109
ИШМАЕЛ Авантура на умот и духот Даниел Квин наопаку 001 burntheguilt.blogspot.com

Ишмаел

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Македонски превод на легендарната книга Ишмаел од Даниел Квин.

Citation preview

Page 1: Ишмаел

ИШМАЕЛ Авантура на умот и духот

Даниел Квин

наопаку 001 burntheguilt.blogspot.com

Page 2: Ишмаел

2

Превод: Горан Аргироски, 2010/2011; Корекции: Стефан Симоновски

Page 3: Ишмаел

3

Еден

1.

Првиот пат кога го видов огласот, се гушев, проколнував, плукнав и го фрлив весникот на подот. Бидејќи

тоа не ми изгледаше доволно, го грабнав, отидов до кујната и го фрлив во кантата за ѓубре. Додека бев

таму, си направив мал појадок, и си дадов себеси малку време да се средам. Јадев и мислев на нешто

сосем друго. Така е. Потоа повторно го извадив весникот од ѓубрето и го отворив кај делот со огласите, само за да видам дали проклетото

нешто е с уште таму и дали е така како што го запомнив. Таму беше.

УЧИТЕЛ бара ученик. Мора да има вистинска желба

да го спаси светот. Аплицирајте лично.

Вистинска желба да го спаси светот! Ох, тоа ми се допаѓаше. Беше навистина богато. Вистинска желба да се спаси светот – да, тоа беше прекрасно. До пладне, двеста празноглавци, бубалици, кретени и избрани интелектуалци, без

сомнение ќе бидат наредени пред дадената адреса, спремни да ги предадат сите работи коишто ги поседуваат, само за да

ја имаат ретката привилегија да седнат покрај нозете на некој гуру, кој е полн со изјави дека се ќе биде добро само ако

сите се свртат и го прегрнат својот комшија. Ќе се запрашате: Зошто е овој човек толку гневен? Толку огорчен? Тоа е фер

прашање. И јас себеси си го поставував истото прашање.

Одговорот е назад во времето, неколку декади претходно, кога имав глупава замисла дека единственото нешто што го

сакам најмногу на светот е... да најдам учител. Така е. Си замислував дека сакам учител - дека ми треба учител. Да ми

покаже како може некој да направи нешто што би можело да се нарече... спасување на светот.

Глупаво, зар не? Детско. Наивно. Едноставно. Површно. Или само фундаментално глупаво. Колку од една страна да

изгледа нормално, а од друга страна чудно, потребно е објаснување.

Вака беше.

За време на детскиот револт во шеесеттите и седумдесеттите години, бев доволно стар за да разберам што овие деца имаа

на ум - да го свртат светот наопаку - и доволно млад за да поверувам дека навистина можат да успеат во тоа. Вистина е.

Секое утро кога ќе ги отворев очите, очекував да видам како новата ера веќе започнала, како небото е посветло сино, a

тревата посветло зелена. Очекував дека ќе чујам смеа во воздухот, и дека ќе ги видам луѓето како танцуваат на улиците, и

тоа не само децата - сите! Нема да се извинувам за мојата наивност; треба само да ги слушнете песните за да знаете дека

не бев сам.

Но еден ден се разбудив и сфатив дека новата ера никогаш нема да започне. Револтот не беше уништен, само се сведе на модна изјава. Дали бев јас единствениот човек на светот кој беше разочаран од ова? Збунет од ова? Игледаше така. Сите

останати како да го поминаа тоа само со цинична насмевка која велеше, “Па што очекуваше? Никогаш немало повеќе од

ова, и никогаш нема да има повеќе од ова. Никој не сака да го спаси светот, затоа што на никој не му е гајле за светот, тоа

беа само зборови на будалести деца. Најди работа, заработи малку пари, работи до шеесет години старост и на крајот

пресели се на Флорида и умри.”

Не сакав да поминам тукутака преку ова, и во мојата невиност мислев дека мора да има некој со непозната мудрост кој

може да ги растера мојата разочараност и збунетост: Учител.

Па, секако дека немаше.

Не сакав гуру или кунг фу мајстор или спиритуален директор. Не сакав да станам волшебник или да го научам зенот на стрелаштвото или да медитирам или да ги наредам чакрите или да откривам минати инкарнации. Уметностите и

дисциплините од тој вид се фундаментално себични. Сите тие се дизајнирани за корист на ученикот - не за светот. Јас

барав нешто сосем друго, но тоа не можеше да се најде во Yellow Pages или на кое било друго место.

Во делото на Херман Хесе - Патување на исток, никогаш не дознавме во што се состоеше големата мудрост на Лео. Тоа

е затоа што и самиот Хесе не можеше да ни каже нешто што и тој самиот не го знае. Тој беше како мене - тој само

копнееше да најде некој како Лео, некој со тајно знаење и мудрост многу поголема од неговата. Всушност, нема тајно

знаење; никој не знае повеќе од тоа што може да се најде на некоја полица во јавна библиотека. Но јас тогаш не го знаев

тоа.

И затоа барав. Колку и да звучи смешно, јас барав. За споредба, ќе имаше повеќе смисла да тргнев во потрага по Светиот

Грал. Не сакам да зборувам за тоа, премногу е засрамувачки. Барав се додека не се опаметив. Престанав да правам будала од себе, но нешто умре во мене - нешто што отсекогаш ми се допаѓаше и му се восхитував. На тоа место остана лузна -

жилаво место, но и тажно место.

Page 4: Ишмаел

4

И сега, по многу години откако се откажав од потрагата, се појавува шарлатан со оглас во весник за истиот оној сонувач

којшто бев јас пред петнаесет години.

Но ова не ја објаснува мојата разјареност, нели?

Замислете си го ова: Сте биле вљубени во некој една декада – некој што едвај знае дека сте жив. Сте направиле с , сте пробале с за да направите таа личност да сфати дека вие сте драгоцена и вредна личност и дека вашата љубов вреди

нешто. Тогаш го отворате весникот и брзо разгледувате низ огласите и гледате дека личноста во која сте вљубени

поставила оглас... Бара некој доволно добар да го сака и да биде сакана.

Ох, знам дека не е потполно исто. Зошто би очекувал овој непознат учител да ме контактира мене лично наместо да

постави оглас дека бара ученик? Спротивно на тоа, ако овој учител е шарлатан како што претпоставував, зошто би сакал

јас тој да стапи во контакт со мене?

Оставете го тоа. Само бев ирационален. Се случува, дозволено е.

2.

Секако, морав да одам таму - морав да се задоволам себеси со тоа дека ова е само уште една измама. Разбирате. Триесет

секунди би биле доволни, само еден поглед, десет зборови од неговата уста. Тогаш ќе знаев. И тогаш ќе можев да си одам

и да заборавам на тоа.

Кога дојдов таму, се изненадив кога видов дека всушност се работи за многу обична канцелариска зграда, полна со

второкласни адвокати, забари, патувачки агенти, хиропрактичар и неколку приватни детективи. Очекував нешто многу

поатмосферично - кафеаво поплочен под со панели на ѕидовите, високи тавани и можеби, искршени прозорци. Ја барав

соба 105 и ја најдов на крајот, каде што еден прозорец гледаше кон сокакот. Вратата беше подотворена. Ја турнав за да ја

отворам и зачекорив во празна, голема соба. Ова необично место беше направено со рушење на внатрешните прегради,

што можеше да се забележи од дамките на голиот под направен од дрво.

Тоа беше мојот прв впечаток: празнина. Вториот беше: мирис; Местото мирисаше на циркус - не, не на циркус, туку на

Менаџерија (патувачка изложба на животни), непогрешлив, но не и непријатен. Разгледав наоколу. Собата не беше

сосема празна. Покрај ѕидот од левата страна стоеше мала полица со книги на која имаше триесет или четириесет

изданија, главно историја, праисторија и антропологија. Осамена фотелја стоеше во средината, свртена настрана, кон

ѕидот оддесно, и изгледаше како нешто што го заборавиле луѓето што го преселиле останатиот мебел. Без сомнение таа

беше резервирана за учителот; неговите ученици би седеле на колена или на перници наредени во полукруг околу

неговото колено.

А каде беа учениците, за кои предвидов дека ќе бидат присутни во стотици? Дали можеби дошле и биле одведени како

децата на Хамелин? Слој од недопрена прашина лежеше на подот за да ѝ противречи на таа идеја.

Имаше уште нешто чудно во врска со таа соба, но ми требаше уште еден поглед наоколу за да видам што е тоа. На ѕидот спроти вратата имаше две високи прозорски крила, кои пуштаа слаба светлина во собата од улицата. Ѕидот од левата

страна, исто како и соседната канцеларија, беше празен. Ѕидот оддесно беше продупчен од голем стаклен прозорец, но

јасно беше дека тоа не беше прозорец кон надворешниот свет, затоа што не пропушташе вооопшто светлина, тоа беше

прозорец од соседна соба, многу помрачна од онаа во којашто бев јас. Се прашував каков објект на обожување беше

поставен таму, надвор од дофатот на љубопитните раце. Дали беше некој препариран Јети или Бигфут, направен од крзно

на мачка или „папие-маше“? Дали беше тело на вонземјанин, убиен од Националната гарда пред да успее да ја пренесе

неговата племенита порака од ѕвездите (Ние сме браќа, бидете добри).

Бидејќи позадината беше мрачна, стаклото беше темно - непровидно, рефлектирачко. Не се обидов да видам што има зад

него додека се доближував; јас бев спектакл којшто беше набљудуван. Кога стигнав до стаклото, гледав во моите очи за

момент, а потоа го фокусирав погледот напред низ стаклото и се најдов себеси како гледам во уште еден пар очи.

Се тргнав наназад, уплашен. Потоа препознавајќи го тоа што го видов, се тргнав повторно наназад, сега веќе преплашен.

Суштеството од другата страна на стаклото беше возрасно горило.

Возрасен, секако, не кажува ништо посебно. Тој беше страшно голем, карпа, столб од Стоунхенџ. Неговата потполна

маса беше алармирачка сама по себе, иако тој не ја користеше на никаков заканувачки начин. Напротив, тој беше полу-

седнат, полу-потпрен многу мирно, грицкајќи нежно од тенката гранка која ја држеше во левата рака како диригентски

стап. Не знаев што да кажам. Ќе видите колку бев обесхрабрен од овој факт: мислев дека треба да зборувам - да се

извинам, да го објаснам моето присусутво, да го оправдам моето влегување, да го молам суштеството за извинување.

Чувствував дека е навредливо да го гледам во очи, но бев парализиран, беспомошен. Не можев да гледам ништо друго на светот освен неговото лице, поодвратно од кое било друго во животинското царство поради сличноста со нашето, но

сепак многу поплеменито од кој било грчки идеал за совршенство.

Page 5: Ишмаел

5

Всушност и немаше пречка меѓу нас. Стаклото ќе се распрснеше на парчиња само ако го допреше. Но изгледаше како

воопшто да нема намера да го допира. Тој седеше и гледаше во моите очи и грицкаше од крајот на неговата гранка и

чекаше. Не, не чекаше: тој само беше таму. Бил таму пред да дојдам и ќе биде таму откако ќе си одам. Имав чувство дека

имав значење за него колку што за овчарот има еден облак што поминува, додека се одмара на некоја ледина.

Како што опаѓаше мојот страв, се врати свеста за мојата ситуација и си реков себеси дека учителот едноставно не е тука, дека повеќе нема што да ме задржува таму, дека треба да си одам дома. Но, не сакав да си одам со чувство дека не сум

постигнал ништо. Разгледав наоколу, мислејќи да оставам порака, ако успеам да најдам нешто на што би можел да

пишувам (и нешто со што би пишувал), но таму немаше ништо. Сепак, оваа потрага, со помислата за писмена

комуникација, ми го сврте вниманието на нешто што го превидов во собата што беше позади стаклото: тоа беше знак или

постер којшто висеше на ѕидот позади горилото. Пишуваше:

АКО ЧОВЕКОТ ГО НЕМА,

ЌЕ ИМА ЛИ НАДЕЖ

ЗА ГОРИЛОТО?

Овој знак ме стаписа, или поточно, овој текст ме стаписа. Зборовите се мојата професија: ги фатив овие и барав да се

објаснат себеси, да престанат да бидат несфатливи. Дали тие кажуваа дека надежта за горилото лежи во исчезнувањето на човековата раса или во нејзиниот опстанок?

Можеше да се прочита на два начина.

Тоа, секако, беше загатка. Направена да биде необјаснива. Ми се гадеше поради тоа, но и поради друга причина:

изгледаше дека ова прекрасно суштество зад стаклото беше држено во заробеништо единствено за да служи како жива

илустрација на оваа загатка.

Ти навистина би требало да направиш нешто во врска со ова. Си реков себеси луто. Потоа додадов: најдобро би било да

седнеш и да бидеш мирен.

Го слушав ехото од ова чудно предупредување исто како да беше фрагмент од музика којашто не можев со сигурност да ја идентификувам. Ја погледнав фотелјата и се запрашав: Дали е најдобро да седнам и да бидам мирен? И ако е така,

зошто? Одговорот дојде многу брзо: Затоа што ако си мирен, ќе можеш подобро да слушнеш. Да, помислив, тоа

неоспорно е така.

Без никаква посебна причина ги подигнав моите очи кон очите на мојот ѕверски придружник од соседната соба. Како што

знаат сите, очите зборуваат. Двајца туѓинци можат без посебен напор да ги откријат нивните заеднички интереси и

привлечности со еден поглед. Неговите очи прозбореа, и јас разбрав. Моите нозе се претворија во желе и едвај успев да

стигнам до фотелјата без да паднам.

“Но, како?” Реков, не осмелувајќи се да ги изговорам зборовите гласно.

“Зарем е важно?” Тој одговори исто така тивко. “Тоа е така и ништо повеќе не треба да биде кажано.”

“Но, ти –“ промумлав. “Ти си...”

Открив, доаѓајќи до зборот, и немајќи друг збор да го ставам на тоа место, дека не можам да го изговорам.

По кратко време, тој климна со главата, како да и потврдува на мојата тешкотија. “Јас сум учителот.”

Едно време се гледавме во очи и чувстував дека мојата глава беше празна како напуштена фарма.

Потоа тој рече; ”Дали ти треба време да се соземеш?”

“Да” викнав, зборувајќи гласно за првпат.

Тој ја сврте неговата масивна глава на едната страна, за да може да гледа во мене љубопитно. “Ќе помогне ли ако ја

ислушаш мојата приказна?”

“Секако” реков. Но прво - ако сакаш - те молам кажи ми го твоето име.

Гледаше во мене некое време без да одговори и (колку што можев да видам) без израз. Потоа продолжи да зборува како

воопшто да не сум рекол ништо.

“Роден сум некаде во шумите на екваторијална западна Африка,” рече. “Никогаш не се потрудив да дознаам точно каде, и не гледам причина зошто би го направил тоа. Дали случајно знаеш нешто за собирање на животни за циркуси и

зоолошки?”

Page 6: Ишмаел

6

Погледнав нагоре, исплашен. “Не знам ништо за собирање животни.”

“Едно време, особено за време на триесеттите, најчест метод којшто се користеше за горилата беше овој: кога

собирачите ќе најдеа група горили, ги убиваа сите женки и ги земаа сите новороденчиња.“

“Колку ужасно.“ реков, без размислување.

Суштеството одговори со слегнување на рамениците. ”Не се сеќавам како точно се случи тој настан - иако се сеќавам на

многу работи пред тоа. Како и да е, Џонсонови ме продадоа во зоолошка во некој мал североисточен град - не можам да

кажам кој, затоа што тогаш с уште немав свест за тие работи. Таму живеев и растев неколку години.“

Застана и гризаше од гранката инстинктивно некое време, средувајќи си ги мислите.

3.

На такви места (најпосле продолжи) каде што животните едноставно се затворени, речиси секогаш тие се многу

подзамислени од нивните роднини во дивината. Дури и најнеинтелегентните од нив не можат а да не чувствуваат дека

нешто е многу погрешно со овој начин на живот. Кога велам дека се подзамислени, не мислам на тоа дека поседуваат моќи на расудување. Но тигарот што го гледате како нервозно се движи низ неговиот кафез, безмалку е преокупиран со

нешто што човекот секако би го препознал како мисла. А таа мисла е прашањето: Зoшто? ”Зoшто, зoшто, зoшто, зoшто,

зoшто, зoшто?“ тигарот се прашува себеси, ден за ден, година за година, одејќи го својот бескраен пат зад решетките на

кафезот. Не може да го анализира прашањето или да елаборира за тоа. Ако имате можност некако да го прашате

суштеството, “Што зoшто?” нема да може да ви одговори. И покрај тоа ова прашање гори како бескраен оган во

неговиот ум, нанесувајќи му пеколна болка што не исчезнува с додека суштеството не западне во крајна летаргија, што

чуварите во зоолошките го препознаваат како неповратно отфрлање на животот. И секако, ова прашање е нешто што

ниту еден тигар којшто живее во своето природно живеалиште не си го поставува.

Многу одамна и јас почнав да се прашувам себеси зошто. Бидејќи бев невролошки многу понапред од тигарот, можев да

истражувам што значи тоа прашање, барем на некој едноставен начин. Се сеќавам на еден поразличен начин на живот кој беше, барем за оние коишто го живееја, интересен и удобен. Спротивно на тоа, овој живот беше агонизирачки досаден и

никогаш удобен. Така, прашувајќи се зошто, се обидував да откријам зошто животот беше поделен на овој начин,

половина интересен и удобен, а половина досаден и неудобен. Не се чувствував како заробеник; не ми падна на памет

дека некој ме спречува да имам интересен и удобен живот. Бидејќи не претстоеше одговор за моето прашање, почнав да

ги согледувам разликите помеѓу двата животни стила. Најголемата разлика беше тоа што во Африка бев член на

семејство - вид на семејство за кој луѓето од вашата култура не знаат со илјадници години. Доколку горилите би биле

способни за такво изразување, би ви кажале дека нивното семејство е како рака, а тие се прстите. Тие се целосно свесни

за тоа дека се семејство, но многу малку дека се индивидуи. Овде во зоолошката имаше други горили - но немаше

семејство. Пет отсечени прсти не прават рака.

Го земав предвид нашето хранење. Човечките деца сонуваат за земја каде што планините се од сладолед и дрвјата се леб

од ѓумбир и камењата се бомбони. За горилата, Африка е токму таква земја. Каде и да се свртиш има нешто прекрасно за јадење. Никој не размислува, “Ох, подобро да одам да побарам храна.” Храната е насекаде, се зема речиси без

размислување, како што се зема воздух. Всушност, никој не гледа на тоа како на посебна активност. Туку, тоа е како

вкусна музика која свири во позадина додека траат дневните активности. Всушност, хранењето за мене стана хранење

дури кога дојдов во зоолошката, каде што двапати дневно големи количини на невкусна крма беа фрлани во кафезите.

Откривајќи мали работи како овие, мојот внатрешен живот започна - приличо незабележано.

Иако не знаев ништо за тоа, Големата депресија го земаше својот данок кон сите активности на американскиот живот.

Зоолошките насекаде мораа економски да се прилагодат, редуцирајќи ги животните кои треба да се одржуваат, а со тоа

редуцирајќи ги сите трошоци. Голем број на животни беа едноставно убиени, затоа што немаше пазар во приватниот

сектор за животни кои не беа лесни за чување или не беа шарени или драматични. Исклучоци беа, секако, големите мачки и приматите.

Накратко, бев продаден на сопственик на патувачка менаџерија која имаше да пополни празен вагон. Јас бев голем и

импресивен адолесцент кој претставуваше долготрајна инвестиција.

Можете да претпоставите дека животот во една ќелија е како и во секоја ќелија, но тоа вооопшто не е така. Земете го во

предвид човечкиот контакт, на пример. Во зоолошката сите горили беа свесни за нашите човечки посетители. Тие беа

интересни за нас, вредни за гледање, како што птиците или верверичките околу куќата би биле интересни за гледање за

некое човечко семејство. Јасно ни беше дека тие чудни суштества не гледаат нас, но никогаш не ни падна на памет дека

се таму конкретно за тоа. Во менаџеријата пак, многу брзо и вистински го сфатив овој феномен. Всушност, моето

образование во врска со ова започна од моментот кога за првпат бев изложен. Мала група на посетители се доближи до мојот вагон и за кратко почнаа да зборуваат со мене. Бев зачуден. Во зоолошката посетителите зборуваа меѓу себе -

никогаш со нас. “Можеби овие луѓе се збунети.” Си реков себеси.

Page 7: Ишмаел

7

“Можеби ме помешале со некој од нивните. “ Моето чудење и збунетост се зголемуваа како што, една по една, секоја

група го посетуваше мојот вагон однесувајќи се на истиот начин. Едноставно не знаев што да мислам за тоа.

Таа ноќ, без да размислувам многу, го направив својот прв обид да ги распоредам своите мисли за да решам проблем.

Возможно ли е, се запрашав, менувајќи ја својата локација да се променив и себеси? Не се чувствував воопшто променет,

и секако ништо во мојот изглед не изгледаше променето. Можеби, помислив, луѓето кои ме посетија тој ден припаѓаа на друг вид, сосема поинакви од тие што ме посетуваа во зоолошката. Ваквото размислување воопшто не ме воодушеви;

двете групи беа идентични во секој поглед, освен тоа што првата група зборуваше меѓу себе, а втората со мене. Дури и

звукот на говорот беше ист. Мора да беше нешто друго.

Следната ноќ го нападнав проблемот повторно, размислувајќи вака: Ако ништо не се променило кај мене, и ако ништо не

се променило кај нив, тогаш мора нешто друго да се променило. Јас сум истиот и тие се истите, така што сигурно нешто

друго не е исто. Гледајќи на тоа така, можев да видам само еден одговор: Во зоолошката имаше многу горили; овде

имаше само едно. Ја почувствував силата на тоа, но не можев да си замислам зошто посетителите би се однесувале на

еден начин во присуство на едно горило, а на друг начин во присуство на повеќе горила.

Следниот ден се обидов да посветам повеќе внимание на она што моите посетители го зборуваа. Набрзо забележав дека

иако секој говор беше различен, имаше еден звук којшто се појавуваше цело време, и изгледаше како да е наменет да го привлече моето внимание. Се разбира не можев да ризикувам да претпоставам што значеше тој звук. Не поседував ништо

што би послужило како Розета Стоун.

Вагонот од мојата десна страна беше заземен од женско шимпанзо со новороденче, и веќе забележав дека посетителите

зборуваа со неа на истиот начин на којшто зборуваа со мене. Потоа забележав дека посетителите користеа различен

периодичен звук за да го привлечат нејзиното внимание. Кај нејзиниот вагон посетителите викаа, “За-За! За-За! За-За!“

Кај мојот вагон викаа, “Голијат! Голијат! Голијат!”

Малку по малку, набрзо разбрав дека тие звуци се однесуваа директно на нас двајца како Индивидуи. Вие, коишто од

раѓање имате име и веројатно мислете дека дури и кучето што го чувате како милениче е свесно за тоа дека има име (што

е неточно), не можете да замислите каква револуција во мојата перцепија се создаде од фактот дека имам име. Нема да претерам ако кажам дека јас навистина се родив во тој момент - се родив како личност.

Не требаше многу за да сфатам дека, како што јас имав име, така и с останато имаше име. Можеби ќе си помислите дека

затворено животно има многу мали шанси да го научи јазикот на неговите посетители, но тоа не е така. Менаџериите

привлекуваат семејства, и набрзо открив дека родителите непрекинато ги учат своите деца за вештините на јазикот:

“Погледни Џони, тоа е патка.! Можеш да кажеш патка? П-А-Т-К-А! Знаеш ли како вика патката? Патката вика квак

квак!”

За неколку години можев да ги следам повеќето разговори само со слушање, но дознав дека збунетоста одеше заедно со

разбирањето. Досега знаев дека јас сум горило, а За-За шимпанзо. Исто така знаев дека сите жители во вагоните беа

животни. Но не можев точно да ја сфатам конституцијата на животното; нашите човечки посетители јасно се разликуваа

себеси од животните, но јас не можев да сфатам зошто. Ако сфатив што не прави нас животни (а мислев дека сфатив), не можев да сфатам што ги прави нив неживотни.

Природата на нашето заробеништво не беше повеќе мистерија, затоа што слушнав како им ја објаснуваат на стотици

деца. Сите животни од менаџеријата некогаш порано живееле во нешто што се нарекува Дивина, што се простира

насекаде во светот (што и да значи тоа “светот”). Земени сме од Дивината и заедно ставени на едно место, бидејќи од

некоја чудна причина, интересни сме им на луѓето. Не чуваат во кафези затоа што сме “диви” и “опасни”- термини кои

ме збунија, затоа што евидентно се однесуваа на квалитети коишто јас ги поседував. Кога родителите сакаа да им

покажат на своите деца особено диво и опасно суштество, покажуваа кон мене. Вистина е дека покажуваа и кон големите

мачки, но бидејќи немав видено голема мачка надвор од кафез, тоа не беше многу просветлувачко.

Во целина, животот во менаџеријата беше напредок во споредба со животот во зоолошката, затоа што не беше толку угнетувачки досаден. Не бев воопшто огорчен на моите чувари. Иако имаа поголем опсег на движење, тие изгледаа дека

се исто така врзани за менаџеријата како и сите нас, и ништо не ми покажуваше дека надвор од неа живеат сосем друг

живот. Полесно ќе прифатев дека јас сум го измислил Бојловиот закон отколку мислата дека неправедно бев лишен од

некое вродено право, како правото да живеам како што сакам.

Поминаа можеби три или четири години. Тогаш еден дождлив ден, кога земјиштето беше празно, добив необичен

посетител: осамен човек, кој мене ми изгледаше стар и збрчкан, но за кој подоцна дознав дека е во неговите рани

четириесети. Дури и неговиот пристап беше карактеристичен. Стоеше на влезот од менаџеријата, гледаше систематски

кон секој вагон, и на крајот тргна кон мојот. Застана кај јажето, оддалечен околу метар и половина, го заби врвот на

бастунот со којшто одеше во калта пред неговите нозе и почна да гледа интензивно во моите очи. Никогаш не се

збунував од човечки поглед, па така мирно возвратив на неговиот поглед. Јас седев, а тој стоеше неколку минути без да

се помрдне. Се сеќавам дека чувствував необичен восхит кон овој човек, којшто без тешкотија го издржуваше дождот кој се слеваше по неговото лице и ја натопуваше неговата облека.

Конечно се исправи и ми климна со главата, како да дошол до внимателно размислуван заклучок.

Page 8: Ишмаел

8

“Ти не си Голијат,” рече.

Кога го рече тоа, се сврте и се врати од каде што дојде без да погледне лево или десно.

4.

Бев како погоден од гром. Не бев Голијат? Што би можело да значи тоа, не сум Голијат?

Не се сетив да кажам, “Добро, ако не сум Голијат, тогаш кој сум јас? “ Човек би го поставил тоа прашање, бидејќи би

знаел дека, без разлика кое е неговото име, тој е несомнено некој. Јас не знаев.

Токму спротивното, мислев дека, ако не сум Голијат, тогаш мора да сум никој.

Иако овој странец ме немаше воопшто видено с до тој ден, не се посомневав ни за момент дека тој зборува со неоспорен

авторитет. Илјадници други ми се обраќаа со името Голијат - дури и оние коишто, како работниците во менаџеријата, ме

познаваа добро - но тоа не беше поентата. Странецот не рече, “Твоето име не е Голијат.“ Тој рече. “Ти не си Голијат.“

Имаше голема разлика. Почувствував дека (иако тогаш не можев да се изразам така), мојата свесност за себе беше прогласена за илузија.

Западнав во состојба на магливост, ниту свесен ниту несвесен. Еден од вработените ми донесе храна, но јас го игнорирав.

Падна ноќ, но јас не спиев. Дождот престана и сонцето изгреа без јас да забележам. Набрзо тука беше вообичаената

гужва од посетители кои викаа “Голијат! Голијат! Голијат!” но јас не обрнував внимание.

Неколку дена поминаа на овој начин. Тогаш, една вечер откако менаџеријата затвори за тој ден, јас се напив од мојот

бокал и набрзо заспав - ми беше ставен јак седатив во водата. Утрото се разбудив во непознат кафез. На почетокот,

воопшто не го препознав како кафез затоа што беше многу голем и со необичен облик. Всушност беше кружен и отворен

од сите страни; како што рабрав подоцна, еден павилјон бил модификуван за таа намена. Освен една голема бела куќа во

близина, тој беше осамен во средината на еден атрактивен парк за кој мислев дека се протега до крајот на светот.

Не помина многу време пред да добијам објаснување за ова чудно преместување. Луѓето кои доаѓаа во менаџеријата,

барем дел од нив, доаѓаа со очекување дека ќе видат горило кое се вика Голијат; како дошле до такво очекување не

можев да претпоставам, но тие секако го имаа; и кога сопственикот на Менаџеријата дозна дека јас не сум Голијат, тешко

можеше да продолжи да ме изложува како таков, па немаше голем избор освен да се ослободи од мене. Не знаев дали да

жалам за ова или не; мојот нов дом беше многу попријатен во споредба со сите места на коишто бев откако ја напуштив

Африка, но без дневната стимулација на посетителите, набрзо ќе станеше многу подосаден од зоолошката, каде што

барем имав друштво од другите горили. С уште размислувајќи за овие работи, напладне, всушност видов дека не сум

сам. Еден човек стоеше зад решетките, а неговата црна силуета се оцртуваше во далечината покрај куќата која беше

осветлена од сонцето. Се доближив претпазливо и се зачудив кога го препознав.

Како повторно да ја одигрувавме нашата претходна средба, се гледавме во очи неколку минути, јас седејќи на подот од мојот кафез, а тој потпирајќи се на неговиот бастун. Бидејќи беше сув и убаво облечен видов дека всушност не е стар

како што мислев на почетокот. Неговото лице беше долго и темно и ковчесто, неговите очи гореа со чуден интензитет, а

на неговата уста имаше израз на блага насмевка. Најпосле, тој климна со главата, исто како и претходно, и рече:

“Да, во право бев. Ти не си Голијат. Ти си Ишмаел.” И повторно, како с што беше битно конечно да е решено, се сврте и

си замина.

И уште еднаш бев како погоден од гром - но овој пат погоден од чувство на големо олеснување затоа што бев ослободен

од заборав. Всушност и грешката која направи да живеам толку долго како некој друг, конечно беше исправена. Бев

целосен како личност - не повторно, туку за прв пат.

Бев обземен од љубопитност за мојот спасител. Воопшто не помислив да го поврзам него со моето преместување од

менаџеријата на ова шармантно место со убав поглед, затоа што с уште не бев способен и за наједноставните заблуди:

post hoc, ergo propter hoc. Тој за мене беше супериорно суштество. За ум подготвен за митологија, тој беше почеток на

нешто што би се нарекло налик бог. Тој двапати се појави на кратко во мојот живот - и двапати, само со една изјава, ме

трансформираше. Се обидов да трагам по скриените значења на овие појавувања, но најдов само прашања. Дали овој

човек дојде во менаџеријата да ме бара мене или Голијат? Дали дојде надевајќи се дека јас сум Голијат или се сомневаше

дека не сум? И како толку лесно ја најде мојата нова локација? Немав мерка за границата на човековото информирање;

дали, како што беше познато дека можев да бидам пронајден во менаџеријата (а изгледаше дека е), исто така беше

познато дека можев да бидам пронајден и овде? И покрај сите неодговорени прашања, остана фактот дека ова итро

суштество двапати ме пронајде за да ми се обрати неслучајно - како личност. Бев сигурен дека, сега кога го реши

проблемот со мојот идентитет, ќе го снема засекогаш од мојот живот: што друго остануваше за него?

Сигурно претпоставуваш дека овие случувања од кои застанува здивот се тотална бесмисленост. Вистината (за којашто

дознав подоцна), исто така не беше ништо помалку фантастична.

Page 9: Ишмаел

9

Мојот доброчинител беше еврејски трговец од овој град, човек по име Валтер Соколов. Еден ден ме пронашол во

менаџеријата, додека шетал по дождот, во состојба на самоубиствена мрачност што се спуштила над него неколку месеци

претходно, кога дознал дека бездруго целата негова фамилија била проголтана во наци холокаустот. Неговите прошетки

го одвеле до карневалот кој бил поставен на крајот од градот, и влегол внатре без нешто посебно на ум. Поради дождот

повеќето тезги и шатори биле затворени, давајќи му на местото изглед на напуштеност, која се сложувала добро со неговата меланхолија. На крајот дошол во менаџеријата, каде што главните атракции биле рекламирани со серија од

бледи слики. Една од овие слики, побледа од другите, го претставувала горилото Голијат како мафта со скршеното тело

на африкански домородец како да е оружје. Валтер Соколов, кој најверојатно мислеќи дека горило со име Голијат е

погоден симбол за Наци џинот кој бил ангажиран да ја уништи расата на Давид, заклучил дека е добро таквото

чудовиште да биде чувано зад решетки.

Влегол внатре, се доближил до мојот вагон, и гледајќи во моите очи, набрзо сфатил дека не сум во сродство со

крвожедното суштество на сликата - исто така и со филестинскиот мачител на неговата раса. Открил дека воопшто не му

претставувало задоволство да ме гледа зад решетки. Спротивно на тоа, со донкихотовски гест на чувство на вина и пркос,

решил да ме спаси од мојот кафез и да ме постави како страшна замена за семејството коешто не успеал да го спаси од

кафез во Европа. Сопственикот на менаџеријата се согласил да ме продаде; дури му било и мило да му дозволи на

господин Соколов да најми и еден одгледувач кој ќе ме чува. Сопственикот бил реален; со неминовното влегување на Америка во војна, патувачките шоуа како неговото или ќе го поминат својот животен век во зимските краеви или просто

ќе исчезнат.

Откако ми даде еден ден да се сместам во новото опкружување, г. Соколов се врати за да почне да ме запознава. Сакаше

одгледувачот да му покаже како се прави с , од мешање на мојата храна до чистење на мојот кафез. Го праша дали мисли

дека сум опасен. Одгледувачот му рече дека јас сум како тешка машинерија - опасен, но не по карактер, туку по впечаток

на очевидна големина и сила.

По еден час г. Соколов му рече на одгледувачот да си оди, и се гледавме во очи во долга тишина, исто како што досега

направивме двапати. Конечно - безволно, како да совладува некоја страшна внатрешна препрека - почна да зборува со

мене, но не на шеговит начин како што зборуваа посетителите на менаџеријата со мене, туку како некој што зборува со ветрот или брановите што се удираат на брегот, искажувајќи нешто што треба да биде кажано, но не треба да биде

слушнато од никого. Како што ги истури својата жалост и себе-обвинување, така постепено заборави на потребата за

претпазливост. Кога помина еден час, тој веќе беше потпрен на мојот кафез со едната рака замотана околу една решетка.

Гледаше во земја, изгубен во мислите, и јас ја искористив оваа прилика за да ја изразам мојата наклоност, нежно

милувајќи ги зглобовите на неговата рака. Тој скокна наназад, исплашен, но еден поглед повторно во моите очи му

потврди дека мојот гест беше целосно безопасен.

Возбуден од ова искуство, почна да се сомнева дека јас навистина поседувам интелегенција, и неколку едноставни

тестови беа доволни за да го убедат во тоа. Докажувајќи дека ги разбирам неговите зборови, тој дојде до заклучок (како и

други подоцна работејќи со други примати), дека би можел да произведам и мои. Накратко, тој одлучи да ме учи да

зборувам. Ќе ги прескокнам болните и понижувачки месеци што следеа. Никој од нас не разбираше дека тешкотијата

беше несовладлива, најмногу должејќи се на тоа дека ми недостасуваше основна фонична опрема. Во недостиг на тоа разбирање, двајцата работевме под импресија дека таа вештина еден ден магично ќе се развие во мене ако сме доволно

истрајни. Но конечно дојде денот кога не можев повеќе да продолжам, и во мојата болка неможејќи да му го кажам тоа,

му го смислив тоа, со целата ментална сила што ја поседував. Тој беше изненаден - како што бев и јас, кога видов дека го

слушна мојот ментален крик.

Нема да те заморувам со сите чекори на нашиот напредок сега откако беше остварена целосна комуникација меѓу нас,

затоа што верувам, тие се лесно замисливи. Наредната декада тој ме научи с што знаеше за светот и универзумот и

човечката историја, а кога моите прашања го надминаа неговото знаење, учевме заедно. И кога најпосле моите учења ги

надминаа неговите интереси, тој со задоволство стана мој асистент за истражување, наоѓајќи книги и информации кои

беа, секако, надвор од мојот дофат.

Насочувајќи го неговиот интерес кон моето образование, мојот доброчинител набрзо престана да се измачува себеси и

постепено се извлече од неговата магливост. До почетокот на шеесетите, јас веќе бев како гостин на кој му треба многу

малку внимание од својот домаќин, па г. Соколов почна да си дозволува себеси повторно да се открива во социјалните

кругови, со не-непредвидлив резултат наскоро да се најде во рацете на една млада жена од околу четириесетина години,

која не гледаше причина зошто не би можел тој да се претвори во задоволувачки сопруг. Всушност, тој воопшто и не

беше против брак, но направи голема грешка затоа што имаше големи очекувања од истиот: Тој одлучи дека нашиот

специјален однос треба да биде чуван како тајна од жена му. Тоа не беше необична одлука за тие времиња, а јас не бев

доволно искусен во тие работи за да препознаам каква грешка беше тоа. Се вселив повторно во мојот павилјон штом тој

беше реновиран за да ги задоволи цивилизираните навики кои ги стекнав. Но уште од почетокот г-ѓа Соколов гледаше на

мене како на необично и опасно милениче и почна да размислува за мое брзо отстранување. За среќа, мојот доброчинител

беше навикнат да биде онака како што тој сака, и јасно стави до знаење дека никакво молење или присила нема да ја променат ситуацијата којашто тој ја создаде за мене.

Page 10: Ишмаел

10

Неколку месеци по венчавката, тој наврати за да ми каже дека неговата жена, исто како Аврамовата Сара, ќе му роди дете

на негова стара возраст.

“Не очекував ништо вакво кога те нареков Ишмаел”, ми рече. “Но биди сигурен дека нема да ѝ дозволам на мојата жена

да те исфрли од мојата куќа како што Сара го исфрлила твојот истоименик од Аврамовата куќа.” И покрај тоа, беше

забавно за него да каже дека ако биде машко ќе го наречат Исак. Но како што всушност испадна, се роди девојче и ја нарекоа Рејчел.

5.

Откако го кажа тоа, Ишмаел направи долга пауза со затворени очи и јас помислив дека заспал. Но подоцна, конечно

продолжи.

Паметно или глупаво, мојот доброчинител одлучи дека јас ќе бидам учител на девојчето и (паметно или глупаво), јас бев

воодушевен од тоа дека ќе имам шанса да му угодам на овој начин. Во рацете на татка си, Рејчел помина исто толку

време со мене, колку што поминуваше со мајка ѝ - но се разбира, тоа воопшто не го подобри нејзиниот став за мене.

Бидејќи можев да и зборувам на јазик подиректен од говорот, можев да ја утешам и забавувам таму каде што другите не успеваа, и постепено меѓу нас се разви врска каква што би се развила кај идентични близнаци - со тоа што јас бев брат,

милениче, тутор и медицинска сестра, с во едно.

Г-ѓа Соколов едвај чекаше да дојде денот кога Рејчел ќе тргне на училиште, затоа што тогаш новите интереси би ја

отуѓиле од мене. Кога не се оствари тоа, таа ја обнови нејзината кампања да ме испратат некаде, затоа што јас би го

запрел социјалниот развој на детето. Но нејзиниот социјален развој воопшто не беше запрен, туку напротив, таа дури и

прескокна три години во основно училиште и една во средно, и магистрираше биологија пред нејзиниот дваесетти

роденден. После толку години фрустрации околу нешто што беше дел од управувањето со нејзиниот дом, г-ѓа Соколов

повеќе немаше посебна причина да посакува да си одам.

По смртта на мојот доброчинител во 1985, Рејчел стана мој заштитник. Немаше прашање за мое останување во павилјонот. Користејќи ги фондовите кои беа оставени во тестаментот на татко и, Рејчел ме премести во засолниште

коешто беше однапред подготвено.

Уште еднаш Ишмаел молчеше неколку минути. Потоа продолжи: “Во годините коишто следеа, ништо не испадна како

што беше планирано. Открив дека не сум задоволен со тоа да бидам засолнет и да го поминам животот во засолниште, и

сега сакав да напредувам кон самиот центар на вашата култура и почнав да го предизвикувам трпението на мојот

штитеник со една досадна постапка по друга за да ја достигнам таа цел. Од друга страна, г-ѓа Соколов не се

задоволуваше со тоа да ги остави работите вакви какви што се, и го убеди судот да ги скрати фондовите коишто беа

наменети за моето одржување во живот.

Беше 1989 кога конечно с ми стана јасно. Таа година сфатив дека мојата дарба беше да подучувам - и конечно успеав да

смислам систем којшто би ми овозможил да живеам во задоволувачки услови во овој град.

Тој климна со главата за да ми покаже дека тоа беше крајот на неговата приказна - или барем онолку колку што тој

планираше да ми каже.

6.

Има моменти кога тоа што имате да кажете премногу може да биде исто толку глупаво колку и тоа да немате да кажете

ништо. Не можев да смислам ништо што би одговорило на таа приказна, а да биде адекватно или грациозно. Конечно

поставив прашање коешто беше исто толку бесмислено како и многуте други коишто ги имав на ум.

“Дали имаше многу ученици?”

“Имав четири, и не успеав со сите.“

“Ох. Зошто не успеа?“

Ги затвори очите за момент за да може да размисли. “Не успеав затоа што ја потценив тешкотијата на тоа што се

обидував да го подучувам - и затоа што не ги разбирав доволно добро умовите на моите ученици.“

“Разбирам.“ реков.”А што е тоа што го подучуваш?”

Ишмаел избра свежа гранка од купчето што се наоѓаше на неговата десна страна и почна да ја грицка, гледајќи во моите очи. На крајот рече, “Врз основа на мојата историја, кој предмет би рекол дека го подучувам?“

Трепнав, и му реков дека не знам.

Page 11: Ишмаел

11

“Секако дека знаеш. Мојот предмет е: Заробеништво.“

“Заробеништво.”

“Токму така.”

Седев така некое време, а потоа реков: “Се обидувам да сфатам каква врска има тоа со спасување на светот.”

Ишмаел размисли за момент. ”Помеѓу луѓето од твојата култура, кои се тие што сакаат да го уништат светот?”

“Кои се тие што сакаат да го уништат светот? Колку што знам, никој посебно не сака да го уништи светот.”

“И покрај тоа го уништувате, секој од вас. Секој од вас секој ден допринесува за уништување на светот.”

“Да, така е.”

“ Зошто не престанете со тоа?”

Слегнав со рамениците. ”Најискрено, не знаеме како.”

“Вие сте заробенинци на цивилизациски систем кој помалку или повеќе ве принудува да го уништувате светот за да

можете да живееете.”

“ Да, изгледа дека е така.”

“Така е. Сите сте заробеници - и од самиот свет сте направиле заробеник. Тоа е влогот, нели? - вашето заробеништво и

заробеништвото на светот.”

“Да, така е. Само што никогаш не сум размислувал за тоа на овој начин.”

“И ти самиот си заробеник на сопствен начин, зарем не?”

“Како мислиш?”

Ишмаел се насмевна, откривајќи голема маса на бело-обоени заби. Не знаев дека може, се дотогаш.

Јас реков: “Имам чувство дека сум заробеник, но не можам да објаснам зошто го имам тоа чувство.“

“Пред неколку години - тогаш сигурно си бил дете, па можеби не се сеќаваш - многу млади луѓе во оваа земја го имаа тој

впечаток. Тие направија искрен и неорганизиран напор да избегаат од заробеништвото, но не успеаа затоа што не можеа да ги најдат решетките на кафезот. Ако не можеш да откриеш што е тоа што те држи внатре, волјата да излезеш надвор

набрзо станува конфузна и неефикасна.“

“Да, тоа е чувството кое го имам.”

Ишмаел климна со главата.

“Но повторно, каква врска има тоа со спасување на светот?“

“Светот нема уште долго да преживее како заробеник на човештвото. Дали е потребно објаснување за ова?“

“Не, барем мене не ми е потребно.“

“Мислам дека има многу меѓу вас кои би сакале да го ослободат светот од заробеништво.“

“Се сложувам.“

“Што ги спречува да го направат тоа?“

“Не знам.“

“Ова е тоа што ги спречува: Не можат да ги пронајдат решетките на кафезот.“

“Да, разбирам,“ реков. “Тогаш, што ќе правиме следно?“

Page 12: Ишмаел

12

Ишмаел повторно се насмевна. “Бидејќи јас ти раскажав приказна која објаснува зошто сум овде, можеби и ти ќе го

направиш истото.“

“На што поточно мислиш?“

“Мислам на тоа да ми раскажеш приказна која објаснува зошто си ти овде?“

“A,“ реков. “Дај ми еден момент да размислам.”

“Можеш да земеш колку сакаш моменти,“ одговори тој сериозно.

7.

“Еднаш, додека бев уште на колеџ,“ му реков конечно, “ напишав еден есеј за часот по филозофија. Не се сеќавам точно

за што беше задачата - нешто во врска со епистемиологија. Грубо, ова е тоа што го напишав во есејот: Погодете што?

Нацистите всушност не ја изгубиле војната. Тие ја добиле. Го освоиле целиот свет и ги збришале сите Евреи, сите Роми,

Црнци, Индијци и Индијанци. Потоа, кога завршиле со тоа, ги збишале и сите Руси и Полјаци и Чеси, и сите Бугари и Срби и Хрвати - сите Словени. Потоа продолжиле со Полинезијците и Корејците и Кинезите и Јапонците - сите народи во

Азија. Ова траело многу долго време, но кога конечно било завршено, сите во светот биле сто проценти Ариевци и биле

многу среќни.

“Нормално, учебниците повеќе не споменувале ниту една друга раса освен ариевската, ниту еден друг јазик освен

германскиот, ниту една друга религија освен хитлеризмот и ниту еден друг политички систем освен национал

социјализмот. Не би имало смисла. После неколку генерации, никој не би можел да стави нешто друго во учебниците

дури и да сакал, затоа што не би знаел за нешто друго.

“Но еден ден, двајца студенти на Универзитетот од Нов Хејделберг во Токио разговарале нешто. И двајцата биле згодни

на вообичаен ариевски начин, но едниот од нив изгледал многу загрижен и несреќен. Тоа бил Курт. Неговиот пријател му рекол, ‘Што не е во ред, Курт? Зошто си цело време ваков?’ Курт рекол, ‘Ќе ти кажам, Ханс. Има нешто што ме

загрижува - и многу ме загрижува.’ Неговиот пријател го прашал што е тоа што го загрижува. Курт рекол, ‘Не ме

напушта лудото чувство дека има некоја мала работа за која н лажат цело време.’

“И така есејот завршува.”

Ишмаел климна со главата замислено. “И што мислеше твојот учител за тоа?”

“Сакаше да знае дали и јас го имам тоа лудо чувство како Курт. Кога реков дека го имам, ме праша што е тоа, за кое што

мислам дека не лажат. ‘Реков, како би знаел? Не сум ништо подобар од Курт.’Се разбира, не мислеше дека сум сериозен.

Најверојатно претпоставуваше дека тоа е само вежба по епистемиологија.”

“Дали с уште се прашуваш дека има нешто за што те лажат?”

“Да, но не толку очајно како тогаш.”

