70

Магазин Револуција бр.59

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: Магазин Револуција бр.59
Page 2: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 14 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Животниот пат на Глигоров ............................................................. 09

Ниту едните го присвоија, ниту другите го оцрнија ........................... 17

Претседателот и народот кој го сакаше ............................................ 25

Подлабока почит од странските медиуми .......................................... 32

Владеењето на Глигоров преку очите на Македонците ....................... 42

По Арапската пролет, револуцијата само што започна ....................... 45

2012 - Претседателски избори во САД .............................................. 49

Државни пари за „пипкање“ дечиња?!! ............................................. 54

400 магистри без работа .................................................................. 58

Музика подложена на импровизации ................................................ 60

Биг Бен - пулсот на Лондон ............................................................. 62

BREAKING IN (2011) ........................................................................ 65

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected] Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе

Симовски, Елизабета Најдоска – Величкова, Симона Митровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Пописни маки Одговорност за пропаднатиот

попис, побараа пратениците од опозицијата во свој

Предлог-закон за нов попис.

Пратениците од владејачкото

мнозинство, пак, го сметаат предлогот, со кој се бара

пописот да биде од 1 до 15

април 2012 година, за

неефикасен.

Пратениците од опозицијата

во своите излагања повикуваа

на одговорност за неуспешниот попис во

октомври и посочување на

причините. Тие сметаат дека е

потребен нов со кој ќе бидат

поправени пропустите. За владејачкото мнозинство, пак,

нивниот предлог нуди

идентичен текст како и во

претходниот закон кој поради различното толкување на

методологијата се покажал

неефикасен и ако се прифати,

ќе се повторат недоследностите. Политиката

е многу комплицирана работа

драги мои... Нашиве

пратеници не можат да се договорат за еден попис, ама

сите запнале во ЕУ и НАТО да

нè носат... Мислам дека некои

луѓе треба малку посериозно да си ја сфатат работата. Па

срамота е да не можеме еден

попис да спроведеме како што

треба... Инаку устите, кога треба нешто да се пофалиме

ни се поголеми од Пацификот!

Грците дебатираат - ние

„спиеме“ Во фокусот на дебатата со

наслов „Наредните чекори во

односите меѓу Грција и ПЈРМ“,

што се одржа во грчкото МНР,

како што пренесува Дојче веле, беше прашањето дали е

неопходна промена на

стратегијата по

неодамнешното решение на Судот во спорот околу името.

Кофос, кој е и некогашен

дипломат, истовремено се

залага за откажување од спогодбата и за започнување

билатерални преговори за нов

меѓудржавен договор врз

основа на релевантните резолуции на ОН.

Европарламентарецот и

поранешен портпарол на

грчкото МНР - Јоргос

Кумуцакос се заложи еден таков чекор да не изгледа

како „некој вид рефлексна

реакција“, туку „да биде

поврзан во една севкупна стратегија“. Поддршка за

можното откажување на

спогодбата искажа и

Александрос Маљас, дипломат, прв шеф на грчката

канцеларија за врски во

Page 6: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

Скопје, кој сепак нагласи дека

и по откажувањето, таа

останува во сила за наредни 12 месеци. Тоа време, според

него, обата партнера треба да

го искористат за интензивни

преговори. Со Грците, драги мои, нема

трте-мрте и покрај фактот

дека се пред банкрот, си ја

тераат и политиката што им е од национален интерес... А

нивен национален интерес е

по сè изгледа да ни го

променат уставното име... Еве гледате и сами дека си

организираат дебати на таа

тема...

Мислам дека е време и ние да организираме една таква

дебата да ја дефинираме

нашата црвена линија и да се

разбере до каде сме во преговарачкиот процес. Треба

јасно да се дефинираат некои

работи, во спротивност пред

очите на светската јавност се претставуваме во не толку

добро светло. Време е и

политичките субјекти во

земјата да се изјаснат, кој е за и кој против промена на

државното име.

Обама треба да ја внесе

Македонија во ЕУ Сали Мекнамара, политички

аналитичар од фондацијата „Херитиџ“ во анализата за

„Фокс Њуз“ посочува дека

американскиот претседател

Барак Обама на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго ќе

има можност да го покаже

лидерството на САД,

осигурувајќи го пристапувањето на

Македонија во Алијансата оваа

година. Тоа ќе биде знак дека

Обама вистински ја разбира

американската примарна улога во создавање и одржување на

глобалниот демократски

поредок. Мекнамара, вели

дека Белата куќа цинично ја премолчела тиранијата врз

Македонија во врска со

нејзината блокада за влез во

НАТО.

Силно се надевам дека Обама

ќе преземе чекори за нашиот влез во НАТО, но не треба да

забораваме дека

американската администрација

и покрај тоа што нè призна под уставното име, крена раце

Page 7: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

од проблемот со името. Грција

јасно истакнува дека нема да

прекине со политиката на поставувања на вето.

Македонија го заслужува

своето место во НАТО, тоа се

потврдува пред сè од фактот дека наши мировници се борат

рамо до рамо со припадниците

на НАТО-армиите. САД се

глобален лидер и како таков треба да заземат јасна

позиција, во врска со

политиката на Грција кон

нашата држава. Да се надеваме дека повикот на

Сали Мекнамара ќе биде

слушнат. Убаво е кога ќе се

огласи и некој пријател на

Македонија... Аман веќе од советници, олеснувачи и

критичари...

Лековите поевтинуваат Со намалување на големопродажната цена на

лековите ќе се намали и

нивната малопродажна цена.

Просечното намалување на цените изнесува 32,54%, а кај

мал број лекови и до 70%.

Квалитетот на лековите не е

доведен во прашање. Ова, на

прес-конференција го истакна министерот за здравство

Никола Тодоров, кој рече дека

најголеми намалувања на

цените има кај лековите за онколошки заболувања,

бронхијална астма, за

цистична фиброза,

антибиотиците и многу други медикаменти.

Тој посочи дека согласно

последните измени на Законот за лекови и медицински

помагала и донесената нова

методологија за утврдување

на цените, компаниите кои се занимаваат со производство и

трговија со лекови имаа

обврска заклучно со 5 јануари

да достават барање за утврдување цени.

На овој начин во овие неколку

месеци спровеле една од

најголемите реформи во делот на лековите во Македонија и

оти промовираат една мерка

или нова политика, која ќе

овозможи здравствениот

систем поефикасно да ги троши расположливите

средства кои се обезбедуваат

од државата. Сето ова ни

укажува дека многу ќе ни биде мерак, кога ќе појдеме во

аптека и ќе излеземе со кусур

во рацете. Меѓутоа секогаш

има една дилема што ги мачи купувачите. Дали тие дотични

лекови, ќе бидат доставени во

аптеките, со нормални

количини, или можеби ќе ги

снема уште на 5-ти во месецот, па нивната замена,

Page 8: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

ќе биде со поголем

финансиски надоместок? Да не

испадне дека сите промени ги прифаќаме скептично, но ете

времето ќе покаже дали оваа

објава имала само

маркетиншки карактер или е навистина реална.

Портата на рентање До април годинава ќе биде

подготвен ценовник за користење на просториите на

новоотворената порта

„Македонија“, информира

Анета Андоновска, задолжена за информирање на јавноста

за овој објект. Тоа значи дека

секој што ќе посака може да

се договори и да ги користи внатрешните простории за

определени потреби. Портата,

проектно е замислена да

служи за сè што може да

служи, објасни таа, односно е мултифункционална: за

организирање на разни

настани како конференции,

симпозиуми, коктели, тркалезни маси, литературни

читања, промоции на книги.

Изнајмувањето ќе се наплаќа

од час. До април важи промотивниот период на

бесплатно разгледување,

потоа ќе се одреди цена за

билет. Од она што може да се види на

лице место, бројот на луѓе што

може да се соберат внатре во

определените простории за

настани се движи од 50 до 70 лица. Нема прозорци, но затоа

има централно ладење и

греење. Сè уште не е јасно,

само по колку сантиметри ќе

доделат за секој посетител... Физички, реално изгледа

многу мало место за настани.

Сепак не може да се каже

дека Владата овој проект за Скопје 2014-та, го направила

непромислено. Инвестирани се

средства, но смислено е како

да се вратат делумно.

Разгледајте додека можете, потоа сами ќе имате впечаток

дали оваа локација - ќе ви

одговара на вашите потреби.

Не умирајте, скапо е! Во минатата година починале

толку многу пензионери што e

испразнет буџетот за исплата

на солидарната помош за погребување, која изнесува

околу 30 илјади денари.

Според Драги Аргировски,

претседател на Сојузот на

здруженијата на пензионерите, лани починале

600 пензионери повеќе

отколку во 2010 година, со

што ги оставиле во мисла како да го пополнат буџетот за

идните „патници“.

- Транзицијата е црн тунел и

Page 9: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

за нас пензионерите - вели

Аргировски. Тој додава дека

од сметката на пензионерите секој месец се одвојуваат

околу 120 денари, кои

понатаму ќе им бидат

доделени како солидарна помош на семејствата на

починатите пензионери.

Порано тие пари, т.е. помошта

ја исплаќале здруженијата на пензионерите, но поради

некои недоследности, со

години парите се доделуваат

од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тоа укажува на една работа. Не е лошо да си штедите пари

на страна додека стареете,

затоа што светот нè научи

дека не можеш да се потпреш

ниту на најблиските, а камо ли на државата за да ти помогне

во ваква ситуација, на

ненадејна смрт. Тие пари, што

ги доделувале и од далеку не се доволни за пристојни

погреби, но значат многу, кога

ќе ги добиеш како отчет за

сите суми кои ти биле одземани со години и месеци.

Page 10: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Животниот пат на Глигоров Биографија

Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип.

Потекнува од просечно

македонско семејство за тоа

време. Татко му бил занаетчија а мајка му домаќинка. По

презиме, Глигоров бил роден

како Панчев, но бидејќи татко

му бил бојаџија често пати во градот неговото семејство ги

нарекувале и како Бојаџиески.

Кога наполнил доволно години

за да посетува училиште,

односно во 1924 година, директорот на тогашното српско

основно училиште во Штип му

го променил името и презимето

како Ќирило Глигоровиќ. Со такво име тој се задржал се до

1941 година. Од 1928 година се

запишал на тогашната

прогимназија во Штип, каде некое време работел како

библиотекар. Истото го завршил

во 1932 година.

Своето средно образование го продолжил во Скопје на

Машката гимназија, каде станал

и член на гимназискиот кружок.

Во 1936 година се запишал на

Правниот факултет во Белград. Подоцна, се вклучил во

илегалното македонско друштво

„Вардар“ каде станал негов

секретар. Во 1939 година бил уапсен под сомнение дека

работел против тогашниот

империјалистички режим. Но,

набргу бил пуштен. Истата година, во месец јуни, Глигоров

дипломирал на Правниот

факултет.

По завршувањето на студиите

во Белград, Глигоров кратко

време работел како приправник во канцеларија во Белград. Но,

кога на 6 април 1941 година

Белград бил бомбардиран од

страна на Нацистичка Германија, Глигоров се вратил

во Скопје. Овде, се вработил во

„Вардар Банка“ како правник, а

потоа и сам отворил адвокатска канцеларија. На оваа позиција

се задржал многу малку бидејќи

бил наклеветен од страна на

некој соработник дека бил

опасен „србин“.

Така, по втор пат тој бил приведен како комунист. По

пуштањето од притвор,

Глигоров активно се вклучил во

антифашистичкиот илегален отпор, соработувајќи со Кузман

Јосифовски Питу. Истовремено,

за прв пат му било признаено и

учеството во НОВ. Во есента,

1943 година бил формиран Антифашистичкиот

народноослободителен комитет,

по иницијатива на КПЈ. Самиот

Глигоров, во АНОК се вклучил преку Кузман Јосифовски -

Page 11: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Питу. Оваа организација

всушност дејствувала како еден

вид прв зачеток на подоцнежната власт. На

состаноците кои ги одржувале

заедно со другите членови на

АНОК, тематски најмногу се разгледувало прашањето околу

создавање на македонска

држава во составот на

Југославија. Истата година Глигоров се

оженил со Нада, со која имал

две ќерки и еден син.

Во почетокот на мај, 1944 година, Киро Глигоров за прв

пат излегол во партизани.

Истовремено, како член на

АНОК, заедно со уште осум

членови, бил повикан да се вклучи и во подготовката за

АСНОМ. Така, Глигоров станал

член, а подоцна и секретар на

Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, каде

работел во подготовка за

изготвување на политичкиот

реферат. На Првото заседание на АСНОМ, кое се одржало на 2

август 1944 година во

манастирот Прохор Пчински, тој

го водел записникот од истото

заседание, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ.

Истата година присуствувал на

островот Вис како претставник

на Македонија на заседанието на АВНОЈ. По враќањето од Вис,

тој прво се упатил во Белград,

кој веќе бил ослободен, а потоа

и во Скопје. На Второто заседание на

АСНОМ, кое се одржало од 28

декември до 31 декември 1944

година во Скопје, Глигоров исто така зел учество. На тоа

заседание тој прво бил избран

во Президиумот на АСНОМ, а

потоа и како повереник за

финансии при Президиумот на АСНОМ.

Глигоров како

функционер Со формирањето на новата федеративна држава на

Балканот, ФНРЈ, Киро Глигоров

исполнувал повеќе функции. Од

1945 година до 1947 година тој работил како помошен

генерален секретар на

Претседателството на Владата

на ФНРЈ, каде генерален

секретар му бил Митар Бакиќ.

Во 1947 година, од страна на Курдиќ, Глигоров бил упатен во

Министерството за финансии на

ФНРЈ, се со цел да работи на

финансиското планирање, под

надзор на министерот Сретен Жујовиќ. Така, потоа станал и

помошен министер за финансии.

На таа функција се задржал се

до 1952 година. Oд 1952 година до 1953 година работел како

помошен претседател на

Стопанскиот Совет на владата

на Борис Кирдиќ. Од 1953 до 1955 година бил заменик

Page 12: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

директор на Сојузниот завод за

стопанско планирање, каде

директор му бил Сергеј Крајгер. Во 1956 година бил упатен на

работа во Сојузната влада како

секретар за стопанство-

координатор. Истовремено, од 1955 до 1963

година бил и секретар на

секретаријатот на СИС за

општостопански работи. Во 1962 година бил избран за член

на Централниот комитет на СКЈ

Од 1962 до 1967 година бил

сојузен секретар за финансии Кога на 26 јули 1963 година,

главниот град на СР

Македонија, Скопје, го зафатил

катастрофален земјотрес,

Глигоров бил задолжен од страна на СИС за обнова на

Скопје Од 1967 до 1969 година

станал потпретседател на

Сојузниот извршен совет Од 1969 до 1971 година, на

Деветтиот конгрес на СКЈ, бил

избран за член на

Претседателството на ЦК на СКЈ како и на Извршното биро Од

1971 до 1972 година бил член

на Претседателството на СФРЈ

Од 1972 до 1974 година, на

Десетиот конгрес на СКЈ, повторно бил избран за член на

Извршното биро на

Претседателството на СКЈ Од

1974 до 1978 година бил претседател на Собранието на

СФРЈ Од 1978 до 1987 година

бил член на Советот на

Федерацијата, каде повторно бил избран за член на ЦК на

СКJ Во 1987 година Глигоров се

пензионирал, а потоа се

вклучил во тимот за реформи на претседателот на СИС, Анте

Марковиќ.

