12
1 Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во посета на Новаци стр.3 Македонско-турско пријателство помеѓу Новаци и Јеникент стр.5 Градоначалникот на Рокдејл Бил Саравиновски прогласен за почесен граѓани на Општина Новаци стр. 6 Ќе се оспособува училиште во село Рапеш стр.8 50-тина сезонски работници За поубава и почиста општина Новаци“ стр.8

Информатор на о.Новаци

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Информатор на општина Новаци

Citation preview

Page 1: Информатор на о.Новаци

1

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во посета на Новаци стр.3

Македонско-турско пријателство помеѓу Новаци и Јеникент стр.5

Градоначалникот на Рокдејл Бил Саравиновски прогласен за

почесен граѓани на Општина Новаци стр. 6

Ќе се оспособува училиште во село Рапеш стр.8

50-тина сезонски работници „За поубава и почиста општина

Новаци“ стр.8

Page 2: Информатор на о.Новаци

2

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година

Весникот излегува како едномесечник

Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена Николовска

Техничка поддршка : Игорче Ристевски

Издава : Општина Новаци

Градоначалник: Лазар Котевски

Печати : Графопром – Битола

Тел/фaкс: 20 30 60

e-mail: [email protected] web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

КРАТКА СОДРЖИНА

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во посета на Општина Новаци стр.3

Македонско-турско пријателство помеѓу Новаци и Јеникент стр.5

Градоначалникот на Рокдејл Бил Саравиновски прогласен за почесен граѓанин

на Општина Новаци стр. 6

Министерот Коњановски меѓу пелагониските земјоделци стр.7

Италијанци ќе одгледуваат лешници во Новаци стр.7

Ќе се оспособува училиште во село Рапеш стр.8

50-тина сезонски работници „За поубава и почиста општина Новаци“ стр.8

Чистење на времена депонија во с. Добромири стр.9

Нулта толеранција за дивите депонии во општина Новаци стр.9

Започна дезинсекцијата во Општина Новаци стр.9

Странски инвеститор заинтересиран за стопанисување со ИЗ Новаци стр.10

Ќе се гради ХЕЦ на река Коњарка во Општина Новаци стр.10

Унијата на жени од општина Новаци во посета на Скопје стр.11

ИГРОТЕКА

„БАМБИ“

с.НОВАЦИ

СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО

12 :30 ЧАСОТ

ЦЕНА 400 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Page 3: Информатор на о.Новаци

3

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во посета на Општина Новаци

На огромна чест и задоволство, градоначалникот

на Општина Новаци Лазар Котевски му беше

домаќин на Претседателот на Република

Македонија Ѓорге Иванов.Претседателот Иванов

со погача и шеќер според македонската

традиција, беше дочекан пред општината во

присуство на општинската администрација,

советниците и голема топла народ кои сакаа да

се поздрават и да го видат шефот на

државата.За време на неговиот еднодневен

престој на Општина Новаци, градоначалникот

Лазар Котевски го запозна претседателот Иванов

со сите можности и ресурси кои ги нуди општината за подобар економски развој ,го запозна со

остварените и планираните проекти за реализација, ја посети надградбата на општинската зграда

а оствари средба со стопанствениците кои гравитираат и работат на територија на општина

Новаци .„Ние сме општина која не бевме добро развиена ама сега имаме услови и поддршка да се

развиваме многу побрзо и многу подобро. Го запознав претседателот на државата со сите проекти

кои ги имаме реализирано како и кои планираме да ги

реализираме во

иднина .Го

информиравме

претстедателот за

сите досегашни и

идни зафати за

проектите кои ги

реализираме и ќе

ги реализираме во

иднина , побаравме поддршка во однос на странските

инвестиции и преговорите каде вети дека ќе не поддржи се со цел подобрување на условите за

живот на жителите од општина Новаци."- рече Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци.

„Според она што досега го видовме и од она што го разговаравме видов дека има ентузијазам и

идеите кои ги слушнав од стопанствениците јас се надевам дека ќе им излеземе во пресрет на

нивните барања во смисла на странски иневстиции , во преговорите и договорите“ рече

претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.Засилување во своите редови подарувајќи му дрес со

презимето на Иванов доби и ФК Новаци кои од следната

фудбалска сезона ќе се натпреваруваат во втората

лига.Претседателот се сретна и со познатите

македонски репрезентативци Мицевски и Ставревски чии

почетоци датираат од новачките терени.Топло

добредојде на претседателот Ѓорге Иванов со букет

цвеќиња и рачно изработена честитка му посакаа и

дечињата од Игротеката „Бамби“ . Се сликаа со него и го

почестија со една од многуте песни кои ги имаат на

својот репертоар.

Page 4: Информатор на о.Новаци

4

Дека од земјоделие може убаво да се живее само ако си вреден и работлив човек докажа

локалниот земјоделец Николче Велјановски.„ Иако се наоѓаме во време на рецесија и светска

економска криза , сепак примерот на

индивидуалниот земјоделец Николче Велјановски

од Новаци, кој е рекордер по производство на

житни култури во Пелагонија, покажува дека и од

земјоделство може убаво да се живее на овие

простори.“ рече претседателот Иванов.Шефот на

државата го посети најголемиот производител на

електрична енергија РЕК Битола каде се

информираше за текот на производниот процес,

модернизацијата и автоматизацијата на

термоцентралата и рудникот.Освен енергетскиот

гигант РЕК во рамките на Новаци веќе неколку

години работат капацитети за производство на храна, отворена е фотоволтаична централа а

градоначалникот Котевски најави и серија нови инвестиции кои ќе го подобрат животот во

Пелагонија.„ Веќе имаме мноштво заинтересирани странски инвеститори за отворање на нови

фотоволтаични електрани како и инвеститори од Италија кои на наша територија сакаат да

направат плантажи на лешници, а потоа да отворат и фабрика за преработка на лешници и

бадеми“ рече градоначалниот Котевски.„ Тука има можност за искористување на сите потенцијали

што ги има Пелагонија во експлатација на гасот ЦО2 , отварање на нови ископи. Новаци е

општина со најмногу сончеви денови во Република Македонија.Овој крај е богат со премногу

природни убавини кои овозможуваат огромни можности за развој на етно-туризмот .Европските

граѓани веќе се алергични на сфаќањето на туризмот исклучиво како капење и сончање.Тие

сакаат туризам преку кој ќе се запознаат со традициите и со убавините од овие простори“ рече

претседателот на РМ Ѓорге Иванов.

Во уникатниот и единствен манастир Мала Богоридица во село Новаци претседателот Иванов го

дочека преспанско пелагонискиот митрополит г.Петар.„ Го видовме и црковниот живот кој е добро

организиран за овие луѓе и сметам дека општина Новаци е една од општините која добро се

развива во секој поглед и ние сме тука да ја помогнеме и поддржиме."- рече Ѓорѓе Иванов

претстедател на РМ.

Претседателот Иванов надвор од официјалната агенда го посети манастирот во Паралово,

историското место Чукарите каде загинал народниот херој Ѓорги Сугарев и положи цвеќе на

неговиот гроб.Градоначалникот Котевски на претседателот Иванов покрај монографија и разни

репрезентативни материјали од општината му подари и икона од Свети Ѓорги.

Page 5: Информатор на о.Новаци

5

Општина Новаци наскоро ќе се збратими со сродната турска општина Јеникент од Измир.

Активноста ја договорија македонскиот амбасадор во Република Турција , Горан Тасковски и

градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски . На средбата станало збор и за

реализација на други проекти меѓу кои и организирање на бизнис форум со цел привлекување

инвеститори во Општина Новаци.

„Покрај сите други наши ангажмани со

градоначалникот на Општина Новаци , ние

исто така се договоривме да најдиме сродна

општина , таа фаза е во тек а моите последни

информации говорат дека при крај е таа

иницијатива , општина Новаци ќе се збратими

со една општина од Измир, Општина Јеникент.

Таа е доста слична како Општина Новаци и

наскоро по иницијатива на амбасадата ние ќе

го поканиме градоначалникот Котевски да

дојде да ја посети таа општина, да го посети

Измир и егејскиот дел на Турција каде што во

договор сме со тамношните институции да

направиме еден бизнис форум со турски

бизнисмени каде подетално ќе ги разгледаме

можностите за инвестирање во Општина Новаци. Општина Новаци на тие состаноци ќе има

можности да ги презентира сите поволности и можности кои ги нуди како општина , проекти и се

она што е во функција на зближување на Република Македонија и Република Турција“рече Горан

Тасковски, амбасадор на Република Макеоднија во Република Турција.

Ние инсистиравме и побаравме од амбасадорот , да се збратимиме со сродна општина од

Турција која расплага со слични ресурси како нашите , со која покрај културната размена ќе

можеме да соработуваме и на економски план , рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар

Котевски.

„Најпрво да му се заблагодарам на амбасадорот Тасковски што најде време да ја посети нашата

Општина. Амбасадорот е доста активен на ова поле и ние разговаравме за нашите можности кои

би им ги понудиле на турските бизнисмени кои би можеле да инвестираат во нашата општина.

Ние иако сме рурална општина располагаме со доста ресурси кои би биле корисни за да можат

турските бизнисмени да инвестираат. Исто така разговаравме да извршиме една посета на

Р.Турција посебно во градот Измир каде нашиот амбасадор има разговарано а веќе е и

припремен теренот за посета каде што ќе се запознаеме со нивните општини, ќе размениме

искуства и дел од нив ќе примениме и кај нас бидејќи тие се многу постари општини од нашите и

сигурно располагаат со големи искуства кои можат да ни ги пренесат нас “ рече градоначалникот

на Општина Новаци, Лазар Котевски.

За македонската амбасада во Турција најголем приоритет е развојот на економската

дипломатија, рече Тасковски.

„ Ние како амбасада сме многу фокусирани на продлабочување на соработката меѓу Македонија и

Турција, посебно сме фокусирани на развивање на економската дипломатија.Во овој момент има

доста заинтересирани турски бизнисмени, инвеститори, компании, фирми и бизнисмени во

Република Македонија. Токму вчерашниот ден го искористивме за пуштање во употреба на една

таква инвестиција во Скопје .Во наредниот период ќе има уште повеќе, но сакам да кажам дека

предвидуваме такви слични инвестиции и во Општина Новаци а и во Општина Битола и во сите

околни општини.Тоа е наш приоритет .“ рече Горан Тасковски, амбасадор на Република

Македонија во Република Турција.

Пред извесно време во рамките на реализацијата на проектот „Доближување на Егејска Турција

до Македонија “ делегација од македонски новинари и разни пишани и електронски медиуми , на

покана на амбасадорот Тасковски, ја посетија Турција.

Македонско – Турско збратимување помеѓу општините Новаци и Јеникент

Page 6: Информатор на о.Новаци

6

Градоначалникот на Рокдејл Бил Саравиновски прогласен за почесен

граѓанин на Општина Новаци

Градоначалникот на градот Рокдејл, Благоја Бил Саравиновски, родум од пелагониското село Лажец, кој е првиот австралиски градоначалник македонец, со одлука на Општина Новаци е прогласен за почесен

граѓанин а високото признание му го врачи неговиот домаќин, градоначалникот Лазар Котевски.

„Одлуката ја донесовме поради придонесот на Саравиновски за зајакнување на врските со нашите иселеници и промоција на нашата општина меѓу бизнисмените во Австралија “, истакна градоначалникот Котевски.

На средбата со новинарите во Новаци, Саравиновски истакна дека општина Рекдејл ја предводи во шест континуирани мандати, односно од 1983 година. Пред повеќе од една година кога градоначалникот на Новаци беше во посета на Рокдејл, беше прогласен за почесен граѓанин на оваа австралиска општина.

„ Во општината им помагам на сите.Имаме македонски клубови, цркви во кои се собираме, разговараме и планираме посебно со

биснисмените кои сакаат да инвестираат во Македонија.Во Советот на општина Рокдејл членуваат Австралијци, Либанци и Грци, но сите одлично соработуваме и се почитуваме.Очекувам наскоро со група бизнисмени да ја конкретизираме соработката во Македонија “, посочи Саравиновски.

Градоначалникот Котевски го направи првиот чекор кон збратимување на овие две општини.Рокдејл е општина во која има многу македонци . Саравиновски вели дека голем број австралиски стопанственици со македонско потекло сакаат да инвестираат, да ги прошират своите бизниси во Новаци.

„Дел од нив се враќаат во Македонија за да инвестираат

или покажуваат намера за инвестирање во лесна незагадувачка индустрија, мини млекари и други проекти. Ние сме отворена општина, отворени сме за инвестирање „ – посочи градоначалникот Котевски.

Рокдејл има 100 000 жители од кои 10 000 се Македонци, а 42 % од популацијата е родена во други држави.Во оваа општина градоначалникот го избира Совет кој е составен од 15 члена.

„Има двајца Грци, двајца Либанци а другите се Австралијци. Во моето место најмногу има Грци, немаме проблем со Грците.Јас му велам дека јас сум Македонец, дали ќе не признаете како Македонија , без

разлика , јас не можам да се сменам, “ изјави Саравиновски.

Од Општината Рокдејл постојано се залагаат и ангажираат да им се помогне на Македонците кои живеат таму, вели Злате Ангеловски претставник од Општина Рокдејл.

„Нашата желба е Македонците да се ангажираат во општината , да се вклучат во сите служби. Ги има од сите краеви, најмногу од битолскиот“- вели Злате Ангеловски претставник од Општина Рокдејл.

Градоначалникот на Рокдејл е роден во селото Лажец, а во Македонија е дојден со своето семејство.

„ Имав голема желба да ги донесам децата за да видат каде сум роден. Сакам да одам кај што бев роден и во Битола и затоа ќе земам камења во Австралија, да имам нешто од мојата држава “ – вели Саравиновски.

Саравиновски пограј градоначалничката функција е и заменик претседател на кинеската заедница, често патува во Кина каде вели дека секогаш ја промовира Македонија. За време на престојот во Македонија, градоначалникот на Општина Рокдејл, Бил Саравиновски оствари и други контакти и средби во државата.

Page 7: Информатор на о.Новаци

7

Министерот Коњановски меѓу пелагониските земјоделци Актуелните состојби со земјоделството во пелагониските општини , законските измени и

новите мерки, беа причината заради која заменик министерот за земјоделство Зоран

Коњановски, ја посети подрачната единица на министерството во Битола.Се сретна со

пелагониските земјоделци и ги информираше за сите измени и мерки на Владата

согласно измените на законот за земјоделско земјиште чија цел е да се добие имотен

лист кој ќе ги направи попристапни парите од европските фондови.Разговараа и за

легализација на земјоделската механизација која ја бараат земјоделците.

„ Во соработка со Министерството за економија и МВР се изготвуваат законски измени

или нов закон за легализација на

земјоделската механизација, да можат

да се регистрираат. Има повеќе причини

заради кои не биле во можност да се

регистрират “ рече Зоран Коњановски,

заменик министер за земјоделство.

На средбата се разговарало и за

откупната цена на пченицата која според

барањата на земјоделците не треба да

биде пониска од 15 денари по

килограм.Земјоделците добија ветување

од министерот Коњановски,дека

Министерството ќе посредува со цел да се најде заедничко решение кое ќе биде во

интерес и на производителите и на мелничарите.

