60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 33 Cena: 50 den. maj 2012 ISSN: 1857-6710 Магијата на „PаМетната одбрана” Шанса за унаPредување на сPособностите и Pокрај кратењето на средствата за одбрана АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции Pодготвени за нови Pредизвици Методско-огледна вежба „огнена PоддрШка на Механизирана PеШадиска единица во наPад” садници Pо Pовод jубилејот години АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА жив белег за дваесетгодиШнината од Pочетоците на арМ

Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

Br. 33 Cena: 50 den. maj 2012IS

SN

: 18

57-

671

0

Магијата на „PаМетната одбрана”Шанса за унаPредување на сPособностите и Pокрај кратењето на средствата за одбрана

АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

Pодготвени за нови PредизвициМетодско-огледна вежба „огнена PоддрШка на Механизирана PеШадиска единица во наPад”

садници Pо Pовод jубилејот

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

жив белег за дваесетгодиШнината од Pочетоците на арМ

Page 2: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

maj 5

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

9 мај 1992 година – Старешините и дел од првата класа регрути во касарната „Маршал Тито” (денес „Илинден”) од регуларниот состав на АРМ дадоа свечена обврска. Наредниот денови свечена обврска дадоа старешините и регрутите во касарната „Стив Наумов” во Битола, во касарната во Штип и во касарната во Охрид.

7 мај – Единицата на Воената полиција е формирана на 12 април 1992 година, но таа го празнува 7 мај.

21 мај – Припадниците на 2. механизирана пешадиска бригада на АРМ, македонските „леопарди” (на фотографиите), ги продолжуваат светлите традиции на Кичевско-мавровскиот партизански одред формиран на 21 мај 1943 година. Со новата структура на АРМ, „леопардите”, заедно со „скорпиите”, се дел од единствената Механизирана пешадиска бригада на АРМ.

п в с ч п с н1 2 3 4 5 6

7 8 9 10 11 12 1314 15 16 17 18 19 2021 22 23 24 25 26 2728 29 30 31

Page 3: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

Блиска далечина

икогаш Македонија не била толку блиску, а сепак далеку до НАТО. Но, фактите говорат друго.

Иако формално не е членка, Македонија фактички, во секој поглед и од секој аспект, одамна е членка на НАТО. И тоа според сите параметри вреднува-ни за секоја членка на НАТО. Пробле-мот не е во НАТО-стандардите, туку заради тривијална причина: името на Македонија. „Решето го прашањето, по-тоа државата без проблеми ќе се при-клучи во НАТО“, е лаконскиот одговор. И така во недоглед. Министерот за одбрана, Фатмир Бе-сими, кој ги посети САД за да напра-ви финален обид да се подигне све-ста околу проблемот пред самитот на НАТО на 21 и 22 мај, наведува дека име-то на неговата држава не претставува територијална претензија кон грчиот регион. „Членството во Алијансата, на-гласува тој, може да биде од корист за Грција и за сите земји од регионот и за НАТО. Ова можеме да го оствариме ако најдеме начин за решавање преку раз-говори и дискусии, и ако гледаме еден на друг како на соседи“.Македонија доби значајна поддршка од Конгресот на САД, но и од нејзините пријатели во Европа и ширум светот, за нејзините напори да се приклучи на Алијансата. Впрочем, македонска-та поддршка на војните во Ирак и во Авганистан, заедно со нејзиниот рела-тивно висок степен на трошоци за од-брана како процент на БДП, е неспор-на причина дека на државата треба да ѝ биде понудено членство. „Се однесу-ваме и делуваме де факто како членка на НАТО“, истакнува министерот Беси-ми, наведувајќи дека сега 163 македон-ски војници се стационирани во Авгани-стан, со што државата е петти контрибу-тор по глава на жител во меѓународните сили за поддршка на безбедноста. „Са-каме да потврдиме дека НАТО гле-да во Македонија, а и САД ја сметаат Македонија за партнер со кој ќе рабо-тат заедно на обезбедувањето мир и стабилност“, рече тој.Македонија сепак со надеж го чека мајскиот самит во Чикаго. Наспроти сè, се верува дека Македонија со своите 2.000.000 жители и со сè уште голема верба во НАТО и ЕУ-интеграциите, ко-нечно ќе го добие тоа што според ре-зултатите го заслужува – конечно ќе стане членка на Алијансата на што чека веќе 18 години, и тоа на дваесеттиот роденден на Армијата на Република Македонија.Велат, надежта последна умира.Македонија сè уште живее во надеж. За-тоа и продолжува со сите активности на сите одбранбени полиња. Покрај друго-то, во тек е преструктуирање на АРМ; на многу полиња се достигнува инте-роперабилност со НАТО; идниот месец, пред самиот самит во Чикаго, ќе се од-ржи една од најголемите меѓународни вежби на Балканот и многу други актив-ности.И по Чикаго Македонија сигурно ќе се продолжи по тој пат. Без разлика што ќе се случи на самитот во Чикаго. Не за-тоа што сме „венчани“ со НАТО, туку за-тоа што е тоа патот на развојот.

В. Дичевски

четвороножни војнициЗНАЧАјНА УлОГА НА ВОЕНИТЕ КУЧИњА ВО СОВРЕМЕНИТЕ ВОЕНИ ОПЕРАцИИ

интервјусо јари Шрага, директор на Центарот за обука на пилоти на арМ

ветриШта на ПроМени

ДЕСЕТТЕ ТЕХНОлОГИИ КОИ ГО ОБлИКУВАА БОјНОТО ПОлЕ

реална ПотреБа

РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ – МОЌЕН ЕлЕМЕНТ ОД ОДБРАНБЕНИОТ СИСТЕМ

Значаен сУБјект на одБранБениот систеМ

РАЗГОВОР СО ПРЕТСЕДАТЕлОТ НА ОРОРМ, ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАлКОВСКИ, ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕњЕТО НА ОРОРМ

најдоБри кога е најтеШко

ПОКАЗНА ВЕжБА НА ПСО ЗА СПАСУВАњЕ ВО НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН

сириска криЗа: раЗногласие во еУ

АРАПСКАТА ПРОлЕТ И УлОГАТА НА ЕУ ВО РЕШАВАњЕТО НА КРИЗАТА ВО СИРИјА – I

дејствата и нивната еконоМска оПравданост

СПЕцИјАлНИ ОПЕРАцИИ И АСИМЕТРИЧНО ВОјУВАњЕ – Iv

18

6

20

22 14

24

35 40

44

50

Страница

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

Штит - година IV, број 33, мај 2012 година, излегува еднаш месечноиЗдавач - Министерство За одБрана на реПУБлика Македонија

иЗдавачки советЕмил Димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Селвет Барути, полковник Мирче Ѓоргоски, Васил Дичевски,потполковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

главен и одговорен УредникВасил Дичевски

редакцијаКристина Илиевска (новинар-уредник), Билјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник); Иван Петрушевски (новинар); Ксенија Митева-Котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

Печати: „наМПрес“ – скопје

адреса на редакцијатаМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ бб 1000 СкопјеТелефони: 02 328 24 17; 02 3128 276Факс: 02 3113 527 www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

Содржина:

3

цЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПлАТА 600 ДЕНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

42

Page 4: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

4

-концептот „Памет-на одбрана“ (Smart defence), кој за првпат беше прет-

ставен на НАТО-самитот во лисабон, ги поттикна НАТО-земјите и кандидатите за членки во Алијансата поинаку од досега да гледаат на одбраната. Всушност овој концепт од темел ги менува досегашните одбранбени концепти, бидејќи на пиеде-сталот се ставаат заедничките одбранбе-ни иницијативи и потфати. „Паметната од-брана”, всушност, е економична одбрана, бидејќи здруженото делување, заеднич-ките стандарди, паметното планирање и специјализацијата на членките овозможу-ва да се решат непотребните трошоци за одбраната, со што се намалуваат држав-ните воени трошоци. Денес кога државите штедат на секој че-кор, кога се мери секој денар, долар, евро или фунта, „паметната одбрана“ ги пот-тикнува сојузниците да соработуваат во развојот, стекнувањето и одржувањето на воените капацитети и во решавањето на безбедносните проблеми во соглас-ност со новиот концепт на НАТО. Тоа зна-чи здружување и споделување на способ-ности, утврдување на приоритетите и по-добро координирање на напорите во од-бранбената сфера. Претставувајќи го но-виот систем на одбрана, генералниот се-кретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, нагласи дека се работи за нов пристап во расходите за одбраната во време на теш-ка економска криза. Интегрираниот си-стем за одбрана на повеќе држави, сме-та тој, обезбедува поголема безбедност

Магијата на „Паметната одбрана”

Шанса за унапредување на способностите и покрај кратењето на средствата за одбрана

со многу помалку пари, но со заедничка работа и поголема флексибилност. На тој начин НАТО настојува да ги поврзе држа-вите кои имаат слични потреби, но не и доволно средства самите да ги изградат капацитетите кога е во прашање памет-ната одбрана, го појасни Расмусен нови-от концепт на НАТО.„Паметната одбрана“ се применува во об-ласти кои се клучни за НАТО, како што се балистичките проектили за одбрана, над-зорот и разузнавањето, одржување на подготвеноста, на обуката и на силите за подготовка, ефикасно ангажирање и заштита на силите итн. За таа цел НАТО-членките и кандидатите за членки во Алијансата треба да бараат мултинацио-нални решенија за заедничките пробле-

ми. Притоа НАТО може да дејствува како посредник и да им помогне на земјите за-едно да најдат решение, и тоа по пони-ска цена, поефикасно и со помал ризик. Всушност, концептот „Паметна одбрана“ е шанса за НАТО-членките и кандидати-те за членки во Алијансата да ги задржат, дури и да ги унапредат способностите, и покрај кратењето на буџетските средства за одбрана. Се разбира, според момен-талните можности.НАТО и ЕУ, а особено Европската аген-ција за одбрана, се соочуваат со слични предизвици. За да се избегне непотребно удвојување се пристапи кон здружување на функциите и кон конкретни форми на соработка како што се борбата про-тив импровизирани експлозивни напра-

Page 5: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

драстичното кратење на БУџетитеАлијансата во моментов е преокупирана со современите предизвици на светската безбедност, а на претстојниот самит во Чи-каго клучни ќе бидат три теми - Мисијата ИСАФ во Авганистан за повлекување на трупите во 2014 година; концептот на „паметна одбрана”, поради драстичното кратење на буџетите за одбрана кај член-ките и аспирантите и улогата и соработка-та со глобалните партнери. Во секој случај, од 25. самит во Чикаго на Северноатлантската алијанса се очекува-ат клучни одлуки на западниот воен сојуз во врска со ИСАФ-мисијата на НАТО во Ав-ганистан во која учествува и македонски-

от контингент. Од Македонија се очекува, во согласност со начелото „заедно внатре, заедно надвор”, да остане во Авганистан со останатите членки до крајот на 2014 го-дина, за кога се предвидува крај на борбе-ните операции и кога одговорноста за без-бедноста во Авганистан треба да ја презе-мат авганистанските безбедносни сили. Втора голема тема на самитот ќе биде усвојувањето на нов одбранбен концепт на „Паметна одбрана” (Smart defence), кој промовира подобри начини за буџетот на ниво на целата Алијанса, што е посеб-но важно во време на економската криза и намалување на воениот буџет во повеќе членки, па и во Македонија. „ Сите заеднички треба да разговараме, истакнува министерот Бесими, бидејќи сите држави се соочуваат со намалување на средствата во делот на одбраната а, од друга страна, капацитетот и способноста мора да ги задржиме. По самитот во Чи-каго треба да седнеме и да се договори-ме каде може заеднички да дејствуваме”. До самитот на НАТО во Чикаго, во мај 2012 година, треба да се воспостават јасни прио-ритети и да се развијат конкретни проекти и иницијативи за регионална и друга сора-ботка. Самитот во Чикаго ќе биде првиот, но суштински чекор во спроведувањето на концептот „Паметна одбрана“, особе-но ако, како што се очекува, се донесат цврсти одлуки меѓу сојузниците за при-мена на серија мултинационални проек-ти. Тоа воедно ќе значи и нов пристап и нов начин на размислување во однос на стекнувањето и одржувањето на капаци-тетите на подолг рок.

В. Д.

5

цептот „паметна одбрана“, кои во својата суштина се ефикасен механизам за промоција на регионално лидерство, со-работка, менторство и градење на довер-ба на патот кон целосно зачленување во НАТО. Освен заедничките проекти на А-5 земјите кои веќе функционираат: Шко-лата за воената полиција на Авганистан-ската национална армија и регионалната медицинска група, наскоро се очекува и реализација на иницијативата за Балкан-ски регионален пристап кон воздушната одбрана – BRAAD (овој заеднички проект делумно ќе биде финансиран од НАТО и во консултација со НАТО-експерти, во со-гласност со состанокот на министрите за одбрана на А-5 земјите во Тирана и не-одамнешниот во Скопје). Во „игра“ се и иницијативите за регионалните тренинг-центри, капацитетите за регионално ци-вилно планирање во случај на кризи и други проекти. Сето тоа треба да биде ко-ординирано преку регионална работна група за координација на проектите од концептот „Паметна одбрана“ за земјите од југоисточна Европа, којашто доп-рва треба да се формира. Македонија веќе ја истакна кандидатурата за реги-онален лидер за координација на оваа иницијатива.Дополнително, сите држави од регионот се свесни дека не можат сами да ги гра-дат капацитетите и оти се потребни за-еднички напори на проекти. Пример е СЕЕБРИГ-бригадата која може да биде добро јадро за проширување на регио-налните проекти околу кои треба да се обединиме.

ви, противхемиско, биолошко и нукле-арно оружје и медицинска поддршка. „Паметната одбрана“, исто така, прет-поставува иновативни решенија во на-менската воена индустрија. Соработка-та во наменското производство за одре-ден регион може многу да придонесе за намалување на производствените тро-шоци и за модернизирање на опрема-та и вооружувањето. Врз основа на успешните мултинационални проекти и иницијативи, Алијансата ќе соработува со партнерите од случај до случај, во соглас-ност со нејзините принципи и процедури.

Шанса За регионотМакедонија и земјите од регионот тоа мошне брзо го сфатија. Соочувајќи се со намалувањето на одбранбените буџети, излезот го побараа и го најдоа токму во „Паметната одбрана“. Сега, со многу по-малку пари, се настојува да се реализира-ат многу повеќе одбранбени проекти од интерес за повеќето земји во регионот. Во таа насока, на конференцијата САД-јадранска група, насловена како „Заед-нички предизвици и здружени решенија“, што се одржа на 29 март во Скопје, ми-нистрите за одбрана и останатите учес-ници на конференцијата се согласија дека е потребно приспособување на од-бранбените буџети, подобро планирање и поставување приоритети со помалку финансиски ресурси. Во таа смисла, како што укажува министерот за одбрана на РМ, Фатмир Бесими, како пример можат да се посочат проектите на јадранската група А5, етаблирани во духот на кон-

Page 6: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

двај чекам да летам на македонско­то небо и одзгора да ги видам уба­вините на вашата прекрасна земја, Македонија!“. Вака го почнавме ин­

тер вјуто со директорот на Центарот за обу­ка на пилоти на Република Македонија, Јари Шрага (Shraga Yaari). Човекот како да е „од наша гора лист“: непосреден, отворен, знае што сака и ја цени секоја минута од свое­то драгоцено време. Овде е дојден да го води проектот на Воздухопловната брига­да на АРМ, но и на Република Македонија, кој уште сега го доби префиксот историски, бидејќи овој проект ќе ја промовира Репу­блика Македонија во регионален центар за обука на пилоти во согласност со Догово­рот за отворање на Центарот за обука на пилоти помеѓу Министерството за одбрана и израелската компанија „Elbit Systems“ од Израел.

Господине Шрага, со Вас, како дирек-тор на Центарот за обука на пилоти на АРМ, започнува една нова ера за маке-донското воено воздухопловство. Спо-ред Вас, што практично би значело тоа за Македонија и за регионот?– Центарот за обука на пилоти не е зна­чаен за Военото воздухопловство и за АРМ само заради современата опрема и технологија туку, пред сè, заради креирање на нов дух, како и нов пристап кон едукацијата на новите пилоти, различен од досегашниот. Денес повеќе не е доволно воените пилоти само да знаат да управува­ат со леталото. Тие треба да бидат подгот­вени да извршуваат широк спектар на не­борбени мисии, но и во секој момент да би­

6

со Јари Шрага, директор на Центарот за обука на пилоти на АРМ

интервју

Високо на македонското

небо

Page 7: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

7

брана објави конкурс за прием на канди-дати за обука на пилоти што ќе се спро-ведува во новоотворениот Центар за об-ука на пилоти на АРМ. Каков е првични-от интерес?– Се прават напори конкурсот да допре до сите заинтересирани. Во кампањата се вклучени повеќе весници, се емитува и спот на МТВ, закачени се постери, а се органи-зираат и презентации во Домот на АРМ. Се надеваме дека ќе има доволно канди-дати за кадети за првата генерација. Во наредниот период, за наредните конкур-си кои ќе се објавуваат на секои шест ме-сеци, ќе се бараат и други решенија со цел анимирање на јавноста за придобивките на пилотската професија и нејзиното значење за нацијата.Моментално сме концентрирани да произ-ведеме пилоти за потребите на земјата, а подоцна ќе се работи на привлекувањето на интересите и на други земји со цел Цен-тарот, помеѓу другото, да прерасне во се-риозен извор на финансиски средства кои би биле на располагање на МО и АРМ.

Тоа што го прави Центарот посебно ин-тересен за регионот и пошироко се со-времените достигнувања на „Елбит“, подготвеноста на кадрите да ги прене-сат своите знаења и искуства и капаци-тетите за симулирање на обуката, не-опходните летала и кадри за нејзино спроведување. Дали тоа значи дека се создава нова генерација пилоти во реги-онот, и воопшто во НАТО-земјите, обучу-вани по НАТО-стандарди?

дат подготвени да ги поддржат безбеднос-ните сили во и надвор од границите на РМ, односно да бидат пилоти-борци подготве-ни за секоја прилика и ситуација. Со други зборови, менаџментот на центарот има за-дача да создаде услови за произведување пилоти за новото време.

амбициите се големи, но и уве ру ва њата дека Македонија и израел, поконкретно „Elbit Systems“, имаат способности и ка-пацитети да ја исполнат оваа мисионер-ска задача. Што конкретно нуди цента-рот за Македонија за регионот и поши-роко?– Со проектот центар за обука на пилоти (цОП) се обезбедува сопствен капацитет за обука на пилоти кој значително ќе ги подо-бри вештините, квалитетот и професиона-лизмот на идните пилоти. Се работи за уни-катен пристап на обуката базиран врз из-раелските искуства, по највисоки стандарди компатибилни со оние на НАТО-алијансата. Креирањето на идните пилоти започнува со строгиот систем на селекција, продол-жува со елементарната обука на авионите Злин-242л, како и со базичната обука на хе-ликоптерите Бел-206Б3 и завршува со на-предната обука на истите хеликоптери. Са-кам да потенцирам дека селекцијата е мно-гу значаен процес кој трае два до три ме-сеци со цел избор на најдобрите кандидати способни да ја совладаат теоретската и ле-тачката обука.Вториот значаен сегмент на новиот кон-цепт за обука на пилоти е современата опрема и техника. Покрај изградбата на нова, современа и наменска инфраструк-

тура за работа на центарот за обука на пилоти, во тек е и набавка на 4 хеликопте-ри од типот Бел-206 коишто се користат во најголемиот број воени воздухоплов-ства како најсигурно и најсоодветно сред-ство за едукација на пилоти. Во тек е и из-работка на два симулатори за хеликопте-рите Ми-24 и Ми-8/17. Исто така, за потре-бите на центарот за обука на пилоти, со цел обезбедување ефикасна логистичка и техничка поддршка, формирана е локална компанија „Елмак“, компанија која е во соп-ственост на „Елбит системи“. Инфраструктурно, центарот за обука на пилоти е организиран во три системски це-лини: aдминистративен дел со канцеларии и училници, дел за симулаторите за летање и дел за логистичка поддршка и одржување. Секоја целина е оперативно независна и овозможува непречено функционирање во сите фази на обуката.Идните кадети ќе ги изучуваат сите настав-ни содржини со помош на најсовремени по-магала: компјутери, оригинални и заштите-ни материјали на Авијациската школа на Оксфорд, како и наставни содржини кои се производ на искусни и докажани пило-ти на израелското Воено воздухопловство. На кадетите на цОП во секое време ќе им бидат на располагање ресурсите на цента-рот.Всушност, програмата на цОП нуди одре-дени поволности, бидејќи истата е прилаго-дена на интернационалните цивилни нор-ми со цел идните пилоти лесно да можат да се стекнат и со цивилни дозволи-лиценци (“PPL-Private Pilot Licence” - приватна пилот-ска дозвола). Истата ќе овозможи подобра подготвеност на пилотите за летање над-вор од територијата на РМ. Сето тоа прет-ставува сериозен исчекор во однос на до-сегашната обука на пилотите.Исто така, сериозен адут на овој про-ект се двата симулатори. Тие ќе овозмо-жат полесна транзиција на младите пило-ти на еден од двата оперативни хеликоп-тери, зголемување на летачките вешти-ни и подобрување на квалитетот на об-уката. Истите значајно ќе придонесат за зголемување на безбедноста во летањето и заштеда на скапите ресурси на оператив-ните хеликоптери. Делот од цОП кој се од-несува на синтетичкиот тренинг, односно симулаторите за летање, исто така е ин-тересен и се очекува да побуди интерес не само кај соседните воени воздухоплов-ства, туку и кај оние кои се многу подалеку од границите на РМ. Користењето на симу-латори кои нудат висок квалитет на симула-ции денес е сè поактуелно и се смета како сериозно дополнување на процесот на об-ука на идните борбени пилоти. Симулатори-те во блиска иднина ќе бидат составен дел од едукацијата и обуката на речиси секое воено воздухопловство. центарот е димензиониран да обезбеди школување на пилоти и обука на симула-тори за Минситерството за одбрана и за АРМ, но и за Министерството за внатреш-ни работи кое располага со исти или слични хеликоптери.

во република Македонија, како и во земјите од регионот, постои интерес ид-ните пилоти да добијат знаења и спо-собности според непроценливите иску-ства и капацитети на израел и на „ел-бит“. За таа цел Министерството за од-

центарот БрЗо ќе Прерасне во МеѓУнароден центар За

оБУка на Пилоти

УШте сега иМа голеМ интерес За центарот За оБУка на Пилоти, не саМо од кандидатите За членки во нато од Македонија и регионот, тУкУ и од членките на нато коиШто иМаат исти или слични воЗдУхоПлови. Затоа верУваМ дека центарот БрЗо ќе Прерасне во МеѓУнароден центар За оБУка на Пилоти Што, Покрај дрУгото, ПретставУва ПридоБивка и За Македонските Пилоти, Бидејќи на тој начин ќе иМаат Можност неПосредно да раЗМенУваат искУства и Знаења и да сораБотУваат со Пилоти од дрУги ЗеМји со кои Заеднички ќе УчествУваат во идните Мисии на нато, на еУ и на он.

Page 8: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

– Веруваме дека во секој поглед успешно ќе ги преточиме израелските стандарди во Центарот за обука на пилоти, вклучувајќи ги и технолошките достигнувања на „Elbit Systems“, како и знаењето и умеењето на менаџментот и на наставниот кадар којшто главно ќе биде од Израел, но ќе бидат вклу-чени кадри и од Република Македонија, по-себно од Воздухопловната бригада и од Воената академија на РМ.Притоа, мошне значајно е тоа што иску-ствата и знаењата на израелската армија се многу блиски до НАТО-стандардите, бидејќи тие стандарди израелската армија уште од поодамна и практично ги примену-ва. Освен тоа „Elbit Systems“ се непосред-но вклучени во модернизацијата на израел-ската армија, како и во нејзината техничка и логистичка поддршка. Новите пилоти кои ќе произлезат од Цен-тарот за обука на пилоти ќе бидат под-готвени за работа во согласност со НАТО-стандардите. Летачките задачи ќе ги из-вршуваат со рутинска примена на англиски-от јазик.Би сакал да напоменам дека уште сега има голем интерес за Центарот за обука на пи-лоти, не само од кандидатите за членки во НАТО од Република Македонија и од реги-онот, туку и од членките на НАТО коишто имаат исти или слични воздухоплови. За-тоа верувам дека Центарот брзо ќе прерас-не во меѓународен Центар за обука на пи-лоти што, покрај другото, претставува при-добивка и за македонските пилоти, бидејќи на тој начин ќе имаат можност непосредно да разменуваат искуства и знаења и да со-работуваат со пилоти од други земји со кои заеднички ќе учествуваат во идните мисии на НАТО, на ЕУ и на ОН.

Центарот функционира според моделот на јавно-приватно партнерство со изра-елскиот „Елбит“. По осум години цело-сно ќе премине во државна сопственост и во функција на Министерството за од-брана и АРМ. Дали е доволен периодот од осум години за да се создадат капа-цитети за симулирање на обуката, на не-опходните летала и да се создадат ка-дри за спроведување на обуката?Сигурен сум дека по осум години Републи-ка Македонија ќе располага со соодвет-ни капацитети и со квалитетен сопствен кадар за нормална работа на Центарот. Исто така, задоволен сум од тоа колку по-зитивно се гледа на овој проект од Вла-дата на РМ и од сите релевантни субјекти во земјата, што придонесува да се избег-нат инаку долгите бирократски процедури кога е во прашање реализирање на вакви проекти според моделот на јавно-приватно партнерство.Што се однесува до „Елбит системс“, како и секоја приватна фирма, ќе настојува да ра-боти максимално ефикасно во својот до-мен. Впрочем, моделот на јавно-приватно партнерство се применува во развојот на сите современи армии во светот.Во секој случај, осум години се доволни за да се пренесат искуствата, технологијата и тренингот на кадрите кои ќе ја продол-жат оваа историска мисија. Освен тоа, ве-рувам дека таквите искуства, како и нови-от дух и начин на работа што ќе се приме-нува во Центарот за обука на пилоти брзо ќе се пренесе и во другите армиски структу-ри, бидејќи само на тој начин можат да ста-нат ефикасни воини на новото време. Во

8

членки на нато кои ќе покажат инте-рес?– Очекуваме дека во центарот за обука на пилоти многу брзо ќе се вклучат и кандида-ти за обука од Министерството за внатреш-ни работи на Република Македонија. Впро-чем, не случајно во Програмата на цента-рот се вклучени и цивилни компоненти, од-носно покрај нормите што се типични за во-ените воздухопловства, ќе се применува-ат и норми од цивилното воздухопловство. Тоа значи дека во центарот ќе се произве-дуваат и воени и цивилни пилоти.Уверен сум дека во наредниот период та-ков интерес ќе пројават и државните инсти-туции од другите земји во регионот и поши-роко, кои располагаат со хеликоптери. За нив, секако, постои можност да се приспо-соби програмата во согласност со нивните специфични барања.Впрочем, не случајно се залагаме стандар-дите што ќе се применуваат во центарот за обука на пилоти да бидат и интернацио-нални, НАТО-стандарди, применливи за по-требите и на военото и на цивилното воз-духопловство.

израел е докажан пријател на Ма ке до-нија, а соработката на безбедносен план помеѓу двете држави трае веќе подолго време. какви се вашите првични впеча-тоци за амбиентот во центарот за обука на пилоти и воопшто за луѓето и за амби-ентот во Македонија?– Моите први импресии се дека народот во Израел и во Македонија е многу сличен, особено по карактерот и менталитетот. На-секаде наидувам на отворени луѓе, секогаш подготвени да излезат во пресрет, дури и тогаш кога се работи за ситни, банални не-шта. Кога ќе видеа дека сум странец, сами-те се нудеа, на пример, да ми го покажат или да ме одвезат до местото каде што са-кав да одам.За жал немав многу време да ја разгледам вашата убава земја. Тука сум три месеци, но имам многу активности на кои максимално им се посветив со цел побрзо отворање на центарот за обука на пилоти.Досега сум бил на Попова Шапка, тоа беше убаво доживување, го посетив Кокино, а набргу ќе го посетам и Охрид, лично да се уверам во убавините на Охридското Езеро за кое имам многу слушано од моите коле-ги кои го имаат посетено. Со нетрпение чекам што побрзо да поле-там и да ги доживеам одозгора убавините на вашата земја.

Васил Дичевски

тој контекст, особена придобивка е што сме сместени во самата воздухопловна база на Воздухопловната бригада. Тоа ќе овозмо-жи овде да доаѓаат и да се усовршуваат пи-лотите од базата кои истовремено ќе им ги пренесуваат своите искуства на кадетите во центарот.Исто така, сакам да нагласам дека за овој проект за наредните осум години веќе е определен соодветен буџет, што е гаранција дека проектот успешно ќе се ре-ализира.

какви се перспективите на центарот за обука во иднина, бидејќи во него ќе се обучуваат пилоти и за другите институ-ции во земјава кои имаат воздухоплови, а ресурсите ќе можат да се користат и од земјите од регионот, како и за земјите-

Пилоти на новото вреМе

центарот За оБУка на Пилоти не е Значаен За военото воЗдУхоПловство и За арМ саМо Заради совреМената оПреМа и технологија тУкУ, Пред сè, Заради креирањето на нов дУх, како и нов ПристаП кон едУкацијата на новите Пилоти, раЗличен од досегаШниот. денес Повеќе не е доволно воените Пилоти саМо да Знаат да УПравУваат со леталото. тие треБа да Бидат Подготвени да иЗврШУваат Широк сПектар на неБорБени Мисии, но и во секој МоМент да Бидат Подготвени да ги Поддржат БеЗБедносните сили во и надвор од границите на рМ, односно да Бидат Пилоти-Борци, Подготвени За секоја Прилика и ситУација. со дрУги ЗБорови, МенаџМентот на центарот иМа Задача да соЗдаде Услови За ПроиЗведУвање Пилоти За новото вреМе.

Page 9: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

елегација од Министер-ството за одбрана предво-дена од министерот Фат-мир Бесими во Вашингтон учествуваше на годишни-

те билатерални одбранбени кон-султации во Пентагон со Селесте Валандер, заменик-помошник на секретарот за одбрана за Евро-па и Евроазија. На консултациите било истакнато дека стратегиско-то партнерство помеѓу САД и Ре-публика Македонија е од голема важност за одбраната во смисла на одржување на стабилноста и на економскиот просперитет. Го-дишните билатерални одбранбе-ни консултации беа одлична мож-ност за размена на мислења за достигнувањата во билатерал-ната соработка помеѓу САД и Ре-публика Македонија, како и ни-вото на имплементација на од-бранбените реформи, подготов-ките за членство во НАТО и при-донесот кон мирот, безбедно-ста и стабилноста, во регионал-ни и во глобални рамки. Притоа е потврдена и одличната соработ-ка помеѓу Армијата на Републи-ка Македонија и Националната гарда на Вермонт, соработка која доведе до интензивирање на за-едничките иницијативи и про-екти. Консултациите се однесу-ваа на билатералната соработ-ка, регионалните иницијативи и интеграцијата во НАТО. Раз-гледани се и можностите за

инфоOдбранбени консултации

9

идна соработка и поддршка на САД за одбраната на Репу-блика Македонија, како што се модернизација и развој на арми-скиот полигон „Криволак“ во ре-гионален центар за вежби. Министерот за одбрана Фатмир Бесими во Пентагон се сретна и со секретарот за одбрана на САД, леон Панета, заокружувајќи ги годишните билатерални кон-султации во областа на одбрана-та на Република Македонија со Владата на САД. Во чест на посетата на мини-стерот Бесими на сојузната држава Вермонт како дел од официјалната посета на САД, успешната соработка помеѓу Ре-публика Македонија и Вермонт, како и заедничкото партнерство помеѓу Националната гарда на Вермонт и АРМ, претседавачот на Генералното собрание на Вер-монт на министерот Бесими му предаде Резолуција донесена од страна на Сенатот и Парламен-тот на Генералното собрание на сојузната држава. Резолуцијата укажува на улогата на Република Македонија како фактор на ста-билност во регионот. Министе-рот за одбрана Фатмир Бесими го посети Универзитетот за на-ционална одбрана во Вашингтон каде учествуваше на тркалезната маса на тема „Патот на Републи-ка Македонија кон евроатлант-ските интеграции”.