Враќањето во

Македонија Во 1989-1990 година, кога

завршува социјалистичкото уредување, кога СФРЈ се

распаднала и кога на

просторите на СФРЈ имало

воени дејствија, во Република Македонија се втемелуво

партиски плурализам и се

одржале првите повеќепартиски

избори. Пред да биде составена експертската влада на Никола

Кљусев, во Македонија за прв

претседател бил избран Киро

Глигоров. По завршувањето на

ангаржманите на Киро Глигоров во комисијата на Анте Марковиќ

за реформи, на денот на

републиката, 29 ноември во

Белград, покрај повеќето политички лидери од цела

република, на таа церемонија

присуствувале Глигоров и

членот на Централниот Комитет на СКМ, Петар Гошев. Таму тој

официјално го поканил на

Глигоров да членува во

неговата Комисија и Форум за спроведување на веќе

започнатите реформи најавени

во Македонија. Така, тој ја

прифатил оваа понуда, чија

работа завршила безуспешно во целина поради недостаток на

време.

Со воведување на

повеќепартискиот систем во Македонија, започнале

мегупартиските консултации

околу предлагање на личност за

кандидат за претседател на Република Македонија. Таква

функција дотогаш во

Македонија не постоело. Така,

биле установени Амандмани на

Уставот на СР Македонија, кои

Page 13: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

го навестиле конституирањето

на Македонија како суверена

држава. Тогаш било одржана седница помеѓу трите најголеми

политички партии во

Македонија: СКМ-ПДП

(реформирани комунисти), ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на

Реформските сили на

Македонија. По неуспешната

идеја кандидат за претседател на Република Македонија да

биде митрополитот Скопски и

Повардарски Михаил, тоа му

било понудено на Киро Глигоров.

Така, во почетокот на новата

1991 година, односно десет

дена по конституирањето на

Собранието на Македонија, на дневен ред дошло и расправата

околу изборот за претседател

на Република Македонија. По

првото тајно гласење, Киро Глигоров не ги добил

потребните две третини од

гласовите, поради немање

подршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. Тогаш, тој добил

60 од потребните 80 гласови за

избор на претседател. Но, по

само три дена, ВМРО-ДПМНЕ

излегла со соопштение дека ќе ја поддржи кандидатурата на

Глигоров само доколку за

потпреседател и премиер на

државата биде избрана личност кој е член на нивната партија.

Така, на 27 јануари 1991

година, на седницата на

Собранието на Република Македонија, со 114 гласови

„ЗА“, Киро Глигоров бил

избран за прв претседател

на Република Македонија. На 7 март му го доверил мандатот

на експертската влада на

Никола Кљусев.

Независноста Во почетокот на 1991 година

дошло до тотално распаѓање на

комунистичка СФРЈ. Но, целата југословенска јавност станувала

сè позагрижена поради

конфликтите кои се заострувале

помеѓу јужнословенските

народи. Со избувнувањето на немирите на Косово, а подоцна

и на Плитвичките езера во

Хрватска и Вуковар, во залудна

ситуација влезе и Македонија со испраќање на војници на

бојните полиња.

Подоцна започнал и протестот на мајките кои нивните синови

ги испратиле во Босна, каде

Киро Глигоров се залагал и ги

уверувал дека македонските

војници ќе бидат вратени назад во својата матична земја.

Самиот Глигоров во овој

конфликт се залагал за што е

можно побрзо повлекување на ЈНА од просториите на

Македонија, и сето тоа да

протече без никакви инциденти.

На 28 март Глигоров учествувал на самитот на претседателите

на југословенските републики

во врска со зачувување на

Page 14: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

пријателските односи помеѓу

словенскиот народ, а подоцна,

на 6 јуни 1991 година била предложена Платформа помеѓу

Глигоров и Изетбеговиќ.

Истовремено, Глигоров, како

претседател на Македонија директно учествувал со

генералот Анџиќ во врска со

начинот за повлекување на ЈНА

од Македонија. Така, бил постигнат договор според кој

дислокацијата на ЈНА од

Македонија требало да се

заврши до 15 април 1992 година. Во овој поглед,

Глигоров имал голем придонес

околу зачувувањето на мирот и

стабилноста во Македонија.

Република Македонија со референдумот кој се одржал на

8 септември прогласи

независност. По овој повод

претседателот на Република Македонија Киро Глигоров ја

поздрави насобраната толпа

луѓе со следниве зборови:

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва

на вас и на сите граѓани и

граѓанки на Македонија, да ви

ја честитам слободна, суверена

и самостојна Македонија“. Веднаш по прогласувањето на

независноста на Република

Македонија, Киро Глигоров,

како претседател на Република Македонија, кон крајот на

септември и почетокот на

октомври учествува на

Конференцијата за Југославија која се одржала во Хаг,

Холандија, каде се расправало

повторно околу можноста за

зачувување на мирот и стабилноста на Балканот. По

усвојувањето на новиот

Устав на Република Македонија

на 17 ноември, претседателот

Глигоров веќе на 2 декември упатил писмо до шефовите на

странските држави и влади со

барање да ја признаат

независноста на Република Македонија На 26 јануари 1992

година претседателот Глигоров

за прв пат, како претседател ги

посетил САД и Канада, а притоа учествувал и на состанок во

ООН каде била разгледувана

можноста околу влегувањето на

Република Македонија во таа организација. На 7 април

Република Македонија стана

полноправна членка на ООН,

каде претседателот Глигоров

одржал говор на седницата на Генералното собрание на ООН

На 6 август во Њу Орлеанс,

САД, на Глигоров му било

врачено одликувањето на Американската адвокатска

асоцијација за придонес во

унапреднувањето на правото и

за развој на демократијата. Оваа награда претставувала и

прва за еден претседател или

политичар од

источноевропските земји.

Проблемот со името Веднаш по осамостојувањето и

прогласувањето на независност

на Република Македонија, во Република Грција се кренала

тензија околу новата држава на

Балканот, посебно околу

нејзиното матично име и знаме.

Во овие преговори, активно учество зазема и Киро Глигоров.

Така, кон крајот на 1992 и

почетокот на 1993 година, тој,

по покана од францускиот претседател Франсоа Митеран,

Page 15: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

бил во работа на Франција, каде

на францускиот претседател

директно му го објаснил проблемот околу името на

Република Македонија.

Веднаш по преговорите со

францускиот претседател, Киро Глигоров имал состанок со

министерот за надворешни

работи на Австрија, Алојз Мок,

кој „сакал“ Австрија да биде ставена како посредник меѓу

преговорите за името. Но,

преговорите престанале, откако

од Република Македонија, на чело со претседателот Глигоров,

бил одбиен предлогот на Мок

државата да се вика „Централна

Балканска Република“.

На 12 април 1993 година, согласно мандатот даден од

Генералниот Секретар на ООН,

Бутрос Гали, Сајрус Венс и

Лордот Овен ја започнале посредничката улога во

преговорите за името.

Подоцна, на 11 мај Глигоров се

сретнал со Бутрос Гали, каде во присуство на медијаторите Овен

и Венс било понудено

решението „Бивша

Југословенска Република

Македонија“. По изборите во Грција, кон

Македонија било воведено

економско ембарго, на кој

претседателот Глигоров остро ги осудил овие постапки кон

јужниот сосед, повикувајќи се

во генералното собрание на

ООН за изнаоѓање на решение. Подоцна, на 13 септември, е

склучена времена спогодба за

нормализација на односите со

Грција. По поништувањето на ембаргото, од страна на Белата

куќа во САД бил предложен нов

медијатор, Метју Нимиц, со кој

Глигоров директно има

преговори во Рим, Италија. Во текот на октомври 1994

година во Република

Македонија по прв пат се

одржале непосредни претседателски избори. Киро

Глигоров, како кандидат за

претседател од СДСМ,

повторно е избран за Претседател на Република

Македонија, со освоени 52,4%

од гласовите. Опозициската

ВМРО ДПМНЕ не ги прифатила резултатите од изборите.

Атентатот

На 3 октомври 1995 година врз

претседателот на Република Македонија бил извршен

неуспешен обид за атентат.

Глигоров го преживеа атентатот

со тешки повреди во пределот

на главата. На местото на атентатот загинал неговиот

возач Александар Спировски, а

повреден е и телохранителот на

Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им

подлегна и Ристо Хаџиманов,

пензионер, кој бил случаен

минувач покрај местото на настанот.

Page 16: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Нападот бил извршен со

автомобил-бомба на 3 октомври

во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот

"Бристол" во Скопје, кога

Глигоров со службено возило се

движел од неговата резиденција на работното место во

Собранието на Република

Македонија. Бомбата, поставена

во автомобил АМИ 8, експлодирала кога автомобилот

на претседателот минувал

покрај неа. Од силината на

експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од

возилото се разлетале наоколу.

Автомобилот бил намерно

избран за поставување на

бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се

распадне во повеќе смртоносни

шрапнели. Еден таков шрапнел

и го убил возачот на претседателот.

Нападот дошол по само еден

ден откако во Скопје

претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ,

при што претседателите на

двете земји постигнале договор

за мегусебно признавање на

двете земји. И покрај бројните обвинувања и посочувања, ниту

нарачателите ниту

извршителите на атентатот врз

Глигоров сè уште не се познати. За обидот за атентат врз него,

Глигоров ја напиша и својата

автобиографска книга „Атентат

- ден потоа“, што ја промовира во 2002 година. За време на

закрепнување на Киро Глигоров

од повредите со кој се здоби,

неговата должност ја вршеше, според Уставот на Република

Македонија, тогашниот

Претседател на Собранието на

Република Македонија, Стојан

Андов.

По закрепнувањето, на 10

јануари 1996 година Глигоров

официјално се враќа на

функцијата претседател на

Република Македонија. - На 8 април 1996 година била

потпишана најавената спогодба

помеѓу Република Македонија и

СР Југославија. - На 25 април на меѓународниот

форум Кан Монтана во

Букурешт на Глигоров му била

врачена Големата награда на Форумот.

- Од 15 до 21 јуни 1997 година,

Киро Глигоров бил на

официјална посета на

Соединетите Американски Држави, по покана од

претседателот Бил Клинтон.

- На 5 јануари 1998 година, на

Глигоров во Неапол официјално му била врачена

Медитеранската награда за мир.

- На 26 јануари 1998 година,

Киро Глигоров бил во официјална посета на Руската

Федерација по покана од

претседателот Борис Елцин.

Page 17: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Пензионирање По пензионирањето, Киро

Глигоров е активен како публицист. Неговите мемоари

„Македонија е се што имаме“

објавени во 2001 година, во

Република Македонија се прогласени како бестселер кои

многу бргу доживеаа и второ

издание.

Глигоров е автор и на неколку

дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот

мандат како претседател:

„Македонија е сè што имаме“

(2001), „Атентат - ден потоа“ (2002), „Виорни времиња:

Република Македонија реалност

на Балканот“ (2004) и „Сите

југословенски (стопански)

реформи“ (2006). Глигоров е основач и на

фондацијата Глигоров што

поддржува проекти од

културата и уметноста.

Првиот претседател на

независна Македонија

почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во

Скопје. Тој почина во

длабока старост, на 94

години. Киро Глигоров умре спиејќи мирно во својата

Македонија.

Page 18: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Митко Јованов

Ниту едните го присвоиjа, ниту другите го оцрнија

Едните се обидуваат да го

присвојат како дел од себе со партиска книшка со број еден.

Другите пак, се обидуваат да го

критикуваат, да му ја „залепат“

етикетата дека не бил доволно ангажиран за независна

Македонија. Но, ни на едните не

им успеa да го наредат како дел

од своите редови, ниту пак на другите им успева да му го

оттргнат ореолот на државник,

мудар политичар, со искуство

кое го стави во функција на

својата држава.

Првиот претседател на

независна Република Македонија - Киро Глигоров

беше преголема политичка

тврдина, која беше недостижна

за мерење на кој било друг

политичар кој продефилира на македонската транзициска

политичка сцена. Неговата

политичка големина беше во

недозволувањето да се занимава со евтина,

популистичка, кавгаџиска

политика или поточно

политиканство. Неговата енергија себично ја трошеше за

високите државни интереси на

Македонија. Додека беше претседател на

државата, одвај да имаше

достоен противник на

политичката сцена, тие што го критикуваат поради неговото

минат труд во високата

политика на поранешната

држава СФРЈ, изгледаа смешни и за жалење. Исти такви се и

денешните критизери на

неговата политика по неговата

смрт.

Неговото акумулирано политичко, професионално и

човечко искуство, собирано во

неговиот повеќедецениски

политички континуиран ангажаман, го втемели во

независноста на Македонија. Не

само што му немаше достоен

противник кога раководеше со државата, туку и денеска на

македонската политичка сцена,

сè уште нема политичар кој ќе

успее да го надмине со политика која ќе има такво

значење, какво што имаше

политиката што ја спроведуваше

Глигоров.

Покрај искуството, знаењето, мудроста, одмереноста,

Глигоров го красеше и чесност.

Зад неговото име не стои ниту

еден коруптивен скандал. Македонските граѓани

едноставно го познаваат како

скромен човек, на кого не му се

својствени луксузот, трошењето, особено пак кога станува збор

на државна сметка, или пак на

незаконски начин.

Page 19: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

Токму затоа претседателот Киро

Глигоров имаше поддршка кај

граѓаните, секогаш над 60 или

70 проценти. Тоа е доказ дека ниту едните успеаа да го

присвојат, ниту пак на другите

им успеа да го оцрнат. Тој беше

и останува претседател на македонските граѓани. И покрај

тоа што веќе не е меѓу живите,

би можел да се обложам дека и

денеска кога би се направило истражување на рејтингот на

политичиарите во изминатите 20

години, Глигоров ќе биде на

едната страна, а другите сите на другата страна и повторно нема

да можат да ја достигнат

довербата која ја ужива(ше)

Глигоров кај граѓаните.

Токму затоа, политичарите денеска на македонската

политичката сцена потребно е

да се преиспитаат дали се

достојни за извршување државни функции преку

мерната единца „Киро

Глигоров“.

Во продолжение дел од интервју

на Глигоров пред околу 14

години, на 24 април 1998

година во некогашниот магазин „Форум“.

Автор на интервјуто е

еминентниот драмски автор

Горан Стефановски.

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ: Имаме

многу неуспокоени сеништа од

минатото, нерешени јазли,

кревка државна традиција, монструозни историски поделби,

оспорување од сите страни.

Нашето минато е како

палимпсест. Врз еден слој е нанесен друг, врз другиот - трет

и во нашите училишта

историјата се учи како серија на

насилства. Како да се освои минатото за да стане цврст

темел врз којшто може натаму

да се гради иднината на

државата и на поединецот?

КИРО ГЛИГОРОВ: Минатото,

барем нашето минато, може да

се прочита и да се слушне во

разни верзии: зависи кој сосед, која ориентација, кои политички

и други цели биле во игра во

еден определен историски

период и кој нив ги толкува. Во тој поглед постојат огромни

разлики во гледањето на

нашата историја.

Не можам да заборавам, кога

бев во Њујорк, за прием на

Македонија во Обединетите

нации - целата работа се

случуваше во 24 часа, а таму одеднаш се најдоа Македонци

од речиси сите делови на

светот: од Австралија, Канада и

од Европа. Задоволството кај луѓето беше огромно.

Почувствуваа дека, конечно,

нешто важно се случува и за

нас, како народ. Откога тоа се заврши во ОН, им предложив на

присутните Македонци да се

почестиме со по еден пијалок и

да се дружиме малку. Дојдоа сите, беше доста весело. Меѓу

тие Македонци беше една група

Page 20: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

од седум-осум помлади луѓе,

кршни момци, растеле на

австралиска почва, вработени,

со семејства... Во еден момент, шест-седум австралиски

Македонци ме опкружија и ми

велат: „Господине претседателе,

вие сега убаво зборувавте таму, но направивте една голема

грешка - заборавивте да кажете

дека ние сме потомци на

Александар Македонски! Тоа е дел од нашата историја, ние во

тој поглед сме еден од

најстарите народи кои живееле

на овие простори каде што е сега Македонија“... Јас во

моментот помислив да

разговарам со нив, да

полемизирам, да им кажам дека,

сепак, македонскиот народ се чувствува како словенски. Се

разбира, ние имаме еден однос

кон тие стари антички

Македонци кои што живееле на просторите на цела географска

Македонија и, за време на

македонските кралеви,

постигнале резултати во освојувањето на цели

континенти и дека тоа е нешто

што кај нашиот народ живее.

