38
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 17 февруари 2011 Број 41 од 17.02.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија, градоначалниците од Пелагонискиот регион и бизнисмените во еден глас порачуваат Индустријата на заштитни врати во земјава „заклучена“ од нелојалната конкуренција КИНЕСКИТЕ ВРАТИ ГО ЗАТВОРААТ БИЗНИСОТ ПРЕДУПРЕДУВАЊА Нов царински премин и заедничко царинење меѓу Република Македонија и Република Косово ПОТПИСИ ЗА ДОЛГОРОЧНА СТАБИЛНА СОРАБОТКА ЗАФАТИ СО СЛЕПИ КОЛОСЕЦИ НЕМА РАЗВОЈ

Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 17 февруари 2011

Број 41 од 17.02.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија, градоначалниците од Пелагонискиот

регион и бизнисмените во еден глас порачуваат

Индустријата на заштитни врати во земјава „заклучена“ од нелојалната конкуренција

КИНЕСКИТЕ ВРАТИ ГО

ЗАТВОРААТ БИЗНИСОТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊА Нов царински премин и заедничко

царинење меѓу Република Македонија и Република Косово

ПОТПИСИ ЗА ДОЛГОРОЧНА

СТАБИЛНА СОРАБОТКА

ЗАФАТИ

СО СЛЕПИ КОЛОСЕЦИ

НЕМА РАЗВОЈ

Page 2: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 17 февруари 2011

Презентирана Претпристапната економска програма 2011- 2013 година РАСТ НА БДП ОД 4,5 ОТСТО, НИСКА И СТАБИЛНА ИНФЛАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИИ ДО 5 ОТСТО ОД БДП Раст на БДП од 4,5 отсто, ниска и стабилна стапка на инфлација од околу 2 до 3 проценти, намалување на дефицитот во тековната сметка од 3 до 6 отсто, балансиран раст на увозот и извозот, како и постепено зголемување на инвестициите до 5 проценти од БДП. Ова е само дел од макроекономското сценарио на Македонија содржано во Претпристапната економска програма (ПЕП) 2011- 2013 што ја презентираше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а пренесува МИА. Раст на индустријата од 5 до 8 отсто, на услугите меѓу 3 до 5 проценти и на земјоделството до 4 отсто, се исто така дел од проекциите за периодот 2011-2013 година. - Претпристапната економска програма е клучен стратешки документ во кој Република Македонија пред Европската унија ги презентира среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и агендатата за структурните реформи за периодот 2011-2013. ПЕП е воедно и потврда пред ЕУ дека македонската Влада ќе се залага за одржување на макроекономската и фискалната стабилност во рамки на утврдените Мастришки критериуми, најмногу до 3 отсто буџетски дефицит и до 60 проценти државен долг, истакна Ставрески на презентацијата на програмата. Според него, преку изработка на програмата Македонија се подготвува за постепена интеграција во мултилатералниот фискален надзор во економската и монетарната унија и Стратегијата на ЕУ - 2020. Претпристапната економска програма 2011-2013 детално ги елаборира и предвидените структурни реформи чија цел е, како што напомена вицепремиерот и министер за финансии, македонската економија да стане поконкурентна, подготвена да се соочи со предизвиците по зачленувањето на земјата во ЕУ. Документот ќе биде презентиран во Брисел во мај годинава од министерот Ставрески и гувернерот на Народната банка Петар Гошев.

ПОДВЛЕЧЕНО И ДА НЕМАШЕ КРИЗА ЌЕ ВЛОЖУВАВМЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО Ние сме Влада која пред самото доаѓање најавуваше дека ќе биде фокусирана на економијата и остануваме на тоа. Продлживме со решавање на многу проблеми со кои се соочува градежниот сектор, а неодамна имавме прилика како Владата да завршиме проект за посета на 150 компании во кои владини тимови беа задолжени да се запознаат со конкретни проблеми со кои се соочува секоја од овие компании и да се најде решение за тие проблеми. Министерството за финансии направи посета на 40 компании кои имаат специфичен проблем со имотно правните односи за истата цел. Градежништвото доби импулс бидејќи Владата инвестираше многу во градба. Живееме во години во кои што се гради. Само годинава во Буџетот во делот на инвестиции се предвидени околу 300 милиони евра кои ќе поминат во градежниот сектор и ќе создадат добри дела кои ќе им служат на граѓаните и ќе им го подобрат квалитетот на живот. Даваме посебен импулс кој сигурно влијае на зголемување на конкурентноста на компаниите на странските пазари каде добиваат дополнителни работи. Тоа е одлична работа и ќе продолжиме со тој тренд. Очигледно е дека во последните години градежништвото значајно влијае врз растот на економијата, бидејќи е поврзано со 26 други стопански гранки и затоа се фоксуиравме на овој сектор, особено во време на светската економска криза кога е многу важно да се поддржи градежништвото. Но, и да немаше криза би инвестирале во градежништвото.

(М-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија)

И НАТАМУ ДОМИНИРА ИЗВОЗОТ НА НАЛИВНО ВИНО Производството на вино во Македонија изнесува 90 до 100 илјади тони годишно. Од вкупно произведените количини вино 80% отпаѓа на извоз. Од овие количини, 18% е извоз на вино во шишиња. Генерално, извозот се` уште се карактеризира со доминација на наливното вино, ниска додадена вредност,

слаба конкурентност и подложност на пазарната цена диктирана од понудата и побарувачката. Почнувајќи од 2002 година па наваму, постојано се зголемува учеството на виното во шишиња за сметка на наливното вино. Во квотата за преференцијален извоз во ЕУ, по потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, секоја година се зголемува делот на вино во шишиња за 600 тони, за сметка на намалувањето на квотата за наливно вино. Но, квотата за наливно вино се намалува со побрзо темпо од времето потребно за ефектуирање на инвестициите во квалитетно производство, пакување и промоција.

(Марија Митева, генерален менаџер на „Сковин“)

ПОД ЛУПА И ЕНЕРГЕТСКИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОГРАМИ Ако Комисијата утврди неправилности при функционирањето на енергетските празари, донесува одлука со која се забранува определено однесување на вршител на енергетската дејност или се наложува преземање на соодветни мерки со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, како и заштита на правата на потрошувачите на корисниците на енергетските системи. На пример, во согласност со новиот Закон, ЕЛЕМ ќе може да продава вишоци, но по претходно одобрување од РКЕ, што не беше досега случај. Така ќе знаеме колкав дополнителен приход реализирала компанијата. Размената на прекуграничните капацитети досега ја реализираше МЕПСО, а потоа редовно ја информираше Комисијата, бидејќи во согласнсот со стариот Закон немавме надлежности за тоа, а сега РКЕ претходно ќе ги одобрува Правилата за распределба на капацитетите. Ќе се контролираат и инвестициските програми, а тоа значи поголема контрола и мониториг на нивните инвестиици. Новина има и кај обновливите извори на електрична енергија. Имено, решението за повластен производител досега го даваше Агенцијата за енергетика, а сега барањето за лиценца, одобрувањето за лиценца и решението за повластен производител го даваме ние, а тарифата ја одредува Владата.

(Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика)

Покровители

ПРОЕКЦИИ

Page 3: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 17 февруари 2011

* Кризата ја исфрли на површина високата чуствителност на нашата економија од случувањата на глобалниот пазар, ниската конкурентност на стопанството и таа само ги усложни состојбите и проблемите кои ги имавме и пред тоа

1. Зад нас ја оставивме една од најтешките години на економски план од осамостојувањето на државава. Дали причините за негативните остварувања во речиси сите домени треба да се бараат само и – исклучиво кај влијанието на глобалната криза врз македонското стопанство , што како алиби го апострофира власта или и на друго место, односно во нашите слабости? Глобалната економска криза услови негативни тенденции во македонската економија кои резултираа со намалување на индустриското производство ( 2009 за -7,7%, 2010 година за -4,7%), со намалување на извозот за скоро 33% во 2009 година во однос на 2008 годинa, со намалување на бројот на работниците во индустријата (за 7,7% во 2009 и 4,7% во 2010 во однос на претходната година), пред се како резултат на намалената побарувачка од странство. Но кризата, истовремено ја исфрли на површина високата чувствителност на нашата економија од случувањата на глобалниот пазар, ниската конкурентност на нашето стопанство, како и ограничената конкуренција на домашниот пазар. Имено, таа само ги усложни состојбите и проблемите кои ги имавме и пред тоа: ниски стапки на раст на БДП ( од 1 до 4%, со исклучок во 2007 година од 5,9% и 2008 година од 4,8%); индустриско производство што е скоро преполовено (околу 60%) од она што го имавме во 1990 година , и кое бележеше ниски стапки на раст (од 3 до 5% во однос на претходната година); подинамичен пораст на увозот од порастот на извозот, поради што трговскиот дефицит кој од година во година се повеќе се продлабочуваше поради увозната суровинска зависност и конкуренцијата која главно доаѓаше од надвор. Оттаму пoкрај негативните ефекти од глобалната економска криза, кризата ги разјасни главните слабости и проблеми на македонската економија. Едноставно, нејзините последици се јасни и силни сигнали дека е крајно време за почеток на разрешавањето на сите проблеми кои ја пратат македонската економија во последните 20 години.

2. Кога според Вас, ќе биде окончана фамозната транзиција во Македонија, имајќи предвид дека државата, со помал или со поголем интензитет, е во постојана криза цели две децении?? Што треба да се направи за конечно надминување на таквата состојба. Кризата на сите ни даде на знаење дека конечно сите треба да станат свесни за потребата од промена на економскиот модел на развој, односно од модел заснован врз порастот на потрошувачката и увозот, кон економски развоен модел заснован на порастот на производството и извозот. Ако навлеземе во структурата на БДП, според производниот модел, порастот на БДП во изминатите години е остварен надвор од секторот индустрија, и тоа пред се` во доменот на услугите, кои не сме во состојба да ги понудиме на странскиот пазар, а со тоа да обезбедиме пораст на извозот. -Според расходниот модел на БДП, растот на БДП беше заснован на порастот на домашната потрошувачка. Од друга страна пак, структурата на потрошувачката е неповолна, со високо учество на финалната потрошувачка (околу 99%), а недоволно учеството на инвестициите. Од расходниот модел на БДП, видливо е дека Република Македонија е нето увозна економија, која троши над 20% повеќе од она што произведува. Во тој контекст, императивен предуслов е обезбеддување на динамичен економски раст, преку интензивирање на производните и извозните активности. Но, неопходни се системски мерки на економската политика за поттикнување на производството и извозот, мерки за подобрување на деловниот амбиент и мерки за подобрување на агрегатната потрошувачка, кои заедно ќе условат промена на досегашниот модел на економски

развој. Потребен е модел кој ќе обезбеди пораст на БДП како резултат на порастот на производството и извозот, што се клучни предуслови за пораст на вработеноста и животниот стандард на македонските граѓани. Но, новиот модел да ги даде саканите ефекти, неопходно е заокружување на темелните принципи на пазарната економија преку обезбедување на: загарантирана приватна сопственост, соодветен однос меѓу капиталот и трудот; како и ефикасна -законска регулатива, судство и заштита на сопственоста и договорите.

3.- Како го коментирате фактот дека, и покрај кризата странски инвестиции во пристоен обем беа пласирани во повеќето земји во нашето поблиско и подалечно соседство , а капиталот однадвор упорно ја заобиколува Македонија? Приливот на странски инвестиции е скромен, со учество на истиот од 6,4%- 8% во БДП. Покрај тоа, најчестиот облик на странските инвестиции се остваруваше преку приватизацијата, многу малку „greenfield“ проекти, со тоа што во најголем број наслучаи целта на приватизацијата беше всушност сопственоста на недвижноста која субјектот во приватизацијата ја поседува, и која во подоцната фаза преставува темел на идна инвестиција Од вкупно 1.374 милиони САД долари странски инвестиции во периодот од 2003 до 2008 година, 302 милиони долари или 22% се реализираа во финансиското посредување, 329 милиони долари во снабдувањето со електрична енергија , гас и вода ( 24%, ), a 318 милиони долари или само 23% во преработувачката индустрија која го носи извозниот потенцијал. Според тоа, реализираните странски дирекни инвестиции, во најголем дел, се надвор од производните и извозно ориентираните дејности, поради што изостана нивната позитивна корелација со извозот. Најмногу странски капитал влезе во банкарството, телекомуникациите и дејностите ориентирани на домашниот пазар. Што се однесува до констатацијата дека капиталот однадвор упорно ја заобиколува Македонија, јасно е дека земја која нема излез на море, нема енергетски извори, нема високо развиена автомобилска и ИТ технологија, мора да ги пронајде и развива своите компаративни предности. За нас тоа е геогравската раскрсница на југ со север и исток и запад, па затоа трба да се развива и модернизира инфраструктурата, како и да ја корегира економската политика, затоа што само ниски трошоци на трудот не се доволно атрактивни за инвеститорите.

4.Во тој контекст, како ја оценувате стратегијата на Владата за привлекување странски инвеститори и нивното фаворизирање во однос на домашните??? Сегашните состојби во македонската економија ни покажуваат дека Македонија скапо ги плаќа досегашните заблуди дека влезот, односно зачленувањето во ЕУ ќе ги реши сите наши економски проблеми, дека Македонија е атрактивна за странски вложувања, но инвеститорите само поради политичката состојба, односно нерешениот проблем со јужниот сосед за името, ги одлагаат своите инвестициони намери На Македонија, како и на секоја земја во развој, потребни и се странски вложувања, затоа што покрај потребниот капитал од странство, со истиот странците носат нови знаења, патенти и организација насочена на што поефективно производство кое може да конкурира на странскиот пазар, што всушност го оправдува потенцираното значење на странските дирекни инвестиции. Но, тоа не го намалува значењето на домашните инвеститори односно инвестиции. Инвестициската потрошувачка гледана преку учеството на инвестициите во основни средства во БДП, во просек 15,6% претставува релативно ниско ниво на инвестициска активност во однос на останатите транзициски

ПРЕНЕСЕНО Интервју на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, за дневниот весник „Бизнис“

ДА СУМ СТРАНЕЦ, ЌЕ ПОЧЕКАМ СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Page 4: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 17 февруари 2011

ПРЕНЕСЕНО

економии. Од друга страна , според намената на инвестициите во основни средства одделно по сектори, само 30,9% отпаѓа на производните дејности, во чии рамки за преработувачката индустрија која го носи извозниот потенцијал отпаѓаат само 17%. Оттаму, паралелно со повикот на странските инвеститори, во познатите македонски услови за економски развој, подеднакво треба да се почитуваат и домашните инвеститори, посебно од носителите на економската политика, за која цел главен предуслов е обезбедување на поволна инвестициона клима.

5. Дали вие лично, под претпоставка да сте странец, би инвестирале во Македонија во актуелниов бизнис амбиент??

Првично Да. Секој бизнисмен знае дека поголемиот ризик, соодветно носи и поголем профит. Македонија има атрактивна геогравска положба, ниска цена на работната сила, рамен данок- со најниска стапка во опкружувањето. Но ќе почнам да се двоумам по оценката на Европската комисија. за постоењето на функционална пазарна економија, изнесена во Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на пристапувањето во ЕУ за 2010 година, која гласи: „Севкупно, макроекономската стабилност е задржана и покрај негативното влијание на глобалните финансиски превирања. Постигнат е натамошен напредок во подобрувањето на условите за влез и излез на пазарот, и со оглед на правниот систем, деловното опкружување сè уште е попречено со слабо владеење на правото, имено со бавно судство и слабости во однос на спроведувањето на договорите, регулирање и надзор на пазарот. Структурната невработеност останува многу висока. Предвидливоста на пазарните услови претрпе негативно влијание од зголемениот број на ад хок измени на правното опкружување“. На крајот, моето ДА ќе го одложам до извршената реконструкција и модернизацијата на патната инфраструктура. Впрочем, главните причини за привлечноста на земјите од Источна Европа , како подрачја за привлекување на странски дирекни инвестиции , према истражувањето на ОЕЦД, биле: пристапот на голем домашен пазар 43,8%, поделбата на пазарот 25,9%, додека мотивите врзани со ресурсите ( ниски трошоци на производство и извор на евтина суровина ) покриваат само 16%. Иако ова истражување е старо една децинија, сепак го објаснува релативно ниското учество на вложувањата во потполно нови субјекти ( Greenfield) во Македонија, која има мал домашенпазар а пристапот до големиот пазар, проширен со спогодбите за слободна трговија, е неповолен согласно состојбата на актуелната патна мрежа. Затоа идејата да инвестирам во Македонија ќе ја одложам до модернизацијата на коридорот X, и изградбата на коридорот VIII, за да мојот бизнис на зависи од тоа дали солунското пристаниште работи или не, или дали има блокада на грчката граница или не.

6. Македонското стопанство, по напуштањето на социјалистичкиот систем, се уште не е адекватно реструктуирано за да одговори на барањата на современиот бизнис. Како да и се стави крај на практиката во надворешната трговија да доминира извозот на суровини и производи со мала додадена вредност, наспроти структурата на увозот, што генерира дебело црвено салдо во стоковната размена. Процесот на либерализација во надворешно-трговската размена, почнувајќи од 1996 година, од година во година се` појасно ја потенцираше, што и глобалната криза многу јасно ја потврди, потребата од структурни промени во нашето стопанство, потребата од реконструирање и модернизација на постојните капацитети во приватниот и во јавниот сектор, потребата од зголемување на квалитетот во сите видови на стопанисување Наместо тоа, недоволното закрепнување на стопанските производни сектори, односно на извозно ориентираните дејности, (пред се` од индустријата) доведе до тоа да увозот далеку го надмина извозот и тој дебаланс се` повеќе се продлабочува од година во година. Во целиот наведен период извозот не успеа да

надмине 60% од вредноста на увозот. Во структурата на увозот според економската намена производите за репродукција од 55,6% во 1996 година, го зголемија своето учество на 64.4% во 2008 година, што укажува и натаму на високата суровинска зависност на нашето стопанство. - Покрај ниската конкурентност, македонскиот извоз се карактеризира и со неповолната структура, во којашто доминираат производи со ниска фаза на преработка, главно суровини и полупроизводи.

- Дефицитот на трговскиот биланс, кој од 7,2% во 2001 година, го зголеми своето учество во БДП на 13,1% во 2008 година, е покриван со суфицитот од другите компоненти на тековната сметка во платниот биланс. Девизните дознаки, посебно приватните девизни дознаки на нашите граѓани, приливот од скромните странски инвестиции, и задолжувањето во странство при недостиг на истите, го пополнуваа дефицитот во трговскиот биланс во изминатите години. За тоа неопходни се структурни реформи во сите дејности, што би се поттикнале со системските мерки во рамките на новиот економски модел, при што неопходно е да се дефинират стратешките

производни и извозно ориентирани сектори за развој. 7. Фирмите во земјава подолго време се соочуваат со голема неликвидност, при што со средствата што ги имаат едвај преживуваат, а за некакви инвестиции воопшто и не размислуваат. Од друга страна банките велат дека ќе даваат кредити, но не им се нуделе издржани проекти. Дали навистина македоснките менаџери не се доволно креативни за да обезбедат пари на тој начин или е во прашање неподготвеноста на банките да ризикуваат со повече кредити за стопанството и со пониски камати.??? Ликвидноста на македоснкото стопанство е еден од најгорливите проблеми во тековното стопанисување на правните субјекти. Со цел релаксирање на состојбите на тој план, Комората побара задолжителна мултилатерална компензација со јавниот сектор, а доброволна во приватниот, но не се реализира. Но, актуелноста на проблемот налагаше перманентно да се изнаоѓаат решенија во функција на релаксирање на билансите кај стопанските субјекти. Во тој контекст беа обезбедени кредитните линии преку МБПР за трите производи- инвестициони кредити, кредити за трајни обртни средства и кредити за приоритетни проекти во рамките на Кредитна линија од ЕИБ во износ од 100.000.000 ЕУР, потоа пролонгирањето на рокот за наплата на ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот, за претходниот месец, како и сега бараме пребивање на увозните давачки со побарувањата на поврат на ДДВ кај даночните обврзници.

