3
БРАЌАТА МАНАКИ Креативната работа на браќата Јанаки (1878-1960) и Милтон (1880- 1964) МАНАКИ, првите сниматели на Балканот е несомнено богата и значајна. Кинематографската историја на Македонија започна со нив, означувајќи ги нејзините базични вредности. Во нивна чест од 1979 година во Битола се одржува Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Браќата Манаки се родени во малото влашко место Авдела во близина на градот Гравена (Костурско). Тие започнаа да работат заедно во 1898. Во тоа време Јанаки беше учител по цртање во училиштето во Јанина, таму тој го отворил и своето фото студио, каде што неговиот помал брат Милтон ја изучуваше фотографијата. Со својот љубопитен дух и трудољубивост, Милтон набргу стана мајстор по фотографија, учејќи го својот брат Јанаки под чие влијание и се развиваше. Во 1904 година браќата Манаки решија да живеат во Битола, Милтоновата последна “станица”, бидејќи во тоа време Битола беше значаен политички, економски и културен центар на Балканот. Во 1905 тие го преселуваат нивното студио во Битола и го отвораат добро познатото “Студио за уметничка фотографија”. 1906 беше, исто така, значајна година за браќата Манаки. На покана од кралот Карл Први тие учествуваат на големата светска изложба на фотографии во Синаја, Романија. Таму освојуваат Златен медал за нивната фотографска колекција и ја добиваат титулата - Дворски фотографи на Неговото Височество Карл Први. Постариот брат Јанаки, покрај ова бил испратен да посети неколку европски метрополис со што ги започнал своите меѓународни патешествија. Патувајќи за Париз, Јанаки најнапред запрел во Виена, а потоа накратко престојувал и во Лондон каде што за првпат видел филмска камера. Тоа бил историски настан за него. Тој подоцна се вратил во Лондон и купил камера од компанијата, ЧАРЛС УРБАН ТРЕЈДИНГ. Тоа бил 300-от примерок на камера од серијата “Биоскоп”, па така со таа фамозна камера 300 започнал животот на македонската филмографија на Балканот. Првите подвижни слики беа снимени од браќата Манаки во нивното родно место Авдела. Таму, тие ја овековечиле нивната 114 годишна баба Деспина, заедно со другите ткајачки од селото. Снимениот материјал е извонредно Јанаки МАНАКИ (1878-1954) Милтон МАНАКИ (1880-1964)

БРАЌА МАНАКИ

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Браќа МанакиПрви снимателиБалканБитолаФестивал

Citation preview

Page 1: БРАЌА МАНАКИ

БРАЌАТА МАНАКИ  Креативната работа на браќата

Јанаки (1878-1960) и Милтон (1880-1964) МАНАКИ, првите сниматели на Балканот е несомнено богата и значајна. Кинематографската историја на Македонија започна со нив, означувајќи ги нејзините базични вредности. Во нивна чест од 1979 година во Битола се одржува Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Браќата Манаки се родени во малото влашко место Авдела во близина на градот Гравена (Костурско). Тие започнаа да работат заедно во 1898. Во тоа време Јанаки беше учител по цртање во училиштето во Јанина, таму тој го отворил и своето фото студио, каде што неговиот помал брат Милтон ја изучуваше фотографијата. Со својот љубопитен дух и трудољубивост, Милтон набргу стана мајстор по фотографија, учејќи го својот брат Јанаки под чие влијание и се развиваше. Во 1904 година браќата Манаки решија да живеат во Битола, Милтоновата последна “станица”, бидејќи во тоа време Битола беше значаен политички, економски и културен центар на Балканот. Во 1905 тие го преселуваат нивното студио во Битола и го отвораат добро познатото “Студио за уметничка фотографија”. 1906 беше, исто така, значајна година за браќата Манаки. На покана од кралот Карл Први тие учествуваат на големата светска изложба на фотографии во Синаја, Романија. Таму освојуваат Златен медал за нивната фотографска колекција и ја добиваат титулата - Дворски фотографи на Неговото Височество Карл Први. Постариот брат Јанаки, покрај ова бил испратен да посети неколку европски метрополис со што ги започнал своите меѓународни патешествија. Патувајќи за Париз, Јанаки најнапред запрел во Виена, а потоа накратко престојувал и во Лондон каде што за првпат видел филмска камера. Тоа бил историски настан за него. Тој подоцна се вратил во Лондон и купил камера од компанијата, ЧАРЛС УРБАН ТРЕЈДИНГ. Тоа бил 300-от примерок на камера од серијата “Биоскоп”, па така со таа фамозна камера 300 започнал животот на македонската филмографија на Балканот.

Првите подвижни слики беа снимени од браќата Манаки во нивното родно место Авдела. Таму, тие ја овековечиле нивната 114 годишна баба Деспина, заедно со другите ткајачки од селото. Снимениот материјал е извонредно експресивен и сугестивен. Така започнал нивниот голем кинематографски опус, сведоштво за нивното време, богатата и плодна работа. Од зачуваните материјали би ги споменале позначајните документарни филмски сведоштва од “Посетата на султанот Мехмед Рашид Петти на Солун и Битола”, “Романскиот министер Истрате ги посетува Битола , Гопеш и Ресен”, “ Номадите аракачани”, “Празнување на религиозниот празник Водици”, “Посетата на принцот Александар на

Јанаки МАНАКИ (1878-1954)

Милтон МАНАКИ (1880-1964)

Page 2: БРАЌА МАНАКИ

Битола”, потоа серија кадри од селски и градски свадби, народни обичаи, ритуали и прослави, како и многу познатите снимки на турските репресалии врз македонскиот народ по Илинденското востание.

Во текот на нивниот работен век, покрај спомнатите филмови браќата Манаки постојано снимаат фото-графии од секојдневниот живот. Фактички, фотографијата беше нивна главна работа, нивното фото студио работеше постојано. Милтон снима фотографии дури и во најбурните времиња на Балканот, во текот на првата половина на 20-век (Првата и Втората Балканска војна и Првата и Втората Светска војна). Тие историски фото-документи се драгоцени, овозможуваат да се реконструираат релевантните настани и да се идентификуваат личностите од регионалната историја на Битола па и пошироко. Нивните полиња на интересирање во поглед на фотографијата беа големи, овде би ги споменале најтипичните: снимањето на македонските револуционерни дружини, бунтовниците и комитските водачи, како и фотографиите од Младотурската револуција; колекциите на претставниците на дипломатскиот кор во Битола со многу славни личности од тоа време, портрети на кралеви, државни лидери и министри на влади, воени команданти. Особено импресивни се фотографиите од Балканските војни и од Првата Светска војна: движење на трупи, уништено оружје, трупови на патиштата, отсечени глави, закопани глави, офицери во нови униформи, војници во ровови, германски и бугарски чизми на битолската калдрма...Во 1944, Седмата македонска ослободителна бригада влегува во Битола. Фотографии полни со динамика и празнувачка атмосфера. Крај на војните, крај на окупаторските трупи...Време на ослободување. И покрај работата во нивното фото студио и снимањето со фотографска и со филмската камера 300, браќата Манаки прикажуваат и филмови. Првиот филм е прикажан во 1921 во нивното ново кино “МАНАКИ” под отворено небо на “Широк сокак” (битолско корзо). Кино бавчата беше привремена солуција која не ги задоволи браќата. Затоа тие подоцна изградија нова зграда за кино, каде што првата проекција беше одржана на 1-ви Декември 1923. Киното работеше со променлив успех. Тоа смени неколку сопственици за да изгори до темел во 1939...

Филмскиот опус на Милтон Манаки, неговото спонтано снимање и фотографирање, со природниот инстинкт за најзначајните настани во Битола и околината, е вистински релевантен. Анализирајќи ги филмски материјалите, првата импресија е дека Милтон Манаки, кој снимил мноштво од филмовите имал фактографски приод кон реалноста. Оттаму, неговата вештина и знаење во правењето вистински избор на снимените материјали, биле се поголеми и токму на тој план би можеле да го подвлечеме значењето на првиот снимател на Балканот. Конечно, сиот фотографски и филмски опус на браќата Манаки е пребогат и презначаен. Неговите фактографски конзистенти и естетски вредности, со одминувањето на времето се здобиваат со уште една димензија, онаа историската, не само за македонската кинематографија туку и пошироко.