Меѓутоа, да се идентификуваме

со нив, тоа е многу тешко, затоа што се наоѓаме на едни

простори каде што минале многу

народи, многу војски, многу

војни, се мешале народи и слично. И, им велам, јас не

тврдам дека и денеска меѓу нас

нема некоја капка крв останато

од тие стари Македонци, но треба да се има предвид дека

она што сме го донеле со себе

на тие простори е словенска

крв. Тие ме слушаа и ми велат: „Многу грешите, претседателе,

тука е целата заблуда и на

нашиот народ му се крие чии

сме ние потомци“. Нас, велат,

Словените ни го наметнаа

јазикот и нè направија словенско племе, а ние сме

народ, македонски, кој постоел

од пред Библијата... И јас видов

дека е илузорно да се расправа за таа работа со нив и реков:

Добро, јас немам ништо против

тоа што вие така се чувствувате.

Конечно, точно е тоа дека ние не сме дошле во некоја

ненаселена пустина, некој овде

и пред Словените живеел. Ние

сме се измешале со тој народ што таму живеел. Според тоа,

вашата теза во извесна смисла

држи вода, но целосно да се

идентификуваме со тие антички

Македонци и да заборавиме од каде сме дојдени и како сме

дојдени, тоа, велам, исто така

би било историска невистина. И

така се разделивме.

Гледате, тие работи не се

расчистени. Таа магла во врска

со тоа можеби е проѕирна, но сепак е магличаво тоа наше

минато на кое што секој, од

некое делумно познавање на

општата историја, извлекува

заклучок дека сме ние тие, сол на солта што ја јадат. Мислам

дека е еден голем проблем пред

кој ќе стоиме во идните години

и ќе треба да се расчистува таа работа, но не за нешто

апсолутно да се негира или

отфрли, туку за да се најде онаа

нишка што ќе покаже во која мера тоа е вистина.

Г.С.: Ако добро ве разбирам,

велите дека идентитетот е нешто на што треба постојано,

дисциплинарано и макотрпно да

Page 21: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

се работи. Тој не постои во

лабараториска чиста форма, па

нас ќе не остави мрзеливи и без

одговорности...

К.Г.: Има уште еден проблем,

наследен од минатото, што

треба да се спомене. Тоа, се разбира, е резултат на борбите

што се воделе околу

Македонија, кој ќе ја завладее,

чија ќе биде и, во духот на тоа, разните пропаганди што се

судирале на овие простори, се

судирале и во душите на овие

луѓе што живеат тука. Без оглед дали се работело за

бугарофилска, српска или

фанариотска пропаганда или,

пак, се менувала етничката

слика на Македонија со нараснување на бројот на

малцинства - тој дел од нашата

историја оставил длабоки траги.

Тие и денес, на некој начин, се јавуваат во повампирен вид.

Ние сме поделен народ, тоа

останува историски факт. Иако денес нема ни еден сериозен

политичар или општественик кој

ќе излезе со парола:

„Обединета Македонија!„, „Сите

Македонци во една држава!“, како што, за жал, се

наслушавме такви пароли,

практично, во сите поранешни

југословенски републики. Сепак, тоа тлее, живее кај

Македонецот и се манифестира

на различни начини.

Г.С.: Алберт Ајнштајн го смета

национализмот за „детска

болест и заушки на

човештвото“. За Ричард Алдингтон патриотизмот е

чувство на колективна

одговорност, а национализмот

глупав петел кој гордо кукурика

врз своето буниште. Како да се

балансира патриотизмот за да не премине во шовинизам и

како културниот идентитет,

општочовечката цивилизациска

матрица што секој човек ја носи во себе, да се помири со

строгата национална

припадност, со докажувањето

на она што го нарековте избистрување на маглата на

националното? И како оваа

битка да се води во време на

мултинационален империјализам којшто се

заканува со културно

опустошување и светска

субкултурна урамниловка?

К.Г.: Во сите земји каде што

национализмот доби енормни

размери, беше апсолутен поттик

и повод за бројни страдања што

станаа на просторите на Балканот. Тој национализам се

темели врз една, по мое

мислење, обратно поставена

пирамида. Врвот е долу, а она горе лебди и не може да стои

стабилно, затоа што темелот е

погрешен, не може да ја држи

таа пирамида. Зошто? Зашто на таа превртена пирамида првото

прашање ѝ е: Која националност

си? Потоа ќе те прашаат:

Page 22: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

Граѓанин на која земја си? А

дури потоа, крај на краиштата,

сите сме луѓе. Ако се сврти таа

пирамида и се стави во природна положба, тогаш

примарниот однос мора да биде

дека сме луѓе. Потоа да дојде

прашањето за тоа дека сме граѓани, со свои права и

обврски и со свој статус во една

демократска атмосфера и

држава, а последното прашање е разлики во верата,

националноста итн. Дури тогаш

мислам дека тој проблем би

добил вистински третман, што не е лесно. На тој пат се

наидува на големи пречки.

Еве, сега, да го земеме

повторното раѓање на

потребата, чувството, па и создавањето организации што

треба да ги поврзат сите

славјански народи - преттекстот

за тоа поврзување е да ја одбраниме нашата источна

култура под напливот на

западната култура, што божем

сите ќе нè преплави! Или, да се организираме - а тоа е само

друга верзија на истото -

ортодоксните, православните

земји, од Русија па сè до Кипар,

и да создадеме една брана, прво пред западната култура и

нејзините опасности, а од друга

страна пред муслиманскиот

фундаментализам, затоа што ние имаме што да му кажеме на

светот. Се разбира, јас сум

последен што би заборавил

какви вредности и какви дострели има руската култура,

рускиот јазик итн. Или да

заборавам на големите дострели

што ги има полската, чешката култура и сл. Меѓутоа, тоа е

еден современ вид, чекор по

чекор, на едно блоковско

поврзување на национална или

верска основа, а тоа значи нова

поделба на светот. Тогаш, сето ова што денес претставува

некаква глобализација во светот

и некоја универзална

тенденција, што, се разбира, има уште долг пат да изоди, се

доведува во прашање. Се

заборава дека најубавото нешто

што е создадено за првпат е Европската економска заедница,

а сега народите од Западна

Европа се приклучуваат кон

неа, како и народите од Средна и Југоисточна Европа, сè со цел

Европа да стане заеднички дом

на сите. Тука е крајот на војните

и тука може да се гледа начин

како да се спречуваат војни, судири, големи тензии на

национална, верска или која

било друга основа. А луѓето да

можат заедно да живеат без оглед што еден е католик, друг

православен, трет муслиман,

протестант или што било друго.

Г.С.: Во политиката покажувате

смиреност на зен-будист.

Работите како да имате пред

себе векови време, во кои што

вашите политички противници полека ќе ги приведете на

добрите обичаи. Колку е

ваквиот приод кон политиката

делотворен во „балканската крчма"? Во нашата колективна

потсвест сè уште Црна Арапина

витка со меч врз нашите глави,

а вие упорно зборувате за соживот и за

мултикултурализам.

К.Г.: Прво, тоа не е ништо оригинално. Мислам дека ако се

гледа историјата на нашиот

Page 23: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

народ и низ што сè поминал и

што пропатил, тогаш тој од

војни, насилства, репресии од

каков и да е вид, никогаш не видел добро. Оттаму мислам

дека таа наша ориентација,

македонска, да не треба

повторно да ја платиме цената што сме ја платиле за да ја

имаме таа држава, туку таа

треба да добие само да добие

некои карактеристики - надворешнополитички

субјективитет - што, бидејќи

бевме во заедница на држави,

ги немаше. Мислам дека токму нашиот народ и неговата

судбина го определија тој пат.

Да бевме на кој било начин вовлечени во војната што

беснееше на просторите северно

од нас, прашање е дали

Македонија ќе постоеше. Не

треба ништо друго, освен неколку авиона да ги надлетаат

Скопје, Охрид и Битола - за да

го збришат практично сè она

што претставува основа на нашата култура и на нашето

минато.

Г.С.: Кога повлекувате конкретни политички потези, во

која мера помислувате на тоа

како ќе останете запаметени од

историјата?

К.Г.: Можеби во тој поглед

најилустративен момент е кога

нè примија во ОН. Ми кажуваат

дека нема друг излез, освен да остане ова „бивша

југословенска Република

Македонија“. Сепак, внатре е

содржано „Република Македонија“, а ова „бивша“

порано или подоцна мора да се

избрише. Јас реков - добро,

нека биде така. Ги известив претседателот на Владата, на

Собранието - немаа ништо

против. Утредента ми јавија

дека неформалниот состанок на Советот за безбедност за

нашиот прием ќе биде следниот

ден и јас морам тој ден да

полетам, ако сакам да стигнам

таму за да бидам присутен кога ќе биде официјалниот состанок

на СБ, а за утредента се

предвидува свикување на

Генералното собрание, што треба тоа да го аминува. Јас се

најдов во еден момент

вчудовиден. Што правиме сега?

Прво, знаејќи ги Грците, не сум сигурен дека тие нема нешто да

се премислат во последен

момент, а јас да тргнам на пат и

да испаднам смешен?! Одам да

нè примат во ОН и се враќам како оној „Мартин во Загреб"...

Седам сам во канцеларијата и

размислувам дека сега треба да

се донесе решение - одам или не одам. Ако не отидам, се

пропушта можност пред тоа

Генерално собрание да се каже

што е тоа нова држава и која е нејзината политика. Ќе биде

големо разочарување за сите

овде во Македонија. Тоа би бил

веројатно единствен случај некој шеф на држава, при прием

на неговата држава, да не

Page 24: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

присуствува на тој чин. Така

размислував некои 20-30

минути, па си реков: Тргам јас

на пат, па, сега, ќе биде или срам или ќе биде успех, нека

биде џа или бу! Говор немаше

подготвено, бидејќи не се

очекуваше ништо такво. Си мислам, нема друго време да се

напише говорот, освен додека

се лета преку ноќта. Кога ќе

стасам во Њујорк ќе му го дадам говорот на нашиот амбасадор да

го пречукаат, да го преведат на

англиски јазик, да го поделиме

на новинарите и на другите, а јас ќе го читам на македонски

јазик за да се чуе првпат наш

збор таму.

Мислам дека тоа остави

најголем впечаток врз

Македонците што беа таму. Ја

зазеле целата галерија и цело

време викаат „Да живее Македонија“. Нашите луѓе овде,

бидејќи имаше обезбедено ТВ-

пренос, не знаеја кои се тие и

мислеа: „Гледај сега колкава поддршка имаме, кога цела

галерија вика - да живее

Македонија!“... Но, пред

тргнување, знаејќи дека тоа е историски момент - еднаш се

станува независна држава -

помислив дека треба со мене да

оди барем еден Албанец, за да

бидеме заедно на тој чин. Тогаш

потпретседател на Собранието

беше Ештреф Алиу. Ѝ реков на

секретарката да го побара и веднаш да дојде кај мене. Се

појави човекот за десет минути.

Велам: „Слушај Ештреф, вака и

вака е работата. Ова никој не го знае, тебе прв ти го кажувам.

Можеби утре ќе пукне тиквата и

ќе нè примат во ОН". Тој прво се

израдува, а јас му велам: „Предлагам ти да дојдеш со

мене, за на тој чин да бидеме

заедно - Македонец и Албанец.

Не можеме сите националности да ги собереме, но барем

најголемата“. „Е, вели,

претседателе, јас морам да ја

прашам Партијата. Без тоа не

можам да ти кажам. Јас лично сакам, но не знам што ќе речат

другите". „Тогаш, велам, бргу

барај го претседателот на

Партијата и прашај го, но кажи му дека јас инсистирам на тоа".

Се загуби. Го нема половина час

- еден час, а времето си тече:

треба да се вадат билети, пасош дали има или нема, виза за

Америка... По едно време, дојде

целиот смуртен. Седна и рече

дека не му дозволиле. Му велам

дека тоа ќе биде срамота. А тој само крева раменици и молчи.

Јас му велам: „Слушај нешто да

ти кажам. Јас на твое место би

се решил веднаш. Знаеш зошто? Во овој историски момент, сега

можеби ќе те критикуваат,

бидејќи, спротивно на налогот

на партијата, си отишол на тој настан. Но, ќе помине кусо

време и тие ќе се уверат дека

тоа била твоја правилна

постапка. И тогаш ќе добиеш сатисфакција". Едно време

молчеше и на крајот рече:

Page 25: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

„Море, ќе одам, па што сака

нека биде - нема белки да ме

заколат!". „Браво, бе Ештреф,

дај си рака! Каде ти е пасошот,

каде ти е пасошот, зашто имаме

само еден-два часа на

располагање“...

Page 26: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

Елена Николовска

Претседателот и народот кој го сакаше

Нa почетокот на новата 2012, Македонија го загуби нејзиниот

прв претседател. Тој си замина

на истиот начин како што се

појави за прв пат. Мудро и мирно. Го обвинуваа за многу

нешта додека беше жив, меѓутоа

по неговата смрт неговиот народ

за првпат вистински го запозна својот прв претседател.

Многумина не го знаеја неговиот

животен пат, не знаеја колку бил

овој човек начитан, колкаво

минато стои зад него и колку бил трнлив патот кој го минувал. Во

деновите по неговата смрт

осамнаа статии за неговиот

живот, тогаш народот за прв пат пролеа солзи за великанот на

македонската историја, за Киро

Глигоров.

Реакции од политичките

партии

На комеморативни седници кои

се одржаа во Собранието и во партиското седиште на СДСМ

првиот почесниот говор го одржа

Иванов. Тој рече: - Животот на Глигоров беше како

историјата на Република

Македонија. Беше собеседник и

соборец со Шатев, Брашнаров, Ченто, беше дел од темелот

наречен - Прво заседание на

АСНОМ, а беше и главен актер во

осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година и

подоцнежните години. Кога за

прв пат беше избран за

претседател на Република

Македонија, Киро Глигоров го заврши своето инаугуративно

обраќање во македонското

Собрание, со познатата

историска максима „Македонија е сè што имаме“. Преку таа мисла,

тој го пренесе заветот на нашите

претци. Затоа денес, кога се

простуваме од човекот кој е нераскинлив дел и од АСНОМ и

од независна Република

Македонија, се сеќаваме за тоа

што Македонија претставуваше за него, но и за сите нас. Беше

мудар и умешен политичар, кој

успеа Македонија да ја однесе до

независност и да ја оддели од

дотогашната држава без испукан куршум и крвопролевање, затоа

што со неговата мудра политика

ги врати сите македонски војници

од ЈНА дома и од Македонија ја испрати целата ЈНА без судири и

крв. Подоцна се виде дека таа

негова политика го спречила

тајниот договор Самарас - Милошевиќ за поделба на

Македонија.

Page 27: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

Бранко Црвенковски се сети на

миговите минати разговарајќи со

Глигоров. Тој рече: - Во 20 години, колку што

соработувавме и

пријателствувавме, имавме многу

добри, но и лоши моменти. Тој беше демократ и визионер. Уште

во 1990-тите години го напаѓаа

дека е југоносталгичар поради

референдумското прашање, дека го продаде името со компромисот

со кој земјата влезе во ОН, иако

сега токму тие што го напаѓаа

бараат референцата да биде влезот во НАТО. Го напаѓаа дека

не е храбар, затоа што дозволи

ЈНА да ги однесе тенковите од

Македонија, а на сите тие напади

тој мирно одговараше дека нема цена што може да замени еден

човечки живот. Уште во 90-тите

години, кога во околните земји се

војуваше, тој зборуваше за ЕУ и за НАТО. Беше голем, па мораа

дури и атентат да му направат за

да ја турнат Македонија на

колена.

