22
АНДРЕА ТАСЕВСКА

Напади на паника

  • Upload
    -

  • View
    398

  • Download
    3

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Напади на паника

АНДРЕА ТАСЕВСКА

Page 2: Напади на паника

СОДРЖИНА

Вовед............................................................................................................................................3Причини за анксиозност.............................................................................................................5

Поттиснати емоции..........................................................................................................5 Хемиски дисбаланс..........................................................................................................5 Физичка, ментална и емоционална истоштеност........................................................6

Дефиниција за анксиозност........................................................................................................8 “Напад/Бегство“ реакција................................................................................................8

Анксиозни сензации...................................................................................................................10 “Дали полудувам?“.........................................................................................................10 Губење контрола.............................................................................................................10 Вознемирувачки мисли..................................................................................................10 Нереалност......................................................................................................................11 Депресија.........................................................................................................................12 Отешнато дишење..........................................................................................................12 Губење свест/Онесвестување........................................................................................12 Гадење/Страв од повраќање.........................................................................................13 Палпитација.....................................................................................................................13 Главоболки......................................................................................................................13 Заматен вид....................................................................................................................14 “Гумени“ нозе.................................................................................................................14 Сензации на штипење по телото...................................................................................14

Кога паниката исчезнува?..........................................................................................................15

ВОВЕД

2

Page 3: Напади на паника

Џејн штотуку замина од работа и се наоѓа во супермаркетот. Има многу мисли во главата и брза наоколу, фрлајќи ги сите намирници кои што и` требаат во корпата за пазарење. Додека ја проверува цената на некои пијалоци, таа приметува нешто чудно. Го чувствува нејзиното срце како чука посилно, толку посилно што го чувствува грлото како и` пулсира. Ова ја заплашува и таа како што ги спушта пијалоците, чувствува како левата рака почнува да и` трепери. Ова е прв пат да и` се случи вакво нешто. Таа се збунува и се преплашува. “Нешто мора да не е во ред.“ – помислува и почнува да прави листа на сите можни работи што би можеле да бидат: “Дали е ова почеток на срцев удар? Дали е алергиска реакција на нешто што сум јадела?“

Стомачните и градните мускули на Џејн почнуваат да се стегаат и дишењето и` станува побрзо и поплитко. Ги гледа луѓето околу неа и како што се движи, чувствува вртоглавица. Конфузијата и стравот што ги чувствува и` создаваат паника. Сензациите во нејзиното тело го зголемуваат интензитетот и таа е убедена дека нешто лошо ќе се случи. Има потреба да излезе надвор, па ја остава корпата за пазарење, полна со намирници и полека се упатува кон излезот.

За брзо време Џејн е надвор на свеж воздух. Почнува да чуствува благо олеснување и поголема контрола и физичките сензации се намалуваат. Иако се смирува, сеуште е во шок и нејзиното тело трепери, како некој да и` вперил пиштол во главата. Никогаш не се чувствувала толку уплашена и надовр од контрола. Му се јавува на нејзиниот сопруг на работа за да му раскаже што и` се случило и да одат до најблиската болница.

Неколку часа подоцна, Џејн лежи на кревет во болница и ги чека резултатите од медицинските тестови. Доаѓа докторот и и` соопштува дека не можеле да најдат ништо физички што не е во ред и дека таа најверојатно имала напад на паника. Во исто време, оваа информација ја опушта и ја збунува. “Напад на паника?“ – си помислува. Се потсетува на нејзината тетка која што искусила напад на паника, но Џејн никогаш не го разбрала,а уште помалку го замислувала толку страшно како тоа што самата го доживеа. Се одјавува од болницата и со нејзиниот сопруг заминуваат дома. По неколку минути лежење во креветот, заспива.

