123
1 СОВРШЕН ВИД

Sovrsen vid

  • Upload
    jasiti9

  • View
    71

  • Download
    4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Sovrsen vid

1

СОВРШЕН ВИД

Page 2: Sovrsen vid

2

Легално демантирање

Јас знам дека 99% од вас не сакаат да го читаат ова, а сигурен сум дека и вие

спаѓате во тие 99%, но оваа книга јас ќе ја започнам со една правна изјава бидејќи

најмалку што сакам е да бидам тужен поради мојот обид за им помогнам на луѓето

да си го вратат својот вид назад. Затоа ве молам уверете се дека сте го прочитале и

се согласувате со следново, пред да продолжите понатаму.

Оваа книга соджи мислења на авторот и на другите кои прикажале

заинтересираност во областа за природната корекција на видот.

Авторот на книгата не е доктор или здравствен професионалец и оваа книга

не е предвидена за дијагностицирање или лечење на било која здравствена

состојба. Книгата е всушност сторија која содржи авторски и туѓи искуства притоа

по пат насобрани корисни информации.

Важно што треба да се напомене во врска со оваа книга е следното:

Ако сте болни или дијагностицирани од кое било заболување ве молам

консултирајте се со вашиот медицински лекар, пред да се обидете да изведете

било која вежба или рутина која е нагласена во оваа книга.

Кога веќе се обидувате да се лекувате самостојно корисно е да имате поддршка од

квалификуван професионалец, но запомнете многу од оптичарите не се обучени за

природно лекување и веројатно нема да ги поддржуваат вашите обиди или пак ќе

се обидат да ве обесхрабат да ги правите вежбите.

Доколку настојувате да продолжите со оваа е-книга и да се впуштите во авантура

за сопствена природна корекција на видот, вие морате да превземете одговорност

за самите себеси и за вашето здравје и да се согласите ја

ослободите, обештетите и да ја одржите добронамерноста

на авторот.

Доколку не се согласувате со ова ве молам затворете ја

книгава и не читајте понатака.

Во ред сега можеме да продолжиме понатаму...

Прочитајте понатака и научете како повторно да го добиете својот совршен вид и

да го сочувате до крајот на животот.

Page 3: Sovrsen vid

3

КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ ОВАА КНИГА

Јас поминав доста време пишувајќи ја оваа книга на начин на еден природен

тек од страница во страница со цел да можете лесно да почнете од првата страница

и да читате се до крајот.

Кога ќе дојдете до вежбите ви препорачувам да прочитате низ нив и да направите

забелешки од тие што ви се допаѓаат најмногу, тие што ви се највпечатливи, а

потоа откако ќе завршите со читањето на книгата да се вратите назад и да

започнете со градење на вашите први омилени рутински вежби.

Page 4: Sovrsen vid

4

Во ред, да ја започнеме авантурата...

Ќе се обидам да ви покажам како да конструирате со15 минути, најмоќна

рутина и генијален борбен план кој потполно ви го гарантира враќањето на вашата

визија.

15 минути на ден – не е многу нели???

Впрочем вие можете да направите и нешто повеќе, зарем не?

Еве го тоа што треба да го разберете... многу луѓе почнуваат со

заздравувањето на нивните очи со еден авантуристички дух исполнет со

многу ентузијазам и уживање. Тие посветуваат повеќе од 15 минути,

многу повеќе... неколку денови.

А останатите денови... не прават... ништо.

Набрзо “ништо” деновите се помногубројни од “нешто” деновите и за кратко после

тоа, се е готово!

Не сакам тоа да се случи и со вас. Сакам да го вратите својот вид назад.

Значи тоа е мојата главна цел...

Сакам да го направите тоа на овој начин, бидејќи знам дека со овој начин ЌЕ

УСПЕЕТЕ.

Притоа сакам потполно да се обврзете, без двоумења, изговори и прашања, да го

правите тоа само 15 минути дневно.

Одберете посебно време.

Лично, открив дека пладнето е најдобар период за мене. Тоа е најповолен период

од денот, со што им се дава на очите најдобар одмор после школото или работата.

Исто така за време на работната недела јас се наоѓам обично на истото место, на

пладне, секој ден.

Page 5: Sovrsen vid

5

Најдов место каде што можам да бидам насамо и да не бидам вознемируван. Место

каде што можам да се концентрирам и да посветам потполно внимание за

лекувањето на моите очи.

Јас го направив моето “свеtо” место.

Не можам да опишам колку брзо доаѓаат подобрувањата откако го сфатив сето тоа

сериозно.

Секој ден обидете се да пронајдете вашите 15 минути. Тоа не е некаков напор,

откако еднаш ќе ги насочите вашите мисли кон тоа и ќе одлучите дека нема да има

исклучоци... воопшто.

Доаѓа интересниот дел...

Сакам варијации. На тој начин собрав различни вежби за очите.

За да не ви биде досадно, секогаш ќе одбирате различни вежби за вашите сесии.

За неколку недели научив околу 100 различни вежби (од кои најдобрите 40 решив

да ги ставам во оваа книга)- имав добро мени од кое можев да избирам.

Следно што можете да направите е да почнете да правите вежби и во

други делови од денот, кога ќе можете да “грабнете” неколку секунди или

минута.

На пример, додека возете со вашиот автомобил и застанете на црвено

светло, наместо да се вознемирувате од тоа колку треба да чекате вие можете да го

користите тој момент за да направете Тибетанската очно периферна техника или

Јога Сончање ( ќе видете во подолните сектори за тоа ).

За да ми биде поинтерсно, јас дури почнав и да правам свои вежби благодарејќи на

тоа што го имав научено предходно.

Можеби некои денови ќе потрошев еден добар цел час или два работејќи на мојот

вид, но само доколку имав повеќе слободно време.

Самата помисла кога некој ќе ви рече дека треба да вежбате по 1 час на ден вие

нема ни да почнете и ќе бидете спречени да одвоите барем 5 минути.

Токму поради тоа ова е толку одличен систем- СЕКОЈ може да одвои 15 минути. И

токму тие 15 минути со текот на времето ќе станат ваша навика за корекција на

видот, доживотно.

Впрочем, природната корекција на видот не се состои од правење

неколку минутни закажани вежби, а потоа трошење на остатокот од

денот на работи кои им штетат на очите. Тоа е нов начин за

користење на очите со што ќе ги одржите во одлична форма до крајот на животот,

ќе ги направите флексибилни, а според тоа и да ја зголемите просечната

далекувидност.

Page 6: Sovrsen vid

6

ПРЕВЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ

Дозволете да ви ја кажам НАЈВАЖНАТА РАБОТА за совршениот вид. Вие треба

да научете да превземете одговорност за здравјето на вашите очи.

Ние не сме подучени на овој начин.

Мал дел од образовниот систем (школувањето и неформалното образование што го

добиваме од општеството) не учи да превземаме одговорност.

Според тоа, ќе се обидеме да научиме како да најдеме начин да не ги префрлуваме

одговорностите на други луѓе или да не ги обвинуваме околностите од животот во

кои ќе се најдеме самите ние.

Ова е особено значајно кога се работи за нашето здравје.

Уште од самото раѓање, повеќето од нас се научени дека

еднинствената личност која може да ни помогне доколку нешто не

е во ред со нашето тело е обучен медицински професионалец

(лекар, заболекар, оптометичар)

Па, да го отстраниме овој мит токму сега: ТОА НЕ Е ВИСТИНА!!!

Вашето тело е извонредно. Тоа има чудотворна способност да се лечи самото...

единствено што треба е да му дадете правилна помош и поддршка.

Не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да ги излечете вашите очи, или

дека ви се потребни ночари доживотно, дека тоа е неизбежно или дека нешто не е

во ред со вас.

Вие треба само да ги корегирате вашите лоши навики, да донесете неколку нови

добри навики, да ги правите вежбите наведени во оваа книга колку што можете

повеќе и совршениот вид е само прашање на време.

Сеуште ви треба убедување???

Дали сте знаеле дека многу комерцијални авиокомпании дури и

US Air Force имаат програми за обука на пилотите за создавање

на супер- нормален вид???

Олимписките атлетичари, вклучувајќи ги и САД одбојкарските и хокеј тимови

постојано работат на подобрување на нивниот вид вон нормалниот.

Page 7: Sovrsen vid

7

За некои спортисти се знае дека ги обучуваат своите очи да гледаат подобро, меѓу

кои тенискиот шампион Virginia Wade, The Dallas Cowboys, The New York Yankees

и Val Skinner професионалниот голфер.

The Connecticut state полицијата имаат редовен тренинг за подобрување на видот.

Дали сеуште мислите дека е невозможно да го подобрите видот и дека сите овие

луѓе (вклучувајќи ја и владата на САД) се грижат за без врска... јас не мислам

така!!!

Оваа природна корекција на видот функционира! Ќе го подобрите својот вид.

Page 8: Sovrsen vid

8

ВОДЕЊЕ ДНЕВНИК

Многу луѓе се жалат и негодуваат кога ќе го слушнат ова, но дозволете ми да ви

кажам дека тоа енормно ќе ви помогне во вашата природна корекција на видот.

Водењето дневник ви овозможува да водите евиденција со термините,

а притоа ви дава и поголема сигурност во експериментирањето со

вежбите и промените во вашиот стил на живеење .

Промените во текот на седмиците или месеците тешко е да ги забележите се додека

не дојдете до одредени прагови. Јас не сакам да се обесхрабрите доколку

помислите дека ништо не се променало во дневната основа. Телото не работи на тој

начин. Некои денови се подобри од другите, а некои денови може да се чувстувате

како се да оди обратно.

Не се потпирајте на вашата меморија. Многу е лесно да заборавите колку бил

вашиот вид лош и да не го забележите подобрувањето. Вие ќе бидете изненадени

колку брзо ќе се прилагодите на подобриот вид и ќе заборавите на вашиот слаб

вид. Некои луѓе напредуваат без да забележат дека напреднале.

Запишувајте се што сте направиле секој ден.

Запишувајте ги вежбите кои што сте ги правеле, промените во исхраната, вашите

дневни навики, како вашите очи се чувствуваат (уморно, дали ве чешаат, дали се

свежи, блескави, без сјај итн).

Ајде, тоа може да ви одземе само неколку секунди за да напишете два или три реда

- не го изоставајте дневникот тој ќе ви помогне да се водите по патеката.

Page 9: Sovrsen vid

9

Јасен блесок

Понекогаш, за време на вежбите, ќе забележите дека ненадејно ќе прогледате

многу јасно. Тоа се вика “јасен блесок”

Всушност, тоа може да се случи во било кое време од денот (или ноќта), но

најчесто додека ги правите вежбите.

На почетокот овие јасни погледи не траат долго, но постепено ќе траат се подолго

и подолго. Вашиот просечен дневен вид исто така ќе се подобрува покрај нив.

Кога ќе имате јасен поглед вие ќе сте во искушение да го напрегнете вашиот вид да

остане во таа состојба, но тоа е всушност ваш самостоен неуспех. Како што ќе

образложам во следните поглавја една од причините за слаб вид е очното

напрегање. Секое напрегање на вашите очи само ќе ја влоши состојбата на видот.

Кога ќе добиете јасен поглед и кога тој постепено ќе почне да се губи, не очајувајте

туку утешете се дека ако еднаш сте го направиле тоа, ќе можете повторно и така ќе

успеете.

Постојат 3 категории на јасни погледи:

Солзите ја менуваат вашата рефракција

Ова додека и не се смета за автентично подобрување на јасниот поглед, но пожелно

е да се знае како да се направи тоа кога ви е потребен јасен поглед за нешто

набрзина и кога не ви се при рака вашите очила.

Лесно може да се забележи дека ќе почустувувате повеќе влажност на вашите очи.

Јасноста односно чистотата на солзите не е подеднаква и таа трае само дел од

секундата а потоа се поместува околу очите со трепкањето.

Ненамерна јасност

Понекогаш само ќе погледнете и ќе кажете “Господе јас можам да гледам!!!”

Тоа обично е придружено со длабок осет за мир, удобност, одмор и релаксација на

вашите очи.

Случајниот јасен поглед може да трае од неколку секунди до неколку минути па и

часови. Тоа е вашата природна визија и како што напредувате таа ќе се случува се

Page 10: Sovrsen vid

10

почесто и почесто и се подолго се додека на крајот не ја добиете вашата нормална

положба.

За време на јасниот поглед ќе забележите дека црното е многу црно. Запомнете го

го тоа. Исто така тој детал е феноменален и зазема место како централна опсесија.

Но исто така постои и силен осет за 3Д, бидејќи вашите очи сега функционираат

перфектно како тим.

Доброволна контрола

После неколку ненамерни јасни погледи, неколку луѓе ќе го научат тоа со

релаксирање на поеднинечни начини и играјќи си со некои мускули од нивните

очи, со што ќе придонесат за јасен поглед.

Повторно ова е многу корисно кога ви е потребен јасен поглед за нешто набрзина и

кога не ви се при рака вашите очила!

Page 11: Sovrsen vid

11

Очила, да се носат или не?

Еве едно прашање за 3 милиони денари... кога ќе почнете со природното лекување

на очите дали треба да продолжете да ги носите вашите очила/леќи или едноставно

да ги “фрлете во канта”???

Не постои едноставен одговор за ова. Тоа многу зависи од вашата моментална

состојба на вашиот вид, околностите, а исто така и од вашиот темперамент.

Мојата прва реакција кога започнав со природната корекција на

видот беше малку проследена со ентузијазам.

Ги извадив очилате и ги фрлив в канта, убеден дека никогаш нема

да ми се потребни. Впрочем, тоа го успори мојот процес.

Еве зошто...

Сетете се кога напоменав дека напрегањето на очите е една од најголемите

причини за слаб вид. Очите треба да одмораат за да гледаат добро.

Лично, јас работам работа со близок очен контакт (работам многу на компјутер) и

без моите очила се чувствувам себеси како многу ги напрегам очите. Започнав да

создавам многу лоши навики како мижуркање и доближувањето премногу блиску

до мониторот (ова малку подоцна).

Јас веќе имав лоши очни навики и почнував да се придодавам кон нив!

Открив дека всушност потребни ми се моите очила за да бидам способен за работа

или за учење, иако очајнички посакував да се ослободам од нив.

Проблемот е во тоа што очилата/леќите се како еден вид потпора и постојаното

користење на овој вид потпора само ја ослабува способноста на телото за да

постане силно и да се излечи самото.

Затоа моите очила ми беа неопходни за работа но тие исто така придонесуваа за

мојот слаб вид.

Но јас пронајдов решение.

Најдов еден оптичар кој беше расположен да работи со мене за време на мојата

оздравувачка авантура. Само една брза забелешка овде- првите неколку оптичари

со кои зборував не ме поддржаа и во основа се подбиваа со мојата замисла да си

помогнам себеси, кажувајќи ми дека тоа е само залудно трошење време. Доколку и

Page 12: Sovrsen vid

12

вие го слушнете истото, продолжете да барате. Има сосема доволно професионалци

кои ќе ви обрнат внимание и ќе ви помогнат.

Користете ја вашата добра воља и пресуда. Запомнете од сега вие ја превземате

одговорноста.

Page 13: Sovrsen vid

13

Како функционираат очите?

Пред да почнеме да учиме како да го поправиме видот, ние треба да разбереме како

очите всушност функционираат.

Да напоменам, ова не мора да го знаете за да постигнете совршен вид. Ова е само за

ваш интерес. Исто така, знаејќи малку повеќе за очите ќе ви помогне да ја сфатите

логиката и заклучокот од некои од вежбите. Тоа може да ви помогне да ја

зголемите довербата во вашата рутина, што за возврат ќе ви помогне да се држите

до програмата.

Поминав долго време размислувајќи кои информации да ги наведам овде. Лесно е

да се надоврземе со биологијата или физиологијата, но искрено, премногу сваќање

за сето тоа, може често да ве натера да скршнете од патеката за подобрувањето на

вашиот вид.

Затоа во основа ги напишав следниве информации со цел да ви дадам еден јасен и

општ преглед за механиката на очите. Ако сте навистина заинтересирани за

детаљите и подеталниот опис, има еден тон информации достапни на интернет.

Едноставно одете на google.com и напишете ја фразата “how the eyes work” или

“како функционираат очите”.

Значи доколку сакате работите да бидат потехнички и детализирани и ако сте

ситничар за исправност, тогаш подобро пресокнете ја следната секција и направете

ваше сопствено истражување. Следното е само “приближен водач за очите” и е

предвидено за тие што сакаат технички информации набрзина.

Page 14: Sovrsen vid

14

Брза лекција за очната анатомија

Нормалното здраво око е речиси сферично (во вид на неправилна топка) и се

состои од 3 слоеви:

1. Надоворешен слој (Склера)

2. Среден слој (Садовница)

3. Внатрешен слој (Мрежница)

Надворешниот слој склерата (очна белка) е опален што значи дека има “млечна

светликавост како таа на опалот (полускапоцен камен) ”. Нејзиниот центар е

транспарентен и се вика рожница. Транспарентната рожница ги пропушта

сончевите зраци што навлегуваат во окото. Белката и рожницата го заштитуваат

окото од повреди.

Позади рожницата, вториот слој е видлив и се нарекува садовница. Таа содржи

малечки крвни садови кои ја пренесуваат крвта до и од очите. Кога ќе ги правиме

вежбите, една од нашите насоки е да го зголемиме крвниот тек за да добиеме

повеќе кислород и исхрана во нашите очи, а исто така и да ги отстраниме

потрошените продукти.

Вториот слој ја содржи шареницата- ирис (делот од окото што е обоен) со зеницата

во центарот.

Шареницата е како кружен мускул што се проширува и стеснува за да ја прилагоди

големината на зеницата. Таа овозможува повеќе или помалку светлина да влезе во

окото и ни помага да гледаме перфектно без разлика на светлосните околности

(барем тоа е така во нормално здраво око).

Зеницата, во нормалното око, се намалува кога гледаме дистанцирани објекти и се

зголемува кога гледаме нешто блиску до нас.

Page 15: Sovrsen vid

15

Доста интересно, зеницата ја менува големината соодветно на расположението и

емоциите. Кога гледате во некој што го сакате, многу длабоко, или кога гледате во

нешто што ви причинува задоволство, зениците стануваат поголеми. Кога гледате

во нешто што не го сакате воопшто, тие стануваат помали!

Значи отсега ќе знаете ‘кој ве сака бејби’!

Веднаш позади шареницата се наоѓа кристалната зеница, која ја прима светлината и

поминува низ зеницата потоа се фокусира врз очната мрежницата (ретина) исто

како помали кога користевте лупа за да ја фокусирате сончевата светлината на лист

од хартија.

Поврзан со кристалната зеница со мал лигамент е очниот мускул наречен

цилијарен мускул, кој го контролира собирањето и проширувањето на кристалната

зеница. Со други зборови кажано, тој муслул ја менува формата на очната зеница и

според тоа го менува вашиот фокус.

Третиот, внатрешниот слој или мрежницата е продолжение на очниот нерв кој е

сместен во задниот дел од окото. Всушност, тоа е директен израсток на мозокот.

Мрежницата ја прима светлината која се фокусира на неа од зеницата, а потоа

праќа сигнали до мозокот. Мозокот ги интерпретира сигналите и вие ја “гледате”

сликата наопаку. Уредно нели

Page 16: Sovrsen vid

16

Ретинската “Жолта Точка”: Тајната на видот

“Жолтата Точка” е дел од мрежницата која ги овозможува деталите на било што да

гледате ги јасно.

Средишниот дел на жолтата точка латински се вика ‘Fovea Centralis’. Овој дел од

жолтата точка ‘гледа’ двојно повеќе од самата мрежница, посебно во блескава

светлина. Кога ќе се фокусирате на помал објект или кога ќе читате книга вие

гледате со овој дел од мрежницата.

Некои од вежбите во оваа книга се специјално наменети за да ви помогнат да ги

обучете вашите очи со користењето на Fovea Centralis поефективно.

Периферна визија: способност да се гледа надвор од аголот на вашите очи

Во нормалното око периферниот вид е сосема јасен.

Периферниот вид слабее од премногу делумно затворање на очите за да се види со

поголема бистрина, работа со близок очен контакт и интензивна ментална

концентрација на подолг период. Овие активности го зголемуваат вниманието на

вашите очи на една поединечна точка, и вие почнувате да ја губите способноста за

да гледате периферно, маргинално.

