182

Spisanie Istorija God.2010-2011

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 2: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 3: Spisanie Istorija God.2010-2011

Godina XLVI Skopje 2010/11 Broj 1-2

SO D R @ I N A СТАТИИ - ПРИЛОЗИ Драган ЗАЈКОВСКИ Црковните прилики во Македонија во периодот на акакискаташизма (484 – 518)........................................................

5

Маја АНГЕЛОВСКА-ПАНОВА Источните дуалистички ереси: предизвикот на богомилството...........................................................................

15

Снешка ЛАКАЛИСКА Традиција на поклонички патувања во Mакедонија од X до XIX век..............................................................................

27

Димитар ЉОРОВСКИ ВАМВАКОВСКИ Активноста на првата организирана андартска чета испратена во југозападна Македонија (1903)..............................

43

Македонка МИТРОВА Кралството Србија и Втората балканска војна: политички и дипломатски аспекти.....................................................................

59

Љубица ЈАНЧЕВА Повеќепартиски парламентарни избори во Република Македонија (1990-2011)................................................................

77

Марјан ИВАНОВСКИ Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот и економскиот статус на албанското и на турското национално малцинство во ДФ/НР Македонија (1944-1963)....

89

Page 4: Spisanie Istorija God.2010-2011

Драгица ПОПОВСКА Каменот во муслиманската идеологија и во народната традиција на муслиманите во Mакедонија..................................

103

Мишо НЕТКОВСКИ За колективната меморија и идентитетот.................................... 115 Лидија ЃУРКОВСКА Иселениците од Република Македонија во СР Германија, Швајцарската конфедерација и Република Австрија по Втората светска војна....................................................................

127

ПРИКАЗИ Невен РАДИЧЕСКИ Лекции од историјата на современата македонска држава (1944-1991).....................................................................................

149

Лидија ЃУРКОВСКА Зборник на трудови Ѓорче Петров - Живот и дело..................... 155 Танас ВРАЖИНОВСКИ Балканослов’янський текст поховального оплакування: прагматика, семантика, етнопоетика...........................................

159

Танас ВРАЖИНОВСКИ Polska i Мacedonija. Bibliografia, komentarze, studia.................... 163 Танас ВРАЖИНОВСКИ Македонија и македонците и Македонско словенски зборник. 169

IN MEMORIAM Професор Гојко Алексовски......................................................... 175 Проф. д-р Видосава Недомачки-Петреску................................. 177 Пјер Карлие..................................................................................... 179

Page 5: Spisanie Istorija God.2010-2011

STATII - PRILOZI Драган ЗАЈКОВСКИ

ЦРКОВНИТЕ ПРИЛИКИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА АКАКИСКАТА ШИЗМА

(484 – 518)

Иако навидум поразени на вселенскиот собор во Халкедон во 451 година, приврзаниците на монофизитското учење во 60-тите и 70-тите години на V век го задржале влијанието во Александриската патријаршија. Тие чекале поволен момент јавно да се спротистават на одлуките за осуда на монофизитизмот. Веќе во втората половина на 70-тите години на V век промонофизитското свештенство во Алексан-дрија успеало да се наметне како сериозен фактор во тамошната црковна ерархија. Со нивна помош во 477 година за нов александриски патријарх бил хиротонисан Петар Монг кој веднаш истапил против халкедонскиот симбол на верата ,заземајќи монофизитски став во толкувањето на христовата природа.

Од друга страна, пак, тоа е периодот на сè поголемото заладување на односите меѓу Римската црква и Константинополската патријаршија пред сè поради 28. канон од Халкедонскиот собор. Римскиот папа воопшто не сакал да ја признае рамноправноста на Константинополската патријашија што било причина за влошување на односите меѓу двете највлијателни црковни столици во тогашната христијанска екумена.1 Соочен со притисоците од Рим, константи-нополскиот патријарх се обидел своите сојузници да ги најде на Истокот сред александрискиот и антиохискиот патријарх. Во тој контекст треба да се разбере обидот на константинополскиот патријарх Акакиј за постигнување на црковно единство меѓу двете патријаршии: Константинополската и Александриската. Воедно тој ја имал целосната поддршка од императорот Зенон (474 - 491) кој инсистирал на црковно помирување, плашејќи се од можноста религиозните несогласувања да условат политичката нестабилност во Византија. Императорот бил свесен дека обезбедувањето на политичката стабилност неминовно подразбира надминување на црковно – теолошките несогласувања. 1 F. Dvornik, Vizantija i rimski primat, Beograd 2009, 46.

Page 6: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragan Zajkovski

6

Компромисот бил изнајден летото 482 година кога императорот Зенон испратил декларација до Александриската патријашија за надминување на христолошкиот спор. Оваа декларација во исто-риографијата е позната како Хенотикон и нејзината цел била да понуди компромис кој ќе доведе до помирување меѓу Константино-полската, Александриската и Антиохиската патријаршија.2 Во Хенотиконот се потенцирала никејско – константинополската догма, признавајќи ги единствено одредбите од првите три вселенски собори. Содржината на Хенотиконот требало да ги задоволи минималис-тичките барања на двете страни и оттука во него воопшто не е спомната природата на Исус Христос одбегнувајќи kakvo bilo нејзино формулирање.3

Издавањето на Хенотиконот и признавањето на легитимитетот на Петар Монг предизвикале остри реакции во Рим. Папата Феликс III (483 – 492) испратил тричлено пратеништво во Константинопол со писма до императорот Зенон4 и патријархот Акакиј5 во кои се осудувало издавањето на Хенотиконот и се изразувало негодување од прифаќањето на Петар Монг за александриски патријарх. Сепак, и покрај овој притисок, Константинополската патријаршија останала на своите ставови што, пак, било повод, папата, во јули 484 година да свика помесен црковен собор во Рим на кој било осудено донесу-вањето на Хенотиконот, а Акакиј и Петар Монг биле екскому-ницирани од Црквата.6 На ова веднаш реагирал Акакиј кој го

2 Evagrius Scholasticus, Ecclesiastical History III, 13 – 14 (ed.Edward Walford, [London 1846], reprint 2008); cf. The Ecclesiastical History of Evagrius Scholasticus, III, 13 - 14 (translated with an introduction by Michael Whitby, Liverpool 2000, 127) Во тој период на чело на Антиохиската црква стоел Петар Гнафевс кој бил противник на одлуките донесени на Четврттиот Вселенски Собор одржан во Халкедон во 451 година. 3 Антов Владимировиќ Карташов, Васељенски Сабори, том I, Београд 1995, 415; The Cambridge History Of Christianity, volume 2: Constantine to c.600, ed. A.Casiday and F.W.Norris, Cambridge 2008, 17; Рајко Братож, Ранохристијанската црква во Македонија и нејзините односи со Рим, Македонско наследство, година V, број 13, Скопје 2000, 47; Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија на преминот од антиката во средниот век (IV – VI), сп.Историја, бр. 1 – 4 (1995/1996), Скопје 1996, 69. 4 Epistola I, Felicis Papae III Ad Acacium Constantinopolitanum, col. 0893D - col.0898D (PL 58) 5 Epistola II, Felicis Papae III Ad Zenonem Imperatorem, col. 0899A – col.0904C (PL 58) 6 „Acacius, qui secundo a nobis admonitus statutorum salubrium non destitit esse contemptor, meque in meis credidit carcerizandum, hunc Deus, coelitus prolata sententia, de sacerdotio fecit extorrem. Ergo si quis episcopus, clericus, monachus, laicus, post hanc denuntiationem eidem communicaverit, anathema sit, sancto Spiritu

Page 7: Spisanie Istorija God.2010-2011

Crkovnite priliki vo Makedonija vo periodot na...

2010/11/XLVI/1-2 7

избришал името на папата Феликс III од диптихот на Константи-нополската патријаршија. На тој начин започнала т.н. Акакиева шизма; на едната страна биле Константинополската и Александриската патријаршија, а пак, на другата застанала Римската црква заедно со западните епископии под нејзина јурисдикција.

Во новонастанатите услови на раскол, епископиите во Македонија добиле на важност во борбата за превласт меѓу папата и патријархот во Константинопол. Уште на почетокот од шизмата епископите од Македонија предводени од солунскиот еписко Андреј, кои дотогаш биле лојални на Рим, ја смениле политиката и застанале на страната на Константинопол. Со тоа, всушност, престанал да постои Солунскиот викаријат формиран во 412 година. Неговите епархии влегле под јурисдикцијата на Константинополската патри-јаршија. На тој начин Константинопол ја воспоставил црковната власт во Македонија.

Причините за оваа промена се должат на сè поголемите несогласувања кои ги имал солунскиот епископ со папата во врска со јурисдикцијата во решавањето на црковните прашања во префектурата Илирик. Овој антагонизам меѓу Солунскиот викаријат и римскиот папа вешто го искористил патријархот Акакиј кој му ветил на Андреј одредени привилегии доколку ја прифати јурисдикцијата на Константинополската патријаршија.7

Акакиската шизма продолжила и во времето на папата Гелазиј (492 – 496). За време на неговиот понтификат Римската црква направила обид да го обнови Викаријатот во Солун и на тој начин да ги врати изгубените позиции во Македонија и Илирик. Меѓутоа овие напори само делумно вродиле со плод. Имено, папата, единствено успеал да ги придобие дарданските епископи на своја страна, додека, пак, епископите од Македонија останале доследни на политиката блиска до константинополскиот патријарх. За ова сведочат четирите писма од кореспоnденцијата на папата Гелазиј со дарданските епископи и писмото до лихнидскиот епископ Лаврентиј. exsequente“ (Edictum Sententiae Felicis Papae Propter Acacii Episcopi CP. Damnationem, col 0934B [PL 58]); сп. Collectio Veronensis 5, (ed. E.Schwartz, Acta conciliorum oecumenicorum, Tom I: Concilium Universale Ephesenum, Munchen 1925/1926); в. The Cambridge History of Christianity…, 17. Во 489 година на одржаниот синод на Римската црква бил екскомунициран и Петар Гнафевс (Epistola III, Felicis Papae III Ad Petrum Fullonem, Ex Synodo Romana, col.0903 – col.0912D, (PL 58); сп. Collectio Berolinensis 26 [ed. E.Schwartz, Publizistische Sammlungen 6 – 7, 76]) 7 Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 69; Историја на Македонскиот народ, група автори, том I, Скопје 2000, 228.

Page 8: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragan Zajkovski

8

Според хронолошкиот редослед, прво од кореспоnденцијата на папата Гелазиј со дарданските епископи е писмото кое се датира во 493 година. Во него се бара епископите од оваа провинција да се спротистават на политиката на константинополскиот патријарх и да останат лојални на Римската црква.8

Како одговор на ова, дарданските епископи испратиле писмо до папата во кое соопштуваат дека остануваат верни на Римската црква. Во него се осудува учењето на Евтих, Петар Монг и Акакиј и воедно се бара од папата да испрати претставник со чија{to помош би се регулирале црковните односи во Дарданија во согласност со папската политика.9 Писмото во Рим го однел дарданскиот свештеник Трифо потпишано од шестмина дардански епископи меѓу кои како прв стои потписот на ,,Joannes episcopus sacrosanctae Ecclesiae Scopinae metropolitanae civitatis”.10

Во овој контекст е тезата на Рајко Братож11 кој смета дека горенаведеното писмо на дарданските епископи упатува на одржување на синодско заседание. Тој воедно изразува мислење дека синодот се одржал во Скупи под претседателство на скупскиот епископ. Меѓутоа, во изворите од наведениот период отсуствуваат податоци за одржу-вање на синод на епископите од Дарданија и оттука ова прашање останува отворено. Она што со сигурност се знае е дека епископите од Дарданија во 90-тите години на V век останале лојални на политиката на римскиот папа.

Освен во Дарданија, Римската црква се обидела да го врати влијанието на целата територија на Источен Илирик која пред ака-киската шизма влегувала под јурисдикција на Солунскиот викаријат. За ова сведочи недатираното писмо на папата Гелазиј I испратено до

8 Gelasius Papa, Epistola III, Ad Episcopos Dardaniae, col.0023B (PL 59); сп. Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Ad Episcopos Dardaniae, 14 - 15. (ed. Joannes Dominicus Mansi, tomus VIII, Florentiae 1760) Во писмото се спомнува „coepiscopum nostrum Ursicinum” чие епископско седиште се уште останува непознато. 9 Rescriptum Episcoporum Dardaniae Ad Gelasium Papam, col.0021D – col.0022D (PL 59); сп. Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Rescriptum Episcoporum Dardaniae Ad Gelasium Papam, 13. (ed. Joannes Dominicus Mansi, tomus VIII, Florentiae 1760) 10 Освен скупскиот епископ – митрополит Јован во писмото се спомнуваат Боносиј, Самуил, Верианиј, Фаусиниј и Урсиниј чиишто епископски седишта не се спомнуваат и оттука сè уште остануваат непознати. (Rescriptum Episcoporum Dardaniae Ad Gelasium Papam, col.0022D [PL 59]) 11 Рајко Братож, Op.cit., 47.

Page 9: Spisanie Istorija God.2010-2011

Crkovnite priliki vo Makedonija vo periodot na...

2010/11/XLVI/1-2 9

лихнидскиот епископ Лаврентиј.12 Во него папата го известува Лаврентиј за активностите во правец на враќање на јурисдикцијата над Солунската црква. Но и покрај континуираните обиди на Римската црква да ја врати јурисдикцијата во Македонија, изворите недвосмис-лено потврдуваат дека tie останале безуспешни.

Во годините кои следеле, во времето на понтификатот на папата Анастасиј II (496 – 498), изворите ништо не соопштуваат за црковните односи во Источен Илирик и Македонија. Тоа е период на интензивирање на напорите за надминување на акакиската шизма условен од дипломатската активност меѓу византискиот император Анастасиј I (491 – 518) и остроготскиот крал Теодорих (454 – 526). Во тој контекст треба да се разгледува посетата на Константинопол na двaјцата епископи од Римската црква кои заедно со патрикијот Фест13 во 497 година го врачиле барањето до византискиот император да го признае легитимитетот на Теодорих како император на Западот. Тие во исто време донеле писмо од папата Анастасиј II до константи-нополскиот патријарх Македониј II (495 – 511) во кое се барало да го избрише името на Акакиј од диптихот како услов за надминување на шизмата.14 Ваквото барање било одбиено од страна на патријархот со што обидот за надминување на акакиската шизма завршил неуспешно.

Следните податоци за црковните прилики во Македонија се датираат од времето на последните години од понтификатот на папата Симах (498 – 514), а најмногу од времето на папата Хормизд (514 – 523). Тоа е периодот кога епископиите во Македонија биле под целосна јурисдикција на Константинопол. За ова сведочи писмото на папата Симах датирано на 8. октомври 512 година упатено до еписко-пите, свештенството, монасите и народот ,,per Illyricum Dardaniam et utramque Daciam”.15 Во него се вели дека во тие области Црквата е еретичка алудирајќи на нејзиното црковно – литургиско општење со Константинополската патријаршија. Во писмото папата бара да ги прекинат врските со Константинопол и повторно да се вратат под јурисдикцијата на Римската црква.

Борбата за црковна превласт во Македонија и Илирик добила на интензитет во втората деценија од VI век. Како што соопштува

12 Epistola XI, Ad Laurentium De Lignido Episcopum, col.0019C – col.0021C (PL 59); сп. Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Ad Laurentium De Lignido Episcopum, 10 - 12. (ed. Joannes Dominicus Mansi, tomus VIII, Florentiae 1760) 13 Патрикијот Фест ја извршувал функцијата princeps senatus. 14 Anastasius Papa, Epistola I (PL 60) 15 Sacrorum Conciliorum Nova Amplissima Collectio, Symmachus, Epistola XI, 245 - 246. (ed. Joannes Dominicus Mansi, tomus VIII, Florentiae 1760); сп. Рајко Братож, Op. cit., 52.

Page 10: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragan Zajkovski

10

Теофан Исповедник во неговата Хронографија, во 515 година вкупно 40 епископи од Илирик и Хелада се собрале заедно и решиле да ги прекинат односите со својот митрополит – солунскиот епископ Доротеј кој бил во црковно единство со константинополскиот патри-јарх. Тие испратиле писмо до римскиот папа Хормизд во кое го известиле дека ја прифаќаат неговата јурисдикција.16 Од сведоштвото на Теофан Исповедник може да се претпостави дека овие 40 епископи свикале синод на кој заеднички ја донеле одлуката за одделување од солунската митрополија.

За новонастанатите црковни прилики во Илирик сведочи и преписката помеѓу папата Хормизд и митрополитот Авит од градот Виен во Галија. Во писмото датирано во 516 година Авит му соопштува на папата дека знае за сменетиот став на Cрквите во провинциите Дакија, Илирик и Скитија,17 а, пак, папата во одговорот од 15. февруари 517 година вели дека „Dardania et Illyricus vicina Pannoniae” се на страната на Рим.18

Според сведоштвото од сочуваната папска кореспоnденција, папата Хормизд, уште во првите години од неговиот понтификат започнал со притисоците насочени кон Константинополската патријар-шија со цел да бидат прифатени неговите услови за надминување на акакиската шизма. Од овој период датира обемна кореспоnденција на папата со византиските императори Анастасиј I и Јустин, потоа со солунскиот епископ Доротеј, константинополските патријарси Тимотеј I (511 – 518) и Јован II (518 – 520), како и со многумина други еписко-пи од Византија. Од досега сочуваните писма ,девет од нив се преписка меѓу Хормизд и императорот Анастасиј I,19 седум меѓу 16 ,,Episcopo vero Thessalonicensi ob imperatoris metum cum Timotheo Constantinopoleos episcopo communionem tenente, quandraginta Illyrici Graeciaeque episcopi una convenientes, tabulis etiam testibus prefessi sunt, abeo, velut a proprio metropolita, se discedere, missisque Romam tabulis Romani pontificis communionem observare polliciti sunt” (Theophanis, Chronographia, A.M. 6008, 139, col. 378 [PG 108]); сп. Рајко Братож, Op. cit., 56; Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 69. 17 Epistola Aviti Episcopi Viennensis Ad Hormisdam Papam, col. 0394 (PL 63) 18 Epistola X, Ad Avitum Viennensem Episcopum, col. 039D – col. 0397A (PL 63) 19 Epistola Anastasii Ad Hormisdam Pontificem, col.0369D – col.0370B; Epistola II, Ad Anastasium Imperatorem, col.0370C – col.0371B; Epistola Anastasii Augusti Ad Hormisdam Pontificem, col. 0374A; Epistola IV, Ad Anastasium Imperatorem Augustum, col.0374B; Epistola V, Ad Anastasium Imperatorem Augustum, col.0379B – col.0381A; Epistola Anastasii Imperatoris Ad Hormisdam Per Legatos sedis apostolocae missa, col.0381B – col.0383A; Epistola Anastasii Imperatoris Ad Hormisdam Papam, col.0383B – col.0383C; Epistola VI, Ad Anastasium Augustum, col.0384A – col.0385A; Epistola Anastasii Ad Hormisdam, col.0409C – col.0410A (PL 63)

Page 11: Spisanie Istorija God.2010-2011

Crkovnite priliki vo Makedonija vo periodot na...

2010/11/XLVI/1-2 11

Хормизд и императорот Јустин,20 пет писма се од кореспоnденцијата со солунскиот епископ Доротеј,21 едно со константинополскиот патријарх Тимотеј I22 и шест писма со неговиот наследник патријархот Јован II.23 “

За нашиот предмет на проучување од посебна важност е кореспоnденцијата меѓу папата Хормизд и солунскиот епископ Доротеј која содржи вкупно пет писма. Нивната содржина сведочи за континуираните безуспешни притисоци кои ги вршел папата врз солунскиот епископ со цел да го придобие на своја страна.24

Ваквата силна црковно – дипломатска активност на Римската црква неминовно предизвикала реакции од страна на константино-полскиот патријарх Тимотеј и императорот Анастасиј I, кои со низа мерки се обиделе да го елиминираат или барем da go ограничат папското влијание во Илирик. Како што соопштува комесот Марце-лин, императорот Анастасиј I во 516 година во Константинопол пови-кал пет епископи приврзаници на политиката на папата: Лаврентиј од Лихнидос (Нов Епир), Алкиз од Никопол (Стар Епир), Домниј од Сердика, Гајаниј од Наисус и Евангелиј од Павталија – сите тројца од провинцијата Средоземна Дакија. 25 Ова, всушност, значело некој вид 20 Epistola Justini Imperatoris Ad Hormisdam, col.0426D – col.0427A; Epistola XXVII, Ad Justinum, col.0427B – col.0427C; Epistola Justini Ad Hormisdam, col.0427D – col.0428B; Epistola XXVIII, Ad Justinum Augustum Responsoria, col.0428C – col.0429A; Epistola XXXII, Ad Justinum Augustum, col.0435B – col.0437A; Epistola Justini Ad Hormisdam, col0448D – col.0449B; Epistola XLIV, Ad Justinum Augustum, col.0454B – col.0455B (PL 63) 21 Epistola Dorothei Thessalonicensis Episcopi Ad Hormisdam Pontificem, col.0371C – col.0372D; Epistola III, Ad Dorotheum Thessaloninsem Episcopum, col.0373A – col.0373C; Epistola XXII, Ad Dorotheum Episcopum Thessalonicensem, col.0408D – col.0409B; Relatio Dorothei Episcopi Thessalonicensis, col.0499D – col.0500B; Epistola LXXIII, Ad Dorotheum Thessalonicensem Episcopum, col.0500C – col.0500D (PL 63) 22 Epistola XII, Ad Timotheum Constantinopolitanum Episcopum, col.0399C – col.0400A (PL 63) 23 Ad Joanis Episcopi Constantinopolitani, col.0429B – col.0429D; Epistola XXIX, Ad Joannem Constantinopolitanum Episcopum Responsoria, col.0430A – col.0430D; Epistola XXXIV, Ad Joannem Constantinopolitanum Episcopum, col.0438B – col.0439B; exemplum Libelli Joannis Episcopi Constantinopolitani, col.0444A – col.0445B; Joannis Ad Hormisdam, col.0449D – col.0450C; Epistola XLV, Ad Joannem Episcopum Constantinopolitanum, col.0455C – col.0456D (PL 63) 24 сп. Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 69. 25 ,,Laurentium praeteria Lychnidensem, Dommnionem Serdicensem, Alcissum Nocopolitanum, Gaianum Naisitanum et Euangelum Pautaliensem, catholicos Illyrici sacerdotes, suis Anastasius praesentari iussit obtutibus” (Marcellinus, Chronica, IX, 3 [ed.Brian Croke, Sydney 1995, 38])

Page 12: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragan Zajkovski

12

на егзил за споменатите пет епископи поради нивната непослушност кон Константинопол и воедно претставувало силна порака до оста-натите илирски епископи кои се приклониле кон политиката на Римската црква. Токму во овој контекст треба да се напомене дека егзилот на епископот Лаврентиј во Константинопол траел седум години,пред повторно да му биде дозволено да се врати во Лихнидос каде што и починал на повеќе од 80 -годишна возраст.26

До промена во црковните односи меѓу Рим и Константинопол дошло во времето на императорот Јустин (518 – 527) кога биле создадени поволни политичко – црковни услови за надминување на акакиската шизма. Императорот, уште во првите две години од стапувањето на престолот, извршил силен притисок врз константино-полскиот патријарх Јован II (518 - 520) да ги прифати условите на папата за помирување меѓу двете Цркви. Со таа цел во 518 година епископите под јурисдикција на константинополскиот патријарх одр-жале помесен црковен собор во Константинопол на кој изразиле подготвеност за надминување на акакиската шизма.27 Папата на ова одговорил со испраќање на делегација во Константинопол со цел да го однесе неговиот протокол за обединување (libellus) кој ги содржел условите за надминување на расколот: признавање на одредбите од сите четири вселенски собори, анатемизирање на Акакиј и неговите приврзаници, како и бришење на нивните имиња од диптихот на Константинополската патријаршија. На 28. март 519 година констан-тинополскиот патријарх го потпишал протоколот за обединување со што формално – правно била надмината акакиската шизма.28

Меѓутоа во праксата и покрај формалното надминување на шизмата, воспоставувањето на единство одело бавно. Како што соопштува изворниот материјал29, најголем отпор во прифаќањето на

26 Епископите Алкиз и Гајаниј умреле во првите години од егзилот во Константиноl, а пак, Домниј и Евангелиј по извесно време биле вратени назад во нивните епископски седишта поради стравот од избувнување на немири поради нивниот егзил. (Marcellinus, Chronica, IX, 3 [ed.Brian Croke, Sydney 1995, 38 – 39]) 27 Joannis Episcopi Constantinopolitani, col.0429B – col.0429D (PL 63); сп. Антов Владимировиќ Карташов, Op. cit., 416. 28 Exemplum Libelli Joannis Episcopi Constantinopolitani, col.0444A – col.0445B (PL 63); сп. Theophanis, Chronographia, A.M. 6011, 165 - 166, col.382 – col.386 (PG 108); Рајко Братож, Op.cit., 59; Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 70; Антов Владимировиќ Карташов, Op. cit., 416; Историја на Македонскиот народ..., т.I, 228; The Cambridge History of Christianity…, 18. 29 Le Liber Pontificalis I, 52 (ed. L.Ducheshe, Paris 1955, 258); Relatio Dorothei Episcopi Thessalonicensis, col.0499D – col.0500B; Epistola LXXIII, Ad Dorotheum Thessalonicensem Episcopum, col.0500C – col.0500D (PL 63)

Page 13: Spisanie Istorija God.2010-2011

Crkovnite priliki vo Makedonija vo periodot na...

2010/11/XLVI/1-2 13

папскиот libellus имало од страна на епископите во Македонија предводени од солунскиот епископ Доротеј кој иако официјално воспоставил литургиско единство со папата, во практика водел дволична политика. Пролетта 519 година на враќање од Константи-нопол за Рим, во Солун престојувала папската делегација која побарала од Доротеј да го следи примерот на константинополскиот патријарх и да го потпише протоколот за обединување. На ваквото барање Доротеј одговорил дека ќе го потпише libellus-от веднаш откако ќе свика синод на неговата диецеза на кој ќе се формализира воспоставувањето единство со Римската црква.30

Настаните кои следеле го покажале спротивното. Доротеј, имајќи ја безрезервната подршка од граѓаните на Солун , воопшто не бил подготвен за помирување со Рим. Истата 519 година во градот допатувал пратеник на папата кој побарал од Доротеј јавно да стави потпис на протоколот за обединување. Тоа било причина за допол-нителен револт сред свештенството и верниците кои под никакви услови не сакале libellus-от да биде потпишан. Тие, присуството на папскиот пратеник го протолкувале како закана за нивната црковна слобода и затоа побарале да биде извршена измена во текстот на протоколот за обединување. По одбивањето на папскиот пратеник да се изврши интервенција во текстот, Доротеј притиснат од свештенс-твото и верниците, одбил да го потпише документот. Притоа, поради бесот на солунјаните, ситуацијата излегла од контрола: насобраниот народ извршил напад на куќата во која престојувала делегацијата од Рим при што животот го загубил нејзиниот сопственик, додека, пак, папскиот пратеник успеал да остане неповреден.31

На овој неочекуван развој на настаните во Солун веднаш реагирал папата кој го повикал Доротеј во Рим.32 Меѓутоа, наместо да сноси последици за настаните кои се случиле, солунскиот епископ Доротеј и презвитерот Аристид кој важел за негов близок соработник биле повикани во Константинопол каде {to ја добиле поддршката од императорот и патријархот.33 Оttuka може да се заклучи дека иако формално ја вратил својата јурисдикција над Cрквата во Солун, односно епископиите во Македонија, во практиката папата бил прину-

30 Epistola LXXIII, Ad Dorotheum Thessalonicensem Episcopum, col.0500C (PL 63); сп. Рајко Братож, Op.cit., 59; Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 70; Антов Владимировиќ Карташов, Op. cit., 416. 31 Epistola LXXIII, Ad Dorotheum Thessalonicensem Episcopum, col.0500C (PL 63) 32 Ibidem. 33 Рајко Братож, Op.cit., 59; Митко Б. Панов, Борбата на Римската црква за црковно господство во Македонија..., 70.

Page 14: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragan Zajkovski

14

ден да ја толерира проконстантинополската политика на Доротеј и подоцна на неговиот наследник Аристид.

За разлика од Солун, во Лихнидос победила проримската струја. Изворите сведочат за топлиот пречек кој го имала папската делегација која во почетокот на 519 година по Via Egnatia пристигнала во Лихнидос на патувањето кон Константинопол. За време на посетата на римската делегација, лихнидскиот епископ Теодорит безусловно го потпишал протоколот за обединување. 34

Во контекст на ова е писмото на лихнидскиот епископ датирано во мај 519 година упатено до папата Хормизд во кое ја изразува лојалноста кон Римската црква.35 Во писмото се изразува воодушевување од надминувањето на расколот. Оттука тоа недвосмислено сведочи за блиските црковни врски меѓу епископијата во Лихнидос и Римскиот папа во почетокот на V век. Dragan ZAJKOVSKI THE CHURCH SITUATION IN MACEDONIA DURING

THE ACACIAN SCHISM (484-518)

– summary –

During the Acacian schism, episcopal centers in Macedonia gained

great importance in the struggle for supremacy between the Pope in Rome and the Patriarch of Constantinople. Bishops from Macedonia, led by Thessaloniki bishops, had been thus far loyal to Rome and took sides with Constantinople Patriarch. Therefore, Constantinople established the ecclesiastical authority in Macedonia.

The period of Acacian schism is filled with attempts by the Roman church to renew the Vicariate of Thessaloniki and thus to restore the lost positions in Macedonia and lllyric. This can be concluded from the papal letters sent to bishops in Macedonia in the period of Acacian shism.

34 Relatio Dorothei Episcopi Thessalonicensis, col.0499D – col.0500B (PL 63) 35 Exemplum Epistolae Theodoriti Episcopi Lignidensis Ad Hormisdam Papam, col.0452B – col.0452D (PL 63)

Page 15: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja ANGELOVSKA-PANOVA

EASTERN DUALISTIC HERESIES: THE CHALLENGE OF BOGOMILISM*

Bogomilism represents a spiritual manifestation, with a dualistic natu-re, of a religious expression, and a social and philosophical orientation. The beginnings of Bogomilism are connected with the period from the mid–10th century and its dynamic of alternating expansion and decline, adjusting the method of existence to the current social and political conditions, allowed it to survive on the historical scene until 15th century when the last impulses of its existence were realized.

The appearance of Bogomilism in Macedonia was primarily determined by the specific socio-political and economic conditions characte-ristic for the medieval period; however, its spiritual source should be searched for in the conditions created by the activities of St Clement and Naum of Ohrid.1

Namely, during the period of second half of 9 c., after their return from Moravia in Macedonia, the Christianity, as an official religion, was being proclaimed by Greek priests with a religious service in Greek and under the direct jurisdiction of Constantinople.2 With the intention of resisting the Byzantine religious and cultural domination, the Bulgarian Tchar Boris sent Clement to the South-western parts of Macedonia so as to pacife his compatriots and simultaneously spread Christianity in the folk Slavonic language. The teaching activity of Clement of Ohrid resulted in the creation of Ohrid Literary School where traditions established with the activities of St Cyril and Methodius were being cherished in its authentic form. In an ambience such as that, an ambience of heightened feudalism and an evident presence of teaching ideas, specific spiritual preconditions for expansion of

* Текстот претставува кратка верзија на предавањето одржано на Универзитетот „Ка Фоскари“ (Ca’ Foscari) во Венеција на 23 април 2009 година. 1 D. Obolensky, The Byzantine Commonwealth. London 1971, 103-104; M. Agnold, Church and Society in Byzantium under the Comneni. Cambridge, 1995. 2 И. Велев, Изворните идеи на моравската мисија на св. Кирил и св. Методиј во дејноста на св. Климент и св. Наум Охридски. Кирилометодиевската традиција и континуитет. Скопје 1997, 11-20.

Page 16: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja Angelovska-Panova

16

bogomil–heretic doctrine to be created.3 It certainly wasn’t a matter of direct connection between the activity of St Clement and the latter Bogomil movement, but more of an immediate influence which represents one of the preconditions for its appearance. Namely, as a man with diverse erudition St Clement was acquainted with the appearance of apocryphal texts in Byzantine literature, and even used some of the texts, enriching his preaching and edifying word without, of course, trying to exhibit any kind of heresy. Thus, in his work “A Sermon for Pasha” there are multiple references about the motif for Christ’s descending in the hell while the “Words of Praise for the Archangels Michael and Gavril” talks about the fall of Lucifer and the victory of arhistratig Michael, topics characteristic for the apocrypha, and later reflected in the folklore.4 The ideological platform of Clement’s activity consisted of including a larger number of students in the educational process in Slavonic language. That way literacy was available for a wider social class without any aspirations to be treated as a privilege of the class with a higher social status. According to the data from the Life of St. Clement, their immediate engagement in the Ohrid Literary School resulted in a body of 3,500 students with theological and generally literary education. Most of them probably continued their activities as devoted servants of the official church, but there were also those that while broadening their theological and ideological conceptions tried to find a new spiritual expression. It testifies that the educational process in the Ohrid Literary School was not limited only to a passive adoption of Christian dogmas, but that it indirectly influenced the possibility of creating critical relationship in their exegesis. In that respect, the education by itself did not represent heresy, but it encouraged scepticism which evolved to a constructive criticism, especially when it came to interpreting the gospel contents. So, through the literacy as an expression of passive resistance, the need to develop an alternative way of thinking that would contradict the monopoly of the official Christian dogmatics was imposed. These are the conditions that also identify the appearance of Bogomil heresy which directs the thought towards the secular processes of universal problems of the time and in the scientific literature is justifiably defined as an early anticipation of European humanism. The main preacher and ideological creator of Bogomilism was the priest Bogomil, for whom it is believed to have been a priest educated within the Orthodox Church. He was a man who, for his time, showed reformatory tendencies regarding many religious and social issues. The idea of Bogomilism as a new

3 Y. Stoyanov, The Hidden Tradition in Europe. Arcana 1994, 132-133; M. Barber, The Cathars. Dualist Heretics in Languedoc in the High Middle Ages. Longman, 2000, . 15. 4 Г. Василев, Български богомилски и апокрифни представи в английската средновековна култура. София, 2001, 240.

Page 17: Spisanie Istorija God.2010-2011

Isto~nite dualisti~ki eresi:predizvikot na bogomilstvoto

2010/11/XLVI/1-2 17

spiritual manifestation was probably due to Priest Bogomil’s theoretical experience and objective reasoning, but the complete realisation of Bogo-milism as a teaching with a distinct conception which concerns theological, philosophical and social aspects was probably the result of many years of team work with his closest associates and followers. Priest Bogomil’s pragmatism, in addition to its ideological platform, lies mainly in his ability to coordinate his associates for a complete realization of this teaching. All that is particularly important because of the fact that Bogomilism was not limited only to a theoretical interpretation; on the contrary, it meant more immediate engagement in organizing the life in heretical communities and developing a literary activity in the spirit of Bogomil theology.5

The tradition from heretical experiences and philosophical concepts from the past have qualitatively left visible traces on the conception and ideological direction of Bogomilism; at the same time, the attempt to include new contents which would contribute to the authenticity and original articulation of the teaching is an undisputed fact.

The essence of Bogomilism as a movement and as a teaching can be followed and historically reconstructed on the basis of several key postulates, such as the dualism, the specific theological and dogmatic determination, the support of ethical principles within their social life, and finally the political dimension of the teaching the determinants of which rise from the overall social and political processes in medieval times.

The dualist ontology in its most general formulation represents an integral part of the human spirituality which in the process of evolutional awareness has been facing and experiencing the differentiation between the categories of good and bad. In fact, the dualism represented an actual conse-quence arising from the human perception of the factual and cruel life on earth as opposed to the visionary model of an ideal life which would be realised in God’s heavenly realm. Philosophical orientations and religious concepts were formed on the basis of antagonistic position of primordial principles of good and bad, that is to say of spirit and matter. A more specific religious status in the process of dualistic ontology is acquired by the Iranian dualism, seen through zoroastrism and masdeism, religious and philosophical platforms which existed 17 centuries before Bogomilism appeared. Namely, the universe, according to Zarashutra’s teaching, was Ahura Mazda’s creation and later the world, in its actual and material manifestation, was corrupted by Ahriman.6

5 М. Ангеловска-Панова, Богомилството во духовната култура на Македонија. Скопје 2004, 71. 6 M. Elijade, Istorija verovanja i religiskih ideja, II. Beograd 1991, 195; Y. Stoyanov, The Hidden Tradition in Europe, 17-18.

Page 18: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja Angelovska-Panova

18

When it comes to Bogomil dualism, its assembling character, arising from chronologically older heretic experiences and from the influence of canonical and apocryphal literature, should certainly be taken into account. But the variations of dualism were at the same time largely determined by the actual socio-political and economic conditions in the period between 10th – 15th centuries, as well as by the existing understanding of the principles of good and bad specified through the characters and acts of God and the Devil. In that respect, the Bogomil dualism was able to express a moderate or, at specific times of its constant development, an absolute (that is to say extreme) orientation. In principle, the study of the greater part of the relevant original materials suggests the impression that Bogomils were devotees of moderate dualism which represented a kind of compromise solution between the absolute dualism inherent to Manichaeism and Paulicianism on the one hand, and Christianity on the other. Bogomil moderate dualism was based on the Biblical myth of the Satan whose apostasy from the heavenly Trinity starts the establishment of the principle of good and bad. According to the beliefs of moderate dualists, most illustratively shown in the Secret Book, the principle of bad was in an inferior position in relation to the principle of good; in other words it was its creation.7 The functioning of the material world relied on the principle of evil, which by itself meant that the matter was being treated as an evil substance containing the kingdom of Satan as an antithesis of the kingdom of light. The antagonistic position of the spirit and the matter represents a philosophical foundation and a supporting point of Bogomil doctrine. This belief brought Bogomils close to Plato’s philosophy according to which the matter, identified with desolation and emptiness, contradicts the kingdom of light.8 In spite of the evident dominance of moderate dualistic tendencies, the extreme dualism, which in most examples was encouraged by the actual political and social problems within the social system, was also present in Bogomil communities at different times. A typical example of extreme expansion of absolute dualism is detected within the Dragovit’s church–heretical community, which is being connected to the traditions of the former Sclavinia with the same name located in the western part of Macedonia, the status of which was, at the time, based on the political and economic freedom.9

7 Д. Ангелов, Богомилството. СофиÔ 1993, 141. 8 Н. Кочев, Към въпроса на представителите на гностико-дуализма във Византия и на Балканите през IX-XII в. и античната философия. Studia Balcanica, 14. София 1979, 63. 9 М. Ангеловска-Панова, Богомилството во духовната култура на Македонија. 90-91.

Page 19: Spisanie Istorija God.2010-2011

Isto~nite dualisti~ki eresi:predizvikot na bogomilstvoto

2010/11/XLVI/1-2 19

Bogomils expressed an antagonistic attitude towards the canonical teaching of the official church, as well as towards the feudal order in general, through the established theological and dogmatic principles of its religious and dualistic teaching according to which everything created out of matter is identified with diabolism. This determination of the material world further determines the attitude of Bogomils towards external manifestations and attributes of Christian religion, concerning the question of credibility of its cult system. The Bogomil’s attack was directed primarily against the church as an institution which, according to their beliefs, had nothing in common with the real Christian eclesia, particularly because of the fact that it derogated from principles established by gospel texts. Bogomils supported the rejection of the church in its institutional meaning with their own interpretation of the Gospel of Mathew (XI, 6) which reads: “And when you pray, enter your chambers and while closing the door pray to your Father.” The general impression is that they supported the contents literally pointing out that there is no mention of any kind of any church building whatsoever. The interpretation of the Paul the Apostle syntagma is probably made in accordance with the same principle; in his First Epistle to the Corinthians, he points out: “Don’t you know that you are the temple of God and that the spirit of God lives within you? If anyone destroys the temple of God, God shall destroy him, because the temple of God is holy, and so are you.”

In their doctrine determination, Bogomils were categorical in their nihilism towards liturgies, icons, the cross, the christening, Eucharist, relics as a source of miracles, the Resurrection, holidays, the Secularity of Virgin Mary, etc. This certainly speaks in favour of the fact that Bogomil theology was not directed directly against Christian principles, but that it was directed against their interpretation, as an ideological substratum in medieval times, by the official church. In that respect, the intervention of Bogomils was more along the lines of reformulating the gospell principles regarding exegesis, but it was also used to serve their interests and doctrine as an unprivileged class.

The social and ethical characteristics of Bogomilism can best be seen within the framework of organisational life, realised in their church–heretical communities. Namely, the existence of an organized life was evident since the earliest phase of Bogomil existentionalism which was under a strong influence of the original apostolic Christianity and in accordance with their concept for equality between people, collective ownership and applied communism.10 Supporting the principles of the original Christianity, Bogomils were against the hierarchical structure based on material goods.

10 Д. Ангелов, Философските възгледи на богомилите. Известия на института за българска история, 3-4. София 1951, 135.

Page 20: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja Angelovska-Panova

20

Their definition for hierarchy was connected to the degree of theoretical knowledge in presenting dogmas and practising a strict ascetic way of life which, from current’s point of view, implicates the meaning of the term category. Depending on whether these criteria were met, Bogomils were practically divided in three basic categories: students, atheists and perfects, or in the spirit of their own terminology - followers, believers and perfects.11 The progressing from one to the other category was accompanied with a certain preparatory period for confession, spiritual and physical catharsis and constant contemplation, which in the end finished with an appropriate ritual identified as the second or the real baptizing through the Holy Spirit. It should be noted that both the spiritual baptizing, i.e. the change from a follower into a believer, and the elevation in the category perfect were accompanied with an identical ritual. It is probably due to the idea for simplicity and complete democratization of Bogomil organizational life.12 Hence, follows the logical conclusion that the preparatory period for crossing from one category to the other was of greater importance for Bogomils than the actual ritual, because of the fact that it was then that the three basic principles came to the fore: complete absorption of Bogomil theology, radical asceticism, and an absolute poverty. The process, the aim of which was reaching absolute perfection, was long lasting. According to Euthymius of Akmonia the period of introduction into heretic dogmas lasted one to two years. On the other hand, Euthymius Zigabenus and John Zonara when addressing Priest Basil’s activities, the principal preacher of Bogomilism at the end of 11th and the beginning of 12th century, point out that he studied these dogmas for 15 years.13 It means that besides the obligatory period which usually lasted one to two years the perfect Bogomils probably spent a great part of their time on their personal improvement as far as absorbing and exegesis of Bogomil occultism is concerned, especially if we have in mind that it is not a static manifestation but a religious and ideological complex manifesting evolution tendencies during its existentional impulse.

As an alternative form of religious and ideological belief, Bogomilism also had a dominant influence in cultural processes by being reflected in the spiritual culture of Macedonia, the Balkans and throughout Byzantium and the countries of Western Europe. One of the achievements of this teaching is actually that it went beyond the local character and, in its original or modified form, dispersed on a wider geographical level, reaching the status

11 Д. Ангелов, Б. Примов, Г. Батаклиев, Богомилството в България, Византия и Западна Европа в извори. София 1967, 42. 12 M. Lambert, The Cathars. Oxford 1998, 34. 13 B. Hamilton, Christian Dualist Heresies in Byzantine World, 650-1405. Manchester 1998, 175-178.

Page 21: Spisanie Istorija God.2010-2011

Isto~nite dualisti~ki eresi:predizvikot na bogomilstvoto

2010/11/XLVI/1-2 21

of a movement of international importance and character. The identification of Bogomil cultural values and influences can best be seen through literary compositions with an original Bogomil articulation, the apocrypha, the philosophical aspects of the teaching, as well as through folklore. Actually it is about presenting an alternative thinking process that goes beyond the official Christian stereotypes which made it equally attractive not only for the devotees of Bogomilism, but also for the orthodox Christians. The basis of Bogomil literature was laid with its teaching conception, most probably expressed in writing by the priest Bogomil and his closest associates. Presbyter Kozma’s familiarity with Bogomil interpretation of dogmas was probably not accidental. Namely, he acquired his knowledge not only through personal contacts with Bogomils who later turned back to Orthodoxy, but also through reading books with an original Bogomil status. The data from later sources are somewhat more general. Euthymius from Akmonia mentions the “Satan epodes” which were read on the occasion of the ritual of holy baptizing, while Euthymius Zigabenus talks about a kind of “Eucharistic prayers”. Simeon of Salonica, on the other hand, mentions “prayers and songs worthy of scorn”.14 These prayers probably represented a particular kind of literature, but the sources contain almost nothing about their content more specifically. It is reasonable to assume that the content was available only to the elite group of Bogomil credo–perfects and possibly to the believers, as these prayers were in principle carried out during canonization from one category to another. The evident shortage of these Bogomil works is due to the status of the Bogomil movement as a heretic teaching which most often made them subject to persecution. In any case it is reasonable to assume that the original Bogomil literature expresses two developmental tendencies: the literature which contains the ideological platform of Bogomilism, which was probably supposed to represent a kind of promotive material, and the esoteric literature accompanied by the ritual practise of Bogomils. The Book of Rituals, saved in a transcript in Provencal language from 13th century, certainly falls within the original Bogomil literature.15 On the basis of equivalence in relation to the religious practice, we assume that it is a translation or an adaptation of a Bogomil book of rituals which is not saved in its Slavonic version. The affirmation of the apocrypha, which represent a synonym for unofficial, uncannonical contents, appear as a direct consequence of the need of the medieval man for an additional explanation of Biblical, and religious and Christian concepts from

14 Д. Ангелов, Б. Примов, Г. Батаклиев, Богомилството в България, Византия и Западна Европа в извори. 174. 15 Й. Иванов, Богомилски книги и легенди (фототипно издание). София 1970, 115.

Page 22: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja Angelovska-Panova

22

the point of view of the current social attitude.16 Namely, the Bible and the canonical works generally, which were the only works recognised by the church as an official moving force for the cultural and spiritual life, came to be inconsistent with people’s aspiration to get a more complete idea about how the world came to be and understand the natural phenomena. In that respect, the apocrypha expressed tendencies which were in principle easy to understand as far as the common man was concerned, who built his theolo-gical and moral view of the world on them. Thematically, the apocrypha represent a mixture of pragmatisms from Biblical books and legends on which, in fact, rest canonical books, and very often with an emphasis on heretic elements.17 The term apocrypha, in accordance with the establishment of a set canon of God’s literary works, was gradually losing its primarily meaning and increasingly identifying with the books in contradiction with the basic Christian dogmatism. Most of the apocrypha that preceded Bogomilism (The Book of Enoh, Vision of Isaiah, Revelation of Varuh, The Argument between Christ and the Antichrist, etc.) had an influence on Bogomil cosmogony and eschatology. In fact, priest Bogomil’s establish-ment as an ideologist and the integral realisation of Bogomil ideology was in effect unimaginable without the basic knowledge of the apocryphal literature which, on the other hand, was expressing tendencies close to the beliefs and thoughts of people in the Middle Ages. The Secret Book and Vision of Isaiah are considered to be amongst the most important apocrypha with an original Bogomil status. A new approach towards writings in the medieval literature was introduced with The Secret Book, where canonical motifs are subject to a philosophical opinion and to an additional literary adaptation. As a kind of literature in which one religious system contrasts another, in this case the Bogomil against the official, The Secret Book is very close to the Book of Revelations.18 Similar tendencies regarding the content, which has a mythological and apocalyptical character, can also be seen in the apocrypha The Vision of Isaiah. The apocrypha in Greek language was well known since the period between 1st and 2nd century, and somewhat later, between 2nd and 3rd century, there was a compilation under the title The Vision of Isaiah enriched with data about the Jewish tsar Ezekij. The Slavonic text of The Vision, saved in two versions – extensive and short, originated from the above mentioned compilation in Greek language, or, to be more precise, from its second part. The remarkable significance of the apocrypha and its use is witnessed in writing in Bogomil circles. Namely, in a Greek text which

16 И. Велев, Македонскиот книжевен XIV век. Скопје 1996, 293. 17 Кирило-Методиевска eнциклопедия, т. I. София 1985, 85. 18 А. Веселовски, Литературное значение ереси. История ереси. Москва, 2004, 487.

Page 23: Spisanie Istorija God.2010-2011

Isto~nite dualisti~ki eresi:predizvikot na bogomilstvoto

2010/11/XLVI/1-2 23

dates from 12th century, besides the ritual formula practised for converting Bogomils and Massilians to Orthodoxy, it is pointed out that these heretics were using the “shameless and deceiving Vision of Isaiah written by them”.19 The Bogomil aspects in this apocrypha were barely noticeable. This approach was in line with the already established principle in Bogomil literature for presenting heretic tendencies in a discrete manner, subtly and marginally, so that the conclusion about them was due to the interpretation of the text. In that respect, the apocrypha represented a kind of dogmatic and ideological material used for influencing, which circulated not only among Bogomils, but also in Christian circles, especially because of the fact that the essence of the text, amongst other things, also implicates the social aspect of people’s lives. Both The Secret Book and The Vision of Isaiah had a high rating among devotees of Catharism which speaks in favour of an established cultural cooperation between eastern and western dualists.