Пешачејќи следниот ден, Џејн почнува да се потсетува на она што се случи, и` изгледа како сон. За време на ручекот почнува да се сомнева во резултатите од тестовите. Убедена е дека дека нешто пропуштиле докторите и дека станува збор за нешто многу посериозно од напад на паника. Деновите минуваат, а таа не може да престане да мисли на случката во супермаркетот. Сеуште се чувствува потресено од тоа искуство и живее во страв дека може секој момент да се повтори. За прв пат во нејзиниот живот, таа се чувствува несигурно надвор од нејзиниот дом.

Во канцеларијата каде што работи има потешкотии да се сконцентрира на работата. Дури и додека разговата со нејзините колеги, таа постојано мисли на нејзиниот проблем. Се плаши дека ќе и` случи повторно на работа и сите ќе помислат дека нешто не е во ред со

3

Page 4: Напади на паника

неа. Почнува да си замислува страшни сценарија, дека ќе ја заклучат во прихијатриска болница и ќе ги загуби своите деца, поради тоа што не е способна да се грижи за нив. Секој пат кога ќе помисли на ова, стомакот и` се стега од страв. Свесна е дека не допринесува ништо позитивно разлислувајќи за тоа, но не може да се им се спротивстави на тие мисли. Вознемирувачките мисли непрекинато надоаѓаат, а таа колку повеќе се труди да ги запре, толку побрзо се разможуваат и и` ги преплавуваат мислите.

Три недели подоцна, Џејн се чувствува уште повознемирено. Направи уште неколку медицински тестови кај доктор кој што и` го препорача нејзина пријателка, но ништо не покажаа. Таа тајно се надеваше дека нешто ќе се појави за таа да би почнела да го лечи и да ја насочи енергијата кон нешто. Новиот доктор и` препиша апчиња за смирување, но таа сеуште не ги земала, велејќи дека ќе ги земе кога ќе почуватвува напад на паника.

Џејн е сега во таа фаза кога вознемиреноста тлее, придружена со вознемирувачки мисли. Ова е тип на анксиозност која е тука во моментот на будење и најчесто е последната мисла во денот пред заспивање. Во случајот на Џејн, тоа е директен резултат на нејзините постојани грижи за нејзината состојба. За неа, нападот на паника во супермаркетот предизвикал страв и конфузија, а тој страв прераснал во општа вознемиреност.

Животот на Џејн драстично се смени од првиот напад. Таа веќе го откажа патувањето низ Европа со нејзините пријателки и му соопшти на нејзиното пошироко семејство дека нема нема да присуствува на Божиќ оваа година. Нејзиниот сопруг се труди најмногу што може да ја поддржува и да ја разбере, но полека почнува да станува нетрпелив и посакува таа да застане конечно на нозе. Тешко му е да поверува како самоуверената адвокатка со која што се ожени, без посебна причина, се однесува како сенка наличноста што некогаш била.

Наредните неколку месеци, Џејн се движи помеѓу напади на паника и општа вознемиреност. Таа станува приклештена меѓу паника и анксиозност. Добри вести се тоа што Џејн не се откажува од потрагата на решение за проблемот и доаѓа со едноставен метод што ќе ја ослободи од нападите на паника. Таа брзо учи како да ги елиминира нападите и видно да го редуцира чувството на опта вознемиреност. Си дава доволно простор на себеси, на нејзиното тело и дух за целосно да си го врати здравјето. Нејзината самодоверба се враќа и за краток период, таа повторно станува личноста која што сите ја познавале.

ПРИЧИНИ ЗА АНКСИОЗНОСТ

4

Page 5: Напади на паника

Имало многу несогласувања и дебати за тоа што ја поттикнува анксиозноста и како најдобро да се третира. Некои расправаат за тоа дека се работи за хемиски дисбаланс и треба да се лекува со медикаменти, додека други стојат зад тоа дека е резултат на поттиснати емоции во потсвеста. Има многумина кои што доживеле секаков вид анксиозност и најчеста причина за тоа е физичка, ментална или емоционална исцрпеност.

