42

Низ лавиринтот на љубовта

  • Upload
    -

  • View
    244

  • Download
    9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Збирка песни од членовите на литературната секција при СОУ Никола Карев - Струмица

Citation preview

Page 1: Низ лавиринтот на љубовта

0

Page 2: Низ лавиринтот на љубовта

1

Средно општинско училиште„Никола Карев“ – Струмица

Низ лавиринтот на љубовта

Збирка песни од членовитена Литературната секција

Година 18 Свеска 18

Април 2011 Струмица

Page 3: Низ лавиринтот на љубовта

2

Page 4: Низ лавиринтот на љубовта

3

ЛетМалечок сокол леташедодека неботопочна да темнее.Летот негов беше празен,колеблив, молчалив...Тажни погледи фрлаше.

Небото беше сиво,дождот паѓаше остро,светеа и молњи,удираа громови...А тој самого бараше сонцето.И ќе го најде сепак...

Ниту небото сиво го спречи,ниту облаците го измамија.Летна високо, многу високо,и уште повисоко...Стигна до светлосташто долго ја бараше.

Летот негов беше долг,но летот негов беше храбариако се мачеше долго...И запре,светлоста ја најде сепак.И повеќе не беше

само малечок сокол.Сега беше сонце...

Марија Крстева IV8

Page 5: Низ лавиринтот на љубовта

4

ДопирСе воздигнувам,тргнувам напред,до мене стигнуваеден повик гласени го слушам гласот– но не е јасен...

Ме повикуваш...Но што ми вредикога уште те нема,погледот мој те следи,мене само допир ми треба...

И те стигнувам,две раце се допираати сите тешки мостовисо тој допир паѓаат...

И денот е убав,те гледам по долго времеи тука никнува едно семе...Утринската роса паѓа,а допирот од твојата раканов трн во мене раѓа.

Марија Крстева IV8

Page 6: Низ лавиринтот на љубовта

5

СкитникСкитник...Се чувствувам како осамен скитник.Бегам од реалноста, живеејќи во минатото,a ни не помислувајќи за иднината.Плаќам...За некои грешки плаќам...Скапо плаќам...Се движам низ темните и влажни сокацикако разбојник,kој се срами од самиот себе си.Како безизлезна личносткоја спојува од живиот свет.Стравува да живее... Да комуницира...Не сторив ништо, а плаќам за сѐ!Лежам во ковчег од гнев...Гнев кој ми ја затемни душата.Како да го изкорнам тоа чувство од мене?!Како, кога греби како канџа од разгневен орел.Погледот ми е празен.Не зборувам, а во мене врескам.Во градите носам горчина која ме гуши...Ми горчи...За што да се борам, кога одамна изгубив сѐ!Се изгубив и себе си!Немам среќа, топлина, насмевка, разбирање,веќе немам ни надеж.Едноставно кога ќе погледнешподлабоко од површината,Ќе видиш сѐ се сменило.И јас и ти и тој и таа...Така матно ми изгледа сѐ...Животот ми стана крут.Се премина од бело во црно...Од топло во ладно...сѐ!

Даниела Алексова II9

Page 7: Низ лавиринтот на љубовта

6

Секогаш молчамПритисната од тешките греди на молкот,Го газам гнилото лисје под нозете,Прегладнета за твојот зборИ пак молчамДолината ми зборуваИ пред тебе ги крши прститеНа челичните катинариБез сведок, без минатоСамо за тој мигСамо за еден зборИ пак молчамСветлината на водената плочаСе скрши како огледало;А секое парче - пак молчиСобрано во купЗаедно со гревот.Молчам и кога усните зборуваатСо глувоста на зборот.И пак молчам.Секогаш молчам.

Јагода Глигорова IV1

Page 8: Низ лавиринтот на љубовта

7

Невозвратена љубовЉубовта е нашата најчеста макаСреќата во неа е когаЌе се увериме дека некој нѐ сака!Таа е искраКоја трепери во мојата душаОчајно го бара срцето,Кое ќе го топли и слушаМногу е тешко кога некому ќе кажеш те сакам,А назад нема да добиеш рака.Ти го сакаш него, а тој друга сака.Каква е оваа љубовНадеж што ми вети.Миговите се тешки,А деновите клети.Ќе кажам добро, и ова ќе поминеНо сѐ уште сум збунета, а времето минеСекој ден од телово, за него е спремен да гине.Се гледа само црниот облак на синото небоЈа искажувам љубовта, а го кријам гневотСекогаш кога во љубовтаЌе одам на десно, тој фаќа на левоЗа оваа љубовШто сега пеам,јас знам дека некогашСлатко ќе се смеам.

