18
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје Филозофски факултет Институт за Историја на уметност и Археологија Насока: Историја на уметност -Есеј- Тема : Тематски иновации на Страшниот суд во поствизантискиот период Предмет: Поствизантиска уметност во Македонија од XV до XVIII век

Тематски иновации на Страшниот суд во поствизантискиот период / Thematic innovations of The Last Judgement scene in Post-Byzantine

Embed Size (px)

Citation preview

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје

Филозофски факултет

Институт за Историја на уметност и Археологија

Насока: Историја на уметност

-Есеј-

Тема :

Тематски иновации на Страшниот суд вопоствизантискиот период

Предмет: Поствизантиска

уметност во Македонија одXV до XVIII век

Ментор: Студент:Проф. Д-р Анета Серафимова Сашка Наве

Ноември, 2014 Скопје Содржина:

Вовед ...........................................................

.................................................................

...........3

Иконографија и тематски иновации во Страшниот

суд.....................................................4

Заклучок.........................................................

.................................................................

.......10

Илустрации ......................................................

.................................................................

.....11

Библиографија....................................................

.................................................................

...13

2

Вовед

3

По падот на Цариград, новите социјални, економски и

политички услови кои ги донела османлиската власт, влијаеле и на

уметноста и архитектурата на спомениците кои се граделе во тој

период. Градењето на нови цркви, посебно во градовите било

забрането, додека обновувањето или доградувањето на веќе

постоечките било регулирано со низа од строги прописи.

Византиската држава немала престолнина со што доаѓа до мешање и

комбинација на стари византиски стилови во уметноста. На овие

територии се јавуваат сликарски школи кои ќе внесат иновации во

старото византиско сликарство и чии новини ќе бидат обележје на

поствизантиската епоха. Имено, се јавуваат и нови теми, сцени,

циклуси и претстави кои пред тоа биле ретко сликани или воопшто

не се сликале. Една од овие теми кои биле иновирани е

и сложената иконографија на Страшниот суд. Во својата сложена,

заокружена иконографија, Страшниот суд е целина што обединува

богат знаковен инвентар со сложена семиотика.1 Оваа есхатолошка

тема претставува догматско-дидактички склоп, кој го илустрира

второто Христово доаѓање и финалниот суд, на кој според

животните дела и заслуги човечкиот род ќе биде разделен на

праведници и грешници, со што првите како награда ќе добијат

вечен живот во рај, а грешниците конечен пропаст во пеколот.

Визуелизацијата на Страшниот суд се заснова на библиски и

книжевно-богословски литературни извори. Од библиската литература

се издвојуваат книгите на пророкот Данил и псалмите како и

Евангелието на Матеј и Откровението, додека пак од листата на

1 А. Серафимова, Кучевишки манастир Свети Архангели, Скопје, 2004, 175

4

богословска литература се издвојуваат беседите обединети под

наслов ,,За второто доаѓање и Страшниот суд”, кои му се

припишуваат на Ефрем Сириски.2

Иконографија и тематски иновации во Страшниот суд

Сложената композиција на Страшниот суд ги содржи трите

основните делови, односно Трибуналот/Деисис, Рајот и Пеколот. Во

највисоката зона се слика Деисисниот чин, односно во центарот е

Христос во мандорла, седнат на торн или божилак, со десната рака

ги повикува праведниците, со левата ги одбива грешниците. Зад

него се ангелски сили, а лево и десно од него Богородица и Јован

Претеча. Од нозете на Христос извира Oгнена река која тече кон

Пеколот и завршува во долниот десен дел на сцената со адското

ждрело. Во истата зона или зоната подолу, симетрично, седнати на

екседра се сликаат апостолите, а зад нив ангели. Целата сцена е

поставена на развиен Небесен свиток носен од двајца ангели. На

свитокот може да бидат претставени ѕвезди, Сонце и Месечина и

знаците од зодијакот. Под нозете на Христос во таа централна оска

се слика Приготвениот престол, а од двете страни, лево и десно од

хетимасијата Адам и Ева во проскинеза. До фигурите на Адам и Ева2 Исто, 175

5

можат да бидат прикажани и фигури означени како сиромави/просјаци.

