41
Акти на органите на администрација Поим, видови и карактерисики на административни акти, административни договори

Акти на органите на администрација

  • Upload
    avian

  • View
    101

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Акти на органите на администрација. Поим, видови и карактерисики на административни акти, административни договори. Акти на администрацијата. Поим: - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Акти на органите на  администрација

Акти на органите на администрација

Поим, видови и карактерисики на административни акти, административни договори

Page 2: Акти на органите на  администрација

Акти на администрацијата

Поим:

Акти на администрацијата се сите правни акти и материјални дејствија што администрацијата ги донесува или презема при вршењето на административните дејности.

Page 3: Акти на органите на  администрација

Видови акти на администрацијата

1. Правни акти Општи акти на

администрацијата:Административни (управни) прописи Конкретни акти на

администрацијата: А) Административни (управни) актиБ) Административни (управни)

договори2. Материјални акти

Page 4: Акти на органите на  администрација

Општи правни акти – административни (управни) прописи

Административните прописи се општи правни акти кои како нормативни акти ги донесува администрацијата. Тие по својата содржина се акти – правила, со кои се пропишува некое општо и апстрактно правило за неопределен број случаи и лица (erga omnes дејство).

Page 5: Акти на органите на  администрација

Општи правни акти – административни (управни) прописи Нормативната дејност (донесување

општи правни акти) по правило претставува надлежност на Собранието.

Нормативната дејност на органите на администрацијата се состои во донесување подзаконски општи правни акти, само кога со закон се овластени за тоа

Со административните (управни прописи) не може да се установуваат нови права и обврски за граѓаните, туку само се презицираат и доразработуваат законите

Page 6: Акти на органите на  администрација

Видови општи правни акти – административни (управни) прописи во РМ Правилник – најважен подзаконски акт на

администрацијата, со кој се разработуваат одделни одредби од законот или друг општ пропис на Собранието и Владата. Пр: Правилник за организација и систематизација на работни места; Правилник за плати и надоместоци, Правилник за користење отсуства и сл.

Наредба – се наредува или забранува постапување во одредена ситуација која има општо значење. Пр: наредба за евакуација, за мобилизација, за вакцинација,за чистење снег и сл.

Page 7: Акти на органите на  администрација

Видови општи правни акти – административни (управни) прописи во РМ Управно упатство – задолжителни

правила за начинот на работа и постапување во примената на законот на органите, установите, трговските друштва, јавните претпријатија и другите организации кога вршат повремени работи на државната управа заради успешно извршување на тие работи

Стручно упатство (инструкција) – правила за стручно усовршување на службата и за стручната работа на вработените. Немаат задолжителен карактер

Page 8: Акти на органите на  администрација

Конкретни правни акти на администрацијата

Конкретни административни (управни) акти се акти со кои се пропишува некое поединечно и конкретно правило за одреден случај и одредено лице

Page 9: Акти на органите на  администрација

Основни обележја на административните (управните) акти1. Конкретност – актот се однесува

на конкретна правна ситуација, која не е трајна и повторлива, туку еднократна и неповторлива.

2. Авторитативност – со актот може на некое лице да му се наметне одредено однесување кое лицето не би го избрало по слободна волја Одлуката содржана во актот има принуден/императивен карактер.

Page 10: Акти на органите на  администрација

Основни обележја на административните (управните) акти3. Правно дејство – актот произведува

непосредни измени во правниот поредок. Една правна состојба се воспоставува, менува или укинува.

4. Заснованост на закон – начело на законитост. За донесување на актот мора да постои законски основ, да биде донесен во рамките на законските овластувања на доносителот и во постапка утврдена со закон.

5. Извршност – можност за принудно извршување на актот кога со него се создава обврска за странката.

Page 11: Акти на органите на  администрација

Основни обележја на административните (управните) акти6. Донесување во управни работи – се донесува по

повод решавање на т.н. управни работи. Управна работа претставува правна ситуација во која врз основа на правни прописи се решава за права, обврски или правни интереси на некое лице во конкретен случај. Преку овој критериум се врши материјално разликување помеѓу управен и судски акт.

7. Доносител на актот – го донесува само овластен доносител. Тое се пред се државните органи, најчесто административните државни органи, но и други (на пр. Владата), понатаму, други државни субјекти, органите на единиците на локалната самоуправа, како и недржавни субјекти на кои врз основа на закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

Page 12: Акти на органите на  администрација

Видови конкретни административни акти

1. Позитивни и негативни

2. Конститутивни и декларативни

3. Врзани и дискрециони

4. Единствени и збирни

Page 13: Акти на органите на  администрација

Позитивни административни акти Позитивни административни акти се

оние конкретни акти на администрацијата со кои се создава, менува или укинува одредена правна ситуација или однос. На пр. решение за доделување детски додаток, дозвола за носење оружје и сл.Зборот позитивен е употребен во смисла на акција (дејство) со која се предизвикува промена во постечките односи без оглед на фактот дали со таа акција се создава, менува или укинува правна ситуација, односно правото.

Page 14: Акти на органите на  администрација

Негативни администраивни акти Негативните управни акти се такви

акти на управата со кои не се вршат никаквипромени во постоечките управно-правни односи. Со нив, ниту се создаваат нови правни ситуации, ниту пак создадените правни ситуации или односи се менуваат или укинуваат. Со актот изрично или молејќи (без да се донесе решение) си останува постоечката правна ситуација или однос. На пр. Решение за одбивање на барањето за детски додаток, за носење оружје и сл.

Page 15: Акти на органите на  администрација

Конститутивни административни акти Конститутивни административни

акти се оние акти на администрацијата кои сами создаваат, менуваат и укинуваат одредени (управно)-правни ситуации или административно (управно)-правни односи.Конститутивните акти имаат правно дејство од моментот кога се донесени или соопштени. Тие немаат ретроактивно (наназад) дејство, односно пред актот да биде донесен.

Page 16: Акти на органите на  администрација

Видови конститутивни акти

Наредби (наредувања) како конкретни конститутивни актим, се такви акти со кои органите на администрацијата издаваат конкретни заповеди (да се плати данок) или забрани (за одржување на јавен собир), односно им наредуваат на поединците или на определена група луше нешто да чинат или да се воздржат од чинење.

Page 17: Акти на органите на  администрација

Видови конститутивни акти

Признавања на способности или својстваСо овие конститутивни акти се признава правна способност на правни лица или се признаваат извесни својства. На пример, својство, својство на правно лице на едно претпријатие по неговиот упис во централниот регистар, или прогласување на одредени природни убавини за национален парк, споменик на културата и друго.

Page 18: Акти на органите на  администрација

Видови конститутивни акти

Признавање на права и дозволи

Со овие конститутивни акти на поединци и на правни лица им се признаваат разни лични или стварни права или им се издаваат дозволи со кои се одобрува потрајно вршење на одредена дејност. На пример, право на патент, дозвола за лов и риболов, право на пензија и друго.

Page 19: Акти на органите на  администрација

Декларативни административни акти Декларативни акти се, исто така,

позитивни акти со кои се декларира дека настапиле одредени законски услови врз основа на кои по силата на законот се создава, менува или укинува одредена правна ситуација или однос. Декларативните акти не создаваат сами,не менуваат, ниту пак, укинуваат правни односи, туку само утврдуваат дека се исполнети законските услови тие важат од моментот кога е декларирано дека настапиле законските услови за промената на правната ситуација и на правниот однос (ретроактивно правно дејство).

Page 20: Акти на органите на  администрација

Врзани со закон административни акти

Врзани со закон административни акти се оние акти за кои со закон е однапред предвидено нивното донесување, како и нивната содржина. Иницијативата за донесување и содржината на актот се однапред со закон определени.

Page 21: Акти на органите на  администрација

Дискрециони административни акти Дискрециони административни

акти или акти донесени по слободна оцена се оние акти чиј доносител е овластен по слободна оцена да одреди дали во конкретниот случај воопшто ќе донесе акт и ако го донесе, каква ќе биде содржината на актот. Дискреционите акти содржат овластување за администрацијата да избира помеѓу две или повеќе правно еднакви алтернативи.

