниот календар на

Осогово е не само доста добро утврден, полн со традиционални и познати настани, туку и

разновиден во однос на видовите настани - фолклор, модерна музика, уметности, спортови итн.

Регионот има многу традиционални практики што може да се искористат како туристички ресурс,

особено оние поврзани со производството на храна и пијалоци, како и земјоделството и

одгледувањето на добиток. Локалната кујна исто така има некои специфични одлики што може да

создадат маркетиншки предности. Состојбата на општата јавна инфраструктура во Осоговскиот

регион не претставува ограничување за развојот на туризмот. Снабдувањето со струја, вода и

комуникации е обезбедено; канализацијата е достапна најмалку во општинските центри. Патната

мрежа е добро развиена, но потребно е подобро одржување. Основните туристички услуги

(сместување и угостителство) во Осоговскиот регионот се доволни во моментов, ако се земе предвид

дека ниту постојните не се употребуваат доволно. Бројот на постојни патеки на територијата на

Осогово е доста добар, и за пешачење и за велосипедизам. Тие поврзуваат интересни локации и

места, природни и историски, но потребно е да се подобри управувањето и организацијата на

патеките. Исто така, постои доволен локален капацитет да се започне организиран и структуриран

развој на Осоговскиот регион како туристичка дестинација, и покрај негативните демографски

тенденции што ги почувствува регионот во минатите децении. Навистина, во моментов, до некој

степен постои недостиг на искуство, знаење и вештини, но со високо ниво на мотивација и

здружување, може да се постигнат добри резултати.

Статистичките информации за проток на посетители се многу оскудни, но сликата на

глобалниот пазар покажува дека: (а) туризмот низ светот расте и Европа има голем дел од него, и (б)

земајќи ги предвид тенденциите во развојот на пазари, Осогово е на добра позиција да се избори за

свој дел од пазарот. Се разбира, барем на почетокот тој ќе биде мал, но во споредба со

моменталната ситуација, каков било развој ќе претставува подобрување. Меѓутоа, одржливиот

развој бара повеќе време и постојани напори бидејќи по правило се работи за развој од долу кон

горе, и промената во однесувањето на локалното население е најспората можна промена.

Page 42: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

42

5. ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ

Најголемата придобивка што може да ја даде биосферниот резерват е да помогне во

комуникацијата, координацијата и носењето одлуки меѓу еден збир од разновидни заинтересирани

страни. Она што го прави биосферниот резерват да се разликува од многу други модели на

заштитени области е договорот за кооперативно и инклузивно управување. Информациите за

институционалната организација, релевантните засегнати страни, како и релевантните проекти и

интервенции се дадени во ПРИЛОГ 1.

5.1. Свест за концептот на биосферен резерват

Шумарство

Концептот на биосферен резерват, и покрај тоа што има широк опсег придобивки, сѐ уште не

е доволно разбран од општата публика и засегнатите страни во областа. Голем дел од важните

природни ресурси во некои делови се користат на доста интензивен начин. Публиката и засегнатите

страни сѐ уште немаат доволно сознание за придобивките и ограничувањата со кои ќе се соочат во

спроведувањето на биосферниот резерват. Заради тоа, свеста за развојот и имплементацијата на

концептот на биосферен резерват во областа на Осоговските Планини е многу мала. Затоа, потребни

се правилно образование и промоција за вредностите и придобивките, за да може да се овозможи

развојот на биосферен резерват во целата област.

Социјални

Претставниците на локалното население и административните структури може да го

толкуваат назначувањето на Осогово како биосферен резерват на два различни начини: Експертите

од општинските администрации што беа интервјуирани, коментираа за пречките што ќе произлезат

од назначувањето на Осогово за биосферен резерват, што согласно со нив, директно ќе влијаат врз

економскиот развој. На македонската страна постојат многу законодавни ограничувања што

локалните администрации тешко би можеле да ги надминат. Од друга страна, на луѓето им се

непознати можностите што може да ги создаде еден потенцијален биосферен резерват. Опциите за

финансирање на локалниот економски развој преку проекти чија цел се локалните заедници и се

засноваат на симбиоза меѓу луѓето и природата не се гледаат на локално ниво. Резултатите

покажуваат дека за да се постигне таков предлог од големи размери и да се примени, потребни се

обиди од долу кон горе низ целиот социјален систем. Одговорите на независните испитаници кои

искажаа лични мислења се целосно позитивни и поврзани со потребата за заедничка канцеларија

што би работела за заедничкиот развој на Осоговскиот регион.

Испитаниците одушевено ја поддржаа идејата и одговорите на прашањето „каков би требало да

биде обликот на постоење на таква заедничка структура“ беше вметнат во два главни аспекти:

• да постојат канцеларии на границата кои би работеле заеднички за заеднички економски развој

на регионот;

• да постои една заедничка канцеларија со бугарски и македонски експерти кои би развиле и

имплементирале заеднички проекти за Осоговскиот регион.

Како добар пример за здружена работна структура, испитаниците го наведоа Заедничкиот технички

секретаријат на прекуграничната програма на ИПА за Бугарија и Македонија.

Економија

Постојат голем број примери за „биосферен резерват на хартија“, според кованицата

создадена од самите експерти на УНЕСКО. Биосферниот резерват, не претставува предизвик само за

Page 43: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

43

неодржливите економски активности, туку, исто така и за стариот пристап кон зоните со висок

биодиверзитет. Наместо да ја наметнува неопходноста за заштита преку контрола и санкции што

доаѓаат од надвор и од горе, биосферниот резерват се потпира на свеста и самоинтересот на

локалното население. Сите бројни биосферни резервати во планините во Бугарија беа дизајнирани

пред стратегијата од Севилја. Не постојат многу опипливи примери за еколошки свесна самоуправа

во Бугарија и Македонија, и покрај тоа што во октомври 2014, беше прогласен прекуграничниот

биосферен резерват Охрид-Преспа на територија поголема дури и од Осогово (4.462 м2 со население

од 455 илјади луѓе, 23 општини во Бугарија и 6 во Македонија).

6. ЗАКОНСКА РАМКА И РЕСУРСИ

Поглавјето Стекнување на меѓународен статус на заштита од Законот на заштита на природата

(„Службен весник на РМ“ бр. 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/10, 47/11, 148/11, 59 / 12 13/13, 163/13,

41/14 и 146/15) обезбедува законска рамка за воспоставување на биосферен резерват во земјата.

Согласно Член 91, став (1) од овој Закон, „Заштитеното подрачје или природна реткост може да биде

номинирано за стекнување меѓународно признат статус на природно наследство согласно

меѓународните договори ратификувани од Република Македонија“. Согласно став (2) од истиот член

„одлуката за номинација во смисол на ставот (1) на овој член, ќе ја донесе Владата на Република

Македонија, по предлог на Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за

вршење на работите од областа на заштитата на природата, а по претходно прибавено мислење на

Националниот совет за заштита на природата.

Сите информации (закони, регулативи, заштитени области) што се однесуваат на законската рамка се

дадени во Прилог 2.

6.1. Потенцијални извори на финансиски, материјални и човечки ресурси

Околу 50% (52.000) од вкупното население на 8-те македонски општини живеат во

Осоговските Планини, а околу 23% од него е селско. Во бугарскиот дел многу мал процент од

населението живее на планината и се работи за селско население. Процентот на невработеност е

доста висок, особено надвор од градовите.

За жал, тековните тенденции се особено неповолни - голема стапка на депопулација; иселување на

младите луѓе и стареење на населението како резултат од тоа; замирање на села (особено на

планинските); губење на средства за живот и традиции; високо ниво на невработеност и низок

стандард на живеење. Ова го прави наоѓањето на човечки ресурси за развој на туризмот во

Осоговскиот регион доста несигурно, особено заради фактот што единствената специјализирана

образовна институција што би можела да обучи професионалци е Високата туристичка школа во

Ќустендил.

Општините имаат свои сопствени големи проекти за инвестиции, особено од полето на скијачкиот

туризам. На пример, во следните 30 години се предвидуваат инвестиции во висина од 20.000.000

евра за проширување на опремата за правење снег на Пониква. Општината Крива Паланка исто така

има намера да ја прошири инфраструктурата за скијање со други одморалишта во Калин Камен и

Царев Врв, со 30.000 евра инвестирани само во подготовка на техничката документација за барање

финансиски ресурси од странски фондови. Многу е важно да се спомне дека проширувањето на

зимската туристичка инфраструктура нема да има како резултат зголемување на притисокот врз

природните ресурси до неприфатливи нивоа. Плановите за развој на Ќустендил ги подвлекуваат

можностите за рекреациски, лековит и спа туризам, благодарение на природните лековити одлики

Page 44: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

44

на топлите минерални извори во градот, познати уште од античките времиња. Намерите на

општинските администрации се владата/ите и/или разните институции за финансирање (ЕУ, СДЦ,

Светската Банка итн.) да обезбедат фондови.

Добивката што се остварува од туризмот во овој момент е нееднаква меѓу македонската и

бугарската страна, и меѓу различните видови туризам. На пример, ловниот туризам се практикува

долго на двете страни, но не е многу профитабилен. Ловното подрачје на македонската страна се

состои од 1.000 ха. Според Шумското претпријатие „Осогово“ со седиште во Ќустендил, годишниот

профит од ловните активности во областа е околу 50.000 БГН. Ловот создава специфични работни

места и има потреба од значајни ресурси за да се одржат населенијата на видовите за лов. Ловните

подрачја може да се вклучат со примена на туристички модел со големи цицачи поврзани со

биосферниот резерват. Потенцијалот на риболовот, поизобилен во Македонија, потребно е да се

испита понатамошно, но според локалното население, езерото Калиманци, најголемиот воден басен

во регионот, како и Каменичка Река и Брегалница, се изложени на постојано загадување од

рударските активности. Освен тоа, има постојан прилив на религиозни туристи што го почитуваат

Осогово како засолниште на испосници. Според македонскиот печат, посетителите што за време на

празникот го посетија манастирот Св. Јоаким Осоговски во 2014 ја достигнаа бројката од 25.000. Друг

важен религиски центар во Осогово е манастирот Св. Гаврил Лесновски. Од друга страна, Ќустендил,

како центар на областа, дава основно ниво на банкарски, комуникациски, трговски,

административни, образовни, здравствени и други видови услуги. Сепак, туризмот е најважна гранка

од терцијарниот сектор таму, со 5,6 милиони евра нето приходи од хотели и ресторани во 2012, од

кои повеќе од 1 милион евра од преноќувања. Бројот на вработените во туризмот во Ќустендил е 766

лица, а во секторот има 239 претпријатија. Нето финансиските резултати од туристички активности во

Ќустендил се чини дека се негативни; профитабилните претпријатија прикажуваат 760.000 БГН нето

добивка, а непрофитабилните имаат 1.800.000 БГН загуба. Во македонскиот дел постојат 7

претпријатија што работат во секторот на финансиски и осигурувачки услуги и 13 во секторот на

недвижности, повеќето од нив во Кочани. За споредба, во Ќустендил секторот на недвижнини е

застапен со повеќе од 60 претпријатија, но вкупниот број на 120 вработени лица, зборува дека

повеќето од нив се малечки претпријатија што склучуваат случајни зделки. Општинските економски

пресметки на Ќустендил покажуваат дека недвижностите се уште еден сектор што е во загуба освен

хотелите и рестораните, со речиси 1 милион БГН нето загуба. Градежништвото кое органски му

припаѓа на секундарниот сектор е тесно врзано со кризата на пазарот на недвижнини. Со повеќе од 6

милиони евра загуба само во 2012, барем неколку од 90-те градежни претпријатија со вкупно 850

вработени може да пропаднат. Транспортот, логистиката и здравствените услуги во Ќустендил

покажуваат многу подобри резултати од градежништвото, со 630 лица вработени во секоја

индустрија и 1,6-1,8 милиони БГН пријавена нето добивка. Треба да се подвлече дека човечкиот

потенцијал во јадрото на Осоговскиот регион се намалува брзо. Една македонска процена тврди дека

половина од селското население во Осогово ќе исчезне во блиска иднина ако не се преземат мерки.

Во општината Невестино во Бугарија нема невработеност на млади, едноставно бидејќи таму нема

млади луѓе. Новите можности за вработување во Кочани привлекуваат население, но тоа се случува

на товар на блиските села кои се изложени на понатамошна депопулација. Дури и во општината

Кочани стапката на смртност сега ја надминува стапката на раѓања и природниот пораст е негативен.

Долгорочно, ова може исто така да ѝ се закани на достапноста на работна сила за екстензивно

сточарско производство во македонскиот дел на Осогово. Пасењето овци или растењето зеленчук, на

пример компири, бара напорна работа, но често носи мали приходи. Кога се споредува

демографското намалување во Ќустендил со истовременото зголемување на стапките на

невработеност по 2009, може да се заклучи дека тековните услови на пазарниот пазар се навистина

тешки. Но, покрај високата стапка на невработеност, сѐ уште е тешко да се најдат работници со

Page 45: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

45

соодветни квалификации. Во некои делови, нивото на образование на локалното население е доста

ниско. Пописот во 2002 откри дека во општината Пробиштип само 4,6% од населението има

универзитетско образование, што е под процентот на луѓе без образование. А во Ранковце, бројот на

луѓе кои воопшто не оделе во училиште е десет пати повисок од бројот на луѓе со високо

образование (503 наспроти 36). Локален еколошки акциски план, стр. 29). Кога зборуваме за општи

деловни услови за активности создадени во рамките на еден биосферен резерват, вообичаените

должности во некоја точка може да го отежнат интегрираното производство, на пример

преработката на храна. За да се обезбедат заеднички услуги, полесно е вредноста да се пренесе

преку граници. Последно, но исто така важно е дека сообразноста со европските стандарди може да

биде предизвик за македонските претпријатија, не само во рударството, туку и во производството на

млеко и храна.

7. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

Земјоделство

Врз основа на искуството од земјоделското производство во Осоговскиот регион, може да се

заклучи дека постои постојано население со сточарско производство како основна активност, кое

нуди свежо млеко и животни за колење на пазарот, како и традиционални млечни производи

произведени во екстензивни услови. Но, за да се задржат придобивките од такви производни

системи и нивната оперативна одржливост за рурален развој, не е доволно да се произведува како

во „старите времиња“. Фармерите треба да се обучат за дополнителни практики со кои ќе продолжат

да ја чуваат автентичноста на производството, но кои ќе водат кон подобрување на хигиенско-

санитарните услови и поголема одговорност кон средината. Така, блискоста на областа означена

како биосферен резерват, покрај некои придобивки за локалното население, бара голема

одговорност од фармерите во однос на примената на одредени процеси и постапки означени како

Кодекс за добра земјоделска пракса (ДЗП). Затоа, идните активности треба да се насочат кон

создавање центри за обука за ДЗП, кои ќе им бидат достапни на фармерите преку соодветни пакети

за советување за различни видови земјоделско производство. За производството на култури,

евидентно е дека главната одлика на интензивното земјоделско производство е големо вложување

во хемиски средства, енергија и користење на комерцијални и еднакви сорти и хибриди. Тоа често

води кон зголемена униформност на производи и земјоделски практики. Проблемите што

произлегуваат од интензивните практики на управување се деградација на почвата, ерозија,

загадување на водните ресурси и губење на природни живеалишта заради проширување на

земјоделската земја. Монокултурите и користењето модерни сорти имаат негативно влијание врз

агробиодиверзитетот.

Во селските области, силната врска меѓу традиционалното земјоделство и

агробиодиверзитетот е сѐ уште евидентна, и придонесува за традиционални земјоделски предели.

Меѓутоа, депопулацијата и стареењето на заедниците, воведувањето на машинерија и користење на

плодна земја за други намени, претставуваат сериозна закана за одржувањето на локалните

адаптирани култури. Традиционалното земјоделство се практикува примарно од постарите и лошо

образованите фармери во тешки временски и социоекономски услови. За повеќето од нив, не е

намерен избор, туку потреба да се преживее. Производството е главно за нивна потрошувачка и за

нивните семејства што живеат во градовите. Некои од нив го продаваат вишокот производи на

локалните пазари, но овој приход не е висок и одржлив. Иако Владата поддржува култивација и

заштита на локални сорти, многу малку фармери покажуваат интерес да примаат субвенции за оваа

намена. Поголемиот дел од фармерите се потпираат само на своето практично искуство и традиција,

Page 46: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

46

и не се доволно свесни за вредноста на давањето екосистемски услуги. Планинските екосистеми со

пасишта богати со видови што се одржуваат со традиционално овчарско пасење се исто така под

закана од ширењето на модерните сточни фарми. Во ваква ситуација, треба веднаш да се

имплементираат организирани мерки за заштита, промоција и одржливо користење на

агробиодиверзитетот.

Затоа, главните заклучоци може да се сумираат како што следи:

• Освен производството на култури, добитокот е основна активност во испитаните домаќинства и

претставува екстензивен систем со традиционални одлики.

• Фармите се мешани, обично со говеда и овци, потоа овци и кози, но постојат и специјализирани

фарми со овци и говеда. Меѓу највообичаените се фарми со 100-200 овци и фарми со 5-20 говеда,

иако повообичаени фарми со говеда (> 700) се оние со 1-5 говеда.

• Независно од видот на добиток (овци, кози или крави), со неколку исклучоци, фармерите нудат

свежо млеко за обработка и гоени животни (јагниња, телиња, прасиња). Освен свежо млеко,

некои фармери нудат млечни производи (сирење и потсирено млеко), но само неколку од нив

нудат шталско ѓубриво.

• Просечната големина на вложувања во сопствеништво или користење на првата група села (<700)

е 1-5 ха, најмногу од 3-5-та класа. Во втората група испитаници (> 700), поголемиот дел од

домаќинствата имаат од 5-10 ха земја, од кои две третини се рангираат над петтата класа.

• Фармите се одликуваа со добра инфраструктура (пат, водоснабдување, струја) и соодветна

оддалеченост од постројките за преработка и ветеринарните установи. Поседувањето

машинерија (трактор со дополнителни апарати) за култивација на земјата и другите земјоделски

активности е задоволувачка. 90% од групата села <700 имаат трактор.

• Дел од одговорот на прашањето за влијанието на земјоделските активности на средината, како

загадување на средината, правење компост и ГМО, покажуваат недостаток на информации за

фармерите. Некои од нив се свесни за заканата од прекумерно користење вештачко ѓубриво

(иако 81% од нив користат вештачко ѓубриво), потоа поместување на вегетацијата заради

сточарски активности (во случај на недоволно користење на пасишта), но со пасивно однесување

кон оваа појава. Сето тоа укажува дека имаат мало познавање на ДЗП (Добра земјоделска

пракса).

Шумарство

За формирање на биосферен резерват, исто така неизбежно се јавува прашањето за

одржливо користење на шумските ресурси што треба да се управуваат согласно принципите за

одржлив развој со соодветно почитување на еколошките, социјалните и економските аспекти на

шумските ресурси. Шумите, шумските ресурси и начините на нивното управување и користење се

основен предуслов за исполнување на критериумите во областа на Осоговските Планини како

биосферен резерват. Затоа, управувањето со шумите треба да се насочи кон практики што нема да

пречат на функцијата на екосистемите. За оваа цел, за сите видови шуми согласно нивните проценети

вредности, треба да се планираат соодветни практики што ќе обезбедат одржлив развој на секој

екосистем и нема да создадат промена и закани за видовите и живеалиштата. Во шумските области

што имаат глобална, регионална или национална важност или вредност за заштита на

биодиверзитетот (ендемични видови, загрозени видови и видови на живеалишта), неопходно е да се

забранат комерцијални активности. Вниманието и активностите во овие области треба да бидат

насочени кон одржувањето и заштитата на видовите, како и на научни, деловни и образовни

активности. Таквите области може да се користат како природна основа за заштита на автохтоните

видови и собирање семиња за нивно заживување, каде истовремено, не е дозволена деградација на

Page 47: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

47

природната средина на местото во кое растат, како и користење на хемиски средства. Овие области

треба да се заштитат од воведување и инвазија на туѓи/алохтони видови.

Исто така, треба да се приспособат шумските практики на ретките видови животни, на начин

на кој нема да се наруши нивното живеалиште и начинот на живеење и размножување. За да имаат

ненарушен развој во внатрешноста и околу нивните домови, не треба да се планираат и вршат

комерцијални ловни инфраструктурни и градежни активности, и треба да се ограничат туристичките

активности и собирањето шумски плодови. Освен овие видови, неопходно е да се внимава и на

заштитата на живеалиштата на другите видови кои се поврзани со шумските екосистеми и имаат

големо значење за заштитата на биодиверзитетот. Од особена важност за заштитата на шумскиот

биодиверзитет е заштитата на шумските територии каде се среќаваат ретки или загрозени

екосистеми во опасност од исчезнување. Ова вклучува стари шуми (прашуми), кои согласно нивната

старосна структура и високиот степен на природност претставуваат живеалиште на многу видови со

специфични еколошки одлики. Овие видови шуми се особено интересни за научно истражување и

заштита на биодиверзитетот. Затоа, неопходно е да се заштити нивниот природен облик и да се

испита за да се зачува нивната природност. Овие видови шуми треба да се следат и да се вклучат во

заштитените области. Шумските области што имаат важни природни одлики, како заштита на

видните ресурси, контрола на ерозија итн., треба да се издвојат, и согласно нивната намена и

функција, во нив да се воведат принципи на одржливо управување и користење. Планирањето и

извршувањето на шумски практики во овие области треба да одговара на нивната функција и

препорачливо е во овој вид шуми да не се спроведат мерки за управување со шуми. Во случаи кога

се настојува на имплементација на шумски активности, тие треба да бидат во склад со природната

динамика и процесите за обновување на ваквиот вид шуми, и да се примени на начин со кој ќе се

задржи природната групна структура на насадот. Шумите имаат антиерозивна важност, т.е. оние со

агол на накосеност над 30° и шумите создадени за антиерозивна заштита, заштита на населби и други

инфраструктурни постројки, треба да се управуваат на начин со кој ќе се овозможи нивна промоција

и зголемување на нивната заштитна функција. Дополнително, пожарите се огромна закана за

шумските екосистеми и за заштитата на вкупниот биодиверзитет. Затоа, мерките за одржливо

управување би требало да им помогнат на шумите да имаат заштитна функција против пожарите.

Во мерките за управување со шуми треба да се земат предвид следните:

• да не се дозволува фрагментација на овие шуми. Шумите со различни видови дрвја или

шумите со гола сеча се лесно подложни на пожар, бидејќу се повеќе покриени со трева и

грмушки.во листопадни шуми со лесен пристап, да се зачува и одржи составот на

листопадните шуми. Да не се дозволи намалување на потполноста под 0,7 на површината. За

време на обновувањето, расадите ги користат системите за размножување што го

поддржуваат создавањето на групни структури.

• при отсуство на слични зони, да се планира развој на тампон-зони за огноотпорни видови

дрвја со соодветни шеми на пошумување.

• да се развие план за борба против пожарите, кои вклучуваат стандардни работни

противпожарни постапки и обука на персонал согласно шумското законодавство во земјата.

• Шумските области и шуми меѓу другото имаат и огромна важност за потребите на локалното

население. Затоа, тие треба да се управуваат како природен ресурс на одржлив начин за да се

постигне долгорочно исполнување на овие функции. Треба да се следат следните препораки:

o заради зависноста на локалното население од огревно дрво, во иднина е неопходно

негово систематско производство;

Page 48: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

48

o да се искористат можностите за дополнителни приходи од наплата на соодветни

тарифни броеви за користење на недрвени шумски производи и вршење туристички

дејности во пошумена област;

o да не се врши проретчување и реконструкција за замена за природната шумска

вегетација;

o да не се врши повторно пошумување со нетипични и неавтохтони видови;

o мерките треба да се изведат рамномерно преку целата површина на шумските

економски единици.

Особено внимание треба да им се придаде на заштитата и по можност на подобрувањето на

естетската и заштитната функција на шумите (заштита на стоечки и лежечки мртви дрва, живи

самостојни дрвја и групи со интересни одлики, шупливи дрвја, стари дрвја итн.). За време на

туристичките сезони и периоди на густа посета на планината, во регионите каде посетителите

пешачат, неопходно е да се избегнуваат комерцијални шумски активности (сечење дрвја,

снабдување, извоз итн.). Тоа може да ги доведе во опасност самите посетители.

Социјални

Главните регистрирани проблеми во Осоговскиот прекуграничен регион се поврзани со

лошиот економски развој (81% од испитаниците); иселувањето на младите луѓе (78%); недостигот од

инвестиции во областа (54%) следен со лоша инфраструктура, недостаток на промоција и

специјализирана туристичка структура, вклучувајќи места за престој. Надминувањето на проблемот

со иселувањето е можно преку добро планиран економски развој на регионот, сообразен со

достапните ресурси. Ова ќе го обезбеди развојот на секоја единична општина и ќе им обезбеди

можности на младите луѓе. Формирањето на ООсоговскиот регион како биосферен резерват ќе им

даде на младите луѓе можности за деловни иницијативи, кои ќе им дозволат да останат и да работат

во своите родни места.

Економија

Биосферните резервати под закрила на УНЕСКО се докажани работни рамки кои гарантираат

одржлив развој, па доследно, пораст на стандардот на живеење и заштита на природните ресурси.

Во овој смисол, тие се еден многу сакан резултат за долгогодишните обиди на бугарските и

македонските експерти да го оценат и заштитат наследството на Осоговските Планини. Оваа анализа

откри девет основни пречки за создавање биосферен резерват во овој селски регион, но ниедна од

нив не е несовладлива. Напротив, биосферниот резерват дава одговор на сите од наброените

економски и политички проблеми во Осогово: зголемување на приходи, нудење работа,

премостување на недовербата меѓу земјите, подобрување на инфраструктурата, избегнување на

локалната корупција и дејствување како демократско средство за да се гарантира дека сите главни

интереси на засегнатите страни ќе бидат земени предвид при дизајнирањето на развојната линија на

територијата. За да се потврди ова, беа дадени поврзани пресметки, оцени и анализи засновани врз

докази. Но, не треба да се изведе општ заклучок без да се земе предвид: 1) временскиот период за

имплементација, 2) територијата вклучена во биосферниот резерват и 3) степенот на локалното

учество во процесот. Со други зборови, одлука што денес изгледа изводлива, утре може да донесе

само трошоци и неоправдани напори. Прво, треба да се подвлече дека имплементацијата на

биосферен резерват откако ќе се изврши проширување на рударските активности и на постројките за

скијачки туризам во Осогово, може да се докажат како неразумни. Зоната меѓу Калин Камен и

Пониква се наоѓа во средишниот дел на планината на македонската страна. Предложената

урбанизација на Калин камен би се извршила на сметка на губење на смислата за оддалеченост и

Page 49: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

49

мирен природен предел, што може да ги оправда изгледите за привлекување религиозни или еко-

туристи. Проширувањето на рударството без да се решат лошите работни услови и лошата

безбедност на отпадните води, ќе ја стави во сомневање идејата за одржлив развој - дополнително

на намалувањето на изгледите за производство на чиста храна, чија вредност беше оценета дека

достигнува најмалку 5 милиони евра. Прво, се врши „дива индустријализација“ и непланска

урбанизација на македонското Осогово, по цена да се изгуби потенцијалот за создавање биосферен

резерват. Второ, резултатите од биосферниот резултат би биле различни, во зависност дали би ја

опфаќал целата територија на Осоговските Планини, значи 80.000, 100.000 или дури и 120.000 ха, или

ќе биде потфат од помал размер, ограничен на високата планинска зона или само на една земја.

Многу е веројатно дека Бугарија сама нема потенцијал да имплементира биосферен резерват во

Осогово - едноставно бидејќи демографската структура таму е многу слаба. Видот на просторен

развој поттикнат со програмата „Човек и биосфера“ едноставно бара од луѓето да успеат. Од друга

страна, двата големи месојадци, рисот и кафеавата мечка, сега живеат само на бугарската страна на

Осогово, а вредноста што ѝ ја даваат на целата планина е од големо економско значење, во смисла

на маркетиншка и туристичка привлечност. Приказната за враќањето на рисот може да најде пазари

за голем број производи и услуги што доаѓаат од Осогово. Едно потпомогнато враќање на

евроазискиот црн мршојадец, заедно со заживување на одгледувањето добиток, може да ја зголемат

привлечноста на ова место и уште повеќе на неговите производи. Но, ресурсите на бугарската и на

македонската страна на Осогово не се доволни за формирање на биосферен резерват додека

продолжуваат да бидат разделени. Прашањето дали процесот на апликација треба да предвиди една

апликација за двете земји или две одделни апликации е техничко, но економските и социјалните

придобивки проценети во оваа анализа се направени под претпоставка дека Осоговските Планини ќе

бидат управувани како една единствена територија и дека ова ќе донесе совпаѓања и позитивни

резултати.