Јулија Васкова II10

Page 9: Низ лавиринтот на љубовта

8

Херојот од изгубената песнаСтивна ноќната музика,Една светлина се всели во мојатаКелија од зборови, јас самаЗачекорив во светлината, со мојотГовор го вознемирив просторот.

Ајде Марина, не биди Спасител,Со зборови расели го небото,Истури дожд над жедната пустина,Згазни ја опашката на темнината,Тешка е песната, зашто овдеАтмосферата не допира до пејачот.

Милоста не е за поетот,Зошто песната сака потик, аОвде нема ни тага за пеење, ниЉубов за херојот, а каде е љубовта?И љубовта отпловила, отидена е да зрачи.

Марина Ристова III2

Page 10: Низ лавиринтот на љубовта

9

Муза на трагедијатаКако пристоен човек бев поет,Современик на моето „да“, аПротивник на туѓизмите во јазикотИако тоа беше премногу вулгарно.

Насамо во четири очи запрашав којЕ богот на соништата и одличноСфатив дека јас сум благословена,Горда на својот единствен идол.

Времето го нареков „во преградВолците со пците“, затоа што живеамсредe стадо волци, а и единственитеМои кучиња не касаат.

Ми велеа дека сум пола човек,Пола риба, зборувам и молчам,Едно ветувам, друго исполнувам,А сепак бев херојот од комедијатаНа нивниот живот.

Изборот беше мој, како наслов наМојата цел напишав: „Беља од умот“,Иако ми велеа дека среќата е воЗадоволството на животот, сепак јасСум обичен човек, муза на трагедијата.

Марина Ристова III2

Page 11: Низ лавиринтот на љубовта

10

Мојата сива загуба„Лавот не пасe трева, но јаoтстапува на оние што пасат“--така прозбори поетот во мене,Така прозбори мојата сива загуба.

„Почетокот е всушност половинатаОд крајот“ - така го опиша тоаМојот разум, моето единственоПостоење, така прозбори мојата сива загуба.

„Перото е посилно од мечот, правиПодлабоки рани од ладнокрвноста“--така одговори човекот во мене,Така прозбори мојата сива загуба.

Марина Ристова III2

Page 12: Низ лавиринтот на љубовта

11

Ден и ноќСпијам во гнездото на соноти ги одгатнувам тајнитена денот и ноќта.Во полусон ја гледамразголената снага на ноќтаСрамежливо скриена во црна шамијапред мугрите на денот.

Црната кралица без игла и конецја соши виделината на денот;Без вода и сапун ја изми росатаБез ѕвонлива песна го разбуди соноти замина таму откај што дојде,за пак да се врати.

Празнорака останав пред светлинатаШто се роди од сончевиот зраки се спушти како бела завесадо престолот на утрешнината.Невидена, недопрена, нескриена.

Јагода Глигорова IV1

Page 13: Низ лавиринтот на љубовта

12

ТиНекој немир ми го излудува срцето...Некоја чудна убава болка ме измачуваи не ме остава ни секунда...Неколку минути без твоето присуствоме прават луда...Многу е и еден ден без тебе.Ти си присутен во моето секојдневие,во секоја моја мисла,во секоја намера.Ти си искра која ја покренуваМојата сила и со тебе сум најсилна !

Македонка Делиџакова II1

Page 14: Низ лавиринтот на љубовта

13

НемирСамо ангелитекои во ноќите ме чуваат,ме познаваат..Само тие знаат колку ноќити беше причинатакоја ме држеше будна до зорите.Само тие знаат каков немира воедно и спокој пробуди во мене.Само тие знаат деканишто сум без тебе...а ти треба да знаешдека овие зборови не се за секого.Овие зборови излегоаОд срцево мое кое лудоЧука по тебе!

