36
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 103/104 25 Dekemvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ: ГО РАЗБОРЧИВМЕ ОХРИД ДЕДО МРАЗ НИКОГАШ НЕ ДОШОЛ КАЈ НАС ВЕНКО ШАПКАР: “БРОДОТ” НА АМАК ЈА ПРЕЖИВУВА КРИЗАТА definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 103/104

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 103/104

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 103/104 25 Dekemvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ:ГО РАЗБОРЧИВМЕ

ОХРИД

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ:ГО РАЗБОРЧИВМЕ

ОХРИД

ДЕДО МРАЗ НИКОГАШ

НЕ ДОШОЛ КАЈ НАС

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ: ВЕНКО ШАПКАР:“БРОДОТ” НА АМАК ЈА ПРЕЖИВУВА КРИЗАТА

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 103/104

2 AMAK PRES

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 103/104

3www.amac.com.mk/novini

Светот тоне се подла-боко во кризата која се уште не ја дефини-

раа какава криза е таа. Дали е рецесија, финансиска, еко-номска или е комбинација од се по малку, па сега целиот систем на западниот свет падна во криза.Но, кризата на системот кој опстојувал со некои свои вредности и доктрини и изградил меѓународни ин-ституции за да го сочуваат и бранат во криза ги тур-ка и тие институции, кои покрај со скратените фи-нансии сега се соочуваат и со нешто многу поопасно, а тоа е прашањето на нив-ното постоење и потребата од нив. Тука пред се мис-лам на нашите неостварени желби, НАТО и Европската Унија кои евидентно паѓаат во криза на постоењето и многу нешта кои се случу-ваат на разни министерски конференции на овие две заедници ме потсетуваат на времето кога Словенците за-минале од состанокот на Це Ка во Белград, а Косоварите збеснале по улици. Слично нешто се случува сега во Брисел, каде Англија и Франција не ја поканиле Германија заедно да ги ре-шаваат проблемите на заед-ничката Европа, во која до вчера заедно се крстеа како кон Мајка Хранителка. Но, однесувањето на големи-те Англија и Франција кон уште поголемата Германија не е ни одблизу изненаду-вачко како однесувањето на прибалтичките и централно европските мали државчиња кои токму сега потпишаа договори со пацифички и централно азиски земји и истите како што налага про-

цедурата не ги ни доставија да поминат низ Советот на НАТО,а кога најголемата Америка ги предупреди дека мора да ја почитуваат про-цедурата и да ги поминат договорите низ советот на НАТО, малите државчиња немаа слух за процедурите на најголемиот сојуз форми-ран од најголемата Америка. Сето ова некако ме потсети на минатогодишните еми-сии на Миленко Неделкоски кога тој со неговите гости тврдеше дека НАТО е пред својот крај.А дели е пред крај и угледот на Европа како бизнис цар-ство. Со децении најстариот континент олицетворен во ЕУ имаше имиџ на заедни-ца во која цути бизнисот, рај кој увезува работна сила, за-едница која нуди шанси за просперитет на помалите држави. . .Но, сега се пока-жува дека сето тоа можело да се опише со народната ,, одозгора мазно, а внатре празно,, . Од како Грците збеснаа на улиците се по-кажа дека невработеноста таму била 29 % ( за 2 % по-мала од нашата), па дека во Шпанија таа била 15 %, а тука некаде и во Италија, Франција и тн. Ова ја деми-фистицира лажната слика на фалш благосостојбата која Европејците ја прикажуваа пред се пред земјите кои беа aспиранти да станат член-ки, за така полесно да ги уценуваат и притискаат во исполнувањето на условите кои им ги бараа, а ни сами не ги исполнувале. Оваа фи-нансиска демифистикација на ЕУ сериозно го поставува прашањето дали вреди да се членува таму, бидејќи да не се лажеме, освен парите дру-

ги мотиви никогаш никој не ни имал. Зарем некој сакал да е во ЕУ заради нејзините аршини и стандарди во по-глед на човековите права, и еднаквиот третман на сите ? Ма дајте Ви се молам, ние како Македонци најдобро знаеме какви се последици претрпевме низ вековното курвање во Европа, која сега сама се демистифици-ра од Вавилонска Блудница како ние што ја знаевме, во Вавилонска Куќа, или во де-нешно време во поглед на моралот и вредностите Ев-ропа може да се израмни со Амстердамска Јавна Куќа, каде се зачлениле дваесети-на проститутки кои за жал останале без муштерии и без пари.Нашите кризи пак немаат крај. Од како знам за себе нашата земја е во криза на вредностите, системот, фи-нансиите, стопанството . . .Ама сега поинтересно е за-тоа што целиот свет е во кри-за на сите овие полиња, па не знам што ќе биде сега опција за нас на следните избори и сите по нив, бидејќи 20 го-дини слушаме како нашите кратковиди политичари не маткаат со Европска опција, НАТО и така ветувајќи по-добар живот кога ќе дојдеме до таа опција истуркаа цели едни кариери и животи, за на крај да се покаже дека врска немале со животот што пра-ват и што зборуваат, бидејќи кога ние помисливме дека ги достигнавме вредностите и принципите на таа опција, таа сама падна во криза и стана нешто слично на нас и ете сега немаме опција по која ќе си го мамиме умот.Но , ако немаме опција за кризите имаме за забава и

тоа во 18 00 и 19 00 на Си-тел и А1. Вестите кои не-когаш уриваа влади, сега се претворија во бастион на глупоста и простотилакот и преку нив се плукаат Ѕинго и Велија и ни кажуваат кој од нив бил поголем мафијаш, криминалец, бандит, лажго , уценувач, профитер на туѓа несреќа, земјопоседник, трговец со отровна храна, со вода, со мермер, кој ла-пал во спортот, а кој во пе-чатарството и сето тоа стана досадно бидејќи тоа сите го знаат.Предлагам за празниците празнично уредништвата на Сител и А1 да набават информации од повесел и позабавен карактер, па нека почнат да објавуваат кои биле швалерките на Ѕинго и Велија, дали покрај шва-лерките одат и по курви, дали некој од нив двајца во младоста дувал трева и се пијанел, дали на времето се сексале во студентски дом или во некој парк, дали имаат вонбрачни деца, дали кога се во странство одат во стриптиз барови, дали се коцкале, дали слушаат турбо фолк или друга шунд музика, дали по дома ше-таат по гаќи или голи, ама мислам најинтересно би било да проверат кој има поголем . . . . . да ,коефици-ент на интелигенција сакав да кажам, па мисли дека со сопствената телевизија ќе го убеди народот да мисли дека оној другиот е полош од првиот.Како велеше народот. Му ре-кол зајакот на магарето дека имало големи уши. Љупчо Танески

Светот тоне се подла-боко во кризата која се уште не ја дефини-

цедурата не ги ни доставија да поминат низ Советот на НАТО,а кога најголемата

ги мотиви никогаш никој не ни имал. Зарем некој сакал да е во ЕУ заради нејзините

тоа во 18 00 и 19 00 на Си-тел и А1. Вестите кои не-

СИТЕ НАШИ КРИЗИ И ОПЦИИРЕЗИМЕ

Page 4: АМАК ПРЕС 103/104

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Новогодишните праз-ници се на прагот. Празничната треска

веќе се чувствува, се купува-ат подароци,облека се плани-ра најлудиот помин во годи-ната. Богатите ќе отпатуваат до некоја примамлива ту-ристичка дестинација надвор од земјава, некои ќе слават по кафеаните, но најголемиот дел од граѓаните Новата годи-на ќе ја дочекаат во до-машна атмосфера или на градскиот плоштад.И покрај разликите, кој каде ќе слави, едно е заедничко за сите - тро-шат и оние што имаат и оние што немаат пари. Во најскапиот месец од годината граѓаните од полупразните џебови ќе издвојат за свечени тоа-лети, елегантни чевли, фризури и секако за бо-гата новогодишна трпе-за.Според информациите од туристичките агенции и оваа година голем е бројот

на оние кои Новата година ќе ја дочекаат во странство. Моќта на нашите граѓани не се намалува и покрај свет-ската криза. -Светската криза не влијае кај нас затоа што нашиот ту-

ризам сеуште не е развиен на глобално ниво. Последиците се чувствуваат во светските дестинации каде е развиен

масовниот туризам, вели Олег Маленко сопственик на туристичката агенција, Вис Пој. Според Маленко, со оглед на тоа што Охрид е туристичко место и сите на некој начин профитираат од

гостите кои ќе допатуваат во нашиот град, интересот кај граѓаните Новата година да ја дочекаат надвор од гра-

ниците е голем. Охриѓани празничниот одмор најчесто го поврзуваат со зимски-от, па според тоа најголем интерес има за зимските скијачки центри надвор од државава додека оние во

Македонија не се при-мамливи за граѓаните од Охрид. Традиционални-те дестинации, Истан-бул, Рим, Будимпешта, Прага се најбарани, а цените за тридневни и четиридневни аранжма-ни се движат од 150 до 250 евра. Во таа цена е вклучена целокупната организација, превозот, сместувањето во хоте-лите со 3 и 4 ѕвездички како и новогодишната вечера. Помладите годи-нава за само 130 евра ќе патуваат за Херцег Нови. Една од најинтересните дестинации за која го-динава во туристичката

агенција Вис Пој има голем интерес е Тунис. Цените за таму се движат од 430 евра, па нагоре во зависност од

СКАПИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ СЕ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА ОХРИЃАНИ

ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРАЗНИЧНА ТРЕСКА

ЗА ДОЧЕКОТ НА 2009 ГОДИНА ЗГОЛМЕН Е БРОЈОТ НА ОНИЕ ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ОТПАТУВААТ ВО ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ХИТ ДЕСТИНАЦИИ. НО ЗА ДА ОТИДИТЕ НА ЕДНО ОД ТОПЛИТЕ МЕСТА КУБА, ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА ИЛИ МОНТЕ КАРЛО ТРЕБА ДА ИЗДВОИТЕ НАЈМАЛКУ 2500 ЕВРА, А ПОКРАЈ АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ДОБИВАТЕ И ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ.„ГОДИНАВА МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ПОРАСТ НА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ НА ПОДАЛЕЧНИТЕ И ПОАТРАКТИВНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ, А ТОА ПОКАЖУВА ДЕКА КУЛТУРАТА НА ПАТУВАЊЕ Е НА ПОВИСОКО НИВО“, ВЕЛИ СОПСТВЕНИКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВИС ПОЈ, ОЛЕГ МАЛЕНКО

Page 5: АМАК ПРЕС 103/104

5www.amakpres.com.mk

СКАПИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ СЕ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА ОХРИЃАНИ

категоријата на хотелот. Она што посебно зачудува за дочекот на 2009 година е порастот на оние граѓани кои ќе отпатуваат во така-наречените хит дестинации. Но за да отидите на едно од топлите места Куба, До-миникано или Монте Карло треба да издвоите најмалку 2500 евра, а покрај авион-скиот превоз сигурно ќе до-биете и луксузен хотел.-Годинава може да се забе-лежи пораст на оние кои па-туваат на подалечните и по-атрактивните дестинации,а тоа покажува дека културата на патување е на повисоко ниво. Охриѓани знаат што сакаат за своите пари, а ние сме тука да ги исполниме нивните барања. Нашата 24-часовна услуга посвете-носта и исполнувањето на барањата на нашите клиен-ти се причина покрај тради-ционалните да имаме и нови клиенти што пак не обврзува постојано да го зголемуваме квалитетот на нашите услу-ги, вели менаџерот на Вис Пој.Хотелските работници за новогодишните празници очекуваат во Охрид да при-стигнат над 10 000 туристи, а најбројни од странците според најавите и овојпат ќе бидат гостите од Србија, Албанија и Бугарија. Капа-цитетите во хотелското и приватното сместување се речиси целосно пополнети. Тридневен аранжман во хо-телите чини околу 15 000 де-

нари, а само дочекот 3 000 денари.И во охридските кафеа-ни каде најчесто забавата е со музика во живо нема слободни места. Цените се различни во зависност од менито со кое ќе бидете послужени и се движат од 2000 до 3000 денари. За за-бава пак во кафулињата Но-вата година може да се до-чека од 500 до 2000 денари во зависност дали пиењето е ограничено или не.Оние пак што неможат да си дозволат да отпатуваат или да бидат дел од убави-те хотелски сали и весели ресторани новата година ќе ја дочекаат во домашна ат-мосвера со богата трпеза. За нив преостанува уште една алтернатива каде не се по-требни многу пари, а сепак има добра забава. Просла-вата на градскиот плоштад е проверена работа за луда и евтина забава каде един-ствено треба да му се спро-тиставите на студот. Во најскапиот и најдолгиот месец од годината граѓаните веднаш по трошокот од најлудата ноќ прават пре-сметки колку ќе одвојат за прослава на Божиќ и Стара Нова година. Без разлика кој колку има трпезите и за овие празници ќе бидат богати, а потоа следи онаа старата- како да се прежи-вее од први до први. Сузана Вренцовска

ВО РИВИЕРА И ВИЛА ДЕНАРИУС ПОПОЛНЕТО ДО ПОСЛЕДНО МЕСТОХотелот Ривиера е целосно распродаден за празниците и во него ќе престојуваат туристи од Србија Црна Гора, и Бугарија. Ресторанскиот дел за 31 декември е целосно продаден, а исто така голем интерес има и за предновогодишните забави каде најчесто термините ги земаат фирмите од градот во период од 25 до 30 декември. Овие денови има жива музика во вечерни-те часови, а охриѓани ги очекуваме и на 1 и 2 јануари кога е слободно за резервации – вели Никола Миленкоски директор на Ривиера. И Вила Денариус е целосно распродадена за празниците. И таму најбројни се гостите од Србија кои се застапени со повеќе од 80 %. За 31 јануари во Денариус се нуди свечена вечера со музика, а музика по желба на оние кои ќе се одлу-чат да дојдат кај нас ќе има и пред и по 1 јануари – велат од Денариус. Љ.Т

И ХОТЕЛИТЕ ПОЛНИ ЗА НОВА ГОДИНАТридневен аранжман – полу пансион со свечена вечера за до-чекот на Нова година во Охрид се движи меѓу 150 и 250 евра. Хотелиерите велат дека тридневните аранжмани со полу пан-сион се целосно исполнети, а по некое празно место има само за дочекот на Новата Година. Во хотел Десарет гостите ќе ги забавуваат Наум Петрески и Зуица Лазова придружувани од оркестарот на Милан Завков. Во Инекс Горица ќе пеат група-ра Цар Самоил и Благоја Груевски а во Хотелите Метропол и Белви, локални пеачи и групи. Кревет во приватното сместување чини од 300 денари па на-горе, додека цената на апартманите се движи помеѓу 20 и 50 евра по ноќ. Цената за дочекот на Нова година во охридски-те хотели се движи од 2.000 до 3.000 денари. Во кафулињата клубовите и дискотеките цените се движат од 900 до 3000 денари. А.Б.

Традиционално по 5-ти пат во водите на охридското езеро нуркачи од цела Македонија ќе

ја китат новогодишната елка. Нурка-чите од клубот за подводни дејности од Охрид и нуркачкиот центар Анфо-ра на дочекот на Нова Година ќе пијат и шампањско под вода а Дедо Мраз ќе ги донесе новогодишните подароци. Оваа година во целата организација за првпат се вклучува и Сојузот за под-водни активности на Р. Македонија. новогодишната елка ќе биде поставе-

на кај новоизградениот Музеј на вода кај Градиште. -Елката ќе остане се додека траат празниците до Водици. Со тоа овој атрактивен туристички комплекс ќе добие усте една содржина со што ќе се збогати празничната атмосфера. Граѓаните и туристите ќе имаат прили-ка со голо око од платформата каде се поставени куќарките да ја видат оваа несекојдневна глетка, вели Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки ин-структор.

Традиционално по 5-ти пат во водите на охридското езеро

на кај новоизградениот Музеј на вода кај Градиште.