“Не толку очајно? Зошто?”

“Затоа што сфатив дека тоа не прави никаква разлика. Без разлика дали не лажат или не, сепак с уште мораме да

станеме и да одиме на работа и да ги платиме сметките и с останато.”

“Освен ако сите вие не почнете да се сомневате дека сте биле излажани - и сите не откриете што е лагата.”

“На што поточно мислиш?”

“Ако само ти сам откриеш што е лагата, тогаш да, во право си - не би имало никаква разлика. Но кога сите би откриле,

тоа навистина би направило голема разлика.”

“Точно.”

“Тогаш, тоа е она на коешто треба да се надеваме.”

Почнав да го прашувам што сака да каже со тоа, но тој ја подаде неговата црна рака и ми рече:

“Утре.”

Page 13: Ишмаел

13

8.

Таа вечер отидов на прошетка. Да одам на прошетка само заради шетањето е нешто што многу ретко го правам. Внатре

во мојот стан би бил необјасниво возбуден. Морав да зборувам со некого, за да бидам сигурен. Или можеби имав потреба

да се исповедам за мојот грев: Повторно имав нечисти мисли за спасување на светот. Или пак ништо од сето ова -

едноставно се плашев дека само сонувам. Навистина, земајќи ги предвид денешните настани, беше многу возможно дека сонувам. Понекогаш летам во моите соништа и секогаш си велам себеси, “Конечно тоа се случува во реалност, а не во

сон!”

Како и да е, морав да зборувам со некој, а бев сам. Ова е мојата вообичаена состојба, по избор - или барем така се

убедувам себеси. Простото познанство ме остава незадоволен, а многу малку луѓе се спремни да ги прифатат товарот и

ризиците на пријателството, такво какво што јас го сфаќам.

Луѓето велат дека сум лут и не верувам никому, а јас им викам дека се во право. Расправа од кој било вид, на која било

тема, отсекогаш ми изгледала како губење време.

Следното утро се разбудив и помислив: “Навистина, можеби се било само сон. Човек може да спие во сон, дури и да

сонува во сон.” Додека подготвував појадок, јадев и се туширав, моето срце чукаше забрзано. Како да викаше, “Како можеш да се преправаш дека не си преплашен?”

Времето минуваше. Отидов во центарот. Зградата беше с уште таму. Канцеларијата на крајот на холот на приземјето

беше с уште таму и беше отклучена.

Кога ја отворив вратата, Ишмаеловата јака арома ме удри како гром. Несигурен, отидов до фотелјата и седнав.

Ишмаел, многу сериозен, ме проучуваше преку темното стакло, како да се прашуваше дали сум доволно јак да издржам

сериозни разговори. Кога се одлучи, почна без никаков вовед, а подоцна сфатив дека тоа е неговиот вообичаен стил.

Два

1.

“Иако е малку чудно,” рече, “мојот доброчинител беше тој којшто го разбуди мојот интерес за заробеништвото, а не

мојата состојба. Како што можеби споменав во вчерашната приказна, тој беше опседнат со настаните кои се случуваа

тогаш во нацистичка Германија.”

“Да, тоа го разбрав.”

“Од твојата приказна за Курт и Ханс која ми ја раскажа вчера, би рекол дека ги изучуваш времето и животот на

Германците под власта на Адолф Хитлер.”

“Изучувам? Не, јас не би одел толку далеку. Имам прочитано неколку добро познати книги - Мемоарите на Спиер,

Подемот и падот на Третиот рајх, итн - и неколку студии на Хитлер.”

“Во тој случај, сигурен сум дека разбираш што г. Соколов толку многу се трудеше да ми покаже: дека не биле само

Евреите заробеници под власта на Хитлер. Целата германска нација била заробеник, вклучувајќи ги и неговите

ентузијастички поддржувачи. Некои го мразеле тоа што го правел, некои само се обидувале да преживеат најдобро што

можат, а некои многу позитивно напредувале од тоа – но сите тие биле негови заробеници.”

“Мислам дека разбирам што сакаш да кажеш.”

“Што е тоа што ги држело како заробеници?”

“Па... теророт, претпоставувам.”

Ишмаел одмавна со главата. “Сигурно си гледал филмови со предвоени митинзи, со стотици илјади луѓе како пејат и се

радуваат како еден. Не бил теророт причина зошто луѓето доаѓале на тие пирови на единство и моќ.”

“Точно. Тогаш би рекол дека тоа била Хитлеровата харизма.”

“Тој секако ја имал. Но харизмата само го привлекува човековото внимание. А кога еднаш ќе го привлечеш нивното

внимание, тогаш мораш да имаш нешто да им кажеш. Што е тоа што Хитлер морал да им го каже на Германците?”

Размислував за ова неколку моменти без некое големо убедување. “Освен работата со Евреите, мислам дека не можам да

одговорам на тоа прашање.”

Page 14: Ишмаел

14

“Тоа што морал да им го каже е приказна.”

“Приказна.”

“Приказна во која ареивската раса, а посебно германскиот народ, бил лишен од неговото вистинско место во светот, поробен, плукан и фрлен на земја под нозете на мешаните раси, комунистите и евреите. Приказна во која ариевската раса

под водството на Адолф Хитлер би ги скршила ланците, би се одмаздила на нејзините угнетувачи, би го исчистила

човештвото од нечистотија и би го заземала своето вистинско место како господар на сите раси.”

“Точно.”

“Како што кажав, имало многу луѓе во Германија кои ја препознале таа приказна како еден вид на митологија. Сепак и

тие биле заробеници на таа приказна само поради тоа што мнозинството мислело дека таа звучи одлично, и биле спремни

да ги дадат своите животи за да ја остварат. Дали ме разбираш?”

“Мислам дека разбирам. Дури и да не си бил заробен од приказната, сепак си бил заробен затоа што луѓето околу тебе те

прават заробен. Исто како животно кое е вовлечено во средина на стампедо.”

“Токму така. Дури и да си мислел дека целата работа е лудило, сепак би морал да го одиграш својот дел, да го заземеш

своето место во приказната. Единствениот начин да го избегнеш сето тоа бил да ја напуштиш Германија.”

“Точно.”

“Дали разбираш зошто ти го кажувам сето ова?”

“Мислам, но не сум сигурен.”

“Ти го кажувам ова затоа што луѓето од твојата култура се во иста ситуација. Исто како и луѓето од нацистичка Германија, тие се заробеници на една приказна.”

Седев таму трепкајќи некое време. “Не знам таква приказна,” му реков на крај.

“Сакаш да кажеш дека никогаш не си ја слушнал?”

“Точно така.”

Ишмаел климна со главата. “Тоа е затоа што нема потреба да ја слушнеш. Нема потреба да се именува или да се

дискутира за неа. Секој од вас ја знае напамет веќе од шест или седумгодишна возраст. Црни и бели, машки и женски,

богати и сиромашни, Христијани и Евреи, Американци и Руси, Норвежани и Кинези, сите вие ја слушате. И ја слушате

непрекинато, затоа што секој пропаганден медиум, секој образовен медиум ја слева непрекинато. И слушајќи ја непрекинато, вие всушност и не ја слушате. Нема потреба да ја слушате. Таа е секогаш таму и брмчи во позадината, па

затоа нема потреба да обрнувате внимание на неа. Всушност, ќе дознаеш - барем на почетокот - дека е тешко да се

обрнува внимание на неа. Тоа е како брмчење на далечен мотор кој никогаш не запира; станува звук кој воопшто не се

слуша.”

“Ова е многу интересно,” му реков. “Но исто така и многу тешко за верување.”

Ишмаел нежно ги затвори очите со блага насмевка. “Верувањето не е потребно. Кога еднаш ќе ја дознаеш оваа приказна,

ќе ја слушаш насекаде во твојата култура, и ќе бидеш зачуден од фактот дека луѓето околу тебе не ја слушаат, туку

едноставно учествуваат во неа.”

2.

“Вчера ми кажа како имаш чувство дека си заробен. Го имаш тоа чувство затоа што има огромен притисок врз тебе да го

заземеш твоето место во приказната којашто твојата култура ја раскажува – кое било место. Тој притисок се манифестира

на многу различни начини, на многу различни нивоа, но наједноставно се манифестира вака: Тие што ќе одбијат да

заземат место во приказната нема да бидат нахранети.”

“Точно.”

“Мајката Култура те учи дека тоа така треба да биде. Освен неколку илјади дивјаци коишто се раштркани натаму-

наваму, сите останати луѓе на земјата ја раскажуваат оваа приказна. Тоа е приказна која човекот е роден да ја раскажува, и да отстапи од неа би значело да ја напушти човечката раса засекогаш, да падне во заборав. Твоето место е овде, да

учествуваш во приказната, да го вртиш тркалото и како награда, да бидеш нахранет. Не постои нешто друго. Да

Page 15: Ишмаел

15

зачекориш надвор од оваа приказна е како да си паднал од работ на светот. Нема излез надвор од неа освен преку

смртта.”

“Да, изгледа дека е така.”

Ишмаел направи пауза за да размисли малку. “Сево ова е само вовед во нашата работа. Сакав да го слушнеш ова затоа што сакав да имаш барем основна идеја за тоа во што се впушташ овде. Кога еднаш ќе научиш да го препознаваш гласот

на Мајката Култура како брмчи во позадина, раскажувајќи ја својата приказна одново и одново на луѓето од нејзината

култура, никогаш нема да престанеш да бидеш свесен за него. Каде и да одиш, до крајот на твојот живот, секогаш ќе

бидеш во искушение да им кажеш на луѓето околу тебе, ‘Како може да го слушате ова и да не препознавате што е?’ И ако

го направиш тоа, луѓето ќе те гледаат чудно и ќе се прашуваат, за што по ѓаволите зборуваш. Со други зборови, ако

тргнеш на ова едукативно патување со мене, ќе се оттуѓиш од луѓето околу тебе - пријатели, минати соработници, итн.”

“Тоа можам да го поднесам,” му реков.

3.

“Мојата најискрена и неостварена желба е да можам да патувам во вашиот свет како што патувате вие, слободно и

незабележливо - да излезам на улица и да фатам такси за да ме одвезе на аеродром, од каде што би фатил лет за Њујорк

или Лондон или Фиренца. Голем дел од оваа фантазија е потрошен во правење на прекрасни подготовки за патувањето,

во размислување што би можел да земам со себе, а што би оставил. (Се разбира дека би патувал преправен како човек.)

Ако земам премногу работи, ќе биде многу заморно да ги влечкам од едно место на друго; од друга страна пак, ако земам

премалку работи ќе морам цело време да го прекинувам своето патување за да собирам работи по пат - а тоа е многу

позаморно.”

“Точно,” реков, само за да се согласам со него.

“За тоа и е денешниов ден. Ќе спакуваме торба за нашето заедничко патување. Ќе ставам во торбата работи за кои нема да морам подоцна да застанувам за да ги земам. Овие работи тебе ќе ти значат многу малку или воопшто ништо. Ќе ти ги

покажам накратко и ќе ги фрлам во торбата. Така ќе ги препознаеш подоцна кога ќе ги извадам.”

“Добро.”

“Прво, мал речник. Ајде да ставиме некакви имиња за да не зборуваме цело време за ‘луѓето од твојата култура’ и

‘луѓето од сите други култури.’ Користев различни имиња со различни ученици, но со тебе ќе пробам пар нови.

Запознаен си со изразот ‘земи или остави.’ Користејќи ги во оваа конотација, дали зборовите земачи и оставачи имаат

некакво споредно значење за тебе?”

“Не знам што точно сакаш да кажеш.”

“Сакам да кажам, ако едната група ја наречам Земачи, а другата ја наречам Оставачи, дали тоа ќе звучи како едните да ги

местам да бидат добрите момци, а другите лошите момци?”

“Не, мене ми звучат прилично неутрално.”

“Добро. Тогаш отсега натаму луѓето од твојата култура ќе ги нарекувам Земачи, а луѓето од сите останати култури

Оставачи.”

Промрморев малку. “Имам проблем со тоа.”

“Зборувај.”

“Не разбирам како можеш сите останати луѓе во светот да ги ставиш во една категорија.”

“ Тоа е начинот на којшто тоа се прави и во твојата култура, само што вие користите неколку тешко вооружени термини

наместо овие релативно неутрални термини. Се нарекувате себеси цивилизирани, а останатите ги нарекувате примитивни.

Вие сте универзално согласни со овие термини; мислам на тоа дека и луѓето од Лондон и Париз и Багдад и Сеул и

Детроит и Буенос Аирес и Торонто го знаат тоа - без оглед што и да ги раздвојува - тие се обединети во она што се

нарекува цивилизирани и различни од луѓето од Каменото доба коишто се раштркани низ целиот свет; вие мислите и

препознавате дека, без разлика кои и да се нивните разлики, луѓето од Каменото доба се исто така обединети во она што

се нарекува примитивни.”

“Да, тоа е точно.”

“Дали би ти било поудобно кога би ги користеле тие термини, цивилизирани и примитивни?”

Page 16: Ишмаел

16

“Да, претпоставувам би ми било, но само затоа што сум навикнат на нив. Земачи и Оставачи се исто така во ред.”

4.

“Второ: мапата. Ја имам. Не мораш да ја запаметиш рутата. Со други зборови, немој да се грижиш ако до крајот на денот

наеднаш сфатиш дека не можеш да запомниш ниту еден збор којшто сум го рекол. Тоа не е важно. Самото патување ќе те

промени. Дали ме разбираш?”

“Не сум сигурен.”

Ишмаел размисли малку. “Ќе ти дадам основна идеја за тоа каде одиме, па ќе разбереш.”

“ Добро.”

“Мајката Култура, чиј глас е во твоите уши уште од денот на твоето раѓање, ти дала објаснување за тоа како работите

станале такви какви што се сега. Ти го знаеш тоа многу добро; сите во твојата култура го знаат многу добро. Но ова објаснување не ти е дадено одеднаш. Никој никогаш не те седнал и не ти рекол, ‘Еве како работите станале такви какви

што се, почнувајќи од пред десет или петнаесет милијарди години, па с до денес.’Туку ти си го составил тоа

објаснување како мозаик: од милиони делчиња од информации коишто ти биле презентирани на различни начини од

други луѓе коишто го делеле тоа објаснување. Си го составил од разговорите на твоите родители, од цртаните филмови

што си ги гледал на телевизија, од предавањата на училиште, од твоите учебници и учители, од телевизиските преноси,

новелите, говорите, претставите, весниците и с останато. Дали ме следиш досега?”

“Мислам, да.”

“Објаснувањето за тоа како работите станале такви какви што се сега е амбиентално во вашата култура. Сите го знаат

и сите го прифаќаат без прашање.”

“Добро.”

“Како што ќе патуваме, така ќе преиспитуваме клучни делчиња од тој мозаик. Ќе ги вадиме од твојот мозаик и ќе ги

ставаме во сосема поинаков мозаик, во сосема поинакво објаснување за тоа како работите станале такви какви што се

сега.”

“Добро.”

“Кога ќе завршиме ќе имаш сосема поинаква перцепција за светот и за работите што се случиле. И вооопшто нема да

биде битно дали се сеќаваш како таа перцепција била изградена. Самото патување ќе те промени, така што нема да

мораш да се грижиш за запомнување на патот по којшто тргнавме за да ја оствариме таа промена.”

“Добро, разбирам што сакаш да кажеш.”

5.

“Трето,” рече, “дефиниции. Тоа се зборови коишто ќе имаат специјално значење во нашиот разговор. Прва дефиниција:

приказна. Приказна е сценарио кое ги поврзува човекот, светот и боговите.”

“Добро.”

“Втора дефиниција: раскажува. Да раскажуваш приказна е да живееш на таков начин на кој ќе ја направиш приказната

реалност. Со други зборови, да раскажуваш приказна е да се стремиш да ја оствариш. Сфаќаш дека тоа е она што луѓето

во Германија под водство на Хитлер се обидувале да го направат. Тие се обидувале да го направат реалност

Илјадагодишниот Рајх. Тие се обидувале да ја направат реалност приказната што тој им ја раскажувал.”

“Добро.”

“Трета дефиниција: култура. Култура е луѓе кои раскажуваат приказна.”

“Луѓе кои раскажуваат приказна... А приказната, уште еднаш, е..?”

“Сценарио кое ги поврзува човекот, светот и боговите.”

Page 17: Ишмаел

17

“Добро. Значи ти велиш дека луѓето од мојата култура раскажуваат своја приказна за човекот, светот и боговите?”

“Токму така.”

“Но јас с уште не знам која е таа приказна.”

“Ќе дознаеш. Не се вознемирувај поради тоа. Во моментов единственото нешто што треба да го знаеш е дека две

различни приказни се раскажуваат за време на човечкиот живот. Едната почнала да се раскажува пред околу два или три

милиони години од луѓето за кои се согласивме дека ќе ги нарекуваме Оставачи, и таа приказна тие с уште ја

раскажуваат, успешно како и секогаш. Другата почнала да се раскажува пред околу десет или дванаесет илјади години од

луѓето за кои се согласивме дека ќе ги нарекуваме Земачи, и која по се изгледа ќе заврши катастрофално.”

“Aха,” реков, демек знам којзнае колку многу.

6.

“Кога Мајката Култура би дала проценка за човековата историја користејќи ги овие термини, таа би звучела вака: ‘Оставачите се првото поглавје од човековата историја - долго и без некои посебни настани. Нивното поглавје завршило

пред околу десет илјади години со раѓањето на земјоделството. Овој настан го одбележал почетокот на второто поглавје,

поглавјето на Земачите. Точно е дека с уште има Оставачи на овој свет, но тие се анахронизми, фосили - луѓе кои

живеат во минатото, луѓе кои не сфаќаат дека нивното поглавје во човековата историја е завршено.’ ”

“Добро.”

“Општо земено, вака се сфаќа човековата историја во твојата култура.”

“Би рекол дека е така.”

“Како што ќе видиш подоцна, она што јас се обидувам да го кажам е сосема спротивно. Оставачите не се првото поглавје

во приказната во којашто Земачите се второто поглавје.”

“Повтори го тоа?”

“Ќе го кажам тоа на сосема поинаков начин. Оставачите и Земачите раскажуваат две сосема различни приказни,

засновани на сосема поинакви и противречни заклучоци. Тоа е нешто што ќе го рагледуваме подоцна, затоа не мораш да

го сфатиш веднаш.”

“Во ред.”

7.

Ишмаел ја чешкаше вилицита, замислен. Од мојата страна на стаклото тоа воопшто не се слушаше; но во мојата

имагинација тоа звучеше како кога некој влече лопата преку песок.

“Нашата торба е спакувана. Како што реков, не очекувај да се сетиш на с што ставивме во неа денеска. Кога ќе излезеш

одовде, најверојатно с ќе ти се претвори во една голема збрка.”

“Ти верувам.”

“Но тоа е во ред, затоа што ако утре извадам нешто од торбата што сум го ставил денес, ти веднаш ќе го препознаеш, а тоа е она што е најважно.”

“Добро, мило ми е што го слушам тоа.”

“Денешната сесија ќе биде кратка. Патувањето започнува утре. Во меѓувреме, можеш да го поминеш денот пробивајќи

се низ приказната којашто луѓето од твојата култура ја раскажуваат последните десет илјади години. Дали се сеќаваш за

што беше приказната?”

“За што беше?”

“За смислата на светот, за божествените намери во светот и за човековата судбина.”

“Па, можам да ти кажам приказни за тие работи, но не можам да ти кажам една единствена приказна.”

Page 18: Ишмаел

18

“Тоа е онаа приказна којашто сите во твојата култура ја знаат и прифаќаат.”

“Се плашам дека тоа не ми помага многу.”

“Можеби ќе ти помогне ако ти кажам дека тоа е објаснувачка приказна, како на пример, ‘Како слонот ја добил својата

сурла’ или ‘Како леопардот ги добил своите дамки.’”

“Во ред.”

“Што мислиш, што објаснува таа ваша приказна?”

“Господи, навистина не знам.”

“Од тоа што веќе ти го кажав, би требало да ти биде јасно. Таа објаснува како работите станале такви какви што се

сега.” Од почетокот до денес.

“Сфаќам,” реков, и гледав низ прозорецот некое време. “Јас мислам дека воопшто не знам за таква приказна. Како што

реков, приказни да, но не една единствена приказна.”

Ишмаел размислуваше за ова неколку минути. “Една од ученичките за кои ти кажував вчера, чувствуваше обврска да ми

објасни што е тоа што таа го бара, и ми рече, ‘Зошто никој не е возбуден? Ги слушам луѓето во јавната пералница како

зборуваат за крајот на светот, а не изгледаат воопшто возбудени. Луѓето зборуваат за уништувањето на озонската

обвивка и за смрт на целиот живот на планетата. Тие зборуваат за пустошење на дождовните шуми, за смртоносно

загадување коешто ќе биде со нас илјадници и милиони години, за исчезнување на десетици видови на живот секој ден,

за крајот на сите видови на живот. И изгледаат сосема смирени.’

“И реков, ‘Тоа ли е она што сакаш да го знаеш - зошто луѓето воопшто не се возбудени за уништувањето на земјата?’ Таа

размисли за тоа малку и рече, ‘Не, јас знам зошто не се возбудени. Не се возбудени затоа што веруваат во тоа што им е

кажано.’”

Реков, “Да?”

“Што е тоа што им е кажано на луѓето, што ги спречува да бидат возбудени, да бидат релативно смирени додека ја

гледаат катастрофалната штета што ѝ ја нанесуваат на оваа планета?”

“Не знам.”

“Кажана им е објаснувачка приказна. Дадено им е објаснување за тоа како работите станале такви какви што се сега

и тоа го смирува нивниот аларм. Тоа објаснување покрива с , вклучувајќи го и уништувањето на озонската обвивка,

загадувањето на океаните, уништувањето на дождовните шуми, дури и човековото уништување - и тоа ги задоволува.

Или можеби би било подобро да се каже дека ги пацифизира. Тие продолжуваат да го вртат тркалото преку ден, се заглупуваат со дрога или телевизија навечер, и се обидуваат да не мислат многу за светот којшто им го оставаат на

нивните деца, со кој тие деца ќе треба да се справат.”

“Добро.”

“И тебе ти е исто така дадено објаснување за тоа како работите станале такви какви што се сега како и на сите други -

но очигледно тебе тоа не те задоволува. Си го слушнал тоа објаснување уште како дете, но никогаш не си го проголтал.

Имаш чувство дека нешто е намерно пропуштено, премачкано со лажен сјај. Имаш чувство дека те лажеле, и ако можеш,

би сакал да дознаеш што е тоа - и тоа е токму она што го правиш овде во оваа соба.”

“Дозволи ми да размислам за ова една секунда. Дали ти велиш дека оваа објаснувачка приказна ги содржи лагите за коишто јас пишував во мојот есеј за Курт и Ханс?”

“Да, токму така.”

“Ова ме збунува. Јас не знам таква приказна. Ниту една таква приказна.”

“Тоа е една, совршено составена приказна. Само треба да размислуваш митолошки.”

“Што?”

“Зборувам за митологијата на твојата култура, се разбира. Мислев дека тоа е очигледно.”

“За мене не е очигледно.”

Page 19: Ишмаел

19

“Секоја приказна што ја објаснува смислата на светот, божествените намери и судбината на човекот е предодредена да

биде митологија.”

“Тоа можеби е така, но јас не сум свесен за ништо толку далечно. Колку што знам, ништо во нашата култура не може да

се нарече митологија, освен ако не зборуваш за Грчка митологија или Нордиска митологија или нешто слично.”

“Зборувам за жива митологија. Незапишана ниту во една книга - запишана во умовите на луѓето од твојата култура, и се

раскажува низ целиот свет додека ние седиме овде и зборуваме за тоа.”

“Повторно, колку што знам јас, немаме ништо такво во нашата култура.”

“Тоа е затоа што ти ја сфаќаш митологијата како збир од фантастични приказни. Грците не мислеле за својата

митологија на тој начин. Кога би му пристапил на човек од Хомерова Грција и кога би го прашал какви фантастични

приказни за боговите и за хероите од минатото им раскажувал на своите деца, тој нема да знае за што зборуваш. Би го

кажал истото што ти го кажа. ‘Колку што знам јас, нема ништо такво во нашата култура.’ Нордиец би го кажал истото.”

“Добро, но тоа не ми помага многу.”

“Во ред. Да ја направиме задачата малку поедноставна. Оваа приказна, како и секоја друга, има почеток, средина и крај.

И секој од овие делови е приказна за себе. Пред да се сретнеме повторно утре, пробај да го најдеш почетокот на

приказната.”

“Почетокот на приказната.”

“Да. Рамислувај... антрополошки.”

Се насмеав. “Што значи тоа?”

“Кога би бил антрополог и кога приказната би ти ја раскажувале Авала Абориџините од Австралија, би очекувал приказната да има почеток, средина и крај.”

“Добро.”

“И што би очекувал да биде почетокот на приказаната?”

“Не знам.”

“Секако дека знаеш. Само се правиш глупав.”

Седев така една минута, обидувајќи се да сфатам како да престанам да се правам глупав. “Добро,” реков конечно.

“Претпоставувам дека би очекувал тоа да биде нивниот мит за настанокот на светот.”

“Се разбира.”

“Но не гледам како тоа би ми помогнало.”

“Тогаш ќе ти објаснам. Треба да откриеш кој е митот за настанокот на светот во твојата култура.”

Гледав во него потполно изгубен. “Ние немаме мит за настанокот на светот,” реков. “Ние знаеме со сигурност.”

Три

1.

“Што е тоа?” реков кога пристигнав следното утро. Тоа се однесуваше на предметот кој беше на мојот стол.

“На што ти личи?”

“На диктафон.”

“Точно.”

“За што служи?”

“За снимање на интересните приказни на една проколната култура, коишто ти ќе ми ги раскажеш.”

Page 20: Ишмаел

20

Се насмеав и седнав. “Се плашам дека с уште не најдов интересни приказни за да ти ги раскажам.”

“Мојот предлог да го бараш митот за настанокот на светот не вроди со плод?”

“Ние немаме мит за настанок на светот,” реков повторно. “Освен ако не мислиш на оној во Битието.”

“Не биди апсурден. Кога некој учител од осмо одделение би те поканил да им објасниш на учениците како с ова

започнало, дали ти ќе го им прочиташ првото поглавје од Битието?”

“Секако дека не.”

“Тогаш, какво објаснување би им дал?”

“Би им дал објаснување, но тоа секако не би било мит.”

“Нормално, ти тоа не би го сметал за мит. Ниедна приказна за настанокот на светот не е мит за луѓето што ја

раскажуваат. Тоа е само приказната. ”

“Во ред, но приказната за која јас зборувам секако не е мит. Делови од неа с уште се неоткриени, претпоставувам, и

претпоставувам дека со подоцнежни истражувања би настанале некои измени во неа, но сепак таа не е мит.”

“Вклучи го диктафонот и започни. Тогаш ќе знаеме.”

Го погледнав попреку. “Ти всушност сакаш јас да... ух...”

“Да ја раскажеш приказната.”

“Не можам едноставно да ја одмотам. Ми треба малку време за да ја средам.”

“Имаш многу време. Ова е касета од деведесет минути.”

Земав воздух, ги затворив очите, го вклучив снимачот и почнав.

2.

“Се започнало пред многу време, десет или петнаесет милијарди години,” почнав неколку минути подоцна. “Не сум

сигурен која теорија во моментов е во водство, но во секој случај универзумот настанал пред многу време.”

Тогаш ги отворив очите и го погледнав Ишмаел.

Тој исто така ме погледна и рече, “Тоа е тоа? Тоа е приказната?”

“Не, само проверував.” Ги затворив очите и почнав повторно. “Потоа, не знам - претпоставувам пред околу шест или

седум милијарди години - се родил нашиот соларен систем... Имам слика во мојот ум од некоја детска енциклопедија

како се исфрлаат грутки и како се соединуваат грутки... и така настанале планетите. Тие, наредните неколку милијарди

години се оладиле и стврднале. Па, да видиме. Животот се појавил во хемиската чорба на нашите древни океани пред

околу пет милијарди години, така?”

“Три или четири.”

“Во ред. Бактеријата, микроорганизмите еволуирале во повисоки форми, во покомплексни форми, коишто еволуирале во уште покомплексни форми. Животот постепено се раширил на земјата. Не знам... лигава материја на работ на океаните...

водоземци. Водоземците се преселиле на копното, еволуирале во влекачи. Влекачите во цицачи. Кога било тоа? Пред

милијарда години?”

“Пред само околу двеста педесет милиони години.”

“Добро. Како и да е, цицачите... не знам. Мали суштества во мали дупки - под грмушки, на дрвја. Од малите суштества

на дрвјата се создале приматите. Потоа, не знам - можеби пред десет или петнаесет милиони години - еден дел од

приматите се симнал од дрвјата и...” Се изморив.

“Ова не е тест,” рече Ишмаел. “Само основните црти ќе завршат работа - само приказната како што е општо позната, позната за возачите на автобуси, фармерите и сенаторите.”

Page 21: Ишмаел

21

“Во ред,” реков, и повторно ги затворив очите. “Во ред. Па, една работа водела кон друга. Видовите еволуирале во други

видови и конечно се појавил човекот. Кога било тоа? Пред три милиони години?”

“Три милиони делува прилично уверливо.”

“Во ред.”

“Дали тоа е с ?”

“Да, во основа.”

“Приказната за настанокот на светот како што е раскажана во вашата култура.”

“Токму така. До најдоброто од нашето сегашно знаење.”

Ишмаел климна со главата и ми рече да го исклучам диктафонот. Потоа седна и воздивна, а тоа преку стаклото звучеше

како силен татнеж од далечен вулкан, ги стави рацете врз неговиот стомак и ме погледна недоверливо. “И ти,

интелегентна и прилично добро образувана личност, сакаш да ме убедиш да поверувам дека ова не е мит?”

“Што има митолошко во тоа?

“Не реков дека има нешто митолошко. Само реков дека е мит.”

Мислам дека се насмеав нервозно. “Можеби не знам на што мислиш кога велиш мит.”

“Не мислам на ништо што ти не го мислиш. Го користам зборот во најобично значење.”

“Тогаш, не е мит.”

“Секако дека е мит. Преслушај ја.” Ишмаел ми рече да ја премотам касетата и повторно да ја преслушам.

Откако ја преслушав, седев неколку минути изгледајќи како да сум замислен. Потоа реков, “Не е мит. Можеш да го

ставиш ова во тест на знаење на осмоодделенци и не верувам дека некој училишен одбор би одолговлекувал околу тоа.”

“Целосно се сложувам. Зарем не реков дека приказната е амбиентална во вашата култура? Децата ја составуваат од

многу медиуми, вклучувајќи ги и книгите.”

“Тогаш што зборуваш? Дали сакаш да ми кажеш дека оваа приказна не е вистинита?”

“Полна е со факти, секако, но нивниот редослед е чисто митолошки.”

“Не знам за што зборуваш.”

“Очигледно е дека си го исклучил твојот мозок. Мајката Култура те заспала со нејзината приспивна песна.”

Го погледнав накриво. “Сакаш да кажеш дека еволуцијата е мит?”

“Не.”

“Сакаш да кажеш дека човекот не еволуирал?”

“Не.”

“Тогаш што сакаш да кажеш?”

Ишмаел ме погледна со намевка на неговото лице. Потоа слегна со рамениците. Потоа ги подигна веѓите.

Гледав во него и помислив: Ме зафркава едно горило. Не помогна многу.

“Пушти ја повторно,” ми рече.

Кога заврши, реков, “Добро, чув едно нешто, зборот појавил. Реков дека конечно се појавил човекот. Дали е тоа?”

“Не, не е ништо такво. Не одолговлекувам поради еден збор. Очигледно е дека зборот појавил е само синоним за

еволуирал.”

Page 22: Ишмаел

22

“Тогаш што е, по ѓаволите?”

“Навистина не размислуваш. Изрецитира приказна што си ја слушнал милион пати, а сега ја слушаш Мајката Култура

како ти шепоти во увото: Смири се, дете мое, нема ништо за што да размислуваш, нема за што да се грижиш, не се

возбудувај, не го слушај одвратното животно, нема мит, ништо што јас ти го кажувам не е мит, затоа нема за што да се

грижиш, само слушај го мојот глас и заспиј, заспиј, заспиј...”

Си ја гризав усната некое време, а потоа реков, “Тоа не помага.”

“Во ред,” рече тој. “Ќе ти раскажам моја приказна и можеби тоа ќе ти помогне.” Гризна малку од неговата гранка, ги

затвори очите и почна.

3.

Оваа приказна (Ишмаел рече) се случува пред половина милијарда години, кога планета би била с , само не

препознатлива за тебе. Ништо не се движело по копното, само ветер и прашина. Ниту еден лист од трева не се веел на

ветрот, ниту еден штурец не цврчел, ниту една птица не летала на небото. Сите овие работи биле десетици милиони години во иднината. Дури и морињата биле необично мирни и тивки, затоа што рбетниците биле десет милиони години

далеку.

Но, секако дека имало антрополог. Каков би бил тој свет без антрополог? Но тој бил многу депресивен и разочаран

антрополог, затоа што бил насекаде по планетата барајќи некого да интервјуира, но секоја касета во неговиот ранец била

празна како небото. Но еден ден, додека шетал покрај океанот видел нешто во плитката вода што личело на живо

суштество. Тоа не било ништо посебно, само лигава грутка, но таа била единственото нешто што го видел на сите негови

патувања, па преминал на страната каде што таа се нишала на брановите.

Го поздравил суштеството срдечно, и тоа исто така го поздравило. Набрзо двајцата станале многу добри пријатели.

Антропологот му објаснил најдобро што можел дека ги изучува животните стилови и обичаи, и го замолил неговиот нов пријател за информации од тој тип.

“А сега,” на крајот рекол, “Би сакал да снимам на касетава некоја од приказните коишто си ги раскажувате меѓу себе.”

“Приказни?” другиот прашал.

“Знаеш, вашот мит за настанокот на светот, ако имате таков.”

“Што е тоа мит за настанокот на светот?” суштеството прашало.

“Па, знаеш,” одговорил антропологот, “фантастичните бајки кои им ги раскажувате на вашите деца за настанокот на

светот.”

На ова, суштеството се подигнало, навредено - барем онолку колку што може една лигава грутка - и одговорило дека

немаат такви фантастични приказни.

“Немате објаснување за настанокот на светот?”

“Секако дека имаме објаснување за настанокот на светот. Но тоа дефинитивно не е мит.”

“Секако дека не е,” рекол антропологот, присетувајќи се на негова обука. “Би бил многу благодарен ако го споделиш тоа

објаснување со мене.”

“Добро,” рекло суштеството. “Но сакам да разбереш дека, исто како и вие, ние сме многу рационални луѓе, кои не прифаќаат ништо што не е засновано на опсервација, логика и научни методи.”

“Секако, секако,” се сложил антропологот.

Суштеството ја започнало својата приказна. “Универзумот се родил пред многу време, можеби десет или петнаесет

милијарди години. Нашиот соларен систем, оваа ѕвезда, оваа планета и сите останати - по с изгледа, настанале пред

околу две или три милијарди години. Долго време ништо не живеело овде. Но по околу милијарда години, се појавил

живот.”

“Извини,” рекол антропологот. “Рече дека се појавил живот. Каде се случило тоа, според вашиот мит - мислам, според

вашето научно објаснување.”

Суштеството изгледало малку збунето. “Мислиш на точното место?”

Page 23: Ишмаел

23

“Не, туку дали тоа се случило на копното или во морето?”

“Копно? Што е тоа копно?”

“Па, знаеш,” рекол покажувајќи кон брегот, “пространството од земја и камења што започнува таму.”

Суштеството уште повеќе се збунило и рекло, “Не можам да разберам за што зборуваш. Земјата и камењата таму се само

усна на големиот бокал што го држи морето.”

“О, да,” рекол антропологот. “Разбирам. Продолжи.”

“Добро. Многу години животот бил само микроорганизми кои пловеле беспомошно во хемиската чорба. Но малку по

малку се појавиле покомлексни форми: едноклеточни организми, лигави материи, алги, мекотелни животни и така

натаму.

“Но конечно,” рекло суштеството, поцрвенувајќи од гордост кога дошло до крајот на приказната, “Но конечно, се

појавила медузата.”

4.

Ништо не излезе од мене околу деведесет секунди, можеби само мали бранови од бес. Потоа реков, “Тоа не е фер.”

“На што конкретно мислиш?”

“Не знам на што конкретно мислам. Имаше некаква поента, но не знам што е таа.”

“Не знаеш?”

“Не, не знам.”

“На што точно мислела медузата кога рекла, ‘Но конечно, се појавила медузата.’”

“Мислела на тоа дека сево ова води кон неа. Ова е тоа кон кое водат десет или петнаесет милијарди години на еволуција:

медуза.”

“Се сложувам. А зошто твоето објаснување за настанокот на светот не завршува со појавата на медузата?”

“Затоа што еволуцијата не завршила со медузата.”

“Тоа е точно. Еволуцијата не завршила со медузата. Требало уште да се создадат и мекотелците и водоземците и влекачите и цицачите и секако, на крајот, човекот.”

“Точно.”

“И така завршува твоето објаснување за настанокот на светот. ‘И конечно се појавил човекот.’”

“Да.”

“А што значи тоа?”

“Тоа значи дека немало што уште да се создава. Значи дека еволуцијата морала да заврши. ”

“Ова е тоа кон што води целата еволуција.”

“Да.”

“Секако. Секој во твојата култура го знае ова. Врвот е достигнат со човекот. Човекот е климаксот на целата космичка

драма на создавање.”

“Да.”

“Кога конечно се појавил човекот, еволуцијата завршила, затоа што нејзината цел била постигната. Немало што уште да се создава.”

“Тоа е неизговорената претпоставка.”

Page 24: Ишмаел

24

“Не е секогаш неизговорена. Религиите во твојата култура не се воздржани околу ова. Човекот е крајниот продукт.

Човекот е суштеството за кое с останато е создадено: овој свет, овој соларен систем, оваа галаксија, самиот универзум.”

“Точно.”

“Сите во твојата култура знаат дека светот не бил создаден за медузите или пастрмките или игуаните или горилите.Тој

бил создаден за човекот.”

“Тоа е точно.”

“И ова не е митологија?”

“Па... фактите се факти.”

“Секако. Фактите се факти, дури и кога се соединети во митологија. А што е со останатите? Дали целиот космички

процес на создавање завршил пред три милиони години, овде на оваа мала планета, со појавата на човекот?”

“Не.”

“Дали дури и планетарниот процес на создавање завршил пред три милиони години со појавата на човекот? Дали

еволуцијата запрела затоа што пристигнал човекот?”

“Не, секако дека не.”

“Тогаш зошто така ја раскажа приказната?”

“Претпоставувам дека ја раскажав така затоа што така е раскажана.”

“Така е раскажана помеѓу Земачите. Тоа секако не е единствениот начин на кој може да биде раскажана.”

“Добро, сега ми е јасно. Како би ја раскажал ти?”

Тој покажа со главата кон прозорецот. “Дали некаде во универзумот гледаш и најмал доказ дека еволуцијата завршила со

раѓањето на човекот? Дали некаде гледаш доказ дека човекот бил климаксот кон кој се стремела еволуцијата од

почетокот?”

“Не. Не можам дури ни да замислам како би изгледал таков доказ.”

“Тоа би требало да е очигледно. Ако астрофизичарите би можеле да изјават дека фундаменталниот креативен процес

запрел пред пет милијарди години, кога се појавил нашиот соларен систем, тогаш тоа би дало барем некаква поддршка на овие мислења.”

“Да, разбирам.”

“Или ако биолозите и палеонтолозите би можеле да изјават дека развојот на видовите запрел пред три милиони години,

тогаш и тоа би било очигледно.”

“Да.”

“Но ти знаеш дека ништо од ова не се случило. Далеку од тоа. Универзумот си продолжил исто како и пред тоа,

планетата си продолжила исто така. Појавата на човекот не предизвикала ништо повеќе од појавата на медузата.”

“Точно.”

“Тогаш што можеме да заклучиме од приказната којашто ти ја раскажа?”

“Дека е мит.”

5.

“Ти кажав вчера дека приказната што луѓето од твојата култура ја раскажуваат е за смислата на светот, за божествените намери во светот и за човековата судбина.”

“Да.”

Page 25: Ишмаел

25

“И според овој дел од приказната, која е смислата на светот?”

Размислував за тоа некое време. “Не знам како тоа ја објаснува смислата на светот?”

“Некаде околу средина на твојата приказна, фокусот на вниманието се сврте од универзумот во целост, кон оваа планета. Зошто?”

“Затоа што оваа планета била предодредена да биде местото на раѓањето на човекот.”

“Секако. Како што велиш ти, раѓањето на човекот бил централен настан - навистина централниот настан - во историјата

на вселената. Со раѓањето на човекот, останатиот дел од универзумот не бил повеќе интересен. Затоа, само Земјата е

доволна; таа е местото на раѓање и дом на човекот, тоа е нејзината смисла. Земачите го гледаат светот како човеков

систем за одржување во живот, како машина која е дизајнирана да го создава и одржува човековиот живот.”

“Да, така е.”

“Во твоето раскажување на приказната, намерно не ги спомена боговите, затоа што не сакаше да бидеш заразен со митологија. Бидејќи нејзиниот митолошки карактер е веќе утврден, не мораш повеќе да се грижиш за тоа. Ако

претпоставиме дека има божествена агенција којашто е одговорна за создавање на светот, тогаш што можеш да ми кажеш

за намерите на боговите?”

“Па, во основа, тоа што го имале на ум кога започнале е човекот. Го направиле универзумот за да може нашата галаксија

да биде во него. Ја направиле галаксијата за да може соларниот систем да биде во неа. Го направиле соларниот систем за

да може нашата планета да биде во него. И ја направиле планетата за да можеме ние да бидеме на неа. С ова било

направено за човекот да има големо парче земја на кое ќе може да стои.”

“Општо земено, ова е вака сфатено во твојата култура - барем од оние кои претпоставуваат дека универзумот е израз на

божествените намери.”

“Да.”

“Очигледно, бидејќи целиот универзум бил создаден за да може човекот да биде создаден, тогаш човекот мора да е

суштество од огромно значење за боговите. Но овој дел од приказната не наговестува за нивните намери кон него. Тие

сигурно имаат на ум некаква специјална судбина за него, но тоа не е прикажано овде.”

“Точно.”

6.

“Секоја приказна се заснова на премиса, или е последица на премиса. Како писател, сигурно го знаеш тоа.”

“Да.”

“Ќе ја препознаеш оваа: Две деца од закарани фамилии се вљубуваат.”

“Да. Ромео и Јулија.”

“Приказната што се раскажува во светот од Земачите исто така има премиса, која е составен дел од приказната којашто

ми ја раскажа вчера. Види дали можеш да откриеш која е таа премиса.”

Ги затворив очите и се преправав дека размислувам силно, но всушност знаев дека немам шанса.

“Се плашам дека не можам да откријам која е таа премиса.”

“Приказната што Оставачите ја раскажуваат во светот има тотално различна премиса, но за тебе би било невозможно да

ја откриеш сега. Но би требало да можеш да ја откриеш премисата на твојата приказна. Тоа е многу едноставна идеја, a

воедно и најмоќна во целата човекова историја. Можеби не e најкорисна, но секако e најмоќна. Вашата цела историја, со

сите нејзини чуда и катастрофи, се базира на оваа премиса.”

“Искрено, не можам ни да замислам кон што води ова.”

“Размисли... Светот не бил создаден за медузата, нели?”

“Не.”

Page 26: Ишмаел

26

“Не бил создаден за жабите и влекачите и зајаците.”

“Не.”

“Секако дека не. Светот бил создаден за човекот.”

“Тоа е точно.”

“Сите во твојата култура го знаат тоа, нели? Дури и атеистите кои се колнат дека нема бог знаат дека светот е создаден

за човекот.”

“Да, би рекол дека е така.”

“Во ред. Тоа е премисата на вашата приказна: Светот бил создаден за човекот.”

“Не можам да сфатам точно зошто тоа е премиса.”

“Луѓето од твојата култура ја направиле да биде премиса - ја земале за премиса. Тие рекле: Што ако светот бил создаден

за нас? ”

“Добро. Продолжи.”

“Помисли на последиците ако ти тоа би го земал за твоја премиса: Ако светот бил создаден за тебе, тогаш што?”

“Добро, мислам дека разбирам што сакаш да кажеш. Ако светот бил создаден за нас, тогаш ни припаѓа нам и можеме да

правиме што сакаме со него.”

“Точно. Тоа се случува овде последните десет илјади години: Вие правите што сакате со светот. И секако, имате намера да продолжите да правите што сакате со него, затоа што ви припаѓа вам.”

“Да,” реков и размислив малку. “Всушност тоа е мошне интересно, мислам, го слушаш тоа педесетпати на ден. Луѓето

зборуваат за нашата околина, нашите мориња, нашиот соларен систем. Сум слушнал и како луѓето зборуваат за

нашиот див свет.”

“А вчера ме убедуваше со целосна самодоверба дека нема ништо во вашата култура што можеби и оддалеку потсетува

на митологија.”

“Точно, го направив тоа.” Ишмаел продолжи да ме гледа мрзеливо. “Не бев во право,” му реков. “Што уште сакаш?”

“Воодушевување.”

Климнав со главата. “Добро, воодушевен сум, само не го покажувам тоа.”

“Требало да те земам кога си имал седумнаесет години.”

Слегнав со рамениците, како знак дека навистина посакувам тоа да го направел.

7.

“Вчера ти реков дека вашата приказна ви дава објаснување за тоа како работите станале такви какви што се сега.”

“Точно.”

“Како допринесува првиот дел од приказната за тоа објаснување?”

“Мислиш... како допринесува во објаснувањето за тоа како работите станале такви какви што сега?”

“Точно.”

“Искрено, не гледам дека воопшто допринесува.”

“Размисли. Дали работите би биле вакви какви што се сега ако светот бил создаден за медузата?”

“Не, не би биле.”

Page 27: Ишмаел

27

“Очиглено дека не. Ако светот бил создаден за медузата, тогаш работите би биле сосема поинакви.”

“Тоа е точно. Но светот не бил создаден за медузата, бил создаден за човекот.”

“И тоа делумно објаснува како работите станале такви какви што се сега.”

“Точно. Тоа е како да ја префрламе целата вина врз боговите, на некаков прикриен начин. Ако го создале светот за

медузата, тогаш ништо од ова не би се случило.”

“Токму така,” рече Ишмаел. “Почнуваш да сфаќаш.”

8.

“Дали сега имаш чувство каде би можел да ги најдеш другите делови од приказната - средината и крајот?”

Размислив малку за ова. “Би гледал Nova, мислам.”

“Зошто?”

“Би рекол дека, кога Nova би правела сторија за настанокот на светот, приказната што ти ја раскажав денес би била само

скица. С што треба сега да направам е да откријам како тие би го направиле останатото.”

“Тогаш тоа е твојата следна задача. Утре сакам да ја слушнам средината на приказната.”

Четири

1.

“Добро,” реков. “Мислам дека целосно ги имам средината и крајот на приказната.”

Ишмаел климна со главата и го вклучи диктафонот.

“Започнав со премисата: Светот бил создаден за човекот. Потоа се запрашав како би ја напишал приказната за Nova.”

Излезе вака:

“Светот бил создаден за човекот, но му било потребно многу време за да го сфати тоа. Скоро три милиони години

живеел како светот да бил создаден за медузата. А тоа значи дека живеел како и секое друго суштество, како тигар или

дабар.”