сии и контрибуцијата кон гло-балната безбедност. Во седиштето на Меѓуна род-ниот црвен крст, министерот Бесими се сретна со директор-ката за операции во Европа и во Северна Америка, Барбара Хинтерман, со која разменија мислења околу мисијата ИСАФ во Авганистан и мисијата во Сирија, додека, пак, при посе-тата на женева-центарот за безбедносна политика, беше реализирана средба со амба-садорот Фред Танер, кому му беше изразена благодарност за поддршката на неодам-на одржаната Конференција на министрите за одбрана на САД – јадранската група. Ми-нистерот Бесими го посети и центарот за демократска кон-трола каде се сретна со амба-садорот Теодор Винклер. На средбите стана збор и за мо-далитетите за зацврстување и унапредување на идната сора-ботка со посебен осврт кон об-уката за припадниците на Ми-нистерство за одбрана и на АРМ и проектите коишто ќе значат подобрување на стан-дардот на војниците, како и на модалитетите на инклузив-ност и професионалност при развојот на модерната струк-тура на АРМ.

сораБотка За ПриМеро рамките на официјалната по сета на Швајцарската Кон федерација, министе-

рот за одбрана на Републи-ка Македонија, Фатмир Беси-ми, оствари средба со својот колега, швајцарскиот мини-стер за одбрана, цивилна за-штита и спорт, Уели Маурер. Досегашната соработка беше оценета како одлична, а во-едно беа разгледани и мож-ности за нејзино зајакнување. Тема на разговор беа рефор-мите во Министерството и во АРМ, како и учеството во меѓународните мировни ми-

Page 10: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

огледувањето на процесот на трансформација во со-гласност со новата структу-

ра на силите, како и плановите и активностите на раководство-то во насока на понатамошно подобрување на ефективноста и професионалноста на припад-ниците на Армијата на Републи-ка Македонија беа главните цели на посетата на министерот за од-брана, Фатмир Бесими, на Здру-жената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Ку-маново.„Иницијативата ’Формација и стандард’ вклучува следење

на имплементацијата на нова-та формација во согласност со НАТО-стандардите и следење на стандардот на припадниците на АРМ. Ова иницијатива ќе ја имаме низ повеќе градови и низ повеќе структури на Армијата на

Република Македонија“, најави министерот Бесими.„Здружената оперативна ко­манда со потчинетите единици се наоѓа во фаза на интензив­на трансформација и паралел­но со неа како врвен приоритет работиме на тежишните зада­чи во кои се инволвирани при­падниците на ЗОК“, истакна ко­мандантот на Здружената опе­ративна команда, бригадниот генерал Методија Величковски. Во тек е подготовка на единици­те за учество на меѓународната вежба во мај која ќе биде нај­големата воена вежба одр­жана досега во Република Македонија, на која ќе се отво­ри можност за организација на курс за оценувачи во соглас­ност со концептот за оператив­ни способности, оценка на де­кларираните единици како што е баталјонската борбена група и средната пешадиска чета за баталјонската борбена група на ЕУ, како и подготовка на нова ротација за мисијата во Авгани­стан.Министерот Бесими се сретна и со поголем број војници и старе­шини од прва рака да ги дефини­ра проблемите и прашањата ко­ишто се однесуваат на нивниот стандард.

о дефиле на ешалоните и примопредавање на знаме-

то на Полкот за специјални опера-ции во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески и заменик-министерот за одбрана Емил Ди-митриев, полковник Павле Ар-соски официјално го презеде командувањето со најелитната македонска воена единица. До-сегашниот началник на штабот на пСО должноста командант ја презеде од полковникот Зоран Додевски.„Голема чест, но и голема од-говoрност е да се биде на чело на најелитната единица во АРМ. Не е лесно да се раководи и да се командува со припадници кои биле во мировни мисии и кои на своите гради носат повеќе од 300 одликувања, а 60 отсто од нив учествувале и во борбени

дејства“, порача генерал-мајор Горанчо Котески. „Полкот за специјални опе-рации е елитна единица на АРМ која се подготвува за извршување на најделикатните и во принцип високоризич-ни мисии и задачи кои поне-когаш се мали по обем, но најчесто имаат ефекти на стра-тегиско рамниште. Затоа при-падниците се посебно избра-ни, организирани се во посеб-ни помали состави, опремени се со најдоброто и специјално вооружување и опрема и под-ложени се на константна и ин-тензивна специјална обука. Уве рен сум дека со квалитетот на персоналот со кој располага единицата и досегашното иску-ство, Полкот за специјални опе-рации и во иднина успешно ќе одговори на сите предизвици“, истакна полковник Арсоски.

Процес на ПрестрУктУирање на арМ

ред командата на Брига-дата за логистичка под-

дршка (брЛП) во Скопје се одржа свеченост по повод примопредавањето на долж-носта командант на Бригада-та за логистичка поддршка. Должноста командант на брЛП ја прими полковник Владимир Стојановски од полковникот Благојчо Пејчинов кој досега ја извршуваше оваа функција. На примопредавањето прису-ствуваа советникот на начал-никот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Димов, командан-тот на Здружената оператив-на команда (ЗОК), бригаден ге-нерал Методија Величковски, претставници од ГШ на АРМ и од Министерството за одбра-на, команданти на потчинетите команди и единици.Во согласност со новата организациско-формациска

структура на АРМ, поранеш-ната Команда за логистич-ка поддршка се трансфор-мира во брЛП и ќе биде ди-ректно потчинета на ЗОК. Со имплементацијата на новата структура на АРМ, како и врз основа на пропишаните ми-сии и задачи, брЛП ќе биде од-говорна за целосно логистич-ко обезбедување на АРМ и за борбено-сервисната поддршка на единиците на АРМ. Заради ефикасно извршување на по-ставените задачи, оваа брига-да своите единици ги има ло-цирано низ сите гарнизони на АРМ, во рамките на нејзините надлежности и медицинското обезбедување за кое е одгово-рен Военомедицинскиот цен-тар кој е во состав на брЛП.

инженери, техничари и војници, оспособивме нови инструктори и пробни пилоти и го подигнав-ме нивото на обуката и летачка-та безбедност, истакна на свече-носта последниот командант на Воздухопловниот ВИНГ, а сега прв командант на Воздухоплов-ната бригада, потполковникот Кире Колевски. Како командант на летачка единица, задовол-ство е да се работи со стареши-ни коишто си ја сакаат работата и се посветени на извршување на летачките задачи“.логото на ВБР, „ПО ПАТОТ НА

ЅВЕЗДИТЕ“ и зборовите профе-сионалност, мобилност, ефикас-ност на знамето на ВБР, отсега ќе бидат синоним за препознавање на ВБР во Армијата и поширо-ко, а воздухопловната супериор-ност, огнените способности, брза-та мобилност, прецизност и бор-бена поддршка, атрибути за кои ќе се зборува.

нов коМандант на Псо

ПриМоПредавање на должноста коМандант на БрлП

ПроМоција на воЗдУхоПловната Бригада

10

а воениот дел на аеродро-мот „Александар Велики“

во Петровец на 12 април 2012 година во согласност со нова-та трансформација на АРМ и стапувањето на сила на нова-та формациска поставеност со-гласно НАТО-стандардите се од р жа пригодна свеченост за промовирање на Воздухоплов-ната бригада и за прием на долж-носта командант на вбр. На све-ченоста, покрај другите, при-суствуваа заменикот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сеј-дини, командантот на ЗОК, бри-гадниот генерал Методија Ве-личковски, генерали и коман-данти на командите и единици-те во АРМ, аѓутантот на претсе-дателот на РМ, полковник Васко Ѓурчиновски, претставниците од локалната самоуправа и прет-ставниците од аеродромот „Алек-сандар Велики“ и „М-НАВ“.Од формирањето на Военото воздухопловство во 1992 годи-на, преку трансформацијата во Воз духопловен ВИНГ, баталјон ПВО и АСОК до денешната Воз-духопловна бригада, оваа едини-ца помина долг пат. Истовремено сите елементи на воздухопловна-та компонента во рамките на АРМ и МО станаа дел од Воздухоплов-ната бригада. „Во изминатиот период се обучија десетици нови пилоти,

Page 11: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

11

традиционален тУрнир

аменик-министерот за одбра-на Емил Димитриев се сретна

со командантот на Бригадата за мултинационалните сили на јиЕ (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Здравко Поповски. Македонија во СЕЕБРИГ учествува со една пешадиска чета и еден инженер-ски вод. Поповски ќе биде коман-дант на СЕЕБРИГ со седиште во Грција до наредната година. Бри-гадниот генерал Здравко Попов-ски ја посети и касарната „јане Сандански“ во Штип, со цел да се запознае со подготвеноста на припадниците на АРМ, кои се дел од оваа бригада.

Заеднички ПристаП потврдија и идното поинтензив-но споделување на информаци-ите и на најдобрите практики и научени лекции, како и гледиш-тата и искуствата стекнати со меѓународните партнери со цел развој на заеднички пристап кон решавањето на проблемот на ви-шокот вооружување во регионот на јИЕ.Процесот на соработка на југоисточна Европа е форум за дипломатски и политички дијалог каде земјите-учеснички се отво-рени за соработка во насока на идниот развој на регионот, како и за дефинирање на заеднич-ки ставови и споделување на искуства. Во процесот учеству-ваат 12 земји-членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрват-ска и Словенија и црна Гора. Ак-туелен претседавач е Србија, а од јуни 2012 година претседател-ството со кое ќе претседава ми-нистерот за надворешни работи, со мандат од една година, ќе го преземе Македонија.

аменик-министерот за од-брана на РМ, Емил Димитри-ев, во Белград учествуваше

на состанокот во рамките на Про-цесот за соработка во ЈИЕ, SEECP. На состанокот беа разменети мислења за подобрување на за-едничката соработка во регио-нот во контекст на решавање на прашањата поврзани со вишокот на вооружување. Имајќи ја пред-вид потребата од справување со вишокот на муницијата и нејзината демилитаризација, се очекува да се дефинираат на-соки за справување со овој про-блем. Во рамките на состано-кот, министрите за одбрана на зем јите-учеснички прифатија за едничка изјава со која ќе се об врзат за продолжување и унапредување на регионалната соработка и добрососедските од-носи, и тоа преку користење на концептите на НАТО, „паметна одбрана” и на ЕУ за „здружување и споделување”, како и преку по-добра координација при подго-товка и ефикасно справување со катастрофи. Учесниците го

Посета на коМандантот на сееБриг

„де факто“ членка на нато

СР Германија е поддржувач на Ре­публика Македонија за нејзиното членство во НАТО, со високо при­знание и благодарност за уче­ството на македонските мировни­ци во меѓународните мисии, оце­ни министерот за одбрана Фат­мир Бесими по средбите со гер­манскиот министер за одбрана, Томас де Мизиер, со парламен­тарниот државен секретар во ми­нистерството Кристијан Шмит и со членовите на Комисијата за одбрана во Бундестагот. „Во од­нос на евроатлантските интегра­ции и значењето на стабилноста во регионот, констатиравме дека Македононија „де факто“ се одне­сува и ќе продолжи да се однесу­ва како членка на Алијансата, како во однос на реформите така и во меѓународните мисии“, изјави Бе­сими, додавајќи оти сето тоа ја прави Македонија сè покредиби­лен партнер на Али јансата. На сред бите високо е оценета и со­ра ботката меѓу Македонија и Гер­манија во полето на одбраната.

оваа година во Велешкиот гарнизон во организација на

Командата за обука и доктрини, на 10 април се одржа турнир во мал фудбал. Овој турнир прерас-на во традиционален, а поводот е одбележувањето на годишнината од доаѓањето на првиот регрут на отслужување на воениот рок во редовите на АРМ на 15 април 1992 г. Учесници беа екипи на единици-те на АРМ и екипи од локалната самоуправа на Велес, како и еки-па на домаќинот. Командантот на КОД, полковникот Љупчо Костов-ски на екипите им посака одличен натпреварувачки и спортски дух .Во натпреварите екипите пока-жаа одлична игра, а воедно и дру-жење. Првото место го освои еки-пата на пСО, второто место еки-пата на Бригадата за логистичка поддршка, а третото место екипа-та на КОД. С. Н.

о мировните операции на Ев-ропската унија во Босна и

Херцеговина, АлТЕА, ќе биде ис-пратен еден медицински тим од 10 припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за рабо-та во Командата на ЕУФОР. Меди-цинскиот тим ќе биде испратен во мај оваа година, а офицерот тре-ба да замине во јуни. Припадни-ците на Армијата се испраќаат за период од шест месеци. Во мисијата на Обединетите нации УНИФИл во либан ќе биде испра-тен еден штабен офицер за пери-од од една година, сметано од ме-сец мај.

нови контингенти во Бих и во лиБан

резентацијата на можнос­тите на полскиот оклопен

транспортер на тркала „Росо­мак“ и на опремата за воздуш­на одбрана, како и поддршка­та за модернизација на маке­донските хеликоптери беа три­те клучни теми на дводнев­ната конференција на тема „Модернизација на македонска­та aрмија со користење на пол­ското искуство“ што се одржа во Скопје. На конференцијата, во орга ни зација на Полската амбасада во Македонија и пол­

користење на Полското искУство и технологии

скиот воено-индустриски ком-плекс „Бумар“, беа споделени искуствата кои Република Пол-ска ги има акумулирано низ про-цесите на политичка и воена интеграција во НАТО и ЕУ.Инаку, Македонија има амбиции да ја продлабочи соработката со Полска за капацитетите за воз-душното набљудување и против воздушна одбрана до 3.000 ме-три, за набавка на модерни пе-шадиски транспортери на трка-ла и за модернизација на хели-коптерите.

Посветеност на одБранБените рефорМи конференцијата на воениот коМитетелегација на АРМ предво­дена од началникот на ГШ на АРМ, генерал­мајор Го ран чо

Котески, учествуваше на Кон фе­ренцијата на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови на армиите од земјите контрибутори во мисијата ИСАФ. Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ во Брисел беа прашањата околу активности­те и улогата на НАТО во периодот на транзиција и изградбата на не­зависни и самоодржливи авгани­стански национални безбедносни сили (ANSF), како и на плановите на Алијансата во однос на ангаж­манот на силите на ИСАФ во Авга­нистан за време на транзициони­от период како и по 2014 година во периодот на посттранзиција во Авганистан, во контекст на новиот Стратегиски план на НАТО за Авга­нистан и процесот на тран зиција, изградбата на авганистански­те безбедносни сили и потреби­те за воспоставување на нов про­фил на мисијата ИСАФ после 2014 г. Овие прашања прет ставуваат клучни делови од Стратегискиот план на НАТО за Авганистан, кој треба да биде дос тавен до шефо­вите на држави и влади на сами­тот на НАТО во Чикаго.

о седиштето на НАТО во Бри-сел се одржа состанокот на

Република Македонија со Ко-митетот на НАТО за политика и партнерства со цел одобрување на партнерските цели на РМ за 2012 година во рамките на Про-цесот за планирање и анали-за (ПАРП). Делегацијата од Ре-публика Македонија беше пред-водена од државниот секретар во Министерството за одбра-на, Петар Есмеров. Државни-от секретар Есмеров потенци-раше дека МO и АРМ останува-ат посветени кон активниот при-донес во операциите, мултина-ционалниот пристап во изград-бата на капацитетите и регио-

налната соработка. На состано-кот беше поздравен напредо-кот на Република Македонија во имплементацијата на барањата од партнерските цели, посвете-носта на одбранбените рефор-ми, развојот на распоредливите способности, придонесот во опе-рациите предводени од НАТО. Воедно, беше споделена оцена-та дека Република Македонија е кредибилен партнер со интеро-перативни сили и способности и беше реафирмиран фактот дека Република Македонија е цело-сно подготвена за преземање на одговорностите и обврските кои произлегуваат од членство-то во НАТО.

Page 12: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

„Штит” ви претставува Автоматска пушка М21

автоМатската ПУШка М21 е раЗвиена од коМПанијата ,,црвена Застава” (крагУевац, срБија). оваа ПУШка е наМенета За УниШтУвање и онесПосоБУвање на неПријателска жива сила, на огнени средства и на летала на Мала височина до далечина од 500 m, а кога е оПреМена со фрлачката на гранати ПБг 40 mm Може УсПеШно да се користи и За УниШтУвање и онесПосоБУвање на лесно оклоПни и неоклоПни БорБени воЗила, Утврдени оБјекти, БУнкери и дрУги технички средства и да иЗврШи ЗадиМУвање на БоиШтето на далечина од 400 m. инакУ При единечна стрелБа најдоБри реЗУлтати со М21 се ПостигнУваат на далечина од 400 m, со кратки рафали најдоБри реЗУлтати се ПостигнУваат на далечина од 300 m, а со долги рафали на далечина од 200 m.МеханиЗМот на ПУШката фУнкционира со ПоЗајМУвање на БарУтните гасови, а Бравењето со ротација на Затворачот.сандакот на ПУШката е иЗраБотен од ПресУвани челични лиМови,кои се ЗаШтитени со БрУнирање, додека од ПолиМер се иЗраБотени кУндакот, Предниот и Заднот ракофат. цевката е иЗраБотена од челик со високи Механички својства,

1. Кундак2. Механизам за утврдување на

кундакот 3. Поклопец4. Повратна пружина со водиште5. Заден механички нишан6. Носач на затворачот7. Затворач со ударна игла8. Сврзувачка чивија помеѓу

поклопецот и сандакот9. Гасен цилиндар10. Гасен клип

а нејзината внатрешност е изработена со полигонален профил и е тврдо хромирана. на врвот од цевката е поставен компензатор на истрелување – сокривач на пламен, кој при стрелба овозможува 25-30% намалување на отскокнувањето на оружјето. бајонетот наменет за м21 се поставува од десната страна на цевката со цел непречено поставување и дејствување со потцевната фрлачка на гранати. пушката м21 поседува два регулатори за стрелба со по три позиции (U- закочено, R- рафална стрелба и J- единечна стрелба). едниот регулатор за стрелба е поставен на десниот централен дел од сандакот, а другиот на левата страна од сандакот над задниот ракофат. на левата страна од сандакот е вградена и шина за поставување на различни модели на нишани (дневни оптички или ноќни), или носач за нишани со пикантини-шина. инаку механичките нишани на пушката имаат секундарна улога и на нив се поставени трициумски точки со цел нишанење во ноќни услови, а како примарен нишан се користи оптичкиот нишан он-21.

Ивица Дамески

При констрУирањето на автоМатската ПУШка М21 се водело сМетка ПУШката да Биде сПоред нато- стандардот STANAG No4172 и да ПоседУва МoдУларна констрУкција, односно да се ЗаПаЗат 3 основни Услови: орУжјето да ПоседУва калиБар од 5,56 mm, да ПоседУва Можност За ПоставУвање сПектар од ниШански Уреди (дневни оПтички, ноќни ниШани, ласерски и колиМаторски ниШани) и Можност За ПоставУвање на Потцевна фрлачка на гранати

Пресек на Автома тската пушка М21

1 2

3 4

5

1718

19

12

Page 13: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

Автоматска пушка М21

11. Преден механички нишан12. гасна комора13. компензатор на истрел14. цевка со калибар 5,56 mm15. Преден ракофат16. рамка за муниција со

капаците од 30 куршуми17. Утврдувач на рамката за

муниција18. чкрапало со механизам на

чкрапалото19. Заден ракофат

Пресек на Автома тската пушка М21

6 7 8

9 10

11

12

131415

16

тактичко-технички карактеристики на М21

верЗии М21 М21S М21а

кУрШУМ 5,56x45 mm НАТО

5,56x45 mm НАТО

5,56x45 mm НАТО

калиБар 5,56 mm 5,56 mm 5,56 mm

должина на ПУШката 1000 mm 915 mm 815 mm

должина со склоПен кУндак 750 mm 666 mm 570 mm

должина на цевката 460 mm 375 mm 290 mm

тежина на ПраЗно орУжје со Метална раМка За МУниција 4.17 kg 4.04 kg 3.92 kg

каПацитет на раМките За МУниција 30 куршуми 30 куршуми 30 куршуми

тежина на ПраЗна раМка За МУниција 150 gr полимерска/ 350 gr метална

Почетна БрЗина на Проектилот од кУрШУМот 890 m/s 890 m/s 800 m/s

МаксиМален ефикасен дострел 500 m 500 m 200 m

теоретска БрЗина на стрелБа560-680

куршуми во минута

560-680 куршуми во

минута600 куршуми

во минута

Практична БрЗина на стрелБа 120 куршуми 120 куршуми 120 куршуми

Тактичко-техничките карактеристики за пушката М21 се преземени од официјалните објавени податоци на производителот.

13

Page 14: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

ојникот на иднината мора со себе да има високотехнолошко радио кое ќе му овозможи јасна далекусежна ре-

алновременска комуникација со коман-дата, но и со пријателските сили на тере-нот. ова е заклучокот кој може да се из-влече по претставувањето на новата ко-муникациска опрема на „Harris Corp.“ на минатогодишната егзибиција на безбед-носна и одбранбена опрема во лондон. станува збор за тактичкото радио „Harris RF-7800S-LR“ кое во себе инкорпори-ра компјутерски систем кој поддржу-ва апликации со алатки за мапирање, трансмисија на пораки и видеа, како и реалновременски видеопроток. од аспект на подобрувањата за војникот, значајно е да се напомене дека неговата поврзаност со командата оста-нува на високо ниво, додека севкупно, во голема мера се намалува тежината и

БИСЕРОТ НА „AGUSTA WESTLAND“

„алтај“ – Првиот тУрски национален тенк

нова коМУникациска алатка

gusta A 129 Mangusta“ (на ан-глиски „Mongoose“) е резул-тат на проектот започнат на барање на италијанската коп-

нена војска со цел конструирање ле-сен извидувачки и противоклопен хе-ликоптер. Воедно тој е првиот хеликоп-тер кој целосно е дизајниран и произве-ден во Западна Европа. Првиот прото-тип од овој тип полетал во 1983 годи-на, додека три години подоцна поле-тале сите пет проектирани прототипи. Првенствено хеликоптерот бил наменет за дејство против оклопни цели во сите услови, дење и ноќе. Имено, ноќе ја ко-ристи опремата од системот „Helicopter InfraRed Night System – HIRNS“ која овозможува летови на мали висини при слаба временска видливост. После одредени негови модификации, може да извршува борбени дејства против трупи на земја, други хеликоптери или бавни авиони на мала висина.Првобитната идеја била да се измени „Agusta А109“ кој е сенаменски лесен хе-ликоптер, но компанијата набрзо сфа-тила дека таа опција не е најдоброто решение и затоа се започнало со креирање нов дизајн на хеликоптерот „A 129 Mangusta“. Првично проектот бил започнат од страна на италијанската „Agusta“ и западногерманската „МВВ“, но подоцна тој бил продолжен само од страна на Италија. Испораката на први-те 60 хеликоптери „A 129 Mangusta“ за-

14

„AGU

STA

129

MAN

GUST

A“

со очекуваните странски одлуки се оче-кува да биде произведена првата група од најмалку 300 тенкови. тогаш „алтај“ најверојатно ќе биде најмодерниот тенк во светот во категорија од 60-тонски тен-кови, изјавија официјални лица за на-бавка. тенкот ќе има послуга од четири лица и се очекува да тежи околу 60 тони. Макетата на првиот тенк „алтај“ ì беше презентиран на турската јавност на сае-мот „IDEF-2011“ во истанбул во мај ми-натата година. електромагнетниот тест-центар ќе отвори предтестови за способ-ност на тенкови, кој може да се користи од страна на воени и на цивилни произ-водители во светот, по добивањето до-звола од фирмата. З. Џ.

бројот на засебни апарати кои се неопход-ни на бојното поле. „со комбинирањето на поголем број технологии, во една напра-ва RF-7800S-LR, драматично се намалува тежината на опремата. ова е најмалата, најлесната и најинтегрираната комуни-кациска направа која е достапна денес“, истакнал енди старт, претседателот на „Harris Corp.“ при претставувањето на овој производ на јавноста.

гзибицијата на која беа покажани но-вите технолошки достигнувања во областа на сигурноста и на безбедно-

ста беше местото на кое „светлото на де-нот“ го виде и новиот челичен оклоп, по-знат како „Super Bainite“. новиот тип челичен оклоп е измислен и произведен во велика Британија од

Претставен нов сУПероклоПстрана на тројца професори на универ-зитетот „кембриџ“, на лабораторијата за одбранбена технологија и наука и на националниот центар за металургиски истражувања. според податоците, овој оклоп според перформансите е двапати поиздржлив од традиционалниот челичен оклоп, што се должи на перфорациите кои креираат голем број рабови кои стојат на патот на надоаѓачкиот проектил, со што во голема мера се намалува нивната ударна моќ. но истовремено има разлики и во самиот на-чин на производство на челикот – наместо традиционалното преливање со вода, во процесот на ладење на челикот се користат поголем број методи, меѓу кои и компреси-ран воздух и растопена сол.

Иван Петрушевски

урција со нетрпение очекува да ги добие првите четири прототипови на својот прв главен национален

борбен тенк, „алтај“, речиси пет години по потпишувањето на договор во износ од 500,000,000$ со приватниот произ-водител на оклопни возила „oToKAR“. тенкот е именуван по армискиот гене-рал фахретин алтај (Fahrettin Altay), кој командувал со 5. коњички корпус во турската војна за независност. се оче-кува прототиповите на тенкот да бидат прифатени од страна на агенција за на-бавка на владата, а потоа ќе биде потпи-шан договор за сериско производство. договорот за сериско производство ќе стапи на сила до 2017 година, и заедно

Page 15: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

Драган Павловски

стеми од оружје со калибар на зрно до 12,7 mm. Во предната страна (првата каби-на) седи операторот кој оперира со вооружувањето и навигацијата на летање, а пилотот е сместен во задна-та кабина. Вратите се отвораат нагоре, а во случај на итност истите се отфрла-ат бочно поради олеснето и забрзано напуштање на хеликоптерот од стра-на на посадата. Системот за автоматска контрола на летот овозможува намале-на работа на пилотот и поедноставен „мод“ за летање.Седиштата и стојниот трап, пак, има-ат амортизациони својства, со степен на амортизација на удар од 50g на 20g при принудни слетувања. Тркалата не се вовлекуваат и можат да издржат тврдо слетување со вертикално пропаѓање од 10 m/s.На главниот ротор има четири краци со мали вибрации и мала бучава – тие се отпорни на зрно со калибар од 12,7 mm, со издржливост до калибар од 23 mm. Трансмисијата е оклопна и има не-зависен систем за подмачкување кој во случај на оштетување или погодок може да продолжи да функционира наредни-те 30 минути (правени се летови до 45 минути). Композитните материјали сочи-нуваат речиси 50% од трупот на хели-коптерот.Уводниците на моторите се заштите-ни од упад на туѓи тела при компресија

БИСЕРОТ НА „AGUSTA WESTLAND“

почнала да се реализира во 1986 годи-на. Од нив 45 „A 129“ биле испорачани за авијацијата на италијанската армија – AvES и тоа во периодот помеѓу 1990 и 1992 година, по што производството и официјално било стопирано. Во 1986 година владите на Италија, на Холандија, на Шпанија и на Велика Британија потпишале Меморандум за разбирање со цел отпочнување про-ект на подобрена верзија на „A 29“ на-речен „заеднички европски хеликоптер“ TONAL кој требал да има помоќни мо-тори, нов роторски систем и помоќно вооружување. Сепак, проектот про-паднал во 1990 година кога Британија

и Холандија одлучиле да се здобијат со „AH-64 Apache“, а Шпанија со „Eurocopter Tiger“.И покрај тоа, западните земји преку Италија го добиле борбениот хеликоп-тер од типот „Agusta 129“ после борбе-ните верзии на хелкоптерите „Gazelle“, „Lynx“ и „BO-105“.

констрУкција и оПреМа„Мунгосот“ поседува мала челна повр-шина, што е позитивно, бидејќи тоа овозможува потешко откривање и по-годок од страна на непријателските по-зиции. Хеликоптерот има заштита на по-садата, погонската група и виталните си-

15

Page 16: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

16

контроли, мултифункционални дисплеи и сл. Станува збор за високоавтоматизиран хеликоптер. Сиситемот за менаџирање со податоци врши управување со де-фектите, односно ги детектира, и исти-от препорачува како тие треба да би-дат поправени, додека во исто време, тој ги контролира и достапните потси-стеми. Дополнително, постои можност за инсталирање нишански систем над роторот наречен „Mast Mounted Sight – MMS“ кој служи за бирање на цели-те и за водење на противоклопните ракети од типот TOW. Со овој тип про-ектили се вооружени и други позна-ти типови на хеликоптери, како што се „Lynx“, „BO-105“, „Bell 260 Longranger“,

на воздухот. На издувниците, пак, се поставени мешачи на гасови заради намалување на температура на издув-ните гасови и намалување на инфрацр-вениот одраз на хеликоптерот. Всуш-ност и моторите се заштитени при на-пади со калибар од 12,7 mm. Тие се про-извод на компанијата „Rolls-Royce“ до-дека под лиценца ги изработува и италијанската компанија „Piaggio“. Исти-те се одделени, независни, со два посеб-ни системи за гориво. Работата на сите системи се прикажу-ва на дисплеи со помош на независен, интегриран, дигитален мултифункцио-нален дисплеј познат како „Integrated Mission System“. Системот обезбе-дува навигациски податоци, подато-ци за статусот на оружјето, синтетичка мапа на навигациски точки, селекција на оружјето, комуникации и податоци за леталото и за самиот лет. Во состав на системот се наоѓаат два компјутери кои вршат обработка на податоци и нив-но презентирање на повеќенаменските дисплеи. Хеликоптерот „Мангуста“ е опремен со интегриран систем за покажување на податоците во лет и на нишански-те цели на пилотскиот шлем наречен „Integrated Helmet and Display Sighting System – IHADSS“. Митралезот од пред-ната страна на хеликоптерот ги пра-ви истите движења како и пилотска-та глава и, всушност, се насочува кон целта. Со ова се намалува работата и времето на реакција на екипажот од непријателските активности. Дел од последните модификации и мо-дернизации опфаќаат богатство опре-ма и системи како што се: преклопувач-ки роторски перки, дополнителни ре-зервоари за гориво, осветлување на кабината компатибилно со модерни-те очила за ноќно гледање, сигурни ко-муникациски системи, радарски систе-ми за предупредување, надградена трансмисија на енергија, подобрен си-стем за таргетирање т.н. „Fly-By-Wire“-

„Huey Cobra“ и „Agusta 109“. Постои и ласерско означување на целите и лансирање самонаведувачки ракети „Helfire“, означени со ласери од други учесници од земја или од воздух. Име-но, се дејствува со оружје со калибар 70 mm и 81 mm, а може да се монтира вооружување со калибар од 7,62 mm, 12,7 mm и 20 mm. Од противавионските ракети носи „AIM-9 Sidewinder“ („воздух-воздух“), а „воздух-копн“ се ракетите од типот „Stinger“ или „Mistral. Тежината на вооружувањето изнесува максимал-ни 1.200 kg. Менаџирање со мисијата и следењето на ситуацијата е овозможе-но преку дисплејот познат под името „тактички навигациски дисплеј“.За противелектронското војување како

генерални карактеристики на а-129 MANGUSTA

ЕКИПАж пилот и оператор

ДОлжИНА 12,40 m

ПРЕЧНИК НА РОТОРОТ 11,90 m

ВИСИНА 3,30 m

ТЕжИНА НА ПРАЗЕН ХЕлИКОПТЕР 2,529 kg

МАКСИМАлНА ТЕжИНА НА ПОлЕТУВАњЕ 5.100 kg

МАКСИМАлНА БРЗИНА 315 km/h

МАКСИМАлЕН ДОлЕТ од 510 km до 1000 km, во зависност од конфигурацијата

ПлАФОН НА лЕТ 4.725 m

МОТОРИ 2 x „Rolls-Royce Gem 2 turboshafts“

ВООРУжУВАњЕ прва варијанта: 6×AGM-114 Hellfire, laser-guided anti-tank missiles или 8×BGM-71 TOW, wire-guided anti-tank missiles.втора варијанта: 4-8×AIM-92 Stinger или Mistral, anti-aircraft missiles.трета варијанта за блиска поддршка: rocket pods 81mm rockets (38 вкупно) или rocket pods 70mm rockets (76 вкупно).четврта варијанта: 8x AIM-92 Stinger missiles или 8x Mistral missiles

компанијата „Agusta“ била основана од џовани агуста во 1923 година. После втората светска војна оваа компанија се вклучила во производството на хеликоптери, најпрвин во соработка со компанијата „Bell“, и тоа преку договор за лиценцирано производство, а потоа и со производство на воздухоплови од компаниите „Sikorsky“, „Boeing“ и „McDonnell Douglas“. „Agusta“ со текот на времето развила огромно производство на свои хеликоптери. „Agusta A.101“ (најголемиот хеликоптер проектиран од оваа компанија во 1964 година) и „Agusta A.106“ биле првите произведени хеликоптери, а најголем успех компанијата достигнува во 1970 година со производството на „Agusta A.109“, како комерцијален и воен двомоторен хеликоптер. во 1983 година оваа

компанија го произведува својот прв противтенковски хеликоптер „Agusta A129 Mangusta“ – прв специјализиран борбен хеликоптер во Западна европа. сепак, пазарот за овие хеликоптери компанијата постепено го насочува кон истокот – во кина, во Малезија и на филипините.компанијата „AgustaWestland“, пак, е основана во 2000 година како резултат на спојување на две компании, италијанската „Agusta“ и англиската „Westland“ со по 50% учество. компанијата „Westland“за првпат започнала со производство на свои воздухоплови во 1915 година, додека после втората светска војна, а особено по 1960 година, се концентрирала на производство на „Westland“-хеликоптери. четири години подоцна англискиот дел бил купен од страна на

италијанската подружница, така што целосната сопственост преминува на италијанската компанија „Finmeccanica“, а во 2005 година компанијата отвора свои претставништва во филаделфија, сад, а веднаш потоа потпишува договор за производство на претседателскиот хеликоптер „Marine one“. „AgustaWestland“ е светски лидер во производство на хеликоптери и во обука на пилотски и технички состав, бидејќи искуството од над 50 години обезбедува висок квалитет на сите полиња од овој домен. во 2011 г. „AgustaWestland“ ја започна соработката со кинеската компанија „Chongqing Helicopter Investment Corporation Limited“, со тенденција за развивање воздушна индустриска база и снабдување на целата територија на кина со хеликоптери.