ПРОСЛАВА И ПОД ВОДАТРАДИЦИОНАЛНО ПО 5-ТИ ПАТ `

Page 6: АМАК ПРЕС 103/104

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Во трошниот дом на семејството Јусуфоски направен

од ламарина и штици, без струја и вода каде празници-те, но и животот поминуваат во темница, осум годишниот Вернер и неговата поголема сестра Сузана како да под-заборавиле дека се ближат новогодишните празници. Тука никогаш нестапнал Дедо Мраз да ги направи барем за миг среќни. Нив-ните детски новогодишни желби,иако скромни остану-ваат неостварени. Додека сите, на свој начин, и

се радуваат на Новата годи-на – особено децата, Вернер не верува во добриот дедо кој носи подароци. Вели, кај нас никогаш не дошол да ми донесе подарок единствено татко ми, ми купува чокола-до и тогаш сум најсреќен. Од дното на неговото топло срценце посака пакетче за Нова година. Тешкиот живот ја направил неговата детска фантазија прескромна, па малиот Вернер заборавил на скапите играчки. Негови-от новогодишен список на желби е скромен, светлина во домот, телевизор и мно-

гу чоколади. Но, ниту Дедо Мраз не ги исполнил него-вите желби. Тие и понатака остануваат на списокот со надеж дека еден ден ќе ста-нат реалност. -Во училиште учиме песнич-ки за Дедо Мраз дека носи подароци на сите деца,ама кај нас никогаш не дошол. Единствено тато ми купува чоколади и бонбони кога е Нова година и ни ги остава до креветот затоа што нема-ме елка. Другите деца знаат повеќе за него го гледаат на телевизија и веруваат дека постои, а ние немаме теле-визор, вели Вернер.Но не мора да пристигне Дедо Мраз за да се развесе-лат детските очиња. Ново-годишните подароци и ел-ката кои ги однесовме ние

ДЕДО МРАЗ НИКОГАШ НЕ ДОШОЛ КАЈ НАС

МАЛИОТ ВЕРНЕР ЗА ПРВПАТ НАКИТИ ЕЛКА

НАШАТА ХУМАНА ЦЕЛ ПОДРЖАНА ОД ХИТ МАРКЕТ И ДОН МАРКЕТ КОИ ГИ ОБЕЗБЕДИЈА ПАКЕТЧИЊАТА ВНЕСОА НОВОГОДИШЕН АМБИЕНТ ВО ДОМОТ НА ЈУСУФОСКИ, КАДЕ ЗА ЖАЛ ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ПОМИНАТ БЕЗ МУЗИКА, ЦРТАНИ ИЛИ ФИЛМ СО ДЕТСКИТЕ ЈУНАЦИ. -ВО УЧИЛИШТЕ УЧИМЕ ПЕСНИЧКИ ЗА ДЕДО МРАЗ ДЕКА НОСИ ПОДАРОЦИ НА СИТЕ ДЕЦА,АМА КАЈ НАС НИКОГАШ НЕ ДОШОЛ. ЕДИНСТВЕНО ТАТО МИ КУПУВА ЧОКОЛАДИ И БОНБОНИ КОГА Е НОВА ГОДИНА И НИ ГИ ОСТАВА ДО КРЕВЕТОТ ЗАТОА ШТО НЕМАМЕ ЕЛКА, ВЕЛИ МАЛИОТ ЕНВЕР

Page 7: АМАК ПРЕС 103/104

7www.amakpres.com.mk

од весникот АМАК ПРЕС во овој сиромашен дом беа доволни барем за миг да измамиме насмевка на дет-ските лица. Нашата хумана цел беше подржана од ХИТ Маркет и ДОН Маркет кои ги обезбедија пакетчињата внесоа новогодишен амби-ент во нивниот дом, каде за жал празниците ќе поми-нат без музика, цртани или филм со детските јунаци. Но тоа е суровата вистина за животот на Вернер кој со радост го прими она што му го донесовме. Природно, спонтано помалку збунето истовремено и среќно беше неговото лице кога ја красе-ше новогодишната елка во малата соба во која едвам ја собира покуќнината, кре-ветот шкафот и шпоретот на дрва каде што неговата сестра го подготвуваше ру-чекот. Единствено останаа нераспакувани новогодиш-ните светилки . Тивко по-малку срамежливо Вернер и Сузана ни рекоа- нив нема каде да ги вклучиме, немаме струја.Нивниот татко пак, 60-годишниот Енвер е самохран

родител.Тој секојдневно се бори со тешкиот живот. Успева да заработи за парче леб, но неможе да им даде удобен живот, каков што сите деца имаат право да живеат . За ниски дневни-ци работи и по цели денови затоа што социјалната по-мош е премала за да се пре-хранат. Од пред две години нивната најголема среќа е внуката Сара од поголема-та ќерка, таа по смртта на нивната мајка беше столб на семејството. Сега гри-жата за домот и братот ја има 14 годишната Сузана Јусуфоска.„Не ми е тешко да се грижам и да внимавам на брат ми. Морам да го чувам и да ра-ботам по дома и да одам во училиште“ вели Сузана.И додека го напуштавме до-мот на Вернер неговите дет-ски очи не испратија пол-ни со благодарност. Иако среќен со подароците, не-говите новогодишни желби за подобар живот останува-ат само очекување и надеж дека ќе станат реалност. Сузана Вренцовска

МАЛИОТ ЕНВЕР СО БЛАГОДАРНОСТ НЕ ИСПРАТИ ДО ВРАТАТА ОД ТРОШНАТА КУЌА, СО ПАКЕТЧЕТО ВО

РАКА НИ ПОСАКА СЕ НАЈУБАВО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ

Page 8: АМАК ПРЕС 103/104

8 AMAK PRES

ИНТЕРВЈУ

ПЕТРЕСКИ: ГО РАЗБОРЧИВМЕ ОХРИД, ОДИМЕ СО НОВА ВИЗИЈА КОН ПОДОБАР ОХРИД

Изминатата година слободно може да се оцени како најбурна година од вашиот мандат. Сите 12 месеци бев-те во центарот на вниманието, од аферите прислушкување, преку по-литичкиот судир со власта кој стана правен, па се до бројните анегдоти кои ги кажавте во јавноста. По што ви остана во сеќавање од годината што мина ? - Сето тоа што го наведовте во прашањето, би рекол дека е составен дел на работата на еден Градоначалник. Мојот „судир“ со централната власт, како вие го нарекувате, не претставу-ваше некаково пркосење. Ги штитам интересите на граѓаните и работам за доброто на нашиот град, а централна-та власт не може да се однесува како сака кон потребите на Охрид или како и’ одговара од партиски побуди. Охрид е за сите нас, а не само за владеачлката партија која намерно опструира многу наши зафати и живее единствено за на-редните избори.Граѓаните на Охрид од мене и од ак-туелната власт очекуваа напредок на

градот и остварување на она што им го ветивме. Токму по тоа што го оства-ривме ќе ја паметам годината што из-минува. Постигнавме бројни успеси и резулати. Го направивме Охрид поубав и поуреден. Ги уредивме комунално и инфраструктурно дури и улиците или населбите каде што ништо не беше на-правено дури со децении на назад. Јас не би ги набројувал сите нив, не затоа што се многу на број, туку затоа што граѓаните најдобро го гледаат и оцену-ваат направеното.

Крајот на годинава без сомнение го одбележа блокадата на градбата во Бејбунар. Повеќе пати до сега сте давале оцени дека тоа е брутална пресметка од политичка природа која се одвива на грбот на Охрид. До каде дојдоа работите и кога може да очекуваме старт на градбата во Бејбунар ?- Примерот што го посочувате е само еден од поголемите и порегистрира-ните во јавноста од оние за кои ви ги наведов како опструкција за нашиот

развој. Јас и тогаш и сега тврдам дека е партиска пресметка со мене како гра-доначалник бидејки целата постапка во носењето на ДУП беше легална и за-конска, а одлуката исто така законска и од страна на Советот. Запрашајте се како медиум: Како можеме да бидеме во заблуда и да грешиме сите ние - и Градоначалникот и комплетниот Совет а да бидат поумни два-тројца бирокра-ти во министерствата кои молчеа цели две години? Јас ги штитам интереси-те на гарѓаните, конкретно на тие че-триесетина семејства-сопственици на парцелите во тој ДУП бидејќи станува збор за нивно земјиште, а не државно. Кој нив ќе ги штити од самоволието на државата , ако не Грдаоначалникот? Зошто државата аку е толку загриже-на за археологијата, не го откупеше на време тоа земјиште од сопствениците? Јасно е дека на ВМРО -_ДПМНЕ и’ пре-чи пред изборите Охрид да биде и фи-нансиски најуспешен со инкасирањето на десеттина милиони евра во Буџетот на сметка на комуналните такси за уредување на земјиштето. Конечно, и

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД

Page 9: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 9

јас како и обесправените сопствени-ци, очекуваме дека Уставниот суд ке ја отфрли ставената забрана од мини-стерството за локална самоуправа и ќе може сопствениците да инвестираат во она што го планирале со тој простор.

Изминатата година Охрид како град го претставивте на бројни саеми за туризам. Летото градот беше пре-полн со туристи, па на моменти ко-лабира снабдувањето со електрична енергија, неколку пати имаше за-стои во водоснабдувањето и градот го преживеа најголемиот сообраќаен колапс до сега. Кои се плановите на локалната согласно нејзините ин-геренции за решавање на овие про-блеми, а бидејќи поголем дека од ингеренциите се на Владата, дали се работи заеднички со централната власт ?- Точно е дека заради големиот број ту-ристи кои на моменти го надминува и бројот на жители во градот, дојде до неколку колапси на инфраструктурата. Во однос на електричната енергија ин-геренциите се на Владата и ЕВН како приватна компанија и нејзе граѓаните и угостителските објекти и плаќаат средства за потрошената енергија и за обезбедување на моќност што значи дека Владата и ЕВН треба постојано да ги снабдува граѓаните и хотелските капацитети со струја 24 часа, 7 дена неделно и со доволен напон но, факт е дека тоа не е така. Нас ни се случува-ло и при одржување на големи мани-фестации да има дефекти во доводот на електрична енергија, тоа не смее да се случува во Охрид. Во однос на водоснабдувањето сум премногу задо-волен како и оваа сезона излеговме на крај затоа што е многу комплицирано, тешко и скапо град кој има 60 000 жи-тели и капацитети за довод да ги под-готовки не за 60 туку за 160 000 жите-ли во неколку месеци во годината, тие решенија се скапи и тешки, имајќи го тоа во предвид што и покрај големиот број гости и покрај тоа што ние годи-нава со водоводот го снабдувавме и Ле-скоец , неколку проблеми кои настанаа се нормална работа и главно сум задо-волен од тоа како функционира водово-дот. Но, главниот проблем е во тоа што пред неколку години Охрид , тогаш-ниот градоначалник и директорот на Проаква зедоа кредит со кој направија нови водоснабдителни системи и канализација но, не се направија ква-литетно како што треба и дефектите се последица на тогаш неквалитетно завршената работа. Се ставија цевки и

приклучоци кои не одговараа и имаме многу дефекти од причина што сега имаме зголемен притисок на водата и дефектите се јавуваат при зголемена потрошувачка , а комплетно ние ги по-праваме тие нови инсталации поставе-ни пред 7 години, за тоа се испратени дописи до Владата и таа е запознаена со таа состојба.Што се однесува до рекордите колап-си на сообраќајот мислам дека тука се работи за навистина акутен проблем кој ако не се реши набрзо може да има несакани последици по охридскиот туризам. На потегот од Св Стефан до Св Наум имаме доста тесни грла и за-тоа во дадени денови се соочувавме и со големи застои во сообраќајот, иако полицијата беше вклучена во решавање на тоа дури и таа беше немоќна бидејќи застоите беа од големи размери. И на-шите и полициските служби се ангажи-раа но, безуспешно. Тоа се застои над-вор од градот, на плажите, а со тоа јасно кажувам дека ингеренции има држава-та т.е. Фондот за патишта и Македонија пат, ние немаме ингеренции, но сме силно заинтересирани да се реши тој проблем и не можеме да стоиме на-страна од проблемот. Пуштивме пред-лози и иницијативи до Владата како да се реши тоа, а по нашите предлози најавија дека ќе инвестираат многу во овие правци. Ние бараме по 25 години од како ЈНА работеше на патот од Рача до Пештани да почне да се оспособува тој правец. Исто и кај големите насел-би како што е Коњско, Рача, мора да се направи надвозник или подвозник и на тој начин би се растовариле овие тесни грла. Кај Билјанини Извори иако е над-вор од нашите ингеренции започнавме со изградба на источната трансферзала кај бензинската пумпа Билјанини Изво-ри со што ќе се растовари сообраќајот и ќе се избегнат тесните грла.

Интензивно се работи на промоција на Охрид во светот. Организирате бројни активности надвор од држа-вата, пред се тука мислам на саеми-те и активностите на Охридската академија на хуманизмот. Кои се плановите за промоција на градот во 2009 година и каде ќе ја определите целната група?- Охрид е навистина афирмиран во светот, но во туризмот важи правилото секогаш да бидеме присутни таму каде што се понудите за новата сезона. Ќе бидеме присутни со пропагандата сека-де каде што е потребно и за нас издр-жливо. Токму за поддршка на развојот на туризмот во 2009 ќе издвоиме 25

милиони денари од кои 7,5 милиони ќе бидат за директна промоција и пропа-ганда.

Годинава ЛЕР го заврши проектот Духот на Охрид, за кој јас барем не успеав да прочитам или слушнам позитивна критика во медиумите. Колку сте задоволни од овој проект и дали ги следите сите информации кои ја окупираа јавноста минатата година, а се поврзани со ЛЕР и него-вото раководство ?- Јавноста има право на свое толкување, но тоа е оправдано кога се располага со сите факти и елементи, а не да се суди или пишува извадено од контекст и парцијално. Проектот што го спомнав-те, треба да го оценува јавноста, а не јас. Тоа е меѓудржавен проект со пари од европскита фондови и мислам дека е добро што успеавме да влечеме сред-ства од тие фондови. Кон тоа е и ид-нината на бројни развојни планови, не само во туризмот.

Најавувате бројни капитални инве-стиции. Најголемите критики од ва-шата опозиција се насочени токму во тој дел. Зошто изостанаа некој од по-големите проекти кои се од витално значење за градот како автобуската станица или инвестициите во туриз-мот кои се витални за економијата?- Сами ќе потврдите, доколку сте објективни, дека во својот цел мандат, а не само во оваа година, сум бил мак-симално транспарентен и секогаш сум бил достапен за вас новинарите и ме-диумите, по било кое прашање. Дури и моите соработници задолжени за одно-сите со јавноста и медиумите, ми за-бележуваат дека сум премногу отворен кон медиумите и секагаш достапен, а некои од нив понекогаш тоа и го злоу-потребуваат. Во тој контекст, и вие и јавоста повеќепати бевте информирани и во тек, со судбината на тие проекти што ги спомнавте и како и некои други ка-питални инвестиции. Немам што да се оправдувам, но жалосно е што сите тие останаа само како ветувања заради ина-етот на централната власт и немањето искрена воља да се прави нешто нави-стина добро за развојот на Охрид, а не само во поглед на археологијата и на-следството од минатото. Секако дека и тоа е добро за Охрид, но на современи-от Охрид му требаат странски инвести-ции, хотели, автобуски станици и сл. Сето тоа останува за наредниот пери-од заради фактот дека општината нема свое земјиште, не распишува тендери

Page 10: АМАК ПРЕС 103/104

ИНТЕРВЈУкои би биле привлечни и исплатливи за странските инвеститори и не може да гради на државен имот. Досегашниот однос на централната власт кон Охрид е слична на тоа како да е Охрид во друга држава! Ете, на тоа се сведува слепата партиска желба на ВМРО-ДПМНЕ да ја освои власта во Охрид: „ што поло-шо- тоа подобро“ за да се прикаже овој градоначалник „неуспешен“. Но, тоа не им поаѓа оти граѓаните гледаат кој што прави или опструира за Охрид.

Ако се прошетаме по охридските улици ќе видиме дека скоро низ це-лиот град на терен е градежна опе-ратива која прави улици, тротоари, канализации, осветлувања. Колку сработивте во изминатата година? Накратко можете ли да споменете што се направи во градот и како ги коментирате критиките кои некои партии и јавни личности ги упату-ваат до Вас дека тоа се прави пред изборите ?- За тоа што сме направиле како локал-на власт и што јас како Градоначалник сум направил, реков дека најдобро зна-ат граѓаните оти тоа што го правиме за Охрид се гледа. Ќе ве потсетам дека јас како градоначалник се отчетив со по-себно отпечатен отчет пред сограѓаните на половина од мандатот, а наскоро ќе се отпечати отчетот за она што сум на-правил за целиот мандат. За тоа, значи, нема потреба да набројувам што е се’ направено во изминатиов мандат во сите сфери од развојот на Охид. Но, ќе нагласам дека со успешно менаџирање постигнавме голем успех во она што не го гледаат граѓаните секојдневно: Од презадолжена општина со над 15 мили-они евра наследен долг од кои само кон „Гранит“ беа околу 7,5 милиони евра, Охрид го разборџивме. Кон „Гранит“ останаа само 160 илјади евра од енирм-но високиот долг. Со разборџувањето што го направивме, покажавме колку сме успешни: ем да решаваме тековни проблеми на граѓаните и да го разуба-

вуваме и афирмираме Охрид, ем да ги сервисираме наследените долгови. Сето ова не е пред избори направено туку, со деноноќна и макотрпна рабо-та. Ако партиските опоненти сметаат дека развојот на Охрид е предизборен маркетинг, тогаш може да се сфати колку тие сограѓани патат од партиска заслепеност. Јас сум гардоначалник на сите граѓани и должен сум да работам за доброто на сите нив, без оглед на партии, избори, пропаганди и слични недолични забелешки.

Администрацијата во Охрид и земјава со децении има имиџ на непотистич-ко и паразитско легло. Преземавте неколку чекори кон подобрување на имиџот на администрацијата која е под ваша контрола. Сепак година-ва неколкупати во јавноста излегоа критики, па дури и видео клипови со не долично однесување на вработени во администрацијата во општинска-та зграда. Колку сте задоволни од ад-министративниот апарат ?- Како и во секоја средина така и во администарцијата може да сретнете разни карактери и луѓе со разни работ-ни способности и одговорност кон ра-ботата. Бидете доблесни па одговорете си за себе: Дали во вашата „фела“ сите сите објективни, професионални, одго-ворни, културни, љубезни...? Не е коректно заради однесувањето на поединци или заради изолирани случаи да се оценува и проценува цела-та администрација. За случајот што го спомнувате, а кој не ми е познат секако ќе имало санкции доколку било така, но „клиповите“ и разни снимки со мо-билки сметам дека се често пример за злоупотреба на довербата или кршење на приватноста.

ВМРО ДПМНЕ деновиве го избра новиот Координатор на Општин-скиот комитет. Од изборот може да се насети во кој правец ќе се движи комитетот во следниот период и ка-

ков кандидат може да исфрли. Како ја оценувате состојбата во главната опозициона парија во Охрид и мис-лите ли дека може ВМРО ДПМНЕ со овој состав да атакува на првото место во градот? - Јас како градоначалник се занимавам со проценки на соостојби во општина-та. Што треба , каде, како и кога да ги реализиарме планирањата, и дали мо-жеме. Внатрепартиските работи не ги анализирам и мислам дека е тоа работа на партиските раководства, комитети и штабови. Можам како сограѓанин само да му го честитам изборот на новоизбраниот претседател на ОК на ВМРО -ДПМНЕ и да му посакам успех во внесувањето малку повеќе култура при јавното комуницирање за разлика од онаа што досега ја практикуваше Комитет. Бидејќи Охрид е град на културата и развиен центар. Што се однесува до тоа дали таа партија може да атакува на првото ме-сто во градот, убеден сум во тоа дека шансите им се мали бидејќи граѓаните видоа и знаат колку и како успешно мо-жам да менаџирам со општината и да работам за доброто на Охрид.

