21
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ ИСТОРИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ 1978-1913 ТЕМА: “СОЛУНСКИ АТЕНТАТИ” Ментор: Студент:

Солунските атентати

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Настан од 1903, неколку млади македонци се решаваат на терористички акции во Солун со цел да се сврти вниманието на Европа по прашањето добивање на автономија на Македонија.

Citation preview

Page 1: Солунските атентати

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИИСТОРИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ 1978-1913

ТЕМА:

“СОЛУНСКИ АТЕНТАТИ”

Ментор: Студент:

Проф. д-р Тодор Чепреганов Ѓорѓи Ефремов

Број на индекс: 141029

ШТИП, Април, 2015

Содржинa:

Page 2: Солунските атентати

1. Вовед.........................................................................................................стр.32. Причини за Солунските атентати............................................................стр.43. Гемиџии.....................................................................................................стр.5

• дејност• каналот во Солун• финансии и експлозив

4. Односи на гемиџиите со ЦК.....................................................................стр.85. Солунските атентати..............................................................................стр.106. Апсење и судење на живите гемиџии...................................................стр.13

• Заточение7. Заклучок...................................................................................................стр.148. Користена литература............................................................................стр.15

Вовед

2

Page 3: Солунските атентати

“Не се задаевај со оној кој нема што да загуби” вели народна изрека

која во своите неколку зборови го содржи заклучокот од настанот кој јас го

истражив и го пренесувам овде, всушност затоа и постојат хероите, за некој

некогаш да ги спомнува нивните дела и истите да бидат пример за во иднина.

Инспириран од младата интелегенција на гемиџиите, жртвите кои успеале да

се убедат дека друго ништо не им останало, освен да се борат за слободата

своја и слободата на својот народ. Па така, ако горнонаведената изрека е

заклучок, тогаш изреката “Се арчиме за Македонија” ќе биде вовед во еден

настан кој длабоко е врежан во историјата на мојот народ.

Место: Солун

Време: 1899-1903

Настан: Солунски атентати

Сценарио:

Гемиџиите се наречени неколку млади македонци-анархисти кои за неколку

години се оддале кон извршување на крајна цел: преку терористички акции да

го разбудат змејот наречен “Европа” за да се предземат мерки против

Османлиите кои веќе неколку векови зулумат низ македонската земја. Тогаш

кога се изродила идејата за ослободување од османслиското владеење, овие

млади македонци не само што ќе ги создадат најстрашните денови во Солун

познати од дамнешни времиња, туку ќе ја покажат истрајност и желба за

остварување на последната желба-својата земја да ја видат автономна,

слободна.

Во периодот од 1899-1903 овие млади лица ќе успеат од различни канали да се

здобијат со финансии и експлозив, за миг да се кренат против ВИСОКАТА

ПОРТА и да го разбијат синџирот кој ги врзува и не им дозволуна на оние кои

се внатре да ја видат светлината на денот- Слободата.

Но ова не е драма, ова е вистински настан од македонската историја, која

повторно во нас младите раѓа емпатија кон делото и минатото на нашиот

народ.

3

Page 4: Солунските атентати

Причини за солунските атентати

X и XX век е период на национално будење на народите кои

живееле во Румелија1, истите владеани од Османлиите.

Ваквата појава, создала “фронт” за организирање на борба за

автономија кон целосно ослободување и создавање на сопствена

држава. Македонскиот народ, дел од синџирот кој се бори за целта во која

Србите, Грците, Бугарите успеаја и создадоа сопствена држава со помош на

притисоците и вмешувањето на западните европски сили во внатрешните

работи на ослабената Османслска држава.

I

Сега кога западно-европските сили чии капитали пуштиле корени во

османлиската држава не биле заинтересирани за промена на границите откако

нивните интереси биле задоволени со извојување автономија на Србија во

интерес на Хабсбурзите, Грците во интерес на Англичаните и Русите кои

своето внимание го насочиле кон Бугарија, биле задоволни со “status quo”2 во

однос на османсликите владеења на Балканот. Западноевропските сили

индиректно ги контролирале и поседувале егејските пристаништа и банките,

биле задоволни со можноста да имаат одредена контрола врз Империјата, но

никако истата да биде уништена. Меѓувремено, територијата позната како

Солунски, Битолски и Скопски вилает е владеана од “закоравен”

административен систем, власт чие владеење е заснована на теолошки

принципи, постојано го уништува народот во секој поглед заедно со

Империјата. Но освен, македонската револуционерна организација, како

сродна на неа се појавува анархистичкиот кружок создаден од млади

македонци со напредни идеи кои преку серија анархистички дејствија се

обиделе да со скренат вниманието на Европа да интервенира во Македонија,

нешто во што делумно успеале.

