20
УНИВЕРЗИТЕТ „ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ Факултет: ______________ Насока: ___________________ СЕМИНАРСКА РАБОТА: БУБРЕЗИ Ментор: Кандидат:

bubrezi

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: bubrezi

УНИВЕРЗИТЕТ „ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ

Факултет: ______________

Насока: ___________________

СЕМИНАРСКА РАБОТА:

БУБРЕЗИ

Ментор: Кандидат:

Професор/доктор редовен студент

Скопје, Декември, 2011 година

Page 2: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

СОДРЖИНА:

ВОВЕД (INTRODUCTION)---------------------------------------------------------------------3

1. АНАТОМИЈА НА БУБРЕЗИТЕ-----------------------------------------------------------5

2. ФУНКЦИИ НА БУБРЕЗИТЕ---------------------------------------------------------------7

3. ПРОИЗВОДСТВО НА УРИНА -----------------------------------------------------------9

4. КАМЧИЊА НА БУБРЕЗИТЕ-------------------------------------------------------------13

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)-------------------------------------------------15

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFFERENCES)---------------------------------------16

2

Page 3: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

ВОВЕД (INTRODUCTION)

Бубрезите се парни органи кои го претставуваат

централниот дел на уринарниот систем. Тие се сместени во

ретроперитоналниот простор на задниот ѕид на абдоменот и се

наоѓаат на двете страни на кичмениот стуб. Десниот бубрег е

потиснат со белите дробови и е поставен малку пониско за разлика

од левиот бубрег.

Бубрезите имаат облик на зрно чија ивица е скрената кон кичмениот

стуб. Бубрегот на возрасен човек тежи околу 140-150 грама и има големина

на стисната шака на раката. Медијалната страна на овој орган содржи

влезен отвор или бубрежен хилус кој води до бубрежната дупка, низ која

поминуваат крвните и лимфните садови, нервите и мокроводот.

Слика 1 – Бубрези;

Picture 1 - Kidney;

3

Page 4: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Бубрегот од напред е покриен со париеталниот перитонеумон, а

освен тоа од сите страна го опкружуваат три работи и тоа: бубрежната

фасција (која ја обликува и надбубрежната жлезда и фиброзната чахурa

Општо, од секој бубрег од било кој тип, едно заедничко

собирачко каналче (ureter или мочковод) ги носи екскретите

постериорно, и тоа кај водоземците, влечугите и птиците

кон клоаката (со која е поврзан мочниот меур кај некои водоземци и

влечуги). Во нормални услови урината е секогаш течна, освен кај

влечугите и птиците, каде полуцврстите екскрети1 се во вид на бела паста

(гуано) и се исфрлаат заедно со фецесот. Кај повеќето цицачи, мочководите

се поврзуваат директно со мочниот меур, додека медијалното каналче кое

излегува од меурот2 се отвора во надворешноста, минувајќи

низ пенисот кај мажјаците или низ вулвата кај женките.

Слика 2 – Бубрези;

Picture 2 - Kidney;

1 Мочна киселина2 Urethra или мочен канал

4

Page 5: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

1. АНАТОМИЈА НА БУБРЕЗИТЕ

Бубрезите се кратки органи сместени постериорно кај

сите ‘рбетници, но кај рибите и дождовниците тие се

протегаат долж поголем дел од телесната празнина. Според

ова, постојат три основни типови на бубрези кај

‘рбетниците:

Пронефрос или главин бубрег;

Мезонефрос или среден бубрег;

Метанефрос или заден бубрег.

Бубрезите кај понижите ‘рбетници како круглоустите

и водоземците, како и ембрионалните бубрези од повишите групи, се

развиваат сегментарно, и тоа по еден пар за еден телесен сомит или

сегмент (пронефрос, мезонефрос). Некои од тубулите

поседуваат нефростоми (инки) кои се отвораат во целомот, по

што наликуваат на нефридиите од дождовните црви.

Кај влечугите, птиците и цицачите возрасните бубрези се несегмен

тирани и ги филтрираат екскретитесамо од крвта. Физиолошката

анатомија на бубрегот покажува дека секој човечки бубрег, на

пример, се состои од внатрешна срцевина (medulla) и надворешна кора

(cortex), при што последната содржи околу милиони ситни екскреторни

единици нареченинефрони. Нефронот се состои од:

Малпигиеви или бубрежни телца, составени од глобуларна

структура со двоен ѕид нареченаБовманова капсула која се

наоѓа меѓу клопче од артериоли познато како гломерул

Цевчиња (тубули), извиени и прави, кои се опкружени со крвни

капилари.

