20
Универзитет Св. Кирил и Методиј , Скопје Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Политички науки СЕМИНАРСКА РАБОТА Предмет: Глобални политички процеси Тема: Марксизмот и глобализацијата Профeсор: Др. Мирјана Малеска Студент: Димитар Стојановски Бр. на досие: 156

Марксизмот и глобализацијата

  • Upload
    dimitar

  • View
    317

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Марксизмот и глобализацијата

Универзитет Св. Кирил и Методиј , Скопје

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Политички науки

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет: Глобални политички процеси

Тема: Марксизмот и глобализацијата

Профeсор: Др. Мирјана Малеска Студент: Димитар Стојановски

Бр. на досие: 156

Скопје, Август 2010

Page 2: Марксизмот и глобализацијата

Марксизмот и глобализацијата

Вовед

Целта на овој семинарски труд е да се обиде да ја погледне

глобализацијата како најширокиот глобален процес на денешницата

од еден конкретен теоретски профил кој чекори на трагите на

мислата на Карл Маркс. Причина за ваквиот обид е нужната

претпоставка од која се раководи овој труд дека глобализацијата е

длабоко во себе впишана низ чекорите и логиката на доцниот

капитализам на денешницата, процес кој е глобален во своите

размери. На почетокот се чини нужно да се отвори простор врз кој

мислата на Маркс како и други теоретичари вклучени во тој дискурс

ќе можат да бидат од придонес за една нова теорија на разбирање.

Главната теза на овој труд е дека глобализацијата во себе содржи

противречности кои со нејзината динамика стануваат се повидливи и

кои можат да еродираат во конфликтен потенцијал. За таа цел ќе

биде од придонес да се направи една симплифицирана

деконструкција на процесите кои ги истражуваме а кои се глобални

по својот размер, но исто така низ мислата и теоретската

проникливост на марксистичките теоретичари да ги посочиме новите

можни конфликтни точки кои стојат во самата развојна логика на

ширењето на глобалниот капитализам. Со помош на “повторното

откривање” на концепцискиот инстументариум на марксизмот и

особено теоретскиот опус на современите автори кои творат во оваа

школа, можно е да се скицира издржаноста на оваа теза.

Зошто повторно Маркс ?

На почетокот на секој актуелен обид да се земе сериозно мислата и

теоретскиот концепциски апарат на мислата на Маркс како

инструмент за анализа на социо-политичката реалност нужно се

Page 3: Марксизмот и глобализацијата

поставува прашањето за неговата дискредитација во скоро секое

поле почнувајќи од економијата, политичката филозофија,

социологијата да се до уметноста и културолошката теорија. На

ваквиот анимозитет према Маркс нужна претпоставка е историската

слика на распадот на комунистичкиот блок кој толку силно го

извикуваше токму неговото име во име на политичките

експерименти кои неуспешно се имплементираа. Дискредитацијата

на марксизмот како сериозна теорија посочувајќи на распадот на

Советскиот Сојуз, која доаѓа зајадливо од спротивниот табор, е во

најмала рака плитка бидејќи секоја сериозна анализа ќе ја посочи

колосалната разлика на концептите на Маркс и она што беше

направено како нејзино политичко олицетворение. Во рамките на

марксизмот, овој проект на имплементација на идеите на Маркс во

Советскиот Сојуз беше жестоко критикуван, особено по доаѓањето

на Сталин.

Факт е дека има грешки во теоријата на Маркс кои секако дека

вреди да се напуштат но повторно останува фактот дека Маркс ја

дал најсеопфатната критика на капиталистичкиот начин на

производство, голем дел од аналитичките проникливости на Маркс

се и денес важни во нивниот општ теоретски смисол.