Туризам

Силните страни на Осоговскиот регион како биосферен резерват и заедничка туристичка

дестинација

• Поволна географска локација - Географската локација на Осоговскиот регион, иако сериозна

пречка во не толку далечниот период на Железната завеса, е доста голем капитал во модерниот

свет на нациите што се обединуваат. Регионот е лесно пристапен од сите страни; има предност

што обединува две земји; се наоѓа на мала оддалеченост од главните градови на двете, од аспект

на најголемите домашни пазари и влезови во странски пазари преку меѓународните аеродроми

во Софија и Скопје.

• Интересен предел - Пределот на Осоговските Планини можеби не е уникатен за Балканот, но има

доволно интересни одлики што може да се искористат како туристички ресурс - постојат седум

вида предели што може да се претстават лесно и атрактивно. Самата планина и пошироката

област на блиските општини се дом на некои многу специфични места што може да служат како

средиште на туристичкиот интерес.

• Добри климатски услови - Климата во Осоговскиот регион не е помалку или повеќе поволна од

кои било други планиниски делови на Балканот. Обезбедувадоволно добри услови за развој на

какви било видови туризам.

• Изобилни водни ресурси - Водните ресурси во регионот нудат потенцијал за развој на разни

видови туристички услуги, вклучувајќи водни спортови, риболов, спа и едноставното задоволство

што го нуди рекреацијата.

Page 50: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

50

• Драгоцен биодиверзитет - Растителните видови во Осогово како туристички ресурс има голем

степен на привлечност за да служи како основа за определување модерни туристички услуги и

производи. Исто така, Осоговската област има голем потенцијал да развие туристички производи

врз основа на разновидноста и вредностите на животинските видови. Има привлечни видови што

се од општ интерес не само за набљудувачите на птици или други клиенти со посебни интереси,

туку и за општата публика.

• Добра мрежа од заштитени области и локации - Заштитените природни територии се знак дека

одредено место има нешто вредно, за кое е интересно да се научи. Тие често се средиште на

современиот туризам. Поширокиот ООсоговски регион има добар потенцијал да развие

производи и услуги поврзани со неговите заштитени области и места.

• Вредни историски локации - Осоговскиот регион е богат со археолошки и религиозни локации од

различни историски периоди; некои од нив имаат особена вредност. Знаменитите и соодветните

локации за посета на туристи се доста квалитетни и бројни за да се обликува опсежен туристички

производ.

• Бројни религиозни локации - Меѓу религиозните локации во ООсоговскиот регион, постојат

некои навистина скапоцени во смисол на туристички потенцијал. Исто така, постојат и други

места кои би можеле да обликуваат специјализиран туристички производ. Меѓутоа, мора да се

постапува многу внимателно со темата „Црквите и манастирите“, бидејќи е многу тешко да се

постигне продажна рамнотежа.

• Музеи со потенцијал - Мрежата на музеи во регионот можеби не е доволно развиена, но

постојат музеи од вистински интерес и потенцијал. Треба да спомнеме дека градот Ќустендил е

единствен исклучок од општата слика, бидејќи има еден од најдобрите музејски мрежи во

Бугарија за град со средна големина.

• Добро зачувано фолклорно наследство - Фолклорното наследство на ООсоговскиот регион е

богато и разновидно и доволно зачувано како туристички ресурс, но треба да се искористи многу

внимателно кога се организираат туристички услуги за да се развие производ што може да се

рекламира.

• Богата културна програма - Културниот календар на ООсоговскиот регион е не само доста добро

утврден, полн со традиционални и познати настани, туку и разновиден во однос на видовите

настани - фолклор, модерна музика, уметности, спортови итн.

• Голем потенцијал за традиционален начин на живеење - Во ООсоговскиот регион има многу

традиционални практики што може да се искористат како туристички ресурс, особено оние

поврзани со производството на храна и пијалоци, како и земјоделство и одгледување добиток.

Локалната кујна исто така има некои специфични одлики што може да создадат маркетиншки

предности.

• Прифатлива состојба на општата инфраструктура - Состојбата на општата јавна инфраструктура

во ООсоговскиот регион не претставува ограничување за развојот на туризмот. Снабдувањето со

струја, вода и комуникации е обезбедено; општинските центри имаат достапна канализација.

• Доволни ресурси на основен туризам со кои може да се почне - Основните туристички услуги

(сместување и угостителство) во ООсоговскиот регион се доволни во моментов, ако се земе

предвид дека ниту постојните не се доволно употребени.

• Добар ресурс со постојни туристички патеки - Бројот на постојните патеки е доста добар на

територијата на Осогово, и за пешачење и за велосипедизам. Тие поврзуваат интересни локации

и места, природни како и историски.

• Доволен капацитет на засегнати страни - Постои доволен локален капацитет за да се почне

организиран и структурен развој на Осоговскиот регион како туристичка дестинација. Навистина,

Page 51: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

51

во моментов, до некој степен постои недостиг на искуство, знаење и вештини, но со високо ниво

на мотивација и здружување, може да се постигнат добри резултати.

• Поволна ситуација на глобалниот туристички пазар - (а) светскиот туризам расте и Европа има

голем дел од него, и (б) земајќи ги предвид тенденциите во развојот на пазари, Осогово е на

добра позиција да се избори за свој пазарен дел од пазарот. Се разбира, тој ќе биде мал, барем

на почетокот, но во споредба со моменталната ситуација, каков било развој ќе биде

подобрување.

• Висок процент на искористување на достапните финансиски ресурси - Во последните 15 години,

во ООсоговскиот регион се имплементирани голем број проекти поврзани со развојот на

туризмот. Тие ги вклучија сите општински администрации, и голем број невладини организации и

други учесници. Како резултат се постигнати голем број подобрувања, вклучувајќи

инфраструктурен развој, размена меѓу партнери и луѓе на двете страни на границата и зголемени

нивоа на промоција. Меѓутоа, одржливиот развој бара повеќе време и постојани напори, бидејќи

по правило се работи за развој од долу кон горе, и промената во однесувањето на локалното

население е најспората можна промена.

Слабите страни на ООсоговскиот регион како биосферен резерват И заедничка туристичка

дестинација

• Изолација на транспортот - И покрај познатата значајност на Европскиот транспортен коридор

E8, Осоговскиот регион е малку изолиран; протокот на посетители што со разни маркетиншки

мерки може да се претвори во туристички проток е ограничен.

• Пристапот до многу места од интерес не е добар - Ова особено важи за локациите што се во

села или нивна близина, и особено оние што се поизолирани. Тешко е да се стигне го

локалитетите како Цоцев Камен или Раткова Карпа, кои се бесценети како ресурс, па затоа

нивната „продажба“ како туристички производ / услуга е малку ограничена.

• Лоша состојба на многу историски локалитети - Поголемиот дел од историските локалитети во

Осогово не се социјализирани за туристички посети, не се пристапни или се во лоша состојба.

Има места, како многу од изолираните планиниски села, што сѐ уште имаат стари куќи кои

сигурно ќе бидат интересни за специфична публика; проблемот се однесува на пристапот и

лошата состојба на поголемиот дел од местата.

• Музеите не се управуваат како туристичка атракција - Треба да се развие модерна музејска

услуга за сите постојни музејски локации во ООсоговскиот регион; во моментов, тие не се

управуваат на начин на кој може да ги задоволат потребите на современиот туризам. Специјално

внимание треба да ѝ се посвети на пристапноста во музеите, бидејќи поголемиот број од места

во македонскиот дел од регионот не се означени и обележани, т.е. тешко е да се најдат, и

поголемиот дел од времето не се ни отворени.

• Занаетите како наследство не се воопшто искористени - Занаетите од Осоговскиот регион што

имаат пазарен облик не се уникатни на подрачјето на Бугарија и Македонија и треба да се

искористат или како алатка за навлегување на производ, или за производство на сувенири, или

пак треба да се развие нов пристап кој би создал уникатна продажна точка.

• Културната програма не е туристичка - На богатиот календар со настани на ОсоговскОсоговскиот

регион му е потребна подобра валоризација, во смисол на туристичка понуда. Треба да се

изберат настани со најголем потенцијал и да се трансформираат од прослави за локалното

население во туристички настани што може да се промовираат успешно.

• Негативни демографски тенденции - Поширокиот ОсоговскОсоговски регион (териториите на 10-

те спомнати општини) беше многу добро населен во минатото – до денес се утврдени и се

Page 52: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

52

одржуваат 288 населби. За жал, моменталните тенденции се особено неповолни - голема стапка

на депопулација која води до иселување на младите луѓе и стареење на населението; замирање

на села (особено на планинските); губење на средства за живот и традиции; високо ниво на

невработеност и низок стандард на живеење. Ова го прави наоѓањето на човечки ресурси за

развој на туризмот во ОсоговскОсоговскиот регион доста ризично, особено заради фактот што

единствената специјализирана образовна институција што би можела да обучи професионалци е

Високата туристичка школа во Ќустендил.

• Потребно е подобрување на патната мрежа - Патната мрежа во регионот на Осогово е

задоволувачки развиена, но не се одржува доволно. И покрај напорите на локалните власти во

последните години да ја искористат секоја достапна економска прилика и да инвестираат во

инфраструктурата, состојбата на голем дел од селските патишта е сѐ уште лоша. Пристапот до

голем број туристички локалитети, особено во далечните села, е несигурен.

• Потребно е подобрување на јавната инфраструктура - Староста на носечките системи и

недостатокот на единици за филтрирање на вода, може да претставуваат опасност за квалитетот

на водата за пиење; недостатокот од канализациска инфраструктура може да создаде тешкотии

во некои туристички објекти; и, недостатокот на единици за пречистување на отпадни води е

закана за вкупниот квалитет на локалната средина, за која модерните туристи се чувствителни.

Дополнително, постои сериозен проблем со нерегулираните депонии за цврст отпад, кои

некогаш се наоѓаат веднаш до патиштата и претставуваат извор на секакви непријатни или

опасни влијанија.

• Потребно е подобрување на јавните услуги - Фактот дека во ОсоговскОсоговскиот регион

јавните услуги се сконцентрирани во општинските центри, може да преставува проблем само во

случај на туристички иницијативи и развој на места што се доста оддалечени од тие центри.

постојните спортски објекти всушност не се искористени како туристички ресурс и некои од нив

не се во добра состојба.

• Несразмерност во развојот на основни туристички услуги - Во регионот на Осогово постои

очигледна несразмерност во понудата на основни туристички услуги (сместување и

угостителство). Најголемата концентрација на такви услуги постои во општината Ќустендил,

особено во самиот град Ќустендил, додека во соседната општина Невестино речиси не се нудат

никакви туристички услуги. Во македонскиот дел, услугите се исто така сконцентрирани во

општинските центри. Несразмерноста е исто така видлива и кај постојните видови на сместување

- хотелите и мотелите се најчести, додека пансионите (особено во руралните области) се

практично отсутни. постојните капацитети можеби се чинат ретки надвор од Ќустендил, но факт е

дека дури и тие не се користат ефикасно.

• постојните туристички патеки не се одржуваат како мрежа - Не постои заедничка политика за

одржувањето на туристичките патеки или нивното подобрување како туристичка услуга.

Дополнителната инфраструктура за велосипедските патеки не е присутна (на пр., поправка на

велосипеди и сервиси за одржување). Состојбата на ознаките и белезите на патеките, како и

нивната безбедносна состојба, исто така бараат големо подобрување. Не постојат тематски

патеки или патеки во придружба на толкувачи кои претставуваат интегрален дел од современиот

туризам.

• Ниско ниво на дополнителни туристички услуги - Во овој момент, дополнителните туристички

услуги во ОсоговскОсоговскиот регион се недоволно развиени. Услугите на туристички водичи,

забава и толкување на наследство се практично отсутни. Од посетителите се очекува едноставно

да одат и сами да гледаат разни локалитети, што најпрво бара подобра социјализација на

локалитетите, и второ, не носи пари во локалната економија. Не се нудат никакви презентации,

дегустации или драматизација.

Page 53: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

53

• Недостаток од статистички информации за туристички проток - Мошне е тешко да се направи

детална процена на пазарот на дестинацијата Осогово, бидејќи нема можности да се изврши

таргетирано и специјализирано истражување на пазарот; истовремено, практично не постојат

податоци за протокот на посетители и нивен профил во дестинацијата.

• Недоволни информации и маркетиншки мерки - Моменталните нивоа на информации и

маркетиншки мерки за ОсоговскОсоговскиот регион се доста ниски, но во ситуација каде

туризмот е занемарлив, тоа не претставува голем проблем. Мора да се направат подобрувања

заедно со организирани обиди за туристички развој.

Култура

Регионот што можеби еден ден ќе стане биосферен резерват Осогово, не е ниту уникатен во

смисол на културно и историско наследство, ниту пак особено богат. Всушност, во смисол на број и

квалитет на локалитети и капитали, тој е многу сличен на други региони, дури и на соседните во

Бугарија и Македонија. Меѓутоа, уникатноста или изобилството на културен капитал, не нуди услови

за дестинацијата биосферен резерват. Културното наследство обично се гледа како второстепен,

поддржувачки фактор во постапката за заштита на средината, додека се обезбедува подобар живот

за локалното население. Од таа гледна точка, ОсоговскОсоговскиот регион има да понуди многу ако

се направат точните чекори за валоризација на неговото културно и историско наследство. Но, за да

се валоризира, тоа наследство мора најпрво да се идентификува и заштити. За првиот чекор,

идентификацијата, би можеле да кажеме дека е веќе направен, освен за нематеријалното културно

наследство, и особено за локалните приказни, митови и легенди. Информациите што постојат се

парцијални и во различни извори, и овој извештај е прв обид да се сумираат и структуираат. За

намените на биосферниот резерват и одржливиот развој, би било подобро ако овие информации се

средат во една база на податоци и потоа да се прошират. Ќе треба да бидат лесно достапни и

употребливи ако се прави валоризација. Вториот чекор, заштита на културното и историското

наследство, е многу потежок, бидејќи бара комбинирани напори на многу луѓе и институции,

вклучувајќи планирање, проектирање и собирање фондови. Бидејќи биосферниот резерват би

требало да биде комбинирано достигнување на многу луѓе и институции здружени од една

заедничка визија, можеме да претпоставиме дека во овој случај заштитата на наследството може да

биде полесна.

