60
Br. 01 Cena: 50 den. Avgust 2009 god. MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA AVGANISTAN Vo obezbeduvawe na komandata na ISAF FILIP RIKER Ekskluzivno intervju so ambasadorot na SAD FILIP RIKER TOMSON TOMSON Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA BUR@E 2009 {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции VOENA AKADEMIJA VOENA AKADEMIJA AVGANISTAN

VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

  • Upload
    others

  • View
    2

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Br . 01 Cena : 50 den. Avgust 2009 god.

M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

AVGANISTANVo obezbeduvawe na komandata na ISAF

FILIP RIKEREkskluzivno intervju so ambasadorot na SADFILIP RIKER

TOMSONTOMSONAvtomatot na mafija[kite presmetki

BUR@E 2009Aeromiting vo Pariz

MISIJA

BUR@E 2009

{kola za vistinski oficer i xentlmen

АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

VOENAAKADEMIJAVOENAAKADEMIJA

AVGANISTAN

Page 2: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА
Page 3: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Почитувани читатели,

Во деновите кога Армијата на Републи-ка Македонија го слави својот седумнае-сетти роденден, ви подаруваме нов и со-времен месечен магазин Штит, донекаде концепциски поразличен од досегашни-те наши изданија: Армиски збор и Одбра-на – кои со своите 162, односно 153 броја, достојно и целосно ја извршија својата мисија, оставија траен белег во македон-ското воено новинарство и заслужeно за-минаа во пензија. Целта на списанието е да ја продолжи воспоставената традиција, да ги рационализира расположливите ре-сурси и што е можно подобро да се при-способи кон духот на времето што доаѓа.Причината за појавата на новиот магазин е едноставна: ние сакаме тој да биде по-достапен до вас – до нашите досегашни и идни читатели – зашто вие сте единстве-ното мерило на нашиот успех и вие сте првите и најважните кои треба да слуш-нат и да видат на кој начин Министерство-то за одбрана и Армијата на Република Македонија се носат со предизвиците на новото време. Токму Штит ќе има задача да ги промовира и доближи до вас профе-сионалните вредности на нашата армија, значењето на нашите оружени сили, ко-дексите на воената должност, како и да ве информира за најважните случувања во областа на современата македонска и светска одбрана. Овој магазин ќе биде и важен дел од една поширока интегрирана и конзистент-на комуникација која ќе има за цел да го доизгради дигнитетот на професијата војник, за чиј статус мора заеднички да се грижиме.Најкусо кажано, во непосредна иднина магазинот Штит треба да стане совреме-но орудие на Министерството за одбра-на за јавна, транспарентна и објективна комуниција со читателите.Со своите први чекори, како и него-вите претходници, Штит гордо и сме-ло ќе маршира кон осовременувањето и трансформацијата на МО и на АРМ. Иако концепциски видоизменет, содржин-ски Штит ќе продолжи да ја информира јавноста за достигнатиот степен на ев-роатлантската интеграција на Република Македонија, за армиското секојдневие, за животот и работата на единиците на АРМ. Истовремено, покрај останатото, Штит ќе нуди и содржини подеднакво ин-тересни како за повозрасната така и за помладата популација. Почитувани читатели, во периодот пред нас Штит ќе биде присутен на армиски-те полигони и на вежбалиштата, на стре-лиштата и во кабинетите, но и меѓу наши-те мировници во Авганистан, БиХ, Либан и секаде каде што, заедно со единиците од другите коалициони партнери, наши-те војници го трасираат патот кон мирот и го даваат својот огромен придонес во афирмацијата на Република Македонија на меѓународен план. Едноставно, Штит ќе биде хроничар и ре-гистратор на настаните. Во рамките на на-шата досегашна плодна соработка, Штит и во иднина за досегашните, но и за но-вите соработници, љубители на пишани-от збор, останува отворен за соработка. Сите заедно имаме иста цел – да го напра-виме Штит посодржаен и по вкусот на на-шите читатели.Во духот на започнатиот процес на трансформација на АРМ според тер-кот на современите светски армии, со-гласно стандардите на НАТО, сè до исполнувањето на крајната цел – член-ство на Република Македонија во евро-атлантските структури – Штит ќе го дава својот полн придонес.Со редакција од искусни и докажани вљубеници во пишаниот збор и со нови и млади соработници, полни со ентузијазам и со желба за докажување, во периодот што ни претстои, Штит ќе расте, ќе се трансформира, ќе се осовременува и ќе пулсира заедно со вас. Нека ни е честит и вековит!

Зоран КоњановскиМИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

Подготовки на реПублика македонија за членство во нато

постигнувања и предизвици

ексклузивно интервју со г. филип рикер, амбасадор на сад

париски саем бурже 2009

интернационален саем на авијацијата

томсон

историјата на автоматот кој ги обележа мафијашките пресметки

рестартирање на воената академија

нови можности за идниот офицерски кадар

мисија авганистан

во обезбедување на командата на исаф

мисија опстанок

базирање и престој во природа

глобалната војна против тероризмот

противбунтовнички операции - I дел

4

10

14

19 21

25

28 44

40

48 52

Страна

Страна

Страна

Страна Страна

Страна

Страна Страна

Страна

Страна Страна

ШТИТ - Година I, број 1, август 2009 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТЕмил Димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Сашко Димов, потполковник Мирче Ѓоргоски, потполковник Здравко Ризовски,мајор Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЗдравко Ризовски, потполковник

РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник); Иван Петрушевски (новинар-соработник); Ксенија Митева (лектор); Жанет Ристоска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

КОНЦЕПТУАЛЕН КОНСАЛТИНГ, АРТ ДИРЕКЦИЈА И ДИЗАЈНЖарко Стојановиќ, Оливер Ќурчиев, Весна Вујадиновиќ

Печати: АД „Коста Абраш“ – Охрид

АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ бб 1000 СкопјеТелефони: 02 328 24 17; 02 328 20 58Факс: 02 3113 527; 02 3128 276 www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

Содржина:

3

Page 4: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

епублика Македонија со кон-тинуирана посветеност кон целта за полноправно член-ство во НАТО, со напорно

работење на демократскиот и економскиот развој на државата и со долгорочно инвестирање на значајни ресурси во национална-та одбрана ги исполни сите пред-услови за интеграција во поли-тичката и воена структура, како и за преземање на одговорности-те и обврските кои ќе произлезат од членството во Алијансата. Де-мократската зрелост на држава-та, постигнатиот економски и оп-штествен развој, развиениот на-

ционален одбранбен систем спо-ред стандардите на НАТО, придо-несот во пет меѓународни опера-ции, придонесот во регионална-та безбедност, како и широката меѓународна соработка, се клуч-ните аргументи на Македонија за споделување на истите вредности и интереси со земјите членика на Алијансата.

МАКЕДОНИЈА - ЦЕНЕТА И ЦЕЛО-СНО ПОДГОТВЕНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Република Македонија својата идни-на ја гледа како полноправна член-

ка на НАТО и на Европската унија и тие цели претставуваат главни стра-тегиски приоритети на нашата над-ворешна политика. Во тој дух може да се каже дека членството во НАТО, како и активниот придонес за без-бедноста и стабилноста во евроат-лантската област, имаат најширок можен политички и општествен кон-сензус и јавна поддршка од над 90%. Подготовките на Македонија за членство во НАТО практично за-почнаа уште во 1993 година со донесувањето на Резолуцијата на Парламентот за интеграција на на-шата држава во евроатлантски-те колективни безбедносни систе-

Подготовки на Република Македонија за членство во НАТО:постигнувања И предизвици

4

Page 5: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ми. Активното учество во Партнерство-то за мир (ПзМ) од 1995 година, во Проце-сот за анализа и планирање на одбраната (ПАРП процес), Евроатланскиот партнер-ски совет (ЕАПС) и Акциониот план за член-ство на НАТО од 1999 година (МАП-процес), претставува практично прифаќање на прин-ципите на широкиот безбедносен пристап во согласност со Стратегискиот концепт на НАТО, Сеопфатните политички насоки на Алијансата од 2006 година, Европската без-бедносна стратегија од 2003 година, како и демонстрација на нашиот интерес и подгот-веност за членство во Алијансата и еволу-тивен процес на националните подготовки.Реафирмирајќи ја политиката на отворени врати, НАТО во 1999 година го лансираше

Секако дека анализата и проценката на спроведувањето и планирањето на одбран-бените реформи е во фокусот на интересот на Алијансата, но темелно се анализираат и сите други аспекти на подготовките во сора-ботка со ЕУ, со ОБСЕ, со Меѓународниот мо-нетарен фонд и со Светската банка. Што се однесува на политичките прашања, Македонија континуирано напредува во спроведувањето на препораките на ЕУ и на другите меѓународни институции. Де-мократската зрелост на нашата држа-ва се потврдува со бројни постигнувања во последнава година, како на пример донесувањето на Законот за употреба на јазиците и постојаното подобрување на со-

Акциониот план за членство, со цел земјите-аспиранти што полесно сеопфатно да се под-готват за што е можна побрза интеграција во Алијансата. Владата, од 1999 година, секоја година во НАТО презентира Годишна нацио-нална програма за подготовки на Македонија за членство во НАТО (ГНПЧ), која содржи пет поглавја: политички и економски прашања; одбранбени и воени прашања; аспекти на ре-сурсите; прашања поврзани со безбедноста на класифицираните информации и законски аспекти. И според овогодишните проценки и извештаи на НАТО, Македонија во континуи-тет постигнува натамошен значаен напредок во подготовките за членство во сите наведе-ни области.

Од Љубе Дукоски

5

Page 6: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

одветната етничка застапеност во духот на Охридскиот рамковен до-говор, спроведувањето слободни, фер и демократски претседател-ски и локални избори, меѓународно признати резултати во заштитата на човековите и малцинските пра-ва, спроведувањето на реформите во судството, полицијата и јавната администрација и значајниот напре-док во борбата со организираниот криминал и корупција.

Македонија воспостави и одржу-ва широка регионална соработка и многу добри добрососедски односи со: Албанија, Бугарија, Србија и Косо-во. Исто така, државните институции

континуирно даваат значаен придо-нес во регионалните иницијативи, особено во Јадранската повелба, во Southeastern Europe Defence Ministerial, регионалниот центар РАЦВИАЦ во Хрватска, а во среди-ната на оваа година заврши двего-дишното успешно претседавање со СЕДМ-процесот.

По стагнацијата во економски-от развој во последните годи-ни, во периодот од 2006 до 2008 година остваривме респекти-вен пораст на БДП од околу 5% а инфлацијата постојано се одржу-ва на ниско ниво. Економските ка-пацитети на Македонија овозможу-

ваат преземање на сите обврски како членка на Алијансата и можност за зголемување на придонесот во меѓународните операции. Во врска со безбедноста на класи-фицираните информации, македон-ските институции се добро подготве-ни и ги имаат исполнето сите стан-дарди, а законската и подзаконската регулатива е комплетирана.

Во моментов не постојат никакви законски пречки за пристапување на Македонија во НАТО. Во тој дух, со цел да се поедностават проце-дурите за учество во колективна-та одбрана (операции според член 5 од Вашингтонскиот договор), по зачленувањето на Македонија во НАТО, одлуките за распоредување на единици и воен персонал на АРМ надвор од националната територија и одлуките за поканување на трупи на земјите-членки на Алијансата со-гласно ратификуваните меѓународни договори, наместо Собранието ќе ги донесува Владата.

ДАВИД МЕЃУ ГОЛЕМИТЕ

Македонија, на барањата за придо-нес во меѓународните операции од-говори со распоредување до 4% од активниот воен персонал на АРМ, односно несразмерно висок придо-нес во однос на нашата големина и национални ресурси. Највидливиот денешен придонес на Македонија е во операцијата ИСАФ во Авгани-стан и поддршката на КФОР. Преку 170 војници на АРМ се борат рамо до рамо со војниците на земјите-членки за подобро утре на народот на таа земја. Во 2002 година АРМ започ-на со распоредување на една мала единици во ранг на пешадиски вод, а потоа тој придонес континуира-но се зголемуваше и прошируваше. Денес, со една зајакната пешадиска чета вршиме обезбедување на глав-ната команда на ИСАФ во Кабул. Ис-товремено, оваа година придоне-суваме со медицински персонал во составот на заедничкиот медицин-ски тим со Албанија и со Хрватска во Кабул, а на север од Авганистан со хируршки тим во составот со нор-вешкиот контингент и со инструк-тори во два оперативни менторски тима на Германија. Треба да се оче-кува дека придонесот во Авганистан ќе биде на долг рок и ќе се прилаго-дува и зголемува според барањата на ИСАФ и, секако, според можно-стите на државата, а пред сè во до-менот на обуката на авганистански-те безбедносни сили. Поддршка-та на КФОР датира од 1998 година. Македонија денес е главна линија за снабдување на КФОР и е одговорна за координација на Координативни-от центар во Скопје. Македонија во 1998 година беше земја-домаќин на големи трупи на Алијансата и понесе огромен товар во справувањето со косовската бегалска криза.

На долг рок, како членка на НАТО, Македонија ќе треба да го зголеми придонесот во меѓународните опе-рации и до 8% од севкупната струк-

1. припад-ници на специјалните единици на арм во воена формација на терен

6

Page 7: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

тура на копнените сили на АРМ. Имајќи ги предвид тие обврски и амбиции, потребно е да се развијат распоредливи способности кои опфаќаат 40% од севкупната струк-тура на копнените сили на АРМ. Движејќи се кон таа цел, до 2010 го-дина треба да се подготви еден сре-ден пешадиски баталјон со јачина од 600 лица кој ќе биде брзо распо-редлив и способен за високоинтен-зивни борбени дејства. Иницијално, баталјонот може да биде опремен со расположивата воената опрема, а долгорочно ќе треба да се опре-ми со современа воена опрема спо-ред стандардите на НАТО. До 2014 година треба да се развие и една средна пешадиска баталјонска гру-па, која ќе биде способна за брзо распоредување и за самостојно изведување борбени дејства во це-локупниот спектар на мисии и опера-ции на НАТО, како и за вклучување во повисоки мултинационални фор-мации. Исто така, Македонија веќе има подготвено неколку помали еди-ници (чети, водови и одделенија) за придонес во операции предводе-ни од НАТО, а до 2014 година треба да подготви и една лесна подвижна болница за медицинска поддршка на ниво-2.

Членството во НАТО и интеграцијата на АРМ во воените структури, по-влекува и вклучување во заеднички-те капацитети на Алијансата и придо-нес со штабен персонал во команд-ната структура и во меѓународните штабови, согласно можностите. По-конкретно, Македонија е веќе под-готвена за вклучување во Сили-те за брзи одговори на НАТО и иницијативите за стратегиски возду-хопловен транспорт, а треба да се очекува и вклучување на 30-50 офи-цери и подофицери во командната структура и во меѓународните шта-бови на Алијансата. Во случај на ко-лективна одбрана од Македонија се очекува и целосен придонес со вое-ни сили, со инфраструктура и со от-вореност на националниот возду-шен простор.

Политичката и економската стабил-ност ја чини нашата држава извор на стабилноста со капацитети за пого-лем придонес во консолидацијата на стабилноста и безбедноста на регио-

во воениот персонал, како и во опремувањето на единиците. Сепак, за постигнување на идни-те стратегиски мисии неопходен е развој на нови оперативни способ-ности според барањата на Партнер-ските цели од 2008 година и големи трансформациски напори за изград-ба на интероперативни воени сили, со флексибилна структура, соодвет-но пополнети со квалитетен воен персонал, добро опремени и до-бро обучени. Темелно испланирана и синхронизирано спроведена нова напредна трансформација на АРМ и Министерството за одбрана е основ-ниот начин со кој може да се постиг-нат наведените целите.

нот на ЈИ Европа.

ОДБРАНБЕНИТЕ РЕФОРМИ - КОНТИНУИРАН ПРОЦЕС

Значајните постигнувања во развојот на националниот одбран-бен систем се евидентни во сите не-гови сегменти, а посебно во развојот на воените способности на Армијата и нејзината трансформација во це-лосно професионална војска. Опе-ративните способности на денеш-ната АРМ не се случајност туку ре-зултат на јасна стратегија за од-брана, реалистични планови за нејзиниот развој во високомобилна и интероперативна професионална војска и долготрајно инвестирање

2. македонски воен хеликоп-тер обезбеду-ва белгиски медицински тим над авга-нистан

3. утврдување стратески точ-ки при обез-бедување на базата на ISAF

4. конвој на арм во патро-ла по грубата авганистанска почва

4

7

Page 8: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

РАЗВОЈ НА НОВИ ВОЕНИ ОПЕРА-ТИВНИ СПОСОБНОСТИ НА АРМ

Денешната АРМ е целосно профе-сионална војска со структура и опе-ративни способности кои се разви-вани до 2008 година, врз основа на Стратегијата за одбрана од 1998 го-дина и заклучоците од Стратегиски-от одбранбен преглед од 2004 годи-на (СОП 2004). АРМ од 2006 годи-на е целосно професионална војска со околу 7.700 доброволен активен воен персонал, а пополната кон-тинуирано се одржува преку 90%. Дополнително, АРМ вклучува око-лу 5.000 резервен персонал кој до 2015 година постепено ќе се нама-ли на ниво од 1.500. Единиците и командите се пополнети со квали-тетен воен персонал, од кој околу 20% (или околу 1.600 лица) досе-га веќе учествувал во меѓународни операции. Околу 27% од активниот воен персонал се припадници на не-мнозинските етнички заедници во државата, а до 2013 година тој про-цент треба да се зголеми до 35%. Привлекувањето и задржувањето на квалитетен воен персонал ќе про-должи да биде голем предизвик за натамошниот развој на АРМ. Спо-ред досегашните научени лекции од меѓународните операции треба да се очекува значајно зголемување на потребите од квалитетен воен пер-сонал, а намалување на неговата бројна состојба. Исто така, потреб-но е натамошно подобрување на кадровската структура по чинови и специјалности соодветна за добро-волна професионална војска.

Во 2004 година се премина од кор-пусна на бригадна структура на Армијата, со командна структура на АРМ и формациска структура на нејзините единици според стандар-дите на НАТО и барањата на Пар-тнерските цели. Поконкретно, Гене-ралштабот, како највисока стратеги-ска команда командува со три глав-ни команди (Здружената оперативна команда, Командата за логистика и Командата за обука), со еден Полк за специјални операции и некол-ку помали самостојни единици. Во Здружената оперативна команда е сконцентрирана главнината на бор-бените сили во јачина на две механи-зирани пешадиски бригади, воздухо-пловните сили во јачина на еден воз-духопловен ВИНГ и силите за борбе-на поддршка. Силите за логистичка поддршка се сконцетрирани во Ко-мандата за логистичка поддршка, а за медицинска поддршка во Воена-та болница.

Со своето преструктуирање во пери-одот од 2004-2007 година, Армијата значајно ги зголеми распоредливи-те воени способности (на ниво од околу 15%), така што тоа овозмо-жи Македонија од 2002 година кон-тинуирано и долгорочно да придо-несува во пет меѓународни опера-ции. Тоа е најсилниот аргумент дека АРМ покрај оперативни способно-сти за нејзината основна национал-на мисија, одбрана и заштита на

земјата, располага и со оператив-ни способности за исполнување на меѓународните обврски. Поконкрет-но, АРМ континуирано обезбедува контингент од 200- 260 лица за дол-горочно распоредување на едини-ци и воен персонал во меѓународни операции предводени од НАТО (ИСАФ во Авганистан), од ЕУ (Алтеа во БиХ), од САД (Слобода за Ирак), од ООН (УНИФИЛ во Либан) и под-дршка на КФОР.

Во очекување на интеграцијата во НАТО, реформските напори се фо-кусирани на развој на нови опера-тивни способности на Армијата и ин-ституционални капацитети на Ми-нистерството за Одбрана согласно барањата на Партнерските цели од 2008 година кои треба да достигнат до 40% од севкупната структура на копнените сили. Во тој контекст ид-ните напори и ресурси би требало да се фокусираат на развојот на нови воени оперативни способности на АРМ во следните приоритетни об-ласти:

- набљудување на националниот воздушен простор и поврзување со интегрираниот систем на НАТО за противвоздушна одбрана; - поддршка на државните институ-ции во справување со последиците во случај на терористички напад;- брзо распоредување на воени сили во мултинационални здружени опе-рации предводени од НАТО далеку од националната територија или во операции за колективна одбрана на Алијансата; - ефективна команда и контрола со-гласно барањата на концептот на НАТО за мрежно поврзани и зашти-тени комуникациски и информатич-ки способности; - изршување на операции во ком-плексни географски и климатски

услови, како и во урбана средина;- опстанок и заштита на силите во услови на блиска борба и закани од хемиско, биолошко, радиоактивно и нуклеарно оружје;- одбрана на силите од импровизи-рани експлозивни направи;- логистичка одржливост на распо-редените национални континген-ти, вклучително и способности за вклучување во мултинационална логистика и- медицинска поддршка на распоре-дените контингенти на ниво-2.

Водејќи се од горните амбиции организациско-формациската структура на Армијата треба да се трансформира во поедностав-на и поефикасна структура со по-мал број единици, но со значител-но поголема борбена моќ и здру-жена командна структура. Главно-то јадро на Армијата во иднина тре-ба да го сочинуваат лесните пеша-диски баталјони кои ќе бидат брзо распоредливи надвор од нацио-налната територија и способни за изведување на високоинтензивни борбени дејства и маневар во сите теренски и климатски услови (вклу-чително и екстремно топли и суви услови). Силите за војување ќе би-дат поддржувани со воздухопловни сили (хеликоптери), со единици за борбена поддршка и со единици за борбено-сервисна поддршка.

Развојот на 40% распоредли-ви интероперативни едини-ци на АРМ за целиот спек-тар мисии и операции предводени од НАТО без опремување со современа воена опрема не е мо-жен. За тие единици на АРМ не-опход-на е на-

5. „волците“ гордо го веат знамето на својата еди-ница

6. марш на гордоста и достоинство-то

68

Page 9: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

бавка на оклопни транспортери на трка-ла со високо ниво на балистичка заштита, со целосно интегриран комуникациски си-стем, со супериорни индивидуални систе-ми за војниците, со индивидуална опре-ма за атомска, биолошка и хемиска зашти-та (АБХ опрема), како и со најсовремена медицинска опрема. Исто така, неопход-на е модернизација на хеликоптерски-те способности и транспортните капаци-тети. За остварување на амбициите за модернизација потребни се финансиски средства повисоки од 20% од одбранбе-ниот буџет. Меѓутоа, лимитираните финан-сиски можности на државата и глобалната економска криза налагаат овој процес на модернизација да се спроведува постепено и на долг рок, веројатно подолго од една деценија.

Единиците на АРМ треба да бидат по-полнети со минимум 90% воен

персонал и 100% совреме-на воена опрема,

како и да би-д а т

ментов, решавањето на ирационалниот политички проблем кој го наметна наши-от јужен сосед Грција е единствената преч-ка за интеграција на Македонија во евроат-лантските структури, таму каде што наша-та земја навистина заслужува да се наоѓа. Брзиот прием на Македонија во НАТО ќе значи вистински придонес за регионална-та безбедност и стабилност, а неговото одолговлечување - намалување на креди-билитетот на Алијансата.

