94
1 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.07-384/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова претседател, Мишо Василевски член, Едита Насковска член, Елита Шуки член и Сузана Раваноска член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - КИНГ ИЦТДООЕЛ Скопје, наш број 08-384/1 од 07.05.2010 година, изјавена против Одлука за избор на најповолен понудувач бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци на договорниот орган – „МАКЕДОНСКА ПОШТААД Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) и член 228 став (2) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), на 18 -та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот КИНГ ИЦТДООЕЛ Скопје изјавена против Одлука за избор на најповолен понудувач бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци на МАКЕДОНСКА ПОШТААД Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно. О б р а з л о ж е н и е Договорниот орган, „МАКЕДОНСКА ПОШТААД Скопје, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука за избор бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година со која како најповолен понудувач е избран НЕОКОМАД Скопје.

18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-384/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја

Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „КИНГ ИЦТ“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-384/1 од 07.05.2010 година, изјавена против Одлука за избор на најповолен понудувач бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци на договорниот орган – „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ АД – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) и член 228 став (2) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „КИНГ ИЦТ“ ДООЕЛ – Скопје изјавена против Одлука за избор на најповолен понудувач бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци на „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ АД – Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, „МАКЕДОНСКА ПОШТА“ АД – Скопје, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука за избор бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година со која како најповолен понудувач е избран „НЕОКОМ“ АД – Скопје.

Page 2: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Економскиот оператор „КИНГ ИЦТ“ ДООЕЛ – Скопје вложил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда поради повреда на постапката за јавна набавка. Имено, жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога го избрал сега избраниот понудувач бидејќи тој понудил повисока цена, а имал само подобар рок на плаќање, додека во квалитетот жалителот смета дека во целост ги исполнува критериумите и неоправдано добил помалку бодови. Поради се погоре наведено, жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да се изврши повторен избор.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани наводите во жалбата. Имено, договорниот орган смета дека извршил правилна евалуација и бодирање на понудувачите согласно критериумите кои биле објавени во огласот и во тендерската документација. Со оглед на тоа, договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па смета дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и

при разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, и врз основа на член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е навремена, дозволена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со отворена

постапка за набавка на стока – опрема за складирање на податоци и како критериум за избор во огласот и во тендерската документација го предвидел економски најповолна понуда со елементите цена – 55 бода, квалитет – 40 бода и рок на плаќање – 5 бода.

Комисијата за јавни набавки во рокот утврден за отворање на

понудите пристапиле кон нивно отворање по што е извршена и евалуација на истите и по извршената евалуација доставен е предлог за избор на најповолна понуда. Директорот на АД Македонска пошта Скопје, врз основа на вака доставениот предлог ја донел сега оспорената одлука за

Page 3: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

избор на најповолна понуда бр.02јн-789/13 од 29.04.2010 година. За вака донесената одлука сите понудувачи се уредно и навремено известени.

Економскиот оператор „КИНГ ИЦТ“ ДООЕЛ – Скопје вложил

жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда поради повреда на постапката за јавна набавка. Имено, жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога го избрал сега избраниот понудувач бидејќи тој понудил повисока цена, а имал само подобар рок на плаќање, додека во квалитетот жалителот смета дека во целост ги исполнува критериумите и неоправдано добил помалку бодови. Поради се погоре наведено, жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да се изврши повторен избор.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани наводите во жалбата. Имено, договорниот орган смета дека извршил правилна евалуација и бодирање на понудувачите согласно критериумите кои биле објавени во огласот и во тендерската документација. Со оглед на тоа, договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па смета дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована.

Постапувајќи по жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија утврди дека истите се неосновани. Договорниот орган постапката за јавната набавка ја спровел согласно Законот за јавните набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки изврши увид во целокупната документација на предметот и утврди дека извршена е правилна евалуација согласно предвидените и објавени критериуми и извршен е правилен избор, поради што Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека постапката за доделување на договор за јавна набавка е водена согласно Законот за јавните набавки.

Со ваквото постапување договорниот орган правилно го применил материјалното право односно правилно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 140 став 8 и 9 од Законот за јавните набавки: (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“ и (9) „Комисијата по извршената евалуација ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување на предлог за избор на најповолна понуда“.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената

постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Page 4: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-384/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 5: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-395/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „АЛМА КОМЕРЦ“ ДОО – Неготино, наш број 07-395/1 од 12.05.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-938/1 од 30.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на масло за горење ЕЛ на договорниот орган – Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) и член 228 став (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1.Жалбата на жалителот „АЛМА КОМЕРЦ“ ДОО – Неготино

изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-938/1 од 30.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на масло за горење ЕЛ на Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, СЕ УВАЖУВА. 2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-938/1 од 30.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на масло за горење ЕЛ на Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, и предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот „АЛМА КОМЕРЦ“ ДОО – Неготино во износ од 250, 00 денари на име административна такса и 12.300,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

Page 6: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

4.Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на масло за горење ЕЛ и донел Одлука бр.02-938/1 од 30.04.2010 година со која како најповолен понудувач е избран „МАКПЕТРОЛ“ АД – Скопје.

Економскиот оператор „АЛМА КОМЕРЦ“ ДОО – Неготино вложил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда поради повреда на постапката за јавна набавка. Жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога ја елиминирал неговата понуда поради тоа што истиот немал лиценца за складирање на нафта и нафтени деривати. Имено, договорниот орган во точка 4.2.4 од тендерската документација барал доказ за сопствен складиштен простор, а во истата никаде не е побарана лиценца. Жалителот наведува дека има доставено изјава за сопствен складиштен простор за три локации во Република Македонија, па со тоа смета дека ги исполнил условите да биде евалуиран како понудувач со прифатлива понуда. Поради се погоре наведено жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да го поништи решението за избор и да се врати постапката на повторно одлучување.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани жалбените наводи. Имено, договорниот орган смета дека кога во тендерската документација предвидел доказ за сопствен складиштен простор, јасна била намерата дека се бара лиценца. Со оглед на тоа договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па бара дека жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја

жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука за избор на најповолна понуда, одговорот на жалбата доставени од договорниот орган, како и целокупната документација во предметот, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител.

Жалбата е основанa.

Page 7: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас за набавка на масло за горење и како критериуми за избор во огласот и во тендерската документација го предвидел економски најповолна понуда со елементите цена – 50 бода, рок на плаќање – 30 бода, рок на испорака – 10 бода и поседување складиштен простор – 10 бода.

Комисијата за јавни набавки во рокот утврден за отворање на

понудите пристапиле кон нивно отворање по што е извршена и евалуација на истите и по извршената евалуација доставен е предлог за избор на најповолна понуда. Деканот на Економскиот факултет Прилеп врз основа на вака доставениот предлог ја донел сега оспорената одлука за избор на најповолна понуда бр.02-938/1 од 30.04.2010 година. За вака донесената одлука сите понудувачи се уредно и навремено известени.

Економскиот оператор „АЛМА КОМЕРЦ“ ДОО – Неготино вложил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда поради повреда на постапката за јавна набавка. Жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога ја елиминирал неговата понуда поради тоа што истиот немал лиценца за складирање на нафта и нафтени деривати. Имено, договорниот орган во точка 4.2.4 од тендерската документација барал доказ за сопствен складиштен простор, а во истата никаде не е побарана лиценца. Жалителот наведува дека има доставено изјава за сопствен складиштен простор за три локации во Република Македонија, па со тоа смета дека ги исполнил условите да биде евалуиран како понудувач со прифатлива понуда. Поради се погоре наведено жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да го поништи решението за избор и да се врати постапката на повторно одлучување.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани жалбените наводи. Имено, договорниот орган смета дека кога во тендерската документација предвидел доказ за сопствен складиштен простор, јасна била намерата дека се бара лиценца. Со оглед на тоа договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па бара дека жалбата да биде одбиена како неоснована.

Постапувајќи по жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија утврди дека истите се основани односно договорниот орган сторил повреди на постапката. Имено, основан е жалбениот навод дека договорниот орган неосновано го елиминирал жалителот поради тоа што

Page 8: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

истиот не поседувал лиценца, од причина што ниту во тендерската документација, ниту во огласот не е предвидено дека договорниот орган бара економските оператори да поседуваат лиценца за вршење на енерегетска дејност, складирање на нафта и нафтени деривати. Поради тоа, Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека договорниот орган треба да изврши повторна евалуација и при тоа да ги евалуира и оние понудувачи кои не поседуваат лиценца. Со тоа ќе се изврши евалуација која ќе биде во согласност со правилата и критериумите кои биле предвидени во тендерската документација и Комисијата за јавни набавки на договорниот орган по извршената евалуација на прифатливите понуди да изврши рангирање на понудувачите за да предложи правилна одлука и одговорното лице кај договорниот орган да се донесе правилна и законита одлука за избор.

Со ваквото постапување договорниот орган правилно го применил материјалното право односно правилно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка”.

Согласно член 140 став 8 и 9 од Законот за јавните набавки: (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“ и (9) „Комисијата по извршената евалуација ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување на предлог за избор на најповолна понуда“.

Согласно член 228 став (7) од Законот за јавните набавки,

Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во доспозитивот.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во

диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова

Page 9: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-395/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 10: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.08-389/6 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот – АПВ „ДЕКРА“ – Скопје изјавена преку полномошник Адвокат Марта Поповска од Скопје, наш број 08-389/1 од 10.05.2010 година, против содржината на огласот и на тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на услуга на агенција за привремени вработувања на договорниот орган – ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ – Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 5 а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 2 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот АПВ „ДЕКРА“ – Скопје изјавена преку полномошник Адвокат Марта Поповска од Скопје, против содржината на огласот и на тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на услуга на агенција за привремени вработувања на ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ – Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на

договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на услуга на агенција за привремени вработувања на ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ – Скопје.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот АПВ „ДЕКРА“ – Скопје во износ од 250 денари на име административна такса и 12.300,00 денари на име надомест за водење на

Page 11: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

жалбена постапка, во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

4. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ – Скопје објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на услуга на агенција за привремени вработувања при што е изготвена тендерска документација.

Економскиот оператор АПВ „ДЕКРА“ – Скопје вложил жалба

против содржината на Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 бидејќи смета дека договорниот орган противзаконски предвидел и во огласот и во тендерската документација дискриминаторен елемент, а тоа е условот економските оператори способноста за извршување на предметната услуга да ја докажувааат со тоа дека се членови во Националната Федерација на агенции за привремено вработување. Овој поставен услов, жалителот смета дека не само што е дискриминитаторен, туку истиот и ја ограничува пазарната конкуреанција, па со оглед на се погоре наведено бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да ја поништи постапката по огласот.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата на жалителот е неоснована. Имено, договорниот орган смета дека условот кој е предвиден во огласот и во тендерската документација не е дискриминаторен и може да биде предвиден. Со оглед на тоа бара жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и

при разгледувањето и испитувањето на оспорената одлука, жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот по доставени како писмени докази, врз основа на член член 220 став 1, алинеја 5 а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 2 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е основана.

Page 12: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка Оглас за

доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 за набавка на услуга на агенција за привремени вработувања и во објавениот оглас и тендерската документација ги определил условите и критериумите што економскиот оператор треба да ги исполнат.

Економскиот оператор АПВ „ДЕКРА“ – Скопје вложил жалба

против содржината на Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2010 бидејќи смета дека договорниот орган противзаконски предвидел и во огласот и во тендерската документација дискриминаторен елемент, а тоа е условот економските оператори способноста за извршување на предметната услуга да ја докажувааат со тоа дека се членови во Националната Федерација на агенции за привремено вработување. Овој поставен услов, жалителот смета дека не само што е дискриминитаторен, туку истиот и ја ограничува пазарната конкуренција, па со оглед на се погоре наведено бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да ја поништи постапката по огласот.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата на жалителот е неоснована. Имено, договорниот орган смета дека условот кој е предвиден во огласот и во тендерската документација не е дискриминаторен и може да биде предвиден. Со оглед на тоа бара жалбата да биде одбиена како неоснована.

Постапувајќи по жалбата на жалителот, Државната комисија утврди дека истата е основана односно постапката за доделување на договор за јавна набавка не водена согласно Законот за јавните набавки. Имено, Државната комисија смета дека предвидениот услов за докажување на способност на економските оператори за учество во предметната јавна набавка, а тоа е – членство на понудувачите во Национална федерација на агенции за привремени вработувања е дискриминаторен услов согласно член 36 став 1 од Законот за јавните набавки. Вака изготвената тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки, па со тоа договорниот орган сторил битни повреди на постапката согласно член 210 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните набавки. Со оглед на тоа дека овие недостатоци не можат да се отстранат во оваа фаза на постапката, Државната комисија одлучи да ја поништи во целост оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Page 13: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

Со ваквото постапување договорниот орган погрешно го применил материјалното право односно правилно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 36 став 1 од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган не смее да дефинира технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство, изведба, определен процес или трговски марки, патенти, видови или специфично потекло на стоки со цел фаворизирање или елиминирање на определени економски оператори или определени стоки.“

Согласно член 210 став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки: „ Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција“.

Согласно член 211 од Законот за јавните набавки:„Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“ Согласно член 228 став 7 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Page 14: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Бр.08-389/6 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 15: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.08-392/8 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - Фондериа Артистица Гуастини ДОО Гамбеллара (Виченца) Италија, наш бр.08-392/1 од 11.05.2010 година изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-3171/4 од 26.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.33/2010 за набавка – изработка – лиење на скулптура на коњаник со рељефи за постамент во бронза на договорниот орган – Општина Аеродром – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) и член 228 став (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1.Жалбата на жалителот Фондериа Артистица Гуастини ДОО

Гамбеллара (Виченца) Италија изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-3171/4 од 26.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.33/2010 за набавка – изработка – лиење на скулптура на коњаник со рељефи за постамент во бронза на Општина Аеродром – Скопје, СЕ УВАЖУВА. 2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-3171/4 од 26.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.33/2010 за набавка – изработка – лиење на скулптура на коњаник со рељефи за постамент во бронза на Општина Аеродром – Скопје, и предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот Фондериа Артистица Гуастини ДОО Гамбеллара (Виченца)

Page 16: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Италија во износ од 250,00 денари на име административна такса и 24.616,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

4.Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е Договорниот орган, Општина Аеродром – Скопје, објавил по Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.33/2010 за набавка – изработка – лиење на скулптура на коњаник со рељефи за постамент во бронза и донел Одлука бр.05-3171/4 од 26.04.2010 година со која како најповолен понудувач е избран Уметничка ливница Јеремич – Белград.

Економскиот оператор Фондериа Артистица Гуастини ДОО Гамбеллара (Виченца) Италија, вложил жалба и дополнување на жалба против Одлуката за избор на најповолен понудувач поради повреда на постапката за јавна набавка. Имено, жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога ги евалуирал сите понудувачи бидејќи од 5 понудувачи само две понуди биле прифатливи и само тие требале да бидат евалуирани и исто така смета дека договорниот орган извршил избор на неприфатлива понуда. Поради се погоре наведено, жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи одлуката за избор и да се врати постапката на повторно одлучување.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани жалбените наводи. Договорниот орган смета дека согласно член 12 од ЗОУП, Комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром како овластени лица од договорниот орган одлучува по своето уверување кои факти ќе ги земе како докажани, а врз основа на совесна и грижлива оценка на секој доказ. Со оглед на тоа договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па смета дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја

жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука за избор на најповолна понуда, одговорот на жалбата доставени од договорниот орган, како и целокупната документација во предметот, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки, најде дека: Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител.

Page 17: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Жалбата е основанa.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со отворена постапка за набавка – изработка – лиење на скулптура на коњаник со рељефи за постамент во бронза и како критериуми за избор во огласот и во тендерската документација го предвидел најниска цена .