Page 17: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

опрема во хелокоптерот се користи ра-дарски предупредувачки систем и ласер-ски предупредувач „BAE Systems Italia RALM-101“, радар „Elettronica ELT-554“, инфрацрвен попречувач „BAE Systems IEWS AN/ALQ-144A“ и т.н. „Chaff And Flare Decoy“ диспензери. Од останата моќна опрема хеликопте-рот поседува: инфрацрвен систем за ноќно гледање, т.н. „Forward-Looking

17

Infrared – FLIR“, интегриран дисплеј- си-стем во шлем т.н. „Mast-Mounted Sight“, кој служи за аквизиција на цел, следење на ракети, ласерско дезигнирање на целта, ласерско следење и пронаоѓање и сл.Хеликоптерот „Mangusta“ беше успеш-но распореден при операциите на Организацијата на Обединетите На-ции во Сомалија, во Ангола, во Албанија и на Косово. Во Сомалија (во перио-дот од 1992-1994 година), Италијанците имаа личен интерес со оглед на фак-тот дека местото некогаш било дел од колонијална империја на Италија. Хели-коптерите „Mangusta“ извршувале во-оружени извидувачки летови за силите на ООН – тие биле вооружени со воде-ни ракети TOW и 81-милиметарски нево-дени ракети. „А 129“ исто така беше дел од мировните операции во Албанија по економските и граѓанските немири во таа земја во 1997 година. Италијанската армија со хеликоптерите A129 била распоредена во Ирак, како дел од операцијата „Слобода за Ирак“ и во Ав-ганистан во текот на летото 2007 годи-на, како дел од НАТО-меѓународните безбедносни сили.

Хеликоптерот е НАТО-компатабилен во поглед на можноста за транспорт по воз-душен пат со авионот „C-130 Hercules“ и тоа поради склопливите краци на глав-ниот ротор. Моментално Италија сè уште е единствената земја која го посе-дува овој хеликоптер во инвентарот на западноевропските хеликоптери.

варијанти на „AGUSTA 129“Постојат повеќе варијанти од овој хе-ликоптер. Имено, понова варијанта на „A129А Mangusta“ е „A129 International“. Од 2007 година името на хеликоптерот е променето во „AW129 Мultirole Сombat Нelicopter“. Оваа верзија е вооружена со нови ракети „воздух-земја“ и „воздух-воздух“. Италијанската армија поседува 45 модели од типот „A129A Mangusta“ и 15 парчиња „AW129“ (A129 International). Оваа верзија однадвор се разликува по тоа што наместо четири има пет краци на главниот ротор, капацитетот на го-ривните можности е подобрен, подо-брена е и авиониката со поседување т.н. „glass cockpit“, а зголемена е и мак-сималната тежина на полетување на хе-ликоптерот. „A129 International“ поседува мож-ност за носење шест ракети од типот AGM-114L „Hellfire Antitank Missile“, осум „Matra Mistral“, „Sidewinder“, „TOW“ и „Stinger Air-To-Air Missile“. Моментално италијанската армија е концентрирана на моделот „A129“, кој е сличен со „A129 International“, но и со оригиналните мо-тори „Rolls-Royce“.Главните мисии на овој повеќенаменски хеликоптер се во доменот на вооруже-ното набљудување, придружувањето, огнената поддршка, супресијата на воздушните закани, потоа напад врз земјени цели од голема важност и сл. Првата испорака на новиот хеликоптер „A129 International“, се случила во 2002 година.Во поново време како развоен проект постои и варијанта на хеликоптерот по-зната како „TAI/AgustaWestland T-129“ (во „AgustaWestland“ ознаката му е AW 729) на турската компанија „Turkish Aerospace Industries – TAI“ во соработ-ка со компанијата „AgustaWestland“. Верзијата дезигнирана како хеликоп-тер за тактичко набљудување и на-пад е наменета за турската Коман-да на копнените сили. Ова ќе биде сто-процентен турски хеликоптер со отку-пена лиценца за три милијарди евра. Најверојатно вредноста на истиот до-говор ќе биде зголемена со дополнител-ни 1,2 милијарди евра за испорака на 51 хеликоптер. Вооружувањето, авионика-та и останатите системи се производ на турската компанија TAI којашто има ли-ценца за продажба и на трети земји. Во однос на габаритот, „Т-129“ е поголем од „А-129“ и наместо четири има пет краци на главниот ротор. Првиот лет „Т129“ го направил во 2009 година, а се очекува од 2012 година да започне и извозот во трети земји. Хеликоптерите ќе бидат за-мена за постоечките турски „Bell AH-1 Hueycobra“.

Page 18: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

18

оените кучиња се обучени за специјално пребарување на згради и носат каме-ри за ноќно гледање. Исто така овие кучиња се способни да разликуваат за-

ложник од терорист. Тие се тренирани за скокање од хеликоптер во лет во вода. Тие може да работат во тимови и да напаѓаат повеќе цели. Основна функција на воените кучиња е пронаоѓање на експлозиви и спроведување на пребарувања и патролирање. Кучињата се користат за рано предупредување од потенцијални опасности, така што многу-пати спасувале животи на припадници на специјалните сили со кои работат. Бидејќи не-кои раси кучиња трчаат двапати побрзо од човекот, друга функција на кучето е фаќање некого кој се обидува да побегне. Кучињата се бараат низ целиот свет и се би-раат најдобрите кучиња кои потоа се обучу-ваат за да бидат способни да извршат одре-дена мисија. Воените кучиња биле дел од специјалните единици кои учествувале во Ирак, а денес се во Авганистан. Носејќи ма-ски за кислород, тие се тренирани за скокање од авиони, пред да бараат бунтовници во непријателски средини.Кучињата биле користени при фаќањето на Садам Хусеин и при убиството на негови-те два сина. Кучето ќе нападне секого што носи оружје и тоа веќе е незаменливо во специјалните операции, при што незабеле-жително ползи низ тунели или соби и ги лови непријателски борци. Камерите на нивните глави емитираат слики во живо до војниците, обезбедувајќи ги со критични информации и предупредувајќи ги за заседи.Кучето од расата „белгиски малино“ со име Ка-иро е четвороножниот херој од операцијата

Значајна улога на воените кучиња во современите воени операции

Четв

оро

нож

ни

војн

иц

и

Page 19: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

19

Речиси сите родови и служби во армијата на САД вработуваат „работни кучиња“ кои се обучуваат во воздухопловната база ле-кланд во Тексас, пред тие да бидат распо-редени во борбени операции низ цели-от свет. Најзастапен тип на куче кое се ко-ристи од страна на американската војска за откривање на експлозиви е расата „ла-брадор“ или „германски овчар“, додека бел-гиските малино-кучиња се најдобри за пат-ролирање. Кучињата биле користени како гласници од страна на војската уште од вре-мето на римските легии, но денешните бор-бени кучиња се обучувани да ги намириса-ат непријателските војници кои се оддале-чени и до три километри. Според Министер-ството за одбрана на САД, на должност во армијата на САД има околу 3.000 кучиња, речиси 1.000 повеќе од пред нападите на 11 септември. Голем број од нив се ангажира-ни во Авганистан бидејќи, како што изјавил генералот Петреус, нивните способности не може да бидат заменети од страна на човек или машина.Повеќето американски воени кучиња се ку-пени од одгледувачите во Европа кои има-ат вековна традиција за нивно одгледување. Минатата година Морнарицата на САД до-дели договор вреден 86.000 долари на ка-надската фирма „K9 Storm Inc.“ која изра-ботува заштитна опрема за кучиња. Мини-стерството за одбрана на САД, исто така, има своја програма за размножување, која има цел да произведе 100 млади кучиња годишно. Овие кучиња се одгледуваат со користење на систем, сличен на оној за обу-ка на кучиња-водичи за слепи.Исто така и специјалните сили на Обедине-тото Кралство користат кучиња. Тие десан-тираат кучиња од расата „германски овчар“ кои се опремени со видеокамери во талибан-ските упоришта за да бараат бунтовници низ објектите. Кучињата се десантираат заедно со своите водичи, на главата имаат монти-рано камера која емитира слика во живо од зградите и околината. Тактиката е прифате-на од американските специјални сили.Кучињата се обучени да напаѓаат вооружени лица, а досега осум од нив ги загубиле свои-те животи во акција. Но тоа можеле да би-дат осум припадници на САС. Активистите за права на животните изразија бес за употре-бата на кучињата од страна на британски-те сили во Авганистан. Тие истакнуваат дека кучињата не се алатки или „иновации“. Но за жал тоа не e првпат армијата да ги иско-ристи кучињата за помош при справување со непријателот. Кучињата имале голема улога за време на Втората светска војна од страна на Советскиот Сојуз. Тоа биле кучиња

„Нептуново копје“, која резултираше со смртта на Осама бин Ладен. На 1 мај 2011 го-дина, 79 морнарски „фоки“ и четвороножни-от војник со име Каиро го нападнаа скрива-лиштето на Осама бин Ладен во Абутабуд во Пакистан. Основачот на организацијата „Ал Каеда“, која е одговорна за нападите од 11 септември во САД, како и за други бројни масовни напади врз цивилни и воени цели, беше убиен за време на тој напад. Иако имињата на 79-те припадници на аме-риканските морнарски „фоки“ нема да бидат објавени заради нивна заштита, името на ку-чето кое е во прашање остана мистерија сè до 7 мај, шест дена по нападот, кога амери-канскиот претседател Барак Обама, беше во посета на Форт Кембел, една од најголемите воени бази, за приватно да се сретне со чле-новите на тимот кои учествуваа во нападот врз Осама бин Ладен и лично да им се забла-годари за „херојската и несебична служба“ за земјата. Тогаш беше откриено и името на 80-тиот член на морнарските „фоки“. Не е изненадување тоа што еден од чле-новите на тимот било куче. Едноставно е и објаснувањето зошто морнарските „фоки“ го зеле кучето со себе во мисија за фаќање на Осама бин Ладен. Кучињата имаат одлич-но сетило за мирис, тие во носот имаат пре-ку 200 милиони рецептори за мирис, а де-лот од мозокот задолжен за мирисот е 40 пати поголем од оној кај човекот. Човекот може да го гледа само она што го гледа со очите. Кучето може да гледа и преку носот. Кучињата во мисија се користат за проверка од експлозиви, тие ги мирисаат бравите да проверат дали се работи за стапица или, пак, за пребарување на тајни соби во комплексот на Осама бин Ладен. Кучињата се многу до-бри за откривање на луѓе во внатрешноста на згради.Кучето било спуштено во борбената зона во Абудабад во Пакистан од хеликоптер, заед-но со членовите на тимот 6 од морнарски-те „фоки“. Опремено со панцирен елек со ин-фрацрвена камера, кучето емитирало слики во живо од скривалиштето на Бин Ладен до членовите на тимот. Радиото монтирано во близина на ушите на кучето им овозможува-ло на членовите на тимот да му издаваат на-редби. Кучето буквално се користело како водечки проектил – со помош на некој мирис од Осама бин Ладен, тие го користеле кучето да ги одведе директно до него. Морнарските „фоки“ веројатно се нај смрто-носната борбена сила на планетава, а такви се и нивните кучиња. Нивните кучиња има-ат само една мисија, а тоа е да ја нападнат целта заедно со тимот. Четвороножните во-ини се обучуваат да откриваат експлозиви, да пронаоѓаат луѓе скриени во згради и да напаѓаат со оружје, се разбира освен припад-ниците на морнарските „фоки“. Кучињата-припадници на морнарските „фоки“ се опре-мени со титаниумски заби по цена од 2.000 долари по заб. Нивното гризнување може да го раскине панцирниот елек на непријателот, а нивниот ефект врз коските е страшен.Тешко оклопени кучиња опремени со ин-фрацрвени камери се користени од страна на повеќе тајни и специјални единици. Вое-ните кучиња носат балистички елеци за да се заштитат од убоди со нож, како и за заштита од шрапнели и куршуми.Денес воените кучиња се класифицираат како нешто повеќе отколку само „опрема“. Тие се опремуваат со специјална опрема која вклучува заштитни очила, балистички елеци, заштитни маски, ГПС-уреди и друга високо-технолошка опрема.

кои биле обучувани да носат експлозив на своето тело во специјален ранец и да се про­влекуваат под тенковите и оклопните вози­ла каде потоа „експлодирале“ и ја уништува­ле или онеспособувале својата цел, секако, притоа и самите загинувале. Од хумана глед­на точка можеме само да вртиме со главата и да негодуваме над една ваква злоупотре­ба. Од гледна точка на воената ефикасност – само во славната Курска битка овие четво­роножни воини претвориле во железен от­пад над десетици германски тенкови и оклоп­ни возила. Советските војници–дресери ги држеле кучињата во состојба на слаба ис­хранетост и ги тренирале како да пронаоѓаат храна под самите тенкови. На бојното поле, кучето опремено со експлозивна направа по изгладнување било пуштано во близина на непријателските моторизирани единици. Кога би се подвлекол под некој „тигар“, дрве­ниот лост кој се наоѓал на врвот од ранецот со експлозив би се поместил наназад и би се активирала запалката. Германците често не ни дознавале што им се случило. Кучето кое помогна да се убие Осама бин Ладен не доби никаков медал, бидејќи во Армијата на САД тие не постојат како вое­ни службени кучиња. Асоцијацијата на воени кучиња на САД се обидува тоа да го проме­ни и доставија петиција до Министерството за одбрана на САД за да се воведат медали за воените кучиња. Иако кучето кое помог­на да се убие Осама бин Ладен не доби ника­ков медал, тоа не значи дека не постојат так­ви медали. Позитивен пример е одликувањето за хра­брите животни „Dickin medal“ кој е воспос­та вен во 1943 г. од страна на Англичанка­та Марија Елизабет Дикин, која ја основа­

ла една од првите добротворни организа­ции за помош на кучињата PDSA – People`s Dispensary for Sick Animals of the Poor“ или во превод „Диспанзер за болни животни на сиромашни сопственици“. Свесна за фактот дека животните во воени услови често игра­ле многу важна улога, Марија Дикин го вос­поставила Медалот за храброст кој им се доделувал на животните во активна служ­ба или во цивилна одбрана. Овој медал во Англија го сметаат за еквивалент на „Крстот на Викторија“, кој инаку е орден од највисок ранг за човечка храброст кој може да се даде во Обединетето Кралство и во целиот Комонвелт. Овој орден се доделува исклучи­во само на званичен предлог и бил доделен дури 54 пати во периодот од 1943 до 1949 г. Добитници на овој орден биле 32 гулаби­пис­моносци, 18 кучиња, три коњи и една мачка.

Александар Стојчевски

Page 20: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

знамињата, звучните и визуелните сигнали, па и користењето на птици било заменето со радиобранови и приемници кои не дозво-лувале одредени трупи да не ги примат, или, пак, да не ги препознаат пораките од лиде-рите на бојното поле. Воедно, сè поголеми-те армии и потребата од нивна ефикасност и ефективност побарувале и промена во на-чинот на координација и пренесување на на-редбите до сите распоредени единици. Први-те воени радија во форма на безжични теле-графи се појавиле во периодот на Првата светска војна, а во најголема мера биле ко-ристени од страна на светските морнарици. Токму во таа гранка на армиите се појавиле и првите т.н. „short-wave“ радија во Втората светска војна кои биле вградени во авиони и во бродови кои овозможувале комуникација на поголеми далечини (над 200 киломе-три). Според историските информации на-падот и брзото освојување на Белгија, на Холандија и на Франција се должи токму на одличната координираност на тенковите и на авијацијата на нацистичка Германија, и тоа токму користејќи ги радиокомуникациите. 9. Мотори со внатрешно согорувањеТенкови, транспортни возила, медицински возила на копно, напредни бродови и под-морници во вода, авиони во воздухот. Сите модерни направи без кои не може да се за-мисли војувањето се придвижувани од една машина која и покрај големите технолошки достигнувања низ времето, во својата суш-тина останала непроменета. Моторот со вна-трешно согорување довел до незамисли-ви промени во начинот на војување – одда-леченоста станала релативно ирелевантна, а времето за достигнување на определена цел драстично се скратило.

азвојот на технологијата и дос тиг­

нувањето на релативната техно­лошка предност отсекогаш се сме­тал за детерминирачки фактор во утврдувањето на финалниот по­

бедник. Тргнувајќи од моторот со внатреш­но согорување, преку освојувањето на морињата и на воздушниот простор, па сè до развојот на вселенската технологија, завојуваната страна секогаш своите напори ги насочувала кон поседување на технолош­ките изуми кои сè уште не биле познати за спротивставената страна. Ви ги претставува­ме десетте изуми кои го сменија начинот на кој се „добива“ бојното поле. 10. Радиокомуникации¬Комуникациските врски отсекогаш биле примарна алатка во координацијата на ма­сивни армии. Но вистинската еволуција во контролата на трупите настанала кога

Првата светска војна се смета за период во кој на теренот се почувствувала промената предизвикана од внесувањето на моторот за внатрешно согорување врз начинот на војување – германските сили делувале неза­пирливо кога за еден ден биле во можност да поминат територија од стотина киломе­три. Всушност, согледувајќи го влијанието на моторот со внатрешно согорување слобод­но може да се заклучи дека тој е одговорен за настапувањето на „новата фаза“ во вое­ната технологија. 8. БарутБарутот несомнено претставува еден од најзначајните елементи на војувањето повеќе од 2.800 години. Барутот „де факто“ е историски пронајдок кој овозможил развој на колонијални сили и одвојување на одре­дени групи во Европа и во Азија како доми­нантни сили на сите пространства во која и да е форма. Пронајден во 800 година пред нашата ера во Кина, барутот полека но си­гурно и покрај интенцијата да се задржи во тајност, патува по трговските рути и стигнува до европскиот континент каде понатаму ек­стензивно бил користен од европските сили против т.н. варвари. Со развојот на „барутни­те оружја“, како на пример топовите и првич­ните форми на пиштоли, средновековната борба заснована на метални оружја, сечила и оклопи заминала во историјата. Дополни­телно, факт е дека ниту големите градови и фортификациските зданија не можеле да ја анулираат силата на овие оружја, што ука­жува на тоа дека никој повеќе не бил сосе­ма безбеден.7. АвиониМинатиот век, покрај големиот број дос­тигнувања на многу полиња, доведе и до

ДЕСЕТТЕ ТЕХНОЛОГИИ КОИ ГО ОБЛИКУВАА БОЈНОТО ПОЛЕ

ВЕТРИШТА НА ПРОМЕНИ

20

Page 21: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

нешто што во минатото било незамисли-во – ја доведе војната на небото. Воени-те авиони (за прв пат користени во 1911 го-дина, во војната на Италија против Турција, со цел контрола на либија) својата страте-гиска важност започнале да ја покажува-ат во периодот на Првата светска војна во која свои воздухопловни сили поседува-ле речиси сите позначајни сили во тој пери-од – Велика Британија, Франција, Германија, Австро-Унгарија. Еволуцијата во воздухот за-почнала со т.н. „шпионски авиони“, а продол-жила со развојот на ловците и бомбардери-те. Сето тоа всушност претставувало уште една алтернатива на дотогаш користени-те инвазии од копно и од море. Вистинска-та опасност од авионите може да се види во периодот на Втората светска војна – на-падот на Перл Харбор на Хаваите кој прет-ставувал комбинација од напредна такти-ка, користење на развиени поморски сред-ства и, секако, воздухоплови. Неминовно треба да се спомене и бомбардирањето на јапонските градови Хирошима и Нагасаки со нуклеарни бомби кое било извршено токму со помош на воздухоплови. Денеска мож-носта за брз одговор на сите закани во гло-бални рамки повторно се припишува на ка-пацитетите на воздухопловите да стигнат до секоја точка на глобусот во рок од неколку часови. 6. радар (микробранови)Да се знаат позициите на непријателот значи да се има исклучителна предност која неми-новно ќе доведе до победа. Тоа е овозможе-но од страна на добро познатиот радарски систем. За разлика од досега споменатите достигнувања, радарските системи започна-ле да се развиваат пред почетокот на Втора-та светска војна. Имено, првиот систем бил конструиран од страна на Велика Британија во 1939 година – била подигната 100-метар-ска радарска кула за надгледување на не-бото која, всушност, имала круцијална улога при нападите на нацистичка Германија во те-кот на Втората светска војна. Улогата на ра-дарот била евидентна и при детектирањето на подморниците кои претставувале страв и трепет за пловилата кои крстосувале преку Атлантикот.5. глобален систем за позиционирање (GPS)Мапирањето и стриктното дефинирање на позицијата никогаш нема да биде исто како пред 20-тина години. Причина за тоа е развојот на денес незаменливиот и на-широко употребуван Глобален систем за позиционирање кој се состои од 24 сателити во орбитата на Земјата кои константно еми-

ја несомнената моќност на тенкот во текот на Втората светска војна се „одиграла“ една од најголемите оклопни битки во историјата, „Битката на Курск“ која, всушност, преку су-дирот на над 2.900 германски и над 5.000 советски тенкови го детерминирала и исхо-дот од војната. Сепак, имајќи ги предвид де-нешните технологии и потребата од брзо разместување на секој дел од Земјината топ-ка, некои автори го потегнуваат прашањето дали понатамошниот развој на тенкот ќе биде од корист во некој иден конфликт. 3. Носачи на авиониЗацврстувањето на военото присуство како показател на воено-политичката моќ на една земја на глобално ниво несомнено се канали-зира преку овие супер-зданија кои истовре-мено поседуваат и поморска и воздухоплов-на сила. Првиот тест на концептот за полетување и слетување на авион на поморска платформа се случил во почетокот на 20. век (1910 годи-на – полетување од пловило на американска-та морнарица наречено „USS Birmingham“, 1911 година – прво слетување). Сметајќи ги за врв во морнарицата, носачите на авиони се едни од најскапите, но и најзначајни еле-менти на една армија. Овие карактеристики се потврдуваат и преку фактот дека во свет-ски рамки само девет нации поседуваат но-сачи на авиони, а од тие девет дури шест по-седуваат само еден носач (вкупно по светски-те мориња пловат 21 носач на авиони, од кои 11 под американско знаме). 2. Шпионски сателити¬Едни од продуктите на Студената војна, шпионските сателити, во голема мера влијаат на развојот на настаните на бојното поле. Според одредени автори, токму можноста да се упати поглед до „дворот на непријателот“, што преведено во случајот на Студената војна предвид би ги земало двата најголеми тогашни светски играчи, САД и Советскиот Сојуз, овозможила одреден баланс на силите, што, пак, не дозволило разгорување на Тре-та светска војна. Еден од најпознатите шпи-онски сателити е американскиот „Discoverer 14“, кој како дел од истоимената програма за развој и поставување на шпионски сателити ги направил првите фотографии од разме-стеноста на советските капацитети во 1960 година. Со развојот на технологијата, нови-те генерации сателити, освен можноста за фотографирање со голема прецизност и јасност, можат да набљудуваат телефонски, радио и интернет-сигнали. 1. Нуклеарни оружјаЕдно од најмалку употребуваните оружја во историјата на војувањето воедно е и едно од најдеструктивните. Нуклеарното оружје кое било користено само во два наврати при американскиот напад на јапонските градо-ви Хирошима и Нагасаки при крајот на Вто-рата светска војна се здоби со статистика за стравопочит – само при првичниот удар на бомбите загинале над 125.000 луѓе, доде-ка севкупната бројка на жртви, главно пора-ди дополнителниот ефект врз здравјето на луѓето, е многу поголема. Дел од научниците се согласуваат дека токму оваа голема удар-на моќ е причината зошто по Втората свет-ска војна светот не е втурнат во нов голем конфликт. Според податоците, денеска осум земји во светот имаат извршено нуклеарни тестирања, а се претпоставува дека девет земји поседуваат нуклеарни боеви глави.

Иван Петрушевски

тираат радиобранови. Предноста за „играчи-те“ на бојното поле кои го користат овој си-стем е повеќе од евидентна – тие во секак-ви временски услови, без разлика дали ста-нува збор за ден или за ноќ можат со го-лема прецизност да ја одредат сопствена-та позиција на една територија. Истовреме-но, преку овој систем за секоја забележана непријателска единица може да се дефини-ра точната позиција што, гледано во цели-на, може да биде елементот кој ќе ви овоз-можи да ја добиете битката. Всушност, спо-ред информациите за Првата заливска војна на почетокот на деведесеттите, американ-ските трупи поседувале непроценлива пред-ност во однос на Ирачаните, и тоа токму по-ради употребата на GPS-системите кои ги но-селе со себе. Денеска придобивките на овој систем мо-

жат да ги користат сите луѓе на планетата – тој е есенцијална алатка за одредување на најдобриот приод кон одредена цел (дел од стандардната опрема на повисоката кла-са автомобили), а своја употребна вредност има и во многу други области и индустрии.4. тенкБитките на фронтот минатиот век не можеле да се замислат без масивното борбено вози-ло кое се сметало за основа на ударната моќ на една армија. Тенкот во себе ги инкорпо-рира офанзивната сила, релативно средна-та мобилност и големата оклопна моќ, еле-менти кои му овозможиле на ова средство да стане синоним за една моќна армија (од британскиот „Mark 1“ кој ја покажал својата корисност во текот на Првата светска војна, па сè до денешните „Leopard 2A6“, „Abrams M1A2“, „Challenger 2“, Т-90). Препознавајќи

21

Page 22: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

онтинуираниот развој на сите ком-поненти на одбранбениот систем го комплетира синџирот кој овоз-можува безбедна средина која,

пак, е неминовен предуслов за развој на општеството во сите негови сфери. Ова прашање не случајно неодамна го покрена Здружението на ветерани и ре-зервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на меѓународна стручна конференција „Улогата на ак-тивниот состав и на резервата на воо-ружените сили во поддршка на нивните мисии и задачи во регионалната и гло-бална безбедносна средина во 21 век“.

РЕАЛНА ПОТРЕБА

22

РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ – МОЌЕН ЕЛЕМЕНТ ОД ОДБРАНБЕНИОТ СИСТЕМ

Темата не беше случајно избрана. Таа е актуелна, како што укажува претседате-лот на Здружението, пензионираниот генерал Илија Николовски, затоа што со професионализацијата на армиите во земјите во транзиција сè уште не се де-финирани стратегиските резерви на ар-миите – имаме разни терминологии, ак-тивна, пасивна доброволна резерва. На Конференцијата, поддржана од Мини-стерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија, беше укажано на есенцијалното значење на овој дел од одбранбената сфера во одржувањето на глобалниот мир во 21 век.

Токму од тие причини, на кон фе рен-ци јата, на која учествуваа експерти од Велика Британија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Словенија, црна Гора, Србија, Романија, како и од Командата на НАТО во Неапол, беа зачнати голем број теми коишто се однесуваат на домашната безбедносна сфера, посебно на улогата на резервните сили во организациско-формацискиот состав на АРМ, на мож-носта за активирање на стратегиската резерва во Република Македонија и на концептот на резервни сили според но-вата трансформација на НАТО. Притоа се слушнаа и искуствата на Бугарија и на

Page 23: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

на силите и трансформацијата на АРМ, овозможува поефикасно командување и контрола на борбените единици и на единиците за борбена и логистичка под-дршка, како и воспоставување на мак-симална синергија на борбените систе-ми на бојното поле.Генералот Котески не случајно укажу-ва на тоа дека во суштина примена-та на современ, унифициран и сеоп-фатен систем за образование и за об-ука го опфаќа и активниот, но и ре-зервниот состав, кој подеднакво ќе по-седува борбени вештини, способности и знаења за извршување на различни мисии во земјата и надвор од неа. При-тоа генералот Котески дефинира три основни прашања кои треба да бидат во центарот на вниманието: дали актив-ната компонента на АРМ треба во це-лост да биде составена од професио-нален состав или треба да се размислу-ва за пополнување со редовно служење на воениот рок; потоа кое е местото и улогата на активната резерва и колкава таа треба да биде и кои се начините за пополнување на резервата со човечки и материјално-технички капацитети.Според бригадниот генерал Гари Хаф-ман од Здружената команда на силите на НАТО во Неапол, во услови на еко-

номска криза важно е како ќе се распо-редат лимитираните средства и изра-зи уверување дека АРМ ќе има довол-но средства за модернизација, а со тоа и за резервниот состав.Во секој случај, на конференцијата беше отворено прашањето за улогата на ре-зервните старешини во безбедносни-от систем денес. Допрва ќе се види дали нешто суштинско ќе се промени, посеб-но во улогата на резервните сили во организациско-формацискиот состав на АРМ, во можноста за активирање на стратегиската резерва во Република Ма-ке донија и во концептот на резервни сили според новата трансформација на НАТО.

Р. Ш.

23

Хрватска во однос на улогата на резерв-ните сили во сопствените армии.

Значењето на реЗервата За одБранБениот систеМИзразувајќи го неоспорното значење на овој состав, претседателот на Репу-блика Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, по-сочи дека „безбедноста во 21 век тре-ба да биде сеопфатна, што значи дека треба да ја гарантира сигурноста на по-единецот и на општеството, особено имајќи ги предвид предизвиците на но-вото време – глобалниот тероризам, пролиферацијата на оружја за масов-но уништување, организираниот крими-нал“, дополнувајќи дека постои реална потреба од резервните сили кои треба да имаат соодветно место во Армијата на Република Македонија.„Гледајќи од аспект на дводецениски-от развој како независна држава, Ре-публика Македонија неуморно работи на доизградба и модернизација на це-лиот безбедносен систем, а во тој кон-текст, резервата на активниот состав е една моќна компонента која во иднина треба да биде максимално развивана во согласност со резервите на најсилните НАТО-армии“, истакна министерот за

одбрана на Република Македонија Фат-мир Бесими на конференцијата. Од аспект на дводеценискиот развој како независна држава, Република Ма-кедонија неуморно работи на доизград-ба и модернизација на целиот безбед-носен систем. Во тој контекст, вели Бе-сими, резервата на активниот состав е една моќна компонента која во иднина треба да биде максимално развивана во согласност со резервите на најсилните НАТО-армии.Според началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајорот Котески , цврста е определбата за развој и етаблирање на професионална, мобилна, високообуче-на и модерна армија. Новата структура

евроатлантските интеграции се Приоритет

Претседателот на република Македонија ѓорге иванов и министерот за одбрана фатмир Бесими се осврнаа и на прашањето поврзано со евроатлантското интегрирање на република Македонија vis-a-vis континуираниот реформски процес во рамките на Министерството за одбрана и армијата на република Македонија и, секако, очекувањата од претстојниот самит на нато-алијансата во мај во чикаго, сад.

„вложивме големи напори во сите сфери – политички, економски, одбранбени и безбедносни за постигнување на тие цели. нашата држава го заслужи своето членство во нато преку исполнување на сите критериуми за членство, вклучително и преку исполнување на националните реформи и придонесот во меѓународните мисии предводени од нато, од еУ, од оон и сад“, порача министерот Бесими и додаде дека „република Македонија во 2008 година ги исполни сите критериуми за членство и е целосно подготвена за преземање на сите одговорности и обврски како идна членка на алијансата – на тоа патување ние продолжуваме со спроведувањето на националните реформи, како и со натамошниот придонес во меѓународните операции.“

„не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. и покрај незадоволството, ние нема да го напуштиме партнерството. и покрај препреката, остануваме фокусирани на она што е наш дел од обврските. исправноста на нашето досегашно одговорно однесување беше потврдена со пресудата на Меѓународниот суд на правдата. тоа е пресуда што нуди нова правна димензија и бара нов пристап од сите земји-членки на нато, пристап кој значи почитување на пресудата и на меѓународното право. сето ова подразбира дека земјите-членки на нато треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија во нато“, истакна претседателот иванов во својот говор на конференцијата.