Авторот е директор за политика, планирање, финансии и меѓународни прашања во Министерството за одбра-на. Во текстот се претставени неговите лични погледи кон актуелната тема и не претставуваат официјален став на Мини-стерството за одбрана.

обучени и евалуирани според НАТО-стандардите. Од новиот старт на Воена-та академија и модернизацијата на поли-гонот за обука „Криволак“ се очекува мно-гу. Со околу 30 до 40 современо образо-вани офицери на Воената академија секоја година, АРМ континуирано ќе го подмла-дува офицерскиот состав. А модернизира-ниот полигон „Криволак“ со своите уникат-ни климатски и теренски услови, овозмо-жува изведување на вежби и обука пред распоредувањето во меѓународни опера-ции во реални услови. На крајот, неизбежно е да се напоме-не дека Македонија на Самитот во Буку-решт во 2008 година доби условна пока-на за членство во Алијансата врз основа на исполнување на сите домашни задачи: при-донесот во глобалната и регионалната без-бедност, спроведувањето на одбранбени-те реформи според стандардите на НАТО, како и во демократскиот, економскиот и оп-штествениот развој на државата. Акциски-от план за членство се покажа како мно-гу ефективен механизам за континуирани и редовни консултации на Македонија со

Алијансата по широк круг на прашања, добивање на посилна билатерална

и мултилатерална поддршка за нашите одбранбе-

ни реформи.Во мо-

9

Page 10: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

осподине Рикер, по десет го-дини повторно сте во Репу-блика Македонија. Во тој пе-риод од десет години, колку

внимателно го следевте развојот на ситуацијата во Република Македонија?

- Од Скопје заминав за Вашингтон во 1999 година каде што бев заменик- портпарол во Стејт Департментот, што значи дека со големо внимание ги следев настаните во Македонија и во целиот регион и одржував контак-ти со многу пријатели одовде. Имав средби со македонските дипломати во САД и со официјални гости, меѓу кои и со претседателот Трајковски.

Кризата во 2001 година беше тема која во тоа време честопати беше дискутирана на дневните брифинзи на Стејт Департментот. Се разбира, имаше и многу други прашања за це-лиот свет кои, исто така, бараа соо-дветно внимание.

Дали можете да направите спо-редба на Република Македонија денес и во периодот пред десет го-дини, пред да заминете?

- Има одредени промени, но мно-гу работи се зачудувачки слич-ни. Се разбира дека како дипло-мат ја следам политиката и сметам дека политичката атмосфера во го-

лема мера е иста: два блока кои се цврсто спротивставени еден на друг и тенденција на сè да се гледа низ призмата на партиска припадност. Се добива впечаток дека политика-та сè уште доминира во вашите жи-воти овде и централната власт и по-натаму игра огромна улога во секоја сфера од животот. Македонија на-прави напредок во овие осум години по кризата во 2001 и ги поздравувам напорите за создавање атмосфера на еднаквост и прифаќање на раз-личноста. Се разбира, македонски-от народ сè уште е најголемото бо-гатство на оваа земја – создава бо-гати култури, добар хумор и одлич-на храна!

10

ексклузивно Интервју со г. Филип Рикер,амбасадор на САД во Република Македонија

Со задоволство очекуваме да ја поздравиме Македонија како полноправна

членка на НАТО

Page 11: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Кога замина Џорџ Буш и кога Ба-рак Обама дојде на власт имаше дебата во Република Македонија за можната промена во амери-канската политика кон Репу-блика Македонија. Колкава е веројатноста да дојде до ова?

- Дебатата ни беше чудна, но сфаќам дека промените на власта во Македонија честопати значеа ра-дикални промени во однос на персо-налот и политиката на вашата земја. Тоа не е случај и во САД каде што поголемиот дел од власта не е по-литички определена и надвореш-ната политика се развива врз осно-ва на перцепциите за нашата без-бедност, нашиот просперитет и на-шите трајни вредности. САД ја од-ржуваат цврстата поддршка за Македонија од нејзиното добивање на независност и администрацијата на Обама покажа дека нема про-мена во нашата политика за регио-нот или за Македонија. Претседате-лот даде цврста изјава за поддршка на Македонија на НАТО-самитот во Стразбур/Келн. Ние енергично работиме за истите цели во ман-датот на секоја последователна администрација на САД досега, без разлика дали е таа републиканска или демократска: силна, проспери-тетна, демократска, мултиетничка држава, интегрирана во евроатлант-ската заедница. Доколку и македон-ската влада ги одржува овие исти цели, тогаш јас апсолутно не гледам никаква промена.

И покрај фактот што Македонија ги исполни сите критериуми за

најуспешната алијанса во модерно време и начинот на кој таа го одржу-ва мирот во Европа – е принципот на солидарност и консензус. НАТО не претставува брак од интерес во кој лесно се стапува и дебатата за членството на Македонија, или, Ак-циониот план за членство во НАТО за Грузија и Украина, на пример, не треба да се гледаат низ тесна поли-тичка призма. Како што рече претсе-дателот Обама, со задоволство оче-куваме да ја поздравиме Македонија како полноправна членка. Во крајна линија, и НАТО ќе излезе од овие предизвици уште поцврст.

По мала пауза во преговорите за спорот за името под покровител-ство на г. Метју Нимиц, овој месец гледаме дека процесот на прего-

влез во НАТО, сепак, не добивме покана за членство на самитот во Букурешт, едноставно заради спо-рот наметнат од нашиот јужен со-сед во однос на нашето уставно име. Дали сметате дека ветото на Грција му дава друга димензија на начинот на кој функционира НАТО? Дали тоа се смета како по-раз на НАТО?

- Многу жалиме што на Македонија не и беше понудено членство на самитот во Букурешт. Се разби-ра дека постојат различни мислења во самата алијанса за аспектите на ова прашање, но НАТО работи на нив. Еден од најголемите прин-ципи на НАТО-алијансата заради што многумина сметаат дека таа е

1. од помла-дите дено-ви, амбасадо-рот и госпоѓа рикер за вре-ме на берба на јаболка во резиденци-јата на заме-никот шеф на мисијата на сад, будим-пешта

2. амбасадо-рот рикер во мисија за вре-ме на служ-бата во ирак како совет-ник на амба-садорот на сад, г. рајан крокер

11

Page 12: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

вори е интензивиран. Како ја оце-нувате позицијата на Република Македонија во процесот на прего-вори?

- Сметам дека вашите лидери имаат реална можност да постигнат напре-док во врска со ова прашање. Да би-деме искрени повеќе немате избори на повидок. Премиерот и Владата имаат силен мандат да донесуваат одлуки кои се бараат од едно лидер-ство и тој ја има поддршката на сите политички партии за решавање на ова прашање. Многу сме задоволни што Владата на Македонија вложу-ва сериозен ангажман во обновени-от процес олеснуван од ООН и амба-садорот Нимиц. Македонија мора да покаже решителност од своја стра-на за да не се одолговлекува ова прашање и за следната година.

Која е Вашата позиција за тужба-та која Република Македонија ја поднесе во Хашкиот суд против Грција?

- Јас имам свое мислење, а на Вла-дата на Македонија и ги пренесовме ставовите на САД. Но, Македонија е суверена држава и има право да до-несува сопствени одлуки.

САД е водечка земја во мировните мисии во кои нашата земја актив-но учествува. Имајќи го тоа пред-вид, како го гледате учеството на АРМ во меѓународните мисии за градење на мирот?

- Ние секогаш ќе бидеме благодарни за учеството на Македонија во опе-

рациите за поддршка на мирот во Ирак, во Авганистан, во Босна итн. Тоа е добро и за овие земји, за на-шите напори, но е многу добро и за Македонија. Донесувањето на мир и стабилност во други делови на све-тот носи корист и за Македонија и овие мисии овозможуваат одлично искуство и профил за македонските војници, команданти и за реформ-ските напори на Министерството за одбрана. Јас имав можност да ги ви-дам македонските сили во операција во текот на мојата работа во Ирак. Тие се импресивни, професионални и високо обучени и секој граѓанин на Македонија треба да биде горд на нив.

Ангажманот на АРМ во овие мисии неизбежно придонесе за поголема меѓународна афирмација на Ре-публика Македонија. Пред извес-но време министерот Коњановски најави зголемување на бројот на македонски мировници во мисија заедно со американски војници од Националната гарда на Вермонт. Кое е Вашето мислење во однос на оваа одлука?

- Верувам дека оваа одлука ја по-кажува континуираната заложба на Македонија за борба против те-роризмот и помагањето да се до-несе стабилност и мир во Авгани-стан. Партнерството меѓу Вермонт и Македонија е многу успешна про-грама. Државната партнерска про-грама првично беше промовира-на од мојот поранешен шеф, Колин Пауел. Мојот пријател, министерот Коњановски, демонстрираше му-

дрост и лидерство со оваа одлука.

Која е Вашата генерална оцена за одбранбената соработка меѓу САД и Република Македонија?

- Нашата одбранбена соработка е одлична. Задоволен сум што наша-та Канцеларија за одбранбена со-работка соработува толку добро и непосредно со Министерството за одбрана и со Армијата на Репу-блика Македонија за иницирање и одржување на реформите кои се по-требни за членството на Македонија во НАТО. Секогаш има простор да направиме нешто повеќе, тековни-те програми, вклучувајќи го обра-зованието и обуката, како и држав-ното партнерство со Вермонт, прет-ставуваат добра инвестиција за две-те страни на нашето партнерство. Македонија се трансфомираше од корисник на безбедност во извозник на безбедноста.

Покрај полноправното членство во НАТО, интеграцијата во ЕУ и пона-таму останува еден од најголемите приоритети за Република Македонија. По либерализацијата на визниот режим, следниот че-кор во приближувањето кон ЕУ е одредувањето датум за започнување на преговорите. Ко-месарот Оли Рен, при негова-та последна посета, најави дека има реални шанси да се исполнат критериумите, по што Републи-ка Македонија би добила датум за отпочнување на преговорите. Дали Македонија има перспекти-ва и реална шанса за тоа?

- Навистина, на ова прашање по-соодветно би Ви одговорил мојот пријател, амбасадорот Фуере и на-шите колеги-дипломати кои ги прет-ставуват земјите-членки на ЕУ. Но, многумина Македонци ми кажале дека реформите кои ги бара ЕУ за членство се добри за земјата сами по себе и за себе. Сите овие рефор-ми: независно судство, политич-ки дијалог, меѓуетничка хармонија и правичност, реформирана јавна администрација, добри избори – се работи кои секоја земја треба да ги поседува за да има вистинска демократија. Во мојата земја, САД, сè уште работиме и дебатираме на овие прашања, секојдневно, 233 го-дини по нашата независност! Од таа причина, ние насочивме голем дел од нашата помош (околу 1 милијарда долари од добивањето на независ-носта на Македонија па сè досега) за да ви помогнеме да ги исполни-те овие цели.

Македонската јавност беше изне-надена од Вашето знаење на ма-кедонскиот јазик. Кога научивте македонски и кој Ви помогна?

- Пред мојата прва служба во Македонија учев македонски јазик девет месеци (1996-97) во Институ-тот за надворешна служба на Стејт Департментот. Имав добри профе-сори од Македонија. Најдобрите лек-ции, се разбира, доаѓаат од животот овде, комуницирањето со луѓето, гледањето телевизија, читањето весници... Би сакал мојот маке-донски да биде уште подобар и да имам повеќе време за да го вежбам јазикот.

3. и 4. амбаса-дорот рикер во својата канцеларија во новата ам-басада на сад

12

Page 13: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Имајќи го предвид жанрот на ова списание, би ни кажале ли нешто за воената историја на Вашето семејство и колку Вие сте запозна-ен со оружјето?

- Јас лично не сум служел војска. Јас се вработив во Надворешната служ-ба на САД по завршувањето на фа-култетот, делумно од причина што сакав да и понудам јавна служба на мојата земја. Мојот дедо, Валтер Ри-кер, бил офицер во американска-та морнарица во текот на Втората светска војна. Тој бил од западниот брег на САД (државата Вашингтон), но бил распореден во Атлантски-от регион и влегол во Анцио во Са-лерно и во Неапол и учествувал во инвазијата на Нормандија во 1944 го-дина. Моето познавање на оружјето е ограничено. Мојот брат (кој има ранч во Орегон) е многу позапозна-ен со различни видови оружје и тој ме научи некои работи. Пред мојата служба во Ирак, сопругата и јас мо-равме да посетуваме курс за без-бедност каде што имавме и обука со оружје – мило ми е што никогаш не моравме да го употребиме.

На приемот што го организирав-те по повод отворањето на нова-та зграда на Амбасадата, Вашите гости ги забавуваше воениот орке-стар на АРМ. Што ве натера да ги изберете токму нив?

- Оркестарот на АРМ е одличен и бевме почестени што се согласија да свират на овој важен настан. Се надеваме дека следната година по-вторно ќе дојдат на прославата на 4 Јули!

Каде го поминавте летниот од-мор?

- Во јули, сопругата и јас поми-навме неколку дена на хрватско-то крајбрежје на еден остров бли-зу Сплит. Имаме среќа што имаме пријатели кои таму имаат куќа и оди-ме по неколку пати во годината. На крајот на август ќе поминеме две седмици во Лондон и во Будимпеш-та. Исто така, уживавме во неколку кратки патувања низ Македонија во текот на летото: Охрид, Преспански-от регион, Берово и планините бли-зу Скопје.

* Здравко Ризовски

Која е Вашата прва асоцијација кога ќе се спомене Република Македонија?

- Помислувам на многубројните пријатели, на срдечноста на народот во оваа земја и на природните уба-вини – планините и езерата. Се раз-бира, во мојата природа е да помис-лам и на храната, особено на ајварот и на пинџурот.

Кои се местата кои семејството Рикер ги посетува во Република Македонија за да се релаксира од секојдневните обврски?

- Матка е прекрасна. Особено сме љубители на Стоби и сакаме да ги комбинираме посетите на оваа локација со посета на некоја од пре-красните винарии.

13

5. амбасадо-рот рикер и сопругата солве со чле-новите на ор-кестарот на арм за вре-ме на прие-мот по по-вод денот на независно-ста и офи-цијалното отворање на новата амба-сада на сад, 2 јули 2008 го-дина

Page 14: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Парискиот воздухопловен митинг (Salon International de I’Aeronautique et de I’Espace, Paris – Le Bourget) е еден од двата најголеми интер-национални саеми посветени на авијацијата воопшто. Се одржу-

ва на аеродромот Бурже во близи-на на Париз, во јуни секоја непар-на година. Митингот претставува комерцијален собир и е организиран од страна на претставници на фран-цуските воздухопловни индустри-ски комплекси со цел да се презен-тираат воени и цивилни воздухопло-ви и технологии на потенцијалните клиенти. Се наметна како еден од највлијателните саеми и сите пого-леми меѓународни производители, како и поголем број воени воздухо-пловства од регионот и светот, се редовни посетители на собирот.

Оваа година Парискиот интернацио-нален аеромитинг - Ле Бурже ја сла-ви својата стогодишница. Првиот со-

бир се одржа во Големата палата во Париз. Во периодот од 1909 до 1949 година настанот се реализираше помеѓу ноември и декември во Го-лемата палата во Париз. Првите ле-тачки програми беа видени на аеро-дромот „Орли“ во 1949, па на Бурже во 1951 год. Од 1953 година митин-гот ја добива својата сегашна форма и се одржува секоја втора година во текот на месец јуни на аеродромот Бурже во близина на Париз.

Низ годините, Бурже станаа познат како собир каде што се склучуват го-лем број комерцијални (милионски) договори за набавка на нови возду-хоплови, но и се издефинира и како водечки настан во воздухопловниот

ПАРИСКИ АЕРОМИТИНГ

БУРЖЕ 2009

Интернационален саем на авијацијата

14

Page 15: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

свет и често, токму на Бурже, се претставе-ни голем број прототипови, технологии и но-вини што само уште повеќе го зацврсти ре-номето на митингот и, секако, неговиот не-сомнен придонес кон историјата на светско-то воздухопловство. Така во 1969 година беа претставени двата (францускиот и бри-танскиот) прототипа на „Конкорд“ заедно со „Боинговиот 747“. Во 1979 година деби-тираа „Мираж 2000 и 4000“ како и ракета-та „Аријана“ чијашто реплика можеше да се види на статичката изложба. Во 1983 годи-на шатлот „Ентерпрајз“ поставен на „грбот“ на „Боингот 747“ слета во Бурже. Во 1989 година тогашниот СССР ги презентираше „Су-25“, „Су-27“, „Миг-29“ како и „Ан-225“ со грбно поставениот шатл „Буран“. Во 1991 го-дина во центар на вниманието беа возду-хопловите што учествува во тукушто завр-

- презентираа 2000 изложувачи од 48 земји;- беа презентирани 142 воздухоплови од кои 42 учествуваа во летачката програма;- саемот го посетија 205 делегации од 88 земји (не земајќи ги предвид и 62 официјални француски делегации);- митингот беше отворен од францускиот премиер, а беше посетен и од претседате-лот на Франција;- 380.000 публика го посети саемот од кои 140.000 претставуват професионални посе-тители (односно луѓе од светската воздухо-пловна индустрија);- настанот го покриваа повеќе од 3.000 но-винари;- стогодишнината на митингот е обележа-на со демонстративни летови на 30 поста-ри воздухоплови како потсетување на пери-одот од 1909 до 1960 година и

шената Заливска војна. За време на митин-гот во 1993 година „Аирбас 340“ полета од Бурже и го постави новиот рекорд за најдолг лет на релација Парис-Оукленд (Нов Зеланд). Во 2001 година собирот ги постави рекорди-те за најголем воздухопловен митинг по го-лемината на изложбениот простор, посете-ност и вредноста на склучени договори. Сето оваа укажува на влијанието што парискиот аеромитинг го има врз светско воздухоплов-ството.

Големината и значењето на овогодишни-от митинг, одржан кон средината на јуни, најдобро се гледа низ следниве бројки:

- саемот располагаше со 131.000 m2 покриен изложбен простор, како и со 192. 000 m2 про-стор за статичка иложба;

Од Кире Колевски / Оливер Д. Илијевски

15

Page 16: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

- за прв пат по 1975 година летачка програ-ма на митингот изведе и акрогрупата на француското VV - Patrouille de France.

И покрај глобалната рецесија (која особен удар изврши токму врз воздухопловна-та индустријата со драстично намалување на продажбата на воздухоплови, голем број отпуштања на вработени, како и откажување на претходните нарачки), рас-течката цена на горивото и сè уште нерас-ветлената несреќа на летот 447 на „ Air Frans “, Бурже го задржа приматот и оваа година на јавноста и ги презентираше трен-довите во воздухопловството, како воено-то, така и цивилното. Листата на изложе-ните воздухоплови на Бурже 2009 година само го потврдува изнесеното.

Оваа година, на официјална покана на Фран-цуското министерство за одбрана, Париски-от интернационален аеромитинг - Ле Бур-же го посетија заменик-министерот за од-брана, Емил Димитриев, и командантот на воздухопловниот ВИНГ, пополковник Кире Колевски. Посетата беше искористена за запознавање со најновите достигнувања од областа на воениот индустриски комплекс како и за официјални и неофицијални сред-би на македонската делегација. Во текот на посетата заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев имаше официјална сред-ба со државниот секретар во Министерство-то за одбрана на Франција на која се разго-вараше за билатералната соработка помеѓу двете министерства, како и за самиот интер-национален аеромитинг - Ле Бурже.

Двата дена на Парискиот интернациона-лен аеромитинг - Ле Бурже, македонска-та делегација ги искористи за посета на многубројниоте штандови на производи-телите на воздухоплови и на воздухоплов-на опрема. За нас, секако, најинтересни беа

производител воздухоплов

AERIS NAVITER AN2 ENARA

AERO MAROC AT-3

AIR & COMPAGNIE Cessna 172 SP G1000 / Cirrus SR 22 Perspec-tive

AIRBUS A320 / A321 / A330 / A340-300 / A380- 800

AIRBUS MILITARY CASA235

AIR TRACTOR AT-802 / AT-802A

ANTONOV AN148

AOZ CH 640 / CH 650 E / STOL CH 701

ARMEE de l’AIR EC725 CARACAL / MIRAGE 2000 / RAFALE air / RAFALE marine / TIGRE

ATK CESSNA 208 / KINGAIR350

ATR ATR 72-500

BELL TEXTRON BELL407 / BELL429 / Bell 412EP

BLEU CIEL PA 28 / R 2160

BOEING B777-346 ER

BOMBARDIER CHALLENGER 850 / GLOBAL EXPRESS / Q400

BREITLING L1049 CONSTELLATION / L39C ALBATROS

DAHER TBM700 / TBM850

DASSAULT FALCON 2000LK / FALCON 7X / FALCON 900EX

DIAMOND D-jet (Maquette) / DA42 / DA42 NG

EUROCOPTER AS550 C2 / AS565 MB / EC135 / EC145 / EC175 / EC225 COUGAR / EC665 TIGRE HAP

FFVV SWIFT

FINMECCANICA C27J / EF TYPHOON / M346 / ATR42MP / SUPER LYNX / A109 LUH / A119 KOALA / AGUSTA GRAND / AW101 / AW139 UTILITY / AW139 VIP / AW149 / SKY-Y

G1 AVIATION G1 ulm

GECI SKYLANDER SK-105

HAWKER HAWKER 4000 / KINGAIR350

HINDOUSTAN AERONAUTIQUE LIMITED HAL DRUVH

LH AVIATION LH10 ELLIPSE

NHI NH90

NOVESPACE A300-b2-1C

OMA SUD SKYCAR

PATRIA HAWKmk51

PIAGGIO P180

PILATUS PC6Turbo Porter / PC12 / PC21

PZL SW4

REIMS AVIATION F406

RAYTHEON SENTINEL R MK1

REIMS AVIATION F406

REX COMPOSITE APM30 LION / APM40 SIMBA

SAGEM F1

SCHIEBEL CAMCOPTTER S100

SUKHOI SUPERJET RRJ-95LR

US DOD (Department of Defense) C130J / C17 / HC130 / C2A GREYHOUND / E2C Hawkeye 2000 / F15 Strike Eagle / F16 Fighting Falcon / F16C Fighting Falcon / F/A 18F Super Hornet / HH 60G PAVEHAWK

VULCANAIR P68

16

Page 17: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

производителите на хеликоптери и на хеликоптерска опрема, но не изо-станаа и посетите на борбените и на транспортните авиони. Изложени-те хеликоптери „ AS 532 COUGAR“, „NH-90“ и борбениот хеликоптер „Тигар“ по својата намена и задачите кои ги извршуваат се најприближни на нашите хеликоптерски капаците-ти и од таа причина, најмногу го зад-ржаа нашето внимание. Најновите планови за развој во наредните 10 години изработени во Командата на воздухопловниот ВИНГ предвидува-ат за обновување на хеликоптерска-та флота на АРМ и, секако дека хе-ликоптерите од „западно производ-ство“ се дел од идните планови. По-сетата на штандот на транспортни-от авион за тактички транспорт „

S-27 Spartan “ беше искористена за согледување на капацитетите на ле-талото бидејќи потребите на АРМ за овој вид транспорт во иднина ќе би-дат сè поголеми. Глобалната рецесија, секако, се одразаи и врз квалитетот на излага-чите на Парискиот интернационален аеромитинг - Ле Бурже. Евидентно беше отсуството на воздухопловите на поранешниот СССР кои во изми-натите години беа незаобиколен дел од статичкиот дисплеј и, секако, дел од најатрактивната летачката про-грама на саемот. Парискиот интер-национален аеромитинг - Ле Бурже во минатото беше познат како ме-сто каде во „мир“ се соочуваа ру-ските и американските воени авио-ни. Сè уште се паметат демонстра-тивните летови на руските „Сухои“ и „Мигови“, американските „Ф-18“, „Ф-16“, „Ф-14“, како и борбените лета-ла на Европските производители од

Хеликоптерот AS 532 COUGAR претставува вооружена варијанта на хеликоптерот AS 332 SUPER PUMA, развиен за поддршка на армиските сили со транспорт на тру-пи, за пребарување и спасување, како и за воздушно набљудување.

