16
Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна. Сместен во плодната рамнина, северно заштитен од Баба планина и рекичката Сива вода од јужната страна, низ неа поминувал најпознатиот пат на класичната епоха Виа Егнатиа, врската на Јадранското со Егејското крајбрежје. Настанокот на овој најзначаен град во античка Македонија се врзува за името на Филип II Македонски, во средината на IV век пред Хр. По завршувањето на римско - македонските војни судбината на Македони- ја е одразена во римското мото што успешно беше применувано пред и потоа ”divide et impera”. Римјаните ја поделиле Македонија на четири мериди. Хераклеа е во 4 мерида. Во римско - царскиот период Хераклеа е мирно гратче на Виа Егнатиа, свртено кон својата метаморфоза за спојување на старите изворни инсти- туции со западните римски правила на организација на државата. Како град со повеќевековна градска традиција ги има неопходните градби што му даваат такво обележје: Терми, Портик-судница, како и маркантниот театар. Најславниот период од своето постоење Хераклеа го доживува во времето на утврдувањето на христијанството како државна религија, кога градот станува седиште на епископија. За тоа најдобро сведочи поменот на епи- скопите за нивно учество на црковните Собори. 1

Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на

Битола, од неговата јужна страна.

Сместен во плодната рамнина, северно заштитен од Баба планина и

рекичката Сива вода од јужната страна, низ неа поминувал најпознатиот

пат на класичната епоха Виа Егнатиа, врската на Јадранското со Егејското

крајбрежје.

Настанокот на овој најзначаен град во античка Македонија се врзува за

името на Филип II Македонски, во средината на IV век пред Хр.

По завршувањето на римско - македонските војни судбината на Македони-

ја е одразена во римското мото што успешно беше применувано пред и

потоа ”divide et impera”.

Римјаните ја поделиле Македонија на четири мериди. Хераклеа е во 4

мерида.

Во римско - царскиот период Хераклеа е мирно гратче на Виа Егнатиа,

свртено кон својата метаморфоза за спојување на старите изворни инсти-

туции со западните римски правила на организација на државата.

Како град со повеќевековна градска традиција ги има неопходните градби

што му даваат такво обележје: Терми, Портик-судница, како и маркантниот

театар.

Најславниот период од своето постоење Хераклеа го доживува во времето

на утврдувањето на христијанството како државна религија, кога градот

станува седиште на епископија. За тоа најдобро сведочи поменот на епи-

скопите за нивно учество на црковните Собори.

1

Page 2: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Градот добива физиономија на типичен христијански град со сите карак-

теристични објекти. Живи сведоци се ансамблот на неповторливо убавите

архитектонски градби; Мала базилика, Голема базилика, Епископска рези-

денција со бројните мозаици и Градска чешма подигната по повод 35 го-

дини од владеењето на енергичниот император Јустинијан.

Епископите од Хераклеја, од IV-VI век по Хр. се споменуваат не само на

помесните, туку и на вселенските собори, дури и напати како заменици на

солунскиот епископ. Значи, Хераклеа како епископско седиште има значај-

на улога за пошироката регија.

Урбаниот живот во Хераклеа згаснува во крајот на VI век по Хр.со аваро-

словеснките напади.

Ако Хераклеа биле еден од најзначајните градови во овој дел на античка

Македонија, денес истиот претставува најпримамлив археолошки локали-

тет за секој посетител, а голем предизвик за многи научници.

Околу и со истражувањата на овој значаен археолошки локалитетот се

собрани многу познати имиња на македонската археологија и пошироко.

Напишани се многу статии, цитирани и прецитирани се многу дела и општа

констатација е дека колку што има истражувачи, толку има различни толку-

вања и датирања, а за некои објекти воопшто нема никакави дефинирања.

Самиот факт дека времето го чини своето не доведе во позиција да ја

надградиме и надополниме работата на нашите претходници, кои во духот

на своето време го дале својот максимум.

Во таа насока веке неколку години со скромни средства од Министер-

ството за култура тече проектот Редефинирање и дефинирање на ка-рактерот на одделни архитектонски елементи во Хераклеа Линкестис.

Највпечатливи резултати дадоа истражувањата во Големата базилика.