There were also philosophical ideas incorporated within Bogomilism, which was in a way conditioned by the dichotomic concept of Bogomilism as well as by the diabolistic conviction. The presence of philosophical elements is also a consequence of the influence of philosophical orientations as Gnosticism, Orphism, Pythagorism and Platonism, the ideas of which were partly incorporated in the doctrines of Bogomilism and Catharism, although not as purely philosophical, but more with a religious connotation.20 As an example, the use of vegetarian diet, besides the religious and dogmatic as well as the ascetic determination, also had a philosophical justification through the metempsychosis and the transmigration of the soul. The philosophical speculations about the immortality and the transmigration of the soul are very subtly presented in Bogomil circles, probably because of the aspiration for the most secret philosophical and dogmatic determinations not to be manifested transparently. The ideas that a man’s soul can bear experiences from a previous life can be found in the works of Euthymius from Akmonia. Addressing the Bogomil myth about the transformation of the soul, the author established that “when a man is furious he is like a snake, a dog, a cat...” Further explanations are in connection with the Devil who, in order to keep the opposed soul in the body, ate all kinds of impure animals and later threw them up in order to keep Adam’s soul in his body.

The presence of philosophical ideas and interpretations in the Bogomil system attracted the attention of representatives of the higher social

19 Й. Иванов, Богомилски книги и легенди,153; B. Hamilton, Wisdom from the East. Heresy and Literacy, 1000-1530, eds. P. Biller and A. Hudson. Cambridge 1994, 56. 20 М. Ангеловска-Панова, Догматско-филозофската оправданост на вегетари-јанството во еретичките средини во средниот век. Филозофија, 9. Скопје 2004, 87-92.

Page 24: Spisanie Istorija God.2010-2011

Maja Angelovska-Panova

24

class or, as Ana Komnina mentions, the “wealthy people” and “some high priests”.21 A typical example is the Byzantine philosopher John Italus, an intellectual and Michael Pselus’s student, who founded the section of dialectics and history of philosophy.22 His teaching, despite the philosophical dimensions of metempsychosis, the Resurrection and the Last Judgement exegesis, was confronted with the official Christian normative and attempted to introduce rational behaviour in theology. All that contributed Italus’s teaching to be anathematized at the synod held in the year 1082. A similar example is the Patriarch Eustatius Garida of Constantinople who, under the influence of John Italus's philosophical theology, believed in the metempsychosis of souls and denied the power of icons. On account of his religious beliefs, Eustatius Garida held the position of a Patriarch in Constan-tinople only for a short time (1081–1084).

And finally, the spiritual and cultural founding traditions of Bogomil teaching also reflected in the folklore. The influence of some aspects of Bogomil ideology was first of all carried out by the apocryphal literature which, with its expression and emotional impulse, showed remarkable similarity with folklore works. A number of Old Testament and New Testa-ment themes which, combined with folklore motifs had a different meaning and significance, were infiltrated into folklore legends through the apocrypha. The receptivity of Bogomil elements in folk literature was chro-nologically and practically accomplished through a long and complex process determined by a number of factors such as: traditional, socio-economic and cultural, which at the same time impose the typology of this kind of folklore. In that respect, the folklore with Bogomil character is classified according to the following principle: cosmogonical folk literature, folk tales in which Bogomil dogmatism is interpreted from a folklore aspect and a cycle of folk literature about Adam and Eve.

The importance of this kind of folklore is in the fact that the existing conglomerate of ideas is interactively put to work, presenting it in an authentic way and in accordance with the mentality, the socio-political and social conditions. In this context, it often comes to an alteration of the meaning of some Bogomil determinations from the point of view of the folk narrator. From this point of view, the social factor is the most dominant factor. The folk narrator introduced Bogomil elements, but not always with a religious prejudice of encouraging hereticism, but more as a direct consequence of traditionalism, the rational tendencies and, eventually, his

21 Annae Comnenae, Alexiadis libri XV, ed. J. Schopen, (Bonn, 1839), lib. XV, 9, 358; A. Roach, The Devil's World, Heresy and Society 1100-1300. Longman 2005, 63. 22 В. Татакис, Историја на византиската филозофија. Скопје 1998, 262.

Page 25: Spisanie Istorija God.2010-2011

Isto~nite dualisti~ki eresi:predizvikot na bogomilstvoto

2010/11/XLVI/1-2 25

own survival.23 We should have in mind that this kind of literature was established in Christian circles where religious and superstitious devotion was obvious, although they had recognized the inconsistencies of the church institution and of the rituals by subjecting it to criticising. The fact that a large part of the folk literature ends didactically in the style of official and Christian norms proves it best.

With its heterogeneous fund of positive and deviant features, controversies concerning progress/regress and rationalism/irrationalism, and seen from an evident time distance, Bogomilism as a universal achievement raises an alternative and reformatory thinking process, which would also be partly implemented in some aspects of European humanism.

Маја АНГЕЛОВСКА-ПАНОВА ИСТОЧНИТЕ ДУАЛИСТИЧКИ ЕРЕСИ: ПРЕДИЗВИКОТ НА БОГОМИЛСТВОТО

– р е з и м е –

Богомилството како автентично движење со дуалистички

карактер на религиско произнесување се појавило во средината на X век во југозападна Македонија. Со интензитет на наизменични подеми и падови богомилството опстојало на историската сцена во континуитет од пет века, што првенствено се должи на наговата способност да се адаптира на актуелните општествено-политички услови.

Независно од религискиот и во определени периоди и од политичкиот статус на учењето, кој во текот на историските процеси пројавувал наизменичен интензитет, богомилството со своите препознатливи изразни форми се одразило и во духовната култура на Македонија, идентификувана преку оригиналните книжевни творби (Тајната книга, Видение на Исаија и Катарскиот Требник), апокрифите (Книга за Енох, Откровение на Варух, Прение на Антихристот со Христос, Детството на Исус, Разумник, Тивериадско Море и др.) понатаму преку народното творештво.и филозофските аспекти, идентификувани во верувањето за метемпсихозата и трансмиграцијата на душите.

23 Т. Вражиновски, Народна митологија на Македонците, т. II. Скопје 1998, 28.

Page 26: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 27: Spisanie Istorija God.2010-2011

Снешка ЛАКАЛИСКА

ТРАДИЦИЈА НА ПОКЛОНИЧКИ ПАТУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА ОД X ДО XIX ВЕК

Христијанските поклонички патувања на Светиот гроб во Ерусалим и на други свети места во Палестина, историски се поврзу-ваат со христијанизацијата на Римската Империја во IV век. Ним им претходеле неколку историски настани: како прво, Едиктот за толеранција на Галериј од 311 година, Миланскиот едикт за признавање на христијанството за официјална религија на императорот Константин Велики од 313 година, потоа следува пронаоѓањето на Вистинскиот крст од царицата Елена во 326 година и градењето на меморијалниот комплекс на Голгота осветен во 335 година. Поклоник е оној кој чинот на молитвеното каење и прочистување на гревовите го извршува на Светиот гроб во Ерусалим.1 Во историјата на поклоничките патувања и културните врски со Светата земја - Палестина, македонскиот народ

1 Терминот поклоник настанал од грчкиот израз проскинеза(προσκψνεσις) - обожување. Патувањето се означува и со терминот ходочастие, а се подразбира побожно патување на поединец или група кон Светите места на покајно поклонение. Терминот ходочастие потекнува од старословенскиот збор XODOK, со значење патник, а одговара на латинскиот израз peregrinus (peregrinae – патник), израз кој ги означува ранохристијанските католички поклоници(в. Opća enciklopedija, 3, Foc-Iw, Zagreb 1977,445) Во руската литература ходочасникот се означува со изразот паломник (од лат.палма)и означува “ оној кој носи палма” или со други зборови “патник кон Гробот Господов”, односно “оној кој при своето странствување (посета на светите места) носи палмина гранка”, како спомен на народот кој го дочекал Исус Христос при влегувањето во Ерусалим. (в. Р.Максимовић, Историјат о поклоничким путовањима по светим местима, 5, (превод од руски јазик) ANO“Razvoj duhovnost, culture i nauke”, Moskva 2004). Денес овие патувања во западната лексика се познати под терминот pilgrim / pilgrimage - поклоник / поклонение(ходочасник / ходочастие) односно аџија / аџилак од hac (арап.) – аџија. . Одењето на поклонение се практикува речиси кај сите познати светски религии уште од старите времиња. Христијаните оделе на поклонение во Светата земја - Палестина и на Божјиот гроб во Ерусалим, Израелците во ерусалимскиот храм, што се споменува во НЗ - Библијата. Католиците одат во Св. Петар во Рим, Италија, потоа во Св.Јаков во Сантијаго де Компостела, Шпанија, на крајот од средниот век многу светилишта биле цел на локални аџии, денеска се познати посетите во Лурдес во Фатима). Муслиманите на аџилак одат во Мека, Арабија итн..(в) Opća enciklopedija, 3, Foc – Iw, Zagreb, 1977, 326, 445.

Page 28: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

28

меѓу словенската етничка припадност бележи најдолга традиција. Првите поклоници потекнуваат од монашки заедници на овие простори чие патување на поклонение на Светиот гроб во Ерусалим и во Рим, кон крајот на X век го засведочил Презвитер Козма во неговото дело Беседа против богомилите. Тој известува дека монаштвото станало мода. Голем број од машката популација ги напуштала своите сопруги и влегувала во монашките заедници.2 Презвитерот Козма критички се осврнал кон монашките патувања во Ерусалим, Рим и други места: ,,Странствуваат и не се потстригуваат според законот . . . и откако ќе се наскитаат завршуваат во своите домови, каејќи се за својот безумен труд”.3 Авторот С. Димески (Историја на МПЦ, 1989), врз основа на поголем број средновековни ракописи со глаголско и кирилично писмо - македонска редакција, пронајдени во библиотеката на Синајскиот манастир, изнесува претпоставка дека од XI до XIII век, таму постоела монашка заедница од средновековна Македонија која се занимавала со препишувачка дејност.4 Но, има и спротивставени ставови: С. Ѓурова и Н. Данова (Книга за б†лгарските хаджии, 1985), сметаат дека овие ракописи пристигнале во доцниот среден век со монасите кои при налетот на Турците на Балканот пребегнале и се засолниле во палестинските манастири. И. Велев (Книжевните процеси од XI и XII век во Македонија, 2007), конкретно за Добромировото евангелие (почеток на XII век), пишувано во некој југозападен скрипториум на Охридскиот црковен центар, зазема ист став, дека некој поклоник во средината на XVI век евангелието го однел во Синајскиот манастир Св.Катерина.5 Веројатно и Асемановото евангелие (крај на X или почеток на XI век), пронајдено во XVIII век во Ерусалим од кардиналот Асемани, пристигнало на истиот начин.6 Со оглед на фактот дека во културната историја на Македонија оваа проблематика сè уште е во зародиш на истражувања, покрај скудните историски извори за оваа традиција до XIV век, се повикуваме на средновековни материјалните еулогии со палестинско потекло. 2 С.Димески, Историја на Македонската православна црква, Скопје 1989, 65. 3 С.Гюрова, Н.Данова, Книга за б†лгарските хаджии, Софи® 1985, 7. 4 Бугарските авторки, С. Ѓурова и Н. Данова имаат сосема спротивно мислење изнесено во нивното заедничко дело, Книга за б†лгарските хаджии, Софи® 1985, 7, тие сметаат дека овие ракописи пристигнале во доцниот среден век со монасите кои при налетот на Турците на Балканот пребегнале и се засолниле во палестинските манастири. 5 И. Велев, Книжевните процеси од XI и XII век во Македонија, Предавања на XXXIX Меѓународен симпозиум за македонски јазик, литература и култура Охрид 14-31 VIII, 2006, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје 2007, 177. 6 В.Деспотова - Л.Славева, Македонски средновековни ракописи I, Институт за истражување на старословенската култура -Прилеп, Прилеп 1988, 54.

Page 29: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 29

Сл.1. Енколпион, автор непознат, XI – XII век, Палестина

Од материјалните докази најкарактеристични се двојните крстови- реликвијари т.н. енколпиони, споени со шарнир во чија шуплива внатрешност најчесто се носела реликвија - честичка од живототворниот крст Христов. На археолошките локалитетети низ Македонија се најдени повеќе примероци, најрано датирани од крајот на X или почеток на XI век, како што е енколпионот од околината на Струмица 7 од XI до XII век, од Скопското кале (сл. 1.) и др.8 Според стилот на изработката и иконографијата, најголемиот број од најдените енколпиони во Македонија, се карактеристични за палестинската применета уметност од XI до XIII век.

Пошироки историски сознанија за поклоничката традиција на нашите простори добиваме од крајот на XIV до крајот на XVIII век, кога поклониците од Македонија своите емоционални импресии од патувањето ги запишувале и на тој начин иницирале специјален жанр на поклоничка патописна литература. Поклониците - патописци со восхит ги опишуваат светите места во Палестина, особено главното поклоничко средиште - Црквата на Светиот гроб, ентериерот на црквата, нејзината украсеност со бројните кандила, свеќници, Светиот оган (нур), итн. Многу малку или воопшто не ги споменуваат непријатностите со кои се соочувале при патувањето во Светата земја, а

7 Г.Марјанови˚ - Вујови˚, Половина крста енколпиона из околине Струмице, зборник посветен на Бошко Баби˚ 1924-1984, Институт за истражување на старословенската култура - Прилеп, Прилеп 1986, 294; R., Petković, Krstovi vizantijskog carstva, Beograd 1997. 8 Енколпион, XI - XII век, Кале, Скопје, Музеј на град Скопје, Инв.бр. 17р, бронза, леење, врежување и пунктирање. На аверсот и реверсот кои се споени со шарнир се претставени светители во цел раст во став на орант, облечени во долг колобиум декориран во вертикални меандри. Иконографијата е типично палестинска.

Page 30: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

30

ниеден од нив не го спомнува местото на нивниот престој таму. Факт е дека македонските монаси поклоници претстојувале заедно со останатите балкански монаси, служеле во исти цркви и манастири, се занимавале со препишувачка дејност на што укажуваат сочувани ракописи во разни светски библиотеки. Тие активно собирале прилози за црквата Св. Архангели, како што засведочил игуменот Кирил во втората половина на XVI век (Недомачки, 1980).9

Иако во наследсто ни останал мал број од таа патописна книжевност, таа е драгоцен извор за доцносредновековната културна историја на Македонија. Најстариот засега познат патопис од македонско говорно подрачје е ,,Патопис од Палестина” од солунскиот ѓакон Арсениј, составен кон крајот на XIV век. Неговите преписи од XVI и XVII век се најдени во Русија. Арсениј Солунски при налетот на Турците кон крајот на XIV век, исплашен од можни ограничувања од друговерците - муслимани, пребегнал од Македонија и заминал на поклонение во Светата земја. Од содржината на неговиот патопис, дознаваме со колкав восхит Арсениј ги опишува знаменитите места каде што се родил, живеел, проповедал, починал и воскреснал Исус Христос. Прво се запира врз светиот храм, каде што се наоѓа гробот на Исус Христос, потоа бездната преку која Исус слегол во адот. Го опишува и Христовиот гроб со трите свеќи (три трски) итн.10 Иако во воведниот дел на патописот, Арсениј се претставува како солунец, кој тргнал на пат за Ерусалим и каде проживеал 17 години, првите истражувачи на неговото дело го сметале за руски патописец (научниците: Х.Лопаров, А.И.Плотонов и др.). Неговата вистинска етничка и јазична припадност прва ја воочила В.П.Адрианова врз основа на јазичните белези на најстариот препис на ова дело зачувано во Духовната академија во Ленинград (бр. 1467), кои укажуваат на патописец од македонско јазично подрачје, карактеристично за солунскиот регион. На современ македонски јазик ,,Патописот” го преведе М. Георгиевски.11 9 В.Недомачки, Манастир арханÚела Михаила и Гаврила у Јерусалиму-задужбина краља Милутина,Зборник за ликовне уметности 16, Нови Сад 1980,41. Авторот го спомнува”умниот игумен Кирил, родом од Македонија” кој собрал многу прилози од Борис Годунов за црквата св Архангели, престојувајќи во Русија во 1588 година. 10 М.Георгиевски, Арсенија солунски и неговиот патопис од XIV век, Современост, бр.7-8, Скопје 1977, 45-51, авторот го превел патописот на современ македонски јазик. 11 М.Георгиевски,Арсенија солунски и неговиот патопис од XIV век, Современост, бр.7-8, Скопје 1977, 45-51, авторот известува дека се сочувани неговите 13 преписи од XVI и XVII век. Нив ги проучиле повеќе руски автори и го третирале за руски патописец, а В.П.Андрианова во својата статија “Хождение Арсения

Page 31: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 31

Од првата половина на XV век е зачуван патописот Патување до Палестина на средновековниот писател Константин Костенечки, кој го составил кога бил на поклонение во Ерусалим меѓу 1415 и 1420 година.12 Описот на светите места од Палестина,тој во својата имагинација ги поистоветува со топографски места од Македонија: „Јордан тече од исток и малку е сличен на Струма; на гората Пирин се претставил Мојсеј; Петрич е Јерихон; Беласица е како Света Гора на која се наоѓа Ерусалим”.13 Висарион Дебарски, еден од најзначајните македонски книжевници од XVI век, направил препис на овој патопис и го вклучил во еден од своите зборници. Патописот на Константин Костенечки за научниот свет станал достапен кога во 1884 година го објавил Стојан Новаковиќ. Сочувани се три негови преписи од XVI век објавени кај Б.Ангелов (Богишичев зборник чиј наслов е Sßmotrenie

vßselönn¥e, а втор препис од XVI век бил откриен во Ловчанскиот зборник, за што соопштил Г. Иванов, а научно го обработил И. Дујчев, и трет е преписот на монахот Висарион Дебарски).14

Од средината на XVII век е зачуван Патопис од митрополитот Михаил Кратовски. Тој во еден период на својата плодна кариера бил на служба кај пеќскиот патријарх Паисиј. За митрополит бански, кратовски и штипски го поставил патријархот Гаврил од 1648 до 1649 година.15 Во 1653 година заминал во Русија, а во 1654 година од Москва преку Македонија и Света Гора заминал за Египет, а оттаму со карван Селунскаго” прва воочила дека во најстарите преписи се сочувани зборови од јужнословенски дијалект.; На неговиот труд се осврнале: В.Стојчевска-Антиќ, Македонската средновековна книжевност, Скопје 1998, 208-209. Ѓ.Поп Атанасов, Речник на старата македонска литература, Македонска книга, Скопје 1989. Ст.Б. Ангелов, Из старата българска, руска и сръбска литература, БАН, кн.ИИ, София 1967,237-241, (на стр.238 и 239 во овој труд Ангелов го истакнува мислењето на И. Дуйчев, кој Арсенија именува како “македонски Българин от Солунско”, а неговиот патопис го претставил како “самостоен паметник на старата блгарска книжнина”) 12 Т. Јовановић, Путовања у Свету земљу у српској књижевности од XIII до XVIII века, Света земља,14(www. kultura,gov,r/s.dokumenti/otkupljene – knjige 2009 xis) Ст.Б. Ангелов, Из старата българска, руска и сръбска литература, БАН, кн.II, София 1967, на стр.166 авторот Ангелов истакнува дека овој ракопис на монахот Висарион Дебарски се наоѓа во Скопје, а текстот е од стр.313-324 страна на Зборникот, истиот е објавен од Ангелов од стр.172-179. 13 Т.Јовановић, Путовања у Свету земљу у српској књижевности од XIII до XVIII века, 15. В.Стојчевска - Антиќ, Македонската средновековна книжевност310. Б. Ангелов, Из старата българска, руска и сръбска литература . 14Ст.Б.,Ангелов, Из старата българска, руска и сръбска литературе, 191. 15 И.Велев, Духовната и книжевната дејност на Михаил Кратовски согледани преку изворното градиво, Балканославика 32-33, Институт за старословенска култура-Прилеп 2003, 173.

Page 32: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

32

од камили - во Ерусалим. Него го придружувале јеромонахот Дамаскин и ѓаконот Никодим. Во Ерусалим стасал како што посведочил во својот патопис ,,на Пасха, 29 март 1657 година”.16 Мошне е импресивен делот од патописот во кој авторот ги опишува настаните на Велјасабота. Имено, митрополитот Михаил од Русија пристигнал со големи подароци за Црквата на Светиот гроб поради што му било овозможено на литургијата на Велјасабота да служи заедно со ерусалимскиот патријарх. Притоа, сметал дека ерусалимскиот патријарх ќе го удостои заедно да влезат во отпечатениот гроб и да присуствува на големата света тајна - палењето на Светиот оган. Според традицијата чинот го обавува патријархот сам. Михаил Кратовски со поткуп кај еден Турчин задолжен за редот во црквата настојувал да влезе во Светиот гроб, но не му било дозволено. Во таа прилика тој изразил сомнеж за вистинитоста на Светиот оган (Д. Давидов, 1973).17 Својот опширен запис за престојот во Светата земја го оставил на царинскиот службеник во Путиваљ на 11.12.1657 година, кога се вратил во Русија.18

Значајни се и патописните изворни сведоштва од други балкански патописци кои во доцниот среден век, транзитирале низ патната мрежа во Македонија до средоземните пристаништа. Во времето на турското владеење поклоничките патувања добиле поорганизирана форма. Имено, во границите на големата империја влегла Македонија од 1408 година, а Светата земја од 1516 година, па турската полиција се грижела за безбедноста и ги придружувала поклониците низ балканските дестинации и во Светата земја. Низ Македонија во доцниот среден век минувале повеќе патишта кои ги користеле поклониците. Тие вообичаено патувале во групи, со карвани, а ги користеле патните правци север-југ по Вардарската долина до Солун, за што пишува Еротеј Рачанин во 1704 година.19 Друга дестинација минувала низ северна Македонија, од Скопје преку Софија до Константинопол или до приморските градови на Егејското Море. По таа дестинација се движел пеќскиот патријарх Арсениј III Чарноевиќ, 1862-1863 година. Тие главно го опишуваат патувањето, бројот на патниците, карваните, конаците во кои ноќевале и најчесто се задржувале , по некое предание - на интересна случка. Во патописите на балканските поклоници кои транзитирале низ Македонија се среќаваат

16 Т.Јовановић, Путовања у Свету земљу, 18. 17 Д. Давидов, Описаније Јерусалима, изрезао у бакру Христофор Жефаровић 1748, Нови Сад 1973, 16. 18 Т.Јовановић, Путовања, 18 -19. Д. Давидов, Описаније Јерусалима, 15-16. 19 Ст.Б.Ангелов, Из старата българска, 245.

Page 33: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 33

имиња на поклоници од Македонија кои се приклучиле кон групата на пат кон Светата земја.20

Заминувањето на поклонение било јавно, за тоа се известувала црквата цела година однапред, по што следеле низа подготовки. Меѓу другото, домаќинките биле задолжени да подготват бела кошула за капење во реката Јордан (крштевање). На децата им се шиела поголема, затоа што истата кошула се облекувала и при венчавање и при погребување.21 При заминувањето на пат, поклониците биле испраќани од целокупното население и месното свештенство, при што добивале дарови од испраќачите или парична проводија, а поклоникот при враќање требало да им донесе подароци од Божјиот гроб. Испраќачите со поглед ги следеле поклониците, сè додека како една точка можело да се забележат на хороизонтот (за да ги прати среќа при патувањето), а потоа се враќале во своите домови. Од средоземните пристаништа, со венецијански бродови ,преоблечени во поклоничка облека т.н. калуга, поклониците пристигале на палестинското пристаниште Јафа од каде се упатувале кон Светиот град - Ерусалим.22

Во XIX век со формирањето на македонската граѓанска класа поклоничките движења се интензивирале. Поклониците од Светата земја се враќале со титула аџија, која означувала благороднички статус во средината во која живееле. Македонската граѓанска класа се стремела кон ваквиот општествен статус, по примерот на своите сограѓани - муслимани. Ако мажот бил аџија, а жената не одела на аџилак ,таа ја носела титулата на мажот. Жена која сама била на поклонение во Ерусалим се стекнувала со титулата, а ако аџиката не била мажена, по мажењето нејзиниот маж немал право да ја носи титулата аџија. Многу поклоници со себе ги воделе своите машки деца, бидејќи тие биле наследници на таткото. На детска возраст се поклониле на Светиот гроб првиот македонски владика и преродбеник

20 Така во придружба на српскиот патријарх Арсениј III Чарноевиќ, кој минал низ северните краеви на Македонија во 1682 година, заминал митрополитот Теофан од Скопје (в) Ст.Б.Ангелов, нав.дело , 245. Т.,Јовановић, Путовања у Свету землју, 22. 21 С.,Гюрова, Н.,Данова, Книга за б†гарските хаджии, 39. 22 С.,Гюрова, Н.,Данова, н.дело, 80. (Од Јафа најпрвин се одело во селото Рамле, каде се ноќевало во грчкиот манастир. Утредента се продолжувало до светиот град Ерусалим. Кога се пристигало во Ерусалим најпрвин се одело во ерусалимската патријаршија каде по обичај најпрвин на ходочасниците мажи им ги миеле нозете, а на жените рацете, потоа ги запишувале(евидентирале) и наплаќале по 1 лира. Алчноста на грчките калуѓери била очигледна. Ерусалимската патријаршија имала наредба за православните посетители на Палестина задолжително да се јават во нејзиното седиште, за да можат да го земат определениот данок.)

Page 34: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

34

Партениј Зографски (Павле Тризловски)23 и Теофил Жунгулоски од селото Лазарополе, попознат како хаџи поп Теофил Аврамов.24 Титулата аџија не носела никакви привилегии, туку имала извесно морално значење.25 Од аџијата се очекувало поголема чесност, дарежливост, поголема побожност, односно да биде достоен на својата титула. Оваа титула само за трговците имала големо значење, покрај углед, и доверба и привилегии.26 Аџијата требало да биде доследен на оваа своја титула, како богат и благороден човек, добар верник, доверлив и чесен трговец. Меѓу попознатите трговци аџии од Маке-донија се: хаџи Трајко; хаџи Дојчинович, скопски трговец и првенец, ктитор на соборната црквата Св. Богородица27; потоа аџи Стефан Бегликчија од Крива Паланка, кој издејствувал одобрение за градба на манастирската црква Св. Јоаким Осоговски28; хаџи Христо Дамјанович, црковен епитроп и логотет од Прилеп, кој издејствувал ферман за црквата Св. Благовештение 1837 година29 и др. Титулата аџи, односно, хаџи, практично го менувала и личниот идентитет на поклоникот и идентитетот на целото негово семејство. Како пример ќе го наведеме семејството на богатиот сточар од Галичник, Василко Тризловски чие семејство се преименувало во Ажиевци т.е. Хаџиевски.30

Елаборирајќи го времето на преродбата во XIX век на тери-торијата на Македонија ќе видиме дека значаен број од македонската граѓанска класа и свештенство кои во своето презиме ја носат придавката аџи, односно хаџи, одиграле значајна улога во историскиот 23 С.,Дојчиновски-Росоклија, Галичник во културната историја на Македонија, 133 Т.,Саздов, Усна народна книжевност (Историја на македонската книжевност),Институт за македонска литература и книжевност - Скопје, Скопје 1997, 279.(авторот го претставува нашиот преродбеник како еден од првите македонски фолклористи, кој ги објавувал народните песни во списанието “Б†гарски книжници” во 1858 година каде се потпишувал како Архимандрит хаџи Партенија Зографски) 24 К.Костов, Дебар и дебарско низ вековите,Скопје 2004, 66-72. 25 Исто. 37. 26 Исто. 39. 27А,Трајановски, Црковноучилишните општини во Македонија, Прилог кон историјата на македонските црковно-училишни општини од нивното основање до 70-тите години на XIX век, ИНИ, Скопје 1988,101. 28 Ј.,Михајловски, Манастир Свети Јоаким Осоговски (Кривопаланечко), Крива Паланка 1991, 38. Б.,Прентовска, Македонски духовни конаци, Скопје 2002,82. 29 А.,Трајановски, Црковно-училишните општини во Македонија, 103. 30 С.,Дојчиновски-Росоклија, Галичник во културната историја на Македонија, Скопје 1995, 133 (неговиот татко Василко Тризловски бил богат и угледен сточар и прв од своите сограѓани галичани заминал на аџилак, тогаш ги повел и своите три сина од неговата прва жена Доста. По враќањето неговиот род го добил прекарот Ажиевци/ Хаџиевци).

Page 35: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 35

контекст на настаните во текот на целиот преродбенски период. Тие активно се вклучиле и воделе борба на повеќе фронтови: на пазарот со трговците;граделе цркви и црковни училишта; вовеле настава на македонски говорен јазик; печателе учебници на народен јазик; како бастион застанале против денационализаторската политика на нашите православни соседи и повеле борба за возобновување на неканонски укинатата Охридската архиепископија. Меѓу големиот број аџии од Македонија се препознаваат значајни имиња на македонскта културна преродба од втората половина на XIX век. Првиот македонски владика и преродбеник, аџи Партенија Зографски, потоа аџи Јоаким Крчовски, аџи папа Теодосија архимандрит Синаитски, аџи Павел Граматиков- Божигробски. Од аџиски семејства потекнувале Димо Хаџи-Димов, чиј дедо Иван и татако му Димко, од Горно Броди - Серско, имале чест од горноброѓани да отидат на поклонение на Христовиот гроб. Тие во 60-тите години на XIX век активно учествувале во преродбата за ослобо-дување од фанариотската духовна и економска доминација и за народна просвета во својот крај, а родољубието му го пренеле и на нивниот внук и син Димо.31 Од аџиско семејство потекнувал и преродбеникот и учител Јордан Хаџиконстантинов – Џинот и др.

Поради големата даночна оптовареност на христијаните од страна на турската власт, ерусалимската патријаршија практикувала своето свештенство да го испраќа во мисија во балканските и заддунавските земји, а особено во Русија за собирање парични средства. Тие пратеници – мисионери биле познати под називот таксидиоти.32 Таксидиотите имале за цел да привлечат поголем број поклоници, кои со големи парични средства и прилози оделе во Светата земја. Освен тоа, таксидиотите продавале илустрирани проскинитари (водичи) и илустрирани грамоти за простување на гревовите т.н. индулгенци со потпис на актуелниот ерусалимски патријарх и други еулогии (благослови). Еден дел од нив биле испратени во нивниот роден крај, а 31 О. Иваноски, Димо Хаџи Димов, живот и дело, Скопје 1995, 23. (Авторот посебен акцент дава на преродбенската активност на Хаџи Димко, за словенски училишта и учење на словенски јазик, за возобновување на Охридската архиепископија, кој својата акција ја водел во тврдината на грцизмот - Серез, каде оформил црковна општина и станал кмет во 1873 година. Во родното Горно Броди бил избиран за селски кмет неколку пати од 1854 1876. Соработувал со И. Верковиќ. Во историјата поради огромните резултати кои ги постигнал на планот на преродбата, неговото време е познато како Димкова епоха). 32 В.: И.Радев,Таксидиотството и таксидиотите по българските земи през XVIII-XIX век, СофиÔ 2008. Кон таксидиотската традиција, згодите и незгодите при поклоничките патувања дал свој придонес и македонскиот собирач на народните преданија од времето на преродбата Марко Цепенков во неговата новела Силјан Штркот.

Page 36: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

36

дел од нив активно се вклучиле и дале огромни резултати во националната преродба.

Во таксидиотска мисија во првата половина на XIX век, од синајскиот манастир бил испратен аџи папа Теодосија архимандрит Синаитски, кој потекнува од Дојран, а својата мисија ја обавувал во родниот крај. Неговата проповедничка и учителска дејност се развива во Солун. Таму во 1838 година тој отвора прва печатница за словенските земји. Иако бил под голем притисок и чести опожарувања успеал да отпечати неколку изданија. Тој успеал да реализира една достојна дејност свртена кон потребите на патриотскиот подем на преродбата и културата на сопствениот народ.33

Интересен е патот и на манастирски пратеник (таксидиот) архимандритот Павел Граматиков - Божигробски од Ерусалим, кој бил на служба во Црквата на Светиот гроб до средината на XIX век. Во времето на престојот во Солун и Воденско (1850-1866 год.) архимандритот Павел Граматиков - Божигробски во целост се посветува на потребите на новата македонска просвета и преродбенски духовен живот. Отворил словенски училишта во Солун, Ѓумеџе и Гевгелиско и станал претседател на Воденската македонска општина.34 Составил ,,Неделно евангелие” и ,,Апостол”, со грчки букви, но на македонски јазик на јужновардаски говор; агитирал за употреба на

33 С.Димески, н.дело 339. Во печатницата Синаитски успеал да отпечати само 4-5 книги. Меѓу нив е и делото на Кирил Пејчиновиќ, Утешение грешним. И., Радев,Таксидиотството и таксидиотите , 305. И. Радев,Таксидиотството и таксидиотите по българските земи през XVIII - XIX век, СофиÔ 2008, 303-304. С.,Гюрова, Н.,Данова, Книга за б†гарските хаджии, 329-330, авторките објавиле две писма од ерусалимскиот паријарх Кирил до Павел Божигробски, во 1850 год кои се однесуваат на испраќањето сто опростителни грамоти - индулгенции, со кои тој собирал сретства за Црквата на Христовиот гроб. * Indulgencija (lat. milostivi) небесна награда за опростување на гревовите, за прв пат ја промовирал папата Јован VIII (872-882), во писмо со кое ветил “спасение за оние кои би умреле во борба со паганите и неверниците”, а ја ветил и ја спровел прв папата Урбан II на собирот кој бил одржан во Клермон 1095 година, за оние кои учествувале во Првата крстоносна војна 1096-99год. На ова проблематика се осврнал Д., Хај, Идеја о хриščанском свету, (Среднјовековна Европа добија свој лик), Рани среднји век, Београд 1976, 342; Меѓутоа, според православното учење индулгенцијата нема основа. Оваа католичка практика не ја одобрува Православното христијанство бидејќи во Светото писмо јасно учи дека Господ Исус Христос со својот искупителски подвиг направил сè што било потребно за спасение на луѓето и принел откупна жртва за гревовите на сите. В: В.С.Ракиć, Православна Догматика, кнј.II, Београд 1968, 69-90). Зад оваа практика на Ерусалимската патријаршија всушност се крие само интересот за профит.

Page 37: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 37

македонскиот јазик во богослужбата, во училиштата и за создавање на услови за оформување на македонски литературен јазик. Во периодот 1867 - 1870 година тој е игумен во Лесновскиот манастир, Кратовско, каде што починал.35 Павле Граматиков-Божигробски за потребите на ерусалимското братство продавал индулгенции* со потпис на ерусалимскиот патријарх Кирил. Иако, православната црква оваа средновековна католичка практика не ја одобрувала, ерусалимското братство ја вклучило заради остварување на поголем профит и покривање на даночните обврски кон друговерската власт.

Сл.2. Индулгенција од Кирил Патријарх Ерусалимски, автор непознат, 1857, Ерусалим

Една индулгенција со текст на словенски јазик и потпис на

патријархот Кирил, датирана во 1857 година е пронајдена за време на конзерваторските зафати на кровната конструкција на црквата Св. Димитрија во Варош, а се чува во Музејот и Завод - Прилеп ( сл. 2).36 Индулгенцијата покрај текстот составен во четиринаесет реда и

35 МИ-АН-ВА- Енциклопедија, општа и Македонска, А-Ж, Скопје 2006,163. 36 С.Алексоска, Графички листови XVIII - XIX век од збирката на Музеј Прилеп, Прилеп 2006, 3 (кат. 25). Голема благодарност до колешката С.Алексоска за отстапената фотографија. Сосема иста индулгенција делумно оштетена е објавена од D.,Papastratos, Paper icons. Greek orthodokx religious engravings 1665-1899,Volume II, Athens 1990, 573.

Page 38: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

38

своерачниот потпис на партијархот е богато илустрирана со типична божигропска иконографија посветена на искупителот на гревовите, неговото страдање, чуда, воскресение и вознесение - распоредени во медалјони. Долу, централно е насликана гробната капела Кувуклија, во аглите се четворицата евангелисти со своите симболи итн.

Во традиција која се развила уште во ранохристијанскиот

период, поклониците кои не можеле со себе да понесат делче од некоја реликвија, морале да се задоволат со еулогии, кои на поклоникот му служеле како материјален доказ за соето поклоништво. Таа традиција никогаш не замрела и е карактеристична и за XIX век. На улицата на страданието, Виа Долороса секоја година се одржувал целомесечен панаѓур по повод Велигденските празници. Тука можеле да се купат разни сувенири- масовно и набрзина изработувани, со задолжителна света иконографија која стилски го следи палестинското и сириското сликање. Поклониците верувале дека сувенирите се свети, односно тие се познати како еулогии (грч. Еνλογει- благослови). 37

Сл.3. ,,Кршевање на Христос на реката Јордан”, череп од риба, автор непознат, XIX век, Палестина

Сл.4.,,Вознесение Христово”, восочно стапало, автор

непознат, XIX век, Ерусалим

Се разликувале два типа на еулогии: примарни - кои претставуваат честици од реликвии и секундарни , во кои спаѓаат крстови, кандила,

37 Кон палестинските еулогии посебно се осврнува Хан,В., Значај палестинских еулогија и литургиских предмета за новију уметност код срба(XVII - XVIII стоље¢е), Музеј примењене уметности, Зборник 5, Београд 1959, 45-77.

Page 39: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 39

насликани икони на платно, на дрво, на череп од риба итн. Како примери ќе наведеме еден череп од риба со сликана претстава на композицијата ,,Кршевање на Христос на реката Јордан” (сл.3)38 и еден одлив на Христовото стапало во восок, со претстава на евангелската сцена ,,Вознесение Христово” (сл.4).39 Македонската граѓанска класа и свештенство најчесто купувале монументални икони на платно -ерусалими, кои биле лесни за транспорт, завиткани во свитоци. Нив во Македонија можеме да ги сретнеме во манастири, цркви и музеи и приватни домови, а датираат од самиот почеток на XIX век до првата деценија на XX век (сл.5)40. На нив задолжително се

38 В.,Поповска - Коробар, Икони од Музеј на Македонија,Скопје 2004, 327 (кат. 188). M.D., Krikhaar, Ongekende Shoonheid Ikonem uit Macedoniaë Museum Catharijneconvent, Utrecht 2011, 109, sl.140 (Иконата е заведена под Инв.бр. 218, димензии 15 х 28 х 6см.). Голема благодарност до колешката В.,Поповска - Коробар за отстапената фотографија. Една цела колекција икони сликани на череп од риба со разна иконографија меѓу кои една композиција “Кршевање на Христос на реката Јордан” се наоѓа во музејот Ермитаж во Санкт Петербург, Русија,(в)Y.,Piatnitsky Pilgrims' Eulogias from the Holy Land in the Hermitage Museum Collection, St Petersburg,Eastern Christian Art in its Late Antique and Islamic Contexts, 2,PEETERS,Leuven,Belgium 2005,109-110, Pl.3-7. Оваа иконографија но без присуство на Бог Отец е сликана во програмската содржина на големите слики на платно Ерусалими. 39 Восочно стапало, XIX век, Музеј на град Скопје, Инв.бр.4536р, восок, сликање, должина 22 см. Христос е претставен седнат на престол во став на Орант, носен од два ангели во небесен сегмент над една црква (Вознесение на врвот на Маслиновата гора), каде се случува евангелскиот настан и каде според евангелијата Христос за последен пат со своите стапала ја допрел земјата. Всушност оваа сцена се однесува на славењето на Христовото доаѓање на Небото, пред повторно да се појаси како Страшен судија што ќе им суди и на живите и на мртвите (Мт. 24,31; Лк 24, 50-52; Дела 1,9-11). Истата иконографија е сликана во програмската содржина на големите слики на платно Ерусалими, од левата страна на композицијата Страшен суд, односно Второ пришествие Христово.А.Ф. Михајловски, На аџилак во Светата земја, Скопје 2005, 124.( на местото на црквата на Вознесението на врвот на Маслиновата гора(сега џамија) се чува мермерна плоча со “отпечатокот на левото Христово стапало”). За одливи на стапалото Христово како поклоничка еулогија пишува во својот “Патопис” Хаџи - Анте Калиманец(в) А.Стоји¢, Н.Макуљеви¢, Поклоничка путовања и приватни идентитет, Приватни живот у српским земјама у деветнаестом веку, Београд 2006,831. 40 Икона на платно “Ерусалим”, 1893 год., Музеј на град Скопје, збирка икони Инв.бр. 4953, темпера на платно, дим: 180 х 135 см.; Ерусалимот бил подарен на Марковиот манастир, с. Маркова Сушица, Скопско. Според записот кој е изведен со словенско писмо иконата е донесена од Антон Јован Дерибаба, кога бил на поклонение на Христовиот гроб. Натписот за поклоникот е сместен под сцената “Оплакување

Page 40: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

40

запишувало името на поклоникот (аџијата) и годината на поклонението. Најстар засега регистриран ерусалим на просторот на Македонија, кој е точно датиран во 1800 година се наоѓа во манастирот Трескавац, донесен и подарен од од хаџи папа Сава јеромонах од дебарскиот манастир Св. Јован Бигорски. Тоа е и единствениот ерусалим на кој зографот Јанко Тодорович го запишал своито име.41 Најмладиот ерусалим потекнува од 1904 година и се наоѓа во манастирската црква Св. Антон во близина на селото Кетеново, Кратовско, подарен од хаџи Теодос и хаџи Атанасиј.42

Сл.5. ,,Ерусалим”, автор непознат, 1893, Ерусалим, збирка икони, Музеј на град Скопје

Христово” или “Каменот на помазанието”, сигнирана како Pla�taniqa. (X : Anton¿ Iolan¿ Deribaba, poklonik¿ na jivonosnago groba gospodnã 1893). 41 Натписот се чита по долниот раб на Ерусалимот (seist¥i Fer$salim¢ na xaxi papa sava

feromonax † sñ¥ fvan¢ debarski monast¥r¢ glagolaem¥й B¥gor¢ napisasã iëß r$ki ãnka Ïodorovica leta † xrta a†z marta 28 ). Во теренското истражување натписот е регистриран и објвен од М.Кокић, Записи и натписи за историјуЈјужне Србије и суседних области, књ.1.т., Скопско научно друштво, Скопље 1936, 272. 42 Поклоничкиот натпис се чита под претставата на Исус Христос во Базиликата од комплексот цркви на Светиот гроб (PODAROKôWTôXôÏEODOSFôIôXôANASTASFA ôPOKLONIKô1904)

Page 41: Spisanie Istorija God.2010-2011

Tradicijata na pokoni~ki patuvawa...

2010/11/XLVI/1-2 41

Во 70-тите години на XIX век, со посредство на поклониците од Македонија и свештенството од Света Гора е пренесен култот на маке-донскиот новомаченик од времето на преродбата св.Ѓорги Јанински, сигниран како св.Ѓорги Нови, чии први претстави на ерусалимите се бележат од 1875 година.

Сцените на ерусалимите се распоредени во три тематски целини, односно на лев, централен и десен дел; меѓусебе поделени со верти-кални линии, а секоја сцена е сместена во посебно геометриско поле. Сликарството е изведено со јајчини темперни бои, а доминираат црвена, зеленомаслинеста, бела, црна и златна боја. Површината на сликаниот слој е премачкан со специјален темен слој од ленено масло т.н. олифа.

Иконографијата на програмската содржина на овие големи слики на платно укажува на основната христијанска догма - икономијата на спасението. Таа се заснова на библиското старозаветно и новозаветно предание за првородниот грев и падот на човештвото, преку искупителната улога на овоплотениот Син божји со посредство на Богородица, Христовото жртвување на крстот заради простување на гревовите на човештвото кој со своето повторно доѓање како Страшен судија кој покајаните и праведните ќе ги доближи до Бога. На сите овие библиски старозаветни и новозаветни настани православната црква, со векови потсетува во претпразничниот и празничниот четириесетдневен пост за Велигден, што било основна инспирација за програмската содржина и иконографијата на големите слики на платно т.н. ерусалими. Тие се карактеристични за целиот православен свет на сите меридијани во Европа, Азија и Африка, попознати како проскинитари, а само на Балканот како ерусалими. Нив можеме да ги следиме низ повеќе варијанти од крајот на XVII до првата деценија на XX век. Со оглед на фактот дека ерусалимите пристигнале со посредство на поклониците на Светиот гроб, нивното историско значење ги надминува границите на Светата земја. Според тоа тие треба да се разгледуваат како дел од историјата на Светата земја и на сите православни народи, а неопходно е и да добијат достојно место во историјата на поклоничката уметност на сите држави кои ги поседуваат.

Page 42: Spisanie Istorija God.2010-2011

Sne{ka Lakaliska

42

Sneshka LAKALISKA

TRADITION OF PILGRIMAGE IN MACEDONIA

FROM X - XIX CENTURY

- summary -

Based on the available historical and material sources, pilgrimage activity in Macedonia can be tracked continuously over a span of ten centuries. The initial steps were taken by the first monastic communities, who were later followed by many believers. During the time in which both Macedonia and the Holy Land fell within the borders of the Ottoman Empire, the sacred travels were an organized affair, as the travel testimonies from that period attest. With the emergence of the middle class in the 19th century, a new dimension was added to the pilgrimages – the travelers, following the example of their Muslim peers, appropriated the title hajji, that made them members of the their home communities’ aristocracy. A great number of hajjis made their mark during that historic age of rebirth that included the struggle for emancipation from the Ecumenical Patriarchate of Constantinople and the reestablishment of the Archbishopric of Ohrid, the building of schools and introducing the Macedonian vernacular as the language of instruction. Chief among them were Hajji Parteniy Zografsky, Hajji Theodosius of Sinai, Hajji Archimandrite Pavel Gramatikov Bozhigrobski et al.

As a result of the pilgrimage tradition, all kinds of eulogies arrived in Macedonia, their iconography being characteristic of Palestinian pilgrimage art. Although only a small number of these survive, they are a valuable cultural document and a testimony of centuries of cultural ties between the two peoples.

Page 43: Spisanie Istorija God.2010-2011

Димитар ЉОРОВСКИ ВАМВАКОВСКИ

АКТИВНОСТА НА ПРВАТА ОРГАНИЗИРАНА АНДАРТСКА ЧЕТА

ИСПРАТЕНА ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА (1903)

Кон крајот на XIX и почетокот на ХХ век грчката пропаганда забрзано почнала да го „губи“ христијанското население на Македо-нија1. Тоа значело и губење на правото на териториите кон кои претен-дирала. Во грчката држава вознемиреност предизвикале информациите кои пристигале од самиот терен, од кои јасно се гледале програмските цели на МРО.2 Обединувајќи се зад паролите Автономија на Македонија и Македонија на Македонците, населението тргнало кон борбата за национално и економско ослободување од османлиска доминација. Грчките пропагандни инструменти во Македонија, вклучу-вајќи ја тука и Цариградската патријаршија, „го следеле успехот на Македонската револуционерна организација, но дури на преминот на дваесетtиот век… сфатиле што всушност им се ’случило’“.3 Опасност била детектирана во прифаќањето на идеите на МРО од страна на голем број на Македонци патријаршисти, кои грчката пропаганда, меѓу останатите, ги имала прогласено за свој етникум во Македонија. Сплотувањето на Македонците од различна црковна припадност за грчката политика значело губење на правото да претендира на Македонија. Доказите, без тој дел од македонските верници, презен-тирани пред Европа за наводната доминација на грчкиот етнички елемент во Македонија ќе немале никаква вредност. Спасот на елинизмот го гледале во започнување на отворена војна против МРО, вклучувајќи, пред сè, вооружен начин на

                                                            1 Во контекст на историскиот период Македонија била во границите на Османлиската Iмперија, административно организирана во три вилаети: Солунски, Битолски и Скопски (Косовски). 2 Јон Драгумис во феvруари 1903 год. напишал: „Комитетот (МРО, б.н.) им ја покажа сликата на слободата. Комитетот и четите велат ’Македонија на Македонците’, не ги принудуваат… да станат Шизматици, ниту да ги напуштат грчките училишта… Овие не барат бугаризам, туку бараат автономија…“. Georgios Petcivas, Ionos Dragumis: Ta tetradia tou Ilinten, Athina, 2000, стр. 19. 3 Крсте Битовски, „Некои аспекти на илинденските националноослободителни борби“, Сојуз на историчарите на Република Македонија; Историја, Скопје, г. XXXIX, бр.1-2, 2003, стр. 18.

Page 44: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 44

дејствување против силите на македонското револуционерно движење. Се сметало дека создавањето на грчка вооружена сила бил најдобриот начин да се спротистават на добро развиената организациона мрежа на македонското националноослободително движење. Првенствено созда-дена во Грција, но и од групи од месно македонско население, отпад-ници од МРО, кои за својата работа би добивале месечна плата. Најактивен во намерата за реализирање на планот бил костурскиот митрополит Германос Каравангелис4, на кого слободно може и да му се прiпише идејата за започнување на организираното грчко вооружено дејствување против Внатрешната организација.

