9
Страница 1 2 Реф. ХХ.1./8 НАПОМЕНА: Пример како насока, не вклучува потребни детали од извршена работа и опфаќа само пример на постапки, а не сите потребни за соодветен клиент. РЕВИЗОРСКА ПРОГРАМА СО ПОСТАПКИ ЗА ЧИТАЊЕ НА ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ВО ДОКУМЕНТИ КОИ СОДРЖАТ РЕВИДИРАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ – Составен дел на програмата за утврдување на деловни ризици Клиент: За период: Датум - почетна ревизија Име и презиме и потпис Датум - завршна ревизија Име и презиме и потпис Изготвил: Н/П Изготвил: Н/П Проверил: Н/П Заклучок: Разбирање Ред. Бр. Постапка Иницијали, датум, референца, ризик бр. 1 Обезбеди копија од други документи (годишен извештај) во кои се објавуваат ревидираните финансиски информации 2 Изврши проверка дали финансиските информации објавени во документот се усогласени со истите од финансиските извештаи 3 Изврши проверка дали сите релевантни обелоденувања во другите документи (годишен извештај) се усогласени со обелоденувањата во финансиските извештаи 4 Во случај на утврдена неусогласеност (материјална неконзистентност, материјални погрешни прикажувања на факти) изготви и испрати писмо за комуникација на истите

1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

  • Upload
    others

  • View
    33

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Страница 1 oд 2

Реф. ХХ.1./8

НАПОМЕНА: Пример како насока, не вклучува потребни детали од извршена работа и опфаќа само пример на постапки, а не сите потребни за соодветен клиент.

РЕВИЗОРСКА ПРОГРАМА СО ПОСТАПКИ ЗА ЧИТАЊЕ НА ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ВО ДОКУМЕНТИ КОИ СОДРЖАТ РЕВИДИРАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ – Составен дел на програмата за утврдување на деловни ризици

Клиент:

За период:

Датум - почетна ревизија

Име и презиме и потпис Датум - завршна ревизија

Име и презиме и потпис

Изготвил: Н/П

Изготвил: Н/П

Проверил: Н/П

Заклучок:

Разбирање

Ред. Бр. Постапка Иницијали, датум, референца, ризик бр.

1 Обезбеди копија од други документи (годишен извештај) во кои се објавуваат ревидираните финансиски информации

2 Изврши проверка дали финансиските информации објавени во документот се усогласени со истите од финансиските извештаи

3 Изврши проверка дали сите релевантни обелоденувања во другите документи (годишен извештај) се усогласени со обелоденувањата во финансиските извештаи

4 Во случај на утврдена неусогласеност (материјална неконзистентност, материјални погрешни прикажувања на факти) изготви и испрати писмо за комуникација на истите

Page 2: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Страница 2 oд 2

до раководството и тие задолжени за управување

5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши повторна проверка на другите информации да се увериш дека се корегирани

Page 3: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Влијание на измени во МСР на МСР 800 и 805 – Извадок од Предлог експозиција на IFAC од

јануари 2015 година

Подобрувања кои резултираат од новите и изменети МСР за известување на ревизорот

Применливост на МСР 800 ангажмани

Применливост на МСР 805 ангажмани

Нов параграф во извештајот на ревизорот да ги обработи КПР за ревизии на комплетен сет на финансиски извештаи за општа употреба на котирани компании

МСР 701 се применува само кога закон или регулатива бара комуникација на КПР во МСР 800 ангажман или кога ревизорот ќе одлучи да ги комуницира КПР на доброволна основа (параграф 31 од МСР 700 (Изменет) А17 од предложен МСР 800 (Изменет)).

МСР 701 се применува само кога закон или регулатива бара комуникација на КПР во МСР 805 ангажман или кога ревизорот ќе одлучи да ги комуницира КПР на доброволна основа (параграф A19 од предложен МСР 805 (Изменет)).

Референца под име на параграф Останато прашање (ОП) може да биде направена во извештајот на ревизорот издаден во согласност со МСР 805 ангажман (МСР 805 извештај на ревизорот) до комуницираните КПР во извештајот на ревизорот во комплетниот сет на финансиски извештаи за општа употреба (параграфи 25–32 подолу и параграф A23 од МСР 805 (Изменет)).

