регулација на репродукција весна карчевска

Preview:

DESCRIPTION

:)

Citation preview

Кај машките и женските индивидуи системот за репродукција е составен од полови жлезди: семеници (testes) -машки и јајчници (ovarium)-женски, полови одводи (семеводи и јајцеводи), плодница (uterus) , кај женскиот пол, за интраутерин развиток на ембрионот, како и органи за копулација полов член (penis) кај машките единки и родница (vagina) кај женските единки.

Семениците се дел од машкиот полов (репродуктивен систем). Секој тестис е сместен во кожна кесичка (скротум) која го држи и заштитува. Тестисите имаат две главни функции: продукција на машкиот полов хормон-тестостерон и создавање на сперматозоиди и нивно складирање.

Јајчниците се женски полови жлезди, во која созреваат женските полови клетки и која има ендокрина функција (лачи женски полови хормони). До пубертетот површината на јајчникот е мазна, а потоа по секоја менструација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце клетки.

Тестостеронот е машки полов хормон кој ги дава повеќето машки полови карактеристики. Се синтетизира во семениците. Лачењето на тестостеронот започнува во текот на феталниот и ембрионалниот период, при што лачењето се поврзува со поместувањето на тестисите од стомачната празнина во мошниците. Во пубертетот, лачењето се зголемува, додека околу 40-сеттата година од животот значително се намалува, но тој сепак продолжува да се лачи до крајот на животот. Неговото излачување е под контрола на гонадотропните хормони од хипофизата.

Естрогените хормони претставуваат стероидни супстанци кои имаат важна улога во естрогениот циклус и затоа се сметаат за женски полови хормони. Се лачат од фоликулите од овариумите. Овие хормони се одговорни за појавата на женските полови карактеристики. Активноста на естрогените хормони е изразена за време на пубертетот, кога отпочнува првиот месечен циклус на овариумите. Со намалување на лачењето на естрогените, најчесто меѓу 45-тата и 50-сеттата година од животот, настанува период на менопауза.

Секерецијата на женските полови хормони се остварува, исто така , под контрола на хипоталамус-хипофизната врска, според принципот на негативната повратна врска. Зголемената хормонска секреција почнува за време на пубертетот, под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон(FSH), кој се лачи 20 пати повеќе во споредба со претпубертетниот период. Сепак, за разлика од мажите, количеството женски полови хормони е подложно на месечни варијации, кои се поврзани со месечниот циклус кај жената, што едновремено се одвива во овариумите и матката и просечно трае 28 дена.

Цикличните промени во овариумите се остваруваат во две фази:

* фоликуларна, обично трае 14 дена, период во кој се формира ооцитата се до овулацијата, и

* лутеинска, која ја опфаќа активноста на жолтото тело, кое се формира од остатокот на Графовиот фоликул по овулацијата. Во случај на оплодување, секрецијата на прогестерон ја одржува бременоста до четвртиот месец од развитокот на ембрионот. Во спротивно, по 24 дена од циклусот, жолтото тело инволуира во бело тело, кое пропаѓа оставајќи лузна на овариумот.

Промените во матката во тек на маесечниот циклус се одвиваат во три фази:

- пролиферативна, која трае од 5-тиот до 14-от ден од месечниот циклус, до појава на овулацијата. Има за цел подготвување на матката за евентуална бременост, преку здебелување на ѕидот и збогатување на ендометриумот со жлезди. Во истиот период созреваат фоликулите.

Регулацијата на сите промени во текот на месечниот циклус е под контрола на хормоните од аденохипофизата (FSH и LH) , чија секреција е условена од GnRH oд хипоталамусот врз принципот на негативен фит-бек механизам.

- Секрецијата на гонадотропните хормони ( FSH и LH) од аденохипофизата настанува со стимулација од страна на гонаготропниот рилизинг хормон (GnRH) од хипоталамусот;

* FSH ја стимулира оогенезата во овариумите, додека LH влијае врз формирање на жолтото тело по овулацијата.

* Жолтото тело лачи големи количества естрогени хормони и прогестерон, кои по пат на негативна повратна врска ја прекинуваат секрецијата на гонадостимулирачките хормони, а со тоа и врската со хипоталамусот.

* Секрецијата на естрогените хормони се намалува пред крајот на лутеинската фаза, со пропаѓање на жолтото тело. Со тоа престанува негативното влијание врз хипоталамусот, кој преку пилизинг хормоните повторно ја стимулира секрецијата на FSH и LH. од своја страна тоа го поттикнува созревањето на Графовите фоликули и нивната секреција на естрогени хормони, кои ден-два пред овулацијата ја достигнуваат својата максимална концентрација во крвта.

Циклично формирање на јајце-клетките (кај човекот обично една) овозможува контрола врз бројноста на потомството, односно планирање на бременоста. Постојат повеќе или помалку успешни начини за контрола на бременоста, која се сведува на заштита без користење на заштитни средства и со користење на контрацептивни средства, кои се систематизираат во неколку групи заштита:

-механички (кондом, дијафрагма, спирала)-хемиска (пенливи таблети, пени, креми, аеросоли и др)-биолошко-хормонска (антибебе таблети)-вештачки стерилитет (вазектомија, овариектомија)