Каравангелис во Македонија главна поткрепа во реализирањето на својот план имал од грчкиот конзулат во Битола, првенствено од Јон Драгумис5, кој работел како секретар во конзулатот, dодека во Грција разбирање за неговата стратегија пројавиле поранешните офицери од Етники етерија6 и неколку богати и влијателни фамилии. Главната цел на овие поединци и групи била намерата зад нивниот план да застане официјална Атина, односно таа да ја преземе целокупната организација и спроведување на вооружената интервенција во Македонија. Но согласно со политиката на грчката влада, која во тој период била против секаква четничка интервенција во Македонија, ваквите предлози кои пристигале од грчките пропагандни институции и поединци најчесто биле одбивани. Грчката држава, во прв момент, не им придавала поголемо значење на многубројните извештаи за „теророт и злостор-ствата врз мирното грчко население“ во Македонија, извршени, наводно, од МРО. Ваквиот однос на владата во Атина кај националис-тичкиte кругови ќе предизвика започнување на самоиницијативно организрање, во насока на порадикално дејствување во Македонија, што од друга страна значело негирање на официјалната политика на сопствената држава. Германос Каравангелис, според грчката исто-риографија, „преставувал лостот за четничкото раздвижување“, додека

                                                            4 Германос Каравангелис (1866 - 1934), функцијата митрополит костурски ја извршувал во периодот од 1900 до 1907 година. 5 Јон Драгумис (1878 - 1920) во грчкиот конзулат во Битола престојува од ноември 1902 год. до април 1904 година. 6 По завршувањето на грчко-турската војна (1897) и неуспехот на „Етиники етерија“, група млади грчки офицери продолжиле да дејствуваат во насока на „одбрана на елинизмот во Македонија“. Тие истовремено биле дел од „Комитетот за помош на Македонците“ („Epikouron ton Makedonon epitropi“). Групата била составена од офицерите: Георгиос Цонтос-Вардас, Константинос Мазаракис, Александрос Кондулис, Георгиос Катехакис-Рувас и други, но, со посветеноста кон „делото“, најмногу се истакнал Павлос Мелас.

Page 45: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 45

Јон Драгумис и Павлос Мелас биле „првите кои £ дале живот на одлуката… да се помогне на измачениот елинизам во Македонија“.7

Сепак, владата во Атина под притисок на засилената дејност на грчките националистички фактори во Македонија и Грција, како и, според нив, изненадувачки брзиот развој на македонското револуцио-нерно движење, ја принудило да заземе поенергичен став околу маке-донското прашање. Каравангелис во своите спомени констатирал дека како резултат на активностите на грчката пропаганда во Македонија и наводните „масовни убиства на Грци… започнал да се буди интересот и на јавното мнение во Грција“.8

Паралелно со обидите да се донесе грчка вооружена сила во Македонија од грчката држава, Каравангелис работел и на терен во својата епархија да создаде „грчка“ чета од месно македонско насе-ление, првенствено, како што и погоре напоменавме, од отпадници на МРО. Стратегијата на митрополитот била следна: „Tребаше да се обидам да придобијам некој бугарофон војвода… и да го направам грчки војвода“.9 На почетокот одлуката паднала на Коте Христов од с. Руља. Подоцна, во втората половина на 1901 год. тој успеал да го придобие и Вангел од с. Стребено, како и Гелев од с. Трсје. Изјавите за верност кои ги собирал од новите соработници, митрополитот ги користел како доказ пред грчкта влада дека во Македонија постоел и делувал елинизмот, но и дека нemu му била потребна помошта на грчкото кралство. Во извештајот до грчкиот премиер Заимис, од 4 мај 1902 год10., Каравангелис ги опишал придобивките за елинизмот од дејствувањето на „прочуениот Коте“. Сепак, „националнто дело“ комплетно да биде „завршено“, доволно било „да се слушне дека под водството на Коте пристигнаа десетици грчки борци“.11 Кратко време по придобивањето на Геле(в), Каравангелис испратил нов извештај до владата во Атина: „Испратете ми педест борци, педест Кри}ани, да ги спојам со моите. Ќе направам така дваесет чети и ќе ги распределам, од Бистрица до Мариово и до Битола, во Лерин, во Острово, Сетина, Владово, Воден и до Караџова. Времето е соодветоно за акција. Голем

                                                            7 K. Svolopoulos, „I apofasi gia tin organosi tou enoplou agona“, O Makedonikos agonas; Simposio, Thessaloniki - Florina – Kastoria – Edessa, 28 oktomvriou - 2 noemvriou 1984, Thessaloniki, 1987, стр. 59. 8 Германос Каравангелис, Македонската борба (мемоари), превод Васко Караџа, Скопје, 2000, стр. 25. 9 Г. Каравангелис, Македонската борба..., стр. 15-16. 10 Потанаму во текстот датумите ќе бидат испiшувани во стар стил. 11 Gеоrgios Petsivas, Ioannou Karaviti, O makedonikos agon, apomnimoneumata, Tomos A, Athina, 1994, 16.; K. Svolopoulos, „I apofasi gia tin organosi tou…, стр. 55.

Page 46: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 46

број на првенци, свештеници и учители се посветени на борбата и војводите очекуваат помош од Грција“.12

На почетокот на мај 1903 год. во Македонија биле испратени четворица Кри}ани: Ефтимијос Каудис, Георгиос Диконимос-Макрис, Ламбринос Вранас и Георгиос Перакис. Најзаслужни за подготвувањето на оваа мисија биле грчките офицери, П. Мелас и Георгиос Цонтос-Вардас. Во нејзиното подготвување учествувало и грчкото Минис-терство за надворешни работи, за што дознаваме од строго доверливиот извештај на министерот Атос Романос, од 26 феvруари 1904 год., испратен до грчките коnзулати во Солун и Битола.13 Од извештајот дознаваме дека мисијата била подготвувана подолго време и дека за nea соодветно биле запознаени и грчките конзули во посочените градови. Сепак, Романос сметал за потребно уште еднаш да им ги повтори на конзулите целите на четворицата Кри}ани, поради кои бил испратени во Македонија. „Потребата да се испита проблемот“, пишува, и продолжува министерот, „и колку што е можно да се организира месна одбрана за одбивање на горенаведените напади (се мисли за напади на четите на МРО, б.н.) и засилување на грчкиот елемент“.14 Романос за „грчки елемент“ го сметал македонското патријаршиско население, меѓу кои Криќаните требало да истражат дали постоела можност за организирање на „грчката одбрана“, но и можноста за внесување и складирање на оружје од Грција во Македонија.

Павлос Мелас, преку Министерството за надворешни работи, гi обезбедил финансиите и дозволата, додека Вардас ги мобилизирал луѓето. Главна дестинација на „четворката“ билe градовите Битола и Костур, но до нив успеал да стигне единствено одговорниот на оваа мисија, Перакис. На останатите тројца, по симнувањето од брод во Солун и престојот во грчкиот конзулат, заменик конзулот Кондогурис не им издал дозвола да ја продолжат мисијата.15 Додека, според историчарот Ангелос Хоцидис, „само Перос (Перакис, б.н.) успеа да ги убеди турските власти дека бил трговец со добиток и стигна до Битола“.16 Тој најпрвин се сретнал со Каравангелис, на кој му предал писмо од Мелас, а потоа ги посетил Лерин и Битола, каде се сретнал со

                                                            12 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 22. 13 Arheion Ypour. Eksoterikon – fakellos Makedonikon zhtima 1904, Athina, Tmima I. Arith. Emp. Prot. 718. 14 Исто. 15 Весела Трайкова, „Наченки на андарското дело в Македония – Каравангелис, Јон Драгумис и десетината Критяни“, Македонски научен институт; Преглед, София, г. XXIV, бр. 1, 2001, стр. 53. 16 Aggelos A. Hotzidis, Euthimios Kaoudis enas kritikos agonizetai gia ti Makedonia: Apomnimoneumata (1903-1907), Thessaloniki, 1996, стр. 12.

Page 47: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 47

месни преставници на „Амина“17. Исто така, се сретнал со Вангел од Стребено.18 По престојот во Македонија, Перакис се вратил во Атина и ги известил своите претпоставени за состојбата во Македонија, но и со „наредба на митрополитот (костурски, б.н.) да се врати што побрзо, со што поголем број на Критјани“.19

Неуспешните обиди да издејствува од грчката влада испраќање на вооружени групи од Грција не го обесхрабриле митрополитот костурски во изнаоѓањето начини за реалзирање на овој план. Својата нова шанса ја препознал во младите, националистичко задоени офицери на грчката армија, предводени од Павлос Мелас, Георгиос Цонтос-Вардас и Констандинос Мазаракис. Јон Драгумис, кој се залагал за формирање на чети од месно население и со скептицизам гледал на ваквиот вид на акции, активно бил вклучен во целата организација. Желбите на Каравангелис започнал да ги реалзира П. Мелас, на чие барање Вардас одбрал 11 Кри}aни. Во оваа група влегле и четворицата Кри}ани, кои на почетокот на мај 1903 год. престојувале во Солун. По враќањето на Перакис во Атина понагласена станала решеноста да се испрати чета во Македонија. Целокупната одговорност во екипирањето, снабдувањето со оружје, како и изнаоѓањето на финансиски средства, без кои не било возможно изведувањето на оваа мисија, паднале на товар на Мелас и Вардас. Финансиите, според Димитрис Литоксоу, ги обезбедила принцезата Луиза dе Раинкур, која за таа цел издвоила три илјади драхми.20 Додека бугарската историчарка Весела Трајкова, користејќи како извор едно писмо испратено од Мелас до Вардас, публикувано од Лазар Киселинчев, наведува дека Мелас побарал 10 000 франци од

                                                            17 Организацијата „Амина“ ја формирал Јон Драгумис набрзо по неговото пристигнување во Битола. „Амина“ делувала, пред сè, во пределите со грчко, влашко или погрчено население во Јужна Македонија. Центар на Организацијата се предвидувало да биде градот Битола. Организацијата која ја создал Драгумис повеќе наликувала на групација од меѓусебно неповрзани кружоци, изолирни во одредени населени места, без никаква меѓусебна координација, составени најчесто само од неколкумина членови врбувани лично од Драгумис. Според уставот, целта на „Амина“ не била борбата против османлиската власт, туку национална заштита и сојуз на грчките општини. Понатаму, вооружување на грчките елементи во Македонија и собирање на иформации за дејноста на МРО, а се предвидувало и дејствување на грчки вооружени чети. 18 В. Трайкова, „Наченки на андарското дело в Македония…, стр. 53. 19 Писмо од Павлос Мелас до Јон Драгумис, 24 мај 1903 година. G. Petsivas, Ionos Dragumis…, стр. 119. 20 Димитрис Литоксоу, „Грчката антимакедонска борба I; Од Иилинден до Загоричани (1903-1905), превод Васко Караџа, Скопје, 2004, стр. 33.

Page 48: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 48

принцезата, taa му ставила да располагање 15 675 драхми.21 Изборот на луѓето кои требало да заминат за Македонија повторно go направил Вардас, со одобрување на Мелас. Од единаестмината кои биле избрани во март, отпаднале тројца, а на нивно место влегле други двајца.22 На тој начин групата се намалила на десетмина. За Македонија тргнле следниве македономахи: Г. Сејменис, Г. Зуридис, Г. Стратинакис, Н. Лукакис, Е. Бонатос, Л. Вранас, Е. Каудис и Г. Диконимос-Макрис.23 Најголем дел од луѓето од оваа група живееле во Атина, кои, за да преживеат, работеле најразлични работи. Додека, поради различните дела кои ги имале направено во Крит, за кои и биле прогонувани од османлиските власти, принудени биле да го напуштат родниот остров. Така на пример, Ефтимијос Каудис заминал од Крит поради убиството на Виудас, водач на разбојничка банда, чиј член бил и тој лично.24 Секако, за нив најлесна работа била војувањето, ајдутсtвото и убивањето, па поради тоа, и без никакво двоумење, го прифатиле овој предизвик. За организаторите целта на оваа мисија била јасна, но истата во целост не била разбрана од нејзините учесници. Последните „требало да ги засилат месните чети (од типот на Коте и Вангел, б.н.) и да помогнат да се организираат други“25 во борбата против македонс-кото ослободително движење. Нереалните амбиции и погледи на грчката пропагандни фактори за тогашна состојба во Македонија се потврдува и во писмото на Ј. Драгумис до П. Мелас од 20 јуни 1903 година.26 На Кри}аните им било објаснато дека нивната „татковина и нација“ се во опасност и дека токму тие требалo да заминат во Македонија за да ја спасат. Но nim не им било образложено против кого требало да се борат и какво население жиевеело во Македонија - најважно било единствено тие таму да се појават. Најдобар опис за Кри}aните и ситуацијата во која се нашле за време на нивниот престој во Македонија ни дава Георгиос Модис. Во делото „O Makedonikos аgon kai i neoteri makedoniki istoria“, запишал: „Mожеби некои не знаеја                                                             21 В. Трайкова, Наченки на андарското дело в Македония…, стр. 52. 22 Исто, стр. 54. 23 G. Petsivas, Ioannou Karaviti, O makedonikos agon…, стр.17. 24 Aggelos A. Hotzidis, Eutumios Kaoudis, Enas kritikos agonizetai…, стр. 11. 25 Natalia Mela, Paulos Melas, Athina, 1926, стр. 76. 26 Очекувајќи го доаѓањето на десетtemina Кри}ани, Драгумис со очигледна возбуда му напишал на Мелас дека „околу Битола и на друго место во внатрешноста има манастири каде можеме да ставиме наши луѓе… некои можат да одат во Света Гора и оtтаму да дојдат овде (таму ќе одат или облечени како монаси од Грција или ќе се облечат штом стигнат тука). Некои можат да дојдат директно овде, но морат да земат фалсификувани турски пасоши или документи. Два-тројца можат да дојдат и јавно како грчки државјани…“. G. Petsivas, Ionos Dragumis…, стр. 155.

Page 49: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 49

каде се наоѓаат (се однесува на Кри}аните, б.н.). Им кажаа дека далеку во Македонија се случува една посебна и чудна патриотска војна, за која е потребно храбри и решителни борци. И истрчаа… не е тешко некој да си го претпостави првиот впечаток кога стигнаа во Стребено. Дотогаш од своите дедовци имаа научено само за еден непријател, Турчинот, тука главен непријател беше Бугаринот. Различна беше и целата област. Планините, дрвјата природата, беa местa, каде воопшто не вирее маслинката. Различни беа и луѓето кои зборуваа туѓ јазик“.27 Како и да е, посебно внимание привлекува писмото од 17 јуни 1903 год., во кое Мелас го известил Драгумис за пристигнувањето на Кри}aните. Имајќи го предвит ставот на Драгумис за создавање на чети исклучиво од месно население, Мелас за целата мисија го известил откако работата била завршена, т.е. кога Кри}аните веќе биле на пат за Македонија. Јон Драгумис, иако се противел на идејата за испраќање на вооружени групи од Грција, сепак, по нивното пристигнување во Македонија активно учествувал во помагањето или изнаоѓањето решенија како tie на најдобар можен начин да ‚ наштетат на МРО. Павлос Мелас не сакал да го навреди братот на својата жена, Наталија Мела, и во писмото му навестил: „Pред да преминам во некои подробности, за да не се вознемируваш ти велам дека од овде заминаа, минатата недела, 11 (се однесува на 10, а не 11 како {to навел Мелас, б.н.) луѓе кон граница“.28 Не сакајќи да го открие неговиот удел во целата работа, тој продолжува во пимото, „од момент во момент чекам телеграма од Констандинос Мазаракакис за да ми ја кажат причината за нивното заминување“, zа на крај целосно да ја префрли одговорноста за организацијата на тројцата Кри}aни, кои по враќањето од Солун започнале со „дејствија за мобилизирање на своите приврзаници“, додека неговата задача наводно се состоела „само“ од „нивно podgot-vuvawe и особено, vo наоѓање на пушки“.29 Кри}аните грчко-османлис-ката граница ја преминале тајно, со лажни нифузи (лични карти), на 13 јуни 1903 година. Претходно, за нивното префрлање до границата најзаслужен бил потпоручникот на картографската служба, К. Мазаракис, додека во Каламбака за вооружувањето се погрижиле поручникот Влахојанис, лекарот Рамос, полицискиот капетан Кутру-видас и капетанот Икономидис. Последниот податок јасно ни ја покажува вмешаноста на грчките дражавни структури во организира-њето на целата акција.30 Во Костурско пристигнале на 21 јуни.                                                             27 Georgiou Modi, O Makedonikos agon kai i neoteri makedoniki istoria, B ekdosi, Thessaloniki, 2007, стр. 178-179. 28 G. Petsivas, Ionos Dragumis…, стр. 149. 29 Исто, стр. 155. 30 Д. Литоксоу, „Грчката антимакедонска борба…, стр. 33.

Page 50: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 50

Најголемиот дел (8 Крi}ани) се засолниле во манастирот Св. Никола во с. Чирилово. Додека другите двајца, Перакис и Макрис, од Каламбака тргнале за Костур, сместувајќи се во зградата на митрополијата. Таму тие му го предале адресираното писмо од П. Мелас и К. Мазаракис на костурскиот митрополит, со дата од 11 јуни 1903 година. Каравангелис во спомените кажал дека во писмото Мелас му напишал: „Kога ќе го научат добро теренот, да ги направиш војводи“.31 Но, според Весела Трајкова, во писмото кое било објавено во спомените на К. Мазаракис, покрај со основното запознавање на Каравангелис со андартите, се нагласува дека требало: „Dа се образложи за сигурноста и да не се компромитира грчката држава и армија, чии службеници ја поттикнаа андартската операција; така и vo Патријаршијата, чиј службеник е Каравангелис, (за таа цел) се воведуваат шифри.” Во писмото се наве-дува дека на рака Перакис требало да му даде на митрополитот еден шифриран речник. Последниот пак требало да ја разбере шифрираната кореспоnденција од еден офицер, сорабoтник на Мелас“.32 Понатамош-ната кореспоnденција меѓу андартите и организаторите во Атина се водела со кратки писма, во кои на Кри}аните им се нагласувало да не разгласуваат од каде доаѓаат.33 Набрзо во манастирот во с. Чирилово, со помош на човек на Каравангелис, пристигнале Перакис и Макрис. Уште првиот ден од нивниот престој во манастирот Св. Никола бил избегнат судир со четата на Чакаларов, кој истата вечер поминувал покрај манастирот и побарал да се види со игуменот.34 Попладнето, на 22 јуни, по наредба на митрополитот Вангел од с. Стребено ги прифатил андартите, кои заедно со неговата чета достигнале 25 луѓе. Макрис во своите спомени на следниот начин ги опшал првите впечатоци за Вангел и нивното заедничко движење: „… Zаминавме веднаш за Лехово и Стребено. Со Вангел бевме слободни да се движиме по цел ден, затоа што тој имаше дозвола од Хусеин Паша, пријател на митрополитот, да има чета и да ги прогонува Бугарите35. И така поминавме и од Лехово, јавно преку

                                                            31 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 27. 32 В. Трайкова, Наченки на андарското дело в Македония…, стр. 55. 33 Исто, стр. 55. 34 Писмо од Г. Перакис до П. Мелас, Белакмен, 3 јули 1903 год. G. Petsivas, , Ionos Dragumis..., стр. 577. 35 Кај Макрис терминот „Бугарите“ не означува етничка припадност. Бидејќи и самиот Вангел, кој тој не го сметал за Буgaрин, припаѓал на истата етничка група, за кој Макрис го употребил терминот „Бугарите“. Неговото именување со овој термин, пред сè е црковно, но и направено со цел да се прикаже наводна дистинкција меѓу македонското население, а со тоа да се престави и етничка разлика меѓу истото.

Page 51: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 51

ден“.36 На 26 јуни тие се стационирале во с. Лехово, каде што разбрале дека Каравангелис се podgotvuva за обиколка низ селата Лехово, Стребено, Зеленич, Ајтос и Негован.

Токму во моментите кога МРО го подготвувало македонското население за востание, костурскиот митрополит, иако бил добро информиран за настаните кои следат, решил дека било вистинско време да ‚ нанесе серизен удар на Организацијата. Ваквата негова намера, по завршувањето на обиколката низ костурските и леринските села, ја изнел и пред британскиот заменик - конзул, Питер Џ. Мек -Грегор, за време на неговата посета во Битола. Конзулот во извештај до британскиот генерален конзул во Солун, Р. Грејвс, од 31 јули 1903 год., известувајќи за дејноста на Кри}aните во Костурско, меѓу другото, напишал: „Vо текот на последниот негов престој овде (се мисли на Германос Каравангелис, б.н.) ја соопшти неговата намера да ги клевети и да им нанесе штета на Бугарите со секое расположливо средство“.37 Митрополитот се надевал дека грчката пропаганда во Македонија, со групата на Вангел и Кри}aните од една страна, и со Коте од друга страна, ќе успеела да го смени текот на настаните и силно изразената желба на Македонецот, преку сопствена борба, да дојде до толку посакуваната слобода.

Каравангелис плановите за дејноста на вооружените групи кои биле под негова контрола му ги соопштил на Ј. Драгумис. Тој планирал, откако Кри}аните ќе се соединат со Вангел, „да се сретнат со Коте и Павле (Киров, б.н.). Оттаму ќе одат во Врбник, каде наш следбеник ќе ни го предаде Чакаларов. Верувам дека наредната недела ќе биде убиена целата чета на Чакаларов. Подоцна ќе продолжиме северно. Во Неред ќе наредам убиство на бугарскиот поп, па дури и убиство на голем број на Бугари (и во двата случаi се однесува на Егзархисти, б.н.); iсто и во Косинец, но во почетокот на јули. П.С. Бидејќи на 28 и 29 овој месец заминувам на обиколка, испрати ми 20 лири со првата обиколка.“ Седум дена подоцна, во ново писмо до Ј. Драгумис, откако Кри}аните веќе биле пристигнати во Македонија, Каравангелис со очигледно задоволство и голем ентузијазам напишал: „Jас лично од Лехово ќе одам да ги средам работите (за парите, б.н.), така {to вие da не се грижiте, бидејќи се вознемирува комитетот, работам на тоа да се испрати аскер и верувам дека оружје ќе дадам само на оние кои сакаат да се обединат со четата на Вангел. Не кажувајте дека имам пушки, зaшто покрај жителите на Лехово и други села почнаа да бараат, така што пушки ќе давам само на четниците, селаните нека си купуваат сами                                                             36 Georgios Dikonimos-Makris, Apomnimoneumata, Thessaloniki, 1959, стр. 1. 37 Vasilis K. Gounaris, Ta gegonota tou 1903 sti Makedonia mesa apo tin europaiki diplomatiki allilografia, Thessaloniki, 1993, стр. 161.

Page 52: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 52

со свои пари. Вангел во митрополијата се договори со кајмакамот да оди по селата и да прогонува, тајно и од валијата. Бидејќи постои опасност од судир со аскерот… Доставив и 80 лири, кои ќе ги добие (се мисли на Вангел, б.н.) кога ќе го нападне Чакаларов, така ќе работиме посистематски и посигурно, истовремено и другите чети ќе работат тајно под надзор на Вангел. Чакаларов се наоѓа некаде близу до нас, не отиде во Врбник… Му благодарам на Мелас за револверот кој ми го прати. Извести го Мелас дека треба да ја зголеми месечната плата, зошто четите се многу, а треба и за нашите плати“.38 На 29 јуни Караванглиис ја започнал обиколката низ дел од селата во својата епархија. Пред да тргне костурsкиот кајмакам му доделил придружба од 25 војници (најголем број Албанци), на чело со капетан Рустем-беј, исто така Албанец. Средбата me|u Кри}аните и Вангел се случила меѓу селата Стребено и Лехово. Митрополитот се запознал и со останатите 8 андарти, кои „беа вооружени и носеа чизми и кри}ански качкети“.39 Во тие моменти за „борците“ дојдени од Крит, но и за османлиските војници се случила една несекојдневно чудна ситуација. Појавувањето на Каравангелис со неговите османлиски сојузници преставувало збунувчка слика за оние, кои освен „Турците-неверници“, друг непријател не познавале. Од друга страна, Рустем-беј здогледувајќи ги андартите од Крит зачудено го прашал митрополитот: „Коi се овие?“40 Водејќи се од јасните директиви на своите претпос-тавени во Атина, а со цел да не се компромитирала грчката држава, Вангел, но и Кри}аните се обиделе да се престават како „Македонци од елинофоната зона, значи, едни од Сјатиста, други од Конско, трети од Богатцко, итн.“41 Но, сепак, Рустем-беј без поголема потешкотија ги препознал.42 Откако Каравангелис им ја објаснил мисијата на андартите дојдени од Крит, тие заедно со четата на Вангел и османлискиот одред се засолниле во с. Лехово. Педесет~lenata вооружена група вечерта ја поминалa во меѓусебно запознавање. Во своите спомени костурскиот митрополит на следниот начин го опишал нивното заедничкото дружење: „Vечерта на Св. Апостоли се оддржа голема веселба со печено месо и многу вино. Луѓето од придружбата се опијанија и

                                                            38 Првото писмо, од овие две писма што Карвангелис го испратил до Ј. Драгумис е датирано од 18 јуни 1903 год., додека второто од 25 јуни 1903 год. G. Petsivas, Ionos Dragumis…, стр. 575-576. 39 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 28. 40 Исто, стр. 28. 41 Aggelos A. Hotzidis, Eutumios Kaoudis, Enas kritikos agonizetai…, стр. 45. 42 Рустем-беј имал завршено гимназија во Атина, додека еден од неговите придружници Сафхат Чауш порано служел во жандaрмеријата во Крит.

Page 53: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 53

почнаа да се бакнуваат меѓу себе. Такво беше збратимувањето, што нè правеше да не се плашиме веќе дека Турците ќе нè предадат“.43 Костуркото раководство првите сознанија за дејствувањето на оваа група ги дозналo на 3 јули 1903 год., кога Чакаларов во дневникот запишал: „Уште од зори ми донесоа неколку писма со разни непријатни содрженија. Од Мокрени ми пишуваат дека грчкиот костурски владика бил во Елхово со предателот Геле (Вангел, б.н.) и со 40 души аскер, ги турнале под иследување елеовените, дали одат комити во нивното село, колку пушки имаат, дали и јас сум бил таму и кога сум бил, за каде сум заминал итн. Загоричани и тие се жалат од циркулирањето на Геле по селата заедно со аскерите. И Попов (Иван, б.н.) пишува дека една дружина од 10 души испратена од Коте, под предводителство на Апостол Чакаларов била околу Бапчор… (Од дрго место научивме дека Коте влегол во споразумение со Гелето од Сребрено, за да дејствуваат против нас)“.44 Како и да е, Кри}аните, заедно со Каравангелис, од с. Лехово преку селата Сребрено и Невеска пристигнале до првата цел на обикол-ката, с. Зеленич. Населено со доминантно македонско егзархиско, мал број на македонско патријаршиско и турско население, селото со околу 350 фамилии, преставувало вистински предизвик за аспирациите на митрополитот. Костурскиот митрополит во своите спомени кажал дека во селото „дваесет и пет години нема влезено патријаршиски архи-eреј… Селото имаше четири попови Бугари, односно егзархисти45, дури еден од нив бил Грк од Пелопонез, а бил бугаризиран46. Патријаршиски бил само еден поп, попот Димитри, коj заедно со петнаесет фамилии и посебно Граменопулите и нивните роднини му останалe веrni на елинизмот“.47 Повторното враќање на еден висок патријаршиски служ-беник во селото се најавило со пукотници на неговата вооружената придружба. Неочекуваните „гости“ се сместиле во куќата на попот Димитри. Кравангелис намерата да оддржи литургија во големата црква најпрвин му ја соопштил на својот домаќин, а потоа наредил да се повика муфтарот и селските првенци. Нim им ги побарал клучевите од црквата, а притоа не испуштил да им се закани со зборовите: „Оставете ги шегите… јас ќе ја извршам светата литургија. Имам војска. Вистински јунаци. Сите офицери. Помина времето што го знаевте, сите

                                                            43 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 28. 44 Дневникот на војводата Васил Чакаларов, Скопје, 2007, стр. 311-312. 45 Јасен показател дека костурскиот митрополит црковната припадност ја изедначувал со етничката. 46 Каравангелис го употребил овој термин за да означи дека свештеникот ппреминал во егзархиска служба. 47 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 28.

Page 54: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 54

под нож ќе ве поминеме“.48 По консултациите со останатите жители, селските првенци одбиле да им ги дадат црковните клучеви. Во тие моменти разгневениот Каудис се обидел да го убие селскиот муфтар, но во таа намера го спречил Каравангелис. Сепак, по неговото претепу-вање, но и повторните закани дека Кри}аните ќе го запалат селото, на митрополитот му биле дадени клучевите.49 На таков начин, со закани „’слугата божји’…потпрен врз турската војска се чуствувл многу силен, влегол во црквата и одржал ’божја служба’“.50 На пат кон својата следна цел, с. Ајтос, вооружената група, предводена од костурскиот митрополит, застанала во манастирот на Богородица, под Невеска, за да ја прослави својата прва „победа“. Игуменот ги пречекал со богата трпеза, на која гостите не можеле да ‚ одолеат, а најголемiot дел и се опијаниле, по што започнале да пеат, а гркофилот Рустем-беј дури ја испеал и грчката национална химна.51 Каравангелис, користејќи се со заканите и силата на оружјето, литургија оддржал и во с. Ајтос. Додека сè уште се наоѓале во селото, подготвувајќи се да тргнат кон соседното Негован, митрополитот добил писмо од Невеска. Писмото било испратено од жител на граtчето, по потекло Влав, кој бил дел од МРО, но и за две лири месечно работел за митрополитот, т.е. го информирал за дејноста на револуционерното движење. Токму таква била намената и на ова писмо, преку кое Каравангелис бил информиран дека четата на војводата Александар Турунџев поставила заседа меѓу селата Ајтос и Негован, токму на патот по кој требало да помине тој со неговата придружба. Кри}аните, имајќи ја во предвиd оваа информација, вечерта меѓу селата Негован и Долно Котори поставиле заседа. За текот на самата битка и за загубите од двете страни постојат контрадикторни извори. Макрис во своите спомени го забележал следното: „Bеа околу дваесестмина. Последниот влечеше една голема букова гранка за да ги избрише трагите врз патот. Стрелавме и веднаш паднаа шестмина. Другите избегаа и само еден ранет го фативме жив“.52 За истиот настан австрискиот конзул во                                                             48 Исто, стр. 29. 49 За овој настан, накратко во својот дневник од 12 јули 1903 год. се осврнал и В. Чакаларов: „Вечерта дојдоа кај мене Поп Трајков и Розов. Им напишав на леринци да ги доведат четите и да ни определат место за средба, за да го нападнеме предавникот Вангел Геле- Сребренецот. Тој предавник, со помош на грчкиот владика, почнал да прибира околу себе разни елементи и да ги преследува нашите чети. Пред неколку дена, владиката заедно со аскер и Геле отишле во Зелениче; ја скршиле вратата на црквата и после ја запечатиле. Притвориле неколку работнци и си заминале“.Дневникот на војводата Васил Чакаларов, стр. 325. 50 Крсте Битовски, Грчката „Македонска борба“, Скопје, 2001, стр. 80. 51 Д. Литоксоу, „Грчката антимакедонска борба…, стр. 35. 52 Georgios Dikonimos-Makris, Apomnimoneumata…, стр. 4.

Page 55: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 55

Битола, А. Крал, на 1 август 1903 год. го известил неговиот претпоставен во Виена, А. Голуховски, дека Вангел „изврши напад заедно со војската кај Негован против војводата Алекси од Екши-Су и му нанесоа загуба од 5 луѓе. Еден револуционер кој беше ранет во ногата од пушка Гра (значи не е од пушка на турската војска) беше пренесен овде. Војниците имаа двајца мртви“.53 Додека Каравангелис во своите спомени го кажал следното: „…Bитката не траеше долго. Алексо сфати дека беше во опасност да биде опколен и затоа откако исфрли неколку истрели без да погоди, за среќа, некој од нашите се повлече во шумата и исчезна. Но, Кри}аните фатија тројца Бугари od koi двајца bea ранети. Едниот беше курир и другите двајца снабдувачи на Алексо. Нив ги зедовме со нас и се вративме во манастирот на Ајтос… Оттаму ги испратив во Лерин во затворот како убијци…“.54 Накратко за овој настан во дневникот се задражл и Чакаларов. Според информациите кои ги добил, „Геле бил нападнат ноќно време на пусија од некоја леринска чета, раниле еден, кого потоа го уловиле жив“.55 Како и да е, наредното населено место кое го посетил Краван-гелис било с. Негован, населено со Албанци, во кое организирал чета од месни жители „на чело со Никола, стар борец, ајдук, му дадов за него една офицерска сабја што сум ја купил во Битола и оружје за неговите борци“.56 Каравангелис обиколката ја продолжил во леринските села, Котори и Кучковјани. Перакис, во писмо од 3 јули 1903 год., го извес-тил Мелас дека „оттаму митрополитот тргнува со 26 Албанци за Лерин, а оттаму за Битола, а ние, 22 четници, заедно со нашиот капетан се вра-ќаме и си ја вршиме нашата работа“.57 Каравангелис „турнејата“ ја завршил на 18 јули 1903 год., враќајќи се во Костур придружуван од турскиот одред на чело со Рустем-беј. Кри}аните, заедно со Вангел, најчесто се движеле околу с. Лехово, каде и го дочекале почетокот на Востанието. Паралелно, покрај присуството на Вангел и Кри}аните во источниот дел на Костурската околија, во Корештата дејноста против македонското револуционерно движење ја продолжил и Коте. Во тој период, повторно, во Атина се рашириле гласини за наводната соработка меѓу Коте и четите на МРО, преку кои бил нарушен неговиот углед кај грчките пропагандни фактори. Сепак, тој набрзо ја оправдал верностa кон грчката пропаганда. На 8 јули 1903 год. имало судир меѓу него и четата на Атанас Кршаков кај чешмата „Бели кладенци“, над с.                                                             53 Vasilis K. Gounaris, Ta gegonota tou 1903 sti Makedonia…, стр. 162. 54 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 30. 55 Дневникот на војводата Васил Чакаларов, стр. 337. 56 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 30. 57 G. Petsivas, Ionos Dragumis..., стр. 577.

Page 56: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 56

Смрдеш. Во битката биле убиени двјца од четата на Кршаков, додека во половината бил тешко ранет самиот вовјвода.58 Авантурата на десетмината Кри}ани и ентиузијазмот на Крававангелис со нивното доѓање во Македонија набрзо исчезнале со почетокот на Илинденското востание. Тоа во Kостурската околија било објавено на 20 јули (2 август, нов стил) 1903 год, додека востаничките дејствија започнале наредниот ден, на 21 јули. Почетокот на востанието Кртитјаните ги затекнало во с. Лехово, во кое се наоѓале заедно со групата на Вангел од Стребено. Каравангелис во почетниот период бил целосно ангажиран околу нивно безбедно враќање во Костур. Во Костур од десетtemina Критјани се вратиле само деветмина, без Георгиос Сејменис. Последниот подоцна од грчката историографија бил прогласен за прва жртва на грчката „Македонската борба“. Околу загинувањето на Сејменис, денес, како и во минатото, постојат неколку верзии. Современиците на овие настани, како и грчката историографија, ја имаат прифатено теоријата дека тој бил убиен од востаниците. Во своите спомени Каравангелис забележал: „Сејменис поради болест, остана во Лехово и таму го најде и го уби Чакаларов“.59 Слично во своите спомени напишал и соборецот на Сејменис, Ефтимијос Каудис.60 Грчката историографија како директен виновник за убиството на Сејменис го посочува мокренскиот војвода Никола Андреев (Коле Мокренски). Во дневникот Васил Чакаларов забележал дека во тој период Андреев навистина се судрил со османлиската војска и групата на Вангел, но во битката кај градот Клисура, поради лошите позиции кои ги имале востаниците, единствено тие дале 5 жртви.61 Судирот меѓу востаничките сили и османлиската војска се посочува и во турските дефтери. Во нив се наведува дека во близина на Клисура, на 22 јули, биле убиени, од османлиската војска, седумmина востаници.62 Сепак, постои уште една верзија за neдоаѓањето на Сејменис во Костур. Во писмо од Перкис до Цонтос се вели: „Zа убиството на Сејменис ќе дознаете подробно при нашата прва средба. Тој бил убиен во борбата за

                                                            58 Дневникот на војводата Васил Чакаларов, стр. 337; Спомени П. Кљашев, Скопје, 1997, стр. 254; G. Modi, O Makedonikos аgon ke i neoteri…, стр. 172. 59 Г. Каравангелис, Македонската борба…, стр. 31. 60 „Еден ден додека бевме во Лехово, пишува Каудис, видовме дека планините се наполнија со луѓе, тие се… дигнаа на Востание…, еден од нас беше болен и остана таму, но како што дознавме подоцна го земаа Бугарите и го убија“. Каудис не е најискрен кога го опишува овој настан. A. A. Hotzidis, Eutimios kaudis enas Kritikos agonizete..., стр. 48-49. 61 Дневникот на војводата Васил Чакаларов, стр. 344. 62 Државен архив на република Македонија, Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908, Скопје, 2007, стр. 71.

Page 57: Spisanie Istorija God.2010-2011

Aktivnosta na prvata organizirana Andarska ~eta...

2010/11/XLVI/1-2 57

Клисура“.63 Овој податок покажува дека Сејменис не бил убиен во с. Лехово, туку во Клисура, но за целосно да се разјасни овој настан се погрижил грчкиот историчар, Георгиос Модис, кој напишал: „Eден ден Сејменис исчезна. Како што ми кажа Каудис, скришно отиде кај комитите за да се бори на нивна страна против Турците“.64 Додека во дневникот на Кирјак Шкутров се наведува дека, откако Турците ја напуштиле Клисура, меѓу останатите работи кои ги оставиле бегајќи од востаниците, бил заробен и „еден андартин по име Георгаки, родум од о. Крит“.65 Всушност Сејменис загинал на 23 јули во борбите за осло-будување на Клисура. Енигма, единствено, останува дали тој загинал како дел од востаничките сили кои учествувале во нападот на градот Клисура или, пак, бил убиен од страна на востаниците. Ако се прифати верзијата дека Сејменис навистина се приклучил кон востаниците, тогаш причините за таа одлука се едноставни. Во психологијата на дел од Кри}аните, под влијание на долгогодишните борби со oсманлиската власт, и понатаму продолжиле poголеми непријатели да им бидат Турците, отколку четите на МРО и македонското население. Кри}ани и групата на Вангел на патот кон Костур успеале да направат уште еден „подвиг“. На 21 јули во атарот на с. Куманичево „околу 15 луѓе, повеќето старци, од кои само тројца биле вооружени, биле нападнати…“66 од нивна страна. Во своите спомени, Каудис и Макрис, се обидуваат жртвите да ги престават како дел од четата на Чакаларов. Убиени биле меѓу 4 и 6 селани. Кри}аните, по неколкуднев-ниот престој во митрополитската зграда, учествувале во својата последна акција пред да ја напуштат Македонија. Тие биле претход-ници на османлиската војска во нападот на с. Косинец, кое скоро целосно било запалено (освен 8 куќи), а биле убиени и 14 селани.

Стационирањето на огромна војска во Kостурската околија го направил непотребен понатамошниот нивni престој во Македонија. Неуспешен останал и обидот на митрополитот на секаков начин да ги задржи покрај себе. Сепак, нивната безбедност веќе била донесна во опасност од самата војска. Не поминала кај османлиската управа ниту измамата на Каравангелис дека тоа се месни луѓе кои се грижат за неговата сигурност. За нивното заминување Каудис во спомените напишал: „Mоите луѓе сакаа да заминат, но митрополитот се развика за

                                                            63 Д. Литоксоу, Грчката антимакедонска..., 83. Писмото е со датум од 4 септември 1903 година. 64 G. Modi, O Makedonikos Agon ke i..., стр. 179. 65  Дневници и спомени за Бьлгарската историяа; Дневници и спомени за илинденско преобреженското вьстание, София, 1984, стр. 63. 66 Дневникот на војводата Васил Чакаларов, стр. 344. 66 Исто, стр. 344.

Page 58: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dimitar Qorovski Vamvakovski

 58

да останат, но тоа беше невозможно. Јас не сакав да заминам, сакав да останам со Вангел, но митрополитот ми рече да заминам штом другите заминуваат“.67

На таков начин завршила авантурата на првата организирана андартска група во предилинденскиот период - испратена од Грција во Македонија да се бори против МРО. Присуството на Кри}аните во никој случај не можело да го смени текот на настаните. Нивниот престој во тој временски период имал единствено симболичен карактер. т.е. тие биле првата организирана грчка чета испратена во Македонија до Илинденското востание.

Dimitar LJOROVSKI VAMVAKOVSKI

THE ACTIVIETIES OF THE FIRST ORGANIZED ANDARTS GROUP SENT IN SOUTHWEST

MACEDONIA (1903)

– summary –

To the end of 19-th and the beginning of 20-th century Greek propaganda increasingly start to “loose” Christian population in Macedonia. This would mean and loosing of the ground for pretending of the right of the territories on which Greece had pretentions. The information’s from the ground in which clearly can be seen program goals of MRO, caused additional unrest in the Greek state. United behind the phrases Autonomy of Macedonia and Macedonia for the Macedonians, population generates cohesion in the struggle for national and economical liberation from Ottoman domination. New Greek agitators saw the salvation of Elinism in proclamation of open conflict and war against MRO, including military actions against the forces of Macedonian Revolutionary movement. For Greece, creation of Greek armed forces in Macedonia was the best way to oppose of the well organized network of nalional-liberational movement. Initially created in Greece, but and from group of supporters in Macedonia, defectors from MRO, which for their services gained monthly salary. In the intention for the realization of this plan the most active was Archbishop of Kostur, Germanos Karavangelis, who can gain the benefits of creator of the idea for beginning of organized Greek armed actions against the Internal Organization.

                                                            67 A. A. Hotzidis, Eutimios kaudis enas Kritikos agonizete…, стр. 51.

Page 59: Spisanie Istorija God.2010-2011

Македонка МИТРОВА КРАЛСТВОТО СРБИЈА И ВТОРАТА БАЛКАНСКА

ВОЈНА: ПОЛИТИЧКИ И ДИПЛОМАТСКИ АСПЕКТИ

Вовед

Војните најчесто се резултат од политиката на определена

држава или група на држави со спротивставени интереси. Во тој поглед, балканските војни не се никаков исклучок. Во политичката имагинација кај балканските влади доминирала идејата да се живее во хомогена еднонационална држава која треба да ги обедини сите територии за кои се мисли дека, од историски или демографски причини, ‚ припаѓаат на една нација. Затоа границите што ги утврдиле мировните договори во текот на Источната криза (1878-1881) се сметале за незадоволителни и привремени. Голем дел од Балканскиот Полуостров останал под власта на султанот, а соседите на него гледале како на поле за територијални добивки. Ривалските политики биле поттикнати од политиката на големите сили во регионот, кои се обидувале да го зајакнат своето влијание на Балканскиот Полуостров во случај на дипломатски или воен судир. Поради постоењето на страв од нови европски војни и поради решеноста да се зачува состојбата на статус кво, таканареченото ,,источно прашање” било на врвот на дипломатски агенди уште од раниот XIX век. Напорот да се помират од една страна дезинтегра-цијата на Османлиската Империја, а од другата, европската рамнотежа на силите произвела безбројни планови за можното решение. Двете алтернативи, натамошното постоење на Османлиската Империја или нејзината делба меѓу големите сили, биле доведени под знак прашалник со политиките на новите балкански држави кои се стремеле кон нацио-нална интеграција преку територијална експанзија. По Берлинскиот конгрес, големите сили биле принудени да ја интегрираат иднината на балканските држави во нивната политика, притоа извршувајќи меѓу-себна поделба на ,,сферите на влијание”.1 На политиките на балканските влади, кои воделе војна, во сите балкански општества им се спротиставувале само поединци и мали политички групи. Социјалдемократите биле единствената добро

1 Балканските војни, Историска читанка, 3, Скопје 2007, 39.

Page 60: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

60

организирана политичка група која се спротиставувала на политиката за војна. Тие ја создале идејата за балканска федерација како генерално решение за сите политички и општествени проблеми на земјите од Бал-канскиот Полуостров. Но, влијанието на овие групи било безначајно, и тие не успеале да создадат реална алтернатива на доминантна политика. Мобилизирачки идеологии не наоѓаме само во ривалските национализми, туку и во идеолошките промени присутни насекаде во Европа кон крајот на XIX век. Култот на младоста, потрагата по ,,нови-от човек”, новиот идеал на војничката машкост, социјалдарвинизмот и, на крајот, позитивниот имиџ на војната, биле меѓу оние идеолошки трендови кои ќе ги подготват балканските општества за војна што сите ја предвидувале и очекувале. Од овој историски контекст ќе биде извршена анализа и документирање на сите аспекти на надворешната политика на српската држава при почетокот и во текот на Втората балканска војна. Првата балканска војна онолку колку што била крвава и разорувачка про-пратена со геноциди на ,,другите” на сите фронтови, била само поста-вување на ,,сцената” за Втората меѓусојузничка балканска војна, која во крајни граници ќе го разоткрие ужасот на овие војни. Европската политичка сцена била веќе поставена и за „големата војна”, која што ќе следи неполна една година по завршувањето на овие балкански воени настани.

1. Прелудија за Втората балканска војна: српско-бугарски односи Од зацртаните две воени цели на српската влада и

генералштабот во Првата балканска војна: продорот во вардарскиот дел на османлиска Македонија и излезот на море, на крајот од војната бил реализиран само еден. Иако, српската држава била територијално зголемена во правец кон Вардарската долина, сепак, нејзиниот меѓубал-кански статус и односот кон средна Европа не бил променет. Покрај присуството на Австро-Унгарија во Босна и Херцеговина, на југ била создадена новата албанска држава, која била под големо австроунгарско влијание. Договорот со Бугарија од март 1912 година ‚ диктирал на српската влада на својот бугарски сојузник да му го предаде делот од територијата на османлиска Македонија: од Крива Паланка на североисток, до Струга на Охридското Езеро на југозапад.2 Со ова,

2 Саво Скоко, Други балкански рат, Узроци и припрема рата, књ. И, Београд 1968, 106-109; Иван Гешов, Балкански®т сÍÓзÍ. (Спомени и документи), СофиÔ 1915, 77-80; Соборник договоров Росии с другими государствами 1865-1917, Москва

Page 61: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 61

новата бугарска граница би се допирала со албанската граница, и Србија би била одвоена од својот втор балкански сојузник: Грција. Оттргната и од Јадранското Море и од приодот кон Солун, геостратеш-ката политика на српската држава во перспектива би зависела од идните австроунгарско-бугарски односи. Голема предност за Кралството Србија, секако претставувала воспоставената заедничка граница со Црна Гора и меѓусебната поделба на територијата на Новопазарски Санџак. Меѓутоа, српската влада, а особено српските воени кругови поттикнати од победата во Првата балканска војна (1912-1913) и со постигнатите територијални добивки ја одбивале и самата помисла да ја предадат одредената македонска територија предвидена од договорот со Бугарија. Слична била и политичката ситуација во Бугарија и Грција со тежнение да се задржат освоените територии од Првата балканска војна, односно во случајот Бугарија да добие и што поголема тери-торија од османлискиот плен. И, бидејќи не постоела повеќе осман-лиската опасност да ги ограничи желбите и апетитите на балканските влади, неизбежно било последниве да се свртат едни против други. Воените резултати од Првата балканска војна не кореспондирале воопшто со резултатите предвидени од договорот меѓу Србија и Бугарија. Затоа, додека уште траела војната се наметнало прашањето за измена на одредбите на договорот. Така, српската влада, уште во февруари 1913 година, навестила на бугарската влада дека било потребно да бидат извршени промени на договорните клаузули од договорот склучен во 1912 година. Имено, Никола Пашиќ на 22 февруари 1913 година, испратил писмо на српскиот пратеник во Софија, Мирослав Спалајковиќ со цел неговата содржина усно да му биде изложена на бугарскиот премиер, Иван Гешов. Во писмото стоело: „Основата за поделба не можел да биде српско-бугарскиот договор, бидејќи околностите под кои тој бил склучен биле изменети. Затоа според српските барања, било неопходно, договорот да биде прилагоден во согласност со реалните прилики, т.е. да биде извршена негова ревизија во корист на Кралството Србија. Како прилог кон ова барање српската страна ги посочила следните причини:  

1. Бугарија (за време на војната – забел. М.М.) не го испратила предвидениот контигент на војска на Вардарскиот фронт;

1952, 113-117; Александар Христов, Јован Донев, Македонија во меѓународните договори 1875-1919, Скопје 1994, 164-166; Петар Стојанов, Македонија во политиката на големите сили во времето на балкански војни 1912-1913, Скопје 1979, 75-77;

Page 62: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

62

2. Србија, покорувајќи се на желбите на големите сили, го напуштила Јадранскиот брег и на тој начин ја жртвувала својата неспорна територија, со цел да се заштити и себе си и Бугарија од една војна која би ги поништила нивните успеси;

3. Србија, на молбата на бугарската влада, испратила преку 50 000 војници со тешка артилерија на Маричкиот фронт иако тоа не било предвидено со договорот;

4. По завршувањето на својата воена задача, Србија повеќе од три месеци стоела со целата своја војска на страната на Бугарија помагајќи ‚ да го добие Едрене и териториите на кои таа не претендирала при склучувањето на српско-бугарскиот договор”.3

Иако, во наведеното писмо, Н. Пашиќ се повикувал само на поединечни елементи од договорот, сепак, српската влада заради своите политички и геостратешки цели, категорично барала ревизија на српско-бугарскиот договор. Кај српската влада постоел страв од Бугарија да не ‚ го затвори приодот кон Егејското Море и со тоа

3 Документи о спољној политици краљевине Србије 1903-1914, књ. ВИ, св. 1, Београд 1981, Док. 187, 272-274; Н. Пашиќ во цитираното писмо на следниот начин го образложил барањето на српската влада за ревизија на договорот: 1. Спрема договорот, Србија била должна да влезе во војната против османлиската држава со 150 000 војници, а Бугарија со 200 000 војници. И Србија и Бугарија се обврзале на Вардарскиот фронт да испратат по 100 000 војници. Врз основа на овие претпоставки за квантитативното учество на воените сили на едната и другата земја во престојната војна, било извршено разграничувањето во Македонија. Бугарија не испратила на Вардарскиот фронт 100 000 војници, туку таа воена сила ја искористила на Маричкиот фронт. Србија, наместо 150 000 војници, мобилизирала 360 000 луѓе и самата ги поднела сите жртви на Вардарскиот фронт. Со ова, таа ‚ помогнала на Бугарија да направи брзи и големи успеси. Поради оваа причина Србија имала право на поголема територија, а не како што било предвидено со договорот. 2. Српската војска го освоила Скадарскиот вилает и излегла на Јадранското Приморје. По договорот, овие територии влегле во српската неспорна зона. Меѓутоа, Австро-Унгарија ‚ се заканила на Србија со војна ако не се повлече од Скадарскиот вилает. Бугарија со договорот се обврзала да ‚ помогне на Србија со 200 000 војници ако биде нападната од Австро-Унгарија. Меѓутоа, и на Србија и Бугарија, во моментот кога нивните војски се бореле против Османлиите, им се заканувала опасност од војна со Австро-Унгарија. За да се избегне ова нова војна, Србија го прифатила советот на големите сили и се откажала од Јадранското Приморје, кое за неа претставувало животно прашање и поради кое влегла и во војната. Србија, значи: „ја жртвувала својата неспорна територија да се заштити и себе си и Бугарија од една војна која се заканувала да им ги поништи сите дотогашни успеси”. Поради овие жртви „Србија требало да се награди со поголема територија во Македонија”.