8. Зошто како опција за доаѓање на средства сеуште недодволно се користи берзата и, конечно зошто е слаб интересот за аплицирање за добивање пари од европските претпристапни фондови.?? Берзанскиот промет подолг временски период бележи пад. И покрај индикациите за умерено закрепнување на економијата, инвеститорите и натаму сеуште се резервирани при донесувањето на одлуки за вложување, односно за инвестиции во финансиски инструменти во овој пазарен сегмент. Што се однесува до интересот за аплицирање за добивање пари од европските претпристапни фондови тој не е слаб, напротив тој е силно изразен во услови на недостапни и скапи финансиски извори на средства. Позитивни движења имаме само кај користењето на средствата по ИПАРД програмата, додека кај сите останати фондови CIP, FP7 и други,состојбите се сеуште на почеток. Покрај тоа што во рамките на Комората беа одржани низа семинари за запознавање на членките со можностите за користење на средства по одделни, за нас расположиви претпристапни ЕУ фондови, со начинот за аплицирање, фирмите се уште не се охрабрени да аплицираат на отворените повици, појдувајќи од оценката дека тој пат е тежок и долг. Така на пример, според извештајот за поднесени апликации по Програмата за

Page 5: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 17 февруари 2011

конкурентност и иновативност CIP, на отворените повици во 2010 година , Италија поднела 158 апликации, Шпанија (150), па следи Франција (85), Велика Британија (64), Турција (52) и Германија (44). Босна и Херцеговина и Литванија учествуваат за првпат со 3 односно 4 апликации. Предлози немаат поднесено Лихтенштајн, Македонија, Црна Гора и Исланд. За да ги охрабриме нашите членки на тој план, во Комората минатата година формиравме Центар за имплементација на развојни цели, во кој искусни и стручни консулатнти, ќе даваат висококвалитетни и стандардизирани услуги за пристап до ЕУ фондови и до меѓународните програми за РМ и ЈИЕ на заинтересираните фирми. 9. Впечаток или констатација сеедно- колку што актуелнава Влада издвојува повеќе средства за субвенции, толку се понезадоволни тутунарите, лозарите, производителите на ориз .... Како го коментирате тој своевиден македонски парадокс и како гледате на иднината на земјоделството воопшто??? Субвенциите во земјоделството беа барани, пред се за иземање на нелојалната конкуренција по тој основ, како од земјите членки на ЦЕФТА, така и од ЕУ, кои многу години пред нас ги имаа да ја зголемат конкурентноста на своите производи, со кои настапувавме на отворениот пазар. Меѓутоа, со нив не се разреши проблемот со ниската продуктивност, која главно произлегува од расцепканоста на земјоделските парцели ( 0,3-0,5ха), како и проблемот со откупот кој произлегува пред се од сезоснкиот карактер на земјоделското производство. Окрупнувањето на земјоделските поседи е приоритет, затоа што нашиот земјоделски производител се среќава со далеку попродуктивни и поконкурентни производители на регионалниот пазар, како по принос по единица површина, така и по основ на висината на субвенциите во соседните држави. Со цел постигнување на повисок степен на конкурентност, како за целосен и навремен откуп на родот, императив е: -Со економските мерки - преку правото на субвенции, да се поттикне здружувањето на земјоделските стопанства во форми на производно здружување, посебно преку утврденото повисоко ниво на минималната граница за остварување на правото на субвенцијата, со цел зголемување односно окрупнување на земјоделските површини; -правото на системска поддршка да биде на исто ниво за сите земјоделски производители, односно без актуелното редуцирање на висината на поддршка во однос на бројот на пријавените засеани ха, и на обележаните односно предадените грла, имајќи предвид дека и најголемиот производител во земјата (по обем и принос на единица површина, односно грло), е понеконкурентен од производителите кај северниот сосед, со кои настапува на заедничкиот регионален пазар - ЦЕФТА и - почитувајќи го сезонскиот карактер на земјоделското производство (во рок од два месеца да се откупи вкупниот едногодишен род), неопходни се субвенции на каматите по кредити за откуп на примарните земјоделски производи, со оглед што земјоделскиот кредитен фонд нема капацитет да го реши проблемот со целосен и навремен откуп кај пченицата, грозјето и свежиот зеленчук за преработка.

10. Дали и колку сте заддоволни од соработката во извршната власт во смисла на прифаќање на предлозите и на сугестиите што ги давате како бизнис- асоцијација која што ги застапува интересите на стопанството?? Соработката и унапредувањето на јавно-приватниот дијалог меѓу Стопанската коморана Македонија и Владата на РМ од 2005 година перманентно се унапредуваше, а посебно во 2010 година, кога резултираше со поголем број позитивно разрешени од вкупно поднесените барања за подобрување на бизнис климата, што с епотврдува со: - изманата на Уредбата за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, со која цената за откуп се намали за 30%;

- Пролонгирањето на рокот за наплата на ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот, за претходниот месец; - со Законот за инспекциски надзор „опомената“ започна да се применува при инспекциските надзори, а во тек е постапка за корекција на висината на глобите согласно тежината на прекршокот ( завршена постапка преку измена на Законот за трговија, Законот за Работните односи, Законот за ДДВ и други...); - се намали цената на користење на податоци во Тарифникот на електронски пристап во Регистарот на годишни сметки при Централниот регистер на Република Македонија; - со Законот за измена и дополна на Законот за ДДВ („Сл.весник на РМ“ 102/2010), се овозможи електронската достава на периодичните извештаи од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење, од страна на банките до УЈП; - со измените и дополнувањата на Царинскиот закон (Сл. весник бр. 48/2010) е избришана точка 30 од член 4, со која се дефинираше изразот: “лице за кое постои поголем ризик”; - се реализира намалување на висината на износите

на предвидените трошоци за извршување кои ги наплаќаат извршителите, при реализација на извршните пресуди и други акти; - се олесни пристапот до земјиште во приватна сопственост преку бараниот Закон за градежно земјиште; - Комората побара донесување на закон за легализирање на градежните објекти изградени без одобрение за градење, доколку објектот е изграден на земјиште во сопственост на градителот и се вклопува во Генералниот урбанистички план, односно во отпосле донесениот Детален урбанистички план (предлог закон во процедура) итн. - се намали царината при увозот на шеќер од 30 на 5%, секако на одредено но позитивните ефекти од кондиторската индустрија од истата ќе ја аргументира потребата од трајно намалување итн.

11.Македонија, гледано генерално, е земја на ретроградни поделби буквално за „све и свја“ Какви се состојбите на коморскиот плурализам што го сочинуваат три субјекти?? Каква е вашата соработка. Која комора е поблиска до Власта? Има ли тука разлики и кој ги прави: дали власта према

коморите или коморите се прилагодуваат кон власта?? Не се само три, повеќе се од 20 регистрирани комори -покрај Сојузот на стопански комори и Комората на северозападна Македонија, тука се и комора на информатичарите, комора на туристичката и угостителската дејност, македонско -руска, македонско- турска комора ,,, и многу други, согласно Законот за стопански комори. Со тој закон од 2004 година,се обезбеди коморскиот плурализам во нашата земја, што за нас не е спорна, затоа што се отвори пазарна здрава конкуренција и за коморските организации. Со повеќето од нив одлично соработуваме, а и постојано и во секоја прилика ја потенцираме нашата отвореност за соработка со сите комори, затоа што интересот е заеднички согласно мисијата на комораското организирање - унапредување на стопанството. Едноставно, заедно сме посилни. Онаа комора која стручно, ефикасно и аргументирано ги брани интересите на членките, чии аргументи не можат да се побијат, успева да ја убеди Власта за позитивно решавање на одредено барање. Но тоа не значи дека таа Комора е помалку или повеќе блиска до Власта. Што се однесува до прилагодувањето, тука има само соработка чие ниво и ефикасност е одредена од силата на економијата. Замислете, да имаме 10 фирми како Макстил, 10 фирми како Алкалоид и Реплек, 10-на пивари како скопската и прилепската, уште 4 фирми како Фени , кога средните фирми би станале како актуелниве гоелми фирми, а тие дупло поголеми, кога малите би станале средни , но средни во европски рамки, кој на кого ќе предлага дијалог по одредени прашања односно средба- ние на Владата, или Владата нас. Впрочем тое е и нашата мисија да го унапредиме стопанството и да ја зајакнеме македонската економија.

ПРЕНЕСЕНО

Page 6: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 17 февруари 2011

Стопанската комора на Македонија организираше во Битола работен состанок на тема „Инвестиции и модерна инфраструктура – клучни предуслови за економски раст во Пелагонискиот регион“ (10.2.2011 година). Делегација на Стопанската комора на Македонија, бизнисмени и претставници на медиумите, предводени од претседателот Бранко Азески патувајќи со воз, на симоболичен начин ги најави мотивите за оваа средба и разговорите со стопанствениците и градоначалниците од Пелагонискиот регион. Токму на таа тема се дебатираше неколку часа, со основна поента дека инвестиците и модерната инфраструктура се клучен предуслов за економски раст на регионот, кој е најголем во државата, втор по висина на учеството на БДП, најголем производител на пченица и со најголем процент од 45 отсто од капацитетите за производство на електрична енергија. - Дојдовме со воз за да упатиме јасна порака дека мора по толку години да се вложи во железничката инфраструктура, да се модернизира, да се поврзи со граничниот железнички премин Кременица и да се овозможи проток на стоки до Солунското пристаниште. Затоа ќе поведеме иницијатива во наредните пет години да се модернизира пругата Велес-Битола, истакна Бранко Азески за време на средбата со стопанствениците од Пелагонискиот регион. Според анализата на Стопанската комора на Македонија,

главните обележја на Пелагонискиот регион, накратко се:

• со 19% од површината на РМ, Пелагонискиот регион е најголем регион од 8-те региони на РМ; • со 11,5% од вкупното население, тој е најретко населен регион (49,8 жители на м2), со

негативен природен прираст и е изразито имиграционо подрачје; • со 12% учество во структурата на БДП, тој е втор регион по висината на учеството во БДП на РМ (по Скопскиот регион); • со најголем процент - 45% од капацитетите за производство на електрична енергија во РМ; • најголем производител во РМ на: пченица 35% -40% (житница на РМ), млеко и млечни производи околу 50%, тутун 47-50%, јаболко 78-80%, втор производител кај други земјоделски култури (вишни, кајсии); • со 5-7% учество во вкупниот извоз, 3-4% во вкупниот увоз на Република Македонија, Пелагонискиот регион е петти од 8-те региони. • Резултатите во надворешно-трговската размена, пред сè, се резултат на стопанската структура во овој регион, иако, согласно расположивите потенцијали на овој регион, можностите се далеку поголеми.

Неискористените потенцијали за пораст на производството и извозот, главно се во делот на земјоделството и прехранбената индустрија, затоа што пелагонискиот регион располага со: - 25,2% од земјоделската површина на РМ;

- 23% од вкупно обработливата земјоделска површина на РМ;- 28% од пасиштата на РМ;- најголемата рамница во РМ - Пелагониската котлина;- поволна хидрографска мрежа, како и - потенцијали за развој на летниот, зимскиот, културниот туризам: Преспанското Езеро, Националниот парк Пелистер, Зимскиот туристички центар Крушево. Но, за соодветно искористување на наведените

р а с п о л о ж и в и п о т е н ц и ј а л и , императив е р е к о н с т р у к ц и ј а т а и модернизацијата нa jaвната и н ф р а с т р у к т у р а , затоа што бројни се проблемите со коишто се среќаваат производителите на Пелагонискиот регион да ги донесат своите производи, пред сè, до главните сообраќајници во земјата, а уште потежок е патот како тие добра да се пробијат до крајните потрошувачи, по цени кои ќе бидат за степен пониски од конкуренцијата. На средбата во Битола беше потврдено дека не е доволно искористен потенцијалот на Пелагонискиот регион, особено во делот на земјоделството и прехранбената индустрија и затоа потребни се инвестиции. - Ние тежнееме кон ЕУ и затоа треба да се инвестира во стабилна инфраструктура. Македонската Влада даде се што можеше да се направи на планот на поволностите за странски инвестиции, но тие не дојдоа. Проблемот треба да го бараме кај нас, да ја подобриме ситуацијата во судството, во инфраструктурата и да ја зајакнеме самодовербата, бидејќи неразбирливо е пруга долга 16 километри да не функционира 20 години. За жал, во регинот почесто и поактуелни се политичките наспроти економските теми, посочил Бранко Азески. Учесниците на работната средба посветена на економскиот раст во Пелагонискиот регион, денеска во Битола остварија средба со менаџерскиот тим на компанијата „Млин Стојчев“ во чиј состав од неодамна работи фабриката за производство на масло, една од најголемите инвестиции во овој град.

НА САМОТО МЕСТО

Стопанската комора на Македонија, градоначалниците од Пелагонискиот регион и бизнисмените во еден глас порачуваат

СО СЛЕПИ КОЛОСЕЦИ НЕМА РАЗВОЈ

ЗАФАТИ ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗНАЧАЈНИ ЗА БИЗНИСОТ За стопанствениците од Пелагонискиот регион од исклучително значење е реконструкцијата и модернизацијата на: - патната инфраструктура од Велес до Битола; - во железничкиот сообраќај пругата Велес - Битола - Кременица (односно кракот D од Коридорот Х, кој ги поврзува градовите Прилеп и Битола со градовите во соседна Грција, како Лерин, Воден и други, до Атина по магистралата Виа Егнација, а на север со западна и северна Европа). Сегашната состојба на пругата Велес - Битола се карактеризира со најниска комерцијална брзина, со тоа и времето на патување на патниците и товарот е најдолго, во однос на брзината во должина на пругата на цел Коридор X. Сето тоа се должи на застарената опременост на станиците и службените места по должина на пругата, како и неелектрифицираноста и недоволната применетост на новите технологии. Реконструкцијата на кракот D, и повторното пуштање на пругата Битола - Кременица, за бизнис-заедницата од Пелагонискиот регион, пред сè, би значело: 1. Намалување за 1/3 на изминатиот пат (околу 200 km) доколку се патува како сега преку Велес, за да се стигне до Солунското пристаниште, а тоа значи скратување на времето на патување и намалување на трошоците за превоз, што директно имплицира поконкурентни производи на пазарот. 2. Можност за пократок и поевтин превоз на компаниите од Пелагонискиот како и од Југозападниот регион за користење на Солунското пристаниште. 3. Стоките кои се произведуваат во погоре споменатите региони како што се: мермерот, тутунот, градинарските култури, јаболката, би добиле алтернатива со користењето на мултимодалниот транспорт (контејнери) до каде било, на поедноставен начин и поевтино.

Page 7: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 17 февруари 2011

Прес-конференција во Стопанската комора на Македонија за состојбите во индустријата на заштитни вратиКИНЕСКИТЕ ВРАТИ ЌЕ ГО ЗАТВОРАТ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО

Основен проблем со којшто се соочуваат

производителите на безбедносни врати во државата е нелојалната конкуренција од увоз на вакви производи, за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност. Имено, во РМ не постои овластена и акредитирана лабораторија и тела за оценка на сообразноста (за означување на ЦЕ-ознаки согласно Законот за безбедност на производите) со кои би се проверил квалитетот на увезените производи. Сознанијата во Групацијата на производители на заштитни врати се дека ваквата состојба доведува до увоз на заштитни врати со низок квалитет, – беше нагласено на редовната прес-конференеција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Анализа на состојбите во производствената индустрија на заштитни врати - донесување правна регулатива за заштитните врати“ (14.2.2011 година). Од вкупно реализираниот увоз на заштитни врати во 2010 година во земјава во износ од 2,1 мил. САД долари, половината, односно над 50% се увоз од Кина, 10% од Турција, а останатите се од Чешка, Италија и Германија. Производите увезувени од НР Кина се означуваат со ЦЕ-ознаки, но прашање е дали истите се означени од овластени лаборатории од Европската унија кои се објавени во службените весници на ЕУ. Македонскиот пазар е преплавен со заштитни врати од Кина кои, според домашните производители, се направени буквално од хартија. - Ако ја пресечете вратата од кинеско производство која лесно се оштетува и со потпетица од женски чевел, ќе видите дека е направена од две парчиња лим меѓу кои има хартиено саќе. Поради ова, Групацијата ќе поведе иницијатива пред надлежните државни институции, пред се` пред Министерството за транспорт и врски и Министерството за економија, да се овласти тело (во кое свое учество ќе земат и производителите), кое ќе врши контрола на квалитетот и ќе издава атести за квалитет, - истакна на прес-конференцијата претседателот на Групацијата Марјан Јовевски. Членот на УО на Групацијата, Ѓрорги Стојаноски, подвлече: - Донесување на правна регулатива со која ќе

се обезбеди зајакната контрола на квалитетот во нивното производство и увоз е приоритет во натамошните активности, а Македонија порано, во рамките на СФРЈ, произведувала заштитни врати и заштитна опрема со високи стандарди кои биле признаени во сите земји во кои се извезувани. Воедно, најавено е дека Групацијата ќе настојува да го подигне нивото на квалитетот на врати кои се нудат во државава, како не би дошло до катастрофални последици при евентуална појава на пожар, во некои од објектите, бидејќи сегашните законски прописи овозможуваат во објектите да се вградуваат и врати, кои не се апсолутно сигурни и претставуваат потенцијална опасност за нивните корисници. - Донесувањето на правната регулатива е од интерес и на производителите на опремата, а и на самата држава: производителите ќе се заштитат од нелојалната конкуренција, додека интересот на државата е намалување на последиците од пожари, - истакна Пандил Милошевски член на УО на Групацијата. Во реализација на овие инцијативи, една од позначајните активности на Групацијата ќе биде соработката со организацијата на потрошувачи преку која ќе се информираат потрошувачите за значењето за квалитетот на заштитните врати. На почетокот на годината во Стопанската комора на Македонија формирана е нова Групација на производители на заштитни врати во која членуваат околу 20 фирми - мали и средни производители на заштитни врати, како што се ПП-врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и друг типови на врати, каси и сефови. Формирањето на Групацијата произлезе од потребата заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање на мерки од заеднички интерес, давање мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации и други прашања од заднички интерес. Производството на сите видови заштитни врати на годишно ниво изнесува околку 120 тона, односно 500 заштитни врати, од кои најголемиот дел се пласираат на домашниот пазар и околу 500 армирани каси и сефови.

Војкан Николовски

Групацијата на авто-такси превозот на патници на Град Скопје со јасен ставИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ВО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ

Институционалниот пристап е единствен начин за надминување на отворените прашања и проблеми во такси дејноста, - ова беше истакнато од страна на претседателот на Групацијата на авто-такси превозот на патници на Град Скопје, Сашо Рајчановски, на прес-конференцијата, што на 14.2.2011 година се одржа во Стопанската комора на Македонија. Во изјавата за актуелните состојби во авто-такси превозот на патници во градот Скопје, Сашо Рајчановски своето обраќање го фокусираше на витални прашања од работењето на такси-компаниите. За цена на такси-услугата беше истакнато дека веќе подолг период е 50 денари старт со изминати 2 км, 20 денари/

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 8: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 17 февруари 2011

км и 300 денари /1 час чекање. Со оглед на поделеното мислење на превозниците во поглед на потребата од зголемување на цената на такси-услугата, Групацијата изготви и до Градот официјално достави компромисно

барање од 50 денари старт со изминати 1 км, 22 денари/км и чекање 300 ден за 1 час, со очекување Советот на Градот Скопје да ја утврди цената согласно понуденото решение. За такси станици ставот на Групацијата е дека мора да постојат такси станици со поголем капацитет на места каде што граѓаните имаат потреба. Исто така, не смеат да се укинуваат постојните такси станици за кои постои интерес и им се потребни и на граѓаните и на таксистите и кои не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Во таа насока, пред да се изврши одредена интервенција во Одлуката за регулирање на авто-такси превозот на патници во Градот Скопје, се очекува да се одржи заедничка средба на претставниците од двете страни. Заложба на такси-компаниите е од денот на почнување со издавање на лиценци на сите лица кои вршат такси превоз и сакаат да продолжат да ја вршат оваа дејност (без разлика каков им бил досегашниот статус, односно имале или немале лиценци), да им се овозможи во рок од 8 месеци да ја комплетираат документацијата за добивање лиценца, за да можат за кратко време сите потенцијални такси-превозници во Градот да бидат лиценцирани. Мислењето на авто-такси Групацијата е дека во авто-такси превозот на патници не се потребни апарати за фискализација, бидејќи постојните ги покажуваат сите неопходни податоци. Аргументите за тоа одат во насока дека за таксистот е недостижна границата 2.000.000 денари бруто-приход во годината за да може автоматски да стане ДДВ обврзник, а до колку сам се пријави за ДДВ обврзник, таксистот ќе има обврска да уплатува 5% за ДДВ од вкупниот приход, а ќе побарува 18% ДДВ по основ на купено гориво, резервни делови, одржување итн. Тоа значи дека фискализацијата не само што не е во интерес на таксистите, туку не е во интерес ниту на државата. Ефектот од фискализацијата може да биде само во полза на фирмите кои ги продаваат фискалните таксиметри (поради направениот промет) и ништо друго. Во контекст на ова, ставот на Групацијата е дециден дека не е против фискализација, а проблемот го гледа само во недостигот на средства за набавка на фискалниот апарат.