1 Румелија – територијата на Балканот под Отоманска власт.2 лат. Status quo – да остане моменталната состојба на работите/односите.

4

X

Page 5: Солунските атентати

Гемиџии

За значењето на терминот гемиџии

постојат неколку мсилења, дека терминот се

однесува на оние кои се простиле со животот и

запловиле во морето во кое нема враќање, а

според други е дека поголем дел од гемиџиите се

од Велес па така нивното одење во Солун се

поистоветува со пловењето на гемиите во реката

Вардар кои можат само да патуваат во еден

правец. Групата атентатори е создадена Јордан

Поп Јорданов Орцето водач, Тодор Органџиев,

Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Георги

Богданов, Павел Шатев, Димитар Коштанов и

Марко Бошнаков како нај активни иако постоеле и

други. Сепак важно е да се спомне дека оваа групација е создадена под

влијание на МРО3 која тогаш егзистирала, но дејноста на гемиџиите со дејноста

на МРО е во целосна спротивност. Всушност гемиџиите имале изградено свој

став кон начинот на кој МРО функционирала и кон целите на истата, сепак

анархистите сметале дека начинот на вооружена борба и револуција како пат

за ослободување била невозможна. Нивната филозофија се однесувала на

последователни дејствија низ територијата на етничка Македонија во овој

случај демолирање и атентати т.е загрозување на интересите на европските

земји и да се создаде атмосфера која ќе му ја покаже на западот сината желба

за автономија на овој последено владеење од османлиската империја. Во

иднина, гемиџиите стапуваат во контакт со лица од организацијата како Борис

Сарафов, Гоце Делчев кои нудат скромна помош и морално го поддржуваат

нивното дело.

Дејност:

Групата формирана во Солун 1899 година формира своја ќелија која

својата права акција ќе ја изведе со учевството во обидот за убиство на

Султанот Абдул Хамид заедно со Славе Мерџанов и неговата група. Откако

3 МРО-македонска револуционерна организзација создадена во Солун 1893г.

5

Page 6: Солунските атентати

увиделе дека тој обид е невозможен истата група се обидела да ја демолира со

динамит отоманската банка, за реализација на тој план бил изнајмен објект

наводно користен како склад за издавање на весникот “Новини”, за оваа акција

биле придобиени и други врсници на гемиџиите, кои помагале во работата при

копањето на канал кон банката. Копањето на каналот одело отежнато, за таа

цел во Цариград бил испратен и Павел Шатев како помошник а во Солун

Ерменецот Кристо кој не бил сомнителен при копањето на ист канал во Солун.

Имено најважно е да се каже дека некаде истовремено со копањето на каналот

во Цариград течело и копањето на таков канал во Солун предводен од Јордан

Поп Јорданов-Орцето, акција која имала истата цел кревање на банка, повикан

од Меџановата група со цел дејствијата во Цариград да не бидат сметани за

анархистички, слични акции да се спроведат и во Македонија и во Одринско.

Сепак најголем проблем им претставувал експлозивот кои тие не го

поседувале. За набавка на динамит, чии средства биле изнудени од ВМК

односно Борис Сарафов, потоа биле контактирани ерменските револуционери

кои им ја испратиле помошта, но при претрес на пристаништето во Цариград

динамитот бил откриен а уапсени како осомничени биле и Павел Шатев,

Славе Мерџанов, Петар Соколов, Манџуков. Со помош на бугарските

дипломати Шатев бил ослободен и депортиран во Кратово, со тоа оваа акција

била осудена на неуспех.

