Video nadzor- kameri

Preview:

Citation preview

Video nadzor- kameri

затворен систем на телевизија CCTV (Closed-circuit television

• поим кој означува користење на видео камери при пренесување на видео сигнали на одреден, ограничен број набљудувачки места. Се разликува од телевизискиот пренос по тоа што сигналот не се емитува јавно, дури ни во случај на безжично поврзување на поедини точки од системот.

СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА CCTV

• CCTV –системот се состои од камери со леќи , кои се монтирани на локации кои треба да се снимаат , дигитален видео снимач (DVR), монитори за надзор, како и кабли со кои се поврзуваат камерите со снимачот.

СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА CCTV

камери

дигитален видео снимач (DVR),

монитори за надзор

кабли

конектори

Што е тоа камера?

• Камера е уред за создавање на слика, поединечно една или во низа.

• Некои камери уште имаат и можност да снимаат и звук.

Од што се состои една видео камера?

• Куќиште,

• објектив,

• бленда,

• сензор

куќиште

Обликот на куќиштето може да биде:

• класичен (кутија-box),

• со облик на купола (куполен- dome)

објектив

• Објективот е оптичка целина со помош на која се пренесува сликата на она што се наоѓа во рамките на неговото видно поле.

Поделба на објективите

Според видниот агол (видното поле):

• Широкоаголни

• Нормални

• телеобјективи

бленда

• Блендата е механизам со чија помош со променлив кружен отвор се регулира количината на светлина кој паќа на сензорот . Со тоа се влијае на длабинската острина на објективот .

сензор

• Основен елемент на секоја камера е CCD (Charge Coupled Device) сензорот. CCD сензорот се состои од интегрални кола составени од мрежа од голем број на фотоелементи поставени на полупроводна основа. Сликата од сцената која се снима се фокусира низ објективот на површината од сензорот и таа во него генерира електричен сигнал пропорционален со интензитетот на светлината која паѓа на него.

Дигитален видео рекордер

• Дигиталниот видео рекордер или дигиталниот видео снимач е уред кој овозможува складирање на видео и аудио материјали (записи, снимки) на некој медиум со дигитална обработка на сигналите , а најчесто се користи тврд диск за складирање на сигналите добиенио при работа на надзорните камери во системот за видео надзор. Со користење на различни видови на компресија дигиталните видео снимачи можат на еден хард диск со стандарден капацитет да складираат голема количина на материјал (слики од камерите за надзор). Модерните, видео снимачи воглавно се конструирани како мултиплексери што во пракса значи дека со метода на мултиплексирање снимачот истовремено складира сигнали од повеќе камери.

Дигитален видео рекордер

монитори за надзор

• Мониторите во системите за видео надзор претставуваат излезна единица и како таква претставуваат многу важен елемент посебно кај системи за видео надзор кои се континуирано следени од страна на оператор.

монитори за надзор

Видови на камери

• IR камери

• Камери со средна резолуција

• Камери со висока резолуција

• Zoom камери

• Подвижни камери

• Микро камери

IR камери

• IR камерите се наменети за вградување системи за видеонадзор на места на кои се очекува намалена осетливост или никаква светлина . Тие се опремени со ИР диоди кои емитираат светлина која е невидлива за човековото око, но со таа светлина го осветлуваат кадарот и му овозможуваат на камерата да снима во темница, или во услови на намалена светлина.

IR камери

Камери со средна резолуција

• Камерите со средна резолуција се користат на места каде нема потреба од снимање на голем број на детали на снимениот материјал или на сликата во живо , кај системи за видео надзор кај кои примената на камери со поголема резолуција не е економски оправдано или во случаи кога постоечката пропратна опрема го ограничува користењето на друг вид на камери

Камери со средна резолуција

Камери со висока резолуција

• Камери со висока резолуција се користат се користат на места каде нема потреба од снимање на голем број на детали на снимениот материјал или на сликата во живо, но се очекува потполно остра и динамична слика кај крупни објекти и на поголема оддалеченост , кај системи за видео надзор кај кои примената на камери со поголема резолуција не е економски оправдано или во случаи кога постоечката пропратна опрема го ограничува користењето на друг вид на камери.

Камери со висока резолуција

Zoom камери

• Zoom камери е назив за камери со ултра висока резолуција кои се користат кај системи за видео надзор каде треба да бидат прикажани многу детали на снимен материјал, или при прикажување во живо , како и потполно остра и динамична слика и кај ситни и кај оддалечени објекти кај системи кај кои камерите со пониска резолуција не ги задоволуваат потребите на корисникот или во случаи кога постоечката пропратна опрема го ограничува користењето на друг вид на камери

Zoom камери

Микро камери

• Микро камери се такви камери кои со својот дизајн и технички решенија се идеални за незабележителен видео надзор. Тие можат да бидат монтирани брзо и едноставно на било кое место: на намештај, во возило, во канцеларија или на облеката која ја носиме. Тие се опремени со Сим картичка која може да биде со капацитет до 16 Gb

Микро камери

Микро камера која

Во својот состав

содржи и снимач

Recommended