Page 24: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

24

ЗНАЧАЕН СУБЈЕКТ НА ОДБРАНБЕНИОТ СИСТЕМ

дател на Главниот одбор бил избран Ели-сие Поповски-Марко, а за секретар, Алојз Пипан.

кои беа мотивите и предизвиците во 2008 година да ја прифатите функ ци-јата претседател на орорМ, како ед-но од најголемите и најзначајни здру-женија во државата?Мотивите и предизвиците да ја прифатам функцијата претседател на ОРОРМ како значајна асоцијација на резервниот старе-шински состав и кадровски потенцијал во одбраната, пред сè, беа поттикнати од мо-ето долгогодишно активно ангажирање во Организацијата и чувството дека ќе има можност поуспешно да ги презенти-

господине Малковски, презентирајте ни ги накусо почетоците на македон-ското воено старешинство низ пове-ќевековната историја и основните мо-тиви за создавање на ор га ни зацијата на резервните офицери на републи-ка Mакедонија (орорМ) во 1952 годи-на. Што е карактеристично за нејзините почетоци пред 60 години?Военото старешинство во македонската историја има корени уште со појавата на македонската војска што ја создал Филип II во средината на Iv век пр.н.е. Тој го фор-мирал првото воено-политичко училиште во кое биле ангажирани најпознатите фи-лозофи и најдобрите генерали. Единстве-ниот воен гениј што го познава воената историја, Александар Македонски, син на Филип II, и другите кои произлегле од ма-кедонското воено училиште, ја пренесу-вале славата на македонската војска низ сиот свет во повеќевековната историја. На почетокот на 19 век многубројни Ма-кедонци се вклучувале во војските на дру-ги држави што војувале против Осман-лиското царство со надеж дека со нив-на помош ќе ја ослободат Македонија. Meѓу нив ќе ги споменеме: браќата Вел-чо и Кузман жика , јанко Поповиќ, Петар Чардаклија, Петар Ичко, Марко Бочварот, Иљо Марков Малешевски, Константин Везенков, Владимир Ковачев, Гоце Дел-чев, Михаило Апостолски, Панче Недел-ковски, Димче Туриманџовски-Горски, Ти-хомир Милошевски-Тиќо, Пеце Трајков и други.

Почетоците на ОРОРМ се втемелени во текот на НОАВМ (1941-1945), кога врз основа на покажаната храброст и воени-те вештини, голем број македонски бор-ци се здобиле со офицерски чинови. Сето ова ја поттикнало идејата за формирање на самостојна асоцијација на резервните офицери. Во 1952 година била формирана Орга-низацијата на резервните офицери на Ре-публика Македонија (ЗРОМ, како што се викала тогаш), а на 17 октомври 1954 годи-на во Скопје било одржано Првото осно-вачко собрание на Здружението на ре-зервните офицери на Македонија (ЗРОМ) на кое бил избран Главен одбор, Надзо-рен одбор и Извршен одбор. За претсе-

со претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, по повод 60 години од постоењето на ОРОРМ

Разговор

Page 25: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

25

рам и да ги имплементирам моите идеи и визии за нејзиниот натамошен развој како организација која треба да ги следи современите демократски процеси во оп-штеството и реформите во одбраната. Организацијата, со своето многубројно членство, претставува клучна алка помеѓу професионалниот состав на АРМ и граѓаните како субјекти на одбранбениот систем, и во таа смисла ќе дава значаен придонес за развојот на цивилно-воените односи како една од темелните и стратеги-ски определби на НАТО-алијансата. Веру-вам дека со мојата решитилност и интелек-туален капацитет кои ги црпам од мојата професија и од повеќегодишното искуство во Организацијата, заедно со колегите од потесното раководство и со членството, ќе можам да ја реформирам ОРОРМ во модерно и современо здружение од ев-ропски тип. Досегашните успешни резул-тати на овој план ме охрабруваат дека тре-ба да продолжиме во таа насока. каква е вашата оцена за местото и улогата на организацијата по оса мос-тојувањето на република Ма ке до нија и за нејзиниот придонес како активен субјект во градењето на автономниот одбранбен систем од 1992 година нава-му?Во 1991 година од ОРОРМ потекнаа први-те иницијативи за создавање на македон-ска армија, а во почетокот на 1992 година членовите на нашата Организација, како припадници на тогашната Територијална одбрана на Македонија, застанаа на бра-никот на татковината со преземањето на границите на самостојна и независ-на Македонија. По осамостојувањето на одбраната на Р. Македонија, ОРОРМ се издвои од составот на дотогашна-та организација на СРВСј. Во непосред-на соработка со МО и ГШ на АРМ, член-ството и раководствата на ОРОРМ, уште на почетокот на 1992 година станаа ак-тивен учесник во градењето на автоном-ниот одбранбен систем. Првите две теми од тогашната програма за едукација на членството на ОРОРМ беа: „Одбрана-та на Р. Македонија како независна држа-ва“ и „Создавањето на АРМ како значајна копонента на одбранбениот систем“. Во 1996 година ОРОРМ беше соорганиза-тор на првиот научен симпозиум на тема „Одбранбено-заштитниот систем на Р. Македонија – состојби и перспективи“, што се одржа во Охрид од 21-23 ноември, а на 30 јуни 2009 година во Скопје беше орга-низирана трибина на тема „Стратегија за натамошниот развој на ОРОРМ во соглас-ност со политиката на НАТО за резервни-те офицери“ на која воведен збор имаше претседателот на Р. Македонија и врховен командант на Армијата, д-р Ѓорге Иванов.Во 1998 година, Организацијата доби јавно овластување од МО со кое како субјект на одбранбениот систем е доверено про-грамско ангажирање во одбраната, а осо-бено во обучувањето и едукацијата на членството за успешно остварување на одговорни задачи во одбраната. За остварените резултати и соработка-та во развивањето, осовременувањето

и јакнењето на АРМ, како и за афир-мирањето на одбраната во држава-та, тогашниот министер за одбрана, проф.д-р лазар Китановски, во 1997 го-дина на ОРОРМ додели Благодарни-ца, што претставува прво значајно при-знание што го доби Организацијата во самостојна и суверена Македонија. во текот на изминативе две децении беа присутни интензивни реформски процеси во одбраната на р. Македонија како предуслов за нејзиното зачле ну-вање во нато. во која мерка вкупните реформи во одбраната се рефлектират

врз орорМ и ја нагласуваат потребата од нејзино современо организирање и функционирање како модерна асо-цијација од европски тип?ОРОРМ во чекор ги следи реформите во одбраната и трансформацијата на АРМ во согласност со стандардите на НАТО. Во тој контекст Организацијата прифати дека станува збор за сосема изменет меѓународен и внатрешен ам-биент на политичко-безбедносен кон-цепт во одбраната. Сега веќе имаме професионална војска чија ефективност на воената моќ сè повеќе се дефинира, не според големината, туку според мо-билноста и оперативноста. ОРОРМ, не само што гледа оптимистички на про-

мените и на професионализацијата на АРМ, туку и во практика ги спроведу-ва и сопствените реформи во органи-зациската поставеност и во програмски-те определби, користејќи ги притоа ис-куствата на асоцијациите на резервни-те офицери од земјите-членки на НАТО и ПзМ.

кои се вашите размислувања за потре-бата од попрецизно дефинирање на статусот на орорМ во Законот за од-брана и за потребата од некои измени и дополнувања на Законот за служба

во арМ кои се однесуваат на резервни-те офицери и подофицери?Сметаме дека би било добро да се из-мени членот 132 од Законот за одбрана кој треба да гласи: „ОРОРМ учествува во подготовките за одбрана преку дообука на резервните офицери и подофицери во согласност со годишната програма на Организацијата. Програмата од претход-ниот став се усогласува со Годишната про-грама на МО и на ГШ на АРМ“. Во Законот за служба во АРМ треба да се уреди правото, обуката што ја спро-ведува ОРОРМ да се признава како уче-ство на воена вежба, така што би се соз-дале услови резервните офицери и по-дофицери да бидат унапредени во пови-

Page 26: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

26

Доколку не се изнајде брзо системско ре-шение ние и понатаму ќе бидеме сооче-ни со недостиг на млади резервни офи-цери и со постепено стареење на струк-турата на членството на ОРОРМ. ценејќи дека ова претставува сериозен проблем, ОРОРМ во најскоро време ќе иницира ра-ботен договор со претставници на МО, на ГШ на АРМ, на Воената академија и на Ин-ститутот за безбедност, одбрана и мир, со цел изнаоѓање на системско решение за надминување на овој актуелен проблем.

Живко Трајановски

сок чин, да добиваат одликувања и други признанија, што стимулативно би влијаело врз нивната активност во Организацијата. Покрај ова, со уредба на ГШ на АРМ тре-ба да се уреди правото резервните офи-цери и подофицери, покрај маскирните, да носат работни и свечени униформи при реализацијата на активностите во обуката и во одредени свечени пригоди, практика којашто постои во сите држави-членки на НАТО. Овие предлози ОРОРМ веќе ги до-стави до Министерството за одбрана.

како ги оценувате меѓународните ак-тивности на орорМ во рамките на Меѓусојузничката конфедерација на резервните офицери (CIoR) при нато во која од 2005 година имате статус на придружна членка и како се остварува билатералната соработка со исти или со слични организации во регионот и по-широко во европа?Во последните 12 години (2000-2012), ме ѓународните активности претставува-ат значајна димензија во вкупното ан-гажирање на ОРОРМ. Во 2000 година најпрво е остварен кон-такт со Здружението на словенечките офицери, со Реј Ириц, извршен офицер за цивилно-воена соработка во Команда-та на НАТО во Брисел, како и со потпол-ковникот Ален Гулка, воено аташе на Ре-публика Франција. Во 2002 година уче-ствувавме на меѓународниот семинар на тема „Резервните офицери – врска помеѓу цивилното општество и војската“ кој беше одржан во Иг крај Љубљана. Ис-тата година, тогашниот претседател на ОРОРМ, Салтир Каровски, оствари сред-ба со претседателот на Асоцијацијата на резервните офицери на Републи-ка Романија, пензионираниот генерал на армија, Марин Драгнеа, а за првпат претставник на ОРОРМ учествувал на јазичната академија одржана во Гдинија, Република Полска. Во следните 10 годи-ни може да говориме за организирано, осмислено и активно учество на прет-ставници на ОРОРМ на сите позначајни активности во организација на CIOR меѓу кои спаѓаат: летните конгреси, јазичните академии, семинарите за млади резерв-ни офицери, меѓународните работилни-ци и други форми на размена на иску-ства, едукација и меѓусебно запознавање во оваа евроатлантска асоцијација во која членуваат 32 национални здруженија, меѓу кои 26 од државите-членки на НАТО и 6 од членките на ПзМ со над 1.300.000 членови.Значајно е да се одбележи дека во август 2005 година на Конгресот на CIOR во Гент, Белгија, ОРОРМ е примена за придружна членка на CIOR, што претставува највисок можен статус за националните асоцијации од државите кои се членки на ПзМ. Во 2006 и 2007 година на ОРОРМ беше до-верено да организира две зна чајни актив-ности: Семинарот „Млади резервни офи-цери 2006“, на кој учествуваа 60 прет-ставници од 7 држави-членки на НАТО и на ПзМ и јазичната академија („CLA-07“), на која учествуваа 93 учесници и гости од 14 држави, членки на НАТО и ПзМ. Би-латерална соработка и размена на иску-

ства досега е остварена со националните здруженија на Р. Словенија и Р. Хрватска.

од мај 2006 година е укинат регрут-ниот систем, а со тоа и можноста да се едуцираат млади резервни офице-ри во рамките на воената академија. во тој контекст, кои би биле можни-те решенија за подмладување на орорМ?Во периодот 1996-2006 година, во Во-ената академија „Генерал Михаило Апо-столски“ и во единиците на АРМ, по

успешно завршениот курс за стручно оспособување и усовршување на ре-зервни офицери во резервниот состав, беа произведени 807 резервни офице-ри. Од вкупниот број, 673 им припаѓаат на родовите на копнената војска, а 137 на службите на АРМ. Меѓутоа, од октомври 2005 година не постои системско реше-ние за произведување на нови резерв-ни офицери бидејќи со Законот за изме-на и дополнувања на Законот за одбра-на од мај 2006 година, е укината обврска-та за служење на воениот рок во чиишто рамки, врз основа на претходно изразе-на волја, кандидатите со високо образо-вание би можеле да бидат упатени на спо-менатиот курс.

орорМ ниЗ Бројкиво орорМ се евидентирани 10.023 членови (резервни офицери и подофицери) кои се организирани во 28 општински организациони единици (оое), односно во 347 активи кои претставуваат основна форма на дејствување на членовите според местото на живеење. од вкупниот број 4.100 се резервни офицери, а 5.923 се подофицери, меѓу кои и 250 резервни офицери-жени. структурата, според чиновите е : 5 генерали, 24 полковници, 78 потполковници, 283 мајори, 1.300 капетани, 1.010 поручници, 1.400 потпоручници, 150 заставници, односно наредници, 1.073 постари водници I класа, 1.900 постари водници и 2.800 водници.според граѓанското образование, 68 се доктори на науки, 127 се магистри, 65% се со високо и вишо образование и со завршени Шро, што претставува значаен кадровски потенцијал и дел од македонското интелектуално јадро.според националната припадност 87% се Македонци, 7,2% се албанци, 1,7% се турци, 1,5% се срби, 0,7% се власи, 0,5% се роми и 1,4% се од други националности.Бројот на членовите до 35-годишна возраст изнесува 520, од 35 до 45-годишна возраст 2.691, од 45 до 55-годишна возраст 3.072 и над 55-годишна возраст 3.740.

Page 27: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

27

дбележувањето на јубилејот ’20 годи-ни АРМ’ нам, припадниците на АРМ, ни причинува особена чест. Веру-вам дека сè уште се свежи спомени-

те кога пред дваесет години првите регру-ти гордо зачекорија во касарните низ Репу-блика Македонија. Чувствата на возвише-ност, гордост и силните емоции незапир-ливо навираат поттикнати од сознанието дека тогаш, пред 20 години, за првпат во нашата историја ќе обучуваме млади луѓе кои се заколнаа пред знамето на Република Македонија“, истакна началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Коте-ски. Тој додаде дека високата мотивираност, ентузијазмот и еланот за постигнување ви-соки резултати, и денес се присутни кај при-падниците на АРМ, исто како и пред дваесет години.

Сад

ници

по

пов

од

jуби

лејо

т

Жив белег за дваесетгодишнината од почетоците на АРМ

Гостите присуствуваа и на засадувањето млади дрвца по повод 20 години од фор-мирањето на АРМ.Во рамките на одбележување на јубилејот „20 години Армија на Република Македонија“ во касарната „Илинден“ – Скопје на 12 април, со постројување на сите единици и присут-ни гости, свечено беше одбележана годиш-нината од пристигнувањето на првиот ре-грут во АРМ. На свеченоста покрај поканети-те регрути кои први зачекорија во касарната, присуствуваа и првите команданти на гарди-ската бригада, баталјонот на Воена полиција, Инженерискиот баталјон и АБХО баталјонот. По истиот повод во касарната беа заса-дени 20 млади садници кои ќе бидат све-док за негувањето на култот на војничката професија, но и поттик за уште поголеми успеси на идните генерации на војници.

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

во Паркот Пред Зградата на Мо и гШ на арМ во скоПје, на 12 аПрил 2012 г., во раМките на годиШната ПрограМа За одБележУвање на jУБилејот ,,20 години арМ“ Беа Засадени Млади садници во форМа на Бројот дваесет. во акцијата на Мо и гШ УчествУваа нгШ на арМ, генерал-Мајорот горанчо котески, неговиот ЗаМеник, генерал-Мајорот насер сејдини, активни и ПенЗионирани генерали на арМ, Претставници од Мо, Претставници на военодиПлоМатскиот кор во рМ, Претставници од нато-советодавниот тиМ и „БУЗ ален хаМилтон“

„Со засадувањето млади садници во кругот на МО и на ГШ и во сите касарни на АРМ, рече началникот Котески, сакаме да остави-ме жив белег за навршувањето дваесет го-дини од почетоците на АРМ и од почетокот на развојот на една нова, современа Армија на Република Македонија во чии редови се наоѓаат припадници на сите етнички заед-ници. Убеден сум дека овие стебла во ид-нина ќе сведочат за негување на култот на војничката професија, за нашата посвете-ност и професионалност, но и ќе бидат и пот-тик за остварување на уште повеќе успеси и дострели на идните генерации на АРМ“, ис-такна генералот Котески.По повод јубилејот ,,20 години АРМ“, исто-времено во девет касарни на АРМ низ Репу-блика Македонија каде што се лоцирани еди-ниците на АРМ, беа засадени по дваесет сад-ници. Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Ки-чево гостуваа првите пет регрути кои се от-повикаа на поканата за отслужување на во-ениот рок во касарните на Армијата на Репу-блика Македонија во далечната 1992 година за да го одбележат големиот празник – 20 го-дини од формирањето на АРМ. Меѓу остана-тите, тука беше и Панче јамандиев, првиот регрут во АРМ. Командата на касарната за таа пригода под-готви програма за обиколка на реновираните објекти во касарната, присуство на методско-огледна вежба и запознавање со објектите за обука. Особено внимание кај гостите пре-дизвика вежбата на тема „Мобилна контрол-на точка“ на која припадниците на деклари-раната единица ги прикажаа стандардните оперативни процедури при извршувањето на задачите во мировните мисии.

Page 28: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

28

ај 1992 г. беше време на предизвици, неизвесности и напори, покрај сите притисоци и војната што беснееше на поранешниот југословенски про-

стор, мирољубиво да го оствариме право-то на меѓународно признат субјективитет. Мај 1992 година беше и месец во кој се случи давањето свечена обврска на првата генерација регрути на Армијата на Република Македонија. Тоа беше све-чен чин и по многу нешта величествен, и тоа според сите нишани на достоинстве-ност и историчност.

Испо

лнет

и ср

ца

Во мај 1992 година првата генерација регрути на АРМ даде свечена обврска

те коишто останаа во Македонија и се определија за вклучување во нејзиниот систем за одбрана, како и кадрите на Територијалната одбрана и резервни-от армиски состав. Тие, без разлика на чинот и возраста, ги вршеа сите работи за оспособување на објектите и нивно опремување, вклучувајќи ги оние што немаат никаков допир со војничкиот за-нает, но сепак со многу ентузијазам ра-ботеа сè – чистење, варосување, по-правка на инсталации и друго. Со максимално ангажирање на кадри-те кои се ставија на располагање на МО, за краток период е воспоставена основата на АРМ. Покрај преземањето на на контролата на државните грани-ци на исток, на запад и на југ, постап-но профункционираа и сите останати функции поврзани со АРМ, како што е функционирањето на военоздравстве-ните установи, економијата, военоуго-стителската установа „Вардар“, домови-те на Армијата, библиотеките, разните сервиси, градежната служба, заднината и сè друго што беше неопходно и повр-зано за одбранбениот систем на Репу-блика Македонија.Дојде и денот кога старешините и дел од првата класа регрути од регуларни-от состав на АРМ дадоа свечена обвр-ска. Тоа се случи на 9 мај 1992 година во

г о д и н и

АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пред дваесет години, во 1992 г., Пионерите на арМијата на реПУБлика Македонија раБотеа со исклУчителен ентУЗијаЗаМ и свест дека соЗдаваат неШто ново, неШто Што одаМна го неМало на наШите Простори: Македонска арМија, За Што се Залагаа и се Бореа МногУ Претходни Поколенија. сПисанието „Штит”, Месец По Месец, ЗаклУчно со авгУст 2012 г., односно со денот на арМ, ќе настојУва да ви Пренесе БареМ дел од настаните и од атМосферата на вреМето во кое се соЗдаваШе арМ

Полека но сигурно, од ден на ден, Ар-мијата на Република Македонија ја до-биваше својата физиономија. Тукуш-то беа преземени караулите, касарни-те и другите воени објекти во коишто се вршеше интензивна обука на првите ре-грути на македонската армија. Профунк-ционираа и првите регуларни единици на АРМ, како што е Воената полиција, формирана уште на 12 април 1992 годи-на. Тоа, всушност, е и првата регуларна единица на АРМ.Припадниците на постојаниот состав на штотуку формираната Армија на Репу-блика Македонија, по интезивната об-ука, беа подготвени да застанат на бе-демите и меѓниците на македонска-та држава и свечено да дадат завет на чист македонски јазик. Ова претста-вуваше голем чин не само за младите војници туку и за сите директни учес-ници на настаните. И во минатото ма-кедонските воини давале завет на соп-ствениот јазик, но ова беше првпат во суверена, независна и слободна држава Македонија.

историски Предодредени За соживот и ЗаедниШтвоПосебен придонес за брзото прифаќање на регрутите и за профункционирање на армискиот систем дадоа старешини-

Page 29: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

29

донски јазик. Колку само свечено звучеа зборовите: „јас (име и презиме) свече-но се обврзувам дека ќе ја бранам сло-бодата, суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Ре-публика Македонија. Дисциплинира-но, совесно и одговорно ќе ги извршу-вам обврските и должностите како бра-нител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест“. За питомците на вое-ните училишта (за тоа повеќе во идниот број на списанието) и војниците-регрути беше определено свечената обврска да се дава усно, а за старешините и усно и писмено.

Пред нови ПредиЗвициОд другите настани што се случија во мај 1992 г. го издвојуваме 15 мај 1992 го-дина. Овој ден беше последниот рок до кога сите старешини кои сакаа да ста-пат во редовите на АРМ можеа да го на-прават тоа. Овој ден беше и последни-от рок за прифаќање на офицерите кои се враќаа од јНА и стапуваа во редови-те на АРМ. Четири дена подоцна, на 19 мај 1992 година, на граничниот премин Меџитлија кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со ма-кедонски, а на 28 мај 1992 година Со-бранието на РМ го донесе Законот за преминување на државната граница и движење во пограничниот појас.При крајот на месец мај се стапи во ин-тензивни преговори со фирми од Репу-бликата за изработка на нови унифор-ми на АРМ. Со доаѓањето во редови-те на АРМ, поради недостиг на наша, македонска воена униформа, нашите војници беа приморани да ги облеку-ваат униформите кои беа сопственост на ТО и на поранешната јНА. Првата презентација на новите војнички уни-форми се одржа во Домот на АРМ во Скопје на 29 мај 1992 година, при што беа презентирани 5 маскирни и 3 сиво-зелени предлог-варијанти на војнички униформи.На почетокот на формирањето на АРМ се наидуваше и на конкретни про-блеми. Пред сè тие се однесуваа на решавањето на станбените прашања на воените и на граѓанските лица кои стапуваа во редовите на АРМ. Во на-пуштените станови се вселуваа лица ко-ишто по никаква основа не можеа да остварат законско право, а проблемот се усложни и со вселувањето во воени-те станови на припадници на други ми-нистерства.Во сиот овој период се истакнува за-ложбата за формирање на малубројна, модерна, технички и технолошко висо-ко опремена армија, која ќе биде ефи-касна и со строго определени зада-чи, пред сè во обезбедувањето на ми-рот, чувањето на државната граница и воздушниот простор на Република Македонија, aрмија на сите граѓани, без оглед на нивната определба и на нивна-та верска и национална припадност.

Васил Дичевски

„ Армијата на Република Македонија, нагласи тогашниот претседател на Со-бранието на РМ на свеченоста во Би-тола, не е инструмент на закана за кого било, туку тоа е инструмент за одбра-на на нашата земја“. На свеченоста во Штип, пред илјадниот народ, генерал-потполковникот Митре Арсовски, покрај другото, ќе каже: „Зад вас и со вас стои народот на Македонија и национално-стите со кои од дамнина сме сплотени и историски предодредени за соживот и заедништво“. Во касарната во Охрид, пак, тогашниот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, ќе нагласи: „Успеавме на овие простори мирољубиво, пред сè

со цивилизациски методи, по пат на до-говори и прифатени компромиси, да се осамостоиме, да создадеме сопствена армија. Тоа е армија и ќе биде армија на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната национална, верска или друга припадност. Сите вие сте војници и старешини на иста воо-ружена сила – Армијата на Република Македонија“.Војничката обврска за првпат во наша-та понова историја се даваше на маке-

касарната „Маршал Тито“ (денес „Илин-ден“). Наредниот ден, на 10 мај, свече-на обврска дадоа старешините и прва-та класа регрути од регуларниот состав на АРМ во касарната „Стив Наумов“ во Битола. На 16 мај свечени обврски да-доа старешините и младите војници-регрути на АРМ во касарната „ 4 јули“ (денес „јане Сандански“) во Штип, а на 17 мај – старешините и регрутите во ка-сарната „Генерал Михаило Апостолски“ во Охрид. Никогаш толку народ не се имаше со-брано во македонските касарни за да ги поздрави своите воини. „Вие, прва-та генерација на војници и старешини

на Армијата на Република Македонија, ја имате таа чест и должност со својата младост и полет да застанете на грани-ците на суверена и независна Републи-ка Македонија, онаква каква што од ис-конски времиња ја посакувале наши-те предци, плејадата револуционери, воини и преродбеници“, беа зборови-те на тогашниот претседател на Репу-блика Македонија, Киро Глигоров, пред многуилјадниот народ во касарната „Маршал Тито“ во Скопје.

Page 30: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

роектот Центар за обука на пилоти воведува квалитативни промени во досегашниот концепт на едукација и обука. Се воспоставуваат проверени

дијагностички критериуми за селекција на кандидатите. Понатаму, во концептот на об-уката ќе се имплементираат лесните школ-ски воздухоплови и симулатори за летање заради поедноставна транзиција на новите пилоти на борбени и транспортни воздухо-плови. Од аспект на техничката опременост токму овие два симулатори го прават Цен-тарот посебен и интересен и во интернаци-онални рамки. Центарот за обука на пилоти ќе функцио-нира според моделот јавно-приватно пар-тнерство и ќе биде во целосна координација со Воздухопловната бригада и Воената академија, додека по осум години проек-тот целосно останува во државна сопстве-ност. Во текот на 18-месечниот период об-уката ќе биде вршена на пет адаптирани воздухоплови „Злин 242“ за основна обу-ка, потоа на четири хеликоптери „Бел 206“ и на два симулатори Ми-17 и Ми-24, кои во моментов се во изградба во Елбит, а ќе би-дат достапни за 18 месеци. Управното ниво, директорот, неговиот заменик и шефот на одржувањето на Центарот ќе бидат од „Ел-бит“, додека останатите позиции – пилоти-те, инструкторите и техничарите ќе бидат на локално ниво.„Центарот за обука во иднина нема да слу-жи само за припадниците на АРМ, туку ќе се обучуваат пилоти и за другите институ-ции во земјава кои имаат воздухоплови. На долг рок овие ресурси ќе може да се ко-ристат и за земјите од регионот, како и за земјите-членки на НАТО кои ќе покажат ин-терес“, изјави министерот за одбрана Фат-мир Бесими при неодамнешната посета на Центарот.Тој посочи дека Центарот за обука на пи-лоти на АРМ е комплементарен со веќе постојните капацитети за обука на пилоти во земјите од регионот и со она што НАТО го бара од земјите-идни членки.Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, посочи дека Центарот за обука на пилоти не е значаен само за АРМ, туку и за државата во целост. „Основно е што обуката на нашите пило-ти ќе ја вршиме во домашни услови со што ќе ги намалиме трошоците и ќе ја зголеми-

30

ме безбедноста на пилотите“, рече Котески, додавајќи дека досега обуката на македон-ските пилоти се вршеше во соседните земји или во земјите-партнери и чинеше околу ми-лион евра за пилот. Проектот Центар за обука на пилоти воспос-тавува сопствена инфраструктура, со совре-мени деловни простории, помагала за тео-ретска и практична настава, компјутерски системи за селекција, како и теоретска и практична обука. Воедно Центарот ќе обе-збеди логистичка поддршка и одржување на сите средства и опрема со кои располага. Самата едукација ќе се одвива етапно. Едукацијата, заедно со обуката на пилотите, ќе се спроведува во три семестри. Во први-от семестар максимално внимание ќе се по-свети на селекцијата и изборот на канди-датите кои ќе ја продолжат обуката во на-редните два семестри. Потенцијалните кан-дидати ќе бидат избрани преку однапред одредени критериуми. Концептот за обука ќе ги спроведе кандидатите за нови пилоти низ фаза на обука и селекција на земја и во воздух. Поделбата на обуката на фази обе-збедува надградба на вештините за летање преку основна и напредна обука на авиони и хеликоптери.Едукацијата и обуката на потенцијалните кандидати во првата фаза вклучува тео-ретски курсеви на земја и практична обука во воздух за елементарна ориентација за летање во простор и вештини со летање

на авионите „Злин 242Л“. Во следната фаза кандидатите ќе започнат основна теоретска и летачка обука на хеликоптер BELL 206. Секако, процесот на селекција ќе трае кон-тинуирано, ќе се врши водење на кандида-тите и ќе се одлучува за нивниот натамо-шен развој. Понатаму кандидатите ќе завр-шат и напредна летачка обука на хеликопте-ри, што вклучува летање со очила за ноќно гледање. Кандидатите кои успешно ќе ги по-минат сите фази на обуката ќе се стекнат со летачко звање пилот и потоа, во соглас-ност со покажаните способности и потреби-те на службата, ќе бидат упатени на обука на симулатор, а потоа на дообука во еден од оперативните сквадрони.Центарот како институција ќе се занимава исклучиво со произведување на пилоти и со надградба на оперативните пилоти со по-мош на еден од двата симулатори, додека сквадроните, пред сè, ќе се занимаваат со подобрување на квалитетот на борбената обука, во согласност со мисиите на единици-те, како и со извршување на летачките за-дачи кои ќе ги добиваат од претпоставени-те команди.Центарот за обука на пилоти ќе обучи нови, млади пилоти за АРМ, пилоти кои ќе бидат „скроени” според нашите интерни потреби, но истовремено и подготвени да извршува-ат сложени борбени мисии со нашите пар-тнери од НАТО- алијансата.

Драган Павловски

квалитативни промени во досегашниот концепт на едукација и обука

Пилоти по нов терк

од оваа година идниот Македонски, но и Балкански Пилотски кадар ќе Може да се оБраЗУва и да се оБУчУва во центарот За оБУка на Пилоти во реПУБлика Македонија. генерално, со ова се оди чекор ПонаПред во сПоредБа со голеМ дел од ЗеМјите-членки на нато, а всУШност ова е Прв ваков Проект во ЗеМјите од јУгоисточна евроПа

Page 31: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

31

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ И НА ГЕНЕРАЛОТ КОТЕСКИ СО ГЕНЕРАЛОТ АЛЕН ВО АВГАНИСТАН

„ПРИДОНЕСОТ НА АРМ ВО ИСАФ Е ИСКЛУЧИТЕЛЕН“

предлагаат модернизација во 2013 и во 2014 година. Модернизацијата, освен на-бавка на опрема и техника подразбира и едукација на персоналот“, истакна гене-ралот Котески. Министерот Бесими, пак, дополни дека предвид треба да се земе и долгорочниот план за развој, усогласен со НАТО, план кој значи исполнување на партнерските цели и план кој гарантира дека Република Македонија на долг рок ќе биде доследен партнер и земја-членка на Алијансата. „Секако, освен заложбата за континуирани реформи за исполнување на стандардите на земјите-членки на НАТО–модернизацијата и новата структу-ра на АРМ, ние остануваме посветени и на придонесот во меѓународните мировни мисии“, рече министерот Бесими.Челниците на Министерството за одбра-на и на Армијата на Република Македонија при посетата имаа средба со сите маке-донски мировници и лично ги пофалија за тоа што го прават во Авганистан, ги слуш-наа нивните прашања и очекувања, а на крајот на сите им посакаа во јули живи и здрави да се вратат во Македонија.Од 170-те македонски мировници, 150 се ангажирани за обезбедување на главниот штаб и на базата на силите ИСАФ во Ка-бул, додека останатите се распоредени на задачи во неколку други места низ Авгани-стан како набљудувачи и обучувачи на ав-ганистанската национална армија.