Каналот во Солун:

Напоредно со копањето на каналот во Цариград течело и копањето на

оној во Солун. За таа цел гемиџиите изнајмиле објект спротив банката и го

претвориле во берберница, за организацијата да биде уште помалку

сомнтелна, за работник бил назначен Ерменецот Кристо како несомнителен на

солунската полиција. Организацијата околу копањето била на ниво, гемиџиите

работеле во смени, се копало со претходни математички пресметки во насока

прецизно да се ископа каналот. Во подоцнежната фаза при копањето, бил

решен и проблемот со прочистувањето на воздухот за која цел била користена

дувалка при која еден копал а друг дувал. Проблем се појавил кога наишле на

римски ѕид, па ова место гемиџиите го нарекле “термопилите”4, за кратко време

4 Термопили – теснец во Грција познат од минатото како тежок за освојување.

6

Page 7: Солунските атентати

каналот бил ископан во целост. Но вистинскиот

проблем бил во снабдувањето со динамит.

• Финансии и експлозив:

Новите дејствија на гемиџиите се насочени кон

изнаоѓање на финансии за купување на експлозив

потребен за кревање на банката. За таа цел, најпрво

7

Мерџанова група

Во 1901 година, Мерџанов и Соколов, заедно со со ерменскиот револуционер Бедрос формирале чети и навлегле во Одринско со цел да го нападнат Ориент-експресот и да ја запленат поштата за да дојдат до пари. Меѓутоа, обидот не успеал. Потоа четата фатиле ден турчин со барање за откуп. Четата наскоро била откриена и ликидирана. Соколов убиен во борба, додека Мерџанов бил фатен, осуден и обесен во Одрин. Обесени биле и ерменците.

Активностите во Одрин:

Било решено Мечев да замине во Одрин и таму да копа ист канал до австриската пошта. Но поради тоа што ветениот динамит не стигнал, гемиџиите решиле да не предземаат било какви мерки се додека не стигне истиот и така планот за дејство во Одрин завршил со неуспех. ►►►►

Т. Органџиев тврди дека Јорданов од Гоце добил 5.000 лева. ►►►►►

Page 8: Солунските атентати

Поп Јорданов се обратил до ВМК5 за финанскиска помош, но во 1901 година,

Борис Сарафов повеќе не бил претседател, организацијата ја водел Иван

Цончев кој би дециден да не дал со изговор дека така акција не е интерес на

политиката на Бугарија. Затоа Јорданов стапува во контакт со Борис Сарафов

кој тогаш се наоѓал во Женева. Од таа средба со Сарафов, Јорданов добил

10.000 лева и ветување за 1.000 килограми динамит. Во меѓувреме во

почетокот на 1902та османлиските власти го откриле каналот во Цариград а

Шатев бил известен преку телеграма “Васковата невеста умрела”6. Набргу

Шатев бил потпомогнат да замине во Бугарија. Активноста продолжила со

идејата анархистички акции да бидат спроведени и во Одрин кои завршиле со

неуспех. Со неуспех завршила и мисијата за префрлање на 80 кг динамит испратен од Гоце Делчев, проблемите настанали при преминувањето на Шатев во Македонија бидејќи границите меѓу Турија и Бугарија биле строго контролирани.

П. Соколов и С. Мерџанов

Со неуспех завршила и задачата на П. Манџулов за диверзија на пругата Ксанти-Солун по неуспехот се вратил во Пловдив. Меѓувремено Поп Јорданов ја подготвувал групата во Велес за заминување во Солун и за продолжување на работата на каналот бидејќи средствата од Делчев и Сарафов биле доволни за оваа цел.

Копањето на каналот во Солун одел со изменет

план, старото место било зафатено, па така веднаш до

истиот гемиџиите отвориле нова “берберница” и

продолжиле со копање. Ископаната земја ја пренесувале во стариот канал со

кој се поврзале. Динамитот пак кој започнал да го пренесуваат од Ќустендил

кон Цариград одејќи преку Софија со посредсто на Милан Саздов а се

складирал во куќата на Ана Шепец во Цариград. Ана Шепец била добро

запознаена со работата на гемиџиите и таа стапила во нивна служба.

Динамитот бил доставуван директно во нејзиниот дом а од таму етикетиран

како риба заминувал за Солун. Па така кон крајот на 1902та година банката

била подготвена за минирање. За останатите акции се чекало на динамитот

ветен од Сарафов.5 ВМК – Врховен Македонски Комитет формиран во Бугарија.6 тајна порака за гемиџиите со значење дека каналот во Цариград е откриен.

