3
Нова година, нови авантури Во јануари 2014 ќе гледате на Да Винчи лернинг на Да Винчи лернинг Еден од најбрзите летечки инсекти на Земјата: вилинското конче, е тешко човек да го стигне. Летајќи над мочуриштата уште од времето на диносаурусите, имаат и тоа каква приказна да раскажат. Со подводни фотографии и забавени снимки овој документарец го следи животниот вик на вилинското конче од подводна ларва до комплетно созреан летечки инсект. Погледнете како овие акробатски грабливци живеат со голема брзина, го фаќаат својот плен од никаде и дури се парат во лет. Ловци на небото Ви го претставува шарениот свет на вилинското конче. ЛОВЦИ НА НЕБОТО – Светот на вилинското конче Целна група: возрасни Времетраење: 60 мин. Жанр: документарец Ние, луѓето, сме само една од милиони форми на живот на Земјата, и според многу објективни мерки, како на пр. големина, брзина, број на население, имаме среќа што се рангираме над просекот. Секако дека можеме да изградиме големи цивилизации и да читаме и да пишуваме, но ние не сме единствените жители со необични таленти и особини. Четири нови емисии кои премиерно ќе се емитуваат на ДаВинчи лернинг овој јануари. Осмелете се да отидете на неочекувани места за да запознаете дел од најпрекрасните, најчудните и најинспиративни суштества со кои ја споделуваме планетата. Премиера: недела, 5 јануари во 20 ч

Нова година, нови авантури

Embed Size (px)

DESCRIPTION

на Да Винчи лернинг

Citation preview

Page 1: Нова година, нови авантури

Нова година, нови авантури

Во јануари 2014 ќе гледате на Да Винчи лернинг

на Да Винчи лернинг

Еден од најбрзите летечки инсекти на Земјата: вилинското конче, е тешко човек да го стигне. Летајќи над мочуриштата уште од времето на диносаурусите, имаат и тоа каква приказна да раскажат. Со подводни фотографии и забавени снимки овој документарец го следи животниот вик на вилинското конче од подводна ларва до комплетно созреан летечки инсект. Погледнете како овие акробатски грабливци живеат со голема брзина, го фаќаат својот плен од никаде и дури се парат во лет. Ловци на небото Ви го претставува шарениот свет на вилинското конче.

ЛОВЦИ НА НЕБОТО – Светот на вилинското конче

Целна група: возрасни Времетраење: 60 мин. Жанр: документарец

Ние, луѓето, сме само една од милиони форми на живот на Земјата, и според многу објективни мерки, како на пр. големина, брзина, број на население, имаме среќа што се рангираме над просекот. Секако дека можеме да изградиме големи цивилизации и да читаме и да пишуваме, но ние не сме единствените жители со необични таленти и особини. Четири нови емисии кои премиерно ќе се емитуваат на ДаВинчи лернинг овој јануари. Осмелете се да отидете на неочекувани места за да запознаете дел од најпрекрасните, најчудните и најинспиративни суштества со кои ја споделуваме планетата.

Премиера: недела, 5 јануари во 20 ч

Page 2: Нова година, нови авантури

Нова година, нови авантурина Да Винчи лернинг

Мистериите на длабокото море продолжуваат да ни ја освојуваат фантазијата. Кога ќе ѕирнеме под површината, боите и суштествата како да се донесени од друг свет. Малку места на планетава ја доловуваат надреалната природа на подводниот свет како теснецот Лембе во Индонезија. Четири години двајца филмаџии го снимаат животот во овие води. Живописните снимки што ги имаат направено се нешто невидено. Елегантни морски кончиња, конкурентни скалари, миниоктоподи: оваа емисија открива прекрасни и понекогаш страшни вистини за животот во морето.

МОРЕ СО МОРНИЧАВИ ЧУДОВИШТА

Целна група: возрасни Времетраење: 60 мин. Жанр: документарец

Целна група: возрасни Времетраење: 60 мин. Жанр: документарец

Бувовите се дел од човечките митови и приказни со векови. Нивните речиси бесшумни летања ноќе, точниот вид и ловечкиот крик ги вознемирувале сништата и на децата и на возрасните. Но овие особини на бувот не постојат само за да ни ги инспирираат приказните. Бувовите си создале многу прецизен режим за опстанок дури и во најограничените средини. Емисијава го следи преселениот був – кукувија во потрага по нов дом. Во текот на нејзиното патување летајќи над полињата и шумите во централна Европа таа е внимателна во дружбите, пребирлива во поглед на пленот и величествена во одлуката да си најде нов дом.

ОДИСЕЈАТА НА БУВОТ

Премиера: недела, 19 јануари во 20 ч

Премиера: недела, 12 јануари во 20 ч

Во јануари 2014 ќе гледате на Да Винчи лернинг

Page 3: Нова година, нови авантури

Често се вели дека природата има смисла за хумор. Доказ за тоа? Платипусот. Само циничен човек не би се насмевнал при глетката на ова животно. Ова итро суштество има нозе и лице на патка, а крзнено тело на секое друго копнено животно. Тој е еден од двата цицача кои несат јајца и претставува енигма дури и за научниците. Но со напредните направи за следење и двете години поминати во тасманиската дивина двајца истражувачи не` доближија повеќе до решавањето на загатката за ова забавно суштество.

ПЛАТИПУС

Целна група: целото семејство Времетраење: 60 мин. Жанр: документарец

Премиера: недела, 26 јануари во 20 ч

Нова година, нови авантурина Да Винчи лернинг

Во јануари 2014 ќе гледате на Да Винчи лернинг