Основни податоци за хеликоптеротТип на хеликоптер: вооружен повеќенаменски хеликоптерНамена: за поддршка на армиските силиКласа на хеликоптер: среден Посада: два пилоти и еден (два) летачи-операториПроизводител: Еуроцоптер (Франција/Германија)Погонска група: Два турбо млазни мотори Turbo-meca Makila 1A1, со сила од 3754 KS (2800kW)

Варијанти на хеликоптерот:транспортна варијанта :- 25 патници или- 20 лесно вооружени војници; - вооружена варијанта за борбено пребарување и спасување; - варијанта за набљудување од земја со системот Orchidee.

Опрема: Стандардна комуникациска и навигациска опрема.Вооружување: - топ 20 мм или митралез со калибар од 7.62мм;- ненаведувани ракетни зрна;- морнаричка верзија е вооружена со противбродски ракети Exsocet и торпеда.

Тактичко-технички податоци за хеликоптерот

Должина на хеликоптерот 15.5mВисина на хеликоптерот со ротори во работа 4.92 mШирина на хеликоптерот 4.62 mДијаметар на носечки ротор 15.6 mПовршина на носечки диск ротор 206 m²Максимална брзина на хеликоптерот 249km/h (134kts)Крстосувачка брзина на хеликоптерот 239 km/h ( 129kts )Тежина на празен хеликоптер 4350 kg Нормална полетувачка тежина 4650 kgМаксимална полетувачкаа тежина 9000 kg

Хеликоптерот може да се надополнува со гориво во лет само кај некои варијанти.

Долет на хеликоптерот: 618km ( 334NM)лет

ечка

пум

аAS

532

CO

UGA

Rти

гар

во

об

лац

ите

- EU

RO

COPT

ER T

IGER

Хеликоптерот TIGER е современ борбен хеликоптер со големо учество на композит-ни материјали во својата конструкција и современо решение за роторот. Кај овој хе-ликоптер е оклопено само седиштето на пилотот. Противоклопната верзија на хели-коптерот е вооружена со HOT или TRIGAT противоклопни наведувани ракети и на неа е вграден нишан на јарбол над носечкиот ротор. Извидувачката и верзијата за огне-на поддршка е вооружена со топ GIAT со калибар од 30mm во носната турела, наве-дувани ракети воздух-воздух и ненаведувани ракетни зрна, а нишанот е сместен над кабината на операторот-стрелец под носечкиот ротор.

Основни податоци за хеликоптеротТип на хеликоптер: БорбенНамена: За огнена поддршка на армиските силиКласа на хеликоптер: Лесен борбен хеликоптерПосада: Еден пилот (во предната кабина) и еден (во задната кабина) летач-операторПроизводител: EuroCopter (Франција и Германија)Погонска група: Два турбо млазни мотори Rolls Royce Turbomeca MTU MTR 390 turboshafts секој со моќност од 1170KS ( 873KW)Опрема: Стандардна комуникациска, навигациска и опрема за соодветно вооружување.

Вооружување: - топ GIAT со калибар од 30mm;- наведувани ракети воздух-воздух Mistral;- ненаведувани ракети со калибар од 68mm;- наведувани противоклопни ракети;- далекустрелна противоклопна IC -наведувана ракета Trigat;- ласерски наведувани противоклопни ракети;- митралези во контејнери.

Тактичко-технички податоци за хеликоптерот:Должина на трупот на хеликоптерот 14.0 mВисина на хеликоптерот 4.3 mДијаметар на носечки ротор 13.0 mПовршина на носечки ротор 133 m²Максимална брзина на хеликоптерот 280km/h (174kts)Крстосувачка брзина на хеликоптерот 250km/h (155kts)Максимална брзина во качување 600 m/min (1967ft/min)Тежина на празен хеликоптер 3300 kgНормална полетувачка тежина 5800 kgМаксимална полетувачка тежина 6800 kgГориво:- внатрешни резервоари 1080 kg- надворешни резервоари Плафон на лет на хеликоптерот е 4000м

Долет на хеликоптерот:- со внатрешни резервоари 800km (430NM) - со внатрешни и надворешни резервоари 1300km (660NM)

Траење на летот: 3h10min.

17

Page 18: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

типот „Мираж“, „Торнадо“, „Грипен“ и други. Честа на руската воена и цивилна воздухопловна индустрија овој пат ја бранеше патничкиот ави-он „Сухои Суперјет 100“, кој со 24 до-говори за продажба, секако, го пот-врди својот квалитет.

Парискиот интернационален ае-ромитинг - Ле Бурже, македон-ската делегација го искористи за запознавање со најновите свет-ски достигнувања од областа на воздухопловството, како и за остварувања на бројни средби со произведувачите на воздухоплови и на воздухопловна опрема. Посети-те на овие манифестации се корисни за нашето Министерство за одбра-на и се можност да се види каде се наоѓа Воздухопловната компонета на АРМ во однос на напредокот во воздухопловна индустрија.

Хеликоптерот NH90 е производ на повеќегодишното истражување и тестирање на NH Industries (NATO Helicopter Industries), а поточно е производ на три големи ком-пании: AGUSTA WestLand од Италија која што во производството учествува со 32%, EuroCopter од Франција и Германија со учество од 62.5% и Fokker AeroSpace од Холандија со учество од 5.5%. Хеликоптерот спаѓа во групата транспортни хеликоп-тери и може да се сретне во следните варијанти:

- TTH – Tactical Transport Helicopter,- NFH – NATO Frigate Helicopter.

Основни податоци за хеликоптерот:Тип на хеликоптер: ТранспортенНамена: За транспортна поддршка на армиските силиКласа на хеликоптер: среден напреден повеќенаменски хеликоптерПосада: Два пилоти и еден (два) летачи-операториПроизводител: NH Industries (Италија, Франција, Германија и Холандија)

Погонска група: Два турбо млазни мотори Rolls Royce Turbomecca RTM 322-01/9 секој со моќност од 2227KSВаријанти на хеликоптерот:Транспортна варијанта :- 19 патници- 18 лесно вооружени војници- 12 војници со полна борбена опрема.

Санитетска варијанта :- 9 лежалки и медицински персонал.

Опрема: Стандардна комуникациска и навигациска опрема.Вооружување:

- два митралези ФН Херстал МАГ 58 со калибар од 7.62мм;- НХ90 ( варијантата НФХ) може да се вооружи и со: - против - подморнички торпеда, - проектили воздух-земја (вода), - проектили воздух-воздух.

Тактичко - технички податоци за хеликоптерот:- Должина на хеликоптерот со ротори во работа 19.6 m- Висина на хеликоптерот со ротори во работа 5.4 m- Ширина на хеликоптерот 4.62 m- Дијаметар на носечки ротор 16.4 m- Дијаметар на опашен ротор 3.2 mКабина: должина - 4.8м; Ширина - 2м; Висина - 1.58 mМаксимална брзина на хеликоптерот 300km/h (164kts)Крстасувачкачка брзина на хеликоптерот 260 km/h (140kts)Тежина на празен хеликоптер 6700 kgНормална полетувачка тежина 9100 kgМаксимална полетувачка тежина: со внатршен товар е 10600kgа со надворешен товар е 11000kgМаксимална тежина на наворешен товар 4000 kgГориво:- основни резервоари 2035 kg- надворешни резервоари 2500 kg- дополнителен резервоар 400 kg

Хеликоптерот може да се надополнува со гориво во лет.Долет на хеликоптерот:- со основни резервоари 780km (420NM)- со основни и дополнителни резервоари 1260km (680NM)

Траење на летот со основни резервоари: 4h45min

евро

пск

ио

т SE

AHAW

K - N

H90

HEl

IKO

PTER

18

Page 19: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ОзлОгласен прекар

рвиот модел на овој автомат требало да се појави уште во 1918 година, како оружје наме-нето за блиска рововска бор-ба, но развојот течел споро, а и

војната завршила. Следен настан во хронологијата на развојот е во 1921, кога по низа прототипи се појавува првиот продукционен модел, наре-чен Model 1921. Автоматот настану-ва како резултат на тимската рабо-та на компанијата ” Auto Ordnance Corpration” но славата за дизајнот на автоматот му се препишува на

Најпознатата приказна врзана за овој автомат најверојатно онаа за масакрот на денот на Свети Вален-тин, 14 февруари 1929 година во Чи-каго, кога членови на бандата на Ал Капоне вооружени токму со Томсон (Томи) автомати убиваат 7 члена на соперничката банда.

Од улиците на ЧикагО дО светските бОишта

Подоцна влегува во употреба во американската војска нешто поедно-ставната варијанта на овој автомат

ген. Џон Томсон, како најзаслужен за развојот на автоматот. Автоматот е наречен во негова чест- Томсон.

Понуда која не можеда се одбие

Во дваесетите години на дваесе-тиот век, продажните каталози на американскиот пазар започнува-ат да го промовираат новиот про-извод на американската индустрија за вооружување, автоматот Модел No21a – Томсон (Thompson). Изра-ботен е за моќниот пиштолски ка-либар .45 ACP, кој прави страшни рани на живи цели. Во комплетот се нуди рамка и прибор за одржување и сето тоа за 175 долари! Но тоа не е најинтересно во приказната околу почетокот на еден од најпознатите автомати во светот: имено, секој граѓанин на САД во тоа време мо-жел да влезе во продавница каде што се продавале овие автомати и да си купи без проблем- единстве-на пречка била превисоката цена за обичниот граѓанин, кога во исто вре-мено за околу 500 долари можел да се купи Форд Модел “Т”. Но не ште-дел секој за Модел Т, овој автомат можеле да си го дозволат “побога-тите“ слоеви на општеството (аме-риканското) како што е подземјето ( читај : мафија). Така, за многу брзо време меѓусебните пресметки на улиците на Чикаго го “ангажираат” новиот производ кој на таков начин го промовираат на јавноста. Автома-тот имал опција за полнење од рам-ка со 20 и 30 куршуми, како и бара-бан со 50 или 100, особено омилен меѓу криминалните организации.

Историјата на автоматот кој ги обележамафијашките пресметки

Томсон

1. „кажете му здраво на мојот мал пријател“ – гангстер со не-говиот том-сон.

2. во жарот на II светска војна томсон станува стан-дардна опре-ма на аме-риканската армија

19

Page 20: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

со преден хоризонтален ракофат. Сепак најголем недостаток на овој автомат е неговата превисока цена. Англиските и Руските конкуренти за време на војната имале десетина пати пониска производна цена, за-тоа што биле изработувани од пре-суван лим за разлика од Томсонот кој имал врвна изработка и челич-на конструкција, и фино обработе-но квалитетно дрво за обложување на автоматот. Иако во декември 1942 година, заради потребата од масовно производство на евтин ав-томат се уведува и таканаречениот “пиштол за подмачкување” односно “Grease Gun” моделот М3 во калибар .45 , со цел замена на прескапиот Томсон. Иако евтиниот М3 со својата едноставна конструкција, мал број на делови и ниската цена во голема мера го заменува Томсонот, никогаш нема да ја достигне популарноста на “Tommy Gun”. Томсонот и по Втора-та светска војна останува на служ-бена употреба во повеќе земји. Во армијата на САД се користи од 1938 до 1971 година, а бил официјален ав-томат во вооружените сили и без-бедносните структури и полиции на Австралија, Велика Британија, Ка-нада, Франција, Турција, Грција, Из-раел, Шведска, Норвешка, Јужна Кореја, Тајван други земји меѓу кои и - ФНРЈ. Во САД покрај најголем ко-рисник на автоматот Томсон покрај армијата е ФБИ, но повлечен е од употреба во средината на седумм-десетите години.

Томсон на БалканоТ

Томсонот во вооружувањето на кралската Југословенска војска вле-гува уште пред II светска војна, кога

се набавуваат помал број на приме-роци за падобранските единици на ЈКВ. Автоматот останува на употре-ба и по завршувањето на Втората светска војна, повлечени се од упо-треба до средината на ’60 години од ЈНА и складирани во магацините на ТО. Неговата употреба достига до војните на територијата на бившата СФРЈ, посебно во војната во Хрват-ска и Босна, а употребуван е во ско-ро сите поголеми конфликти и војни од 1921 година па до денешен ден.

Модели кои се произведувани:

- 1918 година- Персуадер (Persuader), кој се полнел со реденик од долната страна, без кундак.

- 1919 година -Анихилатор (Annihilator), кој користел рамки од 20 и 30 куршуми, без кундак.

- Модел 1919: изработен во око-лу четириесетина примероци, без кундак и преден нишан, огромна-та брзина на стрелба (1500 куршу-ми во минута!). Бил употребуван од Њујоршката полиција.

- Модел 1921: 800 куршуми во ми-нута, првиот модел во масовна продукција (15.000 примероци) кој за Auto Ordnance го изработува Colt, омилен меѓу полицијата и криминал-ците.

- Модел 1923: замена за (но не е при-фатена) БАР пушката во американ-ската армија (BAR Browing Automatic Rifle). Опремен со ногарки, ремник, носач на бајонет, преден хоризонта-лен ракофат како кај автоматските пушки, подолга цевка

( 35.5 см), за поголем и поефикасен домет користел помоќна муниција Ремингтон – Томсон.

- Модел 1927: Модел со отворен за-тварач (само полуавтоматската опција).

- Модел 1928: корисен од страна на американские маринци и армијата

- Модел 1928А: Изработени повеќе од половина милион примероци од овој модел пред почетокот на Вто-рата Светска Војна, со подобрен за-ден пиштолски ракофат, фиксен за-ден нишан без заштитник за ниша-нот.

- Модел М1: Во Април 1942 е стан-дардизиран како “автомат на вое-ните сили на САД, Cal. .45, M1. “. За-дниот нишан е фиксен во форма на триаголник, рачката за репетирање е од страна. користи само рамка од 20 и 30 куршуми, заради жалбите на војската на барабанот кој предизви-кувал застој, истиот е исфрлен од овој модел.

- Модел М1А1: Разликата од М1 е во поедноставната ударна игла од предходниот модел , чија ударна игла имала повеќе делови.Овој мо-дел е заменет од поевтиниот М3 ав-томат во 1944 година.

- Модел 1927А1: Полуавтоматска варијанта наменета за цивилни-от пазар, произведуван од 1974 до 1999 година.

- Модел 1927А3: Полуавтоматска верзија во калибар .22

- БСА 1926 Томсон: Варијанта на ав-томатот изаботена во калибри 9 мм и 7.62 мм, од страна на Birmingham Small Arms Company (BSA), за европ-скиот Пазар но ниедна армија не го прифатила.

карактеристи-ки на автома-тот:

- Тежина на ав-томатот 4. 9 кг празен, моделот М1928А1 ( кори-стен во бивша-та јНА, односно 4.8 кг празен за моделот М1.- Вкупна дол-жина 815 мм за М1921А1 или 813 за М1- Должина на цев-ка 267 мм- почетна брзина на зрно на излез од цевка 280 м/с

- Калибар 45 Ацп ( 11.43 мм х 23 мм)- принцип на работа повлекување на затварачот ( по-вратен трзај)- полнење Рамки од 20, 30 куршу-ми, барабани од 50 и 100 куршу-ми (моделите М1 и М1А1 не ко-ристат барабани)- Брзина на стрел-ба од 600 до 1200 куршими во минута , во завис-ност од моделот.

20

Page 21: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

акедонија останува посветена на цели-те што ги има поставено заедно со пар-тнерите од НАТО“, изјави во Брисел ми-нистерот за надворешни работи, Анто-нио Милошоски, кој заедно со министе-

рот за одбрана, Зоран Коњановски, ја пред-водеше македонската делегација на соста-нокот со Северноатланскиот совет (НАК). Амбасадорите на НАТО позитивно го оценија она што Македонија го прави во на-сока на финализирање на десеттиот циклус за имплементација на Акцискиот план за членство на Македонија во Алијансата. На состанокот пред амбасадорите на НАТО, министерот за одбрана, Зоран Коњановски, истакна дека несмалените реформи во од-браната, силното одбранбено лидерство и менторство во регионот и постојаните на-пори за одржување на јавната поддршка за членство во Алијансата се наш придонес кон исполнувањето на стратегиската опре-делба, која е македонски врвен приоритет за кој не постои алтернатива. „Нашата армија е посакуван и ценет пар-тнер. Приоритетите на Алијансата се и наши приоритети”, рече меѓу другото министерот Коњановски. И покрај ребалансот на Буџетот и намалувањето на средствата за одбраната за околу 18 отсто, министерот Коњановски истакна дека финансиски се заштите-ни сите прифатени обврски за учество во меѓународни операции до крајот на 2009 го-дина. „Тоа беше прашање кое го поставија неколку амбасадори. Скратувањето нема премногу да се одрази бидејќи она што сакавме да го набавиме оваа година, ќе го набавиме идната”, изјави министерот Коњановски.

извршувањето на задачите“, нагласи гене-ралот Стојановски. Приоритетите на вооружените сили на двете држави, учеството во мировни-те мисии надвор од матичните држа-ви, продолжувањето на досегашните пријателски и продлабочувањето на идните билатерални односи меѓу армиите, беа те-мите за разговор на средбата, и за што ге-нералниот инспектор Шнајдерхан даде по-зитивен биланс. „Македонија како мала земја има огромен број војници во мировните мисии. Предви-дени се околу 220 да учествуваат во ми-сиите во Авганистан, а тоа претставува огромна бројка со оглед на популацијата на земјата. Германија нема натамошни барања за зголемување на бројот на македонските војници, но доколку Македонија има пред-лог за зголемување на тој број, ние со задо-волство ќе го прифатиме“, одговори генера-лот Шнајдерхан на новинарското прашање дали Германија ќе бара зголемување на бројот од пет македонски офицери во тимот за обука на авганистанската војска. Инаку, Република Македонија е една од државите која дава најголем придонес во меѓународните мисии, а е меѓу првите 10 држави во однос на мировните мисии во Ав-ганистан. Упатувајќи благодарност до генералниот инспектор Шнајдерхан за поддршката од Германија за АРМ како стратегиски партнер, началникот на ГШ на АРМ ја потенцираше соработката во областа на образованието и обуката, притоа посочувајќи дека во пре-стижните воени институции се школува пер-сонал од АРМ.Генералниот инспектор на Бундесферот, генерал Волфганг Шнајдерхан беше при-мен и од министерот за одбрана, Зоран Коњановски. На средбата, меѓу другото, беше изразено обострано задоволство од

Македонско-герМанскавоена соработкаПридонес во евроПскатабезбедност и одбрана

Република Македонија, како придонес во по-литиката на европската безбедност и одбра-на, започна со подготовките за учество во борбената група на ЕУ за 2012 година, заед-но со уште неколку држави под водство на СР Германија. Не се работи за нови едини-ци од АРМ, туку дел од персоналот кој ќе се приклучи на оваа борбена група е од соста-вот на декларираните сили согласно стан-дардите на НАТО врз основа на последни-от пакет партнерски цели за зачленување на Македонија во Алијансата. Ова го соопшти началникот на Генералшта-бот на АРМ, генерал-потполковник Миро-слав Стојановски, на прес-конференцијата по средбата со генералниот инспектор на Бун-десферот, генерал Волфганг Шнајдерхан, кој ја предводеше делегацијата на вооружени-те сили на Сојузна Република Германија при неодамнешната официјална посета на Репу-блика Македонија. Тој подвлече дека се во-дат преговори со другите држави, кои треба да бидат дел од борбена група за тоа со как-ви сили и со кои специјалности ќе учествува-ат.„Понудивме листа на единици кои се на спи-сокот на декларираните сили за учество во мисии надвор од Република Македонија и кога ќе се договориме која држава со кои единици ќе учествува, тогаш ќе се разго-вара и за содржината и за задачите на ан-гажманот. Сè уште е рано да кажам како ќе биде дефинирана мисијата и задачите на ЕУ, но кога се работи за борбените групи, изградени се критериуми и процедури спо-ред кои треба да се однесуваат сите кои ќе учествуваат во составот на таа единица при

Позитивна оценка на состанокот со Северноатланскиот совет

инфо

21

Page 22: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

успешната соработка во одбраната меѓу двете земји.Воената делегација од СР Германија ја посети и скопската касарна „Илин-ден“, каде што припадниците на Полкот за специјални операции и на баталјонот на Воената полиција на АРМ изведоа показна вежба со сод-ржини од обуката на двете единици.

Успешна македонско-кинеска соработка во од-браната

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, оствари средба со но-воименуваното воено аташе на На-родна Република Кина во Републи-ка Македонија, полковник Ју Хаи-бо, во присуство на военото аташе во заминување Шенг Јуезхонг, кој по едногодишен ангажман во Репу-блика Македонија, заминува на нова должност во Министерството за од-брана на Народна Република Кина.На средбата беше констатирана до-сегашната успешна соработка меѓу Министерствата за одбрана на две-те пријателски земји, која се рефлек-тираше и на успешната комуникација остварена преку досегашниот ангаж-ман на военото аташе Јуезхонг.Министерот Коњановски, посакувајќи му добредојде на ново-именуваното воено аташе Ју Хаибо во Република Македонија, истакна дека и тој лично, како и неговите со-работници, е подготвен во секој мо-мент да одговори на евентуалните прашања кои би се појавиле во те-кот на извршувањето на неговата должност во Република Македонија.