Мотивот на

сиромавите е една од поствизантиските новини, и овој мотив во

Страшниот суд датира од средината на XV век. Фигурите на

просјаците обично се сликаат до или под Приготвениот престол и

нивната бројка може да варира од една фигура до цела група

сиромави, питачи, сакати. Нивното претставување е проследено со

текстовите од Мат. XXV, 34-41, како соодветна основа за сликарско

обликување.3 Истражувањата покажуваат дека епизодата со

сиромавите најчесто била сликана на подрачјето на Грција, особено

на територија на Костур, се забележува и на територијата на

Бугарија како и на сите наративни претстави во Македонија, додека

пак на подрачјето на Пеќската патријаршија овој мотив се јавува

многу ретко.4 Претставата на Страшниот суд на западната фасада

на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, спаѓа меѓу

најстарите илустрации на епизодата со просјаците во Македонија и

диецезата на Охридската архиепископија.

На левиот дел од сцената се слика Рајската страна, односно

небескиот Ерусалим, најчесто претставен како тврдина во кој на екседра

седнати се претставуваат фигурите на веќе пристигнатите во рајот. Во

небескиот Ерусалим се слика Богородица, седната на престол, фланкирана

од ангели, до неа Аврам со душите на праведниците како и праотците

Исак и Јаков седнати крај него, а веднаш до рајските порти,3 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 524 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 173

6

праведниот разбојник со голготскиот крст. Кон портите на рајот, чувани

од огнениот херувум, чекаат да пристапат група на праведни светители.

Групата е предводена од апостолите Петар; кој ги носи рајските кличеви

и Павле, а зад нив групи на светители од библијата и христијанската

историја. Први се сликаат апостолите, по нив архијереите најчесто

предводени од св. Василиј Велики и Јован Златоуст, пророците, меѓу кои

и Давид и Соломон, монаси, маченици како и група на свети жени.

Традиционално тие се претставуваат во цел раст и како полуфигури, а

секоја група ја предводат најзначајните претставници на секој

светителски хор. Овие групи се еднолично решени во текот на долгата

источнохристијанска илустрација на Страшниот суд, а бројот на хоровите

претставува единствена варирачка компонента во овој мотив.5

Како поствизантиска новина во

овој дел од темата Страшен суд се издвојува претставата на четирите

рајски реки – Фисон, Геон, Тигар и Еуфрат.6 Во композициите на рајот се сликаат

како потоци што излегуваат од долниот ден на рајската градина. Иако

мотивот датира уште од ранохристијанската уметност, a до XIV век во

композицијата на Страшниот суд, рајските реки не се претставувани.

Елементите кои го сочинуваат Рајот, главно имаат библиско потекло, а

четирите рајски реки се именувани во Генезата во рамките на описите на

старозаветната космологија (Постанок, II, 10-13).7

Илустрацијата на темата Страшен

5 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 1746 Поради отсуство на сликање на читирите рајски реки во византиските примери на Страшниот суд, овој мотив се смета за поствизантиска новина, иако има реткипостари примери. 7 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 183

7

суд во Св. Богородица Перивлепта во Охрид и Св. Архангели во Кучевиште

е иновирана со овој мотив.

Епизодата на Општиот воскрест, кој не е ниту Рај ниту Пекол,

најчесто се слика на десната страна на сцената, уште од најраните

нејзини примери. Имено, се прикажуваат отворени саркофази од кои

излегуваат фигури, околу реалистични и фантастични животни и птици, а

како дел од епизодата се претставуваат и персонификациите на Земјата и

на Морето. Варирачка компонента се атрибутите кои ја дополнуваат

секоја фигура, па така во поствизантискиот период школката во

претставување на персонификација на морето, може да се каже дека е

омилен кај грчките сликари од XVI век. 8 Геа, пак, најчесто се

претставува како женска фигура како го придржува небескиот свод,

прикажан како ткаенина, или пак е прикажана со жезол и карпа во

рацете. Персонификацијата пак на четирите небески ветрови во Страшниот

суд, не се забележани во византиските примери на темата, па според

тоа влегуваат во поствизантиските новини, почнувајќи од XV век. 9 Тие

се алегорија на космичката силина и најчесто се илустрираат како машки

полуфигури, насликани покрај морската вода како дуваат во труби.