Предности на регионот на Осоговските Планини

• Осоговските Планини може да се гледаат како една „единица на наследство“, т.е. со заедничко

културно и историско наследство, и покрај тоа што ја делат граници.

• Истовремено, во поширок контекст на сите општини што ја сочинуваат, ОсоговскОсоговскиот

регион има доволно разновидно културно и историско наследство за да создаде средиште на

интерес.

• Археолошки траги постојат од разни историски периоди, вклучувајќи ја и праисторијата.

• Постојат археолошки (исто така, архитектонски и уметнички) споменици од национална

значајност за Бугарија и Македонија.

• Примери од традиционалната архитектура сѐ уште се зачувани во многу места во регионот.

• Регионот има голем број интересни религиозни споменици од различни периоди, од кои некои

имаат и архитектонска и уметничка вредност.

• Регионот има мрежа од музеи во кои се чуваат вредни примероци од културното и историското

наследство, и можат да служат како средиште на интерес.

• Постојат голем број различни митови и легенди што сѐ уште живеат во регионот.

Page 54: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

54

• Богатството на музички и танцувачки фолклор во областа е добро зачуван и почитуван од

локалното население.

• Локалното население практикува голем број занаети кои може успешно да се објаснат и

искористат во современиот свет.

• Регионот има богата и разнолика културна програма, вклучувајќи традиционални прослави и

модерни настани.

• Локалната кујна е многу вкусна и привлечна.

Слабости на регионот на Осоговските Планини

• Постојат потенцијални точки на судир што се однесуваат на толкувањето на историјата

(историското наследство) меѓу граѓаните на Бугарија и македонските делови на регионот.

• Археолошките споменици не се во многу добра состојба, некои се само регистрирани, но

непроучени, дури и недатирани; други се проучени, но не се изложени; други пак не се

конзервирани.

• Пристапот до голем број од локалитетите (археолошки, но исто така архитектонски и религиозни)

е многу тежок, особено во повисоките и поизолираните делови од планината.

• Условите во голем дел од архитектонските локалитети се многу лоши, особено во оние што се

наоѓаат во изолирани (напуштени) села. Постои сериозна опасност да се загубат засекогаш.

• На голем број од религиозните споменици исто така им е потребно одржување и подобар

пристап.

• Музејската мрежа на регионот всушност не е активна; голем број од музеите е тешко да се најдат

и посетат.

• Наследството од митови и легенди е детално проучено само во некои делови од регионот;

останатите се соочуваат со сериозна закана од губење на наследство, штом ќе умрат старите луѓе

кои се потенцијален извор на информации.

• Етнографијата на регионот е лошо промовирана и искористена.

• Голем број од некогаш активните и разновидни занаети, сега се изгубени или се соочуваат со

изумирање, штом умрат последните лица кои се занимаваат со нив.

• Културната програма на областа е доста богата и разновидна.

Page 55: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

55

7.1. Развој на визија и цели на управување

Земјоделство

Збир од цели на управување:

• сообразност со пропишаната законска рамка за заштитените области

• следење на препораките од тековната национална стратегија за земјоделство и селски развој

• фокус врз стратегиите за локален развој во координација со постојните ЛАГ-ови, за таргетирање

на фондови од ЕУ ЛЕАДЕР. Овој модел треба да има за цел развој на локалните стратегии, каде

исто така ќе се идентификуваат потенцијалните изводи на финансирање. Овој пристап ќе има

позитивно влијание врз регионот.

• Редовно вклучување на земјоделските здруженија во идни активности во врска со земјоделскиот

развој

Шумарство

Поврзување на областа на Осоговските Планини на двете страни на границата преку уште

еден заеднички облик на заштитени области како биосферните резервати, ќе овозможи размена на

знаења, искуства и информации што може да ги употребуваат сите позитивни практики во

управувањето со шумски ресурси надвор од прекугранично ниво. Но, за да се постигне визијата за

биосферен резерват, неопходно е, меѓу останатите цели за управување, да се биде насочен кон:

• Внимателно планирање на сите мерки и активности во шумата, кои нема да го повредат

биодиверзитетот на природниот амбиент на средината.

• Примена на принципите за одржливо шумарство, за да се воспостави еден здрав и корисен

концепт, преку кој ќе се создадат планови и стратегии што влијаат врз заштитата на шумските

екосистеми на еден поприроден начин, без да се става во опасност безбедноста на вкупниот

биодиверзитет, да се зачува природната средина и да се обезбеди продуктивноста на шумските

ресурси и способноста за исполнување на социоекономските придобивки за луѓето.

• Управување со шумите преку воспоставување на неколку механизми, вклучувајќи ги

административните, економските, правните и социјалните аспекти, и примена на научни,

професионални и технички методи што применуваат грижа, заштита и пошумување, заштита на

нивниот предел, естетски, рекреациони, производни и еколошки функции.

• Грижа за заштита на генетската разновидност и другите ресурси и вредности во шумата.

• Постапки во врска со користењето на шумските ресурси според законски регулативи направени со

претходно подготвени документи за квалитетно просторно планирање што ќе ги земаат во обзир

сите потребни мерки за заштита и промоција на статусот на биолошката разновидност на целата

област.

• Управување со шумските ресурси за да се постигнат трите главни придобивки од шумските

екосистеми, кои се манифестираат преку остварување на еколошките, социјалните и

економските придобивки, без да се изврши негативно влијание врз средината.

• Промоција на специјалните вредности на шумските екосистеми во кои се препознаваат, со што ќе

се промовира доволен мотив за организирање на јавни посети, туристички и рекреативни

активности, како и образовни и истражувачки активности, во согласност со степенот на заштита, и

во врска со постојните одлики на областа.

• Со подобрување на практиките за управување соодветни на функциите и вредностите на шумата,

како и со воспоставување на концептот за одржливо управување со шумите кој ги следи

принципите за заштита на биодиверзитетот и нивно одржливо користење, со што се дефинира

Page 56: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

56

врската меѓу заштитата, одржливото користење на природни ресурси и одржливиот човечки

развој, поставени со УНЦБД - „Конвенцијата за биолошки диверзитет на ОН“ (1992), ќе се

придонесе значајно за исполнувањето на критериумите за формирање на биосферен резерват во

областа на Осоговските Планини.

Флора

• Поддршка на локални иницијативи

Искуствата од слични иницијативи покажуваат дека имплементацијата на одредени проекти со

специфични резултати кои се насочени кон одржливо искористување на природните ресурси е еден

од најефикасните начини да се вклучи публиката. Факт е дека постојат некои помали или поголеми

обиди во ОсоговскОсоговскиот регион што се фокусирани на одржливиот развој и промоција на

регионот. Затоа, треба да се стимулира наметнувањето на потребата за поблиска прекугранична

соработка.

• Поттикнување на соработка меѓу надлежните институции

Во процесот на пренесување на сите отворени прашања кај надлежните власти потребна е

поддршка. На пример, лицата што собираат нешумски производи специфично ја нагласуваат

потребата за поддршка во текот на воспоставувањето на системи, изготвување список со

потенцијални зрнести плодови, мапирање на регионот со сите приоритетни зрнести плодови и нивно

лиценцирање. Формирање на еден вид координативно тело е еден од можните механизми за

соработка и координација; меѓутоа, во иднина треба да се земат предвид и други начини за

поттикнување на соработка (на пр., билатерално координативно тело, форуми што се занимаваат со

специфични прашања итн.). Истовремено, земајќи предвид дека ОсоговскОсоговскиот регион е

прекугранична област, постои голема прилика за размена на искуства и решавање проблеми преку

соработка меѓу соседните земји.

• Дејства за спасување на биодиверзитетот и препораки за управување

Осогово се одликува со специфична интеракција меѓу луѓето и природата. Ова имаше како резултат

еден специфичен вид на предели со силен печат од традиционалните човечки вредности кои не се во

сериозен судир со биодиверзитетот (освен некои видови). Обратно на ова, квалитетот на пределите

го обликуваше начинот на живеење на луѓето. Според Бересфрод (2003), пристапот кон

управувањето со ваков вид области мора да се базира врз јасно разбирање на овој, често сложен

однос. Всушност, управувањето со заштитените области е пристап и заштита (производ и процес)

каде „Заштитата на интегритетот на оваа традиционална интеракција е важна за заштитата,

одржувањето и развојот на таа област“ (Водилки на МСЗП за управувањето со категорија Заштитена

област 1994). Се разбира, може да се предложи маркирање на некои делови од планините што

имаат особена важност за биодиверзитетот, или се далеку подобро зачувани од останатиот дел од

планината, бидејќи биле повеќе таргетирани за заштита. Биодиверзитетот на Осогово дефинитивно

заслужува подлабок пристап во анализата на неговиот сооднос со луѓето. Недостигот на искуство во

формирањето и управувањето на заштитена област, каде интеракцијата меѓу природата и луѓето е

многу силна претставува предизвик.

• Препораки за истражување

Концептот на екосистемски услуги е широк предмет и може да се соберат добри податоци ако се

користат во истражување. Тој може да помогне во иден одржлив развој на одредена област. За да

дадеме поточен одговор за социоекономските одлики на истражената област, ќе биде добро да

извршиме интервјуа со жителите со помош на прашалници. Ова ќе ни даде поточни податоци за

начинот на кој луѓето ја гледаат областа, користењето на екосистемски услуги, придобивките,

дистрибуцијата меѓу засегнатите страни итн. Постои потреба од правење комплетна процена на

функцијата на екосистемот, вклучувајќи ја социоекономската и еколошката вредност, што ќе помогне

Page 57: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

57

да се добие подобра слика за вкупната економска вредност на овој регион. Детална анализа на

засегнатите страни е клучна за да се дефинираат односите и нивната вклученост. Таквата анализа

исто така ќе помогне да се одвојат „губитниците“ од „победниците“. Имајќи ги на ум специфичните

врски на луѓето и природата што постојат во овој регион, треба да се направат многу компромиси за

да се избегнат судири. Во врска со потенцијалот за туристички развој во истражуваната област, треба

да се направи анализа на трошок-добивка, која ќе им помогне на носителите на одлуки. Факт е дека

ОсоговскОсоговскиот регион има огромен потенцијал за развој на туризмот, но пред да се почне да

се прави нешто, потребно е да се подготват детални ЕИА студии за да се процени влијанието што ќе

се предизвика врз природата со градежните и другите активности што ќе се преземат заедно со

развојот на туризмот. Бидејќи голем процент од жителите на Осогово ја користат шумата и

нешумските производи, особено внимание треба да се даде на изработка на дополнителни студии за

да се добијат статистички податоци за количеството собрани производи и добивки. На крај,

носителите на одлуки треба да инсистираат да ги добијат сите податоци пред да преземат дејства за

прогласување на заштитена област во Осогово. Добрите анализи на сите области (еколошки,

биолошки, економски, социјални итн.) се важен сегмент во носењето на крајните одлуки. Кога

разговараат за статусот на заштита на ОсоговскОсоговскиот регион, главна заднина треба да им биде

мислењето на експертите за научните наоди.

Економија

Целите на развојот секогаш се повеќекратни. Треба да се стремиме кон подигање на

стандардот на живеење и подобрување на демографската структура на даден регион додека даваме

можности прилики за деловни активности, и истовремено да го зачуваме природното и културното

наследство на местото, зајакнувајќи ја заштитата и ограничувајќи го демографското и економското

влијание врз пределот. Невозможно е да ги поддржиме сите овие барања на ист степен, но сепак,

постојат можности за балансирање на регионалните приоритети за развој. Освен тоа, постојат повеќе

од еден начини да ги постигнеме поставените цели, и раководството на територијата треба да ги

пресмета трошоците на можностите за да ја избере најефикасната стратегија.

А. Низок развој - Мала заштита:

Статус кво

Б. Низок развој - Голема заштита:

Депопулирана заштитена област

В. Висок развој - Мала заштита:

Дива индустрија

Г. Висок развој - Голема заштита:

Биосферен резерват

А. Низок развој, мала заштита. Ситуацијата може да се смета како „статус кво“. Статус кво ветува

депопулација, инфраструктура во распаѓање, ширење на шумите и повлекување на пасиштата заради

намалениот број на отпитомени животни. Меѓутоа, рударските активности кои ќе бидат во

експанзија, нема да се грижат за еколошките и здравствените стандарди. Замирањето на законските

правила во таква територија е многу веројатно.

Б. Низок развој - голема заштита. Претворањето на регионот во „традиционална“ заштитена

област, може да има како резултат таков развоен модел. Депопулацијата ќе продолжи и бројот на

ферални животни ќе се намали нагло. Според ова сценарио, шумите ќе се рашират, што по редослед,

ќе ги спречи перспективите на собирачите на шумски плодови, печурки итн. Можно е да се зголеми

населението на големите месојадци, вклучувајќи ги орлите и мршојадците, но по цена на губење на

одржливото локално население, значи голем дел од традиционалното еколошко знаење. Меѓутоа,

Page 58: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

58

многу е тешко да се постигнат високи стандарди на зачувување кај ниско развиените региони.

Трошоците за борбата против незаконската сеча на дрвја може да бидат неприфатливо високи, и

државните буџети на Македонија и Бугарија никогаш не биле толку дарежливи кон приоритетите за

природно зачувување. За да заокружиме, ова е некаков неверојатен модел, бидејќи не е економски

исплатлив. Заштитата на средината по цена на загуба на локалното население, во ниеден поглед не

може да се смета како одржлива.

В. Висок развој - слаба заштита. Нелогично е да се очекува дека во денешно време природната

заштита ќе се запостави за сметка на некој деловен напредок. Овој пат кон развој е некако преќутен,

и исто така може да открие некаков вид на екоманипулација. Задржувањето на тековното ниво на

заштита, додека се зајакнуваат производствените капацитети, може да биде саканиот резултат за

поголемиот дел на деловните лидери во Осогово. Така, секој обид да се влијае врз биосферата треба

да вклучува претходна подетална економска студија на опортунитетните трошоци.