Но можеби најоправданата аргументација за користењето на

теоријата на марксизмот е токму во неговата спротивност, во

капитализмот. Во првата декада од распадот на комунистичкиот

блок изгледа дека пророштвото на Френсис Фукујама се остварува

но сепак со нападите од 11 Септември и светската економска криза

на крајот од 2008 година како крунски доказ дека глобалниот

капиталистичкиот систем не е без сериозни структурни недостатоци,

доказ кој го отвора бараното критичко растојание. Теоретичарите од

школата на марксизмот го гледаат 11 Септември како неуспехот на

либералната демократија да стане универзален концепт за јадро на

политички систем, додека финансиската криза од 2008 година која

зема светски размери го означува неуспехот на неолибералната

Page 4: Марксизмот и глобализацијата

политика за уптавување на пазарите предводена на прво место од

САД (каде и се генерираше кризата), низ зборовите на Жижек1:

“На тој начин изгледаше како утопијата на Фукујама во 1990-тите мораше да умре двапати, бидејки колапсот на либерално-демократската политичка утопија од 11 Септемви не дејствуваше на економската утопија на глобалниот пазарен капитализам; доколку финансиската криза во 2008 има историско значење тогаш, тоа е знак дека е крај на економското лице на сонот на Фукујама.”

За потребите на нашиот аналитички зафат, поимот марксизам ќе ги

поистоветиме со мисловното творештво на самиот Карл Маркс како и

со било кој подправец во историјата на идеите на трагата на Маркс.

Процесот на глобализација

Процесот на глобализација разбран во најширока смисла како

надминување на територијалните препреки пред се со помош

технолошкиот развој на комуникацијата, трговијата и транспортот

можеме да го разгледаме пред се во поглед на неговата економска

димензија која е негова есенцијална моторика. Во тој правец,

концептот на тоталитет во пошироката теорија на марксистичката

мисла ни дава јасен приказ за дијалектичката условеност на сите

општествени делови. Суштинско за овој концепт е претпоставката

дека не може да се анализира само еден дел од општествената

реалност без да се разгледаат дијалектичките условеностите од

другите делови, особено од економската база, промената во

економските и материјалните услови нужно носи промена во

политичката, културната, сферата на уметноста и тн.

Процесот на глобализација како се поголема интергираност и

меѓузависност можеме историски да го лоцираме во модерното доба

со зголемениот развој на прекуморската трговија и во подоцнежниот

период со унапредување на техничките пронајдоци кој оди

паралелно со развитокот на капитализмот. Кон крајот на 19 и

почетокот на 20-тиот век, големите колонијални зафати овозможија

капитализмот да ги пушти своите корени на многу страни од светот.

Но исто така по крајот на Втората Светска Војна и со големиот бран

1 Slavoj Z. First as Tragedy then as Farce. Verso, London, 2009. Стр. 5

Page 5: Марксизмот и глобализацијата

на анти-колонијализам се исцртуваше нов свет кој технолошкиот

прогрес го направи поблизок и го доведе во состојба во која нема

враќање наназад во технолошка смисла. Овој бран на

антиколонијална борба која ја водеа земјите во зародиш на нивната

независност, по ослободувањето се најдоа во повторна вклученост во

глобалниот пазарен капитализам, нивните националистички идеи

несомнено имаа ефект за ослободување од колонизаторите но

овојпат повторно се вплетуваат во економската мрежа на глобалниот

пазарен систем2.