Page 63: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 63

да се здобие со политичка и економска надмоќ на Балканскиот Полуостров. На ваков чекор, српската влада ја поттикнал и англискиот претставник во Софија, Бакс Ајронсајд. Тој сметал дека ако Бугарија се здобие со најголема превласт на Балканот, тоа би значело и целосно потчинување на Балканскиот Полуостров на австроунгарско влијание.4 Нормално ова не ‚ одговарало на британската влада и исто така и на француската кога ќе се земе предвид нивниот геостратешки интерес на Балканот: грчката држава. Бугарската влада била категорично против каква било идеја за ревизија на договорот. Бугарскиот премиер Иван Гешов му предал писмо на својот претставник во Белград, Андреј Тошев, со напомена: ,,бугарскиот министерски совет решил сè уште да не го предава писмото со одговорот на Пашиќ”5, и изразил жалење и чудење поради оспорувањето на правосилноста на српско-бугарскиот договор од страна на српската влада.6 Овој одговор, не бил веднаш предаден на српската влада затоа што Бугарија сè уште имала потреба од српската помош за освојување на Едрене (Одрин) и главно поради влошените односи на бугарската влада со Грција и Романија. Постоел и

4 Љиљана Алекси¢-Пејкови¢, Односи Србије са Француском и Енглеском 1903-1914, Београд 1965, 698; Александар Растови¢, Велика Британија и Србија 1903-1914, Београд 2005, 195. 5 Димитрије Попови¢, Борба за народно ујединење 1908-1914, Београд 1936, 140-141. 6 Сава Скоко, Други балкански рат, Узроци и припремање рата, књ. I, Београд 1968, 179. Во одговорот на бугарската влада стоело следново: 1. Бугарија не била обврзана на Вардарскиот фронт да испрати 100 000 војници, туку само една девизија и тоа „во прво време”. Ова било регулирано со договорот меѓу двата генералштаба и се истакнувало дека „никогаш и никаде немало збор за поделба на Македонија помеѓу Бугарија и Србија врз основа на квантитетот на воените сили”; 2. Толкувањето на Н. Пашиќ на договорот дека цела Македонија претставувала спорна зона било произволно и погрешно. Отстапувањето на Србија од територијалното излегување на Јадранското Море не £ дава право да бара компензација на штета на Бугарија, затоа што, Србија доброволно отстапила по тоа прашање пред големите сили не барајќи никаква помош од Бугарија; 3. Тврдењата на Н. Пашиќ дека Србија не била обврзана да испраќа воена помош на Маричкиот фронт биле неточни. Затоа што Србија со членот 2 од “Војната конвенција” и со членот 7 од “Договорот на началниците на генералштабовите” била обврзана ако ситуацијата налага, да ‚ помогне на Бугарија на Маричкиот фронт со сите сили кои ‚ стоеле на располагање. Според ова, нејзините претензии на поголема територија во Македонија биле неосновани.; 4. За време на водењето на преговорите и заклучувањето на договорот, како што не се зборувало за Едрене и за територијата источно од него така не станувало збор ниту за Санџак ниту за Јадранското Море.-Воíната между БÍлгариÔ и другитÍ балкански дÝржави презÍ 1913 год, т. I, СофиÔ 1941, 30.

Page 64: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

64

уште еден многу важен фактор: бугарската војска се наоѓала кај Чаталџа, стотици километри далеку од спорната македонска област. Во настанатата ситуација, бугарската влада сметала дека најповолно би било да не се изјаснува за српското барање, туку да се обрати до Русија со молба да ,,ги вразуми Србите, затоа што бугарската влада решила цврсто да се држи до текстот на договорот.”7 Од своја страна пак, руската влада не сакала да дојде до распаѓање на Балканскиот сојуз. На 9 април 1913 година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Сазонов во разговорот со англискиот и францускиот пратеник во Санкт Петербург, изјавил: ,,Србија поставува неоправдани барања на некои делови од Македонија, кои биле директно спротивни со одредбите на српско-бугарскиот договор за сојуз,” и доколку српско-бугарскиот спор дојде на руска арбитража, ,,Русија ова прашање би го решила во корист на Бугарија.”8 Поранешното соперништво меѓу балканските држави за терито-ријата на Македонија повторно станало актуелно. Посебен проблем претставувале шовинистички настроени воени кругови во официрските корови на српската, бугарската и грчката војска. Додека српската влада настојувала на странските дипломатски претставници аргументирано да им ја објасни својата теза за неопходноста од ревизија на српско-бугарскиот територијален договор за Македонија, нејзините воени власти, во оваа област, не бирале средства да го србизираат македонс-кото словенско население.9 Од друга страна пак, бугарскиот генерал Михаило Савов со неговите најблиски соработници, и со целосна согласност на кралот Фердинанд, ја опоменувале бугарската влада за неопходноста од склучување на сепаратен мир со османлиската држава и за итното префрлување на трупите од Чаталџа во Македонија. Во спротивно, тие сметале дека македонската територија засекогаш би била загубена за Бугарија. Под нивни притисок, бугарската влада на 31 март 1913 година, одговорила на српската нота за ревизија на договорот, со категорично отфрлање на српските барања, затоа што: ,,Сојузничката Србија не сторила ништо повеќе од она што било предвидено со договорот, воената конвенција и нејзините прилози.”10 Меѓутоа, Н. Пашиќ, на бугарскиот претставник, А. Тошев, кратко му одговорил: ,,Нашиот договор не може да остане онаков како што е.”11 7 Истото, 32. 8 С. Скоко, цит. дело, 180. 9 Тоа го правеле со протерување на егзархиските свештеници и учители и поставување на свои луѓе. 10 Александар Гиргинов, Народната катастрофа. Воñнит 1912/1913 г., СофиÔ 1926, 121. 11 Истото.

Page 65: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 65

Два дена порано, по напомената на руската влада до Србија: дека таа ризикувала да ги изгуби симпатиите на Европа, ако и понатаму инсистирала на ревизија на српско-бугарскиот договор, Н. Пашиќ одговорил дека српската влада нема да дозволи бугарската држава да се протега меѓу Србија и Грција и да дојде во допир со Албанија и по цена да ги изгуби симпатиите на целиот свет. За Кралството Србија, политички прерогатив бил: подобро да пропадне отколку да биде опкружена со непријателски држави.12 Веќе, на 13 април 1913 година, Н. Пашиќ испратил телеграма до началникот на штабот на Врховната команда, Радомир Путник во кое стоело дека: ,,Политичките односи помеѓу Србија и Бугарија многу се влошени, дури може да се каже дека станале и непријателски” и заради тоа, српската војска требало добро да се распореди за да може да го одбие евентуалниот бугарски напад.13 Истовремено, српската влада со циркуларна нота ги информирала силите на Антантата за својата решеност: и по цена на војна со Бугарија, ќе ги задржи областите во Македонија. Нејзиниот главен аргумент бил дека во спротивно Србија би се нашла во понеповолна состојба отколку пред војната, и во име на ова ги забрзала српско-грчките преговарања за сојуз против Бугарија.14

На 14 април бугарската влада склучила примирје со осман-лиската власт за прекин на воените дејствија без знаење на останатите големи сили. Следниот ден, на 15 април, таа ги предупредила големите сили дека ,,не може да биде одговорна за разбивање на Балканскиот сојуз доколку Антантата не преземе енергични мерки да ги вразуми Србите и Грците”.15 Истиот ден бугарската влада £ наредила на Врховната команда да започне со забрзано поместување на војските од Едрене кон Дојран, Серез, Струмица, Штип и Кочани.16 Со ваквите чекори и српската и бугарската влада започнале интензивно да се подготвуваат за Втората балканска војна. Раширениот балкански национализам, соништата за големи држави, милитаризмот поттикнат со воените успеси од Првата балканска војна, улогата на големите сили и нивните интереси, сето ова придонело да се распадне Балканскиот сојуз. Трите балкански држави: Србија, Грција и Романија, започнале да се здружуваат против четвртата: Бугарија. Во средината на април, српската влада ‚ понудила сојуз на Романија. Истиот бил одбиен поради романското сојузништво

12 С. Скоко, цит. дело, 186. 13 Документи о спољној политици краљевине..., Док. 526, 550. 14 Истото. 15 А. Гиргинов, цит. дело, 139. 16 Истото.

Page 66: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

66

со Австро-Унгарија, меѓутоа, романската влада отворено на 10 јуни 1913 година се изјаснила дека во случај на војна нема да остане неутрална.

Помеѓу Грција и Бугарија дошло до отворено непријателство уште во текот на Првата балканска војна. Имено, по вооружениот судир кај Нигрита, 9-10 мај 1913 година, грчките и бугарските војски се судриле и близу Кавала. Затоа многу лесно, грчката влада уште на почетокот на мај, одлучила да склучи посебен сојуз со Србија против Бугарија. Со заедничкиот протокол од 5 мај, српската и грчката влада се обврзале да склучат ,,Договор за пријателство и сојуз”, со кој заеднички ќе си ги гарантираат територијалните добивки од војната од 1912 година и ќе имаат заедничка граница. Српско-грчката воена конвенција била склучена на 14 мај, а на 1 јуни 1913 година бил склучен и ,,Дого-ворот за сојузништво”, со кој било утврдено: Србија и Грција нема да дозволат трета држава географски да се најде меѓу нив. Грција, истовремено се обврзала на српската држава да овозможи транзитни олеснувања при извозот преку Солунското пристаниште.17 Русија со голема загриженост го следела влошувањето на односите меѓу доскорешните балкански сојузници. Затоа уште на почетокот на мај 1913 година, рускиот министер на надворешни работи С. Сазонов ги викнал Србија и Бугарија согласно со членот IV од нивниот договор да го изнесат спорот на арбитража пред руската влада. И двете страни од сопствени причини се плашеле од руската одлука; бугарската влада го одбивала секој разговор за отстапки, а српската не сакала да преговара на основа на договорот, туку претходно барала начелна согласност за негова измена.

Паралелно со овие договори за да ја зацврсти својата позиција, Собранието во Белград, изгласало Резолуција со која категорично било отфрлено повлекувањето на српската војска од заземените области во Македонија. Воените кругови во Кралството Србија ‚ се заканиле на владата со државен удар доколку попуштат, а поранешните четници се заканувале со убиство на Н. Пашиќ. Српската влада, на 26 мај, ‚ испратила нова вербална нота на бугарската влада во која повторно се барало ревизија на договорот. Во нотата било поставено и прашањето за распределбата на сојузничкиот кондоминиум. Истовремено бил даден предлог, за него да се одлучува на заедничка конференција на сите сојузници. Меѓу другото, српската влада ја потсетила бугарската влада дека втората фаза од војната се водела исклучиво во корист на Бугарија. Во оваа нота, Србија како услов за средување на односите меѓу двете

17 А. Христов, Ј. Донев, Македонија во меѓународните договори 1875-1919, Скопје 1994, Док. 32, 180-185.

Page 67: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 67

земји, покрај оној дел на Македонија, кој со српско-бугарскиот договор ‚ бил наменет, барала и: 1. Еден дел од територијата како компензација за сите оние обврски кои Бугарија не ги исполнила во текот на војната, а за кои била обврзана со договорот кон Србија; 2. Еден дел од територијата како компензација за сите жртви кои Србија ги дала во војната во корист на Бугарија, а за кои не била обврзана со договорот; 3. Еден дел од територијата како компензација поради тоа што Бугарија добила поголемата територија на исток и покрај целата своја неспорна територија; 4. Еден дел од територија како компензација за онаа неспорна територија која Србија заедно со целото Јадранско Приморје ја изгубила на запад.”18 Истовремено, Н. Пашиќ со писмо, лично се обратил и до С. Сазонов, во кое ги навел вистинските причини поради кои српската влада барала ревизија на договорот. Тој нагласил: ,,Со губењето на Јадранското Приморје и со создавањето на Албанија, значително е намалена територијата која Србија ја добива. Со ова рамнотежата е нарушена, а тоа е главен услов за мирно и правилно развивање на односите меѓу соседните балкански држави. И, Бугарија се здобива со превласт (хегемонија) над останатите балкански држави, така што сето ова нормално придонесува и води кон распаѓање на Сојузот и барање поддршка кај друга држава.”19 Во ова писмо интересен е ставот на Н. Пашиќ по однос на македонското прашање. Имено, тој разгледувајќи го прашањето врз т.н. етнографски принцип, на кој многу инсистирала бугарската влада, го кажал и своето мислење за етничкиот индентитет на македонското словенско население: ,,Судејќи по резултатите на сите непристрасни истражувачи населението по јазикот и обичаите се наоѓа меѓу Србите и Бугарите, така што според ова не е коректно категорички да се тврди дека припаѓаат на едните или на другите; Бугарите со воспоставувањето на Егзархијата за словенското население во османлиската држава, започнале (оваа црковна организација – забел. М.М.) да ја користат за својата национална пропаганда, така што целото население кое барало заштита во егзархиската црква го нарекле Бугари и тоа повикувајќи се на османлискиот обичај: верата, а подоцна и црквата го означува народот. Затоа, селаните од едно исто село се нарекувале себе си Срби или Бугари во зависност од тоа на која црква припаѓаат. Ваквите појави се среќавале и во едно исто семејство.”20 Мошне впечатливо во оваа писмо на Н. Пашиќ, е тоа што тој отворено признал дека македонското

18 Документи о спољној политици краљевине..., књ.VI, св.2, Београд Док. 255, 340-342. 19 Истото, Док. 292, 386. 20 Истото.

Page 68: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

68

словенско население не било ни српско ниту пак бугарско. Меѓутоа, српскиот премиер ниту тогаш, ниту пак во иднина имал намера на населението во Македонија да му го признае правото на самоопре-делување. Имено, на Н. Пашиќ, прерогатив му било да го реализира геостратешкиот интерес на српската држава, а не признавањето на слободен национален развој на македонското словенско население.

Во истото писмо Н. Пашиќ, отворено признал дека српската влада наоѓајќи се во тешка ситуација, била принудена да се договара со Црна Гора и Грција, со единствена цел: заеднички да ги решаваат своите односи со Бугарија. Понатака тој напоменал: ,,Економската независност е императив на Србија. Во нејзино име, српската држава мора да има контактна граница со Грција, бидејќи веќе го изгубила излезот на морето по барањето на Австро-Унгарија. И, перспективно ако дојде до договор меѓу Австро-Унгарија и Бугарија, српската влада би останала без излез на море преку Грција. Така, Хабсбуршката Монархија би ја потчинила српската држава и тоа првин економски, а потоа и политички.”21 Настојчивото инсистирање на српската влада за ревизија на српско-бугарскиот договор, Н. Пашиќ го оправдувал со притисокот на јавното мислење во Кралството Србија: ,,Во Србија не постои таква сила која би можела да ја тргне српската војска од Велес, Прилеп, Битола и Охрид. На овој фактор мораме да сметаме иако би сакале во овие тешки денови за Србија, авторитетот на круната и владата да биде најсилен. Меѓутоа, ситуацијата е таква и ние не смееме да ја криеме ако сакаме реално да ја презентираме вистината.”22

На 28 мај 1913 година, Н. Пашиќ, одговарајќи на интерпе-лацијата на Стојан Рибарац и Милорад Драшковиќ, во Народното собрание во Белград, повторно ги изнел причините поради кои српската влада барала ревизија на договорот. Во оваа прилика, сакајќи да покаже со каква искреност Кралството Србија ја вршело својата сојузничка должност кон Бугарија истакнал дека за време на преговорите за албанското прашање, од ,,извесна” страна му била понудена целата

21 Истото. Док. 292. 22 На крајот од писмото, Н. Пашиќ ги изнел ставовите на владата од кои таа “не смеела да отстапи”: “1. Србија не смее да дозволи во никаков случај, Бугарија со својата граница да дојде до границата со идната албанска држава; 2. Србија мора да има заедничка граница со Грција на десниот брег на реката Вардар; 3. Србија на Бугарија ќе ‚ ја отстапи целата територија која се наоѓа на левата страна на Злетовската река и реката Брегалница до нејзиното устие во реката Вардар, како и целата територија на левиот брег на Вардар од устието на Брегалница до градот Гевгелија, каде српската и грчката граница мора да се допираат.” - Истото.

Page 69: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 69

вардарска долина со Солун ако се откаже од територијалните барања на Јадранскиот брег. Иако, Н. Пашиќ, отворено не кажал кој му давал такви ветувања, австроунгарскиот пратеник во Белград, Стефан Угрон, веднаш протестирал и тврдел дека на српската влада никогаш не ‚ давал такви слични ветувања. Виенскиот полуофицијален весник ,,Фремденблат” формално ги демантирал ваквите изјави на Н. Пашиќ.23 Истиот ден, Н. Пашиќ со писмо се обратил и до началникот на штабот на Врховната команда, Радомир Путник со следното прашање: дали Србија во евентуалната војна со Бугарија може да смета на победа ако биде сама или пак ако ја има Грција за сојузник? При тоа напоменал дека сите европски држави ќе бидат против војната и дека ниедна од нив нема материјално да му помогне на Кралството Србија. Јавното мислење во државите на Тројниот сојуз би било на страната на Бугарија, а романските и османлиските симпатии на страната на Србија, додека останатото европско јавно мислење ќе биде на страна на нападнатиот.24 По повод писмото на Н. Пашиќ, на 1 јуни 1913 година бил одржан состанок на Штабот на српската врховната команда во Скопје, на кој присуствувале највисоките воени раководители.25 На состанокот едногласно била донесена следната констатација: Србија може да смета на победа единствено ако ја има за сојузник Грција и ако прва преземе офанзивна операција и тоа пред да бидат префрлени бугарските војски на српската граница.26 Српската влада не сакала да го прифати таквото решение: да влезе во војната како агресор. Од тие причини таа ги зголемила дипломатските напори да ги придобие Романија и османлиската држава во сојузот против Бугарија. Бугарските политички кругови, на чело со кралот Фердинанд, цврсто стоеле на ставот дека не треба да се преговара со Србите околу прашањето за ревизија на договорот. ,,Наместо ревизија, мислам дека би требало да направиме напор и да ги расчистиме сите проблеми со Србите и Грците, гонејќи ги првите преку Шар Планина, а вторите преку реката Бистрица.”27 На ваков начин, бугарскиот дипломат Димитрие Ризов од Рим го советувал И. Гешов. Од ова се гледа дека ниту Д. Ризов во своите совети не ја почитувал границата од српско-бугарскиот договор од 1912 година, туку одел преку неа, т.е. зад Шар Планина, односно до западните граници на замислената Санстефанска Бугарија. Неговото мислење го делеле и другите тогашни водечки 23 К. П. Мисирков, Дневник (5.VII.-30.VIII. 1913), Скопје-Софија 2008, 144. 24 С. Скоко, цит. дело, 193. 25 Истото, 194. 26 Истото. 27 А. Гиргинов, цит. дело,123; Елена Стателова, Иван Евстратиев Гешов, СофиÔ 1994, 230.

Page 70: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

70

бугарски политичари. И. Гешов, на пример, на прашањето на бугарската парламентарната комисија: дали владата кога влегла во војна против османлиската држава имала јасна цел и што сакала да постигне, одговорил: ,,Баравме реализација на Санстефанска Бугарија. Ова не беше само наш идеал туку идеал на сите Бугари.”28 На почетокот на месецот мај 1913 година, во разговорот со австроунгарскиот пратеник во Софија, Тарновски, Андреј Тошев истакнал дека Бугарија сакала Албанија да ја врзе кон себе и од тие причини: ,,барала со својата територија да дојде до албанската граница.”29 Истовремено, во Софија бил свикан митинг на т.н. ,,Национален сојуз”, од кој бил упатен апел до бугарското население да земе меч во раце и да се бори за приклучување кон Бугарија на цела Македонија со Солун, и на српските градови: Заечар, Пирот, Ниш, Врање и Лесковац.30 Бугарскиот генерал М. Савов, од своја страна, пак, постојано испраќал телеграми до бугарс-киот премиер И. Гешов барајќи дефинитивно да се прекинат односите со Србија и Грција, истакнувајќи го следново: ,,Со секое попуштање на нашите ослабнети сојузници се предизвикува големо незадоволство во редовите на војската. Од друга страна пак се поставува прашањето за иднината на нашата земја, прашањето кој ќе ја има хегемонијата на Балканскиот Полуостров?”31 Тој проценил дека: ,,Настапил моментот, кој ни го овозможуваат самите сојузници, да го искористиме предимството во оваа борба и на тоа да ги усмериме нашите напори. Победничката војна дефинитивно ќе го реши прашањето за хегемонија во наша корист.”32 ,,Од тие причини - продолжува М. Савов -ние мораме да ги искористиме сите средства кои ни стојат на располагање да предизвикаме вооружен судир со сојузниците, но при тоа да ја избегнеме одговорноста за отпочнување на војната.”33 Од сето досега изложено, јасно се гледа дека бугарските владеачки кругови, борејќи се за стриктното извршување на одредбите на српско-бугарскиот договор за поделбата на Македонија, всушност се бореле за целата македонска територија, односно за превласт на Балканскиот Полуостров. Поради тоа, тие забрзано се подготвувале за војна сметајќи дека тоа би претставувало единствениот пат за остварување на нивните цели. Однесувањето на српската влада и јавните настапи на Н. Пашиќ, уште повеќе ја наведувале бугарската

28 С. Скоко, цит. дело, 195. 29 МеждусÍÓзническата воíна 1913, СофиÔ 1913, 26. 30 Истото. 31 С. Скоко, цит. дело, 195. 32 Истото. 33 Истото.

Page 71: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 71

влада на таквото убедување. Од другата страна пак, германската и австроунгарската дипломатија ја зголемиле својата активност за поттикнување на бугарската влада кон агресија против Србија и Грција, поднесувајќи ‚ секојдневно извештаи за вистинските и измислените постапки на српската и грчката влада кон Бугарија.34 На 29 мај 1913 година, следниот ден по Пашиќевото излагање во Собранието, бугарскиот генерал М. Савов телеграфски му поставил прашање на И. Гешов: ,,Каков е ставот на бугарската влада перспек-тивно по Пашиќевата декларација во Собранието?” По поставеното прашање, М. Савов инсистирал мирот да се одржи до 13 јуни, односно до завршувањето на концентрацијата на бугарската војска на српската и грчката граница.35 Генералот М. Савов ја туркал бугарската влада во политиката на свршен чин кој би се остварил со ненадеен напад врз српската и грчката држава.

Рускиот министер С. Сазонов, во обид да го зачува Балканскиот сојуз на 1 јуни ги повикал на преговори во Санкт Петербург сите четворица балкански министри-претседатели на влади. Наместо во Санкт Петербург, плашејќи се од традиционалната бугарофилска политика, Н. Пашиќ се сретнал со И. Гешов во Цариброд и предложил состанок на балканските премиери во Солун. Меѓутоа, умерениот И. Гешов ги губел позициите во Софија затоа што кралот Фердинанд сè повеќе почнал да ги прифаќа радикалните ставови на своите офицери. На 6 јуни 1913 година, И. Гешов ‚ поднел оставка на својата влада и на 15 јуни бил создаден нов кабинет на чело со Стојан Данев.36 На 8 јуни, повторно руската дипломатија, сега и од име на царот, испратила порака до Белград и Софија да не го раскинуваат Сојузот туку да ја прифатат нејзината арбитража. Во текот на преговорите со руското посредство, во крајно напната ситуација кога Н. Пашиќ се подготвувал да замине за Русија, во Белград стасала депеша за ненадеен напад на бугарската војска, (ноќта , 29-30 јуни 1913 година) на српските позиции кај реката Брегалница.37

34 Туше Влахов, ОтношенÔта между БÍлгариÔ и централните сили во време на воñните 1912-1918, СофиÔ 1957, 54-55. 35 А. Гиргинов, цит. дело, 143-144. 36 Е. Стателова, цит. дело, 234. 37 М. Лазареви¢, Други балкански рат, Београд 1955; А. Белиќ, Срби и Бугари у Балканском савезу и меѓусебном рату, Београд 1913; Ч. Попови¢, “Српско-бугарски рат 1913”, Нова Европа, XVIII (1928) 10-11; Петар Стојанов, Македонија во времето на балканските и Првата светска војна (1912-1918), Скопје 1969, 58.

Page 72: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

72

2. Втората балканска војна и последиците од неа Втората балканска војна ја започнале бугарските генерали на

чело со кралот Фердинанд бидејќи немале трпение да чекаат и се обиделе спорот да го решат со воена сила, а не на дипломатската маса со медијација. Меѓутоа, бугарските генерали ја прецениле својата сила надевајќи се на успешен поход против бившите сојузници и наместо да ја стават Русија и Европа пред свршен чин на Балканот, тие биле поразени кај реката Брегалница. Во војна против Бугарија влегле и Црна Гора, Грција, Романија и османлиската држава. После воениот неуспех, на 15 јули владата на С. Данев поднела оставка.38 Веќе на 20 јули, бугарската влада побарала примирје, а Русија ги советувала балканските победници да се помират и да поработат на склучување на мирот. Преговорите за мирот биле водени во Букурешт на мировна конференција одржана во периодот од 30 јули до 10 август 1913 година, и воглавно се расправало за српско-бугарската граница на левиот брег на реката Вардар (Штип, Кочани, Струмица) и за грчко-бугарската граница во Тракија.39 Конечно, Струмица ‚ била дадена на Бугарија, по инсистирање на Русија. Со договорот за мир потпишан на 10 август во Букурешт, Србија ја задржала територијата во Македонија, заземена во Првата балканска војна, Грција покрај Јужна Македонија, дел од Епир со Јанина ја добила и Кавала и ја поместила границата на исток до устието на реката Марица. И, покрај поразот, Бугарија добила тери-торија околу долината на реката Струма и 128 километри од Егејскиот брег, вклучително и пристаништето Дедегач (Александрополис). Османлиската Империја и Романија ги добиле териториите: Портата го вратила Едрене, а Романија ја добила Јужна Добруџа.40 Србија и Грција се здобиле со големи територијални добивки од Балканските војни, за разлика од Бугарија која изгубила голем дел од тоа што го постигнала во војната од 1912 година. Српската држава по завршувањето на војните ја зголемила својата територија за 25 713 км², Грција за 34 356 км² додека Бугарија ја зголемила својата територија за 6798 км².41 Со Букурешкиот мировен договор била разбиена геополитич-ката, етничката и економската целина на македонскиот регион. На 38 СтоÔн Данев, Мемоари, СофиÔ 1992, 251. 39 Richard C. Nall,The Balkan War 1912-1913 Prelude to the First World War, London and New York 123. 40 Барбара Јелавич, Историја на Балканот, т. II, Скопје 1999, 116. 41 А. Христов, Исторически преглед на воíната на БÍлгариÔ среçу всички балкански дÍржови -1913, СофиÔ 1924, 233; Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје 2000, 29.

Page 73: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 73

македонското стопанство му бил нанесен катастрофален удар, а ударот против македонското национално и ослободително движење бил уште пожесток. Тоа било доведено во крајно тешки услови за дејствување, што за извесен период довело до губење на перспектива и до негова пасивизација. Со политичката поделба на македонската територија од 1913 година завршил словенскиот, македонски етнички период и започнал периодот на десловенизација и демакедонизација на македон-скиот етничко-историски простор. Процесот на десловенизација и демакедонизација се забележува во егејскиот дел на Македонија, процеси на демакедонизација, но со словенизација со туѓ (српски) етнички елемент се забележуваат во вардарскиот дел на Македонија, а процеси на колонизација не се забележуваат во пиринскиот дел на Македонија. Интензитетот и размерите на овие текови и процеси биле различни во егејскиот, вардарскиот и пиринскиот дел на Македонија.42 Втората балканска војна не ги разрешила постоечките спротивности меѓу балканските држави ,туку, напротив, создала и нови проблеми на национален, политички, економски и военостратешки план. Опсервацијата на бугарскиот весник ,,Народна волја”43 за Буку-решкиот договор најпластично ги презентира реакциите во Бугарија за резултатите од Втората балканска војна. ,,Во Букурешт е потпишан мировниот договор, но на Балканот нема да има никаков мир. Не може да има мир онаму каде што има насилство. Мировниот договор потпишан во Букурешт е одобрение за најбруталното насилство. Бугарија никогаш нема да се помири со него. Исечена, со смалени граници, ограбена, задушена, силувана, ќе почне внатре во границите да работи на тоа да ги зајакне десетпати повеќе своите економски, културни и физички сили за да може што побргу да си го врати она што ‚ припаѓа според националното и историско право.”44 За бугарските владеачки кругови, Букурешкиот договор претставувал национална катастрофа. Бугарската национална и државна програма била реали-зација на Санстефанскиот договор. Дури и санстефанските граници изгледале премали за софиските владеачки кругови, чиишто тери-торијални аспирации оделе сè до Јадранското Море. Голема Бугарија, која би се простирала меѓу Црното, Егејското и Јадранското Море и би имала апсолутна хегемонија на Балканскиот Полуостров, претставувал нивни национален идеал. Реализацијата на оваа мегаломанска програма водела во неизбежен судир со останатите балкански земји. Бугарската

42 С. Киселиновски, цит. дело.. 43 Орган на опозициската Радикално-демократска партија во Бугарија. 44 Народна ВолÔ, бр. 58, 26 јули 1913,- Балканските војни, историска читанка, 3, Скопје 2007, 109.

Page 74: Spisanie Istorija God.2010-2011

Makedonka Mitrova

74

влада во име на ова, преземала забрзани чекори да се поврзе со останатите земји кои непријателски биле расположени кон српската држава. Од овие причини таа застанала на страната на Централните сили и како нивни сојузник влегла во Првата светска војна. Кралството Србија кое излегло како победник од Втората балканска војна се соочило со нови дилеми како на внатрешен така и на надворешен план. Во контекст на ова, била и изјавата на Јован Скерлиќ-писател и народен пратеник во Народното собрание на Кралството Србија, дадена на 18 октомври 1913 година: ,,Кога ќе се рече - резултат, треба претходно да се продискутираат неколку прашања. Прво, треба да се види: дали е сето тоа дефинитивен резултат, дали Србија, со Буку-решкиот договор и со состојбата во која се наоѓа денес, со системот на алијанси што во овој миг владеат на Балканскиот Полуостров има добиено апсолутно сè што можеше да добие? Дали е нејзината положба подобра и посигурна отколку што беше порано? По неодамнешниот арнаутски упад и по бруталниот ултиматум на Австро-Унгарија да излегуваме од Албанија, можеме да се посомневаме во севкупноста на тие резултати.45 Дури и да претпоставиме дека резултатите се идеално добри, пак ќе треба да ги продискутираме. Не е доволно само да се укаже на проширената територија, треба да се види како се дошло до тие успеси, треба да се процени дали можело до нив да се дојде со помалку жртви и треба да се утврди кому треба да му се заблагодариме за сите тие успеси.“46 По Балканските војни, Србија од скоро еднонационална станала повеќенационална т.е повеќеетничка држава. Со припојувањето на Косово и вардарскиот дел од Македонија, Србија добила околу 1,3-1,4 милион нови жители. И во двата случаи, Србите во нив биле малцинство.47 По воените судири, односите меѓу српското и албанското население биле трајно нарушени, а довербата подоцна никогаш не била воспоставена. Поради ова, историската меморија била важен фактор во судирите на Косово во текот на деведесеттите години на 20 век, кои

45 Ова се однесува на настанот од октомври 1913 година кога албанските чети под влијание на австроунгарската дипломатија влегле на територијата која по Букурешкиот договор припаднала на Кралството Србија, кај Гостивар, Дебар, Струга и Охрид. Српската влада против нив преземала поопсежни воени мерки и со својата војска заземала еден дел од албанската територија. Австро-Унгарија на 18 октомври испратила ултиматум до Србија за рок од една недела да се повлече од Албанија, истакнувајќи при тоа: “во спротивно владата на Австро-Унгарија ќе преземе други мерки да го иницира тоа повлекување.”-А. Митрови¢, Продор на Балкан и Србија 1908-1918, 149. 46 Јован Скерли¢, Фељтони, скице и говори, Београд 1965, 343, 347, 354. 47 Холм Зундхаусен, Историја Србије од 19. до 21. века, Београд 2009, 236.

Page 75: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kralstvoto Srbija i Vtorata balkanska vojna...

2010/11/XLVI/1-2 75

продолжуваат и во историската сегашност со создавањето на неза-висната држава Косово. Makedonka MITROVA

THE KINGDOM OF SERBIA AND THE SECOND BALKAN WAR: POLITICAL AND DIPLOMATIC

ASPECTS

– summary –

During the First Balkan War the Serbian army managed to conquer the Vardar section of Ottoman Macedonia and after defeating the Ottoman armies in Albania to get to the Adriatic Sea. However, at the London Peace Conference (1912) the Kingdom of Serbia was not allowed to have an access to the Adriatic Sea and the Albanian state was created. That was the fundamental motive for the Kingdom of Serbia to go in the Second Balkan War demanding territorial compensation from Bulgaria in Ottoman Macedonia. The Second Balkan War was led strictly for the division of Ottoman Macedonia between the Balkan states. The Peace Treaty of Bucharest (1913) marked the end of the Macedonian ethno-geographic space. As part of the Kingdom of Serbia the Vardar section of Ottoman Macedonia was added i.e. 25,713 km2 or 39% of the territory of Ottoman Macedonia.

Page 76: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 77: Spisanie Istorija God.2010-2011

Љубица ЈАНЧЕВА ПОВЕЌЕПАРТИСКИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1990-2011) Демократскиот бран, со кој беа зафатени земјите од Источна Европа во текот на 90-tite години од XX век, не ја одбегна ниту тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Во југословенски рамки тој беше производ и од кризата со која беше зафатена државата по смртта на Јосип Броз Тито, а се манифестираше зголемување на меѓурепубличката нетрпеливост и нeфункционирање на економскиот и политичкиот систем. Овие, всушност, беа и факторите кои го детерминираа преминувањето на земјата од политички монизам во политички плурализам.1 Во таа насока, на федеративно ниво, започна расправата за амандмански промени на Уставот од 1974 година. Најголем број од реакциите се однесуваа на нефункционалноста на некои од сојузните органи, така што прашање на време беше кога tie ќе престанат да функционираат.2 Сојузот на комунистите (СК), врз основа на заклучоците од XII конгрес (1982), формираше група која требаше да подготви студија, која ќе понуди анализа на ситуацијата и решенија за излез од кризата. „Критичка анализа на функционирањето на политичкиот систем“, беше името на студијата, подготвена од еминентната партиска екипа, во која се укажуваше на неопходноста од негова реформа, односно реформа на федерацијата.3 Една од реформите се однесуваше на прашањето за политичкиот плурализам, но не во смисла на повеќепартиски плура-лизам од граѓански вид, туку плурализам во насока на изразување на спротивни мислења во редовите на СК. Овој вид на непартиски плурализам, уште наречен и „куц“ плурализам, го легализираше организираното здружување, без можност за политичко дејствување и опозиционо групирање.

1 Тогашната југословенската политичка сцена беше монистичка. Нејзин репрезент беше СК. Догматско - прагматичната шема на политички, т.е. партиски монизам, беше обликот преку кој СК ја практицираше демократијата. 2 Станува збор за Советот на федерацијата. Државен архив на Република Македонија (ДАРМ), ф. 427-ЦК КПМ/СКМ, к. 527, а . е. 10, 187-191. 3 Новица Велјановски, Македонија 1945-1991 државност и независност, ИНИ, Матица Македонска, Скопје, 2002, 347.

Page 78: Spisanie Istorija God.2010-2011

Qubica Jan~eva

78

Во Социјалистичка Република Македонија (СРМ), беше форми-рана Комисија за општествени реформи, која имаше за цел да делува како катализатор и интелектуален донатор во процесот на плурали-зацијата.4 Практицирањето на непартискиот плурализам, како можност за алтернативно изразување на демократскиот дух, се реализираше преку формирањето на неколку еколошки друштва, сојуз на невра-ботени, лига за заштита на човековите права и демократска обнова, здружението „Обединети Македонци“ и сл.5 Политичкиот плурализам во СРМ, вистинска афирмација достигна на X конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ),1989. Партиските разијдувања кулминираа на конгресот и се манифестираа како две струи: догматско-конзервативна и реформис-тичка, која всушност беше доминантна. Конгресните документи го означија почетокот на реформата која се состоеше во трансформација на СКМ, во демократска политичка партија со социјалдемократски карактер. Ваквите реформи, само ја забавија кризата која и понатаму тлееше. Во оној момент кога постоечкиот јаз помеѓу поранешните југословенски републики стана непремостлив, одделни републики иницираа радикални активности кои доведоа до нивното осамос-тојување. Во тој поглед, vo СРМ беа иницирани активности од политичка и законодавна природа, насочени првенствено кон промени во општествено-политичките и економски односи. Социјализмот, како идеолошка матрица за општествениот развиток, и федерализмот како државно уредување, беа напуштени. СРМ стана самостојна, суверена, а по државно уредување децентрализирана и унитарна.6 Новиот поли-тички систем требаше да се темели на граѓанската демократија, односно на повеќепартиски пратенички систем олицетворен преку консти-туирање на еднодомно повеќепартиско собрание, формирање на Vлада, на местото на дотогашниот Извршен sовет, воведување на функцијата Претседател на Република, наместо дотогашното Претседателство. Името на државата, согласно усвоениот LXXXII амандман на Уставот, беше променето во Република Македонија (РМ).7

4 Славко Милосавлевски, Источна Европа помеѓу егалитаризмот и демократијата, ИП Љуботен, Скопје, 1993, 146. 5 Цане Мојаноски, Летопис на македонската демократија, Пакунг, Скопје, 2000, 10. 6 Светомир Шкариќ, Македонија на сите континенти, мир – демократија - геополитика, Унион Трејд, Скопје, 2000, 541. 7 Службен весник на РМ, бр. 27/1991, Скопје, 1991.

Page 79: Spisanie Istorija God.2010-2011

Pove}epartiski pasrlamentarni izbori vo Republika Makedonija...

2010/11/XLVI/1-2 79

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Zаконот за општествени организации и здруженија на граѓани8, како и со ново усвоените 25 амандмани на Уставот,9 повеќепартискиот систем во РМ беше официјализиран. Vo sогласноst so Zаконот, беа формирани првите политичките партии во РМ. Во текот на 1990 година, беа регистрирани 23 политички партии. Според структурата тие може да се класифицираат во четири групи:

• т.н. историски партии: ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) и партиите слични на неа, кои главно произлегоа од неа;

• реформирани партии: Сојуз на комунисти на Македонија-pартија за демократска преобразба (СКМ −ПДП)10, Социјалистичка партија (СП) и сл.

• етнички партии: Партија за демократски просперитет (ПДП), Народна демократска партија (НДП), Партија за целосна еманципација на Rомите (ПЦЕР), Демократска партија на Србите во Македонија, Демократска партија на Турците во Македонија и сл.

• нови партии: Движење за seмакедонска акција (МААК), Лига за демократија, Странка на Југословените во Македонија и сл.11

Почетокот на плуралистичките реформи беше означен и со усвојување на новата изборна регулатива, односно Законот за избор и отповикување на пратеници и одборници во Собранието на СРМ,12 а со распишувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори, за избор на пратеници во Собранието,13 тие беа и реализирани. Транзициониот период и моделот на демократизација во РМ, беа клучните фактори при креирањето на изборниот систем и моделот според кој ќе се спроведуваат изборите. Избран беше мнозинскиот изборен модел, според кој се спроведоа парламентарните избори во 1990 и 1994 година. Следните парламентарни избори (1998) се

8 Службен весник на СРМ, бр. 12/1990. Скопје, 1990. 9 Документи за Република Македонија 1990-2005, кн. III, Избор редакција и коментар д-р Сашо Георгиевски и м-р Сашо Додевски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје, 2008, док.1, 33−50. 10 СКМ-ПДП, на XI конгрес на СКМ, односно I конгрес на СКМ-ПДП, (1991) го промени името во Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). 11 Светомир Шкариќ, Македонија на сите континенти, Унион Трејд, Скопје, 2000, 195. 12 Документи за Република Македонија... док. 2, 51−73. 13 Службен весник на СРМ, бр. 29/1990, Скопје, 1990.

Page 80: Spisanie Istorija God.2010-2011

Qubica Jan~eva

80

спроведоа според комбинираниот, мнозинско−пропорционален изборен модел, а од 2002 година, изборот на пратеници се спроведува според пропорционалниот изборен модел.14 Карактеристична е повеќекратната промена на изборните модели, но taa не е невообичаена, напротив, таа е заедничка карактеристика за сите земји во транзиција.15 За спроведување на првите повеќепартиски избори, територијата на РМ беше поделена на 120 изборни единици, секоја со приближен број на лица со право на глас, но не повеќе од 14 000 гласачи.16 Кандидатите за пратеници беа предлагани од политичките партии, од општествено - политичките организации (ОПО) или се кандидираа како независни. Граѓаните гласаа за 1158 кандидати за пратеници, предло-жени од 18 политички партии и 1 ОПО, и за 43 независни кандидати.17 Шареноликоста на првото повеќепартиско собрание на РМ ја сочинуваа 120 пратеници, од кои 117 беа од политички партии, а 3 беа независни кандидати.18 Во собраниските клупи седнаа многу старо-нови лица. од политичкиот живот. Старата монистичка елита овој изборен модел го искористи како механизам за свое понатамошно присуство во највисоките органи на власт, па затоа некои истражувачи овие избори гo окарактеризираа и како избори спроведени по советски модел.19 Очекуваното формирање на стабилна и ефикасна влада, преку присуство на апсолутно мнозинство на пратеници од една политичка партија во Sобранието, кое требаше да се оствари преку мнозинскиот изборен модел, не се случи. Реално, ниту една партија не го доби мнозинството гласови за да може сама да формира влада. Наместо тоа посtизборното коалицирање создаде едно вештачко парламентарно мнозинство, кое требаше да придонесе за формирање стабилна влада. Оваа ситуација претставуваше сериозен недостаток на мнозинскиот

14 Претседателските и локалните избори, се спроведуваат сè уште според мнозински односно комбиниран изборен систем, но тие не се предмет на анализа во овој текст. 15 Дитер Нолен/Мирјана Касаповиќ, Изборни системи во источна Европа, Фондација Friedrich Ebert Stiftung, Скопје, 1997, 48. 16 Закон за изборни единици, Скопје, 1990. 17 Државен Архив на Република Македонија (ДАРМ), ф. 1270. Државна изборна комисија (ДИК), (необработена архивска граѓа). 18 Најмногу пратеници, 38 беа од ВМРО-ДПМНЕ, 31од СКМ−ПДП, 17 од ПДП, 11 од Сојуз на реформски сили, 6 од Сојуз на реформски сили -Млада демократска прогресивна странка, 5 од ПДП-НДП, 4 од Социјалистичка партија, 2 од Странка на Југословените во СРМ, 1 од НДП, 1 од ПЦЕР, 1 од Социјалистичкиот сојуз на Македонија и 3 независни кандидати. 19 Анета Јовевска, Изборните концепти во теориите на демократијата, ИСППИ, Скопје, 1999, 168.

Page 81: Spisanie Istorija God.2010-2011

Pove}epartiski pasrlamentarni izbori vo Republika Makedonija...

2010/11/XLVI/1-2 81

изборен модел. Згора на тоа и политичките партии не останаа во својата „првобитна форма“20 ,така што изборната и постизборната слика на македонското собрание до следните избори претрпе радикални про-мени. Оttuka, оправдани беа предлозите за промена на изборниот модел уште пред одржувањето на следните парламентарни избори. Еден од предлозите беше применување на мнозинскиот комбиниран модел, со елементи на пропорционалниот изборен модел.21 Во врска со понудените опции не беше постигнат консензус во Sобранието, така што и вторите парламентарни избори во РМ, одржани 1994 година,22 беа спроведени по стариот, мнозински изборен модел. Иако без промена на изборниот систем, овие избори се ока-рактеризирани како посебни, од неколку причини. Најпрво, општес-твено−политичката ситуација во која тие се реализираа беше многу поразлична од онаа во 1990 година. Македонија веќе беше самостојна, независна и суверена, меѓународно призната, а скромното четири-годишно парламентарно искуство овозможи избирачите покритички да ја вреднуваат реалноста и однесувањето на партиските актери.23 Скром-ното парламентарно искуство беше евидентно уште при кандидирањето на кандидатите за пратеници. Покрај 38 политички партии, кои канди-дираа 1765 кандидати, во трката за пратенички мандат се вклучија и 283 независни кандидати.24 Специфика на овие избори беше и предиз-борното коалицирање. Формирани беа две коалиции: Сојуз за Маке-донија :СДСМ, Либерална партија на Македонија (ЛПМ) и СП, и коалицијата ВМРО−ДПМНЕ и Демократската партија (ДП). Сепак, куриозитет на овие избори претставуваше бојкотирањето на вториот изборен круг од страна на коалицијата ВМРО−ДПМНЕ и ДП.

