36
Весник на локалната самоуправа март-април 2013 • бр. 26-27 • година 5 ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ТАТКО НА ОПШТИНАТА

Карпош Урбан бр.26-27

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Месечник на локалната самоуправа (двоброј)

Citation preview

Page 1: Карпош Урбан бр.26-27

Весник на локалната самоуправамарт-април 2013 • бр. 26-27 • година 5

ЈАКИМОВСКИПОВТОРНО ТАТКО

НА ОПШТИНАТА

Page 2: Карпош Урбан бр.26-27

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Карпош Урбан бр.26-27

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

СТАРТ НА ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА 2013

СПОРТОРАМАПОБЕДНИК ХРВАТОТ ЗДЕНКО КОЖУЛ

ИНТЕРВЈУ

ИМ СЛУЖАМ САМО НА ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ.................................................. 4

СОРАБОТКА

НА ГО СТИ ЗА ЈУ БИ ЛЕ ЈОТ НА НОВ БЕЛ ГРАД................................................ 22

................................................ 13

................................................ 28

РАЗГОВОР

Кристијан Хартвиг

КАРПОШ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК ЗАШТО ЧЕКОРИ НАПРЕД............................................... 20

Издава Општина Карпош

ул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-71-040

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки совет

Стевчо Јакимовски

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредник

Виолета Цветковска

[email protected]

Уредник

Миле Раденковиќ

[email protected]

Редакција

Игор Ѓуровски

Мила Глигорова

Ива Манова

Елена Кузмановска

Живко Трајановски

Технички уредник

Зоран М. Гулевски

Лектура

Лилјана Петрушевска-Кочовска

Ангелина Николовска

Фотографија

Ива Манова

Весник на локалната самоуправамарт-април 2013 • бр. 26-27 • година 5

ЈАКИМОВСКИПОВТОРНО ТАТКО

НА ОПШТИНАТА

ВО ОВОЈ БРОЈ

Page 4: Карпош Урбан бр.26-27

4 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ИНТЕРВЈУ

По трет последователен пат добивате довер-ба за мандат од жителите на Карпош. Очекувано?

Да, очекувано. Со оглед на сработеното, од резул- татите од досегашната работа, задоволството на граѓаните, како и проектите коишто беа реализира-ни, граѓаните сега можат непосредно да плодоужи-ваат во сето тоа. Имајќи предвид дека комуникаци-јата со граѓаните беше непосредна и секојдневна, и дека во изминатиот временски период се потрудив-ме на сите граѓани коишто имаа потреба од помош, да им излеземе во пресрет, значи дека постоеше едно заедничко почитување помеѓу мене, како гра-доначалник и граѓаните на Општина Карпош. Затоа, резултатот од оваа соработка се преточи во огромен број на гласови и поддршка, како во првиот, така и во вториот круг. Колку време и енергија треба да се инвести-

ра во граѓаните, за приближно да очекувате во-зврат преку нивните гласови. Всушност, што е по-големиот влог, минатото или иднината? Сработе-ното или ветените програми?

За да ја стекнете довербата од граѓаните не ви е потребна енергија, туку напротив, работата треба да ви претставува задоволство. Мене, функцијата гра-до началник ми претставува задоволство, како и ли-чна сатисфакција да им помагам на моите сограѓа-ни. Едноставно да ги решаваме нивните проблеми коишто се во наша надлежност. Сметам дека граѓа-ните ми ја дадоа својата доверба и за тоа што е сра-бо тено во минатото, но и она што се наоѓа во рамки-те на мојата програма, за иднината на Карпош. Она што беше најповолно оценето во оваа изборна кам-пања, е токму тоа, што за нејзиното времетраење не се посветив на критикување на моите политички противкандидати. Напротив, јас ја обелоденив моја-та визија за развој на нашата Општина и настапував со проекти, а не со омаловажување на моите поли-ти чки ривали. Несомнено, настапивте со една од поамби-

циозните програми. Како градоначалник, како менаџер, колку сте навистина кондиционирани да го остварите сето тоа, финансиски, кадровски?

Стевчо Јакимовски повторно општински татко

ИМ СЛУЖАМ САМО НА ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШПо дваесет годишно владеење во Општина Карпош СДСМ придонесува за инсталирање на партијата ВМРО ДПМНЕ во институциите на Општината. Нам не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да најдеме решение за функционирање на Советот на општина Карпош, и нормално дека ќе направиме разговори за соработка со другата пратеничка група

Page 5: Карпош Урбан бр.26-27

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Да бидам искрен, и она што го ветувавме во 2009 година, веројатно многумина не веруваа дека ќе го оствариме, но очигледно дека ние ги постигнавме тие резултати. Таа година, во нашите ветувања не стоеше дека ќе ги реновираме сите основни учи-лишта, но го сторивме тоа. Не ветивме дека ќе ре-кон струираме 135 улици, но сепак ги реновиравме ис тите, асфалтиравме улици со вкупна должина над 60 километри, направивме фекални, атмосферски канализации и водоводи во должина од над 15 кило-метри. Потоа, тротоари во должина од 45 киломе-три, над 25 километри пешачки патеки, што само го-вори дека, доколку постои желба, докол ку се осмис-лат вистинските проекти и сето тоа чесно се срабо-ти, во тој случај она што е ветено, може и да се реа-лизира. Според вас, кои се приоритетите кои ги

очекуваат граѓаните во следниот четиригодишен ман дат, а кои се вашите фаворити во програмата?

Дефинитивно, најголем приоритет е гасификаци-јата, промената на азбесните покриви, фасадите, бе-сплатните ужинки, екскурзии и бесплатниот прес-тој во градинките. Очекувате ли некои “тесни грла”, какви што

се во делот на образованието, на пример токму ужинките?

Не очекувам никакви тесни грла. Впрочем, затоа граѓаните ни ја изразија својата доверба, да ги реша-ваме нивните проблеми и потреби. Нашите проекти се претходно обмислени целосно, со целосна финан-сиска конструкција и се придружно, така што ни-вната реализација не е спорна. Програмата врз основа на која ја добивте

довербата на граѓаните е всушност четиригодиш-на. Кои се плановите за првата година?

За првата година, во план е да ги подмириме на-шите обврски коишто ги имаме од досега сработе-ното. Понатаму, да ги решаваме основните инфра-структурни проблеми, како што можете и сами да се уверите според активностите на локалната самоу-права кои се одвиваат во моментов. Веќе започнав-ме со изградба на паркинзи, канализации, асфалти-рање на улици итн. И потоа, полека да се подготву-ваме за проектите коишто ги ветувавме од минати-от септември, да стартуваме со проектите кои ги ве-тив ме за време на изборната кампања. Освен убедливата победа за општински

татко, Карпош е во состојба на „пата-пата“ со со-ве тничките мандати. Каква соработка очекувате и дали ќе има пречки?

Ќе ве корегирам. Состојбата за нас не е „пата-па-та“. Владејачката и опозициската партија се во таква позиција. Ние освоивме пет советнички места, за жал, за 37 гласови не успеа да влезе и нашиот шести советник. Очигледно е дека треба да направиме коа-лиција. Најпрво, се обидовме да стапиме во контакт со раководството на Општинската организација на

СДСМ. И покрај двата обида да оствариме контакт, со цел да реализираме понатамошна соработка во Советот на општината, а сето тоа во интерес на граѓаните на Карпош, тие очигледно дека не ја сака-ат со ра ботката што им ја понудивме, по што следу-ваше одбивање од нивна страна. Тоа е навистина смешен и зачудувачки потег од раководството и на Општинската организација на СДСМ, и од раковод-ството на истата партија. Практично, тие самите, по дваесет годишно владеење во Општина Карпош, придонесуваат за инсталирање на партијата ВМРО ДПМНЕ во институциите на нашата Општина. Нам, не ни преостанува ништо друго, освен да се обидеме да најдеме решение за функционирање на Советот на општината и нормално дека ќе направиме разго-вори за соработка со другата советничка група, ВМ-РО ДПМНЕ. Секако дека нема да дозволиме Сове-тот да биде блокиран, туку напротив, мораме да функционираме во интерес на нашите жители. Тоа и ќе го сториме. Дали значи дека во Карпош победи всуш-

ност граѓанскиот пристап, определбата на граѓа-ните да гласаат за личност која првенствено, слу-жи на граѓаните, а не на партијата?

И 2000-та година граѓаните препознаа во мене силна личност, којашто ќе покаже вистински резул-тати на градоначалничката функција. Затоа, тогаш победив со 20.700 гласови и уште во првиот круг ја осигурав победата. Јас, како кандидат за градоначал-ник, вложив огромен труд и придонес за да биде по-стигнат тој голем успех. Во 2009 година, граѓаните ги препознаа истите вредности, затоа што јас, и покрај тоа што бев член на одредена политичка партија, не се однесував како строго партиски војник, туку функцијата градоначалник ја сфаќам како функција којашто треба да им служи на сите граѓани на Оп-штина Карпош. Тој момент граѓаните веднаш го перцепираа како одлика која треба да биде вткаена во карактерот на секое лице, што е носител на јавна функција. Сметам, дека вистинскиот лик на мојот коректен однос кон сите граѓани на оваа Општина, кон сите припадници на различните политички оп-ции, како и граѓаните од различна вероисповед и нација, дојде до полн израз, токму во оваа кампања. Сето тоа резултираше со огромна поддршка, која граѓаните во вид на доверба ја изразија кон мене. За волја на вистината, Карпош испрати силен сигнал во една политичка ситуација во којашто имаме то-тално изгубена опозиција, која не функционира, каде што нејзиното раководство буквално се зани-мава самото со себе. Во ваква ситуација, повеќе од јасно е дека граѓаните се желни и очекуваат нова по-литичка опција, којашто ќе ја преземе опозициската палка која во овој миг се наоѓа во рацете на неспо-собната коалиција на опозицијата на чело со СДСМ.

Виолета Цветковска

Page 6: Карпош Урбан бр.26-27

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕРИФИКАЦИЈА

Претседателката на Општинската изборна ко-ми сија, Јулијана Тасиќ, на 19 април официјално му го врачи уверението за избран градоначалник на Оп штина Карпош на Стевчо Јакимовски. Со ова уве рение се верификува новиот четиригодишен мандат на староновиот градоначалник Јакимовски за периодот 2013-2017 година. Честитајќи му го но-виот мандат, претседателката Јулијана Тасиќ изрази надеж дека граѓаните на Карпош и натаму ќе бидат задоволни од неговото раководење на општината како што тоа беше досега. Градоначалникот Стевчо Јакимовски и се заблагодари на претседателката, ка-

ко и на сите присутни членови на Општинската из-борна комисија и им посака и натаму да имаат ва-кви избори како во Општина Карпош, кои поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Тој им се заблагодари на граѓаните на Карпош за искажаната доверба и изрази надеж дека изборната програма ќе ја реализира во ветените рокови, но посочи и де-ка претстои уште многу работа за воздигнување на Општина Карпош во една вистинска урбана европ-ски модерна општина.

В. Ц.

ВРАЧЕНО УВЕРЕНИЕТО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

Page 7: Карпош Урбан бр.26-27

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОВЕТ

По завршувањето на вториот круг од локалните избори, на 12 април се одржа првата конститутив-ната седница на Советот на Општина Карпош. На седницата се изврши верификацијата на мандатите на новите членови на општинскиот совет, на која новите советници потпишаа свечени изјави. Сове-тот на Општина Карпош е составен од 23 члена, од

кои девет се од коалицијата „За подобра Македо-нија“ од ВМРО-ДПМНЕ, девет од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ и петми-на од Српската напредна странка во Македонија, чиј кандидат беше и победникот на овие локални избори, новоизбраниот градоначалник Стевчо Ја-кимовски.