„ Ние се надеваме дека мелничарите ќе бидат послободни околу давањето на она што го

бараме првпат откако се произведува оваа култура имаме две временски

неприлики.Есента не никна а пролетта доцна стигнаа дождовите“-изјави Вељо Тантаров,

Сојуз на земјоделци.

„ За земјоделците прифатлива цена е барем 10-20% повисока од минатата година , да ги

амортизираат трошоците со поскапувањето на нафтата“ рече Коњановски.

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски ја поздрави оваа акција на

министерството за земјоделство и на заменик министерот Коњановски.

Со цел оваа година да не се појави незадоволство кај земјоделците,најавени се неколку средби меѓу мелничарите и земјоделците а посредник ќе биде министерството за земјоделство.

Италијанци ќе одгледуваат лешници во Новаци ? Италијанска компанија има намера да одгледува лешници во срцето на Пелагонија. Претставници на компанијата заинтересирана за изградба на плантажа во Новаци, по втор пат ја посетија Општината и со градоначалникот Лазар Котевски разменија мислења за иницијативата. Претставниците на италијанската компанија се надеваат дека топлото добредојде во Новаци многу скоро ќе резултира и со конкретен договор за

изградба на плантажата за одгледување на лешници.Со цел привлекување на странски инвестиции, Новаци во текот на летото, на иницијатива на македонскиот амбасадор во Анкара, ќе се претстави на бизнис форум во Егејскиот дел на Турција.

Page 8: Информатор на о.Новаци

8

Ќе се оспособува училиште во село Рапеш

По дваесеттина години, мариовското село Рапеш благодарение на ангажманот на

градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски , ќе добие основно училиште до четврто

одделение.Тоа ќе биде голема придобивка за околу

десеттина деца кои за прв пат ќе го започнат

образовниот процес.

„ Ова е една од мерките за заживување на

мариовскиот дел на кој му се закануваше целосно

иселување заради се поголемиот број жители кои се

иселуваа во градот“ – вели градоначалникот Котевски.

Училиштето ќе биде сместено во веќе постоечки објект

кој ќе се реновира и оспособи за таа цел.

„За реализирање на оваа идеја предвидени се околу

5000 евра во денарска притввредност , средства кои ќе

ги обезбеди Општина Новаци.Планираме да

оспособиме една училница , еден наставнички кабинет,

ходник , санитарен чвор како и уредување на дворот“-

вели градоначалникот Котевски.

Децата од ова село досега учеа во ОУ „Славко

Лумбарковски“ во с. Новаци.

50 тина сезонски работници „За поубава и почиста Општина Новаци“

Општина Новаци започна да го реализира владиниот проект за сезонско вработување.Во првата фаза

започнаа да работат околу 42 сезонци а до 15 август ќе започнат со работа уште 30 тина.

„Планираме да имаме вкупно околу 75 времени

вработувања а ќе бидат ангажирани до крајот на

годината за паричен надомест нето плата од 7000

денари , персонален данок и осигурување. Право на

вработување имаат сите невработени лица а предност

имаат повозрасните и оние кои подолго време се без

работа.Ќе бидат ангажирани за одржување на

хигиената на улиците и одржување на зеленилото.“

вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар

Котевски.

Со нескриено задоволство и огромна благодарност до

градоначалникот Котевски, работниците беа пресреќни

што во овие тешки времиња на беспарица, има кој да

се грижи за нив и да им обезбеди работа.

„Задоволни сме од градоначалникот ,подржува се што ќе му побараме.Ова ни претставува еден вид помош

како невработени и еден вид почеток за наше трајно вработување“ рече Велјановска Летка сезонски

работник

„ Нашето ангажирање како сезонски работници е за поздравување , едно мало ублажување на тешкотиите

кои ги имаме како невработени.Воедно сакам да ја изразам мојата благодарност до градоначалникот од

името на сите невработени кои не ангажира “рече Наташа Штрковска- сезонски работник.