Развојот на ваквиот глобален систем кој консеквентно носи и големи

политички предизвици е пред се предводен од страна на САД , затоа

несомнено кај голем дел од теоретичарите на неомарксизмот се

поставува прашањето дали глобализацијата е оригинерно

Американски производ наменет за извоз во кој се спакувани

културолошките специфичности на тлото на Америка како изборна

демократија, човекови права, ограничена имиграциона политика и

најголемата светост - слободен пазарен пристап низ целиот свет?3 Во

анализата на Фредрик Џејмисон за улогата на глобализацијата како

процес сочинет од главните 5 нивоа: економско, политичко,

културно, технолошко и општествено ниво, клучниот аспект е на

економскиот динамизам и начинот на кој економскиот бран се

прелева со соседните сфери. Како што наведува тој, технолошкиот

прогрес е толку длабоко вкоренет што “одврзувањето” од ваквиот

процес не само што е невозмошно туку создава целосна слика за

неизбежност. Културното ниво е исто така воочливо, локалните

вредности и знаменитости стануваат историски моменти пред

бранот на широката распространетост на западната поп-музиката,

забава и холивудскиот филмот. Ваквото наметнување на Западните

вредности како универзални вредности нужно продуцира и

соодветна културно-политичка програма на отпор. На политичко

ниво се нагласува идејата за релативизирање на нацијата-држава

2 Jameson F. “Globalization and Political Strategy”. New Left Review. July/August 2000, Verso: London. стр. 653 Ibid. стр. 50

Page 6: Марксизмот и глобализацијата

како значаен субјект во меѓународните односи. Ваквата

релативизација е последица на зголемената моќ на САД, како што

напоменува Џејмисон, и воопшто секој обид да се застане наспроти

ваквата глобална политика се карактеризира од страна на САД како

тврд национализам.4 На прашањето каква национална автономија

губат држави на налетот на новиот светски поредот, Џејмисон е

експицитен иако не и многу прецизен, сите објаснувања на ова

прашање се вклопуваат во две групи, економската и културната. На

ниво на економската автономија, интегрираните економии како оние

на Европската Унија, им оставаат мал простор на државите да

одлучуваат за сопствениот курс на домашните економии. Од друга

стана намалувањето на страна на културната специфичност веќе се

вклопува во она што претходно го посочивме со универзализацијата

на Западните производи и вредности.

