8
ОПЕРАТИВЕН НАСТАВЕН ПЛАН ЗА ИНТЕГРИРАНА НАСТАВА ВО КОМБИНИРАНА ПАРАЛЕЛКА Училиште ООУ„ Димче Ангелов Габерот“- Демир Капија Подрачно училиште с. Корешница Дата 06. 04. 2011 год. Одделение Комбинирано I и IV одделение Одделенски наставник Валентина Тодорова I ОДДЕЛЕНИЕ IV ОДДЕЛЕНИЕ Тема на часот Плодови во мојата околина Активности со пари Интегриран и предмети Запознавање на околината и Математика Општество и Математика Наставен предмет ЗО Математи ка Општество Математик а Наставна тема Јас сум дел од природата Проценувањ е и мерење Општина Множење и делење на броевите до 1000 Наставна содржина Што научивме за овошјето и зеленчукот Стандардни мерки – Килограм Активности со пари Текстуални задачи (со тема: пари) Цели Да препознава и именува овошни и зеленчуков Да се поттикнува за мерење на маса искажана Да ја препознава македонскат а парична единица – Да решава текстуални задачи; Да одредува производ на

оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

ОПЕРАТИВЕН НАСТАВЕН ПЛАН ЗА ИНТЕГРИРАНА НАСТАВА ВО КОМБИНИРАНА ПАРАЛЕЛКА

Училиште ООУ„ Димче Ангелов Габерот“- Демир Капија

Подрачно училиште с. Корешница

Дата 06. 04. 2011 год.

Одделение Комбинирано I и IV одделение

Одделенски наставник Валентина Тодорова

I ОДДЕЛЕНИЕ IV ОДДЕЛЕНИЕ

Тема на часот

Плодови во мојата околина Активности со пари

Интегрирани предмети

Запознавање на околината иМатематика

Општество иМатематика

Наставен предмет

ЗО Математика Општество Математика

Наставна тема

Јас сум дел од природата

Проценување и мерење

Општина Множење и делење на броевите до 1000

Наставна содржина

Што научивме за овошјето и зеленчукот

Стандардни мерки – Килограм

Активности со пари

Текстуални задачи(со тема: пари)

Цели Да препознава и именува овошни и зеленчукови плодови и да ги разликува по надворешниот изглед;Да се запознае со еко системот на овошна и зеленчукова градина;

Да се поттикнува за мерење на маса искажана со стандардна мерка – килограм;Да споредува маса на предмети;Да умее да мери маса на предмети со стандардни мерки.

Да ја препознава македонската парична единица – денар (ковани пари – монети и книжени пари – банкноти).

Да решава текстуални задачи;Да одредува производ на даден број и едноцифрен број без премин, односно со премин;Да одредува количник на број со едноцифрен делител.

Page 2: оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

Образовна технологија

Одделение I IV

Наставни методи

Метод на игра, демонстративен метод, илустративен, разговор, метод на практична работа, истражувачки метод.

Демонстративен метод, илустративен, разговорна метода, метод на практична работа, истражувачки метод.

Наставни форми

Индивидуална, фронтална, групна.

Индивидуална, фронтална, групна, тандем.

Наставни средства и инструменти за работа

Наставни ливчиња, плакат со овошни и зеленчукови плодови, хамер, апликации со плодови, лепак, учебник, мали столчиња, вештачки овошни и зеленчукови плодови, свежи овошни и зеленчукови плодови, вага за мерење маса, тегови од 1 kg и 2 kg.

Наставни ливчиња, хамер, испечатени монети и банкноти во боја, вистински монети и банкноти, стари македонски монети, лупа, лепак, капалки за вода.

Техники на работа

Танграм; Измешани секвенци.

Очекувани резултати

Препознава и именува овошни и зеленчукови плодови и да ги разликува по надворешниот изглед;Го знае еко системот на овошната и зеленчуковата градина;

Мере маса искажана со стандардна мерка (килограм); Умее да мери маса на предмети со стандардни мерки; Знае да споредува маси на предмети.

Ја знае македонската парична единица – денар (ковани пари – монети и книжени пари – банкноти);

Решава текстуални задачи; Знае да одреди производ на даден број и едноцифрен број без премин, односно со премин; Одредува количник на број со едноцифрен делител.