Парите за сезонските работници ќе ги обезбедат општините и Владата.Само Министерството за финансии

ќе издвои 1,5 милиони евра за 2000 работници.Дополнително на овој проект општините и јавните

претпријатија секоја година ангажираат сезонски работници за одржување на јавната чистота.

Page 9: Информатор на о.Новаци

9

Чистење на времената депонија во с.Добромири

Општина Новаци, градоналачникот Лазар Котевски и Заедничкото

комунално претпријатие „Пела Хигиена“ започнаа акција за

чистење на времените депонии на територијата на општината.

Денеска се чистеше оградената времена депонија кај селото

Добромири. „ Денеска ја започнуваме акцијата за чистење на

времените депонии кои Општина Новаци ги огради со намена

локалното население да го одлага комуналниот смет и градежниот

шут.Вакви депонии имаме 7 на територијата на нашата Општина и

истите целосно ќе бидат исчистени до крајот на овој месец“- рече

градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Акцијата за чистење на депонијата беше поздравена од мештаните

кои го изразија своето огромно задоволство од големиот ангажман

на градоначалникот Котевски за подобрување на условите за живот на жителите на општина Новаци.„ Ваквите акции се

во ред.Многу му сме благодарни и сме задоволни од градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Изградени

се сите локални патишта, исчистени сите речни канали.Се што сме побарале досега од градоначалникот сме добиле.

Многу ни помага .“- рече Талевски Борис , жител на село Добромири.До крајот на месецот ќе бидат исчистени

времените депонии во Новаци, Бач,Гермијан и Старавина.Ваква акција Општина Новаци прави секоја година.

Нулта толеранција за дивите депонии во Општина Новаци

Акцијата за нулта толеранција на дивите депонии продолжува во Општина Новаци. Општината предводена од градоначалникот

Лазар Котевски и заедничкото јавно комунално претпријатие „Пела Хигиена“ работеа на чистење на комуналниот смет и градежниот

шут кој мештаните го одлагаат на времената депонија во близина на село Новаци кај бараките на Градежното претпријатие „

Маврово“.„Ја продолжуваме акцијата која само што започна а се спроведува секоја година.

Тоа ние предвидено и во програмата. До крајот на месецот ќе се исчистат сите вакви времени

депонии а сметот кој го собираме со тешка механизација и ќе биде одложен на регионалната

депонија Мегленци.“ – рече градоначалникот Лазар Котевски.Годинава во акцијата учество

зеде и новоформираното заедничко јавно комунално претпријатие „ Пела Хигиена“.„Сега ги

чистиме времените депонии кои ги означи и огради Општината а каде локалното население го

одлага комуналниот смет и градежниот шут од нивниот секојдневен живот.Акцијата не

застанува тука и во следниот период предвидени се и други активности за подобрување на

животот на мештаните и заштита на животната средина од загадување“ – рече Горан

Велјановски, технички директор на ЗЈКП „ Пела Хигиена“.Во текот на летниот период

Општина Новаци во соработка со ЗЈКП „ Пела Хигиена“ ќе реализира и други акции за чистење на сите отворени атмосферски

канали, чистење и метење на улиците и косење на вегетацијата на регионалниот патен правец 1311.

Започна дезинсекцијата на Општина Новаци

По препорака на Министерството за здравство и Општина Новаци започна со дезинсекција на својата територија.Активноста ја извршува Центарот за јавно здравје согласно акциониот план за уништување на инсектите кои треба да направат заштитен облак во регионот.

„ Оваа мерка ќе биде доста корисна за Општина Новаци затоа што на нашата територија имаме многу одводни и доводни канали, а со запрашувањето и третирањето со специјални средства ќе се намали бројот на инсекти“- рече Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

Дезинсекцијата е од особено големо значање за здравјето на населението, а од аспект на центрите за јавно здравје и државите-превенција на тешки заболувања за кои е потребно долготрајно лекување, вели д-р Тони Коњановски, стручен директор

на Центарот за јавно здравје Битола.