Политичката економија и глобализацијата

Неминовно е да се анализира глобализацијата како еден светски

процес кој на своето кормило го има динамичниот капитализам кој е

глобален во своите размери особено во периодот по Втората Светска

Војна бидејќо можеме со сигурност да посочиме дека тоа е период во

кој се кристализира нејзиниот протокол. Структуралната хармонија и

внатрешната синхронизираност на глобалниот систем може многу да

ни помогнат за да се лоцираат потенцијалните конфликти како и да

се посочи движечкиот импулс на идните текови. Во тој правец

економската дисекција на Имануел Волерстин, еден од водечките

теоретичари во полето на меѓународните односи кој припаѓа на

неомарксистичката провиниенција, упатува на терминот

глобализација како оптимистичка замена за кризата во која запаѓа

глобалниот капитализам од 20-тиот век5. Како што посочува

Волерстин, периодот од 1945 до 1970 е означен со една вртоглава

динамика во која политичката хегемонијата на САД ја овозможува

најголемата експанзија на капиталистичката економија во глобални

4 Ibid. стр. 50-515 Wallerstein I. “Structural Crises”, New Left Review, March/April 2010.Verso: London, стр. 133

Page 7: Марксизмот и глобализацијата

рамки. Особено е важно да се напомене дијалектичката условеност

која ја посочува Волерстин на потребата од хегемонијална сила која

мора да го наметне својот кодекс за да може да се шири и расте

пазарниот систем, т.е мора да стане империјална сила. Во неговите

анализи такви историски примери се “Обединетите провинции

(Холандија) во средината на 17-тиот век, потоа Обединетото

Кралство во 19 век и конечно кон средината на 20-тиот век од страна

на Соединетите Американски Држави”6. Неговата анализа за анализа

на кризните потенцијали се потпира на економската теорија за

циклуси на капитализмот развиена од страна на рускиот економист

Николај Кондратиев, со што горепосочената фаза ја означува фазата

на експанзија. За оваа фаза на Кодратиев да биде возможна

потребно е, како што напоменува Волерстин, да има одреден

глобален поредок кој ќе биде релативно мирен. Бидејќи само ваквата

безбедносно-политичка состојба може да биде предуслов за

остварување на високи стапки на профит. Експанзијата на САД на

тлото на Европа е означена со нејзиното вклучување во Втората

Светска Војна но по завршетокот на војната таа е тука за

гарантирањето на долгорочните безбедносни и политички интереси

на САД. На економски план секако, во рамките на оваа фаза се

акумулираат енормни профити со што економиите доживуваат

огромен раст и експанзија, но како што напоменува Волерстин,

“капитализмот е систем во кој бесконечната акумулација на капитал

е причината за постоење”. Огромниот раст на капиталистичките

економии е пропратен со големи издатоци на работодавците за

платите на работниците, со тој чекор се лекувал социјалниот мир кој

бил особено значајна мета во повоениот период, бидејќи како што

сведочи големиот историчар на 20 век Ерик Хобсбаум, работничката

класа можела лесно да насочи кон комунистичките идеи доколку

целосно еродира нејзината состојба со дополнителна експлоатација.

Златните години како што ги нарекува Хобсбаум се означени со

растот на државата на благосостојба во која клучни актери биле

6 Ibid. стр. 134

Page 8: Марксизмот и глобализацијата

работодавците, власта и работниците.7 Ваквата економска состојба

донела безбедносна хармонија во Западниот свет која била од

особено значење. Зголемените издатоци за платите овозможени од

големите профити на капиталистите влијаело врз зголемената

побарувачка со огромна динамика, динамика која на почетокот на

70-тите станала неодржлива8. Но експанзијата на вака

инсталираниот економски систем нужно се соочува со својата реална

ограниченост на ресурси и на тој начин овој лајтмотив на секоја

економска политика полека преминува во начело за сопствена

ликвидација. Ваквото заситување на пазарот ја намалува

профитната стапка и економиите полека но сигурно навлегуваат во

фазата на стагнација, која гледана на долг рок неминовно води во

криза. Терминот криза, како што напоменавме претходно, Волерстин

го користи за да ја дефинира економската состојба на пазарите кои

не можат да ги остварат потребните растови бидејќи се заситени,

таквата состојба ги принудува водечките капиталистички

претприемници на преселување на капиталот во земји со пониски

прошоци на производство. На надворешен план, ја задржуваат

профитната стапка додека на домашен план, ваквиот потег е многу

постратешки, со ваквиот маневар се дисциплинира работната сила

бидејќи во секој момент може да се донесе одлука од страна на

менаџерскиот состав за преселба на производството во некоја земја

од Третиот Свет. Ситуација е сосема идентична кога се работи за

политичката хегемонија која ја предводи една земја, уживањето на

монопол во пошироки рамки исто така води кон само-ликвидација9.

Како и во монополот на пазарните услови, тој е неодржлив на долг

рок бидејќи несомнено некој ќе се пробие на тој пазар со што се

навлегува во период на намалена профитна акумулација. Тука може

да ја забележиме адекватноста на теоријата на Волерстин за

позицијата на водечките економии или држави, доколку во периодот

кој тој го посочува САД и нејзините блиски сојузници се наметнуваа

7 Хобсбаум Е. “Доба на крајности”, Том 2. Темплум: Скопје. 2001, стр. 4348 Ibid. стр. 4379 Ibid. стр. 134

Page 9: Марксизмот и глобализацијата

како лидери. Во периодот кој ја означуваа оваа фаза САД ја гуди

битката во Виетнам што е јасен индикатор за намалената сила и

хегемонијална превласт. Денеска ситуацијата е драстично

променета со “азиските тигри” предводени од Кина, потоа

огромната експанзија на економијата на Русија особено со поттикот

на Владимир Путин како нејзин кормилар. Волерстин ја објаснува

тешкотијата на ваквата водечка улога на безбедносен план со

зголемените трошоци кои паѓаат на товар на домашната економија.

Завршетокот на фазата на експанзија која ја скицира

Волерстин врз економските бранови на Кондратиев, која историски

завршува во 1970-тите која се памети по стагфлацијата, нафтена

криза и други нестабилности, Волерстин упатува дека не е никаква

случајност што немирите од 1968 година се случуваат токму тогаш,

тоа е пресвртен момент кој доаѓа како израз на крајот на ваквиот

циклус.10 Одговорот на оваа економска препрека беше

преселувањето на економскиот капитал во помалку развиени земји

каде трошоците на производство ќе бидат доволно мали за да

надоместат за профитната стапка која развиените економии ја

одземаат. Ваквата висока интегрираност доведе до геополитичка

стабилност со земјите кои беа вклучени во оваа мрежа на глобалниот

капитализам. Поделеноста на источниот блок предводен од

Советскиот Сојуз и на западниот од страна на САД доведе до

идеолошка кохерентност во задапниот дел со што пазарните

механизми беа несомнено и економско-политички алки.