8

Page 9: Солунските атентати

Односите на Гемиџиите со ЦК

Односите на Гемиџиите со ЦК7 на револуцонерната организација од

секогаш биле дистанцирани, можеби тоа што гемиџискиот кружок не сакал да

се поистоветува со револуцијата која била подготвувана од ВМОРО било и

причина што атентатите во Солун не биле синхронизирани со Илинденското

востание. Но не може да се одрече блискиот и пријателски односи меѓу

гемиџиите, Сарафов и Делчев. За тоа зборуваат неколкуте соработки за

акциите кои биле предземени во Одрин и воопшто за целата органзација во

Солун. Нај заладени односи овие две групи ги постигнале кога на чело на ЦК

застанал Иван Гарванов чии интереси не биле во интерес на организираното

дело, туку за бугарските интереси во Македонија. Од неколкуте дјствија

предземени од Гарванов може да се согледа желбата на истиот да се отстрани

гемиџискиот кружок кој бил гледан како “опасен” и спротивен на интересите на

бугарската влада. Дури во еден период Граванов настојувал да ги оттргне од

Солун нудејќи им помош за слични акции во Битолско, каде народот е подобро

организиран и доколку групата биде пробиена штетите на огранизаицјата би

биле големи. Откако Борис Сарафов го испратил динамитот од Женева

маскиран како лек против филоксера пристигнал на граничниот премин Деде-

агач пренесен од некој грк, но по тоа динамитот исчезнува. Потоа гемиџиите

трагале по истиот, но како можна причина за исчезнување бил токму

политиката на Гарванов за кој сметале дека преносителот на днамитот бил

негов шура и разбрал за пратката. Додека пак гемиџиите најпрво се сомневале

дали Сарафов воопшто го испратил, но подоцна се докажува дека динамитот

бил испратен и дека стигнал до границата, така или бил запленет а Гркот

пребегал или истиот бил земен од други лица како Гарванов. Втор обид за

пренос на динамит бил овозможен од Ќустендил како меленит се пренесувал

во Македонија откако Шатев се поврзал со Тодор Александров, динамитот бил

пренесуван до с. Саса, во сено, до Кочани а од таму со ориз до Велес

предземен од Т. Органџиев. Од таму во тенеќии за шарлаган бил складиран

динамитот и испраќан кон Солун. Треба да се има предвид дека ова се

случувало во период на голем приситок поради престојното востание за кое

властите предчувствувале дека ќе биде кренато, муниција и оружје масовно

7 ЦК- централен комитет на македонската револуционерна организација.

9

Page 10: Солунските атентати

било пренесувано па така контролите многу позасилени. По овие неколку акции

гемиџиите се набдиле со 280 килограми динамит, кои биле доволно за банката

и некои други поситни акции. За банката биле употребени 11 канти динамит, од

остатокот биле направени експлозивни бомби, но неможни да предизвикаат

убивства, туку само да шират страв меѓу оние кои се наоѓаат на местото.

Гемиџиите подготвувајќи ги акциите, воделе сметка за тоа да не нанесат штета

на организацијата со тоа што пред настанот го информирале Гарванов за

настанот, но непосредно пред акцијата да започне.

СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ

Според плановите,

атентаторите требало да започнат со

атентатите на 15 април – стар стил

или 28 април, додека на 27

пристигнувал францускиот параброд

“Гвадалкивир” а заминувал наредниот ден. Со пукањето на првата бомба во

бродот, требало да биде сигнал за почетокот на целата акција. Најпрво

замислата била акциите да траат неколку дена, за да се создаде несигурност

10

ПАВЕЛ ШАТЕВ ВО БУГАРИЈА НАПРАВИЛ ЛАЖНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И СО СОЛУН НАСТАПУВАЛ ПОД ИМЕТО ГЕОРГИ МАНСОВ.

“Солунски те атентати 1903” – Крсте Битоски.

ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОЛУН, СЕ ДОЗНАЛО ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕД ДА СЕ СЛУЧАТ, ИЗВОРОТ КОЈ ДОШОЛ ДО ВЕСНИЦИТЕ “LE TEMPS” И “DIE ZEIT” НЕ Е ПОЗНАТ. ПО ОВА БИЛА ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛАТА НА НАЈВАЖНИТЕ ЕВРОПСКИ КАПИТАЛИ, НО НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАЛ ДЕКА НАПАДОТ ЌЕ ДОЈДЕ ОД ПОД ЗЕМЈА. ОД ВЕСНИЦИТЕ СЕ ДОЗНАВА ДЕКА АКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ИЗВРШЕНИ НАД ЕВРОПСКИТЕ КАПИТАЛИ.

“Солунски те атентати 1903” – Крсте Битоски.

Page 11: Солунските атентати

во градот и општа опасност и истовремено да се држи градот во неизвесност

што е можно подолго време, да се сее страв и терор што е можно повеќе.

Деновите пред атентатите, гемиџиите ги поминале дискутирајќи за идејата која

ја намислиле и решени да ја остврата но борбата да заврши со нивната смрт и

ефектот да биде поголем и пожесток на оваа идеја зад која стоела паролата

“да се арчиме”, на ова се спротивставие Шатев, Милан Арсов и Бошнаков.

Атентатите ги започнал Павел Шатев кој бил легален под името Георги

Манасиев, тој воедно бил и единствениот “странец” кој легално можел да се

качи на бродот. Тој бил и познавач на францускиот јазик кој можел да му

помогне. Експлозивот бил сместен во куфер заедно со облека и книга од

Виктор Иго. Откако нашол погодно место и по можност најблизу до машините,

Шатев ја активирал бомбата и заминал од местото. Експлозијата предизвикала

голем пожар без некое разурнувачко дејствие. Набрзо патниците биле

префрлени на брегот а меѓу нив

бил и Шатев кој веднаш заминал

во Скопје.

На пристаништето се собрале

мнозина луѓе, со разни

претпоставки која е причината за

пожарот, но никој не насетил дека

ова е дело на гемиџиите и дека

ова е почеток на еден настан кој ќе трае неколку денови.

Втората диверзија била планирана да биде изведена на железничката

пруга во Солун, иако динамитот бил поставен и експлодирал во моментот на

неговото поминување оштетувањата биле минимални а жртви немало.

Според Хр. Коцев: “Во неделата вечерта, на 27 април, пукна бомба на

станицата и искрши само неколку стакла на предните вагони.

Ефектот беше страшен: сите се прашуваа во недоумие чија ли е таа

11

Page 12: Солунските атентати

работа. Се растрчаа конзули и аташеа да разберат што станало, ама

немаше кој да им го задоволи љубопитството.”8

За настаните околу железницата дознале ограничен број на граѓани, но

властите биле веќе свесни дека станува збор за завера, за сомнежите да бидат

потврдени се случила и третата диверзија настаната на 29ти, околу 20,30

часот, Кирков ги оштетил цевките на гасоводот и водоводот, за миг целиот град

потонал во мрак. Ова било сигнал за Попјорданов да го запали фитилот на

динамитот кој се наоѓал во ископаниот канал, набргу го напуштил објектот и

заминал кон дома. За овој настан постојат повеќе верзии. Имено станува збор

за настанот при спасувањето на смесејството на директорот на банката кој

била спасена од Попјорданов со предупредување дека банката ќе биде

разрушена, но начинот на тоа како го направил тоа е непознат. По тоа Банката

била разрушена.

Сестрата Писи, французинка која живеела во близина пишува во својот

дневник: “Коцката е фрлена, назад веќе нема каде. По една експлозија

далеку од нас, изгасна осветлението во целиот град. Наеднаш една

страшна детонација го процепи воздухот и истиот момент избувна

пожар во отоманската банка. Пламенот го лижеше небото и го

осветлуваше нашиот двор како бел ден...За тоа време беше жална

положбата. Бомби избувнуваа на сите страни, нападнати беа и други

установи...”9

Димитар Мечев и Илија Трчков се префрлиле преку ѕидот на фабриката

за газје со цел да го демолираат резервоарот за газје, но забалежани од

стражата избегле, се качиле на пајтон и се префрлиле до австриската пошта.

Илија влегов во поштата оставил бомба на шалтерот и заминал. Еден од

гавазите ја забележал бомбата и во обид да ја фрли му пукнала во раце

убивајќи го на најгрозен начин. Двајцата атентатори набргу се нашле во

нивниот дом, каде се затвориле и од балконот фрлале бомби на улиците, при

што се собрала турска милиција и восјка.