Комисијата за јавни набавки на договорниот орган во рокот утврден за отворање на понудите пристапиле кон нивно отварање по што е извршена и евалуација на истите и по извршената евалуација доставен е предлог за избор на најповолна понуда. Градоначалникот на Општина Аеродром врз основа на вака доставениот предлог ја донел сега оспорената одлука за избор на најповолен понудувач бр.05-3171/4 од 26.04.2010 година. За вака донесената одлука сите понудувачи се уредно и навремено известени.

Економскиот оператор Фондериа Артистица Гуастини ДОО Гамбеллара (Виченца) Италија, вложил жалба и дополнување на жалба против Одлуката за избор на најповолен понудувач поради повреда на постапката за јавна набавка. Имено, жалителот смета дека договорниот орган го повредил законот кога ги евалуирал сите понудувачи бидејќи од 5 понудувачи само две понуди биле прифатливи и само тие требале да бидат евалуирани. Како прво, избраниот понудувач Уметничка Ливница Јеремич ДОО – Белград, нема валиден документ, потврда дека не е отворена стечајна и ликвидациона постапка, а документот кој е доставен издаден е на ден 23.03.2010 година, но истиот го покрива периодот до 01/02.2005 година. Понатаму, избраниот понудувач доставил биланс за успех во последните три години кои не се ниту ревидирани ниту потврдени од страна на надлежен орган, ниту биле предмет на комерцијална ревизија нешто кое самиот договорен орган го барал во точка 2.4.1 и точките 2.4.3 и 2.3.4 од тендерската документација. Исто така, жалителот наведува дека избраниот понудувач нема доставено ни потврда за квалитет и технички податоци за бронзата а кое нешто е барано во точките 2.5.2 став 5, 2.6.1 и 2.6.2 од тендерската документација, ниту листа на главни услуги согласно точка 2.5.1 став 2 и 2.5.2 став 1 од тендерската документација. Сето ова укажува дека избраниот имал неприфатлива понуда, а бил избран. Неприфатлива понуда имал и понудувачот РЖ Институт Скопје. Имено, овој понудувач настапува со подизведувачи, а на фирмата Бонвицини и ја препушта целата работа, кое нешто е основ за отфрлање на понуда. Оваа фирма не е ни наведена во листата на подизведувачи со кои ќе настапи овој понудувач ниту пак оваа

Page 18: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

фирма има докази за вработени уметнички и технички персонал. Воедно РЖ Институт Скопје доставил биланс на успех во последните три години кои не се ревидирани ниту потврдени од надлежен орган ниту пак биле предмет на комерцијална ревизија кое нешто е барано во тендерската документација точка 2.4.1 и точките 2.4.3 и 2.3.4. од тендерската документација. Неприфатлива е и понудата на понудувачот Ил Сиџило Италија бидејќи овој понудувач имал доставено копија од гаранцијата од 3%, а во тендерската документација во точка 4.6.3 барана е гаранција во оригинал. Воедно, овој понудувач нема доставено потврда дека не е под стечај или ликвидација, туку има доставено само изјава која не е заведена и издадена од надлежен орган. Поради се погоре наведено жалителот бара Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи одлуката за избор и да се врати постапката на повторно одлучување.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани жалбените наводи. Договорниот орган смета дека согласно член 12 од ЗОУП, Комисијата за јавни набавки на Општина Аеродром како овластени лица од договорниот орган одлучува по своето уверување кои факти ќе ги земе како докажани, а врз основа на совесна и грижлива оценка на секој доказ. Со оглед на тоа договорниот орган смета дека не е направена никаква повреда на постапката и истата е водена согласно Законот за јавните набавки, па смета дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована.

Постапувајќи по жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија утврди дека жалбата и дополнувањето на жалбата се основани односно основани се сите наводи на жалителот. Државната комисија утврди дека договорниот орган ја повредил постапката со тоа што евалуирал неприфатливи понуди, а при тоа избрал понуда која требало да биде елиминирана како неприфатлива поради суштествени недостатоци согласно тендерската документација. Државната комисија за жалби по јавни набавки по извршениот увид во целокупната документација во целост ги прифати жалбените наводи на жалителот поради што смета дека е потребно Комисијата за јавни набавки на договорниот орган да изврши повторна евалуација на понудите. Притоа, пред да пристапи кон евалуација треба да констатира дека понудите на понудувачите Уметничка Ливница Јеремич ДОО Белград, РЖ Институт Скопје и ИЛ Цесело Ди Циприани Италија се неприфатливи, да испита дали понудите на останатите понудувачи се прифатливи и потоа да пристапи кон евалуација на прифатливите понуди, па по извршената евалуација на прифатливите понуди да изврши рангирање на понудувачите за да предложи правилна одлука и одговорното лице кај договорниот орган да донесе правилна и законита одлука за избор. Со ваквото постапување договорниот орган погрешно го применил материјалното право односно правилно ги применил одредбите од

Page 19: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Законот за јавните набавки каде е утврдено: Во член 140 став (2), (7) и (8) од Законот за јавните набавки е

утврдено: (2) „Кај отворената постапка, комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот”; (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира; (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка”

Согласно член 228 став (7) од Законот за јавните набавки,

Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во доспозитивот.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-392/8 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 20: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-378/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја

Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „ОНЕ“ АД – Скопје, наш број 07-378/1 од 07.05.2010 година, изјавена против Решението за избор на најповолен понудувач бр.14-918/16 од 26.04.2010 година донесено по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05/2010 за набавка на интернет услуги за 12 месеци на договорниот орган – Влада на Република Македонија – Генерален Секретаријат, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) и член 228 став (2) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ОНЕ“ АД – Скопје изјавена против Решението за избор на најповолен понудувач бр.14-918/16 од 26.04.2010 година донесено по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05/2010 за набавка на интернет услуги за 12 месеци на Влада на Република Македонија – Генерален Секретаријат, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Влада на Република Македонија – Генерален Секретаријат, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05/2010 за набавка на интернет услуги за 12 месеци и донел Решение за избор бр.14-918/16 од 26.04.2010 година со која како најповолен понудувач е избран „НЕОТЕЛ“ ДОО - Скопје.

Page 21: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Економскиот оператор „ОНЕ“ АД – Скопје вложил жалба против Решението за избор на најповолен понудувач бр.14-918/16 од 26.04.2010 година бидејќи смета дека извршениот избор е незаконски и спротивен на одредбите од Законот за јавните набавки. Имено, жалителот наведува дека бил известен дека се квалификувал за учество на е-аукцијата и дека дополнително ќе биде поканет на учество на е-аукцијата. После ваквото известување, жалителот не добил покана за учество на е – аукцијата и ја пропуштил можноста за учество на истата. На електронската адреса [email protected] која е официјална адреса со која жалителот се регистрира во ЕСЈН и на која ги прима сите известувања од ЕСЈН, таква покана не е пристигната. Понатаму, жалителот наведува дека е извршен избор на неприфатлива понуда бидејќи избраната понуда не го задоволува бараниот квалитет во тендерската документација. Со оглед на тоа, жалителот бара Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја поништи постапката за оваа јавна набавка како и да го задолжи договорниот орган да ги надомести оправданите трошоци за жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани наводите во жалбата. Имено, договорниот орган наведува дека на сите пет квалификувани понудувачи им била испратена покана за учество на е-аукција на електронската адреса [email protected] и поракат има статус испратена кое нешто е доказ дека истата е примена од страна на жалителот. Во однос на жалбените наводи кои се однесуваат на тоа дека извршен избор на неприфатлива понуда, договорниот орган смета дека се неосновани бидејќи исиот веќе има склучено договор со сега избраниот понудувач „НЕОТЕЛ“ за обезбедување на интернет услуги, втор линк и истиот во целост и ги исполнил сите услови предвидени со договорот па нема причина да се сомнева дека не би ги исполнил условите предвидени во тендерската документација. Со оглед на тоа, договорниот орган смета дека жалбата е неоснована и бара истата да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и

при разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, и врз основа на член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е навремена, дозволена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована.

Page 22: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со отворена

постапка за набавка на интернет услуги за 12 месеци а како критериум за избор на најповолен понудувач е утврден најниска цена и тоа со спроведување на е-аукција. Комисијата за јавни набавки ги отвoрила пристигнатите понуди и ја утврдила нивната прифатливост во однос на барањата предвидени во тендерската документација и до понудувачите доставила известување дека истите се квалификувале за учество на е – аукција а потоа е доставена и покана за учество на истата. После спроведената е - аукција, комисијата за јавни набавки доставила предлог а Генералниот Секретар на Владата на Република Македонија врз основа на вака доставениот предлог го донел сега оспореното Решение за избор. За вака донесената одлука сите понудувачи се уредно и навремено известени.

Економскиот оператор „ОНЕ“ АД – Скопје вложил жалба против Решението за избор на најповолен понудувач бр.14-918/16 од 26.04.2010 година бидејќи смета дека извршениот избор е незаконски и спротивен на одредбите од Законот за јавните набавки. Имено, жалителот наведува дека бил известен дека се квалификувал за учество на е - аукцијата и дека дополнително ќе биде поканет на учество на е - аукцијата. После ваквото известување, жалителот не добил покана за учество на е – аукцијата и ја пропуштил можноста за учество на истата. На електронската адреса [email protected] која е официјална адреса со која жалителот се регистрира во ЕСЈН и на која ги прима сите известувања од ЕСЈН, таква покана не е пристигната. Понатаму, жалителот наведува дека е извршен избор на неприфатлива понуда бидејќи избраната понуда не го задоволува бараниот квалитет во тендерската документација. Со оглед на тоа, жалителот бара Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја поништи постапката за оваа јавна набавка како и да го задолжи договорниот орган да ги надомести оправданите трошоци за жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека се

неосновани наводите во жалбата. Имено, договорниот орган наведува дека на сите пет квалификувани понудувачи им била испратена покана за учество на е-аукција на електронската адреса [email protected] и поракатa има статус испратена кое нешто е доказ дека истата е примена од страна на жалителот. Во однос на жалбените наводи кои се однесуваат на тоа дека извршен избор на неприфатлива понуда, договорниот орган смета дека се неосновани бидејќи исиот веќе има склучено договор со сега избраниот понудувач „НЕОТЕЛ“ за обезбедување на интернет услуги, втор линк и истиот во целост и ги исполнил сите услови предвидени со договорот па нема причина да се сомнева дека не би ги

Page 23: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

исполнил условите предвидени во тендерската документација. Со оглед на тоа, договорниот орган смета дека жалбата е неоснована и бара истата да биде одбиена.

Постапувајќи по жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија утврди дека истите се неосновани. Договорниот орган постапката за јавната набавка ја спровел согласно Законот за јавните набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки изврши увид во целокупната документација на предметот и по изведувањето на доказите утврди дека договорниот орган има испратено покана до жалителот за учество на електронската аукција. Имено, со оглед дека постапката за оваа јавна набавка е спроведена преку ЕСЈН, Државната комисија се обрати и до Бирото за јавни набавки кое е надлежно и во чија надлежност е базата на апликацијата, од каде е доставено известување дека на ден 16.04.2010 година во 10.40 часот, испратен е мејл од страна на договорниот орган до мејл адресата [email protected], и истата порака има статус доставена (delivered). Исто така, во доставеното известување стои дека е извршена анализа преку базата на податоци на поштенското сандаче на сите корисници на ЕСЈН и од истата е утврдено дека маил пораката ја има во поштенското сандаче на Onе АД Скопје.

Со ваквото постапување договорниот орган правилно го применил материјалното право односно правилно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Page 24: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Бр.07-378/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 25: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр. 08-258/20 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот „БОНИ-М“ ДООЕЛ – Прилеп, наш број 08-258/14 од 10.05.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.08-442/18 од 05.05.2010 година, донесена по Барањето за прибирање понуди со објавување на оглас бр.4/2010 за набавка на услуги – превоз на ученици од основното образование на територијата на град Прилеп, на договорниот орган – Општина Прилеп – Прилеп, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ – Прилеп, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 08-442/18 од 05.05.2010 година, донесена по Барањето за прибирање понуди со објавување на оглас бр.4/2010 за набавка на услуги – превоз на ученици од основното образование на територијата на град Прилеп, на Општина Прилеп, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „БОНИ-М“ ДООЕЛ – Прилеп, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 08-442/18 од 05.05.2010 година, донесена по Барањето за прибирање понуди со објавување на оглас бр.4/2010 за набавка на услуги – превоз на ученици од основното образование на територијата на град Прилеп, од градоначалникот на Општина Прилеп – Прилеп, поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и повреди на постапката за

Page 26: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

доделување договор за јавна набавка, при што бара Државната комисија да ја уважи жалбата и да донесе решение со кое ќе ја поништи оспорената одлука и предметот ќе го врати на повторно одлучување.

Во писмениот одговор на жалба, договорниот орган бара истата да се одбие како неоснована во целост, затоа што повторената постапка е водена во целост согласно упатствата на Државната комисија во решението за укинување на претходно донесената одлука за избор, како и согласно одредбите на Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази: Жалбата, Писмениот одговор на жалбата доставен од договорниот орган, оспорената одлука за избор, Одлуката за јавна набавка и нејзината измена, Огласот за доделување договор за јавна набавка, Тендерската документација, Записникот за отворањето на понудите, Извештајот од спроведената постапка, пристигнатите понуди со доказите за способноста, како и останатата документација приложена во предметот и врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки што најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за доделување договор за

јавна набавка со Барање за прибирање понуди со објавување на оглас бр. 4/2010 за набавка на услуги – превоз на ученици од основното образование на територијата на град Прилеп на релации согласно спецификација, за што претходно е донесена Одлука за јавна набавка бр.08-442/1 од 16.02.2010 година. Како критериум за избор на најповолна понуда, договорниот орган во тендерската документација и во огласот го предвидел економски најповолна понуда со елементите: цена – 75 бода, начин и рок на плаќање 5 – бода и расположива техничка опрема за извршување на услугата за превоз – 20 бода, а третиот елемент содржи уште 4 поделементи кои носат секој по 5 бода, наведено во Точка 12 од тендерската документација.

До крајниот рок, до договорниот орган пристигнале 4 понуди, кои

биле отворени во присуство на претставници на понудувачите, за што е составен Записник за отворањето на понудите бр.14-442/5 од 04.03.2010

Page 27: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

година. По разгледувањето на валидноста и комплетноста на пристигнатите понуди, Комисијата за јавни набавки на договорниот орган исклучила 3 понуди како неприфатливи, додека преостаната понуда ја оценила како комплетно прифатлива и ја евалуирала, при што составила Извештај бр.14-442/6 од 04.03.2010 година со кој како најповолен понудувач за избор го предложила економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп, кој предлог бил прифатен од страна на овластеното лице во договорниот орган и донесена е сега оспорената одлука за избор. Незадоволен од вака донесената одлука за избор, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ – Прилеп.

Постапувајќи по жалбата, Државната комисија на својата 11-та

Седница со Решение бр.08-258/7 од 24.03.2010 година ја уважила жалбата на жалителот „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ – Прилеп, jа укинала Одлуката за избор на најповолна понуда бр.08-442/7 од 12.03.2010 година и предметот го вратила на повторно одлучување.

Договорниот орган постапувајќи по решението на Државната

комисија, извршил повторно испитување на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди, при што две понуди исклучил од евалуација, додека понудите на жалителот „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп и на сега избраниот понудивач „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ - Прилеп, ги евалуирал за што составил Извештај од спроведената постапка бр.14-442/12 од 06.04.2010 година по кој предлог одговорното лице во договорниот орган ја донело Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 08-442/13 од 06.04.2010 година.

Од вака донесената одлука за избор незадоволен сега останал

економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп кој вложил жалба до Државната комисија. Постапувајќи по жалбата, Државната комисија на својата 14-та Седница со Решение бр.08-258/13 од 21.04.2010 година ја уважила жалбата на жалителот „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп, jа укинала Одлуката за избор на најповолна понуда бр.08-442/13 од 06.04.2010 година и предметот го вратила на повторно одлучување, со јасни укажувања до првостепениот орган.

Договорниот орган постапувајќи по решението на Државната

комисија, ги прифатил укажувањата и по повтореното постапување ја донел Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 08-442/18 од 05.05.2010 година со која како најповолен понудувач е избран економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп. Незадоволен од вака донесената одлука за избор, сега жалба до Државната комисија изјавил економскиот оператор „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ – Прилеп.

Постапувајќи по жалбата, Државната комисија го утврди следното:

Page 28: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

Жалителот во својата жалба наведува дека, договорниот орган неоправдано ја сметал неговата понуда за неприфатлива и поради тоа ја евалуирал и избрал понудата на економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп. Жалителот смета дека ги исполнува сите услови за докажување на способноста за извршување на јавната набавка и договорниот орган незаконски ја исклучил неговата понуда како неприфатлива.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува

дека во целост ги почитувал укажувањата на Државната комисија и ја исклучил понудата на жалителот како неприфатлива, по што ја избрал како најповолна на економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп.

Државната комисија од увидот во доставената документација од

повторената постапка за доделување договор за јавна набавка и по оценка на доставените докази најде, жабата е неоснована.

Имено, Државната комисија во своето Решение бр.08-258/13 од

21.04.2010 година утврдила дека од приложените докази во понудатa на тогаш избраниот понудувач „БОНИ-М 08“ ДООЕЛ – Прилеп, истиот не доставил докази за исполнување на условите од точка 7.4 алинеја 1, 2 и 4 од техничка и професионална способност од тендерската документација, односно „Листа на глави испораки на овој вид на услуги на понудувачите во последните три години со датуми, вредности, набавувачи потврди и слично“, понатаму „Опис на техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор за извршување на ваков вид на услуга“ и „Уверенија или потврди издадени од набавувачи за извршен на ваков вид на услуги“. Со оглед на тоа што тогаш избраниот понудувач не ги доставил сите документи барани со поедноставената тендерска документација, согласно член 102 став (5) од Законот за јавните набавки, понудата на економскиот оператор е неприфатлива и поради тоа му наложила на договорниот орган да ја исклучи како таква, согласно член член 140 став (7) од Законот за јавните набавки.

Договорниот орган постапил согласно упатствата на Државната

комисија и за најповолна ја избрал следната понуда на економскиот оператор „БЕНЕТАН“ ДОО – Прилеп, согласно член 102 став (7) од Законот за јавните набавки, односно „Ако економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член во рок од пет дена од денот на прием на известувањето, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на способноста, договорниот орган го поканува наредниот рангиран економски оператор или ја поништува постапката“.

Оттаму, Државната комисија смета дека договорниот орган

правилно постапил кога ја исклучил понудата на жалителот како

Page 29: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

неприфатлива и ја избрал наредно рангираниот економскиот оператор за најповолен.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во

диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр. 08-258/20 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 30: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-375/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот – „АС-КО УСЛУГИ“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 07-375/1 од 05.05.2010 година, изјавена против Решението за избор на најповолна понуда 0506 Су.бр.204/2010-4 од 28.04.2010 година донесено по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка 02/2010 за набавка – реконструкција на котлара за топловодно греење на договорниот орган – Апелационен суд – Штип, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот „АС-КО УСЛУГИ“ ДООЕЛ – Скопје,

изјавена против Решението за избор на најповолна понуда 0506 Су.бр.204/2010-4 од 28.04.2010 година донесено по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка 02/2010 за набавка – реконструкција на котлара за топловодно греење на Апелационен суд – Штип, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „АС-КО УСЛУГИ“ ДООЕЛ – Скопје, изјавил жалба против Решението за избор на најповолна понуда 0506 Су.бр.204/2010-4 од 28.04.2010 година донесено по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2010 за набавка – реконструкција на котлара за топловодно греење, донесено од претседателот на Апелациониот суд – Штип, поради повреди на

Page 31: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

постапката за доделување договор за јавна набавка во делот на евалуацијата на понудите, при што бара Државната комисија да ја разгледа жалбата и да одлучи по неа.

Во писмениот одговор на жалба, договорниот орган бара

Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована, затоа што смета дека целокупната постапка за доделување договор за јавна набавка е водена согласно Законот за јавните набавки и дека не се сторени повредите на постапката на кои се повикува жалителот, а понудата на жалителот оправдано е исклучена од евалуирана поради тоа што истата била неприфатлива.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази: Жалбата, оспореното решение за избор, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, Решението за јавна набавка, Записникот за отворањето на понудите, Извештајот од спроведената постапка, Тендерската документација, пристигнатите понуди заедно со доказите за утврдување на нивната способност, како и останатата документација приложена во предметот и врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснованa. Од увидот во доставените писмени докази во предметот и детално

испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за доделување договор за

јавна набавка, со Отворена постапка бр.2/2010, за набавка – реконструкција на котлара за топловодно греење, за што претходно е донесено Решение за јавна набавка 0506 Су.бр.204/2010 од 19.02.2010 година. Како критериум за избор договорниот орган во тендерската документација и во огласот го предвидел економски најповолна понуда со елементите: цена – 80 бода, гаранција – 10 бода и рок на испорака -монтажа – 10 бода.

До крајниот рок за отворањето на понудите пристигнале 6 понуди,

кои биле отворени во присуство на претставници на понудувачите, за што е составен Записник за отворањето на понудите 0506 Су.бр.204/2010-2 од 17.04.2010 година.

Page 32: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

По разгледувањето на валидноста и комплетноста на пристигнатите понуди по делови на набавката, Комисијата за јавни набавки понудата на жалителот ја оценила како неприфатлива и не ја евалуирала, додека останатите понуди ги евалуирала, при што составила Извештај за спроведената постапка од 23.04.2010 година со кој како најповолна понуда ја предложила понудата на економскиот оператор „МАКОТЕРМ“ ДООЕЛ – Скопје. Одговорното лице на договорниот орган го прифатило предлогот на Комисијата за јавни набавки и го донело сега оспореното решение за избор.

Незадоволен од вака донесеното решение за избор, жалба до

Државната комисија изјави економскиот оператор „АС-КО УСЛУГИ“ ДООЕЛ – Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија го утврди

следното: Жалителот во својата жалба наведува дека договорниот орган

направил повреди на постапката за доделување договор за јавна набавка со тоа што незаконски ја отфрлил неговата понуда како неприфатлива, од причини што истата не содржела доказ за исполнување на техничка и професионална способност – Потврда издадена од набавувач за кого е извршена претходно ваква набавка. Жалителот во својата жалба признава дека во својата понуда, по грешка, наместо потврда за извршена набавка која се бара, доставил Потврда од АД ЕЛЕМ Подружница РЕК „Осломеј“ од Осломеј за извршена набавка на резервни делови, ладилник за турбинско, ладилник за заптивно масло, ладилник за напојна пумпа и слично, од 19.03.2007 година. Жалителот понатаму смета дека договорниот орган согласно член 140 од Законот за јавните набавки, требало да побара од жалителот да ја појасни и дополни со документи својата понуда, со оглед на фактот што се работи за документи со која се докажува способноста и што не преставува критериум за избор. Во прилог на жалбата жалителот доставил референтни листи од кои можело да се види дека тој работел на котли за течно гориво за топла вода.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган ги негира

сите жалбени наводи како неосновани и нагласува дека понудата на жалителот законски и основано е отфрлена како неприфатлива и не е евалуирана, согласно член 140 став (7) од Законот за јавните набавки, дека истата не ги содржела сите барани документи за докажување на способноста на економскиот оператор и дека не постои законска обврска договорниот орган да бара дополнување на понудата на економскиот оператор кој не ги доставил сите барани документи кои се елиминаторни при изборот на најповолен понудувач. Поради тоа бара Државната комисија да ја добие жалбата како неоснована.

Page 33: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

Државната комисија, постапувајќи по жалбата, врз основа на сите приложени писмени докази во предметот, како и по службен должност, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, Државната комисија утврди дека неоснован е жалбениот

навод за направени повреди на постапката за доделување договор за јавна набавка кога договорниот орган ја исклучил понудат на жалителот како неоснована. Согласно член 152 став (1) од Законот за јавните набавки „Договорниот орган може да побара од економскиот оператор кој учествува во постапката за доделување на договор за јавна набавка, да ја докаже својата техничка или професионална способност; (2) „Ако договорниот орган бара докажување на техничката и професионалната способност, во тендерската документација ги наведува документите со кои економскиот оператор треба да ја докаже истата“. Во член 140 став (3) од Законот за јавните набавки е пропишано: „При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања“. Ова значи дека договорниот орган може, но не мора да постапи според погоре наведениот член, особено ако процени дека на тој начин ќе доведе некого во предност пред останатите конкуренти на огласот за јавна набавка. Во тендерската документација договорниот орган сосема јасно ги навел документите со кои се докажува способноста на економските оператори и на тоа немало приговори од ниту еден економски оператор учесник во јавната набавка. Овие документи за докажување на способноста се елиминаторни и поради тоа потребно е секој економскиот оператор да ги достави комплетно и согласно барањата најдоцна на денот на јавното отворање на понудите, а во спротивно неговата понуда нема да биде сметана за прифатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на Комисијата за јавни набавки, согласно член 140 став (7) од Законот за јавните набавки.

Според тоа, Државната комисија смета дека договорниот орган правилно постапил кога понудата на жалителот ја сметал за неприфатлива и како таква ја исклучил од евалуација, а останатите прифатливи понуди ги евалуирал, согласно однапред објавениот критериум за избор.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно

член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од целокупната спроведена постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Page 34: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-375/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 35: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр. 07-328/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ВИА” ДОО – Вевчани, наш број 07-328/1 од 19.04.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 11-756/4 од 09.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-32/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони тули за РЕК Битола на договорниот орган – АД „ЕЛЕМ” – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ВИА” – ДОО Вевчани, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.11-756/4 од 09.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-32/2010 за набавка на сток – огноотпорни и изолациони тули за РЕК Битола на АД „ЕЛЕМ” – Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ВИА” ДОО – Вевчани, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.11-756/4 од 09.04.2010 донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-32/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони тули за РЕК Битола донесена од директорот на АД „ЕЛЕМ” – Скопје, поради повреди на постапката за доделување договор за јавна

Page 36: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

набавка во делот на евалуацијата на понудите, при што бара Државната комисија да ја разгледа жалбата и да одлучи по неа.

Во писмениот одговор на жалба, договорниот орган бара

Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована, затоа што смета дека целокупната постапка за доделување договор за јавна набавка е водена согласно Законот за јавните набавки и дека не се сторени повредите на постапката на кои се повикува жалителот, а понудата на жалителот е евалуирана согласно предвидениот критериум за избор определен во огласот и тендерската документација.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази: Жалбата, оспорената одлука за избор, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, Одлуката за јавна набавка, Записникот за отворањето на понудите, Извештајот од спроведената постапка, Тендерската документација, пристигнатите понуди заедно со доказите за утврдување на нивната способност, како и останатата документација приложена во предметот и врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована. Од увидот во доставените писмени докази во предметот и детално

испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за доделување договор за

јавна набавка, со Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-32/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони тули за РЕК Битола, за што претходно е донесена Одлука за јавна набавка бр.11-756/1 од 01.02.2010 година. Како критериум за избор договорниот орган во тендерската документација и во огласот го предвидел економски најповолна понуда со елементите: цена – 70 бода, квалитет – 25 бода и услови на плаќање – 5 бода. Договорниот орган во тендерската документација елементот квалитет го поделил на поделементи и тоа: технички карактеристики и сертификати за квалитет (атести) на понудените материјали – 20 бода и референтна листа за досегашни испораки на материјали од ваков вид во последните 5 години – 5 бода.

До крајниот рок за отворањето на понудите пристигнале 6 понуди,

кои биле отворени во присуство на претставници на понудувачите, за што

Page 37: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

е составен Записник за отворањето на понудите бр.11-756/2 од 11.03.2010 година.

По разгледувањето на валидноста и комплетноста на пристигнатите

понуди по делови на набавката, Комисијата за јавни набавки пристигнатите понуди ги евалуирала, врз основа на мислење на стручната комисија за ценење на квалитетот на пристигнатите понуди, при што составила Извештај бр.11-756/3 од 07.04.2010 година со кој како најповолни понуди ги предложила понудите на економските оператори „ВАРДАР ДОЛОМИТ” – Гостивар за позиција 1, 3, 5, 8, 9, 10 и 11, „ВАТРОСТАЛНА” – Скопје за позиција 2 и „БОМЕКС РЕФРАКТОРИ” – Пехчево за позиција 4, 6 и 7. Одговорното лице на договорниот орган го прифатило предлогот на Комисијата за јавни набавки и ја донело сега оспорената одлука за избор.

Незадоволен од вака донесената одлука за избор, жалба до

Државната комисија изјави економскиот оператор „ВИА” ДОО – Вевчани.

Проверувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија го утврди

следното: Жалителот во својата жалба наведува дека договорниот орган

направил повреди на постапката кои се однесуваат на евалуацијата на понудите затоа што за поголем дел од набавката избрал понуди кои се со повисока цена од онаа која ја понудил жалителот, а и квалитетот на неговите производи бил врвен и досега користен од страна на договорниот орган во претходни испораки. Затоа, жалителот смета дека Комисијата за јавни набавки на договорниот орган необјективно и произволно ја оценила понудата на жалителот, поради Што бара Државната комисија да ги провери наводите во жалбата.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган се сомнева

во навременоста и комплетноста на жалбата, а воедно и ги негира сите жалбени наводи како неосновани и нагласува дека понудата на жалителот е евалуирана согласно објавениот критериум за избор, објективно и непристрасно, поради што бара жалбата да биде одбиена во целост како неоснована.

Државната комисија, постапувајќи по жалбата, врз основа на сите

приложени писмени докази во предметот, како и по службена должност, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, Државната комисија утврди дека неоснован е жалбениот

навод за направени повреди при евалуација на понудите, затоа што видно од табелата за бодирање и рангирање, понудите се евалуирани согласно

Page 38: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

објавените критериуми за избор и мислењето на стручната комисија за ценење на квалитетот. Од причини што како критериум за избор е утврден економски најповолна понуда со повеќе елементи, не стојат жалбените наводи за тоа дека договорниот орган избрал за одредени позиции производи со повисоки цени, затоа што вкупните бодови се добиваат како збир на сите елементи на критериумот за избор.

Што се однесува до жалбениот навод за квалитетот на понудата на

жалителот, тој е оценет со максимум бодови од страна на Комисијата за јавни набавки, но другите елементи на критериумот за избор биле во корист на останатите понудувачи, што било пресудно за конечното рангирање на понудите.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно

член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од целокупната спроведена постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во

диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-328/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 39: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр. 07-329/9 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот „ВИА” ДОО – Вевчани, наш број 07-329/1 од 19.04.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 11-755/4 од 06.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-31/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони бетони за РЕК Битола и РЕК Осломеј на договорниот орган – АД „ЕЛЕМ” – Скопје, врз основа на член, 220 став (1) алинеја 3 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот „ВИА” ДОО – Вевчани, изјавена против

Одлуката за избор на најповолна понуда бр.11-755/4 од 06.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-31/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони бетони за РЕК Битола и РЕК Осломеј на АД „ЕЛЕМ” – Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ВИА” ДОО – Вевчани, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр. 11-755/4 од 06.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-31/2010 за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони бетони за РЕК Битола и РЕК Осломеј, донесена од директорот на АД „ЕЛЕМ” – Скопје, поради повреди на постапката за доделување договор за јавна набавка во делот

Page 40: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

на евалуацијата на понудите при што бара Државната комисија да ја разгледа жалбата и да одлучи по неа.

Во писмениот одговор на жалба, договорниот орган бара Државната

комисија жалбата да ја одбие како неоснована, затоа што смета дека целокупната постапка за доделување договор за јавна набавка е водена согласно Законот за јавните набавки и дека не се сторени повредите на постапката на кои се повикува жалителот, а понудата на жалителот е евалуирана согласно предвидениот критериум за избор определен во огласот и тендерската документација.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: Жалбата, оспорената одлука за избор, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, Одлуката за јавна набавка, Записникот за отворањето на понудите, Извештајот од спроведената постапка, Тендерската документација, пристигнатите понуди заедно со доказите за утврдување на нивната способност, како и останатата документација приложена во предметот и врз основа на член 220 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител. Жалбата е неоснована. Договорниот орган спровел постапка за доделување договор за јавна

набавка, со Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-31/2010, за набавка на стоки – огноотпорни и изолациони бетони за РЕК Битола и РЕК Осломеј, за што претходно е донесена Одлука за јавна набавка бр. 11-755/1 од 11.02.2010 година. Како критериум за избор договорниот орган во тендерската документација и во огласот го предвидел економски најповолна понуда со елементите: цена – 70 бода, квалитет – 25 бода и услови на плаќање – 5 бода. Договорниот орган во тендерската документација елементот квалитет го поделил на поделементи и тоа: технички карактеристики и сертификати за квалитет (атести) на понудените материјали – 20 бода и референтна листа за досегашни испораки на материјали од ваков вид во последните 5 години – 5 бода.

До крајниот рок за отворањето на понудите пристигнале 6 понуди, кои

биле отворени во присуство на претставници на понудувачите, за што е составен Записник за отворањето на понудите бр. 11-755/2 од 11.03.2010 година.

По разгледувањето на валидноста и комплетноста на пристигнатите

понуди по делови на набавката, Комисијата за јавни набавки пристигнатите понуди ги евалуирала, врз основа на мислење на стручната комисија за ценење на квалитетот на пристигнатите понуди, при што составила Извештај бр.11-755/3 од 01.04.2010 година со кој како најповолни понуиа ги предложила

Page 41: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

понудите економските оператори „ВАРДАР ДОЛОМИТ” – Гостивар за позиција 3 и 7 за РЕК – Битола, „ЛИПТЕРМ” – Скопје за позиција 6 РЕК – Битола и „БОМЕКС РЕФРАКТОРИ” – Пехчево за позиција 1, 2, 4, 5 и 8 за РЕК – Битола и позиција 1, 2, 3 за РЕК – Осломеј. Одговорното лице на договорниот орган го прифатило предлогот на Комисијата за јавни набавки и ја донело сега оспорената одлука за избор.

Незадоволен од вака донесената одлука за избор, жалба до Државната

комисија изјави економскиот оператор „ВИА” ДОО – Вевчани. Проверувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија го утврди

следното: Жалителот во својата жалба наведува дека договорниот орган направил

повреди на постапката кои се однесуваат на евалуацијата на понудите затоа што за поголем дел од набавката избрал понуди кои се со повисока цена од онаа која ја понудил жалителот, а и квалитетот на неговите производи бил врвен и досега користен од страна на договорниот орган во претходни испораки. Затоа, жалителот смета дека Комисијата за јавни набавки на договорниот орган необјективно и произволно ја оценила понудат на жалителот, поради што бара Државната комисија да ги провери наводите во оваа жалба.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган се сомнева во

навременоста и комплетноста на жалбата, а воедно и ги негира сите жалбени наводи како неосновани, и нагласува дека понудата на жалителот е евалуирана согласно објавениот критериум за избор, објективно и непристрасно, поради што бара жалбата да биде одбиена во целост како неоснована.

Државната комисија, постапувајќи по жалбата, врз основа на сите

приложени писмени докази во предметот, како и по службена должност, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, Државната комисија утврди дека неоснован е жалбениот навод за

направени повреди при евалуација на понудите, затоа што видно од табелата за бодирање и рангирање понудите се евалуирани согласно објавените критериуми за избор и мислењето на стручната комисија за ценење на квалитетот. Од причини што како критериум за избор е утврден економски најповолна понуди со повеќе елементи, не стојат жалбените наводи за тоа дека договорниот орган избрал за одредени позиции производи со повисоки цени. Што се однесува до квалитетот на понудата на жалителот, таа е ценета со максимум бодови од страна на Комисијата за јавни набавки, но другите елементи на критериумот за избор биле во корист на останатите понудувачи, што било пресудно за конечното рангирање на понудите.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно член

211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од

Page 42: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

целокупната спроведена постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-329/9 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 43: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-387/5 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „СМИТ“ ДОО Скопје, наш број 07-387/1 од 10.05.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-004218/10-0011 од 04.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка – одржување на агрегати на договорниот орган - Царинска Управа на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 1 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од „СМИТ“

ДОО Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-004218/10-0011 од 04.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка – одржување на агрегати на Царинска Управа на Република Македонија.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр.07-387/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

предметот бр.07-387/1 по однос на вложената жалба поднесена од „СМИТ“ ДОО Скопје, констатира дека со допис од 12.05.2010 година доставен од страна на жалителот истата ја повлекува.

Page 44: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Имено, согласно член 220 став 1, алинеја 1 од Законот за јавните набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки

одлучи како во диспозитивот од причина што и немаше потреба да постапува по соодветниот предмет.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-401/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 45: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.07-385/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова

– претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „ОНЕ“ АД Скопје, наш бр 07-385/1 од 14.12.2009 година, изјавена против содржината на тендерската документација донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на телекомуникациски услуги на договорниот орган - ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гастроентерохепатологија – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5, а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 1 и 2 и член 228 став 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ОНЕ“ АД Скопје, изјавена против содржината на тендерската документација донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на телекомуникациски услуги на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гастроентерохепатологија –Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на телекомуникациски услуги на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гастроентерохепатологија – Скопје. 3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот - „ОНЕ“ АД Скопје во износ од 250,оо денари на име административна такса и 6.155,оо денари на име надомест за водење на жалбена постапка, во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

4. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈЗУ Универзитетска Клиника за

Гастроентерохепатологија Скопје, објавил Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на телекомуникациски услуги.

Page 46: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Незадоволен од содржината на тендерската документација, жалба до Државната комисија вложи економскиот оператор „ОНЕ“ АД – Скопје, кој со жалбата бара да се поништи постапката, а договорниот орган да му ги надомести трошоците на постапката.

Во одговорот на жалбата договорниот орган смета дека во целост се неосновани наводите во жалбата и дека постапката за доделување на договор за јавна набавка е водена согласно Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при

разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, согласно со член 220 став (1) алинеја 5, а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 1 и 2 од Законот за јавните набавки најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител. Жалбата е основана. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган согласно член 28 од Законот за јавни набавки, не

донел Одлука за јавна набавка, туку согласно својот статут, определи да започне постапка за јавна набавка. Започаната е постапка со Барање за прибирање на понуди со објавување на Оглас бр.03/2010 за набавка на телекомуникациски услуги, поделена на ставки и тоа фиксна, интернет и мобилна телефонија. Со тендерската документација е определена документацијата потребна за докажување на економска, професионална и техничка способност и изготвена е техничка спецификација, образец понуда и изјава согласно член 102 став 4 од Законот за јавните набавки.

Незадоволен од предвидените услови определени во тенерската документација, жалба вложи „ОНЕ“ АД Скопје.

Жалителот во жалбата наведува дека со тендерската документација е

повреден член 2 од Законот за јавните набавки кој гласи дека во постапката за јавна набавка треба да биде обезбедена конкуренција и еднаков третман и недискриминација на економските опрератори, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки. Понатаму, жалителот наведува дека критерум за избор е економски најповолна понуда, а презицирано е дека понудата не е делива по ставки и дека се одбира понуда за сите ставки заедно. Но, образложението дадено од страна на договорниот орган за елементите за евалуација и покритериумите, не соодвествува дека набавката не

Page 47: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

е делива, бидејќи на секоја услуга одделно збирот на бодовите изнесува 100 бода. Со оглед на фактот што набавката не е делива, жалителот истакнува дека извлекол заклучок дека вкупниот број на бодови е 300, што е спротивно на Законот за јавните набавки и член 3 од Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договор за јавна набавка во бодови. Како жалбен навод, жалителот наведува и за сертификатот кој носи 5 бода, а истиот е елемент кој остава простор за манипулација, бидејќи е дискриминаторен во однос на жалителот бидејќи само „Т –Мобиле“ Скопје е единствен економски оператор на пазарот кој поседува сертификат. Жалителот, исто така, наведува дека сертификатот се бодува, а не претставува услов за докажување на техничка и професионална способност. Во продолжение, жалителот наведува дека е стрена битна повреда на член 210 став 1 алинеја 2 и бара од Државната комисија да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалба наведува дека жалбените наводи се целосно неосновани. Повредата на член 2 од Законот за јавните набавки требало да ја укаже жалителот по добивање на тендерската документација, а можел и пред отварањето на понудите. Комисијата за јавни набавки ја доставува изработената евалуација која математички смета дека е пооправдана, бидејќи доколку Комисијата за јавни набавки евалуирала до максимални 100 бода, требало да ги делат поделементите на 1 до 2 бода и би добивале во децимали, а тие поделементите ги определувале на најниска вредност од 5 бода. За елементот квалитет, договорниот орган смета дека не може да се докаже никако поинаку освен со сертификат. Комисијата на договорниот орган се раководела од начелото за рационално и ефикасно користење на средствата и ги запазила и другите начела. На крај, договорниот орган наведува дека исто ги бодува за референтна листа и двајцата понудувачи, иако „Т-Мобиле“ Скопје имал голема разлика во понудените броеви за разговор бесплатно. Со оглед на наведеното, договорниот орган бара да се одбие жалбата како неоснована.

Испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки изврши увид во содржината на Тендерската докуметација на договорниот орган и утврди дека жалбата е основана. Имено основани се жалбените наводи кои се однесуваат на непочитување на законските и подзаконските прописи во однос на делливоста на набавката. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган навела дека станува збор за неделива понуда по ставки, но во тој случај вкупниот број на бодови треба да изнесува за сите ставки 100 бода. Со ваквото постапување на договорниот орган, сторена е повреда на член 3 од Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договор за јавна набавка во бодови според кој, бодовите се распределуваат во распон од 1 до 100 бода.

Државната комисија утврди дека жалбените наводи на жалителот кои се однесуваат на тоа е сторена повреда на член 2 од Законот за јавните набавки со определувањето на поделемент - сертификат се неосновани, односно не е

Page 48: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

дискриминаторен, бидејќи во овој случај не е наведено конкретно кој сертификат е баран.

Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека тендерската

документација е неправилно изготвена и спротивна на законските одредби. Комисијата за јавни набавки неправилно го применила член 155 од Законот за јавните набавки, бидејќи договорниот орган во огласот треба да наведе конкретни системи за квалитет и сертификат, а не да се повикува само на оваа одредба од законот која е генеричка. Овие сертификати се користат за утврдување на способноста на понудувачот, а не се однесуваат на услугата или производот што се набавува. Со сертификатот понудувачот докажува дека се придржува на определени стандарди за систем на квалитет во деловниот процес.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно своите

овластувања од член 211 од Законот за јавните набавки, при проверката на приложените писмени докази во предметот утврди дека се направени суштествени повреди на одредбите на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 став 1, алинеја 1 од Законот за јавните набавки односно договорниот орган согласно член 28 од Законот за јавните набавки, нема изготвено Одлука за јавна набавка со која треба да има определено проценета вредност на набавката, според која се определува и видот на постапката, потоа, членови на комисијата и нивни заменици, како и критерумот за избор.

Оттука, договорниот орган погрешно го применил материјалното право

односно погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено се обезбедува: конкуренција меѓу економските оператори; еднаков третман и недискриминација на економските оператори; транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“ Член 155 од Законот за јавните набавки: „Кога се бара поднесување на сертификати издадени од независни институции со кои се потврдува дека економскиот оператор се придржува до одредени стандарди за гаранција на квалитет, договорниот орган ги посочува системите за квалитет засновани врз релевантните европски или меѓународни стандарди.“ Член 3 од Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договор за јавна набавка во бодови: „Елементите на критериумот економски најповолна понуда треба да се изразат во определен број на бодови во распон од 1 до 100, а истите се наведуваат редоследно според нивната важност. Вкупниот број на бодови за сите елементи за кои се определил договорниот орган по

Page 49: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

конкретната набавка треба да биде 100 бода. Секој елемент кој ќе се вреднува треба да биде директно поврзан со предметот на јавната набавка.“

Согласно член 210 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција;“ Согласно член 228 став 7 од Законот за јавните набавки Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), Држвната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-385/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 50: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.08-401/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - Печатница „11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп, наш број 08-401/1 од 13.05.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.07-177/8 од 05.05.2010 година донесена по Огласот бр.07/2010 за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка за набавка на печатарски услуги на договорниот орган - ЈСП „СКОПЈЕ“ Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3), а во врска со член 210 став 1 алинеја 4 и 6, член 211 и член 228 став (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е 1.Жалбата на „11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп изјавена против Одлуката за

избор на најповолна понуда бр.07-177/8 од 05.05.2010 година донесена по Огласот бр.07/2010 за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка за набавка на печатарски услуги на ЈСП „СКОПЈЕ“ Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.07-177/8

од 05.05.2010 година донесена по Огласот бр.07/2010 за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка за набавка на печатарски услуги на ЈСП „СКОПЈЕ“ Скопје, и предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести на подносителот

на жалбата „11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп трошоците на постапката и тоа во износ од 250,оо денари на име административна такса и 12.308,оо денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

Page 51: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈСП „СКОПЈЕ“ Скопје објавил Оглас бр.07/2010 за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка за набавка на печатарски услуги и донел Одлука бр.07-177/8 од 05.05.2010 година со која како најповолен понудувач е избран „БАТО ЕНД ДИВЈАН“ ДООЕЛ Скопје.

Незадоволен од донесената Одлука за избор како и поради повреда на постапката за јавна набавка, жалба вложи економскиот оператор „11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп. Имено, жалителот смета дека договорниот орган сторил битни повреди на постапката кои се однесуваат на евалуацијата на понудите и бара од Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и поништи одлуката за избор.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека се неосновани

наводите во жалбата и смета дека не е направена никаква повреда на постапката за доделување на договор за јавна набавка и истата е водена согласно Законот за јавните набавки и бара жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја жалбата

и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука за избор на најповолна понуда, одговорот на жалбата доставено од договорниот орган, како и целокупната документација во предметот, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4, а во врска со член 210 став 1 алинеја 4 и 6 и член 211 од Законот за јавните набавки, најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган ЈСП „СКОПЈЕ“ Скопје согласно член 28 од Законот за јавните набавки донел Одлука за јавна набавка бр.07-177/1 од 10.02.2010 година и отпочнал постапка со објавување на оглас бр.07/2010 со отворена постапка за набавка на печатарски услуги. Како критериум за избор е утврден економски најповолна понуда со елементи: цена на чинење - 80 бода и квалитет и заштита - 20 бода, кој пак е поделен на четири подкритериуми - референтна листа на главни испораки од 1 до 8 бода, функционални и естетски карактеристики од 1 до 8 бода, образовни и професионални квалификации на стручен кадар одговорен за конкретната набавка од 1 до 2 бода, техничка опременост со машини, уреди, опрема и објекти за вршење на печатарски услуги – со обезбеден магацински простор за чување на специјална хартија подолг

Page 52: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

временски период, како и мерки за безбедност на објектите од злоупотреба , кражби и пожар до 1 до 2 бода.

Комисијата за јавни набавки на договорниот орган во рокот утврден за

отворање на понудите пристапила кон нивно отварање на кое имало забелешки дека понудувачот „БАТО ЕНД ДИВЈАН“ ДОО Скопје нема уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција за забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган потоа пристапила кон евалуација на понудите и како најповолна ја предложила понуда на „БАТО ЕНД ДИВЈАН“ ДОО Скопје и одговорното лице донело Одлука за избор на најповолна понуд бр.07-177/8 од 05.05.2010 година.

Незадоволен од вака донесената одлука, жалба вложи еконмскиот оператор Печатница „11 ОКТОМВРИ“ Прилеп.

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган сторил повреди во постапката за евалуација согласно член 3 точка24, потоа дека сторена е повреда на член 129 став 1, член 140 став 2, 7, и 8, на член 143 став 1 алинеја 1, на член 147 став 2 алинеја 5, на член 162 и член 210 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните набавки. Жалителот смета дека извршен е избор на неприфатлива понуда согласно на член 210 став 1 алинеја 6 од Законот за јавните набавки и наведува дека известувањето за извршениот избор на најповолна понуда не е во согласност со член 168 став 1 алинеа 3 од истиот закон. Сторените битни пропусти кои се однесуваат на евалуација на понудите, жалителот смета дека се направени согласно член 129 став 1 од Законот за јавните набавки, кој член утврдува обврска за понудувачот да ја изготви понудата согласно предвидените услови дадени во тендерската документација. Жалителот истакнува дека понудувачот чија понуда е најповолна, треба да ги исполнува пропишаните критеруми за утврдување на способноста.

Понатаму, жалителот го цитира член 140 став 2 од Законот за јавните набавки кој определува дека кај отворена постапка, Комисијата пред да пристапи кон евалуација на понудите, ја проверува коплетноста и валидноста на докуметацијата за утврдување на спосбноста на понудувачот, а според став 7 неприфатливи понуди не се евалуираат и став 8 евалуацијата се врши исклучиво во согласност со критерумите наведени во тендерската документација објавени во огласот за доделување на договор за јавна набавка.

Во жалбата, жалителот се повикува и на член 143 став 1 алинеја 1 од

Законот за јавните набавки и наведува дека критерумите за утврдување на способноста ја определува личната способност на понудувачите во постапката. И член 147 став 2 алинеја 5 утврдува обврска да се достави уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочната санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, а со тендерската документација, договорниот орган го

Page 53: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

предвидел истото во точка 16.1.2. потточка 5. Исто така и во потточка 6, договорниот орган предвидел дека ќе се исклучи понудувачот што нема да ги достави задолжителните документи. Истите услови се предвидени и со објавениот Оглас бр.07/2010. На денот на отворање на понудите, жалителот наведува дека на записник е ставена забелешка дека токму избраниот го нема горецитираното уверение и дека треба да се исклучи од евалуација. Со тоа што договорниот орган избрал понуда која не е прифатлива сторил повреди на повеќе законски одредби, а пред се на член 210 став 1 алинеја 4, што е битна повреда за пропусти во евалуација и став 6 извршен е избор на неприфатлива понуда.

На крајот, жалителот наведува дека е прекршен и член 168 став 1 алинеја

3 од Законот за јавните набавки, бидејќи не е известен за исходот од постапката и истакнува дека не му е доставена одлуката за избор на најповолна понуда.

Поради се горе наведено, жалителот бара од Државната комисија да ја

поништи Одлуката за избор на најповолна понуда бр.07-177/8 од 05.05.2010 година и да го врати предметот во фаза на повторна евалуација, поради неправилно разгледување и оценување на неговата понуда.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалба наведува дека жалбата е неоснована, бидејќи со тендерската документација се предвидени документите за докажување на способноста во конкретниот случај за личната спосoбност, но никаде не пишува дека бараните документи мора да бидат приложени на денот на отворање на понудите. Договорниот орган појаснува дека точно е дека ќе се исклучи понудувачот ако не доставил некој од бараните документи во точка 16.1.2, но ако воопшто не доставил некој од наведените документи. Но, во конкретната јавна набавка избраниот понудувач уште истиот ден го доставил дополнително документот согласно член 140 точка 3 од Законот за јавните набавки. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган го прифатила дополнително доставениот документ, поради доставеното мислење од Бирото за јавни набавки во кое накратко стои дека може да се побара документ ако се работи за конкурентна и прифатлива за договорниот орган понуда, од која рационално би се задоволиле неговите потреби. Договорниот орган наведува дека одлуката ја донел проценувајќи дека е значаен и неопходен документот и проценил дека се работи за ненамерен пропуст при подготовка на понудата. По однос на евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки истакнува дека нема пропусти при бодувањето, бидејќи цената носела 80 бода, а понудата на жалителот изнесува 5.101.385,00 денари, а на избраниот 4.495.915,00 денари без ДДВ. Со оглед на наведените факти, договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата како неоснована.

Испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни

набавки изврши увид во документација на договорниот орган и утврди дека жалбата е основана.

Page 54: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Имено, жалбените наводи во поглед на пропустите во утврдувањето на

способноста на избраниот понудувач се основани. Основани се жалбените наводи на жалителот дека за понудата на избраниот понудувач уште на денот на отворање на понудите со забелешка е констатирано дека е неприфатлива и тоа согласно член 3 точка 24 од Законот за јавните набавки. Државната комисија утврди дека Комисијата за јавни набавки на договрниот орган сторила повреда при примената на член 140 став 3 од Законот за јавните набавки. Бирото за јавни набавки објавило на веб страната одговор на прашање во општа смисла на кое се повикува договорниот орган, а Државната комисија утврди дека во овој случај не се работи за ненамерен пропуст, бидејќи во тендерската документација во точка 16.1.2, точно е утврдено дека понудувачот кој нема да достави еден од документите со кој се докажува личната состојба, ќе се исклучи од постапката. Државната комисија имајќи ја предвид наведената точка 6 од дел 16.1.2. од тендерската документација, не може да го прифати ставот на Комисијата за јавни набавки дека понудата на понудувачот „Бато енд Дивајн График Центар“ Дооел Скопје е определена за прифатлива, евалуирана и избрана во постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Согласно на член 140 став 3 од Законот за јавните набавки, Комисијата за

јавни набавки на договорниот орган при проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способност на понудувачот и при евалуација на понудата, може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, но доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната докуметација. Во конкретната постапка, Комисијата за јавни набавки на договорниот орган спротивно на точка 6 од дел 16.1.2. од тендерската документација, созадала предност во корист на одреден економски оператор со користење на дополнување на документите за лична способност, по извршено јавно отворање на понудите.

Државната комисија при одлучувањето не го прифати за основан ставот

на Комисијата на договорниот орган, дека станува збор за конкурентна понуда имајќи во предвид дека критериум за избор на најповолна понуда не е најниска цена туку економски најповолна понуда и покрај цената од 80 бода, елемент за избор е квалитет и заштита и притоа имајќи предвид дека е поделен на поткритеруми и вкупно носи 20 бода. Имајќи ги во предвид горенаведените жалбени наводи, Државната комисија утврди дека се основани во целост и односно договорниот орган сторил битни повреди на постапката во поглед на член 210 став 1 алинеја 4, повреди во постапката на евалуација, а вооедно и алинеја 6 од истиот член дека е избрана неприфатлива понуда, на кои и се повикува жалителот во жалбата.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно своите овластувања од член 211 од Законот за јавните набавки, при проверката на приложените писмени докази во предметот утврди дека се направени суштествени повреди на одредбите на постапката за доделување договор за

Page 55: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

6

јавна набавка од член 210 став 1, алинеја 4 од Законот за јавните набавки. Државната комисија најде дека Комисијата на договорниот орган при евалуацијата на понудите неправилно го бодувала елементот квалитет и заштита бидејќи не го претставила преку бодови за секој поткритериум поединечно како што било определено со тендерската документација.

Комисијата за јавни набавки на договорниот орган сторила предност во

однос на избраниот понудувач и на работен состанок на 26.03.2010 година му овоможила да ги појасни заштитните употребени мостри за билети, легитимации и самолепливи марки со што го повредила член 140 став 3 од Законот за јавните набавки.

Со ваквото постапување договорниот орган погрешно го применил материјалното право односно погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 3 став 24 од Законот за јавните набавки: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите.

Член 32 став 1 од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган е

должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Согласно член 140 став 3, 7 и 8 од Законот за јавните набавки: „3) При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања; 7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира; и 8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Согласно член 228 став (7) од Законот за јавните набавки, Државната

комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во доспозитивот. Проверувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по

јавни набавки констатира дека жалбата е основана и затоа е потребно

Page 56: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

7

договорниот орган да изврши повторна евалуација на понудите. Притоа, потребно е понудата на избраниот треба да се исклучи од евалуација како неприфатлива согласно предвидените услови во тендерската документација и да се изврши евалуација на останатите прифатливи понуди.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-401/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 57: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.07-408/6 27.05.2010 год. С к о п ј е Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки - член и Сузана Равановска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), постапувајќи по жалбата на жалителот – „ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против тендерската документација изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на средства за дезинфекција на површини и останато на договорниот орган – ЈЗУ Општа Болница Прилеп, врз основа на член 220 став 1, алинеја 2, а во врска со член 216 став 2, алинеја 2 и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата поднесена од „ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против тендерската документација изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на средства за дезинфекција на површини и останато на ЈЗУ Општа Болница Прилеп, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈЗУ Општа Болница Прилеп, објавил Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.03/2010 за набавка на средства за дезинфекција на површини и останато и Комисијата за јавни набавки набавки изготвила тендерска документација.

Page 58: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Незадоволен од содржината на тендерската документација жалба изјави „ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА“ ДООЕЛ – Скопје.

Понудувачот „ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА“ ДООЕЛ – Скопје изјавил

жалба против тендерската документација во која наведува дека истата е направена со цел да фаворизира одреден понудувач и жалителот смета дека договорниот орган треба да направи нова спецификација со детални карактеристики и опис на производителите, без да се врши фаворизирање. Поради тоа, жалителот бара да се поништи тендерската документација.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата е

ненавремена и смета дека како таква, Државната комисија треба да ја одбие. Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при

разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, согласно член 220 став 1, алинеја 2, а во врска со член 216 став 2, алинеја 2 и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки најде дека:

Жалбата е изјавена од овластен подносител. Жалбата е недозволена. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган, ЈЗУ Општа Болница Прилеп, спровел постапка за

јавна набавка со Барање за прибирање на понуди со објава на оглас бр.03/2010 за набавка на средства за дезинфекција на површини и останато, за што е подготвена тендерска документација во која критериум за избор на најповолна понуда е утврден економски најповолна понуда.

Понудувачот „ММ ХОСПИТАЛ ХИГИЕНА“ ДООЕЛ – Скопје изјавил жалба против тендерската документација во која наведува дека истата е направена со цел да фаворизира одреден понудувач и жалителот смета дека договорниот орган треба да направи нова спецификација со детални карактеристики и опис на производителите, без да се врши фаворизирање на одреден производ. Поради тоа, жалителот бара да се поништи тендерската документација.

Page 59: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата е ненавремена и смета дека како таква, Државната комисија треба да ја одбие.

Постапувајќи по жалбата на жалителот, Државната комисија утврди

дека истата е недозволена. Имено, видно од доставената документација, поточно од самата жалба и пликот со кој истата е пратена по препорачана пошта, истата е составена и пратена на 07.05.2010 година, односно пред јавното отварање на понудите кое било закажано на ден 18.05.2010 година во просториите на договорниот орган, а видно од содржината на жалбата истата е изјавена против содржината на тендерската документација. Според тоа, а согласно член 216 став 2 алинеја 2, жалбата е изјавена пред денот на јавното отворање на понудите, односно истата е изјавена предвремено и во оваа фаза на постапката, жалба на тендерската документација е недозволена. Согласно член 216 став 2, алинеја 2 од Законот за јавните набавки: „Жалбата се изјавува во рок од осум дена, односно 3 дена во постапките со барање за прибирање на понуди, од денот на: - отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите;“

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-408/6 27.05.2010 год. С к о п ј е

Page 60: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 61: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.07-358/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на „ОНЕ“ АД – Скопје, наш број 07-3149/9 од 26.04.2010 година, изјавена против содржината на Тендерската документација, изготвена по Барањето за прибирање на понуди без објавување на оглас за набавка на услуги од мобилна телефонија на договорниот орган - ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5, член 210 став 1, алинеја 2, член 220 став (3) и член 228 став 7 од Законот за јавни набавки, на 18-та седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. ЖАЛБАТА на „ОНЕ“ АД – Скопје изјавена против содржината на Тендерската документација изготвена по Барањето за прибирање на понуди без објавување на оглас за набавка на услуги од мобилна телефонија на договорниот орган - ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на понуди без објавување на оглас за набавка на услуги од мобилна телефонија на договорниот орган - ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот “ОНЕ“ АД - Скопје во износ од 250 денари на име административна такса и 6.160,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

Page 62: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола започнал постапка со Барање за прибирање на понуди без објавување на оглас за набавка на услуги од мобилна телефонија, изготвил тендерска документација и со покана за поднесување на понуди ја доставил до најмалку три економски оператори.

Незадоволен од содржината на тендерската документација, жалителот „ОНЕ“ АД - Скопје ја побива истата поради тоа што елементите на критериумот економски најповолна понуда се тенденциозни и спротивни на одредбите од Законот за јавни набавки, па предлага постапката да биде поништена. Трошоци бара. Во одговорот на жалбата, договорниот орган ги негира наводите на жалителот како целосно неосновани и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при разгледувањето и испитувањето на оспорената одлука, жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 а во врска со член 211, член 210 став 1, алинеја 2, од Законот за јавни набавки, најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е основана. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, согласно

член 28 од Законот за јавни набавки, донел Одлука за јавна набавка бр.02-32/6 од 09.04.2010 година со која е определено во постапка со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас да се изврши набавка на услуга од мобилна телефонија. Согласно член 100 став 3 од Законот за јавни набавки, Комисијата за јавни набавки кај договорниот орган доставила барања за прибирање на понуди до три економски оператори. Со Тендерската документација, е определено дека оценувањето на понудите ќе се изврши според критериумот економски најповолна понуда со елементите:

Page 63: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

цена на разговор кон сите национални мобилни и фиксни мрежи – 40 бода, цена на восопставување повик – 10 бода, цена на разговор во компанијата 10 бода, цена на претплата – 10 бода и број на здравствени институции кон кои разговорот е 0 денари – 30 бода. По поднесената жалба од “ОНЕ“ АД - Скопје, договорниот орган согласно одредбите од член 215 од Законот за јавни набавки, одговорот и целокупната документација ги доставил до Државната комисијата за жалби по јавни набавки.

Во образложението на жалбените наводи, жалителот наведува дека

„број на корисници – телефонски броеви од други здравствени установи со кои разговорите ќе бидат безплатни“ како поделемент на критериумот економски најповолна понуда кој се бодува со 30 бода, е дискриминаторски подкритериум. Според жалителот, определувањето на ваков поделемент е апсолутно тендециозно, понудувачите се ставаат во нееднаква позиција, ги ограничува другите оператори во Република Македонија и однепред се фаворизира понудувачот Т- Мобиле. Ако се има во предвид дека Т-Мобиле е првиот оператор кој обезбедува услуги на мобилна телефонија, повеќе од јасно е дека има убедливо најголема претплатничка база, споредно со останатите економски оператори.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека жалбата на жалителот е неоснована затоа што постапката е водена согласно одредбите од Законот за јавни набавки. Според договорниот орган елементот на критериумот „број на телефонски броеви со кои разговорите се бесплатни“ не влијае на постапката за избор. И покрај тоа што „ОНЕ“ АД Скопје понудил 1.027 броеви на мобилна телефонија, а Т- Мобиле 4.000 броеви за безплатни разговори, Комисијата за јавни набавки при евалуацијата на понудите за спорниот критериум ги вреднувала со по 30 бода од што произлегува дека дадениот критериум не е доминантен и не влијае на изборот. Врз основа на член 211 од Законот за јавни набавки, во постапката за правна заштита, постапувајки во границите на жалбените наводи, Државната комисија утврди дека жалбата е основана. Имено, со тоа што во тендерската документација е определено дека ќе се вреднува бројот на корисници „телефонски броеви од други здравствени установи со кои разговорите ќе бидат бесплатни“ сторена е повреда на начелата обезбедени со член 2 став 1 и 2 од Законот за јавни набавки каде што е наведено дека „Со овој закон особено се обезбедува конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори“. Со вака изготвената тендерска документација сторена е битна повреда по член 210 став 1, алинеја 2 од Законот за јавни набавки, каде што е наведено дека битна повреда на постапката е сторена доколку тендерската документација на постапката за доделување на договор

Page 64: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Државната комисија не го прифати образложението на договорниот орган дека во конкретниот случај при евалуацијата на понудите по овој поделемент им доделила ист број бодови на двајцата понудувачи затоа што за елементот „телефонски броеви од други здравствени установи со кои разговорите ќе бидат бесплатни“ е општо познато кој економски оператор ќе добие најголем број на бодови па поради тоа останатите економски оператори се принудени за останатите елементи од критериумот економски најповолна понуда да понудат поголеми поволности со цел нивната понуда да биде оценета како најповолна. Од ова произлегува дека вака определениот елемент на критериумот економски најповолна понуда ги одвраќа економските оператори да поднесуваат понуди затоа што не им е обезбеден еднаков третман што пак доведува до ограничување на пазарната конкуренција. Согласно член 228 став 7 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.07-358/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 65: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.08-374/7 27.05.2010 год.

С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова - претседател, Мишо Василевски – член, Елита Шуки - член, Едита Насковска – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата „АРИЕС“ Дооел Скопје, наш број 08-374/1 од 04.05.2010 година изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-2892 од 19.04.2010 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2010 за набавка на стоки –ХТЗ летна облека и обувки по спецификација на договорниот орган - Ј.П Комунална хигиена- Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 и став 3 од Законот за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е 1. ЖАЛБАТА на жалителот „АРИЕС“ Дооел Скопје изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-2892 од 19.04.2010 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2010 за набавка на стоки –ХТЗ летна облека и обувки по спецификација на Ј.П Комунална хигиена- Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Ј.П Комунална хигиена- Скопје спровел отворена постапка со Оглас бр.07/2010 за набавка на стоки – ХТЗ летна облека и обувки и донел Одлука бр.02-2892 од 19.04.2010 година со која во дел 1 (за

Page 66: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

прва група од техничката спецификација) како најповолна ја избрал понудата на „Хорват“ Дооел Скопје. Незадоволен од донесената Одлука, жалителот „АРИЕС“ Дооел Скопје ја побива истата во дел 1 (за прва група од техничката спецификација) затоа што при утврдувањето на техничката и професионална способност на понудувачите недоволно се оценети документите и мострите кои ги доставил, поради што бара да се одржи расправа со цел да ги презентира своите ставови. Во одговорот на жалбата, договорниот орган ги негира наводите на жалителот како целосно неосновани и предлага истата да биде одбиена како неоснована. Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган Ј.П Комунална хигиена - Скопје, согласно член 28

од Законот за јавни набавки, донел Одлука за јавна набавка бр.02-13780 од 26.11.2010 година со која е определено да се спроведе набавка на ХТЗ облека, преку отворена постапка. Набавката била деллива на 4 дела: обувки, заштитна облека летна, чуварски униформи и еко патрола и ракавици. Во Огласот и Тендерската докуметација, е определено дека оценувањето на понудите ќе се изврши според критериумот економски најповолна понуда со елементите:цена - 70 бода и квалитет - 30 бода. На денот на отварањето на понудите во Записникот бр.03-2215 од 23.03.2010 година, комисијата за јавни набавки констаитрала дека е извршено отворање на пристигнатите 10 понуди, со забелешки од присутните овластени претставници на понудувачите. Преставникот на „Ариес“ побарал да се разгледа билансната состојба на понудувачите како и да се разгледаат сликите на понудените мостри додека претставникот на „Јасиба проект“ поради големите разлики

Page 67: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

во цена на артиклите се сомневал во квалитетот на понудените мостри па сугерирал стриктно да се почитуваат бараните стандарди. Врз основа на извршената проверка на приложените документи за техничка - професионална способност како и стандардните системи за квалитет на понудувачите, Комисијата за јавни набавки утврдила дака понудувачите „Ариес“ Дооел Скопје, „Бомако“ Дооел Скопје, „Јасиба проект“ Дооел Скопје и „Електроелемент“ Доо Скопје не доставиле сертификат за Стандард ЕУ Ѕ ЕН435/Ѕ3 со кој се потврдува квалитетот на понудените стоки за група 1 од спецификацијата поради што овие понуди како неприфатливи биле исклучени од понатамошна евалиација. Понудите на „Кожмак“ Доо Скопје, „Паладиум“ Дооел Штип, „Тале Нат“ Скопје, „Бомако“ Скопје и „Тетрагон МК“ Скопје за 4 група од техничката спецификација биле оценети како неприфатливи затоа што не доставиле сертификат за стандард ЕН 388. Комисијата за јавни набавки му предложила на одговорното лице согласно член 169 став 1 алинеја 6 од Законот за јавни набавки да донесе одлука со која ќе ја поништи постапката во дел по спецификација 2 и 3 затоа што тендерската докумнетација содржи битни пропусти и недостатоци во делливоста на набавката и составот на материјалите за изработка на облеката. По спроведена евалуација на прифатливите понуди, Комисијата за јавни набавки изготвила Извештај за спроведена постапка бр.03-2791 од 15.04.2010 година и на одговорното лице му предложила како најповолна за група 1 – набавка на обувки да ја избере понудата на „Хорват“ Дооел Скопје, додека за група 4 – ракавици да ја избере понудата на „Јасиба Протект“ Дооел Скопје. Со известување до сите понудувачи е доставена одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-2892 од 19.04.2010 година. По поднесената жалба од „АРИЕС“ Дооел Скопје, договорниот орган согласно одредбите од член 215 од Законот за јавни набавки, одговорот и целокупната документација ги доставил до Државната комисијата за жалби по јавни набавки.

Во образложението на жалбата, жалителот наведува дека доставил

документ (ЕН 345-Ѕ3 со композитни материјали) со кој се докажува усогласеноста на понудените мостри со бараните стандарди. Според стандардот „ЛСЗ“, производот треба да бидат означен со величина, трговска марка (Coverquart), назив на моделот или каталошка шифра (9АМВL), број на стандард и годината по која е извршено сертифицирањето (20345 : 2004), година на производство и степен на заштита кои го обезбедуваат (Ѕ3). Според жалителот од документот кој е приложен за докажување на усогласеност со бараниот стандард (на странски јазик затоа што не бил баран превод) јасно е видливо дека се однесува на фирмата „SACLA“- барател на тестирањето. Моделот над кој е извршено тестирањето е со степен на сигурност Ѕ3 а називот „Amber low composite“ (Амбер ниски композитини) со каталошки број 9АМБЛ и со величина 37-47 а согласно EN ISO

Page 68: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

20345:2004 (најнова верзија на ЕН 345 усогласен со ISO стандардот од 2004 година), со број на сертификат ЛЕС ФТ 00301970 издаден од акредитирана лабораторија „Intertek“ - со број 0362. Во прилог на жалбата, го доставува документот издаден од „Интертек“ кој може да послужи за добивање на појасна слика за кажаното. Според жалителот обувките кои како мостри ги доствил избраниот, не се во согласност со бараните стандарди, а сертификатот воопшто не одговара на понудениот модел и се однесува на сосема друг модел на обувки.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека жалбените

наводи се неосновани, затоа што постапката е спроведена согласно одредбите од Законот за јавни набавки. Според договорниот орган, преку увид од доставените мостри на жалителот, Комисијата констатирала дека приложениот сертификат е од проиводителот „SACLA“ и дека нема доставено документ со кој ќе се потврди дека „Intertek“ како акредитирана лабораторија вршела испитување по барање на производителот за моделот чевли кои биле понудени на јавното отварање, иако во жалбата има неведено дека приложил таков документ. Понатаму во одговорот, договорниот орган тврди дека жалителот на приложениот сертификат нема потпис од Директорот на лабораторијата. Од овие причини и неговата понуда не била евалуирана односно била одбиена како неприфатлива.

Врз основа на член 211 од Законот за јавни набавки, во постапката за правна заштита, постапувајки во границите на жалбените наводи, Државната комисија утврди дека жалителот при поднесувањето на понудата согласно барањата од тендерската документација и тенничката спецификацијата 1 за понудените обувки не доставил валиден Сертификатот за квалитет ЕУ-Ѕ3 ЕN345/Ѕ3 од производителот. Комисијата за јавни набавки правилно утврдила дека жалителот не доставил документ според кој производителот „SACLA“ го потврдува испитувањето извршено од „INTERTEK“` како акредитирана лабораторија. Неспорно е дека документот што жалителот го доставил со понудата ги содржи елементите кои жалителот ги појаснува во жалбата но не може да се прифати како валиден документ затоа што не е заверен од овластено лице. Државната комисија утврди дека Сертификатот кој жалителот го доставува во прилог на жалбата не може да послужи како доказ за евалуација на неговата понуда затоа што е доставен по донесувањето на Одлуката за избор а не согласно барањето од тендерската документација со понудата. Дополнително доставениот сертификат не може да биде прифатен и поради тоа што ќе создаде предност на жалителот во однос на останатите понудувачи што е во спротивност со одредбата од член 140 став 3 од Законот за јавни набавки каде што е наведено дека „При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата

Page 69: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања“. Предлогот на жалителот да се одржи усна расправа со цел да ги презентира своите ставови, Државната комисија не го прифати затоа што оцени дека се исполнети условите за постапување и одлучување по овој предмет и дека не е потребно дополнително појаснување на жалбените наводи. Од причини претходно изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-374/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 70: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.08-396/7 20.05.2010 год.

С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот - „ПРАКТИКА МС“ Дооел Скопје, наш број 08-396/1 од 12.05.2010 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0203-126 од 30.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.0205-83/2010 за набавка, транспорт и монтажа на дизел агрегат на договорниот орган - Водостопанство „Скопско Поле“ Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 и став 3 од Законот за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки на 18-та Седница одржана на 27.05.2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ПРАКТИКА МС“ Дооел Скопје изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0203-126 од 30.04.2010 година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.0205-83/2010 за набавка, транспорт и монтажа на дизел агрегат на Водостопанство „Скопско Поле“ Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е Договорниот орган, Водостопанство „Скопско Поле“ Скопје спровел отворена постапка за набавка, транспорт и монтажа на дизел агрегат и донел

Page 71: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Одлука бр.0203-126 од 30.04.2010 година со која како најповолна ја избрал понудата на „Семакс Кончар“ Доол Скопје. Незадоволен од вака донесената одлука, жалителот „ПРАКТИКА МС“ Дооел Скопје ја побива истата поради тоа што при донесувањето на оваа одлука договорниот орган го повредил член 39 став 1 и 2, член 28 став 2 и член 168 од Законот за јаљвни набавки, па предлага Државната комисија да ја уважи жалбата. Во одговорот на жалбата, договорниот орган ги негира наводите на жалителот како целосно неосновани и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставено до договорниот орган, и целокупната документација на предметот врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 од Законот за јавни набавки, најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен подносител.

Жалбата е неоснованa. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган, Водостопанство Скопско Поле - Скопје, согласно

член 28 од Законот за јавни набавки, донел Одлука за јавна набавка бр.0203-82 од 24.03.2010 година со која е определено да се спроведе набавка, транспорт и монтажа на Дизел Агрегат, преку отворена постапка. Со Огласот и Тендерската докуметација е определено дека оценувањето на понудите ќе се изврши според критериумот економски најповолна понуда со елементи цена - 70 бода и рок на испорака 30 бода. На денот на отварањето на понудите во Записникот бр.0205-119/2 од 20.04.2010 година, комисијата за јавни набавки констаитрала дека пристигнале 10 понуди, и дека немало забелешки од присутните овластени претставници на понудувачите. При проверка на комплетноста и валидноста на документацијата, Комисијата за јавни набавки утврдила дека сите понуди се прифатливи. По спроведена евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки изготвила Извештај за спроведена постапка бр.0205-119/3 од 20.04.2010 година и на одговорното лице му предложила како најповолна да ја избере понудата на „Семакс Кончар“ Доол Скопје. Со известување до сите понудувачи доставена е

Page 72: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

одлуката за избор на најповолна понуда бр.0203-126 од 30.04.2010 година. По поднесената жалба од економскиот оператор „ПРАКТИКА МС“ Дооел Скопје, договорниот орган согласно одредбите од член 215 од Законот за јавни набавки, одговорот и целокупната документација ги доставил до Државната комисијата за жалби по јавни набавки.

Во образложението на жалбата, жалителот наведува дека иако два

пати се обратил писмено со барање за појаснување на тендерската документација до договорниот орган за што и добил одговор на поставените прашања за појаснување на тендерска документација, договорниот орган одговорите не ги доставил до сите економски оператори согласно член 39 од Законот за јавни набавки, исто така и економскиот оператор „Технокс Груп“ поставил дополнителни прашања за кои добил дополнителни одговори од Договорниот орган а истите не биле доставени до другите економски оператори. Понатаму во жалбата, жалителот наведува дека Одлуката за избор на најповолна понуда не кореспондира со член 28, алинја 2 од Законот за јавни набавки. Одлуката не го содржи Предметот (видот) и количината на набавката, износот и изворот на средствата потребни за реализација на договорот, начинот и постапката за доделување на договорот за јавна набавка и во истата не се наведени претседателот и членовите на комисијата за јавни набавки, нивниот број и нивните заменици и евентуално ангажирање на надворешни стручни лица. Исто така, во Известувањето за избор на најповолна понуда не се наведени причините за отфрлање на понудата на жалителот со детално образложение зошто е неприфатлива.

Во образложението на одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбените наводи се неосновани затоа што не претставуваат битни повреди предвидени во член 210 од Законот за јавни набавки. Според договорниот орган, немало потреба одговорите за појаснување на тендерската документација да бидат доставени на останатите економски оператори. Дека немало нејаснотии во тендерска документација може да се утврди од фактот што во понатамошна евалуација на понудите учествувале понудите на сите економски оператори. Според договорниот орган, неосновани се и наводите кои се однесуваат на Одлуката за јавна набавка, затоа што ги содржи сите елементи предвидени вочлен 28 став 2 од Законот за јавни набавки. При донесувањето на одлуката за избор, Договорниот орган смета дека во целост го испочитувал членот 167 од Законот за јавни набавки. Врз основа на член 211 од Законот за јавни набавки, во постапката за правна заштита, постапувајки во границите на жалбените наводи, Државната комисија утврди дека комисијата за јавни набавки кај договорниот орган правилно ги применила одредбите од законот за јавни набавки. Жалбениот

Page 73: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

навод според кој договорниот орган одговорите за појаснување на тендерската документација не ги доставил до сите економски оператори согласно член 39 од Законот за јавни набавки е задоцнет. Согласно член 216 став 2 алинеја 2 од законот за јавни набавки жалителот имал право да изјави жалба во рок од осум дена од денот на отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите. Согласно став 4 од овој член, економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од ставот 2 на овој член, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ. Неоснован е жалбениот навод според кој во Известувањето за избор на најповолна понуда не се наведени причините за отфрлање на понудата на жалителот со детално образложение за причините поради кои е оценета како неприфатлива. Државната комисија утврди дека Одлуката за избор на најповолна понуда ги содржи сите елементи предвидени во член 168 од Законот за јавните набаки односно Комисијата за јавни набавки кај договорниот орган ја оценила како прифатлива и ја евалуирала. Видно од Извештајот за спроведена постапка, понудата на жалителот е оценета како прифатлива и не е исклучена од евалуација. Жалбениот навод кој се однесува на тоа дека Одлуката за потреба од јавна набавка не ги содржи потребните елементи е неоснован затоа што Државната комисија утврди дека истата ги содржи сите податоци кои се предвидени во челн 28 од Законот за јавни набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-396/8 27.05.2010 год. С к о п ј е

Page 74: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 75: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.08-386/6 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ОНЕ” АД – Скопје, наш број 08-386/1 од 10.05.2010 година, изјавена против содржината на тендерската документација донесена по Барањето за прибирање на понуди без објава на оглас за набавка на услуга за мобилна телефонија на договорниот орган - „АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА” АД – Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата бр.07-3584/02 од 07.05.2010 година изјавена од „ОНЕ” АД – Скопје против содржината на тендерската документација донесена по Барањето за прибирање на понуди без објава на оглас за набавка на услуга за мобилна телефонија на „АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА” АД – Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, „АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА” АД – Скопје спровел постапка за јавна набавка со Барање за прибирање на понуди без објава на оглас за набавка на услуга за мобилна телефонија при што изготвил тендерска документација и доставил покани за поднесување на понуди до тројца економски оператори.

Page 76: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

Незадоволен од содржината на тендерската документација жалба изјави „ОНЕ“ АД – Скопје бидејќи смета дека условите наведени во тендерската документација се незаконити и спротивни на одредбите на Законот за јавните набавки, поради што бара да се поништи постапката како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците по жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата на договорниот орган наведува дека

тендерската документација е изготвена во согласност со Законот за јавните набавки, поради што бара жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при

разгледувањето и испитувањето на оспорената одлука, жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот по доставени како писмени докази, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител. Жалбата е неоснована. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со Барање за

прибирање на понуди без објава на оглас за набавка на услуга за мобилна телефонија, при што е изготвена тендерска документација, а како критериум за избор на најповолна понуда е наведен економски најповолна понуда со елементите: цена за минута разговор во рамките на операторот – 45 бода, цена за минута разговор кон друг оператор – 45 бода и дополнителни поволности (дополнителни линии со исти бенефиции) – 10 бода.

Комисијата за јавни набавки доставила покани за поднесување на

понуди до тројца економски оператори, кои доставиле свои понуди до договорниот орган.

Незадоволен од содржината на тендерската документација жалба

вложил понудувачот „ОНЕ“ АД – Скопје во која наведува дека во тендерската документација се наведени тенденциозни услови што е незаконито и спротивно на одредбите на Законот за јавните набавки.

Page 77: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Жалителот наведува дека во точка 7 од тендерската документација не е точно наведен критериумот за доделување на договор за јавна набавка, односно дали е тоа економски најповолна понуда или најниска цена, што не е во согласност со член 32 став 1 и 2 точка 6, член 159 и член 160 став 1 и од Законот за јавните набавки. Во однос на поделементот дополнителни поволности жалителот наведува дека до договорниот орган поставил прашања за негово разјаснување, на кои добил и одговор. Според жалителот вака дадените одговори упатуваат на тоа дека со оваа набавка договорниот орган сака по повластени услови да набави и дополнителни услуги за мобилна телефонија, кои вработените ќе ги користат надвор од службените потреби. Поради тоа, жалителот смета дека договорниот орган не смее да врши набавка на услуги за чие плаќање тој не е одговорен и уште повеќе не смее тоа да го стави како еден од бодуваните елементи на критериумот за доделување на договор за јавна набавка. Врз основа на наведеното жалителот бара да се поништи постапката како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците по жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека се

неосновани жалбените наводи. Имено, договорниот орган наведува дека во самата одлука за доделување на договорот за јавна набавка како критериум за избор е предвиден најповолна понуда со различни елементи коли носат соодветен број на бодови, па во тендерската документација за истата набавка како критеиум за избор на најповолна понуда, наведени се различни елементи кои вкупно носат 100 бода. Со оглед на тоа, договорниот орган смета дека е јасно дека критериум за избор е најповолната понуда согласно член 160 став 1 алинеја 1 од Законот за јавните набавки, па наводите не се точни наводите на жалителот дека не е точно наведен и специфициран критериумот за доделување на договор за јавна набавка. За договорниот орган не се точни и наводите дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки, од причина што при спроведувањето на оваа постапка, односно со барање за прибирање на понуди без објава на оглас, согласно член 100 став 1 од Законот за јавните набавки се изготвува поедноставена тендерска документација, па оттука безпредметно е да се коментира член 32 од Законот за јавните набавки. Поради тоа, договорниот орган смета дека нема ниту формални ниту битни пропусти во тендерската документација, како во барањата и во условите, така и во критериумите и другите неопходни информации. Во однос на елементот дополнителни поволности договорниот орган наведува дека не се точни наводите дека истиот е нејасен услов и претставува повреда на начелото на транспарентност и интегритет, бидејќи согласно член 39 од Законот за јавните набавки економскиот оператор може да постави дополнителни прашања во врска со тендерската документација за појаснување на истата. Жалителот ја искористил оваа можност, а

Page 78: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

договорниот орган доставил известување како одговор на поставените прашања до сите економски оператори до кои е доставена покана за поднесување на понуди. Ваквиот одговор е доставен пред крајниот рок за доставување на понудите и по истите немало дополнителни прашања или нејаснотии, па жалителот доставил своја понуда, а потоа поднел жалба, за која договорниот орган смета дека е нелогична, конфузна, со паушални констатации и неиздржани факти и аргументи. Врз основа на наведеното бара жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија разгледувајќи ја документацијата доставена од

страна на договорниот орган и наводите на двете страни, најде дека жалбените наводи на жалителот се неосновани. Несновани се жалбените наводи дека договорниот орган сторил битни повреди во постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно член 210 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните набавки, од причина што Државната комисија утврди дека тендерската документација е изготвена согласно член 101 став 1 од Законот за јавните набавки и истата не ги дискриминира економските оператори ниту ја ограничува пазарната економија. Имено, со увидот во Одлуката за јавна набавка како и тендерската документација, Државна комисија за жалби по јавни набавки констатира дека договорниот орган како критериум за избор го навел критериумот најповолна понуда со различни елементи кои се идентични со оние наведени во тендерската документација, па од предвидените елементи е видно и јасно дека станува збор за критериумот економски најповолна понуда. Исто така, Државната комисија не ги прифати и наводите истакнати во жалбата кои се однесуваат на елементот дополнителни поволности. Имено, жалителот во оваа постапка постапил согласно членот 39 од Законот за јавните набавки и поставил дополнителни прашања до договорниот орган во врска со тендерската документација и поконкретно за елементот дополнителни поволности. Видно од приложената документација, Државната комисија утврди дека и договорниот орган постапил согласно член 39 став 2 од Законот за јавните набавки, односно доставил одговори на поставените прашања и истите ги доставил до сите економски оператори до кои е поднесена покана за поднесување на понуди, па од тие причини Државната комисија смета дека не е повреден член 2 од Законот за јавните набавки, односно начелото на транспарентност и интегритет во постапката. Жалителот по добиените одговори на поставените прашања, не доставил дополнителни прашања и по доставените појаснувањата дадени од договорниот орган, туку истиот доставил своја понуда по оваа јавна набавка, што значи дека се согласил со дадените одговори и со тендерската документација. При увидот во тендерската документација, Државната комисија утврди дека не се сторени битни повреди кои би претставувале основ за поништување на постапката како што е жалбеното барање на жалителот и смета дека вака изготвената

Page 79: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

тендерска документација со дадените појаснувања му овозможува на економскиот оператор да има прецизни и целосни информации за начинот на бодирањето на предвидените елементи согласно член 161 став 3 од Законот за јавните набавки и ќе му овозможи на договорниот орган да изврши правилна евалуација на понудите.

Оттука, договорниот орган правилно го применил материјалното

право односно правилно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено се обезбедува:

- конкуренција меѓу економските оператори; - еднаков третман и недискриминација на економските оператори; - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на

договори за јавни набавки, и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките

за доделување договори за јавна набавка”. Согласно член 101 став 1 од Законот за јавните набавки: „1) Во

постапката со барање за прибирање на понуди, договорниот орган изготвува поедноставена тендерска документација, која задолжително содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување на понудите, и за истата не наплаќа надомест.“ Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Page 80: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

6

Бр.08-386/6 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 81: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ Бр.08-388/7 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ПЕЧАТНИЦА БД“ ДОО – Битола изјавена преку полномошник Адвокат Никола Пажик од Битола, наш број 08-388/1 од 10.05.2010 година, против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.03-220/5 од 03.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал на договорниот орган – ЈП „КОМУНАЛЕЦ – Битола, врз основа на член 220 став 1, алинеја 5, а во врска со член 210 став 1 алинеја 2, 4, 5 и 6 и член 211 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од „ПЕЧАТНИЦА БД“ ДОО – Битола преку полномошник Адвокат Никола Пажик од Битола против Одлуката за избор на најповолен понудувач понудувач бр.03-220/5 од 03.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал на ЈП „КОМУНАЛЕЦ – Битола, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА за дел 2 од предметот на набавката Одлуката

за избор на најповолен понудувач бр.03-220/5 од 03.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал на ЈП „КОМУНАЛЕЦ – Битола.

3. СЕ ПОНИШТУВА за дел 2 од предметот на набавката

постапката по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас

Page 82: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал на ЈП „КОМУНАЛЕЦ – Битола.

4. СЕ ЗАДОЛЖУВА договорниот орган да му ги надомести

трошоците на жалителот „ПЕЧАТНИЦА БД“ ДОО – Битола во висина од 250 денари на име административна такса и надомест за водење на жалбена постапка во висина од 6.160,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. 5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈП „КОМУНАЛЕЦ – Битола спровел постапка за јавна набавка преку Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал и донел Одлука бр.03-220/5 од 03.05.2010 година со која како најповолен понудувач за дел 1 и 2 е избран „ДИВО ДИЗАЈН“ ДООЕЛ – Струга, а за дел 3 е избран „ПЕРГАМЕНТ“ ДОО – Битола.

Незадоволен од донесената Одлука за дел 2 жалба изјави

„ПЕЧАТНИЦА БД“ ДОО – Битола бидејќи смета дека се сторени неправилности при изборот на најповолен понудувач, поради што бара да се уважи жалбата, да се поништи одлуката, а потоа да се изврши нов избор на најповолен понудувач.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека не се точни

наводите на жалителот, а целата постапката е спроведена во согласност со Законот за јавните набавки, поради што бара жалбата да биде одбиена и да се потврди одлуката за избор на најповолен понудувач за дел 2 од предметот на набавката.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при

разгледувањето и испитувањето на оспорената одлука, жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот по доставени како писмени докази, врз основа на член 220 став 1, алинеја 5, а во врска со член 210 став 1 алинеја 2, 4, 5 и 6 и член 211 како и член 220 став 3 од Законот за јавни набавки најде дека:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Page 83: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Жалбата е основана. Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за јавна набавка со Барање за

прибирање на понуди со објава на Оглас бр.02/2010 за набавка на канцелариски материјал, при што е изготвена тендерска документација, а како критериум за избор е утврден економски најповолна понуда со елементите: цена – 70 бода и квалитет – 30 бода.

Комисијата за јавни набавки во рокот предвиден за јавно отворање на понудите пристапила кон нивно отворање за што е составен записник по што е извршена и евалуација на истите и доставен е предлог за избор на најповолен понудувач. Одговорното лице кај договорниот орган врз основа на вака доставениот предлог ја донел сега оспорената одлука за избор на најповолен понудувач бр.03-220/5 од 03.05.2010 година. За вака донесената одлука сите понудувачи се уредно и навремено известени.

На вака донесената одлука за дел 2 жалба вложил „ПЕЧАТНИЦА БД“ ДОО – Битола во која наведува дека се сторени неправилности при изборот на најповолен понудувач. Имено, жалителот наведува дека со избраниот понудувач за овој дел имаат еднаков број на бодови за квалитет, а во однос на цената Комисијата за јавни набавки предложила да биде избран „ДИВО ДИЗАЈН“ ДООЕЛ – Битола. Но, и покрај тоа, жалителот наведува дека понудил пониски цени во однос на избраниот понудувач од причина што во листата бр.2 изготвена од договорниот орган е наведена единечна цена на производите, а во понудата се бара вкупната цена на листата. Притоа, единечната цена по дадената количина на производите во наведената листа ја даваат вкупната цена на истите, па кога ќе се пресмета таа вкупна цена, може да се види дека жалителот понудил поповолна цена од избраниот понудувач и со оглед на тоа требало да има поголем број на бодови по овој основ. Понатаму жалителот наведува и други недостатоци по однос на понудената цена од избраниот понудувач, а кои се однесуваат на цената за позиција бр.3 од листата бр.2 и која според жалителот се за 600% пониска од набавната цена на пазарот, факт што Комисијата за јавни набавки требала да го има во предвид. Како друга неправилност која ја споменува жалителот е и тоа што еден ден пред отворањето на понудите, договорниот орган телефонски го известил дека извршил промени во листата бр.2. Овие промени за жалителот се незаконски доколку се има во предвид дека според одредбите на Законот за јавните набавки потребно е понудувачите да бидат известени 6 дена пред да бидат отворени понудите. Врз основа на наведеното жалителот бара да се

Page 84: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

уважи жалбата, да се поништи одлуката, а потоа да се изврши нов избор на најповолен понудувач.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека не се точни

наводите на жалителот. Имено, договорниот орган наведува дека во техничката спецификација за листа бр.2 се приложени планираните количини за пооделни позиции од наведената листа како и графа за внесување на единечна цена без ДДВ. На крајот на листата под вкупно е изнесена вкупната планирана вредност на договорот по таа листа, па Комисијата за јавни набавки оценила дека со оглед на фактот што оваа набавка е сукцесивна и економски е поцелисходно да се земе во предвид вкупната единечна цена, како би се избегнале манипулации кај понудувачите. Исто така, жалителот наведува дека не се точни и наводите кои се однесувааат на позиција бр.3 од истата листа од причина што разликата од 0,10 до 0.64 денари не е во согласност до даденото образложение на жалителот, а не се точни и наводите кои се ондсуваат за незаконско телефонско јавување. Ова од причина што ден пред отворањето на понудите жалителот телефонски се јавил кај договорниот орган со известување за точниот назив за позиција 1 и 2 со образложение дека смислата на позицијата е непроменета само стручно би било во називот да има уште една единица. Понатаму, договорниот орган напоменува и дека извршил благовремено известување за промена во листа бр.1 и листа бр.3 но таља промена не се однесувала и за листа бр.2, а жалителот доставил понуда само за оваа листа. Врз основа на наведеното, договорниот орган бара жалбата да биде одбиена и да се потврди одлуката за избор на најповолен понудувач за дел 2 од предметот на набавката.

Државната комисија разгледувајќи ја документацијата доставена од страна на договорниот орган и наводите на двете страни, најде дека жалба е основана. Имено, основани се жалбените наводи дека Комисијата за јавни набавки извршила неправилна евалуација на понудите. Видно од понудата на жалителот и на избраниот понудувач, Државната комисија утврди дека цената понудена од жалителот е пониска во споредба со цена понудена од избраниот понудувач. Договорниот орган во образецот на понудата предвидел вкупна цена за производите за дел 2 од оваа јавна набавка и истата требало да биде предмет на евалуација, а не единечната цена на производите. Државната комисија не ги прифати наводите на договорниот орган наведени во одговорот на жалбата дека Комисијата за јавни набавки оценила дека економски поцелисходно е да се земе во предвид вкупната единечна цена на производите, затоа што истото не било предвидено во тендерската документација, но и да било предвидено и при посебната евалуација на ставките или позициите за дел два избраниот понудувач не е поповолен од жалителот за ставката 1 од делот два од оваа јавна набавка.

Page 85: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Наводите на жалителот дека цената што ја понудил избраниот понудувач за позиција 3 од делот 2 е пониска од набавната цена која се движи на пазарот, се неосновани бидејќи истите наводи се неаргументирани односно, жалителот своето тврдење не го покрепи со ниту еден доказ.

Постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, Државната комисија при проверката на приложените писмени докази во предметот утврди дека, договорниот орган направил повреда согласно член 210 став 1 алинеја 2, 4, 5 и 6 од Законот за јавните набавки, односно сторени се битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација, евалуацијата на понудите, извршен е избор на понуда која не е најповолна како и извршен е избор на неприфатлива понуда. Имено, Државната комисија најде дека во тендерската документација договорниот орган не го предвидел начинот на кој ќе го вреднува елементот квалитет, па отука е нејасно како и врз основа на што Комисија за јавни набавки на двајцата понудувачи им доделила максимални 30 бода. Видно од приложената документација, избраниот понудувач при изготвувањето на својата понуда не постапил во согласност со условите наведени во точка 9.1 од тендерската документација, затоа што страната 2 од образецот на понудата и тоа листа бр.2 – канцелариски печатен материјал, воопшто не ја потполнил иако согласно тендерската документација бил должен тоа да го стори. Имено, избраниот понудувач не ја навел вкупната цена без ДДВ како и износот на ДДВ, ниту пак некаде ја прикажал вкупната вредност на понудата за дел 2 од предметот на набавката. Исто така, Државната комисија утврди дека понудата на жалителот за дел 2 е во вкупна вредност во износ од 523.980,00 денари без ДДВ што е над износот од 250.000,00 денари предвидени за овој дел од набавката и кој е наведен во оригиналот на образецот на понудата како и над износот предвиден за целата јавна набавка, поради што е неприфатлива. Со оглед на тоа дека овие недостатоци во оваа фаза на постапката не можат да се отстранат, како и фактот што за оспорениот дел од набавката како понудувачи се јавуваат само жалителот и избраниот понудувач, Државната комисија одлучи да ја поништи постапката за дел 2 од предметот на оваа јавна набавка.

Оттука, договорниот орган погрешно го применил материјалното право односно погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори; - еднаков третман и недискриминација на економските оператори;

Page 86: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

6

- транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, и

- рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Согласно член 101 став 1 од Законот за јавните набавки: „1) Во

постапката со барање за прибирање на понуди, договорниот орган изготвува поедноставена тендерска документација, која задолжително содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување на понудите, и за истата не наплаќа надомест.“

Согласно член 161 став (1) и (4) од Законот за јавните набавки: 1) „Ако критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда, најповолна понуда е онаа што ќе добие најголем број бодови од различните елементи кои носат соодветен број на максимални бодови“; 4) „Договорниот орган е должен во тендерската документација да даде објаснување како ќе ги вреднува и применува елементите на критериумот економски најповолна понуда“.

При евентуална нова постапка, договорниот орган да ги земе во предвид напатствијата дадени од Државната комисија и доследно да ги примени погоре наведените одредби од Законот за јавните набавки. Согласно член 228 став 7 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и бр.130/2008), Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Page 87: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

7

Бр.08-388/7 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.

Page 88: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

1

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ

Бр.08-397/9 27.05.2010 год. С к о п ј е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја

Малахова – претседател, Мишо Василевски – член, Едита Насковска – член, Елита Шуки – член и Сузана Раваноска – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), одлучувајќи по жалбите на жалителите – ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола, наш број 08-397/1 од 12.05.2010 година и на „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје, наш број 08-398/2 од 13.05.2010 година, изјавени против Одлуката за избор на економски оператор бр.0718-652/2 од 03.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација (услуги) на средства за дератизација и дезинсекција на договорниот орган – Општина Битола – Битола, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5, а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 2, 4 и 5 и член 228 став 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136/2007 и 130/2008), на 18-та Седница одржана на ден 27.05.2010 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбите на жалителите ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“– Битола и „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје, изјавени против Одлуката за избор на економски оператор бр.0718-652/2 од 03.05.2010 година донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација (услуги) на средства за дератизација и дезинсекција на Општина Битола – Битола, СЕ УВАЖУВААТ.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на економски оператор бр.0718-652/2 од 03.05.2010 година и Одлуката за избор на економски оператор бр.0718-652/3 од 03.05.2010 година донесени по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација (услуги) на средства за дератизација и дезинсекција на Општина Битола – Битола. 3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација

Page 89: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

2

(услуги) на средства за дератизација и дезинсекција на Општина Битола - Битола.

4. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола во износ од 250,00 денари на име административна такса и 6.150,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, а на жалителот „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје 250,00 денари на име административна такса и 6.550,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот на решението.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Општина Битола – Битола, објавил Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација (услуги) на средства за дератизација и дезинсекција и донел Одлука бр.0718-652/2 од 03.05.2010 година со која како најповолен понудувач за апликација на средства за дератизација е избран „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје и Одлука бр.0718-652/3 од 03.05.2010 година со која како најповолен понудувач за апликација на средства за дезинсекција е избран ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола.

Жалителот ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола поднел

жалба незадоволен од одлуката за избор на најповолна понуда бр.0718-652/2 од 03.05.2010 година во која наведува дека истата е незаконита и дека е извршена неправилна евалуација на понудите и предлага да се поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка на улуги за апликација за дератизација како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците. Жалителот „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје во жалбата наведува дека се сторени повреди на постапката за доделување на договор за јавна набавка бидејќи не било предвидено во тендерската документација дека постапката е деллива поради што бара жалбата да се уважи, да се поништи одлуката за избор на економски оператор за апликација на сердства за дератизација и да се донесе нова одлука жалителот ќе биде избран како економски оператор за апликација на средства за дератизација и дезинсекција согласно огласот бр.14-652/1/2010.

Page 90: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

3

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбите наведува дека и двете жалби се неосновани и бара истите како такви да бидат отфрлени.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница, и при разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, оспорената одлука, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и на сите списи на предметот доставени како писмени докази, согласно член 220 став (1) алинеја 5, а во врска со член 211 и член 210 став 1, алинеја 2, 4 и 5 и член 228 став 7 од Законот за јавните набавки најде дека:

Жалбите се дозволени, навремени и изјавени од овластени

подносители. Жалбите се основани. Договорниот орган, Општина Битола – Битола спровел постапка за

јавна набавка со Барање за прибирање на понуди со објавување на Оглас бр.14-652/1/2010 за набавка на апликација (услуги) на средства за дератизација и дезинсекција, при што изготвил тендерска документација, а како критериум за избор на најповолна понуда е објавен економски најповолна понуда со елементи: цена по мамец – 40 бода, програма за работа – 20 бода, квалитет – 20 бода, рок на плаќање – 10 бода и рок на извршување – 10 бода.

Комисијата за јавни набавки извршила јавно отворање на понудите

во рокот утврден за тоа, а потоа извршила и евалуација на истите за што е составен Извештај од спроведената постапка, во кој е содржан и предлог за избор на најповолна понуда. Одговорното лице го прифатил предлогот и врз основа на него ја донел сега обжалената одлука за избор.

Незадоволни од вака донесената одлука, жалба изјавија жалителите

ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола и „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје.

Жалителот ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола во жалбата наведува дека оспорената одлука за избор на најповолна понуда е незаконска од причина што избраниот понудувач не доставил програма за работа како задолжителен елемент кој се вреднува со 20 бода, а програмата која што ја доставил жалителот ги има основните елементи кои треба да ги содржи секоја програма за работа. Понатаму жалителот наведува дека избраниот понудувач понудил невообичаено ниска цена, па согласно член 163 од Законот за јавните набавки истиот задолжително требал да ја образложи својата понуда и кај жалителот постои сомнеж дека тој не може да го изврши договорот за апликација на мамци. Исто така, наведува и дека согласно член 167 и 168 од Законот за јавните

Page 91: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

4

набавки, договорниот орган не ги навел причините за избор на избраниот понудувач и начинот на евалуацијата на понудите. Врз основа на наведеното жалителот бара да се поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка на улуги за апликација за дератизација како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците.

Во одговорот на жалбата на ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола, договорниот орган наведува дека истата е неоснована, бидејќи Комисијата за јавни набавки сспровела законита постапка зас конкретната јавна набавка и ценејќи ги сите факти и околности поединечно како и применувајќи ја Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договор за јавна набавка во бодови, одлучила за носител на јавната набавка да биде избран кандидат кој во целост ги задоволува техничките и кадровски улови и ќе може да одговори на преземените договорнеи обврски. Притоа Комисијата за јавни набавки констатирала дека во конкретниот случај се работи за значителни разлики во однос на елементот цена, а избраната понуда ги содржела сите параметри кои биле барани од страна на договорниот орган и не постоела забелешка од жалителот дека избраната понуда не била комлетна. Во однос на невообичаено ниската цена, договорниот орган наведува дека од избраниот понудувач било побарано да даде дополнителни појаснувања за вака понудената цена, при што истиот во определениот рок доставил изестување во кое ги дал бараните појаснувања. Во однос на наводите од жалбата кои се однесуваат на Програмата за работа, за кои се предвидени максимални 20 бода, договорниот орган наведува дека избраниот понудувач имал потпишано модел на договор кој бил во прилог на тендерската документација и во член 4 и 5 од договорот се појаснува дека вршењето на услугата за дератизација ќе се одвива по Програма, која е усвоена од Советот на Општина Битола и Програмата која ја доставил жалителот е Програма на Советот на Општина Битола. Оттука, договорниот орган појаснува дека за овој елемент и на двајцата понудувачи им дал ист број на бодови, а за ваквата оцена како агумент го ценел доставениот модел на договор кој бил во прилог на тендерската документација и потпишан од избраниот понудувач. Врз основа на наведеното бара жалбата да биде отфрлена како неоснована.

Жалителот „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје во

жалбата наведува дека спроведената постапка од страна на договорниот орган е спротивна на законските одредби, затоа што не е наведено во тендерската документација дека конкретната јавна набавка ќе биде деллива, а всушност постапката била деллива, поради што бара жалбата да се уважи, да се поништи одлуката за избор на економски оператор за апликација на сердства за дератизација и да се донесе нова одлука жалителот ќе биде избран како економски оператор за апликација на средства за дератизација и дезинсекција согласно огласот бр.14-652/1/2010.

Page 92: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

5

Во одговорот на жалбата на „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована. Имено, предметот на набавката бил деллив и тоа на апликација на средства за дератизација и апликација на средства за дезинсекција, при што договорниот орган донел две одлуки за избор на понудувачи со тоа што „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје е избран како најповолен понудувач за паликацијата (услуги) средства за дератизација, па не е јасно зошто се жали на оваа одлука. Врз основа на наведеното бара жалбата да биде отфрлена како неоснована.

Државната комисија разгледувајќи ја документацијата доставена од

страна на договорниот орган и наводите на сите страни, најде дека жалбите се основани. Имено, основани се жалбените наводи на жалителот ЈЗУ „ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ“ – Битола дека Комисија за јавни набавки извршила неправилна евалуација на понудите, а Одлуката за избор на најповолна понуда е спротивна на законските прописи како и тоа дека Комисија за јавни набавки не постапила согласно членовите 167 и 168 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган не изготвил Известување за избор до понудувачите за донесената Одлука за избор на најповолен понудувач согласно член 168 од Законот за јавните набавки, туку само ги доставил до понудувачите донесените одлуки. Исто така, основани се жалбените наводи на „ВЕТЕРИНАРНА БОЛНИЦА“ ДОО – Скопје дека спроведената постапка од страна на договорниот орган не е спроведена согласно законот.

Постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот

за јавните набавки, Државната комисија при проверката на приложените писмени докази во предметот утврди дека договорниот орган направил повреда согласно член 210 став 1 алинеја 2, 4, 5 и 6 од Законот за јавните набавки, односно сторени се битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација, евалуацијата на понудите, извршен е избор на понуда која не е најповолна како и извршен е избор на неприфатлива понуда. Имено, Државната комисија најде дека во тендерската документација договорниот орган не го предвидел начинот на кој ќе го вреднува елементот квалитет, па отука е нејасно како и врз основа на што Комисија за јавни набавки на двајцата понудувачи им доделила максимални 30 бода.

Постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот

за јавните набавки, Државната комисија при проверката на приложените писмени докази во предметот утврди дека договорниот орган направил повреда согласно член 210 став 1 алинеја 2, 4 и 5 од Законот за јавните набавки, односно сторени се битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација и евалуацијата на понудите како и извршен е избор на понуда која не е најповолна. како и извршен е избор на неприфатлива понуда. Имено, Државната комисија

Page 93: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

6

набавки утврди дека изготвената тендерската документација е спротивна на законот, односно спротивна на член 32 став 2 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, од причина што во истата не го објаснил начинот на бодирањето на елементите програма за работа, квалитет и рок на извршување, па од тие причини е нејасно доделувањето на бодовите по овие елементи. Од овие причини Државната комисија за жалби по јавни набавки не ги прифати наводите на договорниот орган истакнати во одговорот на жалбата дека Комисијата за јавни набавки оценила дека по елементот програма за работа, на двајца понудувачи треба да им додели ист број на бодови и тоа 20 бода, а како аргумент го ценела доставениот модел на договор кој бил потпишан од страна на избраниот понудувач. Ваквото бодирање е сосема произволно од страна на Комисија за јавни набавки со оглед на фактот што таквиот начин на евалуација не е предвиден во тендерската документација. Исто така, нејасен е и начинот на евалуација на понудите по елементот квалитет со оглед на фактот што договорниот орган не го предвидел начинот на кој ќе го вреднува овој елемент, а бодирањето на елементот рок на извршување е произволно, што се потврдува со фактот дека едниот понудувач понудил 7 дена за извршување на работите, а другиот понудувач навел дека рокот ќе биде согласно програмата усвоена од Советот на договорниот орган.

Државна комисија за жалби по јавни набавки констатира дека

договорниот орган извршил измена на податоците во оваа постапка и определил нејзина деливост на два дела, меѓутоа тендерската документација останала иста, па така во образецот на понудата во дел III.1 – Финансиска понуда предвидена е вкупна цена на понудата за двата дела, а не посебна вкупна цена по предвидените делови. Оттука од доставената документација, Државна комисија констатира дека не постои Извештај од евалуација на понудите посебно за двата дела од јавната набавка.

Оттука, договорниот орган погрешно го применил материјалното право односно погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки каде е утврдено:

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено се обезбедува:

- конкуренција меѓу економските оператори; - еднаков третман и недискриминација на економските оператори; - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на

договори за јавни набавки, и - рационално и ефикасно искористување на средствата во

постапките за доделување договори за јавна набавка“. Согласно член 32 став 2 алинеја 6 од Законот за јавните набавки:

„Тендерската документација особено содржи:

Page 94: 18 ??????? 27 05 2010 · 2018-12-28 · постапка бр.10/2010 за набавка на опрема за складирање на податоци и донел Одлука

7

- детална и целосна информација во врска со критериумите за доделување на договорот што ќе се применуваат за избор на најповолна понуда согласно одредбите од Глава VII Дел 3 од овој закон;“.

Согласно член 161 став (1) и (4) од Законот за јавните набавки: 1) „Ако критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда, најповолна понуда е онаа што ќе добие најголем број бодови од различните елементи кои носат соодветен број на максимални бодови“; 4) „Договорниот орган е должен во тендерската документација да даде објаснување како ќе ги вреднува и применува елементите на критериумот економски најповолна понуда“. Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Правна поука: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-397/9 27.05.2010 год. С к о п ј е Доставено до: - Странките; и - Архива.