Амак Прес Охридски Новини вле-гува во шестата година од своето постоење. Го читате ли нашиот вес-ник, што ви се допаѓа во него, а што не ?- Весникот Амак Прес носи голема свежина во медиумскиот простор во Охрид и веќе сите охриѓани па и јас се навикнавме на тој весник, така што не ми е јасно како брзо поминале тие цели 5 години, и сакам да прослави весни-кот и поголеми јубилеи, иако во ваква работа и влегувањето во 6 година од постоењето не е мал јубилеј. На ваши-от Весник му посакувам уште многу годишнини, а Вам, на Редакцијата и читателите ви посакувм Среќна Нова 2009. Година. Љупчо Таневски

Page 11: АМАК ПРЕС 103/104

11

1

Page 12: АМАК ПРЕС 103/104

12 AMAK PRES

ГАРАЖНА КУЌА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

Еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат жители-те од стариот дел на градот по

се изгледа ќе биде решен. Општината планира изградба на гаражна куќа на просторот пред Горна Порта со капа-цитет за сите возила од тој дел на гра-дот. Со овој проект Локалната ќе од-говори на барањата и препораките од страна на УНЕСКО за исклучување на сообраќајот во стариот дел на градот како заштитена зона се со цел заштита

на животната средина и културното на-следство.

-Во тек е изработка на измените и дополнувањата на важечкиот урбани-стички план за стариот дел на градот. Тенденцијата на УНЕСКО е да се ис-клучи сообраќајот во стариот дел на градот и сите автомобили да се гара-жираат. Планот е во работна верзија, разговарано е со Завод и Музеј и Упра-вата за заштита на културно наследство од аспект на заштита на културното наследство. Гаражата ќе биде изграде-на во традиционалниот староградски стил на простор кој не е зафатен со било каков археолошки локалитет. По завршување на планот ќе пристапиме кон реализација на овој проект. Се до-дека не обезбедиме услови нема да го исклучиме сообраќајот во стариот дел на градот, вели раководителот на Сек-торот за урбанизам, Бранко Арнаудов. Според него паркирањето е проблем

кој секој треба да си го реши во соп-ствената градежна парцела, но токму во стариот дел на градот, граѓаните просторот кој е предвиден за гаражи го имаат преадаптирано во кафеани, ка-фетерии, продавници, апартмани. Сега со плаќање годишна такса за закуп за паркирање ќе добијат простор каде ќе можат да ги паркираат своите автомо-били, вели Арнаудов. Гаражната куќа ќе биде во рамките на ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простори, кое ќе има надлежност да го одржува објектот и да врши наплата.Од страна на УНЕСКО се бара забрана за сообраќајот и по кејот на Езерото, а решавањето на овој проблем ќе биде втор чекор на Општината. Од таму ве-лат дека двата проекти ќе се реализи-раат за брзо време, но прецизни рокови сеуште не соопштуваат. С.В

УШТЕ ЕДНА НАЈАВА ОД ОПШТИНАТА

ПРОФЕСИОНАЛНИ НУРКАЧИ ЌЕ ГО ЧИСТАТ ТЕРЕНОТ

Во Охридското Езеро има големи количини на минско експлозив-ни средства на повеќе локации

од прва светска војна. За прв пат на-редната година ќе се спроведува акција за нивно отстранување. Целиот про-ект ќе се реализира во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување на Р Македонија која во своите редо-ви има тим за подводно деминирање. Шест професионални нуркачи нео-дамна во Херцег Нови беа испратен на курс за подводно деминирање каде ги совладуваа вештините за пристап и отстранување на минско експлозивни-те средства. -Минско експлозивните средства не претставуваат голема опасност за капа-чите но во секој случај не е пријатно да се види такво средство под вода. На-

правена е една стратегија како тие да се тргнат од Охридското Езеро, а во мо-ментов се подготвува документацијата и се скенира состојбата. Активностите на терен ќе започнат после туристич-ката сезона, наредната година, вели Милутин Секулоски меѓународен нур-качки инструктор, еден од шестмината обучени за отстранување на минско ек-сплозивни средства.Имаме голема поддршка од регионал-ниот центар за Југоисточна Европа за деминирање и со нивната опрема скен-сонери, подводни детектори и анти магнетни нуркачки апарати, најпрвин ќе се скенираат а потоа и отстранат минските тела. Дел од местата со GPS ги имаме лоцирано а на дел се работи. Иако сеуште неможеме да кажеме за колкави количини станува збор сепак има доста, вели Секулоски.Како што дознаваме има повеќе лока-ции каде може да се видат минско ек-сплозивните средства во Езерото. Кај полициската станица кај Пештани се пронајдени рачни германски одбран-бени против пешадиски бомби, во близината на градското пристаниште на околу 30-40-метри длабочина во ре-сите перма Канео има големи сандаци

со муниција, а полн чамец е пропад-нат во близината на некогашниот авто камп Андон Дуков. Се претпоставува дека вакви мини бомби и гранати има и кај помошното пристаниште пред хотелот Палас. Според познавачите на состојбите овие минско експлозив-ни средства не се опасни за капачите поради тоа што се застарени, детона-торските запалки се уништени и нема опасност од активирање. Генерално се наоѓаат на длабочина од 5-20 метри од брегот на Езерото. Според обликот на одбранбените про-тивпешадиски рачни бомби кој укажу-ва дека се од германско производство се претпоставува дека минско експло-зивните средства кои сега се наоѓаат во водите на Охридското Езеро се од прва-та светска војна. По повлекувањето на германско бугарските сили кои биле потиснати од француско српските сили дел од големото наоружување било фрлено во водите на Охридското Езеро за поефикасно повлекување. Исто така и француските сили при заминувањето од овие простори оставиле дел од тие минско експлозивни средства.

С.В.

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОСЛАНО СО МИНСКО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА

LOKAL

Page 13: АМАК ПРЕС 103/104

13www.amakpres.com.mk

ГАРАЖНА КУЌА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТИТЕРВЈУ СО ВЕНКО ШАПКАР, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АМАК СП

Како резултат на финансиската кри-за има опаѓање на вкупната побара-увачка и потрошувачка на светски-те пазари,а тоа се рефлектира врз производството и врз цените. Како АМАК СП го почувтствува тоа?Оваа година за нас беше една од најтешките и најкритичните. Авто-мобилската индустрија прва ги почу-ствува последиците од светската кри-за, а како дел од таа индустрија и ние претрпевме соодветни последици. Ова ќе ни биде година со најминимално остварено производство во последни-ве десет години. И во финансиски и во физички обем најлоша година во оваа деценија. Ние моравме да се соочиме први со реалноста и пред почетокот на оваа светска криза како предвесни-ци, но во негативна смисла на зборот. Најпрвин не погоди падот на вредноста на доларот во однос на еврото. Нашите основни репроматеријали ги набаву-ваме во Европа, ги плаќаме во евра, а извозот го реализираме во долари пре-ку американска компанија така што таа курсна разлика значително се одрази врз позитивните финансиски текови на нашата фирма. Покрај тоа први го осе-тивме влијанието на кризата врз паза-рите. Намаленото производство на на-шите купувачи се одрази со смалување на обемот на нарачките кај нас и тоа беше вториот елемент кој негатив-но влијаеше. Резулат на тоа беше од трисменско и двосменско воведување на едносменско работење, смалување на бројот на вработените заради на-

малениот обем на работа. Меѓутоа во сите тие негативни текови успеавме да ја одржиме фирмата, успеавме да зад-ржиме дел од пазарот и цело време да работиме на воведување и изнаоѓање на алтернативни решенија, односно изнаоѓање на нови пазари, воведување на нови производи и секако работење на нашата иднина. Со тоа поставуваме основи за поуспешен старт за наредна-та година.

Се раскинаа ли дел од договорите со Вашите странски партнери бидејќи АМАК СП е компанија која целосно е посветена на извозот, а токму так-вите се најпогодени од оваа криза. Како се справувате со новите услови на работа кои бараат воведување и некои новитети?Како извозна фирма досега немаме раскинато договори со нашите партне-ри, но во голема мерка се намалени на-рачките. И покрај тоа што договорите за соработка се потпишани на неколку години веќе неколку месеци сме без нарачка за извоз. Во рамките на тие до-говори купувачот има право да пласи-ра месечни нарачки кој што ние пона-така сме обврзани да ги реализираме. Значи намален е бројот на нарачките, а со тоа е намален и обемот на наше-то производство. Ние се трудиме да се приспособиме кон новите услови на работење и веќе подолго време наша-та служба за развој и воведување нови технологии, работи на нови производи и нови технолошки решенија. Од една

страна работи на поевтинување на про-изводството со воведување нови техно-логии, а од друга страна на изнаоѓање нови производи кои што ќе најдат свое место на пазарот. АМАК СП е целосно извозно ориентирана фирма, која носи пари во оваа држава.Затоа што созда-ваме девизи кои ги добиваме за извоз-от на нашиот труд на странските паза-ри. На светскиот пазар ние се бориме светски најпознатите фирми во една од најтешките области на производство, автомобилската индустрија каде што квалитетот пред се и конкурентната цена диктираат какви ќе бидат резул-татите. Нашите конкуренти се светски гиганти и во една таква конкуренција успеваме да си го најдиме своето ме-сто и да обезбедиме парче леб за наши-те вработени, но и да придонесиме за успешното балансирање на извозот во однос на увозот во нашата држава.

Во Македонија се смета дека криза-та нема директно да не погоди многу, кога целиот свет стравува од кризата која се претпоставува дека ќе трае и во наредниве две години. Како ги оценувате ваквите претпоставки на Владата?Ова прашање ми беше поставено при неодамнешната посета на САД од не-колку бизнис партнери. Макдедонија во една ваква криза, со каква светот денес се соочува, се наоѓа во измина-тиве 18 години. За нас ова не е ниш-то ново. Ние пливаме во услови на такви неповолни околности и успеш-

“БРОДОТ” НА АМАК ЈА ПРЕЖИВУВА КРИЗАТА• ВЕНКО ШАПКАР, ЕДЕН ОД НАЈУСПЕШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ОХРИДСКАТА АМАК СП, КОМПАНИЈА КОЈА ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ БЕЛЕЖЕШЕ ГОДИШЕН ОБРТ НА КАПИТАЛ И ДО 15 МИЛИОНИ ЕВРА, А СЕГА ЈА ДОЖИВУВА НАЈТЕШКАТА ГОДИНА ВО ИЗМИНАТАВА ДЕЦЕНИЈА. “И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА„БРОДОТ“ НА АМАК СП СЕУШТЕ ПЛОВИ И СО МЕРКИТЕ КОИ ВЛАДАТА ГИ ПРЕЗЕМА СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ УСЛОВИ ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ И ОПСТОЈУВАЊЕ ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА И ОЧЕКУВАМ ДЕКА РЕЗУЛТАТИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ОСТВАРИМЕ ЌЕ БИДАТ ДАЛЕКУ ПОДОБРИ ВО ОДНОС НА ОВАА ГОДИНА” ВЕЛИ ШАПКАР.

INTERVJU

Page 14: АМАК ПРЕС 103/104

14 AMAK PRES

INTERVJU

но се справуваме и затоа сметам дека ова нема да биде некој посебен удар за нас затоа што на некој начин имаме одредено искуство во справувањето со последиците од кризата. Кај нас секојдневие е пропаѓањето на фирми, на банки, секојдневие е останувањето на луѓето без работа и изнаоѓањето на нови решенија. Токму затоа велам дека нашата Влада има најголемо искуство во споредба со останатите во светот во изнаоѓање на правилни решенија во услови на криза. Треба да бидиме сите опимисти дека она што следува нема да биде толку страшно, барем не за нас во Македонија. Се надевам дека свет-ските влади, оние кои сега се соочија со еден голем бран на една ваква криза ќе изнајдат решение за справување и на тој начин последиците од кризата ќе би-дат помали за нас тука во Македонија. Според мене наредната година, кога сите очекуваат дека ќе биде многу теш-ка, за нас нема да значи ништо посебно и ќе биде еднаква на оваа година која штотуку завршува.

Според најавите на Владата кај нас како мерки кои ќе се преземат во справување со кризата се намалување на придонесите, подобрување на биз-нис климата намалување на трошо-ците за бизнис, капитални инвести-ции. Дали ваквите Владини мерки

според Вас ќе донесат стабилност?САД како една водечка сила и водеч-ките држави Јапонија и Западно ев-ропските земји се веќе пред рецесија услови кои никој не ги посакуват. Им се заканува тотален застој на развојот едноставно запирање на сите економ-ски процеси, но доколку применат дел од нашето искуство ќе успеат да ги надминат тие неповолни моменти. Во Америка се преземаат мерки ама во прашање дојде опстанокот на Генерал моторс. Истото се случува во Германија со Фолсфаген, водечката автомобилска индустрија во Европа. Но споредено со нив во Македонија потребни се друг вид мерки. Додека таму државата во фирмите интервенира со пари кај нас овие мерки кои што владата ги планира да ги преземе би биле доволна пози-тивна инекција за да се справиме со не-поволностите од кризата и да успееме да го пребродиме и овој нејзин налет кон нас. И во вакви услови „бродот“ на АМАК сеуште плови и со мерките кои Владата ги презема сигурен сум дека ќе имаме услови за успешно работење и опстојување во наредната година и очекувам дека резултатите кои ќе ги оствариме ќе бидат далеку подобри во однос на оваа година.

Најавите дека американска компанија за автогалантерија ќе се

отвара во Охрид не се реализираа. Дали воопшто имаме потреба од отварање на вакви конкурентски компании кога ние не сме држава кој произведува автомобили?Такви потези не би требало да се слу-чуваат без консултација со фирмите кои веќе постојат во Македонија каде немаме наш купувач, немаме пазар. Воведувањето на еден нов производи-тел од истиот тип ќе значи среќавање на глобалниот светски пазар и утре таа фирма ќе биде наш потенцијален конкурент што може да доведе до низа неповолности во работењето и во реализацијата. Според мене не би тре-бало да се отвараат конкурентни фирми кои што ќе го спречат развојот на по-стоечките компании во нашата држава. Исправно би било постоечките фирми да се надградат со воведување на нови технологии, на нови програми, да се дополни она што недостасува како би биле уште повеќе конкурентни на свет-ските пазари.

Дали АМАК СП е сеуште заинтере-сирана за слободната економска зона Бунарџик?Условите кои што Владата ги нуди во Бунарџи се многу поволни да заинте-ресираат и инвеститири од светот да дојдат тука. Меѓутоа тие услови би требало да им се дадат и на домашните

Page 15: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 15

фирми кои што можат таму да реали-зираат дел од своите идни планови. Со примената на таквите поволности кои што ги нуди Бунарџик како слобод-на економска зона ќе значи и полесно реализирање на предвидените проек-ти и полесно опстојување на новосо-здадениот субјект и негова конкурент-ност за поедноставен влез на пазарот. Токму затоа сметам дека е потребно и на домашните фирми да им се по-нудат подеднакви услови да можат да настапат со свои проекти и планови во Бунарџик. Оваа година требаше да реа-лизираме една програма- трговија со кинески возила и беше поврзана токму со Бунарџик, реализација на возило кое што како македонски производ ќе биде пласирано на пазарите во Европа. На овие кинески возила беше планирано во Бунарџик да им бидат вградувани деловите кои што ќе се произведуваат во Македонија со што ќе бидат вклу-чени сите производители на делови за автомобили. За жал од низа, пред се би рекол бирократски причини, сеуше тој проект не е реализиран. Првите 10 возила ги донесовме кон крајот на 2007 година и до денеска тие се под царински надзор заради недобивање хомологациони документи во Републи-ка Македонија. Навистина чудно е, кај нас каде што нема производители на автомобили да неможеме да обе-збедиме докумен-ти, а истото возило таквите документи веќе ги има до-биено во Шпанија, скоро цела годи-на се продава во Русија, Турција, Грција, Италија. Ова возило ќе ги апсорбираше сите наши де-лови и со еден нов производ ќе настапевме на светскиот пазар. Сега во една ваква криза по-себно во автомобилската индустрија каде продажбата е веќе и замрена ќе биде многу потешка реализацијата на овој проект, но ние не се откажуваме. Се надеваме дека проблемот за брзо време ќе биде решен и во наредната година ќе влеземе во реализација на тој проект за монтажа на возило во Бунарџик.

АМАК СП често пати се јавува како

спонзор на многу манифестации од општествениот живот, можеби една од ретките компании која дава пари во културата, спортот. Дали ќе про-должите со тој тренд и сега во услови на намалено производство кога ја бе-лежите најслабата година на финан-сиски план?Која е смислата на постоењето на секој еден економски субјект ако не обезбедување егзистенција на своите вработени и придонесување за развој на општеството. Токму така и АМАК СП дел од придобивките кои ги има од своето работење ги издвојува за сите свери од општествениот живот на Охрид и на Македонија, како во културата, спортот, здравството така и во издавачката дејност медиумите за што посебно ми е драго затоа што моето прво вработување беше токму во Вечер како новинар пред 30 години. Легитимацијата сеуште ја чувам како драг спомен. Нашата цел беше да би-диме пример како една фирма треба да опстојува и да помага насекаде и тој наш пример да го следат и другите успешни фирми, но за жал нема многу следбеници во тој правец. Помагавме во периоди кога нашето работење беше далеку поуспешно, но тој тренд ќе го продолжиме и сега во овие услови на криза.