Изградена врз сплет од ѕидови од камен и кал кои датираат од првата

половина на IV до првата половина на V век по Хр. Јужниот стилобат е

вграден во јужниот стилобат на римската базилика која по профилите и

2

Page 3: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

изгледот на мермерните пиластри упатуваат на II век век по Хр., а

најверојатно била во употреба до III-IV век век по Хр. Станува збор за

трикорабна базилика со импозантни димензии (55 х 38 м). Појавата на

многуте архитектонски елементи - отворен трем со колонади, егзонартекс,

нартекс, два северни анекса околу нартексот (ставани во улога на ѓакони-

кон и проскомидија, или капела со предворје), три јужни анекси од кои два

околу олтарниот простор и еден на запад околу егзонартексот (наречен

ѓаконикон) само ја потцртуваат монументалноста на објектот. Сите архи-

тектонски елементи се потчинети на просторот на наосот кој всушност и го

носи основниот композициски елемент. Со столбови е поделен на три

кораби од кои средниот на исток завршува со длабока апсида (5,5 м.). Од

надворешната страна апсидата е зајакната со три силни контрафори. Ако

знаеме дека контрафорите се во функција да ја засилат конструктивната

схема на базиликата, се разбира поради катноста, голема е веројатноста

дека меѓу другото тие имаат улога и во решавањето на проблемот со

подлогата.

Вообичаениот манир една подна декорација да не се поклопува со друга е

најизразит на овој објект. Така мозаикот од нартексот е датиран во крајот

на век, средниот кораб, јужниот анекс на егзонартексот во средината на V

век, а северниот и јужниот кораб на преминот од 5 во 6 век по Хр. Един-

ствениот христијански натпис на мозаик од Хераклеја е натписот во Голе-

мата базилика што го носи името на доместикот Виника и мотивот поради

кој виника го прави мозаикот. “Доместикот Виника го изработи заради сво-

ите прегрешенија”.

Натписките на мозаиците не се невообичаена појава, меѓутоа како да се

наметнува прашањето зошто натписот е на латински јазик кога е познато

дека во доцниот антички и ранохристијанскиот период преовладува

претежно старо грчкиот јазик. Едно од можните размислувања е дека

“Според каноните донесени на овој собор (во Сердика во 347 г.) архи-

епископите на Илирик биле римски викарни архиепископи, иако од 379 г.

територијално му припаѓале на Источното римско царство, така што солун-

скиот архиепископ бил викарен на римската столица за двете источно

3

Page 4: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

илирски диецези. Но од времето на царот Теодосиј македонските епископи

се изборија за стапување под јурисдикција на Патријаршијата во Констан-

тинопол”.

За да дојдеме до релевантни археолошки податоци претходно направивме

анализи од кои произлегоа многу недоречености во врска со архитек-

тонските елементи на овој објект, што од друга страна пак продуцира и

поинакви интерпретации во поглед на неговата вистинска функција.

Со цел да се дефинираат одделни релации на некои архитектонски дело-

ви од Големата базилика се работеше по следниот редослед:

o Се утврдуваше релацијата и органската врска помеѓу

северниот анекс и северниот периметрален зид,

o Се проверуваше органската врска меѓу јужниот пери-

метрален зид на Големата базилика и катихумениумот со

западниот зид.

o Се проверуваше релацијата помеѓу јужниот зид на

базиликата и јужниот зид на катихумениумот (димензии, опус).

o Се проверуваше релацијата помеѓу источниот зид и

баптистериумот со северниот и јужниот зид.

o Се проверуваше односот помеѓу јужниот стилобат и

источниот зид на базиликата.

o Се проверуваше дали постои врска помеѓу источниот

со западниот простор на северниот анекс.

После направениот потсетник од страна на стручниот тим општа констата-

ција е дека интактни простори во рамките на архитектурата која го чини

комплексот од Големата базилика скоро да не постојат. Утврдени се доста

нејасни елементи и соодноси на одделни архитектонски партии.

Мора да напоменеме дека сите истражувачки работи беа насочени со цел

и функција како поадекватно да бидат заштитени и презентирани моза-

4

Page 5: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

ичните површини во внатрешноста на базиликата1. Кон таа цел беа одре-

дени работни површини каде по пат на ископување ,односно отстранување

на земјените слоеви би се добиле релевантни информации и репери за

презентирање на односите помеѓу архитектурата и подните решенија.

ИСТРАЖУВАЧКИ ЛОКАЦИИ

1. Истражувачка површина - Западен дел на северен стилобат.

2. Истражувачка површина - Западен дел на јужен стилобат.

3. Истражувачка површина - Источен дел на јужен стилобат.