Спред легендарниот Др. Bates (цитат) - "The normal eye sees one thing best, but not

one thing only." -

“Нормалните очи гледаат еден предмет најдобро, но не само еден предмет”

Page 17: Sovrsen vid

17

Па како го губиме видот???

Во ред, еве малку повеќе материја за процесот на ‘гледањето’. Ако не сте

заинтересирани за механиката на овој процес тогаш прескокнете го.

Теорија на акомодација (прилагодување)

Со цел да гледате правилно, очите мораат да се прилагодат. Прилагодувањето

завзема место кога се фокусирате на различни растојанија, блиску или далеку.

Кои мускули се фокусираат на прилагодувањето се дискутабилна тема помеѓу

офталмолозите. Во суштина, тоа е “жешка” тема за дебатирање, а поротата е далеку

од пресудата, но тука е основата...

Др. Helmholtz, ран очен доктор претпоставува дека само очниот мускул го врши

прилагодувањето. Неговата теорија е “прифатено верување” од страна на многу

современи очни доктори.

Др. Bates, природниот очен специјалист, не се согласува со тоа. Тој почувствувал

дека два закосени очни мускули се вклучени во очното прилагодување и со

притискање на очното јаболко во средината, го прават поголемо во хоризонтала.

За да ја демонстрира својата теорија, Др. Bates ги пресекол овие мускули на

лабараториските зајаци и открил дека окото не може повеќе да се

прилагодува. Тој исто така се обидел да внесе вид на дрога за да ги

парализира закосените мускули и открил дека очите исто така не

успеваат да се приспособат.

Кога ги ставил пресечените мускули повторно заедно назад, и кога ја

исчистил дрогата, зајачките очи биле повторно способни да се

акомодираат.

Теоријата на Др. Helmholtz кажува дека прилагодувањето се должи на

проширувањето и скусувањето на кристалната зеница, предизвикано од дејството

на очниот мускул. Др. Bates низ неговите експерименти укажува дека не се работи

за кристалната зеница, туку од 6 надворешни мускули кои дејствуваат околу

очното јаболко, тоа му ја дава на окото неговата способност да се прилагоди и

приспособи на блиските и далечни објекти.

Без оглед на тоа која е актуелната суштинска причина, тоа не е толку важно за

некој кој следи докажана вежба или рутина за заздравување на неговиот вид.

Page 18: Sovrsen vid

18

Збунети?

Во ред, еве ја поедноставната везија...

Мускулите на вашите очи ја менуваат формата на окото, а формата на очните

зеници, без разлика во што гледате, се концентрира на правилното место на

мрежницата. Доколку мускулите на работат соодветно, сликата се фокусира на

погрешно место и се појавува размачкана.

Да, тука недостасува малку префинетост но како што течат објаснувањата вие

треба да ја добиете основната идеја.

Сега, ако очните мускули се тие што овозможуваат да гледате јасно, тогаш следува

дека очните мускули “вон форма” предизвикуваат слаб вид.

На очните мускули им се потребни вежби, исто колку и на останатите мускули од

вашето тело.

Ако ја заврзете раката со завој неколку недели, муслулите ќе станат

послаби и помали (атрофија- губење на својствата)

Поради недостигот на движење и употреба крвта не цилкулира како

што треба и мускулите се лишени од исхрана и други потребни

материи.

Во основа, ништо од живиот свет не останува исто, или расте или умира. Така

доаѓаме до изразот – ‘користи го или изгуби го’!! ( подобро звучи оргиналот-

‘use it or lose it’!! )

Ситните очни мускули не се исклучок.

Ако тие не се во движење и се користат во целост нивните способности, тие ќе

почнат да ги губат своите својства. Со други зборови, ако вие не работите на

подобрување на видот тогаш може да стане полошо!

Кога очните мускули стануваат послаби тие не се способни да го повлекуваат окото

и зеницата од окото во правилната форма за правилно фокусирање на видот.

Кога очните мускули се премногу слаби за да бидат способни да го фокусираат

очното јаболко на близок објект, тогаш страдате од миопија (кратковидност). Кога

Page 19: Sovrsen vid

19

пак, не можете да се фокусирате на оддалечени објекти тогаш страдате од

презбиопија (далековидост).

Кога ќе започнете со вежбите за очи вие ќе почнете да ги

доведувате очните мускули назад во форма. Претпоставете дека

кога ќе ја правите вашата 15 минутна сесија со вежби ги

испраќате очните мускули на гимнастика да “испумпаат малку

железо”!

Исто како бодибилдерот, кој може да изгради поцврсто и повитко тело од

просечната личност, трошејќи доволно време и редовно извршувајќи ги

ПРАВИЛНИТЕ вежби, така и вие може да ги развиете очните мускули повеќе од

просечната личност.

Вие можете да создадете “супер вид”

Очните мускули можат да се зајакнат и да гледаат телескопски. Тоа што

другите можат да го видат со двоглед, личноста со “телескопски вид”

може да го види со голо око. Исто така вие може да го зајакнете

“микроскопскиот вид” со тоа што ќе гледате многу ситни нешта, поблиску и многу

појасно.

За тоа е потребно малку работа, упорност и истрајност, но ќе ви биде забавно и

пријатно ако го правите среќни, со позитивен став и следејќи ги упатствата во оваа

книга.

Во ред, дали сте подготвени да почнеме…?

Добро, има уште нешто кое мора да го откриеме пред да преминеме на вежбите…

…МОТИВАЦИЈА!

Page 20: Sovrsen vid

20

МОТИВАЦИЈА

Зошто повеќето луѓе не успеваат, секогаш кога ќе тргнат да направат некакви

измени?

Зошто малку луѓе ги следат своите Новогодишни одлуки?

Зошто е тоа така кога иако знаеме што треба да правиме, ние едноставно НЕ го

правиме тоа?

Па, за многу луѓе одговорот лежи во мотивацијата.

Многу луѓе се понесени од своите емоции. Всушност, во едно

пространство или друго ние СИТЕ СМЕ! Кога се чувствуваме добро

(мотивирани) ние правиме работи без неопходност да бидеме

потсетувани, наговарани, туркани, подмитувани...

Меѓутоа, кога се чувствуваме лошо (демотивирани) ние тежнееме да “заборавиме”

што предходно сме ветиле самите себеси да направиме.

Некои луѓе имаат способност да го следат тоа што го ветиле без разлика како се

чувствуваат, а тоа се обично оние луѓе кои уживаат во својот успех во животот. Тие

го развиваат мускулот во нивниот мозок, тоа буквално моќно ги води низ нивната

емоционална состојба и ги “турка” до се што си ветиле себеси.

За овие луѓе обврска е: “ќе го правам тоа што реков дека ќе го правам, долго време

откако доброто расположение ќе ме напушти”

За останатите од нас, обврската е често: “ако се чувстувам добро, ќе го направам

тоа што го ветив”

Дали тоа некогаш ви се случило? Мене ми се случува постојано. Во случаеви како

ова треба да создадаме свое “стапче и чунче” за да постигнеме ефект и да го

следиме тоа што сме го ветиле до крај, и всушност така е многу полесно отколку

што си мислите.

Page 21: Sovrsen vid

21

Создадете своја инстантна мотивација

Еве една чудесна едноставна вежба која може да ја користете, КОГА ЌЕ

ПОСАКАТЕ.

Ако сте дале ветување дека ќе направите нешто, тогаш веројатно вие имате добра

причина за да го исполните тоа ветување себеси. За да создадете мотивација мора

да се натерате себеси да превземете дејство и се што треба е да запомнете зошто ја

остварувате обврската.

Во ред, знам што размислувате... “Да, ветив дека ќе ги правам вежбите за моите

очи бидејќи сакам да гледам без леќи/очила- тоа добро го запомнав, но сеуште

‘заборавам’ да ги правам истите или ‘фаќам кривина’ кога знам дека не треба.”

Заклучокот е, вие може ‘теоретски’ да знаете дека наводно треба да ги извршувате

вежбите и зошто треба да ги извршувате, но тоа не ја создава мотивацијата.

За да ја добиете мотивацијата вие мора емотивно да почувствувате причините. Вие

треба да создадете доволно емотивна сила за да го променете тоа ‘треба’ да ги

правам вежбите, во ‘МОРА’ да ги правам вежбите.

Тоа всушност и не е толку тешко, еве пример:

Прашање: Зошто сакате да ги правите вежбите за очите?

Одговор: Затоа што сакам да гледам подобро.

(никаква емотивна сила тука, да се обидеме повторно)

Прашање: Во ред, доколку би можеле да гледате подобро, како тоа ќе ви го

подобри животот?

Одговор: Доколу би можел да гледам подобро, јас не би требалo да носам очила за

читање.

(хммм... повторно не доволно емотивна сила- да се обидиме повторно)

Одговор: Доколу би можел да гледам подобро, јас ќе бидам способен да се

разбудам наутро и да го видам прекрасното лице на мојата девојка која лежи на

перницата покрај мене, многу подобро отколку размачкана замагленост.

(тоа е веќе подобро, дали можете да се замислете во таа позиција, да го замислете

тоа вистинско доживување, и да го почуствувате тоа чувство?)

Одговор: Доколу би можел да гледам подобро, не ќе треба да носам очила повеќе.

Мразам да носам очила, а посебно ги мразам тие два трагови кои се прават на

горниот дел од носот. Мразам кога се замаглуваат секогаш кога ќе влезам во

внатрешна просторија во студен ден. Го мразам тоа што тие ме прават да изгледам

како кретен. Мразам...

Page 22: Sovrsen vid

22

(тоа е смелиот дух- почуствувајте ја таа емоција. Еднаш кога ќе ја проследете таа

емотивна сила ништо нема да ве запре во вашата намера за природото лекување.)

Во ред, еве ја вежбата... НЕ ЧИТАЈТЕ ПОНАТАМУ ОД КНИГАТА СЕ ДОДЕКА

НЕ ЈА НАПРАВИТЕ ОВАА ВЕЖБА- ВЕ МОЛАМ.

Земете парче празен лист хартија, или подобро, земете го вашиот дневник за

природна корекција на видот, отворете го на првата страница и запишете 10-20

работи кои би сакале/би можеле да ги направите ако можете да гледате подобро.

Овие беа ‘чунчињата’, но сега ќе ви требаат и ‘стапчињата’

Сега напишете 10-20 работи кои потполно ги мразите кај вашиот слаб вид. Ова се

работи кои со кои ќе живеете до крајот на животта доколку не ги поправите очите.

Прочитајте го тоа повторно... ако не го поправите видот вие ќе мора да ЖИВЕЕТЕ

СО ОВИЕ РАБОТИ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ.

Ако тоа не ве мотивира тогаш вие едноставно не можете да се сместите ни во

емоциите од ‘чепчињата’ ни од ‘стапчињата’. Запомнете, теоријата нема да ве

мотивира, ВИЕ МОРА ДА ЈА ПОЧУСТВУВАТЕ ЕМОЦИЈАТА.

Секогаш кога ќе се пронајдете себеси во искушение да ја ‘пропуштете’ или

‘одложувате’ повремената 15 минутна сесија, извадете го вашиот дневник и

потрошете неколку минути читајќи ја листата од првата страна.

Page 23: Sovrsen vid

23

Брз збор за вербата

Една работа може потполно да ја убие вашата мотивација, а тоа е недостигот на

верба во програмот кој фактички ќе функционира.

Тоа може да биде вешт начин за совладување, особено ако сте ги правеле вежбите

ажурно и внимателно и ако не ги забележувате резултатите доволно брзо колку

што сте очекувале.

Во вакви случаи вие треба да направите било што за да се разубедите дека тоа ќе

функционира.

Јас поминав многу од овие фази и открив дека тоа што ќе ми помогне најмногу е

читањето за успешните приказни од другите луѓе.

Има сосема доволно уверенија на интернет- сосема доволно информации достапни

за да ве убедат за важноста на природната корекција на видот. Треба само да

побарате (на пример youtube).

Page 24: Sovrsen vid

24

СЕКОЈДНЕВНИ ОЧНИ НАВИКИ

Во ред, ние сме уште само едно поглавје до вистинските вежби, но пред да

преминеме на тоа ние треба да позборуваме за ‘очните навики’.

Како што споменав предходно, ако трошете 15 минути правејќи некоја одлична

работа за очите, а потоа 23 часа и 45 минути го поминувате времето правејќи

некоја лоша безполезна работа, вие нема да го подобрите видот.

Вие мора да изградете неколку добри навики за очите, а вашата дневна 15 минутна

сесија ќе ви помогне за состојбата на вашиот мозок и тело, притоа ќе ве обучи за

активностите кои ви гарантираат повторно враќање на вашиот совршен вид.

Сепак, има неколку работи кои баш и не се вежби, тие се само методи на постоење,

или начини на правење активности од ден во ден, па затоа тие ќе ги сместиме тука

во ‘Навики’ поглавието.

Прочитајте го ова поглавје повторно и повторно. Вие треба да ги научете и да се

посветите на овие принципи и активности во вашиот живот од ден во ден, па така

тие да постанат сосема природни и обични за вас.

Ќе започнам со ‘читањето’ бидејќи тоа е веројатно

едниствена работа која луѓето ја прават интензивно и која го

оштетува видот во најголема мера. Ова е посебно вистинито

кога вашата работа вклучува читање (или друга работа која

вклучува близок очен контакт, како што е употребата на

компјутер)

Page 25: Sovrsen vid

25

УМЕТНОСТ ВО ЧИТАЊЕТО

Читањето, или друга работа со близок очен контакт се најверојатно едни од

најголемите причини за слаб вид, но тоа не мора да биде така.

Еве, ќе ви покажам како да направите од читањето едно пријатно искуство кое ќе

биде потполно безбедно за вашите очи и кое нема да резултира со прогресивно

влошување на видот.

Не читајте кога сте уморни или болни. Правилото овде се состои од

читање или извршување работа со близок очен контакт единствено кога

вашата енергија е на високо ниво; кога сте болни или уморни обидете се

мошне доволно да се одморите и да поспиете.

Не читајте подолг период на слаба светлина. Природата, односно

надворешната сончева светлина ни дава околу 10 000 вати светлина,

додека внатрешното светло во споредба е многу потемно и изнесува околу

150-200 вати најмногу.

Многу луѓе читаат на изложеност од светилки со 60-100 вати или помалку,

со што ги напрегаат очите. Ако имате проблеми со читањето во слаба

светлина, вашите очи ќе бидат изложени на напор и ќе слабеат се повеќе.

Најдобро е да читате на дневна светлина, на сонце, или на надворешна

светлина која доаѓа низ прозорецот и паѓа на вашиот материјал за читање

или работа. Или пак најдобро, читајте или работете ја работата со близок

очен контакт надвор!

Ноќе, осветлете го вашиот материјал за читање со сијалица од 150-200

вати за да ви се чита појасно и да го намалите напрегнувањето на очите.

Прилагодете ја светлината така што да не предизвикува силна светлина на

листот.

Завземете добра позиција за време на читањето. Лошата позиција додека

читате е главна причина за ослабнатиот и заморен вид.

Одбегнете го држењето на главата во опаѓање или во висечка состојба

додека читате. Седете удобно и исправено.

Паѓачката позиција на главата доведува до гравитација која ги повлекува

очните јаболкца надолу, создавајќи напор на очните мускули кои имаат

задача да ги задржат очите во вдлабнатинките.

Page 26: Sovrsen vid

26

Држењето во оваа надолна свиткана позиција на вратот резултира

со издолжување/сплескување на очните јаболкца, која пак, доведува

до миопија или кратковидност.

Држете ја вашата книга или материјалот за читање паралелно, на

оддалеченост околу 20 инчи или 50 сантиметри од вашите очи. Држењето

на печатените букви премногу блиску до вашите очи исто така е една од

главните причини за кратковидноста.

Не читајте повеќе од 30 минути наеднаш. 30 минути се максимално време

кое неискусните очи на повеќето луѓе можат да го издржат без да се

напрегнат или заморат.

Прочитајте малку, а потоа станете и прошетајте, истегнете се или одете до

надвор на свеж воздух.

Гледајте на оддалеченост. Длабоко земете воздух, протриете го вашето

лице, чело и околу очите, а потоа издишете и исправете се. Вдишете

повторно и завртете се наназад, потоа и на другите страни, издишете и

опуштете го вкочанетиот поглед.

Затворете ги очите и покријте ги очните вдлабнатини со дланките и

“скриете се” (погледајте го следното поглавје)

Одбегнете напрегнување. Напрегнувањето е најглавната причина за

лошиот вид.

Напрегањето за да се “види” некој објект, далеку или блиску, кој не сте

способни да го видите чисто, им создава тежок напор на очните мускули.

Тоа е исто како да се обидувате да подигнете некоја

тежина со која вашето тело не е во состојба да се

справи, со што таа ќе ги изложи на голем напор и ќе ги

оштети тетивите и мускулите.

Другите начини за напрегнување на очите вклучуваат: подолго

изложување на студен ветар кој дува право во очите, блескави вештачки

светла (особено флуоресцентното светло), гледањето премногу телевизија

и предолгото зјапање во компјутерскиот екран (моето омилено!)

Гледајте правилно и на растојание. Ова веројатно е најважната навика за

очите која може да ја извежбате додека читате, додека работите работа со

близок очен контакт или додека гледате телевизија.

Page 27: Sovrsen vid

27

Оваа вежба ги одржува очните мускули флексибилни и ги спречува да не

навлезат во замрзната позиција.

Едноставно, кренете го погледот од вашата работа секои пет минути и

фокусирајте се на некој оддалечен предмет околу пет секунди. Оваа вежба

го спречува згрчувањето на очните мускули, а исто така овозможува и

нивно одморање.

За време на вашата работа со близок очен контакт,

очните мускули се стегаат и соодветно се

фокусираат врз зеницата. Овие мускули се

задржуваат во постојано згрчување на подолг

период, исто како и мускулите на раката што ќе

направат ако држете тег во свиткана позиција на

раката неколку минути.

Тоа беше најтешко за мене, бидејќи работев многу на компјутер и често ќе

се внесев во тоа што го правев, така што тотално заборавав да погледам

наоколу. Понекогаш ќе поминеа и часови пред да сфатам дека го немам

кренато погледот од мониторот ниту еднаш.

Да се принудам себеси за тоа, јас пронајдов едноставен бесплатен

софтверски програм кој го симнав и инсталирав на мојот компјутер- се

вика Work Pause, секои 6 минути го заклучува компјутерот и го претвора

екранот црн на неколку секунди.

На почетокот тоа многу ме иритираше и секогаш ми се чинеше дека се

случува кога бев среде нешто многу интересно. Но после кратко време се

навикнав на сето тоа и никогаш не заборавав да го тргнам погледот секои

6 минути за да ги опуштам моите очи.

Одбегнете работа со близок очен контакт за време и после оброците. Др.

Sasaki е јапонски очен специјалист кој тврди дека може да додадете 20

години живот ако не читате додека јадете и ако излегувате надвор после

оброците барем 30 до 60 минути.

Не знам дали е во право за тоа, но е повеќе од очигледно дека ако вашиот

стомак ја повлекува целата телесна енергија и се

снабдува со крв за да ја свари храната, вашите очи

подобро е да се одморат во ова време и да не работат

напорно.

Вие не треба да одете во фискултурна сала, 5 минути после јадењето, што

има смисла “да не ги праќаме очите на гимнастика” присилувајќи ги да

работат напорно за време или после јадењето.

Page 28: Sovrsen vid

28

Одбегнете ‘мижуркање’. Научете да гледате без мускулен очен напор.

Природно е очите да ‘мижуркаат’ во блескава светлина, снежна или

водена рефлексија. Но во друг случај мижуркањето за време на читање

или кога сакате да видите некој објект само го слабее видот.

Одбегнете мижуркање со свесна релаксација на веѓите и челото.

Специјална техника на читање за подобрување на видот. Ова е бонус...

Неодамна пронајдов генијална техника. Ќе ви биде потребно малку време

за да се навикнете на неа, но таа навистина ќе им помогне на очите и ќе ви

го направи читањето многу полесно...

...”Кога читате вие треба да гледате во празните простори помеѓу редовите и не

директно во самите редови.