Конституиран новиот Совет на Општина Карпош

ПОДНОВЕНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Прим. д-р До бри ла Ан до нов ска е ро де на на 28 април 1958 го ди на во Те-то во. Ма же на е и има две де ца. Сред но гим на зи ско обра зо ва ние за вр ши ла во Скоп је, а дип ло ми ра ла на Ме ди цин ски от фа кул тет при Уни вер зи те тот „Св. Ки рил и Ме то диј“ во Скоп је во 1983 го ди на. Во 1992 го ди на по ло жи-ла спе ци ја ли стич ки ис пит по пла стич на, ре кон стру ктив на и естет ска хи-рур ги ја. Из вес но вре ме ра бо те ла ка ко про фе сор во Сред но ме ди цин ско учи ли ште „Д-р Пан че Ка ра ѓо зов“, а поч ну вај ќи од ју ли 1985 го ди на до де нес ра бо ти во ЈЗУ Уни вер зи тет ска кли ни ка по хи рур шки бо ле сти „Св. На ум Охрид ски“, Скоп је. По ве ќе па ти би ла на ра ко вод ни функ ции, а по се ту ва ла и број ни еду ка тив-ни про гра ми и сту ди ски прет стои: здо би вај ќи се со сер ти фи кат за ме наџ-мент во здрав ство спо ред про гра ма та на Тер тиа. Актив но би ла вклу че на во си те из бор ни цик лу си. На во нред ни те пар ла-мен тар ни из бо ри во 2011 би ла ра ко во ди тел на Цен тар за ко му ни ка ции при из бор ни от штаб на СДСМ, Кар пош. На иста та по зи ци ја би ла наз на-че на и за прет стој ни те ло кал ни из бо ри во 2013 год.

Во 2013 го ди на таа е но си тел на кан ди дат ска та ли ста на гра до на чал ни кот на Оп шти на Кар пош, Стев чо Ја ки мов ски.

Го ран Ми хај лов е ро ден1963 го ди на во Скоп је. Ос-нов но учи ли ште за вр шил во „Пе тар Поп-Ар сов“ (Иван Го ран Ко ва чиќ), гим на зи ја во „Ни ко ла Ка-рев“, а Пра вен фа кул тет на „Св.Ки рил и Ме то диј“ - Скоп је. Член на со ве тот на Оп шти на Кар пош од 2000 го ди на. Пре тсе да тел е на ко ми си ја за кул ту-ра на Со вет на Оп-шти на Кар пош од 2005 го ди на. Од 2001 до 2005 го-ди на бил се кре тар на со ве тот на Град Скоп је. Оже нет е.Збо ру ва анг ли ски ја зик.

Ро берт Жи ва ди но виќ е ро ден на 15 мај 1967 го ди-на. По про фе си ја е дип ло ми ран гра де жен ин же нер (Уни вер зитет „Св. Ки рил и Ме то диј“ - Скоп је). Вра бо тен е во ГИ „Ма ке до ни ја“ АД- Скоп је, ка де бил со ра бот ник, са мо сто ен ин же нер, ра ко во ди тел

на се ктор и ко ор ди-на тор на по ве ќе про е кти од об ла ста на ге о ме ха ни ка та и на ге о тех ни ка та.Учес тву вал на мно-гу број ни си м по зи у-ми, се ми на ри и кон фе рен ции. Член е на Друш тво то за ге о тех ни ка на Ма-ке до ни ја. Оже нет е и е та тко на две де ца. Збо ру-ва анг ли ски ја зик.

СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СНС

Page 8: Карпош Урбан бр.26-27

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОВЕТ

Де јан Дим ков ски е ро ден на 5 се п тем ври 1971 го-ди на во Скоп је. Спо ред обра зо ва ни е то е дип ло ми-ран еко но мист, а до се гаш ни от ра бо тен век го по ми-

ну ва во ма ло то сто панс тво, во сопс тве на фир ма. По ли тич ки бе ше ан га жи ран во СДСМ сè до 16 фе вру а ри, ко га ед но стра но и без образ ло жу ва ње бе ше иск лу чен од пар ти ја та.Се слу жи со ан г-ли ски ја зик. Оже -нет е и има две де ца.

Проф. д-р Зо ран Т. По пов ски е ро ден во 1962 го ди на во Скоп је. По про фе-си ја е би о лог, со за вр ше ни сту дии на При род но-ма те-ма тич ки от фа кул-тет во Скоп је. Ма ги стри рал на При род но-ма те ма-тич ки от фа кул тет, а до кто ри рал на Зем јо дел ски от фа-кул тет во Скоп је, ка де што е ре до вен про фе сор.

Дел од сво ја та спе ци ја ли за ци ја ре а ли зи рал на Уни-вер зи те тот во Оса ка (Ја по ни ја), а по дол ги сту ди ски пре стои ос тва рил во Фран ци ја, Ита ли ја и во Ин ди-ја. До се га има об ја ве но по ве ќе од 100 на уч ни и струч ни тру до ви. Во пер и о дот од 2002 до 2006 го ди на бил др жа вен се кре тар во Ми ни стерс тво то за обра зо ва ние и на у-ка, бил член на На уч ни от ко ми тет на НА ТО и на Со ве то дав ни от од бор на Европ ска та фон да ци ја за обу ка. Од УНЕ СКО два па ти е ан га жи ран во из го-тву ва ње на стра те ги ски до ку мен ти за обра зо ва ни е-то во Ју го и сточ на Евро па. Исто та ка учес тву вал во под го то вка на до ку мен ти за по тре би те на ме ѓу на-род ни те ор га ни за ции „Спа се те ги де ца та“ и „Фонд за еду ка ци ја на Ро ми те“.

При ма ри ус д-р Иван Спи ров ски е ро ден 1954 го ди на во Скоп је. Ос нов но учи ли ште, гим на-зи ја, ме ди цин ски фа кул тет, ка ко и спе ци ја ли за ци ја по оп шта хи рур ги ја за вр шил во Скоп је, а субс пе ци ја ли за-ци ја по аб до ми нал-на хи рур ги ја, во Скоп је, Љуб ља на и Со фи ја. При ма ри ус е и ма ги стер на ме-ди цин ски на у ки. Вра бо тен е на Кли ни ка та по хи-рур шки бо ле сти „Све ти На ум Охрид ски“ во Скоп-је. Пос лед ни те 30 го ди ни жи вее во Кар пош, во мес-на та за ед ни ца Вла до Та сев ски.Спо ред не го во то мис ле ње, кам па ња та за ло кал ни те из бо ри 2013 го ди на во Оп шти на Кар пош СДСМ, од нос но Со ју зот за ид ни на та, ја за вр шил ус пеш но, иа ко иста та се во де ше во кра тко вре ме и со мно гу при ти со ци и не прин ци пи ел но сти. Се пак, бро јот на осво е ни те ме ста во но ви от Со вет на Оп шти на Кар-пош, спо ред Спи ров ски, е га рант за ус пеш на ра бо-та во ин те рес на гра ѓа ни те на Оп шти на Кар пош.Во те кот на сво јот ман дат, ка ко со вет нич ка гру па Спи ров ски ве ли де ка ќе се за ла га ат за по сто ја но по до бру ва ње на ква ли те тот на жи вот на гра ѓа ни те на Оп шти на Кар пош, во деј ќи сме тка за мо дер ни те стан дар ди на ур ба но то жи ве е ње. Свес ни де ка, оп-шти на та, ка ко жив ор га ни зам, по сто ја но ќе се ме-ну ва, осо бе но ќе се за ла га ат за за чу ву ва ње на жи-вот на та сре ди на.

СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СДСМ

СОВЕТ

Го це Га ври лов ски е ро ден на 24 фе вру а-

ри 1983 го ди на во Скоп је.

Дип ло ми рал на Градежниот

факултет при Универзитетот

„Кирил и Методиј“ во Скопје. Про фе-

си о нал но ра бо ти во об ла ста на гра деж-

ниш тво то, а има ак тив но поз на ва ње

на анг ли ски ја зик.

Page 9: Карпош Урбан бр.26-27

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Маг да ле на Не сто ров ска е ро де на на 5 април 1961 го ди на во Штип. Таа е ма ги стер по прав но-по ли-тич ки на у ки, а обра зо ва ни е то го има офор ме но на Уни вер зи те тот „Св. Ки рил и Ме то диј“ во Скоп је.

Вра бо те на е во Ми-ни стерс тво то за од бра на, ка ко ра ко-во ди тел ка на од де-ле ни е то за од бран-бе но пла ни ра ње.Како член на СДСМ активно учествува во сите партиски активности и дава особен придонес во Клубот на жени на СДСМ. Актив но збо ру ва анг ли ски ја зик.

Ма рин Але к сов е ро ден на 2 август 1986 го ди на. Aп-сол вент е на Пра-вен фа кул тет, Уни-вер зи тет „Св. Ки-рил и Ме то диј“ – Скоп је. Има за вр ше но по-ве ќе обу ки од об-ла ста на по ли ти-ката, учес тву вал на се ми на ри и на кон-фе рен ции по вр за-ни со проб ле ма ти-ка та на мла ди те во

на ше то оп штес тво. Особено активен член е на СДСМ, а во подмладокот на својата матична партија е и претседател на општинскиот разгранок на Социјалдемократската младина.Го збо ру ва анг ли ски от ја зик.

Љи ља на Си мо нов ска е ро де на на 1 ју ни 1950 го ди-на во Охрид. На Фи ло зоф ски от фа кул тет при Уни-вер зи те тот „Св. Ки рил и Ме то диј“ дип ло ми ра ла на Ин сти ту тот за пе да го ги ја. Вра бо те на е во Здрав стве ни от дом на Скоп је, (пе да-гог и те ра певт ли цен ци ран од „ Мон те со ри“). Др же-ла пра ктич на на ста ва за сту ден ти по пе да го ги ја, пси хо ло ги ја и по де фе кто ло ги ја. Учес тву ва ла во по ве ќе про е кти, (УН И ЦЕФ и ФИ О ОМ). Пре тсе да-тел ка е на пе да го шко то здру же ние „Ме ди ко“, ге не-ра лен се кре тар на Ма ке дон ско то здру же ние „Мон-те со ри“ и член на Асо ци ја ци ја та за здрав стве на еду ка-ци ја и истра жу ва ње ХЕ РА. Особен придонес дава во целосната едукација на младите во поглед на проблемите што се наметнуваат со современиот тек на живеењето, односно во поглед на модерните зависности и пороци.

Вла ди мир Ки ро-ски е ро ден на 17 март 1974 го ди на во Го сти вар. Дип ло ми-ран ин же нер ар хи-тект и дип ло ми ран спе ци ја лист за од-но си со јав но ста (Лон дон ска шко ла за од но си со јав но-ста – ЛСПР). Ма ги-странт на Еко ном-ски от ин сти тут. Ра бот но е ан га жи-ран во здру же ни е то „Знак за ква ли тет“,

ка де е из вр шен ди ре ктор. Прет ход но ра бо тел во ме наџ мент-аген ци и те „Ин ди го“ и „Иде ја плус“, а бил и еден од ос но ва чи те на Бер за та за вра бо ту ва-ње. Од 2002 до 2006 го ди на бил пре тсе да тел на од бо рот за кон тро ла на фи нан си ско и ма те ри јал но ра бо те-ње во Јав но то прет при ја тие за сто па ни су ва ње со стан бен и де ло вен про стор на РМ. Актив но е вклу-чен во изра бо тка на по ве ќе про е кти. Член е на цен трал ни от од бор на Ли бе рал но–де мо-крат ска пар ти ја и пре тсе да тел на од бо рот за ме ѓу-на род на со ра бо тка на иста та.Оже нет е и та тко е на две де ца. Од лич но збо ру ва анг ли ски и фран цу ски ја зик.

