3
текст Текст Текст Текст Текст

revija elena

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: revija elena

текстТекст Текст

ТекстТекст

Page 2: revija elena

21/6/2011

Дарко Лукиќтеатролог

Продукцијата е уметност

Дарко Лукиќ е роден во Сараево. Професор е наАкадемијата на драмски уметности на Универзитетотво Загреб, на отсекот по драматургија и продукција,како и на катедрата по теорија. Предава и на докторски-

те студии по книжевност, изведувачки уметности, филм и култу-ра на Филозовскиот факултет во Загреб, а како вонреден профе-сор предава и на Академијата на драмски уметности во Тузла ина Академијата на сценски уметности во Сараево.

Како предавач гостувал на Универзитети надвор од Хрватска(Англија, САД, Италија, Бразил, Аргентина). Бил директор надрама во Народното позориште во Сараево, управител и умет-нички директор на Teatra &TD во Загреб, уметнички директорна Меѓународниот фестивал на млади во Пула и селектор наМеѓународниот фестивал на мали сцени во Риека.

Има докторирано на науки по уметност- театрологија наФилозовскиот факултет во Загреб, магистрирал драматургијана Факултетот на драмски уметности во Белград, и дипломиралкомпаративна книжевност, филозофија и театрологија наФилозовскиот факултет во Сараево. Стручно се усовршувал наTisch School of the Arts, New York University во Њујорк, потоа наEuropean Academy for Culture and Management во Салцбург(каде што се стекнал со диплома по културен менаџмент), и наInstitute for Theater Anthropology, University of Copenhagen 1998.Предавал како гостин во Англија, САД, Костарика, Венецуела,Бразил, Аргентина, Шпанија, Бугарија и Романија.

Како резидентен драмски писател претстојувал во RoyalCourt Theatre во Лондон во 1996 и во центарот Le Chartreuse, воАвињон во 1994. Бил член на европскиот совет на театролози задоделување на наградата „Premio Europa“ (2009).

Дарко Лукиќ освен што е познат по неговата успешна работаво театарот, неговата библиографија бележи и три романа иедна збирка на раскази.

Досега има објавено четири театролошки книги и дваесетти-на драмски текста кои се изведени на сцените на театри воБосна и Херцеговина, Хрватска, Србија, САД, Венецуела,Италија, Полска, Романија, Шпанија, Словенија и Аргентина.

Неодамна на Фестивалот на мали сцени во Риека во пропрат-ната програма беа промовирани две негови театролошки книги„Театарот во своето опкружување“ и „Театар, култура, транзи-ција“.На Фестивалот „Стеријино позорје“ што заврши мината-та недела во Нови Сад, беше промовиран првиот дел од негова-та книга „Театарот во своето опкружување1 – театарски иденти-тети“, а на 10-иот Фестивал на драма, во Босна и Херцеговинакој се одржа во Зеница, претставата „Странци“ доби награда занајдобар изведен драмски текст, која му припадна на ДаркоЛукиќ за текстот “Недоразбирање“ и на авторите Аида Пилав,Хасан Џафиќ, Радмила Смиљаниќ и Алмир Имширевиќ .

Дарко Лукиќ е постојан соработник на словенечкиот режисерТомаж Пандур, со него соработува уште од студентските денови,а во Хрватското народно казалиште во Загреб, заедно работат наголемиот театарски проект „Војна и мир“ на Толстој, со учествона речиси целиот драмски ансамбл од оваа куќа, со што е пред-видено со премиерата на оваа претстава да се отвори новататеатарска сезона. Претставата ќе биде изведена и во Марибор,како европска престолнина на културата.�Неодамна на Фестивалот на мали сцени во Риека беа

промовирани две Ваши книги, првиот дел од книгата„Театарот во своето опкружување“ и „Театар, култура, тран-зиција“. На што ставивте акцент во овие две дела?