Причина за ова е тоа што не им се создава напор на очите при читањето преку

празната бела позадина. Фиксирањето на очите кон поединечните зборови и букви

вклучува дополнителен напор кој го оштетува видот.

Кога личноста со нормален вид ги гледа тие празни просторчиња преку страницата

од маргина до маргина, тој може да чита послесно, побрзо и без замор. Ако истата

личност гледа директно во буквите, очите постануваат уморни а видот станува

послаб.

Луѓето кои не можат да читаат добро поблиски точки, секогаш се насочуваат да

обрнат внимание на печатените букви. Според тоа тие гледаат полошо.

Подобрувањето не може да завземе место се додека тие не научат да гледаат во

белите просторчиња помеѓу редовите.

Читањето може да се подобри со подобрувањето на моќта на запомнување или

замислување на белината. Ова подобрување може да се оствари на следниов

начин...

Затворете ги очите и замислете нешто многу побело од страната пред вас- бел снег,

бело ленено платно, бела табла. Потоа отворете ги очите.

Ако психичките слики на белината биле чисти и интензивни, вие ќе заклучете дека

белите просторчиња помеѓу редовите за неколку моменти ќе се појават посветли

отколку што се.

Повторувајте го овој процес како редовна вежба.

Page 29: Sovrsen vid

29

Кога вашата имагинација на белината ќе постане толку добра така што константно

ќе ги гледате белите просторчиња помеѓу редовите побели отколку што се,

печатените букви ќе ви изгледаат поцрни за нијанса, а очите ќе се најдат во

положба да читаат полесно и без напор или замор.”

Ја сакам оваа техника. Не само што им помага на очите да читаат порелаксирано,

туку вие ќе забележите многу пати дека всушност читате побрзо од обично.

Page 30: Sovrsen vid

30

Миење на очите

Според мене, ова е единствена најважна вежба за да го поправите и подобрите

видот.

Таа е многу важна па затоа не ја стадов во одделот за вежби од книгава туку овде

како дневна навика.

Кога започнав со ‘миењето’ на очите секој ден,

подобрувањето на видот на забрзан начин ми беше пред се.

На почетокот ми беше малку чудно, но после неколку денови тоа ми постана исто

толку нормално колку и миењето на забите и го правев тоа наутро и навечер

(впрочем, и сеуште го правам).

Најпрвин дојдов до некои информации во врска во миењето на очите од вoдечкиот

очен специјалист во деведесетите Др. William Apt кој го препорачува џусот од

лимон како бања за очите.

Очигледно, тој наишол на оваа така наречена тајна од 105 годишен човек кој му

кажал на Др. William Apt за следново “ставете 3 или 4 капки сок од лимон во мала

шоља со прочистена вода и миете ги очите со течноста дневно по околу 20-30

секунди секое око”

Започнав претпазливо со оваа процедура, но ми текна дека постојат извонредни

билки кои би делувале подобро од сокот од лимон.

Всушност навистина постојат! Можете да ги јадете или пак да ги ставате директно

во очите. Всушност една од овие билки е добро позната низ историјата како

делотворна билка и оргинално се нарекува ‘Eyebright’.

Според многу истражувања ова е најдобрата билна формула направена од Др.

Richard Schulze кој е најистакнат доктор од областа на билните лекарства.

Можете подетално да прочитате за него и за неговите билни производи на неговиот

официјален веб сајт http://www.800herbdoc.com. Исто така таму ќе ја најдете и ќе

прочитате за извонредната формула на Др. Ричард. Веројано не сум во ситуација да

ги правам ова (авторски права, рекламирање, спам или слично), но само сакам да

ви кажам дека ова е доста добра работа.

Но бидејќи книгата се однесува за лекување на очите по природен пат ние нема да

се задржиме подетално за состојките на оваа формула и на самата формула.

Page 31: Sovrsen vid

31

СОНЦЕ

Сончевата светлина е храна за очите. Очите цветаат

на сончевата енергија.

Излегувајте надвор на сончева светлина секој ден

кога ќе можете. Тие што шетаат надвор, обично,

имаат подобар вид од оние што го поминуваат

поголемиот дел од времето внатре.

Најдобро време за уживање во сонцето за вашите очи е сабајле пред 11.00 или

после 15.00 часот после ручек.

Сонцето ги подобрува очите и зениците на неколку чудесни начини. Како на

пример ги олабавува затегнатите мускули. Нервите и мускулите едноставно

природно се ослободуваат од стресот и напнатоста, водечката причина за слабиот

вид.

Во одделот за вежби ќе најдете неколку “сончеви” вежби, кои ми се едни од

омилените- но еве една која можете да ја правите секогаш кога ќе ви се пружи

шанса, не само во вашата 15 минутна рутина.

Седнете, опуштете го телото и мозокот и ослободете ги вратот и рамениците.

Затворете ги очите и завртете ја главата од една страна на друга, према блескањето

на сонцето директно на лицето. Кога очите ќе почнат да ви солзат или да се

наводенуваат, оставете ги, солзите делуваат многу лековито.

Page 32: Sovrsen vid

32

ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ

Очилата за сонце ги штитат вашите очи од животворната сончева светлина. Тие не

се добри за очите воопшто, освен во драстични околности како што е блескавиот

сончев ден и штетните зраци.

Носењето очила за сонце постојано, води до сончева

алергија или фотофобија (страв од светлината).

Многу очни специјалисти сега предупредуваат

против претераната употреба на очилата за сонце.

Тие кажуваат дека тоа може да предизвика слепило

со парализирање на очната зеница.

Во блескава светлина зеницата станува помала, а во темнина таа станува поголема.

Носењето очила за сонце на сончева светлина ја чуваат зеницата проширена

бидејќи црните очила не дозволуваат светлината да влезе. Ова е тоа што ги слабее

очите.

Ако возите на зајдисонце или изгрејсонце, користети ги очилата за сонце за да ја

редуцирате односно намалите силната светлина, во спротивно ослободете се од

нив.

Современата мода на носење очила за сонце цело време, дури на затворено и ноќе

само ќе го оштети вашиот вид.

Ако сонцето им пречи на вашите очи, најдобриот лек е да поминувате повеќе време

надвор на дневна светлина. Исто така промена во исхраната ќе ви помогне многу-

погледајте го одделот за исхрана и диети.

Page 33: Sovrsen vid

33

МАСАЖА

Се сеќавате што кажав претходно, дека секој вид на напор или напнатост ги слабее

очите?

Па затоа се што можете да направите за да им помогнете на очните мускули да се

релаксираат, ќе му помогне на видот.

Тоа исто така важи и за околните мускули, како што се оние на лицето, вратот,

рамениците, главата итн.

Масажата е одлична за тоа, а еве и една едноставна масажа

која може да ја правите самите себеси, секогаш кога ќе

одвоите момент или два. Исто така тоа е пожелно да се

прави пред и/или после 15 минутната сесија.

ЛИЦЕ

Затоплете ги прстите со меѓусебно триење и почнете со вршење нежен притисок на

лицето.

Секогаш почнувајте многу нежно и забележете што чувствувате и каков ефект има

тоа на вас.

Работете околу пределот над брадата под и позади ушите. Пределот директно под

ушите често е многу напнат. Отворањето и затворањето на вилицата е добра идеја

исто така и зевањето.

Масирајте го горниот дел на носот, околу очните јаболчници и кон слепоочниците.

Користете кружни движења на слепоочниците. Продолжете кон веѓите, работете

околу централниот дел употребувајќи подолги потези. Користете ги врвовите од

прстите за ги протегнете веѓите и наизменично подигнете ја веѓата со палецот и

показалецот и растегнете ја.

Често пределот помеѓу веѓите е многу напнат, па затоа користете мали кружни

движења во оваа област. Уште една нежна точка се наоѓа на горниот дел од носот

во внатрешниот раб на веѓата. Ова е исто така осетлива точка за очите.

Масирајте погоре и подолу од веѓите и најпосле употребете долги потези на

челото.

Воочете како вашето лице и очите се чувствуваат кога ќе завршите. Извонредно!

Page 34: Sovrsen vid

34

Сега за вратот.

Завртете ја главата на една страна. Допрете го го делот што води од зад увото до

градниот кош, вие ќе го пронајдете главниот мускул-стегач

(анг.sternocleidomastoid). Овој мускул може да постане најцврст и најзатегнат од

било кој друг мускул во телото. Тој понекогаш може да стане толку цврст што

некои луѓе погрешно сваќаат дека е коска.

Нежно додека не се загрее, допрете го, извршете тапкање и направете нежна

масажа. Направете го тоа на двете страни. Постоа измасирајте го задниот дел од

вратот разработувајќи го горниот дел од ‘рбетот. Врвот од ‘рбетот на долниот дел

од черепот често е прилично затегнат.

На крај завршуваме со ротации на главата. Почнете со мали ротации, на едната и на

другата страна. Направете десетина кругови и постепено проширувајте го вашиот

опсег на движење. Секогаш правете ги ротациите бавно и внимателно.

Правејќи ја оваа масажа на лицето и вратот пред спиење, ќе ви помогне да спиете

подобро и да се чувствувате многу посвежо и поопуштено.

Протегнување на очните мускули

Цврсто затворете ги двете очи, држете го во стисната положба и отворете ги

наеднаш, формираќи свод на веѓите и издолжувајќи го лицето. Повторете неколку

пати.

Погледнете нагоре што е можно подалеку и погледнете надолу од колку што е

можно подалеку, вдишете за нагоре и издишете за надолу. Почнете да трепкате

брзо десетина пати. Погледнете право и надалеку колку што можете, погледнете

лево и надалеку колку што можете и повторно почнете да трепкате брзо.

Погледнете во дијагонален правец нагоре на лево, надолу надесно, нагоре надесно,

надолу налево и трепкајте брзо. Ротирајте ги вашите очи во кругови, во наскока на

стрелките на часовникот и во обратна насока. Обидете се со отворени и затворени

очи.

Page 35: Sovrsen vid

35

ВЕЖБИ ЗА СОВРШЕН ВИД

Во оваа секција, ќе пронајдете околу 40 вежби кои ќе ви помогнат да го подобрите

видот.

Секако, вие ќе бидете во можност да правите 2 или 3 од нив во секоја 15 минутна

сесија, но јас вклучив многу различни вежби така што ќе можете да ја менувате

вашата рутина често колку што сакате и да не ви здосади.

Читајќи ги вежбите, вие ќе изградете неколку омилени.

Можеби најпрво ќе пронајдите некои вежби кои нема да ги

сакате, но после неколку недели или месеци подоцна тие

ќе ви бидат многу позабавни отколку на почетокот.

Вежбите се поделени на 3 различни категории...

1. Таканаречено “криење во дланките” – си зедов дозвола во книгава да го

спомнувам и под поимот палмирање (palm- дланка). Ова е потполно битен и

неопходен елемент на очната заздравувачка рутина. Вие мора да вклучите и

дел од тоа “криење” во вашата 15 минутна сесија.

2. Тренинг на очните мускули. Тоа може да бидат едноставни вежби за ‘очна

гимнастика’ или “фокусирачки тренинг” вежби.

3. Други вежби. Оваа секција содржи неколку вежби кои не се однесуваат на

очите, туку на некој друг дел од телото. НЕ ги игнорирајте овие вежби само

затоа што не се однесуваат специјално за очите. СЕКОЈА вежба во оваа

книга ќе ви помогне да го подобрите видот до некој степен.

Експериментирајте со вашата рутина. Запомнете, сега се грижите за самите себеси

и сте на ваша одговорност. Јас ви ги давам упатствата, но вие треба да одлучите

како ќе ги користите.

Користете го вашиот здрав разум и интуиција. Дозволете вашете тело и вашите очи

да ви кажат што да направите во понатамошниот напредок низ авантурата за

природната корекција на видот.

Еве неколку упатства кои ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од вашите

сесии...

Page 36: Sovrsen vid

36

1. РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ!

Релаксацијата е клучот на бистриот јасен вид. Колку повеќе научете да ги

релаксирате очните мускули, толку подобро ќе гледате. Тоа исто така важи и за

остатокот од телото, бидејќи секој дел од телото е поврзан со друг дел

на некој начин.

Секој вид на напор на вашето тело или очите само ќе го влоши вашиот

вид, затоа бидете сигурни дека НЕМА да ги напрегате очите за време

на вежбите.

2. ДИШЕЊЕ

Длабокото, смирено и нормално дишење е еден од клучевите за одлично здравје.

Лесното и целосно дишење ви помага да се опуштите и да ја исполнете вашата крв

со животворен кислород. Кислородот е НАЈВАЖНОТО нешто што ни е потребно.

Ние можеме да издржеме недели или месеци без храна, денови без вода, но само

неколку секунди без кислород.

Запомнете да го одржувате дишењето додека ги правите вежбите. Не го

задржувајте здивот освен ако вежбата го бара тоа од вас.

3. ОДРЖУВАЈТЕ ВЕДРИНА И ЗАБАВА

Правете ги вашите сесии со забава и ведро срце, а не како должност или некаков

режим.

Вашиот мозок има чудесна моќ да влијае врз телото. Ако почнете да го гледате

вашите дневни сесии како секојдневна домашна работа, како нешто здодевно,

тешко или непријатно, вашиот мозок ќе се сврти против вас. Не само што ќе

направи да заборавите на вежбите, туку ќе ги најде сите можни начини за

попречување на вашето заздравување, креирање напнатост и напрегнатост.

4. САКАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ОЧИ

Додека ги правите вежбите, најдобар момент е да научите да ги сакате вашите очи.

Поголемиот дел од нас со слаб вид почнуваат да се чувствуваат лошо поради очите.

Со тоа само го повредувате видот, не му помагате.

Помислете за момент, што сé очите прават за вас, колку тешко работат и кое

задоволство ви го носат.

Page 37: Sovrsen vid

37

Почитувајте ги очите. Замислете дека тие имаат свој сопствен

живот (кој и го имаат). Зборувајте со нив и кажете им колку ги

сакате. Замислете како ги прегнувате и бакнувате. Ова секако ќе ви

звучи многу глупаво и смешно, но ви ветувам ако го правите тоа со

автентичност очите ќе реагираат и ќе ви одговорат давајќи ви

подобар вид.

5. ПРАВЕТЕ ПАУЗА КОГА Е ПОТРЕБНО

Не ги присилувајте очите! Ако тие се уморни, ако ве чешаат, ако се црвени, болни

итн. направете пауза. Пропуштете сесија или две и едноставно одморете ги очите.

Правете ги вежбите кога се чувствувате енергично, а не кога сте истоштени.

Вежбата не се состои од градење и зајакнување на мускулот, туку од мирувачка

фаза. Вашите мускули треба да одморат после нивната работа. Ако не одморат тие

нема да станат посилни.

Една опомена... бидете внимателни за тоа дека вашиот мозок нема да го користи

ова како изговор за да ги прескокне сесиите и кога вашите очи се сосема во ред!

6. ИЗБЕГНЕТЕ АНАЛИЗА

Како и сите рутински вежби, треба да ги правите за ја почувствувате разликата, а

не да ги анализирате. Не се задржувајте на деталите. Вие не треба да го правите тоа

перфектно за да добиете бенефиција. Едноставно почувствувајте го концептот и

‘чувството’ на техниката и правете го тоа колку што можете подобро. После кратко

време вие ќе бидете во можност да почувствувате како вежбата навистина им

помага на очите, па дури и ќе се адаптирате на вежбите за подобро да ви одговараат

на вашиот стил и способност.

7. РАЗМИСЛУВАЈТЕ СО ОТВОРЕН УМ

Разумот е како падобран... функционира само кога е отворен.

Некои од вежбите може да ви се чинат малку необични. Можно е

да не сфатите која е нивната корист за видот, но тоа не е важно.

Само одржувајте го здравиот и отворен разум и одлучете да му верувате на

процесот. Некои од вежбите биле користени од многу различни култури стотици па

дури и илјадници години. Тие ФУНКЦИОНИРААТ!

8. ИЗВАДЕТЕ ГИ ОЧИЛАТА

Page 38: Sovrsen vid

38

Секогаш, секогаш и СЕКОГАШ вадете ги очилата или леќите пред да ја започнете

15 минутната сесија.

Ако ги правите вежбите во некој одвоен момент од текот на денот, запомнете

најпрво да ги извадете очилата. Ако носите леќи тоа може да не биде возможно, па

затоа користете ја вашата добра пресуда.

9. СОЛЗИ

Ако очите почнуваат да се насолзуваат за време на вежбите или во текот на денот,

тоа е ДОБРО!

Солзите се природни очни капки. Тие ги прочистуваат

и исчистуваат очите и содржат телесни природни

хемикалии, многу за од кои науката веројатно нема

откриено сеуште.

10. ВИЗУАЛИЗАЦИЈА

Редовно, низ целиот ден замислете се себеси со совршен вид. Колку посилна и

почиста ќе биде сликата што ќе ја замислите, гледајќи појасно, толку помоќен ќе

биде ефектот.

Запомнете, мозокот има неверојатна моќ да делува врз телото. Ако продолжете да

го хранете мозокот со сликата што ја сакате, тој ќе почне да функционира за да ја

оствари таа слика. Не го потценувајте ова, тоа е многу, многу делотворно.

Во ред, спремни сме...

...сега одиме на вежбите

Page 39: Sovrsen vid

39

КРИЕЊЕ ВО ДЛАНКИТЕ- ПАЛМИРАЊЕ

Ова криење е дефинитивно една од најважните вежби која можете да ја правите за

да го подобрете видот. Всушност криењето во дланките не е вежба туку повеќе е

нешто друго. Ќе ви објаснам...

Ова таканаречено криење во дланките било преразотриено од William H. Bates,

M.D. во раните 90-ти.

Пред тоа, древните индијски јога инструктори и кинеските таоисти ја практикувале

оваа техника неколку илјадници години. Тие ги “криеле” очите како еден вид

медитација или внатрешна визуализација и релаксација.

Што значи криењето во дланките?

Многу едноставно, палмирањето е едноставна постапка на нежно покривање на

очите со двете дланки, блокирајќи ја светлината колку што е можно повеќе.

Постојат неколку варијации од оваа техника кои ќе ги откриеме за момент, но прво,

како ова функционира за подобрувањето на очите?

Физичко обајсанување

Криењето во дланките е еден од најважните методи за релаксирање на очните

мускули и очните нерви. Потсетете се на поглавието, како очите работат и зошто

престануваат да функционираат како што треба?

Кога очните мускули се под притисок или се напрегаат, кога се мрзливи или кога

не се форма, тоа влијае врз очите. Тие исто делуваат и врз зениците во очите и на

видот.

Секој бодибилдер, професионален атлетичар, тренер или

физиотерапевт ќе ви каже дека еден од најважните аспекти на

мускулатурната состојба е релаксираноста. Кога мускулите се

опуштени тие почнуваат да функционираат како што е предвидено,

со врвна изведба.

Но што значи сето ова за вас? Едноставно...

... повеќе релексирани очи= подобар вид!

Page 40: Sovrsen vid

40

Метафизичко образложение

Стручњаците кажуваат дека ‘преголемото надворешно загледување во сите

возбудливи и во постојано движење предмети ја нарушуваат внатрешната

рамнотежа на ‘спиритуалното трето око’

Физичките очи и мозокот стануваат заматени, збунети и вознемирени како матна

река.

Криењето во дланките го успокојува мозокот, емоциите, духот и телото. Тоа

овозможува внатрешниот и надворешниот дел од очите да се приспособи на

квалитетите на чистиот, тивок и мирен базен со вода.

Кога мозокот и емоциите ви се спокојни, вашите очи може да се фокусираат на

надворешниот свет со бистрина и интуиција.

“Црно” образложение

Според Др. Bates “Совршената темнина која е воочена укажува дека мозокот е

сосема релаксиран.

Кога ќе ја развиете моќта на “помнење и визуализирање темнина” вашиот ум и

разум се во мирување и се опуштаат истовремено, а вашиот вид зајакнува

грандиозно.

Вашата маестралност за помнењето да гледате темно оди после релаксацијата. Тоа

ви овозможува да ги гледате буквите многу потемни на страницата, на тој начин

правејќи ги изострени и послесни за читање.

Вашата потсвестна меморија на “совршена темнина” се пренесува во мозокот кога

вашите очи се отворени, давајќи ви висок степен на визуелна бистрина и сила.