Page 10: Карпош Урбан бр.26-27

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Мар јан Ог ња нов ски е ро ден на 8 март 1956 го ди на во Скоп је. Тој е дип ло ми ран еко но мист и сопс тве-ник на при ват на фир ма МГН – ТИМ – Ско п је, во чиј со став е и дет ска та мар ка „Маг но ли ја“, кој ус-пеш но ег зи сти ра 21 го ди на.Ка ко по ра не шен ра ко ме тар и ре пре зен та ти вец на Ма ке до ни ја, љу бо вта кон спор тот ја про дол жу ва ка ко функ ци о нер во Ра ко мет на та фе де ра ци ја, ка де из вр шу ва функ ци ја ге не ра лен се кре тар. Во ме ѓу-

вре ме чле ну ва во по ве ќе ко ми сии во Ев роп ска та ра ко ме-т на фе де ра ци ја, а ме ѓу на ро ден де ле-гат е на по ве ќе ев-роп ски нат пре ва ру-ва ња.Од 1990 го ди на е член на ВМРО-ДП-МНЕ, а од 2010 го-ди на ста ну ва член на Обе ди не ти за Ма-ке до ни ја. Се га е пре - тсе да тел на пре тсе-да телс тво то на ОМ.

Са шо Ла за ров ски е ро ден на 4 мај 1978 го ди на во Ск-оп је. На Еко но м -ски от фа кул тет во Скоп је дип ло ми рал ме ѓу на род ни еко-но м ски од но си, а по тоа обра зо ва ни е-то го про ши ру вал на Уни вер зи те тот за на ци о нал но и свет ско сто панс тво во Со фи ја и на „Ко-нрад Аде на у ер Шти фтунг ака де-ми ја“, ка де стек нал сер ти фи кат од по ли тич ка ака де-ми ја, ме ѓу на род ни од но си и дип ло ма ти ја.Се га е за ме ник-ми ни стер за ло кал на са мо у пра ва, а во пер и о дот од 2003 до 2011 го ди на ра бо тел ка ко: упра ви тел на ком па ни ја ДГПТУУ „Ди аб ло ком“ ДО О ЕЛ, бил по мош ник ди ре ктор во се кто рот за ме ѓу на род ни гра нич ни пре ми ни и во Јав но прет-при ја тие за сто па ни су ва ње со стан бен и де ло вен про стор. Из вес но вре ме ра бо тел и ка ко са мо сто ен ре фе рент за план и за ана ли за. Од 2008 до 2010 го-ди на, во Аген ци ја за ин ве сти ции на РМ бил про мо-тор во Р. Бу га ри ја. Во пер и о дот од ју ни до август 2010 го ди на бил ди ре ктор на ЈП „Во до вод и ка на-ли за ци ја“ – Скоп је. Од лич но збо ру ва анг ли ски и бу гар ски ја зик, а се слу жи и со фран цу ски от ја зик. Оже нет е и жи вее во Кар пош.

СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА

Фи лип Да ска лов ски е ро ден на 28 фе вру-а ри 1988 го ди на во Скоп је. Гим на зи ја та „Ге ор ги Ди ми тров“ ја за вр шил во 2006 го ди на, а се га е ап-сол вент на др жав ни-от уни вер зи тет на сту дии по но ви нарс-тво. Учес тву вал на по ве ќе се ми на ри и кон фе рен ции, а ак-тив но се за ни ма ва со ко шар ка. По се ду -ва сер ти фи кат во об-ла ста на оси гу ру ва ње то.Збо ру ва анг ли ски ја зик.

Да ни ца Мар ти нов-ска е ро де на на 31 ја ну а ри 1941 го ди на во Долнодупени, Ресенско. Це ли от ра бо тен век го по-ми на ла во ад ми ни-стра ци ја та на Оп-шти на Кар пош, из-вр шу вај ќи по ве ќе од го вор ни ра бот ни за да чи, глав но во ка би не ти те на оп-штин ски те функ-ци о не ри. Почнувајќи од

осамостојувањето на Република Македонија е во СДСМ и е еден од најистакнатите и најактивни членови, организатор на многу значајни манифестации во локалната самоуправа на Општина Карпош и во матичната партија. За својата предана работа во сите институции била пофалувана и наградувана. Од 2013 го ди на е пен зи о нер.

Page 11: Карпош Урбан бр.26-27

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Та ња Ри стев ска е ро де на на 9 мај 1973 го ди на во Скоп је, ка де во 1991 го ди на го за вр ши ла УСО „Зеф Љуш Мар ку“ - про свет на на со ка, а по тоа во 1996 го ди на и Зем јо дел ски фа кул тет на Уни вер зи те тот „Св. Ки рил и Ме то диј“, стек ну вај ќи зва ње дип ло-ми ран зем јо дел ски ин же нер - оп шта на со ка. Особено е активна во органите и телата на матичната партија, посебно во Општина Карпош. Збо ру ва анг ли ски ја зик, но има и основни познавања од гер ман скиот ја-зик. Ма же на е и жи вее во Кар пош, на Ју риј Га га рин бр. 51/11.

Д-р Цве тан ка Ба-јра кта ро ва-Ми-шев ска е ро де на во Скоп је на 28 ју-ли1971 го ди на. На Сто ма то ло шки-от фа кул тет во Скоп је дип ло ми ра-ла во 1994 го ди на. Иста та го ди на се вра бо ти ла во Уни-вер зи тет ски от сто-ма то ло шки кли-нич ки цен тар „Св. Пан те леј мон“-Скоп је.

Спе ци ја ли стич ки от ис пит по ор то дон ци ја го по ло-жи ла во 2000 го ди на, а ма ги стри ра ла во 2004 го ди-на. Од 2009 го ди на е ра ко во ди тел на Кли ни ка та за ор то дон ци ја при ЈЗУ УСКЦ „Св. Пан те леј мон“. Автор е и ко а втор е на по ве ќе струч но-на уч ни тру-до ви об ја ве ни во зем ја та и во странс тво и до бит-ник е на по ве ќе бла го дар ни ци. Член е на цен трал на та здрав стве на ко ми си ја на ВМРО-ДПМНЕ и член на Со ве тот на Оп шти на Кар пош во прет ход ни от ман дат. Ма же на е и мај ка е на две де ца. Актив но го вла дее анг ли ски от ја зик.

Емил Угри нов ски е ро ден 1972 го ди на во Скоп је. Дип ло ми рал сто ма то ло ги ја на Ме ди цин ски фа кул-тет, а спе ци ја ли зи рал орал на хи рур ги ја. Сопс тве-ник е и ди ре ктор на ме ди цин ска та уста но ва „Не у-ро ме ди ка“. Се за ни ма ва со спорт, а акти вен е и во ра бо та та на Ра ко мет на та фе де ра ци ја на Ма ке до ни ја. Покрај тоа,

со години наназад спон зо ри ра по ве ќе спорт ски ко ле кти-ви во др жа ва та, особено во областа на ракометот.По ли тич ки е акти-вен, а ка ко член на ВМРО-ДПМНЕ, трет ман дат е член на Со ве тот на ло-кал на та са мо у пра ва на Оп шти на Кар-пош.Же нет е и та тко е на две де ца. Збо ру-ва анг ли ски ја зик.

Бла го ја Дра ган Не-дел ков ски е ро ден на 18 мај 1988 го ди-на во Скоп је. За вр-шил Еко ном ски фа-кул тет, на со ка над-во реш на тр го ви ја, на Уни вер зи те тот „Св. Ки рил и Ме то-диј во Скоп је“. Од 2010 до 2012 го ди на ра бот но бил ан га-жи ран во се на тот на Уни вер зи тет „Св. Ки рил и Ме то-диј“, а член е и на управ ни от од бор на ЈП „Во до вод и ка на ли за ци ја“ во Скоп је.Со ус пех има за вр ше но: обу ка за де мо кра ти ја при Ин сти ту тот за де мо кра ти ја во шко ла та „Да учи ме за ед но“, обу ка за по ли ти ки те на ЕУ и учес тво во ра бо тил ни ца та од про е ктот „Мла ди те, дел од Европ ска Ма ке до ни ја“ ор га ни зи ра на од ИР ЛЕИ, обу ка по европ ско гра ѓанс тво во пер и о дот но ем ври 2006 – мај 2007. Учес тву вал на се ми нар на те ма – „Гра де ње по ра ка и ко му ни ка ции на по ли тич ко и вла ди но ни во“ ор га ни зи ран од ИРИ, се ми нар за „Ме наџ мент на на ста ни“ во ор га ни за ци ја на „Мо-ти ва кам пањ ме наџ мент“ од „Ко нрад Аде на у ер“ и не кол ку по ли тич ки ака де мии во ор га ни за ци ја на „Ко нрад Аде на у ер“. За вр шил и обу ки за во де ње кам па ња од „Мо ти ва“.Збо ру ва анг ли ски ја зик.

Page 12: Карпош Урбан бр.26-27

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Да вор Гр че е ро ден на 4 фе вру а ри 1969 го ди на во Ск оп је. ЖУЦ „Вла до Та сев-ски“ го за вр шил во 1987 го ди на, а ВШС во 1990 го ди на. Во тек се не го ви те сту дии на Фа кул те-тот за ме наџ мент. До се гаш ни от ра бо-тен век (29 го ди ни) го по ми нал во МЖ „Тра нс порт“, ра бо-теј ќи ка ко по мош-ник, ма ши но во зач, над зор ник и гла вен дис пе чер. Пос лед ни те 13 го ди ни е гла вен кон тро лор - ин стру-ктор.Ка ко прет став ник на ДПСМ, од 2009 до 2013 го ди-на е со вет ник во ло кал на та са мо у пра ва на Оп шти-на Кар пош, ка де бил пре тсе да тел на Ко ми си ја та за спорт и мла ди.Збо ру ва срп ски и анг ли ски ја зик.

Да ни е ла Штер јо ва, на став нич ка по анг ли ски ја зик во ос нов но учи ли ште „Пе тар Поп-Ар сов“, е ро де на на 28 ју ни 1966 го ди на во При леп. Сред но то обра-зо ва ние го офор ми ла во гим на зи ја та „Ор це Ни ко-лов“ (1982-1985) во Скоп је. На Фи ло ло шки фа кул-тет, на Уни вер зи тет „Св. Ки рил и Ме то диј“, дип ло-ми ра ла анг ли ски ја зик со ма ке дон ски ја зик и кни-жев ност. По дип ло ми ра ње то ра бо те ла ка ко на став-ник по анг ли ски ја зик на Ра бот нич ки от уни вер зи-тет „Ко чо Ра цин“ во Скоп је, а би ла и хо но ра рен пре да вач во МРТВ.Во пер и о дот од 1999 до 2012 го ди на учес тву ва ла на по ве ќе обу ки, се ми на ри и кон фе рен ции: На ЈИЕ Уни вер зи тет со ус пех го по ло жи ла ис пи тот за ди ре ктор на ос-нов но учи ли ште и од обу ки те „Мо ти ви рај за да еду ци раш“, ре-фор ма во обра зо ва-ни е то, „Пе ар сон Лонг ман“ и МОН. Во 2012 го ди на во Бер-лин, учес тву ва ла на ме ѓу на род на та „Лет-на ака де ми ја на Цен-трал на Евро па“По крај анг ли ски от, збо ру ва ита ли јан ски и де лум но гер ман ски ја зик.

