15
АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА БЕРОВО Доцент д-р Мијалче Ѓоргиевски Универзитет за туризам и менаџмент Скопје m . g ј orgievski @ utms . edu . mk Асс.М-р Јагода Јанковска Универзитет за туризам и менаџмент Скопје j . jankovska @ utms . edu . mk , jjankovska ahoo . com . mk АПСТРАКТ Предмет на истражување на овој труд се можностите за развој на алтернативните форми на туризмот во Општина Берово, со сите нејзини расположливи туристички ресурси , манифестации, гастрономски вредности, културно-историски вредности како и одредени карактеристики на локалното население. Туризмот е комплексна дејност и за негово правилно функционирање е потребно да се искомбинираат и надополнуваат повеќе елементи почнувајки со туристичко- географската положба , природно-географските карактеристики кои во комбинација со значајни монументални антропогени вредности претставуваат вистинска комбинација што на просторот му дава вистинска туристичка и естетска вредност. Секоја од овие компоненти ќе биде представена посебно, а воедно и ќе видиме како истите влијаат врз развојот на туризмот во Берово и неговата поблиска околина. Клучни зборови:Берово,Малешевија, селски, транзитен,гастрономски, верски, еко туризам

Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

Embed Size (px)

DESCRIPTION

geografija

Citation preview

Page 1: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

Доцент д-р Мијалче Ѓоргиевски

Универзитет за туризам и менаџмент Скопје

m . д ј orдievski @ utms . edu . mk

Асс.М-р Јагода Јанковска

Универзитет за туризам и менаџмент Скопје

j . jankovska @ utms . edu . mk , jjankovska @у ahoo . com . mk

АПСТРАКТ

Предмет на истражување на овој труд се можностите за развој на алтернативните форми на туризмот во Општина Берово, со сите нејзини расположливи туристички ресурси , манифестации, гастрономски вредности, културно-историски вредности како и одредени карактеристики на локалното население.

Туризмот е комплексна дејност и за негово правилно функционирање е потребно да се искомбинираат и надополнуваат повеќе елементи почнувајки со туристичко- географската положба , природно-географските карактеристики кои во комбинација со значајни монументални антропогени вредности претставуваат вистинска комбинација што на просторот му дава вистинска туристичка и естетска вредност.

Секоја од овие компоненти ќе биде представена посебно, а воедно и ќе видиме како истите влијаат врз развојот на туризмот во Берово и неговата поблиска околина.

Клучни зборови:Берово,Малешевија, селски, транзитен,гастрономски, верски, еко туризам

Page 2: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

Берово е оддалечено 170 км од главниот град Скопје, односно 160 км од аеродромот

“ Александар Велики” и има централна поставеност во однос на трите аеродроми во: Скопје,Софија и Солун.

Од источна страна , од соседна Република Бугарија до Берово може да се стигне преку три гранични премини и тоа : граничниот премин Деве Баир, граничниот премин Делчево , граничниот премин Ново Село кај Струмица и граничниот премин Клепало на само 15 км од Берово кој сеуште не е пуштен во употреба .

Од јужна страна , од Република Грција до Берово може да се стигне преку три гранични премини и тоа: граничниот премин Меџитлија, граничниот премин Богородица и граничниот премин Дојран.

Од западна страна, од Република Албанија до Берово може да се стигне преку четири гранични премини и тоа: граничниот премин Блато, граничниот премин Ќафасан, граничниот премин Св.Наум и граничниот премин Стење.

Од северна страна, од Република Србија до Берово може да се стигне преку трите гранични премини: Пелинце, Сопот и Табановце, а од Косово до Берово може да се стигне преку двата гранични премини:Јажинце и Блаце.

Берово го поврзуваат неколку патни правци со внатрешноста на Република Македонија и тоа: - патен правец Р-527 Кочани-Виница-Берово-граничен премин Клепало (во изградба)

- патен правец Р-523 Делчево-Пехчево-Берово-Струмица

- патен правец Р-524 Берово-граничен премин Клепало (во изградба)

- патен правец Р-603 Берово-Подареш-Радовиш ќе поминува низ с.Владимирово.

(во фаза на проектирање)

Градот Берово се наоѓа во најисточниот дел на Република Македонија, сместен во Малешевската котлина и сливот на Циронска река. Општината Берово на север граничи со општините Делчево и Пехчево, на југ со општина Струмица, на исток со државната граница на Република Бугарија и на запад со општините Радовиш и Виница. Вкупната површина на општина Берово изнесува 595 км2 и се наоѓа на 800 метри надморска височина. Релјефот е претежно ридско-планински, а рамничарски делови има само околу речното корито на реката Брегалница. Општината Берово е обиколена со планините Обозна, Плачковица, Малешевските планини, Огражден и Влаина. Највисоки врвови се Џами Тепе со 1 801 метар надморска височина, Ченгино Кале со 1 748 метри надморска височина и Кадиица како највисок врв во општината со 1 932 метри надморска височина.

Општина Берово која е сместена во источниот дел на Република Македонија има планински карактер на просторот која има умерено-континентална клима. Средната годишна температура на надморска височина од 800 метри изнесува 11,1°Ц, а во Берово истата изнесува 8,7°Ц. Важени климатски елемент се и врнежите чие просечното годишно количество изнесува 672 мм/м3 или 118 врнежливи денови годишно, просечната влажност на воздухот е 76%, просечната годишна облачност е 5,3 десетини, просечното траење на сончевиот сјај изнесува 2 347 часа годишно или 6,4 часа дневно, а маглата е ретка појава со

Page 3: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

8,4 магливи денови во годината. Во Беровската котлина се јавуваат ветрови од сите 8 правци, но преовладува северниот со брзина од 2,4 м/сек. Со најголема застапеност во јануари, февруари и март.

Што се однесува до хидрографската мрежа, најважен хидрографски потенцијал во Малешевијата е реката Брегалница која е најдолга лева притока на реката Вардар со извор во Малешевските планини. По своето течение реката Брегалница во најголем дел минува низ клисура. Најголема нејзина притока е Ратевска река ,па следуваат Пехчевска, Умленска, Каменичка и др. На територијата на општина Берово има повеќе од 120 извори со вкупна издашност од 140 л/сек.

Беровското езеро е многу важен хидрографско-туристички објект изграден во 1970 година на Ратевска река, во областа Линакот. Езерото се наоѓа на само 7 км од градот Берово со бетонска брана висока 53 м , должина на езерото од 2,5 км и средна широчина од 500 м . Тоа се наоѓа на 986 м надморска височина со површина од 0,57 км2. Главната намена на езерото е за снабдување на населението од Берово и околината со вода за пиење, а се почесто езерото се користи и за рекреативни и спортски активности.

Според последниот попис во 2002 година, вкупниот број на население во општина Берово изнесува 13 942 жители, вклучувајки ги и жителите од селските населби. Општината е со 8 населени места и тоа: Митрашинци, Будинарци, Мачево, Ратево, Смојмирово, Владимирово, Двориште и Русиново кое според бројот на жители е најголемо село во општината. Населението е претежно македонско и тоа со 95% застапеност, а останатите националности кои се помалку застапени се: бошњаци, турци, роми, власи и срби. Единствено нема само албанско население. Селата се претежно од збиен тип со исклучок на селото Двориште кое е од разбиен тип и е близу македонско-бугарската граница. Миграцијата село-град во општината Берово е сведена на минимум, но не и миграцијата од Берово кон главниот град на државата -Скопје каде населението мигрира се со една единствена цел барање подобри услови за живот. Доколку на правилен начин се искористат природните и општествени туристички потенцијали на оваа општина повеќе од сигурно е дека ќе се намали оваа негативна тенденција со тоа што ќе се овозможи отварање на нови работни места , како и можности за вработување, зголемување на животниот стандард како и недостиг од работна сила. Сето тоа е достижно со оглед на поволната положба, атрактивноста на пределот, како и гостопримливоста на населението.

Берово е стара населба . За неговото име постојат две теории. Според првата теорија името на Берово доаѓа од името на сточарот Беро, а според втората теорија дека името доаѓа по тоа што жителите на Берово се береле, односно собирале од старите селски населби во месностите Туртела, Селца, Клепало, Добри Лаки, а подоцна и од другите Малешевски села. Од втората половина на 19 век Берово се развивало многу брзо, прераснувајќи во центар на Малеш. Денес во Берово и околината се наоѓаат голем број на археолошки локалитети кои се доказ дека на оваа место во минатото живееле луѓе, но истите претставуваат и основа за привлекување на туристи и развој на туризмот . Меѓу позначајните археолошки локалитети ќе ги спомнеме следните:

Ред.бр. Археолошки локалитети Време од кое потекнуваат

1. Бреза Доцноантичко време2. Врчви Железно време3. Градиште Доцноантичко време

Page 4: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

4. Келаклевац Доцноантичко време5. Ковачолница Железно време6. Куќата Римско време7. Линако Доцноантичко време8. Пашајлов Преслап Доцноантичко време9. Попов рид Доцноантичко време10. Св.Архангел Михаил Среден век ????11. Селца Римско време12. Шабанско Градиште Доцноантичко време13. Широк дол Доцноантичко време

Општина Берово има богато културно наследство како што се добро сочуваните , стари, реновирани или обновени цркви во населбите кои ги има речиси во сите населени места , со различна историска и културно-уметничка вредност. Некои од нив се со прекрасни иконостаси, направени од вредни мајстори, украсени со оригинални и уметнички вредни икони.

Природните убавини на Берово ќе ви ја вратат физичката сила , а манастирот Св.Арханѓел Михаил ќе ви помогне да најдете душевен мир и спокојство. Тој е првата манастирски комплекс во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година и каде монашкиот живот не згаснал до денес.

Покрај манастирскиот комплекс Св.Арханѓел Михаил на доста атрактивна локација е сместена и црквата Пресвета Богородица која е изградена во периодот од 1972 до 1975 година во стилот на византиско-македонските цркви од средниот век. Празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, во православниот христијански свет се прославува на 28-ми август . Секоја година на овој ден, Берово е домаќин на славата . Еден од препознатливите белези на Берово и центар на случувањата за жителите и посетителите е црквата Рожденство на Пресвета Богородица, изградена во 1912 година, а осветена во 1922 година.

Музејот на Берово е местото каде секој турист треба да го започне своето запознавање со градот Берово. Тој е сместен во прекрасна зграда во самиот центар на градот кој е реставриран во духот на ориенталната архитектура од 19 век. Историските поставки во овој музеј се состојат од документи и предмети кои говорат за историјата на Берово и малешевскиот народ од времето на дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Горгиев Беровски, Разловечкото и Кресненското востание, Малешевијата меѓу двете светски војни и по втората светска војна. Етнолошките поставки се состојат од реконструкција на малешевската соба , малешевската носија, малешевскиот накит, грнчарското производство и музичките инструменти. Домот на културата Димитар Беровски е најзаслужен скоро за сите случувања од областа на културата во овој град. Тука се и историскиот музеј, библиотеката Народна просвета, киното, и други матични форми на дејствување како што се Културно-уметничкото друштво, драмското студио, староградскиот оркестар ,, Распеани Беровчани,,, етно оркестарот, ликовното студио и детскиот фолклорен клуб.

Од особено голема важност за развој на туризмот во Беровскиот крај се токму гастрономските вредности. Оваа поднебје изобилува со традиционални вредности во кујната надградувани со векови - храна и напивки приготвени со голема мајсторија , но и со голема љубов. Од пченично брашно се замесуваат леб, зелник, јуфки, тарана, баници со сирење и

Page 5: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

јајца, со тиква или праз.Сеуште во Малешевскиот крај може да се види како лебот се пече во домашна фурна. Од пченкарното брашно се прави качамак. Како да не се проба тоа парче леб кое е правено со љубов, печено во стара селска фурна , приготвено на ист начин како во минатото. Млекото од овците , кравите и козите се преработува само на Малешевски начин за кој самите малешевци велат дека нема некаква посебна тајна во приготвувањето , туку тајната ја кријат преубавите пасишта кои преку преработката им даваат посебен вкус на: Малешевското (Беровското) сирење, урда, биено сирење, кашкавал, матеница и др. Од земјоделските производи најпознати се : беровскиот компир и сливата (џанка) од кои беровчани прават најразлични специјалитети од компир, заедно со познатата Малешевска сливова ракија. Пчелите што Малешевци ги одгледуваат во недопрената природа го даваат едноставно најдобриот мед, планински и ливадски. Медот може да се вкуси и со многубројни додатоци како ореви, бадеми, лешници и др. Многу барани производи се и матичниот млеч и прополисот кои наоѓаат примена при лекувањето на разни болести. Интересен е и медот во саќе кој сеуште не е изваден од рамката во која пчелите го произвеле, при што децата го џвакаат како мастика, само лековита мастика. Природата во Малешевието ќе не изненади и со своите шумски плодови. Во зависност од тоа во кој период од годината ќе ја посетиме Малешевијата , можеме да вкусиме диви јагоди, малини, капини, боровинки, трнки, дренки и др. или пак да собереме лековити тревки како мајчина душица, бела рада, ајдучка трева и др. Од овошјето и шумските производи се прават повеќе производи како што се : слатка, компоти, сокови со најразлични вкусови. Но оваа не е се . Доколку сте љубител и на печурки Малешевијата е богата и со одредени видови на печурки како што се : вргањот, јајчарката, шампињони и др.

За Малешевската кујна можеме да зборуваме со денови и да пишуваме цели романи, но малешевци велат: вистина , за малешевската кујна апсурдно е да се зборува или пишува, таа треба само да се вкуси.

За развој на туризмот во Малешевието од особено голема важност се и бројните манифестации кои се организираат во различно време во годината .Меѓу позначајните манифестации ќе ги издвоиме следните:

Ред.бр. Манифестации Време на одржување

Место на одржување

1. Ратевски карневал,,Бамбурци,, 20 јануари Село Ратево2. Избор на најцврсто и најубаво јајце Велигден Берово3. Ликовна колонија 10-18 август Берово4. Малешевски фолклорни средби 23-28 август Берово5. Меѓународен саем на традиционални

производи,,Малешевијата на дланка,,27-28 август Берово

6. Меѓународно рели на теренски возила Октомври Скопје-Берово7. Ден на компирот Октомври Берово8. Поход Декември Село Русиново-

планина Петлец

Поголемиот дел од овие манифестации се одржуваат во Берово и како што кажавме во различни временски периоди од годината и секоја од нив си има свое обележје по кое се препознава или разликува од другата, а сепак примамлива за туристите.

Page 6: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

Што се однесува до прометот на туристи, општина Берово како рецептивна туристичка дестинација има многу мала искористеност и посетеност на туристичките локалитети што може да се види од следната табела:

Година 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

ноќевања 4 872 2 742 2 743 3 685 1 723

Од податоците во табелата може да се види дека посетеноста на Берово била најголема во 2003 година кога се остварени речиси скоро 5 000 ноќевања, а најмала посетеност била регистрирана во 2007 година кога биле остварени само 1 723 ноќевања. Врвот на посетеноста на општината се остварува на 28 август кога бројот на посетители изнесува околу 15 000, но истите не се задржуваат повеќе од 1 ден затоа што тамошните власти немаат стратегија како тие туристи да ги задржат повеќе од еден ден, а со тоа да остварат повеќе ноќевања и поголема финансиска добивка.

Денес Берово располага со повеќе објекти за сместување кои можат да ги угостат туристите , а при тоа посетата да им ја направат незаборавна.Меѓу позначајните објекти ќе ги издвоиме следните:

Ред. Бр.

Име на објектот за сместување Број на легла

1. Хотел “Манастир” 60 легла2. “Мрс”-стара реставрирана куќа 12 легла3. “Бс” 15 легла4. “Ловен дом” 10 легла5. “Пензионерски дом” 27 легла6. “Токи-куќа” 7 легла7. “Центар Мејоре”-куќа 8 легла8. “Стара куќа” 9 легла9. Хотел “Македонија” 80 легла - руиниран10. “Аурора” 100 легла - во изградба

Од табелата може да се види дека општината Берово денес располага со само 148 легла. Оваа бројка во иднина би се зголемила доколку се реновира некогашниот хотел “Македонија” кој се наоѓа во центарот на градот и кој во минатото преставуваl гордост за беровчани, а денес целосно руиниран ,како и пуштањето на комплексот “Аурора” кој е во завршна фаза со градбата , а ќе располага со 100 легла .Од голема важност е и приватното сместување кое располага со околу 200 легла. Ако се земат во предвид леглата од хотелот “Македонија”, “Аурора” и приватното сместување тогаш бројката на легла би се зголемила од 148 на 528 легла, а со тоа Берово би можело да прими поголем број туристи и пополека треба да почне да се буди од овој туристички сон за да не му се повтори 2007 година. Според туристичките ресурси со кои располага општина Берово, во неа можат да се развијат алтернативните форми на туризам како што се: - планинско климатско-лекувалишен туризам

- викендно-излетнички туризам

- ловен и риболовен туризам

Page 7: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

- транзитен туризам

- селски туризам

- верски туризам

- манифестационен туризам

Како планинско-климатско лекувалишен туризам е забележан и планинскиот туризам кој се одвива во текот на целата година. Овој вид на туризам се одвива во повеќето одмаралишта, викендици, излети во туристичките локалитети кои имаат вредни и атрактивни природно-географски елементи. Во Берово има повеќе вакви локалитети како што се: Суви Лаки кој е одалечен околу 30 км од Берово, на патот кон Струмица кое се одликува со многу убави пејсажи за разонода на туристите, пешачка патека од Суви Лаки до Бабин Чукар која покрај за пешачење може да се искористи и за маунт бајк, јавање и друго. Абланица се наоѓа на само 2 км од Берово, близу патот кој води до Беровското езеро .Покрај недопрената природа со прекрасен пејсаж, уредените патеки до двата мали водопади кој претставуваат вистински рај за очите,и доволниот број на сместувачки капацитети .

Ова место станува се поинтересно за заинтересираните посетители.Со овие места се поврзува и викендно- излетничкиот туризам кој истовремено може да се поврзе и со планинско климатско- лекувалишниот туризам, бидејќи ги имаат сите потребни ресурси за развивање на овој вид туризам. Берово има услови за развој на ловниот и риболовниот туризам, а неможе да се пофали со развиен транзитен туризам. Еден од поинтересните видови на туризам е селскиот туризам, а Берово како административен центар располага со осум селски населби и секоја од нив се одликува со свои атрактивности. Селските населби имаат одлични услови за развој на селскиот туризам, бидејќи освен густината на населението тие имаат и изградено патишта кои ги поврзуваат со Берово. Мештаните, туристите можат да ги вратат во минатото преку архитектурата и гастрономските вредности, но можат да ги остават и во денешно време бидејќи селата се снабдени со вода, струја, телефон, кабловска телевизија и интернет.

Добро зачуваната и недопрена природа, како и добрите климатски услови имаат позитивно влијание врз развојот на туризмот и посетеноста на Берово. Гостопримливоста на населението и ниските цени кои им се нудат на туристите претставуваат дополнителен предизвик за привлекување на потенцијалните туристи. Производството на квалитетни земјоделски производи е уште еден фактор кој придонесува за поголема потрошувачка на туристите кои сакаат да вкусат здрава и еколошки чиста храна. Посетителите можат да се запознаат со традиционалните ракотворби, богатата историја, верските и културни објекти, бројните манифестации како што е и Саемот за локални производи кој исто така допринесува за афирмирање на производите за кои посетителите би потршиле одредени финансиски средства. Тоа е воедно и можност да понесат и некој сувенир кој ќе ги потсетува на ова место.

Како недостаток за успешен развој на туризмот во општина Берово се сметаат: ниското ниво на еколошката свест кај луѓето, немањето на соодветен урбанистички план за викенд населбите, недостатокот на сместувачки капацитети, недоволната едукација на месното население, непрофесионалноста на лицата кои нудат сместување, немањето на високо квалификуван кадар од областа на туризмот, незаинтересираноста на жителите за привлекување и задржување на туристите, недостаток од туристички водичи, неорганизираност на екскурзии, непостоење на карта за посочување на туристичките

Page 8: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово

локалитети и недоволен маркетинг од страна на локалната самоуправа го прават овој преубав дел на Република Македонија недоволно атрактивен кога е во прашање туризмот.

Од сето претходно кажано можеме да заклучиме дека општина Берово има одлични предуслови за развој на алтернативните форми на туризам, но исто така треба строго и прецизно да се утврди како да се настапи на домашниот и на меѓународниот туристички пазар. Природните убавини, културно-историските споменици, гастрономските вредности и гостољубивоста на месното население, се само дел од поволностите на овој град и околината, но недостигот на квалификуван стручен кадар од областа на туризмот ќе остане и понатаму проблем на општината.

Page 9: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово
Page 10: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово
Page 11: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово
Page 12: Алтернативни форми за развој на туризмот во Општина Берово