7
1 15.01.2016 Подготвено и поддржано од: Еко-свест Гоу Грин Фронт 21/42 Реактор Аналитика Македонски Зелен Центар За нас се работи Eко Герила Заслужуваме подобро! Воздух Сега Ние сме Карпош Ајде! No Pasaran Факултет за работи што не се учат Стоп за фабриката Железара Ќе дишеме или ќе издишеме Скопје Смог Аларм Стоп за загадувањето во Аеродром и Лисиче Го сакам ГТЦ Македонија има најзагаден воздух во Европа, ова го потенцираше Светска банка во најновиот извештај за зелен раст на Македонија. Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно ПМ10 честичките. Според извештајот на Светска банка, цврстите честички се одговорни за 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП. Суспендираните честички, попознати како ПМ10, се еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје, Битола, Тетово и други општини. Тие претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрони кои лесно навлегуваат во белите дробови и содржат метали и прашина од индустријата и патиштата, како и честички создадени при согорување. Според тоа, најчести извори на загадување се индустриските капацитети, моторните возила, градилиштата и користењето неквалитетни горива за затоплување на домаќинствата. Македонија, особено градовите Скопје, Битола и Тетово мора да ја намалат емисијата на суспендирани честички под граничната вредност од 50 µg/m 3 или да ја сведе во согласност со маргината на толеранција чија часовна вредност изнесува само 25 µg/m 3 . НЕШТО СМРДИ ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ ЗА СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО ?

НЕШТО СМРДИ - etnar.net

  • Upload
    others

  • View
    8

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

1

15.01.2016

Подготвено и

поддржано од:

Еко-свест Гоу Грин Фронт 21/42 Реактор Аналитика Македонски Зелен Центар За нас се работи Eко Герила Заслужуваме подобро! Воздух Сега Ние сме Карпош Ајде! No Pasaran Факултет за работи што не се учат Стоп за фабриката Железара Ќе дишеме или ќе издишеме Скопје Смог Аларм Стоп за загадувањето во Аеродром и Лисиче Го сакам ГТЦ

Македонија има најзагаден воздух во Европа, ова го потенцираше Светска банка во најновиот извештај за зелен раст на Македонија. Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно ПМ10 честичките. Според извештајот на Светска банка, цврстите честички се одговорни за 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

Суспендираните честички, попознати како ПМ10, се еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје, Битола, Тетово и други општини. Тие претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрони кои лесно навлегуваат во белите дробови и содржат метали и прашина од индустријата и патиштата, како и честички создадени при согорување. Според тоа, најчести извори на загадување се индустриските капацитети, моторните возила, градилиштата и користењето неквалитетни горива за затоплување на домаќинствата.

Македонија, особено градовите Скопје, Битола и

Тетово мора да ја намалат емисијата на суспендирани честички под граничната вредност од 50 µg/m3 или да ја сведе во согласност со маргината на толеранција чија часовна вредност изнесува само 25 µg/m3.

НЕШТО СМРДИ

ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ ЗА СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО

?

Page 2: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

2

Главни причинители на загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Тетово и други општини се:

Сообраќајот

Малите и големи индустриски капацитети

Градежните зафати

Домаќинствата.

Во продолжение препорачуваме 5 конкретни ИТНИ мерки кои бараме надлежните институции (градоначалниците на Град Скопје, Тетово, Битола и другите општини, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, како и Центарот за управување со кризи) да ги превземат во оваа алармантна состојба со која се соочуваме. Воедно посочуваме и системски, среднорочни и долгорочни решенија кои треба да се преземат со цел намалување на загадувањето на воздухот.

Итни мерки

Изработување на план за изменет режим на сообраќајот кој ќе се активира во услови на надминување на граничните вредности на загадувачки материи во воздухот во времетраење подолго од 24 часа. Изработување и усвојувањето на истиот да биде спроведено со широко учество на јавноста и сите засегнати страни.

Итно засилување на инспекцискиот надзор во услови на надминување на граничните вредности на загадувачки материи во воздухот во времетраење подолго од 24 часа и санкции за сите кои емитуваат над максималните гранични вредности. Ова подразбира работа на инспекцискиот надзор во 3 смени и задолжителна инспекција на индустриските капацитети кои подлежат на А и Б интегрирана дозвола, но и на депониите, градежништвото и неконтролираното спалувањето на отпад. Ова барање се однесува на сите инспекциски служби, вклучително, но не ограничено на државниот инспекторат, општинските инспекторати, како и комуналните редари.