Потсетувајќи се на многубројните

моменти кога биле заедно, партискиот лидер на СДСМ, за кој

се смета дека е избран за таа

улога токму од Глигоров, ја

спомена прославата на 90-от роденден на претседателот.

- Киро ме праша: „Зошто толку

ме напаѓаат, зарем толку многу

грешев?“. Ме изненади и затекна со прашањето. Му одговорив: „Ве

напаѓаат зашто сте жив, зашто

великаните и хероите на

Балканот ги слават дури откако ќе умрат“. Одговори: „Ајде, да

видиме“. И јас велам - ајде да

видиме дали Македонија ќе знае

да го цени и вреднува неговиот придонес.

И останатите политички партии

во Македонија се приклучија кон

последните зборови за Глигоров.

Демократската обнова на Македонија - ДОМ, испрати

телеграма со сочувство до

семејството на претседателот

Киро Глигоров. Во телеграмата се вели:

- Заминувањето на претседателот

Глигоров не е само семејна

загуба, туку загуба на сите македонски граѓани, бидејќи

замина личноста која со својата

посветеност кон Република

Македонија, одговорност кон

нејзините граѓани и мудрите политики кои ги водеше, остави

траен белег во првите години од

независноста на Македонија.

Претседателот Глигоров претставуваше личност, која

историски, политички директно и

активно ги поврза најзначајните

периоди од историја на македонскиот народ во неговата

борба за самостојност и изградба

на модерна, демократска и

Page 28: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

напредна држава.

Социјалистичката партија на

Македонија (СПМ) го изрази своето жалење за смртта на Киро

Глигоров. Во своето сочувство

тие дадоа осврт на тешките и

мачни преговори во почетокот на деведесеттите години од

минатото столетие, преку кои

Глигоров со своето политичко и

државничко искуство успеа по мирен и цивилизиран пат да го

даде оружјето од Југославија, во

која беснееше национализмот и

меѓунационалните војни.

Телеграми По повод смртта на првиот

претседател на Република

Македонија Киро Глигоров, телеграма со сочувство до

семејството упати и Евро-

Атлантскиот Совет на

Македонија. Во телеграмата

пишуваше: - Претседателот Глигоров беше

голем државник и водач кој

успеа и во најкритичните

моменти, кога ја водеше Македонија да донесе

државнички одлуки со висока

национална свест со што

овозможи да биде меѓународно призната, да ја одржи својата

независност и да го отвори патот

кон нејзините евро-атлантски

интеграции. Телеграма со сочувство упати и

Обединетата македонска

дијаспора, организација на

македонските иселеници со

седиште во Вашингтон. Во телеграмата тие му одадоа почит

на лидерството на претседателот

Глигоров, кој ја постави

Македонија на курсот кон

слободата за која македонските граѓани и македонските

иселеници ќе му бидат вечно

должни.

Во телеграмата со сочуство од Државниот секретар на САД,

Хилари Клинтон се вели:

-Тој беше патриот и вистински

државник. Неговата посветеност за самостојноста на Македонија

доведе до мирната транзиција во

1990-1991 година, а неговото

цврсто лидерство беше инспирација во годините кога

земјата ги надмина огромните

потешкотии. Претседателот

Глигоров беше пријател на САД и

лидер, кој имаше визија за својата земја, кој и понатаму ќе

служи како пример во

Македонија и регионот. Моите

мисли и молитви се со неговото семејство и со сите граѓани на

Македонија.

И амбасадорот на САД во

Македонија Пол Волерс изрази сочувство и изјави дека Глигоров

е пример за лидерство,

прагматизам и решителност за

решавање на проблемите за да се постигне повисока цел. Волерс

Page 29: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 29

говореше дека Глигоров беше

човек кој ја познаваше уметноста

на политиката и на компромисот. Соочувство до семејството и до

граѓаните на Македонија

пристигна и од ЕУ.

Претставниците на Европската Унија, Кетрин Ештон и Штефан

Филе во заедничкото

соопштение пишуваа:

„Глигоров како претседател од 1991 до 1999 година ја водеше

својата земја низ транзицијата,

вклучително и мирното

постигнување на независност од Социјалистичка Федеративна

Република Југославија. Водејќи

ја земјата на нов пат, носеше

важни одлуки за доброто на

народот, засновани на неговото богато искуство и познавањето

на својата земја“.

Претседателот на црногорското

собрание Ранко Кривокапиќ изрази на сочуство му упати на

својот македонски колега Трајко

Велјановски. Во писмото

Кривокапиќ рече дека Македонија е среќна што имала

еден ваков човек да ја води

својата држава во мир и

независност.

До македонскиот премиер Никола Груевски телеграма со сочувство

упати и црногорскиот премиер

Игор Лукшиќ. Тој порача дека

Глигоров со личен пример покажал како на мирен и на

демократски начин се создава и

води една земја.

И косовската претседателка Атифете Јахјага, испрати

телеграма со сочувство по повод

стртта на Киро Глигоров. Во

телеграмата пишуваше:

- Смртта на првиот претседател

на демократска, плурална Република Македонија, кој

транзицијата од комунизмот во

демократски систем, ја направи

на мирен начин, претставува загуба за институциите и народот

на Македонија.

За смртта на првиот македонски

претседател, јавија сите косовски медиуми, посебно нагласувајќи

го фактот дека негова заслуга е

што Македонија е единствена

репубика од поранешна Југославија која се оддели без

војна.

Албанскиот премиер Сали

Бериша во своето сочувство

кажа:

- Смртта на поранешнот претседател на Република

Македонија, Киро Глигоров е

голема загуба за Македонија и за

нејзините пријатели во регионот и светот. Како основач на

независна Македонија и прв

претседател избран на

демократски начин, Киро

Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на

Македонија и јужниот дел на

Page 30: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 30

Балканот, како и во регионалната

соработка, стои во телеграмата

со сочувство на албанскиот премиер.

Го запишаа сочувството По бурните телеграми со сочувства од целиот свет,

следеше отворање на Книга на

жалост низ цела Македонија.

Ова беше последна шанса,

Македонците да се простат од својот прв претседател.

Прв се потпиша претседателот

Ѓорге Иванов. Тој се прости од

својот претходник со зборовите: „Во знак на највисока почит кон

првиот претседател на независна

Република Македонија. Почивајте

во мир Претседателе Глигоров, благодарни сме Ви за сè што

сторивте за Македонија.“

Претседателот на Владата

Никола Груевски напиша:

„Претседателот Киро Глигоров живееше и работеше во

исклучително важен период за

Македонија. Тој стана

нераскинлив дел од македонската историја, од

македонската независност и

сувереност. Нека почива во мир“.

Дека Киро Глигоров, беше личност која со својата

политичка конструктивност и

мудрост како и неговата

стабилност ја одбележа првата деценија од независноста на

Република Македонија, напиша и

претседателот на Собранието

Трајко Вељаноски.

- Со длабока почит за првиот претседател на независна

Република Македонија. Ви

Благодариме за сè што

направивте за нашата Република

Македонија, пишува во сочувството од вицепремиерот

Зоран Ставрески.

Министерката Гордана

Јанкулоска го нарече личност, која остави траен белег во

историјата на независна

Македонија. Таа му заблагодари

за сè што направи за Македонија и за сите идни генерации.

Во книгата на жалост се запиша и

началникот на Генерал-штабот

Горанчо Котевски. Тој се прости од својот претседател и

врховен командант, кој ги

постави темелите на Армијата на

Република Македонија.

Неврохирургот Јовица

Угриновски беше дел од тимот

на доктори кои се бореа да му го

спасат животот на Глигоров по атентатот. Во деновите по смртта

на својот поранешен пациент, тој

се присети на тешките мигови во

болницата. Тој рече: - Тоа утро кога се случи

атентатот ме собраа од клиника и

ме однесоа во Градска, каде

беше хоспитализиран Глигоров.

Таму беше добро згрижен, но бидејќи немаше комјутерска

томографија веднаш го

префрливме на клиника. Беше на

апарати, и на клиника остана скоро еден месец. Беше

примерен пациент, сакаше да

разговараме, го почитуваше

персоналот. Го посетував, разговараме околу книгите што

ги пишуваше, но да ви кажам, не

можам да се изначудам колку ги

Page 31: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 31

паметеше работите. Се сеќаваше

на случки од на пример 1958

година во Дедиње... но за атентатот тој ден му остана како

црна дамка.

Глигоров ќе остане запаметен

како единствен претседател во светот кој преживеал атентат и

успеал да се врати на државните

функции.

Дека Глигоров беше голем човек

со широко срце говори и фактот

дека и до ден денес, за него се

сеќаваат другари од средношколките години. Благоја

Дрнков си спомнуваше за

средношколските денови минати

кога се дружел со Киро Глигоров.

Дрнков рече дека тој уште тогаш имал амбиции, се познавало дека

ќе биде голем човек. Како што

неговите врсници ги минувале

деновите, така и Киро одел на излети, се дружел со

пријателите, а често зборувал и

за политиката.

Во 36-та Глигоров заминал во Белград, но чичко Благоја се

сеќава дека никогаш не

заборавил на пријателите. Тој

често одел во неговата куќа во

престолнината на тогашна Југославија, а Глигоров кога и да

доаѓал во Македонија имал време

за кафе и муабет со другарите.

Глигоров и Дрнков на последната средба се договориле да

организираат заедничка дружба,

да се вратат на сеќавањата и

времињата кои ги поминале заедно.

Во наредните денови реакции не

стивнуваа. Народот не можеше

толку лесно да се прости од овој голем човек. Сите сакаа да му

оддадат почит на начин како

можат и умеат. Ѓунер Исмаил во

својата колумна напиша: - Да ја води државата низ сите

балкански „Сцили и Харибди“ и

да ја доведе до независност за

која не се пролеа, така да се рече, ниту капка крв. За да

немате дилеми, сметам дека

сепак станува збор за идеал на

политичар кон кој, можно е, во некои времиња дури и некои од

лидериве што се на менито на

македонските граѓани и да

тежнееле. Ама многу брзо

разбраа дека „имаат поважна работа“, отколку да учат, да се

образуваат, секогаш да знаат кои

сме, што сме, колку сме големи

или мали, каде ни е местото во светот и колку во тој таков, суров

свет, можеме „да штрбнеме“ за

нас. Затоа Глигоров ги

„поздрави“: „Не сакам државен погреб, па Вие видете и

толкувајте!“

За еден ваков човек не беше ни

чудно што во Утрински осамна

статија дека според една американска анализа од 1976

година, која се однесувала за

можните наследници на Тито,

Киро Глигоров од страна на странските дипломати во

седумдесетите години, бил

перципиран како еден од

најсериозните можни наследници на Јосип Броз - Тито кој што

владееше со СФРЈ сè до 1980

година.

Page 32: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 32

Во анализата во делот, кој што е

посветен за Глигоров стои дека

тој е брилијантен претседател на националното Собрание и својата

кариера ја има изградено

исклучиво на сојузната влада, но

за понатамошни успеси му недостигала моќна база во

Македонија.

Глигоров во политичките кругови

на тогашна Југославија бил познат како премногу технократ

за да победи во сериозна

политичка битка, но исто така

било познато дека ги контролирал своите амбиции се

со цел да ги одбие нападите кон

оние кои се во фокусот.

И како сонце што силно изгрева од зад планините, го минува

целиот хоризонт и по пат ги

преживува сите бури, за на крај

да зајде на истото место, така и нашиот Киро замина зад

планините, далеку во сеќавањата

на народот кој го сакаше...

Page 33: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 33

Елена Павловска

Подлабока почит од странските медиуми

„Почина првиот претседател на Република Македонија, Киро

Глигоров“- пренесуваа

балканските и светски

новинарско - медиумски портали, со краток опис за

неговиот живот и дело и со

голема доза на почит и восхит

за неговата политичко-државна умешност. Нè изненади фактот

за сeопфатноста на оваа вест со

длабоки анализи и сугестии за

неговата величина. Од

коментарите под текстовите ни стана јасно, не само дека овој

старец ѝ е познат на

политичката елита, туку и на

обичните граѓани од Балканот, кои носталгично го нарекуваа

последниот политичар од

„страта гарда“. Дали истиот

концепт се повторува? Дали повторно ја релаизираме

величината на една личност,

откако ќе ја изгубиме?

Домашните новинари

потфрлија

Тешко дека некој што не ја слушнал тажната вест за

поранешниот претседател Киро

Глигоров ќе претпоставеше дека

првиот претседател на

државава повеќе не е меѓу нас. Барем не - судејќи според ТВ-

програмата.

Ништо, освен коментарите на

социјалните мрежи, не навестуваше дека починал

поранешен претседател на

земјава, првиот, оној што во

многу нешта е заслужен за патот по кој одеше Македонија

низ годините до својата

независност, но и подоцна,

справувајќи се со ембарга и со притисоци.

Нашите новинари, сè уште

обеземени од еуфоријата на новогодишната ноќ, не можеа

да се освестат ни да се

разбудат, а не пак, да

организираат соодветно

известување за смртта на првиот државник. Веста попрво

ја прочитавме на странските и

балкански портали, отколку на

домашните. Останаа разочарани сите што веднаш откако разбраа

ги вклучија телевизорите за да

добијат потврда и да дознаат

Page 34: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 34

некој детал повеќе. На екраните

одеше само краток кајрон -

„Почина претседателот Киро Глигоров“ и ниедна програма не

беше прекината. Се славеше и

прославуваше на ТВ-екраните,

пејачите ни танцуваа, додека тажната вест одеше во аголот.

Со подетални информации се

излезе дури во попладневните

часови, после репризирањето на новогодишната програма.

Музички програми и стари

документарци наместо вонредни

вести, инстант-емисии во живо и репризи на стари интервјуа.

Според комуниколозите,

начинот на кој беше медиумски

покриена веста за смртта на

претседателот Киро Глигоров е многу несоодветен, а

медиумите, особено

националниот сервис,

потфрлија во оваа задача. Информацијата се ширеше на

разни начини, од човек на

човек, од еден фејсбук-профил

на друг, преку споделување од интернет-портали. Немаше

вонредни вести, само по некоја

подвижна лента што најавува

вести најрано во 15 часот

попладне. Немаше пригодна програма, наменски емисии,

реемитување на последното

интервју.

Зарем така се соопштува веста за смртта на таткото на

нацијата?! Само како за

споредба ќе го наведам

неодамнешниот случај со смртта на чешкиот претседател Вацлав

Хавел. Денот кога Хавел

почина, на 75-годишна возраст,

националната телевизија ги почна вестите со цитат дека

Чешка го загубила својот

најголем морален авторитет, а

веднаш потоа почна 24-часовна

програма посветена на првиот демократски претседател на

оваа земја. Ниту балканските

земји не отскокнуваат многу од

европскиот и од американскиот стандард. Со огромен медиумски

простор на националните

телевизии ХТВ, РТС и ТС беа

испратени Фрањо Туѓман во декември 1999-та во Хрватска и

Зоран Џинџиќ во 2003-та во

Србија.

Според тоа, начинот на кој МТВ и другите телевизии реагираа

на веста, ни од далеку не може

да се спореди со тоа како

сличните случаи биле

обработени во поразвиените земји или во тие од нашето

опкружување. Иако веста за

смртта на Глигоров се појави

уште рано утрото, до вечерта немаше никаква вонредна

програма.