Следење и оценување на постигањата на ученицитe

Усна повратна информација – во текот на целиот процес на учење, со цел учениците да бидат насочени кон ефективна реализација на целите на часот;Наставни листи за проверка на знаењата;

Усна повратна информација – во текот на целиот процес на учење, со цел учениците да бидат насочени кон ефективна реализација на целите на часот;Наставни листи за проверка на знаењата;

Page 3: оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

I одделение IV одделение

Евокација (Воведни активности)

Наставник Ученик Наставник Ученик

Внесува расположение со играта: Каде растат плодовите?

Поведува разговор за овошните и зеленчуковите плодови.

Започнува симулирачка игра (Јадеме плодови) за проверка на знаењата на учениците.

Ги воведува во стандардната мерка за маса – колограм, преку читање на кратка приказна „На пазар“.

Поведува разговор за приказната.

Формирање на групите.

Понуда на материјалите и средствата за работа.

Учениците ја играт играта, следејќи ги правилата на играта.

Учениците одговараат на прашањата.

Учениците активно учествуваат во симулирачката игра.

Внимателно ја слушаат приказната и одговараат на поставените прашања. Самостојно носат товар (вештачки и свежи плодови) и ја откриваат целта на часот.

Учениците се распоредуваат во две групи.Подигнуваат материјали за работа.Помеѓу активностите учениците ќе изведуваат релаксирачки игри (реагенси).

Наставникот им дели на учениците пликови со дадени упатства за решавање на танграмот.

Ја применува техниката:Измешани секвенци.

Формирање на две групи.

Понуда на материјалите и средствата за работа.

Учениците работат во парови, го составуваат танграмот и како решение добиваат решение – денар.

Учениците подредуваат зборови и ја откриваат целта на часот: Активности со пари.

Учениците се распоредуваат по групи.

Подигнуваат материјали за работа.

Page 4: оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

Сваќање на значењето (Учечко – поучувачки активности)

Наставник Ученик Наставник Ученик

Координација на работата по групи и центри.

Надгледување на работата по групи и давање помош таму каде што е потребно.

Наставникот ги насочува и врши ротирање на групите.

Групите работат според насоките од наставникот и ротираат по групи и центри.

Научно – истражувачки центар:Учениците на хамер, со насликана празна овошна (зеленчукова) градина, истражуваат кое овошје (зеленчук) каде расте и го лепат на соодветното место.

Математички центар:Учениците, на вага со употреба на тегови од 1 kg и 2 kg, мерат свежо овошје и свеж зеленчук и мерењата ги запишуваат во соодветни наставени листови.

Координација на работата по групи и центри.

Надгледување на работата по групи и давање помош таму каде што е потребно.

Наставникот ги насочува и врши ротирање на групите.

Дели наставни листови за активност со монети.

Групите работат според насоките од наставникот и ротираат по групи и центри.

Научно – истражувачки центар:Учениците добиваат банкноти од 1993 и од 1996 година. Имаат за задача да ги пронајдат банкнотите кои ги користеме (1996) и да ги сортираат на хамер.Под секоја пара треба да напишат што е насликано на нејзината предна (аверс) и задна (реверс) страна.

На лист хартија сенчаат монети од предната и задната зтрана и запишуват што се наоѓа на предната и задната страна на монетата.

Математички центар:Решаваат текстуални задачи со множење и делење до 1000, со тема – пари.

Page 5: оперативно планирање за интегриран наставен час 6.4.2011 г

Наставникот им дели пликоа со задачи за активности со монети.

Со точно решени задачи и со пополнување на празните полиња во наставниот лист, добиваат решение – ДЕНАР.

На монети од 1, 2 и 5 денари учениците капат капки вода и бројат која монета колку капки вода ќе собере.

Во наставните листови учениците ги бележат резултатите од активностите со монети.

Рефлексија (Евалуација)

Наставник Ученик Наставник Ученик

Ја следи презентацијата на работата на групите.

Дели наставни листови за проверка на стекнатите знаења и дава инструкции за нивно пополнување.

Учениците ги презентираат своите ставови и заклучоци.

Ги пополнуваат соодветните наставни листови.

Наставникот ја следи презентацијата на учениците по групи.

Дели наставни листови за проверка на стекнатите знаења.

Учениците ги презентираат своите ставови и заклучоци.

Ги пополнуваат наставните листови.