ПОТТИСНАТИ ЕМОЦИИ

Секој се нашол во разни ситуации кога нема потреба да ги искаже емоциите, но несекогаш тоа е причина за анксиозност. Ако секоја личност која што ја знаеме одела на терапија, сигурно сите ќе откриеле разни поттиснати емоции и спомени – а несекоја од тие личности страда од анксиозност. Добар психотерапевт е сигурно оној кој што ќе ги натера своите “пациенти“ да станат свесни за запоставени или поттиснати чувства и ќе им помогне да продолжат со својот живот.

На пример, луѓе кои страдаат од анксиозност се понекогаш оние што сакаат да ги задоволат сите останати, оние кои што се плашат од конфликти, и адресирајќи го тој проблем, си помагаат. Како и да е, сеуште не е забележан прогрес во отстранување на акнсиозност со практикување на овој метод. Кога кругот на вознемиреност ќе започне, одредени практични чекори треба да се поминат за да престане да се врти тој круг. Застанувајќи на нозе и пробувајќи да не се труди да им угоди на сите, може да формира дел од процесот на “лечење“, но генерално, не ја води личноста до целосно “закрепнување“.

Еден тип на терапија која што носи позитивни резултати според спроведени студии е когнитивна бихеивиористичка терапија. Туак фокусот е на сегашноста и луѓето треба да се справат со анксиозност на практичен начин. Проблемот на овој тип на терапија е тоа што резултатот во најголем дел зависи од тоа колку добро психологот ја води личноста.

ХЕМИСКИ ДИСБАЛАНС

Многу години, професионалци за менталното здравје, го користеле терминот “хемиски дисбаланс“ за да ја објаснат потребата од медикаменти за да третираат состојби поврзани со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност. Ова објаснување води до тоа дека анксиозноста е медицински проблем и може да се излечи со медикаменти. Објаснувањето “хемиски дисбаланс“ исто така се рефлектира на целокупната тематика на третманот – откривање кои невротрансмитери се вклучени и, со медикаменти, да се цели кон тоа, нивото на невротрансмитерите да се врати рамките на нормалата. Два типа на медикаменти кои се најчесто препорачани за анксиозност се во помал дел се средства за

5

Page 6: Напади на паника

смирување ( e.g. Xanax, Ativan, Valium ) и анти-депресанти ( e.g. Seroxat, Asentra, Prozac ) Исто како и за лечење на било кој вид на физички проблем, анти-анксиозните средства се препишуваат се додека таквата состојба не се излекува.

Важно е да се потенцира дека пристапот на “хемиски дисбаланс“ е теорија, а не факт. Не постои тест за хемиски дисбаланс во човечкиот мозок. Многу работи поврзани со мозокот се сеуште мистерија и потребни се уште многу истражувања околу оваа област пред било кој да даде апсолутен заклучок за причината на анксиозност. И покрај отсутност на доволно докази, повеќето на Запад се убедени дека сите видови анксиозност се резултат на хемиски дисбаланс.

Оваа теорија понекогаш нема смисла. Да земе за пример пожарникар кој што страда од напади на паника. Способен е да работи како пожарникар, во ситуации кои создаваат ектремен притисок и стрес, без притоа да почувствува било какви симптоми на паниката. Но кога ќе треба да седне на берберско столче за да му ја скратат косата, тој секогаш добива напад на паника, бидејќи се чувствува заробен и не може да избега. Дали хемиските супстанци во неговиот мозок предизвикуваат тој да паничи? Очигледно дека не. Тоа е реакција на ситуацијата во која што се наоѓа. Тоа што е карактеристично за сите луѓе кои што искусиле напади на паника е фактот дека тие се појавуваат во одредени ситуации и зависат од сплетот на екстерните и интерните околности.

На пример, ако возот наеднаш запре помеѓу две станици, секој во него што има напади на паника ќе почне да се чувствува по малку вознемирено. Машиновозачот им соопштува на паниците да останат на нивните места додека проблемот не се реши. Одеднаш, на вознемирената личност и` станува непријатно, па ме дури да почне да паничи. Анксиозноста произлегува од моменталната ментална проценка за ситуацијата:

Заробен во воз = ограничено движење = нема излез = ПАНИКА

Две минути подоцна, возачот соопштува дека било лажна тревога и патувањето може да продолжи. Паниката престанува. Ова е само еден пример, но ги има многу различни кои упатуваат кон тоа дека паниката е резултат на човечките мисли, а не на хемиски дисбаланс врз кој личноста нема контрола.