Иван Петрушевски

рмијата на Република Македонија со своето присуство во глобални рамки несомнено и во континуитет придо-несува кон развојот и етаблирањето

на придобивките на современото опште-ство – демократијата и слободата, во гло-бални рамки.Министерот за одбрана на Република Ма кедонија, Фатмир Бесими, придружу-ван од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, не-одамна ги посети македонските мировни-ци во Кабул, Авганистан, а воедно се срет-на и со командантот на силите ИСАФ, ге-нералот Џон Ален. „Тоа што припадници-те на АРМ го прават за обезбедување на мирот во Авганистан е исклучително цене-то во Република Македонија, тоа е исклу-чително добро за имиџот на Република Македонија и нам ни претставува задовол-ство што тие ја вршат својата должност со висок професионализам. Задоволен сум и со тоа што генералот Ален, командантот на силите ИСАФ во Авганистан, го кажа за придонесот на нашите војници и за нивни-те квалитети, за нивниот придонесот кон глобалниот мир“, истакна министерот Бе-сими по средбата со генералот Ален. Укажувајќи на плодните разговори, но и на исклучително позитивниот впечаток кој припадниците на АРМ го оставиле во те-кот на извршувањето на задачите, коман-дантот на силите ИСАФ дополни: „Им се заблагодарив на министерот и на генера-

лот за огромниот придонес на припадни-ците на АРМ во одбраната на штабот и во процесот на обучување, а разговаравме и за текот на активности во моментов, но и за идните потенцијални правци во кои Ре-публика Македонија на долг рок може да контрибуира во ИСАФ“.На средбата, како што изјави министерот, станало збор и за транзицијата на мисијата во 2014 година, што всушност ќе биде тема и на самиот на Алијансата во Чикаго оваа година, но и за стратегискиот интерес на Република Македонија да остане важен партнер на НАТО.Во тој контекст началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Ко-тески, потенцираше дека му порачал на својот колега, генералот Ален, позитивни-те импресии да ги пренесе во Брисел и во Вашингтон и нашето членство во НАТО да не биде само „де факто„, туку и „де јуре“.

Процесот на МодерниЗација е неПрекинатВо врска со плановите за модернизација и реформи, како една од темите зачнати на средбата, генералот Котески појасни дека тој процес веќе континуирано тече. „Еден од проектите кој е под надлежност на НАТО-алијансата, опремувањето со радарот за воздухопловно наведување и јавување е во тек, а вториот проект е отворањето на центарот за обука на пи-лоти. Има уште три главни проекти кои

Page 32: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

32

ребаше да се дојде и да се дожи-ве тоа што се случи на 21 април на методско-огледната вежба „Огнена поддршка на механизирана пеша-

диска единица во напад” на АП „Криво-лак”. Присутните, меѓу кои беа министерот за одбрана, Фатмир Бесими, заменик-министерот, Емил Димитриев, државниот секретар, Петар Есмеров, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Го-ранчо Котески, директорот на ГШ, брига-ден генерал Димче Петровски, командан-тот на ЗОК, бригаден генерал Методија Величковски, активни и пензионирани ге-нерали на АРМ, воени аташеи акредитира-ни во Република Македонија и други гости, останаа вчудоневидени од тоа што се слу-

Подготвени за нови предизвици

чуваше пред нивните очи. Од сите страни на полигонот фрчеа гранати, ракети, мини, куршуми за одбрана на нашето мало но скапоцено македонско поднебје.целта на вежбата беше да се прикаже ефективната огнена поддршка на мане-варските единици, како и обученоста на персоналот од составот на механизирана-та пешадиска чета заедно со силите за ог-нена поддршка, декларирани за учество во борбената група на Европската унија (ЕУ/БГ). Единиците демонстрираа висок степен на извежбаност и оспособеност за изведување на борбени дејства со висок интензитет во операции предводени од НАТО и ЕУ надвор од територијата на Ре-публика Македонија.

На вежбата учествуваа единици од 1. ме-ханизирана пешадиска бригада (мпбр): де-кларираната средна пешадиска чета, еден вод повеќецевни фрлачи на ракети (ПцФР) 128 mm, еден вод ПцФР 122 mm ,,ГРАД”, еден вод хаубици 105 mm, две миноф-рлачки батерии 120 mm, два минофрлач-ки водови 82 mm, тенковски вод Т-72, како и борбени хеликоптери Ми-24 од воздухо-пловната бригада. На вежбата, покрај ви-сокиот степен на обученост, дојде до из-раз огнената моќ на борбените единици и на единиците за огнена поддршка на 1.мпбр, но и нивното заемно содејство со единиците за блиска воздушна поддршка. Сето тоа беше увертира за скорешната, меѓународна мајска вежба со над 2.500 учесници, каква што немало досега кај нас.„Денешната вежба покажа висок сте-пен на способност за изведување борбе-ни дејства и нивна успешна реализација. Оваа единица има капацитет со стандар-дите и соодветствува на барањата на НАТО”, изјави по вежбата министерот за одбрана Фатмир Бесими. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, по за-вршувањето на вежбата изјави дека е задоволен од подготвеноста и органи-зираноста на учесниците во денешната вежба. „Досега во Република Македонија не е из-ведена вежба со волку голем број едини-ци. Учествуваше четата која треба да из-врши пополнување на борбената група во ЕУ заедно со СР Германија, Чешка и Ис-

Методско-огледна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад”

Page 33: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

33

ланд. Нашите војници се обучени не само за НАТО-мировни операции, туку и за опе-рации надвор од територијата на држава-та. Карактеристично е дека следната веж-ба ќе биде во мај, кога ќе биде оценуван средниот пешадиски баталјон за серти-фикат за меѓународни мировни мисии”, изјави по вежбата началникот Котески.

артилерците ги иЗреШетаа целитеПолигонот „Криволак” беше невообичае-но обоен во зелено за ова време на годи-

ната. Тука уште во април, кога се буди при-родата и шара во илјадници бои, сме на-викнале, како што велат овде, на бојата на тутун, предизвикана од високите темера-тури уште напролет, од ветерот што нико-гаш не престанува да дува, и од многу дру-ги нешта. Овојпат, иако сонцето одвреме навреме бликаше одозгора, повремено за-темнето од облаци, а по вежбата и од си-тен дожд, „Криволак” сјаеше во сета своја дивина и убавина, прошарана со волшеб-ните бои што зад себе ги оставаат хауби-ците, тенковите, ракетните системи „град” и „пламен”, минофрлачите, хермелините, митралезите, хеликоптерите Ми-24 и Ми-17 и другото вооружување на АРМ. Тука беа и неопходните за вакви случаи „врска-

ри“ и неизбежните припадници на Воената полиција на АРМ и на логистиката. Командантот на ЗОК, бригадниот гене-рал Методија Величковски, на присутните, покрај другото, им објаснува дека на веж-бата учествуваат војници од седум маке-донски гарнизони.Вежбата почна спектакуларно, со еднов-ремено содејство на сите единици, со цел непријателот што упаднал во наша територија да биде изненаден. Татнеа тен-ковите, ракетите го сечеа со пискот не-бото, а мините, гранатите и куршумите

точно погаѓаа. И земјата и небото се ша-раа со разнобојни бои. Командирите и нишанџиите на артилериските водови и батерии беа во вистински елемент.Истопорени напред беа припадниците на механизираната пешадиска чета деклари-рани за учество во борбената група на Ев-ропската унија. Пред нив тенковите ури-ваа сè пред себе, тактички маневрирајќи напред-назад и создавајќи димна заве-са за да се оневозможи успешно дејство на непријателот. Механизираната пеша-диска чета успешно напредуваше кон непријателот. Наскоро од хермелините се огласуваат и митралезите. Помогнати од артилериското дејство, четата се развива за пешадиски напад. Има и повреден меѓу

Методско-огледна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад”

Page 34: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

34

нив, па набрзо повредениот се извлеку-ва со хермелин на безбедно место и се врши негова евакуација со хеликопте-рот МИ-17.За сето време артилерците го „реше-таат“ небото и ја „ораат“ земјата токму на означените цели, создавајќи огром-ни димни завеси. Присутните кои тоа го набљудуваа, постојано коментираа: „по-годок“, браво“, „така гаѓаат нашите ар-тилерци“. Сè оди според планот и непријателот е опколен од сите страни. Доаѓа и најспектакуларниот момент: На небото се појавуваат и два борбени хеликоп-

тери на АРМ, МИ-24, формирајќи вино-жито околу себе за да се затскријат од евентуалниот напад на непријателот. Потоа стреловито гаѓаат право во цел-та. Набргу таму е и Механизираната пе-шадиска чета и непријателот е совла-дан.

Заслужени приЗнанијаПосле вежбата се сумираат резултати-те. Не се крие задоволството дека сето она што е договорено и извежбано во минатиот период на тактичкото бојно гаѓање на водовите, како и на артиле-риското гаѓање на вежбата, беше во це-лост реализирано. Предвидените актив-ности се извршени ефикасно, навреме

и без повредени, бидејќи се почитуваа предвидените мерки за заштита и без-бедност. На вежбата е потврдено дека деклари-раната пешадиска чета оперативно е подготвена за учество во мисии и дека е движечка сила, заедно со останатите единици на Првата механизирана пеша-диска бригада при ЗОК на АРМ. Притоа програмски гаѓања беа импресивни и реализирани со висок степен на профе-сионалност на АП „Криволак“.За успешно реализираните програмски гаѓања, бригадниот генерал Киро Га-лазовски, заменик-командант на ЗОК, како координатор на вежбата, како и ко-

виножито

Полигонот „криволак” беше невообичаено обоен во зелено за ова време од годината. тука уште во април, кога се буди природата и шара во илјадници бои, сме навикнале, како што велат овде, на бојата на тутунот, предизвикана од обично високите темератури уште напролет, од ветерот што никогаш не престанува да дува, и од многу други нешта. овојпат, иако

сонцето одвреме навреме блескаше одозгора, повремено затемнето од облаци, а по вежбата и од ситен дожд, „криволак” сјаеше во сета своја дивина и убавина, прошарана со волшебните бои што зад себе ги оставаат хаубиците, тенковите, ракетните системи „град” и „пламен”, минофрлачките, хермелините, митралезите, хеликоптерите Ми-24 и Ми-17 и другото вооружување на арМ. тука беа и неопходните за вакви случаи „врскари“ и неизбежните припадници на воената полиција на арМ и на логистиката.

висок стеПен на сПосоБност

„на вежбата е покажан висок степен на способност за изведување борбени дејства и нивна успешна реализација. оваа единица има капацитет со стандардите и соодветствува на барањата на нато”, изјави по вежбата министерот за одбрана фатмир Бесими.

„нашите војници се обучени не само за нато-мировни операции, туку и за операции надвор од територијата на државата“, додаде началникот на гШ на арМ, генерал-мајорот горанчо котески.

мандирите на артилериските водови и другите учесници на вежбата, добија со-одветни признанија.Командирите на одделенија и водови, сепак добија упатства за отстранување на забележаните ситни пропусти во те-кот на планираните активности поврза-ни со водовите и бојното гаѓање на пе-шадиските водови и со водното артиле-риско гаѓање. Планираните програмски гаѓања на де-кларираната пешадиска чета од 1.мпбр беа во целост реализирани, така што уште еднаш се покажа нивото на обуче-ност на единицата за учество во мисија надвор од земјата.

В. Д.

Page 35: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

35

о согласност со годишната програма на Министерството за одбрана на Република Македонија за соработка со асоцијацијата на воените аташеи

акредитирани во Репуб лика Македонија за 2012 година, беше реализирана посета на Полкот за специјални операции (пСО). Во рамките на посетата, воените ата-шеи беа брифирани од страна на коман-дантот на пСО, полковникот Павле Арсо-ски, за активностите и задачите на едини-цата за 2012 година, а воедно имаа мож-ност да согледаат дел од напредната обу-ка во летна алпинистика и јазење која се реализираше на терените за алпинистика и јазење во реонот на Демир Капија.Во текот на обуката беа демонстрира-ни алпинистички операции со приме-

Најд

обр

и к

ога

е

најт

ешк

о

на на напредни тактики и техники за премин преку тешко прооден терен, спасување на повредени лица на непри-стапен терен и планински простор со извлекување со помош на специјална носилка „тyramont“ и префрлување на повредено лице на безбедно место за понатамошна евакуација. живописниот предел на кањонот на Вардар кај Демир Капија со стрмни карпи коишто се тешко достапани и за најискусните планинари, беше вистин-ски предизвик за тимот на пСО да го по-кажат високото ниво на стручност и об-ученост за укажување помош на лица кои се нашле во незгода на неприста-пен терен. Притоа тие прикажаа и други начини на совладување на тешкопроод-но земјиште и спуштање по карпа, така што вежбата изобилуваше со атрактив-ни демонстрации за кои се потребни ви-сок степен на обученост, стручност и психофизичка кондиција.Беше вистинско доживување да се сле-ди сето она што го покажаа припадници-те на пСО. Со многу умешност и извеж-баност, припадниците на пСО се јазеа по карпите и ги премостуваа бездни-те високи и по стотина метри. Глетката беше навистина атрактивна, впечатли-ва и реална, бидејќи „во живо“ беа до-ловени вистинските ситуации во кои се нашле или во кои ќе се најдат припадни-ците на пСО идните мисии во земјата и во странство. Изведувајќи една од најтешките аплпи-нистички акции, на мошне пластичен на-

чин припадниците на декларираниот тим, како и останатите учесници на веж-бата, покажаа дека се врвно обучени и оспособени професионалци, господари на својот занает.Алпинистичкиот тим од пСО е дел од де-кларираните единици на АРМ за опера-ции надвор од Република Македонија, а високиот степен на обученост кој го по-седуваат, го достигнаа во изминатите неколку години со сериозна и напорна работа со стручните алпинистички ти-мови од Швајцарија. Инструкторите од пСО на АРМ во повеќе наврати спрове-дуваа слична обука со вакви тимови на армиите од јадранската група.

Љ. Б.

Показна вежба на пСО за спасување во непристапен терен

Page 36: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

36

ВРВ ВО СВЕТОТ НА РАЗУЗНАВАЊЕТО

исто така, одговара т.е. дава отчет пред претседателот на државата, и во некои исклучителни околности пред начални-кот на Генералштабот на пакистанска-та армија.

историски ПрегледПо стекнувањето независност во 1947 година, со цел заштита на вистински-те национални интереси се создаде-ни две разузнавачки агенции во Па-кистан: Биро за разузнавање и Воено разузнавање. ДВРП е формирана како независна агенција во 1948 година со цел да се зајакне ефикасноста на вое-ното разузнавање на Пакистан, секако во координација со другите две разу-

ирекцијата за внатрешна разу-знавачка поддршка – ДВРП (ISI) е најголемата разузнавачка служ-ба во Пакистан, односно една од

трите главни гранки на разузнавачки-те агенции на Пакистан. Дирекцијата, всушност, е првата линија на одбра-на – сите нејзини вработени се наре-чени „бранители на народот кои прет-ставуваат цврст метален ѕид против непријателите“. Разузнавачките офице-ри кои најчесто се ангажирани од три вооружени сили (армија, воздухоплов-ство и морнарица) се лојални и посве-тени на својот народ и на својата земја. Тие се обучени ефикасно да се спра-ват со сите закани кои доаѓаат од стра-на на непријателите на пакистанска-та нација. За нив, во прв ред, што зна-чи и пред сопствениот живот, е нивната земја, нацијата и самата организација. Нивните активности и дела се бази-раат на учењето на исламот, дис-циплината, единството, вистината и почитувањето на највисоките стандар-ди на однесување. ДВРП е рангирана на врвот на најдобрите и најдобро ор-ганизираните разузнавачки агенции во светот. Поради овие факти и извршена-та работа во 2011 година, ДВРП е ран-гирана помеѓу десетте најдобри свет-ски разузнавачки организации. Оваа организација работи под уставни и за-конски рамки, додека организациски, шеф на ДВРП е генералниот дирек-тор (со чин генерал-потполковник кој,

ISI – ПАКИСТАНСКА РАЗУЗНАВАЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА – I

Page 37: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

37

знавачки агенции. ДВРП пред поделба-та била дел од разузнавачкото биро, со задолженија во полето на размена на разузнавачки информации меѓу различ-ните гранки на армијата, како и на над-ворешното собирање на разузнавачки информации. Неговото седиште првич-но се наоѓало во Равалпинди, но по-доцна тоа било преместено во главни-от град, Исламабад. На почетокот ДВРП имала совршена позитивна визија за за-штита на нацијата во секој аспект. Во 1950-тата година на ДВРП официјално била дадена задача да ги заштити паки-станските интереси и националната без-бедност внатре и надвор од Пакистан. По големата улога и остварувањето на речиси сите невозможни задачи во војната меѓу Пакистан и Индија во 1965 година, јахја Кан кој во тоа време прет-седавал со Комисијата за реевалуација на ДВРП решил, поради зголемените перформанси, да го прошири делокру-гот на дејствување на агенцијата. Гене-ралот Ајуб Кан веднаш им ја доверил од-говорноста за собирање на информа-ции во внатрешноста и надворешноста на Пакистан, додека подоцна, за вре-ме на револтот во Балочистан, во сре-дината на 1970-тите години, на ДВРП била доверена задача за собирање на разузнавачки информации во врска со операцијата. По доаѓањето на власт на генералот Зија Ул Хак во јули 1977 година, обемот на ДВРП бил проширен со тоа што им била доделена задача за собирање на разузнавачки информации за сите ан-типакистански и сепаратистички пар-тии, особено оние кои се борат за по-делба на Пакистан и кои биле предизви-кани од соседните непријателски земји. Советско-авганистанската војна од 1980 година влијаела на подобрување на способностите на ДВРП за водење тајни акции со поддршка на американ-ската централна разузнавачка агенција (цИА). Имено, била креирана посеб-на авганистанска секција под коман-да на полковникот Мохамед јоусаф со цел надгледување и координирање на војната. Голем број офицери биле специјално обучени од страна на паки-станската армија, по што ДВРП ги упа-тила во операции против советските трупи како помош на авганистанските муџахедини. Од 1983 до 1997 година, ДВРП обучила над 80.000 авганистан-ски муџахедини за во Авганистан. Во тоа време, еден од најпознатите генера-ли, генерал Актар Абдур Реман Шахед, како лидер одиграл значајна улога за да се зајакне оваа организација. Во те-кот на 90-тите години ДВРП прерасна-ла во моќна организација која претста-вува страв и трепет за непријателите на Пакистан. По нивната инволвираност во војната во Авганистан и дистрибуцијата на пропагандна сила во тоа време, во помалите земји, активностите на ДВРП сепак се намалиле, со цел враќање на нивното ангажирање кон основните од-говорности – внатрешната и надвореш-ната безбедност на Пакистан.

Задачи на дврПДВРП е задолжена да ги заштити паки-станските интереси против сите видови непријатели (странски и домашни), како и да ја задржи рамнотежата на моќта во регионот. Дополнително, активностите одат во насока на собирање на стран-ски и на домашни информации и на раз-узнавачки податоци и координација и синхронизација на информации и функ-ции на трите воени услуги (армија, воз-духопловство и морнарица) и нивен над-зор.ДВРП е со седиште во Исламабад и ор-ганизациски, како што спомнавме, е потчинета на генералниот директор со чин генерал-потполковник на пакистан-ската армија. Понатаму, има и тројца заменици-директори кои, исто така, се генерали на три секции, задолжени за три области: 1. внатрешно крило – задолжено за

справување со контраразузнавачки-те и политички прашања внатре во Пакистан .

2. надворешно крило – задолжено за справување со надворешни прашања и анализи.

3. надворешни крило за односи – за-должено за управување со надвореш-ните работи од страна на Пакистан.

ДВРП главно е сочинета од персона-лот на полицијата, на воените сили и на некои специјализирани единици на ар-мијата. Постојат повеќе од 25.000 ак-

тивно вработени луѓе – оваа бројка не ги вклучува информаторите отстрана. ДВРП е организирана во седум главни делови кои се интегрален дел на струк-турата на ДВРП.

стрУктУрата на дврП1. Заедничко разузнавачко биро – „х“

односно jIX Ова крило служи како секретаријат кој координира и обезбедува администра-тивна поддршка на другите крила на ДВРП. Крилото, исто така, подготвува разузнавачки процени и процена на за-каните по Пакистан, додека воедно обе-збедува административна поддршка на другите регионални организации на ДВРП. 2. Заедничко разузнавачко биро –

„стрела“ Едно од најголемите и најмоќните крила на ДВРП со задача да ја следи политич-ката ситуација. Заедничкото разузнавач-ко биро „Стрела“ се состои од три одде-ли, еден оддел посветен на операциите во Индија, а другите на антитероризмот и на безбедноста на ВИП-личностите. 3. Заедничко контраразузнавачко

биро – jCIB Ова биро е одговорно за надгледување на разузнавачки операции во централ-на и во јужна Азија, во Авганистан, на Блискиот Исток, во Израел и во Русија. Во делокругот на одговорности спаѓаат и активностите од областа за надзор

Page 38: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

38

2001 година, иако пакистанските вла-сти негираат каква било вмешаност или поддршка за тие групи. Владата на Па-кистан, исто така, беше една од трите земји, заедно со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, кои ги при-знаа талибанските власти во Авганистан. Првата вмешаност на ДВРП во Авгани-стан била евидентирана по советската инвазија во 1979 година, кога таа сора-ботувала со цИА со цел обезбедување оружје, пари, информации, како и обу-ка на муџахединските групи во борбата против црвената армија. Во тоа време, некои гласови во рамките на САД се со-мневале до кој степен пакистанската раз-узнавачка служба фаворизирала екстре-мистички и антиамерикански борци. По советското повлекување, ДВРП продол-жила со својата инволвираност во Авга-нистан, најпрво преку поддршка на бор-ците кои давале отпор против марио-нетската влада на Авганистан (потчине-та на Москва), а потоа и на Талибанците. ДВРП е обвинета дека и денес им пома-га на талибанските групи и дека таа под-дршка продолжува и понатаму – такви обвинувања доаѓаат од високи функци-онери на авганистанската влада, како и од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кој во неколку наврати изјавил дека Пакистан, односно ДВРП ги обу-чува милитантите и ги испраќа на дру-гата страна од границата. И експертите се сомневаат дека ДВРП им обезбеду-ва одредена поддршка на Талибанците, иако не до тој степен како што го праве-ла тоа во минатото. Според Кети Генон од „Асошиејтед прес“, задолжена да ин-формира за тој крај, со децении талибан-ските групи немаат повеќе потреба од помош од ДВРП – тие веќе имаат пре-земено некои територии во Авганистан и таму ги прават потребните вежби, од-носно ги организираат нивните кампови. Сепак, другата страна која говори за поставување фронт против тероризмот укажува на тоа дека ДВРП доставила го-лем број информации до пакистанска-та полиција којашто веднаш успеала да уапси голем број припадници на „Ал Ка-еда“, вклучувајќи го и Калид Шеик Моха-мед, наводниот организатор на септем-вриските напади во САД. ДВРП и паки-станската армија ефективно работат со Соединетите Американски Држави за да ги уништат остатоците на „Ал Кае-да“. По септемвриските напади во САД, Пакистан распоредил илјадници војници во проблематичната провинција Вазири-стан во близина на границата со Авгани-стан. Токму таму во судири со милитанти-те загинале стотици пакистански војници. Всушност, на еден состанок Мушараф изјавил: „Ќе ì го скршиме грбот на Ал Ка-еда во Пакистан”. Во 2008 година, Ешли Телис, виш соработник за меѓународен мир во Карнеги, напиша дека „ДВРП го зајакна притисокот врз групите, чии цели беа несинхронизирани со перцепцијата на војската за тоа што претставува цел од национален интерес за Пакистан.“

Фатон Круези

на пакистанските дипломати стациони-рани во странство и ако е потребно и следење на странските дипломати на-значени во Пакистан. 4. Заедничко разузнавачко биро –

„сеерна“ (џин) Задолженијата на ова биро одат во на-сока на спроведување тајни операции за Џаму и Кашмир, вклучувајќи и мони-торинг на индиските сили распоредени во рамките на спорниот Кашмир. 5. Заедничко разузнавачко биро –

jIM (разно) Ова биро е одговорно за тајни офанзи-ви и за разузнавачки операции за време на војна.

6. Заедничко биро за сигнално разузнавање – jSIB

JSIB е задолжено за набљудување, за фотографирање и за обезбедување ко-муникациска поддршка на своите опе-ративци. Тоа, исто така, собира разузна-вачки информации преку следење на комуникациските канали на соседните земји. Бирото поседува синџир на ста-ници коишто следат и собираат разузна-вачки сигнали долж индо-пакистанската граница и во Кашмир. Значителен број од персоналот доаѓа од редовите на армијата, односно од Сигналниот корпус за кој се верува дека имаат распоредени единици во Ислама-бад, во Кета, во Карачи, во лахор и во Пешавар. 7. Заедничко разузнавачко биро –

„техничка дивизија“ (jIT)Иако не се знае многу за ова крило, се-пак се верува дека JIT вклучува посебна секција за експлозиви и хемиска војна.

Методи За соБирање раЗУЗнавачки инфорМации и техники За ШПионажаДВРП ги собира сите критични инфор-мации кои претставуваат закана за на-ционалната безбедност и за нивните интереси. Податоците се класифицира-ат според соодветните закони на Па-кистан и се поднесуваат со помош на компјутерска мрежа во седиштето на

ДВРП во Исламабад каде е поставена една од најсофистицираните мрежи на светот. Примарната мисија на ДВРП вклучува агресивно разузнавање кое се состои од контранапади, шпионажа, психолошка војна, субверзија, сабота-жа на средствата на непријателот и сл. ДВРП, исто така, посветено работи и во делот на контраразузнавањето.Техниките за шпионажа, стилот на ра-бота и нивната стратегија се многу по-инакви од другите агенции од раз-лични земји – тие се обучени според најновите техники и технологии за цело-сно исполнување на нивните цели и, во крајна линија, осигурување на безбед-

носта на Пакистан. Собирањето на ин-формации од различни средства се дел од техниките кои исто така играат важ-на улога. ДВРП одржува активна сора-ботка со други разузнавачки агенции од различни земји. Почести контакти има-ат со кинеското разузнавање, со аме-риканската цИА и со британската МИ6, со кои при заедничкото дејствување по-стигнале одлични резултати. ДВРП е ак-тивна во добивање информации пре-ку оперативци и преку трети земји како Авганистан, Непал, Обединетото Крал-ство, Бангладеш, Шри ланка, Иран, Турција и Кина.

ПоддрШка или војна со терориЗМот?Поранешниот амбасадор на САД, Вили-јам Милам, во една своја изјава вели дека не би го дефинирал работењето на ДВРП во минатото како поддршка на тероризмот. Сепак, според некои ек-сперти, ДВРП поддржува неколку ми-литантни групи кои делуваат во спор-ниот Кашмир на границата помеѓу Па-кистан и Индија, од кои дел се на црна-та листа на терористички организации на американскиот Стејт департмент. По-тоа, на западната граница на Пакистан со Авганистан, според некои разузна-вачки информации од странски разу-знавачки служби, ДВРП ги поддржува-ла талибанските групи до 11 септември

Page 39: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

1. графички ПрикаЗ на расПоредот на МеханиЗира-ната чета на „црвениот“

2. реШавање на коМ-Плексни тактички Задачи со УПотреБа на аПликативен софтвер

о рамките на решавањето на комплексно-тактичката зада-ча „Механизиран баталјон во напад“, во третата фаза од операцијата со студенти-

те од 9. редовна класа на СКШД, на 2 април 2012 година беше реализи-рано командантско извидување на подрачјето на операцијата на праве-цот: Свети Николе – обј. Караула – Ку-маново со цел да се изврши провер-ка на претходно донесените одлуки и решенија на карта во однос на ре-алните услови со сите содржини од опкружувањето на просторот каде беше планирано изведувањето на операцијата.Студентите од СКШД во улога на ко-манданти на баталјони и органи во команданта се оспособуваа и се об-учуваа во согледување на разновид-ни тактички ситуации, а дополнител-но ја согледуваа точноста во изврше-ните процени во процесот на воено-то одлучување и степенот на спро-водливост на донесените одлуки за ангажирање на силите во однос на реалните земјишни, просторни и вре-менски услови. Командантското извидување беше реализирано под стручно раковод-ство на носителот на предметот, пол-ковникот м-р Миле Петровски, доде-ка во составот на групата беа профе-сори и наставници-експерти од од-делни области од борбените родови, служби и специјалности. Наставник-експерт од родот ар ти-ле рија беше полк. Мирче Ѓоргоски,

наставник-експерт за воено-цивилна соработка беше полк. Сашо Коцев ски, наставник-експерт од родот АБХО беше п.полк. Сафет Ме циновиќ, наставник-експерт од родот врски беше п.полк. Тони Димов, наставник-експерт од родот АРЕ ПВО беше п.полк. Зоран Цикарски, наставник-експерт од родот инженерија беше п.полк. Никола Клетников, наставник-експерт од родот ОМЕ беше п.полк. Зоран Стојковски и наставник-екс-перт од областа на безбедноста и разузнавањето беше полк. д-р Ме то-дија Дојчиновски, доцент.Наставниците-експерти од борбени-те родови, служби и специјалности вршеа систематска анализа и до-полнување на процените за употре-ба на единиците од родовите во со-гласност со предлозите кои ги даваа студентите, а се однесуваа за секоја работна точка.Врз основа на претходно израбо-тен план за реализација на коман-дантското извидување, студенти-те од 9. редовна класа на СКШД имаа задолженија во врска со так-тичката задача. Ова се однесува-ше на географската, на тактичката и на топографската ориентација на секоја од работните точки во делот разузнавање, односно позицијата и најверојатниот начин на ангажирање на противничките сили, ,,црвени-от“ и во начинот на ангажирање на сопствените-пријателските сили, од-носно „синиот“. На крајот се изнесуваше краток за-клучок за тактичката ситуација и се анализираа решенијата донесени на карта со оние на земјиштето. Во рамките на командантското извидување со студентите од 9-тата класа СКШД, беше и посетата на спомен-обележјето „Зебрњак“, каде што професорот д-р Андреј Илиев, мајор, одржа историски час за Кума-новската битка која се одиграла на 23/24.10.1912 г. за време на Првата балканска војна. Оваа битка се оди-грала во реонот на Куманово во мес-носта Младо Нагоричане, помеѓу единиците на Првата, на Втората и на Третата српска армија од една страна и единиците на османлиска-та Вардарска армија. Кумановската битка е добиена заради тактичката подготвеност и обученост, но и пора-ди извонредната пожртвуваност на српските војници, иако разузнавачки-те податоци на српската војска наве-дувале дека главниот судир помеѓу двете војски ќе се случи на Овче Поле, а не во реонот на Куманово.Учесниците на командантско-то извидување не го криеја за до -волството од успешната им пле мен-та ција на претходно донесените во-ени одлуки и решенија на карта,во реални услови, во однос на дадено-то опкружување на просторот каде беше планирано изведувањето на операцијата. Сите едногласно се сложија дека силите на „црвениот“ немаат друг избор освен да го пре-дадат оружјето или да отстапат пред налетот на нашите сили, односно си-лите на „синиот“.

