28
Ноември 2010 Б И Л Т Е Н Министерство за правда Република Македонија

Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Ноември 2010

Б И Л Т Е Н

Министерство за правдаРепублика Македонија

Page 2: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Page 3: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

МАНЕВСКИ: СО ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЧЕТИРИ ЗАКОНИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ПОЕФИКАСНО И ПОМОДЕРНО

СУДСТВОЗаради обезбедување конзистентност на законските решенија во областа на судството Министерството за правда изготви измени и дополнувања на Законот за судовите, на Законот за Судскиот совет, на Законот за судскиот буџет и на Законот за судската служба.Најзначајните новини во наведените закони, како што посочи министерот за правда Михајло Маневски нa прес-конференција одржана на 16.09.2010 година, се воведувањето систем на кариера во напредувањето на судиите, подобрување на системот за дисциплинска одговорност и утврдување нестручно и несовесно вршење на работата на судиите преку воведување објективизирани и мерливи критериуми, зголемување на транспарентноста во работењето на судовите и подобрување на финансирањето на судството преку утврдување фиксен процент на Судскиот буџет во однос на БДП, кој ќе изнесува 0,8 проценти.Министерот за правда верува дека со измените и дополнувањата на овие закони ќе се обезбеди поефикасно и помодерно судство.Со измените и дополнувањата на Законот за судовите од 1 јануари 2012 година за судии во основните судови ќе можат да се кандидираат лица кои ја завршиле Академијата за обука на судии и јавни обвинители, а унапредувањето во повисоките судови ќе биде само од пониските судови.

Со ова ќе се гради систем на кариера, кој ќе се заснова на објективна оценка на судиите. Ако се укинат повеќе од 20 проценти од пресудите или се изменат 30 отсто од пресудите донесени од страна на еден судија, тоа може да биде основа за поведување на дисциплинска постапка, рече Маневски. За судење во неразумен рок пак на судиите им се заканува разрешување.Квалитетот на вршењето на функцијата, како што рече министерот, значи исполнување на неколку критериуми, како познавање на странски јазик, воведување психолошки тестови и тестови за интегритет. Во измените и дополнувањата на Законот за судовите, Маневски посочи дека се воведува ново начело на транспарентност што значи во рок од два дена судијата да ја објави пресудата на веб страницата и во секој суд да се отвори канцеларија за односи со јавноста, каде граѓаните ќе може да добијат информација за остварување на своите права. За да се зголеми ефикасноста на судовите ќе се прошири нивната надлежност и со новите измени и во основните судови со основна надлежност ќе може да се решаваат предмети со вредност на спор до 50.000 евра.

Page 4: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

-На тој начин ќе се скратат трошоците на граѓаните кои за поголеми судски спорови од над 15.000 евра мора да патуваат во други градови, рече министерот. Со измените се намалува и судската ферија на еден месец, наместо како што е до сега месец и половина.

Со Законот за судовите се предвидува основање на Виш управен суд, кој ќе одлучува по жалбите на одлуките од Управниот суд.Со новите измени на Законот за судовите ќе се смени и старосната граница на поротниците и наместо досегашното з а м и н у в а њ е в о п е н з и ј а н а шеесетгодишна возраст, поротниците ќе можат да работат до 64 години старост, нагласи Маневски.

Новите поротници во судовите ќе мора да бидат со академско образование и наместо да заминуваат во пензија на 60 години, ќе можат да работат до 64 годишна возраст. Овие измени ќе почнат да се применуваат во 2016 година, а дотогаш при изборот на поротници ќе имаат предност граѓани кои имаат високо образование, појасни Маневски. Со измените и дополнувањата на Законот за Судски совет, како што нагласи Маневски, се вградуваат одредби кои се однесуваат на работењето на Судскиот совет кога се поведува дисциплинска постапка или се постапува за нестручно и несовесно работење на судиите.

Судскиот совет, со измените на Законот за Судскиот совет, добива надлежности кои досега беа уредени со двата правилника, за кои, пак, Уставниот суд на Република Македонија поведе постапка за оценување на нивната уставност. Уставниот суд смета дека тоа треба да биде уредено со закон и токму поради тоа во Законот за Судскиот совет се вградуваат одредбите кои се однесуваат на работењето на Судскиот совет, кога се поведува дисциплинска постапка или постапка за нестручно и несовесно работење, истакна министерот за правда.