ФИЗИЧКА, МЕНТАЛНА И ЕМОЦИОНАЛНА ИСТОШТЕНОСТ

Светски познатиот експерт за анксиозност, Dr. Claire Weekes, објаснува како скоро сите проблеми поврзани со анксиозност потекнуваат на некаков вид истоштеност – физичка, ментална или емоционална. Кога се наоѓаат во било која од овие фази, телото и умот стануваат многу сензитивни и подложни на “нерви заболувања“ ( стар термин, кој што таа го користела за она што денес се нарекува анксиозност ). Теоријата на Dr. Weekes најпрецизно го објаснува случајот со анксиозност.

6

Page 7: Напади на паника

Dr. Weenes ја објаснува сензитивната фаза како човек кој што се чувствува омалаксано и подложно на секаков шок, било да е интерен ( пр. забрзан пулс ) или екстерен ( пр. трескање на врата ). Колку повеќе луѓето се збунети за сензациите кои што го чувствуваат, толку повеќе чувствуваат дека нешто сериозно се случува со нивниот ум или тело. Анксиозни мисли поврзани со промена на биоритмот на телото, може да го втурнат во круг на анксиозност, како што е случајот со нападите на паника.

Кругот на страв и конфузија за време на сензитивниот период, најчесто преоѓа во анксиозност.

Анксиозноста може да трае од недели до многу години, во зависност од помошта која што ја добива личноста. За просечен човек кој што е во фаза на анксиозност, светот му се причинува дека е несинхронизиран. Мислите не му се јасни како порано. Будењето наутро најчесто е придружувано со чувство на истоштеност и едноставни работи како пазарување или водење конверзација со некој му претставуваат тешко искушение.

Dr. Weekes нагласува колку е лесно луѓето да си создадат фобии кога константно се справуваат со анксиозност. На пример, се чувствуваат непријатно во сообраќај и одеднаш стануваат анксиозни, бидејќи се уплашени од помислата дека се заглавени во нивната кола и немаат начин на побегнат. Ова лесно може за одреден период да премине во страв од возење или од било каква ситуација каде што нема излез. Во поекстремни случаи, доаѓа до стадиум кога луѓето се чувствуваат безбедно само во нивните домови.

7

Page 8: Напади на паника

ДЕФИНИЦИЈА ЗА АКСИОЗНОСТ

Анксиозноста е дефинирана како фаза на страв кој што е резултат на реална или замислена закана, настан или ситуација, еден од основните човечки емоции, искусено во одреден период од животот. Како и да е, луѓето кои што никогаш не доживеале напад на паника или екстремна вознемиреност, не ја разбираат застражувачката природа на тоа искуство. Вртоглавица, заматен вид, треперење и чувство на гушење – и тоа е само дел.

Кога овие сензации ќе се појават, а луѓето не разбираат зошто, веднаш помислуваат дека се работи за болест или сериозна психичка состојба. Заканата за губење целосна контрола се чини многу реална и, нормално, премногу страшна.

“НАПАД/БЕГСТВО“ РЕАКЦИЈА

Анксиозноста е одговор на опасност или закана. Така се нарекува, поради тоа што сите ефекти се насочени кон тоа да се бориме или да ја избегнеме опасноста. Основната причина на анксиозноста е да ја заштити личноста од лошо. Тоа било егзестенцијално во дневното преживување уште на нашите дамнешни претци; соочени со опасност, автоматската реакција ќе ја превземе контролата за да го подготви телото за моментална акција, да нападне или да бега. И во денешно време, ова е потребен механизам. Во некои моменти, кога мораме да реагираме на реална закана за време од дел од секунда, ова станува практично. На пример, брзо да се тргнеме од патот кога ни се приближува кола.