Светската економска криза и глобалниот процес

Подоцнежната развојна стратегија на доцниот капитализам наидува

на истиот нерамен терен како и низ целокупната негова историја.

Стагнацијата која ја доживува во средината на 1970-тите години

повторно ја забрзува со помош на техниката на задолжување за

подоцна кон крајот на векот да кулминира во технолошкиот и

спекулативен бум на американската берза. Од тогаш задолженоста

10 Ibid. стр. 135

Page 10: Марксизмот и глобализацијата

која низ пазарната логика нужно се продуцира со помош на

намалената профитна стапка ја пренасочува водечката активност од

една во друга гранка. Светската економска криза беше резултат на

вештачки продуцираната понуда и побарувачка на кредити кои имаа

хипотекарно покритие. И покрај навестувањата на некои од

потрезвените економисти за невозможноста да се постигнат

континуираните растови што беа ветувани она што останува

впечатливо е дека “никој” не ја очекувал кризата и покрај жестоките

протести и демонстрации пред клучните владини тела.11

Настапува прашањето како треба да се читаат ваквите

случувања на сцената на развиениот глобален капитализам и дали

како такви имаат некои посериозни импликации врз целокупниот

развој на човештвото? Можеби е повторно исправно да се непомене

дека ваквите падови се инхерентни на капиталистичкиот систем

како таков. Ваквите падови кои еродираат цели економии,

производства, оставаат голем број на невработени и бездомници не

се воопшто контингентност која се затекнува низ “нормалниот”

процес на функционирање на глобалниот капитализам, токму

напротив, внатрешната логика на системот станува негова пречка.

Иако како што видовме, падовите во глобалниот систем можеби не

се соодветни да се анализираат низ теоријата на Маркс за

цикличност (фазите на просперитет, хиперпродукција, стагнација,

невработеност, пад и повторна акумулација) сепак се гледаат

внатрешните неусогласености на глобалниот систем се присутни низ

историјата единствено што е значајно е дека колку повеќе е

глобалниот свет поинтегриран на економски план дотолку овие

падови се поголеми и пофатални за учесниците. Имајќи ја во

предвид економската позадина на широкиот процес на

глобализацијата поврзувањето со импликациите кои таа ги носи како

таква за целокушното човештво. За таа цел, мислата на Славој

Жижек е веќе на трагите на овие последици од глобалниот

капитализам. Жижек наоѓа 4 основни антагонизми кои се ваков

11 Zizek S. First as Tragedy than as Farce. стр. 9

Page 11: Марксизмот и глобализацијата

прозвод но на кои иднината им е исто толку независна колку и

системите кои ги репродуцираат, или како што вели тој:

Единственото вистинско прашање денеска е дали глобалниот

капитализам содржи антагонизми доволно силни да ја прекинат

неговата бесконечна репродукција?12 Како такви тој ги посочува: се

поголемата закана од глобална еколошка катастрофа,

несоодветноста на приватната сопственост со таканаречената

интелектуална сопственост, социо-етичките импликации во полето

на биогенетиката и последното најважно од се, нови форми на

исклученост од општествата еден нов вид на социјален апартхејд13.