Дел од комуниколозите сметаа,

пак, информирањето на денот кога почина Глигоров со еден

збор било навистина скромно, а

сè личело многу на карактерот

на првиот македонскиот

претседател, кој исто така бил скромен, мирен и повлечен, но

лукав и умешен. Овие

карактериститки ги препознаа и

пренесоа и сите балкански и светски медиуми.

На насловна страна дури

и во Грција Почитуван во Грција и сметан за умерен политичар.

Информацијата за смртта на

Киро Глигоров, ги наполни

грчките медиуми. Изјавата на

поранешниот македонски

Page 35: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 35

претседател од 92-та година во

Тирана, сè уште во Грција се

користи како доказ и потврда на грчките позиции.

„Ние сме Словени дојдени во

шести век и немаме никаква

врска со александровата

цивилизација“, изјави Киро Глигоров на 3.06.1992 година.

17 години по изјавата во Тирана

првиот македонски претседател

говорејќи за „Прото Тема“ го потврди својот став. Киро

Глигоров во последното

интервју за грчки медиум во

октомври 2009-та рече дека уште верува во истото. Објасни

дека за него е смешно што

некои македонски историчари

тврдат дека ние сме доселени

2000 години пред Александар Македонски.

„Разговарав со еден мој

пријател историчар дека вака

како што сме тргнале ќе излеземе директни потомци на

Адам и Ева, а рајот ќе биде

македонска сопственост“- рече

тогаш Глигоров. Интервјуто беше само неколку

дена по победата на ПАСОК на

парламентарните избори во

Грција, па првиот македонски претседател рече дека е

песимист за можно решение на

проблемот со името, бидејќи и

новата грчка влада говори за

„црвени линии“ од кои не може

да отстапи. Во октомври 2009-та

преку весникот „Прото Тема“ Глигоров порача дека и

Македонија и Грција мора да

направат отстапки за да се

дојде до решение. Речиси сите грчки медиуми го

обележаа заминувањето на

Глигоров, кој во Грција, покрај

сè, е особено почитуван и сметан за умерен политичар

достоен за почит. Токму тука и

се гледа неговата величина,

кога дури и противникот (политички) смета дека твоите

заложби се достојни за почит.

Странски медими за

Глигоров Почина првиот претседателот на Македонија што беше избран на

демократски избори – речиси

сите светски медиуми вака ја

пренесоа информацијата дека починал Киро Глигоров. Сите

поголеми светски агенции и

респектабилни медиуми, преку

АФП, „Вашингтон пост“, „Либерасион“, словачката ТАСР

беа меѓу првите кои, во

претпладневните часови јавија

за заминувањето на првиот

македонски претседател. Веста за смртта на Глигоров „ВВС“

(Би-Би-Си) ја објавува под

наслов: „Почина архитектот на

независна Македонија“.

Page 36: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 36

„Тој раководеше со земјата во

време кога се организираше

референдум за независноста на државата. Земјата која брои

повеќе од два милиони луѓе се

одвои од Југославија без војна“

пишува медиумската мрежа АПТН. Во речиси сите натписи

се потсетува на атентатот врз

Глигоров што тој го преживеа,

но и се нагласува дека до сега

никој не одговарал, ниту некому му се судело за обидот за

убиство врз шефот на државата.

Во текстот за Глигоров, „АПТН“

и американската телевизиска мрежа „АВС“ (Еј-би-си)

анализираат дека почетокот на

неговото владеење било

обележано со противењето на Грција да се користи името

Македонија, проблем што сè

уште е актуелен и за ембарго од

Атина цели 19 месеци што ја

погодило македонската економија. По ова, во 95- та

година објавува „АВС“ се

потпиша привремена спогодба

со Грција, а Македонија се согласи да направи отстапки со

знамето и во уставот. Исто така

Глигоров се соочи и со притисок

од албанската зедница во земјата која барала поголема

политичка и културна

автономија пишува „АБС“ во

анализата на времето кога Глигоров беше претседател.

„Вашингтон пост“ исто така ја

пренесе веста дека починал

првиот претседател на Македонија избран на

демократски избори, кој

раководше со земјата во два

мандати.

Балканските медиуми како прва

вест ја пренесоа информацијата

дека починал Глигоров еден од најистакнатите македонски

политичари. Македонија е

единствена земја која се одвои

од СФРЈ без војна – пишуваат

медиумите од поранешната држава. Државната српска

телевизија потсети дека по

првите воени немири во

поранешна Југославија Глигоров побарал сите

македонски војници да се

повлечат од ЈНА. РТС пренесува

и еден интересен податок дека иако Глигоров ја напуштил

функцијата во 99-та , во 2000-

та Гинисовата книга на рекорди

го прогласила за најстар

претседател во светот. Речиси сите текстови беа илустрирани

со фотографија на Глигоров и

сцени од атентатот во

Скопје. Белградска „Политика“ потсети дека за претседател на

Република Македонија е избран

на 27 јануари 1991 година. „На

Page 37: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 37

почетокот на распадот на

Југославија ги повика

македонските војници да се повлечат од ЈНА, а потоа со

генералот Благоја Аџиќ

договори мирно повлекување на

единиците на ЈНА од Македонија“, јави Б-92.

„Глигоров умре во сон во својот

дом во Скопје“, напиша

романскиот „Журнал национал“ и потсети дека тој беше првиот

претседател избран по

демократски пат во самостојна

Македонија. Со опсежна биографија, веднаш

по веста за смртта на Киро

Глигоров реагираше и

словенечката информативна

агенција, а турскиот весник „Хуриет“ реагираше со текст на

Глигоров во кој се истакнува

неговата улога во градењето

добрососедски односи на Балканот.

Глигоров беше голем државник,

објавува Дојче, пренесувајќи ги

изјавите на Анџелика Беер и Валтер Колбо коишто на

поранешниот македонски

претседател се сеќаваат како на

извонредна личност со

историски заслуги. Кинеската агенција „Ксинхуа“

јавува дека Глигоров бил

погребан во кругот на

семејството согласно неговата последна желба.

Речиси без исклучок, сите

пишуваа за неговата политичка

кариера и улогата во стабилизацијата на Балканот.

Потенцираат дека Македонија

својата независност ја избори

по мирен пат, како и дека за време на неговиот мандат

Македонија е примена во ОН.

„Тој секогаш беше за компромис и нудеше компромис и

оптимални конструктивни

решенија. Неговото огромно

искуство и државничката мудрост се заслужни што

единствено Македонија од сите

екс- ју републики не беше

вовлечена во војната. Верувам дека граѓаните на Македонија

ќе знаат да го ценат таквиот

став на Киро Глигоров. Се

сеќавам дека нетолеранцијата и

насилството како и национализмот, кој

произведуваше омраза го

доведуваше до очај Киро

Глигоров“, изјави Богичевиќ за РСЕ во Сарево.

Дури и дестина дена по

неговата смрт, балканските и

светските медиуми нè зачудуваат со опсежните

анализи и величење на Киро

Глигоров. Не се надевавме на

ваков одзив од Балканот, не се надевавме на ваков одзив од

светот. Сметавме дека сето ова

ќе помине незабележително.

Но, колку само погрешивме.

„Не за Грција“

„Не за Грција – за милион

долари не го продаде името на

Македонија“- ваков наслов

осамна на хрватскиот „Вечерњи

Page 38: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 38

лист“, по повод смртта на

првиот претседател на

независна и самостојна Република Македонија, Киро

Глигоров.

Хрватскиот дневен весник,

повикувајќи се на мемоарските

записи на Глигоров, „Македонија е сè што имаме",

кои беа објавени во 2001

година, во текстот со наслов „Не

за Грција за милион долари", истакнува дел од записите на

починатиот претседател дека,

преку поранешниот министер за

внатрешни работи, од него било побарано на разговор да прими

две лица од тајните служби. Тие

на Глигоров му пренеле порака

од нивни грчки колеги дека

може да добие милион долари на сметка на која било банка во

светот, доколку се откаже од

името Македонија и прифати

решение за името кое би било во прилог на Грција. Глигоров

ги одбил со зборовите „Добро,

бре, луѓе, како си замислувате

шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од

името Македонија. Како ве

молам, воопшто сте го

замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го

замисли? Тоа е апсурдна

работа". Македонија се прости

од голем човек, важна фигура

за историјата на оваа држава,

меѓу другото, запомнет како

претседател на Република Македонија, кој по никој основ

не сакаше да се пазари за името

на земјата.

„Глигоров го зачува

мирот во Македонија“ Во еден светски весник, кој се

објавува на англиски јазик во

Либан, деновиве осамна вест која вели дека Македонија

треба да му биде благодарна на

Глигоров, поради тоа што го

зачувал мирот во земјата.

Текстот е напишан од Кристофер Р. Хил, првиот

амбасадор на САД во

Македонија од 1996 до 1999,

назначен од поранешниот претседател на САД Бил

Клинтон, а соработувал и со

Ричард Холбрук во Дејтонските

мировни договори. Кристофер Хил во текстот истакнува дека

по распадот на Југославија,

државите започнуваат крвава

меѓусебна војна, а единствената држава која ја добила својата

независност без оружје била

Македонија, додавајќи дека

најголема заслуга за тоа имал

Глигоров. Хил во статијата го спомнува и новиот филм на

Анџелина Џоли „Во земјата на

крв и мед“ кој е сниман во

Босна и Херцеговина, а го опишува крвопролевањето во

90-тите години. Тој пишува:

- Фактот дека Џоли направи

филм за војната во БиХ, а не во Македонија, главно се должи на

Глигоров, лидерот од

поранешна Југославија, кој што

успеа да ја задржи

независноста на новата држава

Page 39: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 39

надвор од конфликтите.

Поранешниот амбасадор го

споменува и атентатот врз Глигоров во 1995 година, кога

загинува неговиот возач и еден

случаен минувач.

Хил вели дека го сретнал

Глигоров кога имал 90 години и му рекол дека изгледа добро, а

на тоа поранешниот

претседател му возвратил,

„Смешно, кога бев млад никој

не ми го велеше тоа“. Хил во текстот го истакнува

придонесот на Глигоров околу

формирањето на Уставот,

додавајќи дека следно сериозно соочување му било со Грција

околу спорот со името,

наведувајќи дека Глигоров

направил многу работи кои не можеле или не сакале да ги

направат останатите лидери од

регионот, па и пошироко - тој ја

сочувал својата земја надвор од војна.

Во Скопје почитуван до

крајот „Frankfurter allgemeine cajtung“

(Франкфуртер алгемајне

цајтунг- ФАЦ) му посветува на Киро Глигоров текст со наслов

„Во Скопје почитуван до

крајот“. Во написот се вели:

„Кога Слободан Милошевиќ

владееше во Белград, а Фрањо

Туѓман беше претседател на Хрватска, кога Алија

Изетбеговиќ и Радован Караџиќ

стоеја еден наспроти друг во

Босна и Херцеговина, Киро Глигоров ја вршеше највисоката

државна функција во

Македонија. Ако денес е тој

помалку познат од неговите современици, причината не е

само во тоа дека државата

помеѓу Србија и Грција и без

тоа често е превидувана. Благодарение и на

претпазливото водство на

Глигоров, Македонија не беше

вовлечена во војните по

распаѓањето на Југославија. Тој ја задржа земјата да не се најде

во насловите; масовни гробници

беа копани на други места“.

Во написот потоа се потсетува на неуспешниот обид на

Глигоров и Изетбеговиќ да

спасат некаква реформирана

Југославија, потоа на проблемите со кои се соочуваше

Македонија, откако, по

Словенија и Хрватска, и

самата се прогласи за

независна, како и на најзначајните функции од

богатата политичка биографија

на Глигоров во времето на

Page 40: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 40

поранешна Југославија.

„Глигоров стана познат, но не и

омилен во номенклатурата, во шеесеттите години (на минатиот

век, н.з.) со смелите, за тоа

време, тези за економската

политика“, забележува ФАЦ и продолжува: „Глигоров беше

сметан за архитект на

југословенската економска

реформа. Во 1970 тој јавно ја нападна државната

инвестициона политика дека

нужно води кон инфлација. По

смртта на Тито, тој уште еднаш се обиде со барањата за

почитување на правилата на

пазарното стопанство да

постигне пресврт во

економската политика на Југославија и поради тоа го

загуби местото во Централниот

комитет. Да успееше

своевремено да се пробие, можеби уште ќе постоеше

Југославија, демократска „и со

променета физиономија“, рече

Глигоров на стари години. И кога бeше длабоко завлезен

во осумдесетите години од

животот, Глигоров, физички

бележан од еден бомбашки

атентат во октомври 1995, но со свеж дух, уште секојдневно

работеше во неговото ,Биро на

првиот претседател‘ во центарот

на Скопје. Кој ќе го посетеше таму, можеше да доживее колку

уште беше баран и во длабока

старост. Тој навистина веќе не

се мешаше во дневната политика на својата земја, но

можеше да биде сигурен дека

неговиот збор се слушаше“,

заклучува на крајот од текстот „Frankfurter

allgemeine cajtung“.

„Таткото на основањето

на македонската

држава“ Весникот „Noje cirher cajtung“ (Ноје цирхер цајтунг) го

означува Глигоров како „таткото

на основањето“ на

македонската држава.

„Во неделата починатиот Киро Глигоров половина век се

ангажираше за својата земја,

која беше и Социјалистичка

Федеративна Република Југославија, а по нејзиниот

распад исто така и Република

Македонија. Неа, Глигоров во

1991 година претпазливо, но всушност со незадоволство ја

водеше во независност. Во

Македонија нему до ден-денес

му се оддава признание дека издејствува повлекување на

Југословенската народна

армија, без да биде испукан

еден единствен куршум.

Притоа Киро Глигоров го

сметаше за историска грешка растурањето на Југославија. Сè

до крај тој, заедно со

босанскиот истомисленик

Изетбеговиќ, пледираше за преуредување во лабава

федерација. Но, подгревањето

на конфликтот со сепаратизмот

на северните републики и

аспирациите на Србија за

Page 41: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 41

превласт, попречија

каков било среден пат.

Босанско-македонскиот обид за спас имаше добри причини. Во

обете земји знаеја дека без

заштитниот покрив од

задничката држава би биле ставени на проба односот меѓу

етничките групи и протегањето

на границите. Така и испадна.

Мултиетничката држава во Скопје и Сараево сè до денес

функционира побргу лошо,

отколку добро“, смета авторот

на текстот Андреас Ернст. Тој понатаму се задржува на

проблемот со името на

Македонија и го смета за „важен

успех на Глигоров“ што

Македонија во 1993-та година, „и покрај грчкиот отпор, доби

членство во ОН и со тоа и

потврда на својата државност -

но под името ,Поранешна југословенска Република

Македонија‘“. Не е испуштен ни

атентатот, како ни „последниот

политички предизвик“ со кој беше конфронтиран Глигоров на

крајот од вториот мандат - 350

илјади бегалци од Косово. Во

биографскиот дел за Глигоров

се вели дека „играше важна улога при основањето на

АСНОМ - фактичкото јадро на

македонската државност“, дека

беше „движечка сила за пазарно-стопанска реформа на

Југославија“ и дека заедно со

Анте Марковиќ на крајот од

осумдесетите години работел на преуредување на економскиот

систем. „Кога сите тие напори

доживеаја неуспех, тој - сосем

прагматично - прифати нов предизвик, да ја одвои својата

потесна татковина од

Југославија што се распаѓаше“,

се вели на крајот од написот во

„Noje cirher cajtung“.

Без сопствено место Киро Глигоров немаше

сопствено место во македонската историја, можеби

затоа и новинарите потфрлија

пренесувајќи ја веста за

неговата смрт, не знаеја како

јавноста и околината ќе реагира, не знаеја дали да го

величат поради неговиот голем

потфат, да го величат поради

покажаниот пат и смелоста прв да ги создаде и зачне работите

или, пак, поради

контроверзиите, кои го следеа

овој политичар, да молчат и да се обидат неутрално и

незабележително да ја пренесат

веста, непродлабочувајќи и

анализирајќи ја неговата работа

и дејствување.

