60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 21 Cena: 50 den. maj 2011 god. ISSN: 1857-6710 ХЕМИОЛАТА – „Сilen argument za na[iot identitet“ РАЗГОВОР СО PРОФЕСОРОТ ИЛИЈА PЕЈОВСКИ, АРАНЖЕР НА КОМPОЗИЦИИТЕ ОД PРОЕКТОТ НА МО „РИТАМ МАКЕДОНИЈА“ АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции ВЕШТИНИ, СPОСОБНОСТИ И PРОФЕСИОНАЛИЗАМ „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК–7“ – КОНТИНУИТЕТ НА УСPЕХОТ „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ

„ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

  • Upload
    others

  • View
    31

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a

Br. 21 Cena: 50 den. maj 2011 god.IS

SN

: 18

57-

671

0

ХЕМИОЛАТА – „Сilen argument za na[iot identitet“

РАЗГОВОР СО PРОФЕСОРОТ ИЛИЈА PЕЈОВСКИ, АРАНЖЕР НА КОМPОЗИЦИИТЕ ОД PРОЕКТОТ НА МО „РИТАМ МАКЕДОНИЈА“

АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции

ВЕШТИНИ, СPОСОБНОСТИ И PРОФЕСИОНАЛИЗАМ

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК–7“ – КОНТИНУИТЕТ НА УСPЕХОТ

„ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ

Page 2: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

21 Мај, Ден на Втората Механизирана пешаДиска бригаДа на арМ

Page 3: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

СЕКОГАШ ЧЕКОР НАПРЕД

естраноста е квалитет за почит. Ед-ноставно, развојот на повеќе полиња овозможува комплетно унапредување

на секоја индивидуа, организација, ин-ституција. Оттука, ниту Министерство-то за одбрана и Армијата на Републи-ка Македонија не се изземени од про-цесите на континуирано унапредување. Тоа можеше да се види изминатиов пе-риод во досега најмасовната вежба на припадниците на АРМ, „Македонски бле-сок–7“, каде уште еднаш, како многупати досега, покажавме и докажавме дека на-шето квалитативно ниво во ништо не за-останува од она на нашите пријатели и соработници од земјите-членки на НАТО-алијансата.Сето она што припадниците на Армијата на Република Македонија во изминати-от период го имаат научено како ново знаење и вештина со учеството во меѓународни вежби, бевме во можност да видиме колку успешно го имплемен-тираат кога станува збор за активности-те поврзани со процесот на оценување на декларираните единици. Едностав-но, на показ и на потврда беше посве-теноста кон задачите, професионално-то однесување, како и лојалноста кон професијата на која припаѓа персо-налот од Армијата. Сето тоа уште ед-наш на најдобар можен начин беше пот-врдено. Едноставно, како и досега, беше направен уште еден чекор напред во исполнувањето на потребните стандар-ди на земјите-членки на Алијансата. Истовремено, на местото на коешто се докажуваше капацитетот на припадни-ците на АРМ, на дело се виде и конти-нуираната работа на Министерството за одбрана за прераснување на армиски-от полигон „Криволак“ во еден разви-ен и функционален центар за обука кој ќе има пошироко, регионално значење. Новите сместувачки капацитети на „Кри-волак“ во кампот „Стрела 1“ се само дел од она што е досега направено и, сека-ко, она што во иднина ќе се направи за збогатување на содржините на полиго-нот. А, бидејќи „цело е кога има сè“, од особе-на важност е да се спомене настанот кој воодушеви со својата разноликост – ме-шавина на ентузијазам што ги покажу-ва нашите корени, нашата уникатност со перфекцијата на изразениот ритам, на-станот „Ритам Македонија“ – концерт кој нè потсети на единствената, а за „надво-решните“ неразбирлива хемиола која е нераскинливо врзана со нас, и која го до-кажува тоа што, за жал, сме приморани секојдневно да го браниме – посебноста и самостојноста на македонската култу-ра и идентитет, она што едноставно нè прави различни од останатите. Да се слушне сопствената култура преку неколку ноти произведени од војничкиот инструмент – тоа е момент кој никогаш не се заборава. Иако овој коцерт на Во-ениот оркестар на АРМ беше мал, сепак, тоа е голем чекор напред за припадни-ците на Армијата бидејќи покажува дека и на полето на воената музика и умет-ност не заостануваме зад припадниците на земјите од семејството во кое одамна го заслуживме своето место.Ова се само дел од активностите на МО и АРМ. Во услови кога насекаде, па и во одбраната, „се стега ременот“, ова се резултати за почит.

Здравко Ризовски

ЛИБИЈА – CASE STUDY

НОВО ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНОТО БЕЗБЕДНОСНО ОРГАНИЗИРАЊЕ

интервју СО ПрвиОт нАЧАЛниК нА ГенерАЛШтАБОт нА АрМ, ГенерАЛ-ПОтПОЛКОвниК вО ПенЗијА, Митре АрСОвСКи

МАШИНСКИ ПИШТОЛ

АВТОМАТОТ МП5 „ХЕКЛЕР И КОХ“

ЧИСТАЧИ НА МИНСКИ ПОЛИЊА

Деминирање на минско-експлозивни пречки

СВЕТСКАТА СИЛА НА КОЛЕНА

ДЕВЕТТЕ СТЕПЕНИ КОИ ГИ РАЗНИШАА СТОЛБОВИТЕ НА ЈАПОНИЈА

ВЕШТАТА ВОЕНА ДИПЛОМАТИЈА НА САМУИЛ ИТРЕЦОТ

ЕНЕРГИЧНИ ОФАНЗИВНИ ДЕЈСТВА ШИРУМ БАЛКАНОТ ЗА СЛАВА НА „ЧЕТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ“

ГОДИНА НА МАЕСТРАЛНИ ДЕЛА

ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД PC-ИГРИТЕ ВО 2011?

Блескотот на стоБи

Убавините на Македонија

4

8

14

22 11

42

46 25

55

58

Страница

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

ШТИТ - Година III, број 21, мај 2011 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТЕмил Димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Сашко Димов, полковник Мирче Ѓоргоски, потполковник Здравко Ризовски,потполковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЗдравко Ризовски, потполковник

РЕДАКЦИЈАВасил Дичевски (новинар-уредник), Кристина Илиевска (новинар-уредник), Билјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник); Иван Петрушевски (новинар); Ксенија Митева (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

КОНЦЕПТУАЛЕН КОНСАЛТИНГ, АРТ ДИРЕКЦИЈА И ДИЗАЈНЖарко Стојановиќ, Оливер Ќурчиев, Весна Вујадиновиќ, Стефан Смиљаноски

Печати: „СТЕДА ГРАФИКА“ – Скопје

АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ бб 1000 СкопјеТелефони: 02 328 24 17; 02 328 20 58Факс: 02 3113 527; 02 3128 276 www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

Содржина:

3

ЦЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

34

Page 4: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ЛИБИЈА – CASE STUDY

лобалното безбедносно организи­ра ње се наоѓа пред ново прес трук­ту ирање, па оттука се поставу­ва и и прашањето дали само по не­

колку месеци НАТО се наоѓа пред ново преструктуирање и ревидирање на новиот стратегиски концепт. Најавите на државниот секретар за одбрана на САД наведуваат на ревидирање на концептот на идните воени операции. Се чини дека досегашната практи­ка на војување веќе не е функционална во време на перманентен конфликт. Како ќе ре­агираат големите сили и како тие ќе се рако­водат во заштитата на соспствените интере­си веројатно, исто така, ќе биде предизвик на новото време.Последните години на 20 век воведоа и нови правила на игра во меѓународните ор­ганизации, а посебно во НАТО, во ЕУ и во ООН. Овие промени се случуваа под силно влијание на економски најразвиените членки, а се однесуваа на начинот на од лу чувањето

и функционирањето на овие ме ѓународни организации, особено при примената на по-литичко-економските санкции и, пред сè, вое-ните интервенции против одредена земја. Тоа доведе до заобиколување и до непочитување на одлуките на Советот за безбедност на ООН за воена ин тер венција, и покрај противењето на некои постојани членки на ова тело. Во рамките на оваа констатација најспецифичен е случајот со бомбардирањето на Белград, кога НАТО и САД проценија дека постои го-лема веројатност Кина и Русија да стават вето на оваа акција, тие решија да ја напад-нат СРЈ без мандат од Советот за безбед-ност на ООН. Иста беше ситуацијата и со на-падите на Ирак во 2003 година. Ваквиот па-радокс на економски најразвиените и воено надмоќните земји продолжи да се практику-ва премолчено во континуитет и во наредни-те години. Последниот преседан со ваков епи-лог е случајот со воената интервенција врз Либија. Но да одиме по ред.

4

НОВО ПРЕСТРУКТУИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНОТО БЕЗБЕДНОСНО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Page 5: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ме западните лидери го повикуваат да се предаде. Во согласност со принципите на меѓународното право, ниту по еден крите-риум Гадафи не може да се оквалификува како демократ, но се поставува прашањето дали тоа им дава право на другите земји да се мешаат во внатрешниот конфликт во Либија.Бомбардирањето на позициите на либи-ската армија може да се протолкува како директно мешање на меѓународните сили во либиската граѓанска војна. Вкавиот рас-плет на ситуацијата би можел да се сфати како интервенција за менување на режи-мот во Либија, што не е дел од мандатот кој го има анти Гадафи-коалицијата. Запад-ните сојузници се свесни дека рушењето на режимот на Гадафи нема да оди така лесно како во Тунис и во Египет.

Според изјавите на професорот на Лон-донската школа за економија, Фавиз Гергез, резолуцијата донесена од страна на Сове-тот за безбедност на ОН за Либија погреш-но се толкува од коалицијата против Гада-фи затоа што таа исклучиво дава мандат само за заштита на цивилите во Либија, а не за воено да се поддржат бунтовниците. Меѓутоа главниот проблем со кој се соочу-ваат бунтовничките сили е тоа што и „пона-таму се слабо вооружени и без некоја цен-трална воена команда“, но тоа не ги спречу-ва да прават планови за експлоатација на нафтените потенцијали со помош на компа-нии од Катар.Ова доведува до сомневање дека воена-та интервенција сепак е мотивирана од намерата на Запад да обезбеди контро-ла врз нафтените полиња во Либија, а не да се спречи хуманитарната катастрофа. Дополнителен факт кој оди во прилог на оваа констатација е и фактот што во све-тот постојат многу други хуманитарни кри-зи, а меѓународната заедница е релуктант-на (индиферентна) и не презема воени ин-тервенции. Овде има интервенција а не се знае ни која е всушност вистинската цел на оваа интервенција.

НОВИ МОМЕНТИ И НОВИ МИСТЕРИИПолитичките немири на Блискиот Исток и во Северна Африка доведоа до пораст на це-ната на нафтата за околу 10 долари по ба-рел, а се заканува и опасност од прекин на испораката на нафта до одредени корис-ници. Производството на сурова нафта во Либија од периодот на немирите до воената интервенција на НАТО падна од 1,6 милиони на 400 000 барели дневно. Ако се погледне

глобално, Либија е 12-тиот светски извозник на сурова нафта, но нејзини најголеми кли-енти се земјите од Европската унија кои уве-зуваат околу 85% од либиската нафта.Она што загрижува во оваа ситуација е тоа што одделни државници воената ин-тер венција против Либија ја оквалифику-ваа и како судир на цивилизации, судир по меѓу исламот и христијанството. Друг ас пект што загрижува е ненавремената поли тичка интервенција во спречувањето на ситуацијата во Либија која резултира со ес калација на кризата во вооружен судир помеѓу демонстрантите и владините сили. Трет аспект е вмешаноста на „Ал Каеда“ во организирањето и водењето на протестите на опозицијата за рушење на режимот на Га-дафи.Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот за безбедност на ООН за воведување на зона на забране-ти летови над Либија, одлука која е донесе-на без консензус во Советот за безбедност. Зашто Русија и Кина, како членки на Сове-тот за безбедност на ООН, беа воздржани и не употребија вето, е секако мистерија и нов моментум во носењето на одлуки во ООН. Тие, заедно со Арапската лига, се дистанци-раа од бомбардирањата на западните сили но, иако беа свесни за последиците, на некој начин ја потпомагаа интервенцијата. Па за-рем тоа не е самото по себе апсурдно и ли-цемерно? Од друга страна ова сепак го до-ведува во прашање и легитимитетот на во-ената интервенција на НАТО против Либија, но и легитимитетот на ООН. Истиот про-блем и поделеноста околу донесувањето на едногласна одлука за примена на сила и воена интервенција врз Либија подоцна се почувствува и во самите земји-членки на НАТО. Па зарем во НАТО не се доне-суваа сите одлуки со консензус, па зарем премолчувањето и понатаму ќе се смета за консензус? Кои се причините зашто нема консензус внатре во НАТО околу приме-на на сила? Од една страна, според новиот стратегиски концепт на НАТО се предвиду-ва силите на НАТО да се ангажираат само со едногласна одлука од сите членки на НАТО и по барање на Советот за безбедност на ООН. Но од друга страна она што се пот-врдува и од практиката е дека консензусот е само флоскула за спроведување на некои повисоки цели, повисоки дури и од членство-то. Искуството досега покажа дека во вакви ситуации САД многу лесно донесуваа одлу-ки за примена на сила во меѓународните од-носи, а потоа останатите мораа да се поис-товетат со веќе донесените одлуки во име на Алијансата. Се чини дека сега и тоа не е случај. Овојпат неколку постари членки до-несоа одлука во име на другите за што мо-жеби „кумувале“ САД, но не се јавиле како главен кустодијан. Сега на ред е Либија со образложение за заштита на цивилното население. Ваквата политика, без разлика дали е водена од САД или од други член-ки, полека добива тенденција на воспоста-вена практика. Иако порано најчесто се за-обиколуваа одлуките на Советот за безбед-ност сега изгледа Советот се инструмен-тализира во функција на „повисоките ин-тереси.“ Ако еден од клучните фактори за трајноста на Алијансата е нејзиниот процес на одлучување заснован на консензус, ова сепак не значи дека сите одлуки мора да би-дат едногласни. Меѓутоа, каков механизам е тој кој прави да постојат несогласувања, како што беше случајот во пролетта 2003

5

ДОМИНО-ЕфЕкТПочетокот на 2011 година ја карактеризи-раа масовни протести на населението про-тив долгогодишното диктаторско владеење во земјите на МАГРЕБ и во арапските земји. Овој процес беше најизразен во Северна Африка и на Блискиот Исток, а особено сил-но се почувствува во Тунис, во Египет, во Либија, во Бахреин и во Јемен. Во наредни-от период се очекува истиот бран на неза-доволство да биде домино-ефект и да про-должи понатаму кон Сирија и Иран. Се чини дека некои од состојбите се надминливи. Така состојбите во Тунис се решија со бег-ството на тунискиот претседател Бен Али во Саудиска Арабија. Малку потензична беше ситуацијата во Египет која заврши со преземање на власта од страна на армијата, власта во Бахреин побара меѓународна интервенција за да се воведе мир во земјата, додека властите во Јемен сè уште мака мачат да се справат со протестите на демонстрантите и опозицијата. Меѓутоа најкритична остана ситуацијата во Либија која после првичните успеси на демонстран-тите и опозиционерите поддржани од За-пад ескалира во отворен воен конфликт со владините сили. Силите, лојални на Гадафи, презедоа жестока акција со цел да ја вратат контролата над целата држава, а на ваква-та акција се спротивставија земјите на ЕУ, на НАТО и на Арапската лига. Западните сили во име на спречување на репресијата на Га-дафи врз сопствениот народ побараа до-звола од Советот за безбедност на ООН во-ено да интервенираат. Интересно е дека на-место САД најжестоки во оваа кампања за воена интервенција против Либија (со изго-вор да се избегне понатамошна ескалација на ситуацијата во несакана насока) беа Франција и Обединетото Кралство кои по примерот на досегашната практика од САД најавија воена интервенција без дозвола од Советот за безбедност на ООН.Конечно, со цел да се заштитат цивилите од нападите на силите на полковникот Гадафи, на 18.03.2011 година Советот за безбедност на ООН ја донесе Резолуцијата 1973 со која се воспостави зона на забранети летови над Либија. Оттука произлезе и авторизацијата на новата меѓународна мисија за Либија. Според зборовите на началникот на заед-ничкиот Генералштаб на САД, адмирал Мајк Мулен, „целта на мисијата е во зоната на за-бренето летање да се воведе ред и да се поддржат целите на Обединетите нации, да се спречи хуманитрна криза, да се поддржи хуманитраната помош и да се заштитат ли-биските цивили“.Покрај зоната на забранети летови и воз-душни удари, Резолуцијата 1973 подразбира и санкции, вклучувајќи го и замрзнувањето на средствата на либиската национална нафтена корпорација. Со други зборови, ООН воведе и нафтено ембарго без мож-ност либиската нафта наскоро да се врати на светскиот пазар. Иако либиското учество на светскиот нафтен пазар изнесува само 2%, некој би рекол дека контролата над индустријата со нафта е клучниот аргумент во борбата против Гадафи.Официјално, резолуцијата на Советот за безбедност на ООН и ад-хок направената коалиција од „хуманитарна природа“ се на-менети „исклучиво за заштита на граѓаните на Либија од нападите на Гадафи“. Сепак ,се поставува прашањето дали крајната цел е самиот Гадафи. Неофицијално Гада-фи се смета за легитимна цел и цело вре-

Page 6: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

6

година кога земјите имаа различни процени за опасноста што доаѓаше од режимот на Садам Хусеин во Ирак за изнаоѓање при­фатливо решение. Изгледа дека тоа нам, на обичните набљудувачи и партнери, ќе ни остане непознато.Се чини дека несогласувањата околу воена­та интервенција на НАТО во Либија се прод­лабочуваат и кај земјите кои не се членки на НАТО а и и кај членките. Рускиот претседа­тел Медведев во поглед на интервенцијата се обрати со западна терминологија из­ра зувајќи „загриженост за неселективна­та употреба на сила и можноста од голе­ми цивилни жртви“ и изразувајќи загриже­ност поради начинот на кој се спроведу­ва Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Она што збунува во оваа ситуација е тоа што Медведев исто така нагласи дека во поглед на Резолуцијата бр. 1973 на Сове­тот за безбедност на ОН за Либија Русија „свесно не го искористила правото на вето“.Оттука, иако од една страна премолчено, и Русија се согласила со одлуката на НАТО да се бомбардира Либија, а од друга страна преку нејзиниот премиер жестоко го осуду­ва и критикува мешањето на НАТО во кон­фликтот во Либија. Со цел да се амортизира ставот на Русија, државниот секретар за одбрана на САД, Роберт Гејтс, на Медведев му предло­жи активно вклучување на руската армија во решавањето на проблемот во Либија, меѓутоа рускиот став е дека во овој случај тие единствено можат да бидат мировни по­средници во случајот со Либија.Овие проблеми и недоразбирања го на­метнаа и прашањето со раководењето и командувањето со воените операции над Либија. На ова прашање на почето­

кот немаа одговор ниту самите сојузници. Франција ја започна интервенцијата, САД се промовираа за привремен лидер од нужност, а Обединетото Кралство дава­ше ритам на операцијата. За ситуацијата да биде уште покомплицирана, сите три земји имаат дадено различни имиња на оваа операција. САД оваа операција ја во­дат под името „Down of Ulysses“, Франција како ”Harmatan”, а Обединетото Кралство како „Elami”. На политичко ниво Сарко­зи се наметна како водач на акцијата, Оба­ма, претставувајќи ја најјаката сила, се јави како согласен поддржувач, а Камерон се јави како оној што треба да се консултира за сите прашања.

РевидиРани ставовиСпоред првичните планови секоја земја пла­нирала да ангажира свој посебен коман­ден центар од кој ќе раководи со операци­ите. Но координацијата на трите командни центри од каде што било планирано да се изведува интервенцијата на Либија би се вршела од американската база Рамштајн во Германија и од Неапол, Италија.Со ова лидерите на НАТО несвесно го прекршија општо познатото правило дека во армија без заедничка команда нема основни услови за координација и успех, а без еден водач, не се знае ниту колку ќе трае акцијата ниту, пак, во кој правец ќе се одвива истата. Логичен излез од сета оваа ситуација е повикот НАТО повторно да ја преземе контролата врз командата со вое­ната интервенција во Либија.На почетокот во овој правец се разви голе­ма полемика внатре во НАТО околу тоа кој ќе биде кој, кој ќе биде водач на оваа акција, кој со кои капацитети ќе учествува. Францу­

зите инсистираа НАТО да не ја преземе кон тролата, затоа што во таа ситуација од ко алицијата би се повлекле арапските земји. Тур ција како членка на НАТО гласно одбива-ла каква било воена акција и коалиција во која ќе страда цивилното население. Од дру-га страна, Норвешка најавила дека во от-суство на заедничка команда на НАТО ќе ги по влече своите авиони, додека Италија ја раз гледуваше можноста да не дозволи базите кои се лоцирани на нејзино тло да се ко ристат за оваа операција. Германија од сво ја страна не ни размислува во ско-ро време да се вклучи во интервенцијата. Клучно влијание во одлуката кој ќе ја има главна та улога во раководењето со воена-та ин тервенција ќе имаат САД кои би може-ле дискретно да се повлечат од лидерската по зиција во операцијата. Овие најави имаа свое влијание врз ревидирањето на ставот на Франција околу вклучувањето на НАТО затоа што неа се закануваше опасност да ос тане сама во походот на Либија. САД не са каа да се вовлечат во уште една долга вој-на затоа што тие сè уште се воено присут-ни на два фронта во Ирак и во Авганистан.Оваа дилема конечно се разреши со повлекувањето на САД од лидерската по-зиција во оваа кампања, но САД сè уште ќе носат одговорност за нападите врз копне-ните единици и други објекти во Либија. Но Обама го повтори ставот дека улогата на американската армија во Либија останува ограничена и таму нема да бидат испраќани копнени трупи. Тоа е потврда дека САД не планираат да се впуштат во трета паралел-на војна. Но сепак останува дилемата како ќе заврши оваа операција за американска-та војска и која е цената што ќе треба да ја платата американските даночни обврзници. Со ова се отвори можност НАТО дирек-тно да ја преземе командата и контрола та над спроведувањето на оваа воена ин тер-венција. Според изјавата на Генсек Расмун-сен од 24.03.2011 година „НАТО одлучи да ја спроведе зоната забранета за летови над Либија, а акцијата се презема како дел од по-широкиот меѓународен напор за заштита на цивилите од нападите на либискиот лидер Моамер Ел Гадафи“. Со ова се разрешија сите дилеми околу раководењето со оваа операција. Според Расмунсен, додека НАТО го презема спроведувањето на зоната на летање, се разгледува дали да презе-ме „поширока одговорност, одлука што сè уш те не е донесена“. Во оваа ситуација на ЕУ падна одговорноста за организирање и спроведување на евентуална мировна операција во Либија. Конечно на 28.03. 2011 г. НАТО-член ките по-стигнаа договор за преземање на коман-дата со операцијата со Либија. Ме ѓу тоа, во воената офанзива во Либија нема да уче-ствуваат германски војници, иако Гер манија гласаше НАТО да ја преземе командата во Либија. Според Генсек Расмунсен „НАТО-членките донесоа одлука заеднич ки да ја преземат воената операција во Либија“. Со тоа Алијансата го презеде и последниот дел од воената акција чија цел е да ги зашти-ти цивилите и областите населени со циви-ли на кои им се закануваат напади од режи-мот на Гадафи. Решителноста на за падните сојузници да не се повтори втора Руанда на африканско тло се потврдува и од изјавата на Обама дека „некои нации мо жеби можат да се прават слепи пред злосторствата во други земји, но САД не се такви“.Преземањето на командата над опе ра-

Page 7: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ци јата од страна на НАТО се совпаѓа и со барањата кои Турција ги постави од сами­от почеток. Имено, доколку НАТО се вклу­чи во операцијата за спроведување на зо­ната на забранети летови над Либија, тогаш Алијансата ќе преземе целосна одговор­ност за тоа. За таа цел Турција ја стави на располагање воената база во Измир која ќе биде командниот центар само за операции­те над зоната на забранети летови, но нема да се користи за други евентуални опера­ции над Либија. Но останува дилемата дали останатите бази, освен Измир и најголемата американска воена база Инџирлик, ќе бидат користени за операциите против Либија.После првичните најави за воздржаност од учество во операцијата во Либија, а по преземањето на командата врз ин тер вен­ци јата од страна на НАТО, турскиот пре­миер Ердоган објави дека Турција досега со НАТО договорила три мисии. Едната од нив е Турција да ја преземе должноста за дистрибуција на хуманитарната помош од аеродромот во Бенгази, втората мисија е контрола на воздушниот простор и третата мисија за која е постигната согласност е тур­ските поморски сили да учествуваат во кон­трола на коридорот меѓу островот Крит и Бенгази. Исто така Турција изразува подгот­веност да се вклучи како посредник меѓу ли­бискиот водач Моамер Гадафи и бунтовни­ците, нагласувајќи дека не може да се игно­рираат демократските права и слободи кои ги бара либискиот народ.

Нови предизвициЕден од главните предизвици со кои ќе се соочува НАТО во иднина е како ќе сорабо­тува со партнерите и сојузниците, дали таа соработка ќе варира и ќе зависи од случај до случај, дали НАТО ќе биде способен да ги решава глобалните проблеми на овој на­чин. Општо познато е дека не постои прави­ло според кое се делат проблемите и според кое се определува кој ќе биде предводник во некоја идна воена интервенција. Меѓутоа НАТО не може секогаш да биде предводник во воените интервенции како заложник на нечии други одлуки. Напротив, во одредени ситуации НАТО треба да биде само корек­тор, вклучен со помал придонес, а тежиш­тето во иднина е потребно да се стави на јакнење на соработката и ангажманот на другите организации. Соработката со дру­гите организации не смее да биде лимити­рана само на членките. НАТО денеска е гло­бална институција без да биде глобален по­лицаец, неговата глобална улога не мора да значи дека членството е глобално туку дека целите и хоризонтот се глобални и затоа на Алијансата ì се потребни партнери. Соработ­ката со Европската унија и овојпат не е на оптимално ниво и неуспехот да се подобри таа соработка може да има трајни последи­ци и потврда за неспособност директно да се инволвира во справувањето со воените конфликти.Следен проблем кој се појави со ин тер­венцијата на НАТО во Либија е проблемот со цената на модерното војување. Ова е битно затоа што поголем дел од условно речено помалите членки имаат лимитирани буџети и нивните одбранбени капацитети нема да бидат во ситуација да ги исполнат барани­те обврски и нема да можат да го поднесат товарот на една воздушна кампања. Тоа од друга страна во прашање ја доведува и нивната интероперативност со силите на Алијансата затоа што барањата на модер­

7

фликти би се воделе со зголемена употреба на поморските и на воздухопловните сили, а улогата на копнените сили би била све-дена на минимум. Според изјавата на Гејтс, „....шансите за повторување на втор Авга-нистан или Ирак, со инвазија, смирување и администрирање на голема земја од трети-от свет можат да бидат мали, а фокусот тре-ба да се стави на спречување на влошени-те состојби, пред да прераснат во потполно разгорени кризи кои бараат скапа и голема интервенција“.Друг проблем кој моментално е актуе-лен е справувањето со последиците наста-нати како резултат на големи природни, техничко-технолошки и други несреќи. Све-доци сме на справување со последиците од земјотресот и цунамито во Јапонија кои предизвикаа дополнителни проблеми со ек-сплозиите во нуклеарниот комплекс „Фуку-шима“ и радиоактивното зрачење. Пора-ди тоа, ако НАТО заговара справување со модерните предизвици, Алијансата треба да посвети поголемо внимание и на можно-ста од ангажирање на неговите сили и во ва-ков вид на справување со несреќи. Со пра-во се очекува ваквите загрозувања во ид-нина да ги редефинираат воените стратегии на сите земји. Повеќе од јасно е дека криза-та во Јапонија има и ќе има свои имплика-ции и врз идната безбедносна состојба, не само на регионално туку и на светско ниво.Северноатлантската алијанса во ноември 2010 година го донесе новиот Стратегиски концепт со кој се подготви теренот за про-мена и понатамошно преструктуирање со цел да биде подготвена да одговори на но-вите безбедносни предизвици на 21 век. Овие промени во НАТО се насочени кон по-

литичка и воена трансформација така што се прават напори НАТО да се институцио-нализира во глобална организација. Воена-та интервенција на НАТО врз Либија го от-вори прашањето за поактивната улога на европските земји во воените интервенции. Тоа значи дека во иднина водечката улога во употребата на воената сила од име на НАТО нема да ја имаат само САД туку обвр-ска ќе имаат и другите членки на НАТО. Исто така може да се заклучи дека во блиска ид-нина е можно да претстои и промовирање на нова стратегија за справување со хума-нитарни кризи, природни непогоди, сајбер-тероризам, но и злоупотреба на воената сила од страна на НАТО.

Игор Ѓорески, Александар Главинов

ното војување многукратно ги надминува-ат нивните капацитети и способности. Овој јаз уште повеќе се очекува да се продлабо-чи, посебно ако се земе предвид новата без-бедносна ориентација на САД. Со други збо-рови ова значи двослојност на Алијансата. Првиот слој би ги опфатил оние кои би ги користеле капацитетите за софистицирано војување, а вториот слој ќе бидат оние кои ќе мора да стапнат на терен или онаму каде многу повеќе се гине. Во поддршка на ваква-та констатација оди и фактот дека во мина-тото во НАТО постоеше атлантска компакт-ност и европска концептуалност која соз-даваше глобална хармонија помеѓу членки-те во поглед на одлуките за воените интер-венции и за учеството во истите со различ-ни капацитети, а денес сè појасно се јавува поделеност помеѓу земјите во поглед на донесувањето на одлуките и ангажирањето на капацитетите.Најголем проблем за НАТО во иднина би била воздржаноста на САД за евентуално учество во копнени кампањи против други земји. Воздржаноста на САД од водечката улога во оваа интервенција можеше да се види и од изјавата на секретарот за одбра-на на САД Роберт Гејтс на 25.02.2011 година кога истакна дека „...за САД би било повол-но никогаш повеќе да не водат војни како оние во Блискиот Исток“. Според неговото мислење...„секој иден секретар за одбрана кој ќе го советува претседателот на САД по-вторно да испрати големи американски коп-нени сили во Азија, на Блискиот Исток или во Африка, треба да ја има испитано својата глава“. Ваквата изјава на Гејтс најверојатно е поттикната од товарот што го имаат САД во војните во Ирак и во Авганистан и тивко-то повлекување и дистанцирање на НАТО-членките од истите. Меѓутоа со оваа изјава не се повикува на изолација на САД какој пред Втората светска војна ниту, пак, пред-видува период на отсуство на судири, пери-од којшто сега САД го нарекуваат „ера на постојани конфликти“.Овие ставови алудираат на промена на стратегијата на војување на САД со што би се ставило крај на децениското размислување на американските воени стратези за упо-треба на „големи сили„ и „големи оклопни формации“ на теренот. Од друга страна ова подразбира дека во иднина САД планираат да им дадат примат на другите сили и сво-ите акции да ги управуваат преку зголеме-на ангажираност на поморските и на возду-хопловните сили, а не преку копнените сили т.е. „со чизми на теренот“. За да се реализираат изјавите на Гејтс по-требно е да се воведат порадикални промне-ни во одбранбената политика и стратегија на САД што подразбира трансформација и реорганизација на улогата, на структура-та и на начинот на употреба на вооруже-ните сили на САД. Овие промени би преди-звикале и соодветно влијание од аспект на управувањето со кризните ситуации и кон-тролата на териториите зафатени со кон-фликти. Со промената на стратегијата на војување ипликациите врз копнените сили ќе бидат големи затоа што ваквата поставе-ност ќе значи и намалување на буџетските средства за копнените сили за 10 до 20% за сметка на поморските и на воздухопловни-те сили. Ваквиот чекор логично е да се оче-кува затоа што можните идни конфликти за директен судир на големи механизира-ни копнени армии се малку веројатни. Затоа планерите на САД сметаат дека идните кон-

Page 8: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Господине генерал, Вие сте првиот на­чалник на Генералштабот на АРМ во самостојна Република Македонија та­ка што имате дадено голем придо­нес во формирањето на македонска­та армија. Што всушност се случува­ше тогаш, пред и во првите денови од создавањето на АРМ?– Tоа време беше многу турбулентно – СФРЈ се распаѓаше, и тоа се распаѓаше вртоглаво. Национализмот во таа држа-ва не дозволи воопшто да се седне на маса и да се реши прашањето на поли-тички план. Македонија и Македонците низ вековите секогаш се бореле да бидат самостојни, да имаат сопствена држава, сами да одлучуваат за своето име, за се-беси. Но во тоа време ситуацијата беше многу тешка – Словенија се отцепи, а кога ќе се отцепи една држава, тогаш повеќе нема база, тогаш сите сакаа да имаат свои сопствени држави. Сите настани покажаа дека местото ни е надвор од заедничката држава. Впрочем, го знаете мислењето на Милошевиќ – Македонија се нареку-ваше Вардарска Бановина, Јужна Србија итн. Во такви услови Македонија не може-ше да остане во Југославија така што се создаде мислење да се формира сопстве-на држава која ќе има и сопствена армија. За да се дојде до сопствена армија мора-ше тоа прашање да се официјализира. Официјалноста првенствено произле-гува од Уставот и од законот за одбра-на. Во време на донесувањето на Зако-нот за одбрана јас бев началник на Шта-

бот на Третата воена област – да потсе-там, таа област држеше една третина од територијата на СФРЈ, што беше огро-мен простор. Во Македонија, односно на нејзината територија егзистираа 28.000 до 30.000 војници и старешини. Кога за-почна вртоглавото распаѓање, погреш-ната политика доведе до распаѓање и до празнење на единиците. Едноставно ре-публиките си ги повикаа своите офицери – најпрво заминаа Словенците, па Хрва-тите, па Босанците, и на крајот останавме ние Македонците, Црногорците и Србите. Македонија имаше неколку генерали-Македонци, како и офицери и војници низ цела Југославија – на острови, на грани-ци, на сообраќајни јазли и јазли за врски

8

ГОРД

И Н

А СВ

ОИТЕ

СТА

РЕШ

ИНИ

И В

ОЈНИ

ЦИ

на планините, и едноставно не можев-ме веќе да чекаме. Од 3.500 офицери колку што Македонија имаше во ЈНА, во Македонија се вратија околу 750, а допол-нително имавме и околу 2.500 граѓански лица кои работеа во ЈНА.