Игор че Куз ма но ски е ро ден на 20 март 1978 го ди-на во Скоп је. Жи вее на ули ца Бри сел ска 9-2/7. Во 1996 го ди на за вр шил ЕТУЦ „Ми хај ло Пу пин“ - Скоп је (еле ктро тех ни чар енер ге ти чар), а во 2000 го ди на и Ви ша тре нер ска шко ла, отсек - тре нер по ат ле ти ка и Фа кул тет за фи зич ка кул ту ра, отсек - про фе сор по фи зич ка кул ту ра.

Ра бо тел ка ко ат лет-ски тре нер (АК - Скоп је) и во Со јуз за сле пи ли ца во Ск оп је (ат ле ти ка и гол бал) а бил и ме-на џер во ка фе-бар „8“.По крај ма ке дон-ски от, од лич но збо ру ва, анг ли ски, бу гар ски и срп ски ја зик. Дру же љу бив е, со од лич ни ко му-ни ка ци ски и ор га-ни затор ски спо соб-но сти.

Пан че Сто ја нов-ски е ро ден на 29 ја ну а ри 1954 го ди на во Скоп је. Еко но-мист е и ра бо тел ка ко ко мер ци ја лист во „Ин тер про мет“ – Скоп је. По осамостоју-вањето на Ре-публика Маке-донија целосно му се посветува на малостопанстве-ниот бизнис, занимавајќи се со

трговија на дефицитарни продукти на просторите на поранешна Југославија и надвор од нејзините граници. До актив но вклу чу ва ње во по ли ти ка та, од нос но во Де мо крат ски со јуз на Ма ке до ни ја (2001 го ди на), бил сопс тве ник на фир ми те „Ве ком“ и „Па некс“, а из ве сен пер и од бил и ко сопс тве ник на руд ник за јаг лен.Се га е на долж ност за ме ник-ди ре ктор на ЈП „Град-ски пар кин зи“, ка де из вес но вре ме бил и гла вен ди-ре ктор.Со вет ник во ло кал на та са мо у пра ва на Оп шти на Кар пош бил и во прет ход ни от ман дат. Оже нет е и има три си на и два вну ка. Се слу жи со анг ли ски ја зик.

Page 13: Карпош Урбан бр.26-27

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

Благата зима и топлите денови ни овозможија годинава порано да ја отвориме градежната сезона за тековната 2013 година. Тоа, практично, значеше дека во изминатите два месеци, март и април, и по-крај другите обврски и законскиот „мораториум“, секторот за градежни работи и комунални дејности сепак успеа да ги заврши веќе преземените обврски од минатата година и работеше на речиси 30 инфра-

структурни објекти. Се реконструираа, односно ас-фалтираа или се во фаза на асфалтирање пет улици (претежно во населбата Влае), почна покривањето на каналот кај месноста Куршумлица во Козле, се направи плоштадот кај споменикот на народниот хе рој Кузман Јосифовски Питу и уште дузина други проекти. Почнавме храбро...

СТАРТ НА ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА 2013

Реконструкција на сливник пред зграда на ул. Јуриј Гагарин бр. 45

Новопроектирана улица во населба Влае 1 од ул. Петар Чаулев до Ацо Шопов

Реконструкција на сливници на ул. Букурешка на ул. Бр. 8 и бр. 12

Page 14: Карпош Урбан бр.26-27

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција на оштетена патека на ул. Јуриј Гагарин бр. 19

Нова делница од ул. Борка Талевски

Покривање на на отворен атмосферски каналво месноста Куршумлица

Ново паркиралиште на ул. Братфордска бр. 1

Page 15: Карпош Урбан бр.26-27

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција на патеки на десна страна од ул. Иван Цанкар

Поплочување околу настрешница позади кула бр. 12 на ул. Никола Тесла

Место за одмор и дружење во Тафталиџе 1 ул.Варшавска

Page 16: Карпош Урбан бр.26-27

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција на сливници и цевовод на крак од ул. Варшавска према паркингот

Поставување на сливници на ул. Титовоужичка и ул. 507

Реконструкција на шахти на паркинг на ул. Московска кај Скопски пазар

Реконструкција на сливници на ул. Дамаска

Ново детско игралиште на ул. Стрезова

Page 17: Карпош Урбан бр.26-27

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШПо повод претстојните Велигденски празници,

во изминатиот викен(д 27-28 април), се одржа де-ветти пат по ред, традиционалната хуманитарна ак-ција “Да бидеме хумани за нашите соседи”. Пред по-големите маркети во 14-те урбани и месни заедници во Општина Карпош, локалната самоуправа поста-ви свои штандови, на кои жителите на Оп штина Карпош, како и другите купувачи, можеа да ја де-монстрираат својата хуманост на дело, при своето редовно пазарење во маркетите, донирајќи, по соп-ствен избор, најразлични производи, наменети за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка мате-ријална состојба.

Од насобраните производи, ќе бидат формирани т.н „хуманитарни пакети“ и истите ќе им бидат вра-чени на социјално загрозените семејства. Кон оваа хумана акција се приклучи и првиот човек на Оп-штината, Стевчо Јакимовски кој донираше прехран-

бени производи кои ќе бидат добредојдени во некои од материјално загрозените семејства за време на големиот христијански празник – Велигден.

-Ние континуирано ја спроведуваме оваа хума-нитарна акција, трипати во годината. Пред Вели-гден, пред Божиќ како и пред Денот на Општината. Ги повикавме сите граѓани на општина Карпош да учествуваат во оваа акција, со што ќе ја покажат ху-маноста кон своите сограѓани кои се наоѓаат во по-тешка материјална состојба. На ваков начин, сакаме да ја ублажиме нивната социјална положба за која се надеваме дека е од времен карактер – изјави оп-штинскиот татко.

-Со овој хуман гест, сакаме да покажеме дека Карпош, како општина на солидарноста и натаму ќе ги помага сите оние коишто се наоѓаат во зоната на социјалниот ризик – додаде Јакимовски.

И.Г.

Хуман почеток на новиот мандат

ВЕСТИ

Минатиот месец во просториите на Клубот на пензионери во Карпош 3, се одржа Меѓународна конференција за борба против алкохолизмот и против други видови зависности, како и за работа-та на клубовите на лекувани алкохоличари. Здру-жението на апстиненти „Здрав живот“, предводено од претседателот Владимир Панзов, Општината Карпош и Општина Велес втор пат се организатори на ваква трибина, на која се дебатираше за последи-ците од лошите навики на луѓето.

Трибината беше од отворен карактер и имаше едукативно значење за учениците од ООУ „Лазо Тр-повски“ кои беа гости на оваа конференцијата. Ин-теракциската дискусија е од големо значење за мла-

дите кои може да се сретнат со деликатни ситуации во секојдневието и со луѓе од оваа категорија на за-висници. Претседателот на здружението на апсти-ненти „Здрав живот“, Владимир Панзов, истакна дека граѓаните не треба веднаш да судат, туку да го сослушаат проблемот и доколку се во можност, да помогнат. Членовите на здружението на апстинен-ти од алкохолизам ги објаснија своите лоши иску-ства од животот и нагласија дека младите не треба во лошите навики да бараат решенија за проблеми-те. Работата на клубовите на лекувани алкохолича-ри е од огромна помош за луѓето од оваа категорија.

М.Г.

СО „ЗДРАВ ЖИВОТ“ ПРОТИВ АЛКОХОЛИЗМОТ

Page 18: Карпош Урбан бр.26-27

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

КУЛТУРА И УМЕТНОСТ

Општина Карпош беше домаќин на централната манифестација за одбележување на Меѓународниот ден на светското културно наследство. На настанот организиран од Здружението за мултикултура „За-еднички визии“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, а во соработка со Амбасада на Репу-блика Словачка во Скопје и Општина Карпош, ос-новните училишта „Војдан Чернодрински“ и „Брат-ство“ пригодно го одбележаа Меѓународниот ден на светското културно наследство, 18 април, со марш од ООУ „Војдан Чернодрински“ до ООУ „Братство“, на кој учениците манифестираа фолклорно дефиле долж булеварот Партизански одреди.

Централната свеченост по овој повод се одржа во ООУ „Братство“, а свое обраќање на истата има-ше и Соња Ризова-Стојановска, претседателка на Здружението за мултикултура „Заеднички визии“, која и заблагодари на Општина Карпош за поддрш-ката во организацијата на манифестацијата, како и на другите поддржувачи.

На гостите им се обрати и амбасадорот на Сло-вачка, д-р Роберт Кирнанг, кој истакна дека трудот

што се вложува за зачувување на културното на-следство ќе биде награден и од Амбасадата на Репу-блика Словачка, која на тројца најдобри им додели награда – викенд за двајца во „Св. Наум“.

Со особено внимание од гостите беше проследе-но и обраќањето на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој му се заблагодари на Здружението „Заеднички визии“ за тоа што овој проект го работи токму на територијата на општи-на Карпош.

- Нашата општина е мултикултурна и особено задоволство за нас е што тука граѓаните од различ-на вероисповед и од различна нација можат да го искажат своето културно наследство. Токму дено-вите што се зад нас покажаа дека во Карпош тие вредности се почитуваат и дека тие вредности има-ат особени резултати, а ние и понатаму ќе продол-жиме во заедништво да ја развиваме нашата општи-

на. Особено ни е драго што се потрудивме да го одбележиме овој Светски ден на културното на-следство затоа што културното наследство не при-паѓа само на една нација. Културното наследство, иако потекнува од една нација, претставува задо-волство за целиот свет – рече општинскиот татко во своето обраќање кон присутните.

Во својот поздрав до присутните, благодарност до Општината Карпош изрази и Бехиџудин Шеха-пи, директор на Национален конзерваторски цен-тар, кој истакна дека во Македонија, како мулти-културна и мултиконфесионална, особено е важно да се одбележува овој ден во интерес на зајакнување на свеста за заедничко културно минато и за заед-нички културни вредности.

Настанот беше збогатен со мултикултурна фол-клорно-музичка програма.

Лилјана Петрушевска-Кочовска

ВО КАРПОШ СЕ ЧЕСТВУВАШЕ СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Page 19: Карпош Урбан бр.26-27

19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

На 12 март го ди на ва, гра до на чал ни кот Стев чо Ја ки мов ски им вра чи приз на ни ја на умет ни ци те - до бит ни ци на на гра ди те на го ди наш ни от Ме ѓу на-ро ден ли ко вен кон курс кој тра ди ци о нал но го ор га-ни зи ра Оп шти на Кар пош. Ста ну ва збор за из бор на нај ус пеш но де ло во ли ков на та тех ни ка аква рел, ма-ни фе ста ци ја ко ја од го ди на во го ди на стек ну ва сè

по го ле ма афир ма ци ја и по пу лар ност. При вра чу ва-ње то на бла го дар ни ци те за учес тво на овој кон курс, гра до на чал ник на Кар пош, Стев чо Ја ки мов ски, ве-ти де ка и по на та му ќе се под др жу ва кул ту ра та и умет но ста во оп шти на та би деј ќи тие се зна ча ен сег-мент од жи ве е ње то и од ду хов на та над град ба на гра ѓа ни те од Кар пош. И.Ѓ.