Анксиозноста е вроден механизам кој не заштитува. Тоа е механизам кој заштитува, но не не ` повредува. Во “напад/бегство“ реакцијата некогаш има и трет елемент – момент на замрзнување. Тоа е кога личноста станува парализирана од страв и стои вкочането. Луѓето кои го искусиле ова, велат дека се чувствувале како да се врзани со почвата со корења и преплашени не можеле да се помрднат додека анксиозноста не престанела.

Прашањето кое тлее е следново: Зошто се активира “напад/бегство“ реакцијата кога не постои очигледно ништо застрашувачко?

Како штовеќе спомнавме, она што ги поттикнува нападите на паника и другите форми на општа вознемиреност е поврзано со физичка, ментална или емоционална истоштеност.

Физичката истоштеност може да биде резултат на прекумерна работа и отсуство на одмор. Во оваа категорија спаѓаат и нездрава исхрана и телесни промени, како низок крвен притисок, ниско ниво на шеќер ( хипогликемиа ) и менопауза.

Менталната истоштеност е често резултат на немир и грижа кои преминале во навика или ментален стрес, предизвикувајќи и` на личноста да се чувствува ментално исрпена.

8

Page 9: Напади на паника

Емоционалната истоштеност е поврзана со душевната состојба. Може да станува збор за проблеми во врската/бракот, конфликти со блиски личности, жалост итн.

Скоро секогаш се случува преклопување на овие категории, што на телото му создава уште поголем проблем за квалитетен одмор. Истоштеноста води кон тоа луѓето да бидат премногу чувствителни. Дури и мал шок ќе предизвика тие да реагираат со со страв повеќе од нормалното. Во чувствителна фаза и мали работи, како заборавање да му се прејавиш на пријателот, може да предизивкаат непотребна вознемиреност. Повеќето ќе се пронајдат во наведената ситуација, кога во одреден период се почувствувале така.

Кога луѓето се истоштени и чувствителни во овој поглед, се соочуваат со невообичаени сензации:

Треперење или тресење на телотоЗабрзано чукање на срцетоПотењеСензација на губење воздух или гушењеБолка во градите или неудобностЗбунетост, нестабилност, замаеност, несвестицаЧувство на нереалностСтрав од губење контрола или полудувањеЧувство на трнење на ектремитетите

9

Page 10: Напади на паника

АНКСИОЗНИ СЕНЗАЦИИ

“ДАЛИ ПОЛУДУВАМ?“

Разбирлив е стравот на луѓето кои што страдаат од анксиозност дека полудуваат. Толку малку е јавноста запознаена со менталните болести, што веднаш се формираат погрешни заклучици. Овие заклучоци се најчесто дезинформации или премногу активна имагинација.

Најчестиот проблем поврзан со менталното здравје е шизофренијата, која што се карактеризира со мрморење, чудни убедувања ( на пример, луѓето со шизофренија често тврдат дека слушаат гласови од внатрешен глас ), халуцинации итн.

Појавата на шизофренија најмногу зависи од генетските предиспозиции и поради тоа што се пренесува во семејството, мал процент од луѓето можат да станат шизофреничари, додека кај други, без разлика од тоа колку се изложени на стрес, тој не може да го предизвика ова пореметување.

ГУБЕЊЕ КОНТРОЛА

За време на напад на паника, некои луѓе се убедени дека ќе изгубат секаква контрола. Овој страв може да биде со физичка основа ( пр. дека органите ќе престанат да работат синхронизирано и ќе настане хаос ) или со психичка/ментална основа ( пр. губење на чувството за реалност ). Стравот од губење контрола може да биде во рамки од несоодветни реакции во јасност, па се до земање нож и убивање на личност која е во близина.

Причината поради која се јавуваат овие мисли е тоа што телото реагира како да е надвор од контрола, а умот следствено на тоа, помислува дека е следен на листата.