Македонка Делиџакова II1

Page 15: Низ лавиринтот на љубовта

14

МолчамНеправди...Злоба...Завидност...ГорчинаЛажни насмевки...Остри погледи...Само дел од карактеристиките на денешнината.А јас ... молчам!Наоколу невините клечат и молат со солзи во очитепред нечесните,додека на нивните лица беснеатѓаволски насмевки.А јас ... молчам!Ѓаволот го води светот кон пропаст, нечовечностДодека ангелите само ѕиркаат плашејќи се да погледнат,а камо ли пак да сторат нешто.А јас ... молчам!Злобата уништува буквално сѐ,додека добрината ја наплаќа цената за стореното.А јас... молчам!Куршумите од несреќа ги погодуваат оние кои се борат,И ги принудуваат да паднат онаму долу,додека другите се високо над нив,диригирајќи така како што самите сакаат.А јас ... молчам!Не знам зошто, но постојано молчам...

Даниела Алексова II9

Page 16: Низ лавиринтот на љубовта

15

СпоменЉубев, љубев силносо срце отворено,го љубев тојшто не ме сакаше,се задоволив со трошкибакнежи рутински,милувања, какообично ракување.Си заминами остави спомен,наметка од болки исткаена,се обвиткав, ми натежна силноама не ме затопли.Ледени санти го притиснале срцето,беспомошно се препушти,остана заробено.Земи ја наметката од споменине ми требаги има премногу,цело телосо рани отворениќе оставаат лузни,за цел животспомени.

Елизабета Филева III3

Page 17: Низ лавиринтот на љубовта

16

НадежиТие во мене умирааткршејќи се во беснословен ритамодземен од сладотна недостижни гроздовиискален од огнот на туѓи горења,стиснат во урина,на моето несвесно пеплосување.Тие во мене умираатНе знаејќи дека се мртви.по моите стапки урагани се креваатза да однесат и живо и мртвоод заостанатите илузиишто како бостанја држеа душата за тлотокоја жедна за почивкабара да си прилегнево невидливо гробје.Тие во мене умираати шумот на нивнотопоследно издишување,ми го препишаа како наследствоод времето когаво трепет ги чешлави со панделки ги дотерави со страв набљудувавкако ги пречекоруваатулиците на сознанието,надвор од мене!

Добрилка Атанасова I7

Page 18: Низ лавиринтот на љубовта

17

Чиј сиНа која ги нудиштвоите румени усни.На која ли испраќаштопли погледи одтвоите очи.Која ли е таа штоима ангел покрај себе,додека го следам залезотна сонцето.Чија ли коса мрсишсо твоите нежни раце.На која го подаруваштвоето срце, која е таа...

Маре Брндевска IV1

Page 19: Низ лавиринтот на љубовта

18

Твојот погледВо тебе, во твоетосрце што ли се крие?Скржавецу, сета љубовсите погледи ги чувашсамо за себе.Погледни длабоко во себе,откриј ја твојатаскриена страна.Погледни барем еднашво мене, за да сесеќавам вечно на тебеи твојот поглед...

Маре Брндевска IV1

Page 20: Низ лавиринтот на љубовта

19

ГрешницаДалеку под еден борти ми кажа еден збор:да сум твоја грешницанестварна убавица.Солзата скриенаво очите поигруватагата со горчинаме убива, ме убива.

Еј, млади луѓе, очајни,земете ме како грешницасо вас да сум скитница,в темна улица;Среќата така ме казнува.

Еј, среќо, сега дојди мида ме гледаш како умирам без жал.Види ги среќните и несреќните;Со мојот глас те барам јас,Слушни ме.Љубовта е како ноќдоаѓа со силна моќ;Времето го запираи душата ја допира.

Го слушам и срцетонемир го исполнуватопол здив ми испраќа,изгорува.

Јагода Глигорова IV1

Page 21: Низ лавиринтот на љубовта

20

Згрешив еднашНе сум веќе јас во твоите очи,како пелин мојот живот горчи.Мојата тага в гради не ја збирамногу тежи, а јас сепак сум жива.

Лажна надеж да ми дадеш баремкако другар в образ да ме бакнеш,еден збор за добра ноќ да кажешќе те чекам среде ноќ в сонда ми дојдеш.Ноќта мина, тебе пак те нема.Сега збогум, од тебе си одам,знај веќе нема да се вратам.

Згрешив еднаш, грешна ќе сум довекЉубев верно, љубев грешен човеккамен фрлив јас пред портии ги затворив.Тежок камен што го носевјас во моите гради.

Јагода Глигорова IV1

Page 22: Низ лавиринтот на љубовта

21

Кога ќе се вљубишЉубовта е благослов,љубовта е света,љубовта од ден на денсѐ повеќе цвета.

Љубовта знае и да прободесо невидлива стрела,секогаш е како вруток,толку силна, толку врела!