ПРИЗ НА НИ ЈА ЗА НАШИТЕ ВРВ НИ АКВА РЕ ЛИ СТИ

На конкурсот „Рециклирање на отпад од паку-вање“, кој се одржа на 15март во Кинотека на Маке-донија, во организација на „Еуро-Екопак“ и Дет-скиот ликовен центар - Скопје, ученикот од ООУ „Вера Циривири-Трена“ Лео Кралевски ја освои пр-вата награда во поединечни награди со скулптура-та „Робот“. Неговите соученици Дарко Чинго, Ма-

рија Миличевиќ, Марија Ѓорѓиевска, Мила Тана-сковска, Игор Трајков и Софија Илиевска добија дипломи за учество на овој конкурс. Учениците на-стапија под менторство на ликовниот педагог Ли-лјана Ружиновска.

И.М.

ЛЕО КРАЛЕВСКИ ОД ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА“, НАЈДОБАР ЕКО-СКУЛПТОР

Page 20: Карпош Урбан бр.26-27

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

РАЗГОВОРКристијан Хартвиг ЦИМ-експерт за енергетска ефикасност во тимот на Општина Карпош

Господине Хартвиг, добредојдовте во оп-шти на Карпош. Како се чувствувате во оваа ра-бот на средина?

- Досега добро се чувствувам тука. Општина Кар п ош ме прими со задоволство и оваа општина е одлично организирана во оваа област. Има модерна инфраструктура, луѓето со кои работам се многу пријателски настроени и кооперативни, но, исто така, се и многу професионални и ориентирани кон една цел- да успеат во работата. Можеби придобив-ка од мојата работа е да си ги подобрам моите веш-тини со македонскиот јазик. Што беше одлучувачко за да конкурирате

за работа како ЦИМ-експерт токму кај нас? Дали

општината Карпош Ви беше професионален пре-дизвик?

- Секако, тоа е професионален предизвик. Про-ектот во кој јас учествувам има интересна содржина бидејќи моето претходно професионално искуство во кариерата се фокусирав на енергетската ефикас-ност. Исто така Македонија е интересна земја за со-работка за секој ЦИМ-експерт. Некои од моите ко-леги претпочитаат да одат во Африка или во азиски-те земји, но за мене Македонија е многу поатрактив-на поради врските со Европа и, нормално, со Гер-манија, мојот дом. Со какви претходни искуства доаѓате во

оваа работа?

КАРПОШ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК ЗАШТО ЧЕКОРИ НАПРЕДПрв, од трите приоритети ни е гасификацијата, потоа градење технолошки паркови,енергетски ефикасни фасади на институциите, користење на обновливи извори на енергија и конечно локалниот економски развој на Општината

Page 21: Карпош Урбан бр.26-27

21КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

- Според образованието, јас сум економист и мо-ето прво работно искуство ми беше позицијата фи-нансиски консултант во општински инфраструк-турен проект за компанија од Германија. Потоа од-лучив да работам како ЦИМ-експерт во интерна-ционален проект, па искуството го градев во земји-те од Југоисточна Европа, како Романија, Бугарија, Црна Гора и сега во Македонија. Тоа искуство, нор-мално, направи полесно да се адаптирам на работа-та и на животот во Карпош. Во Карпош, според Вашиот план, остану-

вате две години. Што сè опфаќа и кои се целите и задачите на Вашиот план за тој период?

- Со првичните разговори, се согласивме околу тоа кои се целите и до каде е Општината во своите достигнувања, па се фокусираме на три врвни прио-ритети. Прв приоритет е планираната гасификација на општината Карпош и на тој план веќе разговарав со некои од жителите на оваа општина. Многумина од нив веќе се информирани за проектот и имаат високи очекувања од него. Сепак, треба да имаат предвид дека тоа се долгорочни планови за кои е по-требно многу планирање. Исто така, имавме средби и со можни инвеститори во оваа област за да фор-мираме јавно-приватно партнерство. Секако, прио-ритет на мојата работа ќе биде имплементацијата на акцискиот план за енергетска ефикасност. Вториот акциски план се однесува на периодот 2014-2016. Успеавме да реализираме некои цели од планот за енергетска ефикасност, односно да ги аплицираме мерките за енергетска ефикасност на јавните објек-ти како основните училишта, градинките, болници-те. Но, исто така, важно е да имплементираме и ал-тернативни извори на енергија во јавните објекти.

Како го оценувате нивото на постигнување на планот на енергетска ефикасност во Карпош?

- Пред да почнам да работам овде, знаев дека ова е една од енергетски најефикасните општини во Ма-кедонија, но, се разбира, сакам да постигнеме уште повеќе, а тоа е поврзано со акцискиот план за енер-гетска ефикасност. Треба да работиме на постигну-вање што повеќе цели. Гасификацијата на општина Карпош е клу-

чниот проект на кој ќе се фокусираме следниот пе-риод. За него веќе има низа создадени предуслови, како степенот на изграденост на цевководот, при-клучните станици, формиран е КАРГАС, но по-требно е заокружување на финансиската констру-кција, неопходни се средства од фондови, надво-решни инвеститори. Дали Вие можете да помо-гнете на тој план со привлекување странски ин-веститори кои би нашле економски интерес во овој проект?

- Никогаш не можете да гарантирате дека некој инвеститор ќе го поддржи или ќе остане долгороч-но на еден проект, но јас веќе имав некои почетни разговори во таа насока со некои компании што рабо тат во оваа област. За почеток разговаравме со една австриско-германска компанија пред која јас го претставив проектот, по што го добив првиот пози-тивен одговор. Сепак мора да обезбедиме уште мно-гу детали. Треба да ги презентирам достигнувањата на Општината на ова поле, па сето ова што го наве-довте како создадени предуслови ќе го претставам на инвеститорите, а откако ќе го придобијам нивни-от првичен интерес , мора да пронајдеме и фонд кој би ги поддржал овие цели. Гасификацијата е многу атрактивна инвестиција за странските компании, но, од друга страна, искуствата на други фирми што се занимаваат со вакви и слични дејности од јавен ин терес, како дистрибуција на струја и слично, се негативни во смисла на наплатата на услугите. Сето тоа, се разбира, мора да се има предвид. Сепак, јас мо рам да се обидам да ги убедам да дојдат овде. На што друго ќе работите во наредниот две-

годишен период според акцискиот план за Општи- на Карпош?

- Досега не спомнавме, но еве ќе споменам дека работиме и на локалниот развој на општина Кар-пош. Во овој сегмент ќе соработуваме со германски компании и институции, со меѓународни организа-ции како УНДП или Светска банка, со Германската агенција за интернационална соработка, Регио-нални от отворен фонд за енергетска ефикасност, но, исто така, соработуваме и со германските и ма-ке донските стопански комори и со економските од-дели од повеќе амбасади, како оние на Германија и на Австрија.

В. Ц.

ЦИМ-експертот Кристијан Хартвиг во работна атмосфера во просториите на Општина Карпош со Љупчо Димов од одделението

за енергетска ефикасност

Page 22: Карпош Урбан бр.26-27

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ22

СОРАБОТКА

Де ле га ци ја на Оп шти на Кар пош, пред во де на од гра до на чал ни кот Стев чо Ја ки мов ски, при сус тву ва-ше на од бе ле жу ва ње на ју би ле јот на збра ти ме на та оп шти на Нов Бел град, 65 го ди ни од неј зи но то по-сто е ње, од нос но 11 април 1948 го ди на.

На све че на та ака де ми ја, ко ја по тој по вод се одр-жа во оп штин ска та згра да на оваа збра ти ме на оп-шти на, при год но обра ќа ње со че сти тки за ју би ле јот има ше гра до на чал ни кот на Нов Бел град, Але ксан-дар Ша пиќ. На све че на та ака де ми ја, освен прет-став ни ци од Оп шти на Кар пош, при сус тву ваа и де-ле га ции од дру ги те при ја тел ски оп шти ни, Бал фор и Ба ња Лу ка, ка ко и гра до на чал ни кот на Бел град, Дра ган Ѓи лас, и пре тсе да те лот на Со бра ни е то на гра дот Бел град и не ко га шен гра ди тел на Нов Бел-град, Зо ран Алим пиќ.

И.М.

По повод 15-годишното постоење и работа на Здружението за културна соработка „Интеркулту-ра“, на 28 март во Музејот на град Скопје, беше ор-ганизирана свечена манифестација на која при-суствуваа претставници на организации од влади-ниот и невладиниот сектор, како и градоначални-кот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Нему во оваа пригода му беше врачена благодарница за особен придонес и поддршка во процесот на им-плементација на интеркултурните проекти, на ниво на локалната самоуправа.

„Интеркултура“ е организација која успешно работи на решавање на потребите и приоритетите на младите, промовира интеркултурен дијалог, деј-ствува на локално, национално и меѓународно ни-

во. Опсегот на нивната работа опфаќа креирање и поддршка на младински проекти и асистирање при развивање идеја од страна на младите. Општина Карпош соработуваше со нив на повеќе различни проекти, давајќи свој придонес преку поддршка при имплементација на проекти добиени од разли-чни донатори. Меѓутоа, исто така, беше донатор на креирање на младинската стратегија на локално ниво, што воедно Општина Карпош ја прави една од ретките општини во Македонија која има импле-ментирано своја програма за локална стратегија за развој на младите.

И.Ѓ.

НА ГО СТИ ЗА ЈУ БИ ЛЕ ЈОТ НА НОВ БЕЛ ГРАД

ПРИЗНАНИЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА СОРАБОТКА

Јапонската канцеларија за врски на Општина Карпош и додели грант во износ од 57.203,00 евра (67.000 евра со ДДВ) од Владата на Јапонија, а дого-ворот го потпиша градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Овие средства ќе би-дат наменети за целосна реконструкција на градин-ката „Пролет“, која се наоѓа во населбата Козле.

Градинката е изградена во 1977 година и отто-гаш не се преземени никакви посериозни зафати за подобрување на условите за децата што ја посетува-ат оваа градинка. Затоа средствата ќе бидат намене-ти за промена на сите дрвени прозорци и врати со ПВЦ, како и за тоалети, сè со цел децата да учат во услови какви што заслужуваат. Општина Карпош ќе одвои средства од својот буџет за подобрување

ЈАПОНСКИ ГРАНТ ЗА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“

на изолацијата и со тоа овој објект ќе стане енергет-ски ефикасен. Реконструкцијата на овој објект ќе почне веднаш по префрлање на грантот.

И.М.

Page 23: Карпош Урбан бр.26-27

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиштето „Јан Амос Коменски“ на 29 март на свечен начин го одбележа своето 49-годиш-но постоење. На оваа манифестација учениците низ богатата културно-уметничка програма, сочинета од музички точки, разиграна кореографија и театарски остварувања, го одбележаа својот училишен патро-нат. Во рамките на оваа свеченост, на стапија и децата со посебни потреби, кои со својата изведба ги отво-рија срцата на присутните родители кои, пак, со бурни овации го наградија нивниот труд. На покана од директорката на ООУ „Јан Амос Коменски“, Емилија Арсовска, на манифестацијата присуствуваше и гра-доначалникот на Општина Кар- пош, Стевчо Јакимовски, кој им се при дружи во про- славувањето на овој голем училишен празник.

М.Г.

Учениците и наставниците од ООУ „Владо Та-севски“ минатиот месец на специфичен начин го одбележаа својот патронат. Во автентичен стил, во работна атмосфера, учениците ги пречекаа своите гости, пред кои се претставија со пишување кратки креативни пораки, преку уметнички израз на ко-лаж од цртежи и музичка изведба на познати нуме-ри. Во кабинетите по хемија, физика, биологија, ма-тематика, македонски, германски и англиски јазик, како и во училниците по ликовно и по музичко во-спитување, основците го презентираа својот креа-тивен израз преку пишување мисли под мотото „Како да бидам подобар“. На истата тема

ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОДБЕЛЕЖА 56 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ПАТРОНАТ ВО „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“

се одржаа литературен и ликовен конкурс, на кој учествуваа ученици од девет основни училишта од Општината. Автори на најдобри литературни остварувања се Мартин Каранфиловски од VII од-деление и Ивана Ристевска од III одделение ,од ма-тичното училиште, под менторство на професорки-те Олгица Мешкова и Бојана Кузмановска, како и и Андреј Илиевски од ОУ „Петар Поп-Арсов“, под менторство на професорката Марија Петкова и Фросина Мицевска од ООУ „Братство“, под мен-торство на професорката, педагогот Марина Хаџи-панзова.

