81
1 СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ од Првото продолжение на Сто и дванаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јули 2002 година Седницата се одржа во салата за седници на Собранието на Република Македонија, со почеток во 12,20 часот. Седницата ја отвори и со неа претседаваше господинот Стојан Андов, претседател на Собранието. СТОЈАН АНДОВ: Продолжуваме со работа по Сто и дванаесеттата седница на Собранието на Република Македонија. Минуваме на точката 3 - Предлог за избор на член на Републичкиот судски совет. Продолжуваме со претрес. Има збор господинот Никола Поповски. НИКОЛА ПОПОВСКИ: Почитувани колеги, јас во текот на вчерашното излагање, како координатор на пратеничката група на СДСМ, меѓу другото го повикав предлагачот г-динот Кралевски и г-динот Стојановски, врз основа на тоа што го образложивме, да го повлечат предлогот, односно г-динот Стојановски, самиот да даде изјава дека се повлекува од кандидатурата за член на Републичкиот судски совет. Господинот Стојановски и господинот Кралевски тоа не го направија, што ни даде за право да помислам дека одстојуваат на предлогот а го повикавме на тоа слушнавме изјава од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, конкретно господинот Талевски, кој во својата дискусија нагласи некоклку за мене битни работи. Мислам дека со став на ВМРО-ДПМНЕ стануваат очигледно во која насока е осмислен изборот на господинот Томислав Стојановски. Прво се кажа дека ваквиот чекор е одговор на ова веќе создадено политичко влијание во судството на Република Македонија, со аргументација дека се знае кој ги донел законите за судство, кој ги назначил судиите и кој извршил, цитирам, пенетрација и политичко влијание во судството и дека тоа мора да се балансира. Стана јасно дека намерата е не само директно во судството, туку и во судскиот совет да се прави наводен баланс политички, односно во овој случај да се изврши политичка пенетрација која од страна на ВМРО-ДПМНЕ има политичка цел да се избалансира наводно некое туѓо политичко влијание во судството, односно независното судство политички да го дебалансира. Оттука можам да заклучам дека сега треба да се оди во акција кон судскиот совет, а понатаму и кон судството иако е тоа така, господинот Томислав Стојановски мислам дека од сегашното именување ќе има отворено поле за работа да го изврши тој политички баланс и да ја ребалансира наводната политичка пенетрација. Само да потсетам дека во истата дискусија беше кажано дека сите именувани судии биле идеолошки контаминирани во минатото и дека како партии сега не можат да работат, меѓутоа, кога дојде до точката образложение за автобиографијата, или биографијата на г- динот Томислав Стојановски, тогаш, одеднаш неговата кариера во судството во 60-тите години веќе не беше идеолошки контаминирано, туку беше стручна кариера. Значи, сите кои се вон од ВМРО ДПМНЕ имале стручна кариера, а сите кои не се во ВМРО-ДПМНЕ во тој период биле идеолошки контаминирани кога имало некој друг систем во Република Македонија и особено, загрижува зашто првиот и единствениот аргумент кој беше определен во таа насока беше дека судовите имаат надлежност за време на изборната кампања и во изборниот процес. Мислам дека самото тоа се укажува во која насока се размислувањата на тие што го поддржуваат г-динот Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет дека неговото именување таму треба да имаат влијание врз изборниот процес. Дозволете да укажам она што сакав и во првата дискусија да го кажам, меѓутоа, мислев дека треба да се повлече потег за повлекување на кандидатурата. Прво, да го прочитам едниот став од член 104 од Уставот на Република Македонија, која е на сила: "Функцијата член на Републичкиот судски совет е наспоива со вршење на други јавни функции и професии или со членување во политички партии". Мислам дека господинот Томислав Стојановски не ги задоволува основните услови, за да може да биде член на Републичкиот судски совет, затоа што е член на политичка партија, а се разбира, дека тешко ќе биде да се објасни дека веќе од денес тој не е член на политичка партија, познавајќи го во конкретниот случај со такви активности сеуште се бави. Дозволете да укажам и на следново, зошто господинот Томислав

страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

1

СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

од Првото продолжение на Сто и дванаесеттата седница на Собранието на

Република Македонија, одржана на 17 јули 2002 година

Седницата се одржа во салата за седници на Собранието на Република Македонија, со почеток во 12,20 часот.

Седницата ја отвори и со неа претседаваше господинот Стојан Андов, претседател на Собранието.

СТОЈАН АНДОВ: Продолжуваме со работа по

Сто и дванаесеттата седница на Собранието на Република Македонија.

Минуваме на точката 3 - Предлог за избор на член на Републичкиот судски совет.

Продолжуваме со претрес.

Има збор господинот Никола Поповски.

НИКОЛА ПОПОВСКИ:

Почитувани колеги, јас во текот на вчерашното излагање, како координатор на пратеничката група на СДСМ, меѓу другото го повикав предлагачот г-динот Кралевски и г-динот Стојановски, врз основа на тоа што го образложивме, да го повлечат предлогот, односно г-динот Стојановски, самиот да даде изјава дека се повлекува од кандидатурата за член на Републичкиот судски совет.

Господинот Стојановски и господинот Кралевски тоа не го направија, што ни даде за право да помислам дека одстојуваат на предлогот а го повикавме на тоа слушнавме изјава од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, конкретно господинот Талевски, кој во својата дискусија нагласи некоклку за мене битни работи. Мислам дека со став на ВМРО-ДПМНЕ стануваат очигледно во која насока е осмислен изборот на господинот Томислав Стојановски.

Прво се кажа дека ваквиот чекор е одговор на ова веќе создадено политичко влијание во судството на Република Македонија, со аргументација дека се знае кој ги донел законите за судство, кој ги назначил судиите и кој извршил, цитирам, пенетрација и политичко влијание во судството и дека тоа мора да се балансира. Стана јасно дека намерата е не само директно во судството, туку и во судскиот совет да се прави наводен баланс политички, односно во овој случај да се изврши политичка пенетрација која од

страна на ВМРО-ДПМНЕ има политичка цел да се избалансира наводно некое туѓо политичко влијание во судството, односно независното судство политички да го дебалансира.

Оттука можам да заклучам дека сега треба да се оди во акција кон судскиот совет, а понатаму и кон судството иако е тоа така, господинот Томислав Стојановски мислам дека од сегашното именување ќе има отворено поле за работа да го изврши тој политички баланс и да ја ребалансира наводната политичка пенетрација.

Само да потсетам дека во истата дискусија беше кажано дека сите именувани судии биле идеолошки контаминирани во минатото и дека како партии сега не можат да работат, меѓутоа, кога дојде до точката образложение за автобиографијата, или биографијата на г-динот Томислав Стојановски, тогаш, одеднаш неговата кариера во судството во 60-тите години веќе не беше идеолошки контаминирано, туку беше стручна кариера. Значи, сите кои се вон од ВМРО ДПМНЕ имале стручна кариера, а сите кои не се во ВМРО-ДПМНЕ во тој период биле идеолошки контаминирани кога имало некој друг систем во Република Македонија и особено, загрижува зашто првиот и единствениот аргумент кој беше определен во таа насока беше дека судовите имаат надлежност за време на изборната кампања и во изборниот процес. Мислам дека самото тоа се укажува во која насока се размислувањата на тие што го поддржуваат г-динот Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет дека неговото именување таму треба да имаат влијание врз изборниот процес.

Дозволете да укажам она што сакав и во првата дискусија да го кажам, меѓутоа, мислев дека треба да се повлече потег за повлекување на кандидатурата.

Прво, да го прочитам едниот став од член 104 од Уставот на Република Македонија, која е на сила: "Функцијата член на Републичкиот судски совет е наспоива со вршење на други јавни функции и професии или со членување во политички партии". Мислам дека господинот Томислав Стојановски не ги задоволува основните услови, за да може да биде член на Републичкиот судски совет, затоа што е член на политичка партија, а се разбира, дека тешко ќе биде да се објасни дека веќе од денес тој не е член на политичка партија, познавајќи го во конкретниот случај со такви активности сеуште се бави.

Дозволете да укажам и на следново, зошто господинот Томислав

Page 2: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

2

Стојановски не може да биде избран за член на Републичкиот судски совет.

Во членот 2 од Законот за Републичкиот судски совет стои: "Републичкиот судски совет во извршувањето на работите од својот делокруг придонесува да се остварува судската функција и да се обезбедува самостојноста и независноста на судството, без да навлегува во нивната работа". Со оглед на фактот дека г-динот Томислав Стојановски не може да биде самостоен и независен во извршувањето на својата работа, бидејќи произлегува од политичка партија и ќе ги почитува нејзините политички ставови, кој што е еден од оние кој досега најтемелно ги почитувал, ценам дека согласно член 2 тој не може да биде избран. И уште во членот 3, од истиот закон пишува дека: работите од својата надлежност, или делокруг советот ги извршува самостојно и независно врз основа и во рамките на уставот и законот".

Во рамките на Уставот значи дека во неговата работа не можат да учествуваат членови кои се политички определени и дека врз основа на тоа тие не можат, односно треба да работат самостојно и независно, што исто така не може да биде случај со кандидатот за кој сега дебатираме.

Во членот 5 од истиот закон " се забранува политичко организирање и дејствување во советот". Се мисли во Републичкиот судски совет.

Господинот Томислав Стојановски морам да потсетам во моментов е политички организиран и политички дејствува, како и сите нас овдека во Парламентот на РМ. Тоа не го земам за зло, напротив, политичкото организирање и дејствување ги сметам за една од врвните придобивки на современиот цивилизиран свет, меѓутоа, не сметам за врвна придобивка и цивилизациска придобивка, ако тоа политичко организирање дејствување се остварува во рамки на Републичкиот судски совет кој има уставна позиција малку поинаква отколку политичка.

Во истиот овој закон има одредена глава за предлагање избор и разрешување на судии, како една од главните, ако не и главна надлежност на Републичкиот судски совет.

Во делот а), поточно членот 13 во ставот 1, од Законот за судски совет пишува: "Советот при избор на судија го предлага лицето кое има највисоки стручни и работни квалитети од кандидатите кои ги исполнуваат пропишаните услови пријавени

на овластување на избор на судија од страна на Собранието на Република Македонија".

Мислам дека г-динот Стојановски или отсега понатаму, да не се свати како лично за личноста на господинот Стојановски, ќе зборувам за кандидатот за член на Републичкиот судски совет, не може да биде во фунжција да предлага избор на судии, кои имаат највисоки стручни и работни квалитети, затоа што во својата работа нема да биде независен и непристрасен.

Мислам дека еден од аргументите ги приложи и тој самиот во дискусијата по повод изборот на судија за Врховен суд на Република Македонија на минатата седница. Г-динот Стојановски со својата политичка расправа во парламентот, овој пат во функција на член на парламентот кој избира на предлог на Републичкиот судски совет, покажа дека е спремен да прифаќа политички предлози за членови на Врховен суд. Ако е спремен политички да размислува, при избор на членови на Врховниот суд на РМ, во она за што сум уште повеќе уверен е дека политички ќе размислува кога ќе ги предлага, односно кога ќе ги селектира останатите кандидати за вакви функции не само за врховниот суд туку и за апелациониот, основниот суд и друго.

Во истиот тој член, во ставот 3 пишува, цитирам, од Законот за судскиот совет: "Советот утврдува предлози за избор на судија во повисок суд, врз основа на објективна проценка, потенцирам, објективна проценка за стручните и моралните квалитети на кандидатот, професионалната компетентност искуството во досегашната работа. Господинот Кандидат за член во судскиот совет во фазата на избор по предлог во досегашниот судски совет се подвргна на своја субјективна процена за една од стручните и моралните, во овој случај стручните квалитети за кандидат за врховниот суд, што мене лично ме увери дека ако сега тој се најде во функција да предлага избор на судии во повисок суд, значи од основен во апелационен, или во врховен, неговите објективни проценки ќе бидат сведени на неговите политички и пристрасни проценти за судиите кои ќе треба да ги предлага на овој собраниски дом и оттука, тоа ќе го чини условно некомпетентен, непободбен, за да ја врши таа функција во име на РМ.

Републичкиот судски совет е институција, која покрај во сверата на предлагање на судиите, има надлежност и

Page 3: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

3

за разрешување на судиите, кои се наведени во членовите 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, од Законот за судски совет.

Дозволете да прочитам што пишува во еден од тие членови:

"Во постапката на предлагање за разрешување на судии од судиската функција, една од многу важните функции на судскиот совет пишува: "Советот утврдува предлог за разрешување од судиска функција и на Собранието на Македонија му предлага разрешување на судија, кога е исполнет некој од основите утврдени со Уставот, во постапка и начин утврдени со законот и тоа: Ако трајно ја загуби психофизичката способност, поради нестручно и несовесно вршење на судската функција".

Господинот кандидат за член на Републичкиот судски совет во изминатите месеци кога Републичкиот судски совет на Собранието му нудеше одлуки за разрешување на судии поради нестручно и несовесно вршење на судската функција, постапи по мене во два наврати, кој е спротивен на ова што треба да се случи.

Прво, кога опозицијата бараше Репбуличкиот судски совет да достави образложение, поради кои работи нестручно и несовесно што ги вршеле судиите, тие се разрешуваат, Републичкиот судски совет одби да поднесе образложение и само се повика на овој член на Законот.

Господинот сегашен кандидат за член на Републичкиот судски совет беше еден од оние кои не ја оспоруваше можноста на Републичкиот судски совет да изврши субјективна проценка и да констатира дека нестручно и несовесно вршеше на функцијата од страна на некој судија без образложение нужно пред парламентот, сега да резултира со разрешување.

Можам да претпоставам дека сегашниот кандидат во оваа функција, ваквите свои ставови нема да ги промени во иднина и дека ќе почне врз основа на сегашниот политички ангажман или врз основ ана својата политичка организираност, да го користи овој член 19 став 1, алинеја 2, како дискриционо право, без образложение пред Собранието да доставува предлози за разрешување на судии од функцијата судија во Република Македонија поради нестручно и несовесно вршење на работата и за тоа да не дава образложение, а постои опасност дека тоа ќе го прави заради свои политички ставови, односно заради неговото размислување за политичка неподобност на оној судија кој ќе

биде разрешуван односно ќе се обиде да го политизира или партизира судството од своја гледна точка. А уверен сум дека во овој случај тоа ќе биде исклучиво само, а математиката има една дефиниција, само ако е тоа низ призмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Судскиот совет исто така, врши утврдување и на тешки дисциплински повреди во работата на судството. Во членот 22 се утврдува дека Советот утврдува предлог за разрешување на судија поради тешка дисциплинска повреда, пропишана со закон, кога во постапка ќе се утврди дека извршената повреда, го прави судијата недостоен за вршење на судската функција. Исто ова сметам дека се големи компетенции дадени на луѓе кои политички и партиски се организирани и ќе можат овие членови да ги злоупотребуваат за политички и партиски цели. Доколку членовите на судскиот совет не се партиски личности, верувам во тоа дека ова нема да го злоупотребуваат. Сегашниот состав на судскиот совет во еден свој дел, за жал мнозински, токму од тие причини сега ги злоупотребува и ваквите одредби на законот. Ние попусто го имаме Законот за судски совет, ако постојано го изигруваме од страна на оние кои ги избираме од Собранието.

Во членот 23 од Законот за судски совет е дадена можноста судскиот совет да одлучува за дисциплинската одговорност врз основа на наоди од комисијата што сам ја избира и именува и можете да замислите што ќе се случува, доколку господинот што е сега кандидат се најде во судскиот совет и биде понатаму избран во Комисијата за утврдување на дисциплинската одговорност, како може да ја злоупотребува својата функција без да сака, затоа што неговото политичко организирање изгледа е поважно од независноста на судството во РМ.

Дозволете на крајот од својата дискусија само да укажам на следново: Судскиот совет една од главните функции што ги има е оценка на стручноста и совесноста на судиите во вршењето на функцијата судија во Република Македонија, без разлика дали се тоа судии на основен, на Апелационен, или Врховен суд. По тој Основ во Законот е дадена можност во членот 32 Републичкиот судски совет да ја оценува стручноста и совесноста на судиите, кога податоците за постигнатите резултати, бројот на решените предмети и квалитетот и ажурноста во работата упатуваат на констатација дека судската функција се вршела нестручно, несовесно, и воопшто непрофесионално.

Page 4: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

4

Со оглед дека ваквите компетенции во судовите не смеат да се базираат на политички определби и политичка организираност, исто така сметам дека сегашниот кандидат од овие причини, условно да кажам не би требало да врши функции кои ќе му овозможат да оценува стручност и компетентност, совесност на судиите, затоа што се сеќавам кога еден судија во Кавадарци беше за разрешување овде, кога сите пратеници баравме несовесноста и нестручноста да се елаборираат, токму г-динот Стојановски упатуваше на тоа дека дискреционото право на Судскиот совет треба да се почитува, односно што ќе кажат тие 7 луѓе таму, тоа ние мораме да го послушаме. Веќе во наредните обиди, Судскиот совет да ни предлага судии на Врховен, апелационен и други судови, претседатели на судови од листингот тоа го проверивме и можеме да го констатираме дека токму г-динот Томислав Стојановски во минимум 40% од предлозите на Судскиот совет за именување на судии гласал негативно. Значи, по предлогот за избор на судии на Врховниот суд во два наврати се изјаснил негативно за апелациониот суд во два наврати се изјаснил негативно во последното гласање, при избор на претседатели на основните судови во неколку наврати се изјаснил негативно, што значи г-динот Томислав Стојановски го ставал секогаш низ партискиот филтер тоа што Републичкиот судски совет го предлагал во Собранието на Република Македонија во врска со подоб носта да ја извршуваат функцијата или да бидат судии, или да бидат унапредени во некоја друга повисока функција од тогашната на Апелационен или на Врховен суд или на претседател во судот во која остваруваат судската функција.

Оттука, оценувам исто така, дека г-динот Стојановски, како сегашен кандидат за член на судскиот совет не е во ситуација стручно и компетентно и непристрасно да оценува предлози, туку ги пропушта низ партискиот филтер. Ако мислите дека лично мислам дека г-динот Стојановски утрото се разбуди како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има свој партиски одговорности, задачи, задолженија и обврски и дека денеска по изборот ќе заспие и утре наутро ќе се разбуди како граѓанин на оваа држава, кој нема никакви партиски обврски и никакви задолженија, мислам дека сите се лажеме. Господинот Томислав Стојановски и по евентуалниот избор за член на Републичкиот судеки совет, утрото ќе се разбуди во опкружување

на ВМРО-ДПМНЕ, мисловно, физичко и идеолошко.

Републичкиот судски совет, еве го аргументот заради кои објаснувам пет минути во членот 33 од Законот, му е дадено право да и оценува стручности совесности на судии во вршењето во вршење на неговата функција и кога кандидатот односно и кога судијата е кандидат за избор на судија во повисок суд, или избор на претседател на судот.

Значи, Републичкиот судски совет, во постапката за предлагање на веќе избрани судии за повисоки функции во судството, или за избори на претседатели на суд во член 33 му ја дава можноста Советот да одлучува дали е тој стручен или совесен да ја добие новата функција, врз основа на ова што претходно го кажав за однесувањето на г-динот Стојановски како пратеник, апсолутно мислам дека неговата законска надлежност тоа да го прави е во спротивност со членот 5 на овој закон каде се вели дека се забранува политичкото организирање и политичкото дејствување во Советот од страна на неговите членови. Јас сум уверен дека г-динот Стојановски и понатаму политички, можеби нема да биде организиран во судскиот совет во некаква формална структура, меѓутоа, политички ќе дејствува во Републичкиот судски совет и токму заради тоа е предложен сега на крајот од мандатот да ја прифати и да ја остварува оваа функција во наредните шест - седум години.

Од сите овие причини зборувам како пратеник, а не како координатор, јас не сум во ситуација да дадам согласност и да гласам позитивно за изборот на г-динот Томислав Стојановски. Напротив, мислам дека сме доведени во ситуација кога најмалку што ќе можам да направам е целосно да апстинирам од изјаснувањето, доколку дојде, односно доколку се опстојува на предлогот и доколку дојде до крајот на оваа дебата не биде повлечен. Меѓутоа, како граѓанин на ова општество и како пратеник на оваа држава, најсреќен би бил, кога Републичкиот судски совет не би имало луѓе со сериозен политички ангажман, со сериозен партиски стаж и обврски, затоа што на тој начин ќе го штитиме и уставниот поредок и незаконитоста во работата на оваа држава и независноста на судството, самостојноста на судството и дигнитетот на комисијата и нејзиниот претседател кој ни го предложиле ова решение до Собранието.

Page 5: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

5

НИКОЛА ПОПОВСКИ: (Продолжение)

На крајот на краиштата и дигнитетот на Собранието, кое не треба да се впушти во вакви авантуристички потези за избор на членови на Републичкиот судски совет. Од овие причини јас нема да го поддржам предлогот. Благодарам господине претседателе.

СТОЈАН АНДОВ:

Благодарам. Господин Љубомир Поповски.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Благодарам претседателе, јас најнапред би сакал да коментирам неколку процедурални работи во врска со оваа точка на дневниот ред и ќе се потрудам да се задржам на една позиција на дискусија, која што апсолутно немам намера да навлегувам во персоналните квалитети, предиспозиции, способности и тн., на колегата како кандидат за оваа функција.

Сакам да обрнам внимание и на Вас господине претседателе дека уште при утврдувањето на точката на дневниот ред на вчерашната седница во известувањето од страна на Комисијата за избори и именувања, спомнато е дека Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија предлага, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на одлуката за претседател и членови на Одборот за доделување на Наградата "11 Октомври", Предлогот за избор на член на Републичкиот судски совет, Предлог-одлуката за разрешување и избор на членови на Советот за радио дифузија и Предлог одлуката за разрешување и именување на заменик на секретарот на Собранието на Република Македонија, да бидат разгледани пред останатите точки од дневниот ред на Сто и дванаесеттата седница. Ова не е став на Комисијата, веднаш да кажам, како член на оваа Комисија ваков став не беше завземан и ова веќе втор пат му се случува на господинот претседател на оваа Комисија, Чедомир Краљевски, во име на Комисијата да подметнува вакви писма, по кои што Вие нормално, незнаејќи дали е тоа од Комисија или негов личен предлог, едноставно да ги ставате на изјаснување пред пратениците на Собранието на Република Македонија. Значи, уште во почетокот има еден процедурален гаф на кој што мислам дека ако сме чесни и доблесни, би требало самите да реагираме и господинот претседател на оваа Комисија да каже дека во својство на пратеник како што беше предлогот во врска

со обвинителите или незнам дали некој други предлози, се потпишал во својство на пратеник како Чедомир Краљевски лично предлага господинот Томислав Стојановски да биде кандидат за член на Републичкиот судски совет. Претпоставувам дека е тоа е став и на целата пратенмичка група, дека тие имале расправа во пратеничката група и дошле до еден таков предлог дека најсоодветна лично за ова испразнето место во Републичкиот судски совет е господинот Томислав Стојановски.

Кога веќе го спомнав испразнетото место, втората работа која што морам да ја коментирам и која остава длабоко сомневање во чесноста и во исправноста или во коректноста на водењето на целокупната постапка околу изборот на овој кандидат е прашањето меѓу другото упатено исто така и до претседателот на Собранието кој закажува седници на Собрание и, раководи со нив, го толкува деловникот и тн. Зошто се чекаше три месеци да се постави прашањето на избор на судии на Врховниот суд, на судии во основните судови, претседатели на основни судови, дел на заменици јавни обвинители и тн. Бидејќи како што е познато тоа е на некој начин добиено уште пред три месеци и е влезено во некоја процедура, дали 106-та или 104-та и тн. не се сеќавам веќе и јас. Меѓутоа, до последниот ден, значи на истекот на работата на овој состав на Парламентот, сега доаѓа овој предлог. Меѓутоа, за да биде јас ќе се потрудам дел од објаснувањето, кое што веројатно претседателот на Собранието ќе го прескокне и нема да го даде, меѓутоа, јас ќе дадам дел од одговорот на ова прашање кое што самиот го поставувам. Имено, што било идејата и која е единствената причина ова прашање околу изборот на судиите во Врховниот суд и другите останати предвидени точки да се одлага, ни помалку ни повеќе, туку скоро три месеци од страна на парламентарното мнозинство. Не навлегувам тука дали претседателот на Собранието сугерирал таква работа, меѓутоа, можеби бил изложен на еден соодветен притисок од парламентарната група. Имено, тоа мораше да се направи од едноставна причина, затоа што во тој предлог, меѓу другото стоеше изборот на господинот Никола Николовски, за кој што ние пред три дена разговаравме на ова Собрание дека тој беше едноставно предвиден односно нотиран дека мора да биде по секоја цена член односно избран за судија на Врховниот суд, а потоа веднаш експресно да биде избран во Државната

Page 6: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

6

изборна комисија како претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страната на судиите. Тоа е тоа што се направи преседан, ние за тоа долго разговаравме, веројатно, сега јавноста со поизострен критички, така да кажам поглед и тон ќе го следи однесувањето и работата на овој член на Државната изборна комисија предложен од страна на владеачката партија на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа другата работа која што требаше и која што е директно поврзана со предлагањето на овој кандидат за Републичкиот судски совет е фактички испразнување на местото во Републичкиот судски совет од страна на еден господин Рибарев, кој што е член на овој Републички судски совет пак по предлог на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и тоа пред само неколку време, дали една година или една ипол година и тн. Тој таму беше претседател на Основниот суд во Штип, под експресни таканаречени партиски критериуми, проценки од кадровската политика на владеачката партија, беше преместен во Скопје, ставен во фотељата како член на Републички судски совет за само една година тој ист господин поднесе оставка и барање за разрешување од таа функција и враќање како кандида или унапредување во функцијата за судија на Апелациониот суд во Штип. Дали се работи за еден договор кој што од поодамна постоел меѓу заинтересираните кандидати, во овој случај нашиот колега Стојановски, господинот Рибарев, господинот Никола Николовски, да се направи така да кажам со стопански или со економски термин цесија и тн. на вртење на кандидатите се со цел да ја имаме таа шанса и можност денеска да расправаме односно да го гласаме нашиот колега за член на Републичкиот судски совет. Според тоа, мислам дека целата односно целото сценарио или целата игра кадровска, која што во овој изминат период владеачката партија, целата парламентарна група и врвот на таа партија го одиграл се само со една иста цел да му овозможи на колегата Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет, мислам дека претставува еден вид невидено кадровско авансирање кое што мислам дека со право предизвикува огромен револт како во целокупната стручна, меѓутоа исто така целокупната македонска јавност, а мислам дека и потајно предизвикува еден страшен револт меѓу останатите колеги на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ова немојте да го земете како некоја малициозност, но во една иста таква ситуација се наоѓаат многу колеги пратеници од владеачката партија, кои што

бараат по секоја цена некое удомување пред претстојните парламентарни избори. Јас ја разбирам нивната загриженост за исходот од изборите и од евентуалноста од губењето на власта. Но тука има колеги исто така нивни колеги кои, веројатно заслужуваат многу повеќе да бидат на одредени истурени функции, меѓутоа, за кои што нема разбирање од нивните колеги или од раководството на Пратеничката група од повисокиот партиски врв.Тука слободно можам да го спомнаг колегата Милан Ставрев и ми е жал што тој во неколку наврати и обиди не може да биде односно да ја заслужи, да ја добие функцијата вице-гувернер на Народната банка. Според своите спецификации, способности, квалификации и тн., мислам дека таа функција со оглед на тоа што долго време работел во оваа висока банкарска институција на Република Македонија, апсолутно ја заслужува. Меѓутоа, господинот веројатно нема поддршка од раководството на пратеничката група директно од кумановското лоби можеби од шефот на партијата и тн. и постојано се врти целата игра дека е некој друг виновен околу тоа. Да не спомнувам и други колеги, тука е колегата Јордан Бошков кој што е отсутен, кој што зборува неколку светски јазици, меѓутоа човекот никако да добие некоја функција во дипломатијата и тн. Зборот ми е дека незнам кои се вистинските мотиви. Веројатно, самите пратеници и не гледам дека се претргнуваат во одбраната или во поддршката на нивниот колега дека е тоа единствениот кандидат, кој што оваа функција мора да ја заслужи и да ја добие и според заслугите, веројатно, се во игра некои други критериуми. Јас го разбирам и господинот Талевски кој што се обидуваше да ја замагли целата ситуација иако веројатно и нему му е мило, бидејќи знаеме во кои таканаречени лоби групи во нивната партија кому, каде припаѓа и дека тоа ќе биде фактички уште една победа на госпоѓицата Доста Димовска и тн.

Она што е битно сега и што сакам да го кажам, исто така, воедно ја користам можноста да се извинам на сите припадници на Армијата на Република Македонија, кои со нетрпение го очекуваат Законот за служба во Армијата на Република Македонија, кое што ова Собрание треба да го донесе на денешнава седница, а ако не на утрешната и тн. Јас се извинувам во мое лично име и во името на целата пратеничка група дека сме принудени заради несватливите кадровски обиди на владеачката партија во пет до дванаесет, да

Page 7: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

7

предлага такви кандидати за високи државни функции, што мораме едноставно, заради тоа што и нашиот координатор најави дека ќе се води дебела расправа околу овој предлог заради причините кој што сега во моментот јас не би сакал повторно да ги повторувам, кои се тие причини, кои сметаме дека, не навлегувајќи во персоналниот така да кажам персоналната димензија на кандидатот, туку како кандидат за една висока судска функција, имајќи предвид сите оние моменти кои што господинот Никола Поповски веќе ги спомнуваше. Значи, длабоко се извинуваме што ќе потрае оваа расправа и дека дури може да се случи да се доведе во прашање успешноста на изгласување на овој толку значаен закон за служба на Армијата во Република Македонија.

Ми се поставува едно прашање, како и господинот претседател на Собранието си дозволува еден таков значаен закон да добие сосема споредно значење, да добие приоритет една точка....

СТОЈАН АНДОВ: Ве молам, оценката ви е

погрешна, и не се впуштајте во такви оценки, тоа не ви е предмет на дискусија. За работата на претседателот ќе расправаме кога ќе поднесете интерпелација. Инаку ќе ве исклучам. Престанете да се занимавате со претседателот. Немате право. Не ви дозволувам. Немате право, бидејќи тоа не е на дневен ред.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Па, јас не ве навредувам.

СТОЈАН АНДОВ: Исклучете го господинот Поповски.

Ве неможете така, ќе зборувате за тоа за што сте добиле збор. Неможете да влегувате во тие оценки.

Сега продолжете, еве ви давам збор, но да не се занимавате со такви работи, бидејќи тоа нема врска. Вие го немате тоа право.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Господине претседателе, јас

ниту ве навредував, туку поставувам прашање.

СТОЈАН АНДОВ: Продолжете да зборувате за

тоа за што добивте збор, а не за претседателот на Собранието. Немате право за тоа да зборувате. Вие имате предлог овде, имаме точка на дневен ред и за тоа ќе зборувате.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Вие не сте недопирлива личност.

СТОЈАН АНДОВ: Молам, ќе ви земам збор.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Мислам дека тоа не е во ред.

СТОЈАН АНДОВ: Тоа е во ред и ве молам

продолжете.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Добро, очигледно е дека

претседателот е чувствителен на овие работи и се надевам, сепак, ние ќе имаме можност да се произнесеме во врска со Законот за служба во Армијата, без разлика на овие давања на одредени приоритети кои ние ги сметаме од помалку значење, имајќи предвид дека, исто така, ни стојат на разгледување и усвојување еден подолг список на предложени закони кои што ги добивме од писмото на господинот Љубчо Георгиевски. Еве, во текот на вчерашниот ден ние добивме едно писмо во кое што се замолува претсеадтелот на Собранието да ги помести сите овие закони и тука да не ги спомнувам, закони за наплата на јавни приходи, Закон за банки за микрофинансирање, Закон за трговски друштва, Завршна сметка на Буџетот и тн.

СТОЈАН АНДОВ: Ве молам, тоа го минавме.

Зборувајте за точката од дневниот ред. Тоа не е дискусија за дневниот ред. Вие сега тоа го читате. Зборувајте за ова што е сега предмет.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Дозволете сега да се искажам.

СТОЈАН АНДОВ:

Ве молам, вие не сте прв пат пратеник.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Морам да кажам претседателе,

без разлика на се, тука е направена една грешка од господинот премиер на Владата каде во точка 18 вели да се побрза да се донесе Законот за адвокатура. Ви се молам Законот за адвокатура е донесен пред три дена и тн. Зборот ми беше друго. Во овој предлог, никаде во ова писмо или овој допис од претседателот на Владата на Република Македонија господинот Љубчо Георгиевски не е поместена точката за избор за член на Републички судски совет. Значи тој смета дека тоа не е најприоритетното, туку сите овие други закони се поважни.

Page 8: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

8

Меѓутоа, да завршам, очигледно претседателот на Собранието е нестрплив, да завршам со дискусијата незнам од кои причини и тн., но јас сметам дека со право мора да укажам и тоа право никој не може да ми го одземе како пратеник да сметам дека имаше многу поважни, многу приоритетни работи, кој што треба ова Собрание да ги донесе.

Сега дозволете ми, уште една димензија, во врска со самиот избор на кандидатот на оваа висока судска функција да истакнам. Имено, не би сакал да повторувам, она што беше на некој начин искажано во досегашната дискусија за тоа какви се личности или кандидати треба да се предлагаат за Републичкиот судски совет. Мислам дека тоа веќе и во Законот го пишува, едноставно постојат и некои таканаречени посебни услови, некои посебни критериуми, некои посебни определби за кои што мислам дека Собранието на Република Македонија треба да ги има предвид кога предлага такви кандидати за избор на членови на Републичкиот судски совет.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: (Продолжение)

Јас се плашам дека една од главните причини, или можеби мотивот, зошто баш во овој момент се дава приоритет на едно вакво прашање за избор на Републички судски совет и тоа за колегата г. Томислав Стојановски. Сепак на некој начин тоа е врзано што господинот Талевски вчера во дискусијата, можеби несакајќи ја откри вистинската намера и вистинскиот мотив зошто владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена инсистира овој господин да биде член на Републичкиот судски совет. Тоа е, престојните парламентарни избори, каде што меѓудругото, а вам ви е добро познато, во целината на изборните дејствија, во нивната организација, во нивното спроведување, има, би рекол, можеби клучна улога во спровадувањето на фер и демократска постапка на самите избори од страна на учесниците на третата власт, а тоа е судството. Сега имајќи предвид дека овој господин кој е истакнат член на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кој апсолутно, мислам дури и кога ќе биде избран, прашање е дали тој ќе даде јавна изјава, изјава во јавноста дека се откажува од наговата политичка партија за да би можел без оптоваруање, без хипотаки, без одредени сенки, чесно, одговорно и неутрално да ја извршува функцијата член на Републичкиот судски совет. Јас се сомневам дака таква изјава

ќе имаме. Затоа сметам дека неговото присуство во услови кога во составот на Републичкиот судски совет после одењето на господинот Черепналковски кој имаше високи етнички и морални принципи, после рушењето на одредени предлози кои не беа по волја на владеачката партија во ова Собрание, да си даде оставка, а дека со присутните други членови на Републичкиот судски совет кои по одредени заслуги исто така се наоѓаат во тој состав, а знаеме кои се тие заслуги, знаеме дека таму се наоѓаат бившите членови на ДИК кои ги спроведоа тие таканаречени срамни претседателски, би рекол и локални избори за што ова Собрание со денови расправаше, со постоење на бели книги околу тие настани и слично. Според тоа мислам дека станува збор за едно таканаречено суптилно влијание, еден вид, кажано со народски термин, плашило кое што треба да влијае врз работата на судските претставници во изборните комисии во нашата држава. Тие бидејќи сега се во тек на конституирање, би рекол, треба да се формираат регионални комисии, па треба да се формираат општински комисии и тн., самото влегување на овој наш колега со една таква политичка, би рекол хипотека околу себе, ќе придонесе кон одредено влијание, или фрлање сенка врз однесувањето на сите предложени кандидати што ќе бидат односно ќе учествуваат од страна на судската власт. Мислам дека е тоа една чиста политичка димензија која треба да се има предвид кога се предлага еден таков кандидат за член на Републичкиот судски совет.

Да не повторувам, ние сметаме дека најдобро во целава оваа ситуација, доколку предлагачот на оваа точка го повлече овој предлог би било најдобро и доколку смета дека Републичкиот судски совет едноставно не може да функционира без еден член, да предлози сосема друг кандидат кој ќе биде апсолутно прифатлив за сите, комплетно за сите пратеници. Меѓутоа, уште поважно мислам ќе биде прифатлив за целокупната судска фела за целокупната македонска јавност, а особено имајќи предвид дека се наоѓаме пред организирање на четвртите парламентарни избори. Тоа е мојот предлог.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Александар Гештаковски.

Page 9: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

9

АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ:

Господине претседателе, господа пратеници, пред нас има предлог за избор на член на Републичкиот судски совет, предлог на Комисијата за избор и именување на Собранието на Република Македонија, кој предлог во основа, формално - правно е легитимен и во тој дел околу претходната расправа, јас би сакал, господине претседателе да кажам нешто околу тоа што оваа точка е прва на дневен ред, а тоа е по барање на Комисијата и на вашето изјаснување лично, односно парламентарното мнозинство одлучи оваа точка да биде прва на дневен ред, без оглед на важноста, што зборуваше колегата Поповски. Тоа е утврдено и во тој дел не би можеле да префрламе, но зборува за односот на парламентарното мнозинство спрема другите приоритети, во делот на предизборието.

Јас како член на Комисијата за избори и именување би кажал, кога оваа точка навистина преку трупа, набрзина беше закажано продолжение на седницата на Комисијата за избори и именување на која седница дневниот ред беше дополнет со точка за избор на член на Републичкиот судски совет и уште некои кадровски решенија. На самата седница мојот став јас го изнесов, го изнесов и ставот на пратеничката група на СДСМ што во основа се повторува и во оваа расправа на пленарната седница на Парламентот. Тогаш кажавме и сега укажуваме, и на претседателот му сугериравме, врз основа на искуствата, на традициите на работењето на земјите со подолга демократска традиција, врз основа на искуствата на парламентарниот живот во Република Македонија во овие 1 0 - 1 2 години, не е добро во предизборието да се повлекуваат одредени потези, дали биле тие, како што е во овој случај, во кадровската сфера, за многу важни институции во Република Македонија, како што е Републичкиот судски совет, да се пополнуваат набрзина, бидејќи во дадениот случај јас сум сигурен дека во Службен весник не беше ни излезено разрешувањето на Стојанчо Рибарев кој беше избран од овој Парламент, не е ни формално битно дали беше или не беше, претходниот ден човекот го избравме за апелација и по однос на неспоивост на функцијата, му престана функцијата во Републичкиот судски совет, за наредниот ден веднаш да имаме точка на дневен ред на Комисијата

за избори и именување, за пополнување на тоа место. Ниту било пракса ниту е, за толку важна функција да се прават такви работи.

Јас и пратеничката група на СДСМ му сугериравме на претседателот и на членовите на Комисијата таа точка да се симне од дневен ред, согласно Деловникот, од причини што претходно ги истакнав, врз основа на развој на демократските процеси. На крајот на краиштата во Македонија после овие избори, нормално нема да настане потоп и понатаму ќе функционираат и институциите и другите сегменти на државната власт. Во тој дел сметавме дека не е добро, од причини не само што ќе се сместат одредени личности, јас ќе зборувам посебно за тоа бидејќи на самата седница ни беше доставен и предлогот за член на Републичкиот судски совет, за господинот Томислав Стојановски за кого во дискусијата ќе го истакнам своето мислење, како правник, како човек со кој сум работел во два мандати, и во законодавниот дел и тн. Тука е проблемот. Не е проблемот, што кажавме дека ќе се сместат некои членови од владеачкиот состав. Проблемот е што ќе се создаде едно политичко алиби, политичко алиби за другата власт која ќе биде избрана. Јас тогаш реков, ваквиот начин на избор, по согледување на предлогот дека господинот Томислав Стојановски е еден од најистакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој во основа е политички определен да се кандидира за член на Републичкиот судски совет, ќе создаде политичко алиби за другата власт. Тука е проблемот. Затоа, господине претседателе, прашувам што е она што РМ ќе изгуби, во финансиска сфера, во правниот или другиот систем, во една брза постапка да го донесеме. Тоа е задача на Владата, задача на нас пратениците, независно на која пратеничка група и припаѓаме.

Зошто го зборувам тоа?

Тоа го зборувам затоа што предлогот за господинот Томислав Стојановски беше и на самата комисија. Не помина тој предлог на Комисијата, нормално, формално правно исправно, врз основа на гласањето на мнозинството, ние ја напуштивме таа седница, несакајќи да учествуваме во работата на седницата од овие причини.

Инаку, би сакал да истакнам дека господинот Томислав Стојановски со

Page 10: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

10

оваа функција која му се дава во Републичкиот судски совет, во основа за мене е деградација во неговото дејствување, а не е награда. За мене Томислав Стојановски е човек кој пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во далечната 1991 година ја повлече да гласа за Уставот на Република Македонија, овој Устав кој сега го менувавме. Имаше и голем отпор, се сеќаваат одредени колеги на тоа. Тоа е човекот кој стана и во отсуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кога тој во тој период беше во Канада, службено или приватно, тој ја повлече цела пратеничка група да гласа за Уставот на Република Македонија и неговиот развој како претседател на ЗПК, па член, па потпретседател. Но, неговиот дел тој го определи во политичкото дејствување. Тој е еден од видните членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тука е спорот за неговата улога и нашето залагање.

Во основа, дали може некој да замисли, тоа беше и кажано, господинот Томислав Стојановски кој има добра правничка кариера, бил претседател, судија и слично, да го продолжи тој дел во завршување на неговата кариера, мора да се каже тука и еден од аргументите, потстрекнување на големи услови за пензионер. Тоа би било врв негов во Републичкиот судски совет од редот, во Уставот зборува и законот за судски совет, од редот на истакнати правници. И тука не е ништо спорно. Но, неговиот дел, напуштајќи ја својата, мислам, адвокатска и судска кариера, влегувајќи во политичките води, завршувајќи ја својата кариера на 71 година, за мене, пак ќе кажам, тоа е деградација.

Морам да укажам на формално правните недостатоци во еден дел на работењето на Уставниот суд и делот на Републичкиот судски совет.

Додека за целокупниот дел на правосудниот систем важи престанок на изборната функција, судии во Врховниот суд по стекнување услови за пензија, во овие две институции тоа не важи. Дали е тоа од значењето, уставната положба или нашето недоразбирање во делот на конститирањето, и тоа би можело да биде, но на 71 година да се става во сосема друг дел, сметам не престанува, не престанува господине претседателе, што е недостаток. Формално правно е исправно, но суштински, судија на Врховен суд, па направивме

катастрофални грешки спрема господинот Павле Георгиевски, кога бевме на власт, кога го разрешивме, тој човек по условите имаше шест месеци, сега ја користам оваа прилика да му се извинам бидејќи е еден врвен судија. Според тие критериуми, ќе зборуваат и другите, кога се вршеше генерален реизбор, сватете дека пенетрацијата на СДСМ во судството не е огромна. Ние вршевме генерален реизбор. Во судството мора да биде судија и да има развој. Господинот Павле Георгиевски беше разрешен, иако имаше две и пол години, со своите. Во Врховниот суд важат, а овој дел не важат.Тоа е за личноста на господинот Томислав Стојановски.

Кој се сега причините. Би требало да се анализираат од аспект на развој на демократските процеси, од аспект на она што зборуваше колегата Никола Поповски. Многу јасно и прецизно е формулирана функцијата на Републичкиот судски совет и во Законот за Републички судски совет и во Уставот. Тоа што во досегашното работење на Републичкиот судски совет и во претходниот состав и во овој состав имаме одредени деформации. Не треба да го бараме во таа уставна положба, што бараме сега надминуваме на друг начин на именување на судии, бидејќи се меша политиката, тоа е и со последните настани. Но, во основниот дел и основното битно вакво прашање е што со членот 5 од Законот за Републички судски совет јасно и гласно се кажува "Се забранува политичко организирање и дејствување во Советот".

Ќе цитирам еден од новинарите, еден негов коментар за овој закон што јас потполно се согласувам со тоа, а верувасм дека и сите ќе се согласиме. Тој вели: "Можете ли да го замислите Томе Стојановски, дури и во вашите најсмели фантазии да одлучува најнепристрасно за избор на судиите, за нивната дисциплинска одговорност, да ја оценува стручноста и совесноста на делителите на правдата во вршењето на нивната одговорна судска функција. Јас потполно се согласувам со тоа. Не можам да го сфатам господинот Стојановски како личност што ја познавам, да се однесува, во својот политички ангажман, во својата вдуховеност во партијата на која и припаѓа, да биде неутрален, особено мораме да кажеме тука, се она што се случуваше со Републичкиот судски совет, уште Томе Стојановски претставува капак

Page 11: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

11

на тој Судски совет. Господинот Томе Стојановски е главен координатор, главниот олрганизатор, главниот политички промотор на судиите во Републичкиот судски совет, преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и преку партијата ВМРО-ДПМНЕ. Господинот Томе Стојановски го познава секој судија во РМ и во делот на политизацијата направени се одредени грешки.

Зошто реков дека е така? Републичкиот судски совет во основа не функционира добро, врз основа на самото негово изјаснување. Познато е во јавноста, Републичкиот судски совет господа пратеници, во основа, во овој состав, своите одлуки ги донесува три, три, дали врз основа на идеолошко, концепциско. Секој судија ќе биде предложен до овој Парламент за избор, доколку добие четири гласа. Никој не добил повеќе. Најтрагично за овој Парламент и за пратеници, тоа и порано сме го кажувале, покрај она што претседателот на Собранието во претходниот состав, господинот Андов и она што кажуваше претседателот на Комисијата за избори и именувања, во извесна деловничка, мислам, оправдана реакција, бидејќи со Републичкиот судски совет и порано сме имале проблеми. Не проблеми во изборот, проблеми во начинот на мерилата и критериумите, бидејќи одговорноста на Парламентот, на сите нас пратениците е огромна. Ние јавно пред камерите, пред јавноста и тогаш кажавме, креваме два прста или не креваме, за човек кој никогаш не сме го виделе, ниту сме слушнале, а тогаш се забрани на Комисијата за избори и именување да се реферира зошто е предложен Н.Н. кој добил мислење од Врховен суд, најдобро, дадена е подршка, бидејќи за избор на судија во Републичкиот судски совет имаме цела папка од 20 или 30 килограми досие. Се изјаснува Врховен суд, се изјаснува Апелационен суд, се изјаснува Основниот суд, сите гласаат, сите судии.

АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ: (Продолжение)

За на крајот врвот на театарот Републичкиот судски совет со тајно гласање одлучува кого ќе ни го предложи. Па каде го има тоа? На неколку пати сме ургирале, сме укажувале и мислам дека не барањето на податоци, со ставањето на штури податоци на Парламентот ако гласаме, туку е дефектот. Дефектот е секој пратеник да се изјасни за личност, да ја упропасти за цел живот што не ја видел со јавно гласање сме го правеле тоа и

во претходниот и во овој состав и затоа дојде до спор во Републичкиот судски совет, ние како пратеници имаме одговорност, јавно гласаме врз основа на тајно гласање и г. Черепналковски, отворено да кажеме, не се согласуваше со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за судии со елиминација особено судии, но му се извинувам, човекот чесно, достоинствено си даде оставка. Не би навлегувал во тој дел, но главниот спор беше г. Томислав Стојановски кој ги предлагаше, кој беше по партиска задача како и јас во одреден период сум бил задолжен да предлагаме, но г. Томислав Стојановски и во фантазиите што вели новинарот не можеме да го замислиме како непристрасна, како непартиска личност која со својот долгогодишен и успешен правнички дел, со својот карактер, ќе настанат огромни проблеми во делот не на изборот, можат да настанат големи проблеми во функционирањето на целокупниот судски систем во делот на покренување задачи како дисциплинска одговорност, во покренување на разрешување предлог и г. Томислав Стојановски ако одиме по основните правила на функционирање на правниот систем не може да учествува, во основа, г. Томислав Стојановски учествувал во избор и на првите судии во првиот Парламент и на овој. Секој судија за кој ќе се води дисциплинска одговорност ќе бара изземање на господинот, нема неспоивост мислам дека има и неспоивост. Не може г. Томислав Стојановски кој гласал за одреден судија да го изберат, а сега да учествува во постапката. Мора да е пристрасен и секој учесник во правниот систем ќе бара негово изземање. Ќе бара изземање, бидејќи не може "кадија те тужи, кадија те суди". Тоа е во правниот систем ' огроаден дел и тој дел.

Сметам дека ваквиот наш став требаше да се прифати инаку се ова што се случува во последниот дел, па и во одредениот дел на работењето, видете, не пропаѓа Република Македонија дали г. Томислав Стојановски, ќе добие награда или од различни причини не се впуштам јас во кадровскиот дел на ВМРО-ДПМНЕ, не го спорам, но не е пропаст на Република Македонија, не е бродолом да се спасуваат луѓето особено луѓето кои оставиле печат во развојот на демократските процеси, во развојот на овој Парламент. Господинот Томислав е два пратенички мандати и нашиот дел е дека доаѓа до политизација во судството. Основниот критериум и основната забелешка е тоа што предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој во основа е јасно кого ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ врз основа на Уставот, врз основа на критериумите на Републичкиот судски совет ќе биде избран.

Page 12: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

12

Демократијата ја сваќаме и разбираме како победа на изборите и победа на парламентарното - еден пратеник повеќе, во тоа нема никакви замерки. Но, во делот на нашето реагирање е неспоивоста односно политизацијата.

Со овој случај, за разлика од претходниот случај кој се однесуваше на сосема нешто друго, но се надоврзуваат повеќе случаи во судството, во правосудството, во организација на судовите. Сега тезите дека СДСМ има целосно влијание и сака да има влијание во судството со тоа што беше извршен еден генерален реизбор, реизбор кој врз основа на закон кој беше во ред СДСМ во тој закон кога беше на власт немаше да ја определи трајна судската функција. Ќе беше на реизбор. Таа функција трајно ги постави луѓето кои во основа над 90% беа судии во еден претходен систем. Ние можеме се да кажуваме сега, судија бил 20, 25 години па бил определен. Беше еднопартиски систем. Сега за нас, за парламентот имаме поинакви критериуми. Партизацијата на Републичкиот судски совет неминовно за наредната власт во ваква состојба, во вакви предлози со едно нејасно излегување, сите ќе се согласиме, ги има сите документи и наместо Републичкиот судски совет да каже пред одредено тело на Парламентот, тоа е Комисијата за избори и именувања или пред овој Парламент го бираме НН за разлика од ББ, бидејќи има повеќе добиени предмети, поедукативен е, сите оние критериуми, тие тајно ќе се собираат, тајна вечера, фрлаат ждрепка и кој ќе добие. Беспредметно е за Судскиот совет луѓето кои учоствуваат се она што е претходна постапка. Да, мислам дека во тој дел од оваа расправа да извлечеме едно искуство или ќе го менуваме начинот, имаше напори, бидејќи регулирањето на односите за избор на судија е во Уставот, тешко тоа би одело, но мора да кажеме дека во овој случај вршиме одредени измени на уставната положба на Судскиот совет, но под притисок на Рамковниот договор и одреден дел на судии се бира во една друга постапка. Мислам дека не важи и не треба да се отвора за овој избор иако треба да се спомне, да се напомене членот на Уставот на Република Македонија во кој се вели Републичкиот судски совет го сочинуваат седум члена од редот на истакнати правници е изменет со Рамковниот договор односно со уставните измени и дека Републичкиот судски совет го сочинуваат 7 члена од кои 3 члена се бираат со повеќе од

половината од вкупниот број на пратеници во Собранието што значи со 61 притоа да има повеќе од мнозинството од припадниците на заедниците кои не се во мнозинство. Тоа ние го утврдивме, ние го изгласавме. Што значи во тој дел не спаѓа, тоа е правно теоретско прашање, но недоречено, бидејќи е недефинирано треба да се изврши измена на Законот за републички судски совет кои тројца, дали наредниот прв кој ќе се предложи, не знам, генерална реконструкција, истек на рокот или слично.

(Со седницата продолжи да раководи Илјаз Халими потпретседател на Собранието на Република Македонија).

Затоа сметам во основа парламентарното мнозинство ќе го изгласа овој предлог на Комисијата за избори и именувања ќе се изгласа, најдобронамерно би сакале да укажеме дека го определуваат натамошниот развој на судството во Република Македонија. Тоа е основното што би сакал да го потенцирам, ги определуваат натамошните потези на идната власт. Тоа г. Томислав Стојановски, пак ќе кажам, добро го познавам, е синоним на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во прв состав, потпретседател и слично. Бараме од друга власт, од друга политичка партија дали ќе има независност што со овие потези ВМРО-ДПМНЕ презентира и кажува дека сигурно ја губи власта инаку не можеш да повлекуваш вакви потези во предвечерието на изборите по секоја цена да се сместуваат одредени видни луѓе, но тоа не е битно, тоа е во основа, барем нашите анализи, а и неутралните анализи кажуваат дека власта ја губат, па се што имаат да се смести врз основа на критериуми или одредена друга теза дека одредени луѓе што не се припадници ќе пречат во делот на предизборието, па да си ги сместат. Во основа е тоа. Проблемот е што немојте да барате дали ќе сте позиција или опозиција од одредена политичка партија да не разреши некого за да стави свој, тргнувајќи по овој пример свој, сличен или ист истакнат член.

Во историјата на Парламентот еднаш се случи покојниот Никола Крстевски од пратеник да биде избран член на Републичкиот судски совет тоа беше при конституирањето на Републичкиот судски совет на задоволство изгласан од двете политички опции тогашни и сегашни во Парламентот. Сите гласаа и во таа смисла човекот кој беше поддржан, некој мислеше дека е од други причини, но мислам дека и ВМРО го поддржа, ова е втор случај. Господинот Никола Крстевски го спомнуваме сега бидејќи е покоен, тој беше член, но еден од видните

Page 13: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

13

правници и во таа фаза изрази желба, а овде е сосема друго. Не да докажувате, треба основата дали прашањето е дали сметате понатаму некој над морално право, етичко правно, дали некој има право ВМРО како партија ќе опстојува на политичката сцена да и рече на друга политичка партија вршите политизација, вршите кадровски пополнувања во судството врз основа на она сега што го зборувате. Се поништивте што го кажувавте. Што кажувавте дека СДСМ избирал по политичка основа судии, избирал судии, делегирал судии, контролирал судство, судии, беспредметно ви е со овој потег и со претходните потези. Сами си го рушите она што го зацртавте во програмата. Видете ги програмските определби имате точно и јасно запишано ќе престане праксата на политичка пенетрација во судството врз основа на која ја спроведуваше претходната власт. Не да престане, не бетер да е, сто пати побетер со презентирање на член во Републичкиот судски совет еден од истакнатите политички најекспонирани членови и во она што го предлагавте и во основните судови не сакајќи луѓето да ги изложуваме на јавноста, но случајот во Куманово господа е многу јасен, случајот на пуштање на судија во Охрид чиј избор е многу јасен. Тоа се факти. Дали мислите дека претседателот на Основниот суд во Куманово после она што го правеше знаете колку поништи, поништи 40 илјади гласови да нема приговор. Без приговор, без основа на законот за претседателски избори - ги поништи. Ги поништи изборите по негово наоѓање.

Видете, луѓе правници кои знаат, немаше никаква логика да поништува без забелешка во записник. Тој човек беше награден. Тоа се случаеви - алиби кои го трасираат идниот демократкси процес во Република Македонија во развојот на правосудството. За она што се залагавте го пречекоривте ептен многу со последните предлози.

Затоа сметаме, доколку ова не влијае на г. Томислав Стојановски како човек со кој се познаваме да си ја заврши својата кариера која ја

определил во политичка смисла, сметам дека ќе беше врв да ја одберел правната, тој се опред9лил за политика и не мож9 да се скока така Л9сно дај 1 2 - 1 5 години ќе бидам политичар, па С9га Ќ9 се вратам во судството. Тоа има свои реперкусии, свои последици за него во делот на завршување на неговата кариера, а за политичката партија сигурно ќе има реперкусии во остварувањето на

политичкиот систем во Република Македонија кој го трасира. Знаете, примерите се основа за развој на демократијата. Немојте да барате од друга власт, затоа што устата ќе ви биде затворена, не можеш да му речеш никому ако се обиде да изврши, по одредена партиска линија, во изборот на судиите во Републичкиот судски совет што сигурно ќе тече, ќе има нови измени, дополнувања и на крајот ќе завршам со тоа, доколку ваквиот избор во една легална и легитимна постапка, бидејќи сите услови за одлучување за огромниот дел и важност на Ропубличкиот судски совет ќе го следат г. Томислав Стојановски како да одлучи и да бега и да ја оствари својата политичка боја секоја негова одлука ќе биде предмет на преиспитување од една или од друга страна. Секогаш сомнеж на политички еден претставник на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прати во Републичкиот судски совет. Затоа сметам и ова го укажувавме, ја напуштивме Комисијата за избори и именувања при утврдување на предлогот, сега учествувавме со сите овие дискусии во таа смисла.. Можеби тешко ќе допре, не очекувам и јас да допре на одредени колеги овластени предлагачи нивната цел е можеби сосема друга, тие мислат дека е тоа потез кој во ова предизборие ќе им донесе одредени, јас не би можел да ја видам таа врска, огромен дел сигурно со овој потез не е така едноставно предложен, се гледа во делот колку ВМРО-ДПМНЕ би изгубил, сигурно ќе губи, видете, немојте да бидете несвесни во предизборието кога ќе зборуваме за политичките програми, кога ќе зборуваме за реализација на политичките програми со тоа што почна ВМРО-ДПМНЕ и по весниците и на митинзите, кога ќе зборува за реализација на политичката програма на ВМРО-ДПМНЕ во судството, па да каже ќе треба да ги даде своите резултати, а презентирање на другите политички програми ќе пишува некој што правеше досега ВМРО-ДПМНЕ, туку целиот период особено во предизборието. Особено во предизборието вие го трасирате натамошниот тек на развој на правосудството.

Затоа сметам дека има уште време, имате мнозинство, да се свика Комисијата за избори и именување да предложиме личност која сигурно е блиска, но која ќе дава доверба и во која ќе има верба судството и судиите, бидејќи г. Томислав Стојановски ќе оди на ревизија

Page 14: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

14

во судовите, тоа е една од задачите на Републичкиот судски совет по работни групи да одат да вршат ревизија. Прво ќе е збунет, еден врвен политичар, политички носител на една политичка партија ќе дојде да му врши контрола плашејќи се, се меша политиката со стручноста. Ќе се меша. Благодарам.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ:

Му благодарам на пратеникот Александар Гештаковски.

Процедурално бара г. пратеник Сејфедин Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

Почитуван потпретседателе, почитувани дами и господа пратеници.

Моето процедурално најавување е да ве потсетам сите и во таа функција да помогнете на сите онид што не се правници, а ова се однесува на самите правници. Членот 104 од Уставот на Република Македонија параграф 5 е дециден. Функцијата член на Републичкиот судски совет е неспоива со вршење на други јавни функции, професии или со членување на политички партии.

(Чедомир Краљевски од место, тоа не е процедурално, тоа е дискусија.)

Се извинувам, не интервенирај затоа што ги ставате луѓето во заблуда, оние кои не се разбираат во право. Јас не сум правник, јас сум јазичар.

Се наметнува прашањето дали г. Томислав Стојановски е член на некоја партија. Колку што ми е познато се идентификува со партијата ВМРО-ДПМНЕ. Дали г. Томислав Стојановски го читал овој член од Уставот? Доколку не го читал дали го разбрал самиот член на Уставот. Доколку го разбрал тогаш како го толкува истиот член. Најпосле дали му е познато дека се додека е во Уставот така не е изменет, тој самиот не треба да се кандидира за таа одговорна функција.

Јас сум навистина во заблуда и не знам што конкретно да кажам. Прво, доколку сакавме г.Томислав Стојаноски да биде член на Републичкиот судски совет требаше да се покрене иницијатива да се измени членот 104 од уставот на Република Македонија. Од ова можам да констатирам дека немате сериозен пристап и правнички ангажман во предлогот на господинот Стојановски.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ: (продолжение)

Јас ќе се јавам за дискусија, меѓутоа сакам да ми одговорите и сакам правниците да го толкуваат овој член на Уставот на РМ, до колку сакаме да имаме

избор. Инаку, јас не би се сложил да гласам за г-динот Томислав Стојановски.

ИЉАЗ ХАЛИМИ:

За збор се јави Ѓулистана Марковска.

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА: Почитуван потпретседателе,

почитувани претстаници на Владата, дами и господа, немав намера да се јавам за збор од причина што имам впечаток дека безпотребно ќе се втурнам во ораторскиот натпревар веројатно интерен на пратеничката група на СДСМ во принципот да се вежба ораторството, да трае што подолго, ако е демагошки обоено што подобро исто така со цел оваа седница да трае бескрајно долго. Така што извинувањата кои што беа во врска со донесувањето на законот за служба во АРМ се исклучува демагогија, ништо повеќе.

Се јавив за збор да кажам сосема кратко за принципите и принципиелноста. Јас навистина ги почитувам принципиелните луѓе кои што тоа го прават, односно кои што ги почитуваат принципите во секој случај, во секоја прилика, на секое место и секаде. Меѓутоа, очигледно е дека аршините за принципиелноста се менуваат па така имаме принципи за една ситуација, принципи за поедини луѓе и имаме принципи во зависност од дневната актуелна политика. Ова ќе го поткрепам се разбира со пример. Морам да кажам дека многу ми се допадна изјавата на г-динот Поповски кој рече дека најсреќен би бил доколку во судскиот совет, во судските органи воопшто меѓу судиите не би имало ниту еден човек кој што има сериозен партиски стаж. Ова многу благопријатно звучи верувам за сите нас овде, благопријатно звучи за јавноста, а најблагопријатно верувам дека звучи за сите оние судии кои што во овој момент верувам дека ја пратат седницата, затоа што тоа е навистина така. Меѓутоа, ќе тргнам од ставовите на принципиелноста. Еве, поконкретно ние дури и јас сторивме во целиот овој изминат период од 1995 год, кога во месец јули е донесен Законот за судовите слаткиот товар, се разбира "товар" за избор на судии и за избор на сите судски органи ги отргнеме од нашата надлежност. Апсолутно ништо. Според тоа, паѓа во вода оваа благопријатна изјава дека ние би биле среќни да не избираме судии. И ние имавме историска шанса тоа да го промениме кога го менувавме Уставот. Меѓутоа, тогаш имавме забелешки ниту точка, ниту запирка од она што е договорено во Охрид дека несмее да се менува ниту да се надополни.

Page 15: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

15

Според тоа, историската шанса да го промениме нашиот систем во кој што судството навистина ќе го ставиме само да одлучува за себе, навистина ќе им овозможиме на граѓаните на локалната самоуправа како што тоа го имаат многу поразвиени земји во демократијата да ги избираат луѓето на судовите, ја изгубивме. Јас верувам дека сегментот на промена на судиите и на овозможување на нивна независност понатаму ќе биде уште потежок благодарение на променетиот Устав кој што сега постапката уште повеќе ја усложнува и отежнува. Така што се она што ќе го кажеме дека сакаме судиите да бидат независни, исклучиво е демагошка изјава. Ако пак зборуваме за тоа колку судии се избрани досега, јас верувајте несакам да верувам дека судиите се партизирани. Зошто го зборувам ова? Затоа што досега ниту сум била тужител, ниту тужена странка, ниту пак сведок, јас буквално немам стапнато во судот да видам како изгледа нашето независно судство, ама сакам тоа да е независно, затоа што верувам дека секојдневно граѓаните се тужат и секојдневно сакаат да им веруваат на оние кои што ние ги избираме.

Од 1994 год, до 1998 год, односно од јули 1995 год, Собранието на РМ избра по моја проценка неслободна, верувам тоа во службите ја добив некаде околу 600 судии. Замислете сите тие да се од СДСМ, односно да биле луѓе кои што ги протежирал СДСМ заради тоа што дефакто тој ги избра. Изборите од 1994 год, и 1998 год, не беа ниту фер, ниту демократски, еден од учесниците дури и призна дека беа фалсификат, тогаш немаше апсолутно никаква опозиција, што значи дека тие луѓе, слободна проценка моја, ако сакам да кажам дека биле партизирани, биле исклучиво партиски. Јас така реков не сакам да верувам. Од 1998 год, еве до сега до крајот на оваа година повторно по слободна проценка јас не верувам дека ние избравме повеќе од 60 судии. Не верувам, во сите инстанци на судската власт. Тоа е само една десетина, повтзорувам, една десетина од 600 избрани судии. Од сите тие 60 луѓе, ама верувајте дали еден или двајца поминал без етикетата партиски луѓе, без таа етикета, без оглед што еве лично за себе зборувам, дали еден или двајца, или еве да земам 10 луѓе јас лично ги познавам, а сум била и приморана во состојба да стискам едно од копчињата за, или против по основа на убедувањето од судскиот совет или по некоја моја лична проценка спрема нивните биографии дали заслужиле да бидат судии, или не. Така што,

верувам дека принципиелните забелешки кои што овде нам ни се кажуваат кога би биле тоа што се, верувам дека 600 судии во овој момент имаат причина да црвенеат и да се срамат не заради тоа што не заслужиле да бидат избрани, туку заради тоа што самиот факт што биле избрани во едно време кога немало опозиција во Собранието и кога биле избрани од една партиска структура.

Дали г-динот Томислав Стојановски ќе биде прв кандидат кој што ќе биде избран од ова Собрание во судскиот совет?

Му благодарам на г-динот Гештаковски што ме потсети дека нема да биде прв. Дали ќе биде последен, времето ќе каже. Овде беше речено многу така лежарно дека во првиот состав на Собранието г-динот Никола Крстевски бил избран на заеднички договор. Се би било добро да е така, јас се извинувам што морам да говорам за тоа, затоа што подолго време сум парламентарец, велат: за покојните се најдобро. И навистина г-дине Никола Крстевски беше многу добар човек, бог да го прости. Меѓутоа г-динот Никола Крстевски никогаш не бил судија никогаш не обавувал никаква работа поврзана со судот, туку долго време беше вработен правник ми се чини во ЗОИЛ-Осигурување, дури беше некој директор во службите. А дали е избран заради тоа што бил во договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ? Апсолутно не. Тогашниот коалиционен партнер г-динот на Владата на г-динот Црвенковски, СП, односно г-динот Љубисав Иванов-Ѕинго, жалам што не е тука, верувам дека ќе го потврди ако од некаде ме слуша, требаше стручно да биде надигран, односно неговиот кандидат при поделбата на партискиот колач, кој ќе има повеќе луѓе во судскиот совет, требаше да биде изигран. Јас несакам да го спомнувам човекот и ако има потреба ќе го спомнам, меѓутоа тој човек сеуште има висока функција и е квалитетен кадар избран од СП. Сега за да тој човек не биде избран, г-динот Никола Крстовски кој нормално како правник имаше амбиции на некое повисоко место беше добро избрифиран и тој го доби мнозинството во Комисијата за избор и именување чиј што член бев и јас, ова го говорам изворно токму благоарение на гласовите на СДСМ со една единствена цел.

Прво, да се изигра г-динот Љубисав Иванов-Ѕинго, бидејќи требаше неговиот кандидат да помине. Второ, да се ослаби пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ за едно место кое што тогаш беше изборно

Page 16: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

16

од мнозински систем. Така што тоа е целата вистина зошто се избрал покојниот сега г-дин Никола Крстевски на местото на член на судскиот совет. Ве молам, до колку сте во можност да ги проверите стенографските белешки, дали тогаш имало дискусии од страна на СДСМ, како е можно пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да добие место во судскиот совет. Слободно проверете ги, дали имало тогаш такви "принципиелни" забелешки. Бидејќи ако принципите важат сега после 10 години, јас навистина ќе ви честитам ако важеле и тогаш. Се друго е дневна политика.

Сега дали г-динот Томислав Стојановски за кој што овде беа речени пофални зборови за неговата кариера како правник. Тоа се фактите може да биде независен. Многу тешко прашање. И ми се допадна алузијата морам да кажам што ја направи г-динот Гештаковски цитирајќи некој новинар. Јас не сум го прочитала тој натпис."Дали можете во вашите најсмели фантазии да го замислите г-динот Стојановски како независен човек" Јав ќе поставам едно реторичко прашање. Верувам дека ќе ми одговорите. Дали можевте во вашите најсмели фантазии, овој пат г-до од СДСМ да го замислите почитуваниот наш претседател г-динот Борис Трајковски како независна личност? Она што тој го доживеа, јас не би сакала тоа да му се повтори на ниту еден човек, а најмалку на еден претседател кој што треба да ја претставува државата, во неговата трансформација од граѓанинот Трајковски, од г-динот Трајковски како поблага варијанта, па до претседателот Трајковски, планот на претседателот Трајковски, заложбите на претседателот Трајковски кои што се зборови на СДСМ. Јас им честитам навистина им честитам за тоа што направија една таква успешна трансформација и што конечно успеаа да го почитуваат човекот кој што е избран на легални избори. И тоа е добро и за државата и за партијата. Меѓутоа, повторно ќе повторам, дали можете во нашите најсмели фантазии тоа да го замислите, дали можете во вашите најсмели фантазии да поверувате дека токму вие ќе предложите г-динот Трајковски да го предложи претседателот на ДИК, како независна личност и ние тоа да го прифатиме. Затоа што верувајте, ние сме горди што г-динот Трајковски беше наш член, што ја врати книшката и што еве се наметна како независна личност која и вие ја почитувате, се разбира и ние. Дури и свесни, верувам има многу добри правници меѓу вас, тоа и го потврдуваат, свесни дека

го рушиме системот на парламентарна демократија од принципот што таков е нашиот политички ситем, што почнуваме свесно да воведуваме еден мек претседателски систем што не е пречка верувам, ако има согласност во ова Собрание и тоа можеме да го направиме, само нека не сметаат луѓето дека сме неуки, бидејќи ако нашиот систем ние не го почитуваме, не верувајте дека и странците ќе не почитуваат и нас и системот.

И на крајот ќе завршам, дали во вашите најсмели фантазии г-да пратеници верувавте дека токму пратеник од вашата пратеничка група, г-динот Поповски мислам дека ги цитираше за принципиелноста, ќе предложи повторно почитуваниот наш претседател г-динот Трајковски да ја предложи, ако ги погледнете амандманите што ни се поделија пред некојлку дена т.н. независна регулаторна Комисија при законот за енергетика која што треба да го објави тендерот и да ја испочитува постапката за продажба на Електростопанство. Ова е голем успех за г-динот Трасјковски. Јас му честитам, меѓутоа, повторно зборуваме за нашите најсмели фантазии и за нашата принципиелност. Според тоа, верувам дека е етички во овој Парламент, во предизборието да избираме судии. Мегуто, а ќе потсетам, тие судии беа многу порано ставени на дневен ред, а ова Собрание, конкретно наша грешка е на парламентарното мнозинство што не се собравме навреме истите да ги избереме. Можеби не е етичко да избираме еве и член на Судскиот совет, меѓутоа, ако зборуваме за етиката, тогаш опашката повеќе влече на таа страна, а не на оваа страна. Ако зборуваме од формално - правен аспект, ова Собрание полноважно работи, утврдува, донесува законски проекти и именува и разрешува се до истекот на мандатот, односно до изборот на новото Собрание, затоа што ќе потсетам, Собранието не е распуштено и се, наоѓаме во термин на редовни парламентарни избори. Многу сериозно ме загрижи една изјава и покрај тоа што имаме најави апсолутно никаков реваншизам нема да има. Исто така изјавата на член на СДСМ која што овде беше дадена јавно. Изборот на судии беше речено, па дури и член на Судскиот совет еден друг состав на Собрание верувајте еве даваме свечена изјава дека ќе го разрешиме. Господо пратеници, тоа зборува само за реваншизам, бидејќи за да разрешите некого, ако сакате повторно да бидете принципиелни, треба да почитувате дали истиот тој човек работи согласно

Page 17: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

17

законот, согласно Уставот, а не дали бил избран од овој состав, или не, бидејќи вашите изјави за принципиелност, за разрешување на луѓе кои што се избрани од овој состав без оглед на нивната работа, токму говорат по принцип на политичкиот реваншизам. Затоа влевате само страв не кај овој состав на пратениците, токму кај тие 60 судии можеби што ги избравме дека истите тие ќе бидат разрешени заради тоа што нивниот најголем грев е тоа што биле избрани не од владиното мнозинство, туку од мнозинство на ова Собрание, а дали било владино, или не, воопшто не е важно.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: За збор се јави Ѓорѓи Спасов.

ЃОРЃИ СПАСОВ: Почутуван поптреседателе,

почитувнаи колеги пратеници, Јас сум меѓу оние пратеници кои што не веруваат дека денеска водиме некоја особено продуктивна дебата и сум меѓу оние кои што сметаат дека на луѓето кои што имаат време во овие летни горештини и немаат попаметна работа да гледаат нешто друго, туку ги гледаат преносите од Собранието на РМ, веќе сме им преку глава со изнесувањето на аргументи за и против кои што реално не допираат до оние кои што треба да ја донесат политичката одлука во врска со изборот на Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет. Велам дека сме им преку глава, едноставно заклучуваат апсолутно дека се работи непродуктивно и безсцелно во време кога навистина земјата се соочува со многу сериони проблеми на безбедносен план, кога се убиваат луѓе во Виница, во Јегуновце од страна на припадници на специјалните единици, кога се случуваат разни видови на улични насилства, кога се случуваат криминали и кога граѓаните чекаат ова Собрание мегу другото да донесе така важни закони како што е меѓу другото законот за служба во Армијата на РМ. Да бевме паметни денеска ќе го ставевевме тоа прво на дневен ред и немаше да се расправаме за тоа што, кои аргументи се плус, или против изборот на Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет. Ова го велам затоа што во Собрнието веќе подолго време, да не кажам дека 4 години владее практично логиката на партискиот војник, логиката на партискиот војник која што гласи: Изврши и која што не му дозволува да праша ниту зошто, ниту да праша со какви последици ќе биде извршувањето на таквата одлука. Да дозволува таа логика поинакво размислување денес јас верувам дека огромного мнозинство на колеги од ВМРО-

ДПМНЕ кои што лично ги познавам и кои што многу ги почитувам ќе сфатат дека за ВМРО-ДПМНЕ не можеше да се направи покатастрофална грешка да на неколку дена пред завршувањето на работата н ова Собрание излегуваат со предлози тоа да го разместат Стојанче Рибарев од Републичкиот судски совет во Апелациониот суд во Штип, да изберат човек правник од Макошпед без ниту еден ден судско искуство за судија на Врховниот суд на ТМ, за да веднаш после тоа да биде ставен за член на Државната изборна комисија на предлог на ВМРО - ДПМНЕ. И денеска нивниот колега пратеник долгогодишен на 69 години да го удомат со тоа што ќе го сместат во Републичкиот судски совет. Да имаа политички советник за изборна кампања, некој ќе им каже зошто тоа мора баш сега да го правите. Зарем навистина последните денови од работата на ова Собрание не можевте да поминете некој паметен закон, не можевте да поминете некоја паметна одлука која што меѓу другото ќе ви дадеше алиби дека сепак нешто добро сте направиле во време на вашиот мандат. Меѓутоа, реков, таквата логика е протерана и за жал повеќе од нас точно го знаат исходот

на ова гласање кое што ќе следува денес или утре кога ќе се заврши дебатата врз основа на овие аргументи. Имено, сите досега се обидуваа да кажат дека врушност со ваквите потези кои што се прават во последните денови од овој мандат, најмалку четири елементи се уриваат во сферата на владеењето на правото во РМ. Првото е, се уништува идејата дека во судството може да се напредува врз основа на кариера. Се уништува можноста човек да се надева дека откога ќе ги помине сите скалила во судството може да очекува на крајот да заврши во Републичкиот судски совет, туку напротив.

ЃОРЃИ СПАСОВ: (ПРОДОЛЖЕНИЕ) Напротив, се укажува на тоа

дека во Македонија многу поважна е политичката припадност отколку било каква професионална кариера, за да се влезе во таква институција која што претставува трет дел од власта и независна власт во Република Македонија.

Второ, апсолутно, со ваквите потези се прави голема штета на идејата за постоење на независно судство. Неможе, драги колеги, некој да ме убеди дека нашиот колега Томислав Стојановски не го доживуваат сите граѓани на Република Македонија апсолутно како идолошки пристрасен човек и не мислам дека во тоа има нешто лошо. Човекот е одличен

Page 18: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

18

партиски активист. Меѓутоа, неговата идеолошка пристрасност низ овие четири години беше толку јавно демонстрирано од говорницата на ова Собрание, толку воинствено, со толкав степен на нетрпеливост кон сите други политички конкуренти што мислам дека тој стана еден вид на идеал за политичкиот морал на дел од активистите на владеачката партија. Од таму, не може никој да очекува дека неговиот избор е токму во функција на зајакнување на независноста на судството и дека всушност со неговиот избор ќе се остварат принципите за независно и самостојно судство, особено во еден таков орган кој ги има оние надлежности, како што веќе беше речено.

Трето, со изборот на ваков човек не се остварува принципот на владеењето на правото, пред се, кој што треба да обезбеди справување со можеби најголемото зло во Македонија, политичката корупција и зафаќањето со еден многу сериозен проблем кој што ја очекува Македонија, и заштитата на човековите права во сферата на меѓуетничките односи и во сферата на сите оние области во кои што всушност тие се кршат денеска во Македонија.

Меѓутоа, наспроти сите аргументи што беа изнесени во оваа насока, денес се соочуваме со еден единствен аргумент од страна на оние што стојат зад предлогот на ваквата одлука. Тој аргумент е дека и вие од СДСМ го правевте тоа или пак токму вие кои што сте учествувале во правењето на такви нешта немате било какво морално право да ги критикувате таквите потези кога некој друг ги прави. Меѓутоа, тоа е логиката која оди во онаа насока дека владеачкото мнозинство, кога ќе реши нешто да направи, таа престанува да ја почитува опозицијата, таа престанува да ја почитува јавноста, таа престанува да ги почитува сите оние кои не мислат како нив, а не се ниту политичка опозиција туку се обични граѓани на Република Македонија или се дел од некои политички партии кои што никогаш не учествувале во власта. И таа на крајот на краиштата престанува да го почитува сопственото членство, бидејќи ова не е одлука на тоа членство, туку ќе биде одлука на најтесното раководство кое што решило дека вака треба да биде.

Во тој момент, всушност настапува узурпацијата и злоупотребата на власта, која што е всушност многу полоша од времињата кога постоеше само една политичка партија, бидејќи политичкиот плурализам во тој момент е укинат,

аргументите не важат и важи единствено правото на силата и злоупотребата на оној кој што може да ја донесе таквата одлука. Аргументот - и вие така правевте - дека не може да се користи во една ваква дебата, сакам да кажам дека стои од проста причина што ВМРО-ДПМНЕ не дојде на власт со ветување дека ќе ги покорува, дека ке ги удвојува или пак дека дополнително ќе димензионира што е можно повеќе грешките, врз основа на чија критика дојде на власт во Македонија. Само да ве потсетам, за потребите на денешнава дебата го извадив делот од вашата изборна програма, со која што вие 1998 година ја добивте довербата на граѓаните. Во таа изборна програма, која што носи наслов

"Промени за достоинствен живот“ меѓу другото, вие на народот му го ветивте следното. Таму пишува, цитирам: "За ВМРО-ДПМНЕ граѓанските принципи ќе бидат неостварен идеал на македонскиот народ, доколку се продолжи со политиката судските институции да се пополнуваат врз принципот на партиска подобност и лојалност". Ова го имате запишано во основните темелни вредности и принципи на ВМРО-ДПМНЕ во програмата врз основа на која што вие ја добивте довербата четири години да донесувате закони и одлуки во овој Парламент.

Третата реченица во вашата програма, со која што ја добивте довербата на овој народ гласи: "ВМРО-ДПМНЕ решително ќе ја прекине таквата практика и ќе обезбеди самостојност и независност на судството како трет сегмент на државната власт во Република Македонија". Извинете, вие не ветивте дека ќе ја усовршите таа практика, не ветивте дека ќе ја продолжите традицијата и не ветивте дека всушност ќе останат граѓанските принципи неостварен идеал на македонскиот народ само заради тоа што вие сте решиле судските институции да се пополнуваат врз принципот на партиска подобност и лојалност.

Само да ве потсетам, во врска со значењето на член на Републички судски совет и неговото влијание што тој ќе го има врз натамошното оценување, валоризирање, па дури и санцкионирање на погрешните одлуки на судската власт, вие во вашата програма, токму заради тоа што не сте биле задоволни од таквите појави, практика и однесување имате запишано, исто така, во продолжение на истата таа програма, и следното: "Во независноста на судството гледаме првостепен фактор на правната држава, гарант на редот, законитоста и одговорноста, посебно кога станува збор за

Page 19: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

19

санкционирање на дејствија чии извршители се јавни личности, државни и политички функционери". Па зарем вие мислите, господо пратеници дека со изборот на Томислав.Стојановски во една ваква институција и со изборот на Николчо Николовски за судија на Врховниот суд дека сте создале можност ова да го реализирате од вашата програма? Мислам дека апсолутно не стојат тие работи, не се остварливи.

Меѓутоа, она што сметам дека не може никој на никого да му го направи, најлесно тој самиот на себе ќе си го направи. И ако постоеше политичка логика, ако постоеше право на овие пратеници денес да размислуваат со своја глава што е добро, што не е добро за ВМРО-ДПМНЕ, јас сум длабоко уверен дека немаше ниту да биде предложена ниту да биде донесена ваква одлука за избор и удомување на колегата Томислав Стојановски на неговите 69 години во институцијата наречена Републички судски совет со такви одговорности. Лично сметам дека е добро што денес можеби тој решил да ја искористи можноста да не присуствува на ваквата дебата бидејќи секој човек со елементарен морал сметам дека дури и лично би се срамел затоа што ги довел сопствените колеги во една таква позиција да донесуваат една ваква одлука која што ќе им нанесе и штета во време на изборната кампања, а истовремено штета и на сите оние други работи кои добро ги правеле во рамките на нивниот изборен мандат.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ:

Му благодарам на пратеникот ЃорЃи Спасов.

За збор се јави господинот Тито Петковски. Ќе зборувате ли сега, бидејќи ве прозвав преѓеска, вие не бевте тука, сега дојдовте.

ТИТО ПЕТКОВСКИ:

Јас се јавив за реплика, меѓутоа, не е колегата тука на кого треба да му реплицирам.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Има збор господинот Мерсел

Билали.

Пред тоа, процедурално има збор господинот Оломан Сулејмани.

ОЛОМАН СУЛЕЈМАНИ: Господине потпретседателе,

дами и господа пратеници, би ве замолил уште на почетокот, јас искористив прилика да се јавам за збор процедурално, а што се однесува до изборот на господинот Томислав

Стојановски за член на Републичкиот судски совет, веројатно ќе се јавам подоцна и ќе го дадам моето мислење, односно мојот став во врска со таквиот кандидат.

Меѓутоа, би ве замолил да ме сослушате, бидејќи ќе злоупотребам нешто од говорницата. Имено, денес на патот Гостивар-Дебар во местото Сеферов бунар, незадоволните граѓани од Република Македонија кои на некој начин, според Законот за надворешно-трговско работење, на кои им се дозволи да увезуваат коли стари до 10 години, а имаше рок со законот и над 10 години.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Ве молам, ова не е

процедурално, според Деловникот.

ОЛОМАН СУЛЕЈМАНИ:

Завршувам. Еве каде ми е поентата. Јас сум замолен на некој начин, бидејќи патот беше блокиран, на таков начин што навистина три часа граѓаните беа таму, а знаете дека тој пат е многу фреквентен, сега е туристичка сезона...

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ:

Ве молам, ова не е процедурално, според Деловникот.

ОЛОМАН СУЛЕЈМАНИ:

Завршувам. Еве каде ми е поентата. Јас сум замолен на некој начин, бидејќи патот беше блокиран, на таков начин што навистина три часа граѓаните беа таму, а знаете дека тој пат е многу фреквентен, сега е туристичка сезона...

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Ама ние не можеме сега да

расправаме за тоа и да најдеме решение. Ве молам, тоа не е процедурално.

ОЛОМАН СУЛЕЈМАНИ:

Се е во ред. Значи, апелирам до Владата да најде решение за таквите граѓани бидејќи тие најавија дека тој пат ќе биде и од утре блокиран во истото време. Значи, еден апел до Владата да заземе став за тие граѓани кои на некој начин се обештетени би рекол, дали по нивна вина или вината на Министерството за финансии дека ги давале сите давачки за она што значи царина, за здобивање со право да имаат сопствено возило.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Му благодарам на колегата Оломан Сулејмани.

Имаме претставник на Владата и сигурно дека ќе го има предвид ова што вие го кажавте.

Има збор господинот Мерсел Билали.

Page 20: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

20

МЕРСЕЛ БИЛАЛИ:

Господине потпретседателе, дами и господа пратеници, претставници на Владата, игледа кај нас процесите имаат ретроактивно дејство, што повеќе години минуваат, наместо да ги средиме состојбите во правец на изградување на механизми во една правна држава, ние одиме назад, одиме во правец на тотална партизација на државните институции и другите важни институции. Одиме до тотална депрофесионализација на такви важни институции за опстанокот на државата.

Од тука, заклучокот на сите аналитичари, па и обични граѓани, дилемата е дали ние воопшто сакаме да изградиме или не сакаме да изградиме држава која ќе биде функционална, која ќе биде ефективна, ефикасна и правна. Без таква власт, без таква држава не верувам дека имаме можности да одиме чекор напред. Тоа не му се случило на никого, на ниеден народ, на ниедна заедница, па нема шанса да се случи и на оваа заедница тука. Тоа ќе биде тотален исклучок, апсолутен исклучок ако нешто неоди напред со ваков менталитет и вакви постапки.

Морам да кажам, а сигурно знаете и вие дека ние сме веќе држава "бегалка" од причина што ако се укинуваат визите за граѓаните за надвор, сигурен сум дека 80% од населението за месец - два ќе го снема од тука. За нив нивната држава е пекол. Зошто е така, ќе одговорат тие кои се на власт и кои претендираат да бидат и понатаму на власт.

Немам ништо против господин Стојановски. Имено, тој ни е колега и не е чесно да кажеме нешто против него. За него се најдобро. Немам лични забелешки во однос на неговата професија. Меѓутоа, едноставно мислам дека има правни и практични пречки тој да биде избран за член ан Републичкиот судски совет, како важна институција што предлага и разрешува судии, а и ја следи работата на судиите и на Врховниот суд, и на апелационите и на основните судови и тн.

Кои се правните пречки кои мислам дека постојат за да се именува или избере господинот Томислав Стојановски за член на Републичкиот судски совет? Правните пречки се пред се од законски аспект, ако го прочитаме не внимателно туку површно Законот за Републичкиот судски совет, ќе видиме дека таму се бара, освен другите критериуми како професионалност, чесност и др., кои може тука да ги уважиме дека се такви, но се бара лицето да не биде или да не било член

на било која политичка партија. Ве молам, тука не разговараме за член на некоја политичка партија. Ние разговараме за еден важен функционер на една политичка партија, важна личност која учествува во креирањето на политиката на една релевантна политичка партија која учествува во власта. Тоа е дијаметрално различно, се косиме со тоа што ние како Собрание го донесувавме како закон, а не го почитуваме. Ајде тогаш да ги аброгираме, да ги анулираме сите закони, па да воведеме закон на џунглата, кој како ќе може, така ќе постигне. Можеби така е подобро во однос на нашите состојби што ги имаме.

Потоа, втора законска или правна пречка е следната. Пред неколку месеци имавме промени на Уставот на Република Македонија и напишавме дека тројца од вкупниот број на членови на Републичкиот судски совет се избираат со поддршка од мнозинството дополнително, значи во посебна процедура и во присуство на заедниците кои не се во мнозинство во Собранието. Значи, сега имаме двајца членови, тој трет член би требало да припаѓа на една од заедниците кои во Македонија ги има. Тоа е уставна определба. Значи, првата беше законска определба, а втората е начелна уставна определба. Навистина не знам кој мисли дека така треба да се постапува со уставниот поредок на државата или правниот поредок воопшто на државата и да мисли дека тоа ќе заврши добро. Тоа е апсурдно и веројатно не заслужува никаква поддршка.

Кои се практичните причини поради кои мислам дека не би требало господинот Стојановски да биде избран за член на Републичкиот судски совет?

Прво, не е чесно, тој сеуште е пратеник и да ги доведе своите колеги во незавидна положба да се определуваат за или против него, тоа не е во ред. Мислам дека прво тој треба така да размислува, за да ете колегата кој што бил со него четири или осум години треба да гласа за или против, можеби спротивно на неговата волја. Тоа е првата компонента и мислам дека тој самиот треба да изнајде доблест и да излезе на оваа говорница за да каже - јас не сакам да бидам избран од правните и политичките причини, кои јас сега тука ги кажав.

Второ, мислам дека човекот е веќе во години, заслужува пензија и веројатно подобро е и за него и за неговото здравје да ги прошета внуците во

Page 21: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

21

парковите, отколку да презема такви тешки обврски кои не се својствени на постари луѓе. Ние мислам дека треба да се определиме за помлади луѓе, а имаме толку способни луѓе кои за жал ни бегаат надвор а не ги користиме за ништо. Тие се маргините, наместо да им дадеме можност тука и да трасираме европска опција, тие школувани тука па и надвор можат да понудат нешто ново, но ние сепак одиме кон старите кадри повеќе од некој личен атар и тн.

МЕРСЕЛ БИЛАЛИ:(продолжениа)

Третата компонента од практични причини. Мислам дека човекот, не дека е загрозен, си замина во панзија, веројатно солидна пензија, а мислам дека пензијата не му е толку важна затоа што самиот тој јавно кажа дека има повеќе од 5 милиони германски марки, а од друга стран а имате многу способни луѓа и млади луѓе кои се борат за гол живот. Многу способни, а ништо општеството на им нуди. Дури кога може, јас разбирам кога не може, но сега кога може, кога општеството на им нуди ништо на младита, не им нуди и кога и кога може. Мислам дека сличните органи во други држави кои се викаат со слично име, или друго има меѓутоа надлажностите од прилика се вакви, кај другите држави се свети органи и тука нема никаква политичка пристрасност, тука не е можно да дојде во предвид никаков политички диктат, што е присутно кај нас. Кај овој орган во другите држави доаѓаат според способностите само законита и проценките за профасионалноста на лицето кое ние ќе го донесеме за една така важна функција. Тој се смета за втор или трет орган по важноста во државата кои што знаат што а дамократија, што е ред, знаат што е правен поредок. Овие се основни принципи ако сакаме да имаме ред. Ако не сакаме ред тогаш јавно треба да кажеме тука дека не сакаме рад, а без ред нема шанси да одиме напред, туку ќе одиме назад. Веќе 10 или 12 години ние одиме наназад иако продаваме објакти кои чинат толку многу, кои беа спечалени со 50, 60 или 70 години пред, а ние ги прокоцкуваме тие објекти и никако да тргнеме напред. Не си поставуваме прашање зошто не ни иде напред, туку постапките само ги повторуваме, кои се слабости.

Ништо лично против него и против неговата личност. Мислам дека работата е принципиелна и апелирам тука е г-динот Стојановски, навистина да излезе, да дојде до доблест и да

каже тука - јас си заминувам пензија со заверувањето на мандатот на овој состав на Собранието и нека му даде шанса на друг експерт, на помлади луѓе.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ:

Благодарам на пратеникот Мерсел Билали.

Има збор г-ѓа Магдалена Антева Велевска.

МАГДАЛЕНА АНТЕВА ВЕЛЕВСКА:

Почитуван г-дин потпретседател, почитувани колеги пратеници во салата, и почитуван министер за одбрана, долго елабориравме околу законските и уставните одредби за критериумите кои може да биде член на Републичкиот судски совет. Јас на почетокот гледајки го тука актуелниот министер за одбрана, а екс министерот за правда би направила една мала дигресија, за која сметам дека ќе биде кратка и нема да одземам од драгоценото време на Парламентот.

Мојата дигресија се состои од една полемика околу независноста на судската власт која што тогашниот министер за правда имаше со еминентен член на првоизбраниот судски совет, еминентниот професор од Правниот факултет и кој навистина заедно со првата гарнитура на стручњаци успеа да направи една база за независност во судството, започна и стаса до некаде. Мислам дека дилемата нека ме поправи екс министерот за правда беше околу финансиската независност на судството за која се заложувавме тогаш и верував дека ќе се заложиме и во догледно време ќе ја оствариме, кога ќе се стекнат услови и на овој начин не ќе мораме да постапуваме.

Слушнавме за многу критериуми кои треба да ги поседува предлог кандидатот за член на Судскито совет. Тие беа од својата струка, имаа и морална димензија, етичка, хумана димензија, меѓутоа јас би дискутирала за еден елемент во критериумите кои е дополнителен, тоа е еден елемент од финансиската биографија на предлог кандидатот, г- динот Томислав Стојановски и покрај тоа што не е сеуште конституирана државната антикорупциска комисија која што верувам дека и членовите на Судскиот совет треба да имаат доблест и да го покажат потеклото на својот имот. Тој пред полниот состав на овие пратеници изјави дека парите не се за глупавите, се обидувам да го

Page 22: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

22

цитирам, јас сум штедел и поседувам 5 милиони марки. Тој што ништо не може да заработи не треба да биде во овие редови.

Сметам дека ако пратеникот, предлог кандидатот за член на Судски совет не ја повлече оваа изјава и најтранспарентно не каже од каде се толкавите финансиски средства кои ги поседува тој лично сметам дека токму овој финансиски критериум е практично контра индициран да биде предлог кандидат за кандидирање воопшто и за член ан Судски совет, земајкија и биографијата на првите членови на Судскиот совет кој навистина практично волонтерски работеа и ги удрија темелите на независното судство. Затоа сметам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да има доблест и да ја повлече кандидатурата на г-динот Томислав Стојановски.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Има збор пратеникот Вангел

Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Почитуван потпретседателе, почитувани дами и господо, сметам дека кандидатот не заслужува толку големовнимание да му се обрне. Дали ќе имаат крај интригите, иако се бројат деновите само на една рака што останаа да се распушти ова Собрание. И понатаму се поставуваат на дневен ред интриги и нечесни одлуки кои треба да се донесат се со цел да се наштети на институцијата. Во овој случај жртва е Судството во РМ, кое од независно, барем досега како такво го знаевме, треба и него да го донесеме...

(Реакции на некои пратеници од место).

Па, независно. Јас сметам дека е независно до некаде, сигурно не е во оној степен како што треба да биде, некој дофрлува од пратениците, прифаќам дека е во одредена мера можеби и има аномалии, но не е до оној степен како што се другите институции. Од тие причини треба да му се помогне на судството, а не да му се одмогне. Ние можеме да му помогнеме само на тој начин ако се залагаме и ако се бориме да дојдат личности кои не се извалкани, ама точно ни една дамка немаат во нивното досие. Такви личности и такви судии да имаме, а најмалку во овој момент ни се потребни личности кои се партиски обоени.

Кандидатот за член на Републичкиот судски совет е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ и тоа во

највисоките редови на партијата. Морам да ви цитирам г-динот Харуни кој укажа на член 104 од Уставот според кој се неспоиви овие две функции, членство во партија и тоа во високата хиерархија на партијата и да биде кандидат за Републичкиот судски совет. Тоа требаше да го знае партијата коај го предлага.

Со ова се потврдува дека партијата која предлага свој кандидат потврдува дека немаат подобар. За жал тоа е недостаток, или неспособност да ги отфрли барем во своите редови квалитетните, а да остане Томе. Токму Томе Стојановски да остане меѓу најквалитетните за да го предложи. Значи нема квалитет, или принуден сум во овој момент да помислам на нешто друго, ако има свој квалитет тој квалитет свесно работи против уништување на независноста на судството. Значи, токму со неговото идење ќе се злоупотреби неговото присуство и на тој начин ќе се поставуваат судии партиски војници.

Томе исто така го знаеме дека е познат и е склон кон сплетки и злоупотреби на своите функции. Такви примери досега имаме безброј. Треба да бидеме свесни сите, а посебно требаше да биде свесен предлагачот дека Републичкиот судски совет е креатор, многу битен е зборот креатор на целокупното судство. Ако ја знаат суштината на зборот креатор тогаш многу добро ќе размислеле каква личност да предложат. Или да се послужам со речникот на спортот играч број 1 кој креира и е носител на играта. Токму таа игра и креатор ќе биде Томе Стојановски. Знаејќи го човекот постојат големи опасности судството да заплива во други води.

Сето ова сакам да го потврдам и со неколку примери, пред се како што беше напоменато и од колешката што пред мене дискутираше, за хуманоста, за моралот, кој за жал е изгубен во оваа наша држава треба да го земем во преден план знаејки го г-динот Томислав Стојанвоски. Имаме информации за неговата биографија, дека е роден 1933 година, човекот наполнил 69 години, а од друга страна гледаме како партијата се залага за младите кадри со свои 17, 18 години, советници, директори ги поставува и тоа на клучни институции, а овде нема свој искусен човек, не велам дека не треба да биде искусен, барем некој помлад да ставеше, а не пензинер со 69 години. Замислете си до

Page 23: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

23

80 години него треба да го гледаме во редовите кои ќе ни ја креираат судската политика. На ова ако се додаде, колешката спомена, а токму таа реплика беше со мене, тоа го кажа дури и пред меѓународни парламентарци од Полска дека има заработено 5 милиони германски марки. Јас кога го прашав, а и пратениците му се обратија па тоа е многу, како успеавте да ги заработите? А, јас долго време сум во судството. Што е многу мноту е. Многу е да се помисли таа бројка, а не да се заработи. Уште кога би го прашал, а јавно сега и прашувам господинот Томислав Стојановски дали платил давачки према државата? Дали ги злоупотребил тие 5 милиони марки ако навистина ги има и како дошол? Значи ако не платил давачки не заслужува да биде член на овој висок Републички судски совет. Од тие причини нема да гласам. Јас верувам дека ќе бидам подржан и од другите пратеници.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Има збор г-динот Јани

Макрадули.

ЈАНИ МАКРАДУЛИ:

Почитуван господине потпретседателе, јас синојка дискутирав и мојот став го искажав, но морам да реагирам кога говорницата се злоупотребува и од нејзе се кажуваа лаги и инсинуации со што гласачите се доведуваа во заблуда. Сето тоа под плаштот дека се зборува за некоја принципиелност и некои принципи.

Имено незнам кога колешката Ѓулистана Марковска ја изгубила меморијата па како член на првиот парламентарен состав не знае дека претседател на Социјалистичката партија тогаш не беше Љубисав Иванов Ѕинго.

Втора работа се послужи со една лага да обвини во приближувањето на СДСМ со претседателот на Републиката цитирајки некој амандман, но ако беше принципиелна ќе го дочиташе до крај каде што стои дека предлогот е препорака од Американската консултанска компанија ПИР САТФУТ, компанија која Владата ја плаќа дебело за консултански услуги.

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ: Има збор пратеникот Илија

Илоски.

ИЛИЈА ИЛОСКИ: Почутуван потпретседателе,

почитувани колеги пратеници, јас немав

намера да се јавувам по однос на овој предлог на Кадровската комисија на Собранието која г-динот Томислав Стојановски го делегира или го избере од утре за член на Судскиот совет, бидејки првобитното мое мислење беше дека апсолутно е несериозно да се расправа и да се опонира на несериозни предлози. Меѓутоа, она што вчера ни се случи во Собранието каде што човекот Томе Стојановски го направивме поголема институција во државата како поединец од Армијата на Република Макеоднија, му дадовме предност да се расправа дали ќе биде или нема да биде избран за член на Судскиот совет над законот за служба во Армијата на РМ и овде, нека ми опрости министерот за одбрана што морам да го споменам, го држиме два дена во оваа сала незнаејки дали воопшто неговиот закон ќе дојде на дневен ред, навистина се моменти кои не можат никого да го остават рамнодушен и да не каже барем неколку зборови.

Синојка после тие долги расправи околу утврдувањето на дневниот ред каде што упорно и од страна на претседателот на Собранието се инсистираше сега и овде и во овој момент и во овој миг предлогот на Кадровската комисија т.е. на претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да се расправа на вчерашната седница и по било која цена да се донесе позитивна или негативна одлука, сега да не преудицираме, навистина никого не остави рамнодушен и во граѓанството кое вчера не следело во таа парламентарна расправа. По таа седница имав прилика да се сретнам со еден мој личен пријател, кој се смета за еден врвен интелектуалец во Македонија разговарајки околу вчерашната седница се потсети на некои настани од 1968 година, за време на студентските демонстрации во кои тој лично учествувал и вели дека Македонија во моментов се наоѓа во иста ситуација како тогаш каде што прогресивните сили со транспаренти излегуваа пред тогашните власти во цела Европа, дека и ѕидовите имаат уши, а само вашите уши имаат ѕидови. Токму во оваа држава со таа афера од пред година дена да речам, за прислушкувањето се виде дека во оваа држава токму и ѕидовите имаат уши. Со ова што се прави неколку дена пред овие одброени денови на ова парламентарно мнозинство и на севкупните членови на

Page 24: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

24

Парламентот се покажува дека токму парламентарното мнозинство има ѕидови пред нивните уши и јас сум апсолутно свесен и немам никаква илузија дека и овие аргументирани укажувања, или емотивни од некои пратеници што ги слушаме овде дека ќе допрат навистина до нивните уши и дека ќе донесат правилна и правична одлука да го повлечат овој предлог што навистина да не е трагичен би бил смешен вака како што е предложен. Немам илузија дека владеачката партија нама и овој пат да го злоупотреби своето парламентарно мнозинство и да одлучува денеска за нешто што по својата природа не може да биде објект, или во конкретниот случај субјект на политичкото одлучување. Говореа за тоа господата пратеници Никола Поповски, Гештаковски и ред други од СДСМ кои изнесоа илјадници аргументи дека предлогот не е издржан особено во оној сегмент нема никаква уставна и законска рамка истурен член на било која политичка партија да се делегира во вакви независни судски органи кои утре сакале или не ќе одлучуваа за целокупната судбина и судска херархија во РМ.

Напротив, свесен сум потполно дека уште еднаш денес по конкретната расправа ќе бидеме сведоци на политичкиот паганизам што на голема врата го промовира оваа Влада со доаѓањето на власт на коалицијата за промени 1998 година. Токму таквиот политички паганизам, опростете можеби е пресилна квалификацијата, меѓутоа не може да се избега од таа рамка. Значи токму таквиот политички паганизам не доведе како држава на ова дереџе во кое ние денес се наоѓаме, каде што полека но сигурно ги губиме сите атрибути на една нормална демократска и проевропски ориентирана држава. Сега сакале или не да го признаеме пред сите нас овде имаме држава која може да се подведе само како географско подрачје. Од минатата година и тоа претеше опасност дека ќе се изгуби од географските карти и го правиме секојдневно и упорно несвесни дека токму вакви серија предлози донесени и изгласани во Парламентот ја декомпонираат државата во сите свои сегманти.

Имавме прилика во вчерашната расправа да слушнеме аргумени за и аргументи против предлогот. Аргументите против предлогот од своја страна ги укажуваат, како впрочем и во

денешната расправа пратениците од опозицијата, а аргументите за ги кажуваа пратениците од власта. Сакам да ве потсетам и на вчерашниот и на денешниот тек на расправата дека аргументите што ги кажуваше опозицијата ги цитираше од уставни решенија, од законски решенија, зошто не може тој човек. Инаку и јас се вклопувам во таа група и се согласувам со сите, апсолутно лично немам ништопротив г-динот Томислав Стојановски. Апсолутно ништо како личност.

ИЈИЈА ИЛОСКИ: (продолжение)

Меѓутоа, како истурен војник да го ставате на врвот на судсксата независна власт во Република Македонија, навистина незнам каде ќе ни оди душата нам овде што во овој парламент го вадиме лебот во овие изминати четири години.

За разлика од сите тие аргументирани укажувања и молби предлагачот да го повлече предлогот за именување на г-динот Стојановски за член на судскиот совет од пратениците во парламентарното мнозинство имавме можност да слушнеме, онаа познатото што во народот се промовира година дена - знаете, ние можеме што сакаме да правиме затоа што кога вие бевте на власт така правевте.

Прво, тоа не е точно дека така правеле тие пред 1998 година. Можеби во некои поситни форми и во некој помал обем се правело, меѓутоа, апсолутно не се дава никаква аргументација - за тоа што вие така правевте така и ние ќе правиме во некои триплирани или во уште поголем обем.

Или, еден од пратениците на парламентарното мнозинство во наплив на сопствена искреност призна дека - видете, ние ова го правиме за да воспсотавиме некои баланси таму, бидејќи оние кои седат во судскиот совет не ми се многу сигурни како кога ќе гласаат и ќе надгласуваат па со овој господин сакаме да направиме баланс во некои одлуки што го тангираат целокупното судство во РМ.

Наведувајќи зошто тоа го прават, со еден катастрофален предлог, на пример вчера пратеникот Пандов ќе се дрзне да каже пред целокупната македонска јавност една таква дрска дезинформација, ќе каже, па замислете вие само малку бевте во власта, во тоа парламентарно мнозинство, во таа владина коалиција "За спас на Македонија" незнам како ја нарекувавме и вашиот министер се дрзна и прими 900 нови луѓе од СДСМ во Армијата на РМ. Сега сакам

Page 25: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

25

малку да полемизирам околу тој факт, бидејќи се нема страм, и перде и периз, да се излегува со вакви дезинформации, бранејќи еден предлог без никакви аргументи да се одбрани. Впрочем, за истото тоа прашање, да ве потсетам, на 100-та седница на Собранието на СРМ, од еден од пратениците "на парламентарното мнозинство беше поставено и пратеничко прашање. Тоа пратеничко прашање гласаше вака:

"Колку луѓе се вработени во Министерството за одбрана од денот на доаѓање на г-динот Бучковски за министер до денот на неговото заминување, постојано вработени, со договор на дело, и дали тие сеуште се на работа или се заминати?

Вториот дел од прашањето што го постави тогаш пратеникот беше:

"Колку началници на подрачни единици на Министеството за одбрана се сменети за време додека господинот Бучковски беше министер за одбрана" и

Третиот дел од прашањето" во која функција беа вработени 10 до 15 новинари претежно од опозиционите гласила освен портпаролот Ѓуровски, кој е дојден од Канал 5" итн., итн.

На ова пратеничко прашање има официјален одговор кој е доставен до пратеникот кој го поставил и не може пратеникот Пандов да шпекулира и од ракав да тресе податоци дека г-динот Бучковски примил 900 во Армијата, а ние сега не можеме, па господинот Стојановски да го предложиме да биде во Судскиот совет.

Дозволете, на пратеникот Пандов да му е малку појасно а и целокупната македонска јавност да се разубеди, ова е одговор на пратеничкото прашање што го има пишувано токму министер кој е во коалиција со неговата политичка партија, и што имаме среќа денеска по друго прашање, меѓутоа е присутен во салата. Тој министер, преку своите служби одговара на пратеникот дека во период од 14 мај 2001 година, до 4 декември 2001 година, за време на вршењето функција министер за одбрана г-динот Владо Бучковски во Министерството за одбрана е заснован работен однос на неопределено време по пат на објавување јавен оглас со Спогодба за преземање без објавување јавен оглас како и со Одлука на Владата на Република Македонија за членовите на семејствата на погинатите бранители со вкупно 11, повторувам 11 лица.

Продолжувам понатаму. Од нив на 1 вработен во меѓувреме му престанал

работниот однос. Значи, откако си отишол Владо Бучковски од Министерството.

По вториот основ, склучени договори за дело во овој период Министерството за одбрана ангажирал вкупно 334 лица, од кои 94 со високо образование, 233 со средно образование и 7 со основно образование.

Во вкупната бројка се прикажани и лицата ангажирани во Проектот на Центарот, ова го повлекувам, Центарот за медиумска активност каде што биле ангажирани по основ за договор на дело 51 лице, меѓу кои и новинари од јавните средства за информирање, и Центарот за менаџмент со кризи, каде биле ангажирани 8 лица. На овие лица, значи вкупно 59 им престанал работниот однос по основ на договор за дело и нивното ангажирање веднаш после завршувањето на активностите на Центарот за медиумски активности.

Сега, ако ова е одговор од сегашен министер за одбрана и неговите стручни служби, се прашуваме во која функција и до кој степен ќе шириме хипокризија во парламентот со дезинформации за само да одбраниме нешто што како предлог е неодбранливо, не обрнувајќи притоа внимание на кандидатот да ни ги исполнува или не ги исполнува условите да биде тоа за што се предлага.

Едноставно, за сите овие 300 лица за кои и самите укажуваат во текстот на одговорот на пратеничкото прашање, дали по нивна волја или по некои други основи им прекинува на дел обврската кон Министерството за одбрана, се прашуваме зошто сегашниот министер, ако не биле потребни тие, или ако се оценети како партиски војници на СДСМ не ги избрка сегашниот министер? Напротив, ја задржува истата структура и дури, според податоците на Министерството за одбрана, оваа структура по ваква основа на потпишани договори за дело што е промовирано и нагло почна да се применува во РМ, во 1999 година, сега цифрата е многу поголема отколку што била на денот на заминување на Бучковски од Министерството за одбрана. За волја на вистината, она што кажа дека сме направиле "касапница" особено во тој сектор на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ затекнати во тој период кога сме го презеле министерството, самото министетрство одговара дека само кај 12 вкупно вработени од Министерството е преземена мерка од раководители да се симнат на пониски во хиерархијата. Само кај 12 значи од 100-тина

Page 26: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

26

во внатрешноста, а за овие 12, самото министерство во ова парче хартија кажува дека се преземени мерки по основ на тоа што немале адекватно образование. Како по еклатантен пример да го споманам примерот со еден господин кој е сега висок шеф на полицијата во Битола, беше разрешен затоа што немаше диплома. А, според Систематизацијата за работни места во самото Министерство требаше да има диплома за високо образование. Истото тоа се случи и со Валандово и да не ги набројувам другите. Значи само кај 12 и тоа по основ на немање нормална стручна подготовка што адекватно одговара на тоа работно место за кое добил кандидатот решение. Значи, апсолутно се непотребни вакви дезинфорамци да се пласираат во парламентот, за на некој начин да се оправда она што не може никој во Република Македонија да го оправда.

Искрено говорам дека овој предлог нам ни носи политички поени. Тоа морам да го кажам како политичка придобивка пред парламентарните избори. Од вчерашните коментари, неколку луѓе од граѓанството и од средната класа и од интелектуалците и од студентите, велат нека продолжат само вака како овој кандидат, нека предлагаат нека им наоѓаат рабонти места, до 100 години живот да живеат Господ да им даде, вие не треба да одите во кампања ако вака продолжат и ако вака го завршат мандатот.

Затоа, јас се приклучувам кон онаа група пратеници кои, најпрво би го замолил предлагачот ако е можно да го повлече предлогот,

Второ, би го замолил кандидатот, бидејќи самиот кажува дека е доволно ситуиран да не зависи неговата натамошна барем егзистенција од тоа дали ќе биде или нема да биде член на Судскиот совет, ако не го повлече предлогот предлагачот, тој самиот да се откаже и да не се компромитира и да не влегува самиот во вакви нечесни игри.

Од друга страна, доколку дојде до избор на самиот кандидат, на господинот Дескоски, кој покажа доблест минатата седница да ни предложи овде човек без ниту еден ден искуство и веднаш да го ставиме за судија на Врховниот суд, му го честитам изборот и му пожелувам многу успеси со новите кадри и новите сили што ќе ги прими во Судскиот совет. Благодарам.

(Со седницата продолжи да раководи господин Стојан Андов, претседател на Собранието на Републкка Македонија).

СТОЈАН АНДОВ:

Господинот Мирчевски бара збор, процедурално.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ: Почитуван претседателе,

почитувани колеги пратеници.

СТОЈАН АНДОВ:

Седнете, седнете, ова е направено а се седи кога се говори.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ:

Во ред.

СТОЈАН АНДОВ:

Не ве слушаат кога говорите. Техниката е така инсталирана, да се говори седејќи.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ:

Добро, Господине претседателе, почитувани колеги пратеници,

Парламентот вчера работеше 15-тина часови. Работевме до доцните ноќни часови. Од заинтересираноста и присутноста на колегите во Собраниево очигледно е дека сме веќе заморени. Затоа предлагам, доколку постои можност, да дадете еден час или час ипол евентуално пауза како би дошле колегите па да работиме како што треба.

СТОЈАН АНДОВ:

Работиме точно како треба.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ:

Не е присутен предлагачот, скоро цела пратеничка група.

СТОЈАН АНДОВ: Тоа е Комисија, а не е

пратеник, предлагач.

Има збор, господин Сејфедин Харуни.

(Реакции од страна на пратениците на СДСМ).

Сите сте во Комисијата. Членовите на Комисијата. Тие кои сте биле членови.

(Реакции од редовите на пратениците на СДСM)

Добро, Ве молам, повикајте го предлагачот.

Повикајте го г-динот Кралевски.

Господине Кралевски веднаш да дојде бидејќи е предлагач на точката.

Предлагам пауза од 5 минути додека дојде предлагачот. - (По паузата).

Продолжуваме со работа по третата точка - Предлог за избор на член на Републички судски совет.

Page 27: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

27

Продолжуваме со претресот.

Господин Харуни Сејфедин има збор. - Отсутен е.

Госпоѓица Шеќеринска има збор.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: Благодарам претседателе,

малкумина колеги пратеници, во текот на денешната и вчерашната седница на Македонското Собрание мислам дека граѓаните на оваа држава можеа да заклучат дека се работи за едно ново сосема видоизменето Собрание кое започнува на време, во 12,00 часот, работи до доцните вечерни часови, што при тоа не прави речиси ниту една пауза и во тек на чии седници функционира процедурата.

СТОЈАН АНДОВ:

Вие се јавувате процедурално?

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Не, не. Сакам и за едното и за

другото.

СТОЈАН АНДОВ:

Инаку знаете која точка е на дневен ред. Истата точка.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Претседателе...

СТОЈАН АНДОВ:

Минете на точката.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Ако побарам процедурално ќе добијам збор? Така?

СТОЈАН АНДОВ: Да, ќе добиете.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Е па добро, сега ќе побарам

збор процедурално?

СТОЈАН АНДОВ: Ама, ќе мора да ја формулирате

процедуралната забелешка.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Мислам дека г-дине претседателе, сериозна процедурална пречка правите со начинот на кој што ги закажувате и ги водите седниците во последната недела дена. Веќе спомнавме и во текот на вчерашниот ден, оваа денеска претпоставувам дека ќе се повтори, дека не повикувате на седници со телеграми, за кое што Собранието воедно плаќа, при што во меѓувреме односно на самиот почеток на седницата ја менувате својата одлука. Тоа го правите или вие или другите колеги.

Освен тоа, што не овозможувате да има базичен мир во

Собранието кога некој од пратениците дискутира, меѓу другото и пратениците ги доведувате во многу неповолна состојба да седнат во овие клупи и да незнаат за која точка на дневен ред или за која седница на македонското Собрание денеска ќе дискутираат.

Мислам дека е тоа сериозен проблем, што го прави ова Собрание да изгледа уште понесериознмо отколку што досега сме биле навикнати.

Велам, Собранието покажа вчера дека може да работи 12 часови по ред. Меѓута, мене навистина, ме интересира што е причината за тоа. Една од можностите е дека новите начини на наградување на пратениците го даваат својот резултат, можеби.

Е, втора причина ...

СТОЈАН АНДОВ: Ова е надвор од деловничка

рамка.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Процедурална рамка.

СТОЈАН АНДОВ:

Нема ни процедура. Тоа е. Немате никаква основа во Деловникот за ова излагање.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Ако ми дадовте процедурално...

СТОЈАН АНДОВ: Не може, нема процедура, тоа

ви е што го зборувате е пропаганда, не е процедурална забелешка.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Претседателе, ако сметате дека

зборување за вашето водење на седница е пропаганда, мислам дека си давате премногу за право.

СТОЈАН АНДОВ: Не. сигурно немате право.

Немате право да зборувате.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Претседателе..

СТОЈАН АНДОВ:

Ќе ве исклучам. Исклучете ја госпоѓица Шеќеринска. Кога ќе земете збор за точката, тогаш ќе можете. За ова нормално не можете да зборувате. Не.

РИСТО ТОДОРОВ:

Господине претседателе, колеги пратеници, Уставот на Република Македонија и Законот за Републички судски совет, точно утврдува начинот, надлежностите, условите како да се стане

Page 28: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

28

член на Републичкиот судски совет, а ако се гледат тие услови сигурно господинот Томислав Стојановски, сигурно како долгогодишен истакнат правник ги исполнува тие услови, меѓутоа морам да го кажам следното.

Имено, Управниот одбор на Фондот за пензионо инвалидско осигурување на Република Македонија на своја седница одржана на ден 12 јули оваа година има донесено одлука за продажба на 5164 акции, сопственост на една атрактивна скопска фирма со многу атрактивен деловег простор во центарот на градот. Овие акции се продадени на еден барател по цена од 25 евра од една акција, иако од работниците на таа фирма имаат поднесено барање до Фондот за купување на тие акции, во вредност од 50 евра од една акција. Со тоа Фондот е оштетен од околу 125 илјади евра или 250 илјади германски марки. Значи акции се продадени со попуст од 45%. Кова во такви случаи има двајца баратели, да ги купат тие акции, најчесто сите тие акции се пуштат на берза а не со директна сопгодба.

Е сега, зошто сум против на господинот Томислав Стојановски, да биде избран за член на Републичкиот совет. Затоа што тој како висок функционер на власта, потпретседател на Собранието на Република Македонија директно е инволвиран во оваа продажба, односно во оваа работа што ја кажав сега. Директно влијае на одлуката на Управниот одбор на ПИОМ за продажба на акциите на фирма во која тој има свој интерес. Од тие причини нема да гласам за овој кандидат да биде избран за член на Републичкиот судски совет. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Господин Спанаков Ристо.

РИСТО СПАНАКОВ:

Почитуван господин претседателе, почитувани членови на Влада, почитувани колеги пратеници,

Сакам да кажам неколку збора, ќе бидам релативно краток, концизен и јасен. Се изнаслушавме овие денови, вчера и денеска полна уста демократија, полна уста независност на судската власт, полна уста како треба да функционира судскиот систем, а јас мислам една работа која што сакам тука да ја презентирам, и тоа ќе биде едно мое прашање кое што ќе го поставам тука и на кое што ќе барам да ми се даде одговор.

Прашањево е следно. Како можеме да зборуваме за независност на судската власт кога сите судии се она што е значајно за судската власт се избира во

Собранието на Република Македонија, што е со Устав гарантирано, дадено и така натаму, а знаеме дека највисоката законодавна, највисокиот законодавен дом е највисока политичка организација и институција. Затоа што внатре се сите политички интереси сплотени во позиција и во опозиција. И кога ги слушам колегите пратеници посебно од опозицијата, сега во овој момент, дека се задира со овој предлог директно во независноста на судската власт, јас би го поставил следното прашање: "Од кога почнаа да се избираат судиите во Република Македонија, кој ги бирал, кој е тој што проценувал за нивната стручност и компетентност и како доколку ако веќе е таа институција и организација се нарекува Републички судски совет, како функционирала досега. Би поставил едно друго прашање. Колку судии во изминатиот период се избрани, а колку не се избрани? Кој е бил тој критериум во Собранието на Република Македонија, по кој што се бирале судиите, по кој што се бирани на предлог на Републичкиот судски совет. Јас претпоставувам дека и порано имало луѓе судии кои што биле одбивани како неподобни и како неспособни. Спред мене, многу важно прашање е тоа на кое треба да одговарам. Слушајќи ги колегите пратеници од опозицијата добивам впечаток дека се досега што е избрано, било секогаш независно, а дека по доаѓањето на коалицијата"3а промени"почнува зависноста во судството. Тоа е невидена демагогија затоа што за независно судство, почитувани колеги пратеници, можеме да зборуваме само оној момент кога навистина судската власт во Република Македонија ќе биде независна од Собрението на Република Македонија. Кога судската власт сама ќе си ги бира своите луѓе на местата кои што според нивното видување на стручноста и компетентноста, ќе бидат поставени од нив. Се до оној момент додека се тие зависни од Собранието на Република Македонија нормално е дека ќе има политичко влијание. Затоа, јас уште еднаш апелирам до колегите пратеници кога ќе дискутираат, да не дискутираат за независно судство, туку да дискутираат за ефикасноста на судството. Знаеме каква е ефикасноста. Тоа е веќе сосема нешто друго. Независноста на судството може да се реализира само со независен судски буџет кога самите внатре ќе се изборат по способност, по стручност, кога навистина по тој основ ќе можат и така да функционираат. Затоа го поставувам уште еднаш тоа прашање.

Page 29: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

29

СТОЈАН АНДОВ:

Имаме ние прецизно формулирана точка на дневен ред.

РИСТО СПАНАКОВ: По точката дискутирам

господине претседателе, затоа што сметам дека сепак премногу се коментира околу независноста и сака да се претстави слика дека сега се врши во судството партизација. Сака да се претстави слика и да се коментира околу независноста дека сега се врши партизација во судството. Јас ќе кажам дека тоа е инсталирана пракса и дека единствено што сакам да слушнам понатаму е кој е тој пат кој што треба ова Собрание да го изоди, да дојде до такво независно судство. Тоа беше мојата дилема и мислам дека останува и понатаму, а во интерес на јавноста и за запознавање на граѓаните, мислам дека термините независно судство не треба премногу да се употребува во Собранието.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор госпоѓицата Радмила Шеќеринска.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Јас се извинувам што ја подигнавме тензијата неколку пати, меѓутоа,

да поминам директно на точката на дневниот ред, а процедуралните забелешки некако ќе успеам по пат да ги вметнам. На дневен ред ни е предлог на Комисијата за именување на Македонското Собрание за член на Републичкиот судски совет, предлог кој можеби шокантно делува на луѓе кои што не ги следат настаните во Република Македонија последниве неколку години, меѓутоа, ние кои што работиме во Македонското Собрание, тоа не треба да не изненади. Ова е континуитет на една политика според која се е дозволено секаде и се е дозволено во секое време. Заради тоа ни се случува сегашен пратеник, влијателен член на најголемата пратеничка група, потпретседател на Македонското Собрание да биде предложен за член на една институција, која не само по својата дефиниција и по филозофијата на своето постоење, според Законот треба да биде непартиска и независна и да ја гарантира ефикасноста на своето постоење на целиот судски систем во Република Македонија. Ни се случува ваков предлог да дојде два месеци пред парламентарните избори и ни се случува ваков предлог да дојде апансас на некој начин во пет до дванаесет пред само почеток на седница која што ја свикувавме како итна, со сосема друга точка на дневен ред. Јас кога го добив решението

за свикување на оваа итна седница 112-та по ред, си помислив дека за прв пат Владата на Георѓиевски, односно парламентарното мнозинство решиле да го искористат овој принцип на свикување на седница за една навистина, сериозна тема, за таа ќе дискутираме, се надевам во продллжение, бидејќи законот беше за служба во Армијата на Република Македонија за кое што имаше притисок што побрзо да дојде на дневен ред. Меѓутоа оддеднаш на самиот почеток на седницата целата причина да дискутираме на темата за која што сме дојдени за решавање на статусното прашање на господинот Томислав Стојановски. Заради тоа претпоставувам ќе работиме вечерва и до полноќ доколку е потребно.

Дека во судските органи на Република Македонија се врши или се обидува да се врши континуирана политизација, не треба ние да зборуваме. Тоа е речиси целокупна оценка на целата македонска јавност, вклучително и на делови од судството.

Имено, не поминаа ни седум дена кога на оваа седница на Собранието и на претходната седница на Собранието на Република Македонија, дискутиравме токму за предлози кои што доаѓаат од институцијата, чии што член треба да биде Томислав Стојановски, а тоа е Републичкиот судски совет. И во таа ситуација, овдека пред нас седеше претседателот на Републичкиот судски совет излезе со предлози на судии за Врховен суд и ни се случи нешто што тогаш предизвика внимание кај јавноста, до сериозен револт, а тоа е правник со ниту еден ден судско искуство, да биде оддеднаш изваден од својата досегашна работа и да биде поставен во институција на судството, а тоа е Врховниот суд. И тоа нормално не беше доволно, јасно беше дека причината лежи во тоа што ВМРО-ДПМНЕ само на него може да смета на доволно лојален член во ДИК, туку останатите предлози кои што дојдоа од истиот републички судски совет ги прифати парламентарното мнозинство, односно ги одби исклучиво врз принципот на политичка подобност или неподобност. Јас ја слушав и делумно ја прочитав дискусијата на еден од пратениците во парламентарното мнозинство, во кое што се велеше дека проблемот на судството или невозможноста да се гарантира независно судство лежи во тоа што Собранието интервенира во изборот на судии и практично гласа по предлозите на Републичкиот судски совет.

Заклучокот беше бидејќи СДСМ е партијата која што го измислила

Page 30: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

30

ваквиот начин на избор на судиите, дека дефектот на таквиот модел продуцира дефект на предложените решенија. Дека така формулираниот модел неминовно води во политизација на судството. Тука апсолутно не се соглсувам, заради тоа ако ги анализирате решенијата во многу држави, кои што ги сметаме за демократски држави, држави во кои што е гарантиран приципот на независност во судството, постојат вакви решенија. И тоа е целата логика или тука лежи аргументацијата на политиката на поделба на ингеренции и меѓусебна контрола на ингеренции. Законодавната власт ги бира оние кои што се предложени од институција која што би требала да биде независна, како што е Републичкиот судски совет, меѓутоа, Собранието очекува дека во своите одлуки ќе биде водено од страна на релевантни аргументи за нечија стручност, за нечија професионалност, за нечија добра работа во судството и слично. Меѓутоа, истиот тој Републички судски совет на кој што му беше прифатен предлогот не судија да биде избран за судија на Врховен суд, на истиот тој предлог беше одбиен еден друг кандидат и притоа, ниту еден и тоа е голема разлика помеѓу опозицијата и парламентарното мнозинство, ниту еден од парламентарното мнозиство не стана на оваа говорница и не кажа јавно ние нама да го поддржиме овој предлог од овие и овие причини. Јас сакав да кажам дека Собранието мора да си ја практикува својата моќ. Ако во Законот стои и во Уставот дека Собранието е тоа кое што ги избира судиите, тогаш Собранието има право да прифати некој од предлозите на Републичкиот судски совет, а некој од нив да не ги прифати. Меѓутоа, недозволиво е и политички самоубиствено треба да биде, доколку едно мнозинство и една партија притисне на не, а притоа не кажа ниту еден релевантен аргумент, заради тоа што немало поддршка од предлозите на Републичкиот судски совет. Со таквото свое однесување парламентарното мнозинство се покажа дека нема аргументи. Доколку имаше нешто барем ќе чуевме. Нема аргументи во одбивањето на предлозите и единствен аргумент кој што им влијае на нивниот прст, или копчето што ќе го изберат дали некој го смета за политички близок, или не. Денеска всушност чувме, односно вчера на истата оваа седница го чувме образложението дека ВМРО-ДПМНЕ целосно се откажува од принципот на независност на судството и дека денеска промовира еден друг принцип, кое што јас незнам дали можеме да го наречеме принцип. Ваква е тезата. Не можеме да направиме независно судство, па

ајде сега ќе правиме баланс во судството. Ќе имаме судии на опозицијата, ќе имаме судии на власта ќе имаме судии на една политичка партија, на друга политичка партија и тн.

Господинот Спасов цитираше некои програми од ВМРО-ДПМНЕ кој што покажуваа ова денеска што го зборуваат, нема врска со тоа што го зборувале пред три или четири години. Меѓутоа, тоа не е доволно. Да излезе некој пратеник пред Македонското Собрание и да тврди дека Македонија може да се развива како демократска држава само на тој начин што ние ќе си ги инфилтрираме нашите партиски послушници во судството и ќе се тркаме кој повеќе судии ќе назначи а притоа тоа нема да бидат судии, ќе бидат правници, утре можеби господинот Новковски ќе ни биде колега и ќе каже дипломата не е битна, тоа е само едно парче хартија, па тој човек не мора да биде ни правник и ќе ги местиме во соодветните судски органи. Каде тоа ќе заврши господа пратеници, има ли некаде крај на оваа логика, во нашето функционирање.

ВМРО-ДПМНЕ се навикна, особено во последниве две години на ротации низ судските органи, оние органи кои што би требало да бидат независни, според исклучиво партиска подобност и стаж. Имено, го знаеме случајот со еден од судиите од Врховниот суд, госпогата Дулиќ, која што заради примерно партиско послушничко однесување во ДИК, беше наградена со место во Републичкиот судски совет. Имаше уште неколку комбинации, се шетаа луѓето од една во друга институција. Единствено зелено светло за таков трансфер беше доколку се покажале за лојални, доколку се покажале за послушни и доколку никогаш не го поставиле прашањето, а што е со мојата професија. Каде оди таа ако вака се однесуваме, тие како судии, или како членови на Републичкиот судскк совет.

Во дадениот случај мислам дека не црвената, црната линија е премината во однесувањето. Во Републичкиот судски совет, доколку Собранието прифати ваква одлука ќе ставиме човек кој што позади себе има 12 годишно партиско искуство. Кој што и да сака, не може да избегне од таа партиска врска. Да не се лажеме. Јас не мислам дека партиското ангажирање мора да биде секогаш нечесно и мора да биде или секогаш негативно. Ние сите овдека имаме многу значаен политички и партиски ангажман. Меѓутоа, не може да ги менуваме работите. Не може денеска да бидеме во групата на политичари, а утре наеднаш да

Page 31: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

31

станеме судии. Барем не во судството. Има неколку области во кој што тоа не е дозволено. Не може два дена да бидеме независни, а пет дена да бидеме партиски потпретседатели на Македонското Собрание. Која е пораката кој ова Собрание ја испраќа до секој правник во оваа држава. Нема да зборувам за другите области бидејќи е истата партизација, ако не и поголема, мегутоа, за судството Собранието мора да дискутира бидејќи има ингеренции во изборот на судиите. Која е пораката која што ја испраќаме на некој кој што денеска завршува Правен факултет, полага правосуден испит и планира да има кариера во судството. Му велиме: "Немој да одиш да работиш како судски приправник, немој да одиш да работиш како стручен соработник. Можеш како адвокат, но не е ни тоа сигурно. Немој да тргнеш по скалилата на професионалната кариера, бидејќи тоа едноставно не функционира. После 20 или 25 години работен стаж во судството ќе дојдеш во вакво слично Собрание, ќе бидеш поставен како предлог на Републичкиот судски совет, одзади тебе ќе имаш можеби безпрекорно досие, на одлични пресуди, на висок процент на потврдени пресуди, меѓутоа, пратениците на тогашното парламентрно мнозинство, едноставно ќе ја фрлат твојата биографија, ќе ги искинат и уништат 25-те години твоја стручна кариера и на местото твое ќе донесат некој кој што седел лево или десно од нив, им бил колега, или бил висок истакнат партиски функционер. Каде ги тераме луѓето. Дали ги тераме сите да влезат во политички партии. Некој треба да влезе, меѓутоа, треба да знаат кога ќе влезеш во политичка партија и кога ќе почнеш политичка кариера, дека твоите интереси и твоите амбиции треба да ги завршиш во таа област.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: (Продолжение)

Пораката која што ја праќа македонското Собрание и дека во Македонија право на живот, напредок, успех, позиција имаат само оние кои што правилно ќе се определат. На тој начин, господа и госпоѓи, не се создава ниту независно ниту моќно судство. На тој начин комплетно се уништува дури и шансата за пристоен судски систем. Дали има потреба да влегуваме во предлогот или во оценка на биографијата која што ние е претствена. Неколку колеги пратеници кажаа дека навистина се работи за правник со големо искуство, меѓутоа, избегнаа да одговорат на прашањето зошто беа толку ревносни во разрешувањето, на незнам, навистина не

ја направив пресметката, на незнам колкав број на судии, кои што само еден ден повеќе имаа од работниот стаж кој што е доволен за исполнување на условие за пензија. Пензиониравме судии кои што, практично извршија односно завршија со одреден број на години кои што се доволни да одат во пензија и единствениот аргумент за нивно разрешување кое што го добивме и кое што го прифативме во најголем број случаи, беше дека ги исполнуваат условите за пензија. Ако тоа важеше тогаш, како тоа истата комисија сега ни доставува ваков предлог. Имаме предлог на човек кој има 46 години работен стаж, кој што има 70 години, здравје Боже, не мислам дека тие експерти во дадена област треба да се елиминираат, искуството треба да се искористи. Меѓутоа, ако имаме принцип дека условите за пензија се обврзителни за сите, тогаш да го почитуваме, а не самите да се избираме кога сакаме да го применуваме, а кога сакаме да го прекршуваме. Да не зборувам за тоа што зборуваа неколку колеги, дека во судството има луѓе, навистина, кои што се со доволен број на години, искуство во професијата, а кои што при тоа ја чекаат својат шанса. Таа шанса никогаш не може да им дојде на ред, заради тоа што господинот Стојановски, јас навистина му посакувам добро здравје, но може да тера, ако сега сметаме дека не може да оди во пензија, можеби по 44 години исто така нема да сметаме дека треба да оди во пензија.

Неколку колеги пратеници, вклучително и самиот кандидат многупати кога немаат аргументи, кога немаат факти сакаат да дисфалификуваат на идеолошка основа. Па, затоа овде во Собранието сме зборувале за остатоците од комунизмот, за догматската свест на одредени пратенички групи или пратеници и еве го читам интервјуто на господинот Стојановски со крупен наслов, правено пред 10-тина дена, дека комунистите остануваат комунисти и тоа истиот човек кога го зборувавме и кога го биравме за потпретседател на Собранието, кој што имал одлична кариера во тој комунизам. Јас не верувам дека во комунизмот така лесно се станувало претседател на Основен суд. Дека така лесно се напредувало по скалилата или дека во случајот на Томислав Стојановски, тоа било само благодарејќи на неговата стручност, а сите оние кои што во тој период напредувале во било која струка,

Page 32: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

32

напредувале само заради тоа што наводно биле комунисти или незнам што.

Во судството, во институциите како што е Републичкиот судски совет ако една карактеристика би требало да се цени, тоа таа не е професионална и стручна карактеристика, која што мислам дека секој треба да ја поседува ако сака да биде добар судија и член на Републичкиот судски совет, тоа е базична конзистентност. Не може јас или незнам некој друг кој што од комунизмот видел ништо, постојано да биде обвинуван од господинот Стојановски за комунизам, а при тоа во исто време да ни нуди ваква биографија.

Но, најголемиот проблем, не би рекла дека дури е биографијата или некои од претходно изнесените податоци. Мислам дека имаме крупен проблем и со начинот на кој господинот Стојановски раководеше многу често со седниците на ова Собрание. Тоа зборува за човек кој што многу тешко ќе воспостави колегијални и професионални односи во било која средина. Ова е зовриена политичка средина и страстите, различите позиции излегуваат на површина и тоа нормално е прифатливо. Меѓутоа, ако на ваков начин комуницира господинот Стојановски со колегите во Републичкиот судски совет, како што комунира со нас колегите и како што комуницира особено со медиумите, тогаш навистина не треба да им завидуваме многу на колегите, на господата и госпоѓите од Републичкиот судски совет. Во Републичкиот судски совет едноставно колегата Стојановски нема да може да ги надмине партиските бои бидејќи тој тоа не успеа да ги направи ни тогаш кога имаше релативно корисна работа, а тоа е да раководи са седниците на македонското Собрание. Во тие ситуации кога на говорницата се случуваа голем број на екцеси, еден мал број на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, благозасрамени излегуваа од седницата на Собранието, делумно и во знак на протест, удираа со вратите, зборуваа по кулуарите на Собранието, дека и тие едноставно не можат да го поднесат ваквото однесување на господинот Стојановски и дека тоа однесување непринципиелно, против сите правила на политичка комуникација им штети ним, а само и користи на опозицијата и дека е недозволиво таков човек таква јака позиција да има во рамките на владеачката партија. Еден дел од тие луѓе денеска претпоставувам дека ќе бидат доведени во многу непријатна

ситуација, јас воопшто не им завидувам да мораат да притиснат зелено копче и да гласаат за господинот Стојановски. Можеби се надеваат дека на тој начин ќе ја избегнат можноста во идниот мандат повторно да го имаат за колега, можеби сметаат дека партиската дисциплина сепак е поважна, или едноставно немаат излез. Тие ќе бидат доведени, односно дел од нив беа доведени во уште потешка ситуација, наспроти сите тие зборови во кулуарите собраниски да излезат и пред македонското собрание денеска да ни кажуваат аргументи зошто треба да гласаме. А, се гледа дека и самите не им веруваат на овие аргументи.

Господинот Стојановски во истово ова интервју интересно ја најави денешната седница. Интервјуто е дадено на 3 јули кога воопшто не се зборуваше, а Комисијата се немаше состанато, немаше одлука на Комисијата, немаше барање да се постави оваа точка на дневен ред, немаше барање оваа точка да биде ставена на дневен ред како приоритет и на сите да им биде јасно дека се може да ни се усвои, вклучително и Законот за служба во Армијата, ама битно е господинот Стојановски да биде вгензден во Републичкиот судски совет. Значи, некаде 15-тина дена порано господинот Стојановски го кажува следното. На прашањето дали тој повторно ќе биде кандиат за пратеник вели: "Јас лично како Томислав Стојановски, поради годините, а ги имам 70, би дал предност на помлади луѓе", освен и сега ова е огромного "освен", "ако не се донесе поинаква одлука во партијата, особено во поглед на правничката професија за која што имам големо искуство". Јас се обвинувам и себеси, по малку и СДСМ како партија бидејќи не го прочита ова интервју повнимателно и ќе бевме поподготвени, ќе знаевме каде и да е ќе следи некоја 100 и незнам која седница и ќе го видиме господинот Стојановски предложен како независен експерт од областа на правото во некоја од судските инстанци. Значи, договорот постоел и претходно и не мора понатаму да глумиме дека тоа е една од новите идеи. Јасно е дека господинот Стојановски и неговата партија процениле дека ќе биде најдобро, дури и за рејтингот на таа партија, доколку тој на изборите не биде толку видлив и наместо тоа ќе го вгнездат во институција која дефакто може да биде и позначајна позиција од позицијата од 120 кандидати за пратеници. И сега е видлива

Page 33: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

33

политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ги тргнеме од првите видливи редови оние кои најповеќе им бодат очи на јавноста, меѓутоа, тие ќе бидат во реално првите борбени редови, каде што реално може да се практикува моќта. Водете сметка дека господинот Томислав Стојановски, кандидатот за член на Републичкиот судски совет ќе влијае на сите предлози на судии кои што ќе ги добиваат наредниот мандат на македонското Собрание. На кој начин ќе влијае, не е тешко да се претпостави. Партиските бои ќе бидат клучни и дека ќе бидат клучни не е тешко да се претпостави. Некои од медиумите дури шпекулираат, некои од аналитичарите шпекулираат дека всушност целта е сосема поинаква. Дека целта е да се доби на кандидатот на Републичкиот судски совет, да се добие место во онаа институција која што ќе влијае на изборот на сите наредни судии во Република Македонија и на тој начин да биде во позиција да изврши сериозно политичко лобирање, влијание и притисок, како сакате да го наречете врз оние судови, кои што можеби веќе по одреден период на месеци, ќе го отворат едно од клучните политички прашања во оваа држава, а тоа е полицијата. И, тоа корупцијата можеби во најчувствителниот и најспоменуваниот сектор, а тоа е царината. Ако вие имате држава во која сите се сложуваат со едно, а сите анкети тоа го покажуваат, дека корупцијата цвета и дека корупцијата е најповеќе присутна, дел помеѓу политичките раководства и во македонската царина и ако на тоа додадете дека македонската царина ја води токму синот на кандидатот на Републичкиот судски совет не е тешко да сфатите дека можеби некој бара позиција од која што многу добро ќе ја заштити не само својата партија, туку и своите најблиски. И, ова е, навистина застрашувачка идеја. Да не зборувам дека го отворам прашањето на конфликти интереси, меѓутоа, тоа е во некоја иднина.

Кандидатот за член на Републичкиот судски совет е многу арогантно, би рекло, и многу самозадоволно ни кажа дека е тој богат и среќен човек и дека неговото богатство се брои во милиони германски марки, претпоставувам денеска и во милиони евра. Прашањето беше поставено, а јас се сомневам дека ќе ми одговори, па затоа уште еднаш ќе се обидам да го поставам. Дали може господинот кандидат да им објасни на сите оние

правници кои што работат во неговата струка на кој начин, која е магичната формула по која се заработуваат милиони евра со долгогодишно и по се изгледа успешно правничко и адвокатско искуство. И не само тоа. Мислам дека кандидатот и должи на македонската јавност да и даде на увид во овие последни 40 години од својот работен стаж, колку данок платил на оваа држава и дали тој данок соодветствува на богатството кој што така самозадоволно го објавува на македонската јавност. Во истото интервју на кое што на три пати се навраќам, кандидатот споменува дека кога дошол на функцијата во 1998 година прв изјавил и побарал функционерите, претпоставувам и членовите на македонското собрание, не да ги евидентираат и покажат, туку да ги вложат на државна сметка своите пари. Незнам што значи тоа да се вложат на државна сметка, претпоставувам дека господинот правник ќе ми го објасни мене која не сум стручна во таа област. Меѓутоа, навистина јас не можам да се сетам, а еве ги повикувам и колегите сопартијци на господинот кандидат да ме потсетат во која прилика тоа господинот Стојановски побарл да се евидентираат и покажат, а наводно, продолжува таму во истото интервју, дека никој не го прифатил неговиот предлог. Ниту, се сеќавам на предлог, ниту се сеќавам дека тоа го дал господинот Стојановски, ниту пак дека некој го отфрлил. На крајот на краиштата, тој како потпретседател на македонското Собрание, има и обврски кои произлегуваат, но и можност да ги декларира и својот имот пред и својот имот на крајот на својот мандат. Меѓутоа, велам, откако претходно ќе ни каже како се заработуваат икс милиони евра и како за нив се плаќа или не се плаќа соодветен данок.

На крајот да го кажам следното. Се сложувам дека кандидатот по се она што ни се случуваше во изминатите четири години не заслужува особено внимание и сметам дека што е поголемо вниманието кое што Македонското Собрание би му го давало лично, толку помал би бил рејтингот на истото Собрание и на секој од нас како пратеници. Меѓутоа, колеги пратеници, ќе се сложите дека Републичкиот судски совет не само што заслужува, туку и бара наше внимание. И во име на позицијата, која што ја има Републичкиот судски совет, во име на позицијата која што би требало да ја има

Page 34: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

34

судството, која што сите во нашите програми ја декларираме сосема спротивно од тоа што денеска практикуваме, во име значи на таа професија, во име на тој сектор, малку да размислиме, пред денеска да кажеме дека се е дозволено, дека се им е дозволено на малкумина кои се наоѓаат на врвовите на власта и дека при тоа ниту реакциите на јавноста, ниту реакциите на стручните лица ќе се земаат предвид. Македонското собрание има обврска да избира судии. Мислам дека треба да ја практикува. Македонското Собрание има обврска да го прави изборот на транспарентен и одговорен начин. Мислам дека таа обврска не ја практикува до сега. Македонското Собрание може уште во понеповолна состојба да се донесе, доколку го контаминира дополнително органот кој што треба да ни ги предлага кандидатите. Да не се доведеме во некоја друга ситуација да добиваме лоши кандидати, кандидати без судско искуство кои поминаа на ова Собрание, меѓутоа се надевам дека нема да поминуваат на другите собранија, Собрание кое што и Републичкиот судски совет кој што ќе се обидуваат да и го враќаат угледот на оваа професија. Ние тоа можеби денеска нема да смогнеме сили да го направиме. Меѓутоа, сите оние колеги пратеници кои што не беа задоволни како господинот кандидат ја практикуваше позицијата во Македонското Собрание, нека размислат дали сега треба да му дадат нова шанса. Дали токму господинот кандидат заслужува да влезе во предизборието, не со обезбедена егзистенција, навистина не мислам дека му е до егзистенција, туку со обезбедена врвна позиција на моќ.

Дали господинот кандидат добро ја совлада позицијата, или добро ја практикуваше позицијата на моќ која до сега му беше дадена. Дали вклучително и со неговите интереси и со интересите на неговото семејство, тој се снајде на најдобар можен начин. Дали тој ќе претставува добра легитимација не само за партијата која ја претставуваше до сега, туку и за судската власт на која ќе има огромно влијание. Се се ова прашања на кои што треба да се даде одговор. Јас очекувам, или претпоставувам дека еден дел од правниците кои што припаѓаат на парламентарното мнозинство, не се чувствуваа особено пријатно кога мораа да гласаат против предлогот на Републичкиот судски совет, без при тоа да имаат една причина зошто не гласаат за некој судии кои што имаат

извонредна биографија. Ако имале некои замерки, бидејќи слушнав во тек на претходните дискусии дека ние треба да добиваме биографии, ако според нашите информации и таа биографија се работи за добри кандидати, треба да ги подржиме. Ако имаме забелешки, се согласувам, треба да ги кажеме. Меѓутоа, ако ниту една забелешка не е кажана, тогаш очигледно не е проблем со проблемот, туку со оние кои гласаат против него. Тоа е разликата помеѓу парламентарното мнозинство и опозицијата. Ние точно се спротивставивме на неколку предлози во судството и го обвинивме парламентарното мнозинство дека сака да го партизира судството. Меѓутоа, бевме јавни, си земавме обврска да кажеме кои се причините поради кои што сметавме дека тоа не е добро. Ако денеска ова Собрание го промовира методот дека независно судство е илузија, дека никој тоа не може да го спроведе и дека потребно ни е само баланс, тогаш ве молам на наредните избори да излезете со таква програма и да кажете, ние ви ветуваме само рамномерно распределени, или делумно рамномерно распределени партиски кадри во судството. Немојте да излегувате со тези дека независно судство ни треба. При тоа, независноста на судството или зависноста на судството не би произлегувало кои ги изгласал, туку врз база на кои принципи би биле изгласани или не би биле изгласани судиите. Инаку, секогаш ќе има некое парламетнарно мнозинство кое излагасало некои судии. Затоа велам дајте да размислиме уште еднаш, претседателот на Комисијата понекогаш е, понекогаш не е на оваа седница како предлагач, мислам и како правник, мислам дека треба да се загрижи дека неговата фела, дека неговата професија, дека неговиот еснаф ќе ги памети овие работи и дека навистина не треба да си ги решаваме своите партиски проблеми да тргнеме на страна некој кој баш не се смета за предизборен адут, на тој начин што ќе му го фрлиме во судството. Сепак, судството е малку посериозно и тоа јас го зборувам затоа што навистина немам никакво искуство во овој сектор, меѓутоа мислам дека толку базични принципи се покршени што не треба да се има многу искуство па да се види дека нешто не е во ред со овој предлог. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ: Господин Тито Петковски.

Page 35: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

35

ТИТО ПЕТКОВСКИ:

Почитувани колеги, јас се јавив вчера за реплика после дискусијата на мојот колега Александар Талевски. Не го гледам тука, меѓутоа тоа беше (од пратениците се слушаат гласови дека господинот Тито Петковски не се слуша).

Јас се извинувам, се јавив вчера после дискусијата на колегата Талевски за реплика и нема да должам. Жал ми е што не е тука, меѓутоа ставовите беа јавно изнесени и јас сакам јавно да полемизирам. Би ми било драго ако е тука или ако слуша некаде, можеме после и непосредно да поразговараме. Меѓудругото изнесе и една ваква теза од прилика дека знак на равенство стави помеѓу власта и државата. Ние денес сме власт и ние ги уредуваме државните работи, по критериуми и начини, стандарди, за кои ние сметаме дека се добри. Таа теза е стара, престара. Многу луѓе знаат, чуена е на Луј 14 тезата: "Лета се муа", "државата, тоа сум јас". Тоа е надминато. Значи, ние сме денес на власт, ние сме држава. Државата е нешто повозвишено и многу позначајно од власта. Владата е менлива и минлива категорија, а државата останува константна и секоја власт има задача, основна задача да ги гради државните и да ги развива и надградува државните институции, поготово ако се декларираат дека е демократска власт. Значи, не ретроградни процеси, туку прогресивни, да одиме напред.

Зошто е многу страшна оваа теза? Не спорам кој колку знае да гради институции, државни институции, туку многу се опасни. Пораката знаете што е. Поразителна е пораката до јавноста, до граѓаните. Таа се инсталира, морам да ви кажам, инсталирањето на овие партиски кадри значи инсталирање на канцерогено ткиво во тој судски организам. Наместо да се градат стабилни институции, во кои што ќе веруваат граѓаните, независно од својата партиска припадност, ние градиме институции кои што ќе гарантираат сигурност, стабилност, би рекол, законитост само за една категорија граѓани. Ако сакате да бидам и многу поилустративен. За време на оваа власт, вчера можевте тоа да го слушнете на Медиумите.

ТИТО ПЕТКОВСКИ: (Продолжение) Имате напад на 40 новинари.

Ниту еден случај не добил епилог. Нема ни завршница. Знаете зошто? Нема ни да има

завршница ако на ваков начин работиме, ако инсталираме партиски кадри.

Денес и не само денес, неколку денови наназад имаме предлог од Републичкиот судски совет за разрешување на судија Х, У заради тоа што нестручно ја врши судската работа. Кој судија, ве молам, што знае дека утре Томе Стојановски и некој други, Благородна Дулиќ и да не ги редам сите на партиска основа што се инсталирани во Судскиот совет нема исто така да предложи на Собранието да се разреши судијата кој ќе се осмели да суди некој партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ, да имате, вака дрско безобразно како што гледавме на некој телевизии, во Виница да се претепа новинар и око да не му трепне. Он е сигурен, Томе Стојановски утре ќе му биде гаранција бидејќи судијата што ќе се дрзне таков насилник да осуди, Томе Стојановски ќе предложи вакво решение, како што ни предлагаат нас, заради нестручно вршење на функцијата судијата тој и тој да се разреши. Тоа е најстрашната порака. Тоа е опасноста од партизацијата на судството. Никогаш оваа држава нема да направи стабилни и демократски институции кои ќе внимаваат за правата и слободите на човекот, а не на партискиот активист, и она во Јегуновце и низа низа случаи. Или јавниот обвинител што го поставува Владата на тој начин ќе врши функција. Ниту едно обвинение, до денес, барем за она за што јавноста притиска постојано. Значи имаме деградација на институциите и парализа на целокупниот демократски систем. Пораката е спрема правниот систем, пораката е спрема судската власта, пораката е кон државата. Имаме партиско судство, имаме партиски институции, имаме партиска држава, она против што вие како партија на изборите кога добивте власт најмногу се боревте. Затоа е мојата молба и до мојот колега и до Вас почитувани колеги, да направиме нешто, да не им ја одземаме надежта на луѓето да веруваат во државните институции, да веруваат во државата, да се сигурни, сепак и во она што го работат и во своите постапки дека некој ќе ги гарантира тие нивни права пред судот кој мора да биде независен, дека ќе бидат сочувани. Вака ние само повеќе продолжуваме да ги заплашуваме. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Ванчо Чифлиганец.

Page 36: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

36

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ:

Почитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, синоќа изгубивме доста време за расправа по оваа точка. Јас ќе бев посреќен ако расправавме за многу посуштински и стратешки прашања што граѓаните на Република Македонија несекојдневно туку секундно, минутно, часовно ги оптоварува.

СТОЈАН АНДОВ:

Вие сега добивте збор да расправате по ова што расправаме. Тие прикаски не се потребни. Расправајте за ова што расправаме. Затоа добивте збор.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Господинот Андов..

СТОЈАН АНДОВ: Немојте господинот Андов.

Зборувајте за тоа што е на дневен ред.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Трудот на граѓаните,

земјоделското производство пропаѓа, а повеќе го интересира членот на Републичкиот судски совет.

СТОЈАН АНДОВ:

Тоа не е на дневен ред. Исклучете го господинот Чифлиганец. Не сака да зборува за тоа што е на дневен ред. За господинот Андов се зборува кога ќе го ставите на дневен ред. Сега не е на дневен ред. Сега напуштете ја говорницата господине Чифлиганец. Тоа е веќе насилство кога покрај моите предупредувања. И кога ви велам дека сум ви го одземал зборот, а уште стоите на говорницата. Седнете си вие на место.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ:

По дневниот ред да зборувам.

СТОЈАН АНДОВ:

Седнете си. После ќе се јавите за дневниот ред. Седнете си. Процедурално за збор се јавува Никола Поповски.

НИКОЛА ПОПОВСКИ:

Барам збор како координатор на пратеничката група и координатор на пратеничката група на која припаѓа господинот Ванчо Чифлиганец. Господине Андов процедурално сакам да протестирам заради фактот што самото спомнување на зборот Андов, во овој Парламент, дури во било кој контекст, го сфаќате како основ за одземање на збор. По мене тоа е злоупотреба на вашето право и сега како координатор на пратеничката група сакаме да ја разгледаме оваа ситуација со

одземање збор непрописно на наш пратеник и барам пауза до 17,00 часот.

СТОЈАН АНДОВ:

Пауза до 17,00 часот, но не е неправилно одземен зборот. Тоа не го прифаќам.

(По паузата седницата продолжи со работа во 17,20 часот).

Продолжуваме со работа.

За реплика се јави господинот Талевски.

АЛЕКСАНДАР ТАЛЕВСКИ: Почитуван претседателе,

почитувани членови на Влада, се јавувам за реплика бидејќи во излагањето на почитуваниот господин Петковски имаше една намерна замена на теза дека ние од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме тезата - државата тоа сме ние односно тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да кажам во оригинал беше кажано дека државата односно власта тоа сум јас, во однос на долгогодишното владеење на СКМ, после 50-годишното владеење нивно, многу е нормално да се создаде едно вообичаено право. И ако една партија од сето тоа владение си дозволи себе си да ја наследи структурата на партијата, да го наследи членството на партијата, да го наследи партискиот имот. Исто така, треба да се потенцира дека токму тој пристап кон проблематиката на државните работи, вклучително и работата со судството, ги прави точно овие проблеми. Со оглед на тоа дека вообичаеното право е премногу силно истакнато, како што истакна вчера и затоа моите колеги од СДСМ се толку осетливи на едно обично прашање, како што е членство во Републичкиот судски совет. Ние таму се ќе избереме еден единствен член и мислам дека е апсолутно непотребно да се дискутира во однос на стручната подготовка на кандидатот за член на Републичкиот судски совет. Имено, ако ја прочитате биографијата, ќе видите дека кандидатот ги исполнува тие услови па не знам од каде толкава жестина при изборот на било кој функционер во Судската власт во Република Македонија.

СТОЈАН АНДОВ:

Процедурална забелешка има г. Сејфедин Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ: Господине претседателе,

сакам да го толкувате Уставот на Република Македонија и тоа член 104 од Уставот, став 2 кој е усогласен со Рамковниот договор, постигнат во Охрид.

Page 37: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

37

Вели, доколку член на Судскиот совет во гласањето добива 61 глас, тука стои дека мнозинството пратеници односно 2/3 мнозинство пратеници од малцинските претставници треба да го гласаат Томе Стојановски, доколку тој биде биран.Сакам уставност во толкувањето на член 104 став 2 од Уставот, што произлегува на Рамковниот договор.

СТОЈАН АНДОВ:

Точно е дека така стои во амандман и тоа е обврска тоа да го измениме во Законот за Републички судски совет. Тоа е во анексите и тоа ќе го направи Собранието во новиот состав. Сега работиме по постојниот закон и тој се применува.

СЕХФЕДИН ХАРУНИ:

Јас не сум задоволен од ова ваше толкување.

СТОЈАН АНДОВ:

Можете да 6идете незадоволни. Така е. За реплика се јавува г. Тито Петковски.

ТИТО ПЕТКОВСКИ:

Господине претседателе, почитувани колеги, практично мојот колега Талевски ништо не демантира. Уште повеќе ја потврди сопствената изместена теза дека доколку една партија била 50-60 години на власт, сега истата таа партија што е на власт има право да го прави тоа што тогаш го правела таа партија што била на власт. Мислам дека тоа е катастрофално лоша теза во услови на политички плурализам. Ние 12 години имаме веќе политички плурализам во Република Македонија. Вечноста на исправноста на една политика и безгрешноста на власта апсолутно е демантирана. Според тоа почитуван колега Талевски вие едноставно потврдувате дека ја злоупотребувате власта и затоа во институциите на државата ќе инсталирате само партиски кадри, а нам, демек ни е криво зошто и други кадри се исталираат. Ако се залагамд за демократска држава тоа немаме право да го правиме.

СТОЈАН АНДОВ: Господинот Алиу има нешто деловнички да праша.

АБДУЛА АЛИУ:

Господине претседателе, до колку слушнав рековте дека денес ќе работиме само колку што кажува законот, а нема да го применуваме

уставниот амандман. Во Собранието не е можно тоа да се дозволи. Ако се дозволи Уставот да остане зад законот, тоа ќе биде правен скандал во едно Собрание. Уставот има предност во сите ситуации.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г. Златко Стојменов.

ЗЛАТКО СТОЈМЕНОВ: Почитуван претседателе,

почитувани членови на Владата, Денес по повод изборот на член на Судскиот совет, тема која не е пријатна, можеби за завршеток на работата на овој состав на Собранието, бидејќи сепак, како предложен кандидат е колега пратеник што уште повеќе ја усложнува нашата позиција, како член на Парламентот, еден од 120, за него да се дискутира од оваа парламентарна говорница. Меѓутоа, Комисијата, со начинот како го предложи и терминот во кој го предложи, го доведе Собранието во една непријатна состојба и сите пратеници денес ги доведе во една непријатна состојба, сепак на дневен ред денес да биде еден колега пратеник, што ја отежнува нашата позиција. Меѓутоа, ние немамд друга обврска освен обврската да дискутираме објективно и она што е во интерес на граѓаните на Република Македонија, при конституција на Судскиот совет односно при изборот на член на Судскиот совет.

Нодвојбено е дека овој избор денес што ни се нуди, апсолутно е резултат на кадровско-политичката комбинаторика, од дневно политички потреби, а не некоја суштинска потреба за менување на квалитетот и составот на Судскиот совет. Тоа е недвојбено. Сметам дека тоа и предлагачите не го негираат, а и сите дискутанти во своите говори претходно го опфатија тоа. И се би било можеби не така страшно, ако нема некои проблеми, суштински проблеми во самиот предлог, за кои јас сакам овде отворено да проговорам и се надевам дека Собранието ќе го свати тоа како конструктивно размислување за овој избор на г. Томислав Стојановски за кандидат.

Јас ќе тргнам од една друга позиција. Нема веднаш да зборувам за судството и позицијата во Судскиот совет, туку ќе зборувам за изборот на денешниот кандидат, г. Томислав Стојановски, на позиција член на Судскиот совет и можната опасност која демнее при овој негов избор односно да ја дотакнеме онаа одредба и оние одредби од Законот против корупција кој наскоро го донесе овој Парламент и за кој треба цврсто

Page 38: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

38

етички и морално да застане, иако за некои одредби, потребен е еден одреден временски период да почне да дејствуваат, заради формирање на таа комисија. Сепак ние донесовме еден закон многу скоро за спречувње на корупцијата во Република Македонија во кој јасно ги дефиниравме односите мислам на блиските односи во фамилијата и постоењето на функ-ции во една фамилија. Можеби тука ќе зборуваме за судир на интересите што можеби не е страшно, бидејќи тој закон е во преодна фаза, а ние сеуште не го почитуваме. Меѓутоа, ако еден татко денеска го поставуваме за член на Судскиот совет, а синот сеуште е на позицијата директор на Царината во Република Македонија која и во извештаите на сите извештаи на комисиите од европските тела кои одат зборуваат дека таа царина има сеуште високо ниво на корупција, сеуште е гломазна и нереформирана според нормите кои владеат во западниот свет и за која царина слушнавме многу докажани и недокажани, а повеќе недокажани, но сепак обвинувања дека за време на владеењето на овој директор на Царината се случуваа крупни случаеви на корупција во областа на Царината. Дали можеме да направиме еден ваков компромис со судир на интересите овде. Една висока функција каква што е член на СудскиОТ совет од една страна, од друга страна блиска родбинска врска директор на Царината, тоа се две функции кои се во првите редови, на браникот на Република Македонија, на правниот систем и на правната држава и оттука сметам дека дотакнуваме една точка која јасно ја дефиниравне во Законот за корупција, а денеска го негираме со овој избор.

Навистина, кога ќе настапи комисијата која ќе се формира во предвидениот рок за борба против корупцијата, мислам на Државната комисија, ваквите случаеви секаде би требало да алармира затоа што на истурени државни функции кои треба да го бранат правниот систем и да ги санкционираат сите случаеви на можна злоупотреба во сферите каде што се брани државата како што е Царината, какво што е судството таквите случаеви нема да бидат дозволени и не гледам ни една причина зошто Парламентот денеска од оваа позиција да премине преку една ваква врска член на Судски совет и прв цариник. Не сакам да помислам дека со ова ќе се направи влијание, не сакам да помислам дека е задна намера на предлогот, дека со ова ќе се направи заштита на сите оние случаеви за можна корупција во

Царината и можни случаи за корупција и други кри-минални дејанија кои произлегле во Царината како сега така и во иднина да бидат заштитени со системот на судството. Еве каде е судирот. Јас не сакам да помислам дека е тука идејата, меѓутоа, како може да биде со ваквиот избор, сигурно ова Собрание ако во иднина се покажат сите оние видувања на странците и внатрешните фактори дека Царината е еден од елементите каде постои корупција во државата, зошто еден ваков извор не би можел да биде браник или пречка до крај да се спроведе правдата и иден можен притисок на судиите кои ќе бидат избирани од овој Судски совет. Оваа позиција треба сериозно да ја разгледа Парламентот на Република Македонија и не смее да помине преку неа. Јас верувам дека во иднина со силното етаблирање на законот мислам на антикорупцискиот закон за кој толку многу сите зборувавме, нема да се дозволат вакви случаеви, меѓутоа немаме ни една добра причина да поминеме преку овој изборгна член на Судски совет со една ваква голема одредба што ја зацртавме и заложба која ја изгласавме едногласно сите пратеници кога го гласавме овој закон. Сите оние кои ќе гласаат за овој предлог треба длабоко да размислат како ќе ја надминат оваа морална и етичка бариера која останува.

Затоа јас апелирам до вас самиот избор, посебно до предлагачот да не го става во една ваква незгодна ситуација пратеникот кој ќе биде избран, да не го става Собранието во една таква ситуација и да не не става нас пратениците заради вакви крупни причини да мораме да гласаме воздржано или против еден ваков избор во Собранието на Република Македонија, бидејќи сепак се работи за еден колега пратеник.

Околу самиот избор на личноста би кажал нешто и за возраста. Ние немаме никаков морален дигнитет од овде да бираме личност која е 7 0 години кога во Република Македонија на ниеден научник, професор иако самиот закон дозволува за Судскиот совет, кога на идни научници од Медицинскиот факултет, видни професори од правните науки се во пензија по 65 години, каде е тука нашиот етички однос спрема изборот на човек кој е над 65 години. Сметам дека над 65 години на овој степен на вработеност, односно невработеност во Република Македонија, на овој степен на невработеност посебно на младите, на младата популација, на овој степен на одлив на млади стручни кадри па и правници од државата Република

Page 39: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

39

Македонија нашиот однос со поставување на високи функции и на секакви функции на луѓе кои далеку ја надминале оваа возраст, сметам дека во најмала рака, да не употребам друг збор, меѓутоа, сепак е дегутантна.

Сметам дека и овој факт е тешко бреме ако ова Собрание изгласа еден ваков избор. Луѓе, што ќе им објасниме на сите овие правници, јас го немам во овој момент податокот, што одат по улиците, не можеме да ги вработиме, на сите овие правници кои имаат дуќанчиња, а немаат шанса да работат во својата струка, бидејќи државата Република Македонија не може да им овозможи вработување во правната наука тие имаат други визии кои не се во согласност со правото, а оние луѓе на кои државата во повеќе системи им дала можност својот работен век да го одработат во двата система како правници и на повеќе начини им да-ваме високи места со високи привелегии. Згора на тоа тие треба да до-несуваат високи одлуки, тука за мене се отвара и реалното прашање за работниот век, за способноста на секој човек - индивидуа, сигурно господинот Томислав Стојановски не е еднаков способен за големи правни дела и за големи разрешувања во Судскиот совет како што бил да речеме пред 10-15 години што ќе биде исто и за мене кога ќе дојдам на тие години. Сметам дека тој пат е една голема пречка во целиот предлог и преку него многу тешко ќе поминеме и ќе можеме да го оправдаме со некакви аргументи. Јас не гледам со какви аргументи освен дневно-политички потзреби на одредена структура да смести свој кадар кој е заслужен и кој знае премногу за некои состојби во Република Македонија за се она што се случуваше во овие години во Република Македонија. Друга конструкција за едно вакво кадровско решение во Судскиот совет не гледам.

Сакам да ве потсетам на еден избор кој се одвиваше слично вака. Беше малку дотакнат, но јас мора да се осврнам паралелно на изборот на господинот Томислав Стојановски како човек од партија директно на една ваква позиција и на еден претходен избор. Знаете, во 1998 година јас гласав лично за директор на МРТВ за господинот Љупчо Јакимовски и тогаш се изјаснивме односно имаше многу противења дека пар-тиската определба е време на овој човек да раководи со таа куќа. Јас и тогаш и сега размислувам дека член на Судскиот совет, директор на МРТВ, директорите на клиниките па и врвните бизнисмени треба

да се деполитизирани и да им овозможиме деполитизација. Тогаш со аргумент излезе господинот Љубе Пауновски си презеде одговорност пред овој Парламент и кажа да, ние ја земаме одговорноста дека ќе избереме партиски директор, меѓутоа ќе видите каква Македонска Радио Телевизија ќе имаме за овие четири години. Јас ве уверувам дека МРТВ ретко била попартизирана, ретко повеќе одела од митинг на митинг на партиски војници на нивните партиски собири занемарувајќи многу важни настанк во Република Македонија да ги покаже во реално светло, а да не зборувам за деполитизацијата во таа куќа и за прикажувањето на политичката реалност и шареноликост која е реална во Република Македонија. Тоа е при-ватна телевизија на двајца-тројца партиски луѓе членови на владеачката партија и на власта и ништо друго иако е тоа јавен сервис формиран од ова Собрание и треба да му служи заради тоа што е формирано од претставници на народот токму на јавниот интерес на народот на Република Македонија, а јавниот интерес на народот е објективно информирање кое дефинитивно го нема преку тој сервис. Не сакам и ова вака да се случи со овсј избор.

Сакајќи некој во актуелниот момент кој е на власт и кој е во позиција да си ги направи своите кадровски комбинаторики за свои партиски цели да му остави една несреќа на македонското судство и темна сенка во која секогаш ќе се сомневаме дали овде има партиско влијание или нема.

Знаете, на Запад не само за една ваква висока функција или функција која претставува голема чест за правниците, но и за секоја најобична функција како што е работник и секоја друга функција се оди со биографија. Веројатно трендовите кои одат од тој систем на уредување по кој одиме ние ќе доведат и во Македонија и за секој најобичен конкурс да ги разгледуваме биографиите на луѓето и да ги анализираме. Јавните функции се уште повеќе подложени на тоа и ние неминовно мораме да ги погледнеме овие биографии.

Од биографијата на господинот Стојановски можам да кажам, кажав дека неговите продуктивни години, можеби сите продуктивни години поминале далеку, далеку што се манифестира и преку водењето на овие седници, многуте конфликти кои ги има за време на водењето на седниците, многу слабата кооперативност со опозицијата и со другите партии, едноставно настапува многу често како

Page 40: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

40

партиски војник и тоа не е гаранција дека тој со деполитизацијата со автоматскиот избор и со автоматскиот престанок на членството во партијата и претходната функција неговата објективност ќе се врати. Со чинот што тој ќе биде избран на оваа функција јас сметам дека автоматски му престанува членството и во партијата и функцијата парламентарец. Тоа е рпавната вистина, меѓутоа другиот дел на вистината е следниот дали со тој чин човеќот ќе се про-мени, јас мислам дека никој не може само со едно гласање да се промени и да стане објективен човек деполитизиран човек, стручен и компетентен само за судството, кој нема да го интересира кој од која партија оди, кој судија кое дело го судел кон оваа или кон онаа партија што верувам дека е заложба на сите нас во однос на Судскиот совет.

Друго што можам да кажам за господинот Томислав Стојановски дека во тие продуктивни години тој од општеството во 1963 година бил претседател на Општинскиот суд во Кратово. Очигледно тогаш бил морално политички подобен додека многу патриоти кои ги предлагаме во законот, многу од тие што ги рехабилитираме со овој закон со членот 12 за самостојна Македонија лежеле во затвор кога тој бил претседател на Судот. Спрема тоа, моралната димензија која ја дискутираме овде на тема на идеите на ВМРО сеуште е отворена тема за нас колеги. Не можеше во 1963 година да се биде претседател на суд без добро досие од времето на едноумието и без добар комунист. Еве, претседател на Општински суд во Кратово. Сега ќе ви кажам низа примери од луѓе околу нашата партија кои во тоа време лежеле во затвор за идеите на самобитна Македонија. Сеуште ќе се судираме околу овие идеи и овие идеолошки размислувања и принципиелности. Ако ние нешто не паметиме има луѓе кои знаат нешто поназад од нас, има документи, има биографии,, затоа се биографиите и затоа се добри заради ова. Така што беграундот на господинот Томислав Стојановски не е со толку големи заслуги очигледно за идејата на ВМРО или никакви заслуги, бидејќи тогаш бил политички подобен, туку бил неутрален, си бил претседател на Судот. меѓутоа, во секој случај сега е доволно политички подобен со трудот што го направи овие четири години и некои членови од неговата фамилија посебно со богатството што го стекна, тој самиот го декларира од оваа говорница, додека ја ви

тврдам дека сите оние кои лежеле во затворите 1963 година ни сега немаат пензии, ни сега немаат никаков надоместок и сега немаат вработено членови од нивното семејство. Размислете дали до утре до 18,00 часот нивниот закон ќе го донесете или не, за Томислав Стојановски знам дека ќе го изгласате, а за овој закон не сум сигурен дека ќе го донесете.

Уште еднаш сакам да кажам дека самата комисија и самиот начин со кој го доведовте овој предлог на Парламентот не донесе сите во една незавидна ситуација да дискутираме за еден колега пратеник и да го анализираме на ваков начин, меѓутоа, кога тој дојде на дневен ред ова ни е обврска и задача на сите нас да ја погледнеме оваа биографија што е доставена до сите нас заедно и за неа да продискутираме. - (Галама во салата).

СТОЈАН АНДОВ:

Ве молам да се сослушаме.

Ве молам да му овозможиме на господинот Стојменов да доврши.

Ве молам престанете, треба да работиме.

ЗЛАТКО СТОЈМЕНОВ: Јас оваа точка сакав да ја

издискутирам од самото место каде што седам, меѓутоа заради условите кои ги имаше и вчера со галамата која е позади дојдов овде напред да дискутирам но очигледно изборот што го направив е вистински бидејќи навистина нема услови таму да се дискутира, меѓутоа, јас ќе продолжам.

Сакам да кажам уште нешто. Сите предлози кои дојдоа од Републичкиот судски совет за судии без разлика на сите политички препукувања кои беа искажувани од оваа говорница беа многу и за претходниот избор на судии за Врховниот суд и за овој избор јас гласав за сите за и ќе ви кажам зошто гласав. И кога ќе биде господинот, ако биде, ако не се повлече овој предлог од предлагачот, господинот Томислав Стојановски член на овој Судски совет јас би сакал да гласам секогаш за сите пред-лози што ќе дојдат од Републичкиот судски совет како принципиелан позиција кон ова тело. Сметам дека таму седат компетентни луѓе кои предлагаат кандидати иако во праксата кај нас посебно со овие избори не се случува тоа, меѓутоа, зошто го зборувам ова? Сметам дека сите избори кои доаѓаат од Републичкиот судски совет и начинот како поминуваат во Собранието дефинитивно да бидат предмет на размислување за реформирање на овој начин на одлучување кое го имаме.

Page 41: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

41

ЗЛАТКО СТОЈМЕНОВ: (продолжение) Сепак, многу го

исполитизиравем судството во РМ, многу дискутираме за политичкиот лик и политичкиот профил на избраните кандидати што навистина е бреме за сите тие избрани кандидати. Навистина тешко е да се бара помош од луѓе кои треба да се компетентни, неполитизирани, кои не треба да се членови на парити, а пред тоа носат со себе етикети за припадници на одредена политичка група. Г-динот Томислав Стојановски нема да може да избега од своето политичко делување, ќе има контраверзии околу неговото политичко делување, еве одредени негови колеги од првиот ред овде верувам дека како коелги од партијата ќе го почитуваат неговото однесуваше за овие четири години други колеги ќе имаат негативно мислење што е нормално политички. Меѓутоа, едно што нема да можеме да избегаме, тоа е дека дефинитивно г-динот Томислав Стојановски имашен силен политички ангажман кој ќе му биде тежина во иднина во функционирањето во Републичкиот судски совет што е тежина и за самиот Републички судски совет. Да не зборувам за секоја ревизија и контрола која тој ќе треба да ја врши на терен заедно со совите колеги однапред ќе биде оптоварена со политички размислувања дека тоа е политички притисок, или политички непритисок со неговото присуство. Јас очекувам сепак до крајот на дискусиите тој да собере човечка и морална сила да се повлече од оваа функција и да најде начин сепак во стурктурите кои остануваат натаму, а најпрепорачлива е пензинскиот фонд да оди сепак под него, бидејќи му е време.

Уште една работа која не стои во биографијата на г-динот Томислав Стојановски а преку која не можам да поминам при гласањето за него, тоа е следното. Г-динот Томислав Стојановски пред две години имаше вистински случај кога можеше да се покаже како правник субјективен неполитизиран и принципиелен. При организирање на толпи за напад на домовите на пратениците, при линчот кој се обиде да се стори тогаш на рпатениците од мојата пратеничка група г-дине Томислав Стојановски постојат индиции дека беше еден од организаторите на тие толпи, нешто од кое тој денес се нема дистанцирано, нешто кое го нема до ден денеска осудено како појава. И сметам дека ако тој навистина учествувал во организирашето на тие толпи во биографијата уште на крајот

треба да му стои во 1998 год, организираше толпи на граѓани за да линчуваат од политички побуди еден друг пратеник. Нешто кое јас сеуште неможам на да го разберам, нешто кое г-динот Томислав Стојановеки ке му остане во целата кариера како тежина и одговорност за нешто што се случуваше во неговиот град во Куманово каде што беше нападната куќата на г-динот Ненад Ристовски, беше малтетирано семејството на г-динот Ненад Ристовски сите тврдеша се дека беа организатори Томислав Стојановски и неговиот син Далаварски, тоа е нешто што ќе му дава секогаш црна дамка во судскиот совет, секогаш кога некој ќе го види присутен таму. Вие г-да пратеници ќе гласате за пратеник кој организираше линч, кој не одбрани друг пратеник од линч, од толпа и кој не се заложи за овие години луѓето кои ја организираа таа толпа, тие нелегални противзаконски собири да го видат лицето на правдата. Јас незнам каде бил, тој сеуште може да се одбрани дека не бил во Македонија, или каде, факт е дека тој никогаш, после тоа си дојде во Македонија, јас незнам дали бил отсутен или присутен, имаше после тоа време, меѓутоа никогаш не ги осуди организаторите, ниту помогна во ова време како партија на власт организаторите на толпата и учесниците на толпата и учесниците на малтретирање на фамилии да се казна. Тоа е тежина која колку и да го изгласате со силата на бројката г-динот Томислав Стојановски ќе му стои како црна дамка во неговата кариера, таа ќе си ја носи, меѓутоа немојте да го ставате на изолација во Републичкиот судски совет бидејќи таму нема да има едноставно авторитет после се она што се случи во овие два дена со дискусиите околу неговата личност. Јас на крајот иак ќе кажам дека ми е жал што мораме на ваков начин да дискутираме. Меѓутоа јас не се чувствувам крив бидејќи некој друг го донесе на дневен ред ова во иоследен момент на ваков начин да се одлучува во иоследните мигови на Собранието.

На крајот би сакал да го повикам г-динот Томислав Стојановски кој очигледно не собра храброст да се соочи со овие наши аргументи и да ги сослуша од вообичаената прва клупа во која седи, избега овие два дена од пратеничката клупа. Очекувам од него сам да се повлече после сите овие дискусии и дилеми кои останаа, бидејќи еден пратеник за мене да биде избран на така висока функција како што е Републичкиот судски совет или друга функција која ја избира Парламентот на РМ

Page 42: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

42

треба да е о задоволен само ако биде избран консензуално. Очиегледно е по дискусиите дека тој консензуално нема поддршака, дека има многу мала политичка поддршка и оние кои се спремаа денеска да гласаат за него очигледно не дискутираат многу во негова одбрана, што значи дека за него моралната димензија ќе остане како тежина. И му препорачувам да не ја прифати таа функција со што ќе покаже една морална доблест. Јас ќе гласам воздржано за ова, бидејќи се работи за овој предлог за избор на член на Републички судски совет, а на предлагачот уште еднаш му апелирам ако може да го повлече и да не спаси од сите овие непријатни дискусии и размислувања околу личноста на еден колега пратеник.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор г-динот Чедомир Кралевкси.

ЧЕДОМИР КРАЛВЕВСКИ:

Почитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, веднаш на почетокот сакам да кажам дека последниве две неаргументирани искажуваша на послендиот говорник, имено дека г-динот Томислав Стојановски бил во организација, односно не застанал во одбрана на некаква толпа што нападнала некакви незнам пратеници. Томислав Стојановски аргументирано тврдам а тоа може да се докаже дека по налог на Собранието на РМ во тоа време беше во Полска. Деновите пред и деновите после. Што се однесува до неговото присуство до мене дали нема храброст да ги слушне дискусиите од колегите пратеници, мислам дека мотивацијата му беше сосема спротивна, не сакаше со своето присуство евентуално да ги оневозможи колегите пратеници да го искажат се она што го мислат и што го знаат за него и неговата личност.

Сега би поминал на мојата дискусија по однос на точката на дневен ред. Во сите досегашни дискусии на претставниците на СДСМ помалку или повеќе јасно беше изразена и потврдена стручноста, компетентност; искуството во струката и способноста на г-динот Томислав Стојановски да ја врши функцијата за која е кандидиран, односно да биде член на Републичкиот судски совет. Имено, никој би рекол, ама баш никој не се обиде да ги негира овие факти кои како ептитети можат слободно да се припишат кон личноста на Томислав Стојановски.

Наспроти ова ако дискусиите на истите претставници на СДСМ се отстранат, најпрвин сите оние

неаргументирание претпоставки за мотивите на кандидатот Томислав Стојановски да биде член на Републичкиот судски совет. Второ, за неговото евентуално идно работење во оваа институција, трето, ако се тргнат на широко цитираните одредби од Законот за Републички судски совет, за надлежноста на Републичкиот судсв совет, но намерно лошо толкувани. Четврто, ако се отфрли тезата дека воопшто може да се најде апсолутно аполитичен човек, ова последново од праста причина бидејќи оваа теза за аполитичен човек е невозможна бидејќи е неприродна, тогаш на површина останува сржта на дискусиите на претставниците на СДСМ што влече корен во нивната генетско-идеолошка тесноградост и заслепеност. Имено, преставата што претставниците на СДСМ ни ја приредуваат нам овде и на широката јавност во РМ претставува повторна промоција и реинкарнација на принципот за подобност, односно неподобност кој принцип требаше да биде отфрлен и оставен на бунештето на историјата веќе повеќе од една деценија. Имено, со промената на политичкиот систем, со настапувањето на плурализмот на политичката сцена во РМ воведен е, а и во пракса требаше целосно да се имплементира еден нов принцип на вредности што се вика принцип на стручност и компетентност. Претставниците на СДСМ велат дека кандидатот Томисалв Стојановски е неподобен за вршител на функцијата член на Републички судски совет бидејќи бил член на партијата ВМРО-ДПМНЕ и само тоа е нивниот аргумент кандидатот да не биде избран на оваа функција. И покрај тоа што ќе повторам сите се служуваат дека кандидатот е стручен и компетентен за обавување на функцијата член на Републички судски совет. Веднаш на ова место би напоменал дека кандидатот Томислав Стојановски неспорно дека е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ меѓутоа, еден друг уставен принцип му дава право секому , па и на член на одредена политичка партија да биде носител на секоја функција, се разбира ако по неговиот избор истиот тој функционер се департизира. Според тоа, уставното право и принципот на достапност на секој граѓанин без оглед на неговата идеолошка припадност до секоја функција и принципот на департизација на тој граѓанин ако биде избран на одредена функција во целост се однесува и важи и за кандидатот Томислав Стојановски. Претставниците на СДСМ со денешниве свои дискусии би рекол со соите излитени и депласирани образложенија одново се обидуваат да го воведат принципот на подобност наспроти

Page 43: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

43

востановениот принцип на стручност и компетентност што претставува нивно робување и нивен идеолошки баласт од старите времиња кога изборот на функционерите исклучиво се вршеше според ниванта идеолошка припадност, а се вршеше без оглед на елиминација на кадри чиј епитет беше стручност и компетентност, се разбира ако овие кадри не припаѓаа на онаа идеолошка структура што беше на власт во минатото, а чии правни и идеолошки следбеници се денеска во опозиција.

Почитувани претставници на СДСМ, слободното општество не знае за такви бариери што вие се обидувате да ги наметнете. Г-да пратници на СДСМ, слободното општество не врши цензура, тоа не поставува идеолошки бариери и граници. Вашите идеолошки предрасуди ве спротивставуваат на принципите на слободното општество. Јас ве уверувам декг ако во едно идно време на дневен ред имаме избор на кандидати од типот на моите уважени колеги како што е г-динот Тито Петковски или г-динот Алекдандар Гештаковски, имајќи ја во предвид нивната докажана стручност и компетентност, истите ќе ја добијат нашата оддршка.

Г-да пратеници, денеска стана збор за принципиелност во однос на однесувањето на СДСМ, денеска и во едно блиско минато време. Во овој контекст би ги апострофирал примерите со г-ѓата Ленче Софрониевска која како истакнат член на СДСМ беше претседател на Апелациониот суд во Скопје, примерот со г-динот Крлевски кој од секретар на Владата е избран за судија на Врховниот суд на РМ, г-динот Тихо Велковски кој како долгогодишен претседател на општинската организација на СДСМ за општина "Карпош" беше најпрво избран за врховен судија на РМ, а пота и за претседател на Републичкиот судски совет. Инаќу што се однесува до партизацијата на правосидниот систем во РМ, настрана што во ваше време избравте 600 судии. Први почнавте да го партизирате и Републичкиот судски совет со угледни функционери на ВМРО-ДПМНЕ наспроти волјата на оваа паритја. Со должна напомена дека за мртвите се најубаво. Вие во 1994 год, за член на Републичкиот судскисовет го предложивте и го избравте заменик координаторот на пратнеичката на ВМРО-ДПМНЕ г-динот Никола Крстевски, иако во тоа време тој имаше истурена позиција на партијата во ова Собрание. Вие г-дине Гештаковски, вие г-дине Никола Попов-ски и

Љубомир Поповски па и Тито Петковски ... (дофрлување од место)

СТОЈАН АНДОВ:

Да му дозволиме на оној кој добил збор, да не злоупотребува: сега Предлагаче треба да не му дозволиме да ви одговори. Каде било тоа во кој парламент?

ЧЕДОМИР КРАЛЕВСКИ: Убаво знаевте дека г-динот

Никола Крстевски по своето правно искуство и по своето би рекол искуство во струката многу заостануваше во однос на сегашниот кандидат г-динот Томислав Стојановски, бидејќи истиот г-дин, бог да му душа прости, ниту ден не бил ниту судија, ниту адвокат, а сепак го избравте. Тогаш се раководевте од вашата тесно партиска позиција од вашите тесно партиски принципи и цели за да добиете едно пратеничкко место повеќе, а тогаш токму сегашниот кандидат г-динот Томислав Стојановски од говорницата ви укажуваше дека постапувате непринципиелно и инсистираше во Републичкито судски совет без оглед на политичкото убедување дека е потребно да биде избран човек со голема професионалност и големо судско, обинителство и адвокатско искуство и искуство во областа на оргнаизирањето на институциите на правосудниот систем. Инаку и јас би го истакнал она што во своето обраќање го истакна г-динот Гештаковски, имено тој го истакна фактот дека токму Томислав Стојановски во 1991 год, кога требаше да се усвојува Уставот токму тој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Уставот на РМ со што докажа дека има силно чувство и сенс за државните инереси.

Г-да пратеници би завршил со надеж дека кандидатот за член на Републичкиот судски совет г-динот Томислав Стојановски ќе биде избран на оваа функција и со голема убеденост дека истиот функцијата член на Републичкиот судски совет ќе ја врши високо професионално, ревносно, доследно во согласност со принципот на департизација и во согласност сск позитивните законски прописи.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Чифлиганец.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Почитгуван претседател,

почитувани колеги пратеници, Мислам дека денес расправаме повеќе часови за едно моежби значајно, но не толку значајно во однос на многу поприоритетни прашања. И како што колегата Чедомир Кралевски

Page 44: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

44

зборуваше повеќе за СДСМ одколку за членот на судксиот совет, зборуваше за еднопартискиот систем за комунистичката партија како се изживувала, но една основа одлика на еднопартискиот систем кај вас г-дине Чедомир Кралевски останува. Ме потсетувавте цели четири години са рефератите кои ги читавте на конгресите на СКМ и СКЈ. А вие сте главиот кординатор на ВМРО-ДПМНЕ, на партијата на власт. Морам да ви кажам дека некогаш не го читавте толку добро бидејки веројатно некој ви помага и во пишувањето. Заатоа, на едно партискиот систем кој бил ниту му одземате ниту му додавате, вие бевте тогаш партиски дисциплиниран војник.

А сега за изборот за член на Републичкито судски совет. И денес и вчера тоа не беше ништо ново, туку тоа беше одраз на денешниот чин избор на член на Судскиот совет на четиригодишната апртизација на државните институции. Јас незнам зошто колегите така сакаат, веројатно веќе трпението го губат, затоа што од ден на ден се се партизира само со една единствена цел, институциите на државата да функционираат само на група луѓе. Јас не сум сигурен дека на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ во интерес е на сите граѓани. Тоа функционира само на група на луѓе кои го нашле личниот интерес. Ако е така, голема среќа е за макеоднскиот народ што г-динот Андов објави дека утре ќе го распушти односно денес нема да работи, извинете.

СТОЈАН АНДОВ:

Не сум рекол така.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ:

Знам, но нема да работи Собранието, затоа што ако работевме уште три дена, веројатно ќе се приватизираше и ако можевте, и водата и воздухот. Кога би можеле вие би го направиле и тоа. За воздухот и водата нема граници, нема изолација.

Господа, така држава не се гради, ниту така се чува. За овие четири години со такви постапки, со партизација на сите државни институции, државата ја дестабилизиравте, ја разградувавте. Не сакам во тоа сега да навлегувам во кои сфери, во кои сегменти и во кои институции, времето ќе покаже, треба да дојдат партии на власт кои можат тешко да го надохнадат тоа, до она што било. Но во оваа прилика сакам да кажам, попартизирана партиска личност од г-динот Томислав Стојановски за последнита 40 години немало.

Попартиски подобен човекод него немало. Бил партиски подобен и за Сојузот на комунистите на Југославија, за Сојузот на комунистита на Макеоднија и после 1990 година одлично се снашол, еволуирал, немам против тоа, така што попартиска подобна личност, г-дине Чадомир Краљавски, нама од наго, може татко да ви биде, за са нашто ва консултира. Затоа, немојте за партискито живот да зборувата. Значи, бил во Народното Југословенско Собрание. Замислета дали можало тогаш, ако не си партиски подобен и тоа ако на си партиски послушник, ако не си продолжена рака, дисциплиниран партиски војник на СКМ. И сага ние зборувама дека СДСМ сака така, СДСМ сака вака. СДСМ сака луѓе кои се стручни, кои се морални. Ние никогаш не рековма за Томислав Стојановски дека е стручен човак, туку раковме тој е само партиски подобан и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ во поваќапартискиот систем. Сага на сакам ниту да му одземам ниту да му додадам. Во една прилика рача г-динот Љубисав Иванов Ѕинго - не дај Божњ г-дин Томислав Стојановски да ме браниш на суд, се ќе изгубам. Проварате во стенографскита белешки. Јас еднаш реков - замислете луѓе, овој човак за овие четири години, иако не беше член на Судскиот совет, ги бираше, влијаеше, дирекно на членовите на Републичкиот судски совет кој ќе биде судија, кој нема да биде. Замислете нашата судска фела колку а потценета, колку е понижана, психологијата на размислувања ја променивме затоа што зависат од еден пратеник, потпретседатал, а сега член на Републичкиот судски совет, од г-динот Томислав Стојановски.

Господо, треба да разликувата што е партиски подобан, а што стручен или добар правник, адвокат и член на Судскиот соват. Така Ванчо Чифлиганец и СДСМ не размислува дека мислите дека тој е стручен за ова работно место, ниту пак мислиме дека има вистински морални вредности. На колку пратеници од СДСМ за овие четири години им се закануваше " ќе видите", "ќе ме запамтите". Да не сте биле во кожата на луѓето кои седеле на оваа страна.

Господине Кралавски, јас ќе бидам среќен некој да ми пишува реферати, да можам така да настапувам заради стенографските белешки, историјата, но таа основна карактеристика или придобивка од еднопартискиот систем си ја зачувал и чувај си ја и понатаму.

Зошто велам, партиски бил подобен господин? Бил судија. На 25 години дипломирал, се вработил како судија, претседател на суд, делегат во Народно собрание, потпретседател, пратеник и т.н.

Page 45: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

45

Сега и член на Републичкиот судски совет. Има повеќе дилеми - со колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои ги почитувам и разговаравме зошто се предлага. Првата побуда на ВМРО-ДПМНЕ е да го предложи Томислав Стојановски за евентуално да не биде на листата на пратеници, за да не се намали рејтингот на партијата. Така што не е чест на г-динот Томислав Стојановски што го предлагате, тоа е на еден уметнички и фин начин да се отарасат, што велат луѓето во Источна Македонија да се откачат, и тие да бидат задоволни, и партијата, како што велат и овците на број и волкот сит. Тоа е едната работа за која вие размислувате и немојте сега да ве прозивам, но тоа нема да го направам.

Втората работа, се зборува дека г-динот Десковски онаков каков што е, ниту сакам да му додадам ниту да му одземам, имам и за тоа право да зборувам, не е доволно партиски дисциплиниран во многу случаи го изневерува тоа што ќе му кажете, така што малку да се амортизира, а може да се случи, да останете уште малку на власт, па да дојде и претседател на Судскиот совет.

Третата причина, веројатно од рационален аспект, од економски аспект сакате фиксните трошоци на зградата каде што е лоциран Републичкито судски совет да е намалат. Тоа е обезбедвуање, осветлување и т.н. ќе се создаде една коалиција меѓу Царината и Републичкиот судски совет, татко и син. Тоа ќе функционира како мед и млеко и мислам дури тогаш удскиот совет ќе биде уште подобар отколку што работеше до сега. (Реакции). Па реков, фиксните трошоци да се намалат, осигурување и т.н.

Можеби еден од побитните критериуми, колеги пратеници, тоа не смееме да го дозволиме и тие што ќе дојдат на власт не смеат да го дозволат. Има една изрека дека перспективата е во младоста или иднината е во младите луѓе. И така е. Денес колегата Томислав Стојановски има еден јубилеј, 70 дена е во седумдесеттата година. Еве, 5 мај, а денес сме 17 јули , значи 71 ден. Замислете каков е тој јубилеј. Кога ќе му заврши мандатот на 77 години, единствено тој може да му конкурира на Јосип Броз Тито.

Колеги, сега се прашуваме дали Македониај нема кадри. Не сум против возрасните, не сум против зрелите луѓе во поодминати години, знањето, способноста, вредноста. Но зарем немаме ние млади кадри од правосудната фела. Луѓе од 45, 50 години, па и 60 години, да го заврши мандатот со 67 години. Ние господа, колеги пратеници, мораме да

размислуваме така. 77 години ќе има кога ќе го заврши мандатот. Колеги пратеници, за тоа треба длабоко да размислиме како се однесуваме затоа што сакаме да ја зачуваме државотворноста, мораме државнит еинституции и правосудството да го држиме токму преку субјекти. Тоа е главна карика во правосудство. Од него зависат 500-600 судии кои ќе се постават. Јас само сакам, како што на нас ни 6еше Господ на помош, и на судиитд кои ги респектирам, на правниците, судиите кои ќе дојдат Господ на помош да им биде кога ќе одлучува г-динот Томислав Стојановски како член на Републичкито судски совет.

Затоа колеги пратеници, јас ќе бидам оваа вечер по среќен, без разлика што имавме така непријатни моменти за овие 4 години, затоа што за животните егзистенцијални прашања народот кој ни дал право да седиме овде 4 години не го оправдавме, за тоа времето ќе покаже. Но еве, да ублажиме пред македонската јавност, г-динот Томислав Стојановски со неговата зрелост, 70 дена во седумдесеттата година сам да се повлече и да каже - господа јас имав толку функции, доволно ми се и сакам понатаму мирно да живеам. Илипак ако тоа не го направи , во што се сомневам, ние колегите рпатеници да му речеме, беше вреден и добар, но за таа функција имаме млади кадри во Република Македонија и тоа не смао во правосудството, имаме доктори, инжењери, лекари. Затоа што нема морални вредности. им рече на загубарите кога штрајкуваа: Ние ќе го ставиме на дневен ред вашето прашање, да одите во пензија со 25 години. Но ги излажа. Ако не сум во право, видете ја снимката, јас тоа го видов на телевизија, и загубарите го кажуваат. Сега сега ние треба во правосудството г-динто Томислав Стојанвоски да го ставиме. Јас верувам дека тој ќе се повлече и ние колеги пратеници нема да го подржиме.

СТОЈАН АНДОВ:

За реплика се јавува г-динот Краљевски.

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ:

Почитуван претседателе, почитувани колеги, јас имав верувајте големо разбирање за моралните, квалитети на г-динто Томислав Стојановски да излезеше овде на говорница и да говореше да кажеме Никола Поповски, Радмила Шекеринска, чистотникот, чистунецот Илија Илоски и т.н. меѓутоа, да излезе човек и да говори за моралните квалитети, кој долго време работел во некои матни зделки во областа на стопанството не е упатно и не е доблесно од

Page 46: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

46

негова страна. Тоа по Кумановски кажано излезе "насмејало се грнче на ваганче".

СТОЈАН АНДОВ:

Уште една реплика, ќе го слушнеме сега г-динот Чифлиганец.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Колега Краљевски, да се

договоревме така немаше да настапиш, како да си потплатен од некого, а јас немам таква можност да потплатувам. Ниту си грнче ниту си како беше тоа другото? Тоа е голема работа, ни тоа не го заслужуваш. Тоа се методите кои си ги научил од г-динот Стојановски, да преташ, да кажуваш, да измислуваш. Претходниот говорник на кој му реплицираше, ти можеш само да сонуваш за тоа што го постигнал и што го направил за оваа македонска држава на планот на економијата, на стопанството на градење меѓу човечки односи, никогаш не сум ги двоел луѓето по партии и по нации и на чие чело сум се наоѓал, компанијата беше најуспешна во Југоисточна Европа. За тоа мислам дека има аргументи. Имај предвид дека сум се борел сам. Имај предвид јас работев во системот, во повеќепартискиот систем и кога беше СДСМ само го користев амбиентот, правните законски регулативи. А тие методи по кои сега што постапи, тоа не е ништо повеќе туку сталинистички методи, да девалвираш некого и т.н. Со еден аргумент кажи дали една коцка за својата улица, за своето Куманово, за оваа Република Македонија како координатор на ВМРО-ДПМНЕ направи или да ја афирмираш македонската држава. А јас десет работи ќе ти кажам. Ќе ви кажам на вас лично, не на партијата. Така што морам да ти кажам, има една стара поговорка "на оџа пезевек не се вика".

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Сејфедин Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ: Почитуван г-дине претседателе на

Собранието, господа пратеници, јас денес искрено да ви кажам не сакав да дискутирам, воопшто не сакав да дискутирам, само со една намера дека и претседателот Андов како прав парламетарец тука, а воедно и сите ние пратеници ќе бидеме во одбрана на Уставот и законитоста во Собранието на РМ. Но за жал ова останува да се толкува само на одредени, господа пратеници, кои учествуваа доста аргументирана и со содржајни дискусии во нивните излагања.

Бидејки зедов збор, јас не можам да бидам рамнодушен, а да не го прочитам членот 104, став 3 од Уставот на РМ кој е дециден и гласи:

"Членовите на Републичкиот судски совет се избираат од редот на истакнати правници".

Се наметнува прашањето со што досега г-динот Томислав Стојановски се покажа како истакнат правник и во онаа мала кратка биографија, која тој во својот ангажман, според мене што нема критериуми да се мери таа истакнатост во правните работи. Истакнат правник - како можеше да го толкува членот 104 кога тој досега не покажал ни најмалку правничка мудрост. Ова е мој впечаток и личен став. Тој со се се истакнал, но професионално не ми дава да верувам дека тој е меѓу истакнатите правници. Дотолку повеќе, роден е 1933 година, 69, па можеби и кусур, 70 години има, што со Уставот и правните норми е дозволено, има право. Меѓутоа, ако тој досега бил истакнат и совесен до крај немаше да прифати воопшто да биде предложен од страна на Комисијата за избори и именување. Кога реков дека г-динот Томислав Стојановски се истакнал со се, само не со правничка мудрост, јавноста не само овде во Собранието туку и од првиот мандат негов знае, во Куманово и околината го знаат за несериозен човек. Несериозен човек, демагог и тоа меѓу првите демагози. Доколку е истакнат како судија и како правник, како го читал Уставот на РМ, истиот член став 5 - "член на Републички судски совет е неспојливо со вршење на други јавни функции и професии или со членување во политички партии". Повторно од третиот став од член 104 од Уставот.

Господа, Томислав Стојановски се идентификува како член на една партија и тоа многу громогласно. Тој на тој дрес и понатаму се идентификува. Повторно се наметнува прашањето како тој истакнат правник го чита овој став. Како го чита и како го разбира. Јас не сум правник, меѓутоа, така како што тој го разбира и го прифаќа јас не го сфаќам овој став на член 104. Доколку е истакнат како го разбрал став 5 од член 104.

Доколку го сваќа така како што тој го чувствува повторно се наметнува прашањето дали тој има навистина позитивен судски ангажман во неговата практика. Јас не сум убеден и затоа и со предлагачот и со сите што стојат зад неговиот избор јас се согласувам, затоа што така вие го толкувате Уставот, а Уставот е главна одредница по која треба да се однесуваме ние. Ова е чиста демагогија, што еден претходен дискутант, претседател на Комисија за избори и именување го обвинува политичка партија и некои други, а јас го повикувам тој како правник како го чита и

Page 47: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

47

како го разбира овој член на Уставот, како и самиот Устав, бидејќи тој е правник. Не ни дозволува совеста така да се однеуваме, особено кога Уставот го имаме пред себе и можеме да го читаме и секој на одреде начин да го чувствува и да го разбира.

Да не сум во ваша кожа, најискрено ова го велам, затоа што за одредени ситуации и моменти и Уставот ние го толкувате онака како што го чувствувате и како што сакате да ги разбирате одредбите на самиот Устав. Плус тоа, воопшто не се разликувате еден од друг со некои варијанти или толкувања на Уставот онака како што го бараат правните науки. Вие мислите едно исто. Се вчудува човекот, а и јавноста, затоа што фала богу има доста во јавноста кој ја следат оваа собраниска дебата и некои се доста упатени правници и луѓе кои што се занимаваат со правните науки. Јас повторно ќе потенцирам, се согласувам со вас од партијата ВМРО дека така го толкувате Уставот затоа што така го чувствувате вие, а Уставот не е направен по Урнек на некоја политичка партија. Ние денеска сме тука, другите што ќе дојдат по нас исто така ќе се раковода со овие правни норми, меѓутоа, доколку тие оваа практика и оваа пракса ја следат од нас богами не овој систем и овие институции ќе се претвора во една локална самоуправа, кога не сме на одбрана на Уставните одредби Нека се жалиме од јавноста, од надворешни притисоци за нашето однесување или за подривање на системот на институциите кога самите сме виновни за се она што се случува околу нас и во самите нас. Никој не ни е крив господа, што ќе сееме тоа ќе го жнееме.

Господо од ВМРО-ДПМНЕ Ви се обраќам доколку сакате да биде примен вашиот член во таа многу чувствителна судска институција, прво вие имавте време да го смените член 104 од Уставот на РМ. Требаше да барате, имавте мнозинство можете тоа да го направите и тоа пред три-четири месеци, пред пола година итн., и да го прилагодите членот 104 онака како што вие го чувствувате и вие го толкувате самиот Устав. Јас нема што да дискутирам, јас сум професор по јазик и литература. Вие и барате нешто и незнаете како тоа треба да го примените. Овој урнек на однесување е само еклатантен пример на нашето однесување. Јас жалам што не гледам ни најмалку шанси за отрезнување. Нас ни претстојат и многупотешки вррмиња, а јас сум уверен дека едно многу блиско идно време ќе биде тешко за нас. Јас најсериозно ова го велам дека не гледам воопшто ни

шанси за отрезнување. Првиот парламентарец во одбрана тоа што треба да го направи тој тоа не го презема. И кога ќе му спомнеш име тој толку е алергичен, а ние сме колеги рамноправни скока, наместо да биде во одбрана како што има обичај и да не прекинува...

СТОЈАН АНДОВ: Вратете се на темата што е на дневен ред.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

На темата сум и не само вас, туку и сите ги повикував на одбрана на Уставот на Република Македонија. Јас сум на тема, не сум надвор од тема. Има прилики некогаш кога сум скршнал од темата, меѓутоа денеска сум токму на темата. И, како ќе верувам дека е предложен меѓу истакнати правници.

(Зборува на албански - не го разбирам).

Биди малку сериозен господине, бидејќи имаме право сега и албански да се употребува тука. Јас верувам дека се истакнува во правосудната практика како истакнат правник меѓутоа, не со позитивна, со несериозна судска практика Господ нека ни помогне сега. Доколку беше сериозен кандидат не ќе прифатеше. Ова го повторувам по втор пат.

Член 105 од Уставот на Репбулика Македонија, параграф втор исто така е многу дециден и јасен - Републичкиот судски совет одлучува за дисциплинска одговорност на судиите, бидејќи таа институција следи како работи целото судство во Република Македонија. Како ќе може да ја следи работата на судството во Република Македонија кога тој самиот не е чист. Досега на јавноста и е познато дека тој е од пети па до глав корумпиран човек. Како ќе може тој да се бори против корупцијата во суд ството, а во судството не еднаш туку често пати имаме прилики и судство то да биде корумпирано и со несовесно работење. Тој, таа практика и политика како ќе биде во состојба да ги следи, да ги гони, или пак на јавноста да и презентира материјал за одредени судии кои не се совесни, дека клекнале, образот не им значи ништо, а тој ќе мора сериозна постапка да покрене против таквите судии.

Како постапи на пример г-динот Томислав Стојановски за дисциплинска одговорност на судиите кога тој...

(Реакција на некои пратеници во салата).

Господине Спанаќов вие сте од медицинската бранша затоа се смеете. Како ќе може да воведе дисциплинска постапка за нерегуларноста во судството кога тој самиот

Page 48: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

48

е нерегуларен. Тој ќе побара уставно та и законитоста, кога тој самиот не е во состојба да ги примени уставноста и законитоста. Тој ќе мора секако како истакнат судија да им предочи, а како ќе им предочи кога тој самиот не го разбира Уставот. Кога самиот тој не е во состојба да ги почитува Уставот и законитоста во Република Македонија.

Како ќе може да иницира г-динот Томислав Стојановски дис-циплински мерки на судии на сите тие судски институции во Р.Македонија кога тој самиот не е во состојба тоа да го брани. Како ке се бори проти корупцијата во судството кога е корумпиран. Воедно на господата албанци, на г-дата албанци им се обраќа.

Немавме ли ние можност да го користиме член 104 став 2, ко произлезе од Рамковниот договор. Утре доколку двотретинско мнозинство го подржуваме Томислав Стојановски сите ќе ни се смеат. Албанците немал свој член и да го користат своето право за предлог на албанец во тој судски совет, во таа многу значајна судска институција. доколку го подд жуваме за нас ќе биде срамна поддршка. Тоа воедно ќе се разбере дека ни меѓу албанците немаме истакнат правник, така ќе се разбере во јавноста во албанскаста популација дека немаме истакнат правник мегу редовите на албанците и го предлагам е најкорумпираниот што се кажува меѓу имиња та предложени г-динот Томислав Стојановски.

Јас лично нема да го поддржувам и недаа да гласам за тоа, меѓутоа би било пожелно и г-дата албанци да не ја дадат истата поддршка.

Доколку се гласа, претпоставувам мнозинство има не застанавме во одбрана на Уставот и законитоста во оваа институција. Не застанавме и таа ќе биде една голема слабост за сите нас познавајќи го г-динот Томислав Стојановски.

Со ова ќе покажеме дека ние ја легитимираме нелегитимната власт, ја легитимираме нашата нелегитимност. Ние со тоа ќе можеме да излеземе со наведната глава пред нашите избраници и дека нивниот јазик ние не бевме во состојба да го потврдиме онака како што им доликува на самите народни избраници.

Воедно на крајот и да заклучам ќе докажеме дека не само Владата на Република Македонија, туку и Собранието на РМ, ќе се покаже дека нема капацитет да се справи не само против корупцијата, не само со нелегитимните наши однесувања

овде, туку ќе ја потврдиме и нелегитимната власт во РМ. Ние ќе им дадеме широк простор на оние што ќе ја злоупотребуваат ова наше неодговорно однесуваше.

Повторно, јас не гледам шанси за отрезнување, бидејќи некој како на бал, така го осеќа своето присуство во Собранието на РМ.

Незнам г-дине Андов дали бев на темата, или надвор од темата.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Чедомир

Краљевски.

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ:

Почитуван претседателе, почитувани колеги и од претходниот дискутант и од сегашниот дискутант беше апострофирано некоја морална црта на г-динот Томислав Стојановски во насока на коруптивност, некоруптивност, некои такви морални негативности од негова страна.

Сакам во негово име, бидејќи сега тој не е присутен и како претседател на Комисијата за избори и именување и во сопствено име и предлагач да кажам дека ако ништо друго господинот Томислав Стојановски скоро целиот свој работен век го помина, да употребам таков израз, во приватниот сектор. Тој никоташ ниту бил соработник на службата за држав! безбедност, ниту бил директор "успешен" или "неуспешен", директор на некој стопански гигант, ниту имал прилика да доведе стопански гигант во состојба да не може да ги врати кредитите во износ од 78 милиони германски марки, па затоа морала државата да преземе обврска, и тоа направени во еден кус временски период од 6 години. Ниту имал прилика да склопува некакви зделки, да склучува зделки од матен карактер. Томислав Стојановски скоро целиот работен век бил адвокат, имал непосре, ни односи со своите странки. Колку странките биле во можност да му платат, или да му дадат за неговите услуги тоа е прашање на самите странки и негово прашање и на нивен договор, така да кога се зборува за елементот корупција во моралноит лик на господинот Томислав Стојановски мислам дека се нема аргументи токму од тие причини.

СТОЈАН АНДОВ:

За реплика се јави г-динот Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

Колку повеќе го браните, толку повеќе влегувате во смола, во кал од каде што не ќе можете да излезете.

Page 49: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

49

Господа, ова Собрание застанува зад избор на Томислав Стојановски и предлог на Владата на Република Македонија. Таа и во после ните свои денови кога, реков пред малку, не гледам шанси за отрезнување го легализира и натаму во систем и институции, корупцијата на РМ. Незнам за Чедомир Краљевски и за многу други тука господа, и Спанаќов и Звонко запознаени се пред година ипол за сите овие банкноти...

(Покажува фотокопии од германски марки, во износ од 43 илјади германски марки).

кои се дадени за поткуп и со единствена цел ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да остане на власт.

Доколку господата и на ваквите аргументи не ја затвори устата, можете да викате, на г-динот Андов за успомен му ги оставам да ги прелиста.

(фотокопиите од банкнотите германски марки ги остава на г- динот Стојан Андов).

Јас толку имав за својот образ и за своето лице, само никогаш и по третиот мандат ниту цимолев ниту молев, ни најмалку клечев пред тој притисок и пред таа корупциона Влада. Не дрзнав во невреме, невреме е денеска, меѓутоа, дрзнав за да им се докаже, да им се докаже на јавноста дека ние се соочивме со многу нешта, меѓутоа, нештата повеќе во нашето однесување беа само валканите работи. Ја брукавме честа на целиот народ во РМ, и меѓу нив и на албанците и на македонците и на сите други. Меѓутоа јас се обидов и на оваа говорница по она народното "јас во христијанско село барам каде е куќата на оџата". Да, во христи-јанско село барам каде е куќата на оџа, затоа некогаш сме испаднале смешни, па некогаш сме и претерувале, меѓутоа честа и достоинството нема цена. Нема цена господа. Некој бирањето и влегувањето во политика го сваќа само со една единствена цел - да се збогатат да крадат да корумпираат и да се вратат дома. На таквите јас нема да се согласам, секаде ќе биде голем противник.

СТОЈАН АНДОВ:

За збор се јави г-динот Чифлиганец.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Јас би го замолил колегата

Чедомир Краљевски, незнам дали сум грешка што сум се препознал во неговата реплика, дискусија, дека некои директори за шест години ги задолжиле своите компании со

70 милиони марки. Дали тоа се однесува за мене или за некој друг.

Господине претседателе јас се препознав во тоа и најучтиво сакам да прашам.

(Реакција на пратениците во салата)

Колеги пратеници, јас дали сум се препознал или не сум се препознал, доколку колегата Краљевски мисли на некои други директори тоа е нивни проблем, јас би сакал со факти да се оградам.

Единаесет години бев главен менаџер на единствениот рудник за бакар во Македонија. За 11 години не сум земал ниту еден кредит, ниту сум ја задолжил РМ, само ја раздолжував и се што беше рудникот Бучим фактор на развој за општина Радовиш и за Македонија. Со сите платени придонеси и за компанија зад која стоеја само вработените во Бучим. Ниту министри, ниту Влада.

Ве молам, нивото, и за тоа може да дискутираме и затоа сакам аргументи ако треба и тркалезна маса бидјеќи многу приказни се плетат и ако беа вистинити тие приказни незнам каде ќе ни беше крајот. Ако се мислеше на мојата личност мислам дека тоа е дезинформација што ние пласирана, затоа што тоа беше најуспешното претпријатие со животен стандард, со развој, со раздолжување ни денар ни марка ни долар, само сс развој го красеше рудникот Бучим. Таквите невистини дека некој е задолже 70 милиони марки, јас секмогаш сум бил поборник за оние луѓе кои ја задужувале РМ, да немаат можност по втор пат да ги прават истите грешки ИЛИ

приближно. Имав потреба да се јавам, а најмалку мислев да реплицирам.

СТОЈАН АНДОВ: Процедурално збор има

господин Љубомир Поповски.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Благодарам претсдателе. Би сакал да ве потсетам дека некаде токму во ова време, вчера вечер.потсетивме дека оваа точка на дневен ред, што давате голем пироритет ќе трае подолго време и еве, тоа се обистинува. Поминаа скоро 2 4 часа а ние сеуште сме на таа точка. Мислам дека не се пледа ни крајот кога ќе биде расправата на оваа точка.

Бидејќи сметам дека во моментов, мој предлог е и тогаш рековме дека би било добро да се даде приоритет на Законот за служба во АРМ, министерот седи овде цел ден, веројатно има поважни работи што треба или му стојат да неможе да ги

Page 50: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

50

работи, со слушање овде на една расправа, дотолку повеќе што верувам дека и тој има свој коментар на сето ова што се случува, како еден од творците на Уставот на РМ, околу неговата директна имплементација во конкретниот случај.

Јас би ве замолил, би ве замолил да ја прекинеме расправата по оваа точка да одиме на расправа по Законот за служба на АРМ, бидејќи станува збор за многу значаен закон на кој што чекаат сите припадници на. АРМ, бидејќи претставува еден мал Устав на нашата Армија. Вас, господине претседателе би сакал да ве потсетам, во својство на претседател на Собранието во отсуство на претседателот на државата го заменувате во неговите функции па и во делот на одрбаната и се надевам дека имате чувство на одговорност.

СТОЈАН АНДОВ: Што Ви е предлогот?

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Предлогот е да се прекине оваа

точка и да одиме на усвојување на овој закон.

СТОЈАН АНДОВ: Молам, предлогот на

господинот Поповски, бидејќи сум должен предлозите од процедурален карактер да ги дадам на изјаснување на Парламентот, молам предлогот на господинот Љубомир Поповски го ставам на гласање.

Ве молам да гласаме. - Вкупно гласале 71 пратеник, за гласале 25 пратеници, воздржано гласале 8 пратеници, против гласале 38 пратеници.

Констатирам дека. - Господинот Поповски има забелешка на гласањето. ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Бидејќи се сомневам во кворумот претседателе, а без разлика на тоа во резултатот уште повеќе, барам поединечно изјаснување и поддршка од 10 пратеници.

СТОЈАН АНДОВ:

Молам, дали има поддршка од 10 пратеници? (Пратениците креваат рака).

Бидејќи има поддршка на повеќе од десет пратеници, молам да се изведе поединечно гласање.

КАРОЛИНА ОГЊАНОВИЌ-ЧУКАЛИЕВА:

ЈОНУЗ АБДУЛАИ -против

АБДУРАХМАН АЛИТИ -отсутен

АБДУЛА АЛИУ -воздржан

ЌАНИ АЛИУ -воздржан

МИЛОЈКО АНГЕЛОВСКИ -отсутен

СТОЈАН АНДОВ -воздржан

КИРИЛ АНДОНОВСКИ -отсутен

МАГДАЛЕНА АНТОВА-ВЕЛЕВСКА -за

ЉУПЧО АНУШЕВ -против

АМДИ БАЈРАМ -против

ДЕМУШ БАЈРАМИ -отсутен

ФАДИЛ БАЈРАМИ -отсутен

ДИМИТАР БАТКОСКИ -воздржан

МЕРСЕЛ БИЉАЛИ -отсутен

ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА -против

ЈОРДАН БОШКОВ -отсутен

ДИМИТАР БУЗЛЕВСКИ -за

АБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ -отсутен

СЛОБОДАН ГАРЧЕСКИ -против

ВАСИЛ ГАЏОВСКИ -против

МИХАЈЛО ГЕОРГИЕВСКИ -против

ТРАЈКО ГЕШОСКИ -воздржан

АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ -за

ДАНИЛО ГЛИГОРОСКИ -отсутен

ПЕТАР ГОШЕВ -отсутен

СЛОБОДАН ДАНЕВСКИ -воздржан

ЗАМИР ДИКА -воздржан

ВАНЧО ЃОРГИЕВ -отсутен

ИЛИЈА ЃОРЃИЕВ -отсутен

ФАТМИР ЕТЕМИ -отсутен

ВАСИЛ ЕФТИМОВ -отсутен

НАСЕР ЗИБЕРИ -отсутен

ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГО -отсутен

МИРКО ИВАНОВ -за

ИЛИЈА ИЛОСКИ -за

ДЕЛЧЕ ИЦКОВ -против

ЖАРКО ЈАНКОСКИ -против

НИКОЛА ЈОВАНОВ -отсутен

ВЕСНА ЈОВАНОВСКА -против

МАРИКА ЈОРДАНОВА -против

НАЗМИ КАДРИУ -воздржан

РАДОМИР КАРАНГЕЛЕСКИ -отсутен

ЖАРКО КАРАЏОСКИ -против

РЕНАТА КЕРПИЧОСКА-БОШЕСКА -против

МИТКО КИРОВ -против

ЛАЗАР КИТАНОСКИ -отсутен

САВО КЛИМОВСКИ -отсутен

СТОЈАН КОВАЧЕСКИ -за

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ -против

ИЛИЈА ЛАЗАРОВ -воздржан

ГОРАНЧО ЛАЗОВ -против

БИЛАЛ ЉУТФИИ -воздржан

ЈАНИ МАКРАДУЛИ -отстутен

Page 51: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

51

ВАСЕ МАНЧЕВ -воздржан

НАТАЛИЈА МАРКОВИЌ-ДИМОВА -отсутна

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА -против

ДИСПИНА МАРКОВСКА -против

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ -за

ДРАГАН МИТЕВСКИ -отсутен

КИРИЛ НАСТЕСКИ -отсутен

РУБЕНС НАУМОВСКИ -отсутен

ГОРАН НЕВЕНОВСКИ -против

ЛАТИФ ПАЈКОСКИ -отсутен

АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ -против

ВАНЧО ПАНЧЕВ -против

ИЛИЈА ПЕМОВ -против

ТИТО ПЕТКОВСКИ -за

ЧЕДО ПЕТРОВ -воздржан

ТОМИСЛАВ ПЕТРОВСКИ -против

АЗИС ПОЛОЖАНИ -отсутен

СТОЈАН ПОПОВ -отсутен

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ -за

ЧИКОЛА ПОПОВСКИ -за

ИЛИЈА ПРАНГОСКИ -против

ИСМЕТ РАМАДАНИ -отсутен

ЉУПЧЕ РИСТЕСКИ -против

НЕНАД РИСТОВСКИ -отсутен

АЦЕ САЈКОСКИ -против

АСЛАН СЕЛМАНИ -за

БОРЧЕ СИБИНОВСКИ -отсутен

ВАНГЕЛ СИМЕВ -за

РИСТО СПАНАКОВ -воздржан

КРАЛЕ СПАНЧЕВСКИ -против

ЃОРЃИ СПАСОВ -отсутен

МИЛАН СТАВРЕВ -воздржан

НАЌЕ СТОЈАНОВСКИ -отсутен

ТОМИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ -против

ВОИСЛАВ СТОЈАНОСКИ -против

БЛАГОЈ СТОЈКОВСКИ -отсутен

ЗЛАТКО СТОЈМЕНОВ -за

ВЛАДО СУГАРЕВСКИ -против

ОЛОМАН СУЛЕЈМАНИ -отсутен

РИЗВАН СУЛЕЈМАНИ -против

АЛЕКСАНДАР ТАЛЕВСКИ -воздржан

МЕВЉАН ТАХИРИ -отсутен

МИТКО ТИЛЕВСКИ -против

ЃОРЃИ ТОДОРОВ -за

РИСТО ТОДОРОВ -отсутен

ПАВЛЕ ТОДОРОВСКИ -воздржан

ПАНДЕ ТОМОВ -против

КОЦЕ ТРАЈАНОСКИ -против

ГОРАНЧО ТРАЈКОВ -против

ТАНАС ТРАЈКОВСКИ -отсутен

АЛЕКСАНДАР ТРПЕВСКИ -против

БОРИСЛАВ ТРПОВСКИ -отсутен

СЛОБОДАН ЌОСЕВ -отсутен

ТАКИ ФИТИ -отсутен

АЛЕКСАНДАР ФЛОРОВСКИ -отсутен

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ -отсутен

БЛАГОЈ ХАНЏИСКИ -за

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ -за

КАСТРИОТ ХАЏИРЕЏ -отсутен

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ -отсутен

МИЛАНЧО ЧЕРКЕЗОВ -воздржан

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ -за

АРБЕН ЏАФЕРИ -отсутен

АЛИЈА ШАХИЌ -против

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА -за

СТОЈАН АНДОВ: Констатирам дека вкупно

гласале 72 пратеници, од кои за гласале 18 пратеници, против гласале 37 пратеници, воздржано гласале 17 пратеници.

Според тоа, констатирам дека предлогот на господинот Љубомир Поповски не е прифатен.

Збор има Шеќеринска Радмила.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Благодарам. Добро, видовме

дека е поинтересно или поприоритетен е изборот на еден член на Републичкиот судски совет од Законот за служба во Армијата, меѓутоа, очигледно тао е одговорност што секој од нас со гласањето ќе си ја понесе. Јас се извинувам и колеги пратеници и претседателе што морам по втор пат да говорам за истата тема, мислам дека тоа во принцип е непожелно, особено кога Собранието работи четири дена, навистина долго време. Сите сме уморни. Верувајте и јас сум уморна. Меѓутоа, сега имавме можност за прв пат да слушнеме нешто повеќе од аргументацијата што по се изгледа го водела предлагачот на дадениот кандидат за член на РСС и мислам дека мора по малку да продолжи оваа дискусија, бидејќи во тек на одбраната или во тек на одбраната на овој предлог мислам дека самиот предлагач го доведе во прашање она што ни го има поделено како биографија на кандидатот.

Барем во два наврати го спомнува следното, предлгачот од

Page 52: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

52

Комисијата за избори и именувања господинот Чедомир Краљевски:

Прво спомна дека кандидатот не бил на високи функции и заради тоа не бил во можност да биде вклучен во било какви корупции или криминал што поништува барем дсве реченици, кои што стојат во биографијата на господинот Стојановски. Не мислам дека е малку дека не е висока функција, дека некој работел во Општински суд во Република Македонија, а уште помалку дека е мала функција, доколку бил претседател на Општинскиот суд, поконкретно во Општинскиот суд во Кратово. Исто така не мислам дека е отсуство на високи државни функции, доколку некој кандидат бил пратеник во Македонското собрание и тн. Значи, прво мислам дека самиот предлагач по малку беше нејасен во оваа своја формулација и на некој начин ги погази зборовите позади кои што стои како предлагач.

Втората грешка што можеби му се некако промакна во целата дискусија е дека зборуваше за начинот на кои се вршеле и вршат избори на судии, спомна дека некои пратеници или некои политички партии имаат проблем, заради тоа што во некое бившо време изборот се правел исклучиво по идеолошка припадност. Мислам дека со ова предлагачот го доведе во многу непријатна ситуација, токму кандидатот кој што предлага. Имено, кандидатот кој што го имаме на маса со своја биографија, веќе извршувал високи функции во судството, за кои што неговиот предлагач тврди дека биле извршени исклучиво по идеолошка основа, односно по идеолошка припадност. И двата аргумента се всушност аргументи во полза на одбивање на овој предлог, а не во полза на подршка на предлогот. Меѓутоа, она што мислам дека беше понефкусно иако морам да кажам дека ценам предлагачот најпосле собра сила да го образложи својот предлог и да го одбрани, верувам не беше тоа многу поеакувана ситуација за господинот Краљевски, меѓутоа мислам дека спомна две работи, кои што во суштина се опасни кога ќе се пласираат како тези во Македонското собрание. Прво, како аргумент на својата теза, сакаше да искористи дека наводно некои пратенички групи, или некои пратеници кои што се противат на овој избор, страдаат од некаква генетско -идеолошка матрица. Досега многу пати сме биле

обвинувани сите, можеби едните со другите се обвинуваме за различни идеолошки гиатрици, кои што не би дозволуваат да гледаме пошироко. Меѓутоа, последен пат кога јас сум чула дека некој обвинувам за генетско идеолошка матрица, е во времето на фашизмот. Се извинувам господине Краљевски, се извинувам господине претседателе на Македонското Собрание, но мислам дека прво не е во ред, дека апсолутно е недозволиво да се прават вакви некои споредби, паралели, да се прават вакви конструкции и второ, мислам дека дури и претседателот на Македонското Собрание требаше да интервенира и да го предупреди господинот Краљевски дека конструкцијата која што ја прави е по малку опасна. Да обвините некого за генетска матрица, навистина веќе влегува во еден друг тип на дисквалификација, не е ни само политичка дискфалификација. Затоа очекувам или се надевам дека господинот Краљевски или ќе се извини, или ќе каже дека тоа не е тоа што мислел, затоа што навистина не верувам дека смета дека има некои генетски разлики помеѓу различните политички партии, или помеѓу тие кои го подржуваат господинот Стојановски и не го подржуваат господинот Стојановски. Мислам дека тоа е премногу.

Втората теза која што ја пласираше господинот Краљевски како предлагач е дека, во суштина треба да се откажеме од идејата дека е можно да се предложи аполитичен човек, а тоа беше неговата конструкција, бидејќи аполитичните луѓе се неприродна појава.

Прво, не мислам дека ние имаме право да кажеме дали тоа е природна или неприродна појава. Има луѓе кои сметаат дека се аполитични, уставот и законите, дури и тоа им го даваат за право и никој не може да им го одземе. Меѓутоа, посуштински е дека ставот дека аполитичност не постои, согласно тоа треба да се откажеме од идејата за деполитизација на судството, ве доведува вас како партија во непријатна ситуација. Тоа уште претходно го споменав. Или откажете се од тезата дека на судството му е потребна деполитизација, или променете ја својата програма во која децидно тврдите дека ќе овозможите деполитизација на судството, трето нема. Значи, немојте за да си браните неодбранлив предлог, да влезете во подлабока кап, а тоа е да тврдите дека

Page 53: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

53

деполитизацијата на судството е невозможна појава, или е дека илузија од која што патат сите демократски држави во светот, ама ние во Македонија сме откриле дека е тоа невозможно. Претседателе, ако може да ве замолам да ги замолите колегите да ја запрат музиката, која што незнам од кои извори доаѓа и која очигледно е со цел да се попречат дискусиите.

Господине претседателе, можеби во ова Собрание.(галама во салата).

СТОЈАН АНДОВ: Немојте да викате ве молам,

тишина. Седете си мирно. Шеќеринскса зборува.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: Господине претседателе, во

ова Собрание има пратеници со наприродни способности, верувам. Искрено да ви кажам јас сепак немам неограничени способности, не можам да зборувам на темата доколку од другата страна слушам симфонии кои што траат 15 минути.

СТОЈАН АНДОВ: Еве, ги смирувам сите. Тишина ве молам.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Благодарам. Тие кои што не можат да слушаат дискусии, имаат барем право да ја напуштат салава. Јас не можам да зборувам надвор од салата.

Денешната кратка проверка на ставовите, принципиелноста, позицијата, дури и политиката на кандидатот Стојановски, мислам дека и по малку ни ја олеснува позицијата на опозиција.

Претседателе, ќе ве замолам, ако не може да се обезбеди ред во салата. (повторно голема галама во салата проследена со музика).

Или ќе решиме дека сме филхармонија, или дека сме Собрание. Не можеме двете во едно, ве молам.

(Претседателот Стојан Андов повторно ги опоменува пратениците за тишина).

Благодарам претседателе, се надевам дека вашите забелешки ќе ги почитуваат останатите колеги. Значи, доволоно беше да се анализира само гласањето по повод процедуралниот предлог на господинот Поповски и да се види дека господинот Стојановски не беше ни толку принципиелен, па во ситуација кога треба да бира дали да се зборува за

предлог законот за служба во АРМ или за неговото назначување за член на Републичкиот судски совет, не избра да рече дека во ситуацијава е засегнат, дека има конфликтни интереси и како таков да не присуствува на гласањето, или барем да гласа воздржано. Мислам дека елементарно.

(Голема галама во салата и претседателот повторно ги опоменува пратеницит.)

Четврта среќа ова можеби ќе биде. Значи, велам во ситуација кога господинот Стојановски имаше можност да бира, од една страна барем да изгледа принципиелен, да не убеди со едно од последните гласања како пратеник, дека сепак цени дека во ситуацијава има пред себе конфликт на интереси и да се откаже од гласањето и од друга страна, неговиот страв дека можеби нема да стигне на дневен ред и дека можеби нема да има време да биде изгласан за член на Републичкиот судски совет, тој си ја избра.

(Галама во салата).

Господине претседателе, ако се трудат колегите да играат на нерви, верувајте ќе издржиме. На ваков начин само може подолго да траат дискусиите.

СТОЈАН АНДОВ:

Тишина ве молам.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА:

Несакајќи можеби колегите ме доведуваат во ситуација 15 пати иста работа да ја повторувам, меѓутоа навистина нема концентрација.

СТОЈАН АНДОВ:

Пауза 15 минути. Малку искажете се што сакате, па ќе продолжиме. (По паузата седницата продолжи со работа во 19,40 часот).

Зборува госпоѓицата Шеќеринска. Ве молам затворете ја вратата.

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА: Благодарам претседателе, да

почнам со реченицата која никако не можев да ја завршам пред паузата. Мислам дека последната процедура на гласање ни ја покажа во вистинска светлина политичката филозофија на господинот Стојановски и мислам дека од тоа политичко кредо можеме да заклучиме на кој начин тој ќе се однесува и како евентуален на РСС и мислам дека е тоа проблем. Имено, во последната ситуација во Македонското Собрание, кога кандидатот за член на РСС можеше да бира помеѓу личниот интерес, а личниот

Page 54: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

54

интерес му велеше мора да се заврши оваа точка за да со сигурност бидам избран за член во РСС и општиот интерес, а мислам дека сите ќе се согласиме дека сепак законот за служба во АРМ е општ интерес, интерес не само на оние кои што се припадници на АРМ, туку и на сите оние чија сигурност и безбедност зависи од функцинирањето на АРМ, тој се одлучи да го избере личниот интерес. При тоа, дури не се обиде тоа да изгледа малку попристојно и да го напушти гласањето, или да гласа воздржано. Конфликтот на интереси е тема која допрва ќе се наметнува на македонската политичка сцена и се надевам дека ние како политичари ќе стануваме малку почувствителни и ќе внимаваме како функционираме. Меѓутоа, со овој последен чекор претпоставувам дека ни беше покажано дека врвовите на владеачката партија во моментов и евентуалните нови членови на една од важните делови на судската власт не го делат истото мислење. Зошто? Да резимирам. Сметам дека Македонското Собрание не треба да го подржи овој предлог на Комисијата за избори и именувања.

Едната причина веќе на долго беше елаборирана и не би сакала повеќе да навлегувам во неа, тоа беше проблемот со политизација на судството, кој како процес со оваа одлука ќе биде само уште повеќе зајакнат. Не сакам дури ни да спомнувам еден од аргументите кои беа чуени, тоа беше проблемот со возраста, не со возраста, бидејќи возраста никогаш и не смее да биде проблем, туку со исполнувањето на условите за пензија, при што парламетнарното мнозинство мислам манифестираше многу различни аршини во проценка на исти ситуации, а тоа е во една ситуација исполнувањето на условите за пензија значеше моментално пензонирање и разрешување, а во овие услови тоа не значи ништо, дури и се протежира такво ново решение за член на РСС.

Вториот аргумент, или третиот, кој мислам дека е уште позначаен, е дека за господинот Стојановски ние знаеме кои се критериумите и кои се принципите кои ги користел и најверојатно ќе ги користи во процедурата на именување, односно во процедурата на предлагање на судии. Знаете, кога имате член на Македонското Собрание, значи пратеник кој што е правник, со релативно долга историја на работа и стаж во правосудството и кога

истиот тој правник ќе гласа против некој од предлозите на РСС, без при тоа да изнесе ниту еден аргумент, во тој случај можете да заклучите дека таквото исто однесување или таквото функционирање, ќе му биде идентично и во ситуација кога тој ќе треба д номинира судии.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: (Продолжение) Во таа ситуација ваквиот

член на Републичкиот судски совет во ниеден момент нема дури ни да се труди да ги прочита биографиите. Во ниеден момент нема ни да се труди да ја согледа која е професионалната тежина на секоја од кандидатите. Ќе му биде доволно едноставно да види име, презиме и партиска припадност и да гласа соодветно. Заради тоа, ова ќе биде проблем, кој што сега од Собрание, ќе го префрлиме во Републичкиот судски совет. Така како што погрешно гласавме овдека, така таму еден од новите членови на Републичкиот судски совет ќе гласа.

На крајот, што мислите како ќе се чувствуваат судиите или они кои се кандидати за судии кога ќе бидат разгледувани од страна на Републичкиот судски совет, во кој ќе членува човек кој смета сите оние кои немаат икс милион евра, долари или што сакате било која валута, дека тие всушност и ништо не вредат на кој начин таквиот член на Републичкиот судски совет ќе ги гледа сите оние со судско искуство, кои живеат од плата, а која што не е голема, бидејќи често пати сме дискутирале дека тоа не е особено добро платена професија, како ќе ги гледа и врз база на кои принципи ќе суди за нивната стручност. Дали тоа ќе значи дека оние судии или кандидати за судии, кои чесно живееле од својот труд и добивале плата која што ја добивале и поради тоа не можеле да заработат милионски суми евра, ќе бидат хендикепирани во очите на г. Стојановски, бидејќи тој смета дека сите оние кои што не сме милионери, не само во денарски, туку и во девизни размери, дека сите тие можеби не вредиме да живееме, а камоли да бидеме предлагани на соодветни функции и тоа особено да се однесува на судската фела. Ако тоа го промовираме како принцип за напредок во судството, тогаш верувам дека следниот пат овде ќе ни се предложи човек, кој што велам ја нема дипломата која што е неопходна за да работи во судство, бидејќи критериумот ќе биде кој успеал да работи. Судството не е или барем јас не сум сметала дека треба да биде фела,

Page 55: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

55

еснаф, кој што ќе се базира исклучиво врз заработката и врз милионските суми. Напротив, мислам дека она што е добра позитивна страна на оваа професија би требало да биде чесноста, стручноста, знаењето. Меѓутоа, очигледно има сериозни разлики во гледањето на оваа ценета професија. И, кога ќе кажам ценета професија, мислам и овде и во светот, меѓутоа, со таа разлика што во светот таа се цени поради нејзиното добро, а поради нејзиното извртено и извитоперено лице. Од минимум овие 3-4 причини сметам дека Македонското собрание ќе направи катастрофална грешка доколку на последната своја седница ги закопа надежите дека ова парламентарно мнозинство или дека некои од партиите кои што ќе застанат зад овој предлог, можат да гледаат малку пошироко и малку подржавнички.

СТОЈАН АНДОВ: За збор се јави г. Чедомир Краљевски.

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ: Само накратко, неколку

објаснувања во врска со наводите на госпоѓицата Шекеринска. Секако дека го употребив изразот генетско-идеолошки корени, не мислев на биолешките генетски корени што ги поседуваме сите ние бидејќи сме припадници на ист народ, а и на иста раса. Имено, фашистичката идеологија секако подразбира дискриминација на припадници на друга раса. Значи, мислев на една долга коренита идеологија што потекнува од времето на комунизмот, од времето на марксизмот и ленинизмот, па наваму. Кога кажав, секако, се осврнав односно главниот осврт на моето обраќање беше на двојното однесување односно непринципиелноста на пратеничката група на СДСМ во блиското минато и денес. Имено, тие си владеат според дневно политичките интереси и партиски интереси и цели на нивната пратеничка група и партија. Имено, тогаш кога им одговара такво однесување, тие промовираа за член на Републичкиот судски совет и припадник на пратеничката група и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш кога не им одговара таа работа ги оповргнуваат сопствените принципи што некогаш ги поддржувале и ги воделе. Така што, денеска кога го имаме кандидатот Томислав Стојановски од истата пратеничка група, дрвја и камења по него, по неговата личност и за неговата партиска припадност, а во 1994

година пофалби и добри зборови за кандидатурата на сега покојниот Никола Крстевски. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ: Госпоѓица Радмила Шеќеринска.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: Благодарам господине

претседателе. Господине Краљевски, јас сеуште не сум чула на небиолошки генетски корени. Не знам дали вие сте чуле, а ако сте чуле можеби ќе ми објасните. Вашата теза беше дирекно пресликување на тезата на сите фашисти кои сакате да ги изберете, кои што гледаат на луѓето и ги просудуваат врз база на нивното генетско наследство или врз база како вие би рекле на генетско идеолошките матрици. И, тоа не е однос само кон други раси, тоа е однос кон сите што тие сметаат дека се поинакви од останатите и заради тоа помалку вредни. Затоа, да не си играме со такви формулации, туку подобро би било да ја повлечете и да кажете дека можеби несакајќи сте погрешиле. Јас прифаќам, ова што го кажавте е можеби во таа насока и понатаму нема да дискутирам за тоа.

Втора забелешка која што сакав да ви ја кажам е дека не е точно дека денешната седница треба да се сведе или пак некој сака да ја сведе на дрва и камења по одредена личност. Овдека зборуваме за две работи.

Прво, зборуваме за функцијата, позоцијата на Републичкиот судски совет.

Второ, зборуваме за еден од кандидатите за член на Републичкиот судски совет. Ниту јас барем имам за цел оваа политичка битка да ја претворам во лична, ниту пак сметам дека така треба да ги водиме дискусиите генерално. Меѓутоа, точно е дека кога имате кандидатури зборувате за некоја конкретна личност и кога зборувате за некоја конкретна личност, имате обврска да се осврнете на сите нејзини позитивни и негативни карактеристики. Многу често не ги познаваме луѓето за кои што зборуваме, а можеме да ги судиме само врз база на она што е напишано. Вие самите го проблематизиравте она што е напишано во биографијата на г. Стојановски на два пати.

Прво, со тоа што велевте дека тој немал високи функции, што не е точно. Или кажете дека не е точна биографијата.

Page 56: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

56

Второ, дека изборот тогаш му бил вршен строго врз идеолошки основи. Ако одлучите дека тоа е така, тогаш ви паѓа во вода приказната дека господинот кандидат е стручен и професионален и дека има долга и професионална кариера, бидејќи самите велите дека бил избран според идеолошки принципи. Меѓутоа, исто така, освен што имаме на располагање оваа биографија, имаме на располагање и целокупниот политички багаж кој може да биде позитивен или негативен на господинот кандидат, кој што досега беше и пратеник и потпретседател на Собранието. Никој од нас не може да избегне од сето она што сме го кажале јавно. Никој од нас не може да избегне од она што сме го направиле. Никој од нас не може да избегне од сопствената биографија. Па, кога ќе дадете јавна изјава дека секој што вреди под 5 милиони германски марки, не вреди ништо. Или кога ќе дадете изјава од типот, на пример, на оваа, уште еднаш што не ја цитирав, дека на овие избори нема да има фалсификати, дека за тоа ќе гарантира ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ви се поставува прашањето што се случувало во 1990 година и во 2000 година и дали со тоа индиректно или директно г. Стојановски ја потврдува нашата теза, дека, всушност власта беше таа која што го стимулираше и го создаваше насилството. Е, сега, тој човек ќе именува судии кои ќе треба да санкционираат евентуално изборно насилство. Работите не одат онака како што сакате да ги прикажете. Јас велам дека го ценам напорот што го вложивте да одбраните непристоен предлог. Меѓутоа, бидете свесни дека ова нема да го цени ни јавноста, ова нема да го цени, пред се, судската профeсија. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Господин Љубомир Поповски.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ:

Би сакал да му советувам на колегата Краљевски во трагањето по аргументи, алиби, некое покритие да се одбрани овој предлог, кој што тешко се одбранува. Дури, мислам дека е малку невкусно и оние што се починати да ги вознемируваме. Да се спомнува името на нашиот колега Никола во контекст за да се докаже нешто што мислам дека е сосема спротивно, е некултурно и невкусно и мислам дека не е дури ни религиозно добро. таму во тој контекст беше сосема нешто друго, не стануваше збор за таква експонирана политичка личност, член на партија на ВМРО-ДПМНЕ,

како што беше г. Никола. Тој беше добар правник и ние имавме доблест во таа ситуација во тоа време да предложиме од спротивна политичка партија, условно да кажеме таков кандидат. Меѓутоа, тој не беше од таков калибар, како што сега станува збор за овој кандидат. Мислам дека треба да се има предвид тој момент.

СТОЈАН АНДОВ:

Господин Мирчевски доби збор.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ:

Почитуван господине претседателе, почитувани претставници од Владата, почитувани колеги пратеници, што после овие два дена дискусија, би можело да се каже. Ги слушавме аргументите од страна на пратениците кои ја поддржуваат кандидатурата односно предлогот на Комисијата за избори и именувања за г. Томислав Стојановски. Инаку, колега, потпретседател на Собранието за член на Републичкиот судски совет. Исто така, беа слушнати и аргументите од страна на опозицијата зошто е штетно еден висок функционер, прво, во партијата ВМРО-ДПМНЕ, човек кој што цело време од конституирањето на Собранието, па до Ден денес е потпретседател на Собранието и човек кој што пикира на Местото високо во една институција наречена Републички судски совет, за која што сите ние знаеме, а и г. Харуни овдека ни прочита од Уставот дека Републичкиот судски совет и судството треба да бидат независни институции. Колку што се сеќавам добро е и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш, од 1991 година наваму, па и од 1998 година наваму се залагаше за независно судство, Дека ќе направиме можност судството да се финансира независно и дека ќе настојуваме еминентни правници, искусни луѓе во правото, стручни, Не партиски определени, за да не можат да бидат пристрасни кога ќе се донесуваат важни одлуки, согласно надлежностите што ги даваат и овластувањата самата функција во Републичкиот судски совет, да влијаеме да се измени амбиднтот во државата. Од 1991 година јас како член на ВМРО-ДПМНЕ сум го критикувал начинот на кој што СДСМ ги инсталираше своите кадри во судската власт. И, во 1994 година зборувавме за независно судство, ја видовме улогата на судството во изборите. Ми се чини дека во 1994 година имаше неправилности на парламентарните избори и сите ние се убедивме колку е важно судската власт да нема големо

Page 57: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

57

влијание односно политиката да нема влијание во судството.

Што Се однесува до стручноста и професионалноста на колегата Стојановски, јас како не правник, како лекар, но како пратник во Собранието на Република Македонија, нема да кажам ништо ново, освен што сите вие овде го потврдивте дека станува збор за многу години посветени во правото, во адвокатурата и таа стручност нема ниту јас да ја оспорувам, но партиската припадност, колеги, да Се биде член на политичка партија, со самото тоа од еден еминентен правник, кој што треба да биде независен, кој што треба, прво и како адвокат да си ги штити клиентите, а потоа како судија да ги штити интересите, да ја штити законитоста, да го штити правото во државата, тоа сепак, нешто треба да значи. Меѓутоа, во овие години не се направени напори, ниту во времето на СДСМ, а уште помалку сега во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, да се измени амбиентот во судството во смисла на функционирање на правната држава. Јас не сакам воопшто да спорам со неговата стручност и компетенција, меѓутоа, ми се чини дека самото политичко ангажирање веќе претставува една пречка во кариерата на еден правник и успешен правник, понатаму во високите државни судски институции да си го бара местото и продолжувањето на својата кариера. Самото тоа, самата припадност на политичка партија, ми се чини не е само мое лично мислење, сметам дека овие два дена најголем акцент беше ставен токму на тоа дека припадноста на политичката партија е еден од најголемите аргименти што на повеќе од пратениците овде му смета во однос на поддржувањето на Предлогот на Комисијата за избори и имемувања.

Што се однесува до тајмингот во кој што се поставува оваа точка на дневен ред, сите ќе се сложите дека навистина на само неколку дена на крајот на работењето на овој трет мандат на Собранието, се поставува една ваква точка и тоа непосредно на неколку месеци пред одржувањето на четвртите парламентарни избори, непосредно пред спроведувањето на четвртите парламентарни избори, кои што заради законот за избор на пратеници кој што е донесен во конституирањето на ДИК и инволвирањето на високи правни експерти, како и судии од Врховниот суд на Република Македонија.

Значи, сметам дека овие два дена посветивме премногу време на една точка која што ВМРО-ДПМНЕ требаше добро да размисли дали да ја стави оваа точка. Јас лично се сомневам дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ сериозно го има опсервирано овој предлог на Комисијата за избори и именување и јас кога би бил на местото на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секако дека не би одел со еден ваков потег да ја иритирам целата јавност, со тоа што ќе настојувам да направам сатисфакција на еден мој истакнат член во мојата политичка партија со тоа што, ете, на крајот од мандатот на третиот парламент и би дозволил непосредно пред парламентарните избори на кои што неверојатно ќе се експлоатира оваа тема за партизацијата односно за влегувањето и рушењето на независноста на судството во Република Македонија.

Тука се иснаслушавме, навистина ќе биде згодна тема во текот на кампањата и немојте да мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поентира на оваа тема грубо инсистирајќи на ваква точка да се протурка сега и тоа пред повеќе битни закони, како што сите знаете Законот за служба во армијата, кој што беше најавуван и ветуван пред луѓето кои штрајкуваа во Армијата на Република Македонија лично од г. Владо Поповски, од министерот за одбрана и кој што луѓе го очекуваат тој закон да се изгласа.

ЗВОНКО МИРЧЕВСКИ: (продолжение)

Ако ВМРО-ДПМНЕ имаше и други битни закони освен овој предлог денес да се операционализира и да се реализира овој предлог, тогаш секако требаше да се стави акцент на Законот за лицата судени за самостојноста и сувереноста на РМ. Ми се чини, иако бевте иницијатори на една таква точка, многу брзо се повлековте, а сега се дава акцент , во пет до 12 часот да се занимаваме со чисто партиско инволвирање во судската власт.

ВМРО-ДПМНЕ во 1998 год, не ги доби парламетнарните избори заради тоа што граѓаните на РМ гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во 1998 год, ги доби изборите заради тоа што граѓанте на РМ гласаа против СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ шампионски и турбо работи по теркот на СДСМ , во периодот од 1998 год.

Г-дине Кралевски од Комосијата за избори и именување воопшто не се разликувате од начинот на кој се практикуваше тогаш власта. И ако некогаш сум се покајал за тоа што сум се разделил

Page 58: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

58

од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно ми сте идентични по начинот на кој се инсталирате во судската власт. Мислам дека е голема грешка на ова што инсистира политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ. Не би сакал да зборувам дали ќе биде штета или корист за Републичкиот судски совет, за судската власт , имајќи ја предвид стручноста г-динот Стојановски, искуството како адвокат, но мислам политички е една голема штета и голема порака за понатамошниот развој на демократијата и на демократските процеси во РМ:

Дали на наредниве парламентарни избори повторно ќе ги убедуваме грѓаните дека ќе се залагаме за независно судсво, кога ќе направиме независен судски совет, дека граѓаните ќе бидат еднакви, без разлика на нивната политичка, етничка и друга припадност. Секаго дека не.

Јас се надевам колеги пратеници дека ќе имате разбирање за овие добронамерни сугестии, добронамерни за сите нас. Сметам дека не е од национален интерес во овој момент да се разгледува оваа точка. Да им дадеме предност на точките кои чекаат, на кои се чека, за нашето приближување и согласување на нашата законска легислатива во доменот на одбраната со земјите членки на колективните безбедносни системи, онаму каде што ние претендираме да бидеме.

Најдобронамерно ви предлагам да побарате пауза и да го повлечете предлогот.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Никола

Поповски.

НИКОЛА ПОПОВСКИ:

Сакам само накратко да демантирам неколку работи што мојот колега, координатор на ВМРО-ДПМНЕ се обиде низ својата дискусија да ги соопшти какоставови на СДСМ. Се разбира дека тој за тоа не е овластен меѓутоа тој дискутираше и се обиде да толкува нашите ставови на тој начин што соопштуваше што ние мислиме.

За волја на вистината нашата колешка Шекеринска имаше дискусија во која образложи дел од тоа и на тие ставови нема да се враќаме. Меѓутоа, би сакал да го потенцирам следново:

Нашиот колега координатор на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во дискусиите на пратениците на СДСМ не беше истакната, или не беше оспорена стручноста и компетентноста на кандидатот , туку била

оспорувана неговата политичка припадност. Веднаш да кажам дека тоа е погрешен заклучок и ние го оспоруваме г-динот кандидат по два основи.

Прво по основа на тоа што спротивно на Уставот и на Законот за Републички судски совет каде што е забранета политичката ангажираност тој е политички ангажиран.

Второ ние воопшто не ни размислуваме за тоа дали понудениот кандидат е стручен и компетентен да ја извршува таа функција, затоа што ни е јасно дека тој не е.

Г-дине претседателе, ако вие имате еден пратнеик кој поминал 8 години во ОВОЈ Парламент, себе си се фали со огромно правничко искуство и на крајот од мандатот не е способен една единствена седница да ја води согласно деловникот и да не предизвикува скандали, тогаш што ние ќе зборуваме за неговите способности, да извршува други функции.

По однос на фактот дека-ВМРО-ДПМНЕ се залагало за некакво слободно отсуство, кое, морам да признам , малку конфузно беше соопштено, а СДСМ веројатно стои на другата страна од бариерата, јас верувам дека слободно отсуство, по зборовите и по делата на нашиот колега, е она општество во кое членовите на централните комитети на владеачката партија се кандидираа директно на судии на Врховниот суд и за членови на Републичкиот судски совет.

Исто така мислам дека е плиток политичи блеф, сите оние кои извршувале било какви функции до 1990 година, да бидат наречени генетски, идеолошки ограничени и слични луѓе, а во исто време тие кои припагаат на неговата политичка опција, во случајов на кандидатов за член на судскиот совет, ако исто до 1990 год, извршувале важни општествени и политички функции во судството, за што мислам зборуваше нашиот колега пратеник Златко Стојменов и мислам на таквата негова дискусија сеуште не се понудија одговори, компетентни и соодветни, од страна на предавачот . Неможе тогаш за г-динот кандидат кој на истиот тој начин до 1990 год, функционирал во рамките на општеството кое до тогаш постоело, да се каже дека покажал организаторски и стручни способности. Значи до 1990 год, оние кои не преминале во ВМРО-ДПМНЕ, биле идеолошки и генетски заразени, а оние кои поминале вл ВМРО-ДПМНЕ, а до 1990 год, биле на истата

Page 59: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

59

страна , до 1990 год, покажувале организаторски способности.

Исто така сакам да укажам на едно крајно, не фер, па дури за мене недемократско и чудно, чудно со оглед на устата од која беше истакнато тоа, да се нападне пратеникот Ванчо Чифлиганец дека наводно бил директор на претпријатие кое оставило 70 милиони марки кредити кое претпријатието треба да ги враќа а во исто време да се знае дека тоа претпријатие за тоа време немало ниту еден долар или ниту една марка кредит, а да се истакне тука, не кажува за неинформираноста затоа што информираноста постои, туку кажува само за начинот на кој и претпоседниот ден од работата на Парламентот се сака со вешти манипулации, а провидни да се направи нешто што ќе измести некого до колку зборува дека кандидатот не е соодветен. ;Се разбира дека тоа не е точно. Тоа го кажа г-динот Чифлиганец. Меѓутоа, со што се сме соочени. Предлагачот на одлуката станува и вика, таму 70милиони долари кредит имало не се вратени и одеднаш се соочува со одговорот дека немало ниту еден долар кредит во текот на 11 години и нема контра одговор. Значи пробавме пуштивме дезинформација, не успеа, ќе се повлечеме.

Со оглед што во таа дискусија пратеничката група на СДСМ беше постојано прашувана за нешто, сега јас би сакал предлагачот на оваа одлука да го прашам зошто мораше на крајот од својот четиригодишен мандат во Собранието да го заложи сиот свој авторитет за одлука , за која апсолутно сме сите уверени дека апсолутно не требаше да го стави свонот авторитет, затоа што одлуката е противуставна, противзаконска и е лоша по квлитет.

Го повикувам г-динот Томислав Стојановски после дискусиите на Златко Стојменов, Ванчо Чифлиганец, само последните дискусии неколку што беа па после дискусијата на Сејфедин Харуни навистина бидјеќи, еве седи со нас во салата , да се надмине себеси и да се 'повлече од кандидатурата, па дури да се повлече и заради онаа ситна неморалност која ја покажа на последното изнаснување, кога се побара во ова Собрание оваа точка која нема општествено или пошироко политичко значење никакво да се замени во последните 20 часа од работата на Парламентот , со точката Законот за служба во Армијата на РМ која има пошироко општествено и политичко значење и тангира судбина на минимум на 10-15 илјади луѓе или незнам колку, директно и индиректно

тој буквално се определи, со ситниот неморал, прво да биде неговото именување во Парламентот па макар овој закон , евентуално и не се донел до крајот на овој мандат. Значи, очекував, кога веќе виде дека со јавното гласање цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и цела пратеничка група на 'ДПА, НД, застанаа против таквата одлука, можеше барем да покаже трунка моралност и да рече, еве јас сум овој закон да оди прв, интересот на Томислав Стојановски, личен не е над интересот на Законот за служба во АРМ и на сите тие вработени таму. Меѓутоа неможе да се надмине ни тука. Сега замислете како тој ќе се однесува кога ќе стане член на Републичкиот судски совет, кога на вакви ситни работи неможе да го покаже својот морал , својот идентитет, своето достоинство, да каже еве не сум за мене прво, нека оди прво законот кој е поважен, ако има за мене време, ќе ме изберете. Не, и во тој момент, до крај да се инсистира, ништо можеби да не се донесе, меѓутоа одлуката за мене да се донесе.

Ве уверувам дека таквиот ситен профитерски однос ја навлекува и целата пратеничка група на ВМРСКДПМНЕ и целата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, очиглендо, очигледно не треба да се дискутира тоа во последните 50 дена пред избори, во ситуација која ќе биде изборна дебата, која ќе им го сруши целиот состав на избрната програма на ВМРО-ДПМНЕ каде што ќе зборува гза судството, независно, департизирано, деполитизирнао. Буквално го руши. Само со овој потег не ќе можат да кажат ниту "а" во изборната кампања затоа што сите ќе му кажат, па луѓе вие во 21 или 22 часот ноќта пред завршување на Парламентот го политизиравте судскиот совет , сега викате дека од 15 септември натаму нема. Значи дека упорно и до крај, па макар и по цена на губење на мандати во идниот состав, губење на гласови, губење на дигнитетот на пратнеичката група. Дури мислам и по цена на дигнитетот и по цена на угледот на еден од неговите најблиски соработници, г-динот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, успеа и него да го заложи, да го брани тоа што неможе да се брани, да му ја затвори устата во идните 100 години кога некој ќе зборува за политизација, тој да не може да зборува а пред него има уште многу политичка кариера, само да ги доврши уште 7 години во судскиот совет.

И на крајот само би сакал да предупредам или да укажам еве нека биде да укажам дека по нашиот закон за пензиско осигурување, на 64 години старост

Page 60: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

60

до колку имате 15 год, стаж, вие по сила на За-конот одите во пензија. Со овој избор, сега вечерва, ако се случи, а гледам дека политичкото расположение во ВМРО-ДПМНЕ е тоа да се случи, во Судскиот совет, од 7 членови ќе имаме дури 4 кои барем за еден мандат од 7 години го надминале старосниот лимит за пензионирање во РМ: Минимум 4 од седумте луѓе во Републичкиот судски совет ќе бидат на 70 год, старост, во овој момент. Ќе го завршат мандатот со 75, 76 или 77 години старост. Апсолутно одиме против природата, апсолутно одиме против политичките начела за работа во судството и апсолутно го ставаме заложништво цело судство, на еден совет, кој, извинете на зборот што ќе го употребам ќе личи повеќе на старци одколку на судски совет.

Овде не се работи за избор на политичка функција за која се оди на избори. Јас разбирам некој да се кандидира на 70 години за пратеник, за претседател на држава или за нешто друго. За тоа одлучуваат граѓаните. Меѓутоа овде се работи за применување од страна на Парламент, а на пример од страна на Парламентот се именуваат и судии на Врховен суд, меѓутоа кога ќе наполнат 64 години старост , им кажувамс ви благодариме, согласно законот вие понатаму неможете да бидете избра-ни од страна на Собранието на РМ.

Од сите тие причини мислев дека г-динот Стојановски ќе се повлече. Мегутоа, очигледно не се повлекува и дека ќе повлече со себе повеќе одколку што е специфичната тежина на неговото именување во 'Републичкиот судски совет.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор г-динот Сејфедин Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ: Јас мислам дека вие и натаму

останувате , г-дине претседателе, како искусен политичар со позитивна политичка вокација, а гледам дека воедно сте и под притисок на она што е реално.

СТОЈАН АНДОВ:

Добро, кажете што ви е намерата. Кажете зошто земавте збор. Немојте мене да ме опишувате. Не е тоа на дневен ред.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ: Не дозволувајте г-динот Томе

Стојановски да биде биран за член на Републичкиот судски совет..Со тоа ние ќе потврдиме не дека сме дел од таа корупција, туку самата корупција. Ќе им дадеме леги-

тимитет на корупцијата. До колку остане тоа тврдо да се брани, да се брани неговиот избор тука, јас мислењето нема да го менувам, само за жал тоа ќе биде надополнето, надополнето мислење. Јас како пратеник не сакам да наседнам на таква негативна провокација. Томислав Стојановфси, пензионер, партиски определен, пратеник во Собранието. Јас кога би бил во неговата кожа, за јавно искажаните квлаификации од многу аргументирани работи до сега, тој ако не друго требаше да се повлече сам и да не го претвори образот во ѓон. Инаку до колку тоа повеќе му значи одколку образот , јас нема да го подржувам ни натаму.

Правото за дискусија го задржувам.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор пратеникот Вангел Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ: Почитуван претседателе,

почитувани дами и господа пратеници, Веќе часовите не ги бројам колку долго време дискутираме за една тема, тема како тема и значењето на г-динот Томислав Стојановски и неговиот избор имаат тежина. Личноста која е на дневен ред нема воопшто тежина, а замислете си со што го спроедуваме. Томислав или Законот за служба во Армијата. Кој има поголема тежина. (Од место сите викаат Томе). Томе, многу добро одговоривте, одговорот ви е точен, но добивате 5 и паднавте на испит.

До кога ќе работиме јас прашав, до утре сабајле, многу добро знаете, додека не го избереме Томе. Кажете да ја напуштиме седницата, зошто не кажавте порано, ќе гоизберевме. Интересно е што г-динот Чедомир Краљевски координаторот на пратеничката група кажа наубави зборови за г-динот адвокат. Зборовите до тој степен беа бирани што можеби би ги прифатил само тие 5 милиони ДМ овде на говорница да образложи како ги заработил како адвокат и даи на државата се оддолжил, дали ги платил обврските спрема државата. Ако тоа го каже јас ви ветувам дека нашата Пратеничка група ВМРО Македонска со големо срце и задоволство ќе гласа за г-динот Томислав Стојановски, а во спротивно нема да гласа. Се плашиме такви луѓе да дојдат на позиции кои ќе одлучуваат за чесност напоедини граѓани, ќе почнеме чесните да ги затвораме за нечесните. (Дофрлување од место). Токму ти што викаш така ми се закануваше мене,

Page 61: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

61

ќе видиш ти, ќе те избркаме од работа. Забораате дека Универзитетот има автономија и не можете да ме избркате од работа. Имаше и други закани дека ќе ме пензионирате, со задоволство ќе одам таму, но не дозволувам моето достоинство некој да си поиргува со него.

Молчењето, токму вие што викате "така е" , на другите пратеници од ДПМНЕ сакам овде да ве слушнам да кажете за Томе неколку збора да го одбраните или да го браните или во краен случај да ја кажете еднаш вистината. Не со она полтронското зеленото копче да притиснете, дури си земам за право и ова да кажам ние како пратеници се откажавме ВМРО Македонска од тие сто денари и педесет денари не ги бараме дури и не казнувате затоа што не гласаме, нема да гласаме и ако сме казнети. Не можете да не убедите да гласаме, а бидејки се работи за Томе за тоа сум присутен, во спротивно не би бил присутен.

Во меѓувреме една мала статистика. Што се случува бидејкионој што зборува дали има тежина и дализнае може тоа да се оцени ако се каже преку бројки. Јас господа ќе викажам преку бројки. Еден процент од сите присутнидос ега го бранеа г-динот Томислав Стојановски. 70% да не речам го напаѓаа, но ја кажаа вистината дека не заслужува или дека не може токму Томислав Стојановски да биде предложен за Републички судски совет. Додека преостанатите 29% се воздржани и молчат сметајки некој дека молчењето е злато. Ако така сметате, така нека биде.

Зошто не прифаќам или зошто сум против, да не испадне дека само тие 5 милиони ДМ што ги спомнав. Друго, сакам да кажам дека г-динот Томислав Стојановски е склон на сплетки, постојано е инволвиран во тие нечесни игри. Ако се надодаде на тоа дека е и партискивојник од првите редови затоа што постојано седи во првиот ред, се знае како ќе одлучува икако ќе просудува уште ако се додаде на ова за целокупниот криминал за кој не обинува и Европската заедница дека царува во Макеоднија, а треба нанекого да му довериме десетина години или 7, 8 години незнам дали може по втор пат да биде избран, тој да одлучува за судството во Макеоднија. Уште ако додадам дека има за неколку месеци 70 години, а се залагате за млади кадри, поставувате младикадри токму таму каде најмногу треба стручни се со цел само за

да бидат покорни прво вработување директор. Каде го има тоа без искуство, без ништо. Тоа можеше во некое си време пред 1945 година, но во денешно време ми е несватливо, но за жал вие тоа го потврдивте Дека се е можно.

Членот на Републичкито судски совет треба да биде креатор. Изгледа тој збор креатор ви е многу туѓ па до тој степен го злоупотребувате, бидејки ви е туѓ јас ќе се потрудам да ви објаснам можеби ќе успеам да ве разубедам да притиснете на црвеното копче. Што подразбираме под креатор. Еве и со фудбалски речник како што рече Чедомир Краљевски , креатор во фудбалот значи играч кој игра во три линии, кој дава придонес на сите линии, кој има одлични физички способности, кој има одлични техничко-тактички способности и борбени, кој е пример во екипата, тој е тој креатор, а дали Томе е пример од вашето судство кое го имате. Ако Томе ви е пример што остана за вашите други квалитети што ги имате. Еве да го 3емам тука г-динот Жарко Караџоски, Него би го предложил и со задоволство би гласал , би го молел Томе да е тука да се повлече, еве гласаме, затоа што е млад, Перспективен и може многу да придонесе. Дали Томе може да го обедини судството? Може да го подели. Дали може да придонесе Томе за независно судство? Тука сте поделени. Може не може.

(Претседателот ги опоменува да Не викаат од Место). Пред, да Ве потсетам многу брзо заборавате, и за време на изборите знаете што Ветувавте јас бев во ВМРО-ДПМНЕ, независно судство, три пати Ќе повторам , Нема потреба повеќе, а дали навистина Се залагаме за независно судство. Ги излажавме граѓаните, а да Не набројувам дека Се залагавме за Независно здравство, за независно образование дури и за наша репрезентација Се залагавме, а Се уништивме дури Се залагавме Дека во спортот Нема да се Мешаме, а видете што Се случува , пак Ќе го 3емам за пример фудбалот. Политика до максимум, отстапки колку сакате. Закана ако ние не бидеме прва или втора лига ние ќе напуштиме и ќе формираме лига. Каде го има ова? Тоа е можно само со скопско и ДПМНЕ.

Имам еден совет до г-динот Томислав Стојановски, штета што ја напушти седницата, да го советувам. Бидејки човекот е во години-пензионер многу подобро би му било , бидејки е

Page 62: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

62

адвокат, да напише стручна литература која ќе може да користи на младите стручни кадри ако не друго барем за заработување на пари. Има кај да вложи негова енергија, квалитет испособност ако ја поседува. Има каде ако сака, но затоа нека го отстапи ова место на друг по квалитетен затоа ве замолувам имам и еден предлог да го отстапи местото на Коле Мангов, проверен кој сум имал можност многу натписи од него и колумни да прочитам во дневниот печат кој човек од се срце си ја сака и струката, цел живот е во судството и Македонија си ја сака. И не е обоен политички. Затоа ве замолувам дајте замолете го вашиот сопартиец да се откаже и еве усно го предлагам г-динот Коле Мангов, барем еднаш на 12 односно 24 часа пред распуштање на ова Собрание сватете една порака и прифатете една порака. Благодарам за вниманието.

СТОЈАН АНДОВ:

Господинот Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

Не знам дали сме во право да ѕирнеме и во неговата биографија и биографските податоци за г-динот Томислав Стојановски. Овде повеќе дава Шанса да се надополни и да се потврди она што повеќето пратеници го рекоа на говорницата. Г-динот дипломирал 1958 година, 1956 година работи во Општина Кратово сигурно како студент со не завршен факултет, а што работел Господ знае и од 1958 година тука пишува дека работи во Општинскито суд во Куманово, со не завршен правосуден испит 1958 година, по овие податоци таа година го завршил Правниот факултет, ако е така. Што работел во Општинскиот суд како приправник, како доставувач на работите во Општинскиот суд (претседателот го опоменува дека овде не правиме сослушување).

Сакам да кажам дека имате предложено многу искусен правник за ова доста чувствителна и одговорна институција. Јас не можам воопшто ништо во оваа негова биографија да видам дека има судско искуство и од 1963 година откако го положил правосудниот испит 1960 година тој 1963 година работи како адвокат. Сега како адвокат јас не сум слушнал во Куманово дека некој во таа средина го фали. Ние, г-дине претседателе го направивме она што е наше и од наша страна ред е г-динот Томислав Стојановски да го направи она што би биломорлано да го направи инаку

банкнотите што ви ги дадов фотокопирани вие као претседател, а тој во таа политичка врхушка око да не ви трепне , јас не можам да ве разберам. Ние повторно со Томислав Стојановски го легализираме Али Баба и 40-те разбојници. Со тоа и даваме легитимитет и приоритет на г-динот Томислав Стојановски.

СТОЈАН АНДОВ:

Господинот Љубомир Поповски.

ЉУБОМИР ПОПОВСКИ: Господине претседателе јас би

сакал да предложам односно да го подржам предлогот на г-динот Вангел Симев согласно Деловникот, бидејки тој даде нов предлог и тоа е сосема легитимен предлог, мислам како член на Комисиајта за избори и именвуања да дадете пауза од 15 минути ( негодување од страна на претседателот) чекајте, немојте да вртите со глава имам право како член на Комисијата, бидејки има легитимен предлог Комисијата да се состане, да го погледа , може да го одбие предлогот и да продолжиме со расправа . Инаку, мислам дека не е во ред еден предлог кој е паднат вие да не го земете во предвид. Согласно деловникот, апсолутно. Бидејки амандмански не може, тоа вие го знаете, мислам дека има предлрг, Комисијата треба да Се повлече и да даде избор.

СТОЈАН АНДОВ:

На Собранието кадровските работи ги предлага само Комисијата ни пратеници ни ништо друго.

Го заклучувам претресот. - Предлогот го ставам на гласање.

Ве молам нека дојдат луѓето, нека влезат пратениците во салата. Повикајте ги сите пратеници да влезат во салата.

Земете си ги картичките и седнете да гласаме.

Седнете си на своите места.

Господинот Никола Поповски во врска со гласањето.

НИКОЛА ПОПОВСКИ: Господине претседателе

согласно Делвоникот дозволете ми да го искажамодносот на Пратеничката група на СДСМ по однос на предлогот г-динот Томислав Стојановски актуелен пратеник и потпретседател на Собранието на Република Македонија да биде избран за член на Републичкиот судски совет.

Веќе два полни Дена расправаме за ова, од досегашната

Page 63: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

63

расправа и од аргументите кои ги слушнавме констатиравме и сме убедени дека оваа одлука е во насока на партизација на судството на Република Македонија, дека со оваа одлука длабоко се поништува и се прекршува Уставот на Република Македонија и Законот за Републичкиот судски совет. Дека секакво однесување на Собранието во таа насока ќе биде само учество во незаконско и противуставно однесвуање на Собранието, а едновремено ќе претставува и директен упад , политички упад во Републичкиот судски совет со намера преку него да се врши политички упад, натамошен политички упад во судството на Република Македонија.

Од овие причини Пратеничката група на СДСМ не сака да присуствува на чинот на кршењето на Уставот и политизацијата на судството и по тој повод ве известувам дека Пратеничката група на СДСМ ќе ја напушти салата додека трае гласањето за избор на г-динот Томислав Стојановски со цел да не се идентификува по ниеден основ со таквата одлука , а веднаш штом заврши гласањето ние ќе се вратиме на работа во Собраието.

(Пратениците од СДСМ ја напуштаат салата).

СТОЈАН АНДОВ:

Господинот Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

Јас ќе треба да кажам како ќе гласам, но штом нема кворум што има да гласам. Нема кворум. Јас треба да се изјаснам како ќе галсам и ќе дискутирам.

СТОЈАН АНДОВ:

Што чекате Харуни.

СЕЈФЕДИН ХАРУНИ:

Нема кворум што има да дискутирам.

СТОЈАН АНДОВ: Тоа не е ваше прашање, исклучете го г-динот Харуни.

СТОЈАН АНДОВ: Ве молам, да утврдиме дали

има доволен број присутни пратеници во салата и дали можеме да гласаме.

Немаме доволно пратеници и немаме уставни услови со Уставот пропишани да гласаме. Ке гласаме кога ќе имаме доволно пратеници.

Минуваме на точката 7. - Предлог за именување заменици на јавниот

обвинител на Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Предлогот Ви е поделен.

Отворам претрес по предлогот Зенун Исеини да биде именуван за заменик на Јавниот обвинител на Вишото Јавно обвинителство во Скопје.

Молам, кој бара збор? (Никој) - Го заклучувам претресот.

Отворам претрес по Предлогот елена Гошева да биде именувана за заменик на јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Молам, кој бара збор? (Никој)

Бидјеќи никој не бара збор? Го заклучувам претресот.

Минуваме на точката 4. - Предлог на одлука за разрешување и избор на членови во Советот за радиодифузија.

Молам, кој бара збор?

ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ:

Претседателе, оваа точка ја повлекувам од дневниот ред.

СТОЈАН АНДОВ: Минуваме на точката 5. -

Предлог на одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на наградата.

Предлогот на одлуката Ви е поделен.

Отворам претрес. - Молам, кој бара збор? (Никој)

Бидјеќи никој не бара збор, го заклучувам претресот.

Минуваме на точката 6. - Предлог на одлука ѕа разрешување и именување заменик на Секретар на Собранието на РМ.

Предлогот на одлуката Ви е поделен.

Отворам претрес. - Молам, кој бара збор? (Никој)

Бидјеќи никој не бара збор, го заклучувам претресот.

Предлогот на одлуката ќе го ставам на гласање кога ќе имаме доволен број на пратеници.

Минуваме на точката 1 - Предлог за донесување на закон за служба во Армијата на РМ, со Предлог на закон

Предлогот за донесување на законот со Предлогот на законот Ви е доставен.

Page 64: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

64

Отворам претрес по Предлогот за донесување на закон.

Молам, кој бара збор?

Има збор Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Господине претседателе, дами

и господа пратеници, во најкуси црти респектирајќи го времето, може би во 5 минути само да назначам некои општи карактеристики и значење на донесувањето на законот за служба во Армијата на РМ. Оваа година се навршија десет години од формирањето на Армијата на РМ. Оваа година исто така се наврши и десет години од донесувањето на Законот за одбрана кој што во овој момент ја имаме втората генерација на законски решенија од Законот за одбрана. Во овој момент Армијата на РМ, има 2543 старешини, некаде 750 граѓански лица во Армијата на РМ и исто така над 1500 во овој момент војници професионални војници со договор кој што процес продолжува во текот на оваа година. Имено, само за оваа година е планирано да се примат 2050 професионални војници што значи дека до крајот на оваа година ќе има некаде 5,5 илјади професионалци во Армијата на Република Македонија и како што реков 750 граѓански лица. Целата таа структура.на старешини, професионални војници и граѓански лица веќе десет години немаат законска регулатива која што би ги регулирала статусот, одговорностите должноститс и прават ана инаку таа развиена структура. Од тие причини донесувањето на законот за служба во Армијата преставува востановување на правна рамка и на правна основа за тие многу важни статусни прашања во широка смисла на зборот, биедјеќи тие се однесуваат од дефинициите, влегувањето во Армијата, напредувањето во Армијата, прашањето на платите, здравственото осигурување, стандардното прашање, должностите, правата во сите сектори. Непостоењето досегашно создаваше големи проблеми прво на планот на стабилизирањето на една професионална стручна мотивирана структура на Армијата што се разбира дека соодветно со оглед на тој недостаток се одразуваше и врз понизок степен на делотворност, бидјеќи не ја стимулираше доволно мотиватизацијата и не обезбедуваше објективни критериуми и механизми за унапредување или за извесност во професијата во рамкит е на Армијата на РМ. во исто време во таа област тие многу значајни прашањг беа регулирани со подзаконски акти со што имавме и пракса

уставниот суд да укинува одредени подзаконски акти и акти на министерот укажувајќи дека статусните прашања се примерно законска материја и не упатуваат на тоа. Законот за служба во Армијата претставува еден важен инструмент кој што се зема предвид и е под опсервација на НАТО и на земјите членки на НАТО како еден од реперите, или условите за прием на Република Македонија во НАТО односно како еден од факторите за приближување кон НАТО структурите. Скоро во сите извештаи на НАТО и на земјите членки во НАТО се укажува дека новиот закон за одбрана веќе претставува погодна и добра основа за приближување на РМ кон НАТО, затоа што обезбедува покрај формирање на една современа концепција на одбраната и Армијата, на стандардни односи на цивилните и воените институции во државата, обезбедува во исто време и можност на ангажирање на вооружените сили на РМ, во мировни мисии на НАТО: Меѓутоа, во сите тие извештаи стои дека недостатокот" или немањето на закон за служба во Армијата придонесува во одржување на низок степен на професионализација и дека тој елемент од правната регулатива е нужно да биде надоместен.Од тие причини донесувањето на овој закон има покрај темелно значење за консолидирањето на ефикасноста, професионалноста и стручноста на тој начин и на делотворноста на Армијата во РМ има значеше и за нашиот пат кон НАТО со што донесувањето на законот ќе означува еден крупен чекор во таа смисла. Вие пред вас имате еден закон кој што е обеемен бидјеќи има 263 членови, меѓутоа кој што не е сложен, кој што има стандардни решенија, не создава претпоста-вувам никакви проблеми за нивно разбирање, или оценување од становиште на поширокиот правен поредок, или систем во РМ. И од тие причини, сметам дека на оваа седница е можно покрај тоа што е важно и да се донесе и самиот закон.

СТОЈАН АНДОВ:

За збор се јави Благој Ханџиски.

БЛАГОЈ ХАНЏИСКИ: Господине претседателе,

господине министре, претставници на Владата. Почитувани колеги знам дека сите сме навистина преморени после ова може да се каже и тешка и напорна и нмачна дводневна расправа, меѓутоа се работи за законски проект од исклучително значење за одбранбениот систем на РМ, за вработените во Армијата на РМ, во

Page 65: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

65

Министерството за одбрана. И оттука мислам дека е недозволиво толку пратеници во врска со законот да се изјасниме само по пат на гласање за усвојување на предлогот за донесување на законот, или пак за усвојување евентуално на некои од предложените амандмани и на крај во целина за усвојување на содржината на законот. Затоа, чувствувам потреба да кажам барем неколку збора. Вчера уште во текот на расправата при утврдувањето на дневнот ред мислам дека расчистивме дилемата на колегата Златко Стојменов за карактерот на законот со оглед на тоа што создаде забуна првата страна и констатиравме дека тоа што е испишано на првата страна треба да се корегира. Инаку, таа дилема и правно и деловнички всушност и не постоеше ако се има во предвид дописот на претседателот на Владата кој што е приложени веќе на втората страна од законскиот проект од кмои што јасно произлегува дека се работи за предлог за донесување на закон за служба во Армијата на РМ, со Предлог на закон. Меѓутоа, тоа што предизвикуваше дилеми кај нас пратениците и кај мене лично е делот од образложението на претседателот на Владата во еден дел вечерва повторен и од страна на министерот во кој се бара предлогот за донесување на законот за служба во Армијата на РМ, со Предлогот на законот да се разгледаат и кон нив да се расправа на една ваква итна седница на Собранието согласно членот 316 став 1 од Деловникот на Собранието на РМ, цитирам: " со оглед на тоа што не е во прашање сложен, ниту обемен закон". Сите што го имаат пред себе предлогот на законот, сите што ја знаат неговата содржина прашањата што ги регулира, начинот на кој ги регулира како што кажа и министерот на повеќе од 260 члена има вкупно повеќе од стотина страници, многу добро знаат дека ова образложение едноставно не држи. Тоа е во контрадикција и со таквата негова содржина и обем и со неговото значење за регулирањето на бројните статусни прашања на вработените во Армијата на РМ, или генерално во Министерството за одбрана, за изградбата на нашиот одбранбен систем во целина, за неговата што поскора интеграција во колективните системи за безбедност и одбрана, па ако сакате дури и за неговата суптилност.Овој закон иако како што кажа министерот има многу членови кои што се јасно читливи и разбирливи и има покрај тоа и исклучително важни специфики. Затоа во образложението за неговото доне сување на оваа итна седница на Собранието можеше се друго да се каже, сам не дека не

е ниту обемен, ниту сложен. Но, со тоа ниту од далеку немам намера да ја оспорувам потребата од неговото донесување. Напротив, таа потреба е дефинирана веднаш по донесувањето на првиот системски закон во РМ, Законот за одбрана во 1992 година за кој и досегашната пракса и сите мислења кои што пристигнуваа од преставниците на меѓународната заедница или членките на колективните системи за безбедност и одбрана, па и на земјите кои што го поминуваат истиот пат на транзиција и се веќе нмови членки, на пример на колективниот систем за безбедност и одбрана НАТО, или пак се на пат како нас еден ден да постанат полноправни членки, дека се работи за исклучително добар закон, ако не и најдобар закон кој што е донесен меѓу земјите членки аспиранти за полноправно членство во колективните системи за безбедност и одбрана. Меѓутоа, како што знаете тоа е поместено и во образложението. Веќе наредната 1993 година, Уставниот суд на РМ го укина токму членот 46 со кој што беше дадена можност прашањето за служба во Армијата на РМ и за другите активности врзани за таа служба да се регулираат со подзаконски акти. Со тоа, оваа чувствителна и многу специфична служба остана законски неуредена, па правната празнина за нејзиното уредување е се до денешен ден со многу тешкотии барем за тие кои што не работеле на таа проблематика, се покриваше со општите прописи за работни односи кои во праксата се покажаа како крајно несоодветни отука и произлегоа голем број на проблеми и оттука таа потреба за донесување на Законот е дефинирана како неминовна и како приоритетна уште во 1993 година. Затоа, и во сите изминати години од 1993 година па наваму се праават напори да се подготви закон за служба во Армијата на РМ, и истиот да се донесе од страна на Собранието на РМ. Меѓутоа, иако беа подготвени повеќс работни верзии, еве како што гледате до денеска Законот за служба во Армијата во РМ, не влезе ниту во Владина, ниту пак во Собраниска процедурално Оттука потврдувајќи ја потребата од неговото донесување денес кога и самиот предлог на Законот се наоѓа пред нас, треба да ја поздравиме можноста овој состав на Собранието на РМ конечно да расправа по него, да вложи на-пори толку колку што умее и знае, се разбира по пат на амандмани во оваа фаза да ја подобри неговата содржина и да го донесе по можност со консензус и со што поголем број на гласови. Затоа вчерашните игри со дненвиот ред на седницата која беше свикана само за

Page 66: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

66

неговото донесување, обидите овде да се стави не како прва, туку како незнам четврта, петта, или незнам која точка и да се злоупотреби нашето присуство прво да се решат некои кадровски прашања на високи раководители на владеачките партии зборуваат за еден поинаков и во најмала рака непринципиелен однос токму од пратеничките групи на тие партии. Но, имајќи го во предвид фактот дека еден ваков обемен и сложен закон со 263 члена испишан на повеќе од стотина страници не може да се подготви за една, две, или три недели,или ако сакате и месеци. Што значи дека бил подготвуван многу порано. Неминовно се поставуваат неколку прашања од кои што би кажал само некколку во оваа прилика заради како што реков нашиот краен премор.

Прво, зошто се предлага да го донесеме на итна седница и тоа на една како што се покажа спрема изјавата на претседателот на Собрнаието најверојатно последни седници на овој состав.Зошто влегува во Собраниска процедура со првите штрајкови на дел од вработените во Министерството за одбрана и посебно зошто влегува во процедура по усвојувањето на ребалансот на Буџетот на РМ, за 2002 година, а не пред тоа?

Почитувани колеги, убеден сум дека ниту Министерството за одбрана, ниту Владата на РМ, па и ние пратениците не требаше да се доведеме во ваква ситуација да расправаме за законот за служба во Армијата на РМ и да гласаме за него после сите овие настани. И на пример без претходна расправа на матичната комисија Комисиајта за внатрешна политика и одбрана. Прво, затоа што ќе испадне дека Законот не се носи заради реалните потреби за кои што сите зхборуваме, туку под притисок, или под притисокот што сесоздаде со штрајкот на делот од вработените во Министерството за одбрана што може да води кон заклучок дека ова е изнуден потег на власта, а не резултат на исполнувањето на нејзините уставни и законски обврски на овој план.

БЛАГОЈ ХАНЏИСКИ: (Продолжение)

Второ, затоа што сме само на 50-тина дена пред парламентарните избори, па неговото донесуваље може да се смета за еден суптилен маркетиншки потег.

И трето, затоа што се носи по усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2002 година, што значи дека средствата аз финансиските потреби што ќе произлезат од него до крајот на годината не се билансирани со тој ребаланс и едноставно

ќе останат непокриени. Јасно е дека со тоа еден дел од придобивките од него, посебно оние поврзани со подобрување на стандардот на вработени, нема да може да се ефектуира во оваа година, а со тоа нема да може и да се исполнат очекувањата што им беа ветени на тој план.

Инаку, како што реков на почетокот се работи за исклучително битен закон за уредување на службата и другите активности во Армијата на Република Македонија кој во целина земено содржи извонредно добри и современи решенија,кои ги одразуваат реалните потреби и специфики кои се компатибилни со решенијата од сличните закони на земјите членки на НАТО, со кои сакаме и тежнееме што порано да ги споделиме придобивките од полноправното членство во овој колективен систем за безбедност и одбрана.

Меѓутоа, со внимателното читање на законот, иако како што знаете за тоа имавме малку време, може да се констатира дека се понудени и неколку дискутабилни решенија или решенија кои се во целосна контр дикција со оние од колективниот договор потпишан со Сојузот на синдикатите, како што е тоа случај со членот 16 од Законот за служба во АРМ или такви решенија кои се во контрадикција на пример со одредбите на Законот за адвокатура, чии измени Собранието ги усвои завчера, како што е тоа случај со членот 17.

Кога сме кај членот 17 од Законот за служба во АРМ, со оглед на тоа што јас целосно ја поддржувам неговата содржина, можеби 'е поисправно да се каже дека со завчера усвоените измени на Законот за адвокатура, за жал, тој член 17 едноставно е направен безпредметен. Има и други решенија кои се спорни, за кои ние вчера подготвивме амандмани. Меѓутоа, ценејќи дека сите го очекуваат неговото донесување и сакајќи да придонесеме истиот да се донесе уште во текот на вчерашниот ден тие амаднмани ги повлековме како пратеничка група. Тоа беа причините заради кои уште на почетокот реков дека за Законот требаше да се распра на матичната комисија и на нејзината седница, во една конструктивна атмс сфера, да ги решиме сите спорни прашања, да ги усогласиме ставовите, да ја подобриме неговата содржина, така што таа најдобро да ги одрази и потребите заради кои се донесува овој закон и начелата врз кои се потпира, меѓу кои секако најважно е:

- обезбедувањето на стручна, високопрофесионална и ефикасна армија на Република Македонија;

Page 67: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

67

- обезбедувањето на обученост и опременост на Армијата кои ќе бидат во целосна согласност со стандардите на НАТО и компатибилни со тоа, и

- обезбедувањето на потребната мотивираност и одговорност на воените лица во остварувањето на системот на одбраната на земјата.

Убеден сум дека за така подготвениот закон и усогласени решенија на седницата на матичната комисија, каде што ќе разговаравме конструктивно, експертски, стручно и тн., овде на пленарната седница на Собранието ќе се опстигнеше целосна согласност или максимална поддршка за изгласување на законот. Но и покрај тоа, очекувам дека и на една ваква пленарна седница, низ една конструктивна расправа по предложените амандмани, ако останаа сеуште амандманите кои беа предложени од пратеичката група на ВМРО-Македонска и се разбира со разбирање на предлагачите, да се постигне висок степен на согласност по решенијата за кои ќе гласаме, зашто законот има извонредно значење за изградбата на нашиот одбранбен систем и неговата интеграција во колективните системи за безбедност и одбрана, за што уште од времето на донесувањето на Декларацијата од страна на ова Собрание за полноправно членство во НАТО ние овде во Република Македонија имаме целосна и меѓупартиска и меѓуетничка согласност.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор госпоѓа Ѓулистана Марковска.

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА:

Почитуван претседателе, почитувани дами и господа, драго ми е што по ова прашање немаме никакви политички разидувања и тоа е добро и за државата и за нас воопшто како пратеници,од причина што евроатланската интеграција на Република Македонија претставува еден неполитички, туку животен инператив. Дури ако смеам да ја изразам својата политичка оценка, за нас во овој момент можеби е од попримарно значење членството во НАТО отколку во Европската Унија, што се разбира не претставува предмет на желба, туку преставува предмет на тоа колку Република Македонија ке сработи, дали ќе ја добие поканата или извесно, ако не ја добие поканата за министерскиот совет во Прага, сепар да се направи еден можен напор, да постои било каква еволутивна клаузулг или барем политичка волја нејзиниот пример во

НАТО да биде поскорешен вооднос на сите други земји членки, аспиранти кои во овој момент ќе останат без покана.

Апсолутно дискусијата на господинот Ханџиски ја сваќам добро намерно, добро ќе беше за овој закон да расправаме можеби во една порелаксирана атмосфера. Меѓутоа, овој закон чекаше на неговото донесување точно десет години, од причина што колку што е важна неговата политичка димензија од аспект на полноправното членство на Репзублика Македонија во НАТО уште поважна е неговата друга димензија, бидејќи тој го решава статусот на вработените во Армијата на Република Македонија кој што досега се регулираше со правилник и верувам дека на донесувањето на овој закон чека и една голема група на луѓе кои и досега имаа доста нерешени статусни прашања, а на кои што овој закон тоа во овој момент им го нуди.

Сметам дека изготвувачот на законот, Министерството за одбрана а и министерот рече дека ова е предмет на работа на повеќе министри: досега, и веројатно не е можно да се донесе ваков закон со работа само на една гарнитура, вложило доста напори, бидејќи изработен е еден концизен, прецизен и јасен закон и закон кој што не претставува предмет на различни толкувања. Тоа за мене претставува особено значаен приоритет од од причина што досегашните закони, повеќе или помалку, нудеа предмет или беа предмет на различни толкувања на одредени членови и предизвикуваа недоразбирања, а добар закон е оној кој што може да го прочита и лице кое што не е правник и да се најде, доколку е вработен во таа институција, да се најде неговата операционализација односно начинот на кој што овој закон ќе се применува.

Жалам што навистина законот не е донесен пред ребалансот на Буџетот, меѓутоа 1 јануари 2003 година апсолутно не е далечен период кога ќе почне истиот да се имплементира.

Го поздравувам напорот на министерот иг неговата екипа со цел да ги реши статусните проблеми. Веројатно со тек на време ќе се јави можност за негово поусовршување. Незнам дали има амандмани, барем јас не успеав да видам, кои ќе ја дополнат неговата содржина, се разбир со цел да се подобри, меѓутоа, конкретно сметам дека се работи за квалитетен закон, кој ќе може навистина е долго време да живее во Република Македонија.

Page 68: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

68

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Александар Гештаковски.

АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ: Господине претседателе,

почитуван министре, Потребата од донесувањето на овој закон е неминовна и сите сме свесни дека овој закон треба да се донесе во оваа постапка, на овој начин, пред распуштањето на Парламентот, пред престанувањето на работатг Затоа, сметам дека треба да направиме напори во оваа вечер да го донесеме или неминовно на утрешната седница да биде една од првите точки. Сигурно имаме политичка согласност за тоа.

Сакам да укажам дека важноста на овој закон е многу битна, на она што зборуваше и министерот, затоа што пред се го регулира статусот на правата,должностите и одговорностите на воените лица или на лицата во служба во Армијата на Република Македонија, пред се како и системот на плати, надоместоци на плати и други прашања во врска со службата во Армијата. Сметам дека со овој закон кој долго време се подготвуваше, долго време пред завршетокот на овој мандат требаше да биде донесен или во мандатот на другите влади. Во голем дел беше ерозиран, беше недостојно почитуван угледот, честа, почитувањето на македонскиот војник, на македонскиот подофицер, македонскиот офицер и на македонскиот генерал. Решенијата кои ги нуди овој закон, кои се јасни, чисти и прецизни, како што истакна и претходниот дискутант, колешката Марковска, сметам дека со волјата на сите граѓани на Република Македонија, со нивното реално сваќање на значењето на македонските војници, македонските офицери и македонските генерали во нашиот развој, ќе го покренеме тоа ниво, ќе бидат почитувани, во основа нивниот углед ќе биде на дело во она што го заслужуваат не само во материјалниот дел, туку во делот на се она што е нивно значење, особено што го дадоа својот придонес во последните 'воени настани што се случуваа во Република Македонија. Тоа е општиот дел и сметам дека тука е главното значење на овој закон, кој законски ги регулира сите статусни потреби, права должности и одговорности. Тука ќе даде голем придонес на граѓаните на Република Македонија.

Би сакал да истакнам, во делот на преодните и завршните одредби на овој закон јасно и гласно треба да се каже дека не се работи за ребалансот на Буџетот на Република Македонија, бидејќи овој закон

иако влегува во сила осум дена по денот на објавувањето, предлагачот, Владата на Република Македонија, а уверен сум дека Министерството за одбрана правело напори, барало обезбедување на средства, главните и битните одредби што се однесуваат на овој закон во делот на правата, особено во делот на правата на здравствената заштита, кој нуди нови решенија на делот на системот на плати и надоместоци од плати и главата за станбено обезбедување, ќе се применуваат од 1 јануари 2003 година. Сите ќе се согласиме дека состојбата која реално е во делот на вработените во Министерството за одбрана, како на воениот така и на цивилниот дел, сето она што се случуваше во последно време, заслужуваше Владата на Република Македонија, врз основа на новите решенија и она што зборував ќе биде потребно поголемо ангажирање на финансиски средства. Тие средства Република Македонија треба и мора да ги обезбеди, да ги обезбеди за своите граѓани и за својата држава. Тука Владата на Република Македонија мислам дека не направи доволно напори. Не направи ДОВОЛНО напори со влегувањето во сила на овој закон и ако ми е јасно дека треба да се донесе одреден дел на подзаконски акти, но особено системсп на плати, системот на наградување е регулиран со овој закон. Ваквото одложување, без разлика кој ќе дојде на власт во Република Македонија, особено гледам една нелогичност во преодните и завршните одредби, односно во членот 261, каде што се вели: "Прописите и другите акти чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон".Сметам дека Министерството за одбрана, тука е и министерот, за делот на подзаконските акти кои се однесуваат на правата на овие лица,плати, надоместоци мора да ги донесе најдоцна во рок од 5 месеци. Имено, сега сме седми месец а законот стапува во сила од 1.01.2003 година.

Сметам дека Владата беше свесна за донесувањето на овој закон и требаше нешто да се предвиди со ребалансот. Најмалку сакам да делувам маркетиншки, не треба ни да го споменуваме тоа, но идниот буџет ќе биде оптоварен. Сите треба да бидат свесни исто така и вработените дека од 2003 година ќе се применат овие јасни и концизни одредби. Но има една правна празнина што мислам дека ќе настане. Имено, со влегувањето во сила на овој закон, во рок од 8 дена ќе престанат колективните договори кои до сега важеа. Во наредните месеци, до примената на

Page 69: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

69

законот, имаме правна празнина. Како ќе се надмине во тој дел, треба да побараме и од министерот,разбирање од делот на кој се однесува, но незнам како ќе го пополни тој дел Министерството за одбрана и Владата на Република Македонија во делот на предизборието, бидејќи колективните договори престануваат, одредбите за плати и надоместоци, за станбените прашања влегуваат во сила од 1.03.2003 година. Сметам дека тој дел треба да се надмине. Решенијата кои се предлагаат не го надминуваат тоа, а тие се во смисла дека до донесувањето на подзаконските акти ќе се применуваат досегашните прописи, но доколку се во согласност со законот. Досегашните прописи во наградувањето сметам дека се во спротивност со одредбите на овој закон. Затоа, во овој преоден период треба да бидеме свесни, за идната влада од оваа говорница да укажеме, овој закон за почитување на воената униформа на војниците и цивилните лица,државата треба да обезбедува повеќе во својот буџет, за да редовно им бидат исплатувани, навреме да им бидат исплатувани, бидјеќи тие чесно и совесно си ја извршуваат својата должност. Да не дојдеме во состојба со овие решенија или решенијаа кои се предлагаат со овој закон уште полошо или покатастрофално да биде, да не можеме да ги исплаќаме преземените обврски од овој закон.

Затоа, апелирам до идната власт, која било, една од првите задачи во креирање на буџетот после парламен тарните избори да и биде доследно почитување на одредбите, правата и обврските кои произлегуваат на финансиски план, што е многу важно за сегашната статусна положба на вработнеите, како во платите, така и во станбеното прашање. Не можеме да дозволиме лице во воена униформа досега да нема свој стан и министерството и Република Македоија односно државата да не му ги признава трошоците за кирија и нивното сместување.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор г-динот Лазар Китановски.

ЛАЗАР КИТАНОВСКИ: Ние како пратеничка група веќе

искажавме дека го поддржуваме донесувањето на овој закон. После неколку обиди во изминатите години, добро е што конечно се успеа да се предложи еден текст кој е дојден прег законодавниот дом и ние како пратеничка група ќе го поддржуваме и ќе го гласаме овој закон. Единствено морам да искажам, во целата оваа состојба, едно

негодуваше. Мислам дека беше во ред овој текст на законот да помине на Комисијата за внатрешна политика и одбрана од едноста на причина некои разлики таму да ги усогласиме, како што беше случајот со законот за одбрана на РМ, најдобро намерно, за да го донесеме и овој закон со консензус. Покрај тоа, ќе беше добро доколку на комисија, бидјеќи е помал состав, се дадат некои појаснувања, значи не спорење на одредбите, туку што значи тоа од аспект на буџетирање на Армијата колку ќе бидсат ефикасни некои одредби од овој закон. На пример, во членот 18 се воведува ослободување од користење на лични средства кај воените здравствени установи, што е добро решение. Меѓутоа, мене ме интересира дали се обез бедени средства и колкави средства треба да се издвојат 'од Министерството, бидјеќи тие средства сигурно некој треба да ги покри Исто така, дали постои опасност од војно здравство. Значи, еднонајдобр намерно објаснување кое би придонело сепак да знаеме за што се работи. Или пак кај унапредувањето на офицерите, кој е тој период после последниот чин до пензионирањето. Министерот знае за што зборувам. Да речеме, од завршувањето на академијата дочинот полковниик обично се оди по некои стандарди и колку останува до пензионирањето, да не ни се случи да имаме некои чинови кои ќе бидат до крај на пензионирањето, а се појави голем број на такви лица, што е една непријатна состојба и за тие лица и за Министерството. Дали може би тука роковите треба да бидат малку поинакви. Значи, тоа е со цел да се избегнат можни тензии во иднина.

ЛАЗАР КИТАНОВСКИ: (Продолжение) Некои конкрeтни забелешки,

на пример лицата кои се школувани. Овде е дадено, ако се над четири години да мораат во Армијата да останат два пати. Јас мислам дека е подобро десет години, а не осум години, бидејќи нарочно во овие високо-стручни кадри навистина се инвестира. Тие се школуваат на трошок на Армијата и треба да постои, дури мислам дека некој стандард да речеме. Ако сте биле на школување над четири години, тогаш ви требаат два и пол пати со десет години, да сепак се одолжите за тоа што e вложено како капитал, како настава, како знаeње и како обврска спрема сопствената одржава, односно према органите на таа држава која ве школувала. Понатаму, ако некој сака да ги напушти редовите на Армијата, тоа не може никој да му го забрани.

Page 70: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

70

Значи, се работи навистина можеби за некои подобрувања или појаснувања, со цел овој закон да го донесеме со консензус. Од тие причини ние се откажавме од амандманите, но сметав дека овие работи се корисни да ги искажам, евентуално ако министерот вечерва да ги појасни, ако не, евентуално утре пред гласањето, можеби половина час садница на Комисијата. Не инсистираме на тоа, бидејќи ние сметаме дека овој закон треба навистина да се донесе што е можно побргу. Реков, ако е тоа можно, би била лесна целата состојба. Незнам другите пратенички групи дали ќе одат на своите амандмани. Јас погледнав, едноставно, имам став и немам став. Би имал став доколку министерот објасни зошто тие не се внесени. Идејата ми е дека за вакви закони, или можаби тој некои ќе ги прифати од нив. Сега незнаеме сеуште, меѓутоа на Комисија обично сме оделе досега да се усогласиле максимално и после сите убедувања, ако Министерството не прифати, тогаш секој си останува на својот став и тоа се решава со процедура што е на крај сосема нормално.

Тоа се моите сугестии како дел од сугестиите на пратеничката група и останува на предлагачот, на министерот дали ќе оди по оваа процедура или вечерва ќе ја завршиме целата таа обврска. Нас не ни смета и другото, меѓутоа во интерес на консензусот тоа беа нашите сугестии. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Господин Спанаков.

РИСТО СПАНАКОВ: Почитуван претседателе,

почитувани колеги пратеници, почитуван господине министре, јас се приклучувам кон сите овие дискусии како член на Нова демократија и мислам навистина беше крајно време да се донесе еден ваков закон, со кој се регулира службата на Армијата во Република Македонија, како исклучително важен законски проект, кој што ќе реши многубројни проблеми кои што сакале ние или не да признаеме, се натрупаа, посебно во периодите кога на Република Македонија навистина и беше потребно да има какво - такво законско регулирање во Армијата на Република Македонија, посебно во периодот кога се најде во извонредно тешка ситуација, да не кажам во воена состојба. Од тој аспект гледано, многу кратко, само ќе кажам дека пратеничката група на Нова демократија го подржува донесувањето на овој закон за служба во Армијата на

Република Македонија и по истиот ќе гласаме позитивно. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали уште некој бара збор?

Министерот за одбрана, господин Поповски.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Јас можам со задоволство да

констатирам, со оглед на оценките на содржината на законот дека очигледно е понуден добар текст. При тоа веднаш да кажам дека содржината на овој закон е работено во Министерството за одбрана долго време и во претходниот период пред јас да стапам на должноста министер за одбрана. Во текот на оваа година систематски, бидејќи се покрена иницијативата да се дозаврши процесот на дефинирање на законската материја и да се стави во процедура од февруари месец до сега, во тек на четири месеци, систематски службите на Министерството за одбрана работат на текстот и во вообичаените и обврзни процедурални комуникации со ресорите на Владата, со Министерството за внатрешни работи, со Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за законодавство, успеа пред некаде месец дена законот да го понуди во владина постапка. Владата расправаше за законот пред да биде донесен Ребалансот и би сакал да одговорам на суштинското прашање што беше тука поставено, особено од становиште дали законот е финансиски фундиран, дали е планирано во наредното буџетирање, планирано негова суштинска поддршка и во таа смисла каков бил односот на Владата. Односот на Владата кон законот беше максимално респективен. Како што е познато на сите пратеници, не може ниеден законски проект да ја помине владината постапка, доколку нема експликација и точно прогнозирање на финансиските консеквенци за реализацијата на законот, при што се пополнуваат специјални докоменти кои одат понатаму на експертиза пред Министврството за финансии. Беше утврдено дека целосната реализација, законските решенија побарува од Буџетот на Република Македонија некаде околу 200 милиони денари годишно. Разгледувајќи ги тие консеквенци, Владата заклучи, со оглед на прогнозите за Буџетот во наредната година, дека законот може да биде подржан со 110 милиони гарантирано и дондсе одлука Владата во таа смисла. Бидејќи Буџетот се планира токму во овој месец, шестиот, седмиот месец, така што

Page 71: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

71

решението од законот ќе повлечат зголемување на масата на средствата на Буџетот на Министерството за одбрана само по основа на овој закон за 110 милиони, со дополнителен заклучок дека Владата ќе настојува и во наредната година да најде одредени средства од резервите според некои позитивни или оптимистички прогнози да ја подржи во поголдм процент, а дека во следната буџетска година законот ќе биде подржан комплетно, стопостотно како што е предвидено. Владата согледувајќи ја важноста и оценувајќи го суштинското значење на финансиската поткрепа најде навистина една респективна маса на средства, за која што возвратно беше информирано Министерството за одбрана, особено армискиот дел и се смета возвратно после таа информација дека во рамките на тие средства од 110 милиони може навистина квалитетно да се примени законот за служба во Армијата.

Искажувајќи го овој став, само да укажам дека законот со оглед на информдцијата што ја дадов, воопшто не е донесен во хоризонтот на штрајкачкиот притисок кој што беше во рамките на Министерството за одбрана само во еден сегмент и тоа најмалуброен, тоа е во војното воздухопловство, вкупно брои 165 души. Тоа значи дека тој во ниту една смисла не е донесен во шпицата на тој притисок кој што и конечно не беше некако којзнае каков притисок, бидејќи луѓето бараа оправдани нешта, кои произлегоа од новата техника, ланската година која техника создаде за нив нови должности, многу посложени одговорности кои требаа да бидат финансиски респектирани, а за кои немаше доволно време во минатите пет - шест години тоа да се заврши. Се заврши во овој период. Да го респектираме ставот на таа структура земајќи го за објективно дека се практично респектирани сите нивни барања, комплетно. Тие се соодветно изразени и во законската регулатива и по таа основа нема никаква дилема, ниту забелешка од кои да е воен сегмент, или сегмент на службеници во Армијата на Република Македонија по однос на решенијата во законот.

Гледам дека и тука практично се дава комплетно истата оценка. На пример во дискусијата на господинот Ханџиски стои генералната оценка дека законот содржи добри современи решенија. Во дискусијата на господинот Гештаковски дека законот има јасни, чисти

и прецизни решенија, а дека одредени забелшки се однесуваат на многу мал број на неговите решенија. Според илустрациите може да се каже на минимален од неговите решенија, што овозможува апсолутно можност на негово донесување со ефикасно усогласување по определени решенија, доколку амандманите се порационално решение. Земајќи го сето тоа во обзир, а уште еднаш потенцирајќи дека законот е практично дело на повеќегодишна работа и на целокупната структура на субјекти во Министерството за одбрана, со нагласено учество, се разбира на тие на кои се однесува, а при тоа и со компаративни модели од земјите на НАТО и со експертизи на одредени високи офицери во мисија на Министерството за одбрана, ние навистина можеме да бидеме сигурни дека овој закон е многу добра правна основа, која што може да се усовршува, се разбира и да има и подобри решенија, но откога во праксата ќе се проверат самите тие решенија и кога ќе се донесе втората генерација на правни решенија во законот за служба на Армијата, исто како што се направи со законот за одбрана, сегашниот актуелен кој што всушност ја има втората генерација на правни решенија.

Во таа насока јас можам само на крајот да го повикам парламентарниот состав да пристапиме навистина кон финализирање на овој закон, на овој предлог на закон, како многу значаен, а со општо чувство и како до голема мерка добро поставен. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Ве молам да седнете на своите места.

Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот.

Јас ги молам пратениците да влезат во салата.

Молам, повикајте ги сите пратеници да влезат во салата.

Молам службите да утврдат точен број на присутни пратеници во салата.

Пратениците нека си седнат на своите места.

Молам да утврдиме точен број на пратеници во салата.

Имаме точно 61 пратеник. Значи, 61 пратеник е присутен и можеме да работиме.

На Собранието му предлагам да го усвои следниот

Page 72: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

72

заклучок: Собранието го усвојува предлогот за донесување на закон за служба на Армијата во Република Македонија.

Ве молам да гласаме. - Имаме 61 присутен.

Ве молам сите да ги тргнете картичките. Службите да ги тргнат картичките и да гласаме.

Сериозни бидете, гласаме по важни акти, мора да биде врз основа на Уставот. Ќе го повториме гласањето, ве молам, ајде сега да гласаме.

Присутни се вкупно 61 пратеник, за гласале 60, воздржано гласал 1 пратеник, против не гласал никој.

Констатирам дека заклучокот е усвоен.

Дали Собранието го усвојува предлогот на оваа седница да се претресе и предлогот на законот.

Ве молам да гласаме.

За гласале 58, влоздржано не гласал никој, против не гласал никој.

Констатирам дека предлогот е усвоен.

Предлогот да се претресе и предлогот на законот е усвоен.

Отворам општ претрес по предлогот на законот.

Молам, кој бара збор?

СТОЈАН АНДОВ: (Продолжение) Бидејќи никој не бара го

заклучувам општиот претрес.

Отворам претрес по текстот на Предлогот на законот.

Пратеникот Златко Стојменов поднесе амандмани на член 101 став 1, член 150 став 1 и на став 2 алинеа 1, член 263 по кои Владата не се произнела.

Пратеникот Ѓорѓи Тодоров поднесе амандмани на член 6 став 1, член 6 став 2, член 9 став 1, член 9 за бришење на став 3, член 9 за менување на став 1 и на член 14 за внесување нов став 1 по кои Владата не се произнела.

Пратеникот Звонко Мирчески поднесе амандмани на член 3 за додавање нов став 4 по ставот 3, член 10 став 3, член 12 став 2, за додавање нов член 13-а по член 13, на член 15 став 1 за бришење на член 16, член 17 став 2, член 18 за заменување на став 1 со два нови става и на став 2 точка 1, член број 23 став 1 член 37 став 3 член 51 став 1 и 2 и за менување на став 4, член 62 став 1 за додавање нова алинеја 5 по алинејата 4, член 64 за менување на став 2, член 79 став 2 и 4,

член 154 и на член 255 по кои Владата не се произнела.

Отворам претрес по амандманот на член 101 став 1 поднесен од пратеникот Златко Стојменов.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Благодарам. - Дали некој друг бара збор? (Никој).

Бидејќи никој не бара збор го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 58 пратеници, за гласале 6 пратеници.

Ве молам, да не излезе некој пратеник? (Не).

Ве молам, во салата влегоа уште пратеници, поделете им уште картички, а гласањето ќе го повториме, не знам зошто беа 58.

Немојте да оставаме вакви траги.

Ве молам да гласаме за амандманот.

Вкупно гласале 63 пратеници, од кои за гласале 6 пратеници, воздржано гласале 16 пратеници, против гласале 41 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 150 став 1 и на став 2 поднесен од пратеникот Златко Стојменов.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Благодарам. - Дали некој друг бара збор? (Никој).

Бидејќи никој не бара збор го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 65 пратеници, од кои за гласале 18 пратеници, воздржано гласале 8 пратеници, против гласале 39 пратеници.

Page 73: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

73

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 263 поднесен од пратеникот Златко Стојменов.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Благодарам. - Дали некој друг бара збор? (Никој).

Бидејќи никој не бара збор го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 65 пратеници, од кои за гласале 16 пратеници, воздржано гласале 6 пратеници, против гласале 43 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 6 став 1 поднесен од пратеникот Ѓорѓи Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Благодарам. - Дали некој друг бара збор?

Има збор г. Тодоров Ѓорѓи.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Почитуван претседателе, почитувани дами, колеги пратеници.

Во член 6 кој гласи "По исклучок должност на воен старешина во Армијата во воена состојба може да врши и воено лице кое нема чин". Значи, доколку има способност да врши должност воен старешина.

Мојот предлог на овој амандман каде се додаваат зборовите: "и е назначен од државен воен орган", во такви услови многу е битно тој старешина кој нема воен чин да го назначи орган државен што ќе застане зад неговата одговорност, бидејќи тој старешина има способност, но нема соодветно работно искуство.

Од тој аспект го предлагаме овој амандман од технички услови за дополнување и прецизирање на назначувањето на еден воен старешина во услови на воена состојба. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ: Бидејќи никој друг не бара

збор го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 64 пратеници, од кои за гласале 18 пратеници, воздржано гласале 7 пратеници, против гласале 39 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 6 став 2 поднесен од пратеникот Ѓорѓи Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Благодарам. - Дали некој друг бара збор?

Има збор г. Тодоров Ѓорѓи.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Ставот 2 од членот 6 кој гласи: "Во случај од став 1 на овој член лицето има звање според должноста што ја врши."

Сакам да кажам дека во овој став што е допрецизирање на ставот 1 не е назначено дека во такви услови во воена состојба лице кое нема соодветен воен чин а се става на таква должност, одговорност, неопходно е потребно да има најмалку 3 години работно искуство бидејќи во воени услови односно во воена состојба кога се наоѓа државата, кога се поставува лице за старешина не може некој само да има одредено звање во струката, можеме утре да ставиме приправник кој треба да дава наредби или команди, да одлучува во воени услови за ситуации што носат одговорност за загуба или правење штета во услови на можност за, нели станува збор за човечки фактор и материјални фактори.

Од тој аспект, за да се избегне ситуација во услови на воена состојба на лице кое нема воено училиште или академија или во војска немал посебен курс за старешина, сепак, поставувањето

Page 74: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

74

на такви лица во воени услови да се постави човек со соодветно работно искуство, а не приправник да биде поставен и работното искуство да го стекнува во воени услови кога треба да сноси одговорност за човечки фактор и материјални фактори.

Од тој аспект предлагам и барам од колегите пратеници да ме поддржат во овој амандман и да гласаат за. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор министерот за одбрана, господинот Владо Поповски.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Сосема кусо, прво станува збор во воени услови.

Второ, станува збор "по исклучок", што значи секој кој е воен старешина ќе си биде воен старешина, но во во9ни услови може да има ситуација во која нема старешина, а одредно лице кое покажало способност ја презема таа одговорност, во процедура за тоа усвоена. Тоа е стандардно решение во сите закони од оваа област.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор г. Ѓорѓи Тодоров.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ: Видете г. министре, како ќе

утврдиме некое лице во струката, ако нема ниту еден ден работно искуство, овде станува збор да речеме во инженеријата, ако треба да се назначи некој старешина во делот на инженеријата да управува и раководи со одредени воени структури? Значи, во такви услови не може приправник кој завршил факултет, а во струката нема ниту два дена работно искуство да се задолжи, бидејќи во оваа држава имавме услови да видиме, премиери без работно искуство - приправници да ја водат оваа држава и видовме до каде стигнавме.

Значи, сета одговорност, со сите аргументирани укажувања, сакам да кажам, да не ги повторуваме грешките. Да се свестиме и да работиме малку поконструктивно. Имавме ситуации и денеска и порано премиери без работно искуство од приправници ги направивме премиери во државата. Видовме во каква состојба ја доведоа Република Македонија. Затоа да се учиме на сопствените грешки и да не ги повторуваме. Токму од тој аспект го предлагам овој амандман за во такви услови нема

исклучоци. Имаме луѓе со работно искуство. Да ги ангажираме нив. Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:

Бидејќи никој друг но бара збор го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 66 пратеници, од кои за гласале 10 пратеници, воздржано гласале 9 пратеници, против гласале 47 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 9 став 1 поднесен од пратеникот Ѓорѓи Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

Има збор господинот Владо Поповски, министер за одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Благодарам. - Дали некој друг бара збор?

Има збор г. Тодоров Ѓорѓи.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Почитуван претседателе, во член 9 се зборува за воено лице кога дава и потпишува заклетва која гласи:

"Се колнам дека ќе ги бранам слободата, суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слободаи чест".

Мислам дека оваа заклетва е составена од два дела, една со друга не се надополнува и многу е двосмислена и непрецизна. Од тој аспект, со овој амандман во член 9 став 1 се менува и гласи: "Военото лице дава и потпишува заклетва која гласи:

Се колнам дека како бранител на мојата татковина Република Македонија дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските, должностите и дека ќе ги бранам со сите сили и средства слободата, самостојноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, ако треба притоа вложувајќи го и сопствениот живот и дека никогаш не ќе ги предадам идеалите за кои се борев и доколку тоа го

Page 75: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

75

сторам материјално и кривижно да одговарам".

Мислам дека овој предлог на заклетва во војска, бидејќи сме биле во војска знаеме кога сме давале заклетва во такви услови дека мораме во заклетвата да имаме делови каде што се прецизира што браниме, за што се залагаме, за кои идеали се бориме, па ако треба и по цена на сопствниот живот, бидејќи татковината ни е се што имаме и мора да се одговори со сета одговорност.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ: (ПРОДОЛЖЕНИЕ) Во овој дел на прегледот на

заклетвата точно се прецизира и се изградува патриотскиот дух на војниците. Се влева довербата во ра-ботат акоја се обавува, а тоа е чување на татковината. Значи борење за татковината, тоа е чување на татковината, се зајакнува патриотскиот дух кај луѓето, сигурноста и од тој аспект предлагам овој амандман да се прифати, вака како што е даден, бидејќи ќе го јакне патриотскиот дух на нашите старешини и на нашите војници кои се вклучени во Армијата и кои што обавуваат должност чување на границите на Република Македонија.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Ванѓел Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Почитуван претседателе, почитувани дами и господа пратеници, Зборот заклетва дали обврзува, или не обврзува. Сведоци сме на војната која што туку што заврши, каде што имавме непочитување на за-клетвата. Имавме злоупотреба на заклетвата. Затоа прашувам дали се долж-ни оние што ќе дадат заклетва, таа заклетва да се спроведе. Дали има одговорност спрема заклетвата.

На пример, врховниот командат на Армијата, господинот Борис Трајковски бил должен да го брани суверенитетот и интегритетот на Република Македонија, со сите расположиви средства. Дали тој тоа го направи? Не. Не ја бранел Македонија со своите расположиви средства.

СТОЈАН АНДОВ:

Само тоа не е предмет на овој амандман.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Како не е. Заклетва се дава.

СТОЈАН АНДОВ:

Не може ние да зборуваме што ќе ни падне. Ние имаме амандман. Ова е за воени лица.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

За воени лица е. Министерот, командантот се тоа се воени лица. Кој им наредува.

СТОЈАН АНДОВ:

Не е амандманот за тоа.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

А за кого е?

СТОЈАН АНДОВ:

За воените лица.

ВАНГЕЛ СИМЕВ: За воените лица ви кажувам.

Еве да ви кажам и за старешините. Старешините добиваат наредба од врховниот командант да не пукаат, да не ја бранат својата татковина. Кој треба да сноси одговорност дали старешината или врховниот командант, или министерот. А имавме и злоупотреба.

СТОЈАН АНДОВ: На господинот Симев му го

одземам зборот. Ве молам исклучете го.

Дали некој друг бара збор? (Не).

Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. Ве молам да гласаме.

Гласале вкупно 67 пратеници, за гласале шест пратеници, воз-држано гласале 20 пратеници, "против гласале 41 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 9 за бришење на став 3, поднесен од пратеникот Горѓи Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали некој друг бара збор? - Има збор господинот Горѓи Тодоров.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Почитуван претседателе, во членот 9 во став 3 кој гласи: "Воено лице кое зборува друг службен јазик, различен од македонскиот јазик потпишува заклетва на македонски јазик и неговото кирилично писмо и на тој јазик и неговите писма". Сметам дека Армијата е нешто што не треба да се мешаат лончињата во стилот како што знае нашиот народ да каже жаби и баби.

Page 76: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

76

Зошто? Затоа што Армијата е интегративен дел каде што го карактеризира унитарниот карактер на Република Македонија. Во Амијата не станува збор за малцински права или незнам што. Во Армијата мора да се потпишува заклетвата на службениот македонски јазик. Денеска се прават отстапки спротивни на Уставот, потпишување на заклетва на некој друг јазик, кој што се нарекува службен.

Утре барањата на таквите лица нема да запрат тука, туку тие утре ќе бараат заклетвата да се кажува и на друг службен јазик. Не само тоа да се затвори само во овој дел, туку ќе се бара таа заклетва да биде потпишана дури и командите утре ќе се бара да даваат наредба, односно команди во Армијата на некој друг службен јазик. Тоа мислам дека ќе ја усложни работата во војската и во Армијата и нема практичност. Не е прагматично да се прави вакви отстапки, бидејќи не станува збор за нарушување на некои малцински права. Станува збор за институција, каде што точно, прецизно и одговорно треба да се знае што треба да се обавува, како треба да се обавува и други работи. Немаме ние никаде во светот армии, па ниту во НАТО членките, кои членуваат во било кои држави да имаме во Армијата да се зборува на неколку јазици. Ние бевме во една федерација, која што до 1990 година имавме еден службен јазик во Армијата кој што се користеше. Не се зборуваше ни на словенечки, не се зборуваше ниту на македонски, или незнам на кој друг јазик. Се зборуваше на еден српски јазик. Тој беше прифатлив и разбирлив за поширокиот број на граѓаните.

Од тој аспект, сакам да кажам дека ваквата одредба од членот 9 треба да се избрише, да се отфрли бидејќи ова ќе биде поттик, како што реков за многу нови барања. Таа заклетва утре да се дава на некој друг јазик, да се потпишува на некој друг јазик, да се командува. Замислете, покрај секој командант треба да имаме преведувач. Која е практичноста во воени услови.

Од тој аспект, сметам дека на овој начин, со оваа одредба во Законот се нарушува унитарниот карактер на државата. Од тој аспект сакам да апелирам до колегите пратеници малку подобро да размислат до каде се ќе не водат ваквите отстапки.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор?

(Никој).

Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Вкупно гласале 65 пратеници, за гласале 21 пратеник, воздржано гласале 13 пратеници, против гласале 31 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 9 за менување на став 1, поднесен од пратеникот Горѓи Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали некој друг бара збор? - Има збор господинот Ѓорѓи Тодоров.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Во членот 14 кој што зборува за обврска за чување на државна службена воена тајна за која дознало во вршење или по повод вршење на службата, военото лице е должно да ја чува и по престанокот на службата.

Сакам да кажам дека во овој член одредбата не е прецизна во смисла на тоа дека секое лице кое е во служба на Армијата на Република Македонија е должно да ги чува сите државни воени тајни, службени и деловни тајни во текот на службата, обавувањето или работниот однос во служба на Армијата на цивилни граѓани.

Бидејќи во членот 14 се зборува за обврска на чување на службена воена и државна тајна за која се зборува во минато време, односно за лице на кое му престанало работниот однос во државната воена служба.

СТОЈАН АНДОВ: Станува збор за амандман на

член 9 за менување на став 1.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Јас не ве слушнав бидејќи имаше голема галама претседателе. Нема услови за работа.

СТОЈАН АНДОВ: Дали зборувавте за тој.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ: Сега ќе зборувам за став 1.

Бидејќи овде не го слушнав, нема услови за работа. Создадете услови за работа.

Page 77: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

77

СТОЈАН АНДОВ:

Ве молам станува збор за член 9 за менување на став 1. Дали е тоа?

ЃОРЃИ ТОДОРОВ: Да.

СТОЈАН АНДОВ: Зошто го спомнувате членот14?

ЃОРЃИ ТОДОРОВ: Не ве слушнав за кој член

станува збор бидејќи овде многу се галами и не се слуша. Затоа ве молам создадете услови за да можеме да се слушаме.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор?

(Никој).

Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Гласале 65 пратеници, за гласале седум пратеници, воздржано гласале 14 пратеници и против гласале 44 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 14 за внесување на нов став 1, поднесен од пратеникот Ѓорги Тодоров.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој бара збор? (Никој).

Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Гласале вкупно 66 пратеници, за гласале седум пратеници, воздржано гласале 14 пратеници, против гласале 45 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 3 за додавање нов став 4 по ставот 3, поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не сеприфаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Звонко Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ: Почитуван господине

претседателе, почитуван министре, после обавените консултации со господинот министер во врска со предложените мои амандмани најдовме одредени места каде што може да се интервенира, меѓутоа јас како член на Комисијата за надворешна политика и одбрана, ја користам оваа прилика да кажам дека имавме дос-та недоразбирање во текот на работата. Секако дека имавме, заради тоа што матичната комисија не си ја обави работата како што треба пред донесувањето на овој закон.

Што се однесува до мојот амандман на член 3 ставот 3, предлагам воените лица, цивилните лица и другите лица, мора да бидат државјани на Република Македонија. Се разбира дека делумно оваа проблематика е регулирана во членот 25, меѓутоа, тоа се однесува само на воените лица на офицерите и подофицерите. Оваа проблематика со мојот амандман се регулира на другите лица за што станува и за други цивилни лица во Армијата на Република Македонија. Цивилни лица во смисла на овој закон се оние лица на служба во Армијата поставени на должност согласно ак-тот за формација на Армијата. Помеѓу другото, овој амандман се однесу-ва на тие лица. Затоа господине министре и колеги пратеници ви предлагам да го усвоите овој мој предлог.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор господинот Вангел

Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Почитуван претседателе, почитувани дами и господа пратеници.

За мене е несфатливо како може да се направи ваков превид да се стават во служба на Армијата лица кои не се државјани на Република Македонија. Сметам дека нема потреба за коментар, без разлика дали се тоа старешини воени или цивили. Затоа сметам дека треба да биде прифатен овој амандман.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Ѓорѓи Тодоров.

Page 78: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

78

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Почитуван претседателе, сметам дека сите лица цивили и воени, кои се во служба на Армијата и кои работат во Армијата дека е потребно да бидат исклучиво државјани на Република Македонија. Со тоа, со самиот факт дека се државјани на Република Македонија граѓаните на Република Македонија ќе бидат посигурни дека луѓето, односно лицата што се во служба на АРМ, дали се тоа цивили или униформисани лица сносат одговорност и дека ќе се залагаат да се чува територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и дека граѓаните ќе можат на раат да работат, творат и живеат во Република Македонија, бидејќи можат да се потпрат на своите граѓани кои што се државјани и се во служба на АРМ.

За мене е неприфатливо во Армијата да работат луѓе кои не се државјани на Република Македонија. Од тој аспект сметам дека ова е многу несериозно од страна на предлагачите и од страна на Владата и неприфатливо и вон здрава логика и од тој аспект го поддржувам овој амандман и апелирам до колегите пратеници да го поддржат овој амандман, бидејќи верувам дека ќе има злоупотреби од страна на Владата, како што има многу злоупотреби досега и затоа се најдовме во една ваква состојба кезавидна и непожелна.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господиаот Лазар Китановски.

ЛАЗАР КИТАНОВСКИ:

Мојата критика упатена е до министерот затоа што треба да објасни многу едноставно дека за офицерите е многу убаво објаснето во член 25 а за цивилните лица во членотг 30. Тоа ќе ни помогне на сите да се има дискусија. Министерот треба да интервенира. Луѓето можеби имаат некоја идеја, меѓутоа не поминале добро. Го молам министерот веднаш да реагира и за тоа да не губиме време. Значи мојата критика е упатена до министерот, а не до предлагачите на амандманите.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор министерот за

одбрана.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Тоа прашање е регулирано сите воени и цивилни лица за да бидат примени во служба на Армијата, првиот услов е да бидат државјани на Република Македонија,

членот 25 и членот 230. А во членот каде што се предлага само се утврдува кој вид на лица работат воени и цивилни.

СТОЈАН АНДОВ: Дали уште некој бара збор?

(Никој).

Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Гласале вкупно 63 пратеници, за гласале осум пратеници, воздржано гласале 10 пратеници, против гласале 45 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 10 став. 3, поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор господинот Звонко

Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Овој амандман го повлекувам.

СТОЈАН АНДОВ: Отворам претрес по

амандманот на член 12 став 2, поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Во членот 12 во ставот 2 по зборот"присутен" се додаваат зборовите: "или не издал наредба". Амандманот се предлага заради почитување и недоследно спроведување на принципот на единство во командувањето, чија цел е обезбедување на ефикасност и рационалност. Непочитувањето на овој принцип може да дојде до изведување на дивергентни по простор, време и цел неусогласени активности кои редовно се неефикасни и доаѓа до нарушување на систмеот за одбрана и безбедност.

Page 79: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

79

СТОЈАВ АНДОВ:

Дали некој друг бара збор? (НИкој).

Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на гласање. - Ве молам да гласаме.

Гласале вкупно 64 пратеници, за гласале 10 пратеници, воздржано гласале осум пратеници, против гласале 46 пратеници.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот за додавање нов член 13-а, по членот 13, поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор господинот Звонко

Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Мојот предлог е по членот 13 да се додаде нов член 13-а, со кој што се предвидува воено лице да може да употреби средства на присила, или огнено оружје надвор од вршење на службата, ако не може на друг начин да ги заштити животите на членовите на неговото семејство, да го одбие непосредниот напад со кој што е загрозен неговиот живот, животот на неговото семејство и имотот кој го поседува и да го одбие непосредниот напад со кој што е загрозен животот на членовите на неговото семејство.

ЗВОНКО МИРЧЊСКИ:(Продолњение)

За преземање дејствија од ставот 1 на овој член, военото лице, предлагам да го извести старешината, или најблиската команда, или пак да го извести МВР или пак негов овластен правен застапник.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали некој друг бара збор? (Никој)

Бидејки никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на глсање. - Молам да гласаме.

Гласале вкупно 61 пратеник, за гласале 15 пратеници, воздржано

гласале 5 пратеници и против гласале 41 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 15 став 1 поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Господинот Мирчески бара збор.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ: На член 15 амандманот се

однесува на тоа, воено лице не смее да учествува во изборни кампањи или други јавни настапи од такво карактер, во работно време и во униформа.

Амандманот го предлагам за да се прецизираат случаите во кои воено лице не смее да учествува во изборни кампањи, и јавни настапи од такво карактер.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор.

ЛАЗАР КИТАНОВСКИ:

Јас го подржувам овој амандман бидејки навистина е значаен заради системто на деполитизирање на Армијата. Давам подршка на амандманот и мислам дека министерот треба да го прифати овој амандман. Навистина е проблематично, да не се регулира дека не смее во униформа да се појавува на јавни собири. Тоа е карактеристично за Латино-американските држави. За европските држави и за САД тоа не е карактеристично.

Би го молел министерот да размисли уште еднаш и да го прифати амандманот.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор пратеникот Вангел

Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ: Сакам да дадам подршка на

овој амандман кој навистина има голема тежина.

Праксата зборува дека такви случаеви ние имавме за време на претседателскитe избори поточно за локалните избори.Ќе го именувам г-динот Миле Манолев кој беше сликан во пилотска униформа.

Page 80: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

80

СТОЈАН АНДОВ:

Тој беше активен офицер.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Не веам јас дали бил активен или не активен. Ја злоупотребил униформата во политички цели. Од тие причини, бидејки имаме вакви случаеви барам овој амандман да се прифати.

Има збор г-динот Ѓорѓи Тодоровски.

ЃОРЃИ ТОДОРОВСКИ:

Сакам да кажам дека овој амандман ќе го подржам затоа што, покрај тоа што во член 15, каде се вели деа воено лице не смее да учествува во изборникампањи и други јавни настапи од таков карактер, во работно време. Не е прецизирано дека во работно време воено лице може да ја симне униформата и да присуствува на јавни политички кампањи односно изборни кампањи. Сакам да кажам дека амандманот е добар, значи дава допрецизирање дека воено лице во работно време да не може без униформа да оди на јавни собири или митинзи и да врши одредени притисоци, не само во работно време, туку и во униформа. Од тој аспект сметам дека треба да се даде поддршка на овој амандман, бидјеки дава допрецизирање.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали некој друг бара збор? (Никој)

Бидејки никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на глсање. - Молам да гласаме.

Гласале вкупно 68 пратеник, за гласале 25 пратеници, воздржано гласале 5 пратеници и против гласале 30 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот за бришење на член 16 поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Звонко

Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Предалгам бришење на воој член од законот за служба во Армијата

затоа што ценам дека не е добро со овој закон да се лимитира правото на штрајк на припадниците на вооружените сили односно припадниците на АРМ. Ова проблематика мислам дека треба да биде во согласност со законто за штрајк.

СТОЈАН АНДОВ:

Дали некој друг бара збор.

ЃОРЃИ ТОДОРОВ:

Сакав да кажам дека давам подршка и на овој амандман бидејки не демократски е да се ограничува правото на штрајк, бидјеки во Армијата работат граѓани кои согласно демократските определби и принципи за кои се определивме од 1990 година наваму, дека и тие луѓе треба да си го остваруваат своето право на штрајк, согласно законот за штрајк каде што имавме случаи, во еден род во Армијата , воздухопловството беше незадоволно затоа што во Армијата, во секоја армија современа, модерна воздухопловството игра огромна улога. Тоа го видовме на Косово, што НАТО направи. Имавме состојба во нашата Армија, токму тоа сакам да го кажам, постоеше незадоволство токму од начинот на третманот, во однос на другите безбедносни сили. Од тој аспект не е демократски еднаш во годината му се дава на некого. Тоа е лимитирачки фактор кој се коси со демократските определби на нашата држава. Од тој аспект сметам дека треба да се избрише овој член и треба да гласаме за овој амандман.

СТОЈАН АНДОВ:

Збор бара пратеникот Вангел Симев.

ВАНГЕЛ СИМЕВ:

Има право или нема. Зошто да се ограничува правото. Правото не може да биде ограничено. Ако има право има, и двапати и три пати, според потребите, или воопшто нема. Со кое право се дава само еднаш. Од тие причини сметам дека треба да се размисли дали треба да се прифати овој амандман или не. Нека размисли г-динот министер.

СТОЈАН АНДОВ: Господин Амди Бајрам се јавува

за збор.

АМДИ БАЈРАМ:

И јас би сакал нешто околу тоа.

Како би било, во хелихоптер или во авион, или некаде во планина, а војна е и тој да штрајкува. Јас сум да не постои никаков штрајк за луѓето кои

Page 81: страна на ВМРО ДПМНЕ има политичка цел да sednica 01 prodolzenie 17.07... · политичка неподобност на оној судија

81

работат во воените служби, затоа што во ситуација кога ќе се војува, тоа е неизводливо. Значи во војна тој ќе условува, дај услови или инаку не пукаме. Тоа не може.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор?

(Никој)

Бидејки никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на глсање. - Молам да гласаме.

Гласале вкупно 61 пратеник, за гласале 14 пратеници, воздржано гласале 5 пратеници и против гласале 42 пратеник.

Констатирам дека Собранидто не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 17 став 2 поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Го повлекуваме амандманот.

СТОЈАН АНДОВ:

Отворам претрес по амандманто на член 18 за заменување на став 1 со два нови става и на став 2 точка 1 поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ: Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор.?

(Никој)

Бидејки никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на глсање. - Молам да гласаме.

Гласале вкупно 61 пратеник, за гласале 13 пратеници, воздржано гласале 6 пратеници и против гласале 42 пратеник.

Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот.

Отворам претрес по амандманот на член 23 став 1 поднесен од пратеникот Звонко Мирчески.

Го молам претставникот на Владата да се произнесе.

ВЛАДО ПОПОВСКИ:

Амандманот не се прифаќа.

СТОЈАН АНДОВ:

Има збор господинот Амди Бајрам.

АМДИ БАЈРАМ: Јас мислам дека ние денес

работевме многу, има многу амандмани па ги молам колегите да ги повлечат амандманите затоа што не држат место.

СТОЈАН АНДОВ: Има збор г-динот Звонко

Мирчески.

ЗВОНКО МИРЧЕСКИ:

Амандманот се однесува на тоа во член 23 став 1 да се избрише зборот "одликувања".

Амандманот се предлага заради усогласување на одредбите од законот за одликување и признанија на РМ.

СТОЈАН АНДОВ: Дали некој друг бара збор?

(Никој)

Бидејки никој друг не бара збор, го заклучувам претресот по амандманот.

Амандманот го ставам на глсање. - Молам да гласаме.

Гласале вкупно 60 пратеник, за гласале 8 пратеници, воздржано гласале 9 пратеници и против гласале 43 пратеник.

Молам да утврдиме точен број на пратеници во салата.

Немаме доволен број на пратеници.

Тогаш ќе ја прекинам седницата. Продолжуваме утре во 12,00 часот. Веднаш ќе гласаме по амандманите.

(Седницата прекина со работа во 22,40 часот).