Според тоа, вашиот вид може да се подобри веднаш, ако вашата меморија и

психичката слика на “совршената темнина” е визуализирана и задржана во

сеќавање.”

Енергично образложение

Како додаток на овој смирувачки ефект, многу веруваат дека за време на криењето

во дланките, заздравувачката енергија поминува од дланките на рацете до очите.

Ако сте чувствителна личност и ако се релаксирате и сконцентрирувате само

малку, вие всушност ќе бидете во можност да го почувствувате тој настан, па дури

и ќе можете да го зголемите тој ефект користејќи ја својата намера и имагинација.

Ќе откриете дека вие можете да ја “извлечете” енергијата од вашите дланки со

очите, или намерно да ја испратете таа оздравувачка енергија од дланките до очите.

Page 41: Sovrsen vid

41

Понекогаш оваа енергија делува топло и релаксирачки, понекогаш малку ладно и

бодликаво, понекогаш делува експанзивно и со магнетно својство.

Впрочем, доста е интересно да си играте со оваа енергија, откако еднаш ќе ја

препознаете. Тогаш овие сесии ќе ви постанат една возбудлива авантура, подобро

отколку некои вежби кои ги правите за подобрување на видот.

Во стварност и не е толку важно кои од овие образложенија се точни или можеби и

сите од нив се. Фактот е дека таканареченото криење во дланките

ФУНКЦИОНИРА.

И многу повеќе од тоа... ова може да биде ЕДИНСТВЕНАТА НАЈВАЖНА ВЕЖБА

КОЈА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА СИ ГО ВРАТИТЕ ВИДОТ ПОВТОРНО.

Во ред, дали е доволно јасно?

Совети и техники за подобрување на ефективноста на криењето во дланките

Клучот овде е релаксацијата. Додека ја изведувате оваа вежба, вие мора да се

опуштите физички и психички. Вашите очи не можат комплетно да се релаксираат

кога мозокот или телото се исполнети со стрес и напнатост.

Дишете бавно, рамномерно и природно. Не го форсирајте здивот. Вдишете и

издишете. Дозволете да се исполнат белите дробови, а потоа и да се испразнат. Без

напор.

Визуализирајте црно кадифе. Иако со дланките ја блокирате светлината, вие

може да ја направите вежбата повеќе ефективна со тоа што ќе ја замислите црната

боја. Повеќе луѓе пронаоѓаат лесен начин замислувајќи нешто црно, на пример

многу темна кутија со црти на црно кадифе.

Колку потемна е црната боја што ќе ја замислите, толку повеќе видот е во

подобрување.

Протриете ги рацете меѓусебно. Пред да започнете со вежбата протриете ги

рацете заедно околу 10-20 секунди многу силно и енергично. Ова е техника е

користена од страна на енергетските исцелители со цел да ја доведат енергијата во

дланките, кои подоцна ќе ги ставите на лицето.

Ако не верувате во ‘лекувачката енерија’ (се сеќавате кога зборувавме за

отворениот ум и разум?) тогаш сфатете го тоа како придобивање на топлина во

дланките која делува угодно на очите и им помага повеќе да се опуштат.

Page 42: Sovrsen vid

42

Вие може да го направите тоа и поефикасно, користејќи ја вашата замисла и

фантазија за да им испратите на дланките заздравувачка енергија кога ќе ги триете

меѓусебно.

Најдете позиција каде ќе се чувствувате опуштено. Можете да правите вежбата

со лактовите потпрени на бутовите или пак на маса. Исто така може да поставите

перниче под лактовите и за двете позиции. Поткрепувањето на лактовите ви

овозможува да се чувствувате порелаксирано.

Пректикувајте го ова криење во дланките како дел од вашата 15 минутна

рутина, СЕКОЈ ДЕН. Треба да ја правите вежбата барем 5 од тие 15 минути.

Еднаш кога ќе почнете да го правите ова и ќе ги забележите бенифиците односно

користа од сето ова, вие ќе посакате да продолжите понатаму да ja правите вежбата

што почесто. Затоа почнете да се навикнувате на оваа вежба и правете ја повеќе

пати дневно, секокаш кока ќе одвоите неколку минути.

За разлика од некои очни вежби, оваа вежба не ги заморува очите и очните мускули

па затоа нема да претерате колку и да ја правите. Можете да палмирате со часови

дневно ако навистина сакате, тоа нема да им наштети на очите, единствено ќе им

помогне.

Page 43: Sovrsen vid

43

Преглед на криењето во дланките

Правете ја вежбата барем 5 минити дневно.

Најпрво, протирете ги рацете меѓусебно енергично и силно се додека не

станат жешки.

Доближете ги дланките и ставете ги врз затворените очи.

Опуштете се целосно, особено очните мускули, веѓите, јазикот, лицето,

вилицата, забите, вратот и рамениците.

Сега опуштете ги мислите! Заборавете на грижите. Кажете му на мозокот

дека сте во спогодба со останатите делови од телото на 5 минути и да ве

остави на мира. Мозокот нема да се противи на тоа бидејќи е навикнат да

оддолжува.

Гледајте црно. Замислете црно кадифе.

Почувствувајте ја исцелителната енергија како од дланките поминува во

очите.

Ветете дека очите ќе ви заздрават ако го правите тоа и дека ќе ви се врати

совршениот вид.

Дишете потполно и слободно за време на вежбата.

Читајте ја оваа страна одвреме навреме, за да бидете сигурни дека криењето во

дланките е поефективно колку што е можно повеќе.

Во ред, одиме. Еве неколку специјализирани техники од оваа вежба кои ќе ви

овозможат мала разновидност од основата на вежбата.

Page 44: Sovrsen vid

44

Тајната на техниката “Црна Топка” за криење во дланките

Додека ја правите вежбата, кога ја замислувате позадината што е можно поцрна,

замислете многу црн глобус или топка наспроти таа позадина.

Што забележувате?

Вие ќе видите нешто многу поцрно од позадината.

Оставете ја позадината и сконцентрирајте се на Црната Топка која ќе се рашири се

додека и самата не постане позадина.

Сега замислете ја Црната Топка, многу поцрна, на новата позадина.

Повторно напуштете ја позадината и дозволете таа топка уште да се прошири и да

постане нова позадина.

Продолжете со повторување на оваа вежба се додека не добиете позадина толку

црна што веќе не може да се замисли црната топка уште потемна.

Page 45: Sovrsen vid

45

“Зелено” криење во дланките

Мајсторите Таоисти не подучуваат дека “зеленото” е поврзано со црниот дроб и со

очите.

Зелените зеленчуци и природните зелени бои- дрвјата, тревата

итн., помагаат при лекувањето на црниот дроб и очите.

Затоа како пријатна алтернатива на “црното” криење во дланките

обидете се да ја визуализирате зелената боја за време на вежбата.

Page 46: Sovrsen vid

46

Јога палмирање

Јога инструкторите од Индија откриле дека извршувањето на оваа вежба во

клекната фетална положба или седната фетална положба е порелаксирачки и

полековито отколку во седечка исправена положба.

Клекната фетална положба

Додека клечите во фетална положба донесете ја главата поблиску до подот пред

колената со дланките ставени врз очите. Држете ги дланките на јаболчниците од

лицето а прстите прекрстени преку челото. Не заборавајте дека дланките не треба

да ги допираат очните јаболкца.

Седната фетална положба

Оваа позиција не е толку добра ако не сtе удобно наместени (како што не сум и

јас). Азијците настојуваат да најдат начин како полесно да го направат тоа, како

што е седење на природен начин за да се одморат, во многу делови од Азија. Таа

природна положба е многу поволна за релаксација, медитација и палмирање ако ја

правите комотно и удобно.

Клекнете долу со стапалата одвоени околу 20 сантиметри од подот. Ставете ги

рацете на колената а потоа ставете ги дланките врз очите.

Опуштете се во оваа позиција колку што можете повеќе!

Page 47: Sovrsen vid

47

Палмирање со отворени очи

Ја сакам оваа вежба, бидејќи ми е интересно кога ја чувстувам енергијата од

дланките како си игра со очите, а кога се очите отворени таа се чувствува многу

посилно.

Како и да е, една од главните причини за палмирање е очите да ја доживеат

темнината, па ако го вршите палмирањето со отворени очи треба да се уверите

себеси дека сте во темна соба.

Ако имате соба без прозорци, вие можете да направете целосна темнина, толку

темна што дури и не може да се види прст пред око. Тоа е најдобро место за оваа

вежба.

Page 48: Sovrsen vid

48

Вежби за очните мускули и фокусирањето

Следење/Изострување

Изострувањето им помага на очите да ја вратат природната способност за

фокусирање врз жолтата дамка- место на најостриот вид.

Жолтата дамка се наоѓа во центарот на мрежницата каде што се фокуираат

дојдовните зраци од светлината. Таа е многу важна и е одговорна за:

тоа што го гледаме право пред нас

видот потребен за детелизирани активности како што се читањето и

пишувањето

нашата способност да ги распознаваме боите

Како што вежбате изострување, објектите ќе почнат да стануваат појасни и почисти

за вас.

Следењето е многу едноставен концепт кој ќе биде еднинствен што ќе уживате да

го правите, постанувајќи за многу брзо време добри во тој концепт.

Идејата е да одберете објект, а потоа да ја движите очната леќа (фокусот) околу

рабовите на објектот. Најпрво движете ги очите бавно околу објектот гледајќи го

секој дел од работ. Подоцна како што се подобрувате можете да се движите побрзо.

Објектот може да биде било што, некоја планина во далечината, дрво во паркот,

лицето на саканиот/саканата, една буква од страницата, дури и малечка точка.

Колку подолго можете да ги следите надворешните црти на објектот или сликата

толку подобро.

Подобрете го гледањето на далечина

Извршете ‘следење’ или ‘изострување’ со очите околу некоја слика или

голема буква од некој знак кој можете да го видете јасно. Направете го

тоа на далечина од околу 5-10 метри.

Page 49: Sovrsen vid

49

Практикувајте кога шетате надвор да ги следите со погледот нагоре и надолу

зградите, билбордите, сообрајќајните знаци на магистралните патишта. Понатаму

фрлете поглед на рабовите на рамките од прозорците, куќите, дрвјата. Користете ја

имагинацијата.

Page 50: Sovrsen vid

50

Обидете се со ова. Користете го носот како фокусна точка при изострувањето. Тоа

значи да ги следите следите главните црти на објектот со носот следејќи ги со

очите од крај до крај. Ова помага во опуштањето на вашата глава и врат, што е

важно и ги спречува очите од зјапање со вкочанет поглед.

Тоа е лесно, само насочете го носот кон објектот што ќе го изберете и движете го

врвот од носот покрај неговите рабови.

Алтернативно, држете ја главате поптолно мирно и следете ги рабовите движејќи

ги очите САМО околу објектот. Со ова се додава димензија правејќи ги очните

мускули да поработат малку, што е одлично.

Обидете се со двете верзии на вежбите и почуствувајте ја разликата.

Подобрете го гледањето наблиску.

Следете букви на печатена страница. Секоја недела обидувајте се да

препознаете што помали и помали букви, се додека можете да ги прочитате

најмалите букви чисто и лесно.

МНОГУ ВАЖНО...

...затворете ги очите на неколку моменти после следењето на секој објект. Тоа им

дава време да се релаксираат, избегнувајќи очен напор и во огромна мера се

подобруваат резултатите.

Дури и подобро кога палмирате со затворени очи.

Запомнете, треба да дишете длабоко и лесно за време на следењето.

Иницијално, вие можете да ја изградите оваа вежба во 15 минутна дневна рутина.

Еднаш кога ќе почувствувате удобност во тоа и ќе се чувстувате добро кога го

правите, вие ќе се пронајдете себеси како вежбањето “следење” ќе ви постане

забавна ‘навика’ се повеќе и повеќе низ целиот ден. Секогаш кога ќе одвоите

неколку моменти, кога не треба да се концентрирате на нешто определено,

направете го тоа следење.

Page 51: Sovrsen vid

51

Практикувајте на темно! Дури и кога е темно и кога не можете да видете ништо,

вие сеуште може да ја практикувате оваа вежба, со што ќе ги приспособите очите

за гледање во темно. Дури и со затворени очи. Едноставо замислете психичка слика

на објектот или некоја омилена слика и направете го следењето.

Page 52: Sovrsen vid

52

Тибетанска Очна Периферна Техника

Периферен вид значи гледање надвор од опсегот на очите.

Во примитивните времиња периферниот вид бил неверојатно значаен... ако не го

видите остро-забиот тигар кој ви приоѓа со аголот од окото, ќе завршете како неков

ручек!

Во денешно време, ние прилично многу ја губиме способноста за користење на

нашиот периферен вид, како што нашето модерно општество не охрабрува на

“ограничување на фокусот” вперувајќи поглед само право пред нас (обично во

телевизорот!). За жал, за очите, применувањето на периферниот вид е всушност

многу важно за нивното одржување во здрава форма.

Покрај подобрувањето на видот, поседувањето остар периферен вид ќе ви донесе

многу други бенифиции во животот. Тоа всушност го зголемува вашето генерално

сознание на она што се случува околу вас- со што ќе откриете повеќе од животот.

Кои било и да се вашите цели во животот, бидете сигурни дека здобивањето со

повеќе свест ќе направи чудо за вашиот успех. Тоа не е само метафора...

отворањето на опсегот на видот привидно има ефект врз отворањето на разумот,

дозволувајќи ви да ги видете поволностите за кои не сте знаеле дека постојат

околку вас, претходно.

Еве како да го направите тоа...

1 чекор: Земете пенкало/молив/стапче (или некој сличен предмет) во двете раце и

држете ги на околу 30 сантиметри пред очите.

2 чекор: Вперете го погледот во пенкалата на “далечина” без директно гледање во

нив. Обидете се да ги видите со вашиот “Периферен Вид”. Не гледајте директно во

пенкалата.

Page 53: Sovrsen vid

53

3 чекор: Движете го секое пенкало б-а-в-н-о на двете страни од очите, колку што е

можно подалеку гледајќи го периферно. Повторувајте го ова нанапред-настрана

движење околу 10 пати.

4 чекор: Следно, движете ги пенкалата со десната рака во нагорен правец а со

левата во надолен, 10 пати.

5 чекор: Следно, движете ги пенкалата со десната рака во нагорен дијагонален

правец, а со левата во дијагонален надолен, 10 пати.

6 чекор: Наредно, држете ги пенкалата на 30 сантиметри пред очите и замислете

круг од околу две или три стапки во дијаметар (60-90 сантиметри) од пред очите до

двете страни од очите. Извршете кружење во насока на стрелките на часовникот и

во обратна насока од стрелките на часовникот.

Забелешки

Не се оптоварувајте со тоа што значи дијагонално нагоре, надолу, внатре,надвор

итн. Сигурен сум дека ќе ја сфатите идејата. Чувствувајте се слободно при

експериментирањето и пристапете со свои движења. Идеата е да го примените

периферниот вид околу себеси.

Една работа што ја пронајдов како интересна за време на вежбата беше тоа што

кога ги ширев рацете се пошироко и пошироко гледав како пенкалото исчезнува од

видот. Отпочеток можев да ја правам вежбата на околу 120 степени- но тоа не беше

толку добро. Со самото вежбање потоа открив дека можам преку 180 степени. Сега

сеуште работам на 360, после тоа навистина ќе имам “очи и на задниот дел од

главата” хехехе!

Држете ги очите гледајќи право нанапред во сите 6 чекори.

Ако забележите дека вашиот фокус го следи на некое пенкало за време на вежбата

не си создавајте поголема потешкотија себеси, само вратете го факусот назад во

Page 54: Sovrsen vid

54

определеното растојание пред вас, и употребете го “периферниот” вид за да го

пронајдете предметот повторно.

Page 55: Sovrsen vid

55

Вежба за Хиндуската јога на акомодација (приспособување)

Се сеќавате кога зборуваме за акомодацијата во одделот “како функционираат

очите”? Оваа вежба е одлична за увежбување на очните цилијарни мускули да

бидат одговорни за очната акомодација.

Акомодираните очи мускули, иско како и другите мускули од телото, стануваат

послаби преку времено, не како резултат дека стареете туку дека тие не се во

употреба.

На мускулите им се потребни вежби, а очните мускули не се поразлични во овој

аспект од другите мускули во телото. Вежбањето ја зголемува циркулацијата на

крвта, оксигенацијата, отстранувањето на токсините (отровните материи), ја

подобрува еластичноста и флексибилноста и уште еден куп други корисни работи...

Профит: подобар вид!

Како да го направите тоа

Најдобро е да ја правите вежбата надвор, или барем во добро осветлена соба,

додека гледате кон прозорецот.

Прв чекор: Одберете еден оддалечен објект на околу 5-10 или повеќе метри

растојание. Тоа може да биде дрво, автомобил, зграда... Се што ќе може да го

видите лесно. Ова е вашиот ‘вид на оддалечен објект’.

Втор чекор: Напишете неколку црни букви, доволно големи за да можете да ги

видете јасно, на мала карта или на парче хартија и земете ја во раката.

Трет чекор: Држете ја картата на очно ниво и со испружени раце (или на било кој

начин со што ќе гледате јасно).

Page 56: Sovrsen vid

56

Четврти чекор: Гледајте во вашиот оддалечен објект и обидете се да го видите

јасно на неколку секунди. Сега, вратете го погледот кон буквите на картата и

обидете се да ги видете буквите јасно на неколку секунди. Направете го ова 3 пати,

напред и назад т.е. блиску, далеку, блиску, далеку, блиску, далеку.

Петти чекор: Кога буквите на каратата ќе станат полесни за читање, доближете ја

поблиску до очите и повторете го четвртиот чекор (3 блиску, 3 далеку)

Шести чекор: Продолжете со оваа рутина, придвижувајќи ја картата поблиску до

очите секој пат, се додека е доволно, додека вашите очи не се изморат и се додека

хартијата е преблиску до очите така што не можете да ги видете повеќе буквите

доволно јасно, или се додека го достигнете времето резервирано за оваа сесија.

Забелешки

Кога започнав со моите очни рутини, едното око ми беше во полоша состојба од

другото. Очигледно, тоа е така со поголем број луѓе.

Се прилагодив кон оваа вежба правејќи ја само со едното око (користејќи парче

крпче или само покривајќи го едното око со раката)

Потоа извршив замена и ја повторив вежбата со другото око.

Потоа ја камплетирав вежбата правејќи ја со двете очи.

Открив дека правејќи ја вежбата на овој начин, побрзо се балансира видот и двете

очи стануваат повеќе или помалку еднакви по цврстина.

Еве еден мал пресврт на вежбата за подобрување на видот на далеку.

Во положба на постепено движење на картата се поблиску, напуштете го вашиот

вид од блискиот објект каде што е и како замена одберете објекти кои се подалеку

и подалеку од вашиот видно оддалечен објект. Секој пат уште по 5-10 метри

подалеку.

Page 57: Sovrsen vid

57

“Оттргнување и Тромбонирање”

Уште неколку повеќе ‘акомодативни’ вежби за очите

“Оттргнување”

1. Ставете ја левата дланка врз левото око.

2. Држете ја картата со испружени раце.

3. Доведете ја картата поблиску до десното око се додека не е на неколку

сантиметри од лицето. Не пребрзо и не пребавно со брзина со која ќе го

сконцентрирате фокусот кон буквите.

4. Оттргнете ја каратата ненадејно назад во положбата на испружената рака.

Направете го ова околу 10 пати.

Сега извршете замена на очите.

Десната рака врз десното око.

Картата во левата рака, движете ја кон левото око.

Направете го ова исто пати колку и предходно.

Сега направете ја вежбата со двете очи отворени.

“Тромбонирање”

1. Држете ја картата со испужена рака.

2. Полека придвижете ја на околу 10 сантиметри од вашето десно око.

3. Потоа полека придвижете ја наназад.

4. Придвижете ја на околу 15 сантиметри.

5. Повлечете наназад.

6. Придвижете ја на околу 20 сантиметри.

7. Повлечете наназад.

8. Продолжете со ова темпо се додека не дојдете до неколку

сантиметри од окото.

Page 58: Sovrsen vid

58

Направете ја вежбата три пати по ред со двете очи поеднинечно а потоа и

заедно.