Во категоријата за најдобро ликовно оствару-вање, доминираа творбите на Вања Илиевска и Ева Ристеска од ООУ „Владо Тасевски“, под ментор-ство на Марија Бакоч. Со својот ликовно-уметнич-ки израз, особено внимание привлекоа и учениците од ООУ „Димо Хаџи-Димов“, Драгана Гавриловска-Димитровска и Софија Симовска, под менторство на професорката Соња Поповска-Трајковска, како и Борјан Деспотовски кој доаѓа од ООУ „Лазо Трпо-вски“.

Особена чест претставуваше гостувањето на учениците и на наставниците од збратименото ос-новно училиште „Караѓорѓе“ од градот Рача, Ср-бија, а меѓу многубројните гости беа и претставни-ците од Бирото за развој на образованието на Репу-блика Македонија, професори од Филозофскиот и од Педагошкиот факултет во Скопје, претставници од советот на родители и од училишниот одбор и претставниците од Одделението за образование на Општина Карпош.

Игор Ѓуровски

Училишни прослави

Page 24: Карпош Урбан бр.26-27

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во Са ра е во, не сом не но гра дот на европ ска про-мо ци ја на до стре ли те на Оп шти на та Кар пош - по ми на то го диш но то прог ла су ва ње на на ши от гра до-на чал ник Стев чо Ја ки мов ски за нај ус пе шен во Ју го-и сточ на Евро па - во сре ди на та на ми на ти от ме сец со иста по чест беа на гра де ни и мла ди те тан че ри од ба лет ско то сту дио „Арт ба лет“ на Та ма ра Ѓур чи-нов ска.

На Ин тер на ци о нал ни от тан цов фе сти вал (Ин-тер данс фест - Са ра е во 2013), тан че ри од Кар пош беа прог ла се ни за нај до бри во ка те го ри ја та кла си-чен ба лет. Во ка те го ри ја мо де рен ба лет осво и ја вто-ро ме сто, со што ја по твр ди ја до се гаш на та до ми на-ци ја на ме ѓу на род ни те ба лет ски нат пре ва ру ва ња.

- Кон ку рен ци ја та бе ше на ви сти на сил на, за што збо ру ва и по да то кот де ка на оваа ин тер на ци о нал на

смо тра на ста пи ја 38 ба лет ски клу бо ви, 1.440 тан че-ри од шест др жа ви. Ток му за ра ди тоа на ши от ус пех не мо же да се опи ше со збо ро ви. Освен што во из-вед ба та на точ ка та по кла си чен ба лет „Ба терф лај“ мо и те уче нич ки беа бри ли јант ни, тие имаа нај у ба-ви ко сти ми и шмин ка и ги ма ѓеп саа и мно гу број на-та пуб ли ка и ме ѓу на род но то жи ри. На ши от труд и по ве ќе ме сеч на та на пор на под го то вка да доа плод и од Са ра е во се вра тив ме со зла тен ме дал - ве ли Та ма-ра Ѓур чи нов ска, ко ре о гра фка, пе да гог и сопс тве-нич ка на ба лет ско то сту дио „Арт ба лет“. Таа ве ту ва и но ви три ум фи на прет стој ни те ме ѓу на род ни пре-зен та ции на ма ке дон ски от ба лет и оп шти на та Кар-пош.

М. Р.

На ме ѓу на род на та смо тра „Ин тер данс фест - Са ра е во 2013“

ЗЛАТО ЗА ТАНЧЕРКИТЕ НА ТАМАРА

Два проекти изготвени од учениците од ООУ „Лазо Трповски“ - Карпош се пласираа меѓу финали-стите на 42. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование во организација на Сојуз-ната централа за политичко образование, кој се одр-жа во Бон, Германија. Тимот од ООУ „Лазо Трпов-ски“, составен од 50 ученици од седмо одделение и од двајца наставници ментори, проф. Стефан Си-мовски - предметен наставник по гер мански јазик и проф. Даниела Радевска - предметен наставник по хемија, ја претстави на шата земја со два проекти на актуелни политички теми - „Чоколадата и глобали-зацијата“ (изготвен од уче ниците од 7б одделение), и „Спомениците во нашиот град“ (изготвен од 7б одделение под менторство на проф. Стефан Симов-ски - предметен наставник по германски јазик). Нивните проекти ќе бидат истакнати на изложбата

во Бон, што овој месец ја организира Сојузната цен-трала за политичко образование во текот на овој месец. Покровител на овој реномиран меѓународен натпревар е претседателот на Германија, Јоахим Гаук. На 42. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование, учествуваа повеќе од 50.000 ученици од 29 земји со вкупно 2.599 проекти. Досега ООУ „Лазо Трповски“ седум пати едноподруго (2006-2012) успешно ја претставува нашата земја на овој реномиран меѓународен натпревар. Во седумте досегашни учества училиштето има освоено седум награди. Учеството на овој реномиран натпревар ООУ „Лазо Трповски“ го реализира како воннас-тавна активност со финансиска поддршка од Фон-дацијата „Фридрих Еберт“.

Игор Ѓуровски

УЧЕНИЦИТЕ ОД „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕМеѓународен политички натпревар за политичко образование

Page 25: Карпош Урбан бр.26-27

25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕСТИ

Интернет-страницата на Општина Карпош прв-пат е меѓу првите десет за 2013 година по информи-раност на родителите на учениците за содржините што ги нуди локалната самоуправа. Кај месечното издание на општинското гласило „Урбан Карпош“ родителите на учениците забележуваат подобру-вање на информативноста и на содржините.

Ваквиот заклучок произлезе од истражувањето на задоволството на родителите од квалитетот на услугите во основното образование во училиштата што се наоѓаат на територија на Општина Карпош, а чија презентација се одржа кон средината на март годинава во основното училиште „Петар Поп-Ар-

сов“. Основната цел на истражувањето е да се добие реална слика за степенот на задоволството на роди-телите. Каков е квалитетот на образовните услуги покажуваат резултатите од анкетите спроведени од 11 јануари до 5 февруари 2013 година.

Индексот на задоволство на родителите во те-кот на оваа година е 72,5 проценти и е поголем во однос на претходната година. Родителите на учени-ците од прво до четврто одделение се за четири проценти позадоволни од родителите на учениците од петто до осмо одделение.

М.Г.

На свеченото отворање на елитното QSI - Meѓу-народно училиште во Скопје, на 15 април, во про-сто риите во кои до неодамна беше сместена адми-нистрацијата на Општина Карпош, присуствуваа видни личности од културниот и од политичкиот врв, како што е амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, амбасадорката на Кралството Холанди-ја во РМ, Мариет Шурман, и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Директорот на училиштето, Роберт Тауер, им посака добредојде на своите гости и воедно ги за-позна присутните со историјатот на оваа образовна институција која ги бележи своите почетоци од да-лечната 1996 година. QSI нуди висококвалитетно образование за децата од три до 18 години, а наста-вата целосно се одвива на англиски јазик.

Во оваа пригода се обрати првиот човек на оп-штината, Стевчо Јакимовски, кој со нескриено задо-волство напомена дека е особено горд што ова учи-лиште досега функционираше на територијата на Кар пош.

- Отсега натаму училиштето ќе ја извршува сво-јата дејност во далеку подобри просторни услови. Јас сум длабоко убеден дека со подобрување на мож-ностите за работа, ќе се подобри и квалитетот на учи лишната настава и, со самото тоа, децата ќе до-би јат едно елитно меѓународно образование. Оп-штина Карпош помогна овој проект, кој досега се покажа како мошне успешен, да се реализира и по-на таму да ја збогати понудата во образовниот про-цес – изјави општинскиот татко.

Во рамките на оваа свеченост, посебен впечаток остави младинско културното друштво „Цветан Димов“, кое со својот фолклорен перформанс збога-тен со етноелементи, низ традиционалните маке-донски танци и песни ги воодушеви присутните гости. За крај, следуваше и кратка обиколка низ но-вите про стории на ова меѓународно училиште, приспособени според најсовремените светски стан-дарди за одвивање на образовната настава.

Игор Ѓуровски

ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА КАРПОШПРВА МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ГОДИНАВА

ОТВОРЕНО МЕЃУНАРОДНОТО УЧИЛИШТЕ QSI ВО КАРПОШ

Page 26: Карпош Урбан бр.26-27

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Општина Карпош од 1 април 2013 година почна со редовна пролетна дератизација за уништување на штетни глодари. Со дератизацијата ќе бидат оп-фатени околу 3.600 шахти и сите основни учи лишта и детски градинки што се на подрачјето на Карпош.

Пред повеќе од две недели, службите на Општи-на Карпош почнаа со пролетното косење на тревни-ците во рамките на нејзината територија. Оваа ак-тивност ќе се одвива во континуитет, сè додека по-стои потреба за неа. Локалната самоуправа ја анга-жираше својата служба, составена од 18 косачи на трева, кои поделени во две групи ги одржуваат тревниците и тоа, едната група презема комунални активности од левата, а другата, од десната страна на булеварот Партизански одреди. Косењето на тре - вата се одвива редоследно, почнувајќи од населбата Влае, Карпош 4, Карпош 3, Карпош 2, Карпош 1 и повторно по истиот редослед. Во тек се и хорти-култур ни потфати, така што се доработува зелената површина околу платото со фонтана во Карпош 3, а хортикултурно се уредува и просторот зад кулата на ул. Никола Тесла 18 во Карпош 1.

Во следните два месеци Општината ќе продол-жи со активности те од оваа сфера според нејзиниот план за хортикул турно уредување.

ХОРТИКУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ ВО КАРПОШ

ПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА

ИМУ НИ ЗА ЦИ ЈА НА РОМ ЧИ ЊА ТА ВО ЗЛО КУ ЌА НИВо со ра бо тка со Оп шти на Кар пош и на ини ци ја-

ти ва на Ром ска та нев ла ди на ор га ни за ци ја за за шти-та на пра ва та на же ни те и де ца та ЛИЛ, Здрав стве-ни от дом – Скоп је, од нос но по лик ли ни ка „Ѓор че Пе тров“, по по вод Европ ска та не де ла на иму ни за-ци ја, де но ви ве спро ве де ак ци ја за иму ни за ци ја на

де ца од прет школ ска во зраст на те ри то ри ја на оп-шти на та Кар пош, по точ но во Зло ку ќа ни.

Во про сто ри и те на мес на та за ед ни ца во Зло ку-ќа ни, ти мот за спро ве ду ва ње на иму ни за ци ја та, во при сус тво на прет став ни ци од нев ла ди на та ор га-ни за ци ја, ги вак ци ни ра ше де ца та од ром ска на ци о-нал ност кои прет ход но во со ра бо тка со Мес на та за-ед ни ца би ле ло ци ра ни ка ко ли ца кои не ре дов но ја спро ве ду ва ат иму ни за ци ја та.