Еколошката закана е сеприсутна, дневните опомени за

глобалното затоплување предизвикано од неконтролираната

индустрализација и отсуството на било како волја да се контролира е

веќе факт кој никој не го доведува во прашање. Токму тука

настанува жариштето кои има конфликтен потенцијал, поточно, за

да да се ограничи потенцијална и се поизвезната хаварија на

природата потребни се строги регулации и големи ограничувања, но

сите тие паѓаат натовар на капиталистичкиот систем на

призводство. Ограничувањето на производството особено во

најпродуктивните индустрии на земјата како Кина, САД, Русија и

Индија14 се покажа како невозможно, било која забрана или

ограничување на произведувачките капацитети кое директно влијае

на профитот ја напаѓа светоста на пазарниот механизам во кој како

што вели Волерстин, безконечната акумулација на капитал е

причина за постоење. Целосниот неуспех на светскиот самит во

Копенхаген е најеклатантен пример за ваквата немозможна мисија

пред која е исправена човековата иднина. Во тој правец гледано,

останува прашањето кој ќе стави ред на ваквата динамика на

капитализмот кој е, како што видовме, деструктивен за природата а

тоа и за човештвото. Нафтената дамка во Максиканскиот залив која

неколку месеци својата рефлексија ја доби во хаотична низа на 12 Slavoj Z. “How to begin from the beginning”, New Left Review, May/June 2009, Verso: London, стр. 5313 Повеќе за оваа расправа во Slavoj Z. Living in the End Times. Verso: London. 201014 http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_carbon_dioxide_emissions

Page 12: Марксизмот и глобализацијата

обвинувања од политичари, инженерски изведувачи и подизведувачи

сакајќи да посочат дека само еден мора да ја поведе целата вина,

тоа е исто како што вели Жижек, да се обвинат нацистите и да се

натераат тие да ја платат целата штета за холокаустот15.

Површноста на дебатите кои бараат еден виновник е резултат дека

системот како таков во неговото функционирање ја продуцира оваа

состојба, катастрофалните последици се нормалниот редослед да

неговиот процес.

Биогенетика како технолошки процес на интервенција на

човекот во генетската структура на човекот отвара голем простор во

кој ќе се движи современата медиција и ред други сродни науки. Но

доколку се погледне малку и надвор од оптимизмот кој ни го даваат

резултатите од тие технолошки истражувања, на хоризонтот се

отвора еден огромен простор за манипулација- разбрана како

намерна интервенција во структурата која се истражува- која

радикално ги менува етичките граници на човековото поимање за

себе и за своето материјално постоење.

“Главните последици од најновите откритија во биогенетиката се дека

природните организми станале објекти отворени за манипулација. Природата,

човечка и нечовечка, е изземена од својата супстанцијалност, отргната од својата

непробојна густина, или она што Хајдегер го нарекува `земја`. Доколку

биогенетиката е во можност да ја сведе човековата психа до објект за

манипулација, тоа е веќе доказ за она што Хајдегер го нарекувал `опасност`

неразделива од модерната технологија. Со редуцирањето на човековото битие на

природен објект чиви својства може да се менуваат, она што го губиме не е (само)

човечноста туку самата природа.”16

Состојбата со интелектуаната сопственост е уште еден јасен

симптом за противречноста вградена во капитализмот кој е под

притисок на глобалното ширење. Прашањето кое се манетнува е:

Како да се задржи приватната сопственост под технолошкиот

15 http://litandspoken.southbankcentre.co.uk/2010/07/08/slavoj-zizek-two-types-of-off-shore-drilling/ (05.07.2010)16 http://www.lrb.co.uk/v25/n10/slavoj-zizek/bring-me-my-philips-mental-jacket (05.07.2010)

Page 13: Марксизмот и глобализацијата

притисок на глобализацијата во функција на основното правило-

остварување профит? Како пример за оваа проблематика, Жижек го

посочува примерот на Бил Гејтс, иако неговата репутација се темели

некоја компјутерска генијалност (која е далеку од вистината), со

патентирањето се задржува приватната сопственост во

софтверскиот јавен домен. “Одеднаш локалните заедници во Индија

откриваат дека нивните практики и материјали на лекување се

патентирани од Американски компани со што треба да ги откупат од

нив”17

Исклученоста е можеби најкруцијалниот елемент во глобалната

дисхармонија на развиениот доцен капитализам. Наивниот

оптимизам дека човештвото напредува и дека со тоа се подобруваат

неговте услови за живеење а сето тоа дополнето се глобалната

поврзаност значи дека тоа се случува насекаде е секако многу

повеќе и од погрешна. Нови препреки се издигаат со што се прави

разлика помеќу они кои се исклучени и оние кои не се. Блискиот

Исток е сеуште жариште кое е се подалеку од својот мирен

завршеток. Палестинскиот конфликт не вклучува ништо повеќе од

нови ѕидини кои делат, оние кои се од една стран и оние од другата.