Дури откако ги видоа

восхитувачките анализи и

текстови во странските медиуми

добија сила да го наречат „татко на нацијата“, „великан“ да го

споредуваат со Тито, да ја

истакнуваат неговата

значителна работа и придонес и да му ја одадат потребната

почит. Ах, мои Македонци!

Page 42: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 42

Зарем другите и ова да ви го

покажуваат, како да покажете

почит! Зарем мора некој да ви го покаже патот? Осмелете се,

зачекорете и мислете сами!

Нашиот претседател Киро

Глигоров тоа го стори!

Page 43: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 43

Светлана Пеншовски

Владеењето на Глигоров преку очите на Македонците Деновиве, веќе избледија

впечатоците и коментарите за смртта на Глигоров. По мое

мислење, тој е единствен

македонски политичар, за кого

има различни мислења, во максимално позитивен, но и во

максимално негативен контекст.

Во таа смисла, на средината е

името на пивото, кој е само еден доказ за влијателноста и

метафората на „стариот лисец“.

Се чини дека никој друг

Македонец, не бил толку

карактеристичен со својата појава, за многу успешни

епизоди на „Еднооки“, значи

неговата маркантност се

обележува во сите сфери на Македонецот, од забава- до

уметност. Да не заборавиме дека

за Киро Глигоров имаше и

шеговити вицови, кои што ја дополнуваат ризницата на

неговата улога кај сите нас.

Што се случи во тие

години? Нашиот народ главно се дели на поддржувачи или плукачи, така

што форумите веднаш се

наполнија со безброј коментари.

Едните го респектираат за целото македонско минато, за

одделувањето на Македонија од

Југославија по мирен пат, за

влезот во организации под привремено име, за битните

одлуки, кои биле направени во

решителни и клучни моменти. Неговите два мандата, го

покажаа како доследен на

првенствените планови, во

истуркувањето на приватизацијата на мала врата,

како човек, целосно посветен на

државата во целина, но и 90% на

својата партија и следбеници. Наспроти нив, плукачите никогаш

нема да му ја простат изјавата

дека: овој народ се доселил од

Карпатите и се Словени, кои

немале никаква интеракција со Античките Македонци (лично,

сметам дека овој народ имал

толку многу мешања со

Словените, античките племиња, Турците, и за сето тоа е потребно

многу длабоко и темелно

истражување и никогаш да не се

избрзува со заклучок, кој може потоа да биде кобен).

На тој начин, си забранивме да

ги именуваме спомениците со

вистинското име, поради тоа што

тие две работи се косат една со

Page 44: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 44

друга.

Понатаму, привремената

референца, требаше да биде како што пишува буквално –

привремена, тоа значи период од

неколку месеци, до неколку

години, меѓутоа сигурно не две децении! Придавката

„југословенска“ нè прогонува низ

целото наше постоење.

Замерка има и околу дозволата за над 150 000 пасоши на

жителите од Косово, како мала

цена за поддршка на гласачкото

тело. Свесни сме дека по тој момент, во Македонија веќе

ништо не е исто. Границата

речиси и никој не ја почитува, во

големите криминални дела,

сторителите најбрзо успеваат да ја напуштат државата преку

Качаник и потоа им се губи

трагата.

Еден посебен момент, заслужува поголемо влијание. Вистина е

дека Република Македонија се

осамостоила од Југославија по

мирен пат, меѓутоа вистина е и дека нè „ошуриле“ квалитетно.

Во која смисла?

Откако Македонија добива

независност и сувереност,

доброволно, комплетно го

враќа оружјето од ЈНА. На

Глигоров му оддавале овации за тој потег, но од денешна

перспектива, сето ова се толкува

дека ја оставил државата без

никакво оружје, во таков балкански турбулентен период.

Можеби знаеле дека нема да

бидат предмет на напад од некои

од југословенските држави, но што ако хипотетички нè

нападнала Бугарија за нејзино

територијално проширување? Ќе

ни се пишуваше страшна

судбина. Во меѓувреме пак, Македонците и понатаму масовно

неколку генерации одеа во

Словенија, Хрватска, за да

бранат нечии туѓи интереси. Колку нехумано е тоа...

Атентат - момент на

освестување Јавноста дозна тоа што требаше да биде јавно објавено.

Предизвикувачот на атентат, не

размислувал дека може да биде

неуспешен, но ете по игра на

случајноста – се случило. Темата е веќе исцрпена, виновниците не

се пронајдени, меѓутоа убаво е

да се посочат некои работи уште

Page 45: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 45

еднаш. Протокол е претседателот

да се вози со два автомобили за

придружба (пред и по), но тој ден има само едно возило зад

Мерцедесот, кој всушност не е

блиндиран. Тоа значи дека кога

правиме отстапки на луѓето со важни статусни функции, тогаш

што станува со обичните

смртници и нивната заштита како

граѓани...

Сепак овој човек ќе биде дел од

македонската историја, можеби

по многу години ќе ги видиме

картите – отворени и за сите

субјективни размисли, ќе дадеме

можност и на времето да нè поддржи или искритикува. Сепак,

една работа е јасна, секој

Македонец може да доживее

длабока старост, само ако ја искористи младоста за да

направи „промени“, а во

староста, мудро да си се повлече.

Иако, не секој може да се пофали по клучни реченици, по кои ќе

биде паметен, како што е

познатата „и Лазар му рече...“

Page 46: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 46

По Арапската пролет, револуцијата само што започна

Оваа година сè што се чинеше

сигурно во Блискиот Исток исчезна со невидена брзина.

Ситуацијата во регионот, што

беше останата непроменета од

смртта на египетскиот полковник Насер пред 40

години, конечно се промени.

Тоа доведе до серија на

бунтови, државни преврати, ќорсокак, граѓански војни и

крвопролевања. Тоа беше

земјотресот: во 2012 година

треба да се подготвиме за

секундарните потреси. Но, револуцијата не е и никогаш

не била едноставен настан.

Таа е проект, чие раѓање трае

не месеци или години, туку децении. Жестокото насилство

на арапското будење е

неразбирливо за оние од нас,

кои се навикнати на друг вид револуции.

Минатиот месец почина

Вацлав Хавел. Неговата ера

беше ерата на чистата

револуција. Распаѓањето на советската империја во Европа

и доаѓањето на власт на Хавел

како претседател на Чешката

република премина во најдобар ред. Тоа беше време

на државници кои од затвор

одеа во претседателството, и

не сметаа на помошта на толпата.

Денес се соочуваме со нов тип

на револуции со бодликава

жица и крв, далеку

поразлични од „кадифените“

револуции во Европа. Во Египет армијата ја започна

минатата годината како

спасител на револуцијата, а ја

заврши како нејзин најголем непријател.

Војниците, кои некогаш одеа

на плоштадот „Тахрир“, за да

парадираат со сликите на

револуционерите, сега на истото место ги тепаа своите

сонародници. Денес

Египќаните имаат Врховен

совет на вооружените сили. Но, немаат свој египќански

Робеспиер и во 2012 година ќе

треба да го ограничат

влијанието на својата армија. Новиот парламент на Египет,

каде доминираат умерените

претставници на

организацијата „Муслимански браќа“, ќе биде арена на

судири. Армијата, очајно се

обидува да ги утврди своите

Page 47: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 47

политички и економски

привилегии и на секоја цена

ќе се обиде да изврши притисок и да ги натера

исламистите да создадат

„контролирана демократија“.

Тоа е добар чекор, кога ќе земеме предвид дека

либералните претставници на

исламот се речиси уништени.

„Муслиманските браќа" немаат желба да создаваат проблеми.

Поголемиот дел од

Египќаните, веќе не ни сакаат

да помислуват на протести. Според политичките

анализатори „Муслимански

браќа“, ќе го користат својот

мандат, за да ја ограничат

максимално армијата, што ќе доведе до нов бран на

насилство. Армијата ќе игра на

картата на рекетот: или ние

или хаос. Летово, ако не дојде до

граѓанска војна, Египет ќе

избере нов претседател.

Основен фаворит за таа функција е Амр Муса,

поранешен лидер на

Арапската лига. Муса е итар,

прагматичен и опортунистички

настроен, повеќе личи на Тони Блер и е далеку од Вацлав

Хавел. Откако претседателот

ќе стапи на должност,

загрозената економија на Египет ќе ја измести

политиката од дневниот ред на

државата. Зголемениот долг,

намалените девизни резерви и рецесијата ќе предизвикаат

криза. Испразнетиот буџет ќе

донесе нови соочувања: од

едната страна, Египќаните кои

ќе бидат управувани од

држава, во тотален застој, и парламентот, а од другата:

претседателството и

генералите. Така завршува

револуцијата: не со бучава и гром, туку со слаб крик, барем

засега.

Пред Египет стои дилемата,

дали ќе се претвори во Турција, земја со изразен

политички ислам,

дисциплинирани вооружени

сили и контроверзна но функционална демократија,

или во Пакистан -

преторијанска земја,

заглавена во насилство и

дестабилизирана од војската, што се јавува како нејзин

чувар?

Во почетокот на следната година, сириската влада ќе ја

изгуби контролата врз дел од

територијата на земјата.

Слободната сириска армија, во која влегуваат дезертери,

нашле засолниште во Турција,

значително ќе ги зајакне

Page 48: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 48

своите спектакуларни напади

во срцето на режимот.

Велика Британија може да биде една од земјите што

тивко ќе ја зголемуваат

својата помош за

бунтовниците. До летото, бунтовниците може да бидат

вмешани во контроверзни

политички убиства.

Сирија за разлика од Либија и Египет, е мултиетнички

барутен погреб. Малото

исламско движење на

алауитите владее врз сунитите, шиитите, друзите,

христијаните и Курдите. Ако

тие излезат од контрола,

бунтот ќе биде жесток и ќе

биде проследен од етничко чистење, што ќе потсети на

најтемните денови од ирачката

историја. Сириската економија

ќе биде ставена на колена поради нафтеното ембарго и

поради намалените приходи од

туризмот. Големите градови

како Дамаск и Алепо ќе бидат обезличени.

Во Иран, се очекува високиот

лидер Али Хамнеи да започне

да дава повеќе овластувања на својот син Моџтаба -

конзервативен свештеник, кој

е осомничен како раководител

на нападот врз британската амбасада.

Според експертите нема

веројатност режимот да

изработи нуклеарно оружје во 2012 година. Иран ќе

продолжи да ја држи во магла

својата нуклеарна програма.

Претседателот Обама за време на изборната сезона се наоѓа

под притисок на

републиканците и очајно се

обидува да избегне едностран

израелски удар врз Иран. Американскиот претседател ќе

се придржува кон комбинација

од санкции и прикриена војна.

Се очекуваат нови мистериозни експлозии во

нуклеарните објекти на Иран.

Во 1990 година, само неколку

месеци откако ја поведе револуцијата во земјата,

Вацлав Хавел рече:

„Ако сакате вашите претстави

да бидат одиграни во начинот

на кој што сте ги замислиле, треба да станете претседател“.

Според Арапите, нивните

револуции беа

импровизирани. Оние кои очекуваат резултати во

годината што следи, ќе

останат разочарани. Потребно

е време. На современа Турција и беа потребни децении за да

ги стави под контрола

Page 49: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 49

дојдените преку државен воен

удар.

На Велика Британија ѝ беа потребни 96 години од првите

вистински реформи до

воведувањето на општото

право на глас.

Да живее револуцијата, но

тогаш кога ќе ѝ дојде времето!

Автор: Шашанк Доши

Извор: Daily Telegraph

Подготви: Атанас Величков

Page 50: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 50

Ана Николова

2012 - Претседателски избори во САД

При крајот на старата 2011 година, сведоци бевме на голем

број „топ листи“ кои ги

прикажуваа најважните

случувања на полтички план во предходната година. Но, што е

она што нè очекува во оваа нова

2012 година?

Без некаков вид на предвидувања во однос на

политичките текови во оваа

година, како највпечатлив настан

на 2012 година ќе ги издвојам

изборите за претседател на САД. Последните избори се одржаа

2008 година на кои победник

беше Барак Обама.

Честопати, начинот на кој се

вршат изборите во САД претставува нејаснотија, барем

низ европскиот континент. Во

најголем број на земји во Европа,

претседателот се избира

непоседно, преку општи избори од страна на граѓаните, а во оние

земји во кои има посредни

избори, изборот најчесто го врши

парламентот или собранието. Во таа смисла, американскиот начин

на избор на претседател е

единствен во светот. За сегашниот претседател Барак

Обама, прва асоцијација е фактот

дека истиoт беше првиот афро-

американски претседател на САД. Сепак, додека чекаме да видиме

дали Обама ќе го освои и вториот

мандат или на негово место ќе

дојде друг кандидат, може да ја разгледаме прилично

интересната постапка за избор на

претседател во САД.

Изборот на претседател се врши

на посреден начин, т.е. преку т.н. електори. Овие електори се

именувани од страна на секоја

држава во САД посебно. Нивниот

број во секоја држава изнесува онолку, колку што изнесува

вкупниот број на сенатори и

членови на Претставничкиот Дом

(тоа се двата дома на Конгресот). Овој број е различен и може да

се движи од 3 претставници,

колку што имаат на пример

Аљаска, Вермонт и Делавер, до над 40, колку што имаат

најголемите држави како Њујорк

и Калифорнија. Изборот на

електори го вршат граѓаните.

Електоратите се избираат од страна на граѓаните врз основа

на единствени листи, кои ги

поднесуваат политичките партии,

а за кои при изборот се изјасниле мнозинство од избирачите. Значи

секој од електорите, или ако се

тројца или над 40, се членови на

иста партија - републиканската или демократската. Токму

постоењето на двопартиски

Page 51: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 51

систем во САД, го овозможува

постоењето на посредни избори

за претседател. Така, откако ќе завршат изборите

за електорат, веќе е познато кој

ќе биде претседател на САД,

поради фактот дека електоратите се избраници од една партија и

тие се изјаснуваат за личноста од

својата партија. Гласовите ги

пребројува Конгресот, а за претседател е избран тој

кандидат кој освоил апсолутно

мнозинство од гласовите на

електоратите. Денес, бројот на електоратите изнесува 538, па за

еден кандидат да стане

претседател, потребно е за него

да гласаат најмалку 270 од нив.

Еве колку изнесува бројот на електорати по секоја држава.

Често пати се вели дека

претседателските кандидати

најмногу се борат да ги освојат

симпатиите на државите кои носат најголем број на

електорати. Токму и тоа е една

од критиките на овој систем на

избор на претседател - правилото

дека сите места на електоратите од една држава треба да

припаѓаат на една иста партија,

која го има мнозинството на

изборите. Така, дури и минималното мнозинство на една

партија ѝ го дава правото на сите

места на електоратите.

Во таа смисла, неколку пати се случи во САД претседател да

биде кандидат кој е избран од

мнозинството на електори, но не

и мнозинството на граѓани на САД.

Како изгледаа изборните

резултати на претходните

претседателски избори на САД?

На последните избори во 2008, Обама победи со 67,3% од

гласовите на електоратите, а

Меккејн освои 32,2% од нивните

гласови. Мапата на која се претставени гласовите на

електоратите низ држави и колку

од нив биле за победникот

наспроти губитникот, е достапна на следниов линк:

http://jutiagroup.com/20090122-

2008-presidential-election-maps/

Интересна е појавата на независни кандидати за

претседател. Тука уште повеќе

доаѓа до израз важноста која

двете партии ја играат во изборот на претседател. На последните

избори, на пример, во САД

независниот кандидат Рафл

Надер, на општите избори освоил само 0.56% од гласовите, ако

имаме предвид дека Обама

Page 52: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 52

освоил дури 52.87%, а Меккејн

45.60%.