Во насока на изнаоѓање решение за заостанатите долгови правени се активности на повеќе полиња. Едно од можностите во таа насока беше содржана во антикризните мерки на Владата на Република Македонија, што не беше докрај искористено, за да може подоцна во договор со првите луѓе на Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи на такси-превозниците да им беше дадена можност секој должник да потпише договор за подмирување на заостанатите долгови на поголем број рати во зависност од висината на долгот. Таксисти кои отидоа да си ги расчистат долговите согласно законот добија и одредено бришење на некои стари долгови кои ги дозволува законот. Со жалење беше констатирано дека овие можности ги искористија само околу 20-тина таксисти од град Скопје, а како една од причините за тоа беше наведено неоснованото очекување на значаен број такси-превозници од Градот дека заостанатите долгови ќе им бидат отпишани од страна на државата, иако Групацијата во ниту еден момент нема дадено повод за воздржаност од подмирување на долговите со цел да се издејствува од државата бришење на истите надвор од законските рамки. На крајот од изјавата беше јасно нагласено дека Групацијата на авто-такси превозот на патници на Град Скопје, која функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија, го негува институционалниот пристап кон надминување на сите отворени прашања во врска со авто-такси превозот и од тие причини не гледа потреба од јавен протест за постигнување на определени цели бидејќи сите институции и’ се отворени за соработка.

Митко Митевски

Групацијата за лифтови је потенцира нелојалната конкуренција како најголем проблем во работењето на монтажерите и сервисеритеНЕСТРУЧНОСТА ЗАКАНА ЗА ГРАЃАНИТЕ, НА ПОТЕГ ИНСПЕКЦИИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ

Во изминатиот период еден од најголемите проблеми во работата на монтажерите и сервисерите на лифтови преставува нелојалната и нестручната конкуренција која се јавува со работењето на дивите монтажери на лифтови, – ова беше истакнато на состанокот на членките на Групацијата за

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 9: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 17 февруари 2011

лифтови со претставниците на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за техничка инспекција и акредитираните овластени тела за оценка на сообразноста, одржан во Стопанската комора на Македонија (10.02.2011 година). Овие субјекти на пазарот пласираат производи-лифтови со небезбедни карактеристики кои не ги исполнуваат условите за безбедност на производите, без целосна техничка документација, особено монтирање на лифтови без проекти и надзор, преку што директно се загрозуват корисниците на лифтови. Посебно беше потенцирано дека при пуштањето на објекти - згради се добива употребна дозвола на истите без потполна техничка документација, односно проект за лифтови изготвен од лиценцирани проектантски бироа. Исто така, на дивите монтажери во прилог оди и фактот дека во моментот не постои процедура и критериуми за пуштање на лифтови во работа. За надминување на ваквата состојба членовите на Групацијата побараа поголема активност на терен на овластените тела за оценка на сообразноста, Државната техничка инспекција, како и поголема активност на локалната самоуправа. Во интерес на елиминирање на нелојалната конкуренција од страна на дивите монтажери на состанокот посебно се истакната потребата за поголема соработка и меѓусебна информираност на монтажерите и сервисерите со надлежните институции и органи (Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за техничка инспекција, акредитираните овластени тела и ЗЕЛС) за идентификација и елиминирање на дивите монтажери. Посебно се нагласи потребата за поголема информираност на јавноста преку кампањи и прес-конференции за ваквите појави, со цел јавноста да биде објективно информирана за ваквите појави за да не се загрозат корисниците на лифтови.

Војкан Николовски

Групацијата на пазари реагира на дополнителните финасиски товариНА ТЕЗГИТЕ ПРОДАВАМЕ, НЕ ГЛЕДАМЕ ТЕЛЕВИЗИЈАПА ДА ПЛАЌАМЕ ТАКСА!

Групацијата на пазари на седницата одржаната на ден 9.2.2011 година, расправаше за состојбите и тековните проблеми во работењето на зелените пазари, за законската регулатива и нејзина имплементација односно спроведување на Акциониот план за намалување на сивата економија во 2011 година. Во обемната дискусија беа изнесени повеќе проблеми. Како најактуелен го посочија – доставата на сметки за наплата на радиодифузна такса на адреса на пазарџиите. Бидејќи и закупците на тезги согласно законските прописи се регистрирани како правни субјекти и за нив важи обврската за плаќање радиодифузна такса. На дел од нив пари им се веќе симнати од сметките или пак истите се блокирани. Претставниците на пазарите во име

на закупците бараат да бидат изземени од ваквата обврска, бидејќи за поголем дел од нив седиштето на регистрација на нивната фирма е тезгата каде продаваат. Посочуваат дека секој дополнителен финансиски товар ќе ги пишмани тезгаџиите и наместо законски да работат на пазарите може само да се поттикне и така големата сива економија. Во делот на нелегална трговија, претставниците на пазарите забележуваат дека е потребна поголема и координирана активност на инспекциските органи за да се елиминира трговијата на црно што се врши надвор од пазарите кои се нелојална конкуренција на закупците на тезги кои работат согласно законите. Како посебен проблем беше истакнато продажбата

на млеко и млечни производи ( односно сирење ). За да се задоволи НАССР стандардот организаторот на пазарот мора да обезбеди соодветни објекти со минимално технички услови. Организаторите на пазари реагираат дека овие објекти често остануваат празни заради незаинтересираност на продавачите на млеко и млечни производи кои пак имаат обврска да докажат дека ги исполнуваат условите за производство според НАССР стандардите. Од страна на Предраг Милосављевиќ од „Скопски пазар“ беа презентирани законските прописи кои се однесуваат за работењето на организаторите на зелени пазари како и законските прописи кои треба да се реализираат во текот на годинава согласно акциониот план за сузбивање на сивата економија во 2011 година. На седницата на Групацијата на пазари за нов претседател беше избран Благој Дивитаров од ЈП „Пазари Битола“, а за потпретседатели беа избрани Љупче Лазевски – ЈП „Дервен“- Велес и Димче Колев - ЈП „Исар“ - Штип. Присутните на состанокот искажаа задоволство и благодарност до Драган Василески, досегашниот претседател на Групацијата за пазари, која доста активно работеше и постигна позитивни ефекти, посебно во делот на фискализација на зелени пазари и други законски прописи кои се однесуваат на нивното работење.

Даниела Михајловска Василевска

МОЖНОСТИ

Page 10: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 17 февруари 2011

МОЖНОСТИ Рeгионална комора со седиште во ВелесСО ЕВРОПСКИ ПАРИ ДО РАЗВОЈ НАОПШТИНСКОТО СТОПАНСТВО На седницата на Регионалната комора со седиште во Велес беше извршена промоција на Центарот за имплементација на развојните идеи- ЦИРИ при Стопанската комора на Македонија и беа презентирани eвропските фондови достапни за македонските компании во 2011 година (11.2.2011 година). Пред компании од Велес, Неготино и Кавадарци, Ристо Иванов истакна дека од европските фондови на Македонија годишно и` се достапни 80 милиони евра, но досега мал е бројот на компании кои користеле од овие пари. За жал, меѓу нив нема ниту една велешка фирма. По завршување на презентаците, велешките стопанственици се изјаснија дека имале идеи, но не знаеле како да обезбедат пари по тие основи, бидејќи не биле доволно информирани и не знаеле каде требало да конкурираат и од каде да црпат финансиски средства. -Колку и да имавме идеи и проекти не знаевме кои се можностите кои ни се нудат на полето на развој на стопанството, - рече Орце Давчев од металската индустрија “Брако”. Румен Смилевски, сопственик на “Малина” спомена дека досега не аплицирале за средства од европските фондови: - Сега со помошта на ЦИРИ при Стопанската комора на Македонија ќе можеме да ја подготвиме документацијата и да аплицираме за средства. Мислам дека овие пари ќе ни бидат добредојдени за побрз развој и, се разбира, за вработување на нови работници, - вели Смилевски. Стопанската комора Македонија најави дека во иднина преку Регионалната комора со седиште во Велес ќе има почеста комуникација со стопанствениците. А тоа е во правец на развојот на нивниот бизнис и вработување на големиот број невработени лица. Само со користењето на европските пари и развојот на компаниите Велес ќе може не само да го заживее и онака замреното стопанство, туку да го намали и бројот на над 16-те илјади невработени, повеќе од 2000 стечајци и над 2500-те социјални семејства. Лазе Ангелевски направи презентација на меѓународни трговски документи. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Трајче Трајков, ги информираше присутните за проблемите на компаниите во врска со потрошувачката на електричната енергија по сегашниот модел за евтина тарифа. Со цел да им се помогне на стопанствениците за поевтина варијанта на потрошена електрична енергија, и поевтино искористување на вишокот на електрична енергија, Регионалната комора со седиште во Велес донесе заклучок да се даде поддршка на органите и телата при Стопанската комора на Македонија за да се побара анализа од ЕВН за потрошената електрична енергија, кои се придобивките од овој тарифен модел и врз основа на таа анализа да се предложи измена на досегашната временска тарифа на електричната енергија. Имено, побарано е зголемување на временското траење на евтина тарифа (а тоа значи ако сега почнува од сабота во 22 часот, евтината тарифа да почнува од петок во 22 часот и да трае до 7 часот во понеделник). Поддржано беше и предлог-барањето на Стопанската комора на Македонија за компензирање на ДДВ при увоз, со ДДВ кое државата треба да го поврати назад на стопанските субјекти. Инаку, пред стопанствениците се обрати и Горан Петров, градоначалник на Велес. Тој посебно ја истакна извонредната соработка меѓу општина Велес и Стопанската

комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Велес. Тој ги информираше компаниите од регионот за заедничкиот настап на општината и бизнис-заедницата во Вировитица на „ВИРОЕХПО 2011„, Република Хрватска, каде што Регионалната комора Велес потпиша Договор за соработка со Вировитичката регионална комора, а стопанствениците остварија многубројни контакти. Градоначалникот истакна дека ваквите заеднички настапи треба да продолжат и ги повика присутните компании на заеднички настапи на најавените посети на општината на стопанството во Сомбор, Република Србија и во Измир и Истанбул во Република Турција.

Венера Андриевска

Презентација на Саемот од Цеље во Стопанската комора на МакедонијаВРАТА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИТЕПРОИЗВОДИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР Програмата на манифестациите за 2011 година на Саемот во Целје од Република Словенија, на 10 фебруари 2011 година, во Стопанската комора на Македонија, беше презентиран од страна на нејзиниот менаџерскиот тим пред заинтересираните македонски компании. Со 40 годишна традиција, а на површина од 65.000 квадратни метри, годишно овој престижна саемска компанија

организира меѓу 12 и 15 меѓународни м а н и ф е с т а ц и и . Посетеноста од над половина милион луѓе, што според Бреда Обрез Прескар, извршен директор на саемот во Целје, е доволен податок за рејтингот кој го има

Саемот, имајќи впредвид дека истиот има најмодерна саемска инфраструктура во Словенија. Една од карактеристиките на Саемот во Целје е исклучително богатата изложбена програма за секоја саемска манифестација, наменета за различни тематски групи, што е привлечно за компаниите од металургијата, електротехниката, преработка на дрво, прехрамбена индустрија, домаќинството, градежништвото, телекомуникациите, банките, осигурителните компании, туристичките агенции. Најважен настан што се организира на Саемот во Целје е Меѓународниот трговски саем (MOS), кој е несомнено најголемиот саем и бизнис-настан во Словенија, кој секоја година е домаќин на над 1.500 излагачи од повеќе од 30 земји. Истиот оваа година ќе се одржува во периодот од 7 до 14 септември, на површина од 25-30.000 м2. Саемот MOS нуди исклучителна можност за претставување на производителите од дрвната и метало-преработувачката индустрија, уредување на домот, градежништво, прехрамбена индустрија, текстил, заштитна облека и обувки, туризам, опрема и услуги за извори на обновлива енергија, автомобилска индустрија. Во соработка со Саемот во Целје, Стопанската комора на Македонија заедно со „Групацијата М“ од Скопје, ќе го иницира првото претставување на македонските компании на Меѓународниот трговски саем (MOS) во Целје, со цел поголемо промовирање и застапеност на македонското стопанство не само на словенечкиот, туку и на пазарите во земјите на Европската унија.

Биљана Пеева-Ѓуриќ

Page 11: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 17 февруари 2011

ЗАФАТИ

Потпишана билатерална спогодба за нов царински премин и заедничко царинење меѓу Република Македонија и Република КосовоПОТПИСИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

Отворањето нов царински премин меѓу Косово и Македонија и олеснувањето на царинската процедура се очекува да придонесе кон унапредување на економската соработка меѓу двете земји, оценија денeска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и косовскиот министер за финансии Ахмет Шаља по потпишувањето на билатералната Царинска спогодба. Спогодбата ја потпишаа директорите на царинските управи на двете земји Ванчо Каргов и Наим Хургулица. - Македонија и Косово не се само одлични соседи, туку имаат и одлична соработка и на политички и на економски план. Косово е седми трговски партнер на Македонија. Вкупата размена во 2010 година меѓу двете земји е 450 милиони САД долари, од кои 430 милиони се извоз од Македонија. Размената во 2010 година е зголемена за 30 отсто во однос на 2009, но тоа не значи дека не може да биде уште подобра, а нашата цел е таа двојно да се зголеми, изјави министерот Ставрески и додаде дека за тоа да се случи треба државата да креира услови, а бизнисмените почесто да се среќаваат.

Токму во таа насока, како што нагласи, е и денеска потпишаната Царинска спогодба која ќе овозможи европски начин на царинење, односно царинењето ќе биде заедничко на еден пункт.

Ставрески најави дека во првиот квартал од годинава се очекува да се потпише и договор за избегнување двојното оданочување, што е барање на бизнисмените и за што се почнати преговори. Покрај ова, за подобрување на условите за бизнисмените, е и отворањето нов граничен премин Дебалде-Станчиќ, за што иницијативата е почната преку Министерството за надворешни работи. Ставрески истакна дека ваквите можности треба да бидат сигнал за бизнисмените, како и за остварување на целта двојно да се зголеми трговската размена. Според косовскиот министер Шаља, овој договор и она што ќе следува ќе придонесе да се надминат бариерите што постојат за бизнисмените било во Македонија или Косово, како и за заштита од шверц, организиран криминал и слично. Македонија, како што посочи, е пример за спроведување на фискализацијата и Косово е заинтересирано за размена на искуства. Тој му ја пренесе иницијативата на министерот Ставрески за поинтензивни меѓусебни средби на секои три месеци, а посебно беше нагласена потребата од размена на искуствата околу фискализацијата, емисија на домашни обврзници и друго. За добрата соработка на бизнис-секторот од двете земји, како што потенцира и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, се средбите што се одржуваат на ниво на Стопанските комори на Македонија и на Косово. Во своето обраќање до присутните, тој истакна дека, меѓу двете земји има голема размена на стоки и истата треба да се избалансира, а тоа се очекува и со потпишувањето на спогодбите за избегнување на двојното оданочување, заштита на инвестициите... Исто така, Антони Пешев ја потенцира потребата од решавањето на режимот на сообраќајот за брзо стигнување и транзитирање на македонските превозници низ Косово и стигнување до пазарите на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во насока на искористување, но и задржување на сопствениот потенцијал на едуциран кадар, неопходно е да се овозможи и слободна меѓусебна флуктуација и размена на истиот. За подобрување на енергетскиот биланс, што како прашање го постави Антони Пешев, беше изнесено дека од косовска страна се прават напори за изградба на нова термоцентрала, потоа нова хидроцентрала, како и помали хидроцентрали, кои покрај косовскиот пазар, треба да го напојуваат и пазарот на соседните земји.

ДОСИЕ

Трговска размена меѓу Република Македонија и Република КосовоОД ИМПУЛСИВНА КОН ДОЛГОРОЧНА СТАБИЛНА СОРАБОТКА

Во текот на изминатите неколку години економијата на Косово покажа значителен напредок од транзиција кон пазарен систем преку одржување на макроекономската стабилност. Но, сепак, неговата економија е високо зависна од техничката и финансиската помош на меѓународната заедница и од дијаспората. Дознаките од дијаспората – лоцирани главно во Германија и Швајцарија - се проценуваат на околу 15% од БДП. Косовските граѓани се најсиромашни во Европа со просечен годишен доход по глава на жител од само 2.500 САД $. Невработеноста е околу 40% од населението, и е главна причина која ја засилува надворешната миграција и „сивата“ економија. Поголемиот дел од населението живее во рурални средини надвор од главниот град.

Со меѓународна помош, Косово успеа да приватизира 50% од претпријатијата во државна сопственост. Минералите и металите - вклучувајќи и лигнит, олово, цинк, никел, хром, алуминиум, магнезиум и широк спектар на

Page 12: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 17 февруари 2011

ДОСИЕ

градежни материјали - порано беа основната компонента на индустријата, но производството опадна поради застарената опрема и недоволните инвестиции. Ограниченото и несигурно снабдување со електрична енергија поради технички и финансиски проблеми е голема пречка за економскиот развој. Официјалната валута на Косово е еврото, но српскиот динар исто така се користи во српските енклави. Косово е една од најотворените економии во регионот, и продолжува да работи со меѓународната заедница на мерки за подобрување на бизнис-климата и привлекување на странски инвестиции.

Слободна трговија врз основа на ЦЕФТА договорот

Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Косово, се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија или ЦЕФТА 2006, потпишан меѓу Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и УНМИК/КОСОВО, а чија имплементација започна на 21.11.2007 година. Согласно ЦЕФТА 2006, трговската размена меѓу Македонија и Косово е целосно либерализирана. Пред тоа, билатералната стопанска соработка со Унмник/Косово се одвиваше согласно со Привремениот договор за слободна трговија со Времената административна мисија на ОН во Косово - УНМНИК (1 август 2005 год. од страна на Косово, а 1 јануари 2006 од страна на Република Македонија). Освен со Република Македонија, Косово има билатерални спогодби за слободна трговија со Албанија, БиХ и Хрватска.

Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово во 2010 година

Во 000 САД $

ВКУПНОСТРУКТУРА

УЧЕСТВО ВО РМ

ИЗВОЗСТРУКТУРА

УЧЕСТВО ВО РМ

УВОЗСТРУКТУРА

УЧЕСТВО ВО РМ

БИЛАНС

459 823 4,2 437 772 11,7 22 051 0,2 + 415 721 Вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во 2010 година достигна вредност од 460 милиони САД $ и учествува со 4,2% во вкупната трговска размена на земјата. При тоа, остварен е извоз во вредност од 437,8 милиони САД $ со 11,7% учество во вкупниот извоз на РМ. Увозното салдо изнесува 22 милиона САД $ со годишен раст од 128.3%. Со Косово се остварува константен трговски суфицит во трговката размена кој во 2010 година изнесува 415,7 милиони САД $. Во цела 2010 година, Косово е седми партнер на Македонија во вкупната размена со светот.

Компаративна анализа за обемот на трговската размена на Република Македонија со Косово за периодот 01-12.2010 – 01-10.2009 година

Во 000 САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

324 200 459 823 141,8 314 542 437 772 139,2 9 658 22 051 228,3

Најголемо учество во извозот на Република Македoнија во Косово имаат стоките: • прехранбени производи, зеленчук и овошје. Во секторот прехрана најголемо учество имаат производите (вода, минерална и газирана; пекарски производи; • градежни материјали; • топло и ладно валани и други производи од железо и челик; • цигари што содржат тутун. Државниот завод за статистика на Македонија го нема евидентирано извозот на нафта и нафтени деривати и вода кои учествуваат во голем обем во македонскиот извоз. Во увозот во Република Македонија од Косово најголемо учество имаат стоките: • прехранбени производи, зеленчук и овошје; • градежни материјали.

