7
Ѓорѓи Ефремов 1 Словенско населување и опсада на Солун За историјата на словените говорат повеќе автори а како најпознат гo издвојувам Прокопиј Кесариски кој во неколку наврати не само што попатно ги споменува, тој ги опишува и ни дава основна слика за овие индоевропски племиња кои во раниот шести век ги напуштаат заддуваснките или поточно областите околу Карпатите и во големи групи се раселуваат кон сите правци. Освен Кесариски помеѓу живопосните автори се издвојува и Јован Ефески, Теофан Исповедник како и повеќе византиски автори и дела. Иако не постои големо археолошко сознание за словените на територијата на Македонија сепак врз основа на пишаните фрагменти се реконструира историографијата на Словените. За првите напади на Словените на Балканот, започнале кон крајот на петиот век и траеле до времето на Јустинијан (527-565) при што во еден момент, 517 година дел од нив минале низ Македонија, Тесалиј, Епир и стигнале до Термополите. Овие први контакти меѓу Византијците и Словените не остануваат не забележани, Кесариски за нив ќе запишал: “...Словените и Антите, не ги владее еден човек, туку од старо време живеат во демократија...”; “...влегуваат во борба, повеќето како пешадија напаѓаат на непријателот носејќи во рацете мали штитови и копја, а оклоп никогаш не клаваат…”; ”Живеат сурово и во крајна запуштеност…”; ”...тие го населуваат поголемиот дел од другиот брег на Истар 1 . 2 Од одделните цитати Кесариски детално ги опишуваат словените, нивните карактеристики и надворешен изглед, начин на живот и војување. Во истото дело Кесариски ги наведува и Антите кои според него се сродни на Словените за нивниот назив тој запишал: “Дури и името на словените и Антите во дамнешни времиња им било исто, зашто и едните и другите се викале Спори”. Освен за изгледот на Словените од овие византиски дела јасно може да се види начинот на кој развиениот југ гледа на новите доселеници различни по култура и религија, начин на живот, територија на населување и војување па дури и за примитивното општество. 1 Реката Дунав 2 Прокопиј Кесариски, “Историјата на војните”, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I, стр. 19-20, Скопје 1981год.

Доселување на Словените во Македонија

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Краток историјат за населувањето на словените во Македонија.Фусноти со изворите и преводи на оригинални цитати.

Citation preview

Page 1: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

1

Словенско населување и опсада на Солун

За историјата на словените говорат повеќе автори а како најпознат гo

издвојувам Прокопиј Кесариски кој во неколку наврати не само што попатно ги

споменува, тој ги опишува и ни дава основна слика за овие индоевропски

племиња кои во раниот шести век ги напуштаат заддуваснките или поточно

областите околу Карпатите и во големи групи се раселуваат кон сите правци.

Освен Кесариски помеѓу живопосните автори се издвојува и Јован Ефески,

Теофан Исповедник како и повеќе византиски автори и дела.

Иако не постои големо археолошко сознание за словените на територијата на

Македонија сепак врз основа на пишаните фрагменти се реконструира

историографијата на Словените. За првите напади на Словените на Балканот,

започнале кон крајот на петиот век и траеле до времето на Јустинијан (527-565)

при што во еден момент, 517 година дел од нив минале низ Македонија,

Тесалиј, Епир и стигнале до Термополите. Овие први контакти меѓу

Византијците и Словените не остануваат не забележани, Кесариски за нив ќе

запишал: “...Словените и Антите, не ги владее еден човек, туку од старо време

живеат во демократија...”; “...влегуваат во борба, повеќето како пешадија

напаѓаат на непријателот носејќи во рацете мали штитови и копја, а оклоп

никогаш не клаваат…”; ”Живеат сурово и во крајна запуштеност…”; ”...тие го

населуваат поголемиот дел од другиот брег на Истар1”.2 Од одделните цитати

Кесариски детално ги опишуваат словените, нивните карактеристики и

надворешен изглед, начин на живот и војување. Во истото дело Кесариски ги

наведува и Антите кои според него се сродни на Словените за нивниот назив

тој запишал: “Дури и името на словените и Антите во дамнешни времиња им

било исто, зашто и едните и другите се викале Спори”. Освен за изгледот на

Словените од овие византиски дела јасно може да се види начинот на кој

развиениот југ гледа на новите доселеници различни по култура и религија,

начин на живот, територија на населување и војување па дури и за

примитивното општество.

1 Реката Дунав

2 Прокопиј Кесариски, “Историјата на војните”, Документи за борбата на македонскиот народ за

самостојност и за национална држава, Том I, стр. 19-20, Скопје 1981год.

Page 2: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

2

Словенската војска го преминува Дунав

Bo 548 година Словените преминале преку Дунав во Илирик и продреле

до Драч на југозапад. Во овие првични навлегување на територијата на

Византија, Словените, Антите и други варварски племиња вршеле само терор и

ограбување на неутврдените населби или пак утврдувањата без воен гарнизон.

“...Словените ја преминаа реката Истар и извршија страшни злосторства над

сите Илири се до Епидамн3, убивајќи ги и заробувајќи ги сите возрасни луѓе на

кои ќе се намереле и ограбувајќи им ги богатствата...; ...успеале да освојат

тврдини кои дотогаш се сметале за сигурни, зошто никој не ги бранел...;4

Словените продолжиле со нападите во Илирик во 550/51 год. попат, кај Ниш,

тие разбрале дека во Сердика5 се наоѓа славниот војсководач Герман кој во

заседа ги чека со ромејска армија за да ги удри од грб, Кесариски за овој

настан: “...додека Герман ја собирал и вежбал војската мошне темелно се

подготвувал за војна, во ромејската земја навлегле множество Словени како

никогаш порано.” Истиот автор укажува и за целта на Словените кои со овие

нови навлегувања на Балканот, сегашната намера им била да го освојат

Солун, “…дошле да го заземат со опсада Солун и градовите околу него.”6

Исплашени од присуството на Герман во Сердика, Словените го напуштиле

првобитниот план да одат преку Македонија до Солун на југ и скршнале кон

провинцијата Далмација на запад. Таму Словените за прв пат презимиле на

балканска почва.

3 градот Драч

4 Прокопиј Кесариски, “Историјата на војните”, Документи за борбата на македонскиот народ за

самостојност и за национална држава, Том I, стр. 21, Скопје 1981год. 5 градот Софија

6 Procopii Caesariensis, p. 475-477

Page 3: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

3

Населување на Словените во солунската област

Следниот продор на Словените во Илирик се случил, можеби, во 578, а

поверојатно во 580/81 година. Овие продори запишани од Јован Ефески кој

изјавува дека во третата година по смртта на императорот Јустин, Тибериј

извршил напад на Словените. Тој запишува дека Словените со продорите

стигнале се до Елада, поминувајќи ја цела Тесалија и Елада. Како причина за

ваквото “секавично” поминување низ Византија и опустошувајќи ја е тоа што

императорот бил зафатен со војна со Персијците на исток. Таквата тешка

положба во која се нашла империјата им овозможило на варварските племиња

да вршат терор.

“Тие вршат пустош и пожари и земаат заробеници...И еве до ден

денешен, до 895г.,7 тие се останати, живеат и спокојно престојуваат во земјата

на Ромеите без грижа и страв.”; “Тие робат, убиваат палат.”8 Ефески ја

опишува состојбата во периодот од 584 година, и словенските напади на

Балканскиот полуостров, каде во еден дел од неговата хроника тој споменува

дека: “научија да војуваат подобро и од Ромеите.”

Словенската војска го напаѓа Солун

Веќе во 584 година Словенските војски повторно се крева, сега го цели градот

Солун, во истиот период словените веќе почнале со интензивни населувања во

обласите на Солун, всушност овде е и најмногу бројно население на

Словенскиот народ. Од “Чудата на св. Димитрија Солунски” во кои на неколку

наврати се споменува за словенската опсада на Солун. На вториот ден од

празнувањето на св. Димитрија словенската војска почнува со напад на Солун,

како што стои во оригиналот, словенска војска влушност била “цветот на

целиот словенски народ”9, додава дека истиот ден словените биле прогонети,

што значи биле поразени.

7 т.е 584 год.

8 Јован Ефески, “Црковната историја”, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за

национална држава, Том I, стр. 22-23, Скопје 1981год. 9 “Чудата на св. Димитрија”, стр. 23-24 (Miraculorum s.Demetrii martytis liber I, 116, Paris 1891,col.1277)

Page 4: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

4

Аварско-Словенска војска ја напаѓа, пустоши и ограбува

Македонија

Токму во “Чудата на св.Димитрија Солунски” се опишани новите походи,

но сега предводени од Аварите, всушност откако барањата на аварскиот хаган

Бајан од императорот Маврикиј биле одбиени, на поход се кренале Аварските

племиња, но сега здружени со “склавиниите” ја создале како што се вели во

оригиналот “...најголемата војска што сме ја виделе во нашите времиња.”; што

укажува на воената моќ која ја поседувале овие варварски народи, а всушност

овие податоци даваат проста проценка за бројноста на словените не само како

воена сила туку и како народ заседнат во солунската област. Имено од истото

дело прецизно е објаснета положбата во која се нашле граѓаните на Солун.

Според авторот градот бил опколен од многубројната војска, додека пак

војската во градот била малубројна а како една слаба страна е наведена

чумата која сеуште била присутна во градот. Како опсадни справи авторите ги

споменуваат-хелеполите, кулите на неколку спратови, овнови и каменофрлачи.

Оваа опсада ќе продолжи и во неколкуте наредни дена, сепак извонредната

фортификација на Солун ќе ги задржи варварите надвор од тврдината,

напуштајќи ја опсадата на седмиот ден од поставувањето.

Словените предводени од Хацон го напаѓаат Солун

Новата наезда на словенска војска востановена во областите на Солун

се одиграла во 614-616 година, имено од Чудата на св. Димитрија Солунски

каде авторот повторно зборува за големиот број на словенски војски кои со

опсадни справи го опсадуваат градот на неколку наврати. Ова дело создадено

од неколку автори ја доловува и состојбата во самиот град, во неколку наврати

се споменува за неизвесноста која ги демнела оваа нова опсада.

Од стратешки план, во изворите се вели дека словените користели и кораби,

како можност за влез во градот и преку море, оригиналот вели: “…варварите

посмели во морепловството и похрабри во војувањето бргу се приближија со

своите кораби до извидените места...” што укажува за решителноста на

Page 5: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

5

словенската маса да го освои Солун. Освен тоа од истото дело се знае дека

Словените не само што имале намера да го ограбат Солун, туку и да се

населат во него. Се споменува и водачот на Словените, Хатцон кој предводел

одредена група на Словени а од нив запишани се Драговити, Сагудати,

Велигизити, Вајунити, Берзити, имено Хатцон и одредена група словени

успеале да се навлезат во градот преку “малата порта” која се наоѓала на

западната страна на градот, Хатцон бил фатен и каменуван.10

Настанат словенски народ во обид за напад на Солун

По бурните настани од 616 година, веќе во 618 година византискиот

автор од “Чудата на св. Димитрија Солунски”, настани опишани во втората

книга “Чудата” авторот запишал: “…Големата беда ги натера да свикаат

советување, и откако собраа премногу подароции, ги испратија преку

пратеници до хаганот на Аварите...за сојузничка помош...”; овој податок

укажува за можноста словените повторно да стапиле во сојуз со Аварите, од

“советувањето” кое го споменува авторот, пак укажува на општествената

структура што ја имале Словените во заддунавските територии во населените

македонски области многу не се изменила.

Во 630 година, Солун бил потресен од земјотрес а таквата лоша положба

повторно ги натерало словенските варварски племиња да го нападнат градот,

мислејќи дека земјотресот ги оштетил ѕидините на тврдината.

“ …тие видоа дека целиот ѕид од сите страни е неоштетен и дека градот си

останал како и порано...и така се вратија назад исплашени и без резултат...”

Овие нападни не завршиле тука. Солун никогаш со опсада не бил освоен,

причината за словенизација на Солун е од природен карактер, затоа што

заседнатото словенско население постепено ќе стапи во контакт со

домородното население и постепено ќе воспостави врска на културен, јазичен

и религиозен план. Иако Солун останал не освоен, нападите на територијата

10

“Чудата на св. Димитрија Солунски”,II, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I, стр. 29-31, Скопје 1981год.(Mirac, II, 1,p.1325-1333; Tougard, p. 118 )

Page 6: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

6

од Далмација до Елада од словените и други варварски племиња не

престанале. Словените војна со Византија воделе во нередните децении.

Процесот на “вкоренување” на овој нов етнос на територијата на Македонија ќе

се одвива континуирано, словенскиот народ поминал низ разни општествени,

политички, воени промени. Во наредните децении поточно 658, 674, 680 година

Византија ќе се обиде да ги потчини словените, со нив ќе војува и Констанс II.

Со нив ќе војува Јустинијан II во 688, 758 со Константин V. 1112

11

Анастасиј Библиотекар “Хронографија трипертита”, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I, стр. 37-38, Скопје 1981год. (Mirac., II, p,4; Tougard, p. 148-176.) 12

Теофан Исповедник “Хронографија”, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I, стр. 40-41, Скопје 1981год. (Theop.,I,p.364,5-18)

Page 7: Доселување на Словените во Македонија

Ѓорѓи Ефремов

7

Библиографија:

1. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за

национална држава, Том I, Скопје 1981год.

2. Прокопиј Кесариски, “Историјата на војните”

3. Miraculorum s.Demetrii martytis liber I, 116, Paris 1891.

4. Јован Ефески, “Црковната историја”

5. Анастасиј Библиотекар “Хронографија трипертита”

6. Теофан Исповедник “Хронографија”