2000 година беше годината кога за претседател беше избран

кандидат кој добил гласови од

мнозинство на електори, но не и

на граѓани. Се работи за претседателската трка помеѓу

Џорџ В. Буш и Алберт Гор Јуниор.

Бројките покажуваат дека Буш

освоил 47.87% на општите избори, а Гор 48.38% од

гласовите. Иако прилично тесна,

разликата е во полза на Гор.

Меѓутоа, гласовите на електорите пресудија нешто друго - 271

гласа за Буш и 266 гласа за Гор,

со што Буш стана претседател на

САД.

Што се однесува до изборите во 2012, Обама официјално ја

објави својата кампања за

кандидадура за уште еден

реизбор. Што се однесува до републиканската партија, повеќе

членови ја водат битката за да

бидат кандидат на оваа партија,

меѓу кои најмногу се истакнуваат Mitt Romney, Newt Gingrich, Rick

Perry, Jon Huntsman, Ron Paul и

Rick Santorum. Засега од

прелиминарните избори одржани

во Ајова на 3 Јануари и во Њу Хепмшир на 10 јануари,

покажуваат водство на

кандидатот Mitt Romney.

До сега се направени доста истражувања во однос на тоа кој

е фаворит на следниве

претседателски избори. Во

државите Северна Каролина, Вирџинија, Њу Мексико,

Колорадо, Флорида,

Калифорнија, Охајо, Хаваи - се

во полза на Обама, за разлика од

републиканските кандидати кои

уживаат поддршка во Монтана, Аризона, Мисисипи, Небраска,

Тексас, Мисури, Кентаки.

Математика се прави во однос на

тоа колку електорати се избираат во секоја од овие земји - што

повеќе електорати значи

позагарантирана победа. Сепак,

сè уште е рано да се предвидуваат изборните

резултати, бидејќи изборната

кампања сè уште не е започната.

Најголемата слабост за Обама се однесува на прашањето за

економијата. Рецесијата која ја

доживеа глобалната економија, а

која според Националното Биро за економски истражувања на

САД, завршила крајот на 2009,

донесе големи предизвици за

решавање во однос и на американската и на светската

економија. Но периодот на две

години по завршувањето на

рецесијата не донесе

подобрувања кои можат обичните граѓани да ги почувствуваат.

Уште од Големата депресија од

1929 година па наваму, осум

Page 53: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 ПОЛИТИКА страна 53

претседатели на САД успеаја да

добијат и втор мандат. Шест од

нив- Френклин Рузвелт, Двајт Ајзенхауер, Линдон Б. Џонсон,

Риџард Никсон, Реган и Клинтон

победиле затоа што

националните услови за живот за време на нивните мандати се

подобриле, а само двајца Турман

и Џорџ В. Буш победиле и покрај

продолжетокот на тешките услови. Ова говори дека Обама

го чека тешка борба.

Последниве двајца победиле како

резултат на тоа што успеаја да ја убедат Америка дека и покрај

тешките времиња, изборот на

опозицијата би ги направил

работите уште потешки. Дали ова

ќе му успее и на Обама, ќе видиме понатаму.

Во секој случај, изборот на

претседател на САД буди голем

интерес и тоа не само во американската нација, туку и во

светот воопшто.

Републиканец или демократ - е

прашањето кое сепак најмногу го

засега остатокот од светот. Фактот дека се бира човекот кој

застанува на чело на најголемата

сила во светот со многу важна

улога во меѓународната полтика и меѓународните односи, прави и

останатите земји да го задржат

својот здив, пред прогласувањето

на претседателот на САД.

Page 54: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 МЛАДИ СО СТАВ страна 54

Page 55: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 55

Атанас Величков

Државни пари за „пипкање“ дечиња?!! Во еден од моите последни

написи на тема педофилија, објавен во неделниот магазин

„Револуција“ со наслов

„Педофилската идила

продолжува“, напишав дека Македонија се претвора во

ветена земја за педофилите...

Испадна дека има уште една

ветена земја...

Грција... Да да, драги мои, нашиот јужен сосед е на пат

да ни го земе приматот во

толеранцијата на власта кон

педофилите... Во Грција моите омилени „гуми за џвакање“

веќе се со статус на лица со

посебни потреби и ќе добиваат

медицинска нега и замислете, парична помош... Да, да... Тоа

е жива вистина и не е моја

антиреклама за братска

Грција. Според последните

информации, во Грција во ист

ќуп со педофилите се ставени

луѓето со трансплантирани

органи, лицата со физички

хендикеп и луѓето со ментална заостанатост. Грција убедливо

се покажува како многу

хумана земја... Тоа ти се вика

сексање за време на финансиска криза.

Одговорните лица од

организациите на луѓето со

посебни потреби се огласија дека не ги прифаќаат

промените во законот, што го

регулираат нивниот статус. И

многу нормално...

Педофилите во Грција ќе добиваат помош од државата

во висина од 35% од

просечната грчка плата, а

само за споредба, лицата со дијабетис добиваат скромни

10% од истата просечна

плата... Од тоа, следува дека

Грција како држава повеќе се грижи за педофилите отколку

за болните од дијабетис! Тоа е

врв... мислам, врв на

човековата глупост... Но како

што е речиси секогаш, и овде се работи за пари... Се работи

за многу пари. Во списокот со

посебни потреби се вклучени

и други врсти на човекови девијации... Државна пара ќе

„лапаат“ пироманите,

егзибиционистите, тинкачите

на јавни места, зоофилите, коцкарите и на последно место

садомазохистите... Јас мислам

дека како што тргнало, Грција

ќе се претвори во Содома и

Page 56: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 56

Гомора на 21-виот век... Кој

знае колку пари ќе се исперат

покрај овие промени во законот...? Ќе се купуваат

јахти, замоци и други луксузни

добра на грбот на

хендикепираните... Ама тоа ти е... Мене ме зачудува тоа дека

Грција и покрај фактот дека е

пред банкрот, грчката држава

наместо да штеди, си отвора нови трошоци...

Наместо да им ја покачи пензијата или да речеме

државната помош за тие што

навистина имаат потреба од

неа, Елиники демократија го

проширува списокот со луѓе, кои ќе земаат пари за тоа што

се манијаци, кои пипкаат мали

деца, се „онадат“ со овци и

кози или пак си ги покажуваат срамотиите пред луѓето на

јавно место...

Брзам да подвлечам дека овој

напис не го пишувам со намерата да им делам совети

на браќава од Грција, како да

си ја средат несредената

држава... Написот го пишувам бидејќи сакам да Ви ја

доловам човековата глупост во

едни поинакви црти. Искрено

да Ви кажам драги мои, малку ми „фуфка“... Не за друго, па

покрај овие промени

Македонија е можно да остане

без манијаци... Сега сите педо, зоо, некро и други фили ќе се

затрчат во Грција и има сè да

си сменат и нација и име само

и само да се „докопаат“ до државната помош за

психопати со настрани

сексуални желби...

Сега малку посериозно! Мислам дека Македонија може

да има само „ќар“ од оваа

иницијатива на грчката

држава... Време е јавноста да

се разбуди и активно да започне да работи врз

прашањата околу

педофилијата... Има една

стара изрека: „Ако мечката игра кај комшијата, кога тогаш

ќе заигра и во твојот двор“...

Денес на грчките манијаци од

секаков тип им даваат државни пари за да ги шират

своите пороци. Кој може да Ви

гарантира дека педофилите во

Македонија нема да побараат

и тие некој да ги субвенционира поради

нивниот мерак да пипкат

дечиња? Не дај Боже да

станеме толку европска држава, колку што е Грција!!!

Кога знам со каков елан

нашиве се пишат Бугари само

и само да избегаат од овде, утре може и како педофили да

се пријават некои за да

добијат помош од државата...

Page 57: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 57

Симни се Боже собери си ја

вересијата... Јас имам едно

многу важно прашање... Ако прифатиме дека постојат луѓе,

кои уживаат во физичкото и

психичкото малтретирање на

педофили, дали и тие можат да се разгледуваат како лица

со посебни потреби?

Сепак да не се лажеме, знам

дека е многу понормално да му ја скршиш главата на некој

педофил во споредба со тоа да

си го пикаш во крава, но сепак

има луѓе, кои имаат посебна потреба да ги превоспитуваат

педофилите со алатките на

Светата римска инквизиција...

Можеби тоа што ќе го напишам

сега ќе Ви се причини предавничко, но ако во Грција

дадат државна помош за тие

што имаат манијакална

потреба од изживување врз педофили, веднаш заминувам

таму и поднесувам барање за

грчка тапија... Но тоа се

разбира нема да се случи, затоа што Грција не е Русија и

нема никакви планови да ги

кастрира педофилските црви...

За крај би сакал да напоменам

дека, нема да прекинам да

пишувам за педофилијата... Нема да прекинам да пишувам

за овој тумор во општеството

сè додека во Македонија

педофилите се толерирани од државата... Не сакам да стојам

од страна и да чекам од

затворениците да им делат

правда на нивните „болни“ цимери…

Сакам државата да застане

цврсто во борбата против

педофилијата... Сакам јавноста да се разбуди

и да разбере дека воловите во

Драчево за Нова година и тоа

дали има потреба од

Триумфална порта во центарот на метрополата, се далеку

поневажни теми во споредба

со таа за борбата во името на

заштитата на децата. До кога ќе се правиме

наудрени и ќе се убедуваме

самите себе дека

педофилските приказни не можат да ни се случат нам...?

До кога ќе се правиме

похумани од Мајка Тереза и ќе

проповедаме хуманост

наменета за луѓе, кои треба да бидат жестоко казнети поради

фактот дека се монструми...?

Ќе пишувам драги мои...

Бидејќи колку и нескромно да звучи тоа е една од моите

каузи... Можете да ме

наречете примитивец,

искомплексиран тип, кој сака да кастрира луѓе со

пореметени мозоци, можете да

ме наречете што сакате... Ја

Page 58: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 58

имате тоталната слобода и да

го игнорирате мојот повик...

Но немојте да се гнасите кога ќе слушнете на вести дека

некој перверзник силувал

некое мало дете...

Немојте да пцуете... Не е

воспитано, а дури е и

лицемерно, бидејќи сега додека јас повикувам, вие

спиете... Имајте убав сон...

Page 59: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 МЛАДИ СО СТАВ страна 59

Магдалена Јовановска

400 магистри без работа

Невработеноста во Македонија завзема се поголеми размери. Во

последното истражување на

весникот „Економист“, се вели

дека во Македонија се води најмизерен живот во светот. Ова

истражување само ги потврдува,

веќе видливите стандарди на

живеење во Македонија, кои граѓаните ги чуствуваат на своја

кожа.

Најчеста причина за големата

невработеност меѓудругото се

наведува и нискиот степен на образование на граѓаните. Но,

дека ова во реалноста и не е

вистина говорат фактите за

невработеноста на лица во титули од високото образование,

односно магистри и докторанти.

Според последните статистики од

бирото за вработување кои беа достапни за јавноста, во

октомври изминатата година, се

вели дека дури 20 доктори на

науки во бирото се водат како невработени.

Сличен е и случајот со

магистрите. Од бирото велат дека

во октомври рекордни 424 лица

со титула мигисер чекале работа. Се поставува прашањето на што

се должи оваа голема бројка на

невработени лица со висока

титула? Во јавноста од лаици и од

експерти се шират разни

гласини, но најсилна е онаа која

вели дека партиските книшки се многу поважни за вработување

отколку завршеното образование и стекнатата титула.

Најголем процент на лица со

титулата магистер се од областа

на општествените науки, каде пред извесен период излезе

истражување во кое се вели дека

има голем суфицит на кадри.

Бројот на магистрите и докторантите од техничките

науки пак, е значително низок,

за што покрај држава, свесни се

и универзитетските професори од

овие факултети. Проф. Д-р Доне Ѓершановски,

декан на Природно-

математичкиот факултет вели:

- Ако државата не најде начин преку стипендии, на пример, да

ги мотивира студентите, многу е

извесно дека ќе останеме без

професори по математика и по физика. За струките што се

дефицитарни, на најдобрите

студенти треба да им се

гарантира вработување, па тогаш ќе се зголеми интересот за овие

науки. Тоа што бројот на

невработени економисти и

правници расте е така зашто на

универзитетите, особено на приватните, има студии по

информатика, менаџмент, но не и

по хемија, математика.

Иако сите истражувања и статистики укажуваат на тоа дека

суфуцитот на кадри од

општествените науки, особено

магистри по право и економија е висок, сепак квотите за упис на

овие факултети не се

Page 60: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 МЛАДИ СО СТАВ страна 60

намалуваат. Мерката на Владата

се состои во отворање на

факултети за технички и природни науки во повеќе

градови низ државава, но

интересот и понатаму е мал.

Доколку ја анализираме

кампањата на Владата „Знаењето

е сила. Знаењето е моќ“, се

прашуваме што можеме да им порачаме на амбициозните

студенти, кои го продолжуваат

своето школување и се

стекнуваат со високи титули, и се надеваат дека тоа ќе им донесе

вистинско вработување, со

вистински надомест. Дали тие по

стекнувањето на титулата ќе

бидат силни и моќни за да придонесат за развој на нашата

држава? Или сепак, нивните

дипломи ќе им служат само за

престиж и подобар статус на Фејсбук?

Дали политиката на владата во

секој град да се отвори факултет,

со што енормно се зголеми процентот на граѓани со високо

образование, ги примора

поуспешните да продолжат со

школувањето со цел повисока

титула? Ова се дел од прашањата кои

високо образовните луѓе во

Република Македонија постојано

си ги поставуваат, но не можат да дојдат до вистински одговор.

Додека процентот на докторанти

во Парламентот и во сите

институции за развој на државата е многу мал, 16 лица со таа

тутула, но очигледно без

партиска книшка се сè уште

невработени. Дали државата ќе

ги награди за вложениот труд,

или ќе почека таквиот чекор да го превземе некој странски

ентитет, останува строго

доверлива тајна.

За сите амбициозни студенти – учете, и снаоѓајте се сами. Не

очекувајте дека новата титула ќе

ви го претвори животот во бајка,

бидејќи Пепелашка дефинитивно не била родена во Македонија...

Page 61: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 МЛАДИ СО СТАВ страна 61

Даниела Цветаноска

Музика подложена на импровизации

Помина Нова година, поминаа божиќните празници, но

сеќавањата за најлудата ноќ

останаа. Преполни кафеани,

преполни дискотеки. Музика од сите страни. Но, каква музика?!

Музиката е онаа страна од

новогодишната ноќ што ја

“дига“ цела атмосфера. По секоја конотација на зборот,

ние сме патриотски настроени

граѓани, па редно е да слушаме

и таква музика. Или не? Но, по

сите случувања и забави, на многу лесен начин може да се

одреди нашата патриотска

душа. Изгледа луѓево, особено

младите почнаа да ги мешаат работите. Почнаа да се губат

границите помеѓу кафеана,

кафиќ и дискотека. Се почесто

од секој кафиќ се слуша кафеанска музика или уште

полошата варијанта

“турбофолк-от“. Поранешните

дискотеки целосно изумреа со времето и просторот, па така од

тој збор нема ни почетна буква

“Д“. Или уште подобро,

дискотеките можеме без

никакви ограничувања да ги наречеме “турботеки“. Цеца,

Аца Лукас, и многу други

турбофолк песни и пејачи ги

забавуваа македонските граѓани. Каде исчезна

македонската музика? Како

скоро сите млади луѓе се

преобратија и почнаа да живеат во стилот на турбофолк

манијата? Како турбофолк

стилот (ако воопшто може да се

нарече така) се наметна како

стил за млади и весели луѓе.