Не работете премногу брзо. Движете ја картата со доволна брзина со која ќе

може да го задржете фокусот. Запомнете дека треба да се релаксирате и да

дишете лесно.

Забелешки

После применувањето на оваа вежба на неколку недели, променете ја брзината

на картата, понекогаш многу брзо, понекогаш многу бавно.

За да ја направите вежбата поинтересна, замислите како правите звук додека

свирите на тромбон.

Page 59: Sovrsen vid

59

Закрепнувачка вежба за далечинскиот вид

Оваа очна вежба била проучена за време на 1940-тите во Мичиген од страна на

двајца оптометричари Др. Ross и Др. Rhymer. Тие ја искористиле вежбата за да

постигнат доследни генијални резултати, продолжуваќи ја границата на

оддалечениот вид, особено за луѓе со миопија (кратковидност).

Ако сте далекувиден, не ја игнорирајте оваа вежба и покрај тоа. Таа сеуште

може да ви даде одличен очен напредок и присетете се која е целта на

телескопскиот вид кој ќе го имате?

Оваа вежба користи очен дијаграм (кликнете тука за повеќе информации), кој

може да го симните готов или сами да го направите. Ако немате ваков дијаграм

или сеуште немате направено, тогаш импровизирајте.

Како и сите вежби, вие не треба да обрнувате внимание на деталите, само

сфатете го концептот и “филингот” на оваа техника и адаптирајте ја кон вашиот

стил и способност.

Чекор 1: Застанете право, вдишете длабоко, дозволете вашите рамења и

стомакот да се опуштат. Селектирајте една од буквите во горниот ред на

табелата.

Чекор 2: Следете ги главните црти од одбраната буква со вашиот фокус, потоа

затворете го очите на неколку секунди и дополнително опуштете ги.

Чекор 3: Отворете ги очите и погледајте кон буквата повторно. Следно, ставете

го двете дланки преку очите и извршете палмирање визуализирајќи ја буквата

во мозокот околу 15 секунди. (ако го прескокнавте пасусот со палмирањето,

треба да се вратите и да го прочитате пред да ја направите оваа вежба)

Чекор 4: Отворете го очите со длабоко вдишување и издишување, забележувате

дека буквата станува потемна.

Page 60: Sovrsen vid

60

Чекор 5: Додека гледате во буквата, занишајте ја главата од една на друга

страна. Додека продолжувате со тоа занишување, п-о-п-о-л-е-к-а оддалечете се

од дијаграмот, заземајќи неколку мали чекори наназад. Кога ќе ја достигнете

точката кога буквите ви стануваат матни и нејасни за читање, ЗАСТАНЕТЕ!

Чекор 6: Во оваа точка, наведнете се нанапред и продолжете со тоа занишување

на главата, и повторно обидете се да ја прочитате буквата. Сега продолжете со

кратките чекори наназад. Повторно, додека имате наклоност наназад, ќе ја

преминете точката каде што не ќе можете да ја видете буквата јасно.

Чекор 7: Исправете се, приближете се до табелата со буквите и повторете ја

вежбата на следниот помал ред со букви од табелата. Повторувајте ја вежбата

се додека не стигнете до долните редови.

Забелешки:

Важно е да го опуштите целото тело за време на вежбата.

Физички и психички почувствувајте го релаксирањето на рамениците, вратот,

лицето, рацете и дланките. Олабавете ги виличните мускули. Направете ги

очите нежни и спокојни.

Page 61: Sovrsen vid

61

Техника “Моќен Поглед”

Everett Hughes ND, пишувајќи за Natural Health Guardian (Природен Чувар на

Здравјето) [Февруари 1958] рекол: “Носев очила со години, но после

применувањето на ваквите вежби од околу една година, оптометричарите ми

кажаа дека очилата не ми се повеќе потребни.”... доволно е кажано.

Оваа техника е брза и лесна и може да се прави во било кое време од денот кога

ќе одвоите момент и исто така може да ја вметните во вашата 15 минутна

рутина.

1. Затворете го цврсто едното око. Сега затворете го поцврсто. Притиснете го

уште посилно. (Првите пати почнете полека и полесно)

2. Сега заменете го другото око и повторете ја постапката.

3. Потоа со двете очи, загледајте се во некој објект право пред вас. Гледајте

непрекинато во него колку што можете. Ставете ја моќта на гледањето

позади погледот.

4. Потоа загледајте се подлабоко кон еден агол, но насочете се напред. Свртете

ги очите. Ставете го притисокот позади погледот.

5. Сега променете го погледот кон друг агол. Запомнете, не вртете ја главата.

6. Направете ја оваа вежба на сите агли од окото. Ако забележите некаква

болка, можете да внесете повеќе притисок во таа насока.

Забелешки:

Вежбата е многу едноставна но извонредно моќна. Од почеток правете ја со повеќе

леснотија. Прекувремено, ќе ви стане многу полесна за правење, но напочеток

може да почувствувате мала болка во очите.

После тоа запомнете да направите криење во дланките за да ги релаксирате очите.

Page 62: Sovrsen vid

62

Америчко- индијанска техника на телескопско гледање.

Edmund Shaftsbury, писател за здравствениот и човечки магнетизам од раните 1900-

ти години, напишал за првобитните амерички индијанци: “Америчките индијанци

се познати по тоа што ги имаат најострите очи на светот. Тие го имаат најблиското

нешто до “телескопскиот вид”. Тие можат да видат предмети на оддалечено

растојание за кои на просечната личност и е потребен телескоп. Еве една вежба

која е слична со оние кои Индијанците ги практикувале за чист, остар телескопски

вид.”

1. Фокусирајте ги очите на врвот од носот околу 6 секунди.

2. Следно, погледнете во некој предмет во близина и фрлете брз поглед на 6

метри во далечина, потоа 15, па 30 метри, 300 и завршете со гледање во

хоризонтот.

3. Полека обидете се да видете објект во хоризонтот колку што е можно

појасно.

4. Повторете ја оваа вежба неколку пати од 3 до 5 минути.

Page 63: Sovrsen vid

63

“Египетска техника Црна Точка”

Изгледа сите антички култури имале вежби кои им помагале на луѓето да го

задржат извонредниот вид. Еве неколку од летописите на Египетската историја.

Техниката Црна Точка ги форсира очните мускули да го фокусирате вашиот вид во

положба во која не може вообичаено да се фокусира. Ова помага во

преобликувањето и балансирањето на очните јаболкца, па затоа тоа може да

започне да функционира повторно како што е неговата природна намена.

Како да ја правите вежбата:

Нацртајте црна точка со големина колку една паричка на мала бела карта од

хартија. Ако сте далекувиден тогаш не го извршувајте првиот дел од техниката

Црна Точка. Направете го само вториот дел подолу.

1 дел

Држете ја картата пред очите до врвот на носот и вперете го погледот во црната

точка околу 30 секунди.

[Мора да гледате само една точка. Ако гледате две точки, тогаш тргнете ја картата

подалеку од носот се додека не се фокусирате на само една точка]

После 30 секунди тргнете ја картата полека од пред очи.

Затворете и одморете ги очите на неколку секунди.

Следно, позиционирајте ја картата на ниво на веѓите, што е можно поблиску до

главата и запомнете дека мора да гледате само една точка.

Повторно, вперете го погледот во точката околу 30 секунди, а потоа затворете ги и

одморете ги очите.

Page 64: Sovrsen vid

64

Запомнете, треба да дишите пополека, длабоко и природно за време на вежбата

2 дел

Држете ја главата свртена кон десната страна и придвижете ја црната точка до

десното рамо.

Вкочането гледајте во неа околу 30 секунди.

Затворете ги очите и одморете ги на неколку секунди.

Преместете ја точката до левото рамо и повторно вперете го погледот во неа за

околу 30 секунди.

Затворете и одморете ги очите.

Забелешки:

Обидете се да ја движите точката во различни положби и забележите какво е

чувството.

Page 65: Sovrsen vid

65

Египетска техника на зјапање во буквите

Повторно, оваа вежба им помага на очните мускули да се раздвижат на начин на

кој обично не се раздвижуваат. Ова помага да се преобликуваат и ребалансираат

очите- резултат... подобар вид.

За оваа вежба ќе ви треба добрата стара 3x2 картичка со една или две букви

испишани на неа. Буквите треба да се повеќе здебелени така да изберете поволен

фонт од вашата програма за уредување на текст, или пресечете неколку букви од

стар весник или магазин и залепете ги на картата.

Оваа техника ги извежбува неупотребуваните мускули на окото користејќи целосен

опсег на очно движење. Постојат 5 серии на тоа движење:

Правете ја секоја вежба по овој редослед:

Еднаш со левото око.

Потоа со десното.

И на крајот со двете очи

Кога вежбате со само едното око, ставете делче од ткаенина на другото око, или

едноставно покриете го со раката. Окото кое е покриено мора да е отворено за

време на вежбата, со што се овозможува очите да работат заедно.

Почнете со правење на секое движење 3 пати во секој правец. Секои две или три

седмици додавајте по една репетиција, додека не го достигнете максимумот од

шест.

Помеѓу секое движење, одморете ги очите на неколку секунди со тоа што ќе ги

затворите и ќе визуализирате како се релаксираат мускулите.

Мора да ја држите главата мирно за време на вежбата- движете ги само очите.

Page 66: Sovrsen vid

66

Одиме...

Прво движење:

Држете ја картата на растојание околу 30 сантиметри (12 инчи) пред очите.

Концентрирајте се на една од буквите, и држете ја буквата во фокусот додека ја

движите картата нагоре над очите, а потоа надолу под брадата.

Движете ја картата бавно и ДРЖЕТЕ ЈА ГЛАВАТА МИРНО- движете ги само

очите.

Второ движење:

Држете ја картата 30 сантиметри пред очите. Потоа преместете ја картата б-а-в-н-о

од левата на десната страна и потоа обратно секогаш држејќи ја буквата во

фокусот.

Трето движење:

Држете ја картата на растојание 30 сантиметри од лицето и движете ја во

дијагонална насока од десната горна страна кон левата долна и назад. Повторете ја

вежбата почнувајќи од долната десна страна кон горната лева и назад повторно.

Четврто движење:

Движете ја картата со големи кругови колку што ви е должината на рацете. Во

насока на стрелките на часовникот и спротивно од стрелките на часовникот.

Петто движење:

И повторно, држете ја картата 30 сантиметри од лицето и почнете да ја движите

рамномерно по кружна линија со дијаметар од 30 сантимерти (Сега вие нема да

земите линијар да мерите, но обидетесе да е што попрецизно). Повторно движете ја

картата во насока на стрелките на часовникот и во обратна насока.

Забелешки:

Дишете длабоко, природно и обидете се поретко да трепнувате. Обидете се да ја

Page 67: Sovrsen vid

67

видите буквата колку што е можно почисто, но истовремено не напрегнувајте ги

очите.

Page 68: Sovrsen vid

68

Современа египетска техника на зјапање во буквите

По применувањето на египетска техника на зјапање во буквите после еден месец,

вие можете да продолжете на посовремена и понапредна техника.

Се работи скоро за иста нормална вежба, но овојпат, ќе ја држите картата на

различно растојание од очите.

За подобрување на далечинскиот вид и совладување на кратковидноста (миопија),

држете ја картата 60-100 сантиметри подалеку. Потребно да ја врзете картата за

линијар или стапче за оваа вежба.

Буквите на картата мора да бидат доволно големи за да можете комотно да ги

гледате од растојанието. Како што вашиот вид ќе се подобрува вие можете

прогресивно да користите се помали и помали букви за да го продолжите

подобрувањето.

За подобрување на блискиот вид и совладување на далековидноста (презбиопија)

едноставно извршувајте ја вежбата држејќи ја картата помалку од 30 сантиметри од

очите. Повторно, може да користите се помали и помали букви кога вашите очи ќе

стануваат се подобри и подобри.

Забелешки:

Одберете големина на буквите со која може јасно да ги гледате на определената

дистанца.

Одберете време за вежбање на телескопсиот или микроскопскиот вид.

Подобрувањето од околу неколку сантиметри неделно е сосема доволно или

месечно, во зависност.

Секој човек е различен. Не се брзајте. Дозволете очите да ви бидат ваш водич.

Page 69: Sovrsen vid

69

Ориентална “Yang Eye” техника на зјапање во свеќата

Оваа моќна техника била проучувана и практикувана на Истокот неколку

илјадници години. Според древните текстови, оваа техника ќе ви даде “огнени

магнетски очи” и ќе ви овозможи “да го видите секого без плашливост и

срамежливост”

Звучи добро, нели? Еве уште нешто...

Техниката Yang Eye не само што го подобрува видот, туку исто така ги

ублажува многуте очни проблеми и подоцнежните заболувања во

телото. Белката во очите станува почиста, полна со сјај и блескава

светлина.

Во ред, да видиме како се прави!

1. Запалете свеќа, седнете пред неа, и поставете ја на ниво на должината на

рацете и пред очите.

2. Постојано држете го погледот вперен во свеќата и обидете се да не трепкате.

3. Дишете природно, останете релаксирани и продолжете постојано да гледате

во свеќата притоа без да го движите телото.

4. Обидете се воопшто да не трепнувате и да не ги мрдате очните капаци.

Според стручњаците Таоисти, помалку движење предизвикува повеќе магнетна

моќ и контрола во очите и во целокупниот нервен систем.

После некое време, очите можно е да ви почнат да солзат- тоа е ДОБРО! Чувајте ги

отворени и дозволете солзите да се истркалаат надолу по образите. Ако можете,

отворете ги очите пошироко како што ќе течат солзите.

Отприлика на секоја минута, затворете ги очите и избројте до десет, потоа отворете

ги и продолжете со зјапањето во свеќата, без трепкање.

Завршете ја вежбата со затворање на очите и палмирање за време од неколку

минути.

Page 70: Sovrsen vid

70

Јога зјапање во сонцето

Дали сакате...

Привлечно здрави очи?

Стабилен моќен поглед?

Способност за приоѓање на сите животни ситуации без страв?

Како одлична вежба за заздравување на очите, древните јогисти

ја користеле техниката “Yoga Sun Gazing” ( Јога зјапање во

сонцето) како дневна медитација за влевање во телото, мозокот

и духот оздравувачка сончева светлина и моќ.

Оваа вежба исто така помага во релаксирањето и намалувањето на стресот и

тензијата во мозокот и очите.

Како се прави

Излезете надвор на ИЗГРЕЈСОНЦЕ или ЗАЈДИСОНЦЕ кога сонцето е црвено или

портокалово. НЕ ПРАВЕТЕ ЈА ВЕЖБАТА СРЕД БЕЛ ДЕН КОГА СОЦЕТО Е

ПОЛНО НАД НЕБОТО.

Отворете ги широко очите и погледајте во сонцето. Земете неколку длабоки но

мирни вдишувања.

Почувствувајте ја сончевата енергија како доаѓа до вашите очи и паѓа надолу до

стомакот, ако не можете да го почувствувате тоа, само замислете го.

После вежбата нежно покријте ги очите со вашите дланки на неколку минути и за

тоа време визуализирајте црно кадифе.

Забелешки:

Ако живеете во област каде што може да го гледате изгрејсонцето постојано, тогаш

претворете ја оваа техника во ваша вообичаена секојдневна вежба која патем е

неверојатно моќна. Ако во случај не го гледате изгрејсонцето и зајдисонцето

доволно често, тогаш запомнете ја оваа вежба и правете ја секогаш кога ќе можете

Page 71: Sovrsen vid

71

и кога ќе ви се пружи шанса.

Page 72: Sovrsen vid

72

Очна техника “Kriya Yoga Tratak” - лековити солзи

Солзите креирани од оваа вежба се многу посебни. Тие ќе ги олеснат и прочистат

очите и ќе ги отстранат токсичните остатоци и загадувањето од секојдневниот

живот. Тие содржат извонредни исцелителни својства кои се сеуште непознати за

западната наука за медицина.

Како се прави

Ставете црна точка на мало парче празна бела хартија или 3x5 карта, и фиксирајте

го на ѕидот во ниво на очите. Ако сте кратковиден направете ја точката со големина

на пинг-понг топче, а ако сте далекувиден направете ја точката мала и фина.

Застанете 1 метар од ѕидот.

Најпрво, треба да ги привикнете очите да се движат за потребите на вежбата. Не

мрдајте ја главата додека го правите овој очен аеробик!

Трепкајте многу брзо и колку што е можно понапорно 20 пати.

Отворете ги широко очите и погледнете горе кун врвот на главата а потоа долу кон

брадата.

Погледнете подалеку на лево, а потоа и на десно.

Потоа погледнете дијагонално на сите 4 агли од очите.

Следно опишете со очите една голема кружница, двапати бавно, еднаш брзо.

Направете го тоа во насока на стрелките на часовникот и обратно.

Поставете го палецот на 30 сантиметри пред вас и фокусирајте се на него. Потоа

свртете го погледот кон ѕидот за момент, и повторно назад. Направете го тоа 10

пати.

Во ред, сега е добро време за малку палмирање.

Следно, отворете ги очите што пошироко и вперете го погледот кон точката.

НЕ ТРЕПКАЈТЕ ИЛИ МИЖУРКАЈТЕ. Чувајте ги очите широко отворени. Држете

ја главата потполно мирно.

Page 73: Sovrsen vid

73

Најпрво ова ќе ви биде тешко, а нагонот за трепкање ќе ви биде тешко да го

контролирате, но после кратко време вие ќе бидете способни да ја правите цела

вежба без ниту еднаш трепкање.

Продолжете да гледате во точката, без трепкање, мижуркање или движење на

главата, се додека не почувствувате боцкање, штипкање, чешање или безначајна

врела сензација во очите. Овие чувства се познати како Kriyas (Кријас) од јогистите

и тие се знак дека вашите очи и очниот нерв се регенерирани и заздравени.

Понекогаш чувствата се доста неудобни и е навистина тешко да ги чувате очите

отворени, но дадете се од себе за да ги задржете што е можно пошироко.

Набрзо потоа откако ќе започнат сензациите од очите ќе почнат да ви течат солзи.

Откако ќе започнат да ви течат солзите, затворете ги очите и допуштете тие да се

апсорбираат.

Кога солзите ќе се апсорбираат во очите (10- 20 секунди), избришете ги очите со

некакво марамче, палома или пешкирче и потоа повторно вперете го погледот во

точката се додека повторно не се вратат солзите.

Правете ја оваа рутина барем 4 пати во текот на секоја сесија. Обидете се да

останете релаксирани и смирени за време на вежбата, не ги присилувајте или

напрегајте вашите очи- продолжете да дишите бавно и спокојно.

Забелешки:

Ако сте користеле хемиски капки за очите до сега, отсега оставете ги и правете ја

вежбава како замена... тоа е многу... многу подобро.

За време на деновите и седмиците поминати правејќи ја вежбата можно е да ви

треба се повеќе и повеќе време за да почнат солзите да течат. Тоа е одличен знак

што значи дека вашите очи заздравуваат!

Page 74: Sovrsen vid

74

Очна гимнастика

Како што треба да ги извежбувате мускулите во телото, исто така вие треба да ги

вежбате и вашите очни мускули ако сакате тие да останат здрави.

Вежбањето на мускулите ја подобрува нивната ефикасност и флексибилност, го

зголемува крвотокот така што очите добиваат повеќе исхрана и помага во

отстранувањето на истрошените и токсични соединенија кои се изградуваат во

клетките.

Прв дел

1. Свртете ги очите нагоре кон врвот на главата.

2. Свртете ги очите надолу кон долните заби.

3. Погледнете кон десниот агол од двете очи. Свртете ги очите на десната

страна.

4. Погледнете кон левиот агол од двете очи. Свртете ги очните јаболкца

налево.

5. Истркалајте ги очните јаболкца наоколу, во круг; погледнете нагоре,

надесно, налево, надолу. Погледајте кон секој агол, кон таванот и кон подот

од собата во која седите, без притоа да ја движите главата.

6. Погледнете кон врвот на носот; направете се за момент кривооки.

Втор дел

1. Затворете ги очите. Нежно притиснете ги очните јаболкца во нивната очна

шуплина со прстите, задржете така и избројте до 10. Отпуштете. Повторете

10 пати.