Page 5: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Со овие измени, како што додаде, не и се пркоси на одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за оценка на уставноста на одредени одредби во правилниците. Седниците на Судскиот совет на кои ќе се одлучува за поведување дисциплинска постапка од сега, па натаму ќе бидат отворени за јавност, освен одредени седници кои ќе бидат затворени заради заштита на лични податоци. Измените и дополнувањата, пак, на Законот за судски буџет, како што рече министерот за правда, обзебедуваат независен судски буџет, со издвојување одреден процент од Бруто домашниот производ, со што судството би стекнало комплетна независност и би се заокружиле судските реформи. Тоа е двојно повеќе отколку што е сега, бидејќи сегашниот процент на финансирање на судовите изнесува 0,4 проценти од БДП. Интенцијата на Владата е двојно да се зголемат средствата за судовите, што ќе влијае врз независноста и самостојноста на судството, рече Маневски и додаде дека законот предвидува кога ќе се врши ребаланс на буџетот средствата за судската власт да не подлежат на промена. Тоа е една гаранција дека државата обезбедува стабилни извори на финансирање на судската власт. Во наредните три години треба да се постигне фиксниот процент на финансирање на судската власт од 0,8 проценти, нагласи Маневски.Со измените и дополнување на Законот за судската служба, меѓу другото се зајакнува положбата на судскиот администратор во одлучувањето за правата, обврските и одговорностите на судските службеници и се уредува постапката за вработување во судската служба.Маневски посочи дека се воведува вработување врз основа на интерен оглас, кариерен додаток, оценување на судските службеници за секои шест месеци, како и прашањата на судската полиција, работа во ноќна смена, работа на празници...Овој закон ќе се применува од 1 јануари 2011 година.

Page 6: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

ОТПОЧНА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Министерот за правда Михајло Маневски пред граѓаните на општина Илинден и Сарај го презентираше Законот за бесплатна правна помош чија имплементација стратува од 7-ми јули 2010 година.Македонија прв пат носи ваков Закон со кој се остварува основното човеково право - еднаков пристап до правдата за сите граѓани независно од нивната материјална состојба.Станува збор за исклучително значаен проект со кој државата практично се доближува до граѓаните, им обезбедува стручна правна помош наместо да лутаат од една до друга канцеларија и да се распрашуваат каде и како да добијат правен совет. Им овозможува да ги прашаат службите како да ги реализираат своите права и тоа е целта, зашто луѓето најчесто не знаат што да сторат па се консултираат со пријатели, соседи, и грешат, рече Маневски.Тој напомена дека ниту еден граѓани не смее да не го оствари своето право зашто нема доволно пари.

Согласно Законот, бесплатна правна помош може да добијат корисници на социјална помош, корисници на право на инвалидски додаток кои не остваруваат други приходи, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од нив, семејства или самохрани родители кои остваруваат право на детски додаток, лица со право на азил, внатрешно-раселени, раселени или прогонети лица со престојувалиште во Македонија, странски

државјанин кој согласно меѓународните договори остварува право за кое е надлежен македонски државен орган, лице без државјанство кое законски престојува во земјава и државјанин на ЕУ земја - членка под услови утврдени со Законот.

Page 7: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

По нивното финализирање, најави министерот, ќе бидат јавно објавени.Граѓаните кои имаат потреба, најпрво поднесуваат барање за добивање бесплатна правна помош до Министерството кое, по најдоцна 30 дена, треба да донесе решение со кое ќе овозможи користење адвокат што граѓанинот сам го избира, објасни Маневски.Правна помош ќе даваат подрачните единици на Министерството во вкупно 34 општини. За таа цел, секои три месеци, по претходна објава во весник и во месните заедници, специјално опремени возила (подвижни правни канцеларии) со претставници на Министерството, адвокатската и нотарската комора, Комората на извршители и медијатори, ќе ги посетуваат населените места и директно ќе разговараат со граѓаните.Ќе доаѓаме за бесплатни правни совети, да ве упатиме што е потребно да сторите за да го реализирате своето право, да ви кажеме дали и каде да поднесете тужба, жалба, молба. Секои три месеци ќе објавуваме во весник и преку месните заедници и матичните служби, кое од населените места ќе го посетиме за граѓаните навреме да бидат информирани, рече министерот. Поздравувајќи го донесувањето на новото законско решение, граѓаните од општина Илинден истакнаа дека од особено значење е тоа што службата доаѓа кај нив, наместо тие да одат во град, дополнително да трошат и да се малтретираат. Некои предупредија дека Министерството, при спроведувањето на Законот, мора да предвиди и да спречи евентуални обиди за корупција што досега често било случај.