Билатерална соработка по сектори

Стопанската комора на Македонија ја анализираше соработката меѓу двете земји по сектори. Еве што покажуваат секторските согледувања. Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Косово услови перманентен пораст во размената на земјоделско-прехранбените производи и покрај глобалната економска криза, посебно во извозот во кој најзастапени се овошјето, зеленчукот, пивото, алкохолните и безалкохолните пијалаци, преработки од млеко, кондиторски производи, сончогледово масло, цигарите и тутунот (Тутунски комбинат - Прилеп). Секако дека територијалната блискост дава услови

Page 13: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 17 февруари 2011

за повисоки форми на соработка во овој сектор и потребно е продлабочување на натамошната соработка. Македонските фирмите од градежната и неметалната индустрија имаат долгогодишна соработка со фирмите од Косово, пред се’ заради близината и компатабилноста на пазарите, но и заради самиот производ кој не трпи голем транспорт заради високите трошоци. Кај одделни производи скоро 60% од производството се пласира на косовскиот пазар, но мора да се истакне дека македонски фирми веќе имаат отворено свои фабрики на Косово, како што е фирмата „Ренова„ за производството на суви малтери. Извозот на градежни и неметални материјали во 2009 година, се движи околу 6 милиони САД долари и во вкупниот извоз на нашата земја учествува со околу 5%, додека за 11 месеци од 2010 година, извозот изнесува околу 4,5 милиони САД долари. Најзастапени производите во извозот се: огноотпорните материјали, керамичките ѕидарски тули, керамички плочки, производи од гипс и од цемент. Од Косово увозот на градежни и неметални материјали е минимален. Македонските градежни компании имаат изведувано градежни работи на Косово во вредност од околу 600 илјади САД долари во 2008 година, потоа 546 илјади САД долари во 2009 година, а во 2010 година изведени се само 20.000 САД долари, со драстично намалување споредено 2009 година со 2010 година на само 4%. Намалување на инвестициите на овој пазар, има и влијание и кај ангажирањето на македонската градежна оператива. Во металниот комплекс, Република Македонија со производите како лимови, цевки и профили, може да биде релевантна за косовскиот пазар. Во изминатиот период значаен извоз (од сознанија на фирми) се остваруваше на мрежи за армирање, завртки и навртки, опрема за пакување, статички носачи за фер-греди, алуминиумски прозорци и врати и други производи врзани за градежништвото. На овој пазар присутни се фирми како што се ТЦ „Металика„ од Кичево, „Дин бест“ од Скопје, „Фаморд технологија„ од Скопје, „Леов компани„ и „Динамо хит„ од Велес, „Тргометал„ од Скопје, „Фриготехника„ од с. Боговиње и други. Можности за соработка постојат во извоз на електроенергетска опрема (трансформатори, разни видови на кабли, опрема за електрозаштита, и др.), производство на нестандардна процесна опрема и ремонти на термоелектрани, разладна опрема, бојлери, армирано железо и други производи. Производство на мебел - Македонските производители на мебел имаат значително присуство на косовскиот пазар. Близината и значително намалените транспортни трошоци условија одредени фирми („Фатина“, „Истра“, „Технокооп“, „Дизајн фантазија“ и др.) уште од самиот почеток да извезуваат на косовскиот пазар или пак да отворат свои претставништва. Секако, можностите за соработка не се докрај искористени, а од страна на домашните постои интерес за заеднички настап на саеми и тендери. Хемиските производи се присутни во Косово. „Алкалоид„, „Реплекфарм„ во делот на фармацевстката индустрија („Алкалоид„ преку претставништво во Косово), „Андросфарм„ - Охрид во делот на средствата за домаќинства (инвестиција на „Охис„ - фабрика за детергенти), како и производи од пластични маси - полиетиленски вреќи, кеси и др. Сознанијата од фирмите се дека има простор и за поголем извоз на производи од хемиската индустрија, средства за хигиена и фармацевтски производи, како и

преработки од пластични маси. Во делот на енергетиката, Косово за Република Македонија претставува значаен фактор за целокупниот енергетски систем на земјата. Производите на ОКТА претставуваат, според слободни проценки, голем дел од македонскиот извоз. Во електроенергетиката, сегашниот електроенергетски систем е поврзан со далновод од 400 кв со Косовските термоцентрали, оттука и работата на истите е од големо значење за стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Косово претставува квалитетен извор на енергија со кој може да се воспостават и деловни односи на производствен план. Исто така, во недостаток на директна врска со Република Албанија размената на електрична енергија меѓу Република Албанија и Република Македонија се одвива преку постојната далноводна врска со Косово. Потенцијалите во опрема за одржување на енергетски постројки и техничката подготвеност на инженерски кадар со кои располага Република Македонија во голема мера можат да бидат искористени во процесот на ревитализација на електроенергетскиот систем на Косово. Во производството на основни метали, Република Македонија со производите како лимови, цевки и профили, може да биде релевантна за косовскиот пазар. Во изминатиот период (од сознанија на фирми) се остваруваше значаен извоз на цевки, бетонско железо, алуминиумски профили, лимови-поцинкувани, пластифицирани.

Согледувања, можности, услови

* Увозната зависност на Косово овозможува максимално пазарно позиционирање на македонските стоки. До сега, кон овој пазар немало стратешки пристап. Кон ова придонесува немањето транспарентни податоци на ниво на нашата држава, така што билатералната трговска размена во услови на немање јавен пристап кон податоците остава впечаток на импулсивна размена. Но, исто така нема јавност и во однос на други податоци како што се оние кои се однесуваат на инвестиционите активности во двете насоки. Доколку би постоело заедничко мешовито тело кое би ја следело билатералната размена, би можело да се изгради и стратешки пристап кон овој пазар. Со цел осознавање, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово треба да организираат бизнис-форуми со цел билатерално корпоративно запознавање. * ЦЕФТА 2006 создава услови за унапредување на регионалната трговска размена преку мултилатерална соработка, што до сега, не се користи оптимално. * Со Косово треба да се воспостави систем на одбегнување на двојното оданочување. * Комората гледа унапредување на стопанската соработка преку заедничко учество во проекти финансирани од меѓународните институции и програми, особено во областа на енергетиката и транспортот. Во тој контекст со поголемо внимание треба да се следат јавните повици за јавните набавки и други тендери. Меморандумот за соработка, меѓу Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора и Унија на Албанските комори (Валона, 9 јуни 2009) е во функција на иницирање на заеднички проекти кои би биле финансирани од нам достапните меѓународни фондови. * Со цел унапредување на стопанската соработка и трговската размена, потребно е да се подобри инфраструктурата на граничните премини, вклучувајќи

ДОСИЕ

Page 14: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 17 февруари 2011

и оспособување на преминот Јажинце. Во 2007 година, македонските комори се обратија до Владата на Република Македонија со такво барање. Со завршување на автопатот со кој се поврзува Албанија со Косово преку Кукс (Албанија), може да влијае на зголемување на транзитот преку граничниот македонско- косовски премин. * Разгледување на можноста да се спроведува заедничката царинска контрола треба да е приоритет на двете земји. Потребно е во најскоро време да се организира трилатерална средба на македонскиот и косовскиот национален прокомитет за олеснување на трговијата и транспортот, со можност учество и на соодветните служби на Црна Гора.

ДОСИЕ

БРОЈКИ И ФАКТИ

Република Косово

1. Локација: Југоисточна Европа меѓу Србија и Македонија

2. Површина:• Вкупно: 10.887 км2- Земјена површина: 10.887 км2- Водена површина: 0 км2

3. Граници:• Вкупно: 702 км• Земји со кои граничи: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија

4. Главен град: Приштина

5. Население: 2.126.708 (2007 проц.)

6. Религија: Муслимани, правславни , католици

7. Бруто домашен производ (БДП)a. БДП: 5,3 милијарди САД $ (2008, проценка)b. Стапка на пораст на БДП: 5.1% (2007)c. БДП по глава на жител: 2.300 САД $ (2007)d. БДП по сектори:- земјоделство: 20%- индустрија: 20%- услуги: 60% (2007)

9. Работна сила: 550.000

10. Стапка на инфлација: 5,3% (2007)

11. Стапка на невработеност: 16,6% (2009)

12. Индустрии: Рударство, базни метали, градежни материјали, кожа и др.

13. Извоз: 198,5 милиони евра (2008)

• Извозни партнери: ЕУ - 93,9 мил. евра (47,4%); Македонија - 20,1 мил. евра (10,1%); Албанија - 21,1

мил. евра (10,6%); Србија - 9,9 мил. евра (5%); ; Швајцарија 7,4 мил. евра (3,7%)

• Извозни производи: руди, метални преработки, сурова кожа и производи од кожа, машини итн.

14. Увоз: 1,928 милиони евра (2008)• Увозни партнери: ЕУ - 701,9 мил. евра (36,4%), Македонија - 346,5 мил. евра (18%); Србија - 208,9 мил. евра (10,8%); Турција -128,2 мил. евра (6,7%); Кина - 121,1 мил. евра (6,3%).

• Увозни производи: прехранбени производи, нафтени деривати, машини и опрема, хемиски производи, дрво и преработки од дрво

Во 2008 година Косово оствари најголем извоз со ЕУ (47%), Албанија (10,7%), Македонија (10,1%) и Србија (5,0%). За истиот период најголем увоз во Косово е направен од ЕУ (36,4%), Македонија (18,1%), Србија (10,8%) и Турција (6,7%).

(Извор: ЦИА)

Цените на Косово со галопирачки растат СКОК ОД 14 ОТСТО САМО ВО ДЕКЕМВРИ

Од месец декември забележан е галопирачки раст на цените на прехранбените производи на Косово, - јави досписникот на МИА. И покрај тоа што Институтот за статистика не излегол со официјални показатели, според трговците елементарните прехранбени производи од декември наваму поскапеле за 14 отсто. Граѓаните тврдат дека ова е најголемо поскапување што некогаш го доживеале и додаваат дека е неправедно цените да се зголемуваат кога платите остануваат исти. Економските експерти предупредуваат дека оваа појава ќе ја продлабочи сиромаштијата.

Page 15: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 17 февруари 2011

БАНКАРСТВО

НЛБ Тутунска банка АД Скопје со раст од 14 отсто на билансната актива и во сите други резултати од работењетоНАЈУСПЕШНА ВО РАМКИ НА ГРУПАЦИЈАТА НЛБ

НЛБ Тутунска банка АД Скопје, според објавените резултати за 2010 година, е најуспешна банка во рамки на словенечката НЛБ Групација, која освен во Словенија преку свои банки е присутна и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија. НЛБ Тутунска банка во 2010 година остварила билансна актива од 1,017 милилијарди евра што претставува годишен пораст од 14 отсто. Банката го зголеми пазарниот удел во сите сегменти на работењето, а бројот на клиенти е зголемен за 46 илјади. – соопштуваат од Банката.

Ѓорѓи Јанчевски

Порастот на Банката се должи на зголеменото штедење на граѓаните за 27 отсто, што при очекувана поинтензивна економска активност во земјата, на Банката и овозможува зајакната пазарна позиција за зголемување на кредитните активности во 2011 година. Во текот на 2010 година, вкупните кредити беа зголемени за 10 отсто, од кои кај граѓаните за 13 отсто, а кај компаниите за 8 отсто. На крајот на годината вкупните кредити изнесуваат 533 милиони евра. За натамошно зголемување на кредитирањето на компаниите, Банката минатата година обезбедила и 25 милиони евра средства од ИФЦ, а во преговори е и за дополнителни кредитни линии за 2011 година. НЛБ Тутунска банка има пласирано и поголем дел од средствата, 20 милиони евра кои преку Европската инвестициска банка беа обезбедени како помош на државата кон стопанството. Во 2010 година, Банката остварила добивка пред резервации од 18,9 милиони евра што е за 7 отсто повеќе од лани, од која во посебниот фонд на резерви за потенцијални ризици во текот на годината беа издвоени 11,2 милиони евра. Со тоа вкупниот фонд на резервации на Банката достигнал 73,8 милиони евра. Нето добивката за 2010 година е повисока од ланската и изнесува 7,4 милиони евра. Добивката по една акција изнесува 8,7 евра. Гарантниот капитал на Банката е зголемен и изнесува 91 милион евра, а адекватноста на капиталот е над 13 осто.

Активности и резултати на Societe Generale Групацијата во 2010 годинаНЕТО-ПРОФИТОТ 3,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Финансиска година 2010: Нето профитот од 3.9 милијарди евра го потврдува порастот на Societe Generale Групацијата:

* Зголемени приходи кај клучните бизниси: ЕУР 26.4 милијарди (3.9% пораст споредено со 2009)* Подобрен коефициент на трошоци (Cost/in-come ra�o): 63.4% (65.5% во 2009)* Намален трошок на ризик: 83 базични поени (намалување за 23 базични поени споредено со 2009)* Tier 1 Ra�o (Basel II): 10.6% (Core Tier 1 изнесува8.5%)

* Заработка по акција: ЕУР 4.96 (споредено со ЕУР 0.45 во 2009)* Предложена дивиденда: ЕУР 1.75 по акција (споредено со ЕУР 0.25 по акција во 2009)

На седницата одржана на 15 февруари 2011, Бордот на Директори на Société Générale ги усвои финансиските извештаи на Групацијата за финансиската 2010 година. Како сто соопштуваат од Охридска банка, членка на Групацијата, нето профитот на Société Générale Group изнесува 3.92 милијарди евра за целата година (од кои 0.87 милијарди ЕУР во четвртиот квартал од 2010 година). Бордот на Директори му предложи на собранието на акционери дивиденда од 1.75 евра по акција за 2010 со можност за запишување на опција за дивиденда. Во текот на 2010 година се забележа понатамошно опоравување на глобалната економија

Page 16: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 17 февруари 2011

на сметка на агресивните фискални и монетарни политики, со забележливи разлики помеѓу земјите. Пазарите реагираа на буџетските ситуации во развиените земји, а владите се посветија на мерките за намалување на нивните долгови и на подобра координација на нивните економски политики за да избегнат опасност за раст. На регулаторниот фронт, работата на Комитетот во Базел имаше за цел зајакнување на безбедноста на глобалниот банкарски систем, што доведе до бројни одлуки во текот на 2010 кои се однесуваат на новите капитални барањата и управувањето со ликвидноста. Промени во прудентните правила ќе доведат до радикални промени во начинот на кој работат банкарските пазари, особено во Европа. Во вакво опкружување Société Générale продолжи да ги проширува своите бизниси во 2010 година и успешно ја заврши првата фаза од проектот за трансформација на Групацијата. Во рамки на програмата “Амбиција СЖ 2015”, Групацијата:

• Ги зајакна клучните бизниси посветуваќи се решително во корист на клиентски-фокусираниот модел;• Активно учествуваше во финансирање на економијата, надминувајќи ги ветувањата поставени кон француските надлежни институции во врска со финансирањето на мали и средни претпријатија;• Иницираше значајни инвестиции за да го трансформира својот оперативен модел, насочен кон постигнување долгорочна ефикасност и подобрување на конкурентноста на среден рок;• Го оптимизираше своето бизнис портфолио со продажба на ЕЦС подружницата специјализирана за ИТ лизинг и ја зајакна ретаил банкарската

активност во Франција преку купување на Сосиете Марсељез де Кредит (Societe Marseillaise de Cred-it);• Продолжи да го подобрува профилот на ризик кај своите пазарни активности преку промоција на клиентски-фокусираните активности и ги намали средствата во правни постапки.

Коментирајќи ги резултатите на Групацијата за 2010, Фредерик Удеа – Главен извршен директор – нагласува: -Резултатите на Société Générale за 2010, постигнати во се уште многу несигурно и променливо опкружување, го илустрираат квалитетот на клиентските франшизи и издржливоста на универзалниот банкарски модел. Во 2010 година ние отпочнавме трансформација на Групацијата со далекусежни цели, лансиравме бројни иницијативи во смисла на задоволство на клиентите, управување со човечките ресурси, во делот на информативните системи и индустријализација на процесите. Ние сме решителни да продолжиме со оваа трансформација во 2011, година која ќе означи нова позитивна фаза на проектот “Амбиција СЖ 2015” и која ќе ја потврди способноста на Групацијата да оствари нето профит од околу 6 милијарди евра во 2012 година. Во комбинација со строга финансиска дисциплина, оваа трансформација ќе и овозможи на Сосиете Женерал да се соочи со предизвиците кои произлегуваат од тековните регулаторни промени.

МОЖНОСТИ

Амбасадори на Комората: маестро Борис Трајанов месецов прославува значаен јубилејСВЕТСКИОТ БАРИТОН ДВАЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ НА ОПЕРСКАТА СЦЕНА

По повод 25-годишната светска кариера на македонскиот баритон Борис Трајанов, на 16 февруари во Македонската опера и балет одржи концерт на кој беа изведени два чина од оперите „Набуко“ и „Риголето“. Покрај маестро Трајанов, како специјални гости настапија сопранот Ана Дурловски и младиот бас Александар Стефаноски. Диригент на концертот беше Франческо Роза од Италија. Oстанати солисти на концертот беа Павлина Новакова Георгиев, Ирена Кавкалевска, Марјан Николовски, Бранислав Поп Георгиевски, Дејан Стоев и хорот и оркесатрот на МОБ. Маестро Борис Трајанов на 16 февруари пред 25 години настапил на сцената на МОБ, во претставата „Циганскиот барон“ или како што вели тој, во една комплицирана оперета каде има пеење и текст. Превидено е да се направи уште една прослава за фестивалот „Мајските оперски вечери“ бидејќи неговото официјално деби било таму, пред 25 години.

- Јас ја сакам Македонија, ја сакам оваа публика и ми е чест да настапувам тука, подвлекол Трајанов. По повод 25-годишниот јубилеј, маестро Трајанов планира годинава да сними ЦД со македонски народни песни, придружувани од синфониски оркестар и македонски народни инструменти, но во стилот на класичната музика. Тој досега имал повеќе од 750 настапи на околу 100 светски оперски сцени во Берлин, Виена, Рим, Фиренца, Болоња,

Хамбург, Франкфурт, Москва, Монте Карло, Сеул, Осло, Сао Паоло... Во 2005 година ја добива титулата „Амбасадор на мирот на УНЕСКО“. Маестро Борис Трајанов е и амабасадор на Стопанската комора на Македонија.

АБМБАСАДОРИ НА КОМОРАТА

Page 17: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 17 февруари 2011

Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2011 годинаСО 10 ПРОГРАМИ ОПФАТ НА 7000 ЛИЦА

Над 7000 лица ќе бидат опфатени со новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2011 година што го усвои Владата, а за кој ќе бидат издвоени над 500 милиони денари.Како што истакнал на прес конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, покрај владините средства заедно со средствата што се очекуваат од европските фондови сумата, за спарвување со проблемот на невработенсота ќе изнесува над 10 милиони евра, – пренесува МИА.

- Станува збор за 10 различни п р о г р а м и во делот на О п е р а т и в н и о т план, додал Пешевски. Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами појаснил дека станува збор за програмите за

самовработување, за формализирање на постојните бизниси, за поддршка на дополнителни вработувања во постоечки фирми регистрирани преку програмата за самовработување за 2007, 2008 и 2009 година. Ќе се спроведе и програма за обука во пилот програма за мобилност со опфат на 20 лица, како и програма за вработување преку обука на 4.906 лица за потребите на текстилната индустрија. Меѓу другото, околу 235 милиони денари од средствата ќе се потошат за субвенционирање на вработување за 855 лица, над 10 милони денари ќе се искористат за економско јакнење на жени жртви на насилство, како и два милиони денари за поддршка за вработување на 35 лица од ромската заедница. Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, како особено успешна се покажала Програмата за самовработување, која се спроведува четврта година, со над 85 проценти реализација. За оваа година се планира да бидат опфатени 250 лица кои ќе добијат грант од 3.000 евра во форма на репроматерали и опрема за отпочнување сопствен бизнис. Годинава, прв пат ќе се спроведе и пилот-програма за мобилност на работна сила од Скопје кон другите градови, каде целна група се високообразовани невработени лица до 34 години. - Секој оној, кој што работи на работно место над 60 километри надвор од местото на живеење, а не е во Скопје и не работи во јавна институција ќе биде финансиран со 185 илјади денари во вид на грант кој ќе му биде исплатен на три еднакви рати, - рекол Поповски.