Направивте ви-стинска рене-санса во спор-тот посебно со кошарката, спорт кој го вративте на го-лема врата во Охрид. Нашата цел Охрид да добие клуб кој ќе се натпревару-ва во најелитното друштво ја оства-ривме пред некол-ку години. Но, не застанавме тука. Направивме тим кој

денес е ли- дер на табелата рамо до рамо со најтрофејните клубови кои имаат далеку поголема традиција од АМАК СП. Охрид никогаш немал клуб кој се натпреварувал во првата нацио-нална лига, а сега сме најуспешни од сите времиња. Тоа го покажуваат резул-татите и местото кое го имаме на табе-лата. Нашите амбиции за оваа натпре-варувачка сезона се освојување на една од титулите во домашното првенство,

но доколку ни се даде прилика зошто не и освојување на Купот и шампиона-тот. Првенството го започнавме одлич-но со десет победи и само еден пораз. Славевме на средбата против тринае-сеткратниот првак на Македонија, „Ра-ботнички“ во Скопје со што покажавме дека имаме тим за респект. Напоредно со тоа имавме и успешен дебитантски настап на Евро сцената каде во Фиба Челинџ Купот го елиминиравме еден Златорог кој има богата кошаркарска историја зад себе.Она што според мене е најголемата до-бивка од сето ова е тоа што го вративме спортскиот живот во Охрид. Полните трибини се само доказ дека охриѓани се „жедни“ за спорт, сакаат да гледаат квалитетни натпревари и навистина ми претставува задоволство што успеавме во нашите заложби-кошарката да зажи-вее во Охрид.

Планови за следната година поврза-ни со приозводството на АМАК СП?Планираме воведување на нова про-изводствена програма.Имаме проект кој што со сопствени средства го реа-лизираме, од крајот на 2007 година и требаше до крајот на оваа година да бидие завршен и влезен во производ-ство, а тоа се топлоизведувачите. Тоа е инвестиција вредна околу еден милион евра кој што очекувам во првиот квар-тал од наредната година да биде реали-зиран. Доцнењето е поради некои про-блеми кои ни се јавија во реализацијата на алатите со нашите странски партне-ри пред се од Турција. Исто така во нареднава година еден од најголемите планови кои ќе бидат реализирани, за-едно со американската фирма KSS (key safety systems) со која што е договорено заедничко производство, односно ние да бидиме нивен добавувач од Европа, ќе биде вложување во модернизација на технологијата и опремата во АМАК од околу 50 милиони долари. Ние веќе имаме потпишано еден договор за по-четок на производството во февруа-ри следната година во вредност од 7 милиони евра кои што очекуваме до крајот на следната година да прерасне до 28 милиони евра. Ќе произведува-ме делови за безбедносни системи за KSS за сигурносни појаси, а понатака инвестицијата ќе биде во опрема за производство на воздушни перничиња. Со влегувањето на АМАК како еден од главните добавувачи на KSS иднината на АМАК СП трајно ќе биде обезбеде-на. Сузана Вренцовска

•НАШАТА ЦЕЛ ОХРИД ДА ДОБИЕ КЛУБ КОЈ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО НАЈЕЛИТНОТО ДРУШТВО ЈА ОСТВАРИВМЕ ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ. НО НЕ ЗАСТАНАВМЕ ТУКА. НАПРАВИВМЕ ТИМ КОЈ ДЕНЕС Е ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА РАМО ДО РАМО СО НАЈТРОФЕЈНИТЕ КЛУБОВИ КОИ ИМААТ ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМА ТРАДИЦИЈА ОД АМАК СП.

Page 16: АМАК ПРЕС 103/104

16 AMAK PRES

Во снежната идила во срцето на Лапонија, во малото гратче Рованиеми царува Дедо Мраз. Легендата за Дедо Мраз е една од ретките кои преживува со векови. Со приказната за белобрадиот дедо од далечниот север кој носи подароци израснаа многу генерации. Веселиот старец кој доаѓа на санка влечена од елени исполнува безброј детски желби.

Неговиот лик ги развеселува децата, а тие со нетрпение го чекаат цела година најдобриот Дедо со бела брада и мустаќи за да им ги исполни желбите и да ги изненади со саканиот подарок.

Во снежната идила во срцето на Лапонија, во малото гратче Рованиеми царува Дедо Мраз. Легендата за Дедо Мраз е една од ретките кои преживува со векови. Со приказната за белобрадиот дедо од далечниот север кој носи подароци

ДЕДО МРАЗ НАЈДОБРИОТ ДЕДО НА СВЕТОТДЕДО МРАЗ НАЈДОБРИОТ ДЕДО ПРИКАЗНА КОЈА ПРЕЖИВУВА СО ВЕКОВИ

Домот на Дедо Мраз е во Роувани, главниот град на Лапонија -

Финска.Овој поларен предел повеќе не е селце, туку пре-столнина на вистинскиот Дедо Мраз. Почнувајќи од 1959 година претставува персонификација на врвниот туризам во Финска. Приказ-ната инаку има романтичен почеток и е вградена во ви-стинската легенда за татко-вината на современиот Дедо Мраз. Имено, при крајот на педесеттите години од двае-сеттиот век, еден фински радиоводител по име Ниил Тарвајери по враќањето од Дизниленд решил својот роден крај, малото селце Роувани, да го прогласи за татковина на Дедо Мраз. За својата идеја не наоѓал ис-томисленици цели дваесет години. Неговиот аргумент дека

никој точно не знае каде од Лапонија тргнува Дедо Мраз на својот поход и дека тоа лесно може да се искористи за туристички бум во нивно-то гратче на далечниот север, не бил прифатен од градски-те татковци. Но, дури кога станал народен пратеник, Тарвајери успеал колегите да ги убеди и тие, во 1979 го-дина, ја изгласале одлуката со која Роувани го прогласи-ле како престолнина на Дедо Мраз. Ликот на Дедо Мраз е создаден преку еволуција. Верзијата на Дедо Мраз со човечки стас, стана доми-нантна околу 1842 година - висината, тежината, стасот се речиси стандардизирани, како и црвениот костум, ка-пата и белите мустаќи и бра-да. Вреќа полна со играчки, румени образи и нос, густи веѓи, голем стомак и весело смеење се неизбежен дел од неговата шминка.

А приказната оди вака. Ед-наш, многу одамна, си живе-ел еден благородник кој имал три ќерки. Но времињата биле тешки, а тој западнал во финансиски проблеми. Поради тоа не можел да им даде мираз на ќерките за да се омажат. Една ноќ, Све-ти Никола реши да му по-могне на благородникот и преку прозорецот на веќе трошниот замок му фрлил вреќа со злато, што било до-волно најстарата ќерка да се омажи. Следната ноќ пре-ку прозорецот фрлил уште една вреќа со злато за дру-гата ќерка. Но, кога дошол и третата ноќ, прозорецот бил затворен и Свети Никола мо-рал да се качи на покривот. Низ оџакот фрлил уште една вреќа со злато, која паднала во чорапата што се сушела покрај каминот. Оттогаш по-текнува ставањето чорапи на Бадник, со надеж дека Свети

Никола во нив ќе остави подароци.

ДОБРИОТ ДЕДО СО РУМЕНИ ОБРАЗИ ГУСТИ ВЕЃИ ГОЛЕМ СТОМАК И ВЕСЕЛО СМЕЕЊЕСвети Никола живеел во то-плиот и сончев град Мира на Медитеранското Море, во денеш-на Турција. Тој е роден во гра-дот Патра во

Домот на Дедо Мраз е во Роувани, главниот град на Лапонија -

никој точно не знае каде од Лапонија тргнува Дедо Мраз на својот поход и дека тоа

А приказната оди вака. Ед-наш, многу одамна, си живе-ел еден благородник кој имал

во нив ќе остави Домот на Дедо Мраз е никој точно не знае каде од А приказната оди вака. Ед- Никола

ЛАПОНИЈА-ДОМОТ НА ДЕДО МРАЗ

Page 17: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 17

ДЕДО МРАЗ НАЈДОБРИОТ ДЕДО НА СВЕТОТ

245 година. Кога бил млад, неговиот татко починал и на Никола му оставил голе-мо богатство. Наместо да го потроши на себе, почнал анонимно да им помага на сите кои им требале пари, а посебно на децата. Потоа, Никола станал епископ во Мира во Лиција, денешна Турција, каде што извел не-колку чуда, вклучувајќи го и спасувањето на морнарот од давење и воскреснувањето на три деца кои ги убил лошиот касап. Точно чети-ристотини години по Хри-стовото рождество ќе ја започне церемонијата на делење подароци во знак

на помирување меѓу па-ганите и христијаните

и не сонувајќи дека ги удира темелите на единствената плане-

тарна церемонија. Леген-дите велат дека тој

обичај, на денот на Христовото

раѓање, на децата и

на сиро-машни-те да им се делат п о д а -

роци го у т в р д и л

царот Кон-стантин, а поч-

нал да го реализи-ра Свети Никола, токму во Мира, почнувајќи го својот пат кон трите чуда и све-тиот ореол.Денес, Свети Никола некои го познаваат како Санта Кла-ус, други како Дедо Мраз или Микулаш. Го викаат Телапо, Синтерклаас, Бабо Натале,

Папа Ноел, а во официјалната т а т к о в и н а Лапонија е

Јулепуки.Дедо Мраз,

како што денес го познаваме е роден на 23 декември 1822 година. Тогаш американски-от професор Клемент Мур на своите деца им ја изрецити-рал својата песна «Извештај за посетата на Свети Нико-ла». Но, современиот лик на Дедо Мраз не е создаден наеднаш во вид на книжевна формација или комерцијален пронајдок, како што е случајот со неговиот познат ирвас Рудолф. Дедо Мраз е создаден преку еволуција, со фузија на две почитувани религиски личности, Све-ти Никола и Кристкондлем, односно малиот Исус, за на крај да биде соединет во ли-кот кој е главниот симбол на секуларната прослава на Божик. Верзијата на Дедо Мраз со човечки стас, ста-на доминантна околу 1842 година кога еден трговец од Филаделфија изнајмил човек за да се облече во об-леката на Крис Крингл и да се качи на оџакот пред него-виот дуќан. Во 1863 година, карикатуристот Томас Наст го нацрта Дедо Мраз со раз-бушавена «брада и мустаќи» и го облече во крзно од гла-ва до петици. Монтажата на Наст од 1866 година го прикажува Дедо Мраз како некој кој прави играчки. Наст никогаш не се одлучи за големината на Дедо Мраз, бидејќи на неговите цртежи тој варира од џуџе до џин, но сепак неговиот цртеж од 1881 година е многу близок до денешниот Дедо Мраз. Ликот на Дедо Мраз, иако се уште нестандардизиран е се повеќе присутен во доцни-от 19 век. Тој е прикажуван како голем и како мал, обич-но бил полничок, но понеко-гаш и со нормален или виток стас, се облекувал во крзно или во штофени одела во црвена, зелена или пурпурна боја.Но подоцна висината, тежи-ната, стасот се речиси стан-дардизирани, како и црве-ното одело, капата и белите мустаќи и брада. Вреќа пол-на со играчки, румени обра-

зи и нос, густи веѓи, голем стомак и весело смеење се неизбежен дел од неговата шминка.Во православието го нема Дедо Мраз, односно во ова подрачје неговиот лик е на-метнат и се јавува како дел од фолклорот кој станува актуелен по Втората свет-ска војна. Православниот Дедо Мраз не е никаков Дедо Мраз кој има своја визуелизација, туку е самиот Христос, самиот Божик. Тој го симболизира раѓањето на Богочовекот. Народниот обичај децата од родителите да добиваат подароци може да се поврзе со подароците кои тројцата мудреци му ги даваат на Христос при него-вото раѓање. Покрај тоа што нема религиско значење, кај нас Дедо Мраз не доаѓа ниту во некое точно определено време. Тој на децата им носи подароци пред, но и на ново-годишната ноќ. Но без раз-лика, дали овој симпатичен дебел дедо доаѓа од други поднебја, неговиот лик ги развеселува децата. Можеби затоа и најдобро е да се при-фати како интересна, имаги-нарна фигура која децата ја сакаат и која цела година со нетрпение ќе ја чекаат.

ДЕДО МРАЗ ПОМИНУВА 5.800 КИЛОМЕТРИ ВО СЕКУНДАПразничната сезона на крајот на годината често е стресен период, посебно за Дедо Мраз, кој со свои-те ирваси мора да се движи со брзина од 5.800 киломе-три во секунда за навреме да ги донесе подароците на сите деца во светот, за-клучува едно истражување. «Од 24. до 25. декември, Дедо Мраз мора да помине 2,5 милијарди станици, ако се тргне од принципот дека подарок ќе добијат децата од сите вери», вели Андерс Ларсон од шведската консул-тантска фирма Свеко, која го

спроведе ова истражување. «Проценивме дека на секој квадратен километар има 48 жители и дека 20 метри делат една куќа од друга. Значи, ако Дедо Мраз тргне од Кир-гистан и патува спротивно од вртењето на Земјината топка, има 48 часови да ги подели сите подароци», објаснува Ларсон. Дедо Мраз, според традицијата, живее на Се-верен Пол, а повеќе север-ни градови се спорат око-лу титулата на местото во кое е неговата официјална резиденција. Меѓутоа, спо-ред истражувањето на Све-ко, Дедо Мраз токму со тргнувањето од Киргистан најбргу ќе ги раздели пода-роците и ќе изгуби најмалку време на патот. За влегување во оџак, оставање на пода-рокот и враќање на санката, Дедо Мраз има 34 секунди, заклучува оваа студија.

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ВЕРУВА ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ДЕДО МРАЗНовогодишната ноќ е вол-шебство за сите деца, исчекување на маѓијата која им ја носи најдобриот дедо на сите времиња, Дедо Мраз. Тогаш се исполнуваат нив-ните желби, се добиваат по-дароци. Детската радот е по-голема доколку верувањето за постоењето на белобра-диот дедо е поуверливо. Но дали треба да се пренесува приказната за Дедо Мраз и како тоа влијае врз нив кога ќе сватат дека тој непостои. Како да се избегне тој за нив тажен момент кога се осознава фактот дека испол-нувачот на сите желби е из-мислен.Повеќето психолози смета-ат дека е добро за децата да веруваат во Дедо Мраз. Спо-ред нив тој е олицетворение на добрината и радоста.- Децата веруваат во Дедо Мраз од најмала возраст но со созревањето верувањето кај нив ослабува и магијата почнува да бледи. На осум годишно дете сеуште може-

ЛАПОНИЈА-ДОМОТ НА ДЕДО МРАЗ

Page 18: АМАК ПРЕС 103/104

18 AMAK PRES

те да му кажете да верува во постоењето на дедо Мраз но деветгодишно дете бара потврда за постоењето, фи-зички доказ за да свати но колку ќе може е прашање. Децата треба да веруваат Не е погрешно да веруваш во нешто што сепак ти носи исполнување, радост, сми-реност, смета детскиот пси-

холог Анастасија Настеска. Таа смета дека во време на престиж на измешаност на губење на идентитетот по-требно е децата да веруваат во Дедо Мраз а возрасните да се поистоветуваат со него, да помагаат секогаш кога ќе имаат прилика за тоа.-Секој од нас треба во на-шата потсвест да остави

едно катче за таа магија за верувањето во Дедо Мраз. Децата нека веруваат, при-казната нека тече само така детскиот свет ќе биде поу-бав, вели д-р Настеска.Нејзиното мислење го де-лат и поголемиот дел од граѓаните. „Кога тогаш ќе сфатат дека не е вистина, но барем додека верува-

ат Нова Година ќе им биде еден од најинтересните и најдолгоочекуваните праз-ници“, велат тие. За родите-лите добриот дедо е тој кој децата ги прави повесели ,а лагата за неговото постоење е безопасна која нема да им наштети.

- Приказната за добриот старец, Дедо Мраз е приказна која што моите две ќерки Мила и Михаела ја знаат и во краен случај и самите сакаат повторно и повторно да ја слушнат. Посебно овој Пред-новогодишен и Божиќен период таа е толку популарна што искрено и мене сеуште ми е интерес-на и ме потсетува на моето детство. Кога зборувам за сказната за Дедо Мраз во никој случај не мислам на огромната комерцијализација која е направена со ликот на Дедо Мраз и која сегашните деца се помалку ја примаат како приказна за добрината, туку повеќе како приказна за подароците. А, дали таа треба да им се пренесува на децата? Секако, како можност во овие (не)времиња да им се доближи ликот на добриот старец кој во предновогодишната ноќ на своите санки влечени од елените ги посетува нивните домови и на сите добри деца им носи подароци. Луѓето, а со тоа и децата, веруваат во чудни случки, па затоа подобро тие чуда да бидат дел од новогодишната праз-

нична магија откако да се дел од суровата реалност на секојдневниот живот, во кој за жал најповеќе страдаат најслабите а тоа се децата, вели Васил Ложанкоски татко на Мила и Михаела.

-Овој зимски веселко ги најавува најубавите празници во годината и затоа можеби сите му се радуваме, барем, јас, некако детски и искрено. Јас лично немам дилема околу традиционалните вредности и симболиката на највеселиот старец, ама нему посебно му се радува мојата седум-годишна ќеркичка Анамарија. „Тато, сакам Дедо мраз да ми донесе ролерки, а ти можеш да ми купиш мобилен“ ми вели таа. Ќе морам да ја променам мојата желба кај Дедо мраз, вели таткото на Анамарија новинарот, Горан Момироски.