Всушност, за време на сите напади на паника или вознемиреност, јавноста воопшто не приметила дека таа личност се чувствува непријатно. А на крајот на краиштата, дури и ако се посрамотиме во јавност, дали е тоа воопшто важно? Што ако предизвикаме сцена? Животот е премногу краток за да се грижиме постојано за впечатокот кој што го оставаме со нашата појава. Колку што сме поискрени со самите себеси за нашите стравови, толку помалку притисок ќе си создаваме.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ МИСЛИ

Анксиозноста скоро секогаш е придружена од доза вознемирувачки мисли. На пример, губење контрола додека личноста се наоѓа во автомобилот и можност да се судри со

10

Page 11: Напади на паника

друга кола, или чувство на страв додека личноста се наоѓа на мост и гледа надоле, дека можеби ќе изгуби контрола врз своите сетила и ќе скокне. Но, без разлика колку се застрашувачки тие мисли, треба да се напомене дека се само резултат на активна имагинација во склоп со анксиозност и, често, со нешто или некој што има големо значење. Страшните мисли се како мало 5-годишно дете кое што бара внимание и се насочуваат кон нешто за кое што се грижиме, за да изнудат реакција. Анксиозната реакција на тие мисли е причината што тие постојано надоаѓаат.

Мислите не придружуваат во текот на целиот ден. Нормално, повеќето од нив ги игнорираме и продолжуваме со она што сме го работеле. Некогаш, се задржуваме на мислата и ја разгледуваме од секој аспект, како на пример “Што треба да направам денес?“. Кога ќе навлезат анксиозните мисли, луѓето генерално пробуваат да ги оттурнат и да избегаат од нив. Ова никогаш не помага, бидејќи енергијата која што е вложена за да се отфрли таа мисла, најчесто наместо тоа, предизвикува таа да се врати како бумеранг со уште поголема сила и интензитет.

Во тој момент, најдобриот начин на справување е да се прифати верижното надоаѓање на мислите. Прифаќањето е клучот. Вознемирувајќи се поради мислата само се зголемува внатрешната тензија, бидејќи се додава уште повеќе грижа и стрес поради проблемот.

Тоа што треба да се направи, е да се завземе ставот дека се` е во ред.

НЕРЕАЛНОСТ

Симптом кој што многу ретко е споменуван во литературата за анксиозност – сензацијата на нереалност. Психолозите ова го нарекуваат деперсонализација. Многумина кои што искусиле напади на паника и општа вознемиреност се чувствуваат како да го губат разумот, светот околу нив изгледа како проекција на филм.

Типична манифестација на чувството на нереалност е кога личноста води конверзација со некого и одеднаш почнува а се чувствува изолирано и отсрането од ситуацијата.

Сензацијата е предизвикана од задоцнета перцепција и ментална преокупација. За време на константен стрес или анксиозност, создавањето хемиски супстанци по пат на стрес, предизвикува задоцнета реакција во процесот на оддавање на информациите помеѓу невротрансмитерите во телото. Оваа појава на доцнење помеѓу осознавањето и мислата, може да создаде чувство за нереалност. Истиот ефект се доживува и под влијание на марихуана, но луѓето не реагираат со страв, бидејќи се свесни дека дрогата ја предизвикува таа сензација.

Оваа сензација е само последица од прекумерна анксиозност и ќе помине кога ќе се намали нивото на вознемиреност.

11

Page 12: Напади на паника

ДЕПРЕСИЈА

Депресијата е многу широка тема, затоа ќе се задржиме на тоа како е поврзана со анксиозноста. Кога некој се чувствува вознемирено подолго време, искуството може да стане фрустрирачко и да доведе до чувство на депресија. Многу веројатно е дека анксиозноста е причина за нејзина појава, ако личноста претходно не страдала од чувство на депримираност. Депресијата, во овој контекст, се манифестира со мисли за иднината, полни со вознемиреност и ограничувања. Со додатниот проблем, личноста да се справува со нови ограничувања, анксиозноста најчесто е за проблеми со здравјето, кои што придонесуваат за понатамошно чувство на очај.

ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ

Честа појава кај луѓе со анксиозност е да имаат стравови поврзани со дишењето. Некои чувствуваат дека дишењето им е отежнато и плитко. Овие стравови секогаш се придружени со сензација на стегање на градите и грлото. Честа се случува да се појави грижа дека не се внесува доволно кислорот или дека дишењето може да престане.

Стегањето на градите или грлото, кое што предизвикува непријатност или плитко дишење е поради тоа што мускулите се затегнати, и тоа дава лажен впечаток на недоволно воздух или лошо дишење. Ова може да доведе до паника и зашеметеност, што ги поткрепува стравовите за недоволно внесување воздух. Ова е пример затоа како круг на анксиозност почнува кога една безопасна сензација се храни од друга.

Всушност, многу луѓе ја искусуваат таа мускулна тензија секој ден, но не паничат, бидејќи немаат големо ниво на сензација и анксиозност во позадина.

ГУБЕЊЕ СВЕСТ/ОНЕСВЕСТУВАЊЕ

Кога некој се справува со прекумерна анксиозност или паника, честа појава е зашеметеноста. ОВаа сензација е алармантна, бидејќи создава чуство на ранливост. Кога личноста е сама, ќе се уплаши дека ќе падне во безсознание, без некој што ќе и` помогне. Додека пак ако се појави ваквата сензациај во јасност, ќе доведе до чувство на ранливост помеѓу непознати.

Зашеметеност по анксиозност, најчесто се појавува поради зголемена респирација. Несвојствено е за личноста да се онесвести кога се чувствува анксиозно или загрозено. Ова е поради тоа што несвестицата е резултат на низок крвен притисок. При онесвестување, телото паѓа на земја; ова дозволува мозокот полесно да се здобие со крв. Заштитен механизам. За време на анксиозност, крвниот притисок се зголемува, па поради тоа, онесвестувањето не е можно поради тоа што мозокот е доволно снабден со крв.

Паниката е резултат на зголемено чувство на будност, а не на онесвестување.

12

Page 13: Напади на паника

ГАДЕЊЕ/СТРАВ ОД ПОВРАЌАЊЕ

Анксиозноста има директно влијание на абдоменот. Може да предизвика чувства од “пеперутки во стомакот“, до стравови за посериозна болест. Повеќето луѓе се чувствуваат уште поанксиозно од помислата дека можеби ќе повратат, што уште повеќе ја влошува сензацијата, допринесувајќи сето тоа да изгледа поверојатно дека ќе се случи.

Почеста појава е луѓето да се плашат од повраќање во јавност, отколку дома, бидејќи мислат дека не можат да се повлечат и се чувствуваат изложени на јавно посрамотување.

Решението е да се прифати сензацијата во стомакот и да и се даде целосна дозвола да се манифестира. На тој начин, нема спротивставување на ситуацијата со страв, и телото може да се чувствува послободно и да се намали тензијата што предизвикува непријатност во абдоменот.

За олеснување на абдоминалната тензија, се практикуваат разни вежни за дишењето.

ПАЛПИТАЦИЈА

Палпитацијата е краток период во кој срцето почнува забрзано да чука. Во сензитивна фаза, ова претставува аларм, бидејќи се појавил страв за ненадеен срцев удар. Колку се зголемува паниката, толку побрзо срцето ќе чука. Затоа, разбирливо е зашто многу луѓе избрзуваат со заклучоци и бараат медицинска помош. Палпитациите се всушност природна појава и често можат да се случат поради истоштеност или стимуланси како што е кофеинот.

ГЛАВОБОЛКИ

Справувајќи се со прекумерна анксиозност или стрев, веројатно е дека ќе се појават и главоболки, па дури и мигрена. Некои ги опишуваат главоболките како тапа болка или стегнат појас околи главата. Мигрената обично е поостро чувство, некогаш придружено со сензитивност на светлина, звуци или придвижувања.