“Што точно значи да живееш како тигар или дабар?”

“Значи... да живееш на милост или немислост на светот. Значи да живееш без да ја контролираш твојата околина.”

“Сфаќам. Продолжи.”

“Добро. Во ваква состојба, човекот не можел да биде потполно човек. Не можел да развие потполно човечки начин на

живот - начин на живот што е исклучиво човечки. Па, за време на раниот дел од животот - всушност поголемиот дел од

животот - човекот само губел време правејќи ништо и одејќи никаде.”

“Имаше клучен проблем што требаше да се реши, и тоа е нешто што ми одзема многу време: да пронајдам што е проблемот. Човекот не можел да постигне ништо живеејќи како тигар или дабар, затоа што ако си тигар или дабар... За да

постигне нешто, човекот морал да се насели на едно место каде што би можел да работи, условно кажано. Мислам на тоа

дека било невозможно за него да продолжи да живее на отворено како ловец-собирач, секогаш движејќи се од едно место

на друго во потрага по храна. За да го надмине тоа, тој морал да се насели некаде, морал да има трајна база од каде што

би можел да започне да ја обликува својата околина.

“Добро. Зошто не? Мислам, што го спречувало да го направи тоа? Тоа што го спречувало е тоа што ако се населел

некаде повеќе од една недела, би умрел од глад. Како ловец-собирач едноставно би го исчистил местото - не би останало

ништо што би можел да го лови и собира. За да изгради населба, човекот морал да научи една фундаментална

манипулација. Морал да научи како да манипулира со неговата околина за да не се случи да умре од глад. Морал да

манипулира со неа за да може да произведува повеќе човечка храна. Со други зборови, морал да стане земјоделец.

“Тоа бил моментот на пресврт. Светот бил создаден за човекот, но тој не бил во можност да го заземе се додека овој

проблем не бил решен. И конечно го решил проблемот пред околу десет илјади години, за време на Плодната

Page 28: Ишмаел

28

Полумесечина. Ова бил многу голем момент - најголемиот досега во човековата историја. Човекот конечно бил

ослободен од сите препреки коишто... Ограничувањата на животот како ловец-собирач го држеле човекот во место три

милиони години. Со земјоделството, сите тие ограничувања исчезнале и неговиот развој бил метеорски. Населбите

допринеле за развој на поделба на трудот. Поделбата на трудот допринела за развој на технологијата. Со развој на

технологијата дошле и размената и трговијата. Со размената и трговијата дошле и математиката и писменоста и науката,

и с останато. Конечно целата работа тргнала, и сето останато, како што велат, е историја.

“И тоа е средината на приказната.”

2.

“Многу импресивно,” рече Ишмаел. “Сигурно сфаќаш дека ‘големиот’ момент што го опиша е всушност раѓањето на

твојата култура.”

“Да.”

“Треба да се напомене дека мислата како земјоделството се раширило низ светот од едно место е многу стара. И покрај

тоа Плодната Полумесечина останува легендарното место на раѓање на земјоделството, посебно на Запад, а ова е од посебно значење и ќе го разгледаме подоцна.”

“Добро.”

“Вчерашниот дел од приказната ја разоткри смислата на светот онака како што е сфатена од Земачите: светот е систем за

одржување во живот на човекот, машина дизајнирана да создава и одржува човечки живот.”

“Точно.”

“Денешниот дел од приказната изгледа е за судбината на човекот. Очигледно не му било судено да живее како тигар или

дабар.”

“Тоа е точно.”

“Која е тогаш судбината на човекот?”

“Хмм,” реков. “Па, судбината на човекот е... да создава, да направи големи нешта.”

“Како што е познато помеѓу Земачите, човековата судбина е многу поконкретна од тоа.”

“Па, би можело да се каже дека неговата судбина е да ја изгради цивилизацијата.”

“Размислувај митолошки.”

“Се плашам дека не знам како се прави тоа.”

“Ќе ти демонстрирам. Слушај.”

Слушав.

3.

“Како што видовме вчера, еволуцијата не била комплетна кога се појавила медузата или кога се појавиле водоземците

или кога се појавиле влекачите или кога се појавиле цицачите. Според вашата митологија, била комплетна дури кога се

појавил човекот.”

“Точно.”

“Зошто светот и универзумот биле некомплетни без човекот? Зошто на светот и на универзумот им бил потребен

човекот?”

“Не знам.”

“Па размисли. Замисли си го светот без човекот.”

“Во ред.” реков, и ги затворив очите. По неколку минути му реков дека си го замислувам светот без човекот.

Page 29: Ишмаел

29

“Каков е?”

“Не знам. Тоа е само светот.”

“Каде си?”

“Како мислиш, каде сум?”

“Од каде го гледаш?”

“А. Од горе. Од вселената.”

“Што правиш таму горе?”

“Не знам.”

“Зошто не си доле, на површината?”

“Не знам. Без човекот на неа... јас сум само посетител, вонземјанин.”

“Па, ајде симни се на површината.”

“Во ред,” реков, но по една минута го сменив мислењето. “Многу интересно. Не би сакал да одам таму долу.”

“Зошто? Што има таму долу?”

Се насмеав. “Таму долу е џунглата.”

“Разбирам. Мислиш, природата, црвена, со канџи и заби... Змејови кои се растргнуваат меѓу себе во калта.”

“Toa.”

“И што би се случило кога би отишол таму?”

“Јас би бил еден од оние кои змејовите ги распарчуваат.”

Ги отворив очите точно навреме за да видам како Ишмаел климнува со главата. “Во овој момент всушност гледаме каде

е местото на човекот во божествената шема. Боговите немале намера да го остават светот како џунгла, нели?”

“Мислиш, во нашата митологија? Секако дека не.”

“Светот без човекот бил незавршен, само природа, црвена со канџи и заби. Бил во хаос, во состојба на првобитна

анархија.”

“Токму така.”

“И што му било потребно на светот?”

“Му било потребно некој да дојде и да... да го доведе на прав пат. Да создаде ред.”

“А која е таа личност што ги доведува работите на прав пат? Која е таа личност која од анархија создава ред?”

“Па... владетел. Крал.”

“Се разбира. На светот му бил потребен владетел. Му бил потребен човекот.”

“Да.”

“Сега ни е многу појасно за што е оваа приказна: Светот бил создаден за човекот, а човекот бил создаден за да владее

со него.”

“Да. Тоа е многу очигледно сега. Секој може да го разбере тоа.”

“А ова е, што?”

Page 30: Ишмаел

30

“Што?”

“Ова е факт?”

“Не.”

“Тогаш што е?”

“Митологија е,” реков.

“Митологија на која не може да и се најде никаква трага во вашата култура.”

“Тоа е точно.”

Ишмаел повторно ме гледаше попреку низ стаклото.

“Слушај,” реков, по некое време. “Работите коишто ми ги покажуваш, работите коишто ги правиш, се... речиси

неверојатни. Го знам тоа. Но едноставно јас не сум таков, да скокнам од мојата фотелја, да се удрам по челото и плачејќи да викам, ‘Боже, ова е неверојатно.’ ”

Го набра челото за момент, и потоа рече: “Тогаш, што не е во ред со тебе?”

Изгледаше толку искрено загрижен што морав да се насмеам. “Целосно замрзнат однатре,” му реков. “Санта од мраз.”

Одмавнуваше со главата, жалејќи ме.

4.

“Да се вратиме на нашата тема... Како што рече, на човекот му требало многу време за да дојде до фактот дека тој бил

создаден за поголеми работи, коишто не можел да ги постигне живеејќи како тигар или дабар. Речиси три милиони

години бил само дел од анархијата, само уште едно суштество кое се тркалало во калта.”

“Точно.”

“Пред само десет илјади години тој конечно сфатил дека неговото место не е во калта. Тој морал да се подигне од калта

и да го доведе ова место на прав пат.”

“Точно.”

“Но светот не се предал лесно на човековата власт, нели?”

“Не.”

“Не, светот му се спротиставувал. Тоа што човекот го градел, ветрот и дождот го уништувале. Полињата што ги чистел

за неговиот род и неговите села, џунглата се борела за да ги поврати. Семето што го сеел, птиците го грабале. Плодовите

што ги одгледувал, инсектите ги гризале. Жетвата што ја складирал, глувците ја краделе. Животните што ги одгледувал

и хранел, волците и лисиците ги краделе. Планините, реките и океаните стоеле на своето место и не сакале да му

направат пат. Земјотресите, поплавите, ураганите, виулиците и сушата не исчезнувале на негова заповед.”

“Точно.”

“Светот не сакал лесно да му се предаде на човекот, па што морал тој да му направи?”

“Како мислиш, што морал да му направи?”

“Ако кралот дојде во некој град кој не сака да подлегне на неговото владеење, што мора тој да направи?”

“Мора да го освои.”

“Секако. За да станел човекот владетел на светот, тој морал прво да го освои.”

“Господи,” реков - и скокнав од мојата фотелја, удирајќи се по челото.

“Да?”

Page 31: Ишмаел

31

“Го слушаш ова педесетпати на ден. Можеш да го пуштиш радиото или телевизорот и да го слушнеш секој час. Човекот

ги освојува пустините, човекот ги освојува океаните, човекот го освојува атомот, човекот ја освојува вселената.”

Ишмаел се насмеа. “Не ми веруваше кога ти реков дека приказната е амбиентална во вашата култура. Сега гледаш на што

мислам. Митологијата на вашата култура брмчи постојано во вашите уши и затоа никој не обраќа внимание на неа. Се

разбира дека човекот ги освојува пустините и океаните и елементите и вселената. Според вашата митологија, за тоа е роден.”

“Да. Тоа сега ми е јасно.”

5.

“Сега, првите два дела од приказната се соединија: Светот бил создаден за човекот, а човекот бил создаден да го освои и

да владее со него. И како допринесува вториот дел од приказната на твоето објаснување за тоа како работите станале

такви какви што се сега?”

“Да размислам малку... Уште еднаш, ова е некаков прикриен начин да се префрли вината врз боговите. Го создале светот

за човекот и го создале човекот да го освои и да владее со него - што тој, тоа и го направил. И така работите станале

такви какви што се сега.”

“Оди малку подлабоко.”

Ги затворив очите и размислував неколку минути, но не успеав да дојдам до некаков заклучок.

Ишмаел покажа со главата накај прозорецот. “Сето ова, сите ваши триумфи и трагедии, сите ваши чуда и несреќи - се

последица на што?”

Го џвакав тоа малку, но с уште не можев да видам што точно сака да каже..

“Пробај вака,” Ишмаел рече. “Работите не би биле такви какви што се сега ако боговите го создале човекот да живее

како тигар или дабар, нели?”

“Не.”

“Човековата судбина била да го освои светот и да владее со него. Значи, работите станале такви какви што се сега како

последица на...?”

“Како последица на тоа што човекот ја остварил својата судбина.”

“Секако. И морал да ја оствари, нели?”

“Да. Апсолутно.”

“Како што Земачите гледаат на тоа, сево ова е само цената што треба да се плати за да се стане човек.”

“Што сакаш да кажеш?”

“Не било возможно да се стане целосно човек живеејќи покрај змејовите во калта, нели?”

“Не.”

“За да стане целосно човек, тој морал да се извади од калта. И сето ова е резултат на тоа. Како што Земачите гледаат на

тоа, боговите му го дале истиот избор на човекот како оној на Ахил: краток, но славен живот, или долг, неинтересен и

нејасен живот. И Земачите одбрале краток, но славен живот.”

“Да, тоа секако е така сфатено. Луѓето само слегнале со рамениците и рекле, ‘Па, ова е цената што треба да ја платиме за

да имаме водовод и централно греење и клима уреди и автомобили и с останато.’ ” Го погледнав збунето. “А што велиш

ти?”

“Велам дека, цената што сте ја платиле, не е цената што треба да се плати за да се стане човек. Не е дури ни цената што

сте ја платиле за да ги имате сите овие работи. Тоа е цената за раскажување на приказната којашто го прави човештвото непријател на светот.”

Page 32: Ишмаел

32

Пет

1.

“Ги имаме заедно почетокот и крајот на приказната,” рече Ишмаел, кога започнавме следниот ден. “Човекот конечно

почнал да ја остварува својата судбина. На пат е освојувањето на светот. И како завршува приказната?”

“Веројатно требаше да продолжам вчера. Се изгубив малку.”

“Можеби ќе ти помогне ако повторно ја преслушаш касетата за да слушнеш како завршува вториот дел.”

“Добра идеја.” Ја премотав касетата неколку минути наназад и ја пуштив: “Човекот конечно бил ослободен од сите

препреки коишто... Ограничувањата на животот како ловец-собирач го држеле човекот во место три милиони години. Со

земјоделството, сите тие ограничувања исчезнале и неговиот развој бил метеорски. Населбите допринеле за развој на

поделба на трудот. Поделбата на трудот допринела за развој на технологијата. Со развој на технологијата дошле и

размената и трговијата. Со размената и трговијата дошле и математиката и писменоста и науката, и с останато. Конечно

целата работа тргнала, и с останато, како што велат, е историја.”

“Добро,” реков. “Во ред. Судбината на човекот била да го освои светот и да владее со него, и тој го има направено тоа -

приближно. Не успеал во целост и изгледа дека тоа е можеби неговиот пад. Проблемот е што човековото освојување на

светот всушност го опустошило светот. И покрај целата вештина што сме ја стекнале, сепак немаме доволно вештина да

го запреме опустошувањето на светот - или да го поправиме она што сме го опустошиле. Сме ги истуриле нашите отрови

во светот како тој да е дупка без дно - и продолжуваме да ги истураме нашите отрови во светот. Сме почнале да ги

голтаме ненаситно незаменливите извори, како да не можат никогаш да пресушат - и продолжуваме да ги голтаме.

Тешко е да се замисли дека светот ќе може да преживее уште еден век со ваква злоупотреба, но никој не прави ништо во

врска со тоа. Тоа е проблем што ќе треба да го решат нашите деца, или нивните деца.

“Само едно нешто може да не спаси. Мора да го зголемиме нашето владеење со светот. Целата оваа штета е настаната за

време на нашето освојување на светот, но мораме да продолжиме да го освојуваме с додека нашето владеење не биде апсолутно. Тогаш, кога ќе имаме комплетна контрола, с ќе биде во ред. Ќе имаме топлотна енергија. Нема да има

загадување. Ќе го вкучуваме и исклучуваме дождот. Ќе растеме еден бушел од пченица на еден сантиметар квадратен. Ќе

го контролираме времето - нема да има повеќе урагани, нема да има повеќе торнада, нема да има повеќе суши. Ќе

направиме облаците да ја испуштаат својата вода врз земјата, а не да ја фрлаат непотребно во океаните. Ќе ги претвориме

океаните во фарми. Сите животни процеси на оваа планета ќе бидат таму каде што припаѓаат - каде што боговите имале

намера да бидат - во наши раце. И ќе управуваме со нив како што еден програмер управува со компјутер.

“Дотаму сме стигнати сега. Мораме да продолжиме напред со освојувањето. А тоа или ќе го уништи светот или ќе го

претвори во ра ј- во рај каков што бил замислен од боговите, под човечко владеење.”

“И ако успееме да го направиме тоа - ако конечно успееме да направиме од себеси апсолутни владетели на светот -

тогаш ништо нема да може да не запре. Тогаш влегуваме во Star Trek ера. Човекот оди во вселената да го освои целиот универзум и да владее со него. И тоа е можеби конечната судбина на човекот: да го освои целиот универзум и да владее

со него. Ете колку е чудесен човекот.

2.

На мое големо изненадување, Ишмаел зема една гранка од неговиот куп и почна да мафта со неа кон мене со голем

ентузијазам и одобрување. “Уште еднаш, тоа беше одлично,” рече, нежно гризејќи од гранката.

“Но секако, сфаќаш дека ако го раскажуваше овој дел од приказната пред сто години - или дури и пред педесет години - тогаш би раскажувал само за рајот кој н очекува. Идејата дека освојувањето на светот од страна на човекот би било

нешто друго освен корисно, за тебе би била незамислива. С до последните три или четири декади, луѓето воопшто не се

сомневале дека нештата ќе бидат с подобри и подобри засекогаш. Немало убедлив крај на повидок.”

“Да, така е.”

“Сепак има еден елемент којшто ти го изостави, а ни е потребен за да го комплетираме објаснувањето на вашата

култура за тоа како работите станале такви какви што се сега.”

“Кој е тој елемент?”

“Мислам дека можеш да го откриеш. Досега го имаме ова: Светот бил создаден за човекот да го освои и да владее со

него, а под негово владеење да го претвори во рај. По ова, јасно, мора да следи едно ‘но’. Отсекогаш следело едно ‘но’.

Тоа е затоа што Земачите отсекогаш го гледале светот како многу пократок од рајот за којшто тој бил наменет.”

Page 33: Ишмаел

33

“Точно. Да видам... Може вака: Човекот бил создаден да освојува и владее, но неговото освојување испаднало многу

подеструктивно отколку што се очекувало.”

“Не слушаш. Тоа ‘но’ било дел од приказната долго време пред вашето освојување да стане глобално уништувачко. Тоа

‘но’ било таму за да ги објасни мааните на вашиот рај - војна и бруталност и неправда и корупција и тиранија. Тоа е с уште тука и денес, за да ја објасни гладта, репресијата, нуклеарната закана и загадувањето.”

Го гледав бледо.

“Ова е многу едноставно. И трето-одделенец може да го надополни.”

“Сигурен сум дека си во право, но јас с уште не можам да откријам што е тоа.”

“Ајде, размисли. Што тргнало наопаку овде? Што отсекогаш било наопаку овде? Под човеково владеење, светот би

требало да стане рај, но...”

“Но луѓето го уништиле тоа.”

“Секако. А зошто го направиле тоа?”

“Зошто?”

“Дали го направиле тоа затоа што не сакале рај?”

“Не. Игледа дека тоа им било пишано. Сакале да го претворат светот во рај, но со самото тоа што се луѓе, им било

пишано да го уништат тоа.”

“Но, зошто?”

“Затоа што има нешто фундаментално грешно во луѓето. Нешто што дефинитивно работи против рајот. Нешто што ги

прави луѓето глупави и деструктивни и кратковиди.”

“Секако. Сите во вашата култура го знаат тоа. Човекот бил роден да го претвори светот во рај, но бил роден со некаква

грешка. Затоа неговиот рај секогаш бил уништуван од глупост, алчност, деструктивност и кратковидост.”

“Така е.”

3.

“Велиш ли дека ова објаснување е неточно?”

Ишмаел одмавна со главата. “Бесмислено е да се расправаш со митологија. Порано луѓето верувале дека човековиот дом

бил центар на универзумот. Човекот бил причината зошто универзумот бил воопшто создаден, па така, за него имало

смисла неговиот дом да биде главниот град. Следбениците на Коперник не се расправале за тоа. Не покажувале кон

луѓето и не велеле, ‘Вие не сте во право.’Тие покажувале кон небото и викале, ‘Погледнете што всушност има таму.’”

“Не сум сигурен што точно сакаш да кажеш.”

“Како Земачите дошле до заклучокот дека нешто не е во ред со луѓето? Кој доказ го имале?”

“Не знам.”

“Мислам дека намерно се правиш глупав. Како доказ ја имале човековата историја.”

“Точно.”

“А кога започнала човековата историја?”

“Пред три милиони години.”

Ишмаел ме погледна со гадење. “Тие три милиони години се неодамна додадени во човековата историја, како што добро

знаеш. Пред тоа, се претпоставувало дека човековата историја започнала, кога?”

Page 34: Ишмаел

34

“Па, пред само неколку илјади години.”

“Секако. Всушност, помеѓу луѓето од твојата култура, се претпоставувало дека целата човекова историја е вашата

историја. Никој не се ни сомневал дека човековиот живот се протегал и надвор од вашето владеење.”

“Така е.”

“Кога луѓето од твојата култура конечно сфатиле дека нешто не е во ред со човековиот род, кој им бил доказот за тоа?”

“Доказот им била нивната сопствена историја.”

“Точно. Тие гледале само половина процент од доказот, земен од само една култура. А тоа не е доволно за да може еден

ваков заклучок да се заснова на тоа.”

“Не.”

“Нема ништо фундаментално грешно во луѓето. Ако им дадеш приказна којашто им кажува да живеат во мир со светот, тие ќе живеат во мир со светот. Но ако им дадеш приказна во која се спротивставени со светот, како вашата, тие ќе

живеат спротивставени со светот. Ако им дадеш приказна во која тие се претставени како господари на светот, тие ќе се

однесуваат како господари со светот. И ако им дадеш приказна во која светот е непријател кој треба да се покори, тие ќе

го покорат, и еден ден, неизбежно, нивниот непријател ќе лежи пред нивните нозе, крварејќи до смрт, како светот сега.”

4.

“Пред неколку дена,” рече Ишмаел , “Го претставив твоето објаснување за тоа како работите станале такви какви што

се сега како мозаик. Тоа што го гледавме досега е само скицата на мозаикот - основните контури на сликата. Нема да ја пополниме скицата сега. Тоа ќе можеш лесно да го направиш сам, кога ќе завршиме.”

“Во ред.”

“Меѓутоа, еден многу важен елемент од скицата треба да биде доцртан пред да продолжиме... Една од најинтересните

особини на културата на Земачите е страсната и непопустлива зависност од пророци. Влијанието на луѓето како Мојсеј,

Гуатама Буда, Конфучие, Исус и Мухамед во историјата на Земачите е неверојатно големо. Сигурен сум дека си свесен за

тоа.”

“Да.”

“Тоа што го прави ова толку неверојатно е фактот дека вакво нешто воопшто нема помеѓу Оставачите - освен ако не се појавува како последица од контакт со Земачите, како во случајот со Водока и Танцот на Духовите и Џон Фрум и Карго

култовите во Јужниот Пацифик. Освен овие, нема никаква традиција помеѓу Оставачите за пророци коишто се издигаат

помеѓу луѓето за да ги доведат на прав пат нивните животи и да им дадат нова серија на закони и принципи по коишто

треба да живеат. ”

“Бев нејасно свесен за тоа. Претпоставувам исто и сите други... Мислам дека е...Не знам.”

“Продолжи.”

“Мислам дека генералното мислење е, па што, кому му е гајле за тие луѓе? Мислам, не е големо изненадување тоа што

дивјаците немаат пророци. Бог не се интересирал многу за човештвото се додека не дошле тие фини бели неолитски фармери.”

“Да, тоа е добра забелешка. Но она што сакам сега да го разгледаме не е недостатокот на пророци помеѓу Оставачите,

туку огромното влијание на пророците помеѓу Земачите. Милиони биле спремни да го бранат нивниот избор на пророк

со нивните животи. Што ги прави пророците толку важни?”

“Тоа е проклето добро прашање, но мислам дека не го знам одговорот.”

“Добро, пробај вака. Што сакале да постигнат пророците? Што требало тие да направат?”

“Ти го кажа тоа самиот пред една минута. Тие биле тука да н доведат на прав пат и да ни кажат како треба да живееме.”

“Витална информација. За којашто вреди да се умре, очигледно.”

Page 35: Ишмаел

35

“Очигледно.”

“Но, зошто? Зошто ви требаат пророци за да ви кажат како треба да живеете? Зошто воопшто ви треба некој да ви каже

како треба да живеете?”

“А, добро. Сфаќам што сакаш да кажеш. Ни требаат пророци да ни кажат како треба да живееме, затоа што во спротивно не би знаеле како.”

“Се разбира. Прашањата за тоа како треба да живеат луѓето секогаш завршуваат како религиозни прашања - секогаш

завршуваат како аргументи помеѓу пророците. На пример, кога абортусот почна да се легализира во оваа земја, на

почетокот беше третиран како граѓанска работа. Но кога луѓето почнаа да се премислуваат за тоа, тие се свртеа кон

нивните пророци и тоа набрзо се претвори во религиозна кавга, во која двете страни го повикаа свештенството да ги

поддржи. Исто така и прашањето за легализација на дрогите како хероин и кокаин, сега се дебатира во основни термини -

но ако некогаш тоа стане сериозна можност, луѓето со одреден начин на размислување несомнено ќе се свртат кон

светите списи за да видат што имаат нивните пророци да кажат за тоа.”

“Да, така е. Тоа е автоматски одговор, којшто луѓето го земаат здраво за готово.”

“Пред една минута рече, ‘Ни требаат пророци за да ни кажат како треба да живееме, затоа што во спротивно не би знаеле

како.’ Зошто е тоа така? Зошто не би знаеле како да живеете без вашите пророци?”

“Тоа е добро прашање. Би рекол, затоа што... Погледни го случајот со абортусот. Можеме да расправаме за тоа

илјадници години, но никогаш нема да има аргумент доволно силен да ја запре расправата, затоа што секој аргумент има

контра-аргумент. Затоа, невозможно е да знаеме што би требало да направиме. Затоа ни е потребен пророк. Пророкот

знае.”

“Да, мислам дека е така. Но прашањето останува: Зошто вие не знаете?”

“Мислам дека прашањето останува поради тоа што не можам да го одговорам.”

“Знаете како да разделувате атоми, како да испратите истражувачи на месечината, како да спојувате гени, но не знаете

како треба да живеат луѓето.”

“Така е.”

“Зошто е тоа така? Што вели Мајката Култура?”

“Ах,” реков, и ги затворив очите. И по минута или две: “Мајката Култура вели дека е возможно да се има одредено

знаење за работи како што се атоми или вселенски патувања или гени, но невозможно e да се има знаење за тоа како

треба да живеат луѓето. Тоа едноставно не е достапно и затоа го немаме.”

“Разбирам. И слушајќи ја Мајката Култура, што би рекол?”

“Во овој случај, би рекол дека се сложувам. Едноставно нема одредено знаење за тоа како треба да живеат луѓето.”

“Со други зборови, најдоброто што можеш да го направиш е да се консултираш со внатрешноста на твојата глава. Тоа го

прават и луѓето коишто се вклучени во дебатата за легализирање на дрогата. Секоја страна го подготвува случајот на

основа на она што е разумно, и на која страна и да застанеш, нема да знаеш со сигурност дали си ја направил вистинската

работа.”

“Тоа е апсолутно точно. Не е прашањето дали ја правиш вистинската работа, затоа што нема начин да го дознаеш тоа.

Прашањето е само за кого ќе гласаш.”

“Ти си прилично сигурен во врска со ова. Едноставно нема начин да се добие одредено знаење за тоа како треба да

живеат луѓето.”

“Апсолутно сигурен.”

“Како дојде до ова сознание?”

“Не знам. Одредено знаење за тоа треба како да се живее... е невозможно да се добие на кој било начин. Едноставно, тоа

не е таму.”

“Си побарал ли некогаш, таму?”

“Го гледав молчејќи.”

Page 36: Ишмаел

36

“Дали некогаш некој рекол, ‘Па, имаме одредено знаење за сите овие работи, зошто не видиме дали може да најдеме

знаење за тоа како треба да живееме?’ Дали некогаш некој го направил тоа?”

“Се сомневам.”

“Зарем тоа не ти е чудно? Ако се земе предвид дека ова е најважниот проблем што човештвото треба да го реши - што

кога било требалo да го реши - би помислил дека има цела гранка од науката посветена на тоа. Но гледаме дека ниту еден

од вас никогаш не се запрашал дали е возможно да се добие такво знаење.”

“Ние знаеме дека нема.”

“Пред воопшто да побарате, мислиш.”

“Така е.”

“Тоа не е многу научна процедура за така научни луѓе.”

“Точно.”

5.

“Знаеме две многу важни работи за луѓето.” Рече Ишмаел, “барем според митологијата на Земачите. Прво, има нешто

фундаментално грешно со нив, и второ, немаат одредено знаење за тоа како треба да живеат - и никогаш нема да имаат.

Изгледа дека би требало да има некаква врска помеѓу овие две работи.”

“Да. Ако луѓето знаеле како треба да живеат, тогаш би требало да можат да се справат со тоа што е грешно во човековата

природа. Сакам да кажам дека, ако знаеле како треба да живеат, тогаш би требало да знаат и како да живеат како суштества со недостаток. Дали ме разбираш?”

“Мислам дека те разбирам. Велиш дека, кога би знаеле како треба да живеете, тогаш недостатокот би можел да биде

контролиран. Кога би знаеле како треба да живеете, не би ја уништувале земјата цело време. Можеби двете работи се

само една работа. Можеби недостатокот на човекот е овој: дека не знае како треба да живее.”

“Да, има нешто во тоа.”

6.

“Сега ги имаме сите главни елементи од објаснувањето на твојата култура за тоа како работите станале такви какви

што се сега. Светот му бил даден на човекот за да го претвори во рај, но тој секогаш го уништувал тоа, затоа што има

вроден недостаток. Би можeл да направи нешто во врска со тоа, кога би знаел како треба дa живее, но не знае - и никогаш

нема да знае, затоа што едноставно не е возможно да се добие такво знаење. Затоа, без разлика колку и да се труди

човекот да го претвори

светот во рај, тој најверојатно ќе продолжи да го уништува.”

“Да, изгледа дека е така.”

“Тоа е навистина тажна приказна. Приказна на безнадежност и бескорисност, приказна во која едноставно не може

ништо да се направи во врска со тоа.. Човекот е роден со недостаток, па затоа продолжува да го уништува она што би требало да биде рај, и не може да се направи ништо во врска со тоа. Не знаете како да живеете, а да не го уништувате

рајот, и не може да се направи ништо во врска со тоа. И тука сте сега, брзате стрмоглаво кон катастрофа, и с што можете

да направите е да гледате како доаѓа.”

“Да, изгледа дека е така.”

“Со ваква жалосна приказна, не е воопшто чудно што многу од вас животите ги поминуваат под дејство на дрога или

алкохол или гледајќи телевизија. Не е воопшто чудно што многу од вас полудуваат или имаат самоубиствени нагони.”

“Точно. Но дали има друга?”

“Што друга?”

“Друга приказна.”

Page 37: Ишмаел

37

“Да, има друга приказна, но Земачите се трудат најдобро што можат да ја уништат, како и с останато.”

7.

“Дали си разгледувал многу на твоите патувања?”

“Дали сум разгледувал?”

“Дали си одел да ги разгледуваш локалните знаменитости?”

“Претпоставувам. Понекогаш.”

“Сигурен сум дека си забележал како само туристите навистина ги гледаат локалните обележја. Овие обележја се

невидливи за локалните жители, едноставно затоа што тие се секогаш таму.”

“Да, така е.”

“Тоа го правевме досега на нашето патување. Се шетавме низ твојата татковина гледајќи ги обележјата што локалните

жители никогаш не ги гледаат. Посетител од друга планета би ги сметал за значајни, дури и неверојатни, но локалните

жители на твојата култура ги земаат здраво за готово и не ги ни забележуваат.”

“Тоа е точно. Би морал да ми ја свртиш главата со твоите раце кон одредена насока и да речеш, ‘Не можеш ли да го

видиш тоа?’ А јас би рекол, ‘Што да видам? Таму нема ништо што да се види.’”

“Денеска потрошивме многу време гледајќи еден од вашите најимпресивни споменици - аксиома која тврди дека не

може да се добие одредено знаење за тоа како треба да живеат луѓето. Мајката Култура го нуди ова како прифатливо врз основа на сопствени вредности, без никаков доказ, затоа што е невозможно да се докаже.”

“Точно.”

“И заклучокот којшто го извлече од оваа аксиома е...?”

“И затоа нема смисла да се бара такво знаење.”

“Тоа е точно. Според твоите мапи, светот на мислата е на иста граница со вашата култура. Завршува на границата на

вашата култура и ако ја преминеш таа граница, едноставно ќе паднеш од работ на светот. Дали ме разбираш?”

“Мислам дека разбирам.”

“Утре ќе ја предизвикаме нашата храброст и ќе ја преминеме границата. И како што ќе видиш, нема да паднеме од работ

на светот. Едноставно ќе се најдеме на нова територија, територија којашто никогаш не била истражувана од некој од

вашата култура, затоа што вашите мапи велат дека не е таму - и навистина, не може да биде таму.”

Шест

1.

“И како се чувствуваш денеска?” Праша Ишмаел. “Ти се потат дланките? Ти чука силно срцето?”

Го гледав замислено низ стаклото коешто не раздвојуваше. Оваа негова разиграност беше нешто ново и не бев сигурен

дека ми се допаѓа. Бев под искушение да го потсетам дека е горило, за име божје, но се воздржав и промрморев:

“Релативно смирен, досега.”

“Добро. Тогаш да започнеме. Се соочуваме со ѕид на работ на мислата во вашата култура. Вчера го нареков споменик, но

претпоставувам нема ништо што би спречило еден ѕид да биде исто така и споменик. Во секој случај, овој ѕид е аксиома

која тврди дека не може да се добие одредено знаење за тоа како треба да живеат луѓето. Јас ја отфрлам оваа аксиома и се качувам преку ѕидот. Не ни требаат пророци за да ни кажуваат како треба да живееме; можеме да откриеме и самите,

консултирајќи се со тоа што е таму.”

Page 38: Ишмаел

38

Немав ништо што да кажам на тоа.

“Ти си скептичен, се разбира. Според Земачите, секаков вид на корисни информации можат да се најдат во универзумот,

но ниту една не се однесува на тоа како треба да живеат луѓето. Со проучување на универзумот, вие сте научиле како да

летате, да разделувате атоми, да праќате пораки кон ѕвездите со брзина на светлината, и така натаму, но нема начин на

проучување на универзумот кој ќе ви го обезбеди најосновното и најпотребното знаење: знаењето за тоа како треба да живеете.”

“Тоа е точно.”

“Пред еден век идните авијатичари биле во потполно иста ситуација; во смисла, да научат како да летаат. Дали знаеш

зошто?”

“Не. Не гледам каква врска имаат авијатичарите со тоа.”

“Било далеку од сигурно дека знаењето кое овие идни авијатичари го барале воопшто постои. Некои рекле дека не може

да се најде, па затоа нема никаква смисла да се бара. Дали ја гледаш сега сличноста?”

“Да, претпоставувам.”

“Меѓутоа, има многу повеќе од само обична сличност. Во тоа време, немало никакво знаење за летањето кое би можело

да се нарече сигурно. Сите имале свои теории. Еден би рекол, ‘Единствен начин да се постигне лет е да се имитира

птицата; мораш да имаш еден пар крилја со кои ќе мафташ.’ Друг би рекол, ‘Еден пар не е доволен, треба да имаш два

пара.’А друг би рекол, ‘Глупости. Авионите од хартија летаат без такви крилја; ти требаат еден пар статични крилја и

електрична централа за да те турнат низ воздухот. ’И така натаму. Тие можеле да се препираат со нивните јадни мислења

до бесконечност, затоа што ништо не било сигурно. С што можеле да направат е да продолжат со обиди и грешки.”

“Аха.”

“Што би им овозможило да продолжат поефикасно?”

“Па, некакво знаење, како што велиш ти.”

“Но какво знаење, поточно?”

“Господи... Требало да знаат како да произведат потисок. Требало да знаат дека кога воздухот поминува врз

аеродинамичен профил...”

“Што се обидуваш да објасниш?”

“Се обидувам да објаснам што се случува кога воздухот поминува врз аеродинамичен профил.”

“Мислиш, што секогаш се случува кога воздухот поминува врз аеродинамичен профил?”

“Точно.”

“Како се вика тоа? Изјава којашто објаснува што се случува кога одредени услови ќе се сретнат.

“Закон.”

“Се разбира. Првите авијатичари морале да продолжат со обиди и грешки затоа што не ги знаеле законите на

аеродинамиката - не знаеле дека воопшто постоеле закони.”

“Во ред, сега разбирам што сакаш да кажеш.”

“Луѓето од твојата култура се наоѓаат во иста ситуација кога се работи за учењето како треба тие да живеат. Тие мораат

да продолжат со обиди и грешки затоа што не ги знаат важните закони - и не знаат дека воопшто постојат закони.”

“Јас се сложувам со нив,” реков.

“Ти си сигурен дека не можат да се откријат никакви закони за тоа како треба да живеат луѓето.”

“Точно. Очигледно е дека тие закони се измислени, како што се законите против употреба на дрога, но тие можат да се сменат со гласање. Не можеш да ги промениш законите на аеродинамиката со гласање - и нема такви закони за тоа како

треба луѓето да живеат.”

Page 39: Ишмаел

39

“Разбирам. Така ве учи Мајката Култура, и во овој случај ти се сложуваш со неа. Тоа е во ред. Но конечно разбираш што

се обидувам да направам: да ти покажам закон за кој ќе се сложиш дека не може да се промени со никакво гласање.”

“Во ред. Мојот ум е отворен, но не можам никако да замислам како ќе успееш да го направиш тоа.”

2.

“ Како гласи законот за гравитација?”

“Законот за гравитација? Па, законот за гравитација гласи... секоја честичка во универзумот е привлечена од секоја друга

честичка, а оваа привлечност се разликува во зависност од тоа колку се оддалечени една од друга.”

“А каде бил прочитан тој израз на законот?”

“Како мислиш?”

“Произлегол гледајќи во, што?”

“Па... во материјата, претпоставувам. Во однесувањето на материјата.”

“Не произлегол од проучување на навиките на пчелите.”

“Не.”

“Ако сакаш да ги разбереш навиките на пчелите, тогаш треба да ги проучуваш пчелите, а не планините.”

“Точно.”

“И ако некогаш би имал чудно чувство дека можеби има серија на закони за тоа како да треба се живее, каде би ги барал?”

“Не знам.”

“Дали би ги барал на небото?”

“Не.”

“Дали би го проучувал царството на субатомските честички?”

“Не.”

“Претпостави.”

“Антропологија?”

“Антропологијата е само поле на науката, исто како и физиката. Дали Њутн го открил законот за гравитација читајќи

книги за физика? Дали таму бил напишан законот?”

“Не.”

“Каде бил напишан?”

“Во материјата. Во универзумот на материјата.”

“Значи, повторно: ако има закон кој се однесува на животот, каде би бил напишан?”

“Претпоставувам во човековото однесување.”

“Имам неверојатна вест за тебе. Човекот не е сам на оваа планета. Тој е дел од заедница, од која е потполно зависен.

Дали ова некогаш ти паднало на памет?”

Тоа беше првпат да видам како подигнува една веѓа.

“Не мораш да бидеш саркастичен,” му реков.

“Кое е името на оваа заедница, на која човекот е само еден член?”

Page 40: Ишмаел

40

“Заедница на животот.”

“Браво. Дали тебе ти изгледа возможно дека законот што го бараме е можеби напишан во оваа заедница? ”

“Не знам.”

“Што вели Мајката Култура?”

Ги затворив очите и слушав некое време. “Мајката Култура вели дека доколку би имало таков закон, тој не би важел за

нас.”

“Зошто?”

“Затоа што ние сме над останатите од таа заедница.”

“Разбирам. А дали можеш да се сетиш на некои други закони од коишто сте ослободени, само затоа што сте луѓе?

“Како мислиш?”

“Сакам да кажам дека и кравите и крокодилите се подложни на законот за гравитација. Дали вие сте ослободени од тој

закон?”

“Не.”

“Дали сте ослободени од законите на аеродинамиката?”

“Не.”

“Генетиката?”

“Не.”

“Термодинамиката?”

“Не.”

“Дали можеш да се сетиш на какви било закони од кои луѓето се ослободени?”

“Не веднаш. Ми треба време да размислам.”

“Кажи ми ако се сетиш. Тоа ќе биде вистинска вест.”

“Во ред.”

“Но во меѓувреме, доколку навистина има закон којшто управува со однесувањето на заедницата на животот, луѓето се

ослободени од него.”

“Па, тоа го вели Мајката Култура?”

“А што велиш ти?”

“Не знам. Не гледам како може еден закон за желки и пеперутки да биде од важност за нас. Претпоставувам дека

желките и пеперутките го следат законот за којшто ти зборуваш.”

“Тоа е точно, тие го следат тој закон. А во однос на важноста, законите на аеродинамиката не биле отсекогаш

релевантни за вас, нели?”

“Не.”

“Кога станале релевантни?”

“Па... кога сме посакале да летаме.”

“Кога сакате да летате, законите коишто се однесуваат на летањето стануваат релевантни.”

Page 41: Ишмаел

41

“Да, тоа е точно.”

“А кога се наоѓате на работ на изумирање и сакате да живеете малку подолго, законите коишто се однесуваат на животот

би можеле да станат релевантни.”

“Да, претпоставувам дека би можеле.”

3.

“Кој е ефектот од законот за гравитација? За што е добра гравитацијата?”

“Би рекол дека гравитацијата е она што ги организира работите на макроскопско ниво. Ги држи работите заедно -

соларниот систем, галаксијата, универзумот.”

Ишмаел климна со главата. “А законот којшто ние го бараме е законот којшто ја држи заедницата заедно. Ги организира

работите на биолошко ниво, исто како што и гравитацијата ги организира работите на макроскопско ниво.”

“Во ред.” Изгледа Ишмаел почувствува дека имам нешто друго на ум, па затоа ме чекаше да продолжам да зборувам.

“Тешко е да се поверува дека нашите биолози не се свесни за овој закон.”

Линии од голема зачуденост го набраа неговото сино-сиво лице. “Дали мислиш дека Мајката Култура не им зборува на

вашите биолози?”

“Не.”

“Тогаш, што им кажува нив?”

“Им кажува дека, ако има таков закон, тогаш тој не важи за нас.”

“Се разбира. Но тоа и не е некој добар одговор на твоето прашање. Вашите биолози сигурно не би биле изненадени кога

би чуле дека однесувањето во природната заедница следи одредени шеми. Треба да разбереш дека кога Њутн го открил

законот за гравитација, никој не бил изненаден. Не е суперчовечко достигнување да забележиш дека објекти без

поддршка паѓаат кон центарот на земјата. Секој постар од две години го знае тоа. Достигнувањето на Њутн не било во

откривање на феноменот на гравитацијата, туку во формулирање на феноменот како закон.”

“Да, разбирам што сакаш да кажеш.”

“Исто така, с што ќе откриеш овде за животот во заедницата на животот, нема никого да изненади, сигурно нема да ги

изненади натуралистите или биолозите или луѓето кои го проучуваат однесувањето на животните. Моето достигнување,

ако успеам, едноставно ќе биде ако го формулирам тоа како закон.”

“Во ред. Разбрав.”

4.

“Дали би рекол дека законот за гравитација е за летање?”

Размислував малку за тоа и реков, “Не е за летање, но секако е од важност за летањето, бидејќи важи исто и за авионите и

за камењата. Не прави разлика помеѓу авионите и камењата.”

“Да, добро го кажа тоа. Законот за којшто разговараме овде е точно таков, само што се однесува за цивилизациите. Не е

за цивилизациите, но важи за нив, исто како што важи и за јато од птици и стадо од срни. Не прави разлика помеѓу

човечки цивилизации и роеви од пчели. Се однесува на сите видови без разлика. Ова е една од причините зошто овој

закон останал неоткриен во вашата култура. Според митологијата на Земачите, човекот по дефиниција е биолошки

исклучок. Од сите милиони видови, само еден е краен производ. Светот не бил создаден за да произведува жаби или

ајкули или скакулци. Бил создаден за да го произведе човекот. Затоа човекот е осамен, единствен и бесконечно одвоен од

с останато.”

“Точно.”

5.

Page 42: Ишмаел

42

Ишмаел ги помина следните неколку минути гледајќи во една точка, која беше оддалечена од неговиот нос околу

педесетина сантиметри, и јас почнав да се прашувам случајно да не заборавил дека сум таму. Но потоа ја продрма главата

и се поврати. За прв пат откако се запознавме, тој одржа едно мини предавање.

“Боговите им направиле три валкани трика на Земачите. Како прво, тие не го поставиле светот онаму каде што Земачите сметале дека припаѓа, во центарот на универзумот. Тие навистина мразеле да го слушаат ова, но се навикнале. Иако

домот на човекот бил заглавен на периферијата, тие с уште можеле да продолжат да веруваат дека човекот е централна

фигура во целата драма на создавањето.

“Вториот трик на боговите бил многу полош. Поради тоа што човекот бил климаксот на создавањето, суштеството за кое

с останато било создадено, боговите требало да бидат пристојни и да го создадат на начин кој ќе одговара на неговото

достоинство и значење - во одделен, специјален чин на создавање. Наместо тоа, тие направиле тој да еволуира од

заедничката кал, исто како и сите останати. Земачите навистина мразеле да го слушаат тоа, но со време почнале да се

привикнуваат на тоа. Иако човекот еволуирал од заедничката кал, сепак, неговата од бог дадена судбина била да владее

со светот, а можеби и со целиот универзум.”

“Но последниот трик на боговите бил најлош од сите. Иако Земачите с уште не знаеле, боговите не го ослободиле човекот од законите коишто управувале со животите на зајаците и школките и срните и лавовите и медузите. Не го

ослободиле од тој закон, исто како што не го ослободиле од законот на гравитацијата, а тоа ќе биде најгорчливиот удар за

Земачите. Тие можеле да се прилагодат на другите валкани трикови на боговите. Но на овој, не било возможно никакво

прилагодување.”

“Секој закон има ефекти, инаку не би можел да биде препознаен како закон. Ефектите од законот којшто го бараме се

многу едноставни. Видовите што живеат во согласност со законот, живеат вечно - или барем онолку колку што

дозволуваат условите на околината. Тоа, се надевам, ќе биде општо прифатено како добра вест за човештвото, затоа што

ако човештвото живее во согласност со овој закон, и тоа ќе живее вечно - или онолку колку што дозволуваат условите.

“Но тоа, се разбира, не е единствениот ефект на законот. Оние видови коишто не живеат во согласност со законот исчезнуваат. И исчезнуваат многу брзо. А ова ќе биде многу лоша вест за човештвото - најлошата што некогаш ја

слушнале.”

“Се надевам,” реков, “ не мислиш дека било што од ова ми укажува каде да го барам овој закон.”

Ишмаел размисли за момент, а потоа зема една гранка од купчето од неговата десна страна, ја подигна за да можам да ја

видам, а потоа ја пушти на подот. “Ова е ефектот којшто Њутн се обидувал да го објасни.” Тој покажа со раката кон

светот надвор. “Тоа е ефектот којшто јас се обидувам да ти го објаснам. Гледајќи таму надвор, можеш да видиш свет

полн со различни видови коишто, доколку им дозволуваат условите на околината, ќе живеат засекогаш.”

“Да, тоа и го претпоставувам. Но зошто е воопшто потребно објаснување?”

Ишмаел зема уште една гранка од купот, ја подигна и ја пушти да падне на подот. “Зошто на тоа му е потребно

објаснување?”

“Во ред. Ти велиш дека овој феномен не е резултат на ништо. Тоа е ефект на закон. Законoт е во функција овде.”

“Точно. Законот е во функија, а моја задача е да ти покажам како работи. Моментално, единствен начин да ти покажам

како работи законот е со помош на споредба со закони коишто веќе ги знаеш - законот за гравитација и законите за

аеродинамика.”

“Во ред.”

6.

“Знаеш дека, додека седиме овде, на никаков начин не му противречиме на законот за гравитација. Објектите без

поддршка паѓаат директно кон центарот на земјата, а површината на којашто седиме е нашата поддршка.”

“Точно.”

“Законите за аеродинамиката не ни покажуваат начин со кој ќе му противречиме на законот за аеродинамика. Сигурен

сум дека го разбираш тоа. Тие едноставно ни овозможуваат да го користиме воздухот како поддршка. Човек којшто седи во авион е подложен на тој закон, исто како што сме и ние додека седиме овде. Но и покрај тоа, тој човек ужива во

слобода која нас ни недостасува: слободата на воздухот.”