„ Во рамките на дезинсекцијата ќе се уништуваат потенцијалните вектори, пренесувачи на предизвикувачите на тешките болести.Со средства се третираат сите зелени предели и мочурливи места кои влијаат на ларвите на инсектите.“ вели д-р Тони Коњановски, стручен директор на Центарот за јавно здравје Битола.

Дезинсекцијата покрај на територија на општините Битола, Новаци и Могила ќе продолжи и во Ресен и Кичево со што ќе се покрие целиот југозападен дел од Македонија.По завршувањето на оваа прва фаза ќе следува втора која според планот се очекува да започне од 9 и да трае до 16 јули.Третата фаза ќе се реализира од 6 до 8 август.

Page 10: Информатор на о.Новаци

10

Странски инвеститор заинтересиран за стопанисување со ИЗ Новаци

На Јавна анкета во просториите на Општина Новаци, беше презентиран ЛУПД вон населено место за Индустриската

зона Новаци.Беше разговарано за урбанизирање на просторот предвиден за изградба на фабрики со лесна

незагадувачка индустрија, додека во иднина ќе се формира зона за домување и зона за спорт и рекреација. Проектот ќе

се реализира во неколку фази.

„ Ова е прва фаза бидејќи во иднина ќе има можност за проширување ако има потреба а според првичните сознанија

тоа ќе биде потребно бидејќи има заинтересирани иневститори од Австралија, и Турција. ИЗ ќе опфаќа површина од 9,3

хектари а се наоѓа на влезот во село Новаци ,манастирот Богородица и регионалниот пат Р-1311 Битола-Новаци-

Маково. “ рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Во понатамошниот период ќе се конкретизира бројот на парцели како и почетната цена за продажба на земјиштето.

„ Планираме парцелите да опфаќаат површина од 68 000 м2, односно 47 500 м2 површини за градба а процентот на

изграденост ќе изнесува 52 %. Законски е предвидено 72% но тоа е многу бидејќи ќе има мал процент на простор за

манипулација и движење на тешки товарни возила. Коефициентот на искористеност ќе изнесува 0,51 што значи дека

половина од предвиденото земјиште ќе се користи за градба. Понатаму ќе се конкретизираат бројот на парцели и

бројот на инвеститори на површина од 2000 метри квадратни.Таа површина за почеток е доволна за развој на фирми и

производни капацитети. “ рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Планот започна да се разработува уште во 2010 година.Зоната ќе се уреди до ниво на парцели,каде ќе има

сообраќајници, тротоари, секаков вид на инфраструктура а заинтересираните инвеститори само ќе купат земјиште и ќе

започнат да градат, посочи Ристевски.

„ Сите согласности се добиени.Ќе има секаков вид на инфраструктура: водовод, електрика и телефон. Нема да има

никаков прблем , зоната ќе има доволно вода, отпадните води т.е канализацијата ќе се приклучи кон јужниот дел од

патот во една шахта а од таму ќе оди до предвидената пречистителна станица.Овде нема да има загадувачки големи

производители.Тие што ќе бидат ќе имаат обврска водите сами делумно да ги прочистуваат пред да ги испуштат во

канализациониот систем.Ако имаат големи количини отпадна вода тогаш ќе треба самите да направат пречистителни

капацитети. “рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Предвидена е реализација на втора и трета фаза кога се очекува во зоната да оперираат околу 80-90 субјекти.

„ Во иднина планираме да изградиме сообраќајница на две нивоа, бидејќи очекуваме бројот на корисници да се зголеми

за 3 пати. “рече Томе Ристевски- надлежен инженер архитект од Урбан проект.

Претставникот од „Урбан проект“ најави дека има заинтересирани стопанственици од Австралија кои сакаат да

менаџираат со зоната преку моделот на јавно приватно партнерство.

На јавната презентација беа поканети и сопствениците на дел од парцелите каде е предвидено да се гради

Индустриската Зона.Станува збор за површина од околу 2 хектари а имотно правните односи ќе се решаваат со

меѓусебен договор.