-Приказната за Дедо Мраз како дете ме правеше многу среќен. Нова Година беше најубавиот ден од годината кога под елката наоѓавме подароци кои ни ги оставил Дедо Мраз. Верував во таа приказна и сакам и моите деца да веруваат во него. Навистина е посебно чувството кога пред празниците Наџа и Новак ме прашуваат дали биле добри за да добијат поклони. Потоа во честит-ка ги пишуваат нивните желби а Дедо Мраз како и секоја година ги исполнува, вели таткото Аца Мијушковиќ.

Мајката на двегодишниот Калин, Ангелина Николова вели дека е добро да се пренесува приказ-ната за Дедо Мраз затоа што тоа ги прави децата посреќни. „Иако мојот син има само две години и незнае многу за добриот дедо сепак кога ќе го види на улица знае да изреагира позитивно. Можеби поради неговата појава необична со капутот и белата брада меѓутоа впечатокот кој го остава е голем. Сметам дека сите ликови од приказните кои подоцна стануваат главни јунаци на нашите деца треба да се раскажуваат. Децата имаат право да веруваат во се што е убаво посебно во Дедо Мраз кој најповеќе ги развеселува со новогодишните подароци“

- Во нашиот дом имаме две мали дечиња, мојата ќерка Ана и синот на мојата јатрва Давид. Во домот имаме ставено неколку дедомразовци и децата иако се мали уште сега покажуваат симпатии кон Дедо Мраз. Како што ќе растат сигурно ќе станат свесни дека Дедо Мраз не постои но, добро е во оваа фаза од детството да веруваат и да се надеваат на нешто убаво, а кога ќе порастат секако дека ќе се соочат со реалното секојдневие и вистинскиот живот кој не е лесен и како во бајките со Дедо Мраз – вели Јованка Танеска , мајка на Ана и стрина на Давид.

- Мојот син го сака Дедо Мраз. Имаме Дедо Мраз во домот и често е околу него, се фотографира и игра околу Дедо Мраз и елката. Мислам дека митовите за Дедо Мраз и некој слични работи поврзани со зимските празници се најдобри за децата бидејќи тие уживаат во детството што е единствен безгрижен период во животот и добро е да е така бидејќи потоа ги чека реалниот живот кој и не е баш лесен – вели Климе Деспотоски, татко на две и пол годишниот Стефан Деспотоски.

Сузана Вренцовска

Page 19: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 19

ОХРИДСКИОТ ДЕДО МРАЗ УЛИЧЕН ПРОФИТЕРЕден од неколкуте охридски

„улични Дедо Мразовци“ кој по правило треба да биде

најдобриот дедо на светот барем во детската фантазија ни оддалеку не на-ликува на некој кој треба да им овоз-можи неколку среќни мига на децата. Чичкото кој облекол црвен капут, ста-вил бела брада и мустаќи и си зел за право дебело да профитира за сметка на „чешањето по џебот“ на родите-лите, стои во друштво на најмладите само доколку тие сакаат да се сликаат со него. Нашиот обид да направиме фотографија за потребите на весни-кот предизвикаа бурна реакција кај „најдобриот дедо“ на сите времиња, но и разочарување кај неколкуте дечиња кои љубобитно чекаа да се фотографи-раат со него. Замислете Дедо Мраз и неговите „бизнис партнери“ најпрвин забранија. а потоа побараа и финанси-ски надомест за нивното позирање. Можеби затоа многумина сметаат дека уличните „Дедо Мраз“-овци се со-

времена кич-забава која нема никаков шарм, туку се прави од комерцијални причини; а на парите што притоа ги за-

работуваат гледаат како на лесен про-фит.

Page 20: АМАК ПРЕС 103/104

20 AMAK PRES

INTERVJU

ПОД РАМНИЧАРСКИОТ ДЕЛ ОД ОХРИД ЛЕЖИ НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА

Неколку денови не делат до Новата Година, како ја оценувате од архео-лошки аспект 2008 година, задовол-ни ли сте од сработеното во неа?- Оваа 2008 година беше најплодна година за македонската археологија. Оваа година македонските археолози реализираа 16 археолошки капитални зафати на 16 археолошки локалитети кои што беа приоритет во Македонија за истражување. Тие и се добро позна-

ти и на пошироката јавност. Станува збор за:Стоби, Скупи, Хераклеа,Стибер и Кајче бигово Прилеп,Вардарски рид кај Гевгелија,Царев Кули кај Струмица,Исар од Штип кај Штип, Баргала кај Штип. Годинава за прв пат со големи финансиски средства започна истражувањето на Тетовско кале, тоа е простор во северозападна Македонија каде досега не се стапнуваше. Сите овие, се зафати од непроценливо

значење за македонската археологија. Сите беа финансирани со средства во вредност од 3 до 6 милиони денари за разлика од минатите години кога се финансираше еден проект со 300 до 500 илјади денари а често се случува-ше за некои археолошки проекти да се издвојат 100 или само 50 илјади дена-ри. Овие капитални годинешни зафати беа влезени во програмата на Владата на Република Македонија и средствата

ГОДИНАВА ШТО ИЗМИНУВА Е ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ АРХЕОЛОШКИ ГОДИНИ ШТО ГИ ОСТАВАМЕ ЗАД НАС. ВО 2008 ГОДИНА ЦЕЛОСНО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ МУЗЕЈ НА ВОДА КОЈ Е ЗНАЧАЕН КАКО ОД ТУРИСТИЧКИ ТАКА И ОД НАУЧЕН АСПЕКТ. ЗАВРШИЈА ИСКОПУВАЊАТА КАЈ ТВРДИНАТА ЕГЕЛАНА А КАЈ САМОИЛОВАТА ТВРДИНА БЕА ОТКРИЕНИ ГРОБОВИ СО БРОЈНИ ЗЛАТНИ ПРЕДМЕТИ. ВО 2009 ЌЕ СЕ ПОДИГА КЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПЛАОШНИК И ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВАТА КУЌА НА УРАНИЈА ЧИЈА ГРАДБА БЕШЕ ПРЕКИНАТА, А ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ПРОСТОРОТ КАЈ БЕЈ БУНАР КАДЕ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ПРОСТИРА И ДЕЛ ОД НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА КОЈА ЛЕЖИ ПОД СЛОЕВИ ГЛИНА А ДАТИРА ОД 5.500 ГОДИНА ПРЕД ХРИСТА. СЕ ОЧЕКУВА ГРАДОВ ДА ГО ДОБИЕ И СПОМЕНИКОТ НА ЦАР САМОИЛ

ПАСКО КУЗМАН –ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА КУЛТУРНО ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

Page 21: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 21

беа директно издвојувани од државни-от буџет.

КАЈ ГРАДИШТЕ ЛУЃЕТО ЌЕ ШЕТААТ НИЗ ПРАИСТОРИЈАТА И РИМСКИОТ ПЕРИОД

Најатрактивно археолошко откри-тие кое е вистинска туристичка атракција е наколната населба кај Градиште, што свечено беше отво-рена на 8-ми декември кога градов го празнува својот патрон празник. Корените на проектот се од 1997 година кога започнаа подводните истражувања кај овој локалитет. Подготовките и подигањето на на-селбата започнаа минатата година а проектот чинеше 2 милиони евра. Го доби ли целосниот лик наколната населба или уште ќе се работи таму и дали покрај туристичкото таа има и друго значење и важност? - Целиот зафат кај Градиште беше ком-плексен, што значи имаше археолошки истражувања, проект за реконструкција на праисториската наколна населба и негова реализација . Идејата за музејот беше одамна. Подводни археолошки истражувања се вршеа 8 години и отка-ко се избистрија сознанијата дека тука може да се направи реконструкција на наколната населба се создадоа услови за реализација. Тие услови ги создаде македонската влада, односно лично премиерот, Никола Груевски кој ни ја даде својата максимална поддршка.Главнината на проектот е реконструкција на наколната населба и формирање на голем музејски ком-плекс во неговата околина. Истата содржи објекти на копно и објекти на езеро. Објектите на копно се два на број,едниот од нив е пристапна зграда каде што ќе бидат прифатени посетите-лите а ќе има и изложбена просторија каде настојуваме на необичен начин да го презентираме дното на езерото, за-тоа што голем број од посетителите ис-тото дно можат да го видат само на тој начин. Тука ќе биде маркетинг служба-та ќе се продаваат сувенири, а се ова е во полза на афирмација на наколната населба. Западно од овој објект, одно-сно западно од малата плажа изградена е база за подводна археологија, база за подводен туризам и база за нуркачки центар. Тоа ќе допринесе во развојот на подводниот туризам за кој интерес покажуваат не само Македонците туку и странски гости како и претставници

од дипломатските кругови кои сакаат да нуркаат под вода. Секако на заинте-ресираните ќе им се даде потребната обука и опрема за овој вид на спорт. Сите кои ќе нуркаат под вода ќе можат да ги видат со свои очи остатоците од древната наколна населба и секако да платат одредена парична сума за услу-гата која ќе ја добијат. Подводните оста-тоци пак од таа праисториска населба се импозантни, таму се регистрирани над 6 000 дрвени колци, многубројни садови од керамика,камени гребени, орудија и други остатоци кои можат да се видат само со нуркање. Покрај овие два објекти, горе на ридот на неговото зарамнето плато ги истражиме остато-ците од тврдина односно остатоци од римски каструм кој значи воен логор од тоа време кој потекнува од вториот век од нашава ера. Каструмот уште кога се градел не бил дограден и бил напуштен но тој ни дава драгоцени податоци за тоа како изгледале тие римски логори во античкиот период на просторите од нашава држава. Римскиот Каструм е добар пример кој го отсликува вре-мето на градби од ваков тип. Ние не само што го истраживме логорот туку направивме и негова конзервација и реставрација на негово вѕидување со што овозможивме истиот локалитет да се претвори во туристичка дестинација која ја поврзавме со наколната насел-ба во смисла на патување низ времето. Посетителите ќе можат да си го раз-гледаат римскиот период во тврдина-та и да се прошетаат во праисторијата преку осумте куќи што се сведоци на периодот од крајот на бронзеното и по-четокот на железното време пред наша-та ера односно од 1 200 г. п.н.е. до 700 г. п.н.е. Тоа е периодот кога почнуваат да се препознаваат етничките белези на племињата. Познато е дека во тоа вре-ме кај нас, тука живееле Бригите кои се еден вид конститутивен елемент на нашата држава и предци на Славо Ма-кедонците. Со овој археолошки зафат ние дознаваме како функционирале на-шите предци бригите кои во тој период се иселиле од кај нас во Мала Азија и ја формирале државата Фригија. Зна-чи покрај тоа што населбата ќе стане вистинска туристичка атракција таа е значајна и од научен аспект.

ЗАБУНАТА И ШПЕКУЛАЦИИТЕ ШТО ВЕВЧАНСКА ГРАДЕЖНА ФИРМА ПОРАДИ НЕДОВОЛНО ПОЗНАВАЊЕ ГИ СТОРИ

ЗА ДВАТА РЕГУЛАРНО РАСПИШАНИ ТЕНДЕРИ ГО СТОПИРА ПОДИГАЊЕТО НА КУЌАТА КАЈ УРАНИЈА Според најавите од надлежните од За-водот и Музеј од Охрид до почетокот на наредната летна сезона требаше целосно да биде изградена и ставена во служба новата градба на куќата кај Уранија. Се почна добро, старата градба навремено беше урната за да работите закочат во еден миг.Што се случи? Дали градежните активности беа оневозможени по информацијата која ја пласира градежната фирма “Виа вевчани“ од Вевчани дека сте ја рушеле старата градба без прет-ходно распишан тендер. Вистинита ли е информацијата? -Тотално погрешни информации и на-мерно направени шпекулации. Ова е невидено и му се случува само на ма-кедонскиот народ. Замислете второ степената комисија не ги ни добила до-кументите кои што нашата институција ги испрати таму, врз основа на жалбата на таа фирма од Вевчани, значи некој ги скрил документите. Неодамна се уверивме дека некој навистина ги кри-ел и не биле доставени до второ степе-ната комисија па ние моравме истите документи да ги доставуваме втор пат. Со сите овие заткулисни игри се изгуби време, еве крај на година е па ако фи-нансиските средства не се реализираат до крајот на годинава тие ќе се вратат назад во државниот буџет. Ќе кажам што се случува и каде е забуната која ја предизвика таа фирма која не знам ни која е ниту ме интересира како се вика. Ја користам приликава да им објаснам на луѓето од таа фирма за што станува збор со цел да не прават заблуди и да не пренесуваат шпекулации. Значи Завод и Музеј, распиша два тендери. Едниот беше за рушење на куќата а вториот тендер беше за градење. Таа вевчанска фирма пушти вест дека уште не рас-пишан тендерот за градење куќата се руши. Тие во суштина не разбраа дека се два тендери туку се повикуваа на наводниот влијателен сопственик од фирмата и правеа непотребни пробле-ми. Првиот тендер се реализира одно-сно куќата се руши , а вториот тендер се однесува на градење и за жал до неодамна беше на разгледување пред второ степената комисија по жалба на господинот од Вевчани. Не знам зошто неговата фирма се жали бидејќи таа ис-

Page 22: АМАК ПРЕС 103/104

22 AMAK PRES

INTERVJUтата беше поскапа за околу 5 милиони денари од фирмата “Митан Пром“ која настојуваме да ги врши градежните ра-боти. На кој начин таа вевчанска фир-ма планирала да го добие тендерот не знам. Но знам дека е криминал што на-шите документи некој ги скрил, одно-сно не ги доставил до второ степената комисија, за тој криминал некој треба да одговара. Сосема е чиста постапката со тендерите, нема дилема која фирма треба да гради тоа е секако поевтината фирма “Митан пром“, која знае како да работи и што работи а ќе потенцирам дека секогаш нуди најниски цени. Са-кам да кажам дека хајката против фир-мата “Митан пром“ е од аспект дека таа фирма била од оваа или онаа поли-тичка провиненција, тоа не е точно . Во прашање е само квалитет, реализација и пониска цена од другите. Во случајов станува збор за забуна која ја направи-ле намерно тие што изгубиле.

НА ПЛАОШНИК Е ПРЕДВИДЕН ПРОСТОР ЗА КЛОНОВИ НА СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ:КЕНБРИЧ, ОКСВОРД, БОЛОНЈА...

Годинава завршија археолошките истражувања на Плаошник, што е следно што на овој простор ќе се реа-лизира во 2009 година.-Моментално тече конкурсот за идејно решение. Се дефинира точниот про-стор каде ќе се лоцираат објектите кои ќе го чинат Св. Климентовиот Универзитет. Објектите ќе бидат сме-стени каде најдобро археолошки е ис-тражувана почвата, значи ќе се градат западно од Св. Климентовата црква по цела должина до липохалната црква, потоа северно над самата поликохолна рано христијанска црква и источно во близина на резиденцијата на митропо-литот Тимотеј. Веќе знаете, Клименто-виот универзитет ќе содржи музеј во кој ќе ги има сите наоди од периодите кои беа истражувани. Ќе има библио-тека со над 100 000 книги. Ќе почне да функционира Македонски институт за хуманистички науки. На северниот дел ќе биде теолошкиот факултет а во ис-точниот , манастирските конаци. Так-ви остатоци од манастирски конаци пронајдовме тука. Во суштина ние не обновивме универзитет кој во целосна смисла ќе биде просветителски туку тоа ќе бидат објекти на еден комплек-

сен научен центар со придружни ак-тивности. Во секој случај имаме спој на климентовото со сегашното време. Предвиден е простор за клонови на светските универзитети:Оксворд. Кен-брич, Болонја. Овие универзитети на Плаошник ќе имаат свои згради а за нас е значајно што на целиот комплекс ќе им се даде огромно значење на свет-ско ниво. Објектите целосно ќе би-дат завршени и отворени за широката јавност при крајот на 2010 година.5. Какви придобивки имаме од истражувањето на Киклопските ѕидини во близина на црквата Св. Еразмо?- Киклопските ѕидини или познатата тврдина Енгелана беше археолошки проект во рамките на оние 16 капитал-ни проекти во Република Македонија кои ги финансираше владата. На тој простор се открија значајни архитек-тонски податоци. Кај западниот бедем од Киклопските ѕидини беше откриена цитаделата. Беа истражувани источни-те делови каде се открија многубројни керамички и железни садови. Иако ово годинешните зафати траеја само еден месец беа значајни од научен аспект. Паралелно со истражувањето на тврди-ната Енгелана се работеше на Самоило-вата тврдина, каде се правеа завршните активности во нејзината северна поло-вина. Прв пат на самоиловата тврди-на откривме македонски лионистички културни слоеви односно откривме не-кропола- гробови од тој период . Исти-те се богати со многу златни предмети, накит и бронзени теракоти.

ПОД РАМНИЧАРСКИОТ ДЕЛ НА ОХРИД ПОЧНУВАЈЌИ ОД ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ДО НАСЕЛБАТА ОХРИДАТИ, ОДНОСНО КАДЕ ИМАЛО И ИМА БЛАТО ЛЕЖИ НАЈСТАРАТА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА, СЕ НАОЃА ПОД ГЛИНА И ДАТИРА ОД 5 500 Г.П.Н.Е.

