32
БИЛТЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА БРОЈ 12

bilten znm mart april 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

dvo mesecen bilten na ZNM za mart i april

Citation preview

Page 1: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕННА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 12

Page 2: bilten znm mart april 2013

2

24 декември – врата за преговори со Владата

Здружението на новинарите на Македонија на 13 април одржа годишно собрание, на кое учествуваа над сто членови на ЗНМ, а се воде-

ше и многу конструктивна расправа. Беше дадена едногласна и силна

поддршка за досегашната работа на раководството на ЗНМ и беа да-дени насоки за идното дејствување. Собранито го потврди ставот на Уп-равниот одбор на ЗНМ дека без расчистување на инцидентот од 24 декември со новинарите во Собра-нието, раководството на ЗНМ да не учествува во институционален дија-лог со Владата. Најголем дел од чле-новите сметаа дека ако сега не се

инсистира на расчистување на ини-цидентот, тогаш такви инциденти ќе ни се повторат во иднина. Освен тоа, со занемарување на тој иницидент, ќе се легализира кршењето на Ус-тавот и законот. Сличен став имаше и претседателот на ЗНМ Насер Сел-мани, кој во неговиот говор истакна дека со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија власта прати многу опасна порака до сите новинари дека нивните права може да се прекршат и дека нема инсти-туција во земјата која ќе ги заштити. “Таков преседан против слободата на изразувањето, ние како ЗНМ и како новинари не смееме да лега-лизираме“, рече Селмани.

РЕДОВНО НЕИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Izdava: Zdru`enie na novinarite na

Makedonija, Gradski yid

blok 13, 1000 Skopje;

Tel: (+3892) 3298-139;

Faks: (+3892) 3116-447,

E-mail: [email protected]

Најголем дел од членовите сметаа дека ако сега не се инсистира на расчистување на иницидентот, тогаш такви инциденти ќе ни се повторат во иднина

Page 3: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

3

24 декември – врата за преговори со ВладатаРЕДОВНО НЕИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Тој рече дека и покрај обидот на Владата да ги извртува фактите, раководството на ЗНМ успеа да го објасни ставот за прекинување на разговорите на странскиот фактор. “Тој ден во Собранието не беа жртви новинарите, туку сло-бодата на изразувањето. На многу пластичен начин се демонстрира односот на власта кон новинарите и медиумите. Тоа беше демонстра-ција на сила и на моќ. Однос на нетолеранција и застрашување“, потенцираше тој.

Во дебатата колегите покажаа огромен инте-рес за иницијативата на Владата да донесе за-кон за медиуми. Најголем дел од нив инсисти-раа прво да се расветли инцидентот со новина-рите во Собранието, а дури потоа да продолжи дијалогот со Владата. Но дел од нив изразија за-гриженост дека ваквиот став може и одговара на власта и со тоа ќе ги изолира ЗНМ и новина-

рите. Затоа колегите побараа раководството да не стои настрана, туку да организира дебата со сите заинтерсирани страни, за да се чуе гласот на фелата. Во дебатата, која ќе се организира во Скопје и во сите шест регионални центри на Здружението, ќе се детектираат слабите страни на законот и ќе се изготват забелешки со кои ќе се продонесе за подобрување на текстот на законот.

Во врска со законот, претседателот на ЗНМ порача дека ако новинарите бидат обединети, солидарни и активни, можат да влијаат врз по-добрувањето на законот. “Не треба да се дозво-ли да го донесат законот без да се слушне гласот на новинарите. Бараме да се продолжи рокот за да имаме доволно време да организираме дебата со новинарите, да се анализира нацрт-законот и заеднички да се изготват забелешки.

Page 4: bilten znm mart april 2013

4

Имаме гаранции од нашите партнери од ЕУ, САД и ОБСЕ дека ќе го користат

нивното влијание Владата да ги вгради на-шите забелешки“, додаде Селмани. Тој повика на единство за да се заштитат

интересите на новинарите. “Сега е време кога сите новинари, без разлика дали се членови на ЗНМ или не, сите новинарски и медиумски ор-ганизации да застанат во одбрана на слободата на изразувањето“, порача првиот човек на ЗНМ.

Собранието едногласно го усвои и из-вештајот за работата на ЗНМ во 2012 година, во кој како најголеми остварувања се истак-нуваат декриминализацијата на клеветата и навредата, за што беа вложени многу напори, трпение и истрајност, но беше потребна и под-дршка од членството, меѓунардониот фактор, но и конструктивност на Владата. Новиот закон ги задоволува барањата на новинарите, како што се амнестија на тужбите, укинување на казна затвор за овие дела, ограничување на надоместокот за нематеријална штета и каска-дна одговорност меѓу новинарот, уредникот и медиумот.

Претседателот на ЗНМ предупреди дека сега претстои најтешкиот дел од работата, примена-та на законот.

“Целта на законот беше да им помогне на су-диите да ја применат судската пракса од Европ-скиот суд за човекови права. Загрижува фактот што јавните личности продолжуваат со лесноти-ја да поднесуваат тужби за клевета и навреда против новинари, а се стравува дека македон-

ските судови не се доволно обучени да го следат духот на судот во Стразбур. ЗНМ го следи проце-сот и алармираме за ризиците. Ќе реагираме во случај процесот да тргне во погрешен пра-вец“, истакна Селмани.

Во извештајот како посебен резултат се ис-такнува и примената на членот 11 од Законот за

Page 5: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

5

радиодифузна дејност, кој не се применуваше 15 години. Со неговото применување неколку национални медиуми ја променија сопственич-ката струкура, а еден сопственик на национал-на телевизија поднесе оставка од функцијата пратеник за да излезе од конфликт на интереси.

ЗНМ во 2012 година успеа да анимира и за решавањето на владините кампањи, кои влегоа во извештајот на Европската комисија за 2012 година, а Владата во Патоказот за реализација на приоритетните цели усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво, ветува дека ќе го реши тоа прашање за да се зајакне слободата на ме-диумите.

Како посебно остварување за 2012 година се истакнува и процесот на саморегулација во медиумите, како важен инструмент за зајакну-вање на примената на професионалните стан-дарди и етика и за заштита на медиумите од на-дворешни притисоци.

ЗНМ минатата година имаше интензивна ко-муникација со сите медиумски актери. Во два навратa беа посетени шесте регионални центри каде што беа организирани одвоени средби со

сопствениците на локалните медиуми и нови-нари. На овие состаноци, каде беше промови-рана идејата за саморегулација, присуствуваа вкупно 260 новинари и сопственици на меди-уми.

Во истиот период во Скопје беа организира-ни 23 состаноци со сопственици и менаџери на национални електронски и печатени медиуми, како и со директорите и уредниците на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија. Реви-диран е нацрт-статутот на Советот за етика и се изработени осум нацрт-процедури за работата на Советот.

Минатата година раководството на ЗНМ ус-пеа да зачлени над 100 новинари во рамките на напорите за зголемување на новинарската солидарност.

Собранието, исто така, го усвои финансиски-от извештај за работата на ЗНМ во 2012 годи-на. За таа цел беше направена ревизија од на-дворешен ревизор, а позитивно мислење даде и Надзорниот одбор на ЗНМ. Беше изгласана и годишна програма за работата на Здружението во 2013 година.

Page 6: bilten znm mart april 2013

6

Европска поддршка за слободата на изразувањетоEврокомесарот за проширување Штефан Филе

во почетокот на април дојде во Скопје и имаше многу критично излагање пред Советот за ев-роинтеграции. На влезот во салата, еврокоме-сарот Филе се виде со претседателот на ЗНМ

Насер Селмани, на кого му го пренесе ставот на Ев-ропската комисија за состојбата со слободата на из-разувањето во Македонија и изрази подготвеност за соработка. Претседателот Селмани го повтори ставот на Здружението дека за продолжување на дијалогот, Владата треба да ги исполни домашните работи пре-земени со договорот од први март.

По враќањето во Брисел, еврокомесарот на не-говиот твитер профил пишуваше за видувањето со претседателот на ЗНМ и за поддршката на каузата за слободата на изразувањето. ЕК не прифаќа никакво објаснување за бркањето на новинарите од собрани-ската галерија на 24 декември, бидејќи тие без нивна вина беа вмешани во инцидентите.

Загриженоста за состојбата со медиумите евро-комесарот ја искажа и пред пратениците. “Срамно е што конкретниот напредок којшто се направи преку дијалогот меѓу Владата и новинарите минатата година беше прекриен со сенката на скорешните настани. Од суштинско значење е Владата повторно да го продол-жи овој дијалог со новинарите, а новинарите ќе треба да се вклучат во реформите на ова поле, а тоа треба да се направи на инклузивен, транспарентен и отво-рен начин“, истакна Филе пред членовите на Советот.

Според него, слободата на изразувањето е на-вистина мошне важна и таа треба да се брани посеб-но во младите демократии. “Нивото на оваа слобода некогаш станува единственото огледало во коешто се гледа квалитетот на демократијата“, подвлече Филе.

Тој најави дека забелешката за медиумите ќе биде нотирана и во извештајот на ЕУ кој треба да биде из-готвен за една недела.

Во врска со договорот на политиките за реша-вање на политичката криза, Филе порача дека сега е најважно да се формира анкетна комисија што е можно побрзо за да ги разгледа настаните од 24 де-кември.

“Го поздравувам тоа што локалните избори беа добро спроведени, конкурентни, а кандидатите имаа можност за водење кампања. Сепак, има бројни за-белешки на ОДИХР коишто ќе мора да бидат разгле-дани и кои се однесуваат на недоволната одделеност

на државата од партијата, а тука беа вклучени и на-води за злоупотреба на државните ресурси за избор-ната кампања, како и улогата на медиумите“, истакна еврокомесарот.

Загриженост за влошувањето на состојбата со сло-бодата на изразувањето и слободата на медиумите на седницата на Националниот совет за евроинтегра-ции изрази и претседателот на ЗНМ Насер Селмани во својство на член на НСЕИ. Селмани ја поздрави оценката на комесарот Филе за влошената состојба на слободата на медиумите во 2012 година.

“Жалиме што Владата од позиција на моќ ги користи сите средства кои и се на располагање да ги контроли-ра медиумите. Преку медиумите што ја поддржуваат се пресметува и ги дискретидира сите оние што имаат по-инакви ставови од Владата. Потребен е нов почеток со кој секој од нас, новинарите, медиумите и Владата ќе го преиспитаме нашето однесување и ќе се соочиме со нашата одговорност“, истакна Селмани.

Тој смета дека е добро што Владата го објави теск-тот на нацрт-законот за медиуми и дека нема да се брза со донесувањето без да се отвори за предлози коишто ќе го подобрат текстот на законот. Според него, сите новинарски организации се многу заинте-ресирани за законот, бидејќи тој ќе ја одреди судби-ната на македонските медиуми. “Со овој предлог не се вградува само Европската директива за аудиови-зуелни услуги, туку е и можност, ако има политичка волја, да се решат акутни проблеми со кои се соочу-ваат новинарите и медиумите. Ние го поддржуваме вградувањето на Директивата, но мора да бидеме многу внимателни со опфатот на законот, посебно за регулирањето на печатените и Интернет медиумите, за што нема унифицирано европско законодавство“, предупреди Селмани.

ЕВРОКОМЕСАРОТ ШТЕФАН ФИЛЕ СЕ ВИДЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ

Еврокомесарот Филе на претседателот на ЗНМ му ја пренесе загриженоста на ЕК за состојбата со слободата на изразувањето и понуди соработка

Page 7: bilten znm mart april 2013

7

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Европска поддршка за слободата на изразувањето

Тој очекува Владата во законот да понуди реше-нија за владините кампањи и сериозен пристап кон реформата на МРТВ, каде што новинарите се тре-тираат како јавни службеници што не помага за ав-тономијата и уредувачката независност на јавниот сервис.

Селмани ја изрази подготвеноста на ЗНМ да се вклучи во процесот на донесувањето на законот, ако се продолжи рокот за дебатата до шест месеци, за да се консултираат новинарите, да се анализира зако-нот и да се изготват забелешки. Повика на форми-рање на анкетната комисија која треба во договоре-

ни рокови да ја заврши работата. “ За поефикасна работа предлагаме Комисијата

прво да дискутира за инцидентот со новинарите, кој е поедноставен. Ние сме подготвени да сведочиме пред Комисијата, ако бидеме повикани. Со тоа мно-гу ќе се придонесе за враќање на заемната довер-ба и заеднички да го подобриме текстот на законот“, предложи Селмани.

На крај тој предупреди дека ако судиите не ја при-менат судската пракса од Европскиот суд за човеко-ви права, целта за декриминализацијата на клевета-та и навредата нема да се постигне.

ЕВРОКОМЕСАРОТ ШТЕФАН ФИЛЕ СЕ ВИДЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ

Page 8: bilten znm mart april 2013

8

ПИСМО НА ЗАГРИЖЕНОСТ ДО ДИРЕКТОРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

ЗАПРЕТЕ ја Владата без дебата да донесе закон за медиумиПретседателот на ЗНМ Насер Селмани, во писмото до директорот Стефано Санино, тврди дека Владата сака да донесе закон за медиуми во спротивност на сите претходни договори во рамките на дијалогот

Page 9: bilten znm mart april 2013

9

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Претседателот на ЗНМ На-сер Селмани, кон крајот на март, му испрати пис-мо на загриженост на директорот на Директора-

тот за проширување на Европска-та унија Стефано Санино, каде го изнесува несогласувањето со на-мерата на Владата за помалку од два месеца и без сериозна дебата да донесе закон за медиуми. Во писмото, кое беше испратено и до сите земји- членки на ЕУ, ОБСЕ и до амбасадата на САД во Скопје, Сел-мани смета дека ваквиот пристап на Владата е неконструктивен.

Прво, затоа што новинарите нема да имаат доволно време да го прочитаат, да го анализираат и да изготват забелешки за подобру-вање на текстот на законот.

Второ, затоа што Владата го крши договорот од први март за разрешување на политичката кри-за каде се обврзува дека ќе презе-ме мерки за градење доверба со Здружението и дека ќе го продол-жи дијалогот со ЗНМ.

Трето, дека Владата не го почи-тува Меморандумот за соработка со кој беше воспоставен дијалогот на Владата со ЗНМ, во кој беше предвидено дека со процесот ќе раководи Работна група, која во случајот се заобиколува.

Четврто, Владата го крши дого-ворот постигнат во Работната гру-па во декември 2011 година каде заеднички било заклучено дека медиумското закондавство треба да се измени во правец на вгра-дувањето на Европската директи-ва за аудиовизуелни услуги и пре-пораките на Советот на Европа. Место тоа, сега Владата со закон сака да ја проширува регулацијата и на печатените и на Интернет ме-диумите.

Петто, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски не го

исполни ветувањето дадено кон крајот на февруари на седница на Работната група дека на следната средба ќе го претстави концептот на законот.

Шесто, министерот за информа-тичко ошпшетсво и администра-ција Иво Ивановски не го исполни ветувањето дадено на седницата на Работаната група во ноември 2012 дека за десет дена тесктот на законот ќе го објави на веб стра-ница.

Селмани во писмото ја објасну-ва и поврзаноста на инцидентот со новинарите во Собранието и зако-нот за медиуми. Точно е дека ние ќе се воздржиме од директни раз-говори со Владата се додека не се разреши инцидентот од 24 декем-ври, пишува Селмани, затоа што Здружението не може да легализи-ра кршење на Уставот, со што во иднина може да се предизивикаат уште потешки последици по слобо-дата на изразувањето.

Но во интерес на деблокирање на процесот, Селмани предлага Владата да го објави текстот на законот, и додека Анкетната ко-мисија не излезе со извештај за инцидентот со новинарите, нови-нарската заедница да организи-ра интерна дебата за содржината на законот. Кога Комисијата ќе го достави извештајот, тогаш ЗНМ ќе биде спремно да го продолжи дија-логот со Владата за законот.

На крај, претседателот на ЗНМ предупредува дека без отворена јавна дебата нема да се донесе квалитетен закон за медиуми и со тоа ќе завршат сите обиди да се решат проблемите со кои се соо-чуваат медиумите во Македонија. Освен тоа, во законот нема ре-шение за владините кампањи, за кои Владата во рамките на дијало-гот на високо ниво ветила дека ќе постапува.

ПИСМО НА ЗАГРИЖЕНОСТ ДО ДИРЕКТОРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

Page 10: bilten znm mart april 2013

10

Во обид да се спречи Владата за брзо време и без дебата да протурка закон за медиуми, кој може сериозно да ја загрози слободата на изразувањето и слободата на медиуми-те, Здружението на новинарите на Маке-

донија во соработка со Центарот за развој на меди-умите, во почетокот на април, организираше работен ручек со амбасадори и заменици-амбасадори на земји-членки на Европската унија, САД, ОБСЕ и на Делегацијата на Европската унија во Скопје. На оваа работна средба присуствуваа амбасадорот на САД Пол Волерс, на Велика Британија Кристофер Ивон, на Холандија Мариет Шруман, на Швајцарија Стефа-но Лазарато и на ОБСЕ Ралф Брет, како и заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Роберт Лидл, на Германија Карин Фостнер, и заменик-амба-садорот на Франција Карен Рошет.

Целта на состанокот беше да се појаснат и да се бара поддршка за ставовите на новинарските и ме-диумските организации во врска со законот за ме-диуми.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред амба-садорите изрази сериозна загриженост за намерата на Владата за помалку од два месеца да донесе за-кон за медиуми без отворена, сеопфатна и суштин-ска и аргументирана расправа.

“Ние сметаме дека прво треба да се дискутира за потребата за ваквите измени, а после да се пристапи кон пишување на законот“, потенцираше Селмани.

Тој рече дека ЗНМ е многу заинтересирано за за-конот и сака да даде придонес за подобрување на текстот со цел да се решат проблемите со кои се соо-

чуваат медиумите. “Ние би се вклучиле во дебатата под услов Вла-

дата да ни даде доволно време за да можеме да извршиме интерни консултации со новинарите и да го анализираме законот во рамките на органите на ЗНМ. Ние би изготвиле аргументирани забелешки за

РАБОТЕН РУЧЕК СО АМБАСАДОРИ НА ЗЕМЈИ НА ЕУ, САД И ОБСЕ

Се бара суштинска дебата за законот за медиуми

ЗНМ вети дека ќе организира дебата со новинарите за нацрт-законот за медиуми, а меѓунардониот фактор ќе ја убеди Владата да го објави законот и да го продолжи рокот за дебатата

Page 11: bilten znm mart april 2013

11

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

РАБОТЕН РУЧЕК СО АМБАСАДОРИ НА ЗЕМЈИ НА ЕУ, САД И ОБСЕ

Се бара суштинска дебата за законот за медиуми

подобрување на текстот на законот пред да влезе во владина процедура“, појасни Селмани.

Споре него, законот не е битен само заради вгра-дување на Eвропската директива, туку и да се најде решение и за владините кампањи, да се реформира МРТВ, да се зајакне регулаторното тело. Освен тоа,

тој се пожали дека Владата не ги почитува постигна-тите договори од досегашниот дијалог со ЗНМ.

Селмани го повтори и ставот на ЗНМ дека нема да има дијалог со Владата се додека не се расветли инцидентот со новинарите во Собранието на Маке-донија.

Page 12: bilten znm mart april 2013

12

“Ако институциите немаат капацитет да го расветлат тој инцидент, ние не смееме да би-

деме соучесници во легализирањето на таквиот преседан против слободата на изразувањето, би-дејќи без утврдување одговорност за 24 декември постои голема опасност во иднина да ни се случат уште подрастични прекршувања“, подвлече тој.

Во разговорот, во кој се вклучија сите присутни амбасадори и заменици- амбасадори, заеднички беше заклучено дека е многу битно новинарската и медиумската заедница да најде начин да даде при-донес во рамките на дебатата за нацрт-законот за медиуми за да се подобри текстот. Да се искористи присуството на претставникот на ЗНМ во Национал-ниот совет за евроинтеграции во Собранието за да се искажат јасно позициите на новинарите.

Да се потсети Владата за потребата во рамките на законот да најде решение и за владините кам-пањи, реформата на МРТВ, како и зголемувањето на транспарентноста на сопственоста на медиуми и конфликтот на интереси. Нивниот совет беше дека новинарската заедница мора да се вклучи за да може да ги брани нејзините интереси. Според нив, ако новинарите не бидат вклучени, ќе ја изгубат можноста да направат промена на законот и ќе из-губат уште на почеток на процесот. Претставниците на новинарските и медиумските организации твр-деа дека имаат обврска пред колегите да ги слушнат нивните ставови за законот и да направат се да се чуе нивниот глас во јавноста.

Беше понудена експертска помош, посебно од ОБСЕ, преку Високиот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ. Претседателот на ЗНМ во текот на разговорот тврдеше дека нема ниту еден аргумент за регулацијата на печатените и Интернет медиумите затоа што тоа може да се реши со вклу-чувањето на овие медиуми во системот за саморе-гулација, за кој има поддршка кај медиумската за-едница.

Амбасадорите ветија дека ќе побараат од Влада-та да го објави нацрт- законот и да го продолжи рокот за дебатата. Освен тоа, кога новинарите ќе ги имаат забелешките на хартија, меѓународниот фактор ќе инсистира Владата сериозно да ги разгледа и најбит-ните да ги вгради во законот.

Рамка: Писмо на благодарност до амбасадоритеПретседателот на ЗНМ Насер Селмани, по работ-

ната средба со амбасадорите од земји-членки на ЕУ, САД и ОБСЕ, упати писмо на благодарност, во кое им честита за нивната посветеност да помогнат во решавањето на проблемите со слободата на израз-вањето. Во писмото Селмани ги потсетува амбаса-дорите на заклучоците од средбата дека:

- Новото законодавство треба да биде во со-

гласнот со европските стандарди и со него да се ре-шат проблемите на новинарите и медиумите.

- Важноста дека дебатата за законот треба да биде сеопфатна.

- Потребата дека новинарските и медиумские организации треба да се вклучат во дебатата преку организарање интерни дебати со заинтересираните страни.

- Ставот на Европската унија дека за законот нема временски лимити, туку побитен е квалитетот на законот. Во тој правец и потребата за продолжу-вање на рокот на дебатата најмалку за два месеца, со цел да се анализира и да се изготват забелешки за подобрување на текстот.

- Се појасни дека дигитализацијата не може да биде алиби за брзањето околу донесувањето на за-конот за медиуми.

Page 13: bilten znm mart april 2013

13

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Две недели по работниот ручек со амбасадо-рите на земји членки на ЕУ и амбасадорите на САД и ОБСЕ, ЗНМ органзиираше нова работна средба со амбасадорите во кан-целаријата на Здружението. На средбата

присуствуваа американскиот амбасадор во Македо-нија, Пол Волерс, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Рлаф Брет, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Роберт Лидл, заменик амбасасор на Велика Британија, Кристин Винтер-бурн, како и претставници на францската, германска-та и холандската амбасада во Скопје. На состанокот присуствуваа и претставници на ССНМ, МИМ и ЦРМ.

Претстедателот на ЗНМ, Насер Селмани, им се забла-годари на амбасадорите што се одзвале на поканата за да се направи оценка на работниот ручек од пред две недели, кој го оцени отворен и многу корисен.

Селмани како резултат од претходниот состанок го исткана продолжувањето на рокот на дебатата, одвоју-вањето на дигитализацијата од останатиот дел од зако-нот за медиуми, како и заложбата на новинарските и медиумските организации да организираат дебата, да го анализират и да изготват забелешки за законот.

Тој рече дека од првичното читање на законот општи-от впечаток е дека тој не гарантира, туку ја ограничува слободата на изразувањето и дека место да решава проблеми, создава нови преку проширувањето на регу-лацијата на интернет и на печатените медиуми. Според него, со законот владата не постапува по ниту една за-белешка од ЕУ за лошата состојба со слободата на изра-зување, а законот има проблематично решение за Аген-цијата за медиуми и прави обид етиката да го озаконува. Селмани на крај заклучи дека законот е толку лош што е тешко да се корегира, но сепак новинарските организа-ции ќе организираат дебата, ќе го анализираат законот и ќе достават забелешки.

Амбасадорите ги охрабрија претставниците на ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ да продолжат со дебатите и во нив да ги покнат сите заинтересирани страни како и да учествуваат во дебатите што други ќе ги органи-зираат. Освен тоа забелешки од новинарите и од ме-диумските работници да ги достават до владата. Пов-торија дека по завршувањето на јавната дебата ќе се заложат забелешките сериозно да ги разгледа владата и најбитните да ги прифати.

Амбасадори на работна средба во ЗНМАмбасадорите ги охрабрија претставниците на ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ да продолжат со дебатите и во нив да ги покнат сите заинтересирани страни како и да учествуваат во дебатите што други ќе ги организираат

Page 14: bilten znm mart april 2013

14

Здружението на новинарите на Македонија во март и април имаше интензивна комуни-кација со различни претставници на Европ-ската комисија со кои се разговораше за расветлување на инцидентот со новинарите

во Собранието и за можноста за продолжување на дијалогот со Владата.

По кратката средба со еврокомесарот Штефан Филе, во Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставни-ци на ЗНМ имаа средба и со шефот на кабинетот на еврокомесарот Филе, Леос Јавурек, на која беше изразена поддршка за напорите на ЗНМ да се про-должи рокот за дебатата. Ако од дебатата произлезат конкретни забелешки ЕУ ќе побара од Владата да ги вградат тие забелешки. Јавурек соопшти оти добиле ветување од Владата дека рокот за дебатата ќе се продолжи за два месеца до крајот на мај. Тој, иста така, информираше дека Европската комисија ин-систира партиите да ја формираат Анкетната коми-сија која треба да ги утврди фактите од инцидентите со новинарите. ЕУ инсистира Владата да најде начин да го вклучи ЗНМ во консултациите за законот, рече Јавурек.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздрави одлуката на Владата да го продолжи рокот за дебатата

и се придружи на повикот на ЕУ брзо да се формира Анкетната комисија за да се расветли инцидентот. Со тоа ќе се отвори патот за продлжување на дијалогот со Владата. Селмани потврди дека новинарите ќе сведо-чат пред Анкетната комисија ако бидат повикани.

Тој смета дека односот на власта кон слободата на медиумите треба да биде внимателен поради чувст-вителноста на прашањето. Тој медиумите ги споре-ди со гулабот в раце, ако ги пуштиш ќе ви летнат, но не треба да стегнете премногу затоа ќе ви се в раце. Според него, односот на власта е груб што ги убива медиумите.

Селмани ја исклучи можноста да продолжи дија-логот со Владата без расчистување на инцидентот, затоа што лошиот однос на власта кон медиумите ни-когаш нема да се менува. Ако се реши инцидентот, ќе се смени и односот на власта кон слободата на из-разувањето, потенцираше тој.

НЕМА ПОТРЕБА ОД БРЗАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

На 13 март во ЗНМ престојуваше Дејвид Кулен од Директоратот на Европската комисија за про-ширување одговорен за Македонија, кој извести

ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

Владата го продолжи рокот за дебатата за законот за медиуми

Page 15: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

15

ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

за подготовките за објавување на пролетниот извештај и ја понуди помошта на Европската ко-мисија да се надминат проблемите во релацијата меѓу ЗНМ и Владата.

Претставниците на ЗНМ појаснија дека дигита-лизацијата не може да биде алиби за брзањето за донесување закон за медиуми, затоа што тој процес може да се заврши само со измени и до-полнувања на постојниот Закон за радиодифузна дејност. Заблуда е тврдењето на Владата дека ако се менува над 30 отсто од законот мора да спо-роведат постапка како да се донесе нов закон. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани појасни дека законот може да биде нов, но власта нема никаква потреба регулацијата да ја прошири на печатените и на Интернет медиумите. Селмани повтори дека новинарската заедница е подготве-на да дискутира за законот, но дијалог со Владата ќе биде можен само откако Анкетната комисија ќе излезе со извештајот за инцидентот со новина-рите во Собранието.

ПРВО ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТНА ПОСЛЕ ДИЈАЛОГ ЗА ЗАКОНОТ Во изминатите два месеца претставници на

ЗНМ два пати се сретнаа со заменик-амбасадо-рот на Делегацијата на Европската комисија во Скопје Робрт Лилд, со кој се разговарше за рас-ветлување на инцидентот со новинарите во Со-бранието и за законот за медиуми.

Заменик-амбасадорот Лидл рече дека ЕУ е за-интересирана што е можно најбрзо да се форми-ра Анкетната комисија, која треба да го расвет-ли иницидентот со новинарите. Тој рече дека од Владата бараат податоци за причините зошто се исфрлени новинарите од галеријата. Според него, ако до средината на април нема напредок околу истрагата за инцидентот, тогаш тоа ќе влезе во из-вештајот.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на средбата со заменик- амбасадорот Лидл соопшти

дека дијалогот со Владата е замрзнат се додека Анкетната комисија не утврди зошто новинарите беа исфлени од галеријата. Селмани објасни дека Владата нема проблем со ЗНМ, туку со Уставот, а новинарите не смеат да го легализираат тој пре-седан против слободата на медиумите. Според него, новинарите ќе сведочат пред Комисијата ако бидат повикани. Тој рече дека ЗНМ го поддр-жува вградувањето на Европската директива за аудиовизуелни услуги и препораките на Советот на Европа во постојниот Закон за радиодифузна дејност. За се друго прво треба да се разговара и сите решенија треба да бидат во согласност со ев-ропските стандарди. До јуни, кога е крајниот рок да се изготви извештајот за инцидентот, Владата може да го објави законот, а ЗНМ ќе организира внатрешни консултации со новинарите за содр-жината на законот.

На втората средба со заменик-амбасадорот Лидл, која се одржа во почетокот на април, се раз-говараше за постпаката за донесување на зако-нот за медиуми. Лидл го потврди ставот на ЕУ која инсистира на инклузивна дебата за законот каде ќе се вклучат сите заинтересирани страни и ќе се земат предвид забелешките за подобрување на текстот.

Претставниците на ЗНМ ја повторија загри-женоста што во нацрт-законот е предвидено да се регулираат печатените и Интернет медиуми-те. Интернет медиумите сами треба да одлучат ако сакаат да бидат третирани како медиуми, а не да им се наметне со закон. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани истакна дека ако за-конот нема поддршка од новинарите, медиуми-те и странскиот фактор, Владата не ќе може да го игнорира тоа и нема да го донесе законот. Тој смета дека на ЗНМ му е потребно повеќе време за да организира дебата со новинари-те, да го анализира и да изготви забелешки за законот. “Меѓународниот фактор треба да даде гаранции дека нашите забелешки ќе се земат предвид“, истакна Селмани.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја исклучи можноста да продолжи дијалогот со Владата без расчистување на инцидентот со новинарите

Page 16: bilten znm mart april 2013

16

Новинарите се против донесување на закон за медиуми во форма како што е предло-жен од Министерството за информатичко опшетсво и администрација. Ова е заед-нички заклучок од дебатата на новинарите

и медиумските експерти организирана од Здруже-нието на новинарите на Македонија, за нацрт за-конот за медиуми и адуиовизуелни услуги, одржана кон крајот на април во хотел Роматик во Велес.

Најчеста забелешка на колегите беше дека за-конот место да ја гарантира, ја ограничува слобо-дата на изразувањето. Како илустриција на нивното тврдење го спомнуваа членот 4 од нацрт законот, кој, според нив, се коси со Уставот и Европската конвенција за човековите права и слободи. Тамара Чаушидис рече дека законот предвидува цензура, која е забрането со Уставот, а Мира Костиќ од Ма-кедонското радио рече дека законот ограничува, а не нуди повеќе слобода на изразување.

Законот беше критикуван и поради тоа што е пре-обемен и што се обидува да ги регулира сите видови на медиуми, јавен сервис, радиодифузни, печатени и интернет медиуми, кои по нивната суштина се раз-лилни. Новинарите посебно се противеа на идејата на Владата да воведе регулација на печатените и интернет медиуми. Колешката Тамара Грнчаровска рече дека законот создава конфизија бидејќи се ста-ва на едно место, а Тодор Пендаров рече дека во овој закон се споени најмалку три закони.

Зоран Ричлиев рече дека интернетот е неограни-чен ресурс за разлика од телевизиите каде треба да се распределат национални фреквенции. “Со бидот да се регулираат интернет медиумите тие ќе се пре-флрат на блог или на странски хостинзи“, смета Рич-лиев. Според него, ако се донесе законот ќе важи само за доменок мк, а останатите ќе можат да се регистрираат каде сакаат, пмал проблем ќе им би-дат рекламите.

Заблуда е дека законот нуди мека регулација, предупреди новинарот Ердем Ахмед и додаде дека законот е проблематичен затоа што сите медиуми ги става под ист регулатор.

Новинарите беа едногласни околу поставеноста и ингеренциите на Агенцијата за медиуми, чиј со-став е високо политизиран и која ќе има улога да ги плаши и да ги казнува медиумите. Нема никак-ва логика Заедницата на единиците на локалните заедници да предлага членови во Агенцијата за ме-диуми, забележа новинарката на 24 вести, Билјана Арсовска. Соња Делевска предложи нова структура на Агенцијата во која Собранието и ЗНМ ќе предло-жат по двајца членови, а останите три ќе членови да се изберат на јавен оглас меѓу лингвисти, адвокати и истакнати поединци од нивните области.

Посебно критични колегите беа и околу решенија-та на законот за Македонската радиотелевизија, по-ставеноста на јавниот сервис, составот на Советот и финансирањето. Во врска со составот на Советот на МРТВ, Тодор пендаров рече дека тој е проблемати-

ДЕБАТА ЗА НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

Поголема регулација за помалку слобода на медиуми

Page 17: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

17

ДЕБАТА ЗА НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

Поголема регулација за помалку слобода на медиуми

Новинарите тврдат дека нацрт текстот на законот за медиуми спротивно на уставот европските стандарди ја огранилува слободата на изразување, се противат на регулацијата на интернет и печатените медиуми и го спорат составот на Агенцијата за медиуми и Советот на МРТВ и финансирањето на јавниот сервис

чен и предложи да се преземат решенијата во слов-нечкиот закон, во кој има долга листа на лица кои не смеат да бидат членови на Советот на словенечкиот јавен сервис. Филјана Кока изрази задоволство што сите новинари отворено зборуваат за МРТВ и да ват конструктивни предлози. Според неа, новинарите не смеат да бидат јавни службеници.

За финансирањето на МРТВ колегите дадоа раз-лични решенија. Зоран Фидановски и Гордица Ве-личковска предложија еден процент од акцизите да се одвојат за финансирање на јавниот сервис.

Насер Селмани рече дека законот не ги испол-нува декларираните цели на Владата. Освен дирек-тивата, нема решение за ниту една забелешка на Европската Унија, не го исполнува ветувањето дека ќе утврди критериуми за владините реклами. Тој појасни дека за законот нема експериза, освен де-

лот за Директивата. Според него, саморегулацијата е широко прифатена од медиумите, освен една те-левизија и еден дневен весник.

Столе Наумов рече дека решавањето на про-блемите на медиумите Владата не треба да ги бара во поголемата регулација, туку во стриктна приме-на на постојното законодавство.

Димитар Буковалов, раководител на секторот за медиуми и радиодифузија во Министерството за ин-форматилко опшетство и администрација ги пофали некои од предлозите од дебатата и очекува тие да бидат доставени писмено. Буковалов најави дека експертот на таекс пвторно ќе дојде во Скопје и пов-торно ќе го анализира текстот на законот.

На почетокот на дебатата раководителите на ра-ботните групи на ЗНМ дадоа воведни излагање за првилните забелешки по текстот на законот. Алек-сандар Дамовски ги претстави забелешките од гру-пата за општите одредби и печатените и интернет медиуми, Климе Бабунски од групата за Агенцијата и МРТВ, а професорката Снежана Трпевска забе-лешките од групата за начинот на имплементирање на Европската директива за аудиовизуелни услуги.

Page 18: bilten znm mart april 2013

18

Центарот за развој на медиумите на 22 април во Скопје организираше де-бата за потребата за донесување на законот за медиуми, на која учеству-ваше и претседателот на ЗНМ Насер

Селмани. Во своето излагање Селмани рече дека Владата со содржината на предложениот нацрт-закон не ги исполнува нејзините цели. Освен имплементацијата на Европската ди-ректива за аудиовизуелни услуги, во законот нема решенија за забелешките на Европската комисија искажани во годишните извештаи за напредокот на Македонија во последните три години.

Селмани рече дека во законот не само што нема решение за намалување на политичкиот и економскиот притисок врз медиумите, туку

тој се засилува. Не им забранува на лидери-те на политичките партии да имаат медиуми, а нема ограничување на медиумите да даваат донации за партиите.

Тој рече дека во законот нема ниту еден член за владините кампањи што е постојана загри-женост на ЕУ, бидејќи кампањите се распреде-луваат нетранспарентно и без критериуми и се насочуваат кон провладините медиуми. Со тоа се поткопува уредувачката политика на меди-умите и се нарушува медиумскиот пазар.

Според него, Владата во законот нема од-говор ниту за Македонската радио-телевизија, која, според ЕУ, не ја исполнува мисијата на јавен сервис и нема одржливо финансирање.

Четврта забелешка на ЕУ е за нарушената независност и отсуството на одрлжливо фи-

ДЕБАТА ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВА МЕДИУМСКА РЕГУЛАТИВА

Новинарите против предложениот закон за медиуми

Page 19: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

19

ДЕБАТА ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВА МЕДИУМСКА РЕГУЛАТИВА

нансирање на регулаторното тело, Советот за радиодифузна дејност. Селмани рече дека со законот се зајакнува политичкото влијание во регулаторот. Од седум члена на Советот, шест се предлагаат од политички институции.

Учесниците на крајот на дебатата заклу-чија дека ваков закон не може да ја има поддршката на новинарската и медиумската заедница. Тој не ги решава проблемите на новинарите и медиумите, туку создава нови. Ако тој биде донесен во предложената фор-ма, тогаш сериозно ќе ја ограничи слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Тие изразија подготвеност да го анализираат законот и да изготват забелешки, но сметаат дека тој е толку лош што не може да се по-прави со какви било забелешки.

ЗНМ смета дека содржината на предложениот нацрт-закон за медиуми не ги исполнува ниту целите на Владата и нема решенија за забелешките на ЕУ за проблемите во медиумите

Новинарите против предложениот закон за медиуми

Page 20: bilten znm mart april 2013

20

Делегација на Здружението на нови-нарите на Македонија кон крајот на март имаше неформална средба со министерот за информатичко опш-тество и администрација Иво Иванов-

ски, на која беше информирана за намерата на Владата после вториот круг од локалните избори да се отвори дебата за нацрт- законот за меди-уми. Министерот Ивановски соопшти дека наме-рата е да се организира поголем настан на кој ќе се повикаат сите заинтересирани страни за да се разговара за содржината на законот. Тој најави дека дебатата ќе трае десетина дена по-сле што тој ќе се пушти во владина и собраниска процедура и најдоцна до 31 мај да се донесе. Причината за ваквото брзање на постапката тој ја обајсни со потребата од вградување на Европ-ската директива за аудиовизуелни услуги и вове-дувањето на дигитализацијата во електронските медиуми. Тој откри дека за новинарите има око-лу 5 члена, кои, според него, се многу поволни.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани го за-позна министерот Ивановски со ставот на Уп-равниот одбор на ЗНМ дека институционалниот дијалог со Владата е замрзнат се додека не се расчисти инцидентот со новинарите од 24 декем-ври во Собранието. Селмани повтори дека ЗНМ ја поддржува имплементацијата на Европската директива за аудиовизуелни услуги и препораки-те на Советот на Европа, но се противи на про-ширувањето на регулацијата на печатените и на Интернет медиумите. Тоа прашање може да се реши со саморегулација, тврдеше Селмани.

Тој рече дека новинарите се многу заинтере-сирани за содржината на законот и затоа е по-требно тој да се објави на веб страница. Според него, во кратки рокови не може да има суштин-ска дебата, затоа треба да се разгледа можноста рокот да се продолжи.

Претставниците на ЗНМ побараа од Иванов-

ски да го повикаат во Скопје експертот на ТАЕКС Сандра Башич Хрватин да го брани текстот на за-конот. Исто така, потсетија дека во агендата на дијалогот со Владата беа и владините кампањи и реформата на МРТВ, за кои законот треба да понуди решенија.

НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА ЗНМ СО МИНИСТЕРОТ ИВО ИВАНОВСКИ

Владата набрзина сака да донесе закон за медиуми

ЗНМ поддржува вградување на Европската директива за аудиовизуелни услуги и се противи на регулација на печатените и на Интернет медиумите

Page 21: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

21

Здружението на новинарите на Македонија во почетокот на март излезе со реакција во вр-ска со договорот на политичките партии потпи-шан на први март. Во договорот, со кој се ста-ви крај на политичката криза, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразуваат подготвеност да се продолжи дијалогот со Здружението на новинарите на Ма-кедонија. Во реакцијата ЗНМ уште еднаш го реафирмира ставот сите предизвици поврзани со слободата на изразувањето да ги решава со дијалог со институциите низ еден транспарентен и инклузивен процес.

„Во една земја негувањето на отворен дија-лог за справување со големите предизвици претставува најдобра легитимација на нејзи-ните демократски капацитети и европски стре-межи. ЗНМ, како легитимен претставник на но-винарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции ќе го расветлат ин-цидентот со новинарите и ќе ја утврдат одговор-носта за оној што го наредил нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на

изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Здружението на крај ги потсетува политич-ките партии дека целта на дијалогот беше да се зајакне слободата на изразувањето и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување.

СТАВ НА ЗНМ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРВИ МАРТ

Дијалог по расветлување на инцидентот со новинарите

ЗНМ го повтори ставот дека ќе го обнови дијалогот штом надлежните институции ќе го расветлат инцидентот со новинарите и ќе ја утврдат одговорноста на наредбодавачот

Page 22: bilten znm mart april 2013

Саморегулација место закон за медиумиНа отворањето на конференцијата поздравно

обраќање имаше амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон, кој рече дека новинарите и независните медиуми се најважен сегмент на демокра-

тијата во едно општество. “Во Британија кога луѓето зборуваат за слободата на медиумите се мисли на етиката во новинарството, зборуваат за морал, за балансирано известување“, рече амбасадорот Ивон.

Тој упати порака за одговорност и ги охрабри сите граѓани да се заложат за етичките стандарди, бидејќи слободата на медиумите не им припаѓа само на но-винарите и на владата, туку на сите граѓани. На но-винарите им порача дека „на саморегулацијата не треба да се гледа како на лимит, туку како на можност која своите предности ќе ги покаже на подолг рок“.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека новинарите, уредниците и сопствениците на медиуми ја поддржуваат идејата за саморегулација во меди-умите, како важен инструмент за примената на про-

фесионалните стандарди и етика и за заштита на ме-диумите од политички и економски притисоци.

“Подготвени сме да ги продолжиме консултации-те околу номинирањето на кандидатите во телото за саморегулација, за да можеме најдоцна до крајот на годината да го формираме Советот за етика во меди-умите“, истакна Селмани.

Тој смета дека грижа за почитување на професио-налните стандарди не треба да водат само новинари-те, туку и уредниците и сопствениците на медиумите.

“За нас нема дилема дека без новинарска етика нема ни слобода на медиуми. Слободата, пред се, значи одговорност. Колку повеќе сме етични во на-шата работа како новинари, толку повеќе имаме пра-во да се повикаме на новинарската слобода“, подве-лече Селмани.

Според него, политиката и бизнисот успеале да го дискредитираат новинарството затоа што регрутира-ле новинари кои се подготвени да ги прегазат етички-те норми во името на личните интереси.

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми на 30 април организираа финална конференција под наслов “Медиумска саморегулација - За одговорни и професионални медиуми“. Овој настан беше организиран во рамките на проектот за саморегулација, кој се спроведуваше во изминатите пет месеци поддржан од Британската амбасада во Скопје.

ФИНАЛНА КОНФЕРЕЦНИЈА ЗА МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА

22

Page 23: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Саморегулација место закон за медиумиПретседателот на ЗНМ рече дека саморегулација-

та нема да ги реши сите проблеми со кои се соочу-ваат медиумите, но тоа е јасен патоказ каде треба да се бара излезот од сегашната бездна.

Селмани понуди саморегулација на медиуми ме-сто регулација каква што е идејата на Владата со за-конот за медиуми.

„Со новиот закон за медиуми се прави обид етич-ките норми во новинарството да се озаконат, а таму каде што државата се меша во етиката завршува слободата на новинарството. Ќе имаме талибаниза-ција на медиумскиот простор ако помине ваков за-кон“, изјави Селмани.

Претседателот на МИМ Мирче Адамчевски гово-реше за искуствата со саморегулацијата во земјите од регионот, подвлекувајќи дека само уште во Маке-донија досега не е воведен ваквиот начин на спра-вување со прекршувањето на етичките стандарди во новинарската работа.

Претставникот на Советот за етика од Косово

Нехат Ислами ги пренесе искуствата од тамошната имплементација на саморегулацијата, чиј успех го илустрираше со податокот дека овој Совет одбил над 20 претставки против новинари од министри и заме-ници-министри во косовската Влада, кои очекувале дека можат да извршат притисок врз телото за само-регуалиција.

Во рамките на проектот идејата за саморегула-ција беше промовирана меѓу новинарите, уредни-ците и сопствениците на локалните и националните медиуми. На состаноците во шесте регионални цен-три на ЗНМ присуствуваа над 260 новинари и соп-ственици на медиуми, а во Скопје беа организирани 23 состаноци со сопственици и менаџери на нацио-нални електронски и печатени медиуми, како и со директорите и уредниците на јавниот сервис, Маке-донската радио-телевизија. Во рамките на проектот беше ревидиран и нацрт-статутот на Советот за ети-ка и се изработени осум нацрт-процедури за работа-та на Советот.

ФИНАЛНА КОНФЕРЕЦНИЈА ЗА МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА

23

Page 24: bilten znm mart april 2013

24

Европската комисија кон средината на април го објави извештајот за напредо-кот на Македонија во рамките на дијало-гот на високо ниво, во кој е констатиран прогрес во реформите, но и неспроведу-

вање на договорот од 1 март за решавање на политичката криза.

“Анкетната комисија треба да се формира, власта и опозицијата треба да усвојат мемо-рандум за разбирање за евроинтеграциите и прашањето со новинарите да се реши, бидејќи, за жал, тие станаа дел од овој проблем, иако не направиле ништо лошо“, изјави комесарот Ште-фан Филе во Брисел на прес-конференција ден-та кога се објави извештајот.

Во извештајот, ЕК ја потсетува Владата дека не ја исполнила обврската преземена од дого-ворот од први март да го обнови дијалогот со но-винарите.

“Довербата треба да се поврати со цел ос-танатите точки од агендата на Работната група за медиуми (вклучувајќи го зајакнувањето на јавниот радиодифузен сервис, подобрување на

професионалните стандарди и етиката на нови-нарите и воспоставувањето систем на саморегу-лација) да се решат“, стои во извештајот.

Во врска со донесувањето на новиот закон за медиуми, Европската комисија истакнува дека од суштинско значење е процесот на усвојување на секое законодавство поврзано со медиумите и слободата на изразување да биде инклузивен и да ги вклучува сите заинтересирани страни.

“Не е постигнат напредок во однос на зголе-мувањето на транспарентноста на владиното рекламирање, кое, исто така, беше дел од аген-дата на Работната група“, констатира ЕК.

ПРОЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

ЕУ е незадоволнa што Владата не го вратила дијалогот со новинарите и што не нуди решение за владините кампањи и за реформата на МРТВ, а за законот за медиуми инсистира дебатата да биде инклузивна и транспарентна

Брисел со лоша оценка за слободата на изразувањето

Page 25: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

25

ПРОЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

Брисел е загрижен за присуството на авто-цензура во медиумите, за тоа дека работнички-те права на новинарите се слабо заштитени и дека на јавноста и е ускратено правото да има пристап до објективно известување од меди-умите. “Згора на тоа, за време на локалните из-бори во март, набљудувачите забележаа недос-тиг од избалансирано медиумско покривање од јавниот сервис и приватните телевизии“, стои во извештајот.

Покрај напредокот околу декриминализа-цијата на клеветата и навредата, ЕК ја повикува Владата да преземе дополнителни напори за да

се осигура дека судовите го спроведуваат нови-от закон согласно барањата на Европскиот суд за човекови права.

И високиот претставник за надворешни ра-боти и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон за вре-ме на престојот во Скопје ја повика Владата на дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор.

“ЕУ внимателно го следи спроведувањето на договорот од 1 март, особено формирањето на анкетната комисија и дијалогот со медиумите. Ги охрабрувам политичките лидери да ги надми-нат поделбите и да креираат нов политички дух на соработка“, изјави Ештон.

Брисел со лоша оценка за слободата на изразувањето

Page 26: bilten znm mart april 2013

26

Американскиот Стејт департмент во најновиот годишен извештај за човековите права упа-тува жестоки критики на адреса на македон-ската Влада дека не ја почитува поделбата на власта и дека се меша во работата на

медиумите.Сериозни критики има и во делот на извештајот

кој зборува за слободата на изразувањето каде што се потенцира дека и покрај тоа што Уставот ја гаран-тира слободата на говорот и на медиумите, Владата не секогаш го почитува тоа право во практиката и врши постојан притисок врз медиумите.

“Владата е најголемиот огласувач во медиумите и ги фаворизира медиумите и новинарите кои таа ги смета за блиски. Имаше извештаи дека Владата ги притиска медиумите и ги присилува новинарите на самоцензура. Новинарите велат дека имаат многу поголема самоцензура кога известуваат за теми кои се осетливи за Владата “, стои во извештајот.

Како илустрација за притисок на власта врз меди-умите се споменува примерот на затворањето на А2 телевизија, поради наводно неисполнување на про-грамската шема и оставката на главниот уредник на дневниот весник “Дневник“ Зоран Андоновски.

“Ова беше првпат телевизиска станица да биде затворена врз таа основа. Многумина сметаа дека затворањето е политички мотивирано“, се констати-ра во извештајот.

Добар дел од извештајот за слободата на изра-зувањето е посветен и на активностите на Здруже-нието на новинарите на Македонија. Се забележува претставката на ЗНМ за однесувањето на собрани-ското обезбедува на 24 декември, која МВР ја отфр-ли оценувајќи ја како неоснована.

“Во текот на годината ЗНМ критикуваше специ-фични случувања во медиумите, како што се затво-рањето на А2 телевизија, и севкупниот пад на слобо-дата на медиумите. ЗНМ ги повика јавно властите на дијалог за справување со кризата во медиумите“, се нотира во извештајот.

Во него внимание е посветено и на инцидентот од 24 декември, кога собраниското обезбедување насилно ги исфрли новинарите од галеријата спре-чувајќи ги да ја следат седницата за буџетот. “Инци-дентот предизвика реакции од граѓаните и меѓуна-

родната заедница, вклучувајќи ја и Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари“, потсетува извештајот .

На крајот на извештајот се споменува и договорот на ЗНМ и Владата за декриминализација на клевета-та и навредата и за највисоките надоместоци за не-материјална штета. Некои уредници и сопственици на медиуми изразиле загриженост дека казните ќе предизвикаат самоцензура.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

Владата се меша во работата на медиумите

Добар дел од извештајот за слободата на изразувањењто е посветен и на активностите на ЗНМ, на инцидентот со новинарите во Собранието, критиките до власта за затворањето на А2 телевизија и за севкупниот пад на слободата на медиумите

Page 27: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

27

Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР во извештајот за локалните избори во Маке-донија констатираше пристрасност на ме-диумите кон владејачките партии во текот на кампањата и во квантитет и во квалитет.

„Сите следени електронски медиуми, освен ТВ Телма, редовно известуваа за владините актив-ности, но не правеа разлика помеѓу државни актив-ности и активности на изборната кампања. Јавниот сервис МРТ не обезбеди изедначено покривање на кампањата. МРТ 2, која нуди програма на јазиците на малцинствата, известуваше најчесто со неутра-лен тон 33 отсто за ДУИ и 16 отсто за ДПА”, стои во извештајот.

Во извештајот се вели дека приватните канали Сител, и во помала мерка Канал 5, во вестите биле пристрасни кон Владата и биле многу критични кон СДСМ, додека Телма и Алсат-М понудиле урамноте-жено покривање.

Освен тоа, во извештајот се забележува дека мо-

ниторингот на медиумите спроведен од СРД конста-тирал неизбалансираност во вестите кај најголем дел од електорнските медиуми во полза на владејач-ките партии. Меѓутоа, СРД одлучил да реагира на овие прекршувања дури по вториот круг, стои во извештајот.

ИЗВЕШТАЈ НА ОБСЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013

Медиумите пристрасни кон власта

Сите следени електронски медиуми, освен ТВ Телма, редовно известувале за владините активности и биле многу критични кон СДСМ

Page 28: bilten znm mart april 2013

28

Раководството на Здру-жението на новинарите на Македонија кон крајот на април имаше средба со гер-манската амбасадорка во Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер, со која разгова-раа за актуелни теми што ги препокупираат новинарите и медиумите.

Претставниците на ЗНМ, претседателот Насер Сел-мани, неговиот заменик, Кристина Мачкиќ и из-вршниот директор, Драган Секуловски, ја запознаа ам-насадорката Штајнакер со ставовите на Здружението за нацрт законот за медиуми. Тие се пожалија дека посеб-но загрижува опфатот на за-конот кој е преширок и дека во него се опфатени сите видови на медиуми, јавниот сервис, електронски, пела-тени и интернет маедиуми, кои по ништо не можат да се изедначат.

Претседателот на ЗНМ ис-такна дека законот е толку е лош што прашање е дали во-општо може да се корегира. Според него, најдобро реше-ние е законот да се повлече и во постојниот Закон за радиодифузна дејност да се вгради Европската директи-ва за аудиовизулени услуги.

Претставниците на ЗНМ побараа од амбасадорката да се заложи анализата на ексертот на Таекс за зако-

нот да биде достапна за јавноста. Освен тоа, беше изразена и загриженост за состојбата во Македонска-та радиотелевизија, каде новинарите се изложени на арбитрарни казни и дис-циплински постапки од ра-ководството и уредниците.

Амбасадорката Штај-накер покажа интерес за ставовите на ЗНМ за нацрт законот и изрази загриже-ност за постојаните негатив-ни извештаи за слободата на изразувањето во Маке-донија, како што беа, из-вештајот на ОДИХР за меди-умското покривање на ло-калните избори, Репортери без граници и извештајот на Европксата комисија. Според неа, многу е битно новинарите и медиумските организации да ги објават нивните забелешки зошто законот е лош и кои се кри-тичлни точки, кои треба да бидат јасно објаснети.

Амбасадорката беше загрижена и за негативното влијание на дигитализација-та, кое може да го загрози плурализмот на медиуми, посебно треба да се избег-не згаснувањето на меди-умите на јазиците на пома-лите етнички заедници. Спо-ред неа, помалите етнички заедници имаат уставно право да имаат сопствени медиуми.

ЗНМ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Дигитализацијата може да го загрози плурализмот на медиуми

Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер покажа интерес за ставовите на ЗНМ за нацрт законот за медиуми и изрази загриженост за постојаните негативни извештаи за слободата на изразувањето во Македонија

Page 29: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

29

Делегација на Здружението на новинарите на Македонија, составена од претстедателот Насер Селмани, членот на Управен одбор, Тамара Грнча-ровска и изврпниот директор Драган Секуловски, кон крајот на март се сретнаа со фран-цуска амбасадорка во Маке-донија, Лоренс Ауер, со која разговараа за лошата состојба со слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја информи-раше амбасадорката Ауер за писмото на загриженост кое Здружението го испрати до Европската комисија, дирек-торатат за проширување, во врска со намерата на владата во нетранспарентна постпака, без дебата и на брзање да до-несе закон за медиуми.

Селмани појасни дека Вла-дата не го почитува договорот со ЗНМ постигнат кон крајот на 2011 година дека Законот за радиодифузна дејност треба да се дополни со Европксата директива за аудиовизуелни услуги и со препораките на Советот на Европа. Тој посочи дека ЗНМ не е против потреба-та за донесување на ново зако-нодавство за медиумите, туку тоа мора да се направи многу внимателно. Според него, диги-тализацијата не може да биде причина законот да се донесе во брза постапка.

Амбасадорката Луер изрази загриженост за состојбата со слободата на изразувањето во Македонија и посочи дека од блиску ги следат состојбите во Македонија кое е предуслов за интеграцијата на земјата во ЕУ. Таа изрази надеж дека вла-

дата ќе покаже разбирање за решавање на проблемите со кои се соочуваат новинарите и медиумите, ианку земјите членки на Европската Унија ќе бидат воздржани во јуни да поддржат давање датум за преговори за членство за Ма-кедонија.

На средбата претставни-ците на ЗНМ и француската амбасадорка разговараа и за можноста за организирање на обкуки за судии и новина-ри за адекватната примена на законот за граѓанска одго-ворност за клевета и навре-да. Двете страни се согласија дека судиите кога постапуваат за овие предмети треба да ја применат судската пракса од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Амбасадорката Луер по-себен интерес покажа за процесот на саморегулација во медиумите, предводен од ЗНМ и изрази подготвеност во соработка со други амба-сади во Скопје да го поддржат процесот на формирање на Советот на етика.

Исто така беа разгледани и други форми на соработка, како е размената на нови-нари преку искористување на ИПА фондовите. Луер рече дека Франција може да понуди добра експертиза за медиумското законодавство и за обуката на новинарите за разни тема од интерес на медиумските работници во Македонија. истата недела директорот на ЗНМ Секу-ловски се сретна со сора-ботници на амбасадорката во детакли да ги разгледат можностите за взаемна со-работка.

СОРАБОТКА НА ЗНМ СО ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

Експертиза и обуки за новинарите

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Луер вели дека од блиску ја следат состојбата со слободата на изразазувањето кое е клучен предуслов за интеграцијата во ЕУ

Page 30: bilten znm mart april 2013

30

Претставници на ЗНМ во почетокот на март се сретнаа со Заменик амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Кристин Винтербурн, со која разговараа за резулта-тите од спроведениот проект за саморегула-ција во медиумите, поддржан од британска-та амбасада. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани информираше за остварените консултации со сопствениците на национал-ните и локалните медиуми, уредниците и новинарите, кои едногласно ја поддржуваат идејата за формирање на Совет за етика во македоснките медиумиа, со што ќе се зајак-не примената на професионалните стандар-ди и етика и ќе се заштитат медиумите од разни притисоци.

На средбата освен за досегашните резул-тати во процесот на формирање на Совет на етика, беа разгледани и можностите во иднина да се продолжи со проектот за само-регулација, кој треба да заврши со форми-рање на Совертот до крајот на годината.

Исто така, се разговараше за потребата да се создаде коалиција од повеќе меѓуна-родни институции, со цел да се обезбеди финансиска поддршка за завршување на консултациите со сите заинтересирани страни во процесот околу делегирање на кандидатите во органите на Советот, но и за функцинирање на Советот во првите години. Подготвеност да се поддржи финиширање на процесот на саморегулација досега има-ат изразено и германската амбасада во Скопје, Унеско и други амбасади.

Претставниците на ЗНМ соопштија дека процесот на саморегулација во Македонија е напреднат и дека без разлика дали ќе се обезбеди поддршка од надвор, процесот ќе заврши до крајот на годината, со оснивачко собрание, кое ќе биде свикано од медиуми-те и новинарските и медиумските организа-ции.

ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ВО ЗНМ

Британска поддршка за саморегулацијата во медиумите

На средбата беа презентирани резултатите од процесот на саморегулација во медиумите и беше изразена подготвеност процесот да се поддржи и во иднина

Page 31: bilten znm mart april 2013

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

31

Здружението на новинарите на Маке-донија го претстави Новинарскиот при-рачник за следење на изборите, со кој се потсетуваат новинарите и медиумите за нивните права и обврски за пред и за време на изборната кампања.

Прирачникот содржи дел посветен на улогата на медиумите за време на изборите, на новинарската етика и избо-рите, дел за изборни нерегуларности, за јавниот сервис, кодекс на новинарите и изборите, меѓународна правна рамка за слободата на изразување, македонска правна рамка за медиумско следење на изборите и правилници за и пред избор-ната кампања.

Најважно е да се почитува етичкиот ко-декс, кој не се однесува само на избори-те, туку и воопшто, изјави на промоцијата новинарот и автор на прирачникот Ердем Ахмет.

“Целта не е да се научат новинарите како да следат избори, бидејќи тие си ја знаат работата, туку да го имаат прирач-никот со себе и да се потсетат на одреде-ни правила“, изјави Ахмет.

Претседателот на Здружението Насер Селмани рече дека медиумите играат ва-жна улога во обезбедувањето демократ-ски амбиент за одржување фер и демо-кратски избори.

“Изборите не се важни само за полити-чарите, кои за да ја добијат довербата на граѓаните даваат разни ветувања, туку и за обичните граѓани. Обврска на новина-рите е да бидат меѓу нив и да ги пренесат нивните грижи“, рече претседателот Сел-мани.

Издавањето на прирачникот беше под-држано од Фондацијата “Конрад Аденхау-ер“, канцеларијата во Македонија.

ПРОМОВИРАН НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК ЗА ИЗБОРИТЕ

Потсетник за правните и етичките норми за новинарите

НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИЗБОРИ

Zdru`enie na novinarite na Makedonija

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека медиумите играат важна улога во обезбедувањето демократски амбиент за одржување фер и демократски избори

Page 32: bilten znm mart april 2013

Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.