По општиот воскрест настапува мерење на душите, па

така во централната вертикала близу до огнената река под Приготвениот8 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 1779 Исто, 177

8

престол се илустрира и епизодата Психостасија. Се слика терезија која

ја држи Божјата рака, на вагата се претсравени свитоци; записи на

животните дела, од левата страна се ангели предводени од Архангел

Михаил, а од десната група демони. Во текот на средниот век демоните

имаат антропоморфни облици, додека пак во уметноста на XVI век

настануваат промени во нивното прикажување. Имено, главите се сликаат

со профили на лилјаци, со опашки и шепи. Ваквите елементи најизразени

се на спомениците во Романија, додека во Македонија се поумерени.10

Епизода која исто

така ќе почне почесто да се слика во поствизантискиот период е и

Параболата за мудрите и неразумните девојки (Мат. XXV, 1-3). Најстаро

нејзино приклучување кон Страшниот суд е познато според минијатурите

во Ерменскиот ракопис од 1262 година, а се јавува и во живописот на

црквата св. Јован Богослов во с. Сели на Крит (1411г.), меѓутоа

станува омилен дел во Страшниот суд кон средината на XVI век. На

територија на Македонија пример има во црквата Св. Климент (Св.

Богородица Перивлепта) во Охрид.11

На десната страна од сцената се слика Пеколот, всушност, носачот

на дидактичната поента на целата тема.

Илустрацијата на пеколната страна е

сочинета од неколку мотиви- Огнената река, Колективните и Индивидуални

маки. На крајот на огнената река, на дното на сцената се слика адското

ждрело, кое најчесто се претставува како чудовиште со отворена челуст,

на чиј јазик се слика антропоморфна фигура која јава на чудовиште, а

10 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 5511 Исто, 55

9

во рацете носи мала темна фиругура на бебе која се толкува како душата

на Јуда. Така, персонификацијата го добива клучниот атрибут за

трансформирање на идејата за Адот во идеја Сатана, владетел на

подземјето.12 Ваквото удвојување на персонификацијата за Адот, треба да

се третира како поствизантиска новина. Иконографскиот

модел на Огнената река се состои од три елементи- претстава на

богатиот, грешници без инсигнии кои понираат во реката и

персонификациите поставени на нејзиниот крај. Текстуалната предлошна

на Огнената река произлегува од визијата на пророкот Данило како и од

Откровението.

Колективните маки произлегуваат од Откровението каде се опишани

петте фази на пеколот. Сите се визуелизираат во пет полиња со главно

еднолики фигури. Се сликаат под адското ждрело. Освен колективните се

сликаат и индивидуални маки, најчесто илустрирани под колективните,

во зоната на цоклето. Тие се произлезени од локалното верување и

најчесто има претстави на леумка која одбила да дои туѓо дете, гревот

на мелничарот кој одбил да даде брашно на просјакот и.т.н. Во

поствизантиската уметност се почесто се изоставуваат колективните, а

повеќе се сликаат индивидуалните маки. Во XVI, XVII и XVIII век се

сликаат и женски фигури, обвиени со змии, а покрај секоја фигура има

текст со објаснување на направениот грев.

Како новина која се јавува во поствизантискиот период е групата

на иноверни, најчесто предводени од Мојсеј, а ако ја има оваа епизода

се слика во горниот дел на пеколот, веднаш до огнената река. Се

слика така што Мојсеј е претставен со нимб и со пророчка капа, а со

десната рака укажува кон Христос, обраќајќи им се на останатите.