Г. Висок развој - голема заштита. Идејата на УНЕСКО за биосферни резервати - да се промовира

развојот на човекот, а да се заштитува природното и културното наследство, може да се испостави

дека е ретка можноста за Осогово. Анализите заклучија дека не е неверојатно да се очекува висок

степен на природна заштита во селска територија каде локалното население страда од сиромаштија

и изолација. „Новата генерација“ на биосферни резервати се обидува да не ги запостави различните

аспекти на развој. Ако се остави сама на себе, оваа територија ќе се соочи со демографски пад во

јужните падини на Осoгово, во општината Невестино. Рударството ќе напредува, веројатно до некој

степен ќе напредува и скијачкиот туризам, а ќе има можности и за дејноста на недвижнини и за

шумарските претпријатија.

Само еден балансиран пристап заснован врз разновидна локална економија и насочен кон

дистрибуирање на што е можно повеќе приходи кон локалното население, би ги подобрил

регионалните перспективи. „Повисоката вработеност“ во ова сценарио значи дека наместо

потпирање на еден единствен инвеститор или силен сектор, истовремено ќе се тежнее кон

повеќекратни деловни иницијативи со одржлив потенцијал.

Подобрувањето на инфраструктурата и демографското заживување треба да бидат

последици на подобрените економски можности, а не да им претходат. Во моментов, Осогово,

селска територија на повеќе од 1.200 км2 во Бугарија во Македонија, оди кон демографски и

економски колапс, и дури и „нејасните“ државни статистички податоци не можат да го сокријат ова.

Ако се докаже како успешен за „безнадежното“ Осогово, концептот на биосферен резерват ќе добие

веродостојност во јужна и источна Европа и пошироко.

Социјални

Главните приоритети на развојот во ОсоговскОсоговскиот регион беа изложени во главни

црти од испитаниците на двете страни од границата како што следи: за бугарските општини, идниот

развој на регионот е поврзан со заштитата на средината (измерен просек од 3,5%), следен од

потребата за развој на туристичката инфраструктура (измерен просек од 2,75%). На трето место се

наоѓаат социјалниот и економскиот развој на регионот, кој е можен откако ќе се реализираат првите

два елементи (измерен просек од 2,5%). За македонските партнери, приоритетот за иден развој е

поврзан со конструкцијата на спортска и туристичка инфраструктура, модернизација и енергетска

ефикасност. Податоците се резимирани во Фигурата 2.

Page 59: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

59

Фигура 2 - Главните приоритети за иден развој на ОсоговскОсоговскиот регион.

Каде рангирањето на развојните приоритети за целиот ОсоговскОсоговски регион е како што

следи (врз основа на измерениот просек):

• Креиране / развоj на спортска инфраструктура - 4,375

• Креиране / развој на туристичка инфраструктура за современи културни манифестации -

3,71

• Реновација и модернизација, вклучувајќи мерки за енергетска ефикасност, во образовната

инфраструктура - 2,83

• Заштита на животната средина - 2,625

• Развој на образовниот систем - 2,25

• Социоекономски развој на регионот - 1,335

Разликите меѓу одговорите на бугарските и македонските општини за рангирањето на

развојните приоритети се мошне карактеристични. Општинските администрации од три од

македонските општини покажуваат на развојот на туристичката гранка како нивен врвен приоритет, а

претпочитан туристички вид е скијачкиот туризам. Овие општини се Крива Паланка, Пробиштип и

Кочани. За бугарската страна, туризмот е поврзан со богатството на минерални води и развојот на

спа/добросостојбата (општина Ќустендил).

Кога се врши регистрација на развиените економски гранки во регионот, постојат и одредени

разлики меѓу одговорите на бугарските и македонските испитаници. Тие се поврзани со профилите

на испитаните општини. Последните му даваат предност на социјалниот и економските развој на

општините, следен од заштитата на средината. Бугарската страна го подвлекува одржливото

Page 60: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

60

користење на средината за развој на регионот, следен од културното и историско наследство како

основа на туристички развој. На третото место се наоѓа производствениот сектор, поконкретно

земјоделството и овоштарството. Не постојат големи индустриски капацитети.

Туризам

За 10 години, туризмот може да биде главен сектор на локалната и регионалната економија

на Осогово, бидејќи потенцијалот на дестинацијата е многу голем и луѓето никогаш нема да

престанат да патуваат за задоволство.

Затоа, целите на управувањето може да се поврзат со:

• развој на производи и услуги за одржлив туризам базирани врз модерните трендови и

очекувањата на посетителите;

• развој на човечки ресурси за одржлив туризам, преку давање информации, обуки, образовна

размена и иницијативи за учење преку работа;

• имплементација на професионален и добро насочен маркетинг на дестинацијата.

Page 61: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

61

7.2. Пристапи на кои треба да се насочи вниманието

Земјоделство

• Заштита на биодиверзитетот во однос на производството на животни и култури, ориентирано

главно кон заштитата на локални автохтони видови добиток, дополнително на заштитата на

вегетацијата, фокусирано на видовите што се користат во земјоделското производство, а служат

за човечка потрошувачка и добиточна храна.

• правилно користење на пасишта (поставување на соодветни практики за управување со пасишта

и создавање на решение за деградација на пасиштата)

• образование за рационално користење на водните ресурси и загадувањето

Шумарство

Целите на управување што ќе ги развијат биосферните резервати треба да бидат насочени

кон задржување на хармонична интеракција меѓу природата и културата, преку соодветна заштита на

територијата и продолжување на традиционалниот начин за користење на земјата, како и

одржување на историското и културното наследство. Со формирање на биосферен резерват,

шумските ресурси ќе се употребуваат рационално, со примена на оптимални техники за сообразност

со природата и исклучување на несоодветни и други штетни активности што влијаат врз природните

ресурси во областа. За да може да се постигне тоа, треба да се применат некои пристапи што ќе

придонесат кон заштита и промоција на шумите за нивно одржливо користење, за кое е неопходно

да се остварат следниве активности:

• инвентар и сертификација на шуми;

• одделување на шуми со висока конзервативна вредност од македонската страна на

ОсоговскОсоговските Планини и преземање соодветни мерки за управување и заштита на

активноста;

• обука на персонал кој ќе ги имплементира концептите на одржливо управување со шуми на

терен;

• промоција на вредностите на шумските екосистеми и нивно вклучување во понудите за

туристичка и рекреативна област;

• имплементација на планови за ревитализација на деградирани шумски екосистеми;

• остварување на планови и активности за конзервација и обновување на биодиверзитетот и

шумските екосистеми;

• промоција и заштита на други шумски производи;

• изведба на истражување и образовни проекти и активности поврзани со шумите и шумските

екосистеми;

• промоција на проекти и активности што обезбедуваат приходи за сопствениците на шуми и

шумски земји, кои ја вклучуваат конзервацијата на биодиверзитети во областа;

• имплементација на проекти за промоција на стари шумски екосистеми како дел од природното

наследство на областа.

Социјални

Главните идеи за социоекономскиот развој на ОсоговскОсоговскиот регион се поврзани со

следниве приоритети:

• економски развој и опишување на основните економски сектори;

• градење на специјализирана инфраструктура;

• имплементација на проекти за економски развој:

Page 62: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

62

• користење на природниот капитал за економски развој на регионот;

• развој на транспортна инфраструктура;

• развој на капацитетот за управување:

• обновување и реставрирање на урбаниот развој;

• развој на социјална инфраструктура;

• искористување на културните локалитети како туристички атракции;

• развој на еколошка инфраструктура;

• енергетска ефикасност на општинските центри;

• подобрување на образовната инфраструктура;

• приоритетни обиди за подобрување на квалитетот на средината;

• подобрување на законодавството и соработката меѓу разни институции: национални, регионални

и локални;

• формирање на заеднички канцеларии за развој на економскиот потенцијал на регионот;

• поддршка на малите и средните претпријатија;

• подигање на свеста за составните делови на средината;

• симулација на урбани активности;

• развој на заеднички партнерства меѓу македонските и бугарските страни.

Култура

• Да се спречи уништувањето на вредни археолошки споменици и локалитети предизвикано од

природни или вештачки причини (човечка активност) - поплави, пожари, земјотреси, како и

создавање на патишта, брани и друг вид инфраструктура.

• Да се спречи исчезнувањето на културното наследство што се должи на кражби или незаконски

потраги по богатство.

• Да ѝ се прикаже на јавноста скриеното (веќе украдено) културно наследство што постои во

приватните колекции со потенцијално отворање на приватни музеи.

• Одржување на локалитети, како на пример цркви, капели, стари куќи, средновековни замоци и

стари бањи со вршење на постојани поправки и реновирања кога е потребно.

• Да се зачува знаењето на традиционалните практики и „усниот фолклор“ за идните генерации.

• Заштита на традиционалните вештини, занаети и кујна, дури и кога служат само за информативни

цели.

Економија

Анализата што е извршена досега се фокусира главно врз позитивниот потенцијал на Осогово.

Вистина е дека оваа територија има многу одлики што се поволни за формирањето на биосферен

резерват, и на овој начин, зајакнување на нејзината одржлива економија. Но, не можеме да тврдиме

дека во вој смисол не треба да очекуваме големи пречки. Одлуката за имплементација на биосферен

резерват треба да биде мошне информативна и треба да се земат во обѕир сите можни економски,

социјални или политички цени.

Следните фактори може да влијаат како ограничувања за биосферниот резерват во Осогово:

• недостиг на човечки потенцијал за вистински пристап од долу кон горе;

• недостиг на поддршка од локалните власти кои следат своја сопствена неодржлива или можеби

дури и корумпирана економска програма;

• потенцијална закана од политичките недоразбирања меѓу Софија и Скопје, и претворање на

биосферниот резерват во политички заложник;

Page 63: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

63

• нереални процени на економскиот потенцијал на местото;

• конкурентни интереси на рударската индустрија и индустријата на скијачкиот туризам од една

страна, и одржливите сектори од друга страна;

• позитивните последици од биосферниот резерват ќе се покажат долгорочно и почетното

воодушевување на локалното население и претпријатијата може постепено да се изгуби;

• воени или безбедносни проблеми на геостратешка раскрсница;

• многу ниски приходи на локалното население, што исто така го ограничува обемот на нивната

социјална вклученост;

• недостиг од внатрешни финансиски ресурси и неизвесност за добивање надворешни;

Туризам

• Да се загарантира одржливоста на секој нов развој што е замислен;

• да се промовира партнерство и партиципативен пристап во секој чекор на носењето одлуки;

• да се бара заеднички интерес;

• да се вклучат сите постојни и потенцијални засегнати страни;

• да се искористат максимално постојните услуги, локалитети и ресурси пред да се направат

инвестиции во нови скапи проекти.

Page 64: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

64

7.3. Начинот да се оди напред и очекувањата

Земјоделство

• Запознавање на локалното население и некои од клучните засегнати страни со концептот на ДЗП

(Добра земјоделска пракса), што како резултат ќе има подобрено производство кое нема да го

нарушува концептот на биосферен резерват;

• поттикнување на користењето еколошки земјоделски методи кај фармерите во

ОсоговскОсоговскиот регион;

• редовен мониторинг на секојдневните активности од соодветни експерти.

Шумарство

За да се постигнат придобивките од формирање на категорија Биосферен резерват, и да се

постигне одржливо управување со шумските екосистеми, треба да се исполнат некои стратешки

предуслови, како:

• да се вклучат разнолични видови, претставници на главните екосистеми во биогеографските

региони, вклучувајќи степенување на човечкото влијание;

• да се изберат важните за заштитата на биодиверзитетот.

• да се дадат можности за истражување и прикажување на пристапите до одржлив регионален

развој;

• да се обезбедат бараните димензии и области и да се изведат трите функции (заштита, развој и

поддршка);

• да се обезбеди вклученоста и учеството на јавните власти, локалните заедници и приватните

интереси во планирањето и имплементацијата на функциите на биосферниот резерват итн.

• да се подготват плански документи за развој и формирање на биосферниот резерват и процена на

сите природни ресурси;

• да се обезбеди логистичка поддршка за концептот на формирање биосферен резерват со сите

засегнати страни;

• да се обезбеди надворешна финансиска поддршка за имплементација на проектите и планови за

заштита за шумските екосистеми и имплементација на концептот за биосферен резерват.

Социјални

Развојот на регионот е можен преку промоција на неговите силни страни и можности, и со

остварувањето на заедничка маркетиншка стратегија која ги прикажува неговите предности како

обединета прекугранична територија. Овој развој е поврзан со разни предлози што ги дава

локалното население во одделни општини. Секој покажува специфичен вид што може да му се

назначи во рамките на регионалниот маркетинг.

Акцентите на одделните предлози се накратко претставени во четири приоритетни области,

рангирани како што следи:

Приоритетна област 1 - Економија: Индустрија за преработка, туризам, трговија

• Економија, туризам

• Производство

• Развој на МСП и прекугранични мрежи

• Обука и заеднички средби за размена на искуства и заедничка соработка

• Развој на индустријата за преработка за земјоделско производство.

Page 65: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

65

Приоритетна област 2 - Социјална сфера: Образование, култура, здравје и социјална грижа

• Здравствена грижа

• Социјална грижа

• Организација на меѓународни културни настани

• Домови за постари луѓе

• Формирање младински центри

• Обука и заеднички средби за размена на искуства и заедничка соработка

• Култура

Приоритетна област 3 - Животен простор: Средина, инфраструктура, јавни простори, земени

системи, енергетска ефикасност

• Развој на јавни простори

• Реконструкција на жичарници во одморалиштето Пониква

• Одобрување и синхронизација на законодавството и негова ефикасна имплементација

• подобрување на енергетската ефикасност

• Изградба на погони за обработка на отпадни води; изградба на регионални локации за

отфрлање на отпад; управување со цврстиот отпад

• Инфраструктура

Приоритетна област 4 - Социјални односи; Управување, безбедност, граѓански активности,

партнерства

• Зголемување на граѓанската активност

• Регионални промотивни кампањи, организација на саеми, екскурзии и училишта за

специјализирани професионални лица

• Организација за индустриски / економски кластери

• Заеднички проекти имплементирани преку фондови на ЕК

• Имплементација на мали проекти за зголемување на јавната свест од НВО

Култура

• Заживување на стари занаети како производство на сувенири и презентации или курсеви за

обука. Добар пример може да биде плетењето кошници. Не е многу тешко, не одзема многу

време да се научи занаетот, ниту пак е потребна скапа и специфична опрема, алати и материјали.

Лесно може да се преведе во кратки курсеви за луѓето да учат како да прават мали предмети, или

во производство на разни производи да се продаваат, како не многу скапи сувенири.