2. Затворете ги очите. Нежно ставете ги врвовите на прстите на очните

јаболкца и направете мали брзи кружења, БИДЕТЕ МНОГУ НЕЖНИ. Ќе

заклучите дека ова е многу релаксирачки.

Забелешки:

После овие очни гимнастики, уверете се дека ќе направите малку одмор со

палмирање.

Page 75: Sovrsen vid

75

Жешка и студена хидротерапија

Ова е веројатно најдобриот можен начин за зголемување на крвотокот во било кој

дел од телото. Ако постои некој дел од телото на кој му е потребно мало

заздравување, оваа техника ќе го зголеми вашето закрепнување за многу многу

пати.

Едноставно е, слично како гледање низ прсти. Земете го ова во предвид како

најдобра сочувана тајна за природно заздравување која некогаш сте ја научиле.

Идејата е многу едноставна за сваќање. Ако нанесете топлина на

некој дел од телото, крвните садови и капилари се отвораат и ја

доведуваат крвта до површината на кожата. Ако нанесете

студенило на делот од телото, крвта е подалеку од површината.

Ако комбинирате топло и ладно, крвта ќе циркулира првин нагоре па надолу (или

навнатре и нанадвор кој било аспект сакате да гледате).

Крвта носи кислород и храна до секоја клетка од телото и ги отстранува

потрошените продукти, токсините и загадувањата па клетката останува цврста,

чиста и здрава. Без добра крвна циркулација заздравувањето едноставно НЕ МОЖЕ

ДА ЗАВЗЕМЕ МЕСТО.

Ако ја правите соодветно, вежбата одзема 7 минути, што значи дека ќе ви ја

продолжи вашата 15 минутна рутина ако ја правите во целост. Ако немате време

тогаш намалете со повторувањата.

Но ако имате време и сте навистина обврзани да го забрзате враќањето на видот,

тогаш може да ја правите оваа вежба двапати дневно (наутро и навечер) и покрај

вашата 15 минутна рутина.

Како се прави

1. Подгответе 2 садови со вода, еден со топла вода, еден со ладна.

Page 76: Sovrsen vid

76

2. Искиснете парче ткаенина во секој сад.

3. Земете ја ткаенината од садот со топлата вода, исцедете ја за да не капи

насекаде (или може да ја правите вежбата во бањата) ставете ја на очите и

задржете ја 30 секунди.

4. Потоа вратете ја ткаенината назад во садот со топла вода.

5. Земете ја ткаенината од садот со ладна вода, исцедете ја малку и задржете ја

на очите околку 30 секунди.

6. Вратете ја назад во садот со топла вода и повторете го циклусот 7 пати ( 7

ладно и 7 топло)

Забелешки:

Колку е поголема разликата во температурата, толку е поголем крвотокот, но ќе ве

молам немојте да се изгорите себеси. Користете го вашиот здрав разум и изградете

го постепено додека користите многу жешка и камен ладна вода.

Ако се чувствувате доста храбро можете да се обидите да ја правите вежбата под

туш секое утро и секоја вечер, со што ќе му дадете на телото целосна

хидротераписка сесија!

Page 77: Sovrsen vid

77

Таоистичкиот “звук на црниот дроб” и очите

Древните Таоисти стручњаци биле прочуени по нивното чудесно здравје (и вид).

Тие верувале дека очите се поврзани со црниот дроб и секое исцелително дејство

на црниот дроб му помага и на очите.

Вие ќе прочитате повеќе за ова во секцијата за диети, но еве тука една вежба која го

користи “звукот на црниот дроб” за прочистување и успокојување на самиот црн

дроб.

1. Широко отворете ги очите.

2. Дишете пополека и постепено стискајте ги очите цврсто трепкајќи за околу

10- 15 секунди. Бавно издишете, правејќи го звукот “шшшш” додека широко

ги отворате очите.

3. Повторете од 3 до 6 пати.

Забелешки:

Не потценувајте ја едноставноста на оваа вежба, таа е неверојатно моќна.

Не мора да верувате во неа за да таа функционира. Ако се почувствувате засрамено

додека го правите звукот “шшшш” додека издишувате, тогаш направете го тивко во

себе или правете ја вежбата кога нема никој околу вас!

Page 78: Sovrsen vid

78

Таоистичка вежба за очите “тајната за долг живот”

Ова е тајна очна техника проучувана од Таоистите стручњаци кои моментално

живеат во планините на Кина. Овие стручњаци никогаш не го загубиле нивниот

вид и според кажувањата тие се стари преку сто години.

Стручњакот Da Liu, Таи-Чи мајстор од Кина, сега преселен во Њу Јорк, ги

практикувал и подучувал варијациите од оваа вежба на неговите многубројни

ученици. Da Liu е стар 95 години и сеуште гледа перфектно.

Како се прави

Седнете и исправете го грбот.

Затворете ги очите.

Со вашите два прста од рацете, притиснете нежно на затворените очни капаци.

Дишете длабоко но лесно, задржете го здивот и почнете да ги движите очите

нагоре и надолу 3 пати.

Издишете, притоа правејќи “шшшш” звук додека издишувате.

Длабоко земете воздух и опуштете се!

Повторете ја вежбата.

Дишете длабоко но лесно, задржете го здивот и почнете да ги движите очите од

една на друга страна 3 пати.

Издишете, притоа правејќи “шшшш” звук додека издишувате.

Длабоко земете воздух и опуштете се!

Повторете ја вежбата.

Дишете длабоко но лесно, задржете го здивот и почнете да ги движите очите во

насока на стрелките од часовникот 3 пати.

Издишете, притоа правејќи “шшшш” звук додека издишувате.

Длабоко земете воздух и опуштете се!

Повторете ја вежбата.

Page 79: Sovrsen vid

79

Дишете длабоко но лесно, задржете го здивот и почнете да ги движите очите во

обратна насока на стрелките од часовникот 3 пати.

Издишете, притоа правејќи “шшшш” звук додека издишувате.

Длабоко земете воздух и опуштете се!

Повторете ја вежбата.

Забелешки:

Запомнете, додека ги правите очните движења, нежно држете ги притиснати двата

прста од двете раце на затворените очни капаци.

Значењето на оваа специјална вежба за очите лежи во комбинирањето на масажата,

дишењето и симултаното движење на очите. Исто така може да го ставите и

долниот дел од дланката на затворените очни капаци додека ја правите оваа

техника.

Звукот “шшшш” е исцелителен звук на Таоистите за црниот дроб, не заборавајте

го, тој врши огромна разлика- видете ја претходната вежба за повеќе детали.

Page 80: Sovrsen vid

80

Натуропатична (природна терапија) техника за масажа на очите

Натуропатичната масажа за очите била користена во 1800-тите од страна на

докторите за натуропатија (природна терапија), здравствени и физички

цивилизирани практичари за подобрување на видот и спречување на проблемите со

видот.

Како се прави

Чекор 1: Ставете ги дланките од двете раце на ковчестиот срт од лицето над двете

очи. Притиснете силно на челото и почнете да ја движите кожата горе- долу, од

една страна на друга и со мали кружења. Направете го тоа 12 пати во секоја област.

Чекор 2: Ставете ги двете отворени дланки на двете слепоочници. Движете ја

кожата горе- долу, напред- назад и во кружно движење дузина пати од секое.

Чекор 3: Ставете ги прстите на двете јаболчници под очите и почнете да ја

движите кожата горе- долу, лево- десно, дузина пати од секое движење.

Забелешки:

Ова е уште една многу едноставна но многу ефективна техника за зголемување на

крвната циркулација во областа на очите. Многу е брза и лесна за правење така што

лесно ќе можете да ја претворите во навика секогаш кога ќе може да одвоите

неколку секунди (чекајќи автобус, во банка, на каса итн...)

Page 81: Sovrsen vid

81

ДРУГИ ВЕЖБИ

Босоного пешачење

Ова ќе биде полезно за вашето внатрешно здравје, но обрнете внимание на

последниот ред од цитатот на светски познатиот здравствен учител Др. Bernard

Jensen, автор на многу книги за здравствено подмладување.

Тој препорачува пешачење по подлога од песок или на плажа, во ладна вода до

глуждовите, или ако не живеете блиску до плажа, пешачење боси неколку минути

на утринската роса од тревата.

Др. Jansen рекол: “Личностите со слаба циркулација во долните екстремитети го

оптоваруваат срцето. Кога постои мала мускулна контракција во долните

екстремитети, крвта не може правилно да се врати кон срцето и ножното

заболување можно е повеќе да се развие. Како лек за оваа состојба, ние во

сенаториумот го откривме... одењето по песок.

“Секое утро ние воденевме слој од песок со ладна вода за пациентите да одат по тој

ладен песок. Со ова се масира долниот дел од стапалата и се развиваат малите

мускули во стапалата и нозете. Еден од првите коментари обично на пациентите

беше тоа дека како резултат на ова одење по песок тие добиваат топли стапала кога

си легнуваат навечер, со оглед на тоа што никогаш предходно не си оделе во кревет

со топли стапала.

“The Kneipp одењето по трева употребувано во сенаториумите во Германија, е

уште еден одличен начин за зголемување на циркулацијата во долните

екстремитети. Јас забележав промени кај пациентите кои го користат одењето по

песок или по трева за кои е тешко да се поверува. Во повеќето случаи целото тело

реагира кога ќе изградиме цврсти здрави стапала; органите се рефлексно

ослободени. Очната состојба се подобрува скоро веднаш. Во суштина, имам

видено подобрување на очите до толкав опсег што тревата повеќе нема да е

потребна.”

Завршен цитат...

Page 82: Sovrsen vid

82

Кинеска Таоистичка масажа на стомакот и црниот дроб

Како што напоменав многу пати досега во оваа книга, во кинеската медицина

црниот дроб е поврзан со очите. Натрупаниот и слаб црн доб доведува до слаб вид.

Во конвенционалната медицина црниот дроб е најголем орган за детоксификација

во телото. Тој ги прочистува хемикалиите, загадувачите, околинските отрови,

конзерванси, мастите, маслата итн.

Кревкиот црн дроб му дава голем стрес на имунолошкиот систем. Пренатрупаноста

во црниот дроб предизвикува слаба дигестија на храната, замор и лесно може да

доведе до квасни инфекции, ПМС и крвно нарушување.

Оваа интерна огранска техника на масирање, извршувана правилно и заедно со

соодветна здрава диета, помага во подобрувањето на видот и во зголемувањето на

севкупното здравје.

Како се прави

Многу едноставно... треба само да одвоите неколку минути дневно за триење,

масирање, нежно потчукнување на пределот под десното ребро- тоа е местото каде

што лежи црниот дроб.

Кога сте кај тоа измасирајте го исто така пределот под левото ребро. Тоа е областа

кај стомакот, слезината и панкреасот, со што ќе му помогнете на целосното здравје.

Page 83: Sovrsen vid

83

Кружења со вратот

Напнатоста околу вратот и рамениците може да предизвика сериозни очни

напрегнатости. Очната тензија доведува до слаб вид. Хроничната тензија доведува

до уште поголемо влошување на видот.

За да го размрдате вратот и да се ослободите од складираната напнатост

(тензијата), направете ги овие кружења со вратот, но нежно и внимателно. Без

брзање и без вршење притисок!

1. Почнете да ја движите главата во кружен тек.

2. Движете ја главата од лево на десно без напрегање.

3. Допуштете главата слободно да падне нанапред и наназад колку што е

можно но без напор.

4. Додека е главата во слободна состојба подигнете ги рамениците кон правец

на ушите и мрдајте ја главата од лево на десно и обратно неколку пати.

Правете ги овие вежби по минута или две, често за време на денот. Тие помагаат во

намалувањето на очниот напор, вратна затегнатост и главоболките од очната

напнатост.

Page 84: Sovrsen vid

84

Кинеско триење на черепот

Седнете исправено и опуштете го мозокот и телото.

Едноставно протријте го черепот со прстите бавно од челото кон тилот, со мали

кругови од 30 до 60 секунди.

Ова помага да се исчисти срцето од отровните материи, да се релаксира мозокот, да

се смират нервите, оживејте го черепот и подобрете го видот носејќи крвна

циркулација во главата и пределот на очите.

Забелешки:

Дури и подобро, разменете масажа на черепот со вашиот партнер или пријател.

Многу е порелаксирачки и смирувачки кога некој друг го прави тоа за вас.

Page 85: Sovrsen vid

85

Техника за подигнување на главата

Техниката за подигање на главата е одлична вежна за прочистување на ушните и

очни проблеми. Исто така помага да се ослободите од главоболките и болката во

вратот и рамениците.

Како се прави

Ставете ги целосно двете раце (дланките и прстите) околу вратот во долниот дел од

черепот (мастоиден израсток за тие што знаат што е тоа, за тие што не знаат тоа е

грутчесто место од черепот што стрчи на грбот)

Следно, подигнете ја или повлечете ја главата нагоре и исто така лесно нанапред.

Нежно ротирајте ја главата од една страна на друга, додека ја чувате подигнато.

Користете ги рацете, не мускулите на вратот за да ја вртите главата- обидете се да

го опуштите вратот кога го правите ова.

Забелешки:

Едноставното движење може да ви помогне во одблокирувањето на сите исцрпени

нерви во вратот или трапезести мускули кои се прицврстени за вратот.

Запомнете да ја подигнувате главата нежно, не го притискајте вратот многу цврсто.

Вртете ја колку што можете, удобно, во секој правец, без напрегнување или

ненадејно движење.

Вежбајте го ова по неколку пати дневно, особено пред спиење.

Page 86: Sovrsen vid

86

Таоистичка масажа за очите

Техника за галење на веѓите

Ставете ги палците на слепоочниците и почнете да ги “милувате” со вториот

зглоб од секој показалец.

Наравете го тоа лесно 10-20 пати.

Чувајте ги очите затворени, бидете на светлина и користете дури и малку

притисок.

Ова помага во прочистувањето на очите и регулирање на нервниот систем, исто

така го спречува стврднувањето на мозочните артерии и ги дегенерира очните

болести.

Техника пеглање на лицето

Протриете го лицето со отворени дланки, од челото, надолу кон брадата и

горе кон ушите со кружно движење.

Направете го тоа 10-20 пати.

Колку што повеќе му помагате на видот со тоа што ќе донесите свежа крв во очите,

исто толку го подобрувате и изгледот на лицето (тенот) и ги отстранувате брчките!

Page 87: Sovrsen vid

87

Источно индијска носна јога техника за масирање

Во ред, оваа вежба дефинитивно е квалификувана како најнеобична, но не мора да

верувате во неа за да функционира. Само чувајте го чист разумот и правете ја-

очите ќе ви бидат благодарни!

Аурведистичкиот (индиски) древен систем за медицина подучува дека хроничните

настинки, грипот, слузот, свирењето во градите се основна причина за многу очни

проблеми- очите се позиционирани многу блиску до носните и синусните канали.

Носната масажа помага во подобрувањето на синустната состојба и според тоа го

подобрува и видот.

Тоа исто така помага во смирувањето на емоционалната тензија која се изградува

во лицето, челото и очите. Ние го напрегнуваме лицето кога сме под стес и било

која напнатост ќе влијае и на очите.

Како се прави

1. Намокрете го вашето мало прсте во сусамово масло или ставете една капка

од евкалиптусово масло.

2. Ставете го прстот во носот и измасирајте го колку што е можно подлабоко.

3. Бавно масирајте ги двете ноздринки во правец на стрелките на часовникот и

обратно.

4. Може да боли малку на почетокот, но правете го тоа пополека.

5. Исто така може да кивнете или да го издувате носот неколку пати. Не треба

да паничете. Ова е прочистувачка реакција на вашето тело. Тоа е една од

реакциите кои ги очекувавме.

Запомнете треба да правите за двете ноздринки!

Препорачливо е една минута за секоја ноздринка, по 2 -3 пати неделно.

Page 88: Sovrsen vid

88

Вежба “мрзлива осумка” за олабавување на вратот

Ова е одлично загревање пред вашата 15 минутна сесија.

Оваа вежба правејќи ја бавно и лесно, го опушта задниот дел од вратот, го смирува

нервниот систем и помага да ги фокусирате очите јасно.

Како се прави

Не може да биде поедноставно... едноставно “нацртајте” осумка со вашиот нос.

Движете ја главата бавно и лесно рамномерно.

Променувајте ги движењата во вид на осумка, “цртајќи” ја осумката вертикално, а

потоа и хоризонтално.

Опишете големи а потоа и малечки осумки.

Разноличноста на движењата помага во загревањето на различните мускули во

очите.

Движете ја главата од десно на лево и од лево на десно, нагоре и надолу, надолу и

нагоре.

Пробајте со отворени и со затворени очи, почувствувајте ја разликата.

Потрошете минута или две на оваа вежба.

Page 89: Sovrsen vid

89

Движење за ‘рбетното исправување

Оваа едноставна вежба е одлична за надминување на издолжениот врат или

згрбавениот грб или горниот ‘рбет. Тоа е одлично движење за подобрување и

одржување на здравствената цврста става доживотно.

Корегирањето на лошата положба ќе му помогне на вашето тело да добие доволно

крв, енергија и лимфа во и од очите и околната област- според тоа: ќе гледате

подобро!

Како се прави

Едноставно дозволете главата да падне слободно наназад колку што комотно ќе

може да оди, додека стоите во исправена положба.

Застенете во оваа положба околу 15 секунди, притоа дишејќи бавно.

Забелешки:

Оваа вежба е брза и лесна, не постои изговор за да не ја правите повеќе пати секој

ден.

Page 90: Sovrsen vid

90

Очно дишење

Дали сте знаеле дека очите користат една третина кислород колку и срцето?

John Selby ја открил оваа вежба, која претставува комбинација од дишење,

ментална метафоричност, релаксација и свест на очите во една вежба наречена

очно дишење.

Седнете удобно на фотелја или стол.

Затворете ги очите, исправете го грбот и опуштете го телото.

Дишете смирено низ носот, но замислете како очите го вдишуваат и

издишуваат воздухот. Замислете како очите постануваат бели дробови.

Замислете здравје, виталност, исцелителна енергија и опуштеност како

дотекува во очите со тоа очно дишење.

Продолжете да дишите на овој начин колку што сакате подолго, но барем

препорачливо е од 3 до 5 минути.

Забелешки:

Додадов мој сопствен наклон кон оваа вежба, замислувајќи како моите очи

вдишуваат јасна бела светлина и издишуваат нечиста сива светлина. Или

понекогаш чиста зелена светлина како вдишувате и нечистото зеленило како го

издишувате.

Тоа ми помогна да ја визуализирам здравата енергија која доаѓа и штетната која

излегува.

Вие може да ја користете која боја сакате, која нешто ви значи, но зелената и

белата функционираат сосема во ред за мене.

Page 91: Sovrsen vid

91

Персиска Суфи имагинациона техника на дишење

Како што ви се подбрува видот, оваа Суфи Персиска техника е позната на блискиот

исток за спречување на паѓањето на косата и против брчките!

Исто така помага во стимулирањето и задржувањето на тириодната и хипофизната

жлезда. Овие жлезди се мошне важни- тие фактички ја регулираат секоја телесна

дејност на некој начин и се посебно важни за растот и подмладувањето.

Како се прави

1. Затворете ја десната ноздринка со десниот палец и вдишете длабоко низ

левата ноздринка се додека целосно се прошират градите.

2. Следно, затворете ги двете ноздринки со палецот и показалецот

3. Свиткајте ја половината, главата малку снижена, колената благо свиткани.

4. Задржете го здивот во таа позиција од околу 25 до 40 секунди, или колку

што повеќе комотно можете. Додека сте во оваа снижена позиција, вие ќе

почувствувате силно пулсирање на крвта во главата, очите, устата и јазикот,

и зацрвенето чувство од градите до вртот на главата.

5. Конечно, на крај бавно исправете се и дозволете да излезе воздухот низ

десната ноздринка.

Ако сте болни или имате висок крвен притисок, правете ја вежбата додека седите

исправено без превиткување.

Ако здравјето ви е добро и се чувствувате зашеметено или светлината ве удрила во

глава за време на вежбата, задржете го здивот на само 5-10 секунди со снижена

глава и достигнете до 40 секунди за неколку недели. Ако сте издржливи

зашеметеноста на крајот ќе исчезне и ќе се почувствувате понесени и стимулирани.