Пред дваесет години, кога се воде­ше битката за осамостојувањето на Ма кедонија, едно од најважните пра­ша ња беше создавање македонска ар мија која ќе биде способна да го брани територијалниот интегритет и самостојноста на државата. Како гледа­те на тие настани од денешен аспект?– Замислете го Македонецот во ЈНА – му паѓа врз глава куќата, останува сам, нема

СО ПРВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМ, ГЕНЕРАЛ-ПОТПОЛКОВНИК ВО ПЕНЗИЈА, МИТРЕ АРСОВСКИ

интервју

Page 9: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

9

ку офицери кои ние не ги познававме, а тие одеднаш почнаа да доаѓаат од сите страни. Мене лично некогаш ми доаѓаа и во мојот дом, и среде ноќ, и тоа по леб и за покрив над глава. Затоа јас побарав од министерот за одбрана Воениот хотел потполно да се испразни од сите офице-ри кои не беа од Македонија, така што це-лиот хотел го средивме и луѓето почнаа таму да живеат. Интересно е да ви кажам што остана во тие касарни. Душата ме болеше кога доаѓаа камиони и кога креваа сè што мо-жеше да се крене. Имам записи од ак-тивности кои јас би ги нарекол чист ван-дализам. Во Аеродром имаше огром-ни инсталации, но сè беше исечено и ис-кинато, не можевте да најдете шалтер кој не беше скршен, чешмите беа изва-дени, радијаторите искорнати, практич-но сè беше руина. Сето тоа мораше да се поправи, а немавме пари. Разговаравме со разни претпријатија да ни направат ко-шули, одела, чизми, и за голема среќа тие ни излегоа во пресрет. Активен беше вое-ниот погон во Прилеп кој можеше да про-должи со работа. Работеше и „Сувенир“ каде имавме околу три милиони куршуми, а имаше и други производи кои имаа од-личен квалитет. Јас ги имав извештаите од кои можеше да се види што сè беше земено од кај нас. После договорот Глигоров – Аџиќ, сета техника и опрема која постоеше, освен оружјето, мораше да стои во караулите. Откако сериозно реагирав кај генералот Мојсиловиќ, тие почнаа да враќаат дел од тоа што го беа бесправно одзеле. Не дозволував некој да си игра со она што е наше, што всушност беше седум процен-ти од она што го поседуваше Југославија, бидејќи во општите трошоци на таа држа-ва, Македонија учествуваше со седум проценти. Ние не добивме апсолутно ништо, тука не остана ништо! На крајот најдовме два расипани тенкови во При-леп кои ги натоваривме и ги однесовме во МЗТ на поправка за да имаме на што да се обучуваме. Немавме ниту кревети, но на наша среќа тоа го имаше во ТО, на нивните вежбалишта. Пластично речено, ние собравме сè од сите страни. Во однос на кадарот, сите 750 офицери коишто дојдоа во Македонија, коишто имаа македонско државјанство и беа ро-дени во Македонија, без разлика на нив-ната национална припадност, значи без разлика дали биле Македонци, Албанци или друга националност, беа распределе-ни. Таа армија сепак беше армија во која служеа луѓе од сите националности и, се-како, македонскиот народ како нејзин но-сител, што всушност може да се види и во нејзиното име – Армија на Република Македонија. Сите припадници на АРМ ра-ботеа безусловно – да ја видевте касар-ната „Илинден“ претходно и за време на свечената обврска, ќе забележевте каква работа беше завршена. Некои работи се распаѓаа, касарната беше оставена на за-бот на времето, сè беше уништено и из-бришано. После вложените големи на-пори сите касарни беа чисти, уредни, со кревети и постелнина. Задоволство беше

повици од никаде, не знае што да пра-ви. Дури и генералите од врвот добиваа текстови во кои се напаѓаше Македонија дека сака да се сецесионира, дека сака да биде самостојна држава итн. Јас бев во контакт со господинот Киро Глигоров долго време. Ние со него разгледував-ме различни прашања, дали, кога и како да се повикаат македонските офицери назад, едноставно што да се прави. До-дека ЈНА беше силна во Македонија таа не „спиеше“. Имаше одредени подготов-ки, но ние знаевме дека тие нема ништо да сторат тука. Тоа беше така затоа што главниот фронт беше во Словенија и во Хрватска, и сите единици на ЈНА тргнаа натаму. Претседателот, како врховен ко-мандант, ги имаше сите информации да донесува одлуки и тој, иако беше без војска, ја имаше територијалната одбра-на која броеше околу 120.000 луѓе. Сепак, се сретнавме сите генерали и некои пол-ковници кои беа на генералска позиција во ТО и одлучувавме што да правиме по-натаму – армија не се гради преку ноќ, таа бара финансии, луѓе, техника и „гла-ви“ за размислување. Тогаш одлучивме да му предложиме на претседателот една организациско-формациска структура на армијата која беше адекватна за тој пери-од, за тоа време, во такви историски усло-ви кои беа сосема различни од денешни-те. Практично тогаш ние немавме ни тен-кови, ни авиони, ни тешки орудија, ниту средства за разузнавање, ниту средства за откривање цели во воздухот, односно ние немавме ништо. На 3 март 1992 година се собравме некол-кумина генерали и полковници кај претсе-дателот и зедно со министерот за одбра-на ги залепивме сите карти на ѕидовите на неговиот кабинет. Според планот, Армијата на Република Македонија тре-баше да брои околу 14.000 лица, не спо-ред сите принципи на градба на армии, туку според потребите на Македонија, според нејзината состојба, географската положба, според нејзините можности и, секако, според економската состојба. Во образложението имаше и колку гарнизо-ни ќе има армијата, колку бригади какви пониски единици, каде ќе бидат команди-те на бригадите, на корпусите и на самиот Генералштаб, односно сè беше образло-жено – дури и тоа колку генерали ќе има-ме, колку полковници, колку потполковни-ци. Кога претседателот го виде сето тоа шаренило на ѕидовите беше воодуше-вен затоа што претседател на република без војска е како генерал без војска. Тој се подзамисли малку и ми се обрати со зборовите: „Генерале, дајте ми еден фло-мастер и каде треба да потпишам“. Кар-тата каде што тој требаше да стави пот-пис веќе беше подготвена и претседате-лот со задоволство ја потпиша одлуката. Тие документи се чуваат во архивата. Од тој ден, 3 март, ние почнавме да работи-ме со полна пареа. Имавме големи амби-ции, огромен елан, а морам да ви кажам и дека сите старешини без приговор и со задоволство ги прифатија и ги извршу-ваа задачите. Кога сега ќе се сетам што сè не правевме во тие пет први касарни

во Куманово, во Охрид, во Скопје, во Ве-лес и во Битола... На првичниот план за четири касарни ја додадовме и касарна-та во Штип во која се обучуваше првата генерација граничари кои ги добивме по-сле само три месеци. За нив морам да ка-жам дека со интерес слушаа за што ги об-учуваме – тие гаѓаа, вежбаа и кога дојдоа на граница, беше вистинско задоволство да се види како наши луѓе ја преземаат границата од ЈНА.

Следеше преземањето на првите ка-раули и пристигнувањето на првите ре-грути во македонските касарни. Веќе на 9 мај 1992 година АРМ беше опера-тивно подготвена и ставена под коман-да на врховниот командант. Дали, се-пак, сè течеше така „лесно“?– Се најдовме во матицата на тогашни-те историски збиднувања и му посочив на генералот на ЈНА Мојсиловиќ, кој сè уште беше тука, во Македонија, да ја ста-ви ЈНА „на нула“ и, ако веќе остане тука, сè да минува тивко и мирно, бидејќи одре-дивме комисии кои ќе работат на пробле-матиката. Секако, имаше некои мали су-дири и недоразбирања, но работата те-чеше. Потоа дојде и Указот од претседа-телот за поставување на генералите, а ги поставивме и командантите на корпуси-те бидејќи мораме да имаме некоја про-должена рака преку која ќе можат да се издаваат наредби до потчинетите едини-ци. Генералштабот не можеше да рабо-ти без тие структури. Генералштабот поч-на да работи со „една нога“ – имаше мал-

Page 10: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

да се гледа и почетокот на обуката, иако првите планови ги направивме за многу краток рок. Претседателот на Републиката за прв пат нè посети на свечената обврска која беше дадена во касарната „Илинден“ на 9 Мај, на Денот на победата над фашизмот. Во „Илинден“ беа доведени и построени сите војници и старешини од сите касар-ни од Скопскиот гарнизон. Јас како начал-ник на Генералштабот бев воодушевен. То-гаш пред себе видов одредена структура која е речиси подготвена да ги извршува сите обврски. Во касарната влегоа и око-лу 10.000 граѓани бидејќи ги интересираше што се случува со армијата. Тоа беше една неверојатна глетка. Го пречекав врховниот командант, му предадов рапорт, го прими стројот, го обиколи, држеше говор, и сето тоа се заврши на достоинствен начин. Со претседателот на Републиката ги посетив-ме и просториите и тој беше воодушевен кога виде дека сè е подготвено.

Од првите денови на формирањето на АРМ се залагавте за армија која ќе биде способна да одговори на сите предизви-ци. Ве молам направете споредба каква беше армијата тогаш, а каква е денес?–Ние Армијата во тоа време ја градев-ме според потребите и можностите на Македонија и според нашите мислења и ставови. Армијата денес сега се гра-ди, пред сè, за потребите на заедничката НАТО-алијанса и за силите кои го чуваат мирот во светот. Ние не прашувавме ни-

10

Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО но, за жал, поради познатиот спор за името со нашиот јужен сосед, сè уште сме во чекалницата на Алијансата?– Јас сум Македонец. Јас сакам да се ви-кам така како што ме крстил мојот кум. А оваа земја нема кум однадвор, тој е вна-тре, кумот е народот. Кум не може да биде ниту ООН, бидејќи и во Повелбата на ООН пишува дека секоја нација и секој народ сам за себе ја обликува иднина-та на својата држава. Би сакал што поб-ргу да станеме дел од НАТО-алијансата, бидејќи Алијансата може да се нарече „де-бел чадор“ кој треба да се искористи оти ние сме мала држава на Балканот. И АРМ

Секако внимававме и на кодексот на однесување на армијата. Прва задача ни беше да создадеме горди старешини и горди војници, бидејќи тие треба да бидат горди што станале дел од АРМ и да бидат горди што треба да го штитат својот на-род и својата држава. Нашата армија денес е многу поподвижна – ние немавме со што да се пренесеме од едно место на друго и моравме да земаме возила од работните организации за да се префрлиме до полигонот „Криволак“ за да гаѓаме. За пренос преку воздух не можев-ме ни да размислуваме. Сè друго течеше нормално, исхраната, облекувањето, а об-уката, всушност, беше подобра и од онаа претходно. Сепак, денес обучувањето е

многу помодерно, со многу други софи-стицирани средства, со обучувачи кои се платени и кои мора да одат според некој план, а имаме и специјално обучување за специјални задачи. Во тоа време основната обука на АРМ беше одбрана на Републиката, а сега обучувањето оди во насока на штитење на мирот во светот, секако заедно со НАТО-алијансата, што е сосема друга за-дача. Јас сметам дека оваа армија е оспо-собена успешно да ја врши основната за-дача – одбрана на државата. Офицерите денес се многу поквалитетни што се од-несува до општото образование, а опре-мата е многу поинаква, помодерна. Голем напредок има во квалитетот на облеката, во сместувањето, храната...

„ЈАС СУМ гОРД ШТО СО МОИТЕ кОЛЕгИ гИ ПОСТАВИВМЕ ОСНОВИТЕ НА РАзВОЈОТ НА ОВАА АРМИЈА И ВО ЕДЕН ПЕРИОД ДАДОВМЕ СИгУРНОСТ НА ОВАА ДРжАВА. ЈАС НИкОгАШ НЕМА ДА ЈА кРИТИкУВАМ АРМИЈАТА бИДЕЈќИ ТОЈ ШТО ЈА кРИТИкУВА АРМИЈАТА НИТУ ЈА ПОзНАВА НИТУ МИСЛИ ДОбРО.“

во јатото на НАТО многу подобро ќе лета и многу подобро ќе работи, односно ќе биде заштитена, а со тоа ќе биде зашти-тена и Република Македонија.

Денес АРМ има нова, дополнета ми-си ја и задачи во споредба со време-то на создавањето, а тоа е поддршка-та во достигнувањето и одржувањето на светскиот мир. кој е Вашиот комен-тар?– Јас не можам да посочам армија која е вон НАТО-алијансата а која подобро ги из-вршува задачите од АРМ. Во тоа сум це-лосно сигурен. Оваа армија и овој народ имаат војнички традиции. Овој турбулен-тен Балкан бил подложен на удари на разни сили од сите страни, од крстонос-ците до Арапите. Токму затоа Македо-нецот морал да се снаоѓа, да преживее. Македонецот е по природа војнички на-строен, а на македонскиот војник мора да му се верува безрезервно бидејќи при извршување на задачата тој нико-гаш нема да се откаже. Затоа македон-скиот војник многу полесно ги претрпу-ва т.н. невозможни ситуации за разлика од другите војници. Впрочем, доволен доказ за тоа се и многубројните медали и признанија кои ги добиваат припадни-ците на АРМ. Многу армии се однесува-ат со почит кон нашата армија. Иако ние не сме официјален дел од НАТО, ние „de facto“ сме таму, ги извршуваме сите зада-чи кои ни ги поставуваат. Нашиот војник е снаодлив, обучен и горд припадник на АРМ. Ова мое мислење никогаш нема да се промени бидејќи јас сум еден од твор-ците на оваа армија.

Здравко Ризовски/Иван Петрушевски

„ОВАА АРМИЈА И ОВОЈ НАРОД ИМААТ ВОЈНИчкИ ТРАДИЦИИ. МАкЕДОНЕЦОТ ПО ПРИРОДА Е ВОЈНИчкИ НАСТРОЕН, А НА МАкЕДОНСкИОТ ВОЈНИк МОРА ДА МУ СЕ ВЕРУВА бЕзРЕзЕРВНО бИДЕЈќИ ПРИ ИзВРШУВАњЕ НА НЕкОЈА зАДАчА ТОЈ НИкОгАШ НЕМА ДА СЕ ОТкАжЕ. зАТОА МАкЕДОНСкИОТ ВОЈНИк МНОгУ ПОЛЕСНО гИ ИзДРжУВА Т.Н. НЕВОзМОжНИ СИТУАЦИИ зА РАзЛИкА ОД ВОЈНИЦИТЕ ВО ДРУгИТЕ АРМИИ.“

кого и велевме дека Македонија мора да има армија која ќе гарантира безбедност на оваа држава. Можам слободно да кажам дека ние це-лосно си ја исполнивме задачата, и по-крај тоа што тогаш немавме политичка стратегија, а воената стратегија почнавме да ја пишуваме. Немавме ниту доктрина за употреба на силите, а токму доктрина-та ви дава една насока како да ја употре-бите артилеријата, како авијацијата и сл. Добро е што имавме една книга во која беа дадени воените изрази и команди на македонски јазик чие создавање започ-на во 1982 година. Во тимот кој работе-ше на книгата со воени изрази, освен во-ени лица, меѓу кои бев и јас, имаше и про-фесори по македонски јазик.

Page 11: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

инфоНОВИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ НА АП „КРИВОЛАК“

11

вештини“ – истакна, меѓу друго-то, во својот говор министерот за одбрана, Зоран Коњановски. Помошникот на началникот на Генералштабот на Кралството Данска за меѓународна безбед-носна политика, генерал-мајор Курт Мосгард, во говорот пред присутните гости искажа задо-волство што тој, заедно со дан-ската делегација, се присутни на официјалното отворање на овој капацитет. „За мене е важно дека ние сме партнери во еден тежок свет во кој постојат воени конфликти. Мошне важно е нашата соработ-ка да продолжи, особено сора-ботката во меѓународните мисии надвор од земјата, а за да имаме успешна мисија треба да работи-ме заедно, да обучуваме, а овие капацитети придонесуваат за тоа, независно дали станува збор за мисија на ЕУ или, пак, за мисија на НАТО, изјави, меѓу другото, ге-нералот Мозгарт.

а 4 април на армискиот поли-гон „Криволак“ свечено беа пуштени во употреба нови-те сместувачки капацитети во кампот „Стрела 1“.

Станува збор за сместувачки капацитети изградени со фи-нансиска помош од Министер-ството за одбрана на Кралство-то Данска во висина од око-лу 320.000 евра, средства кои се доделени за модернизација на полигонот „Криволак“ и него-во прераснување во Регионален тренинг-центар кој во иднина ќе биде достапен за одбранбените сили на Република Македонија, но и за армиите од регионот и по-широко.„Благодарение на нашите при-јатели од Кралството Данска, од денес Криволак е побогат со ка-пацитети за сместување на една чета, така што се создадени усло-ви за непречено функционирање на трупите кои во иднина токму тука би ги надградувале своите

дини кога нè призна под устав-ното име, истакна министерот Коњановски.„Се наоѓаме во период кога Полска за неколку месеци го

презема претседавањето со Ев-ропската унија“, нагласи мини-стерот за одбрана.– Тоа е шестмесечен пери-од кој е многу значаен за За-падниот Балкан и за Републи-ка Ма кедонија затоа што две години по ред добиваме пози-тивен извештај од Европската комисија и конечно мислам дека доаѓа периодот кога треба да ги почнеме преговорите за полно-правно членство во ЕУ, рече ми-нистерот Коњановски.Македонскиот министер за од-брана посетата на Полска ја заврши со посета на неколку полски компании од наменската индустрија.

инистерот за одбрана, Зо-ран Коњановски, кој не-одамна престојуваше во

дводеневна официјална посета на Полска, изрази задоволство од средбите со неговиот пол-ски колега, Богдан Клих, како и од разговорите со заменик-министерот за економија, Ра-фал Банијак, со претседавачот на Парламентарниот комитет за национална одбрана, Станис-лав Взјатек, и со раководителот на Бирото за национална без-бедност, Станислав Козиеј.– Задоволен сум од првиот ден од посетата на Полска и од сред-бите што ги остварив. Морам да признаам дека мојот полски коле-га, Богдан Клих, беше задоволен и изненаден од она што го слуш-на за начинот и ентузијазмот со кој се водат реформите во Мини-стерството за одбрана, изјави ми-нистерот Коњановски.Тој посочи дека Полска е зна-чајна за Република Македонија заради принципиелната полити-ка и преземањето на претседа-телството со Европската унија од 1 јули годинава. – Од Полска имаме што да нау-чиме затоа што политиката која ја води е прецизна, одважна и солидарна во однос на помали-те земји што можевме да го ви-диме на дело пред неколку го-

ПОЛСкА Е зНАчАЈНА зЕМЈА зА МАкЕДОНИЈА

Page 12: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

о Указ на претседателот на Република Македонија

и врховен командант на воо-ружените сили на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за нов командант на Здружена-та оперативна команда (ЗОК) на АРМ е поставен бригадни-от генерал Горанчо Котески кој досега ја извршуваше должно-ста аѓутант и воен советник на врховниот командант на воо-ружените сили на Република Македонија.По повод приемот на должноста,

на 7 април во просториите на Командата на ЗОК беше од-ржана пригод-на свеченост на која прису-ствуваа начал-никот на Гене-ралштабот на АРМ, генерал-потполковник

Мирослав Стојановски, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, командантите на првопотчинетите единици на ГШ на АРМ и првопотчинетите еди-ници на ЗОК, претставници од Кабинетот на претседателот на РМ, градоначалници и претстав-

ници од локалната самоуправа на градот Куманово и вработе-ните во Командата на ЗОК.Во своето обраќање до присут-ните, генералот Котески, меѓу другото, истакна: „Потполно сум свесен за предизвиците и обвр-ските што ги носи оваа долж-ност, но во исто време ми прет-ставува особено задоволство и голема чест да бидам на чело на оваа Команда која ќе продолжи по патот кој веќе е трасиран од страна на сите досегашни коман-данти. Во текот на мојата работа како командант ќе се раководам според законите и прописите, со професионален однос кон по-ставените задачи. Ќе настојувам да го обединам искуството на постарите со идеите и креатив-носта на помладите“. Бригадниот генерал Котески во својата кариера успешно из-вршувал командни должности во единиците на АРМ на раз-лични рамништа, при што завр-шил и повеќе високи школи и стручни курсеви во земјата и во странство, од кои се издвојува Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, а бил и воено аташе на Република Македонија во СР Германија.

Ненад Миклош

рмијата на Република Маке­донија со Вооружените сили

на Република Хрватска има од­лична соработка, како во рамки­те на Јадранската група така и на билатерален план, која е осо­бено изразена во делот на обу­ката, во изведувањето заеднич­ки вежби, во воената едукација, во размената на искуства од уче­ството во мировни мисии и дру­го. Висока делегација на Воо­ружените сили (ВС) на Републи­ка Хрватска, предводена од за­меникот на началникот на Ге­нералштабот (ГШ) на хрватска­та армија, генерал­полковник Слав ко Бариќ, претстојуваше во дводневна официјална посета на АРМ.На средбата во ГШ на АРМ пред делегацијата од Републи­ка Хрватска, чиј официјален до маќин беше заменикот на началникот на ГШ на АРМ,

генерал-мајор Насер Сејдини, беше разговарано за можности-те за проширување на билате-ралната соработка помеѓу две-те армии, како и за размената на искуства и на научените лек-ции од извршувањето на мисии-те предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН. Генералот Бариќ оствари средба и со заменик-министерот за од-брана, Емил Димитриев, средба на која од двете страни беше ви-соко оценета соработката во де-лот на одбраната со Република Хрватска и која во наредниот пе-риод ќе се интензивира.Во рамките на посетата, де-легацијата на ВС на Република Хрватска го посети Военомеди-цинскиот центар на АРМ, оства-ри средба со командантот на Здружената оперативна коман-да на АРМ и го посети армиски-от полигон „Криволак“.

бРИгАДНИОТ гЕНЕРАЛ гОРАНчО кОТЕСкИ, НОВ кОМАНДАНТ НА зОк

он крајот на март се реали-зираше третата по ред и по-следна инспекција на специ-

фицирана област од страна на инспекциски тим на вооружени-те сили од Република Словенија со гостин-инспектор од вооруже-ните сили на Република Чешка со што Република Македонија ја ис-полни квотата, а со тоа и обврска-та за прием на инспекции во ду-хот на „Виенскиот документ ’99“. Инспекцијата започна со бри -финг во ГШ на АРМ со за поз на-ва ње на инспекторскиот тим со структурата на АРМ и на ГШ, на единиците, на активностите и на состојбата во специфираната об-ласт, при што беше нагласе но дека не се спроведуваат актив-ности подлежни на претходно нотифицирање според одредби-те на „Виенскиот документ ’99“. Потоа се реализираше посета на ЗОК, на Командата за логистич-ка поддршка, на Командата за

обука (КзО) во Велес, на Првата мпбр, на Полкот за специјални операции, на воздухопловниот ВИНГ и на Третата рпбр. На завршниот состанок–дебри-фингот, лидерот на инспекциски-от тим даде кратка оцена за реа-лизираната инспекција на специ-фицираната област, нагласувајќи дека инспекцијата на специфи-раната област во потполност се спроведе во духот на одредби-те на „Виенскиот документ ’99“. Инспектираните единици и ко-манди ги исполнија нормите во спроведувањето на обврските кои произлегуваат од одредбите на „Виенскиот документ ’99“. Лидерот на инспекторскиот тим посебно ја потенцираше под-готвеноста и транспарентноста која ГШ на АРМ и инспектирани-те единици ја презентираа при реализацијата на инспекцијата.

Панче Арсов

д 24 до 26 март со пригод-на повеќедневна програ-

ма се одржа прославувањето на патронатот на Универзите-тот „Гоце Делчев“ – 27 Март, де-нот на основањето. На свечена-та академија на 25 март од стра-на на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Саша Митрев, на Вое-ната академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје беше вра-чена плакета за институција која дала придонес во афирмацијата на Универзитетот. Плакетата ја прими деканот на ВА, полковник д-р Росе Смилески, редовен про-фесор.Програмата вклучуваше и про-мо ција на доктори на науки, про моција на разни изданија на Универзитетот, како и свечено отворање на нов објект на Уни-верзитетот во кој ќе бидат сме-стени факултетите од Кампусот 4 при Универзитетот „Гоце Делчев“.

СОРАбОТкА НА ВИСОкО НИВО

ИСПОЛНЕТА ОбВРСкАТА НА РМ кОН ОбСЕ

урсот за инструктори „Техни-ки на воена обука и инструк-

ции“ се реализира во Команда-та за обука еднаш до двапати го-дишно за потребите на единици-те во АРМ. Овојпат курсот се ре-ализираше во единицата на воз-духопловниот ВИНГ на АРМ. Целта на курсот за инструкто-ри „Техники на воена обука и ин-струкции“ е секој изведувач на обуката да ги подобри методи-те за пренесување на знаењето пред мала група за дадена сод-ржина. Откако ќе го завршат кур-сот изведувачите на обуката до-биваат сертификат и се стекну-ваат со статус инструктор за тех-ники на воена обука и инструк-ции што претставува услов за реализирање обука од струч-ниот дел за кој тие веќе добиле сертификат.„На овој курс се посветува осо-бено внимание за тоа како тре-ба инструкторот да се однесу-ва пред аудиториумот, за хро-нолошкиот ред на целокупна-та подготовка и реализација на еден курс, посебно за употреба-та на наставните помагала и ко-муникациските вештини“, рече наредникот Тони Велјаноски од воздухоловниот ВИНГ кој веќе има големо искуство со оваа содржина.

Џемаил Демири

кУРС зА ИНСТРУкТОРИ

12

ПЛАкЕТА зА ВОЕНАТА АкАДЕМИЈА

Page 13: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

а барање на МO на РМ, а во насока на испи ту-вање на мислењето на јав носта за прашања кои

се директно поврзани со работата на Министерство-то за одбрана, АРМ и НАТО–интеграциите, Институ-тот за политички ис тра жувања–Скопје, во периодот од 26 март до 1 ап рил спроведе анкета на јавното мислење во врска со неколку актуелни прашања.На прашањето како ги оценувате активностите на МO во граѓанската област, 69,7% од испитаници-те дале позитивен одговор, 16,8% од испитаниците дале негативен одговор, а 13,4% немале одговор.На прашањето, како ги оценувате активните мер-ки на Владата на РМ и на МO за ново вработување на професионалните војници кои ја напуштаат АРМ (во согласност со законските прописи) поради на-вршување на 38 години возраст, 62,7% од испита-ниците одговориле позитивно, 23% од испитаници-те одговориле негативно, а 14,3% немале одговор.На прашањето, како го оценувате отпочнувањето со работа на Школата за пилоти со која од наредна-та година Република Македонија ќе може да обра-зува пилотски кадар во државата, 84,5% од испита-ниците одговориле позитивно, 4,9% од испитаници-те одговориле негативно, а 10,6% немале одговор.На прашањето, како го оценувате проектот „Стари-те касарни за нов развој – Владата за граѓаните“ со кој овие касарни им се даваат на користење на оп-штините во функција на поттикнување на локалниот економски развој, 66,4% од испитаниците одговори-ле позитивно, 10,4% од испитаниците одговориле не-гативно, а 23,2% немале одговор.На прашањето, како ја оценувате работата на мини-стерот за одбрана, Зоран Коњановски, позитивно одговориле 45,9% од испитаниците, негативно одго-вориле 30,4% од испитаниците, а 23,7% немале од-говор.

Баскер, советник на амбасадорот на Кралството Норвешка.При нивната посета на седиште то на ОРОРМ, претседателот, проф. д-р Ѓорѓи Малковски накусо ги ин-формираше за организациско-кадровската струк тура на ОРОРМ, како и за неј зините активности, улогата и функцијата во одбран-бениот систем на РМ. Воените аташеи во овој разговор, меѓу другото, ги презентираа актив-ностите и искуствата во работа-та на асоцијациите на резервни-те офицери во нивните држави и изразија подготвеност да се анга-жираат во натамошната размена на искуства, воспоставувањето на директни контакти и билате-рална соработа помеѓу спомена-тите субјекти.

УСПЕШНА ТРИбИНАНа 15 април, над 150 резервни офицери и подофицери, члено-ви на Општинската организаци-она единца (ООЕ) на ОРОРМ од Прилеп, со која раководи Марјан Михајлоски, во салата на Советот на Општина Прилеп, учествуваа на трибина посветена на две ак-туелни теми од областа на одбра-ната и анагажирањето на АРМ во операции за поддршка на мирот.На трибината, што како планира-на активност се одржа по повод Денот на резервните офицери,

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВАВо Програмата за работа на Организацијата на резерв-ните офицери на Република Македонија (ОРОРМ) во 2011 го-дина, значајно место зазема-ат меѓународните активности на оваа асоцијација која од 2005 година е придружна членка на Меѓусојузничката конфедерација на резервните офицери (CIOR) при НАТО. Во контекст на вакви-те програмски определби во 2011 година, меѓу другото, се планира-ни непосредни контакти и разго-вори со воените аташеи акреди-тирани во Република Македонија. Во текот на изминатите два месе-ци веќе се остварени разговори со: полковникот Тод Браун, воено аташе на САД; полковникот Иво Кутев, воено аташе на Република Бугарија; потполковникот Матиас Кремин, воено аташе на Сојузна Република Германија; потполков-никот Роман Пољановски, заме-ник на военото аташе на Руската Федерација; господинот Херман

а 20 април со свечен заврше-ток заврши обуката на уште

една генерација војници кои до-броволно го отслужија воениот рок во Центарот за индивиду-ална обука во состав на Коман-дата за обука на АРМ во Велес. Предвидената обука со успех ја завршија 95 војници, притоа реализирајќи ги сите поставени задачи според Наставниот план и програма за обука. Овие пла-нови и програми за обука во реализација на Центарот за инди-видуална обука се во согласност со новите стандарди на армиите на земјите-членки на НАТО.

13

АНкЕТА НА ЈАВНОТО МИСЛЕњЕ

о повод Денот на возачите – 31 Март, на 29 и на 30 март во кругот на касарната „Чеде

Филиповски–Даме“ во Кичево се одржа натпре-вар во вешто возење. Натпреварот се одви-ваше во две етапи. Во првата етапа возачите од Втората мпбр се натпреваруваа во вешто управување со воените моторни возила „ДАФ“. Победниците на натпреварувањето ги измерија силите со војниците-возачи од другите единици на АРМ. Во натпреварувачкиот дел најдобрите воза-чи од единицата се натпреваруваа на патека-та подготвена од старешини од сообраќајната служба. Најдобро пласирани поединци во ка те-го ријата управување со моторно возило „ДАФ“ беа пфв Горан Јончески, пфв Јане Крстески и пфв Саше Јовески.Екипи од три основни училишта од Кичево и по едно основно училиште од Охрид и од Тетово се натпреваруваа во вешто управување со ве-лосипед. Екипно најдобро пласирани беа учени-ците од ОУ „Д-р Владимир Полежиновски“ од Кичево, а учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид и ОУ „Кузман Јосифовски–Питу“ од Киче-во го освоија второто, односно третото место. Во поединечна конкуренција Мартин Магдено-ски и Дијана Танеска ги освоија првите места.

Мице Котески

ВЕШТ ВОзАч

УСПЕШНА ОбУкА

оваа година во Велешкиот гарнизон во организација на

Командата за обука (КзО) на 14 април се одржа турнир во мал фудбал по повод доаѓањето на првиот регрут на отслужување на воениот рок во редовите на АРМ на 15 април 1992 г. во охридскиот гарнизон. Воедно на тој ден се одбележува и почето-кот на обуката во АРМ.Првото место го освои екипата на Полкот за специјални опера-ции, второто место екипата на Секторот за внатрешни работи од Велес и третото место екипа-та на ГШ на АРМ. С.Н.

ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ фУДбАЛ

гОДИШНО СОбРАНИЕ НА зВРОба годишното собрание на ЗВРОБ на дневен ред се

разгледуваа прашања за изме-ни и дополнувања на Статутот, усвојување на годишниот план и програма за работа во 2011 г., а извештај за работата на ЗВРОБ за 2010 г. пред присутните подне-се претседателот на ЗВРОБ, ге-нералот во пензија Илија Нико-ловски. Во првиот дел од Собра-нието пред членовите на ЗВРОБ претставникот на ГШ на АРМ, полковникот Зоран Секулов-ски, одржа предавање на тема „Трансформацијата на АРМ, пре-дизвици и иден развој“.ЗВРОБ е формирано во 2001 г., а

негови главни задачи се соработ-ка со институциите во Република Македонија во областа на одбра-ната и безбедноста, заштита на статусот и на угледот на пензио-нираните припадници на МО, на АРМ и на МВР, и на активниот со-став од овие институции.

беа обработени темите: „Концеп-тот на активната резерва и при-мената во одбранбениот систем на РМ“ и „Искуствата на македон-ските војници во современите во-ени операции“.Во воведното излагање по прва-та тема, командантот на Прва-та мпбр, бригадниот генерал м-р Димче Петровски, обработи повеќе актуелни прашања. Во-ведно излагање по темата „Иску-ствата на македонските војници во современите воени операции“ имаше мајорот д-р Методи Хаџи-Јанев. Покрај резервните офице-ри и подофицери од Прилеп, три-бината со внимание ја следеа и претставници на ООЕ на ОРОРМ од Битола, како и деканот на Вое-ната академија, полковник проф. д-р Росе Смилески. Во оваа пригода, претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Мал-ковски, на најблиските роднини на десеттемина загинати браните-ли кај „Карпалак“ во 2001 година, постхумно им врачи признанија за нивниот придонес за одбрана-та на територијалниот интегритет и суверенитет на Р. Македонија. Вакви признанија претседателот им врачи и на здружението „Кар-палак“, на Здружението на воени-те обврзници во 2001 година и на резервниот баталјон од Општина Прилеп. Живко Трајановски

Од активностите на ОРОРМ

Page 14: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

„Lockheed Martin“, во геосинхронизира-на орбита на земјата, можат да започ-нат. Имено, кон крајот на февруари оваа година, конструирањето на сателитот наречен „GEO-1“ било целосно компле-тирано. По финализирањето на тој про-цес сателитот вклучува софистицирани сензори за скенирање и набљудување со кои во голема мера ќе се зголеми капацитетот на системот за ракетно предупредување, како и „свесноста“ за случувањата на бојното поле. значењето кое овој систем (чиј дел е „GEO-1“) го има за националната безбед-ност на САД може да се забележи пре-ку изјавата на директорот на Директо-ратот за инфрацрвени вселенски систе-ми на американското воздухопловство, бригадниот генерал Роџер Тигу, кој ис-такна дека „ SBIRS GEO-1 ќе воведе нова ера во однос на капацитетите на критич-ниот систем за ракетно предупредување кои се витални за нашата национална безбедност. како што напредуваме кон лансирањето така целиот тим на вла-дата и индустријата е фокусиран кон успешно завршување на мисијата“.

14

ерманската изработка на оружје, која е една од најдобрите во светот, отсекогаш дизајнирала спектар на вооружување, покривајќи ги класите

пушки, прецизни пушки, автомати, пишто-ли, митралези итн. Германците произведу-ваат модели во секоја класа кои се на: „Хе-клер и Кох“ е познат и по своите пиштоли (ХК-УСП.), снајперски пушки (ПСГ), митрале-зи (МГ 4 ), автоматски пушки (Г3, Г36, ХК 416 и 417..), фрлачки на гранати и автомати. И покрај целосната деградација на герман-ската воена индустрија при крајот на Вто-рата светска војна, веќе во 1949 година Ед-мунд Хеклер и Теодор Кох ја основаат фа-бриката која денес е во самиот врв на свет-ските производители на квалитетно оружје. Крајот на војната донел победници кои за време на војната се фокусира-ле на уништување на герман-ските воени капацитети, а по завршувањето на војната, голем дел од она што било употреб-ливо го зеле ка-ко дел од воена-та репарација на Германија кон по-бедничките земји. Од она што можело да се спаси од компанијата „Маузер” била „склопена“ фабриката на Хеклер и Кох. Додека источниот дел на Германија кој потпаѓа под Советскиот Сојуз започнува се-риски да произведува копии на победникот „Калашников”, во западниот дел на поделе-

АВТОМАТОТ МП5 „ХЕКЛЕР И КОХ“

одготовките за лансирањето на првиот сателит од „Инфрацрве-ниот систем базиран во вселена-

та“ (SBIRS), предводен од американ-ското воздухопловство и компанијата

вропа се буди и сфаќа дека африканските производители, инженери и научни-ци од секторот за глобална одбрана креираат продукти од светска класа, а многу-мина се навистина возбудени и веруваат дека тоа што можеме да го понудиме се

возила кои имаат многу способности и можат успешно да се носат со многу различни улоги“, рече Ивор Ичиковиц, извршен директор на јужноафриканската компанијата „Paramount Group“, која на „International Armoured Vehicles 2011“на светот му ги прет-стави своите најнови пешадиски возила. Успехот на компанијата се должи на одличните карактеристики на нивниот после-

ден производ, пешадиското возило наречено „Мбомбе“, кое на јавноста беше претставено кон крајот на 2010 го-дина во Јоханесбург. „Мбомбе“ се сме-та за револуционерно пешадиско воз-ило кое поседува шест тркала, идеал-но за соочување со секаков тип кон-венционални и неконвенционални за-кани. Впрочем, и самата форма на јужноафриканското пешадиско возило овозможува тоа да има намален про-фил во очите на непријателите но, исто-времено, оклопот кој го поседува има подобри карактеристики од денешниот „стандард“.

ПОДгОТВЕН зА гОЛЕМИОТ ВАкУУМ

ЈУжНОАфРИкАНСкИ ТЕРЕНЕЦ

МИНИЈАТУРЕН GPS-ПРИМАчабаритот на бојното поле е многу важен. Тоа е мислата-предводник на компанијата „ Rockwell Collins“

која на почетокот на март го претста-ви својот нов GPS-примач наречен „MicroGRAM“. Основната карактери-стика на новиот примач е тоа што овој примач е 90 проценти помал од него-виот претходник, „MPETM-S“.Употребната вредност на новиот GPS-примач е огромна – таа во својот дијапазон вклучува лесни пешадиски радија, повеќе рачни компјутери наме-нети за бојното поле, ласери, пешади-ски оружја, како и мали беспилотни ле-тала. Претставниците на компанијата-про изводител истакнаа дека стану-ва збор за технологија која во голе-

ма мера влијае на зацврстувањето и на унапредувањето на безбедноста на пешадијата во услови на борба и е мошне добар начин да се зголеми пре-

ц и з н о с т а на секое

оружје на бојното

поле.

Page 15: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

15

желе „Хеклерот” од оригинално герман-ско производство со жиг-апликација на ју гословенскиот грб втиснат на горниот дел од сандакот на оружјето. Автоматот кори-стел муниција 9х19 mm.Во некои армии ова оружје се користи за вооружување на дел од посадите на тен-ковите, на оклопните транспортери, на хе-ликоптерите, на авионите или на пловила-та, како оружје за одбрана кое зафаќа мал простор во и онака тесните кабини. Универ-залната муниција за пиштол 9х19 mm може да се користи и за автоматот „Хеклер“, па од логистичка гледна точка е крајно оправ-дано.Денес како што погоре споменавме, про-должува употребата на „Хеклерот“ како вооружување на специјалците на АРМ.

АВТОМАТОТ МП5 „ХЕКЛЕР И КОХ“ Зоран Крстевски

МАШИНСКИ ПИШТОЛ

ната германска држава се продолжува традицијата на изработка на оружје од сопствен дизајн и конструкција. Со почит кон неприкосновеното вооружување од советските конструкторски би-роа, германскиот автомат МП5, производство на Хеклер и К о х ,

е при-мер за

одлич -но скло-

пено пар-че на автоматско оружје кое го ко-ристат најголем дел од армии-те, полицијата и

дру гите безбеднос-ни служби денес. Моделот МП5 и негови-те подваријанти го красат трајност, лесно одржување, прецизност и други позитив-ни карактеристики. Не случајно насекаде во светот се наоѓа во рацете на специјалните единици, воени или полициски.

МП 5 ВО АРММоделот МП5 во варијанти А2 и А3 е во упо-треба во АРМ. МП5А2 е варијанта со фик-сен кундак, а А3 со кундак на вовлекување и извлекување. И двата модели се со кали-

бар од 9 mm. „Хеклерот“ на овие простори не е не-

познат. Уште во вре-мето на поранеш-

ната ЈНА, еден дел од единиците го кори-

стел 9–милиметарскиот ав-томат. Денес тој е екслузивен

модел на специјалната единица на АРМ. Дел од припадниците на АРМ од

постарата генерација кои имале можност да служат во поранешната армија, имале контакт со овој вид оружје. Од искуството на еден припадник кој своевремено служел како регрут-војник дознавме дека во една од тогаш најелитните единици во армијата – Воената полиција во Противтерористич-киот вод, војниците и старешините го дол-

Page 16: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Особено е погоден за противтерористички операции каде што има потреба од оружје помоќно од пиштол, со поголем дострел, капацитет на рамка и прецизност но, се-пак, не е пушка која, пак, користи муниција со поголема пробивна моќ. По правило ав-томатот е полесен од автоматската пушка, а тоа го олеснува користењето и на дру-ги средства како што се пиштоли, „јарци” за пробивање, балистички штитови, упо-треба на јажиња за упади од хеликоптер или од врв на зграда низ врати и прозо-ри итн. Исто така, малите димензии овоз-можуваат непречено движење низ огра-ничен простор, соби, ходници, тунели, ска-ли итн. Исто така го користат и службите за обезбедување на ВИП-личности, посебно во скратената К („Kurz“)-варијанта, PDW, или со склопив кундак (A3). Предноста му се ма-лите димензии кои овозможуваат носење во возило и дејство од возило низ врати

или низ прозорци. Кај специјалните еди-ници, пред сè кај морнаричките „фоки“ на американската морнарица, омилен е моде-лот „Н“ со скратен рафал од три куршуми и опција за пригушувач на звук. Заради спец-ифичните услови на борба на релативно мали растојанија, односно во урбана среди-на, дострелот е неколкупати помал отколку стандардната автоматска пушка и најчесто употребата на ова парче огнено оружје е рефлексно стрелање на целта. Ова бара извежбаност до перфекција за да се по-стигне чист погодок уште со првиот кур-шум, најчесто при ненадејно појавување на целта.Сите овие услови ги исполнува автоматот. Како платформа за надградба автоматот има подобри услови од пиштолот или од револверот: може да се опреми со тактич-

16

ко светло, со ласерски обележувачи на цел-та со видлив или инфрацрвен ласер, со раз-ни нишани (пред сè рефлексни нишани) и друго. Секако, специфичната намена не до-зволува премногу комплексност на систе-мот, па и употребата му е ограничена на операции кои ги наведовме погоре.

ОРУжЈЕТО НА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ„МП 5“, односно МП-maschinenpistole или машински пиштол „модел 5“, е развиен пред повеќе од 50 години. Претставен е во 1964 година, а во „служба“ е од 1966 годи-на кога со него биле вооружени германска-та полиција на СР Германија и пограничните единици. Принципот на работа е преземен од успешната Г3–пушка на истата фабри-ка, па дизајнот и конструкцијата на автома-тот се намалена копија на пушката Г3. Де-нес, само врз МП5–основата постојат око-лу 120 варијанти во повеќе калибри, со фик-

сен или со склопувачки кундак, со опции за поединечен оган, со скратен рафал од два или од три куршуми и непрекинат рафал. Принципот на работа на Хеклеровите ав-томати е чисто механички и не користи позајмица на барутни гасови кои би аси-стирале во работата на внатрешните де-лови, а познат е како принцип на одложе-но враќање на затворачот со помош на ро-лери. Карактеристични се „ролерите“ кои се наоѓаат во телото на затворачот и во прин-цип не се врши целосно забравување туку затворачот се „држи“ во предна положба со помош на цилиндричните лагери или роле-ри кои, кога затворачот е во предна полож-ба се исфрлаат од него кон лежиштата во сандакот на оружјето, а при истрелувањето на куршум под дејство на реакцијата врз затворачот ролерите се вовлекуваат во те-

лото на затворачот овозможувајки да се повлече до задната крајна положба. Ци-линдричните лагери, односно ролери, од лежиштето на сандакот се повлекуваат во телото на затворачот а тоа го забавува враќањето на затворачот наназад. Цевка-та кај овие типови на вооружување е фик-сна и не се движи. Овој принцип е поедно-ставен и докажан како оружје кое масовно се произведува, автоматот „МП5“ во голе-ма мера е прецизен.

бЕзбЕДЕН зА РАкУВАњЕАвтоматот „МП5“ истрелува куршум со за-творач во забравена положба, како и пуш-ката „Г3“ и е побезбеден за ракување од другите автомати. Исто така, конструктори-те велат дека овој автомат е и попрецизен, иако тоа во голема мера зависи од самиот стрелец, особено на кратки растојанија при операции на дострел на пиштол.

Оружјето се полни со повлекување на рач-ката која го враќа затворачот во задна по-ложба, а се наоѓа од левата страна, веднаш покрај цевката. Рачката која го придвижу-ва затворачот може да се блокира во за-дна положба ако се префрли во засек кој се наоѓа на задниот дел од каналот по кој се движи. Ова овозможува да се блокира затворачот во задна положба ако стреле-цот има потреба од отстранување на застој без да се држи рачката со едната рака.Иако е наменет за борба на кратки растојанија, „Хеклерот“ е опремен со заден приспособлив нишан во форма на бара-бан кој може да ротира на четири позиции: 25-50-75-100 метри или по потреба на дру-ги вредности. Добро извежбаниот стре-лец нема потреба од ротирање на задни-от нишан за да ја приспособи далечината

Page 17: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ветот оваа година ќе биде сведок на завршувањето на првата фаза од градбата на најголемата база за

дизајн, изработка и тестирање на раке-ти на глобално ниво лоцирана во север-ната провинција Тианџин во Народна Ре-публика кина. зголемената побарувачка на напредна вселенска технологија била иницијалната каписла за изградба на комплексот кој ќе има капа-цитет за истражување и из-работка на широк спектар на ракети. Имено, според плановите, заокружениот индустриски процес во но-вата база ќе овозможи из-работка на направи кои ќе служат како поддршка за развој на лунарните проек-ти на НР кина и на проекти-те за констриурање вселен-ска станица.Во досегашниот развој, во почетната фаза, според ки-неските официјални лица, комплетно се изградени 20 од планираните 22 објекти, додека дел од објектите се и операционални.

17

и во услови на брза акција најчесто се кори-сти една позиција (отвор) на којшто стреле-цот е навикнат. Регулаторот на оган кај овој модел е озна-чен според следново: СЕФ е оригинално гер-манско означување, почнувајќи од 1960 го-дина па сè до денес .„С“ на германски означу-ва позиција закочено, односно Sicher (Safe, англ.) ; , „ Е“ — Einzelfeuer, односно поединеч-на стрелба (семи, англ.) и „ F“ Feuerstoss (fully auto) – автоматска стрелба.

ВаРијантиЖаргонски и скратено кај нас се ознаува само како „Хеклер“, иако моделот во основа е „МП5“ плус буква или бројка која ја озна-чуваат подваријантата (на пример МП5 - А2, итн). „Хеклер“ е само дел од називот на про-изводителот „Хеклер и Кох“, и ова е непра-вилен термин за автоматот (или нецело-сен термин). Моделот се означува како што претходно објаснивме.Денес има разни изведби на овој автомат. Најмногу се користени верзиите со кали-бар од 9 mm, но тоа не е единствен кали-бар кој го користи автоматот на „Хеклер и Кох“. Ова е еден дел од изведбите на МП5 автоматот:MP5SD3: Верзија со пригушувач; ХК54: Првата верзија од 1960-тите години без кундак, со можност за поединечна и за рафална стрелба, или МП5А1;МП5а2: Фиксен кундак, можност за поеди-нечна и за рафална стрелба;МП5а3: Кундак на склопување со можност за поединечна и за рафална стрелба;МП5СФа3: Можност за поединечна стрелба;

MP5A4: Фиксен кундак, опција за рафал од 3 куршуми; МП5А5: Кундак на склопување со опција за рафал од 3 куршуми;МП5-Н: Верзија за морнарица;МП5к: Скратена верзија, помала цевка.

Покрај оригиналните германски автомати, овој модел по лиценца се изработува и во: Турција, Грција, Иран, Мексико, Пакистан, Су-дан, Велика Британија и САД, а во употреба е во голем број земји, речиси на секој кон-тинент.Варијантите кои ја носат ознаката „Сф“ означуваат дека оружјето е подготвено за поединечен оган, без опција за авто-матска стрелба. PDW означува Personal defence weapon или оружје за лична за-штита.

Според употребата на муниција од разли­чен калибар, автоматите на Хеклер и Кох можат да се сретнат според следново:4.6 х 30 mm – муниција за моделот МП7А1; 9 х19 mm – .40 SW и .45 AUTO за моделот ХК –УМП9х19 mm – за сите МП5 варијанти.

Главни делови:– цевка– сандак– ракофат со механизам за чкрапање– кундак со повратна пружина– предна облога– преден и заден нишан и механички нишан– затворач со носач на затворачот– рачка за репетирање

еконвенционалниот воздухоплов „V-22 Osprey“ во својата низа успе-си запиша уште еден успех – во за-

едничко соопштение на „Boeing“ и „Bell Helicopter“ на почетокот на февруари оваа година беше истакнато дека фло-

тата на воздухопловите „Osprey“ над-минала 100.000 часови лет. Ова голе-мо постигнување произлегува од борбе-ната мисија на американските маринци во Авганистан, поточно од т.н. Тiltrotor-сквадрон 264 кој оперира во кампот „ба-стион“ во провинцијата Хелманд. Имено, воздухопловите „Osprey“ во Ав-ганистан вршат голем број мисии од раз-лична природа – од борбени, хумани-тарни и тренинг-мисии, па сè до мисии за тестирање и евалуација на море и на копно.„V-22 Osprey“ е борбен воздухоплов со повеќе улоги кој користи т.н. tiltrotor-технологија на вертикално полетување и слетување, можност за „лебдење“ во воздух, како и вертикален лет со брзи-на и дострел на конвенционален авион. Според последните податоци, амери-канските маринци поседуваат 360 воз-духоплови, американската команда за специјални операции 50, додека амери-канската морнарица поседува 48 возду-хоплови „Osprey.

100.000 чАСОВИ ЛЕТ зА V-22 „OSPREY“

НАЈгОЛЕМАТА РАкЕТНА бАзА ВО СВЕТОТ

ТАкТИчкО–ТЕХНИчкИ кАРАкТЕРИСТИкИ

ДОЛжИНА СО ФИКСЕН КУНДАК 680 mm

ДОЛжИНА СО СКЛОПЕН КУНДАК 660/490 mm

ВИСИНА 210 mm

ШИРИНА 60 mm

ДОЛжИНА НА ЦЕВКАТА 225 mm

ТЕжИНА 2.54 kg ( 2,88 kg за моделот А3))

ЧЕЛИЧНА РАМКА ЗА 30 КУРШУМИ, ПРАЗНА 0,17 kg

КАПАЦИТЕТ НА РАМКАТА 15 или 30 куршуми

МУНИЦИЈА (МОДЕЛ А2/А3) 9Х19 mm

МАКСИМАЛЕН ЕФИКАСЕН ДОСТРЕЛ до 200 метри (ова во практика речиси и да не се случува, сепак за ова далечина постојат автоматски пушки, главно за автоматите важи –„до 100 метри“)

БРЗИНА НА ГАЃАњЕ 800 куршуми во минута

БРЗИНА НА ЗРНОТО околу 400 метри во секунда

Page 18: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

1618

ледејќи го светскиот тренд во развојот на современи автоматски пушки, познатата компанија за ог-нено оружје „Чешка збројовка“ ја

разви и ја произведе новата модуларна автоматска пушка „CZ 805 Bren“. Прво-то јавно прикажување на прототипот на „CZ 805 Bren“ е во 2008 година за време на саемот „Future Solder“ одржан во Пра-га. На тендерот за набавка т.е. делумно опремување со нова автоматска пуш-ка за потребите на чешката армија, Ми-нистерството за одбрана на Чешка, во март 2010 година, како победник ја избра компанијата „Чешка збројовка“ со пушка-та „CZ 805 Bren“. Конструкцијата на пушката „CZ 805 Bren“

Конкурентна модуларна автоматска пушка

„CZ

805

Bren

Page 19: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

-1. зА МОДУЛАР-НАТА ПУШкА „CZ 805 BREn“ Е РАзВИЕНА кИТ-ОПРЕМА зА НЕjзИНА кОНВЕРзИЈА

2. ПУШкАТА „CZ 805 BREn“ E ОПРЕМЕНА СО ДВОСТРАНИ кОМАНДИ

3 и 4. ПРИкАз НА ДВЕТЕ ВЕРзИИ НА ПУШкАТА

5. СЕЛЕкТОРОТ зА СТРЕЛбА СО 4 ПОзИЦИИ: зАкОчЕНО, ЕДНИНЕчНА СТРЕЛбА, кРАТОк РАфАЛ И ДОЛг РАфАЛ

6. ПРИкАз НА ПРЕДНИОТ ДЕЛ ОД ПУШкАТА

На пушката се поставени вкуп-но 4 Picatinny-шини изработени по НАТО-стандард MIL-STD-1913 кои овозможуваат прифаќање на многу различни типови на ниша-ни, тактичко светло и друга опре-ма. Инаку на пушката стандар-дно се поставуват механички ди-оптерски нишани кои можат да се склопуваат. Тие се проектирани за нишанење до далечина од 500 m, а се произведени од компанијата „Troy Industries“Автоматската пушка користи про видна полимерска рамка за муниција со капацитет од 30 кур-шуми, а според потребите на ко-рисникот пушката може да се при-лагоди за користење на стандар-дната рамка за муниција намене-та за пушките М16 и М4. Пушка-та поседува цевка изработена со ладно ковање, со век на траење од 20.000 истрелани куршуми. Инаку, цевката на врвот е опре-мена со разбивач на пламен/ ком-пензатор на истрел, а е прилаго-дена и за поставување на приду-шувач на истрел и за нов бајонет специјално развиен за оваа пуш-ка. За зголемување на борбената моќ на војникот, пушката може да се опреми и со новиот лансер на гранати „CZ 805 G1“ со калибар од 40 mm.Стандардно модуларната пуш-ка „CZ 805 Bren“ се нуди во ка-либарот 5,56 mm за користење на стандардниот НАТО-куршум 5,56x45 mm, и тоа во верзии-те „CZ 805 Bren A1“ (автоматска пушка со должина на цевка од 360 mm) и „CZ 805 Bren A2“ (ка-рабин со должина на цевка од 277 mm), но за истите верзии е разви-ена и кит-опрема за конверзија на калибарот за користење на кур-шумот 7,62x39 mm, а во план е развивање и на кит-опрема за користење на куршумот 6,8x43 „SPC Remington“. Покрај наве-дените верзии на „CZ 805 Bren“, има најави за развивање и на снајперска пушка и на лесен пуш-комитралез. Конверзијата на ка-либарот се изведува за кратко време, со менување на следни-те делови: цевката, склопот на гасниот механизам, затворачот, рамката за муниција и куќиштето за прифаќање на рамката за муниција. Практично, со развојот на пуш-ката „CZ 805 Bren“, компанијата „Чешка збројовка“ станува ди-ректен конкурент на модулар-ните автоматски пушки SCAR (од компанијата „FN Herestal“) и ACR (од компаниите Bushmaster/ Remington), од каде што бил зе-мен пример за развој на оваа ав-томатска пушка.

Ивица Димески

19

ТАкТИчкО- ТЕХНИчкИ кАРАкТЕРИСТИкИ НА ВЕРзИИТЕ НА ПУШкАТА „CZ 805 BREn“

ВЕРзИИ „CZ 805 BREn A1“ „CZ 805 BREn A2“

КАЛИБАР 5,56х45 mm/ 7.62х39 mm 5,56х45 mm/ 7.62х39 mm

ДОЛжИНА НА ЦЕВКАТА 360 mm 277 mm

ВКУПНА ДОЛжИНА 915 mm 782 mm

ДОЛжИНА СО СКОПЕН КУНДАК 670 mm 587 mm

ДОЛжИНА СО ПОСТАВЕН БАЈОНЕТ од 990 mm до 1045 mm /

ВИСОЧИНА 260 mm 260 mm

ШИРОЧИНА 112 mm / 77 mm 112 mm / 77 mm

ТЕжИНА 3.580 g 3.390 g

ТЕОРЕТСКА БРЗИНА НА СТРЕЛБА 770 куршуми во минута 770 куршуми во минута

ЕФИКАСНО ДЕЈСТВО 500 m 400 m

(Податоците се преземени од компанијата „чешка збројовка“)

е изработена од полимер, челик и легури на алуминиум, додека принципот на функционирање е со позајмување на барутни гасо-ви. Пушката е проектирана со цел ефикасно да се користи во вре-менски услови од -50 до 50 Целзи-усови степени. На пушката постои избор за поставување на 2 видо-ви кундаци на склопување, едни-от е телескопски кундак кој може да се прилагодува по должина, а другиот вид е телескопски, кој се прилагодува по должина и височи-на. Инаку, и кога кундакот е скло-пен (на десната страна), не постои пречка за ефикасното ракување и

дејствување со оружјето. За да се добие поголема ефикас-ност во ракувањето со пушка та, конструкцијата е опремена со дво-страни команди, од нос но, над за-дниот пиштолски ракофат од две-те страни на конструкцијата се по-ставени лостови за регулирање на селекторот на стрелба кој по-седува 4 позиции (закочено, едни-нечна стрелба, краток рафал од 2 истрели и долг рафал). Исто така, рачката за репетирање, според потребите на стрелецот, може да се поставува од левата или од десната страна на рамката од пушката.

Page 20: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

20

то на последователните генерации бор-бени авиони го започнала во 1948 годи-на со моделот J-29 „Tunnan“, традиција која продолжува до денес со моделите на „Gripen“. Успешноста на „Saab“ е во тоа што компанијата е еден од главните кон-куренти во индустријата, компанија која се натпреварува во извозот со најдобрите борбени авиони од Европа, од САД и од Русија.Воздухопловот „Gripen“ е борбен воздухо-плов од „четвртата генерација“, дизајниран со високи перформанси, флексибилност, ефективност и стабилност во воздушни-те борби. Повеќенаменскиот воздухоплов е опремен за борба во воздух, за напад на копнени и на морски цели, како и за изви-дувачки мисии. Делта-крилестиот авион е

коро две децении пред крајот на минатиот век, во 1982 година, од страна на компаниите „Saab Mili­ta ry Aircraft“, „Ericsson Microwave Systems“, „Volvo Aero Corporation“

и „Celsius Aerotech“, бил формиран кон­зорциумот „Industri Gruppen JAS“. Кратен­ката JAS доаѓа од „Jakt/Attack/Spaning“ („jakt“ означува „Air­to­Air“, „attack“ озна­чува „Air­to­Surface“ и „spaning“ означува „Reconnaissance“). Поради потребата од замена на временски и технолошки над­минатите модели на борбени авиони од типот Saab 35 „Draken“ (чиј период на упо­треба бил од 1960 ­ 1999 година) и Saab 37 „Viggen“ (употребуван во периодот од 1972 до 2005 година), започнал процесот на развивање на новиот модел познат под името „Gripen“. Иницијалниот операти­вен статус овој модел на авион го добил во 1995 година, додека полниот операти­вен статус, две години подоцна, во 1997 година, или 15 години од неговиот поче­тен развој. Програмата наишла на технич­ки проблеми, зголемување на трошоците и неисполнување на распоредот што, пак, довело до политички притисок за нејзино запирање и купување авиони од странско производство. Сепак, и покрај сите про­блеми и пречки, авионот добил одобре­ние од највисоките шведски институции и развојот на авионот бил продолжен. Одлуката за избор на овој модел (наме­сто можноста за купување на верзиите на F­16, F/A­18A/B или F­5S) била донесена по повод 50­годишнината од постоењето на шведскиот производител. Од друга стра­на, компанијата „Saab“ производство­

дизајниран со летечки канарди (крилести додатоци) кои со ротирање од над 90 сте-пени, даваат помош при аеродинамично-то кочење бидејќи авионот нема моторно кочење. Како предности кои произлегува-ат од користењето на т.н. „делта-крила“ и канарди можат да се истаканат одлични-те борбени перформанси, управливоста на мали брзини и врвни маневарски спо-собности при големи брзини. Дополнител-но, авионот е опремен со јаглеродни сопи-рачки на сите три тркала со што во голема мера се зголемува нивната ефективност. Една интересна способност е што авионот може да полетува и да слетува на јавни патишта, што, всушност, претставува дел од воената стратегија за одбрана на швед-ската територија. Концептот во шведските

ПОСЛЕДНИОТ КРИК НА ШВЕДСКАТА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА – SAAB JAS 39 „GRIPEN“

КРАЛ НА НЕБОТО И НА ЗЕМЈАТА

Page 21: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

or Foe (IFF) System), како и т.н. „Forward-Looking Infrared (FLIR) Sensor“ и „Saab IR-Otis Infrared Search and Track System (IRST)“. Авионот користи напреден радар „Ericsson“ со кој истовремено може да се следат бројните цели и да се обезбеди раз-мена на податоци. Радарот е подеднакво ефикасен и за воздушни и за копнени ми-сии. „Saab“ соработува со големите европски производители на проектили во развојот на новите „воздух-воздух“ проектили за „Eurofighter“, „Rafale“ и „Gripen“.„Gripen NG“ е целосно интероперабилен, и со НАТО и на глобално ниво. Во 2010 годи-на „Saab“ истакна дека Шведска планира да ги нарача воздухопловите „Gripen NG“ под ознаката JAS 39E/F. Новата варијанта планира да се внесе во воздухопловната служба во 2017 година или можеби мал-ку порано.Нудејќи незаменлива мешавина на едно-ставност и софистицираност, тој е еден од најспособните и еден од најефективните светски борбени авиони на денешнина-та, а истовремено чини 30% помалку од најсовремените авиони и има помали опе-ративни трошоци. РАСПРОСТРАНЕТОСТПрвите нарачки за „Gripen“ се направени од Јужна Африка во 1999 година, а испо-раките започнале во април 2008 година и сè уште се во тек. Покрај Шведска и Јужна Африка, овој тип воздухоплов го посе-дуваат и чешкото воздухопловство и ун-гарските воздухопловните сили. Имено, Чешка и Унгарија се првите оператори на „Gripen“ во рамките на НАТО со цел да ги исполнат своите национални, европски и НАТО-потреби. Успехот на изнајмувањето на „Грипен“ од страна на Унгарија и Чеш-ка беше вистинско изненадување со оглед на силната конкуренција на понуди од американски и француски компании. Воздухоплови од типот „Gripen“ користи и Велика Британија (во училиштето за тест-пилоти) и Тајланд. На листата земји кои во своите планови имаат набавка на воздухоплови „Gripen“ се Бразил, Хрват-ска (како замена на своите MiG-21 авиони, најверојатно со JAS 39 „Gripen“ или F-16 „Falcon“), Бугарија, Романија и Србија (по-вторно, како замена на MiG -21 со JAS 39 „Gripen“).

Драган Павловски

планови за одбрана познат како „BAS 90“ предвидува раздвојување на авионите во помали групи (од четири до шест во гру-па) заради користење на „патните бази“ по должината на автопатите. Оваа шема е диктирана од фактот што „Gripen“ може да полетува и да слетува на пат со должи-на помала од 600m. Сето тоа произлегува од фактот што за време на Студената војна, шведските во-оружените сили се подготвувале за од-брана од евентуална инвазија од Совет-скиот Сојуз. За реализација на апсолутна-та одбрана на шведската територија, вое-ните планери пресметале дека шведските одбранбени сили би можеле на одредени места да бидат целосно уништени, поради што Шведска изградила воени магацини дисперзирани низ целата земја, сè со цел да се одржи способноста за нанесување штета на непријателот и во случај воените инсталации да бидат изгубени. Соодветно на тоа, поради одржување и полетување, полнење со гориво и вооружување за десет минути од страна на пет технич-ки лица, „Gripen“ има капацитет да слету-ва на јавните патишта во близина на вое-ните магацини и потоа да продолжи со ле-тачките активности. Исто така, пилотите на „Gripen“, летајќи на симулатори успеа-ле да извршат слетувања на носач на ави-они без користење на куката и на јажето за запирање. Во периодот по Студената војна овие способности се покажале од го-лема вредност за новата главна задача на шведската војска – извршување мировни мисии во светот.Со еден збор, „Gripen“ може да испол-ни секаков тип на мисија. Авионот, исто-времено, му го отвора патот на „Saab“ да ја продлабочи интеграцијата во Ев-роп ската воздушна индустрија. Имено, компанијата има намера да биде активен играч заедно со „British Aerospace“ (Вели-ка Британија), „Aerospatiale“ (Франција), „DASA“ (Германија) и „CASA“ (Шпанија) во создавањето интегрирана европска од-брана и воздушна индустрија позната под името „Eurospace“.Инаку, името „Gripen“воздухопловот го има добиено по пат на јавен конкурс. Лета-лото од типот JAS 39 е познато и под име-то „грифин“-Griffin или „грифон“, што прет-ставува митско суштество со тело на лав и глава и крилја од орел. Лавот, како крал на животните, и орелот, како крал на птици-те, ја симболизираат моќта и величестве-носта на грифинот. Суштеството е симбол на грбот на Ostergotland, провинција во Шведска која е седиште на „Saab AB“.

„GRIPEn nG“ (nEXT GEnERATIOn)Новиот „Gripen“ кој е развиен во 2008 го-дина нуди зголемен капацитет на гориво за 40%, помоќни мотори, зголемување на корисната носивост, надградена ави-оника како и многу други подобрувања. Авиониката на воздухопловот ги опфаќа компјутерски системи и дисплеи, додека моторот е обезбеден од страна на „Volvo Aero“, а е развиен од страна на „General Electric“. Дигиталниот систем за контро-ла на моторот автоматски ги следи пара-метрите на моторот и, доколку е потреб-но, ги вклучува резервните системи. Во пи-лотската кабина постојат три мултифунк-ционални дисплеи (MFD) со дисплеј (HUD)

21

на предното пилотско стакло. На левиот дисплеј се содржани податоците од летот, долниот MFD содржи тактичка слика за хо-ризонталната состојба, а третиот дисплеј обезбедува слики од радарот. Системски-от компјутер за времетраење на мисиите го дава приоритетот на заканите. Двосе-дот JAS 39B „Gripen“ е подолг од едносе-дот со ист капацитет на гориво за 67 cm. Овој модел не поседува HUD за задниот пилот, иако HUD и другите видеоинфор-мации можат да се поврзат во задниот дисплеј-систем. Пилотот управува со по-мош на мала палка во средината и рачка за сила на моторот („Hands on Throttle and Stick“– HOTAS) на кои се сместени комуни-кациите и вооружувањето. Авионот поседува и богат спектар на опре ма. Имено, дел од таа опрема е инер-цијалниот систем за навигација (Inertial Navigation System – INS), потоа пакетот за електронско војување (Еlectronic Warfare – EW), како и радарот за предупредување (Radar-Warning Receiver – RWR). Дел од опре мата е и информацискиот систем (Tactical Information Datalink System – TIDLS) кој дава двонасочна врска со опсег од око-лу 500 km – линкот е целосно оперативен и кога авионот е на земја, овозможувајќи му на пилотот да има увид во борбена-та состојба и кога е во режим на подгот-веност. Од останатите карактеристики накратко би ги наброиле и напредната комуникација и трансферот на податоци (Dual Datalinks), сателитските комуникации и видеоврски, системот за распознавање на непријателски/пријателски воздухопло-ви (Thales TSC 2000 Identification Friend

гЕНЕРАЛНИ кАРАкТЕРИСТИкИ НА SAAB jAS 39 „GRIPEn“

ЕКИПАж JAS 39A/C (еден пилот); JAS 39B/D (двајца пилоти)

ДОЛжИНА 14,1 m

ШИРИНА 8,4 m

ВИСИНА 4,7 m

ПОВРШИНА НА КРИЛАТА 30 m²

ТЕжИНА НА ПРАЗЕН АВИОН 6.700 kg

TОВАР 8.500 kg

МАКСИМАЛНА ТЕжИНА НА ПОЛЕТУВАњЕ 14.000 kg

МАКСИМАЛНА БРЗИНА 2 маха (2.204 km/h)

БОРБЕН РАДИУС 800 km

МАКСИМАЛЕН ДОСТРЕЛ 3.200 km

МАКСИМАЛНА ВИСОЧИНА НА ЛЕТ 15.240 m

БРЗИНА НА ИСКАЧУВАњЕ 10.000 m за 100 sec

Page 22: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

22

стра нувањето на мините може да се врши со деактивирање на мините, при што фи­зички се одвојуваат основните запалки од мината или со уништување, при што се поставува и се активира експлозивно полнење од 100 или од 200 грама.Основна опрема за рачно деминирање е пипалката, детекторот на мини (мино­пребарувач) и помошна опрема за обе­лежување и отстранување (комплет за минирање и деминирање).

Механичко деМинирањеМеханичкото деминирање подразби­ра употреба на разни самоодни технич­ки средства кои со своето делување вр шат, пред сè, уништување на мин ско­екс плозивното средство (МЕС). Униш­ту вањето се врши со прегазување, со удирање, со изорување и така натаму.

ини и други неексплодирани убојни средства кои сè уште се активни има во најмалку 80 земји во светот. Ми-ните предизвикуваат многубројни повреди кои најчесто завршуваат

со ампутации, тешка инвалидност и психо-лошки трауми. Од 30 до 40% од жртвите се деца под 15 години.Деминирањето на минско-експлозивните пречки (МЕП) е процес со кој се отстрану-ваат нагазни и други видови мини од земја, како и мини поставени во крајбрежниот појас. Процесот на деминирање е значаен, бидејќи со користење на различни сред-ства се обезбедува брзо напредување на борбените сили, но и нормален живот на цивилното население во минираните реги-они на светот.Главно постојат два типови на деми ни ра-ње: воено деминирање во воени услови и хуманитарно деминирање во услови на релативен мир. Военото деминирање се сведува на без-бедно совладување на растојание од точ-ка А до точка Б. Притоа од мините се деми-нира само еден коридор, и тоа во повеќето случаи нецелосно бидејќи мала доза на ризик е прифатлива. Кај хуманитарното деминирање тоа не е дозволено бидејќи мините и сите останати неексплодирани убојни средства треба да бидат отстранети 100 % за да може цивилното население без никакви опасности да ги користи полињата, шумите, улиците, училиштата.Деминирањето во повеќето армии во светот го вршат припадници на родот инженерија кои, пред сè, вршат де ми-нирање во воени услови, а во мир де ми-ни рањето го вршат стручни лица – пиро-техничари.

Деминирање на минско-експлозивни пречки

ЧИСТАЧИ НАМИНСКИ ПОЛИЊА

Средствата кои се проектираат, се произ-ведуваат и се користат во операциите за деминирање се различни, како според ка-рактеристиките така и според ефикасно-ста во деминирањето. Генерално, присут-ни се средства кои во основа се механич-ки системи – валјаци, удирачи, рала, како и средства со електромагнетски, хемиски, акустични, хемиски, експлозивни и други системи за неутрализација на мините. Основен начин на деминирање е рачното деминирање. Покрај рачното деминирање постои и деминирање со механички, со електромагнетски, со хемиски, со акустич-ни, со експлозивни и со други средства.

РАчНО ДЕМИНИРАњЕРачното деминирање опфаќа пре ба ру-вање на земјиштето, пронаоѓање на МЕС, нивно одбележување и отстранување. От-

Page 23: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

1. ОкЛОПНИОТ чИСТАч НА МИНИ бМР-3М СПАѓА ВО НАЈСОВРЕМЕ-НИТЕ чИСТАчИ НА МИНИ ВО СВЕТОТ

2. АМЕРИкАН-СкОТО гАСЕНИчНО, ОкЛОПНО ИНжЕНЕРИС-кО ВОзИЛО АбВ Е ДИ зАЈ-НИРАНО зА бРз ПРЕМИН ВО МИНСкО ПОЛЕ

3. „кАЈЛЕР“ Е ДОкАжАН СИСТЕМ зА ПРООДИ ВО МИНСкИТЕ ПОЛИњА

4. чИСТАчОТ НА МИНИ кМТ-5 Е МЕХАНИчкИ УРЕД НАМЕ-НЕТ зА ПРИ-кЛУчУВАњЕ кОН ТЕНкОВИТЕ

5. ТОРПЕДОТО „бАНгАЛОР“

6. СИСТЕМОТ M 58 МОжЕ ДА ОТВОРИ ПРООД ВО ШИРОчИНА ОД 8 m И ДОЛ-жИНА ОД 100 m

7. СИСТЕМОТ УР-77 „МЕТЕО-РИТ“ Е РУСкИ САМООДЕН СИСТЕМ зА ДЕМИНИРАњЕ

8. СИСТЕМОТ „GIAnT VIPER“ Е бРИТАНСкА ПРИкОЛкА СО СИСТЕМ зА ДЕМИНИРАњЕ

23

Во механички средства за де ми

­нирање спаѓаат уреди за де

ми­нирање на принцип на валјаци кои се туркаат пред тенковите, уреди за деминирање кои симнуваат слој земја; уреди за деминирање кои ги изоруваат мините од земјата; уре­ди за деминирање со помош на ек­сплозив; уреди за деминирање на мини кои ги уништуваат мините со електромагнетно, акустично, хеми­ско и друго дејство. За механичко деминирање нај­чес то се користат уреди за де ми­ни рање кои се монтираат на соо­дветни оклопни возила (пред сè на тенкови). За разлика од рачното деми ни­рање каде пронајдените мини и останати МЕС често само се деак­тивираат, кај механичкото деми ни­рање мините најчесто физички се уништуваат.Уредите за механичко деминирање најчесто се користат во текот на борбените дејства за изработка на прооди низ минските полиња и други минско­експлозивни пречки. Иако овие средства се ефикасни и брзи, нивната примена, сепак, е ограничена од конфигурацијата на земјиштето.

ОклОпен чистач на мини БмР-3мОклопниот чистач на мини БМР­3М спаѓа во најсовремените чиста­чи на мини во светот. Тоа е возило од руско производство изработе­но врз шасија од тенкот Т­90. Поради посебната намена тенков­скиот оклоп е модифициран, а на­доградбата е приспособена на посадата и на системот за упра ву­вање со дополнителна опрема за механичко чистење на мини. Основ­на намена на овој чистач на мини е да ги чисти патиштата на правецот на движење на единиците.Со модификацијата е обезбедена висока маневарска способност, но и безбедност на луѓето и на опре­мата при детонација на мина. БМР­3М обезбедува заштита на посада­та и на системите од оган на пеша­диско вооружување и експлозивни полнења до 8,4 kg ТНТ. Подот кај БМР­3М е повеќеслоен и е составен од челични плочи со различна дебелина, додека про­сторот помеѓу плочите е испол­нет со специјално полнење. Вози­лото е опремено со плужен чистач КМТ­7, систем за електромагнетно активирање на мини ЕМТ и повеќе уреди наменети за активирање на мини по радиопат. Возилото отво­ра проод низ минско поле со ши­рочина 2х800 mm, а со употреба на уредот ЕМТ се отвора проод со широчина до 4 m.

аБВ – ЈуРишен чистач на миниАБВ е американско гасенично, оклопно инженериско возило ди­зај нирано за брза изработка на премин во минско поле. Изграден

При движењето на возилото на-пред, системот за маркирање, кој е вграден од двете страни на окло-пот и назад, поставува маркери во земјата коишто се видливи за си-лите кои доаѓаат по него. Во воз-илото е вграден и систем за дале-чинско управување кој овозможу-ва управување од безбедна дале-чина во услови на голема опасност. АБВ има маса од 62 тони и има по-сада од двајца членови: командир и возач. СиСтем за деминирање „Кајлер“Системот за деминирање на гер-манската армија „Кајлер“ е дока-жан систем со кој ефективно и си-гурно се изработуваат прооди во минските полиња. Со овој си-стем се зголемува подвижноста и тем пото на нападот на оклопно-механизираните единици низ мин-ските полиња.„Кајлер“ е оклопно гасенично вози-ло кое претставува модифициран тенк М 48 тежок 54 тони, придви-жуван од мотор од 1100 КС и е упра вуван од двочлена посада.На овој тенк е вграден специјално раз-виен систем за деминирање. Со по-мош на 24 ротирачки елементи кои наликуваат на слоновско стапало се детонираат сите мини кои ќе се најдат пред него. Возилото не се оштетува од ек-сплозиите на детонираните мини. Со брзина на движење при изра-ботка на проод во минското поле од 0,5 до 4,5 километри на час, „Кајлер“ прави проод кој е широк 4,7 метри и низ кој сите возила мо-жат со сигурност да се движат.

ЧиСтаЧи на мини Кмт-5 и Кмт-6Чистачите на мини се механички уреди наменети за приклучување кон тенкови. Основен начин на де минирање кај овие уреди е деминирање со прегазување или со изорување. На земјиште без камења, пенушки и слични пречки се постигнуваат најдобри резултати. Чистачот на мини КМТ-5 се со-стои од две секции кои се приклу-чуваат пред секоја гасеница кои се состојат од по 4 челични дис-

е врз основа на шасијата на тенкот М1А1 „Абрамс“. Куполата на тенкот М1А1 е заменета со нова купола со седиште за командирот на возило-то и е вооружена со митралез од 12,7 mm М2. Преку челниот дел на куполата мо же да се постави експлозивно-реактивен оклоп заради зго ле му-вање на заштитата од противтен-ковско оружје. На предниот дел на оклопот е монтиран чистач на мини, а како алтернатива може да се вгради дозерски нож, чистач на површински мини или систем за брзо отстранување на артилери-ски проектили. На задниот дел на возилото се монтирани два лансери МК 155 со подобрен систем за управување со огнот. Секој лансер е опремен со линиско експлозивно полнење М 58 кое содржи околу 770 кило-грами Ц-4 експлозив кој е поврзан за ракета МК22. Во типична операција на чистење мини, возилото АБВ го лансира ракетното линиско полнење пред минското поле. Полнењето се раз-влекува преку минското поле, а по-тоа се врши негова детонација со помош на далечински управувач од возилото. Поставените мини ек-сплодираат како резултат на соз-дадениот надпритисок,. АБВ по-тоа влегува во минското поле и, користејќи го својот чистач на мини, го чисти теренот од мините кои не експлодирале.

Page 24: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

кови на заедничка оска. Широчината на една секција е 850 mm. Помеѓу гасеници-те може да се активираат само мини со ан-тена и тоа со помош на ланец кој се наоѓа помеѓу секциите. Дисковите во секциите можат, независно еден од друг, вертикал-но да се поместуваат за 250 mm за подо-бро прилагодување на земјиштето.Чистачот на мини КМТ-6 се состои од 2 секции на ножеви (лева и десна), делови за прицврстување, делови за активирање на мини со антена, механизам за подигање на секциите со ножеви, електроуреди, при-бор за работа во снежни услови и резер-вен алат и прибор. Овој уред, којшто е по-ставен во маршевска положба, не влијае битно врз маневарските способности на тенкот на кој е приклучен.

Деминирање со експлозивДеминирањето со експлозив е начин на уништување на минско-експлозивните пречки и се применува при отворање про-оди низ мински полиња во текот на борбе-ните дејства.

ТорпеДоТо „Бангалор“Најпознат начин на деминирање со ек-сплозив е со помош на таканареченото торпедо „Бангалор“.Торпедото „Бангалор“ е дизајнирано уште во 1912 година. Тоа е линиско експлозивно полнење наменето за отворање на прооди низ жичени и минско-експлозивни пречки.Торпедото „Бангалор“ се состои од цев-ки наполнети со експлозив. Цевките се со должина од 1,5 метар и може да се

24

спојуваат. На крајот на последната цев-ка се наоѓа фитиљ со кој се активира полнењето. Со овој начин на деминирање може да се направи проод со должина од 15 метри и широчина од околу 1 метар.Торпедото „Бангалор“ масовно се употре-бувало во двете светски војни од страна на сојузничките сили. Во поново време ова експлозивно пол-нење е модифицирано така што телото е изработено од легура на алуминиум, а како полнење се користи пластичен ек-сплозив наместо тротил. Ова средство најчесто е наменето за спе-цијалните единици на кои им е потребно лесно преносно средство за совладување минско-експлозивни пречки. ЕкСПЛОзИВНИ ЛИНИСкИ ПОЛНЕњАПо Втората светска војна како последица на развојот на торпедата „Бангалор“ на-станале експлозивни линиски полнења кои се лансираат преку минско-експлозивните пречки, а потоа се активираат. Експлозивното линиско полнење во осно-ва е ракета која се лансира преку преч-ката и која со себе повлекува „јаже“ ис-полнето со експлозив. По лансирањето и со активирањето на ваквото полнење доаѓа до активирање на мините и до уништување на други видови пречки (од жица, дрвени и слично).Системот M 58 е од американско потекло и со своето дејство може да отвори проод во МЕП со широчина од 8 метри и должи-на од 100 метри.

Системот се состои од приколка M353 или M200A1, лансер МК 155, систем за активирање, M58 експлозивно линиско полнење и 4 ракети MK22. Експлозивно-то полнење е експлозив Ц-4 во количи-на од приближно 2,3 kg по метар должи-на. Активирањето се врши далечински или рачно. Системот УР-77 „Метеорит“ е руски са-мооден систем за деминирање. Систе-мот се состои од оклопно возило „Гвозди-ка“, помошна опрема и две експлозивни полнења за деминирање. Експлозивното полнење се лансира со ра-кета на млазен погон, а активирањето се врши од возилото. Полнењето е со должи-на од 93 метри и отвора проод со должи-на од 80-90 метри и со широчина од око-

лу 6 метри. Времето што е потребно за отворање на проод е 3-8 минути, а поса-дата ја сочинуваат две лица. Количината на експлозив по метар должина изнесува 4 килограми.Системот „Giant Viper“ е приколка со си-стем за деминирање развиена од стра-на на британската војска во 1950 година. Приколката била наменета за влечење на британските оклопни борбени возила. Должината на експлозивното полнење изнесува 250 метри и е наполнето со пла-стичен експлозив. Со активирање се от-вора проод со широчина од околу 6 ме-три и должина од околу 200 метри (поста-ри верзии), односно околу 7 метри широ-чина и 230 метри должина (понови вер-зии).Системот за деминирање „карпет“ е из-раелски систем. Овој систем е првиот си-стем кој користи технологија на аеросолен експлозив. Системот е автономен уред кој многу брзо се монтира на кое било оклоп-но борбено возило. За да се деминира минско поле се ланси-раат до 20 ракети во многу кратка вре-менска секвенца. Бројот на ракетите кои ќе бидат лансирани зависи од големи-ната на минското поле, односно од са-каната големина на експлозивниот об-лак. Детонацијата произведува силен им-пулс над минското поле што ги детони-ра мините. Со лансирање на ракетите на растојание од 65 до 165 метри пред први-от ред на минското поле „Карпет“ прави проод долг 100 метри за околу една ми-нута.

Александар Стојчевски

Page 25: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

25

спехот не доаѓа сам по себе. За да може една личност или гру-па да се окарактеризира како успешна треба да бидат задо-

волени многу предуслови, поч нувајќи од јасно дефинираната цел која тре-ба да биде реално достижна, па сè до успешното комплетирање на проце-сот на усовршување кој ќе доведе до исполнување на таа цел. Изведувањето на досега најмасовната вежба органи-зирана од Армијата на Република Македонија, како и многупати досега ни ги потврди сите елементи кои се потреб-ни за уште еднаш јасно да може да се кон-статира дека припадниците на АРМ се ап-солутно и недвосмислено успешни во

„МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК–7“ – КОНТИНУИТЕТ НА УСПЕХОТ

ВЕШТИНИ, СПОСОБНОСТИ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ

презентирањето на нивниот професио-нализам, нивните вештини, односно сите елементи кои ги карактеризираат и при-падниците на најголемите светски армии. Дел од позитивните импресии по за вр-шувањето на „Македонски блесок–7“, веж-ба која се карактеризира како „жива веж-ба со единици на терен, базирана на сце-нарио за операции за поддршка на мирот, предводени од НАТО и ЕУ, под мандат на ООН“ се директен производ и на јасно де-финираните цели на вежбата, односно демонстрирање високо ниво на интеро-перабилност на декларираните единици на АРМ како потврда за тоа дека наша-та армија е рамноправен партнер во ми-сиите предводени од НАТО и од ЕУ, како

Page 26: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

26

седателот (од каде што тој и потекнува), по што опозицијата во целата земја бара одржување на нови претседателски избо­ри“.Токму изборот на новиот претседател кој доаѓа од провинцијата Окланд и кој се залага за изгласување на нов устав, за зајакнување на централната власт, како и за укинување на провинциските собранија, доведува до несогласувања во една од провинциите, Лакланд, која го запира уплаќањето на даноците во заед­ничкиот буџет, ги повлекува министрите од владата и прогласува независност. Тогаш се активира армијата на заеднич­ката држава со цел воспоставување кон­трола над одвоената провинција, така што армијата се судира со националната гарда на Лакланд. Ситуацијата се решава со воспоставување примирје под покровителство на ООН, а истовремено се одобрува и мировната мисија UNMIT која е предводена од НАТО, под мандат на ООН. Обезбедувањето си­гурност, како и спречувањето на поната­мошните борби како главни цели на фик­тивната мисија се цели и на Средната пе­шадиска баталјонска група, како и на Ме­ханизираната пешадиска чета и на одде­лението АБХО (ЕУ БГ II/2012) со коишто Република Македонија учествува во посо­чената фиктивна мисија.

ПОТВРДА НА ОЧЕКУВАЊАТА„Македонски блесок–7“ претставува кон­тинуитет на досега успешно извршени­

и успешно комплетирање на оценувањето на потребната интероперабилност и под-готвеност на декларираните единици за употреба во различни операции во криз-ни состојби во согласност со Концептот за оперативни способности. На терен, како учесници на вежбата из-легоа припадници на Првата механизи-рана пешадиска бригада, додека учество зедoa и поширок спектар единици под ра-ководство на Здружената оперативна ко-манда, Генералштабот на АРМ, Коман-дата за обука, Командата за логистичка поддршка, Полкот за специјални опера-ции и други единици здружени во Средна-та пешадиска баталјонска група на АРМ на која се изврши самооценување Ниво-

1, како и Механизираната чета и одделе-нието АБХО (150 припадници на АРМ), кои треба да влезат во составот на ЕУ-борбената група на (ЕУ БГ II/2012) на кои се изврши НАТО-оценување Ниво-1. На вежбата беше организиран и Курс за обу-чувачи, што е уште едно признание за нас како армија и како држава која доследно го применува Концептот за оперативни способности, што е мошне важно за сите единици кои се упатуваат во мисии пред-водени од НАТО-алијансата.Вежбата „Македонски блесок–7“ се одви-ваше во четири посебни фази, секоја со своја дефинирана задача и цел. Име-но, во првата фаза, фазата на индиви-дуална и колективна обука, се изведе извежбување на поединецот, на клучниот персонал и на штабот, втората фаза беше фаза на планирање за одговор на кризи, третата фаза (фаза на извршување) се со-стоеше од распоредување, извршување и заминување, и финалната, четврта фаза, беше фаза на анализа и процена.

СЦЕНАРИО СПОРЕД ИСкУСТВАТА ОД МИРОВНИТЕ МИСИИСценариото според кое се одвиваа актив-ностите во текот на еднонеделната веж-ба беше дизајнирано исклучиво за са-мата вежба и не се темелеше на некоја претходна ниту на некоја потенцијална ситуација во нашето окружување или, пак, во светски рамки. Секако, состојбите кои беа претставени како дел од поши-роката рамка на сценариото беа бази-рани на претходните искуства во миров-ни операции и досега изведени вежби: ја опфаќаше територијата на Републи-ка Македонија и нејзините официјални топоними. Сценариото се одвиваше во фиктивната земја Такланд, која се наоѓа помеѓу државите Ареланд, Фикланд и Браланд. Дополнително, државата Та-кланд е составена од три провинции (Па-кланд, Лакланд и Окланд) во кои живее население од мешан национален состав. Политичкиот систем на фиктивната држа-ва беше дефиниран како претседателски, но со намалена моќ на централната власт поради постоењето на три провинциски собранија, како и влада во која учествува-ат министри од трите провинции. Настаните кои водат до вежбовните си-туации започнаа со „фаворизирање на провинцијата Лакланд од страна на прет-

Page 27: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

27

те вежби за самооценување и НАТО-оценување во согласност со Концептот за оперативна спо-собност на единиците што се при-менува во Алијансата“, истак-на на свеченото отворање на-чалникот на штабот на вежбата, полковникот Велин Стојановски. „Очекувањата, вежбата да биде успешно реализирана и да ја по-стигне својата цел, можеше да се насети уште на почетокот, од-носно на 9 април, со успешното реализирање на формирањето кордон и пребарувањето на те-рен, потоа патролирањето и фор мирањето на мобилна и пос-то јана контрола точка, ескор ти-ра њето на ВИП-личности, из ве-дувањето на офанзивни опера-ции и реакцијата на импровизи-раната експлозивна направа како дел од активностите на Средна-та пешадиска баталјонска група и ескортирањето на конвој со ева-куација на повреден со хеликоп-тер – CASEVAC, патролирањето и воспоставувањето на мобил-на контролна точка и други-те активности како дел од за-дачите на Декларираната чета за составот на ЕУ-БГ II/2012. Како дел од активностите, чие оценување (са мооценување Ни-во-1 и НАТО-оце нување ниво-1) започна на 12 април, беше вклу-чено и воспоставување на наб љу-

Д Е Н з А П О С Е Т И Т Е Л ИВо рамките на медиумското покривање на дневните активности на терен, на 13 април, два дена пред формалното затворање на вежбата „Македонски блесок–7“, беше от-ворен т.н. Ден за посетители кога врвот на Армијата на Република Македонија, голем дел од воените аташеи акредитирани во Република Македонија, како и целокупна-та македонска јавност, секако, преку меди-умите, можеа одблиску да се запознаат со повеќе елементи во командната структура на самата вежба, а воедно и да бидат све-доци на способностите на припадниците на АРМ во справувањето во секакви ситуации. Имено, по обиколката на тактичкиот опера-тивен центар стациониран на ЦО „Пепелиш-те“, гостите се упатија кон АП „криволак“ каде со детаљна анализа од страна на пол-ковникот Велин Стојановски беше објаснета демонстрацијата на справување со агреси-вен возач и група од локалното население на предната капија на контролната точка.Изразувајќи ги позитивните импресии од виденото, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, истакна: „Денеска бевте сведо-ци на уште една активност која е дел од про-цесот за оценување на декларираните еди-ници. Иако не можевте да ги видите сите ак-тивности, туку само дел од нив, тоа не зна-чи дека на просторот на АП „криволак“ не се изведуваат многу активности и настани кои се дел од активностите кои треба да би-дат оценети. Она што сакам во оваа прили-ка да го истакнам е дека ова, всушност, е

дел од настаните поврзани со практичното спроведување на концептот за оперативни способности, алатка која треба да придонесе за да се подобрат постоечките капацитети и способности на Армијата, а во исто време да се градат и нови капацитети во согласност со мисиите и задачите кои се поставуваат пред припадниците на АРМ.“Позитивните аспекти од континуираното извежбување на припадниците на АРМ во изминатиот период, како и способностите и вештините усовршени до перфекција, се про-дуктите кои ја следат Армијата на Републи-ка Македонија и во текот на извршувањето на задачите и на мисиите надвор од нашите граници, а истовремено се собираат искуства и научени лекции кои се имплементираат во процесот на извежбување. „Подолг времен-

ски период сме сведоци на тоа како расте капацитетот и способноста на Армијата, не само преку спроведување на овој концепт во реалноста, туку и преку реализација на сите редовни и вонредни задачи кои ги из-вршува АРМ. Сето она што припадниците на Армијата во изминатиот период го има-ат научено како ново знаење и вештина со учеството во меѓународни вежби, денес имаме можност да видиме колку успешно го имплементираат тоа знаење во активно-стите поврзани со процесот на оценување на декларираните единици. Јас имам го-лема верба во персоналот на Армијата ток-му поради нивната посветеност, нивно-то професионално однесување, нивната лојалност – тие на најдобар можен начин преку учеството во активности од овој тип покажуваат дека Република Македонија е на добар пат, дека имаме капацитети и способности, дека можеме да организи-раме вакви настани и дека оценките што ние ги даваме не се само наше субјективно мислење туку дека тие се објективна оцен-ка која многу ни значи, оценка која доаѓа од оценувачите од другите армии на земјите-членки на НАТО.“, истакна начал-никот на генералштабот на АРМ.Своја оцена за текот на активностите на АП „криволак“ даде и директорот на веж-бата, полковникот Митре Стојанов, кој по-сочи дека севкупните активности се во ра-мите на претходно планираното. „Веќе неколку дена се наоѓаме на АП криволак каде што во тек е вежбата ‘Македонски

блесок–7’ која ја организиравме со цел на нашите декларирани единици да им соз-дадеме услови да ја покажат својата об-ученост и извежбаност и да ја потврдат својата интероперабилност за заеднич-ко дејствување во поголеми состави или во своите состави во единици со други држави при изведување мировни мисии надвор од Република Македонија. Досе-га вежбата тече според плановите кои ги направивме пред почетокот на вежба-та, оценувањето веќе втор ден се одви-ва перманентно и очекуваме утре тоа да заврши. засега единиците покажуваат очекувани резултати, нема сериозни забе-лешки ниту од националниот оценувачки тим ниту од набљудувачите од НАТО кои го следат оценувањето“.

Page 28: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

28

дувачница, постапка при сообра ќај на не-згода и деблокирање на блокиран пат за Средната пешадиска баталјонска група, како и постапка во случај на артилериски и на пешадиски напад на база, постапка во случај на насилни демонстрации и дру-ги активности како дел од задачите кои беа доверени на Декларираната чета во составот на ЕУ-БГII/2012. Во текот на вежбата вкупно беа „одигра-ни“ 53 настани со 10 инциденти.Секојдневната медиумска активност на Центарот за односи со јавноста овозмо-жи секојдневно и детаљно покривање на активностите на армискиот полигон, така што се овозможи континуирано и непрече-но информирање на македонската јавност.

ПРОЦЕС НА ОЦЕНУВАЊЕЕден од основните елементи во те-кот на вежбата „Македонски бле-сок–7“ секако беше и оценувањето, и тоа самооценувањето Ниво-1 на Сред-ната пешадиска баталјонска група и НАТО-оценувањето Ниво-1 на Декла-рираната чета за ЕУ-БГ II/2012. Цел на самооценувањето беше „да се оцени статусот на интероперабилноста на еди-ниците декларирани во басенот на си-лите според Концептот за оператив-ни способности“. Секако, сето тоа беше оценето од страна на национален тим за оценување на чело со директорот на тимот за оценување, потполковни-

кот Ѓоко Максимов, под мониторинг на оценувачи од НАТО-алијансата. Во те-кот на тридневните оценувачки актив-ности, под будното око на оценувачите беа неколку елементи како ефективното разузнавање, разместувањето и подвиж-носта, ефективното ангажирање, ефек-тивното командување, контролирање и комуницирање, логистичката одржливост и утврдувањето и заштитата на силите, или, фактографски, севкупно беа оценети над 500 задачи и подзадачи и над 2.400 елементи. Цел, пак, на НАТО-оценувањето Ниво-1, беше да се оцени интероперабилноста според НАТО-листата на задачи 3.0 и под-готвеноста на единиците за поддршка

на мировните операции предводени од НАТО и од ЕУ. Ова оценување на Декла-рираната чета беше извршено од оцену-вачи од НАТО-алијансата.За време на изведувањето на вежбата беше спроведен и 21. НАТО-курс за оце-нувачи Ниво-1 на кој зедоа учество 89 слушатели, 49 слушатели од АРМ и 40 од странските армии.Во очекување на следните вежби на кои ќе се потврди значењето и успехот на Армијата на Република Македонија и на нејзините припадници, би рекле дека „успехот е континуирано патување, а не само една единствена дестинација“.

Редакција „Штит“

„Република Македонија има презе-мено обврски во однос на процесот на приближување кон НАТО. Се изра-ботува годишна национална програ-ма и програма за планирање и анали-за каде се содржани и партнерските цели, меѓу кои Република Македонија има обврска да подготви одреден „ба-зен“ на декларирани сили за учество во мисии надвор од државата. Тоа е еден правилно воден процес кој почнува од

помали воени состави и завршува со она што е најголем предизвик за РМ во блиска иднина – ангажирањето на баталјонската борбена група. Станува збор за континуитет, односно за еден многу комплексен и сериозен процес на оценување, нешто што ние секојдневно не го изведуваме како вежба, но е дел од тие активности бидејќи стану-ва збор за спроведување на одредени стандарди и за постигнување на одре-дено ниво на интероперабилност. без остварување на овие два основни кри-териуми не е можно да учествувате во мисија заедно со припадници на други армии. Ние го заокруживме процесот на оценување на ниво 1 и 2 и во РМ и од страна на НАТО-оценувачите, а сега имаме нов предизвик – баталјонската борбена група и неколку помали соста-ви кои треба да бидат дел од ЕУ-бг во втората половина на 2012 година. Нема никакви пречки и овој процес успешно да се заврши и да ги добиеме потребни-те оценки со кои ќе се сертифицираат декларираните единици, така што тие ќе можат да бидат упатени во мисија надвор од РМ. Во тој дел јас не гледам никаков проблем, ако се земе предвид она што персоналот на Армијата го има како способност и капацитет, и очеку-вам дека овие оценувања ќе поминат во најдобар ред.“

НгШ НА АРМ, гЕНЕРАЛ-ПОТПОЛкОВНИк МИРОСЛАВ СТОЈАНОВСкИ

Page 29: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

29

Во посета на Втората механизирана пешадиска бригада на АРМ

„Леопардите“ од Китино Кале

во Македонија има „леопарди“. Ги препознаваат и дома и во странство, по тоа што се универзални ловци, до-

бро извежбани, дисциплинирани и сигурни во ловот.Многумина од нив, како што прилега на вистински леопарди, на најдобар начин, нè претставија на многубројни вежби, во ми-сиите во Ирак и во Авганистан, а најмногу тука, во реонот на зоната на одговорност на Втората механизирана пешадиска бри-гада на АРМ, каде што е и седиштето на македонските „леопарди“. Веројатно нема човек во нашата преубава Македонија кој не чул за нив, но за нив сè повеќе се слу-ша и во странство, зашто секаде каде што се појавиле, оставиле неизбришлива трага.Кога пристигнавме во нивниот дом, кичев-ската касарна „Чеде Филиповски – Даме“, мислите сами ни заскитаа во минатото. Велат, без минато, нема ни иднина. Во случајот на македонските „леопарди“, тоа е непобитна вистина.И без да се навраќаме во далечното мина-то, на времето на Филип и на Александар Македонски, на леопардските кожи како наметка и израз на леопардската моќ, мис-лата сама навира за времето за кое овде уште се прикажува, по нешто се додава и се одзема, но секогаш е обземена од прикажувањето за Марко Крале, за тврди-ната Китино Кале. Досегашните археолош-ки испитувања на овој локалитет за којшто локалното население со гордост го спом-нува, говорат дека тврдината опстојувала уште во праисторијата, а со тоа се пот-врдува мислењето дека овој локалитет е најстарата населба во градот. Во шеесет-

Page 30: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

1. ПОЛкОВНИк ВЕЛИчкОВСкИ: ПРИПАДНИЦИТЕ НА бРИгАДАТА СЕ МАкСИМАЛНО ПОДгОТВЕНИ

2. НАРЕДНИк СИНИША кОЛЕВСкИ: СЕкОЈ чЕТВРТОк ИМ Е ПОСВЕТЕН НА ПОДОфИЦЕРИТЕ

3. ПОСТАР ВОДНИк ЕМИЛИЈА АНАСТАСОВСкА: ВРЕМЕТО Е ДОПРВА ПРЕД НЕА

4. МАЈОРОТ МИЦЕ кОТЕСкИ СО НАТО-МЕДАЛОТ зА зАСЛУгИ

5. РАзВОДНИк МИТЕ СТЕПАНОВСкИ: ИНТЕНзИВНО СЕ ПОДгОТВУВАМ

6. ПОРУчНИк АгРОН зЕкИРИ: ТУкА СИТЕ СМЕ кАкО ЕДНО СЕМЕЈСТВО

тите години при уредувањето на Калето случајно се откриени визан­тиски чанкасти монети и монети од времето на кралот Волкашин. Една народна легенда вели дека тука, на Калето, живеела една од сестрите на Крали Марко, Кита, по која, не само Калето, туку и градот го до­бил своето име. Всушност, тоа е приказна за гра­дот. Македонските „леопарди“ се неделив дел од него, од наше­то славно минато, на кое, обзе­мени од сегашните проблеми, по некојпат заборавaме.Овде, во касарната „Чеде Фили­повски – Даме“ дојдовме по друг повод – да доловиме (ако е мож­но за толку кратко време колку што ние престојувавме тука) дел од активностите на Втората меха­низирана пешадиска бригада на АРМ која е наследник на традици­ите на Кичевско­мавровскиот пар­тизански одред. Борбените актив­ности на Кичевско­мавровскиот партизански одред, формиран на 21 мај 1943 година, имале големо влијание врз развојот на НОБ на целата територија на Македонија. По формирањето на АРМ во 1992 година, на тогашната 13. пбр, а сега Втората мпбр, припадна честа да ги продолжи светлите традиции на Кичевско­мавровскиот партизан­ски одред, а 21 Мај да биде Ден на Бригадата. „Денес, како што по­тенцира командантот на Бригада­

та, полковник Методија Величков­ски, ние сме горди што ги продол­жуваме светлите традиции од на­шето минато”.Сторијата за минатото би била не­целосна ако не се спомне и нешто од најновата историја. Имено, отту­ка, од Втората бригада на АРМ, на почетокот од 2003 година замина првата единица на ниво на одде­ление од нашата армија во миро­вна мисија во Авганистан. Нејзин командир во тоа време беше ка­петанот Фето Бајрами. И претход­но, како и потоа, се множеа многу активности и многу успеси кои при­донесоа македонските „леопар­ди“ да бидат познати и почитува­ни, и дома и секаде каде што ќе се

појават.„Сите припадници на Втората ме-ханизирана пешадиска бригада,и сегашни и поранешни, вгради-ле по една ‘тула’ во развојот на Бригадата“, не случајно, по прво-то добредојде, ни вели командан-тот на Втората мпбр., полковник Методија Величковски.

Тула по Тула, палаТаВо кичевската касарна, седиште на Втората мпбр на АРМ чии едини-ци се лоцирани во Охрид, во Тето-во и во Кичево, сега е многу пои-наку од порано. Касарната денес е големо градилиште. Како што е по-знато, дел од касарната е отста-пен на локалната самоуправа, но уште повеќе се гради се надграду-ва во самата касарна. Ако до вче-ра тоа беше амфитеатарот, ар-миската врата, реновирањето на објектите за сместување, сега е тоа е Алејата на великаните и Па-метникот, потсетник на нашите се-гашни времиња, но и на минатото, а утре, веќе за Илинден, ќе биде новото стрелиште, во септември, новите кабинети и друго.Сето тоа на случајниот намерник, кој првпат доаѓа овде, можеби му изгледа необично, посебно спојот на минатото, сегашноста и идни-ната, но нам, коишто по којзнае којпат влегуваме овде, ни изгле-да вообичаено. Ние сме навик-нале овде постојано да гледаме нешто ново, почнувајќи од спомен-

собата и од етно-собата како беле-зи на едно време, до следењето на најновите достигнувања во об-уката и, според можностите, во опремувањето на Бригадата. Тука, во касарната, каде и да се наоѓаш, како да го слушаш волшебниот звук на кавалот, пискотот на зур-лите што те оставаат стаписани, и екот на тапаните како дамари на минатото, но и предвесници на но-вото време.Иднината, сепак, е на прво место.Затоа, без разлика какво место ќе добие Бригадата во новата формација на АРМ, овде се рабо-ти, што би рекле, под полна пареа.„Имаме обврска кон нашите прет-ходници, симболично се израз-ува командантот на Бригадата, полковникот Величковски, секој од нас, од сегашните припадни-ци на Втората мпбр. да додаме своја тула на ѕидот на успехот. Создадовме единица со сите пре-познатливи белези кои ја красат една современа единица: обуче-ност, ред и дисциплина, изградени меѓучовечки односи, висок степен на психофизичка подготвеност, стручност и професионалност. По сите овие елементи нашата едини-ца е оценета со највисоки оценки. Задачите што ни претстојат во на-редниот период се многу одговор-ни, но ве уверуваме дека ќе ги из-вршиме на најдобар можен начин. Горди сме што докажавме како

треба од стручен и од професио-нален аспект да се извршуваат по-ставените задачи“.Македонските „леопарди” во из-минатиот период станаа поим за добро организирана, НАТО-интероперабилна и, пред сè, ефи-касна единица на АРМ, како во земјата така и на вежбите и во ми-сиите во странство, за чиј пионер се смета токму Втората мпбр, бидејќи токму од редовите на македонски-те „леопарди” во мировна мисија во Авганистан замина првата еди-ница на АРМ, тогаш на ниво на од-деление. Со ангажирањето во ми-ровни мисии тие придонесоа и за меѓународниот углед на Армијата и на Република Македонија.

30

Page 31: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

31

„Во минатата, 2010 година, пред замину-вањето за Авганистан, на припадниците на контингентот на АРМ им кажав дека иако по територија сме мала земја, имаме голе-мо срце и големи воини. Во Авганистан, за време на мисијата, нашите војници, како и нивните претходници, се покажаа како вистински воини на мирот. Сите, што е најважно, се вратија живи и здрави и сите добија соодветни признанија, што е резул-тат на темелни подготовки и квалитет во обуката“, истакнува командантот Велич-ковски.Обуката на кичевските „леопарди“ е по-себна приказна. Кога престојувавме во ка-сарната, приближно триста припадници на Бригадата веќе беа заминати на вежбата „Македонски блесок–7“ но, овде, сепак сè функционираше како под конец.Иако вежбата беше во тек, овде веќе се размислуваше за претстојните активности: вежба на карта и вежба на командно ме-сто. Овде е секогаш така. Додека едно се одвива, веќе се подготвува друго. Овојпат во центарот на интересирањата на при-падниците на Бригадата беше одговорот на можни природни катастрофи и масов-ни хаварии. Во вежбите ќе бидат вклуче-ни и представници на локалната самоупра-ва, ЦУК, ДСЗ, МВР, владини и невладини организации, односно сите оние коишто и во реална ситуација би биле активно вклу-чени во справување со кризата. Повод за овие вежби се неодамнешните настани во Јапонија, поврзување на сите активности и на сите субјекти за навремено и ефикас-но реагирање при вакви и слични непого-ди. Но за тоа повеќе другпат кога ќе пишу-ваме за самите вежби.

ПРЕПОзНАТЛИВИ „ЛЕОПАРДИ“Но да се вратиме на тоа што е денес.На вежбата „Македонски блесок–7“, чиј но-сител се штипските „скорпии“, во момен-тот кога се пишувани овие редови учеству-ваа речиси 300 „леопарди“. Утре тие ќе би-дат иста единица, во иста бригада. Но за тоа повеќе другпат.Меѓу нив се припадниците на декларира-ните единици за мировни и хуманитарни мисии: Инженерско-пионерскиот вод за де-минирање; Хаубичкиот вод од 1. баталјон на 2. мпбр. од Тетово и Извидувачката чета кои се подготвуваа во рамките на Де-кларираната средна баталјонска борбена група, како и Пешадиската чета којашто се подготвуваше за мисии во рамките на ЕУ–борбената група чиј лидер е Германија.

медалот за заслуги. На наше инсистирање ние го сликавме со медалот. Тој за себе говори мошне скромно,но ис-товремено мајорот Котески не можеш да го запреш кога говори за Бригадата, осо-бено за цивилно-воените односи. Впро-чем, тој во Бригадата е одговорен токму за соработката со локалната самоуправа, со медиумите, или, како што во АРМ тоа популарно се нарекува, за С-5. Секако ак-тивно е вклучен и во пренесувањето на ис-куствата во обуката. Од 2007 година тој е вклучен во процесот на оценување на де-кларираните единици како сертифициран оценувач за нивото 1 и за нивото 2, одно-сно за оценување на интероперабилноста и на борбената готовност.Овојпат издвојуваме само неколку сегмен-ти како илустрација на дел од она што Бри-гадата го прави заедно со локалното насе-ление, а и за него.Само во текот на 2010 година приближ-но на околу 50 наврати му била давана асистенција и поддршка на цивилното насе-ление при што се ангажирани 890 припад-ници на Бригадата. Тука не се вбројуваат постојаните контакти по барање на локал-ната самоуправа, на невладините орга-низации, на верските заедници, на трите универзитети со кои е воспоставена кон-тинуирана соработка (УКИМ-Институт по хемија, форензика; Штуловиот универзи-тет и Државниот иниверзитет во Тетово), на училиштата... Во знакот на честа и силатаЗа само еден ден, колку што престојувавме во Бригадата, не може да се спомнат сите

активности на „леопардите“. Затоа само површно ќе спомнеме уште неколку карак-теристики на оваа единица на АРМ.Македонските „леопарди“, освен по својата дисциплинарост, професионалност и стручност во извршувањето на поставе-ните задачи, се познати и по извонредни-те резултати во обуката и во подигањето на борбената готовност. Може слободно да се каже дека ги краси „честа и силата”, како што впрочем и пишува на заштитни-от знак на единицата.Ако се сумираат досегашните резулта-ти, како и оцените од инспекциските кон-троли и проверки од страна на претпо-ставените команди и од ГШ на АРМ, то-гаш е сосема јасно дека станува збор за мошне солидна, здрава и ефикасна вое-на организација на АРМ. Впрочем, според

Освен тоа во мисии учестувале и се под-готвуваат за учество респектабилен број на штабни офицери за работа во соодвет-ните НАТО, ОН и други команди.„Сите припадници на Бригадата, не без доза на гордост го кажува ова полковни-кот Величковски, се максимално подготве-ни“. Од „леопардите“, впрочем, како досе-га така и во иднина, се очекува само макси-мум, и тие во тоа никогаш не изневериле.Досега во мировни мисии од Бригадата учествувале 792 припадници, односно 14 контингенти (12 контингенти во мисијата ИСАФ и 2 во мисијата „Слобода за Ирак“). Но за тоа можат повеќе да кажат самите „леопарди“, учесници во мисиите во Ирак и во Авганистан. Овојпат со нас беше само мајорот Мице Котески, предводник на два македонски контингенти во Авганистан, во 2006 и во 2007 година, и носител на НАТО-медал за заслуги во службата, тоа е прв та-ков медал што го добил некој припадник на АРМ.Во неговата канцеларија централно место зазема фотографија. На фотографијата Котески е опкружен со британски војници. „Им бев командир, вели во истиот стил, кога бев со македонскиот контингент 2007 година во мисија во Авганистан“. Скром-но и едноставно ни кажа дека британскиот вод за време на мисијата бил придодаден на македонскиот контингент, а командант на контингентот бил токму мајорот Мице Котески. Претходно, неколку месеци бри-танскиот командант ја следел работата на Македонците во Авганистан, а потоа одлу-чил да им ја довери командата и над бри-танскиот вод.Застаклената витрина ја краси НАТО-

Page 32: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

32

многу елементи на воената вештина, како што се: стручната обука, борбената готов-ност, извежбаност, високиот професиона-лизам, беспрекорен ред и дисциплина, до-бри и хармонични меѓунационални одно-си, другарство и крајно одговорен однос кон вооружувањето, МТС и воената тех-ника, Втората механизирана пешадиска бригада спаѓа меѓу најдобрите единици на АРМ. Патем, за тоа зборуваме и со на-редникот Синиша Колевски, главен подо-фицер на Бригадата. Наредникот има го-лемо искуство, и тоа едноставно блика од него. Претходно бил во повеќе единици на АРМ, бил извидувач, граничар и што уште не, за конечно, од ноември 2005 година, да стане прв подофицер на Бригадата. Според Концептот за подофицери на АРМ ги поминал сите скали во развојот како прв подофицер на бригада и повисоко. Со него разговараме на многу теми. Тој е неисцрпен извор на информации и едно-ставно се стеснуваме пред него, велејќи дека овојпат ќе објавиме само дел од она што претставува активност на подофи-церскиот кор во Бригадата.Сепак, не можеме а да не го споменеме де-нот на подофицерите, што се практикува веќе две години по ред. „Секој четврток, вели наредникот Колевски, првите подо-фицери раководат со единиците на Бри-гадата за време на утринската смотра. Тој ден, од 8 до 16 часот, им е посветен на по-дофицерите“.Тој ова го говори рутински, како нешто во-обичаено, но тој настан е за истакнување. Едноставно затоа што овде, во Бригадата, на подофицерот се гледа како на лидер,

како на предводник на одделение или на друга единица тогаш кога е најпотребно, во борбените подготовки и активности, во секојдневниот живот на војниците. Овојпат не присуствувавме, но ветивме дека наскоро ќе бидеме и директни прене-сувачи на Денот на подофицерот. Само така може да се долови дел од чувството, кога едноставно сè е во знакот на подофи-церите и војниците. Еден од припадниците на единицата, за-служен за добриот глас на подофицер-скиот кор на Бригадата, е постариот во-дник Емилија Анастасовска, подофицер за снабдување во С-4 на Командата на Бри-гадата. И нејзиниот дедо и татко, а исто и сопругот со којшто, како што вели, ги спои Армијата, се воини. Тој ген, уште од малеч-ка, ја „заразил“ и неа. И никогаш не зажали-ла за тоа. Во неа, впрочем, тече војничка крв. Единствено жали што досега не била во мисија. Конкурирала, но конкуренцијата овде е мошне голема. Таа уште се надева. Впрочем, времето е допрва пред неа.Молкум се согласуваме со неа.Кога потоа разговараме со разводникот Мите Степановски, тој спонтано нè враќа на разговорот со Емилија. И неговиот сон е учество во мисија, но и да стане до-бар подофицер како што сега е Емилија. Уште како дете сонувал да стане војник, и во ноември 2005 година тој сон му се остварил. Сега е оператор на радиостани-ца за врски. Неговиот командир го опре-дели токму него за разговорот за „Штит“, бидејќи е еден од најдобрите професио-нални војници во неговата единица.„Редовно комуницирам, најчесто преку

„Скајп“, со моите другари кои сега се во мисија во Авганистан. Посакувам, како и мојот другар Сашо Синадинов, кој веќе третпат е во мисија, и јас да заминам таму и на лице место да го доживеам тоа за што сега само слушам преку Интернет, и за ова интензивно се подготвувам, како и сите припадници на Бригадата“, со мал-ку носталгија во гласот ни кажува војникот Степановски.На заминување од Бригадата разговарав-ме и со поручникот Агрон Зекири, офи-цер за правни работи. Со него разговарав-ме за другарството, за соживотот во Бри-гадата. „Тука, вели тој, сите се како едно семејство“. „Проблемите на вработените, укажува по-

ручникот Зекири, настојуваме превентив-но да ги решаваме. За правник во Бри-гадата постојано има работа, но добро е што и барањата на вработените постапно се решаваат“.Патем речено, една од неговите конти-нуирани задачи е запознавање на учес-ниците во мисиите со одредбите од За-конот за вооружен конфликт. Пред секое заминување во мисија тоа е неодминлива работа. Покрај останатото можеби и тоа е една од причините што нашите мисионери покажуваат извонредни резултати во ми-сиите, а најмногу ги краси редот, дисципли-ната, професионалноста и ефикасноста во извршувањето на задачите.„Да не ја заборавиме и човечноста, вели командантот на Втората мпбр., полковник Методија Величковски. Нашите војници на вежби и во мисии се препознаваат и по тоа што се исклучително дисциплинирани, мак-симално подготвени и човечни. Затоа во Кабул, и насекаде каде што сме присутни, народот нè препознава како Македонци, како добри војници и добри луѓе“. Со носталгија заминавме од касарната „Чеде Филиповски–Даме“. Ветивме дека повторно ќе дојдеме. Впрочем, овде секо-гаш може да се чуе и да се научи нешто ново.Приказната за македонските „леопарди“ не случајно ја оставаме недовршена. Оста-ваме простор да навратиме овде повтор-но, кога Бригадата, во согласност со нова-та структура на силите на АРМ ќе го добие новото место. Каде и да се, тие секогаш ќе бидат „леопарди“.

Васил Дичевски

Page 33: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

диницата на Воената полиција, како единствена воено-полициска сила во АРМ е формирана само 15 дена по роденденот на Армијата

на Република Македонија, на 15 април 1992 година. Практично, таа е прва формирана единица на АРМ. Единицата на Воената полиција го честву-ва 7 мај. На тој ден во 1903 година, за вре-мето на одржувањето на Смилевскиот кон-грес во с. Смилево, непосредно пред Илин-денското востание, за првпат македонски-те револуционерни сили организирале воо-ружени селски стражи со задача да обезбе-дат непречено одвивање на Конгресот и да ги заштитат делегатите кои присуствувале на Конгресот. Токму на тој ден за првпат ор-ганизирано се извршило обезбедување на редот и на мирот и заштита на делегатите на Конгресот, што во суштина претставува основна функција на Полицијата.Во почетокот единицата се пополнува-ше со војници и со регрути, а од 2001 годи-на започнува професионализацијата. Еди-ницата се опремува со современа опре-ма и со специјална техника, но и континуи-рано се грижи за надградување на методи-те и техниките во извршувањето на профе-сионалните задачи преку осовременување на обуката, усвојување на стандардите и достигнување одредено ниво на интеропе-ративност со сличните единици во НАТО-земјите. Од 7 септември 2006 година, кога е извршена промоција на баталјонот на ВП, единицата стана дел од Здружената оперативна команда (ЗОК), а со најновата трансформација се очекува единицата на ВП да го добие вистинското место во АРМ

33

19 години Воена полиција на АРМ

Секо

гаш

по

дготвени

во согласност со проверените вредности и потреби.Баталјонот на Воената полиција (бВП), покрај другото, учествува во одбраната и заштитата на територијалниот интегритет, независноста и суверенитетот на Републи-ка Македонија и го поддржува Генералшта-бот на АРМ во неговите активности преку обезбедување реони, правци, единици, ко-манди и објекти. Воената полиција успеш-но извршува голем број задачи од доменот на надлежноста на единицата како што се: борба против диверзантско-терористички и други вооружени групи; обезбедување на врховниот командант, обезбедување на ви-соки воени раководители и на странски де-легации; регулирање и контрола на воени-от сообраќај; сузбивање на криминалитетот во одбраната, укажување поддршка на си-лите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности врз безбедноста на РМ, оспособување на декларираната единица на бВП за учество во меѓународни миров-ни и хуманитарни операции, обезбедување на смената на знамето на РМ пред македон-ското Собрание, како и други сложени за-дачи од делокругот на работата на Воена-та полиција. Припадниците на единицата на Воената полиција (ВП) денес ги краси про-фесионализмот и фактот што се секогаш подготвени да реагираат во секакви ситу-ации во кое било време од денот. Кога не-што ним ќе им се довери, тогаш однапред се знае дека ќе биде навреме, квалитетно, про-фесионално, без ниедна грешка и, пред сè, безбедно извршено, како што гласи и мото-то на единицата „Секогаш подготвени“.

Редакција „Штит“

ВО СПОМЕН НА ХЕРОЈОТПрипадниците на Воената полиција ак-тивно учествуваа и во одбраната на територијалниот интегритет и сувере-нитет на Република Македонија во кон-фликтот во 2001 година, конфликт во кој животот трагично го загуби тогашни-от командант на единицата, капетанот I класа Љупчо Мирчовски. По тој повод, на 28 март беше положе-но свежо цвеќе на спомен-обележјето на капетанот Мирчовски, а пред стројот на единицата говореше командантот на бВП, потполковник чедо Јакимовски.„Секогаш ќе се сеќаваме на командантот Мирче, на неговиот придонес во развојот на Воената полиција и секогаш со гор-дост ќе се потсетуваме на него“, истак-на, покрај другото, потполковникот чедо Јакимовски.

Page 34: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

34

итам Македонија’ претставува уште еден специфичен белег низ кој се провлекува времето и кој е трајно врежан кај секого од нас. Како што те-

чел животот проследен со низа маки и радо-сти така се раѓале и нови песни кои го опи-шувале тоа историско ткаење што на некој начин ја опишува и историјата на овој на-род. Хемиолата, токму тaа е главниот вино-вник за она што нè прави малку поразлич-ни од останатите, па затоа предлагаме вни-мателно да ги ислушате композициите про-излезени од музичкиот разбој на Републи-ка Македонија. Истовремено ќе слушнеме и изведба на композиции од поново време, а сето тоа нè потсетува дека музиката нема граници бидејќи композициите не се нечии, туку се сечии, и токму тоа ги прави убави и значајни. Затоа да не ве чуди што овие ком-

позиции, кои не случајно се одбрани, ги из-ведува токму овој оркестар“, гласеше по-раката до присутните во Домот на АРМ во Скопје кои присуствуваа на концертот на Воениот оркестар на АРМ. Повод за концертот беше одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Ре-публика Македонија и 19 години од фор-мирањето на Воениот оркестар на АРМ. За таа цел на 28 март во Домот на АРМ во Скопје за првпат од неговото формирање Воениот оркестар на АРМ одржа целове-черен концерт. На концертот присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-пот-пол ковник Мирослав Стојановски со сопру-гите, потоа вработени во Министерството и Армијата, како и голем број претставници на дипломатскиот кор во Р. Македонија.

На концертот премиерно беа изведени три­наесет композиции од проектот „Ритам Ма­кедонија“, исткаени од музичкиот разбој на Македонија.Проектот „Ритам Македонија“ Министер­ството за одбрана го реализираше во сора­ботка со професорот Илија Пејовски кој е и аранжер на дванаесет композиции, а една од композициите ја аранжираше капетанот Горан Илијевски, припадник на Воениот ор­кестар на АРМ.Под диригентство на мајорот Драган Дими­тров, Воениот оркестар на АРМ на присутни­те во преполната сала на Домот на АРМ им овозможи една незаборавна вечер во која по­сетителите видоа спој од традиционал ното и современото. Уживањето беше збогатено со изведбата на неколку прерабо тени тра­диционални македонски песни кои се трајно врежани кај секој од нас и во кои се опеани времето и историјата на маке донскиот на­род на еден специфичен и својствен начин, меѓу кои „Со маки сум се родила“, „Ограж­денско оро“, „Ракатка“, „Учи ме мајко карај ме“, „Бојот започна горе Крушево“ и дру­ги. Спојот на традиционалнато то и совре­меното беше надополнет со изве ду вањето на преработките на колажот од „Битлси“, на „Барселона“, на „Пинк пантер“, на „Седумте­мина величествени“ и на „Дикси“.За уживањето да биде комплетно, чле­новите на Воениот оркестар на АРМ на крајот ја изведоа легендарната антологи­ска композиција „Едно име имаме“ која пре­дизвика овации кај присутните во салата, а нивните аплаузи ги принудија воените музи­чари да исполнат уште неколку свои компо­зиции.

З. Ризовски

ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР НА АРМ

УЖИВАЊЕ СО ЗВУЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Page 35: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

35

а 31 март под мотото „Ајде на садење, батали политика барем денес“, се од-ржа седмата по ред акција „Ден на дрвото – пролет 2011“. Граѓаните ма-

совно учествуваа во акцијата за садење дрвца со што продолжи озеленувањето на Македонија.И годинава припадниците на АРМ активно се вклучија во акцијата. Врз основа на из-вршената координација со координативно-то тело на акцијата беше одлучено АРМ да се ангажира на десет пунктови низ Републи-ка Македонија, на кои млади стебла засаду-ваа 200 припадници на АРМ од шест арми-ски гарнизони: во Скопје на пунктовите Ржа-ничино, Бучинци и Мршевци; во Куманово на пунктовите живкова Карпа и Каменоломот кај с. Оризаре; во Штип на пунктот кај с. Со-филари; во Велес на пунктовите Витанци (кај месноста Долги Рид) и Балталак; во Охрид на пунктот Мауцкер, и во Кичево на пунктот Буковиќ – Вардина (кај месноста Црвевци). Во годинешната акција, припадниците на АРМ засадија околу 600 илјади различни садници. Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Ре-публика Македонија АРМ, како и во изми-натите акции, го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Репу-блика Македонија и во изградбата на еко-лошката свест за зачувување на шумите како едни од нашите најголеми богатства.Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се роди во август 2007 година кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, свет-

ДЕН НА ДРВОТО – СЕДМИ ПАТ

ски познатиот баритон, маестро Борис Трајаниов, трогнат од огромните катастро-фални пожари кои во 2006 и во 2007 го-дина ја соголија и ја опустошија Република Македонија, доби благородна идеја и пот-тикна проект за масовно засадување на го-лините и на опустошените планини.Незаборавната изјава на уметникот Трајанов дека „Не сме само ние жители на планетата, и шумите се жители како и ние“ и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите“, ја зароди и ја осемени го-лемата идеја кон реализација. Иницијативата на господинот Трајанов беше прифатена од група ентузијасти и така започна проектот „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.Ексклузивоста на ова идеја е оригиналниот

зафат – секој граѓанин на земјата да заса-ди по едно дврце, и тоа во само еден ден. Блескавата метафора за себепреродување преку раѓање на нов живот на шумите – со-нот за пошумена Македонија, во само еден ден стана убава зелена стварност кога беа засадени два милиони и педесет и шест илјади садници, значи онолку колку што има жители Република Македонија.На 12 март 2008 година се спроведе прва-та акција на која жителите на земјата масов-но излегоа за засадат дрвце. Акцијата беше повеќе од успешна. Следеше втората, тре-тата и сè така по ред, до годинешната, сед-ма по ред акција.Македонија се прочу во светот по добро...

Редакција „Штит“

ОЗЕЛЕНУВАЊЕТО

ПРОДОЛЖУВА

ВЕЛЕС: На 31 март и припадниците на командата за обука активно учествуваа во ма-совната акција „Денот на дрвото“. Садењето на млади садници се одвиваше во околината на Велес во реонот на општи-ната чашка. Учесници во акцијата беа 50 војници на доброволно служење на воени-от рок, како и 6 старешини од Центарот за индивидуална обука. Вклучувајќи се во оваа акција, припадниците на АРМ пошумија голема површина со млади садници багрем и зимзелени дрвца и со тоа покажаа дека се подготвени секогаш да дадат свој придонес во соработката со локалната самоуправа. Нивното залагање во текот на акцијата беше на истото ниво како и во претходните масовни акции. Со тоа и припадниците од командата за обука ја покажаа својата волја да живеат во здрава животна средина и дека го знаат огромното значење на шумите за опстанок на сегашните, но и на идните генерации. Војниците кои зедоа учество искажаа задоволство што го дадоа својот придонес во одбележувањето на акцијата за Денот на дрвото.

С.Н.

Page 36: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

36

пионирањето или т.н. „ко до ше­ње“ е занает стар колку и сами­от свет. Мистериозно, таинстве­но и моќно, тоа е т.н. „шифра за

препознавање“ или лозунг на сите свет­ски шпионски организации кои, како тајни организации, се занимаваат со индустри­ски саботажи, политички атентати, уби­ствени „чадори“ што, всушност, е само дел од нивниот опис на работа.Шпионирањето опфаќа „земање на кла­сифицирани информации без дозвола на сопственикот на информацијата или овластеното лице“. Тоа „de facto“ е не­законски акт кој опфаќа поседување на информации од страна на неовластено лице, а воедно е и „трговија на информа­ции на високо ниво“. Во практика, многу организации, национални или не, водат шпионски операции.

ИСТОРИСКИ ОСВРТИсторијата препознава голем број до­кумен тирани шпионски инциденти. Име­но, старите Египќани имале еден мно­гу развиен систем за користење на ра зуз навањето, нешто што не било не­познато и за Евреите кои се познати по користењето на шпиони во секакви си­туации. Историјата вели дека шпионите биле бројни и во Грчката и во Римската Империја – римските армии имале свои прибирачи на информации, шпекулан­ти или извидници. Услугите на шпионите биле користени и во периодот од 1200 до 1300 година кога Монголите напаѓале во Азија и во Европа. Од денешен аспект, на

Далечниот Исток, феудална Јапонија за собирање на класифицирани информа­ции многу често ги користела т.н. „нинџи“. Шпионите, информаторите, прес рет ну­ва њето на пораки и употребата на за­пленети или тајно препишани докумен­ти може да се сретнат и во раните сред­новековни војни – политичките и вое­ните служби за разузнавање на нор­мандиските и на старите англиски кра­леви во XVI и XVII век не се потпирале само на „озборувањата на пазарот“ или „озборувањата во воениот логор“, туку тие имале свои „извидници – водачи“ кои биле одговорни за прибирање на разу­знавачки информации на терен. Ина­ку, во XVIII век, кампањите за теренско разузнавање од овој вид биле една од повеќето обврски на началникот на ин­тендантската служба, додека секретари­те на генералите се занимавале со поли­тичко и со стратешко разузнавање. Шпионите сепак имале многу добри по­зиции и за време на владеењето на Ели­забета I со Англија, период во кој се по­ставени многу методи на модерно­то шпионирање. Имено, во XVII век во Англија, најважната функција која му се доделувала на Државниот секретаријат била управување со разузнавањето, тер мин кој не го означувал само обез­бе дувањето на важни информации за непријателските земји и за домашните заговорници, туку и постојано уредно дос тавување на секаков вид „новости од странство“. Кога станува збор за британ­ската историја интересно е да се напоме­

ШПИОНИРАЊЕТО КАКО АЛАТКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРЕДНОСТ

БОРБА ЗА НАЈСКАПИОТ ЕЛЕМЕНТ –

ИНФОРМАЦИЈАТА

Page 37: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

да коментираат околу тие активности. Во меѓувреме и медиумите укажуваат на многубројните „шпионски сателити“, „лан-сирани ракети“ и слично. Шпионирањето не е синоним за сите функции на служ-бите. Специфичната форма на „човечки извори“ или „ресурси на разузнавање“ (HUMINT – human intelegence), потоа кршењето на кодови (анализи на крип-ти – комуникациско разузнавање или COMINT), фотографирањето од стра-на на сателити или авиони (IMINT) и барањето на отворените објавувања, сето тоа се дициплини за собирање ин-фор мации, но ништо од тоа не претста-вува шпионирање. Исто така, голем број активности, како испрашување на затво-реници, извештаите на воени патроли и на дипломати, всушност не претставува-ат шпионирање.

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРАРазузнавач е пластично речено вработен кој треба да собере информации. Основ-ни термини кои се користат во Комитетот за разузнавање на САД се „ASSET“ или „NIO“ (национален офицер-разузнавач), додека поштарите кои не го познаваат агентот или офицерот кому редовно му доставуваат информации се наречени „COTOUTS“. Како место за престој на раз-узнавачите може да се земе една сигурна куќа или стан но, секако, во големите држа-ви организирањето може да биде поком-плексно, користејќи многу повеќе мето-ди за да се избегне откривањето. Имено, многу често „играчите“ никогаш не се ви-

деле, а некогаш не

се ниту свесни дека се дел од таа игра (ова често се

дефинира како „ефектот на Тајсон“, каде главните играчи се „анонимни“). Еден разузнавач може да биде или, пак, да не биде државјанин на една држа-ва во која се одвиваат активностите – највообичаена практика е да регрутираш една личност која е од доверба, а има и случаи каде една личност прави напори да се инфилтрира во некоја организација каде е селектирана како цел, со лажен идентитет. Овие разузнавачи може да бидат т.н. „MOLE“ – личност која е регру-тирана пред да има пристап до посаку-ваните информации, „DEFEKTOR“ – лич-ност која е регрутирана откако имала пристап до информации и ја напушти-ла матичната земја (пример, разузнава-

чот на Британската разузнавачка служ-ба, Џорџ Блејк, кој во 1953 година дал информации на Советската разузнавач-ка служба за плановите на британските и на американските разузнавачки служ-би за изградба на тунел во советската зона на Берлин со цел прислушување на земските комуникации на штабовите на советската армија и „DETEKTOR“ – лич-ност којашто отпосле е регрутирана или откако се здобила со пристап до инфор-мации, но не ја напуштило својата земја (на пример, според кажувањата на аген-тот на ЦИА, Вилијам Лофгрен, првиот чо-век на разузнавањето на СФРЈ и главни-от човек за разузнавање на времето на Слободан Милошевиќ, Јовица Станишиќ, кој на тајни состаноци во „сигурни куќи“, на бродови и сплавови на Сава ја изве-стувал ЦИА за начинот на дејствување на режимот на Милошевиќ, истовремено обелоденувајќи податоци за локацијата на заложниците на НАТО или, пак, при-мерот со синот на високиот претставник на Хамас, шеикот Хасан Јусеф, кој се от-кажал од неговиот син, Мосаб Јусеф, по-ради тоа што се разбрало дека тој им от-крил важни информации на израелски-те разузнавачки служби за активности-те и за местоположбата на високите ко-манданти на Хамас, што довело до нивно елиминирање и апсење. Освен општата задача за собирање ин-формации, разузнавачите може да се ис-користат и за ширење на дезинформа-ции во институцијата каде се поставе-ни (на пример, да даваат погрешни ин-формации за движењето на некоја вое-на единица или за способноста на некоја компанија да создаде некој нов продукт и слично).

ПРОФЕСИОНАЛНИ РИЗИЦИАктивностите кои се секојдневие во обла-ста на шпионирањето носат големи ри-зици – еден шпион кој ги крши законите на една држава во која се наоѓа може да биде депортиран, уапсен, па дури во не-кои држави и егзекутиран. Од друга стра-на, шпионот кој ги крши законите на соп-ствената држава, исто така, според по-стоечките законски норми во определе-ната држава може да биде и егзекутиран. Како примери од реалноста може да се земе одлуката на иранскиот Суд донесе-на по брза постапка според која Али Ак-бар Сијадад треба да се казни со бесење под обвинение дека им пренел чувстви-телни информации на МОСАД (Израел-ската разузнавачка служба).Во светот има многу случаи во кои се из-вршило заемно протерување на дипло-мати од амбасадите, како што се слу-чи неодамна помеѓу Полска и Русија, от-како Воениот суд во Москва осуди ру-ски офицер на седум години затвор за шпионирање во корист на Полска. Име-но, мајорот Сергеј Јурења се соочи со суд-ски процес. Тој беше обвинет дека им про-давал воени тајни на полските тајни служ-би. Токму споменатиот настан довел до протерување на дипломати од амбаса-дата на Полска во Русија, на што Полска возврати со иста мера.

Фатон Круези

37

не дека современиот британски кабинет потекнува од Комитетот за разузнавање на Државниот совет кој постоел извесно време по 1660 година. Навраќајки се на поновата историја, пе-риодот на т.н. Студена војна опфатил ин тензивни активности во сферата на шпионирањето помеѓу САД, Советскиот Сојуз, Народна Република Кина и нивни-те заеднички сојузници, посебно во доме-нот на тајните за нуклеарното оружје. Се-пак, како примарна цел на тајните служ-би можат да се земат и трговијата со дро-га, трговијата со луѓе и илегалните актив-ности кои се сметаат како „терористички акти“. Разни тајни служби континуирано ги идентификуваат техниките кои ги кори-стат нивните непријатели – на пример Со-ветскиот Сојуз ги преферирал т.н. „човеч-ките ресурси“, додека САД ја преферира-ле предноста на технолошките методи како SIGINT (сигнално разузнавање кое се состои од електронско пресретнување и од сите криптоанализи) и IMINT (сликов-но разузнавање – imagery).Ако гледаме историски би можеле да заклучиме дека разузнавањето ка ко информација, а воедно и тајното ра зуз-ну вање, временски оди „рака под рака“ со развивањето на институцијата како поим. До средината на XIX век имало малку специјализирани и постојани инсти-туции за разузнавање, а контролата на прибирањето и вреднувањето на резул-татите биле неделив дел од државништ-вото и од военото командување.

МЕТОДИ И ШИфРИИсто како и другите форми на ди-циплина за собирање информации, шпионирањето вообичаено го опфаќа пристапот до местото каде се чувани са-каните информации или пронаоѓање на луѓето кои ги знаат бараните ин-формации а, секако, има и можност за целосно исклучување на физички-от контакт (пр. шпионот Роберт Хан-сен никогаш не ги сретнал луѓето на кои им дал информации). САД го де-фи нираат шпионирањето како акт на земање, дистрибуција, пренесување и комуникација, или собирање на инфор-мации поврзани со националната безбед-ност, информации за кои се верува дека можат да се искористат за нанесување штета на САД или за креирање предност на некоја друга држава, непријателска или пријателска. Шпионирањето во САД може да се нарече „силување на закони-те“ и се казнува од Воениот код на прав-дата. Шпионирањето, вообичаено, е дел на еден институционален напор и во највообичаениот контекст е поврзан со потенционалното шпионирање на актуел-ните непријатели, главно за воени цели, не исклучувајќи го и корпоративното шпи онирање (технолошко шпионирање). Имено, Канада годишно губи по 12 милијарди долари поради индустриско шпионирање, а се претпоставува дека германските компании годишно губат и по 50 милијарди евра и 30 илјади работни места поради технолошки шпионирања. Многу држави рутински се шпионира-ат меѓу себе, (непријатели и сојузници), иако никогаш не преземаат одговорност

Page 38: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

38

езбедноста и стабилноста на една држава во голема мера зависат од примената на ефикасно гранично управување, на информирањето, на комуникациите и на координацијата.

Овие функции не треба да бидат во ра-цете на индивидуи, односно треба да би-дат раководени од институции. Воедно, за нивното спроведување не треба да бидат одговорни само индивидуални институции туку меѓуагенциски тимови формирани во рамките на системот на интегрирано гра-нично управување. Во освртот ќе се направи компарати-вен приказ на двата системи во Републи-ка Македонија, поранешниот, кој беше во надлежност на Министерството за од-брана (МО), односно на Армијата на Ре-публика Македонија (АРМ), и сегашни-от, кој е во надлежност на Министерство-то за внатрешни работи (МВР). Ќе се уо-чат карактеристиките на новиот систем на интегрирано гранично обезбедување и ќе ги увидиме предностите и напре-докот во исполнувањето на мисијата за постигнување сигурна и контролирана државна граница. Во овој број на „Штит“ продолжуваме со компаративната анализа за системот за интергирано гранично управување.Додека во претходниот армиски систем Армијата беше кордонски и линиски рас-поредена со своите објекти по должина-та на државната граница, сега основни но-сители на системот на граничната контро-ла се регионалните центри на Гранична-та полиција: Север, Запад, Југ и Исток. Во рамките на Граничната полиција постојат

станици е доволен во споредба со нивни-те задачи и области на одговорност. По систематизација бројот на персоналот на станиците ќе се зголеми така што ќе се по-добри нивната способност да организира-ат надзор над границите.Тактиката за надзор на државната гра-ница е базирана врз позорна патрола до или во близина на граничната линија. Зада-чите за надзор се спроведуваат врз осно-ва на локалните анализи на ризик. Нивна-та цел е да го фатат лицето кое нелегал-но ја преминало границата во близина на граничната линија или во пограничната об-ласт. Гранични проверкиНа граничните премини се врши провер-ка на патната исправа и на патниците, се

КОНЦЕПТ ЗА БЕЗБЕДНА ДРЖАВА–2

ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПР АВУВАЊЕ

специјализирани единици за гранични про-верки, за граничен надзор, како и Прифа-тен центар за странци. Единиците за гра-нична проверка се полициските станици на граничните премини (патни, железнички езерски) и аеродроми, со основна задача да вршат контрола на патници и на мотор-ни возила на легалните премини на држав-ната граница и преземање мерки во дла-бочина на државната територија. Регионалните центри се одговорни за управување на надзорот на границата во нивните региони. Полициските стани-ци за надзор на границата извршуваат за-дачи на терен. Постојат четири регионал-ни центри и 28 полициски станици за над-зор на границата долж границата на Репу-блика Македонија. Бројот на персонал во

Page 39: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПР АВУВАЊЕ

другите министерства, но нивното работно место се наоѓа во рамките на нивните ми­нистерства и тие треба да преземат дел од работата на Координативниот центар кога е потребно.Република Македонија е потписнич­ка на Конвенцијата за полициска со ра ­бот ка на Југоисточна Европа т.н. Ви енска конвенција. Во поглед на им плементацијата на одредбите од Кон вен цијата, Република Македонија има потпиша но документи во областа на граничната полиција со:– Србија – протокол меѓу МВР на Републи­ка Македонија и МВР на Република Србија за организација и за одржување на редов­ни состаноци помеѓу претставници на гра­ничните служби на национално, на регио­нално и на локално ниво;– Бугарија – спогодба за прекугранична со­работка.На бугарската граница се одржуваат соста­ноци на регионално ниво. Постојат и плано­ви за утврдување точка за контакт на бу­гарска територија. Слични иницијативи се планираат и со другите соседни земји. Секторот за гранични работи постепе­но работи на трилатерална соработка со Бугарија и со Србија. Една од целите на так­вата соработка е брза размена на инфор­мации.Со Република Грција Република Македонија нема склучено писмена спогодба. Од тие причини соработката е помалку интензив­на, но постои на сите нивоа.Со Албанија – протокол помеѓу МВР на Ре­публика Македонија и МВР на Република Албанија за организација и за одржување на редовни состаноци помеѓу претставни­ци на граничните служби на двете земји на национално, на регионално и на локално ниво, како и договор за заеднички патро­ли долж државната граница; Со Албанија во практика постојат две заед­нички патроли на зелената граница еднаш месечно. Командирите и дежурните офи­цери на полициските станици се среќаваат меѓусебно еднаш неделно со цел да разме­нат информации. Овие патроли и неделни состаноци се многу корисни.– Со косовските служби – договорна сос­тој ба на билатерална основа за полициска соработка која предвидува можност да се воспостават заеднички гранични полици­ски патроли, размена на информации и за­едничка обука.На границата со Косово се одржуваат ре­довни состаноци со КФОР на централно

ниво секои два месеци. Се одржуваат кон­такти со безбедносните сили на Косово на сите три нивоа. Соработката, особено со царинските служ­би, е редовна. Размената на информации главно се извршува преку НКЦИГУ и преку дежурниот оперативен центар. Размената на информации е многу формална, но тоа дава гаранции за заштита на податоците. Граничната полиција во Република Ма­кедонија е овластена да врши истра­га за кривични дела на граничниот пре­мин. Со осомничениот уапсен од страна на полицајци на границата или на граничниот премин првично се спроведува интервју во полициската станица, а потоа се предава на инспектор на регионално ниво. Ако кри­миналот е сериозен/тежок или комплици­ран, тогаш е под истрага на Единицата за организиран криминал.Системот за информатичка технологија (ИТ) на Граничната полиција е поврзан со централизираниот систем за ИТ на МВР. Сега таа има централизиран систем за по­датоци со back up–сервери. Секој граничен премин е поврзан со централната база на податоци. Полицајците кои работат во по­лициските станици се овластени за пристап до овие податоци. Полициските станици за надзор на границата засега не се поврзани со централниот систем за ИТ на МВР.Основната обука на полицајците е поде­лена на три модули. Секој модул трае три месеци, а потоа следи еден месец практич­на обука на терен. Првиот модул е за јавен ред и безбедност, вториот за сообраќајно работење и третиот дел е за гранично по­лициско работење.

Граничната полиција има создадено „ментор­систем“. Ментор­системот значи дека квалификувани полицајци се обучени како ментори кои организираат континуи­рана обука во полициските стаиици. Реги­оналните обуки се организирани од регио­налните центри. Целта на децентрализира­ната програма за обука е сите службеници да се усовршат на напредно ниво. На сите службеници по нивното враќање од обука треба да им се дозволи и практично да ги применат овие способности.Врз основа на досега изнесеното во ос­вртот може да се согледаат предностите на новиот систем на обезбедување на држав­ната граница од страна на МВР, односно надзорот и контролата на државната гра­ница.

Кемо Ѓозо/Никола Клетников

39

врши пребарување во регистарот и се ста-ваат патничките податоци во базата на по-датоци наречена ЅСРВ (Систем за контро-ла на патници и на возила). Исто така по-стои можност да се врши фотографирање на патникот, да се стави во базата на пода-тоци и да се прави профил на протокот на патници. Граничната полиција во соработка со ОБСЕ постојано се надградува за откривање на украдени возила со фалсификувани ВИНС (број за идентификација на возило). Бројот на пронајдени украдени возила континуи-рано се зголемува во однос на претходни-от период.Граничната полиција има донесено одлуки да се комбинираат некои станици за гра-ничната контрола и за надзор на границата со цел да се постигне поголема ефикасност и поголема заштеда. Според организациската шема во Нацио-налниот координативен центар за интегри-рано гранично управување (НКЦИГУ) чле-нуваат офицери за врска од МВР, офицер за врска од Министерството за финансии (МФ) и офицер за врска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопан-ство (МЗШВ), од Министерството за надво-решни работи (МНР), од Министерството за одбрана (МО), од Министерството за здрав-ство (МЗ), од Министерството за животна средина и просторно планирање (МжСПП), од Министерството за транспорт и врски (МТВ) и од Дирекцијата за радијациска си-гурност (ДРС), од кои секоја се пополнети, но само три од нив (МВР, МФ и МЗШВ) ра-ботат редовно во канцеларијата. Воедно, во Центарот се номинирани и членови од

РАзМЕСТЕНОСТ НА РЕгИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ НА гРАНИчНАТА ПОЛИЦИЈА

РЕгИОНАЛЕН ЦЕНТАР СЕДИШТЕ

СЕВЕР Скопје

ЈУГ Кавадарци

ИСТОК Делчево

ЗАПАД Охрид

гРАНИЦИ НА РЕПУбЛИкА МАкЕДОНИЈА (766 km)

СОСЕДНА зЕМЈА ДОЛжИНА

АЛБАНИЈА 151 km

ГРЦИЈА 246 km

БУГАРИЈА 148 km

СРБИЈА 62 km

КОСОВО 159 km

Page 40: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

40

ОДНОСОТ ЕУ – НАТО НИЗ ПРИЗМАТА НА СЛУЧУВАЊАТА ВО БИХ – II

ако што напоменавме во мина-тиот број, во директниот однос помеѓу Европската унија и НАТО-алијансата се појавија неколку зна-

чителни прашања. Прво беше прашањето за развојот на ЕБОИ и на ЕБОП во со-став на НАТО, а не во ЕУ, второ беше зголемувањето на поделбата на трошоци-те и трето – регулирање на типот на мисии кои ЗЕУ ќе може да ги изврши и прашањето околу нејзините членки. Во овој број ќе из-вршиме подетаљна анализа на секое од по-ставените прашања. Кога станува збор за првото прашање, би требало да се напомене дека САД долго време ја поддржуваа европската интеграција од повеќе причини, почнувајќи од историската подлога до решавање на европските проблеми. Во голема мера сето ова беше поради потребата на САД ЕУ да ги зголеми заедничките одбранбени тро-шоци. Ова беше и една од најголемите при-чини зошто САД го поддржуваат ставот за развој на посебен безбедносен столб на ЕУ, но уште во самиот почеток беше зацр-тано овој столб да се развива во состав на НАТО. Во оваа фаза на развојот (кога ЕЗ сè уште ја имаше Европската политичка со-работка – ЕПС) Американците, со цел да ја задржат водечката улога над безбеднос-ната политика, ја ставаа можноста ЕЗ да има лимитирана надворешна политичка иницијатива, различна од оние цели и за-дачи кои ги имаше САД. Кога во почетокот ЕЗ се обидуваше да ја развие надвореш-ната политика, имаше постојана борба за распонот (големината) на истата. За иста-та политика на САД, требаше да им се даде пристап за разгледување на оваа полити-ка додека сè уште беше во процес. Еден та-ков пристап беше „Gymnich Formula“ каде

„тројката“ требаше да ги брифира Амери-канците за тоа што дискутирале земјите од ЕЗ во состав на ЕПС. Во овие моменти на кроење на светската политика, САД се пла-шеа дека ЕБОИ, која се создаде во НАТО, може да стане независна од неа и со текот на времето да стане ривал на НАТО. Импе-ратив за САД беше да нема преклопување на функциите помеѓу НАТО и новиот без-бедносен столб на ЕУ. Затоа САД имаа иницијатива во составот на НАТО да се оформи и да се развие ЕБОИ. Овој процес (развој) легитимно е заведен во членот Ј.4 став 1 во кој се вели дека ЗНБП ќе ги опфа-ти сите прашања од безбедносен аспект на Унијата, вклучувајќи и евентуално градење на рамка за заедничка одбранбена полити-ка која може со тек на време да води до за-едничка одбрана. Исто така САД сметаа дека најдобра солуција е да се зајакне ЕБОИ како европ-ски столб на НАТО со што би се зголемила и поделбата на трошоци на којашто инсисти-ра САД (тие всушност сметаа дека европ-ските сојузници доволно не придонесува-ат за покривање на трошоците). Од друга страна, со Мастришкиот договор беше на-ведено дека ЗНБП би можела да доведе до креирање на заедничка одбрана. ЕУ се за-лагаше да формира сопствени капацитети кои би ги искористила кога НАТО во целост нема да биде за употреба на сила. На овој начин Европејците сакаа да се одвојат од зависноста на НАТО, а дел од нив ја сметаа НАТО и за организација во која САД ги ле-гитимизира нејзините акции. Најголемата причина за ваквите настојувања ЕУ ја виде во неспособноста да делува во Босна. Високите власти на ЕУ денес признаваат дека „Босна е нивниот најголем пораз“. Од друга страна, гласот на

НАПРЕДОК

ВО МАЛИ ЧЕКОРИ

Page 41: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

41

на ЕУ. Во една ситуација специјалниот пре-ставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Вол-фанг Петрих, изјави: „Отсекогаш, малку по малку, од неуспех во неуспех, развојот на ЗНБП напредуваше“, а токму тоа и нави-стина се случуваше. Од друга страна ЕУ утврди дел од пробле-мите во недостатокот од воени капацитети. Заради тоа во Мастришкиот договор беше решено ЗЕУ да биде внесена како интегра-лен дел на ЕУ. Мораме да напоменеме дека развојот на ЗНБП односно ЕБОП го врши Европскиот совет кој, всушност, ги дава на-челата за развој на оваа политика. Докол-ку земеме предвид дека тој е составен од претседатели на влади на земјите-членки и од претседателот на Франција, тогаш ќе ви-диме дека во развојот на ЗНБП, односно на ЕБОП, директно се вклучени земјите-членки преку нивните највисоки претстав-ници. Тие на овие состаноци даваат пред-лози и дел од нив ги усвојуваат со што на подолг период го одредуваа решавањето на некој проблем. Опцијата „директориум“ се одликува со размислувања и приоди каде што владите на некои помали земји-членки се залагаат меѓународните и европ-ски прашања да ги покренуваат во помал, доверлив круг и истовремено во името на Унијата да преземаат неофицијална водеч-ка улога. Контакт-групите за Босна и Косо-во може да се сметаат како пример за тој вид на соработка. Со ова накратко е прика-жан процесот на еволуција во зависност од конкретниот проблем. Се разбира, на вак-виот тек на настаните влијаат и многу други фактори, но опфатени се само основните.Во однос на онаа рамка која ја имаше пред Мастришкиот договор, развојот на ЗНБП до 1995 година имаше огромен напредок благодарение на искуствата (обидот) за решавање на кризи. За време на конфлик-тот во БиХ до Амстердамскиот договор, ЕУ успеа да донесе безбедносна стратегија, да формира сили за брза реакција, да донесе решенија за заеднички акции, да го изврши распоредување на финансиските сред-ства наменети за ЗНБП, да формира тело за рано предупредување, тело за монито-ринг на расизам и ксенофобија, да форми-ра тело за хуманитарни мисии ЕХО, да до-несе одлука за спроведување санкции и ре-стриктивни мерки и многу други решенија, и покрај несогласувањата во ЕУ. На крај можеме да сумираме дека една од причините за ваквиот развој на настаните во ЗНБП беа конфликтите на територијата на поранешна Југославија, конкретно, во овој случај, конфликтите во Словенија, во Хрватска и во БиХ. Повторно ќе го цитирам Жан Моне, „Европа во мали чекори“ или специјалниот преставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Волфанг Петрих, кој вели: „Отсекогаш, малку по малку, од неуспех во неуспех, развојот на ЗНБП напредуваше“. Во случајот со ЕУ не можеме ни да имаме поинакви очекувања. ЕУ е организација која во тој период немаше доволно закон-ска структура за заедничко дејствување, односно националните интереси во ЕУ се првенствени. Развојот на ЗНБП продолжи но, без разлика на сè, ЕУ стоеше исправена пред фактот дека не смее да дозволи по-вторно да се случи уште една грешка од ти-пот на Босна, без разлика дали е тоа во Ев-ропа или на кое било друго место.

Дарко Стерјовски

ЕУ, од економска страна, можеше да биде чуен, но не и во меѓународните безбеднос-ни дискусии. Тие јавно признаваат дека дви-жечкиот фактор кој стои зад безбеднос-ната политика на ЕУ лежи во предизвици-те од балканските војни. Како додаток на ова, босанската криза ги демонстрираше вредностите кои ЕУ требаше да ги брани и активно да ги промовира. Влијанието на оваа криза беше круцијално за менување на јавното мислење за развој на безбед-носната политика. Токму ова, а и останати-те балкански кризи ја присилија ЕУ да го от-вори прашањето за „потреба од геополи-тика“. Ваквите чекори ја повлекоа и инстру-менталната алка, односно предизвикаа по-треба за дебати и координации кај влади-те на земјите-членки на ЕУ, а се однесува на ЕБОИ и на потребата за независна по-литика. Во секој случај, мора да нагласиме дека во членот Ј.4 став 4 се вели дека политиката на Унијата во согласност со овој член нема да го прекрши специјалниот карактер на безбедносната и одбранбена политика на одредена земја-членка, дека ќе ги почитува обврските на одредената земја-членка кои се пропишани со Северноатлантскиот дого-вор и ќе биде компатибилна со заедничка-та безбедносна и одбранбена политика во состав на таа рамка.Развојот на оваа политика, во секој случај, мора да го поврземе со НАТО. Во Ма-стришкиот договор во Декларацијата за Западноевропска унија член 2 се вели дека „ЗЕУ ќе се развива како компонента на ЕУ со цел да го зајакне европскиот столб на Се-верноатлантската алијанса“.И на крај, третото прашање беше употре-бата на ЗЕУ во акции и околу нејзиното членство. ЕУ ги повика земјите-членки (со Мастришкиот договор) да пристапат кон ЗЕУ, а условите да бидат договорени во со-гласност со членот XI од модифицираниот Бриселски договор или, ако сакаат, да ста-нат набљудувачи. Но од друга страна, САД усвоија формална позиција дека која било членка на ЗЕУ треба да биде и НАТО-членка. Причината за ова се појави како резултат на можноста за влез во НАТО од „задна врата“ во случајот преку ЕУ. Ситуацијата од којашто САД се плашеа беше дека ако ЗЕУ ги повика сите земји-членки на ЕУ како нејзини полни членови, во случај ЗЕУ да из-ведува некоја мисија и земјата-членка на ЗЕУ (со тоа и на ЕУ, но не мора да значи дека ќе биде и на НАТО) е нападната, и то-гаш по автоматизам ЗЕУ ќе биде принуде-на да ì помогне на нападнатата земја. Сето ова ги повлекува земјите од ЕУ кои се член-ки на НАТО, а како резултат на тоа и самиот НАТО (член 5 од Вашингтонскиот договор), односно САД. Ова беше причина поради која САД не сакаа да ја прифатат ваквата структура на ЕУ и вршеа разни преговори.Во врска со НАТО – ЗЕУ односот, ЕУ осо-бено нагласува дека треба да има „един-ствена, мултинационална командна струк-тура која ќе ги почитува принципите на единство на командата“. Ова беше одлуче-но помеѓу Франција и САД на состанокот во Брисел во 1996 година. На извесен начин тоа значеше дека ќе на ЗЕУ ќе ì бидат даде-ни капацитети само ако со тоа не бидат по-вредени НАТО-капацитетите, или, пак, ако на тој начин не се создадат две НАТО т.е. едно за имплементирање на членот 5 од Вашингтонскиот договор од 1945 година и

второ за не-член 5 односно за зачувување на мирот или градење на мирот. Сепак, на овој начин, во 1995 година се одговори на одреден дел од Петерсбуршките задачи, но неофицијалното „прво НАТО“ беше транс-атлантскиот линк кој мораше да се запази. За оваа цел, како што беше погоре наведе-но, САД сакаа да дадат од своите капаците-ти кои беа и дел од НАТО, за потребите на ЗЕУ во можни операции. Како заклучок на горенаведеното може да кажеме дека иако ЕЗ (подоцна ЕУ) за-зема значително место што се однесува до конфликтите во БиХ, ефектите од нив-ното присуство на теренот беа минимал-ни: Немаше доволно капацитети да ги ре-шат нивните проблеми. Во врска со ова мора да признаеме дека конфликтот во БиХ, од морална гледна точка, а особено масакрот во Сребреница, беше точката на пресврт на ЕУ и симбол на импотенцијата и на индиферентноста на надворешна-та политика на Западот. Специјалниот из-вестувач на ОН за човекови права за по-ранешна Југославија, Тадеуш Мазовјецки (Tadeusz Mazoviecki) во неговото писмо до генералниот секретар на ОН, меѓу другото, вели дека БиХ е прашање на стабилност за меѓународниот поредок и цивилизираните принципи. Тој ја обвини меѓународната за-едница за неконзистентност и недостаток на храброст да ги бранат човековите пра-ва во БиХ. Денес и јавно властите од ЕУ признаваат дека Босна беше најголемиот неуспех на надворешната дипломатијата

Page 42: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

42

ДЕВЕТТЕ СТЕПЕНИ КОИ ГИ РАЗНИШАА СТОЛБОВИТЕ НА ЈАПОНИЈА

риродата како многупати досега ја по-кажа сопствената моќ. Ниту полуве-ковниот нагорен правец на јапонската економија кој успеа оваа островска

земја со скудни ресурси, по крајот на Втора-та светска војна и детонирањето на двете атомски бомби на нејзина територија, да ја издигне до една од економски најмоќните држави во глобални рамки, не беше дово-лен за да го сопре налетот на природни-те катастрофи. Непроценлива штета што, впрочем, следи после секоја катастрофа, е и нематеријалната – одвоени семејства, из-губени животи, кои еден месец по катастро-фата ги надминаа и најмрачните почетни претпоставки. Земјотресот кој со магниту-да од девет степени го затресе јапонското копно (и последователното седумметар-ско цунами), според официјалните инфор-мации еден месец по катастрофата пре-дизвикал 13.456 жртви, додека сè уште се трага по 14.851 лице. За споредба, послед-ниот земјотрес во околината на Кариби-те, поточно на Хаити во 2010 година, кој бил со магнитуда од седум степени, однел неверојатни 300.000 лица, што укажува на тоа дека строгите безбедносни правила на градба и употребата на висока технологија во секојдневието овозможила трагични-от настан кој го потресе светот да биде до некоја мера ублажен. Но тоа што сè уште претставува огромна грижа не само за јапонската, туку и за свет-ската јавност, секако е последователна-та нуклеарна криза чии последици, во по-долг врменски период, може да ги надми-нат и оние предизвикани од природата. Имено, континуираните, за жал, неуспеш-ни обиди да се стават четирите (од вкуп-

но шест) нуклеарни реактори на централа-та Фукушима – Даичи под контрола и це-лосно да се оладат, доведоа до многукрат-но зголемено ниво на радијација во поши-роката околина на нуклеарната централа, додека делумна контаминација беше за-бележана и во водата во јапонскиот гла-вен град Токио. Сето тоа во голема мера имаше и сè уште има големо влијание врз развојот на нуклеарната енергија во свет-ски рамки, што доведе и до преиспитување на плановите на неколку земји за изградба на своите мирновременски нуклеарни ре-актори. Впрочем, кревкоста на реакторите во развиена Јапонија (која има дури 55 ак-тивни нуклеарни реактори), дополнета со сè уште јасната слика од големата несреќа во, тогаш, советскиот Чернобил и онаа на островот Три Милји во САД, во која јадрото било делумно оштетено, се причината која на поддржувачите на развојот на нуклеар-ната енергија им задава големи главобол-ки и, истовремено, на оние кои се против оваа технологија, овие причини им служат како цврсти факти во корист на нивната цел – целосно напуштање на нуклеарната енергија и насочување кон обновливите из-вори. Една од димензиите кои при една природ-на катастрофа од оваа големина на прв по-глед се става во втор план е секако еко-номската причина. Но според првите еко-номски показатели, кризата ќе ја чини јапонската економија неверојатни 300 би-лиони долари, сума која според јапонскиот заменик-министер за финансии, Мицуро Сакураи, може сè уште да се зголемува.

Иван Петрушевски

СВЕТСКАТА СИЛА НА КОЛЕНА

фАкТОгРАфСкИ ПОДАТОЦИ (14.04.2011 гОДИНА)Починати лица: 13.456 Исчезнати лица: 14.851Повредени лица: 4.902

Разместени лица: 139.020

На 12 април, само еден ден по од­бе лежувањето на првиот месец од земјотресот кој ја погоди Јапонија, јапонската власт го подигна нивото на интернационалната скала која ги одбележува нуклеарните кризи која била надгледувана од Интернацио­налната агенција за атомска енергија на највисоката точка, од пет на се­дум, односно на рангот на несреќата во Чернобил во 1986 година. Спо­ред новото рангирање, континуира­ните настани во и околу централата Фукушима–Даичи претставуваат „се­риозна несреќа која ќе има поширо­ки последици по здравјето на луѓето“. Иако официјалните лица во нивна­та изјава на 12 април истакнаа дека радијацијата, која досега е испуште­на во воздухот, е само една десети­на од онаа што била испуштена при несреќата во Чернобил. Тие признаа дека доколку радијацијата продолжи да се одвива и понатаму, емисијата на нуклеарни честички може да биде по­голема и од онаа во тогашниот СССР.

Page 43: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

43

11.03.2011 гОДИНА14:46 – Земјотрес со магнитуда од 9.0 и со епицентар 130 km источно од брегот на Сендаи, Јапонија. При земојтресот 11 нуклеарни централи автоматски прекинале со производство на електрична енергија;15:12 – Првото цунами предизвикано од земјотресот со височина од околу седум метри удрило во јапонскиот источен брег;15:15 – Бил почувствуван последователен земјотрес со јачина од 7,4 степени:16:45 – Откажале дизел-генераторите за ладење на нуклеарните реактори на централата Фукушима–Даичи. Четири часа подоцна е прогласена првата кризна состојба во централата;23:53 – Огнот во нуклеарната централа „Огинава“ бил изгаснат.

12.03.2011 гОДИНА06:45 – На моменти радијацијата во контролната соба на реакторот број 1 на Фукушима–Даичи се искачува на ниво 1000 пати поголемо од нормалното;09:00 – TEPCO започнува контролирано испуштање на пареа од реакторот број 1 со цел нормализирање на притисокот. Истовремено се прогласува зона на евакуација со радиус од 10 km околу нуклеарната централа;15:40 – Прва експлозија во централата Фукушимa–Даичи, објектот во кој е сместен реакторот број 1 е целосно уништен, додека јадрото, според информациите, не претрпел оштетување. Дополнително, забележано е радиоактивно истекување, а зоната на евакуација е зголемена на 20 km.

13.03.2011 гОДИНАСе верува дека настанало делумно топење на јадрото на реакторот број 3, додека системот за ладење на реакторот број 2 започнал да откажува. Од етаблираната зона се евакуирани 200.000 лица.

14.03.2011 гОДИНА11:15 – Втора експлозија, но овојпат бил уништен објектот на реакторот број 3. Експлозијата била почувствувана на оддалеченост од 40 km. Податоците говорат дека биле повредени шестмина и дека сè уште нема нуклеарна контаминација. Системите за ладење на реакторот борј 2 целосно запреле, по што била започната операција на внесување на морска вода во реакторот.

TEPCO информира дека нуклеарните прачки во вториот реактор биле целосно изложени на воздухот во два наврати.

15.03.2011 гОДИНА06:00 – Пожар во коритото за потрошено нуклеарно гориво на реакторот број 4;06:14 – Трета експлозија во Фукушима– Даичи, по што радијацијата ги надминува легално дозволените граници;12:00 – Пожарот во реакторот број 4 е изгаснат, но водата продолжува да врие.

16.03.2011 гОДИНА05:45 – Оган во објектот на реакторот број 6;08:30 – Оштетувањето на нуклеарните прачки на првиот реактор се проценува на 70%, додека на вториот 33%.10:01 – Забележан е бел радиоактивен чад над реакторот број 3, додека нивото на радијација одеднаш се зголемува на 3.391 микросиверти на час.

17.03.2011 гОДИНА09:48 – Воени хеликоптери започнуваат да истураат морска вода врз нуклеарните реактори во Фукушима–Даичи како дел од напорите за нивно ладење;20:09 – вкупно 30 тони морска вода е испумпана кон реакторот број 3 со помош на водени топови.

18.03.2011 гОДИНА04:33 – Реакторот број 2 е поврзан на надворешна електрична мрежа;18:40 – Интернационалната агенција за атомска енергија го подигнува нивото на нуклеарен ризик на ниво 5.

19.03.2011 гОДИНАРадијацијата испуштена од оштетените нуклеарни реактори започнала да навлегува во земјоделските производи – високо ниво на радијација измерено кај млекото и кај спанаќот од Фукушима, додека зголемено ниво на радијација е измерено и во токискиот водовод.

20.03.2011 гОДИНА07:30 – Прво прскање на базенот со гориво на реакторот број 4 со морска вода;08:30 – Потврдено е успешното изладување на реакторите број 5 и 6, додека се подготвува и поврзување на реакторите број 3 и 4 со надворешната електрична мрежа.

СО ЦЕЛ ПОПЛАСТИчНО ДА ВИ гИ ПРЕТСТАВИМЕ НАСТАНИТЕ кОИ СЛЕДЕА ПО кОбНИОТ зЕМЈОТРЕС, ВО ПРОДОЛжЕНИЕ МОжЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ХРОНОЛОШкАТА ЛИНИЈА ВО ПРВИТЕ ДЕСЕТ ДЕНА ПО

ПРИРОДНАТА кАТАСТРОфА

* времињата се дадени спред јапонско стандардно време, односно GMT+9

Page 44: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

44

ОТКРИВАЈЌИ ГИ СВЕТСКИТЕ „ТАЈНИ ЛОКАЦИИ“ – III

олемите пространства далеку од светските центри во поголемите земји од западната хемисфера во голем број случаи се користат глав-но од владините институции и вое-

ните служби на конкретната држава (или партнерските нации) за тестирање на своите „нови технологии“, особено во доменот на воената опрема. Во северозападниот дел на Јужна Австралија, 450 km од градот Аделајд, лежи најголемиот дефанзивен и возду-хопловен тест-центар во светот наре-чен „Woomera Prohibited Area“ или „За-бранетата област Вумера“. На површи-на од 127.000 km2, според официјалните информации се тестира воен материјал кој вклучува секаков тип ракети, мото-ри, проектили, муниција и сл. Според одредени неофицијални пода-тоци, во областа Вумера постои и кон-троверзен затворски центар, а истата област може да се смета и за контами-нирана зона бидејќи таму во педесет-тите години биле извршени тестови на девет британски нуклеарни бомби. Се-дум од тестовите биле извршени на локацијата наречена Маралинга (во за-бранетата област), која го вклучува де-нес таканаречениот „Град на духови“. Како поголем проблем во однос на опе-рациите за чистење на контаминирана-та површина биле потенцирани 550 по-мали тестови кои предизвикале експло-зии со одредени количества плутони-

ИРАНСКАТА ЕНИГМА

ум, берилиум и ураниум. Впрочем, еле­ментот плутониум 239 има период на полураспаѓање од 24.000 години и се смета за опасен во период од 250.000 години. Впрочем, количината која е фа­тална за човековиот организам е мини­мална – само 1 mg. Денешната состојба и нивото на ра ди­јација, според австралиската влада, до­зволува посети и лов на локацијата, иако таа сè уште не е целосно безбедна за постојано живеење.Кон почетокот на новиот милениум об­ласта била во центарот на вниманието бидејќи таму биле задржани околу 1.500 нелегални имигранти, а како можна до­полнителна употреба на „Вумера“ се споменува и складирањето на поголеми количества нуклеарен отпад.Областа „Вумера“ е во сопственост на Владата на Јужна Австралија, на Вла­дата на Комонвелтот и на Заедницата на Абориџините. Поради потребите од постојан персонал, во југоисточниот дел од областа е изградено селото Вумера, како и аеродромот „Вумера“.Низ пределот кој има пустински каракте­ристики, пресушени солени езера, песоч­ни дини и благи височинки, минува и ав­топатот „Стјуард“. Поради природата на активностите во „Вумера“, на патниците не им е дозволено да направат ниту една девијација од автопатот, а одредени пе­риоди, односно во текот на тестирањето, автопатот е и непрооден.

обро познатиот „ирански нуклеарен проблем“ зазема централно место ко-га станува збор за локацијата која се наоѓа на 17 km југоисточно од градот

Бушер во Иран. Всушност станува збор за нуклеарната централа „Бушер“ која се сме-та за база на иранската нуклеарна програ-ма, без разлика дали станува збор за цивил-на или, како што многумина стравуваат, во-ена употреба. Конструирањето на нуклеар-ната централа започнало пред повеќе од 35 години од страна на германските ком-пании „Siemens“ и „AEG Telefunken“, вед-наш по потпишување на договорот кој те-жел неверојатни четири до шест билиони долари. Двата реактори со моќност од 1 GW биле градени до почетокот на 1979 година кога поради Иранската револуција истата година, германските компании се повлекле, оставајќи го едниот реактор изграден 50%, додека другиот – 85%. Продолжувањето на активностите за финализирање на реакто-рите се надзирало на почетокот на 90-тите години на 20 век кога Иран започнал потра-га по партнери за својата нуклеарна програ-ма. Имајќи го предвид фактот дека амери-канската администрација отсекогаш се про-тивела на развојот на споменатата програ-ма, а со тоа и на изградбата на нуклеарната централа „Бушер“, единствената компанија која била заинтересирана за соработка била руската „Atomstroyexport“ која пред себе имала тешка задача. Таа констатација се должи на фактот дека реакторите на „Бушер“ биле специфич-ни во многу елементи – градбата била за-

почната според германски дизајн, била ко-ристена германска технологија, додека завршувањето било извршено од страна на Русија, користејќи руска технологија. Допол-нително, маки на градителите им создава-ла и специфичната клима која се карактери-зирала со голема влажност и висока темпе-ратура поради што металните елементи, со цел да не ’рѓосаат, морале да бидат премач-кани со специјална боја.По континуираното намалување на темпо-то на градба, во 2007 година била донесена конечна одлука за комплетирање на град-бата и започнување на транспортот на ну-клеарен материјал од Русија. Финалните ак-тивности и првите тестирања на првиот ре-актор започнале кон крајот на 2009 година, додека официјалната церемонија по повод завршувањето на првиот реактор била од-ржана на 21 август 2010 година со проекција дека централата би била приклучена на иранската електрична мрежа првата поло-вина на 2011 година.Во однос на американското противење на изградбата, интересно е да се спомене дека всушност тоа се темели на три глав-ни проблеми. Најпрво се појавува можно-ста одредена количина плутониум да биде екстрахирана од јадрото и искористена за создавање на атомска бомба, потоа постои загриженост за размена на сензитивни тех-нологии помеѓу Русија и Иран а, секако, тука е и знаењето кое иранските нуклеарни на-учници го добиваат од Русија и кое можат да го искористат самостојно да дизајнираат и да произведат нуклеарна бомба.

НАЈГОЛЕМИОТ ВОЕН ТЕСТ-ЦЕНТАР

Иван Петрушевски

Page 45: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ОТКРИВАЈЌИ ГИ СВЕТСКИТЕ „ТАЈНИ ЛОКАЦИИ“ – III

45

сталации, за владини објекти и за институ-ции од областа на комуникациите, на транс-портот, на земјоделството, на финансиите, на образованието и сл. „Планината Ведер“, исто така, била користена и како центар за играње воени симулации – секојдневно око-лу 240 вработени лица преку воени симу-лации извежбувале голем број сценарија за справување со екстерен воен напад. Сепак, освен воени сценарија, во комплексот била набљудувана и можноста за создавање до-машна криза, а исто така биле креирани и вежби за менаџирање и надминување на таква кризна ситуација. Имајќи ги предвид двете последни круцијални задачи, вработе-ните во „Планината Ведер“ се одговорни и за создавање на т.н. „листа на луѓе од витал-но значење за нацијата“ кои би го поднеле товарот на одржување на континуитетот на државата во случај на екстремна ситуација. Според одредени написи, во текот на седум-десеттите години на 20 век оваа листа брое-ла околу 6.500 лица.Просторно, комплексот е организиран во неколку области, меѓу кои и надземната „Област А“ основана 1979 година, со големи-на од 176 ha и подземната „Област Б“ која зафаќа 56.000 m2. Целосната површина на „Планината Ведер“ е оградена со висо-ка ограда, а на одредени места стојат и во-оружени чувари. Дополнително, комплексот располага со екстензивна комуникациска структура која би овозможила непречено комуницирање во случај на кризна состојба од поголеми размери.

ознатиот подземен центар „Планина-та Ведер“ во популарната култура во многу наврати бил центарот во кој биле пренесени американските лиде-

ри во случај на некоја голема национална ка-тастрофа. Иако станува збор за локација со високо ниво на тајност, тоа најверојатно е и примарната улога на овој подземен ком-плекс кој се наоѓа на оддалеченост од 77 km од главниот град на САД, Вашингтон.Според одредени податоци „Планината Ве-дер“ е во центарот на планот за континуи-тет на операциите, додека некои одат дота-му што велат дека во секое време во ком-плексот постојат алтернативни секретари задолжени за одредени области кои ги има-ат истите одговорности, права и привиле-гии, како и секретарите во администрацијата на претседателот. „Планината Ведер“ е и главниот центар на Федералната агенција за менаџирање на итни ситуации (Federal Emergency Management Agency – FEMA).Во однос на операциите извршувани во „Планината Ведер“, според неофицијални и непотврдени информации можат да се ди-ференцираат неколку основни задачи. Во текот на седумдесеттите години на мина-тиот век, преку одреден субкомитет на Се-натот протекла информација дека во ком-плексот биле собрани голем број досиеја за американските граѓани кои содржеле ин-формации за нивниот приватен и профе-сионален живот. Дополнително, комплек-сот бил и место за чување на податоци со назнака „државна тајна“, и тоа за воени ин-

кој опслужува вкупно 60.000 работници. Потенцијалната употребна вредност на комплексот е голема – според непотврде-ни информации близината со еден од по-следните нуклеарни истражувачки цен-три, „Челјабинск-70“, кој се наоѓа релатив-но блиску до него, овозможува тој да се користи како стратегиски нуклеарен цен-тар, додека масивноста на градбата ини-цира шпекулации според кои станува збор за постнуклеарен центар кој би го заштитил рускиот врв после евентуална катаклизмична војна со САД. Од финан-сиска гледна точка Јамантау ја поседува масивност и во однос на неговите димен-зии – според иницијални процени тој чини околу шест билиони американски дола-ри. Во врска со средствата, дел од амери-канските политичари гласно размислува-ат дека во периодот кога САД во соглас-ност со договорот „СТАРТ 1“ и „СТАРТ 2“, дала на Русија неколку билиони долари

за разоружување на нуклеарните боеви глави, руските власти инвестирале огром-ни суми пари во изградбата на овој ком-плекс. Маглата која е спуштена околу целиот проект е дополнително поддржана и од голем број изјави на руски државници кои давале контрадикторни објаснувања, од тоа дека станува збор за рударска локација, за објект за чување на руските богатства, за објект за чување на храна, па сè до тоа дека станува збор за бункер во кој би биле сместени руските лидери во случај на нуклеарна војна.

рвото нешто на што помислуваме кога до нас ќе дојде информација за одредена масивна подземна локација во денешна Русија е мегаломанијата

на Советите, односно нивните активности за изградба на масовни оружја, транспор-тни средства и локации. Но тоа е првата во низата грешки кои ќе ги направиме докол-ку нашите интереси се насочени кон ком-плексот на планината Јамантау (во ориги-нал – гора Ямантау), лоцирана на јужниот крај на Урал во Башкортостан. Името на планината на јазикот башкир се преведува како „злобен“ или „лош“. Ос вен неколкумина руски политичари, никој не знае со сигурност што всуш-ност претставува огромната подзем-на инсталација ископана во планината. Спо ред одредени изјави на американ-ски сенатори и директори на центрите за разузнавање, вистинската причина за создавање на ова колосално дело не им е ниту ним позната. Во 1998 година, тогаш-ниот командант на американската Стра-тегиска команда, генералот Јуџин Хабин-гер, изјавил дека станува збор за огромен комплекс. „Според процените, површина-та изнесува неколку милиони квадратни стапки (околу еден квадратен километар), додека во однос на неговата намена, ние немаме идеја зошто тој служи“. Во непосредна близина на локацијата се изградени две засебни места, „Бело-ретск-15“ и „Белоретск-16“, кои се затво-рени за јавноста. Овие две населени ме-ста заедно го создаваат градот Меџгорје

СВЕТОТ Е ПОЛН СО МИСТЕРИИ – ОД ТАЈНИ ИСТРАжУВАчкИ ЛАбОРАТОРИИ, ПРЕкУ ЛОкАЦИИ зА ТЕСТИРАњЕ НА ЕкСПЕРИМЕНТАЛНИ ОРУжЈА ДАЛЕкУ ОД ЦИВИЛИзАЦИЈАТА, ДО ПОДзЕМНИ ОбЈЕкТИ НАМЕНЕТИ зА СПАСУВАњЕ. СЕТО ТОА ЈА РАСПЛАМНУВА чОВЕкОВАТА ИМАгИНАЦИЈА, гО ПОДИгА АДРЕНАЛИНОТ, НО И

СОзДАВА чУВСТВО НА СТРАВОПОчИТ. СО ЦЕЛ ДА ЈА ДОбЛИжИМЕ ОВАА ТЕМАТИкА ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ДЕЛ ОД ЈАВНИТЕ „ТАЈНИ ЛОкАЦИИ“ НА зЕМЈАТА.

„ЗЛОБНАТА“ ПЛАНИНА

ПОДЗЕМНИОТ „ГЛАВЕН ГРАД“

Page 46: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

46

оената слава на македонскиот на-род во средниот век е испишана од војската што ја создал и со која ко-мандувал царот Самуил (976-1014 г.). Македонија и македонскиот на-

род во ова време се наоѓале под стеги-те на Византиската Империја и постојано биле цел на воени походи и освојувања од страна на војските на Бугарското Цар-ство со престолнина во Плиска и Пре-слав. Во 969 година под водство на ко-митопулите Давид, Мојсеј, Арон и Саму-ил, односно синовите на брсјачкиот ко-мит Никола, македонскиот народ се кре-нал на востание против Бугарското Цар-ство. По ослободувањето од бугарска-та власт во 976 година е кренато воста-ние против власта на Византија. Востани-ето се проширило низ цела Македонија по што земјата наскоро била исчисте-на од византиската војска. На тој начин браќата-комитопули создале нова држа-ва. Меѓутоа во 976 година сите браќа погинале, освен Самуил кој станал един-ствен владетел. (Стјепан Антолјак, „Саму-иловата држава“, Скопје, 1969, стр. 18-31).

Создавањето и вооружувањето на војСкатаДодека византиската војска се занимава-ла со борбите на Исток, Самуил го освоил целиот Запад, и не само Македонија, туку и Тракија, околината на Солун, Тесалија, Грција и Пелопонез, покорил многу тврди-ни, а главната меѓу нив била Лариса чи-ешто население во целост го преселил во внатрешноста на Бугарија. Мошти-те на Свети Ахил од Лариса ги пренел во Преспа (Документи за борбата на ма-

историјата на македонскиот народ има извонредно големо значење. Со неа и со мешањето на античките Македонци и Словените биле воспоставени и темелите во конституирањето на македонскиот на-род како самостоен и независен. Предно-стите и значењето што ги носат економ-ските потенцијали и военостратегиската положба што ја поседува Македонија му овозможиле на Самуил да завладее речи-си со целиот Балкан. Но токму тие фак-тори биле причина кон Македонија секо-гаш да се насочуваат посилните од неа и честопати поради тие причини таа била плен на разни завојувачи. Македонската војска на Самуил во својот состав имала припадници речиси од сите балкански народи. Главните раководни

кедонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 90). Од најспособното насе-ление од цела територија бирал борци за својата војска. До крајот на X век Са-муил ја проширил својата власт и на бу-гарска, на српска, на хрватска, на албан-ска и на грчка територија. На тој начин ја создал големата македонска држава чии граници се протегале од Црното до Јадранското Море и од Сава и Дунав до Јонското Море. На таа територија тој се прогласил за цар и бил крунисан од рим-скиот папа Григориј V. Престолнина на не-говата држава во почетокот била Пре-спа, а потоа Охрид кој воедно станал и центар на Охридската архиепископија. Создавањето на Самуиловата држава за

ЕНЕРГИЧНИ ОФАНЗИВНИ ДЕЈСТВА ШИРУМ БАЛКАНОТ ЗА СЛАВА НА „ЧЕТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ“

ВЕШТАТА ВОЕНА ДИПЛОМАТИЈА НА САМУИЛ ИТРЕЦОТ

Page 47: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

47

и командни места ги зазеле Ма­кедонците, а врховен командант бил кнезот, подоцна царот Саму­ил. Центарот на моќната сред­новековна македонска држава и на главната команда на силната македонска војска биле во Пре­спа. Самуил бил врховен запо­ведник, односно главен стратег. Лично ја предводел војската ре­чиси во секоја позначајна битка, стратегијата ја разработувал на местото избрано за битка, отка­ко ќе ги соберел сите потребни по­датоци за противникот. Процена­та на силите, просторот и време­то ги вршел во периодот на подго­товките, а одлуките ги донесувал непосредно пред битката. Пред секоја битка водел вешта воена дипломатија, склучувал мировни спогодби, сојузништвата ги зацвр­стувал со бракови. Ги поткупувал истакнатите војсководачи на про­тивникот. На тој начин повеќе ви­зантиски војсководачи помина­ле во војската на Самуил, барал сојузници, а за сето тоа време ги извежбувал, ги вооружувал и ги подготвувал воените сили за од­лучувачката победа да ја оства­ри на бојното поле. Поради так­виот однос во раководењето и во командувањето, совреме­ни ците, особено противниците, го нарекле Самуил Итрецот („Ви­зан тијски извори за историју на­рода Југославије“, том 3, посебна издања Византолошког институ­та, Београд, 1966, стр. 202).

Кралство на словенитеОсновната стратегиска определба на Самуил била Византијците це­лосно да се избркаат од Балканот и на местото на „Царството на Ро­меите“ да се воспостави големо и трајно „Кралство на Словените“. За реализација на своите далеку­сежни воено­политички планови тој создавал голема и извежбана војска. Целиот народ го подготву­вал за војна. Тоа бил вооружен на­род во вистинска смисла на збо­рот. Сите селани, слободни и за­висни, како и жителите на градови­те, биле вклучени во македонска­та народна војска. За На родната војска на Самуил сведочи и про­чуената стара француска „Пес­на за Роланд“. (Ђорђе Радојчић, „La Gent Samuel“ („Народот на Са­муил“ во песната за Роланд „La Chanson de Roland“. „1000 годи­ни од востанието на комитопули­те и создавањето на Самуиловата држава“, Скопје, 1971, стр. 111­119.) Бројноста на Самуиловата маке­донска војска ја има забележано византискиот хроничар Георгиус Мoнахус Континуатус кој пишува дека во битката кај Беласица Са­муил имал 360.000 вој ници. (Franjo Rački, Documenta his toriae chistoriae croatice perio dum antiquaam ilustra­ntioa, MSHMM, VII Zagrabiae, 1877, 297. Стје пан Антолјак, „Среднове­ковна Македонија“, том први, 1985, Скопје, стр. 664). Оваа бројка

донскиот јазик, со оглед на тоа дека доминирале Македонците и ги заземале главните раковод-ни и командни места во таа војска (Гръцки извори за българската история, том 6, БАН, София, 1965, стр. 290а). Тоа значи дека Самуил ја формирал средновековната ма-кедонска држава на истите про-стори каде што Филип II ја создал античката македонска држава. Ви-зантиските историчари и хронича-ри народот што се доселувал во VI и во VII век постојано до полови-ната на X век го нарекувале Сло-вени. Откако Самуил создал сил-на војска и моќна држава, визан-тиските историчари таа војска за-почнале да ја нарекуваат чети на Македонците, односно македон-ска војска, македонска земја, но државата не сакале да ја наречат Македонија. Тоа се должи на фак-тот дека во време на владеењето на Самуил со Македонија на чело на византискиот престол се наоѓале владетели од македон-ската династија. Византискиот цар Василиј II во изворите е познат и како Македонецот. (Jonathan Shepard, The Cambridge History of the Byzantine Empire c. 500-1492, Cambridge university press, 2008, 526, 604).Во идниот број: Воената стратеги­ја на македонскиот цар Самуил

д-р Александар Стојчев

е веројатна ако се има предвид го-лемината на Самуиловата држава и ако се знае дека и рускиот кнез Свјатослав подготвил 308.000 војници за да ја покори Византија и да го освои Цариград. Саму-иловата војска се состоела од пешадија и од коњаница и, како што вели споменатиот Георгиус М. Континуатус, „...и пешадијата и коњаницата биле цели во желе-зо“. (Гръцки извори за българската история, том 6, БАН, София, 1965, стр. 65). Македонската војска во тоа време била препознатлива по составот како Народна војска во која преовладувале „Четите на Македонците“ (Leonis Diaconis, Historiae, J.P. Migne, PG 117, Paris 1964, 727. Стјепан Антолјак, стр. 665) и според бројноста, како го-лема војска која била мошне до-бро извежбана и според специ-фичната воена вештина, одно-сно според стратегијата и такти-ката. Нејзиниот врховен коман-дант, царот Самуил, го сметале за најголем стратег на Балканот во тоа време. Покрај тоа што ви-зантиските извори го потврдува-ат постоењето на „Четите на Ма-кедонците“, односно на македон-ската војска и на „Земјата на Ма-кедонците“, што ги предводел стратегот Самуил, Скилица, исто така, потврдува дека командниот јазик во целата Самуилова војска бил словенскиот, односно маке-

1. ВОЈСкИТЕ НА САМУИЛ гО ОПСАДУВААТ СОЛУН И гО УбИВААТ ДУкСОТ гРИгОРИЈ ТАРОНИТ, МИНИЈАТУРА, МАДРИДСкИОТ РАкОПИС НА ЈОВАН СкИЛИЦА. САМУИЛ Е ПРИкАжАН НА бЕЛ кОњ, гАВРИЛО РАДОМИР НА ЦРВЕН кОњ И ЈОВАН ВЛАДИСЛАВ НА ЦРН кОњ. ИзВОР: МИЛАН бОШкОСкИ, ВЕЛИкАНИТЕ НА МАкЕДОН-СкИОТ СРЕДЕН ВЕк, СкОПЈЕ, 2007, СТР. 210

2. СРЕДНО-ВЕкОВНО ОРУжЈЕ ОД МАкЕДОНИЈА ВО ВИТРИНИТЕ НА ВОЕНИОТ МУзЕЈ НА РМ

3. ОфАНзИВНА СТРАТЕгИЈА НА ЦАРОТ САМУИЛ, ИзРАбОТЕНО ОД АВТОРОТ Д-Р АЛЕк-САНДАР СТОЈчЕВ

Page 48: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

48

о минатиот број стана јас но колку е важна ин­тег рацијата на ци вил но­во ените напори во из­

ведувањето на современите про­тивбутовнички операции (поната­му: ПБО). Исто така, во претходни­те броеви стана јасно и дека еден од основните принципи за вакви­от успех е воспоставувањето един­ство на напорите. Тоа, пак, како што видовме, може да се постигне пре­ку неколку форми на организација. Во таа насока најдобро е кога пла­нерите на современите ПБО ќе ги идентификуваат најочигледните ме ханизми т.е. веќе постоечките искуства во оваа насока. Потрага­

та по таквите механизми не запи-ра кај веќе воспоставените прак-тики на интеграција кои функцио-нирале во случaј на слична, но не и идентична средина. На пример, вак-ви механизми постоеле во доменот на мировните операции (независ-но дали се изведувале во контекст на наметнување на мирот или за чување на мирот), или, пак, во опе-рации за хуманитарна помош (т.н. хуманитарна интервенција). Од ваквата практика станува јасно дека овој процес (се мисли на ме-ханизмот на интеграција) се одви-ва на линијата помеѓу владите на земјите кои учествуваат во опера-циите (значи земјите кои учествува-

ат со свои сили и кои добиле ман-дат), невладиниот сектор кој има ин-терес или е опфатен со мандатот и претставниците на земјата-домаќин (во услови на операции под ман-дат на Главата VII, речиси секогаш ќе се одбере (заземе) страна од меѓународната заедница (приме-рот со Либија е најсвеж). Сепак, она што не смее да се забо-рави е дека амбиентот, значи при-родата на операциите (во случај на класични операции за наметнување на мирот или за чување на мирот кои имаат конвенционален пре-фикс, или, пак, операциите за ху-манитарна помош – хуманитарна интервенција) се значително раз-лични од средината – амбиентот, кога станува збор за ПБО. Основ-ната идеја заради која се повику-ваме на практиката од доменот на мировните операции или хумани-тарната интервенција доаѓа зара-ди веќе воспоставените механизми на интеграција помеѓу цивилните и воените елементи. Оттука, треба да биде јасно дека одредени механиз-ми за интеграција кои може да се земат како модел се дизајнирани за специфични мисии. Многу од западните земји (што повеќе или помалку се преслику-ва и на меѓународните организа-ции во кои членуваат овие земји – ООН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и сл.), се ко-ристат со соодветни инструменти на моќ преку кои вршат влијание

1. ОбУкА НА НАСЕЛЕНИЕТО зА СТЕкНУ-ВАњЕ НА РАзЛИчНИ СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ

2. UnDPKO –ТЕЛОТО НА ООН (ДЕПАРТМАН–ОДДЕЛ зА МИРОВНИ ОПЕРАЦИИ)

3. MEѓУНА-РОДЕН ШТАб ВО кОЈ УчЕСТВУВААТ ОфИЦЕРИ зА ВРСкА ОД РАзЛИчНИ ДРжАВИ чИЈА ОСНОВНА фУНкЦИЈА Е KООРДИНА-ЦИЈА И ПРЕНЕСУВАњЕ НА ИНфОРМА-ЦИИТЕ ОкОЛУ ДОНЕСУВА-њЕТО СООДВЕТНИ ОДЛУкИ

ПБОПРИМЕНА НА ЦИВИЛНИ И НА ВОЕНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА

Page 49: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

на меѓународната политичка сцена. Тоа се инструментите за кои зборувавме во прет-ходните броеви, нагласувајќи ја важноста за секоја од фазите кога се применуваат и се спроведуваат ПБО т.е. дипломатијата, информациите, економијата и употреба-та на сила или војската (вооружените сили). Во речиси сите случаи на примена на овие инструменти на моќ од практиката стана јасно дека овие инструменти на моќ се ко-ординирани од страна на соодветно из-вршно тело (владино, во случај на нацио-нална имплемнетација на овие инструмен-ти на моќ, односно совет, комисија, или сличен атрибут пред органот во случај на меѓународна организација). Овие тела најчесто претставуваат основа преку која се развива средина за форум за прашања од доменот на националната без-бедност или, пак, надворешната политика (односно политиката кон трета страна во случај на меѓународната заедница). Тоа, на пример, е случај и во Република Македонија, каде во Советот за безбедност учествува и началникот на ГШ на АРМ.Во случај на ПБО многу често би треба-ло да се очекува креација на едно вакво тело кое ќе биде надлежно да ги инфор-мира најзасеганатите политички претстав-ници (на пример на земјите кои се водич во меѓународните ПБО, односно избра-ните политички и дипломатски претстав-ници на соодветните тела од доменот на меѓународните организации) за текот на операциите, односно за напорите кои се преземаат. Овие тела генерално се генера-торот на стратегиските насоки кои се изда-ваат за креирање на ПБО. Иако не се конеч-ни (мора да го поминат националниот по-литички филтер), тие се „костурот“ на идни-те операции. Попрецизно, тие служат како рамка во која воените лидери и планери подоцна ги дизајнираат операциите на те-рен, односно ги трансформираат политич-ките насоки во задачи на теренот. Оттука, влијанието во овие групи од страна на вое-ните претставници мора да е силно и израз-ено. Воените претставници кои учествува-ат во овие тела (кои се продолжена рака на националните совети, односно највисоките извршни органи на меѓународните органи-зации во случај на меѓународен потфат на ПБО), мора да бидат високообразовани, со силни изразени дипломатски карактери-стики. Покрај тоа, овие претставници мора детаљно да ги познаваат капацитетите на вооружените сили, како и способноста за прилагодување и соодветно прифаќање на максималните минимуми (граници) во доме-нот на имплементацијата на секој од прет-ходно споменатите инструменти на моќ.

Здружен интерресорски штаб – координативна група како механиЗам За соЗдавање единствоВаквиот вид на здржени штабови или коор-динативни тела од доменот на одбраната, главно би се разликувале во зависност од тоа за какви ПБО станува збор. Доколку ста-нува збор за национални ПБО, во најголема мера овие тела претставуваат органи во кои постои координација помеѓу елементи-те од соодветните министерства за одбра-на (се мисли за националните министерства) и на инволвираните министерства или на-ционални организации. Доколку, пак, ста-нува збор за изведување на меѓународни ПБО, овие тела повторно ќе претставува-

доминација на дипломатскиот и на економ-скиот инструмент на моќ пред употребата на сила како инструмен на моќ), или, пак, само план за изненадување – за измама на бунтовниците. Имајќи предвид дека во овие фази од ПБО командантите не се само со своите сили и со силите на земјата-домаќин, туку дека „театaрот“ во кој се изведуваат операциите е преполн со „актери“ кои имаат различна цел. Ултимативниот успех на ПБО не зави-си само од капацитетите на инволвирани-те страни во конвенционална смисла, туку и од интерсот на овие актери. Овие штабо-ви или тела имаат во функција за: – размената на информации; – интеграција на напорите (на пример да

не се дуплираат активностите во гра-дење на училишта, на болници, на па-тишта и сл.);

– синхронизација на активностите (имаат иста цел). На пример, ако се пристапува кон лидерите на бунтовниците или неу-тралните страни, како да се пристапи и кој да биде водич во пристапот со цел да се централизира координацијата око-лу пренесувањето на информациите до клучните актери кои се цел за време на ПБО, па дури ако станува збор и за фи-зичко таргетирање на цели на теренот);

– укжување соодветна обука којашто ќе вклучува и одлука или насока за тоа кое ниво на обука е потребно за да се задо-волат главните стратегиски цели);

– заедничките вежби кои треба да бидат во функција на заедничко дејствување.

Имајќи го предвид спектарот на актив-ности кои ова тело како механизам во интеграцијата на цивилно-воените напори во современите ПБО треба да ја постигне, станува јасно дека ќе бидат ангажирани до-полнителен број лица кои ќе имаат улога на т.н. олеснувачи на пренесувањето на овие информации. Најдобриот мехaнизам кој за-сега функционира во таа насока се офи-церите за врска (значи не како што мно-гумина тоа го мешаат со родот за врски), односно офицери–лица кои се задолже-ни за размена на информации чиишто за-дачи варираат во зависност од динамика-та, овластувањата и целите кои треба да се постигнат. Во секој случај ако сакаме да ја опишеме работата на овие органи е ако метафорички кажеме дека тие се „критичен мост“ помеѓу борбените команданти и меѓу агенциските организации (интерресорски-те тела).

д-р Методи Хаџи-Јанев

49

ат конгломерат на институционални прет-ставници со неколку суштински разлики кои ќе бидат, пред сè, политички предодреде-ни. Така, на пример, во воениот дел ќе би-дат доминантни претставниците на земјата која има најголемо учество со воени сили – најчесто тоа е САД во досегашната практи-ка, или пак, ако станува збор за НАТО како воено-политичка организација (којашто е инволвирана во еден ваков процес, на при-мер во Авганситан), воени претставници на земјите-членки (иако за волја на висти-ната и во овој случај повторно е прашање на волјата на националните претставни-ци за партиципирање во една ваква актив-ност). Дополнително, во ова тело многу че-сто ќе учествуваат политички претставни-ци на земјите кои се заинтересирани (про-порционално како и во воениот дел), поли-тички претставници на земјата-домаќин (во која се изведуваат ПБО), претставници на меѓународните организации (вклучително и невладини организации), а како опција по-стои и можност во нив да учествуваат при-ватни комерцијални компании кои имаат посебна или специфична улога во целокуп-ниот систем на градење нации.Независно од составот кој не е прецизно одреден (значи ова е само начелна струк-тура направена со пресек од неколку такви тела кои функционирале на меѓународен и на национален план), целта на ова коорди-нативно тело (кое е продoлжена рака на на-ционалните политички претставници), е да им помогне на командантите на теренот за успешно спорведување на ПБО. Помошта која ова тело треба да им ја даде на коман-дантите на теренот е навремено давање корисни информации и совет од доменот на меѓуагенциската (интерресорската) со-работка. Овие информации, команданти-те и планерите мора да ги земат предвид и да ги инкорпорираат во плановите око-лу идните чекори, адаптирање на соодвет-ните линии на операции во оперативни-от дизајн, различните иницијативи кои тре-ба да ги оформат ПБО и сл. На пример, од овие информаци ќе зависи на која страна (во конвенционален термин, на пример на кое крило) ќе се стави главниот напор на во-ените операции. Што ќе се постигне со тоа, дали тоа ќе претставува маневар (во не-конвенционална смисла на зборот) кој тре-ба да ја вшмука енергијата на бунтовници-те (мора да се води сметка дека не секогаш тоа ќе претставува физичка активност пре-точена во употреба на сила, туку дека може и да претставува давање помош на насе-лението и стекнување на доверба – што е

Page 50: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Професоре Пејовски, „Ритам Маке до­ни ја“ претставува еден своевиден белег на македонскиот народ и на неговата историја. Какви се Вашите впечатоци од концертот на Воениот оркестар на АРМ кој се одржа неодамна?– Моите впечатоци ги надминаа сите очекувања. Со ваков вид оркестар вооби-чаено се среќаваме во некакви протокол-рни прилики, на паради, на јавни свечено-сти, на јубилеи, каде што се свири химна, на „плац-концерти“ и сл. Тогаш улогата на му-зиката е на некој начин ангажирана.На неодамна одржаниот концерт на Воени-от оркестар на АРМ, се случи нешто сосе-ма друго. Се изведе музичка програма ка-рактеристична за нашето поднебје, потоа

50

музика од светската литература, филмска музика, музика со елементи на џез, транс-кибирана рок-музика. Тоа всушност беше програмската концепција на Министер-ството за одбрана за проектот „РИТАМ МАКЕДОНИЈА“ – афирмација на Воениот оркестар на ваков начин. Оркестарот има огромен потенцијал на млади и талентира-ни музичари кои сакаат да бидат во тек со сите музички збиднувања, без разлика што се членови на воен оркестар. Всушност, тоа е и политика на поголем број оркестри од ваков вид во светот.

Вие сте аранжер на 12 од 13-те компози-ции кои се дел од споменатиот проект. Ве молиме споделете го со македонска-

ХЕМИОЛАТА – „СИЛЕН АРГУМЕНТ

ЗА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ“

РАЗГОВОР СО ПРОФЕСОРОТ ИЛИЈА ПЕЈОВСКИ, АРАНЖЕР НА КОМПОЗИЦИИТЕ ОД ПРОЕКТОТ НА МО „РИТАМ МАКЕДОНИЈА“

МУзИкАТА Е бЕзПРОСТОРНА И бЕзВРЕМЕНСкА кАТЕгОРИЈА. бЕз РАзЛИкА ШТО НИЕ кАкО НАЦИЈА СМЕ гИ ПРЕСкОкНАЛЕ НАЈВАжНИТЕ МУзИчкИ ЕПОХИ, СЕПАк СМЕ СЕ ВкЛОПИЛЕ ВО МУзИчкИТЕ ДВИжЕњА НА 20 И НА 21 ВЕк. СО ДЕНЕШНИТЕ МОжНОСТИ НА кОМУНИкАЦИЈА, НЕ САМО ШТО гИ РАзбИРАМЕ СОВРЕМЕНИТЕ ДВИжЕњА, ТУкУ И МНОгУ НАШИ МУзИчкИ УМЕТНИЦИ СЕ ДЕЛ ОД СВЕТСкАТА МУзИчкА ЕЛИТА, НОСЕЈќИ ЈА СО СЕбЕ И ПОСЕбНОСТА НА МАкЕДОНСкАТА кУЛТУРА

ХЕМИОЛАТА Е ТРИДЕЛНА РИТМИчкА кОНСТРУкЦИЈА НАСТАНАТА ОД НЕРАМНОДЕЛНОСТА НА НАШИОТ ЈАзИк. ВАкОВ ТИП НА НЕРАМНОДЕЛНИ РИТМИчкИ СТРУкТУРИ ВО ЈАзИкОТ гИ НЕМА ИЛИ СЕ МНОгУ РЕТкИ ВО НАШЕТО ОПкРУжУВАњЕ, А И ПОШИРОкО ВО СВЕТОТ. ОВОЈ ТОЛкУ ВАжЕН фЕНОМЕН Е СИЛЕН АРгУМЕНТ зА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Page 51: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

51

та јавност чувството да се биде дел од еден ваков грандиозен проект?– Чуството е прекрасно. Воодушевен сум од идејата за реализација на ваков про-ект од страна на Министерството за од-брана на РМ. За мене тоа беше вистин-ски предизвик и горд сум што бев дел од ова. Важно е да се каже дека овој проект се појавува во време кога во Македонија останаа само два ансамбли од ваков вид: Филхармонијата на РМ и Оркестарот на Македонската опера и балет. Се надевам дека овој потег на Министерството за од-брана ќе иницира обновување на орке-стрите што опстојуваа со децении.

Како всушност започна и, секако, како воопшто течеше соработката со Мини-стерството за одбрана и Армијата на Ре-публика Македонија во текот на под-готовките на композициите кои преди-звикаа воодушевување кај сите при-сутни во салата на Домот на АРМ на 28 март оваа година?– Делумно идејата за соработка беше иницирана од дел од моите студенти на Џез-одделот при Музичката академија во Штип, членови на Воениот оркестар. Што се однесува до соработката, таа беше из-вонредна. Со Министерствто за одбрана имавме еднакви погледи и идеи за целиот проект, а со диригентот, мајор Драган Ди-митров, бевме во постојана комуникација. Резултатот е очигледен.

Од стручна гледна точка, зошто токму хемиолата е она што нè прави поразлич-ни од останатите?– За да се објасни феноменот на хемиолата потребно е повеќе простор и време, како и теоретска основа. Се работи за тридел-на ритмичка конструкција настаната од не-рамноделноста на нашиот јазик. Ваков тип на нерамноделни ритмички структури во јазикот ги нема или се многу ретки во наше-то опкружување, а и пошироко во светот. Им забележувам на моите колеги, етному-зиколози, што многу малку го истражува-ат овој толку важен феномен, а толку силен аргумент за нашиот идентитет. Професоре, Вашето образование сте го стекнале на универзитет во САД. Смета-те ли дека во споредба со останатите оп-штества и култури, а со тоа и на нивните

музички творештва, ние во целост мо-жеме да ја разбереме и да ја сфатиме убавината и посебноста на македонска-та култура и општество?– Музиката е беспросторна и безвремен-ска категорија. Без разлика што ние како нација сме ги прескокнале најважните му-зички епохи: ренесансата, барокот, роко-ко, класицизмот, романтизмот итн., ние сме се вклопиле во музичките движења на 20 и на 21 век. Со денешните можности на комуникација, не само што ги разбираме современите движења, туку и многу наши музички уметници се дел од светската му-зичка елита, носејќи ја со себе и посебно-ста на македонската култура.

Ве молиме споделете со нас дел од Ва-шето екстензивно искуство во областа на предавањата и направете една пара-лела помеѓу потенцијалот на студенти-те што сте го сретнале во Македонија во однос на студентите на останатите фа-култети на кои сте предавале?– Постои мислење дека големите средини создаваат големи умови и таленти. Многу често сум се среќавал со исклучоци од ова правило. Во историјата на човештвото многу генијални умови се родиле во места што едвај ќе ги најдете на географска кар-та и обратно. Тука мислам дека нема пра-вила. Природата си следи некои свои зако-нитости што нам не ни се познати. Инаку, секогаш со голема љубов, задоволство и одговорност, работам со моите студенти, без разлика каде се наоѓам. Вистинско за-доволство е кога гледате како тие го впи-ваат секој збор што ќе им го кажете.

Професоре Пејовски, што е она на што сте концентрирани во моментов, одно-сно кои се проектите кои македонската јавност треба со нетрпение да ги очеку-ва во иднина?– Најпрвин треба да се доврши проектот „РИТАМ МАКЕДОНИЈА“, да се докомпле-тира програмата со уште неколку компози-ции и да се издаде ЦД. Исто така сум прео-купиран и со завршните предавања со мо-ите студенти на Музичката академија во Штип. Што се однесува до моето творешт-во, тоа, како и кај многу автори, не зависи само од мене. Идеите некогаш ги бараш, а некогаш тие те бараат тебе.

Здравко Ризовски/Иван Петрушевски

НА НЕОДАМНА ОДРжАНИОТ кОНЦЕРТ ВОЕНИОТ ОРкЕСТАР НА АРМ ИзВЕДЕ МУзИчкА ПРОгРАМА кАРАкТЕРИСТИчНА зА НАШЕТО ПОДНЕбЈЕ, ПОТОА МУзИкА ОД СВЕТСкАТА ЛИТЕРАТУРА, фИЛМСкА МУзИкА, МУзИкА СО ЕЛЕМЕНТИ НА џЕз, ТРАНСкИбИРАНА РОк-МУзИкА. ТОА ВСУШНОСТ бЕШЕ ПРОгРАМСкАТА кОНЦЕПЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО зА ОДбРАНА зА ПРОЕкТОТ „РИТАМ МАкЕДОНИЈА“ – АфИРМАЦИЈА НА ВОЕНИОТ ОРкЕСТАР НА ВАкОВ НАчИН

Page 52: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

52

ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВА МЕ ОД PC-ИГРИТЕ ВО 2011?ПРЕжИВУВАњЕТО ВО бИзНИС-СВЕТОТ, А ОСОбЕНО ВО ИНДУСТРИЈА кОЈА СЕ ТЕМЕЛИ НА кОНТИНУИРАН ТЕХНОЛОШкИ РАзВОЈ, НЕ Е НИТУ МАЛкУ ЛЕСНО. ТОА гО зНААТ СИТЕ СЕРИОзНИ ИгРАчИ ВО СВЕТОТ НА кОМПЈУТЕРСкИТЕ ИгРИ кОИ, кАкО ШТО кАжАВМЕ ВО НАШАТА АНАЛИзА ВО ЕДЕН ОД ПРЕТХОДНИТЕ ИзДАНИЈА, СЕ ВО ПОТРАгА ПО НОВАТА РЕНЕСАНСА, ВО ПОТРАгА ПО ЕЛЕМЕНТОТ кОЈ ќЕ гИ ВРАТИ ОВИЕ „ПРОИзВОДИ“ НА ПИЕДЕСТАЛОТ. гОДИНАВА, кОЈА ПОЛЕкА НО СИгУРНО ИзМИНУВА, ќЕ НИ ДОНЕСЕ НАСЛОВИ кОИ СО СИТЕ СВОИ СИЛИ ќЕ СЕ ОбИДАТ ДА ПРЕРАСНАТ ВО ПРЕДВОДНИкОТ НА ОчЕкУВАНАТА РЕВОЛУЦИЈА. ИМАЈќИ ПРЕДВИД ШТО Нè ОчЕкУВА, бИ РЕкОЛ ДЕкА ТОА И НЕ зВУчИ ТОЛкУ НЕРЕАЛНО. ВИ гИ ПРЕТСТАВУВАМЕ „кОМПЈУТЕРСкИТЕ СОфТВЕРСкИ кРЕАЦИИ“ кОИ ќЕ гО ОкУПИРААТ ВАШЕТО СЛОбОДНО ВРЕМЕ ОВАА 2011 гОДИНА.

Page 53: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВА МЕ ОД PC-ИГРИТЕ ВО 2011?

ГОДИНА НА МАЕСТРАЛНИ ДЕЛА

53

Page 54: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

CRYSIS 2 – ПОСАКУВАН, НО ХАРДВЕРСКИ НЕПОДОБЕНДеновите, некаде од крајот на март (пери­о дот во кој се финализира оваа анали­за), може слободно да се наречат „денови на исчекување“. Токму тогаш Crytek на па­зарот ја „исфрла“ долго очекуваната FPS­симулација „Crysis 2“. И кога станува збор за продолжението на маестралната „Crysis“, тоа што навистина е тешко да се објасни се очекувањата. Накратко, очекуваме сè – од досега невиден графички приказ со вооду­шевувачки детали и маестрални пејзажи на кои се надоврзува непогрешлива физика на движење и екстензивна интеракција со око­лината, преку иновативна сторија до рела­тивна хардверска достапност. Следејќи го развојот на Crytek, убеден сум дека сите мои

очекувања ќе бидат целосно исполнети, но двоумењето оди во насока на хардверски­те побарувања. За жал, за поголем дел од нас, хардверот кој го поседуваме едностав­но нема да ја поседува моќноста за да ни го прикаже целосниот потенцијал на ова врвно достигнување.

THE ELDER SCROLLS V: SKYRIM – ПО СТАПКИТЕ НА НЕКОГАШНИОТ ПОБЕДНИКВо нашите досегашни изданија, во нај го­ле ма мера се задржавме на RTS и FPS­симулациите кои опфаќаат најголем дел од гејмерската јавност во светски рамки. Но тоа што на нашата кратка листа се наоѓа и оваа игра со релативно чудно име, значи дека има голем напредок и во другите сфе­ри, односно жанрови, меѓу кои е и т.н. RPG или „role playing game“. TES V: Skyrim е дел од серијалот „Elder Scrolls“ кој не смее вооп­што да се потценува, имајќи предвид дека едно од продолженијата беше прогласено за игра на годината. Во делот на графика­та, она што се очекува е неверојатна при­рода со пространи пејзажи и детални прика­зи кои би требало да ја оправдаат промена­та на графичкиот енџин. Сепак, искуството на „Bethesda“, носителите на овој проект, не смее да се потцени.

MASS EFFECT 3 – МОЌЕН ЗАВРШЕТОККога сме кај RPG­жанрот, кон крајот на оваа година ќе имаме можност да уживаме во третиот дел од трилогијата „Mass Effect“ која се смета за најдоброто научнофанта­стично доживување во последниот пери­од. Тоа што можеме да го очекуваме е една квалитативна надградба во однос на прет­ходникот, „Mass Effect 2“, кој, пак, во однос

на првиот дел беше еден голем чекор на-пред, не само во дизајнот, туку и во однос на елиминирањето на техничките пробле-ми, кои, рака на срце, првенецот во серијата ги имаше во голема мера. Според директо-рот на проектот Кејси Хадсон, „ Mass Effect 3“ ќе ни понуди „повеќе борбени опции и покомплексни непријатели“, што во голе-ма мера ќе ги задоволи очекувањата на вљубениците во овој серијал.

PORTAL 2 – „PUZZLE“ ВО 3DЗамислете т.н. „puzzle game“ во прво лице. Колку тоа и да звучеше неверојатно, пред неколку години, поточно во 2007 година, не само што престанавме да замислува-ме, туку бевме целосно „навлечени“ на таа нова и целосно неортодоксна идеја. Игра-

та, која спаѓа во жанрот „first person action“, беше целосен успех, што, всушност, прет-ставуваше едно своевидно изненадување, така што воопшто не треба да нè зачуду-ва фактот што оваа година маестралната игра ќе добие свое заслужено продолжение. Но во „Portal 2“ ќе ви биде овозможено да играте во т.н. „two player mode“, при што на располагање наместо два ќе ви бидат чети-ри портали преку кои ќе можете да си „пои-грате“ со законите на физиката. Според кре-аторите, со „Portal 2“ гејмерите ќе добијат повеќе од девет часа непрекинато уживање во две засебни кампањи.

DEUS EX: HUMAN REVOLUTION – РЕАЛНОСТА ПРЕСЛИКАНА НА ЕКРАНОсновниот елемент во жанр како FPS-си му-лациите е секако графичката обработка која особено кај компјутерските игри знае да го намали чувството на возбуда при играњето. Од првите снимки кои ни се достапни, без нималку сомнеж ќе кажам дека третиот дел на познатата франшиза која треба да ни биде достапна во август оваа година, е ви-стинскиот погодок кога станува збор за гра-фичкиот елемент. Дејството е сместено де-сетина години пред приказната во оригинал-ната игра, а ако тоа го пресликаме во однос на техничкиот квалитет, односно ако тех-нички „Human Revolution“ предничи и пред оригиналот (имајќи предвид дека вториот дел беше еден вид на разочарување), то-гаш место за грижа нема. „Deus Ex: Human Revolution“ ќе го достигне гејмерскиот врв.

TOTAL WAR: SHOGUN 2 – МАСИВНА, НО И СИМПЛИФИЦИРАНА ИГРАСеријалот „Total War“ многупати досега ја потврди својата вредност. По одлични-

54

те „Empire“, „Medieval“, „Napoleon“и дру-ги, серијалот се врати на својот поче-ток – кон средината на март оваа година се појави вториот дел од стратегиската игра која своето дејство го базираше врз настаните во империјална Јапонија. Се-пак, после една деценија, добро е да се вратите на Далечниот Исток, секако со далеку подобри карактеристики– ефек-тите на околината и на водата се апсо-лутно врвни, а бројот на војници кои мо-жат да бидат под ваша команда надми-нува 50.000. „Total War: Shogun 2“ во го-лема мера е симплифицирана верзија на своите претходници кои од продолже-ние во продолжение стануваа сè поком-плексни. И, секако, тоа е позитивен еле-мент.

DIABLO 3 – ИСчЕкУВАњЕТО СЕ ИСПЛАќАСе чини дека 2011 е година на успешни-те продолженија. Ниту „Diablo 3“ не отста-пу ва од таа констатација имајќи предвид дека франшизата започна во, од денеш-на гледна точка, далечната 1996 годи на. Креаторот на „Starcraft“, најдобрата RTS-симулација на минатиот век, „Blizzard entertainment“, стилот на третото продол-жение на „Diablo“ го базираше врз неговиот претходник, секако инкорпорирајќи ги но-вите светски достигнувања во однос на ви-зуелните елементи. Иако датумот на кој ќе започне продажбата на ова долго очекува-но издание сè уште не е објавен, оваа RPG-симулација веќе зазема врвно место на „најпосакуваните наслови за 2011 година“.

RAGE – гРАфИчкИ ВРВПо неколку RPG и RTS-симулации повторно се враќаме на жанрот „first person shooter“, односно FPS. И тоа не на кој било, туку на кре аторите на жанрот кои долго време беа отсутни од сцената која самите тие ја соз-дадоа. Компанијата „Id Software“ за девет-тиот месец од 2011 година го најави почето-кот на продажбата на постапокалиптичната „Rage“ (слично на „Fallout“), која навистина има „големи чевли“ за пополнување. Бом-бастично најавуваниот енџин „id Tech 5“, кој е пионер во „виртуелното текстирање“ (поставување на комплексна текстура на статични елементи во играта), би требало да биде нешто што не е досега видено во овој жанр.

HITMAn 5 – ДОбРЕДОЈДЕ НАзАД АгЕНТУ 47Иако крајот на 2011 година звучи далеч-но, информациите за новиот производ

Page 55: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

на „IO Interactive“, „Hitman 5“ (тоа е всушност работниот наслов на иг рата) почнуваат да ја обземаат гејмерската јавност. „Господинот 47“ се враќа на своите стари патеки (иако не се очекува да се следи приказна­та од претходникот), елиминирајќи ги сите свои цели. Иако тоа не звучи добро за оние кои се на нишанот на 47, за нас ветува интересно и забав­но попладне. Според последните по­датоци, играта на пазарот во Евро­па ќе се појави во ноември 2011 годи­на, а ќе постојат верзии за Microsoft Windows, Xbox360 и PlayStation 3.

THE WITCHER 2: ASSASSINS OF KINGS – ВОЈНАТА ДОАЃАОна што навистина е очигледно е дека оваа година во однос на ком­

те кои ги следеа сите досегаш-ни изданија на светски позната-та „Grand theft auto“ која доживеа голем број продолженија, секое попоз нато од неговиот претход-ник. Вклучувањето на повеќе еле-менти значеше дека секој од нас ќе се пронајде барем во еден од нив, и токму тоа доведе до огромната по-пуларност на оваа франшиза. По долго исчекување, кон почетокот на оваа година стигнаа и првите по-сериозни најави за најновото, петто по ред продолжение кое, иако беше најавувано за крајот на оваа и по-четокот на идната година, сè уште нема стриктно дефиниран датум за почеток на продажбата.

ANY FINAL WORDS?Од сето она што досега го кажавме може да се заклучи дека оваа годи-на ќе биде една од најплодните за гејмерската индустрија, а тоа е пози-тивно за сите делови кои придонесу-ваат овој „светски мотор“ континуи-рано да се движи – гејмерите се за-доволни од иновативноста и капа-цитетот на софтверските компании, додека, пак, компаниите се задовол-ни од профитот кој е нивна движеч-ка сила. А, ако ја мериме успешноста на поминатата година, споредувајќи ја со онаа што измина, единствено ни останува да се запрашаме што ќе биде она што нè очекува следната, 2012 година?

Иван Петрушевски

пјутерските жанрови ќе биде година на RPG-симулациите. „The witcher 2: Assassins of kings“ е наслов кој мо-жеби не е звучен како од редени на-слови кои веќе ги претставивме во ова наше набројување, но секако за-служено се наоѓа на оваа листа на најпосакувани игри за 2011 година. Иако нема доволно информации, познато е дека приказната во играта се темели на борбата на последниот Witcher-крал со други натприродни суштества. Се согласувам со јавното мислење дека неговиот претходник тргна по трнлив пат исполнет со мно-гу грешки, минимални технички про-блеми, проблеми со интеракцијата и сл., но треба да се земе предвид дека сето тоа беше успешно отстра-нето со екстензивната доработка на-правена со т.н. „Подобрена едиција“. Според најавите на производителот „CD Projekt RED“, втората верзија на „The witcher“ се темели на целосно преработена подлога која нема да претставува уште едно иницијално разочарување.

DRAGON AGE II – променет мИтСКИ СВетЕден од најпознатите наслови на ком панијата „BioWare“ секако е „Dragon Age II“ кој се појави во про-дажба на почетокот на март оваа година. Митскиот свет на „Dragon Age II“ е „драматично променет“ во однос на неговиот претходник, а во второто продолжение единствено-то нешто што може да се избира во однос на ликот е неговата „класа и пол“. Модернизираниот енџин, про-мените во интерфејсот и начинот на кој функционира камерата, инте-ресната нарација и, секако, светска-та еуфорија по RPG-симулациите, треба да бидат доволна причина за да ја набавите оваа игра и да ì по-светите дел од вашето скапоцено време.

STAR WARS: THE OLD REPUBLIC – „мАСИВнИот преДИЗВИКУВАЧ“Не се случува често една игра од типот „massively multiplayer online role playing game“ (ММОRPG) да ги засени класичните PC или конзол-ски игри. Но тоа се случи кај една од најпознатите научнофантастич-ни франшизи, „Star Wars“. И покрај неколку големи разочарувања во гејмерската област кои ја следеа оваа франшиза, овој наслов (имајќи го предвид масивниот буџет) како да го менува мислењето на поши-роката јавност. Сепак, во светот на ММО-игрите, тргнувајќи од „WoW“ и „ST: Online“, постојат повеќе ги-ганти чие потиснување претставува огромен предизвик. Дали „BiоWare“ ќе ги оправда очекувањата и ќе го етаблира своето место во врвот на игрите од овој специфичен жанр останува да видиме.

GTA 5 – Во ИСЧеКУВАЊе нА „неГоВото ВИСоЧеСтВо“Акција, авантура, возење, гангсте-ри, моќ – тоа се карактеристики-

55

Page 56: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

не. Во страв и очај за животот на него-вата сопруга и на двајцата синови, Агу-стин бара од неговиот брат Оноре да ги изнесе од главниот град. Мислејќи дека ќе бидат на сигурно, тој останува сам во куќата смислувајќи план како да стигне до неговото трето дете, ќерката Ан Мари којашто учи во католичко училиште неда-леку од градот. Во 2004 година го гледа-ме Агустин како учител, а Оноре во за-твор во Танзанија каде го чека судењето за неговата вмешаност во поттикнување на геноцидот. Семејството на Агустин е мртво, но тој не знае што конкретно се случило со нив. Преку писма Оноре бара од брата си да му ја каже вистината за судбината на неговите најмили и да по-бара прошка.

56

„Зборовите без дела ја прекршуваат на-шата морална и законска обврска која ја налага Конвенцијата за геноцид но, што е уште поважно, го повредуваат на-шето чувство за разликување на добро-то од лошото и стандардите кои ги има-ме како луѓе да се грижиме едни за дру-ги.“

Џон Корзајн, американски политичар

о Европа, Азија и Блискиот Исток, во овој број на „Штит“ за првпат ви прет-ставуваме една воена приказна која се случува на африканскиот конти-нент, пред само 17 години. „Понеко-

гаш во Април“ е емотивна трагична драма за еден човек којшто го преживеал геноци-дот извршен врз етничката група Тутси при граѓанскиот конфликт во Руанда во 1994 година. Во оваа драма е раскажана него-вата борба да го спаси своето семејство, а кога нема да успее во тоа, тој се обидува да прости и да продолжи понатаму. Конкрет-ната приказна и ликовите во овој филм се имагинарни, но контекстот во кој се ставе-ни личностите не е нималку далеку од ви-стината, што го прави комплетниот произ-вод една оптимална мешавина на вистина-та и фикцијата. Деталноста и длабочината на филмот кој нè запознава со најкрвавиот дел од историјата на оваа земја нема да ве остави рамнодушни и без солзи откако ќе го изгледате. 100 ДЕНОВИ НА КРВОПРОЛЕВАЊЕИсторијата го памети геноцидот во Руан-да како еден од најужасните настани во дваесеттиот век. За 100 денови, колку што траеше конфликтот, беа убиени нешто по-малку од еден милион Тутси од страна на нивните сограѓани, припадници на етнич-ката група Хуту. Дејствието во филмот се одвива во секвен-ци од два различни временски периоди: ед-ниот во месец април 1994 годи на, кога за-почнуваат масовните уби вања, а другиот дел од сцените се слу чуваат во 2004 го-дина, 10 години по ма сак ри рањето, кога ги гледаме последиците од минатото. Два-та централни ликови преку кои се поврзу-ваат различните настани се браќата Агу-стин и Оноре Муганза, кои по потекло се Хуту. Како што расте омразата и напнато-ста меѓу двете етнички групи во земјата, така двајцата браќа ќе се најдат на различ-ни страни од конфликтот. Агустин е почи-туван капетан во националната армија на Руанда, кој чесно и доследно секогаш ја врши работата. Тој би бил граѓанин за при-

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПЕКОЛОТ НА РУАНДА

ПОНЕКОГАШ ВО АПРИЛ

мер ако немаше само еден проблем: него-вата сопруга Жан не е Хуту, туку Тутси. Од друга страна неговиот брат Оноре работи како водител во радио и тој преку своите емисии секојдневно започнува да шири го-вор на омраза против Тутсите, нарекувајќи ги лебарки кои треба да бидат истребени. Земајќи предвид дека во тој период ради-ото било највлијателен медиум, конфлик-тот кој првенствено бил политички, под влијание на систематската пропаганда, со експресна брзина станува меѓучовечки. Хуту-припадниците се вртат против нивни-те дотогашни соседи и пријатели чии имиња се испишуваат на листите за егзекуција кои ги формира војската. Масовните убивања започнуваат брзо и ненадејно и никој нема време да побег-

Page 57: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Режија: Raoul PeckУлоги: Idris Elba, Carole Karemera, Pamela Nomvete, Oris ErhueroМузика: Bruno CoulaisКинематографија: Eric GuichardМонтажа: Jacques CometsГодина: 2005Времетраење: 140 минутиЗемја: Франција/САД Награди: Номинација за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за наградата „Еми“, награда за најдобар филм на „Дурбан“, интернационален филмски фестивал.

ВЕРБАЛНО НАСИЛСТВО И ДЕХУМАНИЗАЦИЈАВо филмот особено нагласена е идејата дека секој геноцид започну-ва со говорот на омраза. Не само што Тутсите се идентификувани како инсекти од своите сонародни-ци, туку омразата оди дотаму што Хутите се обучувани да не стрелаат Тутси, туку да ги отсекуваат нивните глави со мачети, затоа што „лебарки-те“ не вредат толку многу за на нив да биде потрошен куршум. Сандаци полни со мачети постојано пристиг-нуваат во земјата, и сечилата се ста-ваат во секоја рака која е Хуту. Оној кој ќе одбие да земе оружје и да уби-ва, ќе заврши исто како оние кои тре-бало да ги убие. Жени и деца, млади

и стари, за злосторниците нема раз-лика, сите мора да бидат истребени. А од каде доаѓа сето тоа зло и дали овие луѓе се луѓе? Како може човек кој само пред неколку денови живе-ел во мир со своите соседи да посег-не по нивните животи? Кога на некој постојано му се повто-рува истата лага, по некое време ќе почне да верува во тоа – моќта на пропагандата не смее да се потце-ни! И трибуналот во Танзанија, по цела една деценија ќе го потврди тоа: да не биле емисиите на ради-ото кои го поттикнувале насилство-то и го охрабрувале убивањето, трагедијата никогаш не би била од толкави размери. За тие неколку го-дини коишто Оноре ги поминал во

настан, но е далеку покомерцијален од „Понекогаш во април“. Во овој филм, слично како и во „Шиндле-ровата листа“ за којшто пишував-ме во еден од претходните брое-ви на „Штит“, се велича еден оби-чен човек – херој, кој го ризикува и сопствениот живот за да спаси илјадници од сигурна смрт. „Хотел Руанда“ беше номиниран за повеќе „Оскари“ и во него настапуваат хо-ливудски глумци, додека во втори-от филм се присутни африкански актери и е снимен од човек кој рас-тел во Африка и добро го познава континентот. Многу светски филмски критичари како виновник за обидите да напра-ви филм со интернационална сла-

ва, истовремено жртвувајќи ги де-талите и вистината во приказната, го посочуваат токму Холивуд. „По-некогаш во април“, за разлика од неговиот претходник, не е филм кој е направен за да се стави на тркач-ка патека за освојување популар-ност, туку за да ја запознае јавноста со ужасот кој го претрпел еден на-род, со хоророт кој не смее да се повтори. А, како што вели и сами-от Агустин, војната никогаш не била предизвикана поради некоја раса или поради некој народ туку отсе-когаш била војна за алчност и ниед-но покајание или осуда нема да мо-жат да ја избришат крвта на невини-те која притоа била пролеана.

Елена Ѓорѓиевска

затвор тој имал време да размислу-ва, да сфати и да ја признае вината. Иако на почетокот не се гледа себе-си како виновник, на крајот разбира дека бил само актер во една огром-на трагедија и ја презема одговор-носта. Но како неговиот брат да му прости кога секој април, кога започ-нува сезоната на дождови, тој се потсетува на ужасот?! Секој ден во април го прогонува празнина која расте во неговото срце. Секоја го-дина вој месец април тој се потсе-тува колку брзо еден живот може да заврши и дека треба да е среќен што е жив. Синовите на Агустин се застрелани до една блокада на па-тот недалеку од нивниот дом, а не-говата сопруга, која повеќепати

била силувана, си го одзема живо-тот предизвикувајќи експлозија од рачна бомба, но не пред да спаси неколку други жртви. Најпотресната сцена во филмот е смртта на нивна-та ќерка, Ан Мари, во католичкото женско училиште. Откако девојките во класот одбиваат да се поделат и да кажат која е Тутси, а која е Хуту, тврдејќи дека сите се сестри, зло-сторниците сите ги масакрираат.

РУАНДА ВО ФИЛМОГРАФИЈАТАОвој филм не е единствениот кој ја илустрира оваа исторска трагедија. Тој се појави речиси истовремено со филмовите „Од другата страна на портите“ и со мегапопуларниот „Хо-тел Руанда“ кој обработува сличен

57

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОЈНИКОТ – ЧОВЕКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕКОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.

Page 58: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Наслов на оригиналот:

Esmat BekirInTRODUCTIOn TO MODERn nAVIGATIOn SYSTEMS

Есмат бекирВОВЕД ВО МОДЕРНИ НАВИгАЦИСкИ СИСТЕМИ

Издавач: ТАбЕРНАкУЛ – Скопје 2009

нигата „Вовед во МОДЕРНИ НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМИ“ од Есмат Бекир е дел од програ-мата на Владата на Република

Македонија за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и во земјите од Европската унија.Д-р Есмат Бекир магистрирал и ја одбранил својата докторска теза на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 1972 и во 1975 година последо-вателно. По дипломирањето рабо-тел триесет години во американска-та воздухопловна индустрија, а во моментот на издавањето на книгата е независен консултант. Во негови-те специјалистички области се вклу-чени и математичкото моделирање, матлаб-симулацијата, дизајн на контролните системи и сигнално процесирање. За време на својата богата професионална кариера осво-ил неколку награди од кои последна-та е за иновативната процедура за калибрирање на еден приврзан инер-ционен навигациски систем. Објавил и неколку статии од областа на свое-то занимање.Вовед во модерни навигациски си-стеми нуди ефикасен алгоритам за поларна навигација. Исто така, кни-гата објаснува како да се подобри преформансот на инертниот систем којшто е потпомогнат од системот за глобално позиционирање (Global Positioning System). Оваа книга прет-ставува соодветен учебник за поста-рите студенти по аеронаутички инже-неринг. Таа може да се користи и како референца за оние коишто практич-но се занимаваат со оваа област.Ако сакате да се движите од едно на друго место, првото нешто што мора да го знаете е вашата локација. Следното нешто што мора да го на-правите е да го приспособите век-торот на брзината на вашето транс-портно средство кон посакуваната дестинација.Што всушност претставува навига ци-јата?Тоа е можност да се постави курсот на бродот со цел да се движи помеѓу две посакувани дестинации. За да го

направи тоа навигаторот мора да ја знае својата локација и да го приспо­соби векторот на брзината кон поса­куваната дестинација. Оттука, главна­та функција на навигацискиот систем е да ја одреди позицијата и брзината на објектот кој се движи.Книгата се занимава со еден спе ци­јален вид навигација: инертна на­вигација. Инертните системи се авто­номни: тие не зависат од времето и од условите и се функционални сека­де, во мориња, под вода, на земја, во тунели или, пак, во воздух. Растечката технологија на евтини­те инерциски сензори е достапна за навигацијата како никогаш порано. Оваа книга ја поставува аналитичката основа за разбирање и применување на навигациските израмнувања. Таа започнува со демистифицирање на централната тема за ротирачка­та рамка, користејќи такви алгорит­ми како што се четиридимензионал­ните вектори, ротацискиот вектор и Ојлеровите агли. По разработката на навигациските израмнувања, книга­та ги претставува темите во однос на пресметувањата и ги проследува фи­зичките аспекти коишто се поврза­ни со примената на првоспоменати­те. Потоа во книгата се објаснуваат техниките за правилно поставување.Во првите три глави се покажани ма­тематичките основи за изведување алгоритми кои главно се потпираат на векторски и на матрички нота ции. Во Поглавјето 4 се зборува за фи­зичките карактеристики на Земјата. Во тој момент, „вооружени“ со мате­матичките алатки и со геометриските карактеристики на Земјата, се изве­дуваат инертни навигациски равенки од прв ред во Поглавјето 5. Ова носи сет од бесконечни диференцијални равенки кои треба да се решат за да се добие навигациско решение. Механизацијата и имплементацијата на овие равенки на дигитален ком­пјутер е прикажана во Поглавјето 6.Откриен е и еден недостаток на инертните навигациски системи: не­веродостојниот вертикален канал. Ова значи дека не можеме да се пот­преме на овие системи за да се обе­збеди височина или вертикална брзи­на. Затоа навигацискиот систем за

авиони е дополнет со некаков алти­метар (висиномер). Се јавува и по­треба од процена на брзината на ве­трот. Поглавјето 7 е посветено на дис кусијата за пресметка на воздуш­ните податоци и нивната употреба во пресметувањето на стапката на качување/умереност и релативна бр­зина на воздухот.Користењето на општопознатите ли­нии на географска ширина и должи­на (напоредниците и меридијаните) за лоцирање на позицијата на дви­жечкиот објект на површината на Земјата покажува еден необичен на­вигациски феномен: сите лонгитуди­нални линии се среќаваат во две по­ларни точки на Земјата (Северниот и Јужниот пол). Решавањето на на­вигациските равенки во близина на овие две точки може да се покаже математички неефикасно. И покрај реткоста на ваквите настани, посеб­но внимание треба да се посвети за да се избегнат последиците од так­вите појави. Лутачкиот азимутски агол е една таква класична техника и за него се зборува во Поглавјето 8. Веднаш потоа е претставен еден иновативен едноставен алгоритам за навигација во поларен круг.Поглавјето 9 се однесува на про­блемот со изедначувањето кај на­вигациските системи. Во Поглавјето 10 се зборува за AHRS­системите, покажувајќи ги нивните значајни из­едначувачки алгоритми. Секој систем кој користи сензори со навигациски степен може да ја зајакне својата из ведба преку употреба на помош­ни средства како што е Системот за глобално позиционирање (Global Positioning System). Овој систем обе­збедува позиција и брзина, а кога двата системи ќе се спојат со Калман­скиот филтер, можат да се употребат за процена на грешките поради сен­зорите во претходниот систем. Овие равенки се изведени во завршното Поглавје 11.За да се разбере книгата потребно е познавање на основните поими од егзактната техничка и математич­ка апаратура. Ако се одлучите токму за оваа книга, за да дојдете до неа ја имате вистинската навигација.

М-р Јулијана Стојанова

58

Page 59: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја

ој не бил во Стоби не знае што пропуштил. Тука, во стариот град Стоби, се чувствуваат дамарите на минатото, на времето кога Сто-

би бил најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonia Secunda и значаен урбан, воен, административен, трговски и ре-лигиозен центар на две големи империи: Римската и Рановизантиската.„Stobis, vetere urbe…”, како што го наре-кувал римскиот историчар Ливиј, е сме-стен во срцето на Македонија, на крсто-патот меѓу егејскиот свет и централниот Балкан. Во текот на целокупниот пери-од од своето постоење тој претставувал средиште во кое се слевале културните придобивки на античкиот свет.Тука, на местото каде што Црна Река се влива во Вардар, човек се чувствува спокојно, обземен од убавината што сè уште блеска од ископините на древниот град. Се претпоставува дека градот бил осно-ван во 359 г. пр.н.е. Во 168 г. п.н.е., со по-бедата на римјаните над македонскиот крал Персеј, Македонија била поделена на 4 области. Тогаш Стоби станал центар за трговија на Третата област. Ширењето на градот се поврзува и со подигањето на статусот на градот во ранг на муници-пиум, 69 г. Од н.е, кога почнуваат да се коваат монети со натпис „Муниципиум стобензиум“. Како најзначаен споменик од римскиот град е театарот изграден во 2-3 век од.н.е. Градот бил епископско се-диште уште од 325 година, кога еписко-пот Будиос зел учество во Никејскиот со-бир. Во текот на 4-5 век овде биле поди-гнати повеќе импозантни цркви со бо-гато архитектонско украсување, мозаи-ци, фреско-живопис и структура. Во 479 г. градот бил ограбен од војските на Тео-дориха, а околу 518 г. настрадал од ката-строфален земјотрес и никогаш повеќе нема да го врати поранешниот сјај и благосостојба.Денес остатоците на овој надалеку по-знат археолошки локалитет се лесно при-стапни од меѓународниот автопат Е-75, што го чини Стоби мошне популарна ту-ристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнител-но ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.

Р.Ш.

Блескотот на Стоби

Page 60: „ЛЕОPАРДИТЕ“ ОД КИТИНО КАЛЕ · Следната работа која загрижува е легитим-носта на одлуката на Советот

21