Во тек е јавен повик за доставување барања за годинашните субвенции за рибарство и аквакултура КРАЈНИОТ РОК Е 1 АПРИЛ 2011 ГОДИНА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува заинтересираните правни и физички лица дека во тек е Јавниот повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2011 година. Финансиските средства се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата. Право на користење на средства имаат следните субјекти и тоа за следните мерки: за мерка 1.3 Корисниците на доводните, турбинските и други канали кои го спречуваат нормалното движење на рибите во риболовните води и концесионерите на рибите на риболовната вода на која се наоѓаат (се изградени) препреките; за мерка 1.4 Единица на локална самоуправа и концесионерот на риби за стопански риболов на Дојранско Езеро; за мерка 2.1 Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат рибнички капацитет; за мерка 2.2 Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура, поседуваат дозвола за аквакултура издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во М и н и с т е р с т в о т о за земјоделство, шумарство и водостопанство; за мерка 2.3 Субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планират да изградат п р е р а б о т у в а ч к и капацитет; за мерка 2.4 Субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат објект наменет за преработка на риби; за мерка 2.5 Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал и субјекти вршители на дејност аквакултура, запишани во регистарот на одгледувачи на риби кои набавуваат порибителен материјал од рибници кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал; за мерка 3.5 Единица на локална самоуправа за надомест на реализирање на предвидениот предмет на работа или услуга. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50%

МОЖНОСТИ

Page 18: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 17 февруари 2011

од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, односно 55 %, 60 % и 65 % за мерката 2, освен за под-мерката 2.4, во случаите кога се работи за носител на земјоделско стопанство кој на денот на поднесување на барањето е со старост од 18 до 40 години; барателот е жена, и/или земјоделското стопанство се наоѓа во ридско-планинско-рурално подрачје. За мерката 1 финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Пополнетите барања се доставуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата е 1.4.2011 година. Подетални информации заинтересираните можат да најдат на веб-страната на Агенцијата www.ipard.gov.mk

Од почетокот на годинава до 11-ти овој месец на земјоделците им се исплатни речиси шест милиони евра ПРИВРШУВА ИСПЛАТАТА НА ЛАНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ

Од почетокот на годинава до 11-ти овој месец на земјоделците им се исплатни околу 350 милиони денари или речиси шест милиони евра од ланските субвенции. Како што соопштува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а пренесува МИА, најголем дел од парите, преку 278,7 милиони денари, се за поддршка на сточарското производство, на одгледувачите на говеда, овци, кози, свињи и на пчеларите, а за растително производство се префрлени приближно 73 милиони денари.

Од почетокот на годинава, најмногу субвенции, повеќе од 80,4 милиони денари, добиле пелагониските земјоделци и тоа најмногу, околу 39 милиони денари, за одгледување говеда. За производство на поледелски култури им се исплатени 27,4 милиони денари, а добиле и дополнителни 3,8 милиони денари за употреба на сертифициран семенски материјал. На

одгледувачите на пчели им се исплатени 9,9 милиони денари. Струмичките земјоделци добиле околу 66 милиони денари, најмногу за градинарско производство, преку 21 милион денари. На оранжериските производители на домати, пиперки, краставици и режано цвеќе им се префрлени 931 илјада денари. Во истиот временски период одгледувачите на говеда од овој регион добиле 19,8 милиони денари, додека овчарите 11,7 милиони денари. Според реализираните субвенции, струмичките земјоде лци, иако регионот во кој живеат е претежно градинарски, стануваат се позаинтерсирани за производство на грозје и овошје. Така, за одржување на постоечките лозови насади, на производителите им се исплатени повеќе од 5,3 милиони денари, а за поддигање нови плантажи со грозје речиси 1,3 милиони денари. За поддигање нови насади со овошје, на струмичани од Програмата за финансиска поддршка 2010. им се исплатени повеќе од еден милион денари, а за одржување на постоечките добиле околу 849 илјади денари. На пчеларите од Струмичко, пак, им се префрлени над 722 илјади денари. Речиси 40 милиони денари субвенции во истиот период добиле и штипските одгледувачи на овци, а на козарите им се исплатени повеќе од 2,1 милион денари. Штипските земјоделци добиле околу 862 илјади денари субвенции за употреба на сертифициран семенски материјал во производството. На производителите од Светиниколско им се исплатени преку 28,4 милиони денари. Повеќе од 27,9 милиони денари се наменети за субвенционирање на сточарите, најмногу за овчарство, околу 27,7 милиони денари. Поддршката што им е исплатена на козарите во овој временски период е повеќе од 273 илјади денари. На прилепските и на земјоделците од Беровско, од почетокот на годинава досега им се исплатени повеќе од 27 милиони денари. Најмногу пари добиле сточарите од овој регион, повеќе од 27,7 милиони денари, најмногу за одгледување овци. Од нешто повеќе од 27 милиони денари субвенции, на прилепските сточари им се префрлени повеќе од 21,7 милиони денари за одгледување говеда и околу 5,5 милиони денари за одгледување пчели. Повеќе од 25 милиони денари субвенции во истиот временски период им се исплатени и на радовишките производители, околу 23,8 милиони денари за одгледување овци и 1,3 милиони денари за козарство. Од почеток на годинава до денеска, субвенции од Програмата за поддршка 2010. за растително и сточарско производство добиле и производителите од Валандово, Велес и Виница, земјоделците од скопскиот регион, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Демир Хисар, како и производителите од кичевскиот и кочанскиот регион. По истиот основ, субвенции добиле и земјоделците и сточарите од Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Струга, Тетово и од Македонски Брод.

ОД ОПШТИНИТЕ

Page 19: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 17 февруари 2011

Минатата година за поддршка на земјоделското производство беа одвоени околу 100 милиони евра, додека за 2011. се предвидени 115 милиони евра.

Дигитализирани сите изданија на „Службен весник“ - од 1945 до денес БЕСПЛАТНА ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА

ЈП „Службен весник на Република Македонија“ ги објави во дигитална форма сите свои изданија од 1945 до денес. Над 200.000 страници хартија се пренесени во електронска архива. Проектот е завршен за девет месеци, технички реализиран од „Неоком“ и „Некстсенс“. Граѓаните и компаниите имаат можност бесплатно, преку веб-страницата на ЈП „Службен

весник на РМ“ (www.slvesnik.com.mk), да дојдат до сите објавени закони, подзаконски акти, одлуки, огласи, изречени казни, именувања на личности... Документите се скенирани и е зачувана нивната автентичност - оригиналниот правопис, многу архаизми и логоа што се употребувале во минатото. Базата на податоци е погодна за научни истражувања, зашто содржи интересни детали за јазикот и законодавството во изминатите седумдесетина години. - Овој проект може да се вброи во значаен хроничар на речиси седум декади живот, настани и личности. Овој проект е водич низ времето, кој низ објавените прописи, укази и други законски акти дава преглед на социјалните случувања, на сферите на интересите, на политичките намери, општественото расположение и организирањето на државотворните рамки, - истакнал Тони Трајанов, директор на ЈП „Службен весник на РМ“ на прес-конференција, а пренесува МИА. Компанијата „Неоком“ работела на скенирањето на страниците при што бил користен спацијален софтвер за прочистување на сликата од дамки поради неквалитетната стара хартија. Биле скенирани изданијата од 1945 до 2001, зашто броевите на „Службен весник“ во последните десет години тековно се дигитализираат. „Некстсенс“, пак, го изработил напредното пребарување за лесен пристап до сите барани материјали, со впишување клучен збор

- број на весникот, одредена област, име итн.. Директорот Трајанов најави уште два крупни проекта - електронска апликација за уплата и објавување неважечки документи и објавување на сите закони и подзаконски акти во пречистен текст на македонски и на англиски јазик.

Издадени околу 2.500 лиценци за превоз на стокаНАМАЛУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Министерството за транспорт и врски информира дека до 1 февруари годинава се издадени 2.490 лиценци за превоз на стока, од кои 1.940 се за јавен превоз на стоки и 550 се за сопствени потреби. Лиценцирани се вкупно 506 правни лица со издавање на лиценци за превоз на патници и тоа 434 лиценци за редовен линиски превоз на патници и 72 лиценци за сопствени потреби. Согласно одредбите во Законот за превоз во патниот сообраќај издадени се вкупно 10.006 сертификати за возачи за учество во меѓународен патен сообраќај и вкупно 4.519 сертификати за професионална компетентност. - Со издавањето на лиценците за превоз во патниот сообраќај се воведуваат стандарди кои се компатибилни со стандардите во Европската Унија. На квалификуваните превозници им се овозможува непречено учество во превозот во патниот сообраќај, а со тоа се овозможува и намалување на нелојалната конкуренција, се наведува во соопштението. Лиценците континуирано се издаваат во Министерството за транспорт и врски. За добивање на лиценца, квалификуваните компании треба да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски.

СТАТИСТИКА

Page 20: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 17 февруари 2011

СТАТИСТИКА

Оценка на менаџерите во градежништвото, за економската состојба во четвртиот квартал од 2010 година ПОВОЛНИ ОЦЕНКИ И ОЧЕКУВАЊЕ НОВИ НАРАЧКИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите од компаниите од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртиот квартал од 2010 година како поповолна во однос на претходниот квартал, а како многу поповолна во однос на четвртиот квартал од 2009 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на третиот квартал од 2010 година, како и во споредба со истиот квартал од претходната година.

Според оценките од четвртиот квартал од 2010 година, во наредниот период се очекува бројот на вработените да се намалува. Оценката за сегашната состојба со порачки е понеповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата, но со тенденција за понатамошно подобрување. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а вкупните порачки (договори) да се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следниве фактори: немањето доволна побарувачка со 17.5%, зголемените трошоци за материјали со 16.8%, друго со 12.9% и недостигот на опрема со 12.6%.

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство во 2010 година зголемена за 22,2 отстоУКРАИНА ГО ВЛЕЧЕ РАСТОТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2010 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3 715 596

илјади денари што е за 22.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2 282 111 илјади денари што е за 15.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период е забележан зголемен обем на договорените градежни работи во Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Германија, Романија, Словачка, Полска, Словенија, Холандија, Италија и Австрија.

Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јануари 2011 годинаПОРАСТ ОД 0,9 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јануари 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 100.9. Порастот на трошоците на животот од 0.9% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 3.7%, мастите за 3.5%, кондиторските производи за 3.3%, овошјето за 3.2%, шеќерите за 2.7%, производите од жито за 2.4%, свежото и киселото млеко за 1.6%, преработениот зеленчук за 1.2%, месото за 0.8%, преработките од месо за 0.7%, зеленчукот, млечните производи и безалкохолните пијалаци за 0.4% и преработеното овошје за 0.3%. Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4.5%, централното греење за 3.7%, течните горива и гасот за 2.9%, сообраќајните средства за 1.3%, услугите за образование за

Page 21: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 17 февруари 2011

СТАТИСТИКА

1.2%, мебелот и предметите за домаќинството за 0.9%, другите средства за образование за 0.6%, лековите за 0.4%, обувките за 0.3%, козметичките производи, превозот на патници и храната во ресторани и хотели за 0.2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата за 2.8% и кај алкохолните пијалаци за 0.4%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 11.6%, садовите и приборот за домаќинствата за 2.1% и електричните апарати за домаќинствата за 0.6%.Индексот на цените на мало во јануари 2011 година, во споредба со јануари 2010 година, бележи пораст од 3.4%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.2%.

Индекс на цените во земјоделството, јануари 2011 годинаТЕКОВНО ПОТРОШЕНИТЕ СРЕДСТВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СО СКОК ОД 14,3 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 13.9%, а кај аутпутот е намален за 0.9%. Во јануари 2011 година, во споредба со јануари 2010 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 114.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 102.2. Во делот аутпут, во јануари 2011 година, во споредба со јануари 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.8.

Откуп и продажба на земјоделски производи во декември 2010ВРЕДНОСНО НАМАЛУВАЊЕ НЕ Е ЗАБЕЛЕЖАНО САМО КАЈ ЖИТАТА, ЗЕЛЕНЧУКОТ И ОВОШЈЕТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во декември 2010 година изнесува 720 582 илјади денари и е намалена за 77.9% во споредба со декември 2009 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 87.7%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 17.8%. Намалување на вредноста на откупените и

продадените земјоделски производи е забележано кај сите земјоделски производи освен кај житата, зеленчукот и овошјето.

Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги, четврто тримесечје, 2010 годинаПОРАСТ ОД 3,1 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2010, во однос на четвртото тримесечје од 2009 година, е зголемено за 3.1%. Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни, просторно дрво од иглолисни и огревното дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупци од иглолисни и листопадни видови и огревно дрво од иглолисни видови. Цени на земјоделски производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари, јануари 2011 Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јануари 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот и крушите. Најголемо намалување на цените се забележува кај оризот и зелката. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јануари 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај оризот, зелката, лимоните и портокалите.

Page 22: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 17 февруари 2011

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Oбјавено јавно наддавање на градежни парцели во индустриската зона “Жабени” во БитолаПОНУДА НА 30 ПАРЦЕЛИ ДО 15 МАРТ

Министерството за транспорт и врски распиша јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјиште во индустриската зона „Жабени“ во Битола. Станува збор за 30 градежни парцели наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси

и стоваришта со површини од 3.326 до 21.460 метри квадратни, како и две градежни парцели наменети за изградба на објекти за мало стопанство со површини од 895 и 920 метри квадратни. Почетната цена на земјиштето изнесува 61 денар за метар квадратен согласно владината одлука за изменување

на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на државно градежно земјиште. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават до 15 март до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 21 март 2011 година. Јавното наддавање може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Пречистителна станица во Прилеп ЕКОЛОШКИ ПОТТИК ЗА БИЗНИСОТ*Во Прилеп ќе се гради пречистителна станица со европски пари. Овој е прв меѓу најголемите проекти кои со средства од европските фондови ќе се реализира во Македонија.

Бенефитот ќе го уживаат не само прилепчани, туку и сите граѓани, земјоделци кои одгледуваат бројни градинарски култури по течението на Градската река. Во моментов Градската река има висок степен за загаденост. Тоа го потврдуваат и медицинските стручњаци и постојано апелираат таа вода да не се користи за наводнување на земјоделските култури зашто и тие посредно се контаминираат, а нивната употреба е штетна по здравјето на

луѓето. За да се реши овој огромен комунален проблем во градот и да се спречи опасноста по здравјето на луѓето локалната самоуправа аплицираше и го доби проектот за изградба на пречистителна станица во вредност од околу 20 милиони евра. – пишува „Радио Слободна Европа“. -Тоа ќе значи

комплетно пречистување на Градската река, враќање на биодиверзитетот, заштита на животната средина и бидејќи Прилеп почива на една од најплодните рамници во Македонија, Пелагонија и Прилепско поле, сите производи земјоделски кои ќе се произведуваат понатаму ќе бидат по сите еколошки стандарди, да може да се извезуваат насекаде на зелените пазари во светот. - вели градоначалникот Марјан Ристески. Овој проект ќе има голем бенефит и врз биодиверзитетот на Црна Река, зашто прилепската Градска се влеза во неа. Имајќи го во вид фактот дека Црна Река тече низ Мариово, еколошки најчистиот регион во Македонија, тоа значи и овој предел ќе ја зачува својата непроценлива вредност за жителите, посетителите, туристите.

Во Општина Свети Николе 40 земјоделци се ориентираат на производство на раноградинарски производиПЛАНИРАНА ИЗГРАДБА НА 500 ПЛАСТЕНИЦИ

Во Општина Свети Николе 40 земјоделци се ориентираат на производство на раноградинарски производи. Претседателот на Европскиот центар за развој на земјоделство, Никола Шалев, вели дека во изминатите две години со едукација на земјоделците во Овче поле се подигнати 40 пластеници, во кои се произведуваат сите видови на раноградинарски култури. – пренесува МИА. - Со поделбата на светиниколскиот регион на седум микро региони и во моменти на недостаток на храна интенција е што поголем број земјоделци да почнат со поставување на пластеници. Планирано е во нашиов регион да бидат изградени околу 500 пластеници за раноградинарски производи, рече Шалев. Тој вели дека земјоделците кои веќе почнаа со производство на домати, пиперки, кромид, лук и краставици во пластеници имаат сигурен откуп и тоа на домашниот пазар. - Земјоделците од Светниколско ги советуваме раноградинарските производи да ги произведуваат на органски начин, без употреба на вештачки препарати, а кои ќе дадат подобар кавлитет, но и ќе можат да планираат извоз на европскиот пазар, вели Шалев. Тој истакна дека секој земјоделец, кој сака да почне со раноградинарско производство на самиот почеток му препорачуваат да го испита составот на почвата.

СТРУМИЦА

Во Струмица почнува да се реализира проектот на Владата „Старите касарни за нов локален развој“. МИНИ ГРАД НА ВОЈНИЧКИТЕ ПИСТИ

Тринаесет градежни парцели со вкупна површина од околу 175 илјади квадратни метри на местото на поранешната струмичка касарна се во финална подготовка за изградба на станбени згради, супермаркети, објекти за општествени потреби и други установи од јавен интерес. Осум од нив веќе се дадени во правно-техничка процедура, односно се доставени до Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. – објавува МИА. - Десет парцели се наменети за изградба на колективни станбени згради за домување, а три за трговски центри и за други јавни и општествени потреби. Инвеститорите се заинтересирани за овие атрактивни парцели кои се оддалечени само 300 метри од центарот на градот. Од продажбата на парцелите и од средствата наменети за комуналии во општинскиот буџет ќе се слеат од 340 до 360 милиони денари, односно близу 6 милиони евра, изјавил градоначалникот Зоран Заев. Со активирањето на градежната оператива на овие парцели, практично ќе почне да се реализира проектот на Владата „Старите касарни за нов локален развој“. Според урбанистичкото решение, на местото на поранешната струмичка касарна ќе никне еден нов мини град кој ќе се простира на површина од околу 38 хектари, или на една осмина од вкупната површина на Струмица. Во овој урбан комплекс, покрај неколкуте веќе лоцирани општествени и стопански субјекти како што се Секретаријатот за

Page 23: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 17 февруари 2011

внатрешни работи, бизнис-инкубаторот, една локална телевизиска станица и други, ќе биде формиран станбен блок за 1.200 до 1.600 жители, потоа ќе бидат отворени студентски дом, простор за невладините организации, основно и средно училиште, дом за стари и изнемоштени лица, младински центар, простории за деца со посебни потреби и други образовни, културни и здравствени организации и установи.

Општина Струмица ќе инвестира 300 илјади евра за отворање на нова индустриска зонаЗАЕДНИЧКИ НАСТАП СО БУГАРИЈАЗА СРЕДСТВА ОД ИПА ФОНДОВИТЕ

Општина Струмица во текот на оваа и наредната година ќе инвестира околу 300 илјади евра за изградба на целокупната инфраструктура во новата индустриска зона „Сачево“. Taa ќе се простира на површина од 400.000 квадратни метри и ќе биде втора по големина во нашава земја. – објавува МИА. За таа намена, во рамки на програмата за прекугранична соработка, Република Македонија и Република Бугарија ќе настапат со заеднички проекти за искористување на средствата од ИПА фондовите на Европската Унија. - Со програмата ќе им биде даден приоритет на оние проекти кои ќе значат гаранција за поттикнување на економскиот развој и соработката во регионот. Во прв ред, предвидена е изградба на пристапни патишта, водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, како и улично осветлување низ целиот простор на индустриската зона. Планираме оваа зона целосно да биде уредена и подготвена за пристап на домашни и странски инвеститори најдоцна до крајот на 2012 година, истакнува Зоран Ѓорѓиев, раководител на Секторот за локален економски развој на Општина Струмица. Според правилата, 50 македонски и бугарски општини од пограничниот појас ќе можат да ги користат средствата од ИПА програмата, чиј што вкупен фонд во оваа транша изнесува 4,1 милион евра за двете земји, а учеството на Република Македонија во висина од 15 отсто ќе биде обезбедено од државниот буџет.