Запомнете секогаш да вдишувате преку левата ноздринка и да издишувате преку

десната.

Правете ја оваа вежба 3 пати по сесија за целосен ефект и 3 до 4 пати неделно.

Page 92: Sovrsen vid

92

Азиско потскокнување

Ова е одлична вежба за “призејмување”.

Премногу размислување, загрижување, читање, зјапање во екраните на

компјутерите итн. доведува твојата енергија да се позиционира во главата и да

постане неоснована и нестабилна.

Психичките активности исто така создаваат стрес, напор и напнатост во мозокот со

што доведуваат до изобличен матен вид и понатамошна очна дегенерација.

Кога ќе научите да ја контролирате вашата енергија, ќе се стекнете со многу

бенифиции, исто како и подобрувањето на видот... ќе почнете да се чувствувате

повеќе релаксирани и смирени и ќе бидете способни да се справите со секоја

ситуација која ќе ви ја пружи животот.

Како се прави

1. Застанете исправено и опуштете се.

2. Ослободете го стомакот, рамениците, вратот, рацете. R-E-L-A-X

3. Сега едноставно подскокнете горе и долу на прстите од нозете околу 3-4

сантиметри. Не скокајте пребрзо или превисоко, само фино потскокнување

горе и долу.

4. Правете ја вежбата минута или две, или додека не се уморите.

Ако утврдите дека ви е премногу тешко да потскокнувате на прсти, тогаш

потскокнете малку (3-4 сантиметри) со стапалата.

Според таоистите стручњаци еве една листа од тоа кои се бенифициите на тоа

скокање:

зајакнување на половите органи

ја стимулира хипофизната жлезда во средниот мозок, исто така и тимусната

зајакнување на нозете

ги подмладува бубрезите и надбубрежната жлезда (адреналинот)

помага во спречување на формирањето камен во бубрегот

Page 93: Sovrsen vid

93

деконгестација во главата, синусите и белите дробови овозможувајќи свежа крв да

циркулира до главата и очите за подобрување на видот.

помага во движењето и циркулацијата на лимфниот систем за детоксација на

телото.

помага во изградувањето на имунитет

Несомнено, тоа ќе ви одземе минута или две за отскокнување секој ден!

Page 94: Sovrsen vid

94

Тапкање по стапалата

Кога за прв пат ми ја препорачаа оваа вежба помислив дека некој води шега со

мене и воопшто не ја сфатив сериозно.

Како што мојата природна корекција на видот напредуваше, почнав да гледам на

некои од вежбите кои претходно ги исмејував, со нови очи (без шегување) и

одлучив да ја направам вежбата онака најпрво како за забава.

После неколку дена посакав да не избрзав со одлуката да ја отфрлам вежбата, уште

на почетокот кога бев запознаен со неа. Каква штета! Сега е една од моите

омилени.

Еве го оргиналниот текс што го пронајдов: “Chi Kung Master Huang Runtian, writing

in Treasured Qigong of Traditional Medical School, states that this "Foot Tapping

Technique" ... "can nourish the liver and improve eyesight; curing chronic diseases

of the liver, gall bladder and eyesight diseases (near-sighted, far-sighted, and poor-

sighted)."

Тоа преведено би изгледало вака: “Chi Kung Master Huang Runtian, пишувајќи за

Treasured Qigong of Traditional Medical School, наведил дека оваа “Техника на

тапкање на стапалата” … “може да го подхрани црниот дроб и да го подобри видот;

лекувајќи ги хроничните заболувања на црниот дроб, жолчниот меур и очните

заболувања (кратковидност, далекувидност, слабовидност).”

Еве неколку проблеми за кои кинеските лекари трдат дека ќе бидат помогнати со

тапкање по стапалата:

срцеви и белодробни проблеми,

семени емисии,

ноќно потење,

силно биење на срцето,

слаба меморија,

несоница,

Page 95: Sovrsen vid

95

психички стес,

нервна растроеност,

мигрена,

болки во колената и грбот,

крвен дефицит,

вжештено црвено лице,

ментална депресија,

слаб вид,

проблеми со црниот дроб и жолчниот меур

и уште неколку кои не можев да ги разберам или изговорам.

Master Runtian тврди: “не е потребно да верувате во тоа, но мора да ја правите

вежбата сериозно. Ќе ги добиете бенифициите од неа, без разлика дали сте

верувале или не.”

Кога ќе почнете со тапкањето по стапалата започнете лесно. Не си предизвикувајте

себеси болка... во тоа не се состои идејата. Едноставно започнете нежно и

постепено засилувајте.

Навидум, постои акупунктурна точка на стапалото, која се отвора после првите

неколку недели тапкање по стапавата. Откако еднаш ќе се отвори оваа точка, секоја

нанесена болка или црвенило кое се случило претходно нема повторно да се појави.

Па како се прави?

Едноставно, седнете, ставете го едното стапало на спротивниот бут и лесно

удирајте го долниот дел од стапалото со отворена и опуштена дланка.

Плеснувајте го стапалото ритмично и бавно, по еднаш во секоја секунда, 50-100

пати на секое стапало.

Оваа вежба најдобро е да се прави пред легнување и ќе ви помогне да спиете како

Page 96: Sovrsen vid

96

бебе!

Ако имате низок крвен притисок, ставете ја едната рака на врвот од главата, додека

со другата го удирате стапалото.

Оваа вежба е многу помоќна од колку што може да замислите и затоа не

пректикувајте тапкање по стапалата ако страдате од сериозна здравствена состојба

или ако сте екстремно слаби.

Како замена, само протриете ги стапалата и завршете со протријување на пределот

кај желудникот на неколку минути.

Page 97: Sovrsen vid

97

Жонглирање

Жонглирањето е многу добро за очите.

Помислете на ова... кога жонглирате вие постојано го менувате фокусот,

така што угодно ги извежбувате очните мускули.

Вие исто така го употребувате и го вежбате периферниот вид, негледајќи во еден

поединечен објект, туку обидете се да ги видите сите жонглирачки топчиња

наеднаш.

Исто така, тоа има квалификација за најдобра вежба за очите... изобилува со

забава!

Page 98: Sovrsen vid

98

ДИЕТА И ИСХРАНА

Ова ќе биде доста долга секција, затоа врзете ги појасите и полетуваме

НЕ го прескокнувајте овој дел. Тоа што го јадете е исто така важно како и вежбите

што ги правите за очите.

Во суштина, еден мој пријател доби 20% подобрување на неговиот вид за период

од 6 месеци само од променувањето на дневната исхрана и малку правење на

“телесно прочистување” – детоксификација. Тој не правеше ниту една вежба

воопшто, а неговите очи се подобрија.

Предметот на диетата е огромен, но јас ќе се обидам да опфатам што повеќе овде

во оваа секција. Сега само ќе ги погледнеме основните концепти, особено тие кои

се однесуваат на вашите очи.

Не мислам дека постои некој жив човек кој не разбира дека добрата дневна исхрана

е важна за секој апект на вашето здравје. Меѓутоа, судејќи по редиците од луѓе во

MacDonald и другите здруженија за брза храна, многу луѓе не знаат што е здрава

исхрана, или го забораваат тоа што го знаат секогаш кога ќе огладнат!

Патем, ако сте зависник од брза храна (т.е. ако јадете брза храна повеќе од еднаш

неделно), тогаш должни сте да го гледате филмот документарец “Super Size Me”

кој ќе го пронајдете на мојот веб сајт. Ако не сте го гледале досега, тој е навистина

смешен и ќе ве натера да се откажете од неквалитетната храна

засекогаш. Ако не е така, тогаш гледајте го повторно и повторно се

додека не се откажете од таа исхрана.

Ок, ќе ви ја откријам тајната на здравата исхрана на

наједноставното можно објаснување... подготвени...

Природно = Здраво и Обработено = Штетно

Да, знам, тоа не е толку едноставно. Постојат многу природни работи кои не се

Page 99: Sovrsen vid

99

добри за вас и некои изработени прехрамбени производи кои можат да ви

помогнат. НО ТОА Е НЕПИШАНО ПРАВИЛО.

Потрошив доста време следејќи ги модните трендови за тоа што е здраво а што не,

и на крајот го пронајдов наједноставното правило кое ми помогна за да го одржам

начинот на исхрана над просечното.

Што повеќе природно, тоа подобро

На пример, необработен, органски морков неодамна изваден од земја е подобар од

оној кој седел во супермаркетот цела недела, кој пак е подобар од оној кој бил

излупен, зготвен и набиен во конзерва пред 6 месеци, кој пак е подобар од оној кој

бил излупен, зготвен, исушен, помешан со куп конзерванси и

хемиски зачини и заглавен во амбалажа.

Ја сфативте суштината?

Еве друг тест- ќе можете да го забележите? Добрата храна има едностави имиња,

како на пример јаболко. Ако нештото се вика монихидратна натриум глаутамична

епоксин киселина, тогаш сигурно телото не го посакува тоа!

Еве уште нешто... ако засадите растение дали тоа ќе израсне? Засадете кромид во

земја и тој ќе почне да расте. Засадете ход- дог во земја и видете што се случува!

Да, во ред, малку претерав овде, но ја сфативте суштината нели?

Вашето тело е живо (надежно!) и потребно му е живот и хранливи

материи за да остане во таа форма.

Исто и вашите очи.

Сега да го оставиме тоа настрана, еве уште еден, малку чуден концепт кој веќе го

споменав неколку пати во оваа книга...

Во кинеската медицина, добро е познато дека очите се поврзани со

црниот дроб- не со некое цевче, нерв или слично, но се поврзани

Page 100: Sovrsen vid

100

енергетско. (Не е потребно да верувате во ова за да биде исправно)

Во денешниот западен стил на живеење, со нашите ужасни диети, напнато

живеење, преголема употреба на медицински лекови, нашите црни дробови се под

постојан напад. Не е чудно што нашиот вид е толку слаб!

Се што може да направите за да му помогнете на црниот дроб-

прочистување, постење, специјални билки и храна за црниот дроб-

исто така ќе им помогне и на очите.

Во ред, одиме... Еве уште неколку концепти за храната кои нема да

им помогнат само на очите, туку и на отанатиот дел од здравјето -

вклучувајќи ментално, емоционално и духовно здравје исто така:

Јадете само кога сте гладни и пијте течности само кога сте жедни.

НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ! – престанете со јадење кога сте 2/3 најадени, на вашиот

стомак му е потребен простор за дигестија.

“Малку луѓе умреле од глад, но милиони умреле предвреме од прејадување”

“Пола од храната што ја јадеме не храни нас, а другата половина го храни

на докторот”

Џвакајте ја добро храната. Соодветното џвакање ги прави дигестивните сокови

да протекуваат. Тоа ја припрема храната за целосната стомачна асимилација во

гастро-интестиналниот предел и елиминација од цревата. Проблемите во цревата

настануваат со лоши навики на јадење што доведува до слаб вид.

Јадете ја воглавно цела, природна храна од сезоната. Оптималната исхрана за

Совршен Вид, доброто здравје и долговечноста се состои од вклучување на доста

доволно зрнеста храна и зеленчук.

Page 101: Sovrsen vid

101

Јадете многу вкусно овошје, но претежно во жешките летни месеци, исто така

оставете да покиснат во вода преку ноќ за да ја обноват нивната животна енергија.

Ако овошјето е свежо, ќе има нешто како мали никулчиња ако е доволно

искиснато.

Јадете органска храна колку што е можно повеќе

Дали знаете колку многу илјадници хемикалии се состојат во

нашата храна, не знам ни јас, а веројатно не знае никој. Ние

едноставно немаме појма со што е испрскана нашата храна во

денешно време. Животните денес се прејадени со хормони, дроги, лекови и бог

знае со што уште не- дали навистина сакате да ја јадете таа храна?

Држете се кон употреба на органска (природна) храна секогаш кога ќе можете. Да,

таа е поскапа, но што повеќе луѓе ја купуваат, евентуално ќе поевтини повеќе- па

затоа поддржете го органското движење- тоа е за ваше добро.

Обиди се да се придржувате кон сезонската храна. Кревкото, свежо, природно

овошје и зеленчук се појавуваат на пролет и на лето со причина.

Тие го прочистуваат црниот дроб од токсините кои се насобрале

за време на зимските месеци. Зрнестите плодови, а посебно

боровинките, капинките, јаготките, малините, црешите помагаат во

детоксицирањето на црниот дроб, ја прочистуваат крвта, го зголемуваат нивото на

железо и кислород во телото.

Приготвената пченка, грав, супи, тестенини, коренестите растенија подготвени под

пареа се пригодни за ладните зимски месеци за да ви пренесат отпорност и да ја

одржат топлината во телото, рацете и стапалата.

Суровата храна е богата со калиум, ладни минерали кои ја освежуваат крвта и

телото за време на жешките летни месеци. Зготвената храна од

друг аспект е полна со натриум, фосфор, азот... топлотни

Page 102: Sovrsen vid

102

минерали кои ја загреваат крвта и телото во ладните зимски месеци.

Ако ја слушате својата интуиција (предчувството на телото), ќе ве одведе до

правилната храна за правилната клима и сезона. Нема ли да се чувствувате подобро

ако јадете добра топа чинија супа во ладна зима и свежа салата среде лето?

Одбегнувајте ги екстремните еднострани диети. Тие само предизвикуваат слабо

здравје и го ослабнуваат видот. СИТЕ МОДЕРНИ ДИЕТИ ЗА ГУБЕЊЕ НА

ТЕЖИНАТА кои ветуваат моментално губење на тежината или губење на тежината

без вежби, се ЛОШИ ЗА ЗДРАВЈЕТО во повеќето случаеви и скоро никогаш не

дејствуваат како што треба.

Супер хранлива богата храна за Совршен Вид

Семките ја содржат животворната моќ на природата собрана во мала обвивка.

Семките се почеток на друг живот. Доаѓаат од живот и тие ни даваат живот кога ги

јадеме. Сончогледовите семки се врвна храна за очите. Тие го содржат витаминот

B-2, кој помага во спречувањето и совладувањето на фотофобија (страв од

светлина). Тие исто така се богати со Витамин Д, витаминот на светлината.

Морковите или сокот од морковот прави чуда за ноќниот вид. Морковите се

богати со витамин А. Телото нема потреба од голем прилив на витаминот А

дневно, бидејќи тој е складиран во црниот дроб за понатамошна употреба.

Комерцијалната, неорганска, хемиска храна го слабее црниот дроб и другите

органи, доведува до слаб вид, затоа тежнеете кон јадење само органски моркови.

Не сакајте го вештачкиот, хемикализиран тип на храна, органските моркови се

природно благи и вкусни. Тие содржат преку четири пати повеќе витамини,

минерали, развојни минерали и исцелителна моќ за разлика од неорганската храна.

Морковите се познати по нивното впивање на се од почвата. Погодете што?

Погодивте. Морковите на изложба се преполни со хемиски ѓубрива за уништување

на здравјето, пестициди и најнови видови на разорнувачки хемиски спрејови за

нарушување на имуниот систем.

Page 103: Sovrsen vid

103

Збор два за супер исхраната на Др. Schulze

Др. Schulze е дефинитивно експерт за оваа област и составил мешавина од некои од

најмоќните светски супер хранливи материи.

Тој едноставно ја нарекол “Супер исхрана” (“Superfood”) која навистина е

делотворна.

Може да ја нарачате преку веб сајтот http://www.800herbdoc.com или со едноставно

јавување на бесплатниот број 1-800-herb-doc

Билки за очите

Билните чаеви од боровинка, диво грозје и малина се добри за ноќниот вид.

Магдоносот содржи витамин B-2, кој помага за подобрување на видот дење.

Чајот од видова трева бил користен со векови за подобрување на видот. Натопете

полно лажиче од оваа трева во жешка вода околу 20 минути и пиете по една шоља

дневно.

Чајот од глуварчето го подобрува далечинскиот вид (кратковидност). Чајот од

листот на глуварчето помага да гледате добро одблиску (далекувидност).

Кинеските Личи бобинки и хризантемата се општо прифатени на Истокот за

развивање на видот и редуцирање на црнодробната токсичност.

Употребувајте ги кинеските Личи бобинки и хризантемите околу месец дена, потоа

префлете се на западниот чај од видовата билка и потоа чајот од глуварче

наредниот месец.

Коренот од ликорис е одлична билка за намалување на воспалението, слузот и го

подобрува видот. Не користете повеќе од ¼ лажиче прав од ликорис со вода

дневно. Или изџвакајте мал дел од дршката на ликорисот. Ликорисот исто така се

пропорачува за зголемување на вашата меморија и менталната бистрина.

Page 104: Sovrsen vid

104

Храна која ги лечи, прочистува и зајакнува очите и црниот дроб.

Еве една листа на зеленчуци, овошја и семки кои го зајакнуваат и заздравуваат

црниот дроб, очите и и имунолошкиот систем.

Тикви

Компири

Моркови

Цвекло

Зејлесто глуварче

Целер

Зелка

Брокула

Зеље

Кељ

Боранија

Зелен грашок

Боровинка

Малина

Манго

Грејпфрут

Семки од сончоглед

Семки од тиква

Сите ротквици

Печурки

Сино зелени алги

Зелен камут

Зелен јачмен

Зелениот зеленчук помага во прочистувањето на очите и спречување на очни

воспаленија. Сета зрнеста храна содржи витамин комплекс, кој ги зајакнува очните

нерви и целосниот нервен систем. Сета зрнеста храна т.е. оризот, пченицата, ‘ржот,

овесот итн. ни создаваат сталожени нерви и урамнотежен вид. Елдите содржат

супстанција која ги обновува клетките и ткивата. Јачменот помага во лечењето на

Page 105: Sovrsen vid

105

тумори и воспаленија. Овесот е богат со силициум за блескави очи, сјајна коса и

цврсти нокти.

Во ред, тоа беше доста голема листа на нешта кои ќе ви ги

подобрат очите, а сега храната која треба да ја одбегнувате. Оваа

храна дефинитивно ги оштетува очите!

Page 106: Sovrsen vid

106

Храна која треба да ја одбегнувате!

Пред да преминеме на листата, дали сте знаеле дека во раните 1900 само 6

проценти од популацијата во Америка била кратковидна. Денес преку 65 проценти

имаат проблеми со очите.

Во раните 1900 не постоел состав од неквалитетна храна. Луѓето најчесто јаделе

здрава храна, свежо овошје, житни растенија и зеленчук, малку или воопшто не

рафиниран јагленохидрат или шеќер и скоро никакви хемиски адитиви, зачини итн.

Интересно?

Во ред, еве ја листата на “лоши” јадења, но мислам дека досега веројатно знаете на

што се однесува:

Неквалитетна (џанк) храна

Хемиски лекови

Антибиотици

Бел шеќер

Газирани пијалаци, вклучувајќи ги и диеталните соди кои се ПОСЕБНО ШТЕТНИ

(ќе видиме покасно зошто)

Бомбони, торти и тн.

Вештачкото млеко (полно со говедски хормани за развој, стероиди итн. – земете

природно)

Бела рафинирана сол (како замена користете морска сол),

Бело рафинирано брашно (леб, колачи итн)

Густи маснотии

Ефтините растителни масла во супермаркетите

Растителни маргарини (направени од хидрогенизирано масло- која е една од

најлошата можна храна)

Многу солена храна

Многу “ниско калорична” храна

Во суштина на се што пишува ‘sugar-free’ е полно со токсични вештачки

облажувачи.

Вештачките видови храна како путер, млечни производи, јогурт, млеко и сирење-

Page 107: Sovrsen vid

107

се полни со хормони за растење и антибиотици.

Шеќерни правила, депресија и миопија (кратковидност)

Шеќерот очигледно е најсмртоносната храна за видот!

Ова исто така вклучува нерафиниран кафеав шеќер, кој е само

бел шеќер помешан со шербет за обоеност. Не бидете

фолирани од овој штос.

Шеќерот ги лишува коските и забите од калциумот и сите важни B витамини. Го

уништува панкреасот потрошувајќи го инсулинот и предизвикува дијабетис,

згоеност, срцеви заболувања, заболувања на кожата, слаба меморија, бубрежни и

џигерни нарушувања и СЛАБ ВИД.

Шеќерот формира кристален слој на очите, предизвикувајќи перде на окото. Тоа е

главната причина за воспалените очи.