• Заживување на секојдневни стари практики како производство на сувенири и презентации или

курсеви за обука. Принципот е ист како и претходното, особено ако производството на храна, на

пример, се смета како традиционален занает. Такви практики може да бидат правењето јогурт,

сирење или путер, подготвување на ракија или вино, итн.

• Претставување на кујната во современи места. Ако секој ресторан во регионот има некој

специјален локален оброк на менито, тоа ќе води до воспоставување на идентитет и брендирање

на локалните оброци, со што истовремено ќе се зголеми интересот. Исто така, може да му

додаде вредност на оригиналното мени.

• Ревитализација на музејски изложби со примена на модерни алатки и технологии. Статичните

музејски изложби полека одат во заборав во модерниот свет. Од еден модерен музеј се очекува

Page 66: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

66

да користи техники на интерактивна презентација со користење на некој светски јазик (англиски

по можност).

• Проширување на локалните прослави и празници; збогатување на програмата и подобра

промоција. Сѐ на сѐ, привлекување на поголема публика.

• „Враќање во живот“ на археолошки или религиозни локалитети со обука на локални водичи кои

ќе можат да ги преставуваат локалитетите на најдобар можен начин кај разни публики.

• Драмска адаптација на стари обичаи и обреди како атракција и начин да се ревитализира

историскиот локалитет. Таков пример може да биде презентација на обичајот Лазарици во некои

стари куќи што се примери на традиционалната архитектура.

Туризам

• Да се одржат високи стандарди и квалитет на услуги;

• Да се воведат модерни практики во секој нов туристички проект, со фокус на еколошкото и

културното претставување;

• Да се искористат на најдобар можен начин новите технологии за развој на атрактивни услуги и да

се промовираат;

• Да се земе предвид еколошката одржливост за секоја потенцијална туристичка дејност, на пр.

управување со отпад, енергетска ефикасност, зелени политики итн.;

• Да се одржи туристичка мрежа за Осогово, да се разменат знаења и вештини, да се овозможи

поддршка на членовите каде што е потребно, да се придонесе кон подобра дистрибуција на

ресурси и да се одржува комуникација со други региони/дестинации/мрежи.

Page 67: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

67

8. АНЕКС 1: ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ

8.1. Институционална организација и соодветни засегнати страни

Формирањето на биосферниот резерват е постапка што обично вклучува голем број

заинтересирани и засегнати страни.

Идентификуваните клучни засегнати страни се:

� Владини организации и институции (Министерство за земјоделство, шумарство и

водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање;

Министерство за економија; Министерство за транспорт и комуникации; ЈП „Македонски

шуми“; ЈП „Стопанисување со пасишта“; ЈП „Водни стопанства“)

� Локална самоуправа (општини)

� Културни институции (музеи, центри на заедницата во Бугарија)

� Образовни институции

� Невладини организации (локални и национални)

� Претпријатија (јавни партнери; организации за лов; туристички работници; сопственици на

земја; туристички агенции)

� Локално население/жители

Големиот број од засегнатите страни се должи на неинтегриран пристап во управувањето со

локалитетот, бидејќи големите корисници, на пр. шумарство, лов, вода, пасишта, јавни партнери,

приватни сопственици и други се јавуваат на истата територија. Така:

• Земјата на која се врши градба (јавна и приватна) е во правна надлежност на: Министерството за

транспорт и комуникации, локалната самоуправа и приватните сопственици

• Земјоделската земјата (јавна и приватна) е во правна надлежност на: Министерството за

земјоделство, шумарство и водостопанство - Оддел за регистрација и управување со земјоделска

земја и приватни сопственици

• Водите се во правна надлежност на: Министерство за животна средина и просторно планирање

(сектор за води), јавни претпријатија за вода, концесионери на брани, мали хидроелектрични

погони за производство на струја, приватни лица и други.

• Државните пасишта се во правна надлежност на ЈП „Стопанисување со пасишта“, кое го дозволува

нивното користење со закупнина од правни единки и лица, додека приватните пасишта се

сопственост на приватни лица.

• Со државните шуми управува ЈП „Македонски шуми“, а со приватните приватни лица.

• Со ловот на дивеч управува ЈП „Македонски шуми“ (државно ловиште „Полаки“ и концесионерите

/ корисниците на дивечот во областите за лов.

• Природните ресурси се во правна надлежност на Министерството за економија, кое им

овозможува концесии на заинтересирани правни лица и институции.

Од горенаведените, најзасегнати се: шумарството, концесионерите на минерални ресурси и

локални влади. Операциите на овие единки се во голема мера екстензивни, т.е. без примена на

модерни техники и практики и со мало и недоволно внимание на средината, биодиверзитетот,

вклучувањето и подобрувањето на некои зелени процеси кои во голема мера се засноваат на

поголемо користење на природните ресурси, со цел да се постигне најголемото можно економско

влијание. Заради нивното недоволно образование и неподготвеност за поголема специјализација и

Page 68: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

68

примена на современи и позелени практики за развој на концептот на биосферен резерват во

областа која ја управуваат, почетната фаза најави значајна резервираност. Затоа, неопходно е да се

зголеми образованието и да се претстават предностите и можностите што се нудат од

прогласувањето на територијата на Осогово како биосферен резерват и да се најдат взаемно поволни

решенија за засегнатите страни кои ќе им помогнат да ги исполнат нивните интереси.

Општински администрации

Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип,

Ранковце, Ќустендил, Невестино, Општинска управа на областа Ќустендил, Канцеларија на

југозападното претпријатие за шумарство во Ќустендил, Регионален директорат за шумарство во

Ќустендил, Регионален инспекторат за средина и води во Перник, Јавно претпријатие

„Македонски шуми“ со своите регионални канцеларии, Регионален историски музеј во Ќустендил

НВО поврзани со туризам

Еколошко здружение Бреза (Облешево), Еколошко здружение Дрен (Спанчево), Еколошко

здружение Липа (село Чешиново), Здружение Агро-стимул (општина Чешиново-Облешево),

Здружение Бошковци (општина Чешиново-Облешево), Ловечко здружение Горица (село

Чешиново), Еколошко здружение Дождовник (Делчево), Културно здружение Гоце Делчев

(Делчево), Културно здружение Пијанец (Делчево), Здружение на културно наследство Искон

(Делчево), Здружение Пијанечки глас (Делчево), Еколошко здружение Еко-Чифлик (Чифлик),

Спортски клуб Електрика (Кочани), Здружение за регионален развој на Осогово (Кочани),

Планинарско-спортско здружение Осогово (Кочани), Граѓанско здружение Пријатели на Кратово,

Регионален центар за одржлив развој (Кратово), Здружение Извор (Кратово), Центар за поддршка

на НВО- Кратово, Еколошко здружение Бреза (Туралево), Еколошко здружение Лисец 2000

(Кратово), Еколошко здружение Ела (Кратово), Планинарски клуб Илинден (Кратово), Рок-арт

центар (Кратово), Македонско здружение за заштита на птиците (деловници во Кратово и

Пробиштип), Еколошко здружение Флора (Крива Паланка), Граѓанско здружение Осогово (Крива

Паланка), Регионален центар за соработка Спектар (Крива Паланка), Граѓански центар за одржлив

развој (Крива Паланка), Славишко еколошко здружение (Ранковце), Велосипедски клуб Зелени

патеки (Пробиштип), Slow Food Осогово (Пробиштип), Граѓански комитет за развој (Пробиштип

(граѓанско здружение), Еколошко здружение Злетовица (Злетово), Еколошко здружение Здравец

2002 (Македонска Каменица), Здружение на пензионери (Македонска Каменица), Здружение СОС

Буба Мара (Македонска Каменица), Центар за развој на североисточниот планиниски регион

(Куманово), Центар за развој за источниот плански регион (Штип), Туристичко здружение Осогово

(Ќустендил), Регионална комора на занаети (Ќустендил), Здружение Роден Крај (Ќустендил),

Фондација Граѓанска иницијатива за локален развој (Ќустендил), Туристичко здружение Осогово

(Ќустендил).

Засегнати страни поврзани со култура

Регионален историски музеј на Ќустендил; Културен центар на Крива Паланка; Здружение за

култура и уметност - Вера Јоциќ, Македонска Каменица; Здружение за култура и уметност Гоце

Делчев, Делчево; Здружение за проучување на рок уметноста, Кратово; Танцов ансамбл Пауталија,

Ќустендил; Детски танцов ансамбл Струмјанче, Ќустендил; Гитарски оркестар Ќустендил,

Ќустендил; Детско музичко школо на Ќустендил; Регионална комора на занаети, Ќустендил

Page 69: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

69

8.2. Поврзани проекти и интервенции

Во ОсоговскОсоговскиот регион, во последните 15 години беа имплементирани голем број

проекти. Тие ги вклучија сите општински администрации и голем број невладини организации и

други учесници. Како резултат се постигнати голем број подобрувања, вклучувајќи инфраструктурен

развој, размена меѓу партнери и луѓе на двете страни на границата и зголемени нивоа на промоција.

Според Системот за мониторинг за структурни фондови во Бугарија, во периодот од 2007 до 05.2015,

во општината Ќустендил се започнати проекти чија вредност достигнува 60 милиони евра.

Вистинската сума пари што се плати беше многу помала, а поголемиот дел од вкупната сума се

користи за еден голем проект што се изведува во моментот за модернизација на третманот на

комунални отпадни води. Сепак, општината Ќустендил веќе прими 2,1 милиони евра за

зазеленување на улиците и неколку производствени фабрики споделија десетина грантови за

технолошко обновување и ниска енергетска потрошувачка, во износ од 200-700 илјади за секоја

поединечно. Македонската страна исто така имаше голема придобивка од европското финансирање

и не е неопходно да е во помала мера од Бугарија. Преку програмите ИПА, ПХАРЕ и ЦАРДС во

периодот 2007-2012, македонските општини во ОсоговскОсоговскиот регион работеа на проекти во

вредност од повеќе од 6,2 милиони евра.

Список со минати и тековни проекти можете да најдете подолу:

• Да се допре срцето на Осогово – Придонес кон одржливиот развој на регион за ПГС на Крива

Паланка - Дупница преку градење на нова локална инфраструктура во ОсоговскОсоговските

Планини и презентација на туристичките вредности на регионот.

• Планините си подаваат раце - Реконструкција на туристичката инфраструктура од мали

размери, вклучувајќи изградба на Градски музеј во Крива Паланка; изработка на стратегии за

туристички развој на општините учеснички; формирање на одржлив кластер за заедничко

управување и развој на природното, културното и историското наследство на регионот.

• Под исто небо - Изучување и промоција на сакралното наследство на двете општини и развој

на информациски систем базиран на ГИС.

• Лесново – локација за туристичка рекреација со естетска вредност -Подобрување на локалната

инфраструктура од мали размери (паркинг; дренажен систем за водоснабдување;

канализација; тоалети за посетителите со пристап за инвалидни лица; спортски точки и

социјализација во јавни простори); промотивни активности вклучувајќи публикации,

конференции за печат, патување за запознавање и друго.

• Тајните на црквите и пештерите на Лесново – атракција и предизвик за европските туристи -

Адаптирање на школска зграда за сместување на посетители (12 кревети, опремена кујна и

трпезарија) и изложби, етнографско катче, соби за едукација; видиковци од кои се гледаат

прекрасни панорами од Лесновскиот кратер, патеки за пешачење и мостови кои

овозможуваат пристап во пештерната црква и пештерите на монасите. Создавање услови

за партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор; вклучување на туристичкиот

локалитет во туристичките понуди на Бугарија и Македонија.

• Стимулација на прекуграничната соработка преку заедничко стратешко планирање на развојот

на културниот и историскиот туризам - Зајакнување на локалните капацитети за

партиципаторно стратешко планирање – развивање на планови за развој на туризмот во

општините учеснички.

• Откривање на скриени можности - Изградба на капацитети за прекугранична соработка во

туристичкиот сектор во двата региони; собирање информации за изработка на анализа во

работните групи на засегнатите страни; размена на добри практики, знаење и вештини.

Page 70: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

70

• Економскиот и туристичкиот потенцијал на ОсоговскОсоговскиот регион - Изучување и

промоција на економскиот и туристичкиот потенцијал на општините во

ОсоговскОсоговската област.

• Еко-регион Осогово - Публикација на промотивни материјали за обука за природното

наследство на Осоговските Планини.

• Создавање на предуслови за основите за туристички развој - Публикации за општините во

североисточниот плански регион на Македонија: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Куманово,

Липково и Старо Нагоричане.

• Развој на општините и културата - Извештаи подготвени за процена на потреби, истражување

на културните наследства на Кратово и Крива Паланка.

• Етно соба - Набавка на вредни етнографски предмети и подготовка на изложба наречена Етно

соба.

• Развој на културниот туризам во Осогово - Публикација на студија направена за Цоцев Камен;

организирање на прекугранична летна школа; развој на туристички понуди и подготовка на

тематски сувенири засновани врз праисториското наследство.

• Културното наследство на нашите предци – Духовна потпора на нашата заедничка европска

иднина - Истражување на културното наследство во прекуграничниот регион; организација

на изложба од наодите и два фестивали со презентации на детски игри од минатите векови и

локалната кујна и обичаи; публикација на разни информации и промотивни материјали

• Дигитална култура за регионална кохезија - Збир на здруженија за техничка култура „Народна

техника“ од Струмица. Финансирана од ИПА прекуграничната програма Бугарија Македонија.

• Подобрување на квалитетот на животот во општините Белица, Бугарија и Македонска

Каменица, Македонија преку подготовка на проекти за технички инвестиции за социјално

значајни локалитети - Развој на три технички проекти: црквата Свети Великомаченик Ѓорѓи во

Белица; црквата во селото Дулица, општина Македонска Каменица и Културен и

Информативен центар во Македонска Каменица.

• Подобрување на квалитетот и пристапот кон природни атракции во општините Белица и

Македонска Каменица - Асфалтирање на патот за манастирот Еленец над селото Цера;

правење патеки за пешачење вдолж патот; социјализација на целиот локалитет;

реновирање на две згради во манастирскиот комплекс; работи во општината Белица и

туристичка инфраструктура со пет подлокалитети; развој на заеднички план за двете

општини.

• Подготовка на физибилити студија за развој на скијачкиот туризам во планинските делови на

општините Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија - Главниот производ е

Физибилити студија за развој на скијачкото одморалиште Семково во Бугарија и Царев Врв во

Македонија.

