9
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Педагошки факултет - Скопје Одделенска настава „Ренесанса“ - есеј - Ментор Студент Проф. д-р Светлана Камџијаш Иван Усовски број на индекс 10996

Есеј ренесанса

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Есеј

Citation preview

Page 1: Есеј ренесанса

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Педагошки факултет - Скопје

Одделенска настава

„Ренесанса“- есеј -

Ментор Студент

Проф. д-р Светлана Камџијаш Иван Усовски број на индекс 10996

Скопје, 2014

Page 2: Есеј ренесанса

Ренесансата е едно од најкреативните движења во уметноста и културата кое се одвивало во периодот помеѓу XIV и XVI век. Таа е едно од најкрупните движења во западноевропската култура кое го означило крајот на средновековието и пресврт во уметноста, филозофијата, книжевноста и ликовните уметности. Енгелс рекол: „Хуманизмот и ренесансата, особено ренесансата, е најголем прогресивен пресврт, време што бара и раѓа гиганти, џинови по моќта на мислењето и карактерот, многустраноста и учењето.“

Започнало во Италија, поточно во Фиренца во доцниот среден век, каде и достигнало највисоки достигнувања. Токму во Италија дошло до голем развој на градовите и собирање на големи богатства во рацете на богати градски фамилии. Подоцна движењето се проширило низ цела Европа.

Ренесансата е прво движење во историјата на уметноста кое било свесно за своето постоење и кое си дало сопствено име. Самиот збор ренесанса значи повторно раѓање. Во овој период се сметало дека антиката е врв на човековите интелектуални сили, па затоа биле оживеани науката и сите уметности. Развојот на духовната култура бил изразен преку се поголемиот интерес за античката уметност. Носители на овааа нова култура биле т.н. хуманисти кои ја насочиле културата кон човекот наспроти на средновекновниот интерес кон теологијата. За италијанските хуманисти средиште на уиверзумот веќе не е Бог, туку човекот, универзално образуван хуманист, претставник на интелектуалната елита. Хуманистите собирале и проучувале антички ракописи, учеле грчи и латински јазик, ги истражувале остатоците на античката архитектура и скулптура. Со развиени самодоверба и свест за себеси слободно избирале урнеци кои ги наоѓале во антиката, донесувале заклучоци и ги обработувале аналитички. Било создадено рационално и научно разбирање на светот и била зајакната индивидуалноста на италијанскиот и европскиот граѓанин. Со емпириски однос кон светот и критички однос према авторитетите била ослободена огромна интелектуална сила која создала извонредни дела.

Ренесансниот уметник бил универзално образуван и сестран создавач: хуманист, филозоф, уметник. Многумина истовремено биле архитекти, вајари, сликари, научници, поети. Упатени во законите на природата ја проучувале оптиката и ги поставиле основите на перспективата. Го проучувале човековото тело, неговата анатомија, законите на движење и пропорциите од кои зависи неговата убавина што овозможило унапредување на реализмот во цртачкиот стил. Субјективизмот и индивидуализмот на секој уметник водел кон создавање на култот на гениј. Уметниците сакале да се изразуваат на посебен начин и да оставаат посебен впечаток на посматрачот. Тоа е време кога владеела идеја за генијален уметник, поединец надарен од Бога, успешен во различни видови уметности – универзален човек. Високата ренесанса ги дала тројцата најголеми уметници наа сите времиња - Леонардо Да Винчи, Микеланџело и Рафаел.

Page 3: Есеј ренесанса

Ренесансна архитектура

Ренесансната архитектура се одликува со препород и развој на одредени конструктивни елементи на старогрчката и римската архитектура: столбови, пиластри, греди, полукружни лаци, куполи во облик на полутопка, ниши. Објектитесесонагласена симетрија, пропорции, геометрија, хармонија на сите делови, правила наследени од класичната античка, особено римската, архитектура.

Сликарството во Ренесансата

Една од најзначајните одлики на ренесансното сликарство е високореалистична линеарна перспектива. Првиот обид го направил Ѓото ди Бондоне со неговиот обид за третирање на сликата како прозорец во просторот. Многу позначаен напредок направиле Филипо Брунолески и леон Батиста Алберти кои ја формализирале како уметничка техника. Развојот на перспективата е само дел од нивните пошироки намери за примена на реализмот во сликарството. Сликарите развиле и други техники, студии на светло и сенка, а секако и реализам во прикажувањето на човечките тела. За таа цел ја проучувале човечката анатомија. Нивната главна цел била да се прикаже убавината

на природата, да се потенцираат аксиомите на естетиката.

Рана ренесанса Quattrocento

Раната Ренесанса (quattrocento) е првиот уметнички период на Ренесансата кој трае низ целиот XV век.