Континуитет: Посебен параграф со

наслов “Материјална несигурност поврзана со континуитет” се бара во извештајот на ревизорот кога постои материјална несигурност за можност на компанијата да продолжи во континуитет.

Во согласност со постоечкиот МСР 570, мислењето на ревизорот се модифицира кога се бара според условите на ангажманот.

Нови барања да се опишат соодветните обврски на раководството и на

МСР 570 (Изменет) и барањата од праграфи 29, 33(б), и 38(б)(iv) од МСР 700 (Изменет) се применливи кога сметководствен принцип на континуитет е релевантен (исто така, параграф A16 од предложен МСР 800 (Изменет)).

МСР 570 (Изменет) и барањата од праграфи 29, 33(б), и 38(б)(iv) од МСР 700 (Изменет) се применливи кога сметководствен принцип на континуитет е релевантен (исто така, параграф A18 од предложен ISA 805 (Изменет)).

Доколку извештајот на ревизорот на комплетен сет на финансиски извештаи вклучува параграф “Материјална несигурност поврзана со континуитет”, овој параграф се бара да биде повторен во извештајот на ревизорот по МСР 805 (параграфи 15 и A24 од

Page 4: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

ревизорот за континуитет во сите извештаи на ревизорот

Доколку биле идентификувани настани или услови кои можат да дадат значителен сомнеж во можноста на ентитетот да продолжи во континуитет, но ревизорот заклучи дека не постои материјална несигурност, ново барање да се оцени адекватноста на обелоденувањето на овие настани или услови во поглед на барањата на применливата рамка за финансиско известување

предложениот МСР 805 (Изменет)).

Се бара експлицитна изјава во сите извештаи на ревизорот дека ревизорот е независен од ентитетот во согласност со релевантните етички барања поврзани со ревизијата и дека ги исполнил останатите етички обврски на ревизорот во согласност со овие барања, со идентификација на органот надлежен за издавање на овие барања или референца кон Кодексот на етика за професионалните сметководители од Одборот за меѓународни етички стандарди

Се бара – опфатено со ставовите 28(в) од МСР 700 (Изменет).

Се бара – опфатено со ставовите 28(в) од МСР 700 (Изменет).

Обелоденување на името на партнерот на ангажманот во извештајот на ревизорот при ревизии на финансиски извештаи на котирани компании со изземање од “опасност”

Се бара за ревизии на котирани компании (параграф A18 од предложениот МСР 800 (Изменет) и соодветните измени на МСР 700 (Изменет).

Се бара за ревизии на котирани компании (параграф A21 од предложениот МСР 805 (Изменет) и соодветните измени на МСР 700 (Изменет).

Параграфот со мислењето се бара да биде прикажан прв, па по него параграфот Основа за мислење, доколку закон или регулатива не пропишува поинаку

Се бара – опфатено со ставовите 23 и 28 од МСР 700 (Изменет).

Се бара – опфатено со ставовите 23 и 28 од МСР 700 (Изменет).

Page 5: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Подобрен опис на обврските на ревизорот и клучните функции на ревизијата (заедно со обезбедување на некои компоненти од овој опис да бидат прикажани или во додаток кон извештајот на ревизорот или, каде што дозволува законот, регулативата или националните стандарди за ревизија, да се референцира на веб портал на соодветната институција кој содржи опис кој го опфаќа и не е неконзистентен со описот баран според МСР 700 (Изменет))

Се бара – опфатено со ставовите 38–40 од МСР 700 (Изменет).

Се бара – опфатено со ставовите 38–40 од МСР 700 (Изменет).

Page 6: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Опис на ситуација, пример: Релевантна примена МСР 705

Релевантна примена МСР 706

Утврдена состојба која влијае на континуитет и е од материјално значење, а необелоденета во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување (пр. раскинат/непродолжен основен договор за соработка од кој произлегуваат основните приходи на друштвото; нето тековните обврски значително ги надминуваат нето тековните средства; висока кредитна задолженост; и сл.) Напомена: за сите е важно да се потврди и документира ревизорски доказ за активностите кои клиентот ги превзел/или не за да се справи со проблемот со континуитет

Утврдена состојба која влијае на континуитет и е од материјално значење и обелоденета во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување Напомена: најдобро е во извештајот ревизорот да се повика на белешката каде ова е обелоденето, а не со слободни зборови да ја објаснува состојбата

Констатиран судски спор од чија разрешница може да произлезат значителни потенцијални обврски и кој квантификуван дава вредност од материјално значење, а необелоденет во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување Напомена: важно e да се потврди и документира ревизорски доказ за точната квантификација на потенцијалната обврска

Констатиран судски спор од чија разрешница може да произлезат значителни потенцијални обврски и кој квантификуван дава вредност од материјално значење и е обелоденет во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување Напомена: најдобро е во извештајот ревизорот да се повика на белешката каде ова е обелоденето, а не со слободни зборови да ја објаснува состојбата

Значаен судски спор чие влијание не може да се квантификува, а необелоденето во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување Напомена: важно e да се потврди и документира ревизорски доказ за причините поради кои не може да се направи точна квантификација на потенцијалното влијание на ФИ и истите да се наведат во извештајот на ревизорот во пасусот за Основа за мислење со резерва

Значаен судски спор чие влијание не може да се квантификува, и е обелоденето во ФИ според барањата на релевантите сметководствени стандарди – рамка за известување Напомена: најдобро е во извештајот ревизорот да се повика на белешката каде ова е обелоденето, а не со слободни зборови да ја објаснува состојбата

Page 7: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Примери, пасуси за нагласување на прашање и основи за модификација на мислење

вон истите дадени во МСР 705 и 706

Нагласување на прашање – можен исход од судски спор

Без да го квалификуваме нашето мислење, обрнуваме внимание на фактот дека ја зедовме во предвид соодветноста на обелоденувањата прикажани во белешка ХХ кон финансиските извештаи кои се однесуваат на можен исход од судски спор, според кој постои наводно прекршување на некои права од патенти и барање надомести и надомест на штети, каде компанијата е тужена страна. Компанијата поднела контра тужба и прелиминарните сослушувања и истраги по основ на двете тужби се во тек. Конечниот исход од случајот не може да се предвиди во моментот и во финансиските извештаи не е пресметана резерва за потенцијална обврска која може да произлезе како резултат на спорот. Квалификувано мислење како резултат на несогласување околу сметководствен третман

Пр. 1 Во побарувањата од купувачи во билансот на состојба вклучено е побарување во износ од ХХХ илјади денари кое е од компанија која престанала со работа. Компанијата нема обезбедување за ова побарување. Според наше мислење многу е веројатно компанијата да не обезбеди наплата на ова побарување и за истото требало да биде направена целосна исправка на вредност во износ од ХХХ илјади денари. Соодветно, побарувањата од купувачи треба да се намалат за ХХХ илјади денари, одложените даноци треба да се намалат за ХХХ илјади денари, добивката за годината и акумулираната добивка треба да се намалат за ХХХ илјади денари. Пр. 2 Во побарувањата од купувачи во билансот на состојна на 31 декември 20X4 и 31 декември 20X5 вклучен е износ од ХХХ илјади денари кој е предмет на тужба и за кој не е направена исправка на вредност. Според наше мислење требало да биде направена целосна исправка на вредност во годината која завршува на 31 декември 20X4. Соодветно, побарувањата од купувачи на 31 декември 20X4 и 20X5 треба да се намалат за ХХХ илјади денари, одложените даноци на 31 декември 20X4 и 20X5 треба да се намалат за ХХХ илјади денари и добивката за годината која завршува на 31 декември 20X4 и акумулираната добивка на 31 декември 20X4 и 20X5 треба да се намали за ХХХ илјади денари. Квалификувано мислење - неусогласеност со МСС 1 “Презентација на ФИ“

Во проценката дали е соодветно финансиските извештаи да бидат изготвени по принципот на континуитет раководството особено обрнало внимание на периодот кој завршува на 30 ноември 20Х6, што е помалку од дванаесет месеци од датумот на билансот на состојба. Ова е спротивно на барањата на МСС 1 “Презентација на финансиски извештаи“. Квалификувано мислење – необелоденет проблем на континуитет

Аранжманите за финансирање на компанијата истекуваат и доспеваат за плаќање на 19 јули 20Х6 година. Компанијата не можела да ги обнови или да обезбеди нови аранжмани за финансирање. Оваа ситуација укажува на материјална несигурност на можноста на компанијата да продолжи во континуитет и поради тоа да не биде во можност да ги реализира своите средства и подмири своите обврски од своето редовно работење. Финансиските извештаи (и со нив поврзаните белешки) не го обелоденуваат овој факт.

Page 8: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

Основи за модификација на мислење – ограничување во обем на работа

ХХХ илјади денари од продажбите на Друштвото се генерирани од продажби во готово, за кој процес не постои систем на интерни контроли на кои можевме да се потпреме во текот на нашата ревизија. Не постоеа други задоволителни ревизорски процедури кои можевме да ги примениме со кои би биле задоволни да се увериме дека овој евидентиран приход не е материјално погрешно прикажан. Негативно мислење на ФИ

Пр. 1 Како што е подетално објаснето во белешка ХХ кон финансиските извештаи не е извршена резервација за загубите кои се очекува да произлезат од некои долгорочни договори кои се во тек, бидејќи раководството смета дека ваквите загуби треба да бидат пребиени од наплатливите износи од други долгорочни договори. Според наше мислење треба да се направи резервација на предвидливите загуби од поединечни договори според барањата на ... (пр. МСС 37). Доколку загубите биле признаени ефектот од истите би бил да се намали сегашната вредност на договорот за работа во тек за ХХХ илјади денари, обврската за одложени даноци за ХХХ илјади денари и добивката за годината и акумулираната добивка на 31 декември 20Х6 за ХХХ илјади денари. Според наше мислење, поради значењето на прашањето објаснето во пасусот Основа за неповолно мислење, финансиските извештаи не даваат вистинска и објективна слика на... Пр. 2 Како што е објаснето во белешка ХХ кон финансиските извештаи аранжманите за финансирање на Друштвото се истечени и отвореното салдо доспеало за плаќање на 31 декември 20Х5. Друштвото не успеало да ги обнови или обезбеди нови аранжмани за финансирање и ја разгледува можноста за отпочнување стечајна постапка. Овие настани укажуваат на материјална несигурност која може да даде значителен сомнеж на способноста на Друштвото да продолжи во континуитет и поради тоа да не биде во можност да ги реализира своите средства и подмири своите обврски од своето редовно работење. Финансиските извештаи (и со нив поврзаните белешки) не го обелоденуваат овој факт и се изготвени според принципот на континуитет. ВАЖНО: Квалификација за одредени ставки од ФИ се дава за конкретни тврдења:

(а) Тврдења за класите на трансакции и настани во рамки на ревидираниот период:

(i) Настанување – трансакциите и настаните кои се евидентирани, настанале и се

однесуваат на ентитетот.

(ii) Комплетност – евидентирани се сите трансакции кои треба да бидат

евидентирани.

(iii) Точност – износите и останатите податоци поврзани со евидентираните трансакции и настани се точно евидентирани.

(iv) Пресек – трансакциите и настаните се евидентирани во точен сметководствен период.

(v) Класификација – трансакциите и настаните се евидентирани на точни сметки.

(б) Тврдења за салда на сметките во ревидираниот период:

Page 9: 1./8 - ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ ... _Gabriela Miloshevska.pdf · 5 Проследи ги резултатите од комуникацијата и изврши

(i) Постоење – побарувањата, обврските и капиталните интереси постојат.

(ii) Права и обврски – ентитетот ги има или ги контролира правата над средствата, а

евидентираните обврските се обврски на ентитетот.

(iii) Комплетност - евидентирани се сите трансакции кои треба да бидат евидентирани.

(iv) Вреднување и алокација – средствата, обврските и капиталните итнереси се вклучени во финансиските извештаи во точни износи и секој износ што е резултат на усогласување поради вреднување или алокација е точно евидентиран.

(в) Тврдења за презентацијата и обелоденувањата:

(i) Настанување, права и обврски – обелоденети настани, трансакции и останати

активности кои настанале и се однесуваат на ентитетот.

(ii) Комплетност – сите обелоденувања кои требало да бидат вклучени во

финансиските извештаи, се вклучени во истите.

(iii) Класификација и разбирливост – финансиските информации се точно презентирани и опишани, и обелоденувањата се јасно изразени.

(iv) Точност и вреднување – финансиските и другите информации се обелоденети точно и во соодветни износи.

За сите релевантни (и за оние за кои има и за оние за кои нема квалификација) треба да има соодветен ревизорски доказ во ревизорското досие.

Во случај на негативно мислење или воздржување од давање мислење истото важи за целите ФИ.