- Книгата „Театарот во своето опкружување“ има два дела,првиот дел „Театарски идентитети“, кој беше промовиран овде,се занимава со односот на театарот спрема своите опкружува-ња, економски, политички, идеолошки,... истражува митови иритуали, нелинеарната историја на театрите на сите краеви насветот, односот на економските фактори во театарот, односоттеатарот и неговата публика, потоа односот политика, идеоло-гија и театар. Вториот дел се занимава со интермедијалност иинтертекстуалност во театарот и треба да излезе оваа лето, а сезанимава со односот театарот и медиумите и театарот во ератана глобализација. Втората книга која е промовирана „Театар,култура, транзиција“ претставува збир од есии за културнитеполитики во транзиција, за искуства од воените траумит во дра-мата и театарот, и некои мои записи за поетики и режисерскиракописи.�Фестивалот на мали сцени во Риека стана еден од најре-

презентативните збиднувања во регионов. На почетокот гисобирал најдобрите и најпрогресивните остварувања накоморниот театар, настанати во продукција на хрватскитеинституционални и независни театри. Од 1999 година когаселектор на Фестивалот станува Јасен Боко, фестивалот воглавната програма вклучува и претстави од странство, но ипонатаму останува верен на своето инсистирање на совре-мен израз, првокласен актерски театар и изведби кои овоз-можуваат најнепосреден допир на изведувачот со публика-та.

Две години на Фестивалот јао селектиравте меѓународна-та програма. Која е главната идеја на селекторите на овојфестивал?

- Со големо задоволство две години го селектирав меѓународ-ниот програм, а главната идеја на сите селектори секогаш бешеда го сочуваме духот на мали сцени и на публиката во Риека даи го претставиме она што е најдобро во регионов и во Европа. Зажал, финансиските можности не секогаш ни допуштаа баш с`што сакавме, но сепак мислам дека успеавме фестивалот да го

пишува: елена ангеловска

Интервју

Никола Ристановски е извонреден актер кој има големи способности на преобразба и голема палета на изразни средства

Page 3: revija elena

направиме регионално интересен и пре-познатлив. � Со оглед на тоа што долго време

сте на овој фестивал, каков впечатокимате за уметниците кои доаѓаат одМакедонија? Дали би можеле даиздвоите некоја претстава или улога?

- Оваа година Никола Ристановскиапсолутно ја фасцинираше публикатаво Риека со неговата улога во „ГосподаГлембаеви“. Видовте дека публикатапотполно беше воодушевана од негова-та игра, но и жирито му ја додели награ-дата за најдобар актер на Фестивалот.

Никола Ристановски е извонреденактер кој има големи способности напреобразба и голема палета на изразнисредства. Во секоја поединечна улога тоје во состојба да направи цел спектар насостојби и нијанси на емоции, па така иво една улога е занимлив и променлив.Кога ги споредуваме неговите три улоги(на Грита, Ахмет Нурудин и ЛеонеГлембај) пред се ќе кажам дека одгово-рил на предизвик на три сосема различ-ни лика, (терскаста), режисери, и трисосема различни поетики и естетики, исекојпат беше на врвот, што навистинатоа можат да го постигнат само извон-редните актери.�На 10- иот Фестивал на драма во

Босна и Херцеговина кој се одржа воЗеница од 20 до 29 мај, во натпревару-вачката програма учествуваа 11 пре-тстави од театарски куќи од БиХ, апретставата „Странци“ на Босан -скиот народен театар „Зеница“ јадоби наградата за најдобар изведендрамски текст, која ви припадна Вами на авторите Аида Пилав, ХасанЏафиќ, Радмила Смиљаниќ и АлмирИм ширевиќ. Како дојдовте до идеја таза создавање на овој омнибус и зашто зборува Омнибусот „Стран ци“?

- Омнибусот „Странци“ настана понарачка на Босанското народно позо-риште и Фестивалот од нас петмина.

Имавме само една заедничка рамка -да ги испитаме недоразбирањата вомеѓучовечката комуникација и полож-бата на странецот во вистинскиот (над-ворешен) или имагинарниот (внатре-шен) егзил.

Мојот текст „Недоразбирање“ збору-ва за случајна средба помеѓу двајца, мажи жена, кои некогаш заедно оделе во истклас во гимназија, а кои случајно сесретнуваат во метро воЛондон.Раскажувам пет различни при-казни за тоа како средбата би можела даизгледа, што би можеле еден на друг даси кажат или да си премолчат, а оста-вам и можност средбата воопшто и да сенема случено.

