18
Содржина: Жан Жак Русо Делото на Русо Политичка мисла Романтизам Зачетоци на романтичарскиот животен идеал Литературна тематика на романтизмот Тематика на личните преокупации Историско-национална тематика Пејзажна тематика Најзначајни претставници на литературата на романтизмот Естетска концепција на романтизмот 1

жан жак русо

Embed Size (px)

DESCRIPTION

жан жак русо

Citation preview

Page 1: жан жак русо

Содржина:

Жан Жак Русо

Делото на Русо

Политичка мисла

Романтизам

Зачетоци на романтичарскиот животен идеал

Литературна тематика на романтизмот

Тематика на личните преокупации

Историско-национална тематика

Пејзажна тематика

Најзначајни претставници на литературата на романтизмот

Естетска концепција на романтизмот

1

Page 2: жан жак русо

Жан Жак Русо

Жан Жак Русо (француски: Jean-Jacques Rousseau, роден 28 јуни 1712 – 2 јули

1778) бил француски философ роден во Женева од периодот на просветителството

чиишто политички идеи влијаеле на Француската револуција, развојот на

социјалистичката теорија и растењето на национализмот. Неговиот легитимитет

како радикал и револуционер е можеби најдобро демонстриран во

Општествениот договор: „Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.

Неговите останки се чуваат во Пантеонот.

2

Page 3: жан жак русо

Делото на Русо

Жан Жак Русо е соработник на Енциклопедијата кој ненадејно се здобива со

популарност со статијата "Дали обновата на науките и уметностите придонела кон

моралното очистување?", која предизвикала толку внимание, пред сè, поради

актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот

"За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето", кој е вистинска академска расправа во

која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите философски

ставови ги искажал во текстовите "Општествен договор" (со идеи за можни

реформи на државното уредување) и "Емил" (трактат за воспитанието на човекот

кој би требало да се вклучи во граѓанското општество). Русо од своите

современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на чувственоста.

Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на

човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.

Русо, кој инаку не ги сакал театарот и романот, се решил на оваа форма сакајќи да

ја искористи нејзината еластична форма и во неа вметнал различни видови на

текстови - расправи и трактати за различни проблеми од неговото време. Според

овие одлики, неговите дела "Нова Елоиза" (епистоларен роман кој доживеал

невидена популарност), "Португалски писма" (несреќен љубовен роман), а особено

"Исповеди" (во кои писателот станува лик во делото во кое инсистира на

самоанализата на чувствата и на имагинацијата), припаѓаат на сентиментализмот,

но во творештвото на Русо препознаваме и некои елементи (субјективноста,

музикалноста, лиризмот, чувството за природата), кои ќе го определат како

предвесник на романтизмот.

3

Page 4: жан жак русо

Политичка мисла

Како претставник на радикалната концепција на природно-правната теорија за

граѓанското општество, Русо особено обрнува внимание на две суштествени

состојби. Прво, Русо, за разлика од останатите теоретичари на природно-правната

(договорната) теорија, општеството што настанува по пат на склучување

општествен договор го сфаќа како "морален и севкупен организам", како,

"општествен човек" што "свотео единство, заедничката идентичност, живот и

волја" ги стекнува како резултат на "отуѓувањето" (во смисла на нивно органско

пренесување) на природните права на членовите-создавачи на тој договор и нивно

"пренесување" на новата државна (органска) заедница што ја создаваат.Секој

државјанин - ќе рече Русо - да биде сосема независен од сите други, а целосно

зависен од државата. Тоа се постигнува секогаш со истите средства , зашто само

силата на државата ја прави слободата на своите членови. "Граѓанските закони се

јавуваат токму во вториот однос". Препуштајќи ја во општа "сопственост" својата

личност, "секој член се претвора во неразделен дел од целината". На оваа основа

Русо ја прави разликата помеѓу волјата на сите (volonte de tous) и општата волја

(volonte generale);"последнава ја гледа само општата корист, а првата - користа на

поединците, па затоа е само збир на поединечни волји...За општата волја да дојде

до вистински израз, мошне е важно во државата да нема одделни друштва и секој

граѓанин да гласа според сопственото убедување".

Романтизам

Романтизмот е општокултурно, а според тоа и уметничко движење кое се јавува на

крајот на XVIII век, а својата полна афирмација ја доживува во првите децении на

XIX век. Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските

4

Page 5: жан жак русо

случувања. Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и

национални движења, во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните

општествени односи и зајакнувањето на граѓанството. Показатели на таа

општествено-историска вознемиреност се значајните историски настани:

Француската револуција во 1789, воздигнувањето на Наполеон и неговите

освојувања, победата на реакцијата, како и востанието на декабристите во Русија во

1825.

Овие општествени потреси влијаеле и на животниот идеал. Оформувањето на

новиот животен идеал се остварувало низ неколку фази: сентиментализмот и

меланхолијата одговарале на расположението на буржоазијата во

предреволуционерното време, песимизмот и малаксаноста ја зафаќа

аристократијата по завршетокот на буржоаската револуција, а со падот на

Наполеон, малаксаноста и разочарувањето добиваат општи размери.

Причинителите на разочарувањето и малаксаноста треба да се бараат во

неусогласената граѓанска идеологија и граѓанската стварност. Имено, револуцијата

не ги остварила прокламираните идеи - братство, еднаквост и слобода.

Генерацијата на романтичарите не верува во усогласеноста на животот како што го

предочил рационалистичкиот XVIII век. Тие се откажуваат од идеалот за главната

власт на разумот и бараат утеха во емоциите и силниот индивидуализам.

Носител на романтичарското движење била граѓанската класа, па затоа во редовите

на романтичарските создатели има голем број на племеници: Јозеф фон Ајхендорф

(1788-1857), Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824), Алфонс де Ламартин (1790-1869),

Михаил Јурјевич Лермонтов (1814-1841), Алфред де Мисе (1810-1857), Александар

Сергеевич Пушкин (1799-1837), Перси Биш Шели (1792-1822), Алфред де Вињи

(1797-1863) и други.

Романтизмот во уметноста (литературата, сликарството, музиката и театарот) се

јавува како реакција на идеологијата и уметноста на претходниот период -

класицизмот, односно рационализмот. Наспроти класицистичката поетика, често

5

Page 6: жан жак русо

шаблонизирана и стегната во спрегите на рационалистичките правила и прописи за

создавање, романтизмот ја истакнува потполната слобода на мечтите, изумите и

тематиките, спротивставувајќи се на сите облици на нормирано создавање.

Зачетоци на романтичарскиот животен идеал

Зачетоците на романтичарскиот животен идеал ги наоѓаме уште во делата на

францускиот просветител Жан Жак Русо (1712-1778). Русо со своите дела ("Јулија

или Новата Елоиза" и "Исповеди") го трасирал патот на романтичарскиот

субјективизам и чувственост. Неговиот роман "Нова Елоиза" е пример за

сентиментално-љубовниот роман, кој до полн интензитет ја воздигнал човековата

емоција. Навестувањето на романтичарскиот субјективизам е видлив и во

автобиографските "Исповеди".

На овие дела на Русо се инспирирала романтичарската генерација. Во

обликувањето на романтичарскиот животен идеал, освен Русо, значајна улога

одиграле и Франсоа-Рене де Шатобријан (1768-1848) и Бајрон. Шатобријан ги

продлабочува русоовите концепции. Го воведува во литературата мотивот

на »светска болка« (или тага), истенчената емоција и префинетиот лиризам.

Литературниот израз се обогатува со нови, рафинирани квалитети кои ја

истакнуваат неговата забавна и визуелна компонента.

На романтичарите им одговарал шатобријановиот естетизам, субјективизам,

лиризам и неговата литературна инспирација.

Во бајроновите дела, романтичарскиот животен идеал се претставува во својот

дефинитивен облик. Бајроновите јунаци чувствуваат потполна неусогласеност меѓу

себе, своите морални начела и општествената конвенција со која се соочени. Тоа

чувство на раскол доведува до чувство на осаменост, промашеност и несфатеност.

Бајроновите јунаци по својот начин на доживување се сродни со русоовите јунаци

од спомнатиот роман "Нова Елоиза" и гетеовиот "Вертер", а само по некои свои

одлики се разликуваат од претходникот. Неговите јунаци се индивидуалисти и

6

Page 7: жан жак русо

имаат бурен внатрешен живот кој во себе носи црти на демонското. Моделите за

своите јунаци Бајрон ги наоѓал во сопствениот живот. Неговиот живот се смета за

живот на најизразитите романтичарски јунаци. Бајрон со помошта на своите

ликови најсугестивно го формирал духот и идеалите на епохата. Но ликовите на

бунтовници, осаменици, скитачи и незадоволници се претставиле и во делата на

останатите создатели од оваа епоха.

Фридрих Шилер (1759-1805), во драмата "Разбојници" обликувал лик на побуненик

на разбојник кој се бори против општествената неправда. Шилеровиот јунак го

изразува расположението на побуденото граѓанство кое се буни против феудалниот

апсолутизам.

Руската романтика обликувала неколку значајни ликови во лермонтовите поеми

"Мцири и демонот" и во пушкиновите поеми "Цигани" и "Кавказкиот заробеник".

Сите се тие бајронски личности прогонети од судбината, племенити во своите

настојувања и копнеења, а трагични во својата единственост и несфатеност.

Лермонтовиот лик Печорин од романот "Јунак на нашето време" и пушкиновиот

"Евгениј Онегин" од истоимениот роман се ликови на »одвишните луѓе« кои се

јавуваат во ерата на суровиот николаевски режим.

Литературна тематика на романтизмот

Литературната тематика на романтизмот може да се сврзе во неколку целини:

тематика на лични преокупации

национално-историска тематика

пејзажна тематика - далечните и непознати краеви

егзотика

окултна и мистична тематика.

7

Page 8: жан жак русо

Тематика на личните преокупации

Изоштрениот субјективизам на романтизмот се отчитувал во сите литературни

видови. Тој е подеднакво нагласен во лирската песна, драмата, патописот, романот

и расказот. Лириката навлегува во прозните и драмските видови: романот често е

компониран во облик на писма, дневници, мемоари. Таква форма одговарала на

субјективистички ориентираниот период, а најавена е уште во русоовата "Нова

Елоиза". По гетеовиот роман "Страдањата на младиот Вертер" сè повеќе се

наметнува романот во облик на писма и интимни записи.

Дека романтизмот ја негувал тематиката на личните преокупации сведочи и

неговото лирско творештво. Најдобрите остварувања на романтизмот треба да се

бараат во лириката.

Историско-национална тематика

Историско-националната тематика се јавува како израз на романтичарската

осетливост за историјата и национална традиција. Романтичарите ги привлекува

средниот век и готиката, ги привлекуваат најизворните облици на народното

творештво и духот. Барањето на инспирацијата во далечните историски периоди

може да се следи во делата на најзначајните автори.

Портрет на Сер Волтер Скот од Сер Едвин Лендсиер.

8

Page 9: жан жак русо

Виктор Иго (1802-1885) во својот роман "Ѕвонарот на богородичната црква" го

одведува читателот во средновековен Париз и го соочува со средновековната

готска архитектура.

Волтер Скот (1771-1832) во своите историски романи "Иван Хоу", "Кенилворт" и

"Лемермурската придружничка" ги евоцира различните периоди на англиската

историја од XII век па натаму.

Занимавањето на романтичарите со историја е резултат од општествените потреси.

Тој интерес за поранешното, историското предупредува на судир на творецот со

неговото време и тој бара решение во историјата.

Романтизмот ја барал својата инспирација во народното творештво. Враќањето на

народното творештво може да се следи од Јохан Готфрид Хердер (1744-1803), па до

Скот и Пушкин. Хердер во потрагата за изворната емоција запрел на народното

творештво. Издал две книги со народни песни од разни континенти, насловени како

"Volkslieder". Во таа збирка се наоѓа и српската народна балада "Хасанагиница",

преведена од Гете, објавена уште претходно на италијански и во оригиналот во

"Фортисовиот пат по Далмација".

Англискиот поет Џејмс Макферсон (1736-1796) објавува збирка на песни која

набожемски ја напишал стариот поет Осијан (одломки од стари песни собрани во

ридестата Шкотска и преведени од галски или ерсе јазик во 1760). Во

веродостојноста на овие "Осијанови песни" се посомневале уште макферсоновите

современици. На крајот преовладало мислењето дека Макферсон познавал некои

одломки од галската поезија од усмени и писмени преданија и на нив ги засновал

своите дела, но и дека во целина неговиот "Осијан" не е изворен превод на старите

галски песни. Иако така не ја обновил поезијата на старите шкотски Келти,

Макферсон го оживеал уметничкиот дух и околината во која таа настанала. Но,

најважно од сè е дека "Осијановите песни", инаку проткаени со меланхолични

чувства од опипливите описи на дивата северна природа, го започнале патот на

европскиот романтизам и оставиле траги во литературното творештво на младиот

9

Page 10: жан жак русо

Гете и Шатобријан, а предизвикале зачудување кај Хердер. Макферсоновата збирка

носи во себе меланхолија и опис на северната природа. Точно тие два елемента ги

прифатила романтиката. Осијан постанал поим за новиот начин на пеење. Духот на

народната песна и нејзините изразни средства ги воведуваат во поезијата

макферсоновите современици, особено Роберт Бернс (1759-1796). Бернс својот

поетски израз го втемелил на мелодиката и лексиката на шкотската народна

поезија.

Народната поезија го доживеала својот процут и во делата на руските романтичари.

Пушкин, најцеловитата творечка личност на рускиот романтизам, се инспирирал од

народниот дух, а јазикот на народната поезија и проза го подигнал на поголемо

уметничко ниво.

Пејзажна тематика

Пејзажот на далечните, непознати краеви ја привлекува необузданата

романтичарска мечта. Смислата за обликување на пејзажите како средства за

искажување на доживувањата ја покажал Жан Жак Русо. Публиката не ги засакала

само неговите јунаци, туку и живописниот пејзаж во кој е проектирана нивната

душевност. Шатобријан го естетиизра пејзажот и со тоа ја поентира медитацијата и

проживувањето на своите ликови.

Во делата на романтичарите се предочени краевите на егзотичните и далечни

предели (швајцарски пејзажи, пејзажот на Блискиот и Далечниот Исток, Кавказ,

Америка, Шкотска). Описите на пејзажите се одликуваат со лирски акценти.

Особено се нагласени визуелните црти (бои и движења). Колористичката подлога

на реченицата сочинува значајна стилска карактеристика во обликувањето на

пејзажната тематика.

Најзначајни претставници на литературата на романтизмот

Особената, карактеристична тематика ја наоѓаме во делата на Едгар Алан По (1809-

1849). Во своите раскази за гротескното и арабеските, во 1840 тој обликува

10

Page 11: жан жак русо

морбидни и мистични теми. Таа мистично-морбидна тематичка линија ја развил

германскиот романтизам во делата на Ернст Теодор Амадеус Хофман (1776-1822).

Амадеус Хофман го насочил својот новелистички свет кон привиденијата, вилите и

волшебниците. Бајките на Лудвиг Тик (1773-1853) се подредени со законите на

магичните и натприродните сили.

Романтичарската новелистика изградила свој посебен свет кој е надвор од

секојдневните животни случувања. Крајните субјективистички доживувања и во

новелистичкиот свет се значајни за текот на романтизмот.

Естетска концепција на романтизмот

Романтизмот развил своја естетска концепција. Таа естетска концепција е

спротивставена на естетиката од XVIII век. Поучно-просветителската функција на

уметноста е заменета со емоционално-естетска функција. Творечкиот чин по

сфаќањето на романтичарите е мотивиран најнапред од емоционалниот момент.

Творецот се подредува на силата на имагинацијата, мечтите и јазикот. Во

сфаќањето на уметничките средства, романтизмот прави револуција. Изразот

станува послободен, а јазикот побогат и поеластичен. Романтизмот развил

осетливост за музичката и визуелната компонента. Како и да е, романтичарите го

трасираат патот на новото доживување и изразување кое јасно ќе се отцрта во

новата поезија, почнувајќи од Шарл Бодлер преку симболистите до

импресионистите.

Уште Лудвиг Тик ја изразил идејата за здружување на сфаќањата во поезијата:

И бојата ѕвони, формата звучи,

Тие по обликот и бојата звучат, ѕвонат.

Што разделила зависта на боговите,

Тука божицата на фантазијата сега дружи,

11

Page 12: жан жак русо

Својата боја да ја познае оваа музика,

А секој лист со сладок глас се служи,

Да, бојата, мирисот, песната се нови браќа.

Ги соединува братскиот вез,

Каде песништвото ги спојува сè од ред

Секој нека се гледа во својот друг.

Синестезијата е значи значајно откритие на романтизмот, а својата поетска

фorмулација ја доживува подоцна, во Бодлеровата песна "Созвучја". Романтизмот

го обогатил лирскиот поетски израз. Метафората била продуктивна, а поетската

слика се усовршила и обогатила. На подлогата на романтизмот израснале

подоцнежните поетски струи. Како особена значајност на романтизмот треба да се

нагласи меѓусебното преплетување на различни уметности: поезија, музика и

сликарство.

Романтизмот особено ја нагласувал поетската инспирација. Поетот го прогласил за

пророк и визионер. Уметноста ги претпоставила сите останати облици на живот,

притоа истакнувајќи си го својот утописки карактер. Превласта на естетизмот

сочинува една од важните карактеристики на романтизмот. Романтизмот изградил

свој посебен стил. Без оглед на индивидуалните карактеристики на романтизмот во

поедини земји, тој се јавува како единствена стилска формација. На

романтичарскиот начин на доживување на светот најдобро му одговарале лирските

форми. Лириката ќе се наметне во сите литературни родови.

Монолошките облици на искажување навлегуваат во романот, расказот и драмата.

Раскажувањето во епските дела е пореметено со вклучувањето на пејзажите ,

медитацијата и фантастично-мистилните случувања. Епските творби го губат

својот првобитен раскажувачки карактер и ја усвојуваат лирската техника.

Синтезата на лирско-епското изразување најјасно се препознава во поемите.

Поемата постанала доминантна литературна форма на романтизмот. Поемата ја

негуваат и најпознатите романтичари (Бајрон, Пушкин, Лермонтов). Покрај

поемата, процутува и уметничката бајка и историскиот роман.

12

Page 13: жан жак русо

Романтизмот, значи, создал своја одредена визија на светот, свој стил и своја

литературна техника.

13

Page 14: жан жак русо

Користена литература:

www.google.com

www.wikipedia.org

14