Upload
metamorphosis
View
1.403
Download
14
Embed Size (px)
DESCRIPTION
Citation preview
www.metamorphosis.org.mk
Водич: „Како до политики за
приватност?“Хаштаг на Твитер #privatnost
Филип СтојановскиФондација МетаморфозисСкопје, 6 декември 2011 г.
www.metamorphosis.org.mk
Заложба за заштита на приватноста 1/3
1. Ние од нашите корисници ги собираме само најнеопходните лични податоци и ги чуваме и ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија.
2. Ние не собираме лични податоци (име, презиме, контакт-информации) за Вас преку интернет, освен доколку не одлучите доброволно да ни ги дадете преку е-пошта или веб-коментари.
3. Ние јасно објаснуваме кои видови податоци ги собираме и за што сè се користат.
4. Како наши корисници, Вие имате право на увид, ажурирање, коригирање и на бришење на Вашите лични податоци во согласност со целите заради кои биле собрани или обработени.
www.metamorphosis.org.mk
Заложба за заштита на приватноста 2/3
5. Вие во секое време имате право да побарате да престанеме да Ви праќаме пораки и новости по е-пошта, како и трајно да ја избришеме Вашата адреса од нашите бази на податоци.
6. Ние никогаш не ги продаваме, изнајмуваме или споделуваме личните податоци на трети страни, доколку тоа не е потребно за извршување некоја услуга која Вие ќе ја побарате или без Ваша експлицитна дозвола.
7. Доколку користиме надворешна компанија за обработка на личните податоци на нашите корисници, задолжително применуваме систем за енкрипција и сигурносни сервери, а притоа податоците не се задржуваат, споделуваат, чуваат или користат за други цели.
www.metamorphosis.org.mk
Заложба за заштита на приватноста 3/3
8. Вашите лични податоци ги откриваме на трети лица само во случаи кога тоа се бара според закон или е потребно при судска постапка врз основа на судски налог.
9. Заштитата на безбедноста и приватноста на децата е посебно важна за нас. Затоа јасно ги означуваме информациите и услугите што ги нудиме, а чие користење е забрането за лица помлади од 18 години.
10. При објавување содржини на интернет, ние се раководиме според процедури засновани на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, кои се објаснети во јасна и разбирлива Политика за приватност.
www.metamorphosis.org.mk
Водич: „Како до политика за приватност?“
• Плод на соработка меѓу Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) – www.dzlp.mk.
• Бесплатно достапен на македонски и албански јазик во хартиена и електронска форма
• Наменет за е-издавачи/сопственици на веб-локации и веб-апликации од сите сектори
www.metamorphosis.org.mk
Политика за приватност
• Политика за приватност (анг. privacy policy) е правен документ со кој се објавува на кои начини една страна прибира, користи, објавува и раководи со податоци на своите клиенти, заснован на важечките закони.
• За сега, во РМ не постои законска обврска веб-сајтовите да објават политики за приватност, но ваквиот документ е важен во однос на нивната транспарентност и градењето доверба меѓу нив и корисниците.
• Во РМ, при отворање е-продавници, банките бараат од коминтентите да имаат развиено политика за приватност.
• Нема едно унифицирано решение, но има добри практики и de facto стандарди.
www.metamorphosis.org.mk
Елементи на политика за приватност
• Поврзување со важечките закони за заштита на лични податоци и покажување на нивното познавање
• Информирање какви сè податоци се собираат од корисниците, како и кога се користат, складираат, уништуваат
• Автоматски собрани податоци– Серверски логови– Колачиња– Споделување со трети страни (бројачи на посети)
• Податоци доставени од самите корисници „рачно“– Е-пошта и мејлинг листи– Коментари, форуми итн.
www.metamorphosis.org.mk
Приватноста на интернет во Македонија
• Извештаи на Метаморфозис, како дел од глобалните извештаи (www.epic.org, www.pi.org, www.edri.org)
• Теми: приватност, транспарентност, отчетност– Заштита на личните податоци– Слободен пристап до информации од
јавен карактер
• Законската рамка и важни настани од областа
www.metamorphosis.org.mk
Политики за приватност на македонскиот веб
Април 2010: • Проверени скоро 14 илјади .МК домени од регистарот на
МАРНет, и 1,7 илјади активни веб-локации од директориумот на Маседониа срч
• ПП откриени само на 41, односно 25 веб-локации• Од 165 активни GOV.MK веб-сајтови со домени од 3 ниво, 0
имаа ПП
Октомври 2010:• Ниту една од веб-локациите на државни институции,
локална самуправа, судска власт и политички партии од јавната база на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до податоци од јавен карактер имаа ПП
Март 2011• Најмалку две општини и една политичка партија објавија ПП
Извори: dns.marnet.net.mk, www.org.mk, www.komspi.mk.
www.metamorphosis.org.mk
Политики за приватност на македонскиот веб
09.2
009
11.2
009
01.2
010
03.2
010
05.2
010
07.2
010
09.2
010
11.2
010
01.2
011
03.2
011
05.2
011
07.2
011
16 29 33
57
9 1824
440
20
40
60
Застапеност на политики за приватност кај е- продавниците во Македонија
Е-продавници со политика за приватност
Вкупен број е-продавници
www.metamorphosis.org.mk
Основни начела• Достапност и видливост• Објаснете кои видови податоци се собираат и како
се користат• Објаснете зошто Вашиот сервер и онлајн-операции
се сигурни• Дозволете им на корисниците да си одат• Дозволете им на корисниците да ги видат и
изменат своите податоци• Информирајте за измените во ПП• Објавете можности за директен контакт• Напишете ПП што корисниците може да ја
разберат
• Пишувајте едноставно • Не ги лажете посетителите
www.metamorphosis.org.mk
Должина и обем на ПП
• Не постои еднозначно решение/рецепт – големината на ПП треба да ги одразува функциите на веб-локацијата/апликацијата
10042313
3067
5443 5830 5965
01000200030004000500060007000
2005 2006 2007 2009 2010 2011
Број на зборови на Политиката за приватност на Фејсбук
www.metamorphosis.org.mk
Заклучоци: Политики за приватност
• Потребно е воспоставување процедури на ниво на институции за заштита на приватноста на граѓаните во сите видови електронски комуникации
• Воведување стандард за елементи и изглед на веб-сајт на јавни институции во РМ
• Политиките за приватност се само еден од индикаторите дека институциите се грижат
www.metamorphosis.org.mk
Ви благодарам на вниманието!
Повеќе информации, водичи и извештаи се достапни на
Веб: www.metamorphosis.org.mk Твитер: @fmeta #privatnostФејсбук: fb.me/metamorphosis.foundation
Контакт: Филип Стојановски[email protected]
075 495 306