Бесплатната правна помош предвидува две категории, претходна, што ќе ја даваат вработените во Министерството, а опфаќа општи и правни информации/совети, како да се подготви барање за добивање формална правна помош и стручна, што се однесува на составување тужби, жалби, вклучување во судска или управна постапка, за која се задолжени адвокатите.Во тек е изготвувањето регистри на адвокати и граѓански здруженија кои ќе даваат бесплатна правна помош.

- Сметам дека овој Закон конечно ќе го реши прашањето на надриписарството. Ако нему му се обратите, ќе ја згрешите правдата. Адвокатите се професионалци и само тие можат вистински да ви помогнат, изјави претседателот на Адвокатската комора Ненад Јаниќевиќ. Министерот Маневски, адвокатите и нотарите по Илинден, ја посетија и општина Сарај каде, исто така, го презентираа новото законско решение. Законот за бесплатна правна помош е донесен на крајот од 2009 година. За негово поефикасно спроведување се донесени и шест правилници и подзаконски акти.

Page 8: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

МИНИСТЕРОТ МАНЕВСКИ ГИ ДОДЕЛИ ПРВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Министерот за правда Михајло Маневски на ден 22.09.2010 година ги додели првите шест решенија на адвокати и странки за остварување на правото за бесплатна правна помош, со што почна практично примената на Законот за бесплатна правна помош.Од вкупно 29 барања за остварување на правото за бесплатна правна помош, пет се за решавање на имотно-правни спорови, а едно барање е поднесено од жртва на семејно насилство. Сите тие се корисници на социјална помош.Со примената на Законот за бесплатна правна помош се уредува правото на пристап до правдата. Правдата не смее да биде загрозена доколку граѓанинот нема материјални средства, изјави министерот Маневски на доделувањето на решенијата. Согласно Законот, граѓаните можат сами да го изберат адвокатот кој ќе ги застапува од вкупно 164-те регистрирани во Регистарот на овластени здруженија. Трошоците за нивната работа се покриваат од државниот Буџет, за што годишно се одвојуваат 12 милиони денари.Маневски истакна дека корисници на бесплатна правната помош можат да бидат социјално загрозени лица, корисници на инвалидски додаток, корисници на најниска пензија што издржуваат две или повеќе лица, семејства и самохрани родители кои остваруваат право на детски додаток.Корисниците на бесплатна правната помош се државјани на Република Македонија со постојано живеалиште во државава.За добивањето на помошта, меѓу другото, треба да имаат потврда дека се корисници на социјална помош, потврда од Агенцијата за вработување, потврда од Централен регистар за непоседување на имот и фирма.

Page 9: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

РАБОТИЛНИЦА: ЕУ ПРЕДПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ ВО ОБЛАСТА НА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

На ден 16.09.2010 година во хотел ,,Арка,, се одржа дводневна заедничка работилница помеѓу Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи на тема: ЕУ предпристапни преговори во областа на правда и внатрешни работи која се реализира со поддршка од Европската Унија преку инструментот ТАЕКС.Поздравувајќи ги присутните во своето обраќање министерот за правда Михајло Маневски истакна дека министерството за правда преку реформите во правосудството e одговорно за реализација на приоритетите содржани во основните инструменти за интегрирање во ЕУ за што се евидентни напорите за остварување на напредок во зајакнување на независноста, зголемување на ефикасноста како и специјализација на судството во насока на обезбедување на слободен и ефикасен пристап до правдата и втемелување на принципот на владеење на правото како основа за стабилен правосуден систем.

Министерот Маневски истакна дека во насока на подобрување на судската инфраструктура Владата на Република Македонија презеде низа мерки за обезбедување просторни и материјално технички услови за работа на судовите, согласно највисоките европски стандарди.

Евроинтегративниот процес е главниот приоритет и стратешка определба на оваа Влада нагласи Маневски, при што државните службеници кои се директно вклучени во овие процеси се столбот на кој се потпира нашата држава во спроведувањето на тешките реформи и задачи кои се услов не само за побрза интеграција во ЕУ туку и за подобрување на животните услови на нашите граѓани.

Ваквите трендови на реформски активности нагласи Маневски ќе продолжат и натаму, во сите сегменти на македонското правосудство, а со цел поголема ефикасност во работата на судовите.

Обраќајќи им се на присутните Маневски рече дека стручното и професионално надградување е особено важно за државните службеници, но подеднакво важно е и за институциите во кои работат и ги преставуваат.

