17
ВОВЕД Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски - претприемач е менаџер - личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики кои ретко кој друг ги има.Од друга страна, секој кој што сака да работи сам може да се именува како претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор entreprendre – што значи да превземеш. Во бизнис контекст, ова значи да отпочнеш бизнис. Оваа тема е многу интересна и битна доколку некој човек би сакал да започне некој свој сопствен бизнис, ме наведе да ја земам за проектна задача затоа што многу луге ги сметаа поимот менаџер и претприемач за синоними, но во практиката е докажано дека не е така: Ставот Schumpeter за претприемништвото: Австрискиот економист Joseph Schumpeter при дефинирањето на претприемништвото особен акцент става на иновацијата на: • Нови продукти; • Нови методи на производство; • Нови пазари; • Нови начини на организирање; 2

Binka

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Binka

ВОВЕД

Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски -

претприемач е менаџер - личност која почнува нови работи и поседува

исклучителни карактеристики кои ретко кој друг ги има.Од друга страна, секој кој

што сака да работи сам може да се именува како претприемач. Зборот претприемач

доаѓа од францускиот збор entreprendre – што значи да превземеш. Во бизнис

контекст, ова значи да отпочнеш бизнис.

Оваа тема е многу интересна и битна доколку некој човек би сакал да започне

некој свој сопствен бизнис, ме наведе да ја земам за проектна задача затоа што

многу луге ги сметаа поимот менаџер и претприемач за синоними, но во

практиката е докажано дека не е така:

Ставот Schumpeter за претприемништвото:

Австрискиот економист Joseph Schumpeter при дефинирањето на

претприемништвото особен акцент става на иновацијата на:

• Нови продукти;

• Нови методи на производство;

• Нови пазари;

• Нови начини на организирање;

Додека менаџментот го дефинира како:

Начин на водење на фирма

Начин на водење на некоја функција;

Начин на стекнување на профит;

2

Page 2: Binka

1. Претприемништвото и менаџментот во мали бизниси

Многу луѓе ги користат термините претприемништво и менаџмент како

синоними, но во реалноста овие термини се различни и има разлика меѓу

претприемништво и менаџмент.

Претприемништвото се разликува од менаџментот на следниот начин:

Профит – наспроти традиционалниот начин на вработување и постепеното

зголемување на просечниот профит, претприемачите се милионери наспроти

менаџерите;

Брзина на профитирање – малите успешни бизниси водени од

претприемачи имаат профит од неколку милиони во текот на нивното постоење,

додека оваа бројка менаџерите ја достигнуваат најчесто за 5 години.

Ризик – ризикот кој што претприемачот го презема секогаш е многу висок

за разлика од ризикот кој го превзема менаџерот.

Поврзаност – претприемништвото најчесто е поврзано се некоја оддржлива

идеја и креативна идеја, додека менаџерите најчесто не се од таков тип туку повеке

се поврзани со водењето на претпријатието. Иновативноста може да биде продукт

или сервис, или пак во начинот на кој се спроведува истиот.

2. Разлики во истите одлики кои ги поседуваат претприемачите и

менаџерите

3

Page 3: Binka

Мотивација

Првенствено, најуспешните претприемачи се високо мотивирани луѓе.

Менаџерите се исто мотивирани луге но повеке работат за туѓи пари отколку за

свои;

Претприемачите поседуваат лична детерминираност и желба да успеат во

она што го замислиле. Но менацерите се подобро организирани во се, знаат како да

го распределат своето време и никогаш не им недостига мотивација во нивната

потрага по најдобар начин за остварување на идејата.

Добра подготвеност

Ова значи дека претприемачите се секогаш подготвени со факти. Секогаш се

добро подготвени кога ги презентираат своите бизнис планови, своите идеи за

бизнис, барања за кредити и сл. Добриот претприемач е секогаш добро подготвен,

логичен, структуриран во неговиот бизнис пристап. Добрата подготвеност е

импресивен квалитет кој ќе ви помогне пред инвеститори и ги зголемува шансите

за добивање капитал.

Додека менаџерот нормално дека нема да биде толку добро запознаен и

подготвен бидејки тој не започнал да го гради темелот на институцијата;

Преземање ризик

За ова се подразбира, дека за да бидете успешен во она што го работите

мора да бидете подготвени да преземете ризик. Ниедна работа не е без ризик.

Успешните претприемачи се познати по тоа дека се аверзни кон ризикот, дури и

уживаат кога преземаат било каков вид на ризик. Тоа е така затоа што веруваат во

себе, и во нивната одлучност да успеат.

Но кај менаџерите исто така постои ризик, но единствениот ризик е да го

загубат работното место, а не својот сопствен бизнис.

Поддршка од банките

4

Page 4: Binka

Претприемачите имаат многу поголема подршка од банките за разлика од

менаџерите бидејки тие се оние кои се сопственици на бизнисот и оние кои ја

поседуваат бизнис идеата.