Почна изградбата на Агроберзата во СтрумицаИНВЕСТИЦИЈА „ТЕШКА“ 9 МИЛИОНИ ЕВРА

Хрватската компанија „Агрокор“ почна со изградба на Агроберзата, долго најавуваниот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Струмица. Во првата фаза од изградбата ќе бидат инвестирани околу девет милиони евра, - објавува МИА. Комплексот се очекува да биде готов до крајот на јуни годинава и во оваа градинарска сезона, со откуп на околу 30 илјади тони зеленчук и овошје, да реши барем дел од проблемите со откупот и пласманот на зеленчук во регионот. - Во првата фаза струмичката Агроберза ќе опфаќа површина од околу осум илјади метри квадратни. Очекуваме во текот на јули да почне откупот на градинарски производи. Досега имаме склучено договори за откуп на зеленчук и овошје со над 1500 кооперанти кои однапред ќе добијат субвенции во ѓубрива, заштитни средства, семенски и други репроматеријали. Се надеваме дека годинава ќе соработуваме со околу 5000 земјоделци од Струмичко од кои ќе откупиме вкупно 30 илјади тони градинарски производи или 30 отсто повеќе од лани, - вели Блажо Витанов, директор на фирмата „Плодови-фруктус“, претставник на „Агрокор“. Како што е предвидено, струмичката Агроберза ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на 30 до 50.000 тони ран и индустриски зеленчук и овошје на годишно ниво.

Во „Градашорци“ во Василево веќе се градат производни капацитетиРУРАЛНА ОПШТИНА СО ДВЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ

Во рамки на долгорочната програма за инфраструктурно уредување на индустриските зони, Василево ќе гради уште една индустриска зона кај селото Градашорци. Со постојната што се простира од двете страни на магистралниот пат Струмица - Радовиш и во која на 60 отсто од продадените 24 парцели веќе се градат стопански објекти.Оваа рурална општина ќе стане единствената во Македонија со две индустриски зони. Најавата за отворење нова индустриска зона во која се очекува вработување на стотина нови работници, беше означена со изградба на улица долга околу 250 метри, за чие рамнење, посипување и тампонирање ќе бидат потрошени околу 300 илјади денари, средства обезбедени од продажбата на неизградено градежно земјиште. - Улицата ќе биде асфалтирана со паралелна изградба на тротоари и електрично осветлување. Тоа ќе значи продолжување на изградбата на инфраструктурата во оваа индустриска зона за која досега се инвестирани околу 850 илјади денари. Целта е побрз развој на зоната со привлекување што поголем број инвеститори. Нашите напори веќе вродуваат плод, бидејќи деновиве една италијанска фирма пројави интерес за изградба на погон за преработка и дистрибуција на и мешавини од кафе во новата индустриска зона, изјави градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов, а го цитира МИА. Со намалувањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште, локалната самоуправа во Василево создаде поволни услови за привлекување нови инвестиции. На последната лицитација што ја спроведе Министерството за транспорт и врски, во индустриската зона кај Градашорци се продадени уште пет парцели со вкупна површина од околу десет декари.

Се интензивираат подготовките за гасификација на општина СтрумицаНАРЕДНАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА НА ГАС

Во Струмица тече тендерот за избор на главен изведувач на планираниот гасоводен систем за чија изградба од општинскиот буџет ќе бидат издвоени над 230 милиони денари. Се очекува гасоводот да биде пуштен во употреба пред почетокот на наредната грејна сезона. Новоформираното претпријатие „Струмица-гас“ ги презеде сите неопходни подготовки за успешна и навремена реализација на овој капитален проект за гасификација на општината. - Проектната документација опфаќа физибилити студија од околу две илјади страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со природен гас на јавните установи, стопанските објекти и домаќинствата, како и елаборат за заштита на животната средина. Според нашите груби пресметки, замената на нафтата со природен гас само за греење на основните и средните училишта, зградата на локалната самоуправа и општинската библиотека, веќе во наредната грејна сезона ќе значи заштеда од околу 350 илјади евра. Слична аналогија може да се направи и за загревање на индустриските капацитети, на пластениците за раноградинарско производство и на домаќинствата, изјави Зоран Китанов, директор на „Струмица-гас“. До крајот на октомври треба да бидат изградени две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се носи од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија. Во ноември, пак, треба да почне да функционира и примарниот цевковод со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природниот гас. Гасификацијата на струмичкиот микрорегион ќе овозможи заштеда на 40 отсто енергија во однос на сегашната потрошувачка на струја, јаглен, дрва, нафта и нафтени деривати.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 24: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 17 февруари 2011

РЕГИОН Хрватите меѓу најбогатите нации во светотШТЕДЕЊЕ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА!

*Кон крајот на 2009 година просечен хрватски граѓанин имал 10.900 евра вреден финансиски имот (пари и чекови), па Хрватска зазема 28 место на скалата на најбогати држави

Ако може да се верува на германската осигурителна куќа Алианза, Хрватите се една од 30 најбогати нации во светот. Имено, кон крајот на 2009 година просечен хрватски граѓанин имал 10.900 евра вреден финансиски имот (пари и чекови), па Хрватска го зазема 28 место на скалата на најбогати држави. Пред нас се Чешка (12.002 евра), Естонија (17.060 евра) и Словенија (19,711 евро). Посиромашни од Хрватите се Унгарците (10.134 евра) и Словаците (7.187 евра). Најголем финансиски имот имаат Швајцарците (166.732 евра), Американците (101.762 евра) и Данците (96.242 евра). Забележано е дека во последните неколку години граѓаните на источна Европа најбрзо го зголемувале финансискиот имот, а причина е ниската база.

Имено, во текот на изминатите десет години растот на финансискиот имот во источна Европа изнесувал просечни 17 отсто. Така граѓаните на сиромашните држави во 2000 година поседувале само 400 евра вреден имот, а во 2009 година достигнал вредност од 1800 евра. Во истиот период имотот на граѓаните од средно богатите држави дупло се зголемил од 7000 на 14.000 евра. Избивањето на финансиската и економска криза го зголеми штедењето, посебно во европските држави. Во текот на 2010 година над една третина Европјани изјавиле дека имаат намера да заштедат повеќе пари. Штедењето расте и во Хрватска. Според податоците на Хрватската народна банка, орочените депозити на населението во хрватските банки кон крајот на годината изнесуваа 120,3 милијарди куни, девет милијарди куни повеќе од истиот период во 2009 година. Кон крајот на 2010 година 104 милијарди куни биле орочени во странска валута. Кон крајот на 2008 година орочените депозити изнесуваа 101,7 милијарди куни. Меѓутоа, прашање е дали трендот на раст на финансискиот имот во следните години ќе успее да се задржи. Според последните податоци на Еуростат за третото тромесечје лани, продолжи падот на уделот на штедните влогови. Во Европската унија тој удел падна за 0,4 отсто на 11,5 отсто доход. Во еврозоната уделот падна исто

за 0,4 отсто на 13,8 отсто. Причините за падот и понатаму се релативно високата невработеност во Европа, растот на цените на основните намирници и слабиот раст на платите. Што се однесува до хрватските штедачи, аналитичарите не очекуваат пад на штедењето во домашните банки. „Верувам дека штедењето нема да се намали имајќи го предвид благиот раст на стопанството оваа година. Постоечкото штедење и така е штедење од страна на луѓе кои имаат повеќе пари. Нема потреба депозитите да ги подигнуваат поради поволните камати на штедните влогови“, рече за Вјесник Томислав Ќориќ од Економскиот факултет во Загреб. „Меѓутоа ако дојде до пад на куната, орочените депозити во куни без валутна клаузула ќе одат во девизни депозити“, смета Ќориќ.

(„Вјесник“ – Загреб)

Потрошувачката кошничка во БиХ изнесува речиси две просечни платиДАЛЕКУ ЗАД ПРОСЕЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ

Граѓаните на Босна и Херцеговина според платежната моќ се далеку зад жителите од земјите на поранешна Југославија, покажуваат официјалните статистики. Во БиХ потрошувачката кошничка изнесува околу 1.570 конвертибилни марки, а просечната плата е 805 конвертибилни марки што значи дека за живот на четиричлено семејство е неопходно месечно да се издвојат речиси две просечни плати. Просечната плата во Србија е за една третина „потенка“ од висината на потрошувачката кошничка, додека во најдобра позиција се Македонците и Словенците, кои со една просечна плата може да купат цела потрошувачка кошничка, односно да им остане дел од платата. На Хрватите им недостигаат 20 проценти од просечната плата за да можат да купат цела потрошувачка кошничка, а на Црногорците нешто повеќе од 40 проценти, пишува весникот „Независне новине“. Доколку се земе предвид дека во БиХ во изминатите неколку седмици поскапеа цените на голем број производи, тогаш потрошувачите се наоѓаат во уште потешка положба, отколку таа што ја покажуваат официјалните податоци. - Нашата потрошувачка кошничка достигнува износ од 1.600 конвертибилни марки, а околу 70 проценти од семејствата во БиХ имаат приходи од 400 до 500 конвертибилни марки. За жал, таквите семејства најголем дел од парите трошат на храна, изјави претседателот на Управниот одбор на Сојузот на здружените потрошувачи на БиХ, Гордана Булиќ.

Page 25: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 17 февруари 2011

ЕВРОПСКА УНИЈА ЕУ со нов фонд за финансиска помош НА РАСПОЛАГАЊЕ 500 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната одлучија вчера вредноста на постојаниот Европски механизам за стабилност, кој ќе почне да функционира од 1 јануари 2013 година, да изнесува 500 милијарди евра. - Сметам дека тоа ќе биде доволно, изјави премиерот на Луксембург и лидер на Еврогрупата, Жан Клод Јункер и додаде дека членките на Унијата надвор од еврозоната ќе дадат свој придонес за функционирањето на овој фонд. Европскиот механизам за стабилност ќе го замени од 2013 година привремениот Европски фонд за финансиска стабилност, создаден во мај минатата година. Тој фонд вреден 440 милијарди евра е наменет за помош на презадолжените членки на еврозоната, со цел да се зголеми нивниот капацитет на кредитирање и да се зголеми флексибилноста во поглед на трошењето на средствата.

„Нокиа“ се наоѓа во голема криза ТЕХНОЛОШКОТО ЗАОСТАНУВАЊЕ ИМ ЈА СКРАТИ ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА*Најголемиот светски производител на мобилни телефони „Нокиа“ е во голема криза и се` повеќе ја губи својата позиција на светскиот пазар. Новиот извршен директор на финската компанија Стивен Елоп упати циркуларно писмо до вработените, во коешто ја изнесува лошата ситуација на компанијата. Елоп во пораката, којашто доспеа во јавноста, наведува дека „Нокиа“ својот удел на пазарот особено го губи на сметка на телефоните со оперативниот систем на „Гугл“, Андроид, и со „ајфон“ на „Епл“. “Првиот ,ајфон, беше претставен во 2007 година, а ние се` уште немаме производ што е блиску до тоа. Само пред две години се појави и Андроид, а оваа недела тие ја презедоа нашата водечка позиција на пазарот на паметни телефони. Неверојатно”, - се наведува во пораката на Елоп. Иако и понатаму е водечки производител по бројот на продадени паметни телефони, вкупното процентуало учество на светскиот пазар е со голем пад. Учеството на „Нокиа“ на пазарот од 38 проценти во 2009 година, минатата година се намали на 28 проценти. Во меѓувреме, главните ривали како што се „Епл“ и тајванската „ХTЦ“, постојано го подигнуваат своето учество на пазарот. Аналитичарите се согласуваат дека во оценката дека новиот менаџер на „Нокиа“ добро ја сфатил суштината на проблемот на оваа голема компанија. Финската компанија е во се` потешка позиција и на пазарот на таканаречените обични мобилни телефони, без оперативен систем, на којшто исто така беше неприкосновена. Се` поголема конкуренција на тој пазар претставуваат евтини телефони кои доаѓаат од Кина. “Тие се брзи и евтини и се наша конкуренција”, - наведува Елоп во интерната порака до вработените. Се очекува „Нокиа“ пред медиумите да ја претстави новата концепција за развој на компанијата, којашто би требало да биде одговор на предизвиците со кои се соочува сега најголемиот светски производител на мобилни телефони.

ЕУ воведува обештетување за патници од автобуси кои доцнатЗАШТИТАТА ПОЧНУВА ОД ПРОЛЕТА 2013 ГОДИНА

Правата на патниците од средината на овој месец се подобро заштитени во Европската унија бидејќи Европскиот парламент изгласа пропис кој утврдува нивни права ако автобусот доцни или се откаже возењето. Право на отштета за доцнење до денеска имаа само патници со бродови, возови и авиони. Од пролетта 2013 година патниците со автобуси исто така ќе имаат право на отштета за доцнење во висина од 50 отсто од цената на билетот. Ќе добиваат и отштета во износ од целата вредност на билетот ако превозникот откаже возење, а по два часа од закажаното тргнување не обезбеди превоз за патници на друг начин. Тие правила се однесуваат на сите редовни возења на домашни или меѓународни линии подолги од 250 километри. Со прописот се вели дека патниците чии автобуси во поаѓање доцнат повеќе од 90 минути да добијат ужина и освежителни пијалоци. Ќе треба да се обезбеди и преноќиште ако се прекине возењето на релација поради сообраќајка. Превозникот е ослободен од отштета само во случај на природни несреќи или лоши метеоролошки услови. За оштетување или губење багаж ќе се надоместува до 1.200 евра. Во случај на смрт или повреда на патници во автобус, превозникот е должен да исплати надомест до 220.000 евра.

ЧешкаАВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ГО ДОСТИГНА ЛИМИТОТ

Секое шесто возило произведено во светот минатата година е продуцирано во чешката автомобилска индустрија која минатата година оствари производство од рекордни 1.072.000 возила. Според најавите на производителите, овој тренд е загрозен и можно е идната година производството на автомобили во чешките фабрики да го достигне својот лимит, јави дописникот на МИА од Прага. - Без понатамошни големи инвестиции во земјата може да се произведат 1,2 милиони патнички возила годишно. За зголемено производство недостасуваат луѓе, компоненти и инфраструктура, изјавил Мартин Јахн, претседател на Здружението на автомобилската индустрија за „Лидове новини“. Иако во 2012 година се очекува пораст на производството на автомобили за околу 9 проценти, според Јиржи Зоухар од Автомобилската експертска група „ПВЦ“ идните години не се очекуваат промени поради ограничувачките фактори како што се, зголемувањето на цените на суровините и притисокот на ЕУ за намалување на емисиите. Ограничувањето на условите и негативното влијание на кризата од 2009 година ги принудува фирмите да го шират своето производство во странство. Чешката фабрика „Шкода“ веќе неколку години своите возила ги произведува и во Индија, Кина, Русија и Украина.

Page 26: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 17 февруари 2011

АКТУЕЛНО Светската банка предвидува нестабилни цени на храната до 2015 годинаМИЛИЈАРДА ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ СЕСООЧУВААТ СО ГЛАД

Цените на храната ќе останат нестабилни до 2015 година, а житните култури ќе се продаваат по повисоки цени од просечните, оценуваат експерти на Светската банка. Цените на некои основини прехранбени продукти

во моментов се движат во рамките на нивото од кризната во 2008 година, кога поскапувањето на храната беше причина за масовни протести во многу земји, кои резултираа и со човечки жртви. - Ризикот од растот на цените на храната претставува најголем предизвик со кој се соочуваат поголемиот број од земјите во развој. Во најсиромашните земји семејствата трошат и до две третини од својот буџет на исхрана, па ова зголемување на цените многу сериозно ќе ги погоди, - оцени претседателот на Светската банка, Роберт Зелик. Експертите на оваа меѓународна финасиска институција проценуваат дека околу милијарда луѓе ширум светот се соочуваат со глад, па зголемените цени на храната би ги принудиле припадниците на сиромашните слоеви да се откажат од здравствено осигурување или од образование на нивните деца. Оценките на Светската банка за растот на цената на храната беа изнесени по објавувањето на еден извештај во кој се тврди дека климатските промени имаат негативни последици врз земјоделските култури, поради што се очекува поскапување на пченицата, оризот, пченката, шеќерот и останатите основни прехранбени продукти на светските берзи. Инаку, зголемувањето на цените на прехранбените производи турнаа во целосна сиромаштија околу 44 милиони лица во земјите во развој од минатиот јуни до сега, проценува Светската банка. Цената на храната продолжува да се зголемува и е се поблиску до нивото од 2008 година кога скапите прехранбени производи имаа катастрофални последици за сиромашните. - Глобалната цена на храната се зголемува до опасно ниво и се заканува на десетици милиони сиромашни луѓе низ целиот свет. Високите цени веќе турнаа во сиромаштија милиони луѓе. Најмногу се погодени оние кои даваат повеќе од половина од своите приходи за храна, се наведува во соопштението на претседателот на Светската банка Роберт Зелик. Според последните податоци на банката цените на храната се зголемиле за 15 проценти меѓу октомври 2010 година и јануари 2011 година.

Вишеградската група со повик до ЕУ ЗАЕДНИЧКО РЕШАВАЊЕ НА ВИСОКИТЕ ЦЕНИНА ЕНЕРГИЈАТА И СУРОВИНИТЕ

Премиерите на земјите на Вишеградската група - В4 (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), заедно со претставници на Германија, Австрија и Украина, во словачкиот главен град Братислава разговараа за безбедноста на енергетиката и храната, - јавува дописникот на МИА од Прага. - Ние претседателите на владите на земјите на Вишеградската четворка настојуваме да ги решаваме практичните проблеми со кои секојдневно се среќаваат граѓаните на нашите земји. Длабоко не` загрижува остриот глобален пораст на цените на прехранбените производи, суровините и енергијата, го пренесе чешката Влада соопштението на В4. Изразувајќи увереност дека решавањето на сериозните проблеми за безбедноста на енергетиката и храната можат да се решаваат на ниво на Европската унија, Вишеградската група ги повика европските институции вклучително и Европскиот совет навремено и ефикасно да се занимаваат со „безграничното, шпекулативно зголемување на цените“. На состанокот на шефовите на владите на шесте земји-членки на ЕУ и Украина станало збор и за источното партнерство. - Не може да ни биде сеедно што се случува на исток од границата на ЕУ. Морам да кажам дека во тој поглед сметам оти е важно дека не заборавивме на Белорусија. Недвомислената поддршка на шест земји на ЕУ кон демократската опозиција во Белорусија и нивната борба за човекови права е јасен сигнал, - изјавил чешкиот премиер Петр Нечас. На состанокот во Братислава се изрази и заедничкиот став дека седумте земји-учеснички, прашањето за енергетиката го сметаат за приоритет со оглед на фактот што Германија, Австрија и Украина се територии со проток на нафта и гас.

СВЕТ

Авионските превозници очекуваат 3,3 милијарди патници во 2014 годинаНАЈГОЛЕМ РАСТ НА КИНЕСКИТЕ ЛИНИИ

Светските авионски превозници очекуваат дека ќе превезат 3,3 милијарди патници во 2014 година, 31 отсто повеќе од 2009 година, кога беа превезени 2,5 милијарди патници, соопшти Здружението на меѓународните авионски превозници (ИАТА), потенцирајќи дека бројот на патниците најмногу ќе порасне на кинеските линии, каде се очекува висока стапка на раст. Глобалните превозници проценуваат дека ќе дојде до силно јакнење на авионските превозници по остриот пад на светското стопанство во 2009 година, посебно во Азија, која излегува од рецесијата. ИАТА предупреди дека ефектите од глобалната рецесија се уште се чувствуваат во

Page 27: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 17 февруари 2011

АКТУЕЛНО еден број стопанства. Генералниот директор на ИАТА Џовани Бизињани изјави дека „облаците од глобалната рецесија ќе се задржат некое време над некои делови од тој индустриски сектор“.