12 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 181

10

Специфичната облека на групата по него составена од кафтани и фесови,

понекогаш дополнета со женски фигури облечени во чакшири и сирвали,

јасно го открива идентитетот на оваа група фигури. 13 Станува збор за

група Евреи и Турци.

Местото на Евреите на пеколната страна е поврзано со

богоубиството како најголем грев, произлезено од многукратното

обвинување во Јовановото евангелие, додека пак вклучувањето на

Турците е протолкувано како одраз на актуелните регионални историски

околности и случувања. Присуството на Мојсеј во епизодата ја

носи метафората за основач на религијата и осудувач на оние кои се

виновни за распнувањето на Христос и тој секогаш покажува кон него

како прекор упатен кон групата.14

Во поствизнатискиот живопис на земјите под

османлиска власт, во претставите на Страшниот суд, многу ретко се

бележи присуството на групата со Турци, додека пак во Молдавија тоа е

честа појава, како и на руските споменици, каде во композицијата на

Страшниот суд во пеколот освен Турци, во групата безбожници/иноверни

се сликаат и Татари, Ерменци, Арабјани и други народи со кои војувала

Русија. Според некои мислења, во земјите под османлиска власт,

зографите и ктиторите не ги поставувале Турците во пеколот на

Страшниот суд поради страв од можни репресалии.15 Во овој контекст

Турската група отсуствува во претставите на територија на Србија,13 А. Серафимова, Османлиски социо-историски рефлекси: претстави на турци во поствизантиско сликарство во Македонија, Патримониум. МК 4/9, 2011, 20714 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 17515 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 52

11

светогорските примери на Страшниот суд и во други споменици во Грција

и Бугарија, меѓутоа појавата на епизодата на примери од Македонија

покажува дека таа не била непозната во структурата на Страшниот суд во

рамките на Турската држава. Мора да се укаже на фактот дека кон

средината на XVI век, врските на Охридската архиепископија со

романските земји биле мошне блиски, со што има можност појавата на

оваа епизода во рамките на Страшниот суд во Македонија да била

дисперзирана од Молдавските споменици. Оваа

група на иноверни ги детектираме во три фреско-ансамбли во Македонија,

и тоа на западната фасада на старата црква Св. Богородица Перивлепта

во Охрид (ок. 1595г.), на западна фасада на средната црква на

манастирот Зрзе (1624/25 г.), како и на источниот ѕид на припратата на

Кучевишкиот манастир Св. Архангели (1630/31г.). 16

Во истата зона, најчесто во продолжение на оваа група, на

пеколната страна на илустрацијата на Страшниот суд, се сликаат

четирите цареви. Сликањето на мотивот со четирите царства во живописот

на XVI век ќе се наметне како појава која и дава белег на оваа

композиција во поствизантиската уметност.17

Ликовната интерпретација на оваа епизода, добро е познато дека се

заснова на визијата на пророкот Данил (VII, 1-28), и дека тие се

16 А. Серафимова, Османлиски социо-историски рефлекси: претстави на турци во поствизантиско сликарство во Македонија, Патримониум. МК 4/9, 2011, 20717 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 51