Ќе се гради ХЕЦ на река Коњарка во

Општина Новаци

Новаци на чија територија е и најголемиот производител на

електрична енергија во Македонија, РЕК Битола наскоро ќе

добие и „поточарки“. На реката Коњарка за брзо време ќе

стартираат две мини хидроелектрани со јачина од еден

мегават.

„ Мини хидроелектраните се во близина на селото

Скочивир и тие се од посебно значење зошто станува збор

за изградба на објект кој ќе произведува електрична

енергија од обновлив извор “-рече градоначалникот Лазар Котевски.

Ианку во Општина Новаци со огромен интерес се следат активностите околу проектот на ЕЛЕМ за изградба

на соларната електрана кај Чебрен.Комплетната документација е веќе подготвена , како и стратегиската

оценка за влијанието на објектот врз животната средина.

Акумулацијата на Црна река би се изградила на подрачјето на новачка општина, а хидроцентралата во

прилепскиот дел на Мариово.Со изградбата на овој објект би се отворила нова перспектива за развој на

мариовскиот крај.

Page 11: Информатор на о.Новаци

11

Унијата на жени од општина Новаци во посета на Скопје

Со посетата на спомениците од проектот „Скопје 2014“, музејот на македонската борба за државност и независност и кањоњот на Матка заврши прошетката која Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски двапати годишно им ја овозможува на жените од Унијата на жени од трите села:Гермијан , Живојно и Бач.„Воодушевени сме од тоа што го видовме, посебно од музејот за кој не ни сонувавме дека е направен вака, и кој може да се мери со познатите светски музеи. Ние жените од Унијата му сме многу благодарни на Градоначалникот Котевски кој секогаш се грижи за нас и ни овозможува да прошетаме и да побегнеме од нашето секојдневие.Благодарение на неговото залагање ние ги имаме посетено скоро сите природни убавини и манастири во нашата држава“ рече Наташа Петковска од село Живојно.

„Благодарение на градоначалникот Лазар Котевски два пати годишно одиме на прошетки низ Македонија на места кои сами си ги избираме.Ова е практика веќе 7 години“ вели Наташа Стојановска од село Гермијан.

Ова го правиме веќе неколку години како редовна практика и ќе го правиме и понатаму,само жените од нашите села да се задоволни, вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

„Редовно организираме тури и прошетки низ Македонија за сите жени од селата кои се под надлежност на Општина Новаци на места каде тие сами си ги избираат по желба во зависност од тоа која природна убавина на нашата држава сакаат да ја посетат.Ова е една мала работа која општината им ја дава а верувам дека нив многу им значи“- вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Покрај ваквите туристички тури кои ги организираме за нашите жени, ние редовно барем два пати годишно им организираме забави како на пример за празникот на општината 8 март, вели Мирјана Кузмановска , претседател на Унија на жени на Општина Новаци.

„ Македонија располага со многу природни убавини , последните години многу се градеше со што се збогатија и разубавија туристичките места. Жалосно е да не си ја познаваме сопствената држава.Затоа во Унијата на жени на Општина Новаци постои редовна практика да ги посетуваме и запознаваме убавините со кои располага нашата држава за да можеме и ние да ја промовираме истата. Нормално овие тури и прошетки чинат определени финансиски средства кои целосно ги обезбедува и покрива градоначалникот Котевски за што им сме премногу благодарни.“ рече Мирјана Кузмановска , претседател на Унија на жени на Општина Новаци.

Од општина Новаци велат дека на наредната туристичка прошетка ќе одат жените од останатите села на Општина Новаци.

Page 12: Информатор на о.Новаци

12

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Општина Новаци тел/факс: 20 30 60

Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870

Полициска станица с.Новаци:282-122

ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194

Пожар и елементарни непогоди 193

Центар за известување и тревожење 195

Пријавување корупција 0800 10 100

--------------------------------------------------------------