20 Промена на имиња, преминување на пратеници од една во друга партија, напуштање на партијата и формирање нова политичка партија и сл. Тања Каракамишева, Избори и изборни системи (анализи, состојби, дилеми, решенија), Култура, Скопје, 2004, 253−254. 21 120 пратенички мандати и понатаму ќе се добиваат по „модифициран“ мнозинскиот систем, а дополнителни 20 пратенички мандати со пропорционален изборен систем. Анета Јовевска, цитирано дело, 218. 22 Во ист изборен циклус, одржани беа и првите избори за Претседател на државата. Поради веќе споменатата концепциската определба на нашиот прилог се задржуваме само на парламентарните избори (б.м.). 23 Анета Јовевска, цитирано дело, 219. 24 www.sec.mk

Page 82: Spisanie Istorija God.2010-2011

Qubica Jan~eva

82

Сојузот за Македонија, оствари лесна победа на изборите и го доби парламентарно мнозинство од 95 пратенички мандати во Sобранието.25 Огромното парламентарно мнозинство на оваа коалиција и создавањето на т.н. вонparlamentarna опозиција,26 имплицираше лажна слика за политичката стабилност и квалитетот на демократијата во Македонија. Од друга страна, евидентните слабости на изборниот модел, беа повторно констатирани, што беше повод активностите околу промената на изборниот модел да се интензивираат. Се усвоија повеќе закони со кои се регулираше изборната регулатива: Закон за избор на пратеници во Собранието на РМ,27 Закон за изборни единици28 и Закон за избирачки легитимации.29 Одбран беше комбинираниот мнозинско−пропорционален избо-рен модел, кој требаше да ги елиминира констатираните недостатоци на дотогаш применуваниот мнозинскиот изборен модел. Примената на овој модел требаше да овозможи поголема застапеност на претставници од помалите партии во Собранието, кои со мнозинскиот изборен систем беа елиминирани; да ја упрости изборната постапка преку спрове-дување на изборите, во еден изборен круг; да се намалат трошоците со исклучување на можноста од дополнителни избори (ако на некој пратеник му престане мандатот - неговото место по автоматизам го зазема следниот кандидат од листата) и сл. Новиот изборен модел во пракса беше спроведен на парла-ментарните избори одржани во 1998 година. Бројот на пратениците во Sобранието остана ист. Од нив, 85 пратеници се избираа според мнозинскиот изборен модел, а останатите 35 според пропорцио-налниот.30 За 85. пратенички мандати се кандидираа 628 кандидати, од 22 партии и 8 коалиции, и 7 независни кандидати. За останатите 35

25Извештај за спроведените избори за пратеници во Собранието на РМ од Републичката (државна) изборна комисија. Опширно види, www.sec.mk 26 Ваквата опозиција, може да ја сочинуваат и други вон парламентарни политички субјекти кои делуваат контра политичкиот поредок, на начин спротивен на делувањето на парламентарната опозиција. Тања Каракамишева, цитиран труд, 265. 27 Службен весник на РМ, 24/98, Скопје, 1998. 28 Службен весник на РМ, 36/98, Скопје, 1998. 29 Службен весник на РМ, 49/96, Скопје, 1996. 30 На територијата на РМ беа формирани 85 изборни единици, од кои се избираше по еден пратеник според мнозинскиот модел. Целата територија на РМ, претставуваше една изборна единица од која се избираа 35 пратеници спред пропорционалниот модел од поднесените листи на кандидати.

Page 83: Spisanie Istorija God.2010-2011

Pove}epartiski pasrlamentarni izbori vo Republika Makedonija...

2010/11/XLVI/1-2 83

пратенички мандати беа поднесени 17 листи, со вкупно 595 кандидати.31 Парламентарното мнозинство, со 62 пратенички мандати, го освои коалицијата ВМРО−ДПМНЕ и Демократска алтернатива (ДА).32 И покрај тоа тие коалицираа и со ПДП−НДП, пред сè заради надминување на тензичната етничка подвоеност, која беше присутна по осамостојувањето. Ваквото пред и постizborno коалицирање беше една од придобивките на паралелниот изборен модел, заради окруп-нување и стабилизирање на македонската политичка сцена и демантирање, на условно кажано, појавената политичка поделеност и фракционерство. Како и да е, при спроведувањето на изборите сè уште евидентни беа недемократски појави (групно гласање, полнење на кутии и сл.), на што особено реагираше меѓународниот фактор. На повидок беше нова промена во изборната регулатива, под мотото „за спроведување фер и демократски избори“, како еден од условите за нашето меѓународно институционализирање. Со други зборови, РМ во 2001 година ја потпи-ша „Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и Европските заедници и нивните земји членки“33 со што стана прва земја од регионот која потпиша ваква спогодба со ЕУ. Спогодбата беше вовед во процесот на евроатлантското интегрирање на РМ. Во таа насока беа реализирани и институционалните реформи по европски терк, а во тој контекст и промената на изборната регулатива. Парламентарните избори во 2002 година се спроведоа според новиот Закон за избор на пратеници во Sобранието на РМ.34 Бројот на пратениците во Sобранието и понатаму остана непроменет. Новина претставуваше примената на чисто пропорционалниот изборен модел,

31 Од поднесените 17 листи, 12 беа од политички партии, 4 од коалиции и 1 од група на избирачи за чиешто поднесување беа потребни најмалку 1000 потписи од граѓани. www.sec.mk 32 Коалицијата ВМРО−ДПМНЕ и ДА според мнозинскиот модел освоија 47 пратенички мандати, а според пропорционалниот, каде што поднесоа одделни листи освоија: ВМРО-ДПМНЕ 11 мандати, а ДА 4 мандати. СДСМ освои 27 мандати од кои 17 според мнозинскиот и 10 според пропорционалниот модел. Коалицијата ПДП и НДП освоија 26 мандати од кои 8 според пропорционалниот модел и 18 според мнозинскиот модел (10 мандати освои ПДП, а 8 мандати освоија како коалиција ПДП и НДП). Коалицијата ЛДП и ДПМ освоија 4 мандати: 2 од пропорционален и 2 од мнозинскиот модел. По еден мандат според мнозинскиот модел освоија СПМ и СРМ. 33 Документи за Република Македонија....док. 210, 621-682. 34 Службен весник на РМ, 42/2002, Скопје, 2002.

Page 84: Spisanie Istorija God.2010-2011

Qubica Jan~eva

84

што претполагаше и измени на изборните единици. Со новиот Закон,35 територијата на РМ беше поделена на шест изборни единици, секоја со приближно ист број на гласачи, од кои се избираа по 20 пратеници. Освен тоа, новина на овие избори претставуваше и примената на принципот за соодветна и правична застапеност на секој пол според кој во предложените листи на кандидати секој пол е застапен со најмалку 30%. Ова беа првите избори во постконфликтна Македонија, спро-ведени во согласност со одредбите на Рамковниот договор.36 Затоа и успешното завршување на овие избори значеше потврда за вратената стабилност на државата и враќање на меѓународната довербата. Изборите беа спроведени на демократски начин во согласност со меѓународните норми, па затоа и позитивно оценети во извештаите на набљудувачите.37 На овие избори, втор пат по осамостојувањето на РМ, на демократски начин, опозицијата ја презede власта и премина во позиција. Најголем број, 60 пратенички мандати освои коалицијата „За Македонија заедно“ и osvoi мандат за состав на нова влада. Коали-цијата ВМРО−ДПМНЕ и ЛП освои 33 мандати. Мнозинството од албанската етничка заедница, довербата ‚ ја даде на штотуку фор-мираната Демократска унија за интеграција (ДУИ), која освои 16 пратенички мандати. ДУИ, стана коалиционен партнер на победничката коалиција, за состав на новиот владин кабинет.38 Анализата на

35 Закон за изборни единици за избор на пратеници во Собранието на РМ, Службен весник на РМ, 43/2002, Скопје, 2002. 36 Во 2001 година, на дел од територијата на РМ, албански екстремистички групи, предводени од Национално ослободителната армија-Ushtria Çlirimtare Kombëtare (UÇK), започнаа оружена престрелка со Армијата на РМ (АРМ) и со полицијата, која прересна во вооружен конфликт. Со интервенција на НАТО и ЕУ, конфликтот беше прекинат. На 5 јули 2001 година, беше потпишан прекин на огнот, а на 13 август 2001 година, во Скопје беше потпишан Рамковниот договор (парафиран на 8 август 2001 година во Охрид). Договорот претставуваше усогласена рамка за обезбедување на демократијата во РМ и рамка со која со која ќе се промовираат и почитуваат етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на РМ. 37 МОСТ, ОБСЕ/OSCE, ОДИХР/ODIHR… http://www.most.org.mk; http://www.osce.org. 38 Во отсуство на парламентарно мнозинство (61 мандат), партијата/коалицијата која ќе освои најголем број гласови го добива мандатот за состав на влада и нужноста да коалицира со партија/коалиција за постигнување на парламентарно мнозинство и легитимитет во работата на Собранието. Освен тоа, легитимитетот на собранието се остварува и со т.н. двојно или Бадинтерово мнозинство, потребно кога се усвојуваат закони, правила кои директно ги засегаат интересите на не мнозинските заедници. Ова мнозинство претставува посебна категорија

Page 85: Spisanie Istorija God.2010-2011

Pove}epartiski pasrlamentarni izbori vo Republika Makedonija...

2010/11/XLVI/1-2 85

изборните резултати јасно покажува дека пропорционалниот изборен модел е поволен за големите партии или коалиции, а погубен за малите. Следствено на ова, главно обележје на следните парламентарни избори одржани на 5 јули 2006 година, станаа „големите“ коалиции. Поднесени беа 33 кандидатски листи: 25 од политички партии, 6 од коалиции и 2 листи од група избирачи.39 Владеачката коалиција „За Македонија заедно“ освои 32 прате-нички мандати, опозиционата коалиција „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, освои 44 пратенички мандати, а коалицијата ДУИ−ПДП 18. Преостанатите пратенички мандати ги поделија: ДПА 11, Нова социјалдемкртаска партија (НСДП) 7, ВМРО−Народна партија (ВМРО-НП) 6, Демократска обнова за Македонија (ДОМ) 1 и Партија за европска интеграција (ПЕИ) 1. Ваквото изборно, партиско окрупнување практично значеше влез на 2−3 коалиции во Sобранието.40 Изборите беа позитивно оценети од меѓународните набљуду-вачки мисии што значеше чекор напред за РМ во процесот на ЕУ и НАТО интегрирањето. Откако во 2005 година, согласно so извештајот на ЕК, РМ доби статус na земја кандидат за член на ЕУ, сите активности на политичкото раководство се насочија кон следната фаза: добивање датум за отпочнување на преговорите за полноправно членство. Во врска со НАТО интегрирањето, 2008 година се очекуваше да биде клучна. Поканата на РМ, за полноправно членство во НАТО алијансата, требаше да ‚ биде врачена на самитот на НАТО во Букурешт (2−4 април 2008). Но, таа изостана само поради спротивста-вувањето на една држава- членка на НАТО. Ваквиот тек на настаните беше директен повод, владеачката коалиција да покрене иницијатива за одржување на предвремени парламентарни избори. Неколку денови по Sамитот, на 11 април 2008 година, во Собранието на РМ беше изгласан предлогот за самораспуштање na Sobranieto со што беше офици-јализирана веќе започнатата иницијатива за предвремени парла-ментарни избори.41

пропишана со Охридскиот договор, односно со амандманот X на Уставот на Република Македонија. Службен весник на РМ, 91/2011, Скопје, 2011. 39 http://www.sec.mk 40 Гледано вон коалициони рамки, во собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 партиципираа со по 1 пратеник. 41Стенографски белешки од 114. седница на Собранието на РМ, одржана на 11 април 2008 година. http://www.sobranie.mk

Page 86: Spisanie Istorija God.2010-2011

Qubica Jan~eva

86

Првите предвремени парламентарни избори во РМ, шести по ред по осамостојувањето, се одржаа на 1 јуни 2008 година.42 Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички мандати - 63, а опозиционата коалиција „Сонце“, предводена од СДСМ - 27. Преостанатите 30 пратенички мандати ги добија:ДУИ- 18, ДПА - 11 и ПЕИ - 1. Дотогашниот претседател на владата Никола Груевски, согласно so изборните резултати, доби нов мандат за состав на влада. Пропорционалниот изборен модел, применет и на овие избори, повторно се покажа погубен за малите партии. Освен двете коалиции, опозициона и позициона во Sобранието партиципираа само уште 3 партии.43 Изборните резултати од вторите предвремени парламентарни избори, одржани во 2011 година,44 уште еднаш го потврдија претходно констатираното. И овој пат во Sобранието партиципираа пратеници од мал број партии. Од двете големи коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и уште од 3 партии. Според бројот на добиени гласови, најголем број мандати освои коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 56 мандати. Опозиционата СДСМ освои 42 мандати, а останатите 25 пратенички мандати ги добија партиите: ДУИ -15, ДПА - 8 и Национална демократска преродба (НДП) - 2 мандати.45 Врз основа на ваквите резултати, сè почесто започна да се поставува прашањето колку ваквиот модел е реален одраз на волјата на гласачите? Голем број од гласовите (околу 106 000), беа дадени за партии, односно листи кои не освоија ниту еден мандат.46 Следствено на ова, а во согласност со Уставот на РМ, каде што во член 9, став 2 се

42 Службен весник на РМ, 49/2008, Скопје, 2008. 43 Сите 120 пратеници беа од вкупно 5 листи на кандидати, иако на изборите беа поднесени 18 листи со можни кандидати за пратеници.   44 Новина на овие избори претставуваше гласањето на дијаспората. Согласно so законските измени од 2008 година, граѓаните на РМ, кои на денот на изборите се надвор од РМ најмалку три месеци и се наоѓаат на избирачкиот список, имаат право да гласаат за претседателски и парламенатрни избори. Од тие причини бројот на пратениците во собранието е зголемен за 3 пратеници, претставници од дијаспората. Тие исто така се избираат според пропорционалниот изборен модел, за што покрај веќе постоечките 6 изборни единици се формирани 3 нови изборни единици: за Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија, од кои се избира по еден преатеник, претставник на дијаспората. Службен весник на РМ, 136/2008, Скопје, 2008.   45 Извештај за конечните резултати од спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија спроведени на 5 јуни 2011 година. http://www.sec.mk 46 http://www.sec.mk

Page 87: Spisanie Istorija God.2010-2011

Pove}epartiski pasrlamentarni izbori vo Republika Makedonija...

2010/11/XLVI/1-2 87

вели дека сите граѓани пред Уставот и законите се еднакви,47 реално е да се размислува за нов изборен модел кој ќе биде во насока на поголема демократija во изборниот процес и примена на членот 22 од Уставот,48 во вистинска смисла на зборот.

Ljubica JANCHEVA

MULTIPARTY ELECTIONS IN REPUBLIC OF MACEDONIA

(1990-2011)

- summary - Pluralism in the Republic of Macedonia (RM) was product of the process of democratization, launched during the last decades of XX century. The first political parties in RM were registered during the 1990, according to the legal and constitutional changes. Most of them, participated in the first multiparty parliamentary elections held in 1990. The transition process was the key factor in making the electoral system and the model under which elections were conducted in 1990 and 1994. Following, held in 1998 were conducted by combined (majority-proportional) electoral model. From 2002, elections of deputies were conducted under proportional system. Multiple changes of electoral models is significant but not unusual, on the contrary it is common feature for all countries in transition. Changing the electoral models in RM was in order to respect the Constitution maximum in which all citizens is equal.

47 Устав на Република Македонија, НИП „Магазин 21“, Скопје, 1991, 8. 48 Секој граѓанин со наполнети 18 години живот се стекнува со избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Page 88: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 89: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан ИВАНОВСКИ

НЕКОИ ПОДАТОЦИ И ВИДУВАЊА ЗА ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИОТ

И ЕКОНОМСКИОТ СТАТУС НА АЛБАНСКОТО И НА ТУРСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО

ВО ДФ/НР МАКЕДОНИЈА (1944-1963)

Четиригодишната борба на македонскиот народ, во Втората светска војна, резултирала со формирање на македонската држава на 2 август 1944 година. Уште при формирањето на државата, македонските власти зазеле став дека националните малцинства, кои живееле на тлото на Македонија, требало да земат активно учество во нејзино создавање. Потенцијалното запоставување или пасивизирање на националните малцинства и нивното неинкорпорирање во системот, претставувало реална кочница за напредокот на младата македонската држава. Ова најмногу се однесувало на најбројните малцинства, Албанците и Турците, кои поради одредени причини потешко ја прифаќале новата власт. Турското и албанското малцинство најмногу негодувале на пројавениот атеизам на новите власти, а со тоа кај нив се јавил и стравот дека комунистичката власт ќе ја забрани религијата, традиционалните обичаи и сл.1 Особено голема закана за младата македонска држава претставувал јавно манифестираниот сепаратизам на дел од албанските националисти во западниот дел од Републиката. Македонските власти сметале дека само со масовно вклучување на овие малцинства во сите органи на власта и партиско-политичките организации, тие би ја прифатиле новата македонска власт и новото државно уредување.

Вклучувањето на малцинствата во единствената организација на КПМ-СКМ2 било исклучително значајно за тогашните власти во НРМ,

                                                            

1 Во прилог на ова одело и Законот за забрана на зарот и фереџето од јануари 1951 година, кое било сфатено како навреда за честа и достоинството на муслиманите и укинувањето на основните верски училишта (сибијан мектеби). Како антиис-ламски биле сфатени и новите закони за задолжително школство на женските деца како и рамноправноста на половите (Виолета Ачкоска, Братството и единството помеѓу хармонија и дисхармонија, Скопје 2003, 278). 2 Комунистичката партија на Македонија (КПМ) во 1953 година се преименува во Сојуз на комунистите на Македонија по претходната одлука од Шестиот конгрес

Page 90: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 90

затоа што на тој начин би се реализирала посакуваната „класна диференцијација” помеѓу малцинствата, особено меѓу Албанците.3

Во првите години по ослободувањето, многу мал бил интересот на овие малцинства за пристапување кон Комунистичката партија. Така во градот Тетово во 1945 година биле примени 11 членови - Албанци, во Гостивар 38, а во Дебар 55 нови членови Албанци во КПМ.4 Иако во наредните години бројот на Албанците и Турците членови на КПМ-СКМ постепено растел, сепак сè уште бил релативно мал.5

Како главна причина за малиот број на членови-Албанци, Партијата го посочувала фактот дека „голем дел од шиптарските маси учествувале против НОБ, заведени со илузии за ‘Голема Албанија’, за своја држава. Според тоа, по ослободувањето тешко било да се дојде до преглед и диференцијација меѓу оние што биле пасивни и заведени како и активните злочинци... За малубројноста, покрај наведената причина е и недоволното систематско работење за создавање парт(иска) организација.”6 Кај албанското малцинство или како што тогаш и самото тоа се именуваше како шиптарско, сè уште биле свежи сеќавањата од времето на окупацијата кога постоела т.н. „Голема Албанија”, во којашто голем дел ја поддржувал таквата творба, а еден добар дел и активно дејствувал против националноослободителното движење (НОД).

Во првите години по ослободувањето малиот број Албанци во Комунистичката партија можел да се објасни со незаинтересираноста на Албанците од стравот кои самите тие го чувствувале од некаква одмазда за нивното учество во балистичките и други организации, но од друга страна и претпазливоста на партиските комитети поради можното антидржавно дејствување.7 Покрај ова, во голема мера влијаело и

                                                                                                                                                   

на КПЈ за преименување на партијата во Сојуз на комунистите на Југославија (ноември 1952 година). 3 Државен архив на Република Македонија, Скопје (натаму: ДАРМ) 01. 0427. 0027. 0055/266.  4 Колку бил мал бројот на Албанците членови на КПМ во текот на Народно-ослободителната борба ни кажува и податокот, дека во 1944 година во градот Тетово бил примен само 1 член, во Куманово - 2, Гостивар -5, Кичево -6 и Дебар 15. (ДАРМ, 01. 0427, 0027. 0056/296). 5 Во 1946 година, Албанците во КПМ партиципирале со 303 членови, додека Турците со 292. (ДАРМ, 01. 0427, 0004. 0035/243-247). 6 ДАРМ. 01. 0427, 0027. 0056/296. 7 Во „Записникот од состанокот на Политбирото на ЦК КПМ, одржан на 29.02.1952 година” било забележано дека во Тетовскиот комитет постело „мнение да е шиптарскиот елемент подол,, подмукол. “ (ДАРМ, 01. 0427. 0027. 0055/262).

Page 91: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 91

недоволното работење на партиските активисти на терен помеѓу албанското малцинство.8

За состојбата на членството изразена преку статистичките податоци говори следнава табела:

Табела 1. Членството на КПМ/СКМ според националниот состав (1948-1958)9

Година

Вкупно чл

. на

СКМ

Бројност

на

Македонци

%

Бројност

на

Албанци

%

Бројност

на Турци

%

Други

%

1948 27 029 23 267 86,09 1519 5,62 932 3,45 1311 4,84

1949 30 984 26 597 85,94 1777 5,73 1248 4,03 1362 4,40

1950 37 068 31 584 85,21 2227 6,01 1547 4,17 1710 4,61

1951 46 736 39 010 83,47 3359 7,19 2175 4,65 2192 4,69

1952 49 595 41 058 82,79 3853 7,77 2268 4,57 2416 4,87

1953 45 166 37 368 82,73 3146 6,97 2476 5,48 2176 4,82

1954 41 279 34 896 84,55 2367 5,74 1799 4,37 2217 5,34

1955 39 527 33 554 84,89 2229 5,64 1233 3,12 2511 6,35

1956 41 427 35 514 85,73 22 89 5,52 1078 2,60 2546 6,15

1957 47 587 40 633 85,39 2783 5,85 1169 2,46 3002 6,30

1958 52 077 44 192 84,86 3246 6,23 1112 2,14 3527 6,77

Од Табелата може да се забележи дека во периодот до 1952

година, бројот на Албанци-членови на КПМ-СКМ бил постојано во пораст. Во 1952 година Албанците во структурите на КПМ-СКМ                                                             

8 Имало и такви случаи во некои места (како што било с. Лешница, Кичевско) каде што Општинските комитети не дека не сакале,туку не знаеле „и не схватиле како треба да работат со луѓе и преку цела година не примиле ниту еден нов член.” На некои места пак партиските организации биле формирани од некоја фамилија којашто правела монопол и забранувала други да се зачленуваат. Такви примери имало во Кичевско. (ДАРМ, 01. 0427. 0027. 0056/ 297). 9 Комисија за национални малцинства, октомври 1959 година, Информација во врска со развојот на СКМ меѓу националните малцинства, Албанците во Република Македонија 1945-1995, легислатива, политичка документација, статистика, ред. Милосавлевски Славко, Томовски Мирче, Скопје 1995, 63.

Page 92: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 92

партиципирале со вкупно 3853 членови или 7,77%. По оваа година започнало благо опаѓање на членството кое траело од 1956 до 1957 година. Исто така и кај Турците членови на КПМ-СКМ дошло до опаѓање на нивниот број по 1953 година. Кај албанското членство, дошло до опаѓање поради најразлични причини10, но свое влијание оставило и масовното раздвижување на муслиманските маси за иселување во Турција, коешто било најактуелно во педесеттите години. За Турците - членови тоа било главна причина за нивното намалување во посочениот период и најчесто сами ја напуштале Партијата, но имало и случаи кога биле исклучувани поради нивно пасивизирање.

Според пописот од 1953 година, на секои 100 жители Албанци доаѓало по 1,99 членови на СКМ, а на секои 100 Турци по 0,55 членови. Најмногу членови Албанци имало во Тетовската околија, а најмногу членови Турци во Штипската околија.

Бројот на жените Албанки и Турчинки во редовите на Партијата бил многу мал. Па така, според податоците за 1951 година во Гостиварско имало само 5 жени членови, Кумановско 3, во Струга 5, а во другите околии ниту една. Жените членови на Партијата биле главно учителки. Причината за малото политичко ангажирање на жените од муслиманска вероисповед, според партиските анализи, била „поради ограничените права на жената”.11 Подредената положба на муслиманската жена не се променила и кај оние кои биле членови на Партијата, кои сè уште „не расчистиле дека жената треба слободно да се движи, да стопанисува и работи во општествениот живот. “12

Од анкетирањето на 15 општини во НРМ, кои биле населени со припадниците на албанското и турското малцинство, нивниот процент во Општинските комитети (ОК) на Партијата во 1960 година бил делумно задоволителен за Албанците, кои сочинувале 35,2%, но не и за Турците кои сочинувале 4,5% од членството на ОК. Најусогласена била структурата на населението-членство во Општинските комитети во Липково, Дебар, Струга и Маврово, но само за албанското малцинство, додека за турското, тој процент бил соодветен само во Струга.13 Во овој контекст треба да се напомене и демократската свест и толеранцијата што ја поседувале поголемиот дел од кадрите на СКМ спрема

                                                            

10 Најчесто поради религиозни појави, неактивност, неплаќање членарина, недоаѓање на состаноци и сл. 11 ДАРМ, 01.0427. 0027. 0056/297. 12 Дури биле забележани случаи кај „комунисти (Албанци и Турци б.м.) при меѓусебно посетување да ги кријат жените. “ (ДАРМ, истото). 13 ДАРМ, 01.0427. 0128. 0031/292.

Page 93: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 93

малцинствата и нивните напори за подобрување на положбата на малцинствата на секое поле, вклучувајќи го и политичкото, односно застапеноста во СКМ и другите политички организации.14

Подобрувњето на неписменоста која била голема кај малцинствата се рефлектирало и врз подобрувањето на квалитетните кадри-членови на ОК СКМ од редовите на малцинствата Албанци и Турци. Тоа особено се почувствувало во почетокот на шеесеттите години. Имено во 1960 година Албанци-членови со четиригодишно основно училиште биле 37,8%, а во 1962 година изнесувале 12,2%. Со средно и вишо образование или факултет во 1960 година претставувале 42,8%, додека пак во 1962 година изнесувале 63,2%. Кај Турците членови на ОК СКМ била уште поизразита оваа состојба. Имено, во 1960 година членовите со четиригодишно основно училиште претставувале 22%, а во 1962 година 0%, а со средно, вишо образование или факултет во 1960 година биле 38,7%, а во 1962 година 83,3%.15

Припадниците на малцинствата биле соодветно инкорпорирани и во организацијата Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ). Во Општинските одбори на ССРНМ во 1960 година, од вкупно 351 член, во 11 општини, каде биле застапени малцинствата, 189 биле Македонци, 148 Албанци, 11 Турци и 3 останати, а во 1962 година од вкупно 375 членови, 202 биле Македонци, 152 - Албанци, 14 – Турци и 7 останати. Тоа значело дека во Општинските одбори на ССРНМ, бројот на Албанците и Турците во 1962 година, во 11 општини претставувал 44,4% од вкупниот број. Во однос на застапеноста најдобро стоеле општините Липково, Саракино и Дебар. Речиси и да бил незначителен бројот на жени во Општинските одбори на ССРНМ, односно од 375 членови во 1962 година, само 10 биле Албанки, а Турчинки немало.16

                                                            

14 Низ документацијата на КПМ/СКМ може да се забележи таа загриженост на кадрите за бројната застепеност на малцинствата во Партијата и притоа во ниту еден момент не се поставувале шовинистички према нив. Па така во анализата на ЦК на КПМ под наслов „Припадници на народностите-национални малцинства во раководствата на општествено-политичките организации, народните одбори и нивните органи” за состојбата на националностите во структурите на СКМ, меѓу другото се вели: „Во општинските комитети секогаш се настојувало да се запази определен однос на учеството на припадниците на народностите-националните малцинства... Според тоа потребни се свесни напори за усогласување на националната структура во 11 општини што се населени со малцинско население. “ (ДАРМ, истото.). 15 ДАРМ, исто /293. 16 ДАРМ, 01. 0427. 0128. 0031/296.

Page 94: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 94

Од податоците со кои што располагаме во 1958 година во младинската организација од вкупно 74 692 членови, Македонци биле 64119, Албанци 6243, Турци 2303 и останати 1027. Во раководните кадри на младинската организација како членови на општинските комитети учествувале вкупно 1389 лица, од кои 135 биле Албанци, Турци 61 и останати 51, а во околиските комитети од вкупно 253, 14 биле Албанци, 5 - Турци и 3 - останати.17

Учеството на националните малцинства во синдикалните организации во 1958 година, било следново: од вкупно 815 членови на општинските синдикални собранија, 748 или 91,78% биле Македонци, Албанци имало 22 или 2,70%, Турци - 10 или 1,23% и останати - 35 или 4,29%. Додека во околиските синдикални собранија Македонци биле 150 членови или 89,82%, Албанци - 2 или 1,20%, Турци - 1 или 0,60% и останати - 14 или 8,38%. Малиот број на Турците во синдикалните раководства се оправдувал со фактот дека турското малцинство токму во педесеттите години било зафатено со миграционен процес, додека малото учество на Албанците во околиските синдикални собранија било оквалификувано како „приличен недостаток”, и малиот број се објаснувал со „заостанатоста18 на поголем дел од Албанците.19“

И во другите јавни позиции како што биле: народните одбори на општините, советите и органите на управата, се настојувало малцинствата да бидат пропорционално застапени.

Во народните одбори на општините: Струга, Липково, Теарце, Гостивар, Тетово, Кичево, Ѓорче Петров, Саракино, Куманово, општина Кале и Жеровјане, каде живееле албанското и турското малцинство, податоците за 1960 година говорат дека од вкупно 987 одборници, 356 или 36%, биле Албанци, 49 или 4,9%- Турци и 3 - останати. Во 1962 година од вкупно 1152 одборници, 396 или 34,3% биле Албанци, 96 или 8,3% биле Турци и 5 - останати. Според застапеноста на малцинствата во овие општини, бројноста во народните одбори била пропорционална. Меѓутоа, учеството на националните малцинства во советите на народните одбори и нивните раководства било помало. Од вкупно 125 претседатели на совети во 1960 година, во посочените општини, 103 биле Македонци, 16 - Албанци и 6 - Турци. Исто така и кај членовите на советите бил релативно мал бројот, во 1962 година од 1055 членови на

                                                            

17ДАРМ, 01. 0427. 0084. 0082/417. 18 Најчесто, партиските анализи за да ги опишат верскиот фанатизам, патријархалноста и ниското образовно ниво на дел од албанското малцинство ги користеле термините „заостанатост” или „затуцаност”. 19 ДАРМ, 01. 0427. 0084. 0088/ 418.

Page 95: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 95

совети, 245 или 23,2% биле Албанци, 49 биле Турци и 8 - останати. Слична била положбата и кај управата на народните одбори: во 1962 година од 13 секретари на народни одбори, еден бил Албанец и еден Турчин.20

Мала била застапеноста и на лицата во својство на началници, шефови, референти, службеници и помошен персонал. Тоа било резултат на немањето доволно квалификувани кадри.21

Особено се посветувало внимание националните малцинства да имаат свои претставници во највисоките органи на власта. За реализирање на таквата политика уште во првиот Президиум на АСНОМ биле кооптирани членови од албанското и турското малцинство како Ќемал Аголи22 и Камбер Хасан23, а додека Ќемал Сејфула24, Абдула Алија25 и Нафи Сулејман26 биле избрани како членови на АСНОМ. 27

                                                            

20 ДАРМ, 01. 0427. 0128. 0031/297. 21 Како пример може да ни послужи податокот дека од вкупно 26 началници со висока подготовка во 1960 година, 22 биле Македонци, 2 Албанци и 2 Турци, а од вкупно 49 началници со средно образование во истата година, „44 се Македонци, останатите се Шиптари и Турци” (ДАРМ, 01. 0427. 0128. 0031/299). 22 Ќемал Аголи (Дебар 1918 – Голи Оток, по 1948) бил комунистички деец од албанско потекло кој во текот на Втората светска војна земал активно учество како во антифашистичкото движење во Албанија, така и во НОАВ на Македонија. Од ноември 1941 година бил член на герилската група за саботажи и диверзии во Албанија. Член бил на КП од 1942 година и партизан во одредот на Мислим Пеза во АЛбанија, а подоцна работел и како заднински работник во Дебар. Во 1943 година стапил во Првата македонско-косовска бригада, потоа станал политички комесар на Четвртата македонска шиптарска (албанска) бригада. Бил избран за делегат од Македонија за Второто заседание на АВНОЈ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил член на Главниот одбор на НОФМ (1945) и др., по што бил осуден за непријателска дејност против ФНРЈ во 1948 година. (Македонски историски речник, ИНИ, Скопје 2000, 13). 23 Камбер Хасан, Турчин по националност од Долни Дисан, Кавадерчко (Зборник на документи од АСНОМ 1944-1964, (ред. Христов Александар, Тодоровски Миле), Скопје 1964, 255). 24 Ќемал Сејфула (Скопје 1921-1978), Турчин по националност, припадник на работничкото и комунистичкото движење, учесник во НОВ. Во 1941 година пристапил во Скопскиот НОПО, а во 1943 година станал член на ПК СКОЈ и НОМСМ. Во воените единици во текот на 1944 година заземал раководни должности и бил делегат на АСНОМ. По Ослободувањето извршувал високи државни и политички функции. (Македонски историски…, 420). 25 Абдула Алија, бил Албанец по националност од Прешево (Зборник на документи од АСНОМ..., 276).

Page 96: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 96

На Второто заседание на АСНОМ (декември 1944 година) за потпретседател на Президиумот бил избран Неџат Аголи28. Додека пак, при формирањето на Првата влада на ДФМ на 16 април 1945 година, Неџат Аголи бил избран за министер за социјални работи. Ден претходно при формирањето на Президиумот на Собранието на АСНОМ, во неговиот состав бил избран Акиф Леши. Таквата практика се задржала и во наредните години, односно и во наредните влади редовно биле примани истакнати припадници од редовите на националните малцинства на високи функции.

Најпропорционална застапеност очигледно е дека имало во законодавниот дом. Имено во 1963 година составот на републичкото собрание од вкупниот број ја имало следнава национална структура: Македонци биле 271 или 79,70%, Албанци 44 или 12,94%, Турци 21 или 6,17% и останати 4 или 1,17%.29

Високите државни и партиски кругови воопшто не се поставувале националистички и недемократски спрема припадниците на малцинствата, како што било тоа случај со другите балкански држави. Биле вложувани напори за нивна поголема застапеност во сите органи на власта, на локално и републичко ниво, како и во органите на тогашните партиски и масовни организации, што и резултирало со постепено подобрување на нивниот општествен статус.

Во поглед на економската политика на НРМ спрема припад-ниците на националните малцинства не се правела разлика со македонскиот народ. Структурата во стопанството, во околиите каде што биле застапени малцинствата како: Тетовската, Скопската, Охридската и Кумановската, речиси и да не се разликувала од

                                                                                                                                                   

26 Нафи Сулејман, Албанец од с. Трново, Битолско. Бил заменик командант на Седмата албанска МНОБ од август 1944 до март 1945 година. (Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, Скопје 1999, 98). 27 Зборник на документи од АСНОМ..., 274-276. 28 Неџат Аголи (Дебар, 1914 - Голи Оток, 1949) бил комунистички деец од албанско потекло роден во Дебар. Завршил право во Рим и работел како судија во Тирана. Во 1942 година поради комунистичка активност бил префрлен во Ѓаковица каде што станал борец на тамошниот партизански одред. Од 1943 година се приклучил кон НОАВМ, каде што станал началник на штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Во октомври 1944 година бил кооптиран за член на АСНОМ, а во декември за втор потпретседател на Президиумот на АСНОМ. По војната бил избран за министер во владата на ДФ Македонија. По прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото (1948) веднаш бил осуден и пратен на Голи Оток. (Македонски историски…, 13). 29 ДАРМ, 01. 0427. 0128. 0031/301.

Page 97: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 97

Републиката како целина. Владите на НРМ, при спроведувањето на економската политика, не правеле разлика на етничката или верската конфигурација на населението. Исклучок претставувало спроведу-вањето на колективизацијата на селото и формирањето на селските работни задруги (1949-1953), коешто било спроведувано врз етничка основа, но не на штета на малцинствата, туку на штета на македонскиот народ. Имено, во таа насилна колективизација сите селани пружале голем отпор, но најизразит бил кај албанското малцинство. Токму поради тоа, за да не се нарушат меѓуетничките односи, насилната колективизација прво била спроведувана во селата што биле населени со Македонци.30

По ослободувањето, најголемиот процент од припадниците на малцинствата живееле во селски средини и се занимавале со земјоделство. Меѓутоа тоа не било карактеристично само за малцин-ствата туку и за македонскиот народ, затоа што вардарскиот дел од Македонија, во рамките на Кралството Југославија, економски бил мошне слабо развиен.31 Во времето на Втората светска војна, економската положба уште повеќе била влошена, па така по осло-бодувањето речиси и да не постоела индустрија во Македонија.32 Поради таквиот факт веднаш по ослободувањето властите започнале со забрзана индустријализација на државата и обновување на инфраструктурата.

Албанското малцинство најмногу (околу 80%) живеело во селата и се занимавало со земјоделство и сточарство. Таквата слика кај ова малцинство се задржала некаде до почетокот на шеесеттите години, кога поради аграрната пренаселеност33, но и поради индустријализа-

                                                            

30 Според податоците на Контролната комисија при Владата на НРМ од 31.12.1948 година, во НР Македонија имало 237 СРЗ со 8633 домаќинства, од кои 8350 или 96,96% биле македонски, 139 или 1,51 турски, 79 или 0,80% ромски и само 22 или 0,25% албански домаќинства. Повеќе за насилната колективизација види: Виолета Ачкоска, Аграрно-сопственичките односи, промени и процеси во Македонија 1944 – 1953, Скопје 1998, 264-285. 31 Три четвртини од вкупното население живеело од земјоделство, а во 1939 година само 7803 лица биле вработени во индустријата и рударството. (Развој на СР Македонија 1945-1984, Републички завод за статистика, Скопје 1986, 7). 32  Лазар Лазаров, Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија, 1944-1948, Скопје 1979, 38. 33 Карактеристика на ова население бил големиот природен прираст. Во 1948 година дури 48,8% од албанското население во Македонија биле младо под 14 години, за разлика од Македонците каде што тој процент изнесувал 37,4 (Лазар Соколов, Промене у структури становниšтва на територији НР Македоније 1921-1953 као одраз економског развоја, Скоплје 1962, 86).

Page 98: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 98

цијата, а особено поради градежништвото започнале помасовно да се вселуваат во градовите.34 Веќе беше споменато дека колективизацијата на селото во најголем процент не го зафатила ова малцинство, па поради тоа албанскиот етнички елемент се зацврстил во руралните средини.35 Земјоделието било различно развиено во зависност од природните услови. Во Тетовската и Гостиварската околија земјата била квалитетна, поради што земјоделците Албанци имале добри приходи. Во овие две околии најмногу се одгледувале градинарски култури. Слична била состојбата и во Кумановската околија каде што албанското население претежно одгледувало тутун. Во другите околии, Албанците земјоделци живееле нешто посиромашно. Земјата се обработувала на примитивен начин, а агротехничките мерки и механизацијата подолго време потешко се пробивале кај селаните Албанци. Во планинските села главен извор на егзистенција на тамошните селани Албанци било сточарството.36

Голем дел и од турското малцинство живеело во селските средини. Главно занимање им било земјоделството, а послабо развиено било сточарството. Во некои села основна егзистенција претставувало козарството и поради тоа одлуката за уништување на козите,37 претставувала силен економски удар врз нив.38 Еден дел од Турците

                                                            

34 Во контекст на ова треба да се напомене дека за зголемување на албанското население во градовите влијаел и механичкиот прилив на Албанци од Косово и Метохија, Јужна Србија и Црна Гора. Доселувањето на ова население започнало да се интензивира во педесеттите години на XX век, односно кога започнало масовното иселување на Турците од НРМ. Албанците се доселувале во Македонија со намера да се иселат во Турција, меѓутоа поради неможноста да добијат одобрение од турскиот конзулат во Скопје, најголемиот дел од нив трајно останале во Македонија. (В. Ачкоска, Братството и единството..., 264; Виолета Ачкоска, „Некои фактори на албанизацијата на македонската етничка териотрија од Големата источна криза до крајот на XX век”, Гласник на ИНИ, год. 43/2, 1999, 17). 35 Според едно истражување, во Полог во периодот од 1948 до 1971 година, селата со албанско население бројчано се зголемиле за 56%, додека македонските села опаднале за 4%. (Илија Јосифовски, Македонското, албанското и турското население во Полог, Скопје, 1974, 49-52). 36 ДАРМ, 01. 0427. 0027. 0056/293. 37 На 17.09.1947 година била донесена Уредбата со која се забранува држење кози, односно ограничување на нивниот број. Оваа уредба била донесена со цел да се спречело уништувањето на шумите што во најголем дел било „последица на претеранато пасење на козите.” Повеќе види: Виолета Ачкоска, Задолжителниот откуп во Македонија 1945-1953 година, Скопје 1995, 223-234. 38 ДАРМ, 01. 0427. 0060. 0003/50. 

Page 99: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 99

селани биле големопоседници, коишто биле силно погодени од законот за ограничување на земјишниот максимум на 10 ха, донесен во 1953 година.39

Печалбарството било карактеристично и за двете малцинства, а особено за албанското. Печалбарите Албанци главно можеле да се поделат на две групи: во првата спаѓале оние посиромашните кои оделе на печалба за да ги дополнат потребите за живот, и вторите кои имале за цел побрзо богатење. Посиромашните оделе главно во производни претпријатија и рудници како Маврово, Радуша, Бор, Трепча, Смедерево и др., додека вторите биле главно слаткари и бозаџии ,особено од Тетовско и Гостиварско. Тие најмногу оделе во Хрватска и Словенија каде што се претставувале како безимотни, поради што и нереално биле оданочувани во нивна корист.40 Турците кои не можеле да обезбедат егзистенција само од земјоделството, оделе сезонски да работат во претпријатија каде што најчесто се занимавале со собирање дрва, правење дрвен јаглен и сл.41

Процесот на индустријализација ги зафатил и подрачјата населени со припадниците на националните малцинства. Албанците послабо учествувале во работата на индустриските комплекси поради фактот што 80% од ова малцинство живееле во селата. Но и покрај тоа, македонските власти вложиле напори, Албанците помасовно да бидат вклучени во индустријата. Па така во Тетовската околија, каде најмногу било концентрирано албанското малцинство, од 1947 до 1958 година биле вложени околу 41 милијарда тогашни југословенски динари, или 18,1% од вкупните инвестиции во НР Македонија. Со тие вложувања биле подигнати важни индустриски објекти од општојугословенско значење како ХЕЦ „Маврово”, Комбинат за обработка на волна, „Југохром” и Фабрика за сили опеки42. Во оваа околија во индустријата во 1957 година биле вработени 2322 работници - од нив 1647 Македонци, 531 Албанец и 144 Турци. Во Кумановската околија до 1958 година биле вложени вкупно 54,5 милијарди тогашни динари, од кои 60% отпаднале на индустријализацијата на околијата, а помалку средства биле вложени во земјоделството. Најголема инвестиција бил

                                                            

39 Виолета Ачкоска, „Иселувањето на Турците од НРМ по Втората светска војна (1945-1960) “, Историја, год. XXXVIII/1-2, Скопје, 2002, 91. 40 Најчесто по враќањето од печалба овие Албанци парите ги трошеле на недвижен имот и обично граделе куќи без одобрение на надлежните органи. (ДАРМ, 01. 0427. 0027. 0056/293). 41 ДАРМ, 01. 0427. 0060. 0003/48. 42 Називот е даден според оригиналниот документ.

Page 100: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 100

липковскиот хидросистем. Во Охридската околија во општините Дебар и Осломеј, каде што најмногу имало албанско население, земјоделството била главна стопанска дејност. Во Дебарската општина функционирал капацитет за печен гипс, а кон крајот на педесеттите во изградба биле ткајачница за кадифе (велвет) и букле-килими и предилници за домашна волна. Во општина Осломеј имало еден рудник за експлоатација на лигнит, каде што главно биле вработени Албанци-рудари. Во Скопската околија, поради самата специфика и темпо на развој на главниот град, еден добар дел од малцинското население од селските општини кои гравитирале кон Скопје, нашле вработување во градот. До 1958 година во Скопската околија биле вложени околу 54,2 милијарди динари, од кои најголемиот дел во индустријата.43

Во градежништвото Албанците лесно наоѓале сезонско или трајно вработување. Партиските заклучоци за ваквата положба биле дека кај Албанците имало релативна заостанатост, па се решавале да бидат општи работници од причина што најмногу од нив биле селски елемент и им одговарале тие работни места, затоа што неколку месеци во текот на годината биле дома. Слична била состојбата и во другите околии каде живееле Албанците.44

Табела 2. Бројот на вработени припадници на националните малцинства во одредени стопански гранки во НРМ (1957 година)45 Стопанска гранка Албанци Турци

Индустрија 2814 1829

Градежништво 2754 1607

Шумарство 227 101

Трговија 412 806

Сообраќај 354 286

Занаетчиство 151 622

Според статистичките податоци од пописот во 1957 година,

работници Албанци имало регистрирано вкупно 8603, а Турци - 6679 на                                                             

43 ДАРМ, 01. 0427. 0128. 0023/158-165. 44 ДАРМ, 01. 0427. 0084. 0082/405. 45 ДАРМ, исто /406. 

Page 101: Spisanie Istorija God.2010-2011

Некои податоци и видувања за општествено-политичкиот...

2010/11/XLVI/1-2 101

целата територија на НР Македонија.46 Иако се зголемувал бројот на Албанците во индустриските објекти, сепак, најчесто наоѓале работа на физички потешките работни места. Тоа се должело пред сè на нивната слаба стручност и ниска квалификација. Табела 3. Квалификација на работниците припадници на националните малцинства (1957 година)47 Албанци Турци

Висококвалификувани 91 257

Квалификувани 1466 1702

Полуквалификувани 2395 1847

Неквалификувани 4651 2873

Според Табела 3 најмал бил процентот на

висококвалификуваните работници, па поради тоа многу бил мал бројот на Албанци и Турци на високите работни места во претпријатијата. Голем процент од турското малцинство во НР Македонија, живеело и во градовите. Градските Турци најчесто се занимавале со занаетчиство и со трговија, а помал бил бројот на работници - „пролетери”. На трговците им било оневозможено да се бават со слободна трговија, туку биле принудувани да работат како продавачи во трговската мрежа. Слично било и со занаетчиите кои на најразлични начини биле оневозможувани во својата дејност со законите за национализација на приватната сопственост.48 Токму со нив започнал процесот на иселување на турското малцинство и другите муслимани во педесеттите години од XX век.49 Националните малцинства во НР Македонија живееле во целата Република, некаде повеќе некаде во помал број, помешани со македонското население, па поради тоа проблемот на економскиот развиток на подрачјата населени со националните малцинства не претставувал проблем само за малцинствата, туку бил заеднички за целото тамошно население. Најголемиот дел од албанското малцинство живеело во крајните северозападни делови на Републиката, кој бил

                                                            

46 ДАРМ, истото. 47 ДАРМ, истото. 48 В. Ачкоска, „Иселувањето на Турците од НРМ…”, Историја, 91. 49 Истото, 97.

Page 102: Spisanie Istorija God.2010-2011

Марјан Иваноски

 102

мошне економски заостанат. Поради тоа во Тетовската околија биле преземени мерки за побрз економски развиток на тоа подрачје и промена на социјалната структура. Но не само во тоа подрачје ,туку и во другите реони каде што биле застапени припадниците на малцинствата биле вложувани напори за подобрување на економскиот живот преку конкретни проекти. Официјалните власти сметале дека со поголемиот економски развиток на подрачјата населени со националните малцинства би се постигнал поголем културно-просветен развој и побрзо совладување на примитивизмот и конзерватизмот пред сè кај албанското малцинство.  Marjan IVANOSKI

SOME INFORMATION ABOUT THE SOCIO-POLITICAL AND ECONOMIC STATUS OF THE

ALBANIAN AND TURKISH MINORITIES IN D.F./P.R. MACEDONIA (1944-1963)

- summary -

In this article was made an attempt to present socio-political status of

Albanian and Turkish minorities through participation in political and mass organizations in P.R. Macedonia, and their involvement in the highest authorities. Also in this article are presented some information about the economic situation of these minorities and the authorities' commitment to improve their economic position through investments in infrastructure and construction of industrial facilities in areas where national minorities existed.