После премиерата во Зеница, кадеете и доби награда, текстот е снимен иза хрватското радио под назив “Pleasemind the gap” и номиниран е за PrixItalia, овие два успеха ме уверија декаоваа кратка микродрама треба да ја рас-пишам во драмски текст за целовечернапретстава, и тоа токму со актерите одЗеница, Роби и Снешка, кои прекрасноги одиграа своите улоги и со режисер-ката Лајла Каикчија, кои на една пробаво Зеница ми потврдија дека би сакале,ако им напишам уште од истиот мате-ријал кој длабоко интимно ги имадопрено.� Првиот дел од Вашата книга

„Театарот во своето опкружување“беше промовиран и на неодамназавршениот фестивал „Стеријинопозорје“ во Нови Сад.

Значи, постојано сте присутни натеатарските фестивали во регионов?

- Често сум во Босна и Србија, воМакедонија сум бил на Охридско лето,кој е навистина многу репрезентативенмеѓународен фестивал и на прекрас-ниот студентски фестивал „Скомрахи“со моите студенти, каде пред три годи-ни бев гостин на уважениот професорМартин Панчевски на трибина за сту-дии по продикција на акедемиите ворагионов. Јас ја претставив работата настудиите по продукција на загребачкатаакадемија и со колегите водевме многу

занимлив разговор за концепцијата настудиите по продукција на различнишколи и во различни традиции.� Колку продукцијата денес е и

уметност? - Продукцијата секогаш е уметност,

за разлика од организацијата, иако кајнас луѓето и не ја познаваат таа разликапомеѓу овие области. Продукцијата екреативна уметничка активност одкураторски тип, а на основа на креа-тивниот менаџмент е и наука, за разли-ка од организацијата која е вештина иструка. � Со словенечкиот режисер,

Томаж Пандур долго време соработу-вате. Во Хрватското народно каза-лиште, Пандур, го режира ремек-делото „Војна и мир“ на ЛавНиколаевич Толстој, во Ваша драма-тизација. Кој беше предизвикот да сеприфати еден ваков голем проект?

- Томаж и јас работиме заедно, седружиме, разговараме за театаротполни триесет години. Нашата сора-ботка уште од студентските денови емногу разновидна, богата и интензив-на, но пред се би рекол и инспиратив-на. Поради тоа и го прифатив неговиотповик на тој голем налуничав проект,драматизација на „Војна и мир“ одТолстој. Две години и нешто помалкупред тоа работев на текстот и еве сега епред актерите во Загреб, веќе месецдена работат, и нормално, кога живитеактери се тука, уште неколку интервен-ции во новата верзија требаше дапоправам, но ова е само дел од проце-сот на работата со Томаж.� За Вас велат дека сте извонреден

професор. Предавате на Академијатана драмски уметности во Загреб и надокторските студии по книжевност,театар, филм и култура наФилозофскиот факултет во Загреб.Како вонреден професор предаватеи во Босна и Херцеговина, на акаде-миите во Сараево и Тузла. Како успе-вате да постигнете во извршување насите овие обврски, кои пред се бара-ат голема одговорност?

- Сето ова го постигнувам со добропланирање и добра организација наработата. Со месеци однапред ги пла-нирам моите обврски и штом ги впи-шам во планер повеќе не ги менувам,освен во случај на виша сила. Така евозможно со не толку голем напор да сепостигне сето тоа.� На што ќе се посветите во пре-

тстојниов период? - Моментално завршува школската

година, а сите што се во настава знаатшто значи тоа. Но, покрај тоа работамна завршната коректура „Театарот восвоето опкружување 2-театарскаинтермедијалност и интеркултурал-ност“, се спремам да се фатам за работаза распишување на драмскиот текст„Странци“, а размислувам и за новакнига, чија што груба скица, се појасноја гледам.

21/6/2011

5

текстТекст Текст

ТекстТекст

ТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекстТекст