Upload
dineva-ivana
View
3.400
Download
2
Embed Size (px)
Citation preview
Осетливост на растенијата кон условите на средината
Дразби Дразби се промени на условите во средината
на кои се осетливи растенијата(светлина,
влага, топлина и друго) . Сите реакции на повеќе
различни дразби на растението
претставуваат однесување на
растението. Растенијата немаат посебни органи
со кои ке ги примат дразбите . Кај нив дразбите ги прима
осетлива клетка која најчесто се наоѓа на
врвовите на изданокот и на коренот.
Осетливост на растенијата на светлинатаСветлината е важна дразба за растенијата заради фотосинтезата и растенијата секогаш покажуваат позитивен тропизам кон неа . Во
изданокот, клетките кои се подалеку од светлината се издолжуваат во однос на тие кои се дирекно осветлени. Поради нееднаквото
растење во клетките, изданокот секогаш расте , односно се искривува кон светлината.
Привлечна сила на земјата
Растенијата реагираат на привлечната сила на
земјата , но при растењето.
Растителните органи различно реагираат .
Коренот секогаш пасте надолу , кон средиштето
на земјата и покажува позитивен тропизам .
Стеблото расте нагоре , во обратна насока од
силатана привлекување на земјата и покажува негативен тропозам.
Вода
Коренот секогаш расте кон изворот на влага во почвата, покажува позитивен тропизам. Во потрага по вода , коренот дури расте
странично и нагоре, занрмарувајки ја привлечната сила на Земјата. Нееднаквото растење на одделни растителни органи кај едно
растение , често е последица на нерамномерната распределба на влагата и водената пареа во живеалиштето .
Допир Мимозата е пример на растение чии листови се собираат на допир.
Кај неа дразба претставува допирот, а реакцијата е собирање на листовите, односно негативен тропизам.
Изданоците кај гравот и хмелот при допир со потпора при растењето прават спирални движења . Тоа е последица на побавно
растење на страната на стеблото која се допира до потпората. Недопрената страна на стеблото расте побрзо и заради тоа
стеблото се искривува. Тоа е приметр на негативен тропизам.
Топлина
Познато е дека затоплена страна на еден растителен орган расте побргу. Поради тоа, при нерамномерното
затоплување на едно растение некои делови се искривуваат. Научниците
ова го проучувале кај корењата на грашокот и на
пченката.