Ќе мислиш си се вљубилаи низ неа ќе пробиеш лесно,но таа крие правило важно,за тројца е премногу тесно.

Срцето везден ти бранува,а љубовта во гради ти бие,чекај го денот, чекај,кога срцето за некого ти бие.

Наташа Витанова IV1

Page 23: Низ лавиринтот на љубовта

22

Убавите спомениСети се на убавите спомениод детството твое...Не заборавај да погледнеши во срцето мое.

Се навикнав да страдамдлабоко во себе...Но не се навикнав дабидам далеку од тебе.

Не чуди се што во срцевомое го кријам јас иметотвое.

Наташа Витанова IV1

Page 24: Низ лавиринтот на љубовта

23

Далеку си од менеДалеку си од мене,недостижен си какоѕвездите и месечината.Не ја допрев твојатарака, ниту пак твоитерумени усни.Твојот лик го гледамво секоја слика.Твојот глас одекнуваод сите страни, а тебеангелу мој те нема.Дојде го украде моетосрце и замина, сега сидалеку од мене, но блискудо моето срце.

Наташа Витанова IV1

Page 25: Низ лавиринтот на љубовта

24

СамаЕте го доживеав и тоа.Чувството на самотија ме допре.Го почувствував вистинската смисла на зборот сама.Се изгубив во просторот полн со нејаснотии,а ветерот што дува како да ме турка кон невидливоста.Товарот ми го отежнува секој следен чекор.А јас сум сама...Секоја врата ми се затвори.Аголот, каде што се засолнив, ми е дом...Топол дом, иако студот ме сви.Погледот го заробив во искинатата тетратка,полна со спомени...Тишината ми пречеше, но сега веќе ми претставуваединствена мелодија која сакам да ја слушам.Сама сум...

Даниела Алексова II9

Page 26: Низ лавиринтот на љубовта

25

Бура од емоцииМорници низ моето тело...Студ... Несоница... Тага... Копнеж...Надеж... Бес... Љубов...Студот почна да си поигрува со мене.Несоницата ме сви...Тагата ја храни мојата душа и оваа ноќ.Копнежот да те имам повторно,ни за миг не ме напушта.Надежта само ме турка по долу кон дното.Бесот ме повикува на непосакувани нешта...Ах Љубов!Чувствувам бура од емоции.Каде си?! Со кого си?!Дали сега веќе кога се заврши, насмевкатазаигра на твоето лице?Те немам...Осаменоста ме гуши... Ме зароби...Сега веќе владее над мене.Низ заматениот прозорец, по кој се лизгааголемите капки дожд,погледот ми залута барајќи...Барајќи...Барајќи нешто послатко од сѐ!Нешто што до неодамна беше мое...Нешто што секој би го посакал...Те бара... тебе!Знаејќи дека веќе никогаш нема да ми се вратиш,чувствувам се поголема желбада те допрам, да те бакнам, да те имам,онака како што јас умеам!

Даниела Алексова II9

Page 27: Низ лавиринтот на љубовта

26

ПејзажГледам како потокѕвонливо истекува,слушам како славејсо песна се јавува,фиданка од почвамистики ми откривапеперутка од цвет на цветкрилја среќно раширува,ливадите со својот килимзеници маѓепсуваат,дрвјата горделивосочни плодови подаруваат.

Васко Василев III15

Page 28: Низ лавиринтот на љубовта

27

Под стреите на поезијатаЗасолнет длабокоОставам вечни миговиТаинствени мислиВо сите облаци.Вибрација пробуденаВо секој стих испишанЖарот не згаснуваСе претвора во оганМастилото разлеаноСвети со чуден сјајЗборови оловниПаѓаат во дно без крајЧувства трезвениделуваат опојноМетафорично прашањево потсвест скриено.

Васко Василев III15

Page 29: Низ лавиринтот на љубовта

28

Низ лавиринтот на љубовтаОглувеното чувствоВо мене го разбудиМе натера да ги преминамСите мостовиТвоите усни аловиМе натера да сонувамМагија ми направиВезден срце брануваЗаслепен сум не можамПат да пронајдамСамо од допирот твојИнспирација добивам.Сите тајни врати,Ти ги заклучиНо вистинскатаЗа нас двајцата ја остави.