Се судрија ставовите на Локална-та самоуправа и министерството за Транспорт и врски кога вие доста-вивте писмо до министерството дека кај локалитетот Беј бунар,Урбана единица 8 се крие значаен архео-лошки локалитет. Што има на про-стор каде локалната самоуправа настојуваше да изгради 27 станбени

згради, за што пред две години доби дозвола за градба од Министерство-то за Транспорт и врски и за истото тоа министерство да ја повлече до-зволата по вашите реакции? -Минативе 100 години до 2003 година македонските, европските и светските науки не знаеја дека во рамничарскиот дел на Охрид постојат најстарите кул-турни хоризонти и тука е најстарата на-селба во Европа. На длабочина од 4 до 5 метри до ниво на глина откриени се повеќе места на остатоци на многу ста-ра наколна населба која датира од 5 500 година пред раѓањето на Исус Христос. Значи повторувам овде кај Беј бунар најверојатно се крие дел од најстарата наколна населба во Европа. Овие пода-тоци ги потврдија германски научни-ци кои вршеа дендро – хронолошките анализи на дрвјата од оваа населба. Тие самите кажаа дека дрвјата биле состав-ни делови на една од најстарите куќи во Европа.Најверојатно на целиот рамничарски дел на Охрид на просторот од град-скиот плоштад па до Охридатите ,каде што имало па и сега има блато била таа најстара населба. Таа стара накол-на населба која се наоѓа на длабочина од четири метри и која е под глина ја има, се простира и под урбаната еди-ница осум. Кога разбравме дека на тој дел ќе се подигаат огромни згради про-сторот привремено го заштитивме за да добиеме во време со цел да направи-ме истражување и да ги констатираме податоците а веќе со сигурност знаеме дека во повисоките културни слоеви можни се гробови од хелинистичкиот период. Гробовите ќе ги истражиме и ќе ги кренеме од тој простор кој ќе биде сосема слободен за градење. Ние не-маме намера да ги спречиме граѓаните да си ги реализираат своите вложени средства кај Беј Бунар туку сакаме да ги завршиме своите пробни археолош-ки истражувања.Министерството за Транспорт и врски не беше информирано за археолошки-от локалитет кај урбана единица 8, но откако осознаа за случајот ја повлекоа дозволата за градба. Случајот нависти-на нема никаква политичка позадина, ние сакаме максимално професионал-но да откриеме дали има или не кул-турно богатство. Ако го нема по наше-то истражувања слободно нека градат ако пак го има ќе го кренеме истото од тој простор па потоа нека ги реализи-раат своите активности. Трајна забрана за градба поднесуваме на простори под кои се крие базилика или црква.

Page 23: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 23

ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕНИК НА ЦАР САМОИЛ

Неодамна советот на Општи-на Охрид ја изгласа одлуката за градење на споменик на Христо Узу-нов, во близина на куќата што него му е посветена. Иницијативата е на Здружението за Афирмација на МПЦ“Богојавление“. Каков е ставот на Управата за Културно Историско Наследство околу ова прашање?- Јас прв пат од вас слушам дека некој сакал да прави споменик тука. Знам дека пред куќата на Христо Узунов има спомен обележје за Коста Абраш. Но планот мора да ги помине сите за-конски процедури. Станува збор за за-

штитена зона за која не се толку важни ставовите или согласноста на градона-чалникот или советот. Мора да се по-читуваат строгите законски прописи, да се добие согласност од Завод и музеј и од Управата за Културно историско наследство. На државно ниво знам дека се планира градба на културно- историски монументи од тој вид. Таа акција веќе тече во Скопје и други градови. Сигурен сум дека во втората фаза ќе биде опфатен и Охрид и дека тука ќе се изгради не само споменик на Христо Узунов туку и на Цар Самоил. Неговиот споменик ќе биде поставен на самиот влез во цитаделата каде што се гледа црквата. Во овој град пред се мора да се изгради споменик од наши-от цар Самоил, а потоа и споменици на Христо Узунов и Методи Патче и сека-

ко споменик на Григор Прличев кој е европски интелектуалец од 19-от век. За ова прашање мора да се размисли покомплексно, поцелосно, не е само Христо Узунов постојат и други лич-ности од историјата кои го заслужува-ат тоа. Да не заборавам, според мене задолжително мора да го изградиме споменикот на Св. Наум. Го имаме спо-меникот на Кирил и Методиј, оној на Климент, тогаш мора да го изградиме и споменикот на Наум. Идејата за град-ба на споменик на Христо Узунов ќе ја поддржиме ако одговара на просторот и секако доколку одговара видот на споменик согласно постоечката окол-на архитектура. Во никој случај кичот нема да го дозволиме. Ангела Белевска

МУЗЕЈОТ НА ВОДА ПРВИ ГО ВИДОА СРБИТЕ

Над 2000 посетители за нецел месец до-шле во најголемата

туристичката атракција, Музејот на вода кој на го-лемиот верски празник Св Климент свечено беше отво-рен во локалитетот Градиш-те на југоисточниот брег на Охридското Езеро. Првиот објект од тој вид во Европа како сведоштво за 1000 годи-ни старата цивилизација на овие простори е интересен и за странците и за домашните туристи, но и за охриѓани. Секојдневно реконструи-раната населба која датира од железното и бронзеното време ја посетуваат околу 200 граѓани. Најповеќе ин-терес предизвикуваат осум-

те куќарки поставени на платформата над вода, кои сведочат за праисторискиот период. Иако сеуште нема вработен водич кој ќе ја рас-кажува приказната за на-

предната цивилизација која потврдува дека Македонија е древна земја и со која, како што познатиот археолог Па-ско Кузман вели, гостите ќе можат да патуваат низ вре-мето, од античко, преку рим-ското па се до праисторијата, туристите и посетителите основните податоци ги до-биваат од Славе Србиноски кој работи на одржување на објектот.-Најчесто застануваат оние кои патуваат кон Св Наум, но има и голем број кои доаѓаат единствено за тука. Стран-ците најповеќе се воодуше-вуваат од куќарките. Засега влезот е бесплатен, но се планира за брзо време да се воведе и наплата. За да се

види нешто убаво треба и да се плати, вели Србиноски. Први туристи, кои после свеченото отворање стапна-ле на комплексот Музеј на вода биле Срби, а најбројни странци се Бугарите. По-сетителите како спомен од наколната населба имаат можност со себе да понесат некоја керамичка копија од оргиналите. Цената на ча-шите, шолјите, брошурите, нотесите и мапите се движи од 100 денари, па нагоре.Се очекува наколната насел-ба да прерасне во најголема туристичка атракција, един-ствена во Европа.

Сузана Вренцовска

ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА НА ПЛАТФОРМА ПОБУДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС

ПРВИ ТУРИСТИ, КОИ ПО СВЕЧЕНОТО ОТВOРАЊЕ СТАПНАЛЕ ВО КОМПЛЕКСОТ МУЗЕЈ НА ВОДА БИЛЕ СРБИ, А НАЈБРОЈНИ СТРАНСКИ ПОСЕТИТЕЛИ СЕ БУГАРИТЕ.

Page 24: АМАК ПРЕС 103/104

24 AMAK PRES

INTERVJU

НЕ ПОСТОИ ЛОША ПУБЛИКА ПОСТОЈАТ САМО ЛОШИ ИЗВЕДУВАЧИ

Долго време ве немаше во Охрид. Чинам во 80-те години од минатиот век како основач и член на сега легендарната група-та “Парни валјак“ бевте кај нас. Тогаш во групен состав сега како соло из-ведувач. Но како тогаш така и сега со сета страст и енергија ги отпеавте по-знатите хитови, а публика-та и тогаш и сега, пееше и играше заедно со вас на “Јесен у мени“, “Недеља“, “Неда“, “Моја е песма ла-гана“, “Страница дневни-ка“ и многу други. После колку години, повторно за-пеавте пред Охриѓани и за-доволе ли сте од нив како публика?- Во Охрид се враќам после 25 години. Тогаш настапив како дел од групата “Парни валјак“. Што се однесува до публиката таа е прекрасна, заедно пеевме и игравме, бевме едно јадро, една цели-на. Овде има музикален на-род желен за добра музика. Публиката никогаш не треба да се оценува, еден џез музи-чар има добра реченица која и јас ја почитувам, вака вели таа,“Не постои лоша публи-ка, постојат само лоши изве-дувачи“. Публиката е сека-

де иста, таа доаѓа кога знае што добива од изведувачот. Значи јас имам една голема обврска пред неа, особено поради тоа што доаѓам од група која 30 години жаре-ше и палеше на овие про-стори. Јас бев и се уште сум заштитниот знак на “Парни валјак“. Иако од мене таа публика очекува многу тоа не ми е тешко, настапувам со истата онаа енергија со која настапував минативе го-дини како дел од една меѓу најпознатите рок групи. Сега како соло изведувач, се надевам дека успешно ќе го оправдам она што го ра-ботеше мојата група и дека како таков им се допаѓам на публиката. А ќе им го по-дарам мојот глас кој е таков каков што беше и некогаш а ми го подарилБог. Пред кон-церт , јас ништо не очекувам од публиката, знам дека на концертите песната сите не спојува и сите сме како домаќини на една голема семејна слава или роденден. Кога зборуваме за вас, за Аки Рахимовски, мислиме на рок групата што вие ја создадовте“Парни Валјак“ , и обратно. Всушност овие две имиња на музичар и

АКИ РАХИМОВСКИ- ПЕЈАЧОТ НА СЕГА ЛЕГЕНДАРНАТА РОК ГРУПА “ПАРНИ ВАЛЈАК“

НЕОДАМНА ПЕЈАЧОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА “ПАРНИ ВАЛЈАК“, АКИ РАХИМОВСКИ ОДРЖА СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ. ЗАЕДНО СО АКИ ПУБЛИКАТА ИГРАШЕ И ПЕЕШЕ НА ХИТОВИТЕ “ЈЕСЕН У МЕНИ“, “МОЈА Е ПЕСНА ЛАГАНА“, “НЕДА“, “НЕДЕЉА“ .....А ГИ ЗАПЕА И ПЕСНИТЕ ОД ПРВИОТ СОЛО АЛБУМ НАСЛОВЕН КАКО “ВО ВРЕМЕТО НА ИЗГУБЕНИТЕ“. АЛБУМОТ Е ИЗДАДЕН ВО АМЕРИКА,РАБОТЕН Е ОД ГОЛЕМИ МУЗИЧАРИ ОД КАЛИБАРОТ НА СТИВИ ВОНДЕР И ПРИНС, А ИСТИОТ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАН ВО ОХРИД ВО ЈУНИ 2009 ГОДИНА КОГА ЌЕ ДОЈДАТ И АМЕРИКАНСКИТЕ МУЗИЧАРИ. НАЈВЕРОЈАТНО АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО, СО СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ НА КОЈ СО МАКЕДОНСКИ КОЛЕГИ ЌЕ ОТПЕЕ ЉУБОВНИ ХИТОВИ.......

Page 25: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 25

музичка група како да се поистоветуваат. Групата “Парни ваљак“, замина во легендите, Аки продолжи со соло кариерата, но сепак публиката очекува дека тој пред нив ќе ги пее хитови-те што ги отпеа во леген-дарната рок група. Кажете ни кога според вас“Парни ваљак“ како група дожи-веа кулминација а кога Аки Рахимовски. Хитот “Јесен у мени “, што го от-пеавте кога функционира-ше групата стана евергрин што го знаат и старите и младите. Дали тогаш беше периодот на вашата лична и групна музичка кулминација?- Оваа турнеја што ја правам е врзана за “Парни валјак“, зошто групата и е дел од таа голема приказна,бидејќи таа ги постави столбовите во рок музиката. Тие стол-бови и денес стојат цврсто. “Парни ваљак“ е дел од при-казната, но по 30 години од нејзиното создавање, ние нејзините членови со за-еднички договор одлучив-ме дека е време“Ваљак“ да влезе во музејот на големи-те, за луѓето да го паметат како голем состав кој напра-ви и остави зад себе големо богатство со многу добри песни и таму во музејот на легендите му е навистина добро. Ние понатака наста-пуваме, пееме и луѓето ги анимираме.

Својата солистичка турнеја низ бившите југословенски републики ја започнавте во март го-динава. Бевте во Србија, Црна Гора,Хрватска, Словенија и на крајот кај нас, во Македонија. Покрај охриѓани ве слуш-нале или ќе ве слушнат Битолчани,Штипјани, Те-товци, Струмичани и Гев-геличани. Заедничко за сите овие концерти е што ги одржувате во градските Центри за култура. Зошто? И која е целта на ваквите настапи?

-Сите концерти кои досега ги имав и ќе ги имам мис-лам на оние во рамките на турнејата ги одржувам во градските Центри на култура со цел тие да заживеат како некогаш како и вредности-те кои некогаш се создаваа во нив, а преку кои луѓето ја консумираа културната храна. Јас велам, човек без култура е сиромашен човек а ние имаме своја култура и имаме своја традиција соз-дадена со векови. Имаме се, добро направени филмови, музика, уметнички слики а нивните корени се во тие Центри на култура каде и старите и младите се све-доци дека тука во нив, се родени вистинските голе-ми уметници. За жал овие домови полека изумираат и се забораваат односно за-мира уметничкиот живот во нив. Можеби јас сум пионер тргнат во акција низ Цен-трите за култура за да ги за-познаеме и младите. Ова е акција на музички план, ова е приказна за почетоците на југословенскиот рокенрол во периодот од 60-те годи-ни до почетоците на музич-ките групи: “Силуети“,“Бис без“,“Безимени“,“Корни група“, “Индекси“,“Ју гру-

па“, тука се и мојата “Пар-ни Ваљак“,потоа “Бело дугме“,подоцна и “Рибја ч о р б а “ , “ Е л е к т р и ч н и оргазам“, “Катери-на Велика“,“Прљаво казалиште“,“Филм“. Тоа се големи групи со големи уметници кои оставија голе-мо богатство , многу убави песни што денес и младите ги сакаат и пеат. Со оваа моја турнеја сакам да ја потсетам и мојата генерација на хито-вите кои заедно ги пеевме и да ги вратам во центрите на култура каде имале обичај еднаш или два пати во не-делата да одат да гледаат до-бар филм,театарска претста-ва или концерт. Токму тоа е целта на моите овдешни настапи луѓето да се вратат и почувствуваат делови на едно културно миље, да ја осетат вредноста на она што го имаме и што не смееме да го изгубиме. Можам да кажам дека оваа моја музич-ка приказна не само убаво туку фантастично е при-фатена. На сите концерти има публика што ја чинат луѓе од мојата генерација, средната генерација и оние кои најмногу ме радуваат најмладите. Со овие на-стапи успевам да ги вратам

нормите,концертите да за-почнуваат во нормално вре-ме, 20 часот за луѓето да имаат можност убаво да по-минат, а потоа и да излезат по кафулињата и да се наспијат. Оваа моја турнеја би ја на-рекол “Како некогаш“ и би сакал тие стари времиња повторно да се вратат зош-то ќе повторам пак. Народ без култура е сиромашен народ. Ни треба културната храна без која не можеме да продолжиме напред. За жал културните вредности се заборавија, поради лошиот животен стандард и финан-сиската положба. Но јас сум голем оптимист и верувам дека ќе се врати времето на вредностите и се ќе си дојде на свое место.

Од пред две години работи-те на хуманитарен проект, “Со песна во борба против дрогата“. За што станува збор?-Точно така, пред две години покренав една голема акција, хуманитарна “Со бела песна против дрогата“. Истоимена-та композиција ја отпеа Ка-ролина Гочева. На светскиот ден за борба против дрогата во Хрватска го организирав големиот хуманитарен кон-

Page 26: АМАК ПРЕС 103/104

26 AMAK PRES

INTERVJU

церт кој ќе добие традицио-нален карактер. На тој ден се собираме сите музичари, уметници и пееме а собра-ните пари се за помош на зависниците од дрога на која за жал се навлекуваат многу млади и во секој случај мора да им помогнеме да се вра-тат на виситнскиот пат за да бидат со нас. Се вклучувам во хуманитарни акции и ги сакам.

И по згаснувањето на“ Пар-ни ваљак“, неуморно ра-ботите, ја градите својата соло кариера. Минатата година излезе вашиот соло албум “Во времето на из-губените“ го работевте со светски познати музича-ри од калибарот на Стиви Вондер и Принс . Потоа следеше и проектот сим-фониски “Умаг “ концерт на кој пеете стари љубовни хитови. - Минатата година излезе мојот соло албум “ Во вре-мето на изгубените“, што го снимив во Америка. На него работев со големи му-зичари, Марко Мендоза, легендарниот басист Вајт Снејк, клавијатуристот на Принс, Ренато Нето, тапа-нарот на Стиви Вондер,Џо Хереди,џез гитаристот, Скот Хендерсон и гитаристот , Мајк Ланда. Имав среќа и чест по “Парни ваљак“ да работам со американски светски познати музичари. Соработката со овие големи уметници е доказ дека музи-чарите секаде се исти. Кога работите со нив тие се тол-ку едноставни но секогаш го почитуваат правилото: “Ако ни се допаѓа песната ќе работиме ако не тогаш не можете да не купите ни со илјадници долари“. Ја имав среќата што им се допадна материјалот и три недели заедно работевме на него, како вистински пријатели. Најверојатно овие музичари во јуни 2009 година ќе дојдат кај нас и заедно ќе направи-ме мини турнеја со која ќе го промовираме мојот најнов

албум. Затоа што ќе биде лето сигурно ќе дојдеме и во Охрид. По издавањето на мојот прв соло албум го на-правив концертот со големи-от симфониски оркестар, на-речен “Умаг“.Станува збор за изведба на убави љубовни песни од “Биталси“ до “Пар-ни ваљак“. Проектот ќе го видат и слушнат луѓето во Љубљана, Загреб и Скопје. За жал во Македонија овој голем проект- концерт ќе се одржи само во Скопје, а по-стои желба од македонското министерство за култура кон-цертот да се одржи и во рам-ките на фестивалот “Охрид-ско лето“ каде најверојатно ќе настапам со Македонска-та филхармонија. На првиот симфониски концерт “Умаг“ во Загреб поканив мои го-сти кои со мене настапија, Јосипа Лисац,Џибони,Тина Вуков, Нина Бадриќ,Оливер Драгоевиќ. Во републики-те каде ќе го одржам овој симфониски концерт ќе настапам со тамошни мои пријатели –пејачи и домаш-ните филхармонии. Всуш-ност замислата е да напра-вам дуети со мои пријатели од повеќе републики, одно-сно заедно да ги испееме старите љубовни хитови.