Миле Петровски /Андреј Илиев

комплексно-тактичката задача „Механизиран пешадиски баталјон во напад“

Командантско извидување

39

Page 40: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

40

истинско задоволство е да се прес­тојува во Воената академија на РМ и барем неколку часа да се биде во друштво со младите питом­ци од Македонија и од Црна Гора

кои секогаш се жедни за знаење. За само три години од своето рестартирање, Во­ената академија прерасна во образов­на институција која е посакувано место за едукација од страна на огромен број сред­ношколци. За тоа говори успешната работа од изминатата година, позитивните критики од сите домашни и странски претставници, одличната организација на меѓународните летни кампуси со професори и питомци од повеќе држави, како и соработката со на­шите пријатели од Црна Гора, базирана на едукација на питомци. Во интензивни­те активности се вбројуваат и реализира­

ните курсеви за командири на чети и штаб-ни офицери како и отпочнатите студии за втор циклус: научни студии (магистрату-ра) и стручните студии (специјализација за командни и штабни должности). Треба да се спомне и тоа дека целокупната дејност на Академијата наскоро ќе се збогати со реализација на осумнаесетмесечното струч-но оспособување и усовршување за офи-цери од родот авијација за потребите на Армијата на Република Македонија. После завршената строга селекција, 8 слушате-ли ќе го почнат својот пат кон престижната професија – воен пилот. Денес Воената академија „Генерал Михаи-ло Апостолски“ во Скопје функционира во согласност со Болоњската конвенција и Ев-ропскиот кредит трансфер-систем (ЕКТС) според сите образовни принципи и стандар-

ди, а ние би додале и НАТО-стандарди. Де-нес сме сведоци на одличните студиски про-грами, на одличните просторни услови и на одлично изградениот концепт за воено об-разование во Република Македонија.Денес, Воената академија, како придржна членка е дел од универзитетот „Гоце Дел-чев“ и функционира врз нов современ кон-цепт. Во насока на поттикнување на мулти-националната соработка и размена на сту-денти, на Воената академија почнаа да сту-дираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани. Тоа придонесе овде, во трите генерации кои во моментов студираат, меѓу деведе-сет и двајцата питомци од Македонија да се најдат и десет питомци од пријателска Црна Гора. На тој начин почна да се остварува идејата Воената академија „Генерал Михаи-ло Апостолски” во Скопје во догледно време да прерасне во регионална академија. Нашето присуство на наставните часови во Воената академија дополнително ги мо-тивираше питомците отворено да покажат дел од нивните знаења и умеења стекнати во досегашната настава. Во неврзан разго-вор по наставата го посетивме и Центарот за обука на питомци при Командата за обу-ка којшто е сместен во касарната „Гоце Дел-чев“, заедно со Воената академија „Михајло Апостолски“. Тука се одвива обуката на пи-томците во тренд со современите воено-наставни институции на земјите со многу појаки капацитети од нашата.Утринското кафе со деканот на Воената академија, полк. проф. д-р Росе Смилески, со командантот на Центарот за обука на питомци, потполковникот Звонимир Саве-ски и со нашиот домаќин, мајорот д-р Лазар

Одлични студиски програми, одлични просторни услови и одлично изграден концепт за воено образование

Питомците учат по НАТО-азбука

Page 41: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

41

Ѓуров, беше одлична увертира преку која ни се укажа можност преку неврзан муабет да навлеземе длабински во темата и да се за-познаеме со тајните на студирањето на Во-ената академија низ призмата на наставата и воената обука.И навистина имавме што да видиме. Со-фистицирани предавални со најсовремени информатичко-технички средства, стручен професорски кадар, одлични инфраструк-турни можности, перфектно уредени спални соби, фитнес-центар, ПВНГ-кабинет за пе-шадиско вооружување, лабораторија, кујна за исхрана и друго.Во такви услови наставата ја посетува-ат питомците кои се на студии на Воената академија, идните елитни офицери кои сво-ите знаења ќе ги надоградуваат низ инсти-туциите на АРМ и во иднина.Едногласни се дека овде преовладува ко-

лективниот дух и другарството. Питомецот-десетар Моника Павлова е првата девојка во АРМ која во блиска иднина ќе го заврши родот пешадија со комплетно четиригодиш-но школување. Таа е презадоволна од обу-ката и наставата за која вели дека се мош-не интересни. Посебно ги издвои предме-тите Вооружување и Тактика. Девојката е вистински воин. Пресреќна е што ќе биде дел од офицерскиот кор на нашата армија. Моника јасно ни покажа дека е подготве-на за сите предизвици и ни кажа дека не чувствува апсолутно никаков страв и кога професијата би ја одвела во најризични си-туации. Питомецот-разводник Енур јакупи вели дека обуката е како создадена за нив-ните карактери – цврста и конкретна. Во очите на овие млади луѓе се гледа задо-волство. Го профилираат своето образо-

општествената тежина која ја има армијата како посебна институција. Посакуваат да ја видат Р.Македонија во НАТО, да стане-ме дел од големото семејство, рамнопра-вен партнер со сите останати земји кои се веќе нејзини членки. Едногласни се дека Македонија тоа го заслужува. Како резултат ги наведоа огромните успеси и заслуги на сите наши воени мисионери досега. Среќни се што дел од нив сега се нивни професори, инструктори и командири.Питомците низ дијалог гордо ги истакнаа своите високи резултати во сферата на спортските активности. Го наведоа првото место на женската екипа на кросот во Ве-лес, учеството на Кадетските воени игри во Турција и на натпреварите по стрелаштво во Камник. Го истакнаа и високото трето место освоено во Сараево на Меѓународниот нат-

превар по меѓународно хуманитарно право.Обезбеденото сместување и храна во ин-тернатот за време на студиите придонесу-ва да бидат ослободени од секојдневните егзистенционални предизвици и да се фоку-сирааат и целосно да се вклучат во настав-но – практична смисла. Во еден пријатен ам-биент питомците говореа за тоа дека во ци-вилниот живот нивните колеги-студенти од други факултети не можат да ги добијат ис-тите услови за школување.Ведрината, јасната и прецизна мисла и нив-ниот строев чекор им гарантираат блеска-ви воени кариери. Ешалонот што го форми-раа на пистата беше само уште еден доказ за нивната меѓусебна поврзаност. Тие мар-шираа под такт без ниту една грешка. Ме-шаната полова и етничка структура е само уште еден дополнителен доказ дека во нат-преварот за знаења и вештини не е важ-на припадноста. Знаењето, способноста и цврстината на личноста се нивната цел, не-што што низ практична примена ќе им до-несе успех во нивните идни воени едници и тоа да им го пренесуваат на некои нивни потенцијални потчинети, исто како што тоа им го пренесуваат ним нивните претпоста-вени. Професионално, чесно и одговорно. Не случајно еден од нив рече. „Чест е да се служи и да се учи во елитата на Армијата на Република Македонија“.Воената академија на Министерството за обрана без дилеми е најсилниот репрезент на таа воена елита. Дел од нив веќе идна-та година ќе ја носат униформата на АРМ по која Република Македонија е препознат-лива во светот.

Кристина ИлиевскаМитко Василевски

вание, се градат како личности и офице-ри. Билатералниот договор за соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Армијата на црна Гора им овозможил на пи-томецот –разводник Ненад Дубљевиќ и на питомецот Христина Кривокапиќ од црна Гора, својот студентски живот да го поминат во нашата земја. Овие прекрасни млади луѓе со нас споделија најубави зборови за земјата во која студи-раат. Перфектно го разбираат нашиот јазик, а Ненад ни одговараше на речиси одличен македонски јазик. Кристина ни кажа дека е одлично прифатена во Академијата и дека од бонтон припадничките на понежниот пол понекогаш се и привилегирани, што понеко-гаш им пречи зашто тие се решени да бидат еднакви со мажите. Ненад Дубљевиќ го на-веде патриотизмот кон сопствената татко-вина како главен фактор во прифаќањето на воениот повик и објективно ни кажа дека можностите што ги добива на Акaдемијата не би ги имал во цивилниот живот.Очигледна е мултиетничката структура, мул-тикултурализмот, мултиконфесионалноста. Вадис Салихи, питомец од албанска наци-онална припадност, гордо се пофали дека другарството царува, дека 24 часа сe заед-но и дека Академијата е слика на карактерот на државата.Огромно задоволство на овие млади луѓе им причинува колоритната и сеопфатна на-ставна програма. Питомецот-десетар Да-вор Стојмановиќ со завршувањето на вто-ра година ги има поминато основните нивоа на пешадиска обука. Во трета година се пре-минува на обука по родови. За пливањето и скијањето вели дека се посебно атрактив-ни во целиот систем и дека со нетрпение го очекуваат летото за да го полагаат испитот за управување со моторни возила. летни-от кампус го наведуваат како прекрасно ис-куство во нивното школување бидејќи таму ги стекнуваат првите искуства за работа во мултинационален состав. Како последен предизвик кој ги очекува на крајот од чет-вртата година го наведуваат Курсот за ко-мандири на водови, кој е финалниот про-дукт на севкупната работна способност што секој способен офицер мора да го има.Одвај чекаат да ги завршат студиите и да дипломираат. Покрај воените вештини, на Академијата ја изучуваат и НАТО-азбуката. Велат дека тоа се драгоцени знаења кои многу ќе им помогнат во потенцијалните во-ени мисии низ светот каде што ќе биде не-опходно нивното учество под командата на НАТО или ООН. Потполно се свесни за се-опфатноста на војничката професија и за

Page 42: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

42

Сајбер-нападите се примарна безбедносна грижа во новиот Стратегиски концепт на НАТО

САЈБЕР-ОДБРАНА ВО НАТО-КОНТЕКСТ

оваа експанзија е објавена како мисија за заштита на цивилните инфраструктури или како верување дека НАТО може да биде клучен играч во подобрувањето на сајбер-безбедноста во целост, НАТО креи-раше свое сопствено фијаско во односите со јавноста.Проблемот е во тоа што два различни типо-ви на безбедносна логика се разидуваат кога организација како НАТО зборува за сајбер-безбедност или сајбер-одбрана. Кога зборот безбедност и одбрана се користат со пре-фиксот сајбер, тоа значи дека нешто фун-даментално е различно од безбедноста и одбраната во меѓународната безбеднос-на околина во која безбедноста е бинарен концепт: или еден е безбеден или не е. Од друга страна, пак, сајбер-одбраната подраз-бира: анализа на ризикот кон информацио-ните мрежи и намалување на идентификува-ните ризици преку технички методи. Ризикот е концепт насочен кон менаџирање на постојаниот процес и е по дефиниција поврзан со идејата да се биде несигурен. Како што секој систем администратор знае, неговата цел не е сосема да ги ели-минира ризиците туку да ги менаџира на најефективен начин. Информациски-те мрежи затоа никогаш не може да би-дат „небезбедни” во смисла на нацио-нална безбедност. Фактички, спротивно-то е вистина: сајбер-инцидентите се осмис-лени да се случат под логиката на ризик бидејќи тие не може да бидат избегнати.Земајќи го предвид ова генерално од не-сување, споменувањето на сајбер-напади од страна на НАТО како примарна безбеднос-на грижа најде свое место во новиот Стра-тегиски концепт на НАТО (ноември 2010). Но НАТО не го следеше само заедничкиот стра-тешки тренд: оваа референца во новата

големената употреба на информатич-ката технологија во сите сегменти на животот и ветувањето за подобрена команда и контрола во безбедносни-

от сектор го предизвикале преиспитувањето на улогата на информатиката во војувањето. Идејата за „информациска доминација” која подразбира можност да се види, да се слуш-не и да се разбере непријателскиот систем за команда и контрола подобро од сопстве-ните, ја создала новата дисциплина позната под името сајбер-војна или командно и кон-тролно војување. ако сајбер-заканите и сајбер-војувањето се тренд во 21 век, тогаш неминовно се на-лага потребата од сајбер-безбедност.Сајбер-безбедноста и сајбер-одбраната се тешки прашања за државите насекаде низ светот, а особено за организации ка-ко НАТО. Природата на проблемот го на-мет нува критичкото прашање за тоа кои ролји може државата да ги игра во полето на сајбер-безбедноста. Секако, речиси е не-возможно за државата да ја зголеми сајбер-безбедноста на целата земја сама по себе. Најзафатен од сајбер-криминали и шпи-онажа е приватниот сектор кој поседува најмногу критичка инфраструктура. Доколку државата значително не ја зголеми регула-тивата, таа не може да ја обезбеди сигурно-ста на овие имоти. Затоа повеќето од држа-вите се фокусираат на заштита на нивните сопствени мрежи и преку регулаторните тела се обидуваат да осигурат дека сите постоеч-ки „дупки“ во законот за интернет се затво-рени. Понатаму, блиски партнерства со кор-поративниот сектор и интернационални пар-тнерства треба да се негуваат најмногу за-ради размена на информации за заканите и проблемите.Гледајќи наназад, се чини дека 2010 била до-

минанатна со извештаи за сајбер-заканите. Откривањето на Stuxnet – црвот за инду-стриска саботажа кој ги исплаши политича-рите ширум светот; приказните за кинеска сајбер-шпионажа во многу варијации; рас-течката софистикација на сајбер-криминалци како што е евидентирано од нивните импре-сивни кланови; податоците од Викиликс за дипломатските канали на САД и последова-телните акции за хакерските напади на гру-пата „Анонимус“ го „катапултираа“ пробле-мот со сајбер-закани од круговите на ек-сперите за сајбер-криминал до пошироката јавност. Се поставува прашањето: дали штетата предизвикана од сајбер напади станува почеста, поорганизарана и поскапа или нашата перцепција е променета? сека-ко дека и едното и другото прашање ќе добијат потврден одговор. Притоа, резул-татот е јасен: сајбер-нападите се сметаат за еден од врвните безбедносни закани и се цврсто заведени во стратегиските доку-менти низ целиот свет.Сите овие елементи, а имено фокусот за заштита на сопствените мрежи, вклу чу ва-њето на многу странки и интернационал-ната димензија, се исто така дел од сајбер-одбранбениот концепт на НАТО. Во теоријата НАТО добро се истакнува во меѓународни стандарди. Сепак последните тенденции за експандирање на логиката на својата сајбер-одбрана, од сопствените мрежи кон оние на сојузниците, ризикува рушење на истори-ската логика за тоа кој и што може да пра-ви во сајбер-безбедноста. Ова без сомнение ќе води во проблеми. Експандирање на одго-ворите кон инциденти на земјите-членки има смисла сè додека сајбер-одбраната е гледа-на како мерка за градење на доверба во трансформацијата на нато. Сепак, ако

Page 43: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

43

мапа ја маркираше привремената кулминци-ска точка на способноста на Алијансата при справување со заканата.евидентно е дека дебатата за сајбер-за-кани се прошири. всушност, приказната за сајбер-напади во НАТО почна во доцни-те 1990-ти години. Преку американските сили, за време на косовските операции во 1999г., нато беше изложен на оперативна реалност на информациски операции. Се покажа дека информациската доминација не е само помош во водењето на војна, туку форма на напад за детерминирање на финалните резултати на конфликтите. Како страничен ефект дојде до фокусирање на западните стратези на нивната „Ахилова петица“ со што, всушност, започнала дебата-та за сајбер-нападите. Тоа што му се случи на НАТО за време на ко-совскиот конфликт не беше толку критично за инфраструктурата, туку болен повик за будење (Страната беше „хакната“ од српски хакери и мејл-серверите беа заглавени не-колку денови): воспоставување на сајбер-одбрана. Уште поважно за развојот на сајбер-од-браната на нато од овој хакерски напад, сепак, беше систематскиот сајбер-напад на естонските мрежи во 2007 г. И покрај фактот дека нападите не донесоа сериоз-ни последици за Естонија, освен економски загуби, некои официјални лица ја застапу-ваа идејата за контранапад во духот на чл. 5 на Северноатлантскиот договор кој вели дека „вооружен напад спрема една НАТО-земја може да биде сметан за напад про-тив сите нив”. Естонскиот инцидент беше ва-жен за сајбер-идентитетот на НАТО на некол-ку начини. Прво, тоа ги покажа границите на старомодната стратешка логика во пресрет на сајбер-нападите и исто така ја оформи перцепцијата дека на алијансата недости-га кохерентна сајбер-доктрина и детаљна сајбер-стратегија. Второ, инцидентот исто така го промени начинот на кој НАТО ја раз-бира својата сопствена улога во областа на сајбер-одбраната. На тој начин потребата за одложена сајбер-одбрана на сојузниците се најде во фокусот на внимание.

МенаџМент на сајБер-одБраната во натоМоменталната сајбер-одбранбена структура на НАТО се состои од 3 организациони еди-ници. Првата единица, нато-виот „тех-нички центар за одговор на компјутерски инциденти“ беше воспоставен после косов-скиот конфликт и нападот на веб-страната. Овој центар ги следи сите НАТО-страни и обезбедува 24/7-технички одговор за сајбер-нападите. Како дел од променетата верзија на НАТО за сајбер-одбранбената политика која истекува ова лето, капацитетите на овој центар се очекува да бидат засилени.второ, нато го постави авторитетот за менаџмент во сајбер одбраната во 2008 г. со цел да централизира, да менаџира и да координира сајбер-одбранбени оператив-ни капацитети низ целата Алијанса во идни-на. Овој авторитет има интенција да се раз-вие во воени операции за сајбер-одбрани на НАТО со тактички одговори изведени од земјите-членки на Алијансата. трето, коопе-ра тивниот сајбер-одбранбен центар за од-личност беше основан во талин, во мај 2008 г. оттука доаѓаме до финалното прашање што се поставува, а тоа е како ќе се вос-постави структурата за сајбер-одбрана во нато.

ван како напаѓач. Додека државите може да стојат зад некои случаи на сајбер-инциденти, напаѓачите немаат потреба да се плашат за одмазда бидејќи тие може да изберат да би-дат анонимни доколку сакаат. Особено е тешко актерите навремено да се идентифи-куваат поради разлики во времето на напад, заради провала во системите и ефектите од провалата. Исто така, дури и еден или не-колку напаѓачи да бидат идентификувани –докажувањето дека држава или терористич-ка организација стојат зад тоа е многу тешко.Вториот аргумент за промена на членот 5 е да се разјасни каков тип на сајбер-напади треба да повлече одговорот на НАТО. Сепак, според многу експерти, кога тоа би се променило, тоа би било неповол-но за организацијата бидејќи тоа би можело да ја намали нејзината моментална флекси-билност. Понатаму, постоечката рамка веќе прифаќа еден специфичен тип на сајбер-напад: оној чиишто ефекти се слични со воен напад, на пример, во жртви и разрушувања во еден вооружен напад. Ова ја потврду-ва логиката на чл. 5 и заштитува опасна експанзија на воената логика во доменот на ниски удари на пониски нивоа кои ги сочину-ваат мнозинството од сајбер-инцидентите. Иако тие се често илустрирани како огро-мен проблем, повеќето сајбер-напади повеќе предизвикуваат само блага неудобност от-колку долготрајни сериозни нарушувања.Одржувањето на сајбер-одбраната на НАТО во чл. 4 фактички е круцијално до-колку НАТО сака да остане кредибилен играч во сајбер-безбедноста – сè друго би водело до застрашувачки легални, прак-тични и стратегиски проблеми. Сепак, многу е веројатно дека ќе постојат ната-мошни напори да се придвижи темата за сајбер-одбрана во рамките на чл. 5.Бидејќи потенцијалните разурнувачки после-дици од сајбер-нападите се толку страшни, намерата е да не се мисли само за најлоши сценарија туку да им се даде дополнител-на тежина и покрај нивната многу мала веројатност. Ова, сепак, секогаш може да ре-зултира во повици за агресивен, воен одго-вор, кој ќе претставува повеќе од проблем за решението на сајбер-безбедноста.Од истата причина, заштитата преку зап-ла шување може да се очекува во идни-на да добие дополнително внимание. Тео-ретски, ефективната сајбер-заштита пре-ку заплашување бара широка спектар-на шема на офанзивни и дефанзивни сај бер-капацитети поддржани преку робуст-на интернационална законска мрежа, како и можност нападот да му се припише на некој напаѓач. Додека одбранбените сајбер-капацитети и дизајнот на подобри законски алатки што, всушност, е моменталниот фо-кус на НАТО-центарот во Талин се релатив-но необработени и вредни да се инвестира-ат пари и време во нив, по секоја цена мора да бидат избегнати отворени сајбер-трки бидејќи тоа би имало далекусежни последи-ци врз начинот на кој човештвото го користи интернетот.Во опкружување на национална безбед-ност во која НАТО е ситуиран, ова прет-ставува опасен комуникациски предизвик. Споредувајќи го сајбер-одбранбениот кон-цепт на НАТО со други сајбер-одбранбени концепти во светот, се чини дека НАТО може-би треба да го земе предвид инвестирањето во менаџирање на очекуваните закани и ри-зици во новото безбедносно окружување.

д-р Радица А. Гаревад-р Методи Хаџи-Јанев

Соодветна евалуација на капацитетите како хардвер, софтвер или специјалисти не е мож-но поради недостаток на јавни информации кои го опкружуваат точното сетирање и вклучување на овие единици. Тоа што може да биде јасно од јавните извори, сепак, е што нато сајбер-одбранбениот систем сè уште е во зачеток, иако значителна сума на пари се слева за негово подобрување.

должности на алијансата ПоврЗани со сајБер-одБранатаСпоред она што може да се разбере, во НАТО постои еден специфичен наслов под кој се дискутира за сајбер-заканите и за противмерките за заштита. Моментал-но сајбер-одбраната на нато е докумен-тирана во чл. 4 од договорот. Тоа зна-чи дека членовите ќе се консултираат заед-но во случај на сајбер-напади, но не се об-врзани да си помагаат како што е опиша-но во чл. 5 на Догoворот. Сајбер-одбраната останува првенствено национална одговор-ност, но НАТО дава дополнителен напор во градењето на структури кои ќе ја понудат оваа консултација. Дали пристапот кон чл. 4 е доволен останува да се дебатира. Дали дебатите ќе доведат до промена на чл. 5 што беше дел од драфт-верзијата на нови-от Стратегиски концепт циркулиран од гене-ралниот секретар Расмусен пред лисабон-скиот самит?Се чинеше дека главната причина за про-мена на членот 5 ќе го максимизира запла-шувачкиот ефект на Алијансата во сајбер-доменот. Сепак, сајбер-доменот поставува сериозни ограничувања на заплашувањето. Заштитата преку заплашување функциони-ра кога една странка е во состојба успеш-но да ì пренесе на друга странка дека е во можност да користи сет на достапни воени инструменти како одговор кога првата ќе ја премине „црвената линија”. Но, за ова да функционира, непријателот мора прво да биде држава, и второ, да биде идентифику-

Page 44: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

44

АРАПСКАТА ПРОЛЕТ И УЛОГАТА НА ЕУ ВО РЕШАВАЊЕТО НА КРИЗАТА ВО СИРИЈА – I

СИРИСКА КРИЗА:

РАЗНОГЛАСИЕ ВО ЕУ

ПРИЧИНИ ЗА АРАПСКАТА ПРОЛЕТ ВО СИРИЈАСириската револуција започна на 26 јануари 2011 година. Таа беше резултат на случувања во останатите арапски земји во регионот. „Револуционерниот повик“ се со-стоеше од барања за политички реформи и враќање на цивилните права. Во почето-кот тие беа само храбри обиди со кои се на-вестуваше понатамошната масовност, а по-доцна, поточно од 15 март 2011 година овие протести добија на зголемена активност низ градовите на Сирија. На овој ден илјадници демонстранти протестираа во Ал Хасак, во Алеппо, во Дамаск и во други градови. Како резултат на зголемување на демонстраци-ите, сириската влада ја распореди војската во градовите Дамаск, Дара, Дума, Хама, Алепо, Растан и други. Во тие моменти се

еријата протести кои ги потресоа автократските арапски земји од Се-верна Африка и Средниот Исток се едни од најзначајните настани кои го одбележаа овој дел од све-

тот на почетокот на овој век. Овие наста-ни во меѓународниот печат беа квалифи-кувани како револуција, па оттука потекну-ва и името на овој домино ефект – Арап-ска револуција или Арапска пролет. Овие настани започнаа во Тунис во декември 2010 година, кога беше соборен од власт 26-годишниот Мухамед Буази. Неколку не-дели подоцна демонстрациите продолжија во Алжир, во либија, во јемен и во Сирија. Но ова не заврши тука. Поттикнати од на-ведените настани, беа најавени протести и во Мавританија, во Саудиска Арабија и во Палестина, но истите навреме беа спрече-ни така што не се дозволи проширување на настаните во овие држави. Всушност овие демонстрации/револуции во арапскиот свет се поистоветуваа со револуциите од 1830-тата година, 1848 година и револуци-ите во Источна Европа по падот на Берлин-скиот ѕид. Протестите, социјални по приро-да, а во Тунис поддржани и од армијата, беа поттикнати од тешките услови за живеење, невработеноста, корупцијата, авторитарни-те режими, социјалната неправда, отсуство на слобода, социјална и политичка неправ-да на владите и висока милитаризација во земјите.Општо земено, во сите земји кои беа за-фатени од Арапската револуција причини-те за револуциите беа исти – овие режими беа воспоставени во периодот од 1950 до 1970 година и речиси сите го имаа истиот тип на владеење и раководење со држава-

та и државните институции. Сепак, иако ко-рените за револуција се преклопуваа, ре-волуциите имаа свои специфични каракте-ристики.

денеШна сиријаМодерната сириска држава е формирана по Првата светска војна под француски мандат и претставува најголема арапска држава формирана од територијата на по-ранешната Отоманска Империја на источ-ниот Медитеран. Независноста ја добива во 1946 годи-на, кога е конституирана како парламен-тарна република. Постнезависниот пери-од е одбележан со многу турбуленции, го-лем број на воени удари и настани со кои се настојуваше да се преземе власта во државата во период од 1949 до 1971 го-дина. Така, со воен удар, Сирија беше от-тргната од унијата со Египет која функци-онираше во периодот од 1958 до 1961 го-дина. Денешна Сирија има популација од 22 ми-лиони жители и е составена од 74% сунит-ски муслимани, 12 % Алави популација, 10% христијани и 3% популација на Дру-зи. Од вкупната бројка 90 % се муслимани, а најголемиот дел од нив се Арапи со мал процент на Курди и Киргистанци.Претседателот Башар ал Асад е на оваа функција од 2000 година, а функцијата ја наследи по смртта на неговиот татко Ха-фез ал Асад кој беше претседател од 1971 година. Периодот од 1963 до 2011 година ја обележа Сирија како земја која во голе-ма мера ја суспендираше уставната зашти-та на граѓаните, а системот беше означен како крајно недемократски.

Page 45: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

45

појавија и вооружени групи кои сееја страв кај цивилното население, што беше уште една причина сириските власти да ја зголе-мат бројноста на распоредените армиски со-стави. Меѓутоа ова не застана овде. Од ден на ден сè повеќе се зголемуваа протестите, а со тоа и реакцијата на сириската власт. Како резултат на ова дојде до вмешување на меѓународната заедница, како и на САД, на Турција, на ЕУ, на ОН и на Арапската лига. Со исклучок на Иран кој во почетокот от-ворено ја поддржуваше сириската власт, наведувајќи дека овие демонстрации не се ништо друго туку организација на САД и Из-раел, останатите земји имаа негативен став кон насилството. Иранскиот врховен во-дач Сејед Али Хусеини Камене, отворено кажа дека „сè додека движењето е ислам-ско, популистичко и антиамериканско, ние го поддржуваме“. Во врска со медиумите, „Гардијан“, „Телеграф“ и „Ројтерс“ известу-ваа дека иранската влада ја помага сири-ската влада со опрема за контрола на бун-тови, снајпери, нафта, разузнавачка техни-ка и слично. Вакви обвинувања стигнаа и од израелска страна која наведе дека при разу-знавачките активности утврдила дека сири-ските безбедносни сили зборувале на перси-ски јазик (употребуван во Иран).Од друга страна, пак, во средината на сеп-тември 2011 година, Турција и САД отворе-но изјавуваа дека сириската влада насилно делува нa мирните протести на Сирија. Две-те држави изјавија дека заеднички работат на подготовка на постасадска Сирија и пре-земаат мерки за превенција од постсектна (верска) граѓанска војна. По ова на 12 ноем-ври следеше гласање на Арапската лига за суспензија на Сирија доколку не ги прекине насилствата до 16 ноември.Состојбата уште повеќе се влоши кога Си-риската ослободителна армија (според неофицијални извори брои околу 15.000 војници, составена од воен персонал кој ја напушти сириската армија) започна офанзи-ва против силите кои му се лојални на Асад, притоа водејќи тешки битки низ цела Сирија.Состојбата во Сирија не е променета сè до денес и таа е во центарот на збиднувањата на светската политика.

еУ и сиријаЕвропската унија иако не беше доволно ан-гажирана, уште од самиот почеток ги следе-ше состојбите кои се случуваа со Арапската пролет. центарот на внимание во прво вре-ме главно беше насочен кон најкризните ре-они како што беа Египет и либија, по што речиси целото внимание беше пренасочено кон Сирија. Земајќи го предвид фактот дека ЕУ е организација во која членуваат 27 земји-членки, јасно е дека има огромни разлики помеѓу дел од нив – дел предлагаа воена солуција заедно со дипломатската, а дел са-каа решението да остане исклучиво на ди-пломатско ниво без поширока интервенција на ЕУ. Челниците на Европската унија, за разли-ка од останатата меѓународна јавност сме-таа дека ЕУ решително реагираше на насил-ничката репресија на антивладините про-тести во Сирија. Тие на крај апелираа на ужасните и неприфатливите насилства, на повлекување на сириската војска од опса-да на градовите, на спроведување на ви-стински демократски реформи и на веро-достоен, вистински и инклузивен национа-

воздржани мерки кон Асад – причината за ова беше стравот за иднината на седумте киднапирани Естонци на границата близу Сирија во Либан во март минатата година.Поради ваквиот развој на настаните, реше-нието и одлуката за 13-те лица кои беа ста-вени на црна листа, беше резултат на ком-промис. Во врска со ова, преку изјава, ЕУ нагласи дека донела одлука за „ембарго на извоз на оружје и опрема во Сирија кое може да се употреби во внатрешни репресии, како и за-брана за виза и смрзнување на сметките на 13 официјални лица од сирискиот режим кои се идентификувани како одговорни за воо-ружените репресалии против цивилното на-селение во Сирија“.

м-р Дарко Стерјовски

лен дијалог. ЕУ го осуди кршењето на чове-ковите права кое беше резултат на лидер-ството на Ал Асад. Кршењето човекови пра-ва вклучуваше убиства, масовни апсења на демонстрантите и на нивните роднини и тортура на цивили. Ова, според независна-та Меѓународна комисија за пребарување може да претставува злосторство про-тив човештвото. Комисијата, исто така, ги осуди неколкуте активности насочени кон поттикнување меѓуетнички и интеррелиги-озни конфликти, како и атентатите насоче-ни на познати политички фигури.Од друга страна, пак, ова не беше прифа-тено од некои авторитети кои сметаа дека сириската власт во голема мера делува на прекршувањето на човековите права и дека е потребна итна воена интервенција. Како и да е, првите преземени мерки про-тив Сирија од страна на ЕУ беа во мај 2011 го-дина. Тогаш ЕУ го замрзна драфт-договорот што беше преговаран со Сирија и ги суспен-дира билатералните програми за соработка меѓу ЕУ и сириската влада под МЕДА / Ев-ропска соседска политика (ENPI). Европска-та комисија го суспендира учеството на си-рискиот власти во своите регионални про-грами, а Европската инвестициона банка ги суспендираше сите свои операции за заем и техничка помош на Сирија.Всушност, ЕУ, како одговор на континуира-ната брутална репресија и проширувањето на кршењето на човековите права од сири-ската влада, градуално презеде 12 рестрик-тивни сеопфатни мерки кои започнаа во мај 2011 година. Првата посериозна активност која ја пре-зеде ЕУ во облик на санкции и ембарго на оружје стапи на сила на 9 мај 2011 година. целта на овој пакет санкции против Дамаск беа да се добијат „пенали“ кон Башар ал Асад поради пречекорување на насилство-то кон опозицијата.При донесувањето на овие санкции Европа остана поделена, пред сè поради политика-та која требаше да се преземе кон режимот на Ал Асад. Поделбата беше главно помеѓу Северна и јужна Европа (ЕУ), со акцент на медитеранските земји кои настојуваа кана-лот кон Ал Асад да биде отворен, додека Франција, која беше водач на кампањата, заедно со Германија, Британија, Холандија и Шведска, настојуваа Ал Асад да се стави на црна листа.Друга струја која се појави при утврдувањето на санкциите беше онаа на Кипар. Кипар, со голема поддршка од Грција, Италија и Шпанија беше против санкционирање на Асад. Од друга страна, Естонија беше за по-

Page 46: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

46

менти со кои се идентификува жената како клучен фактор во создавањето на одржлив мир. Резолуцијата повикува на целосно и пропорционално вклучување на жените на си те нивоа на донесување на одлуки, во превенција на конфликти, во постконфлик-тните состојби и изградба и одржување на мирот. Со усвојувањето на Резолуцијата 1325 и концептот на безбедност и одбрана мора-ше да се приспособува и да се редефини-ра за да може да биде вклучен родовиот концепт. Притоа меѓународната заедница се обврза да го промовира активното уче-ство на жените во спречување на конфликт и изградба на мир, во сите процеси повр-зани со безбедноста. Резолуцијата ги пре-позна специфичните влијанија и последици кои вооружените судири ги имаат врз жени-те и затоа повика на зголемено учество на жените во превенцијата и менаџирањето со конфликти. Резолуцијата ја потенци-ра потребата од родова перспектива при имплементацијата на мировните догово-ри, разоружувањето, демобилизацијата и реинтеграцијата и при обука на мировни-ците. Со Резолуцијата се укажува дека ис-клученост од мировните процеси на жени-те е спротивно на нивните права, односно дека нивното вклучување и воведувањето на родовата перспектива во делот на без-бедноста и одбраната ќе придонесе кон на-порите за одржлив мир. Оваа резолуција создава основа за т.н. PPP strategy (Protect women against violence; Prevent gender based violence; Participation of women in peace proceses), односно заштита од на-силство; превенција на родово насилство и учество во мировни процеси.

РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ОДБРАНАТА (ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ОНСБ 1325)

ЖЕНИТЕ ДОАЃААТ

ред усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот на безбедност на Обединетите нации во октомври 2000 г., традиционалната де фи ни ци ја

на безбедност и одбрана ретко вклу чу ваше родова димензија, ниту, пак, ја утвр дуваше специфичната улога и потребата на жената во текот и по воените конфликти. Како резултат на сознанието дека воору-жените судири и конфликти на специфичен начин влијаат на децата, на момчињата и на девојчињата и дека родовата нерамно-правност со ескалирање на конфликтите станува уште поизострена, а жените пора-ди својата маргинализирана улога во без-бедносните процеси се надвор од актив-ностите за воспоставување мир и стабил-ност, Советот за безбедност на Обединети-те Нации ја донесе Резолуцијата 1325 која

за првпат внесе нова родова димензија во делот на безбедноста и одбраната. Притоа родот се однесува на улогите и односите, на карактеристиките на личноста, ставови-те, однесувањето и вредностите кои оп-штеството му ги припишува на мажите и на жените. Родот се однесува на научени-те разлики помеѓу мажот и жената, додека полот ги означува биолошките разлики. Ро-довите улоги во голема мерка се разлику-ваат во рамките на една или повеќе култу-ри и со време може да се менуваат. Родот не се однесува само на мажи и жени, туку и на нивните меѓусебни односи.