Исто вре ме но, прет став ни ци на ЛИЛ вр шеа и еду ка ци ја на на се ле ни е то за важ но ста на иму ни за-ци ја та, де леј ќи им ин фор ма тив ни ле то ци на ли ца та кои дој доа да ги до не сат сво и те де чи ња на вак ци на-ци ја.Се кто рот за труд и со ци јал на по ли ти ка при Оп шти на Кар пош, пак, ко ја актив но со ра бо ту ва на овој план и се гри жи за здрав је то на сво и те пом ла-ди по ко ле ни ја, го иско ри сти овој по вод и во те кот на ак ци ја та за иму ни за ци ја на по ве ќе ли ца од со ци-јал но за гро зе ни се мејс тва од Зло ку ќа ни им до де ли ху ма ни тар на по мош во об лик на па ке ти со об ле ка.

М.Г.

Page 27: Карпош Урбан бр.26-27

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Разгледувајќи го прогресот на Република Маке-донија во процесот на децентрализација и на уна-предување на локалната демократија, Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Евро-па во својот последен извештај за Македонија, усво-ен кон крајот на октомври минатата година, посочу-ва дека во нашата земја постои „низок степен на уче-ство на граѓаните во локалните прашања“, со кон-кретна забелешка дека „инструментите за директно учество на граѓаните на локално ниво не се употре-буваат често во практиката“. При тоа Конгресот дава конкретна препорака дека треба да се обрне поголе-мо внимание на активностите за „зголемување на свесноста на јавноста за учеството на граѓаните и на ор ганизациите од граѓанскиот сектор во локалниот политички живот“.

Ваквите препораки јасно упатуваат на неопход-носта од преземање конкретни активности за зголе-мување на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки во единиците на локалната самоуправа, а во тие рамки и на Општина Карпош, како една од нај-развиените општини во Република Македонија.

Граѓанско учество: Што е тоа?Децентрализацијата е процес на пренесување на

надлежности и средства од повисоките кон пониски-те нивоа на власт. Нејзината цел е за животните и ра-ботните проблеми на граѓаните да се одлучува онаму каде што тие живеат и работат – во нивните локални заедници. Оваа цел не може да се оствари доколку не се обезбеди граѓаните активно да учествуваат во це-локупниот процес на креирање и на имплементација на политиките. Тоа ја нагласува потребата од редов-на консултација и комуникација со граѓаните на теми и прашања од различен опфат.

Граѓанско учество претставува вклучување на граѓаните, жители на една заедница, во процесот на донесување одлуки кои директно или индиректно влијаат на нивниот живот во заедницата. Притоа се користат механизми за согледување на мислењата и на потребите на граѓаните, кои се применуваат во за-висност од утврдените конкретни цели што треба да се постигнат.

Литературата и практиката познаваат четири ос-новни вида на граѓанска партиципација:

Информирање – кое се однесува на обврската на локалната власт да ги информира граѓаните за тоа што го работи, како и за плановите и намерите за ид-ниот развој на општината;

Консултирање – опфаќа различни облици на учество на граѓаните во утврдување на приоритети-те на локалната заедница како: јавни расправи, фору - ми, панел-дискусии, анкети, советодавни тела и др.;

Предлагање – вклучува различни облици на учество на граѓаните во давањето предлози и крити-ки на работата на општината, како: петиции, инди-видуални претставки и предлози, собири, протести и др.;

Одлучување – во овој домен спаѓаат формите кои се дефинирани со Законот за локална самоупра-ва (Сл.весник 5/2002), како: граѓанска иницијатива; собир на граѓани и референдум, кои овозможуваат директно учество на граѓаните во донесување на од-луките и практикување на непосредната демокра-тија.

Механизмите наведени во Законот за локална са-моуправа се најпотребниот минимум за земање предвид на мислењата на граѓаните. На располагање на општините се низа други средства и начини кои тие можат да ги користат во нивните напори за да ја развијат заедницата, да обезбедат благосостојба на граѓаните и да практикуваат добро управување.

Во досегашното дејствување во овој домен оп-штината Карпош има позитивно искуство во дизај-нирање на облици преку кои ќе ги мотивира и вклу-чи граѓаните во процесот на консултирање, предла-гање и одлучување, како што е проектот „Форуми на заедниците“.

Зошто е потребно вклучување на граѓаните?За оние кои ги донесуваат одлуките (градоначал-

никот и Советот) вклучувањето на граѓаните овоз-можува градење, односно обезбедување на широка поддршка за идеите и решенијата кои ги предлагаат. За граѓаните, пак, учеството подразбира можност да се влијае врз одлуките. На тој начин се градат мосто-ви на соработка меѓу локалната самоуправа и граѓа-ните и се зголемува транспарентноста. Тоа што е најважно е дека учеството на граѓаните помага во подобрувањето на општинските услуги кои тие ги добиваат.

Процесот на заедничко одлучување ја споделува одговорноста за одлуките, при што локалните вла-сти не се единствени носители на „товарот“, а граѓа-ните стануваат свесни за реалните можности на општинската администрација кога решава проблеми или презема иницијативи.

ГРАЃАНСКИ ПРОЕКТПОГОЛЕМО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ОДЛУЧУВАЊЕ„Токму во општината лежи силата на слободните народи“

Алексис де Токвил

Page 28: Карпош Урбан бр.26-27

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СПОРТОРАМА

Со прогласувањето на најдобрите и со доделува-њето на наградите, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го прогласи за затворен третиот по ред Меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош – 2013“ што се одржа од 9 до 16 март во хотелот „Александар палас“. Во оваа пригода тој истакна дека Општината Карпош уште еднаш се по-кажала како добар домаќин и изрази надеж де ка сите учесници без оглед на пласманот се задовол ни од учеството на ова интернационално натпревару-вање.

- Ве очекуваме наредната година повторно на исто место и во уште поголем број, со уште повеќе велемајстори и со уште поголем награден фонд – подвлече градоначалникот Јакимовски во своето обраќање до гостите и до учесниците на затворање-то на шаховскиот турнир.

На годинешниот „Опен Карпош – 2013“ апсолу-тен победник е Зденко Кожул од Хрватска со освое-ни 7 поени и со награда од 3.112 евра. Втората награ-да ја Максим Родштаин од Израел со 7 поени и на-гра да од 2.362 евра и третото место го освои Кон-стантин Лупулеско од Романија со освоени 7 поени и награда од 1.862 евра. На овој меѓународен турнир се остварија осум нови норми од кои четири се веле-мајсторски и четири интернационални мајсторски.

Идните велемајсторски имиња се Двирни Даниел од Италија, Арнаудов Петар од Бугарија, Кохлвејер Бе-рнд од Германија и Хамитевичи Владимир од Мол-давија. Останатите четворица се интернационални мајстори во новите норми, а тоа се Јоланта Заватцка од Полска, Дасатн Мухамет Батухан од Турција, Гор-јачкин Јури од Русија и Стругнел Карл од Франција. Градоначалникот на Оп штина Карпош, Стевчо Јаки-мовски, покрај специјал ните ги додели и 16 редовни награди. На големите велемајстори слики на тема шах и цвеќе им подари Живко Поповски – Цветин.

Мила Глигорова

ПОБЕДНИК ХРВАТОТ ЗДЕНКО КОЖУЛНа шаховскиот турнир „Опен Карпош - 2013“

Натоварен со победничкиот пехар, не криејќи ја радоста, хрватскиот велемајстор Зденко Кожул, веднаш по прогласувањето на победниците, љу-безно и од нога, одговори на неколку наши пра-шања.

Како го коментирате тоа што на вака силен турнир победивте речиси во „фотофиниш“?

- Навистина така се случи и токму заради тоа оваа победа ми е особено драга, како и ова награ-да. Конкуренцијата беше навистина силна и чес-титки заслужуваат и колегите што зад мене зао-станаа „половина чекор“.

Како, како крунисан шампион, го оценувате „Опен Карпош“?

- Без и ронка куртоазија - бидејќи сум учест-вувал на стотина меѓународни шаховски турнири - со полна уста можам да речам дека ова е еден од најдобро организираните турнири; почнувајќи од прекрасниот амбиент, беспрекорната организа-ција, квалитетот и бројот на учесници, љубезни домаќини и одлични награди. Сè на сè, ќе бидам среќен ако и идната година бидам дел од ваков неповторлив шаховски самит.

Какви импресии ќе понесете од Македонија, Скопје и од нашиот Карпош?

- Нема да претерам ако ви кажам дека Македо-нија ја сметам за втора татковина. Имено, уште во 1959 година, јас на еден пионерски турнир, одр-жан во Маврово, првпат ја почувствував сласта на победник. Оттогаш до денес во Македонија сум престојувал неброено пати, сум настапувал за повеќе македонски шаховски клубови и овде секогаш се чувствувам како дома...

М. Раденковиќ

ЌЕ ДОЈДАМ ПОВТОРНО

Page 29: Карпош Урбан бр.26-27

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Ми на та та са бо та (27.04.2013), на ке јот на ре ка та Вар дар, се одр жа че твр ти от по ред ат лет ски от крос, во кој учес тву ваа уче ни ци те од си те де сет ос нов ни учи ли шта што се на о ѓа ат на те ри то ри ја та на оп-шти на Кар пош. На овој спорт ски на стан, кој по ми-на во до бра ор га ни за ци ја од стра на на ло кал на та са мо у пра ва, се нат пре ва ру ваа вкуп но 500 уче ни ци, кои беа по де ле ни во де сет ка те го рии. Гра до на чал-ни кот на оп шти на Кар пош, Стев чо Ја ки мов ски, им ги вра чи пе ха ри те на нај ус пеш ни те мла ди ат ле ти ча-ри кои ос тва ри ја нај по во лен ус пех.

Во ка те го ри ја та крос-тр ча ње на 100 ме три, V од-де ле ние де вет то ле тка (де вој чи ња), пр во то ме сто го освои Ми ла Саз до ва од ОУ „Х.Т. Кар пош“, вто ро то ме сто и при пад на на Ма ри ја По пов ска од ОУ „П.П. Ар сов“, до де ка за тре то то ме сто се из бо ри Ајри зи Фе ти ја од ОУ „А. Пи сев ски“. Во ка те го ри ја та крос-тр ча ње на 150 ме три, V од де ле ние де вет то ле тка (мом чи ња), пр во то ме сто го освои Да вид На у мов-ски од ОУ „В. Чер но дрин ски“, вто ро то ме сто го обез бе ди Мар тин Ни ко лов ски од ОУ „П.П. Ар сов“, а тре то то ме сто му при пад на на Сто јан По пов ски од ОУ „В.Ц. Тре на“. Воз буд лив бе ше фи ни шот на тр ка та во ка те го ри ја та на 150 ме три, VI од де ле ние де вет то ле тка (де вој чи ња), ка де пр во то ме сто го освои Еле на Ата на со ска од ОУ„П.П. Ар сов“, вто ро-то ме сто и при пад на на Ана Јо ва нов ска од ОУ „Ј.А. Ко мен ски“, до де ка за тре то то ме сто се из бо ри Ма-ри ја Спа со ва од ОУ „В.Ц. Тре на“. Во го ле ма не из-вес ност за вр ши тр ка та во ка те го ри ја та на 200 ме-три, VI од де ле ние де вет то ле тка (мом чи ња) во ко ја до пр во то ме сто дој де Али ту Ва ли од ОУ „А. Пи сев-ски“, вто ро то ме сто го обез бе ди Сте фан Ни ко лов-ски од ОУ „П.П. Ар сов“, а тре то то ме сто му при пад-на на Хам за Ја ша ри од ОУ „Брат ство“. Во ка те го ри-ја та крос-тр ча ње на 200 ме три, VII од де ле ние де вет-то ле тка (де вој чи ња), нај бр зо до цел та при стиг на