Уште кога се појави, многу социолози, го третираа

турбофолкот како минлив

феномен. Демек тоа е нешто

што младите ќе го заборават по “одреден“ период. Денес, јас

сакам да знам колкав е тој

период. Како да се заштитам од

оваа појава која ја има насекаде? Во сите локални

продавници, по скоро сите

бутици, по сите автобуси каде

што главен ДиЏеј е возачот кој

по игра на судбината станал одговорен за моментот на 70-80

луѓе, на кои, можеби не им се

слуша Цеца од 8 часот сабајле.

Но, тука се и обичните луѓе кај кои може да се налета и на

underground турбофолк музика.

Некомерцијален турбофолк за

кој треба да си „избран“ за да уживаш. А и не само музиката,

турбофолкот е целосен стил на

живот. Баш онаков каков што и

се очекува по целосно симнување на моралните норми.

Културата се замина уште во

деведесеттите. Се затворија

домовите на култура, кината

почнаа да се затвораат, само бројот на „турбо кафиќи“ и

„турботеки“ се зголемува. Нема

веќе потреба од надоградба на

духот, туку само надоградба на шминката и гардеробата. Што

пократка облека, тоа подобро

рекламирање. А најголемата

трагедија е што никој не дава отпор на сето ова. Демек, ова е

демократија и не може да се

забрани. What are you talking

about?

Page 62: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 МЛАДИ СО СТАВ страна 62

Во сето ова , јас зборувам за

уништувањето на системот на

вредности, за музиката подложена на импровизации. А

најголемиот трик на сето ова е

тоа што 99% од задачата на

турбофолкот е да ги убеди луѓето дека и не е толку лош. А

полош е од тоа што мислиме. За

тоа потребно е целосно

исклучување на мозокот. Почнувајќи од стиховите кое се

пребанални да се зборува, па и

музиката, за која не е потребно

ни една мозочна клетка, доволно е само флексибилност

на колковите и рамената и што

повисоко кревање на двете

раце.

За жал останаа многу малку луѓе што би отишле на опера,

балет, или рок концерт. И

речиси на сите млади луѓе, им е

прескапо да купат CD од некој

квалитетен домашен уметник, а им е евтино да појдат на

концерт од Аца Лукас. И сè

додека се нуди ваква евтина

забава и сè повеќе млади луѓе се залетуваат по овој стил, без

никакви ограничувања можеме

да се прогласиме за генерација

која не ги почитува домашните работи, не слуша македонска

музика и не ја вреднува

домашната работа. Додека

Македонија е преплавена со врвни и докажани музичари кои

цел Балкан и цел свет ги

вреднува, ние се задоволуваме

со некоја нискобуџетна музика

и уште пониски морални и културни вредности...

Page 63: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 63

Јасмина Спиркоски

Биг Бен - пулсот на Лондон

Со дијаметар од 2.74m, висина 2.29m и 14 тони тежина звоното

на гратскиот часовник во Лондон

познато под името Биг Бен е едно

од најпознатите звона некогаш излијани во светот. Биг Бен е

излијан во сабота на 10-ти април

1858 година, но приказна за него

почнува две деценнии порано...

Тоа што не успеаа Гај Фокс и неговите заговорници на 5-ти

ноември 1605 година успеа

пожарот што се случи на 16-ти

октомври 1834 година и ја

уништи Палатата на Вестминистер, седиштето на

Британската Влада. Од старата

палата останаа само мал број на

работи, од кои најзначајната -Салата на Вестминистер која е

изградена помеѓу 1097 и 1099

година и која што е вклучена

како составен дел во новата градба, денес позната како

Палатата на Вестминистер, која

што е седште на британскиот

Парламент.

Во 1844 година парламентот одлучил новата зграда на

британскиот Парламент да има во

својот состав и градски часовник.

За изградба на градскиот часовник бил избран архитектот

Чарлс Барин кој најпрво

обврската за изработка на

часовникот му ја доверил само на еден часовничар. По

негодувањето на другите

часовничари, обврската за

изработка на часовникот била

објавена на тендер. Кралскиот астроном Ѓорѓ Аири

бил назначен да ја изработи

спецификацијата на часовникот.

Едно од неговите барања било: „Првиот удар на звоното треба да

го регистрира времето во точност

до секунда на ден, своите

перформанси часовникот треба да ги испраќа до Кралската

обсерваторија два пати на ден

каде што ќе се води евиденција

за неговото работење.“ Најголемиот дел на

часовничарите во тоа време

Page 64: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 64

сметале дека таква точност и

прецизност е незамислива за

еден голем градски часовник, но Аири бил упорен во своето

барање часовникот да биде

прецизен до секунда.

Парламентот во комисијата за избор за изведувач на проектот

го поставил и адвокатот Едмунд

Бекед Денисон.

Едмунд Бекед Денсион подоцна Сир Едмунд Бекед бил многу

тежок човек. Некои писатели

него го опишале вака

„Љубоморен и непопуларен, самобендисан експерт на

часовници, брави,звона, објекти,

како и експерт во многу гранки

од правото, Денисон беше еден

од тие луѓе со кого е невозможно да се биде колега, бидеќи тој

беше убеден дека тој знае повеќе

од било кого за било што.“

Денисон решил да го земе проблемот на часовникот во свои

раце. Било 1851 година кога тој

составил дизајн на часовник кој

точно ќе ги задоволи наведените барања.

Часовникот го бил направен од

„Месрс Е.Ј.Дент & Ко“ и бил

завршен во 1854 година, додека

пак кулата на која што требало да се монтира часовникот не

била завршена се до 1859

година. Поради таа причина

часовникот бил чуван и тестиран во наредните 5 години.

Следно било изработката на

звоното. Денисон открил дека

Бари имал барање за звоно од 14 тона. Најголемо звоно дотогаш

направено во Британија било

звоното „Големиот Петар“ со

тежина од 10,5 тона.

Од ова лесно произлегува дека

тогашните звоно- производители

биле малку скептични во однос на изработката на новото звоно.

Нивната скептичност најмногу

потекнувала од барањето на

Денисон да се користи негов дизајн за обликот на звоното

како и негов „рецепт“ за металот

од кое ќе биде излеано звоното.

Се направило звоно по неговите спецификации, но тоа било

преголемо со тежина од 16 тони

и при неговото тестирање

пукнало. Тогаш Денисон ја одбрал компанијата

„Вајтчапелфондри“.

Ѓорѓ Меарс тогашен врвен лијар

на звона и сопственик на

„Вајтчапелфондри“ ја презел изработката на звоното. Според

рекордите на компанијата

„Меарс“ најпрво побарал цена од

2401 фунта за изработка на звоното, но во оваа сума

влегувале 1829 фунти само

металот од првото звоно, така

што сумата која била платена изнесувала 572 фунти.

Page 65: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 65

Потребно било цела недела да се

искрши старото звоно, 3 огништа

за да се стопи металот и калапот

бил загреван цел ден пред

завршното лиење. Ова бил прв таков проект во Британската

индустрија за лиење звона.

20 мин биле потребни за да се

наполни калапот со вжештен метал и 20 дена за металот да се

стврдне и излади.

Потоа звоното било тестирано на

секој можен начин и со согласност на Денисон било

одобрено да биде вклучено во

изработката на градскиот

часовник Биг Бен. Транспортирањето на звоното

неколку километри од

складиштето на компанијата до

Парламентот било нешто

посебно. Целиот сообраќај бил запрен, и звоното било поставено

на количка влечена од 16 коњи,

така што звоното го започнало

својот пат по накитените улици за таа пригода во која што имало

насобран народ кој го

поздравувувал неговото

пристигнување.

За прв пат звоното на градскиот

часовник во Лондон зазвонало на

31 мај 1859 година и Парламентот по тој повод имал

посебна седница на која требало

да се најде пригодно име за

звоното. Низ текот на дебатата биле дадени многу сугестии, но

Сирбенѓемин Хол голем и

полничок човек познат под

надимакот Биг Бен станал и имал многу долг говор на темата.

Кога на крајот од маратонскиот

говор Сирбенѓемин се вратил на

своето место некој извикал „Зошто да не го викаме Биг Бен и

да завршиме со тоа!?“ Во салата

избувнало голема смеа и така

звоното било наречено Биг Бен.

Два месеци по официјалното

пуштање во употребана звоното, Биг Бен напукнало и биле

потребни 3 години да се поправи.

Оттогаш па до денес Биг Бен

работи со огромна прецизност и е еден од најпретпознатливите

објекти -икони на Лондон и

Англија. Биг Бен е посетен од

милиони туристи.

Page 66: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 66

Од перото на Владимир Неделковски

BREAKING IN (2011)

Улоги: Bret Harrison, Odette Annable, Trevor Moore, Alphonso McAuley, Christian Slater, Michael Rosenbaum, Режија: Seth Gordon, Fred Savage Сценарио: Adam F. Goldberg, Seth Gordon Продуцент: Adam F. Goldberg

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Тин-комедија која е

навистина смешна -Ausgezeichnet! Тоа ви е на швабски (германски

за помладите) „одлично“ и тоа ви

е главен епитет на серијата,

„Провалување“. Чинам, во некоја

друга критика спомeнав дека 2011 е година на оригинални и

квалитетни идеи, преточени во

серии и оваа серија ја потврдува

токму оваа изјава.

Продукциската куќа Фокс, најпозната по сериите Досиеа

Икс и Симпсонови, оваа сезона

ни ја носи новата серија,

контендер за блокбастер, чија

тема е, пази сега, деликвентна младина, која работи за фирма за

обезбедување, Контра Секјурити,

која е специјализирана за

пробивање на сигурносни

системи на фирми и богаташи, со

цел за проверка колку им е добро обезбедувањето. Ако ви е

нејасно, сигурно не сте ги

гледале филмовите „Хакери“ и

„Шпиони“, ама без грижа, следи

објаснување. Значи, имате пет копиљи...,

пардон, млади луѓе, кои се

надарени со уникатна вештина за

зае..., пардон, измамување, на луѓе, компјутерски програми и

секаков вид заштита на објекти,

возила, скапоцени уметнички

дела итн. Сумирано, деца -генијалци, се платени да

провалуваат сигурносни системи,

за да им ги најдат и отстранат

маните. Јасно сега? Ок. Инаку, ваква професија на запад,

навистина постои.

Камерон Прајс, најновиот регрут,

е компјутерски хакер, кој си го

пробил својот пат до колеџ, пробивајќи го дотичниот

компјутерски систем и

доделувајќи си школарина и

просек и оценки и... И КАДЕ БЕШЕ МАЛИОВ КОГА БЕВ НА

МЕДИЦИНСКИ!? Извинете. Мала

дигресија. Ама, шефот на „Контра

Сек.“ го открива и го уценува да работи за него или му следи,

вака е навистина на запад,

Page 67: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 67

ЗАТВОР! Ноу, шид! Меѓу добра

плата или од 10 до 15 години, „со

тешко срце“, Камерон се одлучува да се вработи.

Касиус Спаркс т.н. „Кеш“ (иначе,

мој најомилен лик) е

единствениот афроамериканец во серијата, кој поради своите

културни одлики, е повеќе бел

отколку црн. Односно, тој е SF-

фан, заљубеник во сè што спаѓа под жанрот фантастика. Тој е

типот кој може да ги наброи

шифрите на сите ѕвездени

бродови Ентерпрајз; типот кој си направил своја верзија на

серијалот Војна на Ѕвездите; и

типот кој се ставил себе си во

стрип за суперхерој-имитација на

Супермен.., но и типот што може да поправи сè што има струјно

коло. Експерат за електроника,

де.

Џош Армстронг, е локалниот мастер/мајстор за преправање и

за манипулација на луѓето. Ова

значи, ако треба да се зафркне

човек, а не машина, Џош е првиот избор. Од друга страна,

како колега е последен избор,

бидејќи често ги манипулира и

луѓето во негова близина.

Единственото женско (и убаво, се разбира) лице во тимот е Мелани

Гарсија, која, благодарејќи на

таткото измамник, кој ја научил

сè за занаетот на крадецот пред самиот да се најдe зад решетки,

не успеала да заврши ни

основно. АМА! Слатката Мелани,

успеала да научи како да отвори, заклучено, со аларм обезбедено,

Порше, за шеесет секунди; да

провали во куќа со камери и

ласери и кучиња, без да ја сетат

комшиите; и можеби, ако ова се

одвиваше во Македонија, да наполни гласачки кутии, пред

носот и на ВМРО и на СДСМ И

ДУИ и другата багра.

Дополнително, поради сексапилноста како девојка

крадец, Камерон, главниот лик,

се треска по неа, како попален

пес. Уште во тимот е Дач, дечкото на

Мелани, кој повеќе е како

додаток, отколку експерт,

бидејќи неговиот талент опфаќа правење комплетна будала од

себе, во која активност е

апсолутно Нумеро Уно! И за крај,

силен тим има силен, мудар,

искусен, шармантен и харизматичен и ПРАВЕДЕН,

тимски лидер (т.е. чиста

спротивност на нашите

политички лидери), а тој е Оз, скратено од Озборн, кој е

толкуван од некогашната

Холивудска ѕвезда, Кристијан

Слејтер. Оз е поранешен крадец и фалсификатор, кој минал низ

сито и решето, што го претворило

во некој вид супер шпион, што

како шеф/газда го чини

вистинска напаст, затоа што неговите вработени не можат ни

да се посер... ни да дефецираат

без тој да дознае и дури да го

открие составот на изметот и која храна довела до негово

производство (ХЕХ!).

Она што мене ми се допадна кај

оваа серија, за разлика од сериите кои сакаат да бидат и

сериозни и (црно) хумористични,

како на пр. C.S.I, е што, Фокс,

Page 68: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 68

решиле да ја стават темата

обезбедување/кражба, во втор

план, а да се сконцентрираат на вистински хумор и досетки и

комични ситуации, затоа што

нели, главните ликови се млади,

да не речам штотуку излезени од школо. Значи, крв, секс,

убиства... НИШТО ОД ТОЈ ШИТ!

Овде е модерниот хумор -

главниот адут. Соодветно, буџетот е скромен, но достатен.

Ова значи, се е „Хај Тек“, ама

експлозии и сл. нема. Серијата е

да ве насмее. Помислете на серијата „Пријатели“ (Friends), но

со вистинска прича, комичен

хумор, и вистински актери, кои

уверливо ги толкуваат своите

улоги. (Ако не го делите моето мислење дека „Пријатели“ беше

слаба серија, запрашајте се до

каде им се кариерите на

„актерите“, сега, кога серијата е завршена). Ама навистина,

кастингот на улоги е совршен.

Тоа што го ставиле Кристијан

Слејтер како шефот, било, полн погодок.

Тој инаку е ѕвездата од хит -

филмовите како „Робин Худ :

Принц на Кратците“, „Вистинска

Романса“, „Покачи го гласот“ и др.

Исто така, малиот Брет Харисон,

што го избрале за главна улога, е

навистина добар. Тоа е она

детето -сосед од серијата „Под Казна Доживотно“ и да си

признаам, ако вака продолжи, го

чека една добра, актерска

кариера.

За крај, би рекол, иако оваа серија делува како оние Sit-Com

серии како „Луди Седумдесетти“,

„Сите Го сакаат Рејмонд“, „Два и

пол мажи“... ТОА НЕ Е! Брза е, комична, актуелна и оригинална.

Ако сакате нешто ново, ова е тоа

што ви треба.

Има само седум епизоди (засега), така што ако ја гледате, нема да

потрошите многу од својот живот,

а верувајте ќе се насмеете

повеќе од многу.

конечна оценка: 8,0/10

Се читаме!

Page 69: Магазин Револуција бр.59

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 59 АРТВИЗОР страна 69

Page 70: Магазин Револуција бр.59

Револуција магазин број 59 14 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 70