8 Битоски К, “Солунските атентати 1903”, Хр. Коцев, 48-49, стр. 116, Скопје 2003г.9 Од дневникот на една милосрдна сестра: “Нова Македонија”, 9 јануари 1961г.

12

Page 13: Солунските атентати

Веднаш по гасењето на светлото Владимир

Пингов “берберот” со бертолева сол и со

едно шише фосфорна течност го запалиле

“Бошнак-ан” потоа тргнал кон куќата на

Мечев и Трчков, бил застанат како осомничен, успеал да фрли бомба и бил

убиен.

Најмладиот од гемиџиите Милан Арсов, на даден знак фрлил бомба во кадето-

вариетето “Алхамбра”, загинал еден келнер. Георги Богданов пак фрлил бомба

во кафеаната “Ноњо”, тука немало жртви, потоа атентаторите продолжиле да

одат по улиците и да фрлаат бомби.

На 29 април април односно на вториот ден од атентатие паднале прите жртви

на атентатите. Убиени биле Димитар Мечев. Илија Трчков, и Владо Пингов.

Фрлањето на бомби продолжил и во наредните два дена кога Орце и Коста

барајќи ја смртта ги одогловлекувале акциите и го држеле градот во страв и со

сигнал дека се тука. На 30ти Април Орцето продолжил со нападите од својот

стан, преку балконот исфрлил 11 бомби, фрлајќи ја последната и се самоубил.

За ова сведочи французинката Писи која се наоѓала во болницата, таа за

настанот посведочила вака: “...меѓутоа малку подоцна разбравме дека

еден македонец, враќајќи се во станот што се наоѓа во нашата

непосредна близина, им бил сомнителен на војниците и тие пошле по

него да го уапсат. Успевајќи да влезе во зградата, тој од балконот

почнал атака врз војската. Откако фрлил 11 бомби, извадил револвер и

извикал: Еве вака умира јунак! Потоа несреќникот се самоубил.”

солунскиот валија, но Цветко нестрпелив да завршат акциите се обидел да го

убие валија возејќи се во пајтон, бил забележан од телохранителите. Трајков

убеден дека не може да го убие валијата се саморазнесел со бомба пред

валијата. Кирков бил последниот атентатор кој се обидел на 1 мај, повторно да

13

Според некои проценки Мечев и Трчков исфрлиле 40 бомби а потоа се убиле со своите реолвери.

Многумина се прашуваат зошто бил запален анот, кога тоа било склониште на многу македонци во Солун, фактички тоа не бил европски капитал и за него немало кој да жали.

Page 14: Солунските атентати

го крене градот на нозе, знајќи дека акциите се веќе завршени тој со чанта

заминал во поштата да достави телеграма, одбил да биде претресен од

стражарите и на влезот од вратата бил убиен. Постојат повеќе мислења за

неговата смрт, Писи, Кирков ја фрлил бомбата, но гавазот ја вратил и го убил и

Кирков и себе си, но според грчкиот конзул се вели дека бил убиен пред да

направи било каков обид за исфрлање бомба.

Писи: “Денеска еден млад човек се преправал дека носи телеграма во

телефонското биро. Запред на сред скали, успеал набрзина да фрли

бомба во внатрешноста на зградата. Меѓутоа, пожртвуваниот гаваз,

додека бомбата не експлодирала, ја фрлил надвор и таа го убила и

гавазот и атентаторот” По ова завршиле сите замислени акции.

Апсење и судење на живите гемиџии

На пат кон Скопје бил уапсен Павел Шатев и вратен во Солун, Марко и

Милан Арсов исто биле спорведени како осомничени. Поминале одредено

време во затвор. Интересот за овој случај бил голем, бидејќи било крената

голема врева околу настаните, османслиските власти можеби и биле под

притисок од странските присуства во Солун, па не можеле да го истурат својот

гнев врз народот. Имено по завршувњето на диверзиите имало извесни апсења

и тортура врз невиното население, биле тепани македонци само затоа што

гемиџиите биле македонци. За судскиот процес да биде по “европски

стандарди” османлиските власти судењето го извршиле јавно додека

распрашувањето тајно. Обвинетите немале адвокати, Павел Шатев до крајот

на случајот не се произнел за неговиот вистински идентитет и постијано се

преставувал како Георги Манасов од Ќустендил, иако целосно спротивно на

доказите, речиси сигурни властите знаеле кој всушност се крие зад Георги

Манасов и пресудата му била изречена во име на вистинскот име Павел

Шатев. Судот настојувал да го води случајот на највисок начин, и се стремел

кон тоа да ги разоткрие целите на атентатите и поврзаноста со Бугарија и

Револуционерната организација. Не успеале во тоа. Судот изрекол смртна

казна за обвинетите, Шатев со блага насмевка ја дочекал пресудата. Имено во

исказите на обвинетите и доказите недостасувале многу нешта и целиот

процес бил сплеткан и конфузен. Покрај четорицата гемиџии, биле приведени и

14

Page 15: Солунските атентати

испрашувани околу 350 обвинети, меѓу кои и семејствто на Орцето, неговиот

татко и брат биле исто затворени од 5-10 години заточение само затоа што

биле дел од неговото семејство. Голем број биле пуштени. Заточение: По

судската разврска, двајцата гемиџии поминале години во солунскиот затвор,

притоа за целото време на престој тие биле сведоци на разни настани и

затвореници од Македонија кои зад себе имале големо револуционерно дело

како Тодор Лазаров, Алеко Џорлев10 и други кои се нашле во Солунската “Бела

кула”. На 6 Мај 1906 година стигнала веста за заточение. Македонците биле

осудени на заточение во Мурзук во Либија, длабоко во пустината, далеку од

очите и ушите на “светот”. За време на заточението починале двајца од

гемиџиите, Марко и Милан Арсов, смрт која била трагично дочекана.

За волја на вистината била прогласена општа амнестија во јули 1908, малку

подоцна слобода стигнала и за македонците кои се подготвиле за пат кон

дома. За да ја направат последната добрина кон своите пријатели, скришум ги

откопале гробовите на двајцата погребани гемиџии, ги отсекле главите со цел

да бидат пренесени во Македонија и предени на нивните семејства – нешто

што било остварено. Оставајќи се себе си за жив сведок, овие гемиџии

останале да сведочат за големината и вистината на своето дело, кое еве до

ден денес буди чувства помеѓу оние кои го ценат народнот дело, народната

борба, борбата на својот народ. Како најважна карактеристика на гемиџиите

може да се земе истрајноста и оправдувањето на дадениот завет: ЌЕ СЕ

АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Заклучок

Би сакал човек да помисли дека ова е роман и за миг да воздивне и во

себе да си рече: “Добра книга, уште подобро да не е вистина”, но ете таа моја

мисла не се совпаѓа со историјата на нашиот народ. Но може ли човек да

остане рамнодушен на големината на македонецот кој “кожата” си ја свлеков и

продал само да се ослободи. Желбата да се почувстува светот без “решетки”

бил најголем на птицата во кафезот и на македонецот во османлиската

10 А.Џ – познат војвода од гевгелиско.

15

Page 16: Солунските атентати

империја, вака со најлесни зборови може да го искаже тоа припадник на еден

народ. Задоени од мајката земја, гемиџиите го дале единствното за слободата

– животот, но за делото да биде поголемо, идејата и порката посилна, тие

давајќи го својот живот како жртва за извојувње на било каква слобода за

својот поробен наро, тоа е идеал кој ги надимува сите филозофси мисли низ

милениумите. Но како што рекол народот “Херојот не се познава по зборовите,

туку по делата”, бидејќи излишен е секо збор кој може да ја искаже и спореди

големината на гемиџиското дело, бидејќи во нејзината порака одекнува крик на

лав во гладијаторска арена.

Но сега ние, потомците на тој изморен народ од патот на историјата, сме

собрани под бајракот и под истото име за кои тие се бореа, беа мачени,

убивани. Тука сме да го славиме нивното име, името на секој оној кој се

закопал во земја за ние да живееме, и за тоа изговор нема.

Користена литература:

1. Битоски К, Солунските атентати 1903, Скопје 2003 година.

2. Ристов Д, ‘903, Штип 2011г.

16