Page 103: Spisanie Istorija God.2010-2011

Драгица ПОПОВСКА КАМЕНОТ ВО МУСЛИМАНСКАТА ИДЕОЛОГИЈА И ВО НАРОДНАТА ТРАДИЦИЈА НА МУСЛИМАНИТЕ

ВО МАКЕДОНИЈА

Кога зборуваме за културата, ние всушност зборуваме за идеите кои ги оформуваат перцепциите кон светот што нè опкружува. Како луѓето ќе гледаат на природата во голема мера зависи од културната средина, општествено-економските услови, идеолошките, верски и јазични рамки. Овој прилог има за цел да го прикаже каменот и практиките поврзани со него, не само во рамките на исламската идеологија - преку Куранот, туку и во рамките на актуелната народна традиција на муслиманите во Македонија. Ovoj prilog не претендира да ги исцрпи сите аспекти поврзани со ова прашање, туку да ги прикаже модификациите кои култот кон каменот ги доживеал, под влијание на „новите“ религиозни разбирања во свеста на верниците, односно ќе се занимаваме со начините преку кои се „осмислува“ неговата симболика. Култот кон каменот како и обредите поврзани со него се карактеристични за верувањата на народот уште пред примањето на исламот. Ваквата обредност се раскажува и во Куранот.1 Имено, во него се наведува: „Киповите - toa е камен {to многубо{ците го делкале, го величеле и го ставале за обожuвање за да му се приближат. Сето тоа е грев што го разубавува шејтанот.“2 Обoжuвањето на киповите во исламот, се третира како верување во неверување.3 Она што е карактеристично за исламската идеологија и кое преовладува во Куранот – „Голема kнига која е од Алах“ е апсолутизација на Бог на кого се гледа како на апсолутен gосподар на сè што постои. Сите битија во космосот се во сопственост на Алах, а тој ја одржува и чува својата креација. Согласно so ова, Алах се јавува како                                                             1 Зборот доаѓа од арапски и значи читање, читанка, го содржи според муслиманската легенда, божјиот збор напишан на небо и објавен на Мухамед со посредство на Габриел (A. Donini, Pregled povijesti religija, Zagreb, 1964, str.140) Во анализите кои следат ќе го користиме изворот: „Краток коментар на Куранот“, второ издание, Логоса, Скопје, 2007. Овде Куранот се идентификува со знаење, помош и радосни вести, наведено дело, стр.16 2 Куран, Сура Ел - Маиде, ајет 90 3 Куран, Сура Ел - Бекара, ајет 109

Page 104: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragica Popovska

 104

создател на киповите (каменот), кои „народот му ги здружува во обожuвањето.“ 4 Неговата vеличина над каменот можеме да ја следиме во текстот од Sурата Ел-Исра, ајет 50, каде се вели: „Бидете камен или железо по силата и моќта - ако можете да бидете тоа - Алах ќе ве врати онака како што ве почна...Тие не се ништо за Алах“. Понатаму, каменот се претставува како предмет кој е поврзан со водата. Тој се шири и пука сè додека не избие вода, па така настануваат непресушни реки. Има и такви камења кои се кршат и дробат, па од нив избиваат извори и потоци, а има и такви камења кои се ронат од високи ридови, плашејќи се од Алаховата gолемина и Неговата vеличина.“5 Каменот е предмет во природата од кој потекува вода, благодарение на Алаховото посредство. Во Sурата Ел Бекара, во ајет 60, по молбата на Муса за гасење на жедта кај неговиот народ, Алах му рекол да удри со стап по каменот, по што од него потекле дванаесет извори, vo согласноst so бројот на племињата, со проглас дека секое племе има свој извор.6 И покрај тоа што официјалниот ислам застанува против верувањата на луѓето поврзани со каменот,7 сепак населението niv ги толерира, а обредите на каменот ги практицира. Важно е само да се посвети ибадет8 (побожност) единствено на Алах. Значи претходните „невернички“ работи ќе бидат простени, ако понатаму човекот оди со верба во Алах како еден и единствен. Еве на што се темели нашата констатација: Според Куранот, невидливиот свет во кој се верува, може да се дознае само со посредство на Алаховата објава доставена до неговите

                                                            4 Куран, Сура Ел Ен Ам, ајет 81 5 Куран, Сура Ел Бекара, ајет 74 6 Истото се споменува и во Сура Ел-Араф, ајет 160 7 За исламот, камен во вистинска смисла на зборот е Црниот камен од Каба, во Мека. Го нарекуваат десна божја рака (yamîn Allâh). Верникот се заколнува на верност ставајќи ја раката на овој камен, бакнувајќи ја. Овој чин се нарекува istilâm (постигнување сојуз). На денот на воскресението, овој камен ќе сведочи во полза на верните кои дошле како поклоници. (Ж, Шевалие, А, Гербран, Речник на симболите, митови, соништа, обичаи, гестови, облици, ликови, бои, броеви, Табернакул, Скопје, 2005, стр. 448) 8 Ја користевме чистата исламска терминологија, која според авторот на преводот на Куранот (наведено дело) е oдомаќена во животот на муслиманите во Македонија. Според него, таа го губи своето значење во преведена форма. Оттука, термините како намаз, хаџџ и сл. за муслиманите претставуваат своевидни институции и како такви, ним им се попознати.

Page 105: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kamenot vo muslimanskata ideologija...

2010/11/XLVI/1-2 105

пејгамбери9. Пејгамберот не е во можност да донесе муџиза (натприродно дело) што ја сака неговиот народ, освен со одобрение на Алах.10 „Она што е на небесата, она што е на земјата и она што е меѓу нив и она во земјата е nегово, во поглед на создавање, владеење и управување“.11 Во истата Sура, во 50. ајет, на Алах се гледа како на gосподар кој на „секој predmet mu даде соодветна природа, убава форма, а потоа секое суштество го упати да се користи со она што Алах го создаде за него.“ Карактеристично за луѓето со муслиманска вероисповед е посетата на камења кои претставуваат гробови на шејхови. Вакавата пракса е многу изразена и taa дури е фузионирана со некои култни камења. Шејхот, според исламот е оној кој се јавува како учител на останатите, за се што е поврзано со исламот и svetata kнига – Куранот, и кој управува со храм - те}е. Од друга страна пак, шехидот е човек кој умрел на Алаховиот пат. Во обраќањето на Мухамед, Алах вели: „Не мисли - о, Мухамед дека се мртви оние кои загинаа на Алаховиот пат, дека тие не чувствуваат ништо. Не, тие се живи и го живеат задгробниот живот во соседство со својот gосподар заради што се бореа и погинаа на Неговиот пат.“12 Гробовите на овие луѓе, како што ќе видиме во понатамошната анализа се места кои муслиманите особено ги почитуваат и посетуваат. Еве како исламот се обидува да ја спречи таа пракса на верниците: „Пејгамберот13 забрани гробовите на пејгамберите и добрите луѓе да бидат прифаќани за месџиди (место за клањање, џамија) од страна на луѓето. Го проколна оној кој ќе направи такво нешто во своите последни препораки до својот народ. Пејгамберот исто така забрани да се гради нешто над гробовите, да се гипсира и да се пишува на нив, бидејќи тоа е прекумерност која доведува до обожuвање на оние кои се во нив.“14 Исто така според Куранот, забрането е да се прават споменици и да се градат турбиња над гробови, бидејќи тие со текот на времето ќе станат места на обожuвање од страна на „незнајковците“15

                                                            9 Куран, Сура Ел Бекара, ајет 3 10 Куран, Сура Ер Рад, ајет 38 11 Куран, Сура Та ха, ајет 6 12 Куран, Сура, ајет 169 13 Пејгамберот е божји пратеник кој е должен да ги каже јасните ајети за вистината и лагата и кој го чисти народот од нечистотијата на многубоштвото и неморалот. (Куран, Сура Ел – Бекара, ајет 151) 14 Куран, Сура Ел Кехф, ајет 21 15 Куран, Сура Нух, ајет 21 - 25

Page 106: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragica Popovska

 106

Во врска со овие гробови, кај муслиманското население постојат различни верувања, манифестирани како обреди во контекст на барање помош од силите кои во нив престојуваат. Некаде тие се јавуваат како доминантни култни места (Текија)16, а некаде како помошни симболи на симболиката која ја носи каменот (Вртекица)17. И покрај забраната од официјалниот ислам, верувањата поврзани со ваквите култни камења продолжиле да егзистираат до денес. Да го анализираме примерот со турбето лоцирано во те}ето во скопската населба Топаана, каде се сместени гробовите на основачот на те}ето Вафа Баба и трите последователни шејхови. И покрај тоа што сите се наоѓаат во една просторија, посетителите акцентот го ставаат на гробот на Вефа Баба. Toj се толкува како симбол на заштита од „голем човек“. Му се укажува почит за да биде „милостив“ кон посетителот, зашто како основач на те}ето, луѓето го почитуваат како човек кого го почитувале нивните татковци, тој е човекот кој ја ширел верата , ја толкувал и го утврдил нејзиното средиште.18 Населението верува дека магиските својства каменот ги добива благодарение на шејхот кој во него се наоѓа. Ваквиот став на посетителите е спротивен на исламскиот шеријат: „Од мртов човек ништо не може, ни да ти помогне, ни да ти наштети, макар бил не знам каков светец“. На прашањето зошто е тогаш ставен во рамките на просторија која муслиманите ја нарекуваат турбе, информаторот вели: „Гробот се заштитува од животни да не го оштетат и од човек да не го оскверни. Има разни турбиња, отворено турбе, дигнато само едно метро, за да не може да се направи лошо....“

                                                            16 Се наоѓа на средсело, обграден со ограда изработена во поново време. Има долгнавесто правоаголна форма, вертикално поставена. Тоа е место каде некогаш се собирале дервишите. Овој камен е тесно поврзан со уште еден – кој всушност е надгробна плоча лоцирана кај старите турски гробишта во истоименото село. Тоа е централен надгробен споменик, од чија десна страна има камена плоча вкопана во земја на која уште „од турско” стојат четириесет камчиња. (Д. Поповска, Светите камења во македонската народна религија и обредна пракса, Селектор, Скопје, 2009, стр. 44) Главниот надгробен споменик според некогашните верувања нотирани од Филиповиќ, е место на кое е закопан шехидот Караџа Амет Султан. Денес преданието е видоизменето. (повеќе во Д. Поповска, Култната функција на каменот во религиите во Македонија, докторска дисертација одбранета на Институтот за национална историја – Скопје, Скопје, 2010) 17 Каменот наречен Шпела (Пештера) во селото Вртекица - Sкопско е тесно поврзан во рамките на обредната активност, со теќето кое се наоѓа во селото, поточно со гробот на шејхот. Повеќе во: Д. Поповска, Култната функција..., Скопје, 2010 18 Д. Поповска, Култната функција..., стр. 184-186  

Page 107: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kamenot vo muslimanskata ideologija...

2010/11/XLVI/1-2 107

Од кабурите (гробовите) не бараме да лечat.“ 19 Сепак, населението практикува легнување на гробот, негово бакнување, допирање, се со цел да се обезбеди успешна постапка. Иако сето тоа е во спротивност со шеријатските прописи, образложението на актуелниот шејх се сведува на: „ама тоа останало“. Посебна светост им се припишува на гробовите на дервишите. Улогата на дервишите во исламизацијата на населбите во Македонија била голема. Првите основачи на дервишките редови во Македонија доаѓаат или како освојувачи или пак, во одредени групи од подалечни центри.20 Познати се нивните прогони по заповед на султанот Мурат IV. По погубувањето, дервишите станувале маченици со светителски ореол.21 Култовите се често поврзани со водата. Така култот кон каменот во народната традиција е поврзан и со култот кон водата. Исламот ја истакнува очистувачката функција на водата и nea ја третира како извор на животот. „Немаше ни дожд, ни небо, ниту вегетација22 од земја, па ги одделивме со нашата моќ. Од небо пуштивме дожд, а од земја извадивме вегетација. А, од вода пак создадовме сè што е живо,“23се вели во Куранот. Во Sурата Ен Нур, ајет 45, повторно се укажува на водата како создавач: „Алах теала од вода го создаде се она што оди по земјата. Водата е основа на неговото создавање.“ Водата е средство за ритуално прочистување. Молитвата може да се изведе како што треба само ако верникот е во состојба на ритуална чистота. Очистувачката функција на водата се поврзува со истата функција на земјата.24 Така во случај на недостаток од вода, на верниците им се препорачува „чистење“ со земја: „тогаш пристапете на

                                                            19 Информатор: Ајдин Алкриза, роден 1958 година во Скопје, актуелен шејх во текето. Разговорот е извршен во мај, 2010 година. 20 Галаба Паликрушева, Преданијата за дервишките редови кај Турците и Македонците, Македонски фолклор, год. ХХIХ, бр. 56-57, Скопје, 2001, стр. 7-11 21 Истиот 22 Вегетацијата е исто така дело на Алах. Таа е доказ за неговата совршена моќ и милост за луѓето. (Куран, стр.140) 23 Куран, Сура Ел Енбија, ајет 30 24 Идентификацијата на земјата со жената - мајка, односно со плодноста ја среќаваме во Куранот каде се вели: „Вашите жени се место во кое садите...“, (Сура Ел – Бекара, ајет 223), а потоа - со желбата на Алах се раѓаат деца. „Он е единствен кој ве создаде во утробите на вашите мајки, како што сака, машки или женски, убави или грди, среќни или несреќни.“ (Сура Али Имран, ајет 6) Жената не останува трудна и не раѓа без знаењето на Алах. (Сура Фатир, ајет 11)

Page 108: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragica Popovska

 108

чиста земја и допрете ги вашите лица и раце (земете тејеммум).25 Тејеммумот ја заменува водата во врска со чистотата и е олеснителна околност да се надополни благодetot, зашто Алах ги сака чистите.26 Куранот ја смета за благословена и водата која паѓа од небото и nea ја третира како бо`ji знак. Значењето на дождот кој паѓа од небесата, се јавува благодарение на Алах, па со него се оживува земјата и таа станува зелена, се разубавува, а претходно taa била пуста ,без вегетација.27 Убавината на рајските градини во Куранот меѓу другото е и во присуството на потоци со живи води и извори.28 Ваквото заначење на водата е пренесено и во народната традиција.29 Имено, спојувањето на каменот со водата е најчесто застапено во магиската презентација на моќ од каменот. Водата поседува моќ на очистување, регенерација, не само во архаичните верувања, туку ваквата функција на водата преминала и во исламот30. На култот кон каменот се надоврзува и култот кон Mесечината31, Sонцето, раѓањето32, смртта33 иtn.

                                                            25 Сура Ен Ниса, ајет 43 (Создавањето на човекот според Куранот почнува од земја, со создавањето на „вашиот бабо Адем од неа“ (Сура Худ, ајет 61) 26 Куран, Сура Ел Маиде, ајет 6 27 Куран, Сура Ел – Бекара, ајет 164 28 Ваквото разбирање на рајот се среќава низ целиот Куран. 29 Во врска со ваквата традиција на населението, види повеќе во Д. Поповска, Култната функција..., стр.140-145. 30 Култот кон водата и кај муслиманското население потекнува уште од времето на нивната предисламска практика. Севим Пиличкова, За некои болести и верувањата за нив одразени во народните приказни од СР Македонија, Македонски фолклор, год. ХVII, бр.33, Институт за фолкор „Марко Цепенков“- Скопје, Скопје, 1984 стр.170 (Авторот наведува дека ваквиот култ кај турското население датира од времето на шаманизмот, според кој, планините, езерата, изворите (земјата - водата) се живи предмети со свои претставници – богови). 31 Поврзаноста на посетата на каменот со месечевите мени е главно карактеристика кај култните камења лоцирани во села каде живее муслиманско население. Месечината е симбол на биолошкиот ритам: расте, се смалува и исчезнува. Таа е израз на бесконечна периодичност. Во исламот постојат два календара, еден соларен за потребите на земјоделството, а другиот лунарен, од религиозни причини, бидејќи месечината е регулатор на канонскиот чин. И самиот Куран користи лунарна симболика. (Ж. Шевалие, А. Гербран, наведено дело, стр. 646. 32 Алах е тој што ги создава луѓето во утробите на нивните мајки, како што сака, машки, женски, убави или грди, среќни или несреќни. (Куран, Сура Али Имран, ајет 6) 33 „Секој умира со одобрението и одлука на Алах“ (Куран, Сура Али Имран, ајет 145).

Page 109: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kamenot vo muslimanskata ideologija...

2010/11/XLVI/1-2 109

                Месечината во Куранот, исто како и Сонцето е еден од знаците на Алаховата моќ. Тие се дело на Алах и се движат по своите орбити со негова одлука.34 Алах е тој кој одредил Сонцето да изгрева,35 а Месечината да огрева. Овие небески тела му оддаваат почит на својот sоздател, а тој ги потчинил на луѓето: Месечината за да го мери времето, со помош на нејзините мени, и тоа месеците и годините, a по Сонцето луѓето да ги знаат деновите.36 За повеќето реципиенти од особена важност е посетата на каменот вечерта во четврток sпрема петок. И покрај тоа што верниците ги посетуваат култните камења и во други денови, овој термин особено се истакнува како погодно време за комуникација. Исто е времеto во кое се собирале дервишите за молитва. Во петок според исламските закони се извршува намаз, со што на верникот му се простуваат гревовите и се верува дека тој ќе биде награден од Алах. Во овој ајет има доказ за нужноста да се присуствува на Џума (молитвен ритуален обред во петок) и да се слуша хутбата (говорот).37 Паралелно со сликата која каменот ја пружа, се јавуваат приказни за настанокот кои обелоденуваат една мисла која ја образува религиозната структура својствена за исламот. Во овој контекст се јавуваат приказни кои на одредени природно вградени симболи на каменот им даваат исламска конотација, со што култот кон каменот продолжил да опстојува до денес. Во овој контекст ќе се послужиме со неколку примери кои помалку или повеќе ја илустрираат претходната констатација.              На каменот Пехамбер, локациран во селото Горен Папрадник во Дебарска Жупа, според верувањето е место на кое се наоѓа отпечаток од коњ, за кој народот верува дека припаѓа на „коњот на пехамбер“. Станува збор за Алаховиот пратеник кој во исламот е познат како „пејгамбер“. Значи, под влијание на исламот, со помош на ваквата митологија, луѓето ја заборавиле првобитната трансмисија на моќ од каменот и на овој начин под влијание на „новата“ религија се детерминираат содржини кои одговараат на моменталната култура на населението. Ваквото раскажување претставува симболичен начин да се оправда конкретната обредност на каменот.38

                                                            34 Куран, Сура Ел Ен Ам, ајет 96. 35 Изгревањето на сонцето на исток е последица на желбата на Алах (Куран, стр.258). 36 Куран, Сура Јунус, ајет 5 37 Куран, Сура Ел Џуму Ату, ајет 9 38 Д. Поповска, Култната функција..., стр. 178

Page 110: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragica Popovska

 110

Раскажувањето на населението во Вртекица за потеклото на симболот кој се наоѓа на Шпела во истото село, ја потврдува претходната констатација. Имено, на каменот се наоѓа отпечаток на пет прсти од рака, за која се верува дека припаѓа на ангел. Значењето на човековата рака во муслиманството се третира како средство за заштита од уроци. Ваквото верување нашло своја аналогија и во верувањата поврзани со каменот. Петте прсти на раката се поврзуваат со пет свети личности: пророкот Мухамед, светецот Алија, светицата Фатима, светецот Хасан и светецот Хусеин.39 Бројот пет и „посредно го симболизирал обликот на зборот Алах напишан со арапско писмо.“40 Допирањето на отпечатокот на каменот меѓу другото, треба да го отстрани урокот, односно магијата од liceto коe со него комуницира. Јасно е дека под влијание на исламот пештерата во Вртекица конотирала поинаква божествена димензија, особено ако се земе предвид значењето кое пештерата веројатно го имала во животот на луѓето од архаиката. Во рамките на верувањата поврзани со каменот, веќе споменавме дека нивната посета е поврзана со сузбивање на негативните магиски41 дејства од човекот. Во врска со ова треба да напоменеме дека според исламската идеологија сите болести42 кај човекот без разлика дали доаѓаат од направена магија или урок43, настануваат со знаење и одобрување на Алах, заради што нивното сузбивање зависи единствено од него, а не од каменот. Така според исламското учење, употребата на каменот како средство за

                                                            39 Ж, Шевалие, А, Гербран, Наведено дело, стр. 847 40 Есен Бејзат, Влијанието на верувањата врз традиционалните носии на јуручките жени кои живеат во Турција и во Македонија, Мак.фолклор, год. ХХИХ, бр. 56-57, Скопје, 2001, стр. 480 41Куранот се спротиставува на магијата: „Немој да станеш неверник со поуката на магијата и послушноста на шејтаните. Волшебниците не можат никому да му наштетат со својата магија освен ако не е тоа одредба на Алах“ (Сура Ел – Бекара, ајет 102) Во продолжение се вели: „Магионичарите тие нема да се спасат ниту на овој свет, ниту на Ахирет (Куран, Сура Јунус, ајет 77) 42 Секој човек го снаоѓа несреќа со одобрение на Алах, со Неговата одлука и одредба (Куран, Сура, Ет Тег Абун, ајет 11) 43 Верувањето во урокот постоело кај сите народи кои ја исповедувале Мухамедовата вера уште пред примањето на исламот (Т. Ѓорѓевић, наведено дело, 3). Истото преминало и кај муслиманското население. Интересно е што исламот како религија, од една страна го признава урокот, но ја забранува употребата на разните предмети како превентива. (Севим Пиличкова, За некои болести и верувањата за нив одразени во турските народни приказни од СР Македонија, Македонски Фолкор, год. ХVII, бр.33, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Скопје, 1984, стр. 173)

Page 111: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kamenot vo muslimanskata ideologija...

2010/11/XLVI/1-2 111

отстранување на магиски дејства од луѓето всушност е безвредно, без упатување дова (молба) на Алах. Довите (молбите) на неверниците се бесцелни и заради нивното припишување здруженик на Алах ,и со тоа се далаку од исправноста.44 Алах е единствениот кој ги слуша довите на секој човек, па затоа според шеријатските канони, никој не се обожuва и не се моли освен Алах. Божествата кои се обожuваат покрај Алах не ја slu{aat довата на оној кој моли. Не само молбите, туку и ветувањата мора да бидат насочени единствено кон Алах. Приtoa луѓето не смеат да ги изневерат ветувањата упатени кон него, ниту на kakov bilo начин да го прекршат тоа ветување.45 „Не прекршувајте го договорот со Алах за да го замените со некоја мала вредност од уживањето на овој свет. Наградата за придржување кон договореното кај Алах е повредна од таа мала вредност.“ (Sура Ел Енфал,ајет 95)               Што се однесува до жртвувањето кое како пракса продолжило и во периодот на исламот, истото е одобрено од страна на новата идеологија, меѓутоа единствено ако е посветено на Алах, како еден и единствен во обожuвањето. Osobeno се забранува колење на животно, жртвувано заради „обожuвање камен или нешто друго.“46 Еве како Куранот гледа на ваквиот обред: „Алах ви го забрани она што не е заклано по шеријатски начин и пролиена крв, што е заклана во друго име, а не во името на Алах.“47 Алаховите одредби кои се однесуваат на жртвувањето како чин sе сведенi на забрана на колење на животно48 при кое не е спомнато името на Алах. Исто така се забранува жртвата да биде усмртена со удар од камен, зграпчување за гуша, паѓање од висина и сл. Се напоменува дека задавеното животно може да биде жртва само доколку е заклано пред да здивне.49 Во понатамошниот текст од Куранот се вели:„Алах го прави кабул (usli[an) курбанот на оние кои се плашат од него.“50 Важно е курбанот да биде убав и угоен.51 Не е важен полот на жртвуваното животно, зашто Алах дозволува жртвување на машки и

                                                            44 Куран, Сура Ер Рад, ајет 14 45 Куран, Сура Ел Енфал, ајет 58 46 Куран, Ел Маиде, ајет 3 47 Куран, Ел Бекара, ајет, 173 48 Се смета дека животните се подарок на луѓето од Алах и дека тие за тоа треба да му бидат благодарни. 49 Куран, Сура Ел Маиде, ајет 3 50 Куран, Ел Маиде, ајет 27 51 Куран, Сура Ел Хаџџ, ајет 32

Page 112: Spisanie Istorija God.2010-2011

Dragica Popovska

 112

женски добиток – „единствено да се спомне името на Алах при колење.“52 Оттука според муслиманското учење, жртвата посветена на Алах не треба да се коле на „никаков камен“, туку ако се работи за т.н. „заветна“ жртва, таа се колi каде било, а нејзиното месо потребно е да се раздели на седум дела и da se подели на сиромашни.53 Спротивно на ова, во народната традиција колењето на курбанот се врши на каменот, а крвта се остава да истече на него. Ќе илустрираме само еден пример кој ја илустрира ваквата состојба: на Дупен Камен во село Држилово, Скопско, крвта се остава да тече на каменот по што: „една капка да му стават на челото на детенцето. Со јагнето што сакаш правиш.Сакаш го земаш дома ,сакаш овдека го даваш“.54

*** Од погоре изнесеното можеме да заклучиме дека каменот како предмет во природата нема никаква вредност за исламот како религија, зашто според шеријатските прописи, верниците муслимани, ибадетот каде и да се, мора да му го посветат единствено на Алах. Карактеристично е што претходните невернички работи се простуваат, ако понатаму во животот луѓето одат со верба. Ова се среќава во целиот Куран. Треба да се напомене дека муслиманите во Македонија на Куранот гледаат како на традиција на живеење и toj извршил битно влијание врз формирањето на религиозните ставови и однесувањe во рамките на разни активности од животот, а во таа смисла и во однос на верувањата и обичаите кои се однесуваат на каменот. Така предисламските верувања поврзани со култот кон каменот не исчезнале, туку добиле новo религиозno разбирањe во свеста на верниците.55 Оттука, каменот како симбол на плодност, доколку се разгледува во контекст на верувањата на посетителите - муслимани и понатаму продолжува да егзистира во рамките на култот56, само {to на

                                                            52 Куран, Сура Ел Ем Ан, ајет 143 53 Според информаторот Ајдин Алкриза, „Забрането е колење на курбанот на камен заради крвта, да тече на каменот, така не треба, тоа не е чисто. Не мора тука да го сечеш само да го делиш на седум души.“ 54 Информатор:Рамадан Еминовски, роден 1958 во Држилово, снимено на

21.05.2000 на каменот 55На многубошците во Куранот им се укажува ибадетот (обожавањето), Нему да му се посвети, каде и да се наоѓаат. 56 И покарај доказите се вели во Куранот, една дружина од луѓето прифаќа да обожава, освен Алах, кипови и кумири, сметајќи ги слични на Алах теала и

Page 113: Spisanie Istorija God.2010-2011

Kamenot vo muslimanskata ideologija...

2010/11/XLVI/1-2 113

него му е даден исламски акцент. Имено, тој се доживува како надворешно обележје на верата на Алах,57 na {to верниците му прават ибадет, извршувајќи ги обредите во името на Алах, упатувајќи му ги довите и ветувањата, како и посветувајќи му ја жртвата. Dragica POPOVSKA

THE STONE IN THE MUSLIM IDEOLOGY AND IN THE FOLK TRADITION OF THE MUSLIM

POPULATION IN MACEDONIA

– summary –

The paper presents aspects of folk tradition of the Muslim population in Republic of Macedonia. We have shown stone and practices related to it, within Islamic ideology, through the Holy book Quran and alongside the folk tradition. The goal is to show the modifications which the cult toward stone has undergone under the influence of “new” religious understanding in the minds of believers. On the other words, the emphasis is placed on the way that is “coming up” its symbolism.       

                                                                                                                                                   посветувајќи им ја љубовта, величењето и послушноста, за што е достоен само Алах. (Куран, Сура Ел – Бекара, ајет 164) 57 Алах е оној кој ја создаде земјата, а на неа растури упатувачки знаменија. (Куран, Сура Гафир, ајет 64)

Page 114: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 115: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо НЕТКОВСКИ ЗА КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА И ИДЕНТИТЕТОТ Секој поединец, секој колективитет има одредена свест за него-

вото минато, за постоењето на неговото семејство, род или заедница. Едноставно тоа е грижа со цел да се запамети она, што во тој момент или одреден временски период го сметал за битно за да го зачува и да го пренесе на идните поколенија.

Првите претстави за себе и околината, за сè она што го опкружу-вало, човекот ги направил изразувјќи ги своите интерни и екстерни чувства преку цртежите онаму каде што живеел - во пештерите. На тој начин тој не само што го обележал својот животен ареал, туку оставил порака за оние кои ќе дојдат по него за тоа каде живеел и што сè го опкружувало. Потоа, со тек на време, внатрешните чувства и потреби и надворешните визуелни перцепции ги изразувал преку раскажувањето на разни митови, легенди и преданијата, во кои, се претставувале хероите и боговите заедно. Тоа е, на некој начин почетокот на формира-њето на свест за историското траење.1 Како и да е, колективната меморија претставува заеднички интерактивен процес каде што луѓето се идентификуваат себе си со настаните, институциите и вредностите.

Оттука, сосема е на место констатацијата дека токму искуствата на оние пред нас се пресудни за формирањето на историскиот колекти-вен идентитет. А колку тој е позбиен, поединствен - посилен е историс-киот идентитет и колективната меморија. За разлика од ова, во одре-дени заедници кои не се толку единствени и збиени, потребна е осмис-лена, културна, однапред детерминирана стратегија за градење или зацврстување на идентитетот, за да се потпомогне да се пополнат некои празнини во колективната меморија и идентитетот. Во спротивно „народ кој нема практика на автоперцепција, кој нема развиена само-свест за самобитноста, кој нема ни освестен однос кон минатото, тој нема ниту визија за иднината.”2 Та не случајно и академикот Блаже Ристовски во една своја колумна во весникот,,Дневник” ќе напише „...Кога се вратив од Љубљана, (1966) имајќи го во предвид словенеч-кото образование и воспитание, во еден разговор во кабинетот на

1 Даринка Петреска, Виолета Ачковска, „Осознавање на историјата.”

Универзитет „Св.Кирил и Методиј” Скопје, 2007, 247. 2 Јагнула Куновска, „Разбуди се, народе македонски”, в. „Шпиц”, 30. XII.

2006-2. И. 2007, 11.

Page 116: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо Нетковски

116

тогашниот прв човек Крсте Црвенковски, меѓу другото , му укажав дека националната свест на современиот Македонец е корка, дека нема систематски изградена национална свест, туку има само силно маке-донско чуство што бурно го демонстрира во одбранбените расправии со претенциозните соседи, набилдани со вековно градена историска ‘аргументација’. Многу подоцна Црвенковски го потврди моето согле-дување, а денеска тоа го гледа и светот. Настојувањата на Република Македонија да го идентификува својот ентитет наидуваат на теш-котии”.3 Постои една изрека која гласи: колку е долго сеќавањето толку е стара државата. И навистина, што во суштина претставува сеќавањето и колку е тоа битно во градењето на идентитетот? Многумина исто-риографи аргументирано тврдат дека сеќавањата не се ништо друго, туку едноставно конструкции. Како такви, од време на време, како личности, а и како генерација посебно, правиме реконструкција на сеќавањата во текот на животот. Во тој контекст скоро секојпат нешто додаваме, нешто одземаме во зависност од општествените, економс-ките, културните, демографските и други потреби. Но, како и да е, сепак, паметењето не е нужен резултат на сеќавањата, како што ни историјата не е едноставен збир од приказни. Паметењето и заборава-њето се непосредно поврзани. Паметењето е ограничено на ист начин, како и заборавањето, едноставно и двата мисловни сегмента се резултат на намерен или ненамерен избор. Спротивно на паметењето, историјата секогаш, исклучиво претставува реконструкција. Меѓутоа, без паме-тење, историјата не е обновлива. Основна и најпозната форма на паме-тење е индивидуалното паметење кое е субјективно и се потпира исклу-чиво врз личното искуство. И, секако, втората форма, колективно паметење. Колективните сеќавања, како што ќе забележи Хорст Милер, „ги обземаат општествените групи, генерациите и нациите и градат идентитет. Може да станува збор за сеќавања, поврзани со реалноста, но, исто така и со митови...”4 Секојпат едно треба да се има во вид, а тоа е дека цивилизација без историја е теоретски незамислива и практично невозможна. Минатото никогаш целосно не умира. Тоа опстојува во најразлични форми и испраќа пораки. Дури и најрадикалниот реформатор или револуционер, се соочува со она што постои, и она што било пред тоа. Тоа е историски условено и по правило се користи како база за понатамошно градење на некоја инфраструктура, било тоа национална, културна или сл. Ние не можеме да се сокриеме и да £

3 Блаже Ристовски, „Ние и светот” (за историјата и самопознавањето). в.

„Дневник”, 12.VII 2002,. 22. 4 Хорст Милер, „Само во помнењето се образува реалноста”. в. „Време”,

бр. 1496, 16. X 2008.

Page 117: Spisanie Istorija God.2010-2011

За колективната меморија и идентитетот

2010/11/XLVI/1-2 117

избегаме на историјата. Иако банален, овој заклучок е сосема точен. Според тоа, прашањето што се поставува, не е дали одредено општес-тво сака да се соочи со својата историја, туку како тоа го прави. Марсел Пруст со апсолутна точност напишал дека само во помнењето се образува реалноста: „...Народ кој нема самопочит, кој не ги негува систематски институциите од национален интерес, кој ги менува своите национални симболи за ефемерни потреби, кој прави отстапки по однос на инхерентните права, гарантирани со меѓународни конвенции, исправен е пред опасноста да се претвори во флуиден ентитет подложен на негации, пропаганди и конверзии.”5 Сигурно, дека она што било причина за одредени трауми во минатото, се настојува да се заборави, или со тек на генерации да се претвори во безначаен дел од сопствената историја. Мноштво примери укажуваат на тоа, но посвеж пример претставува Германија. За Германците од Западот, (Западна Германија - пред да се сруши Берлинскиот ѕид 1989 год.), 8 мај значеше ослобо-дување од национал-социјалистичката диктатура, но сè уште не и самоопределување. Во познатата директива ЈЦС 1067 на окупациските американски сили, во својата прва верзија од 26 април 1945 година, го објаснува и се вели: ,,...Германија не е окупирана за да биде ослободена, туку како поразена непријателска држава...”6 така што за Германците од Западот, 8 мај беше само почеток на ослободувањето. Тој датум, всушност е симбол на крајно комплексни и најпротивречни процеси. Иако, денес, близу 90 проценти Германци го уважуваат овој ден како симбол на ослободувањето, сепак, станува збор за посакуван процес на учење, затоа што е доказ за целосно отфрлање на национал-шови-низмот, на расизмот и на национал-социјализмот. Во 1945 година, кога преовладуваа очајот, материјалниот и моралниот пустош, ако некој го беше поставил ова прашање, одговорот би бил сосема поинаков. „...Осми мај не претставуваше само пад на национал-социјализмот, туку и катастрофа на германската национална држава, почеток на поделбата на Германија, на Европа и на светот...”7 Но, што е поточно? Сеќавањата на непосредните денешни современици, или на преживеаните? И за двете мислења, може да се најде оправдување. Датумот и неговата симболична вредност и денес остануваат противречни. Забелешката на првиот сојузен претседател Теодор Хес, е сосема соодветна кога вели: „...Во суштина, овој 8 мај 1945, е најтрагичниот и најпроблематичниот

5 Јагнула Куновска, Цит. прилог: „Разбуди се, народе …”, в. „Шпиц”, 30.

VII 2006-2. I 2007, 11. 6 Хорст Милер, „Што се памети а што се заборава”, в. „Време” бр.1500,

21. X. 2008. 7 Исто

Page 118: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо Нетковски

118

историски парадокс за секој од нас. Зошто? Затоа што во исто време бевме и уништени и спасени!...”8

Нема никаква потреба да му се објаснува на кој било толкувач на современата историја дека 8 мај не може да се замисли независно од 30 јануари 1933 година, или од 1 септември 1939 година, или од 22 јуни 1941 година, ни од ужасните масовни злосторства, извршени за време на германската окупација.

Прашањата за причините и за последиците во историјата, се дел од секојдневната работа на историчарот. Преку интеракција и комуникација, сеќавањата можат да станат организирани. Тоа може да се прави и да се случува, во рамките на една генерација или меѓу генерациите. Имаме случаи, кога одредени заедници ги присилуваат своите членови, со одредена цел да гледаат на настани од историјата низ сопствената призма. Во овој контекст можеби е интересно да се цитира еднио размислување на д-р Љубомир Д.Фрчкоски кој пишува: “...Колективното сеќавање е етички чин, вели Сузан Сонтаг мислејки на историјата како конструкција, договор над мноштвото факти (историја на настани) за тоа што е важно од неа да се запамети. Македонците се во процес на создавање таков нов договор врз сопствената историја. Ние не мора и не треба да формираме насилно и униформно сеќавање за историјата, туку да го дефинираме својот идентитет и нација како произлезени од различни историски нарации што целат заеднички исход - цел. Тоа е конститутивен чин на нашата нација. Потоа, и патем тоа е и постојан процес на доградба и реконструкција што никогаш не завршува. Нацијата и нејзиното сеќавање живее низ тој процес”.9 На ова размислување може да се додаде и многупати напишаната и по медиумите искажувана констатција на Паско Кузман која вели дека: „Словенството е само еден сегмент од македонската генеза која го има бездруго најкосмополитскиот карактер во светот.”10 А секако дека има и еднострани и етноцентрички погледи особено изразени кај нашите јужни соседи со единствена цел да се негира постоењето на други нации на нивните простори. А тоа се прави единствено за да се консолидира и зацврсти групниот идентитет. На тој начин доаѓа до лажно сеќавање и се прават разни комбинации и стратегии најмногу олицетворени преку образованието и во поново време мас-медиумите, пишувани и електронски, за да се прикаже лагата како вистина. „Сè е работа на образованието. Ние тоа го немаме”, ќе истакне еден од

8 Исто 9 Љубомир Д. Фрчкоски,„ За сеќавањето на нацијата”, в.„Дневник”, 4. XI

2008, 7. 10 Изјава на Паско Кузман, директор на Управата за заштита на

културното наследство на Р.Македонија, дадена на авторот 2009 год.

Page 119: Spisanie Istorija God.2010-2011

За колективната меморија и идентитетот

2010/11/XLVI/1-2 119

најпопуларните драмски писатели денес во Грција, Ленос Христидис во едно интервју во „Електронске новине” додавајки: „Сè што е сериозно и важно го научив во семејството, меѓу пријателите и со личен ангажман. Училиштето е место во кое те учат да бидеш Грк, тоа е она што е најдобро за тебе и тоа е сè. И така ќе пораснеш и нема да станеш најдобар и тогаш почнуваш да ги кривиш Евреите, Албанците, Американците и Турците... Кога сето тоа ќе се помеша со реален недостаток на едукација добиваме неподнослив народ кој заморува (се мисли на Грците).”11

Политичките сеќавања се особено чувствителни за целите на одредена заедница. Во одредени случаи, поради одредени политички цели, може да дојде до корекции или до реконструкција на сеќавањата. ,,... Историските сеќавања се предмет на постојан процес на реконструк-ција, и во тој контекст мора да се зачуваат и сеќавањата...” ,ќе забележи Хорст Милер.12 Но треба да се има во предвид дека низ времињата се менувале и методологиите на оценување и детерминирање и е време на други вредносни системи. “…Идејата за нација и за национална држава се јавува во XIX век и во никој случај не можеме да ги бараме во антиката истите постулати кои сега важат за дефинирање на еден народ. Дури и во антиката со текот на вековите, се менувало значењето на поимот Македонија и Македонец. Што е Македонија во В век пред нашата ера, што во III век по нашата ера , воопшто не е исто прашање и не е баш така лесно да се одговори. Истото важи и за термините што се однесуваат за народите од антиката...”13 Сите тие во себе содржат симболи и слики, кои формираат една претстава за историската свест, поточно, она што се нарекува историска култура. Всушност, сè зависи од тоа кој го склопува мозаикот и со каква цел.

Иако многумина ја сметаат како флексибилна наука, сепак исто-ријата, вели Актон, „мора да биде наш спасител не само од непри-мерните влијанија на другите времиња, туку и од непримерното влијание на нашето време, од тиранијата на средината и притисокот на воздухот што го дишиме.”14 Како и да е, историјата и културата во секој случај се фундаментални аспекти на ткивото на секојдневниот живот. Тие ни даваат чувство на идентитет и ни кажуваат кои сме, од каде сме и каде одиме. ,,… Порекнувањето или маргинализирањето на историите

11 Ленос Христидис, „Грците се олош како и сите други.” Интервју со Теа Николиќ. Електронске новине, Београд, 2. X. 2011.

12 Хорст Милер, „Историското паметење и националниот идентитет”, в. Време, бр. 1499, 20. X. 2008.

13 Марија Станковска–Cамали, „За „етногенезата”, нацијата и сличните куриозитети”. в. Дневник, 27 јуни 2009, 29.

14 Acton, Lektures on Modern History (1906) 33.

Page 120: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо Нетковски

120

и културите што се разликуваат од тие на доминантната група, во секое општество има длабоки последици врз субјективноста и идентитетот...” ке напише Хорст Милер.15 „...Најопасните последици од научните сочиненија што ги прават денешните историски репродуктивци,” ќе изјави во една колумна новинарорт Крсте Јанковски, „се јавуваат токму онаму, каде што и можат да бидат најопасни, во образованието и историскиот доктринаризам на младите, а во поново време преку мас-медиумите како највлијателни средства за едукација на лугето”16

Колективната меморија е создадена за да ги зачува настаните и да ги организира по име, локација, временски период, тема и јазик, за да можат да бидат достапни. Не е многу важно дали приказната е лична или пак глобална. Битно е да биде автентична и да се зачува за идните генерации. И да не заборавиме, само оние што немаат сопствено сеќавање за своето потекло, може да се опишат како личности кои немаат историја. Но и колку тоа да е така, неприсуството на сеќавања, не го негира присуството на историјата, која како сенка од минатото е прикриена и живее во нас, во сегашноста. Тие вистини се толку прифатливи во животите на личностите, колку што се прифатливи и што можат да живеат во хрониките на нациите. Ние може да не ги познаваме нашите предци, но тоа не значи дека ние не сме нивни наследници.17

Едноставно може да се заклучи дека колективната меморија е место каде културата се обединува со социјалната сила, резултирајќи во доминантна историска нарација или уште поедноставно може да се рече дека колективната меморија е место каде се прават преговори кои се во непосредна врска со формирањето на идентитетот. Самиот поим идентитет пак, е доста комплексен и не случајно е предмет на икстражување на бројни научници.

Во текот на деведесеттите години од минатиот век, термините како што се колективна меморија и идентитет беа евидентно најупотребуваните ,особено во оние држави кои до неодамна живееја во заедница (СФРЈ), а подоцна војуваа меѓу себе. Дека овој термин е од поново време говори и фактот дека се до осумдесеттите години од минатиот век не може да се забележи во историската литературата како таков.

15 Хорст Милер, цитирано дело.„Историското паметење и

националналниот идентитет”.... 16 Крсте Јанкоски, Илустрирана ревија за иселениците од Македонија. в.

Македонија. 15.07.2000. 52-53. 17 Кица Колбе,„ Македонска приказна во пет слики”, в.„Дневник”, 15. 09.

2002. 26

Page 121: Spisanie Istorija God.2010-2011

За колективната меморија и идентитетот

2010/11/XLVI/1-2 121

Сведоци сме дека денес за значењето и важноста на идентитетот се посветуваат бројни научни симпозиуми и слични собири каде што учествуваат еминентни политичари, филозофи, социолози, антрополози, културолози итн. Токму поради зачестената и честопати извртена детерминација на овој повеќеслоен термин во општествените науки, во публицистиката (во функција на политиката) како и зачестените политички говори зад кои се крие одредена национална или пак националистичка мрежа, доведоа до промена на неговото првобитно и изворно значење, го ставија во позиција на повеќеслоен меѓународен слоган зад кој може да се стави сешто во функција на одбрана на одредена нација или народ.

Инаку, некои сметаат дека „идентитетот би можел да се дефинира како чувство на припадност кое им овозможува на луѓето да го разберат и категоризираат светот во кој живеат”18 . И затоа велиме дека преку идентитетот човекот ги дефинира своите релации во однос на надворешниот свет. Или поточно „идентитетот го обликува начинот на кој поединецот го доживува и разбира светот..”19

Најкарактеристични модалитети на идентитет кои се пројавиле во досегашната практика се социјалниот, културниот и политичкиот. Социјалниот идентитет се однесува на релацијата меѓу поединецот и општествените структури. Културниот, скоро секогаш е во корелација со историјата и културното наследство, за политичкиот да ја потенцира врската меѓу граѓаните на една држава или нација. А кога зборуваме за политички идентитет во основа станува збор за правата и обврските кои произлегуваат со стекнувањето на државјанство во одредена национална заедница (држава).20

Во науката околу прашањето за идентитетот постојат многу-бројни размислувања во кои учествуваат бројни научни работници кои изнесуваат аргументи околу тоа дали идентитетот е менлива или неменлива категорија. За разлика од некои кои тврдат дека личниот идентитет е единствена форма на идентитет, чие конституирање не зависи од воспоставените односи во рамките на социјалниот живот ,Рос Пул во своето дело „Нација и идентитет” смета дека сите идентитети, без исклучок дали станува збор за личен или колективен, се формирани во и преку одредени форми на социјален живот во чии рамки тие опстојуваат. Оттука произлегува и неговата менлива природа, односно

18 Ганка Цветанова, „Културните разлики и општествената интеграција”-

Македонија пред и по Рамковниот договор. Институт за економски стратегии и меѓународни односи -Охрид, Скопје 2007,27.

19 Guerrina R. Europe, History, Ideas and ideologies. London: Amold-Amember of the Hodder Headline Groupe 2002, 137-138.

20 Исто

Page 122: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо Нетковски

122

способноста да реагира и да се менува во зависнос од оппштествените, политичките, економските и историските услови.”21

Секако дека од досегашните согледувања и скромни аналитички опсервации може да се каже дека станува збор за тоа дека во текот на животот идентитетот може да биде подложен на одредени промени кои не се во суштината на негово модифицирање , но да не се бега од основната, генетичка поставка. Спротивно пак на тоа, кога станува збор за цврст, непроменлив хомоген ентитет кај една нација многу лесно може да се западне во една социјална, психолошка и културна замка изникната од одредени политички аспирации и да се влезе во лавиринтот на тоталитарни аспирации и барања. Гледано од страна, секоја нација, во зависност од времето и местото ( географска позиција, соседи, економија, политички и културни трендови и слично) е сведок на сопствениот развој и на не -менување на нејзиниот идентитет. Една размисла на академик Блаже Ристовски за нас Македонците која дава еден сублимат на бројни научни и политички погледи и која не губи од својата актуелност е онаа која укажува на тоа дека: ,,…Во еден период некои македонски политичари повеќе внимание посветуваа на покажувањето на историската димензија на своето југословенство, от-колку вистинскиот континуитет во минатото на своето македонство. По напливот на новите национални пропаганди во Македонија по нашето осамостојување, се разби монолитноста дури и на претставите што беа профилирани во предходниот половина век, па денеска дезориен-тираната маса на нашиот народ нема точна претстава за нашата етногенеза, кои сме, што сме и зошто сме тоа што сме. Секојдневно по средствата за информирање слушаме и читаме дека според едни ние сме чистокрвни антички Македонци, директни потомци на Филип и Александар, како што сметаа и современиците на Ѓоргија Пулевски во половината на XIX век, а според други, дека сме само Словени, дојдени во VI и VII век од зад Карпатите. И тука се уфрлуваат пропагандните структури на соседите и нивните нови орудија од нашата средина, па едни велат дека сме биле Грци, други дека имаме бугарски корени, дека имаме српска историја во средновековието и една црква, а четврти дека сме новодојденци на историски албански територии. За сериозната и одговорна научна мисла сите тие инфилтрирани „теории” немаат сериозна основа и ни прават штети во моментот кога се поставува прашањето за нашиот културно-национален и историски идентитет.22

21 Pool R. Nation and identity, London and New York: Routledge 1999 ( цитат изваден од цитираното дело на Ганка Цветанова „Културните разлики и општествената интеграција... стр.13)

22 Блаже Ристовски, „Ние и светот-за историјата и самопознавањето”, в. Дневник, 12 јули 2008, 22.

Page 123: Spisanie Istorija God.2010-2011

За колективната меморија и идентитетот

2010/11/XLVI/1-2 123

Прашањето на идентитетот што во годините на бившиот југословенски систем беше моделирано според актуелните потреби на заедништвото, со осакатени историски сознанија за континуитетот од античките времиња, а со нагласок на словенството, според денешните аналитичари создало сосема погрешна перцепција за идентитетот која сега се дополнува со исто толкава некритичност при секое споменување на античките корени. Така во овој контекс ги сместувам и извонредните национални емотивни пориви на владата за поставување на спомен обележја на видни места и изготвување на телевизиски нагледни и едукативни емисии од нашето подалечно минато со цел да се пополни еден вакуум, во историскиот континуитет на македонската ,,етногенеза”23 кој, неоправдано, ни беше тенденциозно отстранет со децении, или пак имаше намера со децении наназад да ни го избришат од нашата колективна меморија. Никојпат не треба да го изумиме од предвид фактот дека спомениците, а со тоа и спомен обележјата од нашата политичка и културна историја се израз и сведоштво на изминатиот пат, на постојаната броба за опстојување во времето и просторот. Споменикот не е едноставна склуптура, камен или бронза; тој зборува за она што било големо, возвишено и светло. Споменикот и неговата трајна порака сведочат и ќе бидат сведоци за сегашниот живот, а мотив и поглед на поколенијата за иднината. Тие се творби кои будат чувство на гордост, достоинство и почит кон личноста и делото. Токму затоа и се подигаат тие монументи за да го подигнат духот, да го возвишат чуството и гордоста на еден народ и неговата припадност - кој е и од каде доаѓа. Покрај сите премрежиња, македонскиот народ е моќен да ги признае, согледа и испочитува сите влијанија во создавањето на својот генетски код, наспроти ксенофобично настроените соседи кои не признаваат никакви примеси и мешања, истакнувајќи ја својата ариевска чистота, поткрепени од една европска алијанса на народи што наседна на измислената историска лага, заземајќи една страна и не дозволувајќи во XXI век самоопределување на еден древен народ и држава со своја сопствена култура, јазик и традиција. И како што ке рече Петре Андреевски во својата пристапна беседа во МАНУ ,,…Нашите многубројни окупатори без никаков надомест и посебни трошоци, ни го одземаа сето она што им недостигаше за пополнување на своите духовни празнини. За среќа пак, ние, сè што требаше да знаеме за себе си и за својата ‘ автентичност’ го

23 Забелешка на авторот: Го почитувам укажувањето на Марија Станковска-Ѕамали, која има докторирано на Универзитеот во Париз (Сорбона), на отсекот Историја и цивилизација на античкиот свет а вели дека терминот „етногенеза” е многу опасен и напуштен во сите научни кругови што се занимаваат со антиката.