• Прекугранично деловно мрежно работење за одржлив развој - Формирање и одржување на

заеднички информативен сервисен центар - JUMP (Web-based Marketing and Business

Promotional Platform); формирање на партнерска мрежа за соработка меѓу организации за

поддршка за деловноста во таргетираниот прекуграничен регион за да се помогне и води

развојот на МСП во прекуграничниот регион; изведба на збир за градба и совпаѓање на

капацитети. Настани за поддршка на прекуграничната деловна соработка меѓу Бугарија и

Македонија.

• Идентитет во културните разлики - Размена на добри практики во полето на заштитата на

наследството; реконструкција на два културни центри - Етно куќата во Кочани и Куќата на

културното и историското наследство во Рила и нивната трансформација во места за

Page 71: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

71

презентација и промоција на културата со цел да се зајакне интересот за прекуграничниот

регион.

• Подобрување на квалитетот на животот преку промоција на културните ресурси и создавање на

атрактивен културен центар - Формирање на еден активен центар за уметност во селото

Делчево (општина Гоце Делчев, Бугарија) со курсеви за обука во занаети; промоција на

прекуграничната област како туристичка дестинација со атрактивен културен живот

(публикации; работа со медиуми, постојана изложба на фотографии, слики, дрвени сувенири,

камени и природни материјали), итн.

• Подобрување на туристичката инфраструктура на Бобошево и Кратово - Развој на

инфраструктура од мали размери за туристичките локалитети: село Слатино, општина

Бобошево и локалитетот Куклици, општина Кратово.

• Електронски предизвик за модерно образование - Развој на туристички знаења и вештини за

стандардизиран квалитет на услуги преку: изучување на квалификациите во прекуграничниот

регион; развој на модули и материјали за е-учење во туризмот; развој на платформа за

мрежно учење; промоција на материјали и модули и организација на прекуграничен форум.

• Културна размена – Споделување на разлики за обединет иден културен развој - Изучување,

заштита и промоција на фолклорното наследство на двете општини и градење на силни

врски меѓу граѓаните од двете општини.

• Програма за стимулација и промоција на одржлив еколошки и културен развој во

прекуграничниот регион Ќустендил - Штип - Рехабилитација на туристичките патеки;

развивање на две нови – една за јавање коњи и една велосипедска; реструктуирање на

општинска барака во еколошки информативен центар.

• Мода, музика и култура од Ќустендил и Штип – од перспектива на младите - Фонд за заеднички

мали проекти. Формирање на младински културен центар; развој на програма за културна

соработка на младите.

• Зајакнување на културните врски и соработка меѓу општината Ќустендил и Лесковац – основа

за културен и социјален развој во прекуграничниот регион - Организација на семинари и

работилници; организација на Уметнички натпревар на отворено со учество на бугарски и

српски уметници што имаше како резултат заедничка изложба на уметниците од двете

земји; формирање на Културен информативен центар, лоциран во зградата на Братството

Читалиште во Ќустендил.

• Поттикнување на одржлив економски развој преку оптимално користење на локални

природни ресурси за еколошки деловни активности во прекуграничната област Ќустендил -

Лесковац -правење на детален просторен план на фрагмент од Осоговската Планина;

правење на општ план за развој на туризмот во прекуграничниот регион Ќустендил -

Лесковац.

• Туризам без граници - Резултати: 8 инсталирани и функционални инфо-терминали, од кои 4

се поставија во Ќустендил, 2 во Крива Паланка и 2 во Штип; развој на рекламна стратегија за

промоција на прекуграничниот регион Ќустендил – Штип – Крива Паланка, со цел да се

зголеми протокот на туристи; испитување и идентификација на локациите и

локалитетите кои ќе се вклучат во базата на податоци на инфо-системот.

• Претворање на линиите на поделба во точки на спојување - Асфалтирање на земјени

патишта и рехабилитација на постојниот што води до споменикот Света Тројца со

костурница за мртвите во општината Дојран: Реконструкција и заштита на воените

локалитети од историска важност од првата светска војна (4 бункери, касарни и ровови);

реконструкција и трансформација на јавна зграда во Дојран во музеј посветен на Првата

Page 72: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

72

светска војна; изучување, собирање и прикажување на документи поврзани со воените

активности што се случуваа на територијата на проектот и нивно постојано прикажување

во музејска изложба (во Ќустендил и Дојран истовремено).

• Велосипедски ленти за граѓаните и гостите на Ќустендил и Крива Паланка - Конструкција на

велосипедска лента со должина 2.931 м и ширина 2 м, како и делумна реконструкција на

тротоар / улична мрежа; конструкција на велосипедска лента во крива Паланка; заедничко

истражување и собирање податоци за заштитата на природни ресурси; организација на

настан информативни денови на тема Велосипедизмот и средината.

• Осогово во зелениот појас - Создавање на ГИС со база на податоци за Осогово, мониторинг на

големи грабливци со фокус на рисот, теренска обука за учители по биологија од Ќустендил,

Осоговска Олимпијада за студенти со летно кампување како награда, подготовка на предлози

за подобрувања на заштитената област во Осоговскиот регион, образовни патувања за

локални засегнати страни во активни заштитени области за примена на одржлив развој во

Бугарија и Србија

• Дестинација Ќустендил-Невестино-Земен – Природа, традиции и илјадагодишна историја -

Развој на интегрирани туристички пакети; развој на рути за разгледување врз основа на развиен

туристички производ

• Зелена прекугранична зона – Инвестиција во природата - Заштита на типичните природни

ресурси во прекуграничната област на Ќустендил – Сурдулица и трансформација на

неискористените потенцијали во ресурси што обезбедуваат економски и социјални

придобивки кај локалните прекугранични заедници; обновување на Езерата Еко-парк во градот

Ќустендил преку санитација и реконструкција на околната област со вода и конструкција на

еколошки области за експозиција со фокус на образованието; реконструкција на постојната

административна зграда што се наоѓа во заштитената област Власина и нејзина

трансформација во информативен центар за еколошка трансформација.

• Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина - Реновирање и

опремување на Центар за креативност (таканаречен Објект 366) во Ќустендил; реновирање

и опремување на Културниот центар во Богданци; организација на два културни настани во

Ќустендил: Денови на фолклорот Ќустендил - Богданци – Денови на уметноста Ќустендил -

Богданци; развивање на комуникациска стратегија за промоција на проектот.

• Акрополисот во Пауталиа – Патување низ вековите - реконструкција на ѕид на тврдината во

Хисарлака: 3 кули целосно, 8 кули делумно, камени ѕидови; лапидариум со амфитеатар.

9. АНЕКС 2. ЗАКОНСКА РАМКА

9.1. Законодавство за сточарското производство:

ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ („Службен весник“ бр. 49/2010 и 53/2011/2013);

• Одлука за имплементација на политиката за рурален развој („Службен весник“ бр. 54/2008);

• Правилник за формата, содржината и начинот на водење на единствен регистар на земјоделски

стопанства („Службен весник“ бр. 62/2008);

• Правилник за одредување на репрезентативни пазари за земјоделски производи, како и видот,

обемот, роковите и субјектите кои ги доставуваат податоците („Службен весник“ бр. 79/2009);

Page 73: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

73

• Правилник за образецот за упис во регистарот на откупувачи и регистарот на увозници на

одделни земјоделски производи и потребната придружна документација („Службен весник“ бр.

102/2010);

• Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски

производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски

производи („Службен весник“ бр. 102/2010);

• Правилник за поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски

производи („Службен весник“ бр. 102/2010);

• Правилник за видот на податоците за планираните количини за откуп на земјоделски производи

и за реализиран откуп за претходната година, начинот на доставување, формата и образецот за

доставување („Службен весник“ бр. 102/2010);

• Кодекс на добра земјоделска и хигиенска пракса („Службен весник“ бр. 112/2010);

• Водич за достигнување на принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса на

земјоделските стопанства („Службен весник“ бр. 138/2010);

• Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистар на земјоделски стопанства

(„Службен весник“ бр. 49/2011);

• Правилник за одредување на репрезентативни пазари за земјоделски производи и видот,

обемот, роковите и субјектите кои ги доставуваат податоците („Службен весник“ бр. 59/2011); и

• Правилник за начинот на функционирање на интегриран систем и контрола и меѓусебна размена

на податоци, како и формата, содржината и начинот на водење на соодветните регистри и бази

на податоци („Службен весник“ бр. 112/2010);

ЗАКОН ЗА СТОЧАРСТВОТО „Службен весник“ бр. 7 од 15.01.2008 / 2010/2013

• Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за овластување за вршење на

јавни услуги од областа на сточарството, потребната документација, како формата и содржината

на барањето заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни

услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на

барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството.

„Службен весник“ бр. 67/13;

• Правилник за поблиските услови за вршење на одделна јавна услуга спроведување на мерки и

активности за спроведување на матичното книговодство, утврдување на генетскиот квалитет и

приносот во сточарството „Службен весник“ бр. 60/13;

• Правилник за поблиските услови за вршење на одделна јавна услуга заштита на биолошката

разновидност во сточарството, начинот на изведување и мониторинг на биолошката раз-

новидност во сточарството и зачувување на генетската варијабилност и генетските резерви на

добитокот. „Службен весник“ бр. 151/10

ЗАКОН ЗА ПАСИШТАТА „Службен весник на Република Македонија“ бр. 3/98 од 22.01.1998

/2008/2009/2010. ЗАКОН ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ 3. ЗАКОН ЗА

КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ („Службен весник“ бр.140/2010, 53/2011 И 55/2012).

Овој закон е поделен во повеќе закони поврзани со млекото и млечните производи, вклучувајќи:

• Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на корисници на ознака

на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран национален специјалитет („Службен

весник“ бр. 99/2011);

Page 74: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

74

• Правилник за формата и содржината на спецификација на производот за добивање ознака за

гарантиран традиционален специјалитет („Службен весник“ бр. 99/2011);

• Правилник за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и

суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за

анализа на суровото млеко, начинот на класирање и метод на вреднување на суровото млеко,

како и начинот на вршење на обука и програмата за вршење на обуката за контролори („Службен

весник“ бр. 99/2011);

• Правилник за формата и содржината како и начинот на водењето на образецот за известување со

кои откупувачот писмено ги известува производителите од кои откупил сурово млеко

за резултатите од класификацијата и вреднувањето на суровото млеко („Службен весник“ бр.

151/2011);

• Правилник за формата и содржината на обрасците за евиденција и архивирање на податоците за

информативниот систем и за податоците кои преработувачот ги доставува до производителот на

сурово млеко, како и начинот на нивно пополнување и доставување. („Службен весник“ бр.

66/2011);

• Правилник за барања за квалитет на суровото млеко, стандарди за квалитет на консумното

млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот и активноста на стартер

културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивна употреба, начинот на

дополнително означување на млекото и млечните производи како и дозволеното отстапување на

тежината во однос на декларираната („Службен весник“ бр. 96/2011)

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА („Службен весник“ бр. 157/2010 и 1/2012);

• Правилник за начинот на спроведување и обезбедување на следливост на храната од

животинско потекло и храната за животни („Службен весник“ бр. 59/2012) - Со овој правилник се

врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 931/2011 од 19 септември 2011 за

барања за следливост утврдени во Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот Парламент и на

Советот за храната од животинско потекло, број 32011R0931;

• Правилник за формата, содржината и начинот на издавањето на комерцијалниот документ за

храна од животинско потекло („Службен весник“ бр. 38/2012);

• Правилник за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на

службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник“ бр. 26/2012) - Со овој

правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕУ) 853/2004 на Европскиот

Парламент и Совет од 29 април 2004 за одредување на специфичните хигиенски барања за храна

од животинско потекло (Службен весник на Европската Унија L 139 од 30 април 2004), број

32004R0853;

• Правилник за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите

барања за храна („Службен весник“ бр. 12/2012) - Со овој правилник се врши усогласување со

Регулативата на Комисијата (ЕК) Бр. 2004/852 на Европскиот парламент и Совет од 29 април 2004

за хигиена на храната, CELEX број 32004R0852;

• Правилник за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и

контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на

официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени

супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство

на резидуи и недозволени супстанции („Службен весник“ бр. 80/2011) - Со овој правилник се

врши хармонизација со Директивата 96/23/EЗ од 29 април 1996 во врска со мерките за следење

на одредени супстанции и нивните резидуи кај животните и производите од животинско потекло

Page 75: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

75

и за укинување на Директивите 85/358/EEЗ и 86/469/ЕЕЗ и Одлуките 89/187/EEЗ и 91/664/EEЗ,

број 31996L0023 надополнета со: Регулативата (EЗ) бр. 806/2003 од 14 април 2003, Регулативата

(EЗ) бр. 882/2004 на Европскиот парламент и Совет од 29 април 2004, Директивата на Советот

2006/104/EЗ од 20 ноември 2006 и Регулативата (EЗ) бр. 596/2009 на Европскиот Парламент и

Советот од 18 јуни 2009; Директивата 96/22/EЗ од 29 април 1996 за забрана на употребата на

одредени супстанции што имаат хормонално или тиростатско дејство и β-агонисти во

сточарството и со која се укинуваат Директивите 81/602/EEЗ, 88/146/ EEЗ и 88/299/EEЗ, број

31996L0022 дополнети од Директивата 2003/74/EЗ на Европскиот Парламент и Советот од 22

септември 2003, и Директивата 2008/97/EЗ а Европскиот Парламент и Советот од 19 ноември

2008, Одлуката на Комисијата од 23 февруари 1998 со која се одредуваат детални правила за

официјалното земање примероци за контрола на одредени супстанции и нивните резидуи кај

животните и производите од животинско потекло (текст со EEA релевантност) (98/179/EЗ), број

31998D0179, и одлука на Комисијата од 27 октомври 1997 за одредување на нивоата и

фреквенцијата на земањето примероци предвидени од Директивата 96/23/EЗ за мониторинг на

одредени супстанции и нивните резидуи во одредени производи од животинско потекло (текст

со EEA релевантност) (97/747/EЗ), 31997D0747; Правилник за начинот и постапката за официјална

контрола на производи од животинско потекло наменети за човечка потрошувачка („Службен

весник“ бр. 95/2009);

• Правилник за условите и опремата во објектите кои произведуваат храна со традиционални

карактеристики-сирење добиено од млеко од овци и кози (мандри) („Службен весник“ бр.