Главоболката е предизвикана од затегнување на мускулите на горниот дел од грбот, вратот и главата.

Истражувања во Тајван покажале дека мнозинство од луѓе, посебно жени, со хронична главоболка, имаат анксиозност или депресија. Анксиозноста може да ги вложи главоболките, поради зголемување на мускулната тензија, преплавувајќи го телото со хемиски супстанци кои ќе го одржуваат во будна состојба ( како што е адреналинот ), а ќе го намали количеството на “релаксирачки“ хемиски супстанци ( како што е ендорфинот ) во телото.

13

Page 14: Напади на паника

ЗАМАТЕН ВИД

Во фаза на преплашеност или анксиозност, зениците брзо се прошируваат и тоа може некогаш да предизвика заматен вид. Заматен вид исто така се појавува и кога премногу брзо го менуваме фокусот меѓу два предмети кои се со различно растојание од нас, поради тоа што зениците ја менуваат димензијата.

“ГУМЕНИ НОЗЕ“

Анксиозноста создава сензација на “гумени“ нозе. За време на анксиозноста, се лачи адреналин о телото кој што кај сензитивните луѓе предизвикува чувство на слабост во мускулите-посебно во нозете, бидејќи го држат телото.

СЕНЗАЦИИ НА ШТИПЕЊЕ ПО ТЕЛОТО

Кога започнува нападот на паника, луѓето многу често чувствуваат сензација на штипење. Чувство кое што е познато како “трнење“, не претставува закана за телото и нема долготраен физички ефект. Најчесто се јавува на рацете, устата, дланките и стопалата. Ова не е алармантно, бидејќи е нормална појава при чуство на голема анксиозност.

14

Page 15: Напади на паника

КОГА ПАНИКАТА ИСЧЕЗНУВА?

Анксиозноста не може да се влошува до точка од која што нема враќање назад. Таа не може постојано само да се зголемува. Може да дојде до опаѓање на нејзиниот интензитет, а кога ќе се случи тоа, личноста е на комплетно ново психичко ниво. Тогаш е на позиција каде што ја има моќта. Претходно беше заканувачка бура од која што тенденција е да се побегне. Секој пат кога бурата на паника ќе помине, се создава чувство на олеснување, бидејќи искуството е преживеано. А сега, од позиција каде што личноста се чувствува моќно, искуството поминува низ него, и се зголемува чувството на контрола врз ситуацијата. Со ова се зголемува и самодовербата, се` до тоа ниво кога нападите на паника и анксиозноста ќе исчезнат и ќе се отворат нови хоризонти кои што личноста безгрижно ќе ги открива.

За да се постигне елиминирање на паниките и вознемиреноста постојат повеќе техники, но следнава се разликува од останатите приоди, бидејќи го разјадува темелот на анксиозноста и нападите на паника:

1. Набљудување – Кога паниката ќе започне, треба едноставно да се набљудува. Да не се вложува енергија за да се избегне или да се поттиснат сензациите.

2. Прифаќање – Да се прифати искуството и да се чувствуваат одделно и да се следат сите сензации како што надоаѓаат, без притоа да се категоризираат како добри или лоши

3. Барање за повеќе – Да се побара повеќе од невообичаените сензации. Кога ќе се појави чувство дека паниката излегува надвор од контрола и кога довербата во способноста да се набљудува стравот опаѓа, да се предизвика телото да искуси уште повеќе.

4. Верување – Да му се верува на телото дека нема да дозволи ништо лошо да се случи, ниту психички, ниту физички и да се продолжи со процесот на барање повеќе од сензациите и доближување до стравот.

15

Page 16: Напади на паника

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Barry, J. “The Panic Away Program”, 2001-2008 година

Craighead, W. E. & Nemeroff, C. B. “The Corsini Encyclopedia of Psychology and Behavioral Science, Volume 3” 1125-1126, 2002 година

http://www.helpguide.org/mental/anxiety_types_symptoms_treatment.htm

16