12

сликаат над пеколните маки.18 Тоа се четирите големи пагански царства

кои ќе исчезнат со триумфот на Христовото доаѓање. Во визијата на

Данил тие се симболизирани преку појава на четири животни, односно

лав, леопард, мечка и фантастично животно, па така и се интерптерираат

во постарите примери. Најран зачуван пример

за библиско профилирање на овие животни е од црквата Раѓање на

Богородица од Снетигорскиот манастир (1313г.) во Пасков, каде се

претставени четири животни според редоследот и описот на пророкот

Данил. Во Успенскиот собор (1408г.) во Владимир, зографот Андреј

Рубљов ги насликал четирите животни во медалјони и означуваќи ги со

натпис како Римско, Вавилонско, Македонско и Антихристово Царство, што

претставува најран пример за воведување на животните како симболи на

четирите пагански царства спомнати во визијата на Данил (VII, 17-24).19

Претставата на Страшниот суд во Велика Лавра, покажува паралелно

постаро решение со четирите животни и внесување на четири владетелски

фигури. Наскоро потоа во манастирската црква Дилиу (1543г.) и во

егзонартексот на Св. Никола на Филантопените (ок. 1560г.), обете кај

Јанина, во илустрацијата на Страшниот суд ќе бидат насликани само

владетелските фигури.20

Мотивот се илустрира така што се сликаат владетелски

фигури со царски инсигнии седнати на рамна клупа, а до нив видовме

дека може и немора животните како нивни атрибути. Најчесто фигурите се

обележани со натпис, па имињата на паганските цареви може да варираат

(Навукодоносор, Александар, Кир, Пор, Дариј, Октавијан Август). Во

18 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 5119 А. Серафимова, Кучевишки манастир Свети Архангели, Скопје, 2004, 18520 Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 51

13

епизодата може да биде насликан и Пророкот Данил како спие- Даниловиот

сон. Во Македонија примери со оваа епизода

има во претсравата на Страшниот суд во Кучевишкиот манастир Св.

Архангели и Св. Богородица Перивлепра во Охрид.

Заклучок

Најстарите византиски примери на Страшниот суд датираат од X

век, додека пак најстарата развиена иконографија на темата со

сите елементи, чија иконографија ќе стане стандардизирана,

потекнува од XI век (Панагија тон Халкеон, Солун).21 Старата

традиционална иконографија на Страшниот суд, во новите

општествено историски услови веќе немала толку големо влијание

над верниците, а новата редакција на Страшниот суд во

поствизантискиот период, со внесување на некои епизоди и мотиви е

всушност одек на реално влошените состојби во последните декади

на XV и XVI век, од кога и датираат најстарите воочени примери.

Во новата редакција на Страшниот суд се вклучуваат епизодите со

сиромавите/просјаци, иноверните, четирите царства, четирите

рајски реки, промени во некои од персонификациите, како и

параболата за мудрите и неразумните девојки. Посочените

мотиви/епизоди на новата редакција на Страшниот суд и нивниот

продор на балканските области, се поврзува со Света Гора, со

исклучок на претставите на безбожците, како и претставите на

21 А. Серафимова, Кучевишки манастир Свети Архангели, Скопје, 2004, 176

14

рајските реки.22 Политичките околности кон средината на XVI век и

блиските врски меѓу Охрид и Молдавија за време на архиепископот

Прохор, би можело да биде врска за преземање на некои новини од

молдавските споменици, како што е епизодата со иноверните Турци.

Ваквата редуцирана

варијанта на темата ја со сите или некои од новите мотиви ја

среќаваме во Кучевишкиот манастир Св. Архангели, на фасадите на

Богородица Перивлепта и Сливница и на фасадата на средната црква

во манастирот Зрзе.

Илустрации

22 А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03, Скопје, 2004, 185

15

- Страшен суд, Трибунал (горе) и Рај

Трибунал, Хетимасија и Мерење на душите -

- Пеколна страна, општ воскрест

- Рајска страна, поворка со праведните

16

- Мојсеј со иноверните

Четирите царства-

-Четири рајски реки

Просјаци/сиромави-

17

Библиографија:

А. Серафимова, Кучевишки манастир Свети Архангели, Скопје, 2004, 175-190;

А. Серафимова, Семиотичка анализа и поствизантиски паралели на Страшниот

суд во кучевишките Свети Архангели, Културно наследство, 28-29/2002-03,

Скопје, 2004, 163-186

А. Серафимова, Османлиски социо-историски рефлекси: претстави на турци во

поствизантиско сликарство во Македонија, Патримониум. МК 4/9, 2011, 207-

209;

Ц. Грозданов, Страшниот суд во црквата Св. Климент (Св. Богородица

Перивлепта ) во Охрид во светлината на тематски иновации на 16 век, Културно

наследство 22-23/1995-96, Скопје, 1997, 47-56;

18