Васко Василев III15

Page 30: Низ лавиринтот на љубовта

29

Уште една ноќУште една ноќСо прекрасна - блескава моќМоќта долета и удри во менеЦела ноќ да те сонувам тебе.Заспивам бавноНа сон те сретнавСонот да трае си велевНо залудно од него се селев.Сонот остана во менеНоќта беше приказна за тебе.Навистина оваа ноќИмаше прекрасна моќ.

Габриела Кирова I8

Page 31: Низ лавиринтот на љубовта

30

Априлска росаПоглед маслинов пак ме прати,се закорени пој на душата јаден,од мака, јад, болка и тага,се всели во мене и копнежот гладен.

За да ме нагризува тој смело,кога очајно ќе гледам како по пат одиш.Не знаеш, не! Ти не знаеш,што значи да сакаш, да бараш и да молиш!

Замина со дигнато чело,нека на него не се роси капка тага.Простено е кога ти клетона лажливецот му нудиш лага.

Не запирај да чекориш додека спијамна прозорецот обвиткан од расцутен јасмин.Оди, не погледнувај кон мене,за моето срце пак болка да не сети.

Не би имала снага, ни јас клеталага врз лага на плеќи да носам.Животот е тоа, а не бајка.Замина сега веќе е доцна,ќе истраам само во собата тесна,ладна како пролетна априлска роса.

Александра Георгиева I8

Page 32: Низ лавиринтот на љубовта

31

Зошто сте таквиОдете си вие проклети денови на лагата!Зошто постојано ме следите?Зошто постојано ја мачите мојата душа?

Тука сте само кога ви требам,а не сте тука кога ми требате.Земате кога ви давам,а не давате кога ви барам.

Човек ви бара вода, а вие го храните со леб,човекот ви го отвора својот свет храм,а вие удирате со камен и плукате во него.

Зошто сте такви?

Моето срце е ковчеже со клатно катанчесе отвора за вас,а вие бесполезно го трошите богатството.Во него има љубов, колку добрината на Бог,во него има топлина, колку светлината на Бог,во него има чистина, колку молитвите на Бог.

Сте го оставиле она што е до васза да го стигнете она што е пред вас.Тогаш кога ќе сакате да се вратите,тогаш ќе биде премногу доцна.

Александра Георгиева I8

Page 33: Низ лавиринтот на љубовта

32

БлагодарамЗа топлата прегратка силна,за насмевката подарена милна,за првото зборче изречено,за првата солза радосница –благодарам со љубов!

И солзите некогаш кажуваати насмевката ни се чита од лицеи погледот кажува многу,но зборовите мајчински најсилни се!

За богатството најголемо, неизмерно,за наследството трајно, силнои заветот кон моите идни внуци,би ви дал и кристално небои добрина добра како лебот,но сѐ е незначајно, малку,затоа илјада пати благодарам!

Христина Коцева I8

Page 34: Низ лавиринтот на љубовта

33

Три долги неделиТри долги недели од тебеод тебе ни трага, ни зборови.Три бескрајни неделизар,тебе тоа не те боли?Денови, ноќи, часовиза тебе и тишината моли,денови, ноќи, минутизар, тебе тоа не те боли?Три долги неделипразнина в душа остави,солзата лузна направизар, тебе тоа не те боли?

Ева Маткова III9

Page 35: Низ лавиринтот на љубовта

34

За нашата љубовАко некогаш некогаш се сетишна деновите од минатото,сети се на мене.

Тогаш бев детекое те сакаше,дете кое се будешеи заспиваше мислејќина тебе.

Заборави ги деновитекога се разделувавме,солзите кои се тркалаапо нашите лица.Но во срцеточувај ги спомените за нас,спомените за нашатаискрена љубов.

На мене сеќавај сесамо како дел од твоето минатодел од твојата младосткако најубав цветод твојата градинакој ќе цвета вечново твоето минато.Сети се и заплачина некое друго рамоза нашата изгубенамладешка љубов.

Ева Маткова III9

Page 36: Низ лавиринтот на љубовта

35

Во ноќта долгаВо ноќта долгаседам самаи си мисламзошто те нема?

Гледам во неботоги барам ѕвездите,надевајќи се дека вонив ке најдамодговор за онашто толку боли.

Чувствувам, еве,некој ме теши:“не плачи,за сѐ има надежсѐ ќе помине и ќевидиш колку еубав овој свет”

Koга ги затворамтажните очи,те сонувам тебекога бевме заедно,толку среќни,не мислејќи,кој ден е, колку е часот...

