13
Анархијата и алкохолот CrimethInk. Ex-Workers’ Collective. crimethink.com Наопаку 011 burntheguilt.blogspot.com

Анархијата и алкохолот

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Crimethinc.

Citation preview

Page 1: Анархијата и алкохолот

Анархијата и алкохолот

CrimethInk. Ex-Workers’ Collective.

crimethink.com

Наопаку 011

burntheguilt.blogspot.com

Page 2: Анархијата и алкохолот

2

Page 3: Анархијата и алкохолот

3

Пијани, навистина

Анархијата и алкохолот

Лом, статива, камен, зелка, партал, тиква, авион, распад, свиња, крш, сокрш, натрескан,

уништен, здрвен. Сите имаат слушнато како арктичките луѓе имаат стотина зборови

за снег; ние имаме стотина зборови за пијанство. Ние ја одржуваме нашата култура на

пораз.

ЕКСТАЗА И ИНТОКСИКАЦИЈА: За свет исполнет со волшебство, или анархохолизам?

Почекајте – можам да го видам изразот на вашите лица: дали овие анархисти се толгу

ригорозни што го отфрлаат единствениот забавен аспект на анархизмот – пивото

после протестите, алкохолот во пабовите каде што се развиваат теориите? Како

всушност, тие се забавуваат – ја навредуваат единствената забава која ја имаме? Зарем

не смееме понекогаш да се опуштиме и добро да се забавуваме?

Немојте погрешно да нѐ разберете: ние не сме против уживањето. Напротив, ние го

поддржуваме. Дефиницијата за аскет на Амброз Бирс е „слаба личност која подлегнува

на искушението за откажување од сопственото задоволство“, и ние се согласуваме. Како

што Чак Баделар напишал, секогаш морате да бидете возбудени – сѐ зависи од тоа. Значи,

ние не сме против пијанството, туку против пијалокот! Оние кои го прифаќаат пијалокот

како пат кон пијанството, се откажуваат од живот исполнет со волшебство. Пијалокот,

како кафето или шеќерот во телото, игра таква улога во животот, каква што самиот

живот може да си обезбеди. Жената којашто никогаш не пие кафе, истото не ѝ е потребно

кога ќе се разбуди наутро: нејзиното тело создава енергија и самото се фокусира, како

што правело низ илјадници години еволуција. Доколку редовно пие кафе, нејзиното тело

дозволува кафето да ја преземе таа улога, и таа станува зависна од него. Исто како што

алкохолот обезбедува краткотрајни моменти на релаксираност и опуштање додека го

осиромашува животот од сѐ што е ослободувачко и пријатно. Доколку некои трезни луѓе

во ова општество не делуваат немирни и слободни како нивните пијани современици,

тоа е чиста културолошка случајност, случаен доказ. И покрај тоа, тие пуританци

постојат во свет исцеден од сета магија и генијалност од алкохолизмот на нивните

сонародници – единствената разлика е што тие се толку самокритични што ја одбиваат

дури и лажната магија, духот од шишето. Другите „трезни“ луѓе, чиј однос кон животот

може да биде опишан како волшебен и среќен, се презадоволни, ако погледнете подобро.

За овие индивидуи – за нас – животот е постојано славење, живот на кој не му е потребен

додаток и од кој не ни е потребен одмор. Алкохолот, исто како и прозакот и сите

останати лекарства од кои Големиот Брат заработува многу пари , го заменува лекот со

симптоматичен третман. Ја намалува болката од глупавото, безначајно постоење

најмногу за неколку часа, а потоа ја враќа двојно. Не само што ги заменува позитивните

дејства кои би ги предизвикале основните причини за нашата безнадежност – туку и ги

спречува, бидејќи се троши многу енергија за успешно заздравување од пијаната состојба.

Исто како туризмот на работникот, пијалокот е отпусен вентил кој ја намалува тензијата,

а го одржува системот кој ја создава истата. Во ова модерно општество, ние сме

навикнати да се гледаме себеси само како прости машини со кои може лесно да се

управува; додади ја потребната супстанца за да го добиеш посакуваниот резултат. Во

Page 4: Анархијата и алкохолот

4

нашата потрага по среќа, здравје и смисла на животот, ние употребуваме најразлични

лекови – виагра, витамин ц, вотка - наместо световно да им пристапиме на нашите

животи и да се обидеме од корен да ги решиме нашите проблеми. Овој начин на живот

насочен кон производи е основата на нашето отуѓено конзумерско општество: без

конзумирање на производи, ние не можеме да живееме! Ние се обидуваме да ги купиме

опуштањето, заедницата, самопочитта – дури и екстазата доаѓа во апче!