Дури и природниот шеќер, како на пример медот, сируп од јавор, сируп од ориз,

јачменово пиво и тн, со прекумерно користење, можат да ги ослабат органите и да

предизвикаат слаб вид.

Човечкото тело произведува само околу една супена лажица инсулин дневно. Ако

испиете голема чаша со сок од моркови или овошен џус и изедете две лажици мед,

сте ја покачиле залихата на инсулинот за тој ден (или може да испиете само една

или две чаши кока кола и се е попусто!)

Со консумирањето четири или пет пати повеќе од ова секој ден со години вие ќе

создатете hypogycemia (ниско ниво на шеќер во крвта) и крајно дијабетис (никакво

производство на инсулин во панкреасот).

Проста математика! Слабеејќи ги органите со прекумерна употреба на шеќер,

масти, рафинирано брашно, лекови, алкохол и тн., ќе се доведите до нула здравје.

Ништо за рамнотежа. Хормоните се пресушуваат и изчезнуваат. Без хормони нема

Page 108: Sovrsen vid

108

здравје. Без здравје нема живот. Сфативте?

Значи, ако сакате да имате полетна енергија секој ден, тогаш мора

да се откажете од белиот шеќер и од производите со бел шеќер во

нив, исто така ограничете ја конзумацијата на природните слатки,

како медот и сирупот од јавор. Две или три кафени лажичиња-

ништо повеќе.

Исто така ограничете ја конзумацијата на вештачки џусови. Овошните вештачки

џусови содржат шеќери, екстрахирани од цело овошје, ако пиете џус разредете го

половина со вода. Ќе ги спасите органите од преуморување.

Внимавајте на шеќерните субститути

Вештачките облажувачи се едни од најголемите токсични супстанции во нашата

храна денес. Особено аспартам шеќерот. За жал овие хемиски отрови нашле

примена во многу супермаркетски производи и станува тешко за да се одбегнат.

Аспартамот во почетокот бил укинат од страна на американскиот Завод за Заштита

на Здравјето FDA, како штетен. Само после неколку години притисок од

прехрамбените компании кои го произведуваат и промената на стариот менаџмент

во FDA, доведиле овој ужасен адитив да биде “легализиран”.

Аспартамот е, покрај другото, невро-токсин. Со други зборови, тој ви го труе

мозокот. Вие ќе пронајдете аспартам во речиси секој обработен и амбалажиран

производ на кој е декларирано “без додаток на шеќер” или “диетално” на етикетата.

Останатите хамиски облажувачи како сахаринот се исто толку лоши. Обидете се да

не јадете ништо со овие додатоци во него. Не вреди да се изложувате на опасност.

Ако не ми верувате, направете мало истражување на www.google.com за

аспартамот има доволно објаснето на македонски, а ако се интересирате уште

повеќе извршете пребарување на англиски користејќи ги овие клучни зборови

‘dangers of aspartame’. Сигурен сум дека после 10 минути истражување, никогаш

повеќе нема да го допрете ова нешто.

Page 109: Sovrsen vid

109

Ако сакате шеќерни супститути без калории, кои ќе се безбедни за шеќерот во

крвта, и целосно безбедни за вас, тогаш употребувајте Stevia. Можете да го најдете

во вашата локална медицинска продавница. Тоа е растение и е 300 пати поблаго од

шеќерот во неговиот екстрахиран облик.

Солот и слабиот вид

Прекумерната консумација на рафинирана сол доведува до

стврднување на артериите, висок крвен притисок, згоеност и еден тон

други работи. Стврднатите артерии предизвикуваат слаба циркулација

на крв до очите и слаб вид.

Прекумерната употреба на сол се натрупува на бубрезите и евентуално создава

edema- хидропсија (тело исполнето со вода). Користете келп (вид морска трева) или

прашести растителни зачини во замена за сол, или пак пронајдете квалитетна,

добра, природна морска сол од вашата најблиска продавница.

Белото брашно и слабиот вид

Мешавините од белото брашно помешани со дигестивните сокови

стануваат каша како “Малтерот на Париз”. Ние стануваме

залепени од внатре. Буквално, блокирани или појава на тврда

столица од овие “рефинирани јадења”.

Многу луѓе се движат со 5 до 10 килограми засушени непотребни материи (г*мна)

прилепени на дебелото црево. Ако може да го ослободите ова од вашето тело ќе се

чувствувате многу, многу подобро.

Тврда столица е директна причина за матен, нејасен вид и за многу поголеми

заболувања. Ако сакате подобар вид треба да се уверите дека вашите дебели црева

се чисти и работат соодветно (ќе видите подоцна во одделот за чистење на цревата)

Масти и масла

Мастите и маслата се многу погрешно сфатени. Сите сме збунети за тоа што го

Page 110: Sovrsen vid

110

соопштува здравствената индустрија во врска со “ниско калоричните” производи.

Всушност, мастите и маснотиите се неопходен дел од исхраната. Ако не јадете

маснотии ќе умрете!

Но постојат многу различни типови на маснотии и додека некои од нив се здрави,

други не се здрави за јадење воопшто!

Ако ве прашам да одберете нешто од здравите масти помеѓу Extra Virgin маслото,

ладно исцедено масло од маслинки и помфрит и прженото пилешко,

дали ќе бидете вешти да одберете правилно?

Проблемите со холестерол се исто така поврзани со консумацијата на

масти и маснотии, но повторно, тоа е многу погрешно сфатена област

од исхраната и здравјето.

Штетните маснотии го блокираат жолчниот меур и црниот дроб, присетете се

колку е важен црниот дроб за очите?

Еве една мала листа од неколку штетни масти и масла.

Опасни масти и маснотии кои го уништуваат видот

Внимавајте на секое масло од мастите кои се подложени на било кој начин на

обработување, вклучувајќи го и загревањето.

Мастите и масла стануваат штетни кога се изложени на поголема температура.

Колку повеќе се вжештат толку повеќе стануваат полоши. Мастите и маслата

најдобро се конзумираат во нивната непреработена и природна состојба.

Ограничете ја вашата консумација на загреани и преработени масти и масла.

Целосно отстранете ги следните масла од вашата исхрана, тие во суштина се лоши

за здравјето:

Секаков вид на маргарин вкучувајќи го и растителниот

Page 111: Sovrsen vid

111

Масло од памуково семе

Масло од соја

Канола и репино масло

Сојата и канолата се индустриски масла и се екстремно отровни за човечкото тело.

Користете ги овие масла само за да ја намачкате колата.

Сиот маргарин е хидрогенизиран да се направи цврсто тело на собна температура.

Процесот на хидрогенизација прави неколку чудни појави на хемиската структура

од маслото, и го претвора во таканаречена “ транс- незаситена маст ” (trans fat).

Оваа маснотија ќе ве убие!

Покрај тоа, маргаринот е направен од врело масло на екстремно висока

температура низ легура од никел, а потоа се користени други многу отровни

хемикалии како киселини и каустични соди, за да се отстрани никелот и за

понатамошната обработка на маслото. Некои од овие хемикалии остануваат како

преостанати остатоци во нехранливото уништено масло.

Па така тука останува малку што ќе ви помогне и многу што ќе ви наштети.

Маргаринот ќе ги стврдне вашите артерии за миг и ќе ви го скрати животот за

половина. Тоа се нарекува “вештачка маст” и таа исто така ЌЕ ВЕ УБИЕ пред

време!!!

Маргаринот бил воведен за да го замени путерот и другите природни масти, за кои

луѓето мислеле дека се штетни и предизвикуваат срцеви заболувања и други

проблеми. После тој вовед појавата на срцеви заболувања “излегла низ покрив”!

Производите од соја предизвикуваат токсична крв и слаб вид

Сојата е одвратна трева израстена за човечка и животинска консумација! Дури ни

бубачките не јадат соини растенија, можеби тие знаат нешто што не знаеме ние.

Докажано е дека животните кои јадат соини прозиводи живеат само половина од

нивниот вообичаен век на живеење.

И тука е и естрогениот аргумент. Сојата го имитира естрогенот (женски хормон) и

Page 112: Sovrsen vid

112

ја попречува телесната прородна хормонска рамнотежа. Направете мало

истражување, прашајте го Чичко Гугл за опасностите од сојата.

Ако моментално јадете соја, соино млеко, или други соини производи,

ПРЕСТАНЕТЕ со тоа веднаш и ќе забележите енергично и здравствено

подобрување.

Соиното масло, соините производи и тофу (додаток од соино брашно и млеко)

содржат отровна хемикалија наречена “phytohemaglutinin”или PHG. Тоа е голема

протеинска молекула која предизвикува засирена крв и згрутчена меѓусебе како

лепак, формира плочки на артериолите кои ги затнуваат капиларите во очите,

ушите и черепот, предизвикувајќи очни проблеми, ушни инфекции и опаѓање на

косата.

PHG е исто така пронајдена во канола маслото. Соините и канола маслени

продукти ги слабеат Т клетките од имунитетниот систем, а со тоа слабеејќи ги и

нервниот и хормоналниот систем. Докажано е дека PHG во канолата и сојата ги

уништува малите глодачи, многу брзо. Овие продукти се системски токсини кои

предизвикуваат многу заболувања.

Page 113: Sovrsen vid

113

Канола или репкино масло (ист продукт само различно име) е дури полошо од

соиното. Направете мало истражување на интернет и ќе ви стане јасно. Еве добро

место да почнете: http://www.besthealth.com.au/canoladangers.htm (за жал на

англиски е, ретко се наоѓа нешто на наш македонски), или отворете гугл и

напишете “dangers of canola oil”.

Маслото од памуковото семе е познато по тоа што го намалува тестостеронот и

спермадозоидите кај мажите!

Читајте ги етикетите и внимавајте на маслото од соја, канола и памуково семе. Ако

ја содржи таа состојка, не јадете го производот.

Ако сакате добри очи, придржувајте се на следните масла:

Маслиново

Сусамово

Сончогледово

Леново

Можете да ги купите од локалните продавници за здрава храна и уверете се дека

земате органско, свежо исцедено, нефилтрирано масло. Тоа можеби е малку

поскапо, но вашето здравје е повредно. Не купувајте вештачка храна од

супермаркетите, таа претежно е неквалитетна.

Page 114: Sovrsen vid

114

Боровинка

Еве уште една навистина зачудувачка “билка” за очите. Прочитајте го ова...

За време на Втората Светска Војна пилотите на RAF ( Royal Air Force - Британска

воздухопловна единица) биле форсирани да летаат ноќе со намера да го

реализираат секој доцен напад на Германија. Многу пилоти и нивните екипажи се

жалеле на слабата видливост и нејзините ефекти во нивната изведба. Едноставно

било премногу тешко да работат ноќе.

Во фамилијата на еден воздухопловен капетан, една постара жена предложила да

употребат џем од боровинка како помагало на ноќниот вид.

Истражувачите после педесет години подоцна го пронајдоа тоа што RAF веќе го

знаеле. Моќните ефекти на боровинката го зголемуваат ретиналниот пигмент за

драматична количина во само 20 минути.

Понатамошните истражувања покажале дека RAF пилотите кои преживеале и кои

продолжиле конзумирајќи го џемот или другите продукти од боровинка имале

неколку посебни аспекти од нивното здравје. Најзабележителниот аспект бил

совршениот вид, како наблиску така и надалеку како целосно отсуство на очните

нарушувања во текот на нивните животи. Групата била во отсуство на сите

циркулативни или дигестивни нарушувања во нивната медицинска историја.

Други студии покажале дека боровинката го подобрува видот и го зголемува

очниот крвен довод на 75% од пациентите. Тоа ја подобрува кратковидноста после

5 месеци правилна употреба додека 83% од визуалната изостреност била

забележана само после 15 дена.

Една од поголемите охрабрувачки статистики што се однесува на визуелните

усовршителни својства на боровниката е тоа што преку 80% од луѓето кои зеле

боровинки за прв пат напреднале на испитот за нивната визуелна изостреност и го

Page 115: Sovrsen vid

115

положиле тестот за ноќен вид во рамките на 3 минути земање. Подолгите

термините за целосно подобрување земаат просек 6 седмици со правилни дози.

Page 116: Sovrsen vid

116

Чистење на цревата

Да позборуваме малку за каката!

Знам, знам, тоа не е вид на муабет за кој луѓето сакаат да зборуваат. Но јас и вие

сме на природна заздравувачка авантура, па потребно е да дискутираме за сите

работи кои ќе му помогнат на видот да се подобри, без никаков страв и предрасуди.

Можеби си мислите дека нема шанси каката да имаат било каква врска со вашите

очи, но верувајте ми, се во вашето тело е поврзано, дури и вашите очи со вашиот

газ!

На следната страница, ќе му дозволам на Др. Schulze да ви го објасне ова. Тој

веројатно има повеќе искуство од оваа област од било кој друг жив човек, па би

знаел. Копирав една страна од еден негов бесплатен билтен.

Повторно, веројатно не сум претпоставен да го правам ова, поради авторските

права, но не ја изменав страната во секој случај, туку само сакам да ги прочитате

информациите (кои за жал пак се на англиски) и доколку сте во можност да ја

контактирате фармацијата на Др. Schulze на 1-800-herb-doc и да извршите порачка

на неговата програма за детоксација на цревата. (Исто така може да одете и на

официјалната страна www.800herbdoc.com)

Видете, вие може значително да ги средите очите, но постои дополнителен бонус

ако ги следите и додатните здравствени рутини вие нема да го подобрите само

видот, туку и СЕКОЈ ДЕЛ ОД ВАШЕТО ТЕЛО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПОДОБРО.

И мислам, секој дел.

Page 117: Sovrsen vid

117

Page 118: Sovrsen vid

118

Тестирање на вашиот напредок

Вие ги правевте вашите15 минутни сесии секој ден, усвоивте неколку нови здрави

очни навики, престанавте со правење на лошите навики, ја

променавте исхраната и направивте некои други одлични промени во

вашиот стил на живеење. Време е да видите колку вашиот вид е

подобрен.

Најпрво, едно мало предупредување

На телото му е потребно сопствено време за задравување. Не брзајте и немојте да

се разочарувате ако не добиете резултати толку брзо како што сте очекувале. Само

држете се кон програмата и прекувремено ќе ги добиете потребните резултати. За

некои луѓе тоа се случува во период од само неколку седмици, за други тоа може да

потрае една година и повеќе.

Исто така, вие ќе заклучите дека некои денови се подобри од другите. Во суштина,

некои денови ќе ви се чини дека вашиот вид станал полош. Сето тоа е природен

процес, вашето тело има сопствена интелегенција и причини за тоа како ќе реагира

на вашите зазравувачки напори.

Не правете ја грешката за тестирање себеси секој ден- вашите очи едноставно не

можат да реагираат толку брзо. Еднаш месечно, е доволно.

Исто така, секогаш проверувајте го видот во исто време од денот, под слични

околности, бидејќи видот се менува во различни периоди од денот под стрес и

тензија од околностите во животот.

Лично, јас одев кај мојот поддржувачки оптичар за брз очен тест еднаш

месечно. Сакав да добивам прецизна проценка за моето подобрување.

Постоеа месеци кога не покажав никакво подобрување и дури 2 месеци во

кои видот ми се влоши уште повеќе (тешки работни месеци), но

поголемиот дел од времето постоеше постепено и стабилно подобрување

во мојот вид. Тоа ќе ви биде возбудливо.

Ако не сакате трошоци за посети на професионалци за очен тест, можете да

направите сопствен... еве како:

Page 119: Sovrsen vid

119

Сопствено тестирање

Ќе ви е потребна очна табела или дијаграм за ова, кој можете да го симните готов

или пак да го направите сами.

Закачете го дијаграмот на ѕидот, во висина на очите и застанете на околу 6 метри

оддалеченост.

Детерминирајте ја најмалата редица што може да ја читате, потоа одвоете се на

потребното растојание од дијаграмот (6 метри) зависно од бројот испечатен до

редот.

Оваа пропорција е вашата изостреност. Специфично, способноста за читање црни

букви на бела позадина на 6 метри оддалеченост исто така е позната како “Snellen

изостреност” наречена по пронаоѓачот на очниот дијаграм. Обично е застапена со

“20” во броителот на пр. 20/20

Изразено во процент, тоа е вашиот “процент на нормален вид”, како и да е, вие не

смеете да го земите ова како апсолутистичка димензија бидејќи вие имате различна

бистрина на различна оддалеченост.

За да го добиете вашиот процент едноставно поможете ја дропката со 100! Значи

20/20 ќе биде 100% проценти од нормалниот вид, а 20/60 ќе биде 33.3% или една

третина од нормалниот вид.

Секако, 60/20 ќе биде 300% или 3 пати подобар од нормалниот вид, што е бројка за

која се стремиме, нели?

Page 120: Sovrsen vid

120

РЕСУРСИ

Др. Schulze

Уште еднаш, официјалната страна на Др. Schulze е www.800herbdoc.com и исто

така може да се јавите и на бесплатниот телефон 1-800-herb-doc

Како минимум за вашата природна корекција на видот, ви препорачувам доколку

сте во можност да ги набавите следните производи на Др. Schulze:

Eyebright формулата

Bowel Cleanse- програмот за чистење на цревата

“Супер исхраната” (Superfood)

Како дополнение на горнонаведите ако сте навистина непоколеблив и ги сакате

најдобрите резултати во најможно кратко време, тогаш исто така направете

прочистување на црниот дроб и прочистување на бубрегот, или уште подобро

искористете го 30 дневниот програм на Др. Schulze.

Но добро, да не се задржуваме подетално на тоа.

Page 121: Sovrsen vid

121

Како да направите свој сопствен дијаграм за очите

За време на истражувањето на интернет најдов одличен веб сајт кои генерира очен

дијаграм за вас, кој подоцна може да го испечатите. Содржи Snellen дијаграми (или

ако повеќе сакате, табели) дијаграми со слики и неколку други дијаграми...

навистина интересно. За да ви биде последно го модифицирав тој дел со

дијаграмите и го преведив на македонски.

Ова е линкот: http://sovrsen-vid.ws.mk/dijagrami.html потоа кликнете каде што

пишува ‘Направете случаен Snellen дијаграм Random Snellen Chart’ или било кој

од другите линкови со табели.

Исто така може да го симните овој генератор во вашиот компјутер и да го

користите во било кое време. Фактички, ова е најдобрата опција, бидејќи ќе можете

да си правите различни дијаграми за очите и да не се служите со измама

запомнувајќи ги редовите.

Значи мојата официјална страница е www.sovrsen-vid.ws.mk има доста информации

за тоа што ви е потребно при природно- заздравувачката авантура на видот, па

затоа вреди да ја ставите во букмаркс

За оние иницијативни души кои сакаат сами да испечатат или да нацртаат сопствен

дијаграм за очите, или ако сакате да потврдите дали вашиот испечатен текст е со

правилните пропорции еве ги димензиите:

Растојание стапки 20

Букви мм

Букви Фонт големина

“Растојанието” во табелата погоре се однесува на најоддалеченото растојание од

дијаграмот кое нормалното око има способност да го види. На Snellen дијаграмот

буквите од редот на дадената големина имаат соодветен број на растојание веднаш

до нив. Така редот со букви од 18 мм е обележан со “40”

Фонтот за пишување море да биде (или Courier Bold) под услов

големината на фонтот да е коресподентна со означената виснина на буквите.

Courier Bold е ПостСкрипт фонт кој е приближно точен до официјалните Snellen

букви.

Page 122: Sovrsen vid

122

Информирајте ме како напредувате

Дали сакате да им помогнете и на другите луѓе во врска со нивните напори за

нивната природна корекција на видот?

Дали сакате да ги охрабрите и инспирирате нив?

Ве молам пишувајте ми ги вашите успешни приказни на [email protected]

или едноставно пополнете го формуларот на мојот веб сајт.

Ќе направам колекција на најубавите приказни и со ваша дозвола ќе ги ставам во

секторот за “благодарност”.

Обожавам да разберам како стојат работите со сите вас.

Информирајте ме за вашиот напредок.

Уживајте во авантурата!!!

Page 123: Sovrsen vid

123

Заслугите одат до Dave Brinkley,

а посебна благодарност до сите

кои ми помогнаа и ме поддржаа во пишувањето на оваа книга...

Со почит,

Бобан Аврамоски