Рековте дека можно е ва-шиот симфониски кон-церт со Македонската филхармонија да се одржи и на Охридско лето. Ако тие концерти како што ре-ковте ги правите со ваши пријатели од земјите каде настапувате, со кои од ма-кедонските пејачи би на-стапиле кај нас?-Не сакам посебно некој да издвојам, но ќе ги спомнам “Бис без“,“Безимени“, по-тоа Влатко Стефаноски, Гаро Тавитијан со кого за-едно имам свирено во гру-пата “Кор“. Потоа Владо Јаневски,Каролина Гоче-ва, Калиопи. Оној кој јас најмногу сакам да биде со мене не е за жал веќе физич-ки присутен со нас, но духов-но е секаде со мене на секој

мој концерт пее со мене. Тоа е Тоше Проески, чудото од дете, за кого мразам да го употребам терминот покоен. И всушност не го употре-бувам зошто тој за мене ќе остане вечно жив. Тоше има-ше и има вокал кој верувам нема да се чуе во наредниве 100 години,таков човек си-гурно никогаш нема да се роди. Тој имаше извонред-ни музички способности и потенцијал, а со својата не-видена харизма, мил поглед и широка насмевка ги руши сите бариери и докажа дека музиката не познава грани-ци. Го освои срцето на Бал-канот, на Европа почна а за краток период ќе го освоеше и светот. Сите од моите ма-кедонски пејачи се известе-ни за Симфонискиот про-ект- концерт и имаат желба да отпеат со мене. Покрај старите познати пејачи би ги издвоил и младите секако добрите вокали. Тина Вуков, една од членките во мојот бенд , таа е фантастичен алт и ќе ме следи до крајот на мојата турнеја низ бив-ша Југославија. И тука во Македонија има таленти кои ќе има можност да се по-кажат во овој голем проект. Секој што има свој иден-титет и кој е поразличен од другите се вреднува и публи-ката го сака тој е таков еден и единствен. Единствена беше “Парни ваљјак“, един-ствен е и Тоше, луѓето брзо ги препознаваат и сакаат да ги слушаат.

Што ќе им порачате на нашите млади таленти во насока на авторските права кои кај нас почнаа да заживуваат од пред две години? Вие сигурно не се соочувате со овој проблем. Кај вас авторските права се максимално заштитени.- И авторските и изведувач-ките права кај нас се зашти-тени. Хрватската Унија на уметници, ЗАМП постојат и функционираат. За мене како музичар најважна е Унијата на музичари која ни овозмо-

жува да бидеме членови и во Европската и во Светската Унија. Без законот за зашти-та на авторските и изведу-вачките права не може да се влезе во Европа. Долго време сте на сцената,има ли тајна во вашето траење во вашата желба и енергија. Од каде ја црпите и наоѓате?- Јас велам, она што го-спод ти го подарил , глас, креативност,треба да го де-лиш со другите. Мислам дека на мои години изве-дувачите треба повеќе да внимаваат на себе. Еве гле-дате наместо студена вода пијам чај. Охридскиот е 65 концерт во мојата балкан-ска турнеја, значи напорно е. Откако сме во Македонија имавме само еден ден пауза. Секој ден се работи и пее, но се чувствуваме многу добро особено што настапуваме во тие Центри за култура кои се храмови на културата. Не е работата во енергијата, се случува и да ти засипне гла-сот, но тука е таа публика, зошто по првата или втора-та отпеана песна повеќе не постои публика и Аки туку постои една целина. Еден голем Аки со сите заедно.

Се чувствувате ли во Македонија како дома, ко-рените ви се од тука, и дел од младоста ја поминавте низ Скопските маала?- Македонија е внатре во мене, ова е моја родна земја и јас сум Македонец. И вие знаете и слушнавте со колка-ви емоции ги отпеав, “Калеш Анѓо“,“ Зошто си ме мајко родила“,“Слушам кај шу-мат шумите“, “Си заљубив едно моме“. Мене душава ми е полна тука. И македон-ските песни ги пеам секаде каде настапувам. Емотивно сум врзан за мојот дом за Македонија.

Ангела Белевска

Page 27: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 27

ОБИЧАИ И ПРАЗНУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ЗИМСКИ ПРАЗНИЦИПРЕД БОЖИК ЗАД БОЖИК КАЈ ДА СИ, ДОМА ДА СИБожик е најголемиот христијански празник, зошто на тој ден се празнува раѓањето на спасителот Исус Христос. Овој празник е наречен и матица на повеќе празници бидејќи да не бил тој, што значи да не се родел Исус Христос немало да има ниту негово крштевање (Водици),ниту Воскресение- Велигден. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум,камен темелник за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос.Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Иако овие обичаи се разликува-ат од регион до регион, сепак во основа се изведуваат неколку заеднички еле-менти како што се богатата софра што се подготвува на Бадник навечер, потоа колединиот оган заедно со дрвото Бад-ник како и коледицата проследена со многу коледарски песни.Богатата трпеза со исклучително по-сна храна:питулици,сарма,грав,компир,риба,зелник,овошје и слично според верувањата има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахра-ни, а на домашните ќе им дарува здрава и бериќетна година. На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзува-ат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе даде богат род. На Бадник во секоја куќа се меси лепче, во некои краеви во него се става паричка, кај нас во Охрид па-ричка не се става за Бадник туку таа се става во топеница на Василица(Стара Нова Година).Во оние краеви каде па-ричката се става во лебот, се мисли дека оној член од семејството што ќе ја најде ќе биде најсреќен таа година. Богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Се верува дека со овие бадникови огнови се настојувало да се изгонат сите зли духови, но и да најават раѓање на нешто ново, светло како ог-нот, да се навести раѓањето на спасите-

лот Исус.Коледицата пак ја прават групи деца кои палат оган, пеат пригодни песни и одат по куќите каде што добиваат подаро-ци како што се:ореви, костени,јаболка, портокали... Со ваквото одење и пеење по куќи децата го најавуваат Христово-то раѓање.Со Божиќ започнува периодот од 12-те денови, таканаречени некрстени или пагани денови што траат до Водици, пе-риод исполнет со многу активности, на негативни демони, со религиозен страв и разни магиски заштити. Дури на Во-дици кога се крштева водата се парали-зираат негативните, зли појави и нивни-те дејствија.Со Божик е поврзана и поговорката: “Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си“ што има значење дека убавата вест за Христовото раѓање треба да се слушне во кругот на најблиските, дома. На тој ден се приготвува, богата мрсна трпеза на која има задолжително свин-ско месо, со песна музика и убаво рас-положение се слави Христовото раѓање. Првиот ден се седи дома. Вториот ден се чекаат гости, а третиот ден се оди кај роднини и пријатели.

ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА- ВАСИЛИЦА На 1-ви јануари според стариот односно 14-ти јануари според новиот календар се слави Православна Нова година. Поради совпаѓањето со празни-кот на Свети Василиј овој празник во народот е познат како Василица. Овој празник е во периодот на таканаре-чените Некрстени денови а кој како што рековме трае од Божик до Водици. Тогаш се верувало дека се доминантни зли духови, и негативни демони и затоа во овој период се избегнувало да се работат некои потешки работи.Важно е да се забележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасни-те Новата година ја пречекуваат со по-себни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните што се изведуваат на Бадник. И на Василица како и на Бадник, гру-па деца најпрвин околу огнот а потоа одејќи по куќите пеат пригодни песни и добиваат подароци. Низ песната се искажуваат многу убави желби и бла-гослови за родна година. Децата носат дрвени прачки со кои ги удираат луѓето , особено старите и болните лица за да бидат сурови и здрави како прачката.Возрасните за овие прослави се под-

готвуваат од порано. Тие набаву-ваат прибор за маскирање, пред-мети за тропање и правење врева како ѕвонци,клопотарци,тенеќиња, тенџериња но и музички инструменти, гајди и тапани. Со овие реквизити ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари се создава голема врева која има цел да создаде не само весела атмосвера туку и да ги за-плаши и избрка лошите духови. Таа ноќ околу Василичарските огнови се пее и игра се јадат колбаси и се пие ракија. Дента на Василица во охридските куќи се прави Топеница во која се става па-ричка. Значи охриѓани бараат паричка во топеница за Василица, а не за Бадник. Оној што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде најсреќен таа година.СО ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ ЗАВРШУВА ЦИКЛУСОТ ЗИМСКИ ПРАЗНИЦИ Празникот Водици(Богојавление) наро-дот го празнува како еден од најголемите празници зошто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само 12-те некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања.Водици се празнува два дена. Првиот ден, освен Водици и Богојавление уште се вика и Војордание е и Машки Води-ци, а вториот ден Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Води-ци.На Богојавление главен настан е фрлањето на Светиот крст во езерските или речните води. Крстот го симболи-зира христовото тело кое како што се ка-пело во водите на реката Јордан се капи односно крштева кај нас во Охридското Езеро. Тој што од водата ќе го извади крстот е Благословен од Бога и за на-града добива подароци од кумовите на манифестацијата и други добронамерни луѓе. Се верува дека по овој обред во-дата е осветена, а со тоа и лековита по-ради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата годи-на за лекување на разни болести како на луѓето така и на добитокот. Попладнето по коледица одат мажите предводени од фаќачот на крстот, пеат празнични пес-ни, благословуваат и носат среќа во до-мовите каде ќе тропнат. На вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител именден просла-вуваат Јовановци. Овој ден уште се вика Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат же-ните. Ангела Белевска

Page 28: АМАК ПРЕС 103/104

28 AMAK PRES

ЗА НОВА ГОДИНА - СИТЕ ДОМА

Тони Симоноски , директор на Охрид-ско Лето Новата година ќе ја помине во кругот на семејството затоа што како што вели, заради бројните обврски, секој миг со најблиските му е драго-цен.- Сигурно ќе останам во Македонија, дали ќе сме во Охрид или во Скопје се уште не знам и тоа може да го одлучи-ме во последен момент. Но, Новата Го-дина ќе ја поминам со моето семејство и најблиските бидејќи обврските кои се големи во текот на целата година не ми даваат време да им се посветам онол-ку колку што сакам, па ова е драгоцен момент поминат со најдрагите – вели Симоноски.

Милчо Јованоски Новата година ќе ја помине со најблиските. - За мене про-славата за Новата 2009 година започна пред 1 месец. Се прашувате како ? Во Радио Охрид годинава амбициозно се зафативме со проектот наречен ново-

годишна програма. Во нашето големо студио реализиравме музички емисии со неколку охридски тајфи кои ја негу-ваат староградската песна. За најлудата ноќ сепак ќе славам ама во кругот на семејството со моите најблиски. Во до-машен амбиент а можеби на плоштад.

За Нова Година ќе останам во Охрид на плоштадот. Како и сите изминати годи-ни од како ми тече мандатот ќе славам со охриѓани и туристите на плоштадот во Охрид. После славењето ќе се вра-там во мојот дом и деновите после про-славата ќе ги поминал со семејството и пријателите – вели Александар Петре-ски градоначалник на Охрид.

Боро Павлоски Новата година ќе ја до-чека дома. - ништо посебно ќе останам дома со семејството со кое поминувам малку време заради бројните обврски од работниот ангажман. Сигурно ќе навратам и на плоштад да се видиме со сите охриѓани, ние сме многу при-сутни на терен па добро ќе е да сме на плоштад како лани – вели Павлоски

Дејан Паноски вели дека празниците ги прославува на најубавото место во светот дома во Охрид. - Со семејството ќе останам во најубавиот град на све-тот Охрид, празниците комплет ќе ги поминам дома со семејството бидејќи тоа е добра прилика да сме сите заедно собрани. Заради работата почесто сум отсутен па не планирам да се мрднам од дома за празниците.

Новата година ќе ја прославам во ре-сторанот Св. Софија кај Пендо, таму одиме последниве неколку години и одлично си поминуваме па така ќе на-правиме и годинава – вели Владо Сте-фаноски пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Зоран Велјаноски Летра Новата го-дина ќе ја слави или во Охрид или во Истанбул. – Немам се уште одлучено дали ќе сум Охрид или ќе отпатувам во Истанбул. Ако одам во гадот на Бос-форот ќе уживам и ќе фотографирам, а ако останам во Охрид ќе останам дома со најтесното семејство, а секако може да го посетиме и плоштадот во Охрид

Page 29: АМАК ПРЕС 103/104

каде ќе има заеднички дочек – вели Ле-тра.

Претседателот на локаниот СДСМ Владо Чинго Новата година ќе ја по-мине со семејството во Охрид. Зара-ди ангажманот во Скопје и работните

обврски многу малку време ми остану-ва за моето семејство па празниците ќ ги поминам со семејството дома или во мојот хотел Хотел Чинго кој исто така го сметам за свој дома. Сигурно е дека околу 12 ќе го посетам и плоштадот во Охрид каде одбројувањето ќе го поми-неме заедно сите охриѓани.

И оваа година за дочекот ќе бидам со моите најмили. Најпријатно се чув-ствувам во домашна атмосфера во кру-гот на пријателите и роднините. Што се однесува до тоа колку ќе потрошам за нова Година не повеќе од 15 000 де-нари пред се за новогодишната трпеза и подароци. Сепак е ова празник кога подаруваме и кога сме најсреќни. А да се подели среќата со најблиските е на-вистина најубаво чувство, вели новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефаноски.

Празниците ќе ги поминам во Охрид во до-машна атмосве-ра. Последниве неколку години не сум патувал за Нова Година и сметам дека е тоа празник за да му се по-светиме на с е м е ј с т в о т о . Претходно ре-довно патував-ме за овој праз-ник но сега, не поради фи-нансиски при-чини, некако славењето дома и целата таа ат-мосвера повеќе ми се допаѓа. Ќе потроши-ме толку колку ни дозволуваат условите, пре-тежно за гарде-роба и подаро-ци, вели Бранко

Арнаудов-раководител на Секторот за урбанизам.

Директорот на Управата за kултурно историско наследство, Паско Кузман за Божикните и Новогодишните празни-ци ќе биде во Охрид, во својот дом со најблиските.“Како секогаш така и годинава, ќе прославувам во семејната куќа со најмилите. Тоа е можност тие денови да им се посветам ним. Всушност јас и никогаш не сум бил некаде надвор или по охридските хотели и ресторани, се-когаш дома со исклучок на 4-ри Нови Години кои како студент ги дочекував во мојата студентска соба со колегите од факултет“, вели Кузман. Љ.Т.

Page 30: АМАК ПРЕС 103/104

30 AMAK PRES

INTERVJU

ГОЛЕМ ИГРАЧ НЕ СЕ СТАНУВА ПРЕКУ НОЌ

Со 18 кошеви во про-сек по натпревар, Војдан Стојановски

е најдобриот стрелец во охридскиот табор по први-от дел од првенството. „Ваквите статистички по-датоци се само мотив плус да продолжам и да се тру-дам да бидам уште подо-бар и попрецизен, вели охридскиот„снајперист“. Најдобриот млад играч за 2007 година сега дел од ма-кедонската репрезентација, својот тим, АМАК СП го-динава го гледа во финале со Фени Индустри. „Играме добро, направивме резултат во првиот дел од првен-ството и доколку продол-жиме вака титулите сами ќе си дојдат“, вели репре-зентативниот бек, еден од најзаслужните за победите на АМАК СП, секогаш рас-положениот за игра Војдан Стојаноски.

Како изгледа животот на еден професионален ко-шаркар?

Не многу разновиден. Це-лосно се имам посветено на кошарката, но и за се друго наоѓам време. Дневно два пати тренирам, редовно одам на прошетка или на кафе со другарите и секако дел од моето слободно вре-ме го користам за учење. Прва година сум на Факул-тетот за туризам во Охрид и успевам некако паралелно да ги терам двете работи. Колку и да го живеам живо-тот професионално успевам да најдам време за да не ги запоставам студиите. Не-што што исто така редовно со љубов правам е гледање кошарка скоро сите натпре-вари ги следам.

Колку си задоволен од условите кои ги нуди АМАК СП?АМАК СП нуди најдобри услови во Македонија за-тоа што организацијата е беспрекорна. Финансиски проблеми немаме, имаме редовни термини, масажи теретани. Најдобар клуб и

на терен и во организациска смисла на зборот. Едното со другото се поврзани и затоа резултатите се оче-кувани. Се надевам дека со ова темпо ќе продолжи-ме и ќе покажеме пред се како треба да функционира еден професионален клуб. Знаете, за еден играч кога не е преоптоварен со про-блеми може многу подобро да игра. За среќа моја и на моите тимски другари наше е само да одработиме на терен, а за другото има цел тим кој стои зад нас.

Ти си единствениот од АМАК СП кој се најде на списокот на селекторот Јовица Арсиќ, а твојот клубски тренер Маријан Лазоски е помошник во репрезентацијата. Колку тоа за тебе е предност и какви се очекувањата од ЕП во Полска во 2009 го-дина?Групата во која е Македонија не е баш лесна, но се наде-вам дека ќе ја поминеме а

понатака се ќе биде успех за нас. Имаме сили и ре-ални шанси да победиме една од трите репрезен-тации Хрватска, Израел или Грција. Очекувам да славиме со израелците и грците. Имаме играчи кои имаат големо меѓународно искуство и можеме да се носиме со нив. Илиевски и Стефанов се најдобрите плејмејкери во Европа, но и тие имаат врвни поединци. Сепак е игра и се е можно. Но сега приоритет ми е да се изборам да бидам меѓу најдобрите кои ќе патуваат на европското првенство. Се зависи од моето ангажирање во подготвителниот период. За мене е голем успех што оваа година бев во 12-те играчи во репрезентацијата и можноста што добив минутажа на вака големи натпреварувања.Тоа што тренерот Ла-зоски е помошник во репрезентација, а истовре-мено и мој клубски тренер секако е предност за мене.

ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО АМАК СП

Page 31: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 31

Имам многу помош од него особено кога станува збор за моето вклопување во репрезентацијата, со поста-рите, со поискусните што секако е голем проблем за еден млад играч без репре-зентативно искуство. Само-то тоа што играш заедно со играчи кои направиле до-бри кошаркарски кариери и имаат што да остават зад себе е училиште и огромна придобивка за мене.

На почетокот од првен-ството видовме едно дру-го издание на Војдан Стојаноски од она на што бевме навикнати, да си лидер на тимот. На што се должеше ваквата игра- на заморот од репрезентатив-ните обврски или едно-ставно ти требаше време да се вклопиш во тимот?Не можам да речам дека се работеше за замор. Пред се се работеше за вклопување во тимот со многу нови играчи и сето тоа доприне-се некако првите натпрева-ри да ги одиграм послабо,за среќа тоа кратко траеше. Во екипата дојдов на де-сет дена пред почетокот на првенството и нормална беше таквата адаптација за-тоа што АМАК СП годинава има многу нови играчи. Но и кога ќе изиграм слабо и кога сум најдобар најважно ми е да се победи. За крајниот резултат се заслужни сите, а не само поединци.

Маријан Лазоски и избран за најдобар тренер за 2007 година а ти за најдобар млад играч. Дали е тоа добитната комбинација за освојување на една од титулите?Се надевам дека ќе биде до-битна комбинација за една од титулите а зошто да не и на двете, но не само поради тоа. Годинава имаме далеку поискусна екипа за разлика од минатата кога бевме со најмало искуство во лигата. Играме добро направивме резултат во првиот дел од првенството и доколку про-

должиме вака и ги корегира-ме некои пропусти титулите сами ќе си дојдат. Потребно е и да се засилиме на цен-тарската позиција,таму каде што засега сме најслаби. Сигурен сум дека со носење на една класична „петка“ АМАК СП ќе игра финале со Фени Индустри.

Која е разликата во играта на тимот минатата година и сега?Минатата сезона имавме поголема слобода во играта за разлика од годинава каде играта се базира на одре-дена поставеност според замислите од тренерот Ла-зоски. Играме посмирено и посигурно со цели акции додека со Гац игравме да-леку побрза и поатрактивна кошарка. Според статисти-ката предност сепак има „рецептот“ на Лазоски, кој по карактер е многу смирен и влева доверба кај играчи-те а вистинската игра ќе ја покажеме дури во Супер лигата. Наше е да слушаме и да веруваме во она што Лазоски ни го кажува.

Што е најважно за еден кошаркар. Да биде физич-ки подготвен, техничко-тактички или пак тоа е самодовербата?Тоа е спектар од фактори кои мора да ги поседува еден играч доколку сака да се занимава професионално со сопрт. Кој колку е под-готвен толку и ќе покаже на терен. Пред се најважно е да си физички подготвен, а од тоа зависи и од само-довербата на еден играч. Колку повеќе си трениран толку подобро си техничко -тактички подготвен. Како и да е се зависи од трени-раноста. Поседувам голема самодоверба и неслучајно токму јас сум тој кој во по-следните минути го реша-ва натпреварот со шут за тројка, се разбира ако има потреба за тоа. Целата таа атмосвера која се прави во охридската сала е уште еден

мотив плус за зголемување на самодовербата. Нависти-на публиката тука има кул-тура за навивање. Знае да те бодри и кога ти оди и кога не. Тогаш самодовербата расте.

Како реагираш кога ќе те препознаат на улуца?Засега ме препознаваат само децата кои тренираат кошарка,но најчесто не ме-шаат со брат ми особено по натпреварите кога ни бара-ат автограми или сакаат да се сликаат со нас. Но сета таа нивна збунетост делува многу симпатично. Ме пре-познаваат и на факултет но таму најчесто јас барам да ме ослободат од предавања поради тренинзите. Не пре-познаваат и по кафетериите често знаат да не почастат со пијачка. Тоа верувам се-кому му годи.

Каде би сакал да ја про-должиш својата кошар-карска кариера?Како и секој играч и јас би сакал да заиграм во најсилните европски тимо-ви заедно со некој од врвни-те кошаркари, со Папалукас со Перо Антиќ со Влатко Илиески со Пепе Санчес, но засега моите планови се врзани за АМАК СП и ма-кедонската репрезентација. Токму тоа што влегов меѓу најдобрите македонски ре-презентативци го сметам за мој најголем успех до-сега. Нормално е да имаме некоја цел во животот која ќе не тера да бидеме подо-бри и подобри но јас сум та-ков по природа никогаш не се залетувам. Сакам да сум најдобар таму каде што сум, а што ти носи иднината не се знае. Патот кој го одиме полека,ама сигурно носи резултати се другото може да блесне, само за кусо. Славата, доколку не стоиш цврсто на нозе, може да ти ја уништи кариерата. Све-сен сум за моите квалитети, но треба уште многу, многу работа. Голем играч не се

станува преку ноќ.

Мода кај кошаркарите се тетоважите. Дали Војдан има тетоважа?Немам и не би ставил. Сме-там дека тоа е една мода, но и нормална работа доколку некој одлучил дека таа тето-важа ќе му значи нешто на емотивен план, доколку го инспирира. Јас сеуште не сум размислувал.Доколку би се одлучил сигурно таа ќе биде поврзана со кошар-ката, таа е мојот живот.

Како ги поминуваш ново-годишните празници?За Нова година најбитно ми е да сум со другарите а каде не е важно. Најчесто одиме по кафетерии по диска каде што има забава за помла-ди. Знаеме да се опуштиме по напорните тренинзи и натпревари и тој празник навистина го користиме за забава. Потоа одморот ќе го поминам во домашна ат-мосвера пред се да се видам во семејството и другарите од маало.

„Црнчо во Зуле бурек ку-пуваше и од тоа не се от-кажуваше. Белчо бурек чекаше а Црнчо никаде го немаше“, ваков текст стои на алманахот од 1987 годи-на од гимназијата Здравко Цветковски во Скопје каде средно завршивте ти и брат ти Дамјан. Што се крие зад оваа порака?Секојдневно за време на одморите јадевме бурек и одевме да купуваме на сме-ни по двајца. Секогаш кога ќе ми дојдеше редот јас да одам да купам се задржував повеќе, шетав, па одморот завршуваше и другите оста-нуваа гладни немаа време да јадат. А што се однесува до прекарите бидејќи јас сум поцрн од брат ми ме викаа Црнчо а него Белчо.

Сузана Вренцовска

Page 32: АМАК ПРЕС 103/104

32 AMAK PRES

SPORT

ГОДИНА НА СПОРТСКО СИВИЛО!Се погласни се

размислувањата дека спортот во Охрид

тоне со години, а надлеж-ните не преземаат мерки за негова ревитализација. Повиканите најчесто не се чувствуваат виновни, а при-чините поради кои поголем број од спортовите веќе се изумрени најчесто се преф-рлаат од едни на други. Чија е вината и кој треба да го врати спортот на вистинска-та патека останува и натаму тема на полемизирање а до-тогаш неколкуте клубови кои финансиски се помогна-ти од приватни компании ќе го белат образот на спорт-ското сивило. Колку Охрид изминатава година живееше спортски? За ова побарав-ме одговор од спортските новинари и спортските ра-ботници.-Мислам дека охриѓани во годината што изминуваа имаа ретка можност да би-дат дел од големите ракомет-ни натпреварувања. Летоска на менито имавме светско младинско превенство, до-дека неодамна можевме да уживаме во мајсториите на најдобрите ракометни евро сениорки.Покрај ракометот преку учеството на КК Амак СП во Фиба евро Челинџ купот, Охрид можеше да го осети европскиот кошаркарски шмек.Реџеп Селман ја одбележа

олимписката 2008 годи-на со учеството на игрите во Пекинг, каде настапи благодарение на рекордот во трискок поставен на првенството во Словачка, а вообичаено летото беше резервирано за спортовите на вода, кои беа застапени преку Илинденската регата и Пливачкиот маратон.Охридските клубови, со чест на ретки исклучоци се мачат да излезат од просеч-носта. Пливаат во пробле-ми, пред се организациски и далеку се од достојни пре-ставници на градот. Тажна-та слика за спортот во гра-дот ја отсликува и Сојузот на спортови кој долго време не функционира и не е сер-вис на клубовите. Исто така загрижува и летаргијата која го има зафатено учи-лишниот спорт, кој треба да биде основниот двигател на спортот во градот.Имињата на Димитар Поп Стефанија(едрење), Никола Кузески (кошарка), Алек-сандра Иваноска (веслање), Филип Баткоски (кошарка), Славчо Мирчевски (атлети-ка) и Бојан Ристески (бокс), се надевам дека ќе му до-несат посветла иднина на охридскиот спорт.Со инвестирање во стручен кадар и инфраструктура, како и стратегија за развој на спорот мислам дека може да се помрднат работите од позицијата во која сега се

наоѓаме , вели уредникот на спортската редакција на НТВ Мирко Постоловски.Според спортскиот новинар Ненад Цветанов од Супер радио и тешко и лесно е да се анализира 2008 го-дина кога се во прашање спортските остварувања во Охрид.-Лесно затоа што од година во година спортот во наши-от град стагнира, тешко за-тоа што е речиси невозмож-но да се анализира спорт кој е на маргините. Каков ни е спортот доволно зборува и тоа што веќе неколку годи-ни не се одржува традицио-налниот избор на спортист на годината. Впечатокот ми беше дека годината целосно ќе му припадне на првиот олимпиец во Охрид, атлети-чарот Селман Реџеп, мој ли-чен впечаток е дека Селман на ОИ во Пекинг можеше да оствари, во македонски рамки позабележителни ре-зултати. Веслачите братот и сестрата Иваноски во це-лост си ја заслужија награ-дата „Свети Климент “Светла точка се кошарка-рите на АМАК СП поради резултатите во минатото и тековното првенство, но и успешната презентација во Еврочелинџ Купот. Во ид-нина, со оглед на тоа како се развива, треба да се оче-куваат уште подобри резул-тати од младиот едриличар, Димитар поп Стефанија.

За тренер- играчот на КК „Билјана 006“, Весна Бала-зоска спортот на локално ниво не е на завидно ниво. Потребна е помош од ло-калната и бизнис заедница.-Освен Билјана 006 и АМАК СП кои одлично котираат во најсилните национални лиги во Македонија, дру-гите клубови заблескуваат само во одредени перио-ди. Исто така морам да на-поменам дека освен нам, спортските работници кои сме дирекно инволвирани во спортот, на никого не му е битно што се случува на локалната спортска сцена. Мислам дека подршката на Локалната самоуправа и градоначалникот како и на успешните бизнисмени тре-ба да е поголема и повеќе да ги финансираат спорт-ските клубови кои пред се каде и да се натпреварува-ат се претставуваат сами-те себеси, а потоа и својот град. Затоа крајно време е тие структури да почнат да водат сметка малку повеќе за спортистите кои имаат минат труд кои со години го претставувале Охрид на државно и меѓународно ниво, вели најдобрата охридска кошаркарка Бала-зоска.

Сузана Вренцовска

НОВИНАРИТЕ И СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА СПОРТОТ ВО ОХРИД

Page 33: АМАК ПРЕС 103/104

www.amakpres.com.mk 33

ГОДИНА НА СПОРТСКО СИВИЛО!

УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАК СП ВО ПРВИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

Со девет победи и два порази охридскиот АМАК СП го завр-

шува првиот дел од есенска-та сезона. Ваквиот скор ја искачи екипата на високото второ место во лигата. До 24 јануари наредната година следува пауза по што ќе се одиграат преостанатите че-тири кола за комплетирање

на првата фаза. Избраници-те на Маријан Лазовски од-мор ќе имаат за Новогодиш-ните и Божиќните празници, а до крајов на месецов ги продолжуваат тренинзите. Шефот на стручниот штаб и управата на клубот паузата ќе ја искористат во редовите на АМАК СП да донесат ви-сок играч кој би ја пополнил

празнината под кошевите.Според Лазоски во вториот дел од првенството екипата ќе влезе далеку поподготве-на и физички и психички, а победничката атмосфера е она што треба да ја тур-ка екипита на Амак , кон остварување на една од це-лите во гoдинaшната сезо-на.

- Наша цел е влез во полуфи-налето на плеј офот, додека втората цел е освовјуање на трофеј без разлика дали тоа ќе биде во купот или првен-стовото. Не играњето во Ев-ропа ќе ни остави простор подобро да се подготвиме за одлучувачките битки, вели Лазоски С.В.

ЕФМ ГИ ОДБРА НАЈУСПЕШНИТЕ

Ед р и л и ч а р с к а -та Федерација на Македонија на тра-

диционалниот собир за Св Никола, заштитникот на спортовите на вода, ги прогласи најуспешните за годината што изминува. Овогодинишни лауера-ти се Ердал Лушо од ЕК “Снегар“ – Струга во машка и Александра За-ричин од ЕК “АМАК СП Бофор“ - Охрид во женска конукренција. Најуспешен тренер про-гласен е селекторот на ма-кедонската едриличарска репрезентацијата Драги Келешоски. 2008 година беше една од најактивните за ЕФМ. Македонските репрезен-тативци учествуваа на Светското Првенство во

класата оптимист во Чеш-ме, Турција, потоа на Бал-канскиот Шампионат во

Романија, како и отвореното првенство за Југоисточна Европа во класата опти-мист во Палиќ, Р. Србија. Покрај настапите на овие шампионати, македоснките едриличари учествуваа и на десетина останати регати во странство. - Задоволен сум од по-стигнатото оваа сезона - вели преседателот на федерацијата Љупчо Поп Стефанија. На нашиот деби настап на СП ги завршивме сите трки, додека на оста-натите натпреварување по-стигнавме резултати подо-бри од минатогодишните. Ако во минатото се боревме да ги избегнеме “фенерот“

оваа година отидовме во златната средина, што е од-личен резултат со оглед на вложувањата и средствата со кои овај спорт располага. Поп Стефанија потенцира-ше дека федерацијата беше доста активна и на домашен план каде организираше че-тири државни првенства во различни класи, а се одржа и јублејната 40 Меѓународна Илинденска регата. Тенденција во периодот кој следи за ЕФМ е соработка-та со МОК каде се оства-рени првичните контакти за формирање на план и програма за обезбедување на олимписка норма за ОИ 2012 г. во Лондон.

Охрид њуз

Page 34: АМАК ПРЕС 103/104

34 AMAK PRES

ZANIMLIVOSTI

ЛИКОТ НА ОХРИЃАНЕЦОТ ЗОРАН ВЕЉАНОВСКИ –ЛЕТРА НА ПОШТЕНСКА МАРКА

Неодамна ликот на охриѓанецот, Зоран Вељановски – Летра се најде на поштенска маркa издаде-на од Француски Пошти. Taa е пуштена во продаж-ба во лимитирана количина и најверојатно како нова ќе биде една од нај трошените марки за Новогодишните и Божиkни празници. “На марката покрај мојот се наоѓа и ликот на прет-седателот на Филмската академија, Макс Азуле и секако тука е и француско-то знаме. Бев изненаден и шокиран, но огромна е че-ста својот лик да го видите на задната страна од некоја честитка, разгледница или плик. Навистина не можам да кажам ништо поконкрет-но како јас бев избран да ми се направи ваква чест, но огромно е задоволството од моја страна зошто на некој начин ова е признание дека фестивалот на францускиот филм во Охрид чиј дирек-тор сум јас, доживеа голем успех во Франција“, вели Зоран Вељановски -Летра и додава дека за марката раз-брал сосема случајно.“Претседателот на Филм-ската академија, Макс Азу-ле ја купил марката ја за-лепил на задната страна на разгледницата што јас и ја подарив на Филмската

академија, а на која е мојата фотографија од Плаошник, и ја испратил до амбасадорот Јордан Плевнеш кој тогаш бил во Париз“.Инаку, второто издание на Францускиот филмски фестивал,чиј директор е Вељановски, ќе се одржи во периодот од 29-ти јуни до 5-ти јули и истиот ќе има натпреварувачки карактер. Иако овој фестивал е посве-тен на францускиот филм во новото издание ќе има и де-нови на Европскиот филм.

“Првиот ден ќе имаме еден навистина добар оскаровски филм тоа е голем хит филм како што беше минатого-дишниот, “Живот во розово“. Отворањето најверојатно ќе биде во Центарот за кул-тура “Григор Прличев“, а затворањето ќе биде со една голема европска филмска ѕвезда која не би ја откривал сега на Античкиот Театар“, вели Вељановски, и додава дека новото издание финан-сиски ќе биде поддржано од Општина Охрид и Мини-

стерството за култура.Како секретар на Академијата на хуманизмот , Зоран Вељановски- Летра, истакнува дека Светска-та награда за хуманизам за 2009 година постхумно ќе ја добие рускиот писател, Александар Исаевич- Сол-женицин . Таа ќе им биде врачена на претставници од фондацијата Солженицин, на 19 јануари на празникот Водици, во Охрид. Награда-та за хуманизам за 2007 го-дина ја доби Даисаку Икеда а за 2008 година, Мануел де Оливиера. Зоран Вељановски- Летра, по Маршалот Јосип Броз- Тито е вториот балканец кој е жив а чиј лик се најде на поштенска марка. Македон-ски Пошти постхумно ја из-дадоа поштенската марка со ликот на мега ѕвездата Тоше Проески кој беше прогласен за заслужен граѓанин на Ре-публика Македонија. Ангела Белевска

Page 35: АМАК ПРЕС 103/104

ЛИКОТ НА ОХРИЃАНЕЦОТ ЗОРАН ВЕЉАНОВСКИ –ЛЕТРА НА ПОШТЕНСКА МАРКА

Page 36: АМАК ПРЕС 103/104