Page 22: Акти на органите на  администрација

Ограничувања на дискреционите акти

1. Доносителот мора да има законско овластување за донесување таков акт;

2. Актот да е донесен во законски пропишана постапка;

3. Мора да се почитува формата на актот 4. Не смее да биде пречекорено

овластувањето5. Овластувањето не смее да биде употребено

спротивно на целта заради која е даденоАко актот е донесен спротивно на првите

четири ограничувања ќе биде незаконит.Ако е донесен спротивно на целта заради која е

дадено овластувањето (јавниот интерес), односно со погрешна слободна оцена, актот ќе биде нецелисходен.

Page 23: Акти на органите на  администрација

Единствени и збирни административни акти Едноставен административен

акт е конкретен акт донесен од страна на еден овластен доносител

Збирен административен акт е конкретен акт во чие донесување учествувале два или повеќе овластени доносители.

Page 24: Акти на органите на  администрација

Видови збирни административни акти Решенија за кои решаваат два и

повеќе органи. Секој од овие управни органи посебно ќе решава и ќе го реши управниот предмет, меѓутоа, тие меѓусебно ќе се договорат и ќе се спогодат само еден од нив да го издаде решението. Во решението што го издава еден од овие органи ќе мора да се наведе и актот на другиот орган кој учествувал во решавањето на предметот.

Page 25: Акти на органите на  администрација

Видови збирни административни акти Решенијата што ги донесува еден орган во

согласност со друг орган Согласноста што ја издава органот на

административниот орган што го донесува решението може да виде претходна согланост или дополнителна согласност.Претходна - се известува органот што треба да ја даде претходната согласност дека постои намера за донесување такво решение. Во случај да ја добие согласноста надлежниот орган може да го донесе решението. На пример, решението за здобивање или за отпуст на државјанство на Република Македонија се донесува со претходна согласност на друг орган. Дополнителна – органот што е надлежен да го донесе решението го составува и го испраќа на дополнителна согласност на надлежниот орган со сите потребни списи. Од моментот кога ќе ја добие дополнителната согласност – решението ќе се смета за полноважно.

Page 26: Акти на органите на  администрација

Видови збирни административни акти

Решение со потврда или со одобрение на друг орган

Најчесто потврдата/одобрението се прибавува од повисокиот орган

Page 27: Акти на органите на  администрација

Видови збирни административни акти Решението по прибавено

мислење на друг орган

Органот ќе мора пред да го решава предметот да побара мислење од другиот орган, во спротивно не ќе може да го донесе решението. Меѓутоа, прибавеното мислење не го врзува органот кој го донел решението, па тој може и поминаку да го реши предметот.

Page 28: Акти на органите на  администрација

Административни договори

Административниот договор претставува двостран правен однос во чие создавање учествуваат јавната администрација и приватен субјект, од кој за двете страни произлегуваат права и обврски насочени кон истовремено остварување на јавен интерес и постигнување економски ефект, при што јавниот интерес е од доминантно значење.

Page 29: Акти на органите на  администрација

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Јавната администрација како договорна страна;

Присуство на дерогативни клаузули-елементи кои излегуваат од границите на општото договорно право;

Цел – јавен интерес; Надлежност на

административно судство во решавање на споровите

Page 30: Акти на органите на  администрација

Управен акт Управен договор

ДОНОСИТЕЛ -УПРАВА ЕДНОСТРАНОСТ АВТОРИТАВ-НОСТ КОНКРЕТНОСТ

КОНТРАКТОР -УПРАВА ДВОСТРАНОСТ ДОБРОВОЛНОСТ INTER PARTES + ERGA OMNES

Page 31: Акти на органите на  администрација

Граѓански договор – административен договор СОГЛАСНОСТ НА ВОЛЈИ ДВОСТРАНОСТ СЕКОЕ ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ –

ДОГОВОРНА СТРАНА СЛОБОДА НА ИЗБОР НА СОДОГОВАРАЧ ЕДНАКВОСТ НА СТРАНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТ РЕДОВНО СУДСТВО