4. Истражувачка површина - Источен дел на северен стилобат.

5. Истражувачка површина - Северен анекс.

ОПШТИ КОНСТАТАЦИИ

По извршената опсервација и анализа на просторот т.н Под бетонската

плоча, или поконкретно во рамките на на јужен и северен стилобат (зид 7 и

8) на исток до внатрешниот дел од постарата апсида и на запад до зидот

од бетон, поставен во време на конзервација и презентација на мозаиците

- во шеесетите години на 20 век констатиравме:

1 Ona {to mo`ebi e najbrilijantno, najvpe~atlivo, najmisteriozno i sekako najzna~ajno vo Heraklea Linkestis toa se podnite mozaici. Ovie mozaici zafa}aat povr{ina od okolu 1300 metri kvadratni. Rasporedeni vo 16 prostorii na tri objekti, izvedeni vo najraznovidni mozai~ni tehniki, pretstavuvaat najkompletna za~uvana vrska me|u paganskata i hristijanskata antika. Imajki vo predvid deka arheolo{kiot lokalitet e so univerzalno zna~ewe, a ostato-cite od podnite mozaici se me|u najdobrite primeri na ovoj vid umetni~ka kreacija od ranoto hristijanstvo, imperativno se nalaga potrebata da se izvr{i stabilizacija i nivna preventivna za{tita za da mo`e vo {to pogolema merka da se uspori procesot na nivna degradacija. Vrz osnova na sobrani informacii od zdru`eni ekspertski umovi od Evropa da se dade predlog proekt za dolgoro~na konzervacija na istite i ona {to e najsuptilno da se iznajde re{enie za nivna postojana prezentacija, zatoa {to do sega se prezentiraat samo dva mozaici.

5

Page 6: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Врз основа на ориентацијата, техниката на градење и градежниот ма-

теријал во темелните зони и над темелните зони заклучивме дека најстари

се зидовите 7 и 8. Подоцна меѓу нив е вметната апсидата која нема

конструктивна врска меѓу и со зидовите 7 и 8 ,воедно се разликуваат во

техниката и употребениот материјал (пробните анализи на малтерот на-

правени во Музеј на Македонија од страна на Д-р Пере Тошев го потврдија

тоа).

Во рамките на споменатиот внатрешен под простор утврдивме дека пос-

тојат зидови градени од камен и кал кои формираат одредени простории -

воглавно правоаголни. Истите се вклопени во постоечката архитектура,

што значи дека и временски не коинцидираат, односно дека се помлади.

Од истражувачките работи на четирите површини :западен дел на северен

стилобат, западен дел на јужен стилобат, источен дел на северен

стилобат и источен дел на јужен стилобат се констатира следното: На овој

простор најпрво овој објект претставувал најверојатно некоја “просторија”

со правоаголна основа, а потоа во некое друго време на источниот дел во

вистинска смисла на зборот се прилепува кружна градба во улога на

апсида, а постоечкиот северен и јужен стилобат се искористуваат за

поделба на наосот на три кораби, со што се добива маркантна трикорабна

базилика. Останатите шест од девет одделенија се всушност адаптации

на постари, веќе постоечки градби, или некои се нови, доизградени.

Важно е да напоменеме дека трагите од јужната бордура на северниот

кораб и северната бордура на јужниот кораб ги констатиравме во текот на

истражувачките работи, со што ја потврдивме нашата претходна конста-

тација дека овие бордури во некој временски период од за нас непознати

причини се исечени.

Најголемо внимание и секако најголеми резултати во оваа истражувачка

кампања добивме во просторот на Северниот анекс и тоа во апсидалната

и правоаголната просторија.

Веднаш под постоечкиот конзервиран мозаик во апсидалната просторија

се пронајде нов, се разбира постар мозаик

6

Page 7: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Стручниот тим и овде направи хронологија на истражувања која главно се

однесуваше на:

- истражувања на подот од тули (северно од конзервираниот мозаик во

апасидалната просторија),

- истражување на западниот влез меѓу правоаголната и апсидалната

просторија,

- нумерирање на сите архитектонски елементи кои се затекнати во овие

простории,

- копирање на сите елементи на подот и зачуваните малтери сега за сега

единствени во Хераклеа.