3. Менаџер кој не е и претприемач!!!

5

Page 5: Binka

Конкурентската предност на пазарот не се стекнува лесно, но лесно може да се

изгуби? Може да потрошите години и години во развојот на бизнисот но со

недоволно залагање и постојана анализа на пазарот постигнатото може да се изгуби

за неколку месеци. Примеров е вистинска случка и се однесува на тоа како еден

менаџер воопшто не троши време за маркетингот на бизнисот кој го води бидејки

тој не делува како претприемач туку е само обичен менаџер. Или не троши време за

проучување на маркетингот и анализа на пазарот бидејки нема искуство како

претприемач или нема соодветно познавање, а се нашол во улога да управува

бизнис. Менаџерот управува компанија која е увозник на брендирани производи од

познат бренд кој има добра побарувачка и добро се троши во нашата земја.

Интересно е да се забележи дека менаџерите кои се занимаваат и со

големопродажба во Република Македонија не се занимаваат доволно со маркетинг

(или сметаат дека маркетинг е само рекламата во печатени медиуми, радио и

телевизијата) туку препуштаат во голем дел со вистинскиот маркетинг да се

занимаваат трговците на мало. Оваа не е во ред бидејќи, менаџерите се тие кои ги

имаат точните бројки за побарувачката, потребите и големината на пазарот.

На една презентација на производи на компанијата (од примерот) го

прашувам менаџерот за видовите на производи што ги нудат, начинот на

испораката и цените. Одговорот беше низ следниве реченици:

* Ние не работиме со секого!

* Нашите производи се лидери на пазарот!

* Нашите производи се многу скапи!

* Какви други производи имате?

* Постојано вложуваме во маркетинг, оваа презентација е доказ!

(НЕПОЗНАВАЊЕ НА Претприемништвото)

Ја забележуваме првата грешка: ПРЕПОТЕНТНОСТ.

6

Page 6: Binka

Нашите анализи покажаа дека производите претставуваат добар бренд кој

излегува во пресрет на барањата на потрошувачите не зажаливме кога почнавме да

го работиме. На нашето излагање го добивме следниот одговор:

Треба да си претприемач за да те боли загубата на секој договор бидејки губиш

ти!!!

Секоја компанија мора постојано да го анализира и истражува пазарот. Во

секој момент менаџментот мора да знае каква позиција се наоѓа компанијата. Дали

ја одржува сопствената позиција? Дали бележи раст на учество на пазарот? Дали се

бележи некаков пад во учеството на пазарот? Дали треба да преземе некои мерки за

да го зголеми и задржи пазарното учество? Кои се производи постојат на пазарот со

какво учество? Ова се прашања кои секој менаџер треба да го интересираат и да

бара одговор како би носел квалитетни одлуки. Инаку, секој може да биде менаџер.

Овие прашања се одговараат со соодветно истражување и анализа на пазарот, но

секогаш претприемачите се многу подобро запозанени за разлика од менаџерите.

Можеме да кажеме дека:

1. Како претприемачи не смееме да бидеме препотентни.

2. Мораме да знаеме точно што претставува маркетинг.

3. Мораме постојано да го анализираме пазарот и да ги следиме движењата на

истиот.

7

Page 7: Binka

5. Разлики во карактеристиките на менаџерите и претприемачите

Понекогаш еден претприемач во исто време е и менаџер. Постојат еден куп

на задачи кои менаџерите треба да ги имплементираат во секојдневните работни

активности, а кои мора да доведат до ефективност и ефикасност во бизнисот и

организацискиот живот.

1. Тренинг – Една од најважните задачи на еден менаџер е тренирањето,

обучувањето, пренесување на знаењето. Менаџерот мора да биде насочувач на

луѓето во бизнисот, кој насочувањето ќе го изведува преку вистински инструкции и

обука. Целта е да се развие бизнис со голема бизнис потенцијална енергија во

вработените.

Го поседува: Менаџерот;

Не го поседува: Претприемачот;

8

Page 8: Binka

2. Планирање – Планирањето е една од менаџерските функции и една важна

секојдневна задача за менаџерите. Менаџерите ги планираат идните патишта каде

бизнисот ќе оди и активностите кои мора да бидат извршени од организациските

членови.

Го поседува:Претприемачот;

Не го поседува: Менаџерот;

3. Промени – Во реалноста, не постои ден во бизнис животот без промени.

Промените треба да бидат планирани и менаџирани за да ги донесат посакуваните

резутати. Менаџерите во исто време мора да ја одржат тековната успешност на

бизнисот и да имплементираат промени кои ќе донесат идна успешност.