реЗолУциите на онсБ За жени, Мир и БеЗБедностОсвен што внесе родова димензија во делот на безбедноста и одбраната, ОНСБ, Рез. 1325, заедно со резолуциите кои прет-ставуваат нејзино дополнување/1820,1888 и 1889/ се сврте кон жените, мирот и без-бедноста и ја препозна улогата на жени-те како жртва на конфликти, но и на учес-ник во градење на мирот. Во делот на жената-жртва на конфликти е препознае-но сексуалното и полово насилство како најдеструктивна последица на вооружени-те судири и со имплементација на одред-бите на Резолуцијата, ваквото насилство е поместено во редот на кривични дела про-тив човештвото. Со Резолуцијата се соз-дадоа услови за по изразено вклучување на жените во превенција на конфликти, совладување на кризни ситуации и изград-ба на мирот. Со донесувањето на оваа Резолуција се воведе еден поинаков при-стап кон мирот и безбедноста и се отвори правна рамка за обезбедување на инстру-

Page 47: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

47

Имплементацијата на Резолуцијата не прет-ставува вклучување на некакви „женски прашања“ во системот на безбедност и од-браната и голо презентирање на проценти и бројки, а тоа го покажува и фактот што во безбедносните политики на ОН, на Европ-ската унија, на НАТО и други меѓународни организации, како и во националната без-бедносна политика на многу земји се вклу-чува родовата перспектива во рамките на нормативите на Резолуциите, при што се приспособува и составот и структурата на силите на родовиот концепт.Во согласност со Акциониот план на НАТО за имплементација на Резолуцијата 1325, родовата перспектива се реализира преку 6 точки:– вклучување на Резолуцијата во сите по-

литики, програми и документи;– соработка со сите владини и невладини

организации од оваа област;– вклучување на родовата перспектива на

оперативно ниво;– обука и тренинг;– јавна дипломатија;– национални иницијативи.Шведска е првата земја која го препозна родовиот придонес во воените мисии на оперативно ниво и од 2004 година назна-чува постар родов оперативен советник, родов оперативен советник и советник за родов контакт во воените мисии предво-дени од ОН и од НАТО. Освен тоа почна и со обуки и тренинзи за родовата перспек-тива во одбраната на стратегиско и на опе-ративно ниво.Активното вклучување на родовиот совет-ник на оперативно ниво веќе се применува во Авганистан и на Косово и дава позитив-ни резултати.

вклУчУвање на родовите ПраШања во систеМот на одБраната Вклучувањето на родовите прашања во системот на одбраната е неопходно зара-ди одговор на различните безбедносни потреби во општеството. Системот на од-брана мора да биде така воспоставен за да може успешно да одговори на различните безбедносни потреби кои може да се раз-ликуваат во зависност од факторите како што се полот, етничката припадност, ста-роста, физичката способност, економски статус, верско определување и сл. При-тоа, родовото насилство и понатаму прет-ставува закана по безбедноста на луѓето заради што обезбедувањето на заштита на жените, на децата, на момчињата и на девојчињата за време и после конфликти-те е приоритет во секој систем на одбрана.Вклучувањето на родовите прашања во системот на одбраната е неопходно и како одговор на променливите безбедносни и одбранбени потреби.Природата на војување, безбедносното оп-кружување и новите предизвици претрпу-ваат далекусежни промени. Одбранбени-те сили се ангажирани во сложени мировни операции и мисии кои бараат вештини како што се комуникација и помош во соработка со цивилни лица. Различноста во составот на силите и интеграцијата на родовата пер-спектива во операциите му овозможува на секторот за одбрана подобро извршување на задачите кои од него се бараат.Припадниците на вооружените сили можат и самите да бидат извршители на родово насилство, така што промоцијата на родо-

координатори за еднакви можности во јавните институции; зголемувањето на бро јот на жените во Собранието на Ре­публика Македонија и се создаде рамка за реализација на имплементацијата на Резолуцијата на ОН 1325.За утврдување на рамката во која може да се реализира вклучувањето на родовиот аспект во делот на безбедноста и одбрана­та во Република Македонија треба да се на­гласат два аспекти:– аспектот на превенција – со оглед на тоа

што Република Македонија во перио­дот на својата независност се соочи со кризни состојби за кои презема мерки за градење мир со политички и институцио­нални мерки (бегалската криза од 1999 г.; охридскиот Рамковен договор од 2001 г.);

– аспектот на учество во градење на мирот заради декларирање и учество на воору­жените сили на Република Македонија во меѓународни мисии.

Првиот аспект се однесува на состојбата за формулирање на мировна и безбед­носна политика во Република Македонија која е еден од суштинските елементи на Резолуцијата и бара учество на жените во мировните процеси и учество на жените во превенцијата на конфликти и градење на мирот. Вториот аспект се однесува на активно­сти кои произлегуваат од прифаќање на ангажманите од страна на Владата на Ре­публика Македонија за учество во миров­ни мисии. Треба да се укаже дека мисии­те во кои досега учествуваат припадници­те на АРМ се воени мисии, односно станува збор за учество со воена компонента. Во овој дел неопходно е да се преземат мерки не само за зголемување на бројот на жени­те во мисиите, туку за воспоставување на систем за родова обука и приспособување на структурата заради вклучување на ро­довата перспектива и воспоставување на родови советници .Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се вклучени во имплементација на Резолуцијата на ОН 1325 „Жени, мир и безбедност“ и остана­тите резолуции во корелација со оваа. Во рамките на Регионалниот проект на ОН – жени се предвидува „зајакнување на им­плементацијата на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите на­ции за жените, мирот и безбедноста во За­паден Балкан (2011/2013) со учество на ло­кални експерти, невладини организации и претставници на јавните институции. Во тек е изработка на План за акција за цело­сна имплементација на РСБОН 1325 и срод­ните меѓународни акти од оваа област. Со оглед на тоа што Министерството за од­брана е одговорно за стратегиската об­ласт од Националниот план за акција за родова рамноправност „Жени, мир и без­бедност“, министерот за одбрана потпи­ша Меморандум за соработка со министе­рот за труд и социјална политика за заед­ничко учество во изработката на овој до­кумент. Донесувањето на Акциониот план за имплементација на Резолуцијата 1325 од страна на Собранието на Република Македонија се очекува да биде кон крајот на оваа година. Со ова ќе се отвори нова страница за вклучување на родовата ком­понента во одбраната.

Љубица Поп-Талеска (авторот е координатор за еднакви

можности за жените и мажите во МО)

вите прашања, родовото сензивирање, ро-довата обука и воспоставување на прави-ла на однесување за припадниците на воо-ружените сили и за вработените во делот на одбраната ќе ја зајакне превенцијата и одговорноста .Родовите прашања во системот на одбра-ната е неопходно да се вклучат и поради создавање на репрезентативна одбран-бена и безбедносна организација.Од анализите вршени во делот на одбра-ната во повеќе земји, произлегува дека жените се недоволно застапени во арми-ите, како и на раководни позиции во од-браната, на командни должности, односно на сите места на кои се донесуваат одлуки и се врши надзор над системот за одбра-на. Иако не постојат формални пречки, во практиката често постојат определени ни-воа до кои жените може да напредуваат во сегментот на одбраната.целосната интеграција на жените во од-браната и во вооружените сили доведува до максимална способност на армијата за остварување на својата улога за заштита на демократското општество и на неговите суштински вредности. родовиот асПект кај насВо Република Македонија навремено поч-наа процесите за вклучување на родо-вата перспектива во сите сегменти на оп-шествениот живот, па и во делот на без-бедноста и одбраната. За тоа придонесе донесувањето на Законот за еднакви мож-ности на жените и мажите во 2006 година, како и формирањето на Секторот за еднак-ви можности во Министерството за труд и социјална политика; определувањето на

Page 48: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

48

ГОЛЕМИТЕ И МАЛИТЕ ЗЕМЈИ

о завршувањето на Втората свет-ска војна светот, поучен од големи-те разорувања, не само од тукушто завршената светска војна, туку и од

поранешните војни, наместо да настапи пе-риод на смирување и обединување (посеб-но на европскиот континент), повторно на сцена настапува период на поделба – овој пат помеѓу Источна и Западна Европа. Име-но, настапува еден период на отворена конфронтација помеѓу Западот и Истокот, т.е. период на блоковска поделеност или по-литика на „Студена војна“. Политиката на Студената војна била иницирана од Запа-дот со цел да се спречи ширењето на еден нов политичко-економски систем предводен од Советскиот Сојуз и од источноевропски-те земји. Таквата отворена конфронтација започнува со создавањето на воените бло-кови т.е. алијанси – НАТО, од една страна и Варшавскиот договор, од друга.Системот на Студената војна се засновал на концептот „баланс на моќта“ во кој членки-те на Алијансата имаат заеднички интерес базиран на стравот од други држави, одно-сно од другата алијанса. Алијансите секогаш биле средство со кое земјите ја зацврстува-ле нивната безбедност преку соработката со другите земји.

дефинирање на алијанситеПостојат неколку дефиници за тоа што претставуваат алијансите. Според нив, алијансите можат да бидат дефинирани како формални асоцијации на држави здру-жени за заедничко ангажирање на вое-на сила против земјите кои не се членки на Алијансата, со основна цел одбрана на инте-гритетот на земјите-членки. Алијансата пови-

кува на ангажираност на сите земји-членки во преземањето ефекасни и принудни мер-ки, особено употреба на воена сила против некој агресор или договор помеѓу држави-те во доменот на националната безбедност во кој партнерите ветуваат меѓусебна по-мош во форма на важна соработка со ре-сурсите во случај на одредена безбеднос-на закана. Познато е дека алијансите се соз-даваат од одреден број на држави заради спротивставување на одредена закана и дека истите се распаѓаат по исчезнувањето на заканата.По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 го-дина престанува и постоењето на т.н. Исто-чен воен блок т.е. Варшавскиот договор. Но западниот воен блок – НАТО, иако причина-та заради која бил формиран исчезна, и по-натаму продолжи да опстојува.Теоријата за алијансите вели дека алијансите тешко можат да преживет без некоја сери-озна закана. Според тоа некои аналитича-ри неколку години по паѓањето на Берлин-скиот ѕид забележуваат дека деновите на НАТО можеби не се одбројани, но годините сигурно се. Но и денес после повеќе од два-есет години по крајот на Студената војна, НАТО не покажува знаци на распаѓање ниту знаци на слабеење. Од тој аспект, предвидувањата дека али-јансите ќе ослабат без постоење на зака-ни или се погрешни или НАТО е исклучок од тие правила и се темели на теоријата на алијансите.Ако пред и за време на Студената војна фо-кусот околу алијансите бил на прашањата зошто земјите формираат здруженија (алијанси), кога ги формираат, со колкава го-лемина е некоја алијанса кога е формира-

ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО АЛИЈАНСИТЕ – I

Page 49: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

м-р Симеон Митрев

49

ГОЛЕМИТЕ И МАЛИТЕ ЗЕМЈИ

ПРИЧИНИ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН СОЈУЗИТЕ ФОРМИРАНИ ОД ГОЛЕМИ СИЛИАко малите земји не се приклучуваат на алијансите и наместо тоа се потпрат само на своите армии, тие никогаш нема да издржат во една подолга војна. Но до­колку една таква мала земја е членка на некоја алијанса тогаш тоа ќе помогне да се потпре на јачината на многу помоќната алијанса.За Луксембург, на пример, членството во НАТО е круцијално за нејзината сигурност, а Израел и Тајван имаат историски врски со САД за помош во време на кризи. Пред донесувањето на одлуката за при­клу чување кон некоја алијанса потребна е поширока анализа и одговор на некол­ку прашања. Одлуката за присоединување кон некоја алијанса, особено за малите зем­ји, зависи од процената дали крајниот бене­фит е поголем од цената што треба да се плати. Но дали реалните закани ја оправду­ват цената, дали зголемената безбедност врз основа на партнерската посветеност е поважна од загубата на автономијата или на дел од суверенитетот.Членството во некоја алијанса секако чини пари што би можеле да се искористат за други цели. Кои се придобивките на мали­те земји од членството во некоја алијанса по завршувањето на источно­западниот „конфликт“ и можат ли малите земји да би­дат сигурни дека алијансата ќе им излезе во пресрет при евентуален напад надвор од алијансата? Другите земји во алијансата, посебно големите сили, можеби нема да ја сфатат заканата кон некоја мала земја или граѓанската војна како закана која е вредна за една колективна акција. Од друга стра­на, малите земји можеби ќе бидат обврзани да учествуваат во некој конфликт во кој тие немаат директен интерес. Во тој случај се поставува прашањето дали малите земји се вовлечени во војните од го­лемите сили или се заштитени од големите сили. Според тоа, малите држави секогаш се фатени во замката да бидат „намамени“ или „напуштени“. Заради големата завис­ност од алијансата и нејзината силна анга­жираност, ризикот од „намамување“ е по­висок.

ФАКТОРИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИНа донесувањето на одлуката за при клу­чување на некоја земја во некоја алијанса влијаат повеќе фактори: геополитичката положба, статусот на нејзината економија, националните и регионалните околности. Статусот на економијата на една мала земја има големо влијание бидејќи добриот без­бедносен систем бара и силна економија. Тајван, Сингапур и Швајцарија, се добар пример за држави со здрава економија која придонесува за стабилноста и мирот. Тие можат да си дозволат искористување на нивните трговски врски со светот за проширување на пријателствата и за подобрување на регионалните врски. Геополитичката положба исто така е важна за безбедноста на една мала земја. Место­положбата има големо влијание на геопо­литичката вредност на земјата за големите сили. Покрај националните и регионалните околности, и геополитичката положба има големо влијание врз одредувањето на над­ворешната политика на една мала земја.

на и т.н., по крајот на Студената војна фо-кусот на прашањата е променет. Сега ли-тературата на алијансите се обидува да од-говори на прашањата зошто алијансите се распаѓаат, кои се силите или настани-те што ги водат државите да ги напушта-ат безбедносните врски што некогаш биле добредојдени, зошто некои алијанси прежи-вуваат дури и после исчезнувањето на за-каните заради кои биле формирани и сл.

Малите „риБи“Во врска со алијансите интересен е еден друг дел, делот поврзан со малите земји и зошто, како и под кои услови малите земји се зачленуваат во алијансите. Воед-но треба да се запрашаме кои се придо-бивките и цената што треба да се плати за приклучување во алијансите, дали при-добивките од учеството во алијансите се исти за сите без разлика на големината на земјата, можат ли малите земји да ги кон-тролираат своите безбедносни интереси внатре во алијансата и можат ли тие да ста-нат интегрален дел од алијансата.Најпрво, за мали држави се сметаат држа-вите кои имаат од 1,5-10 милиони жите-ли. Бројот на малите држави значително се има зголемено во последните 50 годи-ни, посебно во регионите на светот кои не биле зафатени од интегративните процеси.Во 1945 година во ООН имало зачлене то само 45 земји. Во 1968 година по де ко-лонизацијата имало 126 членки, а денеска – 196 држави. Не е лесно да се биде мал, посебно во све-тот на политиката на моќните. Малите земји мора да знаат дека да се биде мал во меѓународната политика значи да се умее да се биде жилав, отпорен. Во мно-гу прилики низ историјата, па и денес, ма-лите земји се наоѓаат во ситуација само да набљудуваат кога таканаречените „голе-ми сили“ одлучуваат за нивната судбина. Најчесто малите земји мора да бидат спо-собни да се помират со фактот дека мора да преживуваат во светот каде моќните прават што сакаат. Од тие причини мали-те земји, за олеснување на својот опстанок, решението го бараат во приклучувањето кон некоја алијанса.Секако дека сите земји, а посебно малите, се зачленуваат во најголемата безбедносна организација, ООН, но од причини што таа организација честопати се покажала како неспособна навреме да „пристигне“ или да ги имплементира своите решенија во поли-тичките кризи во светот, малите земји се одлучуваат и за приклучување кон други алијанси (ОБСЕ, НАТО, британскиот Комон-велт...) за кои сметаат дека се поефикасни и поуспешни во зачувувањето, првенстве-но, на нивната безбедност, иако многу че-сто без поголемо влијание во изградбата на правилата и процесот на одлучувањето во тие организации.Но и покрај сите слабости на ООН, таа орга-низација сè уште има улога на заштитник на мирот и безбедноста на малите земји, прво како форум каде малите држави можат да ги изнесат своите проблеми и интереси за дискусија, второ како канал во мултилате-ралната помош од индустриски развиените земји за земјите во развој и трето, ООН сè уште е вистинското место за малите земји кои не можат да имаат голема мрежа на ам-басади да ги одржат контактите со што е можно поголем број на држави.

Page 50: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

50

пецијалните сили при извршување на многубројните задачи на пове­ќедимензионалните операции се ка­рактеризираат со изведување на

повеќе тактички дејства од кои ви ги прет­ставуваме оние кои се покарактеристични и кои претставуваат основа за сите остана­ти. 1. Патролирање (борбена патрола) – прет ставува тесно врзана последовател­на активност после уфрлувањето. Всуш ност патролирањето претставува тактич ка постапка која чија цел е из ви­дување, набљудување, борбен допир со непријателот, заседи, препади, упа­ди, уништување на важни цели, насил­но извидување, вознемирување на не­пријателот и др.2. Заробување и ликвидации – класич­ни специјални операции кои вообичае­но не можат да бидат изведени од кон­венционалните сили. Овие формации применувајќи ги посебните тактички по­стапки можат значително да влијаат на резултатот на одреден конфликт или државен интерес преку заробување или ликвидација на многу важни личности во си­стемот на непријателските вооружени сили или во нивниот државен апарат. Со тоа се постигнува губење на водечки значајни во­ени или други човечки потенцијали и ди­ректно се влијае врз моралот и свеста на непријателот како предмет на постојана цел. Исто така овие дејства резултира­ат со дезорганизација кај непријателот, губење на стручен кадар, но и добивање на потенцијален директен извор на важни информации преку заробување на важни поединци во непријателскиот систем (при­

Овие операции се користени од почето-кот на војувањето до ден денес и им се до-делуваат на претходно наменски обуче-ни единици, најчесто стручно подредени на безбедносно-разузнавачките елемен-ти или служби. Истите дејства вообичаено претставуваат претконфликтни операции (незадолжително), и тоа кога некоја пообе-мна конвенционална оперција е во фаза на подготовка потребни се разузнавачки по-датоци до кои не може да се дојде по пат на електронско разузнавање (сателити, беспилотни летала, аудио-видео снимање и следење и др.). Најголемиот дел на масов-ни поголеми конвенционални операции из-ведувани сега и низ историјата како увер-тира ги имале разузнавачко-извидувачките операции (пример: нападот на Германија врз СССР, операцијата „Слобода за Ирак“, операцијата „Спроведување на слободата“ – Авганистан и др.).5. Борбено спасување и пребарување – овие операции се составен дел од актив-ностите на специјалните сили. Честопати за вакви активности се обучува и се подгот-вува посебна формација на специјалните сили или, пак, ваквите формации се наоѓаат во состав на конвенционалните видовски состави и претставуваат таканаречен еле-мент за специјални операции на видовите (Воено воздухопловство, Воена морнари-ца, Речна флотила итн.).Многу често ваквите единици се со воз-душно-десантен карактер и се во состав на некоја воздушна компонента на во-оружените сили, но сестраноста на об-уката на специјалните сили придонесу-ва за стекнување на основни знаења за вакви операции речиси кај сите форма-

мер: генерал Нориега –Панама, ген. Аидид – Сомалија, Абдула Очалан – Турција, Че Ге­вара –Боливија итн.).3. Демонстративни дејства (демон стра­ција на сила, лажни операции, залажување). Овие дејства се преземаат како дел од некоја друга операција, вообичаено пред операција од голем карактер и формат (пред сè пред поголема операција на кон­венционалните сили). Една од причините е дефокусирање на вниманието, на силите и на средствата на непријателот од главни­те правци на дејство на сопствените сили и техника. Но вакви активности честопати се преземаат и како продолжение на некоја политичка или дипломатска порака помеѓу држави или други субјекти при што се де­монстрира моќта на вооружените сили (пример: Северна и Јужна Кореја, Индија – Пакистан, Иран – Израел).4. Разузнавачко-извидувачки операции – инфилтрирањето на формации на спе­цијалните сили чија приоритетна задача ќе биде по таен пат, користејќи ги специјалните тактички постапки, незабележано да се до­ближат до целта (непријател, локации, ин­сталации, инфраструктура, земјиште и др.) и да приберат податоци без да бидат за­бележани, претставува еден од најстарите и најупотребувани начини на прибирање податоци за присуството, местоположба­та, намерите, опременоста и други карак­теристики за непријателот и земјиштето. Прибирањето на податоци се врши преку набљудување, снимање, скицирање и сл.,и тие податоци по електронски или друг на­чин, или, пак, по нивната ексфилтрација треба да ги достават до претпоставените команди (органи, служби и сл.).

ДЕЈСТВАТА И НИВНАТА ЕКОНОМСКА ОПРАВДАНОСТ

СПЕЦИЈАЛНИ ОПЕРАЦИИ И АСИМЕТРИЧНО ВОЈУВАЊЕ – Iv

Page 51: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

51

ции на единиците за специјални опера-ции. Ваквите операции се употребуваат во и вон конфликтни ситуации, кога пое-динци, формација или техника на воору-жените сили ќе се најдат во непријателско опкружување или во сурови земјишни и вре-менски услови со неисправна или уништена техника, или без техника и имаат итна по-треба од екфилтрација поради непосредна опасност од уништување или загрозување на мисијата, здравјето и техниката. Низ до-сегашните примери тоа најчесто се пилоти на соборени или присилно приземјени или неисправни летала, падобранци, форма-ции на специјални сили, но и лица или техни-ка од висок интерес и важност ( на пример: борбено спасување на пилоти на соборени летала во НАТО-опрацијата „Милосрден ан-

пен формат во терористичките организа­ции, па сè до решавање на состојби при разбивање на опасни криминални елемен­ти при чие решавање се бара примена на посебни тактички мерки и постапки за кои се обучени специјалните сили (или имаат таква опрема и техника). Ваквите задачи во повеќе земји се различно распоредени и делегирани па може да се сретнат мно­гу различни примери околу тоа кој е носи­тел на антитерористичката борба во опре­делена земја. Во многу земји одговорно­стите се стриктно одредени, додека во не­кои се поделени или пак се делува според секоја состојба одделно (пример: Велика Британија неколку пати го има користено 22. полк на специјалните воздушни сили – САС во антитерористички операции во вна­трешноста на земјата –операцијата „Ним­род” во Лондон за ослободување на залож­ниците во иранската амбасада; САД во сво­ите домашни антитерористички операции користи полициски или специјализирани формации (SWAT,ATF,QRU,FBI) кои вооби­чаено не се во состав на војската, додека Русија користи и воени и полициски сили (МВД, МЧС, АЛФА, ВИМПЕЛ), во зависност од состојбата и потребите.

ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ СИЛИ – ВОЕНО-ПОЛИТИЧКА-ЕКОНОМСКА ОПРАВДАНОСТРезултатите од ангажирањето на спе ци­јалните сили и од повеќе димен зионално војување не се мерат по бројот на загина­ти, ранети или заземени територии. Крите­риумите за вреднување на специјалните операции не се од непосредна, туку од посредна природа и најчесто се израз­уваат преку политички, економски, пси­холошко­пропагандни и други показате­ли. Специјалните операции и силите што ги изведуваат, немаат намера да го убијат непријателот, туку да ја скршат неговата волја за борба. Честопати за победа е пресудно едно рушење на мост од страна на еден коман­дос, а не убивањето на илјада противнич­ки војници. Ова е максимата која треба да биде дел од принципите за планирањето на одбранбената доктрина.Малите (ниски) загуби на специјалните сили во фазата на освојување (инвазија) на Авганистан и во неколку големи опе­рации (Операција „Анаконда”) произле­гуваат, пред сè, затоа што овие едини­ци, иако во нивниот репертоар сè уште спаѓа директниот вооружен контакт, осо­бено во оваа операција, беа очи и уши на претпоставената команда. Опремата за наведување на авионските бомби и про­ектилите и навигационата софистицира­на техника, во голема мерка го заменија личното вооружување на специјалните сили. Повеќедимензионалните операции во склоп на судирите со низок интензи­тет радикално ја променија тактиката и стратегијата на војување.Еклатантен пример за тоа е следниов. Ако во Виетнамската војна борбените авиони и хеликоптери ги поддржуваа копнените тру­пи во настапувањето, сега малите едини­ци на специјалните сили служат како „пес­трагач” за пронаоѓање на непријателот и ги наведуваат воздухопловите и нивниот уби­ствен арсенал.

Владимир Јовановски

гел” во СР Југославија, борбено спасување на НАТО-пилоти во БиХ и сл.).6. Антитерористички операции – иако по многу свои карактеристики овие дејства најчесто ги изведуваат специјализирани полициски (цивилни) структури, линијата на тоа кој е носител на антитерористичка-та борба сè почесто се брише помеѓу воо-ружените сили и полициско-цивилниот сег-мент. Како и да е, спецификите и тактички-те постапки и процедури се составен дел на специјалните сили и тие се неизбежен дел од стекнатите знаења на припадниците. Основно кај ваквите дејства е решавање на заложнички ситуации, неутрализирање на утврдени терористички групи, борба против непријателски диверзантски еле-менти, важни лидери и поединци од кру-

сПоредБа При користењето воЗдУхоПлови и авиовоорУжУвање во оПерациите во ирак (1991 год.) и во авганистан (2001 год.)

ирак авганистан

користење на наведУвани авиоБоМБи 20% 91%

ангажирани воЗдУхоПлови За една цел до 10 до 2

ПоМинато вреМе од Повик За воЗдУШен Удар до Погодок до 60 min до 10 min

Забелешка: Не смеат да се занемарат и грешките (погрешни координати, „пријателски оган” и др.)

Page 52: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 01 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0

52

ПОПИШУВАЊЕПо претпоставка дека напаѓачот, служејќи се со техниките опиша-ни во претходната статија, успеш-но ги открил системите и активни-те услуги, неминовно ќе се потруди

да најде слабости на активните услуги, про-цес кој се нарекува „попишување“. Основ-ната разлика помеѓу претходно опишани-те техники за добивање на информации и попишувањето, се забележува во степенот на продирање во системот. Попишувањето подразбира активна врска со системите и насочено пребарување, па затоа тоа може да биде забележано, или на некој начин де-тектирано. Во овој дел ќе биде покажано што прави хакерот и како да се блокира.На прв поглед, голем дел од податоците што се собираат со попишување, можат да изгледаат безвредно. Меѓутоа, напаѓачот од тоа може да заклучи дека ништо не се презема за да се спречи ширењето на ин-формации. Напаѓачот со попишувањето главно сака да ги дознае имињата на ко-рисничките налози (за да изврши напад со погодување на лозинки), често кај лошо конфигурираните делени ресурси, на при-мер, необезбедени делени датотеки и ста-ри верзии на софтвер со познати безбед-носни пропусти (како што се web-сервери коишто се подложни на далечински напад со преполнување на баферот). Штом се от-крие ваков пропуст, прашање на време е кога напаѓачот делумно или потполно ќе го злоупотреби системот. Ако се затворат пук-натините низ кои течат вакви податоци, ха-керот не ќе може да се потпре на овие сла-бости.Техниките на попишување обично се врза-ни за одредена платформа и затоа се пот-пираат на информации кои се собрани со техники што претходно ги опишавме. Скенирањето и попишувањето често се обединети во ист програм, на пример во „SUPERSCAN“, споменат во претходниот дел, со кој може да се скенира мрежата и от-ворените порти, а исто така може истовре-мено да се дознае заглавјето на пакетите на што се прислушуваат. Техниките на кои се базираат компјутерските платформи не се толку важни при попишувањето, важни се типовите на услу-ги. Вакви услуги се TCP 25 (SNMP), UDP 69 (TFTP), TCP 79 (FINGER) итн. Техниката на попишување овозможува добивање концизна слика на целта, иако со тоа на напаѓачот му се овозможува да има моќно орудие за неовластено влегување во системот.

ПОПИШУВАЊЕ СО СКЕНИРАЧКИ ПАКЕТИПостојат многу скенери достапни за јавна употреба и секој има своја карактеристика да изведува одредена специфична техника врз целта. Постојат TCP-скенери кои ги напаѓаат TCP/IP-портите и сервисите што се наведени претходно. Други скенери работат со UDP-портите и сервисите. Како пример ќе го земе-ме „What’sUp“ на платформата „Windows“. Овој скенирачки пакет дава множество од реални погледи за вашата мрежа и ве алар-мира за мрежни проблеми (преку mail), пред истите да ескалираат во опасни. Со него мо-жат да се формираат мрежни карти, да се додадат уреди, сервиси за мониторинг итн. „What’s UP“ е едноставен IP-адресен и порт-скенер.Дел од алатките што можат да ни послужат за дијагностика на проблеми се:– INFO – сумирана информација за мрежни-те уреди, вклучувајки „host“-име, IP-адреса, контакт-информации од „Whois“-датотеката;– HTML – бара одредени web-адреси и дава целоснa информација за „header“; – PING – испраќа сет од „ICMP echo“-барања до специфицирани IP-адреси и го дава вре-мето на одговор;– „TraceRoute“ – ја дава патеката што ICMP барањето го минува за да пристигне до дестинацијата;– „Lookup“ – дава функција за разрешување на име на хост. Врши поврзување на IP-адреса со хост-име и обратно.– „Finger“ – со внесување на хост-име испи-тува кои други корисници се моментално ло-гирани;– „Whois“ – бара информации за мрежата од неколку провајдери на мрежни информа-ции;– LDAP – дава корисничко име и mail-адреса за LDAP поддржани хостови;– SCAN – скенира опсег на IP-адреси за при-клучени мрежни уреди и нивно мапирање. Со ова се идентификуваат и мрежни сервиси како: SMTP, FTP, HTTP, „Telnet“ што се достап-ни во мрежата;– SNMP – дава мрежна конфигурација и статус-информација на далечен хост кој под-ржува SNMP-протокол.

СОЦИЈАЛНО ИНЖЕНЕРСТВОПрвиот и најскромниот хакерски алат што бил достапен е „социјалното инженерство”. Социјалното инженерство опфаќа трикови, командување или манипулирање со луѓе за да се обезбедат информации кои се штет-ни за компанијата, организацијата или лич-носта. Овој тип на информација може да

се користи за да помогне во планирањето, организирањето или извршувањето на на-падот.Како работи „социјалното инженерство”? Еве еден добар пример: Хакерот А сака да ја нападне компанијата за компјутерски со-фтвер „ABC123 Inc.“ и заради тоа сака да ги пронајде корисничките имиња, лозинки-те и можеби дури и некои мерки на сигур-ност што ги користи компанијата. Започну-ва со повик до главниот телефонски број на компанијата и објаснува на секретарка-та дека тој е нов во компанијата, дека рабо-ти однадвор и му е потребна помош за да постави своја налог и лозинка. Секретар-ката му обезбедува број. Хакерот потоа го повикува помошниот број, ја објаснува ситуацијата на личноста на телефон и пра-шува за корисничко име, за лозинката и како може да добие пристап на мрежата однад-вор. Му ја обезбедуваат информацијата за секунда, без никакво прашање. Ова едноставно сценарио може да му обе-збеди на напаѓачот доволно информации за извршување на нападот без страв од откривање. Други техники кои се однесува-ат на овој напад се:– „Dumpster Diving“ – личноста пребару-ва низ затурени или исфрлени документи, барајќи информации како што е IP-адреса, стари лозинки и ако е можно мапа на мре-жата. Иако оваа техника е „нечиста“, често е ефикасна.– „Glume (impersonation)“ – хакерот „глу-ми“ дека е некоја значајна личност (инспек-тор) и го користи тој идентитет за да ја до-бие информацијата што ја бара.Овие техники се ефикасни, а ги има мно-гу повеќе од горенаведените. Имајте на ум дека луѓето ги користат овие техники и на тој начин претставуваат закана за вас и за вашата компанија.