По извршената анализа стручниот тим уште на самиот почеток од

работите констатира дека стихијно нафрланите големи камења покрај

внатрешниот лак на апсидалната просторија не коинцидираат со остана-

тиот тип архитектонски аранжман и всушност се последна градежна, или

квази градежна интервенција на претходните истражувачи. Нивната дис-

локација беше неопходна. Веднаш по нивното отстранување се појави

канал кој го следи целиот тој апсидален дел. Констатиравме дека меѓу

двете простории (правоаголна и апсидална) постоел само југо западен

влез кој го зачувал мозаикот и истиот го формира влезот. Северо

западниот влез во суштина не постоел, врз мермерната плоча која има

вдлабнување на средината, оди мозаикот. Под мермерната плоча има мал

слој од камен, парчиња тули, а воопшто нема темел за евентуален зид.

Зидната маса (од камен и цементен малтер) која е поставена во средината

меѓе двете простории формира два влеза (северен и јужен). Повеќе од

очигледно е дека зидот е направен пред враќањето на конзервираните мо-

заици - малтерот е цементен и всушност не ништо друго, туку конзерватор-

ска имагинација.

Впечатливи податоци дадоа истражувањата во апсидалната просторија,

просторот на север од конзервираниот мозаик, или поконкретно подот од

тули и камените шкрилци. Всушност со самото отстранувањето на тулите

7

Page 8: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

можеше да се следи Витрувиевата стратиграфија за подлоги на мозаици

необично ситна песок употребена за нивелација, па веднаш по неа бел

варов малтер, па слој од кршени керамиди, а меѓу нив бел варов малтер,

па под керамидите повторно ситна песок, па хоросан малтер- кој всушност

е мозаична подлога за стариот малтер.

Интересно е да се напомене дека овие слоеви се повторија и при

отстранувањето на камените шкрилци.

На наше големо задоволство во југоситочниот агол веднаш по конзервира-

ниот мозаик се пронајде постар мозаик од црно бели камчиња Истиот

мозаик го констатиравме и во просторот под камените шкрилци. Поради

трошноста ка камчињата овие делови од мозаик се фиксирани. Воедно се

пристапи и кон чистење на петрификацијата.

Крајни заклучоци:

Со овие археолошко - конзерваторско истражувачки работи врз Големата

базилика констатирани се следните градежни фази на истата:

- Прва фаза; - најстар мозаик со бели и црни камчиња, кој може да се сле-

ди по целата површина,

- Втора фаза; - Конзервираниот мозаик, апсидалниот прилепен зид и кана-

лот.

- Трета фаза; - Подните тули, шкрилците, отисоците од столбчиња (пет на

број) тулите во северозападниот агол.

- Четврта фаза; - Проширување на просторијата кон исток и чесната

трпеза.

Сегашните наши пошироки потреби, а можеби и неопходности не поттик-

наа да направиме исчекор и да го обелодениме вистинското историско

лице на Хераклеа. Оваа нова историска вистина за Хераклеа ќе биде но-

сена од нашето длабоко убедување дека. Ние и служиме на археологијата,

а не Таа Нам. Со тоа би ги задоволиле сегашните научни критериуми и

античкиот локалитет Хераклеа би го ставиле на рамништето кое реално го

зазема.

8

Page 9: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Список на ислустрации

1. Хераклеа Линкестис- панорама 2. Голема базилика,панорама 3. Голема базилика, крстилница 4. Голема базилика, апсида 5. Голема базилика, нартекс, мозаик, детаљ 6. Голема базилика, нартекс, мозаик, детаљ 7. Голема базилика, нартекс, мозаик, детаљ 8. Истражувачка површина Западен дел на северен стилобат.

9. Истражувачка површина _ Западен дел на јужен стилобат. 10. Голема базилика, Северен кораб 11. Голема базилика, Апсида 12. Истражувачка површина _ Источен дел на јужен стилобат.

13.Истражувачка површина _ Северен анекс 14 Северен анекс-југо западен влез 15. Северен анекс , мозаик, под постоечкиот

9

Page 10: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 1

Sl. 2

Sl. 3

10

Page 11: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 4

Sl. 1

Sl. 5

11

Page 12: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 6

Sl. 7

12

Page 13: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 8

13

Sl. 9 Sl. 10

Page 14: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 11

Sl. 12

14

Page 15: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

Sl. 13

Sl. 14

Sl. 15

15

Page 16: Аница arheolog - icomos.org.mkicomos.org.mk/Files/Anica Gorgievska_Golemata bazilika vo Heraklea... · Аница Горгиевска, arheolog НУ Завод и музеј-Битола

16