Page 43: Ишмаел

43

“Да.”

“Законот којшто го бараме е ист како и законот за гравитација: Не може да се избегне, но има начин да се постигне

нешто што е еднакво на лет - еднакво на слободата на воздухот. Со други зборови, возможно е да се изгради

цивилизација што лета.”

Гледав во него некое време и потоа реков, “Во ред.”

“Се сеќаваш како Земачите започнале да пробуваат да остварат лет. Тие не започнале со разбирање на законите на

аеродинамиката. Не започнале со теорија која се темели на истражување и внимателно испланирано експериментирање.

Тие едноставно граделе изуми, ги туркале од врвот на некое брдо и се надевале на најдоброто.”

“Точно.”

“Во ред. Сакам да следиме еден од тие рани обиди во детали. Да претпоставиме дека тоа е обид со еден од оние

прекрасни изуми со педали и крилја кои мафтаат, направен врз основа на погрешно сфаќање за авијациски лет. ”

“Во ред.”

“Кога започнува летот, с е добро. Нашиот надри-летач е турнат од работ на некое брдо и тој врти со педалите, а

крилјата мафтаат како луди. Тој се чувствува прекрасно, заносно. Ја доживува слободата на воздухот. Всушност, тоа што

тој не го сфаќа е дека неговото летало е аеродинамички неспособно за летање. Едноставно не е во согласност со законите

кои прават летот да биде возможен - но тој би ти се смеел кога би му го кажал тоа. Тој никогаш не слушнал за такви

закони, не знае ништо за нив. Тој би покажал кон неговите крилја и би рекол, ‘Гледаш? Исто како птица!’ Но и покрај

тоа, што и да си мисли, тој не е во лет. Тој е објект без поддршка којшто паѓа кон центарот на земјата. Тој не е во лет, тој

е во слободен пад. Дали ме следиш досега?”

“Да.”

“За среќа - или, поточно, за несреќа на нашиот летач, тој одбрал многу високо брдо за да го лансира своето летало.

Неговото освестување е далеку во времето и просторот. Тој е во слободен пад и се чувствува одлично и си честита себеси

за триумфот. Тој е како човекот од вицот кој скока од деведесетти кат затоа што изгубил облог. Како што го поминува

десеттиот кат, си вели себеси, ‘Па, добро е досега.

“Тој е во слободен пад, чувствувајќи задоволство од она за кое го смета за лет. Од толку голема височина тој може да

гледа наоколу со милји, и една работа што ја гледа го збунува: Тлото на долината е полно со летала како неговото - не

паднати, туку едноставно напуштени. ‘Зошто,’ се прашува тој, ‘овие летала не се во воздухот, туку седат на земјата?

Какви се тие будали што ги напуштиле своите летала, кога можат да уживаат во слободата на воздухот?’ Па, добро,

навиките во однесување на помалку талентираните, зависни од земјата смртници, не се негова грижа. Меѓутоа, гледајќи

надолу кон долината, нешто го привлекува неговото внимание. Изгледа дека тој не ја одржува неговата висина.

Всушност, изгледа како земјата да се издигнува кон него. Па, тој не е многу загрижен за тоа. Сепак, неговиот лет е целосен успех досега, и нема причина зошто не би продолжил да биде успех. Само ќе треба да врти малку посилно со

педалите, тоа е с .

“Добро е досега. Размислува задоволен за сите оние кои предвидувале дека неговиот лет ќе заврши катастрофално, со

скршени коски и смрт. Тој е тука, поминал толкав пат, а нема ниту една модринка, а не пак скршена коска. Но

погледнува повторно надолу, и тоа што го гледа навистина го вознемирува. Законот на гравитацијата го стигнува со

брзина од триесет и две стапки во секунда, и цело време се забрзува. Земјата се издигнува кон него алармирачки брзо. Тој

е вознемирен, но е далеку од очаен. ‘Леталото ме донесе дотука безбедно,’ си вели себеси. ‘Едноставно, треба да

продолжам.’ И почнува да ги врти педалите со сета сила. Но тоа воопшто не му помага затоа што неговото летало не е во

согласност со законите на аеродинамиката. Дури и кога би имал моќ од илјада луѓе во неговите нозе - десет илјади,

милион - леталото нема да оствари лет. Леталото е осудено на пропаст - а исто така и тој, ако не го напушти.

“Добро. Разбирам што зборуваш, но не гледам како е тоа поврзано со тоа што го зборуваме ние овде.”

Ишмаел климна со главата. “Еве ја поврзаноста. Пред десет илјади години, луѓето од твојата култура тргнале на сличен

лет: цивилизациски лет. Нивното летало не било дизајнирано во согласнот со никаква теорија. Исто како и нашиот

измислен летач, тие не биле свесни дека има закон којшто мора да се почитува за да се оствари цивилизациски лет. Дури

не ни размислувале за тоа. Тие ја сакале слободата на воздухот, па така, се турнале од брдото со првото летало коешто им

се нашло при рака: Грмотевицата на Земачите.

“На почетокот, с било добро. Всушност, било неверојатно. Земачите вртеле со педалите, а крилјата на нивното летало

мафтале прекрасно. Се чувствувале прекрасно, весело. Ја доживувале слободата на воздухот: слободата од ограничувањата кои го обврзувале и го ограничувале остатокот од биолошката заедница. А со таа слобода дошле и

чудата - сите оние работи коишто ти ги спомена пред некој ден: урбанизација, технологија, писменост, математика,

наука.”

Page 44: Ишмаел

44

“Летот никогаш не би завршил, би продолжил и би станал с повозбудлив и повозбудлив. Тие не можеле да знаат, не

можеле да претпостават дека, исто како и нашиот беспомошен летач, се во воздух, но не и во лет. Тие биле во слободен

пад, затоа што нивното летало не било во согланост со законите кои го прават летот возможен. Но нивното освестување

било далеку во иднината, па така тие продолжиле да ги вртат педалите и да си поминуваат одлично. Како и нашиот

летач, тие гледале чудни работи во правец на нивниот пад. Гледале остатоци од летала слични на нивните - не уништени, едноставно напуштени - од Маите, од Хохокамите, од Анасазите, од луѓето од култот Хоупвел, само да споменеме некои

од тие коишто се најдени овде во Новиот Свет. ‘Зошто,’тие се прашувале,‘овие летала се на земја, а не во воздух? Зошто

некој би сакал да биде врзан за земјата, кога би можел да ја има слободата на воздухот, како што ја имаме ние?’ Тоа е

сосема неразбирливо, целосна мистерија.

“Па, добро, делата на таквите глупави луѓе се ништо за Земачите. Тие вртат со нивните педали и си поминуваат одлично.

Тие нема да го напуштат нивното летало. Ќе уживаат во слободата на воздухот засекогаш. Но за жал, законот ги

стигнува. Тие не знаат дека воопшто постои таков закон, но нивното незнаење не им нуди заштита од неговите ефекти.

Тоа е закон којшто не простува, исто како и законот за гравитација, и ги стигнува на истиот начин како што го стигна и

нашиот летач: со забрзувачки чекор.

“Некои мрачни мислители од деветнаесеттиот век, како Роберт Валас и Томас Роберт Малтус, погледнуваат надолу. Пред илјада години, дури и пред само петстотини години, најверојатно не би забележале ништо. Но тоа што сега го

гледаат ги плаши. Како земјата да се движи брзо кон нив - како да ќе паднат на земја. Тие истражуваат малку и велат,

‘Ако продолжиме вака, ќе бидеме во голема неволја во не така далечна иднина.’ Другите Земачи ги отфрлаат нивните

предвидувања. ‘Поминавме толку голем пат, а не добивме ниту гребнатинка. Вистина е дека земјата се издигнува кон

нас, но тоа значи дека ќе треба само малку појако да вртиме со педалите. Без грижа.’ Но и покрај тоа, гладта станува

вообичаена состојба на живот во многу делови на Грмотевицата на Земачите - и Земачите ќе мора да вртат со педалите

поефикасно од порано. Но чудно, колку и поефикасно да вртат со педалите, состојбата станува се потешка. Многу чудно.

Петер Фарб тоа го нарекува парадокс: Интензивирање на производството на храна за да се нахрани зголемената

популација води кон уште поголемо зголемување на популацијата. ‘Не е важно,’ велат Земачите. Ќе ставиме некои луѓе

да вртат со педалите на сигурниот метод на контрола на раѓањето... Тогаш, Грмотевицата на Земачите ќе лета засекогаш.’

“Но ваквите едноставни одговори не се доволни за да ги осигураат луѓето од твојата култура во денешно време. Сите

гледаат надолу, и очигледно е дека земјата се издигнува кон вас - и се издигнува с побрзо и побрзо секоја година.

Основни еколошки и планетарни системи се под удар на Грмотевицата на Земачите, и тој удар го зголемува интензитетот

секоја година. Основни, незаменливи ресурси се голтаат секоја година - и се голтаат с поалчно секоја година. Цели

видови исчезнуваат како резултат на вашето освојување - и исчезнуваат во големи бројки секоја година. Песимистите -

или можеби се реалисти - гледаат надолу и велат, ‘Па, падот можеби ќе биде дваесет години од сега или можеби педесет

години од сега. Всушност, може да се случи кога било. Нема начин за да се биде сигурен.’ Но секако има и оптимисти,

кои велат, ‘Мораме да имаме верба во нашето летало. И покрај с , тоа не доведе дотука безбедно. Тоа пред нас не е

уништувањето, тука само мала грбка која ќе ја избегнеме само ако вртиме малку посилно со педалите. Тогаш ќе летнеме

кон славна, бесконечна иднина и Грмотевицата на Земачите ќе не одведе кон ѕвездите и ќе го освоиме и самиот

универзум.’Но вашето летало нема да ве спаси. Токму спротивното, вашето летало е тоа кое ве води кон катастрофа. Пет

милијарди од вас кои вртат со педалите - или десет милијарди или дваесет милијари - нема да направат да лета. Тоа е во слободен пад уште од почетокот, и тој пад наскоро ќе заврши.”

Конечно имав нешто мое да додадам на ова. “Најлошото е тоа што преживеаните, доколку воопшто ги има, веднаш ќе

започнат одново да го прават истото, на потполно ист начин.”

“Да, се плашам дека си во право. Не е лош начин преку обиди и грешки да се научи како да се изгради летало, но тоа

може да биде катастрофален начин за да се научи како да се изгради една цивилизација.”

Седум

1.

“Еве една загатка за тебе,” рече Ишмаел. “Ти си во далечна земја и одеднаш се наоѓаш во необичен град, целосно

изолиран од сите останати. Веднаш си импресиониран од луѓето кои живеат таму. Тие се пријателски расположени,

весели, здрави, напредни, јаки, мирољубиви и добро образувани, и тие ти кажуваат дека работите се вакви отсекогаш. Па,

го прекинуваш патувањето тука и едно семејство те поканува да останеш кај нив.

“Таа вечер ја пробуваш нивната храна за време на вечерата, вкусна ти е, но и непозната, и ги прашуваш што е тоа, а тие

велат, ‘О, тоа е месо од Б (Bee - пчела). Тоа е се што ние јадеме.’ Тоа секако тебе ти е нејасно и ги прашуваш дали мислат

Page 45: Ишмаел

45

на оние мали инсекти коишто собираат мед. Тие се смеат и те носат до прозорецот. ‘Таму има некои Б,’ велат тие,

покажувајќи кон нивните соседи во другата куќа.”

“Господи!” викаш згрозен. ‘Сакате да кажете дека јадете луѓе?!’А тие те гледаат зачудено и велат, ‘Ние јадеме Б.’

“Колку грозно,” одговараш. “Дали тие се ваши робови? Дали ги чувате затворени?”

“Зошто би ги чувале затворени?” прашуваат твоите домаќини.

“За да не избегаат, се разбира.”

“Сега твоите домаќини почнуваат да мислат дека си малку слаб со умот и ти објаснуваат дека Б никогаш не би

помислиле да избегаат, затоа што нивната храна, А, живеат преку улицата.

“Нема да те заморувам со твоите навредливи прашања и со нивните збунувачки објаснувања. На крајот, ти самиот ја

поврзуваш целата одвратна шема. А се изедени од Б, а Б се изедени од Ц, а Ц за возврат се изедени од А. Нема хиерархија

помеѓу овие класи на храна. Ц не владеат со Б само затоа што Б се нивна храна, а плус и тие самите се храна на А. С е

совршено демократски и пријателски. Но се разбира, с е совршено одвратно за тебе, и ги прашуваш како можат да поднесат да живеат на ваков незаконит начин. Уште еднаш тие те гледаат збунето. ‘Како мислиш, незаконит?’ прашуваат

тие. ‘Ние имаме закон, и сите го почитуваме цело време. Затоа сме пријателски расположени и весели и мирољубиви, и

сите оние други работи кои тебе ти се привлечни. Законот е основа на нашиот успех како луѓе, и така е уште од

почетокот.’

“Конечно, ова е загатката. Без да ги прашаш, како можеш да откриеш кој е законот којшто тие го почитуваат?”

Гледав во него некое време. “Не можам да замислам.”

“Размисли.”

“Па... очигледно нивниот закон е дека А ги јадат Ц, Б ги јадат А и Ц ги јадат Б.”

Ишмаел одмавна со главата. “Тоа е нивниот избор на храна. Не е потребен закон.”

“Тогаш, ми треба нешто повеќе за да продолжам. С што имам е нивниот избор на храна.”

“Имаш три работи врз основа на кои можеш да продолжиш. Тие имаат закон, го почитуваат цело време и затоа што го

почитуваат цело време, имаат многу успешно општество.”

“С уште е многу нејасно. Освен ако не е нешто како... Биди кул.”

“Не барам од тебе да погодиш кој е законот. Барам да измислиш метод за откривање на законот.”

Се лизнав во мојота фотелја, ги ставив рацете на мојот стомак и погледнав кон таванот. После неколку минути имав

идеја. “Дали има казна за прекршување на законот?”

“Смрт.”

“Тогаш ќе чекам погубување.”

Ишмаел се насмевна. “Итро, но тешко дека тоа е метод. Покрај тоа, ти го занемаруваш фактот дека законот се почитува

цело време. Досега немало погубување.”

Воздивнав и ги затворив очите. По неколку минути реков: “Набљудување. Внимателно набљудување подолг период.”

“Тоа е веќе подобро. Што е тоа што ќе го бараш?”

“Тоа што тие не го прават. Тоа што никогаш не го направиле.”

“Добро. Но како ќе ги елиминираш неважните работи? На пример, би можел да откриеш дека тие никогаш не спиеле

стоејќи на нивните глави или дека никогаш не фрлале камења кон месечината. Би имало милион работи кои што тие

никогаш не ги направиле, но не значи дека тие нужно би биле забранети со закон.”

“Точно. Па, да видиме. Тие имаат закон, го почитуваат цело време, и според нив... ах. Според нив, почитувањето на тој закон им овозможило да имаат општество коешто функционира многу добро. Ова треба

да го сфатам сериозно?”

Page 46: Ишмаел

46

“Секако. Тоа е дел од хипотезата.”

“Тогаш тоа би ги елиминирало повеќето неважни работи. Фактот што тие никогаш не спиеле стоејќи на нивните глави

нема никаква врска со тоа дали нивното општество функционира многу добро. Да видиме… Тоа што всушност би го

барал е... Би ја затворил хипотезата од две страни. Од една страна би рекол: ‘Што е тоа што прави ова општество да

функционира?’ А од другата страна би рекол: ‘Што е она што тие не го прават за ова општество да функционира ? ”

“Браво. Сега, откако го откри тоа толку брилијантно, ќе ти ја олеснам малку работата: И покрај с , ќе има погубување. За

прв пат во историјата, некој го прекршил законот кој е основа на нивното општество. Тие се навредени, ужаснати,

запрепастени. Го земаат прекршителот, го сечкаат на мали парченца и ги хранат кучињата со него. Ова би требало да ти

биде од голема помош во откривање на нивниот закон.”

“Да.”

“Ќе ја земам улогата на твојот домаќин. Само што бевме на погубувањето. Можеш да поставуваш прашања.”

“Во ред. Што всушност направил овој човек ?”

“Го прекршил законот.”

“Да, но што поточно направил?”

Ишмаел слегна со рамениците. “Живеел спротивно на законот. Направил работи коишто ние никогаш не ги правиме.”

Го гледав луто.“Тоа не е фер. Ти не одговараш на моите прашања.”

“Ти кажувам дека целата тажна приказна е јавен податок, млад човеку. Неговата биографија, комплетна, со сите детаљи,

е достапна во библиотеката.”

Промрморев нејасно.

“Па, како ќе ја искористиш оваа биографија? Не кажува како го прекршил законот. Таа е само целосен податок за тоа

како живеел, и повеќето работи се неважни.”

“Во ред, но гледам дека тоа ми дава уште еден водич. Сега имам три: што е она што прави нивното општество да

функционира многу добро, што е она што тие никогаш не го прават, и што е она што тој го направил, а тие никогаш не

го прават.”

2.

“Многу добро. Тие се трите водичи до законот кој го бараме овде. Заедницата на животот на оваа планета

функционирала одлично три милиони години - функционирала прекрасно, всушност. Земачите се ужаснати од оваа

заедница, мислејќи за неа како место на незаконит хаос и див, немилосрден натпревар, каде што секое суштество живее

во страв за својот живот. Но оние од вашиот вид коишто с уште живеат во оваа заедница не мислат така и ќе се борат до

смрт ако треба, отколку да бидат одделени од неа.

“Всушност, тое е многу добро уредена заедница. Зелените растенија се храна за тие што јадат растенија, а пак тие се

храна за предаторите, а некои од предаторите се храна за други предатори. А тоа што ќе остане е храна за мршојадците,

кои и ги враќаат на земјата хранливите материи кои им се потребни на зелените растенијата. Филмаџиите несомнено

сакаат снимки со крв и борба, но секој натуралист ќе ти каже дека видовите не се воопшто во војна едни со други. Газелата и лавот се непријатели само во умовите на Земачите. Лавот којшто наидува на стадо од газели, не ги масакрира,

како што би направил некој непријател,. Тој убива една, но не за да ја задоволи својата омраза кон газелите, туку за да ја

задоволи својата глад, и кога ќе го направи тоа, останатите газели продолжуваат да пасат заедно со лавот во средината.

“Ова е така затоа што има закон којшто е почитуван цело време внатре во заедницата, а без тој закон заедницата

навистина би била во хаос и многу брзо би се распаднала и би исчезнала. Човекот му го должи своето постоење на овој

закон. Ако видовите околу него не го почитувале овој закон, тој нема да можел да постои или да преживее. Тоа е закон

којшто ги штити, не само заедницата, туку и сите видови внатре во заедницата, па дури и индивидуите. Дали разбираш?

“Разбирам што зборуваш, но немам поим кој е законот.”

“Укажувам на неговите ефекти.”

“Ах, добро.”

Page 47: Ишмаел

47

“Тоа е закон кој го одржува мирот, закон кој спречува заедницата да се претвори во врескачки хаос, каков што Земачите

замислуваат дека е. Тоа е законот којшто го негува животот за сите - животот на тревите, животот на скакулецот кој се

храни со тревите, животот на потполошката која се храни со скакулецот, животот на лисицата која се храни со

потполошката, животот на чавката која се храни со мртвата лисица.

“Шакоперката којашто талкала по бреговите на континентите дошла на овој свет затоа што милиони генерации на живот

пред неа го почитувале овој закон, а некои од нив станале водоземци почитувајќи го овој закон. А некои од водоземците

станале влекачи почитувајќи го овој закон. А некои од влекачите станале птици и цицачи следејќи го вој закон. А некои

од цицачите станале примати следејќи го овој закон. А една гранка од приматите станала Аустралопитекус следејќи го

овој закон. А Аустралопитекусот станал Хомо Хабилис следејќи го овој закон. А Хомо Хабилисот станал Хомо Еректус

следејќи го овој закон. А Хомо Еректусот станал Хомо Сапиенс следејќи го овој закон. А Хомо Сапиенсот станал Хомо

Сапиенс Сапиенс следејќи го овој закон.

“И тогаш, пред околу десет илјади години, една гранка од фамилијата на Хомо Сапиенс Сапиенс рекла, ‘Човекот е

ослободен од овој закон. Боговите никогаш немале намера човекот да биде врзан за него. И тогаш изградиле

цивилизација којашто му се потсмева на законот на секаков можен начин и во рок од петстотини генерации - а тоа е едно

трепнување на скалата на биолошкото време - оваа гранка од семејството на Хомо Сапиенс Сапиенс видела дека го довела целиот свет на работ на смртта. И нивното објаснување за оваа несреќа е... кое?”

“А?”

“Човекот живеел безопасно на оваа планета три милиони години, но Земачите ја довеле на работ на колапс за само

петстотини генерации. И нивното објаснување за ова е, кое?”

“Разбирам што сакаш да кажеш. Нивното објаснување е дека има нешто фундаментално грешно во луѓето.”

“Не дека Земачите правеле нешто погрешно, туку дека има нешто фундаментално грешно во самата човекова природа.”

“Тоа е точно.”

“Како ти се допаѓа тоа објаснување сега?”

“Почнувам да се сомневам во врска со тоа.”

“Добро е.”

3.

“Кога Земачите се втурнале во Новиот свет и почнале да растураат с на парчиња, Оставачите барале одговор на ова

прашање: ‘Дали има начин да се направи населба којашто е во согласност со законот којшто ние го следиме од почетокот

на времето?’ Секако, не мислам на тоа дека тие свесно го формулирале ова прашање. Тие не биле повеќе свесни за овој

закон отколку што првите авијатичари биле свесни за законите на аеродинамиката. Но и покрај с , тие се бореле со тоа:

граделе и напуштале еден цивилизациски изум по друг, барајќи го тој којшто ќе може да лета. А на овој начин, тоа е

многу бавна работа. Продолжувајќи едноставно само со обиди и грешки би им требало уште десет илјади години - или

можеби уште педесет илјади години. Изгледа имале доволно мудрост да знаат дека нема потреба од брзање. Тие не

морале да полетаат во воздух. За нив немало смисла да се посветат себеси на едно цивилизациско летало кое што

очигледно води код катастрофа, како што направиле Земачите.”

Ишмаел тука застана, и кога не продолжи, јас реков, “И што сега?”

Неговите образи се набраа во насмевка. “Сега оди си и врати се кога ќе бидеш подготвен да ми кажеш кој закон или

група на закони биле во функција во заедницата на животот од почетокот.”

“Не сум сигурен дека сум подготвен за тоа.”

“Тоа е она што го правевме тука претходните неколку дена, ако не и од почетокот: те подготвувавме.”

“Но не знам од каде да започнам.”

“Знаеш. Ги имаш истите три водичи како во случајот со А, Б и Ц. Законот кој го бараш се почитувал цело време во заедницата на животот три милиони години.” Покажа со раката кон светот надвор. “И ова е како работите станале

такви какви што се сега. Ако овој закон не се почитувал од почетокот, а потоа и од секоја следна генерација, морињата

ќе биле безживотни пустини, а земјата с уште ќе била прашина разнесена од ветрот. Сите безбројни животни форми

Page 48: Ишмаел

48

коишто ги гледаш овде настанале следејќи го овој закон, и следејќи го овој закон, настанал и човекот. И само еднаш во

историјата на оваа планета еден вид се обидел да живее во спротивност на овој закон - всушност, не бил цел вид, туку

само едни луѓе коишто јас ги нареков Земачи. Пред десет илјади години овие луѓе рекле, ‘Доста е. Човекот не бил

создаден да биде врзан со овој закон,’ и почнале да живеат на начин кој му противречи на овој закон во секој поглед.

Секое едно нешто кое е забрането со законот тие го вметнале во нивната цивилизација како фундаментална политика. И

сега, после петстотини генерации, тие ќе ја платат казната што секој друг вид би ја платил живеејќи спротивно на овој закон.”

Ишмаел ја подаде раката. “Тоа би требало да биде доволен водич за тебе.”

4.

Вратата позади мене се затвори и јас бев надвор. Не можев да се вратам внатре, а не сакав ни да одам дома, па само стоев

таму. Умот ми беше празен. Се чувствував депресивен. Без некоја разумна причина, се чувствував дури и отфрлен.

Дома работите се натрупуваа. Заостанував со мојата работа, пропуштав рокови. Покрај тоа, имав задача од Ишмаел

којашто не ме наполни со ентузијазам. Морав да се средам и да станам сериозен, па затоа направив нешто што многу ретко го правам: излегов да се напијам нешто. Имав потреба да разговарам со некого, а осамените пијаници во однос на

ова се среќни - секогаш имаат некого со кого можат да разговараат.

Па: која беше основата на овие мистериозни чувства на депресија и отфрлање? И зошто се појавија токму денес?

Одговор: токму денес, Ишмаел ме испрати да работам сам. Можеше да ме поштеди од истрагата којашто се подготвував

да ја започнам, но тој одбра да не го направи тоа. Затоа: отфрлање, на некој начин. Секако, тоа е многу детско сфаќање

(од моја страна), но никогаш не сум тврдел дека сум совршен.

Меѓутоа, имаше многу повеќе од тоа, затоа што с уште се чувствував депресивен. Вториот бурбон ми помогна во тоа:

напредував. Така е. Тоа беше изворот на моето чувство на депресија.

Ишмаел имаше програма. Па секако, зошто не би имал? Тој ја развил оваа програма низ годините, работејќи со еден

ученик по друг. Има смисла. Мораш да имаш план. Почнуваш овде, па се движиш кон оваа точка, па кон оваа точка и кон

оваа точка и конечно, опа! Еден убав ден си завршил. Благодарам за вниманието, имај убав живот и затвори ја вратата зад

тебе кога ќе излегуваш.

Колку бев далеку, во овој момент? На половина пат? Третина? Четвртина? Како и да е, секој напредок што ќе го направев

ме носеше се подалеку од животот на Ишмаел.

Кој е најдобриот лош збор којшто може да ја опише оваа ситуација? Себичност? Посесивност? Скржавост? Кој и да е, ќе

се држам до него и нема да се извинувам.

Морав да си признаам: не сакав само учител - сакав учител за цел живот.

Осум

1.

Потрагата по законот траеше четири дена.

Еден ден потрошив убедувајќи се себеси дека не можам да го направам тоа, два дена правејќи го тоа, и еден ден осигурувајќи се дека сум успеал. Петтиот ден се вратив назад. Додека влегував во канцеларијата на Ишмаел, ментално го

вежбав тоа што планирав да го кажам, а тоа беше, “Мислам дека разбирам зошто инсистираше да го направам тоа сам.”

Се освестив и бев моментално дезориентиран. Заборавив што ме чека таму: празна соба, осамена столица, оквир од

стакло со пар светлечки очи позади него. Глупаво, јас извикав едно здраво во воздухот.

Тогаш Ишмаел направи нешто што го немаше направено дотогаш. За да ме поздрави, тој ја подигна неговата горна усна

притоа откривајќи редица од жолти заби голема колку мојот лакт. Седнав на мојата столица и го чекав неговото

одобрување како мало учениче.

“Мислам дека разбирам зошто инсистираше да го направам тоа сам,” му реков. “Ако ти ја завршеше целата работа за мене и ми ги покажеше работите кои Земачите ги прават, а кои никој не ги прави во природната заедница, јас ќе кажев,

‘Па секако, па што, голема работа.’ ”

Page 49: Ишмаел

49

Ишмаел климна со главата.

“Во ред. Според мое мислење, има четири работи кои Земачите ги прават, а кои никој не ги прави во остатокот од

заедницата, и сите тие се фундаментални во нивниот цивилизациски систем. Прво, тие ги уништуваат нивните

противници, а тоа е нешто што никогаш не се случува во дивината. Во дивината, животните ги бранат нивните територии

и нивниот плен и навлегуваат во територијата на нивните противници и го присвојуваат нивниот плен. Некои видови дури и ги вклучуваат нивните противници како нивен плен, но никогаш не ги ловат противниците само за да ги убијат,

како што прават ранчерите и фармерите со којотите и лисиците и гавраните. Тоа што го ловат, го јадат.”

Ишмаел климна со главата. “Треба да се напомене дека, животните исто така можат да убијат и во самоодбрана, или ако

се чувствуваат загрозени. На пример, бабуните може да нападнат леопард иако тој не ги нападнал нив. Поентата е дека,

иако бабуните одат да бараат храна, тие никогаш нема да одат да бараат леопарди.”

“Не сум сигурен што точно сакаш да кажеш.”

“Сакам да кажам дека, во недостаток на храна, бабуните ќе се организираат себеси за да најдат храна, но во недостаток

на леопарди тие никогаш нема да се организираат себеси за да најдат леопард. Со други зборови, како што велиш ти: кога

животните одат на лов - дури и екстремно агресивните животни како бабуните - тоа е за да најдат храна, а не за да ги истребат нивните противници или животните коишто се нивен плен.”

“Да, сега разбирам што сакаш да кажеш.”

“А како можеш да бидеш сигурен дека законот се почитува цело време? Мислам, покрај фактот дека не е никогаш

видено противниците да се истребуваат меѓусебно, во она што ти го нарекуваш дивина.”

“Ако не се почитувал цело време, тогаш, како што велиш ти, работите не би биле такви какви што се сега. Ако

противниците се ловеле меѓусебе само за да се убијат, тогаш не би ни имало противници. Едноставно ќе има само еден

вид на секое ниво на натпревар: најсилниот.”

“Продолжи.”

“Следно, Земачите систематски ја уништуваат храната на нивните противници за да направат место за нивната храна.

Ништо вакво не се случува во природната заедница. Правилото е: земи што ти треба, а останатото остави го на мира.”

Ишмаел климна со главата.

“Следно, Земачите им го попречуваат пристапот до храна на нивните противници. Во дивината, правилото е: можеш да

го спречиш пристапот на твоите противници до она што ти го јадеш, но не смееш да го спречиш пристапот до храната

целосно. Со други зборови, можеш да кажеш, ‘Оваа газела е моја,’но не можеш да кажеш, ‘Сите газели се мои.’ Лавот го

брани пленот како свој, но не го брани стадото како свое.”

“Да, тоа е точно. Но да претпоставиме дека си одгледал твое стадо од почеток. Дали би можел да го браниш тоа стадо

како свое?”

“Не знам. Претпоставувам дека може, с додека твојата политика не е дека сите стада во светот се твои.”

“А што ако на конкурентите не им дозволуваш пристап до она што то го одгледуваш?”

“Повторно... Нашата политика е: секој квадратен метар на оваа планета ни припаѓа нам, па ако ја обработуваме целата

планета, тогаш сите наши противници едноставно немаат среќа и ќе мораат да исчезнат. Нашата политика е да не им се

дозволи пристап на нашите противници до сета храна во светот, а тоа е нешто што ниту еден друг вид не го прави.”

“Пчелите ќе ти го забранат пристапот до внатрешноста на нивното осило коешто се наоѓа на јаболкницата, но нема да ти

го забранат пристапот до јаболката.”

“Точно.”

“Добро. Ти велиш дека има и четврта работа што Земачите ја прават, а никогаш не се прави во дивината, како што ти ја

нарекуваш.”

“Да. Во дивината, лавот убива газела и ја јаде. Не убива втора газела за да ја чува за утре. Срната ја јаде тревата којашто

е таму во моментот. Не ја сече тревата и не ја чува за во зима. Но ова се работи што Земачите ги прават.”

“Не изгледаш толку сигурен за последново.”

Page 50: Ишмаел

50

“Да, не сум толку сигурен. Има видови коишто ја складираат храната, како пчелите на пример, но повеќето не го прават

тоа.”

“Во овој случај, ти си го пропуштил очигледното. Секое живо суштество складира храна. Повеќето, едноставно ја

складираат во нивните тела, како што прават лавот и срната и луѓето. За други, тоа не би било прикладно за нив, па

мораат да ја складираат храната и надворешно, исто така.”

“Да, сфаќам.”

“Нема забрана за складирање на храна. Не би можело ни да има, затоа што тоа е она што прави целиот систем да

функционира: зелените растенија складираат храна за оние што јадат растенија, а тие пак складираат храна за

предаторите, и така натаму.”

“Точно. Не размислував за тоа на тој начин.”

“Дали има нешто друго што Земачите го прават, а никогаш не се прави во остатокот од заедницата на животот?”

“Не, колку што јас можам да видам.

2.

“Овој закон, којшто ти го толку прекрасно го опиша, ги дефинира границите на натпреварот во заедницата на животот.

Можеш да се натпреваруваш до крајните граници на твоите можности, но не може да ги ловиш твоите противници или да

ја уништуваш нивната храна или да им го забрануваш пристапот до храна. Со други зборови, можеш да се

натпреваруваш, но не и да водиш војна.”

“Да. Како што ти кажа, тоа е закон којшто го одржува мирот.”

“И кој е ефектот од законот? Што промовира?”

“Па... промовира ред.”

“Да, но барам нешто друго сега. Што би се случило ако овој закон бил отфрлен пред десет милиони години? Каква би

била заедницата?”

“Уште еднаш, би рекол дека би имало само една форма на живот на секое ниво на натревар. Ако сите противници кои

јадат трева воделе војна меѓу себе десет милиони години, мислам дека до сега би требало да се појави конечен победник.

Или би имало само еден инсект победник, или само еден влекач победник, или само еден летач победник, и така натаму.

Истото би важело и за сите останати нивоа.”

“Значи, што промовира законот? Што е разликата помеѓу оваа заедница и заедницата каква што е сега?”

“Претпоставувам дека заедницата којашто ја опишав би се состоела од само неколку десетици или неколку стотици

различни видови. Заедницата каква што е сега, се состои од милиони различни видови.”

“Значи, што промовира законот?”

“Разновидност.”

“Се разбира. А зошто е добра разновидноста?”

“Не знам. Секако е многу... поинтересно.”

“Што не е во ред со глобална заедница којашто се состои само од трева, газели и лавови? Или од глобална заедница што

се состои само од ориз и луѓе?”

Гледав во празно некое време. “Би рекол дека таква заедница би била еколошки кршлива. И најмала промена во

постоечките услови би довела до колапс.”

Ишмаел климна со главата. “Разновидноста е фактор за преживување за самата заедница. Заедница од стотици милиони

видови би можела да преживее с , освен можеби тотална глобална катастрофа. Помеѓу тие стотици милиони би имало

илјадници кои би можеле да преживеат пад на температурата од дваесет степени - што би било многу поразорувачки

отколку што звучи. Помеѓу тие стотици милиони би имало илјадници кои би можеле да преживеат раст на температурата за дваесет степени. Но заедница од само неколку стотици видови или илјада видови воопшто не би имала преживувачка

вредност.”

Page 51: Ишмаел

51

“Точно. А разновидноста е таа којашто е нападната во овој случај. Секој ден десетици видови исчезнуваат како резултат

на начинот на кој Земачите се натпреваруваат надвор од законот.”

“Сега кога знаеш дека има закон, дали тоа прави разлика во начинот на којшто гледаш на работите?

“Да. Повеќе не мислам дека она што го правиме е само грешка. Ние не го уништуваме светот затоа што сме неспретни. Ние го уништуваме светот затоа што сме, буквално и намерно, во војна со него.”

3.

“Како што објасни ти, заедницата на животот би била уништена доколку сите видови би биле ослободени од правилата

на натпревар поставени од овој закон. Но што би се случило ако само еден вид се ослободи од овој закон?”

“Мислиш, некој друг освен човекот?”

“Да. Се разбира, би требал да поседува речиси човечка итрост и одлучност. Да претпоставиме дека си хиена. Зошто да го

делиш ловот со тие мрзливи, доминирачки лавови? Се случува повторно и повторно: ќе убиеш зебра, и ќе дојде лавот, ќе

те избрка и ќе се послужи, додека ти седиш и чекаш за остатоците. Дали тоа е фер?”

“Мислев дека е обратно - лавовите се тие што убиваат, а хиените се тие што вознемируваат.”

“Секако, лавовите самите убиваат, но се сосема задоволни ако можат да преземат и туѓ плен.”

“Во ред.”

“Значи, смачено ти е од тоа. Што ќе направиш во врска со тоа?”

“Ќе ги истребам лавовите.”

“И кој е ефектот од ова?”

“Па... нема повеќе вознемирување.”

“Од што живееја лавовите?”

“Од газели. Зебри. Плен.”

“Лавовите сега ги нема. Каков ефект има тоа на тебе?”

“ Сфаќам што сакаш да кажеш. Повеќе плен за нас.”

“И што се случува кога има повеќе плен за вас?”

Го гледав бледо.

“Во ред. Претпоставував дека ја знаеш азбуката на екологијата. Во природната заедница, кога залихите на храна на една

популација се зголемуваат, се зголемува и самата популација. Како што се зголемува популацијата, залихите со храна се

намалуваат, а кога се намалуваат залихите со храна, се намалува и популацијата. Оваа интеракција помеѓу популацијата

на храна и потрошувачката популација е тоа што ги држи работите во рамнотежа.”

“Го знаев тоа. Само не размислував.”

“Па,” Ишмаел рече луто, “размислувај.”

Се насмеав. “Во ред. Значи, сега кога ги нема лавовите, има повеќе храна за хиените, и нашата популација се зголемува.

Расте до степен кога ловот станува оскуден, а потоа почнува да се намалува.”

“Би се намалила, во нормални услови, но вие сте ги измениле тие услови. Сте одлучиле дека законот за ограничен

натпревар не важи за хиените.”

“Во ред. Тогаш ќе ги убиеме и нашите други противници.”

“Не ме терај да ти ги вадам еден по еден зборовите од уста. Сакам сам да го разработиш ова.”

Page 52: Ишмаел

52

“Добро. Да видиме. Откако ќе ги убиеме нашите противници во ловот... Нашата популација се зголемува до степен кога

пленот станува оскуден. Нема повеќе противници за убивање, па затоа мораме да ја зголемиме популацијата за лов... Не

можам да ги замислам хиените како одгледуваат животни.”

“Сте ги убиле вашите противници, но вашиот плен исто така има противници - противници за тревите. Тоа се вашите

еднаш отстранети противници. Убијте ги и ќе има повеќе трева за вашиот плен.”

“Добро. Повеќе трева за пленот значи повеќе плен, повеќе плен значи повеќе хиени, а повеќе хиени значи... Што

останува за убивање?” Ишмаел само ги подигна веѓите гледајќи кон мене. “Не останува ништо за убивање.”

“Размислувај.”

Размислував. “Во ред. Ги убивме сите наши директни противници и нашите противници еднаш отстранети. Сега можеме

да ги убиеме нашите противници двапати отстранети - растенијата коишто се натпреваруваат со тревите за простор и

сончева светлина.”

“Точно. Тогаш ќе има повеќе растенија за вашиот плен, а со тоа и повеќе плен за вас.”

“Смешно... ова се смета речиси за света работа помеѓу ранчерите и фармерите. Убиј с што не можеш да јадеш. Убиј с

што го јаде она што ти го јадеш. Убиј с што не го храни она што ти го јадеш.”

“Тоа е света работа, во културата на Земачите. Колку повеќе противници уништиш, толку повеќе луѓе можеш да

донесеш на овој свет, а тоа едноставно е најсветата работа којашто постои. Кога еднаш ќе се ослободиш од законот на

ограничен натпревар, с во светот освен твојата храна и храната на твојата храна станува непријател којшто треба да биде

истребен.”

4.

“Како што гледаш, ако еден вид се ослободи себеси од овој закон, тоа има краен ефект исто како и сите видови да се ослободиле себеси од овoј закон. Тоа завршува така што имаш заедница во која различноста е прогресивно уништена

само за да се поддржи експанзијата на само еден вид.”

“Да. Мораш да завршиш таму каде што завршиле и Земачите - константно елиминирајќи ги противниците, константно

зголемувајќи ги залихите на храна и константно прашувајќи се што ќе правиш со ескпанзијата на популацијата. Како го

кажа тоа пред некој ден? Нешто во врска со зголемување на производството на храна за да се нахрани зголемената

популација.”

“Интензивирање на производството на храна за да се нахрани зголемената популација води кон уште поголемо

зголемување на популацијата. Питер Форб го рекол тоа во Човештво.”

“Ти рече дека тоа е парадокс?”

“Не, тој рекол дека тоа е парадокс.”

“Зошто?”

“Ишмаел слегна со рамениците. “Сигурен сум дека тој знаел дека секој вид во дивината би се зголемил до онаа граница

до која би се зголемила нивната залиха на храна. Но како што веќе знаеш, Мајката Култура ве учи дека таквиот закон не

важи за човекот.”

5.

“Имам прашање,” реков. “Како што поминуваме низ сите овие работи, цело време се прашувам дали земјоделството

самото по себе е во спротивност на овој закон. Мислам, делува дека е во спротивност на законот по дефиниција.”

“Е - ако единствената дефиниција што ја имаш е Земачката дефиниција. Но има и други дефиниции. Земјоделството не

мора да биде војна која се води против сиот живот којшто не го поддржува вашиот раст.”

“Претпоставувам, ова е мојот проблем. Биолошката заедница е економија, зарем не? Мислам, ако почнеш да земаш

повеќе за себе, тогаш мора да има помалку за некој друг, за нешто друго. Нели е така?”

“Да. Но што добиваш со тоа што ќе земеш повеќе за себе? Зошто да го правиш тоа?”

“Па, тоа е основата на самата населба. Не можам да имам населба ако немам земјоделство.”

“Дали си сигурен дека тоа е она што го сакаш?”

Page 53: Ишмаел

53

“А што друго би сакал?”

“Дали сакаш да растеш до степен кога ќе го освоиш светот и ќе го ставиш секој квадратен метар под обработка и ќе ги

принудиш сите живи луѓе да станат земјоделци?”

“Не.”

“Тоа е она што Земачите го правеле - и с уште го прават. Тоа е она за кое нивниот земјоделски систем е дизајниран да

го поддржи: не само населба - раст. Неограничен раст.”

“Во ред. Но с што јас сакам е населба.”

“Тогаш, не мораш да одиш во војна.”

“Но проблемот останува. За да создадам населба, морам да имам повеќе од порано, а тоа повеќе мора да дојде од

некаде.”

“Да, тоа е точно и ја гледам твојата тешкотија. Како прво, населбата не е на никој начин само човечка адаптација. Не

можам да се сетам на ниту еден вид кој е апсолутен номад. Секогаш има територија, терен за хранење, терен за

размножување, гнездо, кокошарник, јазбина, пештера, дупка, јама. И има различни степени на населби помеѓу

животните, исто така и помеѓу луѓето. Дури и ловците-собирачи не се апсолутни номади, има нејасни граници помеѓу

нив и правите земјоделци. Има ловци-собирачи коишто практикуваат интензивно собирање, кои собираат и складираат

залихи на храна кои им овозможуваат да бидат малку повеќе населени на едно место. Има полу-земјоделци кои

одгледуваат малку, а собираат многу. А има и речиси-земјоделци кои одгледуваат многу, а собираат малку. И така

натаму.”

“Но ова не не води кон централниот проблем,” реков.

“Н води кон централниот проблем, но твојата визија е заклучена гледајќи го проблемот на еден начин, и само на еден

начин. Поентата којашто ја пропушташ е оваа: Кога Хомо Хабилисот се појавил на сцената - нешто морало да направи

пат за него. Не мислам на тоа дека некој друг вид морал да исчезне. Едноставно, мислам на тоа дека, со неговиот прв

залак, Хомо Хабилисот бил во натпревар со нешто. И не само со една работа, туку со илјадници работи - коишто морале

да бидат намалени ако сакал Хомо Хабилисот да преживее. Ова важи за секој еден вид што кога било живеел на

планетава. ”

“Во ред. Но с уште не гледам каква врска има ова со населбата.”

“Не слушаш. Населбата е биолошка адаптација која се практикува, до одреден степен, од секој вид, вклучувајќи го и

човекот. А секоја адаптација се издржува себеси со натпревар со другите адаптации околу неа. Накратко, човековата

населба не е против законите на натпреварот, таа е подложна на законите на натпреварот.”

“Ах. Да. Во ред. Сега разбирам.”

6.

“Па, што откривме овде?”

“Откривме дека секој вид што се ослободува себеси од правилата на натпреварот, завршува на тој начин што ја

уништува заедницата за да може да ја поддржи својата експанзија.”

“Секој вид? Дури и човекот?”

“Да, очигледно. Тоа всушност и се случува овде.”

“Значи, можеш да видиш дека ова не е некоја мистериозна грешка својствена за човечката раса. Не е некоја непроценлива

грешка во човекот којашто ги направила луѓето од твојата култура уништувачи на светот.

“Не. Истата работа би му се случила на секој вид, барем на оние видови доволно силни да го направат тоа. Знаејќи дека

секое зголемување на залихата на храна е проследено со зголемување на популацијата.”

“Ако се зголеми залихата на храна, секоја популација ќе се зголеми. Ова е точно за секој вид, вклучувајќи го и човекот.

Земачите го прават тоа веќе десет илјади години. Десет илјади години тие непрекинато го зголемуваат производството на храна за да ја нахранат зголемената популација, и секој пат кога ќе го направат тоа, популацијата се зголемува уште

малку.”

Page 54: Ишмаел

54

Седев таму една минута и размислував. Потоа реков, “Мајката Култура не се согласува со тоа.”

“Секако дека не. Сигурен сум дека силно не се согласува. Што вели?”

“Таа вели дека е во наша моќ да го зголемиме производството на храна без да ја зголемиме популацијата.”

“Со која цел? Зошто да го зголемите производството на храна?”

“За да ги нахраниме милионите коишто гладуваат.”

“И кога ќе ги нахраните, ќе извлечете ветување од нив дека нема да се размножуваат?”

“Па... не, тоа не е дел од планот.”

“Значи, што ќе се случи ако ги нахраните милионите коишто гладуваат?”

“Ќе се размножат и нашата популација ќе се зголеми.”

“Без грешка. Ова е експеримент којшто се изведува во вашата култура веќе десет илјади години, со комплетно

предвидливи резултати. Зголемување на производството на храна за да се нахрани зголемената популација резултира со

уште едно зголемување на популацијата. Очигледно е дека ќе го има овој резултат, а за да се предвиди некој друг

резултат, едноставно ќе мора да се впуштиме во биолошки и математички фантазии.”

“Но сепак...” размислував уште малку. “Мајката Култура вели дека, ако дојде до тоа, контролата на раѓање ќе го реши

тоа.”

“Да. Ако некогаш си доволно глупав да навлезеш во расправа на оваа тема со некои од твоите пријатели, ќе откриеш

дека им олеснува кога ќе се сетат на ова. Тоа е како кога алкохоличарот се колне дека ќе го остави пиењето пред тоа да

му го уништи животот. Глобалната контрола на популацијата секогаш е нешто што треба да се случи во иднината. Тоа беше нешто што требаше да се случи во иднината кога бевте три милијарди во 1960. Сега кога сте пет милијарди, тоа с

уште е нешто што треба да се случи во иднината.”

“Точно. И покрај тоа, би можело да се случи.”

“Би можело, навистина - но нема да се случи с додека ја раскажувате оваа приказна. С додека ја раскажувате оваа

приказна, вашиот одговор на гладта ќе биде зголемување на производството на храна. Си ги видел огласите за испраќање

храна на луѓето кои гладуваат низ светот?”

“Да.”

“Дали некогаш си видел огласи за испраќање на средства за контрацепција?”

“Не.”

“Никогаш. Мајката Култура зборува од двете страни на нејзината уста кога се работи за овој проблем. Кога ќе и кажеш

експлозија на популацијата таа одговара со глобална контрола на популацијата, но кога ќе и кажеш глад таа одговара со

зголемување на производството на храна. Но како што секогаш се случува, зголемувањето на производството на храна е

годишен настан, а глобалната контрола на популацијата е настан кој никогаш не се случува.”

“Точно.”

“Во вашата култура во целост, всушност нема удар кон глобална контрола на популацијата. Треба да се сфати дека никогаш нема ни да има таков удар с додека вие раскажувате приказна која вели дека боговите го создале светот за

човекот. С додека ја раскажувате таа приказна, Мајката Култура ќе бара зголемување на производството на храна денес

- а ќе ветува контрола на популацијата утре.”

“Да, го сфаќам тоа. Но имам едно прашање.”

“Продолжи.”

“Знам што вели Мајката Култура за гладта. Но што велиш ти?”

“Јас? Јас не велам ништо, освен тоа дека вашиот вид не е ослободен од биолошките реалности коишто владеат со сите останати видови.”

“Но како се однесува тоа на гладта?”

Page 55: Ишмаел

55

“Гладта не е единствена само за луѓето. Сите видови се подлежни на неа насекаде низ светот. Кога популацијата на некој

вид ги надминува сопствените ресурси на храна, таа популација почнува да се намалува с додека повторно не биде во

баланс со ресурсите. Мајката Култура вели дека луѓето треба да бидат ослободени од тој процес, па затоа кога ќе сретне

популација што ги надминала своите ресурси, таа брзо носи храна однадвор и со тоа го осигурува фактот дека следната

генерација ќе има уште повеќе луѓе кои ќе гладуваат. Затоа што на популацијата никогаш не и е дозволено да се намали до степен кога ќе може да се издржува себеси од своите ресурси, гладта станува хронична одлика на нивните животи.”

“Да. Пред неколку години прочитав статија во весник за некој екологист кој го кажал истото ова на некоја конференција

за глад. Боже, како му се нафрлиле. Практично, го обвиниле дека е убиец.”

“Да. Можам да замислам. Неговите колеги од целиот свет разбираат многу добро што кажувал тој, но тие имаат добро

чувство да не ѝ се спротивставуваат на Мајката Култура во врска со тоа, во средиштето на нејзината добрина. Ако имаш

четириесет илјади луѓе во место кое може да издржува само триесет илјади, не е никаква добрина да им носиш храна од

надвор за да ги одржува да бидат четириесет илјади. Тоа само гарантира дека гладта ќе продолжи.”

“Точно. Но сепак, тешко е да се седи настрана и да се гледа како гладуваат.”

“Токму ова е начинот на којшто зборува некој кој си мисли дека е светски владетел назначен од боговите: ‘Нема да им

дозволам да гладуваат. Нема да дозволам да дојде суша. Нема да дозволам да се излее реката. Боговите се тие кои ги

дозволуваат тие работи, не ти.”

“Добра забелешка,” реков. “И покрај тоа, имам уште едно прашање во врска со тоа.” Ишмаел ми климна со главата. “Ние

во САД секоја година екстремно го зголемуваме производството на храна, но растот на нашата популација е релативно

безначаен. Од друга страна пак, растот на популацијата е огромен во земјите со слабо земјоделско производство. Ова

изгледа и противречи на твојата корелација за производство на храна со растот на популацијата.”

Тој одмавна со главата со мало гадење. “Феноменот, како што е набљудуван, е овој: ‘Секое зголемување на

производството на храна за да се нахрани зголемената популација резултира со уште едно зголемување на популацијата. Ова не кажува ништо за тоа каде ќе се појават зголемувањата.”

“Не разбирам.”

“Зголемувањето на произвотството на храна во Небраска не значи дека ќе резултира со зголемување на популацијата во

Небраска. Може да предизвика зголемување на популацијата во Африка или во Индија.”

“С уште не разбирам.”

“Секое зголемување на производството на храна резултира со зголемување на популацијата некаде. Со други зборови,

некој ги конзумира залихите на Небраска - а ако никој не го прави тоа, фармерите од Небраска веднаш би престанале да

ги произведуваат тие залихи.”

“Точно,” реков и ги поминав следните неколку минути размислувајќи. “Дали ти велиш дека земјите од Првиот свет ја

потхрануваат експлозијата на популацијата на земјите од Третиот свет?”

“Целосно,” рече тој, “кој друг би можел да го прави тоа?”

Седев и гледав во него.

“Треба да се вратиш чекор наназад за да можеш да го видиш проблемот од глобална перспектива. Моментално ве има

пет и пол милијарди и, иако милиони од вас гладуваат, вие произведувате доволно храна за да нахраните шест милијарди.

И поради тоа што произведувате храна доволна за шест милијарди, биолошка сигурност е дека за три или четири години вие ќе бидете шест милијарди. Меѓутоа, дотогаш (иако милиони од вас с уште ќе гладуваат), вие ќе произведувате храна

за шест и пол милијарди - што значи дека за три или четири години ќе бидете шест и пол милијарди. Дотогаш, вие ќе

произведувате храна за седум милијарди (иако милиони од вас с уште ќе гладуваат), што уште еднаш, значи дека за три

или четири години вие ќе бидете седум милијарди. За да го запрете овој процес, морате да се соочите со фактот дека

зголемувањето на производството на храна не ги храни вашите гладни, туку ја храни вашата експлозија на популацијата.”

“Разбирам. Но како да го спречиме зголемувањето на производството на храна?”

“На ист начин на кој ќе го спречите уништувањето на озонската обвивка, на ист начин на којшто ќе го спречите

сечењето на дождовните шуми. Ако има волја, ќе се најде начин.”

7.

“Како што гледаш, оставив книга покрај твојата столица,” рече Ишмаел.

Page 56: Ишмаел

56

Тоа беше The American Heritage Book of Indians.

“Додека сме с уште блиску до темата за контрола на популацијата, има мапа на племенски локации таму напред

којашто можеби ќе биде просветлувачка за тебе.” Откако ја проучив околу една минута, тој ме праша што мислам за неа.

“Не знаев дека ги има толку многу. Толку многу различни луѓе.”

“Не биле сите тие таму во исто време, но повеќето од нив биле. Тоа за што сакам да размислуваш е што го ограничувало

нивниот раст.”

“Како би требало мапата да ми помогне?”

“Сакав да видиш дека ова бил далеку од празен континент. Контролата на популацијата не била луксуз, туку потреба.”

“Во ред.”

“Имаш некои идеи?”

“Мислиш, само од гледање на мапата? Не, се плашам дека не.”

“Кажи ми го ова: Што прават луѓето од твојата култура ако им се смачи да живеат во пренаселениот североисток?”

“Тоа е лесно. Се селат во Аризона. Ново Мексико. Колорадо. Широките отворени простори.”

“И како им се допаѓа тоа на Земачите коишто живеат на тие широки отворени простори?”

“Не им се допаѓа. Тие ставаат налепници на браниците од нивните коли кои велат, ‘Ако го сакаш Ново Мексико, врати

се таму од каде што си дошол.’”

“Но, тие не се враќаат назад.”

“Не, тие само продолжуваат да доаѓаат.”

“Зошто Земачите од овие области не можат да ја спречат поплавата? Зошто не можат да го ограничат растот на

популацијата на североистокот?”

“Не знам. Не гледам како би можеле да го направат тоа.”

“Значи, тоа што го имате овде е силен извор на раст во еден дел од земјата којшто никој не се труди да го згасне, затоа

што вишокот секогаш може да се излее во широките отворени простори на запад.”

“Тоа е точно.”

“Сепак, секоја од овие држави има граници. Зошто тие граници не ги задржуваат надвор?”

“Затоа што тоа се само замислени линии.”

“Токму така. С што треба да направиш за да се трансформираш себеси во Аризоњанин е да ја поминеш таа замислена

линија и да се населиш таму. Но треба да се нагласи дека околу секој од Оставачите на таа карта има граница која

дефинитивно не е замислена: културна граница. Ако Навахо почнале да се чувствуваат пренаселени, тие не можеле да си

кажат себеси, ‘Па, Хопи имаат многу широк отворен простор. Ајде да одиме таму и да бидеме Хопи.’ Такво нешто би било незамисливо за нив. На кратко, Њујорчаните можат да ги решат нивните проблеми со популацијата со тоа што ќе

станат Аризоњани, но Навахо не можеле да ги решат нивните проблеми со популацијата со тоа што ќе станеле Хопи.

Културните граници биле граници кои никој не ги поминувал по избор.”

“Точно. Од друга страна пак, Навахо не можеле да ја поминат територијалната граница на Хопи без да ја поминат и

нивната културна граница.”

“Сакаш да кажеш дека би можеле да навлезат на територијата на Хопи. Да, апсолутно. Но тоа што го кажав с уште стои.

Ако навлезеш на територијата на Хопи, тие нема да ти дадат да пополниш формулар, туку ќе те убијат. Тоа

функционирало многу добро. Тоа им давало на луѓето голема причина да го ограничат нивниот раст.”

“Да, тоа е така.”

Page 57: Ишмаел

57

“Немало луѓе коишто го ограничувале нивниот раст во корист на човештвото или во корист на животната средина. Тие

го ограничувале нивниот раст затоа што најчесто тоа било многу полесно отколку да одат во војна со своите соседи.

Секако дека имало и такви коишто не се труделе многу да го ограничат нивниот раст, затоа што не се грижеле многу

дали ќе одат во војна со нивните соседи. Не мислам да кажам дека ова било мирољубиво кралство на утописки сон. Во

свет каде што Големиот Брат не го надгледува однесувањето на сите и не ги гарантира имотните права, добро е да имаш

репутација на бестрашност и дивост - а таква репутација не се стекнува со тоа што ќе им праќаш кратки пораки на твоите соседи. Треба да им ставиш до знаење што ќе ги снајде ако не го ограничат нивниот раст и не останат на нивната

територија.”

“Да, сфаќам. Тие се ограничувале меѓусебно.”

“Но не само со подигнување на непреминливи територијални граници. Нивните културни граници исто така требало да

бидат непреминливи. Вишокот од популацијта на Нарагансет не можел едноставно да се спакува и да оди на запад и да

биде Чејени. Нарагансет морале да останат онаму каде што се и да ја ограничат нивната популација.”

“Да. Тоа е уште еден пример каде што разновидноста функционира подобро од хомогеноста.”

8.

“Пред една недела,” рече Ишмаел, “кога зборувавме за закони, ти рече дека има само еден вид на закон за тоа како треба

луѓето да живеат - закон којшто може да се смени со гласање. Што мислиш сега? Дали законите коишто управуваат со

натпреварувањето можат да се сменат со гласање?”

“Не. Но не се апсолутни, како законите на аеродинамика. Можат да бидат прекршени.”

“Дали законите на аеродинамиката можат да бидат прекршени?”

“Не. Ако твојот авион не е направен според законот, нема да лета.”

“Но, ако го турнеш од карпа, ќе остане во воздух, нели?”

“Некое време.”

“Истото важи и за цивилизацијата којашто не е изградена во согласност со законите на ограничен натпревар. Останува

во водух некое време, а потоа паѓа. Зарем не се луѓето од твојата култура соочени со тоа? Со пад?”

“Да.”

“Ќе го поставам прашањето поинаку. Дали си сигурен дека ако некој вид, поради својата политика, се ослободи себеси

од законот на ограничен натпревар, ќе заврши така што ќе ја уништи заедницата за да ја поддржи својата сопствена експанзија?”

“Да.”

“Тогаш, што откривме овде?”

“Откривме дел од одреденото знаење за тоа како треба да живеат луѓето. Како мораат да живеат, всушност.”

“Знаење за кое пред една недела велеше дека е невозможно да се добие.”

“Да. Но...”

“Да?”

“Не гледам како... Чекај малку.”

“Не брзај.”

“Не гледам како можам да го направам ова да биде извор на општо знаење. Мислам, не гледам како можам да го

применам ова знаење општо, за сите останати работи.”

“Дали законите на аеродинамиката ти покажуваат како да поправиш оштетени гени?”

“Не.”

Page 58: Ишмаел

58

“Тогаш, за што служат тие?”

“Тие служат за... Ни овозможуваат да летаме.”

“Законот којшто го исцртавме овде им овозможува на видовите да живеат - им овозможува на видовите да преживеат,

вклучувајќи го и човекот. Нема да ти каже дали дрогите кои го променуваат расположението треба да бидат легализирани. Нема да ти каже дали сексот пред брак е добар или лош. Нема да ти каже дали смртната казна е исправна

или грешна. Ќе ти каже како треба да живееш ако сакаш да избегнеш изумирање, а тоа е првото и најважното знаење

коешто им треба на сите.”

“Точно. Сеедно...”

“Да?”

“Сеедно, луѓето од мојата култура нема да го прифатат тоа.”

“Сакаш да кажеш дека луѓето од твојата култура нема да го прифатат тоа што ти го научи овде.”

“Точно така.”

“Да расчистиме што тие ќе прифатат и нема да прифатат. Законот самиот по себе е над секоја дискусија. Тој е таму,

едноставно во мир со заедницата на животот. Тоа што Земачите нема да го прифатат е дека тој важи и за човекот.”

“Тоа е точно.”

“Тешко дека тоа е изненадување. Мајката Култура може да го прифати фактот дека човековиот дом не е центарот на

универзумот. Може да го прифати фактот дека човекот еволуирал од заедничката кал. Но таа никогаш нема да го

прифати фактот дека човекот не е ослободен од законот кој го оддржува мирот во заедницата на животот. Ако го

прифати тоа, тогаш тоа би значело крај за неа.”

“Тогаш, што велиш? Дека е безнадежно?”

“Не, воопшто. Мора да и се стави крај на Мајката Култура ако сакате да преживеете, а тоа е нешто што луѓето од твојата

култура можат да го направат. Таа не може да постои надвор од вашите умови. Кога еднаш ќе престанете да ја слушате,

таа ќе престане да постои.”

“Точно. Но мислам дека луѓето нема да дозволат тоа да се случи.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Тогаш, законот ќе го направи тоа за нив. Ако одбијат да живеат според законот, тогаш

едностано нема воопшто да живеат. Може да се каже дека ова е една од основните операции на законот: Тие што ѝ се

закануваат на стабилноста на заедницата, така што му се спротиставуваат на законот, автоматски самите се елиминираат себеси.”

“Земачите никогаш нема да го прифатат тоа.”

“Прифаќањето нема никаква врска со тоа. Ти можеш исто така да зборуваш и за човек кој чекори на работ од некоја

карпа и не ги прифаќа ефектите на гравитацијата. Земачите се во процес на сопствена елиминација, и кога ќе го направат

тоа, ќе се врати стабилноста на заедницата и ќе може да почне да се поправа штетата што вие сте ја направиле.”

“Точно.”

“Од друга страна пак, мислам дека ти си неразумно песимистичен во поглед на ова. Мислам дека има многу луѓе кои знаат што се случува и се подготвени да слушнат нешто ново - кои сакаат да слушнат нешто ново, исто како тебе.”

“Се надевам дека си во право.”

9.

“Не сум баш задоволен со тоа како го формулиравме овој закон,” реков.

“Не?”

“Се однесуваме кон него како со еден закон, а всушност се три закони. Барем јас така го опишав.”

“Трите закони се гранки. Тоа што го бараш всушност е главниот канал, а тоа е нешто како ова, ‘Ниту еден вид нема да го

направи животот на овој свет свој.’”

Page 59: Ишмаел

59

“Да, тоа го обезбедуваат правилата на натпревар.”

“Тоа е само еден израз на законот. Еве уште еден: Светот не бил создаден само за еден вид.”

“Да. Човекот сигурно не бил создаден да го освои светот и да владее со него.”

“Тоа е преголем скок. Според митологијата на Земачите, на светот му бил потребен владетел затоа што боговите

направиле целосна збрка. Тоа што тие направиле било џунгла, врескачки хаос, анархија. Но дали тоа, всушност, било

така?”

“Не, с било во одличен ред. Земачите биле тие кои го довеле нередот во светот.”

“Владеењето на тој закон било и с уште е доволно. Човекот не бил потребен за да доведе ред во светот.”

10.

“Луѓето од твојата култура се држат фанатично цврсто за особеноста на човекот. Тие очајно сакаат да видат огромен залив помеѓу човекот и остатокот од животот. Оваа митологија за човековата супериорност го оправдува с она што тие

му го прават на светот, исто како што митологијата на Хитлер за ариевската раса го оправдувала с она што тој и го

правел на Европа. Но на крајот, оваа митологија не е многу задоволувачка. Земачите се потполно осамени луѓе. Светот за

нив е непријателска територија, и тие живеат во него како окупаторска армија, отуѓени и изолирани поради нивните

извонредни особености.”

“Тоа е точно. Но кон што целиш?”

Наместо да ми одговори на прашањето, Ишмаел рече, “Помеѓу Оставачите, криминалот, менталните болести,

самоубиството и зависноста од дрога се голема реткост. Што вели Мајката Култура за ова?”

“Би рекол дека тоа е поради... Мајката Култура вели дека тоа е така, затоа тоа што Оставачите се премногу примитивни

за да ги имаат тие работи.”

“Со други зборови, криминалот, менталните болести, самоубиството и зависноста од дрога се одлика на напредна

култура.”

“Тоа е точно. Никој не го кажува тоа на тој начин, се разбира, но така е сфатено. Тие работи се цената на напредокот.”

“Има целосно спротивно мислење коешто било широко распространето пред околу еден век. Спротивно мислење за тоа

зошто овие работи се реткост помеѓу Оставачите.”

Размислував малку. “Мислиш на теоријата за Благородниот дивјак. Не би рекол дека ја знам во детали.”

“Но имаш впечаток од неа. Тое е она што е водечко во вашата култура - не теоријата во детали, туку само впечаток од

неа.”

“Точно. Тоа е идејата која вели дека, луѓето коишто живеат поблиску до природата имаат тенденција да бидат

благородни. Тоа е поради гледањето на сите тие зајдисонца. Не можеш да го гледаш зајдисонцето, а потоа да отидеш и да

му го запалиш вигвамот на твојот сосед. Живеејќи блиску до природата е одлично за твоето ментално здравје.”

“Разбираш дека, јас не кажувам ништо такво.”

“Да. Но што кажуваш ти?”

“Ако отидеш помеѓу различни луѓе од твојата култура - ако отидеш во Кина и Јапонија и Русија и Англија и Индија -

секој од тие луѓе ќе ти даде комплетно различно објаснување за себеси, но и покрај тоа, тие раскажуваат една единствена

приказна, а тоа е приказната на Земачите. Истото важи и за Оставачите. Бушманите во Африка, Алава во Австралија,

Креен-Акроре во Бразил и Навахо во Соединетите Држави ќе ти дадат различно објаснување за себеси, но и тие исто

така, раскажуваат една единствена приказна, а тоа е приказната на Оставачите.”

“Разбирам што сакаш да кажеш. Не е важна бајката којашто ја раскажуваш, туку начинот на којшто всушност живееш.”

“Тоа е точно. Приказната којашто Земачите ја раскажуваат последните десет илјади години не само што е катастрофална

за човештвото и за светот, туку е и фундаментално нездрава и незадоволувачка. Тоа е мегаломанска фантазија и раскажувајќи ја, на Земачите им дала култура исполнета со алчност, суровост, ментални болести, криминал и зависност

од дрога.”

Page 60: Ишмаел

60

“Да, изгледа дека е така.”

“Приказната која Оставачите ја раскажувале последните три милиони години не е приказна на освојување и владеење.

Раскажувајќи ја, таа не им дава моќ. Раскажувајќи ја, таа им дава животи кои се задоволителни и значајни за нив. Ова ќе

го најдеш ако отидеш кај нив. Не се исполнети со незадоволство и бунтовништво, не се раправаат бесконечно за тоа што

би требало да биде дозволено, а што забрането, не се обвинуваат меѓусебно цело време за тоа дали некој живее или не живее на вистинскиот начин, не живеат во страв едни од други, не полудуваат затоа што нивните животи се празни и

бесмислени, не се заглупуваат себеси со дроги само за да можат да го поминат денот, не измислуваат нови религии секоја

недела само за да имаат за што да се фатат, не бараат цело време нешто да прават или да веруваат во нешто коешто ќе ги

направи нивните животи вредни за живеење. И – повторувам - ова не е затоа што живеат блиску до природата, или затоа

што немаат формална влада, или затоа што се природно благородни. Тоа е така затоа што тие едноставно раскажуваат

приказна којашто функционира многу добро за луѓето - приказна којашто функционирала многу добро три милиони

години и с уште функционира многу добро на оние места на кои Земачите с уште не успеале да ја прегазат.”

“Во ред. Тоа звучи одлично. Кога ќе дојдеме до таа приказна?”

“Утре. Ќе започнеме утре.”

“Добро,” реков. “Но пред да завршиме за денес, имам едно прашање. Зошто Мајка Култура? Јас лично немам проблем со

тоа, но претпоставувам дека некои жени би имале, на основа на тоа дека ти издвојуваш еден лик од конкретно женски

пол за да послужи како културен злосторник.”

Ишмаел изрази негодување. “Не ја сметам за злосторник на ниту еден начин, но разбирам што сакаш да кажеш. Еве го

мојот одговор: Културата е мајка насекаде и во секое време, затоа што културата несомнено е негувател - негувател на

човековите општества и животни стилови. Помеѓу Оставачите, Мајката Култура објаснува и одржува животен стил кој е

здрав и самоодржлив. Помеѓу Земачите таа објаснува и одржува животен стил којшто се докажал дека е нездрав и

самоуништувачки.”

“Добро. И?”

“Па, што е твоето прашање?” Ако Културата е мајка за Алава од Австралија и Бушманите во Африка и Кајапо во Бразил,

зошто тогаш не може да биде и мајка за Земачите?

Девет

1.

Кога дојдов следниот ден видов дека постои нов план : Ишмаел повеќе не беше од другата страна на стаклото, беше на

мојата страна од стаклото, испружен на некои перничиња, оддалечен само еден метар од мојата фотелја. Не сфаќав колку

плочата од стакло станала важна за нашата комуникација: да бидам искрен, почувствував алармирачко треперење во

мојот стомак. Неговата блискост и големина ме збуни, но без многу колебање, седнав и го поздравив, како што обично и

правам. Тој исто така ми отпоздрави, но мислам дека видов краток поглед на несигурност во неговите очи, како мојата

близина да го вознемирува, исто како што и неговата ме вознемируваше мене.

“Пред да продолжиме,” рече Ишмаел, после некое време, “Сакам да разјаснам едно недоразбирање.” Подигна парче

хартија за цртање на кое имаше нацртано дијаграм.

“Не е многу тешко за визуализирање. Ја претставува линијата на приказната на Оставачите,” рече.

“Да, гледам.”

Додаде нешто и повторно ја подигна хартијата.

Page 61: Ишмаел

61

“Ова скршнување, коешто e околу 8000 п.н.е, ја претставува линијата на приказната на Земачите.”

“Добро.”

“И кој настан го претставува ова?” ме праша, допирајќи ја со моливот точката означена со 8000 п.н.е.

“Земјоделската револуција.”

“Овој настан се случил во точно одредено време, или за време на подолг временски период?”

“Претпоставувам дека за време на подолг временски период.”

“Тогаш, што претставува оваа точка кај 8000 п.н.е.?”

“Почетокот на револуцијата.”

“А каде да ја ставам точката којашто ќе покажува каде завршила револуцијата?”

“Ах,” реков просто. “Не знам. Сигурно траела неколку илјади години.”

“Кој настан го означил крајот на револуцијата?”

“Повторно, не знам. Не знам дали воопшто некој посебен настан го означил крајот.”

“Не ти светнува некоја сијаличка?”

“Не знам.”

“Размисли.”

Размислив, и по некое време реков, “Добро. Чудно е што не н учеле за ова. Се сеќавам дека не учеа за земјоделската револуција, но не се сеќавам на ова.”

“Продолжи.”

“Не завршила. Само се раширила.” Се шири уште откако започнала пред десет илјади години. Се раширила на овој

континент за време на осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век. И с уште се шири низ делови од Нов Зеланд и Африка и

Јужна Америка до денешен ден.

“Се разбира. Гледаш дека вашата Земјоделска Револуција не е настан како Тројанската Војна, изолиран во далечното

минато и без директна важност за вашите животи денес. Работата започната од тие неолитски фармери на Блискиот исток

била носена напред од една генерација до друга, без ниту една пауза, с до денес. Таа е основа на вашата голема цивилизација денес, исто како што била основа и на првото фармерско село.”

“Да, разбирам.”

“Ова ќе ти помогне да разбереш зошто приказната којашто им ја кажувате на вашите деца за смислата на светот, за

божествените намери во светот и за судбината на човекот е од толку големо значење за луѓето од твојата култура. Тоа е

манифестот на револуцијата на кој се темели вашата култура. Таа е носител на сета ваша револуционерна доктрина и

дефинитивен израз на вашиот револуционерен дух. Таа објаснува зашто револуцијата била неопходна и зошто мора да

биде носена напред по секоја цена.”

“Да,” реков. “Тоа е неверојатен заклучок.”

2.

Page 62: Ишмаел

62

“Пред околу две илјади години,” продолжи Ишмаел, “во вашата култура се случил многу ироничен настан. Земачите -

или барем голем дел од нив - присвоиле една приказна како своја, којашто нив им се чинела полна со значење и

мистерија. Дошла кај нив од Земачите од Блискиот исток којашто тие им ја раскажувале на своите деца со генерации - со

толку многу генерации што станала мистерија и за нив самите. Дали знаеш зошто?”

“Зошто станала мистерија? Не.”

“Станала мистерија затоа што тие коишто први ја раскажале приказната - нивните антички предци - не биле Земачи туку

Оставачи.”

Седев така некое време и гледав во него. Потоа го прашав дали може да го повтори тоа.

“Пред околу две илјади години Земачите присвоиле приказна како своја, којашто произлегла од Оставачите пред многу

векови.”

“Добро. Што е иронијата во тоа?”

“Иронијата е во тоа што тоа била приказна којашто некогаш била раскажана од Оставачите за потеклото на Земачите.”

“И?”

Земачите присвоиле приказна како своја којашто Оставачите ја раскажале за нивното потекло.”

“Се плашам дека, едноставно не разбирам.”

“Каков вид на приказна ви раскажале Оставачите за појавата на Земачите на овој свет?”

“Господи, нe знам.”

“Изгледа дека си заборавил да го земеш твоето мозочно апче утрово. Не е важно, јас ќе ти раскажам моја приказна и

тогаш ќе сфатиш.”

“Во ред.”

Ишмаел ја премести неговата тежината на друга позиција на неговата перница, а јас безволно ги затворив очите,

мислејќи во себе, Ако некој странец ја отвореше вратата и влезеше внатре во овој момент, што ли ќе си помислеше?

3.

“Ова е многу посебно знаење коешто треба да го поседуваш ако сакаш да владееш со светот,” рече Ишмаел. “Сигурен

сум дека го сфаќаш тоа.”

“Искрено, никогаш не сум размислувал за тоа.”

“Земачите го поседуваат ова знаење, се разбира - или барем си замислуваат дека го поседуваат - и се многу, многу горди

на тоа. Тоа е најфундаменталното знаење на светот и е апсолутно неопходно за оние што сакаат да владеат со светот.

Што мислиш, што откриваат Земачите кога одат помеѓу Оставачите??”

“Не знам на што мислиш.”

“Откриваат дека Оставачите го немаат тоа знаење. Зарем не е тоа неверојатно?”

“Не знам.”

“Размисли. Земачите имаат знаење коешто им овозможува да владеат со светот, а Оставачите немаат. Тоа е она што

мисионерите го откривале секогаш кога оделе помеѓу Оставачите. Тие биле зачудени, затоа што имале впечаток дека ова

знаење е навистина очигледно.”

“Јас дури и не знам за кое знаење зборуваш.”

“Тоа е знаењето коешто е потребно за да се владее со светот.”

“Добро, но конкретно кое е тоа знаење?”

“Ќе го научиш тоа од приказната. Тоа што сега го барам е кој го има ова знаење. Ти реков дека Земачите го имаат тоа

знаење и тоа има смисла, нели? Земачите се владетели со светот, нели?”

Page 63: Ишмаел

63

“Да.”

“А Оставачите го немаат и тоа исто така, има смисла, нели?”

“Претпоставувам.”

“Сега кажи ми го ова: Кој друг го има ова знаење, освен Земачите?”

“Не знам.”

“Размислувај митолошки.”

“Во ред... Боговите го имаат.”

“Секако. И за тоа е мојата приказна: Како боговите го добиле знаењето што им било потребно за да владеат со светот.”

4.

Еден ден (почна Ишмаел) боговите разговарале за управување со светот на вообичаен начин и еден од нив рекол, “Еве

едно место за кое размислувам веќе подолго време - широка, пријатна савана. Ајде да пратиме голем број скакулци на

оваа земја. Тогаш, огнот на животот ќе расте чудесно во нив, а исто и во птиците и гуштерите кои се хранат со нив и тоа

ќе биде многу добро.”

Другите размислувале за ова некое време и тогаш еден од нив рекол, “Точно е дека ако ги пратиме скакулците на оваа

земја, огнот на животот ќе гори во нив и во суштествата кои се хранат со нив - но на сметка на сите други суштества

коишто живеат овде.” Другите го прашале што точно сака да каже со тоа и тој продолжил. “Секако ќе биде големо

злосторство да ги лишиме сите останати суштества од огнот на животот само за да можат скакулците и птиците и

гуштерите да цветаат некое време. Скакулците ќе ја соголат земјата, а газелите и срните и козите и зајаците ќе гладуваат и ќе умрат. А со исчезнувањето на ловот, лавовите и волците и лисиците исто така ќе почнат набрзо да умираат. Зарем

нема да не проколнат и да не наречат злосторници затоа што ги фаворизираме скакулците и птиците и гуштерите?”

Сега боговите морале малку да си ги почешаат главите, затоа што никогаш досега не ги гледале работите на ваков начин.

Но на крајот еден од нив рекол, “Не гледам дека ова претставува било каков проблем. Едноставно нема да го направиме

тоа. Нема да одгледаме голем број на скакулци и нема да ги пратиме на оваа земја и така работите ќе бидат како порано и

никој нема да има причина да н проколнува.”

Повеќето од боговите мислеле дека ова има смисла, но еден од нив не се сложил. “Секако ова ќе биде голем криминал за

останатите,” рекол. “Зарем не живеат во наши раце и скакулците и птиците и гуштерите исто така? Зарем никогаш нема

да дојде нивното време да процветаат, како сите останати?”

Додека боговите дебатирале за ова, една лисица отишла да лови, и тие рекле, “Ајде да ѝ испратиме на лисицата една

потполошка.” Но пред да успеат да се доискажат, еден од нив рекол, “Секако, ќе биде злосторство лисицата да живее на

сметка на потполошката. Потполошката има свој живот којшто ние и го дадовме и живее во наши раце. Ќе биде нечесно

да ја испратиме во челуста на лисицата.”

Тогаш некој друг рекол, “Гледајте ваму! Потполошката му се прикрадува на еден скакулец! Ако не и ја дадеме

потполошката на лисицата, тогаш потполошката ќе го изеде скакулецот. Зарем скакулецот нема свој живот којшто ние му

го дадовме, и зарем не живее и тој во нашите раце исто како и потполошката? Секако ќе биде големо злосторство ако не

и ја дадеме потполошката на лисицата, и на тој начин скакулецот ќе може да живее.”

Па, како што можеш да претпоставиш, боговите многу се расправале за ова и не знаеле што да прават. А додека се расправале, дошла пролетта, и снежните води од планините почнале да ги поплавуваат потоците, и еден од нив рекол,

“Секако ќе биде злосторство да им дозволиме на овие води да ја поплават земјата, затоа што безброј суштества ќе умрат.”

Но тогаш друг рекол, “Секако дека ќе биде злосторство ако не им дозволиме на овие води да ја поплават земјата, затоа

што без нив езерцата и мочуриштата ќе пресушат, и сите суштества коишто живеат во нив ќе умрат.” И уште еднаш

боговите биле целосно збунети.

Конечно еден од нив кажал нешто што изгледало како нова мисла, “Јасно е дека секоја акција што ќе ја преземеме ќе

биде добра за едни, а лоша за други, затоа најдобро е да не преземаме ништо. Тогаш ниту едно од суштествата коишто

живеат во наши раце нема да може да не нарекува злосторници.”

“Глупости,” рекол некој друг. “Ако не преземеме никаква акција, тоа исто така ќе биде добро за едни, а лошо за други, нели? Суштествата коишто живеат во наши раце ќе речат, ‘Гледајте, ние страдаме, а боговите не преземаат ништо!’”

Page 64: Ишмаел

64

И додека боговите се расправале меѓу себе, скакулците ја преплавиле саваната, и скакулците и птиците и гуштерите ги

славеле боговите, а останатите животни умирале проколнувајќи ги боговите. И затоа што боговите не преземале ништо

во врска со тоа, потполошката живеела, а лисицата, проколнувајќи ги боговите, се вратила гладна во својата дупка. И

затоа што потполошката живеела, таа го изела скакулецот, а скакулецот умрел проколнувајќи ги боговите. И бидејќи

боговите решиле да ја запрат поплавата на изворите, езерцата и мочуриштата пресушиле, и сите илјадници суштества

коишто живееле таму умреле проколнувајќи ги боговите.

И слушајќи ги овие проколнувања, боговите заплакале. “Ја направивме градината место на терор и сите што живеат во

неа н мразат како да сме тирани и злосторници. И во право се, затоа што со нашата акција или неакција, ние им праќаме

добро еден ден, а лошо следниот ден, без да знаеме што треба да правиме. Саваната преплавена со скакулци ѕвони од

клетви и ние немаме одговор на тоа. Лисицата и скакулецот н проколнуваат затоа што ја оставивме потполошката да

живее, и ние немаме одговор на тоа. Сигурно сите го проколнуваат денот кога го создадовме светот, затоа што ние сме

злосторници коишто еден ден праќаат добро, а следниот лошо, знаејќи дека додека го правиме тоа, не знаеме што

всушност треба да направиме.”

Боговите тонеле во депресија и безнадежност, кога еден од нив рекол, “Еј, зарем не создадовме едно дрво во градината

чиј плод е знаењето за добро и лошо?”

“Да,” викнале другите. “Ајде да го пронајдеме тоа дрво, да јадеме од него и да видиме кое е тоа знаење.” И кога боговите

го пронашле дрвото и пробале од неговиот плод, нивните очи се отвориле, и рекле, “Сега навистина го имаме знаењето

коешто ни треба за да се грижиме за саваната без да бидеме злосторници и без да не проколнуваат сите што живеат во

наши раце.”

И додека тие зборувале, лавот излегол да лови и боговите си рекле себеси, “Денеска е ден на лавот да биде гладен, а

срната којашто сакаше да ја улови ќе живее уште еден ден.” И така, лавот го пропуштил својот плен, и додека се враќал

гладен во своето дувло, почнал да ги проколнува боговите. Но тие рекле, “Биди во мир, затоа што ние знаеме како да

владееме со светот, и денес е твојот ден да бидеш гладен.” И лавот бил во мир.

И следниот ден лавот излегол да лови и боговите му ја пратиле срната којашто ја поштедиле претходниот ден. И кога срната ги почувствувала забите на лавот на нејзиниот врат, почнала да ги проколнува боговите. Но тие рекле, “Биди во

мир, затоа што ние знаеме како да владееме со светот, и денес е твојот ден да умреш, исто како што вчера беше твојот

ден да живееш.” И срната била во мир.

Тогаш боговите си рекле, “Секако, знаењето за добро и лошо е моќно знаење, затоа што ни овозможува да владееме со

светот без да бидеме злосторници. Ако вчера го пратевме лавот гладен, без да го имаме ова знаење, тогаш навистина тоа

ќе беше злосторство. И ако денес ја пратевме срната во челуста на лавот, без да го имаме ова знаење, и тоа исто така ќе

беше злосторство. Но со ова знаење ги направивме и двете работи, очигледно спротивставени една на друга и не

направивме никакво злосторство.”

Но еден од боговите бил на работа додека останатите јаделе од дрвото на знаењето и кога се вратил и слушнал што

направиле боговите во врска со лавот и срната, рекол, “Правејќи ги тие две работи, вие секако сте направиле злосторство, затоа што тие две работи се спротивставени, и сигурно едната била правилна да се направи, а другата погрешна. Ако

било добро за лавот да биде гладен првиот ден, тогаш било лошо да се прати срната вториот ден. Или ако било добро на

лавот да му се прати срната вториот ден, тогаш било лошо да се остави да биде гладен првиот ден.”

Боговите климнале со главите и рекле, “Да, и ние размислувавме на тој начин пред да јадеме од ова дрво на знаењето.”

“Кое е тоа знаење?” богот прашал, забележувајќи го дрвото за првпат.

“Пробај го неговиот плод,” тие му рекле. “Тогаш ќе знаеш точно кое е тоа знаење.”

Богот пробал и неговите очи се отвориле, “Да, гледам,” рекол. “Ова е секако соодветното знаење зa боговите: знаењето за тоа кој ќе живее, а кој ќе умре.”

5.

“Дали имаш некакви прашања досега?” праша Ишмаел.

Рипнав, исплашен од овој прекин во раскажувањето. “Не, ова е фасцинантно.”

Ишмаел продолжи.

6.

Кога боговите виделе дека Адам се буди, си рекле, “Еве суштество кое е толку слично на нас што може да биде дел од

нашето друштво. Каков опсег на живот и каква судбина ќе одредиме за него?”

Page 65: Ишмаел

65

Еден од нив рекол, “Тој е толку праведен, ајде да му дадеме вечен живот. За време на неговата младост да се грижиме за

него како и за сите останати во градината, за да научи колку е слатко да се живее во наши раце. Но кога ќе стане

адолесцент, сигурно ќе почне да сфаќа дека е способен за многу повеќе од останатите суштества и ќе стане незадоволен

од тоа да биде цело време под наша заштита. Дали тогаш да го однесеме кај другото дрво во градината, Дрвото на

животот?”

Но некој друг рекол, “Да се одведе Адам како дете кај Дрвото на животот пред да почне да го бара самиот ќе го лиши од

голема обврска од која може да стекне голема мудрост и да си го докаже себеси својот темперамент. Како што ќе му ја

дадеме грижата што му е потребна додека е дете, така, да му ја дадеме потрагата којашто ќе му биде потребна кога ќе

биде адолесцент. Да ја направиме потрагата по Дрвото на животот негова професија кога ќе биде адолесцент. На овој

начин тој ќе открие како да има вечен живот на оваа планета.”

Другите се сложиле со овој план, но еден рекол, “Треба да забележиме дека ова може да биде долга и тешка потрага за

Адам. Младината е нетрпелива, и по неколку илјади години барање, тој може да стане очаен во потрагата по Дрвото на

животот. Ако се случи тоа, тој може да падне во искушение да проба од Дрвото на знаењето за добро и лошо.”

“Глупости,” одговориле другите. “Многу добро знаеш дека плодот на ова дрво ги храни само боговите. Тој може да го стави во неговата уста и да го голтне, но тој ќе помине низ неговото тело без да има некаква корист од него. Сигурно не

мислите дека тој може да го добие нашето знаење јадејќи од ова дрво?”

“Секако дека не,” одговорил другиот. “Опасноста не е во тоа дека тој можеби ќе го добие нашето знаење, туку дека

можеби ќе си замислува дека го добил. Со тоа што пробал од плодот на ова дрво, можеби ќе си рече себеси, ‘Јадев од

дрвото на знаењето на боговите и затоа сега знам да владеам со светот исто така добро како што владеат и тие. Ќе правам

што сакам.’”

“Тоа е апсурдно,” рекле другите богови. “Како би можел Адам да биде толку глупав и да си замислува дека го има

знаењето коешто нас ни овозможува да владееме со светот и да го правиме она што го правиме? Ниту едно од нашите

суштества нема никогаш да владее со знаењето за тоа кој ќе живее, а кој ќе умре. Ова знаење е само наше, и дури и мудроста на Адам да расте до самото затемнување на универзумот, тоа сепак ќе биде над него, исто како што е и сега.”

Но другиот не бил збунет од овој аргумент. “Ако Адам изеде од нашето дрво,” тој настојувал, “не можеме да

претпоставиме како ќе се измами себеси. Не знаејќи ја вистината, тој може да си рече себеси, ‘Она што го правам, a

можам да го оправдам е добро, а она што го правам, a не можам да го оправдам е лошо.”

Но другите се смееле на ова, велејќи, “Тоа не е знаењето за добро и лошо.”

“Секако дека не е,” одговорил другиот. “Но како ќе го знае тоа Адам?”

Другите ги симнале рамениците. “Можеби уште во детството Адам ќе верува дека е доволно мудар да владее со светот,

но што со тоа? Таквата арогантна глупавост ќе исчезне со зрелоста.”

“Ах,” рекол другиот, “Но опседнат од оваа арогантна глупост, ќе може ли Адам да доживее зрелост? Ако верува дека е

еднаков со нас, тој ќе биде способен за с . Со неговата арогантност, тој може да разгледа во градината и да си рече, ‘Сето

ова е погрешно. Зошто треба да го делам огнот на животот со сите овие суштества? Погледнете, лавовите и волците и

лисиците го земаат пленот којшто јас би го земал за себе. Тоа е лошо. Ќе ги убијам сите овие суштества и тоа ќе биде

добро. И гледајте, боговите го ограничиле мојот раст исто како што го ограничиле растот на сите останати. Тоа е лошо.

Јас ќе растам без ограничување, земајќи го огнот на животот којшто тече низ оваа градина само за себе, и тоа ќе биде

добро.’ Кажете ми - ако тоа се случи, колку долго ќе живее Адам, пред да го уништи целиот свет?”

“Ако тоа се случи,” рекле другите, “Адам ќе го уништи светот за еден ден, а на крајот на денот ќе се уништи самиот

себеси.”

“Точно,” рекол другиот, “освен ако не успее да избега од овој свет. Тогаш, тој ќе го уништи целиот универзум, исто како

што го уништил светот. И на крајот тој неизбежно ќе се уништи и самиот себеси, како и с друго што расте без

ограничување.”

“Тоа секако би бил ужасен крај за Адам,” рекол некој друг. “Но тој би можел да дојде до истиот крај без разлика дали

пробал или не од Дрвото на знаењето за добро и лошо, нели? Би можел да падне под искушение на неговата желба за

раст и да го земе огнот на животот во сопствени раце без да се залажува себеси дека тоа е добро?”

“Би можел,” рекле останатите. “Но кои ќе бидат последиците од таквите дејства ? Би станал одметник, криминалец,

крадец на животот и убиец на сите суштества околу него. Без илузијата дека тоа што го прави е добро, тој набрзо би се изморил од одметничкиот живот. Тоа сигурно ќе се случи за време на неговата потрага по Дрвото на животот. Но ако

проба од Дрвото на знаењето, тогаш тој ќе ја отфрли измореноста. Тој ќе рече,‘Каква врска има тоа што сум уморен од

живеењето како убиец на целиот живот околу мене? Знам што е добро, а што лошо, а овој начин на живот е добар. Затоа

Page 66: Ишмаел

66

морам да живеам на овој начин без разлика што сум изморен до смрт, без разлика што ја уништувам земјата, па дури и

себеси. Боговите напишале закон за сите да го почитуваат на овој свет, но тој не важи за мене затоа што јас сум еднаков

со нив. Затоа јас ќе живеам ослободен од овој закон и ќе растам без ограничување. Да се биде ограничен е лошо. Ќе го

украдам огнот на животот од рацете на боговите и ќе го ставам во функција на мојот раст, и тоа ќе биде добро. Ќе ги

уништам оние видови коишто не му служат на мојот раст, и тоа ќе биде добро. Ќе ја оттргнам градината од рацете на

боговите и одново ќе ја уредам, така што ќе му служи само на мојот раст, и тоа ќе биде добро. И затоа што овие работи се добри, мораат да се направат по секоја цена. Можеби ќе ја уништам градината и ќе направам рушевина од неа. Можеби

моето потомство ќе ја насели земјата исто како и скакулците, соголувајќи ја целата, с додека не се удават во сопствената

нечистотија, не почнат да се мразат меѓу себе и не полудат. Сепак, тие мораат да продолжат, затоа што растот без

ограничување е добар, а да се прифатат ограничувањата на законот е лошо. А ако некои кажат, “Да го оставиме товарот

на злосторничкиот живот и да живееме повторно во рацете на боговите,” јас ќе ги убијам, затоа што тоа што го кажуваат

е лошо. А ако некои кажат, “Да се оттргнеме од нашата мизерија и да го бараме другото дрво,” јас ќе ги убијам, затоа што

тоа што го кажуваат е лошо. Дури и кога целата градина ќе биде под моја власт, и кога сите видови што не му служат на

мојот раст ќе бидат отстранети, и кога целиот оган на животот ќе тече низ моето потомство, јас с уште ќе морам да

растам. И на луѓето во оваа земја ќе им кажам, “Растете, затоа што тоа е добро,” и тие ќе растат. И на луѓето во соседната

земја ќе им кажам, “Растете, затоа што тоа е добро,” и тие ќе растат. А кога нема да можат да растат повеќе, луѓето од

оваа земја ќе ги убијат луѓето од соседната земја, за да можат да растат уште малку. И ако плачот на моето потомство го

исполни воздухот низ целиот свет, јас ќе им кажам, “Морате да го издржите вашето страдање затоа што страдате во името на доброто. Погледнете колку големи станавме. Со владеење на знаењето за добро и лошо ние станавме господари

на светот и боговите немаат моќ над нас. И иако вашиот плач го исполнил светот, зарем не е подобро да живееме во

наши раце, отколку да живееме во рацете на боговите?”

И кога боговите го слушнаа ова, сфатија дека, од сите дрвја во градината, единствено Дрвото на знаењето за добро и

лошо може да го уништи Адам. Затоа тие му рекоа, “Можеш да јадеш од секое дрво во градината, освен од Дрвото на

знаењето за добро и лошо, затоа што денот кога ќе јадеш од тоа дрво, сигурно ќе умреш.”

7.

Седев збунет некое време, но потоа се сетив дека видов Библија во Ишмаеловата чудна колекција на книги. Всушност, таму имаше три. Ги земав и по неколку минути проучување, ја подигнав главата и реков, “Ниту една од овие книги нема

никаков коментар за тоа зошто ова дрво би требало да биде забрането за Адам?”

“Зарем го очекуваше тоа?”

“Па... да.”

“Земачите ги пишуваат списите, а оваа приказна отсекогаш била нејасна за нив. Никогаш не успеале да откријат зошто

знаењето за добро и лошо морало да биде забрането за човекот. Зарем не сфаќаш зошто?”

“Не.”

“Затоа што, за Земачите, ова знаење е најдоброто знаење од сите знаења - најкорисното знаење што човекот може да го

има. Ако тоа е така, зошто боговите би му го забраниле?”

“Точно.”

“Знаењето за добро и лошо во основа е знаењето што владетелите на светот мора да го применуваат, затоа што секоја

работа што ја прават е добра за едни, но лоша за други. Тоа е смислата на владеењето, зарем не?”

“Да.”

“А човекот бил роден за да владее со светот, зарем не?”

“Да. Според митологијата на Земачите.”

“Тогаш, зошто боговите го задржале знаењето коешто му е потребно на човекот за да ја исполни својата судбина? Од

гледна точка на Земачите, ова нема никаква смисла.”

“Точно.”

“Катастрофата се случила кога, пред околу десет илјади години, луѓето од вашата култура рекле, ‘Ние сме мудри исто

колку и боговите и можеме да владееме со светот добро како нив.’ Кога ја земале во нивни раце моќта на животот и

смртта во светот, уништувањето било загарантирано.”

“Да. Затоа што тие всушност и не се мудри колку што се боговите.”

Page 67: Ишмаел

67

“Боговите владееле со светот милијарди години и добро им одело. По само неколку илјади години на човеково владеење,

светот е на работ на смртта.”

“Точно. Но Земачите нема никогаш да се откажат од тоа.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Тогаш, ќе умрат. Како што е предвидено. Авторите на оваа приказна знаеле што зборуваат.”

8.

“И ти велиш дека ова приказна била напишана од гледна точка на Оставачите?”

“Точно. Ако била напишана од гледна точка на Земачите, знаењето за добро и лошо не би му било забрането на Адам,

туку би му било доверено. Боговите би се врткале околу него и би велеле, ‘Ајде, човеку, зарем не гледаш дека си ништо

без ова знаење? Престани да живееш од нашата дарежливост како што живеат лавот или дабарот. Еве, земи од овој плод

и веднаш ќе сфатиш дека си гол - гол како и лавот и дабарот: гол кон светот, немоќен. Ајде, земи од овој плод и стани

еден од нас. Тогаш, за твоја среќа, ќе можеш да ја напуштиш оваа градина и да почнеш да живееш од потта на твоето

чело, како што треба да живеат луѓето.’ И ако луѓето од твоето културно убедување навистина ја напишале оваа приказна, овој настан не би бил наречен Падот, туку би бил наречен Подемот - или како што ти кажа претходно,

Ослободување.”

“Точно... Но не сфаќам каква врска има ова со с останато.”

“Го прошируваме твоето знаење за тоа како работите станале такви какви што се сега.”

“Не сфаќам.”

“Пред една минута, ти ми кажа дека Земачите нема никогаш да се откажат од нивното владеење со светот, без оглед

колку лоши да станат работите. Како тие станале вакви?”

Гледав во него.

“Земачите станале вакви затоа што отсекогаш верувале дека тоа што тие го прават е правилно - и затоа мора да биде

направено по секоја цена. Тие отсекогаш верувале дека, исто како и боговите, знаат што е правилно, а што не е, и дека

тоа што тие го прават е правилно. Дали можеш да видиш, како тие го демонстрирале тоа што јас го кажувам?”

“Не од прв поглед.”

“Го демонстрирале така што ги принудиле сите во светот да живеат како нив, да живеат како што тие живеат. Сите

морале да бидат принудени да живеат како Земачите, затоа што Земачите го имале вистинскиот начин.”

“Да, го сфаќам тоа.”

“Многу од Оставачите практикувале земјоделство, но никогаш не биле обземени од илузијата дека тоа што го прават е

правилно, дека сите останати во светот треба да практикуваат земјоделство, дека секој квадратен метар на оваа планета

треба да биде посветен на тоа. Тие не им велеле на луѓето околу нив, ‘Нема повеќе да живеете од ловење и собирање. Тоа

е погрешно. Тоа е лошо, и ние тоа го забрануваме. Почнете да ја обработувате земјата или ќе ве убиеме.’Она што тие го

велеле е, ‘Сакате да бидете ловци-собирачи? Нема проблем. Тоа е одлично. Ние сакаме да бидеме земјоделци. Вие бидете

ловци-собирачи, а ние ќе бидеме земјоделци. Ние не велиме дека знаеме кој е вистинскиот начин. Ние едноставно

знаеме кој начин ние го сакаме.’”

“Да, сфаќам.”

“И ако им здодеало да бидат земјоделци, ако откриеле дека не им се допаѓало кон што ги води тоа, тие можеле да се

откажат од тоа. Тие не си велеле себеси, ‘Мораме да продолжиме да го правиме ова, па дури и тоа да не убие, затоа што

ова е вистинскиот начин на живот.’ На пример, имало луѓе коишто некогаш конструирале огромна мрежа на канали за

наводнување за да можат да ги обработуваат пустините во денешна југоисточна Аризона. Тие ги одржувале тие канали

три илјади години и изградиле многу напредна цивилизација, на на крајот тие биле слободни да кажат, ‘Ова е тежок и

незадоволувачки начин на живот, па по ѓаволите со него.’Тие едноставно ја напуштиле целата работа и целосно ја

заборавиле, дотолку што ние не знаеме ни како се нарекувале себеси. Единственото име што го имаме за нив е она што

им го дале Пима Индијанците: Хохокам - тие што исчезнале.

Но нема да биде толку лесно за Земачите. Ќе биде многу тешко за нив да се откажат, затоа што тоа што тие го прават е вистинското нешто и треба да продолжат да го прават тоа, па дури и да го уништат светот и целото човештво.”

“Да, изгледа дека е така.”

Page 68: Ишмаел

68

“Да се откажат би значело... што?”

“Да се откажат би значело... Би значело дека не биле во право цело време. Би значело дека никогаш не знаеле како да

владеат со светот. Би значело... откажување од нивните претензии да бидат богови.”

“Би значело плукање на плодот на тоа дрво и враќање на владеењето на светот назад во рацете на боговите.”

“Да.”

Ишмаел покажа со главата кон купот од библии коишто беа пред моите нозе. “Според авторите на таа приказна, луѓето

коишто живееле помеѓу реките Тигар и Еуфрат јаделе од дрвото на знаењето на боговите. Што мислиш, од каде ја добиле

таа идеја?”

“Како мислиш?”

“Од каде ја добиле идејата авторите на оваа приказна дека луѓето што живееле во Плодната Полумесечина јаделе од

дрвото на знаењето на боговите? Мислиш дека го виделе тоа со свои очи? Мислиш дека биле таму кога вашата земјоделска револуција започнала?”

“Можно е.”

“Размисли. Ако биле таму да го видат тоа со свои очи, кои ќе биле тие?”

“А... Да. Тие ќе биле луѓето на Падот. Тие ќе биле Земачите.”

“И ако тие биле Земачите, тогаш ќе ја раскажувале приказната на друг начин.”

“Да.”

“Значи, авторите на приказната не биле таму да го видат тоа со свои очи. Како тогаш знаеле што се случило? Како знаеле

дека Земачите ја превземале улогата на боговите?”

“Господе,” реков.

“Кои биле авторите на оваа приказна?”

“Па... Хебреите?”

Ишмаел одмавна со главата. “Помеѓу луѓето познати како Хебреи, ова веќе била античка приказна - и мистериозна

приказна. Хебреите влегле во историјата како Земачи - и не сакале ништо повеќе од тоа да бидат исти како и нивните соседи кои што исто така биле Земачи. Всушност, затоа нивните пророци цело време ги прекорувале.”

“Точно.”

“Значи, иако ја зачувале приказната, тие повеќе не ја разбирале целосно. За да ги најдеме луѓето коишто ја разбирале

приказната, треба да ги најдеме нејзините автори. А кои биле тие?”

“Па... тие биле предците на Хебреите.”

“Но кои биле тие?”

“Се плашам дека не знам.”

Ишмаел вресна. “Слушај, не можам да ти забранам да велиш, ‘не знам,’ но инсистирам да размислиш неколку секунди

пред да го кажеш тоа.”

Размислував неколку секуди, само за да бидам културен и потоа реков, “Жал ми е. Моето познавање на античката

историја едноставно е многу мало.”

“Античките предци на Хебреите биле Семитите.”

“Аха.”

“Го знаеше тоа, нели?”

Page 69: Ишмаел

69

“Да. Претпоставувам. Само што...”

“Само што, не размислуваше.”

“Така е.”

9.

Ишмаел се помести, и да бидам искрен, мојот стомак се стегна кога неговото тело од половина тон помина покрај мене.

Ако не знаете како се движат горилата од едно место до друго, тогаш морате да посетите зоолошка градина или да

изнајмите видео лента на National Geographic; моите зборови нема да можат да ви го објаснат тоа.

Ишмаел пребаруваше низ полицата некое време, и се врати со историски атлас, којшто ми го даде и ми рече да го

отворам кај картата на Европа и Блискиот Исток 8500 г. пред новата ера. Сечило, какво што е српот, јасно го отсекува

Арапскиот полуостров од останатите. Зборовите Почетно земјоделство јасно ставаат до знаење дека српот ја обиколил

Плодната Полумесечина. Грст од точки покажуваат места каде што се пронајдени рани земјоделски населби.

“Оваа мапа, се плашам, оддава погрешен впечаток,” рече Ишмаел, “иако тоа не е намерен впечаток. Таа оддава впечаток дека земјоделската револуција се случила во празен свет. Затоа јас повеќе ја сакам мојата карта.” Го отвори неговиот

нотес и ми ја покажа.

“Како што гледаш, ова ја покажува ситуацијата петстотини години подоцна. Земјоделската револуција е на добар пат. Областа во која земјоделството било застапено е обележана со кратки црти.” Користејќи молив како покажувач, тој ја

означи областа помеѓу Тигар и Еуфрат.“Ова, секако, е земјата помеѓу реките, родното место на Земачите. А што мислиш

ти, што претставуваат сите овие точки?”

“Оставачи?”

“Токму така. Нивната намена не е да послужат како доказ за густина на популацијата. Ниту пак имаат намера да покажат

дека секое слободно парче земја било населено од Оставачи. Она што тие го покажуваат е тоа дека ова било далеку од

празен свет. Дали разбираш што ти покажувам?”

“Да, мислам дека разбирам. Земјата на Падот лежи внатре во Плодната Полумесечина и е опколена од неземјоделци.”

“Да, но исто така ти покажувам дека, во тоа време, на почетокот на земјоделската револуција, овие рани Земачи,

основачите на вашата култура, биле непознати, изолирани, неважни. Следната карта на тој историски атлас е четири

илјади години подоцна. Што очекуваш да видиш на неа?”

“Очекувам да видам дека Земачите се прошириле.” Тој климна со главата, покажувајќи ми дека треба да ја свртам

страницата. Исцртан круг, означен како Култури од Бронзеното доба, со Месопотамија како негов центар, ја

обиколуваше цела Мала Азија и целата земја на север и исток, се до Каспиското Море и Персискиот Залив. Кругот се

протегаше јужно се до влезот на Арапскиот Полуостров, којашто беше област означена како Семити.

“Сега,” Ишмаел рече, “имаме сведоци.”

“Како?”

Page 70: Ишмаел

70

“Семитите не биле сведоците на настаните опишани во третото поглавје на Битието.” Нацрта мал круг во центарот на

Плодната Полумесечина. “Тие настани, кумулативно познати како Падот, се случиле тука, стотици милји северно од

Семитите, кај сосема различни луѓе. Дали знаеш кои биле тие?”

“Според мапата, тие биле Кавказците (Белците).”

“Но сега, во 4500-та година пред новата ера, Семитите биле сведоци на еден настан во нивниот сопствен двор:

експанзијата на Земачите.”

“Да, сфаќам.”

“За четири илјади години, земјоделската револуција што започнала на земјата помеѓу реките се раширила низ Мала

Азија на запад, и кон планините на север и исток. А на југ изгледа дека била блокирана од, што?”

“Од Семитите, очигледно.”

“Зошто? Зошто Семитите ја блокирале?”

“Не знам.”

“Што биле Семитите? Дали биле земјоделци?”

“Не. Мапата јасно става да знаење дека тие не биле дел од тоа што се случувало помеѓу Земачите. Затоа претпоставувам

дека биле Оставачи.”

“Оставачи, да, но не биле повеќе ловци-собирачи. Тие развиле друга адаптација, којашто подоцна ќе стане

традиционална помеѓу Семитите.”

“Ах! Тие биле сточари.”

“Секако. Сточари.” Покажа кон границата помеѓу Културата од Брозено доба на Земачите и Семитите. “Што се

случувало тука?”

“Не знам.”

Ишмаел покажа со главата кон библијата пред моите нозе. “Прочитај ја приказната за Каин и Авел и ќе знаеш.”

Ја земав таа што беше на врвот и ја отворив кај четвртото поглавје. После неколку минути, промрморев, “Господе Боже.”

10.

Откако ја прочитав приказната во сите три верзии, погледнав нагоре и реков, “Тоа што се случувало на таа граница е

всушност ова: Каин го убивал Авел. Обработувачите на земјата ги наводнувале своите полиња со крвта на Семитските

сточари.”

“Секако. Тоа што се случувало таму е тоа што отсекогаш се случувало долж границата на експанзијата на Земачите:

Оставачите биле убивани за да може што повеќе земја да биде ставена под обработка.” Ишмаел го зема нотесот и го

отвори кај една нова карта од овој период. “Како што гледаш, цртите на земјоделците ја преплавиле целата област - освен

територијата окупирана од Семитите. Овде, на границата којашто ги одвојувала обработувачите на земјата од

Семитските сточари, Каин и Авел се судриле еден со друг.”

Page 71: Ишмаел

71

Ја проучував мапата некое време, и одмавнав со главата. “И библиските изучувачи не го разбираат ова?”

“Не можам да кажам, се разбира, дека ниту еден изучувач не го разбрал ова. Но повеќето ја читаат приказната како да е

сместена во историска недојдија, како една од бајките на Езоп. Тешко дека би се сетиле да ја сфатат како дел од Семитска

воена пропаганда.”

“А всушност тоа е, секако. Знам дека отсекогаш било мистерија зошто Бог го прифатил Авел и неговата понуда, а го

одбил Каин и неговата понуда. Ова го објаснува тоа. Со оваа приказна, Семитите им велеле на своите деца, ‘Бог е на

наша страна. Тој н сака нас сточарите, но ги мрази тие крволочни обработувачи на земјата од северот.’”

“Тоа е точно. Ако ја читаш како приказна којашто потекнува од твоите сопствени културни предци, тогаш е

неразбирлива. Почнува да има смисла само кога ќе сфатиш дека потекнува од непријателите на твоите културни предци.”

“Да.” Седев и трепкав некое време, а потоа повторно ја погледнав картата на Ишмаел. “Ако обработувачите на земјата

од северот биле Кавказците (Белците),” реков, “тогаш, обележјето на Каин е ова.” Покажав кон моето светло лице.”

“Можно е. Очигледно е дека никогаш со сигурност нема да знаеме што имале на ум авторите на приказната.”

“Но сепак има смисла,” инсистирав. “Обележјето му било дадено на Каин за да послужи како предупредување за

другите: ‘Оставете го овој човек. Ова е многу опасен човек, човек којшто спроведува седумкратна одмазда.’ Сигурно

многу луѓе низ светот научиле дека не се исплати да се расправаш со луѓе со бели лица.”

Ишмаел ги симна рамениците, неубеден, или едноставно незаинтересиран.

11.

“На претходната мапа се помачив да нацртам стотици точки за да ги претставам Оставачите коишто живееле на

Средниот Исток кога започнала вашата земјоделска револуција. Што мислиш, што им се случило на овие луѓе помеѓу

времето од таа карта и времето од оваа карта?”

“Би рекол дека или биле прегазени и асимилирани или го прифатиле земјоделството, имитирајќи ги Земачите. ”

Ишмаел климна со главата. “Без сомнение, многу од овие луѓе имале да раскажат свои приказни за оваа револуција,

нивни начини на објаснување како овие луѓе од Плодната Полумесечина станале такви какви што се, но само една од

овие приказни преживеала - приказната којашто Семитите им ја раскажале на нивните деца, за Падот на Адам и за

убиството на Авел од страна на неговиот брат Каин. Преживеала затоа што Земачите никогаш не успеале да ги прегазат

Семитите, а Семитите одбиле да го прифатат земјоделскиот живот. Дури и потомците на Земачите, Евреите, кои ја

зачувале приказната без целосно да ја разберат, не можеле да развијат никаков ентузијазам за земјоделскиот начин на

живот. И така се случило, со ширење на Христијанството и Стариот Завет, Земачите да присвојат приказна што

непријателот ја раскажал за да ги негира.”

12.

“И повторно се враќаме на ова прашање: Од каде ја добиле Семитите идејата дека луѓето од Плодната Полумесечина

јаделе од Дрвото на знаењето на боговите?”

“Ах,” реков. “Би рекол дека тоа било еден вид на реконструкција. Ги гледале луѓето против кои се бореле и рекле, ‘Боже,

како станале тие вакви?’”

“И кој бил нивниот одговор?”

“Па... ‘Што не е во ред со овие луѓе? Што не е во ред со нашите браќа од северот? Зошто ни го прават тие ова? Тие се однесуваат како...’ Почекај малку да размислам за ова.”

“Не брзај.”

“Во ред,” реков после неколку минути. “Еве како им изгледало тоа на Семитите, мислам. ‘Тоа што овде се случува е

нешто сосема ново. Овие не се напаѓачки групи. Овие не се луѓе коишто исцртуваат линија и си ги покажуваат забите

само за да ни стават до знаење дека се тука. Овие луѓе велат... Нашите браќа од северот велат дека ние мораме да умреме.

Тоа е нешто сосема ново и ние тоа не го сфаќаме. Зошто тие не можат да живеат таму горе и да бидат земјоделци и да н

остават нас доле да живееме како сточари? Зошто мораат да не убијат?’

“ ‘Нешто многу чудно мора да се случило таму горе што ги претворилo овие луѓе во убијци. Што би можело да биде тоа? Чекај малку... Погледнете го начинот на којшто живеат овие луѓе. Никој досега не живеел на тој начин. Тие не велат дека

ние мораме да умреме. Тие велат дека с мора да умре. Тие не н убиваат само нас, туку тие убиваат с . Тие велат, “Во

ред, лавови, мртви сте. Доста ни беше од вас. Да ве нема одовде.” Тие велат, “Во ред, волци, доста ни беше и од вас исто

Page 72: Ишмаел

72

така. Да ве нема одовде.” Тие велат... “Никој нема да јаде освен нас. Сета оваа храна ни припаѓа нам и никој не може да

добие од неа без наша дозвола.” Тие велат, “Тоа што сакаме да живее, живее, а тоа што сакаме да умре, умира.”

“ ‘Тоа е тоа! Тие се однесуваат како тие самите да се богови. Се однесуваат како да јаделе од Дрвото на мудроста на

боговите, како да се мудри исто колку и боговите и како да можат да сејат живот или смрт каде што ќе посакаат. Да, тоа е

тоа. Сигурно тоа се случило таму горе. Овие луѓе го нашле дрвото на мудроста на боговите и украле малку од неговиот плод.

“ ‘Аха! Да. Ова се проколнати луѓе! Тоа може веднаш да се забележи. Кога боговите откриле што направиле, тие рекле,

“Во ред, вие бедни луѓе, доста ни беше од вас! Нема повеќе да се грижиме за вас. Одете си. Ве протеруваме од градината.

Отсега натаму, наместо да живеете од нашата добрина, можете да ја земате вашата храна од земјата со помош на потта од

вашето чело.” И така настанале тие проколнати обработувачи на земјата, ловејќи не нас и наводнувајќи си ги нивните

полиња со нашата крв.”

Кога завршив, видов дека Ишмаел ми дава тивок аплауз.

Му одговорив со глупаво и скромно климање со главата.

13.

“Еден од најјасните показатели дека овие две приказни не биле напишани од твоите културни предци е фактот што

земјоделството не е прикажано како посакуван избор, направен слободно, тука како проклетство. Било буквално

неприфатливо за авторите на овие приказни дека некој повеќе би сакал да живее од потта на своето чело. Прашањето

коешто тие си го поставувале себеси не било, ‘Зошто овие луѓе го прифатиле овој начин на живот?’ Туку било, ‘Какво

страшно злосторство направиле овие луѓе за да заслужат таква казна? Што направиле тие што ги натерало боговите да ги

лишат од добрината која ни овозможува на нас останатите да живееме безгрижен живот?’ ”

“Да, тоа сега е очигледно. Во нашата културна историја, земјоделството било вовед во подемот. Во тие приказни, земјоделството било судбина на паднатите.”

14.

“Имам прашање,” реков. “Зошто тие го опишале Каин како првороденото дете на Адам, а Авел како второроденото дете

на Адам?”

Ишмаел климна со главата. “Важноста е повеќе митолошка отколку хронолошка. Сакам да кажам дека, овој мотив ќе го

најдеш во народните приказни насекаде: Кога имаш татко со два сина, едниот достоен, а другиот недостоен, недостојниот

син е секогаш првородениот, а достојниот е секогаш второродениот - што би се рекло, аутсајдерот во приказната.”

“Во ред. Но зошто тие воопшто се сметале за потомци на Адам?”

“Не смееш да го помешаш метафоричкото размислување со билошкото размислување. Тие не рамислувале за Адам како

за нивен биолошки предок.”

“Од каде го знаеш тоа?”

Ишмаел размислуваше малку. “Дали знаеш што значи Адам на Хебрејски? Не можеме да го знаеме името што му го дале

Семитите, но најверојатно го имало истото значење.”

“Значи човек.”

“Се разбира. Човековата раса. Мислиш дека Семитите мислеле дека човековата раса била нивниот биолошки предок?”

“Не, секако дека не.”

“Се сложувам. Врската во приказната треба да биде сфатена метафорички, а не биолошки. Како што тие го сфатиле тоа,

Падот ја поделил човековата раса на две - на лоши момци и добри момци, на обработувачи на земјата и на сточари, а

првите добиле нагон да ги убиваат вторите.”

“Во ред,” реков.

15.

“Но се плашам дека имам уште едно прашање.”

Page 73: Ишмаел

73

“Нема потреба да се извинуваш за тоа. За тоа си овде.”

“Добро. Моето прашање е, како се вклопува Ева во сето ова?”

“Што значи нејзиното име?”

“Според списите, значи Живот.”

“Не значи Жена?”

“Не, барем не според списите.”

“Со ова име, авторите на приказната јасно ставиле до знаење дека искушението на Адам не било сексот или страста или

преголемата приврзаност. Неговото искушение бил Животот.”

“Не разбирам.”

“Размисли: Сто мажи и една жена не значи сто бебиња, но еден маж и сто жени значи сто бебиња.”

“И?”

“Ти посочувам дека, во однос на експанзијата на популацијата, мажите и жените имаат значајно различни улоги. Тие во

никој случај не се еднакви кога се работи за тоа.”

“Добро. Но с уште не сфаќам.”

“Се обидувам да те ставам во рамката на умот на неземјоделските луѓе, луѓе за кои контролата на популацијата секогаш

е критички проблем. Да ти го кажам тоа поедноставно: Група од сточари составена од педесет мажи и една жена не е во

опасност од експлозија на популацијата, но група составена од педесет жени и еден маж е во голема неволја. Познавајќи ги луѓето, таа група од педесет и еден сточар за многу брзо време ќе биде група од сто луѓе.”

“Точно. Но се плашам дека с уште не сфаќам каква врска има тоа со приказната од Битието.”

“Биди трпелив. Да се вратиме кај авторите на приказната, сточарски народ којшто бил турнат во пустината од

земјоделците од север. Зошто нивните браќа од север туркале?”

“Тие сакале да ја искористат земјата на сточарите за обработка.”

“Да, но зошто?”

“Ах, разбирам. Тие го зголемувале производството на храна за да ја нахранат зголемената популација.”

“Се разбира. Сега си спремен да направиш уште малку реконструкција. Можеш да видиш дека овие обработувачи на

земјата немаат чувство за воздржаност кога се работи за експанзија. Тие не ја контролираат својата популација; кога нема

доволно храна наоколу, тие едноставно обработуваат повеќе земја.”

“Точно.”

“Значи: Кому му кажале да овие луѓе?”

“Мхм. Мислам дека го гледам тоа. Како во чаша, матно.”

“Гледај на тоа вака: Семитите, како и повеќето неземјоделци, морале да бидат внимателни со рамнотежата помеѓу

половите. Ако имале премногу мажи, тоа не можело да ја загрози стабилноста на нивната популација, но ако имале

премногу жени можело. Го разбираш тоа?”

“Да.”

“Но тоа што Семитите го виделе кај нивните браќа од север е дека тоа не било воопшто важно за нив. Ако нивната

популација се зголемела, тие воопшто не се грижеле, едноставно почнувале да обработуваат повеќе земја.”

“Да, го разбирам тоа.”

“Или пробај вака: Адам и Ева поминале три милиони години во градината живеејќи од добрината на боговите и нивниот

раст бил многу скромен; во животниот стил на Оставачите тоа мора да биде така. Како и сите останати Оставачи, тие не

морале да ја практикуваат моќта на боговите во одлучувањето за тоа кој ќе живее, а кој ќе умре. Но кога Ева му го

Page 74: Ишмаел

74

презентирала ова знаење на Адам, тој рекол: ‘Да, сфаќам; со ова, повеќе не мораме да бидеме зависни од добрината на

боговите. Со моќта во нашите раце за тоа кој ќе живее, а кој ќе умре, ние ќе создадеме добрина која ќе постои само за

нас, а тоа значи дека јас можам да му кажам да на Животот и да растам без ограничување.’Тоа што треба да го сфатиш е

дека кажувањето да на Животот и прифаќањето на знаењето за добро и лошо се едноставно различни аспекти на еден

единствен чин и ова е начинот на којшто е раскажана приказната во Битието.”

“Да. Суптилно е, но мислам дека разбирам. Кога Адам го прифатил плодот од тоа дрво, тој подлегнал на искушението да

живее без ограничување - а личноста којашто му го понудила тој плод се викала Живот.”

Ишмаел климна со главата. “Секогаш кога некој брачен пар од Земачите разговара за тоа колку би било прекрасно да

имаат големо семејство, тие всушност ја прераскажуваат сцената позади Дрвото на знаењето за добро и лошо. Тие си

велат себеси, ‘Секако дека е наше право да го распределиме животот на оваа планета како што сакаме. Зошто да запреме

на четири или шест деца? Кога можеме да имаме петнаесет ако сакаме. С што треба да направиме е да изораме уште

неколку стотици хектари дождовна шума - и кому е гајле што дузина други видови ќе исчезнат поради тоа?’ ”

16.

С уште имаше нешто што не се совпаѓаше, но не можев да најдам начин да го искажам тоа.

Ишмаел ми кажа да не брзам.

Откако размислував напорно неколку минути, тој рече, “Не очекувај да сфатиш с во однос на нашето сегашно знаење

за светот. Во тоа време Семитите биле комплетно изолирани на Арапскиот полуостров, отсечени од сите страни или од

морето или од луѓето на Каин. Најверојатно мислеле дека тие и нивните браќа од северот буквално биле целата човекова

раса, единствените луѓе на земјата. Сигурно тие така ја виделе приказната. Не можеле да знаат дека само во тој мал агол

од светот Адам јадел од дрвото на боговите, не можеле да знаат дека Плодната Полумесечина била едно од многуте

места каде што започнало земјоделството, не можеле да знаат дека с уште имало луѓе низ целиот свет коишто живееле

на начинот на којшто живеел Адам пред Падот.”

“Точно,” реков. “Се обидував да го склопам тоа со сите информации со коишто располагаме, но тоа очигледно не

функционира.”

17.

“Мислам дека е безбедно да се каже дека приказната за Адам е најпознатата приказна во светот.”

“Да, на Западот,” реков.

“Ох, многу добро е позната и на Истокот исто така, затоа што била разнесена до секој агол на светот од христијанските

мисионери. Таа е привлечна за Земачите насекаде.”

“Да.”

“Зошто е тоа така?”

“Претпоставувам затоа што објаснувала што всушност тргнало наопаку овде.”

“Што тргнало наопаку? Како луѓето ја разбираат приказната?”

“Адам, првиот човек, јадел од плодот на забранетото дрво.”

“Според нивното сфаќање, што би требало да значи тоа?”

“Да бидам искрен, не знам. Никогаш не сум слушнал објаснување коешто имало смисла.”

“А знаењето за добро и лошо?”

“Повторно, никогаш немам слушнато објаснување коешто имало смисла. Мислам дека начинот на којшто повеќето луѓе

го сфаќаат тоа е дека Боговите сакале да ја тестираат послушноста на Адам со тоа што му забраниле нешто и дека не

било многу важно што е тоа. И тоа всушност бил Падот - чин на непослушност.”

“Тоа нема никаква врска со знаењето за добро и лошо.”

Page 75: Ишмаел

75

“Не. Но претпоставувам дека има луѓе коишто мислат дека знаењето за добро и лошо е всушност само симбол на... Не

знам точно што. Тие мислат на Падот како на пад од невиноста.”

“Невиноста во овој контекст најверојатно е синоним за божествено незнаење.”

“Да.. Нешто слично на ова: Човекот бил невин с додека не ја открил разликата помеѓу доброто и лошото. Кога повеќе

не бил невин од тоа знаење, тој станал паднато суштество.”

“Се плашам дека тоа мене не ми значи ништо.”

“И мене исто така не ми значи ништо.”

“И покрај тоа, ако ја прочиташ приказната од друга гледна точка, таа всушност навистина објаснува што тргнало

наопаку, нели?”

“Да.”

“Но луѓето од твојата култура никогаш не успеале да го разберат објаснувањето, затоа што секогаш претпоставувале

дека било формулирано од луѓе како нив - луѓе кои го земале здраво за готово објаснувањето дека светот бил создаден за

човекот, а човекот бил создаден за да го освои светот и да владее со него, луѓе за кои најслаткото знаење во светот е

знаењето за добро и лошо, луѓе кои сметаат дека обработувањето на земјата е единствениот благороден и човечки начин

на живот. Читајќи ја приказната како да била напишана од некој со нивен поглед на светот, тие немале никаква шанса да

ја разберат.”

“Тоа е точно.”

“Но ако е прочитано на друг начин, тогаш објаснувањето има смисла: Човекот никогаш нема да може да ја има мудроста

со која боговите владеат со светот, и ако некогаш се обиде да ја преземе таа мудрост, резултатот нема да биде просветлување, туку смрт.”

“Да,” реков, “Не се сомневам во тоа - тоа значи приказната. Адам не бил прататкото на нашата раса, тој бил прататкото

на нашата култура.”

“Затоа тој отсекогаш бил толку важен за вас. Иако приказната немала многу смисла за вас, вие сте можеле да го

препознаете Адам како главно лице во приказната. Од самиот почеток, вие сте го препознале него како еден од вашите.”

Десет

1.

Вујко ми дојде во градот ненајавен и очекуваше да биде забавуван. Мислев дека ќе остане само еден ден; испадна дека ќе

остане два и пол дена. Се најдов себеси како ги усмерувам овие мисли кон него: “Зарем не е време да си одиш? Зарем не

стана носталгичен досега? Зарем не би сакал сам да го разгледуваш градот? Зарем никогаш не ти текнало дека можеби

имам да правам и други работи?” Немаше многу разбирање.

Неколку минути пред да го однесам на аеродром, добив повик и ултиматум од еден клиент: Нема повеќе изговори, ниту

еден збор - сработи ја работата сега или врати го назад авансот. Реков дека ќе ја сработам сега. Го одведов мојот роднина на аеродромот, се вратив и седнав да работам. Не беше многу голема работа, си реков себеси - бесмислено е да одам во

центарот само за да му кажам на Ишмаел дека ќе ме нема неколку дена.

Но во моите коски и црева имаше некој немир.

Се молам кога се работи за забите - зарем не го прават тоа сите? Немам време да ги чистам со конец. Знаете. Издржете

уште малку, им велам; ќе посветам внимание на вас кога ќе биде премногу доцна. Но за време на втората ноќ еден катник

ми откажа. Следното утро најдов забар кој се согласи да го извади и да му даде пристоен погреб. На столот, додека ми

даваше една инјекција по друга и ми го проверуваше крвниот притисок, си мислев, “Слушај, немам време за ова - само

извади го и пушти ме да си одам.” Но испадна дека е во право. Боже, каков корен имаше тој заб - и изгледаше дека е поблиску до мојот рбет отколку до моите усни. Го прашав дали можеби би било полесно доколку може да влезе одзади.

Page 76: Ишмаел

76

Кога беше се готово, с појави другата страна на неговата личност. Тој стана Забен полицаец и јас бев навистина добро

повлечен за уздите. Ме караше, направи да се чувствувам мал, неодговорен и незрел. Климав со главатa и ветував,

мислејќи, Ве молам, полицаецу, дајте ми уште една шанса, пуштете ме на моја сопствена одговорност. На крајот ме

пушти, но кога се вратив дома рацете с уште ми се тресеа, а парчињата од газа што излегуваа од мојата уста воопшто не

беа убави. Го поминав денот голтајќи апчиња против болка и антибиотици и се опивав себеси со бурбон.

Утрото се вратив на работа, но немирот с уште пееше во мојата вода.

“Уште еден ден,” си реков себеси. “Ќе можам да го испратам ова по пошта вечерва и нема да биде важно дали поминал

уште еден ден.”

Коцкарот којшто ги вложува своите последни сто долари и го гледа топчето како скока одлучно во отворот 18, ќе ви каже

дека знаел дека ќе го изгуби облогот уште од моментот кога чипот ја напуштил неговата рака. Го знаел тоа, го

почувствувал тоа. Но секако, ако топчето направело уште еден скок и слетало во отворот 19, тој весело би признал дека

таквите претчувства често се покажуваат како погрешни.

Моето не беше.

Од почетокот на ходникот, видов четка за чистење на подот со индустриска големина оставена пред полу-отворената

врата на Ишмаел. Пред да можам да влезам внатре, средновечен човек во сива униформа излезе и почна да ја заклучува

вратата. Му викнав да почека.

“Што правиш?” прашав, некако непристојно, кога беше на нормално растојание за да можам да зборувам со нормален

тон на гласот.

Тоа всушност и не заслужуваше одговор и тој не ми го даде.

“Слушај,” реков, “Знам дека не е моја работа, но може ли да ми кажеш што се случува овде?”

Ме погледна како да сум бубашваба којашто беше сигурен дека ја убил претходната недела. И покрај тоа, тој промрда

малку со устата и неколку зборови излетаа: “Го подготвувам местото за нов станар.”

“Аха,” реков. “Но што се случи со стариот станар?”

Слегна рамнодушно со рамениците. “Била исфрлена, претпоставувам. Не ја плаќала нејзината кирија.”

“Нејзината кирија?” Моментално заборавив дека Ишмаел не се грижеше самиот за себе.”

Ме погледна сомнително. “Мислев дека ја знаете госпоѓата.”

“Не, јас го знаев... уф...”

Стоеше таму и гледаше во мене.

“Слушај,” реков повторно. “Сигурно внатре има порака за мене, или нешто слично.”

“Внатре нема ништо освен лош мирис.”

“Дали може да погледнам самиот?” Се сврте кон вратата и ја заклучи. “Зборувај со управата во врска со тоа, добро? Јас

имам многу работа.”

2.

“Управата,” всушност беше една рецепционерка, којашто не можеше да најде доволно добра причина зошто би ми бил

дозволен пристап во таа канцеларија или на кое било друго место, вклучувајќи и каква било информација, за било која

тема, освен она што веќе го знаев: дека станарот не можел да ја плаќа киријата повеќе и дека во согласност со тоа бил

исфрлен. Пробав да ја убедам кажувајќи и дел од вистината, но таа го одби со потсмев мојот предлог дека некогаш овде

живеело некое горило.

“Такво животно никогаш не било чувано - ниту ќе биде чувано - на кој било од имотите со коишто управува оваа

фирма.”

“И реков дека би можела барем да ми каже дали Рејчел Соколов била изнајмувачот - каква штета би можело тоа да нанесе?”

“Не е тоа поентата. Ако твојот интерес беше легитимен, веќе би знаел кој бил изнајмувачот.”

Page 77: Ишмаел

77

Ова не беше типична рецепционерка; ако некогаш имам потреба од рецепционерка, се надевам дека ќе биде како неа.

3.

Имаше неколку дузини Соколови во телефонскиот именик, но ниту една не се викаше Рејчел. Имаше една Грејс, со прилично точна адреса на вдовица на богат еврејски трговец. Следното утро, многу рано, ја земав мојата кола и тајно

влегов на имотот за да видам дали има павилјон; имаше. Ја исправ колата, ги исполирав моите сериозни чевли и ги

исчистив од прашина рамениците на едно палто коешто го чувам за свадби и погреби. Потоа, за да бидам сигурен дека

нема да влетам за време на ручек или чај, чекав до два часот за да се појавам.

Beaux–Arts стилот не е за секој, но мене ми се допаѓаше во оние моменти кога не изгледаше како свадбена торта.

Палатата на Соколов изгледаше одлично и величествено, но сепак толку чудно, како кралство на пикник. Откако

заѕвонив на ѕвончето, имав доволно време да ја проучам влезната врата, вистинско ремек дело, бронзена скулптура која

го претставува Силувањето на Европа или Основањето на Рим или нешто слично. Набрзо вратата ја отвори човек за кој

лесно би помислил дека е државен секретар, врз основа на неговата облека, неговиот изглед и неговото држење. Не

мораше да каже, “Да?” или “Што?” Ме праша што сакам само со подигнување на едната веѓа. Му реков дека сакам да ја

видам госпоѓа Соколов. Ме праша дали имам закажано, многу добро знаејќи дека немам. Знаев дека ова не е човек којшто ќе можам да го убедам со изјава дека тоа е лична работа - што во превод би значело дека не е негова работа.

Одлучив да се отворам малку.

“Да ви кажам најискрено, се обидувам да стапам во контакт со нејзината ќерка.”

Ме погледна мрзеливо со неговите очи. “Вие не сте нејзин пријател,” кажа на крај.

“Не, најискрено не сум.”

“Ако бевте, ќе знаевте дека таа почина пред три месеци.”

Неговите зборови поминаа низ мене како ладна вода.

Ја подигна другата веѓа, а тоа значеше, “Уште нешто?”

Одлучив да се отворам уште малку.

“Дали вие бевте со господин Соколов?”

Тој се намурти, ставајќи ми до знаење дека се сомневаше во релевантноста на моето прашање..

“Причината поради којашто прашувам е... дали може да ми го кажете вашето име?”

Тој се сомневаше во релевантноста на ова прашање исто така, но реши да ми угоди. “Моето име е Партриџ.”

“Па, господине Партриџ, причината поради којашто ве прашувам ова е, дали го знаете... Ишмаел?”

Ги впери очите во мене.

“Да бидам искрен со вас, јас не ја барам Рејчел. Јас го барам Ишмаел. Знам дека Рејчел се грижела за него по смртта на

нејзиниот татко.”

“Од каде го знаете тоа?”, ме праша, не кажувајќи ми ништо.

“Господине Партриџ, ако го знаете одговорот на тоа, најверојатно ќе ми помогнете,” реков, “а ако не го знаете

одговорот на тоа, најверојатно нема да ми помогнете.”

Тоа беше елегантна забелешка и тој го потврди тоа со климање со главата. Потоа ме праша зошто го барам Ишмаел.

“Го нема на неговото... вообичаено место. Очигледно бил исфрлен.”

“Сигурно некој го преместил. Му помогнал.”

“Да,” реков. “Но претпоставувам дека не отишол во Херц и изнајмил кола.”

Партриџ ја игнорираше мојата вицкаста забелешка. “Не знам ништо, за жал.”

“Госпоѓа Соколов?”

Page 78: Ишмаел

78

“Ако таа знаела нешто, јас тоа прв би го дознал.”

Му верував, но сепак реков. “Дајте ми место од каде што ќе можам да започнам.”

“Сега, кога госпоѓица Соколов е мртва, не знам за никакво место.”

Стоев таму некое време, варејќи го тоа. “Од што умрела?”

“Воопшто не ја познававте?”

“Не.”

“Тогаш, тоа не е ваша работа.” ми рече, без огорченост и непријателство, едноставно изнесувајќи прост факт.

4.

Размислував да најмам приватен детектив. Потоа во глава си го вртев разговорот со кој ќе треба да започнам и решив да го прескокнам тоа. Но бидејќи не можев едноставно да се откажам од тоа, се јавив во локалната зоолошка и прашав дали

имаат горило. Ми кажаа дека немаат. Реков дека имам едно такво горило и дека сакам да се ослободам од него и дали

сакаат да го земат, но тие рекоа не. Ги прашав дали би можеле да ми предложат некој кој би го сакал и тие рекоа не, не

баш. Ги прашав што би направиле кога би морале да се ослободат од горило. Рекоа дека можеби има неколку

лаборатории коишто би го земале како примерок, но забележав дека не се многу концентрирани.

Една работа беше јасна: Ишмаел имаше пријатели за кои јас не знаев - можеби поранешни ученици. Единствен начин на

кој можев да се сетам за да дојдам до нив е начинот на кој најверојатно тој дошол до нив - преку оглас во весникот:

ПРИЈАТЕЛИ НА ИШМАЕЛ: еден ваш пријател изгубил контакт.

Ве молам јавете ми се и кажете ми каде е.

Огласот беше грешка, бидејќи ми даде изговор да го исклучам мојот мозок. Чекав да се појави во весник, потоа чекав

една недела да проциркулира и уште неколку дена го чекав повикот што никогаш не се случи, и така поминаа две недели

без да мрднам со прст.

Кога конечно се соочив со фактот дека нема да добијам одговор на огласот, морав да барам нов правец и ми беа потребни

околу три минути за да го смислам. Се јавив во градското собрание и зборував со личност која издава дозволи за

патувачки шоуа кои ќе се појавеа и сакаа да окупираат празни места на една недела.

Дали има моментално во градов такво шоу?

Не.

Дали воопшто имало претходниов месец?

Да, Карневалот на Дерил Хикс, со деветнаесет возења, дваесет и четири игри и изложба, беше овде и си отиде пред

неколку недели.

Дали имаше нешто како Менаџерија?

Не се сеќавам дека такво нешто беше ставено на списокот.

Дали имаше животни на изложбата?

Не знам. Можеби.

Која е следната станица на карневалот?

Не знам.

Не беше важно. Со неколку повици успеав да го најдам во еден град оддалечен шеесет километри северно, каде што

останал една недела и потоа продолжил понатаму. Претпоставувајќи дека ќе продолжи да се движи на север, ја открив

неговата следна станица и сегашна локација со само еден повик. И да, карневалот се фалеше дека го има, “Гаргантуа,

најпознатото горило на светот” - суштество за кое знаев дека е мртво веќе четириесет години.

За секој со разумна модерна опрема, Карневалот на Дерил Хикс ќе беше оддалечен само деведесет минути, но за мене,

кој возев Плимут произведен истата година како и Далас, беше оддалечен два часа. Кога стигнав таму, тоа беше

Page 79: Ишмаел

79

карневал. Знаете. Карневалите се како автобуски станици: Некои се поголеми од другите, но сите се слични. Карневалот

на Дерил Хикс беше два хектари од вообичаената лигава маскирана забава, полн со грди луѓе, врева, смрдеа на пиво,

лижавчиња и пуканки. Прегазив преку сето тоа во потрага по изложбата.

Имав впечаток дека изложбите на коишто се сеќавам од детството (или можеби од филмови од детството) се скоро

изумрени во модерниот карневалски свет; ако е така, тогаш Дерил Хикс одлучил да го игнорира тој тренд. Кога пристигнав, водителот го најавуваше голтачот на пламен како следна точка на програмата, но не останав да гледам.

Навистина имаше многу да се види внатре - вообичаената колекција на чудовишта, накази и монструми, јадач на стакло,

истетовирана дебела жена и с останато, коешто јас го игнорирав.

Ишмаел беше во еден мрачен агол оддалечен од влезот колку што е можно повеќе, во присуство на две десетгодишни

деца.

“Се обложувам дека може веднаш да ги искорне решетките ако сака,” забележа едното.

“Да,” рече другото. “Но тој не го знае тоа.”

Стоев и го гледав луто, а тој седеше таму мирно и не обрнуваше внимание на ништо се додека не си отидоа децата.

Поминаа неколку минути и јас продолжив да го гледам, а тој продолжи да се однесува како да не сум таму. Потоа се

откажав и реков, “Кажи ми нешто. Зошто не побара помош?” Знам дека можеше да го направиш тоа. Тие не ги исфрлаат

луѓето преку ноќ.

Не покажа дека ме слушнал.

“Што да направиме за да те извадиме одовде?”

Продолжи да гледа низ мене како да сум направен од воздух.

Јас реков, “Слушај, Ишмаел, да не си ми лут или нешто слично?”

Конечно ме погледна, но не многу пријателски. “Не побарав од тебе да бидеш мој заштитник,” рече Ишмаел, “па те

молам да престанеш да се обидуваш да ме заштитиш.”

“Сакаш да кажеш дека треба да си ја гледам својата работа.”

“Со еден збор, да.”

Гледав наоколу беспомошно. “Сакаш да ми кажеш дека сакаш да останеш овде?”

Уште еднаш очите на Ишмаел станаа ладни.

“Во ред, во ред.” Му реков. “Но што е со мене?”

“Што со тебе?”

“Па, не завршивме, нели?”

“Не, не завршивме.”

“Што ќе правиме тогаш? Ќе бидам неуспех број пет, или што?”

Гледаше во мене намуртен неколку минути. Потоа рече, “Нема потреба да бидеш неуспех број пет. Можеме да

продолжиме како порано.”

Тогаш петчлено семејство застана до кафезот за да го види најпознатото горило на светот: мајка, татко, две девојчиња и

едно бебе во рацете на мајката.

“Значи, можеме да продолжиме како порано, така?” реков и тоа прилично гласно. “Тоа ти изгледа возможно, нели?”

Одеднаш јас им станав многу поинтересен на посетителите отколку што им беше “Гаргантуа,” којшто само седеше таму

и изгледаше мрзеливо.

Јас реков, “Па, од каде ќе почнеме? Дали се сеќаваш каде застанавме?”

Page 80: Ишмаел

80

Заинтересирани, посетителите се свртија да видат каков одговор ќе предизвика тоа од Ишмаел. Кога ми одговори, се

разбира, само јас можев да го чујам: “Замолчи!”

“Замолчи? Но јас мислев дека ќе продолжиме како порано?”

Тој крикна гласно и се премести во задниот дел од кафезот и ни го сврте грбот на сите. После минута или две

посетителите ме погледнаа накриво и отидоа да го видат мумифицираното тело на човекот којшто бил убиен во Мохаве

на крајот на Граѓанската војна.

“Да те однесам назад,” реков.

“Не, фала,” тој одговори и се сврте назад, но не дојде повторно до предниот дел на кафезот. “Колку и да ти изгледа

неверојатно, попрво би живеел вака отколку да живеам од нечија милост, па дури и од твојата.”

“Така ќе биде само додека не најдеме нешто друго.”

“Што значи тоа, нешто друго?” Ќе изведувам акробации во Вечерното шоу? Или ќе имам моја точка во некој ноќен клуб?

“Слушај. Ако успеам да стапам во контакт со другите, можеби ќе успееме да смислиме нешто со заеднички напор.”

“За што зборуваш, по ѓаволите?”

“Зборувам за луѓето коишто ти помогнале да дојдеш овде. Не си го направил тоа самиот, нели?”

Ме гледаше мрачно. “Оди си,” викна. “Оди си и остави ме намира.” Си отидов и го оставив намира.

5.

Не го планирав ова - всушност, не планирав ништо - па затоа не знаев што да правам. Се пријавив во најефтиниот мотел

што можев да го најдам и отидов на стек и пијалок за да размислам малку. До девет часот, не постигнав никаков

напредок, па се вратив кај карневалот за да видам што се случува таму. Имав среќа, условно кажано - времето стануваше

се постудено и одвратен лесен дожд ги бркаше дома расположените луѓе со наведнати глави.

“Што мислите, дали с уште ги викаат наемни работници? Не го прашав едниот од нив којшто го затвораше шаторот со

изложбата. Изгледаше како да има околу осумдесет години и јас му понудив десет долари за привилегијата да се дружам

со природата некое време, којашто беше претставена од горилото кое што во никој случај не беше Гаргантуа. Не

изгледаше дека е многу заинтересиран за етичките аспекти на целата работа, но отворено ми се потсмеваше на

големината на мојот поткуп. Му дадов уште десет долари и тој го остави светлото до кафезот вклучено кога си замина.

Таму имаше столици на расклопување наменети за различните сцени на настапувачите и јас извлеков една од нив и седнав.”

Ишмаел гледаше во мене неколку минути и потоа ме праша каде сме застанале.

“Ти само што заврши покажувајќи ми дека приказната во Битието којашто започнува со Падот на Адам и завршува со

убиството на Авел не е таква каква што е конвенционално сфатена од луѓето од мојата култура. Тоа е приказната за

нашата земјоделска револуција раскажана од некои од најраните жртви на таа револуција.”

“И што останува, што мислиш?”

“Не знам. Можеби тоа што останува е да го поврзеш сето тоа за мене. Не знам с уште кон што н води ова.”

“Да, се сложувам. Почекај малку да размислам.”

6.

“Што всушност е култура?” Ишмаел конечно ме праша. “Онака како што вообичаено се употребува тој збор, а не со

специјалното значење коешто ние му го дадовме за потребите на овие разговори.”

Изгледаше како проклето тешко прашање за да му се постави на некој којшто седи во карневалски шатор, но се потрудив

најдобро што можам да размислам за тоа. “Би рекол дека тоа е тотален збир од с она што ги прави луѓето да бидат луѓе.”

Тој климна со главата, “И како настанува тој тотален збир?”

“Не сум сигурен на што точно мислиш. Настанува со живеењето на луѓето.”

Page 81: Ишмаел

81

“Да, но исто така и врапчињата живеат, но тие немаат култура.”

“Во ред, разбирам што сакаш да кажеш. Тоа е акумулација. Тоталниот збир е акумулација.”

“Тоа што не ми го кажуваш е како настанува таа акумулација.”

“А, разбирам. Во ред. Акумулацијата е тоталниот збир што се пренесува од една генерација на друга. Настанува кога...

Кога некој вид ќе стекне одреден степен на интелегенција, членовите на една генерација почнуваат да ги пренесуваат

информациите и техниките на следната генерација. Следната генерација ја зема оваа акумулација, ги додава нејзините

откритија и обработки и ја пренесува на следната генерација.”

“И оваа акумулација е она што се нарекува култура.”

“Да, би рекол дека е така.”

“Тоа е тотален збир од с што се пренесува на следната генерација, се разбира, не само информациите и техниките. Тука

се и верувањата, претпоставките, теориите, обичаите, легендите, песните, приказните, танците, шегите, суеверијата, предрасудите, вкусовите, ставовите. С .”

“Тоа е точно.”

“Чудно е што, степенот на интелегенција којшто е потребен за да започне акумулацијата не е воопшто голем.

Шимпанзата во дивината ги пренесуваат своите знаења за правење на алати и за користење на тие алати на своите млади.

Гледам дека ова те изненадува.”

“Не. Па... Изгледа сум изненаден затоа што ги спомена шимпазата.”

“А не горилите?”

“Точно.”

Ишмаел се намурти. “Да ти кажам најискрено, јас намерно ги избегнував сите теренски студии за животот на горилото.

Тоа е нешто што воопшто не ме интересира да го истражувам.”

Климнав со главата, чувствувајќи се глупав.

“Во секој случај, ако шимпанзата веќе започнале да го акумулираат знаењето за тоа што функционира добро за

шимпанзата, што мислиш, кога луѓето започнале да го акумулираат знаењето за тоа што функционира добро за луѓето?”

“Претпоставувам дека започнало кога настанале луѓето.”

“Вашите палеонтолози би се согласиле. Човековата култура започнала со човековиот живот, што би се рекло, со Хомо

Хабилисот. Луѓето коишто биле Хомо Хабилис им пренеле на своите деца с што научиле и како што секоја генерација го

давала својот придонес, имало акумулација на тоа знаење. А кој бил наследникот на ова знаење?”

“Хомо Еректусот?”

“Точно. Сите луѓе коишто биле Хомо Еректус ја пренесувале оваа акумулација од една генерација на друга, сите давајќи

го својот придонес кон целината. А кој бил наследникот на оваа акумулација?”

“Хомо Сапиенсот.”

“Се разбира. А наследниците на Хомо Сапиенсот биле луѓето од Хомо Сапиенс Сапиенс, кои ја пренесувале оваа

акумулација од една генерација на друга и секоја од нив го давала својот придонес кон целината. А кои биле

наследниците на оваа акумулација?”

“Би рекол дека наследниците на оваа акумулација биле разните луѓе коишто припаѓале на Оставачите.”

“Не биле Земачите? Зошто?”

“Зошто? Не знам? Би рекол, затоа што... Очигледно е дека имало целосен прекин со минатото за време на земјоделската

револуција. Немало прекин со минатото кај луѓето коишто мигрирале кон Америка во тоа време. Немало прекин со минатото кај луѓето коишто го населиле Нов Зеланд или Австралија или Полинезија.”

“Зошто мислиш така?”

Page 82: Ишмаел

82

“Не знам. Тоа е мојот впечаток.”

“Да, но што е основата на тој впечаток?”

“Мислам дека е ова. Не знам која приказна ја раскажуваат сите овие луѓе, но можам да видам дека сите тие раскажуваат една иста приказна. С уште не можам да кажам која е таа приказна, но јасно е дека постои - за разлика од приказната

којашто ја раскажуваат луѓето од мојата култура. Каде и да ги сретнеме, тие секогаш ја прават истата работа, живеат ист

начин на живот - исто како и кога ние ќе се сретнеме себеси, ние секогаш ја правиме истата работа, живееме ист начин на

живот.”

“Но која е врската помеѓу ова и пренесувањето на таа културна акумулација што човештвото ја правело првите три

милиони години од човековиот живот?”

Размислував неколку минути и потоа реков, “Ова е врската. Оставачите с уште ја пренесуваат акумулацијата во истата

форма како од почетокот. Но ние не го правиме тоа, затоа што пред десет илјади години основачите на нашата култура

рекле, ‘Сето ова е срање. Ова не е начинот на којшто луѓето треба да живеат,’ и се ослободиле од него. Очигледно е дека

се ослободиле од него, затоа што кога нивните потомци зачекориле во историјата, веќе немало траги од ставовите и идеите коишто можат да се сретнат помеѓу Оставачите насекаде. А исто така и...”

“Да?”

“Ова е интересно. Не сум го забележал ова порано... Оставачите секогаш се свесни дека имаат традиција која потекнува

уште од античките времиња. Ние немаме таква свест. Во најголем дел, ние сме многу ‘нови’ луѓе. Секоја генерација е

некако нова, се поотсечена и поотсечена од минатото.”

“Што има да каже Мајката Култура за ова?”

“Ах,” реков, и ги затворив очите. “Мајката Култура вели дека тоа така треба да биде. Нема ништо во минатото за нас. Минатото е срање. Минатото е нешто што треба да го оставиме зад нас, нешто од коешто треба да избегаме.”

Ишмаел климна со главата. “Гледаш: Така сте станале културни заборавачи.”

“Што сакаш да кажеш?”

“С додека не дошол Дарвин и палеонтолозите да прикачат три милиони години од човековиот живот на вашата

историја, во вашата култура се претпоставувало дека раѓањето на човекот и раѓањето на вашата култура биле

истовремени настани - всушност биле истиот настан. Сакам да кажам дека луѓето од твојата култура мислеле дека

човекот се родил како еден од вас. Се претпоставувало дека обработувањето на земјата е инстинктивно, исто како што е

производството на мед за пчелите.”

“Да, изгледа дека е така.”

“Кога луѓето од твојата култура ги сретнале ловците-собирачи од Африка и Америка, мислеле дека тоа биле луѓе кои се

одродиле од природната, земјоделска состојба, луѓе кои ја изгубиле уметноста со којашто биле родени. Земачите не

знаеле дека гледале во она што и тие самите биле пред да станат земјоделци. Што се однесувало до Земачите, немало

такво нешто како ‘пред.’ Создавањето на светот се случило пред само неколку илјади години и Човекот Земјоделец

веднаш започнал со својата задача на градење на цивилизација.”

“Да, тоа е точно.”

“Дали знаеш како се случило тоа?”

“Како се случило, што?”

“Како се случило губитокот на меморијата за вашиот пред-револуционерен период да биде целосен - толку целосен што

вие не знаете дека воопшто и постоел.”

“Не, не знам. Чувствувам дека би требало да знам, нo не знам.”

“Тоа се случило поради вашата забелешка дека тоа што Мајката Култура ве учи е дека минатото е срање, дека тоа е

нешто од коешто треба да се бега.”

“Да.”

“Тоа што сакам да го потенцирам е дека тоа е нешто што таа ве учи од самиот почеток.”

Page 83: Ишмаел

83

“Да, разбирам. Ми се разјаснува полека. Велев дека помеѓу Оставачите секогаш имаш чувство на луѓе чие минато се

протега до почетокот на времето. Помеѓу Земачите имаш чувство на луѓе чие минато се протега само до 1963.”

Ишмаел климна со главата, но потоа продолжи: “Во исто време, треба да се стави до знаење дека античноста е голем

потврдувач помеѓу луѓето од вашата култура - се додека таа е ограничена на таа намена. На пример, Англичаните сакаат сите нивни институции - и сета величенственост што ги опкружува тие институции - да бидат што е можно повеќе

антички (иако не се). И покрај тоа, тие не живеат како што живееле античките Британци, и немаат ни најмала склоност

кон тоа. Истото може да се каже и за Јапонците. Тие ги почитуваат вредностите и традициите на нивните помудри,

поблагородни предци и го оплакуваат нивното исчезнување, но не ги интересира да живеат на начинот на којшто

живеееле тие помудри, поблагородни предци. Накратко, античките обичаи се добри за институциите, церемониите и

одморите, но Земачите не сакаат да ги применуваат во секојдневниот живот.”

“Точно.”

“Но се разбира дека учењето на Мајката Култура не било дека с од минатото треба да биде отфрлено. Што всушност

било сочувано?”

“Би рекол дека тоа биле информациите за тоа како да се создаваат работите, како да се произведуваат работите.”

“С што било поврзано со производството дефинитивнио било сочувано. И така работите станале такви какви што се

сега.”

“Да.”

“Секако дека и Оставачите ги зачувуваат информациите за производството, иако производството само по себе ретко

кога е одлика на нивните животи. Помеѓу Оставачите, луѓето немаат неделни квоти на лонци и стрели коишто треба да ги

произведат. Тие не се преокупирани со зголемување на нивното производство на секири.”

“Точно.”

“Значи, иако тие ги зачувуваат информациите за производството, повеќето од информациите коишто ги зачувуваат се за

нешто друго. Како би ги карактеризирал тие информации?”

“Би рекол дека ти самиот го даде одговорот на тоа прашање пред неколку минути. Би рекол дека с се сведува на тоа што

функционира добро за нив.”

“За нив? Не за сите?”

“Не. Не сум антрополошки научник, но сум прочитал доволно за да знам дека Зуни не мислат дека нивниот начин на

живот е начинот на којшто сите луѓе треба да живеат и дека Навахо не мислат дека нивниот начин на живот е начинот на којшто сите луѓе треба да живеат. Секој од нив има начин којшто функционира добро за нив.”

“А тие ги учат своите деца што е она што функционира добро за нив.”

“Да. А она што ние ги учиме нашите деца е како да создаваат работи. Како да создаваат повеќе работи и подобри

работи.”

“Зошто не ги учите што фунционира добро за луѓето?”

“Би рекол дека тоа е така затоа што ние не знаеме што функционира добро за луѓето. Секоја генерација мора да измисли

своја сопствена верзија за тоа што функционира добро за луѓето. Моите родители имаа нивна верзија, којашто беше прилично бескорисна, нивните родители имаа нивна верзија, којашто беше исто така прилично бескорисна, а ние

моментално работиме на наша верзија, којашто најверојатно ќе им изгледа прилично бескорисна на нашите деца.”

“Дозволив разговорот да избега од својот курс”, Ишмаел рече, и се премести на другата страна. “Тоа што сакав да ти го

покажам е дека секоја култура на Оставачите е акумулација на знаење кое се протега наназад во нескршлив ланец с до

почетокот на човековиот живот. Затоа воопшто не е чудно што секој од нив е начин којшто функционира добро. Секој

начин бил тестиран и рафиниран низ илјадници генерации.”

“Да. Се сетив на нешто.”

“Кажи.”

“Дај ми една минута. Тоа има врска со... недостапноста на знаењето за тоа како треба да живеат луѓето.”

Page 84: Ишмаел

84

“Не брзај.”

“Во ред,” реков по неколку минути. “На почетокот, кога реков дека нема такво нешто како одредено знаење за тоа како

треба да живеат луѓето, всушност го мислев ова: Одредено знаење е знаењето на еден вистински начин. Тоа е она што ние

го сакаме. Тоа е она што Земачите го сакаат. Ние не сакаме да знаеме за начин којшто функционира добро. Ние сакаме да

знаеме за еден вистински начин. И тоа е она што ни го даваат нашите пророци. И тоа е она што ни го даваат нашите законодавци. Да размислам малку за ова... После пет или осум илјади години на амнезија, Земачите навистина не знаеле

како да живеат. Тие најверојатно ги свртеле нивните грбови кон минатото, затоа што наеднаш, пристигнал Хамураби и

сите рекле,‘Што се овие?’ и Хамураби рекол, ‘Ова, деца мои, се закони!’ ‘Закони? Што се тоа закони?’ И Хамураби

рекол, ‘Закони се работи коишто ти кажуваат за еден вистински начин на живот.’ Што се обидувам да кажам?”

“Не сум сигурен.”

“Можеби ова. Кога почна да зборуваш за нашата културна амнезија, мислев дека зборуваш метафорично. Или можеби

претеруваш малку за да ја постигнеш целта. Затоа што очигледно е дека не можеш да знаеш што мислеле тие неолитски

фармери. И покрај тоа, фактот е овој: После неколку илјади години, потомците на овие неолитски фармери си ги чешкале

нивните глави и велеле, ‘Леле, се прашуваме како треба да живееме.’ Но во тој ист временски период, Оставачите не

заборавиле како да живеат. Тие с уште знаеле, но луѓето од мојата култура заборавиле, се отсекле себеси од традицијата којашто им кажувала како треба да живеат. Нив им требал Хамураби за да им каже како треба да живеат. Им требале

Дракон и Соломон и Мојсеј и Исус и Мохамед. Но на Оставачите не им требале, затоа што тие имале начин - имале еден

куп начини - кои што... Чекај малку. Мислам дека сфатив.”

“Не брзај.”

“Секој различен начин на Оставачите се создал со еволуција, со процес на тестирање којшто започнал пред луѓето да

имаат збор за тоа. Никој не рекол, ‘Во ред, ајде да формираме комисија којашто ќе напише серија на закони коишто ние

ќе ги почитуваме.’Ниту една од овие култури не била пронајдок. Тоа е она што ни го нудат нашите законодавци -

пронајдоци. Иновации. Не ни нудат работи кои се докажале како добри низ илјадници генерации, туку своеволни изјави

за еден вистински начин на живот. И тоа с уште се случува и денес. Законите коишто се донесуваат во Вашингтон не се запишуваат во книгите затоа што функционираат - се запишуваат во книгите затоа што тие претставуваат еден вистински

начин на живот. Не можеш да имаш абортус освен ако фетусот не ти го загрозува животот или си била силувана. Има

многу луѓе кои сакаат да го видат законот прочитан на тој начин. Зошто? Затоа што тоа е вистинскиот начин на живот.

Можеш да се опиеш до смрт, но ако те фатиме како пушиш марихуана, те чека затвор, затоа што тоа е вистинскиот

начин на живот. На никој не му е гајле дали нашите закони функционираат добро. Тоа воопшто не е битно... Уште еднаш,

не сум сигурен кон што води ова.”

Ишмаел крикна. “Не мора да значи дека води кон една единствена работа. Ти истражуваш длабоки и сложени идеи и не

можеш да очекуваш дека ќе дојдеш до целта за само дваесет минути.”

“Точно.”

“Меѓутоа, има една важна работа што сакам да ја кажам пред да продолжиме кон други работи.”

“Во ред.”

“Сега сфаќаш дека Земачите и Оставачите акумулираат целосно различни видови на знаење.”

“Да. Земачите акумулираат знаење за она што функционира добро за работите. Оставачите акумулираат знаење за она

што функционира добро за луѓето.”

“Но не за сите луѓе. Секој народ од Оставачите има систем којшто функционира добро за нив затоа што еволуирал меѓу

нив; бил приспособен на теренот на којшто живеееле, приспособен на климата во која живееле, приспособен на биолошката заедница во која живееле, приспособен на нивните сопствени вкусови, претпоставки и погледи на светот.”

“Да.”

“И како се вика овој вид на знаење?”

“Не знам на што точно мислиш.”

“Што има некој којшто знае што функционира добро за луѓето?”

“Па... мудрост?”

“Секако. Сега знаеш дека она што функционира добро за производството се вреднува во твојата култура. На истиот

начин, она што функционира добро за луѓето се вреднува во културата на Оставачите. И секогаш кога Земачите ќе

Page 85: Ишмаел

85

прегазат некоја култура на Оставачите, мудрост која била тестирана од раѓањето на човекот исчезнува од светот без

враќање, исто како и кога ќе прегазат одреден вид на живот, форма на живот која била тестирана од раѓањето на животот,

таа исчезнува од светот без враќање.”

“Одвратно,” реков.

“Да,” рече Ишмаел. “Одвратно е.”

9.

После неколку минути размислување, Ишмаел ми рече дека е доста за денеска.

“Уморен сум, ”ми рече. “И премногу ми е ладно за да можам да размислувам.”

Единаесет

1.

Ситниот дожд не престана да врне, и кога пристигнав следниот ден околу пладне, немаше никој наоколу ниту за да го

подмитам. Купив две војнички ќебиња од една продавница - и купив едно за мене за да го охрабрам. Ги прифати со едно

грубо благодарам, но изгледаше дека му е доволно мило за да ги употреби. Седевме некое време потонати во нашата

мизерија, и потоа тој почна да зборува.

“Кратко пред моето заминување - не се сеќавам што го предизвика тоа прашање - ме праша кога ќе дојдеме до

приказната којашто ја раскажуваат Оставачите.”

“Да, тоа е точно.”

“Зошто те интересира да ја знаеш таа приказна?”

Тоа прашање ме збуни. “Зошто не би бил заинтересиран да ја знам приказната?”

“Те прашувам која е смислата, во твојот ум. Знаеш дека Авел е мртов.”

“Па... да.”

“Тогаш, зошто да ја научиш приказната којашто тој ја раскажувал?”

“Уште еднаш, зошто да не ја научам?”

Ишмаел одмавна со главата. “Не сакам да продолжам на таква основа. Фактот што не можам да ти дадам доволно

причини да не научиш нешто, не ми дава доволно причини за да те научам.”

Очигледно беше во лошо расположение. Не можев да го обвинам, но исто така не можев ни многу да сочувствувам со

него, затоа што тој инсистираше да работиме на овој начин.

Тој рече: “Дали едноставно си само љубопитен?”

“Не, не би рекол така. Ти на почетокот рече дека овде се раскажувале две приказни. Јас сега знам една од нив. Ми

изгледа природно да сакам да знам која е другата приказна.”

“Природно...” рече, како да е збор којшто не го сака многу. “Би сакал да смислиш нешто што е многу помоќно. Нешто

што ќе ме натера да почувствувам дека не сум единствениот којшто би требало да го користи мозокот овде.”

“Се плашам дека не знам на што мислиш.”

“Знам дека не знаеш и тоа многу ме лути. Ти стана пасивен слушател којшто го исклучува мозокот кога ќе седне и

повторно го вклучува кога ќе стане да си оди.”

“Мислам дека тоа не е точно.”

“Тогаш кажи ми зошто не е губење на време за тебе да научиш приказна која е одамна згасната.”

Page 86: Ишмаел

86

“Па, не мислам дека е губење на време.”

“Тое не е доволно. Фактот дека нешто не е губење на време не ме инспирира да го направам тоа.”

Беспомошно слегнав со рамениците.

Одмавна со главата, тотално згрозен. “Ти навистина мислиш дека е бесмислено да го научиш ова. Тоа е очигледно.”

“За мене не е очигледно.”

“Значи, мислиш дека има смисла?”

“Па... да.”

“Која е смислата?”

“Господи... сакам да научам, тоа е смислата.”

“Не, нема да продолжам на таа основа. Сакам да продолжам, но нема да продолжам ако единствено нешто што правам

со тоа е да ја задоволам твојата љубопитност. Оди си и врати се кога ќе можеш да ми дадеш автентична причина за да

продолжам.”

“Како би звучела една таква автентична причина? Дај ми пример.”

“Во ред. Зошто би се мачел да научиш која приказна ја раскажуваат луѓето од твојата култура?”

“Затоа што раскажувањето на таа приказна го уништува светот.”

“Точно. Но зошто да се мачиш да ја научиш?”

“Затоа што очигледно тоа е нешто што треба да се знае.”

“Кој да го знае?”

“Сите.”

“Зошто? Кон тоа се навраќам цело време. Зошто? Зошто? Зошто? Зошто треба твоите луѓе да знаат која приказна ја

раскажуваат додека го уништуваат светот?”

“За да можат да престанат да ја раскажуваат. За да можат да видат дека прават нешто повеќе од само обична грешка додека го прават тоа. За да можат да видат дека се вклучени во мегаломанска фантазија - фантазија луда колку и

Илјадагодишниот рајх.”

“Тое е она што ја прави приказната да биде вредна да се знае?”

“Да.”

“Мило ми е што го слушам тоа. Сега оди си и врати се кога ќе можеш да објасниш што ја прави другата приказна да биде

вредна за знаење.”

“Не морам да си одам. Можам да објаснам сега.”

“Ајде.”

“Луѓето не можат едноставно да се откажат од една приказна. Тоа се обиделе да го направат децата во шеесетите и

седумдесетите. Тие се обиделе да престанат да живеат како Земачи, но немало друг начин на којшто можеле да живеат.

Тие не успеале затоа што не можеш едноставно да престанеш да бидеш дел од една приказна, мораш да имаш друга

приказна од која ќе можеш да бидеш дел.”

Ишмаел климна со главата. “И ако има таква приказна, луѓето би требало да знаат за неа?”

“Да, би требало да знаат.”

“Мислиш дека сакаат да слушнат за неа?”

Page 87: Ишмаел

87

“Не знам. Мислам дека не можеш да почнеш да сакаш нешто се додека не дознаеш дека тоа постои.”

“Точно.”

2.

“Што мислиш, за што е оваа приказна?”

“Не знам.”

“Да не мислиш дека е за ловење и собирање?”

“Не знам.”

“Биди искрен. Не очекуваше некое племенито опејување за мистериите на Големиот лов?”

“Не сум свесен дека воопшто очекувам нешто такво.”

“Па, би требало барем да знаеш дека е за смислата на светот, за божествените намери во светот и за судбината на

човекот.”

“Да.”

“Како што кажав десетина пати, човекот станал човек раскажувајќи ја оваа приказна. Би требало да се сеќаваш на тоа.”

“Да, се сеќавам.”

“Како човекот станал човек?”

Барав скриени замки во тоа прашање и на крајот се откажав. “Не сум сигурен дека знам што значи прашањето,” реков.

“Или поточно, не сум сигурен каков одговор сакаш. Очигледно не сакаш да кажам дека човекот станал човек со

еволуирање.”

“Тоа би значело дека станал човек со самото тоа што станал човек, нели?”

“Да.”

“Значи, прашањето е с уште таму и чека да биде одговорено: Како човекот станал човек?”

“Претпоставувам дека е многу очигледно.”

“Да. Ако ти го дадам одговорот, ти ќе речеш, ‘Ох. Се разбира, па што?’”

Слегнав со рамениците, поразен.

“Тогаш ќе мора да му пристапиме на одговорот одоколу - но размислувај за тоа како за прашање кое треба да биде

одговорено.”

“Во ред.”

3.

“Според Мајката Култура, каков настан била вашата земјоделска револуција?”

“Каков настан... Би рекол дека, според Мајката Култура, тоа бил технолошки настан.”

“Нема импликации за подлабоки човечки значења, културни или религиски?”

“Не. Првите фармери биле само неолитски технократи. Отсекогаш изгледало така.”

“Но откако погледна во поглавјата три и четири во Битието, можеш да видиш дека имало нешто повеќе од тоа што ве

учи Мајката Култура.”

“Да.”

Page 88: Ишмаел

88

“Имало и с уште има нешто повеќе, се разбира, бидејќи револуцијата с уште е во тек. Адам с уште го џвака плодот од

тоа забрането дрво и онаму каде што е Авел, таму е и Каин, кој го лови со нож во раката.”

“Тоа е точно.”

“Ти веруваш во тоа, нели?”

“Да, претпоставувам дека верувам.”

“Секако, многумина од вас веруваат во тоа, зарем не?”

“Да.”

“Кои би биле исклучоците?”

“Не знам. Претпоставувам... антрополозите.”

“Луѓето коишто имаат некакво знаење за тој живот.”

“Да.”

“Но Мајката Култура ве учи дека тој живот бил незамисливо мизерен.”

“Тоа е точно.”

“Дали можеш да си замислиш некакви околности во кои ти самиот би си го сменил својот живот за таков начин на

живот?”

“Не. Искрено, не можам да си замислам дека некој би го направил тоа, кога би му бил даден тој избор.”

“Оставачите би го направиле тоа. Низ историјата, единствен начин на којшто можеле Земачите да ги оттргнат

Оставачите од тој начин на живот бил со брутална сила, со целосен колеж. Во повеќето случаи, најлесно им било

едноставно да ги истребат.”

“Точно. Но Мајката Култура има нешто да каже во врска со тоа. Она што таа го вели е дека Оставачите едноставно не

знаеле што пропуштаат. Не ги разбирале придобивките на земјоделскиот живот и затоа се врзале толку силно за

ловењето и собирањето.”

Ишмаел се поднасмевна. “Помеѓу Индијанците во оваа земја, што би рекол, кои биле најстраствените и најрешителните

противници на Земачите?”

“Па... би рекол дека биле Индијанците од Низините.”

“Мислам дека повеќето од вас би се сложиле со тоа. Но пред Шпанците да ги донесат коњите, Индијанците од Низините

со векови биле земјоделци. Кога коњите им станале достапни, тие го напуштиле земјоделството и се вратиле на ловењето

и собирањето.”

“Не го знаев тоа.”

“Па, сега го знаеш. Дали Индијанците од Низините ги разбирале придобивките од земјоделскиот живот?”

“Претпоставувам дека ги разбирале.”

“Што вели Мајката Култура?”

Размислував некое време, и потоа се насмеав. “Таа вели дека не разбирале целосно. Ако разбирале, немало да се вратат

на ловењето и собирањето.”

“Затоа што тоа е одвратен живот.”

“Тоа е точно.”

“Можеш да видиш колку се длабоко ефективни учењата на Мајката Култура.”

“Точно. Но тоа што не можам да го видам е каде н води нас тоа.”

Page 89: Ишмаел

89

“Ние сме на пат да ги разоткриеме лагите од самиот корен на вашиот страв и гадење од животот на Оставачите. Ние сме

на пат да разоткриеме зошто вие чувствувате дека морате да ја носите револуцијата напред дури и ако ве уништи вас, а и

целиот свет. Ние сме на пат да откриеме против што била вашата револуција.”

“Ах,” реков.

“И кога ќе завршиме со тоа, сигурен сум дека ќе бидеш во можност да ми кажеш која приказна била раскажувана од

Оставачите првите три милиони години од човековиот живот, и с уште се раскажува од нив каде и да опстануваат

денес.”

4.

Кога го спомена зборот опстанок, Ишмаел се наежи и потона во ќебињата со жалосно воздивнување. Накратко,

изгледаше како да се изгуби во неуморното тропкање на дождот по шаторското платно над неговата глава, но потоа си го

прочисти грлото и продолжи.

“Да пробаме вака,” тој рече. “Зошто била потребна револуцијата?”

“Била потребна за да може човекот да постигне нешто во животот.”

“Сакаш да кажеш дека револуцијата била потребна ако човекот сакал да има централно греење и универзитети и оперски

куќи и вселенски бродови.”

“Точно.”

Ишмаел климна со главата. “Таков тип на одговор би бил прифатлив кога ја започнавме нашата работа, но сега сакам да

одиш малку подлабоко.”

“Во ред. Но не знам што подразбираш под подлабоко.”

“Знаеш многу добро дека за стотици милиони од вас, работите како централно греење, универзитети, оперски куќи и

вселенски бродови припаѓаат на еден далечен и недостижен свет. Стотици милиони од вас живеат во услови во кои

повеќето луѓе во оваа земја можат само да сонуваат. Дури и во оваа земја милиони се бездомници или живеат во

сиромаштија и очај во предградијата, во затворите, во јавните установи кои се малку подобри од затворите. За овие луѓе,

вашето лесно оправдување на земјоделската револуција би било комплетно безначајно.”

“Точно.”

“Но иако тие не ги уживаат плодовите на вашата револуција, дали би и го свртеле грбот? Дали би ги замениле нивната

мизерија и очај за начин на живот којшто се живеел во предреволуционерните времиња?”

“Повторно, би морал да кажам не.”

“Тоа е и мојот впечаток. Земачите веруваат во својата револуција, дури и тогаш кога не уживаат во нејзините

придобивки. Нема приговарачи, дисиденти, контрареволуционери. Сите тие длабоко веруваат дека, без разлика колку и

да се лоши работите сега, тие се бескрајно подобри од она што било пред револуцијата.”

“Да, би рекол дека е така.”

“Денеска сакам да дојдеш до коренот на ова неверојатно верување. Кога ќе завршиш со тоа, ќе имаш сосема различно

разбирање за вашата револуција, како и за животот на Оставачите исто така.”

“Во ред. Но како да го направам тоа?”

“Слушајќи ја Мајката Култура. Таа ти шепотела во твоето уво целиот твој живот и тоа што си го слушал не е поразлично

од она што го слушале твоите родители и нивните родители, од тоа што го слушаат луѓето од целиот свет секој ден. Со

други зборови, тоа што го барам е закопано во твојот ум исто како што е закопано во сите ваши умови. Денеска сакам да

го откопаш тоа. Мајката Култура те научила да бидеш ужаснат од животот што сте го оставиле зад себе со вашата

револуција и сакам да го следиш тој ужас с до неговиот корен.”

“Во ред,” реков. “Точно е дека имаме нешто слично на ужас во нашите животи, но проблемот е што, мене тоа не ми

изгледа посебно мистериозно.”

“Не? Зошто?”

“Не знам. Тоа е живот којшто не води никаде.”

Page 90: Ишмаел

90

“Доста е веќе со вакви површни одговори. Копај.”

Воздивнав, се вовлеков во моето ќебе и продолжив да копам. “Ова е интересно,” реков неколку минути подоцна. “Седев

овде и размислував за начинот на којшто живееле нашите предци и една конкретна слика се појави во мојата глава

целосно оформена.”

Ишмаел чекаше да продолжам.

“Изгледа како сон. Или кошмар. Човек се качува по гребен на самрак. Во овој свет секогаш е самрак. Човекот е низок,

слаб, темен и гол. Тој трча полунаведнат, барајќи траги. Тој лови и е очаен. Ноќта паѓа, а тој нема ништо за јадење.

“Тој трча и трча и трча, исто како да е на подвижна лента. Тое е подвижна лента, затоа што утре на самрак тој с уште ќе

трча - или повторно ќе трча. Но него не го води само гладта и очајот. Тој исто така е и престрашен. Позади него, на

гребенот, далеку од неговиот поглед, неговите непријатели се во потрага за да го раскинат на парчиња - лавовите,

волците и тигрите. И така, тој мора да остане на подвижната лента засекогаш, секогаш еден чекор зад својот плен и

секогаш еден чекор пред своите непријатели.

“Гребенот, секако, претставува работ на опстанок. Човекот живее на работ на опстанок и мора непрекинато да се бори за

да не падне од гребенот. Всушност, изгледа како гребенот и небото да се во движење, а не тој. Тој трча во место, заробен

и не оди никаде.”

“Со други зборови, ловците-собирачи водат многу тежок живот.”

“Да.”

“А зошто е тежок?”

“Затоа што тое е борба само за да се остане жив.”

“Всушност, тоа воопшто не е така. Сигурен сум дека го знаеш тоа, во друг дел од твојот мозок. Ловците-собирачи не

живеат на работ на опстанок, исто како што не живеат ниту волците или лавовите или врапчињата или зајаците. Човекот

добро се прилагодил на животот на оваа планета исто како и сите други видови и идејата дека живеел на работ на

опстанок е едноставно биолошка глупост. Бидејќи е омнивор, неговиот опсег на исхрана е огромен. Илјадници видови ќе

гладуваат пред тој да гладува. Неговата интелегенција и вештина му овозможуваат да живее комотно во услови коишто

би го поразиле секој друг примат.

“Ловците-собирачи се меѓу најнахранетите луѓе на светот и тоа им успева со само два или три часа во денот од она што

вие го нарекувате работа - што воедно ги прави и најодморените луѓе на светот. Во неговата книга за економијата на

каменото време, Маршал Салинс ги опишува како ‘Првобитно општество на благосостојба.’ А патем, човекот речиси

никогаш не бил плен. Тој едноставно не е првиот избор на менито на предаторите. Гледаш дека твојата неверојатно ужасна визија за животот на твоите предци е само уште една глупост на Мајката Култура. Ако сакаш, с ова можеш да си

го потврдиш во библиотеката.”

“Во ред,” реков. “И?”

“И сега кога знаеш дека тоа е глупост, дали ти се промени мислењето за тој начин на живот? Дали ти изгледа помалку

одвратен?”

“Помалку одвратен можеби. Но с уште одвратен.”

“Земи го ова во предвид. Да претпоставиме дека си еден од бездомниците коишто живеат во оваа земја. Без работа, без вештини, имаш жена, две деца. Немаш каде да се свртиш, немаш надеж, немаш иднина. Но јас можам да ти дадам кутија

со копче на неа. Притисни го копчето и сите вие ќе се вратите веднаш назад во предреволуционерните времиња. Сите ќе

можете да го зборувате јазикот, сите ќе ги имате вештините што ги имале луѓето тогаш. Никогаш повеќе нема да мораш

да се грижиш за себе и за своето семејство. Се ќе биде во ред, ти ќе бидеш дел од тоа првобитно општество на

благосостојба.”

“Во ред.”

“Па, дали ќе го притиснеш копчето?”

“Не знам. Морам да размислам.”

“Зошто? Нема да се откажеш од прекрасен живот овде. Според оваа хипотеза, животот којшто го имаш овде е беден и

најверојатно нема да се подобри. Нема да го притиснеш затоа што најверојатно другиот живот ти изгледа уште полош.

Page 91: Ишмаел

91

Не е поради тоа што не можеш да поднесеш да се откажеш од овој живот - туку поради тоа што не можеш да поднесеш

да го прифатиш тој другиот.”

“Да, тоа е точно.”

“Што е тоа што го прави тој живот толку ужасен за тебе?”

“Не знам.”

“Изгледа дека Мајката Култура завршила одлична работа со тебе.”

“Да.”

“Во ред. Да пробаме вака. Земачите каде и да сретнеле ловци-собирачи кои заземале простор којшто тие го сакале за

себе, тие се обидувале да им објаснат зошто треба да го напуштат нивниот животен стил и да станат Земачи. Тие велеле,

‘Овој ваш живот, не само што е беден, туку е и погрешен. Човекот не бил создаден да живее на овој начин. Затоа немојте

да се борите против нас. Придружете ѝ се на нашата револуција и помогнете ни да го претвориме светот во рај за

човекот.’”

“Добро.”

“Ти земи ја таа улога - улогата на културен мисионер - а јас ќе ја земам улогата на ловец-собирач. Објасни ми зошто

животот којшто јас и мојот народ го сметаме за задоволителен илјадници години е страшен, одбивен и одвратен.”

“Господе боже.”

“Добро, ќе ти помогнам да започнеш... Бвана, ти велиш дека начинот на којшто ние живееме е беден и погрешен и

срамен. Ни велиш дека луѓето не треба така да живеат. Тоа не збунува нас, Бвана, затоа што илјадници години нас ни

изгледал како одличен начин на живот. Но ако ти, којшто јаваш по ѕвездите и ги праќаш твоите зборови околу светот со брзина на мислата, велиш дека не е, тогаш ние мораме со сето внимание да слушаме што имаш да кажеш.”

“Па... Претпоставувам дека тоа ви звучи добро. Тоа е така бидејќи вие сте неуки, необразовани и глупави.”

“Точно така, Бвана. Ние го чекаме твоето просветлување. Кажи ни зошто нашиот живот е беден и сиромашен и срамен.”

“Вашиот живот е беден и сиромашен и срамен затоа што вие живеете како животни.”

Ишмаел се намурти, збунет, “Не разбирам, Бвана. Ние живееме како што живеат сите други. Ние земаме тоа што ни

треба од светот и ги оставаме сите други на мира, исто како што прават и лавот и срната. Дали лавот и срната водат

срамни животи?”

“Не, но тоа е така бидејќи тие се само животни. Не е добро за луѓето да живеат на тој начин.”

“Ах,” рече Ишмаел. “ова не го знаевме. А зошто не е добро да се живее на тој начин?”

“Затоа што, живеејќи на тој начин... вие немате контрола врз вашите животи.”

Ишмаел ја сврте главата кон мене. “Во која смисла ние немаме контрола врз нашите животи, Бвана?”

“Вие немате контрола врз најосновната потреба од сите, вашиот извор на храна.”

“Многу ме збунуваш, Бвана. Кога сме гладни, ние одиме надвор и наоѓаме нешто за јадење. Колку повеќе контрола ни е потребна?”

“Би имале повеќе контрола кога самите би ја саделе храната.”

“Зошто, Бвана? Каква врска има кој ја сади храната?”

“Ако ја садите самите, тогаш со сигурност ќе знаете дека ќе биде таму.”

Ишмаел се насмевна весело. “Навистина ме зачудуваш, Бвана! Ние веќе знаеме со сигурност дека ќе биде таму. Целиот

животен свет е храна. Дали мислиш дека ќе ја снема за време на ноќта? Каде ќе оди? Секогаш е таму, ден по ден, сезона

по сезона, година по година. Ако не беше така, ние немаше да бидеме тука и да разговараме со вас за тоа.”

“Да, но ако ја садите самите, ќе можете да контролирате колку храна имате. Ќе можете да кажете, ‘Па, оваа година ние

ќе имаме повеќе компир, оваа година ќе имаме повеќе грав, оваа година ќе имаме повеќе јагоди.’”

Page 92: Ишмаел

92

“Бвана, овие работи растат во изобилство без никаков напор од наша страна. Зошто да се мачиме да садиме нешто што

веќе расте?”

“Да, но... зарем никогаш не ви снемува храна? Зарем никогаш не ви се случило да посакате да имате сладок компир, но

да откриете дека повеќе не расте во дивината?”

“Да, претпоставувам дека ни се случило. Но зарем не е исто и за вас? Зарем никогаш не ви се случило да посакате да

имате сладок компир, но да откриете дека не расте повеќе во вашите полиња?”

“Не, затоа што ако посакаме да имаме сладок компир, можеме да одиме во продавница и да купиме конзерва полна со

сладок компир.”

“Да, сум слушнал нешто за тој систем. Кажи ми го ова, Бвана. Конзервите со сладок компир коишто ти ги купуваш во

продавница - колку од вас работеле за да ја стават конзервата таму за тебе?”

“Ох, стотици, претпоставувам. Одгледувачи, жнејачи, возачи, чистачи во фабриката за конзерви, луѓе кои управуваат со

опремата, луѓе кои ги пакуваат конзервите во сандаци, возачи кои ги дистрибуираат сандаците, луѓе во продавниците коишто ги отпакуваат сандаците, и така натаму.”

“Извини, но вие изгледа дека сте лудаци, Бвана. Ја правите целата таа работа само за да се осигурате дека никогаш нема

да бидете разочарани од резервите на сладок компир. Помеѓу моите луѓе, кога ние сакаме сладок компир, едноставно

одиме и го откопуваме од земја - а ако го нема никаде, едноставно наоѓаме нешто друго и не мораат стотици луѓе да

работат за да ни го стават тоа во нашите раце.”

“Не разбираш.”

“Секако дека не разбирам, Бвана.”

Воздивнав тешко. “Слушај, ова е поентата. Ако не го контролирате вашиот извор на храна, тогаш вие живеете на милост

на светот. Не е важно што отсекогаш имало доволно храна. Тоа не е поентата. Не можете да живеете од милоста на

боговите. Тоа едноставно не е човечки начин на живот.”

“Зошто е тоа така, Бвана?”

“Па... види. Еден ден одите да ловите и уловувате срна. Добро, тоа е одлично. Тоа е прекрасно. Но немате контрола во

однос на тоа дали срната ќе биде таму, нели?”

“Не, Бвана.”

“Во ред. Следниот ден одите на лов и таму нема срна. Дали некогаш ви се случило тоа?”

“Секако, Бвана.”

“Па, ете ти. Бидејќи немате контрола над срната, немате срна. Што правите тогаш?”

Ишмаел слегна со рамениците. “Ловиме зајаци.”

“Токму така. Не треба да се задоволувате со зајаци ако она што го сакате е срна.”

“И поради тоа ние водиме срамни животи, Бвана? Поради тоа треба да се откажеме од животот кој го сакаме и да одиме

да работиме во една од вашите фабрики? Затоа што јадеме зајаци кога нема срна пред нас?”

“Не. Дозволи ми да завршам. Вие немате контрола врз срната - и немате контрола ниту врз зајаците исто така. Да

претпоставиме дека еден ден одите на лов и таму нема ниту срна ниту зајаци. Што ќе правите тогаш?”

“Тогаш ќе јадеме нешто друго, Бвана. Светот е полн со храна.”

“Да, но види. Ако немате контрола над ништо од тоа...” Му ги покажав забите. “Слушај, нема гаранција дека светот

секогаш ќе биде полн со храна, нели? Зарем никогаш не сте имале суша?”

“Секако, Бвана.”

“Па, што се случува тогаш?”

“Тревите се сушат, сите растенија венеат. Дрвјата не раѓаат плодови. Пленот изчезнува. Предаторите се намалуваат.”

Page 93: Ишмаел

93

“А што се случува со вас?”

“Ако сушата е многу лоша и ние исто така се намалуваме.”

“Сакаш да кажеш дека умирате, нели?”

“Да, Бвана.”

“Ете! Тоа е поентата.”

“Зарем е срамно да се умре, Бвана?”

“Не... се сетив. Слушај, ова е поентата. Вие живеете од милоста на боговите. Вие умирате бидејќи мислите дека боговите

ќе се погрижат за вас. Тоа е во ред за животните, но вие би требало да знаете подобро.”

“Не треба да им ги довериме нашите животи на боговите?”

“Дефинитивно не. Треба да си ги доверите себеси вашите животи. Тоа е човечкиот начин на живот.”

Ишмаел ја тресеше главата со негодување. “Ова се навистина тажни вести, Бвана. Од почетокот на времето ние живееме

во рацете на боговите и нам ни изгледа дека живееме многу добро. Им го оставивме на боговите целиот труд на жнеење и

растење и живееме безгрижен живот и изгледа дека секогаш има доволно во светот за нас, затоа што - погледни! - ние

сме тука!.”

“Да,” му реков одлучно. “Вие сте тука, но погледнете се себеси. Вие немате ништо. Вие сте голи и немате дом. Живеете

без сигурност, без комфорт, без можности.”

“И тоа е така затоа што живееме во рацете на боговите?”

“Апсолутно. Во рацете на боговите вие не сте поважни од лавовите и гуштерите и болвите. Во рацете на тие богови -

тие богови коишто се грижат за лавовите и гуштерите и болвите - вие не сте ништо посебно. Вие сте само уште едно

животно коешто треба да биде нахрането. Чекај малку,” реков, и ги затворив очите неколку минути. “Во ред. Ова е

важно. Боговите не прават никаква разлика помеѓу вас и кое било друго суштество. Не, не е тоа. Чекај.” Размислував

уште малку, па се обидов повторно. “Ова е: Тоа што боговите ви го обезбедуваат е доволно за вашиот живот како

животни - ви го признавам тоа. Но за да живеете како луѓе, морате самите да си обезбедите храна. Боговите нема да го

направат тоа.”

Ишмаел ме погледна зачудено. “Сакаш да кажеш дека има нешто што нас ни треба, а боговите не сакаат да ни го дадат,

Бвана?”

“Да, изгледа дека е така. Тие ви го даваат тоа што ви треба за да живеете како животни, но не ви го даваат тоа што ви

треба за да живеете како луѓе.”

“Но како е тоа возможно, Бвана? Како е возможно боговите да бидат доволно мудри за да го создадат универзумот и

земјата и животот на земјата, но да им недостасува мудроста за да им го дадат на луѓето она што им е потребно за да

станат луѓе?”

“Не знам како е возможно, но е. Тоа е факт. Човекот живеел во рацете на боговите три милиони години и на крајот од

тие три милиони години не бил во подобра позиција или понапред од времето кога настанал.”

“Навистина, Бвана, ова се чудни вести. Какви богови се тие?”

Се насмевнав. “Тие, мој пријателе, се неспособни богови. Затоа вие морате да ги земете целосно вашите животи од

нивните раце. Морате да ги земете вашите животи во ваши раце.”

“А како ќе го направиме тоа, Бвана?”

“Како што кажав, морате да почнете да садите ваша храна.”

“Но што ќе промени тоа, Бвана? Храната си е храна, без разлика дали ние ја садиме или боговите ја садат.”

“Тоа и е поентата. Боговите го садат само тоа што ви е потребно. Вие ќе садите многу повеќе отколку што ви е потребно.”

“Со која цел, Бвана? Зошто е добро да имаме повеќе храна отколку што ни е потребно?”

Page 94: Ишмаел

94

“Проклетство!” викнав. Сфаќам!

Ишмаел се насмевна и рече, “Значи, зошто е добро да имаме повеќе храна отколку што ни е потребно?”

“Тое е целата проклета поента! Кога ќе имате повеќе храна отколку што ви е потребно, тогаш боговите нема да имаат моќ над вас!”

“Можеме да им се насмееме во лице.”

“Точно така.”

“Сеедно, Бвана, што ќе правиме со сета таа храна кога не ни е потребна?”

“Ќе ја сочувате. Ќе ја сочувате за да можете да им пркосите на боговите кога тие ќе одлучат дека дошол вашиот ред да

гладувате. Ќе ја сочувате, така што кога ќе има суша, вие ќе можете да кажете, Не јас, по ѓаволите. Јас нема да гладувам

и вие нема да можете да направите ништо во врска со тоа, затоа што мојот живот сега е во мои раце.”

5.

Ишмаел климна со главата, напуштајќи ја својата улога на ловец-собирач. “Значи, вашите животи сега се во ваши раце.”

“Така е.”

“Тогаш зошто сте толку загрижени?”

“Како мислиш, загрижени?”

“Ако вашите животи се во ваши раце, тогаш само од вас зависи дали ќе продолжите да живеете или ќе умрете. Тоа значи овој израз, нели?”

“Да. Но очигледно с уште има работи коишто не се во наши раце. Не би можеле да контролираме или да преживееме

целосен биолошки колапс.”

“Значи, с уште не сте безбедни. Кога конечно ќе бидете безбедни?”

“Кога ќе го земеме целиот свет од рацете на боговите.”

“Кога целиот свет ќе биде во вашите сопствени, поспособни, раце.”

“Така е. Тогаш боговите нема да имаат повеќе моќ над нас. Тогаш боговите нема да имаат повеќе моќ над ништо. Сета моќ ќе биде во нашите раце и ние конечно ќе бидеме слободни.”

6.

“Па,” рече Ишмаел, “напредуваме ли?”

“Мислам дека напредуваме.”

“Мислиш ли дека го најдовме коренот на вашата одбивност кон начинот на живот којшто се живеел во

предреволуционерните времиња?”

“Да. Најнекорисниот совет којшто Исус некогаш го понудил бил кога рекол, ‘Немојте да се грижите за иднината.

Немојте да се грижите за тоа дали ќе имате нешто да јадете. Погледнете ги птиците во воздухот. Тие ниту сејат, ниту

жнеат, ниту собираат храна во штали, но Бог совршено се грижи за нив. Зарем не мислите дека тој ќе го направи истото и

за вас?’ Во нашата култура најчестиот одговор на тоа прашање е, ‘Не!’ Дури и најпосветените монаси се задржале на

нивното сеење и жнеење и собирање во штали.”

“ А што е со Св. Франсис?”

“Св.Франсис живеел од добрината на фармерите, не од добрината на Господ. Дури и најфундаменталните од

фундаменталистите ги затнале ушите кога Исус почнал да зборува за птиците во воздухот и за лилјаните по полињата. Тие многу добро знаеле дека тој само раскажувал приказни, дека само одржувал убави говори.”

Page 95: Ишмаел

95

“Значи, ти мислиш дека тоа е коренот на вашата револуција. Вие сте сакале и с уште сакате да ги имате вашите животи

во ваши сопствени раце.”

“Да. Апсолутно. За мене, речиси незамисливо е да живеам на некој друг начин. Можам само да кажам дека ловците-

собирачи живеат во целосна и бескрајна загриженост за својата иднина.”

“Но сепак, тоа не е точно. Секој антрополог ќе ти го каже тоа. Тие се многу помалку загрижени од вас. Тие немаат

работи коишто можат да ги изгубат. Никој не може да им каже, ‘Покажи ми ги твоите пари или нема да бидеш нахранет,

нема да бидеш облечен, нема да бидеш засолнет.’”

“Ти верувам. Рационално зборувајќи, ти верувам. Но јас зборувам за моите чувства, за мојата состојба. Мојата состојба

ми вели - Мајката Култура ми вели - дека животот во рацете на боговите е бескраен кошмар исполнет со ужас и

загриженост.”

“Тоа го прави вашата револуција за вас: Ве поставува вон дофатот на тој страшен кошмар. Ве поставува вон дофатот на

боговите.”

“Да, така е.”

“Значи. Имаме нов пар на имиња за тебе. Земачите се оние коишто го имаат знаењето за добро и лошо, а Оставачите

се...”

“Оние коишто живеат во рацете на боговите.”

Дванаесет

1.

Околу три часот, дождот престана да врне и карневалот се прозевна, се протегна и се врати на работа одделувајќи ги

луѓето од нивните пари. Незнаејќи што да правам, се врткав наоколу некое време, дозволувајќи си себеси да бидам

одделен од неколку долари, а потоа добив идеја да го пронајдам сопственикот на Ишмаел. Испадна дека тоа е намуртен

црн човек којшто се викаше Арт Овенс, којшто беше висок околу метар и седумдесет и поминуваше повеќе време во

дигање тегови отколку што поминував јас со мојата машина за пишување. Му реков дека сум заинтересиран да го купам

неговото горило.

“Навистина?” рече тој, без потсмевање, сосема незаинтересиран.

Му реков дека е вистина и го прашав колку треба да платам.

“Околу три илјади долари.”

“Не сум толку многу заинтересиран.”

“А колку си заинтересиран?” Беше само љубопитен, но не и сериозно заинтересиран.

“Па, околу илјада долари.”

Се насмеа - само малку, скоро љубезно. Поради некаква причина, ми се допаѓаше овој човек. Тој беше тип на човек

којшто најверојатно има диплома од Харвард зафрлена некаде во неговиот шкаф затоа што никогаш не нашол нешто што

ќе прави со неа, а што би го привлекувало.

Му реков, “Знаеш, ова е многу, многу старо животно. Овде е уште од триесеттите.”

Ова го привлече неговото внимание. Ме праша како сум дошол до таа информација.

“Го знам животното,” одговорив кратко, како да знам уште илјадници други како него.

“Може за две илјади и петстотини долари,” тој рече.

“Проблемот е што немам две илјади и петстотини долари.”

“Слушај, веќе имам сликар од Ново Мексико којшто работи на еден напис за мене,” рече. “Му платив двеста долари однапред.”

“Добро. Мислам дека би можел да подигнам илјада и петстотини долари.”

Page 96: Ишмаел

96

“Не гледам како би можел да спуштам под две илјади и двеста, тоа е факт.”

Факотот беше што, да имав во тој момент во мојата рака две илјади долари, тој ќе беше повеќе од среќен да ги земе.

Можеби дури и илјада и осумстотини. Му реков дека ќе размислам.

2.

Беше петок вечер, па луѓето не си одеа дома се до единаесет часот, а човекот којшто го подмитував не дојде да си ги земе

неговите дваесет долари с до полноќ. Ишмаел спиеше седејќи, с уште завиткан во неговите ќебиња, а јас воопшто не се

двоумев да го разбудам; Сакав да ги почувстува благодетите на независниот живот.

“Тој се протегна, кивна двапати, си го прочисти грлото и ме погледна бледо и злобно.”

“Врати се утре,” рече, со еквивалент на ментален крик.

“Утре е недела - безнадежно.”

Не беше среќен поради тоа, но знаеше дека сум во право. Успеа за момент да го одолжи неизбежното, мачно

преместувајќи се себеси, својот кафез и неговите ќебиња. Потоа се смести и ме погледна со гадење.

“Каде застанавме?”

“Застанавме со нов пар на имиња за Земачите и Оставачите: Тие што го имаат знаењето за добро и лошо и тие што

живеат во рацете на боговите.”

Тој климна со главата.

3.

“Што им се случува на луѓето коишто живеат во рацете на боговите?”

“Како мислиш, што им се случува?”

“Сакам да кажам, што им се случува на луѓето коишто живеат во рацете на боговите, а не им се случува на луѓето

коишто ги градат своите животи со знаењето за добро и лошо?”

“Па, да видиме,” реков. Претпоставувам дека не се стремиш кон ова, но ова ми паѓа на памет. Луѓето коишто живеат во

рацете на боговите не стануваат владетели на светот и не ги принудуваат сите да живеат на начинот на којшто тие

живеат, но луѓето кои го имаат знаењето за добро и лошо го прават тоа.

“Ти го преврте прашањето од назад кон напред,” рече Ишмаел. “Јас те прашав што им се случува на луѓето коишто

живеат во рацете на боговите, а не им се случува на тие што го имаат знаењето за добро и лошо, а ти ми го кажа токму

спротивното: тоа што не им се случува на луѓето коишто живеат во рацете на боговите, а им се случува на луѓето коишто

го имаат знаењето за добро и лошо.”

“Сакаш да кажеш дека бараш нешто позитивно што им се случува на луѓето коишто живеат во рацете на боговите. ”

“Така е.”

“Па, тие имаат тенденција да ги остават луѓето околу нив да живеат како што тие самите сакаат.”

“Ти ми кажуваш нешто што тие го прават, а не нешто што им се случува нив. Се обидувам да го фокусирам твоето

внимание на ефектите од овој животен стил.”

“Се извинувам. Се плашам дека не знам кон што се стремиш.”

“Знаеш, само не си навикнат да размислуваш за тоа во овие услови.”

“Во ред.”

“Се сеќаваш на прашањето кое започнавме да го одговараме кога ти пристигна ова попладне: Како човекот станал човек? С уште сме во потрага по одговорот на тоа прашање.”

Застенкав, целосно и искрено.

Page 97: Ишмаел

97

“Зошто стенкаш?” Ишмаел ме праша.

“Затоа што такви општи прашања ме плашат. Како човекот станал човек? Не знам. Едноставно го направил тоа. На

истиот начин на којшто птиците станале птици и на истиот начин на којшто коњите станале коњи.”

“Токму така.”

“Немој да ми го правиш тоа,” му реков.

“Очигледно не разбираш што кажа сега.”

“Најверојатно не.”

“Ќе се обидам да ти разјаснам. Пред да бидете Хомо, што сте биле?”

“Аустралопитекус.”

“Добро. А како Аустралопитекусот станал Хомо?”

“Со чекање.”

“Те молам. Тука си да размислуваш.”

“Извини.”

“Дали Аустралопитекусот станал Хомо велејќи, ‘Ние го имаме знаењето за добро и лошо, исто како и боговите, па затоа

нема потреба да живееме во нивните раце како што живеат зајаците и гуштерите. Отсега па натаму, ние ќе одлучуваме

кој ќе живее, а кој ќе умре на оваа планета, а не боговите.’”

“Не.”

“Зошто не?”

“Затоа што така би престанале да бидат подложни на условите под кои се случува еволуцијата.”

“Токму така. Сега можеш да го одговориш прашањето: Што им се случува на луѓето - на сите суштества - коишто

живеат во рацете на боговите?”

“Ах, сфаќам. Тие еволуираат.”

“И сега можеш да одговориш на прашањето коешто го поставив ова утро: Како човекот станал човек?”

“Човекот станал човек живеејќи во рацете на боговите.”

“Живеејќи на начин на којшто живеат Бушманите од Африка.”

“Точно.”

“Живеејќи на начинот на којшто живеат Креен-Акроре од Бразил.”

“Точно.”

“А не на начинот на којшто живеат луѓето од Чикаго?”

“Не.”

“Или луѓето од Лондон?”

“Не.”

“Значи, сега знаеш што им се случува на луѓето коишто живеат во рацете на боговите.”

“Да. Тие еволуираат.”

“Зошто еволуираат?”

Page 98: Ишмаел

98

“Затоа што се во можност да еволуираат. Затоа што тогаш се случува еволуцијата. Прачовекот еволуирал во раниот

човек затоа што се натпреварувал со сите останати. Прачовекот еволуирал во раниот човек затоа што тој не се исклучил

себеси од натпреварот, затоа што тој с уште бил на местото на кое се случувала природната селекција.”

“Сакаш да кажеш дека тој с уште бил дел од целокупната заедница на животот.”

“Токму така.”

“И тоа е причината зошто се случило сето ова - зошто Аустралопитекусот станал Хомо Хабилис и зошто Хомо

Хабилисот станал Хомо Еректус и зошто Хомо Еректусот станал Хомо Сапиенс и зошто Хомо Сапиенсот станал Хомо

Сапиенс Сапиенс.”

“Да.”

“И тогаш што се случило?”

“И тогаш Земачите рекле,” Доста ни беше од живеењето во рацете на боговите. Нема повеќе природна селекција за нас.

“И тоа е тоа.”

“И тоа е тоа.”

“ Се сеќаваш кога ти реков дека да раскажуваш приказна е да живееш на таков начин на којшто ќе ја направиш

приказната реалност.”

“Да.”

“Според приказната на Земачите, еволуцијата завршила со човекот.”

“Да. И?”

“На каков начин ќе живееш за да го направиш тоа реалност? На каков начин ќе живееш за да направиш еволуцијата да

заврши со човекот?”

“Ох. Разбирам што сакаш да кажеш. Ќе живееш на начинот на којшто живеат Земачите. Ние дефинитивно живееме на

начин којшто ќе и стави крај на еволуцијата. Ако продолжиме вака, нема да има наследник на човекот, нема да има

наследник на шимпанзото, нема да има наследник на орангутанот, нема да има наследник на горилото - нема да има

наследник на ништо што е живо во моментов. Целата работа ќе заврши со нас. За да ја направат нивната приказна

реалност, Земачите мораат да и стават крај на еволуцијата - а тоа навистина добро им оди.”

4.

“Кога почнавме, и кога се обидував да ти помогнам да ја најдеш премисата на приказната на Земачите, ти реков дека

приказната на Оставачите има целосно различна премиса.”

“Да.”

“Можеби сега си подготвен да ја разоткриеш таа премиса.”

“Не знам. Во моментов не ми текнува ниту на премисата на Земачите.”

“Ќе те потсетам. Секоја приказна е последица на премиса.”

“Да, во ред. Премисата на приказната на Земачите е светот му припаѓа на човекот.” Размислував неколку минути, и

потоа се насмеав. “Ова е многу интересно. Премисата на приказната на Оставачите е човекот му припаѓа на светот.”

“И што значи тоа?”

“Тоа значи-” се насмеав. “Ова е навистина премногу.”

“Продолжи.”

“Тоа значи дека, од самиот почеток, с што некогаш живеело му припаѓало на светот - и така работите станале талви

какви што се сега. Тие едноклеточни организми коишто пливале во древните океани му припаѓале на светот и затоа што

Page 99: Ишмаел

99

му припаѓале на светот, с останато настанало. Шакоперката на брегот на континентите му припаѓала на светот и затоа

што му припаѓала на светот, настанале водоземците. И затоа што водоземците му припаѓале на светот, настанале

влекачите. И затоа што влекачите му припаѓале на светот, настанале цицачите. И затоа што цицачите му припаѓале на

светот, настанале приматите. И затоа што приматите му припаѓале на светот, настанал Аустралопитекусот. И затоа што

Аустралопитекусот му припаѓал на светот, настанал човекот. И три милиони години човекот му припаѓал на светот - и

затоа што му припаѓал на светот, тој растел и се развивал и станал многу попаметен и многу повешт и еден ден бил толку паметен и вешт, што сме морале да го наречеме Хомо Сапиенс Сапиенс, што значи дека бил ние.

“И тоа е начинот на којшто живееле Оставачите три милиони години - како да му припаѓале на светот.”

“Така е. И така ние сме настанале.”

5.

Ишмаел рече, “Знаеме што се случува ако ја земеш премисата на Земачите, дека светот му припаѓа на човекот.”

“Да, катастрофа.”

“А што се случува ако ја земеш премисата на Оставачите, дека човекот му припаѓа на светот?”

“Еволуцијата продолжува засекогаш.”

“Како ти звучи тоа?”

“Го има мојот глас.”

6.

“Се сетив нешто,” реков.

“Да?”

“Се сетив дека приказната којашто сега ја раскажав всушност е приказната којашто Оставачите ја раскажувале овде три

милиони години. Приказната на Земачите е, ‘Боговите го создале светот за човекот, но тие потфрлиле, па ние сме морале

да ги земеме работите во нашите, многу поспособни раце.’Приказната на Оставачите е, ‘Боговите го создале човекот да

биде дел од светот, на истиот начин на којшто тие го создале и лососот и врапчето и зајакот; се чини дека ова досега

функционирало доста добро, па затоа ние можеме да се опуштиме и да им го оставиме раководењето на светот на

боговите.’”

“Така е. Има и други начини на коишто може да се раскаже приказната, исто како што има други начини за да се

раскаже приказната на Земачите, но овој начин на раскажување на приказната е исто така добар како и секој друг.”

Седев и молчев некое време. “Размислувам за... смислата на светот, за божествените намери во светот и за судбината на

човекот. Според оваа приказна...”

“Продолжи.”

“Смислата на светот... Мислам дека третото поглавје од Битието го опишува тоа многу добро. Тоа е градина - божја

градина. Го кажувам ова иако и јас самиот се сомневам дека боговите имаат некаква врска со тоа. Едноставно, за мене ова е корисен и охрабрувачки начин да размислувам за тоа.”

“Разбирам.”

“И има две дрва во градината, едно за боговите и едно за нас. Дрвото за боговите е Дрвото на знаењето за добро и лошо,

а дрвото за нас е Дрвото на животот. Но ние можеме да го најдеме само Дрвото на животот ако останеме во градината - а

ние можеме да останеме во градината само ако ги држиме рацете понастрана од дрвото на боговите.”

Ишмаел охрабрувачки климна со главата.

“Божествените намери... изгледа дека... Има еден вид на тенденција во еволуцијата, нели? Ако почнеш со тие многу едноставни суштества во античките океани и продолжиш чекор по чекор до с што гледаме денес - и над тоа - тогаш

мораш да забележиш дека има тенденција кон... сложеност. И кон самосвест и интелигенција. Се сложуваш?”

Page 100: Ишмаел

100

“Да.”

“Тоа значи дека, сите суштества на оваа планета најверојатно се на работ на стекнување на таа самосвест и

интелигенција. Значи, боговите не ги бркаат само луѓето. Ние никогаш не сме биле едниствените играчи на оваа игра.

Изгледа дека боговите имале намера оваа планета да биде исполнета со суштества коишто се самосвесни и

интелегентни.”

“Изгледа дека е така. А ако е така, тогаш судбината на човекот би требала да биде едноставна.”

“Да. Доста неверојатно, таа е едноставна – затоа што човекот е првиот од сите овие. Тој е пронаоѓачот на патот,

трагачот. Неговата судбина е да биде првиот којшто ќе научи дека суштествата, како што е човекот имаат избор: Тие

можат да им противречат на боговите и да исчезнат обидувајќи се да го направат тоа - или можат да застанат настрана и

да направат малку место за сите останати. Но не е само тоа. Неговата судбина е да биде таткото на сите нив - и тоа не

само како директен предок. Со тоа што ќе им даде шанса на сите останати - на китовите и делфините и шимпанзата и

ракуните - тој во некоја смисла ќе стане нивен прататко... Доста чудно, ова е многу повеличествено од судбината којашто

Земачите ја сонувале за нас.”

“На кој начин?”

“Размисли. Ако за милијарда години, нешто што тогаш ќе биде тука, некој што тогаш ќе биде тука, рече, Човекот? Ах да,

човекот!” Какво прекрасно суштество бил тој. Било во негова моќ да го уништи светот и да ја фрли нашата иднина во

неврат - но тој ја видел светлината пред да биде предоцна и се повлекол назад. Се повлекол назад и ни дал шанса на сите

нас. Ни покажал што морало да биде направено ако светот сакал да продолжи да биде градина засекогаш. Човекот бил

пример за сите нас.

“Тоа не е лоша судбина.”

“Во никој случај не е лоша судбина. Ми падна на памет дека ова...”

“Да?”

“Ова и дава мал облик на приказната. Светот е многу, многу убаво место. Светот никогаш не бил збрка. Човекот не

морал да го освои светот и да владее со него. Со други зборови, светот не мора да му припаѓа на човекот - но човекот

мора да му припаѓа на светот. Некое суштество морало прво да помине низ сето ова, морало да види дека имало две

дрва во градината, едно коешто било добро за боговите и едно коешто било добро за суштествата. Некое суштество би

морало да го пронајде патот, и ако тоа би се случило, тогаш... едноставно нема граница што би можело да се случи. Со

други зборови, човекот има свое место во светот, но неговото место не е да владее со него. Боговите го имаат тоа во

нивни раце. Местото на човекот е да биде првиот. Местото на човекот е да биде првиот без да биде последниот. Местото

на човекот е да открие како е возможно да го направи тоа - и потоа да направи место за сите останати коишто се

способни да станат тоа што тој станал. И можеби, кога ќе дојде вистинското време, местото на човекот ќе биде да стане

учител на сите останати коишто се способни да станат тоа што тој станал. Но не единствениот учител или крајниот учител. Можеби само првиот учител, учителот од градинката - но дури и тоа не би било толку лошо. И знаеш што?”

“Што?”

“Цело време, си велам себеси, ‘Да, сето ова е многу интересно, но каква корист имам јас од тоа? Ова нема да промени

ништо!’”

“И што сега?”

“Ова е тоа што нас ни треба. Не само да ги запреме работите. Ниту пак само да имаме помалку работи. На луѓето им

треба нешто позитивно кон кое што ќе се стремат. Им треба визија на нешто што... Не знам. Нешто што...”

“Мислам дека тоа што го бараш е дека на луѓето им треба нешто повеќе, а не само да бидат навредувани и да се

чувствуваат глупави и виновни. Им треба повеќе од само визија за крајот на светот. Им треба визија за светот и за самите

себе, визија којашто ќе ги инспирира.”

“Да. Дефинитивно. Стопирањето на загадувањето не е инспиративно. Распоредувањето на твоето ѓубре не е

инспиративно. Намалувањето на флуорокарбонатите не е инспиративно. Но ова... гледајќи се себеси на нов начин,

гледајќи го светот на нов начин... Ова...”

Го пуштив тоа. По ѓаволите, тој знаеше што се обидував да кажам.

7.

Page 101: Ишмаел

101

“Верувам дека сега знаеш што сакав да кажам на почетокот. Приказната којашто ја раскажуваат Земачите во никој случај

не е второто поглавје од приказната којашто се раскажувала за време на првите три милиони години од човековиот

живот. Приказната на Оставачите има свое сопствено второ поглавје.”

“Кое е нивното второ поглавје?”

“Ти штотуку го исцрта, нели?”

“Не сум сигурен.”

Ишмаел размислуваше неколку минути. “Ние никогаш нема да дознаеме што точно правеле Оставачите во Европа и

Азија кога пристигнале луѓето од твојата култура да ги изораат засекогаш. Но знаеме што правеле овде во Северна

Америка. Тие барале начини коишто ќе им овозможат да создадат населба, начини коишто се во согласност со начинот

на којшто живееле отсекогаш, начини кои што оставале простор за останатиот живот околу нив да продолжи понатаму.

Не сакам да кажам дека тие го правеле ова затоа што биле многу благородни. Едноставно сакам да кажам дека не им

паднало на памет да го земат животот на овој свет во нивни раце и да и објават војна на остатокот од заедницата на

животот. Ако продолжеле на овој начин уште пет илјади години или десет илјади години, десетици цивилизации би

можеле да се појават на овој континент, исто толку софистицирани каква што е сега вашата, секоја со свои сопствени вредности и насоки. Не е незамисливо.”

“Не, не е. Или поточно, да, незамисливо е. Според митологијата на Земачите, секоја цивилизација во универзумот мора

да е Земачка цивилизација, цивилизација во која луѓето го земале животот на светот во нивни раце. Тоа е толку

очигледно што не мора ниту да биде посочено. По ѓаволите, секоја вонземска цивилизација во историјата на научната

фантастика била Земачка цивилизација. Секоја цивилизација што некогаш ја сретнал U.S.S. Enterprise била Земачка

цивилизација. Тоа е така затоа што се претпоставува дека секое интелегентно суштество каде било ќе инсистира да го

земе својот живот од рацете на боговите и ќе знае дека светот му припаѓа нему, а не обратно.”

“Точно.

“А тоа покренува многу важно прашање во мојот ум. Што точно би значело да му припаѓаш на светот во овој момент?

Очигледно не велиш дека само ловците-собирачи му припаѓаат на овој свет.”

“Мило ми е што го сфаќаш тоа. Иако Бушманите од Африка и Калапало од Бразил (доколку с уште се живи) сакаат да

продолжат да живеат на тој начин во следните десет милиони години, не гледам како тоа би можело да биде нешто друго

освен корисно за нив и за светот.”

“Точно. Но тоа не одговара на моето прашање. Како можат цивилизираните луѓе да му припаѓаат на светот?”

Ишмаел одмавна со главата со нетрпение и лутина. “Цивилизираноста нема никаква врска со тоа. Како можат

тарантулите да му припаѓаат на овој свет? Како можат ајкулите да му припаѓаат на овој свет?”

“Не разбирам.”

“Погледни околу себе и ќе видиш некои суштества кои се однесуваат како светот да им припаѓа ним и ќе видиш некои

суштества кои се однесуваат како тие да му припаѓаат на светот. Дали можеш да ги разликуваш?”

“Да.”

“Суштествата кои се однесуваат како да му припаѓаат на светот го почитуваат законот за одржување на мирот и затоа

што го почитуваат тој закон, тие им даваат шанса на суштествата околу нив да растат кон она што е возможно за нив да

станат. Така настанал и човекот. Суштествата околу Аустралопитекусот не си замислувале дека светот им припаѓа ним,

па затоа тие го оставиле да живее и да расте. Каква врска има цивилизираноста со тоа? Дали тоа што си цивилизиран значи дека треба да го уништиш светот?”

“Не.”

“Дали тоа што си цивилизиран те прави неспособен да им дадеш на суштествата околу тебе малку простор во кој тие ќе

живеат?”

“Не.”

“Дали те прави неспособен да живееш безопасно како што живеат ајкулите и тарантулите и змиите?”

“Не.”

Page 102: Ишмаел

102

“Дали те прави неспособен да почитуваш закон којшто дури и полжавите и црвите успеваат да го почитуваат без некоја

поголема потешкотија?”

“Не.”

“Како што кажав пред некое време, човековата населба не е против законот, таа е подложна на законот - и истото важи и за цивилизацијата. Значи, што точно е твоето прашање?”

“Не знам, сега. Очигледно да припаѓаш на светот значи... да припаѓаш на истиот клуб како и сите останати. Клубот е

самата заедница на животот. Значи да припаѓаш на клубот и да ги следиш истите правила што ги следат сите останати.”

“Ако воопшто значи нешто да се биде цивилизиран, тогаш би требало да значи дека вие сте водачи на тој клуб, а не

негови единствени злосторници и уништувачи.”

“Точно,” реков, и потоа седев и трепкав неколку минути. “Нешто што ти го кажа пред неколку минути. Ние никогаш

нема да дознаеме што точно правеле Оставачите во Европа и Азија кога пристигнале луѓето од мојата култура да ги

изораат засекогаш.”

“Да?”

“Мислам дека некои информации во врска со тоа се откопани последниве неколку години.”

Ишмаел климна со главата. “Ако информациите се од последниве неколку години, тогаш најверојатно не сум слушнал за

нив.”

“Еден археолог по име Раине Еислер напиша книга за многу распространето Оставачко земјоделско општество кое

постоело во Европа пред да биде прегазено од Земачите пред пет или шест илјади години. Само што таа не ги нарекува

Оставачи и Земачи, се разбира. Не знам многу за тоа, но очигледно културата која Земачите ја прегазиле се засновала на

обожување на божица.”

Ишмаел климна со главата. “Еден од моите студенти беше свесен за постоењето на книгата за којашто ти зборуваш, но не

можеше толку добро да ми го објасни нејзиното значење како тебе. Мислам дека книгата се вика The Chalice and the

Blade.”

8.

“Враќајќи се на темата за инспирација, мене ми изгледа дека овие денови ти имаш уште еден ветувачки извор на

инспирација,” Ишмаел рече.

“Што е тоа?”

“Сите мои ученици, кога ќе стигнеа дотука, велеа, ‘Да, да, ова е прекрасно - но луѓето нема никогаш да се откажат од

нивното владеење со светот. Тоа едноставно нема да се случи. Никогаш. Ниту за илјада години.’И јас немав ништо што

можев да им го посочам како надежен пример којшто се спротивставува на тоа размислување. Сега имам.”

Ми требаа околу деведесет секунди за да сфатам што е тоа. “Претпоставувам мислиш на тоа што се случува во

Советскиот Сојуз и во Источна Европа последниве неколку години.”

“Точно. Пред десет години, пред дваесет години, ако некој предвидувал дека марксизмот набрзо ќе биде расклопен од

врвот, би бил етикетиран како безнадежен визионер, тотален лудак.”

“Да, тоа е точно.”

“Но кога еднаш луѓето од овие земји биле инспирирани од можноста за нов начин на живот, расклопувањето се случило

скоро преку ноќ.”

“А сега?”

“Сега едвај е замисливо. Проклето неверојатно, но не и незамисливо.”

9.

“Но имам уште едно прашање.”

Page 103: Ишмаел

103

“Продолжи.”

“Твојот оглас вели, ‘Мора да има вистинска желба да го спаси светот.’”

“Да?”

“Што да правам ако имам вистинска желба да го спасам светот?”

Ишамел гледаше во мене низ решетките долго време. “Ти сакаш програма?”

“Секако дека сакам програма.”

“Тогаш, еве ти програма: Приказната од Битието мора да биде запрена. Прво, Каин мора да престане да го убива Авел.

Ова е многу важно ако сакате да преживеете. Оставачите се загрозените видови коишто се многу важни за светот - не

затоа што се луѓе, туку затоа што само тие можат да им покажат на уништувачите на светот дека нема еден вистински

начин на живот. И тогаш, се разбира, мора да го плукнете плодот од тоа забрането дрво. Вие морате еднаш за секогаш да

се откажете од идејата дека знаете кој треба да живее, а кој да умре на оваа планета.”

“Да, го сфаќам сето тоа, но тоа е план за човештвото, тоа не е план за мене. Што да правам јас?”

“Тоа што треба ти да го направиш е да подучиш стотина други за тоа што јас те научив овде и да ги инспирираш нив да

подучат уште стотина други. Отсекогаш се правело така.”

“Да, но... дали е тоа доволно?”

Ишмаел се намурти. “Секако дека не е доволно. Но ако почнеш од кое било друго место, нема никаква надеж. Не можеш

да кажеш, ‘Ќе го смениме начинот на кој луѓето се однесуваат кон светот, но нема да го смениме начинот на којшто тие

размислуваат за светот или начинот на којшто тие размислуваат за божествените намери во светот или начинот на којшто тие размислуваат за судбината на светот.’С додека луѓето од твојата култура се убедени дека светот им припаѓа ним и

дека нивната од бог дадена судбина е да го освојат светот и да владеат со него, тогаш тие секако ќе продолжат да се

однесуваат на начинот на којшто се однесуваат последните десет илјади години. Тие ќе продолжат да го третираат светот

како да е парче човекова сопственост, и ќе продолжат да го освојуваат како да е нивен непријател. Не можеш да ги

промениш овие работи со закони. Мораш да ги промениш умовите на луѓето. И не можеш да изнесеш еден куп штетни

идеи и да оставиш празнина позади нив; мораш да им дадеш на луѓето нешто што е исто толку значајно колку и тоа што

го изгубиле - нешто што има подобра смисла од стариот ужас за Семоќниот човек кој уништува с на оваа планета што

не му служи на неговите потреби, директно или индиректно.”

“Сакаш да кажеш дека некој треба да се подигне и да биде за овој свет денес она што бил Свети Павле за Римската

Империја.”

“Да, во основа. Зарем тоа е толку страшно?”

Се насмеав. “Страшно не е ни приближно доволно силно. Да се нарече тоа страшно е како да го наречеш Атлантскиот

Океан влажен.”

“Зарем тоа е толку невозможно во време кога еден комичар на телевизија допира до повеќе луѓе за десет минути отколку

што Павле допрел за време на целиот негов живот?”

“Јас не сум комичар.”

“Но ти си писател, нели?”

“Да, но не таков писател.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Ти си среќен. Ослободен си од секаква обврска. Само-ослободен.”

“Не го реков тоа.”

“Што очекуваше да научиш од мене? Инкарнација? Магичен збор кој ќе ја исчисти целата нечистотија?”

“Не.”

“На крај, изгледа дека ти не си многу поразличен од оние за коишто велиш дека ги презираш: Ти само сакаше нешто за себе. Нешто што ќе те прави да се чувствуваш подобро додека гледаш како се наближува крајот.”

Page 104: Ишмаел

104

“Не, не е тоа. Ти едноставно не ме познаваш многу добро. Јас сум секогаш ваков - прво велам, ‘Не, не, тоа е невозможно,

сосема и целосно невозможно,’ а потоа ќе одам и ќе го направам тоа.”

Ишмаел воздивна, едвај убеден.

“Има една работа за којашто знам дека луѓето ќе ме прашуваат цело време: ‘Дали ти велиш да се вратиме и да бидеме ловци-собирачи?’”

“Тоа, секако е глупава идеја,” рече Ишмаел. “Животниот стил на Оставачите не е за ловење и собирање, туку за оставање

на остатокот од заедницата да живее - и земјоделците можат да го направат тоа исто така како и ловците-собирачи.”

Направи кратка пауза и одмавна со главата. “Тоа што се обидувам да ти го дадам е нова парадигма на човековата

историја. Животот на Оставачите не е некоја античка работа којашто е ‘таму некаде’ . Твојата задача не е да одиш

наназад, туку да одиш нанапред.”

“Но кон што? Ние не можеме едноставно да ја напуштиме нашата цивилизација како што направиле Хохокам.”

“Тоа е точно. Хохокам имале друг начин на живот којшто ги чекал, но вие морате да бидете инвентивни - ако има

некаква вредност тоа за вас. Ако сакате да преживеете.” Ме погледна нејасно. “Вие сте инвентивни луѓе, нели? Се гордеете со тоа, нели?”

“Да.”

“Тогаш, бидете инвентивни.”

10.

“Пропуштив една мала работа,” Ишмаел рече, и потоа длабоко воздивна, како да му беше жал што си дозволил себеси да

се потсети на тоа.

Чекав во тишина.

“Еден од моите ученици беше поранешен затвореник. Осуден за вооружен грабеж, како што ми кажа. Сум ти го кажал

тоа?”

Му реков дека не ми кажал.

“Се плашам дека нашата заедничка работа беше многу покорисна за мене отколку за него. Тоа што посебно го научив од

него е дека, спротивно на впечатоците коишто може да се добијат од филмовите за затворите, популацијата во затворот

воопшто не е индиферентна маса. Исто како и во надворешниот свет и таму има богати и сиромашни, моќни и слаби. И

зборувајќи релативно, богатите и моќните живеат многу добро внатре во затворот - не толку добро како што живеат

надвор, се разбира, но многу, многу подобро од сиромашните и слабите. Всушност, тие можат да имаат с што ќе посакаат, во смисла на дрога, храна, секс и услуги.”

Ја подигнав едната веѓа кон него.

“ Сакаш да знаеш каква врска има тоа со сето ова,” тој рече. “Има голема врска со сето ова: Светот на Земачите е еден

огромен затвор и освен мал број на Оставачи коишто се распрскани низ целиот свет, целата човекова раса сега е внатре

во тој затвор. За време на претходниот век, на Оставачите што останале живи им бил даден избор: да бидат истребени

или да прифатат затвореништво. Многумина избрале затвореништво, но многу малку од нив всушност успеале да се

прилагодат на затвореничкиот живот.”

“Да, изгледа дека е така.”

“Секако, секој доброуправуван затвор мора да има затворска индустрија. Сигурен сум дека знаеш зошто.”

“Па... ги одржува затворениците зафатени, претпоставувам. Ги оттргнува нивните умови од досадата и некорисноста во

нивните животи.”

“Да. Дали можеш да ја именуваш вашата?”

“Нашата затворска индустрија? Не веднаш. Претпоставувам дека е очигледно.”

“Многу очигледно, би рекол.”

Размислував малку. “Конзумирање на светот.”

Page 105: Ишмаел

105

Ишмаел климна со главата. “Погоди од првпат.”

“Има една важна разлика помеѓу затворениците на вашиот криминален затвор и затворениците на вашиот културен

затвор: Првите разбираат дека распределбата на богатството и моќта внатре во затворот немаат никаква врска со

правдата.”

Гледав во него некое време, а потоа го замолив да ми го објасни тоа.

“Во вашиот културен затвор, кои затвореници управуваат со моќта?”

“Ах,” реков. “Машките затвореници. Особено белите машки затвореници.”

“Да, тоа е точно. Но разбираш дека овие бели машки затвореници се всушност само затвореници, а не чувари. Со сета

нивна моќ и привилегии - со сето она со коешто владеат над сите останати во затворот - ниту еден од нив го нема клучот

што може да ја отвори вратата.”

“Да, тоа е точно. Доналд Трамп може да направи многу нешта што јас не можам да ги направам, но и тој исто така не

може да излезе од затворот. Но каква врска има ова со правдата?”

“Правдата бара и другите луѓе освен белите машки затвореници да имаат моќ во затворот.”

“Да, разбирам. Но што сакаш да кажеш? Дека ова не е точно?”

“Точно? Секако дека е точно дека мажите - и како што велиш ти, особено белите мажи - ги донесувале одлуките во

затворот илјадници години, можеби уште од почетокот. Секако е точно дека ова е неправда. И секако е точно дека моќта

и богатството внатре во затворот треба да бидат еднакво распределени. Но треба да биде споменето дека она што е

најважно за вашиот опстанок како раса не е распределбата на моќта и богатството во затворот, туку уништување на

самиот затвор.”

“Да, јас го разбирам тоа. Но не сум сигурен дека многу луѓе би го разбрале тоа.”

“Не?”

“Не. Помеѓу политички активните луѓе, распределбата на моќта и богатството е... Не знам како да го наречам тоа, а да

биде доволно силно. Идеја на која и дошло времето. Светиот грал.”

“И покрај тоа, бегството од затворот на Земачите е заедничка цел кон која целото човештво може да се насочи.”

Одмавнав со главата. “Се плашам дека тоа е цел кон која речиси никој од човештвото нема да се насочи. Бели или црни,

мажи или жени, тоа што луѓето од оваа култура го сакаат е да имаат што е можно повеќе моќ и богатство во затворот на

Земачите. Ним не им е гајле дали тоа е затвор и не им гајле што тоа го уништува светот.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Како и секогаш, ти си песимист. Можеби си во право. Се надевам дека грешиш.”

“И јас се надевам исто така, верувај ми.”

12.

Иако разговаравме само околу еден час, Ишмаел изгледаше дека е исцрпен. Се подготвував да си одам, но очигледно тој

имаше нешто друго на ум.

На крај, тој погледна нагоре и рече: “Се надевам разбираш дека завршив со тебе.”

Мислам дека ќе болеше исто толку многу и ако ми зариеше нож во стомакот.

Ги затвори очите за момент. “Извини. Јас сум многу изморен и не се изразив најдобро. Не мислев да го кажам тоа така.”

Не можев да му одговорам, но успев да климнам со главата.

“Сакав да кажам дека завршив со тоа што сакав да го направам. Како учител, не можам ништо повеќе да ти понудам. И

покрај тоа, ќе ми биде мило да те сметам за пријател.”

Уште еднаш, не можев да направам ништо повеќе освен да климнам со главата.

Page 106: Ишмаел

106

Ишмаел слегна со рамениците и гледаше наоколу нејасно, како моментално да заборавил каде се наоѓа. Потоа се поврати

наназад и кивна многу силно.

“Слушај,” реков, станувајќи. “Ќе се вратам утре.”

Ме гледаше долго и мрачно; се прашуваше себеси што по ѓаволите повеќе очекувам од него, но беше премногу изморен за да праша. Ме испрати со крик и потврдувачко климање на главата.

Тринаесет

1.

Таа ноќ, пред да заспијам во мојот хотелски кревет, го комплетирав мојот план. Тоа беше лош план и јас го знаев тоа, но

не можев да смислам ништо подобро. Без разлика дали ќе му се допадне тоа или не (а знаев дека нема да му се допадне)

јас морав да го спасам Ишмаел од тој проклет карневал.

Тоа беше лош план во друга смисла, во смисла дека зависеше целосно од мене и моите ограничени извори. Имав само

една карта да одиграм, а ако ја одиграв најверојатно ќе беше двојка.

Околу девет часот следното утро јас бев во мал град на половина пат од дома и се возев наоколу со надеж дека ќе најдам

некое место за да појадувам, кога се запали црвената сијаличка за предупредување и ме принуди да застанам. Го

подигнав капакот и го проверив маслото: маслото беше во ред. Го проверив резервоарот со вода: беше празен. Нема

проблем - бидејќи сум претпазлив возач секогаш со себе носам вода. Го наполнив резервоарот и продолжив да возам, но

по две минути сијаличката повторно се запали. Успеав да стигнам до една механичарска работилница на која имаше

голем знак “Механичар,” но механичарот не беше таму. И покрај тоа, човекот којшто беше таму во моментот знаеше

триесет пати повеќе за колите отколку што знаев јас и беше расположен да се обиде да дознае што е проблемот со колата.

“Вентилаторот на ладилникот не работи,” ми рече по петнаесетина секунди. Ми го покажа и ми објасни дека тој

вообичаено се вклучува кога возењето низ град го прегрева моторот.

“Можно е да е прегорен некој осигурувач?”

“Можно е,” рече тој. Но го отфрли тоа пробувајќи нешто ново, коешто воопшто не беше подобро од претходното.

“Почекај малку,” и донесе направа во облик на пенкало, која ја искористи за да го тестира прекинувачот кој го

поврзуваше вентилаторот со електричниот систем. “Имало експлозија во ладилникот,”ми рече, “па изгледа дека самиот

вентилатор е погоден од неа.”

“Каде можам да набавам нов?”

“Овде во градов, никаде,” ми рече. “Не во сабота.”

Го прашав дали можам вака да стигнам до дома.

“Мислам дека можеш,” тој рече, “ако не мораш да возиш многу низ градот за да стигнеш таму. Или ако застануваш

секогаш кога ќе се прегрее моторот и го оставаш да се излади.”

Успеав да се вратам назад и го однесов автомобилот на сервис претпладне и го оставив таму, иако ми кажаа дека нема да

можат да почнат да го поправаат с до понеделник наутро. Имав уште една работа да завршам, а тоа беше да одам до

една од оние прекрасни машини за пари, од каде што почнав да ги празнам сите мои парични ресурси - чекови, заштеди,

кредитни картички. Кога се вратив во мојот стан, со себе носев илјада и четиристотини долари, и со други зборови, останав целосно без пари.

Не сакав да размислувам за проблемите однапред, затоа што беа преголеми. Како да извадиш горило од половина тон од

кафез којшто тој не сака да го напушти? Како да ставиш горило од половина тон на задното седиште од автомобил во кој

тој не сака да се вози? Дали автомобил со горило од половина тон на задното седиште воопшто би функционирал?

Како што можете да забележите, јас сум чекор-по-чекор тип на човек. Импровизатор. На овој или на оној начин, ќе

успеам да го сместам Ишмаел на задното седиште од автомобилот, а потоа ќе размислувам што ќе правам следно.

Најверојатно ќе го донесам во мојот стан - и потоа повторно ќе размислувам што ќе правам следно. Од искуство знам

дека не можеш никогаш со сигурност да знаеш како ќе се справиш со некој проблем се додека не го имаш тој проблем.

2.

Page 107: Ишмаел

107

Ми се јавија во понеделник во девет часот наутро за да ми кажат што е со автомобилот. Вентилаторот се расипал затоа

што бил преоптоварен; а бил преоптоварен затоа што целиот разладен систем експлодирал. Потребна била многу работа,

а тоа ќе чинело шестотини долари. Промрморев и им кажав да го поправат. Тие ми рекоа дека ќе биде готов околу два

часот, дека ќе ми се јават. Им реков да не ми се јавуваат, ќе го земам автомобилот кога ќе можам: всушност, јас веќе го

напуштив автомобилот. Не можев да ги платам поправките, а најверојатно проклетиот автомобил немаше да може да го

носи Ишмаел во секој случај.

Изнајмив комбе.

Веројатно се прашувате зошто не го направив тоа веднаш. Одговорот е, едноставно не се сетив на тоа. Јас сум ограничен,

во ред? Навикнат сум да ги правам работите на одреден начин, а тоа не вклучува патувања со изнајмени комбиња.

Дава часа подоцна пристигнав на местото каде што беше карневалот и реков, “По ѓаволите.”

Карневалот си заминал.

Нешто - можеби некое претчувство - ми велеше дека треба да побарам наоколу. Местото изгледаше премногу мало за да

може да издржува деветнаесет вртелешки, дваесет и четири игри и изложба. Се прашував дали ќе можам да го најдам местото на коешто беше кафезот на Ишмаел без никакви знаци кои ќе ме водат. Моите нозе се сеќаваа доволно за да ме

одведат блиску до местото, а моите очи го направија останатото, затоа што таму имаше видлив траг: ќебињата кои ги

купив за него беа оставени, беа фрлени во еден куп заедно со некои други работи кои ги препознав: неколку негови

книги, нотес со хартија за цртање, кој с уште ги покажуваше мапите и дијаграмите што тој ги нацрта за да ми ги

илустрира приказните за Каин и Авел, за Земачите и Оставачите и постерот од неговата канцеларија, којшто сега беше

свиткан и врзан со гумен ластик.

Додека размислував што да правам се појави стариот работник кој го подмитував. Тој се намурти и подигна голема и

црна пластична вреќа за да ми покаже што прави: ги чистеше стотиците килограми ѓубре коишто биле оставени откако

карневалот си заминал. Потоа, кога го виде купот пред моите нозе, погледна нагоре и рече, “Тоа беше воспаление на

белите дробови.”

“Што?”

“Воспаление на белите дробови го уби твојот пријател, мајмунот.”

Стоев и гледав во него, неможејќи да сфатам што сака да каже.

“Еден ветеринар дојде во саботата и му даде инјекција, но беше предоцна. Почина ова утро околу седум или осум часот,

претпоставувам.”

“Сакаш да кажеш дека тој е... мртов?”

“Мртов е, пријателу.”

А јас, тоталниот егоист, речиси воопшто не забележав дека тој беше малку блед.

Го разгледав големото сиво земјиште, каде што имаше купчиња стара хартија кои понекогаш беа разнесувани од ветрот

наоколу и почувстував дека сум ист како него - празно, бескорисно, загушено со правта, ѓубриште.

Мојот стар пријател чекаше, едноставно заинтересиран да види што ќе направи или ќе каже следно овој пријател на

мајмуните.

“Што направија со него?” прашав.

“А?”

“Што направија со телото?”

“Ах. Се јавија во општината, претпоставувам. Го однесоа каде што ги кремираат мршите. Знаеш.”

“Да. Благодарам.”

“Нема проблем.”

“Во ред е ако ги земам овие работи?”

Page 108: Ишмаел

108

На начинот на кој ме погледна, претпоставувам мислеше дека сум лудак, но с што рече беше, “Секако, зошто да не? И

така ќе ги фрлам во ѓубре.”

Ги оставив ќебињата, се разбира, но сето останато лесно го собра под една рака.

3.

Што можев да направам? Да стојам една минута со спуштен поглед пред општинската печка каде што ги кремираат

мршите? Некој друг би се справил со тоа поинаку, најверојатно подобро, покажувајќи поголемо срце, поголем

сензибилитет. Јас се вратив дома.

Се вратив дома, го вратив комбето, го зедов мојот автомобил и се вратив во станот. Беше празен на некој нов начин, со

нов степен на празнина.

Имаше телефон на крајот на масата, којшто ме поврзуваше со целиот свет на живот и активности, но кому можев да се

јавам?

Доста чудно, се сетив на некој, го побарав бројот и го свртев. После три ѕвонења, длабок, цврст глас одговори:

“Резиденцијата на госпоѓа Соколов.”

“Дали е тоа господин Партриџ?”

“Да, ова е господин Партриџ.”

Реков, “На телефон е човекот којшто ве посети пред неколку недели, човекот кој се обидуваше да ја најде Рејчел

Соколов.”

Партриџ чекаше.

Реков, “Ишмаел е мртов.”

После долга пауза: “Жал ми е што го слушам тоа.”

“Можевме да го спасиме.”

Партриџ размислуваше за тоа некое време. “Сигурен сте дека би ни го дозволил тоа?”

Не бев сигурен и му го кажав тоа.

4.

Не бев сигурен с додека не го однесов да го стават во рамка постерот на Ишмаел, и не забележав дека има пораки од

двете страни. Го врамив на начин на којшто двете пораки можеа да бидат видени. Пораката на едната страна беше

пораката којашто Ишмаел ја имаше прикажано на ѕидот од неговата канцеларија:

АКО ЧОВЕКОТ ГО НЕМА,

ЌЕ ИМА ЛИ НАДЕЖ

ЗА ГОРИЛОТО?

Пораката на другата страна беше:

АКО ГОРИЛОТО ГО НЕМА,

ЌЕ ИМА ЛИ НАДЕЖ

ЗА ЧОВЕКОТ?

Page 109: Ишмаел

109