61/2009);

• Правилник за посебните барања за храна од животинско потекло („Службен весник“ бр.

115/2008);

• Правилник за процедурите за применување на HACCP принципите од страна на операторите со

храна како и начинот на верификување на овие процедури од надлежниот орган („Службен

весник“ бр. 113/2008);

• Правилник за посебните барања за безбедност на храна по однос на микробиолошки

критериуми („Службен весник“ бр. 78/2008);

• Правилник за формата и содржината на Регистарот на објекти и оператори со храна и начинот и

постапката за регистрација на објектите и операторите со храна („Службен весник“ бр. 19/2008)

• Правилник за издавање на сертификатот за безбедност, формата и содржината на образецот на

барањето за издавање на сертификатот и образецот на сертификатот за безбедност („Службен

весник“ бр. 156/2007);

• Правилник за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на

службените контроли на млекото и млечните производи („Службен весник“ бр. 151/2007)

• Правилник за санитарно-хигиенските услови за производство на храна („Службен весник“ бр.

32/2006)

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА („Службен весник“ бр. 49/2012)

• Правилник за постапките за производство на органски преработената храна („Службен

весник“ бр. 163/2010) - Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата

(ЕК) бр. 889/2007 од 5 септември 2008 со што се одредуваат правилата за имплементација на

Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и означување на органски

производи по однос на органско производство, означување и контрола, CELEX број 32008R0889

• Список производи и супстанции што се користат во процесот на производство на органски

преработена храна („Службен весник“ бр. 163/2010) - Со овој правилник се врши усогласување со

Page 76: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

76

Регулативата на Комисијата (ЕК) бр. 889/2007 од 5 септември 2008. Одредување на правила за

имплементација на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и

означување на органски производи по однос на органско производство, означување и контрола,

CELEX број 32008R0889, Прилог 8 - одредени производи и супстанции што се користат во

процесот на производство на органски преработена храна.

• Правилник за формата и содржината на сертификатот, методите на издавање и процедурата за

прибирање, пакување, транспорт и складирање на органски производи („Службен весник“ бр.

163/2010) - Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕК) бр.

889/2007 од 5 септември 2008 со што се одредуваат правилата за имплементација на

Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и означување на органски

производи по однос на органско производство, означување и контрола, CELEX број 32008R0889.

Закон за контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи во надворешно –

трговскиот промет(„Службен весник“ бр. 5/1998 и 13/1999)

• Правилник за условите кои во поглед на техничката опременост треба да ги исполнуваат

правните лица овластени за вршење на контрола на квалитетот на земјоделските и

прехранбените производи и нивните преработки во надворешно-трговскиот промет („Службен

весник“ бр. 55/1998);

• Правилник за содржината на барањето за издавање уверение за квалитет (сертификат) и

образецот на кој се поднесува барањето („Службен весник“ бр. 55/1998)

• Правилник за начинот и постапката за вршење контрола на квалитетот во земјоделските и

прехранбените производи нивните преработки во надворешно-трговскиот промет („Службен

весник“ бр. 55/1998);

• Решение за определување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за покривање на

трошоците на Републичкиот пазарен инспекторат за вршење на контролата на квалитетот на

земјоделските и прехранбените производи и нивните преработки во надворешно-трговскиот

промет („Службен весник“ бр. 55/1998);

• Решение за одредување на земјоделските и прехранбените производи и нивните преработки

што подлежат на контрола на квалитет во надворешно-трговскиот промет („Службен весник“ бр.

59/1998);

• Одлука за дозвола за вршење контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените

производи во надворешно-трговскиот промет („Службен весник“ бр. 65/2004);

• Упатство за начинот на остварување на правото на користење на средствата за премијата на

млекото („Службен весник“ бр. 7/1997)

9.2. Законодавство за производството на култури:

Закони

• Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник“ бр. 49/10, 53/11,126/12, 15/13, 69/13);

• Закон за семиња и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник“ бр. 39/06, 89/08,

171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14);

• Закон за правата на одгледувачите („Службен весник“ бр. 52/09);

Page 77: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

77

• Закон за здравјето на растенијата („Службен весник“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11,

148/11);

• Закон за производи за заштита на растенијата („Службен весник“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 53/11)

• Закон за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник“ бр.140/10, 53/11, 55/12,

106/13);

• Закон за ѓубривата („Службен весник“ бр. 110/07, 20/09, 17/11, 148/11);

• Закон за квалитетот и безбедноста на ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на

својствата на земјата („Службен весник“ бр. 27/14);

• Закон за органското земјоделско производство („Службен весник“ бр. 146/09, 53/11);

• Закон за државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник“ бр. 20/09, 53/11, 164/13,

43/14);

• Закон за виното („Службен весник“ бр. 50/10, 53/11, 06/12, 64/12, 23/13,106/13; 188/2013);

• Закон за тутунот и тутунските производи („Службен весник“ бр. 24/06, 88/08, 31/10, 36/11, 53/11,

93/13, 99/13, 164/13, 151/14);

• Закон за земјоделското земјиште („Службен весник“ бр. 1135/07, 17/08, 18/11, 42/11, 148/11,

95/12, 79/13, 87/13, 106/13,164/13; 39/14);

• Закон за воспоставување мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски

стопанства („Службен весник“ бр. 110/07)

Регулативи и подзаконски акти

• Подзаконски акти од Законот за земјоделство и рурален развој

• Подзаконски акти од Законот за семиња и саден материјал за земјоделски растенија

• Подзаконски акти од Законот за правата на одгледувачите

• Подзаконски акти од Законот за здравјето на растенијата

• Подзаконски акти од Законот за производи за заштита на растенијата

• Подзаконски акти од Законот за органското земјоделско производство

• Подзаконски акти од Законот за тутун и тутунски производи

• Подзаконски акти од Законот за квалитетот на земјоделските производи

• Подзаконски акти од Законот за ѓубрива

9.3. Законодавство поврзано со шумарството:

Според законодавството, шумите во Република Македонија може да бидат во државна и

приватна сопственост. Шумите што се во сопственост на религиозни заедници се третираат како

приватни шуми, оние што се наоѓаат во заштитени области се во државна сопственост, додека во

Бугарија, според законодавството, шумите се државни, општински и во сопственост на правни

субјекти и поединци.

Приватните шуми во Република Македонија се управувани од приватни сопственици, додека

државните шуми се управувани од јавни претпријатија и други правни субјекти назначени од

државните институции. Во Бугарија, приватните шуми се управувани од сопствениците, општинските

од општините, а државните шуми од државни претпријатија. Шумите во заштитените области се

управувани од одделни правни субјекти назначени од државните институции, восогласност со

законите за заштита на природата во двете земји. Според организациската структура на шумарската

дејност во ЈП „Македоснки шуми“, Скопје во рамките на шумските економии-подружници, шуми и

Page 78: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

78

шумски земјишта се поделени во 10 шумски управни единици, додека во Бугарија, во рамките на

шумските економии-подружници ТЕ ДЛС „Осогово“, Ќустендил, шуми и шумски земјишта се

поделени во осум шумски управни единици.

9.4. Заштитени области во прекуграничниот регион Осоговски Планини

Значајноста на природните вредности на Осоговските Планини на македонската страна беше

потврдена во текот на подготовките на Просторниот план за источна Македонија во 1981, кога оваа

планина беше одредена како „Комплекс од поширока важност“ на национално и регионално ниво,

каде беше предвиден режим на управување, кој ќе ги користи природните одлики и туристичкиот

потенцијал. Бидејќи регионот е од посебна важност, горните делови на планината беа особено

одредени, особено местата Пониква, Царев Врв и горниот слив на Злетовска Река, кои беа

предложени за категоријата „Области со специјални природни одлики“. Во категоријата

„карактеристични предели“ беа вклучени околината на Лесновскиот Манастир и браната Градче,

додека дабовото дрво во селото Бели (со обем од 7,8 м) беше предложено за Споменик на

природата. Беше заштитен само еден предмет, црницата Morus nigra, во дворот на Лесновскиот

Манастир.

Според Просторниот план на Македонија, неколку места на Осоговските Планини се

идентификувани како природни реткости: дабовото дрво во селото Бели, црницата во селото

Лесново и два природни резервати (Злетовска и Црвена Река). Дополнително, беа идентификувани

две прашуми на мала област - Црвена Река и реката Елешница. Министерството за животна средина

и просторно планирање на РМ, во септември 2009, започна постапка за формирање Споменик на

природата „Раткова Скала“, (со површина од околу 11.500 ха). Во постапката на развојот на

репрезентативна мрежа заштитени области, на македонската страна се предвидува Осоговските

Планини да бидат голема заштитена површина (77.226 ха) да бидат во категоријата „заштитени

предели“, што вклучува поголем дел од претходно спомнатите места и локалитети. Една заштитена

област, Црна Река (196.43), постои на бугарската страна на планината и заштитува зачувана букова

шума. Беше формирана во 1980, и во неа се забранети сите економски активности што

предизвикуваат уништување.

На бугарската страна, местото „Осогово“ од Натура 2000 е признато под Директивата за

птиците, со област од 24.125 ха. Местото е од европски интерес за заштита на еребицата камењарка

Alectorisgraeca чие население за размножување во регионот е доста бројно. Во областа се наоѓаат

доста големи населенија од осојади Pernisapivorus и лисести глувчари Buteorufinus. Исто така, во таа

област се размножуваат и златниот орел Aquilachrysaetos, сивиот сокол Falcoperegrinus и буфот

Bubobubo. Истиот регион е важно подрачје за птици.

Врз основа на меѓународните критериуми, Осоговските Планини се одредени како:

а) Важна област за растенијата „Осоговски Планини“

б) Главна област на пеперутки „Осогово“ на бугарската страна (24.184 ха) - Главна мотивација

за формирање е присуството на важни населенија од 13 од таргетираните видови, особено

Colias caucasica, Polyommatus eroides и Erebia pronoe. Останатите важни таргетирани видови

се Zerynthia polyxena, Parnassius mnemosyne, P. apollo, Scolitantides orion, Glaucopsyche alexis,

Maculinea alcon, Coenonympha rhodopensis, Erebia medusa, E. oeme и Neptis sappho (Абаџиев

Ц., и Бешков Ц. Главна област на пеперутки во Бугарија: 25. Осогово

http://www.nmnhs.com/butterfly_areas_bg/area.php?q=25_osogovo)

Page 79: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

79

в) Важни подрачја за птици (ВПП): - Во македонската страна на планината се одредени три

ВПП (Велевски и др. 2010):

ВПП во долината на реката Злетовска: Ова ВПП ги опфаќа подолните делови на сливот на

реката Злетовска, вклучувајќи ги западните падини на Осоговските Планини. ВПП се одредени заради

присуството на 3-4 пара царски орли.

Други важни видови во долината се ливадската еја Cyrcuspygargus, чучурлинот Burhinus oedicnemus и

модровраната Coracias garrulus. Повеќе видови поврзани со сувите степовидни резултати се наоѓаат

на падините на Осоговските Планини. Особено важни живеалишта се околините на селата

Трипатанци и Соколарци ВПП „Осоговски Планини - областа ги опфаќа западните падини на

планината, горниот дел на реките Злетовска, Стара и потокот Ештерец, т.е. меѓу селата Лесново и

Луково и локалитетите Пониква и Пасаџиково и ги опкружува карпестите области во Раткова Скала

(вклучувајќи го Орлов Камен, В'чки Камен и Синковица). Во овој регион беше потврдена

репродукцијата на египетскиот орел мршојадец, црниот штрк, лисестиот глувчар, планинскиот сокол,

сивиот сокол, буфот, кралскиот орел, орелот-змијар, еребицата камењарка и други видови. Постојат

фрагменти од зачувани дабови шуми, важни за неколку вида клукајдрвци, а веројатно и за

муварките. Во минатото, тука се размножуваа и црниот и белоглавиот мршојадец.

ВПП „Кочански оризови полиња“ – одредени заради најгустото население од бели штркови, чија

исхрана зависи од оризот. Во појасите со јасики во селото Жиганци, постои мешана колонија жерави,

а во селата Уларци и Соколарци исто така се најдени колонии со сиви чапји.

д) Паневропска еколошка мрежа и Македонска национална еколошка мрежа (МАК-НЕН) -

Осоговските Планини, како дел од еколошката мрежа, играат клучна улога како коридор меѓу

Стара Планина на север и Малешевските Планини на југ, продолжувајќи до планината Беласица и

јужно од неа. Пропуштањето на коридорот сѐ уште не е испитано во детали (зависи од видовите

што се земаат во обзир или групите слични видови), но веројатно е добар за помалите подвижни

видови и не е поволен за големите цицачи (кафеава мечка, волк, рис, обичниот елен итн.).

Врската со Малешевските Планини станува тесно грло кај рудникот Саса, каде шумата е многу

деградирана и засадена со црн бор од релативно мала возраст. Потребни се обиди за негова

ревитализација и управување со живеалиштата за да се оптимизира неговата функција како

биокоридор.

ѓ) Локација од мрежата Емералд

Целата планина е одредена како локација од мрежата Емералд, со голем број важни видови

фауна, особено меѓу 'рбетниците.

9.5. Законодавство поврзано со туризмот

Бугарскиот Закон за туризам (Службен весник 79/13.10.2015); Регулатива за местата за престој

и храна и правилата за категоризација, одбивање, намалување, прекинување на активност и

прекинување на категорија (Службен весник 62/25.08.2015; Регулатива за организацијата на

Единствен туристички информациски систем (Службен весник 17/17.05.2015)

Page 80: Project title: Feasibility Study for Trans-border ... · Project title: Feasibility Study for Trans-border Biosphere Reserve Osogovo Ref.: 2007CB16IPO007-2012-3-047 This project is

80

Библиографија:

1. Културното и историското наследство на Осоговскиот регион - Станислава Захова

2. Земјоделството во Осоговскиот регион - Васко Хаџиевски

3. Одржлив економски развој на Осогово - Димитар Сабев

4. Фауна - Методија Велевски

5. Флора, живеалишта и видови екосистеми во Осоговските Планини - Наталија Меловска

6. Шуми - Оливер Аврамовски

7. Tуризам - Симaна Марковска

8. Социологија - Станислава Захова

9. Стратегијата од Севилја и законската рамка за светската мрежа на биосферни резервати

10. Физибилити студија за потенцијалниот биосферен резерват Езеро Тана - Фондација

Михаил Суков 2012