Page 124: Spisanie Istorija God.2010-2011

Мишо Нетковски

124

носевме и во нас, го знаевме и напамет и тие не можеа да ни го конфискуваат на друг начин освен заедно со нашите животи„24 И ете, живи сме. На кого му пречи воинот на коњ поставен на Плоштадот Македонија? На когу му пречи градењето на автентичната македонска култура, на музејските поставки и слични присетници? „...Наследството од нашите предци треба да нè води кон обединување и меѓусебно поврзување.” 25 Зарем на некого не му е сè уште јасно дека колективната мемо-рија го конституира битниот сегмент за одредување на националниот идентитет или пак сака да се врати довчерашната колективна амнезија?

Misho NETKOVSKI

COLLECTIVE MEMORY AND IDENTITY

– summary –

The identity whether personal, social, political or cultural has become

a classical modern word which use is incredibly expanding and with that becoming more complex, receiving fluidness in its use, developing positively indefinite aura, same as the words democracy, freedom, progress. Today we pay special attention to the meaning and importance of the identity at numerous scientific symposiums or other meeting where eminent politicians, philosophers, sociologists, anthropologists and culturologists meet. I believe that this frequent and often distorted determination of this multilayered term in social sciences, publicism (with political function) and the political speeches which have hidden national or nationalistic network, has brought to the change of its original and real meaning, putting it in a position of multilayered international slogan, using it for odds and ends, with a function of defending a certain nation. The question of identity which in the years of the former Yugoslavian system was modeled according to the current demand of the unity with deformed historical sense for the continuity of the antique times and with accent on slavdom , according to modern observers (historians) has created a completely wrong perception of identity which now it is being complemented with the same uncritical attitude after every mentioning of the

24 Петре Андреевски, „Нема ништо разбирливо, ако остане неразбрано”, (пристапна беседа во МАНУ). Илустрирана ревија за иселениците од Македонија. „Македонија”, бр. 593, 1. 03. 2001.

25 Илија Димовски, „Грешките се вонегациите, в.„Дневник”, 25 октомври 2011, 13.

Page 125: Spisanie Istorija God.2010-2011

За колективната меморија и идентитетот

2010/11/XLVI/1-2 125

antique roots. In this context I also place the remarkable national and emotional urges of the government for placing memorial insignia on distinct places and preparation of educative shows on television from our distant past with a goal to fulfill a vacuum in the historical continuum of the Macedonian ethno genesis which unjustifiably and tendentiously was removed for decades or it was intentionally erased from our collective memory.

Page 126: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 127: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија ЃУРКОВСКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВО СР ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА И РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ПО

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Uvod

Истражувањата за иселениците од Македонија отсекогаш биле

тема која кај историчарите предизвикувала голем интерес. Во Македонија беа одржани два научни собири по однос на ова прашање. Оваа статија има за цел да ги осознае причините за иселувањето на Македонците по Втората светска војна во европските земји и да даде статистички показатели за иселувањето од СР Македонија по Втортата светска војна.

Културната интеграција на иселениците од Република Маке-донија во земјите: СР Германија, Република Австрија и Швајцарската конфедерација во период по Втората светска војна е тема која среде научните кругови постојано предизвикува дискусија за резултатите и достигањата од научните истражувања.1 Во овој контекст особено внимание се посветува на истражувањето на културните односи меѓу овие земји и матичната земја СР Македонија со крајна цел - иселениците да бидат интегрирани во новото поднебје каде што емигрирале.2

1 Една од многуте научни конференции е и Конференцијата под наслов: “Миграции во Југоисточна Европа по II светска војна”, одржана во Белград во периодот 20 - 22.11.2003 г. во организацијата на Гете Институт – Белград а во рамките на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. А во Македонија се одржаа два научни собири од кои беа објавени и зборниците: Зб: Прв меѓународен научен собир: “Иселеништвото од Македонија од појавата до денес”, Крушево, 3-5 август 2000г, Агенција за иселеништво на РМ, ИНИ, Скопје, 2001, 479 и Зб: Втор меѓународен научен собир: “Иселеништвото од Македонија од појавата до денес”, Струга, 20-22 ноември 2003, Агенција за иселеништво на РМ, , Скопје, 2004, 163. 2 Проф. д-р Марјан Димитријевски, Прилог кон библиографијата на македонската историографија за иселеништвото од Македонија. Зб. Прв меѓународен научен собир: “Иселеништвото од македонија од појавата до денес”, Крушево 3-5 август 2000г, Агенција за иселеништво на РМ, ИНИ, Скопје, 2001, 457-474.

Page 128: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

128

Причини за иселување по Втората светска војна Имајќи ја предвид ресорната надлежност на Републичкиот

секретаријат за односи со странство, нема непосреден увид во интензитетот на иселувањето на граѓаните од СР Македонија во прекуокеанските земји и земјите на Западна Европа. Меѓутоа, од контактите со Дирекцијата на културни прашања на Австрија и некои други земји, како и со наши граѓани кои се обраќале за информации и евентуална помош при добивањето дозволи и визи, можеме да согледаме дека, во западноевропските земји актуелно е настојувањето на голем број наши граѓани кои заминуваат без дозволи за работа и престој, преку барањето политички азил да добијат такви дозволи.

Иако интензитетот на барањата и заинтересираноста за заминување од СР Македонија не бил намален, во значителна мерка биле намалени еуфоричните расположби за иселување, особено по согледувањата и реалните информации за начинот и можностите за заминување. Карактеристично е што меѓу нив е голем бројот на високообразовни кадри, како и на оние кои се веќе во работен однос во Републиката. Заинтересираните главно се на возраст од 20 до 40 години.

Најголемиот број од оние што заминувале или биле заинтере-сирани да се иселат во западноевропските земји, се Македонците, но заминувале и од албанската и ромската народност. Карактеристично за Албанците и Ромите било заминувањето без семејства.3 Информацијата за иселувањето на граѓани од СР Македонија заснована е врз податоците за вработените и невработените со кои располагаат самоуправните интересни заедници за вработување и податоците за извршените систематски прегледи во медицинските центри за добивање на иселеничка виза.

Дискусијата за резултатите од процесот на миграционите движења по Втората светска војна од Македонија кон европските земји со германско јазично подрачје и формирањето на т.н. ,,гастарбајтери” е непресушна тема на анализата на научните работници кои се занимаваат со оваа проблематика.4

3 Информација од Собрание на РМ и претседателот на собранието проф. др. Тито Беличанец до Извршниот совет на Собранието на СР Македонија за иселувањето во прекуокеанските земји и земјите во Западна Европа од СР Македонија во период 1987 и I-X 1988 година. ДАРМ. ф. Извршен совет на РМ. 4 Од друга страна паралелно со овој процес тука е присутна и внатрешната миграција и заминувањето на селското население во насока на градовите и индустриските места.

Page 129: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 129

Во повоениот период граѓаните од Македонија продолжиле да се иселуваат кон земјите од германското јазично подрачје од својата земја од повеќе причини.

Најголем одлив на населението од СРМ бил забележан во времето од 60-тите години на 20. век, па сè до осамостојувањето на Република Македонија. За овој период доминантен бил социјалниот мотив, односно заминување на ,,привремена работа” во странство. Правецот на емигрирање се одвивал во насока на прекуокеанските и особено кон западноевропските земји. Во западноевропските земји македонските иселеници главно заминувале на работа во СР Германија, Швајцарија и Австрија, но и во други економски развиени европски земји. Тие од страна на македонските власти биле третирани како привремено иселени лица, но со тек на време во западноевропските земји и особено во земјите од западна Европа овие иселеници биле нарекувани,,гастарбајтери”.5

Појавата на иселување односно миграција продолжува и по создавањето на независна Република Македонија и трае до денешни денови. Главни причини за отселувањето на нашите граѓани во овие земји се најчесто невработеноста, односно желба за подобра заработувачка. Овој факт го потврдува и квалификационата структура на отселените од кои повеќе од 80% се со средна, односно нижа стручна подготовка.

Покрај рестриктивната политика на овие земји што во последно време се водела кон граѓаните што бараат вселување, сепак голем број наши граѓани добивале влезна виза со помош на гаранциите што им ги испраќале нивните роднини кои веќе живеееле таму.

Многу често била регистрирана и појавата на зачестено заминување во земјите на Западна Европа на припадници на ромската етничка група кои заради полесно вработување во овие земји барале политички азил. Оваа појава добила масовен карактер во последните два месеци од 1987 година кога само од Куманово и Скопје во СР Германија заминале околу 180 граѓани.

Во периодот 1987-1988 година (без Скопје) во земјите на Западна Европа се отселиле приближно 1000 Роми. Голем број од нив се отселуваат во СР Германија каде добиваат стаж и парична помош,

5 Сеадин Џафери, Иселеништвото од Македонија од Албанско потекло во Швајцарија. Зб. Прв меѓународен научен собир: “Иселеништвото од Македонија од појавата до денес”, Крушево 3-5 август 2000г, Агенција за иселеништво на РМ, ИНИ, Скопје, 2001, 173-181.

Page 130: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

130

склучувајќи при тоа договор за привремен престој и работа за период од 5 години.6

Граѓаните од СР Македонија кои живеат и работат во земјите на Западна Европа без дозвола за работа и престој доаѓаат во судир со тамошните полициски органи. Притоа изложени се на разни политички мерки при што голем број се депортирани назад во земјата од каде што дошле. Во земјите на Западна Европа добивањето државјанство се условува со отпуст од државјанство на СРМ и СФРЈ поради што многу помал број наши државјани се стекнуваат со државјанство на некои од овие земји. Најчести причини поради кои бараат отпуст од државјанство се подобро работно место, остварување на права од пензиско и инвалидско осигурување и сл.

Во периодот од 1987-1988 година 155 државјани од СРМ стекнале државјантво во некоја од земјите на Западна Европа.

Врски на македонското иселеништво со Република Македонија

До создавањето на самостојна македонска држава во рамките на

југословенската федерација во 1944 година, не може да се говори за односи меѓу македонското иселеништво и Македонија. Сè до овој период врските се ограничувале на преписка со роднините и пријателите во татковината и на поединечни посети на родните места.

Како составен дел на југословенската федерација, Македонија не била во состојба да води самостојна политика кон иселениците. Во документите од Првото заседание на АСНОМ делумно било третирано ова прашање. Во периодот по воведувањето на работничкото социјалистичко самоуправување, кога земјата влегла во еден вид ,,економска благосостојба”, односно состојба на бројни инвестиции и градба на капитални објекти од електро, металургиската, хемиска, прехранбената, текстилната и друга стратешка индустрија, кај народот речиси и да немало нагласен интерес за иселување, бидејќи се сметало дека тоа е непотребно и безпредметно.

Дури во наредниот период, во 60-тите и 70-тите години на дваесеттиот век, во време на зајакнување на економската криза како последица од резултатите на самоуправувањето, кога била достигната кулминација во процесот на одлевање на работна рака, се појавил поголем интерес на државата кон ова прашање. 6 Димитриевска, Елка, Некои аспекти на социјално-економската структура на иселеништвото. Иселеништвото од Македонија (резултати од истражување). Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, XI-XII/1, Скопје 1990, 36-39.

Page 131: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 131

Во целиот период до осамостојувањето на Р. Македонија, иселеничкото прашање не било елаборирано ниту во еден уставен или законодавен елемент, туку било разгледувано од страна на невладини политички организации и установи. Таква организација била Матицата на иселениците од Македонија, која била под надзор и менторство на ССРНМ.7

Иселеништвото како појава не било покривано со државен ресорен орган, иако е познато дека иселувањето традиционално отсекогаш било присутно во Македонија.

Одделни ингеренции во политиката кон иселениците биле преземени и од Секретаријатот за односи со странство, формиран во 1975 година.

Со распаѓањето на југословенската федерација и формирањето на сомостојна и суверена Република Македонија, грижата за иселеништвото се издигна во уставна обврска на државата. Во Уставот на Република Македонија, донесен на 17 ноември 1991 година, во чл. 49 за ова се пропишува:

,,Републиката се грижи за положбата и првата на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.

Републиката се грижи за културните и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство”.

Со формирањето на самостојна Република Македонија, а поаѓајќи од оваа уредба на Уставот, грижата за иселеништвото се издигна со уставна обврска, врз чија основа во текот на 1998 година беше формирано Министерство за иселеништво. Неговата дејност се одвиваше до јули 2000 година, кога беше создадена Агенцијата за иселеништво, како орган на Владата на РМ. Во нејзин домен влегуваат сите прашања поврзани со македонската дијаспора. Во надлежност на Агенцијата спаѓаат работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Република Македонија, помагање на нивниот културен развој и унапредување на врските со нив и нивните организации, запознавање на иселениците со состојбите во нивната татковина, создавање услови за враќање на иселениците во земјата и нивното вклучување во јавниот и економски живот на државата.

Освен официјалната државна политика, контакти со македонските иселеници низ светот се одржувале и сè уште се

7 Матицата е формирана на 17 мај 1951 г во Скопј. Таа го издавала и месечникот “Македонија” со статии на македонски и англиски јазик. Македонска енциклопедија, МАНУ, Т-2, М-Ш, Скопје, 2009, 928.

Page 132: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

132

остваруваат и преку бројни списанија наменети за нив, специјални програми на македонското радио како и со отворањето на посебен сателитски телевизиски канал, преку кој иселениците секојдневно можат да ги следат програмите на Македонската радио телевизија.8

Но и покрај сите споменати институции и активности, во Република Македонија сè уште отсуствуваат елементарни податоци и статистички евиденции за бројот, структурата и начинот на иселувањето на граѓаните од Македонија. Извесен напредок се чувствува само кај службите на Републичкиот завод за статистика кој со најновите пописи се обидува да ја покрие и оваа проблематика.

Чувството за враќање назад во татковината е присутно кај иселениците од постарата генерација, но тоа е многу послабо изразено кај нивните деца или внуци кои припаѓаат на втората или трета генерација. Македонските иселеници без разлика од кој крај на Македонија потекнуваат и во кој период се иселиле, несебично ја подржуваат независнота на Македонија. Во оваа насока тие оставија силен печат и на креирањето на новите македонски државнички симболи. Станува збор за првото знаме на Република Македонија со симболот на античките Македонци - ѕвездата од Вергина, што беше донесено под силно влијание на иселеништвото. Ова знаме не го издржа тестот на современиот европски политички живот, и тоа беше во употреба од 1992 до 1995 година.   Статистички и други показатели Според одредени статистички показатели од 1994 година9, во Германија, Швајцарија и Австрија бројот на македонските иселеници изгледал вака: 8 Шопар, Весна, Информирањето и информираноста на иселениците од Македонија. Иселеништвото од Македонија (резултати од истражување). Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, XI - XII/1, Скопје 1990, 46-53. 9 Daskalovska Katerina, Katerina Nospalovska, Migrations in the Republik Macedoni and spatial distribution of the population in the 1990s. Statistical Office the Republik of Macedonia. Demobalk Conference, Saraevo, May, 2000.

Page 133: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 133

Германија  Швајцарија  Австрија Престој  Сè вкупно 

     Работо-способни 

6075  4935  1794 

членови на фамил.

7520  6534  1051 0‐4 

години 

вкупно  13595  11469  2845 Работо-способни 

2058  2468  884 

членови на фамил.

929  1408  317 помалку 

од 1 година 

вкупно  2987  3876  1201 Работо-способни 

4017  2467  910 

членови на фамил.

6591  5126  734 од 1‐4 

години вкупно  10608  7593  1544 

Од вкупниот број на иселениците според националната припадност најголема застапеност има кај Македонците, потоа Албанците, а значително помала или минимална е застапеноста на останатите националности од Република Македонија. Во периодот 1971-1994 година, бројот на работниците Македонци расте од 36915 на 54955 лица или за 48.9%, а кај Албанците тој е зголемен за повеќе од два пати и тоа од 11692 на 25888 лица. При тоа учеството на Македонците во вкупниот број работници мигранти се намалува од 67,8% на 62,7%, додека тој кај Албанците бележи пораст од 21,5% на 29,5%. Меѓутоа треба да се има предвид дека овие показатели не ја одразуваат реалната состојба поради веќе укажаното дека не се опфатени целосно сите граѓани од Република Македонија кои се во странство, а особено оние кои претстојуваат во прекуокеанксите земји.10 За Швајцарија, некои истражувачи се обидоа да дадат одредени поконкретни статистички показатели и за иселениците од Република Македонија во оваа земја. Така во Швјацарија денес има околу 50982 лица со македонско државјанство, од кои половината и повеќе се од

10 Верица Јанеска, Особености на современата емиграција на работната сила од Република Македонија. Зб.: Прв меѓународен научен собир: Иселеништвото од Македонија од појавата до денес. Крушево ,3-5 август 2000, Скопје 2001, 107.

Page 134: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

134

албанска националност. Половата структура на овие иселеници била: 28 169 мажи, 22813 жени. Од нив вработени се вкупно 20316 лица од кои 15376 мажи и 4940 жени. Иселеници на возраст над 16 години има 17182 лица, а деца од 7-15 години има 10 005.11

Во прилог ги доставувам документите од Државниот архив на Македонија (Фонд: Извршен совет на СРМ), за иселениците од СРМ во земјите од Западна Европа по Втората светска војна:

ТАБЕЛАРНИ ПРЕГЛЕДИ

П Р Е Г Л Е Д бр. 1 За лицата кои се иселиле во прекуокеанските земји и земјите на

Западна Европа од СРМ во период 1987 и I – X 1988г.

Национална припадност

Ред.бр.

СИЗ за вработување СЕ жени

Македонци

Албанци

Роми

Останати

Возраст

1. Берово - - - - - - - 2. Битола 268 58 231 12 4 21 3. Брод - - - - - - - 4. Валандово 2 1 2 - - - 24-25 5. Виница - - - - - - - 6. Гевгелија 7. Гостивар - - - - - - - 8. Дебар - - - - - - - 9. Делчево - - - - - - - 10. Д.Хисар 11 3 11 - - - 20-55 11. Кавадарци 15 12. Кичево 42 10 33 7 2 - 13. Кочани - - - - - - -

11 Сеадин Џафери, Иселеништвото од Македонија од албанско етничко потекло во Швајцарија. Истото, 175.

Page 135: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 135

14. Кратово 18 - 5 - 11 2 3-49 15. Кр.Паланка - - - - - - - 16. Крушево 1 - 1 - - - 50. 17. Куманово - - - - - - - 18. Неготино 4 2 4 - - - - 19. Охрид 20. Прилеп 21. Пробиштип - - - - - - - 22. Радовиш 23. Ресен 20 8 12 6 - 2 22-59 24. Св.Николе 27 14 5 - 22 - 20-38 25. Скопје 26. Струга 10 1 9 1 - - 3-53 27. Струмица 28. Тетово 82 20 20 54 - - 3-53 29. Т.Велес - - - - - - - 30. Штип 35 - 10 - 23 2 25-40 Вкупно: 524 114 340 80 62 27 Извор: Самоуправна интересна заедница за вработување

ПРЕГЛЕД бр.2

За лицата кои се иселиле во прекуокеанските земји и земјите на Западна Европа од СРМ во 1987 и I – X 1988 година

Квалификациона структура СИЗ за вработу-вање

СЕ

Вработени

Невработени

ОО

НКВ

ПКВ

КВ

ССС

ВШС

ВСС

Берово - - - - - - - - - - Битола 268 268 - - 80 - 104 50 14 20 Брод - - - - - - - - - - Валандово 2 - - - - - - - - - Виница - Гевгелија Гостивар - - - - -- - - - - - Дебар 11 - - 7 4 Делчево -

Page 136: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

136

Д.Хисар Кавадарци 15 4 4 6 1 Кичево 42 6 4 12 1 12 Кочани - Кратово 18 К.Паланка - Крушево 1 1 1 Куманово - Неготино 4 3 1 2 1 1 Охрид Прилеп Пробиштип - Радовиш Ресен 20 8 12 - 5 2 3 5 3 2 Св.Николе 27 7 20 - 25 - - 1 1 - Скопје Струга 10 - 10 5 - - 4 1 - - Струмица Тетово 82 82 49 30 1 2 Т.Велес - Штип 35 33 2 - 27 - 2 3 3 - Вкупно 535 407 52 17 142 2 168 111 23 26 Извор: Самоуправна интересна заедница за вработување

ПРЕГЛЕД бр.3 На лицата иселени во прекуокеанските земји и земјите на Западна

Европа од СРМ во период I - X 1998 година

СИЗ за вработување

СЕ

Земја на имиграција

Герм

анија

Австралија

Франција

Канада

САД

Швајцарија

Шведска

Останати

Берово - Битола 268 Брод - Валандово 2 1 1

Page 137: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 137

Виница Гевгелија Гостивар - Дебар 11 1 10 Делчево - Д.Хисар Кавадарци 15 Кичево 42 - 34 7 1 Кочани - Кратово 18 11 - 7 Кр.Паланка - Крушево 1 1 Куманово - Неготино 4 4 Охрид - Прилеп - Пробиштип - Радовиш Ресен 20 - 8 10 1 1 Св.Николе 27 25 2 Скопје Струга 10 6 1 3 Струмица Тетово 82 13 10 1 12 37 1 8 Т.Велес - Штип 35 25 7 1 2 Вкупно 535 76 93 15 3 25 39 2 10 Извор: Самоуправна интересна заедница за вработување

Во текот на 1987-88 година продолжува интересот на граѓаните од СР Македонија за иселување во прекуокеанските западноевропски земји. Оваа информација има за цел да го прикаже бројот на иселувањата во последните две години, според земјата на иселувањето, националната припадност, работниот статус, квалификационата структура и возраста на иселениците. Во интерпретацијата на податоците, добиени од општините во СР Македонија, треба да се има предвид нивната релативна точност, што е резултат на отсуството на единствен систем и методологијата за следење на миграционите движења од овој вид.

Page 138: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

138

Во обидот да се дојде до целосен број на иселувањата како извори се користени податоците од општините според: - евиденциите на поголемите организации на здружениот труд; - евиденциите на воспитно-образовните организации; - евиденциите за лицата кои обавиле лекарски прегледи поради

иселување; - евиденциите на секретаријатите за народна одбрана; - евиденциите на општинските судови за лицата кои извршиле

преводи на документите; - евиденции на СИЗ-овите за вработување и - евиденциите на туристичките агенции.

Притоа како основен извор се утврдени евиденциите на поголемите организации на здружениот труд и воспитно-образовните организации, што само по себе укажува на ограничен опфат, меѓутоа опфат кој е мошне конкретен.

Сите останати евиденции се пратечки извор, кој повеќе или помалку ја потврдува појавата на иселувањето и е даден во приложените информации од надлежните републички ресори.12

1.Од прегледот бр.1 произлегува дека вкупниот број иселувања во прекуокеанските и западноевропските земји, за периодот 1987-88 година изнесува 3318 лица. Најбројни иселувања регистрирани се во општините: Куманово (509), Битола (480), Тетово (435), Чаир ((298), Дебар (250), Охрид (242), Центар (223), Струга (142), Кисела Вода (140) и Гостивар (105). Скопското подрачје е застапено со вкупно 816 иселувања.

2.Од прегледот бр.2 се гледа дека за голем дел иселеници (1434) не се знае каде се иселиле.

Од познатите, доминира СР Германија (915), потоа САД (241), Австралија (238), Швајцарија (219) и Турција (125).

3.Според националната припадност (преглед бр.3) 1142 се Македонци, 880 Роми, 579 Албанци, 131 Турци, меѓутоа непозната е националната припадност на 586 лица.

4. Од прегледот бр.4 произлегува дека за 1154 иселеници не е познато со каков работен статус заминале, а од регистрираните, евидентно е дека 838 лица го раскинале работниот однос заради иселување, 355 лица земале неплатено отсуство и дека се иселиле 493 невработени лица, или заминале вкупно 1193 лица кои биле во работен однос.

5. Според квалификационата структура (прилог бр.5) евидентно е дека за повеќето од половината на иселените (1629) не е позната 12 Информацијата од Републичкиот секретаријат за односи со странство.

Page 139: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 139

квалификационата структура, а во познатата доминираат неквалифи-куваните работници (732), работниците со средна стручна подготовка (423) и квалификуваните работници (314).

Работниците со високо образование застапени се со 118 лица. 6. За возраста на иселениците општините не доставија прецизни

податоци, наведувајќи дека таа се движи за две третини од вкупниот број иселеници меѓу 25 и 40 години, а за една третина меѓу 0 и 15 години. Притоа, симболичен е бројот на иселениците кои се постари од 40 години.13 ПРЕГЛЕД бр.1

П Р Е Г Л Е Д

На иселени граѓани од СР Македонија во прекуокеанските и западните земји во периодот од 1987/88 година според :

вкупен број на иселувања

Реден број

ОПШТИНА ВКУПНО

1. Берово не се регистрирани иселувања

2. Битола 480 3. Македонски Брод не се регистрирани

иселувања

4. Дебар 250 5. Делчево регистрирани се 22

сезонски работници 8

6. Демир хисар не доставила 7. Гевгелија 12 8. Гостивар 105 9. Кавадарци 76 10. Кичево 43 11. Кочани не се регистрирани

иселувања

13 Петреска, Блага, Семејството и семејните односи на нашите иселеници. Иселеништво то од Македонија (резултати од истражување). Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, ЏИ-ЏИИ/1, Скопје 1990, 54-68.

Page 140: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

140

12. Кратово 15 13. Крива Паланка не доставила 14. Крушево 19 15. Куманово 509 16. Неготино 4 17. Охрид 242 18. Прилеп несе опфатени членовите

на семејството и сезонските работници

30

19. Пробиштип не доставила 20. Радовиш 6 21. Ресен 12 22. Струга 142 23. Струмица 23 24. Свети Николе не се регистрирани

иселувања

25. Штип 35 26. Тетово 435 27. Титов Велес 15 28. Валандово не се регистрирани

иселувања

29. Виница регистрирани се и 14 сезонски работници

39

30. Скопје-Центар 223 31. Скопје-Карпош 66 32. Скопје-Кисела

вода 140

33. Скопје-Гази баба 89 34. Скопје-Чаир 298 35. Скопје-Вкупно 816 В К У П Н О: 3318

Page 141: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 141

ПРЕГЛЕД бр.2 ПРЕГЛЕД

На иселени граѓани од СР Македонија во прекуокеанските и западните земји во периодот 1987-88 според: земја на иселување

Ред. Бр.

Општина Австрали

ја

САД

Канада

Австрија

СРГ

Швајц

.

Франц

.

Шведска

Турција

непоз.

Вкупно

1. Берово не се регистрирани иселувања 2. Битола 2 478 480 3. Мак. Брод не се регистрирани иселувања 4. Дебар 150 15 25 20 9 20 11 250 5. Делчево 2 3 3 8 6. Демирхисар Не доставила податоци 7. Гевгелија 12 12 8. Гостивар 7 97 1 105 9. Кавадарци 9 57 1 1 11 76 10. Кичево 35 1 7 43 11. Кочани не се регистрирани иселувања 12. Кратово 11 4 15 13. К. Паланка Не доставила податоци 14. Крушево 15 4 19 15. Куманово 4 1 5 2 391 3 20 83 509 16. Неготино 4 4 17. Охрид 78 17 7 9 8 98 3 22 242 18. Прилеп 18 1 6 4 1 30 19. Пробиштип Не доставила податоци 20. Радовиш 6 6 21. Ресен 2 9 1 12 22. Струга 142 23. Струмица 23 23 24. Свети

Николе не се регистрирани иселувања

25. Штип 7 25 1 2 35 26. Тетово 10 17 1 3 17 59 1 327 435 27. Титов

Велес 3 1 4 5 2 15

28. Валандово не се регистрирани иселувања 29. Виница 14 13 12 39 30. Скопје-

Центар 30 13 12 3 26 9 1 7 122 223

Page 142: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

142

31. Скопје-Карпош

9 4 4 17 9 2 24 66

32. Скопје-Кисела вода

11 12 3 40 3 3 4 64 140

33. Скопје-Гази баба

89 89

34. Скопје-Чаир

5 4 1 259 7 22 298

35. Скопје-Вкупно

816

ВКУПНО: 238 241 34 41 915 219 26 46 125 1434 3318 ПРЕГЛЕД бр.3

ПРЕГЛЕД На иселени граѓани од СР Македонија во прекуокеанските и западните земји во периодот 1987-88 според: националната

припадност Ред. Бр.

Општина

Македон

ци

Алб

.

Турци

Срби

Роми

Непознат

о Вкупно

1. Берово не се регистрирани иселувања - 2. Битола 450 1 29 480 3. Мак. Брод не се регистрирани иселувања - 4. Дебар 48 202 250 5. Делчево 7 1 8 6. Демир

хисар Не доставиле

7. Гевгелија 12 12 8. Гостивар

44 97 105

9. Кавадарци 42 2 27 76 10. Кичево 43 4 2 49 11. Кочани не се регистрирани иселувања - 12. Кратово 4 11 15 13. Крива

Паланка Не доставиле

14. Крушево 17 2 19 15. Куманово 34 466 9 509 16. Неготино 4 4

Page 143: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 143

17. Охрид 42 1 2 1 194 242 18. Прилеп 27 1 1 1 30 19. Пробиштип Не доставиле 20. Радовиш 4 2 6 21. Ресен 4 8 12 22. Струга 63 87 1 1 23. Струмица 23 23 24. Свети

Николе не се регистрирани иселувања

25. Штип 10 2 23 35 26. Тетово 34 81 320 435 27. Титов

Велес 9 5 1 15

28. Валандово не се регистрирани иселувања 29. Виница 28 11 39 30. Скопје-

Центар 92 87 44 223

31. Скопје-Карпош

32 21 10 4 1 66

32. Скопје-Кисела вода

59 31 5 25 20 140

33. Скопје-Гази баба

28 15 1 1 3 41 89

34. Скопје-Чаир

28 35 3 232 298

35. Скопје-Вкупно

816

ВКУПНО: 1141 579 131 3 880 586 3318

Page 144: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

144

ПРЕГЛЕД бр.4

ПРЕГЛЕД На иселени граѓани од СР Македонија во прекуокеанските и западните земји во перидот 1987-88 според: работен статус

Ред. Бр.

Општина

со раск.на

рс.

неплатено

невработени

сезонци

забелешка

Вкупно

1. Берово не се регистрирани иселувања 2. Битола 311 169 480 3. Мак. Брод не се регистрирани иселувања 4. Дебар 70 180 250 5. Делчево 6 2 8 6. Демир

Хисар Не доставиле

7. Гевгелија 2 4 6 деца 12 8. Гостивар 26 34 45деца 105 9. Кавадарци 76(непознат) 76 10. Кичево 12 14 17 деца 43 11. Кочани не се регистрирани иселувања 12. Кратово 15(непознат) 15 13. Крива

Паланка Не

доставиле

14. Крушево 19 19 15. Куманово 509(непознат) 509 16. Неготино 3 1 4 17. Охрид 48 194 242 18. Прилеп 30 30 19. Пробиштип Не доставиле 20. Радовиш 6 6 21. Ресен 4 4 4 12 22. Струга 54 88 деца 142 23. Струмица 17 6 23 24. Свети

Николе не се регистрирани иселувања

25. Штип 31 4 35

Page 145: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 145

26. Тетово 99 16 320 деца 435 27. Титов

Велес 15 15

28. Валандово не се регистрирани иселувања 29. Виница 10 19 10(непо-знат) 39 30. Скопје-

Центар 56 61 106(непознат) 223

31. Скопје-Карпош

50 16 66

32. Скопје-Кисела Вода

140(непознат) 140

33. Скопје-Гази Баба

89

34. Скопје-Чаир

298(непознат) 298

35. Скопје-Вкупно

ВКУПНО: 838 355 493 1730 3318 ПРЕГЛЕД бр.5

ПРЕГЛЕД На иселени граѓани од СР Македонија во прекуокеанските и

западните земји во периодот од 1987-88 година според: квалификационата структура

Ред. Бр.

Општина

НКВ

ПКВ

КВ

ССС

ВКВ

ВШС

ВСС

Непоз

Вк.

1. Берово не се регистрирани иселувања

2. Битола 181 100 165 2 38 480 3. Мак. Брод не се регистрирани иселувања 4.

Дебар 225 НКВ

и КВ

20 2 3 250

5. Делчево 2 4 2 2 8

Page 146: Spisanie Istorija God.2010-2011

Лидија Ѓурковска

146

6. Демир хисар

Не доставиле

7. Гевгелија 2 другите се невработени и 6 деца

12

8. Гостивар 31 20 2 5 47 деца 105 9. Кавадарци 76 76 10. Кичево 13 1 12 17 деца 43 11. Кочани не се регистрирани иселувања 12. Кратово 15 15 13. Крива

Паланка Не доставила

14. Крушево 11 7 1 19 15. Куманово 509 509 16. Неготино 2 1 1 4 17. Охрид 28 44 109 52 4 7 8 242 18. Прилеп 1 1 11 11 3 3 30 19. Пробиштип Не

доставила 20. Радовиш 1 1 4 6 21. Ресен 2 1 4 3 2 12 22. Струга 49 1 4 88

ученици 142

23. Струмица 6 3 4 10 23 24. Свети

Николе не се регистрирани иселувања

25. Штип 26 4 3 2 35 26. Тетово 57

НКВ и

КВ

38 10 10 320 деца

435

27. Титов Велес

8 1 4 2 15

28. Валандово не се регистрирани иселувања 29. Виница 3 3 4 29 39 30. Скопје-

Центар 10 10 29 4 4 11 155 223

31. Скопје-Карпош

22 4 9 4 7 10 10 66

32. Скопје-Кисела Вода

19 2 4 35 1 3 76 140

Page 147: Spisanie Istorija God.2010-2011

Иселениците од Република Македонија...

2010/11/XLVI/1-2 147

33. Скопје-Гази Баба

16 10 29 21 2 6 6 6 89

34. Скопје-Чаир

4 9 3 2 1 1 278 298

35. Скопје-Вкупно

816

ВКУПНО: 732 60 314 423 20 48 118 1629 3318

Lidija GJURKOVSKA

EMIGRANTS FROM MACEDONIA IN FR GERMANY, THE SWIS CONFEDERATION AND THE REPUBLIC OF AUSTRIA AFTER THE SECOND WORLD WAR

– summary –

Studying the Macedonian immigrants has always been a topic that

caused great interest with the researchers. Two symposiums were held in Macedonia regarding this issue. This article aims to reveal the reasons for the emigration of Macedonians after the Second World War in Western Europe. At the end of the article, there is a table outline of the statistics showing the emigration of Macedonians from the Socialist Republic of Macedonia to Western Europe, after the Second World War.

Page 148: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 149: Spisanie Istorija God.2010-2011

PRIKAZI

ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА (1944-1991)

од проф. д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет, Скопје 2011, 500

Современата историја на македонскиот народ, поради релативно кратката историска дистанца, како и поради општествено-политичките околности, сè уште остава широки можности за нејзино натамошно запознавање и проучување. Во таа смисла, трудот на проф. д-р Виолета Ачкоска, Лекции од историјата на современата македонска држава (1944-1991), кој всушност претставува прв универзитетски учебник посветен на овој период од македонското историско минато, и кој е наменет за студентите на Филозофскиот факултет во Скопје, нуди детален увид во општествениот, политичкиот, економскиот и културниот развој на македонската држава од нејзиното создавање во 1944 година до осамостојувањето во 1991 година.

Содржината на трудот, кој има петстотини страници, се состои од предговор, вовед, два дела кои имаат по десет лекции, како и од седум прилози. На крајот од секоја лекција посочена е и дополнителна литература.

Предговорот (1-4) претставува осврт на авторот кон досегашните проучувања на историјата на современата македонска држава, за кои е оценето дека како резултат на општествено-политичките околности, на идеолошките притисоци и затвореноста на архивите, но и на непостоењето на историска дистанца кое тогаш било поставено како методолошко правило во историската наука, забележлив е, со одредени исклучоци, недостатокот на проучувања на периодот по 1953 година.

Во воведот (5-10) пак, е даден краток хронолошки преглед на историјата на македонска држава од 1944 до 1991 година i направена е нејзина периодизација, врз основа на промените на општествено-политичкиот систем во југословенската федерација, односно во Македонија.

Во првиот дел, со наслов „Политички промени, појави и процеси“ (11-246), низ десет лекции се опфатени најзначајните моменти од современата македонска историја. Меѓу нив, секако, се вбројуваат стремежите на македонскиот народ за создавање сопствена држава,

Page 150: Spisanie Istorija God.2010-2011

 150

како главна причина за неговото учеството во НОБ, подготовките за поставување на темелите на македонската државност и нејзината реализација на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. Притоа, авторот посветува внимание на политичката состојба и на разликите во македонското раководство околу решавањето на македонското национално прашање и на правото на македонскиот народ на обединување и сè позасилената контрола што ја воспоставувало водството на Комунистичката партија на Југославија, како главен носител на централизмот во Федерацијата. Тие разногласија резултирале со судир на новата југословенска власт со патриотски ориентираните македонски државници, револуционери и интелектуалци, кој во интерес на зацврстувањето на нејзините позиции, прераснал во масовна и безмилосна пресметка со сите нејзини политички и идеолошки неистомисленици, која продолжила и во наредниот период, посебно по резолуцијата на ИБ и разминувањето меѓу ФНРЈ и Советскиот Сојуз во текот на 1948 година. Информбировската кампања, меѓународната изолација на ФНРЈ и заладувањето на односите со државите од социјалистичкиот блок, првенствено со НР Бугарија, каде што по Втората светска војна Македонците имале културна автономија, претставувале дополнителен удар врз можностите за решавање на македонското национално прашање во pиринскиот дел на Македонија. Сличен бил и односот на НР Албанија, со што била отежната положбата на тамошното македонско население. Комунистичката партија на Грција, која, исто така, ја прифатила резолуцијата на Информбирото, започнала политичка пресметка со нејзините македонски членови, што многу неповолно се одразило врз македонското националноослободително движење и врз Gраѓанската војна. Тоа ја усложнило и онака тешката состојба на македонскиот народ во eгејскиот дел на Македонија. Стојалиштата на водечките протагонисти на македонската, односно југословенската политичка сцена во однос на состојбите во Македонија, како што можеме да забележиме, се јасно одредени и овозможуваат прецизно согледување на нивната улога во македонската повоена историја.

Во првиот дел од трудот на проф. д-р Ачкоска, исто така, се опфатени позначајните аспекти на меѓунационалните односи, политиката на власта кон националните малцинства, односно нејзината политика кон верските прашања и миграционите процеси, кои имале значително влијание врз етничката структура во македонската држава.

Во однос на развојот на македонската државност и положбата на Македонија и на македонскиот народ во југословенската федерација, истакнато е дека тие во голема мера зависеле од политиката и

Page 151: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 151

интересите на потесното раководство на КПЈ-СКЈ, односно на нивната „продолжена рака“ олицетворена во врвот на КПМ-СКМ. Југословенскиот државен врв, на чие чело сè 1980 година бил Јосип Броз Тито, завел целосен монопол врз власта, преку кој се остварувала доминантната улога на федерацијата во однос на републиките. Оваа подреденост на републичките државни и партиски органи на сојузните organi била уредена со сојузните и републичките устави, односно на сојузните и републичките партиски конгреси. Со тоа биле стеснети можностите за поголема самостојност на републиките.

Авторот се осврнува и на повеќе или помалку успешните обиди за децентрализација, дебирократизација и демократизација на југос-ловенското, односно македонското општество, преку замената на државниот социјализам со работничкото самоуправување како специ-фичен модел на социјалистичко државно уредување, кој е каракте-ристичен за југословенската федерација и кој ќе се задржи речиси до самиот крај на нејзиното постоење. Притоа, внимание е посветено на нагласените меѓунационални и економски разлики кои сè поотворено се манифестирале во општеството и се рефлектирале и во политичките односи, на разногласијата околу натамошниот развој на Федерацијата и во Македонија, односно на судирот на двете тенденции во политиката на СК, реформската и антиреформската, кој кулминирал во 60-tite и почетокот на 70-tite години на минатиот век.

Во Лекции од историјата на современата македонска држава (1944-1991), се обработени и културните и научните достигнувања на македонскиот народ во неговата држава. Воведувањето на македонскиот јазик како службен, дооформувањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот литературен јазик претста-вуваат основен предуслов за натамошен развој на културата. Со акциите за намалување на процентот на неписменоста кај населението и со организирањето на основното, средното и високото образование биле постигнати значајни резултати во однос на неговото културното издигнување. Исто така, во повоениот период биле формирани повеќе национални, културни и научни установи од вонредно значење за зацврстувањето на посебноста на македонскиот народ, а бројни истакнати поединци дале значаен придонес во науката и културата.

Првиот дел од трудот завршува со разгледувањето на причините кои довеле до распаѓање на југословенската федерација и со осамостојувањето на Република Македонија. Со усвојувањето на Sојузниот, односно Rепубличките uстави во 1974 година, положбата на републиките значително зајакнува и се зголемуваат нивните надлежности во однос на Федерацијата. По смртта на Јосип Броз Тито, економската криза и меѓунационалната нетрпеливост се засилиле и

Page 152: Spisanie Istorija God.2010-2011

 152

кулминирале во 80-tite години на минатиот век. Развојот на настаните на светската политичка сцена, кој довел до колапс на социјализмот во останатите социјалистички држави во Европа, во почетокот на наредната деценија се одразил и врз општествено-политичките состојби во СФРЈ. На тој начин, биле овозможени услови за воведување на политички плурализам, пазарна економија и осамостојување на Македонија, до кое дошло како резултат на мнозинското изјаснување за независност на македонските граѓани на Референдумот одржан на 8 септември 1991 година.

Обновата на македонското стопанство како и неговата трансформација во сообразност со комунистичката идеологија имаат централно место во „Промените во имотно-сопственичките односи и развојот на стопанството“, вториот дел од учебникот (247-469). Во него е изнесена тешката економската состојба во првите години по завршувањето на Втората светска војна и мерките што југословенската, односно македонската власт ги презела за нејзина санација. Тие се карактеризирале со масовно вклучување на населението во работни акции кои ги организирале општествено-политичките организации. Авторот притоа, се задржува на главните одлики на државно-централистичкиот економски систем преку кој југословенската власт воспоставила целосна контрола врз економските односи, извршила конфискација и национализација на најголемиот дел од приватната сопственост и започнала развивање на планско стопанство. Доста внимание е посветено на колонистичката и аграрната политика на државата, односно на нејзините настојувања да воведе, слична со советскиот модел, колективизација на селото, која иако имала краткотраен рок, сепак оставила мошне негативни последици врз negoviot развитоk .

И покрај значителниот економски развој на Македонија, односно на Југославија, непочитувањето на пазарните законитости довело до сериозни економски и политички кризи. И покрај обидите на југословенското раководство за нивно надминување, при што една од најзначајните мерки претставувала стопанската реформа, која била донесена во 1965 година, но која немала успех, состојбата во југословенската економија постојано се усложнувала и ги заострувала меѓурепубличките односи, помалку или повеќе посредно придонесувајќи за забрзувањето на распадот на СФРЈ.

Во прилозите (470-500) се вклучени: Периодизација на историјата на современата македонска држава, Устави на Југославија-Македонија, Фази на стопанскиот развој, Поими, Состав на владите на НРМ-СРМ (1945-1991), Партиски конгреси и Список на skratenici.

Page 153: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 153

Трудот на проф. д-р Ачкоска претставува можност за подетаqно и попрегледно информирање за најважните настани, појави и процеси во развојот на македонската државност, во развојот на стопанството, како и во афирмацијата на македонските национални и културни интереси, не само за студентите на кои им е наменет, туку воопшто, и за оние кои се занимаваат со научна и просветна дејност поврзана со историјата, како и за сите што се интересираат за историското минато на македонскиот народ. Невен РАДИЧЕСКИ

Page 154: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 155: Spisanie Istorija God.2010-2011

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - ЖИВОТ И ДЕЛО,

Општина Ѓорче Петров, Институт за национална историја, Скопје, 2011, 350

По повод 90 години од смрттта, 146 години од раѓањето на

револуционерот Ѓорче Петров, еден од столбовите на Македонскта револуционерна организација и 95 години од формирањето на насел-бата Ѓорче Петров, една од десетте скопски општини, во организација на општина Ѓорче Петров и Институтот за национална историја од Скопје, на 1 април 2011 година беше одржана научна трибина на тема: ,,Ѓорче Петров-живот и дело”. По тој повод, рефератите што беа презен-тирани на научната трибина, беа објавени во зборник под истиот наслов.

Во зборникот има вкупно 21 реферат, каде што научните работ-ници ги изнесоа своите ставови и видувања за ликот и делото на Ѓорче Петров од повеќе области. Од рефератите дознаваме дека се обработени речиси сите области од животната врвица на овој значаен македонски револуционер.

Во првиот прилог со наслов ,,Ѓорче Петров наш незаборавник и вечен патоводител”, проф. д-р Марјан Димитријевски, пишува за животот и делото на Ѓорче Петров. Анализирајќи го животниот пат на Ѓорче Петров, проф. Димитријевски, ни дава јасна слика за големината на ликот на овој наш македонски револуционер. За профeсорот, во македонската национална историја нема поупорен и понеотстаплив борец за независноста на македонското национално и револуционерно движење.

Правнукот на Ѓорче Петров, проф. д-р Здравко Тројачанец, има прилог со наслов: ,,Ѓорче Петров лични сознанија и документи”. Тој во својот прилог, го осветли со некои карактеристики карактерот на Ѓорче Петров. Проф. д-р Марија Пандевска, пишува за: ,,Ѓорче Петров нас-проти врховизмот: окружното на ТМОРО од 1902 година”. Професор-ката го разгледува програмскиот докумeнт од 1902 година: „Окражно до револÓционните организции вÍ Малешевско, Джумайско и Петричко” напишано  од Ѓорче Петров,  а потпишано  во име на Тајниот Централ-ниот Македонско‐Одрински Комитет. Овој документ се разгледува низ две позиции. Првата е историското време во кое тој е настанат, а втората позиција претставува анализа на овој документ како силен програмски апел кој автенитично говори за идеолошките концепти на МРО.