Бубрежните телца се околу 0,2 mm во дијаметар и долги 50-60 mm.

Двата милиони нефрони кај човекот, од еден крај до друг, би се протегале

околу 50 милји. Сите цевчиња се отвораат во централната празнина

(бубрежно легенче или pelvis) што се поврзува со мочниот канал.

5

Page 6: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Кај човекот, бубрезите се сместени во ретроперитонеалниот (пред

стомачната обвивка) простор од последниот граден до вториот

слабински прешлен. Наликуваат на зрно грав со тежина од 150gr. На секој

бубрег се разликуваат две страни - предна и задна, два краја - горен и

долен и два раба - медијален и латерален. На медијалниот раб се наоѓа

влез кој води до бубрежна празнина или синус.

Слика 3 – Бубрези;

Picture 3 – Kidney;

Бубрегот е составен од два дела: бубрежна срцевина и бубрежна

кора. Бубрежната срцевина се состои од бубрежни пирамиди, чии врвови

се насочени кон празнината.

6

Page 7: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

2. ФУНКЦИЈА НА БУБРЕЗИТЕ

Двете главни функции на бубрезите кај сите ‘рбетници се

одржување на хомеостазата и екскреција на крајните производи

на метаболизмот.

Примарната функција на бубрезите кај ‘рбетниците е да ја одржат

хомеостазата, односно постојаноста на внатрешната средина. Според ова,

бубрегот е главниот егзекутивен орган на телото, дејствувајќи делумно под

влијанието на ендокриниот систем, но и по пат на сложени физичко-хемиски

регулаторни механизми.

Овие различни регулаторни функции вклучуваат контрола на

водата во телото, осмотска контрола на екстрацелуларната течност,

киселинско-базна рамнотежа, концентрацијата на поединиелектролити во

телото, артерискиот крвен притисок и веројатно еритропоезата.

Екскрецијата на крајните производи како што е уреата, иако е

есенцијална улога на бубрегот, е од мало биолошко значење во

споредба со неговиот придонес за хомеостазата. Меѓутоа, според

општоприфатената теорија на Куши за функцијата на бубрезите,

од артериолите во гломерулот преку Бовмановата капсула по пат

на ултрафилтрација преминува течност во која нема протеини.

Овој процес се одвива благодарение на крвниот притисок;

течноста во капсулата има ист процентен состав како и крвната

плазма, со исклучок на колоидите за кои мембраните се

непропусливи.

Вториот чекор е диференцијална реапсорпција во клетките на

тубулите; овој процес се одвива најмногу во проксималната извиена тубула,

но исто така и во Хенлеовиот јазол и дисталната извиена тубула.

Реапсорпцијата вклучува работа со користење на кислород и трошење на

енергија. Материите како глукозата што се присутни во крвта и

гломеруларниот филтрат (но не и во нормалната урина) го илустрираат овој

7

Page 8: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

процес на реапсорпција. Ваквите супстанци се реапсорбираат целосно и во

насока спротивна на онаа очекувана при проста дифузија.

8

Page 9: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

3. ПРОИЗВОДСТВО НА УРИНА КАЈ БУБРЕЗИТЕ

Бубрегот содржи многубројни функционални единици наречени

нефрони кои произведуваат урина преку неколку последователни

чекори: гломеруларна филтрација на крвта, тубуларна реапсорпција

на гломеруларниот филтрат и тубуларна секреција на штетните

супстанци.

Крвта тече од аферентните артериоли во гломерулот, кој

претставува клопче од шупливи капилари затворени во

Бовмановата капсула. Тука се филтрираат 15 до 25% од водата и

растворените материи присутни во плазмата. Тие се филтрираат

преку еднослојните капиларни ѕидови и преку базалната мембрана,

од каде минуваат во луменот на Бовмановата капсула. Овој

филтрат потоа се насочува во бубрежните цевчиња, каде подлежи

на тубуларна реапсорпција.