Ние сакаме екстазата да биде начин на живот, а не викенд забава која го уништува

црниот дроб. „Животот е срање – начукај се“ е основата на аргументот кој влегува во

нашите уши дирекно од устите на нашите господари, а потоа излегува од нашите

полуотворени усти, одржувајќи ги случајните и непотребните вистини на кои можеби се

однесува тој аргумент – но, ние повеќе не паѓаме во таа замка! Против алкохолизмот – во

корист на пијанството! Запалете ги продавниците за алкохол и заменете ги со

игралишта.

ЛАЖНА БУНТОВНОСТ

Речиси секое дете во Западното меинстрим општество расте со знаењето дека

алкохолот е забрането овошје во кое неговите родители уживаат, а нему му е недостапно.

Забраната го прави пиењето повозбудливо за младите луѓе, и кога ќе добијат можност,

тие веднаш ја употребуваат нивната независност правејќи го тоа што им е кажано да не

го прават: иронично, тие се бунтуваат следејќи го примерот на нивните родители. Оваа

хипокритска шема е стандардна за воспитување на децата во нашето општество, и ги

репродуцира деструктивните однесувања кои, во спротивно, би биле агресивно одбиени

од новите генерации. Фактот што лажната моралност на многуте родители коишто пијат

е огледана во лажната духовна практика на религиозните групи, помага во создавање

лажна дихотомија меѓу пуританското самоодрекување и слободните пијаници коишто го

сакаат животот – со „пријатели“ како баптистичките свештеници, ние се прашуваме,

кому му се потребни непријатели? Овие заговорници на бунтовно пијанство и одговорна

апстиненција се лојални непријатели. Првите им се потребни на вторите за да можат да

изгледаат весело нивните тмурни ритуали; вторите им се потребни на првите за да

можат да најдат смисла во нивната ригидна трезност. „Веселата трезност“ која се бори со

мрачноста на првите и нејаснотијата на вторите – лажниот притисок и лажната

дискреција – е аналогна на анархизмот кој се спротиставува на лажната слобода

понудена од капитализмот и лажната заедница понудена од комунизмот.

АЛКОХОЛОТ И СЕКСОТ ВО КУЛТУРАТА НА СИЛУВАЊЕТО

Ајде да признаеме: речиси сите доаѓаме од место каде што нашата сексуалност е, или

била, окупирана територија. Ние сме биле силувани, злоупотребувани, напаѓани,

засрамувани, замолчувани, збунувани, програмирани. Ние сме опасни типови и ги земаме

животите во сопствени раце; но, за повеќето од нас, тоа е бавен, сложен и сѐ уште

незавршен процес. Тоа не значи дека не можеме да имаме добар, безбеден секс додека ги

зацелуваме нанесените повреди – но тоа го прави сексот покомпликуван. За да бидеме

сигурни дека не создаваме или помагаме во создавање негативни навики во животот на

партнерот, ние мораме да бидеме способни да комуницираме јасно и чесно пред

работите да станат жешки и тешки – и додека се такви, но и потоа. Многу малку сили ја

попречуваат оваа комуникација како алкохолот. Во оваа култура на одрекување, ние сме

Page 5: Анархијата и алкохолот

5

охрабрени да го употребуваме алкохолот како социјален лубрикант кој ни помага да ги

надминеме нашите ограничувања; многу често, ова значи игнорирање на нашите

стравови и лузни, и никакво сочувство за туѓите. Ако е опасно, а во исто време и

прекрасно, да имаме трезен секс, тогаш колку е опасно да го правиме тоа пијани,

неодговорни и неповрзани? Кога зборуваме за сексот, вреди да се спомене и

поддржувачката улога која ја игра алкохолот во патријахалните меѓуполови односи. На

пример – во колку нуклеарни семејства алкохолот помогнал во одржување на

нееднаквата распределба на моќта и притисокот? Самоуништувачкиот однос на пијаниот

маж, најверојатно предизвикан од ужасите на преживување во капиталистичкото

општество, наметнува уште поголем товар врз жената, која мора некако да го одржи

семејството заедно – често за времетраење на неговото насилство. А кога зборуваме за

односи...

ТИРАНИЈА НА АПАТИЈАТА

Секој анархистички проект во којшто сум учествувал бил уништен или речиси уништен

од алкохол. Ќе создадете колективен животен однос и сите се премногу пијани или

издрогирани за да ги извршуваат и најосновните работи, а камоли да одржат однос на

почит. Сакате да создадете заедница, но после концертот сите одат во своите соби и

пијат до смрт. Доколку не е алкохолот, тогаш е нешто друго. Разбирам дека обидот за

уништување на нашата свест е природна реакција на тоа што сме родени во отуѓувачки

капиталистички пекол, но јас сакам луѓето да видат што ние анархистите правиме и да

си речат, „Да, ова е подобро од капитализмот“... што е тешко да се каже доколку не

можете да се движите наоколку без да згазнете на некое шише од пиво. Никогаш не сум се

сметал себеси за стрејт еџ, но заеби, нема да го трпам ова повеќе!