Менаџерите се повеке склони кон промени за разлика од претприемачите;

4. Предвидување-  Предвидувањето е уште една задача на менаџерите која

претставува обезбедување на слика како ќе изгледа бизнисот во иднината. Ова е

важно, бидејќи доколку имаме подобра слика за иднината, ќе бидеме подобро

подготвени за таа иднина.

Претприемачите можат да предвидат многу повеке за разлика од менаџерите;

5. Мотивирање – Луѓето мора да бидат мотивирани за да ги дадат најдобрите

резултати од нивната работа. Никој не работи за ништо( на пр. Менаџерот работи

за плата). Сите вработени имаат одреден тип на мотивациски фактори кои ќе го

водат да даваат подобри резултати. Но, овие мотивациски фактори се различни за

секој вработен како кај претприемачот и менаџерот бидејки претприемачот работи

за да го развие бизнисот а повекето менаџери за обична плата. Задачата на

менаџерите е да ја оптимизира таа мотивација и да ги максимизира работните

перформанси на вработените. Мотивирањето е уште една менаџерска функција

како надополнување на планирањето.

9

Page 9: Binka

6. Организирање  – Организирање е една од менаџерските функции како

надополнување на планирањето и мотивирањето. Без одредено ниво на

организирање, ќе постои хаос.

Додека претприемачите во бизнис со повеќе вработени ќе има различни

идеи, различни начини на извршување на работите, и различни навики на луѓето.

Организирањето е задача која ќе направи сите организациски разлики да работат

како една целина – бизнисот.

7. Екипирање – Екипирање е уште една менаџерска функција која не ја поседува

претприемачот. Се повеќе и повеќе оваа задача станува важна за менаџерите. Избор

на вистинските кадри на бизнисот е срце на функционирањето на бизнисот во

иднината. Подобри кадри, значи и поголема бизнис потенцијална енергија на

бизнисот.

8. Контролирање  – Контролирањето е уште една претприемачка функција како

планирање, мотивирање, организирање и екипирање. Оваа задача на еден менаџер

му дава слика за можни грешки помеѓу планирање и актуелната реализација. Целта

е да се минимизира девијацијата помеѓу нешто што сакаме да биде и она што е

реалност.

9. Преговарање - Уште една важна менаџерска задача која ја нема претприемачот

е преговарањето. Постои внатрешно и надворешно преговарање. Внатрешно

преговарање е преговарање со ентитети во внатрешноста на бизнисот. Надврешно

преговарање е преговарање со ентитети кои се надвор од бизнисот како

снабдувачи, потрошувачи и заедницата каде функционира бизнисот. Подобри

преговарачки вештини на менаџерите ќе ја зголеми бизнис потенцијалната енергија

на бизнисот.

10. Делегирање - Успешните претприемачи знаат да делегираат вистински задачи

на вистински вработени. Делегирањето на задачи на подолните хиерархиски нивоа

е нешто што ги разликува претприемачите од менаџерите. Оваа делегирање може

10

Page 10: Binka

да биде изведено од претприемачот спрема менаџерите бидејки еден е претприемач

а менаџери може да има повеке.

11

Page 11: Binka

РЕЗИМЕ:

Започнување со нов бизнис не е лесна задача. Мора да се потрудите и да

работите напорно за да успеете. Успешните претприемачи имаат многу заеднички

карактеристики. Многу од нив се страстни во врска со нивните идеи и тоа е тоа што

ги води кон нивна реализација. Без разлика дали е страста вашиот водич, или чисто

заработката на пари, мора да останете цврсти и во моментите кога мислите дека ќе

се распаднете или дека ќе се расплачете како бебе. Не смеете да се плашите од

преземање ризик, затоа што ако ризикот е оправдан, во тој случај вашата добивка

ќе биде поголема од самиот ризик.

Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски -

претприемач е менаџер - личност која почнува нови работи и поседува

исклучителни карактеристики кои ретко кој друг ги има.

Првенствено, најуспешните претприемачи се високо мотивирани луѓе.

Менаџерите се исто мотивирани луге но повеке работат за туѓи пари отколку за

свои;

12

Page 12: Binka

СОДРЖИНА:

ВОВЕД..........................................................................................................................2

1) Претприемништвото и менаџментот во мали бизниси......................................3

2) Разлики во истите одлики кои ги поседуваат претприемачите и менаџерите.4

3) Менаџер кој не е и претприемач!!!......................................................................6

4) Разлики во карактеристиките на менаџерите и претприемачите.....................8

5) РЕЗИМЕ................................................................................................................12

13

Page 13: Binka

Користена литература:

1. Таки Фити – Економија ( Микро и макро економија)

Издавач: Економски факултет-Скопје

Година на издавање 2006

2. Лила Дамеска - ЕКОНОМИЈА – за четврта година на реформираното

гимназиско образование

Издавач: Просветно Дело АД Скопје

Година на издавање: 2006

3. www.pretpriemac.com.mk

4. www.biznet.com.mk

14