Page 156: Spisanie Istorija God.2010-2011

156

  Во четвртиот прилог: ,,За датумот и годината на раѓање и смртта на Ѓорче Петров”, проф. д-р Александар Трајановски, прави обид да се уточни денот, месецот и годината од раѓањето на Ѓорче Петров. Досега, според професорот, се користеа доста неточности и непрецизности околу тоа прашање, но според пронаоѓање на автентични архивски материјали се востанови дека тој е роден во предградие на Прилеп на 2 април 1865 годиина. Доцент, д-р Наташа Котлар-Трајкова, имаше прилог со наслов: ,,Ѓорче Петров и врховниот македонски комитет”. Во прилогот, д-р Трајкова го објаснува односот на Ѓ.Петров, преставник на Македонска-та револуционерна организација (МРО) со Врховниот македонски комитет (ВМК) од 1895 до 1903г, кој бил прилично комплексен. М-р Димитар Љоровски - Вамваковски, ја прикажува ,, Дејноста на Ѓорче Петров во Илинденското востание: од Ќустендил до Мари-ово”. Тој го објаснува движењето и учеството на Ѓ. Петров во Илинден-ското востание. Според, м-р Љоровски тоа било еден од клучните периоди на Ѓ.Петров, кога тој најмоќното оружје: перото и хартијата, ги заменил со пушката и револверот. М-р Југослав Миновски, пишува за ,,Учителот Ѓорче Петров”. Најпрво го опишува образованието на Ѓ. Петров, кое било мошне специфично, а потоа и за неговото назначување како учител во Штип. М-р Миновски заклучува дека во тогашното македонско школство Ѓ.Петров бил една маркантна педагошка фигура, мошне угледен и успешен просветен работник. За ,,Споменот на Ѓорче Петров меѓу македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни”, пишува д-р Вера Гошева. Професорката објаснува, како во периодот меѓу двете светски војни во Бугарија биле правени обиди да се избрише сеќавањето за улогата на Ѓ. Петров во македонското револуционерно движење. Според, д-р Гошева, обидите да се игнорира неговото дело биле неуспешни, бидејќи споме-нот за Ѓ. Петров кај македонскта емиграција и натаму бил присутен. Проф. д-р Симо Младеновски има прилог за ,,Ѓорче Петров во колективнта меморија”. Прилогот преставува краток хронолошки преглед на животописот на Ѓ. Петров. Целта на прилогот е да ги актуе-лизира клучните и пресвртните настани и момент од живтот на Ѓ.Петров, судбински поврзани со минатото на македонското револуцио-нерно движење и да поттикне љубопитство кон натамошни истражу-вања и дорасветлувања. За ,,Општината Ѓорче Петров во административно-територи-јалните поделби на Република Македонија”, пишуваа: проф. д-р Љубица Јанчева и доц. д-р Катерина Мирчевска. Во прилогот го елаборираат

Page 157: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 157

прашањето за историјатот на општината Ѓорче Петров, за нејзиниот админитстративно-територијален статус од 1945 година до денес, како и за негување на ликот и делото на патронот, што преставува значаен сегмент за целокупната активност на оваа единица на локална само-управа. М-р Александар Симоновски пишува за ,,Илинденското воста-ние и првото заседание на АСНОМ”. Во прилогот, тој ја опишува поврзаноста на Илинденското востание (1903) и Народноослободи-телната и антифашистичка војна во делот на Македонија под Југос-лавија, за време на Втората светска војна. Според м-р Симоновски, револуционерните традиции, од илинденскиот период, биле најчесто користениот елемент од македонското национално ослободително дви-жење во текот на војната, со што се искажувал континуитетот на бор-бата на македонскиот народ за нацинално ослободување и формирање сопствена држава. ,,Негувањето на илинденските традиции и ликот и делото на Ѓ.Петров во НОАВМ”, е прилог на м-р Марјан Ивановски. Во трудот тој го прикажува континуитетот на револуционернаа борба на македон-скиот народ, односно негувањето и инкорпорирањето на илинденските традиции и ликот и делото на Ѓ. Петров во НОАВМ. Негувањето на ликот и делото на Ѓ. Петров во НОАВМ презентирано е преку парти-занскиот одред што го носел неговото име. За Фондацијата ,,Фондот Ѓорче Петров - расадник на истражу-вачката дејност за ликот и делото на Ѓорче Петров”, пишуваат: м-р Лидија Ѓурковска и м-р Јорданчо Попоски. Овој прилог се однесува на тоа како настанал фондот ,,Ѓорче Петров”. Идејата за овој фонд потекнувала од внукот од братот на Ѓ. Петров, д-р Методија Тројача-нец, кој понудил на подарок изворни материјали за Ѓ. Петров во вид на фотографии и документи, при што искажал идеја за формирање на фондација која ќе го носи името на револуционерот Ѓорче Петров. Проф. д-р Марко Китевски пишува за ,,Ѓорче Петров во маке-донската народна песна”. Професорот Китевски, објаснува дека во илиндескиот период се испеани многу песни за истакнатите револу-ционери. Според, пофесорот народот пеел за локалните војводи, а Ѓорче делувал во Софија и затоа за него има само неколку песни кои заслужуваат внимание.Песните се однесуваат на учеството на Ѓ.Петров во Илинденското востание. За ,,Научниот придонес на Ѓорче Петров во македонската етнографија”, пишува д-р Зоранчо Малинов. Во трудот професорот Малинов, ја расветлува дејноста на Ѓ. Петров како еден од публику-вачите на етнографски материјали на преминот од 19 во 20 век. Според

Page 158: Spisanie Istorija God.2010-2011

158

д-р Малинов, Ѓ.Петров не е само познат македонски револуционер, туку тој преставува и еден од првите автохтони македонски етнографи кои оставиле длабоки траги во македонската етнологија. ,,Девојачки камен во село Кучково-природна убавина на терито-рија на општина Ѓорче Петров”, е прилогот на д-р Драгица Поповска. Во прилогот, д-р Поповска го прикажува Девојачкиот камен, како дел од туристичката понуда на општината. Прилогот нè запознава со природната убавина на каменот, поткерепена со интересна приказна. За ,,Ѓорче Петров, прв Македонец- археолог “, пишува проф.д-р Викор Лилчиќ. Според професорот, ако се разгледа дејноста на Ѓ. Петров, во светот на македонските древности, несомено ќе се конста-тира дека тој бил првиот Македонец кој ги споменувал и опишувал архелошките локалитети во Македонија, претежно од типот на старите градови и тврдини. За ,,Праисториските и античките археолошки наоѓалишта во општина Ѓорче Петров”, пишува м-р Катерина Младеновска-Ристовска. Во прилогот е даден сумарен преглед на праисториските и античките археолошки наоѓалишта во денешната општина Ѓорче Петров, опфаќајќи ги селата Волково, Ново Село, Орман и Кучково.

,,Поинаков поглед на администартивно-територијаната орга-низација на Скопје и општината Ѓорче Петров со околината” е прилогот на проф. д-р Благоја Маркоски. Во трудот е направен осврт кон досегашното третирање на администартивно - територијалната организација на Скопје и скопскиот регион. Потоа, е понуден предлог за нова административно- територијална организација на скопскиот регион и градот Скопје.

Доц. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска и проф. д-р Олгица Димитровска имаат прилог со наслов: ,,Состојби и перспективи на индустријата во функција на квалитетот на животната средина во општина Ѓорче Петров”. Трудот има за цел да укаже на најсоодветниот компромисен начин како индустријата да се вклопи во вкупната просторна структура во општината, а притоа да не го наруши комодитетот на населението и вкупната животна средина.

За последниот прилог со наслов:,,Музеолошки освтрт кон неколку оригинали поврзани со ликот и делото на Ѓорче Петров”, пушува Славка Петровска-Славјанка. Таа го опишува ликот на Ѓорче преку неколку оригинални фотографии, документи и часовникот, кои се депонирани во витрините на Музејот на Македонија во Скопје.                      

   Лидија ЃУРКОВСКА

Page 159: Spisanie Istorija God.2010-2011

БАЛКАНОСЛОВ’ЯНСЬКИЙ ТЕКСТ ПОХОВАЛЬНОГО

ОПЛАКУВАННЯ: ПРАГМАТИКА, СЕМАНТИКА, ЕТНОПОЕТИКА

од Оксана Микитенко Национальна Академія Наук України, Институт мистецтвознанства,

фольклористики та етнологїі ім. М.Т. Рильского, Україхский комітет славістів,

Київ 2010

Оксана Микитенко од Институт за уметност, фолклористика и етнологија на Националната украинска академија на науките £ е позната на македонската фолклористика. Таа е чест гостин во Р Македонија, учесник на меѓународни научни собири и автор на монографскиот труд Балканословенскиот текст на погребното опла-кување: прагматика, семантика, етнопоетика, објавен во 2010 година. Овој значаен монографски труд има компаративен карактер и ја разгледува тематика на погребното оплакување во балканскословенски контекст: бугарски, македонски, српски и црногорски, правејќи и извесни паралели со украинските погребни оплакувања. Погребниот обред и жанрот на погребните оплакувања го привлекувале вниманието на повеќе автори, со посебен акцент на смртта. Во таа смисла, во Уводот, авторката наведува трудови на повеќе автори од словенските земји. Македонската фолклористика и етнологија во тој поглед имаат постигнато видни резултати. Тука да ги споменеме само трудовите на: Љупчо С. Ристески (Посмртниот обреден комплекс во традицијата и културата, 1999), Зоранчо Миланов (Посмртните обичаи во Брегал-ничката област, 2001), Танас Вражиновски (Рајот и пеколот во македонската народна традиција, 2008) и др. Проблематиката на смртта во народната култура е еден од важните мотиви застапени во народната култура на секој народ. Во традиционалниот модел на општествениот живот обичаите и времето на смртта биле исполнети со одредени религиозни и народни однесувања. Трудот на Оксана Микитенко претставува обид да се откријат оние елементи кои во согласност со народната традиција го создавале и го граделе народниот светоглед на повеќе суштински елементи на народниот живот, како што е смртта и погребниот обред и погребното оплакување, поврзани со неа. Авторите што ја проучувале смртта се согласуваат со ставот дека секоја култура има свој начин на реагирање кон смртта. Не постои култура која би ја третирала смртта, на кој било член на заедницата,

Page 160: Spisanie Istorija God.2010-2011

160

едноставно како обична реалност, која би била лишена од какви било културолошки форми и, се разбира, како таа ги регулира фактите. Смртта никогаш не е третирана само во биолошките категории; секогаш таа има и своја културолошка димензија. Па така авторката на оваа монорафија истакнува дека словенската фолклористика и етнологија во последниве години посебно место му посветиле на комплексното научно осмилслување на погребниот ритуал и на погребното оплаку-вање во контекст на развојот на хуманитарните науки, на тради-ционалната духовна култура, етногенезата и етнокултурната историја на народите, сè до словенските верувања и психологијата на народното творештво. Така поставената проблематика била предмет на трите последни меѓународни конгреси на славистите – XII (Краков, 1998 г.), XIII (Љубљана, 2003 г.), XIV (Охрид, 2008 г.). Првото поглавје авторката £ го посветила на бугарската традиција на погребното оплакување и на нејзиното собирање, публи-кување и проучување, кое има над едновековна традиција, почнувајќи од крајот на XIX век, па сè до најново време. Таа се задржува на терминологијата на оплакувањето, наведувајќи ги најпознатите терми-ни, какви што се: оплаква, плаче, нарежда, реди и некои други термини од локално значење. Во продолжение нејзиното внимание го привлекле исполнителите на оплакувањето, потоа етнопоетските константи на погребните оплакувања.

Второто поглавје £ е посветено на македонската традиција на погребното оплакување, нагласувајќи дека во многу случаи во објаву-ваните публикации со македонски народни песни во минатото, па и во наше време посебно во Бугарија биле прикажувани како „бугарски“ или „српски“. Како и во претходното поглавје авторката ја разгледува собирачката дејност, која датира уште од XIX век и која систематски продолжува и во претходното столетие. Истражувањето на погребното оплакување зазема важно место во фолклористичките и етнолошките проучувања во Македонија. Најпознатите македонски термини за опла-кување се: тажење, плачење, редење и др. Особеностите на оплакува-њето, нивните композициско-уметнички и структурно-морфолошки каратеристики на константните текстови на македонската традиција на погребното оплакување овозможуваат паралели со јужносрпските и западнобугарските традиции. Споменувајќи ја западнобугарската традиција, секако, авторката ја имала на ум, пред сè, македонската традиција од Пиринска Македонија. За жал, таа не го истакнува тоа. Третото поглавје се однесува на српската и на црногорската традија на погребното оплакување. Српската и црногорската традиција на погребното оплакување претставена е во тужбалиците. Српската фолклористика има постигнато значајни резултати во нивното публику-

Page 161: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 161

вање. Во таа смисла, авторката дава хронилошки преглед на најзначајните изданија, кои датираат од XIX век (1841), па сè до изданијата од крајот на XX век. Во продолжение таа се задржува на регионалната специфика на тужбалиците, терминологијата и пргамати-ката на оплакувањето, типологијата на исполнувањето на тужбалиците, традицијата и импровизацијата во нив, етнипоетските константи на тужбалиците. Во последното поглавје авторката на оваа значајна монографија се задржува на поетските особености на балканскословенскиот и украинскиот текст на погребното оплакување, осврнувајќи се на колористичкиот код на погребното плачење, следува украинските „сумне весїлля“ и неговите балканскословенски паралели. Соодветно место им отстапува и на поетските особености на плачењето за деца и na динамиката на константното изразување на балканскословенското и на украинското погребно оплакување, како еден вид фолклорната импровизација на писмениот текст. Својот труд Оксана Микитенко го завршува со избор на примери од бугарската, македонската, српската и од црногорската традиција поврзани со погребното оплакување, потоа наведува богата користена литература и резиме на англиски јазик.

Танас ВРАЖИНОВСКИ

Page 162: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 163: Spisanie Istorija God.2010-2011

POLSKA I MACEDONIJA. BIBLIOGRAFIA, KOMENTARZE, STUDIA

од Krzytof Wrocqawski, Magdalena Bogusqawska, Ewa Wróblewska-Trochimiuk

Instytut Slawistyki Zachodniej i Południowej

Uniwersytetu Warszawskiego, Warszawa 2009

Книгата Полска и Македонија. Библиографија, Коментари, Сту-

дии од авторите проф. д-р Кшиштоф Вроцлавски и неговите соработ-нички д-р Магдалена Богуславска и Ева Врублевска-Трохимиук претставува значаен придонес во расветлувањето на интересот на полската наука кон Македонија. Таа содржи Увод во авторство на проф. Кшиштоф Вроцлавски, а потоа следуваат био-библиографските извори; во продолжение следуваат следниве поглавја: Студии, Библиографиа - мацедоница, Библиографиа – полоница.

Автори на првото поглавје Студии се проф. Кшиштоф Вроцлав-ски и д-р Магдалена Богуславска. Нивниот научен интерес се движи во повеќе области од развојот на полско-македонските научни и културни релации, на пример: Македонија од полска перспектива (до 1945 г.), во авторство на К. Вроцлавски; Опфатот и динамиката на повоените полско-македонски релации, заедничко авторство; Полско-македонски јазичен интерес (Кшиштоф Вроцлавски); Македонија и Полска - заемни литературни контакти (Магдалена Богуславска) ;и Театарот како простор на полско-македонски културни средби. Со посредство на овие студии авторите се стремаат да го воведат читателот во проблематиката на полско-македонските врски, кои главно имаат општ карактер. Тие содржат синтетичко разгледување на необичната и богатата соработка во областа на повеќе научни дисциплини.

Второто поглавје Библиографиа - мацедоница, ги содржи следниве содржини: Мацедоница во Полска до 1945 година; Мацедо-ница во Полска по 1945 година; Историја и култура; Лингвистички трудови; коментари, рецензии, прилози за литературата и литературни преводи. Овој дел ја опфаќа библиографијата на македонските материјали публикувани во Полска и ,одделно полските објавувани во Македонија

Третото поглавје Библиографиа – полоница му е посветено на содржините: Полоница во Македонија до 1945; Полоница во Македонија по 1945 год.; Историја и култура; Лингвстички трудови; Коментари, рецензии, прилози за литературата и Полската драма на

Page 164: Spisanie Istorija God.2010-2011

164

македонските сцени. Податоците во овие два дела се изработени хронолошки при што се издвоени: лингвистичките трудови, литератур-ните трудови кои соодевтно се однесуваат на творештвото на полските и македонските писатели, како и регистер на литературните преводи. Избраните библиографски единици содржат кратки аднотации, кои инфромираат за карактерот на публикацијата, или поопширни коментари, кои содржат презентација на содржината и оцената на вредноста на даденото издание. Во аднотациите и фуснотите, кои се однесуваат на биографските и библиогарфските извори употребен е таканаречениот американски запис, кој подразбира внесување во загради на презимето на авторот или доколку го нема насловот на трудот и годината на неговото објавување

Книгата, како што нагласивме, е резултат на полскиот интерес во однос на културата на соодветните региони на Јужните Словени. Подготвена е во рамките на проектот: Полска и Македонија; Полска и Црана Гора; Полската култура во Македонија; Полската култура во Црна Гора. Таа е трета по ред по изданијата: Полјаците во Босна; Полјаците за Босна (2003); Полска и Црна Гора (2007); Библиографија; Коментари. Авторите на книгата при нејзиното составување се служеле со принципот на територијалната припадност на Македонија, а тоа значи во границите на државите во кои таа влегувала, почнувајќи со изданијата од времето на Турската Империја, потоа изданијата издавани во времето кога дел од нашата татковина влезе во границите на југос-ловенската држава, а по Втората светска војна во составот на СФРЈ. Посебно интересен се јавува вториот момент бидејќи тогаш се појавил решавачкиот интерес од страна на полски автори - научници, публи-цисти и сл. кон Македонија. Материјалот за изработка на книгата се собирал во библиотеките и архивите во Полска и надвор од нејзините граници, во Македонија, Србија.

Историскиот дел сам по себе укажува на развојот на полскиот интерес кон Македонија. Во објавуваните енциклопедии во XIX век пред полските читатели се открива словенскиот карактер на Македонија и се посочуваат јасни сигнали дека словенското население кое ја населува нашата татковина не се Срби, ниту Бугари, ниту Грци, туку селско население кое допрва чека на самоопределување, дистанцирајќи се од своите соседи. Се чини дека оваа библиорафија на добар начин тоа го потврдува и може да биде аргумент во научните дискусии кои се однесуваат до XIX век и почетокот на XX век.

Првите вести за Македонија во Полска датиратат од крајот на 15 век, а се однесуваат на полско-турските војни. Полските кралеви одржувале контакти со Охридската архиепископија, на пример, полскиот крал Батори му пишувал на папата Сикст В за судбината на

Page 165: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 165

христијаните под турска власт (втора половина на 16. век), за Турската Империја и за нејзините покраини. Македонија и Македонците биле спомнувани и во некои литературни дела, пред сè, хроники. Дури во 19. век се среќаваат повеќе информации за нашата татковина и тоа благодарение на енцикплопедии и лексикони со географско и историско значење. Овие енциклопедии покрај многуте информации за античките Македонци, за Филип и Александар, во подоцнежните едиции содржат и богати информации за средновековната историја на Македонија и за повеќе настани од крајот на 19 век. Во 20 век, па се до Втората светска војна се објавуваат повеќе изданија со македонска тематика како, на пример, книгата на В. Тромпчињски Албанија и Македонија. Земја и луѓе (1903), потоа книгата на Мјечислав Мјечник Македонија и Македонците (1904), така што во почетокот на 20. век полскиот читател бил во можност да најде една општа слика за минатото и за современите состојби на земјата.

Зголемениот интерес на Полска за Балканот ги инспирирале и првите научни истражувања посветени на Македонија. Тука би ја истакнале книгата Македонците. Антрополошки материјали од авторите А Вжосек и М. Чвирко-Годицки (1931), издадена во Познањ, каде што покрај другото авторите се зафатиле со истражување на националниот идентитет на стотина заробеници од Македонја, интернирани во близина на Краков. Мнозинството од заробениците се изјасниле како Македонци, а само мал дел како Бугари. Полските истражувања во Македонија продолжуваат во триесеттите години од минатиот век, а главно се однесуваат на две научни дисциплини: етнологијата и лингвистиката. Тука се истражуваењата на Ј. Обрембски и Мјечислав Малецки. Овие две научни дисциплини се од посебно значење за нас Македонците. Очигледно е дека во овој период иницијативата им припаѓа на Полјаците иако не можеме да зборуваме за вистинска соработка ,туку за интерес на полската наука во однос на македонскиот јазик, етнологијата и фолклорот.

По Втората светска војна полските научници веќе работат во сосема во нови услови благодарение на создадената македонската држава и кодификацијата на македонскиот стандарден јазик и развојот на македонската наука воопшто. Се задлабочуваат проучувањата на историјата на Македонија, како што е пример, Хенрик Батовски, а подоцна и Ирена Ставови - Кафка, авторка на изданието Историја на Македонија (2000). Значајна е соработката меѓу Институтот за национална историја од Скопје и Институтот за меѓународни односи на Јаѓелоњскиот универзитет од Краков. Посебно место заземаат фолколористичките проучувања, на пример, Кшиштоф Вроцлавски, еден од најзначајните странски истражувачи на македонскиот фолклор,

Page 166: Spisanie Istorija God.2010-2011

166

кој речиси најголемиот дел од неговото научно творештво му го има посветено на нашиот фолклор. Тој е автор на монографијата Македонскиот народен раскажувач Димо Стенковски (1979), прв дел, и вториот дел Текстови (1984). Во осумдесеттите години интерес кон македонската етнологија покажа група етнолози од Катедрата за етнологија на Варшавскиот универзитет (денес Институтут за етнологија и културна антропологија), кои склучиле договор за научна соработка со Институтот за фолклор од Скопје. Оваа соработка вроди со три научни изданија печатени во Македонија и во Полска: Марјан Покропек, Томаш Стрончек, Споредбена монографија македонското село Јабланица и полските села Пјентки и Твароги, Народна архитектура (1992), Танас Вражиновски, Кшиштоф Вроцлавски, Споредбена моногафија на македонското село Јабланица и полското село Пјентки Грензки, Митски преданија (1992) и Ана Задрожињска, Семејни обреди (1995).

Важно место зазема археологијата. Да го споменеме тука Витолд Хензел, кој покрај Хенрик Батовски бил избран за надворешен член на МАНУ. Важна беше соработката помеѓу Институтот за старословенска култура во Прилеп и Археолошкиот музеј од Варшава. Од посочените области се појавија значајни дела и во Македонијна и во Полска. Сепак, македонската наука со задоцнување се вклучи во полските истра-жувања. Во прилог на ова ќе ја цитирам академик Зузана Тополињска. Иако овој цитат се однесува на лингвистиката, тој има пошироко значење: “Во полско-македонската лингвистичка соработка сè уште постои евидентна асиметрија: Полјаците македонскиот јазичен мате-ријал го обработуваат од сите аспекти, додека Македонците со полскиот јазичен материјал речиси и не се занимаваат. Меѓутоа и оваа состојба полека се менува, имаме неколку сериозни монографии од македонско-полската конфронтација од млади македонски автори, во изработка се други трудови од таа област”.

Оваа едиција укажува на големиот труд на полските македонисти и македонските полонисти кој треба да најде свој израз во синтезата, која ќе дозволи едновремено да го трасира понатамошниот пат на заемните и заедничките истражувачки студии, а исто така и потребата од дополнување на празнините и сумирање на соодветните научни дисциплини. Сметаме дека ова издание ќе придонесе за збогатување на понатамошната соработка не само во областа на полската и македонска-та наука, туку и на двата пријателски народи.

На крајот сакам да го потцртаме фактот дека оваа библиографија е прва од овој вид која ги сумира заемните научни и културни врски на двата словенски народи во форма на исцрпен регистар на конкретни резултати кои освен во сумирачките студии, читателот ќе најде

Page 167: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 167

опширни аднотации кои се однесуваат на содржините на книгите и поважните статии. Таквата библиографија проширена со аднотации може да се да се прифати за вредна новина.

Несомнено е дека полската наука имала важна улога во развојот на македонската наука, посебно на споменатите дисциплини. Таа даде вреден придонес за динамичниот развој на повоената македонистика во Полска. Танас ВРАЖИНОВСКИ

Page 168: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 169: Spisanie Istorija God.2010-2011

МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНСКИ ЗБОРНИК

од Петар Драганов

Подготовка, редакција и коментари: Блаже Ристовски; соработник Билјана Ристовска-Јосифовска.

Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2009.

ПЕТАР ДРАГАНОВ И МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ Меѓународен научен собир по повод 150-годишнината од раѓањето на Петар Драганов одржан на 7-8 јуни 2007 година во Македонската

академија на науките и уметностите, Скопје 2009 Во 2009 година се појавија од печат две многу значајни изданија посветени на заслужниот истражувач на Македонија од XIX и XX и виден руски славист, бесарапскиот Бугарин, Петар Данилович - Драганов. Првото издание е во авторство на Петар Драганов, а второто ги содржи материјалите од Меѓународниот собир, одржан во Скопје во 2007 година. Мојот приказ ќе го започнам со мото од една од последните песни на поетот Раде Силјан Клуч за вљубените во Татковината: Браќа, Свети браќа, Најдете клуч, За мојата земја, За Македонија. Ова мото ќе биде мој придружник.

Првите одгласи за животот и делото на П. Драганов во нашата наука датираат од 1954 год. и тоа во трудот на Лазар Мојсов Околу прашањето за македонското национално малцинство во Грција; Еден поглед врз опсежната документација, во издание на ИНИ. Во 1968 година и 1969 на П. Драганов се осврна и Драган Ташковски. Во 1970 година Гане Тодоровски го објавил прилогот Страници за едно македонофилство, во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1969 година Блаже Ристовски успеал да го донесе во Македонија Зборникот на П. Драганов и ја објави првата своја статија под наслов Петар Данилович - Драганов (1857-1928) во списанието Македонски фолклор, II, 3-4, Скопје. Од тој период личноста и делото на П. Драганов станале инспирација во неговите понатамошни проучувања. Објавил повеќе трудови во кои детаљно го прикажал животот и делото на овој значаен македонист. Своите трудови посветени на П. Драганов во 2007 година ги преобјавил во публикацијата Македонистот Петар Драганов 1857-1928, по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Во трудот Македонскиот народ и македонската нација од 1983 година тој напишал: Македонската наука (и посебно македонската

Page 170: Spisanie Istorija God.2010-2011

170

славистика) и натаму е исправена пред сериозна задача да го претстави на научната јавност комплетниот лик на осново-полжникот на македонистиката во Русија, сомисленикот и учителот на Мисирков и Чуповски. Од 1983 година поминаа речиси 30 години, а за жал, нашата наука на таквите заложби на Б. Ристовски не се огласила. Ја дочекавме 2009 година за да се објави првиот том од целокупното дело на П. Драганов. Се поставува прашањето, кое било поставувано и при други слични промоции: Зошто толку доцна? На ова прашања не е едноставно да се одговори, но едно ми е јасно - дека за секое дело, од рангот на делото на П. Драганов се потребни огромни напори, погодно време и соодветен истражувач. Блаже Ристовски во Предговорот кон Зборникот дава извесно објаснување и нагласува дека неговите истражувања траеле, речиси, половина век и се воделе во многу сложени околности поради расфрлениот и заборавен опус на П. Драганов. Поставувајќи го ова прашање сакам да кажам дека нашата наука треба попосветено и навремено на македонската јавност да ‚ ги презентира делата кои имаат првостепено значење во откривањето на вистината за Македонија и за нејзиниот народ.

Дел од неговите заложби се реализираа, иако со задоцнување благодарение на одржаниот Научен собир во 2007 година во организа-ција на МАНУ. Тогаш, (7-8 јуни), се одржа Меѓународниот научен собир по повод 150-годишнината од раѓањето на Петар Драганов. На овој научен собир учествуваа повеќе значајни научни работници од Македонија и од странство (Полска, Чешка, Русија, Хрватска, Србија, Украина, Бугарија). Собирот имаше интердисциплинарен карактер. Беа претставени повеќе трудови од различни научни дисциплини: историја, фолклористика, етнологија, лингвистика, медијавистика и даде јасна слика за определбите на П. Драганов во однос на Македонија и Македонците, за нивниот јазик, култура, идентитет и сл.

Во 2009 година МАНУ во посебен зборник ги објави прилозите од симпозиумот под наслов Петар Драганов и Македонија и Маке-донците. Овој Зборник за нашата наука е од првостепено значење. Тој пополни една чуствителна празнина не само во откривањето на животот и делото на Петар Драганов, туку ја покажа широката тематска разновидност на неговите истражувања. Македонија за него се покажа како значајно и погодно тло за сестрани проучувања. Читајќи ги застапените трудови во Зборникот, може да се открие големината на личноста на Петар Драганов и значењето на неговото дело не само за нашето минато туку и за нашата иднина. Поради краткото време само ќе забележиме дека од приложените трудови се добиваат основни податоци за животот и делото на Драганов, за неговиот однос кон етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на Македонците, за

Page 171: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 171

македонското прашање, одгласите на неговите погледи во некои словенски земји, бугарската наука и Петар Драганов, за културните дејци од 19 век и македонската интелигенција, македонистиката и македонскиот фолклор, средновековното книжевно наследство, судбината на неговиот архив и така натаму. Во најголемиот дел од застапените прилози се истакнува придонесот на Петар Драганов во одбрана на македонската самобитност. Зборникот дава и правци по кои треба да се водат понатамошните наши истражувања. Тој претставува важен придонес во афирмацијата на нашата земја во едни пошироки европски рамки. Од изнесеното погоре сакаме да заклучиме дека ако нашите истражувања беа благовремени и во време кога беа најпотребни, (а и сега тие се потребни), ние секако денеска би имале една пооформена претстава за Македонија и за нејзината вистина во XIX век. Трудовите во Зборникот ја потврдуваат оваа констатација.

Зборникот Македонија и Македонците, том I. Македонско-словенски зборник ги содржи следниве поглавја: 1. Краток предговор во авторство на Блаже Ристовски; 2. Во негово авторство е и прегледот на животот и делото на Петар Драганов; 3. Македонско- словенскиот зборник на П. Драганов под наслов Македонско-славянский Сборникъ, съ приложениемъ словаря, Составилъ П. Драгановъ. Выпускъ И. С. Петербург, 1894. Зборникот содржи предговор од П. Драганов во кој тој го образложува планот и начинот на работа, напишан во Севастопол на 6 декември 1981 година, во превод од руски од Блаже Ристовски и Спиро Наков, по што следува Македонско-словенскиот етнографски зборник и завршува со Завршна забелешка и Регистар на имињата. Томот содржи 185 песни, според класификацијата понудена од П. Драганов, а се однесува на Одделот I: Песни: епски, историски, јуначки, политички, разбојнички и други. Во продолжение тој ја наведува и содржината на одделите 2, 3 и 4. Песните од Зборникот се нумерирани, а под секој број е поместен насловот на песната, а под насловот стојат информации за собирачот. Блаже Ристовски во својот уводен текст ги сумира досегашните свои проучувања посветени на Петар Драганов и го нагласува делото на овој значаен руски славист , филолог, етнограф, фолклорист, литературен и културно-национален историчар, библио-граф, лексикограф, демограф и педагог. Драганов беше и остана најдоблесниот македонист и знаменит основоположник на македонис-тиката во Русија, проучувач, афирматор и упорен заштитник на само-битноста на македонскиот народ, на неговиот прогонуван јазик, на неговиот присовојуван фолклор, на неговата прикривана и искривувана историја, афирматор на македонската национална свест и култура, на посебниот ентитет во словенскиот свет.

Page 172: Spisanie Istorija God.2010-2011

172

Во Предговорот кон I-иот том на Македонско-словенскиот етнографски зборник П. Драганов забележал: Оваа книга,, претставува само прв дел од обемниот труд “Македонск-ословенски етнографски зборник” што Имперараторското руско географско друштво, врз основа на рецензијата на Претседателот на Етнографското одделе-ние проф. В. И. Ламански од 11 декември 1887 година, реши да го објави во своите Записи “заради несомнената важност на овој богат материјал за проучувањето на Македонија”.

Зборникот е составен главно од епски македонски народни песни, запишувани во годините 1885-1887 од учениците од сите краишта на тогашна етнографска Македонија кои учеле пред се во бугарската гимназија Свв. Кирил и Методија во Солун, како и во некои други градови во Македонија. Во врска со начинот на кој тој собирал материјали забележува: […] јас прибегнав кон најлесниот и најцелесообразен од сите можни начини во денешно време. Се обратив кон учениците од спомнатата гимназија (првенствено од пониските калсови) по Божикот и по Водици да ми достават најмалку по два примерока од својата домашна поезија и проза. […]. И што се случи? Учениците беа толку мили и љубезни што не задоцнија по Божикот да ми ги донесат саканите примери, така што за една-две недели јас имав среќа да станам сопственик на најобемната од сите постојни поетски и прозни македонски лекции, имено околу 1200 примероци од најразличните видови од народоната поезија и проза што потекнуваат од 105 населени македонски пунктови. […].

Од погорното произлегува дека Драганов имал добро подготвен методолошки пристап при своето истаражување, кој во тоа време се покажал мошне успешен и невообичаен. Своите собирачи ги поделил на повеќе групи: Во првата група биле ученици-собирачи од пониските класови на солунската прогимназија. Од нив се барало песните и другите текстови децата задолжително да ги запишуваат фонетски, т.е. според домашниот говор. Во втората група запишувачи биле учени-ците од погорните класови. Во третата група биле ученички од женската солунска гимназија, како и група на запишувачи-ученици од прогимназиите во Скопје, Битола, Кукуш и Лерин. Посебна група оформил од стари учители, свештеници, роднини, пријатели и други информатори.

Во Зборникот се застапени сите видови песни од македонското епско и епско-лирско поетско творештво Најзастапени се песните од циклусот песни за Марко Крале со повеќе варијанти на различни мотиви. Еден од попознатите мотиви го вбројуваме мотивот на мегданот на Марко со Муса Ќесеџија, Дете Дукадинче и Ѕвезда Вечерница, потоа борбата помеѓу Марко и Филип Маџарина и со еден

Page 173: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 173

од најстрашните негови противници Црниот Арап, као претставник на турското ропство. Еден од позастапените мотиви се однесува на некои демонски суштества, какви што се самовилите и змејовите, кои во некои песни имаат пријателски односи со јунакот, а во други лоши. Во јуначко-историската песна познат е ликот на Болен Дојчин, кој го победува Црна Арапина. Слични се песните и за Челник Пејо. Јанкула Војвода е еден од попознатите ликови во македонската поетската тради-ција за кого се испеани бројни јуначки епски песни и балади. Во Зборникот се застапени песни за изградба на манастири и цркви, за разни епизоди од времето на турското владеење, семејни балади, за прекршување на нормите на верата и др. Во него се застапени српски, бугарски, влашки, албански, турски и грчки песни. Во македонската народна поезија се пее и за Евреите, и за Ромите, за Унгарците и за Русите. Овие факти, според него, зборуваат за степенот на културата на Македонците и нивниот толерантен однос кон другите етноси. Македонските епски личности дејствуваат како типични претставници на Македонците и поради тоа се најопеаните јунаци.

Оценувајќи го Зборникот на П. Драганов, Б. Ристовски, меѓу другото, напиша дека тој е единствениот труд од овој домен што го презентира македонското народно творештво под македонското нацио-нално име - речиси сè до ослободувањето. Оваа негова констатција сакаме да ја надополниме со фактот дека полскиот етносоциолог Ј. Обрембски по завршувањето на теренските истражувања во Порече, во 1934 година во списанието Зѕцие Литерацкие напишал: Заедно со своите поблиски и подалечни побратими на Блаканскиот Полуостров му припаѓа на јужнословенската јазична група, а со самото тоа на големото европско семејство и еднакво со другите народи на Полустровот дава една од различните варијанти на традиционалната култура на Источна Европа. Не се сеќавам дали некој друг странски научник од тој период, а и подоцна да има искажано таква афирмативна и значајна мисла за нашиот народ, за нашиот јазик и за нашата култура.

Драганов е свесен за значењето на својот Зборник за словенската филологија, која е рамнодушна кон македонскиот јазик и култура. Благодарение на богатиот етнографски, односно фолклорен и јазичен материјал, таа ќе биде во состојба еднаш засекогаш да го реши македонското прашање во јазичен поглед, откако непристрасно ќе просуди што од овој Зборник му припаѓа на бугарското наречје, што - на српското, и што најпосле не се однесува ниту кон бугарското, ниту кон српското, туку единствено му припаѓа на македонското наречје.

На крајот да се навратиме на поставеното прашање во почетокот, а ќе се повикам на последниот пасус од Предговорот на П. Драганов: За жал, околностите што не зависат од составувачот, т.е.

Page 174: Spisanie Istorija God.2010-2011

174

релативната скудност на материјалните средства со кои сега располага Имп. [ераторсското] руско географ.[ско] друштво (кај кое чекаат на ред да бидат издадени доста многу книги и други публикации од првостепена важност) попречи македонскиот зборник да излезе во целост во оваа година, така што печатењето на неговите други делови ќе биде продолжено по извесно време. Сметам дака нашата порака е јасна.

И да завршам со нашата желба двата тома од оставината на П. Драганов што поскоро да бидат публикувани. На таков начин ќе ја искажеме почитта кон неговото дело, макар и задоцнета и да го поставиме на заслуженото место што му припаѓа во Македонија, која му должи многу до премногу, како што забележа Гане Тодоровски. И уште нешто во врска со мотото. Клучот за вистината за Македонија го наоѓаме токму во делата од типот на она на П. Драганов.

Танас ВРАЖИНОВСКИ

Page 175: Spisanie Istorija God.2010-2011

IN MEMORIAM

ПРОФЕСОР ГОЈКО АЛЕКСОСКИ (1947 - 2011)

Гојко Алекоски – вљубеник во историјата, археологијата,

етнологијата, природата, пишаниот збор Почитуваниот професор Гојко Алексоски, вљубеник во

историјата, археологијата, етнологијата и природата, го нема повеќе меѓу нас. Ненадејно се раздели од семејство, од учениците, од колегите, од многубројните пријатели и почитувачи, од историјата кон која професионално припаѓаше. Беше извонреден наставник и педагог.

Роден е во с. Брест, општина Македонски Брод во 1947 година во земјоделско семејство. Основното образование го започнал во родното село, а го дооформил во училиштето ,,Браќа Миладиновци” во с. Самоков. Средното образование го завршил во гимназијата ,,Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. На Филозофскиот факултет во Скопја дипломирал на групата Историја во 1975 год. За време на студирањето, неговото семејство од родното село се преселува во с. Брвеница, Тетовско. Во 1975 год. се вработува во Училишниот центар за средно образование ,,Вељко Влаховиќ”, сега Општинско средно училиште ,,Св. Наум Охридски” во Македонски Брод.

Професорот Гојко Алексоски припаѓаше на групата професори кои беа од самиот почеток на формирањето на училишниот центар во Македонски Брод, во учебната 1975-76 год. Надареноста и личната склоност кон професијата професор, кон создавањето и оформувањето на младата генерација на ученици во образовниот процес, му овозможи проникливо и мошне успешно да го побуди интересот кај учениците и не само за предметот историјата и кон историската наука која извонредно ја сакаше. Беше омилен и почитуван професор и педагог и секогаш реален кон вреднувањето на резултатите од вложениот ученички труд. Тоа придонесуваше учениците извонредно да го почитуваат и да стане омилен нивни професор, а тие да постигнуваат врвни резултати по предметот историја и не само во училиштето, туку и на регионално и републичко ниво. Неговите успеси на тоа ниво, со освоените бројни први места на натпреварите, на училиштето му носеа вредни награди, признанија и почит. На двапати, со својот извонреден професионален однос кон образованието воопшто, и кон историјата посебно, го освојуваше првото место на Републичкиот државен

Page 176: Spisanie Istorija God.2010-2011

176

натпревар по историја кој традиционално, секоја година го организираше Сојузот на историчарите на Република Македонија за учениците во средното образование. Неговото училиште ,,Св. Наум Охридски” благодарение на неговите постигнати резултати, но и смислата за организација, беше домаќин на Шестиот државен натпревар по историја (11 и 12 мај 2001 год.). Начинот на организацијата на натпреварот во времето кога Република Македонија беше зафатена со воениот конфликт со Албанците, беше пример за врвен професионалец, почитуван меѓу колегите, учениците, родителите и пошироко во јвноста. И покрај бројните потешкотии произлезени од воениот конфликт, на натпреварот зедоа учество над 35 училишта од сите краеви на Република Македонија.

Беше истакнат член на Претседателството на Сојузот на друштвата на историчарите на Република Македонија.

Неговото членство и активно учество во работата на Друштвото на историчари на Република Македонија му овозможуваше секогаш, и како вљубеник во историја, да ја каже, брани и докаже вистината за локалната историја од периодот на Илинденското востание, Балкан-ските војни, Првата и Втората светска војна. Неретко ќе се пројавеше и на научни симпозиуми и трибини со видувања од областа на осторијата, а посебно од роднокрајната историја.

Истражувачата дејност од областа на археологијата му претставуваше посебен предизвик, за откривање на материјалната култура на општината Македонски Брод и пошироко, за што беше и активен учесник во изработка на археолошката карта на локалната средина. Гледајќи како исчезнува материјалната и духовната култура од минатото на луѓето, пред налетот на новото време, со група ентузијасти - соработници ги посетуваше населените места, за да пронајде и собере сè уште зачувани етнолошки и историски артефакти и литература, кои грижливо ги чуваше и одржуваше во витрините на училиштето. Со неговите активности на тој план, создаваше поволни услови и формира Етнолошко - археолошко - историско друштво во Македонски Брод, чиј претседател беше самиот тој, притоа жестоко настојувајќи таа неговата идеја и непресушена желба да ја реализира , и во Македонски Брод формира Етнолошко- археолошки - историски музеј.

Поривот кај професорот за патување, дружење и љубов кон природата, беа силен мотив да биде чест посетител на планините, пештерите и други природни убавини и реткости во регионот и пошироко. Речиси и да немаше место во неговата поширока околина ,а да не го пропатувал и познавал. Тоа беше и доволен мотив да биде еден од основачите на планинарското друштво ,,Песјак” од Македонски Брод.

Page 177: Spisanie Istorija God.2010-2011

2010/11/XLVI/1-2 177

Професорот Гојко Алексоски, меѓу другото, беше и вистински човекољубец, мудар и хуман човек, кој секогаш наоѓаше време да ги сослуша проблемите на другите луѓе, независно од нивната позиција и социјален статус, да охрабри, да внесе оптимизам, да влее доверба и надеж за подобро утре кај секој човек.

Ние кои добро го познававме и бевме со него, со посебна почит и пиетет, трајно ќе се сеќаваме на неговата плодотворност, креативност, иницијативност, хуманост и дружељубивост, како негови основни карактеристики на кои им го посвети целиот свој живот.

Ѓорѓи ЧАКАРЈАНЕВСКИ

Page 178: Spisanie Istorija God.2010-2011
Page 179: Spisanie Istorija God.2010-2011

IN MEMORIAM

ПРОФ. Д-Р ВИДОСАВА НЕДОМАЧКИ- ПЕТРЕСКУ

На 22 октомври 2011 год., во Белград почина проф. д-р Видосава Недомачки - Петреску, родена 1924 год. во Клуж, Романија. Студирала историја на уметност, а по дипломирањето (1962 год.) работела како кустос во Еврејскиот исто-риски музеј во Белград (1962-1972), чиј управник била од 1965 до 1989. Во 1969 ја поставила постојаната музејска изложба, а во 1971 год. го започнала и објавувањето на списанието Zbornik jevrejskog istorijskog muzeja, што излегува до ден денес. Од изложбите што ги органанизирала

треба да се споменат: ,, Обрада метала за јеврејске празнике”, ,, Везене тканине из јеврејских збирки у Југославији”, како и концепцијата и сценариото за изложбата ,, Јевреји на тлу Југославије” организирана во 1988 заедно со загреpскиот Muzejski prostor. Била член на Нацио-налниот комитет на ICOM и на меѓународното здружение за египто-логија, на мешовитата југословенска комисија за културни добра и др. Повеќепати била на одговорни функции врзани со музеологијата во Р Србија: председател на Извршниот одбор на Музеите на Србија; на комисијата за доделување на музејски звања и др. Освен романски зборуваше француски и германски, се служеше со англиски, а имаше пасивно знаење и на еврејскиот јазик.

Во 1964 год. ја објави книгата ,,Стара јеврејска уметност у Палестини”, користена како задолжителна литература од студентите на историја на уметност, како и две дела врзани за нејзината втора татковина: “О српским рукописима у библиотеци грчке православне патријаршије у Јерусалиму” и ,,Манастир архангела Михаила и Гаврила у Јерусалиму”. Од срeдината на шеесетtите години се занимаваше со историјата и археологиајта на Блискиот Исток, а од 1972 год. предаваше Археологија на Блискиот Исток на Филозофскиот факултет во Белград, каде што во 1979-1980 год. предаваше и музеологија. Во 1978 беше избрана за раководител на катедрата за археологија на Блискиот Исток на археолошкото одделение на Fилозофскиот факултет кога го објави и двотомниот учебник Arheologija bliskog istoka (Беlград, 1981 и 1984) што ги замени дотогашните преводи на руски учебници што ширум се

Page 180: Spisanie Istorija God.2010-2011

180

користеа на факултетите на тогашна Југославија. Овој учебник и ден денес е незаменлив дел од студентската литература, иако во меѓувреме се откриени бројни нови извори. Јас не ‚ припаѓав на генерацијата студенти на кои им предаваше prof. Недомачки, но имав прилика да ја запознам во текот на моите постдипломски студии на Fилозофскиот факултет во Белград. Познавајќи ја како професор и стручњак, многу години подоцна, сега јас како професор по античка историја во чии рамки ја предавам историјата на Стариот Исток на Fилозофскиот факултет во Скопје, можев да го користам овој нејзин учебник. Имено, ако се суди само според насловот на учебникот (Arheologija bliskog istoka), многумина би рекле (и ми велеа) дека тоа не е соодветна литература за студентите по историја. Но доволно е само да се разлиста овој учебник за веднаш да се види дека од другите учебници се разликува по современиот и оригинален пристап на авторката. Имено проф. В. Недомачки, археолошките извори не ги прикажува изолирано туку во контекст на политичките, класично наречени историски прилики, комбинирајќи ги, на многу успешен начин, со пишаните извори од кои напати дава превод на одделни пасуси со што на многу сликовит начин ја доловува општествено-економската ситуација во државите на Стариот (Блискиот ) Исток.

Заради нејзината музеолошка и наставно-научна дејност колегите на проф. В. Недомачки, со комеморација во Еврејската општина на Белград, на 22 ноември ‚ ја оддадоја заслужената почит на оваа, строга, вредна, и исклучителна личност.

Наде ПРОЕВА

Page 181: Spisanie Istorija God.2010-2011

IN MEMORIAM

ПЈЕР КАРЛИЕ (1949-2011)

Пјер Карлие беше еден од најеминентите светски истражувачи во областа на античката историја (Хелада, Микена), чии дела се неод-минлива литература за сите кои се занимаваат со класичниот свет. Поголемиот дел од кариера-та го помина како професор по хеленска исто-рија на универзитетите во Стразбур, Нанси и Париз. До неодамна студентите на Paris X Nanterre можеа да ги посетуваат неговите последни семинари (предмети): „Грчката поли-тичка мисла од Хомер до Плутарх“ и „Вовед во микенска епиграфика и историја“.

Роден е во 1949 година. Високото обра-зование го стекнал на најпрестижната школа

(grande école) во Франција – Ecole Normale Supérieure (ENS), каде во 1971 год. дипломирал класични јазици. Со тоа, ја имаше посебната чест да биде еден од “les normaliens“ т.е. ученици на ЕНС, назив кој предизвикува почит и восхит во академските кругови, како во Франција, така и во целиот свет. Од 1972 год. работел како асистент на универзитет во Стразбур, сè до 1985 год. кога се префрлил на уни-верзитетот Nancy II. Во меѓувреме, на универзитетот Paris IV Sorbonne ја одбранил докторската теза „Кралското уредување во Грција до Александар“ (1982).

Меѓу неговите најначајни објавени дела се вбројуваат: La royauté en Grèce avant Alexandre (1984), Démosthène (1990), Le IVе siècle grec jusqu'à la mort d'Alexandre (1995), Homère (1999). Тој е и еден од соработниците во Guide de l'épigraphiste : bibliographie choisie des épigraphies antiques et médiévales. Инаку, академската слава ја понесе пред сè со „Демостен“. За оваа книга во 1991 година ја доби прес-тижната награда Diane-Potier-Boès, којашто Француската Академија ја доделува за исклучителни дела кои ги истражуваат медитеранските цивилизации (почесто египетската, но и други). Веднаш по објавува-њето на делото, се појави и македонскиот осврт (Н. Проева, Pierre Carlier, Démosthène, Paris 1990, стр. 331 во Жива Антика XL, 1991, стр. 236-241). Во 1994, во рамкиte на едицијата Historia Antiqua Macedoniae,

Page 182: Spisanie Istorija God.2010-2011

182

и тоа како нејзина прва книга, се појави и македонскиот превод, со што „Демостен“ стана достапен и за македонската публика (особено за студентите по историја на кои им недостасуваше квалитетна стручна литература). Иако книгата има форма на биографија, сепак таа ги истражува и најважните настани и процеси од времето на Демостен, и во тој контекст големо внимание е посветено на судирот меѓу Маке-донија и Атина, како и нивното политичко уредување. Инаку, кога сме кај Македонија, треба да се спомне и тоа дека Карлие е еден од учесниците на меѓународниот микенолошки колоквиум во Охрид. Неговиот текст, A propos des "te-re-ta*, е објавен во Tractata Mycenaea : proceedings of the eighth international colloquium on Mycenaean studies, held in Ohrid, 15-20 september 1985, Skopje 1987, p. 65-73.

Професорот Карлие го запознав во 2003 год., во Скопје, во рамките на еден меѓународен студентски проект. Кај мене, како и кај останатите студенти кои патем сè уште го спомнуваат при евоцирањето спомени од студентските денови, веднаш остави впечаток на прониклив и инспиративен соговорник. Подоцна имав прилика да го сретнам во неколку наврати во Париз, да разговарам со него и да добијам искрени конкретни совети за истражувањето и академскиот живот во Франција. Кога го видов за последен пат (мај 2007 г.) воопшто не насетував дека тој е во битка која не може да се добие. Почина на 25 јули 2011 год. по долго боледување од рак. За сето време не престана да истражува, да пишува и да предава.

На крајот, би издвоил една карактеристика по која секогаш ќе се сеќавам на Карлие. Имено, тој беше еден од оние професори кои ја негуваат традицијата, толку силна во Франција, на пиетет и искрена почит кон студентите (без оглед дали се домашни или странски). Академскиот свет, пак, ќе го запомни по неговото творештво кое останува да им служи на идните генерации на истражувачи, студенти, обични читатели.

Repose en paix !

Дарко СТОЈАНОВ