Се вели дека кога познатиот анархист Оскар Вајлд го слушнал слоганот ако е

понижувачки некој да владее со тебе, тогаш колку е понижувачки самиот да си ги бираш

владетелите, тој одговорил: „Ако е понижувачки самиот да си ги бираш владетелите,

тогаш колку е понижувачки да бидеш свој сопствен господар!“ Ова, секако, била критика

на сопствените хиерархии длабоко вкоренети во секој човек, но и на демократското

општество - но, за жал, неговата умна забелешка може буквално да биде применета за

тоа како завршуваат некои од нашите обиди за создавање анархистичка средина. Ова

посебно се однесува на обидите спроведени од пијани луѓе. Во одредени кругови,

посебно во оние во кои зборот „анархија“ е пред сѐ мода, слободата се сфаќа негативно:

„Не ми кажувај што да правам!“ Во основа, ова не е ништо повеќе од применување на

правото на поединецот да биде мрзелив, себичен и неодговорен за своите постапки.

Оттаму, кога некоја група ќе започне некој проект, најчесто мало, одговорно малцинство

мора да ја работи целата работа ако сака проектот да успее. Овие свесни поединци

најчесто делуваат авторитативно – иако, незабележливо, апатијата и непријателството

на нивните пријатели ги става во таква положба. Да бидете пијани и неуредни цело

време е себично – ги принудува другите да чистат по вас, да размислуваат трезвено кога

вие не сакате да го правите тоа, да го апсорбираат стресот предизвикан од вашето

однесување кога сте премногу пијани за разговор. Помислете на моќта која можеме да ја

имаме доколку сета енергија и напор во светот - или можеби само вашата енергија и

напор? – којашто се троши на пиење да се употреби за бунтување, градење, создавање.

Пробајте да ги пресметате сите пари кои анархистите во вашата заедница ги трошат на

корпоративни производи, и замислете си колку музички инструменти и храна (а не

Page 6: Анархијата и алкохолот

6

оружје.. или, заеби, оружје) можат да бидат купени – наместо да ја финансираме војната

која се води против сите нас. Уште подобро: замислете си свет во кој претседателите

умираат од преголема доза, а радикалните музичари доживуваат длабока старост!

СОЛИДАРНОСТА И ТРЕЗНОСТА

Како секој животен стил, без разлика дали тоа е разбојништво или синдикално

членство, апстиненцијата од алкохол понекогаш може да биде сфатена како крај, а не

почеток. Над сѐ, многу е важно нашите сопствени избори да не бидат лажна причина да

веруваме дека сме подобри од тие кои донесуваат различни одлуки. Единствената

стратегија за споделување добри идеи која е безгрешно успешна е моќта на примерот –

ако ја примените „веселата трезност“ во вашите животи и таа функционира, тогаш оние

кои искрено сакаат слични нешта, ќе ви се придружат. Осудувањето на луѓето чии одлуки

влијаат само врз нив самите е штетно за секој анархист – исто така ги намалува шансите

да ги прифатат изборите кои вие ги нудите. Оттаму доаѓа прашањето за солидарност и

заедница со анархистите и останатите луѓе коишто употребуваат алкохол и дрога. Ние

мислиме дека ова е исклучително важно. Особено во случаите кога одредени луѓе се

обидуваат да се ослободат од непотребните зависности, солидарноста е од исклучителна

важност. Во секој случај, ние анархистите треба да се запрашаме себеси: дали ја заземаме

нашата позиција само за да се чувствуваме супериорни во однос на обичните луѓе – или

бидејќи навистина сакаме да понудиме достапни алтернативи? Покрај тоа, многумина од

нас кои не се зависни од супстанци можат да им бидат благодарни на нашите

привилегии и добра среќа; тоа создава поголема одговорност и потреба да бидеме

сојузници со оние кои немаат такви привилегии или среќа. Толеранцијата, понизноста,

достапноста и чувствителноста треба да бидат квалитетите кои ги поседуваме, а не

циничноста и гордоста. Без сепаратистичка трезност!