Степенот на гломеруларна филтрација зависи од три фактори:

разликата вохидростатскиот притисок меѓу капиларите и Бовмановата

капсула3, колоидниот осмотски притисок  (кој и се спротиставува на

филтрацијата) и од хидрауличната пропусливост на трислојното ткиво кое

ги одделува капиларите и луменот на Бовмановата капсула. Сè на сè,

крвниот притисок во телото е многу важен за степенот на одвивање на

гломеруларната филтрација, бидејќи количината на крв што минува

низ гломерулот одредува колкава количина на течност ќе се филтрира

и со колкава брзина таа може да се филтрира.

Според ова, меѓу опасностите од многу нискиот крвен притисок

припаѓа и нарушувањето на функцијата на бубрезите. Ова е главната

причина за користењето на надувани ,,шокови костими‘‘ во долниот дел на

телото во случаи на екстремно голема загуба на крв од траума. Со

редукција на крвотокот во нозете, крвниот притисок во трупот се одржува

висок, со цел да се одржи бубрежната функција.

3 Како резултат на крвниот притисок

9

Page 10: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Телото преку ендокрини одговори може да го регулира степенот

на одвивање на гломеруларната филтрација. Во случај на

саморегулација, зголемениот крвен притисок ги растегнува ѕидовите на

аферентната артериола, која одговара со контракција, а со тоа ја редуцира

флуктуацијата на крвниот притисок во гломерулот.

Паѓањето на крвниот притисок носи намалување во степенот на

гломеруларна филтрација, што од своја страна доведува до намалување

на натриумовите јони во филтратот (филтратот се движи низ нефроните

побавно, дозволувајќи попатно да се апсорбира повеќе натриум). Ова

намалено ниво на натриум во филтратот се препознава пд страна

на macula densa, односно група на изменети клетки на ѕидот од дисталната

извиена тубула кои лежат до аферентните и еферентните артериоли на

гломерулот. Како одговор на нискиот натриум, клетките

од јукстагломеруларниот апарат (ЈГА) ослободуваат ренин.

Ова поттикнува последователност од биохемиски реакции кои

даваат зголемување на крвниот притисок, а со тоа и зголемување на

степенот на гломеруларна филтрација. Оваа последователност од

биохемиски реакции вклучува зголемување на ангиотензин II, што

помага за наголемување на крвниот притисок преку вазоконстрикција на

артериолите во поголем дел од телото и поттикнување на зголемена

синтеза на антидиуретичен хормон (АДХ), што ја зголемува ресорпцијата на

вода во собирачките каналчиња на бубрегот, а со тоа се зголемува крвниот

волумен. Ангиотензин II исто така го поттикнува ослободувањето

на алдостерон од кората на надбубрежната жлезда, што води кон

задржување на натриумот и водата, со што се помага во наголемувањето

на крвниот притисок. Степенот на гломеруларната филтрација може исто

така да се регулира со симпатички нервни одговори, што може да резултира

во констрикција или дилатација на аферентните артериоли при зголемен

телесен стрес.

Со движењето на гломеруларниот филтрат низ нефронот значително

се менува неговиот состав. Околу 99% од водата во првобитниот филтрат

10

Page 11: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

се реапсорбира, а помалку од 1% од првобитниот NaCl се појавува во

финалната урина. Ова се случува на следниот начин. Прво, филтратот се

движи во проксималната тубула, каде околу 70% од натриумовите јони се

реапсорбираат по пат на активен транспорт. По нив, водата

и хлоридните јони одат пасивно. Тука се реапсорбираат глукозата и амино

киселините. Приближно 75% од гломеруларниот филтрат се реапсорбира

во проксималната тубула. Ова е потпомогнато од страна на ,,четкестите

рабови‘‘ на клетките со микровили чија функција е зголемување на

површината за реапсорпција.

Слика 4 – Производство на урина;

По минувањето низ проксималната тубула, филтратот оди во

симнувачкиот дел на Хенлеовиот јазол. Клетките во оваа област немаат

четкести рабови и не постои активен транспорт на солите. Клетките имаат

ниска пропусливост на уреа и соли, но се многу пропусливи за вода. Со

спуштањето на филтратот низ Хенлеовиот јазол, водата дифундира надвор

поради високата концентрација на соли во околното ткиво. Ова е дел од

11

Page 12: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

уриноконцентрирачкиот систем на нефронот. Хенлеовиот јазол дејствува

како спротивен засилувач. Поради ова, цицачите кои живеат во морски или

пустински услови имаат подолги Хенлеови јазли и можат да зачуваат

повеќе вода со производство на поконцентрирана урина.