Оваа публикација е испечатена во рамки на проектот „Мрежи на граѓански организации за одржливо искорис-тување на енергетските и природните ресурси во Западен Балкан и Турција- ЕТНАР“ кој е предводен од организа-цијата Зелена Акција- Хрватска и финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите изнесени во оваа публикација се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на Европската Унија.

Page 3: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

3

Усвојување на Краткоточни акциони планови согласно член 27а од Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кој ќе се предвидат соодветни мерки за намалување на загадувањето во услови на надминати гранични вредности во времетраење подолго од 24 часа, подолго од 5 дена и подолго од 10 дена.

Мораториум на сечата на урбаното зеленило се до усвојување на Закон за унапредување и зачувување на истото.

Ревидирање и унапредување на постоечкиот мониторинг на аерозагадувањето преку редовен сервис на мерни станици и поставување на нови.

Како PМ10 влијаат врз

здравјето?

PM10 вклучуваат честички кои се доволно мали за да навлезат во торакалниот дел на респираторниот систем. Здравствените ефекти од вдишaните суспендирани честички (PM 10) се резултат на кратокорочна (часови и денови) и долгорочна (месеци, години) изложеност и вклучуваат кардиоваскуларни и респираторни болести, како и рак на белите дробови. Чувствителни групи со претходно постоечки белодробони или срцеви заболувања, како и стари лица и деца, се особено ранливи. На пример, изложеност на суспендирани честички (PM 10) влијае на развојот на белите дробови кај децата, вклучувајќи и реверзибилен дефицит во функцијата на белите дробови, како и хронично намалена стапка на раст и дефицит во долгорочната функција на белите дробови. 1http://www.euro.who.int/__data/asse

ts/pdf_file/0006/189051/Health-effects-of-particulate-matter-final-Eng.pdf

Page 4: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

4

Системски (долгорочни) решенија _____________________________________

Следните системски среднорочни и долгорочни решенија се препорачуваат за спроведување од страна на институциите во неколку релевантни сектори.

Сообраќај

Во сообраќајниот сектор предлагаме мерки во три насоки кои треба да бидат спроведени во соработка на повеќе различни институции. Трите насоки се промовирање на одржливи начини на транспорт, подобрување на сите методи на јавен превоз во градовите и подобрување на контролата на емисиите од сите возила вклучени во сообраќајот. За секоја од трите насоки подолу се предложени конкретни мерки.

Промовирање на одржливи начини на транспорт преку:

Создавање услови за масовно користење на велосипеди како превозно средство на куси и средно куси растојанија

Создавање услови за масовно користење на пешачењето како форма на транспорт на куси растојанија

Осмислување на одржливи начини на транспортирање на локално ниво за мали растојанија кои комбинираат велосипедски транспорт и/или автобуси и други возила на обновливи извори на енергија

Овозможување субвенции за електрични возила за правните субјекти кои користат службени возила за дотур на стоки во градските подрачја

Овозможување на субвенции за граѓаните кои сакаат своите стари возила со стандард под Еуро 3 да ги заменат со ново електрично возило

Подобрување и унапредување на сите методи за јавен превоз во градовите:

Замена на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, како и на приватните превозници, со автобуси со повисоки еколошки стандарди

Воведување на нови автобуски линии кои ќе ги поврзуваат деловите од градовите кои тековно не се поврзани

Воведување нови форми на транспорт, како што се трамваи и подземни железници

Воведување на субвенции за такси превоз со електрични возила

Подобрување на контролата на емисиите од сите возила:

Означување на стандардот кој го исполнува возилото при технички преглед со цел да се овозможи подоцнежно исклучување на одредени возила од сообраќај во услови на високо загадување.

Page 5: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

5

Воведување на зголемена такса за емисии за возилата кои емитуваат над дозволеното.

Урбано зеленило

Во однос на урбаното зеленило предлагаме мерки за подобрување на состојбата со зеленило во градовите.

Максимално зачувување на постоечките зелени површини и засадување нови возрасни дрвја на места каде зачестено се појавува зголемено присуство на PM 10 честички.

Давање бенефиции на приватните инвеститори кои имаат зелени површини отворени за јавноста на своите парцели.

Донесување на Закон за заштита и унапредување на урбаното зеленило.