РЕВОЛУЦИЈА

Значи, што би правеле доколку не одиме во барови, на забави и не гледаме телевизија

пиејќи пиво? Сѐ останато! Социјалниот импакт на зависноста од алкохол во нашето

општество е речиси исто толку важен колку и неговите ментални, економски и емотивни

последици. Пиењето го стандардизира нашиот социјален живот и зазема дел од осумте

часа во денот кои не се окупирани од работата. Нѐ поставува во просторот – дневни соби,

коктел барови, железнички пруги – и во контекст – во ритуализирани, предвидливи

однесувања - на начини поексплицитни од системите за контрола. Често, кога некој од

нас ќе успее да ја избегне улогата на работник/конзумер, алкохолот е тука, да го пополни

просторот кој се отвара пред нас. Ослободени од овие рутини, ние би можеле да најдеме

други начини да ги потрошиме слободното време и енергија, начини кои можат да се

покажат опасни за самиот систем на отуѓување. Алкохолот, секако, случајно може да биде

дел од позитивни и предизвикувачки социјални интеракции – проблемот е што тој се

смета за неопходен во денешното социјализирање и социјализација. Меѓутоа, ние

можеме да ги создадеме овие интеракции кога сакаме, а за тоа ни се потребни само

нашите креативност, чесност и смелост. Навистина, без овие нешта, ништо нема

вредност – дали некогаш сте биле на лоша забава? – а со нив, алкохолот е непотребен.

Кога неколку личности ќе престанат да пијат, тоа изгледа неразумно, како тие да се

откажуваат без причина од друштвото на нивните блиски човечки суштества. Но,

заедницата создадена од такви луѓе може да создаде радикална култура на трезна

Page 7: Анархијата и алкохолот

7

авантура и дејствување, култура која може да понуди возбудливи можности за

активности ослободени од алкохол. Вчерашните бубалици и осаменици можат да бидат

утрешните пионери на новиот свет.

Нема војна освен класната војна – нема коктел освен молотовиот коктел!

АЈДЕ ДА ЗГОТВИМЕ НЕВОЛЈА!

КАКО ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА СТАНА НЕЧЕСТИВА

или КАКО НЕЧЕСТИВИТЕ СТАНАА ЦИВИЛИЗИРАНИ

Анархо-примитивистички стрејт еџ: Против неговата историја, против

алкохолокаустот!

Историјата на цивилизацијата е историја на пивото. Во секоја епоха или земја

недопрена од цивилизација, нема пиво; спротивно на тоа, секаде каде што има

цивилизација, има и пиво. Цивилизацијата – односно, хиерархиските општествени

структури и натпреварувачките односи кои произлегуваат од неа, неконтролираниот

развој на технологијата и општото отуѓување – изгледа се необјасниво поврзани со

алкохолот. Нашите мудреци, кои гледаат во минатото и иднината за да можат да ги

надминат границите на оваа штетна култура, раскажуваат поучна приказна да ја објаснат

оваа врска:

Повеќето антрополози велат дека цивилизацијата се родила со почетокот на

земјоделството. Овој прв чин на контрола над земјата ги навел луѓето да мислат дека се

одвоени од природата, ги принудил да создадат седечки општества и да станат

посесивни, и довел до развој на приватната сопственост и капитализмот. Но зошто,

ловците-собирачи, чија средина им ја обезбедува сета потребна храна, се населувале на

едно место и се откажувале од номадскиот собирачки живот кој го практикувале од

почетокот на времето? Изгледа многу веројатно – и многу антрополози се сложуваат со

ова – дека првите луѓе кои се припитомиле себеси го направиле тоа за да прават пиво.

Оваа драстична реорганизација во името на интоксикацијата сигурно ги разнишала

темелите на племенските структури и начини на живот. Овие „примитивни“ луѓе порано

живееле во релаксиран и внимателен однос со земјата – однос кој им овозможувал лична

слобода и безбедна заедница, но и слободно време за восхитување на волшебниот свет

кој ги опкружувал – но, тие го замениле тоа со периоди на тешка работа и периоди на

пијана некомпетентност и одвојување. Не е тешко да се замисли дека оваа состојба го

забрзала, или уште подобро, го направила неопходно издигнувањето на господарите и

нивното преземање на моќта, кои се погрижиле тешките задачи создадени од седечкиот

начин на живот да бидат извршувани од пијаните и неспособни племенски луѓе. Сигурно

делувало дека животот е невозможен без овие шефови и примитивните судски системи

кои ги воспоставиле: и така, под лажното покровителство на алкохолот била создадена

ембрионичната Држава. Ваквиот патетичен начин на живот сигурно не бил привлечен за

луѓето кои живееле во близина на пијаните земјоделци; но како што знаат сите

историчари, ширењето на цивилизацијата не било доброволно. Бидејќи им

недостасувале манирите и однесувањето на нивните претци, овие пијани дивјаци

Page 8: Анархијата и алкохолот

8

сигурно предизвикале многу војни – војни кои, за жал, господарите ги добиле

благодарение на воената ефикасност на нивните автократски армии и постојаните

залихи на храна кои нивните потчинети фарми ги обезбедувале. Но, дури и овие

предности немало да бидат доволни доколку не поседувале тајно оружје: алкохолот.

Непријателите кои во нормални услови одлично би се држеле на бојното поле, паднале

пред културолошкиот напад на пијаниот раскош и зависност кога трговијата – еден од

пронајдоците на земјоделците, кои исто така станале и првите скржавци, првите трговци

–го донела овој отров во нивното опкружување. Започнал патот на конфликти,

зависности, порази и асимилации, пат кој може да биде следен низ историјата од лулката

на цивилизацијата, од Римските војни до холокаустот извршен врз домородното

население на Новиот свет од страна на крвожедните европски колонизатори. Но, ова е

само приказна, претпоставка. Ајде да се консултираме со книгите по историја (читајќи

меѓу редови на одредени места бидејќи овие книги се напишани од вчерашните

освојувачки убијци и нивните послушни робови... историчарите!) и да видиме дали

нашата приказна е во согласност со доказите. Ќе започнеме со почетокот на

земјоделството, кога првите племиња се населиле на едно место – на плодните брегови

на реките, каде пченката и јачменот лесно се одгледувале и ферментирале во големи

количини.

ПРИПИТОМУВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ – СО АЛКОХОЛ

Енкиду, слабичок, неуреден, речиси ѕверски примитивен човек, кој јадел трева и молзел

диви животни, сакал да ја тестира сопствената сила против Гилгамеш, кралот-бог.

Гилгамеш испратил проститутка кај Енкиду за да види кои се неговите сили и слабости.

Енкиду поминал една недела со неа, за чие времетраење таа го научила сѐ за

цивилизацијата. Енкиду не знаел што е тоа леб, ниту знаел што е тоа пиво. Таа му рекла

на Енкиду: „Јади го лебот, тој му припаѓа на животот. Пиј го пивото, бидејќи тоа е обичај

на земјата“. Енкиду испил седум чаши пиво и неговото срце се возбудило. Потоа се измил и

станал цивилизирано суштество

- Првиот запис на цивилизацијата, епот за Гилгамеш, напишан 3000 г. пред новата ера, го опишува

припитомувањето на примитивниот Енкиду со пиво.

Најстарите автентични записи за правење пиво се стари преку 6000 г. и се запишани во

Сумерија, најстарата човечка цивилизација. Сумерија исто така ја имала првата позната

државна религија, а официјалниот „божествен“ пијалок на оваа религија бил подготвуван

од свештеничките на Нинкаси, сумерската божица на алкохолот. Химните на Нинкаси

всушност биле инструкции за подготување алкохол! Првата колекција на закони,

Законот на Хамураби од Вавилон, одредувал дневни порции на пиво во зависност од

социјалниот статус: конзумирањето на пивото одело заедно со хиерархијата. На пример,

работниците добивале два литри, додека свештениците и кралевите пет литри.

[Направете еден интересен експеримент. Запрашајте се колку алкохол – и од каков

квалитет – добивате во денешно време, и што кажува тоа за вашата положба во

општеството.] Внимателно разгледувајќи ја важноста на алкохолот во овие антички

законодавни книги, историчарите почнале да претпоставуваат дека основната функција

на хиерархијата била да дозволи некои луѓе да складираат огромни количини алкохол и

да обезбеди доволно работници – пацифизирани од нивните недоволни порции на алкохол

кои го обесхрабрувале револтот или бегството – кои ќе продолжат да ја обработуваат

Page 9: Анархијата и алкохолот

9

земјата и да подготвуваат алкохол. Кралевите користеле златни цевки за пиење пиво од

големи садови, традиција која е зачувана низ Западниот свет, со единствената разлика

што денес се користат пластични цевки. Водечката улога на алкохолот во оваа првична

хиерархија лесно се препознава, дури и со брзо препрочитување на овие податоци: во

сите авторитетни режими „правдата“ била од исклучително значење, а казната за оние

кои ги прекршувале законите кои се однесувале на алкохолот била смрт со давење. Иако

пивото било нов производ, тоа влијаело речиси на секој дел од растечката човечка

цивилизација. Пред парите, пивото се користело како стандардно средство за размена –

пари пред парите! Во антички Египет, буре со пиво било единствениот пригоден подарок

за Фараонот кога сте ја барале раката на неговата ќерка, а буриња со пиво биле нудени на

боговите кога Нил се излевал. Како што се ширела цивилизацијата, така се ширело и

пивото. Дури и во зафрлени региони како Финска, пивото играло важна улога:

Калевалата, античката финска епска поема, имала двапати повеќе стихови посветени на

пивото отколку на создавањето на земјата. Подготвувањето на пивото можело да биде

видено секаде каде што имало цивилизација, од неразвиените села на германските

варвари до боговите-императори во античка Кина. Само оние човечки суштества кои

живееле во хармонија со дивината, како домородните луѓе во Северна Америка и делови

од Африка, останале ослободени од алкохолот – барем некое време. Класичните грчки и

римски цивилизации биле еднакво натопени со алкохол колку што биле натопени со крв

– целиот антички свет бил изгубен во колективен мамурлак. Ова сигурно им помогнало

на благородниците и филозофите да го прикријат фактот дека основата на нивната

„света демократија“ била потчинувањето на жените и големиот број робови.

Најпознатото дело на „класичната“ книжевност, Симпозиумот, опишува пијанка во чија

главна улога се појавува Сократ, кој бил познат по неговата натчовечка толеранција на

алкохол. Изучувајќи го неговото глорифицирање на абстракното над реалното, човек сѐ

уште може да го почувствува горкиот здив на еден пијаница.

ПИВОТО И ДРЖАВАТА

Римската империја конечно пропаднала, како што е случајот со сите империи

(вклучувајќи ја и оваа, по ѓаволите!), после генерациски долга пијана оргија на

декаденција и дегенерација. Највлијателните преживеани биле пивото и

христијанството. Подготвувањето на пивото некогаш била активност на жените – но со

развојот на католичката црква, монасите ја преземале таа активност, уништувајќи го

едниот од последните бастиони на првобитниот матријахат. Монасите, трошејќи ги

сопствените животи во молитви, се потпирале на пијалокот да им го олесни мизерниот

религиозен пост – и без некое големо изненадување, пивото не било сметано за

прекршување на нивните заклетви за некозумирање. Конзумирањето на пивото во

манастирите достигнало нечуени размери, бидејќи на монасите им било дозволено

дневно да конзумираат дури до пет литри пиво. Папата и раните императори како

Шарлеман лично го надгледувале процесот на подготвување на пивото, надевајќи се дека

ќе произведат совршен пијалок кој ќе ја уништи нивната свест и свеста на нивните

поданици. Раѓањето на капитализмот и националната држава почнале со

комерцијализацијата на пивото. Манастирите, коишто произведувале повеќе пиво

отколку што можеле да испијат, почнале да го продаваат по околните села, и овие божји

луѓе ги создале некои од првите доброорганизирани и високопрофитни организации. Со

слабеењето на моќта на црквата и со развојот на националната држава, кралевите и

Page 10: Анархијата и алкохолот

10

војводите почнале да ги затвораат манастирите кои биле ослободени од плаќање данок.

Тие почнале да го лиценцираат производството на пиво на растечката трговска класа,

наметнувајќи голем данок кој ја забрзал централизацијата на моќта во овие нации.

Пивото станало неразделен дел од секоја ноќ и секоја прослава. Божиќниот „Yuletide“, на

пример, доаѓа од „Ale Tide“. За да ги пацифизираат жените на нивната прва брачна ноќ,

бил создаден особено потентен „Bride Ale“, и од таму доаѓа зборот невестински (bridal).

Насекаде триумф на пијанството, насекаде триумф на Бог и државата.

НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА И ПРИКАЗНАТА НА ХМЕЉОТ

Производителите на пиво и другите нема да употребуваат ништо друго освен слад,

хмењ и вода. Овие производители нема да додаваат ништо дури ни кога го служат или

употребуваат пивото, под закана од смртна казна.

- Закон за чистота на пивото и евгенеза на Баерс-Ландшут

Додека манастирите го комерцијализирале пивото, а националната држава цветала од

неговата заработка, тајно сестринство на производителки на пијалоци продолжило да

постои во селата, ферментирајќи чудни и извонредни пијалоци за сиромашните и

отфрлените од средновековното општество. Овие „вештерки“ ферментирале боровинки,

магарешки трња, корења, рузмарин, пелин, буника – сите со свои единствени дејства и

потентност. На пример, додека пијалоците базирани на хмељ биле седативи, многу други

ферментирани пијалоци ги лекувале болните, ги смирувале лутите и им давале надеж на

безнадежните. Селаните се собирале во нивните села и пиеле свети пијалоци

произведени од квасец кој нивните баби го пренесувале од генерација на генерација.

Како што ги пиеле овие диви и разновидни пијалоци, така се будела нивната свест за

наметнатата деградација од поповите и кралевите, и тие се бунтувале против нив.

Бидејќи овие револти биле чести и опасни, посебно во Римската империја, различни

германски благородници се здружиле да ги уништат културите кои ги потхранувале.