Page 10: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

На свечената седница на Управниот одбор на Адвокатска комора на Република Македонија одржана на 17.09.2010, претседателот на Адвокатската комора Ненад Јаниќевиќ му додели признание на министерот за правда Михајло Маневски за успешната соработка со Адвокатската комора и афирмирање на адвокатската професија.Вакво признание беше доделено и на државниот секретар во Министерството за правда Билјана Бришкоска Бошковски.Министерот Маневски изрази задоволство и благодарност за укажаната чест со врачувањето на Признанието при што го нагласи придонесот на адвокатската фела за учеството во изработка на законите и за унапредување на правната мисла.

АДВОКАТСКАТА КОМОРА МУ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИИЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

Осврнуваќи се на активностите на министерството, министерот Маневски ги спомна најновите измени и дополнувања на Законот за парничната постапка кои се продолжение на реформите во парничната постапка, адвокатскиот печат како еден сегмент од севкупната реформа на правосудниот систем, потоа новините во Закон за парнична постапка, Закон за бесплатна правна помош, Закон за судови и Закон за адвокатска маркичка.

Page 11: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

а согласно изведбениот проект за новиот Кривичен суд Скопје, исто така е превидена просторија за адвокати. Исто така потсети Маневски, за адвокатите исто како и за судиите и за обвинителите обезбедени се обуки и едукации за одредени законски проекти.Согласно Законот за бесплатна правна помош, барање за впишување во Регистарот за правна помош кој го води Министерството за правда поднеле 187 адвокати, од кои 164 се одобрени со решенија, а 23 барања се во постапка да бидат одобрени.Министерот Маневски и државниот секретар Бришкоска Бошковски се заблагодарија за признанието и посакаа успешна понатамошна соработка.

Министерот Маневски ја потенцираше и можноста за употреба на Правната база на податоци од страна на Адвокатската комора н а Р е п у б л и к а М а к е д о н и ј а . С о ц е л подобрување на работата на адвокатите и унапредување на адвокатската професија во Република Македонија рече министерот за правда Михајло Маневски, со Проектите за реновирање на основните судови со проширена надлежност, обезбедени се простории за адвокати во основените судови Скопје I Скопје, Струмица и Гостивар,

Page 12: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

БРИСЕЛ: МИНИСТЕРОТ МАНЕВСКИ НА НЕФОРМАЛЕН СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ ЗА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Министерот за правда Михајло Маневски на 15 и 16 јули 2010 година, учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија и државите кандидати за членство во Унијата, што се одржа во Брисел.

Република Македонија е активно вклучена во борбата за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата, за што е неопходна континуирана и зајакната соработка на правосудните власти и на органите на прогонот изјави министерот за правда Михајло Маневски во своето обраќање на пленарната сесија на состанокот.

Криминалот и глобалната закана од тероризмот не познаваат граници, ниту институционални, ниту пак политички и токму поради тоа, како што рече, државите на Европа мора да бидат подготвени одлучно да одговорат на овој заканувачки предизвик, за нивната безбедност и за безбедноста на нивните граѓани.

Евроџаст има исклучително големо значење во соработката во истрагите на јавните обвинители и она што треба да значи во соработка за сузбивање и истражувањето на најтешките казнени дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, вклучувајќи го тука и тероризмот, рече Маневски.

Министерот Маневски смета дека за спроведување на ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата треба да се посветува внимание на транспарентноста во работата, на подигнувањето на нивото на јавната свест на граѓаните, како и континуирано да се работи на институционално зајакнување на органите на прогонот и на нивната едукација за ефикасно спроведување на постапките против кривичните дела.

Page 13: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Пред учесниците на состанокот македонскиот министер за правда ги посочи измените во македонското казнено законодавство.

Со измените во Кривичниот законик којшто се применува од 22 март 2010 година, се воведува проширена конфискација, се прошири кривичната одговорност на правните лица и се зголемени казните за некои од посериозните кривични дела со тоа што се предвидува и облигаторна мерка на изрекување на забрана на бавење со одредено занимање, должност или дејност, рече Маневски.

Со Законот за кривична постапка, пак како што додаде, за којшто Владата на минатата седница го утврди текстот целосно се менува начинот на водењето на истрагите и на постапувањето пред судот компатибилно со европските стандарди.

На состанокот бил промовиран порталот „Е-правда“, каде ќе бидат објавувани прописите од земјите држави членки од ЕУ, меѓународните документи со што им се овозможува на граѓаните на земја членка на ЕУ да ги дознаат своите права и обврски.

Значајно е дека Република Македонија од оваа година има електронско судство, односно електронски се објавуваат записниците, електронски се распределуваат предметите, прописите им се достапни на судиите, на обвинителите и на нотарите. За неколку месеци има објавено повеќе од 30 илјади пресуди што е од исклучително големо значење за граѓаните, а тоа значи и одговорност и транспарентност во работата на судовите, изјави Маневски.

Министерот Маневски на маргините на состанокот оствари билатерални контакти со

министерот за правда на Италија Анџелино Алфано, со министерот за правда на Турција Садула Ерин, и со министрите за правда на Полска, на Словачка и на Бугарија, Кшиштов Квиатковски, Вијера Петрикова и Маргарита Попова, со кои се разменети мислења за соработката на институциите, за соработката во делот на екстрадицијата, за меѓународната правна помош, и во однос на легислативата.

Page 14: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЗАГРЕБ - ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО

ЕУ ВРЗ ПРАВОСУДСТВОТО

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ НА

Министерот за правда Михајло Маневски на ден 10.09.2010 година учествуваше на Конференцијата - Последиците од членството во ЕУ врз п р а в о с у д с т в о т о - в о З а г р е б , Република Хрватска, која е наменета за практичарите на правото – судии и јавни обвинители од Република Хрватска, а на која земаа учество министрите за правда од регионот – Македонија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Словенија.

Потпретседателката Рединг подвлече дека клучните прашања кои треба да се адресираат се реформата на правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата како најврвен приоритет во рамки на кој не е потребно само да се носат закони туку и да се зајакне имплементацијата на антикорупциските мерки. Борбата против корупцијата мора да се зајакне примарно поради националните интереси и граѓаните на Хрватска. Во однос на правосудството, како клучни аспекти беа споменати едукацијата и обуката на судиите и обвинителите, јакнење на нивните капацитети, подобрувањето на судската инфраструктура особено во делот на воведувањето на ИТ технологијата и електронското управување со предмети.

Конференцијата ја отвори министерот за правда на Република Хрватска Дражен Бошњаковиќ, а поздравни говори одржаа претседателката на Владата на Република Хрватска Јадранка Косор, потпретседателката на Европската Комисија и Комесар за правда и човекови права – Вивиен Рединг и потпретседателот на Владата на Република Унгарија Тибор Наврацис.

Page 15: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Во воведните обраќања на конференцијата, беше посветено посебно внимание на значењето на ИТ писменоста и познавањето на странските јазици, како предуслов за успешна примена на Европското право и праксата на Европскиот Суд за Правдата во Луксембург, што претставува потврда за решенијата кои се предложени во Република Македонија во Законот за судови, Законот за Судски совет, Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители и други закони.

Министерот Маневски, оствари неколку средби на маргините на Конференцијата, со Претседателот на Врховниот Суд на Хрватска г.Бранко Хрватин и Министерот за правда на Република Словенија, г. Алеш Залар со цел размена на искуства и идентификување на областите за продлабочување на соработката. Министерот Маневски оствари и средба со Министерот за правда на Косово г. Хаки Демоли, со кој беше разговарано за потпишувањето на договорите за меѓународна соработка помеѓу Република Македонија и Косово, кои се веќе во фаза на преговарање.

Министерот Маневски оствари и средба со Министерот за правда на Република Хрватска Дражен Бошњаковиќ, на која, на барање на хрватскиот министер, беа разменети искуствата кои Министерството за правда на РМ ги има во однос на подготовка, добивање и имплементација на проекти со Европската Комисија и конкретно ИПА, со цел да се искористат позитивните искуства на Македонија од страна на Хрватската страна.

Во рамки на панелите на Конференцијата, се дискутираше за практичната примена на Европското право од страна на експерти и практичари од земјите членки на ЕУ и што влегувањето во ЕУ ќе значи за секој судија и обвинител од аспект на примена на Европското право и неговата супремација врз националното право.Исто така, министерот за правда Михајло Маневски учествуваше на Конференцијата-Ефектите од членството во Европската Унија врз правосудството, Конференција во организација на Министерството за правда на Република Хрватска, а во функција на подготовки за членство во Европската Унија.

Page 16: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Премиерот Никола Груевски и министерот за правда Михајло Маневски на ден 13.06.2010 година свечено ја пуштија во употреба доградената, комплетно реновирана и опремена зграда на Основниот суд во Гостивар.

Реновирањето и опремувањето е реализирано согласно претходно изготвената проектна документација одобрена од Светска банка и инвестиции од Судскиот буџетски совет.

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ЗГРАДА НА ОСНОВНИОТСYД ВО ГОСТИВАР

Република МакедонијаМинистерство за правда

Вкупната инвестиција изнесува 459.160 евра, од кои 84 отсто се заем од Светска банка, а 16 отсто буџетско учество во рамки на Проектот на Министерството за правда и средства од Судскиот буџет.

Во Гостивар реновиран е и Апелациониот суд, кој се наоѓа на третиот кат во истата зграда, а за него се потрошени 418.557 евра.

Во изминатите неколку години Владата и Министерството за правда презедоа низа мерки за спроведување сеопфатни реформи во правосудството во насока на обезбедување независен и ефикасен судски систем, владеење на правото, обезбедување поголема ефикасност во работата и подобрување на судската инфраструктура. Во таа насока, сакам да истакнам дека во историјата на македонското правосудство, изминатите неколку години е инвестиран најголем износ средства кои имаат за цел подобрување на севкупните услови за работа во судовите, рече во своето обраќање премиерот Груевски.

Page 17: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Креирањето и создавањето услови за работа на судовите, согласно највисоките европски стандарди се приоритет на Владата и во таа насока ваквите трендови на реформски активности ќе продолжат и натаму, во сите сегменти на македонското правосудство, потенцираше Груевски.

За потребите на Основниот суд, додаде премиерот, реновирани и опремени со мебел се простории во вкупна површина од 2.900 метри квадратни, а во функција на Апелацискиот суд изградени се нови 850 метри квадратни.

Со сите овие активности создадовме услови за ефикасно функционирање на судството, основен предуслов во борбата против криминалот и заштитата на правата на граѓаните, додаде Маневски.

Во рамки на овој проект, започна и изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје.

Министерот Маневски обраќајќи се пред присутните истакна дека со обезбедувањето просторни и материјално технички услови за работа во судовите, како и со унапредување и хармонизација на законодавството, се оди чекор напред во заштитата и гаранцијата на основните човекови права и слободи.

Page 18: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПЕКАРАТА ВО КПД ИДРИЗОВО

Во Казнено-поправниот дом Идризово на 07 јули е пуштена во употреба пекара, која ќе ги задоволува потребите за леб и бели печива на КПД Идризово, на затворот Скопје и на воспитно поправниот дом Тетово.Пекарата функционира по ХАЦЦП стандардите, со капацитет за производство на 1.500 леба за осум часа, а ќе бидат ангажирани осудени лица во три смени, рече на отворањето на објектот министерот за правда Михајло Маневски.Преку програмата ЕУ/КАРДС 2006, како што појасни Маневски, обезбедени се вкупно 31.933.936 денари за пекара, перална, котлара и кујна во КПД Идризово.Објектите во КПД Идризово, чии градежни работи за инфраструктурата се завршени со средства обезбедени преку Програмата КАРДС 2006, се ставени во функција со нивното опремување обезбедено со средства од државниот Буџет.

Реализираните и планираните активности за изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено - поправните и воспитно - поправните установи ја покажуваат определбата на Владата и на Министерството за правда за подобрување на инфраструктурните, просторните и работните услови во затворите, со цел постигнување на ш т о п о у с п е ш н а р е с о ц и ј а л и з а ц и ј а н а осудените лица и нивно оспособување да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот, истакна Маневски.

Патрик Паке од Канцеларијата на Европската унија во Скопје посочи дека повеќе од 2,5 милиони евра се инвестирани изминатите години за реформите во затворскиот систем.

Реализираните и планираните активности за изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено - поправните и воспитно - поправните установи ја покажуваат определбата на Владата и на Министерството за правда за подобрување на инфраструктурните, просторните и работните услови во затворите, со цел постигнување на ш т о п о у с п е ш н а р е с о ц и ј а л и з а ц и ј а н а осудените лица и нивно оспособување да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот, истакна Маневски.

Page 19: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Општетството може да се вреднува според начинот на кој функционираат затворите, рече Паке и додаде дека амбиција на општеството е да гледа напред кон иднината и да ги подобрува условите во затворите. Тоа, според него, не е социјален предизвик, туку и гаранција дека лицата кои што ќе бидат осудени ќе може еден ден повторно да му се вратат на општеството од кое доаѓаат во најдобри можни услови и да дадат свој придонес.Министерот Маневски одговарајќи на новинарско прашање рече дека затворот Куманово ќе биде прв кој ќе биде дограден и ќе има капацитет од 250 лица, со што ќе се растовари КПД Идризово.

Секако дека треба да имаме кадар кој ќе придонесе лицата кои издржуваат казна з а т в о р о д з а т в о р и т е д а и з л е г у в а а т ресоцијализирани и сето тоа поради состојбите што сме ги детектирале. Јас сум убеден и сметам дека овие активности треба да продолжат со се позајакнати чекори се со цел да имаме конкретно завршени работи, рече Мемети.Тој истакна дека во Македонија има стар затворски систем, поради што се подготвени стратегии и разни проекти за да се подобрат состојбите.Пекарата е отворена во рамките на Програмата за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено - поправните и воспитно - поправните установи за 2010 година

Според народниот правобранител Иџет Мемети отворањето на пекарата е добар чин и треба да се продолжи и натаму со конкретни проекти и активности. Сметаме дека во иднина е добро овие проекти да се реализираат се со цел да се прошират просторните капацитети на затворските системи на Македонија, да се подобрат условите во сите затвори.

Page 20: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ АЛАРМЕН СИСТЕМ И СИСТЕМОТ ЗА ВИДЕО НАДЗОР

Министерот за правда Михајло Маневски на ден 22.07.2010 во затворот во Шуто Оризари присуствуваше на п р е д а в а њ е в о у п о т р е б а н а реновираните адвокатски и санитарни простории во Притворското одделение и ставање во функција на новиот а л а р м е н с и с т е м и с и с т е м о т з а видеонадзор, инвестиција вредна околу 8.000.000 денари.

Очигледно системот кој го вградивме ќе овозможи ефикасна заштита. Покрај ова, континуирано се работи и на едукација на кадарот, бидејќи се о с т в а р у в а а т п е р и о д и ч н и програмирани активности со

Вградени се нови 56 камери со што сега во затворот функционираат 112 камери. Доколку некој од затворениците се обиде да направи недозволено дејствие, алармниот систем реагира, а исто така, оневозможува и користење мобилни телефони, односно ја блокира батеријата.

вработените лица во казнено-поправните институции во врска со остварување на висока безбедност во затворите и спречување на корупцијата, изјави министерот Маневски.

Page 21: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Тој потенцираше дека работите се одвиваат според утврдената динамика, а средствата во износ од 46 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа наменети за реконструкција на затворите рационално се користат.Во изминатите неколку години изградено е ново притворско крило во чии рамки се изградени осум шеталишта, набавена е опрема која вклучува шкафови, маси, кревети и нова постелнина, а санирани се и три подрумски простории. Исто така, поставени се дрвени сандачиња со клуч за ставање на мобилните телефони за вработените во Секторот за обезбедување и метални сандачиња за жалби и поплаки.

Покрај останатото, до постојната трафостаница за електрична енергија поставен е нов агрегат за целосно задоволување на потребите на затворот во Шуто Оризари, во 20 притворски простории извршено е комплетно реновирање, а набавена е и монтирана опрема за теретана.Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи во земјава опфаќа обнова, реновирање и изградба на нови објекти во „КПД Идризово“, „Затвор Скопје“, „ВПД Тетово“ и „Затвор Куманово“.

Page 22: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

МИНИСТЕРОТ МАНЕВСКИ И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА КНОЦ ВО ПОСЕТА НА ЗАТВОРОТ ВО ШТИП

Министерот за правда Михајло Маневски и амбасадорката на Германија Улрике Кноц на ден 23.07.2010 беа во обиколка на Затворот во Штип, со цел да извршат увид во реализацијата на инвестициите и на условите за престој и работа на лицата кои издржуваат затворска казна.Министерот Маневски е задоволен од инвестициите во спортските терени, во делот за примање на примарна здравствена заштита и вградувањето нов систем за видео надзор во затворот.

Тој како позитивен пример го истакна и проектот за соларниот систем, кој веќе е во втора фаза, како и изградените нови спортски терени и комплетно опремената трепезарија и кујна за осудениците.

Во новиот систем за видео надзор се вградени нови 64 камери со што се овозможува да се има увид во затворот. Во делот на здравствената заштита опремена е нова стоматолошка ординација, што е исклучително важно за обезбедување на квалитетна здравствена заштита, изјави Маневски.

Page 23: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Министерот за правда најави дека во тек е р е ш а в а њ е т о н а п р о б л е м о т с о притвореничките случаи, бидејќи лицата од источна Македонија на кои им е одреден притвор, се пренесуваат во притворските одделенија во Прилеп или во други градови.

Овој затвор е со високи стандарди и секако тоа се должи на активностите кои ги остварува Управата за извршување на Министерството за правда, пред се на активностите на персоналот и раководството, рече Маневски.

Веќе сме во завршна фаза за изградба на Затворот во Куманово, каде што ќе има капацитет за 250 лица и од тие 50 се притворски дел, така што тој затвор ќе ги опфаќа лицата кои што ќе издржуваат мерка притвор од овој дел на Македонија, со што ќе нема потреба да бидат носени во Прилеп или други градови, вели Маневски. Тој најави и дека во владините комисии влегуваат во процедура пет закони од областа на судството.

Тоа се законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет, Законот за судската служба, Законот за судскиот буџет и Законот за управните спорови. Во Законот за судовите се вградува одредба која што овозможува поведување постапка за нестручно или несовесно вршење на функцијата на судијата доколку Судот за човекови права и Врховниот суд на Македонија утврдат дека по вина на судијата постапката траела долго или не е завршена во разумен рок, информира Маневски.

Page 24: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Задоволна сум што денеска во Штип можам да направам сопствена слика за инвестициите и за напорите кои ги прави македонската Влада за подобрувањето на условите за затворениците, рече Кноц.

Тој потенцира дека законите за парнична постапка и за кривична ги определуваат роковите колку време треба да трае еден судски процес, за колку време треба да се објави пресудата од страна на судијата и да се објави на веб страницата на основните или второстепените судови. Амбасадорката на Германија Улрике Кноц истакна дека условите во затворите се многу важни кога се оценува состојбата во областа на човековите права.

Page 25: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИОТ ДЕЛ ОД ПОЛУОТВОРЕНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КПД ИДРИЗОВО

Министерот за правда Михајло Маневски на ден 21.09.2010 година ги пушти во употреба реновираните простории на полуотвореното одделение во КПД Идризово - активност предвидена со Програмата на Владата за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено-поправните и воспитно-поправните установи за 2010 година.Во реновираните простории со вкупна површина од 532 метри квадратни ќе се сместат 112 лица распоредени во 19 соби, со што се обезбедува простор од девет кубни метри што е во согласност со меѓународните стандарди.- Инвестицијата за реконструкцијата и преадаптацијата на објектот изнесува 6.881.005 денари, финансиски средства обезбедени од Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда, рече Маневски.Тој појасни дека е извршено целосно реновирање на објектот, кој опфаќа реконструкција на 19 соби за престој, целосна реконструкција и опремување на санитарните јазли и изградба на нови, изградба на просторија за службените лица, замена на комплетната столарија, електричната инсталација, подовите, таваните, хоризонтална и вертикална хидроизолација, изградба на септичка јама, нова водоводна мрежа и фекална канализација, реновирање и замена на кровна конструкција, обработка и реконструкција на надворешна фасада на објектот и оградниот ѕид, партерно уредување на просторот во дворот и околу објектот. Објектот е опремен со кревети, нови душеци, постелнина, нови шкафови, како и потребен инвентар за трпезариските потреби.

Page 26: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи во Македонија опфаќа обнова, реновирање и изградба на нови објекти во КПД Идризово, ВПД Тетово, затворот Скопје и затворот Куманово. Маневски рече дека тоа ќе се реализира за период од околу три години, а финансиската конструкција ќе изнесува околу 46 милиони евра.

Со Проектот предвидено е проширување на КПД Идризово со изградена површина од околу 43.000 метри квадратни, а сегашниот капацитет од 900 места ќе се зголеми за 1.510 лица, истакна министерот за правда.Директорката на Управата за извршување на санкциите Лидија Гавриловска рече дека реконструкцијата на казнено - поправните установи се врши со средства од заемот од Банката за развој на Советот на Европа и најави дека во почетокот на 2011 година со средства од ИПА фондовите ќе се започне со изработка на национална стратегија за развој на затворскиот систем.

Со реализација на проектите за реформа во пенитенцијарниот систем целосно се менува л и к о т н а з а т в о р и т е в о М а к е д о н и ј а . С е обезбедуваат услови за функционирање и хумано постапување со осудените лица и создавање оптимални услови за престој и работа на осудените и вработените во затворите, истакна Маневски.

Page 27: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

Република МакедонијаМинистерство за правда

Page 28: Б И Л Т Е Н - · PDF fileРепублика Македонија Министерство за правда Со овие измени, како што додаде, не и

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

Димитрие Чуповски 9, 1000 Скопје

Република Македонија

е-пошта : [email protected]

Тел: +389 (0)2 3230 - 745

Факс: +389 (0)2 3226 - 975

www.justice.gov.mk

www.pravda.gov.mk