Италија одиграла водечка улога во појавата на раната ренесанса, првенствено во Фиренца, а потоа и во Падова, Рим, Венеција, се до почетокот на XVI кога се проширува по цела Европа.

Општественото уредување било слично на она во антиката, многу градови држави се натпреварувале и војувале меѓу себе. Во нив се развивало мануфактурно производство, трговија, земјоделство, печатарство (Гутемберг – 1440 год.). Тргувањето со далечни краишта ги срушило старите стравови од просторот иприродата. Се развиваат математиката, медицината, се отвораат универзитети (Падова).

Уметниците по прв пат стануваат ценети и признати како интелектуалци.

Page 4: Есеј ренесанса

сл. 1 Фиренца - центар на раната ренесансаАрхитектурата во раната Ренесанса

Раната ренесанса започнала во Фиренца со работата на еден од првите ренесансни архитекти Филипо Брунолески. Негови најзначајни дела се куполата на црквата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца, капелата Паци и црквата Сан Лоренцо.Според него ренесаната градба е кутија која мора лесно да се конструира, според многу едноставни математички и геометриски вредности. Од желбата за едноставност тој користи само полукружен, полуцилиндричен лак, а понекогаш и само рамна таваница со цел ѕидовите да бидат што потенки и економични. Целата основа на градбите е подредена на законот на симетријата, основен принцип во ренесансната архитектура.

Леон Батиста Алберти е вториот значаен архитект на раната Ренесанса. Негови најзначајни дела се црквата Св. Андреја во Мантова и повеќе палати за познати богати фирентински фамилии: Строци, Ручелај итн.

Сл.2 Санта Марија Сл.3 Капелата Паци сл. 4 Црква Св. Андјеја сл. 5 Палата Ручелајдел Фјоре Мантова

Сликарството и скулптурата во раната Ренесанса

Чимабуе се смета за последниот голем сликар на византискиот период. Неговото големо значење е токму тоа што бил учител на првиот зачетник на ренесансното сликарство, Ѓото ди Бондоне. Во ова време работат и неколкумина големи вајари: Лука дела Робиа, Лоренцо Гиберти и Донатело.

Андреа де Верокие бил скулптор и сликар, а неговото значење се потенцира и со улогата на учител на Леонардо да Винчи.

Page 5: Есеј ренесанса

Други сликари од северна Италија: Мазачо, Паоло Учело, Сандро Ботичели, Пјеро де ла Франческа, Андреа Мантења.

Венецијански сликари од раната ренесанса се издвоиле како посебна уметничка школа поради нивното нагласување на значењето на бојата: Антонело да Месина, Џовани Белини, Виторе Карпачо.

Сликарството во другите европски земји во времето на раната Ренесанса

Фламанската школа се издвојува по своето значење: Јан ван Ајк, Роже ван дер Вајден, Хуго ван дер Хус, Ханс Мемлинг.Холандска школа: Клаус Слутер, браќата Лимбург.Во Германија се истакнува Мартин Шонгауер.

Висока Ренесансаcinquecento

Високата ренесанса е време кога престануваат да се утврдуваат градовите. Поради појавата на топовите со експлозивно полнење станало бесмислено да се градат ѕидини за заштита. Борбите се префрлаат надвор од градовите, на отворен простор.Монарсите зајакнуваат, стануваат моќни, силни, богати и способни да го бранат територијаниот интегритет на целата држава.

Во градовите почнуваат да се градат јавни објекти и образовни институции, библиотеки, галерии, музеи. Науката се развива интензивно, особено математиката, физиката и астрономијата (Коперник, Галилео Галилеј, Џордано Бруно).

Јакнат градовите како Рим, особено Венеција, која со трговската и воената превласт што ја имала во средоземјето, станала најјака сила во Европа. Во 1500 год. Венеција го достигнала врвот на својата моќ. Никој не очекувал дека тоа е почеток на нејзиниот крај поради откривањето на нови поморски патишта поради кои трговијата ќе се пренасочи на релација Европа – Америка (во 1492 Кристофер Колумбо ја открил Америка).

Општествено-социјалната децентрализација на власта започнува со реформата на црквата под името протестантизам (Мартин Лутер, 1517, Витенберг). Германската аристократија го прифаќа протестантизмот и создава автономни, апсолутистички кнежевства и војводства. Свештениците го менуваат начинот на живот, не градат раскошни цркви, укинуваат церемонии и престануваат да трошат на скапи уметнички дела.