Војводата од Баварија, Вилхем IV, го донел Законот за чистота на пивото за да ја уништи

секоја субверзивна активност на ферментирање. Од 1516, пивото можело да се

произведува само со седативен хмељ: и како последица на тоа сиот алкохол бил

хомогенизиран, и сета медицинска и обновувачка технологија за ферментирање била

изгубена. Пивото базирано на хмељ предизвикува недостаток на координација,

неможност за јасно размислување и бавна смрт – квалитети кои се потребни да ги

направи германските селани и модерните работници неспособни за бунт. Жените кои

порано биле почитувани произведувачи на пијалоци во селата, сега биле ловени и горени

на клада како „вештерки“. До ден денешен, вештерките најчесто се претставени со

нивните казани за подготовка на пијалоци. Палењето на вештерките на основа на

еретичко производство на пијалоци продолжило до 1519. Со овој колеж, последните

независни и креативни центри за производство на пијалоци биле уништени, а жените

биле клекнати на колена пред пијаниот Бог на покорените монаси и алчните господари.

Преку алкохолот, обичниот народ бил потчинет и животот во Средниот век станал

одвратен, краток, насилен – и над сѐ – опијанет.

Page 11: Анархијата и алкохолот

11

ГЛОБАЛЕН АЛКОХОЛИЗАМ

Навистина, доколку намерата на субдината е да ги ископа овие дивјаци и да направи

место за обработувачите на земјата, тогаш не делува невозможно румот да биде

средството. Тој веќе ги има уништено сите племиња кои порано го населувале морскиот

брег.

- Бенџамин Френклин - кој ја „открил“ струјата, меѓу другото – иако народните научници би рекле дека

тој ја открил струјата колку што Колумбо ја открил Америка. Можеби „припитомувач“ е посоодветен

збор? Како и да е, да се вратиме на нашата приказна.

Како што европската цивилизација го започнала своето канцерогено освојување на

светот, пивото лојално го предводело нападот. Првите трговци, Ханса, извезувале пиво

дури во Индија. Колонизацијата на САД започнала со доаѓањето на аџиите во Плимут Рок,

а не појужно како што било планирано, бидејќи останале без залихи: „посебно нашето

пивце“. Основачите, Вашингтон и Џеферсон, покрај тоа што биле аристократи кои

поседувале робови, исто така биле производители на пиво. Случајност? Корените на

колонијалниот геноцид ја носат смрдеата на долготраен кошмар предизвикан од алкохол

- речиси секоја домородна култура која ја сретнале Европјаните била уништена од

европскиот алкохол и болести. Ширењето на огнената вода меѓу домородното население

во Северна Америка оди рака под рака со разнесувањето на ќебиња заразени со мали

сипаници. Многу од овие култури, без искуство од илјадници години на цивилизиран

алкохолизам, претрпеле многу поголеми штети од овој „цивилизиран напиток“ отколку

Европјаните. Меѓу алкохолот, болестите, трговијата и оружјето, многу од нив биле брзо и

потполно уништени. Овој процес не бил единствен само за Северна Америка – бил

повторуван низ светот со секое европско освојување. Иако супстанцата не била насекаде

иста (понекогаш бил опиумот, на пример, Опиумските војни кои ги водела Велика

Британија за да ја освои Кина), алкохолот во повеќето земји бил сметан за најпогодна

алатка за пацифизација. Индустриската револуција била забрзана од очекувањето за

производство на пиво преку целата година, бидејќи температурите потребни за

подготовка на пивото природно постојат само во зима. Парната машина измислена од

Џемс Ват била веднаш употребена од Карл вон Линде за вештачко ладење,

овозможувајќи им на луѓето кои имале цивилизациска инфраструктура да

произведуваат пиво во секое време, на секое место. Спротивно на општото верување,

Луис Пастер ја измислил пастеризацијата за производство на пиво, а дури подоцна била

прифатена од млечната индустрија. Квасецот, кој природно може да се најде во воздухот,

веќе не се користи во таа состојба од модерните произведувачи на пиво, бидејќи

научниците изолирале една квасна клетка и го искористиле нејзиното вештачко

размножување за производство на пиво. Со пронаоѓање на подвижната лента, пивото

почнало масовно да се произведува. По два века, алкохолната индустрија – како сите

капиталистички индустрии – била консолидирана од неколку компании кои биле

феудално управувани од неколку семејства, како познатиот пивски синдикат на

Анхеусер-Буш (познат по врските со десничарски групи и религиозни фундаменталисти).

За други врски меѓу алкохолот и десничарските/фашистичките дејности – можеби ќе се

сетите каде Хитлер го иницирал неговото преземање на Германија.