Ива на Чив лач ки од ОУ „Ј.А. Ко мен ски“ вто ро то ме-сто го освои Ма ри ја Бу зев ска од ОУ „Д.Х. Ди мов“, а вед наш по неа цел на та ли ни ја ја по ми на На та ли ја Ка лај џи ев ска од ОУ „П.П. Ар сов“ осво ју вај ќи го тре то то ме сто. Тем по то на тр ча ње се за бр за во ка те-го ри ја та на 250 ме три, VII од де ле ние де вет то ле тка (мом чи ња) ка де пр во то ме сто го освои Ми рон Или-ев ски од ОУ „Ј.А. Ко мен ски“, зад не го сле ду ва ше Бе сар Ме ме ти од ОУ „Брат ство“ кој стиг на до вто-ра та по зи ци ја во оваа ка те го ри ја, до де ка за тре та та по зи ци ја се из бо ри Иван Стре зо ски од ОУ „П.П. Ар сов“. Од лич ни ре зул та ти при ка жаа и сед мо од де-лен ки те во ка те го ри ја та на 250 ме три, ка де пр во то ме сто го освои Ма те ја Јо си фов ска од ОУ „В. Та сев-ски“, до вто ра та по зи ци ја при стиг на Ха ли де Мус ли од ОУ „Брат ство“, а тре то то ме сто и при пад на на Ана Ко ва че ва од ОУ „Ј.А. Ко мен ски“. Во ка те го ри ја-та крос-тр ча ње на 300 ме три, VIII од де ле ние (мом-чи ња) нај брз на цел та при стиг на Му ха мед Али тов од ОУ „А. Пи сев ски“, за вто ро то ме сто се из бо ри Сте фан Ла зов ски од ОУ „Д.Х. Ди мов“, а до тре та та по зи ци ја стиг на Сте фан Ми ло сав ле виќ од ОУ „Д.Х. Ди мов“. Крај на не из вес ност до са ми от фи ниш, при-ка жаа уче нич ки те од VIII од де ле ние во ка те го ри ја-та на 300 ме три, ка де Ана Ми хај лов ска од ОУ „В.Ц. Тре на“ ос тва ри нај до бар ре зул тат, вед наш по неа со ми ни мал на раз ли ка цел на та ли ни ја ја по ми на Де а-на Бла жев ска од ОУ „В. Та сев ски“ осво ју вај ќи го вто ро то ме сто, до де ка тре та та по зи ци ја ја обез бе ди Ми ла Ан тев ска од ОУ „Д.Х. Ди мов“. Ви стин ски ат-лет ски пер фор ман си де мон стри раа ос мо од де лен-ци те во ка те го ри ја та на 350 ме три, ка де пр во то ме-сто го обез бе ди Па вел Јан ко ски од ОУ „В. Та сев-ски“, вто ро то ме сто му при пад на на Бо рис В’чков од ОУ „Л. Тр пов ски“, до де ка тре топ ла си ран бе ше Кри-сти јан Пе ров ски од ОУ „А.Пи сев ски“.

И. Ѓуровски

АТ ЛЕТ СКИ КРОС НА ОС НОВ ЦИ ТЕ ОД КАР ПОШСпортска манифестација на кејот на Вардар

Page 30: Карпош Урбан бр.26-27

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Минатиот месец во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, се одржа Државниот нат-превар во џудо за основни училишта. Во силна кон-куренција од многу учесници, основците од ООУ „Братство“ - Скопје (Карпош) успеаја да изборат од-личен пласман, закитувајќи се со два златни и со два бронзени медали. Хамза Јашари, во машка катего-рија до 38 килограми, и Амра Фејзула, во женска ка-тегорија до 57 килограми, го освоија првото место, додека Резарт Хусеини и Ерион Мехмети, во машка категорија до 31 и до 34 килограми, го освоија тре-

тото место. Во вкупниот пласман на Државното пр-венство во џудо за основни училишта, во учебната 2012/2013 година, ООУ „Братство“ се наоѓа на пе-ттото место со освоени 18 бодови. На ова елитно др-жавно натпреварување учествуваа 95 ученици, од кои 27 во женска и 68 во машка конкуренција од 16 основни училишта, или од повеќе општински сојузи на училишен спорт од Битола, Прилеп, Скопје, Ра-довиш, Ресен и од Долнени.

И.Ѓ.

ЗЛАТО И БРОНЗА ЗА ЏУДИСТИТЕ ОД ОУ „БРАТСТВО“

САНДРА И АНДРЕЈ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТНИ МЕДАЛИСти пен ди сти те на на ша та Оп шти на, Ан дреј Со-

ко лов ски и Сан дра Ива но ва од пли вач ки от клуб „Аква тик“, спон зо ни ран од Оп шти на та, де но ви ве на два ме ѓу на род ни пли вач ки тур ни ри по стиг наа бле ска ви ре зул та ти. На тур ни рот во Мин хен, Ан-дреј освои зла тен и сре брен ме дал и е прог ла сен за нај до бар пли вач во ка те го ри ја та до 15 го ди на. Тој и

на тур ни рот што се одр жа во Ја го ди на (Ре пуб ли ка Ср би ја), освои три злат ни и еден сре брен ме дал.

На исти от тур нир, пли вач ка та Сан дра Ива но ва, во кон ку рен ци ја на 335 учес ни ци од Бу га ри ја, Ма-ке до ни ја и од Ср би ја, во ка те го ри ја та 50 ме три дел-фин и сло бод но пли ва ње, освои зла тен ме дал.

И.М.

Нов успех на стипендистите на Карпош

Page 31: Карпош Урбан бр.26-27

31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“ се но-вите шампионки во одбојка во рамки на училишна-та лига 2012/2013 година. На 18 април, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ се одиграа финал-ните натпревари од женското училишно одбојкар-ско првенство за основните училишта од Карпош. Во организација на локалната самоуправа, овој спортски настан го одбележа многубројната публи-ка и френетичната атмосфера, во чиј ритам од-бојкарките на ООУ „Владо Тасевски“ славеа убедли-ва победа над своите спортски противнички од ООУ „Димо Хаџи-Димов“ со два спрема нула (2:0) во сетови, (25:15); (25:15) и со тоа се промовираа во нови победници на ова првенство. Сигурни во својата игра, одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ наметнаа силно темпо на игра, што на крајот ги до-веде до посакуваната шампионска титула.

Со еднаква возбуда течеше и вториот натпревар, во кој одбојкарките на ООУ „Петар Поп-Арсов“ се покажаа како незапирлив ривал, совладувајќи ги своите сопернички од ООУ „Лазо Трповски“ со два спрема нула (2:0) во сетови, (25:19); (25:19) со што го обезбедија третото место на ова првенство. Љубите-лите на овој спорт уживаа во одличната игра што им ја прикажаа најдобрите четири екипи, а целиот

тур нир ќе остане запаметен по прекрасните поени ре ализирани од младите надежи на женската одбојка.

На овој спортски настан присуствуваше и први-от човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој им ги врачи пехарите и медалите на трите нај-добро пласирани екипи. Општинскиот татко ги до-дели трофеите на трите најдобри одбојкарки, кои во текот на целата сезона успеаја да доминираат во сво-јата категорија, нескромно демонстрирајќи го својот раскошен талент.

Најдобар играч во текот на целото првенство е уче ничката Теа Терзиевска од ООУ „Владо Тасев-ски“, за најдобар смечер е прогласена Вања Младено-ва од ООУ „Димо Хаџи-Димов“, додека за најтален-тиран играч е избрана ученичката Љиљана Коваче-виќ од ООУ „Братство“. Локалната самоуправа за трите најдобри одбојкарки обезбеди еднократни па-рични награди од 20.000 денари, како и 10 месечни спортски стипендии во вредност од 4.000 денари. Со овој гест Општина Карпош покажува дека во континуитет се грижи за развојот на спортот и пот-тикнува воспоставување здрави навики кај својата млада популација.

М.Г.

ТРОНОТ ЗА ДЕВОЈКИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“Училишна лига во одбојка

Page 32: Карпош Урбан бр.26-27

32 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Кошаркарите на ООУ „Војдан Чернодрински“ се новите шампиони во училишната лига на Карпош за 2012/2013 година, чии финални натпревари се одиграа минатиот четврток. Во френетична атмос-фера, во крајно неизвесен меч, полн со резултатски пресврти, тие успеаја да ги совладаат своите спорт-ски ривали, кошаркарите на ООУ „Петар Поп-Ар-сов“ со резултат 52:44 и со тоа да дојдат до посакува-ното прво место во лигата.

Финалето кое се одржа под покровителство на Општина Карпош во СЦ „Борис Трајковски“, поми-

на во знакот на коректна игра, со атрактивни поени и со крајно возбудливи пресврти.

Далеку поизвесен беше триумфот на кошаркари-те од ООУ „Владо Тасевски“ за кошаркарската брон-за, кои успеаја убедливо да слават над своите спорт-ски соперници од ООУ „Димо Хаџи-Димов“ со 37:13, со што го освоија третото место во кошаркар-ската училишна лига.

Љубителите на овој спорт уживаа во маестрал-ната игра на младите надежи на кошарката од Кар-пош, кои успеаја да ги наполнат трибините до по-следно место.

Пехарите и медалите на трите најдобро пласира-ни кошаркарски екипи, во рамките на годинешната училишна лига им ги врачи советникот на Општина Карпош од СНСМ, Дејан Димовски. Тој ги додели и трофеите на тројцата најдобри кошаркари, кои со прикажаната игра заслужено обезбедија најдобар пласман во својата категорија за оваа сезона.

Најдобар играч во лигата е Слободан Митревски (ООУ „Војдан Чернодрински“), за најталентиран иг-рач е прогласен Дамјан Милошевски (ООУ „Војдан Чернодрински“), додека епитетот најдобар стрелец

во лигата заслужено го обезбеди Кристијан Перов-ски (ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“).

Локалната самоуправа за тројцата најдобри ко-шаркари обезбеди еднократни парични награди од 20.000 денари, како и 10 месечни спортски стипен-дии во вредност од 4.000 денари. Применувајќи ја својата стратегија за развој на спортот и младите, Општина Карпош воспоставува здрави спортски навики кај својата млада популација, притоа негу-вајќи ги позитивните вредности кај нив.

И.Ѓ.

ПРВАЦИТЕ ОД „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ Училишна лига во кошарка

Page 33: Карпош Урбан бр.26-27

33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 34: Карпош Урбан бр.26-27

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 35: Карпош Урбан бр.26-27

„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници:

Запознај го здивот – научи да управуваш

со стресот

Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraа[email protected]

Елементи кои ја сочинуваат работилницата:

Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот Интерактивна вежби Yoga вежби, истегнување за релаксација Mедитација и моќни техники на дишење Ujjayi, Pranayama, Bhastrika, Sudarshan Kriya, уникатна техника

Page 36: Карпош Урбан бр.26-27

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ

Со своите креации на џиновски велигденски

јајца, учениците од „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи-Димов“,

„Владо Тасевски“, „Вера Циривири-Трена“ и

„Петар Поп-Арсов“ ја разубавеа празничната

атмосфера во „Сити мол“.

Со своите креации Со своите креации на џиновски велигденски

јајца, учениците од „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи-Димов“,

„Владо Тасевски“, „Вера Циривири-Трена“ и

„Петар Поп-Арсов“ ја разубавеа празничната

атмосфера во „Сити мол“.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕХРИСТОС ВОСКРЕСЕХРИСТОС ВОСКРЕСЕХРИСТОС ВОСКРЕСЕХРИСТОС ВОСКРЕСЕХРИСТОС ВОСКРЕСЕ