Излачувањето на киселина од страна на бубрезите е еден од

главните фактори кои влијаат на овој систем (другиот е излачување на

јаглерод диоксид од белите дробови). Излачувањето на водородни

јони (киселина) во урината е процес кој е одговорен главно за

одржување на концентрацијата на HCO3- во плазмата.

Урината кај цицачите е средно кисела, со pH од околу 6 и не содржи

бикарбонати. Меѓутоа, првобитниот гломеруларен филтрат има висока

концентрација на бикарбонати, а ниска концентрација на водородни јони.

Затоа, при формирањето на урината, киселината мора да се додаде на

филтратот, а бикарбонатот да се исфрли. Поради ова, излачувањето на

H+ и враќањето на HCO3- се важни механизми со кои бубрезите му помагаат

на телото да ја регулира pH.

4. КАМЧИЊА НА БУБРЕЗИТЕ

12

Page 13: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Камчињата во бубрег уште и познати како ренални калкули се

однесува на тврди маси кои се создаваат во бубрегот или во мочниот меур.

Камчињата во бубрезите се формираат од калциум кој се комбинира со

други супстанци како оксалати или фосфати. Нивната големина варира од

мали кои поминуваат низ уринарниот тракт па до поголеми камчиња кои

гoблокираат уринарниот тракт и предизвикуваат болка и инфекции.

Слика 5 – Камчиња на бубрезите;

Точната причина за настанувањето не се знае, но многу фактори како

генетските фактори, проблеми со бубрезите, абнормалности во процесот на

формирање на урината, зголемен внес на витамин Д, инфекции и одредени

лекови се асоцирани со зголемена инциденца на уринарни каменчиња. Исто

така зголемениот внес на сол е асоциран со дехдратација која може да го

започне процесот на формирање на калкули.

Иако се смета дека ова е состојба се среќава само кај возрасни,

денес се повеќе се јавува и кај децата од школска возраст. Ова се

препишува на абнормалната исхрана кај децата и зголемувањето на

нивната телесна тежина. Оние кои имаат и генетски предиспозиции се со

зголемен ризик за настанување на калкули.

13

Page 14: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Третманот за камчиња во бубрегот кај децата зависи од

големината на каменчето но најчесто третманот се состои од зголемен

внес на вода и намалување на внесот на солта. Ако не може камчето

да се измокри тогаш се препорачува екстакорпорална литотрипсија. 

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)

14

Page 15: bubrezi

Семинарска работа: Бубрези

Бубрезите се парни органи кои го претставуваат

централниот дел на уринарниот систем. Тие се сместени во

ретроперитоналниот простор на задниот ѕид на абдоменот и се

наоѓаат на двете страни на кичмениот стуб. Десниот бубрег е

потиснат со белите дробови и е поставен малку пониско за разлика

од левиот бубрег.

Бубрезите се кратки органи сместени постериорно кај сите

‘рбетници, но кај рибите и дождовниците тие се протегаат долж

поголем дел од телесната празнина. Според ова, постојат три основни

типови на бубрези кај ‘рбетниците:

Двете главни функции на бубрезите кај сите ‘рбетници се одржување

на хомеостазата и екскреција на крајните производи на метаболизмот.

Бубрегот содржи многубројни функционални единици наречени

нефрони кои произведуваат урина преку неколку последователни

чекори: гломеруларна филтрација на крвта, тубуларна реапсорпција на

гломеруларниот филтрат и тубуларна секреција на штетните супстанци.

Камчињата во бубрег уште и познати како ренални калкули се

однесува на тврди маси кои се создаваат во бубрегот или во мочниот меур.

Камчињата во бубрезите се формираат од калциум кој се комбинира со

други супстанци како оксалати или фосфати. Нивната големина варира од

мали кои поминуваат низ уринарниот тракт па до поголеми камчиња кои

гoблокираат уринарниот тракт и предизвикуваат болка и инфекции.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFFRERENCES)

15