Page 12: Анархијата и алкохолот

12

СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ПИЕЊЕ

Не е претерување да се каже дека алкохолот одиграл клучна улога во епидемијата на

фашизмот, расизмот, империјализмот, колонијализмот, сексизмот и патријахалноста,

класната опресија, неконтролираниот технолошки напредок, религиозното суеверие и

другите лоши нешта кои ја прекриле земјата во последните неколку милениуми. И

продолжува да ја игра истата улога и денес. Луѓето од целиот свет се конечно

универзално припитомени и поробени од глобалниот капитализам и се пацифизирани и

беспомошни од постојаните залихи на духови. Овие зли духови го трошат времето,

парите, здравјето, фокусот, креативноста, свесноста и пријателството на сите луѓе кои ја

населуваат оваа универзално окупирана територија – „работата е проклетство на

пијаните класи“ како што има кажано Оскар Вајлд. Не е за изненадување што таргет

групата за рекламирање на ефтиниот алкохол се луѓето кои живеат во гетата на САД:

луѓето кои, доколку не се пацифизирани од зависности и заостанати од самоуништување,

би биле во првите борбени редови во војната за уништување на капитализмот.

Цивилизацијата ќе биде уништена кога ќе се појави револуционерно движење кое ќе ја

спречи поплавата на алкохолот кој ги имобилизира масите. Светот сега очекува трезност

која може самата да се брани, очекува радикална визија неизвалкана од алкохол, очекува

револуционерна трезност која ќе нѐ врати во екстатичката состојба на дивост.

НАШЕТО АНТИ-АВТОРИТЕТНО НАСЛЕДСТВО

Не е доволно запомнето дека строгото вегетаријанство и апстиненцијата од алкохол се

вообичаена слика во радикалните кругови веќе стотици години. Долга е листата на

еретици, утописти, реформатори, револуционери и поединци кои низ историјата ги

прифатиле овие животни стилови како основни елементи на нивната борба. Ќе го

оставиме создавањето на таа листа на ентузијастичките читатели или опсесивните

критичари – доволно е да кажеме дека примерите се движат од Фририх Ниче и Малколм

Х до EZLN кои го забраниле алкохолот по барање на Советот на жените бидејќи не

можеле повеќе да ги трпат глупостите кои ги правеле нивните пијани мажи.

(Капиталистичката влада на Мексико се обидела да ја поткопа револуционерната

активност со увезување на бесплатно пиво во селата како Окосинго; Запатистите

одговориле со поставување барикади и борба против војниците кои се обиделе да им ја

наметнат оваа „слободна трговија“.) Една од најдобрите песни на Public Enemy ја напаѓа

улогата на алкохолот во експлоатацијата и опресијата над афроамериканската заедница.

Можете да бидете сигурни дека анархистот Леон Чолгош бил трезен кога го убил

претседателот Вилијам Мекинли. И, секако – би можеле ли да заборавиме? – тука секогаш

е Јан Мекеј. Од друга страна пак, можете да замислите колку ќе напредувала борбата

доколку луѓето како Нестор Мано, Ги Дебор, Џенис Џоплин и огромен број анархо

панкери ја фокусирале сопствената енергија кон создавањето и уништувањето кое толку

го посакувале, наместо да се опивале до смрт?

ДОСТА Е ИСТОРИЈА! НЕКА ЗАПОЧНЕ ИДНИНАТА!

Веројатно сето ова зборување за минатото и луѓето ве остава рамнодушни. Секако,

историјата може да биде мртва – и историјата на освојувачките армии и убиствените

претседатели е навистина историја на смртта. И покрај тоа, ние можеме да научиме

нешто од минатото, исто како што можеме да научиме нешто од другите луѓе доколку ја

Page 13: Анархијата и алкохолот

13

вклучиме нашата имагинација. Професионалните историчари и нивните робови можат

да ја наречат оваа состојба субјективна и пристрасна, но која од нивните истории не е

субјективна и пристрасна? Во секој случај, ние не сме оние чија плата зависи од

корпоративното спонзорство и поддршка. Дури и ако одлучите дека оваа историја на

алкохолизмот е вистинита, за име божје, немојте да гледате во минатото и да барате

некаква одамна изгубена состојба на примитивна трезност која – колку што знаеме –

можеби никогаш не постоела. Најважно е што правиме сега, какви истории создаваат

нашите дејства. Историјата е остаток – или подобро, измет – од таквата активност; да не

се удавиме во неа како квасец, туку да научиме од неа тоа што треба и да ја напуштиме.

Да не дозволуваме ништо да нѐ сопре, дури ни алкохолот, колку и да е интегриран во

нашата култура. Тие пијани деспоти и религиозни фундаменталисти со големи стомаци

можат да го уништат сопствениот свет и да се задават од сопствената историја, но ние

носиме нова иднина во нашите срца – а моќта да ја спроведеме, во нашите здрави црни

дробови.