наПад на WINDoWS-систеМитеСпоред сите показатели, системите од семејството на Microsoft, оперативните си-стеми „Windows“ учествуваат во секоја при-ватна или јавна реална мрежа. Заради ова „Windows“ главно стана главна цел на хаке-рите уште од 1997 година, кога истражува-чот под псевдонимот „Hobit“ објави статија околу системските датотеки на интернет и протоколот ЅМВ, кои се основи на архитек-турата на Windows-мрежите. „Microsoft“ трпеливо ги исправаше по ве ќето откриени проблеми и постепено ги опреми Windows-системите со нови безбедносни особини. Најзначајно е тоа што со појавата на „Windows ХР“, „Microsoft“ првпат им по-

ТЕХНИКИ НА НАПАД И ЗАШТИТА ОД НАПАДИТЕ

ХАКЕРСКИ НАПАДИ – 2

Page 53: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010101010

53

нуди и на компаниите и на поединците плат-форма базирана на мрежно јадро кое прет-ходно го нудел исклучиво на фирми. За-ради сето ова, сметаме дека популарното мислење за „Windows“ како небезбеден си-стем се темели не непознавање на фактите. Во рацете на оној што знае, „Windows“ може да биде безбеден како и секој друг систем.Набљудувајќи ја историјата на напади на Windows и прегледувајќи ги сите релевантни факти, може да се заклучи дека најголем ри-зик прават две работи: популарноста на си-стемот и небезбедната конфигурација. Цена-та на славата е тоа што го прави „Windows“ сè поголема цел на хакерите кои измислува-ат сè посложени напади и ги применуваат на глобален план. Визуелната едноставност на работното опкружување на „Windows“

привлекува неискусни администратори кои по инсталирањето на софтверот, најчесто приспособуваат само неколку параметри и „Windows“ проработува. Искусните админи-стратори знаат дека оваа едноставност на „Windows“ може да излаже бидејќи треба да се приспособат над 100 параметри за систе-мот. Извесни извори велат дека „мозокот“ на „Microsoft“ („званичниот“ и духовниот лидер на „Microsoft“, Бил Гејтс) во јануари 2002 го-дина испратил во компанијата меморан-дум во кој се разгледува концептот „подо-бро користење на компјутерот“. Со ова би требало производите на „Microsoft“ да се доведат на исто ниво со технологиите што граѓаните секојдневно ги користат, како што се телефон, вода и струја. Поважно од овие големи цели е барањето претставено во ме-морандумот – во идните развојни проек-ти на „Microsoft“, безбедноста мора да биде пред секое воведување на нови можно-сти. Непосредно после тоа, објавено е дека промоцијата на серверот 2003 е одложена, додека „Microsoft“ не ги изврши безбеднос-ните тестови и не ги испита можните слаби точки на проектот.

Во продолжение ќе ги изложиме следниве напади на Windows-системите: – напади без овластување;– напади со овластување.

НАПАДИ БЕЗ ОВЛАСТУВАЊЕWindows-системите од далечина можат да се злоупотребат првенствено на два начини: – преку „Windows“-протоколите за работа во мрежа – тоа се протоколите за работа на мрежа, SMB, MSRPC (Microsoft remote procedure call), „Netbios session service“, „Netbios names service“. Со помош на овие протоколи функционираат IP-интерфејсите, кои генерално обезбедуваат пристап во внатрешноста на Windows– Преку реализација на интернет-услугите во Windows – наменските реализации на стан-дардните интернет-протоколи, како што се HTTP, SMTP, POP 3, NNTP. Овие услуги глав-но се реализираат внатре во IIS-системот.Својата моментална популарност на паза-рот „Windows“ најмногу ја должи на при-влечноста на своите услуги за преземање и печатење датотеки, реализирани со при-мена на низа сложени „Windows“-протоколи кои претставуваат цел за евентуални напа-ди. На некои од нив може директно да се ма-нипулира, додека во другите постојат огром-ни пропусти, како што е преполнување на бафер со помош на кој може да се оствари пристап во внатрешноста на „Windows“. Кла-сичното разбивање на „Windows“-системите се постигнува со напад на механизмот за делење и печатење на датотеки со помош на протоколот SMB. На овој протокол се пристапува преку две ТСР порти – порта 139 и порта 445. Со претпоставка дека кај ЅМВ-услугата, достапна и најефикасна ме-тода за провалување е погодување на ло-зинка т.е. испробување комбинации на ко-риснички имиња и лозинки сè додека една од нив не проработи. Обично не е тешко да се пронајде делен ресурс кој ќе олдговара бидејќи тој постои секаде во системите кои го користат ЅМВ. Постојат неколку одбранбени мерки кои можат да го спречат или да го отежнат погодувањето на лозинки: – на мрежната бариера (firewall) да се огра-ничи пристап на услугите на ЅМВ и ТСР пор-тите 139 и 445;– ограничување на пристап на ЅМВ-ус лугата на поединечни компјутери, ко рис теј ќи сред-ства што постојат во самиот Windows, како што е IP SEC;– активирање на систем за евиденција на грешки при логирање, и редовно пре-гледување на EVENT LOGS.

д-р Зоран Гацовскипрофесор на универзитетот фон

НАПАДИ СО ОВЛАСТУВАЊЕКога напаѓачот ќе стигне до кориснички налог во „Windows“-системот, веднаш ќе започне да бара администраторски или систем-привилегии. Една од најголемите злоупотреби на Windows-системите се постигнува со преземање на напад, та-канаречен GETADMIN. Овој напад е прв сериозен напад со цел да се добијат овластувања. Негова основна техника е внесување на DLL-библиотеки – тој сè уште постои и ефикасно се користи про-тив „Windows 2000“ и новите верзии. Упо-требата е помалку ограничена, бидејќи мора да се изврши локално на систе-мот. Бидејќи повеќето корисници не мо-жат локално да се пријават на „Windows“-серверот, админ-алатката е погодна само за добивање овластување на вградените далечински групи. Некои од посериозните напади, земени од историјата на Windows се: – „Sechole“ – направена непосредно по get_admin: оваа алатка ја злоупотребува слабата проверка на идентитетот на NT4-системот кога на корисниците им се да-ваат права да ги исправаат програмите (debug rights), што им овозможува да стек-нат статус еднаков на администраторски-от;– имитирање на барање за приклучок со помош на услугата „Local procedure Call„ (LPC). Алатката за овој напад на NT4-системот е фајлот HK.exe, кој овозможува интерактивно пријавените корисници да стекнат администраторски овластувања. – предвидување на именуваните линко-ви. Оваа слаба точка на „Windows 2000“ овозможува интерактивно пријавениот корисник да управува со инстанца на име-нуваните врски и да добие овластување SISTEM. Овој општо познат напад е наре-чен „PipeUpAdmin“.– мрежна услуга за динамичка разме-на на податоци (Network Dynamic Data Exchange, NET DDE) – ова е ранлива точка на „Windows 2000“. Со помош на алатката „netddemsg“ напаѓачот може да добие ад-министраторски права.– злоупотреба на Windows-алатката за корекција на програми. Најпозната алатка за овој напад е програмот Depploit Radima Pichae, кој е насочен на можностите за исправување на програмите што постојат во Windows Session manager. Постои и алатка „xdebug“, што ја користи можноста за програмско корегирање на јадрото на оперативниот систем и која е наменета и за напади на Windows-системите.

ТЕХНИКИ НА НАПАД И ЗАШТИТА ОД НАПАДИТЕ

ХАКЕРСКИ НАПАДИ – 2

Page 54: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

на контрасти: мирот и племето наспроти војната и војниците, тишината на Пацифи-кот наспроти татнежот на оружјето, хума-носта наспроти омразата.

ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА НАРЕДБИТЕОвој филм на многу начини и преку повеќе различни ситуации го поставува прашањето за етиката во војната. Иако сама по себе војната подразбира кршење на морални закони, сепак како човечка конструкција и во неа постојат одредени правила и начела на војување кои треба да се почитуваат. Тие начела се сретнуваат во односот помеѓу самите војници во една чета, во почитувањето на хиерархијата на чиновите, во односот на претпоставени-те кон нивните луѓе, па сè до третманот

на воените заробеници. Ова прашање е највпечатливо обработено преку конфлик-тот на два ликови: поручникот Гордон Тал и капетанот Џејмс Старос. Тал е на крајот на својата воена кариера и ова е негова последна можност да предводи една по-бедничка операција и да го добие многу посакуваното одликување. Неговата жел-ба за рекордно брза победа е поголема

54

о 20-годишна пауза режисерот Те-ренс Малик се враќа во 1998 го-дина на филмското платно со екранизација на истоимениот роман

на Џејмс Џоунс, базиран на личните иску-ства и сеќавања на писателот од битката на Гвадалканал. Актерската екипа во фил-мот е составена од актери од највисоката холивудска класа. Главните ликови, од војници па сè до генерали, се одиграни од добро познатите Шон Пен, Ник Нол-ти, Џорџ Клуни, Џон Траволта, Вуди Харел-сон, Џон Кјусак... Сите тие ликови, не само што имаат различни чинови, очекувања и верувања, туку на крајот се соочуваат и со различни судбини.Тенката црвена линија е линија меѓу здра-виот разум и лудилото, меѓу животот и смртта, меѓу човечноста и нечовечноста, меѓу доброто и злото. Таа линија вибрира помеѓу изборот да се наплати за мртвите пријатели или да се заузда нагонот за од-мазда, линија која е затегната помеѓу чи-стите раце без капка крв на нив и потре-бата да се направи првиот истрел кон друг човек.

ОД ДРУГАТА СТРАНА НА РАЈОТПрвата сцена во оваа тричасовна дра-ма ни прикажува една идила на Пацифи-кот – тропски остров каде домородните племиња живеат во целосна хармонија со природата. Таму тие се хранат од дрвјата и морето, дишат заедно со земјата, ги рас-тат своите семејства во љубов, безбед-ност и среќа непозната за цивилизирани-от човек. Преку нивната заедница го гле-даме најдоброто и најчистото од човеч-ката душа. Меѓу нив, еден човек видно се разликува и внесува немир и страв во ова општество кое не познава војна, иако е дојден со најдобри намери. Тоа е војникот Вит, кој дезертирал и овде го нашол својот душевен мир. Но неговата единица при-стигнува да го земе и повторно да го об-лече во војничка униформа за да ја испол-ни својата должност, бидејќи ги чека голе-ма мисија – освојување на еден стратеш-ки рид и потиснување на јапонската војска која ја има контролата на островот Гвадал-канал.Војниците знаат дека освојувањето на ко-тата нема да биде лесно. Поздемните, до-бро скриени бункери на јапонската војска, кои ги спомнавме како карактеристика на јапонската одбрана и во филмот „Пис-мата од Иво Џима“, се покажуваат како опасна закана за американските единици кои долго време не можат да ги лоцираат

ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА ЗА ВОЈНАТА ВО ЧОВЕКОТ

„ТЕНКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА“

јапонските позиции. Изложени на контину-иран напад и без можност да утврдат од каде точно доаѓа нападот, четата Ц прет-рпува непроценлива штета. Наредбата за фронтален напад се покажала како свес-но самоубиство. Но, благодарение на ко-мандантот Старос, кој ги игнорира наред-бите на поручникот Тал, се откива дека, се-пак непријателската одбрана, колку и да е цврста, има една слабост – една страна од ридот не е обезбедена. И токму преку неа, седуммина херои успеваат да се про-влечат до јапонските засолништа и одбли-зу да ги уништат.Иако во фокусот на овој филм е една јапонско-американска битка, речиси и да не се појавуваат Јапонци во трите часо-ви на времетраење на филмот. Можеме

да ги видиме само нивните пушки, освен во сцената кога тие се воени заробеници. Тука испливува најчистото и највалканото од душата на човекот, кога едни војници го истураат целиот гнев врз Јапонците со цел нивно поголемо страдање, додека други, меѓу кои и Вит, им подаваат рака на утеха, бидејќи и тие се луѓе како и тој. Без соме-нение, ова можеме да го наречеме филм

Page 55: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

од разумот. Неговото инсистирање на фронтален напад е кобно. Затоа Старос одлучува да ги игнорира не-говите наредби иако тоа може да значи соочување со воен суд. Ста-рос не е подготвен да ја носи на душа смртта на неговите луѓе, до-дека Тал го убедува дека жртви-те се нужни и дека ако е потребно сите ќе бидат жртвувани за да се реализира операцијата која може да биде клучна точка за развојот на војната. А, добриот командант тре-ба да го знае тоа и да биде подгот-вен да ги прати своите војници во смрт ако со тоа се добива општо добро за страната за која се борат. Но како да се измери цената на чо-вечкиот живот? За тоа кој е во пра-во, а кој греши, е оставено да пресу-ди гледачот.Успехот на американската војска е во втор план во однос на ма-лите херојства на луѓето во неа. Вит свесно ја пресретнува својата смрт во обидите сам да ја задржи непријателската војска, наредни-кот Кек се разнесува седнувајќи врз рачна бомба за да ги спаси тие око-лу него, а Бел сам се пријавува да се обиде да направи извидница по ис-тиот пат по кој само неколку минути претходно биле масакрирани него-вите пријатели.

ПОЕТСКО БЕГСТВО ОД ВОЕНИТЕ КЛИШЕАОна што е особено впечатливо во филмот е односот на режисерот

кон природата. Филмот е снимен на Соломонските Острови. Кадрите ја прикажуваат и битката и убавина-та на флората и фауната. Импре-сивните пејзажи од Пацификот пот-сетуваат на имагинарно соврше-но место на спокој и мир, толку за-несни што секое појавување на чо-вечко суштество во кадарот се чини

сат дејството во една подлабока димензија која нема цел само да илустрира настани од еден истори-ски период, туку и да пренесе по-рака до целото човештво. Ова не е приказна за херојство ниту до-кументарна хроника. Тоа е осврт за човечкиот дух, за светот кој по-стои и се движи паралелно со секоја војна, но никој никогаш не го гле-да, свет кој е во сенка на оружјето, а постои како негова противтежа. „Војната не го облагородува чове-кот туку го претвора во куче и му ја труе душата.“ Овој цитат од фил-мот, кој ја сублимира и неговата суштина во една реченица, всуш-ност е одговор на сите прашања кои војникот Вит си ги поставува

во своите размислувања. „Тенката црвена линија“ е филм за битката на Гвадалканал, но развојот на са-мата битка не е толку во фокусот колку што е човекот-индивидуалец, војникот, неговиот внатрешен по-рив и неговиот белег врз светот.

Елена Ѓорѓиевска

55

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОјНИКОТ – ЧОВЕКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕКОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.

Режија и сценарио: Terrence Malick

Улоги: Jim Caviezel, Sean Penn, Nick Nolte

Музика: Hans Zimmer

Година: 1998

Земја: САД

Времетраење: 170 минути

Награди: „Златна мечка“ на Берлинале, награда „Цезар”, 7 номинации за Оскар

како несоодветно наметнување во сликата. За разлика од многу други воени филмови, овој изобилува со силни и разиграни бои, зелени пади­ни, сино небо, така што се добива впечаток дека и природата е еден од главните ликови. Присутноста на тој вибрирачки дух на пацифич­киот остров ја буди свесноста дека природата околу нас, како и овој остров, е живо битие, дека постое­ла на тоа место многу пред битка­та и дека ќе постои и по неа. Силни­от контраст помеѓу смртта (војната) и животот (природата) има улога да укаже дека оружјето не е коб­но само за човештвото, туку носи огромно страдање за сè што е око­лу нас, но човекот е навикнат да ја

занемарува големата слика и да ги штити само сопствените интереси. Филмот, без сомневање, не би бил толку емотивен без поетич ните навраќања во минатото и вна­трешните монолози на војникот Вит. Неговите филозофски раз­мислувања за светот, за човекот, за постоењето и за војната го но­

Page 56: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

56

Солунските атентати од 28 април до 1 мај 1903 година

од силно влијание на анархистич­ките идеологии на руските и ер­менските парамилитантни група­ции, кон крајот на деветнаесетти­от век во Македонија се појавил

„Гемиџискиот кружок“. Основата за фор­мирање на оваа фракција биле македон­ските револуционери (гемиџиите), чија основна цел била со своите динамитни акции да ја разбудат европската јавност за неподносливите околности во кои се наоѓало населението во Македонија.Одлуката за прифаќање на повеќе теро­ристички отколку револуционерни акции била со цел да се уништат поголемите фа­брики во балканскиот дел на Османлиска­та Империја во кои биле вложени големи инвестиции и капитал на западноевроп­ските земји и на тој начин да се добие јасна слика за неподносливата огорченост на поробениот македонски народ. Сето ова требало да ги предизвика западноевроп­ските земји да го постават на дневен ред македонското прашање и да се извојува слободата на поробената Македонија како крајна цел.Доследни на своите замислени дина­митни акции, гемиџиите не ги прифати­ле методите на масовно вооружување на македонските револуционери и воо­ружената борба како најсоодветниот на­чин за ослободување на својата напате­на татковина кои претходно биле основ­ниот кодекс на делување на Македон­ската револуционерна организација (Александар Трајановски, „Историја на Ма­кедонија“, Скопје, 2005, 342­343). Според идеологијата на гемиџиите, вооруженото и масовно востание за кое се подготвува­

киот крај каде се истакнуваат имињата на: Јордан Попјорданв-Орцето (1881-1903), кој бил раководител на Гемиџискиот кружок, Димитар Мечев-Мечето (1870-1903), Кон-стантин Кирков (1882-1903), Владимир Пин-гов (1883-1903), Илија Трчков (1884-1903), Георги Богданов (1878-1939), Милан Арсов (1879-1908), Тодор Органџиев, Тодор Бог-данов, Илија Попјорданов, Павел Шатев (1882-1951) од Кратово, Марко Бошнаков (1874-1908) од Охрид, Славе Мерџанов, Пе-тар Манџуков и Тодор Богданов (Крсте Би-тоски, „Солунските атентати“, Скопје, 1985, 45-47). Како помагачи на гемиџиите се спо-менуваат: Милан Саздов од Велес, Начо Стојанов од Ресен, Гоце Чанев од Кукуш, Унгарката Ана Шапец итн.Солунските атентатори називот „гемиџии“ го присвоиле на еден мошне симболи-чен начин. Зборот „гемија“ има архаично значење и означува чамец, додека зборот „гемиџија“ означува веслач за чамецот.Основната цел на солунските атентато-ри според која и го определиле и своето име „гемиџии“, била да испловат на бре-гот со чамецот-гемијата и да се спасат се-беси и својата измачена мајка Македонија или во спротивно, ако не успеат да испло-ват до брегот, тогаш биле подготвени да се разбијат од морските карпи со цел да го жртвуваат својот живот за слободата на Македонија.Со подготовката за динамитните акции кои требало да се извршат врз стратеги-ските објекти на Османлиската Империја, гемиџиите сакале да зададат удар на ев-ропскиот капитал и да докажат дека Осман-лиската Империја не е во состојба да ги за-штити своите витални државни објекти.

ле македонските револуционери ќе донесе многу несреќи, жртви, но не и слобода на македонскиот народ. Всушност, гемиџиите биле убедени дека националната слобода на македонскиот народ не може да се реализира преку на-ционална и сеопшта револуција. Затоа тие преку низа индивидуални акции и преку лична саможртва сметале дека треба со ак-циите кои ги изведувале врз османлиски-те: железници, банки и други османлиско-европски маркантни објекти, да ги иницира-ат големите европски сили да интервенира-ат, со цел Македонија заслужно да се избо-ри за својата слобода и независност.Гемиџискиот кружок го сочинувале петнае-сеттина млади луѓе на возраст од 18 до 22 години. Младинците биле главно од Велеш-

Евро

па с

луш

на

за М

акед

ониј

а

Page 57: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

57

Снабдувањето на солунските гемиџии со неопходните материјални средства за изведување на вооружените акции било преку Македонската револуционерна ор­ганизација (МРО), при што како главен ко­ординатор на активностите во историо­графските документи се споменува Гоце Делчев, а подоцна и Борис Сарафов.Основниот план на вооружените акции на гемиџиите бил уривање на Османлиската банка во околината на Цариград и Солун.По откривањето на каналот кој во­дел до главниот град на Османлиска­та Империја, Цариград, во текот на 1901 го дина гемиџиите целосно се концентри­рале во околината на Солун (МАНУ, Ма­кедонска енциклопедија, книга II, Скопје, 2009, 603­604) .

Откако солунските гемиџии се снабди­ле со доволна количина на материјални средства за изведување на планирани­те акции и откако купиле доволна количи­на на експлозив и рачни бомби, тие кон­тинуирано неколку месеци го копале под­земниот канал кој водел до зградата на Османлиската банка која се наоѓала во Солун.Последните подготовки за извршување на планираните активности биле заврше­ни есента 1902 година.Планираните акции биле извршени во те­кот на 28, 29 април и 1 мај 1903 година (Павел Шатев, „Солунскиот атентат и за­точениците во Фезан“, Скопје, 1994, 7­9).На 28 април 1903 година солунските ге­миџии конечно ја извршиле првата плани­рана акција. Темпираната бомба којашто се наоѓала во куферот на гемиџијата Па­вел Шатев извршила пробивање на кори­тото на францускиот брод „Гвадалкивир“. Бродот, поради дупките кои се создале во неговото пловно корито од детонацијата на темпираната бомба, потонал во близи­ната на солунското пристаниште. Во те­кот на истиот ден била оштетена и локо­мотивата на патничкиот воз кој се движел на релација Цариград – Солун.Следниот ден, на 29 април 1903 година, со силна детонација предизвикана од ди­намит биле прекинати цевките на гасо­водната инсталација за осветлување во Солун. Истата ноќ градот Солун потонал во мрак.Следната акција била активирање на ди­намитот кој бил поставен под темелите на Османлиската банка во Солун. Истиот ден настрадала и Австриската пошта која

точеништво. Гемиџиите Милан Арсов и Марко Бошнаков биле спроведени во ме-стото Фезан во Африка во текот на мај 1906 година каде што и умреле по крат-ко боледување. По завршувањето на Младотурската револуција, со априлски-от преврат од 1909 година биле амнести-рани и ослободени гемиџиите Павел Ша-тев и Георги Богданов.Бројните жртви од страна на македонски-от народ, кои индиректно биле предизви-кани од акциите кои ги спровеле солун-ските гемиџии со цел да ја разбудат ев-ропската јавност и да ја натераат да ја согледа состојбата во која се наоѓал по-робениот македонски народ, имале свој позитивен и негативен ефект. Позитив-ниот ефект од акциите на солунските атентатори е тоа што тие преставува-

ле најголемиот настан во периодот пред избувнувањето на Илинденското воста-ние на 2 август 1903 година.Од друга страна, за жал, негативните им-пликации на овие акции се кријат во тоа што нивните извршители длабоко во себе наивно верувале дека ќе успеат да преди-звикаат Европа конечно да интервенира во Македонија согласно тешката и непод-нослива состојба во која се наоѓал маке-донскиот народ.Иако солунските атентатори не ги послу-шале советите од истакнатите македон-ски револуционери Гоце Делчев и Даме Груев за забавување на нивните акции и нивно координирање во рамките на Илин-денското востание, сепак нивното дело претставува светлина и гордост за сегаш-ните и идните македонски поколенија.

д-р Андреј Илиев

се наоѓала во центарот на градот Солун. Потоа бил запален Бошнак-ан, а во кафе-вариетето „Алхамбра“, како и во кафеа-ната „Ноња“, биле фрлени повеќе рачни бомби.На 30 април во непосредна борба со османлиската војска и жандармерија за-гинал јордан Поп јорданов.На 1 мај Кирков прави обид да ја кре-не во воздух Солунската телеграфско-поштенска станица, но е убиен од стра-жарот, а цветко Трајков прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехми-паша, а откако не успева да ја реали-зира планираната акција се самоуби-ва активирајќи рачна бомба (Türker, Orhan, “Osmanli yönetiminin son yillarinda Selanik'te Sanayi ve Ticaret“, Tarih ve Toplum Aylik Ansiklopedik Dergi, Agustos 1999, cilt 32, sayi: 188, s: 27-30). Последната акција солунските атентатори ја извршиле на 1 мај 1903 година со диверзија врз теле-графската станица во Солун.Сите акции кои ги имале испланирано со-лунските гемиџии биле успешно заврше-ни. Со наведениве акции била предизви-кана анархија и паничен страв кај населе-нието во Солун. Поголем дел од солунски-те атентатори загинале во борбените ак-ции или, пак, се самоубиле.По завршувањето на солунските атента-ти од страна на османлиската власт биле извршени невидени масакри врз неви-ното македонско население во Солун, во Битола и во други околни градови на Македонија. При изведувањето на солун-ските атентати настрадале само некол-ку цивили. Во Солун бил воведен полици-ски час. Биле убиени околу 300 луѓе, а над 350 лица биле малтретирани или затворе-ни поради обвинение дека биле соучесни-ци на солунските атентатори (Александар Трајановски, „Историја на Македонија“, Скопје, 2005,345). Масакрот врз невино-то македонско население престанал по доаѓањето на странски воени бродови на солунското пристаниште.Во непосредната борба со османлиска-та војска, Димитар Мечев и Илија Трчков се вратиле во својот стан и оттаму поч-нале да фрлаат бомби врз османлиска-та војска. Откако фрлиле 50-60 бомби, за да не бидат фатени живи во рацете на османлиските власти си го одзеле жи-вотот. Преживеаните гемиџии Павел Ша-тев, Георги Богданов, Милан Арсов и Мар-ко Бошнаков биле осудени на смрт. По-доцна казната на наведениве гемиџии била заменета со доживотен затвор и за-

Page 58: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

ста, но и на трансформацијата на човекот под влијание на власта. Во повеќето драми на Чашуле власта е прикажана како моќна сила која ги влече конците во дејството. Во средиштето на интересот на авторот е реакцијата на единката која директно за-виси од волјата на власта. Власта на нови-те комунистички раководители е директно прикажана во драмите „Веда“ и „Сон и по него друг“.Освен како драмски автор, со репутација на основоположник на модерната македон-ска драмска литература, Чашуле во 1970 го-дина се јавува и како романсиер. „Простум“ е роман-хроника или роман-река, со многу историски теми од минатото на македон-скиот народ и на другите балкански наро-ди. Како што кажува и самиот наслов на ро-манот, смислата на човековото постоење е да се остане исправен, простум, да се из-држи, да се опстои пред сето она што му се заканува на човекот, пред сето она што го поробува или убива. И во следниот роман, „Премреже“, Чашуле продолжил да копа по историската вистина, по епскиот и лирскиот лик на својот народ, по идејните и политич-ки противречности во Македонија, на Бал-канот и во Европа спроти востанието во октомври 1941 година итн.Коле Чашуле е писател, сведок и судија на премрежињата од пресвртничките епохи на националната и социјалната историја. Тој е автор кој е во постојано творечко љубопитство, со активен однос кон светот што го опкружува, дејствувајќи врз него и покажувајќи ги заблудите на минатото, не-правилностите на сегашноста и опасности-те што демнат во иднина.

Венка Спасковска

Канада, амбасадор во Боливија, Перу, Бра-зил итн. Коле Чашуле е автор со богат и жанровски разновиден творечки опус кој брои над пе-десет наслови. Тој творечки опус во кој се преплетуваат книжевните жанрови, проник-нуваат еден во друг и се движат во две на-соки – прозната и драматуршката. Во прва-та се неговите книги раскази и големите национално-историски романи „Простум“ и „Премреже“, а во втората – драмските тек-стови, театарските критики и книгите со есеи.Во центарот на неговото интересирање е мотивот на националните црнила и политич-ки пресметки во рамките на националосло-бодителното движење. Испишувајќи ги ма-кедонската црнила во својот драмски опус, Чашуле бил сведок и учесник на едно време исполнето со премногу болка но и пркос, со многу верба во иднината. Со неговите драм-ски творби се означува почетокот на модер-ната македонска драматургија.циклусот за македонските црнила започну-ва со драмата „Вејка на ветрот“, а продолжу-ва во драмите „црнила“ и „Вител“. Тие црни-ла цврсто го држат својот меѓусебен конти-нуитет, тие се интегрални по инспирација, идејно-тематски и како литературни ос тва-рувања. Меѓутоа, тие не се исцрпуваат во себе, туку се прошируваат во црнила на со-временото човештво со една универзална димензија. Такви црнила Чашуле сугерира во „Партитура за еден Мирон“ и во пиесата „Како што милувате“.Во тесна врска со идејата на црнилата, една од доминантните теми во неговото тво-рештво е власта, опфаќајќи широка пале-та мотиви за судирите на единката и вла-

ПИСАТЕЛ, СВЕДОК И СУДИЈА НА ПРЕМРЕЖИЊАТА

По трагите на македонската интелектуална и патриотска авангарда:КОЛЕ ЧАШУЛЕ (1921-2009)

ТВ

ОР

ЦИ

И Б

ОР

ЦИ

војот живот Чашуле го започнал во Прилеп, каде што е роден и каде што го завршил и основното образова-ние. Гимназија завршил во Битола а на универзитетот во Белград студи-

рал медицина. Уште како гимназист стапил во напредното ученичко движење, подоц-на во СКОЈ. Како студент бил член на ра-ководството на Обединетата студентска младина на универзитетот, но војната му ги прекинала студиите и тој се вратил во Прилеп. Бил учесник во првите акции од 11 октомври 1941 година кога започнало ан-тифашистичкото востание на македонски-от народ. Всушност Чашуле учествувал во групата чија задача била да го изведе на-падот на поштата. По успешно извршената акција како илегалец во Скопје го организи-рал ликвидирањето на предавникот Мане Мачков. Чашуле бил откриен и осуден на смрт, но бидејќи бил малолетен затворска-та казна му била намалена на десет годи-ни затвор. Две години поминал во скопски-от затвор каде што подготвил и една збир-ка со песни од која е зачуван само мал дел. Во 1944 година некои од своите песни и за-писи ги објавил во партизанските весници, а по ослободувањето, во 1945 година, во списанието „Нов ден“ го објавил расказот „Денот“ со кој дефинитивно се определил за пишувањето и литературата.По ослободувањето бил активен учес-ник во нашиот општествен и културен жи-вот, основач и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“, како и на весниците „Народен војник“, „Трудбеник“ и „Нова Македонија“. Бил главен уредник на Радио Скопје, прв управник на Македонски-от народен театар, генерален конзул во

58

Kоле чаШУле ПриПаѓа на генерацијата Писатели која книжевно се форМирала во војната и револУцијата и своите Први тексто-ви ги оБјавУвал во текот на БорБите и веднаШ По ослоБодУвањето. Бил Учесник во Првите ак-ции од 11 октоМври 1941 го-дина кога ЗаПочнало анти-фаШистичкото востание на Македонскиот народ. од тоа вреМе ПотекнУва и текстот на неговата ПоЗната Македонска револУционер-на Песна „а, Бре Македонче“

Page 59: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја Шарената

џамија – инспиративна

глетка за секој посетител

ден од најинтересните споме-ници од исламските сакрални објекти подигнати во градот Те-тово е Шарената џамија. Толку инспиративна глетка ретко каде

може да се види: фасада која прилега на уметничко платно растегнато среде градската врвулица, форми и бои кои ја откриваат играта на сликарската четка во турско-османлиски стил. Најпрвин името на оваа џамија било Алаџа (басма, шарен памук), а во 19 век го добила името Пашина џамија, по Абдурахман-паша којшто ја рено-вирал џамијата. Тој бил турски феуда-лен господар и гувернер на Тетовски-от пашалак, забележан во историјата и како градител на Калето на Балтепе. Податоците за историјата на Шарена-та џамија и за историјата на околните објекти се врежани во записите издла-бени на мермерните плочи поставени над нејзината влезна врата. Џамијата е опколена со низок мурален ѕид со ква-дратни перфорации, обрабени со пре-красно дизајнирани мрежи направени од дрво.Џамијата, еднопросторна квадрат-на градба во бaрокен и неокласичен османлиски стил, е лоцирана покрај ре-ката Пена, во стариот дел на градот. Во склоп на џамијата се наоѓа и турбе поврзано со името на ќерката на бе-гот, анамата Хуршиде (по потекло од Анадолија, чија желба била да биде по-гребана во Тетово), како и богато деко-рираниот камен шадрван, амам и ан. Првобитната Шарена џамија била изградена во 1495 година и имала функција на исламски собирен храм. Џамијата е реконструирана од 16 до крајот на 17 век, кога изгорела до темел во големиот пожар што го зафатил гра-дот. Најимпресивниот дел на сегашниот објект се орнаментите. Тие се дело на искусни мајстори кои од Дебар ги со-бирал Абдурахман-паша. Освен што ја насликале џамијата и однатре и од-надвор, истовремено го декорирале и дервишкото Арабати-баба теќе и некои приватни куќи на бегот. Бројните живописно насликани орна-менти, сликовитоста и употребените сликарски техники, претставуваат ра-ритет и извонредно дело меѓу слични-те исламски религиозни објекти кои ја вклучуваат оваа џамија во антологиите на исламската архитектура.

Кристина Илиевска

Page 60: Shtit Spisanie Na Ministerstvo Za Odbrana Na RM

33