отчет за сработеното на мо

„Работевме посветено, чесно и истрајно. Ефектите од тоа можеби веднаш нема да бидат видливи, но сигурен сум дека започнавме повеќе од работите да ги придвижуваме во вистински правец. Она што го ветив-ме, тоа и го исполнуваме“, нагласи, меѓу другото министерот за одбра-на, Зоран Коњановски, давајќи от-чет пред јавноста за сè она што е сработено во текот на изминатата година.Цврстата определба за задржување на курсот кон НАТО, успешно спроведување на реформскиот процес во одбраната и реализација на поставените приоритети, се на-соките врз основа на кои измина-

тата година, АРМ е надградувана како цврста, модерна и компатибил-на на глобалниот безбедносен штит - НАТО, за што сведочи и последната ПАРП позитивна оценка за работата во областа во одбраната.Активната улога во мировните ми-сии, особено со зајакнатиот придо-нес во мисијата во Авганистан го-динава, новите 349 професионални војници примени согласно принци-пот на соодветна и правична етнич-ка застапеност, со што е зголемен процентот на застапеноста на етнич-ките заедници во составот на АРМ, се дел од ветеното и оствареното во одбраната. Започната е подготовка на новиот Закон за служба во АРМ и реформирање за нова структура на Армијата.Уште пред девет месеци почна-та е реализацијата на идејата за поставување стандарди за нова ав-тентична униформа за македонски-те војници. “Новите униформи за АРМ”, информира министерот за одбрана, “се веќе изготвени и се наоѓаат во фаза на аквизиција, и до-колку поминат на тестирањето, оваа година сегашните војници ќе бидат првите кои ќе носат автентична ма-кедонска униформа.”Министерот Коњановски нагласи дека во едногодишниот период е донесен Закон за Воена академија со кој е обновена оваа образовна институција каде ќе се создава офи-церскиот кор за потребите на од-браната на Република Македонија. Во таа насока, тој го спомена и про-ектот за трансформација на Воена-та болница, која ќе се трансформи-ра го градска општа болница, а ќе биде формиран и Воен медицински

центар, заедно со Центарот за меди-цинска обука, како и проектот за Во-ениот музеј.„Со посветена работа во октомври ќе заврши и првата фаза од про-ектот Регионален тренинг центар Криволак“, изјави пред новинари-те министерот Коњановски. Веќе е почната и реализацијата на проек-тот логистички-информатички си-стем и глобален комуникациски-информациски систем, проект вре-ден околу 6,7 милиони американски долари.На меѓународните активности на МО оваа година, според него, им е посветено внимание како никогаш порано и тоа, како на билатерален, така и на мултилатерален план, осо-бено во делот на регионалената со-

работа.„Ја промовиравме идејата за проек-тот: Старите касарни за нов развој - Владата за граѓаните, со кој сто-тици хектари атрактивно градеж-но земјиште во Струмица, Охрид, Битола, Дебар, Гевгелија, Дојран и скопските општини Аеродром и Карпош, се отстапуваат за да би-дат ставени во функција на развој на општините“, потсети министерот Коњановски.Тој подвлече дека ова се само дел од проектите дефинирани и оства-рени како приоритети за оваа годи-на, но се започнати и многу други кои својата реалзиација и завршни-ца ќе ја имаат во наредниот период. „Не можам да речам дека тоа е до-волно, ниту пак дека сме успеале да ги решиме сите проблеми со кои се соочуваше МО и АРМ. Но можам да кажам дека решивме, односно започнавме со решавање на зна-чаен дел од нив, многу повеќе от-колку што во минатото за ист пе-риод се решавало“, рече министе-рот Коњановски пред новинарите давајќи отчет, транспарентно за тоа што е сработено во одбраната во из-минатата година.

ДоДелено американското признание „ЅиДот на беспре-корните“

Главниот подофицер на АРМ, за-ставник Бобан Стојановиќ, го доби високото признание „Ѕидот на бес-прекорните“ од Академијата за по-дофицери на Армијата на САД „Форт Блис“ во Тексас на 26 јуни годинава. По тој повод, на свеченоста во До-мот на АРМ во Скопје признанија и

1. министерот коњановски на конферен-цијата за пе-чат дава от-чет за срабо-теното

22

Page 23: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

честитки му беа упатени од министе-рот за одбрана, Зоран Коњановски, од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, како и од амбасадорот на САД во Република Македонија, Филип Рикер, во присуство на на-чалниците на секциите од ГШ на АРМ, на командантите на потчине-тите команди и единици, на глав-ните подофицери од единиците на АРМ, на претставници од Амбасада-та на САД во Република Македонија и на семејството на заставникот Стојановиќ. За време на школувањето во Академијата, заставникот Стојановиќ постигна успех од 99 проценти во сите категории, поради што беше номиниран за таканарече-ната група „топ 20“ на Академијата

„Форт Блис“, признанието „Ѕидот на беспрекорните“ првпат му се доде-лува на студент-подофицер, кој не е припадник на Армијата на САД. При-знанието на главниот подофицер на АРМ му е доделено во конкуренција од над петстотини странски студенти-подофицери од 66 држа-ви, што претставува огромно при-знание за Република Македонија и за АРМ, која во изминативе години, развивајќи го подофицерскиот кор, израсна во вистински лидер во реги-онот по ова прашање.„Ова е негово достигнување и ре-зултат на неговите залагања, не само за време на школувањето туку и на сè она што го има направено претходно и потоа. Ова е призна-ние и за сите подофицери во АРМ, кои во рамките на реформите што се спроведуваат во Армијата добија сосема поинаква улога, различна од улогата на подофицерите во пе-риодот претходно. Таа улога зна-чи преземање поголема одговор-ност за случувањата во АРМ“, по-тенцира началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Тој изрази благодарност до прет-ставниците на САД и до Амбасадата во Македонија, за можноста која им ја даваат на припадниците на АРМ во рамките на програмата за воено образование и обука, со што високо се надминати стандардите и крите-риумите за изградба на офицерски-от и на подофицерскиот кор.Номинацијата на заставникот Стојановиќ за добивање на ова ви-соко признание, кое Академијата за подофицери на САД првпат го доделува на припадник од стран-ска армија, согласно пропишани-те процедури, беше поддржано од амбасадорот на САД во Република Македонија, Рикер. „Ова признание зборува за негови-от професионализам и посветеност, но исто така и за квалитетот на ма-кедонската армија. Додека бев во Ирак, слушнав од секој член на ко-алициските сили, кои имале мож-ност да служат заедно со македон-ски војник, за тоа колку се воодуше-вени од способностите и од профе-сионализмот на македонските тру-пи“, рече меѓу другото амабсадорот Рикер, честитајќи му го признанието на заставникот Стојановиќ во името на американскиот претседател, Ба-рак Обама.

Македонско-францускасоработка во одбранатадоделен Медал за нацио-нална одбрана на франција

Неодамна амбасадорот на Ре-публика Франција во Република Македонија, Бернард Валеро, при-реди официјален прием по повод доделувањето медал за национална одбрана на Билјана Ефтимова, рако-водител на Секторот за меѓународна соработка при Министерството за одбрана на Република Македонија. Медалот за национална одбрана беше доделен од генерал-мајорот Жил Фижие, заменик-командант на силите на НАТО при КФОР, и воед-но командант на француските сили во составотот на КФОР. Медалот на Билјана Ефтимова & беше доделен со одлука на министерот за одбрана на Република Франција, Ерве Морин. Настанот се одржа во резиденцијата на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија и на него присуствуваа претставни-

во „Форт Блис“. „Признанието е заслуга, покрај на моето лично вложување, и на на-порот на моите претпоставени и семејството. Беше чест и задовол-ство на Академијата во Тексас да се биде како припадник на АРМ, како Македонец, кој првпат застана мир-но на македонската химна во „Форт Блис“. Беше тешко, поради различ-ниот систем на едукација и обука, но брзо се вклопив во целиот си-стем и максимално работев за да постигнам и да докажеме дека мо-жеме да се носиме со сите остана-ти“, изјави меѓу другото главниот по-дофицер на АРМ, заставник Бобан Стојановиќ.Посебно е значаен фактот што во 36-годишната традиција на развојот на Академијата за подофицери во

2. добитни-кот на висо-кото призна-ние „Ѕидот на беспрекор-ните“, застав-ник бобан стојановиќ, во прису-ство на ми-нистерот коњановски, амбасадо-рот на сад, филип рикер, и начални-кот на гш на арм, генерал-потпол-ковник ми-рослав стојановски

3. билјана еф-тимова ја прима награ-дата „медал за национал-на одбрана на франција“ од амбасадо-рот бернард валеро

23

Page 24: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ци од одбранбено-воениот кор акре-дитирани во Република Македонија, претставници на француските сили во состав на КФОР, државни-от секретар во МО, Петар Есме-ров, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, високи претставници од Министерството за одбрана, ко-леги и членови на нејзиното потесно семејство. Одликувањето со Медал за на-ционалната одбрана на Републи-ка Франција за прв пат се доделу-ва на цивилно лице од Републи-ка Македонија, лице кое има ис-клучителна заслуга и придонес во развојот и унапредувањето на од-бранбената и воената соработка и партнерството помеѓу Република Македонија и Република Франција.

Промовирани нови Подофи-цери на арм

Во касарната „Алекса Демниев-ски - Бауман“ во Велес, неодам-на се одржа свеченост по повод завршувањето на Основниот курс за подофицери (ОКПОФ) на АРМ. На свеченоста, во присуство на: началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, коман-дантот на Здружената оперативна команда на АРМ, генерал-мајор Зо-ран Димов, командантот на Коман-дата за обука, полковник Љупчо Костоски, главниот подофицер на АРМ, заставник Бобан Стојановиќ, претставници на локалната самоу-права од Велес, како и роднините и пријателите на слушателите на кур-сот, беа промовирани нови 60 подо-фицери на АРМ, кои Основниот курс за подофицери успешно го завршија во изминативе три месеци.Армијата на Република Македонија започна со имплементација на Кон-цептот за развој на подофицерски-от кор од 2006 година, кој е изра-ботен врз основа на искуствата и препораките на претставниците на НАТО-советодавниот тим и тимот на Буз Ален Хамилтон. Согласно овој концепт, кандидатите за овој курс се селектираат од редот на професио-налните војници на АРМ врз осно-ва на строго утврдените критериу-ми, според кои се избираат канди-дати со највисоки оценки постигнати во работата, а целокупниот процес на воено образование и обука на по-дофицерите е во надлежност на Ко-мандата за обука. Како што е познато, АРМ од највисоките командни структури на

НАТО, во повеќе наврати доби при-знание за воспоставените критери-уми, како во делот на селекцијата и обуката, така и за развојот на кари-ерата на подофицерите, поради што изминативе години се наметна како лидер на ова поле во регионот и по-широко.

НаучНа трибиНа во оргаНизација На орорМ Неодамна во Домот на АРМ во Скопје се одржа трибина на тема „Стратегија за натамошниот развој на ОРОРМ согласно со политиката на НАТО за резервните офицери“, со цел претставниците на држав-ните органи и институции од обла-ста на безбедноста, одбраната и за-штитата, во непосредна расправа да

презентираат сопствени видувања и конкретни предлози, мислења и сугестии за местото и улогата на ОРОРМ во системот на одбраната на Република Македонија.На Трибината учествуваа 80-тина претставници на државните ор-гани, научни институции, експер-ти, Советодавниот тим на НАТО, Воената академија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, активи-сти на ОРОРМ, меѓу кои и: претсе-дателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, министерот за од-брана, Зоран Коњановски, заменик-министерот за одбрана, Емил Ди-митриев, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковникот Мирослав

Стојановски, високиот воен прет-ставник на Советодавниот тим на НАТО, адмирал Валентин Гагашев, директорот на Дирекцијата за за-штита и спасување, Шабан Салиу, Деканот на Воената академија, пол-ковникот проф. д-р Росе Смилевски, проф. д-р Митко Котовчевски од Ин-ститутот за одбранбени и мировни студии и полковникот Стојан Дим-чов од ЗОК.

ПотПишана СПогодба за Со-работка

Здружението на ветерани и резер-висти во одбраната и безбедноста на Република Македонија и Сојузот на офицери и подофицери од од-браната во резерва на Република Бугарија, неодамна потпишаа Спо-

годба за соработка. Спогодбата ја потпишаа генералот во пензија Илија Николовски, претседател на Здружението од македонска страна и генералот Стојан Топалов, претсе-дател на Сојузот, од бугарска стра-на.За време на посетата, бугарска-та делегација беше примена од заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев. На средбата беше искажано обострано задоволство од развојот на успешната соработ-ка во сферата на одбраната меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

6. потпи-шување на спогодбата за соработка

5. претседате-лот иванов и министерот коњановски меѓу учесни-ците на три-бината на орорм

4. на свече-носта по по-вод завршу-вањето на основниот курс за по-дофицери на арм

24

Page 25: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

оената академија „Генерал Михаило Апостолски“ која е лоцирана во касар-ната „Гоце Делчев“ во Скопје повтор-но ги отвора вратите за образование на кадри за потребите на одбраната на

Република Македонија и започнува со рабо-та во учебната 2009/2010 година.

Согласно донесениот закон, Воената академија е основана како високообразов-на и научно-истражувачка установа за об-разование на кадри за потребите на Ми-нистерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, за потребите на управувањето со кризи, како и за потреби-те на заштитата и спасувањето. Во идни-на Воената академија ќе врши високообра-зовна и научно-истражувачка дејност во об-ласта на одбраната, со посебен акцент во делот на воените и воено-техничките нау-ки, управувањрето со кризи и заштитата и спасувањето.

На Воената академија ќе се остваруваат студии од прв, втор и трет циклус на студии и стручни студии, а ќе се остварува и струч-но оспособување и усовршување на лица со завршен прв циклус на студии за потреби-те на Армијата на Република Македонија, со цел имплементација на Концептот за развој на офицерскиот кор.

Студиите за стекнување на образование од прв циклус на студии за потребите на Армијата ќе се организираат како редовни, а студиите за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасувањето можат да се организираат и како редовни и како вонредни.

Запишувањето на секој од циклусите, од-носно степените на студии, ќе се врши врз основа на јавен конкурс кој ќе го објавува

ната презентација на Законот за Воената академија и средбата со поранешни функ-ционери од областа на одбраната и безбед-носта, стручни лица и авторитети од обла-ста на воените науки.

На Воената академија ќе се обезбеди при-мена на Болоњската декларација, како и примена на европскиот кредит-трансфер систем. Покрај стекнувањето со офицерски чин, питомците се стекнуваат и со цивилна диплома, што претставува новина, и што на дипломираните студенти им нуди поголема сигурност при вработувањето, како што не беше случај досега.

При изработката на студиските планови, ко-ристени се искуствата од земјите-членки на НАТО, а во нивната изработка беа вклучени претставници на Министасртвото за одбра-на и АРМ, на Воената академија, на ЦУК и ДЗС, како и претставници на: советодавни-от тим на НАТО, тимот на Буз Ален Хамил-тон и претставници од универзитетите во Република Македонија.

Во насока на поттикнување на мултинаци-оналната соработка и размена на суден-ти, на Воената академија ќе можат да сту-дираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани. Покрај редовните професори, во наставно-образовниот процес ќе бидат вклучени и визитинг-професори од познати воени ака-демии или колеџи од земјите-членки на НАТО.

Воената академија. При приемот на кандида-тите ќе биде обезбедена соодветна правич-на застапеност на припадниците на заедни-ците, а истовремено ќе биде обезбедена и соодветна полова застапеност. Кандидати-те кои ќе се запишат на Воената академија се стекнуваат со статус на студент, додека, пак, кандидатите кои ќе се запишаат за по-требите на Министерството за одбрана и АРМ имаат статус на студент-питомец. При-тоа, бројот на кандидатите чие образова-ние ќе биде финансирано од Буџетот на РМ го определува Владата по предлог на Ми-нистерството за одбрана, на АРМ, на Цен-тарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

По шест години пауза, наскоро на оваа воена образовна институција повторно ќе бидат за-пишани 30-тина студенти-питомци. Во текот на студиите, студентите-питомци задолжи-телно ќе престојуваат на Воената академија. За време на студиите на питомците без на-доместок ќе им бидат обезбедени сите усло-ви за студирање на Академијата, почнувајќи од сместувањето, исхраната, учебниците, об-увките, како и останатите помагала потребни за студирање. Воедно, ќе им биде обезбеде-но и здравствено и инвалидско осигурување доколку не им е обезбедено по друга основа, парични примања за надмирување на неп-ходните лични потреби, како и патни трошо-ци за доаѓање и за враќање од Академијата на почетокот и на крајот на секоја студент-ска година.

„Секој студент-питомец кој ќе заврши прв степен на студии се здобива со чин потпо-ручник во соодветниот род, по што и ќе биде вработен во Министерството за од-брана, односно во АРМ, согласно потреби-те”, нагласи меѓу другото министерот за од-брана, Зоран Коњановски, на неодамнеш-

Нови можности за идниот офицерски кадар

Рестартирање на Воената академија

25

Page 26: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

лучот на успехот во реализацијата на една едукативна програма или обука е објективно да се измери остварувањето на индивидуални-

те цели на лицата кои се дел од програмата, како и остварувањето на нејзините општи цели. Тестот на знаење како вид објективен мерен инструмент, никогаш не треба да биде цел на реализацијата на која било про-грама. Едноставно кажано, резултатите кои ќе се постигнат на тестот на знаење по спроведе-ната едукативна програма, треба да пока-жат дека она што е сработено за време на реализацијата на програмата дава позитив-ни резултати. Во овој контекст, а поврзано со различните видови јазични програми кои се спроведуваат како дел од напорите на Министерството за одбрана и Генералшта-бот на АРМ (во натамошниот текст: МО и ГШ на АРМ), а се во функција на реализација на партнерската цел Г 0035, неминовно се поставуваат прашањата поврзани со видот и форматот на јазичното тестирање, одно-сно проверка на познавањето на странски-от јазик (посебно англискиот) низ кои поми-нуваат вработените. Имено, огромен е инте-ресот на вработените во МО и ГШ на АРМ, а особено на оние кои посетуваат различни јазични курсеви за целта, карактерот и нив-ната намена. Во овој напис се прави обид да се дадат основните елементи поврзани со оваа тема, а се прави и обид за нивно вреднување.

Мерни инструМенти

Во МО на Република Македонија (во ната-мошниот текст: РМ) се употребуваат след-ниве мерни инструменти за утврдување на нивото на познавање на англискиот јазик: ALCPT ( American Language Comprehension Placement Test: американски контролен

јазичен тест), ECL (English Comprehension Level: тест за разбирање на англискиот јазик), OPI (Oral Proficiency Interview: интервју за проверка на говорната компетенција), STANAG 6001 /ARM STANAG 6001 (Стан-дарден НАТО договор 6001) и OPT (Oxford Placement Test: контролен тест на Оксфорд). Во продолжение даваме некои основни ин-формации за секој од нив.ALCPT (American Language Comprehension Placement Test) е американски тест наменет за распоредување на кандидати за учење на англиски јазик според програмата на Defence Language Institute DLI (Јазичен институт за лица вработени во одбраната) од Сан Анто-нио, Соединетите Американски Држави (во натамошниот текст: САД). Во РМ овој тест се користи за повеќе наме-ни. Примарно се користи за распоредување на слушатели/студенти во различни јазични нивоа на курсевите по англиски јазик кои се во организација на ГШ на АРМ. Истиот тест се користи и како инструмент за мерење на прогресот за време на/по завршувањето на курсната настава. Понекогаш се користи и за селектирање на кандидати за упатување во мировните мисии во кои учествува РМ во странство (пример АЛТЕА во БиХ ).Постојат коментари дека ALCPT е тест на „воен англиски јазик“, што во основа не е точ-но, ако се има предвид дека од 100 прашања колку што има овој тест, само во некол-ку може да се сретнат воени термини. При-мер: „sergeant“ (водник) или термини како „rations“ (следување во храна/муниција и сл.) И покрај тоа, факт е дека овој тест е највалиден доколку се употреби после одре-ден квантум на настава по англиски јазик која за основа го има американскиот јазичен курс (во натамошниот текст: ALC), односно про-грамата на Јазичниот институт за лица вра-ботени во одбраната од Сан Антонио. ALCPT тестот е стандардизиран тест со кој се

26

Page 27: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

проверува разбирањето на слушнат говор и напишан текст на англиски јазик. По својот формат тој е сличен на ECL тестот (English Comprehension Level: тест за разбирање на англискиот јазик), но за разлика од него ECL тестот може да се добие и спроведе само од посебно назначени лица (американски граѓани кои работат за американската вла-да). ALCPT тестот го користат многу воени образовни институции за потребите на нив-ните јазични програми. Кога овој тест ќе се спроведе во контролирани услови дава ре-зултати кои се споредливи со резултатите од ECL. Инаку, станува збор за тест кој се состои од два дела: првиот дел ја тестира вештина-та на слушање, а со вториот дел се тестира вештината на читање. Прашањата се од ви-дот на четири понудени одговори (multiple choice questions). Акцентот е ставен на не-формален американско-англиски јазик, од-носно вид на јазик што може да се кори-сти во воена средина во која се спроведу-ва обука. Истиот тест нема академски фо-кус како TOEFL тестот. Решавањето на те-стот трае 75 минути и лесно се прегледу-ва со помош на клуч. Кандидатите добива-ат прашања кои се собрани во форма на „booklet“ (брошура), а одговорите се впишу-ваат на посебен лист. Тестот се спроведу-ва во лабораторија. Во РМ има седум так-ви лаборатории распоредени во касарните и тоа: во Скопје три („Гоце Делчев“, „Илин-ден“ и „Петровец“), а во Тетово, Кичево, Ве-лес и Штип по една.На интернет страницата http://ehlchaffin.com/call/alcpt/alcpt1.asp, може да се најдат подготвителни тестови за ALCPT тестот. Со едноставно кликнување на одредени сек-ции се добиваат примероци на прашањата. Повеќе информации можат да се најдат и на интернет страницата на институтот DLI (http://www.dlielc.org/welcome_dli/index.html).

ECL (English Comprehension Level: тест за разбирање на англискиот јазик) како тест е објаснет во делот за ALCPT тестот. Един-ствена лабораторија во која се спроведува овој тест е класичната фонолабораторија која се наога во Воената академија „Гене-рал Михаило Апостолски“. Максималниот резултат на овој тест изразен во бројки из-несува сто (100) освоени бодови. Истиот се користи како предуслов за упатување на курсеви во САД.

Computer - Adaptive version of the ECL (CAT ECL) е компјутерска адаптација на ECL те-стот, што се користи во јазичниот центар DLI во Сан Антонио, САД. Со негова по-мош се редуцира времетраењето на тестот од 75 на 17 минути, при што секој студент-кандидат добива своја верзија на тестот, што овозможува подобро разликување на студентите со пониско, од оние кои со по-високо јазично ниво.

Остварувањето на јазичните цели на ALC курсот се проверува со помош на тестови, терминолошки наречени book quizzes (кви-зови за обработена книга) и performance tests (тестови на достигнување) кои се со-ставен дел од курсните материјали на аме-риканскиот јазичен курс.

OPI (Oral Proficiency Interview: интервју за проверка на говорната компетенција), е тест со кој се тестира вештината на говорење. Интервјуто може да биде непосредно „face to face“ или преку телефон. Разговорот по-степено се развива и тоа од пониско до по-напредно ниво на јазичен говор во завис-ност од јазичните можности на кандида-тот. DLI го користи овој вид интервју, а ре-зултатите се одбележуваат со бројки од 1 до 5 според табелата (Interagency Round Table). Се користи за тестирање на американски цивилни и воени/владини службени лица кои се упатуваат на служба во странство.

Од досега изнесеното за мерните инстру-менти кои се користат за утврдување на нивото на познавање на англискиот јазик, може да се констатира дека во МО и ГШ на АРМ во функција на проверка на нивото на познавање на англискиот јазик се користат различни мерни инструменти. Меѓу нив како најмногу употребуван инструмент во наста-вата е ALCPT тестот. Ваквата практика се-како дека заслужува поддршка, од причи-на што користењето на различни методи на проверка на јазичното познавање е соли-ден индикатор дека кандидатите кои се те-стираат може да бидат подложени на раз-лични тестови. И покрај ваквата позитив-на оценка, како слабост на примената на повеќе методи за проверка на знаењето е дека некои од нив експлицитно не ја израз-уваат вредносната димензија на знаењето кое се тестира. Заради тоа организациските единици во МО и ГШ на АРМ кои се занима-ваат со оваа област треба продлабочено да ја изучат оваа проблематика и во наредни-от период проверката на знаењето да не се сведува на еден тест на познавање, туку на широка лепеза на мерни инструменти.

Oxford Placement Test е тест публикуван од комерцијалниот провајдер на тестови, од-носно од издавачката куќа Оксфорд. Не-говата основна намена е да се изврши распоредување на студентите во различ-ни јазични наставни групи. Како потврда дека е утврдено правилното распоредување според нивото на познавање на англиски-от јазик, овој тест може да се комбинира со дополнителна задача преку која се тести-ра вештината на пишување (на пр. на тема: “Ваша куса биографија”, “Ваши идни плано-ви” и сл.) и/или краток разговор на неколку теми блиски до професијата. Најновата верзија на овој тест е калибрира-на според рамката на Советот на Европа. Тестот трае од 45 до 60 минути, во завис-ност од тоа дали се комбинира со горена-ведените дополнителни елементи. Кандида-тите добиваат прашања кои се собрани во форма на брошура, а одговорите се впишу-ваат на посебен лист. При решавањето на те-стот кандидатите треба да изберат одгово-ри од веќе понудените. Одговорите се впи-шуваат на посебно ливче, со што се олесну-ва прегледувањето на тестовите. Ваквата комбинација на комерцијалниот тест се применува во Центарот за стран-ски јазици во Скопје, во функција на избо-рот на кандидати од МО за служба во стран-ство. Сепак не треба да се заборави дека примарната функција на овој тест е да на-прави рангирање/распоредување на канди-датите во соодветното јазично ниво, а не да се направи продлабочено оценување на јазичните способности на кандидатите.

IELTS (International English Language Testing System: Меѓународен систем за тестирање на англискиот јазик). Резултатите од овој тест се изразени со бројки од 1-9 (со мож-ност за добивање и на половина бод) за че-тирите јазични вештини: слушање, читање, говорење и пишување. Тестот се спроведу-ва само во овластен тест-центар и во одре-дени термини, по претходно пријавување за испитот. Во РМ ваков тест спроведу-ва Британскиот совет. Главно се тестираа-ат лица за академски цели, односно студии во земји од англиското јазично подрачје или за емиграција во Австралија, Нов Зеланд и Канада. Токму поради тоа постојат два вида ваков тест: академски и иселенички. Различ-ни се и бројките кои треба да се освојат како тест-резултати. По својот формат овој тест е многу сличен со АРМ STANAG 6001.Овој тест го полагаат и вработените од МО и ГШ на АРМ кои конкурираат за школување на повисоките воени школи и последиплом-ски студии во Обединетото Кралство.

TOEFL – (Test of English as a Foreign Language: Тест по англиски како странски јазик) е тест за проверка на познавањето на англиски-от јазик. Тоа е тест кој примарно се користи за академски цели (студии во САД). Се спро-ведува во овластени центри и во одредени фиксни термини. Во РМ овој тест го спро-ведува Образовниот информативен центар во Скопје, кој се наоѓа во просториите на Скопскиот саем. Повеќе информации околу полагањето, пријавувањето и подготовка за истиот може да се добијат во канцеларијата на овој центар и на интернет страницата www.oic.org.mk. Се разбира дека и катче-то на Американскиот совет, кое е лоцирано во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, е исто така добар извор на информа-ции и таму понекогаш овој тест го спроведу-ва и организира Амбасадата на САД во РМ како критериум при доделување на стипен-дии од програмите за РМ.

STANAG 6001 /ARM STANAG 6001 (Стандар-ден НАТО договор 6001) е национален тест на познавање на англискиот јазик калибри-ран според НАТО стандардот СТАНАГ 6001. Резултатите постигнати на овој тест се неза-висни од резултатите добиени на различни курсеви завршени во различни јазични цен-три.

27

Page 28: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Успешна мисија на „скорпиите“

корпиите на АРМ деновиве се вратија од уште една успеш-но извршена мисија од Авга-нистан. Декларираната едини-ца од составот на „скорпиите“

успешно го заврши својот шестмесе-чен ангажман во рамките на петта-та ротација на македонскиот контин-гент во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. „Македонските мировници покажаа висок степен на обученост, профе-сионализам и, пред сè, компатибил-ност со меѓународните сили од 35 држави кои ја сочинуваат мисијата „ИСАФ“ во Авганистан, со што досто-

инствено ја претставија АРМ и Репу-блика Македонија“, оцени командан-тот на македонскиот контингент, ка-петанот Мирче Тасев, по враќањето од успешно завршената мисија. Своја оценка даде и офицерот за контакт, капетан Марјан Спасов по повод успешното завршување на мисијата. „Контактите со цивилното население во градот Кабул беа секојдневни. Со патролите македонските војници се познати меѓу локалното население, дури и од најмладата популација. Почитта од локалното население кон македонските мировници е стек-ната низ долгогодишното присуство на овие простори и почитувањето на правилата на ангажирање од страна

на нашите војници. Пожртвуваноста и професионализмот ги покажавме низ извршувањето на секојдневните задачи при ангажирањето во па-тролите низ градот Кабул и обезбедувањето на Главниот штаб на мисијата ИСАФ. Оддалеченоста од нашиот дом и мислата за наши-те најблиски, не беше пречка, туку ни даваше поголема сила и поттик во извршувањето на должностите кои се едни од најризичните во на-шата професија“, оцени капетанот Спасов, кој нè информираше дека за македонските војници кои учеству-ваат во мисијата ИСАФ во Исламска-та Република Авганистан, покажа-ле голем интерес многу странски но-винари, меѓу кои привремениот из-

ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КОМАНДАТА НА ИСАФ

мисија

авганистан28

Page 29: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

вестувач на новинската агенција „Ројтерс“, Даниел Брит и регионалниот известувач за швајцарскиот политички магазин „Тагес-Анзеигер“, Давид Науер. Професионалното извршување на задачите во зоната на одго-ворноста привлекло внимание и кај герман-ската телевизиска екипа, која по повод шее-сетгодишнината од формирањето на НАТО, подготви снимени документарни филмски материјали, кои беа прикажани на НАТО-самитот во Бон.

Хумани „скорпии“ Партиципирањето во ОМЛТ-2 тимови-те (Operational Mentor and Liasion Team), претставува уште еден показател за исполнувањето на поставените стандарди за учество на Првата механизирана пеша-

ка со цел успешно преместување на едини-цата од Кабул во Кундуз, каде што и беше предвидено нејзиното распоредувањето. Во почетокот на активностите, паралелно со формирањето на единицата, ОМЛТ-2 тимот изведуваше своја обука која опфаќаше не-колку видови гаѓања, справување со мински и експлозивни направи, тактичка обука со акцент на справување во ситуација на засе-да и вооружен напад, ракување со постоеч-кото вооружување на транспортните и бор-бените возила, управување на транспортни и борбени возила и обука за ракување со комплетната борбена опрема со која распо-лага германската армија.Втората пешадиска бригада беше успеш-но оценета, со што беше исполнет усло-вот за нејзино преместување во Кундуз. Преместувањето на единицата се реали-

диска бригада на АРМ во извршување зада-чи од доменот на мисијата надвор од држа-вата, рамноправно со претставниците на ар-миите на НАТО Алијансата.Мисијата ОМЛТ-2 беше организирана со цел формирање на Втората пешадиска бригада во склоп на 209. корпус на Авганистанската национална армија (АНА). Носител на актив-ностите беше германската армија. Од сами-от почеток на формирањето на единицата во составот на менторскиот ОМЛТ-2 тим беа вклучени двајца офицери и еден подофицер од составот на АРМ, поручникот Сашко Па-лески, поручникот Ѓорѓи Наковски и постари-от водник Борче Стоименов. Формирањето на 2/209 АНА Корпус за-почна во почетокот на јануари 2009 го-дина и опфаќаше прием на персоналот, пополнување на формацијата и негова обу-

ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КОМАНДАТА НА ИСАФ

мисија

авганистан29

Page 30: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

зираше во март годинава. Целокуп-ниот персонал, борбените и небор-бените возила, како и целокупна-та техника беа транспортирани во организиран конвој со повеќе од 200 возила. Напорната обука беше оправдана со сериозноста на зада-чата за преместување на единица-та, која беше успешно реализирана без никакви проблеми по безбедно-ста и по здравјето на луѓето, како и состојбата на техниката.Припадниците на АРМ во мисијата ОМЛТ-2 тимот за својата стручна подготвеност и професионалноста во извршувањето на своите зада-чи, од страна на командантот на РЦ Норт, генерал Јорг Волмер, беа оце-нети со највисоки службени оценки. Својата хуманост „скорпиите“ и овој

пат ја покажаа на дело. Идејата на постариот водник Борче Стоиме-нов, во координација со претпоста-вената команда, беше да се органи-зирана и да се реализира хуманитар-на акција која понатаму прерасна во фондација за помош на семејствата на загинатите германски војници. Со своите вешти раце постариот водник Борче Стоименов израбо-ти слика во графика, која во копи-рана верзија беше достапна за сите припадници на мисијата. Собрани-те пари од уплатата на доброволни-от прилог на веќе отворена банкар-ска сметка се распоредуваа и преф-рлаа на сметки на семејствата во Германија кои дале свои синови како жртви во мисиите во Авганистан. Оригиналот од сликата е изложен во

ПРТ Кундуз и на одреден ден од стра-на на одговорните лица ќе биде ор-ганизирана лицитација за најголема парична понуда за сликата. Воедно, од страна на командата ПРТ-Кундуз е даден предлог изработената слика да биде поставена на официјалната веб-страница на германската армија, со што фондацијата ќе продолжи да постои и понатаму.За идејата на наведените активно-сти постариот водник Борче Стои-менов е награден со признание од страна на командантот на ПРТ Кун-дуз, полковникот Клајн.

* Зоран Јанакиевски

Посета на македонските ми-ровници од амбасадорот на реПублика македонија во нато За време на извршувањето н а мисијата, во посета на ИСАФ-силите во Исламската Република Авгани-стан престојуваше делегација на Се-верноатлантскиот совет на НАТО на чело со поранешниот генерален се-кретар на Алијансата, Јап де Хоп Ше-фер. Целта на посетата беше пот-врда за поддршката на претседател-ските и провинциските избори во Ав-ганистан и зголемување на бројката на силите на ИСАФ-мисијата. Поде-лена во пет групи, делегацијата ги посети единиците на ИСАФ разме-

1. „скорпиите“ во нивниот природен еле-мент: пусти-ната

2. обезбе-дување на те-ренот во ру-ралните на-селби

30

Page 31: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

стени во регионалните команди: ис-ток, запад, север, југ и главната ко-манда. Во составот на делегацијата беше и амбасадорот на Република Македонија во мисијата на НАТО, Кире Илиоски, кој ги посети маке-донските војници и старешини во Мазар ел Шариф и во Кабул. Во Ма-зар ел Шариф, постојаниот прет-ставник се сретна со двајцата ма-кедонски старешини во составо-тот на ОМЛТ-тимовите што вршеа менторирање на старешините од Првата бригада на Авганиската на-ционална армија. Во Кабул, првата средба на амбасадорот Илиоски со македонските војници беше во хоте-лот Серена, каде што дел од едини-цата за заштита на силите на Глав-

ниот штаб на ИСАФ беше ангажи-рана за обезбедување на хотелот кој важи за една од потенцијалните цели на бунтовничките групи во Ав-ганистан. При посетата на Главниот штаб на ИСАФ, каде македонската чета ги извршуваше секојдневните задачи, амбасадорот Илиоски беше пречекан во работните простории и разговараше со војниците и старе-шините. Од негова страна беше ис-такната одличната работа на маке-донските војници во мисиите и по-фалните зборови од претставни-ците на членките на НАТО, како и продолжување на заложбите и при-донесот кои Армијата на Република Македонија го дава во овие мисии. На овие пофални зборови за „амба-садорите на Република Македонија“

Армијата на Република Македонија со постојаното обезбедување на итните медицински транспорти од страна на македонските сили за брза реакција е уште повеќе зголемена. За истакнување е и фактот што зна-мето на Република Македонија гор-до стои закачено во просториите на американската амбуланта, а маици-те со „скорпијата“, знакот на Прва-та механизирана пешадиска брига-да, со гордост ги носат американски-те војници кои веруваат дека тие им носат среќа.

* Симе Ефремов

во Авганистан се приклучи и го-сподинот Лоренс Батлер, политич-киот советник на командатот на НАТО-силите во Европа, поранешен амбасадор на САД во Република Македонија. Тој на македонски јазик ги поздрави присутните и разгова-раше со старешините за предизви-ците со кои единицата се соочува при извршувањето на секојдневните задачи.На крајот од посетата на амбасадо-рот Илиоски и на г. Батлер, од страна на најстариот национален претстав-ник, потполковникот Синиша Стаме-нов и командантот на единицата ка-петанот Мирче Тасев, им беа пода-рени рачно изработени сувенири од Авганистан.

* Марјан Спасов

Медицински тренинг Во рамките на мисијата, во соработ-ка со РОЛЕ-1 при Главниот штаб на ИСАФ, со припадниците од контин-гентот на Армијата на Република Македонија беше извршен медицин-ски тренинг на тема: „Извлекување од место на повредување, укажување прва медицинска помош и МЕДЕВАЦ”. Во обуката беа при-менети сите постапки и процедури кои се користат во армиите-членки на НАТО, а истите беа демонстрира-ни од страна на капетанот Ју, застав-никот Џорџ Ајала, водникот Кругер и останатите припадници на медицин-скиот тим. Примената на аудиоефек-ти и маркиранти, придонесе за поре-ална слика во вистинска ситуација во која војниците би можеле да се најдат. По завршувањето на обука-та, заклучокот од претставниците на РОЛЕ-1 го даде мајорот Кастро кој беше воодушевен од покажаното знаење и од претходната обученост на македонските војници.Со оваа обука, соработката на на-шите припадници со медицински-от тим се подигна на уште повисо-ко ниво во извршувањето на заед-ничката мисија во Главниот штаб на ИСАФ во Авганистан. Стекна-тата доверба во припадниците од

3. амбаса-дорот илио-ски во посе-та на нашите момци

4. обука за брза реакција при давање помош на по-вредените

31

Page 32: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ште еден, седми по ред, контин-гент македонски мировници од составот на Втората механизи-рана пешадиска бригада стап-на на аганистанска територија.

Жешкото јулско сонце, надморската височина од 1800 метри и метежот по улиците на Кабул се првите сли-ки во очите на македонските воини.Уште од март 2003 година, Армијата на Република Македонија го зголеми својот продонес во мисијата ИСАФ со испраќање на едно одделение од составот на Втората пешадиска бри-гада како дел од германскиот кон-тингент. Припадниците на оваа еди-ница на АРМ од август 2004 па сè до крајот на 2006 година, во оваа мисија учествуваа со еден механи-зиран пешадиски вод. Досега за обезбедување на Главната команда на ИСАФ силите во Кабул бригадата има учествувано и со две механизи-рани чети во 2007 година.Ова е досега најголем контингент упатен од составот на единица-та, рече командантот на бригада-та, полковник Бранко Дракалски, на свеченоста организирана по повод испраќањето на контингентот во ка-сарната во Охрид на почетокот на јули.

На свеченоста пред построена-та единица, во присуство на род-нините и пријателите на мировни-ците се обратија претседателот на Република Македонија, Ѓорге Ива-нов и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.Посакувајќи им добро здравје и успешна мисија високите гости ги об-врзаа припадниците на континген-тот достојно да ја презентираат Ре-

публика Македонија.„Вие, почитувани војници на маке-донската Армија, кои денес замину-вате на најголемата и најсложената мисија ИСАФ, заедно со вашите ко-леги кои служат во другите мисии, сте вистински амбасадори на својата земја. Преку вас македонската по-рака на мирот стигнува далеку, и во земјите на вашите соборци и помеѓу граѓаните на земјите чија сигурност и мир ги чувате“, им порача на маке-донските мировници претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Ива-нов. Претседателот Иванов потсе-ти дека Македонија е целосно под-готвена да се вклучи рамноправно и формално во рамките на Северноат-лантската алијанса.

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски обраќајќи им се на македонските мировници нагла-си дека тие се чувари на светски-от мир, а истовремено најголемите и најдостојните македонски амбаса-дори.Убеден сум дека вашата подготве-ност и вашите квалитети само ќе ја подобрат досегашната одлична оценка за учеството на Републи-ка Македонија во мировните мисии, рече министерот Коњановски.На свеченоста на присутните им се обрати и командантот на контин-гентот, капетанот Лулзим Нуреди-ни, кој вети дека стекнатите вешти-ни низ долготрајниот процес на об-ука доследно ќе ги применуваат при извршувањето на секојдневните за-дачи.По завршувањето на свеченоста изјави за јавноста дадоа и дел од

припадниците на македонскиот кон-тингент.„Единицата која се упатува во ми-ровна мисија ја отсликува вистин-ската слика на етничката застапе-ност во Република Македонија, што значи дека единицата е мултиетнич-ка. Со оглед на достигнатиот степен на подготвеност на единицата во те-кот на подготовките, уверен сум во тоа дека успешно ќе ја извршиме претстојната мисија. Мене ова ми е прва мисија, но во составот на че-тата поголемиот дел од персоналот веќе учествувал во мировни мисии во Авганистан и во Ирак“, изјави ко-мандантот на македонскиот контин-гент, капетан Лулзим Нуредини. Постариот водник Костадинка Трајковска, командир на одделени-ето за претрес на женски персонал, изјави дека во составот на македон-скиот контингент има седум припад-нички на понежниот пол кои рамо до рамо со своите колеги од посилни-от пол ќе ги извршуваат своите за-дачи во рамките на мисијата. „Мо-жам да истакнам дека сме подготве-ни успешно да одговориме на преди-звикот кој ни претстои“, рече поста-риот водник Трајковска.Разводникот Илија Чуркоски, кому ова му е трето учество во мисија, рече: „Припадник сум на единицата за мировни операции ИСАФ. Ние сме мировници. Искуствата од учеството во мисија се големи, но секоја мисија си има и свои специфичности. Секо-гаш се стекнуваат нови искуства, се запознаваме со нови ситуации Под-готвени сме успешно да ја извршиме претстојната задача“.

Во седмата ротација на мировната

32

Page 33: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

мисија ИСАФ во која АРМ учествува со ме-ханизирана пешадиска чета, во Авганистан заминаа 149 припадници на Втората мпбр кои заедно со националниот претставник и тројцата штабни офицери се распореде-ни во главната команда на ИСАФ во Кабул. АРМ во најголемата мисија на НАТО во Ав-ганистан учеството со механизирана пеша-диска чета го започна од јуни 2006 година кога во првата четна ротација беа упатени „Скорпиите“. Искусните „Леопарди“ задачи-те наредните шест месеци ќе ги извршува-ат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе би-дат задолжени за обезбедување на Глав-ната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Покрај тоа, мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат и сложени задачи како што се патролирање и обезбедување на воена-та база и објекти од витално значење за жи-вотот на населението во Авганистан, борбе-но обезбедување на комуникации и области и други задачи во зависност од потребите на мисијата.За досегашното беспрекорно и професи-онално извршување на задачите, покажа-ната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата добиваат највисоки оценки и уживаат висок рејтинг.

Подготовките на припадниците на четата за упатување во мисија во гарнизонот Охрид започаа на почетокот на годината со избо-рот на персоналот, а костурот (основата) на четата се војници и старешини од првата пешадиска чета со која командуваше капе-танот Горан Трајаноски, единица која беше прогласена за најдобра единица во Брига-дата.По извршените систематски прегледи и пси-хофизичките проверки дефиниран е списо-

На полигонот тежишно беа изведувани про-грамски гаѓања од личното вооружување и школски гаѓања од вооружувањето на оклопно-механизираните единици (ОМЕ). Круна на стационарното логорување беше изведувањето на четна вежба со четно бојно гаѓање, кога во присуство на висо-ки претставници од Министерството за од-брана и Армијата на Република Македонија беше прикажан висок степен на обученост и извежбаност при извршувањето на огнени-те и на тактичките задачи.По завршеното стационарно логорување целокупниот состав на четата беше упатен на заслужен одмор.

Подготовките продолжија во делот на опремувањето на единицата и пакувањето на опремата и материјалните средства, при што носители беа Командата на бригадата и Командата на баталјонот. И покрај скромните средства со кои расапо-лага единицата, во рамките на можности-те, обезбедени се средства за реализација на ЦИМИЦ-проекти и материјали за презентација на Армијата на Република Македонија.

Сите припадници на македонскиот контин-гент го дадоа максимумот во периодот на подготовките за мисија, што е гаранција дека претстојните задачи ќе бидат профе-сионално извршени, впрочем како што и им прилега на припадниците на Втората меха-низирана пешадиска бригада, популарните „Леопарди“.

кот на припадници на четата со кои започна четиримесечниот процес на интензивна обу-ка која беше реализирана од формациските старешини, но за поедини теми беа ангажи-рани и инструктори од Командата на брига-дата. За време на обуката во предвид беа зе-мени научените лекции од досегашното уче-ство во мисијата ИСАФ.

Содржините од обуката беа реализира-ни на полигонот во касарната во Охрид и на стрелиштето „Мауцкер“. Во тој период се изведуваа теми и содржини во соглас-ност со стандардните оперативни процеду-ри на мисијата ИСАФ, правилата на употре-ба на сила, кодексот на однесување на при-падниците на ИСАФ, историјата на мировни-те мисии, човековите права, Законот за во-оружен конфликт, како и цивилно-воената соработка. Посебно внимание му беше по-светено на извежбувањето на припадници-те на единицата во справување со импро-визираните експлозивни направи кои и де-нес се најголема реална закана за миро-вниците. За време на обуката применува-ни се сите расположиви наставни и вежбов-ни средства, како и вооружувањето и опре-мата со која мировниците ќе ги извршуваат задачите во Авганистан. Работата во тактич-киот оперативен центар беше тежишна ак-тивност на малубројниот штаб на четата, а се извежбуваа постапките при подготовките на командирите на патролите и командитри-те на единицата за брз одговор, изработка на известувања и радио-процедурите на ан-глиски јазик, како и ракувањето со софисти-цираните средства за врски со кои е опремен тактичкиот оперативен центар на четата.

Завршетокот на обуката беше реализиран на АП „Криволак“ каде војниците и стареши-ните во јуни имаа прилика наставните сод-ржини да ги реализираат во услови приближ-ни на оние кои ги очекуваат во Авганистан.

33

Page 34: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

РакетиРање и гаѓање со воз-духоплови на пРипадници-те на воздухопловниот винг

рипадниците на воздухоплов-ниот ВИНГ на АРМ, на бојното поле доаѓаат прикриено и ненадејно, се задржуваат мно-гу кратко и дејствуваат брзо и

ефикасно.

Така беше и неодамна, кога на вре-лото јулско сонце на зовриени-от армиски полигон „Криволак“, уште еднаш, на дело ја покажаа својата обученост и оспособеност за извршување на наменските зада-чи изведувајќи бојно гаѓање, одно-сно ракетирање и гаѓање со своите

воздухолови, хеликоптерите Ми-24 и Ми-8. Ракетирањето беше изврше-но со ракети од типот С-5 КО, кали-бар 57 мм, а гаѓањето со митралез од 12,7 мм од хеликоптерот Ми-24 и од митралезот 7,62 мм (ПКТ) од хе-ликоптерот Ми-8.

Од набљудувачницата на „Џиди-мирска чука” во реонот на „Кршко-вица“ во „Секторот 3“ на армиски-от полигон „Криволак“, гаѓањето го следеа претседателот на Репу-блика Македонија и врховен ко-мандант на Армијата, Ѓорге Ива-нов, министерот за одбрана, Зо-ран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Ми-рослав Стојановски, команданти

на единиците на АРМ и раководни лица.

По воведниот збор и запознавањето на присутните со активноста на ко-мандантот на Здружената опе-ративна команда (ЗОК), генерал-мајорот Зоран Димов, ориентација и запознавање со карактеристиките и капацитетите на армискиот поли-гон „Криволак“ изврши потполковни-кот Васко Ѓурчиновски од ЗОК. По-тоа началникот на Штабот на возду-хопловниот ВИНГ, потполковник Ацо Станојков ги појасни целта и намена-та на борбените дејства на единица-та, а текот на изведувањето на бор-бените дејства со воздухопловите и постапките на воздухопловите ги ко-ментираше командантот на возду-

2. ми-8 стра-нично исфрла C-5 KO ракети

1. „летачкиот тенк“ ми-24 се приближува кон својата цел

34

Page 35: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

цот, пфв Јасмин Османспахиќ од со-ставот на флајтот за специјална на-мена. Гаѓањето и ракетирањето пре-ставуваше четврто гаѓање за при-падниците од составот на борбени-от хеликоптерски сквадрон и трето гаѓање на припадниците од соста-вот на транспортниот хеликоптер-ски сквадрон во текот на 2009 го-дина.

Бојното гаѓање на цели на земја претставуваше комбинирано раке-тирање и гаѓање на два воздухо-плови на отстојание од 2000-3000 м во кругот за ГРБ во три налети, а се гаѓаа целите: колона во движење на м/в и поединечната цел - уредено митралеско гнездо.

За разлика од другите тактички еди-

ници, бојното гаѓање со воздухопло-ви не се изведува со тактичка прет-поставка, туку тоа претставува тех-ничко гаѓање и целта на ова гаѓање е обука на пилотите во ракување со вооружувањето кое го користат воздухопловите, придржувајќи се до сите мерки на безбедност при ракување со нив.

На ракетирањето и гаѓањето при-сутните можеа да видат чети-ри ракетирања со ракети од ти-пот С-5 КО од калибар 57 мм, едно со хеликоптерското митралеско вооружување од калибар 12,7 мм од хеликоптерот Ми-24 и едно едно гаѓање од хеликоптерот со митра-лез ПКМ 7,62 мм гаѓаат на исти цели.Завршувајќи онака како и што поч-

хопловниот ВИНГ, потполковникот Кире Колевски.

Бојните гаѓања на цели на земја со воздухоплови претставуваат нај-висок степен на огнената обуче-ност на единицата за борба по цели на земја и се изведуваат по успеш-но спроведени обуки. Гаѓањето го извршија припадниците од составот на борбениот хеликоптерски сква-дрон и транспортниот хеликоптер-ски сквадрон со хеликоптерот Ми-24 со екипажот составен од првиот пи-лот, капетан Оливер Илиевски и вто-риот пилот, капетанот Борис На-стовски. Со хеликоптерот, пак, Ми-8 своите воздухопловни вештини ги демонстрираа првиот пилот Дра-ган Арсовски, вториот пилот капе-тан Игорчо Стоименовски и стреле-

3. ми-8 ја де-монстрира за-видната моќ на сиот свој арсенал

4. ракетирање и стрелба од статична позиција

5. министерот коњановски ја следи веж-бата на арми-скиот поли-гон криволак

35

Page 36: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

наа - брзо, кратко и ефикасно, демонстрирајќи врвна обученост и оспособеност, следуваа оцените на претпоставените за припадниците на воздухопловниот ВИНГ.

„Како врховен командант на Ар-мијата, денес имав можност да присуствувам на гаѓањето на на-шите воздухопловци и да се уве-рам во нивната подготвеност да дејствуваат во услови какви што се бараат од нив. Како што можевте да видите гаѓањето беше успешно. По долги подготовки нашите воздухо-пловци покажаа дека знаат успеш-но да се справат со предизвици-те за кои се наменети. Ова укажу-ва дека нашата армија е подготвена, дека се подготвува за сите мисии во

кои учествува и покажува постојано едно ниво кое се бара од неа. Прв пат присуствував на ваква вежба и навистина сум импресиониран од ре-зултатите на нашите пилоти и на на-шите војници кои покажаа на дело, во мисиите во кои учествуваат, како треба да се претстават“, гласеше оценката на претседателот на Репу-блика Македонија и вховен коман-дан на Армијата, Ѓорге Иванов.

Оценката на министерот за одбра-на, Зоран Коњановски беше: „Денес на наше големо задоволство, едини-цата на воздухопловниот ВИНГ има-ше успешна активност. Целта на де-нешната вежбовна активност беше обука на пилотите за ракување со вооружувањето со кое се опреме-

ни хеликоптерите на АРМ од типот Ми-24 и Ми-8. Имавме можноста да ја видиме извежбаноста на персона-лот. Ова е редовна активност и во текот на годината неколку пати на ваков начин пилотите се извежбува-ат на нашите летала“.

Началникот на ГШ на АРМ, гене-рал-попотполковник Мирослав Стојановски, во таа пригода изјави: „Припадниците на воздухопловни-от ВИНГ на најдобар можен начин, уште еднаш, покажаа и докажаа дека се отпорни на сите оние влијанија кои сакаат, можеби, да прикажат по-инаква состојба во таа единица од онаа што е фактичка. Тие денеска со постигнатите резултати за време на бојното гаѓање докажаа дека по-седуваат капацитет и способност, и ние како институција ќе направиме сè што е потребно во наредниот пе-риод, нормално, со поддршка на ци-вилните авторитети, состојбите и по-натаму да се унапредуваат и да се

6. претседате-лот иванов се запознава со способности-те на винг

8. по успеш-ната презен-тација на сво-ите способно-сти ми-24 гор-до лета назад во хангарот

36

Page 37: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

доведат на такво ниво да можат да обезбедат извршување на намен-ските задачи на единицата. Во оваа прилика сакам да им оддадам при-знание на сите учесници во подго-товките и во реализацијата на оваа активност за постигнатите резулта-ти“.

Искажаните оценки, сами по себе зборуваат за степенот на обучено-ста и оспособеноста на воздухо-пловците на АРМ за извршување на нивната сложена и одговорна мисија.

Основната мисија на воздухоплов-ниот ВИНГ е да врши воздушна поддршка на единиците на АРМ при изведувањето на борбените дејства, учество со декларираните сили во операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти, справување со регионални конфлик-ти и кризи, предводени од НАТО, од ООН, од ОБСЕ и од ЕУ, поддршка

дронот за обука и тренажа, сквадро-нот за транспорт и ВИП, флајт за специјални намени и единици за кон-трола на летањето, метеорологија, врски и воздухопловно-техничко обезбедување.

* Здравко Ризовски* Фото: Александар Атанасов

при справување со природни непо-годи и други несреќи и заштита на пошироките интереси на Република Македонија.

Како одраз на високиот степен на обученост и достигнатото ниво на компатибилност, воздухопловни-от ВИНГ, со четири ротации на еден хеликоптерски детачмент, успеш-но учествуваше во мисијата на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина во периодот од 2006 до 2008 годи-на. Воздухопловниот ВИНГ е еди-ница која е директно потчинета на Здружената оперативна команда на АРМ и во својот состав покрај ко-мандата, ги има: борбениот хели-коптерски сквадрон, транспортни-от хеликоптерски сквадрон, сква-

7. врховниот командант со пофални збо-рови за воз-духоплов-ците

37

Page 38: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

елбата да се биде дел од најелитната единица на Армијата на Република Македонија е достижна само по завршување на селекти-

вен курс.„Природата на нашата света долж-ност за одбрана на татковината, ка-ко и обврските и извршувањето на задачите во себе ги создава и кон-тинуирано ги надоградува основни-те вредности на чии темели се ба-зира нашата единица. Тоа се вред-ности кои зрачат од ликот на секој припадник на Полкот за специјални операции, а чијашто кохезија нè прави цврсти, непоколебливи, упор-ни, но и прилагодливи!“

Личност со интегритет која поседу-ва високи морални стандарди, која е чесна во своите дела и постапки, лојална и пожртвувана кон приста-пот на извршување на поставените задачи, тоа е личност која претста-вува „компас“ по кој треба да се дви-жи секој кандидат доколку нависти-на има желба на себе да ја има „си-ната“, „црвената“ или „зелената“ ба-ретка.

Воспоставените норми коишто прет-ставуваат кохезија на искуства од специјалните сили на НАТО-армиите и досегашното искуство во земјата и при извршување на мисии над-вор од државата, имплементирани во Правилник за селекција на канди-дати, претставуваат основни рамки кои подеднакво важат, без разлика

дали кандидатот доаѓа од воени или од цивилни структури. Секој кој што ги исполнува општите услови:

- завршен IV степен средно училиш- те;- отслужен воен рок;- на возраст до 26 години (за кандидати-цивили); - односно до 29 години (за припадни- ци на АРМ);

може да се кандидира како потенцијален припадник на единица-та, но за да стане припадник треба многу повеќе, а пред сè да живее, да работи и да мисли како „волк“ или ка-ко „ренџер“.

Тоа е затоа што карактерот на ма-кедонскиот „специјалец“, не дозво-лува друг избор. Тие карактеристи-ки и норми се почетна гаранција за одговор на новите предизвици и за подготвеност за извршување и на најсложени задачи. Квалитетно дизајнираните норми, доколку не бидат преточени во прак-тична работа, ја губат целокупната суштина. Затоа таа задача досега успешно ја реализира инструктори-скиот тим составен од исклучително квалитетни и искусни припадници на „ренџерите“ и на „волците“ коишто низ процесот на селекција, квантите-тот на кандидатите вешто го прето-чуваат во квалитет.

1. патот до ти-тулата „волк“ и „ренџер“ не секогаш се оди пеш

Селективен курс за избор на припадници на Полкот за специјални операции на АРМ

само за

најспособните

38

Page 39: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Тоа беше случај и на неодамна завр-шениот селективен курс на тере-ните во Центарот за обука „Пе-пелиште“, каде што низ комплек-сен процес на согледување на волјата, издржливоста, мотивира-носта, самоиницијативноста, морал-ната храброст, но и тимската рабо-та, од пријавените кандидати кур-сот успешно го завршија минимален број кандидати.

Патот по којшто се движеа кандида-тите ни најмалку не беше лесен, со оглед на прашањата на коишто тре-баше успешно да одговорат, при-тоа соочувајќи се со дополнителни-те предизвици наметнати од страна на инструкторите.

Дополнително на целата атмосфера влијаеше и ѕвоното коешто ја тести-раше „неодлучноста“ кај кандидати-те. На секој му беше јасно дека са-мо со еден удар во ѕвоното, веднаш се става крај на „маките“. Секој еден ѕвон во текот на селективниот курс значеше еден кандидат помалку.

Помеѓу клучните прашања на кои кандидатот требаше успешно да од-говори беа: да е способен да го со-влада и да го контролира стравот, да биде подготвен да се соочи со си-те опасности и ризици и да може да ги издржи сите физички и психички тешкотии, а сè со една единствена цел - почетна гаранција од селекти-

полковникот Зоран Додевски, „се-га и засекогаш ќе биде составен од луѓе од народот и за народот“.

* Љубчо Белчовски

раните за нивен понатамошен про-фесионален пристап и беспрекорно извршување на доверената задача.

Од ова следи и основната порака дека „во единицата местото е зага-рантирано само за најспособните“, оние коишто достоинствено и гор-до ќе го претставуваат мекедонски-от „специјалец“, без оглед на место-то и условите на извршување на по-ставената мисија.

Полкот за специјални операции е еден од најсветлите брендови на Армијата на Република Македонија, плод на вековните вредности на си-те поколенија воини родени на ова мало парче земја кои, како што ис-такнува командантот на единицата,

3. вежба со спуст од хели-коптер

2. кандидати-те ја покажу-ваат својата подготве-ност да од-говорат и на најтешките предизвици

4. вежби кои го тестираат телото, но и духот на кан-дидатите

39

Page 40: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

местувањето надвор од населените места (логорување) многу често го ко-ристат воените единици во воени усло-ви и во време на елементарни непого-ди (земјотреси, поплави и други при-

родни катастрофи). Тоа се вонредни си-туации кога човекот е присилен да пре-живее во несекојдневни услови за живот. Престојот во природа несомнено придоне-сува за зачувување и за јакнење на психо-физичкото здравје на современиот човек и воин, поради што му се посветува посебно внимание во воената обука, а особено во обуката на припадниците од специјалните единици.

Избор на место за престој

Местото за престој (базирање) мора да биде чисто, суво и благонаклонето, со ниско ниво на подземни води, да има дрвја или да е покрај шума, оддалечено 2 до 3 km од бари и од мочуришта и да е засолнето од силни ветрови. Треба да се избегнуваат места со гу-ста вегетација (висока трева, грмушки и сл.) и места каде има многу полски глувци и дру-ги глодари, бидејќи тоа се потенцијалните ме-ста (природни жаришта) на заразни болести.

На местото за престој, или во негова бли-зина, треба да има доволно вода. Во воени услови се води сметка и за можноста од про-тиввоздушна одбрана (маскирање, природ-ни заклони, вдлабнатини за сместување на

објектите и др.) Во повисоките планинските предели треба да се внимава местото да е заштитено од одронување на карпи, од ла-вини и од наноси. Значи пожелно е местото да се наоѓа покрај езера, потоци или реки, но во тој случај тре-ба да е над населените места, изливите на фекални води, места за фрлање отпад и сл. Местото треба да е оддалечено не помалку од 100 m од земјен пат и од него заштитено (маскирано) со зеленило, дрва и растенија, со цел да се претопи со околината.

УредУвање на логорот

За станбен дел (место за преспивање) се одредува најдобриот дел од избраното земјиште, а кујната и трпезаријата се по-ставуваат поблиску до водниот објект.

Базирање и престој во природа

мисија опстанок

40

Page 41: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Мијалникот се поставува помеѓу станбениот дел и полското WC, а ку-патилото покрај полското WC низ-водно од местата за зафат на вода за потребите на логорот, додека пак WC-то и ѓубриштето во правец на ве-трот во однос на останатите објекти во логорот и во правец на течението на потокот и доволно далеку (200-300m) од водните објекти. Се води сметка правецот на нај-честиот ветар да биде од чистиот дел (станбениот дел и кујната) кон нечистиот дел на логорот (WC-то и ѓубриштето).

Во воени услови објектите се маски-раат и растресито се разместуваат, а особено станбените објекти (шато-ри) во логорот се маскираат и се по-ставуваат растресито под природ-ни заклони или посебно ископани вдлабнатини. За сместување се ко-ристат шатори или колиби од гранки. Лежиштата можат да се прават од: лисја, мов, слама, сено, папрат, да-ски, шаторски крила и други природ-ни и прирачни средства.

Влезовите од шаторите и колиби-те се поставуваат спротивно од ве-трот. Во зимски услови шаторите и колибите треба да се поставуваат на места засолнати од ветар и на ме-ста каде што снегот е подлабок за да се вкопаат во него. Долните ра-бови треба однадвор да се покријат со мов, со земја или со снег. Во во-ени услови, добро сместување и за-штита претставуваат пештерите и земунките.

Земунките треба да се градат на чи-сто, суво и исцедно место, каде под земја ќе бидат најмалку 0,5 m над подземните води во врнежливо вре-ме. За побрзо сушење, ѕидовите и подот можат да се горат со слама и со гранки и треба да се обложат со гранки или со даски. Кровот мора да биде непропустлив на вода и кон-струиран од греди и со облици кои се покриваат прво со слој од лисја и гранки, па со слој од набиена глина (која спречува продирање на вода) и со слој на земја. За маскирање се по-крива со слој на баз.

Земунките се греат со обични или со импровизирани печки, а за отстранување на влагата и на јаглеродниот диоксид, кој во земун-ката во значителна мерка го созда-ваат луѓето, на печките се поста-вуваат дрвени вентилациони кана-ли (аератор). Така земунката се про-ветрува преку кровот кој по целата должина се покрива со гранки и со

1. во услови на преживу-вање, мно-гу работи мо-жат да би-дат извор на калории - па дури и шум-ските змии!

2. и во вак-ва средина одржува-њето на хи-гиената е од посебно значење: јама за отстра-нување отпа-доци напра-вена од ка-тран, земја и чакал.

41

Page 42: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

прачки и ги надвишува бочните стра-ни на кровот, и дури тогаш доаѓа слојот од глина и од земја за зашти-та од атмосферска вода. Лежиште-то (душемето) треба да е подигна-то околу 40 cm од земјата, а се пра-ви од даски или од земја преку што се става слој од: слама, сено, папрат или лисја и шаторски крила, ќебиња и сл. Лежиштето за едно лице треба да е долго 1,8 до 2 m, а широко 50 до 65 cm. Земунките можат да се градат, не само на рамен, туку и на кос те-рен.

Личната хигиена (миењето на ра-цете пред јадење и после одење во WC, замивање, капење, пресоблекување) е од посебно

значење за спречувањето на црев-ните заразни болести и кожните бо-лести. Поради тоа треба да се обе-збеди доволно вода, сапун и сани-тарни средства, кои можат да се им-провизираат.

Мијалниците можат да се импрови-зираат од: корита, дрвени или бен-зински буриња и цевки. Се смета дека едно место (отвор) за миење доаѓа на 6 до10 лица.

Купатилото се импровизира исто така од канти, од дрвени или од бен-зински буриња. Водата може да се грее во посебен казан или во бен-зинско буре ставено на оган.

Отстранување на отпадни материи, а посебно човечки измет и урина, претставува најзначајна мерка во спречување на цревни заразни бо-лести, заштита на човековата околи-на (земјиште и вода) и оневозможу-ва да се размножуваат муви и гло-дари. Поради овие причини се из-работуваат импровизирано полско WC, импровизирани писоари, јами за ѓубре и печки за горење на отпадот.

Длабоко полско WC се гради во ло-горот бидејки се логорува повеќе де-нови, а претставува ров длабок 1,5 m, широк 1 m и долг според бројот на персоналот (еден отвор на 20-30 лица). Се покрива со под од даски на кој се наоѓаат триаголни отвори со капаци кои со клинци се закова-ни за подот и можат да се отвора-

3. местото за престој мора да е суво и добро камуф-лирано

4. земунките се најдобро решение за засолнување во воени услови

42

Page 43: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ат и да се затвораат. Кога WC-то ќе биде две третини наполнето, дрве-ниот под се пренесува на новоиско-пан ров, а стариот се затрупува. До-колку не е покриен со патос тогаш 2 до 3 пати се посипува со слој на земја од околу 10 cm.

Писоарите можат да бидат во вид на инки од лим или од дрво премачкано со катран. Урината се одведува во посебно ископана јама исполнета со чакал. Писоарите можат уште да би-дат и во вид на јама од 1m кубен на-полнет прво со крупен камен, па со ситен камен - чакал, и на крај со пе-сок, а инките се прават од лим или од црна хартија.

Јамата за отпад служи за отстра-нување на цврст отпад. Отпадот 2-3

Јама за помија служи за отс-транување на нечисти отпадни води од кујната и се состои од дел за задржување на масти (сад со издуп-чено дно и канал исполнет со сено, слама и сл.) и впивачка јама.

пати на ден се посипува со слој од земја од околу 10 cm. Јамата се за-трупува кога ќе биде исто така две третини наполнета.

Печките за горење на отпадот мо-жат да се импровизираат од разли-чен прирачен материјал. Печката од камења и земја се прави во вид на купа која е окружена со ѕид, во кој се оставаат неколку вентилациони канали. Отпадот се реди околу купа-та која делува како оџак и се запа-лува. Печката може да се импрови-зира и од бензинско буре на кое му се вадат двете дна и се става на же-лезна решетка која лежи на крстест ров. Наместо буре над решетката може да се соѕида печка од камен или од тули.

5. храната се подготвува во импрови-зирани печки

6. по кампува-њето сите отпадни материјали треба да се соберат и со-одветно да се отстранат

43

Page 44: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ОпштО за Ордените

о дефиниција, орденот е одликување, доделено од Вла-да, Претседател, Кралска куќа или религиозно тело, на поеди-нец, за заслуги за нацијата или за човештвото.

Типичните ордени имаат пет класи, секоја со значка поставена на тес-на лента, за повисоките класи во вид на појас, а за пониските класи околу вратот или на левата страна на гра-дите. Носителите на двете највисоки класи носат и ѕвезда на градите. На воените одликувања може да се по-стават и вкрстени мечеви, додадени на основното обележје. Модерните ордени се најчесто от-

ворени за сите граѓани, без разли-ка на социјалниот статус, полот, ра-сата, освен во некои случаи кога возраста се зема за критериум. Номинирањето за доделување на орден или одликување може да се врши од страна на приватни граѓани или владини официјални лица, за-висно од држава до држава. Веќе доделен орден може да биде одземен доколку личноста почине, стори криминално дело или се отка-же од државјанството на таа држа-ва.

ИсторИја на орденИте

Модерните ордени своите корени ги влечат од средновековниот Орден

1. орден на жартелата (англија)

Ордените и нивниот сјајМало парче метал за големи заслуги

44

Page 45: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

на витештво (Order of Chivalry). До времето на ренесансата, повеќето европски монархии или го прифа-тиле веќе постоечкиот Орден на витештво, или создале свој, со цел наградување на лојалните граѓани или на заслужните воени официјални лица. Некои од највисоките модерни европски одликувања, како Орде-нот на златното руно (Order of the Golden Fleece), англискиот Орден на жартелата (Order of the Garter), дан-скиот Орден на слонот (Order of the Elephant) и шкотскиот Орден на ви-тешкиот ред на Црниот трн (Order of the Thistle) биле создадени токму во тоа време. Сите тие ордени останале надвор од дофатот на широките народни маси сè до 19 век, поточно до 1802 година, кога Наполеон ја креирал по-знатата Легија на честа (Legion of Honor - Legion d’honneur), чиј орден сè уште е највисокото одликување на Франција кое може да биде доде-лено на било кое лице за покажана безрезервна храброст или за 20 го-дини истакната служба, без разлика на социјалниот статус.Француската Легија на честа прет-ставувала модел на орден за заслу-ги во Западниот свет, како за бел-гискиот Орден на Леополд (Order of Leopold) од 1832 година и британски-от Орден на Британската Империја (Order of the British Empire) од 1917 година.Во комунистичките земји, ордените за заслуги обично се делеле на три класи. Како типичен пример за ко-мунистички орден може да се земе рускиот Орден на Ленин (Order of Lenin) од 1930 година. За разлика од западните ордени, ордените во

комунизмот можеле да бидат до-делени неколку пати на истата лич-ност. По падот на Советскиот Сојуз, посткомунистичките земји повтор-но се вратиле на ордените од запа-ден стил.Денес, скоро сите земји во све-тот поседуваат одредена форма на државни ордени и одликувања. И тајландскиот Орден на белиот слон (Order of the White Elephant) и јапонскиот Орден на изгрејсонцето (Order of the Rising Sun) се стари повеќе од 100 години. Соединети-те Држави го доделуваат познати-от Медал на честа (Medal of Honor) на членовите на армијата за покажа-но особено јунаштво, одликување кое со себе носи и посебни при-вилегии. Претседателскиот медал на слободата (Presidential Medal of Freedom) и Конгресниот златен ме-дал (Congressional Gold Medal) се двете најголеми одликувања кои САД ги доделува на цивилни лица.Швајцарија не доделува никакви ор-дени ниту одликувања, а во исто време и швајцарскиот Устав ја ис-клучува можноста швајцарските граѓани да бидат одликувани од која било странска држава.Во 1974 година, шведската Влада ја изгласала резолуцијата со која му се забранило на Кралот на Швед-ска да доделува ордени на шведски граѓани. Таа резолуција не ги укина-ла ордените во целост, односно два-та останати ордени, Орденот на Се-рафим (Order of Seraphim) и Орде-нот на Поларната ѕвезда (Order of the Polar Star), кои сè уште може-ле да бидат доделени, но само на странски државјани. Сепак, во 1995 година се направија измени во За-конот, со што се дозволи преостана-

2. орден на витешкиот ред на црни-от трн (шкот-ска)

лево: 3. орден на леополд (белгија)

десно: 4. ор-ден на дан-ското знаме (данска)

45

Page 46: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

тите два ордена да можат да бидат доделени на членовите на кралската фамилија.

ОДЛИКУВАЊАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ордените, медалите и Повелбата на Република Македонија ги вра-чува претседателот на држава-та, или друго лице кое е овласте-но од страна на претседателот. За-конот за одликувања и признанија на Република Македонија е доне-сен на 27 јуни 2002 год. Република Македонија има пет ордени, два ме-дала и една Повелба на Република Македонија.

ОРДЕН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Орденот на Република Македонија е составен од орденски знак на ѓердан и од орденска ѕвезда. Изработен е од 18 каратно злато, има родиум-ски третирани елементи, соодвет-но тониран топол емајл и скапоцени камења, во современа јувелирско-ковна техника.Штитот од ѕвездата е престава на споени брановидно-тутунови зра-ци кои на својот врв имаат топчест завршеток во кој се вметнати ру-бини. Во централното поле е вмет-нат соодветен рубин. Маргиналниот венец на медалјонот е составен од нишка од брилијанти. Медалјонот на орденскиот знак е идентичен со цен-тралниот медаљон на орденската

ѕвезда. Алката меѓу ѓерданот и ор-денскиот знак е стилизација на Гор-диев (Хераклев) јазол и детаљ од маргините на Болоњскиот псалтир.Орден на Република Македонија се доделува на најистакнати личности и правни лица со посебни заслуги во остварувањето на самостојноста, сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Ре-публика Македонија, најистакнати личности кои исклучително придоне-ле за развивање и за зацврстување на пријателските односи меѓу Ре-публика Македонија и други држа-ви, како и за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед, потоа на владини и невладини организа-ции и здруженија, како и на поедин-ци кои постигнале исклучителни ре-зултати од значење за афирмирање

на Република Македонија во областа на науката, образовнието, уметно-ста, стопанството, хуманоста и слич-но, на домашен и на меѓународен план и на шефови на држави и вла-ди, како и на други истакнати стран-ски личности за вонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработка-та на Република Македонија со дру-ги држави.Добитник на Орденот на Републи-ка Македонија во 2007 година е Ма-кедонската академија на науките и уметностите (МАНУ), за исклучител-ниот придонес во утврдувањето на националната политика и развојот на научната работа и уметничкото творештво, како и за поттикнување и координирање на научно-

истражувачката дејност од значење за севкупниот развој и афирмација на македонската наука и држава и Македонската православна црква (МПЦ), по повод 40-годишнината од стекнувањрто на нејзината авто-кефалност. Во 2009 година, Орден на Република Македонија му беше врачен и на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј” по повод 60 години постоење.

ОРДЕН 8-ми СЕПТЕМВРИ

Орденот е изработен од сребро, со позлата, тониран топол емајл во со-времена јувелирско-ковна техника. Има соодветна, лента и минијатурна лента. Лентите за ордените се изра-ботени од маорирана свила во про-пишаната боја и димензија. Овој орден се доделува за вонред-ни заслуги на личности и држав-ни органи, установи, владини и не-владини организации од Републи-ка Македонија во конституирањето и изградбата на државата како су-верена, самостојна, демократска и социјална држава и во развојот и афирмацијата на меѓунационалните односи и заслуги во одбрана-та и заштитата на државата. Исто така, може да биде доде-лен и на претседатели на држа-ви, на парламенти или влади, како и на други државници за заслуги за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателските од-носи и мирољубивата соработка.Добитник на овој орден е Робер Ба-дентер во 2007 година, поради ис-клучителниот придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Македонија, за развојот на меѓуетничките односи во земјава и за зацврстувањето на пријателските односи и соработка меѓу Република Македонија и Република Франција.

ОРДЕН ИЛИНДЕН- 1903 ГОДИНА

Орденот е всушност редизајн на Илинденската споменица од 1953 го-дина. Изработен е од сребро и по-злата и не се носи на лента. Овој орден се доделува на истак-нати личности во борбите за наци-онално и социјално ослободување, на политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на маке-донскиот народ и неговата држав-ност и на лица, државни органи, установи, владини и невладини ор-ганизации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, неза-висноста и територијалниот интегри-тет на Република Македонија.

ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Орденот за заслуги за Македонија, како што самото име кажува, е од-личие за заслуги за Република Македонија на политичко-социјален, но и на културен и на други планови.Добитници на овој орден се: во 2006 година - Петре М. Андреевски, а во 2007 - академиците Ѓорѓи Фи-липовски, Благој Попов, Јордан Поп- Јорданов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Матеја Матевски и Цветан Грозда-нов.

ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ (МАКЕДОНИЈА)

5. орден илин-ден

6. орден на република македонија

7. орден 8 сеп-тември

8. орден за заслуги за македонија

46

Page 47: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Орденот за воени заслуги е висо-ко воено одличие на Република Македонија кое се доделува за хра-брост и воопшто, истакната служба на воен план.Овој орден се додеува на припадни-ци на безбедносните сили на Репу-блика Македонија, на воените ста-решини и воените единици за из-вонредни успеси во изградбата и јакнењето на одбранбената спо-собност на Република Македонија, за особена храброст или за посеб-ни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, коман-ди и установи, како и на припад-ници на странски вооружени сили за унапредување на соработката помеѓу нивната држава и Република Македонија.

оружените сили на Армијата на Ре-публика Македонија, на вработени-те од Министерството за внатрешни работи и на други личности за пока-жана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Репу-блика Македонија и на припадни-ци на Министерството за внатреш-ни работи за посебни заслуги и дол-гогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите, како и за посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните.

ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Повелба на Република Македонија е одличие во облик на печатена по-велба кое се доделуза за успех на разни здруженија, организации и ин-ституции. Изработена е од тонирана пергамент хартија со пропишани ди-мензии. Се доделува на државјани на Репу-блика Македонија и на државјани на други земји, на правни лица и на меѓународни институции и организа-ции за посебен придонес за развојот на Република Македонија, за особе-ни заслуги во унапредувањето на меѓународните односи на Републи-ка Македонија со други држави и меѓународни институции и органи-зации.

* Иван Петрушевски

МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Медалот за заслуги за Македонија е македонско одличје за најразлични области од животот и работата. Ме-далот е изработен од сребро или патинирана бронза во техниката ковање. Се носи на соодветна три-аголна лента, а има и минијатурна лента.Медалот се доделува на физички и на правни лица за постигнати резул-тати кои придонесуваат за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите области на жи-вотот и работата.Добитници на ова одликување во

2008 година се: Димитар Илиев-ски- Мурато (постхумно) и д-р Глигор Делев, по повод освојувањето на Монт Еверест и Благоја Дрнков за уметнички и културни достигнувања од областа на фотографијата и кинематографијата.

МЕДАЛ ЗА ХРАБРОСТ (МАКЕДОНИЈА)

Медалот за храброст е одличје на Република Македонија кое се доде-лува за искажана храброст во воено-безбедносни операции или ситуа-ции. Медалот е изработен од сре-бро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента. Тој се доделува на припадници на во-

9. медал за за-слуги

10. медал за храброст

11. орден за воени заслу-ги

47

Page 48: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

мајќи го предвид ставот за ефектите од глобализацијата врз светската безбедност и стабилност, станува јасно дека

освен начинот на кој функционира тероризмот, за да се извојува побе-дата во глобалната војна против те-роризмот (ГВПТ), вооружените сили мора да го разберат концептот на дејствување на оние кои ги преди-звикуваат современите безбеднос-ни закани.„Глобалната војна против теро-ризмот сигурно ќе биде добиена од страна на антитерористичката коалиција. Меѓутоа, војниците кои ќе маршираат на победоносната пара-да сè уште не се родени”.Современите размислувања на кои почива денешниот динамичен живот, и тоа во сите сфери на модерното живеење, во голема мера се дикти-рани од глобализацијата. Овој фено-мен (се мисли на глобализацијата), кој експлодира во периодот по Студена-та војна, според одредени видувања воведе низа позитивни вредности. Меѓутоа, постојат и ставови според кои глобализацијата создаде голем број предизвици. Овие предизви-ци се делумно негативни, а делум-но и неутрални (сè уште ефектите од овие појави не се најјасни како што, на пример, тоа е случај со безбед-носниот сектор-појавата на приват-ните организации во постконфлик-тните региони и сл.). Во секој случај, процесите на глобализацијата заси-лено се чувствуваат и на безбедно-сен план. Дисбалансот на т.н. „хо-меостатски еквилибриум” на свет-ската политичка сцена, меѓу друго-то, се одрази и врз еволуцијата на

тероризмот. Користејќи ги услови-те на глобализацијата и предизвици-те кои во многу сегменти ја ставија светската безбедносна машинерија во „празен од”, „Ал Каеда” успеа да развие глобална терористичка мре-жа. Со тоа, идејата на сите терори-стички движења за омасовување и создавање на вооружени сили кои ќе имопонираат на против-никот ја обои со префиксот на глобализацијата. Накратко, „Ал Кае-да” создаде глобална терористичка мрежа која за разлика од класични-от тероризам, во оперативна смисла ги има елементите и на герилата и на тероризмот. Овој микс според многу западни академски видувања е но-вина и едноставно се етикетира како „глобално бунтовнико движење” -

“Global Insurgency”. Еден од сериозните предизвици во безбедносна смисла е тоа што кај поголемиот дел од светската јавност постои отпор за прифаќање на фак-тот дека пристапот кон современите терористи-глобални бунтовници, на-место со полициски сили треба да е со воени сили. Глобалната војна про-тив тероризмот и несогласувањата во тој контекст на најдобар начин го покажаа тоа.Современите закани носат совре-мени предизвици пред команданти-те кои треба да се справат со мо-дерните бунтовници-микс меѓу те-роризам и герилско движење. Овие предизвици се далеку посложени и вклучувaaт повеќе фактори отколку класичните принципи на војување.Со оглед на политичките аспирации на Република Македонија, идните команданти кои ќе учествуваат во меѓународните воени мисии, неза-вино дали тие се под мандат на Со-ветот за безбедност, или, пак, стану-ва збор за операции кои се одраз на „коалиција на волјата”, мора да има-ат посебно развиена доктрина за успешно справување со современи-те закани. Во овој серијал, кој ќе из-лезе во повеќе продолженија, ќе се посветиме на неколку аспекти кои се значјни за противбунтовнички-те операции. Терминот справување со современите закани ќе се кори-сти наместо „борба со современи-те закани” од причина што за да се извојува победа против глобални-те бунтовници, употребата на в/с во конвенционален контекст (кла-сичен, како за време на Студена-та војна), се покажа дека е нефунк-

1. експлоди-ранA авто-мобил-бомба на улиците на египет

Глобалната војна против

тероризмот

ПРОТИВБУНТОВНИЧКИ ОПЕРАЦИИ - I ДЕЛ

48

Page 49: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ционален. Наместо тоа, пристапот мора да е повеќедимензионален и да вклучува реална перцепција на она што, всушност, се случува со глобалните бунтовници. Таа реална перцепција мора да опфати правил-но разбирање на скелетот на овие бунтовници, правилно разбирање на колажот од култури врз кои се пре-лева ова движење на глобално ниво и, конечно, тактиките и техниките со кои се користат на оперативно рам-ниште.

Феноменот на современите бунтовници

Класичното сфаќање на бунтовни-ците укажува на тоа дека ултиматив-на цел на бунтовничките движења е

И за современета мрежа на бунтов-нички движења, и во класична смис-ла, за да се фомира бунтовничко движење, неопходни се, генерално, три предуслови:Прво, т.н. критична маса на ранливо население. Независно од какви побу-ди (политички, социјални, економски, религиозни, етнички и сл.), оваа гру-па од општеството е отворена и под-готвена за промени. Нормално, бун-товниците се тие кои се нудат да ука-жат помош (значи оправдано или не, најчесто е случај на манипулација), за да се ублажи состојбата. На тој начин, користејќи го незадоволстото од актуелната власт ова движење се омасовува.

Без да постои критична маса во која

може да се има поддршка, секое бун-товничко движење е осудено на про-паст.

Второ, водство кое е подготвено да даде насоки. Критичната маса кај која постои незадоволство сама по себе нема да го поддржи бунтовнич-кото движење. Мора да постои ли-дерство кое ќе има капацитет да про-цени, да селектира и да влијае преку директиви кон оној дел од населе-нието кој е најлесен за заведување (дури и да станува збор за критична маса кај која постои незадоволство и овде постојат нијанси). Се разби-ра, насоката и движењето на луѓето мора да се доведе во каналот на бунтовничките интереси.Харизматичните лидери се секо-

да го изменат системот против кој се бунтуваат. Движењето може да биде идеолошки мотивирано (кому-нисти и капиталисти, генерално за време на Студената војна), економ-ско (поретко, но постојат респек-тивни примери), етничко, религиоз-но (такви на пример се движењата на Косово, примерите во Руанда-етнички-класни, во Чеченија - етничко-религиозни, а респективно и настаните во Република Македонија од 2001 година). Меѓутоа, она што предизвикува забуна на оваа тема се релациите: тероризам-герила-бунтовници. За таа цел најпрвин ќе ги објасниме основните поими (преку кои ќе го опишеме миксот помеѓу тероризмот и герилата и создавањето на глобал-ната бунтовничка мрежа), нешто врз што се гради современиот безбед-носен предизвик. Потоа ќе дадеме историски преглед на тоа и на каков начин дејствувале овие движења во светот, со одредени конкрет-ни случаи на борба против бунтов-ниците (независно дали станува-ло збор за тероризам или за герил-ски движења), во кои ќе ги наведе-ме предностите и недостатоците во овие операции. Тоа ќе ни помогне да ги разбереме основните постулати на кои се засноваат противбунтов-ничките операции (ПБО), од причина што тоа е значајно за идните плане-ри на претстојните мисии на АРМ. Во овој серијал ќе се осврнеме и на не-кои од концептите и доктрините кои командантите до ниво на бригада треба да ги имаат в предвид кога ќе планираат против-бунтовнички опе-рации (ПБО).Класичен поглед на концептот на бунтовничките движења Организираниот отпор кој го спро-ведуваат одредени структури/гру-пи од цивилното население на една држава со цел да и се спротивстават на постоечката влада, или истата да се отфрли, се нарекува бунтовничко движење. Во секој случај, бунтовнич-ките движења во класична смисла на зборот се дел од бранот на револу-ционерни движења. Во суштина, не постои револуција без движење на отпор-бутновници. Меѓутоа, движење на отпорот-бунтовници, можат да постојат без да постои револуција (ова е најчесто во случај кога целите на водачите на бунтов-ничките движења не се замислени да ја отфрлат власта-значи движењето да прерасне во револуција). Во секој случај предмет на оваа дебата ќе би-дат бунтовничките движења кои са-каат да ја отфрлат власта со насил-ни методи.

2. детаљ од револуцијата во алжир

3. американ-ски војници во авганистан

49

Page 50: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

гаш клучниот елемент кој треба да ги даде насоките. Тие најчесто се центарот на гравитација кај пого-лемиот дел од конвенционалните команданти кога станува збор за донесување на воени одлуки. Еден од проблемите што бунтовниците во Грција на пример се несериозни и на меѓународен план, е отсуството од доволно харизматичен лидер.Трето, недостаток од владина кон-трола. Недостатокот од владина-та контрола, независно од ставови-те на некои од западните академ-ски умови, може да е реален, или имагинарен-наметнат. Колку е пого-лема контролата на властите (се мис-ли на ефективна контрола, не на ре-пресивна, којашто може да преди-звика меѓународна одговорност, по-

вторно условено со политичката моќ на ентитетот со кој управува таа вла-да), толку шансите за омасовување на бунтовничките движења се пома-ли.Покрај овие основни предуслови, кои се генерални, за успехот на со-времената глобална мрежа на бун-товниците, мошне важни се и след-ните дополнителни критериуми: - движењето зависи правопропор-ционално од масовноста на под-дршката која му ја дава останати-от дел од населението. На пример, иако „Ал Каеда” не е директно под-држана, заради неуспехот на коали-ционите сили правилно да приста-пат во поствоениот период во Ирак, состојбата од декември 2003 годи-на драстично се влоши благодаре-ние на масовноста на „Ал Каеда”, но и на освојувањето на симпатиите на локалното население. Сосем иден-тично беше и во Авганистан. Откако се изгуби иницијативата заради по-грешните процени и лоши пристапи на конвенционалните елементи, та-либанците започнаа да ја омасову-ваат позитивната слика за нивното движење помеѓу населението. На тој начин, целото население не мора да се согласува со дејствувањето на бунтовниците. Доволна е и пасивна-та поддршка која ќе им ја даде;

Обуката и опремувањето на бунтов-ниците речиси секогаш е поддржана и потпомогната однадвор- напорот-потфатот на бунтовници-те треба да биде кон иста цел. Без да постои јасна цел која ќе биде раз-брана подеднакво од сите оние кои го поддржуваат движењето, бун-товничкото движење многу лесно може да доживее неуспех. Сè она што е не пожелно за масите, или ако може така да се изразам, да ја про-маши очекуваната цел со драстич-ни отстапувања од идејата зара-ди која и е остварена поддршката, може само да му наштети на бунтов-ничкото движење. Приемрот со Ал Заркави во Ирак, и формирањето на „Ал Каеда-Ирак”, можеби е најавтентичен и најсвеж пример за ефектот на недостатокот од един-ствен напор;- желба за отпор кај наеление-то. Без активен отпор на населе-нието не може да се очекува дека движењето ќе ја задоволи идејата на движењето;- водството на пониско ниво. Без со-одветен кадар кој има кредибили-тет на локално ниво, водството на движењата на отпорот нема да мо-жат да ги постигнат своите цели. Ова е посебно значајно за да може да се разбере современото глобал-но бунтовничко движење. Тоа всуш-ност почива на идејата на „Ал Каеда” за функционирање преку сателитски ќелии (меѓутоа за ова поопширно ќе стане збор подоцна);- разузнавање. Еден од клучните елементи без кој нема да може да функционира ниедно бунтовничко движење е доброто разузнавање. - пропаганда. Пропагандата е осно-

4. во глобал-ната борба против те-роризмот, сојузничките сили секој-дневно се со-очуваат со го-леми предиз-вици

5. секој нов ден носи нови преди-звици и бара исклучител-на подготве-ност

50

Page 51: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

вен елмент за омасовување на движењето и за здобивање поддршка. Таа во современи-от пристап на „Ал Каеда” и нејзините привр-зани групи често се користи за манипулација и тоа како мошне успешен метод;- посакувана средина. Посакуваната среди-на се однесува на дел од населението кај кого постои разочарување по некоја осно-ва. Ова, како резултат на современите гло-бализациски текови, е честа појава (се мисли на тоа кога одредена група на население од општеството ќе се најде во конфликт со вла-дата заради реформи, преструктурирања или наметнување на одредени давачки). Тоа, будно се следи од ова движење, и до-зирано се „таргетира”и во насока во која се очекува постигнување на ефект.- надворешна-меѓународна поддршка. Во речиси сите дебати, написи и академски истражувања, претходните осум дополни-телни услови се единствените кои се клуч-ни за успшно организирање на бунтовнич-ко движење. Меѓутоа, реалноста и практи-ката нè учи дека, можеби, најбитниот еле-мент за тоа дали бунтовничкото движење ќе може да се закани, па дури и да ја оства-ри целта (значи да ја отфрли посточката власт или уредување, а кога станува збор за глобалното бунтовничко движење се мисли на глобалниот безбедносен поредок), е меѓународната поддршка. Имено, за вре-ме на Студената војна речиси и да не посто-ел конфликт со низок интензитет кој не бил спонзориран од Истокот, односно од Запа-дот. Современата практика пак, покажа и еден нов феномен кој се одрази на ефек-тот и на успехот на современото глобал-но бунтовничко движење. Отсуството на меѓународната поддршка од одредени клуч-ни меѓународни ентитети, ја отапи силата со која коалицијата на волјата тргна во ГВПТ. И покрај сè, историски, поддршката била фи-зичка и психолошка. Кога велиме физичка се мисли на материјално-технички средства

галниот вакуум е тоа колку властите на бун-товничкото движење ќе се смилуваат да го признаат статусот на завојувана страна, или страна во вооружен судир. Дека ова не мора да е услов покажува и практиката. Со признавањето на Хрватска за независен ен-титет, на пример, конфликтот во Југославија од внатрешен прерасна во надворешен. Тоа е само еден од многуте примери во кој по-литката го маргинализирала правото и соз-дала хаос. Накратко, отсуството од прециз-на правна регулатива и волја кај ентитети-те, не само декларативна, туку и реална - за почитување на постоечките одредби, соз-даде проблем кој е една од причините за еволуција на тероризмот и глобалното бун-товничко движење.

* Методи Хаџи-Јанев

(МТС): оружје, персонал, па дури и поддршка со цели вооружени единици. Психолошката поддршка, пак, се однесува на политичкиот притисок врз власта од влијателен надворе-шен фактор. Во овие моменти, ако власта-владата е дезорганизирана, многу лесно, бунтовничкото движење може и нереално да извојува победа, а со тоа да дојде до поса-куваната цел. Она што е мошне специфично за бунтовнич-кото движење во овој контекст, исто така, е и легалниот статус на припадниците на ова движење, односно правната рамка која ги диктира условите и правилата на третманот на припадниците на оваа категорија лица. Иако ова е во согласност со востановените принципи и правила на Меѓународното пра-во за бунтовничко движење, постојат прави-ла и во Дополнителниот протокол I од 1977 г. на Женевските конвенции од 1949 г. Во прак-тиката се покажа дека овие правила се пре-многу општи и оставени на интерпретација. Тоа во услови на различни политички инте-реси создава „магла” во која е тешко да се разликува вистинското движење на бун-товниците, значи оние кои реално во со-гласност со постоечките принципи се бо-рат според правилата на оние кои ги прек-ршуваат. Фактот дека Дополнителниот про-токол I не е на ниво на обичајно право, зна-чи не генерира регулатива која е на ниво на општ принцип ius coegens, е дополнителен аргумент кој ја потврдува констатацијата за легалниот вакуум кој постои околу кла-сичните бунтовници. Овие констатации се од посебно значење за изведувањето на ПБО, бидејќи од тоа ка-ков е статусот на оние про-тив ко се планираат и се из-ведуваат ПБО ќе зависат и правилата на однесување. Најспорен момент околу ле-

51

Page 52: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ЖНЕЈ-ГРАДИ-УНИШТИ

еверојатно, но вистинито! Тре-бало да поминат повеќе од 15 години од развојот на персо-налниот комјутер за на паза-рот на компјутерски игри за прв пат да се појави нејзиното висо-

чество - компјутерската стратегија. Дури и тогаш, компјутерските стра-тегии биле многу налик т.н. „board games”, како што е „Монопол” или „Ризик”. Така, првите стратегиски игри биле „turn-базирани”, односно, играчот имал неограничено време за размислување и за одлучување за следниот потег. Сепак, сето тоа се сменило со молскавична брзина и на сцена стапиле „Real Time Strategy” - симулациите, чија база била конти-нуираната акција во која „гејмерот” морал во секое време да донесу-ва одлуки и акции во однос на про-тивникот. Уште од старт, фокусот на Real Time Strategy (RTS) - симула-циите бил во поимите harvest-build-destroy (жнеј-гради-уништи).

Така приказната нè носи до пионе-рот во RTS - симулациите - Herzog Zwei (Westwood). Играта е толку стара што не верувам дека кој било од помладата генерација воопшто слушнал за неа. Но и таа, исто како Моделот Т на Форд, Бубата на Фолц-ваген и 2CV на Цитроен, ја започна еволуцијата во својот сегмент. Про-

дуцирана во 1989 година, на тогаш најпознатиот DOS - систем, се бази-ра на двајца играчи, секој со своја главна база и неколку помали бази. Како статисти биле поставени и не-колку неутрални бази, кои реал-но постоеле само за да го „разуба-ват” просторот. Сепак, сето тоа, на-дополнето со поставување цена на чинење на секоја воена едини-ца, како и потребата од гориво за нејзино функционирање, ни дава една позитивна слика за овој ран пи-онер во RTS -симулациите.

За самиот поим RTS, пак, треба да му заблагодариме на Brett Sperry, креативниот директор и коосно-вач на Westwood, еден од лидери-те во продукција на RTS - симулаци-ите. „Не бев сигурен за самиот назив на жанрот дури и по продукцијата на Herzog Zwei. Размислував за на-зивите real time war game, real time war, wargame или strategy game. Се-пак, суштината на овие игри може да се увиди само ако тие бидат нарече-ни со името кое целосно ги каракте-ризира, а тоа е, Real time strategy”-

1. и 2. “HERzOG zWEI”: пионе-рот на RTS-симулациите

СТРАТЕГИИОСВРТ НА (Р)ЕВОЛУЦИјАТА НА ИГРИТЕ КОИ НЕ ДРЖАТ БУДНИ ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ

52

Page 53: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

3. DUNE II: за многу „гејмери“ основата за стратегиите како што ги знаеме денес

изјави по тој повод креативниот ди-ректор. „ВОЈНАТА ЗАПОЧНУВА”

И тоа како! На сцена се појави нова-та вистинска RTS - симулација, слав-ната Dune II. Овој пат „гејмерите” мо-жеа да изберат една од трите крал-ски куќи кои се борат за контрола над зачинот кој е единствениот ре-сурс. Новината во оваа стратегија е воведувањето на различните едини-ци и различните оружја за секоја од

ОСВРТ НА (Р)ЕВОЛУЦИјАТА НА ИГРИТЕ КОИ НЕ ДРЖАТ БУДНИ ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ од Иван Петрушевски

53

Page 54: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

страните. Многумина од „гејмерите” сметаат дека токму со Dune II започ-нува ерата на стратегиските игри.И тогаш дојде 1994 година, година во која Blizzard ни ја престави Warcraft: Orcs and Humans. Подобрувањата беа видливи. Беше претставена првата „hand to hand” борба. И две-те раси имаа слични градби со слич-ни можности, но различни имиња и различен изглед. Играта доживеа средно добар успех, но секако го по-плочи патот за голем успех на едно од нивните следни изданија.

Така, започна првата стратеги-ска војна - Модерните оружја на Westwood против Магијата на Blizzard.Во 1995 година Westwood Studios се врати на бојното поле со тешка

артилерија - го промовираше први-от производ на серијалот „Command and conquer”. Продуциран и за MS DOS и за Windows 95, „C&C”, беше реализација на листата на желби на студиото покренати од Dune II. По-ради големиот успех, Westwood на пазарот пушти голем број мини продолженија и надополнувања на првичната верзија.

БИТКАТА НА ПРОДОЛЖЕНИЈАТА

Први кои го зададоа ударот беа умо-вите на Blizzard, кои во 1995 година на пазарот го промовираа Warcraft II - Tides of darkness. Подобрувањето во ова издание најмногу можеа да се забележат во однос на графиката, додека гејмплејот - приказната, глав-ните актери и нивните карактеристи-

ки беа помалку или повеќе исти како и кај претходникот. Меѓутоа за раз-лика од Warcraft II, Red Alert, продол-жението на „C&C” на Westwood му донесе многу поени. Играта имаше уникатен шарм. И тоа, токму поради Сталин, кучињата-чувари, Тесла ку-лите, шпиуните... Приказната се све-дува на борбата помеѓу Алијансата (Allied forces) и Советите. Студиото го убива Хитлер уште пред тој да заста-не на чело на Германија, со што вооп-што не го споменува постоењето на нацистичка Германија. Играта се ба-зира на двете спротивставени стра-ни кои имаат различни единици, но и различни тактики. Тоа е нешто што е прв пат видено во светот на RTS - симулациите - различни слабости и различни јаки страни. Додека воена-та сила на Алијансата се темели на

моќната морнарица, Советите имаат развиена авијација. Успехот на Red Alert бараше голем број екстензии на играта, кои Westwood и тоа како успешно ги продуцираше. Вреди да се споменат RA: Counterstrike и RA: Aftermath.

ГЕНЕРАЦИЈА - ВТОРА

Според логичкото подредување на нештата на овој свет, време му беше на Blizzard да го „возврати” ударот. И токму тоа се случи. Иако, во од-нос на графиката, играта „Total Annihilation” на Activision претставу-ваше голем чекор напред. Големиот хит на Blizzard, „Starcraft” ги поста-ви темелите врз кои ќе се развива-ат следните големи остварувања во овој жанр. Тие ни ги претставија по-

знатите раси Terran, Zerg и Protoss, кои во основа беа многу добро ба-лансирани.

И тука замре сè, барем за одреден период. Но, повторно, мудроста на старите луѓе се докажа за непро-ценлива. Овој период беше наречен „затишје пред бура” бидејќи следу-ваа продолженијата на „C&C” и „Total Annihilation”. Се појави и една „turn-базирана” игра која неочекувано беше голем хит - „Star fleet Battles” на Interplay, направена врз база на познатиот Star Trek серијал.

Развојот на графиката, токму во овој период, беше од голема по-мош на развојот на RTS симула-циите кои сè повеќе предизвику-

4. гејмплејот на DUNE II

5. и 6. “HAND TO HAND” борба, која за првпат се појавува во WARCRAFT: ORCS AND HU-mANS

54

Page 55: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

ваа воодушевување кај гејмерите. Развојот на 3D-стратегиите од но-вата генерација целосно ги засени добро етаблираните 2D стратегии, иако и ден денес на пазарот може да се најдат нови 2D RTS-симулации.

Eidos Interactive со својот производ „Warzone 2100” од 1999 година го на-мали значењето на собирањето на ресурси, нешто што скоро се разви во мини економија во претходните стратегии. Симулацијата се базира-ше на акција со брзо темпо, со по-мал акцент на микроменаџирањето на базата, а поголем на автономно-ста на единиците и нивниот развој. И „Warzone 2100” направи голем ис-чекор напред во однос на графика-та - се појави терен со голем број де-тали, експлозии и други ефекти. Се-пак, и покрај одличните карактери-стики, играта не доживеа некој пого-лем успех.

Можеби најголемата рамнодушност кон жанрот ја предизвика играта „C&C: Tiberian Sun” (Westwood, 1999 година). Сепак, јас сум еден од обо-жавателите на оваа игра кои смета-ат дека и покрај гејмплејот кој се ка-рактеризираше како „веќе видено”, оваа игра можеше да ви понуди до-бра забава и да ве остави без сон.

МИНАТОТО И ИДНИНАТА

„Stunning”, „Gorgeous”, „Cinematic” беа зборовите кои беа употребува-ни за опишување на „Homeworld”, производ на Sierra (1999 година). И покрај стандарните карактеристики за една RTS - симулација (harvest-build-attack), како и континуираната игра со трансферабилни ресурси, не-што што во тоа време е веќе вооби-

надополнет со новите „Warcraft III” и долгоочекуваниот „Stаrcraft 2” само ни докажуваат дека real time strategy-симулациите ќе не остават приковани за компјутерот уште дол-го време. „Dune II”, ти благодариме.

чаено во стратегиите, постоењето на одличен интерфејс, надополнет со одличната приказна за раса која кога ќе открие дека е потомок на вонземјани, гради вселенски брод и тргнува во нивна потрага ја поставу-ва оваа игра на самиот врв на листа-та најдобри стратегиски игри.

Од друга страна, гигантот Microsoft, пак, истата година ја претстави „Age of Empires II - Age of Kings” - продол-жение на нивната средновековна стратегија - „Age of Empires”. Иако, на прв поглед, новото продолже-ние на познатата стратегија не во-ведува никакво подобрување, освен во поглед на графиката, „Age of Empires II” е пионер во многу аспек-ти. Подобрувањето на вештачка-та интелигенција, воведувањето

на интелигентните формации (при застанување во формација, арчери-те се заштитени од hand-to-hand бор-ба), појава на можност за бирање на нивото на агресивност на секоја еди-ница, воведување на сопствен јазик за секоја цивилизација се елемен-ти кои ја прават оваа стратегиска симулација вредна за споменување. ANY FINAL WORDS?

Развојот на RTS - симулациите про-должува со ненамалено темпо. Све-доци сме на секојдневна промоција на наслови кои ги задоволуваат и најпребирливите гејмери. Развојот на серијалот „Command and Conquer”, во поново време претставен од „C&C: Tiberium wars” и „Red Alert 3”,

изданија ко-ишто сите со нетрпение ги очекуваме:

8. и 11. COmmAND & CONqUEROR III: KANE’S WRATH

9. легендар-ната RED AlERT

7. и 10.STARCRAFT II

55

Page 56: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

нигата „Поим за глобална безбедност“ е дел од програмата на Владата на Ре-публика Македонија за преведување на 500 стручни, научни книги и учебни-ци од кои се учи на врвните, најдобрите

и најреномираните универзитети во САД и земјите од Европската Унија. Со нејзиното промовирање во рамките на списанието кое е во вашите раце, отпочну-ваме со куса презентација на сите преведе-ни и издадени дела од областа на одбрана-та и на воената мисла. Го искажуваме задоволството што и Ми-нистерството за одбрана на Републи-ка Македонија учествува во овој проект, давајќи предлози за наслови кои се од об-ласта на безбедносно-одбранбената и вое-ната мисла, кои веќе се наоѓаат пред чита-телите.

Уверени сме дека истите особено ќе им бидат од корист на вработените во Ми-нистерството и Армијата на Република Македонија, на питомците и студентите на Воената Академија, која забрзано се подгот-вува повторно да отпочне со својата работа, на сите вработени кои се подготвуваат сво-ето школување и стручно доусовршување да го продолжат во земјата или кои истото, низ разните форми на билатерална и мул-тилатерална соработка, имаат можност да го направат во некоја од земјите на НАТО и Европската Унија. На овој начин, на чита-телската јавност — се достапни преводи на македонски јазик на значајни дела на рено-мирани светски автори, со што се создаваат претпоставки, покрај постигнувањето на ин-тероперативноста со критериумите и стан-дардите на земјите членки на НАТО во дру-гите области (што во голема мерка е веќе направено), истото да се направи и во об-ласта на тн. „интелектуална оперативност“, низ воопштувањето на критичната научна мисла и поттикнувањето на критичкото и творечко мислење. Питер Хју е виш лектор по Меѓународна политика и го предава овој предмет на Middlsex Универзитетот во Обединетото Кралство, а исто така држи и предавања од областа на меѓународните односи, глобализацијата, безбедносната политика и меѓународната политичка економија.

Целосно подобрено и ажурирано, со цел да ги вклучи најновите тенденции во светската политика, второто издание на „Поим за гло-бална безбедност“ ги анализира различните начини на тоа каков е животот на луѓето под закана и/или колку е човекот безбеден во современата глобална политика. Традицио-налниот фокус на текстовите за Студиите по безбедност (војна, заплашување и теро-ризам) се анализирани заедно со невоените безбедносни прашања, како немаштијата, криминалот, болестите, катастрофите, деградацијата на околината и злоупотре-

бата на човековите права, со цел да се обе-збеди сеопфатно истражување за тоа како и зошто се убиваат луѓето (и) во современи-от свет. Меѓународната безбедност (п)останува по-вторно круцијално прашање на светот по 11 септември. Затоа оваа книга е перфектен вовед во сите аспекти на меѓународната без-бедност на 21. век.

Питер Хју во оваа книга ни покажува дека постојат најмалку девет закани ширум совре-мениот свет, и тоа:- воени закани (во односите меѓу државите)- воени закани од недржавни актери кон државите- економски закани- социјални закани (дискриминации)- еколошки закани- здравствени закани- природни закани (несреќи)- инциденти/несреќи- криминални закани

Авторот на својствен начин сите области ги обработува во посебни поглавја на раз-бирлив јазик, поткрепен со конкретни при-мери, допирајќи до суштината на темата и нејзините клучни точки.

Извадок: стр.11Табела 1.1(а) Најголеми опасности во светот (%)ª___________________________________________1. Криминал 272. Тероризам 153. Здравствена/економсканесигурност 13 4. Несреќи/природникатастрофи 125. Војни 8___________________________________________

Забелешка:а Според едно испитување на 6043 луѓе од 11 земји: Бразил, Канада, Франција, Индија, Јапонија, Русија, Јужна Африка, Тајланд, ВБ, САД. Прашањето беше да ја кажат најголемата опасност по нивниот живот.Извор: Центар за човекова безбедност (2005:50-53)

Новини во ова издание се:

- Анализата на клучните меѓународни поли-тички настани во последните години, како што се: војната во Ирак, ураганот Катрина и израелската инвазија врз Либан;- Најновите тенденции во распространува-њето на оружјето за масовно уништување и „војната против тероризмот“;- Новите податоци за смртните случаи при-пишани на глобалното затоплување и уло-гата што тоа ја игра во “обезбедувањето“ на прашањата во агендите на скептичните држави;- Испитување на „болестите на животот“ на-далеку проширени со распространувањето

на Западната култура, како што се пушењето и дијабетесот; - Подетална анализа на најновите дипломат-ски и институционални напредоци од обла-ста на безбедноста: Мрежата на човекова безбедност и Комисијата за човековата без-бедност на ОН.

Близок до корисниците и лесен за следење, овој учебник е направен со цел сложениот предмет да го направи достапен за сите. Клучни карактеристики се: - Табелите со „нај-десет“ во кои се опи-шани најубиствените настани или фор-ми на смртни случаи во тие области низ историјата;- Опишувањата со извадоци кои ги разрабо-туваат клучните концепти од полето на без-бедноста и меѓународните односи;- „Биографските извадоци“ за клучните ин-дивидуи кои оставиле белег во светските на-стани;- Препорачаната литература и интернет страниците на крајот од секое поглавје кои ве упатуваат кон најновите информации за различни теми;- Речникот на политичката терминологија.

Книгата изобилува со извадоци/цитати од многу автори како што се следниве: (може да се вметнат во текстот). Карл фон Клаузе-виц : “Во моментот кога трошокот на сила (во војна) ја надмине вредноста на политич-ката цел тогаш целта се отфрла и следува мир“. ( За војната, Klausewitz, 1976:92),

Карл Попер: “...Слободата може да ја на-прави безбедноста (по)безбедна“. (Karl Popper ,1966:130) или целосно во ориги-нал: “We must plan for freedom. And not only for security, if for no other reason than only freedom can make security more secure“.

Високоприфатениот и популарен академски текст и понатаму ќе претставува неопход-ност за секој кој е заинтересиран за безбед-носта. Затоа, драг читателу, уште еднаш Ви препорачуваме времето со кое располагате соодветно да го организирате за да го про-читате и ова дело.

56

Page 57: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

Почитувани читатели,

Во новото списание воведуваме и новина - директен контакт со Вас, верната публика. Земајќи предвид дека вашето мислење е најдоброто мерило на нашиот успех, оваа страница Ви ја посветуваме токму Вам. Со нетрпение ги очекуваме Вашите мислења, предлози и критики кои можете да ги испраќате на e-mail: [email protected]

ОдгОвОр:

Почитуван читателу, Ви благодариме за покажаниот интерес. Во-едно би сакале да Ве информираме дека со стартот на новото списание „Штит“, кое е симбиоза на досегашните „Армиски збор“ и „Одбрана“, го задржуваме континуитетот во информирањето на јавноста за активно-стите на Армијата на Република Македонија. Искрено се надеваме дека и со новото спи-сание ќе успееме во целост да го задржиме Вашето ценето внимание.

ОдгОвОр:

Драг Филип,Идејата која ја предлагаш беше сериозно разгледувана уште од поодамна, а твојата реакција ни даде дополнителен елан за нејзина реализација. Затоа уште од првиот број на новото списание ги поставивме темелите на нашето интересирање за компјутерските стратегиски симулации. Се надеваме дека темите кои ќе ги обработуваме и во следните броеви ќе бидат на големо задоволство на вас - „гејмерите“.

ОдгОвОр:

Почитуван Горан,Со задоволство би сакале да Ве информи-раме дека информациите кои проструиле во јавноста околу можноста за излегување на ново списание, се точни. Впрочем, постоењето на првиот број од новото списа-ние „Штит“, во кое е одвоен голем дел токму за областите од твој интерес е доказ дека и понатаму твојата желба за информирање ќе биде исполнета.

„Последен број на армиски збор?“

Како Ваш редовен читател, многу непријатно се изненадив кога ме информираа дека јануарскиот број на „Армиски збор“ беше после-ден. Не знаејќи ги вистинските причини за него-вото згаснување, би сакал да го истакнам мое-то мислење дека весникот во целост го покри-ваше „вакуумот“ во однос на информирањето за воените активности на нашата армија, како и придонесот на нашата армија во мисиите во Ирак и во Авганистан. Искрено се надевам дека мојата реакција, заедно со реакцијата на другите верни читатели, ќе Ве натера да раз-мислувате во насока на продолжување на дол-гогодишната традиција на нашиот весник.

Трајан Петков, Март 2009

„Добронамерна критика“

Како млад читател на Вашето ценето списание „Одбрана“, кој припаѓа на онаа, како што ја нарекуваат, компјутерска генерација, би сакал да ја изразам мојата бла-годарност што во секој број на „Одбрана“ одвојувате место за анализа и објаснување на познати софтвери, како и објаснување на голем број елементи на глобалната мрежа кои сме ги сретнале многу пати, но и покрај тоа не ја знаеме нивната вистинска функција. Се-пак, сметам дека не може да се занемари и влијанието на компјутерските игри, особе-но врз нас, младите. Затоа би сакал да Ве за-молам доколку сте во можност, во некој иден број на списанието да вметнете одредени ин-формации за новините и во таа област.

Филип Петковски, јануари 2009

Драга Редакцијо,Ви го испраќам ова писмо не како реакција или коментар, туку во вид на прашање. На-слушнав дека на местото на добро познато-то списание „Одбрана“, кое не можам да го најдам во продажба уште од јануари оваа го-дина, во блиска идинина ќе почне да излегу-ва ново списание. Мора да признаам дека ги обожував анализите за воената подготве-ност на балканските авијации, како и рубрика-та „Вооружување и техника“, која уште од по-четок ми ја исполнуваше желбата да бидам во тек со новите и најмодерни оружја, најискрено се надевам дека подготовките за тоа ново списание веќе се во тек и дека во него ќе имам можност и понатаму да се информирам за сите новини во тие области.

Горан Мартиновски, Јуни 2009

57

Page 58: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

атувањата, нели, служат за доживување, за обезбедување чувство на промена, за откривање на возбудата од промената. На патувањето

се „ловат“, се паметат важните, значајните, историските моменти.

Низ годините што изминаа, почи-тувани читатели, двете изданија на Министерството за одбрана: „Од-брана“ и „Армиски збор“ (едното врсник на одбраната бидејќи започ-на со излегување во летото 1992 година, а другото како весник на Армијата на Република Македонија излезе три години подоцна во кве-черината на прославата на Денот на Армијата, на 17 август 1995 го-дина), патуваа низ времето заед-

но со вас. Растеа, се развиваа и се трансформираа во духот на време-то, онака како што се трансформи-раа Армијата и одбраната. Како што Еган Ервин Киш, познат новинар, светски репортер од Прва-та светска војна, смислил и запи-шал: „Ништо не е така возбудли-во како едноставноста на вистина-та, ништо не е поегзотично од на-шата средина, ништо не е пофанта-стично од стварноста и ништо нема посензуално на светот од време-то во кое живееме“, така и „Арми-ски збор“ и „Одбрана“ во годините на своето постоење, беа регистра-тори на настаните кои одбележаа дел од поновата историја на Репу-блика Македонија и ја информираа јавноста за актуелните настани на

Нов почетокВО КОНТИНУИТЕТ НА ПИшАНИОТ АРМИСКИ ЗБОР ВО РМ

58

Page 59: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

која гласи: „Ако сакаш да користиш плодови една година - посеј жито, ако сакаш да береш плодови десет години - насади дрво, и ако сакаш да береш цел живот - учи во младоста“.

Плејадата вљубеници во пишани-от збор, кои продефилираа во ре-дакциите на двете списанија од основањето до денес, засади дрво чии плодови ќе продолжи во кон-тинуитет да ги бере новото списа-ние во кое се трансформираа „Ар-миски збор“ и „Одбрана“ - списание-то „Штит“.

Секое патување е нов чекор, нова можност, нова надеж. Од патувањето луѓето се враќаат освежени, стиму-лирани, инспирирани. Повеќе од си-гурно е дека така ќе биде и со но-вата редакција на „Штит“. Нејзините членови ќе продолжат смело и гордо да чекорат по трасираниот пат и да се носат со предизвиците на новото време, да ја информираат јавноста во континуитет!

* Здравко Ризовски

патот кон исполнувањето на страте-гиската цел – членството на Републи-ка Македонија во евроатлантското семејство.

Да се потсетиме и на големиот гер-мански и светски филозоф - Георг Фридрих Хегел. Негова максима била дека „сè што е умно е стварно, сè што е стварно е умно“. Основната не-гова идеја била дека постоењето на луѓето, на нештата, на односите меѓу луѓето и целиот човеков живот - има причина за своето постоење. Штом веќе нешто постои има оправдување за тоа постоење. „Армиски збор“ и „Одбрана“ во потполност го оправ-даа своето постоење и целосно ја извршија својата благородна мисија.

Кинезите имаат една трајна порака

Page 60: VOENA · 2014. 4. 23. · Avtomatot na mafija[kite presmetki BUR@E 2009 Aeromiting vo Pariz MISIJA {kola za vistinski oficer i xentlmen АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјА

0101