СОГЛАСНОСТ НА ВОЛЈИ ДВОСТРАНОСТ АДМИНИСТРАЦИЈА КАКО ДОГОВОРНА

СТРАНА СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ИЗБОР НА СОДОГОВАР. ПРЕРОГАТИВИ И ОДГОВОРНОСТ ЗА

АДМИНИСТРАЦИЈА ЈАВЕН ИНТЕРЕС АДМИНИСТРАТИВ. СУДСТВО

Page 32: Акти на органите на  администрација

УПРАВНИТЕ ДОГОВОРИ И РЕФОРМАТА НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РМ Функционална

децентрализација Ефикасност во вршењето јавни

служби Контрола над остварувањето на

јавниот интерес Установување управно судство Судската практика – извор на

управното право

Page 33: Акти на органите на  администрација

Материјални акти на органите на администрација Материјалните акти на

администрацијата се материјални дејствија (операции) што ги преземаат административните органи. Тие, за разлика од правните акти, не предизвикуваат никакви правни последици, но мопжат да послужат како основа за остварување на одредени правни ситуации или за одредување на содржината на одделни правни односи.

Page 34: Акти на органите на  администрација

Видови материјални акти

1. Материјални акти на документирање;

2. Материјални акти на известување;

3. Материјални акти на примање изјави;

4. Други материјални акти

Page 35: Акти на органите на  администрација

Материјални акти на документирање Во нив органите на јавната

администрација бележат разни појави, лични својства и други факти и даваат податоци за тие појави, својства и факти:

А) материјални акти на евиденција – се бележат појваите, својствата и фактите (регистри, картотеки, списоци, книги...)

Б) материјални акти на издавање уверенија – се даваат податоци за сите овие појави, својства и факти за кои се води евиденција

Page 36: Акти на органите на  администрација

Уверение - решение Уверенијата со својата форма

претставуваат материјални административни акти кои сами по себе не произведуваат правен ефект, но служат како основа за донесување на решенија (конкретни административни акти) со кои се создаваат, менуваат и укинуваат одредени правни ситуации или правни односи

Својство на јавна исправа Со решенијата се засноваат, менуваат

или укинуваат административно-правни односи, а со уверенијата само декларативно се тврди постоење на одредена појава, својство или факти – кои можат да послужат како основа, или да бидат од влијание за донесување на решението.

Page 37: Акти на органите на  администрација

Материјални акти на известување

Известување на заинтересирани лица за разновидни состојби, факти и појави, како и објавување на правни факти.

Page 38: Акти на органите на  администрација

Материјални акти на примање изјави

Овие акти ја означуваат дејност на административните органи во врска со примањето на претставки и други поднесоци. На пример, сослушување на сведоци, вештаци, примање на заклетва, како и пријава во матичните органи во врска со раѓањањето на децата, венчавањето, смртта на одредени лица, примањето на даночнити пријави, поднесувањето на царински декларации и друго.

Page 39: Акти на органите на  администрација

Други материјални акти

Во оваа група на материјални акти се вбројуваат сите останати материјални административни акти. На пример, разни стручни, технички, уметнички и други работи на разни органи и организации кои вршат јавни овластувања. На пример, прегледи на каси, на материјали, книги, елаборати, жигосувања на предмети, апарати и друго.

Page 40: Акти на органите на  администрација

Литература:

Основна литература:1. Гризо, Гелевски, Давитковски,

Павловска Данева „Административно право“, 2011, стр. 392-417;

2. Закон за организација и работа на органите на државната управа од 2000 год

3. Давитковски, Павловска-Данева „Нов концепт во нашето право:управните договори потреба или нужност“, Правник, март/април, 2001

Дополнителна литература:Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995,

стр. 209-249

Page 41: Акти на органите на  администрација

Прашања и теми за дискусија и есеи: Поим на акт на администрацијата Видови акти на администрацијата Општи акти на администрацијата Конкретни управни акти Позитивни и негативни акти Конститутивни и декларативни акти Со закон врзани и дискрециони акти Единствени и збирни акти Материјални акти на администрацијата Административни договори