Становот на Европската Унија кон Турција е само уште еден ѕид кој

нема јасна позиција но има уште помалку разбирлива позадина. Дури

и на домашен план политичко-безбедносната состојба еродира,

никнувањето на гетоата се јасен показател за исклучените, тие се

места во рамките на државата врз кои државата нема контрола18.

Земјотресот на Хаити е уште еден пример за незаинтересираноста

на хуманизамот кој се практикува денес.

Заклучок

17 http://www.lacan.com/zizecology1.htm (01.07.2010)18 Ibid.

Page 14: Марксизмот и глобализацијата

Овој труд имаше намера да посочи одредени тенденции кои се

наоѓаат во теоретската мисла на современите политички и

филозофски мислители. Фокусот безе насочен кон процесот на

глобализација како надворешна структура на развитокот на

глобалниот капитализам. Низ целокупниот процес на остварување на

производството низ ваквиот систем видовме дека постојат крупни и

критични недоследности. Прашањето дали системот кој го

познаваме како таков сеуште ја носи флексибилноста и капацитетот

да се справи со проблемите и кризите. Теоријата на Имануел

Волерстин ни ја посочи структурната криза која ја искусува

капитализмот предизвикана од големината на нормалниот пад,

порастот на трошоците на производство и уште погооемиот

притисок на светскиот систем од страна на Кина, само дополително

ни ја илустрира интерната затегнатост на светскиот систем. Како

дополнување на ваквиот песјаж Славој Жижек ги трасира идните

конфликтни подрачја кои системот ги создава.

Можеби е исто така на место да одговориме и која е

политичката димензија на целокупниот процес кој го анализиравме?

Многу е важно да се надљудува политичката сфера како димензија

која е влијаена од сите овие фактори кои ги посочивме, од кои

можеби глобалната политичка економија има особено значење. Во

состојба на криза, политичката димензија станува структурна

инструментализација на она што за нејзе е подлабока условеност. Во

тој правец, политиката на Хитлер по неговото стапување на власт

како канцелар во 1933, не е само резултат на неговата карактерна

настраности и налудничава теорија, туку наследил објективни социо-

економски фактори- големата депресија, условеноста на Германија,

огромен пад на моралот- кој можел политички да ги

инструментализира во една нацистичка програма. За таа цел

можеме во неомарксистичката мисла да ги видиме внатрешните

антагонизми на глобалниот капитализам кои повремено ќе добиваат

свои политички изрази но и глобални консеквенци.

Page 15: Марксизмот и глобализацијата

Користена литература

Slavoj Zizek, First as Tragedy then as Farce. Verso, London, 2009

Jameson Fredric. “Globalization and Political Strategy”. New Left Review. July/August 2000, Verso:

London

Wallerstein Immanuel. “Structural Crises”, New Left Review, March/April 2010.Verso: London

Page 16: Марксизмот и глобализацијата

Хобсбаум Е. “Доба на крајности”, Том 2. Темплум: Скопје. 2001

Slavoj Z. “How to begin from the beginning”, New Left Review, May/June 2009, Verso: London

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_carbon_dioxide_emissions

http://litandspoken.southbankcentre.co.uk/2010/07/08/slavoj-zizek-two-types-of-off-shore-drilling/

http://www.lrb.co.uk/v25/n10/slavoj-zizek/bring-me-my-philips-mental-jacket

http://www.lacan.com/zizecology1.htm