Сега сум сама...Ева Маткова III9

Page 37: Низ лавиринтот на љубовта

36

Koга би можелПлачот на облаците ќе гопретворам во радост.Секоја пролеана солза ќе јапретворам во роза,а една роза би подарил и на мене.Но сепак ти си толку блиску,но далеку од менебидејќи токму плачот и солзитенас не разделија.Секое невозможно би го направилда биде возможно, но се прашувамдали би можел тебе да тевратам повторнопокрај мене...се прашувам,а одговорот сепак однапред го знам!!!

Александар Поцев III9

Page 38: Низ лавиринтот на љубовта

37

Почнувајќи од денесПочнувајќи од денес,од секој агол на моето срцети ги подарувам моите тајни.Тоа е само за тебебидејќи знам дека во секојагол од моето срце теима само тебе.Почнувајќи од денесќе ти кажам декате сакам и дека неможамда живеам без тебе,бидејќи токму ти симојата тајна, мојата судбинаи сон.Од мене сѐ до тебеод денес па до века.Александар Поцев III9

Page 39: Низ лавиринтот на љубовта

38

АнгелСекој ден сонувам да сум со тебе,секое утро мислам на тебе.Но за жал ова моја мечтаникако да се оствари бидејќиживотот нас нѐ раздели.Дали е сон или јавешто ти мој галебе, слета намојата дланка.Те фатив, те прегрнав, ноти одеднаш полета,полета кон небесата каконајубав ангел.Летај, летај ангелу мој,и летај кон небесата, нознај дека мојата љубовкон тебе е вечна.Александар Поцев III9

Page 40: Низ лавиринтот на љубовта

39

Содржина

Лет................................................................................................................................................3Допир.........................................................................................................................................4Скитник......................................................................................................................................5Секогашмолчам....................................................................................................................6Невозвратенаљубов...........................................................................................................7Херојотодизгубенатапесна.............................................................................................8Музанатрагедијата..............................................................................................................9Мојатасивазагуба.............................................................................................................10Дениноќ................................................................................................................................11Ти................................................................................................................................................12Немир......................................................................................................................................13Молчам..................................................................................................................................14Спомен....................................................................................................................................15Надежи...................................................................................................................................16Чијси........................................................................................................................................17Твојотпоглед.........................................................................................................................18Грешница...............................................................................................................................19Згрешиведнаш...................................................................................................................20Когаќесевљубиш..............................................................................................................21Убавитеспомени................................................................................................................22Далекусиодмене.............................................................................................................23Сама.........................................................................................................................................24Бураодемоции..................................................................................................................25Пејзаж......................................................................................................................................26Подстреитенапоезијата................................................................................................27Низлавиринтотнаљубовта..........................................................................................28Уштееднаноќ......................................................................................................................29Априлскароса......................................................................................................................30Зоштостетакви?.................................................................................................................31Благодарам...........................................................................................................................32Тридолгинедели...............................................................................................................33Занашатаљубов.................................................................................................................34Воноќтадолга......................................................................................................................35Koгабиможел.....................................................................................................................36Почнувајќиодденес.........................................................................................................37Ангел........................................................................................................................................38

Page 41: Низ лавиринтот на љубовта

40

Литературната секција при нашето училиштедосега ги има издадено следниве стихозбирки:

1994 - Нива, а во нивата плодови1995 - Како нежен ветрец, како росно цвеќе1996 - Желби, солзи и спомени1997 - По стапките на радоста,

во сенката на љубовта1998 - Мирисот на ружите1999 - Од изворот до утоката2000 - Тивки чекори под сонцето2001 - Ноќта ја покрива тишината,

ѕвездите ја плетат судбината2002 - Месечината е сведок

на нашата љубов2003 - Тајни љубовни2004 - Птица што лета над моето небо2005 - Моите солзи се ронат како бисери2006 - Виножито и љубов2007 - Море направено од солзи2008 - Постела од ѕвезди2009 - Нашите сказни2010 - Лозинка за тајната2011 – Низ лавиринтот на љубовта

Page 42: Низ лавиринтот на љубовта

41

Издава:

Средно општинско училиште„Никола Карев“ – Струмица

Директор:Слободан Вета

Уредници:Софија ДавчеваТанка БожиноваДанче Ѓоргиева

Компјутерска подготовка:Танкица Димонцалиева IV8

Цонка Атанасова IV8

Марија Крстева IV8

Александра Андонова IV8

Техничко опремување:Трајан Божинов