Засадување зелени ѕидови во урбаните средини.

Индустрија

Во однос на индустријата препораките се поделени на препораки за индустријата која подлежи на А интегрирана дозвола и препораки за индустријата која подлежи на Б интегрирана дозвола.

За индустријата која подлежи на А и Б интегрирана дозвола препораките се:

Забрана за работа за индустриските капацитети кои не поседуваат А и Б интегрирана дозвола до добивање на дозвола

Засилена и зачестена инспекција во различни периоди од денот на индустриските капацитети кои подлежат на А и Б интегрирана дозвола

Привремена забрана за работа на капацитетите кај кои при инспекцијата биле утврдени емисии над дозволеното и соодветно казнување на истите

Спалување отпад

Горењето на отпад на диви депонии на јавни површини е еден од причинителите за загаденост на воздухот. Опасноста е поголема што не постои контрола и селекција на отпадот на овие места како и непознат предизвикувач (виновникот) кој тешко се наоѓа и санкционира. Заради тоа потребно е ревидирање на инспекциската постапката за поефикасно справување и спречување на ова дејствие. Потребно е инспекторатот (државниот и општинскиот, како и комуналните редари) да стави акцент на справување со ваквите дејствија со засилени контроли и постојан надзор над пријавените локации до изнаоѓање начин за нивно затворање и ревитализација.

Исто така, препорачуваме ревидирање на инспекциската постапката за поефикасно справување и спречување со горењето на отпад од диви депонии и на јавни површини.

Сметаме дека ситуацијата со спалувањето на отпадот значително ќе се подобри доколку соодветно се имплементира европската практика на сепарирање, реупотребување и рециклирање на отпадот пропишана во Рамковната директива за отпад на ЕУ.

Page 6: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

6

Енергетска ефикасност

Мерките за енергетска ефикасност се приоритетни и во приватниот, но и во јавниот сектор. Овие мерки директно ќе ја намалат стапката на енергетска сиромаштија и потребата од дополнително производство и увоз на електрична енергија кои во Македонија се на многу високо ниво. Секако, со намалувањето на потрошувачката на енергија ќе се намалат емисиите кои ги предизвикува нејзиното производство.

Во однос на енергетската ефискасност препораките се следниве:

Обезбедување финансии за поддршка на мерки за заштеда и ефикасно користење на енергијата како и користење на обновливи извори

Итно воспоставување на Фонд за енергетска ефикасност примарно достапен за граѓаните и објектите од јавен интерес (училишта, градинки, болници и други здравствени установи) и наменет за имплементација на мерки за енергетска ефикасност. Процесот на воспоставување на ваквиот фонд задолжително треба да биде спроведен во консултации со јавноста.

Субвенционирање на трошоците за греење и давање помош за подобрување на енергетската ефикасност на домот на оние семејства кои влегуваат во категоријата на енергетски сиромашни корисници (не само на корисниците на социјална помош).

Преадаптација на постојното централно греење во објектите од јавен интерес (болници, училишта, градинки) од тврди горива на природен гас.

Овозможување на гасификација заради искористување на природниот гас како транзиционо гориво

Обновливи извори на енергија

Државата треба да се насочи кон елиминирање на фосилните годива на долг рок (најдоцна до 2050 година, во согласност со заложбите на Европската унија за напуштање на фосилните годива) и сите национални стратегии да ги насочува во тој правец (при секоја следна ревизија на истите).

За ваквата заложба да може да се постигне, децентрализираното производство на електрична енергија (претежно, но не ограничено на соларна енергија за добивање на електрична и топлинска енергија) треба да биде приоретизирано. Истовремено, неопходно е да се стимулира и вградувањето на топлински пумпи во домаќинствата кои сега се греат на струја или дрва за да се намали потребата од производство на електрична енергија и потребата од снабдување на дрва.

Препораките во однос на обновливите извори на енергија се следниве:

Стимулирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори во домаќинствата (поставување на кровни системи за топла вода и електрична енергија, мали централи на отпадна биомаса и други модалитети погодни за локално производство)

Стимулирање на вградување на топлински пумпи во домаќинствата секаде каде што е можно

Значително зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија со секоја следна ревизија на стратешките

Page 7: НЕШТО СМРДИ - etnar.net

7

документи од областа на енергетиката

Итно донесување национална определба за елиминирање на фосилните горива до 2050 година