ИАТА објави дека најголем придонес за раст ќе даде Кина, на чии линии бројот на патниците ќе се зголеми за 214 милиони, во однос на 800 милиони нови патници во период од 2009 до 2014 година. Во декември ИАТА ја измени проценката за профитот на вкупниот авионски превоз на 9,1 милијарда САД долари оваа година, во однос на претходната прогноза од 5,3 милијарди САД долари. Минатата година профитот на индустријата бил 15,1 милијарда САД долари, во споредба со септемвриските предвидувања од 8,9 милијарди САД долари и во однос на загубата на вкупните патувања од 9,9 милијарди САД долари во 2009 година. Светските авионски превозници ќе продолжат да работат со профит оваа и идната година поради одржување на пазарот и подобреното користење на капацитетите, - проценува ИАТА. Авионскиот превоз, сепак се`уште е ранлив и едвај ги покрива трошоците на работењето, така секое пореметување на пазарот може негативно да влијае на работата по извесното јакнење во 2010 година, изјави Бизињани, предупредувајќи на зголемените такси на летовите во Европа. Тој наведе дека зголемените даноци во Германија, Австрија и Британија ќе влијаат на растот на трошоците за патување меѓу 3 и 5 отсто, доволно да го намали очекуваното јакнење на индустријата. ИАТА, меѓу чии 230 членки се наоѓаат и „Луфтханза“ и „Сингапур ерлајнз“, објави дека обемот на редовниот воздушен превоз на патници е зголемен 8,2 отсто лани и дека транспортот на товарот е зголемен за повеќе од една петтина, што е добар сигнал на глобално стопанско јакнење. Лошото време во Европа и во Северна Америка влијаеше на падот на побарувачката на авионски превоз кон крајот на минатата година, предупреди ИАТА, потенцирајќи дека побарувачката за патнички и товарен превоз го надмина нивото забележано пред рецесијата. Извршниот директор Бизињани изјави дека светското стопанство напредува, по незапамтениот пад на побарувачката на авионски превоз во 2009 година. Авионските превозници минатата година ја завршија со нешто подобри резултати во однос на обемот на превозот во 2009 година, но профитната граница е зголемена за само 2,7 отсто. Побарувачката за авионски превоз на товар, како главен показател за движењето на светската трговија,

беше 6,7 отсто поголема во декември од иститот месец претходната година, по растот од 5,4 проценти во ноември, а во целата година скокна 20,6 отсто. Превозниците во азиско-пацифичкиот регион, кои ги предводат Кина и Индија, забележаа во декември 2010 година раст на побарувачката од 9 отсто на годишно ниво, предупредувајќи дека во идните месеци може да има неизвесност околу цената на нафтата. Претходните предвидувања дека профитот на авионските превозници во оваа година ќе достигне 9,1 милијарда САД долари, се темелеа на податокот дека барел нафта ќе чини 84 долари.

Кина ја засилува контролата врз фузирањата и преземањата на компаниитеПРОЦЕНКА ОД АСПЕКТ НА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Кина соопшти дека ќе ја засили контрола врз проектите за фузирање и преземање од страна на странски претпријатија за да ја „гарантира националната безбедност“ - иницијатива што може да ги ограничи амбициите на некои компании од странство, пренесуваат светските агенции. Кинеската влада посочи дека ќе создаде орган што ќе ги проучува странските инвестиции во секторот на националната одбрана, земјоделието, енергетиката, природните ресурси, инфраструктурата, транспортот, технологиите и индустриските капацитети.

Овој орган ќе биде ставен под контрола на Националната комисија за развој и реформи и Министерството за трговија, соопштува владата на својот сајт. Странските инвестиции ќе бидат оценувани во зависност од нивниот ефект врз економската и социјалната стабилност на Кина и врз способноста на земјата да ја продолжи научно-истражувачката и развојната дејност, што ги засега технологиите поврзани со националната безбедност, се забележува во објавеното соопштение.

Page 28: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 17 февруари 2011

Рекордна вредност на светските пензиски фондовиВЛОЖУВАЊА ВО АКЦИИ И ОБВРЗНИЦИ

Во пензиските фондови ширум светот минатата година биле акумулирани 26,5 билиони долари, што претставува досега најголем прилив на средства откако се води ваква евиденција, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Таурес Вотсон“. Активата на пензиските фондови лани се зголемени за 12 проценти, со што е продолжен трендот на раст кој во 2009 година изнесуваше 17 отсто, по падот од 21 процент една година претходно. Од 2000 година средствата акумулирани во глобалните пензиски фондови се зголемени за 66 проценти, од тогашните 18 билиони на сегашните 26,5 билиони. Најголем раст забележале пензиските фондови во Бразил од 15 отсто и во Јужноафриканската Република по 13 проценти, а најмал во Јапонија од 0,2 отсто и Канада и Франција од по еден процент. Пензиските фондови во САД, Велика Британија, Австралија и Канда своите средства првенствено ги инвестирале во акции, додека јапонските, холандските и швајцарските фондови биле наклонети кон поризични стратегии вложувајќи го својот капитал во обврзници.

Повик на Доминик Строс-Кан, извршен директор на ММФРЕФОРМАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН СИСТЕМБИ ГИ СПРЕЧИЛО ИДНИТЕ КРИЗИ

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан предупреди дека недостигот на акции на реформирање на меѓународниот монетарен систем може да предизвика следна криза и повика на унапредување на меѓународната соработка поради поуспешно и посилно глобално заздравување. - Глобалната економска неурамнотеженост е зад нас, а прашањата кои не загрижуваа пред кризата - големи и нестабилни текови на капитал, притисоци, врзани за валутните курсеви, забрзано натрупување резерви - повторно се во прв план и ја загрозуваат економската стабилност, рече Строс-Кан за време на панел-дискусијата за меѓународниот монетарен систем, одржана во седиштето на ММФ во Вашингтон. Тој укажа дека „реформите на меѓународниот монетарен систем би можеле да го поттикнат и економското заздравување и да ја зајакнат способноста на тој систем за да спречува идни кризи, објавено е на Интернет страницата на ММФ. Уште една област за реформирање е обезбедувањето ликвидност во време на екстремна нестабилност, со цел зголемување на финансиите. Строс-Кан потсети дека ММФ, со цел обезбедување глобална финансиска безбедност, формирал, на пример, Флексибилна кредитна линија и Кредитна линија од претпазливост.

„Арселор Митал“ забележа квартална загуба ЗГОЛЕМЕНИТЕ ТРОШОЦИ СОЗДАДОА МИНУСОД 770 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот светски производител на челик, компанијата „Арселор Митал“ во четвртиот квартал од минатата година оствари загуба од 770 милиони долари, како последица на растот на цените на сировините и зголемените трошоци за производство на некородирачки челик. Во периодот октомври-декември 2009 година оваа мултинационална корпорација оствари профит од 1,11 милијарди долари, меѓутоа во текот на минатата година на светските берзи беше забележан раст на цените на железната руда и коксот што резултираше со негативен биланс на компанијата. Во последниот лански квартал „Арселор МИтал“ забележал раст на вкупниот промет од 20,7 милијарди долари и покрај намалената потрошувачка на челик предизвикана од глобалната економска криза. И покрај лошите економски показатели во последниот квартал, сепак во текот на целата 2010 година „Арселор Митал“ забележа раст на чистиот профит на 2,92 милијарди долари за разлика од заработката од 157 милиони долари во 2009 година. Вкупниот промет на компанијата минатата година пораснал на 78,03 милијарди долари од 61,02 милијарди остварени во 2009 година. „Арселор Митал“ меѓу останатото поседува и дел од поранешна скопска железарница.

Создадена најголемата берза во светот за рударски компанииИНТЕГРАЦИЈА НА ЛОНДОНСКАТА БЕРЗАСО КАНАДСКАТА ГРУПАЦИЈА ТМХ

Лондонската берза (ЛСЕ) и канадската групација ТМХ, која оперира со Берзата во Торонто, се согласиле да се интегрираат, јавува дописникот на МИА од Лондон. Двете страни се спогодија централите на здружената берзанска групација, која ќе биде најголемата берза во светот за рударските компании, да бидат сместени во Лондон и во Торонто. Преку 6.700 компании ќе делуваат преку интегрираната британско-канадска берза, чија пазарна капитализација се очекува да нарасне до околу 3,7 трилиони фунти.

Соопштението за поврзувањето на Лондонската берза и на групацијата ТМХ предизвика зголемување на вредноста на акциите на берзата во британскиот главен град. Поврзувањето во берзанското работење не е новина, па досега повеќе светски берзи се интегрираа во изминатите години. Њујоршката берза ХСЦЕ ја купи Еуронекст, германската берза ја презеде контролата врз меѓународната безбедносна берза во САД, а ЛСЕ е тесно поврзана со италијанската берза.

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

Page 29: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 17 февруари 2011

СЕМИНАРИ, САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Назив на проектот MK-Скопје: градежни работи

Референца ECZ62842 – земји-кандидати

Финансиска референца.

2011/S 27-044703

Вид на набавка изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 4.02.2011 година

Краен рок за апликација

14.3. 2011 година

Сектори Градежништво-инжинеринг

Опис на проектот Надградба и реновирање на административната зграда на Министерството за транспорт и врски во Скопје, локација Мал ринг - Центар

Контакт Министерство за транспорт и врски на Република Македонијаул. Црвена Скопска општина бр.4за: Елена Ангеловска-Атанасовска1000 СкопјеРепублика МакедонијаTel. +389 23145530 +389 23145530 E-mail: [email protected]

Назив на проектот Испорака на ИТ опрема врз основа на долгорочен договор – УНДП Молдавија

Референца UNDPZ62815

Финансиска референца.

ITB11/00300; 6581

Вид на набавка Испораки

Финансиер УНДП

Земја Молдавија

Објавено на

Краен рок за апликација

10.3. 2011 година

СекториИнформатичка технологија - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на проектот УНДП Молдавија објавува тендер за ИТ опрема врз долгорочна основа со иницијален период од 1 година со можност за дополнителни 2 години.

Контакт Valen�n Turcan, ICT AssociateAddress: UNDP Moldova, 131, 31 August 1989 Street, MD-2012 Chisinau, MoldovaE-Mail: valen�[email protected]

Назив на проектот MK-Скопје: Софтверски пакет и информатички систем (Supplement to the Official Journal of the European Un-ion, 29.1.2011, 2011/S 20-032509

Референца EcZ62567 – земји-кандидати

Финансиска референца.

2011/S 20-032509; 2011/S 25-039094; 2011/S 27-042624

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на

Краен рок за апликација

21.3. 2011 година

СекториИнформатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware

Опис на проектот Промени во тендерската документација во делот на техничкиот капацитет на економскиот оператор и на неговата референца

КонтактНБРМ, бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, Скопје,за Тодоровска Кристина , Tel. +389 23108457 +389 23108457 . E-mail: [email protected]. Fax +389 23108366 +389 23108366 .

Назив на проектот Проект за испорака ка социјални услуги (SSDP

Референца WB800-793/11

Финансиска референца.

Loan No. 7690-AL; Project Id: P055383

Вид на набавка услуги

Финансиер Светска банка

Земја Албанија

Објавено на

Краен рок за апликација

29.3. 2011 година

Сектори Информатичка технологија Економски развој Финансии - банкарство

Опис на проектот Развој на софтвер за нов бизнис-процес, вклучувајќи тренинг на персоналот во новиот софтвер (SERVER, OPERATING SYSTEM, APPLICATION SOFTWARE AND DEVELOPMENT OF SOFTWARE

КонтактContact: Project Coordina�on Unit (PCU).Social Services Delivery Project (SSDP). Social Insurance Ins�tute (SII).Rr: “Durresit”, Nr.83. Tirana, Albania. Tel & fax: + 355 42 23 23 31. A�: Aida Guxho; e-mail: [email protected]�: Elma Dogani; e-mail: [email protected]

Назив на проектот Изградба на дистрибутивен центар за риби и производи од риби во Трибуњ

Референца EuropeAid/131009/M/WKS/HR

Финансиска референца.

Вид на набавка Изведбени работи

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Page 30: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 17 февруари 2011

Финансиер Европска комисија

Земја Хрватска

Објавено на

Краен рок за апликација

11.4. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на проектот градежни работи за дистрибутивен центар за риби и производи од риби во Трибуњ, финансирано од ИПА.

Контакт www.safu.hr/ i na internetskoj stranici Europe Aida

Назив на проектот Коридор X Проект автопат

Референца EBRDZ62816

Финансиска референца.

6305-IFT-39750

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Србија

Објавено на

Краен рок за апликација

14.4. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на проектот Изградба на автопат E 80, секција Crve-na Reka – Ciflik, вклучувајќи го делотBela Palanka (вкупна должина 12.7 km, со 540 денови период на градење

КонтактKoridor 10 d.o.o. A�n: Mr. Nenad Ivanisevic, PhD., Civ.Eng.19a Vlajkoviceva Street, floor VI11000 Belgrade, Serbia Tel: +381 11 33 44 174 Fax: +381 11 32 48 682 E-mail: [email protected] Web site: www.koridor10.rs

Назив на проектот Проект на регионални и локални патишта

Референца EBRDZ62911

Финансиска референца.

6310-IFT-40153

Вид на набавка Услуги, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Албанија

Објавено на 12.02.2011 година

Краен рок за апликација

30.3. 2011 година

Сектори Градежништво - инженеринг

Опис на проектот 1.CWC/ICB/2011/WL – Rec 40, Reconstruc-�on of roads: Shen Avlash - Kryqezimi Fllake(3.5 km) and Kryqezim Fllake - Katund i ri (5.72 km), Durres Region. Период на изградба 14 месеци 2. CWC/ICB/2011/WL – Rec 42, Reconstruc�on of road “Drize- Porocan, Lot 1”, Elbasan Region (8,74 km). Период на изградба 15 месеци 3. CWC/ICB/2011/WL – Rec 65, “Reconstruc�on ofroad Kozare – Kuçove”, Berat Region (3,82 km). Период на изградба 9 месеци

КонтактContact name: Valen�na KazanxhiEmployer: Albanian Development FundAddress: Rr. “Sami Frasheri”, Nr. 10, Tirana, AlbaniaFi�h Floor – Mee�ng RoomTel: +355 4 22 35 597/8Fax: +355 4 22 34 885E-mail: [email protected]

Назив на проектот Проект за регионални и локални патишта

Референца EBRDZ62910

Финансиска референца.

6308-IFT-39311

Вид на набавка Услуги, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Македонија

Објавено на 12.02.2011 година

Краен рок за апликација

4.4. 2011 година

Сектори Градежништво, инженеринг

Опис на проектот

Поправки и подобрување на секциите од регионалниот пат: Р108 Кавадарци - Мусов гроб, км 0+000 - км 16+302,24, Р418 Струга - Дебар, Секција 1, км 0+000 – км 16+053 Секција 2, км 40+366 – км 51+020

КонтактАгенција за државни патишта, Република Македонија Ул. Даме Груев, бр.14, 1000 Скопје Република Македонија Тел.: +389 2 118 044: Факс: +389 2 220 535

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044

факс.3244088е-маил[email protected]

www.mchamber.mk

Page 31: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 17 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 22.2.2011 година презентација во Стопанската комора на МакедонијаЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ, КОМУНАЛНА И ПРОЦЕСНА ОПРЕМА ЗА ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА ОД СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, Биро за регионален развој, продолжувајќи ја својата соработка, а со цел оживување на деловните односи и изнаоѓање нови и квалитетни форми на економска соработка, организираат презентација на српските компании-производители на земјоделски машини, комунална опрема и процесна опрема за прехранбената индустрија, како и деловни средби меѓу македонските и српските компании. Презентацијата ќе се одржи на 22.2.2011 година, co почеток во

10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, на 5-ти кат. Покрај презентацијата, во продолжение ќе се одржат и делопвни средби меѓу македонските и српските компании, што ќе биде прилика за размена на информации за стопанските потенцијални иможности. Во таа насока заинтересираните македонски компании треба да го искажат својот интерес за воспоставување средби, согласно списокот на српските

компании што Ви се доставува во прилог. Се покануваат сите заинтересирани македонски компании да го најават својот интерес за воспоставување соработка со компании од Србија, најдоцна до 20 февруари 2011 година, во Стопанската комора на Македонија. Лица за контакт: Венера Андриевска,тел: 3244037, Факс: 3244088, [email protected] и Мирјана Коцева, тел: 3244035, факс 3244088, [email protected]

Дводневен семинар „ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ И ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИОНИТЕ ПРОЕКТИ“23 и 24 февруари 2011 година8:30-14:30 часотСтопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Стопанската комора на Македонија Ве поканува на дводневен семинар на тема: „Финансиските извештаи и вреднување на инвестиционите проекти„, што ќе се одржи на 23-24 февруари 2011 година, со почеток во 8:30 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија. Главната и единствена цел е сите учесници во текот на двете сесии да се стекнат со што е можно поголемо практично знаење, базирано врз современите теоретски сознанија за оваа проблематика. Фокусот на оваа обука е ставен на анализа на перформансите од работењето на компаниите, анализа на изворите и трошоците за финансирање, како и на анализа на инвестициони проекти. Анализата и решавањето на примери од практични примери се составен дел од семинарот.

Програма 23 февруари 2011 година (среда) Временска димензија на парите Финансиските показатели и релативно вреднување на компаниите (показатели на ликвидност; задолженост; користење на средствата и на профитабилноста) Студија на случај - практичен пример 24 февруари 2011 година (четврток) Вреднување на трошокот (цена) на капитал (општ трошок на капиталот; Трошок на долгот; Трошок на приоритетни акции; Трошок на сопствен капитал Инвестициони проекти и нивно вреднување (Нето сегашна вредност; Интерна стапка на рентабилност и Праг на рентабилноста) Студија на случај – практичен пример

Предавачи:Проф. д-р Панче Јовановски, Европски универзитет Република Македонија Асс. Славко Гавриловски, Европски универзитет Република Македонија

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 февруари 2011 година.

Контакт:Ленче Зикова Анита Митревска тел: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail:[email protected] [email protected]

Од 24 до 27 февруари 2011 година Меѓународен саем за храна и прехранбена технологија во Република Турција„BURSA FOOD / FOOD-TECH 2011„ * Организирана посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 24 до 27 февруари 2011 година, во Бурса, Република Турција ќе се одржи 10. Меѓународен саем за храна и прехранбена технологија „BURSA FOOD / FOOD-TECH 2011“. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на индустријата за храна и пијалаци, пакување, опрема и современа технологија за производство на храна и опремување на продавници и маркети, хотели, ресторани, кафе-барови и друго, на којшто свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП„ организира посета со групен автобуски превоз на македонски

Page 32: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 17 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ компании на саемската манифестација од 24-26 февруари 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од хотел до Саемот и влезница за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци по лице за саемскиот организатор „Адонис„ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и трошоците за организација на Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Влатко СтојановскиТел: 3244037 Тел:3244004Факс:32 44088 Факс:32 [email protected] [email protected]

На 24 и 25 февруари деловни средби со бугарски компании и посета на саемски манифестацииSAFETY & SECURITY ВО СОФИЈА И „ВИНАРИА“ ВО ПЛОВДИВ

Во периодот од 24 до 25 февруари 2011 година во Софија, Р.Бугарија, во рамките на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балканските комори, планирано е организирање бизнис форум со бугарски компании од различни стопански дејности. Настанот, кој се организира во соработка со Трговско-индустриската комора на Бугарија, претставува добра можност македонските компании да воспостават директни контакти и деловни средби со потенцијални деловни партнери од Р.Бугарија.

Истовремено, се предвидува и посета на реномираните меѓународни саеми за безбедност и осигурување “Safety and Secu-rity” во Софија на саемот за вино “Винариа” во Пловдив. Врз основа на бројот на пријавени учесници, планиран е организиран автобуски превоз до Софија и блок резервација за хотелско сместување во Софија за едно ноќевање на 24.2.2011 година. Трошоците за превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Стопанската комора на Македонија, како ко-организаторот на билатералните средби ги поканува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество преку пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.2.2011 година, со цел навремено информирање на организаторот на оваа средба и обезбедување деловни партнери. Пошироки информации и пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Билјана Пеева Ѓуриќ Тел: (02) 3244034Факс:++38923244088E-адреса: [email protected]

Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦАЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“28 февруари 2011 година 08:30-15.30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и IFC (Меѓународна финансиска корпорација) - ISTR (Програма за меѓународни стандарди и технички регулативи), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места, како и запознавање со меѓународниот систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001. Обучувачи на семинарот ќе бидат: еминентен предавач од Државниот инспекторат за труд, Благица Трајчевска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа како и дипломираниот инженер по ЗПР, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за безбедност при работа. Презентација за Системот за управување со безбедност и здравје при работа на OHSAS 18001 ќе ја реализира дипломираниот инженер по ЗПР, Милан Петковски, стручно лице за безбедност при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од: - Законот за БЗР; - Правилникот за инспекциски надзор; - Правилникот за проценка на ризик; - подзаконските акти кои ќе произлезат како прашања на самата обука.

Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука ќе и` се посвети посебно внимание на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа во македонските претпријатија, на присутните на оваа обука ќе им се претстави меѓународниот Систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001, во контекст на идентификување и управување со ризиците врзани за безбедонста и здравјето при работа, намалување на потенцијалните несреќи, и постојано подобрување на своето работење Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24 февруари 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество.

Page 33: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 17 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Контакт:Ленче Зикова Елизабета Андриевска-Ефтимовател: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 047 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] be�@mchamber.mk

Oд 2 до 6 март 2011 година во Република Хрватска„ГАСТ 2011“ ВО СПЛИТ

Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество и посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна, пијалоци, кафе, хотелска и угостителска опрема, туризам и мебел „ГАСТ 2011“ во Сплит, Жњан, Република Хрватска. Стопанската комора на Македонија во соработка со Сплитскиот саем организира учество на македонските компании на заеднички национален штанд по привилегирани услови (20% попуст за уреден штанд и 25% за неуреден штанд, како и бесплатна страница во Каталогот на саемските излагачи). За сите посетители од земјава обезбедени се бесплатни влезници за Саемот. На 35.000 метри квадратни изложбена површина

„ГАСТ 2011„ е една од најголемите специјализирани саемски манифестации и клучно место каде што се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната, пијалоците, хотелска и угостителска опрема. Исто така, ГАСТ е во бизнис-круговите познат и како место за договарање и логистика за туристичката сезона. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании своето учество за посета и излагање на Меѓународниот саем „ГАСТ 2011„ да го пријават најдоцна до 25.02.2011 година. Поoпширни податоци и пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел: 3244037; Факс:3244088Е-адреса: [email protected]

Од 2 до 6 март 2011 година Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни во Република Турција“UNICERA 2011” ВО ИСТАНБУЛ

*Стопанската комора на Македонија и „Адонис груп“ организираат посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2011”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации: - 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни „UNICERA 2011“, - 2. Меѓународен саем за цевки, вентили, пумпи и филтри „PIPEXPO“, - Саем за осветлување, мебел и декорација „DE-KOREKS„ и - 8. меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати – „KITCHEN WORLD“.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“, организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на оваа саемска манифестација, од 2 до 4 март 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок и ручек, влезница за Саемот, трансфер од хотел до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци по лице за саемскиот организатор „АДОНИС“ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз и 35 евра административни трошоци), како и трошоците за организација на Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mkКонтакт:

Влатко Стојановски Елизабета A. Ефтимова Тел.02 3244 004 тел.02 3244 074Факс:02 3244 088 факс:02 3244 [email protected] be�@mchamber.mk

На 4 март 2011 година во Стопанската комора на МакедонијаСРЕДБА СО ИШТВАН ПАСТОР, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА АП ВОЈВОДИНА Потпретседателот на Владата на АП Војводина во Република Србија, Иштван Пастор, изрази интерес за остварување средба со македонски компании заинтересирани за запознавање со потенцијалите на војводинската економија, инвестиционите и стопанските планови за развој, во насока на интензивирање на трговската размена и изнаоѓање деловни партнери од овој развиен српски регион . Со оглед на интерактивниот карактер на средбата, таа ќе биде искористена македонските компании директно да ги пренесат своите досегашни искуства, реалните потреби и идните планови за соработка со војводински партнери, како и да предложат иницијативи за унапредување на билатералната трговска соработка со оваа Автономна Покраина на Р. Србија. Средбата со потпретседателот на Владата на Војводина ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Исто така, господинот Пастор ќе присуствува на презентацијата на Новосадскиот Саем, што ќе се одржи истиот ден, во 11:00 часот, во Стопанската комора. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на средбата со потпретседателот на Владата на Војводина, со претходно пријавување најдоцна до 22.02.2011 година.

Page 34: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 17 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 4.3.2011 година во Стопанската комора на Македонија ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ * Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”

Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа во Србија, на 4 март 2011 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните македонски компании.

Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 78-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 14-21 мај 2011 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Европа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува оваа година ќе настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите сектори. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”. Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Контакт: Венера Андриевска Влатко СтојановскиТел: 3244037 Тел:3244004Факс:32 [email protected] [email protected]

Од 10 до 13 март 2011 година во Република ТурцијаМЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО ВО ИСТАНБУЛ Во периодот од 10 до 13 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција се организираат три меѓународни саемски манифестации: * ISTANBUL WINDOW 2011 – 12. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства; * ISTANBUL DOOR EXPO 2011 – 3. Меѓународен саем за врати, блендирани врати, панел, системи и помошни

средства за врати и * ISTANBUL GLASS EXPO 2011 - Саем за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии. На овие меѓународни саемски манифестации учествуваат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 10 - 12 март 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување со две ноќевања, со појадок, влезница за Саемот, трансфер од хотелот до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за лице, за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 1 март 2011 година.

Подетални информации на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr

Контакти:Билјана Пеева - Ѓуриќ Ванчо СпасескиТел.02 3244 034 тел.02 3244 095Факс:02 3244 088 факс:02 3244 [email protected] [email protected]

Од 18 до 20 март 2011 година, во Коња, ТурцијаАГРОБИЗНИС ПАРТНЕРИЈАТ НА “KONYA AGRICULTURE FAIR 2011”

Во периодот од 16 до 20 март 2011 година во Коња, Турција, ќе се одржи реномираниот Меѓународен саем за агробизнис “Konya Agriculture Fair 2011”. На овој најголем саем за земјоделие во регионот ќе земат учество околу 600 најпознати и најголеми компании од Европа и Азија од земјоделскиот сектор и пропратните индустрии, на кој ќе бидат претставени нови технолошки иновации, земјоделска механизација, агрохемиски производи, агроопрема, сточарство прехрана итн. Во рамките на Саемот, на 19 март 2011 година, ќе се одржи Меѓународен деловен партенаријат – билатерални средби “B2KONYA-AGRI 2011”, на кој ќе земат учество голем број компании од агроиндустријата од повеќе земји. Учеството за македонските компании е бесплатно. Што претставува меѓународниот деловен партенаријат (МДП)? Меѓународниот деловен партенаријат е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање соодветен и сигурен деловен партнер од странство, преку претходно автоматско поврзување (business match-making), од агробизнисот и пропратните стопански сектори. Настанот претставува одлична можност, особено за компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзо растечката економска сила на Турција и на пазарите во Југоситочна Европа, да остварат директни средби со потенцијалните партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на know-how технологии, истражување и развој итн. Кои се предвидените стопански сектори? - Земјоделска механизација и технологии; технологии за стаклени градини; води и системи за наводнување; земјоделска медицина; семиња, хортикултура, цвеќарство; еколошко земјоделство; земјоделски машини и земјоделство, опрема; услуги; агроинформатика; млеко и млечни производи; живина;

Page 35: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 17 февруари 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ суровини и материјали во агроиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот - Стопанската комора на Коња, организира учество на деловните средби и посета на Саемот во Коња, од 18-20 март 2011 година. Трошоците за авионскиот превоз и за хотелското сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 25.2.2011 година. За повеќе информации посетете ја интернет страната: h�p://www.b2match.eu/b2konya-agri-2011/ За он-лајн ртегистрација: h�p://www.b2match.eu/b2konya-agri-2011/par�cipants/new

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Васко Ристовски Тел: (02) 3244014Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

На 23 и 24 март 2011 март во Мериленд, САДБИЗНИС-САМИТ САД – ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БАЛТИМОР

Од страна на Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, преку нашето Министерство за надворешни работи, информирани сме за можноста од организирање на Бизнис Самит: САД – Западен Балкан. Планирано е тој да се одржи во Балтимор, Мериленд, на 23 и 24 март 2011 година. Како земји-учеснички од Западен Балкан би се јавиле: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија. Целите на Самитот, кој државата Мериленд за првпат го организира, а на кој ќе бидат поканети учесници (компании) и од неколкуте околни држави од САД, се: - зајакнување на економските и трговските врски со САД и помош во интеграцијата на земјите од Западен Балкан; - директни средби меѓу компаниите од САД (Мериленд и околните држави) со компании од овој регион; - средби на претставниците на владите од регионот со заинтересираните компании за инвестирање; - запознавање на учесниците со состојбите и потенцијалите на земјите од Западен Балкан и - зајакнување на контактите меѓу владините и приватните претставници, НВО-и со цел да се засили економската соработка меѓу Западниот Балкан и САД.

Планирано е да се организираат панел-дискусии и работилници на коишто би се разговарало за натамошно зголемување на трговијата и инвестициите во секторите: ИТ-технологија, туризам, енергетика, трговија (дистрибутивни канали), производство и воено-одбранбена индустрија. Целокупните логистички и административни формалности ќе бидат навремено дефинирани и истите ќе бидат проследени на сите заинтересирани македонски компании. Вашиот интерес за учество на Бизнис-самитот во САД, може да го најавите најдоцна до 25 февруари, 2011 година (понеделник). Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk или на e-mail адресата: [email protected], кај лицето Билјана Пеева-Ѓуриќ (тел: 3244-034, факс: 3244 088).

Од 29.3 до 1.4.2011 година посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” во БратиславаСРЕДБИ СО СЛОВАЧКИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ Во периодот од 29.03 до 1.04.2011 година во Братислава, Р. Словачка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Регионалната комора на Братислава, организира билатерални

деловни средби меѓу македонски и словачки компании од градежниот сектор. Истовремено, планирана е посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” На овој најголем саем за градежништво во Словачка минатата година земаа учество над 600 компании од повеќе европски земји од следниве градежни сектори: високо и нискоградба; градежни материјали; технолошки иновации; греење и ладење; мерење; пумпи, компресори, и др. опрема; климатизација и вентилација; недвижности; суровини и материјали во градежништвото. На деловните средби што ќе се одржат на 30 март 2011 година во Братислава, Словачка, македонските компании од градежниот сектор ќе имаат одлична можност за воспоставување директни контакти и средби со словачки компании, со цел проширување на своите деловни активности и пронаоѓање на потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, агенти, застапници итн. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот – Регионалната комора на Братислава, организира учество на македонските компании на деловните средби и посета на Саемот за градежништво од од 29.03-1.04.2011 година. Трошоците за авионски превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 25.2.2011 година.

Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република ХрватскаБРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Page 36: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 17 февруари 2011

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

На 25 и 26 февруари Меѓународен брокерски настан во Република Србија

ТУРИЗАМ И ВИНО ВО БЕЛГРАД Стопанската комора на Македонија – Европскиот иновативен и информативен центар во Македонија организира посета и учество на Меѓународниот брокерски настан за ТУРИЗАМ И ВИНО, што ќе се одржи во Белград, од 25-26 февруари 2011 година.

1. Брокерски настан во секторот туризам На Меѓународниот саем за туризам (25 февруари 2011 година во Белград), Enterprise Eu-rope Network од Србија ќе организира меѓународен брокерски настан наменет за претприемачите кои бараат партнери во секторот Туризам. Меѓународниот саем за туризам во Белград е еден од најважните туристички саеми во регионот. Во текот на Саемот, има повеќе од 700 излагачи од 38 земји, на 30.000 м2 внатрешен простор, исполнат со околу 50.000 посетители. IFT е член на Европската асоцијација за туризам саеми од 2003 година.

2. Брокерски настан за производителите на вино Во рамките на Меѓународниот саем за вино (26 февруари 2011 година, во Белград), Србија Enterprise Europe Network ќе организира меѓународен брокерски настан кој се однесува на претприемачите кои бараат деловни партнери во секторот за производство на вино. Сите информации во врска со регистрацијата на учесниците, поединечниот распоред и роковите се достапни на веб-страната www.EENBrokerage.info,

Контакт:ЛАЗО АНГЕЛЕВСКИ,проектен консултант Тел 02 3244 090е-маил [email protected]

На 22 и 23 март 2011 година Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Франција

БИЗНИС�ФОРУМ ВО ДИЖОН

За време на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон, ќе се одржи бинзис-форум (брокерски настан) на којшто ќе можат да се разменат искуства со други учесници за време на конгресот. Овој настан ги таргетира индустриите за прехранбени производи, лабораториите, технички центри кои се занимаваат со храна и исхрана. Поентата на овој настан во споредба со други настани со слични теми е сензорскиот пристап (вкус, арома, структура/состав....). Секоја организација (индустрија, јавна или приватна истражувачка лабораторија, технички центар), која има технолошка или know-how понуда или барање или која бара партнери е добредојдена за да се приклучи во деловните средби со компании од цела Европа. Брокерскиот настан се организира во рамките на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон. Над 370 средби меѓу компаниите се организирани за време на последниот Конгрес во 2010 година.

Сите информации и регистрација ( пред регистрација на брокерскиот настан) може да се најдат на www.taste-nutri�on-health.com или на линкот на горенаведениотконгрес.On-line Регистрацијаh�p://b2match.eu/taste-nutri�on-health2011/par�ci-pants/new ЕЕН Проект www.een.mk

Софче Јовановска [email protected], Тел: +389 (02) 3244060Лазo Ангелевски [email protected] Тел: +389 (02) 3244090

Page 37: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 17 февруари 2011

Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ

САЕМИ ВО МАРТ

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:

01/03/2011 Interna�onal Brokerage Event of Renew-able Energy ENEX 2011

Kielce (Poland)

01/03/2011 Interna�onal brokerage event FutureMatch at CeBIT 2011

Hannover (Germany)

02/03/2011 Ecobuild match-making event 2011 London (United Kingdom) 04/03/2011 expoEnergy 2011 in Wels Wels (Austria) 04/03/2011 Tourism@GAST 2011 Split (Croa�a)10/03/2011 Successful R&D in Europe - 3rd European

Networking Event Duesseldorf (Germany)

18/03/2011 BUD-GRYF & ENERGIA Brokerage Event for Construc�on and Energy Sector

Szczecin (Poland)

19/03/2011 B2KONYA-AGRI 2011 konya (Turkey) konya (Turkey) 22/03/2011 Technology B2B for Finance Warsaw (Poland) 22/03/2011 6th Taste Nutri�on Health Interna�onal

Congress Dijon (France)

25/03/2011 WOOD Mee�ngs 2011 Namur (Belgium) 29/03/2011 IT/ICT POLISH-ISRAELI MATCH-MAKING

EVENT Warsaw (Poland)

29/03/2011 TELMI’2011: Linguis�cs, seman�cs & e-reputa�on

Lille (France)

30/03/2011 AMPER 2011 Brno (Czech_Republic) 30/03/2011 AERODAYS 2011 Brokerage Event in Aero-

nau�csMadrid (Spain)

30/03/2011 Interna�onal B2B So�ware Days Vienna (Austria)

Page 38: Бизнис ИНФО бр.41 од 17.02.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 17 февруари 2011

Македонска компанија нуди еколошки тврди грејни горива (брикет, пелет и сл.) и мебели

орнаменти (летниковци, дрвени куќички и сл.) за македонскиот пазар

Валидност до:25.12.2011

Македонска компанија нуди комплетни логистички решенија за индустријата и широка потрошувачка, меѓународен и

локален транспорт за секаков вид на праткиВалидност до:25.12.2011

Компанија од Босна и Херцеговина бара застапник на опрема за користење на

обновлива енергија,еколаин камини на биомаса, котли на биомаси -палети со снага

(20кЊ до 600кЊ) и соларни колекториВалидност до:26.06.2011

Германска компанија нуди соработка во Република Македонија на квалитетни решенија за третман на отпадни води

Валидност до:26.06.2011

Хрватска компанија бара пласман во Република Македонија на дрвени куќи

Валидност до:26.06.2011

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија

со жлебови за производство на картонВалидност до:27.06.2011

Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на леванда

и производи од левандаВалидност до:27.06.2011

Македонска компанија бара пласман на машки и женски обувки во европските земји, нудат рачно шиени обувки како и со штробел изработка со полууретански ѓонови , широки

и комотни калапи , со модерен дизајн и природни материјали

Валидност до:27.12.2011

Македонска компанија нуди услуги во поставување на инсталации за водовод

канализација и плин и инсталации за греење и клима-уреди

Валидност до:28.12.2011

Грчка компанија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на

заштеда на енергија преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење, греење и осветлување во домаќинстата, комерцијалните и индустриските објекти

Валидност до:28.06.2011

Швајцарска компанија е заинтересирана да гради фабрика за производство на

протеински пијалоци(слични на Red Bull) вообласта на Прилеп и Крушево, со можност

за врабоотување на 350 лица,извозот е загарантиран

Валидност до:04.12.2011

Швајцарска компанија е заинтересирана

да купи хотел во непосредна близина на Охридското Езеро

Валидност до:04.12.2011

Швајцарска компанија бара да инвестира 40 милиони долари во областа на Охридското

Езеро(Охрид,Струга),во изградба на најсовремен хотел со казино

Валидност до:04.12.2011

Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб Вардар и во близина на стадионот Филип Втори да игради рекреативен

и трговски центарВалидност до:04.12.2011

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на руска

вотка од марката Стличнаја, Столичнаја кристал, Московскаја и Рискаја

Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб Вардар и во близина на стадионот Филип Втори да игради рекреативен

и трговски центарВалидност до:04.09.2011

Компанија од Црна Гора бара да откупува ореви,луштени струмички кикирики,тетовски

грав и кромид од Република МакедонијаВалидност до:07.12.2011

Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболки од Република Македонија од сортите

ајдаред,златен и црвен делишес,гремит смит,муцо,глостер прва класа ,калибража од

75 до 85 мм франко ПодгорицаВалидност до:07.12.2011

Македонска компанија нуди електрични апарати за домаќинствата и радио и

телевизиски уредиВалидност до:07.12.2011

Македонска компанија нуди услуги за фарбање на медијапан и метал

Валидност до:07.12.2011

Македонска компанија продава и монтира собни врати од Леснина-Словенија, хрватски

паркет и оков за вратиВалидност до:07.12.2011

Македонска компанија изработува чуварници и настрешници

Валидност до:07.12.2011

Македонска компанија бара пласман на сигурносни врати на домашен и странски

пазарВалидност до:07.12.2011

Македонска компанија изнајмува деловен простор со површина од 1072 м2 (хала - 755

м2, канцеларии 317 м2). Целиот деловен простор е под парно греење. паркинг простор

2000 м2. Дополнителни 500 м2 покриен простор погоден за складирање. Објектот е лоциран 10 км од Охридското Езеро. 23 км од Албанско-Македонска граница и 107 км

до Македонско- Грчка граница. Објектот е погоден за секаква намена.

Валидност до:07.12.2011

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

пластични кеси,пластични кеси, еластична и нееластична фолија за пакување на

прехранбени производи (грицки, слатки, сладолед, и др.)

Валидност до:08.09.2011

Компанија од Хрватска бара партнер за соработка во изработка на метални електро

орманчиње во Република МакедонијаВалидност до:08.12.2011

Компанија од Полска бара соработка со македонски компании во областа на

обновливи извори на енергија производство на био маса и галванизација,производство на

брикети од слама и дрвоВалидност до:08.08.2011

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија на специјални машини

за производство на четки за чистењеВалидност до:08.07.2011

Компанија од Србија бара соработка со трговци со земјоделска механизација во

Република Македонија за пласман на берачи за пченка, сетвоспремачи диск плугови

Валидност до:09.09.2011

Компанија од Србија бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман

на атомизери,рото фрези и апарати и компоненти за хидраулика и пнеуматика за

земјоделски машиниВалидност до:09.09.2011

Компанија од Србија бара соработка со комунални и водоснабдувачки фирми

во Република Македонија за пласман на комунални возила

Валидност до:09.09.2011

Компанија од Србија бара соработка со комунални претријатија во Република

Македонија за плсаман на комунални возилаВалидност до:09.09.2011

Компанија од Србија бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман

на опрема за пекарствоВалидност до:10.07.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски