16
Во Република Македонија во Стопанската комора на Македонија функционира Постојан избран суд Арбитража. Овој суд им овозможува на компаниите кои се членки да ги решаваат своите спорови преку овој суд и истиот им нуди погодности бидејќи се членови на комората. Постојаниот избран суд - Арбитража е самостојна институција при Стопанската комора на Македонија, која може да решава за меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на Комората, меѓу членови на Комората и трети лица, како и меѓу правни лица од земјата и од странство, ако страните ја договорат надлежноста на овој суд. Најдобро е да се избере пократкиот начин на решавање на спорот, со внесување на следната клаузула во договорите кои ги склучувате со деловни партнери: "Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговото толкување или полноважност, ќе се решаваат спогодбено. Ако спорот не може да се реши спогодбено, истиот ќе се решава пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд- Арбитража".

Arbitraza EVN

Embed Size (px)

DESCRIPTION

arbitraza

Citation preview

Page 1: Arbitraza EVN

Во Република Македонија во Стопанската комора на Македонија функционира Постојан избран суд Арбитража. Овој суд им овозможува на компаниите кои се членки да ги решаваат своите спорови преку овој суд и истиот им нуди погодности бидејќи се членови на комората.

Постојаниот избран суд - Арбитража е самостојна институција при Стопанската комора на Македонија, која може да решава за меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на Комората, меѓу членови на Комората и трети лица, како и меѓу правни лица од земјата и од странство, ако страните ја договорат надлежноста на овој суд. Најдобро е да се избере пократкиот начин на решавање на спорот, со внесување на следната клаузула во договорите кои ги склучувате со деловни партнери:

"Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговото толкување или полноважност, ќе се решаваат спогодбено. Ако спорот не може да се реши спогодбено, истиот ќе се решава пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд- Арбитража".

Зошто да користите Арбитража за решавање на Вашите деловни спорови:

Заштедувате време - Постојаниот избран суд - Арбитража ги донесува одлуките во многу побрза

Page 2: Arbitraza EVN

постапка отколку што е тоа можно во постапка пред редовните (државните) судови;

Имате помали трошоци во однос на трошоците кај долгите судски постапки;

Со решавање на спорот преку Арбитражата и понатаму ги задржувате добрите деловни односи со Вашите деловни партнери;

Одлуките на Постојаниот избран суд (Арбитража) се конечни и имаат сила на правосилна пресуда.

Арбитража

Непристрасноство одлучувањето

Со изборот на арбитер странкитеможат да го сведат ризикот напристрасност во одлучувањето нанајмала можна мера.

Стручност

Странките можат за арбитер даименуваат специјалист за одредениправни прашања, а можат да именуваат и лице што не е правник,но е стручно во некое друго подрачјеважно за предметот на спорот.

Степени наодлучување

Во арбитражната постапка запредметот на спорот се одлучуваво еден степен. Нема

Page 3: Arbitraza EVN

дополнителноиспитување на мериторната одлукана арбитражниот суд. Правилнотоодлучување се осигурува со самотоименување на арбитер од странана странките, а не со дополнителноиспитување на одлуката.

ВремеВообичаено траење на арбитражнатапостапка е 3-6 месеци.

Арбитража

Автомномија настранките

Во арбитражата странките можат да се договорат за меродавните правила на постапката.

Доверливост

Арбитражните рочишта се затворени за јавноста. Целата документација во врска со арбитражната постапка се смета за доверлива, а донесената пресуда во постапката може да се објави само во согласност со странките.

Достава Во арбитражната постапка е

Page 4: Arbitraza EVN

осигурана едноставна достава на сите материјали поврзани со постапката.

Постојаниот избран суд - Арбитража може да посредува и за спогодбено решавање на споровите што произлегле од деловните односи меѓу странките.

Арбитражата при Стопанската комора на Македонија има склучено спогодби за соработка со Арбитражите при коморите во Словенија, Хрватска, Бугарија, Украина, Руската федерација, Србија и Црна Гора и Косово.

I. Вовед

Арбитражата, како форма на алтернативно решавање на споровите

е правна техника за разрешување на споровите надвор од судовите,

каде странките на спорот му се доверуваат на арбитерот, арбитрите,

арбитраѓниот трибунал, со чија одлука тие се согласуваат да бидат

обврзани. Тоа е техника на спогодување во која трета страна го

разгледува предметот и донесува одлука која е правно обврзувачка за

двете страни.

Page 5: Arbitraza EVN

Арбитражата најчесто се користи како начин на решавање на

трговските спорови, посебно во поглед на меѓународните комерцијални

трансакции.

Арбитражата може да биде доброволна или задолжителна и може

да биде обврзувачка и необврзувачка. Необврзувачката арбитража е

многу слична на медијацијата.

Не е познато од кога датираат првите формални арбитражи,

меѓутоа со сигурност може да се каже дека арбитражата, како начин на

решавање на одредени спорови, се појавила уште пред да се создадат

формалните судови.

Дури може да се каже дека уште во родовското уредување

племенските водачи одредувале поединечни делегати кои во нивно име

ги решавале спроовите меѓу членовите на нивните заедници1.

Во минатото, арбитражата била доста популарна како во античка

Грција така и во Рим.

Во англиското право е донесен првиот Закон за арбитража и тоа во

1697 година, меѓутоа уште пред да биде донесен законот арбитражата

веќе се применувала и се практикувала. Имено, првата запишана судска

одлука која се однесува на арбитражата потекнува од 1610 година.

Арбитражниот суд од Париз е една од главните светски институции

во решавањето на меѓународните трговски спорови. Формиран во 1923

година, Меѓународниот арбитражен суд со седиште во Париз, кој работи

во рамките на Меѓународната трговска комора, денес е признат во

целиот свет како најефикасно средство за решавање на конфликтите од

меѓународната трговија. До денес, како што стои во брошурата на судот,

тој администрирал над 14.000 меѓународни арбитражи во кои се

опфатени предмети од околу 180 земји и територии.

Во Република Македонија во 2006 година, се донесе Законот за

меѓународна трговска арбитража.1 Милан Пак, Меѓународно приватно право, Београд 2000

Page 6: Arbitraza EVN

II. Поим на арбитражна спогодба

Арбитражната спогодба претставува спогодба со која странките ги

подложуваат на арбитража сите или одредени спорови кои меѓу нив

настанале или би можеле да настанат од одреден правен однос,

договорен или вондоговорен2.

Странките на трговските односи со странски елемент, врз основа на

начелото на автономија на волјата, се овластени и имаат право да се

договорат односно да се спогодуваат за тоа на кого ќе му го доверат

решавањето на веќе појавениот спор, или на евентуалните идни спорови

кои би се појавиле од и во врска со договорниот однос. Во овој контекст,

странките можат да се спогодат спорот, односно споровите да ги решава

определен редовен или специјализиран суд на определена држава, или

арбитража. Странките се определуваат, во поголем број случаи, за

арбитражно решавање на трговските спорови, пред се, поради

предностите кои ги има во однос на судскиот начин на решавање на

спорови.

Со арбитражната спогодба се дерогира надлежноста на судот на

државата кој би бил надлежен ако не била постигната арбитражна

спогодба3.

Согласноста на волјите за арбитражната надлежност може да биде

изразена во три облици: арбитражна клаузула, договор за арбитража и

генерална арбитражна спогодба.

Арбитражната клаузула (clause compromissoire, arbitral clause)

претставува арбитражна спогодба внесена во основниот договор на кого

се однесува, кога не постои сигурност дека би се појавил спор, односно 2 Член 2, Закон за меѓународна трговска арбитража, Службен весник на РМ бр. 39/06 од 30.03.2006 година.3 Трајан Бендевски, Меѓународно приватно право, Скопје 2001 година.

Page 7: Arbitraza EVN

неговата појава е евентуална. Во овој контекст, во Правилникот на

Постојаниот избран суд при Стопанската комора на Република

Македонија е утврдено дека за договарање на надлежноста на

Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните

партнери, се препорачува во договорите да се внесува следната

клаузула:

„Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговото толкување или полноваќност, ќе се решаваат спогодбено. Ако спорот не може да се реши спогодбено, истиот ќе се решава пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража„.

Договор за арбитража (acte de compromise, submission to

arbitration) е арбитражна спогодба оформена со посебен договор или со

размена на писма, телекси, телеграми или други средства на

комуникација кои овозможуваат писмен доказ со кој се потврдува дека

евентуалните спорови од и во врска со определениот трговски договор

ќе ги решава утврдена трговска арбитража. Тоа е посебен писмен

договор, независен во однос на основната правна работа меѓу странките

меѓу кои се појавил спорот.

Генералната арбитражна спогодба предвидува обврска за

странките сите идни спорови од сите идни договори од трговските

односи меѓу нив да бидат доверени на арбитража. Правното дејство на

овој вид спогодба не се признава, односно се смета за спротивна на

основниот принцип на рамноправност на странките.

Условите од кои зависи полноважноста на арбитражната спогодба

можат да се поделат на субјективни и објективни. Субјективните се

однесуваат на странките на спогодбата, додека објективните се

однесуваат на самата спогодба односно на нејзините формални аспекти,

а во согласност со дистинкцијата што доследно ја спроведува и

Page 8: Arbitraza EVN

Конвенцијата за признавање и извршување на странски арбитражни

одлуки од 1958 година (понатаму Њујоршка конвенција)4, тоа се

следните услови:

а) способноста странките да склучат арбитражна спогодба5

б) материјално-правната полноважност на арбитражната спогодба и

в) формалната полноважност на арбитражната спогодба.

4 Република Македонија е една од 135 земји кои имаат пристапено кон Њујоршката Конвенција од 1958 година5 Согласно член 35 од Законот за меѓународна трговска арбитража на Република Македонија, недостаток на способност на странките да склучат арбитражна спогодба е еден од основите за поднесување на тужба за поништување на арбитражната одлука

Page 9: Arbitraza EVN

III. Форма на арбитражната спогодба

Со конвенцискиот режим, но и националните законодавства кои ја

регулираат арбитражата, се пропишува писмена форма за арбитражната

спогодба. Писмената форма на арбитражната спогодба, пред се се

оправдува со заштитата на послабата страна во договорниот однос и

заштита на јавниот интерес, но сепак, поради потребата да се олесни

меѓународниот промет, се јавува и потребата да се либализира ова

решение, односно да се толкува поеластично. Од друга страна, пак,

отсуството на пропишаната форма на арбитражна спогодба претставува

и пречка и за признавање и извршување на странски арбитражни одлуки.

Прашањето за формата на арбитражната спогодба е изоставено во

Женевската конвенција за признавање и извршување на странски

арбитражни одлуки од 1927 година, како и во Женевскиот протокол за

арбитражните клаузули од 1923 година.

Во Њујоршката конвенција за признавање и извршување на

странски арбитражни одлуки од 1958 година овој недостаток е отстранет,

со тоа што се пропишува еднообразна супсанцијална норма, па така

формата на арбитражната спогодба ќе се цени според стандардите

поставени во чл. II став 2 од Конвенцијата, кој гласи: Под писмена

спогодба се подразбираат арбитражната клаузула внесена во договор

или компромис, кои ги потпишале странките или се содржани во

размената на писма или телеграми.

Во оваа насока, согласно Законот за меѓународна трговска

арбитража на Република Македонија, арбитражната спогодба мора да

биде склучена во писмена форма.

Спогодбата е склучена во писмена форма ако е внесена во

исправите кои странките ги потпишале, или ако е склучена со размена на

Page 10: Arbitraza EVN

писма, телекси, телеграми, телефакси или други средства за

комуникација кои овозможуваат писмен доказ за договорот без оглед

дали странките ги потпишале, или со размена на тужба и одговор на

тужба во кои едната странка го наведува постоењето на арбитражната

спогодба, а другата странка тоа не го порекнува.

Слична одредба содржи и Модел законот на УНЦИТРАЛ за

меѓународна трговска арбитража од 1985 година, како и Правилникот за

постојан избран суд- Арбитража при Стопанската комора на Република

Македонија6.

Во пропишувањето на писмената форма, како услов за

полноважност на арбитражната спогодба нашето законодавство пред се,

ја следи Конвенцијата за признавање и извршување на странски

арбитражни одлуки од 1958 година, односно, нешто посовремениот текст

на Модел Законот на УНЦИТРАЛ за меѓународна трговска арбитража од

1958 година, одејќи и чекор понапред, со тоа што предвидува и повеќе

видови на комуникација во однос на нив.

Имено, и самата одредба на Законот за меѓународна трговска

арбитража предвидува и „други средства за комуникација„ како начин на

склучување на арбитражната спогодба без разлика дали истата е

потпишана или не од страна на странките.

Компаративно, националните законодавства на државите, различно

го третираат ова прашање.

Можноста за целосно напуштање на писмената форма на

арбитражната спогодба беше предмет на дискусија на 32-та работна

седница на УНЦИТРАЛ за меѓународна трговска арбитража одржана во

Виена. Оваа теза беше застапувана од страна на Велика Британија.

Имено, се тргна од искуството на некои европски земји кои не

пропишуваат задолжителна писмена форма на арбитражната спогодба

6 Член 8 став 2, Спогодбата е склучена во писмена форма ако е внесена во исправите коишто странките ги потпишале, или ако е склучена со размена на писма, телекси, телеграми, телефакси или други средства за комуникација што овозможуваат писмен доказ за договорот без оглед дали странките го потпишале, или со размена на тужба во кои едната странка го наведува постоењето на арбитражната спогодба, а другата странка тоа не го порекнува.

Page 11: Arbitraza EVN

(Данска и Шведска) каде тој факт воопшто не предизвикува никакви

проблеми во практината примена на истата. Ова од причина што доколку

постои потреба од докажување на постоење на арбитраѓна спогодба која

не била склучена во псимена форма, докажувањето ќе оди во насока

како и секое друго докажување на постоење на договор за кој не е

пропишана задолжителна писмена форма. Во оваа насока било

потенцирано дека горенаведниот чл. II став 2 од Конвенцијата за

признавање и извршување на странски арбитражни одлуки од 1958

година треба да се толкува поекстензивно во смисла на сфаќањето што

се подразбира под пишана форма, притоа не одземајќи им го правото на

националните судови таа листа да ја прошируваат. Во овој контекст е

препораката за толкување на споменатиот чл. II став 2 од Конвенцијата,

донесена од страна Комисијата за меѓународна трговија на ОН во 2006

година на својата 39 седница, според која условите пропишани во овој

член не се исцрпни односно не се конечни.

Меѓутоа овие толкувања останаа без поширока подршка, па така

согласно широко прифатениот став во меѓународната пракса за

полноважноста на пишаната форма според Њујоршката конвенција е

дека е потребно да биде исполнет еден од трите услови:

1. Писмено потпишано од двете страни

2. Враќање на копијата на писменото, без разлика дали

е потпишано или не

3. Писменото да се прифати на начин што на

испраќачот ќе му се врати друго писмено.

Page 12: Arbitraza EVN

IV. Заклучок

Употребата на електронските комуникации во меѓународната

трговија и при меѓународните договори од една страна овозможува

забрзување и олеснување на истата, но од друга страна предизвикува

појавување на одредени правни проблеми околу формата и

полноважноста на правните дела.

Сепак фактот дека во современите трговски односи арбитражата

станува непишан стандард, отвара можност за поекстензивно толкување

на полноважноста на арбитражбната спогодба и нејзината задолжителна

писмена форма. Од таа причина согласно судската пракса на развиените

земји, писмената форма на арбитражната спогодба ја отфрлаат како

конситутивен сулов за нејзина полноважност. Ова е во согласност со

современите толкувања на записот како доказно средство за постоење

на арбитражниот договор а не како негов услов.

Во таа насока е и тежнеењето Њујоршката конвенција од 1958

година да се толкува пошироко во светло на подоцнежните текстови кои

се прилагодуваат на новонастаните услови во светот. Унцитраловите

правила се насочени кон ослободување на строго пропишаниот писмен

облик и потребата од ревидирање на одредбите за формата на

арбитражната спогодба.