4
Егејска Македонија во македонското народно творештво Егејскиот дел на Македонија иако денес е под Република Грција, преку македонските народни песни тој и понатаму останува нераскинливо поврзан со етногеографската целина Македонија и со душата на секој Македонец. Гоце Делчев е роден во градот Кукуш, во егејскиот дел на Македонија. Во песната “Црна се чума зададе” Гоце го нарекува Кукуш “мој град” Црна се чума зададе Црна се чума зададе там долу Македонија, там долу Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да изгони од жална Македонија. Избрал се, ми се изнашол млад Гоце Делчев војвода, чумата да изгони с' негова верна дружина. Тој ојде Македонија там долу Демир Капија. Гоце на дружба говори: Дружино, верна зговорна, кога ќе вие врвите низ моја града Кукуша мајка ми ќе ве запраша: Каде е Гоце војвода? Вие ќе и нејзи кажете: Гоце се, мајко, ожени за мајка Македонија. Уште една песна за Гоце Делечев во која се спомнува неговиот роден град во Егејска Македонија: Сокол ми лета високо Сокол ми лета високо, Мори девојко, Сокол ми лета високо.

Егејска Македонија во македонското народно творештво

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Егејска Македонија во македонското народно творештво

Егејска Македонија во македонското

народно творештво

Егејскиот дел на Македонија иако денес е под Република Грција, преку македонските народни песни тој и понатаму останува нераскинливо поврзан со етногеографската целина Македонија и со душата на секој Македонец.

Гоце Делчев е роден во градот Кукуш, во егејскиот дел на Македонија. Во песната “Црна се чума зададе” Гоце го нарекува Кукуш “мој град”

Црна се чума зададе

Црна се чума зададетам долу Македонија,

там долу Демир Капија.Кој ќе се јунак избере

чумата да изгониод жална Македонија.

Избрал се, ми се изнашолмлад Гоце Делчев војвода,

чумата да изгонис' негова верна дружина.

Тој ојде Македонијатам долу Демир Капија.

Гоце на дружба говори:

Дружино, верна зговорна,кога ќе вие врвите

низ моја града Кукушамајка ми ќе ве запраша:

Каде е Гоце војвода?Вие ќе и нејзи кажете:Гоце се, мајко, ожениза мајка Македонија.

Уште една песна за Гоце Делечев во која се спомнува неговиот роден град во Егејска Македонија:

Сокол ми лета високо

Сокол ми лета високо,Мори девојко,

Сокол ми лета високо.

Над таја града Кукуша,Мори девојко,

Над таја града Кукуша.

Над Делчевите дворови,Мори девојко,

Над Делчевите дворови.

Делчево либе убаво,Мори девојко,

Делчево либе убаво.

Рамни дворови метеше,Мори девојко,

Рамни доворови метеше.

И дробни солзи ронеше,Мори девојко,

И дробни солзи ронеше.

Дека е Гоце загинал,Мори девојко,

Page 2: Егејска Македонија во македонското народно творештво

Дека е Гоце загинал.

Во тоа село Баница,Мори девојко.

За жална Македонија.

Во песната “Ој Вадаре македонски” се вели дека реката Вардар која тече од Скопје до Солун ја краси Македонија:

Ој Вардаре македонски

Среде Скопје Вардар врви,Вардар река распеана.

Ој, Вардаре Македонскиод извора дур до Солуна.Ој, Вардаре Македонскити ја красиш Македонија.

Како бисери градовити закитиле брегови.

Ој, Вардаре Македонскиод извора дур до Солуна.Ој, Вардаре Македонскити ја красиш Македонија.

Лути рани на јунацитвојта вода ги лекува.

Ој, Вардаре Македонскиод извора дур до Солуна.Ој, Вардаре Македонскити ја красиш Македонија.

Каде Вардар поминувашсреќа, радост донесуваш.

Ој, Вардаре Македонскиод извора дур до Солуна.Ој, Вардаре Македонскити ја красиш Македонија.

Во песната “Тамо долу крај Белото Море” на најсликовит начин се опишуваат болката и страдањата на македонското автохтоно население кое насила од тиранот (Грците) било

протерано од егејскиот дел на Македонија:

Тамо долу крај Белото Море

Тамо долу крај Белото Море,тамо е браќа мојот роден крај.Тиран дојде, нас не пропади,па скитаме по целиот свет.

Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Уште памтам браќа бежанците,со очи тажни, срца ранети.Напуштија родно огниште,па тргнаја в земји далечни.

Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Уште памтам браќа Македонци,Кукуш, Делчев и Бело Море.Ќе го памтам пусто Еди Kуле,

тоа сотре многу герои.Оооо, Македонијо, моја земјо

напатена!

Дали еднаш пак ќе се вратамво нашиот мил роден крај?Дали еднаш сoнце ке огреетамo долу в Македонија?

Оооо, Македонијо, моја мила земјо родена!

Оооо, Македонијо, моја земјо напатена!

Во песната “Мори чупи Костурчанки” се пее за убавите моми од градот Костур којто се наоѓа во егејскиот дел на Македонија.

Мори чупи Костурчанки

Мори чупи костурчанки,расширете го орото.

Расширете го орото,да видиме фустаните.

Чиј е фустан далгајлија,да се сторам севдајлија.

Page 3: Егејска Македонија во македонското народно творештво

Да се сторам севдајлија,по фустано на чупчето.

Во песната “Твоите очи Лено” се спомнуваат дури три градови кои се наоѓаат во егејскиот дел на Македонија: Воден, Костур и Лерин.

Твоите очи Лено

Твоите очи Лено мори воденски череши се

дај ми ги на мене јаска да ги изедам,мерак Лено мори, мерак да ми помини

севда севда моја севда да ми излези.

Твојто усте Лено мори костурско кутиче е

дај ми го на мене јаска да го отворам,мерак Лено мори, мерак да ми помини

севда севда моја севда да ми излези.

Твојто лице Лено мори леринско симитче е

дај ми го на мене јаска да го изедам,мерак Лено мори, мерак да ми помини

севда севда моја севда да ми излези.

Твојта снага Лено мори танка ем висока е

дај ми ја на мене јаска да ја прегрнам,мерак Лено мори, мерак да ми помини

севда севда моја севда да ми излези.

Егејска Македонија се спомнува и во уште неколку други македонски народнки песни кои можете да ги видите во документот “Етногеографска Македонија во македонското народно творештво”

-------------

Written byEDDIE REBEL

MACEDONIAN DOCUMENTSwww.documents-mk.blogspot.com