Уметноста во Високата Ренесанса

Во текот на XVI век високата ренесанса впродолжила во Фиренца, но центарот на италијанската уметност се префрлил во Рим. Амбициозните пап Леон X иЈулиеII го

Page 6: Есеј ренесанса

славеле градот славејќи се себе. Неколкумина големи архитекти, вајари и сликари ќе остават траг со своите извонредни дела.Во Рим се појавува архитектот Донато Браманте кој го гради мал објект во дворот на црквата Сан Пјетро во Монторио. Објектот бил наречен Темпието – мал храм со висина од 9 м, потполно симетричен, со кружна основа со 16 столбови, двакатасокупола со лантерна (отвор за осветлување на врвот на куполата). Браманте ја проектирал базиликата св. Петар во Рим. На изградбата на оваа базилика работеле уште и Антонио да Сангало и Микеланџело.Останатите големи личности на уметноста на Високата Ренесанса се Микеланџело Буонароти, Леонардо да Винчи, РафаелМикеланџело ди Лудовико Бонароти Симони (италијански: Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni; 6 март 1475 – 18 февруари 1564), попознат само како Микеланџело — италијански ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и инжинер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност.Микеланџело, за време на неговиот живот, се сметал за еден од најголемите уметници, 11и оттогаш па се до денес останал да биде еден од најталентираните луѓе на сите времиња. Многу од неговите дела, било да се работи за вајарството, сликарството или архитектурата, се едни од најпознатите дела кои некогаш постоеле. Неговото творештво, во секое поле на уметноста, за време на неговиот долг живот е огромно, вклучувајќи ги тука и дописките, скиците и спомените кои се зачувани како дел од него. Според ова тој е најдокументиран уметник во 16 век. Две од неговите најпознати дела, „Оплакување“ (Pieta) и „Давид“, биле извајани пред Микеланџело да наполни 30 години. И покрај неговото дистанцирње од уметноста и сликањето, тој ги насликал двете највлијателни дела во фрескосликарството во историјата на западната уметност, и тоа сцени од „Создавањето“ на таванот и „Страшниот суд“ на ѕидот над олтарот од Систинската капела во Рим. Како архитект Миекланџело започнал да работи во стилот на маниризмот во Лаврентијската библиотека.

Сл.6 Оплакување Сл. 7 Давид Сл. 8 Создавањето на Адам Сл. 9 Страшниот суд

Леонардо да Винчи (италијански: Leonardo da Vinci; 15 април 1452 - 2 мај 1519) — познат италијански ренесансен архитект, инженер, вајар и уметник, сликар, изумител, анатом, астроном. Тој е роден во Винчи, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, како незаконски син на адвокатот Сер Пјеро ди Антонио да Винчи и селанката Катерина. Леонардо ја започнал праксата кај познатиот живописец и скулптор Андреа дел Верокјо кој бил пријател со татко му на Леонардо. Учејќи кај Верокјо, Леонардо ги оформил своите интереси и се здобил со првите знаења од архитектурата, анатомијата,

Page 7: Есеј ренесанса

и математиката. Во времето кога Верокио е на работа надвор од Фиренца, му остава задача на младиот Леонардо да ја заврши сликата на Христовото покрстување. Леонардо најстудиозно ја сфаќа својата работа, сликајќи го ангелот во левиот агол на композицијата со таков индивидуалистички дострел, кој ги дефинира основните карактеристики на неговото подоцнежно творештво. Кога Верокио се враќа во ателјето, се вчудовидува од убавината на ангелот, така што се зарекува дека нема повеќе да слика, бидејќи неговиот ученик го надминал учителот. Така, Леонардо да Винчи набргу, во 1472 година станува самостоен мајстор.Леонардо себеси не се смета за сликар, туку за научник, кој сликарството го употребувал како "сиромашна метода при соопштувањето на своите научни откритија". Неговиот интерес за науката е многу широк во повеќе области: анатомија, ботаника, биологија, механика, хидраулика; исто како и во областа на уметноста, архитектурата, литературата итн. Со право може да се каже дека тој ги има поставено основните нацрти за конструкција на: хеликоптер, подморница, торпедо, тазлични воени машини и др. Сето тоа, поради технички прочини не може да биде реализирано во тогашните услови. Генијалниот ум на Леонардо тешко може да се задржи само на една научна или уметничка област. Тој има немирен и нестрплив истражувачки дух, така што честопати преминува од една на друга работа, оставајќи многу значајни дела наполу довршени, а и ден денес се уште се откриваат некои негови цртечи, скици и текстови.

Творештвото на Леонардо, општо земено може да се подели на три периоди:- фирентински, до 1483 година, кога најпрвин работи во ателјето на Верокио, а потоа самостојно;- милански, од 1483 до 1499 година, кога работи за војводата Лудовико Сфорца, и- неговиот престој во Рим, Фиренца и Франција, каде што во близината на замокот Амбоаз, на 67-годишна возраст, врз рацете на кралот Франсоа I, го завршува својот немиренивот.

Иако сликарството, во однос на вкупното творештво на Леонардо, претставува само една епизода, тој создал 15-17 композиции, кои претставуваат ремек дела на ренесансното сликарство.